Луѓе и компании
Кои нови бизниси имаат најголема шанса за преживување
Спојувања и преземања
Ќе му се повтори ли Nokia на Microsoft со LinkedIn?
Интервју: Наталија Пекиќ
експерт за семејни бизниси
Смената на генерациите во семеен бизнис не е лесна работа
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
Cover story
Цвета бизнисот со игри на среќа во Македонија
Во коцкарници и обложувалници се вртат над милиони евра годишно
interview
250
Проф. д-р Никола Јанкуловски декан на Медицинскиот факултет при УКИМ- Скопје и кандидат за нов ректор
Ќе се борам УКИМ да го добие местото што го заслужува број 869 | цена 100 ден. 24 јуни 2016 | петок | година 17
Мишковиќ: Пет години затвор заради затајување данок
3
Капитал број 869 24.06.2016
содржина
16 04
STAND BY
08
НАВИГАТОР
10 16
26 20
Љупчо Зиков “Веома врло муда од биљбиљ”!? Кој го има бизнисот со рудните богатства во Македонија?! Државата лани добила само милион евра од концесии за минерални суровини
Cover story
Цвета бизнисот со игри на среќа во Македонија Во коцкарници и обложувалници се вртат над 250 милиони евра годишно
ЈАВНИ ФИНАНСИИ
Се одбројува до новото задолжување со еврообврзница Владата испланира да позајми од странство 370 милиони евра
Кладилница економија
INTERVIEW
Никола Јанкуловски
декан на Медицинскиот факултет при УКИМ-Скопје и кандидат за нов ректор
32 38
Ќе се борам УКИМ да го добие местото што го заслужува
26 32
Луѓе и компании
Кои нови бизниси имаат најголема шанса за преживување Во Македонија ординациите и аптеките најжилави
INTERVIEW
Наталија Пекиќ
експерт за семејни бизниси
Смената на генерациите е тежок и комплексен процес во семејните компании
36
Балкан бизнис
Кои се стручните профили чие што вработување најбрзо растело Македонија земја на научници и земјоделци
Еврообврзница
Само 20-те најголеми обложувалници и казина во земјава лани имале обрт од 238 милиони евра, што е прилично голема сума за Македонија, ако се спореди на пример со приходите на најголемиот дистрибутер на горива Макпетрол кој има годишен обрт од 300 милиони евра или најголемиот играч во мобилната и фиксната телефонија Македонски Телеком кој има годишен обрт од 174 милиони евра. Капитал анализира кој е кој во бизнисот со игри на среќа.
Владата планира да позајми околу 370 милиони од странство годинава, односно такви се пресметките од усвоениот Буџет, меѓутоа, сè уште не се знае дали цела оваа сума ќе се позајми преку најавеното издавање на новата еврообврзница. Аналитичарите коментираат дека условите за задолжување на меѓународниот пазар се поволни, но сепак политичките турбуленции во земјата ќе влијаат на каматата по која ќе може Македонија да се задолжи.
XX Стр. 10
XX Стр. 16
42 46 50
INTERVIEW
Слободанка Алексовска директор на Агенцијата за вработување во Град Скопје
Со мерките за вработување отворени се над 7.800 нови бизниси во Македонија
Балкан бизнис
Поради затајување данок Мишковиќ доби пет години затвор
Свет
Енигмата на зделката од 26,2 милијарди долари Ќе му се повтори ли Nokia на Microsoft со LinkedIn?
Лидери
Ли Ка - шинг
кинески бизнис магнат
Не се потпирајте на среќа, фенг шуи и сл. Само напорна работа е клучот за успехот!
Кој ќе преживее, ќе раскажува Нешто помалку од половина, поточно 43,2% од новосоздадените компании во 2009 година во Македонија сè уште биле активни во 2014 година, покажаа неодамна податоците на Државниот завод за статистика. Значи нешто послаба стапка на преживување во однос на светскиот просек од 50%. Најиздржливи се фирмите отворени во здравствениот сектор, а најмногу пропаѓаат управувачите со отпад. XX Стр. 26
Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 23.06.2016
M пишува: Љупчо Зиков
“Веома врло муда од биљбиљ”!? Изворот на сите македонски политички проблеми, големата корупција во бизнисот, партиите, владата и судовите е катастрофалниот, и во основа коруптивен изборен модел. Донтов пропорционален изборен модел на 6 изборни единици, во кој плаќате пари кај лидерот на партијата за да станете пратеник, и да си терате потоа бизнис интереси преку Парламентот и Владата! Дали сте подобен за пратеник зависи од тоа колку пари ќе “цалнете” во партиската каса, или личната каса на лидерот. ljupco.zikov@kapital.mk facebook.com/ljupco.zikov
Малата “балканска биртија во која се служи лоша ракија (ја викаа брливка)” ги живее своите величествени денови на немоќта … долината на Вардар со се својот експлозивно заебан коктел од граѓанство (каде секој сам за себе не чини, а камоли двајца или тројца заедно), има 927 невработени магистри и 31 невработен доктор на науки, како и неколку илјади факултетлии! Тие македонски мозоци, невработените, и оние вработените немаат решение за нашата криза!? Страшно … Колку немоќно звучи заклучокот дека оваа нација, со се остатокот на неписмени, полуписмени и академици во бизнисот, медиумите, политичките партии и администрацијата упорно не може да се справи со длабоките политички проблеми, криминалот и колосално големата економска затапеност на општеството.Со сегашноста и иднина најнапред на сопствените деца, па потоа и на сите деца по долината на Вардар … Сè е некако глупаво во оваа така мала и бедна “шлајка” јужно од планините кај Грделица, источно од мачната Шар Планина, северно од Кајмакчалан и Кожув и западно од Пирин планина и Рила … Овде воздухот стои … Долго време нема провев … Стои неподносливиот мирис на неспособност, криминал, корупција, немоќ, завист! Велат така било секогаш! Но, овде, и покрај големото количество на глупост, отсуство на интелигенција, на толерантност, остуство на хуманост, голема себичност… овде луѓето замислете одат на Виенски бал. Како “сталаци за микрофони” на кои се закачени скапи тоалети … се клатат со свежи чекори на штотуку приучен валцер … грда изведба … честопати заборавајки и парфем да си стават под рамењата … Смешна нација сме ти ние. А колку е ментално далеку виенската култура која треба спонтано да вроди со бал како круна на една прогресивна цивилизациска вредност. Нагон да се биде силен, успешен, филантроп, да се биде европска интелигенција, да се издигнеш над проблемот, да се даде нешто важно во вкупната европска вредност… Еве колку е далеку … За ментално да стигнете во Виена, треба ментално, па и физички, да го поминете овој простор … Прво треба некако да излезете од ова грдо Скопје. Ако фатите северно треба да ги поминете Прешево, Медвеѓа и Бујановац, но и Шумадија …. Ако тргнете на Запад, треба да ги поминете Приштина, Кукс, Скадар, па низ Босна, па нагоре … А нели нашите, како што учевме во 1943 не успеале ни до Јајце да стигнат!? Тие до Јајце не стигнале, а ние со овој, веројатно ист памет од пред 70 години, треба до Виена на бал да стигнеме …!? Невозможно. Сепак, нашите македонски “австроунгарци”, со овој памет што го носат во своите балканско националистички черепи, тргнаа да прават виенски балови … И така, бал по бал, маскенбал!!! 25 години по долината на Вардар, каде широкото “гражданство” со по 50 до 100 денари во џебот дневно, шета со тап поглед насочен некаде во просторот, без јасна визија точно каде гледа, искрадено и соголено со мачна мисла на немоќ … се тетерави без концепција на ова широко европско тло. Подзинато чека нешто да се случи … а и самото гражданство не знае што чека. Од Европа овде само баловите се константа. Но, после 25 години независност дојдена од никаде, и покрај баловите, повеќето овде се сиромашни и глупави. Тие стојат гордо исправени по македонските улици наспроти другите … исто така многу многу глупави, но кои прилично искрадоа за 25 години …!? Значи глупави, со “чипирана балканска интелигенција”, и се разбира богати. И без идеја … што сега?
Кризата овде!?
Најновата криза! Таа по својата робусност во себе интегрира повеќе кризи, освен економската криза и политичата криза ако воопшто за политичка сцена може овде да стане збор (освен за мал куп корумпирани партиски босови кои го киднапирале она што се вели политички кампус на можности за граѓаните).Но, како што погоре опишав, евидентна е духовна криза и морален колапс на граѓаните. Изгубен нагон за распознавање на важното од неважното, и потенцирање на императивот дека спасот е во “партиската сламка” која ја нуди неприкосновениот лидер кој е тоа единсвено поради коруптивниот Изборен модел – Донтов модел!
stand by Како што гледаме и чувствуваме македонската криза сè уште нема решение! Гандиевистите во Шарената револуција и во остатокот од опозицијата предводена од СДСМ заборавија дека за да го примените Ганди, од спротивната страна мора да има Британци…!? Оттука, долго време нема решение. А и да се реши “технички” кризата во Македонија од домашните четири лидери скриени во вилата во Пржино, кризата едноставно ќе продолжи да постои. Оти во суштина оваа криза е најмалку политичка. Сите се тие една партија… !? Затоа оваа криза, на таканаречената политичка сцена, може да се реши привремено и единствено технички. Најверојатно ќе им направат заедничка влада (пржинска или не знам каква) по што датумот на избори воопшто нема да им биде важен, ниту ним, а со текот на времето ниту нам… (тоа тие така би сакале). Она што ќе остане да виси се заложбите од договорот од Пржино и артикулацијата на барањата на опозицијата!? Дали бара-њата се логични и остварливи? Што е тоа одвојување на партијата од државата? Што е тоа медиумска реформа и за кои медиуми таа се однесува? Опозицијата најнапред во своите редови треба да си одговори на овие две, три прашања! Оти, претпоставено, веќе утре да дојде на власт, таа ќе треба да ги спроведе овие реформи!? Оттука, нели е можеби поителигентно севкупната енергија за промени да се насочи кон една суштинска, системска, базична реформа – промена на изборниот модел!? И дали е опозицискиот СДСМ подготвен да направи таква реформа? Но, за тоа малку подоцна… А вака беше и во 2001 година, кога меѓународниот фактор шамараше по Скопје. Кризата само “технички” беше решена (коалицијата за владеење беше со лепак залепена), а суштински продолжи да постои преку криминалот, корупцијата, тесните егоистични интереси на олигархијата, како и подмитливоста и отсуството на базична визија за македонската иднина на лидерите на македонската политичка сцена. Криво насадено! Денес е исто. Ќе има нова коалиција од постојните ликови што ги гледаме пред нас сиве овие години.И што практично ја произведоа кризата. Ќе добиеме пак нова влада, па пак нова влада, па за извесно време уште една нова влада … Сите тие влади ќе бидат без решенија и концепти за иднината на Македонија и македонските граѓани. Единствени решенија кои се содржат во нивните коалициски договори се решенијата за нив самите и за нивната партиско - бизнис судбина (број на министерски места и директорски места низ јавните претпријатија, буџетот, тендерите, привилегиите …) И оваа криза на крајот така ќе заврши. Дали, на пример, слушнавте некој во последниве половина година да зборува за економијата и претпријатијата !? Каква виртуелна реалнос … Од што ли живее овој народ!? Работи ли овде некој нешто?
Како што гледаме и чувствуваме, македонската криза сè уште нема решение! Гандиевистите во Шарената револуција и во остатокот од опозицијата предводена од СДСМ заборавија дека за да го примените Ганди, од спротивната страна мора да има Британци…!? А, и самите опозиционери да имаат гандиевистичка едукација и култура. Оттука, опозицијата и шарените мора да сфатат дека погрешен е и софтверот, но и листата на цели до кои треба да се стигне. Овој изборен модел лежи во основата на македонскиот срцев дефект!? Мора нов.
Свесно во овој текст не сакам да споменувам имиња на партии и конкретни политичари, но сепак ќе морам да го прекршам замисленото. СДСМ, ако сака да остане релевантна партија во артикулацијата на списокот на единствено логичните решенија за македонската голема криза, ќе мора, на краток рок да промени некои свои политички определби или во најмала мерка да подреди приоритети на друг начин. Мора еднаш добро да се разбере дека изворот на сите македонски политички проблеми и големата корупција и отсуство на реален бизнис нагон е изборниот модел. Катастрофален, и во основа коруптивен изборен модел има Македонија. Донтов пропорционален изборен модел на 6 изборни единици, во кој плаќате пари кај лидерот на партијата за да станете пратеник и да си терате потоа бизнис интереси преку Парламентот и Владата, се разбира! Дали сте подобен за пратеник за да бидете запишани до 6-то или 7-мо добитно место на листата од 20 имиња зависи од тоа колку пари ќе “цалнете” во партиската каса или личната каса на лидерот. Тој магичен круг потоа се затвора со вашиот избор за пратеник преку која функција, злоупотребувајќи ја општествено политичката позиција на политичар, кој во добро расположение посетува и виенски валцери, преку разни начини си ги враќате парите назад, кои потоа служат за други видови корупција. Каде е тука јавниот интерес на граѓаните? Никаде. Тој е заменет со тесно партискиот интерес и нагонот да му се допаднете на лидерот и неговите два тројца пајташи. Суспендиран е принципот на инклузивност во политиката! Принципот “да бидеш избран” не постои оти тој зависи од “посредникот” – лидерот (каков таков). Оттука, имајќи го сево ова предвид, не треба да нè чуди што многу квалитетни луѓе во Македонија не сакаат да се бават со политика. Уште повеќе, не сакаат да се бават ниту со бизнис! Не сакаат да инвестираат овде, затоа што се соочуваат со некој Васил Пишев на македонската бизнис и политичка сцена, кој сочно ви покажува
среден прст, со што ви сугерира: “умри скоту што те е…м”!? Ве моча! Во понормални држави ова завршува со “вреќа Пицети на неговото биро на која пишува “жалам но, Пишев не сакаше да јаде Пицети”! Како да инвестирате кога приказната ви продолжува со браќата даневци и даравелци, со разни субрати, талевци, и други политичкоолигархиски мочковци на бизнис сцената. Со банкари усрани во гаќи за тоа што ќе каже големиот партиски лидер за нивниот потег кој не го договориле, а го повлекле!? Јебеш таква бизнис сцена каде ропството и отсуството на елементарни узанси во бизнисот и судовите ве прават заложник на кој само зијанот и с’клетот му се константа! И сè ова поради коруптивниот изборен модел. Да, да, тоа е вистината!!! За ова опозициските сили, партии и движења треба добро да размислат. Овој опис што ви го прикажав во претходните редови е пајаковата мрежа во која за 25 години се фатија повеќе ентузијасти, меѓу кои некогаш беше и сегашниот лидер на владејачката партија. Оттука, денес вистинското прашање е дали оваа генерација на Македонци кои одлучија да живеат, работат и да плаќаат даноци овде, ќе го дозволат ова што сега се случува да прејде во дефинитивна пропаст на државата и во залудно изгубено 25 годишно време на промашена верба и зомби исчекување, додека некој меѓу нас добро се богател користејќи ја колосалната глупоќа на нас самите “назови” слободоумни граѓани! nnn
Mаркетинг стратегија 2020 Креирајте маркетинг стратегија која победува! 28.06.2016, М6 едукативен центар, Скопје l Content 1. Market Structure Analysis 2. Value Proposition / Unique Selling Proposition / Brand Promise 3. Branding (Brand Management) 4. Conceptualizing Value: Segmentation – Targeting – Positioning 5. Designing Value: Product Design / Product Portfolio Management / PLC Management 6. Capturing Value: Pricing Decisions 7. Communicating Value: Integrated Marketing Communications 8. Delivering Value: Distribution Channels Management 9. Break-even Analysis for Marketing 10. Current Topics on Marketing.
l За време на предавањето фокусот ќе биде ставен на стратешкиот дел од маркетингот. l Предавањето е на англиски јазик.
Nicolás Kfuri професор, директор во KFURI & PARTNERS
Николас Кфури, еден од најбараните предавачи и консултанти во глобални рамки, директор на консултантската компанија „Кфури консалтинг", на македонската публика ќе и ги презентира глобалните трендови кои ќе го обликуваат маркетингот до 2020 година и предизвиците со кои ќе се соочиме во “новото време”. Во време кога конкуренцијата на локалниот пазар станува глобална, локалните компании се натпреваруваат со глобалните, кога однесувањето на потрошувачите е значително сменето, за своите пари тие бараат многу поголема вредност, информираноста за искуствата на потрошувачите е многу лесно достапно на интернет, а нивната лојалност опаѓа, неопходно е маркетингот да ја прилагоди стратегијата на новите маркетиншки текови.
Повеќе информации на: www.kapital.mk/marketing strategija 2020
Партнер:
Лица за контакт: м-р Бојана Делидинкова м-р Ирена Богоевска institut@koncept.com.mk
најавува...
Предавач: Николас Кфури (Dr. G. Nicolás Kfuri) професор, директор во KFURI & PARTNERS
l Признат светски предавач и консултант од областа на корпоративната глобална стратегија, маркетинг и брендирање со искуство во над 400 компании од 75 држави на 5 контитенти.
02/3216-962 02/3216-963
l Кфури ги обучувал директорите на врвни светски компании меѓу кои: Coca Cola; RedBull; Inbev; Heineken; Nestlé; Cadbury Schweppes; Kraft Foods; Procter and Gamble; Henkel; L’Oréal; Johnson and Johnson; Phillips; Sennheiser; 3M; Mary Kay; Phillip Morris; IKEA; IBM; Microsoft; Cisco Systems; Oracle; Dassault Systémes; Accenture; SAP; AT Kearney; Capgemini Consulting Österreich; PwC; KPMG; Deloitte; Ernst and Young; Tata Consultancy Services; T-Systems; BAE Systems; Porsche; BMW Group; Audi; Volkswagen; SEAT; Renault Nissan; Continental Tires; Johnson Controls; Wabco; Goodyear; HSBC; BNP Paribas; Scotiabank; Unicredit; Banca Intesa Sanpaolo; Crédit Agricole; Societe Generale; Raiffeisen Bank; Delta Generali Insurance; Governments of Argentina, Canada, Croatia, Mexico and Serbia; Lufthansa Technik; Mexicana Airlines, CEMEX; Holcim; Kempinski Hotels; President Intercontinental Hotels; Crowne Plaza Hotels; Holiday Inn Hotels; Vodafone; Telekom Serbia; T-Mobile; Mtv; RTL; TV Azteca; NASA; EON; RWE; ExxonMobile; Abbott Laboratories; Bayer; Roche; GlaxoSmithKline; Pfizer; Astra Zeneca; Kimberly Clark; Merk; Sanofi Aventis; Nokia Siemens Networks; Amazon.com; TUI; Readers Digest и др.
www.kapital.mk
Капитал број 869 24.06.2016
8 НАВИГАТОР
ИЗЈАВА НА неделата
> БРОЈКА
1,06%
изнесуваат трошоците за заштита на животна средина во БДП на Македонија
Кристин Лагард генерален директор на ММФ
Излегувањето на Велика Британија од ЕУ ќе има негативно влијание врз британската економија, која, во најлош случај, следната година може да се соочи со рецесија
Живко Мукаетов одликуван на Данското Знаме од Крал
С
о указ на Нејзиното Височество, данската Кралица Маргарете II, Живко Мукаетов, генерален конзул на Кралството Данска во Македонија, доби високо одликување: Витез на данското знаме. Престижниот орден кој Мукаетов го доби е признание за неговиот исклучителен придонес во претставувањето на интересите на Кралството Данска во Македонија и промовирање на соработката помеѓу двете земји, соопштуваат од конзулатот на Кралството Данска во Македонија. Одликувањето го изврши Амбасадорката на Кралството Данска во Виена и нерезидентен
Кој го има бизнисот со рудните богатства во Македонија?!
Државата лани добила с од концесии за минерал
в
Вкупно 285 фирми за добиените концесии за минерални суровини лани и платиле на државата околу 1 милион евра годишен надомест, покажува последното истражување на Центарот за граѓански комуникации преку податоци добиени од Министерството за економија.
Најголем број концесии имаат компаниите ГП Гранит и Цементарница Усје, а најголеми површини користат АД ЕЛЕМ и Еуромакс Ресоурцес. Базата на податоци на Центарот за граѓански комуникации ги опфаќа податоците за сите 378 тековни договори за концесии за детални геолошки истражувања и за експлoатација на минерални суровини. Концесиите се издадени за 73 видови на минерални суровини на површина од околу 390 километри
квадратни. Во групата на минерални суровини спаѓаат од јаглен, варовник, мермер преку минерална вода и термоминерална вода до песок, бакар и глина. За користење на минералните суровини компаниите плаќаат по две основи. Првата е годишен надомест за издадени концесии кој за сите активни концесии изнесува вкупно 60 милиони денари, односно околу 1 милион евра на годишно ниво. Втората основа е дефинирана со
www.kapital.mk
Капитал број 869 24.06.2016
9
ан во витез лицата Маргарете II
амбасадор за Македонија, Нејзината Екселенција г-ѓа Лиселоте Плеснер која истакна: “Особено задоволство ми е што во име на Нејзиното Височество, Кралицата Маргарете II можам да го доделам одликувањето ‘Витез на Данското знаме’ на Живко Мукаетов, во чест на признание за неговата ценета служба како Генерален конзул на Кралството Данска. Задоволството е уште поголемо бидејќи сум комплетно уверена дека ова признание навистина го заслужувате како истакнат бизнисмен кој раководи со голема индустрија како Алкалоид, како наш генерален конзул, како
хуманист кој делува преку Фондацијата ‘Трајче Мукаетов’ и како човек кој прави максимални напори за спортот“. „Би сакал да се заблагодарам на нашата надлежна Амбасада во Виена за честа која ми беше укажана со одликувањето. Овој орден е од огромна важност за мене и за моето семејство. Иако е признание за годините поминати во служба на интересите на Кралството Данска, овој орден за мене лично претставува поттик за уште повисоки достигнувања, продлабочување на соработката и промовирање на интересите на Кралството Данска и на Република Македонија на најдобар можен начин“, истакна Мукаетов по повод одликувањето.
лидери
само милион евра лни суровини Вкупно 285 фирми за добиените концесии за минерални суровини вкупно плаќаат 1 милион евра годишен надомест. Најголем број концесии имаат компаниите ГП Гранит и Цементарница Усје, а најголеми површини користат АД ЕЛЕМ и Еуромакс Ресоурцес, покажува најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации Тарифникот за утврдување на висина на надоместоци и според него компаниите плаќаат за количините на експлоатираните суровини кои се поделени во пет категории (енергетски минерални суровини, металични минерални суровини, техногени минерални суровини, неметалични минерални суровини и вода) и за нив се плаќа по тон, процентуално од пазарната вредност или во апсолутен износ. Од вкупно 285 концесионери на минерални суровини, 51 компанија е носител на повеќе од една концесија. На врвот од листата се градежното претпријатие Гранит и Цементарница Усје со по 9 концесии. Притоа ГП Гранит поседува шест концесии за варовник, две за дијабаз и една за базалт, додека пак, Цементарница Усје има по три концесии за варовник и лапорец и уште по една за песок, опалска бреча и кварцен песок. На третото место се наоѓа Јавното претпријатие за државни патишта кое поседува осум концесии од кои четири за песок и чакал, три за варовник и една за дијабаз. Најголемите концесиски површини во моментов ги има АД ЕЛЕМ за потребите на РЕК Битола и за РЕК Осломеј и тоа
наоѓалиштата на јаглен во Суводол, Брод – Гнеотино и Осломеј. Вкупните површини изнесуваат 29,6 км2 и за нив Електрани на Македонија плаќа годишен надомест за издадена концесија од 7,1 милиони денари, односно 115 илјади евра. На второ место според големината на површините добиени под концесија е Еуромакс Ресоурцес којшто е носител на две концесии за бакар и злато во вкупна површина од 18,8 километри квадратни на локалитетот Иловица. Еуромакс Ресоурцес за користење на овие концесии плаќа вкупен годишен надомест од 3,4 милиони денари, односно околу 55 илјади евра. Површини над 10 километри квадратни имаат уште и компаниите ГП Гранит и Булмак 2016. Гледано според видот на суровината најголем број на концесии се издадени за варовникот, дури 99, на второ место е песокот и чакалот за кој се издадени 46 концесии, а на трето место е кварцот за кои има 22 концесионери. Генерално произлегува дека повеќе од една концесија за детални геолошки истражувања и за експлоатација се издадени за 43 минерални суровини, додека пак, за 30 од нив се издадени по само една концесија. nnn
Зоран Настески
Inception Enterprises единствени од Македонија ќе учествуваат на Глобалниот самит за претприемништво во Сан Франциско.
Колинда Грабар Китаровиќ
Со историската посета на Белград и потпишувањето декларација покажа лидерство во хроничните хрватско – српски проблеми
не им беше неделата
Мирослав Мишковиќ
Најбогатиот бизнисмен во Србија, Мишковиќ е осуден на пет години затвор поради затајување на данок од 3 милиони евра
Дејвид Камерон
Не успеа да ги убеди граѓаните во користа од останувањето во ЕУ – се зголемува поддршката за излез од унијата
www.kapital.mk
Капитал број 869 24.06.2016
10 cover story Cover story: ЦветаСубвенци бизнисот со
Во коцкарници обложувалниц се вртат над милион евра годишно
250
ТОП 20 НАЈГОЛЕМИ КАЗИНА И СПОРТСКИ ОБЛОЖУВАЛНИЦ КОМПАНИЈА СПОРТ ЛАИФ ТРЕЈД ЗЛАТНА КОПАЧКА ПРИНЦЕСС ХОТЕЛ И КАЗИНО БЕТСИТИ БАЛКАН СЕНАТОР МАКЕДОНИЈА МАСТЕРБЕТ МА ГАМИНГ ПЛЕЈ ИН МАТРИКС ДЕЛТА БЕТ ТХЕ СЛОТС ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА - КАСИНОС АУСТРИА К.А.К. ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА БЕТ ТУ МАР ЕМИ ДИВИЕН КАСИНОС АУСТРИА ИНТЕРНАТИОНАЛ МАКЕДОНИЈА МДФС ИНТЕРНАТИОНАЛ ГРУП КАЗИНО МЕРКУР Вкупно:
Град Скопје Скопје Гевгелија Скопје Скопје Скопје Скопје Кочани Охрид Скопје Скопје Скопје Скопје Скопје Скопје Кичево Скопје Скопје Гевгелија Гостивар
Вкупни приходи 2015 (евра) 65.316.481 56.781.338 26.991.282 13.201.605 12.515.449 11.062.721 10.630.509 7.843.825 6.883.374 5.590.133 4.198.432 4.053.733 3.007.680 2.145.112 1.972.906 1.708.296 1.653.400 1.109.002 933.113 703.380 238.301.772
Годишна Профит/Загуба/ промена (%) за 2015 (евра) -6,33% 814.454 17,28% 884.603 -4,02% 331.312 3,51% -185.893 19,97% 401.531 18,00% 1.011.427 34,24% 1.005.853 7,36% -409.692 12,31% 0 12,26% 354.584 399,18% 82.758 1.122.539,65% 860.214 -8,18% -234.526 -1,91% 63.293 171,59% 18.975 -8,94% -24.904 93,09% 83.335 507,20% -89.264 106,97% 24.342 331,01% -135.124 4.857.279
www.kapital.mk
Капитал број 869 24.06.2016
11 со игриимаат на среќаефект во Македонија иите Во Македонија цвета бизнисот со игри на среќа. Спортски обложувалници и салони со покер апарати никнуваат буквално на секој чекор. Податоците покажуваат дека годишно во овој бизнис во Македонија се вртат
и ци
10-те најпрофитабилни казина и обложувалници лани работеле со вкупен профит од
ни
5,83
ЦИ ВО МАКЕДОНИЈА Профит/Загуба 2014 (евра) 1.258.594 1.448.989 589.009 2.489 325.242 799.369 1.040.762 1.692 4.625 48.334 100.648 -165.862 -233.358 -182.898 -204.647 -134.123 5.712 73.219 -168.356 704
Годишна промена (%) -35,29% -38,95% -43,75% / 23,46% 26,53% -3,35% / / 633,61% -17,77% / 0,50% / / -81,43% 1.359,06% / / -19.303,02%
Профитна маржа (%) 1,25% 1,56% 1,23% -1,41% 3,21% 9,14% 9,46% -5,22% 0,00% 6,34% 1,97% 21,22% -7,80% 2,95% 0,96% -1,46% 5,04% -8,05% 2,61% -19,21%
Број на вработени 2015 748 372 498 106 412 263 238 156 21 510 260 15 140 37 150 38 71 1 36 40 4.112
Годишна промена 54 39 6 1 87 2 55 0 -7 257 204 5 0 1 50 -13 51 1 23 5
извор: www.biznismreza.mk
милиони евра
над 250 милиони евра, а најголемиот играч Спорт Лаиф Трејд од ланецот на спортски обложувалници низ земјава годишно прави приход од дури 65,3 милиони евра. Само 20-те најголеми обложувалници и казина во земјава лани имале обрт од 238 милиони евра, што е прилично голема сума за Македонија, ако се спореди на пример со приходите на најголемиот дистрибутер на горива Макпетрол кој има годишен обрт од 300 милиони евра или најголемиот играч во мобилната и фиксната телефонија Македонски Телеком кој има годишен обрт од 174 милиони евра. Капитал анализира кој е кој во бизнисот со игри на среќа.
www.kapital.mk
Капитал број 869 24.06.2016
12
cover story
Факт: Двата најголеми играчи Спорт Лаиф Трејд и Златн БРОЈКИ
748
лица се вработени во ланецот обложувалници Спорт Лаиф Трејд
1,01
милион евра е профитот на најпрофитабилната во овој бизнис Мастербет
21,11%
е највисоката профитна маржа со која лани работела Државната видеолотаријаКазинос Аустриа
пишува:
В
Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk
Во Македонија цвета бизнисот со игри на среќа. Спортски обложувалници и салони со покер апарати никнуваат буквално на секој чекор. И како што се намалува животниот стандард во земјава, така се зголемува бројот на луѓе кои се надеваат дека ќе добијат во некоја игра на среќа и кои се подготвени да ги дадат и последните пари за да се обложат во спортска обложувалница. Податоците покажуваат дека годишно во овој бизнис во Македонија се вртат над 250 милиони евра. Според податоците од www.biznismreza.mk , минатата година 20-те најголеми играчи во бизнисот со казина и обложувалници имале вкупни приходи од 238 милиони евра.
Во Законот за игри на среќа е забрането во Македонија да се организира обложување за резултатите од избор на претседател, пратеници и градоначалници И додека во најголемиот дел од развиените земји се ограничува бројот на казина и секогаш се гледа тие да се надвор од населени места, во Македонија во последниве неколку година бројот на коцкарници и оболожувалници секој ден расте. Социолозите потенцираат дека коцкањето во Македонија веќе станува пренагласено, бидејќи веќе нема населба во која нема по десетина спортски обложувалници, а во последно време и салони со покер апарати, кои се полни со луѓе преку целиот ден. Најголем дел од оние кои се обложуваат се Македонци, додека во казината во Гевгелија и на македонско грчката граница најмногубројни се грчките државјани кои со организиран превоз секојдневно ја поминуваат границата Најголеми инвеститори, пак, во овој бизнис се фирми од Австрија и од земји кои се познати финансиски центри како Лихтенштајн, Холандија, кои им гарантираат тајност на сопствениците и плаќање на пониски даноци.
Кој е кој во бизнисот со игри на среќа?
Анализата на Капитал на најголемите и најпрофитабилните компании во бизнисот со игри на среќа во Македонија покажува дела најголемите 20 играчи во овој бизнис лани имале вкупни приходи од 238 милиони евра. Но, во овој бизнис има многу повеќе компании, според што може да се претпостави дека во овој бизнис годишно сигурно се вртат над 250 милиони евра. Тоа е прилично голема сума за Македонија. Колку за споредба вкупните годишни приходи од продажба на Макпетрол, која е четврта по големина компанија во Македонија и најголем продавач на нафтени деривати има годишен обрт од 250 милиони евра, а годишните приходи на пример на најголемиот играч во мобилната и фиксната телефонија Македонски Телеком изнесуваат 174 милиони евра. Од 20-те најголеми компании во овој бизнис лани 15 компании имале раст на приходите, а пет компании имале работеле со помало приходи.
www.kapital.mk
Капитал број 869 24.06.2016
13
на Копачка, лани имале приходи до 122 милиони евра
238 Од овие најголеми компании 14 работеле со профит, а шест со загуба. Вкупниот профит на 14-те најголеми од овој бизнис лани бил околу 6 милиони евра. Најголема компанија од овој сектор е ланецот спортски обложувалници Спорт Лаиф Трејд, која лани работела со вкупни приходи од дури 65,3 милиони евра. Приходите на Спорт Лаиф Трејд лани се намалиле за 6,33%. Втора најголема компанија е ланецот спортски обложувалници Златна Копачка Еден, која лани имала вкупни приходи од 56,7 милиони евра. Приходите на Златна Копачка Еден лани се зголемиле за 17,28%. На трето место е Принцесс хотел и казино со приходи 27 милиони евра. Светски познатиот синџир на казина Принцесс Груп,
обрт милиони евра обрт лани направиле 20-те најголеми казина и обложувалници
на турскиот бизнисмен Суди Озган, се во Македонија од 2003 година, а сопственик на казиното Принцесс Груп на македонскогрчката граница се јавува фирмата Ирада од Лихтенштајн. Принцесс лани имал пад на приходите од 4,02%, а профитот на ова казино лани се намалил за дури 43,7%. Обложувалницата Бет сити Балкан лани имала обрт од 13,2 милиони евра, кој за една година се зголемил за 3,51%. Следат казината Сенатор кој лани работеле со вкупен приход од 12,5 милиони евра, што е годишен раст од околу 20%, а оваа фирма лани имала и раст на профитот од 23,46%. Коцкарницата Сенатор е во сопственост на фирмата Фламинго Партиципејшн со седиште во Амстердам и на Интерфутура Скопје. Во Интерфутура Скопје како сопственици се јавуваат фирмата Интеркватро од Порторож, Ивана Грубач Муфтич од Велика Британија и Петар Грубач од Словенија. Овие двајца заедно со Светозар Недељковиќ од Србија се јавуваат како сопственици
на клубовите за апарати за покер Астра. На словенечката фирма Интеркватро од Порторож како сопственици се јавуваат Зоран Јесич и Ивана Грубар-Муфтич. Оваа фирма, Грубар-Муфтич и Петар Грубач, заедно со компанијата Мондела Инвестментс од Луксембург се јавуваат како сопственици на коцкарниците Фламинго. Мастербет е шесте по големина играч во бизнисот со игри на среќа, која лани направила обрт од 11 милиони евра, со годишен раст 18% и раст на профитот од 26,53%. Ма Гаминг е седма по големина компанија во овој бизнисот со игри на среќа која лани преку апаратите за покер заработила приходи од 10,6 милиони евра, кои лани се зголемиле за дури 34,24%. Сите други компании лани имале обрт под 10 милиони евра, а најмала на листата 20 најголеми компании во овој бизнис е Казино Меркур од Гостивар, која лани имала обрт 700 илјади евра и годишен раст на приходите од 331%.
www.kapital.mk
Капитал број 869 24.06.2016
14
cover story
Кои се најпрофитабилните казина и обложувалници?
Десетте најпрофитабилни казина и обложувалници лани работеле со вкупен профит од 5,83 милиони евра и со вкупни приходи од 198 милиони евра. Ако се анализираат играчите во бизнисот со игри на среќа според профитот кој го оствариле минатата 2015 година, тогаш на врвот е Мастербет или казината Астра, која лани работела со профит од 1,01 милион евра, што е раст 26,53% за една година. Профитната маржа со која Мастербет работел минатата година изнесува 9,14%. Втора најпрофитабилна компанија е Ма Гаминг, друштво за приредување на игри на среќа во автомат клубови, која лани имала профит од 1 милион евра, кој лани се намалил за 3,35%. Трета најпрофитабилна компанија е ланецот спортски обложувалници која лани имала профит од 884 илјади евра, кој за една година се намалил за 38,95%.
20-те најголеми казина и обложувалници вработуваат над 4 илјади лица
Во 20-те најголеми казина и обложувалници во земјава на крајот на 2015 година работеле вкупно 4.112 лица. Најмногу вработени има во Спорт Лаиф Трејд во која на крајот на 2015 година работеле 748 лица, што е повеќе на пример од бројот на вработени лица во најголемиот извозник во Македонија, фабриката на Џонсон Мети во Бунарџик, каде работат околу 550 лица. Втор најголем вработувач во овој бизнис е Делта Бет каде лани работеле 510 лица, а трет е Принцес Хотел и Казино
НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ
#1
ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ
ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!
02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk
од Гевгелија со 498 вработени. Во Сенатор работат 412 лица, а во ланецот на спортски обложувалници Златна Копачка се вработени 372 луѓе. Најмногу работни места минатата година отворила Делта Бет, каде само лани се вработени 257 лица, што е бројка на нововработени со која не може да се пофалат ниту најголемите фабрики.
И државата ќарува од коцкањето
Казината и апаратите за покер се даночни обврзници како секои други субјекти на пазарот, а за да го почнат бизнисот мораат да плаќаат и големи надомест за да ја добијат лиценцата, а потоа и секој месец да уплаќаат посебни давачки во буџетот. Лиценците за приредувачите за игри на среќа ги издава Владата на Македонија, по барање кое фирмата го доставува до Министерството за финансии. На пример, трговското друштво кое сака да добие лиценца за казино треба да има основна главнина од најмалку 2,5 милиони евра. За добивање на лиценца за приредување на игри на среќа во казино се плаќа надоместок во износ од 600.000 евра на државата, и таа лиценца се однесува само на една деловна просторија. Приредувачот на игрите на среќа во казино е должен да достави да депонира депозит или да обезбеди банкарска гаранција во некоја банка во износ од 300.000 евра. Потоа, за секоја една рулет маса приредувачот на игри на среќа плаќа месечен надомест кон државата од 3.000 евра, а за другите маси за други игри на среќа месечниот надомест изнесува 1.750 евра. Секој приредувач на игри на среќа мора да воведе систем со кој ќе биде 24 часа поврзан со УЈП која ги следи сите уплати и исплати, а еднаш месечно е должен да доставува извештај до Министерството за финансии за остварените приходи по одделни видови игри. Податоците од Министерството за финансии покажуваат дека во периодот од 2009 до 2015 година државата издала лиценци за шест нови казина и за 59 салони со покер апарати. За добивање на лиценца за обложувалница, трговското друштво кое поднесува барање за лиценца треба да има уплатено основна главнина која не смее да биде помала од 500 илјади евра. Лиценцата се издава на период од три години, а за неа се плаќа надомест од 105 илјади евра. Секо приредувач на игри на среќа во обложувалница е должен во банка да депонира банкарска гаранција во износ од 300 илјади евра, која ќе служи како обезбедување на исплатата на добивките на учесниците во игрите, за плаќање на јавните давачки и за надоместоците. Потоа согласно Законот за игри на среќа, приредувачите на игри на среќа во обложувалници плаќаат и посебна давачка, која во висина од 20%, која се пресметува на разликата помеѓу уплатениот износ во сите уплатни места на тој приредувач и исплатениот износ од сите исплатни места. Оваа посебна давачка се плаќа на месечна основа, до 15-ти во месецот. За добивање на лиценца за автомат клуб, трговското друштво треба да има уплатено основна главнина од најмалку 2,5 милиони евра. Лиценцата се издава на период од шест месеци, а за неа треба да плати 78.750 евра. Приредувачот на игрите на среќа во автомат клуб треба да депонира во банка гаранција во износ од 1.000 евра. И приредувачите на игри на среќа во автомат клубовите мора секој месец да плаќаат посебна давачка кон државата, во висина од 20% од која се пресметува на разликата помеѓу уплатениот износ во сите автомати на тој приредувач и исплатениот износ од сите автомати. Дури и оние кои сакаат да огранизираат интернет игри на среќа мора да плати лиценца ма државата од 50 илјади евра, и да плаќа секој месец посебна давачка во износ од 0,5% од вкупната вредност на уплатите.nnn
www.kapital.mk
Капитал број 869 24.06.2016
16
јавни финансии
49,1%
Јавен долг како удел во БДП
38,3%
46,0%
46,5%
2014
2015
40,3%
32,0% 27,2%
2010
2011
2012
2013
2016*
Се одбројува до новото задо
Владата исплан од странство 370 Владата планира да позајми околу 370 милиони од странство годинава, односно такви се пресметките од усвоениот Буџет, меѓутоа, сè уште не се знае дали цела оваа сума ќе се позајми преку најавеното издавање на новата еврообврзница. Засега нема детали од Министерството за финансии кога и колку пари ќе позајми државата на меѓународниот пазар на капитал, но од Владата веќе потврдија дека „активностите во поглед на еврообврзницата и на ребалансот на буџетот се почнати“. Аналитичарите коментираат дека условите за задолжување на меѓународниот пазар се поволни, но сепак политичките турбуленции во земјата ќе влијаат на каматата по која ќе може Македонија да се задолжи. Според сегашните пазарни услови и кредитниот рејтинг на Македонија, за еврообврзница со рок на доспевање од пет години каматата би била околу 4,5% до најмногу 5%.
Проценка: За еврообврзница со рок на доспевање од п
www.kapital.mk
Капитал број 869 24.06.2016
17 Миноски наследи многу работа од Ставрески
52,4%
51,3%
* Проценки на Министерство за финансии
2017*
2018*
работи на ребаланс и издавање на еврообврзница
Н
овиот министер за финансии што дојде на оваа позиција минатата недела од челното место во Управата за јавни приходи, Кирил Миноски, наследи куп работа од претходниот министер Зоран Ставрески кој од здравствени причини се повлече од Владата. Власта потврди дека првите задачи на Миноски се да го прекрои буџетот, иако до последен момент додека беше на функција, Ставрески тврдеше дека приходите во државната каса се слеваат како што било планирано, а во април податоците дури прикажаа дека има буџетски суфицит. Сепак, последната прогноза на Народната банка според која најреално е дека поради пролонгирањето на политичката криза економскиот раст годинава ќе биде само 1,6%, а не 4%, отвори сомнежи дека приходите во буџетот ќе потфрлат и со тоа ќе се отвори потреба од кратење на трошењата. Паралелно, Миноски заедно со претставници од Народната банка и неколку меѓународни банки бараат понуди од странски инвеститори што би вложиле во нова еврообврзница издадена од државата. Новиот министер за финансии, Миноски, не одговори на прашањата на Капитал во каква состојба ја затекнал државната каса и не даде детали во врска со најавеното издавање на еврообврзницата.
олжување со еврообврзница
нира да позајми 0 милиони евра пишува:
Александар Јанев
В
aleksandar.janev@kapital.mk
ладата планира да позајми о кол у 370 ми л и о н и о д странство годинава, односно такви се пресметките од усвоениот Буџет, меѓутоа, сè уште не се знае дали цела оваа сума ќе се позајми преку најавеното издавање на новата еврообврзница. Засега нема детали од Министерството за финансии кога и колку
пари ќе позајми државата на меѓународниот пазар на капитал, но од Владата веќе потврдија дека „активностите во поглед на еврообврзницата и на ребалансот на буџетот се почнати и на нив работат стручни тимови од Министерството за финансии и Народната банка (во делот на еврообврзницата)“. Дека задолжувањето ќе се случи многу брзо навестуваат неколку факти. Последното задолжување со еврообврзница во октомври лани обезбеди пари за покривање на буџетскиот дефицит само во првите неколку месеци од годината, што значи дека сега поголемите трошоци на властите
од приходите што ги има во државната каса се финансираат со задолжувања кај домашните банки преку редовните аукции на државни обврзници. Со последната еврообврзница Македонија позајми од странство 270 милиони евра, од кои 150 милиони евра се наменија за отплата на долгот од 2005 година што доспеа за отплата, 20 милиони евра за справување со бегалската криза и 100 милиони евра за покривање на дефицитот во буџетот. Reuters повикувајќи се на два анонимни извори исто така објави дека македонските власти бараат понуди од странските банки
пет години каматата би била околу 4,5% до најмногу 5%
www.kapital.mk
Капитал број 869 24.06.2016
18
јавни финансии
за издавање на нова еврообвзрница. Притоа, Reuters потенцираше дека кредитниот рејтинг на Македонија според Standard & Poor’s е ББ-, додека според Fitch е ББ+. Аналитичарите коментираат дека условите за задолжување на меѓународниот пазар се поволни, но сепак политичките турбуленции во земјата ќе влијаат на каматата по која ќе може Македонија да се задолжи. Според сегашните пазарни услови и кредитниот рејтинг на Македонија, за еврообврзница со рок на доспевање од пет години каматата би била околу 4,5% до најмногу 5%, додека пак со подолг рок на отплата до 10 години, каматата би била најмногу 5,5%. Каматата што ја постигна Македонија на меѓународниот пазар во октомври лани кога ја издаде последната еврообврзница, достигна 5,125%. Економистите велат дека ова е висока цена на задолжување споредено со очекуваниот економски раст од 1,6% според прогнозите на Народната банка. „Задолжувањето е одржливо само кога растот на БДП е повисок од каматата што се плаќа за позајмените пари“, велат финансиските аналитичари. Економистите се загрижени што најголем дел од парите што ги позајмува Владата ги троши непродуктивно, односно за плати на јавната администрација, пензии, субвенции, а во исто време ефектот од задолжувањата врз економскиот раст е послаб, така што таквото финансиско поведение ја доведува во прашање способноста на државата еден ден да го врати долгот. Дел од нив дури и јавно ги повикаа банкарите да ја преиспитаат политиката на инвестирање на парите од депозитите на граѓаните во државните обврзници. Во меѓувреме, додека операцијата задолжување во странство се подготвува, потребата за пари во буџетот ја надоместуваат домашните банки. Тие за една година инвестирале 11,3% повеќе пари во државни записи и обврзници што ги издава Министерството за финансии за покривање на минусот во државната каса. Заклучно со март годинава, државата им должи на банките вкупно 622,2 милиони евра, покажуваат последните податоци на Народната банка.
Ќе следат уште многу задолжувања
Сосе најавените задолжувања, Министерството за финансии во Фискалната стратегија проценува дека јавниот долг на земјата годинава ќе достигне до 49,1% од БДП. Според последните податоци објавени на веб страницата на Министерството, заклучно со првиот квартал од годината, јавниот долг изнесува 4,33 милијарди евра што е 45% од БДП. Меѓутоа, фискалната стратегија за следните три години открива дека Владата до 2018 година треба да врати долг од 1,1 милијарди евра, повеќе од половината кон
домашните банки, додека останатиот дел кон странските кредитори. За да го врати овој долг, но и за да го покрие дефицитот во буџетот во истиот период, власта планира да се задолжи за 2 милијарди евра и со тоа јавниот долг до 2018 година да достигне 52,4% од бруто домашниот производ (БДП), што значи дека владините институции, општините и јавните претпријатија ќе должат вкупно 5,6 милијарди евра. Со тоа Македонија ќе ја прегази црвената линија на јавен долг од 50% од БДП што ја исцрта Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во последниот извештај за Македонија. Дека брзото темпо на акумулирање на долгот во текот на последните неколку години е загрижувачко предупредува и претставникот на ММФ во Македонија, Патрик Житон. „Високиот јавен долг може да го ограничи капацитетот на фискалната политика за заштита на економијата ако се случи нешто лошо и неочекувано. Македонија беше во можност да ја користи фискалната политика за да се бори против рецесија по глобалната финансиска криза, бидејќи нивото на јавен долг на крајот на 2008 година беше на многу ниско. Оттогаш јавниот долг се удвои. Земјата, исто така, се соочува со поголеми потреби за трошењето поради неповолната демографија, како што се трошоците за здравствена заштита и пензии. Тоа е причината зошто ние препорачавме да се ограничи буџетскиот дефицит, кој е најголем извор на акумулација на долгот, и да се создаде простор за фискалната политика“, вели Житон. Планот на Министерството за финансии открива и дека од вкупно 2 милијарди евра, над 1 милијарда ќе позајми од домашните банки, пензиските фондови и осигурителните компании, а останатите 950 милиони евра од странските кредитори со издавање на еврообврзници. Економистите коментираат дека станува збор за огромна сума пари што треба да ја позајми земја со шпекулативен кредитен рејтинг, така што според нив задолжувањето нема да се одвива толку глатко. Според бројките во Фискалната стратегија до 2018 година, власта планира да го намали буџетскиот дефицит до 2,6% од БДП во 2018 година. Сепак, во следните три години, Владата ќе потроши 875 милиони евра повеќе отколку што ќе собере во државната каса од даноци и придонеси, така што овие пари ќе мора да ги позајми. Економската политика на оваа власт и во следните три години не отстапува од досегашните правци. И во најновата Фискална стратегија, планирани се зголемувањата на платите во јавниот сектор, на пензиите и на социјалната помош. „Ќе продолжи стриктната контрола на новите вработувања“, се обврзува власта во Фискалната стратегија иако во последните
осум години, бројот на вработени во јавниот сектор е зголемен за четвртина. Властите во Стратегијата не кажуваат колку ќе ги зголемат платите на административците, туку објаснуваат дека „планираното зголемување на платите ќе биде резултат на детални пресметки за секоја фискална година, согласно можностите на Буџетот, а во зависност од фискалната кондиција и ефектите од надворешните економски движења“. За пензиите пак, најавено е годишно зголемување од по 5%, односно 650 денари линеарно, и исто толкаво зголемува од 5% и на социјалната помош. „Зголемувањето на тие тековните трошоци е поголемо од растот на вкупната економија и таа разлика мора од некаде да се финансира. Сето тоа рапидно го зголемува долгот и создава фискален меур, кој што мислам дека веќе станува загрижувачки“, оценува професорот Марјан Петрески и додава дека не би го гледал нивото на задолженост во однос на Мастришкиот критериум, или долгот на друга земја, туку само во контекст на тоа колку тој го подобрува или не нашиот отплатен капацитет утре. Во Стратегијата пишува и дека „ќе продолжи спроведувањето на дисциплинирана буџетска потрошувачка со нагласен акцент на рестриктивност и ригорозна контрола на помалку продуктивните трошоци, за сметка на зголемување на инвестиционите вложувања во капитални проекти“. Властите во Фискалната стратегија пишуваат дека јавните инвестиции кои ја претставуваат развојната компонента на фискалната политика, ќе продолжат да имаат приоритетно и доминантно значење. „Во рамки на буџетските средства наменети за капитални расходи предвидени се значајни инвестициони вложувања за доизградба на преостанатиот дел од автопатот на Коридорот X и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во образовниот, социјалниот и здравствениот систем, земјоделието, заштитата на животната средина и правосудството. Ефикасното користење на парите од буџетот и парите обезбедени со заеми ќе претставува основа за низа инвестициони активности и реформи кои ќе овозможат креирање на нови работни места и поволно деловно окружување“, пишува во Фискалната стратегија. Економистите велат дека е позитивно е што буџетскиот дефицит се проектира со опаѓачки тренд до 2018 година, како и тоа што многу поголем акцент во стратегијата се става на проекти кои ќе ја зголемат продуктивноста и конкурентноста на економијата, особено на инфрастуктурните проекти, меѓутоа, предупредуваат дека претходните искуства покажаа значајно отстапување во реализацијата, односно голем јаз меѓу напишаното во стратегијата и остварувањата. nnn
Факти: Кредитниот рејтинг според S&P е ББ-, a според Fitch ББ+
Капитал број 869 24.06.2016
Интервју 20 INTERVIEW
Никола Јанкуловски Проф. д-р
декан на Медицинскиот факултет при УКИМ- Скопје и кандидат за нов ректор
Ќе се борам УКИМ да го добие местото што го заслужува
www.kapital.mk
www.kapital.mk
Капитал број 869 24.06.2016
21 Доколку бидам избран за нов ректор, моите заложби ќе бидат фокусирани на подигнување на нивото на квалитетот на УКИМ и негово повисоко рангирање во меѓународни рамки. За рангирањето на УКИМ меѓу првите 500 универзитети во светот, неопходна е пред сè финансиска поддршка од државата во делот на науката и истражувањето, како и стратегија за унапредување на научноистражувачката, уметничката и иновативната работа преку стимулативни мерки и изнаоѓање финансиски извори за нејзин развој.
П разговара:
Биљана Здравковска – Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk
Проф. д-р Никола Јанкуловски е еден од најпознатите и најценетите хирурзи во земјава, кој што од 2009 година е декан на Медицинскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Познат како вљубеник во својата професија, постојано посветен и пожртвуван на Клиниката за дигестивна хирургија, како лекар, но и како академски работник кој што своето знаење и искуство им ги пренесува на студентите и помладите генерации лекари. Годинава е и кандидат за нов ректор на УКИМ, односно влезе во потесниот круг, заедно со уште еден противкандидат. Во пресрет на финалниот избор за нов ректор на УКИМ, разговараме со проф. Јанкуловски околу неговите идеи за тоа како треба да се подобри квалитетот најголемиот државен универзитет во земјава, но и за тоа што треба да се стори за подобар здравствен систем, како и околу неговата професија и пасија, медицината. XX Влеговте како еден од двата кандидати во потесниот избор за ректор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Која е Вашата идеја и концепт за високото образование? Образованието е широко признато како фундаментален елемент на економскиот развој и конкурентноста затоа што игра круцијална улога за подготовка на кадри, креира знаење, создава вештини, а истовремено се етаблира можноста за развивање на процесите на активно, критичко, оригинално мислење и творење на нови содржини. Една од клучните програмски цели за реализирање на мојата визија е изготвување на нов Закон за високо образование во кој непосредно ќе биде вклучена академската заедница. Потребен е нов Закон кој пред се ќе го обезбеди уставно загарантираното право
на автономен интегриран универзитет, кој ќе ги заштитува и ќе ги одржува академската слобода и автономија. УКИМ е високообразовна институција со водечката улога во државата која се базира на традицијата како најстар и најголем универзитет, а моите заложби ќе бидат фокусирани на преземање мерки за подигнување на нивото на рангирање на УКИМ меѓу првите 500 универзитети по светските ранг-листи. За рангирањето на УКИМ меѓу првите 500 универзитети во светот, неопходна е пред сè финансиска поддршка од државата во делот на науката и истражувањето, како и стратегија за унапредување на научноистражувачката, уметничката и иновативната работа преку стимулативни мерки и изнаоѓање финансиски извори за нејзин развој. Ова значи дека УКИМ треба да продолжи да ја зајакнува соработката со стопанството и меѓународната соработка во областа на науката и истражувањето, односно зголемување на бројот на меѓународни проекти. Обезбедувањето квалитет во високото образование има значајно место во препораките од Болоњската декларација. Управувањето и унапредувањето на квалитетот треба да биде една од најважните цели на Универзитетот преку воведување на стандарди и директиви согласно заедничката рамка за обезбедување квалитет во високото образование, сертификација и акредитација на единиците и лабораториите, воведување систем за корективни мерки при следењето и управувањето со квалитетот, како и континуирана оценка на системите на интерна контрола. За мониторирање на квалитетот во високото образование се врши евалуација на програмите и институциите, самоевалуација и надворешна евалуација на високообразовните институции, акредитација итн. Една од задачите на Универзитетот во наредниот период ќе биде донесување на програма за интерна контрола на квалитетот, усогласена со европските стандарди и препораки за интерна контрола на квалитетот во високото образование (European Standards and Guidelines for internal quality assurance within higher education institutions). Мерките за подобрување на квалитетот на академскиот кадар на Универзитетот ќе се преземаат со цел подобрување и усовршување на истиот, а тоа опфаќа и претпоставки за воведување механизми за организирано вработување млади стручни кадри кои имаат афинитети за истражувања. Од особено значење е создавање на можности за стручно и научно усовршување во земјата и во странство, стимулирање на учеството
www.kapital.mk
Капитал број 869 24.06.2016
22
Интервју
Ако ја добијам довербата од академската заедница, особено внимание ќе посветам на развојот на капацитетите за научно истражувачка работа Универзитетот мора да ја зајакне преку зголемување на соработката со бизнисот предлог - апликациите за XX Што е тоа што според Вас му европските фондовии и недостига на системот на високо меѓународните грантови образование во Македонија и имате ли некои конкретни предлози како да за истражување. на визитинг-професори во реализирањето на наставата, учество на наши еминентни кадри во универзитетските средини во Европа и во светот. Исто така, потребно е да се вложи напор за подобрување на материјалниот статус и стимулирање на академскиот кадар, како и обезбедување неопходни финансиски и материјални услови за квалитетна научно истражувачка работа.
се подобри квалитетот на високото образование? УКИМ е најголем и најдобар универзитет, со квалитетен наставен и истражувачки кадар, инфраструктура, опрема, образовна понуда и резултати од научноистражувачката и апликативната дејност. Сепак, постојано треба да се работи на подигнување на квалитетот, како дел од мисијата на Универзитетот. Но, за тоа се потребни пред сè, соодветни финансиски средства од државата, кои сега се минимални. Има и многу други приоритетни прашања кои директно или индирекнто се поврзани со ова прашање и меѓусебно условени, како што е формирањето на Советот за финансирање на високото образование и конечното воспоставување правила на финансирање, враќањето на звањето асистент, обезбедувањето на истражувачки подмладок, враќањето на добрите законски решенија пред 2002 година (враќањето на финансиската автономија и изземањето на универзитетите од трезорското работење, задржувањето на правото директно на местото на пензионирани работници да се примат нови, без цела комплицирана процедура пред министерствата и др.). Во делот на науката, повторно да се воведат национални научно - истражувачки проекти, кои сега постојат само на хартија и тн. и конечно, донесувањето на нов, европски Закон за високото образование, кој не треба да биде неприменлив административен акт, туку треба да произлезе од универзитетите, за што максимално ќе се залагам. Единиците на УКИМ се водат од принципот кој го диктира Болоња каде студентот е во центарот на образовниот процес, комбинирајќи настава, учење и континуирано оценување во рамките на спецификите и компетенциите. Во следниот период Универзитетот треба потпирајќи се на сопствените ресурси да го интензивира започнатиот процес на модернизација на наставата со воведување на ИТ технологии, е-learning и нови електронски алатки за пренесување знаења, кој треба да се развива на сите единици. Иако, во голема мера, поддршката на студентите е соодветна на потребите, следниве прашања би можеле да бидат идентификувани како подложни на подобрување: ставање на сè поголем број курсеви на е-платформата за учење, континуирано ажурирање на материјалите наменети за студентите, дигитална библиотека со учебници и учебни помагала изготвени од професори на УКИМ, развој на Центрите за кариера на сите единици и афирмација и подршка на менторскиот систем (студентски советник).
Студентите се воведуваат во научно истражувачката работа преку учество во научни проекти, но нивната застапеност е мала, споредено со вкупниот број студенти. Универзитетот ќе стави посебен акцент на ова, а особено ќе настојува да се зголеми бројот на студенти вклучени во научноистражувачката работа која е задолжителен дел од целокупниот процес на докторските студии. Ако ја добијам довербата од академската заедница, особено внимание ќе посветам на развојот на капацитетите за научно истражувачка работа преку зголемување на предлог - апликациите за европските фондовии и меѓународните грантови за истражување. Основен предуслов за таквата активност ќе биде интензивирање на соработката со националнии и меѓународнии меѓууниверзитетски договори за соработка, со креирање и учество во мултидисциплинарни проекти од актуелни проблеми пред се од областа на екологијата, здравството, енергетиката и секако зголемување на финансиските можности за научноистражувачката работа преку обука и организација на активности за усовршување на академскиот кадар и ангажирање млад кадар преку промоција на проекти и можности за истражување. Дефинирање на критериумите за финансирање на високото образование е секако голем предизвик кој ќе стои пред идното раководство на интегрираниот Универзитет, а секако во центарот на интересот ќе бидат студентите –подобрување на условите за практична настава, зголемување на соработката со стопанствотво, бизнис заедницата за трансфер на технологии, иновации и патенти, мотивирање за вклучување во студентските организации и воннаставните активности на Универзитетот. Од придобивките на Болоњскиот систем секако неопходен е развој на програми за мобилност и зголемување на бројот на мобилности на наставниот кадар и студентите од трите циклуси на студирање, креирање на студиски програми на англиски јазик за зголемување на бројот на странски студенти. Секако, ќе инсистирам до релевантните институтции за надминување на рестриктивната политика на вработување, како не би дошло генерално до неповолна старосна структура на наставниот кадар на Универзитетот и одлив на млад кадровски потенцијал надвор од државата.
XX Од позиција на декан на Медицински факултет, како го оценувате успехот на Болоњскиот систем на високо образование во Македонија? Ја постигна ли целта? Вклучувањето во европскиот модел на образование (искажана преку спроведувањето на болоњскиот процес) особено во рамките на високото образование, ги поттикна формите на континуирано, отворено и широко образование, кое покрај фокусирањето на креативноста се темели и на создавање широка лепеза на компетенции со можност за нивно развивање и ширење. Поимањето и практицирањето на образованието на ваков начин и помогна на Македонија во глобалните интеграциски процеси за остварување на глобалните политики во сферата на образованието, а со тоа и мобилност на кадрите на глобалниот пазар на трудот. Но, покрај овие придобивки, времето покажа дека се потребни корекции, особено на елементите кои беа воведени, а немаат врска со концептот на Болоњскиот систем. Во периодот што доаѓа тие ќе бидат предмет на промени, и тоа на УКИМ се прави во континуиетет во последните неколку години, сукцесивно со носењето нови и измени на постоечките студиски програми. XX Во изминативе години во Македонија имало повеќе примери на притисоци врз независноста, автономијата и слободната мисла на Универзитетот. Како планирате да го заштитите Универзитетот од ваквите притисоци? Обиди за влијание врз академската средина имало и ќе има. Од сите нас зависи дали ќе дозволиме тие да ја нарушат автономијата на Универзитетот. Слободната мисла на Универзитетот не може да се спречи, тоа се покажа во последниов период. Ректорот, заедно со органите на Универзитетот и сите негови членови ќе се спротивставува на овие обиди преку предлози од единиците, студентите и одлуки на органите на Универзитетот за одредени прашања. Универзитетот неопходно треба преку дебати и активни состаноци со претставниците на институциите на системот да ги решава актуелните проблеми кои ја засегаат независноста и автономијата. XX Бизнисот многу често се жали дека факултетите не произведуваат кадар каков што и треба на економијата. Како сметате дека може да се зголеми соработката помеѓу Универзитетите и економијата, во смисла на прилагодување на наставните програми за потребите на компаниите, организирање пракса за студентите, итн.? Како државен универзитет УКИМ активно ги следи потребите на стопанството, приватниот сектор и општеството во целина. Студиските програми на кои им се дава приоритет се одраз на потребите и барањата на локалната, регионалната и меѓународната општественоекономска средина. Информатичките технологии, техничко-технолошките и природно-математичките струки се главни точки на интересот на стопанството, а не помало е и значењето на медицината, економијата и другите научни и уметнички области.
Приоритет: Една од задачите на Универзитетот во наредниот период ќ
www.kapital.mk
Капитал број 869 24.06.2016
23 Се согласувам дека состојбата во одредени медицински центри е полоша во однос на периодот од пред една и повеќе децении. Тоа пред сè, се должи на лошата кадровска политика и недоволниот број вработување, под дозволениот минимум.
Од аспект на подобрување на професионалното обучување и перспективите на студентите, Универзитетот и единиците треба да ја интензивираат соработката со стопанството за да овозможат практична настава и професионален тренинг за своите студенти. На тој начин, ќе се подигнува нивото на релација теорија-практика и ќе се овозможи приватниот сектор и стопанството уште во фазата на учењето да ги препознаат и да ги поттикнат своите идни кадри. Покрај практичната настава, на единиците ќе се реализира и клиничка настава, во соработка со надворешни партнери и со вклучување стручњаци од практиката. Како еден од значајните чинители во севкупните општествено-економски процеси во државата, УКИМ ќе тежнее кон стекнување статус на рамноправен партнер на бизнисзаедницата и тоа преку учество во иницијативи и мрежи кои имаат за цел унапредување на севкупниот општествено-економски амбиент во државата. Уште една од стратешките определби на УКИМ ќе биде во однос на развојот на институционалната соработка и интеракцијата со научното, економското и социјалното опкружување, како на регионално така и на меѓународно ниво. Во таа насока ќе биде засилена размената на искуства со институции и компании во индустријата. Универзитетот активно ќе учествува и во креирањето на заеднички простор за соработка со малите и средните прет¬при¬ја¬тија со цел создавање
партнерства во рамките на биз¬ни¬сот и трансферот на технологии, но и заеднички научни истражувања. Во односите со своите меѓународни партнери, Универзитетот ќе ја продолжи и интензивира и да воспоставува нова соработка и заеднички програми за образование, двoјни и заеднички дипломи, како и истражувачки проекти во европските програми и билатерални партнерс тва, размена, мобилнос т, организација на научни и други академски настани. УКИМ ќе иницира и активно ќе учествува во јавни дебати поврзани со креирањето на политики од економската, социјалната, политичката и научната сфера на локално, национално и регионално ниво. Универзитетот дава придонес, и ќе продолжи со својот значаен придонес во збогатувањето на културниот живот на државата, финансирајќи и реализирајќи низа културни и уметнички настани. Во периодот што следи, Универзитетот ќе настојува академскиот кадар со својот професионален потенцијал уште повеќе да биде застапен во сите сфери на општественото живеење давајќи стручен и компетентен придонес.
Лекарот мора да биде ослободен од егзистенцијални проблеми за да се развива и образува XX Како Медицинскиот факултет се позиционира во целокупната слика на високото образование:
колку успеавте од позиција на декан на овој факултет да воведете наставни програми што се во чекор со најновите светски трендови на науката и праксата? Дали може да се каже дека Медицинскиот факултет продуцира квалитетни здравствени кадри? Медицинскиот факултет во Скопје, како единица на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“, е основан во 1947 година како установа која врши високообразовна, научноистрачувачка и високостручна здравствена дејност од областа на медицинските науки. Сo студиските програми од трите циклуси на студии по Болоња, со својот кадровски потенцијал, современо и модерно опремени предавални, амфитетари и кабинети во функција на непречено имплементирање на студиските програми, Факултетот претставува ентитет од фундаментална важност за високото образование и респектабилен фактор во здравствениот систем на Републиката. Со свите лаборатории од највисок дострел препознатлив за третиот милениум, Медицинскиот факултет претставува и значаен респектабилен фактор за здравствениот систем на државата. Од 120 лекари и исто толку среден кадар колку што имала цела Република Македонија во 1947 година, Медицинскиот факултет денес само во својата средина има над 4.000 здравствени работници и друг кадар од кој 539 се наставен кадар.
ќе биде донесување на програма за интерна контрола на квалитетоt
www.kapital.mk
Капитал број 869 24.06.2016
24
Интервју
На Медицинскиот факултет има 5 акредитирани додипломски студиски програми. Студиите по општа медицина се организираат на факултетот од неговото основање во 1947 година, а од учебната 2005/2006 година, Медицинскиот факултет во студиската програма воведе ЕКТС. Овие измени овозможија да бидеме првиот Медицински факултет во државата кој го приспособи едукативниот курикулум кон принципите и барањата на Болоњската декларација. Студиската програма по општа медицина е интегриран циклус на студиии во траење од 6 години, со вкупен фонд на часови 5885 и 360 кредити. Со звршување на студиите студентите се стекнуваат со стручниот назив “доктор по медицина“ и може да ги продолжат студиите на програмата за специјализација во некое потесно медицинско подрачје или на третиот циклус на докторски студии. Содржините на курикулумот нудат знаење, разбирање и ставови кои ќе им обезбедат на студентите компетенции за самостојна работа во клиничката пракса. Освен оваа студиска програма, на Факултетот се акредитирани и четири тригодишни стручни студиски програми за: медицински сестри/техничари; радиолошки технолози; физиотерапевти и логопеди. Од 2003 година на Факултетот се организира вториот циклус на студии постдипломски магистерски студии од областа на јавно здравство, а од академската 2013/14 година, на Факултетот се организира уште една, нова студиска програма од втор циклус стручни специјалистички студии по клиничка логопедија. Од академската 2010/2011 година Медицинскиот факултет во рамките на УКИМ се организира трет циклус на студиидокторски студии од областа на медицината и од областа на јавно здравство. Во периодот кога стапив на функцијата декан на Медицинскиот факултет се отворија и два нови државни медицински факултети во Штип и Тетово. Ангажирањето на професори од УКИМ Медицински факултет во реализација на наставата на овие два факултети, не го попречи воведувањето на нови наставни содржини прилагодени на современтие медицински трендови во голем број предмети од студиските програми на студенитет по медицина, тригодишните стручни студии не само вопрвиот, вториот туку и во третиот циклус на наставата и пред се во програмите за специјализации кои согласно европските директиви претрпеа значајни измени во однос на претходниот период. Здравствниот систем во република Македонија до денеска се базираше на кадри кои се едуцирани на Медицински факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј. Нашата основна задача била и останува да продуцираме високообразовани доктори по медицина и стручни здравствени соработници, кои ќе имаат современи теоретски и практични знаења, применливи во државата и во светот. Фактот дека голем број доктори по медицина дипломирани на УКИМ Медицински факултет успеваат да се вработат и да градат успешна професионална, па и академска кариера во голем број европски и воневропски земји е доказ дека кадарот што се продуцира во нашата средина е квалитетен и конкурентен во однос на престижните медицински факултети во Европа и пошироко.
Одбив многу привлечни понуди од приватните клиники – моја прва љубов е Медицинскиот факултет XX Важите за еден од најдобрите и најпосветени доктори и хирурзи во земјава, кој е многу почитуван од своите колеги, студенти и пациенти и кој посветува огромен дел од своето време и живот на својата професија. Како се развиваше Вашата кариера и што значи да се бидe лекар во Македонија? Дали некогаш сте помислиле да ја напуштите Македонија или да заминете да работите во некоја приватна клиника? Благодарам на убавите зборови. Навистина сум голем вљубеник во професијата. Секогаш сум среќен кога ќе се најдам во операциона сала, како помлад за да учам, а сега, како искусен хирург да го пренесувам своето знаење на помладите колеги, и се разбира најважно од се, главниот императив секогаш ми е да им помагам на болните. Во текот на својот стручен професионален развој како дигестивен хирург, постепено напредував во академската кариера. За хирургот нема работно време, операции кои траат со часови надвор од работното време, ургентни случаи кои мораат да се решаваат во било кое време на денот и ноќта, за време на викенди и празници. Само на таков начин со максимална посветеност во работата може да се гради успешна кариера, да се стане добар наставник, треба да се биде добар хирург, зошто науката и практиката секогаш одат заедно. Се разбира со долгогодишното искуство и импресивните резултати, нема да бидам нескромен ако кажам дека сум одбил многу, дури и непристојни предлози за многукратно поголем надомест да се вработам во приватни клиники. Но, пред мене секогаш бил и ќе биде предизвикот на академската кариера, големата желба да го пренесувам своето знаење, да придонесам за развојот на својата клиника, на Медицинскиот факултет и на нашата alma mater – Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
XX Како човек што работи во македонското јавно здравство, како го коментирате фактот што голем број доктори заминуваат од него – надвор од земјата или пак во приватниот сектор? Постои ли опасност на среден и долг рок да нема кој да ги лекува граѓаните во јавното здравство? Сметам дека отварањето на приватни здравствени институтции последниве десетина години доведе до извесен одлив на кадарот од јавните установи, но тоа не претставуваше во ниту еден момент опасност за функционирањето на јавните здравствени институции. Најсложените оперативни интервенции, лабораториски и визуелизирачки дијагностични процедури се одвиваат во јавното здравство. На здравствениот систем му недостасуваше државна кардиохирургија, од минатата година и таа хируршка дисциплина функционира, наскоро ќе се отвори и државниот ПЕТ центар, така што речиси и да нема дијагностичка и оперативна процедура која постои во приватното, а не и во јавното здраство. Квалитетната здравствена заштита на граѓаните на Република Македонија секако нема да биде доведена во прашање. XX Здравството се реформира со години наназад, но впечатокот на јавноста е како да не се мрднало ни чекор, напротив, состојбите во поедини медицински центри се катастрофални. Што треба да се направи според вас, како да се менаџираат ресурсите во здравството за да се добие квалитетна услуга, во пристојни болници, со мотивиран персонал?
Се согласувам дека состојбата во одредени медицински центри е полоша во однос на периодот од пред една и повеќе децении. Тоа пред сè, се должи на лошата кадровска политика и недоволниот број вработување, под дозволениот минимум. За да се создаде квалитетен професоналец во било која гранка на медицината потребно е време да се стекнат знаења и вештини, да се добие искуство кое на лекарот ќе му го олесни донесувањето на одлуки кога самостојно треба да одлучи како пациентот треба да се лекува. Школувањето на здравствени работници, а особено на доктори по медицина е долготраен, макотрпен и скап процес. Континуираната медицинска едукација, односно доживотното учење е неопходен предуслов за развој на квалитетен медицински кадар, со оглед на енормно брзиот развој и современите достигнувања во медицинската наука и практика. За да може докторот максимално се посвети на работата и перманенто да се образува потребно е да биде ослободен од егзистецијални проблеми. Тоа значи, дека нешто треба да се смени во системот за наградување, за да се мотивираат колегите да го дадат својот максимум во работата. Секако, потребни се и промени во инфраструктурата, подобра организација на работата во смисол на попрецизна распеделба на дејноста на примарно, секундарно и терцијарно ниво. Медицината како наука перманентно се развива, што значи дека и здравствениот систем треба постојано да се прилагодува, да биде подложен на анализи, реформи и трансформации, за да може што поадекватно да одговори на потребите на граѓаните на Република Македонија. nnn
Регулатива: Потребен е нов Закон за високо образование
www.kapital.mk
Капитал број 869 24.06.2016
26
Луѓе и компании
Здравствена заштита Стручни, научни и технички дејно Снабдување со електрична енер ИКТ трговија на големо Образование Бизнис со најма Просек насектори цела економија
Бизнис сектори со најголема стапка на преживување во период 2009-2014 Здравствена заштита Стручни, научни и технички дејности Снабдување со електрична енергија, гас, пареа... ИКТ трговија на големо Образование Просек на цела економија
преживување во перио 79,50% 56,90% 56,50% 56,30% 55,10% 43,20%
Снабдување со вода; отстранува управување со отпад Уметност, забава и рекреација Објекти за сместување и сервисн Преработувачка индустрија Дејности во врска со недвижен им Извор: Државен завод за статистика
Снабдување со вода; отстранување отпадни води, управување со отпад Уметност, забава и рекреација Објекти за сместување и сервисни дејности со храна Преработувачка индустрија Дејности во врска со недвижен имот
27,90%
Кои нови бизниси имаат најголема шанса за 29,80%
Во Македонија ординациите и аптеките најжил 30,40% 33,30% 35,90%
Извор: Државен завод за статистика
пишува:
Игор Петровски
Н
igor.petrovski@kapital.mk
ешто помалку од половина, поточно 43,2% од новосоздадените компании во 2009 година во Македонија сè уште биле активни во 2014 година, покажаа неодамна податоците на Државниот завод за статистика. Значи нешто послаба стапка
на преживување во однос на светскиот просек: според неколку извори (Forbes, Gallup…) во светски рамки околу 50% од новите компании пропаѓаат во првите пет години. Околу 75% од стартапите ја преживуваат првата година, 69% првите две, итн. Во Македонија државната статистика измерила дека 79,4% од новоформираните фирми ја преживуваат првата година, 52,6% првите две, 48,1% првите три, 37,6% првите четири години... Гледано по бизнис сектори, првата година ја преживеале најмногу фирми
отворени во здравствената и социјалната заштита, 92,8%, Трговијата на големо со информатичко - комуникациска технологија, 91,7%, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа, 91,4%, Финансиски дејности и дејности на осигурување, 90%, итн. Кога станува збор, пак, за првите пет години, исто така најмногу преживуваат компаниите од здравствената дејност, со 79,5%. Во случајов, оваа дејност води убедливо пред другите, високо над просекот на целата економија од 43,2%. Втората според стапката на преживување е дејноста
Просек: Светскиот просек на преживување на новите бизниси прв
www.kapital.mk
27
ости ргија, гас, пареа...
мала стапка на од 2009 - 2014
ање отпадни води,
ни дејности со храна
мот
Капитал број 869 24.06.2016
79,50% 56,90% 56,50% 56,30% 55,10% 43,20% 27,90% 29,80% 30,40% 33,30% 35,90%
а преживување
Речиси 80% од новоформираните фирми во земјава ја преживуваат првата година, но само 43% функционираат и после пет години, покажува државната статистика. Најиздржливи се фирмите отворени во здравствениот сектор, а најмногу пропаѓаат управувачите со отпад. и аптеки, а особено голем број ординации отворија матичните лекари откако законски се префрлија во приватниот сектор. Исто така, тука влегуваат и приватните лаборатории за био- хемиски анализи и слични организации, кои што во принцип, бележат брз, но и стабилен развој“, вели проф. Радмил Поленаковиќ, раководител на Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење, кој што има големо искуство во работата со стартапи и нивна поддршка. Тој смета дека не е чудно што овој сектор има речиси двојно поголема стапка на преживување во однос на просекот на целата економија. “Се работи за гранка која што опфаќа грижа за здравјето, луѓето мора да одат на лекар, да купат лекови, пазарот е сигурен, ако така може да се каже.“
Слушајте паталец, не гаталец
лави
Стручни, научни и технички дејности, со 56,9%, Снабдување со ел.енергија и гас, со 56,5%, ИКТ трговија на големо, со 56,3%, итн. Најмногу фирми пропаднале, односно најмалку ги преживеале првите пет години во секторите: Снабдување со вода; управување со отпад и санација на околината, со само 27,9%, Уметност, забава и рекреација со 29,8% и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна со 30,4%. “Во здравствената заштита влегуваат голем број приватни лекарски ординации
Иако фактот дека имате 50% шанси да ги доживеете првите пет години не звучи претерано охрабрувачки, работата е во тоа што не морате сè да и препуштите на веројатноста. Прашавме неколку млади македонски претприемачи кои што ги преживеале првите критични години за тоа што треба, а што не смеете да правите доколку сакате и вашиот стартап да ги следи нивните стапки. Во ситуација во која што не ви е потребен кредит или не мора да барате инвеститори, се чини дека е едноставно да ја прескокнете изработката на бизнис планот, или да го оставите тоа за подоцна. Меѓутоа, пишувањето на бизнис планот е извонреден начин јасно да ја дефинирате сопствената визија. Во секој случај, ќе би помогне да одговорите на некои битни прашања: Што се обидувам јас да решам? Чии животи сакам да ги унапредам? Кои се
првите пет години е 50%, во Македонија е 43,2%
Грешки што ги чинат живот компаниите
Д
а го измамиш партнерот – доколку сопственикот или сопственичката не се ожениле или омажиле богато, туку бизнисот го изградиле во брак, треба да се избегнува секаков вид занемарување на поубавата или посилната страна, затоа што развод може да го уништи бизнисот. Ортачки бизниси – кога ќе стивне еуфорија поради првичните успеси и кога секој ќе започне да ги тегне конците на своја страна, често сето тоа завршува со раскинување на партнерството и со пропаст на фирмата. Испумпување пари од компанијата – купување скапи предмети за приватни потреби на сопственикот за сметка на нова машина, хала, маркетинг или плати. Преголемо инвестирање во рамки на една активност, неусогласено со потребите на пазарот. Презадолжување, особено кога се работи за краткорочни кредити за долгорочни проекти Конзервирање на фирмата и брендот, и необрнување внимание на пазарните промени Расплинување на многу страни, влегување во ризични бизниси, поради поголеми профити, без оглед на тоа што тоа нема врска со работата врз која се гради успехот и името на компанијата. Запоставување на потребите на вработените, посебно оние најквалитетните, заради што тие во трк прифаќаат с$ што им се чини подобро. Слаба контрола врз вработените, кои што за кратко време може да направат непоправливи пропусти или намерни прекршоци како што се ставање вода во пиво потплатени од конкуренцијата . Грешка над грешките, во Македонија ретко кој може да ја избегне- кога една компанија ќе порасне до толку да што ги прераснува капацитетите на еден човек, сопственикот би требало да се повлече и да ја препушти работата на професионалните менаџери. Во спротивно, во најголем број случаи, компанијата ќе “изгасне” кога и сопственикот, а тоа се случува често и многу порано.
Што добивате со он-лајн претплата на Капитал: претплата на 1. Со електронското издание на Капитал
заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание
за најава од 2.Можност три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон
до 3. Пристап електронското издание од било каде во Светот
Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал: l 49 броја на редовното издание на Капитал l 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал l Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа l Платена поштарина l Вклучено ддв l Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози
www.kapital.mk
Капитал број 869 24.06.2016
29 реалистичните рокови за поедини почетни фази на работењето? “За мене најголемата грешка која ја направив на почетокот беше недоволно добро планирање на буџетот со кој што располагав и осмислување на самата реализација на проектот.. Иако имав подготвено детален план, сепак не посветив доволно време на разработка на секој детаљ и негово реализирање ..“, ни раскажа сопственичка на онлајн продавница за модни додатоци. Таа вели дека доколку не знаете да изработите добар маркетинг план, добро е да платите на некој што тоа може да го направи тоа за вас - консултант или специјализирана компанија.. „Апсолутно е неопходно да ги знаеш сите детали за својот таргет пазар и навиките на твоите купувачи, за да можеш да им го продадеш она што твојата компанија го нуди.“, вели нашата соговорничка.
Првите пари вложете ги веднаш назад во компанијата
Професорот Поленаковиќ, вели дека според неговото искуство со младите стартапи во Центарот за претприемачко учење, најчестата грешка што ја прават новите компании е недоволно дефинираниот пазар на кој што треба фирмата да излезе.
“На почетокот амбициите се големи, но ако не е добро таргетиран пазарот , се прават грешки. Не може една фирма да зависи од два-три тендери за некакви јавни набавки и сл., туку мора да излезе на пазарот и да успее со квалитет“, вели Поленаковиќ. Многу претприемачи почетници пропаѓаат затоа што им снемува пари, па затоа почетните трошоци треба да ги одржувате на што пониско ниво. Вработете ги само оние без кои што никако не можете. Ако канцеларијата не ви е потребна, во прво време избегнете ја. Генерално, парите трошете ги на работи кои што навистина ви требаат, наместо на нешта за кои што вие мислите дека ви требаат. Млад претприемач од Скопје, кој што ја тера веќе третата година со својата компанија за дигитален маркетинг, вели дека трошоците на почетокот треба да се сведат на минимум, а најдобро е да се почне од дома, ако природата на бизнисот го дозволува тоа. “И јас како и многу други основачи на стартапи на почетокот мислев дека ќе биде доволна само една година за да застанам на нозе, но искуството ми покажа дека се потребни барем три години. Така што, со контролирано трошење најважно е да се издржи што подолг период.“, вели нашиот соговорник.
Кога од платена работа ќе преминете во претприемачки води, тешко е да се откажете од стабилноста на платата. Меѓутоа, првите пари до кои што ќе дојдете, најдобро е да ги вложите назад во компанијата, производот и маркетингот. Ако се работи за некој посложен сервис или продукт за кој е потребно подолг период за развој можеби треба да се размисли и за некој проект (side project) кој нема да биде поврзан со идејата за бизнис се со цел да се покријат трошоците за да се издржи што подолго на пазарот.
Третина од трошоците да се за маркетинг
Во првата година од работењето бидете селективни околу тоа на што го трошите времето и ресурсите. Не морате да ја прифатите секоја работа што ќе наиде. Пред прифаќањето на секоја бизнис понуда размислете дали тоа се вклопува во вашиот долгорочен план. Вашата основна цел треба да биде да му помогнете на крајниот потрошувач. Прилагодувајте се на нивните потреби и желби и земете ја предвид секоја повратна информација. Потребно ви е вистинско истражување и проучување што точно му треба на клиентот или купувачот. Овде не се мисли на про-форма истражувања
www.kapital.mk
Капитал број 869 24.06.2016
30
Луѓе и компании
со здодевни прашалници. Се мисли на експериментирање и трошење на пари за правење на грешки врз основа на кои ќе се подобри услугата/продуктот. Исто така, секој претприемач на почеток треба да испланира и средства за маркетинг, и тоа 30% од планираните трошоци треба да ги одвои за таа намена. Обично, овој дел не се предвидува, па понатаму излегува како дополнителен трошок. Бидејќи најверојатно ќе немате пари за традиционалните форми на маркетинг, дигиталниот маркетинг е еден од поевтините начини за микро и мали бизниси да можат да го прошират гласот за своите производи на поголем број на луѓе. Треба убаво да се разбере и каква е културата на секоја социјална мрежа. На Facebook луѓето се однесуваат и комуницираат на еден начин, а луѓето на Twitter или Instagram на друг. Одредете каде се луѓето од вашата таргет група и појавете се на таа социјална мрежа. Бидете интересни таму и едуцирајте, покажете вредност за да им се допаднете и добиете доверба. nnn
n Во Македонија нема амбиент за “втора шанса“
Неуспехот да се искористи како знаење
П
рофесорот Поленаковиќ вели дека неуспехот на еден бизнис не треба да се сфаќа како нешто срамно. „Во Македонија сè уште нема развиено клима за ‘втора шанса’, како што е тоа случајот во ЕУ или САД. И светски познати милијардери пропаѓале по 2-3 пати во бизнисот, па не е крај на светот. Напротив, на Запад искуствата на тие што не успеале се корисни, исто како и на оние што успеале, па неретко овие првите им даваат совети на младите претприемачи, за тоа што не треба да прават ако не сакаат да пропаднат“, вели Поленаковиќ.
Постхумно признание “Креатори за векови“ за Трајче Мукаетов
Б
изнис платформата за Средна и Југоисточна Европа „Претприемништво – Перспективи 2050“, постхумно му додели признание „Креатори за векови“ на Трајче Мукаетов, поранешен Генерален директор и еден од креаторите на модерниот „Алкалоид“. Оваа престижна награда за животно дело се доделува за постигнувања во текот на целокупниот животен век, со цел јавно да се оддаде признание на големите визионери, лидери и креатори на иднината, чии труд, храброст, знаење, креативност и врвни резултати се темел и главен двигател на напредокот на заедницата и на развојните предизвици кои ги налага новото време. Трајче Мукаетов својата кариера ја започнува по дипломирањето на Електротехничкиот факултет во Белград, по што како дипломиран експерт е назначен за прв директор во организацијата за процеси и информатика при Македонската државна канцеларија за информатика. Работниот стаж го продолжува во „Алкалоид“, каде во 1974 го основа компјутерскиот центар на компанијата. Набрзо, под негово водство, овој центар е прогласен за водечки компјутерски центар во Македонија. Од 1985, Трајче Мукаетов ја извршува функцијата Генерален директор на „Алкалоид
АД“ Скопје. Од 33 години во „Алкалоид“, на чело на компанијата е цели 22. Периодот на неговото раководење е обележан со најголемиот инвестициски циклус во компанијата. Како голем стратег и визионер, тој во 1996 го иницира создавањето на нови фармацевтски погони, опремени со нови автоматизирани производни линии и зголемен капацитет на производство. “Не ми беше најважно да трупам имот и да купувам фирми, туку напротив, најголем предизвик ми беше да го издигнам „Алкалоид“ во современа и успешна компанија, компанија која ќе биде регионален лидер и која ќе продолжи успешно да работи и после моето заминување од челната позиција. „Алкалоид“ е компанија за сите времиња и мора да мислиме и за нашата иднина“, истакна своевремено Трајче Мукаетов. За секој менаџер, највисок дострел е зад себе да остави здрава и просперитетна компанија. Такво нешто, во вистинска смисла на зборот, направи Трајче Мукаетов. Постхумната награда за животно дело во претприемништвото, претставниците на организацијата „Креатори за векови“ му ја врачија на актуелниот Генерален директор
и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов. Изборот на лауреати се одвива во 5 фази, под водство на независен меѓународен Комитет за доделување награди и признанија „Креатори за векови“, составен од 16 истакнати имиња од областа на економијата, маркетингот и финансискиот сектор, од 10 европски земји. Свеченото прогласување на лауреатите за 2015 година се одвиваше паралелно со одржувањето на Регионалниот самит на претприемачи на Средна и Југоисточна Европа – „300 Најдобри“ во Дубровник, додека пригодната церемонија за постхумно доделување на наградата на Трајче Мукаетов се одржа во Скопје, во присуство на неговите некогашни соработници и семејството. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 869 24.06.2016
32 Интервју INTERVIEW
Наталија Пекиќ
експерт за семејни бизниси
Смената на генерациите е тежок и комплексен процес во семејните компании
Н разговара:
Игор Петровски
igor.petrovski@kapital.mk
На втората конференција за семејните бизниси “Предизвиците на транзиција на семејните бизниси – Основачот, наследникот, како до свеж капитал“ што бизнис тренинг центарот Clear View ја организира во Скопје, на 29 јуни годинава, еден од говорниците ќе биде и Наталија Пекиќ, консултант на многу компании и професор од Хрватска, експерт за проблематиката на семејните бизниси. И самата 20-години претприемач, таа е дел од тимот кој што од 2011 година го организира Бизнис форумот “Семејните компании – столб на економијата“ на балканските простори. Пекиќ, инаку, предава “Семејно претприемништво“ и “Менаџмент на семејни компании“ на Економскиот факултет во Осиек, а во Скопје ќе зборува за тоа кои
се клучните предизвици при промена на генерациите во семејните фирми. XX Во пресрет на Конференцијата за семејни бизниси на ClearView, ве молам накратко објаснете што ќе можат посетителите да научат од вашето излагање? Мене особено ме радува да учествувам на вакви конференции, особено, пак, кога во публиката се претприемачи кои знаат многу за бизнисот и имаат големо искуство. Причината е што во тек на ваквите дружења се разменуваат знаења, и јас секогаш учам нешто ново, и покрај 20-годишното искуство на претприемач. На оваа конференција прво ќе говорам за влијанието на семејната култура врз културата на компанијата. Имено, за семејното претприемништво често се вели дека е субјективно, индивидуално, понекогаш конзервативно, а причината е што зад секоја семејна компанија стои семејство со посебност, единственост, со сите свои обележја, норми, стандарди. Дали е тоа воопшто важно, дали е предност или недостаток, дали влијанието е позитивно или негативно, за тоа ќе зборуваме во тек на првиот панел. Потоа ќе говорам за знаењата и вештините што и се потребни на новата, млада генерација наследници на семеен бизнис. Бидејќи генерациската транзиција е
исклучително тежок и комплексен процес во семејните компании, и особено е тежок за генерацијата основачи, најчесто и се фокусиравме на генерацијата основачи, и малку како да ја занемарувавме генерацијата на наследниците. Подеднакво е важно да се познава и демографијата, ставовите, нормите, значи и културата на втората генерација за процесот да биде успешен. Дали лидерските знаења се попотребни од менаџерските, дали формалното образование е важно за генерацијата наследници, што коментира следната генерација за промените што треба да се случат - ова се некои прашања од второто предавање и панел. Ќе истакнам и некои примери од својата досегашна практика, и за првата и за втората тема. XX Oд вашето досегашно искуство како консултант, кои се најголемите тешкотии со кои што се соочуваат семејните бизниси во регионов? Најгрубо можеби можам да ја поделам целата низа заеднички проблеми на екстерни и интерни. Екстерните им се заеднички на сите претприемачи, па така и нам, во семејното претприемништво, а се сведуваат на незадоволувачката состојба на пазарот, што неминовно вклучува недостаток на доверба во владата, како и неодредени
Способности потребни за следната генерација: Делегирање, вмрежува
www.kapital.mk
Капитал број 869 24.06.2016
33 политики и нејасни регулации, пребрзи промени, недостаток на инфраструктура. И покрај својата глобална важност, големите придонеси за БДП на националните економии, семејните претпријатија не се чувствуваат доволно препознаени или признати од владата, па така се борат со црната економија, со комплицираниот пристап до финансиите, со законите за вработување и за работни односи. Како заеднички интерен проблем би ја истакнала сериозноста на недостатокот на кадри со соодветни знаења и таленти, па така топ приоритет станува „битката за мозоци“. Понатаму, многу често голем проблем претставува формализирањето на односите меѓу членовите на семејствата - потесни и пошироки. Основачот мора да подвлече јасна граница каде престанува да биде родител, а станува работодавач. Дома може да се функционира според правилата - „јас ги сакам сите свои деца подеднакво“, но, за жал, во компанијата доколку се истите тие деца вработени, не можат да бидат подеднакво третирани бидејќи имаат различни знаења, квалитети, таленти, па веројатно и одговорности. Недостатокот на преговарачки, презентациски вештини, вештини и знаења за решавање на конфликтите меѓу членовите на семејството и оние кои управуваат со компанијата, како и отпорот и одложувањето на подготовките и на спроведувањето на транзицијата на компанијата - би рекла дека се најчесто споменувани проблеми. XX Кога е вистинското време да се предаде управувачката палка во семејниот бизнис? Семејна компанија е систем што настанал со преклопување на три потсистеми: семејството, работата/бизнисот и сопствеништвото. Управувањето со овој систем бара истовремено управување со сите потсистеми, па поради тоа како идеално време најчесто се дефинира времето во кое семејството поседува заедничка визија, развиена меѓусебна доверба и дејствува праведно; бизнисот на компанијата е успешен, односно, во фаза на раст, и кога на компанијата и е обезбедена пазарната позиција; кога надзорот над работењето е независен и објективен. XX Колку време треба да се подготвува наследникот во семејната компанија и какви знаења и вештини треба да поседува пред да го преземе управувањето? Процесот на генерациска транзиција трае меѓу 5 и 10 години, а бара активно учество на првата генерација, на генерацијата на основачот. Тоа е период во кој се подготвува и првата и втората генерација. Транзицијата е многу чувствителен процес, зашто ги менува и компанијата и семејството. Процесот е емотивен, бара јасна и отворена комуникација, во одредени моменти фаворизирање на одредени членови на семејството, дефинирање на идните улоги во компанијата; навистина е комплексно и не е едноставно ниту да се опише што
Транзицијата на генерациите е емотивен процес, бара јасна и отворена комуникација, во одредени моменти фаворизирање на одредени членови на семејството, дефинирање на идните улоги во компанијата; навистина е комплексно и не е едноставно ниту да се опише што ваквите семејства и компании поминуваат во овој период. ваквите семејства и компании поминуваат во овој период. Затоа оваа подготовка е исклучително важна и бара подолго време. Ретко можете во семејните компании да наидете на „IF план“, а истиот е извонредна подготовка за она што следи. Што ако ви се случи болест, ненадејна смрт, каков и да е друг вид на неочекувани околности - вашата компанија мора да биде подготвена, бидејќи од неа зависи и вашето, но и други семејства, а секако и цела низа бизнис партнери. Што се однесува до знаењата и вештините, лично сметам, а тоа го потврдија многу искуства од успешните транзиции, дека е важно генерацијата наследници да стекне одредено работно искуство надвор од семејната компанија. Тоа искуство ќе овозможи да се има објективен поглед на работењето; да се развијат одредени вештини и знаења што најчесто се занемарени ако родителот или некој друг член на семејството ви е прв шеф. Втората генерација презема бизнис што веќе не е во развојна фаза, туку е цврст, стабилен, и стапките на раст генерирани од првата генерација веќе никогаш нема да се повторат. Со самото тоа водењето на ваква компанија, натамошниот раст и развој, диверзификацијата, стратешките „свртувања“ ... бараат цела низа знаења и вештини, од делегирање, способност за вмрежување, за слушање; знаење да се управува со луѓето, да се преземаат ризици; да се има емоционална интелигенција, визионерство; да има грижа за останатите и за заедницата. Во оваа прилика би го цитирала големиот експерт за бизнис стратегии, Исак Адижес, кој што вели: “Едноставен е одговорот на прашањето дали извршниот директор што го барате треба да поседува добри аналитички, добри организациски или добри комуникациски вештини? Сето тоа, и уште многу повеќе. Без аналитички, организациски и комуникациски вештини
- личноста за која размислувате не е добар избор“ XX Што да прават наследниците во компанија каде што претходникот оставил впечатлива компаниска култура, а тие сметаат дека нешто треба да се промени? Нека менуваат... Подобро би било да грешат со туѓи пари, а не со парите на сопственото семејство, но и тоа е дел од процесот на учење. Честопати, втората генерација смета дека многу нешта треба да се променат, но мислам дека ова е најчесто последица на недоволно искуство, како и недостиг на донесување одлуки во кризни моменти. Секако дека првата генерација остава цврст “печат“ на работењето, но како што споменав, отворената и ефикасна комуникација, која што исто така треба да се учи, ќе доведе и до тоа, новата генерација со своите знаења и вештини да може да создава и воведува нови позитивни промени. XX Кога им треба професионален менаџмент на семејните бизниси? Како им објаснувате на сопствениците дека компанијата го надраснала нивниот капацитет за управување и треба да ангажираат професионалци за финансии, маркетинг и сл.? Кога основачот ќе тргне во потрага по професионален менаџер во неговата глава е јасна разликата помеѓу поседувањето и управувањето со компанијата. Ако е свесен за оваа разлика, тогаш најчесто и не е потребно да му се објаснува нешто и сл. Семејните компании имаат потреба од професионален менаџер или ако нивното работење е ослабено, па им треба помош, или имаат ненадеен и неконтролиран раст, па исто така им треба помош. Во двата случаи се свесни дека во рамки на семејството има недостиг на менаџерски знаења и дека мала е веројатноста дека тие да се пронајдат. Понатаму, на одреден степен од развојот компанијата бара промена на интерните стандарди по кои што работи, бидејќи семејните вредности како безусловната љубов и грижа, често се во конфликт со профитабилноста и ефикасноста. И секако, при подготовката на транзицијата на сопственоста и лидерството подеднакво се потребни менаџерски експертизи заради реалноста, објективноста и непостоењето на емоционален линк со компанијата. XX Што им препорачувате на семејните бизниси каде што следната генерација нема афинитети за бизнис? Дали треба да го продадат бизнисот, да го остават на менаџерите и сл.? Според одредени дефиниции само генерациската транзиција, односно преносот на сопственоста од основачот на наследникот, потврдува дека компанијата е семејна. Тоа што во неа работат членови на семејството, а не учествуваат во управувањето, или пак брачни партнери, не значи дека таа е семејна. Доколку
ање, преземање ризици, емоционална интелигенција, визионерство...
www.kapital.mk
Капитал број 869 24.06.2016
34
Интервју
компанијата е успешна, секогаш може да ја третирате како инвестиција и така со неа да управувате. Ова е многу чест пример меѓу семејните компании во Германија. Не постои пресилна емотивна врска со компанијата. Да го продадете, зошто да не, или пак да направите транзиција на сопственоста, а управувањето да го препуштите на професионален менаџер. XX Како вие гледате на можностите за трансформација на семејните компании во акционерски друштва, нивна докапитализација и сл., односно, колку е тоа добро или лошо за нивниот понатамошен раст и развој? Кои се најчестите причини што ги кажуваат сопствениците на семејните бизниси како аргумент против ваква трансформација на фирмите? За семејните компании карактеристичен е отпорот кон надворешно финансирање, кредитни задолжувања, со оглед дека тогаш основачот има чувство дека ја губи контролата и надзорот врз бизнисот. Во услови на стабилно економско окружување, на семејните компании ова им се импутира како конзервативен недостаток. Во услови на економска криза, на која што сме сведоци, оваа особина е истакната како предност и причина за преживување на многу семејни компании. Секако, за растот и развојот на својата компанија мора да обезбедите свеж капитал кој што ја следи иновативноста во стратегиите. Исто така, познато е дека т.н. “трпелив капитал“ е една од посилните конкурентски предности на семејните компании, односно, одлуката за инвестициите да ја донесуваат бавно, но исклучително добро, со високи стапки на поврат. Со оглед дека тоа го знаат и препознаваат и нивните деловни партнери, ова е еден од начините да се дојде до капитал. Значи, постои интерес меѓу деловните партнери заеднички да вложуваат во одредени проекти, инвестиции, и со тоа секако, да го облагородат сопственото вложување, односно заработка. Ваквиот однос не ја нарушува сопственичката структура и меѓусебната соработка ја дефинира со јасни договори. Заради тоа што на нашиве простори пазарот со вредносни хартии во малите системи сè
Процесот на генерациска транзиција трае меѓу 5 и 10 години, а бара активно учество на првата генерација, на генерацијата на основачот. Тоа е период во кој се подготвува и првата и втората генерација. Транзицијата е многу чувствителен процес, зашто ги менува и компанијата и семејството.
уште не е потполно заживеано, што значи не разликуваме добро што значи акција со право и без право на глас, ниту како таа функционира – докапитализацијата од овој тип е ретка. Секако, европската бизнис пракса овој феномен го препознава, па има доста примери каде што контролата и надзорот над работењето е во рацете на едно семејство, најчесто семејството на основачот, и покрај тоа што можат, да речеме, да поседуваат само 25% од
сопственоста. Работата е во тоа што нивните 25% имаат гласачка сила од преку 50% што и понатаму ги дефинира како семејна компанија. Сметам дека и во наши услови докапитализацијата не е погубна доколку мудро и рационално се склопат договорите со кои што се дефинирани сите можни опции. Најважно е да се заштитите од “алчните“ акционери кои што ви го скратуваат времето на евалуација и во куси рокови бараат поврат на својата инвестиција. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 869 24.06.2016
36
Балкан бизнис и финансии
Кои се стручните профили чие што вработување најбрзо растело
Македонија земја на научници и земјоделци
П пишува:
Габриела Делова
gabriela.delova@kapital.mk
Програмерите, фармацевтите, банкарите... Ова можеби се дел од најплатените професии во моментот во земјава, но кадрите што припаѓаат на овие профили не се вработуваат со најголема стапка на пораст . Иако општиот тренд покажува дека сè повеќе се зголемува бројот на луѓе кои се квалификуваат преку формално или неформално образование во овие сфери, сепак податоците на Државниот завод за статистика покажува дека, барем во моментот во Македонија најбрз раст во професиите има кај научниците и стручњаците како и земјоделските стручни работници. Според податоците, секој седми вработен во земјава работи како научник или стручњак, додека секој 26-ти вработен работи како стручен работник во земјоделството. Осум години претходно, пак, сликата била малку поинаква. Односно, секој единаесетти вработен во Македонија имал занимање научник или стручњак, а секој 83 –ти вработен бил стручен земјоделец. Ваквите податоци покажуваат дека за осум години, дури за 271% е зголемен бројот на стручни земјоделци, додека 76% повеќе луѓе работат како научници и стручњаци. Со тоа, овие две групи на занимања се најбрзо растечките занимања во земјава. Овој раступатените го објаснуваат преку мерката за доделување на субвенции меѓу земјоделците поради која сите баратели на субвенции мораа да се регистрираат како
Во последните осум години, бројот на вработени во земјава пораснал за 15%. Од нив, гледано според занимања, вртоглаво пораснал бројот на вработени кои се водат како стручни земјоделски работници – дури за 271%, како и на стручњаци и научници – занимања кои бележат раст од 76%. Ваквата статистика велат упатените е резултат на зголемениот број на магистрирани и докторирани студенти, додека големиот раст кај стручните земјоделци е резултат на земјоделските субвенции кои во последните години ги доделува државата. Намалување пак, се бележи кај воените и основните елементарни занимања. земјоделски субјекти. Што се однесува пак до професиите научници и стручњаци, велат тие, оваа статистика е резултат на зголемениот број на магистрирани и докторирани студенти. Имено, бројот на докторирани студенти за овој период двојно се зголемил, додека бројот на магистрирани студентибележи
раст од 474%, односно се зголемил за скоро пет пати. Оваа статистика воопшто не изненадува ако се има предвид дека токму стручњаците и научниците се едни меѓу најплатените з а н има њ а в о з емј а в а. Од н о сн о, статистичкото биро покажува дека во просек занимањата од областа на научници
Статистика: Секој 11-ти вработен во земјава е научник или стручњак
www.kapital.mk
Капитал број 869 24.06.2016
37 и стручњаци имаат месечна плата од 750 евра. Кај земјоделците, платата е доста пониска, таа се движи од 300 евра во просек месечно. Но, ако се земат предвид субвенциите кои ги доделува државата, бенефициите и сумата се доста поголеми. МН: Во моментот се бараат 479 научници и стручњаци и 37 стручни земјоделци И покрај вртоглавиот раст на овие занимања, се чини пазарот на трудот се уште има потреба од истите. Според последните податоци на Државниот завод за статистика во моментот од вкупно 6.649 слободни работни места, дури 479 слободни работни места се за вработување на научници и стручњаци, додека 37 слободни работни места се за стручни земјоделци. Ако се погледне во моментот кои се најбарани професии на пазарот - работници во услужни дејности, ракувачи со машини и постројки, програмери, техничари и технолози – тоа упатува на заклучокот дека токму стручњаци од овие области се меѓу најбараните кај компаниите. Но и при 231.386 невработени, што е 34-пати повеќе од слободните места на пазарот, овие позиции, како и останатите од вкупно преку 6.000 слободни работни места остануваат непополнети. За ваквиот феномен, кој со години владее во земјава од агенциите кои посредуваат при вработување посочуваат дека денешните компании освен дипломата од факултет, многу ги вреднуваат и вештините на кандидатите но и неформалните образованија. Така, освен познавање на странски јазици и компјутери, работодавачите од кандидатите се почесто бараат и сертификати за надградени и усвоени меки вештини, кои вклучуваат комуникациски и презентациски вештини, способност за преговарање, решавање конфликти и работа во тим, како и изградени продажни вештини. Последните истражувања направени на глобално ниво меѓу 52 компании од областа на инженерството, бизнисот, здравствените науки и социјалната работа покажува дека вештините кои се најважни за работодавачите се следниве: 61% вербални вештини, 6% пишани вештини, 10% визуелни вештини и 24% електронски вештини, пишува Светскиот економски
Слободни мест по занимање 2016/I Број на слободни Плата во места просек во евра
Занимања Членови на законoдавни и извршни тела, државни функционери, раковoдни служебици, дипломати, директори Стручњаци и научници Техничари и сродни занимања Службеници Работници во услужни дејности и продажба
38
1.083
479
738
1.180
559
516
469
2.025
358
Стручни работници во земјоделство, шумарство, рибарство и лов
75
331
Занимања за неиндустри начин на работа во производство
611
367
Ракувачи и составувачи на машини
805
366
Елементарни занимања
915
324
4
545
Воени занимања Вкупно слободни места
6.649
Вработени според занимања Занимања
2008
2015
Воени занимања Членови на законидавни и извршни тела, државни функционери, раковдни служебици, дипломати, директори Стручњаци и научници
7.579
6.338
-16%
39.762
34.024
-14%
54.493
96.129
76%
Техничари и сродни занимања
61.179
62.834
2%
Службеници
41.517
44.391
6,9%
Работници во услужни дејности и продажба
85.598
113.721
32%
7.286
27.062
271%
Занимања за неиндустри начин на работа во производство
73.606
83.271
13%
Ракувачи и составувачи на машини
84.630
94.176
11%
Елементарни занимања
153.365
143.993
-6%
ВКУПНО
609.015
705.939
15,9 %
Стручни работници во земјоделство, шумарство, рибарство и лов
738
евра во просек е платата на научниците и стручњаците
форум. Освен доградбата кај кандидатите кои бараат работа, компаниите веќе со години наназад повикуваат на итно усогласување на барањата на пазарот на трудот со образовниот процес. Статистичките податоци покажуваат дека и понатаму најмногу од студените се запишуваат на општествените науки, додека техничките науки или стручните школи понекогаш остануваат само со понеколку студенти на годишно ниво.
nnn
Раст во %
Кои се професиите на иднината?
Според Business Insider ова се најдобрите професии за во иднина: XX Високо квалификуван медицински персонал XX Генерални и оперативни менаџери XX Софтвер девелопери XX Специјалисти за оперирање XX Сметководители и ревизори
Истражување пак што го направи Капитал неодамна покажа дека во Македонија, професии на иднината се професиите од минатото, односно најбарани се работниците што ќе мешаат малтер, шивачи, кројачи, пекари и месари.
www.kapital.mk
Капитал број 869 24.06.2016
38 Интервју INTERVIEW
СлободанкаАлексовска
директорнаАгенцијатазавработувањевоГрадСкопје
Со мерките за вработување отворени се над 7.800 нови бизниси во Македонија
Н
а почетокот од овој месец Државниот завод за статистика излезе со податок дека невработеноста се спушти на 24,5%, што е досега најниско ниво на невработеност. На што се должи овој податок? Во услови на политичка криза, намалување на невработеноста е навистина сериозен успех. И покраj влијанието на политичката криза врз економијата, статистиката покажува дека долгорочните економски политики на Владата и активни мерки за вработување, имаат позитивно влијание на пазарот на труд. Државниот завод за статистика објави дека продолжува трендот на намалување на невработеноста. Откако во 2015 година, стапката на невработеност забележа пад до 26,1%, во првиот квартал на 2016 година таа се намали на 24,5%. Само со една законска можност или таканаречениот проект Македонија вработува за една година се вработија над 18 илјади невработени лица и тоа се новоотворени работни места. Додека пак со можноста за вработување на млади невработени лица до 29 години за две години се вработија над 12 илјади млади лица. Активните мерки за вработување сериозно влијаат во креирањето на нови работни места, а со тоа и намалување на невработеноста. Домашните компании го препознаа потенцијалот, имаат бенефит од разните олеснувања, доаѓаат до кадар
Сите невработени лица - активни баратели на работа евидентирани во регистарот на Агенцијата за вработување имаат право на пристап до услугите и програмите за вработување утврдени во Оперативниот план за 2016 година. Приоритетот за учество се доделува врз основа на условите и критериуми утврдени во секоја одделна услуга/програма. Како општо правило, во сите услуги и програми за вработување наведени во Оперативниот план ќе се настојува да се постигне еднаква застапеност на мажите и жените, и стапка на учество на младите (до 29 години) од најмалку 30 %, вели Алексовска со ниски трошоци, што го придвижува економското тркало во насока на развојот. Од друга стана, за намалување на стапката на невработеност придонесе и влезот на странските инвeстиции, кои истовремено влијаеја и на раздвижувањето на пазарот на работна сила. Стартувавме со околу 38% невработеност, а ја сведовме на 24,6 %. Од вкупно 560 илјади вработени луѓе во земјата во 2006, стигнавме до над 710 илјади, или над 150 илјади новоотворени работни места. Колку и сè уште да е висока невработеноста, пред 10 години за многумина оваа бројка беше само сон и личеше недостижно. Уште повеќе ако се потсети дека ова се оствари во услови на една светска и европска економска криза, кои заедно траеја околу 4-5 години, а еве една и пол година и во домашна политичка криза, која си има свое негативно влијание и на економијата.
XX Кои се мерките и програмите кои ги презема Град Скопје за намалување на бројот на невработени? Агенцијата за вработување на Република Македонија(АВРМ), под која што е и Центарот за вработување на град Скопје, секоја година врз основа на анализа на пазарот на труд, креира Оперативен план за активни мерки за вработување, кој што го усвојува Владата на Република Македонија. Со Оперативниот план за 2016 година во кој се содржани сите мерки за вработување како и услуги на АВРМ, планирано е да се опфатат 39.367 невработени лица. Тие би се вклучиле во различни мерки и програми кои што водат кон директно или индиректно вработување, како и во многуте услуги наменети за невработени лица во Агенцијата. Сите ќе се спроведат со една цел, да се подобри функционирањето на пазарот на трудот, да се поддржи создавање
www.kapital.mk
Капитал број 869 24.06.2016
40
Интервју
на нови работни места и да се зголеми вработливоста на лицата. Содржани се најразлични мерки како што се, мерката за самовработување, субвенционирано вработување, финансиска поддршка за нови работни места во микро и мали претпријатија, финансиска поддршка за мобилност на работна сила и други. Потоа најразлични обуки кои водат кон индиректно вработување, обука кај познат работодавач, практикантство, обуки за напредни ИТ вештини, обуки за млади лица за изучување на странски јазици и компјутерски вештини, обука за возачи за Ц и Е - категорија, обука за стекнување на вештини од стари занаети, обуки од областа на обезбедување и туризам и многу други. Да не заборавиме да ги споменеме грантовите во вид на финансиска поддршка за отворање на приватна градинка и приватни домови за стари лица, поддршка за брзорастечки фирми -газели, субвенционирано вработување на невработени физички лица за згрижување и чување на деца до 10 годишна возраст во домашни услови и уште многу други можности. Исто така и преку многубројните услуги во Агенцијата наменети за невработени лица се помага да се дојде до ново работно место, како и професионален и личен развој на невработените. XX Последниот пат кога разговаравме со вас рековте дека расте интересот кај младите да започнат сами свој бизнис. Каков е трендот денеска, дали младите се уште се охрабруваат да „запливаат“ во бизнис водите? Младите невработени лица се во фокусот на АВРМ, секогаш се внимава да бидат опфатени во сите мерки и услуги на АВРМ. Постојано организираме мотивациски обуки и средби со млади невработени лица сè со цел да им ги објасниме можностите за вработување и што побрзо да им најдеме работа. Имаме отворено и инфо- клубови за млади лица на факултетите. Со мерката за самовработување се дава можност на невработените лица вклучувајќи ги и младите невработени лица да отворат сопствена компанија со неповратна финансиска и советодавна помош од Агенцијата. Досега преку мерката за самовработување (период 2007-2015 година), отворени се над 7.800 нови бизниси во кои што се вработени над 7.900 невработени лица, од нив над 2.300 бизниси се отворени од млади лица до 29 години, како и дополнителни над 100 вработувања во овие новоотворени компании. Во Оперативниот план за активни мерки и програми за 2016 година, опфатена е и мерката за самовработување, која што на 960 невработени лица, активни баратели на работа од евиденцијата на АВРМ им овозможува вработување во 910 новоотворени микро претпријатија. За оваа мерка предвиден е буџет од 205.745.300,00 денари. Двата јавни огласи за мерката самовработување во 2016 година се завршени и се очекува регистрација на
бизнисите на најуспешните апликанти . Во мерката за самовработување 2016 година, најмалку 300 невработени млади лица од евиденцијата на АВРМ на активни баратели на работа ќе се поддржат во сновање сопствена фирма, формализирање на веќе постоечка (неформална) дејност и во создавање дополнителни вработувања. XX Општиот впечаток е дека младите сè почесто бараат начин како да се иселат надвор од државата. Што е она што се прави за намалување на ваквиот тренд? Владата континуирано спроведува нови мерки, програми и поволности за младите во Македонија. Мерките за вработување во АВРМ се предизвик за млади невработени лица. Во секоја мерка има посебен опфат или таргет на корисници за млади невработени лица, а постојат и мерки кои што се наменети само за нив. Мерката Практиканство е наменета само за млади лица до 29 години, целта на програмата е младите невработени лица да се стекнат со можности за практично учење и работно искуство кај работодавач од приватен сектор, што ќе им се овозможува подготвени да се вклучат на пазарот на трудот. Во 2016 година е предвидено 1.000 невработени млади лица од евиденцијата на АВРМ на активни баратели на работа да добијат практична работа. Потоа имаме мерка за работно оспособување на лица во образовен процес (средношколци и студенти). Поддршка за полесна трансформација од школо на работа на средношколци од стручните средни училишта и студенти од техничките факултети во завршна година од школување/студирање, за да се стекнат со практично искуство и знаење преку работа во приватни фирми. Обуки за основни вештини за вработување (странски јазици и компјутери), програмата на невработените лица им нуди можност да се здобијат со знаење на странски јазици и компјутерски вештини, со цел зголемување на нивната вработливост. И уште многу други мерки и поволности. Да не заборавам да ја споменам мерката или законската можност преку која што работодавачите вработија над 12 илјади млади лица, а се ослободени од плаќање на социјални придонеси една година, со обврска да го задржат лицето на работа уште една година дополнително. Новите 40 мерки и проекти за млади од новата програма на владејачката партија, исто така ќе бидат добра стимулација за младите да искористат многу работи и да имаат подобар квалитет на живот во Македонија. Ќе набројам неколку: - Купи куќа за млади; - Бесплатен железнички викенд за млади до 27 години; -Современи бини за настани и манифестации; -Ласерска корекција на диоптрија; -Намалена партиципација за студентите од самохрани и еднородителски семејства; -Вработување на 100 најдобри студенти; -Бесплатен превоз за студентите; -Промена на студентски статус – на студентите
со кофинансирање ќе се даде можност да им се намали партиципацијата, учеството за 50% доколку го постигнат планираниот просек; -Инвестирај во својата иднина; Средношколците веќе се возат бесплатно во автобусите на ЈСП; -Стимулација за упис на техничките факултети; -Учителска школа во Скопје; -Изградба на отворен базен во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“; – Со „Студент-фест“ е планирано по примерот на европските студентски градови да се организира голем студентски фестивали во Штип, Битола, Охрид и Скопје каде што се сместени универзитетите; -Владата во голема мера ќе им помогне на младите музичари со субвенции за купување на музички инструменти. И многу други бенифиции и проекти. XX Колку луѓе до сега се вработиле преку мерките кои ги нуди Агенцијата за вработување? Преку мерките за вработување кои ги спроведува АВРМ, досега аплицирале над 80 илјади невработени лица, а склучени се договори со над 45 илјади лица, додека пак преку услугите кои што ги нуди агенцијата поминале над 70 илјади невработени лица. XX Дел од македонските но и странските компании се жалат дека постои разлика меѓу понудата и побарувачката на пазарот на трудот, односно дека нема доволно квалификувани кадри за дел од позициите што тие ги отвораат. Како вие го адресирате овој проблем? Нормално е да има разлика помеѓу понудата и побарувачката на кадар на пазарот на трудот, особено сега во Република Македонија кога имаме наплив на странски инвестиции. Се отворија многу нови работни места особено се бара стручен кадар, па затоа се насочува образованието кон средните технички и стручните високи образовни институции. Имено АВРМ заради надминување на овој проблем со претходна анализа на пазарот на трудот секоја година реализира најразлични обуки кои се нудат на невработените лица, а се потврдило преку анализата дека тие профили за кои што се наменети обуките се барани и дефицитарни. Тоа се обуки за стекнување квалификации според моменталните потреби на пазарот на труд (сектор услуги и индустрија) Програмата нуди соработка помеѓу сите релевантни партнери во креирањето на профили на работници кои ќе одговорат на бараните квалификации, поставени од страна на приватните компании согласно нивните потреби. Како и обуки за задоволување на побарувани занимања на пазарот на трудот . Целта на програмата е да се зголеми вработливоста на невработените лица преку стекнување знаења и вештини за занимања барани на пазарот на трудот. Програмата за обука ја спроведуваат верификувани приватни спроведувачи на обуки (приватни компании, стопански комори, занаетчиски комори) и средни стручни училишта. nnn
Проект Македонија вработува: За 1 година се вработија над 18.000 лица
www.kapital.mk
Капитал број 869 24.06.2016
42
Балкан бизнис и политика
Еден од најбогатите луѓе во Србија оди зад решетки
Поради затајување данок Мишковиќ доби пет години затвор
Специјалниот суд во Белград го осуди на пет години затвор, и парична казна од околу 65 илјади евра, сопственикот на Делта холдингот, Мирослав Мишковиќ, бидејќи му помогнал на синот Марко да затаи данок во износ од околу 3 милиони евра. Неговиот син пак, доби помала казна, односно три ипол години затвор. Двајцата беа уапсени во 2012 година, но по плаќањето на кауцијата, им беше дозволено да се бранат од слобода.
Д
„Доаѓа време за решетки и крај на владеењето на тајкуните“. Ова беше една од главните поенти на актуелниот премиер
на Србија, Александар Вучиќ за време на неговата предизборна кампања две години претходно, во 2014 година кога победи на изборите со апсолутно мнозинство. „Крадците и криминалците нема да управуваат со Србија и да ни солат памет како Србија ќе се лечи. Борбата против корупцијата не е само морално прашање, туку прашање кое ќе овозможи напредок на економијата. Тогаш кога тајкуните и нивните политичари слуги ќе ги нема, нашата економија ќе има шанси да напредува и нашите работници да работат, а земјоделците да бидат на своите ниви“, изјави тогаш Вучиќ.
Две години подоцна, на неполн месец од обезбедувањето на новата победа, по одржување на изборите на 24 април оваа година, се чини Вучиќ барем навидум го исполнува ветеното. Имено, еден од најбогатите бизнисмени во Србија, сопственикот на „Делта Холдинг“, Мирослав Мишковиќ, четири години по апсењето, неделава беше осуден на пет години затвор и парична казна од околу 65 илјади евра, бидејќи му помогнал на синот Марко да затаи данок во износ од околу 3 милиони евра. Ваквата пресуда, адвокатот на Мишковиќ,
Судот: Мишковиќ затаил данок од 3 милиони евра
www.kapital.mk
Капитал број 869 24.06.2016
44
Балкан бизнис и политика
З Александар Вучиќ премиер на Србија
а време на изборната кампања во 2014 година, премиерот Вучиќ најави дека доаѓа време за решетки и крај на владеењето на тајкуните. Дали ставањето зад решетки на Мишковиќ е исполнување на ветеното, останува да се види.
Зденко Томановиќ, ја оцени како вистински показател дека Србија е далеку од независно судство. „Оваа пресуда покажува недостаток на храброст на судот да се спротивстави на ветувањата на политичарите. Судот најде изговор политичките желби да добијат форма каква што политичарите и сакаат, па го осуди затоа што го советуваше својот син да затаи данок – рече адвокатот Томановиќ и додаде дека одлуката се основа на блискоста меѓу таткото и синот, а не на доказите. „Ова е еден реален однос на силите на моќ меѓу, од една страна оние кои имаат моќ да ветуваат, најавуваат и на крај реализираат ставови за нечија вина, и од друга страна судските власти кои само декларативно се самостојни и независни“, рече Томановиќ. Тој го критикуваше судството и поради тоа што за Мирослав Мишковиќ донесе повисока казна – пет години затвор, за разлика од неговиот син кој е извршител на делото – затајување данок, кој пак е осуден на три и пол години затвор. Во однос на тоа зошто Мишковиќ не присуствуваше на изрекувањето на пресудата, Томановиќ рече дека неговиот клиент не сакат да присуствува на пресудата пред оние кои му го нарушиле здравјето и кои место докази и закони, за неговата
О
Зденко Томановиќ адвокат на Мишковиќ
ваа пресуда покажува недостаток на храброст на судот да се спротивстави на ветувањата на политичарите. Судот најде изговор политичките желби да добијат форма каква што политичарите и сакаат.
судбина носат пресуда која се базира на туѓи размислувања и туѓи приказни.
Што пресуди судот?
Од судот, во образложението на пресудата, наведено е дека „нема дилема оти Мирослав Мишковиќ му помагал на синот Марко во носењето на стратешките одлуки за Мера Инвест (компанијата на Марко н.з.)“. Според изјавата на судот, Марко Мишковиќ се обидел да ја минимизира својата улога, а позади неговите одлуки стои Мирослав Мишковиќ. Тој ги носел стратешките одлуки по однос на сите клучни прашања во „Мера инвестмент фонд“. Судијата укажа дека одлуката за продажба на 41% акции сопственост на Нибенс групата на Мило Ѓукановиќ (премиер на Црна Гора) ја донел самиот Мирослав Мишковиќ кој како и самиот што кажа за оваа одлука му биле потребни„три секунди“. Обвинителството за организиран криминал во овој случај бараше на Мишковиќ да му се одреди казна од 12 години затвор и парична казна. На оваа пресуда и Мишковиќ и обвинителството за организиран криминал имаат право да поднесат жалба до Апелациониот суд во Белград. Инаку, Марко Мишковиќ на 25 февруари беше осуден поради затајување данок на три и пол години затвор и иста парична
Contact: 022/401-985 | 070/380-755
Кој е Мишковиќ?
К
омпанијта „Делта холдинг“, чиј сопственик е Мирослав Мишковиќ оваа година се најде на второто место на листата најуспешни компании во Србија што ја прави Forbes. Според податоците на Forbes компанијата на Мишковиќ во 2014 година имала приходи од 433,6 милиони евра, а оперативниот профит истата година изнесувал 51,1 милиони евра. Проценките се дека самиот Мишковиќ тежи околу две милијарди евра, а за начинот на кој го стекнал богатството и ја развил својата империја постојат најразлични контроверзии. Инаку Мишковиќ е роден во село Бошњане во 1945 година. Дипломирал на Економскиот факултет во Крагуевац, по што работел во девизниот сектор во „Југобанка“. Од таму поминал на работа во „Трајал“, од каде брзо заминал во хемиската индустрија „Жупа“ каде по кратко работење е избран за генерален директор. Како успешен претприемач ја има добиено југословенската награда на Авној. Во 1991 година тој ја основа фирмата за увоз – извоз „Делта М“ која подоцна прераснува во денешната „Делта Холдинг“. казна како изречената за татко му, со дополнителна обврска Мера Инвест да плати данок од околу 2,6 милиони евра. Таткото и синот беа уапсени во декември 2012 година. По повеќемесечен притвор, беа пуштени да се бранат од слобода. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 869 24.06.2016
46
Свет бизнис и финансии
Енигмата на зделката од 26,2 милијарди долари
Ќе му се повтори ли Nokia на Microsoft со LinkedIn?
С
Сè уште, и за аналитичарите, не е докрај јасно што точно очекува да добие Microsoft со купувањето на LinkedIn, и како ќе си ја врати инвестицијата. За големите 26,2 милијарди долари Microsoft ќе ја добие најголемата бизнис социјална мрежа со 433 милиони корисници, кои последнава година пораснаа за 19%. Математиката покажува дека во цената за која е купен LinkedIn секој од овие корисници е проценет на 60 долари. LinkedIn има силно присуство и на мобилниот пазар - 60% од корисниците
Microsoft со LinkedIn доби голема социјална мрежа со која може да се брани од освојувачки настроените сервиси на Google, но, нема да биде лесна задача да ја увери бизнис заедницата да не ги користи Facebook или апликациите на Google за/на работа, а уште помалку да ги врати вложените огромни 26,2 милијарди долари. Не влева оптимизам ниту лошата серија купувања од страна на Microsoft, што продолжи по зделката со Nokia, со купувањето од Финците на бизнисот за производство на телефони, од кој гигантот од Редмонд практично се откажа
на мрежата пристапуваат преку мобилни уреди. Во компанијата има и раст на приходите последниве години, но мрежата во 2015 година има загуба од 166 милиони долари. „Со договорот се поврзува водечкиот бизнис „облак“ во светот, со водечката социјална мрежа на бизнис светот“, изјави
извршниот директор на Microsoft, Сатја Надела, кога од американскиот софтверски гигант објавија дека е потпишан договор за купување на социјалната мрежа LinkedIn, за сума што значи најголема аквизиција досега за Microsoft (шеста во историјата на секторот за технологија), од 26,2 милијарди долари во готово.
WSJ: Microsoft има купено над 150 компании, но ефектот e „засенчен“
www.kapital.mk
Капитал број 869 24.06.2016
47
Дека серијата купувања и не е без успеси покажува купувањето на Mojang во 2014 година, за 2,5 милијарди долари, зашто основниот производ на шведската компанија - играта Minecraft, e една од најуспешните на пазарот „Со договорот се поврзува водечкиот бизнис „облак“ во светот, со водечката социјална мрежа на бизнис светот“, изјави извршниот директор на Microsoft, Сатја Надела, образложувајќи ги големите милијарди платени за LinkedIn
Намерата е Microsoft и LinkedIn да ги здружат силите за побрзо и полесно да го променат/подобрат начинот на кој функционира/работи бизнис светот. За целта е оценето дека LinkedIn треба да ја задржи препознатливоста на брендот, својата култура и независност, што се покажува и со останувањето на позицијата извршен директор на досегашниот човек на функцијата во компанијата, Џеф Веинер. „Го променивме начинот на кој светот им пристапува на можностите, а овој однос со Microsoft, и комбинацијата на нивниот облак со мрежата на LinkedIn, нам ни даваат можност да го промениме и тоа како светот функционира“, порача Веинер. Сатја Надела дополни дека тимот на LinkedIn пораснал, и е фокусиран на поврзување на светските експерти. LinkedIn на Microsoft ќе му даде поголеми рамки за дејствување кога се во прашање сервисите за социјално вмрежување. Со LinkedIn софтверскиот гигант добива поголема покриеност и потенцијален канал за продажба на повеќе производи кои ги има во понудата, но би можел да понуди и начини за учење на користењето на овие производи и услуги. Конечниот договор, каков што објавија дека постигнале двете компании, ќе биде заклучен до крајот на годината, за што има поддршка од претседателот на одборот
и сопственикот на контролниот удел во LinkedIn, Рид Хофман. Трансакцијата доаѓа во контекстот кога Microsoft веќе извесно време се обидува да го прошири бизнис фокусот и на сегменти надвор од софтверскиот дел, додека, пак, LinkedIn, бара начин да го засили својот раст. Но, и покрај сè, на многумина им е нејасно како Microsoft ќе успее да ја оправда, односно да ја врати, толку големата инвестиција од 26,2 милијарди долари.
LinkedIn ќе се спаси од проблемот со растот. А Microsoft?
Ценетиот поратал за технологија (и друго) Verge.com напиша дека Microsoft сега добива голема социјална мрежа со која може да се брани од освојувачки настроените сервиси на Google, но, оти нема да биде лесна задача да ја увери бизнис заедницата да не ги користи Facebook или апликациите на Google за/на работа. Пред Microsoft е и тешката работа за интегрирање на LinkedIn во софтверот на гигантот од Редмонд. Соработникот, пак, на американското издание на Forbes, Питер Коан (бизнисмен и инвеститор) смета дека Microsoft фрлил големи пари во ветар, зашто, помеѓу останатото, ако индустријата на бизнис социјалните мрежи била атрактивна, тогаш
LinkedIn, кој во овој дел е неприкосновен лидер, не би имал потешкотии со растот и би бил профитабилен. Годинава, меѓутоа, пишува Коан во колумната „Четири причини зошто Microsoft фрли 26,2 милијарди долари купувајќи го LinkedIn“, најпознатата бизнис социјална мрежа своите очекувања за раст на приходите ги намали од 35% на 20%, и на чистата добивка од 41% на 7%, прилично под очекувањата на аналитичарите, што ја урна цената на нејзините акции во февруари и го намали за една милијарда долари богатството на основачот на LinkedIn, Рид Хофман. „И додека зделката сигурно го спасува LinkedIn од големиот проблем со растот што ја намали вредноста на акциите на компанијата во февруари, нејасно е како Microsoft ќе издејствува враќање на тие 26,2 милијарди долари инвестиција“, вели Коан на почетокот на колумната, откако ќе заклучи дека аквизицијата паѓа на четирите тестови за успешност. Коан смета дека индустријата на бизнис социјални мрежи не е атрактивна, и работи со низок профит. Вториот тест, според него, покажува дека на Microsoft и на LinkedIn во комбинација нема да им биде подобро. „Немам сомнеж дека Microsoft ќе се обиде да ги употреби 433-те милиони луѓе кои имаат профили на LinkedIn за да им продаде
www.kapital.mk
Капитал број 869 24.06.2016
48
Свет бизнис и финансии
Зделката Microsoft-LinkedIn најави тренд што ќе продолжи со Google-Twitter?
Н
овоста дека Microsoft го купува LinkedIn најави нови зделки во секторот социјални мрежи, сметаат аналитичарите стручни за овој пазар. Прогнозата на раководителот на одделот за стратегии кај хартиите од вредност во Saxo Bank, Питер Гарнри, е дека Alphabet, холдингот во чиј состав е Google, до крајот на годината ќе ја купи микроблогинг платформата Twitter. Објаснување за ваквиот евентуален потег на Alphabet се бара во тоа што Google не успеа да се наметне на пазарот и да му конкурира на Facebook со својата социјална мрежа Google Plus. Со Twitter под своја капа, со неговите 300 милиони корисници, ова би можело да се промени. ним свој софтвер и услуги, но нема причина за да верувам дека Microsoft го има стратешкото знаење неопходно за да се оживее растот на LinkedIn“, пишува Коен. Третиот тест, на кој, според него, паѓа аквизицијата, е дека финансиските проекции покажуваат дека Microsoft нема да ја
А Twitter и онака е во проблеми, и аналитичарите не веруваат дека компанијата би можела да опстои самостојно на долг рок. зголеми својата нето вредност со инвестицијата. Четвртиот, пак, покажува колку ќе биде тешко/сложено да се интегрираат двете компании, каде Коен пишува дека Веинер само формално ќе остане CEO на LinkedIn, зашто ќе му одговара на Надела, и дека за прашањата како - дали да претставиме нова услуга, или дали да таргетираме нова категорија корисници, ќе треба да прашува онаму, каде, како што Коен претходно заклучи, се нема стратешко знаење од конкретниот бизнис.
(Не)успешните зделки на Microsoft не се новост
Досега гигантот од Редмонд има купено над 150 компании, но ефектот од сето е во сенката на неуспешните обиди на Microsoft да го прошири бизнисот, напиша Wall Street Journal. Компанијата има среќа што во 2008 година, кога главен извршен директор беше Стив Балмер, пропадна зделката за купување на Yahoo, за неверојатни 48 милијарди долари - проблемите на компанијата чиј CEO уште e Мариса Маер се повеќе од очигледни, а се чини ќе се продаде за многу пониска цена од онаа што во 2008 година бил подготвен да ја плати Балмер. Последнава лоша серија купувања од страна на Microsoft, што ја става под сомнеж одлуката за преземање на LinkedIn, продолжи по зделката со Nokia. Во 2014 година Microsoft го купи бизнисот за производство на телефони од финската компанија, но до денес веќе практично се откажа од него. Досега Microsoft отпишал 9,4 милијарди долари од вредноста на поранешните активи на Nokia, со што цената за која ги стекна е надмината за скоро 2 милијарди долари. Слична е ситуацијата и со стекнатата во 2007 година, за 6,3 милијарди долари, компанија за рекламни истражувања aQuantive. Microsoft единствено може да се пофали со минимална финансиска корист од купувањето на Skype за 8,5 милијарди долари, и на социјалната мрежа Yammer за 1,2 милијарди долари. „Многу од големите зделки на Microsoft не проработеа како што се очекуваше. Искуството досега, во најдобар случај, им е измешано“, вели Неераж Агавал од инвестицискиот фонд Battery Ventures. Сеако, кога веќе се зборува за купување на компании од страна на Microsoft, не може да не се споменат успешните зделки со што компанијата доби продукти и таленти кои значајно придонесуваат за нејзниот успешен развој. Можеби најдобар пример е купувањето на Mojang во 2014 година, за 2,5 милијарди долари, зашто основниот производ на шведската компанија - играта Minecraft, e една од најуспешните на пазарот. Позитивни примери не недостасуваат и од времето кога со Microsoft раководеше Бил Гејтс. Развојот на MS-DOS e базиран на работата на купената компанија Seattle Computer Products. Во 1987 година за 14 милиони долари е купена Forethought, чија програма PowerPoint стана суштински дел од Office пакетот на Microsoft. Во 1997 година е купена и платформата за електронска пошта, Hotmail, која е во основата на сегашните интернет услуги на групата. nnn
Рок за пријавување: 1 јули 2016
Институт КОНцЕПТ по втор пат организира курс:
Научете сè за Facebook
(Facebook платформа – што е ново, сè за фан страна, рекламирање и креирање извештаи) l Почеток на курс: 4 јули (понеделник) 2016 година l три пати неделно (6 средби) l 17:00-20:00 часот l во просториите на Институт Концепт, Скопје
По успешно завршената прва група, Институт КОНЦЕПТ, по втор пат, организира курс на тема: Научете сè за Facebook. Целта на овој курс е да Ве научи како да се поврзете со клиентите и да ги вклучите активно во маркетирањето на Вашиот бренд и производи, низ призмата на Вашата стратегија за комуникација и рекламирање на Facebook. Ќе разберете како да развиете план за Вашите Facebook кампањи и да ги следите перформансите и резултатите од истите преку извештаите и статистиките кои Ви се на располагање. Предавањата се состојат од поединечни практични вежби и индивидуална работа со секој од учесниците за сегменти на Facebook реклами и извештаи.
Предавачи:
Доц. д-р Димитар Јовевски
професор на Економски факултетСкопје, при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на катедрата Е-бизнис каде предава Интернет маркетинг.
Владимир Ристевски
еден од партнерите на PIKSEL. MK, брзорастечка компанија која се занимава со веб дизајн и дивелопмент, како и дигитален маркетинг.
За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk
КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962 l02 3216 963
www.kapital.mk
Капитал број 869 866 24.06.2016 03.06.2016
50
лидери
Ли Ка - шинг кинески бизнис магнат
Не се потпирајте на среќа, фенг шуи и сл. Само напорна работа е клучот за успехот!
С
ер Ли Ка – шинг, роден во Кина, со пребивалиште во Хонгконг, е вториот најбогат човек во Азија во моментов, според Forbes, со проценето богатство од 27 милијарди долари. Тој е основач и прв човек на CK Hutchison Holdings, огромна бизнис империја распространета во градежништвото, трговијата, телекомуникациите... Ли Ка –шинг е најголем малопродажен трговец со козметички производи во Азија и Европа.
Третирајте ги луѓето со искреност и изградете добра организација. Инаку, без оглед колку способни и познати сте, попусто ќе ви биде
Ако сте млад претприемач, барајте менторство од поискусни. Волонтирајте, помагајте во мали или големи фирми, на проекти и сл. Така ќе ги градите своите бизнис вештини бесплатно
Градете ја својата мрежа на контакти така што ќе ги поканите луѓето на ручек или вечера, и платете ја сметката, секако. Внимателно одберете кого ќе поканите – гледајте тоа да се луѓе со повеќе искуство и поголеми соништа од вашите.
Добра репутација за вас лично и вашата компанија е скапоцено нешто што не може да го видите во финансиските биланси
Јас не успеав со среќа. Работев напорно за да ги остварам целите што си ги поставив
Ако размислувате добро, ќе бидете подготвени на сè. Ако сте подготвени, тогаш нема да имате грижи.
Може да верувате во Фенг Шуи ако сакате, но на крајот луѓето си ја контролираат својата судбина