882 kapital magazin

Page 1





3

Капитал број 882 23.09.2016

соДРжинА

22 04

profile

06

нАвиГАтоР

Професор Кен Џовит: „Исплашен - е најзначајниот збор во светот во моментот“ Алкалоид слави осум децении постоење Години на развој, успех и грижа за заедницата

08 Буџет 2017 14

30 22

луѓе и КомПАнии

36

ПРетПРиемништво

28

КолумнА

40

менАЏмент

42

технолоГијА

Кој прави најмногу пари во хотелскиот бизнис во македонија Две казина – хотели имаат повеќе приходи од сите други хотели заедно илијА ДимовсКи

Cover story

координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание.

Рекордно најголем Буџет досега. Како ќе се потрошат 3,35 милијарди евра

воведувањето на двојазичност е непотребно и штетно

INtervIeW

ДиомиДис ниКолетоПулос генерален извршен директор и претседател на УО на Стопанска банка АД - Скопје

силна и одржлива профитабилност во корист на сите

48

30

АнАлизА

тешко се мери ефектот од субвенциите за странските инвестиции Како да се зголемат инвестициите во Македонија?

48 50

Формирана стартап македонија платформа за поддршка на претприемачи Се обединуваат македонските иновативни бизниси менаџер во “облаци” Водич за cloud за секој CEO топ-10 апликации за поголема продуктивност

ГАлА ПРослАвА 80 години Алкалоид

лиДеРи

ЏеК ДоРси

извбршен директор на Twitter

успехот никогаш не е случаен

БуЏет

хотели

start me up

Владата одлучи да потроши 3,35 милијарди евра следната година – рекордно највисок износ во досегашната историја на јавните финансии на Македонија – и го скрои Буџетот за 2017 година неполни три месеци пред одржувањето на предвремените парламентарни избори од кои исходот е непознат, и ќе се обиде да го донесе до распуштањето на Собранието на 12 октомври. Колку и да се чини тоа неизводливо, бидејќи пратениците треба да имаат рок за разгледување на Буџетот од најмалку 20 дена до пленарната седница на Парламентот на која што ќе се гласа, сепак, министерот за финансии Кирил Миноски го означи стартот на овој процес со праќањето на буџетскиот документ во Собранието.

Бројот на странски и домашни гости што престојуваат во македонските хотели се зголемува последниве години, што е одлична вест за луѓето во овој бизнис. Државната статистика покажува дека од 2011 до 2015 година за 42% е зголемен бројот на ноќевања на странски туристи, а за 18% на домашните, во хотелите во земјава. Најголемите пари ги прават оние што имаат казина во своите хотели, лоцирани на границата со Грција – два хотела прават повеќе пари од сите други хотели во Македонија заедно, а ги има вкупно 265. Меѓутоа, и покрај растот на бројот на гости, минатата година од 15 најголеми хотели или хотелски групации што имаат приход поголем од 500 илјади евра, само пет имале пораст на приходите, а шест пораст на добивката.

Стартап Македонија почна со работа – првата организација во земјава која ќе ги обедини сите засегнати страни во стартап еко системот основана е како непрофитна асоцијација на стартапи, креативни претприемачи, организации и инвеститори кои ќе работат заедно да создадат средина во која иновативноста ќе биде наградена, а новите идеи ќе бидат претворени во издржани бизниси. Македонија за жал заостанува зад своите најблиски соседи кога се иновациите во прашање, но сега повеќе од било кога претходно, има интерес и потенцијал со кој можат да се охрабрат претприемачите во основање на нови креативни компании.

XX Стр. 8

XX Стр.22

XX Стр. 36

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 22.09.2016


www.kapital.mk

ПРОФЕСОР КЕН ЏОВИТ

ИСПЛАШЕН Е НАЈЗНАЧАЈНИОТ ЗБОР ВО СВЕТОТ ВО МОМЕНТОТ

“Главниот феномен што денес се случува поради глобализацијата во светот е што политиката добива на значење. А факт е дека политиката не ја прават сиромашните, туку богатите. Комбинацијата од глобализација и непропорционално големо влијание на богатите врз политиката ја прави поделбата уште поголема“, вели професорот-политиколог од Стандфорд и Беркли во интервју за софиски „Капитал“

ЏОВИТ: ГРЦИЈА ВЕЌЕ НЕ Е ДРЖАВА; НЕМА Е


Капитал број 882 23.09.2016

K

Кога го слушате Кен Џовит, има опасност да ви се присака да се вратите на универзитет. Неговата проникливост, остроумие и познавања, секако ќе ви го привлечат вниманието и ќе ви помогнат да не се чувствувате толку изгубено во новиот светски поредок. Кен Џовит е американски политиколог кој е професор на Унивезрзитетот Станфорд, а предава и политички науки и на Универзитетот Беркли во Калифорнија. Тој е специјалист во областа на компаративната политикологија, американската внатрешна политика и посткомунистичките земји, а има посебен интерес кон антизападните идеологии и движења. „Исплашен е најзначајниот збор во светот во моментот“, вели во интервју за софиски „Капитал“ професорот Кен Џовит. Тој гледа страв, или (во поблага форма) ирационалност и несигурност, во очите на мнозинството од западната цивилизација - во Европа и во САД, како резултат на утопизирањето на глобализацијата, на игнорирањето на нејзиното влијание врз ширењето и продлабочувањето на јазот меѓу сиромашните и богатите, што, пак, од своја страна е причина за ирационални одлуки, како Брегзитот. „Во нормални времиња луѓето го користат разумот и ги проценуваат последиците од својот глас. Но, Британците не гласаа за Брегзит зашто ги знаеја последиците. Тие гласаа зашто беа гневни и исплашени. Исплашен е најзначајниот збор во светот во моментот. Луѓето не се само гневни, тие не знаат што им се случува. Некој од Брисел ќе каже нешто и тоа им го засега животот“, вели професорот. Тој смета дека, сепак, е добро што се случи одлуката за излегување на Британија од Европската унија. „Зашто Европската унија имаше опстипација, ништо не се случуваше; Франсоа Оланд и Ангела Меркел си правеа муабет, и тоа е тоа. Се надевам дека Брегзит ќе дејствува како рицинус. Пред да се појават оваа ксенофобија и омраза, имаше инерција, чувство дека ништо не се движи, ништо не се случува. Брегзит е шок, и се надвам за добро. Иако, Англија експериментира - таа го направи најголемиот влог во светот ставајќи ги сите чипови на Кина во глобалниот покер“. Според професорот Џовит, ваквата ситуација што генерира гнев кај луѓето

PROFILE

поради кој носат ирационални одлуки е што менаџерите на глобализацијата создаваат утописка претстава за неа, односно замижуваат пред несаканите последици што ги предизвикува. „Глобализацијата е факт, но ние создадовме утопија од неа. Претставата беше дека имаме нова ситуација, несомнена реалност. Но, таа име два карактерни особини. Едната е дека не е глобализација туку американизација. Втората, што е поважна, е дека никој не гледа дека глобализацијата ќе исклучи некои луѓе. Давос (Светски економски форум, н.з.) е прекрасен пример. Јас никогаш не сум бил поканет во Давос. Други луѓе, помалку образовани од мене, кои ги губат работните места, никогаш не стигаат до Давос. Ние влеговме во свет што е раздвоен. Од едната страна се космополитите, богатите, образованите, мобилните. Сите други се оставени не само со помалку пари, туку и со помалку иднина. И тие сите велат - чекајте малку, ова е мојата држава, Англија, но кои се сите овие Пакистанци. Потоа си велат, не само Пакистанците, туку проблем е што сите во Лондон се богати, а останатиот дел од државата е сиромашен. Лондон не гласаше за Брегзит“, смета професорот, кој вака ги објаснува многуте денешни отстапувања од природната форма на политиката ксенофобијата, антиимигрантските партии, Виктор Орбан, Доналд Трамп. „Главниот феномен што денес се случува поради глобализацијата во светот е што политиката добива на значење. А факт е дека политиката не ја прават сиромашните, туку богатите. Комбинацијата од глобализација и непропорционално големо влијание на богатите врз политиката ја прави поделбата уште поголема. Фундаменталната промена е што богатите стануваат побогати, а сиромашните посиромашни. Глобализацијата значи дека нема работни места. Тоа е клучното.

5

Во Америка луѓето гласаат за Трамп не само затоа што немаат работа. Татко ми работеше во фабрика. Понекогаш фабриката беше затворана, и тој ја губеше работата, но после пак се отвораше. Сега фабриките никогаш повеќе нема да се отворат. Тие се во Тајван или Виетнам“. Говорејќи за, како што вели, фрапантно лошата ситуација во Европа, во која „Грција веќе не е држава, таа нема економија, таа е само одморалиште“, тој вели дека не е многу поразлично и во САД. „Истото се случува и во САД. Рејтингот на Конгресот е одвај 11%. И во Америка богатите стануваат побогати, сиромашните посиромашни. Продуктивноста на американските работници оди нагоре последниве 40 години. Само што 80% од користа од тоа оди кај богатите. Кога ме прашувате што станува со Америка, ќе ви кажам дека Трамп е Орбан, Трамп е Качински, Трамп е Фараж. Слични сме и по расното прашање во САД и имигрантската криза во Европа - само што мигрантите во Европа доаѓаат однадвор, а во САД темнокожите се внатре“, вели професорот пред да испрати порака до идниот американски претседател, за кој очекува да биде демократскиот кандидат. „Клучно е демократот, кој ќе стане претседател, да каже - ќе направиме така за никој да не ја загуби својата куќа. Точка. Не нè интересираат хипотеки и банки. Потоа да каже - имам програма не за 200-300 милиони долари, а за илјада милијарди долари, за обезбедување нови работни места. Америка веќе должи лијади милијарди и може да си дозволи уште малку. Претседателот треба да објави дека ќе обезбеди работа на сите од гетата до средната класа во рамките на неколку месеци. Да отиде во гетото и да каже - еве ви работа, ако не ја прифатите, ќе немате социјална помош“, вели Џовит. nnn

ЕКОНОМИЈА; ТАА Е ОДМОРАЛИШТЕ


www.kapital.mk

Капитал број 882 23.09.2016

6 НАВИГАТОР

ИЗЈАВА НА НеделАТА ОТВОРеНА НОВА ФАБРИКА ЗА

> БРОЈКА

28,7% помалку одобренија за градење биле издадени во јули годинава во споредба со истиот период лани

БАРАК ОБАмА претседател на САД

Од време на време, и непријателите на Америка и некои од нејзините сојузници веруваат дека сите проблеми се предизвикани од Вашингтон или можат да бидат решени од Вашингтон. А можеби и дел од Вашингтон го мисли истото.

Н

ова фабрика за полнење и пакувањена водата за пиење MAYA, сместена во дебарското село Гари, неделава официјално почна со работа. Станува збор за странска гринфилд инвестиција од Хрватска на компанијата „МЛ-Гари“ досега вредна околу 14 милиони евра. Освен што е сопственик на фабриката, оваа компанија е концесионер на изворот на вода за пиење. Тој се наоѓа на неколку километри од фабриката, на надморска височина од 1.200 метри, од

АлкАлОид СлАВи ОСуМ децении пОСтОење

Години на развој, успех и Гр

С

С ите оние што беа присутни на хуманитарниот пикник организиран од Алкалоид пред неколку дена, веројатно дека колку што беа потресени од приказната за болеста на малиот Мартин, за чие лекување всушност и се наменети донациите собрани на настанот, толку беа и полни со надеж дека детенцето ќе биде излекувано, ќе продолжи здраво и среќно да расте, да се школува, и еден ден, како што рече генералниот директор Живко Мукаетов, зошто да не, да биде и дел од работната средина на нашата најголема фармацевтска компанија. Алкалоид, која што инаку деновиве слави голем јубилеј, 80 години постоење, во оваа прилика покажа уште еднаш, сега на примерот на болно детенце на свој вработен, дека е хумана, општествено одговорна компанија, која што неброено пати до сега излегла во пресрет каде што требало да се помогне, а преку Фондацијата “Трајче Мукаетов“ стипендира одлични студенти и организира други филантропски активности. Всушност, како што истакнал првиот човек на Алкалоид, Живко Мукаетов, во повеќе наврати досега, општествената одговорност е веќе вткаена во ДНК на компанијата, и нејзиното секојдневно делување во сите аспекти – кон сите засегнати страни – е токму во таа насока. Осумте децении развој, инвестиции, успех, посветеност... всушност и

Големиот јубилеј – 80 години од основањето - што најголемата фармацевтска компанија во Македонија го слави деновиве, не можеше на поубав начин да се одбележи, меѓу другото, и со веќе традиционалниот хуманитарен пикник, овој пат посветен на собирањето донации за болно детенце. обврзуваат на тоа Алкалоид својот успех да го споделува со оние кои што се и најзаслужни за него – вработените, инвеститорите, деловните партнери, локалната заедница... А, успехот на Алкалоид е приказна која почнува далечната 1936 година, како како индустриски капацитет за екстракција на морфин база и нејзино синтетизирање до кодеин. Уште тогаш,

фабриката претставувала никулец на една нова стопанска гранка, не само на овие простори, туку и во поширокиот регион. Следат децении на развој, подеми, но и предизвици, промена на политички системи, сопственост, итн. Нацртот на контурите на современиот Алкалоид е дефиниран кон крајот на осумдесеттите години кога тогашниот менаџмент на чело со Трајче Мукаетов го иницира проектот за изградба


www.kapital.mk

Капитал број 882 23.09.2016

7 ФлаШирана вода MAYA

каде што се црпи водата MAYA. “Опремена е со машини од најпознатиот светски производител на линии за полнење „Кронес“, а ги има имплементирано и светските стандарди за безбедност и квалитет како што се ХАЦЦП и ИСО 22000:2005 стандардите за градежништво и за производство“, објаснуваат од “МЛГари“. свеченото отворање. Водата од изворот се црпи од бунари длабоки 80 до 120 метри, по што се

носи до фабриката преку најсовремен водовод изграден според највисоки стандарди. Од компанијата велат дека водата МАYA при целиот процес од изворот до пакувањето нема никакви интервенции како што се дегасификација, деминерализација или минерализација. Изворот има капацитет од седум литри во секунда, а дневното производство може да достигне и до 200.000 литри за осум часа или 22.000 шишиња на час.

мисла на неделата Среќата е дивиденда од 'рмбањето. Колку повеќе 'рмбаш, толку повеќе среќа имаш.

Реј Крок

основачот на McDonald's

лидери

рижа за заедницата

Живко Мукаетов

Под закрила на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ на Алкалоид беа собрани над 20 илјади евра за болно дете

владиМир Путин

Единствена Русија оствари убедлива победа на парламентарните избори освојувајќи 54% од гласовите

не им беше неделата

на нов современ капацитет за производство на лекови. Иако Македонија во изминативе декади се соочуваше со економски и политички кризи, компанијата под водство на Живко Мукаетов, а претходно и на Трајче Мукаетов, успеа да оствари континуиран раст на профитот и продажбите, да освои над 30 извозни пазари, да инвестира во развој и квалитет на производите, да се наметне како компанија која е посветена за здравјето на луѓето, и компанија која вложува во развојот на многу други сфери од општеството. “Успехот во работењето на Алкалоид се должи пред сè, на квалитетот на производите, на квалитетот на кадрите кои работат во компанијата, на брендот Алкалоид и поединечните брендови кои ги имаме, а кои ги граделе генерациите пред нас, години наназад. Успехот на секој бизнис, покрај фактот што треба да

понуди издржан производ, зависи најмногу од човечкиот потенцијал, кој треба да ја води компанијата напред. Технологијата, која е во служба на другите активности, исто така е прилично важен предуслов, заедно со соодветна и добро осмислена стратегија за настап како на домашниот, така и на извозните пазари.“, вели генералниот директор Живко Мукаетов. Алкалоид го одбележа големиот јубилеј во вторникот вечер, со свечен прием одржан во хотелот Александар Палас, на кој што присуствуваа голем број на претставници на бизнис заедницата, политичкиот живот, дипломатскиот кор, верските заедници, невладините организации, медиумите, како и останатите партнери, поддржувачи и пријатели на компанијата Повеќе фотографии од настанот може да погледнете во продолжение на страна 48 и 49.

ангела Меркел

Tрендот на порази на CDU продолжи и во Берлин со најлош изборен резултат на партијата во историјата

тиМ кук

на Apple и во Јапонија му се наложени пенали за затаен данок - овојпат 118 милиони долари


COVER STORY Капитал број 881 16.09.2016

8

COVER STORY: БУЏЕТ 2017

РЕКОРДНО НАЈГОЛЕМ БУЏЕТ ДОСЕГА.

КАКО ЌЕ СЕ ПОТРОШАТ

3,35

МИЛИЈАРДИ ЕВРА

www.kapital.mk


БУЏЕТ 2017

www.kapital.mk

Капитал број 881 16.09.2016

РАСХОДИ ОД БУЏЕТ ЗА 2017 ГОДИНА (МИЛИОНИ ЕВРА)

И 435,3 ПЛАТИ НАДОМЕСТОЦИ И 318,9 СТОКИ УСЛУГИ ТРАНСФЕРИ 278,3 ДО ОПШТИНИ СУБВЕНЦИИ И 541,2 ТРАНСФЕРИ СОЦИЈАЛНИ 1.507,0 ТРАНСФЕРИ 133,5 КАМАТНИ ПЛАЌАЊА

2,914

МИЛИЈАРДИ ЕВРА

0,438

МИЛИЈАРДИ ЕВРА

ТЕКОВНИ КАПИТАЛНИ

9

Според предлог – Буџетот за 2017 година што пред јавноста го претстави министерот Миноски, Владата планира да потроши вкупно 3,35 милијарди евра, што е 5,5% повеќе отколку годинава. Од друга страна, од даноци, придонеси и други давачки за граѓаните и фирмите, властите планираат во државната каса да инкасираат 3,05 милијарди евра, што значи дека ќе се потрошат околу 300 милиони евра повеќе пари од приходите, кои што ќе се обезбедат со задолжување на државата. Тоа е всушност буџетскиот дефицит кој што следната година треба да изнесува 3% од бруто домашниот производ (БДП). Владата одлучи да го скрои Буџетот за 2017 година неполни три месеци пред одржувањето на предвремените парламентарни избори од кои исходот е непознат, и ќе се обиде да го донесе до распуштањето на Собранието на 12 октомври. Колку и да се чини тоа неизводливо, бидејќи пратениците треба да имаат рок за разгледување на Буџетот од најмалку 20 дена до пленарната седница на Парламентот на која што ќе се гласа, сепак, министерот за финансии Кирил Миноски го означи стартот на овој процес со праќањето на буџетскиот документ во Собранието.


www.kapital.mk

Капитал број 881 16.09.2016

10

COVER STORY: БУЏЕТ 2017

Б

КИРИЛ МИНОСКИ министер за финансии

уџетот за 2017 година е работен врз основа на проекција за раст на економијата од 3% следната година. Сметам дека ова е реална проекција, бидејќи во неа се инкорпорирани предвидувањата за глобалниот раст следната година, ефектите од Брегзитот, кои ќе влијаат на успорување на растот во земјите на ЕУ, како и очекувањата за домашната состојба, односно разрешување на политичката криза по завршување на парламентарните избори. Растот на економската активност ќе биде придвижен од извозот, кој се предвидува да забележи реален раст од 6%. Увозот е предвидено да забележи раст од 4,7%, со што нето - извозот би имал благ позитивен придонес кон економскиот раст.

Н пишува:

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Неполни три месеци пред одржувањето на предвремените парламентарни избори од кои исходот е непознат, Владата одлучи да го скрои Буџетот за 2017 година и да се обиде да го донесе до распуштањето на Собранието на 12 октомври. Колку и да се чини тоа неизводливо, бидејќи пратениците треба да имаат рок за разгледување на Буџетот од најмалку 20 дена до пленарната седница на Парламентот на која што ќе се гласа, сепак, министерот за финансии Кирил Миноски го означи стартот на овој процес со праќањето на буџетскиот документ во Собранието. Според предлог – Буџетот за 2017 година што пред јавноста го претстави министерот Миноски, Владата планира да потроши вкупно 3,35 милијарди евра, што е 5,5% повеќе отколку годинава. Од друга страна, од даноци, придонеси и други давачки за граѓаните и фирмите, властите планираат во државната каса да инкасираат 3,05 милијарди евра, што значи дека ќе се потрошат околу 300 милиони евра повеќе пари од приходите, кои што ќе се обезбедат со задолжување на државата. Тоа е всушност буџетскиот дефицит кој што следната година треба да изнесува 3% од бруто домашниот производ (БДП). „Буџетот за 2017 година е работен врз основа на проекција за раст на економијата од 3% следната година. Сметам дека ова е реална проекција, бидејќи во неа се инкорпорирани

Д

МАРЈАН ПЕТРЕСКИ

универзитетски професор

обро е што дефицитот се сведува на 3% од БДП, што е во насока на фискална консолидација и се надевам дека и реализацијата ќе биде во таа рамка, односно нема со ребаланси во текот на годината овој дефицит да се пробива. Исто така, проекцијата за раст на економијата од 3% во моментов изгледа разумна, под претпоставка дека со изборите, политичката криза барем делумно ќе се реши, а со тоа и стегите од неа врз економијата ќе попуштат. Износот на капиталните расходи е добар, меѓутоа очекувам дека при прва потреба за ребаланс, ќе се крати од нив, како што се правеше во претходните 10 години.

предвидувањата за глобалниот раст следната година, ефектите од Брегзитот, Државата догодина ќе потроши милијарди кои ќе влијаат на евра, што е повеќе од годинава. успорување на растот Дупката во буџетот ќе изнесува во земјите на ЕУ, како и очекувањата за милиони евра, односно од БДП. домашната состојба, Најмногу пари и догодина ќе се потрошат за односно разрешување на политичката криза тековни потреби – дури милијарди евра. по завршување на За плати на администрацијата парламентарните милиони евра, за пензии дури избори. Растот на милиони евра, за набавка на стоки и услуги економската активност ќе биде придвижен планирани се милиони евра. од извозот, кој се Ставката за капитални инвестиции е планирана на предвидува да забележи реален раст од 6%. милиони евра. Увозот е предвидено Буџетот е поставен на проекција за економски раст да забележи раст од 4,7%, со што нето од 3% и инфлација од . извозот би имал благ позитивен придонес кон рекорден износ на капитални инвестиции економскиот раст“, рече Миноски на од 438 милиони евра, што според Миноски прес - конфере-нцијата во Владата на е 20% повеќе отколку годинава, но сепак која што го претстави новиот предлог – тоа е удел од само 13% од вкупниот Буџет Буџет за 2017 година. Тој нагласи дека од вкупните расходи, за 2017 година. за тековни потреби се планирани 2,9 „Во рамки на буџетските средства наменети милијарди евра, што е раст од 2,4% во за капитални расходи предвидени се однос на 2016 година. Од нив, за плати значајни инвестициски вложувања во на јавната администрација се планирани изградба на автопатот на Коридор 10 и 435 милиони евра, социјалните трансфери железничката, енергетската и комунална се проектирани на 1,5 милијарди евра, инфраструктура, како и капитални инвеспри што се опфатени и ефектите од тиции за подобрување на условите во политиката за поддршка на пензионерите здравствениот, образовниот и социјалниот и корисниците на социјална помош. Во систем, земјоделството, културата, спортекот на 2017 година 832 милиони евра тот, заштитата на животната средина ќе се наменат за исплата на пензии и и правосудството. Следната година е во нив е вкалкулирано предвиденото предвидено да заврши изградбата на зголемување на пензиите за 5%. За исплата автопатот Демир Капија - Смоквица, да на паричен надоместок за невработените продолжи модернизацијата на железнилица планирани 14,4 милиони евра, а за чкиот коридор 10 и реализација на првата спроведување на активните политики и и втората фаза од проектот за изградба и мерки за вработување 9 милиони евра. рехабилитација на пругата кон Бугарија“, За здравствена заштита се планирани изјави Миноски. Според него, предвидено е вложување во 429 милиони евра. Министерот за финансии повторно најави енергетската и комунална инфраструктура

БУЏЕТОТ НИЗ БРОЈКИ

302 435

3,35

4,5%

3%

2,9

318,9

438

1%

832


www.kapital.mk

Капитал број 881 16.09.2016

11

З ТРАЈКО СЛАВЕСКИ универзитетски професор

а поздравување е одлуката да се предложи Буџет за следната година без оглед што тоа се случува пред парламентарни избори. Сосема легитимно е актуелната власт да го достави предлог – Буџетот до Собранието, секако ако се завршени сите подготовки и процеси, а временото финансирање е алтернатива за исклучителни прилики или околности. Државата функционира континуирано без оглед кој ја претставува. Доколку дојде до промена на власта од јануари, мислам дека има простор во актуелната буџетска рамка да ги приспособи своите приоритети и има начини како да се направи тоа. Непотребно се политизира целиот буџетски процес.

Н БРАНИМИР ЈОВАНОВИЌ економски аналитичар

елегитимно е носењето на буџетот во вакви услови. Нелегитимно е Буџетот за следната година да го предлага Влада која има мандат да организира избори. Нелегитимно е и Собрание пред распуштање да усвојува буџет за следната година. Сметам дека е и нетипично Буџет да се носи толку рано, уште во септември, само неколку дена по ребаланс на Буџет за претходна година. Од политичка гледна страна, Буџетот за 2017 треба да се препушти на Собранието и Владата кои ќе бидат избрани на изборите, кој ќе победи на изборите, тој треба да ги креира економските политики за догодина.

РАСХОДИ ОД БУЏЕТ ПО ГОДИНИ (МИЛИЈАРДИ ЕВРA)

2,45

2,43

2,42

2008

2009

2010

2,60

2,63

2,74

2011

2012

2013

за што се проектирани капитални инвестиции во износ од 56,6 милиони евра, како и продолжување на активностите околу изградбата на Националниот гасоводен систем. „Со интензивирана динамика ќе продолжи и изградбата на водоводните и канализационите системи во општините. Планираните расходи за 2017 година обезбедуваат поддршка на домашната економија и животниот стандард, која ќе се реализира преку капитални инвестиции, субвенции, пензии и социјалните надоместоци“, рече Миноски. На страната на приходите, вкупните даночни приходи се планира да забележат раст од 9,5% во однос на 2016 година, од кои персоналниот данок треба да оствари раст од 9,3%, данокот на добивка од 16,1%, ДДВ раст за 10%, акцизата за 12,7% и царината

2,85

2014

за 2,5% во однос на 2016 година. Бројките од Буџетот за 2017 година предвидуваат и пораст на бруто - инвестициите од 4,5%, приватната потрошувачка да се зголеми за 2,1%, а јавната за околу 1,3%. Стапката на инфлација се очекува да остане на ниво од 1%, а се очекува вработеноста да се зголеми за 1,8%. Просечната бруто плата во земјата треба да забележи номинален раст од 1,8%. Економистите коментираат дека проектираниот буџет за 2017 година од економски аспект изгледа коректно. „Добро е што дефицитот се сведува на 3% од БДП, што е во насока на фискална консолидација и се надевам дека и реализацијата ќе биде во таа рамка, односно нема со ребаланси во текот на годината овој дефицит да се пробива. Исто така, проекцијата за раст на економијата

3,04

2015

3,18

2016

3,35

2017

од 3% во моментов изгледа разумна, под претпоставка дека со изборите, политичката криза барем делумно ќе се реши, а со тоа и стегите од неа врз економијата ќе попуштат. Износот на капиталните расходи е добар, меѓутоа очекувам дека при прва потреба за ребаланс, ќе се крати од нив, како што се правеше во претходните 10 години“, оценува универзитетскиот професор Марјан Петрески. Според него, изненадување во предлог буџетот е тоа што износот на задолжувањето и понатаму е висок, особено странското задолжување, кое најверојатно ќе се покрива со нова еврообврзница. „Тоа е изненадувачки, имајќи предвид дека еврообврзницата од јули 2016 требаше да покрие и дел од потребите од 2017 година, така што барем моето разбирање беше дека задолжувањето следната година ќе


www.kapital.mk

Капитал број 881 16.09.2016

12

COVER STORY: БУЏЕТ 2017

се намали, односно дека добар дел од дефицитот ќе се покрие од депозитните сметки. Во моментов се предвидува ново странско задолжување од близу 300 милиони евра, колку што изнесува и самиот дефицит, како и толкав износ на домашно задолжување“, коментира Петрески.

Про и контра носење на Буџетот пред избори

Опозицијата и актуелната власт имаат различни ставови околу неопходноста од носењето на Буџетот за 2017 година пред одржувањето на изборите. Дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов неодамна коментираше дека од правен аспект не е спорно техничката влада да донесе Буџет, меѓутоа, е проблематично што се носи набрзина пред изборите. „Ние тврдиме дека сега пред избори вака набрзина да се носи буџет е политичко финансиско насилство и треба да се донесе одлука за времено финансирање, а новата влада, кога ќе се формира во јануари, ќе го донесе новиот буџет“, изјави Наумов. Околу неопходноста од носењето на Буџетот за 2017 година односно евентуалното времено финансирање како што бара опозицијата заради предвремените парламентарни избори во декември,

министерот Миноски рече дека нивна обврска е да го изготват Предлог Буџетот и да го достават до Собранието, а пратениците ќе одлучат дали ќе се донесе во предвидениот рок до распуштање на Парламентот или ќе се оди на времено финансирање. „Временото финансирање е опција која се користи во услови кога не е можно да се донесе Буџет. Постојат одредени негативни аспекти од временото финансирање пред се во однос на обврските кои се преземени во меѓувреме, а не биле опфатени во претходната година заради тоа што во основа се зема трошењето во првиот квартал од претходната година. Дополнителна негативна страна е неможноста да се преземаат дополнителни обврски“, рече Миноски. Економистите исто така имаат дилеми околу легитимноста на Буџетот за 2017 година бидејќи се носи пред избори. „Нелегитимно е носењето на буџетот во вакви услови. Нелегитимно е Буџетот за следната година да го предлага Влада која има мандат да организира избори. Нелегитимно е и Собрание пред распуштање да усвојува буџет за следната година. Сметам дека е и нетипично Буџет да се носи толку рано, уште во септември, само неколку дена по ребаланс на Буџет

за претходна година. Од политичка гледна страна, Буџетот за 2017 треба да се препушти на Собранието и Владата кои ќе бидат избрани на изборите, кој ќе победи на изборите, тој треба да ги креира економските политики за догодина“, оценува економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ. Професорот од Економскиот факултет и поранешен министер за финансии, Трајко Славески, пак, вели дека не му се разбирливи предлозите на некои од економистите кои заговараат времено финансирање. „За поздравување е одлуката да се пред-ложи Буџет за следната година без оглед што тоа се случува пред парламентарни избори. Сосема легитимно е актуелната власт да го достави предлог – Буџетот до Собранието, секако ако се завршени сите подготовки и процеси, а временото финансирање е алтернатива за исклучителни прилики или околности. Државата функционира континуирано без оглед кој ја претставува. Доколку дојде до промена на власта од јануари, мислам дека има простор во актуелната буџетска рамка да ги приспособи своите приоритети и има начини како да се направи тоа. Непотребно се политизира целиот буџетски процес“, оценува Славески. nnn

РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 3 ОКТОМВРИ 2016

ПРВА MEЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ИНСТИТУТ КОНЦЕПТ ПРИМЕНА НА ЕВРОПСКАТА ДИРЕКТИВА 1999/92/ЕО ОД 16 ДЕКЕМВРИ 1999 Минималните барања за подобрување на заштитата на безбедноста и здравјето на работниците при потенцијален ризик од експлозивни атмосфери l 7 октомври (петок) 2016 година l 10.00 - 16.00 часот l Институт Концепт, Скопје l Сесија 1 Законска регулатива за безбедност и здравје при работа во Република Македонија, со посебен осврт на Правилникот за минималните барања за безбедност и здравје на вработените кои се потенцијално изложени на ризик од експлозивни атмосфери. СЛАЃАНА АНДОНОВСКА – Претставник од Република Македонија. l Сесија 2 Пренесување на искуство од примената на директивата ATEX во Република Македонија. Експерт од Р. Македонија.

l Сесија 3 Експлозивна атмосфера, Управување со ризикот од појава на експлозија во производствени претпријатија. РУМЕН МАРИНОВ – Претставник од Република Бугарија. l Сесија 4 Имплементација на директивата ATEX во Република Србија. ВАЊА СТАНОЈЕВИЌ – Претставник од Република Србија. l Сесија 5 Претставување на многуканален детектор ALTAIR 5X. ГЕОРГИ СТАНКОВ - MSA Safety sales engineer Bulgaria and Macedonia.

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3128 526



Капитал број 882 23.09.2016

16

ИНТЕРВЈУ

www.kapital.mk


INTERVIEW

Диомидис Николетопулос ГЕНЕРАЛЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

СИЛНА И ОДРЖЛИВА ПРОФИТАБИЛНОСТ ВО КОРИСТ НА СИТЕ За Стопанска банка е важно стремежот кон повисоки профити да биде поставен на правилен начин, при што ќе им биде од корист не само на акционерите, туку и на целата заедница. Оттука, за нас е значајно Банката да има силна и одржлива профитабилност која ќе поттикне позитивни ефекти врз целата економија и ќе претставува нов импулс кон севкупен просперитет


Капитал број 882 23.09.2016

И 16

www.kapital.mk

ИНТЕРВЈУ

И во услови на политичката криза и намалена економска активност на бизнис секторот, банкарскиот сектор во Македонија покажува стабилност и раст на приходите и добивките. Најголемата банка во земјава според остварени приходи, Стопанска банка – АД Скопје за првите шест месеци има пораст на нето приходите од камати и провизии за 4,1%, на 36,1 милион евра, како и чиста добивка од безмалку 20 милиони евра, што е за 10% повеќе од истиот период лани. Разговаравме со генералниот извршен директор г-н Диомидис Николетопулос околу моменталната позиција на Банката на пазарот, како и за нејзините планови за иден раст и развој. Го прашавме и за генерална оценка за состојбата и перспективите на банкарскиот сектор во Македонија, кој што како и сите бизнис сектори, е под влијание на она што се случува на политички план. XГосподине X Николетопулос, Стопанска банка Скопје првата половина годинава ја заврши со добри резултати и највисок профит во целиот банкарски сектор. На што се должат овие резултати? Како работеше Банката овој период ? Особена гордост и задоволство ми претставува што Стопанска банка уште подинамично продолжува да се движи по својот повеќегодишен успешен правец притоа остварувајќи највисок профит во банкарскиот сектор во земјава за првите 6 месеци од 2016 година. Без двоумење, профитабилноста е двигател кој ги насочува фирмите напред, поставувајќи повисоки цели секој следен период. Во исто време, подеднакво важно е и стремежот кон повисоки профити да биде поставен на правилен начин, при што ќе им биде од корист не само на акционерите, туку и на целата заедница. Оттука, за нас е значајно Стопанска банка да има силна и одржлива профитабилност која ќе поттикне позитивни ефекти врз целата економија и ќе претставува нов импулс кон севкупен просперитет . Како што имам посочено во повеќе наврати, овој успех не е случаен, туку напротив, резултат е на сериозни, долгорочни напори со јасна стратегија за зајакнување на главните столбови на нашето работење, поточно, унапредување на добрата репутација и брендот на Банката, одржување на квалитетот на кадарот на максимално високо ниво, употреба на достапните средства на оптимален начин,

кредитирањето на фирмите. примена на најефективни методологии за управување со ризикот и рационализација Какви се Вашите согледувања, на оперативните трошоци. Оваа стратегија зошто банките се воздржуваат од во континуитет се применува врз сите кредитирање на фирмите? Каде ги наши дневни активности преку бизнис гледате најголемите ризици да ги модел кој во центарот на вниманието го кредитирате фирмите? става клиентот, преку способен и високо Кредитниот раст, посебно во професионален кадар и преку портфолио корпоративниот сектор, е поврзан на производи и услуги кои ги имаат предвид со повеќе фактори кои се двигатели потребите и очекувањата на клиентите. на економскиот раст на државата, а Конзистентниот и долгорочен однос кој го како најзначајни се потрошувачката имаме развиено значително ја зајакнува и развојот на продуктивни довербата и почитта помеѓу Стопанска (производствени) капацитети. Овие банка и своите клиенти, што пак е клучно два фактори се во корелација со за успехот на Банката. нивото на доверба на потрошувачите, XМакедонија X трендот на цената на повеќе од една чинење на средствата, година се соочува како и на цените на со политичка Стопанска банка потрошувачките добра криза. Како оваа многу наскоро ќе и конкурентноста неизвесност тоа ја воведе бизнис која произлегува од се одразува врз кредитната алатка инфраструктурниот банкарскиот систем развој на земјата. „факторинг“ и врз Стопанска Банкарската поддршка банка Скопје? - вистински за корпоративниот Несомнено, во сите факторинг сервис сектор е чувствителна земји и на сите пазари, поддржан од тема подолго време постоењето на специфично затоа што некои стабилна и соодветна изградени системи веруваат дека банките (од аспект на бизнисот) не одобруваат кредити и искусен кадар, политичка атмосфера за компаниите на е клучна за развој на кои веруваме лесен начин, дека претприемачкиот дух, ќе отворат нов избегнуваат ризици, што од друга страна потенцијал како впрочем да не им дава поттик на и поголема сакаат да си ја работат економскиот развој флексибилност работата и притоа и добросостојбата за компаниите, да си ги зголемуваат на граѓаните. профитите. Очигледно, Секако, политичката односно, ќе им несигурност, со која овој тип на аргумент помогне подобро земјата се соочува во е нереален затоа да го организираат изминатиот период има што процентот на и да го управуваат свои негативни ефекти, средства кои банките готовинскиот тек. кои се покажуваат и ги имаат пласирано во во јавно достапните различни видови на статистики. кредити е доста висок. Конкретно за Видете, слободната банкарскиот сектор, би рекол дека ликвидност на целиот банкарски како резултат на политичката криза се сектор не е неограничена и банките појавува намалена побарувачка за немаат дополнителни ликвидни извори кредити, посебно во нови продуктивни на средства, настрана од домашните инвестиции, а и скептицизам кај дел од депозити. Сепак, сосема е нормално, населението во врска со депозитите. бизнисите и населението да бараат Стопанска банка, како и сите други, се банките да бидат пофлексибилни и соочи со овие ситуации посебно во вториот попустливи во процесот на одобрување квартал од годината, сепак, би нагласиле на кредити, а од друга страна банките дека нашите главни столбови на стабил- ефективно да се справуваат со носта и ефикасноста се воспоставени на кредитните ризици, на начин што ќе ги здрава подлога што ни дава можност да заштитат средствата на депонентите и на одговориме на предизвиците од непредви- акционерите. дливото опкружување на ефективен начин. Што се однесува до корпоративниот Се надеваме дека во претстојниот период ризик, единствено што можам да дадам е политичкиот систем ќе создаде најдобри општ одговор дека, секогаш, не само сега, можни услови за да ни дозволи нам и големите ризици се поврзани со општите на другите банки што поголем простор услови, перформансот и конкурентноста за органски раст и во депозитите и во на економијата врз кои влијаат бројни кредитирањето. економски, политички и други фактори XПоследните X податоци од Народната локално и глобално. На секојдневно ниво, ризикот се зголемува значајно банка покажуваат забавување кога кредити се одобруваат надвор од на кредитната активност, особено

ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ: ГРИЖАТА ЗА ЗАЕДНИЦАТА СТА


www.kapital.mk

Капитал број 882 23.09.2016

17

прифатливата рамка за кредитен ризик, или кога не се употребуваат кредитите на начин и за целта за која се одобрени од страна на банките, а од друга страна банките да не се во можност ефективно да го следат прогресот и перспективите на компаниите и неможноста навремено и ефективно да реагираат кога е потребно. Дополнително, ризиците околу соодветноста на сопственоста врз имотот што се остава како залог како и соодветните постапки за негова евентуална ликвидација можат значително да влијаат врз одобрувањето на кредити затоа што бројни ситуации произлегуваат од различните извори и вклучените институции. XКолку X бизнисмените може да очекуваат нови кредити од Стопанска банка Скопје и какви кредити и проекти може да се најдат во кредитното портфолио на Банката во иднина? Кредитната активност се темели на некои фундаментални принципи и системскиот пристап на банките секогаш треба да ги зема во предвид квалитативните и квантитативните критериуми, како што се соодветноста и адекватноста на менаџментот, маркетинг и продажните стратегии, конкурентноста, историските финансиски резултати, кредитната историја и сл. Способноста и подготвеноста на корпорациите да ги исполнат овие критериуми, прилагодувајќи го соодветно својот бизнис модел е всушност тоа што е потребно да се направи од нивна страна не само за полесен пристап до банкарските кредити, туку уште позначајно за оптимално зголемување на шансите за успешен и

профитабилен бизнис во иднина. Стопанска банка е секогаш подготвена да ги поддржи компаниите од сите сегменти и индустрии, со прилагодени производи и услуги кои се соодветни за секој различен тип на економска дејност. За нас секој клиент е уникатен, без разлика на големината и природата на бизнисот. Пристапноста докредити е секогаш тука за сите бизнисмени и најчесто заедничкиот резултате одраз на соодветната проценка и на моделот на соработка. Оттука, големината и типовите на кредити кои може да се одобрат во пазарното опкружување соодветствува со взаемно проценетите одржливи перспективи. Од друга страна, кога компаниите поради разни причини се соочуваат со потешкотии во редовно сервисирање на обврските, Банката има воспоставено механизми и методологии за прилагодување соодветно на типот на кредит и на тој начин им помага на компаниите да ги надминат проблемите со одржување на ликвидноста. Во таа смисла, Стопанска банка многу наскоро ќе ја воведе бизнис кредитната алатка „факторинг“, вистински факторинг сервис поддржан од специфично изградени системи и искусен кадар, кои веруваме ќе отворат нов потенцијал и поголема флексибилност за компаниите – ќе им помогне подобро да го организираат и да го управуваат готовинскиот тек и да можат на тој начин поефективно да ја спроведуваат својата бизнис стратегија. XВо X изминатите неколку месеци во екот на политичката криза, многу граѓани одлучија да ги повлечат своите депозити од банките. имаше

повлекување на депозитите на граѓаните од банките. Каква е ситуацијата во Стопанска банка Скопје, имаше ли големи повлекувања на депозити и како е сега? Како што е веќе познато, речиси секоја година банкарскиот сектор во целост се соочува со различни предизвици кои придонесуваат за времени повлекувања на депозитите. Политичката криза неодамна се одрази врз целиот сектор, вклучително и кај Стопанска банка, меѓутоа согласно нашите пресметки, кај нас ефектот беше помал во споредба со другите банки. Повлекувањето на депозитите почна во април 2016, во помал број кај пазарно чувствителни клиенти (корпоративни и население). Високата ликвидност, соодветно снабдените сефови и искусниот кадар придонесе Банката веднаш да одговори на барањата на клиентите на ефикасен начин. Вредно е да се напомене, дека трендот на враќање на депозитите почна за време на летниот период и уверени сме дека сите повлечени депозити ќе бидат вратени затоа што кризата не е поврзана со економски или бизнис фактори, а и клиентите сè повеќе разбираат, знаат и на крајот на денот носат вистински одлуки. XКаква X е состојбата со лошите и нефункционални кредити на ниво на банкарски систем и во Стопанска банка Скопје? Дали во изминатиов период се забележува отежнато враќање на кредитите од страна на фирмите? И покрај бројните предизвици поради нестабилното опкружување (дома, во

АНУВА НЕРАЗДВОЕН ДЕЛ ОД НАШЕТО СЕКОЈДНЕВНО РАБОТЕЊЕ


www.kapital.mk

Капитал број 882 23.09.2016

18

ИНТЕРВЈУ Некои веруваат дека банките не одобруваат кредити за компаниите на лесен начин, дека избегнуваат ризици, како впрочем да не сакаат да си ја работат работата и притоа да си ги зголемуваат профитите. Очигледно, овој тип на аргумент е нереален затоа што процентот на средства кои банките ги имаат пласирано во различни видови на кредити е доста висок.

Се надеваме дека во претстојниот период политичкиот систем ќе создаде најдобри можни услови за да ни дозволи нам и на другите банки што поголем простор за органски раст и во депозитите и во кредитирањето

регионот и глобално) при анализа на нефункционалните кредити, можеме да заклучиме дека домашниот банкарски систем има докажана истрајност во споредба со земјите од регионот. Во последните 3 години нивото на нефункционални кредити се движеше во рамки на 11-12%. Во склад со неодамна усвоените регулативи од НБРМ, заклучно со јуни 2016 нивото на целиот сектор се намали

приближно на 7.5%. Сите овие години, ние во Стопанска банка посветуваме посебно внимание на меѓународните банкарски стандарди и практики. Како резултат на тоа, целокупното ниво на нефункционални кредити на Стопанска банка е под просекот на секторот. XСтопанска X банка Скопје во изминатиот период воведе многу иновативни производи и услуги

за населението со цел услугите и производите да станат подостапни до клиентите. На што ќе биде ставен фокусот во иднина? Делумно, успехот на една компанија треба да се мери во нејзината можност да се прилагоди со новите текови и не само да ги прифати туку и да ги антиципира очекувањата на клиентите во своето поле на делување. Па така, Стопанска банка АД – Скопје постојано се прилагодува во сегментот со населението со производи и услуги кои може да им дадат поддршка на клиентите преку понуда на поголем избор и флексибилност значајни за секојдневието. Едни од најочигледните се промените кај масовно употребуваните производи – картичките кои од минатата година станаа бесконтактни, претходно посебно ги обезбедивме со највисоки стандарди за електронски плаќања ширум светот, а сега се и со нов освежен дизајн и секако со постојано актуелни и нови понуди. Алтернативните канали се исто така динамична категорија и годишно преку нив објавуваме новитети и функционалности на кои клиентите лесно се прилагодуваат. За бизнис како нашиот, дополнително е значајна достапноста, па така со TeleSales услугата која е достапна 24/7, клиентите може да аплицираат преку телефон за кој било банкарски производ и истиот веднаш влегува во постапка на процесирање. Полето за интеракција со клиентите ни е значително зголемено и преку социјалните медиуми каде клиентите знаат да ни упатат и конструктивна критика која ни е основ за подборување на работењето и локално и генерално. Секако овој канал има огромен потенцијал за операционализација во иднина, на што веќе интензивно работиме. Од друга страна, Банката иновативноста ја изразува и преку правилната сегментација и приближување на производите и услугите до потребите на секоја категорија на клиенти. Оваа година, во фокусот ни се младите за кои го формиравме ТОПСИ како платформа за клиенти од 18 до 28

ВО ЧЕКОР СО ТРЕНДОВИТЕ: ПОЛЕТО ЗА ИНТЕРАКЦИЈА СО КЛИЕНТИТ


www.kapital.mk

Капитал број 882 23.09.2016

19

години. Иако оваа целна група е многу разновидна и има различни амбиции, планови и очекувања од една финансиска институција како Стопанска банка, се обидовме да создадеме платформа преку која не само што ќе имаат пристап до основните банкарски услуги и производи, туку ќе добијат можност да се едуцираат, да се изразат креативно, да се забавуваат и да добијат промотивни попусти кај дел од нашите трговци - партнери. ТОПСИ е своевиден начин Банката да запознае еден сегмент на прогресивни клиенти на кои се потпира иднината, начин да научиме повеќе што ќе им биде потребно, многу наскоро како и подалеку во иднината. ТОПСИ веруваме дека ќе помогне во процесот на прераснување во Банка од иднината. XПоследниве X 12 месеци бевте актуелни и со кампањата “Вози право, вози здраво”, во рамки на која беше изграден првиот велосипедски сообраќаен полигон за деца. Која беше идејата и пораката зад овој проект? Знаете, општествено одговорните активности се веќе нераздвоен дел од нашето работење, до тој степен што на секое ниво на менаџмент се размислува и делува на тој начин. Благодарение на таквата поставеност, проектот „Вози право, вози здраво“ произлезе како идеја од нашите вработени и прерасна во еден комплетен проектен ангажман со кој сме исклучително горди и задоволни, посебно затоа што наиде и на одобрување и препознавање

од страна на заедницата. Имено, голем дел од нашите вработени доаѓаат со велосипед на работа, преферираат да бидат физички активни, но и да ја заштитат животната средина. Како благодарност и дополнителен поттик, Банката пред сите свои филијали поставува паркинзи за велосипеди, кои не само што ги користат вработените туку се повеќе и нашите клиенти. Ја зголемуваме свесноста за алтернативните форми за транспорт, за влијанието на спортот врз развојот на децата и перспективите кои ги нудат овие превозни средства. На тој начин, ја заокружуваме еколошката цел која ја започнавме со развојот и воведувањето на алтернативните канали за банкарски услуги кои на клиентите им нудат можност да реализираат трансакции без да доаѓаат во филијалите, односно без да трошат време, пари и дополнителни ресурси. На “Вози право, вози здраво“ имаше и многу забава, насмевки и позитивни реакции, а со отворањето на Велосипедскиот едукативен полигон, градот Скопје се збогати со една нова содржина за деца која во неколкуте месеци колку што постои веќе стана референтна точка за сите родители со деца кои учат велосипед, ролерки, тротинет и сл. По добивање на ваква позитивна реакција Банката секако безрезервно ќе продожи да ја поддржува заедницата со слични интересни, нови одржливи содржини со долгорочен ефект. Затоа одлучивме и годинава да го повториме „Вози право, вози здраво“ минатиот викенд на задоволство и на нашите вработени и заедницата.

Банката во текот на целата година ги поддржува проектите осмислени од заедницата - традиционални и нови настани од културата, уметноста, спортот и сл. За жал, оваа година бевме сведоци и на природни катастрофи кои однесоа и човечки животи и кои предизвикаа огромна материјална штета. Банката одлучи веднаш да одвои значителна сума за помош на лицата погодени од катастрофалните поплави преку двократна донација на храна, опрема, хигиенски средства, покуќнина, постелнина и други неопходни материјали преку Црвениот крст, ги вклучи вработените во директна помош, а за семејствата со жртви обезбеди и неповратна финансиска помош. Во вакви услови примарни се хуманоста и емпатијата кои ги имаме втемелено во нашето работење. XКаква X година очекувате да биде 2016 за Банката и за банкарскиот сектор во Македонија? Кaде ги гледате најголeмите ризици? Финансиските резултати до јуни 2016 беа објавени од страна на сите банки и логично е да очекуваме да се задржи ова ниво на перформанс и во втората половина на годината. Во поглед на ризиците, тоа е впрочем во сржта на нашата работа - соодветно и ефективно управување со сите ризици во банкарството. Во случајот со Стопанска банка, 2016 е историски најдобра по сите параметри, надминувајќи ги дури и очекувањата на акционерите, што е многу позитивна порака за клиентите, вработените, економијата и општеството во целина. nnn

ТЕ НИ Е ЗНАЧИТЕЛНО ЗГОЛЕМЕНО И ПРЕКУ СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ


годишна специјална едиција

200

НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

7 октомври

2016

Капитал Медиа Гроуп ја подготвува традиционалната годишна едиција КАПИТАЛ 200 НАЈГОЛЕМИ И 200 НАЈУСПЕШНИ во Македонија, во која ќе биде анализирано работењето на најголемите и најуспешните компании во Македонија. Во Едицијата ќе бидат рангирани компаниите според вкупните приходи и нето добивката остварени во 2015 година, но во рангирањата ќе бидат вклучени и повеќе податоци за компаниите како вредноста на активата, вредноста на капиталот и уште многу други показатели и коефициенти за успешноста и ефикасноста во работење. Сите рангирања и показатели, како и секоја година, ќе бидат изработени врз основа на официјални и ревидирани податоци обезбедени од годишните сметки на компаниите. Во едицијата ќе бидат рангирани компаниите според повеќе показатели како на пример:

l компании со најголеми приходи l компании со најголем профит l компании кои најмногу вработуваат l компании со најголем капитал l компании со најголема актива l компании кои најбрзо растат Во едицијата ќе бидат вклучени повеќе текстови, интервјуа со најголемите и најуспешните компании во клучните индустрии, како и повеќе анализи:

l Кои се компаниите и индустриите кои ќе го носат растот следната година?

l Стратегиите и плановите на најголемите и најпрофитабилни компании?

l Кои фирми ги прават парите во Македонија?

l Кои се најголемите “капиталци” во Македонија?

l Најголемите предизвици за компаниите за 2016 година

l Кои се најголемите компании во регионот?

Во рамките на Едицијата во одделни анализи ќе биде анализирано работењето на компаниите од клучните индустрии:

l Прехранбена индустрија l Металопреработувачка индустрија l Градежна индустрија l Трговија l Телекомуникации l Енергетика, нафта и гас Повеќе информации за едицијата и за комерцијално претставување на истата, обратете се на e-mail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

Лицe за контакт:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА



Капитал број 881 16.09.2016

22

www.kapital.mk

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

КОЈ ПРАВИ НАЈМНОГУ ПАРИ ВО ХОТЕЛСКИОТ БИЗНИС ВО МАКЕДОНИЈА?

ДВЕ КАЗИНА – Х ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД СИТЕ ДРУГИ ХОТЕЛИ ЗАЕДН


www.kapital.mk

Капитал број 881 16.09.2016

23 Ако не ги сметаме двете казина – хотели на македонско – грчката граница кои што најголемите пари ги прават од коцкањето на своите гости, а сместувањето е споредна дејност, тогаш најголема хотелска компанија во Македонија според остварени приходи од сместувачки и останати услуги, е Македонијатурист со 6-7 милиони евра на годишно ниво.

ХОТЕЛИ Е ПРИХОДИ И НО

Н пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Најголеми приходи во Македонија меѓу хотелите убедливо имаат двата хотели - казина лоцирани крај Гевгелија, Хотел Фламинго и Хотел Рамада Плаза со казиното Принцес. Во 2015 година двата заедно имаат направено промет од вкупно 2,76 милијарди денари или безмалку 45 милиони евра – хотел Рамада Плаза има 27 милиони евра, хотел Фламинго 18 милиони. Се разбира, ова се должи пред сè на коцкањето и другите игри на среќа што се организираат во казината што се во рамки на овие хотели, каде што најголем дел од прометот го прават гостите од соседна Грција. Според податоците од www.biznismreza.mk, приходите на Принцес минатата година паднале за 4%, а добивката за дури 44%, на околу 330 илјади евра, додека на Фламинго приходите му паднале за 2%, а хотелот имал загуба од 1,28 милиони евра, намалена за 33% во однос на загубата од 2014-та. Сопственик на хотелот Рамада плаза е групацијата Ramada Worldwide, која што го заврши хотелот крај Гевгелија во 2010 година, а сопствениците на Фламинго кои што го изградија неколку години, во 2014-та го продадоа на австриската групација специјализирана за игри на среќа, Новоматик, за 20 милиони евра. Овој своевиден “кој е кој во хотелскиот бизнис“ список продолжува со Македонијатурист Скопје, ком-панија која што е сопственик на повеќе хотели (Холидеј ин, Бест вестерн, Белви, итн.), за чии што поединечни биланси на успех не можеме да добиеме податоци. Целата групација минатата година остварила приходи од 414,2 милиони денари (6,7 милиони евра), што значело пад од 2,5% во однос на 2014 година. Компанијата имала добивка од околу 2,2 милиони


www.kapital.mk

Капитал број 881 16.09.2016

24

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

45

милиони евра приходи вкупно имаат двете најголеми казина - хотели во Македонија на годишно ниво

23

милиони евра приходи вкупно имаат 13-те најголеми хотели и хотелски групации во Македонија со годишен обрт над 500 илјади евра, кои што немаат казино во основна дејност

евра, што било за 10% послабо од годината претходно. Оваа година Македонијатурист првите шест месеци ги заврши со вкупни приходи за 7% помали од истиот период лани, и нето добивка за 11% помала. Од

компанијата објаснија дека “работеле во услови на нелојална конкуренција на пазарот и под влијание од глобалната економска состојба“, па со оглед на сето тоа, остварените резултати се задоволителни. На четвртото место на ранг листата најголеми според остварени приходи, се наоѓаат Хотели Метропол – Охрид, компанија во состав на групацијата Фершпед, која што засебно котира на Македонската берза. Според финансискиот извештај за првото полугодие годинава, Хотели Метропол имаат за 17,5% помали приходи од истиот период лани, односно 706 илјади евра, додека остварена е загуба од 154 илјади евра. Минатата година пак, компанијата што менаџира со два хотели и еден депанданс на брегот од Охридското езеро, остварила приходи речиси идентични како годината претходно, 2,65 милиони евра, и добивка од 430 илјади евра. По Хотели Метропол, на листата следи хотелската компанија Инекс Дрим од Струга, која што во свој состав ги има хотелите

Дрим и Београд, како и автокампот АС. Според Крсте Блажески, сопственикот на компанијата, најголем дел од приходот, околу 85%, го носи хотелот Дрим. Во 2015 година Инекс Дрим имала приход од 2,33 милиони евра, што е пад за 16,5% во однос на 2014, како и добивка од околу 300 илјади евра, што е пад за 62%.

Најголемата добивка на хотелска компанија е 2,2 милиони евра

Во рангот на приходи од еден до два милиони евра, како што се гледа од приложената табела, се наоѓаат уште неколку хотели, како х. Стоунбриџ, Интернешнл хотелс (х. Континентал) , х.Солун од Скопје, хотелите Силекс и Гранит во Охрид, Сириус од Струмица и Романтик хотели од Велес. Најголем раст на приходите тука покажува хотелот Стоунбриџ, во сопственост на бизнисменот Ајдован Адемоски, кој што лани имал пораст на приходите безмалку двојно (95%) на 1,8 милиони евра. Овој хотел

ТРЕНД: ВО ПОСЛЕДНИТЕ ПЕТ ГОДИНИ ЗА 36% Е ПОРАСНА


www.kapital.mk

Капитал број 881 16.09.2016

25 НАЈГОЛЕМИ ХОТЕЛИ И ХОТЕЛСКИ КОМПАНИИ ВО МАКЕДОНИЈА (според остварени приходи, во денари) Приходи

Промена

Добивка

Промена

2015

2015/2014

2015

2015/2014

Принцес хотел - Гевгелија *

1.659.963.818

-4,00%

20.375.704

-43,75%

Хотел Фламинго - Гевгелија **

1.104.786.547

-2,00%

-78.845.692

-33,00%

Македонијатурист - Скопје

414.226.933

-2,53%

135.758.074

-10,10%

Хотели Метропол - Охрид

163.016.277

0,64%

26.456.280

-17,00%

Инекс Дрим - Струга

143.486.063

-16,50%

18.509.243

-62,40%

Stonebridge хотел - Скопје

110.568.364

94,70%

6.486.004

752,40%

Интернешнел хотелс - Скопје

91.031.804

-5,50%

2.863.251

117,00%

Хотел Солун - Скопје

79.675.849

-6,80%

29.756.120

45,00%

Романтинк хотели - Велес

76.415.528

-3,22%

352.369

-72,20%

Хотел Гранит - Охрид

73.502.310

-8,10%

17.016

-99,80%

Хотел Сириус - Струмица

69.014.694

2,22%

8.031.873

27,40%

Хотел Силекс - Охрид

60.637.061

2,26%

896.533

16,56%

Инекс Горица - Охрид Радика ресорт - Маврово

53.116.518 50.383.611

-12,40% -2,00%

4.518.396 -3.415.088

-69,60% 62,80%

Хотел Арка - Скопје

40.401.219

-6,40%

946.408

-87,40%

Аурора Ресорт - Берово

31.665.814

2,28%

2.463.372

26,90%

*,** Хотелите Принцес и Фламинго во Гевгелија имаат казина како главен извор на приходи

извор: www.biznismreza.mk

18%

е зголемен бројот на ноќевања на домашните туристи во хотелите од 2011 до 2015

има и највисок пораст на добивката за оваа година, меѓу сите рангирани најголеми хотели, од 752%, на 105,5 илјади евра. Инаку, од сите хотели и групации што ги рангиравме во оваа анализа, пораст на приходите лани имале и хотел Сириус од Струмица (2,2%), Аурора ресорт од Берово (2,3%), хотел Силекс од Охрид (2,3%) и Хотели Метропол Охрид (0,6%). Најголем пад на приходите имаат Инекс Дрим од Струга (-16,5%) и Инекс Горица од Охрид (-12,4%). Кај чистата добивка пак, карактеристично за минатата година, според податоците на www.biznismreza.mk, е што од 15 рангирани хотели и хотелски групации,

НАТ БРОЈОТ НА НОЌЕВАЊА ВО МАКЕДОНСКИТЕ ХОТЕЛИ


www.kapital.mk

Капитал број 881 16.09.2016

26

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

270

хотели има во моментов во Македонија

50%

е зголемен бројот на странски туристи што престојувале во хотелите од 2011 до 2015

девет покажуваат пад на добивките, и тоа најголем има хотел Гранит од Охрид, кој што речиси и да нема добивка во 2015 (-99,8%), потоа хотел Арка од Скопје (-87,4%), Романтик хотели од Велес (-72%), итн. Најголема добивка има групацијата Македонијатурист, од 2,2 милиони евра. Анализирајќи ги резултатите на најголемите хотели и хотелски групации во Македонија, треба да спомнеме дека меѓу нив влегува и скопскиот хотел Александар Палас чиј што доминантен сопственик е бизнисменот Штерјо Наков со групацијата Фершпед, но до затворањето на овој текст не успеавме да дојдеме до финансиските биланси на хотелот, за да може да го рангираме во табелата.

Светски хотелски брендови во Скопје

“Мериот“ хотелот во Скопје е првиот и засега единствениот во Македонија кој што има бренд од редот на големите и луксузни светски хотелски синџири. Во него беа инвестирани околу 30 милиони евра, се градеше шест години од страна на инвеститорот Дивелоп груп, а за тоа колку пари прави овој луксузен хотел ќе почекаме извесно време, затоа што со работа почна само пред неколку месеци. Претходно, во септември 2015-та, во центарот на Скопје беше отворен и хотел Ибис, инвестиција од 6 милиони евра на Орка холдингот во сопственост на семејството Камчеви, кој што дел од светскиот

БРОЈОТ НА ТУРИСТИ ВО МАКЕДОН

Б

ројот на туристи во првите седум месеци од годинава се зголемил за 8,5%, на 460.387, од кои што странски се безмалку 63%. Бројот на домашни туристи се зголемил за 8,6%, а на странски за 8,5%. Домашните туристи оствариле 652.464 ноќевања во овој период, додека странските 582.174, или вкупно 1.234.638 ноќевања, според Државниот завод за статистика. Овој број на ноќевања е за 5.3% повисок во однос на истиот период во 2015 година. Од ХОТАМ, македонското здружение на хотелиери, велат дека и покрај овој раст што го покажува официјалната статистика, капацитетите во најголемиот туристички центар Охрид, каде што се реализираат и најголемиот број од ноќевањата во Македонија, годинава ќе ја завршат со пад од околу 20% во бројот на ноќевања. “Оваа можеби ќе биде најлоша година во последниве пет за нас хотелиерите од охридско - струшкиот брег“, вели Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ. Блажески, кој што е сопственик на хотелската компанија Инекс Дрим од Струга, вели дека само два летни месеци не можат да ја “извадат“ цела година. “Првите шест месеци беа лоши, се откажуваа аранжмани од холандските и другите западни туристи заради кризната ситуација со бегалците на границата со Грција. Потоа, обидот за пуч во Турција го намали бројот на гости од оваа земја кои што имаа веќе резервирано аранжмани во Охрид и Струга. Инаку јули и август хотелите беа полни,

Во 2015-та во земјава имало за 10,9% повеќе туристи, и тоа за 6,5% кај домашните, а 14,2% кај странските. Во првите седум месеци од 2016, бројот на домашни туристи се зголемил за 8,6%, а на странски за 8,5%. имавме и доста домашни туристи, но годината трае 12 месеци и мора со системски мерки и јасна стратегија да се обезбеди поголемо искористување на хотелските капацитети преку цела година“, вели Блажески. Последниве неколку години се забележува тренд на зголемување на ноќевањата во Скопје, каде што

најголем дел од туристите се дел од врзаните тури за неколку земји од Балканот што ги организираат регионалните и европските туроператори. Хотелските работници со кои што разговаравме, велат дека во рамки на овие тури гостите обично во Скопје престојуваат по 1-2 ноќи, исто толку

МАКЕДОНИЈА: ТРЕТИНА ОД ХОТЕЛИТЕ СЕ СО 4 И 5 ЅВЕЗДИ


www.kapital.mk

Капитал број 881 16.09.2016

27

25%

е зголемен број на домашни туристи што престојувале во хотелите од 2011 до 2015

42%

е зголемен бројот на ноќевања од странските туристи во хотелите од 2011 до 2015

ланец на средна категорија хотели, обично лоцирани близу метро станици, аеродроми и сл., и најмногу користени од деловни луѓе кои што не сакаат да плаќаат прескапо за сместување, а добиваат високо ниво на квалитет. Во 2013 година во скопската населба Аеродром, почна со градба и познатиот бренд “Хилтон” кој потпиша договор за франшиза со “Стоун бриџ хотел” кој треба да изгради хотел “Double Tree by Hilton”, инвестиција на бизнисменот Ајдован Адемоски. Но, проектот е во мирување, а датумот на отворање одложен. Инвестицијата требаше да чини околу 30 милион евра. Пред една година, рускиот бизнисмен

Сергеј Самсоненко стана сопственик на фирмата на грчкиот бизнисмен Димитрис Кондоминас, која веќе почна да го гради Офицерскиот дом на плоштадот Македонија во Скопје. Според договорот што беше склучен со Кондоминас, тој требаше дел од Офицерскиот дом да го даде без надоместок на градските власти, и да изгради и хотел, што треба да биде најмалку со 4 ѕвездички и да биде управуван или под франшиза на синџир од најмалку 250 хотели. Самсоненко е сопственик и на хотелот „Русија“ во скопската населба Аеродром, во рамки на спортскиот центар “Јане Сандански“, кој што почна со работа пред година и половина. nnn

НИЈА РАСТЕ

ХОТЕЛИЕРИТЕ СЕ ЖАЛАТ НА НЕЛОЈАЛНА КОНКУРЕНЦИЈА Airbnb и хостелите им земаат дел од пазарот

Х

во Охрид и потоа организаторите ги шетаат во Србија, Црна Гора или другите земји од Балканот. Во земјава обично се сместуваат во хотелите со поголем капацитет, а тоа се обично оние со 3,4 или 5 ѕвездички. Тоа го покажува и официјалната статистика, која вели дека кај странските туристи во јули месец годинава, 39% од ноќевањата биле реализирани во хотели од 4 ѕвездички, а 25% во хотелите со 5 ѕвезди. “Групите не доаѓаат со помалку од 1-2 автобуси, што значи минимум стотина луѓе. Тоа се во најмала рака 50-тина соби, капацитети со кои што малите хотелчиња не располагаат“, велат нашите соговорници.

отелиерите се жалат на нелојална конкуренција која преку интернет порталите за букирање им ја создавале хостели и пансиони кои не се категоризирани. Тие преку Стопанската комора како мерки за излез од ситуацијата во која се наоѓаат пред неколку месеци побараа субвенции, намалување на данокот на додадена вредност на храната во угостителските објекти од 18 на 5% и измена на Правилникот за нивна категоризација. Сопственик на мал хотел во Скопје кој што сакаше да остане анонимен, вели дека напливот од хостели и преноќишта, но и Airbnb. com им го намалил прометот за дури 50% последниве 2-3 години. Цените за ноќевање во помалите скопски хотели обично се движат од 40-50 евра па нагоре, за разлика од становите што може да се најдат преку Airbnb и за 15-20 евра од вечер. Добар дел од туристите и посетителите на Скопје ја избираат оваа варијанта или хостелите каде што може да се

најде кревет и за 6-8 евра. “Секако дека луѓе што се дојдени во Скопје деловно и сл., нема да одберат да спијат во хостел заедно со 5 други луѓе во соба и да делат бања со други гости. Но, онаа категорија туристи кои што не сакаат многу да потрошат за ноќевање, а не се чувствуваат баш комотно за да спијат во хостел, се целната група токму на нас помалите хотели, кои што нудиме во принцип поевтино сместување од големите хотели кои што се насочени кон поинаква категорија посетители, со поголеми буџети за патување. Со напливот на хостелите и останатите преноќишта, за кои што надлежните и немаат точен увид во колкав обем се отвораат и како работат, а се рекламираат веќе на Booking.com и останатите онлајн платформи, губиме ние хотелиерите, кои што имаме големи инвестиции, големи трошоци на работење, даноци, инспекции, итн., а не можеме постојано да се тркаме со нив во намалување на цените“, вели нашиот соговорник.


www.kapital.mk

Капитал број 882 23.09.2016

28

КОЛУМНА

Автор:

ИЛИЈА ДИМОВСКИ координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание

Со најавите од СДСМ и Зоран Заев за воведување на двојазичност на цела територија на Република Македонија целосно се излегува надвор од Уставот и уставно загарантираните права на етничките заедници и за жал се отпочнува процес кој ќе заврши со федерализација или целосно распарчување на Република Македонија. Цоведување на двојазичност на целата територија на Република Македонија е сосема непотребно, некорисно, контрапродуктивно и штетно и неприфатливо.

Воведувањето н е непотребно и

Р

Република Македонија е една од државите во Европа која во своето уставно уредување, но и во своето секојдневие, најмногу ги почитува, заштитува и поддржува правата на немнозинските (малцинските) заедници. За разлика од нашата држава, многу други држави, а особено држави членки на Европската унија, воопшто не ги признаваат малцинските заедници како постојни во рамките на своите граници. Би требало премногу простор да набројувам во која се европска држава, кои малцинства воопшто не се признаени како реалност, но доволно е да потсетам дека во најстарата демократија Грција државата не го признава постоењето на големите малцинства (турското, албанското, влашкото, а најмалку македонското), а не станува збор пак за помали јазични или културни малцинства (Пондите, Маџирите,…), туку се стреми сите нив да ги асимилира и претстави како составен дел од грчката нација, но и грчката идентитетска целина. Така е и во други држави низ соседството, а и низ Европа. Овие редови не ги пишувам со намера да убедувам некого дека тоа е добро и дека така треба да постапуваат сите држави, па и Македонија. Не. Тоа е карактеристика на средновековно

ројалистичко уредување во кое сите жители на една територија се поданици и припадници на еден крал и така не смее да функционира Европа. Жално е што со ниту еден претставник на Европската унија оваа тема не е пожелно да се разговара, зошто сите се прават како да се дојдени на оваа планета со клингонски брод во мисија за спас на флората и фауната на планетата Земја. Тоа што во рамките на Европската унија и пошироко има луѓе кои не смеат да кажат што се, а не, пак, да го говорат својот јазик или, пак, да го изучуваат во некоја форма, тоа како да не ги интересира и не е доволен предизвик да им го нарушува мирот на секој следен викенд. Во Македонија малцинските заедници уживаат колективни права, покрај сите индивидуални. Ги уживаат екстензивно и во смисла на јазичните права, културолошките, идентитетските, правата за партиципативност во одлучувањето за значајни за нив прашања, на локално и државно ниво. Тоа е добро и нашиот пример треба да биде искористен, бар од соседите, како цел кон која треба да се стремат за малцинските заедници во рамките на своите држави. Дебатата за правата на малцинските заедници во Македонија е полезна, но добро е да разбереме дека таа дебата треба да ја насочиме кон реалноста која говори дека оваа тема нас може и треба да ни биде извозен продукт. Треба да им покажеме на другите како е добро да се третираат малцинските заедници во Европа во 21 век. Дебатата за малцинските права во Македонија денес е продукт само


www.kapital.mk

Капитал број 882 23.09.2016

29

на двојазичност штетно и само на желба на политички партии, во недостаток на реална понуда, да искупат некој глас повеќе со сензибилизација на гласачкото тело. Кога тоа го прават партии кои се произлезени од малцинските заедници (посебно албанската како најголема) до некаде може и да се разбере, но кога тоа почнува да го прави македонската опозиција, тогаш е сосема јасно дека е неискрено, штетно и погубно за стабилноста во функционирање на уставниот поредок на Република Македонија. Треба да се каже дека воведување на двојазичност на целата територија на Република Македонија е сосема непотребно, некорисно, контрапродуктивно и штетно и неприфатливо. Изедначување на македонскиот и албанскиот јазик на целата територија е апсолутно невозможно и поради Уставот и уставниот поредок, но и поради реалната состојба и реалните потреби на граѓаните. Со најавите од СДСМ и Зоран Заев за воведување на двојазичност на цела територија на Република Македонија целосно се излегува надвор од Уставот и уставно загарантираните права на етничките заедници и за жал се отпочнува процес кој ќе заврши со федерализација или целосно распарчување на Република Македонија. Уставот јасно вели дека на целата територија на Република Македонија службен јазик е македонскиот и неговото кирилско писмо, а друг јазик кој го говорат најмалку 20% од граѓаните исто така е службен во единиците на локална самоуправа каде што тие живеат во мнозинство

Изедначување на македонскиот и албанскиот јазик на целата територија е апсолутно невозможно и поради Уставот и уставниот поредок, но и поради реалната состојба и реалните потреби на граѓаните. или значителен број и ништо повеќе или ништо помалку. Не е потребно да се прифати дека политичарите можат да се пазарат со се што е свето во оваа земја, некои дури и најавувајќи дека сега му било мајката да се редефинира државата. Ставањето на маса на прашања кои воопшто не можат да бидат тема на дневен ред бидејќи за нив одамна се поставени правилата во Уставот во оваа држава покажува огромна слабост на политичарите кои го прават тоа, признаваат дека немаат друг реален концепт кој би го прифатиле граѓаните. Република Македонија не е сопственост на ниту еден политичар, таа е сопственост на граѓаните. За жал, играњето со толку суптилни прашања не е новитет на политичката сцена. СДСМ многу пати во минатото проба да тргува со државните и националните интереси со цел да добие глас повеќе од албанската заедница, но никогаш не успеа бидејќи Албанците се доволно мудри дека малцинските прашања не се тргуваат на пазар како тикви. Тоа не е прашање кое во Струмица на сточен пазар ќе биде истргувано помеѓу Заев и некој соросов албански платеник. Овие прашања се достојни прашања кои може да се разговараат само

помеѓу достојни претставници и репрезенти, во спротивни ќе предизвикаат хаос и проблеми за сите. Јас добро знам дека огромен број на чесни членови и подржувачи на СДСМ ширум Македонија се против оваа погубна и анационална политика на раководството на таа партија. За вакви прашања луѓето нема да останат неми и ќе ја казнат намерата Македонија повторно да се редефинира. На сите помила им е државата од својата партија (која и да е таа, па била и СДСМ). Сега не му е мајката да ја редефинираме Република Македонија и да ги распродаваме идеалите за коишто гинеа илјадници Македонци, за кои се бореа во Крушево и кои се воспоставија на АСНОМ 1944 година. Сега му е мајката секој Македонец и секој граѓанин на Македонија, без разлика дали е Албанец, Турчин, Србин, Бошњак, Влав и други националности да се спротистават на ваквите тенденции. Ваквите политики нема да донесат ништо добро за никого, ниту за Македонците, ниту за Албанците, ниту за Србите, ниту за Турците, ниту за Бошњаците, Ромите или Власите. Ќе не вратат години и години наназад, оние години кои не сакаме да ги паметиме. nnn


Капитал број 882 23.09.2016

30

www.kapital.mk

АНАЛИЗА

ТЕШКО СЕ МЕРИ ЕФЕКТОТ ОД СУБВЕНЦИИТЕ ЗА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ

КАКО ДА СЕ ЗГОЛЕМАТ ИНВЕСТИЦИИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА? Здружението на млади аналитичари и истражувачи (ЗМАИ) во изминатите 15 месеци го истражувале влијанието на владините субвенции за странските инвестиции и нивниот ефект врз економијата и предлагаат неколку мерки кои ќе ја подобрат инвестициската политика и ќе ја зголемат конкурентноста на Македонија како инвестициска дестинација. Капитал ги анализира тие мерки.

ПРЕДЛОГ: ДА СЕ ФОРМИРА ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНД ВО МАКЕДОНИЈА


www.kapital.mk

Капитал број 882 23.09.2016

31

З пишува:

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Здружението на млади аналитичари и истражувачи (ЗМАИ) во изминатите 15 месеци го истражувале влијанието на владините субвенции за странските инвестиции и нивниот ефект врз економијата и предлагаат неколку мерки кои ќе ја подобрат инвестициската политика и ќе ја зголемат конкурентноста на Македонија како инвестициска дестинација Станува збор за мерки и предлози од различни области кои според нив би придoнеле за подобрување на политиката за привлекување, субвенционирање, опслужување на постојните инвеститори и поттикнување на соработката меѓу домашните и странските компании. Аналитичарите од ЗМАИ констатираат дека домашните и странските инвестиции се од огромно значење, особено за една мала економија како што е нашата, бидејќи тие создаваат нови работни места, вршат трансфер на технологија и знаење, ја намалуваат невработеноста, ја раздвижуваат економијата, носат свеж капитал. “Инвестициите се неопходни за една земја да бележи позитивен економски раст. Последниве неколку години Република Македонија спроведува огромен број активности во насока на привлекување на странски директни инвестиции (СДИ), па се поставува прашањето до која мера се оправдани трошоците за нивно привлекување, односно дали средствата потрошени за нивно привлекување, а потоа и за нивно одржување, ги надминуваат поволностите кои тие и ги носат за земјата”, велат од ЗМАИ.

Мерки со кои ќе се зголемат ефектите од странските инвестиции

Во Извештајот се потенцира дека во процесот

на привлекување и администрирање на странски инвестиции се вклчучени преголем број индивидуални лица, институции, агенции и министерства. Аналитичарите сметаат дека е подобро процесот да се води преку едно место, како и дека Владата не би требала воопшто да биде вклучена во процесот на привлекување на странски инвестиции, за да се стави овој процес надвор од политички влијанија. Тие предлагаат да се формира посебен инвестициски фонд во Македонија, по примерот на инвестициските фондови во некои други земји кој ќе менаџира со инвестициите. “Владата има две функции: едната е потрошувачка, а другата инвестициска. Тоа значи да се издвои инвестициската функција, од јавните финансии на јавниот сектор, од потрошувачката функција. Инвестициите треба да бидат независни и не смеат да бидат подлoжни на политика. На пример, тоа би било доколку буџетот што го има Владата се троши само на плати и на пензии, како основни функции на Владата, а инвестициската функција на Владата ќе биде поместена во некое ново тело кое ќе биде независно, како на пример Народна банка”, се вели во Извештајот на ЗМАИ. Во таков случај, директорот би се избирал по предлог на опозицијата и би се тргнал од дневната политика, со цел да нема злоупотреба на јавните финансии.

Доколку се формира државен инвестициски фонд, тој треба да управува со сите работи врзани со инвестициите, како привлекување на СДИ, јавни инвестиции, државна помош и поддршка на домашните приватни инвестиции. Институциите и агенциите кои сега се вклучени во процесот на привлекување на странски инвестиции треба да бидат сектори или дирекции во тој фонд. Недостигот на квалификувана и флексибилна работна сила е еден од најголемите недостатоци и проблеми на кои се жалат странските инвеститори во Македонија. Сопствениците на странските фабрики потенцираат дека на најголем дел од нововработените работници им е потребна повеќемесечна обука пред да започнат со работа во погоните. Аналитичарите од МАИ сметаат дека Владата може да преземе директна акција за подобрување на човечките ресурси, со унапредување на системот за едукација и здравство, но исто така и да ги охрабри компаниите да вложуваат во развојот на човечките ресурси, нудејќи низа поволности. Со цел да се обезбедат човечки ресурси со бараните вештини за компаниите кои инвестираат аналитичарите предлагаат воведување на дуален систем на образование во средните стручни училишта во согласност со потребите на бизнис


www.kapital.mk

Капитал број 882 23.09.2016

32

анализа

заедницата. Тие го констатираат проблемот со преземање на стручниот кадар од постоечките фирми од страна на странските инвеститори. Имено, новите странски инвеститори добиваат директна државна помош за новоотворено работно место, па тие можат да им понудат на работниците повисока плата за да ги привлечат. Во Извештајот се констатира дека работниците треба да бидат слободни и да работат каде што сакаат, така што нема потреба една компанија да се заштитува од одење на вработениот онаму каде што сака. Наместо ограничување на мобилноста на работниците како решенија за овој проблем се предлага да се укине доделувањето државна помош за секое новоотворено работно место или какви било други олеснувања, доколку работникот се презема од друга компанија. Понатаму се предлага државата да покрие дел од долгот што би се јавил доколку вработениот ја напушта постоечката компанија, со која има обврзувачки договор, а кои предизвикуваат финансиски импликации за предвремено напуштање, како и кеш грантови за тренинзи и за обуки доделени на македонските компании кои ќе треба да вработат нови работници, доколку им биле преземени од субвенционирана компанија. Во однос на даночните олеснувања кои им се даваат на странските инвеститори за да се поттикне инвестирањето по примерот на многу земји во развој, се потенцира дека тие не предизвикуваат директни буџетски трошоци, но ја намалуваат можноста на државата во иднина да генерира дополнителни приходи. “Многу е полесно на потенцијалните инвеститори да им се понудат различни даночни олеснувања, отколку да се поправат недостатоците во инфраструктурата или недостигот од квалификувана работна сила, велат од ЗМАИ. Но, според нив, даночните олеснувања не се најважен фактор за потенцијалните инвеститори да донесат одлука за инвестирање. “За инвеститорите се особено значајни трошоците и ризиците поврзани со макроекономската стабилност и условите за водење бизнис, трошоците за усогласување

Износот на државна помош да биде јавно објавен

А

налитичарите предлагаат и повеќе конкретни мерки со кои ќе се зголеми транспарентноста, посебно преку јавно објавување на податоците за субвенциите кои државата им ги дава на странските компании, со цел подобро да се измерат ефектите од инвестициите. Крајната цел е кај субвенциите за странски инвестиции да има отчетност исто како што има и кај земјоделските субвенции. Исто така се предлага и да се објавуваат податоци за парите кои се трошат за роуд шоута, информации за тоа колку луѓе одат на тие роуд шоуа, за што се трошат тие пари и да се пресмета колку инвестиции се привлекле, а колку пари се потрошиле за да се утврди ефектот на овој начин на промоција. Од Здружението на млади аналитичари реагираат на досегашната практика на Комисијата за заштита од конкуренција да ги објавува одлуките за доделена државна помош на компаниите без да ја наведе сумата на државната помош. Тие предлагаат Комисијата еднаш годишно да ја објавува вкупната сума за сите компании кои добиле државна помош во соодветната година со податоци колку од тие пари биле доделени за обуки, за отворање работни места поврзани со инвестициите и слично. со правните регулативи и административни практики, големината на пазарот, условите на работната сила и специфичностите на локацијата за остварување профит, како инфраструктурата или близината до некој природен ресурс”, велат аналитичарите од ЗМАИ. Она што треба да е јасно дека при даночните олеснувања на странските инвестиции, државата дава даночни средства од другите даночни обврзници, а од нив не собира средства од ваков вид. Државата дава даночни средства од другите даночни обврзници, а од нив не

собира средства од ваков вид. Во иднина, резидентите преку даноците треба да платат за овие олеснувања, односно за придонесот кон општеството (патишта, болници, образование, одржување на јавни простори). Затоа, во иднина, македонските граѓаните преку даноците треба да платат за овие олеснувања, односно за придонесот кон општеството и изградбата на патишта, болници, образование, одржување на јавни простори. Дополнително, ослободувањето од данокот на доход во период од 10 години во рамките на слободните зони создава дисторзија



www.kapital.mk

Капитал број 882 23.09.2016

34

анализа

Најголеми проблеми на странските инвеститори:

В

о текот на истражувањето аналитичарите од ЗМАИ лоцирале неколку проблеми на кои најмногу се жалат инвеститорите, меѓу кои најизразени се XX недостигот на квалификувана и флексибилна работна сила XX недостигот од квалитетен менаџерски кадар XX неефикасната државна бирократија на пазарот на труд, односно работната сила надвор од зоните е поскапа заради постоењето на овој данок, кој е корисен за државата, бидејќи и носи дополнителни приходи за развој на општеството, а не би имал некој посебно голем ефект врз инвеститорите, бидејќи даночната стапка е една од најниските во светот. Според анализата на ослободувањето од персонален данок на доход во периодот од 2009 до 2015 година, доколку овој данок би се наплаќал во целост, државата би генерирала приходи од персонален

данок на доход во износ од 9,092 милиони евра за анализираниот период. Аналитичарите од ЗМАИ предлагаат да се укине ослободувањето од персонален данок на доход и тој да биде задолжителен за сите компании без разлика дали работат во специјални економски зони или надвор од нив. Една од опциите кои ја предлагаат од ЗМАИ е државата, во вид на државна помош, преку Законот за контрола на државната помош, да го плаќа овој данок наместо странските компании во временски период не подолг од 2 години од започнувањето со работа на компаниите.

Странските инвеститори да се условат на соработка со домашните фирми

Според Дирекцијата за технолошкоиндустриски развојни зони, странските компании кои работат во зоните имаат остварено соработка со компании надвор од зоните, во вредност од 46 милиони евра во текот на 2015 година. Голем дел од компаниите надвор од овие зони, кои оствариле соработка со корисниците од ТИР-зоните, се проектантски бироа, компании за одржување на простор, градежни фирми, агенции за обезбедување и кетеринг-служби. Помал број се компании

кои се јавуваат како добавувачи во процесот на производство на директните инвестиции во зоните, што значи корисниците во зоните, во најголем дел, увезуваат суровини за производство на нивните производи. Аналитичарите од ЗМАИ потенцираат дека компаниите во зоните претставуваат неискористен потенцијал за остварување соработка со компаниите надвор од зоните во Македонија. Тие во Извештајот предлагаат мерки за забрзување и зголемување на соработката. “Бидејќи корисниците во зоните добиваат различни видови олеснувања, еден од можните начини за поттикнување на соработката со компаниите надвор од зоните е корисниците да се условат со остварување соработка со фирмите во оние сектори каде што соработката е возможна”, велат од ЗМАИ. Понатаму, за да бидат стимулирани за соработка со странските компании во зоните, од ЗМАИ предлагаат на компаниите надвор од зоните да им бидат доделени субвенции со кои би го усогласиле производниот капацитет за произведување суровини за потребите на некои од корисниците во зоните, а домашните фирми да се обучат како да соработуваат со корисниците во зоните. nnn


Време е за нешто несекојдневно.

1ВА НАГРАДА ВО КАТЕГОРИЈА КЛАСИКА 1ВА НАГРАДА ВО КАТЕГОРИЈА ХРОНОГРАФ

TISSOT CHEMIN DES TOURELLES AUTOMATIC.

ЕКСКЛУЗИВЕН ЧАСОВНИК, ИМЕНУВАН ПО УЛИЦАТА КАДЕ ШТО СЕУШТЕ СЕ НАОЃА СЕДИШТЕТО НА TISSOT ВО LELOCLE, ЛУЛКАТА НА ЧАСОВНИЧАРСКАТА ИНДУСТРИЈА ВО ШВАЈЦАРИЈА. СО POWERMATIC 80 МЕХАНИЗАМ СО 80 ЧАСА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ЕНЕРГИЈА, ЗАОБЛЕН САФИРЕН КРИСТАЛ ОТПОРЕН НА ГРЕБЕЊЕ И ТРАНСПАРЕНТНА ПОЗАДИНА

ОВА Е ВАШЕТО ВРЕМЕ СКОПЈЕ � УЛ. МАКЕДОНИЈА И ТЦ РАМСТОР БИТОЛА � ШИРОК СОКАК WWW.BOZINOVSKI.COM.MK

TI S S OT WATC H E S .CO M


www.kapital.mk

Капитал број 882 23.09.2016

36

Претприемништво

Формирана Стартап Македонија платформа за поддршка на претприемачи

Се обединуваат македонските иновативни бизниси

С

Стартап Македонија е првата организација во земјава која ќе ги обедини сите засегнати страни во стартап еко системот основана е како непрофитна асоцијација на стартапи, креативни претприемачи, организации и инвеститори кои ќе работат заедно да

Првите дејности на Стартап Македонија ќе бидат да се мапира екосистемот на сите нови компании и организации кои работат со иновациите.

создадат средина во која иновативноста ќе биде наградена, а новите идеи ќе бидат претворени во издржани бизниси. Македонија за жал заостанува зад своите најблиски соседи кога се иновациите во прашање, но сега повеќе од било кога претходно, има интерес и потенцијал со кој можат да се охрабрат претприемачите во основање на нови креативни компании. Стартапите се есенцијални за развојот на економијата и напредокот на Македонија,

вели Глигор Дачевски, директор и основач на DoxOut и SportyPal. Затоа првите дејности на Стартап Македонија ќе биде да се мапира екосистемот на сите нови компании и организации кои работат со иновациите. „Стартап Македонија ја создадовме со цел да ја зголемиме свесноста за значењето на стартапите; поорганизирано да преземаме мерки и акции со цел да се развива, како и да си помогнеме самите себеси, со

Стартап Македонија: Платформа за поддршка на претприемачи


www.kapital.mk

Капитал број 882 23.09.2016

37 С

Глигор Дачевски DoxOut

К

С

тартапите се клучни за развојот на економијата и напредокот на Македонија.

онкретни промени може да се направат само со здружено делување.

акаме локални стартап херои. Тогаш ќе кажам дека Стартап Македонија ја остварила својата мисија.

Наташа Петкова

Fox Media House

Петар Ниновски Бреинстер

„Секој иден стартап треба да се фокусира на неколку релевантни точки: да најде листа на добри локални ментори; да најде експерти кои ќе му помогнат во градење на компанијата во сите сегменти, од маркетинг до продажба и инвестиции; место каде стартапите ќе можат да разговараат за equity и други клучни работи што му се потребни на еден претприемач да се развива. Стартап Македонија треба да биде заедница каде за прв пат претприемачите ќе можат да соработуваат со луѓе што имаат вештини како нив“, вели Павловски. споделување на искуства и знаење за развој на стартапите во кои делуваме“, вели Глигор. „Сакаме да се запознаеме или да направиме еден репозиториј на активните членови на

таа заедница, да поддржиме настани кои ја промовираат и потенцираат стартап културата, до акции кои ќе значат промена на легислативата за да можат стартапите рапидно да се развиваат, а инвеститорите

непречено и стимулативно да инвестираат во нив“. Заедно основачите на новите компании и искусните претприемачи се согласуваат дека Стартап Македонија може да помогне


www.kapital.mk

Капитал број 882 23.09.2016

38

Претприемништво

О Јасна Тренговска

ко-основач на H-Sense и директорка на Girls in Tech Macedonia,

бврска на заедницата е да помогне во креирањето на подинамичен и претприемачки начин на размислување кај луѓето, со што би се охрабриле да се впуштаат во предизвици и поуспешно да го реализираат својот потенцијал.

Koja e целта на Стартап Македонија?

С

тартап Македонија е асоцијација основана по моделот на другите стартап здружувања ширум светот. Основана е од група претприемачи, експерти, акцелератори и инвеститори со желба да создаде конкурентна заедница на иновативни бизниси кои ќе имаат поддршка и знаење да се натпреваруваат со регионалните и европските стартапи. Меѓу целите на Стартап Македонија е да поттикне култура на иновации; да креира дата база на стартапи,

во креирање на продуктивна бизнис средина. Но, првин треба да се решат основните проблеми како создавање култура на соработка, во која иновативноста ќе биде секојдневие. „Пред дa збoрувaме зa вмрежувaње нa стaртaп зaедницaтa, нaјпрвo требa дa јa изградиме, дa функциoнирaме кaкo зaедницa. Ние сме се уште вo oвaa фaзa. Дa спoделувaме знaење, искуства, кoнтaкти, дa соработуваме…“, вели Наташа Петкова, ко-основач на Fox Media House. „Изoлирaнoстa е еден oд нaјгoлемите прoблеми нa кoи сметaм

НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ

#1

ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ

ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!

02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk

ментори и експерти кои ќе споделуваат знаење; да креира средина каде ќе се разговара отворено за проблемите и решенијата, и заедно ќе се работи кон поголема иновативност; да ги идентификува проблемите, решенијата и елиминација на бариери кои го ограничуваат развојот на стартапите во Р. Македонија; и да ја подобри правната регулатива која се однесува на стартапите и зголемување на атрактивноста за инвеститори надвор од Р. Македонија.

декa требa дa рaбoтиме. Требa дa рaбoтиме и нa прoмoвирaње и грaдење нa стaртaп духoт. Ни недoстaсувa мaлку aгресивнoст и хрaбрoст дa ги грaбнеме мoжнoстите. Знaеш ли сaмo кoлку нaши стaртaпи се имaaт oткaжaнo вo мoментoт кoгa инвеститoрите ќе им кaжaт декa се зaинтересирaни дa инвестирaaт вo нив?“, вели Наташа. Предизвиците со кои се соочуваат иновативните македонски компании се многубројни и чести, но постојат решенија, вели Давид Павловски, директор на Founders Institute. За Давид, Стартап Македонија претставува шанса да се креира уникатна заедница која ќе споделува важни информации што ќе им помогнат на претприемачите. „Секој иден стартап треба да се фокусира на неколку релевантни точки: да најде листа на добри локални ментори; да најде експерти кои ќе му помогнат во градење на компанијата во сите сегменти, од маркетинг до продажба и инвестиции; место каде стартапите ќе можат да разговараат за equity и други клучни работи што му се потребни на еден претприемач да се развива. Стартап Македонија треба да биде заедница каде за прв пат претприемачите ќе можат да соработуваат со луѓе што имаат вештини како нив“, вели Павловски. За Петар Ниновски, основач на Brainster, соработката помеѓу локалните и регионалните претприемачи ќе значи само поттик да се создадат успешни и иновативни бизниси. „Колку посилна заедница толку подобро за сите нас. Конкретни промени можат да се направат само со здружено делување“, вели тој. Една од примарните задачи на Стартап Македонија е да се поврзе и со претприемачите во другите градови. Скопје е метрополата која е домаќин на поголемиот број стартапи и претприемачи, но има иновативни компании кои се основани и во Битола, Струмица и Охрид. Јасна Тренгоска, ко-основачна H-Sense и директорка на Girls in Tech Macedonia, вели дека обврската на заедницата е да поттикне брилијантните идеи да станат вистински бизниси кои ќе ја освојат Македонија и можеби нивната успешна приказна ќе излезе надвор од границите.. „Мислам дека конкурентноста на стартапите многу зависи од mindset-от на основачите и луѓето кои работат во одреден стартап. Често среќавам луѓе со брилијантни стартап идеи, кои можеби и никогаш нема да се реализираат и да се најдат на пазарот, бидејќи понекогаш сопствениците на тие идеи не се подготвени да превземаат ризици. Од овој аспект, мислам дека е обврска на заедницата да помогне во креирањето на по-динамичен и претприемачки начин на размислување кај луѓето, со што би се охрабриле да се впуштаат во предизвици и поуспешно да го реализираат својот потенцијал“, вели Јасна. За сега, предизвиците се пред целата заедница на Стартап Македонија да ги оствари целите кои ќе донесат поконкурентна претприемачка култура. „Јaс мнoгу би сaкaлa дa мoжaм еден ден дa нaбрoјaм бaрем три стaртaпи сo кoи се гoрдеaм. Лoкaлни стaртaп херoи, кoи имaле гoлемa пoбедa. Тoгaш ќе кажам декa oвaa зaедницa си јa oствaрилa својата мисијa, a и јaс свoјaтa“, вели Наташа. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 882 23.09.2016

40

п

МЕНАЏМЕНТ

Прво, што значи клауд компјутинг? Во основа, тоа е користење на надворешна мрежа на сервери за да складирате, менаџирате и процесирате податоци, наместо да користите ваши сопствени сервери или персонални компјутери. До тој т.н. “облак“ на податоци пристапувате преку интернет. Предноста од користењето клауд е што вашата компанија не мора да поседува и одржува скапа ИТ архитектура или компјутерски сервери. Во оваа прилика ви нудиме краток водич за најбитните работи што треба да ги знаете за клауд компјутингот (cloud computing) или обработка на податоци во облак. XX Што може клаудот да стори за вашиот бизнис?

1

префрлањето на клауд може да ви заштеди илјадници евра годишно

На вашиот шеф за информатика можеби нема да му се допадне ова, но да имате голем ИТ оддел и ресурси во самата компанија веќе е реликвија од минатото. Ако вашата компанија самата ги менаџира e-mail системите, веб хостирањето или серверите со фајлови, најверојатно попусто фрлате стотици или илјадници евра годишно, во зависност од големината на фирмата. Компаниите како Rackspace, Google или FuseMail може да се грижат за вашите e-mail системи за многу помалку пари од она што го трошите ако ги правите овие операции in-house. Освен тоа, со клауд решение веќе никогаш не мора да се грижите за надградба или одржување на вашите сервери. За повеќето компании, фајл серверите не се повеќе најдоброто решение за чување и споделување на фајловите. Клауд сервисите како Dropbox или Synplicity нудат услуги за споделување фајлови за многу поволни месечни надоместоци. Со овие сервиси, нема веќе потреба од сервери и бекапи. Тие ќе се погрижат за се’.

2

Нема веќе потреба од комплексна софтверска инфраструктура

Порано, ако сакавте вашиот бизнис да биде поддржан од одличен софтверски систем, веројатно ќе требаше компанија како IBMили SAPда инсталира страшно комплициран и скап систем. Поновите верзии на ваквите софтвери дополнително се наплаќаат, а ако сакате да инсталирате нов хардвер за да ги зголемите перформансите, и тоа може да чини стотици илјади евра. Со помош на т.н. software-as-a-service (SaaS) модел, вашиот бизнис може да го искористи “облакот“ за пристап до најквалитетни

Менаџер во “облаци”

Водич за cloud за секој cEo

предноста од користењето клауд е што вашата компанија не мора да поседува и одржува скапа EиТ архитектура или компјутерски сервери. во оваа прилика ви нудиме краток водич за најбитните работи што треба да ги знаете за клауд компјутингот (cloud computing) или обработка на податоци во облак. софтверски решенија. Компаниите што обезбедуваат SaaS постојано го надградуваат својот софтвер и секогаш имате пристап до најновите и најдобрите верзии од нивниот софтвер, а нема потреба да се грижите за набавка на нов хардвер. Месечните надоместоци за користење на SaaS се многу помали од она што ќе го платите за класичен компаниски софтвер.

3

се зголемува агилноста на компанијата

Преку користење на cloud computing и SaaS решенија, вашата компанија е многу пофлексибилна. Можете да се префрлате на најдобрите софтверски опции брзо и лесно. Традиционалните бизнис софтвери се комплексни и скапи, и еднаш штом ќе ги инсталирате, многу е скапо и тешко да се префрлите на нешто друго. Додека, фимите што нудат услуги на клауд, имаат одлични стимулации за да ве задржат, а префрлањето на некој друг ваков сервис бара многу малку напор од вас. Тие исто така, мора да внимаваат на брзината и сите други карактеристики на нивниот хардвер, затоа што ако не сте целосно задоволни од нивната услуга, добро знаат дека лесно може да отидете кај нивната конкуренција.

4

се зголемува безбедноста на податоците и сигурноста на системите

На глобално ниво се зборува многу за сигурноста на клауд услугите, и загриженоста што постои околу ова прашање не е без основа. Меѓутоа, клауд и SaaS компаниите што имаат веќе изградена репутација веќе имаат изградено завидно ниво на сигурност и безбедност на своите услуги. Во дигиталното време не постои 100% сигурност, за жал. Но, користејќи компании што постојано иновираат и ги подобруваат своите безбедносни системи, вие ја правите и сопствената компанија многу побезбедна. Ако ги чувате своите податоци на сопствени компаниски сервери, станувате многу поранливи за хакерски напади, одошто ако сте на клауд кај некој провајдер. За да ја одржувате безбедноста на информациите кај внатрешните системи, треба да имате персонал што постојано ќе ја надградува безбедноста на вашите дигитални системи. Ова е напорна работа, која на крајот чини многу. Но, ако користите провајдер на клауд услуги, ќе ја употребите нивната експертиза и иновативност во поглед на безбедноста. nnn

Cloud: НЕ МорА дА корисТиТЕ сопсТвЕНи сЕрвЕри или коМпјуТЕри



Капитал број 882 23.09.2016

42

www.kapital.mk

технологија

Технологија што го олеснува животот … и бизнисот

Топ-10 апликации за поголема продуктивност

Мобилните телефони одамна се многу повеќе од уреди за телефонирање - денес во вашиот џеб буквално имате компјутер поврзан на интернет. Затоа и ги викаме „паметни“, а за што попаметно да ги искористите ако сте дел од деловниот свет, предлагаме десет мобилни апликации што го штедат вашето време, а ви ја зголемуваат продуктивноста пишува:

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

AirDroid

А

ко додека работите на компјутер морате често да прекинувате и да се префрлате на смартфон поради пораки од вашите клиенти или вработени, тоа секако ви ја крши концентрацијата и соодветно ви ја намалува продуктивноста. Затоа е измислен AirDroid - едноставно ја инсталирате апликацијата на вашиот Android смартфон, а потоа истото го правите и со десктоп клинетот на компјутерот, за на него да можете да читате и да праќате текстуални пораки - последниве, јасно, сега ќе можете да ги пишувате на голема, физичка тастатура и да ја имате контролата што ви ја дава користењето на „глувчето“. Покрај останатите можности, AirDroid лесно и брзо додава или брише фајлови од меморијата на вашиот смартфон.

Статистика: Категоријата „организирање“ е на


www.kapital.mk

Капитал број 882 23.09.2016

43 OneNote

А

ко претходно за овој вид на сервиси прво ќе помислевме на Evernote, тоа сега веќе не е така, откако од неодамна со бесплатниот пакет (на Evernote) синхронизација на белешките може да се прави на најмногу два уреди, а на пакетите плус и премиум (главно наменет за бизнис корисници) месечната цена им порасна на 3,99, односно 7,99 долари. Имено, оваа ситуација ја искористи Microsoft за да го наметне својот OneNote бесплатно, без со што и да е да заостанува зад Evernote. OneNote е дигитален нотес за бележење и организирање на сè што имате на вашите уреди - со него можете да запишувате идеи, да фаќате белешки од предавања и состаноци, да правите исечоци од веб-страници, пописи на задачи, да цртате и скицирате идеи. Достапен е за Windows, Mac, iOS, Android, се синхронизира на сите уреди кадешто го имате инсталирано, овозможува пристап до белешките на вашиот мобилен телефон и кога немате интернет (и за ова Evernote бара плус или премиум пакет), трансферирањата се неограничени (Evernote нуди само 60 MB месечно во бесплатната верзија), можете да пишувате каде и да е на страницата со дигитално пенкало или со прст (кај екрани чувствителни на допир), да зачувувате електронска пошта во белешките (Evernote бара плус или премиум) ...

Pocket

Д

а се води бизнис подразбира постојан цајтнот поради што кога на интернет ќе наидете на некоја вест, анализа, совет што би сакале да ги прочитате, немате време да го сторите тоа токму тогаш. За вакви ситуации тука е Pocket, апликацијата што ќе ви овозможи интересните интернет содржини да ги зачувате за да ги прочитате подоцна, кога ќе најдете време за тоа. До зачуваните текстови можете да пристапите и од други уреди, не само од оној на кој сте ги пронашле.

1Password

Н

ајголем дел од нас за корисничките сметки на интернет употребуваат една или најмногу две лозинки, што е прилично лоша практика - сè почесто хакерите пробиваат голем број лозинки за различни сервиси и ги објавуваат заедно со корисничките имиња, а оние кои употребуваат секаде ист пасворд и корисничко име/имеил адреса, работата сосем им ја олеснуваат. Од овие причини добро е за секој сервис да имате различна лозинка, но проблемот е што пасвордите лесно се забораваат, особено ако се работи за повеќе од неколку, а секако е така кога денес ретко кој нема сметка на Google, на Facebook, на Twitter, на Instagram ... и плус уште на куп други сервиси. Затоа е тука 1Password, најдобрата апликација за менаџирање на вашите пријавувања (web log-in) на корисничките сметки на интернет (и воопшто за чување на вашите чувствителни информации). Иако комплексна апликација, многу е едноставна за користење, а работи на сите оперативни системи (Windows, Mac, iOS, Android). Се интегрира во веб-прелистувачите преку проширување (browser extension за Chrome, Safari, Firefox, Opera) и овозможува со еден клик да се логирате секаде каде што имате сметка, без да се грижите за безбедноста на вашиот дигитален живот. Апликацијата е бесплатна, но ви го става на располагање својот полн потенцијал за месечна претплата од 2,99 долари една претплата важи за сите платформи/ваши уреди.

Google Goggles

С

о оваа апликација пребарувате со камерата на вашиот уред - насочете ја кон познато уметничко дело, знаменитост во некој град кадешто сте отпатувале, баркод или QR (Quick Response Code) … и ако тоа што сте го фатиле со објективот го има во базата на Goggles ќе добиете корисни информации за него. Апликацијата чита текст (откако ќе го фотографирате таму кадешто е напишан) на англиски, француски, италијански, германски, шпански, португалски, руски, турски … јазик, и истиот може да го преведе на друг јазик. Ги екстрахира податоците за да направи нов внес во вашата листа со контакти на мобилниот телефон, од визитките/ бизнис картичките што ги скенирате со Google Goggles. Достапен е за Android.

aCalendar

З

а луѓе од бизнисот меѓу календар апликациите ја препорачуваме едноставно наречената aCalendar. Го нуди најдобриот баланс меѓу едноставноста на употребата и моќните функции - интуитивна е навигацијата меѓу прегледите за ден, седмица, месец; за лесно ориентирање располага со 48 бои по календар, а специфично за деловните луѓе во платената верзија aCalendar+ (2,22 долари) овозможува закажување состаноци и поканување за присуство без излегување од апликацијата.

ајголема кај апликациите за бизнис


www.kapital.mk

Капитал број 882 23.09.2016

44

технологија SwiftKey

S

Office Lens

С

wiftKey е најдобрата виртуелна тастатура за Android, а достапна е и за iOS. Има најдобра предикција меѓу конкуренцијата (ова важи ако пишувате и на македонски јазик); во тек на користењето постојано учи од вас, а ако и дозволите ќе станува сè поинтуитивна учејќи и од сето она што го пишувате на социјалните мрежи, на имеил или SMS. Ако сакате да бидете брзи, а сепак прецизни кога одговарате на пораки, или кога работите на документ на вашиот смартфон, не барајте подобро решение. Тастатурата и изгледа одлично, а на располагање се голем број бесплатни и теми што се купуваат.

танува збор за апликација на Microsoft која Google Play во САД ја прогласи за една од најдобрите (апликации) во 2015 година. Со Office Lens фотографирајте табла каде што сте скицирале идеја, печатен документ или нешто рачно напишано, и тоа станува почитливо. Овој „џебен“ скенер може ваквите слики да ги претвори во PDF, Word и PowerPoint фајлови и да ги зачува во OneNote и OneDrive.

Duolingo ES File Explorer

М

енаџерите на датотеки (file managers) се меѓу најважните апликации на вашите уреди - со нив управувате со своите документи, слободниот простор на уредот, преместувате и уредувате фајлови по желба … ES File Explorer File Manager е еден од најдобрите на пазарот едноставен е, прегледен, а истовремено многу моќен. Има вградено прегледувачи и изведувачи (viewers and players) за различни видови фајлови, вградена ZIP и RAR поддршка, пребарува и во вашите cloud складови (Dropbox, Google Drive, OneDrive …) …

З

а предностите во водењето бизнис што ги дава познавањето странски јазик/јазици нема потреба да се зборува. А за да научите да зборувате некој од дваесет и трите јазици за кои нуди курсеви, нема подобра апликација од Duolingo. На прв поглед изгледа повеќе како јазичка игра, отколку како сериозен курс, но всушност е многу ефикасен во пренесувањето на знаењето од странските јазици. Независно универзитетско истражување покажало дека со користење на Duolingo во тек на 34 часа (секако, не во континуитет : ), се пренесува еднакво количество на знаење какво што би добиле со посетување еден факултетски семестар за странски јазик. Апликацијата е потполно бесплатна, а функционира како игричките за мобилни телефони - со нивоа, животи, стекнување XP-a (experience points) …






Богатата забавна програма вклучи настапи на балканските музички ѕвезди Петар Грашо и бендот Фрајле, како и музики перформанс на македонскиот пијанист во Њујорк, Дуке Бојаџиев.

Мукаетов: “Нека илјадниците посветени вработени, кои се движечката сила на модерниот “Алкалоид“ ја продолжат успешната приказна во духот на нашето мото: ”Здравјето пред сé”.

ГАЛА ПРОСЛАВА

80 ГОДИНИ АЛКАЛОИД На гала прославата која се одржа во вторникот во хотелот Александар Палас и на која присуствуваа бројни претставници на фармацевтскиот и здравствениот сектор, бизнис-заедницата и политичката елита, уметници и спортски работници, соработници и пријатели, компанијата Алкалоид прослави 80 години од своето основање и ја раскажа проказната во која се вкоренети 80 години неуморно истражување, иновации и континуирани вложувања во визијата за поздрав живот

В

о кругот на блиски соработници и пријатели, „Алкалоид“ на автентичен начин ја раскажа осумдецениската успешна приказна, во чие сиже се вкоренети 80 години неуморно истражување, иновации и континуирани вложувања во визијата за поздрав живот. Во рамки на гала прославата на која присуствуваа бројни претставници на фармацевтскиот и здравствениот сектор, бизнис-заедницата и политичката елита, уметници и спортски работници, беа претставени скромните почетоци на „Алкалоид“, во далечната 1936 година, кога 15 работници и два производствени погони ги поставиле темелите на компанијата која денес е водечка фармација во земјава и шеста фармацевтска индустрија во Југоисточна Европа. За успехот на „Алкалоид“ и идните планови и предизвици, во своето пригодно обраќање, Генералниот директор и Претседател на Управниот одбор, Живко Мукаетов, кој на чело на

компанијата е цели 10 години, истакна дека човечкиот капитал е тој кој континуирано ги движи напред. „Кога зборувам успехот на “Алкалоид”, морам да ги споменам генерациите пред нас, благодарение на чии несебични заложби, денес сме една од најмодерните фармацевтски индустрии во Југоисточна Европа со над 1600 вработени, 50.000 метри квадратни производни погони и пласмани во над 30 земји во светот. Нека илјадниците посветени вработени, кои се движечката сила на модерниот “Алкалоид“ ја продолжат успешната приказна во духот на нашето мото: ”Здравјето пред сé”. Би ви посакал уште многу заеднички јубилеи“, истакна Мукаетов, заблагодарувајќи се на илјадниците гости кои дојдоа заедно да го прослават 80-тиот роденден на компанијата. Богатата забавна програма вклучи настапи на балканските музички ѕвезди Петар Грашо и бендот Фрајле, како и музики перформанс на македонскиот пијанист во Њујорк, Дуке Бојаџиев.


www.kapital.mk

Капитал број 882 23.09.2016

50

лидери

Џек дорси

изВршен дирекТор на TWiTTer

УспехоТ никогаш не е слУчаен

Џ

Џек дорси е американски претприемач и програмер кој на јавноста најмнагу и е познат како извршен директор на Twitter. Тој исто така е основач и на компанијата Square за мобилни плаќања, а член е и на Управниот одбор на компанијата Wall Disney. Во 2012 година дорси беше награден од страна на The Wall Street Journal за иноватор на годината од областа на технологијата.

Секоја има идеја. Но, работата е да ја реализираш таа идеја и да привлечеш други луѓе да ти помогнат околу таа идеја.

Не мора да почнете од ништо, за да направите нешто сериозно кое ќе може да влијае на светот.

Основач не е работа. Тоа е улога, став. И тоа е нешто што може да се случи повторно и повторно.

Многу е комплексно да се направи нешто едноставно. Отсекогаш бев фасциниран од градовите и како тие функционираат. И си мислев како да програмирам за да можам да разберам како функционираат градовите.

Направете го секој детал префектен и лимитирајте го бројот на детали до перфекција.

Можете да се грижите за конкуренцијата... или можете да се фокусирате на тоа што допрва ве очекува и да возите посилно напред.

Twitter не беше стартуван со тоа што основавме фирма, туку бидејќи имавме добра идеја.

Очекувај го неочекуваното. И кога и да е можно, обидете се вие да бидете неочекуваното.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.