COVER STORY: КОЈ НАЈМНОГУ ВРАБОТУВА ВО МАКЕДОНИЈА? ТОП 50 РАБОТОДАВЦИ
МАКЕДОНИЈА ВЛЕГУВА ВО ДОЛГ ПРЕДИЗБОРЕН ЦИКЛУС ЕКОНОМИЈАТА ЗАБАВУВА
ПРЕТПРИЕМНИШТВО БЕРЛИН Е НОВАТА СТАРТАП ПРЕСТОЛНИНА
WWW.KAPITAL.MK
INTERVIEW
ЖИВКО МУКАЕТОВ ГЕНЕРАЛЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВЕН ОДБОР НА АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ
АЛКАЛОИД
80 ГОДИНИ ПОСВЕТЕНОСТ, РАЗВОЈ, ИНВЕСТИЦИИ, И УСПЕХ
НАЈГОЛЕМ САЕМ ЗА ПОТРОШУВАЧКА ВО БЕРЛИН ТОП-7 НАЈИНТЕРЕСНИ ПРЕМИЕРИ НА IFA 2016 БРОЈ 881 | ЦЕНА 100 ДЕН. 16 СЕПТЕМВРИ 2016 | ПЕТОК | ГОДИНА 17
ЗОШТО УСПЕШНИТЕ МЕНАЏЕРИ ТЕШКО СЕ МЕНУВААТ?
3
Капитал број 881 16.09.2016
содРжиНА
32 04
STAND BY
06
НАвиГАТоР
08 14
36 26
Љупчо Зиков Може ли да се мрдне? Граѓаните и фирмите и должат 255 милиони евра на уЈп Над 30 државни фирми на црната листа на даночни должници
30
Cover STorY
кој најмногу вработува во Македонија? Топ 50 работодавци
кАпиТАл АНАлиЗА
Македонија влегува во долг предизборен циклус Економијата забавува, фирмите преживуваат ден за ден !
коЈ НАЈМНоГу вРАБоТувА? Многу е мал бројот на фирми кои можат да се наречат големи работодавци. Статистиката покажува дека само 231 фирма од вкупно 70 илјади фирми имаат повеќе од 250 вработени, што е само поразителни 0,3% од вкупниот број на фирми. Уште попоразителен е фактот што само 18 фирми во Македонија имаат повеќе од 1.000 вработени. Од нив најбројни или дури осум компании се во државна сопственост, пет се со домашен приватен капитал, а пет се со странски капитал. Во 50 најголеми работодавци во Македонија се вработени близу 60 илјади луѓе, што е 8,3% од вкупниот број на вработени во Македонија. Само минатата година овие најголеми вработувачи го зголемиле бројот на вработени за 4.384. XX Стр. 8
32
44
илиЈА диМовски
40
МеНАџМеНТ
Шок од голи бројки и голи факти за манипулаторите
44
МеНАџМеНТ
46
ТехНолоГиЈА
50
лидеРи
колуМНА
координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание.
БАлкАН БиЗНис и полиТикА
хрватските претприемачи го освојуваат светот со иновативни производи Паметната клупа и соларната автобуска постојка се извозен хит
свеТ
Град во кој има место за сите Берлин е новата стартап престолнина
Заблуди за успехот Зошто успешните лидери тешко се менуваат? лидерски лекции на кои нè научи култниот филм Kум Берлин одново беше адреса за новини од потрошувачката електроника Топ 7 најинтересни премиери на IFA 2016 еНди ГРув
поранешен директор на Intel
кризите ги уништуваат лошите компании, добрите ги прават подобри
полиТикАТА ЈА уБи екоНоМиЈАТА
ЦАРсТво НА елеТРоНикАТА
Замрена е економијата во пресрет на најавените предвремени парламентарни избори кон крајот на годинава, а по изборите, следува нов предизборен циклус за редовните локални избори следната пролет. Бизнисмените се песимисти дека во следните осум месеци на континуирани изборни активности, фирмите нема да може да пркнат. Дури и ако се оди според планот, и предвремените парламентарни избори се одржат на 11 декември, нема гаранции дека веднаш ќе добиеме стабилна влада и нормализирање на односите меѓу политичките партии. Државната статистика нотираше раст од 2,2% , меѓутоа, без градежништвото како негов главен двигател, економската активност де факто паднала за 0,1%.
Таблет со паметен капак, најтенок лаптоп на светот, „гејмерски“ ѕвер од преносник со закривен екран, таблет со безбедност по мерка на Меркел ..., е нашиот избор на најинтересни иновации од овогодишниот меѓународен Берлински саем за потрошувачка електроника. Со 1.823 изложувачи, што е раст од 13% во однос на 2015 година, кога ги имаше точно 1.600, и со договорени зделки на самиот саем вредни околу 5 милијарди евра, овогодинешната IFA ги исполни бизнис очекувањата. Во овој дел, ново на IFA 2016 беше и отворањето на изложбениот простор Station Berlin, каде на едно место, одвоено од големата гужва/павилјоните на саемот, можеа да се состануваат производителите и дистрибутерите и да договараат бизниси.
XX Стр. 14
XX Стр. 46
Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 15.09.2016
E пишува: ЉУПЧО ЗИКОВ
Може ли да се мрдне? Освен од силни земјотреси, македонската земја е стресена од силен “изборен циклон од осум месеци”. Овде, по долината на Вардар, е тешко и по 25 години од независноста, затоа што ова општество и граѓани се оперирани од суштинска идеолошки припадности, а картите повторно ќе се делат кај најголем дел исти, а празни, ликови. Само што, овој пат ниту ВМРОДПМНЕ не може да биде сигурен во бројноста на своето гласачко тело, а ниту СДСМ. Без интегритет нема личност. Без личност нема граѓанска храброст и одговорност. Без граѓанска храброст и одговорност нема демократија. Но, што можеме ние да им порачаме пред да гласаме... ljupco.zikov@kapital.mk facebook.com/ljupco.zikov
Еднаш напишав, еве сега да споменам пак, дека народ, како нашиот, со толку многу споменици, на сите страни, сигурно заслужува многу подобра историја и сегашност! И добра иднина заслужува, секако. Но, иднината, како што стојат работите по долината на Вардар, е длабоко неизвесна ... Всушност, токму вака било од секогаш во Македонија! Оваа земја, особено последните години, ја живее својата најбизарна и најмизерна криза од своето постоење. Криза во која граѓаните се дават во немоќ да сторат нешто. Тие се заложници на група од десетина- дваесет “киднапери” од познатите партии ... Политичари, директори, судии, лекари, писатели, колумнисти, интелектуалци избезумено се дават во корупција. Отсуството на минимум државнички менталитет дека, ајде и да немаме некој нагон за правење држава, иако на тацна други ни ја сервираа во 1991 година, овој простор сепак ќе мора да се интегрира во поширокиот европски географски контекст. Ден во ден во оваа држава снемува физички број на луѓе, и умствен капацитет, за административна реализација на она што значи ред, поредок, правен, образовен, здравствен, безбедносен, економски и општествен систем... Оттука, прашањето што секој македонски граѓанин мора да си го постави е кон што води оваа длабока политичка, економска и општествена криза? Има ли воопшто решение за нашите длабоки проблеми? Или можеби на повидок е најсрамното сценарио кое ќе се одигра пред очите на седум и пол милијарди луѓе на планетата, а тоа е “севселенско харикири на оваа држава” на јавна светска сцена. Ќе биде ли Македонија предмет на показна вежба “стручно укинување на државата”!?
ПОРАКА Пораката што сега, пред овие важни избори, треба да им се упати на оваа генерација македонски граѓани, особено младите меѓу 30 и 50 години (голем дел од нив со души “киднапирани” од разни причини), и кои во крајна нужда се повикни да ги променат работите, гласи: (користам делови од подолга реплика на голем балкански интелектуалец): “Кои сте, бре, вие луѓе? Кои се вредностите на вашата генерација? Која е вашата песна? Парола? Што пишува на вашиот беџ? Кому и во што верувате? Против што сте, а за што сте? Што менувате вие? Кои се вашите книги? На што се радувате? Кои се вашите идни класици? Која е
STAND BY причината за вашето постоење? Зар се помиривте со судбината дека вие сте само производ на троминутен аритметички судар на несреќниот сперматозоид и уплаканата јајце клетка!? Кому, колку и што отплатувате со оваа своја јадна судбина? ... Комунизмот до 1990 година и долгата, мачна и криминална транзиција во Македонија го уништија генерацискиот и индивидуалниот интегритет на луѓето овде. Станаа “евтина роба”. А, без интегритет нема личност. Без личност нема граѓанска храброст и одговорност. Без граѓанска храброст и одговорност нема демократија. И на крајот, недостатокот на интегритет и писменост, како и купот ликови социјални случаи без идеја, а со многу криминал, го создаваат македонското секојдневие. Без перспективи. Зборуваат за медиуми. Па медиумите се надградба во секое општество. Оттука, македонското новинарство, така скроено, со дефетистички ентузијазам се вклучува во дресура на македонското јавно мислење, придонесувајки на свој начин во општата македоска дефетистичка политичка атмосфера во која се е можно. Еден од епилозите е што лугето, во услови на радикално губење на свеста и сопствениот став, дури и за личниот интерес, а не па за јавниот, капитулираат пред врховната моќ оградена со порозен градежен материјал, и прифаќаат излезната врата на Македонија и македонскиот граѓанин да се затвори одвнатре! И затоа на едно место неодамна напишав и цитирав мисли на современи мудреци ... Македонија е намерно направена како земја без карактер. Лишена од својата едноставна причина за постоење. Од својата кичма.
Таа, од самиот нејзин почеток до денес, е проектирана самата да не знае што е. Македонија да биде еден човек! Самиот живее во Европа! Самиот е причина да постои “селото” на јадниот со искината гуња, кој краде кокошки за да преживее, прави семејно насилство во селото, ги изнајмува своите деца да работат на туѓи имоти, го продава наследството, никој не го вика на слава и венчавка, за литро ракија копа дупки на селските гробишта, и пијан пее и се курчи по селските сокаци. Никогаш, ниту еден европски државен систем и мрежа на политички лидери, за релативно кратко време како што е ова македонското од 25 години, не прокоцкал(е) толку надежи и шанси, не прокоцкал толку голема доверба на лугето, значајна енергија на граѓаните ... за да еден мал минијатурен слој, за една тесна група ликови, класични социјални случаи, од редот на политичари, партиски чиновници, директори и мали директорчиња, новинарчиња, судии, лекари, реализираат “своја, и за своја корист социјална револуција”!!?? Да опљачкаат цел еден народ, кој, пак, упорно сака да му ја докаже на светот својата колосална глупоќа. Затоа и напишав дека е опасно кога “мал човек” одеднаш ќе добие улога во голема приказна!? Многумина велат “режимот” кај и да е ќе падне. “Криминалци” ќе одат во затвор. Па се бара тоа да се случи што побрзо. Но, никој, не сака да погледне во длабочината на македонскиот проблем. Дека производството на “режими” за какви се даваат квалификации, во оваа држава е системски модел на деструкција. “Режимот” сам се прозиведува, и
не зависи од тоа кој е на власт – ВМРО ДПМНЕ или СДСМ, со своите албански сателити. Оттука, тоа што режимот ќе падне (ќе падне секако), не докажува дека режимот е мртов, ниту, пак, покажува дека сме ние живи. Можеби го докажува спротивното – дека тој сепак ќе преживее, а многу од нас нема “да преживеат”. Затоа, македонскиот граѓанин мора да се соочи со вистината – што правевме во тоа време, кога биравме и одлучувавме за татковината на нашите деца. Кого биравме? И зошто по нашите избори ништо ново не се случуваше? Зошто дозволивме да бидеме “интелектуално стрелани”, а претходно “тепани и повредувани”. Како дозволивме да ни ја купат душата, за сендвич со салама. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 881 16.09.2016
6 НАВИГАТОР
ИЗЈАВА НА НеделАТА
ВО СКОпЈе пРИСТИГНА GLC Co
> БРОЈКА
126
милиони евра лани потрошиле 80 општини и Градот Скопје за јавни набавки
ЖАН – КлОд ЈуНКеР
Популизмот не ги решава проблемите, туку обратно, создава проблеми и треба да се заштитиме од него
претседател на Европската комисија
М
ак Аутостар деновиве го претстави новиот модел на Mercedes, GLC Coupe, дизајниран од Македонецот Славче Таневски. “Ова е огромен успех за талентираниот и успешен дизајнер на автомобили, кој за само неколку години професионална кариера успева да добие шанса, самостојно да креира нов модел на престижниот бренд“, велат од МакАуто Стар, дилерот на програмата на Mercedes во Македонија. Таневски, вработен во дизајн центарот
Граѓаните и фирмите и должат 255 милиони евра на УЈП
Над 30 државНи фирм црНата листа На даНо
н
Над 30 државни фирми се наоѓаат на црната листа на Управата за јавни приходи кои до 31 август не платиле даночни обврски достасани до 31 мај годинава. Меѓу нив највисоко котира јавното претпријатие Македонија Пат кое што има неплатен данок од 6,85 милиони евра. Меѓу останатите државни даночни должници се и Македонски Шуми со даночен долг од 2,7 милиони евра, јавното претпријатие за комунални дејности Гостивар со долг од 2,8 милиони евра, јавното комунално претпријатие од соседниот град Тетово исто така, со долг од 1,8 милиони евра, Македонска Радио Телевизија со долг од 1,5 милиони евра. Дел од директорите на јавните претпријатија објаснија дека даночните долгови се натрупани во претходните години, и дека со добивките од тековното работење ќе ги надоместат заостанатите обврски. „Повеќе од половина од долгот е по основа на камати што УЈП ги пресметува секој ден и тоа е реален трошок што треба да го плати нашето претпријатие. Дел од долгот лани го плативме и сега поднесовме барање до УЈП за репрограмирање на преостанатиот долг. Со оглед на
тоа што лани работевме профитабилно со добивка од околу 1,16 милиони евра, во текот на годинава сета оваа заработка ќе ја искористиме за пребивање на нашите даночни обврски. Правиме напори целосно да го подмириме долгот кон државата, бидејќи не сакаме да нè ставаат на црни листи од коишто потоа не можеме да учествуваме на тендери“, изјави неодамна
директорот на Македонски Шуми, Жарко Караџоски и додаде дека сметката на претпријатието не е блокирана „пред сè поради добриот дијалог со УЈП, но и посветеноста редовно да се плаќаат тековните обврски“. Економистите пак коментираат дека зачудува селективниот однос на органот за јавни приходи кој не ги блокира сметките
www.kapital.mk
Капитал број 881 16.09.2016
7
oupe, првиот MerCedes диЗАјнирАн од мАкедонец на Mercedes – Benz во Штутгарт, беше присутен на промоцијата на GLC Coupe, возило што ги обединува стилските елементи на купе и SUV, со импресивни карактеристики во однос на безбедноста, напредните помошни системи и исклучително спортскиот динамичен карактер, како што велат во МакАуто Стар.
мисла на неделата Главна цел на компаниите е да прават пари. Главна цел на владите е да земат голем дел од тие пари и да ги дадат на други.
Лари Елисон
основач на Oracle и милијардер
лидери
ми На очНи должНици Над 30 државни фирми се наоѓаат на црната листа на Управата за јавни приходи кои до 31 август не платиле даночни обврски достасани до 31 мај годинава. Меѓу нив највисоко котира јавното претпријатие Македонија Пат кое што има неплатен данок од 6,85 милиони евра.
на јавните претпријатија, иако често пати се работи за огромен износ на даночен долг од една, и ригидноста во постапувањето кога се работи за долг на приватна компанија од друга страна, како да се работи за два паралелни система. Од Управата за јавни приходи објаснија дека „листата на должници не треба да се поврзува со присилна наплата или толеранција, бидејќи
тоа не е критериум за објава на должници на листата, ниту пак, листата покажува какви мерки презема УЈП или државата за наплата на долговите. Секој од должниците во оваа листа се наоѓа во различна фаза на даночна постапка, тоа може да биде опоменување, редовни мерки на наплата, присилна наплата и слично, а може и одреден даночен обврзник да се појави на листата едноставно поради тоа што има проблем со ликвидност во опфатениот период“. На новата должничка листа на Управата за јавни приходи (УЈП) се најдоа над 4.390 фирми и граѓани. Нив институцијата ги објавува како најголеми даночни должници, а овој месец вкупниот долг изнесува 255 милиони евра. Ако се споредува со минатиот месец, на листата сега фигурираат помалку субјекти, а за 10 милиони евра е помал и даночниот долг. Сепак вкупните обврски може и да се помали оти за ист долг солидарно одговараат сите капитално поврзани субјекти. На последната листа се наоѓаат 3.310 фирми, а останатите 1.080 се граѓани, односно физички лица. Станува збор за листа на долгови за неплатен данок и придонеси кои стасале за плаќање на крајот на мај, а не се намирени до крајот на август . nnn
АмАнсио ортегА
Поради раст на цената на акциите на Inditex ја презема титулата најбогат на светот
Џеф БеЗос
Го претстави проектот Џон Глен - ракета за редовен пренос на луѓе и товар во вселената
не им беше неделата
светоЗАр мАровиќ
Доби скоро 4 години затвор и милион евра да врати на државата поради корупција
ЗорАн милАновиќ
Најголемиот губитник на изборите во Хрватска беше принуден да најави оставка
Капитал број 881 16.09.2016
www.kapital.mk
КОЈ НАЈМНОГУ ВРАБОТУВА ВО МАКЕДОН 8 COVER STORY: COVER STORY
КОЈ НАЈМНОГУ ВРАБОТУВА ВО МАКЕДОНИЈА?
ТОП 50 РАБОТОДАВЦИ Многу е мал бројот на фирми кои можат да се наречат големи работодавци. Статистиката покажува дека само 231 фирма од вкупно 70 илјади фирми имаат повеќе од 250 вработени, што е само поразителни 0,3% од вкупниот број на фирми. Уште попоразителен е фактот што само 18 фирми во Македонија имаат повеќе од 1.000 вработени. Од нив најбројни или дури осум компании се во државна сопственост, пет се со домашен приватен капитал, а пет се со странски капитал. Капитал ги рангира 50-те компании со најмногу вработени во Македонија.
www.kapital.mk
НИЈА?
Капитал број 881 16.09.2016
9
www.kapital.mk
Капитал број 881 16.09.2016
10
COVER STORY: КОЈ НАЈМНОГУ ВРАБОТУВА ВО МАКЕДОН
пишува:
A
Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk
Ако се анализира бројот на вработени во Македонија според дејности, тогаш државата е дефинитивно најголем вработувач. Оваа слика се пресликува и ако се прави анализата кој најмногу вработува според одделни компании во Македонија. Во 50 најголеми работодавци во Македонија се вработени близу 60 илјади луѓе, што е 8,3% од вкупниот број на вработени во Македонија. Само минатата година овие 50 најголеми вработувачи го зголемиле бројот на вработени за 4.384. Кај 36 од компаниите кои се на листата најголеми работодавци лани имало зголемување на бројот на вработени, додека кај 13 од најголемите работодавци лани го намалиле бројот на вработени. Ако се анализираат 50-те најголемите работодавци во Македонија според сопственоста на капиталот, тогаш најбројни се компании во странска сопственост. Меѓу 50-те компании кои имаат најголем број работници дури 22 во странска сопственост, а во нив на крајот на 2015 година работеле, а во нив лани работеле вкупно 24.718. Осумнаесет компании на листата 50 најголеми работодавачи се домашен приватен капитал и во нив лани работеле вкупно 15.214 лица. Дури 10 компании на листата Топ 50 најголеми работодавци се јавни претпријатија и компании во кои најголем сопственик е државата. Во овие 10 најголеми државни работодавачи лани имало 17.248 вработени, што е една третина од вкупниот број на вработени во 50-те најголеми работодавци, што само ја отсликува реалната состојба во Македонија.
Кои се најголемите работодавци во Македонија?
На чело на листата најголеми работодавци веќе втора година по ред е фабриката на германскиот производител за автомобилски делови Дрекслмајер во Кавадарци.
Во оваа фабрика на крајот на 2015 година работеле дури 5.730 луѓе, што е повеќе на пример од вкупниот број на жители во седум помали градови во Македонија. На пример помалку жители од бројот на вработените во Дрекслмаер има во Валандово каде живеат 4.400 жители, Крушево кое има 5.330 жители или Македонска каменица со 5.147 жители. Станува збор за странска инвестиција која ја отвори фабриката во Македонија во 2013 година и која благодарение на поволностите кои ги нуди македонската влада за вработување секоја година вработува најмногу работници, најмногу од Кавадарци, и околните Неготино, Велес и Прилеп. Минатата година Дрекслмајер имала најголемо зголемување на бројот на работници од сите 50 најголеми работодавци во Македонија, или за само една година бројот на вработени
Ранг по Ранг
големина Компанија
1
37
ДРЕКСЛМАЈЕР МАНУФАКТУРИНГ МАКЕДОНИЈА
2 3 4 5 6 7 8 9
5 71 96 20 2 26 140 4
ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА ЈП МАКЕДОНСКИ ШУМИ АД МAКЕДОНСКА ПОШТА КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ЕВН ГРАНИТ ЏОНСОН КОНТРОЛС ШТИП МАКПЕТРОЛ
10
66
ЈСП СКОПЈЕ
11 12
7 115
МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА
13 14 15 16 17 18 19 20 21
8 93 145 14 76 38 6 131 103
АЛКАЛОИД ЈП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА ЈП МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ ТИНЕКС-МТ МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ ТРАНСПОРТ АД БЕТОН ФЕНИ ИНДУСТРИ КОМФИ-АНГЕЛ ЈП МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА
22
24
ВЕРОПУЛОС
23 24 25 26
196 172 68 132
ИНДО МИНЕРАЛС & МЕТАЛС ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ АЏИБАДЕМ СИСТИНА ЈУГОХРОМ ФЕРОАЛОЈС (во стечај)
27 28
87 30
ТАВ МАКЕДОНИЈА МАКСТИЛ
8,3%
29 30 31
28 29 19
СПОРТ - ЛАИФ ТРЕЈД БУЧИМ САСА
32 33
11 109
ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ЗК ПЕЛАГОНИЈА
91%
34
13
КАМ
35 36 37
40 101 44
ОНЕ.ВИП ФАКОМ ЖИТО
38 39 40 41 42 43 44 45
62 1 72 51 128 16 94 77
СОКОТАБ ЏОНСОН МЕТИ ВИТАМИНКА ЗЕГИН ФАРМ МАКОТЕН МЕПСО АМФЕНОЛ ТЕХНОЛОЏИ МАКЕДОНИЈА ПРИНЦЕСС ХОТЕЛ И КАЗИНО
46
53
РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА
47 48 49 50
80 9 95 34
МАКПРОГРЕС АРЦЕЛОРМИТТАЛ СКОПЈЕ (ЦРМ) ЖИКОЛ ПЕКАБЕСКО Вкупно
10
БРОЈКИ
компании од листата 50 најголеми работодавци се државни компании во кои работат 17.248 луѓе
8
компании во државна сопственост имаат над 1.000 вработени
од вкупниот број на вработени работат во 50-те најголеми работодавци
од фирмите во Македонија вработуваат до 10 луѓе
во компанијата е зголемен за 919 лица. На второто, третото и четвртото место на листата 50 најголеми работодавци се наоѓаат три државни компании, во кои се вработени 9.183 луѓе. Втор најголем вработувач во Македонија е ЕЛЕМ во кој на крајот на 2015 година работеле 4.527 луѓе, што е за 39 луѓе помалку во споредба со претходната година. Следи јавното претпријатие Македонски шуми каде се вработени 2.382 луѓе, и бројот на вработени за само една година е зголемен за 153.
www.kapital.mk
Капитал број 881 16.09.2016
11
НИЈА? Број на
Број на
Годишна
вработени 2015
вработени 2014
промена
Град
Дејност
Сопственост
Кавадарци
Индустрија за автомобилски делови
Странска приватна
5.730
4.811
919
Скопје Скопје Скопје Битола Скопје Скопје Штип Скопје
Енергетика Јавно претпријатие Поштенски услуги Индустрија за автомобилски делови Енергетика Градежна индустрија Индустрија за автомобилски делови Нафтена индустрија
Домашна државна Домашна државна Домашна државна Странска приватна Странска приватна Домашна приватна Странска приватна Домашна приватна
4.527 2.382 2.274 2.265 2.040 1.798 1.773 1.693
4.566 2.229 2.280 1.619 2.228 1.532 1.499 1.688
-39 153 -6 646 -188 266 274 5
Скопје
Јавно претпријатие
Домашна државна
1.420
1.382
38
Скопје Скопје
Телекомуникации Јавно претпријатие
Странска приватна Домашна државна
1.335 1.283
1.048 1.337
287 -54
Скопје Скопје Скопје Скопје Скопје Скопје Кавадарци Прилеп Скопје
Фармацевтска индустрија Јавно претпријатие Јавно претпријатие Трговија Желенички транспорт Градежна индустрија Металургија Текстилна индустрија Јавно претпријатие
Домашна приватна Домашна државна Домашна државна Домашна приватна Домашна државна Домашна приватна Странска приватна Домашна приватна Домашна државна
1.262 1.233 1.223 1.182 1.146 1.100 988 927 907
1.148 1.190 1.307 1.137 1.174 1.078 910 851 852
114 43 -84 45 -28 22 78 76 55
Скопје
Трговија
Странска приватна
870
860
10
Пробиштип Скопје Скопје Тетово
Рудник Јавно претпријатие Клиничка болница Металургија
Странска приватна Домашна државна Домашна приватна Странска приватна
859 853 841 833
917 862 705 1.111
-58 -9 136 -278
Скопје Скопје
Воздухопловни услуги Металургија
Странска приватна Странска приватна
812 767
768 786
44 -19
Скопје Радовиш Македонска Каменица
Спортски обложувалници Рудник Рудник
Домашна приватна Странска приватна Странска приватна
748 706 688
694 643 689
54 63 -1
Скопје Битола
Индустрија за автомобилски делови Земјоделско производство
Странска приватна Домашна приватна
668 657
485 672
183 -15
Скопје
Трговија
Домашна приватна
651
599
52
Скопје Скопје Велес
Телекомуникации Металопрерабоотувачка индустрија Трговија
Странска приватна Домашна приватна Домашна приватна
651 644 618
0 581 486
/ 63 132
Битола Скопје Прилеп Скопје Гевгелија Скопје Кочани Гевгелија
Тутунска индустрија Индустрија за автомобилски делови Прехранбена индустрија Фармацевтска индустрија Хотел и казино Енергетика Индустрија за автомобилски делови Хотел и казино
Странска приватна Странска приватна Домашна приватна Домашна приватна Странска приватна Домашна приватна Странска приватна Странска приватна
616 613 601 594 543 520 515 498
535 534 584 560 538 500 280 492
81 79 17 34 5 20 235 6
Скопје
Трговија
Странска приватна
480
399
81
Виница Скопје Струмица Скопје
Прехранбена индустрија Металопрерабоотувачка индустрија Градежна индустрија Прехранбена индустрија
Домашна приватна Странска приватна Домашна приватна Домашна приватна
476 468 455 447 57.180
398 471 368 414 52.797
78 -3 87 33 4.383
www.kapital.mk
Капитал број 881 16.09.2016
12
COVER STORY: КОЈ НАЈМНОГУ ВРАБОТУВА ВО МАКЕДОН
Ако се анализираат 50-те најголемите работодавци во Македонија според сопственоста на капиталот, тогаш најбројни се компании во странска сопственост. Меѓу 50-те компании кои имаат најголем број работници дури 22 во странска сопственост, а во нив на крајот на 2015 година работеле, а во нив лани работеле вкупно 24.718. Осумнаесет компании на листата 50 најголеми работодавачи се домашен приватен капитал и во нив лани работеле вкупно 15.214 лица. Во државното претпријатие за пош-тенски услуги Македонска пошта лани биле вработени 2.274 луѓе. Петти најголем работодавец е уште една германска странска инвестиција, фабриката на Кромберг и Шуберт во која лани работеле 2.265 луѓе. Само за една година бројот на вработени во оваа фабрика за автомобилски кабли во битолската индустриска зона Жабени е зголемен за 646, што ја прави втора компанија со најголемо зголемување на
бројот на вработени, после Дрекслмајер. Следи ЕВН Македонија, австриската енергетска компанија која управува со електродистрибутивниот систем во земјата, каде лани биле вработени 2.040 луѓе, и за една година бројот на вработени во оваа компанија е намален за 188. Гранит, кој е седми најголем работо-давач во Македонија е најголемиот работодавач со домашен приватен капитал. Во најголемата македонска градежна фирма лани работеле 1.798 луѓе и бројот на вработени за само
Фабриката на Дрекслмајер е најголем вработувач, каде на крајот на 2015 година работеле 5.703 лица, што е повеќе отколку бројот на жители во седум македонски градови На второ, трето и четврто место на листата Топ 50 работодавци во Македонија се наоѓаат ЕЛЕМ, Македонски шуми и Македонска пошта, во кои работа вкупно 9.183 лица. Градежната компанија Гранит е најголем работодавач со домашен приватен капитал со вкупно 1.798 вработени.
една година е зголемен 266 лица. Фабриката на Џонсон Контролс во Штип во која се произведуваат автомобилски седишта и навлаки е осми по големина работодавач во Македонија, во кој лани работеле 1.773 лица и за само една година бројот на вработени во оваа фабрика е зголемен за 274 лица. Нафтениот дистрибутер Макпетрол е деветти најголем вработувач, каде лани работеле 1.693 лица. Десетти најголем работодавец е јавното сообраќајно претпријатие Скопје со 1.420 вработени. Значи во првите 10 најголеми работодавци, дури 4 се во државна сопственост и во нив работа 10.600 вработени.
Македонија има малку големи работодавци
Многу е мал бројот на фирми кои можат да се наречат големи работодавци. Статистиката покажува дека само 231 фирма од вкупно 70 илјади фирми имаат повеќе од 250 вработени, што е само поразителни 0,3% од вкупниот број на фирми. Уште попоразителен е фактот што само 18 фирми во Македонија имаат повеќе од 1.000
www.kapital.mk
Капитал број 881 16.09.2016
13
НИЈА? вработени. Од нив најбројни или дури осум компании се во државна сопственост, пет се со домашен приватен капитал, а пет се со странски капитал. Тоа значи дека во принцип во Македонија има многу малку големи работодавци и дека најголемите работодавци се во сопственост на државата. И тие најчесто се превработени со кадри не заради тоа што компанијата има вистинска потреба, туку бидејќи работното место во јавните претпријатија и државните фирми многу често се добива како награда за послушноста и лојалност кон партијата на власт. Статистиката покажува најголемиот број на фирми или дури 91% од сите фирми вработуваат до 10 вработени, што ги става во групата на микро и мали фирми. Значи сепак најголемиот број на работни места се отвораат во приватниот сектор. На пример, во Македонија заклучно со јуни годинава има вкупно 720.774 вработени, од кои во приватниот сектор се вработени 550.883 лица, а околу 170 илјади лица се вработени во фирми во државна сопственост. Ако се анализира според индустрии, најмногу работни места отвара прера-
ботувачката индустрија каде се вработени 139.830 луѓе, што е 25% од вкупниот број на вработени во приватниот сектор.
Приватните фирми помалку вработуваат!
Она што е загрижувачки е дека вработувањето во приватниот сектор, кој е најголем работодавец, во изминатава година почна да забавува. Податоците покажуваат дека минатата 2015 година годишната стапка на раст на бројот на вработени лица во корпоративниот сектор забавува и дека е на најниско ниво во последните четири години. “Придонесот на корпоративниот сектор во растот на вкупните вработени лица во 2015 година изнесуваше 30,7%, што исто така претставува најнизок придонес во последните четири години”, се вели во Извештајот на Народната банка. Кај три дејности во рамките на корпоративниот сектор има намалување на бројот на вработените, меѓу кои најголем е падот во индустријата и земјоделието. На пример, изминатата 2015 година во секторот индустрија работеле 165.278 лица, и во споредба со 2014 година бројот на работниците во индустријата за една година е намален за 1.134. И покрај тоа што минатата година беа
отворени многу нови фабрики во слободните економски зони кои отворија повеќе работни места, намалувањето покажува дека на ниво на цела држава бројот на вработени се намалува. Најголемо влијание врз намалувањето имаат отпуштањата во домашните најголеми индустриски гранки кои се соочуваат со големи проблеми, кои очигледно не можат да бидат покриени со странските инвестиции. Покрај во индустријата, намалување на бројот на вработени има и во секторот земјоделие, шумарство и рибарство. Во овој сектор во 2015 година работеле 123.456 лица, што е за 3.793 помалку во споредба со претходната 2014 година. Од друга страна, пак, најголемо зголемување на вработувањата има во секторот трговија на големо и мало. Статистиката покажува дека во овој сектор во 2015 година имало 168.072 вработени, дури 14.717 повеќе во споредба со претходната 2014 година. Големиот раст на вработувањата во трговијата во најголем дел се должи на субвенциите за вработување на млади лица, како и на поволните кредити кои владата ги дава за самовработување.
nnn
Капитал број 881 16.09.2016
14 КАПИТАЛ АНАЛИЗА КАПИТАЛ АНАЛИЗА: МАКЕДОНИЈА ВЛ СУБВЕНЦИ
ЕКОНОМИЈ ЗАБАВУВ ФИРМИТ ПРЕЖИВУВ ДЕН ЗА Д Замрена е економијата во пресрет на најавените предвремени парламентарни избори кон крајот на годинава, а по изборите, следува нов предизборен циклус за редовните локални избори следната пролет. Бизнисмените се песимисти дека во следните осум месеци на континуирани изборни активности, фирмите нема да може да пркнат. Дури и ако се оди според планот, и предвремените парламентарни избори се одржат на 11 декември, нема гаранции дека веднаш ќе добиеме стабилна влада и нормализирање на односите меѓу политичките партии. Државниот завод за статистика евидентираше раст од 2,2% во вториот квартал годинава што е далеку понизок од проценките на Владата, меѓутоа, без градежништвото како негов главен двигател, економската активност де факто паднала за 0,1%. Во услови на голема неизвесност која што кулминира после две години на политичка криза, бизнисмените се воздржани околу активностите што ги преземаат, прилично се претпазливи во одлуките што ги носат и вообичаено се воздржуваат од нови инвестиции или ширење на бизнисот. Нивен главен проблем им е како да си ги наплатат побарувањата.
ФАКТ: БЕЗ ПОРАСТОТ НА ГРАДЕЖНИШТВОТО ОД 31% ВО ВТОРИО
www.kapital.mk
Капитал број 881 16.09.2016
15 ЛЕГУВА ДОЛГ ПРЕДИЗБОРЕН ИИТЕВО ИМААТ ЕФЕКТ ЦИКЛУС
ЈАТА ВА, ТЕ ВААТ ДЕН !
ОТ КВАРТАЛ, БДП НЕ БИ ИМАЛ РАСТ ТУКУ БИ СЕ НАМАЛИЛ ЗА 0.1%
www.kapital.mk
Капитал број 881 16.09.2016
16
КАПИТАЛ АНАЛИЗА
ПОРАСТ НА БДП
3,8%
1,8%
2010
2,7%
2,3%
2011
3,7%
-0,5% 2012
2013
2014
2015
2,0%
2,2%
1 кв. 2016
2 кв. 2016
Извор: Државен завод за статистика
пишува:
З
Александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk
Замрена е економијата во пресрет на најавените предвремени парламентарни избори кон крајот на годинава, а по изборите, следува нов предизборен циклус за редовните локални избори следната пролет. Бизнисмените се песимисти дека во следните осум месеци на континуирани изборни активности, фирмите нема да може да пркнат. Дури и ако се оди според планот, и предвремените парламентарни избори се одржат на 11 декември, нема гаранции дека веднаш ќе добиеме стабилна влада и нормализирање на односите меѓу политичките партии. Дека пролонгирањето на политичката криза значително влијае врз економската активност евидентираше и Државниот завод за статистика во податоците за економскиот раст во вториот квартал годинава. Според најновите податоци, економијата пораснала 2,2%, а растот целосно е генериран од градежништвото кое пак го стимулира државата со јавните инвестиции. Економистите објаснуваат дека без градежништвото, економијата во вториот
квартал би била во негатива од 0,1%. „Растот од 2,2% е целосно заради градежништвото, како и веќе неколку години наназад. Без растот од 31% кај градежништвото, БДП во вториот квартал ќе имаше пад од 0,1%. Тоа говори дека тешката состојба во економијата продолжува. Друг проблем е што овој доход кај градежништвото целосно завршува во рацете на сопствениците на градежните фирми, наместо кај работниците, со што се потхрануваат и онака екстремните економски разлики и се разјадува социјалната кохезија. Трет проблем е што овој раст во градежништвото е обезбеден со скапо надворешно задолжување, кое ќе дојде за враќање во наредните години“, објаснува економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ. Тој не очекува ништо ново кај економската активност до крајот на оваа година. „Економијата ќе остане во кома, пред се заради политичката криза, но Владата ќе продолжи со градежните активности, во очи на изборите. По изборите се можни одредени подобрувања во економската ситуација, доколку дојде до промени во економските политики“, смета Јовановиќ. И професорот Марјан Петрески коментира дека податоците за економскиот раст што ги објави Државниот завод за статистика и кои отстапуваат од планот на Владата се очекувани. „Кризата врши сеопфатно потиснување на економијата, односно имаме целосна воздржаност и од фирмите и од населението за инвестициски и потрошувачки одлуки. Гледаме дека растот е позитивен само благодарение на градежништвото, кое,
пак, е главно поттикнато од државата, и во еден, веројатно помал дел, од оние странски фабрики кои отпочнаа со изградби уште пред политичката криза. Така што, станува сосем извесно дека целата 2016 година ќе помине во знакот на негативниот ефект од политичката криза врз економијата“, вели Петрески.
Неликвидноста најголем проблем
Во услови на голема неизвесност која што кулминира после две години на политичка криза, бизнисмените се воздржани околу активностите што ги преземаат, прилично се претпазливи во одлуките што ги носат и вообичаено се воздржуваат од нови инвестиции или ширење на бизнисот. Нивен главен проблем им е како да си ги наплатат побарувањата. Последната анкета на Стопанската комора повторно го исфрли на површина најголемиот проблем во економијата, а тоа е неликвидноста на приватните фирми. Дури 40% од анкетираните бизнисмени одговориле дека плаќањата се вршат подоцна од договорените рокови. „Ова особено е потенцирано дека се однесува кога компаниите даваат услуги на јавниот сектор и оваа наплата е со продолжени рокови кои, иако се договорни на 30, 60 или 90 дена, повторно не се почитуваат. Како резултат на ваквите состојби, од страна на бизнис - заедницата e посочено непочитување на одредбите од Законот за финансиска дисциплина, кој системски треба да ги регулира меѓусебните плаќања и исполнувањето на
АНКЕТА: ДУРИ 40% ОД ФИРМИТЕ ТЕШКО НАПЛАТУВААТ ПОБАРУВАЊА
www.kapital.mk
Капитал број 881 16.09.2016
18
КАПИТАЛ АНАЛИЗА
Р БРАНИМИР ЈОВАНОВИЌ економски аналитичар
астот од 2,2% е целосно заради градежништвото, како и веќе неколку години наназад. Без растот од 31% кај градежништвото, БДП во вториот квартал ќе имаше пад од 0,1%. Тоа говори дека тешката состојба во економијата продолжува. Друг проблем е што овој доход кај градежништвото целосно завршува во рацете на сопствениците на градежните фирми, наместо кај работниците, со што се потхрануваат и онака екстремните економски разлики и се разјадува социјалната кохезија. Трет проблем е што овој раст во градежништвото е обезбеден со скапо надворешно задолжување, кое ќе дојде за враќање во наредните години.
меѓусебните договори. Воедно, се јавуваат и случаи кога компаниите се принудени да земаат нови кредити за да ги намируваат своите потреби и обврски во работењето, бидејќи навремено не успеваат да ги наплатат побарувањата за услуги кои веќе ги реализирале кон клиентите со кои соработувале. На овој начин компаниите генерираат дополнителни трошоци и загуби, со што значително се нарушува нивната тековна ликвидност“, изјавија од Стопанската комора. И во најновото истражување компаниите посочуваат дека не може да се извршат правосилно донесени пресуди за наплата на побарувања од причина што, во согласност со членот 211 од Законот за извршување, претседателот на судот на чие подрачје се спроведува извршувањето има право да одлучи кои предмети и права се неопходни за извршување на дејноста и задачите на должникот, така што во пракса се носат решенија дека сите подвижни права и сите парични средства кои се наоѓаат на сметка кај носител на платен промет се определуваат како неопходни за вршење на дејноста и задачите на должникот. „Во врска со ова прашање, Стопанската комора на Македонија во повеќе наврати го покрена прашањето за изнаоѓање решенија за надминување на нееднаквоста со која се соочуваат доверителите, односно приватните субјекти, наспроти субјектите на јавното право, со предлог изречно да се уреди дека за предмети и права во смисла на членот 211 (односно членот 218 од новион Закон за извршување) не се сметаат паричните средства кои се наоѓаат на сметка кај носител на платен промет, и врз нив може да се спроведува извршување без никакво ограничување. И покрај наведеното, предлозите на Стопанската комора на Македонија не беа земени предвид и ова прашање остана
К МАРЈАН ПЕТРЕСКИ
универзитетски професор
уредено на ист начин и со одредбите на новиот Закон за извршување“, истакнуваат од Комората. Бизнисмените сепак апелираат дека е потребна измена на членот 218 од Законот за извршување. „Со оглед дека примената на Законот за извршување, кој е донесен на 12 април 2016 година и кој требаше да отпочне да се применува на 20 август оваа година, се одложи и започнува да се применува од 1 јануари 2017 година, Комората уште еднаш го актуализира ова прашање со цел да посочи дека е потребна измена на посочениот член 218 од Законот за извршување до неговото отпочнување со примена“, изјавија од Стопанската комора.
Најдолги рокови за наплата во Европа
Најновиот Извештај за финансиската стабилност за 2015 година што неодамна го објави Народната банка покажа дека македонските компании во просек чекаат точно четири месеци за да наплатат некое побарување. Овој просек е значително поголем кога станува збор за фирми загубари и тие едно побарување го наплатуваат просечно за дури 234 дена, додека пак профитабилните компании за наплата чекаат 107 дена. Кога станува збор за исплата на обврските, роковите се дури и подолги. Така, краткорочните обврски македонските фирми во просек ги плаќаат за 175 дена. Ова се убедливо најдолги рокови на плаќања во Европа и тоа го покажуваат и резултатите од истражувањето на шведската компанија Intrum која што секоја година го изработува европскиот индекс на плаќања, според кои со рок на плаќање од 80 денови, најнедисциплинирани се италијанските компании. Во Португалија и Шпанија, во просек се чека по 69 дена за наплата на побарување.
ризата врши сеопфатно потиснување на економијата, односно имаме целосна воздржаност и од фирмите и од населението за инвестициски и потрошувачки одлуки. Гледаме дека растот е позитивен само благодарение на градежништвото, кое, пак, е главно поттикнато од државата, и во еден, веројатно помал дел, од оние странски фабрики кои отпочнаа со изградби уште пред политичката криза. Така што, станува сосем извесно дека целата 2016 година ќе помине во знакот на негативниот ефект од политичката криза врз економијата.
Од земјите во регионот, најлошо е рангирана Грција каде што за наплата од бизнис секторот се чека просечно по 63 дена, во Хрватска 51 ден, во Словенија 42 дена а во Бугарија 36 дена. За споредба, германските компании плаќаат во просек за само 15 дена. Кога станува збор за плаќања на обврските од страна на јавниот сектор, повторно Италија е на дното на табелата каде што за наплата се чека 131 ден. Останатите држави кои што беа најпогодени од европската должничка криза, како Грција, Португалија и Шпанија, исто така ги пробиваат сите нормални рокови за плаќање на обврските. Индексот на ризик во плаќањата пак на првите позиции како најдисциплинирани ги рангира Литванија, Данска, Австрија, Латвија и Словачка, додека пак на дното каде што ризикот е најголем се рангирани Босна, Италија, Португалија, Шпанија и Грција. Македонија не е вклучена во истражувањето на Intrum. Последните проценки на Стопанската комора на Македонија покажуваат дека дури 45% од компаниите во земјава се соочуваат со проблеми во наплатата на побарувањата.
Ликвидноста под нормалните граници
Показателите кои што покажуваат каква е ликвидноста во бизнис секторот покажуваат дека македонските фирми немаат доволно пари за нормално работење. Коефициентот за тековна ликвидност кој што би требало да изнесува 2, според податоците од Извештајот за финансиската стабилност за лани, изнесува 1,25. Многу полош е овој показател кај фирмите загубари каде што изнесува само 0,79, додека пак кај профитабилните компании е 1,42. Коефициентот на моментална ликвидност, пак, кој што треба да биде 1, минатата
ФАКТ: ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ЧЕКА ВО ПРОСЕК 120 ДЕНА ЗА НАПЛАТА
Капитал број 881 16.09.2016
20
КАПИТАЛ АНАЛИЗА
година е измерен дека изнесува 0,89. Висината на овие коефициенти јасно покажува дека најголемиот проблем на македонскиот корпоративен сектор е одржување задоволителна ликвидносна позиција, што се потврдува и со ниското ниво на показателот за паричната ликвидност. И двата коефициенти споредено со 2015 година се зголемени за 0,02 процентни поени. „Мало подобрување во 2015 година се забележува кај показателите за ликвидноста, иако тие сè уште се наоѓаат на релативно скромно ниво. Имајќи предвид дека во континуитет показателите за ликвидноста се наоѓаат на релативно слично ниво, се чини дека поради постоечкото скромно ниво на нето работен капитал на домашниот корпоративен сектор, во комбинација со структурата на тековните средства и нивните ликвидносни карактеристики, поголемиот дел од домашните претпријатија сепак имаат можност за одржливо оперативно работење“, пишува во Извештајот од Народната банка. Економистите од централната банка потенцираат и дека е забележлива нееднаква распределба на ликвидноста помеѓу одделни фирми. „Претпријатијата коишто прикажуваат добивка од работењето имаат речиси
двојно повисока ликвидн о с т в о с п о р е д б а со претпријатијата коишто работат со загуба. Ова се потврдува и преку негативниот нето работен капитал на субјектите од корпоративниот сектор што работат со загуба. По од делни дејности, највисоки показатели за ликвидноста се забележуваат кај дејноста „трговија, транспорт, складирање и угостителство“, кај која е концентриран речиси 60% од вкупниот нето работен капитал во корпоративниот сектор“, оценуваат аналитичарите на Народната банка. Од бизнис секторот пак, коментираат дека годинава овие коефициенти и деновите на наплата на побарувањата ќе покажат дека нелик-видноста е многу поизразена од лани. „После оваа двегодишна политичка криза што го разори бизнисот, состојбата со наплатата на побарувањата не била никогаш полоша. Нема ниту еден параметар што би ни дал оптимистички очекувања дека нешто може да се подобри, туку напротив, сигурен сум дека коефициентите за ликвидност годинава се
дури и полоши, а и се чека повеќе денови за наплата. Приватните компании се истоштени од пролонгирањето на кризата, огромен дел од нив ништо не произведуваат, им се намалуваат нарачките од странство, се намалува потрошувачката и на домашниот пазар. На почетокот се потрудивме да ја игнорираме политиката и да водиме бизнис меѓутоа овие услови не дозволуваат фирмите да опстанат“, коментира Горан Рафајловски, потпретседател на Стопанската комора на Македонија. Бизнисмените потврдуваат дека наплатата на побарувањата се пролонгира и тоа дополнително ја комплицира финансиската состојба на приватните фирми. nnn
ИНСТИТУТ КОНЦЕПТ ВО СОРАБОТКА СО УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ ОРГАНИЗИРААТ ЕДНОДНЕВНА СИМУЛАЦИЈА:
ЛИДЕРСТВО, ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКИ И ГРАДЕЊЕ ТИМОВИ – НА ХАРВАРД НАЧИН! РОК ЗА l 20 септември 2016 година (вторник) l 10:00-16:00 часот l Институт КОНЦЕПТ, Скопје
Climbing Mount Everest е практична интерактивна симулација за осознавање на проблемите кои тимовите ги имаат во бизнис средината преку аналогија со потешкотиите кои се соочува тимот кој се качува на Монт Еверест – една од највисоките и најопасните планини во светот. Симулацијата е дизајнирана од академици и експерти од Харвард бизнис факултетот за најсоодветно да ги пресликаат: секојдневната интеракција на членовите во тимовите и бизнисот, лидерството и неговата важност за тимот, како и интеракцијата во процесот на донесување на одлуки.
ПРИЈАВУВАЊЕ: 16 СЕПТЕМВРИ 2016
УАКС ЗА СЕКОЈ СЛУШАТЕЛ ОВОЗМОЖУВА: l Годишен Harvard Business Review on line пристап во вредност од 150 €. l Ваучер за упис на УАКС во вредност од 100 €. l Видео материјал од предавање на др. Сашко Кедев на тема "7 Summits".
ПРЕДАВАЧИ: МАРЈАН И. БОЈАЏИЕВ
Ректор на УАКС од 2010 година.
МАКЕДОНКА ДИМИТРОВА
За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk
асистент по предмети од област на менаџмент и Директор на Институтот за претприемништво и лидерски развој на УАКС.
КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02/3128 526l 076 278 566
годишна специјална едиција
200
7 октомври
2016
НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ
Капитал Медиа Гроуп ја подготвува традиционалната годишна едиција КАПИТАЛ 200 НАЈГОЛЕМИ И 200 НАЈУСПЕШНИ во Македонија, во која ќе биде анализирано работењето на најголемите и најуспешните компании во Македонија. Во Едицијата ќе бидат рангирани компаниите според вкупните приходи и нето добивката остварени во 2015 година, но во рангирањата ќе бидат вклучени и повеќе податоци за компаниите како вредноста на активата, вредноста на капиталот и уште многу други показатели и коефициенти за успешноста и ефикасноста во работење. Сите рангирања и показатели, како и секоја година, ќе бидат изработени врз основа на официјални и ревидирани податоци обезбедени од годишните сметки на компаниите. Во едицијата ќе бидат рангирани компаниите според повеќе показатели како на пример:
l компании со најголеми приходи l компании со најголем профит l компании кои најмногу вработуваат l компании со најголем капитал l компании со најголема актива l компании кои најбрзо растат Во едицијата ќе бидат вклучени повеќе текстови, интервјуа со најголемите и најуспешните компании во клучните индустрии, како и повеќе анализи:
l Кои се компаниите и индустриите кои ќе го носат растот следната година?
l Стратегиите и плановите на најголемите и најпрофитабилни компании?
l Кои фирми ги прават парите во Македонија?
l Кои се најголемите “капиталци” во Македонија?
l Најголемите предизвици за компаниите за 2016 година
l Кои се најголемите компании во регионот?
Во рамките на Едицијата во одделни анализи ќе биде анализирано работењето на компаниите од клучните индустрии:
l Прехранбена индустрија l Металопреработувачка индустрија l Градежна индустрија l Трговија l Телекомуникации l Енергетика, нафта и гас Повеќе информации за едицијата и за комерцијално претставување на истата, обратете се на e-mail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505
Лицe за контакт:
ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА
Капитал број 881 16.09.2016
INTERVIEW ИНТЕРВЈУ 24
Живко Мукаетов ГЕНЕРАЛЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВЕН ОДБОР НА АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ
АЛКАЛОИД
80 ГОДИНИ ПОСВЕТЕНОСТ, РАЗВОЈ, ИНВЕСТИЦИИ, И УСПЕХ
Алкалоид годинава слави 80 години јубилеј од основањето. Малку се компаниите во Македонија кои слават вакви јубилеи, а уште помалку се оние кои зад себе имаат успех. Приказната за развојот на Алкалоид денес е синоним за успех, посветеност и квалитет во Македонија, но и пошироко. Ако треба накратко да се опише на што се должи успехот на Алкалоид, тогаш како најзаслужни фактори секако се квалитетот на производите, квалитетот на кадрите кои работат во компанијата, на брендот Алкалоид и поединечните брендови кои ги имаме, кои ги развивале и граделе генерациите со години наназад. Иако Македонија во изминативе декади се соочуваше со економски и политички кризи, компанијата под водство на Живко Мукаетов, а претходно и на Трајче Мукаетов, успеа да оствари континуиран раст на профитот и продажбите, да освои над 30 извозни пазари, да инвестира во развој и квалитет на производите, да се наметне како компанија која е посветена за здравјето на луѓето, и компанија која вложува во развојот на многу други сфери од општеството.
www.kapital.mk
www.kapital.mk
Капитал број 881 16.09.2016
25 разговара:
Г
Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk
XГ-не X Мукаетов, ако направите една ретроспектива на 80-те години постоење на Алкалоид, кои се клучните точки пресвртници во развојот? Алкалоид започнa со работа на 15 август 1936 година како индустриски капацитет за екстракција на морфин база и нејзино синтетизирање до кодеин. Уште тогаш, фабриката претставувала никулец на една нова стопанска гранка, не само на овие простори, туку и во поширокиот регион. Осумкратното зголемување на производството, десеттина години подоцна било причина фабриката да се третира како капацитет од државно значење и да премине во општествена сопственост. Од особено значење за Алкалоид е 1957 година, кога со работа отпочнал новиот галенски погон за производство на лекови. Во негови рамки, на база на алкалоидните суровини, започнало производство на готови лекови во форма на таблети и течности, а подоцна и масти и ампули, меѓу кои: Кодеин, Кафетин и Носкапин. Во 1972 година отпочнала со работа нова фабрика за готови лекови со површина од 7.000 m². Интегрирањето на фабриката „Билка“, фабриката за производство на хемикалии и фотоматеријали „Лафома“ и фабриката за сапуни и козметика „Цветан Димов“ со „Алкалоид“, како и остварената деловно-техничка соработка со светски познати корпорации како „Терапликс“ од Париз, Франција, „Фајзер“ од Њујорк, „Шеринг АГ“ од Берлин, француските „Специа“ и „Лаборатории Делагранж“, „Хеми“ од Линц, „Солко АГ“ и „Хофман Ла Рош“ од Базел, „Мерк Шарп Дом“ од САД и други, биле адутите поради кои компанијата станала позната и призната индустрија во рамките на тогашната југословенска заедница кон крајот на 70-те години од минатиот век. Нацртот на контурите на современиот Алкалоид е дефиниран кон крајот на осумдесеттите години кога тогашниот менаџмент на чело со Трајче Мукаетов го иницира проектот за изградба на нов современ капацитет за производство на лекови. Транзициските текови во 1990 година, наложиле регистрирање на компанијата во акционерско друштво со мешовита сопственост; кој процес бил конечно комплетиран во 1998 година кога компанијата е целосно приватизирана. Темелите на современото корпоративно управување во „Алкалоид“ се поставени во 1994 година, а соработката со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) била солидна основа за најмасовниот инвестициски циклус во кој влегува компанијата. Потпишани во 1999 година, договорите за конвертибилен заем со меѓународните финансиски институции претставувале еден сосема нов вид соработка, преку која „Алкалоид“ обезбедил финансиска поддршка од околу 17,4 милиони евра (тогашни 35 милиони германски марки) конвертибилен заем,
www.kapital.mk
Капитал број 881 16.09.2016
26
ИНТЕРВЈУ
комплетно исплатен во 2004 година. Новиот милениум и пуштањето во употреба на новите фабрики за цврсти дозни форми и полусинтетски цефалоспорини, комплетно сертифицирани според светските норми на Добра производна пракса, претставуваат нова етапа во развојот на Алкалоид и потврда на определбите за интензивирање на развојот преку јасниот концепт – инвестиции во објекти и техничко-технолошко осовременување на производството. XАлкалоид X е компанија позната по своето непрестајно инвестирање... Колку има инвестирано компанијата откако вие застанавте на нејзиното кормило? Кои се најзначајните инвестиции на Алкалоид во развој последниве 10-15 години? Вкупните инвестиции на „Алкалоид“ во изминативе 15 години достигнаа сума од близу 150 милиони евра. Сепак, морам да нагласам дека фармацијата е прилично динамична индустрија. Водејќи се според начелата дека еден од најважните параметри за просперитетот на компанијата е зголеменото ниво на инвестирање во научни, истражувачки и развојни активности, како и контрола на квалитетот на производите, во периодот од 2004 до 2016 година, Алкалоид има вложено значителни фондови во научно-истражувачки капацитети и во секторите за контрола на квалитетот, како нова микробиолошка лабораторија (2003 година), нова хемиска лабораторија (2005 година), нов институт за истражување и развој (2009 година) и нов центар за контрола на квалитет опремен со нови фармацевтско хемиски и дополнителни микробиолошки лаборатории (2016 година) и новата лабораторија АлкаЛаб во Љубљана, Словенија во која се вршат физичко-хемиски тестирања на фармацевтските производи на Алкалоид наменети за пласман на пазарите во Европската Унија (2014 година). Со цел да обезбедиме непречено одвивање и синхронизација во сите сегменти од работењето на kомпанијата: намалување на трошоците, прецизно планирање и поефикасно производство, во 2007 година ја отпочнавме имплементацијата на новиот информатички систем mySAP ERP (Enterprise Resource Planning), брендиран под името AlkaSAP. Со имплементацијата на овој систем, Алкалоид стана единствената компанија во Македонија која го воведе САП системот како свое матично решение. Иницијалната инвестиција, со текот на годините беше надградена, проширена со нови модули и имплементирана во неколку подружници на Алкалоид во странство. Континуираните заложби на Алкалоид за зајакнување на извозните позиции на странските пазари, се потврдија со отворањето на нови канцеларии на компанијата во Црна Гора (2007 година), Украина (2009 година), Босна и Херцеговина (2011), Турција (2013 година); како и нови веледрогерии во Љубљана, Словенија и Белград, Србија (2011 година). Од особено
значење за Алкалоид, е отворањето на првиот производен погон надвор од Македонија, во Белград, Република Србија во 2010 година, со капацитет од 23 милиони блистери годишно или околу 10 милиони кутии готов производ – подготвени за пласман на соодветниот пазар. За целите на непречено спроведување на производните процеси од влезот на суровината до излезот на готовиот производ, Алкалоид во изминативе десет години вложи значителни средства за опремување и одржување на складишните капацитети. Последната реализирана инвестиција од овој тип е енергетски-ефикасниот високо-регален магацин кој е пуштен во употреба во 2014 година. За нашата конкурентност, пак, на секој пазар, континуирано и интензивно инвестираме во локални кадри, во производно портфолио и во маркетинг. XКомпанијата X секоја година покажува стапки на раст, и во приходите и во добивката. Покрај постојаното инвестирање, кои се основните фактори што го детерминираат успехот на Алкалоид? Успехот во работењето на Алкалоид се должи пред сè, на квалитетот на производите, на квалитетот на кадрите кои работат во компанијата, на брендот Алкалоид и поединечните брендови кои ги имаме, а кои ги граделе генерациите пред нас, години наназад. Успехот на секој бизнис, покрај фактот што треба да понуди издржан производ, зависи најмногу од човечкиот потенцијал, кој треба да ја води компанијата напред. Технологијата, која е во служба на другите активности, исто така е прилично важен предуслов, заедно со соодветна и добро осмислена стратегија за настап како на домашниот, така и на извозните пазари. Главна одлика во работењето на Алкалоид се тимската работа и проактивниот маркетинг концепт што е своевидна борба за секој наш продаден производ на секој пазар. Алкалоид ги следи светските трендови во фармацијата, хемијата, фитотерапијата и козметологијата кои се имплементирани во нашите секојдневни операции, а примената на најсовремените стандарди за Добра Производна Пракса (ДПП) се потврдени од реномирани авторитети како во земјава, така и во странство. XВо X изминативе години Македонија поминуваше низ многу кризи од секаков тип. Постои мислење дека
кризите ги уништуваат лошите компании, а добрите компании од кризите излегуваат уште посилни. Како Алкалоид ги пребродуваше овие кризи? Геополитичките настани во изминативе десет години, кои влијаеја како на регионалните, така и на глобалните економските текови, надополнети со светскиот тренд на намалувањето на цените на лековите, наложија низа предострожности во секојдневното работење на Алкалоид. Меѓутоа, морам да признаам дека сите овие искуства, нè направија посилни. Дисциплинираното соочување со фактите на бруталната реалност, систематизирањето на плановите за активности и креирањето на атмосфера во компанијата каде на менаџментот и вработените им се пружа шанса да ги споделат своите идеи и да дадат насоки во работењето – дефинитивно придонесоа да станеме отпорни на многу ризици. И покрај сите објективни и субјективни предизвици со кои јас како генерален директор на компанијата се соочив во текот на моето десет годишно раководење, Алкалоид успеа да презентира континуиран раст на профитот и продажбите. Вкупните консолидирани пласмани на компанијата се искачија од 53,1 милиони евра во 2005 година на 127,5 милиони евра во 2015 година. XАлкалоид X е една од најголемите извозни компании од Македонија која е присутна на многу странски пазари... Кои се плановите за идниот пробив на Алкалоид на
МУКАЕТОВ: ВКУПНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ НА „АЛКАЛОИД“ ВО ИЗМИНА
www.kapital.mk
Капитал број 881 16.09.2016
27
Главна одлика во работењето на Алкалоид се тимската работа и проактивниот маркетинг концепт што е своевидна борба за секој наш продаден производ на секој пазар. странските пазари? Кои пазари се покажале како најголем предизвик за освојување и кои се причините? Преку нашите 14 подружници и 4 претставништва во: Србија, Црна Гора, Бугарија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Албанија, Турција, Русија, Украина и САД; сите раководени од базата во Македонија, Алкалоид во моментов пласира над 60% од своето производство во над 30 земји во светот. Имаме неколку производни сајтови во главниот град Скопје и еден во Белград, Република Србија. Според неодамнешните истражувања, компанијата е еден од најголемите нето извозници во Република Македонија. Хендикепот на малиот македонски пазар го надминавме преку максимална фокусираност на извозот. На пазарите во регионот пласираме 35% од нашето производство, 17% се на пазарите на земјите членки на Европската унија, Русија и ЗНД учествуваат со 7% и САД со 2%. Како посебно интересни и недоволно експлоатирани потенцијали во сегментот на Европската Унија во моментов ги сметам пазарите на нова Европа: Полска, Романија, Чешка и Словачка кои, иако потпаѓаат на поранешниот источен блок, ги гледаме како огромен потенцијал и во моментов разгледуваме неколку проекти за истите. Русија и Заедницата на Независни Држави се сегмент кој претставува особен предизвик за нас како компанија со оглед на тоа дека има огромен волумен, на некој начин
Со указ на Нејзиното Височество, данската Кралица Маргарете II, Живко Мукаетов, генерален конзул на Кралството Данска во Македонија, во јуни годинава го доби високото одликување: Витез на данското знаме. претставуваат наши традиционални пазари, но имаат и своја особена специфика во поглед на условите во работењето. Американскиот пазар, пак, каде пласманите на Алкалоид од година во година растат, претставува извонредна можност за одржлив развој доколку имате производ со висок квалитет, додадена вредност, доколку изберете паметна стратегија и вистински партнери. XКаква X е вашата визија генерално за идниот раст и развој на компанијата, со оглед на моменталните односи на европскиот и светскиот пазар на лекови и состојбите во фармацевтската индустрија? Со оглед на преземањата во овој сектор во изминатиот период, дали досега имало обиди и Алкалоид да биде дел од некој поголем систем? Пазарот на лекови на глобално ниво е проценето дека тежи околу 650 милијарди евра изразено во цени на лековите франкофабрика. Лековите имаат цца 16% удел во вкупните здравствени трошоци, споредено со 36% кои отпаѓаат на трошоци за болничко сместување и 48% трошоци за амбулантна нега. Сите лекови кои се воведуваат на пазарот се резултат на долги, скапи и ризични истражувања кои во просек траат околу 12 години. Како резултат на тоа, во светот постојат сè помалку нови молекули, а со процесот на глобализација и трендот на намалување на цените на лековите, државните фондови креираат подобри
можности за генеричките производители на лекови. Во таа насока, уделот на генерички лекови на фармацевтските пазари варира од земја во земја. Само за пример, во Шпанија, генеричките лекови имаат само околу 9% удел, додека во Полска тој процент изнесува 55%. Тука би го потенцирал бенефитот кој здравствените системи го имаат од генеричките производители на лекови во смисол на корегирање на цените на истите, квалитетот и достапноста на тие лекови за пациентите, нивната безбедност и ефикасност. При тоа, интересот за генеричките производители на лекови константно расте, па има примери каде компании или фондови чија дејност не е на никаков начин поврзана со фармацијата значително инвестираат во секторот на генерички лекови, што оваа индустрија ја прави посебно интересна. Со неминовниот процес на глобализација, акцентот на интерес оди и на Алкалоид. Доколку ја анализирате структурата на водечките шест фармацевтски компании во Југоисточна Европа, само три од нив се без странски сопственик, односно не се дел од некој поголем систем кој би им го олеснил пласманот и работењето. Меѓутоа, како независни, ние сме флексибилни и многу побрзи во протокот на информации и процесот на донесување одлуки, која проактивност истовремено е и наша конкурентска предност. Придобивка повеќе во градењето на добриот имиџ на Компанијата се неколкуте предности кои ги имаме, како што е присутност и етабли-
АТИВЕ 15 ГОДИНИ ДОСТИГНАА СУМА ОД БЛИЗУ 150 МИЛИОНИ ЕВРА
Капитал број 881 16.09.2016
28
www.kapital.mk
ИНТЕРВЈУ
раност на повеќе пазари во регионот, сè Caffetin Cold®со природен Витамин Ц помоќно и модерно продуктно портфолио, (2009 година). Последната екстензија, специфични производи со додадена вредност, која е пласирана на пазарот во 2011 професионален, едуциран и обучен кадар и година e изготвена согласно трендовите стандарди на работење кои се компатибилни за конзумирање нетаблетарни форми со најстрогите светски регулативи. на лекови за третман на симптоми при Преку нашиот Оддел за деловен развој, настинка и грип. Вреќичките прашок, Caffeбеа реализирани и tin Cold Max®, Алкалоид продажбите на прги развиваше три години вите лиценци за наши во соработка со странски производи на светски партнер. реномирани компании, Како ѕвезда во подем, како лиценцата за на чие истражување и Успехот во Nycomed Takeda за продуктно портфолио работењето на скандинавските земји, Sun работи сериозен Алкалоид се Pharma за Романија, Sanекспертски тим во должи пред сè, doz за Словенија, Generic Алкалоид, би го Partners за Јужна Африка, издвоил и брендот Блок на квалитетот Dr. Reddys за Велика Макс, ибупрофенски на производите, Британија и др., на кои препарат ефикасен во на квалитетот потфати сме особено третманот на различни горди бидејќи покажавме типови болка. Воведен на кадрите и дополнителен квалитет во 2010 година, Блок кои работат во за извоз на знаење. Во Макс портфолиото компанијата, овој сегмент, очекуваме содржи 2 таблетарни на брендот листата на клиенти форми, сируп за деца рапидно да расте во и најновата екстензија Алкалоид и претстојните години. во портфолиото е Блок поединечните Преку јакнење на нашите Макс гелот против брендови кои позиции во регионот, болки. Производите ги имаме, а подобро позиционирање од оваа палета, на пазарите на земјите поради својот квалитет кои ги граделе членки на Европската и исклучителна генерациите Унија, ЗНД и САД, ние ефикасност, за многу пред нас, години сме постојано отворени кратко време добија наназад. за градење на нови почесно место во синергии и партнерства, домашните аптеки на специјализирање во крајните корисници. одредени групи на Изграден бренд и во производи и генерално јакнење на меѓународни рамки, и апсолутен лидер во брендот Алкалоид надвор од границите сегментот на детската козметика, е нашиот на Македонија. бренд Бекутан. Со повеќе од 150 милиони продадени парчиња производ, Бекутан е XКоја X е вашата дефиниција за добар синоним за традиција, постојан квалитет, бренд и како да се произведе? доверба и лојалност. Од пет производи при Колкав дел од своите профити воведувањето на пазарот во 1978 година, вложува Алкалоид во развој на денес портфолиото Бекутан содржи над нови и екстензија на постоечките 20 основни типови на производи со близу свои брендови? Во изминативе 10 години, освен за педесеттина форми, чии формулации се активности во делот на адвертајзингот, работени во блиска соработка со медиАлкалоид на годишно ниво алоцира цински експерти. Вистинската експанзија 3% од вкупните продажби во научно на Бекутан портфолиото се случува во 2006 истражувачки активности кои се клучни година, кога се воведени Бекутан влажните при развојот на нови фармацевтски марамчиња од кои за нецели 10 години се производи. Научно-истражувачките ти- продадени 17 милиони парчиња. мови на Алкалоид заедно со одделите за Потрошувачи во денешното време на брз медицински маркетинг во изминативе 10 проток на информации, не комуницираат години креираа продолженија на неколку со анонимни производи, туку градат однос успешни приказни. Прв во редот секако со брендовите идентификувајќи ги во нив би го спомнал Кафетин, кој со 11 милијарди своите сопствени вредности. За еден бренд продадени таблети прерасна во синоним да опстои на пазарот, тој мора континуирано за борба против болката и е еден од да ги исполнува своите ветувања за да ја водечките македонски брендови. Првото освои и задржи довербата кај купувачите. проширување на неговото портфолио се За да таа доверба стане константна, случи во 2005 година со лансирањето на потребно е производот да гарантира Caffetin Cold®, индициран за третманот на константно висок квалитет. X е компанија што во симптомите кои се јавуваат при настинка XАлкалоид моментов сè уште добар дел од и грип. Следеше Caffetin Menstrual® (2007 своето производство пласира година) кој се користи во третманот на на домашниот пазар. Кои се менструални болки. Трет во редот беше
најголемите предизвици за Алкалоид на домашен терен, како го оценувате моменталниот амбиент за работа на една домашна фармацевтска компанија, колку добивате или не поддршка од државата со оглед на стратешкото значење на оваа индустрија и чувствителноста на релациите производител – државен фонд за здравство – крајни корисници? На пазарот во Македонија Алкалоид во моментов пласира под 40% од своето производство. Нашиот третман на домашниот пазар е прилично коректен од страна на државните институции и е идентичен со оној на останатите учесници во пазарот на лекови. Лековите ги пласираме до веледрогериите, кои оттаму преку аптеките или здравствените установи стигнуваат до крајните корисници. Како производител, немаме директни деловни релации со Фондот за здравствено осигурување. Што се однесува, пак, до крајните корисници, фактот дека Македонија е земја со два милиони жители е секако олеснителен од аспект на видливост на одреден производ. Но, кога една македонска компанија ќе стане успешна приказна дома, доаѓа ред делови од таа приказна да се раскажат и надвор. Алкалоид веќе со години е присутен не само на регионалните, туку и на светските пазари на кои влезот и не е така лесен. Во 2000 година Алкалоид имаше девет канцеларии надвор од Македонија, а денес има 18 - сите во функција на промовирање на извозната ориентација на компанијата. XМоќните X бизнисмени, генерално гледано во целиот свет, политиката сака да ги има крај себе, а и тие често влегуваат во политика. Дали досега имало обиди да ве ангажираат политички во владата, парламентот и сл.? Неформални отворени предлози за мој политички ангажман имав, и се уште имам прилично често. На своите 42 години, јас ги имам јасно дефинирано своите приориети, а тоа е семејството, како мој главен двигател; Алкалоид, со кој сум практички израснат и на кој сум апсолутно посветен и мојата функција на генерален конзул на Кралството Данска во Македонија, која ја извршувам со сета должна почит. Тука секако спаѓаат и моите задолженија при Ракометната Федерација на Македонија, а преку моите ангажмани во меѓународни организации како Форумот на Млади Глобални Лидери, Македонија 2025, Самит 100 и слични – сметам дека на повеќе начини придонесувам за афиримирање и просперитет на Македонија во регионални, па и светски рамки. XКако X член на раководството на Македонија 2025, колку сте задоволен од она што досега го постигна организацијата, ги исполнува ли своите цели? Уште кога ја добив поканата за пристап во организацијата, имав само еден заклучок: дека оваа организација има многу тешка и
МУКАЕТОВ: АЛКАЛОИД ВО МОМЕНТОВ ПЛАСИРА НАД 60%
www.kapital.mk
Капитал број 881 16.09.2016
29 ГОРД СУМ ШТО ТРАЈЧЕ МУКАЕТОВ БЕШЕ МОЈ ТАТКО И МЕНТОР XX Што е најскапоценото што го научивте од вашиот татко Трајче Мукаетов, човекот што ги постави всушност темелите на денешниот модерен Алкалоид? Трајче Мукаетов имаше одличен однос со Вашиот магазин и многу го почитуваше медиумот „Капитал“. Непосредно по неговото заминување, Вие одлично го опишавте неговиот лик и дело. Особено ми се допадна делот во кој велите: „Не потклекнуваше пред ниту еден предизвик. Неговиот видик беше: секогаш напред“ - кои редови најсликовито ја претставуваа(т) неговата филозофија на функционирање. Исто така, сметам и дека токму тоа е најдрагоценото нешто што го научив од него во поглед на моето секојдневно работење. На моја 11 годишна возраст, тој стана генерален директор на Алкалоид, па она што го паметам од моето најрано детство се неговата максимална посветеност и огромен труд кој го вложуваше во текот на 22 годишното раководење со компанијата во навистина турбулентни времиња. Од оваа перспектива, можам да кажам дека сум особено горд што Трајче Мукаетов бил пред сè мој татко и особено среќен што бил мој ментор во текот на моето професионално профилирање во компанијата, почнувајќи од пониските хиерархиски скалила.
одговорна задача пред себе. Нема да биде лесно да се исполнат целите, ќе се соочиме со многу предизвици но, битно е да се обидеме, за да направиме барем Членството во Бордот на директори на Македонија 2025, ми претставува особена чест, но исто така е обврска и голема одговорност која налага бескомпромисна посветеност и залагања. Овој ангажман се покажа дека и не е така маргинален, но на крај на денот, среќен сум што можам да направам мал исчекор во промовирање на мојата земја во меѓународни рамки и на некој начин да дадам свој придонес во нејзиниот просперитет. Од друга страна, да се работи со Мајк Зафировски, Џон Битове Јуниор и Вера Стравроф е огромно задоволство, бидејќи тоа се луѓе кои навистина имаат успешни приказни зад себе и огромно знаење. Она што особено ми се допаѓа во организацијата е што огромно внимание и напори се вложуваат во сегментот на образованието, едукацијата, градење на мрежа и размената на искуства преку практична работа, кои се на некој начин клуч на секоја успешна претприемачка
сторија. Јас бев задолжен за еден таков потфат од едукативен тип кој летово се одржуваше во Македонија, а тоа беше „Програмата за летна пракса за млади професионалци од дијаспората“ кој се отвори со презентација за меѓународниот успех на „Алкалоид“ како една од најуспешните компании во Република Македонија. Особено ме израдува фактот што овие млади професионалци, активни и штотуку дипломирани студенти од дијаспората пројавиле интерес и одвоиле време и ресурси токму преку македонското стопанство да го развиваат нивниот професионален профил. XВо X време кога технологијата почна да управува со нашите животи, наместо ние со неа, како успевате да се справите со напливот на информации, да исфилтрирате она што е важно за вас лично и за компанијата? Како го организирате балансот помеѓу професионалниот и приватниот живот? Морам да признам дека иако сум машинс-
ки инжењер по струка, без некоја голема еуфорија ги прифаќам последните достигнувањата на модерната технологија. Јас сум еден од ретките луѓе кој се уште користи аналоген мобилен телефон. Но, помладите генерации во семејството, кои предничат во употребата на модерните гаџети на денешнината, ме натераа да додадам Ајфон во мојата секојдневна комуникација. Најпрвин го прифатив како следење на модерните трендови, но со тек на време сфатив дека во голема мера го олеснува професионалното функционирање и држење чекор со информациите од општествено и деловно значење. Дијапазонот на возрасти во моето потесно семејство се движи од 2 до 20 години, па секако морам и да сум и во чекор со сите новитети: од тинејџерска мода, нова музика, последни филмски остварувања, па сè до најновите детски играчки и цртани филмови. Меѓутоа, тоа се сферите од интерес кои уживам да ги споделувам со моите деца и кои апсолутно ме релаксираат после скоро 10-часовниот работен ден и уште повеќе ја поттикнуваат мојата креативност! nnn
% ОД СВОЕТО ПРОИЗВОДСТВО ВО НАД 30 ЗЕМЈИ ВО СВЕТОТ
www.kapital.mk
Капитал број 881 16.09.2016
30
КОЛУМНА
Автор:
ИЛИЈА ДИМОВСКИ координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание
Целокупните проверки што ги изврши Државната изборна комисија потврдија дека бројот на гласачи е неколку илјади под 1.800.000 гласачи. Оваа бројка зад која застанаа сите членови на ДИК (меѓу кои и претставници на сите четири големи партии) и ја прифатија како точна лидерите на четирите партии беше шок од голи бројки и голи факти за манипулаторите кои минатите неколку години сакаа да скријат дека Република Македонија има повеќе граѓани од жители или истите тие термини и бројки да ги изедначат.
Шок од голи бро голи факти за ма
И
Избирачкиот список на Република Македонија по вкупен број на гласачи е скоро идентичен со избирачкиот список за неколку изборни циклуси во последните години десетина години. Целокупните проверки што ги изврши Државната изборна комисија потврдија дека бројот на гласачи е неколку илјади под 1.800.000 гласачи. Оваа бројка зад која застанаа сите членови на ДИК (меѓу кои и претставници на сите четири големи партии) и ја прифатија како точна лидерите на четирите партии беше шок од голи бројки и голи факти за манипулаторите кои минатите неколку години сакаа да скријат дека Република Македонија има повеќе граѓани од жители или истите тие термини и бројки да ги изедначат. Целта на манипулаторите беше да се најде оправдување за големите изборни порази кои во континуитет ги доживува македонската левица. На тој начин раководствата на СДСМ и на сателит партиите околу нив на тој начин сосема недемократски и сосема некоректно си го продолжуваа животниот век, кој по правило треба да заврши веднаш после изборен пораз. Најголем дел од спорните записи во државните дата-бази кои се појавија како последица на обемните и детални проверки се однесуваат за гласачи во изборна единица во која
ВМРО-ДПМНЕ освојува помеѓу 3 и 4 пратеници. Тоа е шестата изборна единица, која во целокупната победа на владејачката партија учествува со минимален број на пратеници. Најголем дел од гласачите кои ќе бидат одбележани различно во официјалниот избирачки список, а несомнен се дел од граѓаните со гласачко право, не се во изборните единици каде ВМРО-ДПМНЕ ја остварува својата најголемата победа и ги прави најголемите изборни разлики. Јасно дека најголемиот дел од овие гласачи живеат или се запишани како гласачи во места во кои ВМРО-ДПМНЕ никогаш не победил, а бил или трета, или четврта политичка партија по број на добиени гласови. Во некои од овие места ВМРО-ДПМНЕ не добивал ниту по еден глас. Таквите места најчесто се во северо-западниот дел од државата. Логично е да се земе во предвид фактот дека дури и да се спорни овие гласачи, на било кој начин (а не се воопшто), воопшто не влијаеле на изборниот резултат кој го остварувала најголемата македонска партија. Бројот на лица кои не живеат во Македонија (се иселиле) не е ниту третина од бројката која опозицијата ја користи за политичко оцрнување. И секако, не станува збор за лица иселени во последните десетина години, туку за лица иселени во последните шеесетина години. Оние лице (околу 170.000) кои ќе бидат посебно означени во избирачкиот список се лица кои најчесто живеат во друга држава, а се граѓани на Република Македонија. Избирачкиот список бил чист и во 2014 година, и во 2013 година, и во 2011 година, и во 2009 година, и во 2008 година. Ниту еден изборен
www.kapital.mk
Капитал број 881 16.09.2016
31
ојки и анипулаторите пораз на СДСМ не е базиран на никакви проблеми со избирачкиот список, ниту со било каква манипулација со некакви замислени и измислени фантомски гласачи. Не постојат такви. Да беше пронајден макар еден, ние овие месеци ќе живеевме во една класична политичка хистерија чија цел ќе беше дополнително да се оспоруваат победите на владејачките партии. Поразите на СДСМ се факт и се докажани низ постапка која самите ја иницираа. Ако може да се каже дека политичката криза донесе некои позитивни резултати (на сметка на илјадници негативни) еден од ретките е токму тоа што политички СДСМ даде потврда и неволно ги прифати изборните резултати од низа на изборни циклуси низ годините наназад. Дали тоа ќе значи процеси и процедури за преиспитување на политиките и насоката по која се движи оваа партија е апсолутно прашање на кое одговор може да дадат само членовите на СДСМ и нивните политички органи. Ако не го сторат тоа, ќе знаеме дека оваа партија и во иднина ќе живее во фиктивна и замислена идила во која никој од СДСМ нема да понесе одговорност за изборните резултати и порази, а за тоа секогаш виновен ќе биде единствено ВМРО-ДПМНЕ и никој друг. Втор позитивен ефект од деталната проверка на избирачкиот список е тоа што државните институции ќе мораат и ќе имаат далеку подобро уредени податоци во своите бази (ако е за утеха, веројатно ова е една од ретките добри страни на целиот процес кој не чинеше двегодишна политичка криза и многу уназадувања во целокупната економија, меѓународни односи,
Избирачкиот список бил чист и во 2014 година, и во 2013 година, и во 2011 година, и во 2009 година, и во 2008 година. Ниту еден изборен пораз на СДСМ не е базиран на никакви проблеми со избирачкиот список, ниту со било каква манипулација со некакви замислени и измислени фантомски гласачи. Не постојат такви. Да беше пронајден макар еден, ние овие месеци ќе живеевме во една класична политичка хистерија чија цел ќе беше дополнително да се оспоруваат победите на владејачките партии. меѓуетнички соживот и слично) и ќе имаат дата бази кои ќе бидат усогласени помеѓу себе. Медиумите на СДСМ и нивните непартиски новинари (кои често добиваат функции во и по предлог од СДСМ) повторно се избламираа во кампањата да докажат дека во Македонија изборите биле нечесни, крадени и фалсификувани. За жал, оваа епизода за голем дел од партиските одработувачи на СДСМ низ медиумите нема да е никаква поука за подобрување на квалитетот во својата работа, но барем јавноста јасно воочи кои медиуми и кои новинари работат врз објективни показатели и бројки, а кои се само дел од големата и скапо платена пропагандна машинерија на Сорос и СДСМ во Македонија. Гласачите, членовите и поддржувачите на СДСМ пред избори имаа шанса да разберат дека нивната партија ја водат лажливи политичари. Политичари кои во минатите десетина години најпрво го лажат своето членство, а потоа и сите граѓани. Лажливоста
е толку голема што за да се оправда, се жртвуваат државните и национални интереси, се жртвува економијата, меѓународната позиција на Македонија, па дури и ранливите меѓуетнички односи. Ваквата неодговорност природно ќе ја доживее и види својата казна. П.С. Неочекуваната победа на ХДЗ во Хрватска е доказ дека граѓаните во овој дел од Балканот и Европа имаат дефинирана и добра политичка проценка. Скапите кампањи на Сорос се дел од политичкото живеење во Хрватска последните петнаесетина години. И таму, како и овде, огромен број на медиуми, невладини организации и експерти се на платниот список на оваа фондација и се под диктат на политичките цели на Сорос. Тоа не само што не беше доволно за да победи хрватската левица, туку напротив, нанесе тешки политички штети за истата. Граѓаните знаат дека не смеат да веруваат на политичари кои се дел од нејасни анти-национални политички структури. Тоа ќе се случи и во Македонија. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 881 16.09.2016
32
Балкан бизнис и политика
Хрватските претприемачи го освојуваат светот со иновативни производи
Паметната клупа и соларната автобуска постојка се извозен хит
И
Иван Мрвош, младиот хрватски претприемач, основач на компанијата Include и изумител на “паметните“ клупи Steora, продолжува со продор на светскиот пазар, јавува Lider.hr. “Пред неколку недели почнавме со испорака на пробни примероци до потенцијалните
Include и Energomobil се две компании од Хрватска, кои што за своите производи соларна паметна клупа и соларна автобуска постојка почнаа да добиваат сè поголем број нарачки - од САД до Блискиот исток
партнери во САД, Швајцарија и Катар. Токму деновиве го очекувам првиот фидбек од американскиот пазар, од каде што треба да стигнат поголеми нарачки“, вели Мрвош, чија што клупа е енергетски независна, односно се полни со сончева енергија, а нуди погодности како што е бесплатно полнење на мобилен телефон, пристап до брзи 4G мрежи, амбиентална расвета, пријатно
разладување во лето при седењето, сензори за самодијагностика и други податоци, вклучувајќи и атмосферски. “Работиме со полна пареа, во план е проширување на производните капацитети, со оглед дека до крајот на годинава планираме посилно излегување на пазарите на ЕУ, и на уште два-три други надворешни пазари. До крајот на годинава ќе имаме
Извоз: “Паметните“ хрватски производи барани во светот
www.kapital.mk
Капитал број 881 16.09.2016
33 Кој е ИвАн МрвоШ, оСновАчоТ нА Include
Иван Мрвош ја претставува SmartBench2, новиот модел на паметната клупа, кој што овозможува безжично полнење на мобилни телефони, прочистување на воздухот околу клупата, информации на екран...
ДвАеСеТГоДИШен СТуДенТ е "МозоКоТ" зАД првАТА пАМеТнА КлупА
Д
ваесетгодишниот студент на Сплитскиот факултет за машинство и бродоградба, Иван Мрвош од Солин, гратче близу Сплит, е мозокот зад првата паметна клупа во европа. пред два месеци тој на својот Facebook профил ја објави веста дека потпишал договор за испорака на својот производ, вреден околу 5,5 милиони евра. “нарачател е австралиската компанија Mtk Renewable energy Investment. Се работи за вкупно 2.700 паметни клупи за период од пет години. ова е резултат на деноноќна работа и одрекување на 20 млади луѓе кои што дадоа 100% од себе за оваа компанија, кои што некои денови работеа по 24 часа без прекин за 0 куни бонус и кои што останаа тука без оглед што други им зборуваа дека ова никогаш нема да стане голем проект. ова нема да биде единствен ваков договор годинава, туку наскоро ги праќаме првите пробни клупи потпишани договори за ексклузивна дистрибуција со шест до осум држави, покрај постоечкиот договор што го имаме со Австралија – вели бизнисменот чии што планови подразбираат и дополнителни вработувања.
во Катар, САД и Швајцарија“, напиша Мрвош. Тој ја основал компанијата Include пред две години, а првите триесетина паметни клупи ги произвел во својот дом. Тие биле купени главно во Хрватска, а неколку и во Сараево, како и Тиват во Црна Гора.
Финансирање само од тоа што ќе се продаде
Мрвош вели дека зголемените производни капацитети дефинитивно ќе бараат и повеќе вработени, затоа што производството на Include не е во толкава мера темелено на
машини и автоматизација, па дополнителни клупи значат и дополнителни работници. Со оглед дека излегуваат на нови пазари, ќе им требаат и луѓе за маркетинг што ги познаваат овие земји. На прашањето на Lider.hr за тоа како се
www.kapital.mk
Капитал број 881 16.09.2016
34
Балкан бизнис и политика
Уште еден пробив на хрватските иноватори
Соларната автобуска постојка ќе се извезува и во Сингапур
И
новациите на полето на зачувување на животната средина и зголемување на квалитетот на животот за некои хрватски претприемачи им овозможија успешен извоз на странските пазари. Освен за паметните клупи на Мрвош, ова се покажа исплатливо и за компанијата Energomobil, изумители на соларната автобуска постојка која што, освен за чекање јавен превоз, служи и за полнење мобилни телефони или сурфање на интернет. Соларната автобуска постојка тргнува на странските пазари кон Абу Даби. За Обединетите Емирати развиена е комплетно климатизирана соларна автобуска постојка. За хрватската иновација се заинтересирани и во Грција, Египет, Италија, а нарачки можно е да стигнат и од Сингапур, кој што е водечки светски производител на соларни уреди. Сепак, и некои хрватски градови и општини се свртија кон обновливи извори на енергија, па оваа постојка летово е поставена во општината Слано, пренесува HRT.
финансира неговата компанија, Мрвош има интересен одговор. “Мислам дека сме единствена фирма, не само во Хрватска или Европа, туку во светот, која што е технолошка и нешто произведува, а се финансира само од она што ќе го продаде. Така работиме од почетокот, што значи немаме инвеститори, ниту некои големи кредити, ниту државна помош. Но, тоа ќе се промени, затоа што имаме намера да вложуваме многу повеќе во периодот што следи. До крајот на годинава спремаме документација со која би го почнале првиот круг на прибирање инвестиции за проширување на производството, наоѓање
Соларната автобуска постојка ве штити од сонце, дожд, но и ви го полни мобилниот Марија Мрвељ, директорка на производителот Energomobil: “Досега сме извезувале во 14 држави, а за блискоисточните пазари спремивме климатизирана постојка“
Компанијата Energomobil од Велика Горица крај Загреб, заради зголемените нарачки, планира да го зголеми капацитетот на производниот погон во Посушје, Босна и Херцеговина, за што ќе вложи два милиони евра, пишува порталот bih.banke_biznis.com. Според Марија Мрвељ, директорка на Energomobil, со новата фабрика производството ќе може да биде зголемено десеткратно. Во моменталниот погон сега се произведуваат металните конструкции и изведуваат браварските работи за елементите нови купувачи, иден развој на паметните клупи, а веројатно и нови производи“, вели Мрвош.
Нарачките од една - две клупи не се исплатливи
Тој додава дека ситуацијата е особено поволна за пласман на единствениот европски пазар, каде што испораката се одвива брзо и мазно, иако е потребно да се прибават сертификати, што е “стандардна бирократска процедура“. Што се однесува до домашниот пазар и потенцијалот за извоз, надворешната побарувачка би можела да ја засени
на соларните производи, кои што потоа се склопуваат во Загреб. Меѓутоа, новата инвестиција во БИХ отвора и нови можности, па можни се и промени во самото производство, вели Мрвељ. “Постојано воведуваме новитети, наслушнувајќи ги потребите на купувачите. Со зголемувањето на капацитетите во Посушје од 7 – 10 пати, би се овозможило комплетното склопување на дел од асортиманот во тој град. Ние произведуваме и соларни ЛЕД светла, соларни настрешници, соларни стебла, итн.“, вели Мрвељ. онаа во Хрватска веќе на почетокот од декември. “На домашниот пазар ситуацијата варира од недела во недела, имаме побарувачка, но се работи за мали количини. Се нарачуваат една – две клупи што е всушност доста тешко и скапо. Ако испорачуваме една клупа некаде во Славонија, тоа со достава и монтажа не е секогаш исплатливо. Од друга страна, имаме нарачка од Градот Загреб за 17 клупи и се надеваме дека тие ќе ги испорачаме до октомври месец. Тоа значи дека до крајот на годинава во Загреб ќе има 20 клупи, со сè оние три претходно поставени“, вели Мрвош. nnn
Што добивате со он-лајн претплата на Капитал: претплата на 1. Со електронското издание на Капитал
заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание
за најава од 2.Можност три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон
до 3. Пристап електронското издание од било каде во Светот
Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал: l 49 броја на редовното издание на Капитал l 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал l Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа l Платена поштарина l Вклучено ддв l Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози
www.kapital.mk
Капитал број 881 16.09.2016
36
свет
Град во кој има место за сите
Берлин е новата стартап престолнина Жителите на Берлин заради својата специфична историја, морале да се снаоѓаат многу повеќе од останатите Германци. Тоа ги поттикнало да развијат механизми за поддршка во сите можни ситуации и оттаму израснал денешниот изразен претприемачки дух на Берлин, кој овој град го сместуваат во врвот на светските најдобри дестинации за основање на бизнис. Берлин е посебно привлечен за младите претприемачи од областа на дигиталните технологии и креативните индустрии, кои доаѓаат од сите краеви на светот.
Б
Берлин главниот град на Сојузна Република Германија отсекогаш бил посебен и тоа во различна смисла. Оние кои го доживеале како поделен град во времето на двете
Германии, на тоа се сеќаваат многу добро, а оние кои го посетиле после нивното обединувањето биле сведоци на големи промени: помалку заспан, но многу туристички ориентираниот Западен Берлин и неговиот источен дел во непосредното соседство, кој до тогаш вегетирал како престолнина на тврдиот комунизам, сраснаа во една целина која тешко може поинаку да се опише освен како единствена. Процесот на обединување не протече без бол и напор. По церемонијата со која во 1990 година се одбележа обединувањето, следеше отрезнувачка реалност како низ
јавниот и економскиот живот да се создаде една сосема поинаква општествена средина. Некој кој го посетил Берлин во годините на трансформација, некаде околу 1995 година, можел да доживее работи кои се невообичаени за Германците. Она што во другите делови од земјата би било тешки да се замисли или дури забрането, во Берлин не претставувало проблем. Малку посилна музика во раните утрински часови во некој клуб во посткомунистички стил? Не е проблем, само посетителите ќе се замолат да бидат тивки кога ќе излегуваат од клубот. Во салата за предавање на
Берлин: Eкосистемите ги поддржува градската админис
www.kapital.mk
Капитал број 881 16.09.2016
37
Хумболд универзитетот протекува дожд? Не е проблем, предавањата ќе се префрлат во мензата.На шалтерот на Заводот за економски дозволи службеничката има проблеми бидејќи некој господин не знае доволно германски за да ги пополни формуларите? Не е проблем, ќе го повикаат синот на турскиот фризер од соседната зграда за да помогне. Берлинците секогаш морале да се снаоѓаат повеќе од останатите Германци. Тоа ги поттикнало да развијат механизми за поддршка во сите можни ситуации и оттаму изникнал денешниот препознатлив претприемачки дух кој го обележува градот. Треба да се има во предвид дека Берлин од почетокот на овој милениум никогаш не би некој посебен економски центар во Германија. Претприемништвото било разновидно, но во рамки на малите бизниси, бидејќи развојот бил отежнат, почнувајќи од самиот транспорт на стока кој до остатокот на Западна Германија морал да го помине патот преку “реалниот комунизам” и коридорите во источниот дел на земјата. Развојот на големите системи бил уште потежок-како да се изградат фабрики или некој сериозен инженеринг во “златен кафез”, без било какви гаранции дека вложените пари во опрема и луѓе некогаш ќе се исплатат, односно дека првобитните планови нем а да бидат брзо променети, а светските сили нема да донесат одлука за нова “прераспределба”. Компаниите како што се Mercedes Benz, Bayer и бројни други германски економски гиганти вложувале во производство под големо влијание на политиката и со нејзина поддршка, за да може на Берлин да му се овозможи какво такво економско значење, а на неговите жители вработување. На почетокот на новиот милениум, се сè свртело. Берлин прво доживеал вистински бум на пазарот на недвижности. После обединувањето, повеќето од започнатите проекти биле завршени и подготвени да ги дочекаат новите сопственици. Понатамошниот развој го одбележа
она што многу пати се опишуваше како „германски дух“: сите кои нешто значеле во општествениот и економскиот живот се концентрираа на поддршка на Берлин. Првиот, темелен чекор, бил преселување на парламентот од Бон во Берлин, а потоа се вложувани напори да се пресели и дел од германската економија, да се привлечат големи светски компании и истовремено да се мотивираат помали претприемачи да отворат фирми во Берлин. Сето тоа е спроведувано систематски, како што Германците генерално работат, за Берлин да се претстави како млад, многу динамичен и космополитски град меѓу Истокот и Западот, со поддршка на градската управа што ги отвори вратите за големите инвеститори и креираше низа стимулативни програми за развој на претприемништвото. Резултатите, меѓутоа, стигнуваа бавно; толку бавно што со години не беше извесно дали берлинските општини ќе успеат финансиски да преживеат или ќе мораат да прогласат банкрот. Оттука и познатата изјава на градоначалникот на Берлин, Клаус Воверајт, кој на прашањето на новинарите - зошто претприемачите се доселуваат во град што економски е во толку лоша состојба, кратко одговори: „Берлин е сиромашен, но е многу секси“.
Придонесот на „придојдените“
Така, во економскиот развој на Берлин, од почетокот беше јасно дека освен на помалите претприемачи, е нужно активно учество и на големите компании. Германската влада, затоа, во настојувањата да им привлече интерес на глобалните играчи, во Берлин обезбеди многу атрактивни локации за мултинационалните концерни, со цел германските, европските, па и светските компании да ги префрлат своите централи. Јапонски Sony ги пресели сите свои европски раководители во нова централа, сместена во новоизградениот центар на Берлин, на Потсдамер Плац. Тој тренд го следеа медиумските, осигурителните и технолошките компании, како и значаен број јавни установи, создавајќи нов
економски епицентар во Берлин, што придонесе за значаен економски раст на градот и на целата држава. Освен споменатиот тренд, многу важна улога во натамошниот развој одигра уште една специфика на овој град: раѓањето на различни „екосистеми“. Денес овој поим е многу широк, но во случајот на Берлин, тој може најдобро да се објасни преку интеграцијата на придојдените од други земји, на пример Турци и Руси. Почнувајќи од раните педесетти од минатиот век, во Берлин се населувале турски гастарбајтери, а по распадот на Советскиот Сојуз, дојде голем број Руси од сите општествени слоеви. Двете групи брзо воспоставиле различни видови бизнис заедници, а со тоа и рамка за многу специфично работење. Бизнисот го развивале во два правци: во кругот на слични култури или националности, но и со актери вон тој круг, без разлика на потеклото. Денес турските и руските екосистеми се меѓу најсилните и најуспешните бизнис бази во Германија, и обезбедуваат стотици илјади работни места (не само за нивните земјаци, туку пред сè за Германците) и можеби најконкретно отсликуваат зошто современ Берлин, покрај другите бројни предности, обезбедува толку сигурен екосистем за стартап компаниите од целиот свет. Благодарение на доселувањето на значајни економски и општествени актери во последната деценија на минатиот, и во првата деценија од овој век, во Берлин е создаден темел за стабилен и одржлив економски развој. Но, што беше пресудно тој да стане толку привлечен за малите и средните компании од целиот свет, кои овде основаат стартапи?
Во Берлин сè е поинаку
Пред сè, да потсетиме дека суштината на самиот поим „стартап“ е основање на бизнис и покренување на неговиот раст. Зошто во Берлин тоа успева најдобро, иако германската бирократија, како и повеќето европски, сигурно не е минорна? Да не зборуваме за тоа дека Германија воопшто не е евтина за основање компанија, а
страција, за да го олесни и забрза почнувањето бизнис
www.kapital.mk
Капитал број 881 16.09.2016
38
свет
германскиот јазик, неопходен за секој претприемачки чекор, секако не спаѓа во оние кои лесно се учат. Одговорот гласи: Берлин е вистински избор, бидејќи во него сè е поинаку! Берлин, имено, успеа во текот на сите овие години на економски раст, да го сочува деловниот дух на градот во кој има место за сите. Напоредно со големите компании, во уште поголем број доаѓаа претприемачи од креативните индустрии кои не вртат големи суми, но сега ја прават значајната основа на берлинската економија. Новите работни места се настанати воглавно во тие области, а не во мултинационалките кои со себе си го довеле и мнозинството од кадарот. Производството во Берлин сè уште е малку застапено, а растат услужниот и јавниот сектор, во кои, поради споменатите специфични услови, примањата се значајно пониски отколку во другите светски центри, што особено ги привлекува оние со помалку капитал. Сето тоа придонесе деловните и животните трошоци во Берлин да бидат значајно пониски отколку во многу европски престолнини. Друга важна причина за интернационалната популарност на Берлин е космополитскиот карактер, што навистина е феномен кога ќе се земе предвид неговата понова историја на поделен и затворен град. Се покажало, меѓутоа, дека токму тој, не само физички, туку и идеолошки ѕид, привлекувал милиони луѓе, љубопитни на лице место да се уверат што значи тоа за секојдневниот живот. Градот секогаш бил во центарот на вниманието, а селидбата на дипломатскиот кор од подзаспиениот Бон, во Берлин, конечно на последниот му ги отвори капиите кон светот. Но, особено е интересно што додека Њујорк, Париз, Лондон или Москва, пред сè ја привлекуваа елитата или авангардата, во Берлин главно доаѓаа поединци наклонети на маргиналниот или алтернативниот начин на живот. Причина за тоа е, што секако, многу полесно би можеле да се вклопат во средина во која веќе опуштено коегзистираат Турци, Виетнамци, комунисти, LGBT популација, интелектуалци, германски пензионери кои со своите примања не можеле да отидат некаде на друго место... Адаптацијата е полесна кога брзо се наоѓаат слични луѓе, а тоа, од друга страна, во Берлин поттикна натамошен раст на различни екосистеми, од кои денес можат да регрутираат кадри многу различни компании. Берлинските екосистеми ги поддржува градската администрација, подготвена да го олесни и забрза почнувањето бизнис. Тоа е чудо само по себе, кога се знае колку е германската бизнис култура генерално конзервативна по прашање на правилата и процедурите. Но, како што овој град долго беше под странски влијанија, почнувајќи од окупациските сили, па до мноштвата доселеници, во него се разви и своевидна субкултура - комплицираните ситуации да
се олеснат и поедностават, особено ако се во прашање односите со странците. Тоа наследство, денес значајно им олеснува на странските компании кога сакаат да почнат бизнис во Берлин.
Епицентар на младото претприемништво
Сите наведени околности доведоа до тоа Берлин да стане едно од најзначајните и највлијателните претприемачки упоришта за претприемчиви луѓе со различни профили, а особено за младите претприемачи од областа на дигиталните технологии и креативните индустрии. Исто така, Берлин е бизнис мека за претставниците на таканаречената „економија на споделување“, која главно се занимава со посредување и препродавање на услуги. Ваквите компании во Берлин или се основаат или ги селат своите централи за Европа. Се проценува дека денес во Берлин работат околу 2.500 стартапи, кои вработуваат 60-тина илјади работници од сите можни квалификации и националности. Во тек на 2012 година во Берлин се слиле вкупно 133 милиони евра основачки капитал, повеќе отколку во сите други германски градови. Берлин се наоѓа на врвот на сите светски листи кои ги оценуваат најпопуларните градови за основање на бизнис. Ситуацијата на терен е толку динамична, што не е лесно статистички прецизно да се следи кога стартапот прераснал во развиена компанија, но тоа не ја доведува во прашање позицијата на Берлин како најразвиена претпримачка база во Европа. Сите нејзини припадници оценуваат дека тоа е град во кој можеле најбрзо да се снајдат, да пронајдат остручени луѓе според нивните потреби, да работат со релативно ниски трошоци, а истовремено да бидат во можност на истото место да ги одмеруваат силите со најдобрите во нивната индустрија. На сето ова, и директорите и вработените истакнуваат дека уживаат во еден од најзелените и најзабавните европски градови.
Секој учесник во некоја од берлинските бизнис заедници има своја приказна, што е посебна, и подготвен е да ја подели со другите - и во делот на успесите, и на неуспесите. Тоа е уште една специфика на Берлин: она што на други места можеби се третира како деловна тајна, претприемачите во овој град го изнесуваат до детали на посебни собири, објаснувајќи како стигнале до актуелната позиција. Таквите собири се организираат во различни форми и тоа десетина до дванаесет во текот на работната недела, а ги следат печатените и интернет медиумите специјализирани за претприемништво. Многу е значајно дека освен за презентации на успешните бизнис модели и на генералните предности на Берлин како претприемачка база, дел од овие собири се организираат за да се сврти вниманието на претприемачите од одредени држави или опкружувања. Семинари под името „Берлинскиот екосистем како одлична почетна точна за младите француски претприемачи“, или „Што може Берлин да им понуди на израелските стартапи, а Тел Авив не може?“, или „Берлинските стартап компании како цел на кинеските инвеститори“, се потполно нова појава и укажуваат дека во „играта на стартап троновите“, Берлин станал многу препознатлив и во далечните метрополи. Но, уште поневообичаено е што голем број од овие собири се одржуваат во странски амбасади, или под покровителство на странски влади и нивни организации. Се поставува прашањето: зошто француската, израелската или кинеската влада промовираат работење на нивните претприемачи во Берлин, а не во Париз, во Ерусалим или во Пекинг? Одговорот може да се најде, одново во Берлин: ако аргентинска или словенечка компанија е успешна во овој град, тоа автоматски го свртува вниманието на претприемачкиот потенцијал во Буенос Аирес или во Љубљана. Односно, основачите на стартап компании стануваат сè поважни амбасадори на своите држави. nnn
Факт: Во Берлин работат околу 2.500 стартапи со 60-тина илјади работници
Капитал број 881 16.09.2016
40
www.kapital.mk
менаџмент
Заблуди за успехот
Зошто успешните лидери тешко се менуваат?
Факт: Верувањето во нас самите ни помага да стан
www.kapital.mk
Капитал број 881 16.09.2016
с секој човек, всушност, секое животно има тенденција да го повторува однесувањето кое било проследено со позитивна реакција. колку сме поуспешни, толку почесто добиваме позитивни реакции, но со тоа е поголема е веројатноста да доживееме заблуда за успехот.
Се однесувам вака и успешен сум. Мора да сум успешен затоа што се однесувам вака. Погрешно! Како што се искачуваме на организациската скала, се поголем број вработени ни ставаат до знаење колку сме прекрасни! Нашето однесување честопати е проследено со позитивни реакции, дури и кога тоа воопшто не е логично. Верувањето во нас самите ни помага да станеме успешни, но исто така ни ги отежнува промените. Кај сите нас постои простор за подобрување – само ако сме подготвени да се загледаме во себе. Ако сфатиме зошто промените во однесувањето се толку тешки за успешните лидери, можеме да го зголемиме потенцијалот за правење на потребните промени во нашата борба за уште поголем успех. Голем дел од нашите заблуди можат да потекнуваат од нашето поистоветување со успех, а не со пораз. Бидејќи сме добиле позитивна поддршка за нашите претходни успеси, мислиме дека тие се најава за големите нешта кои не очекуваат во иднина. Фактот дека успешните луѓе се склони кон заблуди не е сосема негативен. Верувањето во нашата прекрасност ни дава самодоверба. Иако не сме онолку добри како што си замислуваме, оваа самодоверба всушност ни помага да бидеме подобри одошто би биле без самодоверба. Најреалните луѓе во светот не се во заблуда – туку во депресија! Иако нашите самодопадливи заблуди ни помагаат да постигнеме успех, можат да ни ги отежнат промените. Всушност, туѓите предлози да смениме нешто кај нас можеме да ги дочекаме целосно збунети. Тоа е интересна, триделна реакција. Најпрво сме убедени дека другата страна се збунила. Лошо се информирале и едноставно, не знаат што зборуваат. Мора да ве помешале со некој друг, кој навистина има потреба од промени. Потоа, кога сфаќаме дека другата страна не се збунила – можеби нивната информација во врска со нашите недостатоци е точна – влегуваме во фаза на одрекување. Можеби овие критики се вистинити, но сигурно не се од големо значење – инаку, не би биле толку успешни. Конечно, кога веќе нема друг излез, можно е да ја нападнеме другата страна. Ова се само некои од нашите првични реакции на она што не сакаме да го чуеме – механизми на одрекување.
41 Позитивната слика која ја имаме за себе ни помага да успееме. Но, истата слика може да не спречи да се менуваме. Истите тие верувања кои ни помогнале да стасаме дотука, можат да не попречат да ги направиме промените потребни за да стасаме таму – на следното ниво за кое имаме потенцијал да го достигнеме.
Верување бр. 1: успеав
Успешните луѓе имаат една постојана идеја која им тече низ мислите и вените – “Успеав. Успеав. Успеав”. Оваа силна верба во минатите успеси ни дава сила да ги преземеме потребните ризици за нашиот иден успех. Можеби мислите дека ова не се однесува на вас. Можеби мислите дека ова се луѓе залепени од своето его. Но, погледнете се одблизу. Од каде ви е таа самодоверба да се разбудите наутро и да јурнете на работа, полни со оптимизам и енергија за натпревар? Сигурно не е поради сеќавањата на сите грешки кои сте ги направиле и сите порази кои сте ги претрпеле.Токму напротив, тоа е затоа што ги “бришете” поразите и одбирате да ги “емитувате” само најсветлите моменти од вашиот успех. Ако наликувате на успешните луѓе кои јас ги познавам, сосредоточени сте на позитивните аспекти, во мислите се навраќате на моментите кога сте биле главната ѕвезда, сте ги засениле сите и сте стасале до врвот. Можеби тоа се оние пет минути на состанокот на управниот одбор кога сите внимателно ве слушаа, а вашиот коментар беше полн погодок. Кога станува збор за мислите кои им се вртат во главите на успешните луѓе, тие не се самопотценувачки, туку самовозвишувачки – и тоа е добро! Без тоа, утрата не би ни биле толку возбудливи. Тоа не е изненадувачки. За успешните луѓе минатото претставува розова слика. Со други зборови, тие се потпираат на претходните успеси за да го задржат позитивниот став, но се потпираат на нив и кога изведбата не им е баш “розова”, т.е. кога фактите всушност и противречат на неговата самодоверба. За успешните луѓе, чашата никогаш не е полупразна! Кога достигнувањата се резултат на тимска работа – не само на индивидуалната изведба –склони сме да го преценуваме нашиот придонес во конечната победа. Преценувањето на нашите минати успеси е реалност на речиси секое работно место. Ова “успеав” верување, најчесто позитивно, може да се претвори во голема пречка кога треба да се направи промена во однесувањето. Успешните луѓе постојано се прецнуваат во однос на нивните соработници. Сите ние сме склони да го прифаќаме оној фидбек кој соодветствува со нашата сопствена слика за нас. Сите ние сме склони да го отфрламе оној фидбек кој не соодветствува со нашата сопствена слика за нас. Успешните луѓе се среќни со своите
неме успешни, но и ни ги отежнуВа промените
www.kapital.mk
Капитал број 881 16.09.2016
42
менаџмент
претходни достигнувања! “Добрата вест” е дека овие позитивни сеќавања ни ја градат самодовербата и не поттикнуваат да успееме уште повеќе. “Лошата вест” е дека оваа замислена слика за нас може многу да ни го отежни прифаќањето на негативниот фидбек и признанието дека навистина треба да се промениме.
Верување бр. 2: Можам да успеам
Успешните луѓе веруваат дека се способни позитивно да влијаат врз светот – и да го остварат посакуваното. Ова не е магионичарска изведба каде што некој со моќта на мислите придвижува предмети на маса. Но, слично е. Успешните луѓе буквално веруваат дека со силата на нивната личност, талент и мисловна моќ, можат да ја завртат ситуацијата во своја корист. Од истата причина, некои луѓе креваат рака и велат “Jас ќе бидам одговорен” кога шефот бара доброволци, а останатите се кријат во аголот, молејќи се да не бидат забележани. Ова е класична дефиниција за самоефикасност и ова е можеби главното уверување кое го води индивидуалниот успех. Луѓето кои веруваат во успех гледаат можности, онаму каде што другите гледаат закани. Тие не се плашат од несигурност или нејаснотии, туку им излегуваат во пресрет. Преземаат повеќе ризици и постигнуваат повисоки резултати. При секој избор, се обложуваат во своја корист. Успешните луѓе имаат силен “внатрешен центар за контрола”. Со други зборови, не се доживуваат како жртви на судбината. Својот успех го сметаат за резултат на нивната сопствена мотивација и способнист – а не за среќа, случајност или судбина, и се држат до ова убедување дури и кога среќата навистина одиграла пресудна улога во успехот. Успешните луѓе се склони да веруваат дека среќата се “заработува” преку индивидуална мотивација и способност, дури и кога тоа не е така. Секако, ова уверување е логично исто онолку колку што е логично да добиете
наследство и да тврдите дека сте го заработиле. Успешните луѓе сметаат дека постои поврзаност помеѓу она што го направиле и резултатите кои следат – дури и кога таква врска не постои. Ова верување е заблуда, но ни дава и сила. Успешните луѓе го трампаат овој “лотарија менталитет” за непоколеблива верба во себе. Ова претставува уште една пречка во напорот да го променат своето однесување. Кога веруваме дека нашата среќа е директно и причински поврзана со нашето однесување, лесно можеме да дојдеме до погрешна претпоставка. “Успешен сум. Се однесувам вака. Оттука, мора да сум успешен бидејќи се однесувам вака.” Затоа, претставува посебен предизвик да им се помогне на успешните лидери да сфатат дека нивниот успех се случува без разлика на дел од нивните постапки.
Верување бр. 3: Ќе успеам
Успешните луѓе се оптимисти. Секој кој некогаш се занимавал со продажба ќе ви го каже истото: ако веруваш во успех, можеби и нема да успееш – но, ако не веруваш во успех, сигурно нема да успееш! Оптимистите се склони да преземаат премногу обврски.
Зошто? Веруваме дека ќе сториме повеќе отколку што навистина можеме. Може да биде екстремно тешко за амбициозна личност со “ќе успеам” став да им каже “не” на привлечните понуди. Огромно мнозинство од лидерите со кои работам денес се чувствуваат позафатени отколку било кога претходно во животот. Не се затрупани со работа затоа што се губитници. Затрупани се затоа што се победници. Тие “се дават во море од можности”. Можеби ова ви се случило и вам. Сте завршиле одлична работа. Одеднаш, еден куп луѓе сакаат да се поврзат со вашиот успех. Сметаат, логично, дека ако еднаш сте извеле чудо, ќе можете повторно да го сторите истото – овојпат за нив. Наскоро, понудите ви се наметнуваат со невидена брзина. Бидејќи вашето мото е “ќе успеам”, тешко ви е да кажете “не”. Ако не внимавате, можете да се најдете совладани, а она што придонело за вашиот раст, сега ќе придонесе за вашата пропаст. Ова “ќе успеам” верување може да ги саботира нашите шанси за успех, кога е време да го промениме однесувањето. Нашиот претеран оптимизам и, како
Факт: Успешните луѓе се среќни со своите минати достигнувања!
www.kapital.mk
Капитал број 881 16.09.2016
43 против успешните луѓе кога треба “да скршнат”. Старата изрека, “победниците никогаш не се откажуваат”, најчесто е точна. Но, понекогаш е важно дури и за најуспешните луѓе да се откажат од нешто што не функционира. Откажувањето тешко им паѓа на победниците!
Како заблудата за успехот не прави суеверни
резултат на тоа, преголемиот број на обврски се исто толку сериозна пречка за промени, како и негирањето на негативниот фидбек, или верувањето дека токму нашите недостатоци се причина за нашиот успех.
Верување бр. 4: Одбирам да успеам
Успешните луѓе веруваат дека го работат она што го одбрале, затоа што самите одбрале да го работат тоа. Кај нив постои голема потреба од самоопределување. Кога го правиме она што самите сме го одбрале, тогаш сме предадени на работата. Кога го правиме она што мораме да го правиме, само сме послушни. И дете може да ја согледа разликата помеѓу посветеност и послушност. Успешните луѓе чувствуваат посебна одбојност кон секаков обид за контрола или манипулација. За жал, не е лесно да убедите успешен човек да рече “одбирам да се променам”. Колку посилно веруваме дека нашето однесување е резултат на нашиот сопствен избор и посветеност, толку помалку сме желни да го промениме тоа. Постои причина за ова и тоа е една од нај-
истражуваните принципи во психологијата. Се однесува на исклучувањето помеѓу она во што сакаме да веруваме и она што навистина го искусуваме во реалниот свет. Основната теорија е едноставна. Колку повеќе веруваме дека нешто е вистинито, толку помалку сме подготвени да веруваме дека неговата спротивност е вистинита, дури и кога се соочуваме со јасни факти кои ни покажуваат дека грешиме. Когнитивната дисонанца најчесто им оди во корист на успешните луѓе, кога ја применуваат за да ја постигнат својата цел. Колку повеќе веруваме дека сме на вистинскиот пат, толку помалку сме подготвени да поверуваме дека нашата стратегија имаа маани, дури и кога сме соочени со докази кои посочуваат дека можеби не сме во право. Токму поради оваа причина успешните луѓе не попуштаат и не се колебаат во тешки услови. Нивната предаденост на целите и уверувањата им овозможува да ја гледаат реалноста низ розови очила – и тоа е добро во многу ситуации. Таа посветеност ги охрабрува луѓето “да не скршнуваат од патот” и “да не се предаваат во тешки времиња”. Секако, истиот принцип може да работи
Овие четири верувања за успехот продираат и создаваат во нас нешто во што не сакаме да веруваме. Нашата заблуда за успехот е, всушност, вид на суеверие. Колку и да одрекуваме, сите сме суеверни до одреден степен. Во голем број случаи, колку повисоко се искачуваме на тотемскиот столб во компанијата, толку стануваме посуеверни. Од психолошка гледна точка, суеверното однесување настанува како резултат на верувањето дека одредена активност, проследена со позитивна реакција, е всушност причина за таа позитивна реакција. Активноста може да биде практична или не, т.е. може да влијае врз некого или нешто, или може да биде независна и бесцелна – но, ако се случи нешто добро откако ќе ја направиме, тогаш создаваме врска. Надминувањето на заблудата за успехот бара внимание и постојано запрашување: “Дали оваа постапка е оправдана причина за мојот успех, или само се залажувам?” Првиот чекор за постигнување на позитивна промена во однесувањето е разбирањето дека на успешните лидери им е тешко да се променат, поради сите причини кои ги разгледавме. Вториот чекор е соочување со реалноста дека може да се промени само она што сте одбрале да го промените и дека мотивацијата и посветеноста на промената мора да доаѓаат од вас самите. Кога се искачувате нагоре и добивате пофалби, не дозволувајте тоа да ви удри в глава. Сфатете дека секое унапредување ги отежнува понатамошните промени. Секогаш одржувајте рамнотежа помеѓу самодовербата која ве довдела до овде – на местото каде што сте – и скромноста која е потребна за да стасате таму – на местото за кое имате потенцијал. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 881 16.09.2016
44
МЕНАЏМЕНТ
ЛИДЕРСКИ ЛЕКЦИИ НА КОИ НЀ НАУЧИ КУЛТНИОТ ФИЛМ КУМ
д
Да ли Дон Корлеоне може да нè научи нешто позитивно за лидерските вештини? Еве како на ова прашање одговори американскиот магазин Psychology today. Кум, филмот за италијанската мафија, сепак, може да даде многу лидерски лекции ако внимателно ги следиме главните карактери во филмот, Дон Вито и Мајкл Корлеоне. Постојат и добри и лоши заклучоци што може да се извлечат.
позиТивНи лЕкции u Трансакциското лидерство може да
успее.Тоа подразбира работа за пари или услуга за услуга. Низ целиот филм, во сите три продолженија може да се видат примери за оваа своевидна размена. Да почнеме од најпозната реплика од Кум: „Ќе му дадам понуда што нема да може да ја одбие“, а која укажува на тоа дека секој има цена (или точка на
пукање). Успешните лидери, сепак, водат сметка секоја трансакција да биде фер за сите, за да се избегнат подоцнежните непријатности. u врските се многу важни. Сцените од овој филм се полни со претстави за релационото лидерство како еден од основните постулати на мафијата. Всушност, она што мафијата ја прави силна и постојана се семејните врски. Секако, пишуваме за ефективноста, не за етиката. Всушност, и самиот поим Кум укажува на тоа дека човек може да биде дел од семејството иако со него не е во крвна врска. Добрите лидери напорно работат на воспоставување силни врски со своите следбеници. u успешните лидери имаат добра стратегија. Детално е претставена стратегијата на Дон Корлеоне и на неговите советници за управување со операциите, за совладување на конкуренцијата, односно, на другите мафијашки семејства и отстранување на пречките. Да се мисли однапред, да се има план-Б, да се биде флексибилен, и така натаму – сето тоа се исклучително важни елементи од ефективното работење и од лидерството. u Најдобрите лидери развиваат лидерски способности и кај другите. Голем дел од филмот е посветен на Мајкл и на неговиот развој како аутсајдер во семејниот „бизнис“, кој подоцна станува лидер како неговиот татко. Филмот го прикажува манифестирањето на „босовското“
во Мајкл, особено во сцената кога во болницата презема одговорност за да го спаси татко му од убијците. Покажано е, исто така, влијанието на Вито врз развојот на лидерските способности на Мајкл преку неговиот верен советник Том Хаген.
НЕгАТивНи лЕкции
u карактерот е важен. И покрај фактот што Дон Вито Корлеоне е херој на филмот и ефектен лидер на успешно мафијашко семејство, тој е криминалец со низок морал и карактер. Постои разлика меѓу ефективното и доброто кај етичниот лидер, а разликата е карактерот. Луѓето водени од моралот промовираат добрина. Мафијашките акции, како што е прикажано, ги експлоатираат луѓето и оставаат крвава трага и жртви зад себе. Иако Вито има некои квалитети и финансиски успеси за восхит, тој, сепак, е само криминалец. По дефиниција тоа значи „лош“ лидер. u Моќта може да го расипе човекот. Можеби темата на Кум е најјасно опишана во делот кога Вито кој напорно работи и го почитува законот добива пари и моќ, и преку застрашувања и подоцна убиства, станува моќен патријарх на криминално семејство. Во филмот гледаме како тој го рационализира своето криминално однесување со репликите „Ова е само бизнис“ и „Власта е корумпирана“. Добрите лидери мораат напорно да работат за да му одолеат на искушението на моќта. nnn
СовЕТ: НАјдобриТЕ лидЕри рАзвивААТ лидЕрСки СпоСобНоСТи и кАј другиТЕ
www.kapital.mk
Капитал број 881 16.09.2016
46
Технологија
Берлин одново беше адреса за новини од потрошувач
Топ 7 најинтере премиери на IFA
С
Со 1.823 изложувачи, што е раст од 13% во однос на 2015 година, кога ги имаше точно 1.600, и со договорени зделки на
Таблет со паметен капак, најтенок лаптоп на светот, „гејмерски“ ѕвер од преносник со закривен екран, таблет со безбедност по мерка на Меркел..., е нашиот избор на најинтересни иновации од овогодинешниот меѓународен берлински саем за потрошувачка електроника
самиот саем вредни околу 5 милијарди евра, овогодинешната IFA ги исполни бизнис очекувањата. Во овој дел, ново
на IFA 2016 беше и отворањето на изложбениот простор Station Berlin, каде на едно место, одвоено од големата
IFA'16: Раст на изложувачите од 13% - 5 милијарди
www.kapital.mk
Капитал број 881 16.09.2016
47 Yoga Book на Lenovo - таблет „на стероиди“
С
поред многумина, на IFA 2016 најпријатно изненади Lenovo со иновативниот таблет Yoga Book, што ја преосмислува категоријата. Овој уред е комбинација на најдобрите компоненти на веќе постоечките таблети и на големата доза оригиналност што го прави Yoga Book многу повеќе од таблет. Уредот има 10,1-инчен екран и капак што може да се ротира за 360 степени. Капакот е Create Pad со lightup тастатура, која, кога на корисникот ќе му затреба, се исцртува на површината (на капакот) што е чувствителна на допир. На Create Pad-от може да се користи и стилус кој може да се наполни со мастило за со него да може да се пишува и на хартија. Така, она што е напишано или нацртано со мастило на хартијата, ќе се појави и на екранот на Yoga Book.
Nova на Huawei со Perfect Makeup за бркачите на совршено „селфи“
К
чката електроника
есни A 2016
гужва/павилјоните на саемот, можеа да се состануваат производителите и дистрибутерите и да договараат бизниси. Секако, Берлин одново беше местото каде сите заинтересирани можеа да ги видат трендовите во потрошувачката електроника. Во продолжение ви претставуваме дел од достигнувањата на производителите од оваа индустрија, што се издвоија на саемот според интересот на посетителите и на медиумите. nnn
и долари зделки
инескиот производител кој во првото тромесечие од 2016 се искачи на третото место меѓу најголемите производители на смартфони (по Samsung и Apple) го претстави 5-инчниот Huawei Nova, заедно со (според спецификациите) скоро идентичниот, 5,5-инчен Nova Plus. Со новата „мид-рејнџ“ серија, Кинезите сакаат да и се допаднат главно на женската публика, особено на онаа што често прави „селфија“. Резолуциите и на двата модели се Full HD, a во согласност со трендовите екраните им се благо заоблени. Кога ги споменавме „селфијата“, за да бидат што подобри, кај Nova се грижи Perfect Makeup начинот на снимање - се работи за автоматско софтверско подобрување/разубавување на лицето на фотографиите (веројатно затоа Huawei на презентацијата често нагласуваше дека ова ќе им се допадне на дамите). Предната (селфи) камера е 8-мегапикселна, а задната, посилната, кај обичната Nova е со 12 мегапиксели, а кај поголемата со 16. Уредите во Европа (ќе бидат достапни за еден месец), ќе чинат 399 евра (за помалиот), односно 429 евра (за поголемиот телефон).
Swift 7 на Acer - најтенок лаптоп на светот
A
cer на IFA го претстави најтенкиот лаптоп на светот - дебелината на куќиштето е под еден сантиметар (9,98 mm - потенок е од моделот на HP, Spectre, кој има 10,4 mm). Swift „седмицата“, доследно на името доаѓа со најновата, седма генерација процесори на Intel, Kaby Lake; има 13,3-инчен дисплеј со резолуција 1.920 x 1.080 пиксели, 8 GB RAM и 256GB SSD. Екранот од оштетувања ги штити Gorilla Glass, поприсутен на дисплеите на смартфоните. Вградената батерија на Acer Swift 7 овозможува 9 часа непрекината работа. Куќиштето е изработено од алуминиум и доаѓа во црно-златна комбинација на бои. Лаптопот тежи 1,1 килограми, а во европските продавници ќе се најде во текот на октомври, по почетна цена од 1.299 евра.
www.kapital.mk
Капитал број 881 16.09.2016
48
Технологија
Безбедниот таблет на Samsung и на BlackBerry за владината екипа на Ангела Меркел
S
amsung и BlackBerry избраа на овогодинешната IFA конференција да го претстават својот таблет што има тесна и специфична намена, а имено, да им понуди високо ниво на безбедност исклучиво на службениците на германската Влада. Станува збор за посебно модифицирана верзија на таблетот на Samsung, Galaxy Tab S2, под името SecuTABLET, што ќе ја нема во слободна продажба. Модификацијата првенствено се однесува на дополнителни безбедносни спецификации, како комплекс од енкрипциски и серификациски алатки Secusmart Security, на BlackBerry, за заштита на податоците зачувани на таблетот. Тука е и технологијата на Samsung, KNOX, за ефикасно одделување на приватниот и бизнис просторот на уредот. SecuTABLET е веќе одобрен од германските власти и наскоро ќе почнат да го употребуваат.
Predator 21 X на Acer ѕвер за играње со закривен екран
A
cer на IFA 2016 претстави буквално „гејмерско“ чудовиште - првиот notebook на светот со закривен екран, 21-инчниот Predator 21 X. Уредот е опремен со две најнови графички картички на Nvidia, GTX 1080 во SLI (Scalable Link Interface) формација, а неговиот чипсет возглавен од Intel Core i7 процесор од седмата генерација е разладуван од пет вентилатори, од кое еден може да се види низ осветлено прозорче над тастатурата. Нумеричката тастатура, инаку, може да се извади, и да се преврти за да се добие тракпад - ако некој има потреба. Во опремата на „предаторот“ има и eye-tracker, со чија помош, со инфрацрвени зраци, се следат движењата на очните зеници на играчот, за тој со очите да може да покаже каде сака да се движи или да го нанишани непријателот во играта. Закривениот екран има резолуција 2.056 x 1.080 и е имун на какви и да се непријатни рефлексии. Лошата страна на ова машиниште е што тежи дури 8 килограми. Секако, нема да биде добра вест ниту цената, која ќе биде вртоглава, зашто покрај сè од наброеното, Predator 21 X доаѓа со дури 4 TB SSD меморија за зачувување податоци.
ZenScreen на Asus дополнителен монитор за лаптопи
Z
enScreen мониторот има дијагонала од 15,6 инчи, а главната задача му е на сопствениците на лаптопи да им обезбеди дополнителна работна површина. Опремен е со IPS дисплеј со резолуција 1.920 x 1.080, а со лаптоп се поврзува преку USB кабел. Бидејќи нема сопствен извор на напојување, дебелината му изнесува само 8 милиметри, а тежи вкупно 800 грама. Мониторот доаѓа со паметна футрола, која освен што го штити екранот, служи и како постамент. Ако, сепак, ја немата футролата при рака, за целта може да послужи и пенкало, што треба да се провлече низ соодветниот отвор на мониторот. ZenScreen наскоро се очекува на пазарот, по цена од околу 300 долари.
„Паметното“ портфолио часовници на Samsung стана уште попаметно Gear S3
П
аметниот часовник Gear S3, во варијантите „класик“ и „фронтиер“, на заинтересираните им нуди поголем екран (од оној на Gear S2) од 1,3 инчи и куќиште со дијаметар од 46 милиметри, а доаѓа и со вграден GPS, алти/ барометар, брзинометар, приказ од 16 милиони бои во Super AMOLED технологија и Always On Display (AOD), што значи дека наместо автоматски да се затемни, часовникот постојано го прикажува времето имитирајќи го изгледот и чувството на носење луксузен аналоген мерач на време. Новиот паметен часовник на Корејците, ги задоволува и IP68 стандардите за отпорност на изложување на вода, а дизајниран е и со безбедноста на корисникот на ум. Имено, во итен случај, сопственикот на Gear S3 може да активира SOS и команди за барање на локација за да ги извести своите блиски, како и итните служби за кризната ситуација, дури и тогаш кога телефонот не му е при рака.
IFA '16: Од 7.000 m² во 1924, до 150.000 m² изложбен простор денеска
Капитал број 881 16.09.2016
50
www.kapital.mk
лидери
енди ГруВ
поранешен диреКТор на Intel
КризиТе Ги унишТуВааТ лошиТе Компании, добриТе Ги праВаТ подобри
е
енди Грув е еден од најголемите технолошки легенди во светот. Тој успеал да побегне од нацистичката и советската репресија за да расте во технолошкиот свет, каде стигнал до претседател и главен извршен директор на светски познатата компанија Intel. Во прилог се неколку негови испиративни изјави.
Многу е важно да направите две работи: д делувате според вашето моментално убедување, а кога ќе сфатите дека сте погрешиле, да го корегирате курсот многу брзо.
Ако треба да избирам помеѓу турбулентен свет и мирен свет, ќе изберам, турбулентен свет.
Не сите проблеми имаат технолошко решение, но онаму каде што има, тоа е подолготрајно решение.
Успехот ја потхранува некритичната исполнетост со самите себеси. Тоа раѓа неуспех. Само параноидните можат да преживеат.
Како што не би му дозволиле на колега да украде парче од опремата во канцеларија вредна над 2.000 долари, така не би смееле да му дозволите на никому да украде дел од времето на колегите.
Лидерите денес мораат да делуваат многу побрзо. Притисокот доаѓа многу побрзо.
Лошите компании се уништуваат од кризи. Добрите компании г и преживува ат. Добрите компании излегуваат поробрени од кризите.