БИЗНИСОТ МАЛАКСАН ОД ДОЛГАТА ПОЛИТИЧКА КРИЗА БИЗНИСМЕНИТЕ ЈА ОТПИШАА И ОВАА ГОДИНА
COVER STORY КОЈ Е КОЈ НА ПАЗАРОТ ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ ВО МАКЕДОНИЈА?
БАЛКАН БИЗНИС КОСКО ВО ПИРЕЈА ГИ ОТВОРИ ВРАТИТЕ ЗА КИНЕСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ВО ЕВРОПА
WWW.KAPITAL.MK
INTERVIEW
АЛЕКСАНДАР КАПЛАН И АЛЕКСАНДАР СМУЗИКОВ
БАЛКАН ПЕТРОЛЕУМ ХОЛДИНГ ЛИМИТЕД
СО НАШ МЕНАЏМЕНТ МОЖЕМЕ ДА ГО “ЗАЗДРАВИМЕ” МАКПЕТРОЛ ШТО ЈА ЧЕКА КУБА ПО ЗАТОПЛУВАЊЕТО НА ОДНОСИТЕ СО САД? СВЕТСКИТЕ ХОТЕЛСКИ БРЕНДОВИ СЕ “ТЕПААТ” ДА ГРАДАТ ХОТЕЛИ ВО КУБА БРОЈ 874/875 | ЦЕНА 100 ДЕН. 29 ЈУЛИ 2016 | ПЕТОК | ГОДИНА 17
ЧОКОЛАДНИОТ КРАЛ КОЈ ЈА ИЗГРАДИ ИМПЕРИЈАТА ХЕРШИС
3
Капитал број 874/875 29.07.2016
содржина
22 04
Profile
Клинтон е прва жена кандидат за претседател, но и ако Трамп победи ќе следи „возбудлива“ историја Историски избори во САД
06
НАВИГАТОР
08
Cover story
16
INTERVIEW
За разлика од Македонија Никаде во свет владите не се најголеми огласувачи на пазарот Кој е кој на пазарот за високо образование во Македонија Александар Каплан и Александар Смузиков
Балкан Петролеум Холдинг Лимитед
Со наш менаџмент можеме да го “заздравиме” Макпетрол
30 22
компании и пазари
30
Балкан бизнис и политика
32
Балкан бизнис и политика
Бизнис секторот малаксан од долгата политичка криза Бизнисмените ја отпишаа и оваа година
Србија официјално ги отвори најзначајните поглавја во преговорите со ЕУ Што носи отворањето на поглавјата 23 и 24 и кога Србите да очекуваат промени?
Кинезите од Грците го купија европскиот приклучок на модерниот Пат на свилата Коско во Пиреја широко ја отвори вратата на Европа за Кина
42 39
колумна
42
свет бизнис и финансии
46
Патот до успехот
50
Милош Стаменковиќ Корпорација vs Македонија
Затоплувањето на односите со САД и отвараат нова економска ера на Куба Светските хотелски брендови се “тепаат” да градат хотели во Куба Чоколадниот крал Милтон Херши советува Неуспехот е клучен дел на патот до успехот
Лидерство
Рекоа за... преговарањето
Пазар или панаѓур на образование
Уште една изгубена година
Европска порта за кинеската стока
Шеесет и пет државни факултети, шеесет приватни, два верски факултети, една државна и две приватни високи стручни школи: ова е понудата за високо образование во земјава. Анализираме кој е кој на пазарот каде што државата годишно одвојува 94 милиони евра, а работењето на приватните универзитети чини околу 20 милиони евра. Според бројот на запишани студенти во прва година лани, најатрактивни факултети се во Тетово: државниот Медицински и приватниот Факултет за бизнис и економија при УЈИЕ.
Песимистички се проценките на менаџерите на приватните компании дека втората половина од годината може да им донесе повеќе нарачки за производство и зголемена продажба откако станува јасно дека до крајот на годината нема да и дојде ниту крајот на политичката криза што се развлекува втора година. Неизвесноста ги држи сите бизнис планови „на чекање“, никој не размислува за нови инвестиции, туку како да се протурка и оваа година.
„Иницијативата е кинеска идеја, но можностите што таа ги создава му припаѓаат на светот“, изјави кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, како одговор на сомнежите на Западот околу намерите на силниот „Кинески змеј“ со иницијативата Појас и пат. Грција, со продажбата на пирејското пристаниште на кинеската компанија Коско, ја даде точката каде Кина ќе се вклучи во Европа како дел од стратешката визија за модерниот Пат на свилата, од која нашиот јужен сосед ќе биде голем добитник.
XX Стр. 8
XX Стр. 22
XX Стр. 32
Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 28.07.2016
www.kapital.mk
Клинтон е прва жена кандидат за претседател, но и ако Трамп победи ќе следи „возбудлива“ историја
Историски избори во САД Колку и демократските механизми на САД да ги ублажат контроверзни идеи на милијардерот кој ќе се трка за претседател на најмоќната држава, ако тие почнат да се спроведуваат, Американците секако ќе ги добијат промените што толку ги посакуваат, но истите на крајот може и да им „преседнат“
Ipsos: Трамп води со два проценти пред
П
Претседателските избори во САД што ќе се одржат на 8 ноември, на кои за наследници на Барак Обама се тркаат Хилари Клинтон, како кандидат на демократите, и Доналд Трамп, како нејзин републикански соперник, како ретко досега го заслужуваат епитетот историски. Момент за историјата веќе се случи со самото тоа што поранешната државна секретарка, која е и поранешна прва дама на САД, стана првата жена номинирана да се трка за највисоката функција, претседател на државата, од една од двете главни американски партии. Соодветно историска ќе биде и нејзината евентуална победа, но овие два моменти не се ништо во однос на она што како возбудлив историски материја може да го остави влегувањето на Трамп во Белата куќа. Колку и демократските механизми на САД да ги ублажат неговите контроверзни идеи, ако тие почнат да се спроведуваат, Американците секако ќе ги добијат промените што толку ги посакуваат, но истите на крајот може и да им „преседнат“. Хилари Клинтон, во контекстот на нејзините првенства (прва жена номинирана за претседател на државата од една од двете главни американски партии), секако смета на поддршката од Американките, на кои во видео-обраќање по Конвенцијата на Демократската партија им порача дека „ако некаде има малечки девојчиња кои останале доцна за да гледаат, нека знаат дека јас можеби ќе станам првата жена претседател, но некоја од нив сигурно ќе биде следната“. Поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, говорејќи за неговата сопруга како за „најдобар пријател“ се обиде да ги разбие сомневањата дека Хилари нема да донесе ништо ново, односно, оти воглавно ќе оди по разгазеното од Барак Обама. „Таа е најдобриот извор на промени што го познавам“, изјави Клинтон во емоционално обраќање на Конвенцијата. Бил во случајот се обиде да постигне две цели - со лични приказни од нивниот живот да претстави потопол портрет на неговата сопруга, која со години е на политичката сцена - како и да ја претстави Хилари како ефективна движечка сила на промените што Американците толку ги посакуваат. И ако во првото помалку-повеќе успеа, второто се покажа посложено - да ја претстави како некој кој не е дел (а е, и тоа
Капитал број 874/875 29.07.2016
profile
5
Трамп стравувајќи дека противниците ќе удрат по него со обвинувања дека ќе прави недозволени компромиси со Русија, изјави дека нема цврста врска меѓу него и Путин: „Не знам кој е Путин ... Кажа една убава работа за мене, но никогаш не сум го запознал“ Сопругот на Хилари, Бил, на Конвенцијата на демократите (само) се обиде да ја претстави претседателската кандидатка како да не е дел од политичкиот естаблишмент, односно како некој кој ќе го прочисти системот
долги години) од политичкиот естаблишмент, и кој ќе го прочисти системот. Што вети Хилари Клинтон во тек на својата кампања? Дека ќе ги симне давачките за студентите за семејства со приходи под 125 илјади долари годишно. Дека ќе спроведе сеопфатна имиграциска реформа што ќе даде можност за добивање државјанство со цел зачувување на целоста на семејствата. Дека ќе се бори за рамоправни плати за жените. Вети дека нема да растат даноците за средната класа. Се застапи против „лошите трговски договори и нечесните трговски практики“, вклучително и Тихоокеанскиот договор за слободна трговија (TPP). Вети зголемување на федералната минимална плата. Зголемување на проверките при купување оружје. И зголемување на федералното финансирање на инфраструктурата со 275 милијарди долари за пет години. Кандидатот за претседател на републиканците, милијардерот Доналд Трамп, пак, вети, доколку победи и влезе во Белата куќа, „лидерство што ќе ги стави Американците на прво место“. Тој има намера да ја прочисти федералната влада од функционерите назначени од Барак Обама. Според најавите од сојузникот на Трамп, гувернерот на Њу Џерси, Крис Кристи, милијардерот може да побара од Конгресот да донесе закон што
ќе го олесни отпуштањето на државните функционери. Во што верува Трамп? Тој вети дека ќе изгради ѕид по границата со Мексико со цел запирање на илегалните мигранти. Порано во кампањата тврдеше дека Мексиканците кои доаѓаат во САД „носат наркотици и криминал во земјата, и се силеџии“. Милијардерот ја смета науката што се занимава со климатските промени за измама, и заклучува дека рестрикциите поврзани со зачувување на животната средина го прават бизнисот помалку конкурентен на глобално ниво. Според неговите зборови и муслиманите не треба да бидат пуштани во САД. Тврди дека никој нема да биде понепоколеблив од него против џихадистите, и оти ќе ја бомбардира Исламската држава „до последната дупка“. Трамп одобрува користење на мачење при испрашувањето на осомничени во борбата со тероризмот. Сака да ја повлече Америка од трговските договори со други држави, зашто истите ја „поткопуваат позицијата на САД како доминантен играч во глобалната економија“. Милијардерот ја критикуваше и Кина, и вети дека ќе ја смести најнаселената држава во категоријата манипулатори со валутните курсеви. За Кина е подготвен да воведе и нови царини. Според Трамп НАТО е „грабеж“, зашто САД плаќале повеќе од сите други членки во Алијансата. nnn
д Клинтон, со 39% наспроти 37%
www.kapital.mk
Капитал број 874/875 29.07.2016
6 НАВИГАТОР
ИЗЈАВА НА неделата
> БРОЈКА
23,8%
е помало производството на струја во термоцентралите во мај во споредба со истиот период лани
Зоран Заев
Кога има преговори мора сите страни да попуштат за доброто на граѓаните и економијата. Никој не може до крај да биде среќен.
претседател на СДСМ
БАНКИТЕ ГИ СТОПИРАА КРЕД ПОРТФОЛИО НАМАЛЕНО ЗА
Б
анките во јуни го намалиле кредитирањето и на фирмите и на граѓаните, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Кредитите за приватните фирми во јуни се намалени за 48,5 милиони евра, додека пак за населението 35,7 милиони евра. Кредитното портфолио на месечно ниво е помало за вкупно 84,4 милиони евра. Банкарите велат дека овој тренд е
За разлика од Македонија
Никаде во свет влади најголеми огласувач
M
Македонија не е единствена земја која се рекламира во медиумите која има платени кампањи за работи кои се од јавен интерес. И во многу други земји во светот владите трошат државни пари за рекламирање на некои активности и работи кои се од јавен интерес. Но, во сите земји учеството на владиното рекламирање во вкупниот рекламен буџет во земјата е многу мало и незначително гледано како учество во вкупниот огласувачки пазар во земјата. На пример Владата на Велика Британија годишно троши 300 милиони фунти. Но, Велика Британија е четврт најголем рекламен пазар во светот и втор најголем во Европа, и вкупниот рекламен пазар во Велика Британија за 2015 година се проценува на 19,6 милијарди фунти. Значи огласувањето на британската влада учествува со 1,5% на вкупниот рекламен пазар. Канада е исто така една од земјите каде владата се рекламира. Во
Преголемата зависност на медиумите од владини пари, која станува неминовност во услови кога владата е најголем огласувач, ќе ја сруши основната и најважна улога на медиумите, да бидат чувари на вистината и демократијата. 2014 година владата на Канада за кампањи од јавен интерес потрошила 68,7 милиони долари. Вкупниот огласувачки пазар во Канада во 2015 година Се проценува дека вредел 10,17
милијарди долари. Што значи дека учеството на владиното рекламирање во вкупниот пазар изнесува околу 0,7%. Владата на Австралија за кампањи во изминатата година потрошила
www.kapital.mk
Капитал број 874/875 29.07.2016
7
ДИТИТЕ, ВО ЈУНИ КРЕДИТНОТО ЗА 84,4 МИЛИОНИ ЕВРА последица на политичката неизвесност што се одразува негативно и на економијата, и на отпис на доспеани кредити во исто време. Што се однесува до депозитната база, граѓаните во јуни депонирале повеќе пари што значи дека повлекувањето на штедните влогови што се случи во април и мај е запрено. Но, депозитите на фирмите бележат намалување за 12,4 милиони евра на месечно ниво.
мисла на неделата
> БРОЈКА
Успешен е оној кој добро си ја работи работата и кога никој не го гледа.
344
Пол Мишел милијардер и бизнисмен
милиони евра изнесува “дупката” во буџетот по последниот ребаланс
лидери
ите не се чи на пазарот 107 милиони долари. Најголем дел од парите или околу 31 милион долари се потрошиле за кампањи за регрутирање на војници во армијата на Австралија. За секоја кампања се ангажираат агенции кои ги добиваат парите кои се планираат да се потрошат на таа кампања, а потоа маркетинг агенциите самостојно одлучуваат во кои медиуми ќе закупат простор со цел пораката од кампањата подобро да стигне до јавноста. Вкупниот огласувачки пазар во Австралија во 2015 година изнесувал 13,2 милијарди долари, што значи дека учеството на владиното рекламирање на пазарот учествува со 0,8%. Владата на САД во 2014 година на рекламирање потрошила 760 милиони долари. Истата година вкупниот рекламен пазар во САД изнезувал 11 4 милијарди долари. Тоа значи дека владиното рекламирање учествувало во вкупнипт рекламен колач со околу 0,7%. Според податоците кои неодамна ги објави дневниот весник Дневник, Владата во Македонија во 2012 година биле потрошени околу 6,6 милиони евра, во 2013 година за реклами биле потрошени 7,2 милиони евра, во 2014 година биле потрошени околу 7,2 милиони, а во првата половина од 2015 година биле потрошени околу 4 милиони евра. Значи за три и пол година биле потрошени околу 25 милиони евра државни пари за рекламирање на Владата. Според извештајот на Агенцијата за аудио и визуелни медиумски услуги во 2012
година Владата била најголем огласувач кај шесте најголеми телевизиите, а во 2013 година бил втор најголем огласувач после Procter& Gamble. Во 2011 година Владата била четврт најголем огласувач, а во 2010 година Владата била 18 по големина огласувач. Во 2013 година и ВМРО-ДПМНЕ како партија се јавува како четврт најголем огласувач во Македонија. Ако се земат проценките за македонскиот огласувачки пазар кој се движи од 20 до 30 милиони евра, тогаш излегува дека учеството на владините пари на огласувачкиот пазар е 25% до 30%, што ја прави најголем огласувач на македонскиот огласувачки пазар. По притисокот врз владата по извештајот на Прибе, владиното рекламирање беше прекинато лани летото. Со овој закон сега владата повторно ќе може да се рекламира, но сега наводно парите за рекламирање ќе се делеле на сите медиуми според однапред дефинирани критериуми. Но, речиси сите релевантни здруженија на новинари и медиуми реагираа дека овој закон не а да донесе никаков ред, туку напротив само ќе ја легализира досегашната пракса најголем дел од парите за рекламирање на власта да одат кај провладините медиуми. Екпертите, пак, велат дека преголемата зависност на медиумите од владини пари, која станува неминовно во услови кога владата е најголем огласувач, ќе ја сруши основната и најважна улога на медиумите да бидат лувари на вистината и демократијата. nnn
Џеф Безос
добрите резултати на Amazon го направија трет најбогат човек на светот само во во 2016 заработил 5,4 милијарди долари
Тацуми Кимишима
хит апликацијата Pokemon Go од појавата на пазарот ја зголеми цената на акциите на Nintendo за 120%
не им беше неделата
Реџеп Таип Ердоган
турскиот претседател не престанува со чистките - на ред дојдоа и новинарите - на број дури 42
Деби Васерман Шулц
првата Демократка поднесе оставка поради протечени мејлови дека работела против кампањата на Берни Сандерс
www.kapital.mk
Капитал број 874/875 29.07.2016
Образование 8 cover story: Cover story : Образование Субвенци
Кој е кој на пазарот за високо образование во Македони Шеесет и пет државни факултети, шеесет приватни, два верски факултети, една државна и две приватни високи стручни школи: ова е понудата за високо образование во земјава. Анализираме кој е кој на пазарот каде што државата годишно одвојува 94 милиони евра, а работењето на приватните универзитети чини околу 20 милиони евра.
20.774
20.667
Запишани студенти во прва година на сите високообразовни установи во Македонија
2011
18.884
2012
2013
18.675
2014
www.kapital.mk
Капитал број 874/875 29.07.2016
иите имаат ефект
е ија
17.664 2015
9
www.kapital.mk
Капитал број 874/875 29.07.2016
10
cover story: Образование
Според бројот на запишани студенти во прва година лани, најатрактивни државни факултети во земјава се Медицинскиот при Универзитет во Тетово, Економскиот при УКИМ Скопје и Факултетот за бизнис и логистика во Гевгелија, при Универзитетот “Гоце Делчев“ во Штип. Кај приватните, приматот го држи Југоисточно – европскиот универзитет во Тетово, со неговите три факултети: за бизнис и економија, за јавна администрација и политички науки и Правниот.
Рангирање на државните универзитети според број на запишани студенти во 2015/2016
“Св. Кирил и Методиј - Скопје “Гоце Делчев“ - Штип Државен универзитет - Тетово “Св. Климент Охридски“ - Битола Универзитет за ИТ - Охрид
Во сите години 25.976 10.429 8.743 5.747 360
Дипломирани студенти на сите универзитети и школи во Македонија
Во прва година 6.464 2.894 3.479 1.730 134
Државни
Приватни
Вкупно
7.520 8.213 7.307 7.746 6.385
2.257 2.172 2.144 2.094 2.069
9.777 10.385 9.451 9.840 8.454
2013 2013 7.331 7.331 2.936 2.936 3.733 3.733 2.385 2.385 97 97 16.482 16.482
2014 2014 7.056 7.056 2.974 2.974 3.604 3.604 2.068 2.068 134 134 15.836 15.836
2015 2015 6.464 6.464 2.894 2.894 3.479 3.479 1.730 1.730 134 134 14.701 14.701
2011 2012 2013 2014 2015
Запишани студенти во прва година на државните универзитети Запишани студенти во прва година на државните универзитети 2011 2012 “Св. Кирил и Методиј - Скопје “Св. Кирил и Методиј - Скопје “Гоце Делчев“ - Штип “Гоце Делчев“ - Штип - Тетово Државен универзитет Државен универзитет - Тетово “Св. Климент Охридски“ - Битола “Св. Климент Охридски“ - Битола Универзитет за ИТ - Охрид Универзитет за ИТ Охрид Вкупно: Вкупно:
2011 7.329 7.329 6.008 6.008 1.645 1.645 2.924 2.924 106 106 18.012 18.012
2012 7.348 7.348 4.477 4.477 4.477 4.477 2.203 2.203 80 80 18.585 18.585
Запишани студенти во прва година на приватните универзитети и школи Запишани студенти во прва година на приватните универзитети и школи 2011 2012 Југоисточно - европски универзитет - Тетово Југоисточно - европски Меѓународен балканскиуниверзитет универзитет- Тетово - Скопје Меѓународен балкански универзитет Универзитет за туризам и менаџмент - Скопје Универзитет за туризам и менаџмент Европски универзитет - Скопје Европски универзитет - Скопје Универзитет МИТ - Скопје Универзитет Американ МИТ - Скопје Универзитет колеџ - Скопје Универзитет Американ колеџ - Скопје Универзитет ФОН - Скопје Универзитет ФОН Скопје Меѓунaроден славјански универзитет - Св.Николе Меѓунaроден славјански универзитет - Св.Николе Бизнис академија Смилевски Бизнис академија Смилевски Факултет за бизнис економија - Скопје Факултет за бизнис економија - Скопје Меѓународен универзитет Vision Меѓународен универзитет Vision Универзитет ЕСРА Универзитет Еуро колеџ - ЕСРА Куманово Еуро колеџ - Куманово Висока школа за новинарство и односи со јавност Висока школа за новинарство и односи со јавност Вкупно: Вкупно:
2011 885 885 172 172 214 214 134 134 65 65 216 216 504 504 194 194 82 82 143 1435151 33 33 39 39 2.732 2.732
Рангирање на приватните универзитети и школи Рангирање универзитети и школи според бројна наприватните запишани студенти во 2015/2016 според број на запишани студенти во 2015/2016 Во сите
Во сите години
2012 591 591 137 137 191 191 72 72 99 99 84 84 378 378 224 224 77 77 146 1464242 17 17 24 24 2.082 2.082
2013 2014 2015 2013 2014 2015 726 732 721 726 732 721 347 471 452 347 471 452 156 290 209 156 290 209 254 375 197 254 375 197 156 229 187 156 229 187 101 210 189 101 210 189 234 49 254 234 49 254 137 233 321 137 233 321 89 73 71 89 73 71 125 110 76 12511076 232 232 423737 42 37 37 17 30 17 17 30 17 18 18 2.402 2.8392.9632.402 2.839 2.963 Извор: Државен завод за статистика Извор: Државен завод за статистика
Во прва Во прва година
www.kapital.mk
Капитал број 874/875 29.07.2016
11
В пишува:
Игор Петровски
igor.petrovski@kapital.mk
Владата наголемо го подготвува отворањето на новиот државен универзитет “Дамјан Груев“ во Скопје, додека истовремено бројот на запишани студенти во прва година во земјава се намалува. Во последниве пет години вкупниот број на запишани студенти во прва година (тука влегуваат и студентите што по втор, трет пат запишуваат прва година, н.з.) на домашните универзитети, и државни и приватни, е намален за 15% ако во 2011 на факултет се запишале 20.744 матуранти, во 2015-та оваа бројка е за 3.080 лица помала, покажуваат извештаите на Државниот завод за статистика. Овој пад практично во целост се должи на помалиот број запишани студенти во прва година на државните универзитети, каде што
од 18.012 во 2011 година, оваа бројка се спуштила на 14.701 во учебната 2015/2016. Кај приватните универзитети бројките на запишани во прва година се движат во рамки од 2.500 – 3.000, односно 2.963 минатата година, за разлика од 2.732 пет години претходно. Во Македонија државниот Универзитет “Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) се разбира, има најголем број запишани студенти секоја година, но нивниот број опаѓа последниве пет години, па така, минатата 2015/2016 година се запишани 6.464 бруцоши, односно студенти во прва година, што е за 8,4% помалку студенти во однос на учебната година претходно и речиси 12 помалку во однос на 2011 година. Паѓа бројот и на младите заинтересирани за студирање на вториот по големина државен универзитет “Гоце Делчев“ во Штип, кој што почна со работа пред девет години: од 6.008 запишани бруцоши во 2011 година, следната година бројката падна на 4.477, за минатата академска година да бидат запишани 2.894 нови студенти во прва година. Најголем интерес за запишување кај приватните универзитети има за Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, каде што лани се запишале 721 студенти во прва година. Зад него е Меѓународниот балкански универзитет во Скопје со 452, а третиот
БРОЈКИ
59.865
лица студираат во Македонија, на сите високообразовни институции
12,8%
од сите студенти се на приватните универзитети
15%
помалку студенти во прва година се запишале лани во Македонија во однос со 2011 г.
по ред е Меѓународниот славјански универзитет во Св. со 321 запишан студент во прва година лани.
Медицинските факултети во Скопје и Тетово имаат ист број студенти
Што се однесува до вкупниот број на студенти во сите години, минатата година во Македонија, во сите високообразовни
“Св. Кирил и Методиј - Скопје “Гоце Делчев“ - Штип Капитал број 874/875 29.07.2016 Државен универзитет - Тетово “Св. Климент Охридски“ - Битола Универзитет за ИТ - Охрид Вкупно:
12
2011 7.329
2012 7.348
2013 7.331
2014 7.056
6.008 1.645 2.924 106 18.012
4.477 4.477 2.203 80 18.585
2.936 3.733 2.385 97 16.482
2.974 3.604 2.068 134 15.836
1.985 986 812 743 670 548 513 415 261 252 232 88 48 14
721 452 209 197 187 189 254 321 71 76 232 37 17 -
cover story: Образование
2015 6.464 2.894 www.kapital.mk 3.479 1.730 134 14.701
институции во сите студиски години се запишале вкупно 59.865 лица, од кои што 87,2% се на Запишани студенти во прва година на приватните универзитети и школи државните универзитети и високи стручни школи, или2013 51.949. 2011 2012 2014 2015 Гледано по факултети, најмногу студенти, вкупно Југоисточно - европски универзитет - Тетово 885 591 726 732 721факултет при во сите години има на Економскиот Меѓународен балкански универзитет - Скопје 172 137 347 471 452 УКИМ Скопје, 4.156, а следат Филолошкиот, со 2.655 и Филозофскиот со290 2.561, исто така при УКИМ. Од Универзитет за туризам и менаџмент 214 191 156 209 државните факултети, најмногу студенти лани во Европски универзитет - Скопје 134 72 254 375 197 прва година запишал Медицинскиот факултет при Универзитет МИТ - Скопје 65 99 156 187 при УКИМ, ДУ во Тетово, 917, 229 пред Економскиот 878 и101 Факултетот за туризам и бизнис Универзитет Американ колеџ - Скопје 216 84 210 189 логистика лоциран во Гевгелија, а во состав на Универзитетот Универзитет ФОН - Скопје 504 378 234 49 254 “Гоце Делчев“ од Штип, со 734 нови студенти во Меѓунaроден славјански универзитет - Св.Николе 194 224 233 е што на 321 прва137 година. Интересно Медицинскиот факултет се запишани71 за 66% повеќе Бизнис академија Смилевски 82 77 89 во Тетово73 студенти Медицинскиот Факултет за бизнис економија - Скопје 143 146 125 во прва година 110 одошто на76 факултет во Скопје лани, (553). А, вкупната пак Меѓународен универзитет Vision 232факултети се бројка-на студенти -на овие два разликува Универзитет ЕСРА 51 42 42 само за 99 37студенти - 1.899 37 на скопскиот и 1.800 Еуро колеџ - Куманово 33 17 17на тетовскиот. 30 17 Кај приватните универзитети, најмногу студенти во Висока школа за новинарство и односи со јавност 39 24 18 - Југоисточна сите години има на Универзитетот на Вкупно: 2.732 2.082 2.402 во Тетово, 2.839 2.963 Европа 1.985, пред Меѓународниот Извор: Државен завод за статистика балкански универзитет – Скопје со 986 и Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје, Рангирање на приватните универзитети и школи со 812. Гледано, по факултети, најмногу студенти има на Правниот факултет 449, Факултетот за според број на запишани студенти во 2015/2016 бизнис и економија исто така 449 и 379 студенти Во сите Во прва на Факултетот за јазици и комуникации, сите овие години година три при ЈИЕ – Тетово. Југоисточно - европски универзитет - Тетово Меѓународен балкански универзитет - Скопје Универзитет за туризам и менаџмент Европски универзитет - Скопје Универзитет МИТ - Скопје Универзитет Американ колеџ - Скопје Универзитет ФОН - Скопје Меѓунaроден славјански универзитет - Св.Николе Бизнис академија Смилевски Факултет за бизнис економија - Скопје Меѓународен универзитет Vision Универзитет ЕСРА Еуро колеџ - Куманово Висока школа за новинарство и односи со јавност
Извор: Државен завод за статистика
Кој приватен универзитет заработува најмногу?
Што се однесува до цената на чинење на студирањето, државното иако се смета како бесплатно, студентите плаќаат партиципација од 200 евра најмалку, додека во приватните квоти сумите се повисоки, во зависност од факултетот, програмата и сл. Кај приватните универзитети, цените варираат, од околу 500 евра за семестар, па нагоре. Добар дел од приватните универзитети ги немаат објавено на нивните вебстрани цените за студирањето, па затоа не направивме преглед на школарините. Од податоците што ни беа на располагање со помош на платформата www. biznismreza.mk (не сите приватни универзитети и стручни школи ги имаат доставено своите годишни финансиски извештаи, н.з.) најмногу приходи минатата година има остварено Европски универзитет – Скопје, во сопственост
Рангирање на приватните универзитети и школи според приходи (во денари) 2015 Приходи Европски универзитет - Скопје 181.577.449 Универзитет ФОН - Скопје 115.628.506 Меѓународен балкански универзитет - Скопје 97.627.876 Универзитет Американ колеџ - Скопје 97.085.034 Универзитет за туризам и менаџмент 76.179.659 Универзитет МИТ - Скопје 70.652.344 Факултет за бизнис економија - Скопје * 22.947.471 Меѓународен славјански универзитет - Св.Николе ** -
2014 Профит
Приходи
15.946.173 151.068.911 8.977.345 128.185.280 10.746.930 81.718.377 17.556.406 110.499.955 210.021 69.635.813 12.051.463 42.687.510 1.712.437 27.029.077 -
Извор: www.biznismreza.mk * За Факултетот за бизнис и економија-Скопје најнови достапни податоци беа за 2014 год. **За Меѓународен славјански универзитет, БА Смилевски, Универзитет ЕСРА, Еуроколеџ, ВШНОЈ, Vision и ЈИЕ Тетово нема податоци за приходи и добивка во biznismreza.mk
Профит 18.611.078 3.845.957 5.826.658 5.350.945 3.312.949 3.950.151 4.060.783 -
Приходи промена 20,20% -9,80% 19,47% -12,14% 9,40% 65,51% -15,10%
Профит промена -14,32% 133,42% 84,44% 228,10% -93,66% 205,09% -57,83%
годишна специјална едиција
200
септември
2016
НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ
Капитал Медиа Гроуп ја подготвува традиционалната годишна едиција КАПИТАЛ 200 НАЈГОЛЕМИ И 200 НАЈУСПЕШНИ во Македонија, во која ќе биде анализирано работењето на најголемите и најуспешните компании во Македонија. Во Едицијата ќе бидат рангирани компаниите според вкупните приходи и нето добивката остварени во 2015 година, но во рангирањата ќе бидат вклучени и повеќе податоци за компаниите како вредноста на активата, вредноста на капиталот и уште многу други показатели и коефициенти за успешноста и ефикасноста во работење. Сите рангирања и показатели, како и секоја година, ќе бидат изработени врз основа на официјални и ревидирани податоци обезбедени од годишните сметки на компаниите. Во едицијата ќе бидат рангирани компаниите според повеќе показатели како на пример:
l компании со најголеми приходи l компании со најголем профит l компании кои најмногу вработуваат l компании со најголем капитал l компании со најголема актива l компании кои најбрзо растат Во едицијата ќе бидат вклучени повеќе текстови, интервјуа со најголемите и најуспешните компании во клучните индустрии, како и повеќе анализи:
l Кои се компаниите и индустриите кои ќе го носат растот следната година?
l Стратегиите и плановите на најголемите и најпрофитабилни компании?
l Кои фирми ги прават парите во Македонија?
l Кои се најголемите “капиталци” во Македонија?
l Најголемите предизвици за компаниите за 2016 година
l Кои се најголемите компании во регионот?
Во рамките на Едицијата во одделни анализи ќе биде анализирано работењето на компаниите од клучните индустрии:
l Прехранбена индустрија l Металопреработувачка индустрија l Градежна индустрија l Трговија l Телекомуникации l Енергетика, нафта и гас Повеќе информации за едицијата и за комерцијално претставување на истата, обратете се на e-mail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505
Лицe за контакт:
ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА
www.kapital.mk
Капитал број 874/875 29.07.2016
14
cover story: Образование
Најатрактивни факултети на државните универзитети според бројот на запишани бруцоши во 2015/2016 Медицински факултет - ДУ Тетово 917 Економски факултет - УКИМ Скопје 878 Факултет за туризам и бизнис логистика Гевгелија - ГД Штип 734 Медицински факултет - ГД Штип 681 ФИНКИ - УКИМ Скопје 667 Најатрактивни факултети на приватните универзитети според бројот на запишани бруцоши во 2015/2016 Факултет за бизнис и економија -ЈИЕУ Тетово 170 Факултет за јавна администрација и политички науки - ЈИЕУ Тетово 151 Правен факултет - ЈИЕУ Тетово 149 Факултет за инженерство - Меѓународен балкански универзитет Скопје 132 Факултет за јазици, култура и комункација 129 Вкупно запишани студенти во Македонија во 2015/2016 Државни факултети Државни високи стручни школи Верски факултети Приватни факултети Приватни високи стручни школи Вкупно:
51.255 694 280 7.361 275 59.865
Извор: Државен завод за статистика
Владата се спрема да отвори уште еден државен универзитет во Скопје, а нашата анализа покажува дека интересот за студирање во Македонија се намалува: бројот на запишани студенти во прва година од година во година опаѓа. Лани се запишале 3.080 матуранти помалку на факултет во однос на 2011 година, или за 15% на Бојо Андрески, околу три милиони евра и добивка од безмалку 260 илјади евра. Кај приходите Европски има раст од 20%, а пад од 14% во однос на 2014 година. Универзитетот ФОН во сопственост на Фијат Цаноски на второ место според приходите, со 1,88 милиони евра приход, за 9,8% помалку од годината претходно, а добивката е за 133% поголема и изнесува 146 илјади евра. Трето и
четврто место со идентичен приход од 1,6 милиони евра го делат Меѓународниот балкански универзитет и Универзитетот Американ колеџ од Скопје. Првиот има добивка од 175 илјади евра за 2015, а вториот од 285 илјади евра, која што всушност е најголема добивка за минатата година меѓу приватните универзитети – барем оние за кои што добивме податоци. nnn
Три пати повеќе факултети, a студенти сè помалку Од каде потребата од отворање на нови универзитети, кога бројот на нови студенти последниве пет години опаѓа, и колку отворањето нови факултети ги преставува потребите на бизнис секторот, ако се знае дека расте бројот на дипломирани студенти кои седат дома без работа?!
А
ко во 2005 година Македонија имала само 41 факултет, денеска тој број изнесува дури 125. Во споредба со тројно зголемениот број на факултети, бројот на студенти се зголемил од 48 илјади во 2005 на 59 илјади во 2015, или за 23% . Притоа, дури четвртина од дипломираните седат дома без работа. Но, и покрај ваквата поразителна статистика трендот со отворање на нови факултети продолжува – од септември започнува со работа Универзитет „Дамјан Груев“ во чиј склоп ќе бидат отворени 9 нови факултети. Овие податоци логично ги наметнуваат прашањата – од каде потребата од отворање на нови универзитети, кога бројот на нови студенти последниве пет години опаѓа, и колку отворањето нови факултети ги преставува потребите на бизнис секторот, ако се знае дека расте бројот на дипломирани студенти кои седат дома без работа?! И секако, клучното, зошто никој не ја адресира потребата од намалување или целосно укинување на квотите на одредени насоки од каде најголем број од дипломирани се невработени? Во последната „Бела книга“ изработена од Светот на странски инвеститори при Стопанската комора за 2014-2015 година се заклучува следново: „Фирмите во Македонија се соочуваат со тешкотии да најдат лица со потребните знаења и вештини на пазарот на трудот… Образованиот систем во земјата не успева да остане во чекор со брзите и чести промени на пазарот на трудот… Советот препорачува во иднина да се инвестира во вистинскиот вид на образование со цел младите да се здобијат со структурни реформи, кои би ја подобриле деловната клима и би ја зголемиле побарувачката на работници“, пишува во Извештајот на овој Совет. Според Извештајот на овој совет, 36% не се многу задоволни од квалификуваната работна сила, задоволни се 48% од компаниите, а само 12% се многу задоволни. Новиот ректор на државниот УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски во неодамнешното интервју за Капитал рече дека од аспект на подобрување на професионалното обучување и перспективите на студентите, Универзитетот и членките треба да ја интензивираат соработката со бизнисот за да овозможат практична настава и професионален тренинг за своите студенти. “На тој начин, ќе се подигнува нивото на релација теорија практика и ќе се овозможи приватниот сектор и стопанството уште во фазата на учењето да ги препознаат и да ги поттикнат своите идни кадри. Покрај практичната настава, на единиците ќе се реализира и клиничка настава, во соработка со надворешни партнери и со вклучување стручњаци од практиката.“, истакна проф. Јанкуловски.
Капитал број 874/875 29.07.2016
www.kapital.mk
16 Интервју INTERVIEW
Александар Каплан и Александар Смузиков Балкан Петролеум Холдинг Лимитед
Со наш менаџмент можеме да го “заздравиме” Макпетрол “Пред една година и два месеци, составивме тим од интернационални експерти и локални професионалци за уште повеќе да се анализира и испита компанијата. Увидовме дека Макпетрол има акумулирано загуби од 15 милиони евра помеѓу 2009 и 2014 година и цената на акцијата стана пониска од книговодствената вредност. Забележавме дека цената на акцијата се движеше обично околу 275 евра по акција, кога книговодствената вредност требаше да биде околу 500 евра по акција. Во април оваа година, ја финализиравме нашата одлука да се подготви понуда за купување на сите акции на 420 евра по акција. Ако се земат во предвид сите финансиски обврски на компанијата, ова е како да ги имаме купено акциите за 850 евра по акција. Долговите на компанијата изнесуваат над 53 милиони евра, кое покажува дека нашата понуда која изнесува приближно 50 милиони евра е и повеќе од фер”, вели Александар Каплан, во интервјуто за Капитал во кое главните луѓе кои стојат зад Балкан Петролеум Холдинг Лимитед ги објаснуваат своите мотиви за преземање на Макпетрол и плановите за развој на компанијата доколку успее нивната понуда за преземање .
Забелешка: Интервјуто со Александар Смузиков и Александар Каплан е правено во електронска форма, но заради неможност да обезедиме фотографија од г-динот Александар Смузников, интервјуто е пласирано само со фотографија од Александар Каплан.
www.kapital.mk
Капитал број 874/875 29.07.2016
17
Капитал број 874/875 29.07.2016
18
И
www.kapital.mk
Интервју
Изминатиот период се дигна многу врева во македонската јавност околу вашата понуда за преземање на Макпетрол. Како се одлучивте да дојдете токму во Македонија и да влезете во овој бизнис преку Макпетрол? Каплан: Веќе 25 години сме активни во секторот за нафтени производи и сурова нафта. Знаеме, но и добро сме запознаени како треба да се води бизнис за нафта и гас: рафинирање на нафта, логистика и складирање, маркетинг и дистрибуција на нафтени деривати преку копнен и воден транспорт, се до професионално сервирање за крајните корисници. Сме работеле со најдобрите специјалисти и со тоа станавме лидери во оваа област. Имаме менаџирано големи системи со илјадници вработени и имаме постигнати одлични финансиски резултати кои ни помогнаа да станеме независни. Редовно истражуваме и постојано сме во потрага по нови пазари. Во текот на изминатите две години, се фокусиравме на истражување на јужна Европа и поранешните држави од Југославија. Според завршените проценки и испитување на ризиците, одлучивме да се концентрираме на Макпетрол, Македонија. Пред една година и два месеци, составивме тим од интернационални експерти и локални професионалци за уште повеќе да се анализира и испита компанијата. Увидовме дека Макпетрол има акумулирано загуби од 15 милиони евра помеѓу 2009 и 2014 година и цената на акцијата стана пониска од книговодствената вредност. Забележавме дека цената на акцијата се движеше обично околу 275 евра по акција, кога книговодствената вредност требаше да биде околу 500 евра по акција. По длабинските анализи и испитување, во согласност со документацијата која ни беше на располагање и беше јавна, дознавме дека долговите на компанијата кон финансиските институции и добавувачи се огромни, помнам бројка од околу 29 милиони евра само по основ на ставка позајмици (кредити), и уште повеќе од 24 милиони евра по основ на добавувачи. Но, и голем дел од средствата на компанијата се исто така под хипотека за да се обезбедат кредитите, што води до заклучокот дека компанијата е во очајна
плашејќи се од постојаната закана дека ситуација, која не исплаќа дивиденди ќе бидат отпуштени. со години, ризикувајќи ги средствата Знаеме дека кога ќе ја добиеме на компанијата и ставајќи ги во ризик дозволата за преземање, ќе настане акционерите и најважно, своите масовна продажба вработени. на акциите, бидејќи Решивме да донесеме акционерите веќе нема одлука да се обидеме да да бидат загрозени. ја преземеме Макпетрол, Менаџментот ги користи бидејќи сигурни сме Смузиков: своите вработени и својот дека под наш менаџмент Во врска со ТВ канал во обидите за можеме да ја “заздравиме” “компанијата да нè нападнат и оцрнат компанијата. Знаеме дека со капитал од со “приказни за мали ќе биде потребно време 1.000 евра”, оваа деца” и бесмислени и вложување на големи информација е заклучоци. Пробувајќи напори и дека ништо малку погрешна. да нè обојат како нема да биде лесно, но Моментално, криминалци со врски ние веќе имаме искуство капиталот на за перење пари кога со преземање на бизнис Балкан Петролеум всушност според факти “загубар” и претворање на е навистина имаме работено со едни истиот во успешен. неважен. Ние целно не сакавме од најпочитуваните Во април оваа година, ја да вложиме 50 компании во ова поле и финализиравме нашата милиони евра оперираме финансиски одлука да се подготви капитал во преку УБС банка која понуда за купување на Балкан Петролеум е една од најголемите сите акции на 420 евра пред крајот на банки во светот. Тие дури по акција. Ако се земат во јавната понуда. пробаа да ја извалкаат предвид сите финансиски Наместо тоа, УБС со репорти дека е обврски на компанијата, приложивме под истрага во Америка, ова е како да ги имаме банкарска Белгија и Франција. купено акциите за 850 евра гаранција од УБС Телевизијата Телма, по акција. Долговите на во висина од 47,5 во сопствеништво на компанијата изнесуваат милиони евра. Макпетрол, тенденциозно над 53 милиони евра, кое известува делумно со покажува дека нашата извртени информации понуда која изнесува за нас. На пример, сега скоро имаа приближно 50 милиони евра е и повеќе објавено материјал дека сум поврзан од фер. со украинскиот бизнисмен Курченко, XX Познавајќи ја акционерската сопственик на компанијата ВЕТЕК, структура на Макпетрол се кој сега е прогонуван во Украина. наметнува заклучокот дека Ние веќе објавивме соопштение во компанијата нема да можете јавноста демантирајќи ги овие наводи со да ја преземете без да ја имате барање за извинување од телевизијата поддршката на менаџментот и Телма. Фактот е што само и единствено вработените за овој потег? работев во ВЕТЕК во временски период Ја имате ли поддршката не од три недели и си менаџментот и како заминав од компанијата мислите да ги убедите поради несогласувања вработените да ви ги со сопственикот на продадат своите акции? компанијата. Сепак, Каплан: За време на “новинарите” на Телма Каплан: Прочитав истражувањето за не успеаа целосно да дека менаџментот компанијата веќе однапред го откријат овој факт и вели дека цената знаевме за односот помеѓу е ниска, но веднаш ме поврзаа со менаџментот и вработените колку што јас Курченко... кои се акционери. сум запознаен, Тоа се истите тактики кои Поголемото мнозинство менаџментот и се користат од сегашниот од нив се незадоволни, претпријатието менаџмент на Макпетрол но се под постојан поврзано со за да ги збуни и за да им притисок од страна на менаџментот се закани на акционерите сегашниот менаџмент и купи голем дел од на компанијата. немаат целосна слобода акциите на цени Да не заборавиме дека да реагираат на било околу 275 евра овој менаџмент и лицето каков начин. Тие се во изминатиов на чело на компанијата, се обврзани да го дадат период. под криминална истрага своето полномошно за сторени дела во (моќ на авторитетот) на компанијата. менаџментот кога се работи за гласови и тие буквално се немоќни. XX Кој стои зад Балкан Петролеум? Знаеме со сигурност дека тие бараат Најголемата загриженост на промена во менаџментот, но не се во вработените и на останатите состојба да го искажат своето мислење, акционери е дека една
Каплан: Никогаш се немаме сретнато со претставници
www.kapital.mk
Капитал број 874/875 29.07.2016
19
новоформирана компанија со капитал од 1.000 евра и без искуство во нафтениот бизнис нема реален капацитет да управува со една компанија како Макпетрол, која е една од најголемите компании во Македонија и најголем играч во овој бизнис? Смузиков: Лицата кои стојат позади сето ова сме ние, Александар Смузников и Александар Каплан. Имаме искуство со добра репутација во менаџирање на компании од овој вид и ако успееме со нашата понуда, планираме да ја направиме Макпетрол ефикасна и профитабилна компанија. За ова се разбира ќе биде потребно време и напори. Во врска со “компанијата со капитал од 1.000 евра”, оваа информација е малку погрешна. Моментално, капиталот на Балкан Петролеум е навистина неважен. Ние целно не сакавме да вложиме 50 милиони евра капитал во Балкан Петролеум пред крајот на јавната понуда. Наместо тоа, приложивме банкарска гаранција од УБС во висина од 47,5 милиони евра. Оваа банкарска гаранција е обезбедена од наш капитал. Ако јавната понуда е успешна и Балкан Петролеум го преземе Макпетрол, тогаш капиталот на компанијата ќе биде зголемена за да ја рефлектира акционерската вредност. Затоа, апелираме до акционерите да не дозволуваат да им бидат испрани мозоците.
капитал на Балкан Петролеум, веќе Балкан Петролеум Холдинг Лимитед не објаснивме зошто ова беше направено е офшор компанија; тоа е британска и оние кои шпекулираат на оваа тема компанија која работи според даночните се обидуваат да ја заслепат јавноста закони на Велика Британија. за постигнување на свои лични цели. XX Бидејќи станува збор А за обезбедувањето на за новоформирана средства за исплаќање фирма со мал капитал, за акциите, претходно за која не се знае кој објаснивме дека имаме стои како вистински депонирано банкарска Смузиков: Свесни сопственик, односно гаранција од 47,5 сме дека спорот за која јавноста има милиони евра преку УБС околу гасоводот асоцијација дека е Швајцарија. е поврзан со офшор фирма, можете средствата ли за македонската uКакво е вашето бизнис за транспорт јавност да објасните искуство? Со што сте се на гас. Ова е како и од каде занимавале досега и чувствителна планирате да ги дали имате искуство во тема. Ако успееме обезбедите парите нафтениот бизнис? да го преземеме потребни за преземање Смузиков: Поголемиот дел Макпетрол, и управување со од нашето бизнис искуство ќе треба да го Макпетрол? е во областа на нафтени разгледаме ова Смузиков: Користење производи, дистрибуција и прашање многу на новосоздадени маркетинг. Во 1997 година темелно, со цел претпријатија е многу честа ја основав Магистрал, да се пронајде практика во ваков тип на група на компании пријателско зделки. Една компанија е кои беа вклучени во решение со формирана или е купена дистрибуција и маркетинг Владата на со причина за купување на нафтени производи Република на бизнис. Она што е во Русија и Украина. Во Македонија. важно се поединците 2007 година Магистрал позади компанијата и оваа управуваше со скоро 150 информација беше приложена во нашиот бензински пумпи на ударни локации во проспект. Ние ги откривме сите детали на Москва, Санкт Петербург и Киев. Истата нашите правни структури во проспектот година ја продадов компанијата на кој беше доставен до Комисијата за голема вертикално интегрирана руска хартии од вредност. Во врска со малиот компанија за нафта и гас, која беше
и од Владата во Македонија по основ на ова прашање
www.kapital.mk
Капитал број 874/875 29.07.2016
20
Интервју
Каплан: Имаме направено софистицирани калкулации за да ја постигнеме оваа ценовна понуда. Фактот што пред неколку години цената беше 2.000 евра, денеска не е воопшто релевантна. Мора да се земе во предвид моменталната ситуација на компанијата и фактот што во последните седум години компанијата правела загуби и дека денес компанијата има долгови во висина од над 37 милиони евра според кое ќе биде потребно многу време и напори за повторно компанијата да се направи профитабилна. заинтересирана за зајакнување на својата позиција на пазарот во областа на малопродажба на нафта. Во 2008 година како ко-основач основав приватен инвестиционен стратегиски фонд чија клучна цел беше да се воспостават директни инвестиции, приватни компании да ги развиваат своите бизниси. Една од инвестициите на стратегискиот фонд беше САНОРС – петрохемиски холдинг. Кога го придобивме САНОРС во 2011 година – беше група на кризни фабрики со финансиски загуби и илјадници отпуштени вработени. По три години откако го добивме САНОРС, го зголеми обемот на производство повеќе од три пати, го зголеми повеќе од дупло бројот на вработени, достигнувајќи 5,5 илјади лица, стана регионален лидер во областа на петрохемискиот сектор и стана профитабилна компанија. Во 2015 година САНОРС беше продаден на Роснефт – најголемата компанија за нафта и гас во Русија. XX Коментарите на бизнис заедницата и на оние кои го познаваат овој бизнис се дека цената која ја нудите за акциите е многу ниска за бизнисот и потенцијалите на Макпетрол? Пред неколку години цената на акцијата на Макпетрол
беше над 100 илјади денари... Каплан: Како што појаснив, имаме направено софистицирани калкулации за да ја постигнеме оваа ценовна понуда. Фактот што пред неколку години цената беше 2.000 евра, денеска не е воопшто релевантна. Мора да се земе во предвид моменталната ситуација на компанијата и фактот што во последните седум години компанијата правела загуби и дека денес компанијата има долгови во висина од над 37 милиони евра според кое ќе биде потребно многу време и напори за повторно компанијата да се направи профитабилна. Прочитав дека менаџментот вели дека цената е ниска, но колку што јас сум запознаен, менаџментот и претпријатието поврзано со менаџментот купи голем дел од акциите на цени околу 275 евра во изминатиов период. На денот на објавувањето на нашата јавна понуда нашата цена во понудата беше 50% повисока од пазарната. XX Како го оценувате нафтениот пазар во Македонија? Каде ги гледате потенцијалите за да се води профитабилен бизнис во овој сектор? Каплан: Сметам дека Македонија има развиено стабилна инфраструктура во секторот за нафта и има интересни
можност за развој на овој бизнис уште повеќе понатаму. Поточно, гледам многу можности во B2B (business to business) делот: развој на таквите бизниси како лубриканти, LPG, воздухопловство, битумен. Имаме значајно искуство и експертиза во B2B бизнисот и верувам дека можеме да го развиеме овој дел од бизнисот успешно овде и во Македонија. XX Кои се вашите планови со Макпетрол? Оваа компанија има важна улога и во бизнисот со гас и е еден од сопствениците на гасоводот во Македонија за кој има долгогодишен спор со државата. Кои се вашите чекори кои планирате да ги преземе во бизнисот со гас ако успеете да го добиете контролниот пакет во Макпетрол? Смузиков: Свесни сме дека спорот е поврзан со средствата за транспорт на гас. Ова е чувствителна тема. Ако успееме да го преземеме Макпетрол, ќе треба да го разгледаме ова прашање многу темелно, со цел да се пронајде пријателско решение со Владата на Република Македонија. XX Какви односи имате со власта? Oд кои институции ја имате поддршката за вашиот план за влез во Македонија и преземање на Макпетрол? Каплан: Немаме посебен однос со Владата или нејзините органи. Ние никогаш се немаме сретнато со претставници од Владата во Македонија по основ на ова прашање. Минатиот декември, делегација од македонската Влада дојде во Израел за привлекување на странски инвестиции. Поволни даночни услови и професионалното однесување и пристап на владината делегација, кои ги претставија во своите јавни излагања, ни помогнаа да ја донесеме нашата одлука да дојдеме тука. Може да се каже дека Владата нè знае само преку нашиот проспект, не сме се запознале и сретнале со владиниот тим и ниеден орган од истата не ни помага. Сигурни сме дека тие си ја вршат својата работа верно, професионално и лојално за Македонија. XX Дали очекувате Комисијата за хартии од вредност да ја одобри вашата понуда за преземање и што ќе преземете ако таа не биде одобрена? Каплан: Не гледаме причина нашата понуда да не биде прифатена. Ги имаме обезбедено сите потребни документи. Ако се потребни понатамошни појаснувања, истите ќе ги обезбедиме. Сигурни сме дека целата негативна фама и бесрамни лаги, кои се спонзорирани од страна на моменталниот менаџмент на Макпетрол, нема да влијаат на професионалната одлука на Комисијата. nnn
Смузиков: Балкан Петролеум Холдинг Лимитед не е офшор компанија
www.kapital.mk
Капитал број 874/875 29.07.2016
22
Компании и пазари
Бизнис секторот малаксан од дол
Бизнисмените ја отпишаа и оваа година
11,3%
5% јули
2,1% авг.
септ.
-5,4%
-6,5% 2015
-1,1%
окт.
ноем.
дек.
јан.
-12,6%
www.kapital.mk
Капитал број 874/875 29.07.2016
23
лгата политичка криза
.
6%
20,6% 15,5%
2,9% фев.
март
апр.
2016 Годишни промени на извоз
Извор: Државен завод за статистика
мај --3,7%
Песимистички се проценките на менаџерите на приватните компании дека втората половина од годината може да им донесе повеќе нарачки за производство и зголемена продажба откако станува јасно дека до крајот на годината нема да и дојде ниту крајот на политичката криза што се развлекува втора година. Неизвесноста ги држи сите бизнис планови „на чекање“, никој не размислува за нови инвестиции, туку како да се протурка и оваа година. Бизнисмените велат дека резултатите од првата половина од годината не им даваат надеж да бидат оптимисти дека до во следните неколку месеци што преостануваат на бизнисот ќе му тргне. Велат, на домашниот пазар нема нови проекти, инвестициската активност е прилично забавена, а дури и странските инвеститори кои што беа најавени дека ќе отворат фабрики овде, сега се одложени. Наплатата исто така е отежната, а голем дел од извозниците велат дека имаат и ненаплатени побарувања од државата за поврат на ДДВ.
www.kapital.mk
Капитал број 874/875 29.07.2016
24
Компании и пазари
О
Горан Антески
генерален директор на Раде Кончар ТЕП
чекувањата се дека до крајот на годината производството и обемот на работа ќе се намалуваат пред се поради неизвесноста на политички план поради која што стагнира домашната побарувачка, а ние се обидуваме тоа да го надоместиме со поголем пласман на производи на странските пазари, и тоа во регионот – Србија, Албанија, Косово и Црна Гора. На домашниот пазар нема нови проекти, инвестициската активност е прилично забавена, а дури и странските инвеститори кои што беа најавени дека ќе отворат фабрики овде со кои што требаше да соработуваме, сега се одложени. Од разговорите и со други бизнисмени знам дека состојбата во бизнис секторот е катастрофална, повеќето фирми немаат работа, им се намалуваат нарачките што е основа да бидеме песимисти.
Р Сашо Наумоски
генерален директор на Витаминка
езултатите од првата половина од годината не даваат надеж да се биде оптимист. Очекувањата до крајот на годината се песимистички. И овој обем на производство и продажба сличен на нивото од минатата година го правиме „на мускули“, а преокупирани со тековните проблеми воопшто и не размислуваме на нови инвестиции или развој што не е добро за бизнисот. Плаќањето меѓу фирмите исто така е отежнато и тоа е проблематично“, вели Наумоски и додава дека „не само што во Македонија се чувствува застој во работењето поради политичката криза, туку цел Балкан поминува низ слични проблеми. Она што загрижува е што на целиот регион му се случува депопулација, има огромен одлив на луѓе што се потенцијални потрошувачи и на тој начин се губат пазарите.
П пишува:
Александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk
Песимистички се проценките на менаџерите на приватните компании дека втората половина од годината може да им донесе повеќе нарачки за производство и зголемена продажба откако станува јасно дека до крајот на годината нема да и дојде ниту крајот на политичката криза што се развлекува втора година. Неизвесноста ги држи сите бизнис планови „на чекање“, никој не размислува за нови инвестиции, туку како да се протурка и оваа година. „Очекувањата се дека до крајот на годината производството и обемот на работа ќе се намалуваат пред се поради неизвесноста на политички план поради која што стагнира домашната побарувачка, а ние се обидуваме тоа да го надоместиме со поголем пласман на производи на странските пазари, и тоа во регионот – Србија, Албанија, Косово и Црна Гора. На домашниот пазар нема нови проекти, инвестициската активност е прилично забавена, а дури и странските инвеститори кои што беа најавени дека ќе отворат фабрики овде со кои што требаше да соработуваме, сега се одложени. Од разговорите и со други бизнисмени знам дека состојбата во бизнис секторот е катастрофална, повеќето фирми немаат
работа, им се намалуваат нарачките што е основа да бидеме песимисти“, вели Горан Антески, генерален директор на компанијата од електро - металската индустрија, Раде Кончар ТЕП. Сашо Наумоски, генералниот директор на компанијата Витаминка од прехранбената индустрија, вели дека „резултатите од првата половина од годината не даваат надеж да се биде оптимист“. „Очекувањата до крајот на годината се песимистички. И овој обем на производство и продажба сличен на нивото од минатата година го правиме „на мускули“, а преокупирани со тековните проблеми воопшто и не размислуваме на нови инвестиции или развој што не е добро за бизнисот. Плаќањето меѓу фирмите исто така е отежнато и тоа е проблематично“,
вели Наумоски и додава дека „не само што во Македонија се чувствува застој во работењето поради политичката криза, туку цел Балкан поминува низ слични проблеми“. „Она што загрижува е што на целиот регион му се случува депопулација, има огромен одлив на луѓе што се потенцијални потрошувачи и на тој начин се губат пазарите“, вели Наумоски. Генералниот директор на компанијата Факом од метало - преработувачката индустрија, Златко Симоновски, вели дека политичката криза која се развлекува две години не влијае позитивно на бизнис климата во земјата и на перцепцијата што ја добиваат надворешните компании за нас. „При ваква нестабилна политичка
www.kapital.mk
Капитал број 874/875 29.07.2016
26
Компании и пазари
П Иван Бановски генерален директор на Макстил
родолжената политичка криза создава одредена загриженост и претпазливост кај странските купувачи, меѓутоа според досегашните увидувања ова не претставува проблем и Макстил нема откажани нарачки заради таа причина. Според најавите од купувачите, очекуваме до крајот на годината да го одржиме производството во рамките на планираните количини кои се малку над нивото на минатогодишните, меѓутоа се уште на ниво од 50% од капацитетот, заради неповолните услови на пазарот, пред се во Европа. И за домашниот пазар очекувањето е дека продажбата ќе се задржи на ниво од минатата година, со можност за мало натфрлување. Тоа што ни предизвикува проблеми во работењето е нефункционалноста на некои служби од државната администрација и потребното време за решавање на отворените прашања.
состојба се намалува атрактивноста и пред се сигурноста за влез на нови компании и инвестиции во земјата. Ако зборуваме поединечно, ФАКОМ веќе има воспоставено добри бизнис релации со неколку покрупни европски компании за кои извезуваме веќе подолго време, имаме стекнато доверба кај нашите клиенти, во тие релации состојбата во државава е секундарна во однос на редовната и квалитетна испорака на производите. Но секој нов клиент кој доаѓа во државава, логично е да направи скрининг на економско - политичките околности што би го очекувале. Новонастанатата ситуација во земјата влијае на секој нов клиент. Новите клиенти не се сигурни дека нивните нарачки ќе бидат навремено и квалитетно завршени во земја со подолготрајна политичка нестабилност. Колку побрзо ќе се разреши политичката криза во земјата, толку последиците ќе бидат помали“, оценува Симоновски. Тој вели дека Факом се обидува да ги постигне проекциите предвидени со бизнис планот за оваа година. „Според сознанијата што ги имаме засега, очекуваме да добиваме редовни нарачки од нашите партнери особено во втората половина од годината, после годишните одмори кога нарачките вообичаено се намалени. Домашниот пазар е опција која секогаш е отворена за нас за дополнување на производствените капацитети. Постојано имаме помали нарачки од домашни компании на кои веднаш одговараме и кои честопати знаат да ги покријат празните периоди од една до друга поголема нарачка. Но домашниот пазар располага и со покрупни проекти
П
ри ваква нестабилна политичка состојба се намалува атрактивноста и пред се сигурноста за влез на нови компании и инвестиции во земјата. Ако зборуваме поединечно, ФАКОМ веќе има воспоставено добри бизнис релации со неколку покрупни европски компании за кои извезуваме веќе подолго време, имаме стекнато доверба кај нашите клиенти, во тие Златко релации состојбата во државава е Симоновски секундарна во однос на редовната и генерален директор квалитетна испорака на производите. Но на Факом секој нов клиент кој доаѓа во државава, логично е да направи скрининг на економско - политичките околности што би го очекувале. Новонастанатата ситуација во земјата влијае на секој нов клиент. Новите клиенти не се сигурни дека нивните нарачки ќе бидат навремено и квалитетно завршени во земја со подолготрајна политичка нестабилност. Колку побрзо ќе се разреши политичката криза во земјата, толку последиците ќе бидат помали.
кои постојано ги следиме и учествуваме во постапките за јавни набавки, иако нивната реализација честопати знае да се пролонгира со месеци“, истакна Симоновски. Иван Бановски, генералниот директор на Макстил, вели дека „продолжената политичка криза создава одредена загриженост и претпазливост кај странските купувачи, меѓутоа според досегашните увидувања ова не претставува проблем и Макстил нема откажани нарачки заради таа причина. „Во моментов, имаме доволно нарачки за да го одржиме производството на лимови до крајот на август. Според најавите од купувачите, очекуваме до крајот на годината да го одржиме производството во рамките на планираните количини кои се малку над нивото на минатогодишните, меѓутоа се уште на ниво од 50% од капацитетот, заради неповолните услови на пазарот, пред се во Европа. И за домашниот пазар очекувањето е дека во втората половина од годинава, продажбата ќе се задржи на ниво од минатата година, со можност за мало натфрлување. Тоа што ни предизвикува проблеми во работењето е нефункционалноста на некои служби од државната администрација и потребното време за решавање на отворените прашања“, оценува Бановски и додава дека поголеми проблеми со наплатата нема поради тоа што Макстил како дел од групацијата Дуферко продажбата ја врши со авансно плаќање, меѓутоа како извозно ориентирана компанија, имаат побарувања од државата за поврат на ДДВ. Претседателот на Одборот на директори
на компанијата Брако од металската индустрија, Кочо Анѓушев, вели дека најголем проблем сега е да се склучат нови договори за работа со нови партнери бидејќи тие покажуваат резервираност кон Македонија поради политичката нестабилност во државата. „Како што е нарушен рејтингот на државата така е нарушен и рејтингот на бизнисот. Ако странските партнери имаат понуди од повеќе земји со слични цени, тие без двоумење ќе се одлучат да нарачаат производи од некоја европска земја а не од Македонија каде што гледаат дека се случуваат протести, прислушувања, што ги асоцира на некакви мафијашки работи. Од друга страна, се обидуваме нашите постојани партнери да ги убедиме дека тие навреме ќе ја добијат испораката на производи, така што со нив соработката продолжува. Во делот на извозот на жичани и лимени производи од Брако, проценката е дека ќе оствариме пораст од околу 5% до 10% што е одржување на континуитетот, меѓутоа, да беа условите подобри, тој раст ќе беше до 20%. Во делот на продажбата на струја очекувањата се попесимистички, бидејќи ако фирмите помалку продаваат и помалку произведуваат, значи дека ќе трошат и помалку струја“, изјави Анѓушев.
Пад на извозот - прв лош сигнал
Официјалните статистички податоци за мај веќе ги вкалкулираа последиците од кризата. Извозот во мај годинава се намалил за 3,7% споредено со истиот месец лани, а ова е прво намалување на продажбата на производи на странски пазари во последните неколку месеци и
Бизнисмени: Нема нови договори за нарачки
www.kapital.mk
Капитал број 874/875 29.07.2016
28
Компании и пазари
Н Кочо Анѓушев претседател на Одборот на директори на Брако
ајголем проблем сега е да се склучат нови договори за работа со нови партнери бидејќи тие покажуваат резервираност кон Македонија поради политичката нестабилност во државата. Како што е нарушен рејтингот на државата така е нарушен и рејтингот на бизнисот. Ако странските партнери имаат понуди од повеќе земји со слични цени, тие без двоумење ќе се одлучат да нарачаат производи од некоја европска земја а не од Македонија каде што гледаат дека се случуваат протести, прислушувања, што ги асоцира на некакви мафијашки работи. Од друга страна, се обидуваме нашите постојани партнери да ги убедиме дека тие навреме ќе ја добијат испораката на производи, така што со нив соработката продолжува.
се случува во екот на политичката криза кога повеќето извозници предупредија дека им се намалуваат нарачките од странство. Државниот завод за статистика не објавува во кои сектори се намалил извозот во мај на годишно ниво, туку објавува сумарни податоци за првите пет месеци од почетокот на годината. Во првите пет месеци пак, статистиката бележи зголемување на извозот од 7,2%. Од јануари до мај годинава, од Македонија се извезени производи во вредност од 1,7 милијарди евра. Во истиот период, увозот изнесува 2,4 милијарди евра и е зголемен за 6,1% на годишно ниво. Трговскиот дефицит во овој период изнесува околу 720 милиони евра. Индустриското производство пак во мај годинава, се уште се покажува отпорно да тековните проблеми и според официјалните податоци, бележи зголемување од 5,3% споредено со истиот месец лани. Производството во индустријата пак во првите пет месеци е зголемено за 8% на годишно ниво. Загрижувачки лоша засега се покажува состојбата во рударството каде што во мај е евидентирано намалување на производството за 19,8% снабдувањето со електрична енергија и гас каде што има
пад од 18,4% и во металската индустрија каде е забележан пад од 6,9%. И финансиските институции веќе почнаа да ги преиспитуваат своите проценки за економскиот раст годинава. Народната банка неодамна го објави своето најново сценарио за македонската економија според кое доколку политичката криза продолжи до крајот на годината што е засега најреално очекување, економскиот раст наместо 3,5%, ќе достигне најмногу 1,6%. Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов изјави дека како што сега стојат работите, оваа проценка е најреална. Сценариото предвидува продлабочување на недовербата на граѓаните и како последица на тоа зголемена побарувачка за девизи, повлекување на депозитите од банките и намалена приватна потрошувачка. „Според ова сценарио се очекува зголемување на недовербата и на инвеститорите, како на странските така и на домашните, што значи помал прилив на инвестиции бидејќи политичката нестабилност влијае на инвеститорите. Освен тоа, предвидуваме понеповолни движења на пазарот на труд како и зголемени ризици за финансирање на економијата. Сето тоа ќе доведе до забавена кредитна активност, помал
извоз, намалување на девизните резерви и секако помал економски раст“, изјави неодамна гувернерот Богов. Според ова поцрно и во исто време пореално сценарио на Народната банка, приливот на странски директни инвестиции годинава ќе биде само 1,7% од БДП, што би било еднакво на околу 140 милиони евра, банките годинава ќе одобрат само 3% повеќе кредити отколку лани, додека пак во основното сценарио без ефектите од политичката криза, се очекува кредитниот раст да достигне до 6,8%. Депозитите пак, се очекува да се зголемат за 2,3%. Меѓународните финансиски институции исто така веќе почнаа да ги калкулираат политичките ризици во своите најнови прогнози, меѓутоа, засега не се објавуваат ревидирани проценки. Претставникот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Македонија, Патрик Житон кој што од следниот месец се повлекува од канцеларијата во Скопје, смета дека тензичната политичка состојба досега немала забележително негативно влијание врз економскиот раст базирано на достапните економски податоци. „Нашето предвидување за раст на БДП од 3,5% ги рефлектира случувањата до сега. Сепак, доколку се пролонгираат, политичките тензии најверојатно ќе влијаат врз одлуките на домашните и странските приватни инвеститори. Исто така, можно е да видиме намалување на обемот на кредитирањето на домаќинствата поради зголемената каматна стапка и намалената доверба. Сите овие случувања можно е да имаат негативно влијание врз нашите проекции во наредните месеци“, изјави Житон. Последната проценка на Светска банка за растот во Македонија исто така е направена во контекст на најновиот полугодишен извештај кој што беше објавен на почетокот на април и ги зема предвид случувањата само до март. „Оваа проценка не ги зема предвид најновите политички случувања и зголемените надолни ризици за економијата. Нашето искуство покажува дека пролонгираната политичка криза има тенденција да остави економски последици. Неизвесности околу политичките потези делуваат на довербата и очекувањата на сите економски субјекти и според тоа влијаат на потрошувачката и одлуките за инвестирање“, оценија неодамна од Светска банка и додаваат дека освен актуелната политичка криза, македонската економија оперира и во контекст на бавен раст во Европа и неизвесности што произлегуваат од глобалната економија. „Оттука, очекуваме дека надолните ризици за македонската економија се зголемени во последно време и негативно ќе влијаат на проценката за економски раст годинава“, изјавија неодамна од Светската банка. nnn
Факт: Рударството и металната индустрија засега најпогодени
Капитал број 874/875 29.07.2016
30
www.kapital.mk
Балкан бизнис и политика
Србија официјално ги отвори најзначајните поглавја во преговорите со ЕУ
Што носи отворањето на поглавјата 23 и 24 и кога Србите да очекуваат промени?
Граѓанските спорови не би требало да траат подолго од две години, а кривичните најмногу пет. За слични случаи, каде и да се одвиваат судењата, ќе бидат носени воедначени пресуди, а политиката веќе ќе нема влијание врз судството. Државните институции и функционери ќе бидат под уште посилна контрола на независните тела. На сето ова се обврза Србија со усвојувањето на акциските планови за поглавјата 23 и 24. А според експертите, граѓаните промените нема да ги почувствуваат преку ноќ, туку истите може да ги очекуваат во наредните пет години.
Вучиќ: Владеењето на правото ќе биде потти
www.kapital.mk
Капитал број 874/875 29.07.2016
31
„Мислам дека отворањето на овие поглавја е заслужено, многу е направено, и Владата на Србија и граѓанското општество покажаа голема подготвеност“, изјави еврокомесарот Јоханес Хан на меѓувладината конференција Меѓу најголемите проблеми на српското правосудство е должината на траењето на судските постапки, што знае да се растегне и 10 години, при што многу случаи застаруваат
С
Србија на 18 јули и официјално ги отвори поглавјата 23 и 24 во пристапните преговори со Европската унија, што беше соопштено на Третата меѓувладина конференција на ЕУ и на Србија во Брисел. Најзначајните одредби од поглавјата 23 и 24, што ги третираат областите на правосудството и на фундаменталните права, односно на правдата, на слободата и на безбедноста, а кои Србија треба да ги исполни до крајот на 2018 година, се следниве:
Право на судење во разумен рок
Меѓу најголемите проблеми на српското правосудство е должината на траењето на судските постапки, што знае да се продолжи и 10 години, при што многу случаи застаруваат. Од јануари 2016 година на сила е Законот за заштита на правото на судење во разумен рок, кој предвидува и казни од 300 до 3.000 евра во случаи на пробивање на оптималните рокови. „Во акцискиот план не се даваат прецизни упатства колку треба да траат судењата. Србија мора да направи план/програма за решавање на старите спорови, а предуслов за сè да се заврши во разумен рок е и растоварувањето на одредени судии кои се затрупани со голем број предмети“, вели генералната секретарка на Европското движење во Србија, Маја Бобиќ. Поради должината на траење на судењата илјадници граѓани претходниве години се жалеле до Европскиот суд за човекови права, кој најчесто носел пресуди на штета на државата. Овој суд разви практика со која е можно да се воспостават критериуми за оптимално траење на судските спорови.
Разумниот рок за граѓански спорови е две до три години, за кривичните до пет години, а за управните околу три.
Без влијание на политиката врз судиите
До независно правосудство, во кое политиката ќе нема влијание, ќе се дојде и со начинот на избор на судии, и за тоа ќе биде неопходна промена на Уставот. Експертите велат дека со спроведување на акцискиот план, членовите на Високиот совет на судството и на Државниот совет на обвинителството во Србија, нема да се избираат во Собранието. „Идејата е тие да станат некој вид на саморегулаторни тела и да сносат одговорност за она што го работат“, истакнува горе цитираната Бобиќ.
Слични случаи - слични пресуди
Освен што би требало да биде поефикасно и побрзо, судството би морало да работи и поквалитетно. Директорот на Комитетот на правници за човекови права (Јуком), Милан Антонијевиќ, вели дека тоа значи оти различните судови врз основа на исти докази не би можеле да носат различни пресуди. „Би дошло до усогласување на судската практика“, наведува Антонијевиќ.
Борба против корупцијата
Србија доби задача од Европската унија во наредните пет години да покаже сериозни резултати во борбата против корупцијата. Антонијевиќ вели дека тука се мисли на завршените судски постапки, што ќе сведочат оти таа борба е навистина ефикасна. Поголеми овластувања ќе добие Агенцијата за борба против корупцијата, а на подобар третман може да смета и народниот правобранител и комесарот за информации од јавно значење. „Поголем простор и повеќе кадри би требало да добие народниот правобранител, а државата се обврза дека за неговите извештаи редовно ќе расправа Парламентот на Србија. На слично може да смета и
ик за странските инвестиции
комесарот за информации од јавно значење, кому државните институции ќе имаат обврска да му ги даваат сите информации за приватизацијата на државните компании, за јавните набавки и за останатите јавни расходи“, вели Маја Бобиќ.
Полесно до наследство во странство
Една од предностите за граѓаните на Србија е во тоа што во иднина ќе бидат меѓусебно признати пресудите за граѓански и трговски прашања, без разлика дали се донесени во Србија или во некоја замја од ЕУ. Тоа особено е важно за граѓаните на Србија кои сè уште имаат нерешени прашања во врска со наследување имот во поранешните југословенски републики, а кои сега се членки на ЕУ. Ова е важно и за странските инвеститори кои сакаат да знаат дека и во Србија важат истите правила како и во другите земји од ЕУ, кога е во прашање нивната правна сигурност.
Обесштетувања за жртвите на злосторства
Преку реформите во поглавјето 23, Србија ќе се обврзе да им овозможи помош и на жртвите на кривични дела и на осомничените. „Тоа се однесува на услугите преведување или надомест на штета за жртви на најсериозни кривични дела. Тука се мисли на жртви од трговија со луѓе, од тероризам, кои имаат право во судска постапка што ја води државата по службена должност да добијат решение и за надомест на штетата. Со тоа би се избегнало дополнителното мачење што се случува кога жртвите мораат да бараат надомест за нематеријална штета самостојно преку парнична постапка против своите мачители“, објаснува директорката на белградскиот Центар за безбедносна политика, Соња Стојановиќ Гајиќ. nnn
Капитал број 874/875 29.07.2016
32
www.kapital.mk
балкан бизнис и политика
Кинезите од Грците го купија европскиот приклучок на модер
Коско во Пиреја широко ја отво вратата на Евро за Кина
Ѓинпинг: Грција е важен стратешки партнер, н
www.kapital.mk
рниот Пат на свилата
а ори опа
Капитал број 874/875 29.07.2016
33
„Иницијативата е кинеска идеја, но можностите што таа ги создава му припаѓаат на светот“, изјави кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, како одговор на сомнежите на Западот околу намерите на силниот „Кинески змеј“ со иницијативата Појас и пат. Грција, со продажбата на пирејското пристаниште на кинеската компанија Коско, ја даде точката каде Кина ќе се вклучи во Европа како дел од стратешката визија за модерниот Пат на свилата, од која нашиот јужен сосед ќе биде голем добитник, станувајќи регионален товарен и логистички центар, но, економските потенцијали на проектот не секнуваат сè до северот на Европа
П
Потпишувањето на конечниот договор со Кинезите, за 35-годишна концесија на 67% од акциите на пирејското пристаниште, беше најзначајниот момент на неодамнешната четвородневна официјална посета на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, на најнаселената држава. Дека домаќините ги надминале недоразбирањата околу концесијата (продажбата на пристаништето Парламентот на Грција ја одобри само ден пред Ципрас да отпатува од Атина) што му претходеа на доаѓањето на грчкиот премиер во Кина, покажува одлуката во обновата
и изградбата на нова инфраструктура во пирејското пристаниште да бидат вложени 500 милиони евра, наместо најавените 350 милиони. „Грција е важен стратешки партнер, најдоверлив кинески пријател во Европа“, изјави кинескиот претседател Си Ѓинпинг, пред да додаде дека бизнисот во Пиреја отвора нови перспективи за соработка меѓу двете земји во сферите на транспорот, на инфраструктурата, на телекомуникациите и на бродоградителството. Главната добра вест што ја донесе Ципрас од Кина, особено за незадоволните работници на пристаништето кои често штрајкуваа стравувајќи од приватизацијата, е дека Кинезите ќе ги задржат работните места и ќе отвораат нови. Намерите на концесионерот се да биде обновено патничкото пристаниште, со акцент на делот за крузери, со цел Пиреја да стане најголема база за туристички бродови со можност да прими и услужи пловила со вкупно над четири илјади
најдоверлив кинески пријател во Европа
www.kapital.mk
Капитал број 874/875 29.07.2016
34
балкан бизнис и политика
Ѓинпинг (лево): Грција е најдоверлив кинески пријател во Европа Ципрас (десно): Грција може да стане мост со западниот свет, меѓу Азија и Европа
патници, и тоа на годишно ниво да биде три милиони. Кинезите планираат да го зголемат и делот од пристаништето наменет за контејнери, бидејќи и во овој дел сакаат да бидат најголеми на Медитеранот. Планирана е и изградба на паркинг за 20.000 автомобили, а и простор за поправка на кинеските бродови и за изградба на нови, во грчките бродоградилишта. Деталите им се оставени на стручњаците, на бизнисмените, кои на бизнис форумот на кој учествуваше и бројна грчка делегација покажале голем интерес за приватизација на грчките острови, за учество на тендери за продажба на железницата, за увоз на земјоделски производи и храна од Грција ... Патем, со основачот на Alibaba, Џек Ма, договорено е Грција од септември да се приклучи на оваа онлајн продажна платформа со милиони клиенти меѓу бизнисмените и компаниите, што на грчките претприемачи ќе им овозможи директни контакти во сферите на нивниот бизнис. Ципрас договорил и зголемување на бројот на туристички аранжмани, односно остварување на план од милион кинески туристи веќе идната година. Грчкиот премиер при посетата на Кина парираше на погоре цитираната изјава на Ѓинпинг, неколкупати подвлекувајќи дека „Грција може да биде прва станица на кинескиот пат, но во исто време и да стане мост со западниот свет, меѓу Азија и Европа“. Во контекстот, кинескиот премиер Ли Кеќанг, изјави дека „Кина е подготвена да и помогне на Грција да постане посилна во силната Европа“.
Коско веќе наголемо работи во Пиреја
Ден пред Алексис Ципрас да отпатува за Кина, грчкиот Парламент одвај го одобри договорот, после многу натегања, и после серијата штрајкови што го блокираа пирејското пристаниште, со кој на Кинезите им се продадени 67% од акциите на пристаништето Piraeus Port Authority (OLP). Проблем беа спорните амандмани на договорот со купувачот - кинеската компанија Коско (COSCO), кои на крајот беа повлечени, а за кои Кинезите ја обвинија грчката Агенција за приватизација (TAIPED) дека по договорот од 8 април во конечниот документ еднострано се внесени неприфатливи измени. Од кабинетот на премиерот Ципрас пратениците беа предупредени дека моментот не дозволува играње политички игри. Коско, чие седиште е во Хонгконг, беше единствена заинтересирана компанија за концесијата (за која се обврза да плати 368,5 милиони евра), бидејќи веќе работи во пирејското пристаниште, и од 2009 година ги контролира неговите два најголеми терминали. Компанијата веќе инвестираше над 200 милиони евра за изградба на нови кранови и друга опрема, со што капацитетите на терминалите се зголемија до 2,5 милиони контејнери годишно. Пристаништето, во комбинација со изградбата на нова железничка линија, привлече компании како Huawei, Hewlett-Packard и Sony, и шпедитерски компании меѓу кои DB Schenker и Rail Cargo Austria, да ја користат Пиреја за транспорт на стока до централна Европа. Плановите за приватизација се клучен
дел од условите на трите кредитни пакети за Грција, договорени во 2010 година, чија реализација е попречувана од политичари и синдикати во земјата, како и од бирократски пречки. Продажбата на OLP ја поздравија и меѓународните кредитори на Грција, сметајќи ја за важен катализатор за обновување на економскиот раст на земјата. Зделката за пристаништето во Пиреја вредна 368,5 милиони евра предвидува Коско првично да купи 51% од акциите за 280,5 милиони, а по пет години другите 16% (до вкупно 67%), за 88 милиони. Кинеската компанија има обврска и во следните 10 години да инвестира во пристаништето 350 милиони евра (за време на посетата на Ципрас, како што наведовме погоре, зголемени на 500 милиони). Подоцна годинава се очекува продажба и на пристаништето во Солун, каде работат 400 луѓе. Пирејското пристаниште има 1100 вработени.
Пирејскиот „Арго“ нуди можности за цела Европа
„Пиреја (пирејското пристаниште, н.з.) ќе биде како Арго (бродот со кој во грчката митологија Јасон и Аргонаутите пловеле во потрага по Златното руно, н.з.). Нека ги рашири едрата и нека го врати Златното руно“, порача претседателот на Коско, Ксу Лиронг, на свеченоста во Атина на која присуствуваше и премиерот Ципрас. И не е далеку од вистината, кога се знае дека Коско, обезбедувајќи контрола над една од клучните влезни точки во Европа, ќе го засили испумпувањето на кинеска стока низ стариот континент, како и трговијата во правец на Кина. Пиреја е точката каде Кина ќе се вклучи
www.kapital.mk
Капитал број 874/875 29.07.2016
36
балкан бизнис и политика
Главната добра вест што ја донесе Ципрас од Кина, особено за незадоволните работници на пристаништето кои често штрајкуваа стравувајќи од приватизацијата, е дека Кинезите ќе ги задржат работните места и ќе отвораат нови
во Европа како дел од стратешката визија за иницијативата „Појас и пат“ на претседателот Си Ѓинпинг, модерниот Пат на свилата. Релативно малата оддалеченост на Пиреја од главните медитерански патишта, на пристаништето што ќе го води Коско му дава можност да биде и центар за претовар и капија, стои во извештајот што во 2012 година го направи консултантската компанија Мекинзи (McKinsey). Во овој извештај се вели и дека Грција ќе биде и голем добитник, како дел од десетгодишниот план, станувајќи регионален товарен и логистички центар. Очекуваните позитивни ефекти за Грција, и одредени тамошни експерти (како и претседателот на Коско) ги нарекоа Златно руно. „Би можело да се каже дека оваа инвестиција е Златно руно за Грција. Тоа што ќе стане транзитен центар за трговијата меѓу Европската унија и источна Азија, ќе и помогне да се врати на патот на одржливиот развој, и да се ослободи од големиот јавен долг“, смета експертот од катедрата за политички науки и меѓународни односи на Универзитетот Пелопонез, Сотирис Петропулос. Се проценува и дека договорот на Коско со Грција ќе биде многу важен за земјите во централна и источна Европа кои
профитираат од иницијативата Појас и пат, за да го зголемат извозот на земјоделски и останати производи во Кина. Кинеските и грчките медиуми укажуваат на значењето и на осовременувањето на железничката линија меѓу Белград и Будимпешта, која треба да биде завршена до 2017 година, а овој брз железнички пат, заедно со Пиреја, ќе претставува дел од кинеско-европскиот експресен копнено-морски пат. Односно, Грција, како транспортен центар ќе го поврзува морскиот Пат на свилата на нашето време, на 21-от век, со економскиот појас на Патот на свилата на копното. Аналитичарите најавуваат дека економската интеграција меѓу централна и источна Европа ќе ги ослободи огромните економски потенцијали на европската индустрија. Опоравувањето на медитеранскиот регион и економската интеграција меѓу Африка и јужна Европа се очекува да обезбедат големи надворешнотрговски можности и за северна Европа. Балканот, за првпат во историјата, во голема мерка ќе биде економски интегриран. За експертите нема дилеми дека и кај најголемите европски држави предрасудите/ стравувањата од експанзијата на Кина се заменети со големи очекувања од Кинескиот змеј. „Земјите ширум светот се свртуваат кон Кина
која ја гледаат како центар на иднината. Ова е сосем јасно во источна Азија, но и во Африка и во Европа. Големите европски земји, пред сè Германија, Франција и Велика Британија, сè повеќе се насочуваат кон Кина. Кина има огромни можности да им помогне во надминувањето на економските тешкотии. И немаат причина да ја доживуваат како закана“, смета вишиот соработник на катедрата за политика и меѓународни студии од Универзитетот во Кембриџ, Мартин Жак, кој е автор и на книгата „Кога Кина владее со светот“, во која тврди дека „Кина ќе стане доминантна глобална сила во наредните децении“. Иницијативата Појас и пат опфаќа над 60 држави и региони со вкупна популација од 4,4 милијарди луѓе што се 63% од светската популација. Концептот на Ѓинпинг, официјален Пекинг го дефинира како „еден пат и еден појас“, а се работи за изградба на фасцинантна мрежа од патишта, железнички и поморски линии, заедно со низа регионални појаси и зони за трговија и индустрија. Иницијативата најавува досега невиден развој на инфраструктурата. „Иницијативата е кинеска идеја, но можностите што таа ги создава му припаѓаат на светот“, изјави кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји. nnn
Време е за нешто несекојдневно.
1ВА НАГРАДА ВО КАТЕГОРИЈА КЛАСИКА 1ВА НАГРАДА ВО КАТЕГОРИЈА ХРОНОГРАФ
TISSOT CHEMIN DES TOURELLES AUTOMATIC.
ЕКСКЛУЗИВЕН ЧАСОВНИК, ИМЕНУВАН ПО УЛИЦАТА КАДЕ ШТО СЕУШТЕ СЕ НАОЃА СЕДИШТЕТО НА TISSOT ВО LELOCLE, ЛУЛКАТА НА ЧАСОВНИЧАРСКАТА ИНДУСТРИЈА ВО ШВАЈЦАРИЈА. СО POWERMATIC 80 МЕХАНИЗАМ СО 80 ЧАСА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ЕНЕРГИЈА, ЗАОБЛЕН САФИРЕН КРИСТАЛ ОТПОРЕН НА ГРЕБЕЊЕ И ТРАНСПАРЕНТНА ПОЗАДИНА
ОВА Е ВАШЕТО ВРЕМЕ СКОПЈЕ � УЛ. МАКЕДОНИЈА И ТЦ РАМСТОР БИТОЛА � ШИРОК СОКАК WWW.BOZINOVSKI.COM.MK
TI S S OT WATC H E S .CO M
www.kapital.mk
Капитал број 874/875 29.07.2016
39
Корпорација vs Македонија Автор:
Милош Стаменковиќ
Денеска се погласно се зборува за крај на капитализмот. Процесот на континуирани економски кризи ќе мора да изнедри промени во културната и социолошка сфера на живеење. Но, промените не се секогаш подобри решенија. Едно од можните решенија кое би го заменило капитализмот во опаѓање е таканаречениот корпоратизам.
Д
Денеска се погласно се зборува за крај на капитализмот. Процесот на континуирани економски кризи ќе мора да изнедри промени во културната и социолошка сфера на живеење. Но, промените не се секогаш подобри решенија. Едно од можните решенија кое би го заменило капитализмот во опаѓање е таканаречениот корпоратизам. Џефри Груп го објаснува корпоратизмот како економска страна на тоталитарните системи, кои се темелат на спој на јаки, недемократски и централизирани влади со силни корпорации. Можеби најдобро објаснување на овој политичко економски феномен дава хрватскиот новинар Крешимир Мишек: „Светот за корпорациите претставува топчеста шаховска плоча со безброј неважни фигури. Корпоратизмот не претставува само тежнеење
кон профитот, туку допира и во секоја пора на животот и во својата суштина претставува психолошка категорија бидејќи на луѓето преку корпоративни медиуми им се наметнува став дека корпоративниот систем претставува најнапредно општество. Така станува нормално да се работи десет часа дневно во корпорација и да се купи вештачка храна преполна со адитиви и други отрови кои се произведени од корпорации, во трговски центри кои припаѓаат на корпорации. Навечер тој ист хомосапиенс исцрпен од работа, следи емисии на корпоративна телевизија. Слуша вести за политички функционери, кои денеска се членови на владата, а всушност биле и ќе бидат на водечки позиции во некоја корпорација“. Корпоратизмот денеска означува тотална доминација на корпорациите во сите домени на нашиот живот. Тие имаат уникатна економска логика, преку која наметнуваат стил на живот, вредности кои треба да ги вградиме како основа на нашето битиствување и примери кои треба да ги следиме. Моногумина аналитичари корпоратизмот го гледаат како опасност за демократија. Правилата на игра се исти како и на слободниот пазар. Големиот го јаде малиот, наметнува свои правила за сопствен интерес,занемарувајќи ги етничките принципи. На ист начин и корпоратизмот ќе дојде до степен каде ќе ги прескокнува демократските вредности секогаш кога ќе се косат со главниот СЕО план.
www.kapital.mk
Капитал број 874/875 29.07.2016
40
колумна
Корпоратизмот денеска означува тотална доминација на корпорациите во сите домени на нашиот живот. Тие имаат уникатна економска логика, преку која наметнуваат стил на живот, вредности кои треба да ги вградиме како основа на нашето битиствување и примери кои треба да ги следиме. Проблемот настанува поради екстремно нарушување на пропорционалност во сопствеништво на капиталот. Во јануари годинава, Oxfam (меѓународната организација која се бори за искоренување на сиромаштијата) објави дека 1 процент од најбогатите луѓе во светот контролираат богатство кое е поголемо од сето она што го поседуваат останатите 99 проценти од човековата популација. Користејќи ги податоците од CreditSuisseGroup од Октомври 2015 година, Oxfam утврди дека најбогатите 62 личности поседуваат поголемо богатство од 50 % од најсиромашната популација во светот.Проблемот е во либерален капитализам кој како концепт е наметнат од големите корпорации.Во тој систем многу мал број на луѓе одлучуваат за нашите животи. Дали корпоратизмот е проблем за Македонија? Постои ли опасност нашата држава да се вклопи во овој систем кој се наметнува на светот? Ќе се послужиме со еден илустративен пример - Британска источно индијска компанија. Основана со кралска повелба во 1600 година со ексклузивно право на трговија со Индија. Компанија која почнала како акционерско друштво прераснала во вистински владетел на Индија се до нејзиното распуштање
НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ
#1
ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ
ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!
02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk
во 1858 година. Британска источноиндијска компанија во 1617 година добила право за тргување од монголските цареви. Сто години подоцна прераснува во единствена компанија со право на тргување без царински давачки во Бенгал, со што добива недостижна предност во однос на другите во трговијата со Индија. Во одлучувачка битка кај Пласеј во 1757 година, под водство на Роберт Клајв,оваа компанијата, освен водечка трговска улога, стекнува статус навоена сила. До 1760 година Англичаните ги протеруваатФранцузите од Индија и истовремено почнуваат да се шират и да воспоставуваат доминација на трговските патишта помеѓу Индија и Англија. Гореспомената компанија се стационира во Хонгконг и Сингапур. Тогашниот англиски крал Чарлс II,со серија од пет акти и доделува на компанијата неколку придобивки: XX Емисија на сопствени пари XX Освојување на територии XXКоманда со сопствена војска XXГрадење на сојузи XXПрогласување војна или мир Денеска 400 години од основање на оваа англиска компанија, ние како држава треба да се запрашаме дали имаме поголеми ингеренции од една фирма? Исто е прашањето за сите кои мислат дека светска вистина ќе ја најдат на телевизиските вести и дека до научни сознанија ќе дојдат преку Discovery емисии. Колку за споредба добро е да се согледа местото на Македонија во однос на оние пет придобивки: XXМакедонија емитува парична маса под строга контрола на меѓународни финансиски институции. Всушност, затоа и имаме стабилен курс на денарот повеќе од 20 години. XXОсвојувањето на територии е само сон на потомците на Антички Македонци. Ние не само што не освојуваме нови територии, туку ги губиме и постојните. Дали на земја каде имаме државно знаме на друга држава можеме да тврдиме дека имаме целосна контрола и да гарантираме суверенитет и интегритет на истата? XXДали командуваме со касарни и војска? Војска се помалку имаме, а касарните се претворија во универзитети и бизнис центри. Тренинг места кои уште одамна се под управа на корпорации одстранство. XXГрадење на сојузи - не постои во реалноста. Ние мантраме за влез во сојуз, за кој и не знаеме дали сакаме да се оствари, а за кој што воедно и никој не не прашал. XXВо нашата земја војна или мир прогласуваат странци. Во 2001 година на инсистирање на западните дипломати не се прогласи воена состојба и успеавме побезболно да излеземе од кризата. Рамковниот договор е само уште еден пример за западна интервенција. Со оваа споредба на Македонија со Британско источно-индиската компанија сакав да укажам на тоа колку сме далеку од современи општествени тенденции. Ние се уште зборуваме за демократија и капитализам, додека на запад овие поими се апсолвирани и во пракса и теорија уште во минатиот век. Денеска во светот корпорациите како институции досегнуваат моќ на една држава, а во некои случаи државите стануваат корпорации. Колку сме ние далеку од корпорација? Колку од вистинска држава? За да тргнеме напред првин треба да ја согледаме позицијата во која се наоѓаме. Нашата појдовна точка е крај на 19-от век и така треба да почнеме да се однесуваме. Понатаму да внесеме напори и во наредните 20 години да го поминеме 20-от век. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 874/875 29.07.2016
42
Свет бизнис и финансии
Затоплувањето на односите со САД и отвараат нова еконо
Светските хотелск брендови се “тепаа градат хотели во К Во Хавана, главниот град на Куба на крајот на јуни се отвори првиот американски хотел после револуцијата од 1959 година и доаѓањето на Фидел Кастро на власт. Ова е само почеток на процесот на изградба и реновирање на хотели кои и претстои на Куба, а кои веќе го “намирисаа” многу светски хотелски синцири.
В
Во Хавана, главниот град на Куба на крајот на јуни се отвори првиот американски хотел после револуцијата од 1959 година и доаѓањето на Фидел Кастро на власт. Американскиот хотелски ланец Starwood, кој ги поседува и хотелските брендови St. Regis и Sheraton, го отвори хотелот “Four Points Sheraton Havana” во западниот дел на кубанската престолнина, што е уште една историска одредница во односите помеѓу САД и Куба.
Хотелот Four Pоints Havana е дел од историскиот договор помеѓу американскиот ланец Starwood Hotels & Resorts и владата на Куба, кој предвидува три познати хотели кои се уште во сопственост на Куба да бидат реновирани и управувани од страна на Американците. Овој договор ја доби првата дозвола од Американското министерство за финансии за извршување на финансиски трансакции со Куба преку кои ќе се финансира реновирањето на хотелите, и тоа кратко време пред посетата на претседателот Барак Обама на Куба која се случи во март годинава. Хотелот се наоѓа во Куинта Авенида, во познатата и живописна населба Мира-
Факт: Tуризмот е еден од најдинамичните сектори
www.kapital.mk
Капитал број 874/875 29.07.2016
43
омска ера на Куба
ки ат” да Куба мар, има 186 соби, а најниската цена за ноќевање е 246 долари за ноќ. Во овој дел од градот се сместени повеќе амбасади и е на само 15 минути возење од Стариот дел на Хавана. Според договорот, Starwood треба да отвори уште два хотели на Куба, а следниот хотел ќе се отвори во август. Откако САД и Куба ги затоплија дипло-матските односи, островот бележи значаен пораст на туристичките посети, но и вистинска градежна експанзија. За светските аналитичари, затоплувањето на односите со САД е сигнал според кој може со сигурност да се прогнозира дека на Куба и следи период на незапирлив економски раст.
Туристичката индустрија на Куба има портфолио кое вклучува 127 проекти, од кои 25 се за изградба на хотели, 97 се за управување со хотели, со или без странско финансирање, и пет проекти кои се однесуваат на марините. Исто така има програма за изградба на 108.000 нови соби, од кои 30.000 ќе бидат финансирани со странски капитал од сега па до 2030 година. Кубанските хотели се враќаат во живот
Покрај хотелот Four Pоints Havana, Starwood на 31 август го планира отварањето на реновираниот хотел Gran Caribe Inglatera Hotel, неокласичен луксузен имот во близина на Gran Teatro и Capitolino, кој е еден од најстарите хотели во Хавана, изграден пред 140 години. Големото реновирање ветува дека ова ќе биде еден од најубавите хотели во градот. Третиот хотел, кој според договорот треба да го реновира и управува американскиот ланец хотели Starwood е Hotel Santa Isabel, за кој се уште не се знае кога ќе биде официјално отворен за туристи, но плановите на американскиот ланец на хотели се овој хотел да биде дел од нивната листа на луксузни хотели, со само 27 соби, од кои 11 апартмани. Замрзнатите односи помеѓу Куба и САД
почнаа да се затоплуваат во декември 2014 година кога претседателот на САД, Барак Обама, официјално побара да се обноват дипломатските односи со оваа карипска земја, означувајќи крај и на 54 годишното трговски ембарго. Од септември 2016 година шест американски авиокомпании почнуваат со редовни летови кон Куба. “Хотелските реновирања кои ги правиме ни дозволуваат да ја сочуваме историјата, архитектурата и културата истовремено нудејќи уникатно брендирано искуство”, објаснува Хорхе Џианатасио, сениор потпретседател на Starwood, одговорен за операциите во Латинска Америка. Starwood, кој неодамна ја прифати понудата за преземање од Marriott International Inc вредна 13,6 милијарди евра, има речиси 1.300 хотелски објекти во околу 100 земји во светот и близу 188 илјади вработени.
во Куба и втор најголем извор на девизни приходи
www.kapital.mk
Капитал број 874/875 29.07.2016
44 Во Куба ќе се гради најголемиот ресорт комплекс на Карибите
Американските компании не се единствените заинтересирани за влез во туристичкиот бизнис на Куба. Власите на Куба неодамна потпиша договор со една шпанска компанија за заедничко вложување за изградба на голф ресорт комплекс во провинцијата Пинар дел Рио кој по завршувањето ќе биде еден од најголемите во Латинска Америка и Карибите. Сличен проект со локација во Ел Саладо, кој е дел од Мариел Специјалната Развојна зона е веќе во финална фаза на одобрување. Според министерството за туризам на Куба во моментов во фаза на договорање се 60 странски проекти за инвестирање, а дел од нив со фирми од Шпанија и Канада се очекува да бидат потпишани уште летово. Во игра се и фирми од Обединети Арапски Емирати и Кина кои се заинтересирани за инвестициските можности за туризмот во Куба. Туристичката индустрија на Куба има портфолио кое вклучува 127 проекти, од кои 25 се за изградба на хотели, 97 се за управување со хотели, со или без странско финансирање, и пет проекти кои се однесуваат на марините. Исо така има програма за изградба на 108.000 нови соби, од кои 30.000 ќе бидат финансирани со странски капитал од сега па до 2030 година. Законот за странски инвестиции беше изменет и со него бизнис можностите во туризмот многу се зголемија. Денес, туризмот е еден од најдинамичните сектори во земјата и втор најголем извор на приходи во странски цврсти валути.
Што значи економското отворање на Куба за мултинационалните компании?
Патувањето на американскиот претседател Барак Обама во САД оваа пролет беше прво патување на некој американски претседател во оваа земја во последните 90 години. Тоа беше еден од клучните чекори за затоплувањето на односите помеѓу САД и Куба. Уште откако Куба почна да ја либерализира нејзината економија во последниве неколку години, американските компании покажуваат голем интерес. И тоа со причина. Примерите на Кина, Русија, Виетнам и другите земји од Централна и Источна Европа покажаа дека либерализацијата на економијата може да води кон брз економски развој и да отвори многу големи можности за мултинационалните компании и големите странски инвеститори. Но, и покрај големите потенцијали има и многу неизвесности. На пример, американските и другите странски менаџери знаат многу малку како функционира економијата на Куба и им недостасуваат многу информации за да можат да носат
По 50 години крената рампата за патувања од САД до Куба
К
он крајот на годинава треба да полета и првиот комерцијален лат од САД кон Куба по блокадата која траеше половина век. Американската надлежна институција за транспорт (DOT) веќе одобри дозволи за неколку летови на релација САД-Куба, но наскоро се очекува многу повеќе авиони да летаат на оваа релација, со што ќе се зголеми конкуренцијата за американските граѓани, кои покажуваат огромен интерес за патување во оваа земја. Неодамнешната анкета на оваа институција покажа дека третина од Американците се заинтересирани да патуваат во Куба. мудри бизнис одлуки. Проценките се дека економијата на Куба во следните пет години ќе расте со стапка од 2% до 4% годишно. Но, ова е конзервативна проценка и тој раст може да биде и поголем, ако се знае дека кубанската економија во последните неколку години растеше со стапки од 5% до 6% годишно. Значајно е да се спомене дека земјата има потенцијал дури и за повисок економски раст во следните години. Но, за тоа да се случи Куба ќе треба да преземе опсежни и одлучни мерки за да ги надмине структурните ограничувања на својата економија и тоа преку поголеми инвестиции во инфраструктурата, привлекување на поголем свеж капитал од странство и да продолжи со отворањето на пазарите. Куба е една од најголемите економии на Карибите, со 11 милиони жители и годишниот БДП изнесува околу 82 милијарди долари. Колку за споредба Куба има ист број на жители како Белгија, а има големина на БДП колку Хаваи. Економскиот развој во изминатите децении беше многу лимитиран од политиките кои ги водеше комунистичката партија преводена од Фидел Кастро и од ембаргото од страна на САД. Американските власти воведоа ембарго кон Кина откако Куба донела одлука да
се заплени целиот приватен имот кој на островот го поседувале американски граѓани и фирми. Законскиот акт предвидуваше ембаргото да трае се додека не дојде до позначајни политички промени во Куба. Ембаргото официјално се уште е на сила, но од 2000 година наваму има многу големи олеснувања. Ова ембарго им забрануваше на американските компании да тргуваат со Куба, освен ако не добијат дозвола од американските власти. Понатаму, историјата на непочитување на основните човекови права може да биде причина која ќе ги обесхрабри некои компании да почнат бизнис на Куба. Во Куба, како и во другите комунистички земји, економијата е централизирана и мнозинството на луѓето работат за владата. Дури и странските компании вработуваат луѓе преку владата. Платите се околу 20 до 25 долари месечно, во зависност од индустријата, работна позиција и квалификација. Земјата има две валути: кубанскиот пезос, кој го користат Кубанците и кубанскиот конвертибилен пезос, чија намена е да го користат пезосот и кој е врзан за американскиот долар. Властите неодамна најавија дека планираат да ги спојат двете валути, што е позитивен чекор кој ќе води до поголема транспарентност. nnn
Куба: Економскиот раст во последниве години беше 5% до 6%
Капитал број 874/875 29.07.2016
46
www.kapital.mk
Патот до успехот
Чоколадниот крал Милтон Херши советува
Неуспехот е клучен дел на патот до успехот
Ретки се оние кои не слушнале за чоколадата Hershey. Но, малкумина ја знаат приказната за почетоците со производство на чоколадо во фабриката на чоколадниот крал Milton Hershey. Меѓутоа, пред да стане успешен, тој три пати неуспешно се обидувал да почне бизни со слатки. Ниту еден од тие обиди не вродил со плод, но кога ја почнал “Hershey Chocolate Company” станал лидер во индустријата со слатки.
Совет: Кога имате самодоверба и искуство од поразите
www.kapital.mk
Капитал број 874/875 29.07.2016
47 Чоколадите на Херши биле долго време критикувани за нивниот вкус кој ни оддалеку не бил како швајцарските. Но, тоа не го поколебало да продолжи по патот на успехот
Новата фабрика почнала со производство во 1905 година, со која тој го постави новиот пат во индустријата за слатки и чоколади. Херши сакал да пронајде нова формула за масовно производство на чоколади, која би била примамлива и на широките маси.
М
Милтон Херши (Milton Hershey) од никој и ништо успеал да стане еден од најголемите бизнисмени и филантропи кој станал синоним за млечните чоколади во Америка. Ретки се оние кои не слушнале за чоколадата Hershey. Но, малкумина ја знаат приказната за почетоците со производство на чоколадо во фабриката на чоколадниот крал Milton Hershey. Меѓутоа, пред да стане успешен, тој три пати неуспешно се обидувал да почне во бизнисот со слатки. Ниту еден од тие обиди не вродил со плод, но кога ја почнал “Hershey Chocolate Company” станал лидер во индустријата со слатки.
Успехот најчесто доаѓа после серија на неуспеси. Сите луѓе грешат во приватниот и деловниот живот. Ако знаеме да учиме од грешките, ќе бидеме наградени. Но, ако заглавиме во очај заради неуспехот, грешките ќе не надвладеат. Преку животната приказна на Херши можат да се научат неколку размислувања кои им помагаат на луѓето да се издигнат од неуспехот.
1
Ништо не е вечно
“Кога поминувате преку турбулентен период и кога сметате дека се се свртило против вас, кога мислите дека не можете да издржите повеќе, не се откажувајте. Бидејќи тоа со текот на времето ќе помине”-Руми. Милтон Херши се отпишал од училиште на 14 години и почнал да стажира кај слаткар во Ланкастер, во Пенсилванија. Четири години подоцна, позајмил 150 долари од тетка му и отворил своја продавница за слатки во срцето на Пенсилванија. После пет години напорна работа без успех, морал да ја затвори продавницата. Потоа, му се придружил на татко му во Денвер и
повторно се вработил кај некој слаткар. Таму ја открил карамелата и сфатил како да го користи млекото за изработка на врвни колачи. Само затоа што се уште не сте го пронашле својот пат, не значи дека се губитник. Кога себеси се сметате за губитник, создавате магичен круг на негативности кој може да влијае на вашите идни одлуки. На секој исход донекаде влијаат надворешни фактори. Ако на неуспехот гледате како на нешто привремено, можете да бидете практични и да донесете разумни одлуки и чекори за решавање на проблемите.
2
Разочарувањето поднесете го исправено
“Дијамантот не може да го добие својот сјај без брусење, исто како што ни човекот не може да се усоврши без искушенија”Кинеска народна поговорка. Дури и да сфатите дека не сте губитник, тоа не значи дека неуспехот нема да ве боли. Упорните луѓе развиваат ментален склоп со кој полесно се носат со проблемите. Тие го прифаќаат поразот, се прилагодуваат и
е, идните предизвици нема да ви се чинат така страшни
www.kapital.mk
Капитал број 874/875 29.07.2016
48
Патот до успехот Пред да стане успешен, Херши три пати неуспешно се обидувал да почне во бизнисот со слатки. Ниту еден од тие обиди не вродил со плод, но кога ја почнал “Hershey Chocolate Company” станал лидер во индустријата со слатки.
тргнуваат понатаму. Претприемачот Милтон Херши тргна од почеток, прво во Чикаго, а потоа во Њујорк. И во двата случаи не успеа, но тоа не го спречи да се обиде повторно. Во 1883 година ја основал Lancaster Caramel Company и понатаму уверен дека може да изгради успешна компанија за слатки. Кога имате самодоверба и искуство од поразите, идните предизвици нема да ви се чинат така лоши. Важно е само да одлучите дека ќе ги совладате новите пречки со надеж за успех.
3
Што можете да научите?
“Да се промените, и да се промените на подобро, се две сосема поинакви работи”- Германска поговорка Никогаш не би смееле ништо да започнуваме без верба во успех, но разбирливо е дека грешките се клучен дел на патот до успехот. Малку што можеме да научиме ако се работиме совршено. Најдобро учиме кога ќе се изгориме. Во 1983 година Милтон Херши добил близок увид во уметноста да се изработат чоколади на World’s Columbian Exposition во Чикаго. Тоа го поттикнало да ја основа Hershey Chocolate Company и покрај малиот успех во бизнисот со карамели. Тој сакал да ја иновира изработката на млечна чоколада. Млечните чоколади тогаш биле поврзани со Швајцарците. Херши
сакал да пронајде нова формула за масовно производство на чоколади, која би била примамлива и на широките маси. Херши потоа ја продал Lancaster Caramel Company за милион долари и ја основал Hershey Chocolate Company. Новата фабрика почнала со производство во 1905 година и го постави новиот пат во индустријата за слатки и чоколади. На Херши му биле потребни повеќе од 3 години за да го осмисли планот за модерна фабрика за слатки откако ја затвори неговата претходна фабрика за карамели. Во неговата биографија пишува: ” Набрзо успехот на Hershey Chocolate Company далеку го надмина успехот на неговата поранешна фабрика. Меѓу најдобрите идеи била и Hershey Kiss од 1907 година која основачот ја нарекол по себеси. Оваа чоколада во фолија е додадена во асортиманот во 1924 година”.
4
Во ред е ако ве критикуваат
“Критиката е само туѓо мислење. Понекогаш, дури и големите експерти грешат. На вас е дали на критичарите ќе им верувате делумно, целосно или нималку. Вашето мислење е најважно” . Кога ќе погрешиме најмногу ни е страв од туѓите негативни осуди. Многу ги критизираат луѓето заради сопствена несигурност. Тоа многу зборува за нив, а не за нас. Чоколадите на Херши биле долго време
критикувани за нивниот вкус кој ни оддалеку не бил како швајцарските. Но, вистината е дека најголемите критичари најчесто се луѓе кои немаат храброст да се изложат на работа и често живеат од насладување на туѓите грешки, како би го зголемиле своето самопочитување. Кога преземате голема задача, морате да работите заради себе, а не заради прифаќање од другите. Во тој случај многу полесно ќе се носите со критиките и неуспехот.
5
Што понатаму?
“Првиот чекор кон промена е свесноста. Втриот чекор е прифаќање. Третиот е делување”. Кај грешките не е најстрашна иницијалната последица, туку нејзиното влијание на долгорочното однесување на поединецот. Ако грешката премногу ја земете при срце, многу потешко ќе ви биде да го донесете следниот чекор. Зошто да жалите за грешките, кога тие и онака се дел од минатато? Ако не преземете следен позитивен чекор, ризикувате да влезете во емоционалниот круг на неуспехот. Започнете нов проект со кој ќе ги окупирате вашите мисли. Немојте да седите само во соба чекајќи светот да ве проголта. Тоа е веројатно најголемата лекција која можете да ја научите од животната приказна за патот до успехот на Херши. nnn
Совет: Ако знаеме да учиме од грешките, ќе бидеме наградени
СТОПАНСКА КОМОРА СТОПАНСКА КОМОРАНА НА МАКЕДОНИЈА МАКЕДОНИЈА објавува објавува
ОГЛАС
Л Ана С прибирање затворени писмени понуди за издавање под закуп на деловен просторОпоГпат за издавање под закуп на деловен простор по пат на прибирање Почетна цена во денари затворени писмени понуди Локација Површина без вклучен ДДВ
Ул. Димитрие Чуповски Локација бр.13, Скопје
Вкупна површина од 495,5 м2
Површина
Почетна 270.000,00 денари
приземје со галерија 385,5 м2 подрум - 110 м2 2
цена во денари без вклучен ДДВ
Ул.сеДимитрие Чуповскии мезанинот Вкупнанаповршина од 495,5 Деловниот простор наоѓа во приземјето Во понудата треба дамбидат назначени адреса и назив на понудувачот административната зградабр.13, на Стопанската и понудената цена изразена во денари. Скопје комора на Македонија, на ул.„Димитрие Чуповски“ бр.13 Скопје, лево од главниот влез на Стопанската ќе изврши избор најдоцна во рок приземје галеријакомора 385,5на м2Македонија 270.000,00 денари зградата на Комората. Деловниот простор има влез од-страна на со 2(петнаесет) работни дена по завршување на огласот. Доколку од 15 подрум 110 м улицата Димитрие Чуповски, со излог по целата должина на просторот најповолниот понудувач не склучи договор во рок од три дена од денот на и помошен влез од задната страна (поранешен McDonald's). Вкупна известувањето за извршениот избор се елиминира од рангирањето. 2 површина на деловниот простор изнесува 495,5се м , инаоѓа тоа приземје со Деловниот простор во приземјето и мезанинот на административната 2 2 Стопанската комора на Македонија нема обврска да изврши избор галерија со површина од 385,5 м и подрум со површина од 110 м . зграда на Стопанската комора на Македонија, наод ул.„Димитрие Чуповски“ потенцијалните понудувачи.бр.13 Скопје, лево Почетната цена за издавање на просторот под закуп изнесува Деловниот простор има влез од страна на од главниот влез на зградата на Комората. Заинтересираните лица, деловниот простор можат да го разгледаат 270.000,00 денари +18% ДДВ. Во цената на закупнината не се вклучени Димитрие Чуповски, со излог повода, целатана должина на просторот и помошен од ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13 – Скопје,влез секој работен ден од 8:00 трошоците заулицата тековно одржување, греење, електрична енергија, 16:00 часот.на деловниот простор изнесува задната страна (поранешен McDonald's). Вкупнадоповршина телекомуникациски услуги, кои паѓаат на товар на закупувачот. 2 495,5 мправни , и тоа приземје галерија површина од за 385,5 м2 и подрум со површина од 110 Лицa контакт: Сите заинтересирани и физички лицасо понудите да гисо достават 2 м Стопанската . Анета Трајковска, тел.: 02/ 3244-041, 070/295-432 до Архивата на комора на Македонија или преку пошта e-mail: aneta@mchamber.mk и на адреса: Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ Еленапод Милевска 02/ 3244-023, 071/831-024, бр. 13 – Скопје, најдоцна до 26 августцена 2016 година (петок), со назнака Почетната за издавање на просторот закуп Штрбевска, изнесува тел.: 270.000,00 денари e-mail: elena@mchamber.mk. „ПОНУДА – НЕ ОТВОРАЈ“. +18% ДДВ. Во цената на закупнината не се вклучени трошоците за тековно одржување, греење, електрична енергија, вода, телекомуникациски услуги, кои паѓаат на товар на закупувачот. Сите заинтересирани правни и физички лица понудите да ги достават до Архивата на Стопанската комора на Македонија или преку пошта на адреса: Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13 – Скопје, најдоцна до 26 август 2016 година (петок), со назнака „ПОНУДА – НЕ ОТВОРАЈ“. Во понудата треба да бидат назначени адреса и назив на понудувачот и понудената цена изразена во денари. Стопанската комора на Македонија ќе изврши избор најдоцна во рок од 15 (петнаесет) работни дена по завршување на огласот. Доколку најповолниот понудувач не склучи договор во рок од три дена од денот на известувањето за извршениот избор се елиминира од рангирањето. Стопанската комора потенцијалните понудувачи.
на
Македонија
нема
обврска
да
изврши
избор
од
Заинтересираните лица, деловниот простор можат да го разгледаат на ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13 – Скопје, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот. Лицa за контакт: Анета Трајковска, тел.: 02/ 3244-041, 070/295-432 e-mail: aneta@mchamber.mk и Елена Милевска Штрбевска, тел.: 02/ 3244-023, 071/831-024, e-mail: elena@mchamber.mk.
www.kapital.mk
Капитал број 874/875 29.07.2016
50
Лидерство
Рекоа за... преговарањето
П
Преговорите се составен дел од животот. “Преговараме“ уште од мали нозе со своите родители околу супата што треба да ја изедеме, преговараме во љубовта, преговараме во бизнисот... Во Македонија веќе со години сме заложници на преговарачите во политиката. Да видиме што познати светски луѓе рекле за умешноста на преговарањето.
Многу поголем успех може да постигнеш со љубезен збор и пиштол, одошто само со љубезен збор
Не може да се преговара со некој што вели “Што е мое, мое е, а што е твое, за тоа може да се преговара“
Ал Капоне
легендарен мафијашки бос
Џ.Ф.Кенеди
поранешен американски претседател
За време на преговорите, паметно е да не сфаќате ништо лично. Ако го тргнете егото на страна, ќе може добрите прилики да ги видите многу пообјективно
Ако конечниот резултат се очекува да биде компромис, тогаш паметно е да се почне од екстремна позиција
Брајан Кослоу
мотивациски автор и говорник
Еве една корисна преговарачка техника: ако не се согласувате со спротивната страна, замолчете и бројте во себе до 10. Соговорникот обично тогаш ќе почне да зборува и може да ви даде подобра понуда
Дипломатијата е како игра со карти. Само што никогаш не знаеш вистински колку вредат картите што ти ги имаш
Џ.М. Кејнз
британски економист
Преговарачот треба сè да посматра. Мора да сте делумно Шерлок Холмс, делумно Сигмунд Фројд
Бил Колман
Виктор Киам
Том Кленси
Џ. Пол Гети
американски инвеститор
амрикански автор
американски претприемач
американски индрустријалец
Никогаш не трудете се да земете сè од преговарачката маса, оставете нешто и за тој спроти вас. Ако ве бие глас дека секогаш ги заработувате сите пари од зделката, нема да имате многу зделки во животот