867 kapital magazin

Page 1

КОМПАНИИ И ПАЗАРИ БИЗНИСОТ БАРА ПОСИЛНА РАЗВОЈНА БАНКА

COVER STORY СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ СО ВРТОГЛАВ РАСТ НА ПРИХОДИТЕ И ПРОФИТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

WWW.KAPITAL.MK

EXCLUSIVE

ВАУТЕР ПЛОМП амбасадор на Кралството Холандија

ВЛАДА СО ЛУЃЕ ПРОТИВ КОИ СЈО ВОДИ ИСТРАГА НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ОД ДОВЕРБА!

INTERVIEW

НИКОЛАС КФУРИ ГЛОБАЛЕН КОНСУЛТАНТ И ЕКСПЕРТ ЗА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИИ

ПОТРОШУВАЧИТЕ СЕ СÈ ПОМАЛКУ ЛОЈАЛНИ НА БРЕНДОВИТЕ, А БАРААТ СÈ ПОВЕЌЕ ОД НИВ ЕУРО 2016: ПОЧНУВА ФУДБАЛСКИОТ МЕСЕЦ МНОГУ ПАРИ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ, ГЛАВОБОЛКИ ЗА ОРГАНИЗАТОРИТЕ БРОЈ 867 | ЦЕНА 100 ДЕН. 10 ЈУНИ 2016 | ПЕТОК | ГОДИНА 17

ВЛАСТА БАРА ИНВЕСТИТОРИ ЗА НОВА ЕВРООБВРЗНИЦА



3

Капитал број 867 10.06.2016

СОДРжИНА

10 04 08 10 16

profile Крај на социјалистичката ера во Венецуела Кога лидерот ќе изгуби чувство за реалност - Народот бара смена на Мадуро !

НАВИГАТОР

Власта бара инвеститори за нова еврообврзница

38 22 28

Cover story

Субвенциите имаат ефект Странските инвеститори со вртоглав раст на приходите и профитите во Македонија

INtervIeW

НИКОлАС КфуРИ

глобален консултант и експерт за маркетинг стратегии

Потрошувачите се сè помалку лојални на брендовите, а бараат сè повеќе од нив

34

БИзНИС И фИНАНСИИ

Бизнисот бара посилна развојна банка МБПР од сопствени извори одобри 4,9 милиони евра, од ЕИБ 83,5 милиони евра

42 38

INtervIeW

Д-р ГеРД ВАСеНБеРГ

визитинг професор на Универзитет Американ колеџ-Скопје

Претприемништвото треба да се развива на сите нивоа во државата

БАлКАН БИзНИС

ВАуТеР ПлОмП

42

Влада со луѓе против кои СЈО води истрага не може да биде од доверба!

46

БИзНИС И СПОРТ

50

лИДеР

INtervIeW

амбасадор на Кралството Холандија

БИзНИС И ОБРАзОВАНИе

Се сведе ли реформата во високото образование само на отворање нови факултети? Три пати повеќе факултети, a студенти се помалку

Хрватите масовно станаа против политиката што им ја загрозува иднината eUro 2016: Најмногу пари за учесниците - најголеми главоболки за организаторите АРИАНА ХАфИНГТОН

ко – основач на The Huffington Post

Визијата без нејзино исполнување е само халуцинација

БИзНИСОТ БАРА ПОГОлемА РАзВОЈНА БАНКА

НИКОлАС КфуРИ ВО СКОПЈе

еуРО 2016: НАЈмНОГу ПАРИ, НО И НАЈмНОГу ГлАВОБОлКИ

Со основен капитал од 38,6 милиони евра на крајот на минатата година, улогата на државната развојна банка – МБПР да го поддржува развојот на македонските мали и средни компании. За споредба, хрватската развојна банка ХБОР само лани одобрила кредити во вредност од над 1 милијарда евра, кредитното портфолио на словенечката СИД за приватни фирми надминува 600 милиони евра, додека бугарската ББР само лани пласирала вкупно 190 милиони евра за развој на малите и средни фирми.

“Сега си имаме работа со генерации потрошувачи што се хипер - поврзани и го живеат животот претежно преку своите мобилни уреди. Овие потрошувачи се се’ помалку лојални на етаблираните брендови и ценат нешто што им пружа целосно искуство, а не само производи или услуги.“, вели, меѓу другото, Николас Кфури во интервјуто за Капитал што го направивме во пресрет на предавањето во Скопје што на 28 јуни ќе го одржи овој познат светски експерт за маркетинг стратегии и меѓународен бизнис.

Кога деновиве, додека траат силните штрајкови во земјата домаќин на EURO 2016, францускиот премиер Мануел Валс изјави дека „Франција е земја што сака револуции и конфликти“, сигурно не ги успокои и онака растревожените организатори на првенството. Да се надеваме дека спокојни ќе можат да бидат фудбалерите, и дека ова ќе биде квалитетно првенство, соодветно на прилично големиот број фаворити за освојување на титулата што се споменуваат од експертите.

XX Стр. 22

XX Стр. 16

XX Стр. 46

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 09.06.2016


www.kapital.mk

profile

Крај на социјалистичката ера во Венецуела

Кога лидерот ќе изгуби чувство за реалност

Народот бара смена на Мадуро !

Н

Националното избирачко тело на Венецуела ги одобри 1,8 милиони потписи со кои опозицијата бара организирање на

референдум за заминување на претседателот Николас Мадуро од власт. Тоа веројатно е првиот чекор пред смена на претседатрелот кој опозицијата и мнозинството на граѓани го обвинуваат за длабоката криза и рецесија, за големата инфлација и растечкиот криминал во Венецуела. Но, и покрај тоа што над 70% од граѓаните сакаат Мадуро да си замине од валст, тоа нема да се случи така лесно и брзо. Кон крајот на септември и почетокот на октомври во Венецуела ќе се ореганизира реферндум на кој треба да се гласа за смена на претседателот на оваа латиноамериканска

земја која се соочува со банкрот. Опозицијата сега е во трка со времето низ лавиринтот од законски пречки кои им ги поставува власта, со цел референдумот да се закаже годинава, а не следната година. Ако референдумот се закаже годинава, тогаш ќе бидат потребни предвремени избори, додека ако се одложи за почетокот на следната 2017 година, тогаш Мадуро едноставно ќе биде заменет со неговиот потпретседател. Но, ако властите се обидат да го спречат закажувањето на референдумот за смена на Мадуро, сите стравуваат дека Венецуела

Венецуела: Земјата со најголеми резерви на нафта е пред банкрот


Капитал број 867 10.06.2016

profile ќе експлодира со немири и протести. Светските медиуми дека Мадуро веќе го изгубил чувството за реалност. Мајами Хералдр пишува дека “Венецуела е Северна Кореја на Карипското Море”, а Фајненшл Тајмс пишува дека “Венецуела влегува во последниот чин на трагедијата”. Во меѓувреме додека се води уличната и законската борба за смена на претседателот Мадуро, Венецуела,земјата која има најголеми резерви на нафта е на работ на пропаст во далбока економска и социјална криза и се соочува со недостиг на лекови, храна, електрична енергија, тоалетна хартија, средства за хигиена. Странските компании ги затвораат локалните ограноци. Кока Кола престана со производство заради недостиг на шеќер, бидејќи властите го намалија производството на шеќер заради многу скапите увозни материјали. Компанијата Бриџстоун, пак, сопре со изработката на автомобилски гуми и гумени производи исто заради недостиг на суровини. Владата е принудена да ги троши остатокот од девизните резерви за да купува најнеопходни стоки – лекарства и индустриски машини. Нема веќе пари за увоз на млеко, кравјо масло, брашно и јајца. Но, венецуелските власти наместо да се соочат со погрешната и погубна социјална

економска политика која се води во земјата, јавно обвинуваат дека виновник се САД, кои создаваат вештачки дефицит на стоки за да предизвика незадоволство во земјата и да извршат државен преврат. Падот на цената на нафтата доведе до пад на приходите во државниот буџет, недостиг на пари за увоз на потребните производи и галопирачка инфлација. Инфлацијата минатата година беше 150%, а за годинава ММФ предвидува инфлација од 700% и пад на БДП од 8%. Земјата која има најголеми резерви со нафта, кои се зголемија уште повеќе во 2000 година кога беше најдено уште едно големо наоѓалиште на нафта, очигледно не наоѓа начин како да профитира од резервите на нафта. Државата под водство на порашнешниот претседате Уго Чавез, иако ја презема контролата и ја национализираше нафтената компанија Петролеос де Венецуела, компанијата нема ниту ресурси, ниту знаење како да заработи од нафтените резерви. Производството на нафта од 2006 година е во постојан пад, а падот на цената на нафтата ги намали приходите во државниот буџет, од кој околу 40% доаѓаа токму од продажба на нафта. Но, како што почнаа да се намалуваат приходите од нафта, властите наместо да штедат, продолжија да глумат

социјална држава и да ги зголемуваат јавните трошења со цел да ги намири потребите на се посиромашниот народ. Земјата во меѓувреме се презадолжувала кај западните банки, па на крајот евтината нафта само ја соголеа до крај со години лошо водената монетарна и фискална политика. И сега на земјата и останаа големите долгови за враќање, а економијата не создава пари со кои може да се сервисираат долговите. Во обид да се спаси од банкрот, Венецуела склучи договор “нафта за кредит” со Кина со кој во изминатата декада доби прилив на 50 милијарди долари за кои и испорачува нафта на Кина. Економските проблеми ја заострија уште повеќе политичката нестабилност која се случи откако кон крајот на минатата година опозицијата освои двотретинско мнозинство во парламентот после 16 години владеење на социјалистите со Венецуела. Овие слики во Венецуела, како и притисоците од народот и меѓународната заедница, очигледно му оставаат многу малку простор на Мадуро за останување на претседателската функција. Единствена дилема е колку навистина тој има изгубено врска со реалноста и до каде е подготвен да оди во обидот да ја зачува својата функција. nnn

Mаркетинг стратегија 2020 Креирајте марКетинг стратегија Која победува! 28.06.2016, М6 едукативен центар, Скопје

Dr. G. Nicolás Kfuri професор, директор во KFURI & PARTNERS

l Признат светски предавач и консултант од областа на корпора-тивната глобална стратегија, маркетинг и брендирање со искуство во над 400 компании од 75 држави на 5 контитенти. l Кфури ги обучувал директорите на врвни светски компании меѓу кои: Coca Cola; RedBull; Inbev; Heineken; Nestlé; Cadbury Schweppes; Kraft Foods; Procter and Gamble; Henkel; L’Oréal; Johnson and Johnson; Phillips; Sennheiser; 3M; Mary Kay; Phillip Morris; IKEA; IBM; Microsoft; Cisco Systems; Oracle; Dassault Systémes; Accenture; SAP; AT Kearney; Capgemini Consulting Österreich; PwC; KPMG; Deloitte; Ernst and Young; Tata Consultancy Services; T-Systems; BAE

партнер:

Systems; Porsche; BMW Group; Audi; Volkswagen; SEAT; Renault Nissan; Continental Tires; Johnson Controls; Wabco; Goodyear; HSBC; BNP Paribas; Scotiabank; Unicredit; Banca Intesa Sanpaolo; Crédit Agricole; Societe Generale; Raiffeisen Bank; Delta Generali Insurance; Governments of Argentina, Canada, Croatia, Mexico and Serbia; Lufthansa Technik; Mexicana Airlines, CEMEX; Holcim; Kempinski Hotels; President Intercontinental Hotels; Crowne Plaza Hotels; Holiday Inn Hotels; Vodafone; Telekom Serbia; T-Mobile; Mtv; RTL; TV Azteca; NASA; EON; RWE; ExxonMobile; Abbott Laboratories; Bayer; Roche; GlaxoSmithKline; Pfizer; Astra Zeneca; Kimberly Clark; Merk; Sanofi Aventis; Nokia Siemens Networks; Amazon. com; TUI; Readers Digest и др.

Лица за контакт: м-р Бојана Делидинкова 02/3216-962 м-р Ирена Богоевска 02/3216-963 institut@koncept.com.mk

5


Mаркетинг стратегија 2020 Креирајте марКетинг стратегија Која победува! 28.06.2016, М6 едукативен центар, Скопје l Content 1. Market Structure Analysis 2. Value Proposition / Unique Selling Proposition / Brand Promise 3. Branding (Brand Management) 4. Conceptualizing Value: Segmentation – targeting – Positioning 5. Designing Value: Product Design / Product Portfolio Management / PLC Management 6. Capturing Value: Pricing Decisions 7. Communicating Value: Integrated Marketing Communications 8. Delivering Value: Distribution Channels Management 9. Break-even Analysis for Marketing 10. Current topics on Marketing.

l За време на предавањето фокусот ќе биде ставен на стратешкиот дел од маркетингот. l Предавањето е на англиски јазик.

Nicolás Kfuri професор, директор во KFURI & PARTNERS

Николас Кфури, еден од најбараните предавачи и консултанти во глобални рамки, директор на консултантската компанија „Кфури консалтинг", на македонската публика ќе и ги презентира глобалните трендови кои ќе го обликуваат маркетингот до 2020 година и предизвиците со кои ќе се соочиме во “новото време”. Во време кога конкуренцијата на локалниот пазар станува глобална, локалните компании се натпреваруваат со глобалните, кога однесувањето на потрошувачите е значително сменето, за своите пари тие бараат многу поголема вредност, информираноста за искуствата на потрошувачите е многу лесно достапно на интернет, а нивната лојалност опаѓа, неопходно е маркетингот да ја прилагоди стратегијата на новите маркетиншки текови.

ПоВеќе иНфорМации На: www.kapital.mk/marketing strategija 2020

Партнер:

Лица за контакт: м-р Бојана Делидинкова м-р ирена Богоевска institut@koncept.com.mk


најавува...

Предавач: Николас кфури (Dr. G. Nicolás Kfuri) професор, директор во KFURI & PARTNERS

l Признат светски предавач и консултант од областа на корпоративната глобална стратегија, маркетинг и брендирање со искуство во над 400 компании од 75 држави на 5 контитенти.

02/3216-962 02/3216-963

l Кфури ги обучувал директорите на врвни светски компании меѓу кои: Coca Cola; RedBull; Inbev; Heineken; Nestlé; Cadbury Schweppes; Kraft Foods; Procter and Gamble; Henkel; L’Oréal; Johnson and Johnson; Phillips; Sennheiser; 3M; Mary Kay; Phillip Morris; IKEA; IBM; Microsoft; Cisco Systems; Oracle; Dassault Systémes; Accenture; SAP; AT Kearney; Capgemini Consulting Österreich; PwC; KPMG; Deloitte; Ernst and Young; Tata Consultancy Services; T-Systems; BAE Systems; Porsche; BMW Group; Audi; Volkswagen; SEAT; Renault Nissan; Continental Tires; Johnson Controls; Wabco; Goodyear; HSBC; BNP Paribas; Scotiabank; Unicredit; Banca Intesa Sanpaolo; Crédit Agricole; Societe Generale; Raiffeisen Bank; Delta Generali Insurance; Governments of Argentina, Canada, Croatia, Mexico and Serbia; Lufthansa Technik; Mexicana Airlines, CEMEX; Holcim; Kempinski Hotels; President Intercontinental Hotels; Crowne Plaza Hotels; Holiday Inn Hotels; Vodafone; Telekom Serbia; T-Mobile; Mtv; RTL; TV Azteca; NASA; EON; RWE; ExxonMobile; Abbott Laboratories; Bayer; Roche; GlaxoSmithKline; Pfizer; Astra Zeneca; Kimberly Clark; Merk; Sanofi Aventis; Nokia Siemens Networks; Amazon.com; TUI; Readers Digest и др.


www.kapital.mk

Капитал број 867 10.06.2016

8 НАВИГАТОР

ИЗЈАВА НА НеделАТА

МАКедОНсКИТе КОМпАНИИ шТРАЈКОТ НА сОлуНсКОТО п

> БРОЈКА Евентуалното излегување на Велика Британија од ЕУ ќе создаде ризик за поголема нестабилност во Европа

17%

е поголема вредноста на трговијата на мало во Македонија во 2015 во однос на 2014

ЈеНс сТОлТеНБеРГ генерален секретар на НАТО

П

овеќе од десет дена вработените во солунското пристаниште штрајкуваат против приватизацијата, а од тогаш повеќе македонски камиони со производи за извоз чекаат да бидат истоварени. Освен тоа, на бродовите на пристаништето се заглавени и суровини кои што треба да се увезат во земјава. Речиси 40% од обичниот товар што транзитира низ ова пристаниште е наменето или за или од Македонија. „Околу 2.700 контејнери се заглавени и

Власта бара инВеститори за ноВа еВрообВрзница

На повидок Ново зад во страНство, каматат

M

Македонските власти бараат инвеститори кои што ќе вложат во нова еврообвзрница издадена од државата, објави Ројтерс повикувајќи се на два анонимни извори. Притоа, Ројтерс потенцира дека кредитниот рејтинг на Македонија според Standard & Poor’s е ББ-, додека според Fitch е ББ+. Засега не е позната сумата на задолжување, меѓутоа, според пресметките од буџетот за годинава, властите треба да позајмат вкупно 678,9 милиони евра, од кои според планот, 371,7 милиони евра треба да се обезбедат од странски кредитори. Аналитичарите коментираат дека условите за задолжување на меѓународниот пазар се поволни, но сепак политичките турбуленции во земјата ќе влијаат на каматата по која ќе може Македонија да се задолжи. Според сегашните пазарни услови и кредитниот рејтинг на Македонија, за еврообврзница со рок на доспевање од пет години каматата би била околу 4,5% до најмногу 5%, додека пак со подолг рок на отплата до 10 години, каматата би била најмногу 5,5%.

Македонските власти бараат инвеститори кои што ќе вложат во нова еврообвзрница издадена од државата, објави ројтерс повикувајќи се на два анонимни извори. засега не е позната сумата на задолжување, меѓутоа, според пресметките од буџетот за годинава, властите треба да позајмат 371,7 милиони евра од странски кредитори. ројтерс потенцира дека кредитниот рејтинг на Македонија според Standard & Poor’s е бб-, додека според Fitch е бб+.


www.kapital.mk

Капитал број 867 10.06.2016

9

со зАгуби порАди присТАнишТе чекаат да бидат истоварени, а повеќе од 3.300 контејнери чекаат за бидат натоварени и пренесени за извоз. Направен е проблем со увозот на никел, поради што пристаништето се соочува со штета од 300.000 евра“, пренесе Катимерини. Менаџерите на македонските компании што го користат солунското пристаниште коментираат дека штетите се немерливи и веќе се доведени во прашање нарачките од странските партнери бидејќи испораката на производите, но и увозот на некои суровини е блокирана.

мисла на неделата Оној што го гледа светот на 50 години со исти очи како кога имал 20, потрошил залудно 30 години од својот живот.

Мухамед Али легендарен американски боксер

> бројкА

11,6% пораснал прометот во угостителството во Македонија во 2015 во однос на 2014

лидери

должување ата до 5,5%

АнгелА Меркел

Последен пат Владата издаде еврообврзница кон крајот на минатата година со што се задолжи за 270 милиони евра и постигна камата од 5,125%. Економистите велат дека камата од околу 5% е висока цена на задолжување споредено со очекуваниот економски раст од 1,6% според прогнозите на Народната банка. Последен пат Владата издаде еврообврзница кон крајот на минатата година со напомена дека парите се доволни за отплата на старите долгови што доспеваат и за покривање на буџетскиот дефицит само до првата половина од годината. Тоа задолжување на државата на меѓународниот пазар со еврообврзница за 270 милиони евра постигна камата од 5,125%. Економистите велат дека ова е висока цена на задолжување споредено со очекуваниот економски раст од 1,6% според прогнозите на Народната банка. „Задолжувањето е одржливо само кога растот на БДП е повисок од каматата што се плаќа за позајмените пари“, велат финансиските аналитичари. Економистите се загрижени што најголем дел од парите што ги позајмува Владата ги троши непродуктивно, односно за плати на јавната администрација, пензии, субвенции, а во исто време ефектот од задолжувањата врз економскиот раст е послаб, така што таквото финансиско поведение ја доведува во прашање способноста на државата еден ден да го врати долгот. Дел од нив дури и јавно ги повикаа банкарите да ја преиспитаат политиката на инвестирање на парите од депозитите на граѓаните во државните обврзници.

БрОјки

371,7

Forbes четврти пат по ред ја избра германската канцеларка за најмоќна жена на светот

Тревис кАлАник

Uber е во нов подем - доби 3,5 милијарди долари од Саудиска Арабија и го лансираше новиот сервис UberBike

не им беше неделата

милиони евра планира да обезбеди власта од странски кредитори годинава

4,33

милијарди евра изнесува јавниот долг на земјата заклучно со првиот квартал годинава што е 45% од БДП

Сосе најавените задолжувања, Министерството за финансии во Фискалната стратегија проценува дека јавниот долг на земјата годинава ќе достигне до 49,1% од БДП. Според последните податоци објавени на веб страницата на Министерството, заклучно со првиот квартал од годината, јавниот долг изнесува 4,33 милијарди евра што е 45% од БДП. nnn

ЃорЃе ивАнов

долго и упорно се противеше пред да ја повлече одлуката што воопшто не требаше да ја донесе

реџеп ТАип ердогАн

според турскиот претседател жените кои не сакаат да станат мајки „се непотполни и имаат слабости“


10 COVER STORY

Капитал број 867 10.06.2016

COVER STORY

www.kapital.mk

СУБВЕНЦИ

СТРАНСКИТЕ ИНВ СО ВРТОГЛАВ РАС И ПРОФИТИТЕ ВО Странските компании во слободните економски зони се чини дека не трпат никакво влијание од политичката криза во која се наоѓа земјата и од неизвесноста за водење бизнис која таа ја создава за останатите фирми надвор

од зоните. Дури 84% од странските инвеститори кои веќе инвестирале во Македонија уверуваат дека повторно би инвестирале во земјата без оглед на политичката криза. Оти биле многу задоволни од квалификуваната

Како работеа странските компании? Приход 2015 (евра) 1.201.623.493

Годишна промена % 28,33%

Профит 2015 (евра) 91.429.138

Годишна промена % 63,02%

Ван Хол

95.371.724

38,19%

6.550.048

95,39%

Кромберг и Шуберт

79.683.279

64,35%

1.171.330

41,47%

Вистеон Електроникс

67.640.458

0,09%

-2.873.623

Дрекслмајер

50.589.418

16,45%

2.342.283

19,02%

Џонсон Контролс Штип

16.377.023

15,60%

1.183.782

36,06%

Кемет Електроникс

12.737.520

7,07%

479.622

101,41%

Џонсон Мети

/

извор: www.biznismreza.mk


www.kapital.mk

ИИТЕ ИМААТ ЕФЕКТ

Капитал број 867 10.06.2016

11

ВЕСТИТОРИ СТ НА ПРИХОДИТЕ МАКЕДОНИЈА работна рака,од даночната политика, од стабилната бизнис клима и од географската позиција на Македонија. Анализата на резултатите од работењето на странските инвеститори во зоните покажуваат голем раст на

нивните приходите и профити, а многу од нив веќе одлучија да градат и втора фабрика во Македонија. Очигледно, Македонија заради големите субвенции и поволности кои ги дава станува ветена земја за странските компании.

ДРУГИ ПОВОЛНОСТИ ЗА ФАБРИКИТЕ ВО ЗОНИТЕ  не плаќаат надомест за уредување на градежно земјиште  не плаќаат надомест за градежни дозволи  добиваат бесплатен приклучок за водовод, гасовод и канализациона мрежа  директна државна помош до 500 илјади евра за изградба на фабриката  надомест од 25% до 50% од вкупните трошоци за општо и посебно усовршување на работниците


www.kapital.mk

Капитал број 867 10.06.2016

12

cover story

Ослободувања заза фабриките во зоните Ослободувања Ослободувања фабриките за фабриките во зоните во зоните СТАПКА СТАПКА ВО ТИРЗ ВО ТИРЗ

ЦАРИНА ЦАРИНА

Опрема,Опрема, машини,машини, резервни резервни делови,делови, суровини суровини

0% 0% СТАПКА СТАПКА ВО ТИРЗ ВО ТИРЗ

ДАНОЦИДАНОЦИ

СТАПКА СТАПКА НАДВОР НАДВОР ОД ТИРЗ ОД ТИРЗ од

5% 20% 5% 20% до од

СТАПКА СТАПКА НАДВОР НАДВОР ОД ТИРЗ ОД ТИРЗ

0% 0%

Данок на Данок добивка на добивка

(за период(за одпериод 10 години) од 10 години)

Персонален Персонален данок на данок доход на доход

0% 0%

(за период(за одпериод 10 години) од 10 години)

Данок на Данок додадена на додадена вредност вредност

0% 0%

Акциза Акциза

0% 0%

С пишува:

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Странските компании во слободните економски зони се чини дека не трпат никакво влијание од политичката криза во која се наоѓа земјата и од неизвесноста за водење бизнис која таа ја создава за останатите фирми надвор од зоните. Дури 84% од странските инвеститори кои веќе инвестирале во Македонија уверуваат дека повторно би инвестирале во земјата без оглед на политичката криза. Оти биле многу задоволни од квалификуваната работна рака,од даночната политика, од стабилната бизнис клима и од географската

позиција на Македонија. Нивното задоволство од работењето во Македонија можеби најдобро се гледа преку резултатите во работењето. Ако се анализираат приходите, профитот и извозот на компаниите кои работат во зоните, тие имаат голема причина да бидат задоволни. Приходите и профитите на странските компании во зоните секоја година растат со огромни стапки за кои останатите компании кои работат надвор од зоните можат да сонуваат. Извозот на странските компании од зоните, пак, руши рекорди. Минатата година извозот од зоните надмина 1,5 милијарди евра, а првиот човек на ТИРЗ, Виктор Мизо неодамна најави дека извозот само од зоните наскоро ќе надмина 2 милијарди долари. Дури 36% од целиот извоз на Македонија лани го направиле странските компании од слободните економски зони. Само во првите четири месеци годинава извозот од зоните бележи раст од 30,4% во споредба со истиот период лани. Но, покрај зголемувањето на извозот, странските фабрики во зоните го зголемија и увозот. Па така нето извозот на сите компании од зоните изнесува околу 130 милиони евра. Според информациите од ТИРЗ, во

до

10% 10% 10% 10% 18% 18%

од

5% 62% 5% 62% до од

до

слободните зони во Македонија моментално работат 23 компании кои вработуваат близу 4.900 лица. Задоволни од бизнисот во Македонија неколку фабрики меѓу кои Џонсон Мети, Ван Хол, Џонсон Контролс, Кромберг и Шуберт, Витило веќе одлучија да отворат и втори фабрики во Македонија. Извозот и вработувањата се всушност двете најголеми придобивки од странските инвестиции. Но, ретко кога ефектите од странските инвестиции се ставаат во контекст со трошоците кои Македонија ги прави за да ги убеди и привлече да отворат фабрики во земјава. На јавноста и се достапни многу малку податоци да тоа колку точно чинат сите ослободувања и субвенции кои странците во зоните ги добиваа, а заради кои трошоците за производство им се многу ниски, што на крајот им носи и поголеми профити. Кои според податоците од нивните финансиски извештаи растат многу, многу во споредба со било која друга извозна компанија надвор од зоните.

Вртоглав раст на профитите и приходите Ако се анализираат приходите и профитите кои ги прават странските компании во


www.kapital.mk

Капитал број 867 10.06.2016

13 зоните, тогаш очигледно е дека државните стимулации и поволности даваат ефект. Секоја година приходите и профитите растат. Своевиден рекордер е Џонсон Мети, најголемата странска инвестиција во зоните. На пример, профитот на Џонсон Мети само минатата година е зголемен за 63,1% и достигна 91,4 милиони евра, покажуваат податоците од www.biznismreza.mk.Профитот на Џинсон Мети секоја година бележи огромен раст, што е тешко остварливо за било кој друг извозник во Македонија надвор од слободните економски зони. Така, ланскиот профит на Мети е дури за 207 % поголем во споредба со профитот од 29,7 милиони евра што компанијата го остварила во 2013 година. Приходите на Џонсон Мети лати достигнаа рекордни 1,2 милијарди евра, што е годишно зголемување од 28,3%.Овој британски производител на катализатори сега прави дури 80% од целиот извоз од зоните или близу 30% од целиот извоз на Македонија. Фабриката што британската компанија Џонсон Мети ја отвори во слободната зона Бунарџик пред околу шест години за две години по влезот во земјава стана најголема и најпрофитабилна компанија

во Македонија. Џонсон Мети во 2012 година ја отвори и својата втора фабрика во Македонија со која дополнително го зголеми производството за извоз и стана најголем извозник во Македонија. Втората по големина странска компанија во зоните е Ван Хол, кој во фабриката во Бунарџик произведува автобуси. Ван Хол лани работел со вкупни приходи од 95 милиони евра, што за една година се зголемиле за 38,19% и со профит од 6,5 милиони евра, што во споредба со претходната година е зголемен за дури 95,39%. Ван Хол пред околу еден месец почна да ја гради својата втора фабрика во Македонија Кромберг и Шуберт е трета по големина компанија според приходите, која својата фабрика ја отвори надвор од зоните, во зоната Жабени во Битола, но ги ужива истите поволности како и другите странски инвеститори во зоните. Македонската фабрика на Кромберг и Шуберт за производство на автомобилски кабли лани имала вкупни приходи од близу 80 милиони евра, што е годишен раст од 64,35%. Профитот пак на Кромберг и Шуберт лани достигна 1,1 милион евра, што е годишен раст од 41,47%. Вистеон Електроникс, која има годишни

приходи од 67,6 милиони вера и е четврта по големина странска инвестиција, е единствена која влегла во загуба, која лани изнесуваше 2,8 милиони евра. Вистеон е всушност фабриката за електронски компоненти на Џонсон Контролс која беше првата странска инвестиција во Бунарџик во 2007 година, а менаџментот на фирмата веќе најави дека ќе се повлекува од Македонија. Фабриката на германската Дрекслмајер во Кавадарци лани работела со приходи од 50 милиони евра, кои за една година се зголемени за 16,45%, и со профит од 2,3 милиони евра, што е зголемен за 19,02%. Фабриката на Џонсон Контролс во Штип за производство на автомобилски седишта и навлаки, која се отвори во 2011 година, лани работела со приходи од 16,3 милиони евра кои лани се зголемиле за 15,6% и со профит од 1,18 милиони евра, кој е зголемен за 36,06% за една година. Џонсон Контролс пред околу еден месец ја започна изградбата на своја нова фабрика во Струмица, во која исто9 така ќе се произведуваат делови за автомобилски седишта и навлаки. Фабриката што американската Кемет Електроникс ја отвори во Бунарџик во 2012 година лани работела со приходи од 12,7


www.kapital.mk

Капитал број 867 10.06.2016

14

cover story

милиони евра, што е раст од 7,07%, а профитот на компанијата лани достигна 479,6 илјади евра, што е годишен раст од 101%, што е највисок раст на профитот од сите странски инвеститори во зоните.

Кои се ефектите кои Македонија ги има од странските инвестиции? Ако овие резултати се стават во контекст со сите поволности,даночни ослободувања и државна помош која ја добиваат странците за работењето во зоните, тогаш станува многу појасно зошто приходите и профитите растат со високи стапки и зошто странците одлучуваат да отворат и по две фабрики во Македонија. Колку за информација секој странски инвеститор во зоните, и некои надвор од нив, се ослободени од данок на добивка и персонален данок на доход во период од 10 години. Доколку инвеститорот направи проширување на капацитетот или воведе нови производи, рокот од 10 години му се продолжува. Понатаму странците се ослободени од плаќање на ДДВ при увоз на сите суровини, репроматеријали,опрема и машини,трошок кој мора да го плаќаат сите други извозници и тоа при самиот увоз. Понатаму ослободени се од плаќање на царина за увоз на се што им е потребно за производство, како и од секакви акцизи. Згора на тоа добиваат од државата и директна државна помош, како на пример за изградба на фабриката која може да биде до 500 илјади евра, како и надомест на трошоците за обуки и усовршување на вработените, кои ќе ги прикажат странските фабрики, во кои покрај сите трошоци за експертите кои ги ангажираат, патувањата околу обуките, влегуваат дури и трошоците за амортизација

НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ

#1

ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ

ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!

02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk

на машините и опремата за периодот додека работниците се обучувале на тие машини. И покрај сите субвенции за вработување, вработените во зоните земаат просечна плата од 260 евра, што е за околу 1.000 денари помалку од платите што во истиот сектор се земаат во домашните компании. Покрај тоа сите добиваат бесплатен приклучок до гас, вода и канализациона мрежа, е плаќаат за уредување на градежното земјите и за никакви градежни дозволи, што се трошоци кои сите други извозни фирми во Македонија мораат да ги плаќаат во полн износ. Затоа кога се зборува за резултатите за работењето на странските инвестиции во Македонија и нивните ефект врз македонската економија, секогаш треба да се имаат во предвид и овие големи поволности и субвенции кои ги користат, а кои секако чинат пари. Според професорот Сашо Арсов, има значајни подобрувања во однос на поддршката на СДИ во фискалните ослободувања и во директните субвенции во платите на вработените. „Секоја земја што има голема потреба од СДИ мора да понуди некој вид поддршка. Прашањето е до кој степен да биде таа и дали се добиваат очекуваните ефекти. Не сум сигурен дека инвестициите ги даваат екстерните, очекувани ефекти“, рече Арсов, кој сугерира да се направи квалитативна анализа на субвенциите и да се постапува селективно. Но, проблемот е што вакви издржани анализи за ефектите на странските инвестиции не може да се направат, бидејќи износите на државна помош која ја добиваат странските компании од државниот буџет е деловна тајна. Минатата година македонската јавност беше зачудена од изјавата на сопственикот на белгиски Ван Хол за еден странски магазин дека македонските власти му одобриле помош од 17 милиони евра за да отвори фабрика во земјава, што буквално ја спасило фабриката од банкротот кој и се заканувал. Неодамна Здружението на млади аналитичари и истражувачи објави Истражување за ефектот на субвенционираните странски директни инвестиции врз македонската економија. Во анализата биле опфатени девет странски субвенционирани компании за период од шест години. Нивното истражување покажало дека за период од 5 години Македонија потрошила 110 милиони евра за економска промоција и инфраструктурно уредување на зоните за привлекување на инвеститорите. Тоа резултирало со 17 компании кои вложиле или допрва ќе инвестираат 475 милиони евра и ќе отворат 16.700 работни места. Во 2014 година државна помош добиле 14 странски фирми во вредност која се движи од 104 до 150 милиони евра. Проценетиот износ на државна помош и помошта во изградба на градежен објект која ја добивале странците во овој период се движи од 104,1 до 149 милиони евра. Севкупно во Македонија по основ на нето исплатени плати и надоместоци од овие 9 компании се исплатени 30.290.680 евра во текот на 2014 година. Од 2009 година до 2014 година година овие компании имаат остварено 154,2 милиони евра добивка. Во периодот од 2009 година до 2013 година година 84% од остварената нето добивка е акумулирана, 8% е наменета за покривање на загуби, а 8% биле наменети за резерви. Во однос на ослободувањето на данокот на добивка и персоналниот данок кај 9 компании, се забележува константен пораст на сумата на ослободениот данок на добивка од 2009 до 2014 година, додека пак ослободувањето од персоналниот данок бележи раст до 2013, па во 2014та година се намалува. Севкупно во периодот од 2009 до 2014 година државата би инкасирала 22,6 милиони евра од наплата за овие даноци. Интересно е тоа што ова истражување покажа дека еден денар странски инвестиции го зголемува БДП за 0,2 денари, додека еден денар вложен од страна на домашните приватни инвеститори води до зголемување на БДП за 0,9 денари, додека еден денар вложен од страна на државата го зголемува БДП за 1,3 денари. Тоа значи дека државните пари што биле потрошени на привлекување на странски инвестиции би имале многу поголем ефект врз економскиот раст доколку биле потрошени на директни државни инвестиции. nnn



Капитал број 867 10.06.2016

16 Интервју INTERVIEW

www.kapital.mk

Николас Кфури

глобален консултант и експерт за маркетинг стратегии

Потрошувачите се сè Помалку лојални на брендовите, а бараат сè Повеќе од нив


www.kapital.mk

Капитал број 867 10.06.2016

17

Н пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

го носи во скопје николас кфури, еден од водечките светски експерти за маркетинг и брендирањеa. на 28 јуни Кфури ќе одржи предавање на тема “Маркетинг стратегија 2020“ во М6 едукативниот центар, наменето за сите што сакаат да научат како да ги освојат и задржат новите генерации потрошувачи – дигитално хипер конектирани и сè попребирливи.

Николас Кфури, еден од најбараните светски предавачи и бизнис консултанти, на 28 јуни годинава, во М6 едукативниот центар, на македонската публика ќе и ги презентира глобалните трендови што ќе го обликуваат маркетингот следниве неколку години и предизвиците со кои ќе се соочиме во “новото време”. Капитал Медиа Груп во партнерство со Институтот “Концепт“ го организира предавањето на Др. Кфури именувано “Маркетинг стратегија 2020“, на кое што посетителите ќе дознаат како да ги освојат и задржат новите генерации потрошувачи кои што се се’ помалку лојални на брендовите, а бараат се’ повеќе од нив. “Сега си имаме работа со генерации потрошувачи што се хипер - поврзани и го живеат животот претежно преку своите мобилни уреди. Овие потрошувачи се се’ помалку лојални на етаблираните брендови и ценат нешто што им пружа целосно искуство, а не само производи или услуги.“, вели, меѓу другото, Николас Кфури во интервјуто за Капитал што го направивме во пресрет на предавањето во Скопје. XX Д-р Кфури, вашето предавањето во Скопје на 28 јуни е со наслов “Маркетинг стратегија 2020“. Што конкретно ќе може да научат посетителите на овој настан? Можам да ветам дека сите учесници ќе бидат запознаени со најновите маркетинг трендови што во моментов може да ги идентификуваме во светски рамки, што, верувам дека ќе ги поттикне да почнат да мислат како да ги применат тие идеи во нивните компании. Исто така, ќе претставиме комплетна маркетиншка рамка што ќе им помогне на учесниците да го анализираат секој можен маркетинг предизвик со кого што ќе се соочат, на системски и практичен начин. XX Како би ги опишале потрошувачите на 2020? Што треба компаниите, брендовите, односно, маркетинг професионалците да знаат за нив? Треба да идентификуваме неколку трендови за да го објасниме потрошувачот на 2020 година. Некои од нив имаат врска со етичките вредности за кои што компаниите треба да се залагаат, на кредибилен начин, едноставно затоа што потрошувачите се спремни да платат и малку повеќе со цел да поддржат општествено одговорни компании. Добар пример е Fairphone, холандска компанија што се обидува да произведе мобилен телефон на начин што ќе го неутрализира


www.kapital.mk

Капитал број 867 10.06.2016

18

Интервју

штетниот ефект врз животната средина и луѓето.(пр. да не се користат традиционалните материјали за производство на мобилни телефони, како злато, тантал и сл., кои што во најголем дел се црпат во подрачја на планетава каде што има воени конфликти кои што се финансираат токму со продажбата на овие суровини, н.з.). Основачите на Fairphone го финансираа стартапот преку crowd-funding онлајн платформи, или пак бараа од нивните потрошувачи да платат за телефоните дури и пред тие да бидат произведени. Сето тоа имаше ефект, па во 2015 година компанијата беше прогласена за најбрзо растечки стартап во Холандија. Останатите трендови се поврзани со начинот на кој што компаниите прибираат неверојатни количини на податоци од своите потрошувачи... Секако, останува предизвикот како да се искористат тие. Во моментов се случува целосна трансформација на она што го знаеме како “маркетинг истражување“. XX Еден од предизвиците на маркетинг професионалците денес е како да допрат до т.н. Генерација милениумци (Generation Y), претходно борбата беше како да се освојат генерациите на “бејби бумерите“, Generation X... Што ќе ја карактеризира Generation Z, онаа што следна ќе дојде на ред, во смисла на нејзините специфични потреби и вкусови? Од технолошка гледна точка, ова е генерација што е дигитално хипер – конектирана и го живее својот живот главно преку своите мобилни уреди. Од аспект пак, на социолошките вредности, овие потрошувачи што надоаѓаат се помалку лојални на веќе етаблираните брендови, и спремни се да поддржат секаква понуда што им ветува целосно искуство и доживување, а не само обични производи или услуги. За новите брендови што доаѓаат од економиите како македонската, ова е единствена, златна прилика, да воспостават свое глобално присуство. XX Кои светски брендови вие лично би ги издвоиле како добар пример за практикување маркетинг во ера на дигитализација и хипер – конектирани потрошувачи? Има доста компании што на глобално ниво одлично се поврзуваат со своите потрошувачи, од веќе мега – елаборираните Apple и Red Bull, па сè до помалку анализираните, како Havaianas , бразилскиот бренд на сандали и влечки. Причините за нивниот индивидуален успех, нормално, варираат од бренд до бренд, иако некои заеднички карактеристики може да се идентификуваат. Ако дојдете на предавањето на 28 јуни, ќе дискутираме токму за нивниот пат до успехот. XX Како маркетинг менаџерите од една локална или регионална компанија да ги искористат сите тие информации за најновите глобални потрошувачки трендови во своите маркетинг стратегии?

Кој е Николас Кфури Д-р Николас Кфури е основач и директор на консултантската куќа “Kfuri consulting” со седиште во Германија, која што работи со клиенти од целиот свет. Кфури досега обучувал или советувал менаџери од преку 400 компании во 75 земји и е чест главен говорник на големи бизнис конференции. Негови области на експертиза се корпоративни глобални стратегии, меѓународна експанзија, маркетинг и брендирање. Тој водел проекти во приватни (големи мултинационални, средни и мали компании, како и семејни бизниси), како и компании од јавниот сектор. Кфури ги обучувал директорите на врвни светски компании меѓу кои: Coca Cola; RedBull; Inbev; Heineken; Nestlé; Cadbury Schweppes; Kraft Foods; Procter and Gamble; Henkel; L’Oréal; Johnson and Johnson; Phillips; Phillip Morris; IKEA; IBM; Microsoft; Cisco Systems; Oracle; Accenture; SAP; AT Kearney; Capgemini Consulting Österreich; PwC; KPMG; Deloitte; Ernst and Young; Tata Consultancy Services; T-Systems; BAE Systems; Porsche; BMW Group; Audi; Volkswagen; SEAT; Renault Nissan; Continental Tires; Johnson Controls; Wabco; Goodyear; HSBC; BNP Paribas... Кфури има искуство и како професор на додипломски, постдипломски студии и менаџерски програми на универзитетите во Аргентина, Австрија, Кина, Канада, Хрватска, Франција, Германија, Унгарија, Ирска, Италија, Јапонија, Мексико, Шпанија, Холандија и САД. Студентите од регионов, меѓу кои и македонски менаџери на МБА студии во Котрули бизнис школата од Хрватска и од неодамна на Универзитетот Американ колеџ – Скопје, имале прилика да ги слушаат неговите предавања за маркетинг стратегии и меѓународен бизнис.

Трендовите се токму тоа – апроксимација на тоа како може реалноста да изгледа, генерално, во блиска иднина. Сите ние мора да го истражуваме светот околу нас и да бидеме љубопитни. Тоа е единствениот начин да направиме добар маркетинг. Желбата да се учи од секој можен потрошувач треба да е дел од “генетиката“ на секој маркетинг професионалец. Се разбира, не секој глобален тренд е еднакво релевантен или применлив за секој бизнисмен или менаџер, и тука интуицијата и добрата проценка играат важна улога. Тоа објаснува во суштина, зошто постојат повеќе или помалку успешни компании. XX Со оглед на тоа што македонската економија е мала, отворена, трудоинтензивна и со ниска додадена вредност на извозот, која е најбитната работа што креаторите на државните и компаниските политики треба да ја имаат на ум кога ги прават стратегиите за раст и развој? Синергија од три фактори го зголемува потенцијалот на една земја да изгради

Ниедна земја во светот не може да се развива само со привлекување странски директни инвестиции. Не се работи само за инвестициите, туку и за сопственоста над нив. Ако извезувате огромни количини на производи, но тие припаѓаат на мултинационалните компании, тогаш во државата ви остануваат само платите за работниците, но не и профитот, кој што му припаѓа на некој друг.

Промена: Во моментов се случува целосна трансформаци


www.kapital.mk

Капитал број 867 10.06.2016

19

“Од технолошка гледна точка, 2020 е генерација на потрошувачи што е дигитално хипер – конектирана и го живее својот живот главно преку своите мобилни уреди. Од аспект пак, на социолошките вредности, овие потрошувачи што надоаѓаат се сè помалку лојални на веќе етаблираните брендови, и спремни се да поддржат секаква понуда што им ветува целосно искуство и доживување, а не само обични производи или услуги. За новите брендови што доаѓаат од економиите како македонската, ова е единствена, златна прилика, да воспостават свое глобално присуство.“

глобални брендови: Прво, владата, која што може да дејствува како стимулатор, но и кочничар на овие процеси. Нејзина задача е да креира политики што ќе промовираат претприемништво и преземање ризик; да обезбеди инфраструктура потребна за економијата да функционира во овој хипер – конектиран свет (автопати, брз интернет, пристап до финансирање, итн.); и да ги образува своите граѓани, со цел внатрешно да ги изгради потребните капацитети на сопствената работна сила. За тоа да се случи, политичарите треба да гледаат подалеку

од својот нос, што се вели, и да планираат долгорочно. Вториот фактор се бизнис организациите, како што се стопанските комори, чија што улога е да го промовираат брендот – држава (заедно со владата), да го зајакнуваат членството, да споделуваат најдобри практики, како и да лобираат во име на бизнис секторот. И на крајот, државата треба да идентификува неколку компании, што ќе дејствуваат како своевидни шампиони, лидери, во својата област, што ќе ги поттикнуваат останатите

Сите ние мора да го истражуваме светот околу нас и да бидеме љубопитни. Тоа е единствениот начин да направиме добар маркетинг. Желбата да се учи од секој можен потрошувач треба да е дел од “генетиката“ на секој маркетинг професионалец.

ија на она што го знаеме како “маркетинг истражување“.


www.kapital.mk

Капитал број 867 10.06.2016

20

Интервју

фирми во индустријата да одат напред, на начин што ќе отвораат нови пазари, не само за нив, туку индиректно и за останатите компании кои што може да профитираат од репутацијата на тој пазарен лидер. Мислам дека Македонија е спремна за ова. А, како што спомнав претходно, меѓународната сцена никогаш не била вака отворена за нови брендови од пазарите во развој, барем не од времето на Втората светска војна. XX Што мислите за концептот на развој на државите преку директни странски инвестиции, што го форсира и Македонија изминативе десетина години? Одржлив ли е на долг рок, со оглед на тоа што се креираат работни места, но не и висока додадена вредност за економијата? Ова прашање делумно го одговорив со претходново. Привлекувањето на странски директни инвестиции (СДИ) во секторите што се важни за државата и што не можат органски да растат на краток рок е сосема во ред. Но, ниедна земја во светот не може да се развива само со привлекување СДИ. Запомнете, не се работи само за инвестициите, туку и за сопственоста над нив. Ако извезувате огромни количини на производи, но тие припаѓаат на мулти-

националните компании, тогаш во државата ви остануваат само платите за работниците, но не и профитот, кој што му припаѓа на некој друг. За Македонија е важно да извезува македонски брендови, такви што им припаѓаат на домашните компании, во комбинација со СДИ во секторите што вие ќе одлучите дека се важни, секако. Привлекувањето инвестиции само по себе не мора да значи дека е лоша работа. XX Што е поголем предизвик за вас, да работите како консултант на влади или корпорации? Сте работеле ли досега со компании од регионов? Ја сакам својата работа и многу уживам во неа. Се чувствувам среќен што можам да заработувам од она што навистина го сакам. Секојдневното патување може да е напорно, но сепак, задоволството е големо од посетата на нови земји, запознавањето нови култури, луѓе, храна... секако, кога за тоа останува време надвор од работните обврски, што за жал, е ретко. На Балканот доаѓам од 2009 година, тоа е регион што последниве неколку години го посетувам многу почесто. Па, така, имав прилика да работам со неколку локални, регионални или пак меѓународни корпорации присутни овде. Сум бил тренер и обучувач на голем број менаџери од

Словенија, па сè до Бугарија. XX Што извлековте од вашите досегашни искуства со сите тие менаџери, како и со оние на кои што сте им предавале на бизнис школите во Адриа регионот, каде што сте визитинг професор, меѓу кои и на УАКС во Македонија – кои се најголемите предизвици за нив, најдобри нивни карактеристики, но и слабости на кои треба да поработат? Најголемите предизвици се двозначни: внатрешно, како да се справат со мултинационалните компании. Тоа може да е заради фактот што или нивните компании се натпреваруваат со глобални гиганти на домашен или светски пазар, или пак работат за такви корпорации, па се трудат да ги адаптираат глобалните политики на локалната средина. Надворешно, главоболка на сите им предизвикува немањето стабилна платформа за донесување долгорочни инвестициски одлуки. Таква платформа треба да обезбедат локалните влади. Сепак, има бројни примери на компании што доаѓаат од пазарите во развој, се соочуваат со слични нестабилни услови, а се успешно позиционирани во глобалната арена. Затоа, нема оправдување за никого! nnn

Бенефит: На 28 јуни ќе научите за најновите маркетинг трендови



Капитал број 867 10.06.2016

22

www.kapital.mk

Бизнис и финансии

Бизнисот бара посилна развојна банка

МБПР од сопствени извори одобри 4,9 милиони евра, од ЕИБ 83,5 милиони евра МБПР: 57,8 милиони евра од ЕИБ лани искористени за инвестиции


www.kapital.mk

Капитал број 867 10.06.2016

23 За поддршка на извозните компании, но и малите и средни фирми во земјава од градежништвото, производството, транспортот, Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) минатата година преку неколку кредитни линии финансирани од сопствени извори одобрила вкупно 4,9 милиони евра. Во истиот период, МБПР преку деловните банки во земјава продолжи да ја пласира кредитната линија од Европската инвестициска банка (ЕИБ), од која лани се искористени 83,5 милиони евра за финансирање на вкупно 481 проект. Со основен капитал од 38,6 милиони евра на крајот на минатата година, улогата на државната развојна банка да го поддржува и поттикнува развојот на македонското стопанство преку поддршка на малите и средни трговски друштва е ограничена. За споредба, хрватската развојна банка ХБОР само лани одобрила кредити во вредност од над 1 милијарда евра, кредитното портфолио на словенечката СИД за приватни фирми надминува 600 милиони евра, додека бугарската ББР само лани пласирала вкупно 190 милиони евра за развој на малите и средни фирми.

З пишува:

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

За поддршка на извозните компании, но и малите и средни фирми во земјава од градежништвото, производството, транспортот, Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) минатата година преку неколку кредитни линии финансирани од сопствени извори одобрила вкупно 4,9 милиони евра. Во истиот период, МБПР преку деловните банки во земјава продолжи да ја пласира кредитната линија од Европската инвестициска банка (ЕИБ), од која лани се искористени 83,5 милиони евра за финансирање на вкупно 481 проект. Овие кредити од ЕИБ се наменети за

финансирање на основни средства, трајни обртни средства, приоритетни проекти и mid cap компании. Најголем дел од парите лани биле искористени за нови инвестиции, и тоа дури 57,8 милиони евра, додека пак за обртен капитал, МБПР преку деловните банки пласирала околу 20 милиони евра. Но, и покрај тоа, со основен капитал од 38,6 милиони евра на крајот на минатата година, улогата на државната развојна банка да го поддржува и поттикнува развојот на македонското стопанство преку поддршка на малите и средни трговски друштва е ограничена. За докапитализација на МБПР во последните години властите не ни спомнуваат, додека пак во последната изборна програма од 2014 година, владејачката партија ВМРО ДПМНЕ напиша дека „ ќе се изврши докапитализација на МБПР со 10 милиони евра, односно по 2,5 милиони евра годишно. Овие средства ќе бидат на располагање на домашните фирми за две намени: финансирање на производството наменето за извоз и финансирање на земјоделското производство, откуп и извоз на земјоделски производи“. Од бизнис секторот оценуваат дека


www.kapital.mk

Капитал број 867 10.06.2016

24

Бизнис и финансии

државната развојна банка мора постојано да се докапитализира со пари од буџетот за да има силно влијание во олеснување на пристапот на фирмите до свеж капитал и со тоа поттикнување на развојот и отворање на нови работни места. „Ако секоја година во последните 20 години одвојувавме барем по 10 милиони евра од буџетот за МБПР, сега таа ќе имаше капитал над 2 милијарди евра“, велат домашните бизнисмени жедни за поволни кредити. Иако веќе неколку години наназад се зборува за реформи во МБПР, тие се оддолжуваат предолго. Со оглед на тоа што МБПР е акционерско друштво во целосна сопственост на државата, таа треба своите средства да ги стави во функција на остварување на стратегијата за развој, а главно како непрофитна банка, што значи да обезбеди поповолни услови на кредитирање во однос на комерцијалните банки и да ги поддржува стопанските активности за кои комерцијалните банки не се заинтересирани, велат бизнисмените. Освен тоа, тие велат дека на МБПР треба да и се дозволи да издава банкарски гаранции на фирми кои учествуваат на странски тендери, што посебно ќе им помогне на домашните градежни фирми, кои поради преголемата изложеност кон “малите” домашни банки понекогаш не можат да обезбедат банкарска гаранција за да конкурираат за некој поголем тендер. Бизнисмените велат дека доколку развојната банка се плаши да им биде конкуренција на постојните деловни банки, тогаш банките нема да бидат мотивирани да ги подобрат условите, туку развојната банка само ќе ги потврди нивните позиции на пазарот. Развојната банка мора да биде корективен фактор за намалување на каматите и за олеснување на условите кои ги нудат банките.

Суштината на постоењето на државните развојни банки е да обезбедат полесен пристап до пари и со поповолни услови отколку условите што ги нудат деловните банки. Смислата на развојната банка е да понуди подолгорочно кредитирање на развојните проекти, за кои деловните банки не се доволно заинтересирани, а имаат поволни ефекти врз економскиот развој. Покрај тоа, развојните банки би требало да поддржуваат и други економски активности, како извозот, изградба на локална инфраструктура, енергетска

ефикасност и обновливи извори на енергија, кои можат да ја зголемат конкурентноста на домашната економија. Ако не го обезбедува тоа, тогаш се доведува во прашање самото постоење на ваквите државни банки. МБПР засега нуди три групи на производи наменети за извозниците и тоа: кредитни линии, осигурување на побарувања и факторинг. Годишниот извештај на МБПР за работењето лани, покажува дека најголем дел од кредитите биле пласирани преку 12 деловни банки, а само мал дел директно

ХБОР: Во 2015 одобрени се 2.285 кредити од 1,08 милијарди евра

Contact: 022/401-985 | 070/380-755



Капитал број 867 10.06.2016

26

www.kapital.mk

Бизнис и финансии

до фирмите. Од сопствени извори на пари, МБПР нуди неколку кредитни линии и тоа: за развој на микро, мали и средни трговски друштва која што нуди заеми од 15.000 до 500.000 евра, со рок на отплата до 11 години со вклучен грејс период до 1 година и камата од 6,5% годишна. За финансирање на производство наменето за извоз бизнисмените имаат на располагање заеми од 15.000 2 милиони евра преку банки и до 1 милион евра директно, со рок на отплата до 2 години и камата од 6% годишна. За финансирање на трајни обртни средства од 3 0.0 0 0 д о 300.000 евра, со можност за отплатување до 3 години, додека пак каматата изнесува 6,5% на годишно ниво. Од четвртата кредитна линија од ЕИБ, достапни се неколку видови на кредити и тоа: инвестициони кредити што достигнуваат сума од 10.000 до 3,5 милиони евра и рок на отплата до 8 години со вклучени 2 години грејс период и годишна камата од 5,5%. За трајни обртни средства, на располагање се заеми од 5.000 до 666.700 евра, со рок на отплата до 3 години и вклучени 6 месеци грејс период. Каматата е исто така 5,5% на годишно ниво. ЕИБ нуди и кредитна линија за приоритетни проекти од областа на индустријата, образованието, културата, екологијата, и mid cap компании до 6 милиони евра и рок на отплата до 8 години. Овој заем исто така нуди грејс период од најмногу 2 години и камата од 5,5%. Освен кредити, годишниот извештај на МБПР покажува дека во текот на минатата година, македонските компании побарале

осигурување на побарувањата на домашен и странски пазар во вредност од 48 милиони евра. Од нив осигурување на извоз во износ од 42 милиони евра, што преставува зголемување во однос на 2014 година за 4%. Остатокот од 6 милиони евра е од осигурување на домашни побарувања од краткорочни комерцијални ризици во износ од 6 милиони евра што е за 29% повеќе во споредба со 2014 година. Најголем дел фирмите, 76,8%, ги осигуриле побарувањата од продажба во регионот, односно во земјите класифицирани во групата Ц каде што спаѓаат Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Србија, Русија, Романија, Малезија, Македонија. Потоа, 21,8% од фирмите извознички побарале осигурување на побарувањата за Германија, Шведска, Италија,Холандија, Франција, Швајцарија, Австрија, Канада, Велика Британија, САД. МБПР преку услугата факторинг во текот на 2015 година поддржа извоз на 4 македонски извозници кон 5 купувачи кои се лоцирани во 4 земји од регионот и ЕУ.

Како работат развојните банки во регионот?

Хрватската банка за обнова и развој (ХБОР), која е во државна сопственост, постои над 20 години и според последните податоци, само лани преку кредитирање, осигурување на извозните побарувања и издавање на гаранции, поддржала вкупно 2.589 проекти во вкупен износ од 1,72 милијарди евра што е двојно повеќе отколку во 2014 година. Одобрени се вкупно 2.285 кредити во вредност од 1,08 милијарди евра и тоа е два и пол пати повеќе отколку во 2014 година. Ова е најголемо кредитно портфолио во досегашното работење на хрватската развојна банка, а најактивни корисници биле малите и средни фирми со удел од околу 94% во вкупниот број на одобрени кредити. Од ХБОР информираат и дека минатата година се зголемил уделот на инвестициски кредити во портфолиото на 82%. Освен за извозниците, долга е листата на кредити што ги одобрува ХБОР за развој. Се одобруваат кредити за изградба на инфраструктура, за подготовки за туристичката сезона, за мали и средни фирми и особено за млади претприемачи, за земјоделски проекти.. Словенечката извозна и развојна банка (СИД), е основана во 1992 година, е извозна кредитна агенција која нуди осигурување, осигурување на извозот, издава гаранции, изработува кредитен и ризичен рејтинг, дава законски и деловни совети, помага при наплата на долгови и факторинг. Словененката извозна кредитна корпорација функционира како приватна финансиска институција, во која најголем акционер е државата, со околу 90% од капиталот. Освен државата, акционери се повеќе банки, осигурителни компании, Стопанската комора на Словенија и поголем број словенечки компании. Покрај основачкиот капитал, СИД има огромна поддршка од државата преку пари обезбедени директно од буџетот. Според последните информации, до декември лани кредитното портфолио на СИД наменето за небанкарски клиенти изнесува 605,5 милиони евра и во споредба со 2014 година бележи намалување од 5%. Сличен е планот на банката и за годинава, но со следното објаснување. „Во 2016 година кредитното портфолио на СИД банката е планирано на околу 1,46 милијарди евра, што значи дека ќе биде помало од крајот на минатата година. Причината за намалување на кредитирањето е високата ликвидност во банките во Словенија и намалените кредитни ризици, така што се намалува побарувачката за кредити од СИД. Кредитите за небанкарските клиенти ќе се фокусираат да им обезбедат финансии за редовно работење и развој“, пишува во планот на СИД за годинава. Бугарија исто така има државна развојна банка, и според последните податоци, само лани преку три програми за индиректно кредитирање преку деловните банки, лизинг компаниите и земјоделските кредитни кооперации, за поддршка на малиот и среден бизнис, пласирани се околу 190 милиони евра. nnn



Капитал број 867 10.06.2016

28 Интервју INTERVIEW

Ваутер Пломп амбасадор на Кралството Холандија

Влада со луѓе против кои СЈО води истрага не може да биде од доверба! XXЗајакнати, ангажирани и информирани граѓани се клучот на секоја демократска држава. XXЗа да се обнови кредибилитетот на процесот, потребно е да има договорен пакет за одржување на слободни, фер и инклузивни избори кои што треба да бидат комбинација на јасни услови, кредибилен план за тоа кога и како тие ќе се исполнат, како и дефинитивен датум за избори. XXСпецијалното јавно обвинителство е клучен дел од Пржинскиот Договор, но за да ја исполни нејзината улога мора да функционира како дел на независен судски систем. XXБез воспоставување на одговорност и отчет, многу тешко може да се замисли еден кредибилен излез од кризата, како и враќање кон евроатлантскиот пат.

www.kapital.mk


www.kapital.mk

Капитал број 867 10.06.2016

фото: Томислав Георгиев

29 Политичката криза којашто стана секојдневие во македонската општествена реалност и можностите за излез од неа, економските предизвици во вакви времиња, улогата на меѓународната заедница и нападите дека дипломатите работат директно на разнебитување на македонската држава, ситуацијата со медиумите и активностите на невладините организации – на сите овие теми зборувавме со амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп којшто особено ја потенцира важноста од непреченото функционирање на Специјалното јавно обвинителство. Тоа, според него, е клучната институција во Македонија во моментот, особено затоа што прислушуваните материјали открија наоди за тешки злодела: „Во било која земја каде што има владеење на правото, граѓаните би сакале да знаат што всушност се случило, и ако некое злодело се потврди, кој ќе превземе правна одговорност“, вели тој. Меѓународната заедница нема да одлучува каква влада е потребна за Македонија, но она што амбасадорот го порачува е дека – каква и да е таа нова влада, во неа не треба да има место за луѓе под истрага!

разговара:

Е

Катерина Синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk фото:

Томислав Георгиев

XX Екселенцијо, какво е чувството да се биде амбасадор во држава во којашто секојдневно сте прозивани, јавно преку клучните медиуми дека работите на разнебитување на земјата што ве примила? Да се биде амбасадор во Македонија е прекрасно, бидејќи иако оваа земја има кратка историја како целосно независна држава, истовремено има и долга историја, како и многу работи да покаже. Тука би ги спомнал убавите цркви и манастири со нивните фрески, како и многубројните стари џамии. Покрај тоа, тука се и фантастичните камени планини кои се голема атракција за мене лично. Како холандски амбасадор ова е уште попосебно, поради тоа што Македонија и Холандија имаат долготрајно партнерство започнувајќи од самата независност на земјата, која што покрај другото вклучува и нешто повеќе од 200 милиони евра помош за разновидни реформи во области како што се владеењето на правото, менаџирање со јавните финансии, земјоделство, образование и друго. Тука влегува и поддршката на бизнис климата која што содржи советодавни мисии преку ПУМ програмата за малите и средните претпријатија, како и други инструменти за поврзување кои што им помогнале на компаниите да се развијат во специфични области на интерес. Сето ова заедно со нашата постојана политика за промовирање на Македонија како атрактивна дестинација за инвестиции има придонесено да многу холандски компании основаат нивни сопствени бизниси во земјата (Havep, SteelCon, HolMak, Symphony Solutions, Anthura, Europlants, Vima Fashion, итн). На крај, ние ги охрабруваме холандските туристи да дојдат тука. Минатата година имавме 32,271 холандски туристи во Македонија со вкупен број од 169.413 ноќевања, кои и даваат на Холандија епитет на најголема земја на потекло на туристи во Македонија! Искрено, сметам дека мојата работа, како и таа на моите претходници во последните десет години била повеќе во улога на градење во Македонија отколку на разнебитување. XX Но, ги пречекоруваат ли дипломатските претставници своите овластувања преку директно мешање во внатрешните работи на државата? Продолжувањето со негувањето на оваа партнерство и помошта кон Македонија да се движи напред со нејзината реформска агенда ја прави мојата работа предизвикувачка и интересна. За жал, многу од реформите се во опасност поради тековната политичка криза, која претставува реална закана за политичката стабилност и


www.kapital.mk

Капитал број 867 10.06.2016

30

Интервју

економскиот просперитет на земјата. Секако дека ние ја изразуваме нашата загриженост со овие состојби, и тоа поради фактот што Холандија се грижи за Македонија, а ние имаме инвестирано со многу помош во оваа земја. Исто така, ние како ЕУ бевме повикани од Владата и четворицата политички лидери да помогнеме, бидејќи тие сакаат Македонија да остане на патот на евро-атлантските интеграции, кое што истовремено е заедничка цел на мнозинството граѓани во земјата. Мојата земја и јас лично го поддржуваме тоа од се срце. Нападите од медиумите на тие кои што се тука само за да помогнат се рефлектираат негативно на самите медиуми и прават голема штета на имиџот на оваа земја. Ова секако дека не го помага процесот на изнаоѓање на излез од кризата. XX Холандската амбасада е позната по силната поддршка што ја дава за зајакнувањето на невладиниот сектор и неговите обиди за реформи на повеќе општествени области. Неодамна се појавија предлози за забрана на дејствување на невладини организации во државата. Како Вие ги цените овие идеи? Зајакнати, ангажирани и информирани граѓани се клучот на секоја демократска држава. Демократијата, партиципацијата и инклузијата се интегрални делови на европското општество и темелни принципи на политиките на ЕУ, така да јас се гордеам што Холандија се обидува да помогне кон развојот на граѓанското општество во Македонија. Покрај тоа, граѓанското општество не ги претставува само апстрактните вредности како што се слободата, толеранцијата, еднаквоста и плурализмот, туку едноставно е одраз на тоа што граѓаните можат да направат заедно за да ја направат нивната земја подобро место за живеење.

Слушањето и земањето во предвид на различните гласови и мислења е од особена важност за време на кризи како што е моменталната во Македонија, која што бара консултативни процеси кои што вклучуваат колку што е можно повеќе повеќе актери и страни во општеството. Единствено кога граѓаните учествуваат активно, демократијата во полна смисла на зборот може да биде реалност.

Пред законот да одговараат сите без селекција! XX Во целата политичка мешаница, каде го гледате излезот? Клучот за излез од кризата лежи во политичките лидери на земјата. Тие се оние кои што треба да одлучат каде сакаат да ја видат нивната земја после пет или десет години и да работат на модалитетите како да ја доведат таму. Земјата има потреба од заедничка визија за нејзината иднина, а ова може да се создаде само преку инклузивен и транспарентен процес, кој што ќе го вклучи граѓанското општество, бизнис заедницата и другите релевантни странки. Одговорноста и почитувањето на владеењето на правото од сите е од најголема важност. Ова вклучува непречена поддршка на Специјалното јавно обвинителство. Во овој контекст, скорешната одлука на претседателот Иванов конечно да ја повлече одлуката за аболиција за сите беше неопходен и важен чекор за обновување на принципот на одговорност и еднаквост на сите пред законот. Исто така, како што и спомна мојот Министер скоро, за да се обнови кредибилитетот на процесот, потребно е да има договорен пакет за одржување на слободни, фер и инклузивни избори кои што треба да бидат комбинација на јасни услови, кредибилен план за тоа кога и како тие ќе се исполнат, како и дефинитивен датум за избори.

XX Имаат ли капацитет актуелните политички лидери за решавање на проблемот или сметате дека решението е во формирање на експертска влада? Не е до меѓународната заедница да одреди каков вид на влада е најдобар за да се имплементира еден таков пакет, туку до избраните претставници и земајќи ги во предвид мислењата на различните странки. Откога претседателската аболиција предизвика таков немир во земјата, по се изгледа дека учеството на лица кои што подлежат на истраги од страна на Специјалното јавно обвинителство во било каков вид на влада би ја поткопала довербата на граѓаните во самиот процес. На крајот, не е прашање дали политичките лидери имаат капацитет, туку прашање на покажување на политичка волја при изнаоѓањето на најдобриот пакет на можни решенија. Единствено со целосно почитување на принципите на инклузивност, кредибилитет и одговорност ти би можеле да ја изнесат земјата надвор од кризата.

СЈО мора да работи непречено – од прислушуваните материјали излегоа наоди за сериозни злодела XX Како ја гледате позицијата на Специјалното јавно обвинителство? Се борат ли Јанева и нејзиниот тим со ветерници? Би рекол дека нивната улога е всушност да донесат малку ветер на постоечките ветерници. Специјалното јавно обвинителство е клучен дел од Пржинскиот Договор, но за да ја исполни нејзината улога мора да функционира како дел на независен судски систем. Значи, не само што треба да го поддржиме Специјалното јавно обвинителство (СЈО), туку и другите инволвирани институции кои што треба да ја завршат нивната работа без влијанија од

Не може да се очекуваат економски резултати во ваква политичка нестабилност XX Што со економијата во вакви услови? Кои се вашите оценки кога разговарате со компаниите и домашни и странски, на што најмногу ви се жалат и со какви проблеми се соочуваат? Политичката стабилност е многу битна за растечки економии како што е Македонија, и многу често е одлучувачки фактор за странските инвеститори. Континуираната политичка криза со која се соочува Македонија секако дека има ефекти на економијата и бизнис климата. Еден конкретен ризик, како што беше воочено скоро од страна на Гувернерот на Народната Банка на Република Македонија (НБРМ), е тоа дека проектираниот раст на економијата во Македонија може да се преполови ако политичката криза не се реши до крајот на годината. Неизвесната политичка ситуација исто така остава простор за никнување на спекулативни модели, како што беше скорешното повлекување на депозитите од страна на домаќинствата и кое што беше на крај добро менаџирано од страна на НБРМ. Истото важи и за бизнисите кои што имаа потреба од функционални институции и политичка стабилност. Затоа странските и домашните инвеститори се борат со неизвесноста која што крајно ќе се рефлектира на нивните одлуки дали да започнат бизнис во Македонија. Бројните дебати во земјата во последно време, вклучувајќи ги и тие на стопанските комори, исто така покажуваат дека политичката криза има големо влијание на инвестициите и на целокупната куповна и потрошувачка моќ. Но да се навратам на заедничката визија на земјата, верувам дека сите бизниси и граѓани на Македонија би се согласиле дека тоа што им треба најмногу е стабилност, раст и подобрување на нивниот животен стандард. Затоа е битно да политичарите превземат одговорност и им обезбедат на граѓаните тоа што ним им е потребно и тоа што тие навистина го посакуваат.

Пломп: Ангажирани и информирани граѓа


www.kapital.mk

Капитал број 867 10.06.2016

31

XX Реформата во медиумската сфера е една од клучните за коишто самата ЕУ и вие како дипломатски кор се залагате. Но, како да се реформира кој и да е сектор ако во обидите за реформација се прават преку оние кои го креирале проблемот? Слободата на говорот е темелно право бидејќи заштитува многу други права и слободи. Медиумите кои што ја обезбедуваат платформата преку која ова право се практикува имаат клучна улога во овој контекст. Поради оваа улога и прилично уникатната медиумска ситуација која се развила во Македонија (никаде друго во Европа нема толку многу медиуми за толку малку слушатели/гледачи), реформата во медиумите е суштински дек од Пржинскиот Договор и Ургентните Реформски Приоритети. Секако, како и во другите области не постои нешто како „еден број за сите„, така да решението мора да биде кроено преку инклузивен и транспарентен процес каде ќе се слушнат гласовите на сите страни, и на крајот тоа мора да биде решение на Македонија. Регулаторните тела ја имаат улогата да ги обезбедат проверките и балансот за да спречат злоупотреба на медиумите. Само-регулаторните тела, како што е Советот за Етика на Медиуми на Македонија, ги соединуваат сите медиуми за да ја обезбедат платформата каде што самите медиуми можат да разговараат за проблемите, Ова е поради фактот што медиумите ја разбираат нивната средина подобро оф владата и ова може да стимулира придржување кон правилата и издигнување на стандардите. Така да сите страни имаат своја улога и треба да бидат инволвирани. Во почетокот на годината, речиси сите медиуми ја потпишаа Повелбата за етичко известување на медиумите, така да сега треба да се придржат кон принципите на кои што го ставија нивниот потпис.

фото: Томислав Георгиев

Никаде во Европа нема толку медиуми за толку малку публика – Македонија е уникатен случај!

страна на политичките партии или државните институции. СЈО се основаше за да ги испита од правен агол доста сериозните наводи кои што произлегоа од прислушуваните материјали. Овие наводи мора за се истражат темелно, делумно поради тоа што тие го претставуваат: наводи за сериозни злодела. Во било која земја каде што има владеење на правото, граѓаните би сакале да знаат што всушност се случило, и ако некое злодело се потврди, кој ќе превземе правна одговорност. Без воспоставување на одговорност и отчет, многу тешко може да се замисли еден кредибилен излез од кризата, како и враќање кон евроатлантскиот пат.

И земјите од регионот имаа проблеми во своите европски интеграции, но тие ги надминаа и одат напред XX Политичката криза сосема го измести фокусот од европските интеграции на Македонија, веќе никој не ни зборува на таа тема. Регионот оди напред, Србија, Црна Гора, дури и Косово... Каква е опасноста за нас во вакви регионални околности? Ова е многу добро прашање, и постои сериозен ризик да Македонија заостанува. Земјите во регионот исто така се соочуваат со предизвици, и секако дека имало некои тешки тесни грла кои што ги тангирале и нив во минатото, но преку еден процес на преговори и олеснување тие успеале да решат некои од проблемите кои што ги забрзале нивните евро-интегративни процеси. Сметам дека ова се позитивни примери кои што треба да помогнат и да ги мотивираат политичките лидери во Македонија да ги прескокнат нивните сенки и да ја доведат земјата напред, како и да помогнат целиот регион да

се движи со ист ритам. Тековните преговори и активното инволвирање на ЕУ во процесот на изнаоѓање на решение покажува дека ЕУ сака Македонија да успее да ја надмине оваа криза и да се врати на ЕУ патеката. XX Како ја гледате улогата на самата Европска Унија? Многумина европски политичари не штедат критики кога велат дека доколку се исполнеше Солунската агенда и Македонија станеше дел од ЕУ, ова сега немаше да се случува... Секој е одговорен за својата иднина, но може ли ЕУ сосема да се амнестира од одговорност? Имам потполно разбирање за тоа дека спорот со името со Грција претставувал пречка во овој процес. Меѓународната заедница се обидува да помогне преку олеснителниот процес во рамки на Обединетите Нации и јас искрено се надевам дека двете земји ќе најдат решение за билатералниот спор кој што веќе долго време ја попречува целокупната цел на земјата и фактички регионалната стабилност. Во секој случај, и покрај оваа пречка, Македонија аплицираше за членство во ЕУ и покажуваше долго време одлични резултати во дизајнирањето и имплементацијата на неопходните реформи. Само што во последните неколку години, процесот се соочи со застој а во скоро време земјата почна да бележи уназадување во многу области. Ние сме биле и продолжуваме да бидеме тука да и помогнеме на земјата да се врати на првичниот ритам, но клучната одговорност за ова лежи – пак – во политичките лидери на земјата. Самото наше присуство денеска тука и нашето активно инволвирање во изнаоѓањето на излез од политичката криза покажува дека ние превземаме одговорност да им помогнеме на земјите кандидатки како Македонија во соочувањето со нивните предизвици. nnn

ани се клуч на секоја демократија


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

Продажба и дистрибуција

16 Јуни

2016

Господари на трговските полици Почнувајќи како мали трговци и дистрибутери, изминативе 20-тина години неколку компании во Македонија пораснаа во вистински гиганти на пазарот, мерено според нивните приходи и добивки. Само за илустрација, меѓу 15-те најголеми фирми во земјава според остварените приходи, три се во секторот трговија и дистрибуција. Во специјалниот прилог “Продажба и дистрибуција: Господари на трговските полици“ ќе анализираме кои се најголемите играчи во овие бизнис сектори и како тие се трансформираат во согласност со новите технолошки трендови и променетите навики на потрошувачите. Од разговорите со водечките луѓе во овие компании, но и нивните клиенти и соработници, ќе направиме увид во тоа што значи да се биде одговорен за редовно снабдување на граѓаните со сите стоки за широка потрошувачка.

Во специјалниот прилог што ќе излезе на 10.06.2016, меѓу другото, ќе анализираме:

l Кој е кој меѓу трговците на мало и големо: ги рангираме најголемите играчи l Производители Vs трговци: кој ги диктира условите на пазарот l Иновации во синџирот на снабдување колку тие се применуваат кај домашните трговци и дистрибутери l Од прва рака со сопствениците/менаџерите на најголемите малопродажни синџири и дистрибутивни компании l Топ 5 глобални малопродажни трендови во 2016

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

Лицe за контакт:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА



Капитал број 867 10.06.2016

34

www.kapital.mk

Бизнис и образование

Се сведе ли реформата во високото образование само на отворање нови факултети?

Три пати повеќе факултети, a студенти се помалку

Ако во 2005 година Македонија имала само 41 факултет, денеска тој број изнесува дури 120. Во споредба со тројно зголемениот број на факултети, бројот на студенти незначително се зголемил, од 48 илјади студенти во 2005 на 59 илјади во 2015. Притоа, дури четвртина од дипломираните седат дома без работа. Но, и покрај ваквата поразителна статистика трендот со отворање на нови факултети продолжува – од септември започнува со работа Универзитет „Дамјан Груев“ во чиј склоп ќе бидат отворени 9 нови факултети. Овие податоци логично ги наметнуваат прашањата – од каде потребата од отворање на нови универзитети, кога бројот на студенти незначително се зголемува, и колку отворањето нови факултети ги преставува потребите на бизнис секторот, ако се знае дека расте бројот на дипломирани студенти кои седат дома без работа?! И секако, клучното, зошто никој не ја адресира потребата од намалување или целосно укинување на квотите на одредени насоки од каде најголем број од дипломирани се невработени?

ЕУ извештај: ¼ од дипломираните студенти седат дома без рабо


www.kapital.mk

Капитал број 867 10.06.2016

35

A пишува:

Габриела Делова

gabriela.delova@kapital.mk

Ако една деценија претходно дипломата од факултет беше „виза“ за брзо вработување (во 2005 година само 5% од дипломираните биле невработени), денеска овој тренд бележи надолна линија. Последните податоци на Агенцијата за вработување покажуваат дека дури четвртина од дипломираните студенти седат дома без работа, а многумина овој податок го гледаат и како причина што бројот на дипломирани студенти постојано се намалува (14% помалку студенти дипломирале лани во однос на 2014 година). Но и покрај ваквите загрижувачки податоци трендот со отворање на нови факултети постојано расте, а притоа никој не ја адресира реалната потреба од никнување нови образовани институции, или евентуално потребата од намалување или целосно укинување на одредени видови студии во рамките на универзитетите, како што е тоа пракса во развиениот свет. Последните податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека за една деценија дури тројно се зголемил бројот на ново отворени факултети во земјава, а за сметка на тоа бројот на запишани студенти во истиот период бележи незначителен раст од само 23,2% запишани студенти. Или поедноставно, за само 11 илјади нови студенти во последните 10 години, државата отворила дополнително 79 нови факултети. Имено, како што покажуваат податоците на статистичкото биро, во 2005 година во Македонија имало 41 факултет, додека денеска земјава брои дури 120 факултети. Во истиот период пак, растот на нови студенти е само 23,2%, од 48.167 студенти запишани во 2005/2006 на 59.359 студенти запишани во 20015/2016. Гледано просечно, во една година во земјава се отвораат 7,7 нови факултети за само 1.100 нови студенти. Напоредно со бројот на ново отворени факултети, расте и бројот на наставници. За една деценија бројот на наставен кадар во високото образование бележи раст од 40%. Односно, во 2005 година во Македонија имало вкупно 2.857 наставници на факултетите, додека денеска наставничкиот кадар брои 3.980, што е зголемување од 1,123 наставници за десет години.

БРОЈ НА ФАКУЛТЕТИ, СТУДЕНТИ И ПРОФЕСОРИ Број на факултети Државни Приватни Број на студенти на државни на приватни Број на професори на државни на приватни Број на дипломирани студенти државни приватни

2005 41 41 0 48167 48167 / 2857 2857 / 5383 5383 /

2015 118 61 57 59359 52115 7244 3980 3240 740 8458 6389 2069

БРОЈ НА ДИПЛОМИРАНИ СТУДЕНТИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 5 ГОДИНИ Вкупно Државни Приватни

Гледно по студент пак, тоа значи дека на секој 10-ти ново запишани студент се вработува еден нов наставник. Но и покрај ваквата поразителна статистика, државата не запира со отворање на нови факултети. Последната година доста жестока е дебатата околу владината одлука да отвори нов универзитет. Станува збор за државниот Универзитет „Дамјан Груев“ кој треба да започне со работа од септември оваа година. На истиот, според најавите ќе бидат отворени девет факултети, со што вкупната бројка на факултети во Македонија ќе порасне на 129.

Четвртина од дипломираните студенти се без работа

И додека нејасни остануваат причините зошто државата продолжува со политиката на отворање на нови факултети, кога

2010 9944 7759 2185

2015 8458 6389 2069

„пазарот“ покажува дека нема особена потреба од тоа, многу јасни се податоците за проблемите со кои се соочуваат дипломираните студенти кога ќе излезат на пазарот на труд. Последните извештај на Агенцијата за вработување на Македонија за 2015 година покажува дека од вкупно 114.979 невработени лица во земјава, дури 13,7% од нив или 15.758 се со завршено високо образование – односно со факултетска диплома. Десет години претходно, пак, бројот на невработени со високо образование преставувал само 5% од вкупниот број невработени, што значи дека напоредно со зголемувањето на бројот на факултети значително се зголемува и бројот на невработени дипломирани студенти. Според истиот извештај, најголем дел од невработените се дипломирани економисти

ота, најмногу со диплома од економски и филолошки факултет


www.kapital.mk

Капитал број 867 10.06.2016

36

Бизнис и образование Бројки

120

факултети работат во Македонија денес, а од септември се очекува бројката да се зголеми за уште дополнителни 9

119%

е зголемен буџетот за образование, но квалитетот се уште е слаб. Дури 38% од компаниите не се многу задоволни од кадарот кој го вработуваат и правници, но и дипломирани фололози и психолози. Од друга страна пак, се уште за најголемиот број на студенти во Македонија изборот се токму Економски, Правен и Филолошки факултет. Лани, за академската 2015/2016 година на економски факултет се запишале 2.050 студенти, на Филолошки 888 студенти, а на Правниот 832. Споредено со 2005 година, бројот на запишани студенти на Економски и Филолошки е двојно зголемен, додека на Правен - тројно. Значително помал е бројот на студенти кои се запишале на технички науки – само 303 студенти, и на информатички науки вкупно 576. Во последниот извештај на ЕУ за напредокот на Македонија, официјален Брисел го адресира токму ова прашање: „Вкупниот процент на дипломирани студенти во работната сила се зголеми за 4 % до 18 % од работната сила помеѓу 2009 и 2013 година. Меѓутоа, една четвртина од дипломираните студенти се невработени, бидејќи најмногу работни места се концентрирани во ниско продуктивните сектори. Главните предизвици и понатаму се ниското учество во пазарот на трудот (особено кај жените), неусогласеноста на вештините и ограничените можности за вработување во напредните индустриски сектори“, стои во извештајот на ЕУ. Оттука, за да се постигнат значајни подобрувања во продуктивноста на трудот, образовниот систем би требало да има придобивки од тесната поврзаност на образовните програми и работодавците, вклучувајќи ги и странските инвеститори кои работат во секторите со повисока додадена вредност, препорачуваат од Брисел. Но и покрај ваквите критики, место длабинска реформа, реформите во образованиот систем се сведоа на воведување на државни и/или екстерни испитувања, тестови на кои

119% пораснал буџетот за високо образование за една деценија

В

о однос на средствата пак што државата ги одвојува за развој на образованието, статистиките се следни – буџетот на Министерството за образование и наука за една деценија пораснал за 88%, буџетот за високо образование за 119%, додека пак буџетот на Бирото за развој на образованието за една деценија пораснал за дури 240%. Но и покрај ваквото зголемување на средствата што се трошат на образование, резултатите во однос на квалитетот на образованието се во надолен тренд. Иако не постои статистика која прецизно го мери квалитетот на образованието, општата констатација во јавноста е дека и покрај инвестициите во образованието, квалитетот вртоглаво опаѓа. Недостатокот од квалитет кадар го посочуваат и домашните компании но и странските инвеститори во земјава. Во последната „Бела книга“ изработена од Светот на странски инвеститори при Стопанската комора за 2014-2015 година се заклучува следново: „Фирмите во Македонија се соочуваат со тешкотии да најдат лица со потребните знаења и вештини на пазарот на трудот... Образованиот систем во земјата не успева да остане во чекор со брзите и чести промени на пазарот на трудот... Советот препорачува во иднина да се инвестира во вистинскиот вид на образование со цел младите да се здобијат со структурни реформи, кои би ја подобриле деловната клима и би ја зголемиле побарувачката на работници“, пишува во Извештајот на овој Совет. Според Извештајот на овој совет, 36% не се многу задоволни од квалификуваната работна сила, задоволни се 48% од компаниите, а само 12% се многу задоволни. Во интервју за магазинот Капитал, Атанас Кочов, декан на Машински факултет, инаку кандидат за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ смета дека итно е потребно да се донесе нов Закон за високо образование, но смислата и целта неколкупати до сега беше доведена во прашање од самата академска јавност. Честопати имаше и повлекување

и дека сите факултетите треба да воведат промени со кои ќе станат претприемачки насочени во согласност со најновите текови за развој на високото образование во Европа и пошироко. „Мора да се донесе нов Закон за високото образование во земјава и Стратегија, усогласени и хармонизирани со eвропските. Со таков пристап, ќе се обезбедат услови за уште поголемо унапредување на капацитетите на Универзитетот, унапредување и осовременување на наставните планови и програми, воспоставување на систем за обезбедување на висок квалитет и подобрување на наставно-образовниот процес, спроведување на процес на целосна внатрешна евалуација на студиските програми. Основниот приоритет во однос на наставно – образовниот процес за наредниот период е подигање на нивото на реализација на наставната дејност на сите циклуси на студии, преку поголемо ангажирање и вклученост на наставниот кадар и соработничкиот кадар, како и студентите во наставните програми, домашните научноистражувачки, меѓународните – билатерални и мултилатерални проекти, објавувањето на научни трудови во списанија соодветни за секоја научна област, како и применувачките, односно апликативните дејности“, вели Кочов. Поранешниот министер за образование, Ненад Новковски, професор на Природно – математичкиот факултет, кој е исто така во трка за ректорската позиција на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во својата програма за реформа на образованието како главни цели во реформата на високото образование ги гледа пред се унапредување на автономното однесување на универзитетот, модернизација на студиските програми и ефикасна употреба на материјалните ресурси и суштинско збогатување на научно – истражувачката инфраструктура. на некои тестови поради неточноста или нелогичноста на прашањата со понудените одговори. nnn

Статистика: 7,7 факултети се отвораат годишно за само 1.000 нови студенти



www.kapital.mk

Капитал број 867 10.06.2016

INTERVIEW Интервју 38

Д-р

ГерД ВасенберГ

визитинг професор на Универзитет американ колеџ-скопје

ПретПриемништВото треба Да се разВиВа на сите ниВоа Во ДржаВата

не само луѓето во академската средина треба да се поттикнуваат да станат претприемачи. Потребно е да се создаде иновативна и претприемачка клима во постоечките компании преку предавања во училиштата и универзитетите, давање на информации на секоја страна заинтересирана за отпочнување на сопствен бизнис од страна на финансиските институции и локалната, регионалната и националната политика. XX Професорe, кажете ни накратко за предметот кој го предавате на МБА студентите на уАКС? Што можат да научат студентите од вашето меѓународно искуство кое го споделувате со нив? Започнувајќи од 2014-та година, јас го предавам предметот Меѓународен маркетинг на МБА студентите на Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС). За време на предавањата, тие имаат можност да научат како да применат активен маркетинг на глобалните пазари, пред с$, на пазарите во Европа. Воедно, тие се стекнуваат со знаења како да управуваат со анатомијата на маркетингот, како да водат грижа за ризиците, особено за оние кои се застапени во различните култури низ светот, но и како да управуваат со традиционалните и современи инструменти на маркетингот.

Како професор, настојувам да им овозможам на студентите да почувствуваат дел од моето искуство кое што го имам стекнато и кое сè уште го стекнувам во неколку земји во Европа, како и во земјите на американскиот континент. XX Колку сте задоволни со квалитетот на МБА кандидатите на уАКС во поглед на нивните вештини, подготвеност, креативност, итн.? Она што можам да го истакнам е дека сум особено задоволен и импресиониран од студентите кои ја следат МБА програмата на УАКС. Тие се подготвени за мојот предмет, дури и пред почетокот на предавањето и поседуваат т.н. меки вештини за презентација на своите задачи и проекти и меки вештини за комуникација. Студентите на УАКС кои досега сум ги запознал се особено креативни и пројавуваат интерес за

нови знаења во областа на меѓународниот маркетинг и останатите области. XX Какво е вашето мислење за МБА програмата на уАКС во целост? Сметам дека наставната МБА програма која ја нуди УАКС е добро конципирана. Истата им овозможува на студентите по завршувањето на студиите и стекнувањето на домашна и меѓународно призната диплома да се вработат на високи работни позиции во деловната заедница во Македонија и во странство. XX Која е според вас конкурентската предност на уАКС во споредба со останатите високообразовни институции во Македонија? Несомнено, јазикот на изведување на наставата, односно англиски јазик, е една од најзначајните компетитивни предности


Што добивате со он-лајн претплата на Капитал: претплата на 1. Со електронското издание на Капитал

заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

за најава од 2.Можност три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

до 3. Пристап електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал: l 49 броја на редовното издание на Капитал l 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал l Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа l Платена поштарина l Вклучено ддв l Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози


www.kapital.mk

Капитал број 867 10.06.2016

40

Интервју

на УАКС. Потоа, она што го издвојува УАКС од останатите високообразовни институции во Македонија е ангажирањето на наставен кадар од земјите во странство, кое што им озвоможува на студентите на МБА програмата да стекнат знаења и вештини од професори кои предаваат на реномирани високообразовни институции во Европа и светот и да имаат меѓународно искуство во текот на студиите. УАКС е исто така единствен претставник од Македонија кој членува во академската мрежа Решица, која што овозможува воспоставување на соработка меѓу универзитетите во Западен Балкан и универзитетите во Германија. XX Слушнавме дека сте биле во посета на македонски извозни индустрии досега. Што би можеле да ни кажете за нивните бизнис практики и најголемите предизвици со кои што тие се соочуваат во своето работење? Да, во текот на изминатите две години, бев во посета на неколку компании кои вршат извоз на добра и услуги. Најголемиот предизвик во работењето на овие компании е глобализацијата, која што е се поинтензивна секој ден. Последица од овој процес е зголемувањето на интензитетот на конкуренцијата во светски рамки. Притоа, за да се надмине овој предизвик, ќе биде потребно да се научи како да се менаџира интеркултурната компетенција и знаење и како постојано да се вреднува искуството на компаниите кои доживеале неуспех во своето работење. XX Македонските компании се незадоволни од фактот што државата ги фаворизира директните странски инвестиции, на штета на развојот на домашните бизниси. Какво е вашето мислење? Кој би бил најсоодветниот начин да се создаде балансирана стратегија за поттикнување на странски директни инвестиции, без занемарување на потребите на домашните компании? Вакво незадоволство е добро познато насекаде, не само во Македонија. Мног у земји, без разлика дали се индустријализирани или не, се соочуваат со проблеми на традиционално индустриските или земјоделските структури на своите економии. Тие е потребно да ги променат овие структури во случај и кога треба да вработат луѓе на постоечките работни

Кој е проф. Герд Васенберг

П

рофесор Васенберг е визитинг професор на Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС), каде предава Меѓународен маркетинг на МБА студенти во последните три години. Сепак соработката со УАКС е подолга од пет години, каде во рамки на Решица – академска мрежа за развој на претприемништво во Југоисточна Европа се развиваат и имплементираат голем број едукативни и истражувачки проекти во текот на годината Проф. Васенберг е професор по Маркетинг, Претприемништво и Интеркултурен менаџмент на неколку универзитети во Германија (WestfälischeHochschule Campus Bocholt, Aachen University of Applied Sciences and at Essen-Duisburg University) и визитинг професор за Претприемништво и регионален развој на два универзитети во Бразил, и Меѓукултурен менаџмент на универзитетотCENTRIA UAS, Kokko-la/Ylivieska во Финска. Освен академското искуство професорот е врвен и признат консултант на повеќе значајни мали и средни претпријатија како претседавач на управни и советодавни одбори, но и како сопственик и косопственик на неколку претпријатија. Бил владин консултант за Регионален трансфер на технологија на германскиот регион Северна Рајна Вестфалија (State Government of North Rhine Westphalia) и директор за маркетинг и деловен развој на владината програма за економски развој на Ирска. позиции и кога треба да отворат нови работни места. Разбирливо е дека постоечките компании би сакале да го сочуваат својот удел на пазарот. Но, ние не можеме да ја запреме глобализацијата и последиците од неа. Воедно, конкуренцијата ја поттикнува креативноста и моќта за иновации во постоечките компании. Она што можам да го истакнам од моето досегашно искуство е дека би било добро да се привлекуваат странски директни инвестиции во бизнис секторите што се нови за една земја и што имаат добра перспектива. XX Кои се најдобрите практики за поттикнување на старт-ап бизниси и претприемништво во земјите во кои имате работено? Согласно моето досегашно искуство, најдобриот начин за поттикнување на стартапите е создавање иновативна и претприемачка клима преку разработка на сеопфатна рамка. Тоа значи дека не само луѓето во академската средина треба да се поттикнуваат да станат претприемачи. Потребно е да се создаде иновативна и претпримачка клима во постоечките компании преку предавања во училиштата и универзитетите, давање на информации на секоја страна заинтересирана за отпочнување на сопствен бизнис од страна на финансиските институции и локалната, регионалната и националната политика. Основата за поттикнување на старт ап

бизниси и претприемачки дух се наоѓа во помалата бирократија, давање на поголем мотив на луѓето кои што имаат желба за започнат сопствен бизнис, понуда на ризичен капитал и грантови или субвенции за создавање на почетни бизниси. За крај, би сакал да напоменам дека еден од најзначајните фактори е тоа што ние не смееме да си дозволиме јавно да ги осудуваме претприемачите кои доживеале неуспех во својот бизнис. Потребно е да им помогнеме да извлечат поука од неуспехот и да ги мотивираме да искористат втора можност за отпочнување на сопствен бизнис. XX Ако ве праша некој да дадете три битни совети за еден претприемач, кои би биле тие? Пред сè да се биде отворен и искрен, а потоа да се мотивираат вработените, бидејќи во суштина тие ги претставуваат првите клиенти на компанијата. За ова можам да цитирам една кратка мисла кажана од некој мудар човек – „Доколку сакаме да блескаме однадвор, најпрво мора да имаме искра одвнатре“. Третиот совет се однесува на соработка на малите и средните претпријатија и заедничко делување на странските пазари. Има доволно примери кога настапот на една компанија на меѓународен саем е прилично тежок, но сè би било далеку полесно доколку две или три помали заеднички се претстават на вакви настани. nnn



Капитал број 867 10.06.2016

42

www.kapital.mk

балкан бизнис и политика

Протести за поддршка на реформата на хрватското образование

Хрватите масовно станаа против политиката што им ја загрозува иднината

„Од празните зборови и евтините политички поени на оние кои моментално се или порано биле моќни, оваа земја нема многу добиено“, изјави првиот човек на реформата на образованието во Хрватска, Борис Јокиќ, оградувајќи се од обидите за политичко профитирање на партиите на сметката на проектот што го води. А над четириесетте илјади протестанти низ градовите во земјата кои излегоа да алармираат за опасноста реформата да биде искомпромитирана од политиката порачаа дека “играат на иднината - на децата со поквалитетно знаење - кои нема да полнат автобуси за Штутгарт, туку ќе знаат како да им биде подобро овде“

Граѓаните: Заштитете го образованието од п


www.kapital.mk

Капитал број 867 10.06.2016

В

Во средата (1 јуни) над 40.000 граѓани на Хрватска, меѓу нив и бројни Хрвати кои живеат во други држави, излегоа на протест. Ваквата масовност не беше постигната со моќта на партиската логистика - за соборување на власта или контра, за поддршка на власта во земјата - туку за протестите што се одржаа во Загреб и во уште десетина хрватски градови беше доволен поводот - давањето поддршка на реформите на образованието, односно, спречувањето на опасноста истите да бидат искомпромитирани од политиката. Се протестираше за поддршка на целосноста на курикуларната реформа, во организација на иницијативата „Хрватска може подобро“, со свест дека на политичарите мора јасно да им се покажат црвените линии, преку кои не би смееле да одлучуваат, секогаш водени од еднострани, најчесто дневно-политички интереси, наметнувани од позиција на власт. Во Загреб, на плоштадот Бан Јосип Јелачиќ, според проценките на полицијата протестираа 25.000 луѓе. Меѓу говорите изнесени на протестот што најмногу беа цитирани од медиумите, најилустративен беше оној на мајката Ивана Кекин. „Чест ми е да ви се обратам од ова место, како родител на дете кое ја користи моменталната образовна програма, но и јас, лично, како долгогодишен конзумент на истата. Нема да кажам ништо особено ново, но бидејќи повторувањето е мајка на знаењето, вреди да повториме – ние родителите кои сме денеска овде сме луѓе кои не сме ја загубиле надежта дека оваа земја има шанса. Хрватска може подобро. Ние играме на иднината. На утрешнината. На децата кои ќе знаат подобро отколку што нам ни беа скроени училиштата, можностите и фрустрациите. Кои нема да полнат автобуси за Штутгарт, туку ќе знаат како да им биде подобро овде“, порача Кекин од бината на протестот. Истиот беше најавен откако првиот човек на реформата (преводник на експертскиот тим), Борис Јокиќ (докторирал на Кембриџ на тема „Науката и религијата во хрватското основно образование: ставови и перспективи на учениците“) побара да биде разрешен поради вмешување на политиката во процесот. По шеснаесет месеци работа експертската група на Јокиќ заклучи дека немаат довол-

43

Хрватите протестираа за поддршка на целосноста на курикуларната реформа, покажувајќи свест дека на политичарите мора јасно да им се покажат црвените линии, преку кои не би смееле да одлучуваат, водени од еднострани, најчесто дневнополитички интереси, наметнувани од позиција на власт

на поддршка од надлежните државни институции (ова по промената на власта, односно по враќањето на ХДЗ во Владата ) за спроведување на реформата, за која има активна поддршка од Хрватското здружение на работодавачи, од Хрватската стопанска комора, од Хрватската занаетчиска комора, кои особено ја нагласуваат важноста на промената во стручното образование во кое во земјата се вклучени 75% од средношколците. Својата доследност во настојувањето реформата на образованието да биде ослободена од политиката, Јокиќ ја покажа и со тоа што го нападна поранешниот премиер Зоран Милановиќ (во чиј мандат реформата почна) поради неговите обиди политички да поентира од ситуацијата. „Ги молиме политичките партии да не ја присвојуваат курикуларната реформа. Таа од самиот почеток е осмислена како национален проект и вистинско место на заедништво и дијалог во кој учествуваат експерти со многу различни светогледи. Бидејќи нашата работа се протега преку мандатите на две различни Влади, запознати сме со ниското ниво на поддршка за реформата, но и општо на образованието. Затоа наместо декларативна поддршка, ги молиме сите политички опции да ги стават образованието и науката како свои приоритети, да го зголемат вложувањето во науката и во образованието, да им обезбедат на децата и на родителите подобро образование. Од празните зборови и евтините политички поени на оние кои се моментално или порано биле

моќни, оваа земја нема многу добиено“, изјави Јокиќ. Од самиот протест „Хрватска може подобро“, беа упатени четири барања до Владата, до Парламентот и до политичката елита. Првото барање беше да им веруваат на експертите за образование, на нивното знаење, чесност и посветеност на реформите, и да им дадат слобода да ја завршат работата до крај без притисоци, интервенции и цензура. Второто барање беше Парламентот едногласно да донесе заклучок за поддршка на оваа реформа, за експертскиот тим и за овој модел. Како трето се бараше донесување резолуција за образованието како стратешки национален интерес на кој ќе се обврзат оваа и сите идни влади. Четврто барање беше Владата да обезбеди пари и автономија за спроведување на реформата. Целосна курикуларна реформа е една од клучните мерки на далеку поопсежниот документ, Стратегија за образованието, науката и технологијата, што беше усвоена во хрватскиот Парламент во октомври 2014 година. Со реформата треба да се напуштат застарените наставни планови и програми, како и методите на настава, и да се заменат со 52 нови курикуларни долкументи и нов пристап кон образованието. Целта на реформата е да се воспостави усогласен и ефикасен систем на образование преку сеопфатни и структурни промени, со цел да се обезбеди учениците да се стекнат со што поупотребливо образование што ќе има најголемо можно општествено

политичките саботажи или одете си!


www.kapital.mk

Капитал број 867 10.06.2016

44

балкан бизнис и политика

значење/вредност/. Во состав на реформата, со национални курикулуми на наставните предмети се одредува целта на учењето, структурата на конкретните предмети во целата воспитнообразовна вертикала. Против курикуларната реформа се конзервативните струи во Хрватска, а најилустративно нивните позиции ги доловува изјава на поединец од академската заедница, идеолошки припадник на крајната десница. „Не смееме да дозволиме змејот со седум глави и десет рогови на западниот декадентен глобализам да ги проголта нашите деца и нашата иднина. Змејот кој се бори против Бог, против целокупната природа околу човекот и во самиот човек, против природниот брак и сите семејни и општочовечки морални вредности ...“, гласи изјавата упатена како предупредување до јавноста од тоа што може да се очекува од реформата. Од друга страна, светските медиуми кои пројавија приличен интерес за протестите во Хрватска, пренесоа дека хрватските граѓани се обидуваат да се изборат за стручна реформа на образованието, лишена од политика и од притисокот на конзервативните струи. „Дополнителен удар за и онака разниша-

ната хрватска Влада“ и „хрватските десничари ги закочуваат реформите“, се цитатите што ја доловуваат сумата на впечатоците што ги пренесоа странските медиуми. Конкретно Ројтерс напиша дека „протестот е дополнителен удар за разнишаната Влада што може да се распадне по помалку од пет месеци“. За „хрватските десничари кои ги кочат реформите“ пишуваше Дојче Веле, наведувајќи дека „во Загреб и во другите хрватски градови протестираа десетици илјади луѓе барајќи продолжување на реформите на образованието загрозени поради политичките притисоци по доаѓањето на власт на Владата на десниот центар“. Германското радио го цитираше текстот „Хрватската власт заминува надесно“ на магазинот Фокус, во кој се вели дека „десничарските политички идеолози не дозволуваат да се модернизира застарениот образовен систем“. „Наместо реформи, тие (десничарите, н.з.) повторуваат празни фрази: црква, домољубие, татко-мајка-дете-брак, ги проколнуваат истополовите врски и бараат воздигнување на националната историја што не секогаш била возвишена. Заговорник на овие вредности е христијанско-конзервативната, големата владе-

јачка партија, ХДЗ“, оцени Фокус. Магазинот потсетува дека идеолошкото свртување наназад почнало уште во мандатот на претходната социјалдемократска Влада на Зоран Милановиќ. „Екстремните конзервативци заедно со католичката црква, и покрај противењето на социјалдемократите, се изборија за референдум на кој христијанската брачна форма е прифатена како правило и внесена во Уставот. Потоа претседателот на бискупската конференција, Желимир Пуљиќ, побара уште еден референдум на кој фашистичкиот поздрав од Втората светска војна „За дом спремни“, одново требаше да биде воведен во војската на земјата што е членка на Европската унија и на НАТО“. Инаку, хрватската Влада најсилно ја разниша случајот „консултантка“, за конфликтот на интереси поврзан со нејзиниот прв потпретседател, и лидер на ХДЗ, Томислав Карамарко, чиј пријател, Јосип Петровиќ, советник на унгарската нафтена компанија МОЛ, преку својата компанија за услуги и медиумски анализи најамалку две години и плаќал услуги на компанијата Дримиа, во сопственост на денешната сопруга на Карамарко, Ана Шариќ (плаќањето почнало откако Карамарко дошол на чело на ХДЗ). nnn



www.kapital.mk

Капитал број 867 10.06.2016

46

Бизнис и спорт

пишува:

П Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

Петнаесеттото европско првенство во фудбал што ќе се одржи во Франција од денеска - 10 јуни, до 10 јули, ќе им донесе најмногу пари досега на националните екипи што ќе учествуваат, но и уверливо најмногу главоболки на организаторите. „Триколорите“ по третпат ќе им бидат домаќини на најдобрите 24 фудбалски репрезентации (од 1996 досега на завршниот турнир учествуваа по 16) од Стариот континент - по 1960 и 1984 година, а Франција очекува 2,5 милиони навивачи на стадионите, вклучувајќи 1,5 милиони од странство, за кои проценките се дека на првенството ќе потрошат една милијарда евра. Се смета дека една третина од француското население е директно засегната од настанот. За споредба, на EURO 2012 во Полска и Украина турнирот од трибините го гледале вкупно 1,4 милиони фанови. Натпреварите од француските стадиони ќе се пренесуваат во над 230 земји, а по 150 милиони гледачи се очекува да го проследат секој натпревар на „малите“ екрани. Од телевизиски права организаторот ќе приходува една милијарда евра, од спонзорства 400 милиони, а од билети за натпреварите и од француското гостопримство ќе дојдат половина милијарда евра, велат официјалните податоци на Унијата на европските фудбалски асоцијации (UEFA). Кај парите што ќе ги поделат екипите учеснички има значајно зголемување - 24те национални тимови ќе може да сметаат на 301 милиони евра во споредба со 196 милиони, колку што беа резервирани за претходното европско првенство во Полска и Украина. Секоја од 24-те екипи ќе добие 8 милиони евра за самото учество на првенството. Во групната фаза се предвидени бонуси од еден милион евра за екипите што ќе победат, и 500 илјади евра за оние што ќе одиграат нерешено. За пласман меѓу шеснаесетте најдобри следуваат уште по 1,5 милиони евра, четвртфиналистите ќе добијат нови 2,5 милиони, а полуфиналистите дополнителни 4 милиони евра. Европските шампиони ќе бидат наградени со плус 8 милиони евра, а поразените во финалето ќе се тешат со 5 милиони. Кога ги споменавме шампионите, во пресрет на EURO 2016 кај обложувалниците главен

Почнува фудбалскиот месец

EURO 2016: Најмногу пари за учесниците најголеми главоболки за организаторите

Кога деновиве, додека траат силните штрајкови во земјата домаќин на EURO 2016, францускиот премиер Мануел Валс изјави дека „Франција е земја што сака револуции и конфликти“, сигурно не ги успокои и онака растревожените организатори на првенството. Поспокојни не се ниту полицајците по предупредувањето од САД дека турнирот е „магнет“ за терористите, поради што се бара затворање на париската фан зона. Да се надеваме дека спокојни ќе можат да бидат фудбалерите, и дека ова ќе биде квалитетно првенство, соодветно на прилично големиот број фаворити за освојување на титулата што се споменуваат од експертите фаворит за освојување на трофејот е токму домаќинот, Франција. Ако се обложите на „триколорите“ и ако француските „петли“ го освојат турнирот, ќе добиете четири пати поголема сума од вложената. Втор фаворит според букмејкерите е актуелниот светски првак Германија; сè уште шампионот во Европа, Шпанија, е треторангирана, а четврти се Англичаните. Петта е Белгија, па следат Италија, Португалија и Хрватска. Најголем коефициент за освојување на EURO 2016 година е понуден

за репрезентацијата на Албанија. Обложувалниците за најдобар стрелец го фаворизираат напаѓачот на Германија, Томас Милер - веднаш зад него според коефициентите е Кристијано Роналдо. Трет кандидат е Французинот кој заблеска со играта за Атлетико Мадрид, Антоан Гризман. Последниот и Роналдо ја заокружуваат и листата со фаворити за најдобар играч на првенството, на која води уште еден Французин, кој инаку ги брани клупските бои на Јувентус, Пол Погба.

Оланд: Терористички закани има, но, ќе направиме сè за успешно EURO 2016


www.kapital.mk

Капитал број 867 10.06.2016

47

К Игор Ангеловски селектор на македонската А репрезентација:

ристијано Роналдо е најголема ѕвезда на првенството, но знаеме дека досега тој со Португалија нема некој забележителен успех на европските и на светските првенства. И меѓу играчите, тој што ќе игра тимски фудбал ќе биде најблиску до наградата за најдобар.

Судир на демонстрантите и полицијата во Париз

За стручно мислење за натпреварувачкиот аспект на EURO 2016, се обративме кај селекторот на македонската фудбалска (А) репрезентација, Игор Ангеловски. Тој се сложува со изнесените прогнози, дека Франција, Шпанија, Германија се најголеми фаворити, но потенцира оти секогаш имало репрезентации што знаеле да изненадат. „Без разлика на квалитетот со кој моментално располага Италија, поради нивното огромно искуство на завршни турнири - тие едноставно знаат да играат на резултат, не би ги исклучил, можеби не за освојување на првенството, но секако за пласман во полуфиналето. Очекувам Белгија да биде фаворит од сенка, зашто има одлична репрезентација со која мислам дека ќе стигне далеку. Очекувам и Англија да одигра значајна улога. Некоја од овие шест репрезентации мислам дека ќе го освои првенството“, вели Ангеловски во изјава за „Капитал“. На прашањето околу фудбалерите кои ќе играат најзначајна улога на европското првенство, селекторот на македонската репрезентација вели дека тоа ќе бидат оние кои најдоследно ќе играат тимски фудбал. „Поединци нема да одлучуваат - во врвниот фудбал целата екипа мора да одигра на максимално ниво - не само единаесетте на теренот, туку целиот ростер. Кристијано Роналдо е најголема ѕвезда на првенството, но знаеме дека досега тој со Португалија нема некој забележителен успех на европ-

ските и на светските првенства. И меѓу играчите тој што ќе игра тимски фудбал ќе биде најблиску до наградата за најдобар“, вели Ангеловски.

Меѓу штрајкови од една, и терористички закани од друга страна

Франција во цајтнотот пред почетокот на европското првенство ја тресе бран од неколкунеделни штрајкови откако Владата најави носење на новиот закон за труд. Претседателот Франсоа Оланд успокојува дека одржувањето на EURO 2016 не е загрозено, но картата на непопустливоста, на која игра за законот, не им изгледа доволно сигурна на организаторите. А како и би им изгледала поинаку, кога синдикатот што го предводи штрајкот на вработените во железницата најави можност да го блокира првенството. Минатата недела и работниците од 19 нуклеарни електрани одлучија да се придружат на штрајковите, што и покрај увозот на струја со што францускaта доминантно државна енергетска компанија EDF ќе го реши проблемот, ги прави крајно критични околностите пред првенството, а во пресрет на уште еден штрајк (требаше да почне неделава, а не беше до затворањето на текстов) што ќе значи целосен сообраќаен колапс - на пилотите на Air France. И францускиот премиер, Мануел Валс, си поигра со нервите на организаторите на EURO 2016, кога во моменталната ситуација изјави дека „Франција е земја што сака

револуции и конфликти“, како што пренесе Politico. Валс ова го кажа откако вети дека нема да се откаже од контроверзните изменина законот за труд, и обвини дека штрајковите на француската железница немаат врска со законот, туку се поттикнати од конфликтите околу висината на платите во одредени компании. Иако не може да се каже дека ќе беше добро Франција во пресрет на EURO 2016 да ги имаше само овие проблеми, но, сепак, тие може да се покажат многу поприфатливи од соочувањето со безбедносните предизвици. Француската полиција размислува дури и за затворање на фан зоната што може да прими над 90 илјади луѓе во Париз. Образложението е дека полицајците се исцрпени, а терористичките закани не стивнуваат. САД веќе предупредија дека турнирот може да биде голем „магнет“ за терористите. „Големиот број туристи кои летово ќе ја посетат Европа ќе претставуваат мета за терористите“, порачаа од Стејт департментот. Шефот на париската полиција Мишел Кадо, како што кажавме погоре, побара затворање на фан зоната во неговиот град во тек на дванаесетте натпревари што ќе се одриграат во Париз. Министерот за внатрешни работи сè уште нема одговорено на барањето (до затворањето на овој текст), а во Франција трае вонредната состојба воведена по ланските терористички напади. nnn



Рок за пРијавување: 13 јуНИ 2016

ЕдноднЕвнa обука на тЕма:

ВРЕДНУВАЊЕТО НА ШТЕТИ И ОДЛУЧУВАЊЕТО ПО ОСНОВОТ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА, КАКО ПРИЧИНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВКИ И ОТПОЧНУВАЊЕ НА СУДСКА ПОСТАПКА l 15 јуни 2016 (среда) l 10.00 - 16.00 часот l во просториите на Институт концепт, Скопје СОДРжИНА: l вовед l Регулатива во Република македонија l Пазар на осигурување во Република македонија l одлучување по отштетни побарувања l осигурителни измами l Примена на Европскиот Извештај l Идентификувани проблеми и предизвици l најчести видови спорови во врска со осигурувањето

l видови на докази кои се потребни за докажување на основаноста l течење на камата кај споровите во врска со осигурувањето l Практични примери и судска пракса

БОБАН ТОМЕСКИ

вработен во агенција за супервизија на осигурување во Стручна служба за супервизија - дирекција за теренска супервизија.

АНТОАНЕТА ДИМОВСКА судија во основен суд 2.

За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962 l 02 3216 963


www.kapital.mk

Капитал број 867 866 10.06.2016 03.06.2016

50

лидери

АриАнА ХАфингТон ко – осноВАч нА THe HuFFingTon PosT

ВизијАТА без нејзино исполнуВАње е сАмо ХАлуцинАцијА

А

риана Хафинтон е грчко – американски автор, колумнист и повремен актер. Таа исто така е ко – оновач и главен уредник на The Huffington Post. Во 2009 година таа се најде на 12-тото место на првата листа што ја направи Forbes за највлијателните жени во медиумите. Во 2014, истиот магазин ја смести на 52 позиција на листата најмоќни жени во светот. еве дел од нејзините совети за успехот и животот:

Погрешно ни е размислувањето дека успехот е резултат на количеството на време што го посветуваме на работа, место квалитетот на времето кое го трошиме

Секогаш правете го она што сонувате да го правите дури и ако се плашите од тоа

Животот е танц меѓу тоа да направите нешто да се случи и да дозволите нешто да се случи

Неуспехот не е спротивност на успехот, тој е дел од успехот

Најбрзиот начин да го скршите кругот на прерфекционизм и да станете бестрашна мајка е да се откажете од идејата да ги правите работите перфектно – место тоа прегрнете ја несигурноста и несовршеноста

Нашата моментална опседнатост со креативноста е резултат на нешто постојано тежнеење за несмртност во ера кога најголем дел од луѓето веќе не веруваат во живот после смрт

Исклучувањето од технологијата за да се поврзаме со нас самите е апсолутно повеќе од потребно

Преземајте ризици. Неуспехот е само скалило повеќе кон успехот




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.