868 kapital magazin

Page 1

Cover story Големо преземање на Макпетрол во најава?! Кој ќе го купи најголемиот играч во нафтениот бизнис?

Бизнис и медиуми Како работеа најголемите играчи на македонскиот медиумски пазар?

Компании и пазари Што ќе донесе третата фаза од либерализацијата на пазарот со струја?

interview

МихаЕл Солтер генерален директор на Филип Морис ТКП

Александар Дерменџиев Генерален извршен директор на Тутунски Комбинат Прилеп

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

ПРОДАЖБА И ДИСТРИБУЦИЈА

КОЈ Е КОЈ ВО ТРГОВИЈАТА НА МАЛО И ГОЛЕМО ВО МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНСКИ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ПОЧНАА ДА ГО ШИРАТ БИЗНИСОТ НАДВОР

Спојот на традицијата и модереното денес е предзнак на иновативна компанија како Филип Морис ТКП Специјален прилог Трговија и дистрибуција

број 868 | цена 100 ден. 17 јуни 2016 | петок | година 17

Кој е кој во трговијата на мало и големо во Македонија

Македонски трговски синџири почнаа да го шират бизнисот надвор

Обама: Ништо нема да ги промени американските вредности



3

Капитал број 868 17.06.2016

содржина

10 04

Profile

10

Cover story

16

По најсмртоносната масовна пукотница во историјата на САД Обама: Ништо нема да ги промени вредностите... Големо преземање на Макпетрол во најава?! Кој ќе го купи најголемиот играч во нафтениот бизнис?

24 24

Анализа

33

Специјален прилог

Михаeл Солтер

генерален директор на Филип Морис ТКП Генерален извршен директор на Тутунски Комбинат Прилеп

Спојот на традицијата и модереното денес е предзнак на иновативна компанија како Филип Морис ТКП

Преземање во најава Balkan Petroleum Holding Limited, oфшорфирма регистрирана во Лондон, објави писмен оглас во кој искажуваат намерата за преземање на најголемиот нафтен дистрибутер Макпетрол. Дали намерата за преземање на најголемиот играч во нафтениот бизнис и четвртата по големина команија во земјата ќе помине така лесно или не, клучот го имаат менаџерите и вработените кои се најголеми акционери. Што ќе значи преземањето на Макпетрол за нафтениот бизнис и за конкуренцијата на овој пазар? XX Стр. 10

Трговија и дистрибуција n Кој е кој во трговијата

INTERVIEW

Александар Дерменџиев

Како работеа најголемите играчи на македонскиот медиумски пазар?

40

на мало и големо во Македонија Македонски трговски синџири почнаа да го шират бизнисот надвор

Компании и пазар

Што ќе донесе третата фаза од либерализацијата на пазарот со струја?

40 44

Истражување

48

Балкан бизнис и финансии

50

21 сесија на Клубот на истражувачи при НБРМ Два нови труда: Што влијае врз лошите кредити и каква структура има капиталот на македонските компании

„Аџибадем Систина“ станува тренинг центар за дел од медицинскиот персонал во Бугарија

Лидери

Форест Марс, Помладиот наследник на империјата Mars, Inc.

Ни треба слобода, за да имаме иднина; ни треба профит за да останеме слободни

Растат приходите и профитите на трговците

Либерализацијата сепак продолжува

Во време кога приходите на најголемите домашни трговски синџири растат, исто како и вкупната добивка на топ 20-те играчи, може само да охрабри ширењето на најголемиот во моментов трговец на мало, Кам маркети, на пазарите во Бугарија, Косово и Албанија. Некои од трговците на големо пак, односно најголемите дистрибутерски компании во Македонија, исправени пред предизвикот како да се компензира помалата продажба на цигарите и алкохолот, заради зголемените акцизи и сл.

Вкупно 158 приватни и државни компании, општини, кои во изминатата 2015 година имале потрошувачка на електрична енергија поголема од 1 (GWh) од 1 јули годинава ќе имаат можност да купуваат електрична енергија по пазарна цена од снабдувачите со струја. Со тоа почнува третата фаза од либерализацијата на пазарот на струјата. Менаџерите на компаниите снабдувачи коментираат дека потрошувачите ќе добијат и до 50% поевтина струја откако од регулиран излегоа на слободен пазар

XX Стр. 33

XX Стр. 40

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 16.06.2016


www.kapital.mk

profile Американскиот претседател по масакрот во Орландо рече дека „САД ќе бидат обединети во заштита на Американците од оние кои и се закануваат на земјата“, но, порача и дека „ниту еден акт на омраза и терор нема да го промени фактот кои сме ние, и кои се вредностите што нè прават Американци“ По најсмртоносната масовна пукотница во историјата на САД

Обама: Ништо нема да ги промени вредностите...

Ч

иннатерориомраза-немаше дилеми за американскиот претседател Барак Обама, за тоа како да ја нарече најсмртоносната масовна пукотница во историјата на САД, во своето обраќање до нацијата неколку часа по нападот во Орландо, Флорида, во кој загинаа 50 луѓе, а 53 се ранети, кога веќе се знаеше доволно за да се оправдаат квалификациите што ги изрече претседателот. Обама рече дека „САД ќе бидат обединети во заштита на Американците од оние кои и се закануваат на земјата“, но, порача и дека „ниту еден акт на омраза и терор нема да го промени фактот кои сме ние, и кои се вредностите што нè прават Американци“.

Тој потенцираше дека нападот се случил во место што е повеќе од ноќен клуб (се работи за геј-клуб), зашто „тоа е место на солидарност и на оснажување, каде луѓето доаѓаат за да ја подигнат свеста и да се заложат за своите граѓански права“. Неговата сопартијка, најизвесен демократски кандидат за наследник во Белата куќа, Хилари Клинтон, откако изјави дека нацијата по овој акт на тероризам треба да ги удвои напорите за спречување на сличните напади, во сличен дух како Обама и порача на LGBT заедницата дека „треба да знаат оти имаат милиони сојузници ширум земјата, од кои еден е и самата таа“. Разногласие во американските реакции внесе републиканскиот претендент во претседателската трка, Доналд Трамп, кој

иако рече дека се моли за сите жртви и за нивните семејства, не успеа да се воздржи и да не поентира по масакрот, во корист на својата кампања. Тој реагираше во стилот „ви реков“, побара оставка од Обама зашто претседателот не изговорил „радикален ислам“ во своето обраќање, и го повтори своето барање на сите муслимани родени надвор од САД да им се забрани влез во земјата. Осуди на терористичкиот акт за кој Исламската држава и официјално ја презема одговорноста (оттаму извршителот Омар Матен го нарекоа војник на калифатот) стигнаа од светските државници меѓу кои и од рускиот претседател Владимир Путин кој во телеграмата до Обама напиша дека „ја дели болката и тагата на оние кои ги загубиле ближните и саканите

Клинтон: LGBT има милиони сојузници во САД - еден сум јас


Капитал број 868 17.06.2016

profile поради овој варварски криминален чин“. Папата Франциск во својата реакција порача дека е „ужаснат од бесмислената омраза и лудило“. Податоците што за напаѓачот Омар Матин беа објавени набрзо по нападот, велат дека се работи за 29-годишен државјанин на САД, со авганистанско потекло, кој уште претходно манифестирал хомофобични ставови и семејно насилство чија жртва била неговата поранешна сопруга. Работел во обезбедување (од 2007 година во најголемата светска компанија за услуги во областа на безбедноста, G4S, и должел оружје за извршување на службените задачи), а оружјето со кое го извршил нападот (AR-15 пушка) го купил легално, седмица пред настанот. Од G4S соопштија дека Матин бил проверуван и не било откриено ништо спорно во однос на неговата психичка состојба. Од друга страна, поранешната сопруга Ситора Јусуфи го опиша како избувлив, „емотивно нестабилен“ и „психички болен“. Под истрага на FBI бил во 2013 и во 2014 година поради можни врски со терористичките организации, но било оценето дека се работи за симпатизер на ИД, кој не би направил чекор понатаму – кон конкретен терористички акт. Американските медиуми уште пред Ислам-

Разногласие во американските реакции внесе Доналд Трамп, кој реагираше во стилот „ви реков“, и го повтори своето барање на сите муслимани родени надвор од САД да им се забрани влез во земјата

ската држава да ја преземе одговорноста, објавија дека Матин пред нападот телефонирал на 911 и пред операторот со кој

разговарал се заколнал на верност на терористичката организацијата предводена од Абу Бакр ал-Багдади. nnn

Mаркетинг стратегија 2020 Креирајте маркетинг стратегија која победува! 28.06.2016, М6 едукативен центар, Скопје

Dr. G. Nicolás Kfuri професор, директор во KFURI & PARTNERS

l Признат светски предавач и консултант од областа на корпора-тивната глобална стратегија, маркетинг и брендирање со искуство во над 400 компании од 75 држави на 5 контитенти. l Кфури ги обучувал директорите на врвни светски компании меѓу кои: Coca Cola; RedBull; Inbev; Heineken; Nestlé; Cadbury Schweppes; Kraft Foods; Procter and Gamble; Henkel; L’Oréal; Johnson and Johnson; Phillips; Sennheiser; 3M; Mary Kay; Phillip Morris; IKEA; IBM; Microsoft; Cisco Systems; Oracle; Dassault Systémes; Accenture; SAP; AT Kearney; Capgemini Consulting Österreich; PwC; KPMG; Deloitte; Ernst and Young; Tata Consultancy Services; T-Systems; BAE

партнер:

5

Systems; Porsche; BMW Group; Audi; Volkswagen; SEAT; Renault Nissan; Continental Tires; Johnson Controls; Wabco; Goodyear; HSBC; BNP Paribas; Scotiabank; Unicredit; Banca Intesa Sanpaolo; Crédit Agricole; Societe Generale; Raiffeisen Bank; Delta Generali Insurance; Governments of Argentina, Canada, Croatia, Mexico and Serbia; Lufthansa Technik; Mexicana Airlines, CEMEX; Holcim; Kempinski Hotels; President Intercontinental Hotels; Crowne Plaza Hotels; Holiday Inn Hotels; Vodafone; Telekom Serbia; T-Mobile; Mtv; RTL; TV Azteca; NASA; EON; RWE; ExxonMobile; Abbott Laboratories; Bayer; Roche; GlaxoSmithKline; Pfizer; Astra Zeneca; Kimberly Clark; Merk; Sanofi Aventis; Nokia Siemens Networks; Amazon. com; TUI; Readers Digest и др.

Лица за контакт: м-р Бојана Делидинкова 02/3216-962 м-р Ирена Богоевска 02/3216-963 institut@koncept.com.mk


Mаркетинг стратегија 2020 Креирајте маркетинг стратегија која победува! 28.06.2016, М6 едукативен центар, Скопје l Content 1. Market Structure Analysis 2. Value Proposition / Unique Selling Proposition / Brand Promise 3. Branding (Brand Management) 4. Conceptualizing Value: Segmentation – Targeting – Positioning 5. Designing Value: Product Design / Product Portfolio Management / PLC Management 6. Capturing Value: Pricing Decisions 7. Communicating Value: Integrated Marketing Communications 8. Delivering Value: Distribution Channels Management 9. Break-even Analysis for Marketing 10. Current Topics on Marketing.

l За време на предавањето фокусот ќе биде ставен на стратешкиот дел од маркетингот. l Предавањето е на англиски јазик.

Nicolás Kfuri професор, директор во KFURI & PARTNERS

Николас Кфури, еден од најбараните предавачи и консултанти во глобални рамки, директор на консултантската компанија „Кфури консалтинг", на македонската публика ќе и ги презентира глобалните трендови кои ќе го обликуваат маркетингот до 2020 година и предизвиците со кои ќе се соочиме во “новото време”. Во време кога конкуренцијата на локалниот пазар станува глобална, локалните компании се натпреваруваат со глобалните, кога однесувањето на потрошувачите е значително сменето, за своите пари тие бараат многу поголема вредност, информираноста за искуствата на потрошувачите е многу лесно достапно на интернет, а нивната лојалност опаѓа, неопходно е маркетингот да ја прилагоди стратегијата на новите маркетиншки текови.

Повеќе информации на: www.kapital.mk/marketing strategija 2020

Партнер:

Лица за контакт: м-р Бојана Делидинкова м-р Ирена Богоевска institut@koncept.com.mk


најавува...

Предавач: Николас Кфури (Dr. G. Nicolás Kfuri) професор, директор во KFURI & PARTNERS

l Признат светски предавач и консултант од областа на корпоративната глобална стратегија, маркетинг и брендирање со искуство во над 400 компании од 75 држави на 5 контитенти.

02/3216-962 02/3216-963

l Кфури ги обучувал директорите на врвни светски компании меѓу кои: Coca Cola; RedBull; Inbev; Heineken; Nestlé; Cadbury Schweppes; Kraft Foods; Procter and Gamble; Henkel; L’Oréal; Johnson and Johnson; Phillips; Sennheiser; 3M; Mary Kay; Phillip Morris; IKEA; IBM; Microsoft; Cisco Systems; Oracle; Dassault Systémes; Accenture; SAP; AT Kearney; Capgemini Consulting Österreich; PwC; KPMG; Deloitte; Ernst and Young; Tata Consultancy Services; T-Systems; BAE Systems; Porsche; BMW Group; Audi; Volkswagen; SEAT; Renault Nissan; Continental Tires; Johnson Controls; Wabco; Goodyear; HSBC; BNP Paribas; Scotiabank; Unicredit; Banca Intesa Sanpaolo; Crédit Agricole; Societe Generale; Raiffeisen Bank; Delta Generali Insurance; Governments of Argentina, Canada, Croatia, Mexico and Serbia; Lufthansa Technik; Mexicana Airlines, CEMEX; Holcim; Kempinski Hotels; President Intercontinental Hotels; Crowne Plaza Hotels; Holiday Inn Hotels; Vodafone; Telekom Serbia; T-Mobile; Mtv; RTL; TV Azteca; NASA; EON; RWE; ExxonMobile; Abbott Laboratories; Bayer; Roche; GlaxoSmithKline; Pfizer; Astra Zeneca; Kimberly Clark; Merk; Sanofi Aventis; Nokia Siemens Networks; Amazon.com; TUI; Readers Digest и др.


www.kapital.mk

Капитал број 868 17.06.2016

8 НАВИГАТОР

ИЗЈАВА НА неделата

МАКПРОГРЕС ИЗВЕЗУВА ВО ПР

> БРОЈКА

9,9%

е зголемен бројот на туристи во Македонија во април 2016 споредено со април 2015

Погрешивме со санкциите. На Европа ѝ е потребна Русија, пред сè безбедноснополитички

Герхард Шредер поранешниот германски канцелар

С

ветот падна на Винчини“ беше насловот што осамна во еден наш медиум по информацијата дека производите со голема брзина и леснотија ги освојуваат светските пазари. Духовито во текстот пишуваше: “Да знаат во Јужна Америка какви слатки се произведуваат во Македонија извесно е дека и тие ќе побараат каде е Виница на географската карта. Тоа е единствениот континент чии жители засега не ги вкусиле тортиците и ролатите „Винчини“, кои со години се произведуваат во виничката фирма „Макпрогрес“. Успехот на овој

Microsoft го собори рекордот за најскапа зделка во софтверск

Ќе се вратат ли голем милијарди платени з

сатја надела (CEO - Microsoft)

С

о договорот се поврзува водечкиот бизнис „облак“ во светот, со водечката социјална мрежа на бизнис светот“, изјави извршниот директор на Microsoft, Сатја Надела, кога од американскиот софтверски гигант во понеделникот објавија дека е потпишан договор за купување на социјалната мрежа LinkedIn, за сума што значи најголема аквизиција досега за Microsoft, од 26,2 милијарди долари

Џеф веинер (CEO - LinkedIn)

во готово. Намерата е Microsoft и LinkedIn да ги здружат силите за побрзо и полесно да го подобрат/променат начинот на кој функционира/работи бизнис светот. За целта е оценето дека LinkedIn треба да ја задржи препознатливоста на брендот, својата култура и независност, што се покажува и со останувањето на позицијата извршен директор на досегашниот човек на функцијата во компанијата, Џеф Веинер.

„Го променивме начинот на кој светот им пристапува на можностите, а овој однос со Microsoft, и комбинацијата на нивниот облак со мрежата на LinkedIn, нам ни даваат можност да го промениме и тоа како светот функционира“, порача Веинер. Сатја Надела дополни дека тимот на LinkedIn пораснал, и е фокусиран на поврзување на светските експерти. LinkedIn на Microsoft ќе му даде поголеми рамки за дејствување кога


www.kapital.mk

Капитал број 868 17.06.2016

9

ПРЕКУ 50 ЗЕМЈИ ОД СВЕТОТ македонски бренд кој се најде на светски пазари се должи на динамичниот развој во последните неколку години, храбрите менаџерски одлуки, како и трудот и професионалноста на вработените. Производите на Винчини се добро познатите слатки задоволства на сите генерации. Речиси и да не постои роденденска прослава, семеен излет или ужинка без вкусните тортици и колачиња на македонскиот бренд „Винчини“, производна линија на кондиторскиот лидер во Македонија и регионот – Макпрогрес. Макпрогрес минатата година одбележа 25 години постоење со титулата -Најголемата компанија во кондиторската индустрија со најголем извоз во преку 50 земји во светот!

мисла на неделата

> БРОЈКА

Вашите најнезадоволни клиенти се вашиот најголем извор на учење

8,6%

Бил Гејтс основач на Microsoft

е зголемен бројот на издадени одобренија за градење во април 2016 во однос на истиот месец претходната година

лидери

ката индустрија

мите за LinkedIn?

Огромните 26,2 милијарди долари што Microsoft ќе ги плати за LinkedIn, и покрај искажаните цели за кои се случува здружувањето, многумина оставија во недоумица како софтверскиот гигант ќе успее да ја оправда, односно да заработи, на толку големата инвестиција во бизнис социјалната мрежа

се во прашање сервисите за социјално вмрежување и професионалните содржини. Со LinkedIn софтверскиот гигант добива поголема покриеност и потенцијален канал за продажба на повеќе производи кои ги има во понудата, но би можел да понуди и начини за учење на користењето на овие производи и услуги. Конечниот договор, каков што објавија дека постигнале двете компании, ќе биде заклучен до крајот на годината, за што има поддршка од претседателот на одборот и сопственикот на контролниот удел во LinkedIn, Рид Хофман. Трансакцијата доаѓа во контекстот кога Microsoft веќе извесно време се обидува да го прошири бизнис фокусот и на сегменти надвор од софтверскиот дел, додека, пак, LinkedIn, бара начин да го засили својот раст. LinkedIn, чија мрежа во моментов има 433 милиони членови низ светот, овозможува истите да се поврзат со истомисленици од глобалната бизис заедница и им го олеснува наоѓањето работа. Мрежата може да се пофали и со тоа дека 60% од вкупниот пристап на нејзините корисници е остварен преку мобилни уреди. Но, и покрај сè, на многумина им е нејасно како Microsoft ќе успее да ја оправда,

односно да заработи, на толку големата инвестиција од 26,2 милијарди долари. Ценетиот поратал за технологија (и друго) Verge.com напиша дека Microsoft сега добива голема социјална мрежа со која може да се брани од освојувачки настроените сервиси на Google, но, оти нема да биде лесна задача да ја увери бизнис заедницата да не ги користи Facebook или апликациите на Google за/на работа. Пред Microsoft е и тешката работа за интегрирање на LinkedIn во софтверот на гигантот од Редмонд. Соработникот, пак, на американското издание на Forbes, Питер Коан (и самиот бизнисмен и инвеститор) смета дека Microsoft фрлил големи пари во ветар, зашто, помеѓу останатото, ако индустријата на бизнис социјалните мрежи беше атрактивна, тогаш LinkedIn, кој во овој дел е неприкосновен лидер, не би имал потешкотии со растот и би бил профитабилен. Годинава, меѓутоа, пишува Коен во колумната „Четири причини зошто Microsoft фрли 26,2 милијарди долари купувајќи го LinkedIn“, најпознатата бизнис социјална мрежа своите очекувања за раст на приходите ги намали од 35% на 20%, и на чистата добивка од 41% на 7%, прилично под очекувањата на аналитичарите. nnn

Мени Стул

Претседателот и коизвршен директор на компанијата Moose Enterprise е избран за најдобар претприемач во светот.

Сатја Надела

Светскиот гигант Microsoft под водство на Сатја Надела ја купува професионалната мрежа LinkedIn за 26,6 милијарди долари

не им беше неделата

Доналд Трамп

ги прогласи за непожелни новинарите на Вашингтон пост зашто „неточно“ известувале за неговата кампања

Франсоа Оланд

наместо да го реши, дозволи проблемот со штрајковите да се интензивира во тек на Европското првенство


10 cover story

www.kapital.mk

Капитал број 868 17.06.2016

Субвенци

cover story

Големо преземањ Макпетрол во нај Кој ќе го купи на во бизнисот со н

299.896.422

332.193.610

345.978.293

400.156.098

402.811.415

345.441.187

282.123.106

-2.020.407

-3.689.789

-1.080.764

-48.927

-3.764.016

-4.386.163

33.756

4.251.772

321.453.057 2.670.341

308.150.049 4.754.634

Финансиски резултати на Макпетрол n Приходи (евра) n Профит (евра)

388.464.992

2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015


www.kapital.mk

иите имаат ефект

Капитал број 868 17.06.2016

11

ње на јава?! ајголемиот играч нафта и гас?

Понудата за преземање на Макпетрол, најголемиот играч во бизнисот со нафта и гас и четврта по големина компанија во Македонија, ги разбранува заспаните духови на македонската бизнис сцена. Во време кога јавноста е окупирана дали ќе има или не договор за излез од политичката криза, дали најголемите политички партии ќе се договорат за широка или техничка влада, во Македонија во најава е можеби досега најголемото преземање, а зад ова преземање стои офшор фирмата Balkan Petroleum Holding основана пред 20 дена во Лондон.

200.000

180.000 160.000

140.000

Движење на цената на акцијата на Макпетрол Просечна цена (во денари)

120.000 100.000

80.000 60.000

40.000 20.000 0

11.01.2007

11.01.2008

11.01.2009

11.01.2010

11.01.2011

11.01.2012

11.01.2013

11.01.2014

11.01.2015

11.01.2016


www.kapital.mk

Капитал број 868 17.06.2016

Понудата за преземање на Макпетрол, најголемиот играч во бизнисот со нафта и гас и четврта по големина компанија во Македонија, ги разбранува заспаните духови на македонската бизнис сцена. Во време кога јавноста е окупирана дали ќе има или не договор за излез од политичката криза, дали најголемите политички партии ќе се договорат за широка или техничка влада, во Македонија во најава е можеби досега најголемото преземање. Писмената намера за преземање, која беше објавена во дневен весник и доставена до сите надлежни органи и до компанијата, засега управниот одбор на Макпетрол ја одбива како некомплетна,

2011

2012

со образложение дека полномошното кое е издадено на лицето кое e потпишано во писмото со намера за преземање не може да се идентификува. Засега се уште никој не тврди со сигурност дали оваа намера за преземање е реална, или станува збор само за притисок на менаџментот и акционерите пред евентуално преземање кое би следело подоцна. Но, ако бидат отстранети овие недостатоци околу полномошното, и ако намерата за преземање добие одобрување од Комисијата за хартии од вредност, тогаш летово може да се очекува и официјална понуда за преземање на компанијата. Инаку, минатото лето Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави против генералниот директор на Макпетрол, Андреја Јосифовски и финансискиот директор Саша Лекиќ, и уште 20 други луѓе, за незаконско прелевање на капитал од оваа компанија во Командитното

2013

1.025.317

6.670.373 384.927

5.933.366

6.748.682

7.059.138

biljana.zdravkovska@kapital.mk

2010

307.499

п

Биљана Здравковска Стојчевска

178.215

пишува:

782.116

722.715

Преземањето на Макпетрол е прилично голем залак и овој процес нема да оди така лесно, освен ако менаџментот и вработените, кои се најголеми акционери, не го одобрат преземањето и одлучат сепак да ги продадат акциите по понудената цена. Ако се знае дека Макпетрол има вкупно 112.382 акции, а книговодствената вредност на една акција е 30.250 денари, тоа значи дека „Балкан петролеум“ треба да обезбеди околу 50 милиони евра.

7.279.917

cover story

6.325.203

12

2014

2015

друштво со акции Оилко. Овој потег тогаш сите го толкуваа како притисок врз телевизијата Телма, која е во сопственост на Макпетрол, а случајот, речиси една година подоцна, се уште нема никаква завршница. Како и да е преземањето на Макпетрол е прилично голем залак и овој процес нема да оди така лесно, освен ако менаџментот и вработените, кои се најголеми акционери не го одобрат преземањето и одлучат сепак да ги продадат акциите по понудената цена.

Офшор фирма објави намера да го преземе Макпетрол Писмената намера за преземање на Макпетрол, која минатата недела беше објавена во јавноста, доаѓа од извесна офшор фирма Balkan Petroleum Holding Limited. „Согласно член 22 став 1 од Законот за преземање на акционерските друштва, ги известуваме сите акционери на


www.kapital.mk

Капитал број 868 17.06.2016

13 Што се поседува Макпетрол?

М

Финансиски резултати на оилко n Приходи (евра) n Профит (евра)

Макпетрол АД Скопје дека имаме намера да објавиме понуда за преземање на акционерското друштво Макпетрол АД по цена од 25.908 денари за една акција. Понудата за преземање ќе биде објавена по добивањето на дозвола од страна на Комисијата за хартии од вредност“, пишува во огласот објавен во “Утрински весник”. Фирмата Balkan Petroleum Holding Limited е регистрирана на 28 мај годинава во Лондон со основачки капитал од 1000 евра, а како нејзин управител се јавува извесен Васили Евдокимов, кој има британско државјанство. Како главен акционер и основач, пак, на фирмата Balkan Petroleum Holding Limited, се јавува извесна фирма Davolia Holdings Limited, која исто така е основана на 17 мај годинава. Цената која е понудена за една акција на Макпетрол е 25.908 денари ( 421 евра) за акција, што е дури за 35% поголема од вчерашната просечна цена по која се продаваше акцијата на оваа компанија на Македонската берза во моментот кога беше објавена намерата за преземање. Потпишани на оваа понуда, која била испратена и во архивата на „Макпетрол“,

акпетрол се јавува и како 100% сопственик во телевизијата Телма, потоа во Шампион Макпетрол, во фирмата за дистрибуција на гас Промгас, а во целосна сопственост на Макпетрол се и фирмите Макпетрол Доо основана во Србија и фирмата Петролмак основана во Грција. Покрај основниот бизнис со нафта и гас, Макпетрол се јавува и како продавач на големо и мало на разни видови стока, а има ексклузивно застапништво и дистрибуција на неколку марки како Honda, Valvoline, Goodyear и Dell.

се директорот на Balkan Petroleum Holding Limited, Васили Евдокимов и Петар Стојановски, како ополномоштено лице. Писмената намера за преземање е објавена и на Македонската берза, од каде уште истиот ден информираа дека документацијата на понудата е некомплетна. “Со добиениот допис не е доставено соодветно полномошно врз основа на кое би се утврдил легитимитет на ополномоштеното лице да настапува во име на друштвото Balkan Petroleum Holding Limited, Берзата за истото ја извести Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија“, се вели во известувањето на Македонската берза. Ако се знае дека Макпетрол има вкупно 112.382 акции, а книговодствената вредност на една акција е 30.250 денари, тоа значи дека „Балкан петролеум“ треба да обезбеди околу 50 милиони евра за преземањето на компанијата. Комисијата за хартии од вредност има рок од 30 дена да одговори на ова барање за преземање.

По објавувањето на писмената намера за преземање на Макпетрол од страна на офшор фирмата Balkan Petroleum Holding од Макпетрол реагираа дека добиле допис, но дека во прилог на тој допис не биле доставени ниту полномошно, ниту идентификација. Два дена подоцна до Макпетрол било доставено полномошно, но и тоа според информациите од Макпетрол било правно невалидно и не било во согласност со Хашката конвенција за легализација, заради што компанијата не може да постапува според Законот за превеземање.

Без согласност од менаџерите и вработените, преземањето би одело тешко Намерата за преземање на Макпетрол која ја објави Balkan Petroelum Holding тешко би успеала, ако акцијата за преземање на компанијата не добие претходна согласност од менаџментот и од вработените. До овој заклучок се доаѓа ако се погледне акционерската структура на Макпетрол. Според податоците од Централниот депозитар на Македонија најголем акционер на Макпетрол е командитното друштво Оилко кој поседува 22,27% од акциите со право на глас во Макпетрол. Покрај Оилко, нема ниту еден друг акционер кој има акции над 5%. Макпетрол има вкупно 2.641 акционер, од кои најголемиот дел од нив или 2.508 се домашни физички лица, кои поседуваат 67,68% од акциите на компанијата, додека само 8% од акционерскиот капитал на Макпетрол е во сопственост на странски физички и правни лица. Најголемиот дел од домашните физички лица кои се акционери во Макпетрол се сегашни или поранешни вработени во компанијата. Во најголемиот акционер на Макпетрол, командитното друштво Оилко како главен акционер е Андреја Јосифовски, актуелниот генерален директор и претседател на Управниот одбор на Макпетрол, а како сопственик на 35,6% од Оилко е Макпетрол како правно лице. Номиналната вредност на една акција


www.kapital.mk

Капитал број 868 17.06.2016

14

cover story

на Макпетрол изнесува 511 евра, што значи дека компанијата сметководствено вреди околу 57,5 милиони евра. Но, реалната вредност на компанијата е многу поголема, ако се има во предвид што се поседува, фактот дека е најголем играч во нафтениот бизнис со најголем мрежа од бензински станици низ земјата, но и нејзиното сопственичко учество во гасоводниот систем. Во гасоводната мрежа на Македонија, Макпетрол се јавува како сопственик заедно со државата, за која сопственост има нерешен судски спор и конфликт со државата. Цената која ја понуди Balkan Petroleum Holding од 25.908 денари, што е под книговодствената цена на акциите која изнесува 30.250 денари, според познавачите е ниска. На пример, во 2007 и 2008 година акцијата на овој нафтен дистрибутер се продаваше по цена над 100 илјади денари, а кон крајот на 2007 година таа надмина 170 илјади денари по акција. Од 2009 година од кога компанијата шест последователни години работеше со загуба, пазарната цена на акцијата почна да паѓа. Минатата 2015 година Макпетрол излезе од загуба и објави дека работел до профит од околу 37 илјади евра.

Врските Макпетрол – Оилко Случајот за преземањето на Макпетрол не може да се разгледува без да се имаат во предвид специфичните врски кои компанијата и нејзиниот менаџмент ги имаат со командитното друштво Оилко. Капитал уште во 2011 година пишуваше за бизнис поврзувањето и релациитe помеѓу Макпетрол и Оилко. Четири години подоцна од пишувањето на Капитал, а дури осум години од основањето на уникатното командитно друштво со акции Оилко, државата откри дека долгогодишните менаџери во Макпетрол, четвртата по

НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ

#1

ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ

ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!

02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk

големина компанија во земјата, наводно незаконски го прелевале капиталот во Оилко, каде меѓу другите, како најголеми сопственции се јавуваат првиот човек на Макпетрол, Андреа Јосифовски и финансовиот директор, Саша Лекиќ. Остана нејасно зошто кривичните се поднесуваат дури осум години по основањето на Оилко и во време на политичка криза со закажани предвремени избори? Многу работи околу овој случај останаа нејасни. На пример, како и зошто надлежните институции дозволиле менаџерите да го основаат Оилко и друштвото преку ноќ да стане газда во Макпетрол? Зошто наводното незаконско прелевање на капитал од Макпетрол во Оилко за кое објаснуваше лани МВР, се толерирало цели осум години, кога и многу експерти за трговско право со години предупредуваа дека станува збор во најмала за сомнително поврзување кое мора да се преиспита? Зошто Макпетрол шест години од 2009 до 2014 година работел со милионски загуби во услови кога имале над 60% од пазарот на трговија со нафтени деривати и своевиден монопол во бизнисот со гас? Зошто и како менаџерите добивале дебели бонуси во време кога компанијата работела со загуби, а акционерите немале никаква забелешка за тоа? Кој се е акционер во Макпетрол од редот на оние тајните со акции под 5%, а кои можеле да влијаат врз донесувањето на секакви одлуки на Собранието на акционери во изминатите години? Според официјалните податоци од Македонската берза, Макпетрол минатата 2015 година ја заврши со консолидирани приходи од продажба од околу300 милиони евра и нето добивка од 33 илјади евра. Но, Макпетрол работеше со загуба од 2009 до 2014 година, кога компанијата направила кумулативна загуба од околу 15 милиони евра. Заради загубите во работењето, од 2010 година Макпетрол не подели дивиденда на своите акционери, за разлика од претходните години кога сите акционери добиваа дивиденда. За многумина е чудно како е можно компанија која ја има најголемата дистрибутивна мрежа на нафтени деривати од дури 124 од вкупно 280 бензински станици во Македонија, да прави толку големи загуби. Дури и во годините како 2009 и 2010 година кога цената на нафтата и бензините рушеа рекорди. Покрај тоа, Макпетрол има своевиден монопол и во дистрибуцијата на гас и заедно со државната Гама го управува гасоводниот систем. Македонија плаќа најскап гас во регионот, па и во Европа, купен од Газпром, а закупен од Макпетрол, заради што компаниите се принудени да му плаќаат високи цени. Ако на сето тоа се додаде и фактот дека со години наназад Макпетрол добива и милионски тендери за снабдување со нафта и нафтени деривати на многу државни и јавни институции (податоци достапни од страницата на Бирото за јавни набавки), тогаш дилемите за лошото финансиско работење на Макпетрол се уште поголеми и не можат да се објаснат само со економска логика. Но, ако во анализата се вклучи Оилко тогаш можеби и може да се добие појасна слика за тоа како се управувал Макпетрол и зошто работел со загуби. За многумина е нејасно како е можно во 2006 година, пред да се основа Оилко, Макпетрол да работел со профит од дури 4,7 милиони евра, а после две години да набилда толку големи загуби? Оилко на пример минатата 2015 година ја заврши со приходи од 6,6 милиони евра и профит од околу 1 милион евра. Како главни основачи на Оилко КДА, кое е командитно друштво со акции се јавуваат Андреа Јосифовски, Саша Лекиќ, како комплементари, и компанијата Макпетрол, како командитор. Самата форма во која е основан Оилко како командитно друштво со акции е многу уникатна, бидејќи не е ниту командитно друштво, ниту акционерско друштво. Оилко е единствена фирма од овој тип во Македонија, а експертите по трговско право кој ги консултираше Капитал, велат дека такви фирми се многу ретки или воопшто не се предвидени во законите на многу земји. Што е суштината на овој тип на командитно друштво? Комплементарите во друштвото се целосно овластени да управуваат со друштвото и одговараат со целиот свој имот, додека командиторите немаат никакво влијание во управувањето со фирмата. Интересно е што по самото основање, бизнисот со транспорт и дистрибуција на нафтени деривати и природен гас беше издвоено од Макпетрол и префрлено на Оилко. Со тоа Макпетрол за целиот овој период од основањето му плаќа на Оилко за извршени услуги за транспорт.

nnn



Капитал број 868 17.06.2016

www.kapital.mk

16 Интервју INTERVIEW

Михаeл Солтер

генерален директор на Филип Морис ТКП

Две години од стратешкото партнерство помеѓу Филип Мор

Спојот на традиција модереното денес е п на иновативна компа како Филип Морис ТКП


www.kapital.mk

Капитал број 868 17.06.2016

17

Александар Дерменџиев Генерален извршен директор на Тутунски Комбинат Прилеп

рис и Тутунски Комбинат Прилеп

ата и предзнак анија ТКП

Две години од склучувањето на стратешкото партнерство помеѓу Тутунски комбинат Прилеп и Филип Морис ТКП, директорите на двете фирми во интервју за Капитал зборуваат за досегашните резултати и за идните планови како ќе се развива бизнисот со тутун. “Македонија благодарејќи на нашето партнерство се најде на мапата на производителите на Марлборо што е бренд број еден во светот. Ако ова не е успех, тогаш што е?”, вели генералниот директор на Тутунски комбинат Прилеп.


www.kapital.mk

Капитал број 868 17.06.2016

18

Интервју

Д

XX Две години поминаа од Договорот за Стратешко партнерство, од денешен аспект – кој е ефектот од оваа уникатна формула? Солтер: Очигледно е дека овој концепт на партнерство функционира одлично. Се покажа во пракса дека како тим можеме да постигнеме добри резултати. Кога ќе се свртам наназад кон овие две години, на нашиот почеток и кога ќе видам од денешна гледна точка на се што е постигнато, гледам дека е многу направено и реално, промената е видлива. По потпишувањето на Договорот за Стратешко партнерство, гледаме феноменален бизнис раст. Веќе по завршувањето на првата година работење, нашиот обем на продажба порасна за 30%, што ги надмина сите поставени цели, со голем раст и на пазарниот удел. Многу луѓе ме прашуваат зошто Филип Морис инвестира токму во Македонија. Одговорот на ова прашање е повеќе од едноставен: поради бизнис интересите и можностите за развој на сопствениот бизнис. Дерменџиев: Кога пред две години разговаравме за почеток на партнерството, коментарите беа дека ниту ова нема да го спаси Тутунски Комбинат Прилеп. Тоа беше компанија-загубар многу години наназад, со наследена состојба на лоши финансии, превработеност, мало производство. Се чинеше невозможно да се направи нешто позитивно во однос на целиот случај. Сепак, очигледно е дека за две години успеавме да направиме комплетна промена на ситуацијата. Трансформацијата на Комбинатот покажа дека поранешниот загубар, со прецизен план може да стане повторно профитабилен. Договорот за Стратешко партнерство со Филип Морис ни овозможи да го искористиме нивното знаење и искуство во овој дел од индустријата, што е огромна предност за нас. Со Договорот, заедничката компанија презема дел од нашите тогашни обврски поврзани со комерцијалниот и маркетинг сегментот и ни овозможи насока кон решавање на постоечките проблеми. За разлика од Михаел, не би сакал да се навраќам назад и да правам споредби, бидејќи во овој случај, разликата е огромна, позитивна за нас и сакам да видам што ќе се случува во иднина, што ќе ни донесе уште поголем успех. Би сакал само да додадам една работа – благодарение на нашето партнерство, Македонија се најде на мапата на производители на Марлборо, што е број 1 бренд на цигари во светот. Ако ова не е успех, тогаш што е? XX Што го прави ова партнерство посебно? Што направивте заедно за да успеете? Солтер: Специјално е бидејќи, пред се, формиравме нова компанија, каде Филип

Морис и Тутунски Комбинат Прилеп се партнери. Ова е навистина важно да се нагласи, бидејќи Филип Морис не го откупи Тутунски Комбинат Прилеп. Новоформираната компанија, која сега е веќе ентитет стар 2 години, целеше кон балансирање на позитивните страни на двете компании и ги претвори во нова можност. Заедничката компанија ПМТКП има ексклузивно право да ги комерцијализира брендовите на Филип Морис и Тутунски Комбинат на домашниот пазар. Овие права вклучуваат активности како развивање на бренд стратегии, развој на маркетинг стратегии и маркетинг планови, како и менаџмент на дистрибуцијата. Овој модел покажа дека со успешно вмрежување на позитивните страни на двете компании, може да се постигне голем ефект и развој на заедничкиот, како и на индивидуалните бизниси. Дерменџиев: Овој модел ретко се гледа кај нас и резултатите кои произлегуваат од него може да се сметаат како најдобри практики кои функционираат. Од исклучителна важност е за Тутунски Комбинат тоа што имаме партнер, кој може да ни помогне во секое време. Во ТКП поминавме многу во последните две години. Процесот на трансформација исто така опфати и процес на предвремено пензионирање, што беше неопходно, со оглед на тоа дека имавме намален обем на работа и превработеност. Со модернизацијата помогната од Филип Морис, како и преку процесот на реструктурирање, подобрувањето на квалитетот на производите во согласност со потребите на потрошувачите, проширеното портфолио, успеавме да направиме функционален и оперативен Комбинат, кој бележи охрабрувачки резултати оваа година и произведува за компанија како Филип Морис. Приказната на ТКП продолжува кон успешна трансформација, но исто така мора да се нагласи дека ова е процес и досега, сите можеме да видиме дека ТКП е на добар пат да стане модерна компанија. XX Што се случи во ПМТКП од тогаш до денес, кои промени, новости, трансформации? Солтер: Многу работи се променија во последните две години – нашиот тим, нашите цели и конечно, нашите резултати. На почетокот бевме само 6 луѓе во тимот, сега сме повеќе од 30 луѓе, повеќето од нив се локални експерти во своите области. Тимот е многу млад и полн со ентузијазам и желба за успех и резултати. Дојдовме на пазарот, носејќи ја истата енергија во спроведувањето на активностите. Активностите кои ги спроведуваме се различни, интересни и секако, тие се белег на компанија како што е Филип Морис. Зад нас имаме високи стандарди, кои се пример во нашата индустрија. Филозофијата на работа во Филип Морис ни овозможува да бидеме најдобри во тоа што го правиме, бидејќи доколку следите систем на високи стандарди и строги правила, нема шанси да направите грешка. Соработуваме со многу домашни компании и тие се обучени од нас во поглед на тоа што значи да се соработува со Филип Морис. Доколку вака изгледа комплицирано, во пракса е многу поедноставно, бидејќи следите строги правила

и работата оди без никаков проблем. Филип Морис е всушност пример за трансфер на знаење во својата индустрија и овој пример е исто така искористен и во случајот со Тутунски Комбинат Прилеп. Да се продава и да се обезбеди маркетинг поддршка за производ е навистина сеопфатна дисциплина и е потребно знаење од локалниот пазар, но исто така и светско искуство, кое ние го поседуваме. Кога имате и одличен локален партнер, оваа работа е многу лесна за спроведување на терен. Филип Морис со својата експертиза успеа да ги донесе Марлборо, Бонд Стрит и Честерфилд како светски познати брендови. Донесовме и дополнително развивме високи стандарди за комуникации и маркетинг, кои потрошувачите ги препознаваат и почитуваат. Го преработивме локалниот успешен бренд “Бранд”, што доби многу позитивен фидбек од потрошувачите. Ваквиот пристап го направи нашето партнерство со ТКП успешна приказна во поглед на пазарниот обем и удел. Дерменџиев: З а н ас, н ајгол емата т р а н сф о рма ц и ј а б е ш е н ач и н от н а размислување и отворањето на нови можности за ТКП. Имаме целосно нов изглед на нашата локална гордост “Бранд”, произведен на постоечките машини на ТКП. Квалитетот на овој производ беше значително подобрен и е навистина добро прифатен од возрасните пушачи. Модернизацијата на производството беше одличен чекор за нас, за да можеме да одговориме на новите предизвици, како што е Марлборо произведено во Прилеп. Филип Морис како партнер ни помогна многу во целиот процес и продолжуваме заеднички дополнително да ја подобруваме нашата работа на дневно ниво, сепак, морам да споменам дека зад Тутунски се неговите вработени, кои дадоа целосна поддршка на сите процеси кои ги започнавме заедно и секако, ги завршуваме заедно. XX Во двете години по потпишувањето на партнерството, ТКП се консолидираше. Која е причината за ова? Солтер: Силата на ТКП и нивниот успех се должат на брзата трансформација. Од наша страна успеавме значително да го поддржиме спроведувањето на многу идеи, чија цел беше да се постигнат подобрувања на производството на ТКП. Дерменџиев: Успеавме благодарение на довербата која ја имавме како менаџмент од нашите вработени и секако, од нашиот партнер. Да се реши прашањето со превработеноста, без да започнат било какви тензии од социјален аспект е навистина успех. Имавме одлични пакети со отпремнина, за кои се пријавија 535 вработени. Откупот на тутунот оди одлично и подобро од било кога. Успеавме да ја завршиме реорганизацијата и новата систематизација, со помош на консултациите од Филип Морис, преку едукација и обуки на вработените. XX Филип Морис е синоним за иновација, додека ТКП е синоним за локална, традиционална компанија. Како иновацијата и локалното наследство се споија заедно? Солтер: ТКП не е тоа што беше. Далеку е од компанијата која работеше со постојани

солтер: Филип Морис покрај својата експертиза успе


www.kapital.mk

Капитал број 868 17.06.2016

19 ТКП не е веќе тоа што беше. Далеку е од загубар и слободно може да кажам дека се развива во една модерна компанија. Зад нас стои предзнакот на иновативна компанија, бидејќи правиме се што е потребно за нашите полнолетни потрошувачи. Во овој процес учествуваат и сите вработени во ТКП, како и во Филип Морис.

Направивме одлична спојка. ТКП е гигант во својот сегмент, а Филип Морис е гигант на светско ниво. Имаше доста работа, навистина премногу предизвици, но успешно беа надминати. Кога зборувам за предизвици мислам на сите активности кои ги завршивме заеднички. А не беа малку, а имаме и големи планови. За две години, успеавме да направиме намалување на вработеноста, модернизирање на производството, почеток на производство на брендовите на Филип Морис, подобрување на соработката со тутунопроизводителите. загуби и може да се каже слободно дека со времето ќе се развие во модерна компанија. Зад нас стои предзнакот на иновативна компанија, бидејќи сме препознаени како високо иновативна компанија во поглед на нашите производи, како и поради високи стандарди кои ги спроведуваме во нашата работа. Чекор понапред сме од конкуренцијата во поглед на иновацијата на производите. Не беше тешко да се донесат иновациите во ТКП, Комбинатот има луѓе кои се дел од одличен тим. Треба да видите како секој се зближува со другите, како секој дава идеи и колку се овие идеи креативни. Во овој процес учествуваат исто така сите вработени на ТКП, како и сите од Филип Морис. Едноставно, нема идеја која не е добра, секоја идеја е добредојдена. Во Филип Морис, се развива креативен концепт и тој се применува секаде. Дерменџиев: Направивме одлична спојка. ТКП е гигант во својот сегмент, додека Филип Морис е гигант на глобално ниво. Имаше многу работа, навистина многу предизвици, кои беа успешно надминати.

Кога зборувам за предизвици, мислам на сите активности кои ги спроведовме заедно. А нивниот број не е мал, а истовремено имаме и големи планови. За две години, успеавме да го модернизираме производството, да започнеме со производство на брендовите на Филип Морис, ја подобривме соработката со тутунопроизводителите и многу други работи. XX Првото Марлборо произведено во Македонија, брендот цигари број 1 во светот – што тоа значи од сите можни аспекти, за ТКП, за Македонија, за Македонските тутунопроизводители? Солтер: Пред се значи дека Македонија се најде на мапата на производители на Филип Морис. Кога го започнавме проектот во Македонија, знаевме дека ќе имаме успех, имајќи во предвид дека имаме големо искуство со слични проекти во светот. Нашите бизнис резултати покажуваат колку разликата на пазарот може да направи добар тим. Во модернизацијата на производството успеавме да направиме заеднички напори во обуките за вработените за ракување со

новите машини. Дерменџиев: Кога го потпишавме договорот со Филип Морис постојано го добивавме прашањето: Кога Марлборо ќе почне да се произведува во Македонија? Немаше средба со новинар, или било кој друг, на која не беше поставено ова прашање. На почетокот знаевме дека не сме подготвени да одговориме на овој предизвик. Сепак, имавме ситуација која не ни дозволуваше да мислиме на поголеми проекти, туку бевме фокусирани кон справувањето со постоечката ситуација во која Комбинатот не живееше, туку преживуваше. Кога се консолидиравме, пристигна модернизацијата и бевме подготвени за неа. Да се биде во рамките на стандардите на Филип Морис е навистина голема обврска за нас како Комбинат, сепак, ова придонесе кон зголемување на квалитетот на сите брендови произведени во Прилеп. Замислете комбинација од знаењето на Филип Морис, квалитетот на тутунот кој го имаме, во заеднички македонски производ, кој е одличен. Свесни сме дека производството за најголемиот светски производител е

еа да ги донесе Марлборо, Бонд Стрит и Четсерфилд


www.kapital.mk

Капитал број 868 17.06.2016

20

Интервју

престиж, сепак, исто така сме свесни дека нашиот македонски производ, кој доаѓа од Комбинатот, е ненадминлив. XX Колку модернизацијата на ТКП придонесе кон подобри резултати? Колку беше важен овој чекор? Солтер: Несомнено, модернизацијата е нешто кое требаше да се направи. Комбинатот не беше модернизиран многу години. Колку и да се обидувате да бидете иновативни, понекогаш на иновацијата и е потребна технологија. Иако капацитетите не дозволуваа брз раст, се сретнавме со ентузијазмот, свежите нови идеи и креативноста. Модернизацијата следуваше откако се финализираше систематизацијата и се поставија новите стандарди на работење. Дерменџиев: В о моментов имаме производство на локални, како и на интернационални брендови. Започнавме со производството на Бонд Стрит, каде направивме иск лучителен влез на локалниот пазар. Тоа беше проследено со производството на Марлборо во Прилеп. Модернизацијата, вклучувајќи ги новите машини и подобрувањата на постоечките, всушност ни овозможи да произведуваме повеќе и подобро. XX Како се одвива соработката со тутунопроизводителите, дали тие се третирани како “трет партнер”, колку се тие задоволни со откупот на тутунот? Солтер: Не сме директно вклучени во откупот на тутун од тутунопроизводителите, сепак ние, како Филип Морис, преку нашите компании за откуп, влијаеме на стандардите кога станува збор за добри земјоделски практики. Како глобален производител на цигари, се стремиме кон високи стандарди кога станува збор за квалитетот на листовите тутун во поглед на позицијата на нивните стебленца, квалитетот и бојата. Квалитетот на тутунот е многу важен за процесот на сечење и осигурува дека листовите од прав тип и квалитетот се употребени за постигнување на вкусот и аромата на нашите различни брендови на цигари. Во поглед на ова, Македонија е традиционално позната како земја каде се одгледува ориентален тип на тутун, со просечно годишно производство од 25.000 тони. Ориенталниот тутун кој доаѓа од овој регион е познат насекаде низ светот, како тутун со исклучителен квалитет и арома и се користи за многу од нашите брендови. Дерменџиев: Откупот на тутун оваа година помина без никакви поголеми проблеми. Во последните години бевме сведоци на постојаните поплаки за начинот на откуп и за исплатите, сепак оваа година немаше никакви поголеми проблеми. Откупот е една од најважните ставки во нашиот буџет и оваа година целосно го испочитувавме тоа. Ние сме Комбинат кој зависи од овој откуп. Во Македонија, овој сегмент е многу важен, имајќи во предвид дека 40.000 семејства живеат директно или индиректно од производство на тутун. Поради тоа, се обидуваме да имаме постојана комуникација со тутунопроизводителите од самиот почеток на засејувањето, па се до времето на откуп,

Многу сме активни во делот на општествена одговорност. Минатата година ја спроведовме инцијативата Моја идеја, мој бизнис, наменета за млади претприемачи. Бевме задоволни од тоа како се спроведе и заврши целата активност. Оваа година пак се насочуваме кон студентите, а Филип Морис Интернешнл најави нова кампања од 100 милиони американски долари во грантови наменети за борба против шверцот со цигари. а истовремено и да најдеме начин и да им помогнеме. XX Стратешкото партнерство беше многу активно во доменот на општествена одговорност. ПМТКП е препознаена како компанија која воспостави нов систем на вредности кога станува збор за придонес кон локалната економија. Како спроведените проекти имаа ефект на стратешкото партнерство? Солтер: Програмите за општествена одговорност се сржта на нашиот коцепт на одржливост. Го набавуваме најголемиот дел од листовите тутун од помали семејни фарми во повеќе од 30 земји, вклучувајќи ја и Македонија и веруваме дека имаме одговорност да помогнеме во поддршката на заедниците каде се одгледува тутунот кој го купуваме. Досега беа спроведени многу проекти, некои од нив вклучуваат реновирање и реконструкција на неколку основни училишта низ Македонија, што беше спроведено во соработка со Сокотаб, беше спроведен проектот наречен “Моја идеја Мој бизнис”, чија цел беше да ја намали невработеноста и да им помогне на младите лица до 35 години од Пелагонискиот регион да ги остварат своите соништа преку отворање на нови бизниси, како и преку наградување на 7 студенти, избрани на студентски натпревар, преку помош во нивното образование. Дополнително на ова, минатата година како општествено-одговорна компанија, ја препознавме сериозноста на ситуацијата со која Македонија се соочуваше во поглед на правилен менаџмент на мигрантската криза и решивме да финансираме проект за потенцирање на човековите права на барателите на азил, бегалците и мигрантите во Македонија, преку воспоставување на

еднаков пристап кон објекти од привремен карактер, прилагодени на зимските услови, како и преку доставување на топли оброци за мигрантите, што беше спроведено преку Интернационалната организација за мигранти. Проектот беше успешно финализиран во март 2016 година, со изградба на менза во мигрантскиот центар во Табановце. Секако, не запираме тука, ќе продолжиме да инвестираме и оваа година и понатаму во слични проекти кои ќе им помогнат на локалните заедници да растат и да бидат одржливи. Секако, јавноста ќе биде навремено известена за нив. Дерменџиев: Ние сме целосно согласни со Филип Морис кога станува збор за делот на општествена одговорност во нашето партнерство. Проектот “Моја идеја Мој бизнис” кој беше спроведен минатата година, беше навистина добро примен во Пелагонискиот регион. Целото општество и учесниците во проектот изјавија во неколку наврати дека вакви проекти, кои го таргетираат исклучиво Пелагонискиот регион, досега не биле спроведени од ниту една друга компанија, со што го издвои нашиот пристап во помагањето на заедниците каде работиме. Ќе продолжиме да поддржуваме слични проекти во иднина, кои ќе бидат различни, но со една клучна заедничка цел: долгорочни, одржливи резултати и самоодржливост за луѓето-дел од нив. XX Неодамна читавме многу за иновацијата на Филип Морис. Што значи новата иновативна платформа на Филип Морис за производи кои се греат, но не согоруваат од аспект на технологијата на производство? Солтер: Повеќе од декада, ПМИ посветува значителни ресурси на развојот на научни достигнувања на незапаливи алтернативи на цигарите. Овие производи ги нарекуваме Производи со намален ризик (ReducedRisk Products (RRPs), бидејќи го содржат потенцијалот да го намалат ризикот од болести предизвикани од пушењето. Од 2008 година, Филип Морис инвестираше над 2 милијарди долари во значителни истражувања, развој на производи, научни докажувања и разбирање на возрасните пушачи. Имаме над 430 научници, експерти и вработени, со импресивни резимеа, кои се движат од науките за материјали и електроника, се до клинички науки и системска токсикологија. Тимот кој придонесува кон развој на овие производи исто така вклучува сеопфатна глобална мрежа на партнери за истражувања и технологии. Според мене, нема поважна цел од развојот на производите со намален ризик, кои се прифатливи за милионите возрасни пушачи кои продолжуваат да пушат. Денес, производите кои не се толку штетни, а истовремено ги поседуваат истото задоволство и вкус не се веќе само празна желба – подобрувањата во науката и технологијата ги направија конкретна можност. Возрасните пушачи низ светот се повеќе покажуваат дека сакаат алтернативи на цигарите. Регулаторите и застапниците на јавното здравје заклучија дека помалку ризични производи ќе имаат бенефити за

Дерменџиев: Трансформирањето покажа дека поранешниот заг


www.kapital.mk

Капитал број 868 17.06.2016

21 Да се биде во рамките на стандардите на Филип Морис е навистина голема обврска за нас како Комбинат, но тоа пак придонесе за зголемување на квалитетот на постоечките македонски брендови. Замислете комбинација на знаење од Филип Морис, со квалитетот на тутунот што го имаме, со на крај одличен македонски производ. Ние сме свесни дека да се произведува за најголемиот производител е престиж, но исто така сме свесни дека нашиот македонски тутун е ненадминлив. јавното здравје и таа промена може да биде постигната без поткопување на превенцијата и престанувањето со пушење, иако овие политики мора да бидат исто така поддржани. Спротивно на мислењето на многумина, научните експерти се согласуваат дека никотинот, иако предизвикува зависност, не е примарната причина за болестите предизвикани од пушење. Кога цигарата е запалена, согорувањето на тутунот и другите материјали произведува илјадници хемикалии, а повеќе од 100 од истите се препознаени и поврзани со развојот на болести предизвикани од пушење. Секоја од нашите 4 платформи на производи е дизајнирана за значително да го намали или да го елиминира создавањето на овие хемикалии, преку затоплување и согорување на тутунот, додека истовремено се задржуваат што е можно повеќе вкусот, внесот на никотин и ритуалните карактеристики на цигарите кои согоруваат. Може да се каже дека технологијата на греење, без согорување е тип на револуционерен производ, особено кога сме свесни дека пазарот на тутунската индустрија се менува на глобално ниво. Нашата Платформа бр.1, таканаречената IQOS е водач на нашиот пристап кон производи со намален ризик. Производот

беше успешно лансиран на различни пазари како Јапонија, Швајцарија, Италија, Романија, Португалија, а бројот на пазари ќе продолжи да се зголемува во наредниот период. Дерменџиев: Можам само да кажам дека сум воодушевен од иновативните производи на Филип Морис и се надевам дека овие производи со намален ризик ќе бидат насокоро дел и од нашиот пазар. XX Во моментов се подготвува нов Закон за тутун. Може ли да ни го кажете вашиот став во поглед на ова прашање? Солтер: Ние сме за регулирање на полето за игра, со слободна конкуренција на пазарот. Со новите измени, некои прашања во поглед на производството, контролата и откупот на тутунот ќе бидат допрецизирани. Само со јасни регулативи може да се постигне фер позиционирање на пазарот и меѓу производителите. Во тој поглед, навистина значи пристапот и отвореноста кои Владата на Република Македонија, вклучувајќи го и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги имаат во поглед на поканата до индустријата и бизнис заедницата да коментираат на првичниот текст на Законот. Имајќи ја во предвид социо-економската

важност на производството на тутун во земјата, цврсто веруваме дека законите на ова поле мора да бидат прецизни, јасни и еднакви за секој играч на пазарот. Дерменџиев: Овој закон е важен за македонската тутунска индустрија и активно учествуваме во неговата подготовка, меѓутоа исто така важно е да се знае дека македонските тутунопроизводители живеат од ориенталниот тутун и кога ќе се изгласаат измените, ова треба да биде земено во предвид. Кога ќе се донесат измените, треба да се земе во предвид комплексноста на ова прашање. Како што претходно напоменав, во Македонија околу 40.000 семејства живеат од одгледување на тутун и произведуваат просечно 25.000 тони тутун на годишно ниво. Дополнително, Македонскиот ориентален тутун, поради неговиот висок квалитет е високо ценет на странските пазари и заедно со другите тутунски производи е постојано извезуван на други пазари. Имајќи ги овие детали во предвид, пристапот на Министерството беше да вклучи претставници од сите страни, со цел да се подготви јасна и прецизна регулатива. Го цениме овој пристап и го охрабруваме Министерството да продолжи да работи на истиот транспарентен начин. nnn

губар со прецизен план може да стане повторно профитабилен


Што добивате со он-лајн претплата на Капитал: претплата на 1. Со електронското издание на Капитал

заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

за најава од 2.Можност три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

до 3. Пристап електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал: l 49 броја на редовното издание на Капитал l 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал l Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа l Платена поштарина l Вклучено ддв l Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози



www.kapital.mk

Капитал број 868 17.06.2016

24

Медиумски пазар

Колку заработија најголемите

И покрај преки на владините реклами, прихо исти или погол

Приходи на најголемите македонските телевизи МРТВ Сител Канал 5 Алфа ТВ Алсат - М Телма

Приходи 2015 (евра) 20.881.549

Добивка 2015 (евра) 840.657

Приходи 2014 (евра) 21.566.435

8.809.794

517.252

8.752.651

4.745.667

-153.812

4.501.828

3.205.004

228.616

2.645.628

2.700.087

1.597

2.670.805

1.642.639

-370.705

1.499.524

Транспарентност: ЗНМ бара сите телевизии јавно да ги објават изво


www.kapital.mk

Капитал број 868 17.06.2016

25

е македонски телевизии лани

инот

Некаде од средината на 2015 година Владата стави мораториум на своите реклами во медиумите, од кои што најголем дел добиваа неколку телевизии. Нивните приходи лани не се паднати заради тоа, дури некои од нив имаат и пораст. Од Македонското здружение на новинарите велат дека регулаторот – Агенцијата за медиуми - мора да утврди како медиумите ги покриле кусокот на пари што во претходните години ги добивале заради владините реклами, додека од Македонската медиумска асоцијација бараат враќање на овие реклами – потребни им биле во време кога рекламниот пазар паѓа.

ходите леми

ии Добивка 2014 (евра) 699.389

% промена Приходи -3,18%

% промена Добивка 20,20%

1.269.935

0,65%

-59,27%

6.483

5,42%

-

-435.184

21,14%

-

12.616

1,10%

-87,34%

-212.619

9,54%

74,35%

зворите на своите приходи за да се види колкав огласувач е Владата


www.kapital.mk

Капитал број 868 17.06.2016

26

Медиумски пазар

Н пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Најголемите македонски приватни телевизии лани имале исти или покачени приходи, и покрај тоа што Владата кон средината на годината престана да се рекламира во медиуми. Најголеми приходи меѓу телевизиите, се разбира има националната МРТВ, која што примарно се финансира од радиодифузната такса што ја плаќаме сите. Нејзините приходи од работење во 2015 биле безмалку 21 милион евра, што е за 3,2% помалку во однос на годината претходно. Но, затоа, националниот информативен сервис имал поголема добивка од дури 20,2%, на 840,6 илјади евра. Од комерцијалните телевизии, според податоците на biznismreza.mk, највисоки приходи има Сител, 8,8 милиони евра, речиси идентични како и во 2014, но со голем пад на добивката 59%. Канал 5 има 4,7 милиони евра приходи, за 5,4% повеќе, а има загуба на крајот од 154 илјади евра, за разлика од минималната добивка од 6.500 евра во 2014. Алфа телевизија лани имала најголем пораст на приходите меѓу големите телевизии, од цели 21%, на 3,2 милиони евра и остварила добивка од 229 илјади евра,

за разлика пак од загубата претходно, од 435 илјади евра. Алсат – М има речиси идентични приходи од 2,7 милиони евра, но голем пад на добивката од 87.3%. Телма телевизија, која неодамна објави отпуштање на 12 искусни новинари, правдајќи го тоа меѓу другото и со опаднатите приходи, лани имала приходи од 1,64 милиони евра, за 9,5% повеќе во однос на 2014, но и двете години покажува загуба, 370 илјади евра лани и 212 илјади евра во 2014.

Агенцијата за медиуми да утврди како е покриен кусокот од владините реклами

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) минатата година тврдеше дека речиси шест милиони евра се потрошени за владини реклами во електронските и печатените медиуми за само три месеци, во периодот октомври – декември 2014 година. Поточно, во телевизијата Канал 5 биле потрошени 1,41 милиони евра, во

ТВ Алфа 1,40 милиони евра и во ТВ Сител вкупно 1,07 милиони евра. „Распределбата на државни реклами и огласи во медиумите речиси постојано го наметнува прашањето околу тоа кои

Contact: 022/401-985 | 070/380-755

медиумски куќи ги добиваат средствата и врз основа на кои критериуми. Анализата што ја направивме води кон заклучокот дека државното рекламирање продолжува да се реализира на нетранспарентен начин. Нетранспарентни се и информациите околу нето износот што го добиваат медиумите од индивидуалните огласувачи“, рече пред една година претседателот на ЗНМ, Насер Селмани. Споменатите телевизии потоа жестоко реагираа на овие тврдења, нарекувајќи ги “светлосни години далеку од вистината“ и најавија и кривични пријави против Селмани и оние што учествувале во изработка на анализата. Една година потоа, го прашавме претседателот на ЗНМ за став околу приходите на телевизиите лани, кога втората половина на годината останаа без владините реклами, а покажуваат исто или покачено ниво на приходи. “Ако е точно дека националните приватни телевизии во 2015 година имаат позитивни финансиски резултати и покрај мораториумот на владините реклами, покажува дека биле нереални стравувањата на директорите на неколку приватни телевизии, кои претходно тврдеа дека ако се укинат владините реклами, телевизиите ќе банкротираат.“, вели Селмани. Тој додава дека постојат разни шпекулации во јавноста дека и покрај мораториумот на владините реклами, јавните институции по разни други основи продолжиле да слеваат јавни пари во медиумите. “За да се разјаснат овие дилеми мислам дека медиумите треба да бидат транспарентни за изворот на приходите.“, вели Селмани. “Транспарентноста на финансирањето на медиумите е клучно за нивниот кредибилитет. Ако медиумите сами не се транспарентни, нема да имаат морално право да бараат



www.kapital.mk

Капитал број 868 17.06.2016

28

Медиумски пазар

Р Иван Мирчевски директор на Канал 5 и претседател на ММА

екламниот колач изнесува околу 17-18 милиони евра годишно, тој е премал за сите медиуми, учесници на пазарот и постојано паѓа. Секунда рекламен простор во телевизиите во моментов е со мизерна цена и таа мора да оди нагоре. Владините реклами ни се потребни, не за да ни ја купат лојалноста или обезбедат сигурност во работењето, туку за да го пребродиме овој кризен период.

П Насер Селмани

претседател на ЗНМ

остојат разни шпекулации во јавноста дека и покрај мораториумот на владините реклами, јавните институции по разни други основи продолжиле да слеваат јавни пари во медиумите. Агенцијата за медиуми треба да ја следи состојбата на пазарот и да утврди како медиумите ги покриле кусокот на пари што во претходните години ги добивале по основ на објавување владини кампањи.

транспарентност за начинот на трошење на јавните пари од институциите. А, Агенцијата за медиумите мора да го следи медиумскиот пазар, затоа што независноста на медиумите во многу работи зависи од начинот на финансирањето. Агенцијата треба

Б

Петар Арсовски комуниколог

ез да ги знаеме буџетите за рекламирање во 2015, не може да тврдиме зошто приходите на телевизиите не се намалиле и покрај прекинувањето на владините реклами. Инаку, да не бидеме наивни, Владата доколку сака секако дека има начини да ‘истура’ пари во медиумите што ја поддржуваат нејзината политика –преку фирмите што се блиски до неа, што добиваат тендери и сл.

да ја следи состојбата на пазарот и да утврди како медиумите ги покриле кусокот на пари што во претходните години ги добивале по основ на објавување владини кампањи. Се надеваме дека Агенцијата во наредната анализа на пазарот на радиодифузерите ќе ги објави најголемите огласувачи. “, смета Селмани.

ММА: Парите од Владата им се потребни на телевизиите

Аналитичарот Петар Арсовски вели дека ова зголемување на приходите не може да го коментира без да ја знае динамиката на пазарот за рекламирање, односно буџетите на најголемите огласувачи. “Ние не знаеме дали најголемите огласувачи потрошиле повеќе во 2015 или не, но веројатно е да потрошиле повеќе затоа што пазарот по кулминацијата во 2007-2008, доживеа голем пад, па потоа следеше закрепнување последниве 2-3 години. Но, не знаеме колкаво е тоа зголемување и дали токму тоа е главната причина за порастот на приходите на телевизиите. Инаку, да не бидеме наивни, Владата доколку сака секако дека има начини да ‘истура’ пари во медиумите што ја поддржуваат нејзината политика –преку фирмите што се блиски до неа, што добиваат тендери и сл.“, вели Арсовски. Иван Мирчевски, директор на Канал 5, вели дека рекламниот колач во Македонија, кој што според негови процени изнесува околу 17-18 милиони евра годишно е премал за сите медиуми учесници на пазарот. “За петте најголеми телевизии тој не изнесува повеќе од 7- 8 милиони евра, колку и да мисли јавноста дека ние го земаме најголемиот дел од приходите. Постојат уште многу регионални и локални телевизии, потоа печатени медиуми, портали...Сите тие бараат чепкаат барем по нешто од вкупната сума“, вели Мирчевски кој што е и претседател на Македонската медиумска асоцијација - ММА, здружение на петте највлијателни комерцијални телевизии (Сител, Канал 5, Телма. Алфа и Алсат М), формирано во 2014, со цел да ги штити нивните интереси. Мирчевски смета дека рекламниот пазар паѓа секоја година и дека став на ММА е дека владините реклами им се потребни на медиумите. “Парите од Владата се потребни не за да ја купат нашата лојалност и да ни обезбедат сигурност во работењето, како што велат некои, туку да се преброди овој кризен период. Прашање на време е кога сите телевизии, не само најголемите, ќе кажат, стоп, не може повеќе вака, мора да ја кренеме цената на рекламниот простор. Не би одел со конкретни бројки, но секунда рекламен простор во најголемите домашни телевизии е страшно евтина во моментов“, вели Мирчевски. Тој смета дека Владата треба да направи критериуми како ќе ги дели парите, на транспарентен начин. “Ние во ММА начелно се договоривме, нека биде 50% линеарно, 50% според рејтингот на телевизијата.“ nnn




специјален прилог

Продажба и дистрибуција

Кој е кој во трговијата на мало и големо во Македонија

Македонски трговски синџири почнаа да го шират бизнисот надвор


www.kapital.mk

Капитал број 868 17.06.2016

32

Продажба и дистрибуција

Кој е кој во трговијата на ма

Трговија на големо

2012

2013

3,91

3,09

2011

3,11

2010

2,73

2,28

Промет (милијарди евра)

2014

4,62

Македонски трговски синџири почнаа да го шират бизнисот надвор

2015

Трендови: Најголемите трговци на мало во Македонија и според п


www.kapital.mk

Капитал број 868 17.06.2016

специјален прилог

33

ало и големо во Македонија Во време кога приходите на најголемите домашни трговски синџири растат, исто како и вкупната добивка на топ 20-те играчи, може само да охрабри ширењето на најголемиот во моментов трговец на мало, Кам маркети, на пазарите во Бугарија, Косово и Албанија. Некои од трговците на големо пак, односно најголемите дистрибутерски компании во Македонија, исправени пред предизвикот како да се компензира помалата продажба на цигарите и алкохолот, заради зголемените акцизи и сл.

Трговија на мало

2010

2014

2015

Извор: Државен завод за статистика

2013

3,09

3,18

2012

2,97

3,3

2011

1,52

3,39

Промет (милијарди евра)

приходите и според вкупната добивка имале подобра година лани


www.kapital.mk

Капитал број 868 17.06.2016

34

Продажба и дистрибуција

пишува:

С Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Со безмалку 94 милиони евра приходи од продажба лани, Кам маркети се на прво место меѓу трговските синџири во земјава и му го зедоа приматот на Тинекс, кој што лани имал 91 милион евра приходи, според податоците што ги добивме од biznismreza. mk, а темелени на финансиските извештаи на фирмите доставени до Централен регистар. Приходите на Кам маркети пораснале за 10,7% минатата година, а компанијата има и најголема нето добивка меѓу трговците на мало, односно четири милиони евра, речиси идентична како и годината претходно. Од менаџментот на Кам маркети ни рекоа дека и првиот квартал годинава го задржале истото темпо на раст на приходите, од околу 10%. Она што е побитно за компанијата во моментов, е нејзиното ширење на пазарите надвор од Македонија. Неодамна бугарските медиуми ја објавија информацијата дека Кам маркети или како што го нарекоа “македонскиот Алди“, се шири и на нивниот пазар, со најава дека првите маркети на Кам ќе се

80%

од добивката кај најголемите трговци е во рацете на 5-те најголеми компании

5

трговски синџири и 4 дистрибутери имаат добивка поголема од 1 милион евра

8,9

милиони евра вкупна добивка (-17,8%) имаат 20-те најголеми дистрибутери во 2015 отворат во Софија, а потоа доаѓа предвид и Пловдив, вториот по големина град во земјата. Исто така, од Кам спомнаа дека планираат отворање маркети и во Косово и Албанија. Од компанијата ни потврдија дека подготовките за отворањето на првите маркети во Бугарија се при крај. “Во моментов подготвуваме отворање на седум маркети во Бугарија за почеток, а до

крај на годинава таа бројка ќе се зголеми на 15, додека за следната година таа бројка треба да порасне на 20 маркети вкупно. Што се однесува, до Косово, кон средината на летово ќе почнеме со отворање на маркети и таму, а во Албанија кон крајот на годинава“, рекоа од менаџментот на Кам маркети. Што се однесува до тоа како работеле трговците на мало лани, најголем раст на

ДВАЕСЕТ НАЈГОЛЕМИ ТГОВЦИ НА МАЛО ВО МАКЕДОНИЈА (според остварени приходи од продажба во евра) Приходи 2015

Приходи 2014

% промена

Профит 2015

Профит 2014

% промена 1,67%

1 КАМ ДОО Скопје

93.947.745

84.858.682

10,71%

4.083.553

4.016.581

2 ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ

91.062.624

90.133.168

1,03%

3.863.283

3.678.214

5,03%

3 ЖИТО извоз-увоз ДООЕЛ Велес

42.596.229

32.535.405

30,92%

1.127.665

785.794

43,51%

4 РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје

36.562.482

33.543.950

9,00%

395.588

-150.755

5 СТОКОМАК ДОО увоз-извоз Скопје

29.272.546

23.116.272

26,63%

1.275.057

701.908

6 КИППЕР МАРКЕТ ДООЕЛ Тетово

21.541.247

15.019.939

43,42%

1.104.502

573.620

92,55%

7 СКОПСКИ ПАЗАР АД Скопје

16.793.347

23.360.581

-28,11%

570.182

879.378

-35,16% 34,71%

81,66%

8 Монтенегро ДОО ГОстивар

14.240.830

12.794.859

11,30%

789.936

586.377

9 МАКИНВЕСТ експорт-импорт ДОО Скопје

15.241.726

19.421.540

-21,52%

-911.176

122.232

10 СИИВА ДОО Скопје

10.343.292

10.148.734

1,92%

174.161

119.326

45,95%

11 ПРИНЦЕ ЕНТЕРПРАЈС ДООЕЛ експорт-импорт Скопје

10.300.167

13.610.931

-24,32%

419.773

487.798

-13,95%

12 Рептил Дооел узов извоз Скопје

9.528.894

7.952.957

19,82%

49.208

136.362

-63,91%

13 ТУШ ТРЕЈД ДООЕЛ Скопје

8.738.197

8.691.034

0,54%

-410.439

-683.098

-39,92%

14 СЕТ-УНИОН ДОО увоз-извоз Штип

8.248.963

6.993.636

17,95%

96.722

-120.172

15 ГРАНДПРОМ-ЗУР ДОО експорт-импорт с.Орешани Зелениково

7.847.626

6.402.430

22,57%

204.348

145.576

40,37%

16 СЕЉМАН-ТУРИЗАМ ДООЕЛ експорт-импорт Куманово

7.759.316

7.993.805

-2,93%

356.572

276.264

29,07%

17 ЈУС МБ ДООЕЛ с.Сарај Скопје

7.607.998

8.570.256

-11,23%

260.508

258.173

0,90%

18 БУЉА ТРАНС КОМПАНИ Фаик ДООЕЛ Боговиње

7.406.996

6.914.411

7,12%

548.821

396.260

38,50%

19 ЗЕНДОЛИНО-КОМЕРЦ ДОО извоз-увоз Штип

7.131.577

7.380.000

-3,37%

15.248

14.223

7,21%

20 ЦРВЕНА РУЖА експорт-импорт ДОО Струмица

6.050.333

4.833.966

25,16%

666.912

442.963

50,56%

Предизвици: Помалата продажба на некои акцизни стоки, како ц


www.kapital.mk

Капитал број 868 17.06.2016

специјален прилог

35

и преуредување на маркетите, со што ќе донесеме дополнителна свежина и повеќе комфор и удобност за нашите купувачи“, вели Стојанче Тодороски, маркетинг директор на Жито маркети. Последниве години, во голем играч на пазарот прераснува и Стокомак, синџирот на дисконтни маркети кои што отворија доста продавници последниве 2-3 години, и сега се на петто место според остварени приходи, од речиси 30 милиони евра, за 27% повеќе во однос на 2014 година.

Топ 20-те трговци на мало заедно продале и заработиле повеќе

приходот меѓу топ 20-те трговски синџири лани имал Киппер маркети од Тетово, дури 43% на 21,5 милион евра. Оваа компанија остварила и речиси двојно поголема добивка во 2015, односно 1,1 милиони евра. Следат маркетите Жито од Велес, со 30,9% раст на приходите, на 42,6 милиони евра, и исто така одличен раст на добивката од 43,5%, на 1,13 милиони евра. Од Жито маркети изјавија дека го

задржуваат трендот на пораст на приходите и добивката и оваа година, а во моментов инвестираат во вработените, во маркетингот и во реновирање на маркетите, за да го направат својот раст и развој одржлив на долг рок. “Почнавме да го опремуваме нашиот тренинг центар за вработените, а исто така во тек е процесот на ребрендирање на логото на Жито маркети, како и реновирање

Инаку, најголемите 20 трговски синџири во Македонија во 2015 година заедно имале вкупен приход од 452 милиони евра, што е за 6,6% повеќе во однос на 2014, а вкупната добивка изнесува 14,7 милиони евра, или за речиси 16% повеќе во однос на годината претходно. Од овие пресметки излегува дека просечната профитна маржа на ниво на секторот, ако се земат предвид 20-те најголеми играчи изнесува околу 3,2%. Намалување на приходите лани покажале шест од 20-те најголеми трговци на мало, меѓу кои најголем пад на приходите имаат Скопски пазар, од 28% на 16,7 милиони евра, Принце ентерпрајс од Скопје со пад од 24%, на 10,3 милиони евра, како и Макинвест Скопје, со 21,5% помали приходи лани, односно 15,2 милиони евра. Порастот на приходите на најголемите трговците на мало кореспондира со податоците на Државниот завод за статистика, според кои, во 2015 година вкупниот износ на прометот во малопродажбата изнесувал 3,09 милијарди евра, што е за 4% повеќе во однос на годината

ДВАЕСЕТ НАЈГОЛЕМИ ДИСТРИБУТЕРСКИ КОМПАНИИ ВО МАКЕДОНИЈА (според остварени приходи од продажба во евра) Приходи 2015

Приходи 2014

Промена%

Профит 2015

Профит 2014

Промена %

1 ЕУРО ТАБАК ДОО Скопје

84.657.079

87.351.655

-3,08%

1.659.469

1.245.173

33,27%

2 ЕКСПАНДА ДООЕЛ увоз-извоз Скопје

57.966.184

31.753.285

82,55%

392.292

350.146

12,04%

3 ГЕМАК трејд ДООЕЛ Скопје 4 НЕЛТ СТ ДООЕЛ Илинден Илинден

46.051.056 29.051.238

42.631.436 29.774.930

8,02%

189.190

1.110.055

-82,96%

-2,43%

1.548.400

2.008.828

-22,92%

5 АЛМА - М ДООЕЛ

27.335.769

26.473.424

3,26%

1.511.125

1.135.277

33,11%

6 АТЛАНТИЦ ТРАДЕ СКОПЈЕ ДОО Скопје

26.579.055

25.425.325

4,54%

126.011

187.733

-32,88%

7 ПРИМА.МК ДОО експорт-импорт Скопје

24.359.281

19.341.608

25,94%

141.586

544.918

-74,02%

8 АДРИЈУС ДОО увоз-извоз с.Глумово Сарај

20.175.553

22.579.431

-10,65%

311.196

936.529

-66,77%

9 ВАРИМПЕКС ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје

18.725.715

26.752.201

-30,00%

55.846

50.702

10,15%

10 Кола ДООЕЛ Скопје

18.685.867

17.278.346

8,15%

89.030

158.490

-43,83%

11 ОАЗА ЕКСТРА-СКОПСКО ДООЕЛ Штип

18.218.008

12.642.355

44,10%

386.033

196.296

96,66%

12 АГРАГОЛД ДООЕЛ Скопје

18.082.632

11.785.388

53,43%

85.368

5.569

1432,91%

17.263.978

-5,14%

546.219

502.248

8,75%

0,51%

903.240

866.126

4,29%

13 РУДИНЕ ММ ДОО увоз-извоз Скопје 14 АВТ Интернатионал ДОО Скопје

16.376.880 13.189.726

13.122.604

15 СЛОГА ПРОМ ДООЕЛ увоз извоз Кавадарци

13.172.448

12.294.055

7,14%

176.478

482.805

-63,45%

16 ЛАЦТАЛИС МК ДООЕЛ Скопје

12.651.546

10.553.099

19,88%

-817.651

-221.148

269,73%

17 ПОДРАВКА ДООЕЛ Скопје

12.024.934

11.453.614

4,99%

252.286

147.024

71,60%

18 СЛОГА ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци

11.496.087

9.484.897

21,20%

251.127

212.555

18,15%

19 МАЛИНА ВЕЛЕС извоз-увоз ДООЕЛ Велес

11.034.013

8.195.270

34,64%

12.611

6.743

87,04%

20 НЕСТЛЕ АДРИАТИК МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје

11.002.488

10.984.091

0,17%

1.059.817

749.151

41,47%

цигарите и алкохолот, ги тера дистрибутерите да ја шират понудата


www.kapital.mk

Капитал број 868 17.06.2016

36

Продажба и дистрибуција

претходно. Меѓу трговските синџири, како што спомнавме на почетокот, најмногу пари лани заработил Кам маркети, околу четири милиони евра, а следат Тинекс маркети со 3,86 милиони евра (+5%), Стокомак со 1,28 милиони евра (+82%), Жито со 1,13 милиони евра (43.5%), Киппер маркети Тетово со 1,1 милион евра (+93%). Од 20-те најголеми трговци на мало, три имале помала добивка, додека два, Макинвест и Туш трејд имале загуба, 911 илјади и 410 илјади евра респективно.

Дистрибутерите со предизвици

Кај трговците на големо и дистрибутерите, пак, ситуацијава е следна: Најголем дистрибутер на пазарот останува Еуро Табак – Скопје, дистрибутерот на цигарите на ТКС – Империјал тобако за територијата на Македонија надвор од Скопје, како и на уште неколку брендови од производи за широка потрошувачка. Компанијата имала приходи од 84,7 милиони евра, што е за 3% помалку во однос на 2014, но затоа ја зголемила својата добивка за 33%, на 1,66 милиони евра. Голем скок на приходите, односно убедливо најголем меѓу топ 20-те дистрибутери во земјава, од 82,5%, има Експанда, компанија што е долгогодишен дистрибутер на цигарите на Филип Морис во Македонија, како и на сим картичките на Вип оператор во малопродажните објекти. Експанда има приходи од речиси 58 милиони евра лани, додека нејзината добивка е порасната за 12%, на 392 илјади евра. Меѓу 20-те најголеми дистрибутери на македонскиот пазар, лани само 5 имале намалување на приходите, меѓу кои со најголем пад на приходите од продажба (-30%) е Варимпекс Интернационал, специјализиран компанија за трговија и дистрибуција на шеќер. Добивката, пак, на оваа компанија пораснала лани за 10%, на 55 илјади евра. Најголема заработка пак, меѓу дистрибутерите има истата компанија што има најголеми приходи, Еуротабак, односно, 1,66 милиони евра, што е за цели 33% повеќе во однос на 2014 година. Следат Нелт СТ, компанија со седиште во Србија, инаку регионален дистрибутер на неколку светски брендови за широка потрошувачка, меѓу кои и Милка чоколадите, со добивка од 1,55

милиони евра, Алма М, дистрибутерот на Бројки Вригли, Нестле и други брендови, со 1,51 милиони евра, Нестле Адриатик со еден милион евра, итн. Карактеристично е за најголемите домашни дистрибутери што седум од 20 имаат помали добивки лани, додека една компанија, милиони евра вкупен Лакталис, има зголемување на загубата, приход (+6,6%) имаат 20-те од 221, на 817 илјади евра во 2015. најголеми трговски синџири во Најголем пад на добивките минатата година Македонија во 2015 имаат Гемак трејд, дистрибутерот на цигари и жестоки алкохолни пијалоци, кој што остварил приходи од 46 милиони евра, за 8% повеќе, но затоа, добивката паднала за дури 83%, на 189 илјади евра. Значителен пад на добивките имаат и Прима.Мк, од милиони евра вкупна добивка 74%, Адријус од 66%, итн. (+15,7%) имаат 20-те најголеми Испративме прашања до 5-те најголеми трговски синџири во 2015 дистрибутери според остварени приходи околу тоа кои се најголемите предизвици за нив периодов, и какви стратегии имаат за одржлив раст и развој на пазарот. Ни одговорија само од Гемак трејд, каде што велат дека периодов се фокусирани на милион евра вкупен приход засилување на продажната мрежа, односно, (+9,8%) имаат 20-те најголеми нејзино технолошко усовршување. дистрибутери во Македонија “За таа цел инвестираме во модерна ERP во 2015 платформа (софтвер за менаџирање со компаниските ресурси, н.з.), што значи дека нашите комерцијалисти на терен ќе бидат технолошки опремени со уреди- таблети тие поскапуваат и нивнатa продажбата и софтвер за во секој момент да бидат во опаѓа, не само во Македонија, таков тек со состојбата со залихите, салдото, е трендот во цела Европа. Еве сега од продажбата и останатите параметри кај први јули ќе има ново поскапување. нивните клиенти – трговци. Сето ова треба Остварените приходи од продажбата на да стартува за отприлика еден месец“, вели цигари можеби не го отсликуваат овој тренд, Самир Малиќи, директор за продажба и но тоа е заради нивната повисока цена во комерција на компанијата. малопродажба, а продадените количини Гемак трејд во јавноста е препознатлива сепак се намалени. по дистрибуцијата на жестоки алкохолни Продажбата на алкохол која се реализира пијалоци (ексклузивен увозник и дистридоминантно низПРИХОДИТЕ Хорека (хотели, ТРГОВЦИ НА МАЛО СО НАЈГОЛЕМ РАСТ НА ВО ресторани, 2015 бутер на програмата наМаркет ДИАЏИОЏони кафулиња, н.з.) каналот (околу 80%), е на Киппер -Тетово 43,40% Вокер, Смирноф,Жито Ј&Б,маркети Гордонс, Кептен релативно стабилно ниво но сепак се - Велес 30,90% Морган), узото Тсантали, премиум пивото чувствува одредено влијание на кризата Стокомак - Скопје 26,60% Корона, водата Евиан и цигари (овластени која влијае на работењето на угостителските Црвена Ружа - Струмица 25,16% дистрибутери на програмата на Империјал објекти.“, објаснува Малиќи. Грандпром Зур Скопје 22,60% Тобако – ТКС за Скопје). Со оглед на стратешката определба на Промените во потрошувачките трендови Гемак за проширување и во други сегменти НА МАЛО СО НАЈОЛЕМ РАСТ НА ДОБИВКАТА 2015 предизвикани од ТРГОВЦИ повеќе фактори ја тераат на дистрибуцијата, меѓуВОпрограмите Кипперда маркет - Тетовоза во портфолиото на компанијата 92,55% компанијата стратешки размислува покрај проширување наСтокомак продажното портфолио другите програми се и кафето Паскалин, - Скопје 81,66% и во други сегменти. чипс и чоколади од програмата на Црвена Ружа - Струмица 50,56% “Како што знаете, акцизата на цигарите српскиот производител Чоколенд, соковите СИИВА - Скопје 45,95% сукцесивно се зголемува со години наназад, Фрутоманија итн. nnn Жито маркети - Велес 43,51%

452

14,7 491

ТРГОВЦИ НА МАЛО СО НАЈГОЛЕМ РАСТ НА ПРИХОДИТЕ ВО 2015 Киппер Маркет -Тетово 43,40% Жито маркети - Велес 30,90% Стокомак - Скопје 26,60% Црвена Ружа - Струмица 25,16% Грандпром Зур - Скопје 22,60%

ДИСТРИБУТЕРИ СО НАЈГОЛЕМ РАСТ НА ПРИХОДИТЕ ВО 2015 Експанда - Скопје Аграголд - Скопје Оаза Екстра Скопско - Штип Малина - Велес Прима.Мк - Скопје

82,55% 53,43% 44,10% 34,64% 25,94%

ТРГОВЦИ НА МАЛО СО НАЈОЛЕМ РАСТ НА ДОБИВКАТА ВО 2015 Киппер маркет - Тетово 92,55% Стокомак - Скопје 81,66% Црвена Ружа - Струмица 50,56% СИИВА - Скопје 45,95% Жито маркети - Велес 43,51%

ДИСТРИБУТЕРИ СО НАЈГОЛЕМ РАСТ НА ДОБИВКАТА ВО 2015 Аграголд - Скопје Оаза Екстра Скопско - Штип Малина - Велес Подравка -Скопје Нестле Адриатик - Скопје

1432% 96,66% 87% 71,60% 41,47%

ДИСТРИБУТЕРИ СО НАЈГОЛЕМ РАСТ НА ПРИХОДИТЕ ВО 2015 Експанда - Скопје Аграголд - Скопје Оаза Екстра Скопско - Штип Малина - Велес Прима.Мк - Скопје

82,55% Криза: Некои трговци и дистрибутери со пад на приходите и до 30% 53,43% 44,10% 34,64% 25,94%


www.kapital.mk

Капитал број 868 17.06.2016

специјален прилог

37

Витаминка - 60 години присутна на продажните полици и во домовите

К

онтинуитетот во квалитетот, константноста во присутноста на пазарот и постојаното зголемување на производниот асортиман, се основните карактеристики на Витаминка. Предизвик е да се постигне успехот на оваа компанија, некогаш позната како производител на само еден производ - црвен пипер, а денес присутна на продажните полици со асортиман од над 450 различни производи. Создавајќи стратегија базирана на важноста од позиционираноста на производот, Витаминка ја изгради својата непосредна и моќна врска со потрошувачите. Таа се истакнува со висок квалитет на производите и достапна цена, креирајќи емотивен колаж од нераскинливи врски меѓу производите и потрошувачите. За Витаминка, позиционирањето на производите не е само нивно физичко поставување на полиците, туку претставува многу повеќе од тоа. Квалитетот и изгледот на производите на Витаминка се темелат на потребите и барањата на потрошувачите. Во оваа фирма која на македонските простори и пошироко со одлично менаџерско искуство опстојува

60 години, купувачот и крајниот потрошувач се ставени на највисокиот пиедестал. Потребите на потрошувачот дефинирани низ повеќе параметри, следењето на светските трендови и конкуренцијата и избирањето соодветни канали за дистрибуција, се вградени во основата на сите производи на Витаминка. Стоби флипс, Атлантис, Витанез, Цевитана, Дафинка не се само производи за македонскиот потрошувач. Тоа се производите што беа тука пред нас и кога бевме деца, тоа се вкусовите што не враќаат во моментите на радост и уживање, тоа се нашите сеќавања од минатото, нашите желби и емоции. Тоа е она што ги прави производите на Витаминка посебни и единствени, блиски до потрошувачот. Секоја компанија развива своја специфична стратегија во однос на дистрибуцијата на своите производи. Поаѓајќи од профилот на производите и стекнатата доверба кај потрошувачите, Витаминка остана верна на традиционалниот начин на дистрибуција и продажба. Таа има сопствен возен парк, дистрибутивни возила кои производите ги доставуваат до продажното место во рок од 24 часа, своја трговска мрежа која постојано

е на пазарот следејќи ги трендот и барањата на потрошувачите. Исто така има служба за директно позиционирање на производите во продажните објекти низ целата земја, влегувајќи во секое населено место, во секој маалски дуќан. Систематски, со експертски пристап и континуирана инвестиција, менаџерскиот тим на Витаминка разви локално, национално, регионално и глобално присуство на своите производи. Паралелно, со вистински ефективен пристап во присутноста на домашниот пазар, компанијата својата присутност на странските продажни полици ја иницира со појавување на сите големи саеми од прехранбената индустрија. Мерила за успехот на една компанијата и нејзините производи има многу, но можеби најверодостојно мерило е токму присутноста на продажните полици или уште повеќе присутноста во домовите. Витаминка, неспорно е присутна секаде. Доволно е само да се присетиме на фактот дека кога купуваме Стоби флипс ретко кога ја погледнуваме цената, туку едноставно го ставаме во нашата торба, создавајќи од него најсилен македонски бренд, емотивно поврзан со сите нас. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 868 17.06.2016

38

КОМПАНИИ И ПАЗАР Уште 158 компании ќе купуваат струја на слободен пазар

Либерализацијата им носи на фирмите поевтина струја и до 50%

Третата фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија што почнува од јули годинава им дава можност на уште 158 приватни и државни компании, општини, кои во изминатата 2015 година имале потрошувачка на електрична енергија поголема од 1 гигават час (GWh) да купуваат електрична енергија по пазарна цена од снабдувачите со струја. Сите овие компании и државни институции се проценува дека годишно трошат до 300 гигават часови електрична енергија. Најголем дел од договорите и во оваа фаза се потпишани со најголемите играчи на пазарот, Energy Delivery Solutions (EDS) и ЕВН Снабдување. Менаџерите на компаниите снабдувачи коментираат дека потрошувачите ќе добијат од 30% до 50% поевтина струја откако од регулиран излегоа на слободен пазар. пишува:

Александар Јанев

Т

aleksandar.janev@kapital.mk

ретата фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија што почнува од јули годинава им дава можност на уште 158 приватни и државни компании, општини, кои во изминатата 2015 година имале потрошувачка на електрична енергија поголема од 1 гигават час (GWh) да купуваат електрична енергија по пазарна цена од снабдувачите со струја. Сите овие компании и државни институции се проценува дека годишно трошат до 300 гигават часови електрична енергија. Најголем дел од договорите и во оваа фаза се потпишани со најголемите играчи на пазарот, ЕВН Снабдување и Energy Delivery Solutions (EDS). Третата фаза од либерализирањето на пазарот на струја доаѓа година и пол по одложувањето во октомври 2014 година кога властите одлучија овој процес да се пролонгира со образложение дека „целосно либерализирање на пазарот според првично

утврдената динамика ќе ги зголеми цените на струјата за домаќинствата и до 20% и со тоа ќе го погоди нивниот животен стандард“. Досега вкупно 429 компании и државни институции опфатени со втората и третата фаза од либерализирањето на пазарот самостојно набавуваат струја. Почетокот на отворањето на овој пазар за конкуренцијата е во 2008 година, кога неколку големи потрошувачи добија можност сами да набавуваат струја. Менаџерите на компаниите снабдувачи коментираат дека потрошувачите ќе добијат и до 50% поевтина струја откако од регулиран излегоа на слободен пазар. „Нашата компанија досега потпиша договори со околу 50 компании што од 1 јули излегуваат на слободниот пазар на електрична енергија и ќе снабдува половина од предвидената количина. Од тој аспект сме задоволни од бројот на склучени договори. Од друга страна, придобивките за нив се намалување на цената на струјата што се движи од 30% па дури до 50%. Државните фирми и општините се уште се во фаза на тендерска процедура и со нив допрва ќе треба да склучуваме договори“, вели Кочо Анѓушев, директор на Energy Delivery Solutions (EDS).

Тој вели дека намалувањето на цената на струјата е очекувано бидејќи просечните цени на берзата се намалени за околу 25%. Од ЕВН Снабдување коментираат дека либерализацијата на пазарот на електрична енергија носи големи бенефити за компаниите, бидејќи тие добиваат енергија по цени кои се одредуваат на пазар и во моментов се пониски во однос на тоа што го плаќале претходно. „Тоа за компаниите е позитивно, бидејќи значи нивна поголема конкурентност и можност за дополнителен развој. Инаку, пониската цена на електричната енергија што ја добиваат компаниите се должи на промена на досегашниот модел за формирање на цената за крајните корисници. Во тој модел, кој се базираше на социјално одредување на цената на електричната енергија, компаниите субвенционираат дел од цената на чинење на електричната енергија, за да можат домаќинствата да плаќаат пониска цена од реалната. Затоа, сега кога компаниите се на отворен пазар добиваат пониска цена на електричната енергија. Тоа не би било случај и за домаќинствата, бидејќи регулираната цена за нив е сега значително пониска од цената на либерализираниот пазар“, коментираат од ЕВН Снабдување.

Факт: Вкупно 429 фирми и институции набавуваат струја на слободен пазар


www.kapital.mk

Капитал број 868 17.06.2016

39

42

37

158

30-50%

лиценцирани компании за увоз и дистрибуција на електрична енергија имало во 2015 година

евра/мегаватчас е просечната цена на електричната енергија

нови фирми и државни институции од јули годинава излегуваат на слободен пазар на електрична енергија

евра MWh

пониска цена на струјата добиле некои потрошувачи што од годинава набавуваат струја по пазарни услови

300

гигават часови е годишната потрошувачка на струја на овие компании

Oд 1.1.2020 ќе се либерализираат и домаќинствата

„Процесот на либерализација е отворен и тој веќе одлично се имплементира кај дел од конзумот кој е на отворен пазар и веруваме дека во иднина овој модел дополнително ќе се развива и ќе нуди многу поволности за компаниите. Исто така, процесот на либерализација е позитивен и од аспект на развојот на самиот енергетски сектор бидејќи овозможува и имплементација на нови модерни трендови во сегментот на електрична енергија, а ќе овозможи и побрзо интегрирање на Македонија во поголемиот регионален и европски пазар на електрична енергија“, велат од ЕВН Снабдување и додаваат дека со удел од околу 50% тие се сериозни учесници на слободниот пазар за снабдување со електрична енергија и очекуваат долгорочна соработка со компаниите.

Значи од 2020 целиот пазар на елек. енергија ќе се либерализира

Управителот на Future Energy Скопје, Александар Петрески, исто така коментира дека една од главните придобивки за компаниите што излегуваат на слободниот пазар на струја е пониската цена на енергијата. „Речиси сите компании што ги исполнија условите да излезат на слободен пазар на електрична енергија од јули годинава веќе ги потпишаа договорите за снабдување со струја, од кои шест имаме ние. Според тоа може да кажеме дека ти ќе добијат од 30% до 40% поевтина струја што е драстично намалување на трошоците за работење на фирмите. Со тоа нивните производи стануваат далеку поконкурентни на пазарот. Во перспектива како што ќе се зголемува бројот на фирми што ќе излегуваат на слободен пазар, така ќе се

Најголем дел од договорите и во оваа фаза се потпишани со најголемите играчи на пазарот, Energy Delivery Solutions (EDS) и ЕВН Македонија

зголемува и можноста нашиот бизнис да се шири“, изјави Александар Петрески, управител на Future Energy Скопје. Пазарот на електрична енергија почна да се отвора за влез на конкуренција пред осум години кога големите потрошувачки, македонските фабрики почнаа сами да набавуваат струја. Операторот на пазар на електрична енергија (ОПЕЕ), подружница во АД МЕПСО задолжена да го организира и управува националниот пазар на електрична енергија, ги објави двете листи со кои се овозможува самостојно учество на пазарот на електрична енергија и снабдување со електрична енергија по пазарни услови. Првата листа ја сочинуваат 271 фирми и државни институции кои според податоците од Централниот регистар ги исполнуваат


www.kapital.mk

Капитал број 868 17.06.2016

40

КОМПАНИИ И ПАЗАР

условите да имаат најмалку 50 вработени и вкупен годишен приход или вкупна актива од најмалку 10 милиони евра, односно не спаѓаат во групата на т.н. мали потрошувачи. Оваа листа операторот на пазар на електрична енергија ја ажурира секоја година најдоцна до 30 април во согласност со податоците за изминатата година, а потрошувачите од оваа листа имаат право за самостоен настап на пазарот веќе од наредниот ден. Сите потрошувачи кои за прв пат се наоѓаат на оваа листа и со тоа се стекнуваат со право за самостоен настап на пазарот на електрична енергија или избор за снабдување преку снабдувач по пазарна цена, задолжително мораат да склучат договор со трговец или снабдувач најдоцна 60 дена по денот на стекнување на правото за самостојно учество на пазарот. Втората листа содржи вкупно 158 потрошувачи кои влегуваат во групата мали потрошувачи кои во измината 2015 година потрошиле над 1 гигават-час (GWh) електрична енергија и со тоа го исполниле условот да имаат можност да изберат дали понатаму ќе се снабдуваат по нерегулирана (пазарна) цена со избор на снабдувач на електрична енергија или ќе продолжат да се снабдуваат по регулирана цена од т.н. снабдувач во краен случај. Податоците за потрошувачите кои го исполнуваат условот да излезат на отворен пазар до ОПЕЕ ги доставуваат двата оператори на дистрибутивните системи ЕВН Македонија и ЕЛЕМ Енергетика. За потрошувачите кои што ќе изберат по 1 јули 2016 година да бидат снабдувани од снабдувач по нерегулирана цена, потребно е да склучат договор за снабдување со регистриран снабдувач и притоа процесот за промена на снабдувач е најмалку 23 дена. Доколку потрошувачот не одбере да биде снабдуван од страна на снабдувач, неговото снабдување со електрична енергија ќе продолжи да биде по регулирана цена. Либерализацијата ќе продолжи и во јули следната година кога квалификувани потрошувачи ќе станат оние со остварена вкупна потрошувачка оваа година со над 500 мегават часови и во оваа категорија влегуваат 150 потрошувачи со очекувана годишна потрошувачка од околу 300

Учесници на пазарот на електрична енергија во 2015 година XX 32 Трговци со електрична енергија XX 10 Снабдувачи XX 8 Потрошувачи XX 5 Производители XX 2 Оператори на дистрибутивни системи XX 1 Оператор на преносен систем XX 1 Снабдувач во краен случај XX 1 Оператор на пазар на електрична енергија XX 250 учесници кои настапуваат преку снабдувачи на електрична енергија

гигават часови. На 1 јули 2018 година ќе се вклучат во процесот на либерализација оние кои во 2017 година имале потрошувачка на струја од над 100 мегават часови. Во оваа категорија се 900 потрошувачи, кои што имаат годишна очекувана потрошувачка од 300 часови. Нова фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија ќе има од 1 јули 2019

година,и во неа се над 3.500 потрошувачи со над 25 мегават часови и тие имаат очекувана годишна потрошувачка од над 300 часови. Процесот завршува со либерализацијата во која ќе бидат вклучени македонските домаќинства. Околу 600 илјади домаќинства претставуваат околу 37% од сите потрошувачи во земјава, при што оваа фаза ќе стартува од 1 јули 2020 година. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 868 17.06.2016

42

Балкан бизнис и политика

Романија им наложи на големите супермаркети да продаваат најмалку 51% домашна храна

Романските пратеници изгласаа закон со кој на големите трговски маркети со годишен обрт од над 2 милиони евра им наложува 51% од храната која ја продаваат да биде домашно произведена. Маркетите реагираат дека овој закон ги поткопува принципите на современата трговија, ги лишува потрошувачите од избор и ќе доведе до поскапување на цените.

Р

оманскиот парламент го усвои законот, според кој, 51% од прехранбените производи на супермаркетите треба да се произведени во земјата, односно од домашни производство. Тоа важи посебно за месото, јајцата, зеленчук и овошје, мед, млечни производи и леб. Станува збор за воведување на принципот на т.н. краток ланец на доставки, кој ги фаворизира регионалните производители и преработувачки компании. “Успеавме да ja завршиме работата по две години дебати по ова прашање. Задоволни сме од резултатите”, изјави пред гласањето во Парламентот, претседателот на аграрната комисија Нини Сапунару. На властите останува да се одреди опфатот на терминот краток ланец на набавки во Романија.

Какви се санкциите?

Исклучок ќе бидат само зимските месеци, во кои зеленчукот, овошјето и некои други земјоделски производи ќе можат да учествуваат со 70% во понудата на маркетите. За прекршување на новите законски одредби се предвидени казни помеѓу 100.000 и 150.000 леи (22.000 до 33.000 евра), а при повторен прекршок големите маркети ќе можат да бидат затворени до половина година. Законот влегува на сила во текот на есента и ќе се однесува на почетокот само за трговските маркети со обрт над 2 милиони евра годишно. Учеството на меѓународните трговски ланци во Романија изнесува 55% од целиот пазар. Пратеникот Марин Антон, иницијатор на законот тврди дека романските

производители и потрошувачите ќе имаат полза од овој закон. Овој законски акт пак беше критикуван од здруженијата на сопственици на трговските ланци и досега неколку пати одложуван заради негодувањата од нивна страна. Според Асоцијацијата на големите трговски ланци, Законот ги поткопува принципите на современата трговија, ги лишува потрошувачите од избор и ќе доведе до поскапување на цените. Според пишувањата на романските медиуми, Комисијата за конкуренција не се спротивставила на предложениот закон бидејќи смета дека домашните производители можат да бидат поддржани, но се сомневала во ефективноста на мерката. Секој Романец остава месечно на касите во хипермаркетите и супермаркетите

факт: Секој Романец во хипермаркет троши месечно по 83 евра


www.kapital.mk

Капитал број 868 17.06.2016

43 Што мислат Романците за трговските маркети?

Р

оманскиот пазар на трговија на мало е меѓу најдинамичните во Европската унија. Во текот на минатиот јули, на пример, растот на годишно ниво на овој сектор изнесувал 9,6%. При раст од 3,3% за целата Унија. Најбрзо растат приходите од продажби на храна, безалкохолни пијалаци и тутунски производи, а како основна причина е намалувањето на ДДВ-то од 1 јуни 2015 година. Истражувањето на INSCOP по порачка на Асоцијацијата за големите супермаркети AMRCR покажува дека Романците пазаруваат во големите трговски објекти и водечка причина за изборот на 75% од испитаниците е цената, а 70% сметаат дека хипермаркетите нудат поголем избор од поевтини производи. Сепак, над 66% продолжуваат да пазаруваат во локалните маркети, а над 45% и на пазарите. За 58% од испитаниците определувачка причина била колку е далеку маркетот од нивниот дом, а 65% сметаат дека големите маркети им заштедуваат пари. Две третини од испитаните романски граѓани одговорите дела романските производи се со повисок квалитет од увозните производи, а за 27% увозните и домашните производи се со ист квалитет. За 29% од испитаните Романци, домашните производи се со повисока цена, а 40% сметаат дека цените на домашните и увозните производи имаат иста цена. Запрашани што подразбираат под “романски производ”, над една третина или 36% одговориле да е направен по романски рецепт. За 27% тоа значи производот да се произведе во земјата, независно од каде идат суровините, името или брендот. Секој петти сметал дека името “романски производ” треба да се употребува само за традиционални производи.

во Романија околу 83 евра за прехранбени производи и производи за лични потреби поврзани со живеалиштето, или околу 21,6% од просечната плата во Романија која изнесува 385 евра. За споредба, граѓаните на останатите членки на ЕУ трошат поголеми износи во маркетите, но тие се помал процент од просечната плата на Романците. Поголем процент од Романците од просечната плата за храна трошат само Бугарите, кои месечно во супермаркетите оставаат 108 евра или 30,9% од просечната плата.

Растечка економија

Бруто домашниот производ (БДП) на Романија во текот на првото тромесечје на 2016 година бил над 150 милијарди леи или 33 милијарди евра по тековни пазарни цени и бележи раст од 4,2% во споредба со првото тромесечје од 2015 година. За растот придонеле сите сектори на економијата, а најголем е приносот на трговијата на големо и мали. Следуваат производство и поправка на автомобили и мотоцикли, транспорт и складирање, хотели и ресторани, информации и комуникации. Во споредба со четвртото тромесечје на 2015 година, БДП на Романија бележи раст од 1,6%. Во пролетните економски прогнози на Европската комисија се предвидува романската економија годинава да порасне за 4,2%. nnn


Капитал број 868 17.06.2016

44

www.kapital.mk

истражување 21 сесија на Клубот на истражувачи при НБРМ

Два нови труда: Што влијае врз лошите кредити во економијата и врз задолжувањето на компаниите На 09 јуни 2016 година, Клубот на истражувачите при НБРМ ја одржа својата 21 сесија, на која што беа презентирани трудовите: „Банкарски специфични и макроекономски детерминанти на нефункционалните кредити во Република Македонија: компаративна анализа на кредитите на претпријатијата и домаќинствата“ од авторот Јордан Ќосевски и „Детерминанти на структурата на капиталот на корпоративниот сектор: случајот на македонската економија со панел - податоци“ од авторката Билјана Јовановиќ.

Б

„Банкарски специфични и макроекономски детерминанти на нефункционалните кредити во Република Македонија: компаративна анализа на кредитите на претпријатијата и домаќинствата“ од авторот Јордан Ќосевски и „Детерминанти на структурата на капиталот на корпоративниот сектор: случајот на македонската економија со панел - податоци“ од авторката Билјана Јовановиќ, беа двата труда презентирани на 21 сесија на Клубот на истражувачи на Народната банка на РМ. Презентацијата на овие два труда се одржа на 9 јуни, со воведен збор на вицегувернерката Анита Ангеловска Бежоска.

Лошите пласмани може да се управуваат

Трудот на Ќосевски го анализира периодот од 4 квартал 2003 до 4 квартал 2014 година, каде што се посочуваат два модели еден за нефункционалните кредити на домаќинствата и еден за нефункционалните кредити на претпријатијата – коишто ги оценува со методот на коинтеграција. “Нефункционалните кредити се еден од основните индикатори на финансиското ‘здравје’ на банката и претставуваат главна поставка на кредитниот ризик во банкарскиот систем. Зголемувањето на нефункционалните кредити упатува на тоа дека расте бројот на економски агенти коишто имаат потешкотии да ги отплатат обврските по основ на земен кредит, а тоа ја зголемува и веројатноста кредитот воопшто да не се врати (credit default). Во ваков случај се нагризува вредноста на активата на банката, а нејзиното богатство се намалува како резултат

НБРМ: продолжува поддршката на младите истражувачи


Рок за пријавување: 16 јуни 2016

Институт КОНЦЕПТ организира

Курс за подготвување на апликација за Фондот за иновации и технолошки развој (Аплицирајте сега на отворениот повик) l 20-30 јуни 2016 (три пати неделно) l 17:00-20:00 часот l во просториите на Институт Концепт, Скопје Фондот за иновации и технолошки развој го објави третиот јавен повик за поднесување предлог проекти за финансирање под ИНСТРУМЕНТОТ ЗА ПОДДРШКА – КОФИНАНСИРАНИ ГРАНТОВИ ЗА НОВО ОСНОВАНИ ТРГОВСКИ ДРУШТВА „СТАРТ-АП“ И „СПИН-ОФ“ за чие финансирање обезбеден е вкупен износ од 450.000 евра. Компаниите ќе имаат можност да ги пополнат апликациите во рок од 60 дена, а крајниот рок за аплицирање е 1 август 2016 година. Во таа насока Институт КОНЦЕПТ организира курс наменет за компании и консултанти коишто ќе ја подготвуваат апликацијата за Фондот за иновации

и технолошки развој. На овој курс учесниците ќе се стекнат со знаење за подготовка на проектот, пишување на апликацијата и подготвка на бизнис планот (по модел на Канвас) прифатлив за Фондот за иновации и технолошки развој.

Предавач:

Марија Васкова

сертифициран тренер на тренери за ИПАРД и акредитиран советник за развој на мали и средни претпријатрија на Р. Македонија. За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962 l02 3216 963


www.kapital.mk

Капитал број 868 17.06.2016

46

истражување

на загубите по основ на отписи. Со оглед на тоа што банките не функционираат независно и одделно една од друга, туку испреплетено со многу повратни врски, влошените перформанси на една банка можат лесно да се пренесат и на целиот банкарски сектор и да предизвикаат финансиска нестабилност и стрес. Во најлош случај, влошениот квалитет на кредитите во банкарскиот сектор поставува опасност од системски ризик, паника и одлив на депозити, ограничување на финансиската интермедијација и во крајна линија ограничување на инвестициите и растот.“, вели авторот Јордан Ќосевски. Според резултатите од истражувањето, профитабилноста на банките, растот на кредитите кај претпријатијата, односно кај домаќинствата и растот на БДП придонесуваат за намалување на нефункционалните кредити. Од друга страна, растот на солвентноста на банките и на невработеноста се поврзуваат и со растот на нефункционалните кредити. Инфлацијата предизвикува намалување на нефункционалните кредити, но исклучиво во случајот на домаќинствата. Фактор што значително придонесол за зголемување на нивото на нефункционалните кредити, и кај двата сектора, е и глобалната финансиска криза, којашто е опфатена преку воведување

вештачка променлива. Авторот заклучува дека, и покрај тоа што нефункционалните кредити се под влијание на циклусите во реалната економија, што ја потврдува хипотезата за финансиска нестабилност на Мински, тие може донекаде да бидат управувани преку соодветно утврдување на големината на кредитната побарувачка и структурата на активата и пасивата на банките, коишто исто така имаат статистички значајно влијание. Монетарната власт, во својство на регулатор, има голема улога во тоа управување преку обезбедување стабилен и здрав банкарски систем и насочување на банките кон подобро управување со ризикот.

Каков ефект имаше кризата врз задолжувањето на фирмите

Целта на трудот на Билјана Јовановиќ е да даде приказ на детерминантите на капиталната структура на претпријатијата во Македонија. За таа цел, користени се податоци за 194 фирми за периодот 2000-2014 година. Конкретно, авторката се фокусира на две прашања: прво, користејќи динамична панел - методологија, таа се обидува да ги утврди детерминантите на финансиското задолжување на македонските фирми. Второ, трудот опфаќа анализа на одлуките за задолжување на

фирмите пред и по финансиската криза. Во однос на првото прашање, резултатите покажуваат дека поголемиот обем на корпорациите и поголемите можности за раст соодветствуваат со поголемо задолжување, додека профитабилноста, материјалноста на средствата (колатералот) и имплицитните даночни поволности што ги дава недолжничкото финансирање се поврзани со помало задолжување. Што се однесува до второто прашање, преткризната состојба на наведените детерминанти не го објаснува посткризното однесување на македонските фирми. Исклучок е преткризното ниво на долг чие влијание врз однесувањето на фирмите по кризата е оценето како значајно, односно фирмите со повисок долг пред кризата, по кризата се раздолжиле повеќе отколку другите фирми. Друг аспект поврзан со промените во однесувањето на фирмите во двата периода е и директниот ефект од глобалната финансиска криза – оние фирми коишто имале поголеми промени во показателите за успешноста во работењето (профит, приходи, продажба) за време на кризата, направиле и поголемо приспособување во степенот на задолженост во посткризниот период. nnn


Еднодневна обука на тема:

ПАРИЧНИ ТЕКОВИ l 24.06.2016 l 09:00-16:00 часот во просториите на Институт Концепт, Скопје l Цел на обуката:

Рок за пријавување: 22 јуни 2016

Целта на обуката е низ практични примери да обезбеди знаење и вештини за подготовка, анализа и толкување на извештајот за паричните текови. Обуката ќе им овозможи на слушателите да ги идентификуваат вообичаените замки при подготовка на паричните текови.

Содржина на обуката: l МСС 7 – Извештај за паричните текови l Вообичаени грешки (замки) при подготовката на извештајот за паричните текови МСС 28 – Вложувања во придружени ентитети l Практичен пример за подготвка на парични текови со користење на ексел алатка

Предавачи: Бојан Петрески

Менаџер за ревизија Грант Торнтон Македонија

Маја Атанасовска

Сениор менаџер за ревизија Грант Торнтон Македонија За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962


Капитал број 868 17.06.2016

48

www.kapital.mk

Балкан бизнис и финансии

Групацијата „Аџибадем“ презема пет болници во Бугарија

„Аџибадем Систина“ станува тренинг центар за дел од медицинскиот персонал од Бугарија Клиничката болница „Аџибадем Систина“ станува дел од најголемата медицинска групација во Бугарија „Аџибадем Сити Клиник“. Договорот со кој се преземаат пет приватни болници во Бугарија официјално беше потпишан минатата недела во Софија.

Факт: „Токуда“ е најголема приватна болница во Бугарија


www.kapital.mk

Капитал број 868 17.06.2016

К

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ станува дел од најголемата медицинска групација во Бугарија „Аџибадем Сити Клиник“. Договорот официјално беше потпишан минатата недела во Софија, а со истиот се преземани пет болници од Република Бугарија. Меѓу нив е и една од најпознатите бугарски болници “Токуда“ во Софија, која располага со 550 кревети и се протега на 53 илјади метри квадратни. Истата вклучува 37 оддели и 23 операциони сали. Освен „Токуда“ преземани се уште четири болници познати под името City Clinic – две во Софија, една во Бургас и една во Варна. Претседателот на Одборот на директори и главен извршен директор на „Аџибадем Систина“ во Македонија, Јордан Камчев, по потпишувањето на договорот рече дека со ова преземање „Аџибадем Систина“ се позиционира на балканската мапа на приватниот медицински бизнис: „Со ова преземање се позиционираме на балканската мапа како најголеми оператори во приватниот медицински бизнис. Зделката беше договорена пред извесен период, а откако се добија сите потребни согласности од институциите во Бугарија договорот се реализира и од денеска официјално почнува со работа под името - Аџибадем Сити Клиник“, изјави бизнисменот Камчев. Исто така, додаде Камчев, болницата „Аџибадем Систина“ во Скопје ќе стане тренинг центар за дел од средно - медицинскиот персонал и за административните работници од бугарските болници. „Тоа за нас претставува сериозна сатисфакција што сега дел од имплементацијата на најсовремените софтвери од работењето на „Аџибадем“ заедно со колегите од Истанбул ќе треба да ги имплементираме и во бугарскиот здравствен систем“, рече тој. Во однос на бенефитите што ќе ги добиваат македонските државјани пак, тој посочи дека токму преку „Аџибадем Систина“ во Скопје, тие ќе можат многу побрзо и по подобра цена да добијат дел од услугите во бугарските болници. „Синергијата што ќе се создаде меѓу нас и меѓу болниците во Бугарија ќе има позитивно влијание на голем дел на македонски пациенти кои досега ги користеа услугите и на „Токуда“ и на “City

49

„Сити клиник“ постои шест години и има три болници и три медицински центри. Овие болници се лидер во лекувањето на кардиоваскуларни и онколошки заболувања. Онколошката болница важи за една од најсовремените во Европа каде се сместени апаратите од најновата медицинска технологија. „Токуда“ е најголема приватна болница во Бугарија каде за 10 години поминале преку три милиони пациенти. Болницата има 1.500 вработени, меѓу кои 40 лекари и медицински персонал се од Македонија. Според статистиките, во оваа болница годишно се лекуваат 240 илјади пациенти, од кои 5 илјади странци – најчесто од Македонија, Балканот, Русија, Украина и ЕУ.

Новата компанија која настанува со спојувањето на овие клиники, неодамна е формирана во Холандија. Според изјавите на инвеститорите, 46, 5% од акциите и припаѓаат на „Аџибадем“ Турција, 15% на „Систина“, 15% на AFC и 23, 5% на 10 приватни инвеститори од Бугарија. Clinic“ во Бугарија. Инаку, составен дел токму во една од болниците на „City Clinic“, која станува дел од оваа групација, е и онколошкото одделение кое располага со најсовремените апарати во оваа дејноста на ниво на цело Европа. Извршниот директор на „Аџибадем“ Турција, Мехмет Али Ајдинлар истакна дека со ова спојување Бугарија станува една од водечките земји во регионот која ќе нуди највисока класа на медицинска грижа. „Овој договор е во линија со стратегијата на „Аџибадем“ да се фокусира на понатамошни развиени клучни пазари во Централна и Источна Европа и на Балканскиот регион. Препознавајќи ја потребата за висок квалитет и здравствен систем со висока технологија, овој договор е навистина од големо значење

за „Аџибадем“. Светски познатиот бренд „Аџибадем“ има одлично развиен клинички процес, прецизен менаџмент и оперативен пристап. Вредно е да се спомене дека спојувањето на четирите болници ќе ја претвори Бугарија во една од водечките земји во регионот која ќе нуди највисока класа на медицинска грижа“, изјави Мехмет Али Ајдинлар, претседател на Бордот на директори на „Аџибадем Сити Клиник“ и претседател и извршен директор на „Аџибадем“. Инаку, новата компанија која настанува со спојувањето на овие клиники, неодамна е формирана во Холандија. Според изјавите на инвеститорите, 46, 5% од акциите и припаѓаат на „Аџибадем“ Турција, 15% на „Систина“, 15% на AFC и 23, 5% на 10 приватни инвеститори од Бугарија. nnn

ја каде за 10 години поминале над 3 милиони пациенти


www.kapital.mk

Капитал број 868 866 17.06.2016 03.06.2016

50

лидери

Форест Марс наследник на империјата Mars, Inc.

Ни треба слобода, за да имаме иднина; ни треба профит за да останеме слободни

Ф

орест Марс помладиот и неговите брат и сестра Џон и Џеклин, ја поседуваат Mars Inc., најголемиот светски производител на кондиторија, со преку 33 милијарди долари продажба во 2015 година. Покрај чоколадите, Mars ги поседува и брендовите Uncle Ben’s, како и прехранбените брендови за домашни миленици Pedigree и Whiskas. Форест, Џон и Џеклин Марс со по 23,4 милијарди долари проценето богатство, го делат 27 место на Forbes-овата листа најбогати на планетава.

Ни треба слобода за да ја креираме својата иднина; ни треба профит за да останеме слободни.

Јас сум религиозен човек. Секој ден се молам за Milky Way. Се молам и за Snickers…Овие производи го преокупираат умот на нашите директори деноноќно.

Можноста да се биде таинствен е една од најголемите предности на поседувањето семејна компанија.

На Јејл отидов за да научам за парите, за бизнисот, а не да ме разгалуваат како другите деца.

Потрошувачот е нашиот шеф, квалитетот е нашата задача, а вредност за вашите пари е нашата цел.

Ако сакаш да се збогатиш, треба да знаеш да направиш производ. А, никој нема да направи производ место тебе, за ти да станеш богат.

Јас не сум обичен производител на чоколади. Јас сакав да го освојам светот, да направам бизнис империја.

Предизвик не е доволно силен збор за тоа што ме мотивира секој ден во бизнисот. Ја сакам таа тензија што се создава... го сакам хазардот...




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.