КАПИТАЛ ТЕМА НА КОГО СЕ МАКЕДОНИЈА ИМА ДАДЕНО “ЕКОНОМСКИ” ДРЖАВЈАНСТВА И ПАСОШИ?
COVER STORY ПРОТЕКЦИОНИЗМОТ СЕ ВРАЌА - КАКО ДРЖАВИТЕ ГО СТИМУЛИРААТ ИЗВОЗОТ?
ИНТЕРВЈУ: ЈУРИЈ ГОНЧАРУК украински амбасадор во Македонија
РУСКАТА АГРЕСИЈА ГИ КОЧИ ДЕМОКРАТСКИТЕ РЕФОРМИ НА УКРАИНА 28 ЈУНИ NICOLÁS KFURI ВО СКОПЈЕ
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
WWW.KAPITAL.MK
MАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈА 2020
КРЕИРАЈТЕ МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈА КОЈА ПОБЕДУВА!
INTERVIEW
САВА ДАЛБОКОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА
ПОЛИТИЧКАТА СИТУАЦИЈА НИ ГО НАМАЛИ “АПЕТИТОТ ЗА РИЗИК” INTERVIEW
ИГОР БОЖИНОВСКИ
сопственик на “Божиновски часовници и накит" БРОЈ 866 | ЦЕНА 100 ДЕН. 3 ЈУНИ 2016 | ПЕТОК | ГОДИНА 17
ЗАД СЕКОЈ БРЕНД ЧАСОВНИЦИ ШТО ГО ДОНЕСОВМЕ, СТОЈАТ ГОДИНИ НА УПОРНОСТ, ЉУБОВ И ПОСВЕТЕНОСТ!
ЕТИЧНА БАНКА: КОГА СОПСТВЕНИЦИТЕ СЕ И КЛИЕНТИ
3
Капитал број 866 03.06.2016
СОДРжИНА
10
20
06
profile
20
КАПИТАл ТемА
08
НАВИГАТОР
26
луѓе И КОмПАНИИ
10 16
Туск со страстен говор упати остра критика до европските лидери: Утописките ЕУ елити се виновни за евроскептицизмот САмИТ 100: Мора да ги зајакнеме економските врски во регионот
Cover story
Како државите го стимулираат извозот? Домашните извозници треба да имаат исти ослободувања како странските
INtervIeW
САВА ДАлбОКОВ
претседател на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија
Политичката ситуација ни го намали “апетитот за ризик”
32 36
Сушанта и Свапна Рој, Реза Зараб, Калид Ал-Тавил... На кого се Македонија има дадено “економски” државјанства и пасоши? Сè повеќе се бараат менаџери во инженерските области
КОмПАНИИ И ПАЗАРИ
42 38
ИНОВАцИИ
42
INtervIeW
Во Хрватска се отвара етична банка Банка во која сопствениците се клиенти ЈуРИЈ ГОНчАРуК украински амбасадор во Македонија
Руската агресија ги кочи демократските реформи на украина
Домашните бизнисмени работат во очајни услови Вртат 300 милиони евра годишно, а немаат ни водовод ни канализација
46
чОВечКИ РеСуРСИ
INtervIeW
50
лИДеР
ИГОР бОжИНОВСКИ
сопственик на “Божиновски часовници и накит“
Зад секој бренд часовници што го донесовме, стојат години на упорност, љубов и посветеност!
Редефинирање на професионалниот успех Како да ги задржите младите на работа? АлеХАНДРО ГОНЗАлеС ИњАРИТу режисер
Јас немам кариера, јас имам живот
ПРОТеКцИОНИЗмОТ Се ВРАќА
еКОНОмСКИ ДРжАВЈАНСТВА
ЗА СТРАНцИТе мАЈКА, ЗА СВОИТе мАќеА
Економската криза на голема врата го врати протекционизмот. Сè погласни се противниците на слободната трговија и “патриотите” кои сметаат дека домашната економија и извозот мора да се штитат и поттикнуваат со различни мерки, кои што најчесто се косат со сите закони на пазарната економија. Капитал анализира како различни држави во светот го поттикнуваат извозот и им помагаат на домашните компании за поконкурентен излез на странските пазари. И да, не мора да се измислува топла вода, кога веќе има позитивни искуства на другите.
Неодамна објавениот дел од Избирачки список со гласачи кои требаше да бидат предмет на теренска проверка, на кој се најдоа, на пример, и членови на семејството на Субрата Рој; и особено последниот случај на турскиот милијардер со македонски пасош, Реза Зараб, за кој во САД во моментов се води судски процес, одново го свртеа вниманието кон таканаречените економски државјанства, односно, уште еднаш го поставија прашањето зошто на луѓе како споменатите Македонија им ја дава оваа привилегија и каква е целисходноста на државата од тоа.
Околу 200 компании кои што вработуваат околу 3.000 луѓе во индустриската зона Визбегово, во 2016 година, 21 век, немаат канализација ами септички јами, а вода вадат од бунари. И притоа годишно вртат по 300 милиони евра. Ова е другата страна на приказната Invest in Macedonia, кампања со која власта во последните неколку години го обиколи светот во обид да донесе странски инвеститори што ќе изградат фабрики овде и ќе отворат нови работни места, додека истовремено не ги ферма домашните производители и извозници кои што мораат самите да инвестираат за основна инфраструктура.
XX Стр. 10
XX Стр. 20
XX Стр. 32
Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 02.06.2016
MАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈА 2020 КРЕИРАЈТЕ МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈА КОЈА ПОБЕДУВА! 28.06.2016, М6 едукативен центар, Скопје CONTENT 1. Market Structure Analysis 2. Value Proposition / Unique Selling Proposition / Brand Promise 3. Branding (Brand Management) 4. Conceptualizing Value: Segmentation – Targeting – Positioning 5. Designing Value: Product Design / Product Portfolio Management / PLC Management 6. Capturing Value: Pricing Decisions 7. Communicating Value: Integrated Marketing Communications 8. Delivering Value: Distribution Channels Management 9. Break-even Analysis for Marketing 10. Current Topics on Marketing.
За време на предавањето фокусот ќе биде ставен на стратешкиот дел од маркетингот. Предавањето е на англиски јазик.
Nicolás Kfuri професор, директор во KFURI & PARTNERS
Николас Кфури, еден од најбараните предавачи и консултанти во глобални рамки, директор на консултантската компанија „Кфури консалтинг", на македонската публика ќе и ги презентира глобалните трендови кои ќе го обликуваат маркетингот до 2020 година и предизвиците со кои ќе се соочиме во “новото време”. Во време кога конкуренцијата на локалниот пазар станува глобална, локалните компании се натпреваруваат со глобалните, кога однесувањето на потрошувачите е значително сменето, за своите пари тие бараат многу поголема вредност, информираноста за искуствата на потрошувачите е многу лесно достапно на интернет, а нивната лојалност опаѓа, неопходно е маркетингот да ја прилагоди стратегијата на новите маркетиншки текови.
ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ НА: www.kapital.mk/marketing strategija 2020
Партнер:
Лица за контакт: м-р Бојана Делидинкова м-р Ирена Богоевска institut@koncept.com.mk
НАЈАВУВА...
ПРЕДАВАЧ: НИКОЛАС КФУРИ (Dr. G. Nicolás Kfuri) професор, директор во KFURI & PARTNERS
Признат светски предавач и консултант од областа на корпоративната глобална стратегија, маркетинг и брендирање со искуство во над 400 компании од 75 држави на 5 контитенти.
02/3216-962 02/3216-963
Кфури ги обучувал директорите на врвни светски компании меѓу кои: Coca Cola; RedBull; Inbev; Heineken; Nestlé; Cadbury Schweppes; Kraft Foods; Procter and Gamble; Henkel; L’Oréal; Johnson and Johnson; Phillips; Sennheiser; 3M; Mary Kay; Phillip Morris; IKEA; IBM; Microsoft; Cisco Systems; Oracle; Dassault Systémes; Accenture; SAP; AT Kearney; Capgemini Consulting Österreich; PwC; KPMG; Deloitte; Ernst and Young; Tata Consultancy Services; T-Systems; BAE Systems; Porsche; BMW Group; Audi; Volkswagen; SEAT; Renault Nissan; Continental Tires; Johnson Controls; Wabco; Goodyear; HSBC; BNP Paribas; Scotiabank; Unicredit; Banca Intesa Sanpaolo; Crédit Agricole; Societe Generale; Raiffeisen Bank; Delta Generali Insurance; Governments of Argentina, Canada, Croatia, Mexico and Serbia; Lufthansa Technik; Mexicana Airlines, CEMEX; Holcim; Kempinski Hotels; President Intercontinental Hotels; Crowne Plaza Hotels; Holiday Inn Hotels; Vodafone; Telekom Serbia; T-Mobile; Mtv; RTL; TV Azteca; NASA; EON; RWE; ExxonMobile; Abbott Laboratories; Bayer; Roche; GlaxoSmithKline; Pfizer; Astra Zeneca; Kimberly Clark; Merk; Sanofi Aventis; Nokia Siemens Networks; Amazon.com; TUI; Readers Digest и др.
www.kapital.mk
profile
Туск со страстен говор упати остра критика до европските лидери:
Утописките ЕУ елити се виновни за евроскептицизмот
Во искрен и емотивен говор како никогаш до сега првиот претседател на ЕУ кој доаѓа од Источните земји, полјакот Доналд Туск ги повика сите лидери во Европа да престанат со утописките илузии за создавање на поинтегрирана Европа и да обрнат повеќе внимание на барањата на обичните луѓе и она што тие го сакаат од Унијата – кои според него – не ја делат истата визија која ја имаат лидерите
Л
идерите на Европската унија со промовирање утописки „илузии“ за обединета Европа го загубија контактот со нивните народи и со тоа ја разнебитуваат Европа. Ова го порача Доналд Туск првиот претседател на Европскиот совет кој доаѓа од Источна Европа. Во страствениот говор упатен до европските врвни конзервативци, тој ги обвини ЕУ елитите дека живеат во измислен рај преку кој го провоцираат евроскептичниот револт кој веќе се засилува во земјите од ЕУ. „Ние сме тие што денеска сме одговорни.
Опседнати со идејата на брза и целосна интеграција, ние не успеавме да забележиме дека обичните луѓе, граѓаните во Европа, не го делат нашиот европски ентузијазам“, рече Туск. Ваквото предупредување на Туск доаѓа во време кога последната анкета објавена во Guardian покажува дека расположението на Британците за излез од ЕУ натежнува во однос на она за останува. Имено по прв пат, телефонската анкета покажува дека за излез на Британија од ЕУ би гласале 45% од Британците наспроти 42% кои би гласале за останување. Туск, посочувајќи на патриотските
оживувања кои се појавија дури и во неговата родна Полска, обвини дека естаблишментот во ЕУ сака да создаде „утопија од Европа без национални држави“ што, како што вели тој е спротивно на сржта на европската историја. „Не постои полошо сценарио за Европската економија од знакот на триумфот на антилиберaлните и европскептичните политички сили, без разлика дали се леви или десни. Ние мора да го избегнеме ова сценарио“, посочи Туск. Токму поради тоа тој лично ги повика германската канцеларка Ангела Меркел, шефот на Европската комисија Жан
Анкета: 48% од Британците би гласале за излез на Британија до ЕУ
Капитал број 866 03.06.2016
profile Кои беа главните поенти на Туск? XX Опсесијата со целосна интеграција на ЕУ не успеа да ги придобие Европјаните XX Обичните граѓани не ги делат целите и визијата за целосно интегрирана ЕУ XX Ние сме виновни што не успеавме да забележиме дека визијата на лидерите се разликува драстично од амбицијата на граѓаните XX Создавање на перфектна европска обединетост и интеграција веројатно не е одговор на кризата XX Европјаните не сакаат заедничка надворешна, одбранбена и погранична политика XX Евроскептицизмот и европесимизмот стана алтернатива на илузиите за голема визија и светла иднина во Европа, визија која што не успеа да се исполни
Клод Јункер и другите лидери веднаш да ја променат нивната стратегија за создавање на поцентрализирана Европа. „Спектарот на распаѓање ја демне Европа, а визијата за федерализација се чини не е најдоброто решение. Мора да ја разбереме потребата од историски момент“, рече тој. Овие пораки на Туск ја разгорија дебатата околу социјалистите во ЕУ околу тоа како тие би одговориле доколку Британија изгласа за излез од ЕУ на 23 јуни. Постојат многу видливи значи дека Холандија, Скандинавија и многу од Источно- европските земји нема да се согласат за „Планот Б“ на Брисел кој претпоставува посилна политичка унија – со ЕУ армија и заеднична надворешна, безбедносна и гранична политика – доколку Британија одлучи да излезе од европското семејство. Но слично расположение, според експертите, постои и во Франција. „Холанѓаните рекоа дека веќе никогаш не сакаат да се носи друг ЕУ договор бидејќи тоа ќе бара референдум, кој според сегашното
расположение, не би поминал. И Французите не сакаат промени во договорот исто така“, тврди Чарлс Грант од Центарот за Европска Реформа. Како и да е, неизвесноста од Брегзит е доминантното прашање на секој собир на политичките лидери во Европа кое уште повеќе ја разединува Европа. Тешко е да се претпостави што ќе остана од обединетоста на стариот континент доколку Британија одлучи да се „разведе“ од Европа. nnn
Mаркетинг стратегија 2020 Креирајте марКетинг стратегија Која победува! 28.06.2016, М6 едукативен центар, Скопје
Dr. G. Nicolás Kfuri професор, директор во KFURI & PARTNERS
l Признат светски предавач и консултант од областа на корпора-тивната глобална стратегија, маркетинг и брендирање со искуство во над 400 компании од 75 држави на 5 контитенти. l Кфури ги обучувал директорите на врвни светски компании меѓу кои: Coca Cola; RedBull; Inbev; Heineken; Nestlé; Cadbury Schweppes; Kraft Foods; Procter and Gamble; Henkel; L’Oréal; Johnson and Johnson; Phillips; Sennheiser; 3M; Mary Kay; Phillip Morris; IKEA; IBM; Microsoft; Cisco Systems; Oracle; Dassault Systémes; Accenture; SAP; AT Kearney; Capgemini Consulting Österreich; PwC; KPMG; Deloitte; Ernst and Young; Tata Consultancy Services; T-Systems; BAE
партнер:
Systems; Porsche; BMW Group; Audi; Volkswagen; SEAT; Renault Nissan; Continental Tires; Johnson Controls; Wabco; Goodyear; HSBC; BNP Paribas; Scotiabank; Unicredit; Banca Intesa Sanpaolo; Crédit Agricole; Societe Generale; Raiffeisen Bank; Delta Generali Insurance; Governments of Argentina, Canada, Croatia, Mexico and Serbia; Lufthansa Technik; Mexicana Airlines, CEMEX; Holcim; Kempinski Hotels; President Intercontinental Hotels; Crowne Plaza Hotels; Holiday Inn Hotels; Vodafone; Telekom Serbia; T-Mobile; Mtv; RTL; TV Azteca; NASA; EON; RWE; ExxonMobile; Abbott Laboratories; Bayer; Roche; GlaxoSmithKline; Pfizer; Astra Zeneca; Kimberly Clark; Merk; Sanofi Aventis; Nokia Siemens Networks; Amazon. com; TUI; Readers Digest и др.
Лица за контакт: м-р Бојана Делидинкова 02/3216-962 м-р Ирена Богоевска 02/3216-963 institut@koncept.com.mk
7
www.kapital.mk
Капитал број 866 03.06.2016
8 НАВИГАТОР
ИЗЈАВА НА НеделАТА
ВМРО - дПМНе лАНИ дОБИлА Од дОНАцИИ, СдСМ САМО 10
> БРОЈКА Можам да разберам како функционира вселената, но никако не можам да ја разберам популарноста на Доналд Трамп
3,6%
порасна индустриското производство во април годинава споредено со истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика
СТИВеН ХОКИНГ
британски астрофизичар
В
ладејачката политичка партија ВМРО –ДПМНЕ имала најмногу донации лани споредено со останатите три најголеми политички партии во земјава. Според податоците на Државниот завод за ревизија, лани во ВМРО – ДПМНЕ биле донирани 1,48 милиони евра од страна на 3.675 донатори. Донациите, според извештајот на оваа партија се движат од 2.000 денари па се до 100 илјади денари. Нивниот помал коалиционен партнер, ДУИ, лани располагала со вкупно 525 илјади
Самит 100: Договор за нова ера
Мора да ги зајакнеМе еконоМските врски во
В
одечката бизнис иницијатива во регионот која ги обединува бизнис и политичките лидери во југоисточна Европа, Самит 100, годинава се одржа во Сараево под мотото „Договор за нова ера“. Учествуваа повеќе од 150 бизисмени и политичари, специјални гости и бројни претставници на медиуми од регионот. Во воведниот дел на присутните им се обрати ко – претседавачот со овогодишниот Самит 100, Елдин Хаџиселимовиќ, директор на АСА Холдинг и Амер Буквиќ, директор на
ББИ банка. „Исклучително сме горди што ваков значаен настан, кој ја собира регионалната бизнис елита, се одржува овде во Сараево. На петтата заедничка средба на најистакнатите стопанственици, бизнис и политички лидери од целиот регион, повторно ќе ги отвориме перспективите за јакнење на конкурентноста на националните економии на земјите, но и конкурентниот потенцијал на цела југоисточна Европа“, изјави Елдин Хаџиселимовиќ, директор на АСА Холдинг.
Темите на овогодишниот собир беа подобрување на економските прилики и регионална соработка преку препознавање на потенцијали на подрачјата на иновации и енергетската ефикасност, транспорт и логистика, циркуларна економија, храна и туризам, образование како и регионални кластери со фокус на автоиндустријата. „Се надевам дека Сараево, како град во кој со векови живеат различни кулури, дополнително ќе креира позитивен впечаток да се реализираат целите на овогодишниот собир.
www.kapital.mk
Капитал број 866 03.06.2016
9 мисла на неделата
а 1,48 милиони евра 0 илјаДи евра евра приходи, од кои нешто помалку од пола, односно 202 илјади се водат како донации. Освен донациите ДУИ прибрала речиси 35 илјади евра од членарина, 255 евра приходи од камати и 288 илјади евра приходи од Министерството. Најголемата опозициска партија, СДСМ пак, пријави донации од околу 10 илјади евра. Според списокот СДСМ лани имал 476 донатори, а притоа најмалата донација е од 8 денари додека најголемата е во износ од 87 илјади денари најголема. Опозициската партија од албанскиот блок – ДПА – пријавила дека лани немала донации.
Добро е да се прославува успехот, но уште поважно е да се научат лекциите од неуспехот
Бил Гејтс
основач на Мајкрософт
> бројКа
1,1%
е поголем бројот на работници во индустријата во април годинава на годишно ниво
лидери
е о регионот Водечката бизнис иницијатива во регионот која ги обединува бизнис и политичките лидери во југоисточна Европа, Самит 100, годинава се одржа во Сараево под мотото „Договор за нова ера“. Учествуваа повеќе од 150 бизисмени и политичари, специјални гости и бројни претставници на медиуми од регионот. Самит 100 треба да послужи како место на економско вмрежување и дијалог каде бизнис субјектите на претставниците на политиката ќе им понудат конкретни предлози за унапредување на стандардите во регионот. Како нашиот регион може да профитира од циркуларната економија и нордиски модел на соработка, се само некои од предвидените теми на разговор во наредните два дена“, истакна Амер Буквиќ, директор на ББИ Банка. Специјален гостин на Самит 100 денес беше амбасадорот Кари Кахилуото, претседавачот на Нордискиот совет на министри. Во своето излагање тој ја претстави позитивната пракса на економска соработка на нордиските земји, која на земјите од југоисточна Европа може да им послужи како пример за економско вмрежување. Само Логин, најбогатиот Словенец, креатор на мобилната апликација Talking Tom, се обрати на Самит 100 во Сараево. Исто така, како специјални гости пред учесниците се обратија и Иза и Само Логин, најбогатиот словенечки брачен пар, основачи на стартапот „Outfit7“ и „Talking Tom“ апликацијата. Босна и Херцеговина е прв пат домаќин на петтиот по ред Самит 100. Во рамки на процесот „Брдо – Бриони“, учествуваа и
сите политички лидери од регионот. Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, и претседателот на Косово, Хашим Тачи седнаа на иста маса, заедно со лидерите на БиХ, Црна Гора, Македонија, Хрватска и Словенија, а меѓусебно речиси и да не комуницираа. Средбата протече во размена на искуства на евроатлантскиот пат и со понекој приговор. Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ своето обраќање пред бизнисмените од регионот го искористи да најави борба за трговски олеснувања во рамките на ЦЕФТА (Договор за слободна трговија). Македонскиот претседател Ѓорге Иванов, сликовите објасни дека во „море со ајкули, најдобро се опстанува во јато“, сугерирајќи јакнење на економските врски во регионот. Можност за засилување на таквите врски албанскиот претседател Бујар Нишани гледа во јадранско-јонскиот коридор, поради кој Западниот Балкан го нарече „регион на иднината“. Организатори на Самит 100 беа ББИ банка и АСА Превент групацијата од Босна и Херцеговина, со поддршка од Здружението Менаџер од Словенија, Српската асоцијација на менаџери, Хрватската задруга на работодавци, Атлас група од Црна Гора и Алкалоид од Македонија. nnn
Дитер Зече
Германски Daimler е прв на листата на најголемите европски берзански компании за 2015 г. со профит од 13,2 милијарди евра
Даријан пејовсКи
Филмот „Три дена во септември“ на режисерот Даријан Пејовски победи на Филмскиот фестивал на Југоисточна Европа во Берлин
не им беше неделата
томислав КарамарКо
на потпретседателот на хрватската Влада му претстои гласање за недоверба поради судир на интереси поврзан со неговата сопруга
реџеп таип ерДоган
турскиот претседател се соочи со силни критики од либералниот дел од државата откако изјави дека контрацепцијата не е за муслиманите
10 cover story
Капитал број 866 03.06.2016
cover story
www.kapital.mk
КаКо држав
Домашните изв Да имаат исти о како странскит
З пишува:
Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk
За мала земја како Македонија со голема невработеност извозот е единствениот пат кој може да и обезбеди одржлив економски развој. Но, и покрај сите флоскули за тоа колку извозот е важен, да се биде извозник во Македонија е ѓаволски тешко. Извозниците во Македонија, посебно домашните компании кои ги немаат стимулациите и ослободувањата како странските инвеститори од зоните, го одат најтешкиот пат. Тие работат во земја која е несигурна на политички план и од тој аспект поризична за водење бизнис, во која владее хаос во плаќањата на домашниот пазар, секојдневно мака мачат со неефикасна администрација, мораат да ги плаќаат сите даноци и давачки за увозот на се што им е потребно за да го произведат производот, да ја чекаат државата со месеци да им плати и да им го врати ДДВ-то што им следува, и на крај да најдат начин да го продадат производот на странските пазари каде треба да бидат конкурентни и со цена и со квалитет. Тоа е мачна борба, посебно кога на тие странски пазари треба да се конкурираат со производи и фирми кои за извозот што го прават добиваат субвенции и стимулации од матичните земји, во кои трошоците за производство им се далеку пониски. Се чини дека целата стратегија за зголемување на извозот Македонија
ја фокусира на една точка. Привлекување на странски инвестиции кои ќе отворат фабрики во слободните економски зони, каде ќе произведуваат за извоз. Концептот со нудење на безброј ослободувања и поволности на странските компании за да дојдат и да произведуваат во Македонија дава резултати. Компаниите кои произведуваат во зоните добиваат многу поволности и помош, државата субвенционира голем дел од нивните трошоци за производство и нивниот извозот е многу конкурентен. И статистиката покажува дека извозот од зоните вртоглаво расте, а странците се почесто се одлучуваат да го зголемуваат производството за извоз. В о ис то вр еме, из возот на домашните компании опаѓа и станува се понеконкурен-тен. Ако се изземе извозот од зоните, македонските извозни компании не само што не освојуваат нови пазари, туку ги губат и оние традиционалните, каде биваат потиснати од конкуренцијата.
www.kapital.mk
Капитал број 866 03.06.2016
вите го стимулираат извозот?11
возници треба ослобоДувања те
И покрај тоа што македонските политичари со години наназад се правдаа дека не можат да го поддржуваат домашниот извоз бидејќи тоа е надвор од пазарните принципи и трговските договори, концептот со давање на огромна поддршка на странските фабрики во зоните покажаа дека стимулациите и субвенциите се можни и дека и тоа како го зголемуваат извозот. Во време кога извозот од зоните вртоглаво расте, а останатиот извоз опаѓа, Македонија мора да покаже подготвеност извозот да го постави за врвен приоритет и сите извозници да добијат ист третман. Капитал анализира како другите земји ги поддржуваат домашните извозни компании.
www.kapital.mk
Капитал број 866 03.06.2016
12
cover story
Извозните стимулации причина за многу трг
Т
очно е дека правилата на Светската трговска организација забрануваат користење на извозните субвенции и стимулации. Но, реалноста покажува дека многу земји наоѓаат дупки во договорите преку кои ги користат извозните субвенции. Денес повеќе земји ги користат извозните субвенции и стимулации, што тајно , што јавно. Дури и најразвиените пазарни економии посегаат по извозни стимулации или субвенции во одредени случаи. Праксата покажува дека извозните субвенции се причина заради која се водат многу трговски спорови меѓу одредени земји. На пример, САД и Бразил имаа 12 годишен спор околу субвенциите што САД им ги дава на домашните
производители на памук. Бразил во 2014 година се согласи да го прекине спорот против САД, кои се најголем светски извозник на памук, кој се водеше во СТО откако Американците се согласија да исплатата 300 милиони долари на Бразилскиот Институт за памук. СТО пресуди во корист на Бразил, кој е четврти најголем извозник на памук, оценувајќи дека бразилските извозници на памук биле ставени во неповолна положба со тоа што извозните субвенции им дале неправедна предност на американските извозници. Бразил исто така доби дозвола од СТО да воведе контра мерки против САД. Уште еден спор кој сега е актуелен е спорот помеѓу САД и Кина. Имено, САД досега имаат поднесено многу жалби во СТО против Кина, за
Домашните извозни компании кои ги консултираше Капитал велат дека е крајно време државата да најде стратегија за поддршка на извозот и да им помогне и на домашните извозни компании, преку различни форми на субвенции и стимулации. Тие тврдат дека доколку и домашните извозни компании ги имаат истите олеснувања и субвенции како и странците ќе бидат многу поконкурентни и ќе можат да го зголемат извозот. Сега како што се поставени работите излегува дека домашните извозни компании се казнети само затоа што се со домашен капитал. Сите нивни досегашни барања за конкретна поддршка на извозот биле дочекувани со одговор дека бараат државата непазарно да им помага, додека во исто време од државниот буџет се трошат милионски суми за да им се помогнат на извозниците со странски капитал. За разлика од Македонија, во многу други државни токму домашните извозни компании го имаат приматот кога станува збор за поддршка извозот преку разни форми. Економската криза од 2008 година на голема врата го врати протекционизмот и поддршката на националните економии. За разлика од пред кризата кога слободната трговија и глобализацијата беа главното кредо, сега се погласни се оние кои сметаат
дека домашната економија и извозот мора да се штитат и поттикнуваат со различни мерки. И многу земји во обид да ја заштитат економијата воведуваат разни мерки за поттикнување на извозот со цел домашната извозна индустрија да ја направат поконкурентна на странските пазари. Капитал анализира како државите го поттикнуваат извозот и им помагаат на домашните компании за поконкурентен излез на странските пазари.
Зоните се доказ дека извозните субвенции имаат ефект Почнувајќи од 90-те постои консензус меѓу економистите дека креирањето на динамичен извозен сектор подразбира флексибилна комбинација меѓу пазарните сили и државната интервенција, макро и микро политиките, како и јавно-приватно партнерство. Во Македонија улогата на Владата се сведува во обезбедување на некои општо услови како макроекономска стабилност, кој секако дека им го олеснува работењето на извозниците, но не е доволен за раст на извозот. Понатаму, домашните извозни фирми можат да добијат некоја мала помош од државата преку покривање на трошоците за изнајмување на саемски
нелојалните трговски практики на субвенционирање на извозот. Кина со години наназад користи разни програми за субвенционирање на извозот во повеќе индустрии, со што кинеските производи се конкурираат на светските пазари по екстремно ниски цени. Кина на домашните извозни компании им овозможува над 200 видови на извозни стимулации и субвенции во најразлични форми, почнувајќи од субвенционирано земјиште, субвенционирана поевтина електрична енергија, субвенционирање на транспортните услуги како и разни кеш грантови за стимулација на извозот на одредени производи. САД досега имаат подигнато над 10 тужби против Кина за испитувања на трговските практики за стимулации на простор, за изработка и печатење на промотивни материјали. Тоа се индиректни мерки и ако се знае дека станува збор за многу мали суми, ефектите од овие мерки се незначителни. Македонските извозни компании никогаш не добивале од државата директна финансиски поддршка во форма на извозни стимулации. Со години наназад објаснувањата беа дека тоа е забрането со договорите на Светската трговска организација (СТО) и дека искуствата на другите земји покажале дека таквите форми на директна поддршка на извозниците не давале некои поголеми резултати и дека на тој начин ќе се постигнеле спротивни резултати, односно наместо македонските производи да се пробијат на странските пазари, тие ќе биле помалку конкурентни. Но, концептот со давање на огромна поддршка на странските фабрики во зоните покажаа дека стимулациите и субвенциите и тоа како го зголемуваат извозот. Така, странските компании во слободните економски зони, по основ на тоа што се целосно извозно ориентирани добиваат ослободување од сите даноци и придонеси во период од 10 години, ослободени се од плаќање на царини и ДДВ при увоз на сите суровини и полупроизводи кои се користат за производството наменето за извоз. Но, домашните извозни компании немаат
www.kapital.mk
Капитал број 866 03.06.2016
13
говски спорови извозот, кои не биле јавно објавени, а кои според американските власти биле причина за губење на многу работни места и штети за американската економија. Еден од републикански кандидати за претседател на САД Доналд Трамп во предизборната кампања отворено најави дека ако дојде на власт ќе воведе протекционистички мерки против Кина за да ги заштити американските компании од кинеските предаторски трговски практики. Класичната теорија за слободна трговија потврдува дека отворањето на пазарите и увозот на почетокот може да предизвикаат губење на некои работни места, но се смета дека преку поголемиот извоз на други пазари ќе се генерираат нови работни места, а од конкуренцијата која ги одржува цените никакви ослободување. Тие мораат да ги плаќаат сите царини и ДДВ при увозот на суровините и полупроизводите кои се наменети за извоз, а потоа имаат право да бараат и да чекаат поврат на ДДВ
ниски, ќе имаат придобивки сите. Но, една неодамнешна студија на Институтот за Технологија во Масачусетс покажува дека приказната во реалноста е малку поинаква. Оваа студија покажала дека на традиционалните производствени области кои биле силно погодени од евтиниот кинески увоз од 2001 година им требало многу подолго време со месеци. Многу извозни фирми со кои контактиравме велат дека со повратот на ДДВ државата им задржува многу пари, кои кога би им биле достапни би можеле да се користат во процесот на производство.
да заздрават отколку што било кој очекувал, а дека многу од работните места никогаш не се надоместиле. ”Многу е значајно да се препознае дека за разлика од медицинските услуги или малопродажбата, производството и индустријата се многу географски концентрирани”, вели Дејвид Аутор, професор на познатиот МИТ Универзитет.
Како Турција го зголемува извозот? Многу од домашните извозни компании со кои разговаравме ја посочија Турција како една од државите која со години
www.kapital.mk
Капитал број 866 03.06.2016
14
cover story Турските производители и извозници можат да купуваат и увезуваат суровини и полуфабрикати кои ги користат во процесот на производство без да плаќаат увозни царини, даноци и други давачки.
успешно ги користи извозните стимулации и субвенции и од каде може да се применат многу модели за поддршка на извозните компании. Секој извозник во Турција добива субвенции во одреден износ на пари во за секој извезен тон на зеленчук, сушено и конзервирано овошје, замрзнат зеленчук и
овошје, конзервирана риба, производи од чоколадо, за секој извезен тон на тестенини, бисквити и колачи, маслиново масло, џемови и мармалади, пилешко месо, јајца. Повеќето извозни компании имаат право на извозни стимулации во износ од околу 15% од извозната декларација. Овие субвенции не се даваат во готовина, туку како писмена потврда можат да се употребат за плаќање на електрична енергија, социјални придонеси, некои фиксни трошоци за производството, за купување на некои суровини од домашните берзи..). Она што е специфично за Турција е посебниот режим за влезните суровини или Inward Processing Regime (IPO). Откако Турција го потпиша Договорот за Царинска Унија со Евр опската унија ги укина обемните извозни стимулации кои дотогаш ги користеше и тие беа заменети со процедурата IPO, која е на сила повеќе од 10 години. Станува збор за процедура која им овозможува на турските производители и извозници да купуваат и увезуваат суровини и полуфабрикати кои ги користат во процесот на производство без да плаќаат увозни царини, даноци и други давачки. Ако компанијата извозник има ИПО сертификат, кој обично се издава на една година, тој има право да ги увезува суровините кои ги има наведено во дозволата и откако ќе ги преработи да извезува
одредени производи. Главната цел на оваа програма е да им се овозможи на турските извозници да ги користат суровините кои им требаат за производство по светските цени, без да се оптеретуваат со царини, давачки или даноци со цел турскиот извоз да се направи поконкурентен. Извозниците имаат обврска во царинските или даночните служби да достават одредена банкарска гаранција, која можат да ја добијат по далеку поповолни услови. На пример, ако извозот на една компанија повеќе од 500 илјади долари за период од четири години, тогаш треба да достави гаранција во износ од 1% до 5% од вкупната сума за ДДВ и увозни царини кои би требало да ги плати за тој период. Но, извозникот само ја доставува банкарската гаранција, а не ги плаќа ДДВ-то и царината. Овој ИПО сертификат им дава можност на извозниците фирми наместо да увезуваат суровини да користат еквивалентни суровини кои се веќе во оптек на домашниот пазар. Турските извозници имаат можност производите да ги продаваат и на домашен пазар, но за тоа ќе треба да платата ДДВ и увозни царини за да не им се создава нелојалната конкуренција на останатите останатите компании. Македонските извозни фирми велат дека оваа мерка би била големо олеснување за извозниците и би им ослободила многу пари кои сега мораат веднаш да и ги плаќаат на државата за увозни царини и ДДВ на секој направен увоз за извоз. Но, тоа подразбира дека државата треба да се откаже од добар дел од парите кои влегуваат во буџетот по основ на ДДВ и царини. На пример, годинава Владата планира да собере 83,5 милиони евра во буџетот по основ на увозни давачки. Оваа стратегијата за поддршка на извозот Турција ја применува од 80-те години и покрај извозниците стимулации извозниците можат да користат ослободување на данокот на добивка, поврат на даноци. Со основањето на турската Ексимбанка во 1987 година поддршката на турскиот извоз добива сосема друга димензија со конкретна поддршка и олеснувања на секторите со висок извозен потенцијал. Она што е интересно е што сите овие програми се усогласени со регулативите на Светската трговска организација (СТО) на Европската унија и турските производи иако се субвенционирани без никаков проблем се извезуваат на европските и светските пазари. Што само покажува дека ако се има визија и политичка волја може да се најде начин како да се поттикне извозот, а тоа да не се коси со принципите на пазарната економија и постојните трговски договори, кои со години наназад беа главното објаснување на Македонија зошто повеќе не ги поддржува домашните извозни компании. Она што очигледно е поважно е дали една земја има стратегија да го развива и зголемува извозот, што очигледно Македонија ја нема ни ден денес. nnn
Капитал број 866 03.06.2016
16
www.kapital.mk
Интервју
INTERVIEW
Сава Далбоков претседател на надзорниот одбор на Шпаркасе банка Македонија
Политичката ситуација ни го намали “аПетитот за ризик” Можете да очекувате едно: ќе бидеме тука за заедницата и за клиентите, и во добри и во не толку добри времиња затоа што сакаме долгорочно да растеме и да се развиваме со нив. тоа го имаме потврдено повеќе пати во нашата 190-годишна историја и во ситуации кои биле многу потешки од денешната во Македонија.
далбоков: Ќе продолжИМе да нудИМе поволнИ опц
www.kapital.mk
Капитал број 866 03.06.2016
17
ции за финансирање во денари за нашите клиенти
www.kapital.mk
Капитал број 866 03.06.2016
18
Интервју
С разговара:
Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk
XX Со какви резултати Шпаркасе Банка Македонија ја заврши изминатата 2015 година? На што се должат тие? Во 2015 година, за прв пат од изминатите години, постигнавме солиден раст во работењето со клиентите. Кредитите на населението ги зголемивме за преку 25%. Во кредитирањето на правните лица не забележавме раст, но значително ја подобривме структурата на портфолиото и заменивме голем број на нефункционални кредити со пласмани кон бонитетни клиенти. Потврда за нашата стабилност и балансирана стратегија е и зголемувањето на депозитите на клиентите од преку 25%. Со вкупна актива од 284 милиони евра (+8,8%) веќе го триплиравме нето профитот на 1 милион евра. Така да, во најголем дел од сегментите на работењето забележавме позитивни трендови и резултати. Тоа е последица на добро извршените „домашни задачи” и на внатрешното зајакнување на Банката: го подобривме квалитетот на нашата организација, ги унапредивме процесите и технолошките капацитети и – најважно од сè – значително ја зголемивме нашата посветеност кон клиентите! XX Кои се проценките за годинава? Каква година очекува Шпаркасе Банка Македонија, со оглед на неизвесноста во која работеа македонските компании и банки изминатиов период? Ќе продолжиме со позитивниот развој на Шпаркасе Банка Македонија со цел да го задржиме континуитетот во подобрувањето на квалитетот на нашите услуги, а како резултат на тоа да го зголемуваме и пазарното учество и профитабилноста на Банката. За жал, сегашната ситуација е особено неповолна за поамбициозни планови за развој. Не би кажал дека оваа година е „отпишана” за нас, бидејќи кога е потребна стабилност и сигурност, Шпаркасе е вистинскиот избор. Меѓутоа, ги корегиравме проценките на реалниот здрав потенцијал за кредитен раст на пазарот, но за жал таа корекција беше надолна. XX Неодамна Народната банка на Македонија ја зголеми каматната стапка на благајничките записи во
Во сегашното монетарно опкружување на „хипер-ниски” каматни стапки во Европа, а и во регионот, зголемувањето на референтната каматна стапка во Македонија е добра вест, пред сè за штедењето во денари услови на засилени притисоци врз денарот и повлекување на депозити од банкарскиот сектор? Како оваа одлука ќе се одрази врз деловните одлуки и потези на Шпаркасе Банка Македонија? Во сегашното монетарно опкружување на „хипер-ниски” каматни стапки во Европа, а и во регионот, зголемувањето на референтната каматна стапка во Македонија е добра вест, пред сè за штедењето во денари. Мислам дека со својата професионалност и резултати Народна Банка на Република Македонија има кредибилитет пред стручната и широката јавност како гарант за стабилниот курс на денарот наспрема еврото. Во Шпаркасе Банка Македонија ја чувствуваме таа доверба кон домашната валута, а и во нашата банка, преку стабилен структурен вишок на ликвидност во денари. Затоа ќе продолжиме да нудиме поволни опции за финансирање во денари за нашите клиенти – значи добри вести од нас и за барателите на кредити во домашна валута. XX Како сложената политичка ситуација во Македонија се одразува врз работењето на Вашата банка? Дали се соочивте со повлекување на депозити и каква е ликвидноста на Банката? Политичката ситуација ни го намали „апетитот за ризик” во врска со нашите планови за понатамошна експанзија во Македонија. Тоа се уште не значи дека ја менуваме стратегијата за континуиран раст, меѓутоа сега пристапот е уште повеќе селективен. Искрено, се надевам дека бргу ќе се направат услови за нормално работење на една легитимна и професионална влада, која ќе го продолжи патот кон економска и политичка интеграција на државата со Европската Унија. Македонија досега имаше добар успех во привлекувањето на странски инвестиции од Европа. Ќе биде многу жално и неповолно за развојот на земјата, ако овој позитивен тренд застане. Нашите депозити од клиентите се стабилни и ликвидноста на Банката е значително повисока од колку што сакаме. XX Шпаркасе Банка беше една од првите банки која го воведе проектното финансирање во Македонија. Какви се досегашните резултати и кои проекти ги има досега поддржано Банката? Досега имаме финансирано околу десетина
проекти во вкупен износ од преку 20 милиони евра, пред сè во енергетскиот сектор (мали хидро електрани) и градежништвото. Горд сум дека со нашата поддршка се реализира и првата биогасна електрана во Македонија: за овoј проект допринесовме не само со поволна финансиска структура, туку и со стручната експертиза и советувања околу најдобрите решенија за инвестицијата. Исто така, сакам да потенцирам дека нашата специјалност е финансирање на проекти за изградба на мали хидро-централи за кои што имаме најголемо искуство и практично знаење и се наша конкурентска предност пред останатите банки. Нашата кредитна технологија и систем ни овозможува правилно структурирање на овие инвестиции и придонесува за успешна реализација на проектот. Се надевам дека во иднина ќе поддржиме уште повеќе проекти, за што гледам добар потенцијал пред сè во енергетскиот сектор. XX Како се одвива кредитирањето на фирмите и какви се проценките за следниот период? Дали Македонија има добри и здрави фирми и проекти кои би ги кредитирале, од кои индустрии? Во Македонија постои едно „јадро” од квалитетни, професионални и успешни фирми, кои се лидери во своите индустрии. Драго ми е дека поголемиот дел од нив веќе имаат некоја форма на соработка со Шпаркасе Банка Македонија. Меѓутоа, за позначително зголемување на економскиот раст и вработеноста во земјата, потребен е уште поголем и поуспешен корпоративен сектор, пред сè во сегментот на средни претпријатија со извозна ориентација. Имаме ресурси, експертиза и желба да ги поддржиме успешните фирми во Македонија. Гледам добар потенцијал во секторите од областа на енергетиката, земјоделието и производството на храна, трговијата на мало, информатиката и телекомуникациите, како и инфраструктурните проекти. XX Кои се клучните критериуми за кредитирање во Шпаркасе Банка? Нашите критериуми за финансирање се одраз на „нормите на финансиската индустрија” во Западна Европа. Пред сè е важно компанијата да генерира стабилен паричен тек („cash flow”) со своето работење, како примарен извор за враќање на кредитот, доволен сопствен капитал, добра профитабилност и ниска до умерена задолженост како важни финансиски показатели, а потоа и професионалноста
далбоков: Кога е потребна стабилност и сигу
www.kapital.mk
Капитал број 866 03.06.2016
19 Депозитите на клиентите се стабилни и ликвидноста на Банката е значително повисока од колку што сакаме.
За поголем економски раст е потребен поголем и поуспешен корпоративен сектор
В
о Македонија постои едно „јадро” од квалитетни, професионални и успешни фирми, кои се лидери во своите индустрии. Драго ми е дека поголемиот дел од нив веќе имаат некоја форма на соработка со Шпаркасе Банка Македонија. Меѓутоа, за позначително зголемување на економскиот раст и вработеноста во земјата, потребен е уште поголем и поуспешен корпоративен сектор, пред сè во сегментот на средни претпријатија со извозна ориентација.
и сериозноста на менаџментот, како и конкурентската позиција во индустријата, кои се важни „soft facts”. Во нашата филозофија на финансирање настојуваме да развиеме ниво на еспертиза, со која добро ја разбираме индустријата, потребите и „финансиската крвна слика” на клиентите. Така може да понудиме најадекватни решенија за стабилна и долгорочна соработка. Понекогаш клиентите имаат различна претстава за тоа каков кредит е за нив „најдобар” (на пример, кога е во прашање рок и модалитет на враќање), а со тоа несвесно го зголемуваат структурниот финансиски ризик во своите биланси. Во вакви ситуации, настојуваме да објасниме зошто нудиме и бараме поразлична структура. Често пати успеваме во тоа, понекогаш не, но во секој случај усовршувањето на финансиското знаење на клиентите е важен дел во нашиот модел на работење. XX Кои следни потези и производи може да се очекуваат од Шпаркасе Банка во следниот период? И понатаму ќе ја зајакнуваме нашата позиција во сегментот на работењето со населението: неодамна отворивме нова експозитура во Виница, во време кога многу банки во регионот ги намалуваат своите мрежи и ја воведовме првата картичка за бесконтактно плаќање во Македонија. За нашите корпоративни клиенти развиваме атрактивни финансиски решенија (соодветна комбинација на краткорочни и долгорочни финансирања, добра услуга за домашниот и меѓународниот платен промет, девизно и документарно работење). Нудиме единствена предност на Ерсте и Шпаркасе Групацијата, која се базира на нашата водечка позиција во регионот на Централна и Југоисточна Европа, имаме атрактивни опции за плаќање во нашата мрежа, а за корпоративните клиенти кои се активни во регионот, исто така, имаме преференцијална услуга за отворање на сметки и кредитирање со некоја друга членка од нашата Групација. Во секој случај, кога е Шпаркасе во прашање можете да очекувате едно: ќе бидеме тука за заедницата и за клиентите, и во добри и во не толку добри времиња затоа што сакаме долгорочно да растеме и да се развиваме со нив. Тоа го имаме потврдено повеќе пати во нашата 190-годишна историја и во ситуации кои биле многу потешки од денешната во Македонија. nnn
урност, Шпаркасе е вистинскиот избор
Капитал број 866 03.06.2016
20
www.kapital.mk
Капитал тема
Сушанта и Свапна Рој, Реза Зараб, Калид Ал-Тавил ...
На кого се Македонија има дадено “економски” државјанства и пасоши?
Дури и ако се гледа крајно наивно на спроведувањето на мерката за привлекување странски инвестиции преку доделување државјанство на странци поради особен економски интерес, државата мора да покаже дека е минимум свесна за ризикот од злоупотреба, односно, од создавањето, на пример, законска можност криминалци да добијат прибежиште од законските проблеми
САД: Уапсениот во САД, Реза Зараб, имал македонски пасош
www.kapital.mk
Капитал број 866 03.06.2016
21 пишува:
Н Максим Ристески
maksim.risteski@kapital.mk
Неодамна објавениот дел од Избирачки список со гласачи кои требаше да бидат предмет на теренска проверка, на кој се најдоа, на пример, и членови на семејството на Субрата Рој; и особено последниот случај на турскиот милијардер со македонски пасош, Реза Зараб, за кој во САД во моментов се води судски процес, одново го свртеа вниманието кон таканаречените економски државјанства, односно, уште еднаш го поставија прашањето зошто на луѓе како споменатите Македонија им ја дава оваа привилегија и каква е целисходноста на државата од тоа. „Капитал“ од Министерството за внатрешни работи побара податоци за бројката на странци кои добиле македонско државјанство поради економски интерес на државата последниве години. Во 2013 година осуммина странци се стекнале со македонски пасош на ваков начин, во 2014 биле 12 лица, во 2015 привилегијата ја добиле деветмина, а во 2016 нема врачено решенија за стекнување државјанство по овој основ. Доделувањето државјанства во замена за инвестиции под прилично лесни услови, не е ретка појава; карактеристична за земјите што особено по светската економска криза очајно се обидуваат да привлечат странски капитал. Дури и ако се гледа крајно наивно на овој очај по странски инвестиции (ако се верува дека властите во некои од овие држави кога велат дека државјанства на странци им даваат од особен економски интерес, не мислат на нечии „особни“ интереси), ризикот од злоупотреба на мерката економско државјанство, односно од создавањето, на пример, законска можност криминалци да добијат прибежиште од законските проблеми во своите матични земји, стои високо на листата одговори на
Реза Зараб во САД е обвинет за перење пари и прекршување на санкциите против Иран преку трансакции со милиони долари, а единственото што на нашата јавност и е познато во врска со неговиот македонски пасош е дека лани медиумите објавија оти отворил фирма во Македонија со капитал од 650 илјади евра во дејноста хотелиерство Во неодамнешна проверка на Избирачкиот список/ теренската проверка, меѓу „гласачите“ како македонски државјани со македонска адреса на живеење се најдоа и двајца членови на семејството на индискиот инвеститор Субрата Рој, Сушанта и Свапна Рој
прашањето зошто еден милијардер би сакал да има и македонски пасош. Македонија има свои објаснувања и причини за мерката што ја промовираше во декември 2012 година. Тогаш беше донесена Уредбата за утврдување на критериумите за особен научен, економски, културен, спортски или друг национален интерес за стекнување на државјанство
на Република Македонија. Според оваа Уредба, конкретно под особен економски интерес се смета ако странец инвестира капитал во износ од најмалку 400.000 евра по лице, како директна инвестиција во нови капацитети, со исклучок на угостителски објекти за исхрана и трговски капацитети, со најмалку десет вработени лица на неопределено време
www.kapital.mk
Капитал број 866 03.06.2016
22
Капитал тема
На списокот гласачи “испливаa” двајца роднини на Субрата Рој и еден арапски бизнисмен
В
о неодамнешна проверка на Избирачкиот список и теренската проверка меѓу „гласачите“ како македонски државјани со македонска адреса на живеење се најдоа и двајца членови на семејството на индискиот инвеститор Субрата Рој, Сушанта и Свапна Рој. Колку за информација, индискиот бизнисмен кој се најавуваше како голем инвеститор во земјоделието и на кој му беше даден на користење агрокомбинатот Џумајлија со огромна површина обработливо земјоделско земјиште, веќе некое време е во затвор во Индија. Тој беше уапсен во 2014 година по налог на Врховниот суд на Индија кој го товари за проневера на инвеститорите кој инвестирале пари во неговата компанија. Покрај членови на семејството на Субрата Рој, на списокот на гласачи “исплива” и името на бизнисменот од Саудиска Арабија, Калид Ал-Тавил, кој при крајот на 2015 година добил решение за македонско државјанство. Јавноста за него можеше да слушне при владиниот лов на инвестиции во главниот град Ријад, во 2014 година. Ал-Тавил ги исполнил условите за државјанство со банкарска гаранција од 400 илјади евра дека ќе инвестира во Македонија, отворајќи фирма каде ќе вработи 10 луѓе. Досега, македонската јавност од овој Саудиец има слушнато само за најави за инвестиции и пофални зборови за условите за водење бизнис во Македонија.
Македонија не е единствена што дава пасоши на инвеститори
Економското државјанство како мерка за привлекување странски инвестиции го користат и држави-членки на Европската унија. За ваков начин до ЕУ-пасош најчесто се заинтересирани бизнисмени од кризните региони, финансиската елита од земјите кои си уште ги нарекуваме „трет свет“, но официјален Брисел забележува дека и одредени земји-членки прелесно прогледуваат низ прсти во однос на критериумите. Најспоменувана е Малта - земјата со околу 450.000 жители, чиј пасош чини 650.000 евра, а истиот не само што ги отвора вратите на 28-те ЕУ-членки, туку поминува и во САД каде што Малтежаните патуваат без влезна виза. И Велика Британија, Португалија, Кипар, Австрија ... ги во период од најмалку една година. Покрај овој критериум, особен економски интерес постои(според Уредбата), ако странец кој поднел барање за стекнување државјанство на Република Македонија е врвен докажан менаџер во светски рамки;
наградуваат странските инвеститори со државјанства под одредени услови, но за разлика од малата островска држава во овие земји правилата се построги, пасошот се чека подолго и обично е условен со трајно населување во нив. Поголеми се и сумите што треба да се инвестираат во замена за државјанство. Меѓу споменатите, Австрија најмалку се срами од давањето пасоши за инвестиции, но овде претендентите мораат да покажат навистина „длабок џеб“. Во тамошниот закон стои дека за државјанство се бара кандидатите „досега и во иднина да правеле и да направат многу за Република Австрија“. Сумата која за целта треба да се вложи во австриската економија како директна инвестиција е 10 милиони евра, а до пасош на „источниот рајх“ може да се дојде и за значително помалку пари, со 3 милиони евра, но само ако се инвестираат како донација за хуманитарни цели. Во регионот Албанија нуди привилегиран пат до државјанство за странци од кои земјата има „научни, економски и културни интереси“. Соодветниот закон на нашиот западен сосед бара инвестиција поголема од 147.000 евра за да препознае економски интерес. Во Бугарија, пак, за да добие државјанство подносителот на барањето мора да вложи најмалку 250.000 евра во бугарски компании поврзани со индустријата, инфраструктурата, сообраќајот или туризмот. Дополнително се бара тој да живее во Бугарија најмалку една година. Интересен регионален пример е Црна Гора, која во 2010 година накратко донесе одлука за мерката економско државјанство, но многу брзо ја суспендираше по сугестија на ЕУ, односно поради потреба за услогласување (со ЕУ). Црногорската Влада како услов постави инвестиција од минимум 500.000 евра, од кои дел би биле уплатени во државниот буџет. На сугестијата на ЕУ Подгорица да ја прекине програмата за економско државјанство се смета дека влијаеше случајот со Таксин Шинаватра, поранешниот тајландски премиер, кој откако беше соборен од власта во Бангкок доби црногорски пасош (во 2009 година) по скратена постапка, иако во тој момент беше кривично гонет во родната земја поради корупција.
врвен стручњак за технологии кои не се применуваат во Македонија; стручњак за област која е дефицитарна со соодветни кадри; остварува економска соработка со деловни субјекти од Македонија; остварува директна инвестиција во постојни деловни
објекти, во изградба на нови капацитети во земјата или во долгорочни хартии од вредност; инвестира во областа на индустриска сопственост, know-how (знаење и искуство), иновации и технолошки развој; придонесува за промоција на економијата
www.kapital.mk
Капитал број 866 03.06.2016
24
Капитал тема
на Македонија во странство; и донира или придонесува за донирање на средства за остварување на економски реформи и други приоритети во Македонија. Утврдувањето на постоењето на овие критериуми се оценува од аспект на влијанието на капиталот врз зголемување на вработеноста, на приливот на средства во Буџетот на Македонија по основ на плаќање на даноци и на социјални придонеси, на зголемувањето на квалитетот и на квантитетот на производството со примена на нови посовремени технологии, на зголемувањето на извозот. Мерката економско државјанство има и имиџ-карактер (кај нас овој имиџ момент влече накај негативен, имајќи ги предвид најпознатите личности кои вака добиле македонски пасош), но и реално значење поради олеснувањето на одредени процедури за инвеститорот и за реализацијата на негови права во земјата со што се надополнува системскиот пристап и пакетот за привлекување странски инвестиции во кој се и ниските даноци, поволностите во зоните, квалификуваната работна сила ..., образложија од Владата при промовирањето на мерката. Допрецизирање направи директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо, кој изјави дека
со ваквата мерка вниманието се свртува и кон инвеститорите од трети земји кои располагаат со голем капитал, а имаат интерес истиот да го инвестираат во држави што нудат постабилна клима за бизнис, и што се поблиску до пазарите на земјите во Европа. Мизо ја потенцираше и разликата меѓу обидите на една држава да привлече инвеститори во технолошко-индустриските зони, и намерата да се донесе капитал на поединци, зашто во зоните се привлекуваат големи светски корпорации, а со економското државјанство се цели кон капиталот на поединци.
Ризик од привлекување на поединци со сомнителен капитал
Прашањето е како да се избалансира потребата за привлекување на некои економски атрактивни личности од една страна, и од друга, како ќе се заштитите да не бидете црна дупка за меѓународното право, вели поранешниот претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, Драган Малиновски. Оваа негова изјава е во контекст и најновиот случај со апсењето и процесот што во САД се води против турскиот-ирански бинисмен Реза Зараб, кој покрај пасош на Турција и Иран, се дозна дека имал и македонски пасош.
Тој во САД е обвинет за перење пари и прекршување на санкциите против Иран преку трансакции со милиони долари во периодот од 2010 до 2015 година. А единственото што на нашата јавност и е познато е дека минатата година медиумите објавија дека Реза Зараб отворил фирма во Македонија со капитал од 650 илјади евра во дејноста хотелиерство. Засега во јавноста нема информации дали се почнати конкретни активности во хотелиерството. Обвинителите во случајот што сега се води во САД, кои беа против барањето на одбраната на Зараб (кој беше уапсен во март годинава во Мајами) со 50 милиони долари кауција тој да излезе од притвор, иранско-турскиот бизнисмен го опишаа како опасен за да биде пуштен да се брани од слобода, зашто е „софистициран, со добри конекции, огромно богатство и влијание“. За случајот „македонски пасош и за Реза Зараб“, деновиве реагираа и од Партијата за движење на Турците во Македонија, прашувајќи „кој му даде македонски пасош на Реза Зараб, кој е со иранско потекло и пред некое време беше приведен во САД?“ „Дали Реза Зараб има инвестиција во Македонија? Доколку има, бараме на најтранспарентен начин да се сподели со јавноста“, изјавија од партијата. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 866 03.06.2016
26
Луѓе и компании
Трендови на македонскиот пазар
Сè повеќе се бараат менаџери во инженерските области пишува:
З Игор Петровски
igor.petrovski@kapital.mk
Зголемена побарувачка за менаџери во техничките области се забележува на македонскиот пазар за работна сила периодов, велат од агенциите за регрутирање на менаџерски кадри. Тоа
не се случува само во ИТ секторот каде што последниве неколку години особено е зголемена побарувачката за инженери програмери и следствено менаџери со инженерски бекграунд способни за лидерство на поголеми проекти. “Радува што инженерски кадри со менаџерски способности се бараат и во производната индустрија, во различни гранки – храна, машини, автомобилски делови, обновливи извори за енергија, итн.“, вели Горан Цивкароски од компанијата за регрутирање менаџери Pedersen & Partners. Тој додава дека потреба за инженери менаџери не пројавуваат само странските инвеститори во индустриските зони, туку и домашни компании, извозно насочени производители кои што мораат да ја
сочуваат и зголемат својата конкурентност преку воведување понапредни технологии и процеси на менаџмент. “Во Македонија е карактеристично што во последно време се бараат стручни кадри за секторите Развој и истражување (R&D - Research and development) на повеќе производни компании, особено од редот на странските директни инвестиции. Токму во моментов работиме со една таква странска компанија, која што одлучи значаен дел од својот развојно - истражувачки центар да префрли во земјава. “, вели Цивкароски.
Странцитепочнуваатдаформираат R&D сектори и во Македонија “Хедхантерите“, како што уште се нарекуваат фирмите специјализирани за пронаоѓање соодветен менаџерски кадар за своите корпоративни клиенти, велат дека во делот
Тренд: Сè поголем е бројот на развојни програми за м
www.kapital.mk
Капитал број 866 03.06.2016
27 Потреба за инженери - менаџери не пројавуваат само странските инвеститори во индустриските зони, туку и домашни компании, извозно насочени производители кои што мораат да ја сочуваат и зголемат својата конкурентност преку воведување понапредни технологии и процеси на менаџмент. на R&D секторите дел од кадарот е покриен со домашни експерти и менаџери, додека еден дел сè уште се покрива со кадар од странство. Кај странските инвеститори во слободните индустриски зони се забележува и сè поголемо ангажирање на домашни инженери и останати стручни профили во спроведување на некој проект на компанијата на меѓународно ниво, велат нашите соговорници. “Во Македонија има добро обучени стручни кадри за техничките области, кои што може
К Горан Цивкароски
Pedersen & Partners, хедхантинг компанија
да пружат сосема солидна експертиза во спроведување на комплексни проекти вредни и стотици милиони евра, а нивната цена е многу пониска од онаа на нивните западни колеги. И тоа не само кај странците, туку има и домашни компании од областа на проектното инженерство и изведба, кои што учествуваат со своја експертиза и инженери на големи енергетски и други инфраструктурни проекти, најмногу на Блискиот исток “, вели Цивкароски. Она што ги радува познавачите на пазарот
Македонски менаџери со меѓународна кариера
П
оследниве неколку години се забележува и тренд македонски менаџери кои што работат за мултинационални компании присутни во земјава, да бидат распределени на високи раководни функции во други земји каде што матичната компанија има бизнис операции. Можеби најпознат пример е досегашната извршна директорка на Хајнекен Хрватска, односно пиварницата во Карловац, Бранка Славеска, која својата кариера ја почна во Пивара Скопје, а потоа заради одличните резултати и беа доделени високи менаџерски позиции на пазарите од Источна Европа, па во Хрватска. Хрватските портали велат дека таа најверојатно кариерата ќе ја продолжи надвор од групацијата Хајнекен. “Во пиварската индустрија имаше и претходно слични случаи во Македонија, кога менаџери се праќаа на раководни позиции во регионот. Во принцип, големите светски корпорации, особено пиварската индустрија, се карактеристични по овие ротации на менаџерскиот кадар, затоа што ним им е многу важно да градат диверзификација во национална, културолошка и секаква друга смисла, со што се зголемува квалитетот на корпоративното управување“, вели Горан Цивкароски од Pedersen & Partners. Тој додава дека сите македонски менаџерски кадри што добиваат прилика за меѓународна кариера се исклучително квалитетни и не случајно корпорациите за кои што работат им доверуваат на управување многу поголеми пазари од македонскиот. Вакви случаи се среќаваат и во телеком индустријата, фармацијата, големите производители на стоки за широка потрошувачка, итн.
менаџери во компаниите
арактеристично е што во последно време се бараат стручни кадри за секторите Развој и истражување (R&D Research and development) на повеќе производни компании, особено од редот на странските директни инвестиции. Токму во моментов работиме со една таква странска компанија, која што одлучи значаен дел од својот развојно - истражувачки центар да префрли во земјава.
на работна сила во земјава е сè поголемиот број развојни програми за менаџери што се подготвуваат и реализираат кај компаниите, особено имплементацијата на т.н. talent management програми. “Преку нив се идентификуваат талентите и понатаму се работи на нивниот развој и кариера внатре во компаниите. Ова придонесува за зголемување на мрежата на квалитетен менаџерски кадар што е расположлив на пазарот“, велат во една друга хедхантинг агенција.
НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ
#1
ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ
ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!
02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
Продажба и дистрибуција
10 Јуни
2016
Господари на трговските полици Почнувајќи како мали трговци и дистрибутери, изминативе 20-тина години неколку компании во Македонија пораснаа во вистински гиганти на пазарот, мерено според нивните приходи и добивки. Само за илустрација, меѓу 15-те најголеми фирми во земјава според остварените приходи, три се во секторот трговија и дистрибуција. Во специјалниот прилог “Продажба и дистрибуција: Господари на трговските полици“ ќе анализираме кои се најголемите играчи во овие бизнис сектори и како тие се трансформираат во согласност со новите технолошки трендови и променетите навики на потрошувачите. Од разговорите со водечките луѓе во овие компании, но и нивните клиенти и соработници, ќе направиме увид во тоа што значи да се биде одговорен за редовно снабдување на граѓаните со сите стоки за широка потрошувачка.
Во специјалниот прилог што ќе излезе на 10.06.2016, меѓу другото, ќе анализираме:
l Кој е кој меѓу трговците на мало и големо: ги рангираме најголемите играчи l Производители Vs трговци: кој ги диктира условите на пазарот l Иновации во синџирот на снабдување колку тие се применуваат кај домашните трговци и дистрибутери l Од прва рака со сопствениците/менаџерите на најголемите малопродажни синџири и дистрибутивни компании l Топ 5 глобални малопродажни трендови во 2016
Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505
Лицe за контакт:
ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА
www.kapital.mk
Капитал број 866 03.06.2016
29 Уште една менаџерска позиција сè повеќе барана
кои вештини се потребни да се биде добар проект менаџер XX способност да се менаџираат ограничени ресУрси колку и да е мал или голема компанијата, проект менаџерите секогаш ќе имаат конфликтни ситуации кога се работи за расположливоста на ресурсите – ограничувања со трошоците, технологијата, времето, персоналот... менаџерите што можат најдобро да ги распределат ограничените ресурси со што ќе донесат најголема корист за компанијата, се секогаш на цена. XX ФокУс кон бизнис стратегија и агилност проект менаџмент тим што е повеќе фокусиран на тоа како проектите придонесуваат кон растот и иновативноста на компанијата, одошто само на завршување на задачата, може да му донесат на бизнисот голема конкурентска предност. XX одлични комУникациски вештини проект менаџерите мора да бидат способни да допрат до луѓе од различен бекграунд, со различни персонални карактеристики, и да можат брзо Што се однесува до генералната слика за македонскиот менаџерски пазар, нашите соговорници велат дека не се забележува некоја поголема промена, односно побарувачката за менаџерски
и концизно да ги информираат вработените, директорите, клиентите и сите останати засегнати страни за статусот на проектот. XX способност точно да се процени ризик со секој проект доаѓаат ризици – ризик околу распределба на ресурсите, околу исполнување на очекувањата и стандардите, околу запазување на роковите...добриот проектен менаџер треба да може да ги процени и минимизира сите овие ризици со тоа што ќе обезбеди дека вистинските членови на тимот ги имаат вистинските алатки, знаење и информации. XX глобално искУство денешната глобална, дигитализирана економија значи дека некои проекти ќе бидат реализирани од тимови на различни географски локации. затоа сè повеќе се на цена менаџерите со искуство во раководење тимови во друга земја, или пак самите работеле во други земји освен матичната.
кадри е горе-долу на исто ниво како и во изминатиот период, кога почнаа да се реализираат странските инвестиции. Дел од побарувачката се должи на миграција на кадарот од една во друга
компанија, што е вообичаена пракса, не само кај нас, туку и во светот. Дел пак, се должи на влез на нови компании на пазарот што имаат потреба од менаџерски пазар. nnn
Што добивате со он-лајн претплата на Капитал: претплата на 1. Со електронското издание на Капитал
заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание
за најава од 2.Можност три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон
до 3. Пристап електронското издание од било каде во Светот
Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал: l 49 броја на редовното издание на Капитал l 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал l Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа l Платена поштарина l Вклучено ддв l Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози
www.kapital.mk
Капитал број 866 03.06.2016
32
Компании и пазари
Домашните бизнисмени работат во очајни услови
Вртат 300 милиони евра годишно, а немаат ни водовод ни канализација Околу 200 компании кои што вработуваат околу 3.000 луѓе во индустриската зона Визбегово во 2016 година, 21 век, немаат канализација ами септички јами, а вода вадат од бунари. И притоа годишно вртат по 300 милиони евра. Ова е другата страна на приказната Invest in Macedonia, кампања со која власта во последните неколку години го обиколи светот во обид да донесе странски инвеститори што ќе изградат фабрики овде и ќе отворат нови работни места. За споредба, за уредување на технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) во кои што фабрики отвораат странските инвеститори, за изградба на патната инфраструктура, водовод и канализација, гасовод, властите во последните девет години потрошија 65,5 милиони евра. пишува:
Александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk
О
колу 200 компании кои што вработуваат околу 3.000 луѓе во индустриската зона Визбегово во 2016 година, 21 век, немаат канализација ами
септички јами, а вода вадат од бунари. И притоа годишно вртат по 300 милиони евра. Ова е другата страна на приказната Invest in Macedonia, кампања со која власта во последните неколку години го обиколи светот во обид да донесе странски инвеститори што ќе изградат фабрики овде и ќе отворат нови работни места.
За уредување на технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) во кои што фабрики отвораат странските инвеститори, за изградба на патната инфраструктура, водовод и канализација, гасовод, властите во последните девет години потрошија 65,5 милиони евра. Наспроти тоа, бизнисмените што работат во зоната Визбегово, велат дека
www.kapital.mk
Капитал број 866 03.06.2016
34
Компании и пазари
не се инвестирало ниту едно евро во подобрување на условите за водење бизнис, а за олеснувања какви што добиваат странските инвеститори, не ни размислувале. „Ние никогаш нема да добиеме поволности какви што добиваат странските инвеститори во ТИРЗ и нам тоа ни е јасно, ние се бориме да ги добиеме основните услови за водење бизнис. Функционираме како во село, без канализација туку со септички јами и вода од бунари. Замислете пред бунарот и јамата имате фабрики што чинат неколку милиони евра и вработуваат стотици луѓе“, вели Неџат Шаини, претседател на Индустриска зона Стенковец, Визбегово кој што е и сопственик на компанијата за алуминиумски цевки Баукоп и стопанственик кој поседува преку 10.000 м2 квадратни покриен простор во оваа зона. Тој вели дека со години проблемите во оваа зона не се решаваат. „Од властите постојано добиваме ветувања дека ќе се надминат проблемите и ќе им излезат во пресрет на нашите барања, но досега ништо не е реализирано. Сега веќе е оневозможено и инвестирање во самата зона бидејќи од градежно властите сега го пренаменија земјиштето во земјоделско. Со тоа всушност се запира секаква инвестициска активност во зоната. За да добиете градежна дозвола и друга документација, треба да изгубите повеќе од една година така што тоа е тотално демотивирачко за инвеститорите и тие се откажуваат од каков било план да инвестираат овде“, вели Шаини. Тој се присетува дека порано имало и по 15 до 20 нови фабрики што се граделе во една година, а сега зоната веќе не се шири. „Има околу 5-6 објекти кои што во моментов се градат според локалниот детален урбанистички план, но за да се извадат сите тие документи е голем предизвик. Буквално напорно. Така што се случува наместо овде, инвеститорите да се префрлат во
некоја друга зона на друга локација“, потенцира Шаини. Потпретседателот на зоната, Фросина Мешкова, која што работи во компанијата Свислион, вели дека сите што имаат погони во зоната во Визбегово се борат со основните инфраструктурни проблеми. Постојано инсистираме на решавање и преговараме со сите општини кои што на некој начин се одговорни за функционирањето на оваа индустриска зона, меѓутоа, не сме дошле до решение за инфраструктурните проблеми. Немаме канализација, се доцни и со генерален и со детален урбанистички план, што значи дека не може да се гради во последните две години, патната инфраструктура можевте сами да се уверите каква е додека доаѓавте наваму. Бараме можност да се постави и патна сигнализација. Јас работам во компанија која што е странски инвеститор меѓутоа поради тоа што сме лоцирани во индустриската зона Визбегово ние го имаме истиот третман како и домашните инвеститори. За жал немаме никакви олеснувања какви што имаат странските инвеститори во технолошко индустриските развојни зони“, вели Мешкова и додава дека самите компании се обидуваат да изградат одводна канализација и водоводен систем меѓутоа тоа „создава дополнителен товар бидејќи основната инфраструктура мора да биде обезбедена од локалните власти“. „Одговорот од нив е дека ГУП и ДУП се пречка за санација на патот и изградба на инфраструктурата“, вели Мешкова. Наспроти властите, статистиката сепак им е наклонета на домашните инвеститори. Статистичките податоци покажуваат дека само во 2014 година, домашните бизнисмени вложиле во економијата 965,2 милиони евра, што е двојно повеќе отколку бруто странските инвестиции во истиот период. Во нормални услови странските и домаш-
ните инвеститори би биле само инвеститори, меѓутоа, различните услови што им ги нуди државата на едните и другите ги тера македонските бизнисмени да се чувствуваат запоставено. Најновата анкета на Центарот за економски анализи, покажа дека двајца од тројца менаџери се чувствуваат дискриминирано поради нееднаквиот однос на државата кон домашните и странските инвеститори. Третина од вкупно 268 директори на компании кои што учествувале во анкетата сметаат дека државата ги фаворизира странските фирми што доаѓаат да инвестираат во земјава со тоа што им дава субвенции во вид на директна државна помош, ги ослободува од плаќање даноци, царини и придонеси. Анализата покажа дека Владата во периодот од 2007 до 2014 година потрошила 56,6 милиони евра како државна помош за странските инвеститори. Тоа значи дека едно работно место ја чинело државата околу 21.000 евра, а дури четири од седум странски компании, би работеле со загуба доколку не би добивале субвенции од државата. Домашните бизнисмени на ова велат, „странските инвестиции се потребни, нема дилема, но тие се само шлагот на тортата“. Во услови на политичка криза што трае подолго време, домашните бизнисмени велат дека се обидуваат да го задржат производството и нарачките, меѓутоа нестабилноста веќе им ги плаши странските партнери. „Се бориме да го задржиме производството и прометот што сме го имале минатите години или да оствариме мал раст но политичката криза многу влијае на секојдневното работење. Не можам да кажам со бројки меѓутоа знам дека голем дел од компаниите изгубија дел од своите партнери и нарачки токму поради политичката нестабилност во која работиме“, вели Мешкова. nnn
ФаКт: Во зоната Во ВизбегоВо работат над 3.000 луѓе
www.kapital.mk
Капитал број 863 13.05.2016
36
Интервју
INTERVIEW
Игор БожИновскИ
сопственик на “Божиновски часовници и накит“
Зад секој бренд часовници што го донесовме, стојат години на упорност, љубов и посветеност!
н разговарал:
Игор петровски
igor.petrovski@kapital.mk
На 27 мај, петок, претставници на македонските медиуми има ексклузивна можност да ги видат најновите колекции часовници н накит за 2016 година на брендот Keлвин
Клајн (Calvin Klein), чиј што застапник за домашниот пазар е “Божиновски часовници и накит“. Промоцијата беше организирана во минималистички уредениот простор во духот на самиот бренд, во рамките на “Public room“ локалот во Скопје. Тоа беше повод, да поразговараме со сопственикот на компанијата формирана пред 20-тина години во Битола, Игор Божиновски, околу самата колекција часовници и накит Calvin Klein, како и за предизвикот да се донесат десетина луксузни брендови на швајцарски часовници во Македонија. XX Што е карактеристично за новата колекција часовници calvin Klein што ја промовиравте деновиве – објаснете ни малку за нивниот квалитет, уникатност и сл.? Calvin Klein е еден од ретките амбасадори на швајцарските часовници во светот
на модата. Со спојувањето на талентите од Calvin Klein и Swatch Групација во 1997 година, се создаде часовникот накит кој дефинираше нов сегмент во индустријата. Чистите минималистички линии и софистицираните дизајни во производите на Calvin Klein во 2016 година, црпат инспирација од неоминимализмот. Тие се незаборавни, уникатни и впечатливи. XX која е целната група купувачи на cK часовниците, односно кои се елементите што треба нив да ги привлечат? Клиентите кои ги носат часовниците и накитот на Calvin Klein се софистицирани мажи и жени, кои го ценат модерниот безвременски дизајн и високиот квалитет на швајцарската изработка. Голема улога во ова играат и дигиталните инфлуенсери кои преку своите социјални
СтраСт: взаемнИот ИнтереС кон летањето Со наСледнИкот на Sw
www.kapital.mk
Капитал број 866 03.06.2016
37
“Вредниот и ексклузивен часовник не е само обичен покажувач на точно време или моден детаљ. Тоа е своевидна инвестиција или како што велат во легендарниот производител Patek Philippe, ‘Вие не го поседувате луксузниот часовник. Вие само ја имате привилегијата да се грижите за него додека го предадете на следната генерација’”. медиуми ги промовираат и диктираат модните правци на Calvin Klein. XX Како е позициониран “Божиновски“ денес на пазарот, кои се вашите ексклузивни застапништва во моментов? На Македонскиот пазар, каде што генерално има недостаток на познати и луксузни брендови, “Божиновски” може нескромно да се пофали дека пополнува една голема празнина со најпознатите швајцарски брендови на часовници. Постоиме на македонскиот пазар повеќе од 20 години, со сопствени три продажни салони во Скопје и Битола, франшизи во Струга и Велес и мрежа од агенти низ целата држава. Ние сме ексклузивни застапници на швајцарските брендови за часовници и накит: Omega, Breitling, Breitling for Bentley, Tissot, Longines, Hamilton, TAG Heuer, MontBlanc, Swatch, Calvin Klein, Ititoli, Flik Flak и Troika. Најбитната карактеристика на “Божиновски часовници и накит“ е внимателно направениот избор на швајцарски часовници, така што секој од брендовите од една страна претставува најдоброто во својата ценовна група, но од друга страна, карактерот и приказната на секој од овие брендови резонира со карактерот и вкусот на “Божиновски“. Тоа е симбиоза, љубов и магија.
Најголема инспирација за колекциите на Calvin Klein се модернизмот, чистите линии и неоминимализмот, вели Божиновски. Игор Божиновски на презентацијата на најновата колекција Calvin Klein часовници и накит
Накратко, како изгледа процесот XX
да се земе застапништво за бренд луксузни часовници за мал пазар како домашниов; како оди комуникацијата со производителот; колку е тешко или лесно да се убеди производител чии што часовници не се поевтини од 2-3.000 евра на пример, дека треба да се продаваат токму во Македонија? Луксузните и најбараните брендови се толку сигурни во своите можности и квалитети што многу тешко дозволуваат комуникација со непознати, непроверени партнери и воопшто не започнуваат релација доколку претходно не добијат висока препорака од некој друг бренд. Само за да добијат читателите претстава за колкав период на “заведување” и запознавање е потребно, за Tissot сум потрошил околу 6 години, за Longines околу 7, а за Omega дури 9 години постојани средби, патувања, разговори и анализи. Интересен е финалниот момент кога требаше да се каже “судбоносното ДА“ од страна на Омега. Еден од клучните моменти беше разговорот помеѓу мене и Ник Хајек помладиот (Nick Hayek jr.), син на основачот на Swatch и Swatch group, групација која во своето портфолио ги има сите овие брендови што ги спомнав. Нашиот взаемен интерес кон авионите, како пилоти, овозможи да се прифатиме како луѓе кои кога имаат страст кон нешто, целосно се посветуваат на тоа. На тој начин договорот со Omega беше заклучен и потпишан. XX Што значи предизвикот да се продаваат луксузни брендови часовници на пазар со ниска куповна моќ како македонскиот?
Има ли доволно едуцирани клиенти што ја разбираат вредноста на скапите часовници? Вредниот и ексклузивен часовник не е само обичен покажувач на точно време или моден детаљ. Тоа е своевидна инвестиција или како што велат во легендарниот производител Patek Philippe: “Вие не го поседувате луксузниот часовник. Вие само ја имате привилегијата да се грижите за него додека го предадете на следната генерација”. Сè е до начинот како ќе се искомуницира со клиентот, како ќе се поттикне желбата и потребата да се поседува едно вистинско технолошко чудо кое никако не може да ја изгуби својата вредност. Довербата која клиентот ќе ја стекне во нас како посредници помеѓу него и брендот ја градиме преку нашата посветеност, нашиот развиен систем за пост продажба, грижата за нашите корисници и сервисниот центар кој со гордост можам да кажам дека е најдобриот сервисен центар во поширокиот регион на Балканот. Всушност, тајната лежи во усовршувањето на сите детали... и најситните кои на прв поглед изгледаат и не многу битни. XX Дали планирате застапништва и на други брендови часовници и накит во блиска иднина? Од 2016 година “Божиновски” стана застапник и на часовниците Hamilton и наскоро ќе бидат присутни во нашите продажни места. Божиновски е секогаш внимателен во изборот на нови брендови бидејќи тој избор треба да биде заедничка љубов, препознавање на прв поглед. Ние сме секогаш со отворени очи и уши во потрагата на нашата следна љубов. nnn
watch групацијата помогна да се донесе Omega во Македонија
www.kapital.mk
Капитал број 866 03.06.2016
38
иновации Во Хрватска се отвара Етична банка
Банка во која сопствениците се клиенти
Н
Не станува збор за бирократска пречка, туку за фактот дека тие што го смислија концептот за Етична банка, наидоа на тврд орев. Зборот доверба е клучен за успех на оваа идеја. Горан Јерас, еден од иницијаторите на Етична банка, изјави дека за добивање лиценца и функционирање на системот Етична банка потребно е да се соберат најмалку 1.500 членови, спремни да уплатат 2.500 куни по човек, во овој, всушност најголем хрватски crowdsourcing. „Во моментот имаме 417 членови, но целта ни е до крајот на годината да достигнеме до бројката од 1.600 луѓе. Етичната банка почнавме да ја основаме во април пред две години, и до сега успеавме да ја изградиме потребната инфраструктура, да добиеме поддршка од институции од Европската Унија, да ја собереме комплетната документација за ХНБ. Собираме луѓе што се занимаваат со земјоделство, од
Идејата за етична банка, прва од таков вид во Хрватска, наскоро би можела да стане реалност. Платформата за основање на банка чии клиенти воедно се и нејзини сопственици е веќе направена, но недостига лиценца за вршење банкарски работи.
Contact: 022/401-985 | 070/380-755
www.kapital.mk
Капитал број 866 03.06.2016
40
иновации
задруги, односно луѓе од различни сектори и туризмот“, изјави тој. Етична банка не е потполно нова идеја, но е радикална, во позитивна смисла. Замислена е како банка која проектите ги финансира со име и презиме, нема валутни клаузули и не е профитна, што значи дека парите се реинвестираат во постоечките проекти на своите членови и во квалитетот на сопственото работење. Тоа е банка во која важи правилото еден член – еден глас, каде што сите членови воедно се и сопственици на банката, каде што нема ни минуси ниту пак шпекулации на финансискиот пазар. „Идеална е за стартапи. Целата банка е изградена на open source технологија, а целта е на клиентите кои што истовремено се и сопственици, да им се овозможат потполно бесплатни основни банкарски услуги. Благодарение на интернетот, тоа денеска е можно. На оние другите, кои што се во лов на поволни кредити, им нуди обем на кредитирање 8 пати поголем од влогот“, додаде Јерас. „Тоа значи дека во случај да сакате да земете кредит од 800 илјади куни, би требало да учествувате во основниот капитал на банката со само 100 илјади
куни“, појасни Јерас. Уште попластично, тие 100 илјади куни влегуваат во основниот капитал на банката со што таа се докапитализира и тоа ја прави банката посигурна. Со тие пари се финансираат проекти на другите членови. Кои членови и кои проекти ќе се финансираат, одлучува сопственикот на вложените пари. „Има два начина. Со својот глас се влијае на приоритетите и кредитната политика на банките, на пример, дали повеќе ќе се вложува во земјоделство или туризам, или директно преку crowdfunding платформата која е интегрирана во банката, се избира проектот што треба да се поддржи. Разликата помеѓу овие два модела е следната. Ако само се одлучува за насоките на кредитната политика, тоа се смета за инвестиција на банката, а доколку оди преку crowdfunding тогаш тоа е токму негова инвестиција“, објаснуваат иницијаторите. И самиот стартап, Етична банка, всушност најмногу внимание посветува на проценка на ризикот иако на прв поглед се чини токму спротивното. Замислена е како мала банка чии банкари длабински влегуваат во проекти и ги следат во сите
нивни фази, финансирајќи ги од почеток, преку сите потешкотии, до завршување на започнатиот бизнис, каков и да е резултатот на крајот. Уверени се дека токму таквата присутност во проектите гарантира поголема успешност. „Сакаме да знаеме како напредува проектот. Сакаме да знаеме кои се точно параметрите на успехот. Правиме проекции на идното работење. На пример, ако се работи за земјоделство, и има суша во таа година, кредитот ќе се замрзне“, објаснуваат иницијаторите. Уште една интересна работа на овој концепт е што на пример тоа што секој член на банката може да биде и проценител на ризик. Етичната банка како и секоја друга, има осигурување, гаранција на депозитните влогови, мора да работи со осигурителните друштва, а проектите и нивните сопственици ги следи во секој чекор кој што заедно го реализираат. На крајот произлегува дека всушност, се се базира на доверба. „Зарем не е тоа случај со секоја банка? Ако ги повлечеме сите пари од некоја банка, таа пропаѓа, зарем не?“, велат иницијаторите на оваа идеја во Хрватска.
nnn
План: Каматите на кредитите во Етичната банка ќе бидет од 1% до 4%
Капитал број 866 03.06.2016
42
www.kapital.mk
Интервју
INTERVIEW
ЈуриЈ Гончарук украински амбасадор во македонија
Руската агРесија ги кочи демокРатските РефоРми на укРаина
украИна: Поедноставно беше да се тргне од власта ПретходнИот реж
www.kapital.mk
Капитал број 866 03.06.2016
43
ИнтеРВјУ
Г разговарал:
Редакција Капитал
XX Г-не амбасадоре, да потсетиме за нашите читатели дека Украина од неодамна има нов премиер. Каква е политичката и економската агенда на Володимир Гројсман? Што се очекува од неговата влада? Неблагодарна работа е да се изложи програмата на новиот премиер на Украина, зашто имам крајно ограничени можности. Сепак, за општа претстава ќе речам дека таа се состои од 18 поглавја, меѓу другото “Реформа на системот на националната безбедност и одбрана”, “Уставната реформа“, “Обновување на територијалниот интегритет и реконструкција на Донбас”, “Обновување на власта и антикорупциска реформа”, “Реформа на енергетиката и енергетска независност”, “Судска реформа”, “Реформа на органите на спроведување на законот” и т.н. Значи, зборот “реформа” е клучен. Составен дел на Програмата на активностите на Кабинетот на министрите на Украина е исто така исполнување на обврските, предвидени со Спогодбата за асоцијација меѓу Украина, од една страна и Европската Унија, Европската заедница за атомска енергија и нивните држави - членки, од друга страна, Спогодбата за зоната на слободна трговија, Меморандумот за соработка со ММФ, Коалициската спогодба и Планот на законодавното обезбедување на реформите. Месец дена по одобрувањето на Програмата на Кабинетот на министрите на Украина беше претставен оперативниот план за антикризни мерки до крајот на 2016 година, во кој се забележани точните приоритети на министерствата и ресорите. Со цел на обезбедување на јасната логика и редоследот на реализирањето на реформите, одредени со Коалициската спогодба, усогласување на нивното спроведување со буџетскиот процес, Кабинетот на министрите на Украина до 1 јануари 2017 година ќе обезбеди подготовка на среднорочна програма за развој. XX Што очекува општеството од новата Влада? најдобар одговор на ова прашање даде, според мене, самиот премиер. Според неговите зборови, тој разбира во колку сложени услови живее секој Украинец и дека "луѓето би сакале да видат од владата брзи и квалитетни решенија".
XX Претходниот премиер Арсениj Jацењук изjави дека вештачки предизвиканата криза во Владата го натерала да се повлече… Што вети, а не можеше да исполни претходниот премиер Арсениj Jацењук и зошто? "Ниедна украинска влада не работеше во такви вонредно сложени услови, како таа, што денес ќе замине во историја. Земјата ја сочувавме. Во економијата е најлошо, јас цврсто се надевам дека и тоа е веќе зад нас" - така претседателот на Украина П.Порошенко ја окарактеризира оставката на премиерот А. Јацењук. Очигледно е дека во ситуацијата во која денес се наоѓа Украина, Владата што успешно работеше тешко дека ќе беше отпуштена. Поради објективност сакам да потсетам дека партијата “Народен фронт“, на чело со А. Јацењук, есента 2014 год. победи на парламентарните избори, а денес согласно анкетите за јавно мислење дури не се доближува до 5-те проценти праг за влегување во парламентот, односно Врховната Рада на Украина. Очигледно е дека остриот пад на рејтингот на “Народниот фронт” е поврзан и со активностите на самиот А. Јацењук. Според мислењето на украинските експерти, во постигнувањата на А. Јацењук можат да се вбројат намалувањето на енергетската зависност од Русија, низа реформи на пазарот на енергија на Украина, дерегулација, создавање на патролна полиција, делумно решавање на долговите со странските кредитори. Тие сметаат дека по заслуга на Владата на Јацењук има пад на БДП, на реалните приходи на населението, има високи комунални тарифи, инфлација и т.н. XX Какви се во моментов односите помеѓу Украина и Русија? Има ли шанси тие да се нормализираат некогаш по тоа што се случуваше во 2014 и 2015 година? Очигледно дека, така да се рече од страна, тешко е да се разбере какви се во моментов односите помеѓу двете земји. И тоа е разбирливо, зашто по анексијата од Русија на Крим и окупацијата на одделните реони на Доњецката и на Луганската област, сепак продолжува да се поддржува одреден обем на соработка во разни гранки, меѓу другото за исполнување на меѓународните обврски, се врши меѓусебно префрлување на државјаните, итн. Без сомнение, едно е сигурно: украинско - руските односи се наоѓаат во критично -непредвидлива состојба. Актуелниот развој не сведочи за можни промени на подобро на политиката на Кремљ во поглед на Украина во блиска иднина. Затоа Генералштабот на Украина, како што истакна неговиот началник В. Муженко, разгледува денес неколку сценарија, меѓу другото можност од агресија во големи размери врз Украина. И ние се подготвуваме за тоа, работиме според соодветни планови, вршиме подготовка на војската, го обновуваме оружјето и
Државата при ограничени финансиски ресурси е принудена во услови на руската агресија да троши огромни средства за одбранбената сфера, за помош на внатрешно раселените граѓани 1,8 милиони лица - и т.н. Времена окупација на Крим и војната во Донбас доведоа до загуба на 20% од економскиот потенцијал. Сепак, загубите зададени со руската агресија, потребата од спротиставување на неа, не го оправдуваат бавното и не секогаш ефективното воведување на реформите, борбата против корупцијата итн. друго. Тоа е многу лошо сценарио, но ние сме принудени да го разгледуваме, разработуваме, да одржуваме соодветни вежби, за адекватно реагирање на таквата закана. Не вреди сега да се зборува за нормализирање на односите по тие злосторства, што веќе ги сторила Русија против Украина и на кои уште не им се гледа крајот.Бидејќи московскиот режим не се подготвува да запре, зашто уништувањето на целосната независна украинска држава останува вистинската цел на Путиновата политика. Токму тоа, а не нешто друго, ги одредува активностите на Кремљ и во военото спротиставување со Украина, и на преговорите за решавање на Донбас. На таа цел се подредени и идеолошките дрдорења за “единствениот народ” и “неспособната украинска држава”. XX САД рече пред неколку дена дека нема да ги укине санкциите против Русија, и дека исто очекува и од еУ. Какви резултати дадоа санкциите на западот против Русиja? Дали нејзината поддршка на сепаратистите на истокот од Украина се намали како последица на санкциите? Сакам да потсетам дека меѓународните санкции што се однесуваат на Русија, кои почнаа да се применуваат од 2014 година – тоа се политички и економски мерки, насочени на прекин на агресијата на Русија против Украина. Не е тајна дека санкциите, кои навистина создадоа проблеми за Руската Федерација, имаат и обратен ефект: отсуство на пристап до рускиот пазар доведе до економски загуби на западноевропските земји и го активираше проруското лоби во
жИм, отКолКУ ДА Се СПРоВеДАт РефоРмИте зА моДеРнИзИРАње нА земјАтА.
www.kapital.mk
Капитал број 866 03.06.2016
44
Интервју
нив. Руското раководство се обидува максимално да ја искористи оваа ситуација за укинување на санкциите. Русија со сите сили се обидува да му ја докаже на Западот својата “професионална способност”, да создаде имиџ на држава без која не е можно решавање на главните глобални предизвици на денешницата, поткрепувајки го тоа со демонстрирање на сила. И тоа нејзе делумно и успева. Што вреди во тој контекст ставот на министерот за надворешни работи на Германија, В.Штајнмаер, кој истакна дека Западот има различно искуство со Русија: од една страна анексија на Крим и дестабилизирање на Истокот на Украина, што е спротивно на меѓународното право. Во исто време, според неговите зборови Русија го направи својот придонес во успехот на преговорите околу иранската нуклеарна програма. "Кој е барем малку реален разбира: ние сме и потребни на Русија за решавање на големите меѓународни жаришта. Во Сирија тоа веќе стана самото по себе разбирливо. И ќе се осмелам да предвидам, во напорите за стабилизирање на ситуацијата во Либија нам исто така ќе ни биде потребно да ја вклучиме Русија", - додаде тој. Би можеле да се чудиме на ова пројавување на политичка кратковидост, бидејќи токму руската агресија, а не војната во Сирија или ситуацијата во Либија при сета сложеност на овие проблеми, го наруши светскиот поредок, доколку вице-канцеларот, министерот за економија на Германија, З. Габриел, на форумот "Денот на Русија" во градот Росток не повикаше на постепено симнување на трговските санкции со Русија. Би можел да помислам дека за зајакнување на санкциите е премиерот на Грција, кој ги нарече нив “непродуктивни”, но тоа беше кажано во присуство на В.Путин. Според тоа, затоа не изгледаат чудни повиците на САД до ЕУ, бидејќи искуството покажува дека слични санкции се ефикасни само при исполнување на сите услови. Во случајот со Русија, меѓународната заедница има потреба од стратешко трпение, единство и цврстина, како што тоа беше покажано од страна на земјите на “Големата седумка” во Декларацијата од заклучоците на самитот во Јапонија: “Валидноста на санкциите е поврзана со целосно реализирање од Русија на минските договори. Санкциите можат да бидат симнати кога Русија ќе ги исполни превземените на себе обврски. При тоа ние сме подготвени да воведеме понатамошни рестриктивни мерки со цел притисок врз Русија, ако нејзините постапки тоа ќе го бараат". Тешко ми е да ги проценам резултатите од делувањето на санкциите, зашто не сите се наменети за моментален ефект, но и очигледно не одговараат на реалноста “храбрите“ изјави на руската страна за тоа дека таа веќе се прилагоди на нив, освен што таа тежнее да го постигне нивното укинување и очигледно се плаши од нивно зајакнување, бидејќи соодветен одговор, освен ѕвецкање на оружјето, таа нема. Се
Очигледно не одговараат на реалноста “храбрите“ изјави на руската страна за тоа дека таа веќе се прилагоди на санкциите од Запад, освен што таа тежнее да го постигне нивното укинување и очигледно се плаши од нивно зајакнување, бидејќи соодветен одговор, освен ѕвецкање на оружјето, таа нема.
разбира, доследниот и принципиелен став на Западот од самиот почеток би можел да ја запре руската агресија, но ние го имаме она што го имаме. Очигледно е дека санкциите ја суспендираа војната во полн обем, но и не ја направија неповратна. Претседателот на САД Б.Обама точно ги нарече вооружените сили кои се наоѓаат во окупираните реони на Донбас “руско - терористички војски”. Толку за тоа дали влијаеа санкциите врз “намалувањето на поддршката на сепаратистите од страна на Русија”. Напротив, таа се зголеми. Извадете заклучоци. XX Какo се живее денес во украина? во колкава мера воjната предизвика дисторзиjа во економиjата и колку е украина задоволна од поддршката што ја добива од еу во насока на враќање на општествените и економските текови во нормален колосек? Ситуацијата во Украина не е едноставна. Како што се испостави, поедноставно беше
да се тргне од власта претходниот режим, отколку да се спроведат реформите потребни за кардиналното модернизирање на земјата. Стариот систем, којшто се формираше со години, се противи, имајќи одреден ресурс за кочење или разводнување на содржинат на реформите. Постои и отворена саботажа. Особено сложено се одвиваат процесите во сферата на спроведување на законот: обвинителството, судовите. Се разбира, има напредоци, но сепак, општата ситуација во земјата е далеку од оптимистична, бидејќи како и секогаш, очекувањата за побрзо подобрување не се исполнуваат и не сите реформи веднаш даваат резултат. Државата при ограничени финансиски ресурси е принудена во услови на руската агресија да троши огромни средства за одбранбената сфера, за помош на внатрешно раселените граѓани (1,8 милиони лица) и т.н. Времена окупација на Крим и војната во Донбас доведоа до загуба на 20 % од економскиот потенцијал. Сепак, загубите зададени со руската агресија,
ПесИмИзам: аКтуелнИот развој на настанИте не најавува можнИ Пр
www.kapital.mk
Капитал број 866 03.06.2016
45 Украина има исто гледиште како и ЕУ во однос на политичката криза во Македонија XX Да се осврнеме и на ситуациjата во Македониjа… Западните дипломати имат една реторика во однос на политичката криза што трае повеќе од една година и правецот за нејзино решавање, Русија сосема друга. Како Украина гледа на ова што се случува во Македониjа? На 14 април 2016 година Украина се приклучи кон изјавата на ЕУ (EU statement on developments in the former Yugoslav Republic of Macedonia) во врска со познатата одлука на претседателот на РМ Ѓ. Иванов за аболиција. Меѓу другото, во изјавата се работи за тоа дека “Одлуката не се усогласува со Договорот од Пржино или владеењето на правото. Таа ја уништува (минира) работата на Специјалниот обвинител и го прави силното решавање на политичката криза посложено. Европската Унија ги повикува сите страни неодложно да се вратат на масата на преговорите и да ги имплементираат своите реформаторски обврски, вклучувајќи ги тие што се однесуваат на подготовка на веродостојни избори, во интерес на сите граѓани. Тоа е потребно
потребата од спротивставување на неа, не го оправдуваат бавното и не секогаш ефективното воведување на реформите, борбата против корупцијата итн. Почнува постепеното обновување на економијата и за прв пат во последните три години има прогноза во врска со порастот на БДП во резултатите од тековната година. Се разбира, се покажуваат знаците за губење на рускиот пазар од страна на Украина и како последица на тоа остро намалување на извозот во Руската федерација. Според тоа, се случува преориентирање на други пазари, а тоа не е едноставно. Од 1 јануари 2016 год. почна да важи Спогодбата за зоната на слободна трговија помеѓу Украина и ЕУ. Излезот на европските пазари е одговорна работа, но тоа е стимул за производството на стоки со висок квалитет. Согласно статистиката веќе во текот на првиот квартал од 2016 год. порасна бројот на украинските компании, чие производство одговара на европските стандарди. Тоа дава надеж.
за да се врати земјата на европскиот и евроатлантскиот пат”. Тоа е што се однесува до ставот на Украина. Од себе сакам да додадам дека мене како Амбасадор не може, а да не ме загрижува постојаното наметнување на мислата од одредени политичари, телевизиски канали и медиуми за реализирање во Република Македонија на некакво си “украинско сценарио”. Ако тие ги имаат предвид настаните од Револуцијата на достоинството, тогаш сакам да потсетам дека масовните протести почнаа во Украина по ѕверското растерување од тогашната власт на студентскиот Евромајдан, ноќта од 29 на 30 ноември 2013 год. Власта ја премина Рубикон во неконтролираната примена на сила и предизвика легален отпор на револтираното општество. Заплашување со “украинско сценарио”, која цел и да ја следи, е неморално. Ако се работи за настаните кои почнаа по срамното бегство на В. Јанукович, тогаш “украинското сценарио” - тоа е агресијата на Русија која го анектираше Крим и ја разгоре војната во Донбас.
Украина – тоа е земја на големи можности. Ние тоа повторно го докажавме во мај. Сите знаат за победата на пејачката Џамала на Евровизија – 2016. Јас би додал за некои други настани, кои останаа надвор од очите на јвноста. Така, Украинецот Олег Кузнецов, исто така познат како Kuzya, победи во финалето на светскиот шампионат за брејк-денс Unbreakable Boy Championship во категоријата "еден на еден". Украинскиот проект Mars Hopper победи на меѓународниот натпревар на NASA, кој беше посветен на истражувањето на Марс. Студентите на Националниот универзитет "Киево - Могилјанска академија" победија на најголемиот и најпрестижниот европски студентски натпревар по меѓународно право Telders International Moot Court Competition, кој се одржува секоја година во Хаг. XX Освен тоа што Русиjа го анектираше Крим, што се случува во останатиот дел на земjата каде што имаше конфликт со сепаратистите?
Не вреди сега да се зборува за нормализирање на односите по тие злосторства што веќе ги стори Русија против Украина и на кои уште не им се гледа крајот. Бидејќи московскиот режим не се подготвува да запре, зашто уништувањето на целосната независна украинска држава останува вистинската цел на Путиновата политика. Престојувајќи неодамна во официјална посета на Грција, претседателот на Русија В.Путин фактички во ултимативна форма побара од Украина внесување измени во Уставот, имајќи го во предвид посебниот статус на таканаречените “ЛНР” и “ДНР” (Луганска и Доњецка народна република, н.з.), инаку, според неговите зборови, пукотниците во Донбас нема да запрат: "Не може да се одлагаат овие одлуки под изговор дека во зоната на разграничувањето некој во некого пука. Ако нема желба да се спроведат политичките реформи, секогаш ќе се најде оној, што ќе испука и овој процес може да се одвива бесконечно”. Потсетувам дека првите точки на мировните договори од Минск предвидуваат целосен прекин на огнот. За жал, тоа не се случува: оганот не престанува. “И не некој во некого пука”, како немарно се изрази рускиот претседател, туку се одвиваат тешки борби во одделни насоки. Заострувањето се врши секој пат кога руската страна сака да ја принуди Украина на попуштање. Изјавата на Путин во Атина се претвори од 28 - 30 мај во жестока стрелба врз украинските позиции со бројни жртви од двете страни. Ништо не се прави во окупираните реони на Донбас без знаење на Москва, бидејќи “раководството” на таканаречените “ДНР” и “ЛНР” - тоа е руската окупаторска администрација. Германското списание “Билд” неодамна пишуваше дека руската влада управува со сите работи на самопрогласените “републики” на истокот на Украина, за што сведочат белешките од седницата на руската меѓуресорска комисија за давање на помош на настраданите територии на југоисточните реони на Доњецката и на Луганската област на Украина од 23 октомври 2015 година, коишто се најдоа кај новинарите. Од документите е разбирливо дека плановите на комисијата излегуваат далеку од границите на хуманитарните прашања, а Русија регулира сè во “ДНР/ ЛНР”, почнувајќи од оданочувањето и завршувајќи со комуналните услуги, истакнува изданието. nnn
ромени на подобро на политиката на Кремљ во поглед на Украина
www.kapital.mk
Капитал број 866 03.06.2016
46
Човечки ресурси
Редефинирање на професионалниот успех
Како да ги задржите младите на работа?
Младите денеска се независни и многу веројатно е дека ќе ги стават сопствените вредности над компаниските цели. Тие го редефинираат професионалниот успех, проактивно управуваат со својата кариера, и се чини дека нивните вредности нема да ги менуваат без разлика што професионално ќе напредуваат, што пак може да има драматично влијание на работењето на компанијата во иднина. Ова се резултатите од најновото истражување со наслов „Millennial Survey“, спроведено меѓу 7.700 млади лица родени после 1982 година во 29 земји. При вакви резултати, се поставува прашањето – што е она што компаниите треба да го направат за да ги задржат овие вработени?
К
Компаниите мораат да пронајдат начин како да развијат лојалност помеѓу младите, или ризикуваат да изгубат голем процент вработени, покажува петтото по ред истражување на Deloitte со наслов “Millennial Survey” спроведено во септември и октомври минатата година. Дури 44% од младите т.н. „милениумци“ размислуваат да го напуштат актуелното работно место
во наредните две години, а тој број се зголемува на 66% гледајќи го периодот до 2020 година. Ова се резултатите од истражувањето спроведено меѓу 7.700 млади од 29 земји кои се родени после 1982 година. Младите често размислуваат за промена на работното место поради недостаток на развој на лидерски вештини и поради чувството дека се запоставени. Но, поголемите предизвици со кои се соочуваат се воспоставување на рамнотежа меѓу работата и приватниот живот, желбата за поголема флексибилност, разлики во однос на вредностите меѓу нив и компанијата. Младите се водат од своите вредности во сите фази од својата кариера, кои можат да се видат и по изборот на работодавачот за кој сакаат да работат,
задачите кои сакаат да ги прифатат и по одлуките кои ги носат кога доаѓаат на повисоки позиции. Како и во изминатото истражување, и овој пат се покажа дека тие имаат позитивен став спрема улогата која бизнисот ја има во општеството, се обидуваат да ја омекнат својата негативна перцепција кога во прашање е мотивацијата и етичките вредности, но и понатаму сакаат компанијата повеќе да се посветува на луѓето (вработените, клиентите и општеството), производите и целите, а помалку на профитот. „Младите ја ставаат целта на работењето на својата компанија над финансискиот успех, останувајќи доследни на своите вредности тие бараат можности за професионален развој. Неопходно е лидерите да покажат дека ги ценат нивните приоритети, или
Истражување: 44% од младите би го напуштиле актуелното работно место
www.kapital.mk
Капитал број 866 03.06.2016
48
Човечки ресурси
ризикуваат да загубат голем процент од вработените“, вели Милош Макур, регионален директор на Deloitte во Србија, Црна Гора, Македонија и Република Српска. „Среќа, младите им дадоа јасен патоказ на своите работодавачи за тоа како можат да излезат во пресрет со нивните потреби кога станува збор за задоволство со кариерата и професионалниот развој“. Младите бараат работодавачи со кои делат исти вредности. Седум од 10 испитаници веруваат дека нивните лични вредности ги дели и организацијата за која работат, што е потенцијална надеж за компанијата чија цел е да ги задржи младите професионалци. Младите сакаат да работат за организација која се фокусира на подобрување на нивните вештини, приходи и нивото на задоволство на вработени, која отвора нови работни места, дава услуги и производи кои имаат позитивно влијание на луѓето и на општеството. Младите ја препознаваат потребата на компанијата да биде профитабилна и да расте, но сметаат дека компанијата некогаш премногу се посветуваат само на тие цели. Според мислењето на младите, компаниите со силно чувство за постигнување на целта, ќе остварат долгорочен успех, додека она што тоа не го прават ризикуваат да се соочат со неуспех.
Традиционални цели
Истражувањето исто така покажува дека најуспешни во задржување на младите вработени ќе бидат компаниите кои даваат можност за развој на лидерски вештини, им обезбедуваат на вработените ментори, нудат баланс меѓу работата и приватниот живот, обезбедуваат флексибилност да работат во област во која се најпродуктивни, им даваат контрола над кариерата, негуваат култура која поттикнува и развива отворена комуникација, етичко однесување и инклузивност. Наспроти воспоставена перцепција, младите сепак не сакаат да бидат познати и да создаваат богатство, туку имаат многу традиционални цели: сакаат да имаат свој дом, да го пронајдат партнерот на својот живот и да обезбедат доволно пари за удобен живот во пензија. Исто така, имаат амбиција да придонесат за успехот на компанијата, но и за развој на општеството исто така.
Лични вредности и морал
Запрашани да наведат ниво на влијание на различните фактори кои им влијаат на донесувањето одлуки, на прво место тие ги ставаат личните вредности и моралот. Поголемиот број од младите немаат проблем да одбијат нешто што не е во согласност со нивните вредности и уверувања. Тоа се подразбира и за оние на повисоките позиции, чие инсистирање на лични вредности се продолжува и во салите на состаноци – што сугерира дека идните лидери своите одлуки ќе ги засноваат подеднакво на своите уверувања како и на посебните цели на компанијата.
Што младите сакаат од компанијата во која работат? XX Услови за подобрување на нивните вештини XX Зголемување на приходите и нивото на задоволство на работа XX Да работат во компанија која постојано отвора нови работни места XX Да работат во компанија која дава услуги и производи кои имаат позитивно влијание на луѓето и на општеството XX Да работат во компанија која „Во претходните генерации многу професионалци градеа долгорочни односи со своите работодавачи, а голем дел од нив не би се осудиле да им кажат не на своите надредени кога од нив бараат да работат на одреден проект“, вели Макур. „Но, младите се независни и многу веројатно е дека ќе ги стават сопствените вредности над компаниските цели. Тие го редефинираат професионалниот успех, проактивно управуваат со својата кариера, и се чини дека нивните вредности нема да ги менуваат без разлика што професионално ќе напредуваат, што пак може да има драматично влијание на работењето на компанијата во иднина“.
Дополнителни резултати од истражувањето
Чувството за остварување на целите и задоволството кај вработените се тесно поврзани, па така 40% од младите изразуваат задоволство од работата, и истиот тој број планира да остане кај актуелните вработени и после 2020 година, оти нивните работодавачи повеќе ги вреднуваат целите отколку финансискиот успех. Од друга страна, 22% од испитаниците изразиле низок степен на задоволство, а 26% планираат да ја напуштат компанијата во која работат во наредните две години.
влијае добро на заедницата XX Да работат со ментор кој ќе им помогнат да ги разберат новите начини на работење и ќе им помогнат во развивање на своите вештини XX Сакаат да работат од дома или од просторија во која се чувствуваат продуктивни XX Слободно да кажат „не“ на проект на кој не сакаат да работат или не е во согласност со нивните убедувања Желбата да ја напуштат актуелната работа во наредните пет години е поголема кај младите кои доаѓаат од земјите чии пазари се во развој (69%) отколку во развиените економии (61%). Економските фактори не е единствен мотив за напуштање на компанијата, што најдобро може да се види на пример, во Велика Британија, каде дури 71% од испитаниците одговориле дека тоа не е причината поради која би заминале. Три четвртини од младите (73%) тврдат дека работењето има позитивно влијание на пошироката заедница. Оваа бројка е непроменета во однос на 2014 година и покажува дека младите и покрај економскиот пад во поединечни региони, остануваат оптимисти кога е во прашање потенцијалот на компаниите да работат за доброто на заедницата. Исто така, младите сакаат да имаат ментори, да поминуваат повеќе време за да ги разберат новите начини на работење и развивање на своите вештини. Дополнително, три четвртини од младите повеќе би сакале да работат од дома или од друга локација каде се чувствуваат попродуктивно, меѓутоа, само 43% се во можност да работат на тој начин. Исто толку од нив (77%) сметаат дека имаат контрола над својата кариера. nnn
Макур: Млaдите денеска не се плашат да кажат „не“
Рок за пРијавување: 16 јуНи 2016
ИнстИтут КОнцЕПт ОрганИЗИра:
КУРС ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ (ИЗградЕтЕ гИ ВашИтЕ марКЕтИнг ВЕштИнИ ПОтрЕбнИ За усПЕх ВО дИгИталната ЕКОнОмИја)
l 20 јуни 2016 (понеделник) два пати неделно (понеделник и среда) 17.00 до 20.00 часот l l во просториите на Институт Концепт, скопје По ЗАВРшУВАЊЕ НА КУРСоТ УЧЕСНИцИТЕ ќЕ бИДАТ СПоСобНИ: l да ги користат бизнис целите и брендот во улога на креирање на ефективни маркетинг кампањи. l да ги анализираат податоците на компанијата преку Google Analytics со цел да донесуваат информирани одлуки во врска со маркетинг каналите, сегментацијата на публиката, како и области за подобрување на дадениот сајт на брендот.
l да размислуваат критички за содржината на брендот: од она што е на веб страната, на своите страници на Фејсбук, твитер и LinkedIn. l да креираат, таргетираат, лансираат и следат Facebook, Twitter I Google AdWords кампањи. l да го дефинираат јасно опсегот на дигиталниот маркетинг, од социјалниот до display и e-mail маркетинг. Предавачите се од PIKSEL.MK, брзорастечка компанија која се занимава со веб дизајн и дивелопмент, како и дигитален маркетинг. За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk
КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова le-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962 l 02 3216 963
www.kapital.mk
Капитал број 866 03.06.2016
50
лидери
АлехАндро ГонзАлес ињАриту режисер
„ЈАс немАм КАриерА, ЈАс имАм живот“
А
лехандро Гонзалес ињариту е еден од врвните режисери во светот. на многумина годинава им е многу добро познат по филмот „Повратник“ во која главната улога ја имаше познатиот актер леондардо ди Каприо, на кој токму улогата во
Секогаш треба да го доведувате во прашање процесот низ кој поминувате. Оти ако не се прашувате себе си дали сте го постигнале тоа што го сакате, никогаш нема да станете подобри
Слободата доаѓа со многу одговорност. Кога сме сами, многу важно е да развиеме трето око
Креативниот процес е мистериозен; конверзација, возење во кола, или мелодија – тоа се само дел од нештата кои можат да не инспирираат
Според мене, политичарите дури и мојот заболекар, имаат многу поголемо его отколку актерите
овој филм му го донесе првиот оскар. освен што е познато поради неговата планетарна слава, ињариту годинава се најде и на листата на угледниот магазин “Time” како еден од 100-те највлијателни личности во светот. еве што тој кажува за својот живот и неговата работа:
Во сите мои филмови јас кажувам кога е крајот. Одржувајте го секогаш вашиот глас. Секогаш знаете што е тоа што го сакате
За мене најважната работа во животот е да успеам да бидам добар татко. Тоа истовремено е и најтешкиот предизвик во мојот живот. Сепак, тоа е најважно за мене, поважно дури и од моите филмови
Сè помалку ме интересира реалноста. Многу повеќе ја сакам перцепцијата, вистината за универзумот кој го гледаме
Секоја од нас сака нешто од животот, сите ние имаме мани, но истовремено и силни страни. Јас секогаш се обидувам да ги откријам тие работи во карактерот, а потоа да ги истакнат на еден поинаков начин
Многу поубаво за мене е да знам дека животот има крај. Знаејќи го тоа, повеќе сакам да се забавувам