COVER STORY
МАКЕДОНСКОТО ПРЕТПРИЕМНИШТВО СЕ СВЕДУВА НА РЕСТОРАНИ И МАРКЕТИ!
СВЕТ БИЗНИС И ФИНАНСИИ
КАПИТАЛ АНАЛИЗА
ФИЛМАЏИСКИТЕ ПЛАТИ СО НАЈГОЛЕМ СКОК, А ПРОГРАМЕРСКИТЕ СТАНАА НАЈВИСОКИ
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
КАКО ЌЕ РЕАГИРААТ БЕРЗИТЕ НА ПОБЕДАТА НА ТРАМП?
WWW.KAPITAL.MK
ПОРАЗИТЕЛЕН НЕУСПЕХ
ПОМАЛКУ ОД 5% ОД КОМПАНИИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИЗВЕЗУВААТ
ИДНИНАТА Е ВО ДИГИТАЛНИОТ МАРКЕТИНГ ДИГИТАЛНОТО РЕКЛАМИРАЊЕ ЌЕ ЈА НАДМИНЕ ТЕЛЕВИЗИЈАТА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА БРОЈ 883 | ЦЕНА 100 ДЕН. 30 СЕПТЕМВРИ 2016 | ПЕТОК | ГОДИНА 18
РИКАРДО ЗАКОНИ: “ЗАКОН” ВО СВЕТОТ НА ИГРИТЕ
3
Капитал број 883 30.09.2016
СОДРЖИНА
30 04
PROFILE
06
НАВИГАТОР
Сонот на Илон Маск влегува во поконкретна фаза Човечка колонија на Марс може да има веќе за 40 години
24
КАПИТАЛ АНАЛИЗА:
30
INTERVIEW
СВЕТСКА БАНКА: Македонија со најмал економски раст во регионот од само 2%
STORY 08 COVER Каде најмногу се отвараат
и затвораат фирми во Македонија Македонското претприемништво се сведува на ресторани и трговски маркети
16
34
КАПИТАЛ АНАЛИЗА Помалку од 5% од компаниите во Македонија извезуваат
34 40
Kој заработува најмногу и чии примања најмногу пораснале за пет години ДИМИТАР ЈОВЕВСКИ универзитетски професор по Интернет маркетинг
Социјалните мрежи се како измислени за промоција на бизнисите, особено на микро и малите
МАРКЕТИНГ
Дигиталното рекламирање ќе ја симне телевизијата на второ место до крајот на годинава
КОЛУМНА
ИЛИЈА ДИМОВСКИ
координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание.
СЈО треба да се самораспушти
ДРАГСТОР ЕКОНОМИЈА Нови 8.528 бизниси се отвориле минатата година во Македонија, што е за 4% повеќе отколку во 2014 година, покажуваат статистичките податоци од Бизнис Мрежа. Во исто време, пак, згаснале 5.157 фирми. Ако се анализира македонската економија според дејностите во кои најмногу се основаат нови бизниси, тогаш заклучокот е дека во Македонија најмногу и најлесно се отвораат кафеани и ресторани, невладини организации, минимаркети, фризерски салони и салони за разубавување, сметководствени бироа, кафе барови... Во овие дејности се основани над 25% од вкупниот број на новите компании во Македонија во изминатите пет години. XX Стр.8
ИЗВОЗНО ДЕЗОРИЕНТИРАНИ
48 42
СВЕТ
44
CEO PROFILE
Кога САД ќе кивнат, светот... Како ќе влијаe врз акциите и доларот евентуалната победа на Tрамп? РИКАРДО ЗАКОНИ
ко-основач и извршен директор на King Digital Entertainment
Закони е “закон“ во светот на игрите
48
МЕНАЏМЕНТ СОВЕТИ
50
ЛИДЕРИ
5 вистини за лидерство што секој менаџер треба да ги знае ХАУАРД ШУЛЦ
основач на Старбакс
Луѓето сакаат лидерство, не реторика
ПЛАТА
Податокот дека само 4,75% од фирмите од Македонија извезуваат во некоја странска земја, а само 13,2% се јавуваат како увозници, покажува дека македонската економија е локално ориентирана и најголемиот дел од фирмите работат само на домашниот пазар. Ова е можеби најголем доказ дека сите досегашни економски развојни политики биле неуспешни. Ако се знае дека Македонија е мал пазар со многу мала куповна моќ, станува јасно зошто капацитетите за раст на македонската економија во иднина се многу мали и ограничени.
За пет години просечната нето плата во Македонија е порасната за едвај 7%, според официјалната државна статистика. Кога ќе се прилагоди тоа на порастот на трошоците на живот за 5-6%, на ниво на цела економија попусто е што некои бизнис сектори, како софтверската индустрија, на пример, имаат раст на платите и од 60-70%. Таму работат од 3 – 4.000 луѓе, или помалку од 1% од вкупниот број на вработени во државата. Секторите што вработуваат најмногу луѓе, како преработувачка индустрија, трговија, итн., имаат пораст на просечните плати од само десетина проценти.
XX Стр.16
XX Стр.24
Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 29.09.2016
www.kapital.mk
СОНОТ НА ИЛОН МАСК ВЛЕГУВА ВО ПОКОНКРЕТНА ФАЗА
ЧОВЕЧКА КОЛОНИЈА НА МАРС МОЖЕ ДА ИМА ВЕЌЕ ЗА 40 ГОДИНИ
За да не исчезне човештвото во одредена историска точка, докажаниот иноватор и претприемач Илон Маск, смета дека мора да се размислува за резервен дом за Земјаните. За почеток човечки колонии предлага да има на Марс, а за целта неговата SpaceX има план како да ја намали цената за патување на луѓето до Црвената планета од сегашните 10 милијарди долари, до прифатливите 200 илјади долари
МАСК: ПЛАНОТ ЗА МАРС Е НЕВОЗМОЖЕН АКО
Капитал број 883 30.09.2016
М
Милијардерот Илон Маск, сопственикот на SpaceX, поаѓајќи од ставот дека човечкиот вид еден ден ќе изумре, бара начин како луѓето да станат меѓупланетарен вид. Во контекстот, на неодамнешна конференција во Мексико тој претстави план за праќање луѓе на Марс, а на Twitter објави дека има цел да праќа по 100 луѓе на секое патување до Црвената планета. SpaceX планира веќе во 2018 година да ја испрати товарната капсула Dragon користејќи ја ракетата Falcon Heavy Rocket. Вселенски брод со човечки персонал во план е да биде испратен во 2024 година, со тоа што стигнувањето на Марс би било година подоцна. Проектот подразбира во вселената да биде испратено летало што ракетата ќе го лансира во орбитата и потоа ќе се врати на Земјата по гориво. Кога ракетата ќе се наполни (со гориво), одново ќе одлета во орбитата за да го наполни вселенското летало. Така тоа ќе има доволно гориво за долгиот пат до Марс. Планот е, значи, со овие приватни мисии на Црвената планета на крајот да се насели голем број луѓе во идните колонии, во функција на опстанокот на човештвото претворено во меѓупланетарен вид. Идејата на Маск е со користење на постојните технологии да се намалат трошоците за превоз на Земјаните до Марс од 10 милијарди долари на 200 илјади долари, што е цена на просечна куќа во САД. „Не можете да создадете самоодржлива цивилизација на Марс ако патниот билет чини 10 милијарди долари по лице“, објасни инженерот, иноватор и претприемач, во обраќањето на Меѓународниот астронаутички конгрес во Гвадалахара во Мексико. SpaceX е една од двете приватни компании што американската вселенска агенција NASA ги ангажира како превозници за доставување опрема на Меѓународната вселенска станица (International Space Station -ISS), a компанијата на Маск како возило ја користи споменатата капсула Dragon за повеќекратна употреба лансирана со ракетите Falcon 9. Според Маск, Марс и планетите од Сончевиот систем треба да бидат само почеток на обидите на човештвото да преживее долгорочно како меѓупланетарен вид - следната цел кон која треба да се тргне во контекстот е поширокиот Космос.
PROFILE
Марс, вели Маск, е најдобар избор за човечки колонии, а проценува дека самоодржлив град со околу милион луѓе на планетата би можел да биде изграден за 40 до 100 години. Како гориво за леталото што повеќекратно би се користело за превоз на по најмалку 100 луѓе до Црвената планета, се планира да се употребува јаглероден диоксид и вода што ги има на Марс. Илон Маск, кој е сопственик и на Tesla Motors, компанијата што произведува електрични возила, соосновач е и на PayPal и на компанијата Solar City за производство на соларни панели, на конгресот во Мексико рече дека низ вложувањата одвојува сопствени пари за проектот за колонизација на Марс, за да го даде максимумот што може во личниот придонес за воспоставувањето мултипланетарен живот на луѓето. Со ракетата Falcon 9, SpaceX имаше проблеми при приземјувањето на
5
лебдечката платформа во океанот, но ракетата два пати успешно е приземјена на тлото. Falcon 9 експлодираше на 1 септември при ланисирањето од Кејп Карнивал на Флорида. Reuters во текст на темата потсети дека Маск ја основал SpaceX со специфична цел да се колонизира Марс, четвртата планета од Сонцето, и по Венера најблиска до Земјата. Растојанието меѓу Земјата и Марс би било барем 54,6 милиони километри, а приземјувањето на луѓето на планетата по патот долг од шест до девет месеци (во малку подалечна иднина Маск очекува до Марс да се патува за не повеќе од 30 дена) е крајно амбициозна цел, оценува агенцијата. SpaceX планира патувањето до Марс да се врши на секои 26 месеци, кога Земјата и Црвената планета се во најповолна положба за лет, а Маск, како што напишавме, очекува луѓе да се спуштат на соседната планета во 2024 година. nnn
О ЧИНИ 10 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ПО ЧОВЕК
www.kapital.mk
Капитал број 883 30.09.2016
6
НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА
> БРОЈКА
52.2% ќе достигне јавниот долг на Македонија во 2017 според очекувањата на Светска банка
АНГЕЛА МЕРКЕЛ
Исклучително е важно да се спречи ситуацијата со мигрантите од минатото лето. ЕУ преку договор со африканските земји треба да понуди перспектива за иднината. Или ќе ги пуштиме луѓето да дојдат овде, или мораме да се соочиме со причините за миграцијата
германска канцеларка
СЈО ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА ЗЛОУ
С
пецијалното јавно обвинителство објави дека отворило истрага за економски криминал под името Трезор за злоупотреба на над 860 илјади евра народни пари од Буџетот. Како што рече обвинителката Фатиме Фетаи, од доказите во овој предмет има основано сомнение дека злоупотребата на парите е направена за имотна корист и лично богатење. Во истрагата што се отвора осомничени се три раководни лица од УБК и едно од МВР за прибавена имотна корист за
СВЕТСКА БАНКА: МАКЕДОН ЕКОНОМСКИ РАСТ ВО РЕГИ
С
Светска банка ја намали проценката за растот на македонската економија од 3,7% на само 2% годинава и тоа е најмал очекуван раст во регионот. Како што е објавено во најновиот шестмесечен извештај за Југоисточна Европа, забавувањето на растот е последица на намалување на инвестициите. „Прв пат во последните 6 години инвестициите негативно ќе придонесат за економскиот раст, што е спротивно од земјите во регионот. Потрошувачката стана главен двигател на растот, поддржана со вработувања и високи јавни плати и трансфери“, изјави Бојан Шимбов од Канцеларијата на Светска банка во Македонија. Според Светска банка, за растот на македонскиот БДП годинава најмногу придонесува градежништвото, кое порасна за 19,3% на годишно ниво, но кое е финансирано од јавни инвестиции, па влијае врз растот на јавниот долг. „Кога би направиле симулација колку би бил растот на економијата без јавните инвестиции, и без тој јавен стимул во градежништвото, растот во последниот квартал од 2016 година би изнесувал саммо 0,6%, наместо овие 2,2%. Со оглед дека тие јавни инвестиции се поддржани со задолжувања, пред се надворешни задолжувања, а тоа влијае на зголемување на јавниот долг, и може да се види дека во последните
Светска банка ја намали проценката за растот на македонската економија од 3,7% на само 2% годинава и тоа е најмал очекуван раст во регионот. Како што е објавено во најновиот шестмесечен извештај за Југоисточна Европа, забавувањето на растот е последица на намалување на инвестициите. три квартали, каде што има поголемо учество на градежништвото, имаме и значителен пораст на јавниот долг и веќе со вториот квартал стигуваме до 50% од БДП. Така што тоа влијание, иако е позитивно кон растот има свои имликации во фискалниот дел и во делот на заадолжувањето“, изјави Шимов.
Светска банка за 2017 година на Македонија и предвидува раст на БДП од 3,3% но под услов да се одржат вонредните парламентарни избори најавени за 11 декември и да се формира стабилна влада. Во извештајот се наведува дека невработеноста и нататму се намалува, меѓутоа се констатира дека 89% од новоотворените
www.kapital.mk
Капитал број 883 30.09.2016
7
ОУПОТРЕБА НА 860 ИЛЈАДИ ЕВРА ОД БУЏЕТОТ фирмата Финзи ДООЕЛ во вредност од 862.045 евра за која вредност е нанесена директна штета на Буџетот. Доказите упатуваат дека трите осомничени лица со цел да набават електронско телекомуникациска опрема опрема за МВР и УБК во име на УБК од 07 до 09 јули 2010 година биле во Велика Британија каде оствариле средба со правно лице за набавка на опрема од тоа правно лице за потребите на 5-та управа при УБК. Четвртото осомничено
лице гии подготвувало техничките спецификации. Наместо да се набави опремата директно од добавувувачот од Британија, а со цел прибавување на имотна корист како посредник е вклучена фирмата Финзи ДООЕЛ која прво ја увезла опремата, па ја препродала на МВР. Според обвинителката Фетаи за сите осомничени ќе бидат побарани мерки на претпазливост и мерка замрзнување на имотот.
мисла на неделата Лидерството и учењето си се неопходни едно на друго. Џон Ф. Кенеди
поранешен претседател на САД
НИЈА СО НАЈМАЛ ИОНОТ ОД САМО 2%
работни места државата фискално ги стимулирала. Ваквата состојба во која зголемувањето на вработеноста е главно како резултат на субвенционираните работни места од страна на државата, создава сериозни проблеми во опстојувањето на пензискиот фонд, кој станува се повеќе зависен од парите што му ги префрла државата за да може да исплати пензии. „Во последните години тој процент што фондот го добива од државата достигнува некаде околу 46%. Тоа е значителна зависност на пензискиот систем од трансфери од централниот буџет, што на среден и на долг рок секако создава притисоци врз овој систем со оглед на тоа што еден од неговите постулати е тој на генерациска солидарност. Така што не треба да се одзема од идните генерации
за бенефит на сегашните,“ изјави Шимов. Од оваа меѓународна финансиска синтитуција забележуваат дека македонските власти наместо да ја намалуваат дополнително ја зголемуваат задолженоста на државата. Во извештајот е наведено дека Владата прави фискална експанзија - наместо планираната консолидација. Фискалниот дефицит е зголемен со првобитно буџетираните 2,3% од БДП на 4,1% од БДП поради зголемено трошење за плати, пензии и социјални трансфери, како и поради прилагодување на трошоците поврзани со августовските поплави, рече Шимбов. „Ние сме застапници на тоа кога една мала економија се задолжува тогаш овие средства што е можно попродуктивно да ги инвестира. Значи, нема ништо лошо во задолжувањето, но важно е како ќе се користат овие средства“, изјави Марко Мантованели, директор на канцеларијата во Македонија. Иако владата најави дека ќе ја намалува задолженоста, сепак тоа не се случува. Затоа, Светска банка нотира дека имаме уште една година без фискална консолидација што пак влијае на зголемување на јавниот долг. Но, додаваат дека оваа година е позначително оти од една страна имаме пораст на долгот, а од друга пад на БДП. „Имаме минимално зголемување на буџетските приходи, но од друга страна имаме експанзија на буџетските расходи што доведува до зголемување на буџетскиот дефицит. Веќе петта година како е најавена фискална консолидација, но таа не се остварува. Во однос на структурата на трошењата таа останува релативно неповолна во однос на растот со оглед дека најголемиот дел од трошењата се наменети за плати, пензии, социјални давачки и субвенции“, изјави Бојан Шимов економист во Светска банка. Светска банка предупредува дека се очекува јавниот долг значително да се зголеми во 2016 година, главно како резултат на зголемувањето на фискалниот дефицит и владините гаранции. При што, проценките се дека јавниот долг, годинава ќе достигне 50% од БДП годинава. nnn
лидери
МАРК ЗАКЕРБЕРГ
Chan Zuckerberg Science со 3 милијарди долари ќе се обиде до крајот на векот да ги излекува, спречи или надзира сите болести
САТЈА НАДЕЛА
Windows 10 е инсталиран на 400 милиони уреди за 14 месеци – за 7 месеци помалку отколку што за целта му требаше на Windows 7
не им беше неделата
ДОНАЛД ТРАМП
Уверливо загуби од ривалката Хилари Клинтон на првата претседателска ТВ-дебата пред изборите во САД
МИЛОРАД ДОДИК
Спроведе противуставен референдум во Република Српска и ги обнови стравувањата од нов воен конфликт
www.kapital.mk
Капитал број 883 30.09.2016
STORY КАДЕ НАЈМНОГУ СЕ ОТВАРА 8 COVERSTORY: COVER
МАКЕДОНСКОТО ПР СЕ СВЕДУВА НА ТРГОВСКИ
НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ
2.484
7%
2.917
РЕСТОРАНИ И ОБЈЕКТИ ЗА ПОДГОТОВКА И ПОСЛУЖУВАЊЕ НА ХРАНА
3%
4% ФРИЗЕРСКИ САЛОНИ И САЛОНИ ЗА РАЗУБАВУВАЊЕ
1.496 1.459 1.883
6%
БРОЈ НА ОТВОРЕНИ ФИРМИ (ОД 2011 ДО 2015)
Н
ПОМОШНИ ДЕЛОВНИ УСЛУГИ (СМЕТКОВОДСТВО)
ТРГОВИЈА НА МАЛО ВО ПРОДАВНИЦИ, СО ХРАНА, ПИЈАЛОЦИ И ТУТУН
Нови 8.528 бизниси се отвориле минатата година во Македонија, што е за 4% повеќе отколку во 2014 година, покажуваат статистичките податоци од Бизнис Мрежа. Во исто време, пак, згаснале 5.157 фирми. Ако се анализира
3%
македонската економија според дејностите во кои најмногу се основаат нови бизниси, тогаш заклучокот е дека во Македонија најмногу и најлесно се отвораат кафеани и ресторани, невладини организации,
www.kapital.mk
Капитал број 883 30.09.2016
9 ААТ И ЗАТВОРААТ ФИРМИ ВО МАКЕДОНИЈА
РЕТПРИЕМНИШТВО А РЕСТОРАНИ И И МАРКЕТИ
3%
ТРГОВИЈА НА МАЛО СО ОБЛЕКА
1.446 3%
2% ТОВАРЕН ПАТЕН ТРАНСПОРТ
1.281
1.117
ПОДГОТОВКА И ПОСЛУЖУВАЊЕ НА ПИЈАЛОЦИ
% ВО ВКУПНИОТ БРОЈ НА ОТВОРЕНИ ФИРМИ
минимаркети, фризерски салони и салони за разубавување, сметководствени бироа, кафе барови... Во овие дејности се основани над 25% од вкупниот број на новите компании во Македонија во изминатите пет години. Иако Македонија според Извештајот Doing business на Светска банка е рангирана на 12 место во
1.089 ТАКСИ СЛУЖБА
ИЗГРАДБА НА ЗГРАДИ
1.077 2%
3%
светот според едноставноста на водење на бизнис и има особено добри оценки во категоријата за брзина на отворање на нова компанија, економистите коментираат дека бројни фактори во бизнис климата, како бирократијата и тешкиот пристап до пари, ја уништуваат претприемачката иницијатива.
www.kapital.mk
Капитал број 883 30.09.2016
Основани 8.528
Основани 8.318
Основани 8.194
2014
Згаснати 5.157
2013
Згаснати 9.141
2012
Згаснати 9.396
Згаснати 6.426
2011
Основани 8.614
COVER STORY
Згаснати 7.157
Основани 8.653
10
2015
БРОЈ НА ОТВОРЕНИ И ЗАТВОРЕНИ ФИРМИ
Н пишува:
Александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk
Нови 8.528 бизниси се отвориле минатата година во Македонија, што е за 4% повеќе отколку во 2014 година, покажуваат статистичките податоци од Бизнис Мрежа. Во исто време, пак, згаснале 5.157 фирми. Ако се анализира бројот на отворени фирми во изминатите пет години, може да се види дека најмногу фирми биле отворени во 2011 година, а во следните три години бројот на новоотворени фирми бележи намалување, за да минатата година тој број повторно се зголеми. Иако Македонија според Извештајот Doing business на Светска банка е рангирана на 12 место во светот според едноставноста на водење на бизнис и има особено добри оценки во категоријата за брзина на
отворање на нова компанија, економистите коментираат дека бројни фактори во бизнис климата, како бирократијата и тешкиот пристап до пари, ја уништуваат претприемачката иницијатива. Ако се анализира македонската економија според дејностите во кои најмногу се основаат нови бизниси, тогаш заклучокот е дека во Македонија најмногу и најлесно се отвораат кафеани и ресторани, невладини организации, минимаркети, фризерски салони и салони за разубавување, сметководствени бироа, кафе барови... Во овие дејности се основани над 25% од вкупниот број на новите компании во Македонија во изминатите пет години. А во првите 15 најактуелни дејности за почнување на бизнис, кои претставуваат над 45% од новите компании, нема ни една дејност на производство. Демографијата на новоотворените фирми во изминатите пет години, открива дека на прво место се ресторани и други објекти за послужување на храна каде за овој период се отвориле 2.917 компании или 7% од вкупно отворените фирми во земјата. Втора дејност која е најатрактивна за отворање на фирми се невладини организации и други организации на база на зачленување, каде за период од пет години се отвориле 2.484 фирми или 6% од вкупно отворените фирми. Трговијата на мало во продавници
или отворањето на минимаркети е трета дејност во која во изминатите пет години се отвориле 1.883 фирми или 4% од вкупно отворените нови фирми. Потоа следат фризерски салони и салони за разубавување, помошни деловни услуги, трговија на мало со облека, подготовка и послужување на пијалаци, товарен патен транспорт, такси служби и изградба на згради. Интересно е што за изминатите пет години во Македонија се отвориле 1.117 фирми од областа на патниот товарен транспорт и 1.077 фирми за високоградба. Соодветно на тоа, и бројот на вработени се зголемил токму во овие сектори. Така во 2015 година, се отвориле нови 14.717 работни места во трговија на големо и мало, транспорт, складирање и угостителство; за 2.250 се зголемил бројот на работни места во секторот информации и комуникации, додека пак во земјоделскиот сектор бројот на вработени опаднал за 3.793, а во дејности во врска со недвижен имот за дури 6.761. Иако многу луѓе при првата помисла за сопствена компанија во главата креираат слика на голема канцеларија, многу вработени, масовно производство и главно замислуваат инвестиции кои вредат многу пари, од бројните сонувачи и фантазери со интересни идеи само мала бројка влегува
www.kapital.mk
Капитал број 883 30.09.2016
12
COVER STORY
БРОЈ НА ФИРМИ ВО МАКЕДОНИЈА 2011
2012
2013
2014
2015
(2011-2015)
2015/2014
Вкупно
73.118
74.424
71.290
70.659
70.139
-2.979
-520
Трговија на големо и мало
27.468
27.307
25.429
24.674
23.843
-3.625
-831
Преработувачка индустрија
8.155
8.251
7.918
7.675
7.639
-516
-36
Транспорт и складирање
6.380
6.445
6.095
5.919
5.820
-560
-99
Стручни, научни и технички дејности
5.369
5.707
5.817
6.095
6.261
892
166
Градежништво
4.400
4.541
4.322
4.349
4.429
29
80
Други услужни дејности
4.257
4.232
4.147
4.212
4.265
8
53
Дејности на здравствена и социјална заштита
3.246
3.298
3.315
3.322
3.313
67
-9
Земјоделство, шумарство и рибарство
2.963
3.072
2.866
2.842
2.827
-136
-15
Информации и комуникации
1.419
1.515
1.446
1.475
1.524
105
49
Административни и помошни услужни дејности
1.319
1.438
1.514
1.554
1.553
234
-1
Уметност, забава и рекреација
1.213
1.176
1.179
1.185
1.212
-1
27
Образование
986
1.020
1.025
1.064
1.098
112
34
Дејности во врска со недвижен имот
450
493
485
507
516
66
9
Финансиски дејности и дејности на осигурување
420
413
390
400
416
-4
16
во реализација на бизнис - плановите, а големите соништа најголем дел од нив не ги реализираат. Економистите објаснуваат дека ваквата слика е резултат и на тешкиот пристап до кредити во услови кога банките одбиваат да финансираат почетни бизниси, така што во услови кога немаат кредитна поддршка, најлесна опција е отворање на мал бизнис, а изборот во тој случај вообичаено паѓа на трговијата или услугите. Доколку ги погледнеме новооснованите субјекти во последните пет години ќе заклучиме дека најактуелни дејности биле дејностите во угостителството, невладините организации, малопродажбата на храна
и облека, како и салоните за убавина. Во овие дејности се основани над 25% од вкупниот број на новите компании во Македонија во изминатите години. Процентот на компании кои се регистрирани во било која од производствените дејности односно во сите дејности на преработувачката индустрија изнесува 9,71%, додека 14% од новите фирми се основани во дејностите на земјоделство, шумарство и рибарство и дејностите на рударство и вадење на камен
ВКУПНО ОСНОВАНИ ФИРМИ ПО ГРАДОВИ ВО ИЗМИНАТИТЕ 5 ГОДИНИ Скопје
15.500
35%
Битола
2.693
6%
Тетово
2.235
5%
Охрид
1.860
4%
Гостивар
1.854
4%
Прилеп
1.808
4%
Куманово
1.732
4%
Струмица
1.383
3%
Струга
1.377
3%
Велес
1.129
3%
12.933
29%
Останати
www.kapital.mk
Капитал број 883 30.09.2016
13 овој процент изнесува неполни 14%.Овие проценти само укажуваат на фактот дека претприемачите се одлучуваат да инвестираат во бизниси кои не се креативни и не создаваат додадена вредност. Напротив, пазарот станува толку заситен што голем дел од нив и едвај егзистираат. На македонската економија и е потребен претприемачки дух кој ќе биде насочен кон производство, обработка и доработка, велат економските експерти. На економијата и требаат бизниси кои ќе ја искористат евтината работна сила и географската позиција и ќе се насочат кон извоз, а не кон борба со конкуренцијата на и онака малиот македонски пазар. Малите и средни бизниси се носители на секоја економија. Но, мали и средни бизниси кои зависат од вработените на државната администрација и неколкуте големи компании, не можат да се носат самите себе, а не, пак, целата економијата. Освен неколку мали фондови кои функционираат во рамки на бизнис-инкубаторите во Скопје и во Битола, Центарот за развој на нови бизниси и мрежата на бизнис -ангели која неодамна се формира, во Македонија нема алтернативни начини на финансирање на старт ап компании.
Нема ниту венчр капитал фондови, ниту државни фондови, кои би можеле да покренат нови производства и да создадат мултимилионски бизниси само од ино-вативни бизнис-идеи. Државата преку неколку проекти за самовработување финансира отворање на нови компании, меѓутоа сумите од неколку илјади евра се доволни најчесто за мал услужен бизнис (ИТ фирми, консултантски компании, маркетинг компании, дизајн студија, и други услужни бизниси) каде што и искуство покажало дека е најлесно да се почне бизнис. „Почетните трошоци за отворање на мал услужен бизнис се минимални (компјутер, основен софтвер и основен инвентар) и често бизнисот е поврзан со хоби или активност која младите ја сакаат и со задоволство ја работат. Еден од клучните елементи за успех во работата кај старт-ап бизнисите е голема упорност и посветеност на она што се работи и остварување на што е можно поголем број на контакти и нетворкинг во функција на формален и неформален маркетинг и ширење на „абер“ за бизнисот. Во вакви случаи почетокот на бизнисот е можен со средства од 2.000 – 5.000 евра. Веќе се јавува проблем кога се сака да се направи бизнис кој во себе вклучува производство. Тука се
потребни поголеми средства и за млади лица, колку и да е иновативна идејата, тешко е да се обезбедат децетици илјади евра почетен капитал. Обезбедувањето на посериозен старт-ап капитал е еден од клучните проблеми за започнување на бизнис (особено во прозиводната сфера)“, оценуваат економистите. Тие велат дека друг проблем е се уште недоволно развиениот менталитет кај младите за самовработување наспроти работа во голема компанија или во јавна администрација. Ако се анализираат причините заради кои најчесто згаснуваат фирмите во Македонија, тогаш најчести причини се заради одење на фирмата се стечај и блокада од страна на Управата за јавни приходи (УЈП).
Се намалува бројот на фирми во индустријата
Анализата на податоците од Државниот завод за статистика за активните фирми во земјава покажува дека се намалуваат фирмите во преработувачката индустрија и земјоделието. Во Македонија изминатата 2015 година имало 70.139 активни фирми и нивниот број за една година е намален за 520. Бројот на активните фирми во Македонија е во постојан пад изминатите три години, а
www.kapital.mk
Капитал број 883 30.09.2016
14
COVER STORY
минатата година имало најмалку активни фирми во изминатите пет години. Во 2011 година на пример, во Македонија имало 73.118 активни фирми, следната 2012 година бројот на активни фирми се зголемил на 74.240, за да после почне да опаѓа три години по ред. Па така лани во Македонија имало 2.979 помалку активни фирми во споредба со 2011 година. Најголем дел од активните фирми работат во трговијата на големо и мало, каде лани имало 23.843 фирми. Во трговијата има и најголемо намалување на бројот на фирми, па така бројот на активни фирми кои работат во трговијата лани е намален за 831 за една година, а во споредба со 2011 година е помал за 3.625. Втора е преработувачката индустрија каде лани работеле 7.639 активни фирми. И кај преработувачката индустрија има континуиран пад на бројот на активни фирми во изминатите пет години, па така бројот на фирмите во оваа дејност лани е помал за 516 фирми во споредба со 2011 година, односно за 36 во споредба со претходната 2014 година. Трета дејност со најмногу активни фирми во Македонија е транспортот и складирање, каде лани работеле 5.820 фирми. И тука има континуиран пад на бројот на активни фирми во изминатите пет години. Бројот на активни фирми во оваа дејност лани бележи пад од 99 за една година, односно за 560 фирми за период од пет години. Континуирано намалување има и кај бројот на активните фирми во земјоделието, каде на крајот на 2015 година работеле 2.827 фирми, чиј број е намален за 15 за една година, односно за 136 во споредба со 2011 година. Ако се анализираат фирмите во Македонија
според бројот на вработени, тогаш 90% од фирмите имаат до помалку од 10 вработени. Дури 80% од активните фирми имаат од 1 до 9 вработени, само 231 фирма имаат повеќе од 250 вработени, а 7.329 фирми во Македонија се со нула вработени. Според критериумите на Државниот завод за статистика во активни фирми се вбројуваат сите оние фирми кои имаат некаква економска активност или вработени, односно сите оние фирми кои поднеле годишна сметка до Централниот регистар и сите новоформирани фирми кои во изминатата година имале некакви активност или вработени.
Големите компании се мотор на економијата, не малите
И покрај тоа што речиси 98% од фирмите во Македонија се микро и мали, реалноста покажува дека македонската економија ја носат 200 големи компании. Тие се тие кои остваруваат најмногу приходи, раст на извозот, добивката, и тие носители на економскиот раст и на вработувањето. Многу очекувања од изминатите години дека малите и средни претпријатија ќе бидат носители на растот и вработувањата за жал остануваат само на ниво на желби. Секторот на мали фирми не остварува ниту приходи, ниту вработувања во обем кој би можел да не спореди со најразвиените земји. За разлика од кај нас, каде поголемиот дел од економијата ја носат 200 големи фирми, во Германија на пример, околу 70% од приходите, прометот и добивката го создаваат малите и средни фирми и тие се вистинска основа на економијата. Експертите сметаат дека Македонија во
следниот период мора да ги подобри условите за работење на овие најмали бизниси кои се во почетна фаза со цел тие да станат посилни и да може да прават инвестиции во својот развој. Павле Гацов, претседател на Здружението на даночни советници вели дека државата треба да размисли даночни ослободувања за малите и микро фирмите во првите пет години од основањето за да се поттикне претприемачката иницијатива и да се олеснат условите за работа на овие фирми. “Мислам дека Македонија треба да размисли да ја зголеми границата за плаќање на данок на добивка од досегашните 3 милиони денари барем двојно, односно сите фирми кои имаат вкупни приходи од 6 милиони денари (околу 100 илјади евра) да бидат ослободени од плаќање на овој данок. Сметам дека фирмите кои имаат годишен обрт од 100 илјади евра не се сериозни фирми и се уште не се знае дали ќе ги биде или на, па така и треба да бидат третирани”, вели Гацов. Според него, Македонија треба да размисли да воведе даночно ослободување и кај новооснованите фирми. “Почетните старт ап фирми во Македонија треба да се поддржат со даночно изземање барем во првите пет години од основањето и да се продолжи ослободувањето кај персоналниот данок при вработувања на пет од досегашните три години. Тоа е некој нормален период во кој новите фирми можат да добијат финансиска сила по што може да плаќаат некаков данок”, вели Гацов. До 2011 година малите фирми не плаќаат данок на добивка во првите три години од основањето, а оттогаш сите фирми со годишен промет над 49 илјади евра мора да плаќаат данок на добивка. nnn
ГОДИШНА СПЕЦИЈАЛНА ЕДИЦИЈА
200
НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ
7 ОКТОМВРИ
2016
Капитал Медиа Гроуп ја подготвува традиционалната годишна едиција КАПИТАЛ 200 НАЈГОЛЕМИ И 200 НАЈУСПЕШНИ во Македонија, во која ќе биде анализирано работењето на најголемите и најуспешните компании во Македонија. Во Едицијата ќе бидат рангирани компаниите според вкупните приходи и нето добивката остварени во 2015 година, но во рангирањата ќе бидат вклучени и повеќе податоци за компаниите како вредноста на активата, вредноста на капиталот и уште многу други показатели и коефициенти за успешноста и ефикасноста во работење. Сите рангирања и показатели, како и секоја година, ќе бидат изработени врз основа на официјални и ревидирани податоци обезбедени од годишните сметки на компаниите. Во едицијата ќе бидат рангирани компаниите според повеќе показатели како на пример:
l КОМПАНИИ СО НАЈГОЛЕМИ ПРИХОДИ l КОМПАНИИ СО НАЈГОЛЕМ ПРОФИТ l КОМПАНИИ КОИ НАЈМНОГУ ВРАБОТУВААТ l КОМПАНИИ СО НАЈГОЛЕМ КАПИТАЛ l КОМПАНИИ СО НАЈГОЛЕМА АКТИВА l КОМПАНИИ КОИ НАЈБРЗО РАСТАТ Во едицијата ќе бидат вклучени повеќе текстови, интервјуа со најголемите и најуспешните компании во клучните индустрии, како и повеќе анализи:
l КОИ СЕ КОМПАНИИТЕ И ИНДУСТРИИТЕ КОИ ЌЕ ГО НОСАТ РАСТОТ СЛЕДНАТА ГОДИНА?
l СТРАТЕГИИТЕ И ПЛАНОВИТЕ НА НАЈГОЛЕМИТЕ И НАЈПРОФИТАБИЛНИ КОМПАНИИ?
l КОИ ФИРМИ ГИ ПРАВАТ ПАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА?
l КОИ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ “КАПИТАЛЦИ” ВО МАКЕДОНИЈА?
l НАЈГОЛЕМИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ ЗА КОМПАНИИТЕ ЗА 2016 ГОДИНА
l КОИ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ КОМПАНИИ ВО РЕГИОНОТ?
Во рамките на Едицијата во одделни анализи ќе биде анализирано работењето на компаниите од клучните индустрии:
l ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА l МЕТАЛОПРЕРАБОТУВАЧКА ИНДУСТРИЈА l ГРАДЕЖНА ИНДУСТРИЈА l ТРГОВИЈА l ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ l ЕНЕРГЕТИКА, НАФТА И ГАС Повеќе информации за едицијата и за комерцијално претставување на истата, обратете се на e-mail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505
ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:
ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА
Капитал број 883 30.09.2016
16
www.kapital.mk
КАПИТАЛ АНАЛИЗА
ПОРАЗИТЕЛЕН НЕУСПЕХ ОД СИТЕ ДОСЕГАШ
ПОМАЛКУ ОД 5 КОМПАНИИТЕ В МАКЕДОНИЈА ИЗВЕЗУВААТ
ФАКТ: ФИРМИТЕ ОД ИНДУСТРИЈАТА СОЗДАВААТ 84%
www.kapital.mk
ШНИ ЕКОНОМСКИ ПОЛИТИКИ
5%ОД ВО
Капитал број 883 30.09.2016
П
17
Податокот дека само 4,75% од фирмите од Македонија извезуваат во некоја странска земја, а само 13,2% се јавуваат како увозници, покажува дека македонската економија е локално ориентирана и најголемиот дел од фирмите работат само на домашниот пазар. Ова е можеби најголем доказ дека сите досегашни економски развојни политики биле неуспешни. Ако се знае дека Македонија е мал пазар со многу мала куповна моќ, станува јасно зошто капацитетите за раст на македонската економија во иднина се многу мали и ограничени. Економските експерти сметаат дека единствен начин Македонија да направи поголем исчекор и поголем економски раст е преку извозот. Но, тоа очигледно е најтешкиот и најскапиот начин. Македонската економија досега расте главно преку инвестиции во градежни проекти, кои главно се финансираат преку задолжувања на државата во странство.
% ОД ВКУПНИОТ ГОДИШЕН ИЗВОЗ НА МАКЕДОНИЈА
www.kapital.mk
Капитал број 883 30.09.2016
18
КАПИТАЛ АНАЛИЗА
пишува:
С
Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk
Сите извозници се херои на домашната економија. Да се произведе квалитетен производ не е лесно, да се продаде е уште потешко, да се продаде, пак, на странски пазар е најтешка мисија во бизнисот. Сите извозници во Македонија се мачат како грешни ѓаволи за да договорат зделка со странски партнер, исправени пред голем број пречки и предизвици, а недоволно помогнати од сопствената држава на која и носат девизен прилив, а од која главно го носат терертот на политички несигурна и нестабилна земја, што сигурно им ги нарушува конкурентските позиции на странските пазари. Што не е случај со развиените економии каде домашната извозна индустрија го носи пиететот кој и припаѓа и каде го има третманот како вистински двигател на домашната економија. Во Македонија во изминативе 25 години независност е многу полесно да се биде трговец увозник, отколку да произведуваш и да извезуваш. Можеби и затоа бројот на извозници во Македонија е толку
Податоците од Европската унија покажува дека 12% од малите и средните фирми се извозници. Во Хрватска над 12% од вкупниот број на фирми извезуваат. Во Данска, секое петто мало претпријатие е конкурентно на странските пазари. КАДЕ ИЗВЕЗУВААТ МАКЕДОНСКИТЕ ИЗВОЗНИЦИ? Свет ЕУ 28 ЕФТА Западен Балкан Останати групации
Вкупно 3.362 1.960 301 1.869 665
поразително мал. Од вкупно 70.659 активни фирми своите прозводи и услуги во странство ги продаваат само 3.362 фирми. Тоа е само 4,75% од вкупниот број на фирми во земјата, покажуваат последните податоците на Државниот завод за статистика. Тоа е многу мал процент ако се спореди со земјите од регионот и со поразвиените земји каде овој процент е неколкупати повисок. На пример, во Хрватска процентот на фирми кои извезуваат е над 15%, додека во развиените економии тој процент е далеку поголем. Податоците од Европската унија покажува дека 12% од малите и средните фирми се извозници. Во Данска, секое петто мало претпријатие е конкурентно на странските пазари. Според претприемачите и оние кои го водат
Индустрија 1.340 877 172 759 241
Трговија 1.338 739 73 836 249
Останати 684 344 56 274 175
бизнисот на терен, главна причина за малиот број на извози фирми е недостигот на финансии. “Извозот е скапа работа. За некоја фирма да произведува за извоз, треба да има банки кои ќе бидат подготвени да ја пратат и следат фирмата во целиот извозен процес. За жал, поголемиот број од банките сакаат да работат со веќе докажани и големи извозни фирми, а многу ретко прифаќаат да застанат зад идејата на некоја фирма да произведува за извоз”, вели Мирко Стојановски, сопственик на трговска фирма, која во своето десет годишно постоење имала еден неуспешен обид за производство за извоз. Според експертите, пак, покрај недостатокот на пари, на македонските претприемачи им недостасуваат знаење и организација за извоз. Ако се анализира според дејноста, тогаш
ФАКТ: ИНДУСТРИЈАТА Е ЕДИНСТВЕНАТА ГРАНКА КОЈА СОЗДАВА НЕТО ИЗВОЗ
www.kapital.mk
Капитал број 883 30.09.2016
20
КАПИТАЛ АНАЛИЗА
индустријата дефинитивно е најзаслужна за извозот, бидејќи претпријатијата од индустријата создаваат дури 84% од вкупниот извоз. Истовремено најголем дел од увозот или 47,7% е реализиран од страна на индустријата, што само ја потврдува реалноста дека
НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ
#1
ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ
ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!
02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk
Македониј е увозоно зависна земја. Но, и покрај тоа индустријата е единствената гранка која создава нето извоз. Ако се анализира според бројноста, тогаш најголем дел од фирмите извознички се микро фирми кои имаат од еден до девет вработени. Од вкупниот број на извозни фирми, дури 1.876 или 55,8% се микро фирми. Но, иако се најбројни тие создаваат само 10,2% од вкупниот извоз. Статистиката покажува дека токму овие фирми имаат најголеми проблеми со несолвентноста и работат со загува, заради што едвај успеваат да ги покријат тековите обврски, а на, пак, да инвестираат во извоз на некој странски пазар. Дури и оние кои успеваат да ги пласираат производите на некој странски пазар, заради високите основни трошоци за водење бизнис тие сигурно стигаат помалку конкурентни. Најголем дел од трговијата со странство сепак се прави кај големите фирми кои имаат над 250 вработени. На пример, 89 големи фирми прават 62,9% од вкупната трговска размена на Македонија со странство. Од овие 89 големи компании, 57 компании работат во индустрија и тие создаваат 71,2% од вкупната трговска размена на земјата со странство. Ако се оди уште подетално кој точно дел од индустријата е најзаслужен за извозот, тогаш статистиката покажува дека дури 89% од извозот се прави од преработувачката индустрија. Но, концентрацијата на извозот и увозот кај големите компании е уште поголема. На пример, статистиката покажува дека првите пет најголеми извозни фирми во Македонија прават дури 40% од вкупниот извоз на земјата. Првите 20 најголеми извозници создаваат близу 60% од вкупниот извоз, додека најголемите 100 извозници создаваат дури 80% од вкупниот извоз на Македонија. Речиси 98% од вкупниот извоз е сконцентриран кај најголемите 1000 извозни компании, што значи дека останатите 2.362 фирми се многу мали извозници со оглед на фактот што кај нив се создава 2% до 3% од вкупниот годишен извоз на земјата.
Кој го прави увозот?
Ако се анализира кој го прави македонскиот увоз, статистиката покажува дека од вкупно 70 илјади фирми од странство увезуваат 9.390 фирми или 13,2%. Најголем дел од увозот го прават микро фирмите кои вработуваат од 1 до 9 вработени. Од вкупниот број на увозни фирми, дури 67% се микро фирми. Иако се најбројни, микро фирмите прават само мал дел од увозот, додека најголем дел увозот го прават големите фирми со над 250 вработени. И кај увозот се забележува голема концентрација кај големите компании. На пример, првите топ 5 најголеми увозници прават над 25% од вкупниот увоз на земјата. Првите 100 најголеми увозници прават близу 60% од вупниот увоз на земјата, додека кај најголемите 1.000 увозници прават близу 90% од увозот.
www.kapital.mk
Капитал број 883 30.09.2016
22
КАПИТАЛ АНАЛИЗА
СКОПСКИОТ РЕГИОН СОЗДАВА 52,4% ОД ИЗВОЗОТ
А
ко се анализира извозот според седиштето на извозните претпријатија, тогаш најголе извоз или 52,4% од вкупниот извоз се прави во Скопскиот регион. Фирмите од овој регион прават и најголем дел од увозот, или 68,8% од вкупниот увоз.
Најголем дел од трговијата со странство се прави кај големите фирми кои имаат над 250 вработени. На пример, 89 големи фирми прават 62,9% од вкупната трговска размена на Македонија со странство. Од овие 89 големи компании, 57 компании работат во индустрија и тие создаваат 71,2% од вкупната трговска размена на земјата со странство. Најголем дел од увозот, увозниците фирми во Македонија го прават од земјите на Европската унија. Имено, од вкупно 9.390 фирми кои се јавуваат како увозници, 7.177 од нив увезуваат од земјите членки на ЕУ, додека само 2.617 фирми увезуваат од земјите од Западен Балкан. Најголем дел од увозот или 53,1% го прават фирмите кои имаат 20 или повеќе земји партнери од каде увезуваат.
Најмногу фирми извезуваат во ЕУ и Балкан
Ако се анализираат извознците фирми според тоа на кој пазари најмногу извезуваат и увезуваат, тогаш дефинитивно
Европската унија и Балканот се омилените места за трговија надвор од гранците на земјата. Податоците покажуваат дека од вкупно 3.362 извозни фирми, поголемиот дел или 1.960 од нив извезуваат во земјите членки на ЕУ, додека 1.869 фирми најмногу извезуват во земјите од Западен Балкан. Најголемиот дел од фирмите кои извезуваат во Европската унија се фирми кои работат во индустријата и кај нив се создава дури 88% од вкупниот извоз на земјата. Најголем дел од извозот или 32,7% го прават земји кои имаат од 10 до 14 земји како извозни пазари. nnn
БРОЈКИ
55,8%
од извозните фирми се мирко фирми со еден до девет вработени
57
големи извозни индустриски капацитети прават 71,2% ов вкупната трговија на Македонија со странство
89%
од вкупниот извоз на Македнија се прави од преработувачката индустрија.
www.kapital.mk
Капитал број 883 30.09.2016
24
ЛУЃЕ И КОМПАНИИ
КАПИТАЛ АНАЛИЗА: КОЈ ЗАРАБОТУВА НАЈМНОГУ И ЧИИ
ФИЛМАЏИСКИТЕ ПЛАТИ СО НАЈГОЛЕМ СКОК, А ПРОГРАМЕРСКИТЕ СТАНАА НАЈВИСОКИ За пет години просечната нето плата во Македонија е порасната за едвај 7%, според официјалната државна статистика. Кога ќе се прилагоди тоа на порастот на трошоците на живот за 5-6%, на ниво на цела економија попусто е што некои бизнис сектори, како софтверската индустрија, на пример, имаат раст на платите и од 60-70%. Таму работат од 3 – 4.000 луѓе, или помалку од 1% од вкупниот број на вработени во државата. Секторите што вработуваат најмногу луѓе, како преработувачка индустрија, трговија, итн., имаат пораст на просечните плати од само десетина проценти.
Индустриски и неиндустриски дејности со најголем пораст на просечна нето плата (номинален) (I-VII 2016 г./I-VII 2011 г.) Износ на просечна нето плата, Дејност
состојба (I-VII 2016 г.) денари
Промена
Филмска дејност, продукција на видео и телевизиска програма...
32.519
147,28%
Помошни услужни дејности во рударството
24.268
91,34%
Спортски, забавни и рекреативни дејности
35.687
76,85%
Производство на машини и уреди, неспомнати на друго место
22.679
70,84%
Останати стручни, научни и технички дејности Производство
38.977
61,86%
14.767
57,39%
Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности
47.340
56,69%
Нискоградба
26.211
55,29%
Останата производствена индустрија
25.395
55,00%
Производство на хемикалии и хемиски производи
30.714
45,77%
Производство на производи од гума и производи од пластични маси Извор: Државен завод за статистика
15.946
42,11%
www.kapital.mk
Капитал број 883 30.09.2016
25
И ПРИМАЊА НАЈМНОГУ ПОРАСНАЛЕ ЗА ПЕТ ГОДИНИ пишува:
П Игор Петровски
igor.petrovski@kapital.mk
Програмерите се очигледно барана работна сила во Македонија во последно време, што се гледа и од порастот на нивните плати. Според Државниот завод за статистика, за пет години просечната нето плата во дејноста Компјутерско програмирање пораснала за 70%, на 48.264 денари, колку што изнесувала во јули годинава. Тоа е и највисоката исплатена просечна нето плата во Македонија, за околу 1.000 денари повисока од онаа во дејноста Воздухопловен транспорт со 47.020 ден. Следат Производство на фармацевтски производи со 42.020 ден., Телекомуникации со 41.491 ден., Финансиско - услужни дејности (освен осигурување) со 40.293 денари, итн. За периодот јануари – јули годинава, ако се спореди со истиот период во 2011 –та, просечната плата на програмерите изнесува 47.340 денари, што е за 58% повеќе. Капитал пред неколку месеци во специјал-
ниот прилог за софтверската индустрија во земјава, напиша дека секојдневно расте бројот на софтверските компании во земјава, затоа што расте потребата за софтверски продукти и услуги на светскиот пазар. Расте и извозот на софтверски услуги, каде што главен збор имаат аутсорсинг услугите, а предизвик за компаниите е како да направат повеќе сопствени производи, и да ја зголемат вредноста на својот бизнис. Истовремено расте и цената на програмерите, а и нивниот одлив во странство, па домашните фирми сè потешко наоѓаат кадри, додека платата на искусен програмер стигнува и до 1.500 – 2.000 евра.
Платите во телекомуникации паднале?!
Дејноста програмирање сепак нема најголем пораст на просечната плата забележан во некој бизнис сектор што го нотира официјалната статистика. Најмногу, дури 147%, платите пораснале во Филмската дејност, продукција на видео и телевизиска програма итн., каде што за пет години просечната нето плата пораснала на 32.519 денари за периодот јануари – јули, 2016, најнови податоци што се на располагање од државната статистика. Оваа дејност спаѓа во секторот Информации и комуникации, каде што, според последните расположливи податоци од октомври 2014, работат вкупно околу 10.000 луѓе, од кои што само околу 500 се во филмската и останатите дејности во таа категорија. Карактеристично е што во рамки на
6,7%
е порасната просечната нето плата во Македонија за пет години
5,8%
е порастот на трошоците на живот во Македонија за пет години
47.300 денари е највисоката просечна нето плата во Македонија, во сектор програмирање
11.400 денари е најниската просечна нето плата во Македонија, во сектор рибарство
секторот Информации и комуникации, дејноста Телекомуникации бележи пад на просечната плата од 3% на 41.491 денари за јули месец, а за споредбено
Индустриски и неиндустриски дејности со најголем пад на просечна нето плата (номинален)
(I-VII 2016 г./I-VII 2011 г.)
Износ на просечна нето плата, Дејност
состојба (I-VII 2016 г.) денари
Промена
Производство на кокс и рафинирани нафтени производи
15.571
-54,36%
Поправка на компјутери и предмети за лична употреба и за домаќинства
18.627
-31,39%
Помошни дејности кај финансиските услуги и дејностите во осигурувањето
33.597
-28,69%
Производство на компјутерски, електронски и оптички производи
18.310
-22,05%
Производство на моторни возила, приколки и полуприколки
18.125
-18,35%
Телекомуникации
40.615
-18,30%
Издавачка дејност
23.745
-11,21%
Канцелариско-администратвни и помошни дејности и деловно-помошни
23.289
-10,33%
Вадење на јаглен и лигнит
19.294
-9,90%
Осигурување, реосигурување и пензиски фондови
35.190
-7,91%
Поправка и инсталирање на машини и опрема
27.804
-7,79%
Вадење на други руди и камен
21.756
-5,39%
Рибарство и аквакултура Извор: Државен завод за статистика
11.402
-2,45%
www.kapital.mk
Капитал број 883 30.09.2016
26
ЛУЃЕ И КОМПАНИИ
први седум месеци годинава со ист период 2011, просекот во оваа дејност е паднат за дури 18%?! Сепак, години наназад телекомуникациите се сепак меѓу првите пет дејности со највисока просечна плата во Македонија, заедно со програмирањето, фармацевтската индустрија, воздухопловниот транспорт и
финансискиот сектор. Втора според порастот на просечната нето плата е дејноста Помошни услужни дејности во рударството, од 91,3% на 24.268 денари, каде што работат само околу 100-150 луѓе, па затоа овие високи промени во износот не влијаат врз стапката на промена на платата во
главниот економски сектор, Рударство и вадење камен, каде што просечната нето плата за пет години е зголемена за 12,5%. Следат Спортски, забавни и рекреативни дејности со пораст од 76.8% на 35.687 денари (1.300-1.500 вработени); Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, со 70.8% на 22.679 денари (1.800-2.000 Промена на просечна нето плата во индустриски и вработени); Останати стручни, научни и неиндустриски дејности со најголем број вработени технички дејности со 62% на 38.977 денари (I-VII 2016 г./ I-VII 2011 г.), номинална промена) (1.300-1.500 вработени), Износ на итн. Сите овие дејности вработуваат малку просечна нето плата, луѓе во споредба состојба (I-VII 2016 г.) со вкупниот број на вработени (најнов денари Промена Дејност податок, околу 720.000), Изградба на згради 17.721 39,43% па овој висок пораст на платите предизвикан Производство на облека 12.412 20,13% од зголемената Дејности за подготовка на оброци и служење на храна 13.971 16,08% побарувачка на тие Здравствена заштита 26.538 14,58% кадри на пазарот во одреден момент или Специјализирани градежни 19.704 13,53% период, не може да има Производство на 17.449 10,82% позначајно влијание врз целокупниот пораст на Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување 26.618 7,21% платите и стандардот до Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 37.235 6,63% домашната економија. Трговија на големо 25.164 6,63% Градежната Трговија на мало 16.748 5,24% експанзија ги крена платите Образование 22.168 3,81% на инженерите Копнен транспорт 17.855 -2,14% и мајсторите Извор: Државен завод за статистика
Промена на просечната нето плата во економски сектори во Македонија
номинална ( јан. - јул. 2016 г. /јан. - јул. 2011 г.) Процент на промена
Износ на просечна
на просечната нето
нето плата, состојба
плата за пет години Економски сектор
(I-VII 2016) денари
Удел во Број на
вкупниот
вработени број вработени
33,56%
ГРАДЕЖНИШТВО
21.082
42.014
5,84%
15,32%
ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И РИБАРСТВО
16.746
2,17%
15,04%
СТРУЧНИ, НАУЧНИ И ТЕХНИЧКИ ДЕЈНОСТИ
28.689
15.651 8.539
13,72%
ДРУГИ УСЛУЖНИ ДЕЈНОСТИ
26.075
8.198
1,14%
12,54%
ДЕЈНОСТИ НА ЗДРАВСТВЕНА И СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА
24.486
35.446
4,92%
12,49%
РУДАРСТВО И ВАДЕЊЕ НА КАМЕН
25.651
6.220
0,86%
11,98%
ПРЕРАБОТУВАЧКА ИНДУСТРИЈА
16.833
132.064
18,34%
10,89%
АДМИНИСТРАТВНИ И ПОМОШНИ УСЛУЖНИ ДЕЈНОСТИ
16.565
13.897
1,93%
9,01%
ТРГОВИЈА НА ГОЛЕМО И ТРГОВИЈА НА МАЛО…
20.242
79.243
11,01%
6,63%
СНАБДУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА…
37.235
10.659
1,48%
6,97%
ТРАНСПОРТ И СКЛАДИРАЊЕ
22.744
28.830
4,00%
7,21%
ЈАВНА УПРАВА И ОДБРАНА; ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО
26.618
54.447
7,56%
6,76%
УМЕТНОСТ, ЗАБАВА И РЕКРЕАЦИЈА
20.393
11.615
1,61%
5,90%
СНАБДУВАЊЕ СО ВОДА; ОТСТРАНУВАЊЕ НА ОТПАДНИ ВОДИ…
19.749
12.600
1,75%
3,87%
ОБЈЕКТИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ И СЕРВИСНИ ДЕЈНОСТИ СО ХРАНА
15.368
23.068
3,20%
3,81%
ОБРАЗОВАНИЕ
22.168
41.927
5,82%
2,49%
ФИНАНСИСКИ ДЕЈНОСТИ И ДЕЈНОСТИ НА ОСИГУРУВАЊЕ
39.537
10.833
1,50%
1,99%
ДЕЈНОСТИ ВО ВРСКА СО НЕДВИЖЕН ИМОТ
24.014
-
-
-0,42%
ИНФОРМАЦИИ И КОМУНИКАЦИИ
35.883
10.750
1,49%
Извор: Државен завод за статистика
1,19%
www.kapital.mk
Капитал број 883 30.09.2016
27 Од дејностите пак, кои што вработуваат најмногу луѓе, најголем пораст на платите има во градежништвото, 34% за пет години, односно на 21.082 денари просечна нето плата. Карактеристично е што во рамки на градежништвото, во дејноста нискоградба, забележан е пораст на просечната плата од дури 57%, од 16.878 на 26.111 денари, а следат дејностите изградба на згради со 38% (од 12.709 на 17.721 денар) и специјализирани градежни дејности со 14% (од 17.355 на 19.704 денари). Градежништвото беше еден од економските сектори кои што во транзицијата речиси целосно замре, каде што платите беа константно ниски, а безмалку и да немаше нови вработувања. Во последниве неколку години заради експанзијата во градењето на станбени и деловни објекти, како и на инфраструктурни проекти
(патишта, мостови, итн.) бројот на вработени се зголемува, но заради тоа што сè потешко се наоѓаат работници и во оваа дејност, растат и нивните плати. За пет години, бројот на вработени во градежниот сектор е зголемен од околу 40 илјади на речиси 53 илјади во вториот квартал од 2016, односно за една третина, а во вкупниот број на вработени овој сектор учествува со 5,84%. Преработувачката индустрија, која што од главните економски сектори на статистичката анализа има најголем удел на вработени (преку 18% или околу 140 илјади вработени), бележи пораст на просечната нето плата од безмалку 12%, на 16.833 денари, додека Трговијата на големо и мало, исто така со голем број вработени (11%, околу 102 илјади вработени) има пораст на просечната плата од 9%, на 20.242 денари.
Промена на просечна нето плата во трите главни економски сектори за пет години (номинална, денари)
n 2011 n 2016
www.kapital.mk
Капитал број 883 30.09.2016
28
ЛУЃЕ И КОМПАНИИ
И текстилците конечно да видат бел ден – барем статистички
денари за истиот период годинава. Да истакнеме, ова се просечни вредности што ги нотира официјалната статистика, Значителен пораст на платите статистиката а во пракса секако дека има екстремни бележи во текстилната индустрија, во вредности и на долниот и горниот дел од односно производство на текстил. Во овој спектарот, како примерот деновиве на сектор просечната нето плата во јули работниците во текстилната фабрика во годинава била 15.320 денари, што е за Македонска Каменица, кои што штрајкуваа 59% повеќе во однос од пред пет години, заради наводно екстремните услови за кога изнесувала 9.581 денар. Инаку, работа – плати ниски и до 6.000 денари, а дејноста производство на текстил не треба дневно и по 11 часа работа. да се меша со дејноста производство на Ангел Димитров, претседател на Органиоблека. И двете дејности спаѓаат во една од зацијата на работодавачи, кој што и самиот главните групи на дејности, преработувачка е во текстилниот бизнис, вели дека порастот индустрија, но во производство на текстил на платите во производството на текстил има далеку помал број на вработени (околу и производството на облека се должи на 5.000 наспроти 30.000 во производството на тоа што сè потешко се наоѓаат работници облека, според последните расположливи за овие индустриски гранки, а законското податоци на државната сатистика, за одредување на минималната плата исто крајот на 2014 година), иако нивниот број така, придонело за кревање на просекот. во 2014 пораснал за дури 80% во однос на “Во оваа индустрија дојдоа и доста странски инвестиции, но и доста млади се иселуваат Индустриски и неиндустриски дејности со највисока просечна плата или работат сезонски во (состојба I-VII 2016 г.) Италија и сл., особено од источниот дел на земјава Промена Износ каде што има многу текстилни за 5 години (денари) Дејност фабрики. Но, ако текстилните фабрики не воведат поголема Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности 56,69% 47.340 автоматизација и технологии Воздухопловен транспорт -0,01% 45.775 на производството и продукПроизводство на основни фармацевтски производи и 11,49% 41.963 тивноста не се покачи, со ова темпо на пораст на платите Финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски 7,58% 41.307 тешко ќе останат конкурентни Телекомуникации -18,30% 40.615 со цените на светскиот пазар“, вели Димитров. Извор: Државен завод за статистика Инаку, просечната нето плата исплатена во Македонија во јули месец Индустриски и неиндустриски дејности со најниска просечна плата годинава изнесува 22.334 (состојба I-VII 2016 г.) денари, што е за 2,2% Промена Износ повеќе во однос на истиот месец лани, додека реална за 5 години (денари) Дејност нето плата прилагодена Рибарство и аквакултура -2,45% 11.402 за инфлација (односно дефлација), пораснала Производство на кожа и слични производи од кожа 29,22% 11.587 за 2,5%. Најниска плата Производство на облека 20,13% 12.412 се исплатува во секторот рибарство и аквакултура, Преработка на дрво и производи од дрво и плута, освен мебел, 19,11% 13.592 11.823 денари, а 1,6% од производство на предмети од слама и плетарски материјал вработените во јули не Извор: Државен завод за статистика примиле плата. nnn 2013. Истовремено, бројот на вработени во производството на облека останал речиси ист во истиот период. Во Заводот за статистика не сакаа да откријат на што конкретно се должи високиот пораст на вработувањата во производството на текстил, односно кои компании вработиле 2.500 луѓе за една година. Според наши сознанија, дејноста производство на текстил опфаќа неколку странски инвестиции отворени последниве години во Македонија, кои што понудија и повисоки плати со цел да ги привлечат работниците од оваа индустрија, традиционално позната по својата трудоинтензивност и ниските плати. Инаку, и во дејноста производство на облека се забележува пораст на просечната нето плата во период од пет години, за 20%, односно од 10.332 денари за периодот јануари – јули 2011 на 12.412
www.kapital.mk
Капитал број 882 23.09.2016
INTERVIEW ИНТЕРВЈУ
30
85% од луѓето во Македонија на возраст од 15 до 55 користат интернет на дневна основа. Преку 95% пак, од младите на возраст од 15 до 24 години имаат пристап до мобилен интернет и имаат профил на ФБ. Тоа е генерација што допрва ќе оди на факултет, ќе дипломира, ќе се вработи и ќе има пари за трошење. Бизнисите, особено микро и малите компании што немаат пари за традиционален маркетинг, со помош на социјалните мрежи може да направат оваа потрошувачка да се случи кај нив.
Доц. д-р Димитар Јовевски УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОР ПО ИНТЕРНЕТ МАРКЕТИНГ
СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ СЕ КАКО ИЗМИСЛЕНИ ЗА ПРОМОЦИЈА НА БИЗНИСИТЕ, ОСОБЕНО НА МИКРО И МАЛИТЕ
ИНВЕСТИЦИЈА: ИАКО Е ПОЕВТИНО, ПРИСУСТВОТО НА
www.kapital.mk
Капитал број 883 30.09.2016
31 разговара:
М Игор Петровски
igor.petrovski@kapital.mk
Младиот доц. д-р Димитар Јовевски предава „Интернет маркетинг“ на Економскиот факултет – Скопје при УКИМ. Предметите од катедрата Е-бизнис на факултетот од година во година стануваат се’поатрактивни за студентите, вели тој, кои што и онака поминуваат многу време онлајн, претежно на социјалните мрежи, па вели дека се труди да им објасни како можат и да заработат од тоа. Своите истражувања и експертизата во делот на социјалните медиуми и маркетингот ја проверува и во пракса, секојдневно комуницирајќи со компании и организации, а од неодамна во соработка со дигиталната маркетинг агенција „Пиксел“е дел од тимот кој дава и обуки за заинтересираните клиенти. Најновата таква обука беше во организација на Институтот „Концепт“, каде што посетителите учеа за тоа како да го зајакнат својот бренд на Фејсбук (Facebook). XОбјаснете X ни, колкава е користа на бизнисите од тоа што ќе се појават со своите брендови, производи, услуги на Фејсбук и останатите социјални мрежи? Пред пет години, да речеме, се поставуваше прашањето дали ФБ ќе биде краткотраен феномен, дали ќе спласне интересот, што ќе се случува. Времето покажа дека оваа социјална мрежа уште долго ќе биде во фокусот во светот и во Македонија. ФБ како платформа речиси секојдневно претрпува промени во насока на подобрување на перформансите и можностите што ги нуди за индивидуалните корисници, но и за бизнисите. За полесно да се разбере важноста на ФБ денес: мрежата во вториот квартал на 2016 година има 1,71 милијарда активни корисници на месечно ниво, а во Македонија сега се отприлика 1,1 милиони активни корисници. Ако интернет пенетрацијата во земјава е околу 70%, бројот на жители официјално нешто над два милиони, тогаш значи 1,5 милиони имаат пристап до интернет секој ден, а 73% од нив имаат ФБ профил. Преку 95% пак, од младите на возраст од 15 до 24 години имаат пристап до мобилен интернет и имаат профил на ФБ. Тоа е генерација што допрва ќе оди на факултет, ќе дипломира, ќе се вработи и ќе има пари за трошење. Бизнисите со помош на маркетингот преку социјалните медиуми може да направатовие пари да отидат на нивното конто.
XКако X функционира сето тоа? ФБ како социјална мрежа, а Гугл (Google) како интернет пребарувач се водечки во полето на дигиталниот маркетинг во моментов. На своите студенти, а и на компаниите со кои што сум во контакт се обидувам да им објаснам дека постојат алатки кои што се поевтини од традиционалниот маркетинг, односно традиционалното рекламирање. Голем дел од домашните фирми, не знаат, на пример, дека рекламирањето преку Гугл е едно од најевтините во светот, заради неговата големина, влијание и придружните социјални мрежи и дигитални платформи што ги креираше или ги купи во меѓувреме (како YouTube на пример). Преку Гугл Дисплеј мрежата (Google Display Network) вие како компанија може да се рекламирате со клучни зборови на пребарувачот, да креирате одредена база корисници, а потоа, со помош на т.н. „ремаркетинг” да ги таргетирате вашите корисници кога посетуваат различни сајтови, односно сајтови на кои Гугл има договор да се појавува реклама што ќе ви дава сугестија врз основа на ваши претходни пребарувања. Затоа ви се случува да ви се појавуваат реклами за одредени брендови и производи, на сајтови што првпат или пак редовно ги посетувате. Гугл има две платформи, Adwords кај што може да огласувате со клучни зборови, и платформа за издавачи – publishers, која што се вика Adsense. Секој веб портал што е влезен во семејството на Гугл дисплеј мрежата може да сервира некоја реклама ако дојдете на него. Ако вие кликнете на таа реклама, што на Гугл му ја платил Booking. com на пример, тој конкретен портал ќе добие дел од колачот. Но, само доколку корисникот кликне на рекламата. XКакви X се моменталните статистики за користењето на онлајн каналите за рекламирање? Што треба фирмите да знаат околу ова? Неофицијалните бројки што ги имам јас, од маркетинг агенциите, се дека околу 55% од луѓето што имаат пристап до интернет поседуваат смартфон, таблет и сл. Околу 65% од рекламите што им се сервираат на македонските корисници онлајн, тие ги гледаат на мобилен уред, наспроти 35% на десктоп компјутер. Тука треба да се запознаеме со категоријата click through rate - CTR, односно колкав е одѕивот за тие реклами или колку од оние што ја гледаат рекламата, ќе кликнат на неа. На ФБ просечната CTR е од 0,7 до 1,5%, што значи дека на 100 појавувања на рекламата едвај еднаш ќе биде кликнато на неа. Кај прикажувањето на банерите просечен CTR е од 0,1 до 0,27%, додека на мобилни уреди прикажувањето на банерите има CTR од 0,37 до 1,5%. Што значи ова? Доколку огласувач употреби добар банер што ќе се вчитува на мобилен, поголема е веројатноста дека ќе има конверзија, односно дека некој ќе кликне, ќе „слета“ на веб страната на огласувачот и најверојатно ќе се случи некаква активност. Моја препорака до компаниите е да користат
веб страни прилагодени за мобилен уред и да имаат добрирекламни банери, односно, да не биде само обична слика што ќе ја видат корисницитеи само ќе „скролнат“ надолу. Компаниите мора да поработат на своите веб сајтови, затоа што голем дел од нив не се оптимизирани за гледање на мобилен уред. XНо, X луѓето не кликаат на банери... И што да прават огласувачите сега? Луѓето не сакаат да кликаат на банери, затоа што едноставно не сакаат некој да ги вознемирува додека читаат некоја статија или бараат што било друго на интернет. На светско ниво се размислува дури и да се смени метриката, односно проодноста на банерот да не се мери по клик, туку во зависност од времето што корисникот го поминал пред него, иако не го кликнал. Тоа значи дека корисникот сепак ја примил информацијата, затоа што сега банерите се интерактивни, се менуваат информациите, се вртат слики, се случува нешто... Затоа и се бараа нови начини на рекламирање особено насоцијалните мрежи, Гугл, итн.Она што се наметнува сега како проблем, е како да се измерат резултатите од кампања на ФБ, на пример. За разлика од традиционалните начини на рекламирање, кај дигиталните понекогаш има проблем да се измерат ефектите од рекламната кампања. Не затоа што не постојат алатки, туку затоа што компаниите често немаат потребна инфраструктура. Треба да се креира цел дигитален екосистем, каде што практично го „фаќате за рака“ потрошувачот и го носите од една во друга фаза во тој екосистем во процесот на продажба. XКако X би изгледал тој екосистем? Циклусот почнува и завршува со веб страницата. Прво, мора да имате одлична веб страница, која што ќе го таргетира т.н. ideal buying persona односно идеален купувач. Доколку сакате да продавате, треба овие потенцијални купувачи од социјалните мрежи, информативните портали, агрегатори на вести и сл. да ги донесете на вашата веб страница. Таа треба да има копчиња, линкови, што ќе предизвикаат акција, да се кликне, да се остават податоци, и на крајот, да се купи нешто. Ако посетителот на страницата остави податоци или купи производ/ услуга, треба да следи акција – имејл со благодарност, инфо за нови производи, нови попусти и сл. Многу компании немаат соодветна веб страна, а се рекламираат дигитално. Немаат онлајн продавница, значи треба да се појде во нивната физичка продавница. И сега, како да го измерите ефектот од нивната кампања на ФБ? Затоа и всушност пораката е дека социјалните мрежи не мора нужно да бидат канали за директно продавање производи/услуги, туку може многу успешно да се користат за создавање свесност за брендот едукација на идеалниот потрошувач. Не сите производи се и погодни за продажба преку ФБ. XШто X советувате тогаш?
А СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ НЕ ЗНАЧИ ДЕКА Е БЕСПЛАТНО
www.kapital.mk
Капитал број 883 30.09.2016
32
ИНТЕРВЈУ
Фејсбук и другите социјални мрежи не треба да се сфатат како канали за директна продажба, туку за градење на свесност за брендот и лојалност кон него. Една анкета што ја правевме на Економскиот факултет покажа дека најголемиот дел од испитаниците одговорија дека не се на ФБ за да купуваат, туку да се забавуваат, комуницираат, да видат одредени промоции, попусти, итн.
Она што е убавото кај дигиталниот маркетинг е што може да правите корекција брзо, во кое било време. Замислете да промашите нешто кај билборд, реклама во принт и сл.? А, овде, со неколкутри клика може да ја смените или модифициратеизбришете насоката во која се движите. Дигиталниот свет ви дава можност за флексибилност.
Моја препорака до компаниите е да користат веб страни прилагодени за мобилен уред и да имаат добри рекламни банери, односно, да не биде само обична слика што ќе ја видат корисниците, и само ќе „скролнат“ надолу. Компаниите мора да поработат на своите веб страни, затоа што голем дел од нив не се оптимизирани за гледање на мобилен уред.
Да речеме, продавате автомобили. Тешко дека некој ќе купи автомобил онлајн. Но, ако вие му понудите корисничко искуство во смисла да ги одбере боите на автомобилот, ентериерот и сл., му дадете некое знаење, експертиза, тој ќе се идентификува со брендот, ќе ја стекнете неговата лојалност. Или пак ако, на пример, сте дилер на автомобилски гуми. Тогаш и да немате онлајн продавница, вие на социјалните мрежи може да понудите информации со кои ќе ги едуцирате вашите идеални потрошувачи како на пример за тоа што значат зимски, а што летни гуми, монтирање, менување дупната гума, споредба на брендови... И купувачот може онлајн да ја донесе одлуката, а потоа во продавницата само да го изврши купувањето. Според Hubspot, во САД лани дури 73% од потрошувачите кои купиле производ во физичките продавници, одлуката за купување ја донеле претходно врз база на информации кои ги добиле на интернет. Голем дел од компаниите ги перцепираат социјалните мрежи исклучиво како директен канал за продажба, што е погрешно. Една анкета што ја правевме на Економскиот факултет, за тоа зошто корисниците стануваат фанови на одредени брендови на ФБ и сл., најголем
дел одговорија дека не се на ФБ за да купуваат, туку да се информираат, да видат одредени промоции, попусти... XОткако X ќе се појават на социјалните мрежи, како да се менаџира понатаму? Дали грижата за тоа што се случува на ФБ страната на еден бренд или компанија е процес што трае од 9 до 5? Апсолутно дека е процес што трае постојано, можеби не буквално 24 часа во денот, но вие мора да имате константна комуникација со потрошувачите, односно во пристојно време, ако не веднаш, да им одговорите на нивните коментари, забелешки, критики и сл. Луѓето сакаат „еден на еден“ комуникација со брендот/компанијата, сакаат кога од другата страна добиваат фидбек, без оглед колку е добар или лош нивниот коментар. Исто така, треба да се има предвид дека се можни кризни ситуации, на пример, некој злонамерен, па и издржан критички коментар може да предизвика нарушување на репутацијата на брендот, што мора во најкус можен рок да се менаџира. Но, прво компанијата мора да донесе јасна одлука дека ќе троши пари за дигитален маркетинг. Мора да има план и визија како ќе го прави тоа. Ако се оди со ад хок
активности, постојано ќе има проблеми. Има неколку опции: да се ангажира вработен(и) кој(и) што цело работно време ќе се грижи(ат) за дигиталното присуство на компанијата, или пак да најде надворешна агенција, некој фриленсер и сл. Многу од менаџерите/ сопствениците, особено од повозрасната генерација го сфаќаат овој тип на маркетинг прилично тривијално, па даваат изјави од типот „имам едно дете тука од ИТ, што става нешто на ФБ таму...“ Оние компании што сериозно ја сфаќаат оваа проблематика, имаат цел оддел за дигитален маркетинг. Ви треба човек кој ќе го води рекламирањето, еден што ќе креира содржина, еден што ќе ги дава насоките, стратегијата... XНо, X појавувањето на ФБ, како што рековте, подразбира адвертајзинг, односно плаќање на ФБ или на другите социјални мрежи, или на Гугл, за опциите што ги нудат. Колку тоа може да ги чини фирмите? На компаниите треба да им е јасно дека ако влегуваат во дигиталната приказна, мора да инвестираат и во адвертајзинг на социјалните мрежи. Има компании што велат „сакаме да влеземе на социјалните мрежи, но не сакаме да плаќаме за ништо таму“. А, на ФБ имате органски раст на бројот
ЕДЕН НА ЕДЕН: КОРИСНИЦИТЕ САКААТ БРЕНДОТ/КОМПАНИЈА
www.kapital.mk
Капитал број 883 30.09.2016
33
на фанови, предизвикан од активноста на вашите фанови, но алгоритмите на ФБ и останатите социјални мрежи се такви што сето тоа го ограничуваат и за се’што е повеќе мора да платите. Мора да се одвојат 30, 50,100, 500 евра месечно, а во зависност од големината на компанијата и нејзиниот буџет понекогаш треба и многу повеќе да се инвестира во адвертајзинг на социјалните мрежи затоа што тој е комплексен, во позадина нуди многу опции, како и можности да таргетирате потрошувачи според локација, демографија, интереси...се’. Она што е убавото кај дигиталниот маркетинг е што може да правите корекција брзо, во кое било време. Замислете да промашите нешто кај билборд, реклама во принт и сл.? А, овде, со неколку клика може да ја смените или модифицирате насоката во која се движите. Дигиталниот свет ви дава можност за флексибилност и измислен е, како што
реков, за мали компании и стартапи. XНа X кое ниво е во моментов свеста на домашните компании за моќта на дигиталниот маркетинг? Помладата генерација во принцип повеќе ги разбира новите технологии и е голем корисник на мобилните уреди и социјалните мрежи. Од нејзините редови обично доаѓаат оние што се грижат за дигиталниот маркетинг на компаниите. Оние бизниси што сериозно ја сфатиле моќта на дигиталниот маркетинг, без оглед која возраст е тој што ги раководи, веќе одвојуваат значителен дел од своите буџети за овој тип на рекламирање. Малите и микро компаниите пак, кои што и онака немаат пари за традиционален маркетинг, практично целиот буџет го двојат за дигитален маркетинг, кој што им е најевтината алатка за да се промовираат пред потрошувачите.
XОбјаснете X ни малку повеќе за предметите што ги предавате на Економскиот факултет: со какви знаења може да се стекнат студентите од областа која што се менува секојдневно страшно динамично? На Eкономскиот факултет во Скопје работам на катедрата по Е-бизнис каде го предавам предметот Интернет маркетинг. Главниот фокус на Е-бизнис студиите е како да се искористат ИКТ во развивањето и градењето на бизнис капацитетите во нашата земја. Студентите имаат можност да се стекнат со поширок спектар на знаење кои понатаму ќе ги искористат во нивното секојдневно работење. Концептот на учење кој доста се применува на оваа катедра е learning by doing, односно, учење низ пракса. Во голем дел од предметите постои практична и проектно ориентирана настава, каде што студентите работат со реални компании на реални проблеми. XКако X успевате да ги анимирате и мотивирате студентите за материја која што е всушност дел од нивното секојдневие (тие се нонстоп на Фејсбук и другите социјални мрежи), во насока сега или утре да профитираат од тоа, а не да биде само попусто потрошено време? Одговорот не е едноставен и краток. Се обидувам да им ги покажам бизнис можностите и потенцијалите на различните апликации кои ги користат во секојдневниот живот. Разработуваме примери од Македонија и од светот каде што можат да увидат и да научат како најразличните апликации кои ги користат за забава можат да ги искористат за личен или бенефит на компанијата во која во иднина би работеле. Исто така се обидувам секоја недела да има гостин предавач кој ќе зборува на актуелна тема поврзана токму со новите и светските текови, кои ќе го пренесат нивното искуство за новите технологии. XX Колку е развиена соработката на Економскиот факултет со западни факултети, но и други инволвирани страни од земјата и странство (успешни стартапи, инкубатори) во полето на е-бизнис, дигиталниот маркетинг, претприемништвото и сл., со цел студентите да добијат повеќе практични знаења и искуство? Како што спомнав и претходно сорабо-тката е на доста задоволително ниво, но тоа не значи дека нема простор за подобрување и унапредување. На предавањата доаѓаат експерти од земјата кој се релевантни за проблематиката која се разработува на предметот. Во рамки на предметот Интернет маркетинг студентите работат на проекти за реални компании со реални проблеми во дигиталниот дел на работа, каде од студентите се бара да се стават во улога на консултант и да дадат решение преку креирање на Интернет маркетинг план. nnn
ЈАТА ЛИЧНО ДА ИМ СЕ ОБРАЌА, НЕ СМЕАТ ДА СЕ ИГНОРИРААТ
Капитал број 883 30.09.2016
34
www.kapital.mk
МАРКЕТИНГ
МАРКЕТИНШКАТА МАТЕМАТИКА ВЛОЖЕНО - ДОБИЕНО СИ ГО ПРАВИ СВОЕТО:
ДИГИТАЛНОТО РЕКЛАМИРАЊЕ ЌЕ ЈА СИМНЕ ТЕЛЕВИЗИЈАТА НА ВТОРО МЕСТО ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА
Блиску е моментот кога дигиталниот маркетинг ќе доминира над традиционалниот, иако последниот сè уште е значаен сегмент за „големите играчи/огласувачи“, на кои потенцијална публика им се буквално сите, и затоа сакаат да се видливи на секој чекор. Но, и овие „големи“ денес вложуваат големи пари во дигиталниот маркетинг, а тоа ќе го прават сè повеќе. Сепак, дигиталниот маркетинг најмногу работа им врши на малите и на средните компании, за кои традиционалното огласување е прескапо, а дигиталното ги чини толку колку што можат да одвојат, при што за возврат добиваат максимум.
eMarketer: FACEBOOK ЌЕ НАПЛАТИ 11,93 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ О
www.kapital.mk
Капитал број 883 30.09.2016
35
Н
На оние кои не успеваа да го видат потенцијалот на дигиталниот маркетинг, очите им ги отвори рецесијата тогаш многу компании мораа значајно да ги намалат буџетите за огласување, и како порачан им дојде растот на дигиталните платформи како Facebook, Instagram, Twitter ... Тука компаниите добија максимална рационализација на трошоците и неверојатна прецизност во таргетирањето на публиката за која како огласувачи се заинтересирани. Предностите на дигиталниот маркетинг во однос на традиционалниот, во оваа смисла се повеќе од евидентни, почнувајќи од таргетирањето. Ако огласувачот одлучи и на сред град да постави огромен билборд, тој никогаш не може да знае колку луѓе го виделе (билбордот) и колку од нив го погледнале со некаков интерес. Така е во традиционалниот маркетинг. А во дигиталниот, огласувачот самиот избира, на пример, на кој пол му се обраќа во рекламата, на која старосна група, или на уште потесни категории, како жители на одреден град, па, ако сака, може она што го огласува (производот, услугата...) да и го понуди само на публиката што веќе пројавила интерес за таков производ. На крајот, сето ова значи и многу подобар сооднос на вложеното и добиеното - ROI (Return of interest), односно, заштеда во однос на традиционалните методи на огласување. Понатаму, карактеристики на дигиталниот маркетинг се и непосредноста, брзината, прилагодливоста дури и откако рекламната кампања ќе почне. Станува збор за маркетинг во реално време - таргетираната публика ефектот го конзумира тогаш
кога сака огласувачот, и што е уште поважно, повратната информација, фидбекот, е исто така моментален. Тука е и можноста за модификација, ако според фидбекот огласувачот заклучи дека реакцијата на публиката не е задоволителна, па, посака да ја засили/ублажи, тоа може да го стори кога сака. Можностите за тестирање до најситните варијабли се неограничени, а ако зад процесот стои професионалец, можноста за неуспех на кампањата е сведена на минимум. Предност на дигиталниот маркетинг е и двонасочната комуникација. Кога ќе го видите билбордот од горниот пример на традиционален маркетинг, тоа е еднонасочна комуникација - огласувачот не знае дали ви се допаднала пораката, а уште помалку производот што таа го рекламира. Ако комуницирате (на билбордот) одредени информации (на пример, поврзани со услуга или со попуст што важи под оредени услови), оној што ќе ги види ќе мора или да ги запамети или да ги запише. Кај дигиталниот маркетинг овие информации доаѓаат на екранот на вашиот мобилен телефон, и од производот или услугата најчесто ве дели еден клик. Двонасочноста овде се добива со реакциите на публиката/корисниците
ОД ДИСПЛЕЈ ОГЛАСИ ГОДИНАВА
на службените профили на производителите; нема вретење на телефонски броеви, нема чекање на линија. Традиционалниот маркетинг
сè уште е значаен сегмент за „големите играчи“, на кои потенцијална публика/ купувачи им се буквално сите, и затоа сакаат да се видливи/изложени на
ХАС Инженеринг
Направи го твојот дом интелигентен
Прочитај повеќе на
www.kapital.mk
Капитал број 883 30.09.2016
36
МАРКЕТИНГ
секој чекор. Но, и овие „големи“ денес вложуваат големи пари во дигиталниот маркетинг, а тоа ќе го прават сè повеќе. Иако, последниот (дигиталниот маркетинг), сепак, најмногу работа им врши на малите и на средните компании, за кои традиционалното огласување е прескапо, а дигиталното ги чини толку колку што можат да одвојат, а за возврат добиваат максимум. Резултатите од последното истражување на eMarketer, покажуваат дека до крајот на 2016 година огласувачите од САД повеќе пари ќе потрошат на дигитално рекламирање отколку на телевизиско. Компанијата за истражување на пазарот предвидува дека до истекот на годинава американските огласувачи на дигитална реклама ќе потрошат 72,09 милијарди долари, што е околу 37% од вкупната сума што оди за реклама на ниво на САД. Парите на компаниите што ќе отидат на телевизиско рекламирање (до крајот на годинава) се проценуваат на 71,29 милијарди долари, односно 36,4% од вкупниот буџет. Претходно, eMarketer оцени дека дигиталното рекламирање ќе ја симне телевизијата на второ место во март 2017 година. Но, ја смени прогнозата поради растот на мобилниот и на онлајн видео адвертајзингот. Кога станува збор за мобилното рекламирање, Google е лидер во моментов, со 14,7 милијарди продажба до крајот на годинава и 32% од вкупниот простор закупен за мобилно рекламирање. Втор е Facebook со 22,1% или 10,15 милијарди долари. Социјалната мрежа на Марк Закерберг, пак, е прва кај најголемата категорија: дисплеј или десктоп реклама. eMarketer извести дека Facebook ќе наплати 11,93 милијарди долари од дисплеј огласи оваа година, што е 34,5% од вкупната потрошувачка за рекламирање на ваква платформа. Следниот, Google, ќе добие „само“ 4,79 милијарди долари до крајот на годината (од дисплеј реклами) или 13,8% од пазарот. Агенцијата, пак, Zenith, во својот последен, септемвриски извештај,
мораше да ја коригира својата јунска прогноза за раст на мобилното огласување во 2016 година, од 46% на 48%, како и за следната година, од 29% на 33%. Очекувањата се дека мобилното огласување ќе го надмине десктоп рекламирањето во 2017 година.
Македонските компании ја следат „модата“ со Facebook профили, но не се свесни за потенцијалот на дигиталниот маркетинг
Facebook во вториот квартал на 2016 година има има 1,71 милијарда активни корисници на месечно ниво, а во Македонија во моментов се отприлика 1,1 милиони (активни корисници). Според математиката што во интервју за Капитал ја пренесува професорот кој предава Интернет маркетинг на Економскиот факултет – Скопје при УКИМ, Димитар Јовевски, при интернет пенетрација во земјава од околу 70%, и со број на жители кој официјално е нешто над околу два милиони, пристап до интернет во Македонија секојдневно
имаат 1,5 милиони, а 73% од нив имаат Facebook профил. „Над 95% пак, од младите на возраст од 15 до 24 години имаат пристап до мобилен интернет и имаат профил на ФБ. Тоа е генерација што допрва ќе оди на факултет, ќе дипломира, ќе се вработи и ќе има пари за трошење. Бизнисите со помош на маркетингот преку социјалните медиуми може да направат овие пари да отидат на нивното конто“, вели професорот, говорејќи за перспективите на овој дел од дигиталниот маркетинг. Тој посочува и на неофицијалните бројки дека околу 55% од луѓето што имаат пристап до интернет поседуваат смартфон или таблет, и оти околу 65% од рекламите што им се сервираат на македонските корисници онлајн, тие ги гледаат на мобилен уред, наспроти 35% на десктоп компјутер. Јовевски забележува дека, за жал, голем дел од македонските компании не знаат дека рекламирањето преку Google е едно од најевтините во светот, поради неговата големина, влијание и
www.kapital.mk
Капитал број 883 30.09.2016
38
МАРКЕТИНГ
придружните социјални мрежи и дигитални платформи што ги креираше или ги купи во меѓувреме. Извршниот директор на агенцијата Nova Solutions, Предраг Стојковски, во изјава за специјалниот прилог на Капитал, „Брендовите и социјалните мрежи“, вели дека голем број македонски компании се сèуште скептични кон рекламирање на социјален медиум, но оти оние од нив што се „осмелиле“ и спровеле ваква кампања, секако, професионално водена, набрзо го промениле мислењето. „Поголем број на клиентите се скептични кон социјалните медиуми, во смисла, „таму се само неработници, деца, кој тоа ќе го гледа…“ ит.н. Facebook страницата ја имаат колку да ја имаат, и кампањата им се сведува на објавување каде ќе имаат одредена промоција и слично. Од кога ќе се почне сериозна кампања, по одреден временски период и самите компании го менуваат мислењето за социјалните медиуми. Имено, покрај тоа што се зголемува видливоста на нивните производи,
се добиваат нови соработници, нови добавувачи, нови клиенти“, вели Стојковски. Како и да е, за поконзервативните компа-нии самото прифаќање на комуникација на социјалните медиуми е ветувачки чекор, ова е општо прифатено од македонските компании, зашто скоро
и да не постои бизнис што нема своја Facebook страна. А компаниите што ја имаат сериозно сфатено комуникацијата на социјалните медиуми, кои за целта по правило соработуваат со професионалци од областа, без исклучок не го кријат своето задоволство од работата што им ја врши дигиталниот маркетинг. nnn
РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:
3 октомври 2016
ИНСТИТУТ КОНЦЕПТ ОРГАНИЗИРА:
ПРВА MEЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ИНСТИТУТ КОНЦЕПТ “Примена на Европската Директива 1999/92/ЕО од 16 декември 1999” Минималните барања за подобрување на заштитата на безбедноста и здравјето на работниците при потенцијален ризик од експлозивни атмосфери 7 октомври (петок) 2016 година 10.00 до 16.00 часот Институт Концепт, Скопје
Конференцијата има за цел да ги образложи барањата и примената на Европската Директива 1999/92/ЕО од 16 декември 1999, која се однесува на ризиците од есплозивни атмосфери и нејзиното транспонирање во домашното, национално законодавство. Исто така конференцијата има за цел да ги пренесе искуствата на неколку земји од регионот кои предничат во имплементацијата на истиот. Конференцијата е наменета за стручните лица за безбедност при работа.
АГЕНДА:
СЕСИЈА 1 Законска регулатива за безбедност и здравје при работа во Република Македонија, со посебен осврт на Правилникот за минималните барања за безбедност и здравје на вработените кои се потенцијално изложени на ризик од експлозивни атмосфери.
Слаѓана Андоновска
раководител на Сектор за безбедност и здравје при работа при Државниот инспекторат за труд - Претставник од Република Македонија.
СЕСИЈА 2 Пренесување на искуство од примената на директивата ATEX во Република Македонија.
Експерт од Р. Македонија.
СЕСИЈА 3 Експлозивна атмосфера, Управување со ризикот од појава на експлозија во производствени претпријатија.
Румен Маринов
менаџер за квалитет, безбедност и здравје, Дорма Бугарија - Претставник од Република Бугарија.
СЕСИЈА 4 Имплементација на директивата ATEX во Република Србија.
Вања Станојевиќ
технички директор на Институтот за превентива - Претставник од Република Србија.
СЕСИЈА 5 Претставување на многуканален детектор ALTAIR 5X.
Георги Станков
MSA Safety sales engineer Bulgaria and Macedonia. За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk
КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова l e-mail: institut@koncept.com.mk
l 02 3128 526 l 070 272 207
www.kapital.mk
Капитал број 883 30.09.2016
40
КОЛУМНА
СЈО треба да се
Автор:
ИЛИЈА ДИМОВСКИ координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание
СЈО не признава легитимитет на Собранието на Република Македонија, на Влада, на Претседател. СЈО не признава легитимитет на држава. Само СЈО е легитимно, а избрано е од нелегитимно Собрание. Ако СЈО навистина е на овој став, треба самото без одлагање да се самораспушти, а сите вработени во него да си поднесат оставки и откази. Ако си држат до својот збор и до своите принципи, де.
П
Последниве две недели главен интерес на апсолутно целокупната македонска јавност е работата,,не/квалитетот и комедијата која ни ја приреди Специјалното јавно обвинителство, односно Специјалниот јавен обвинител. Дури и најнезаинтересираните и најнеупатените граѓани им стана јасно дека нешто не чини во начинот на кој оваа институција е поставена и функционира. Освен оние скапо платени новинари од кадровската листа на СДСМ и Џорџ Сорос и експерти (кои имаат став онаков за каков ќе им се плати) никој друг не се осуди да се погази себе и да се стави во одбрана на оваа чудна институција и нејзиното уште почудно работење. Дури и пратениците на СДСМ не ја бранеа и не го прифатија теретот на себе си, туку цело време спроведуваа стратегија на нарушување на работата на надлежната комисија со безбројни процедурални забелешки и бараа начин како расправата по извештајот побргу да заврши со цел да се сокрие срамот кој секојдневно го доживуваа. Целта на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ воопшто не беше да ја направи специјалната обвинителка жртва на системот, бидејќи тоа и не е возможно, таа е дел од системот и тоа доста автономен дел. Нашата цел беше да и покажеме на македонската јавност колку неквалитетно, пристрасно и непрофесионално работи оваа институција, во што сме сигурни дека успеавме. Немаме намера да прифаќаме некомплетен, нецелосен и празен извештај зошто на тој начин ќе ја прифатиме и аминуваме ваквата непрофесионална работа на ова обвинителство. Гледам овие денови како поддржувачите на Јанева (тие се и поддржувачи на Заев) се обидуваат да ја релативизираат
и разводнат одговорноста на ова обвинителство споредувајќи го со многу други институции. Настрана тоа што ова обвинителство е под квалитетот на работа на најголем број од државните органи, самиот факт дека некој прибегнува да релативизира и споредува со постојната состојба, говори дека повеќе не постојат причините за кои беше основано ова обвинителство. Да потсетам, тоа беше основано да биде професионално, непристрасно, одговорно и балансирано во својата работа. Тоа што не е така е одговорност на оние кои го раководат (покрај Јанева има и други, секако). СЈО е институција која има проблематична правна основа. Иако е плод на партиски консензус и иако за оваа институција гласаа над 110 пратеници, правните експерти потврдуваат дека СЈО има сомнителна и нецелосна уставна подлога. Креаторите на законот треба да бидат свесни и да прифатат дека направиле огромни грешки при пишување на текстот и да не ги обвинуваат сите останати кои им ги укажуваат уставните промашувања низ текстот со кој се оформи оваа институција и по кој треба да работи оваа институција. Самиот факт дека четирите партиски лидери, со максимална поддршка од амасадорите на ЕУ и САД, потпишаа договор дека доколку Уставен суд утврди неуставност… , говори дека сите тие лидери и амбасадори се свесни и прифаќаат дека има таква можност и основа по која овој закон би се довел во прашање. СЈО е институција во која вработувањето на лица не оди по критериуми и правила како за сите државни институции. Постапките се очигледно тајни и нивниот резултат е вработување на членови на фамилиите на веќе ангажираните обвинители, на високи функционери во СДСМ и на блиску луѓе на адвокати кои во последните неколку години бранеле лица кои се од СДСМ и кои по секоја здрава логика треба да бидат предмет на интерес на СЈО. СЈО ангажира стручни советници без потреба и правила. Прво, да констатираме дека ниту еден суд и ниту едно обвинителство во Република
www.kapital.mk
Капитал број 883 30.09.2016
41
самораспушти Македонија нема ангажирано стручни советеници кои советуваа правни работи, бидејќи самиот факт дека за избор на некоја обвинителска или судска функција се одмерува стручност, но и се доверува одговорност, и тоа лична, за донесените одлуки говори за комичната состојба со ангажираните професори и адвокати. Тие очигледно имаат две работи од кои првата е да ги пополнуваат правните празнини во работата на СЈО (во која редовно се вработени над педесет правници), а втората е да го бранат СЈО по медиуми. Настрана тоа што никој не кажува по кој критериуми се избрани токму тие адвокати и експерти и колкави примања имаат од оваа дополнителна работа. СЈО е партиска институција бидејќи нејзината агенда и нејзините активности се целосно усогласени и координирани со агендата и целите на СДСМ. Тоа е видливо, со тоа се фалат видни членови на СДСМ, со тоа се фали Заев и тоа не го негира никој од оваа институција. Целта на формирање на СЈО беше да се има надпартиска и независна институција, а не институција која својата работа ќе ја координира во седиштето на СДСМ. СЈО ја крши пресумпцијата на невиност и Законот за кривична постапка. Просечен правник знае дека предистражните и истражните постапки, во согласност со законите во Република Македонија, се тајни. СЈО го крши законот со тоа што јавно на прес конференции и тајно со брифинзи на неколку новинари пласира детални и тајни (според закон) податоци. СЈО е свесно дека ги крши законите, бидејќи целта за неговото постоење и работење очигледно е само политичка и партиска, а не правна. СЈО работи СДСМ да дојде на власт, а не да се расчистат сите прашања поврзани со прислушуваните разговори. СЈО не дава финансиски извештај. Точка. Комедија. Брука. Институцијата која ќе се борела против нетранспарентното и сомнително трошење на државни пари, самата е нетранспарентна и сомнително ги троши своите пари. Немам што да кажам освен дека се надевам на професионалното работење на државните институции
Настрана тоа што ова обвинителство е под квалитетот на работа на најголем број од државните органи, самиот факт дека некој прибегнува да релативизира и споредува со постојната состојба, говори дека повеќе не постојат причините за кои беше основано ова обвинителство. Да потсетам, тоа беше основано да биде професионално, непристрасно, одговорно и балансирано во својата работа. Тоа што не е така е одговорност на оние кои го раководат (покрај Јанева има и други, секако). кои можат да откријат незаконско работење на било кого. СЈО не признава легитимитет на Собранието на Република Македонија, на Влада, на Претседател. СЈО не признава легитимитет на држава. Само СЈО е легитимно, а избрано е од нелегитимно Собрание. Ако СЈО навистина е на овој став, треба самото без одлагање да се самораспушти, а сите вработени во него да си поднесат оставки и откази. Ако си држат до својот збор и до своите принципи, де. СЈО не дава информација кој, како и зошто прислушкувал. Клучната причина за која е формирано СЈО беше да одговори на тоа прашање кое впрочем и самите го потенцираат како најзначајно. Но на тоа прашање нема никаков одговор и нема да има бидејќи за нас стана јасно дека оваа институција има намера да ги крие информациите поврзани со тоа кој, зошто, како и по чија нарачка прислушкувал. СЈО има задача да го заштити Зоран Заев и неговите соработници. СЈО не поведува предистражна постапка за Зоран Заев, а поврзана со три пати поскапиот транспорт на ученици во Струмица, споредено со Битола. СЈО не е непартиска институција и не работи по принцип на балансираност заради што и беше формирана. СЈО бара непроверливост на нивните одлуки за заштитени сведоци и бара во своето работење да биде
над законите кои до сега важеле во сите други постапки и за сите други институции. На тој начин СЈО ќе предизвика неуставност и нееднаквост на граѓаните кои ако се гонат од редовното и уставно Обвинителство ќе бидат гонети на еден начин, а ако се гонети од СЈО ќе бидат гонети на друг начин. СЈО бара неограничен мандат со што ја анулира целта за завршување на оваа политичка криза бидејќи така ќе трае до бесконечност. СЈО не може да бара таков мандат бидејќи таков мандат има Јавното обвинителство со кое СЈО никогаш ниту смее, ниту може да се доведува во еднаква состојба и третман. СЈО не поведува никакви постапки за прибирање на нелегалните прислушкувани материјали кои сеуште се лиферуваат во јавност. Апелира а има низа на мерки и постапки кои може да ги спроведе, но не ги спроведува. СЈО нема ист третман кон притворените. Еден е односот кон притворените во случајот Пуч, а друг кон притворените во случајот Транспортер. Има и десетици други теми кои може да се споменат, а и подетално да се елаборираат, но овде просторот не дозволува. Не е добро тоа што институцијата која ја формиравме за окончување на кризата, сега е нејзина моторна сила. nnn
Капитал број 883 30.09.2016
42
www.kapital.mk
СВЕТ БИЗНИС И ПОЛИТИКА
КОГА САД ЌЕ КИВНАТ, СВЕТОТ ...
КАКО ЌЕ ВЛИЈАE ВРЗ АКЦИИТЕ И ДОЛАРОТ ЕВЕНТУАЛНАТА ПОБЕДА НА ТРАМП?
Анектите сè уште покажуваат предност на Клинтон пред изборите во САД, но ако победи и ексцентричниот бизнисмен Трамп, тоа ќе нема значајно влијание на среднорочните движења на вредноста на акциите, а краткорочно, ако победи републиканскиот кандидат, се очекува вредноста на акциите накратко да падне барем за неколку отсто
СТАТИСТИКА: АКЦИИТЕ ПОВЕЌЕ РАСТАТ СО ПРЕТСЕДАТЕЛИ ДЕМОКРАТИ
www.kapital.mk
З
а помалку од месец и половина, на 8 ноември, во САД ќе се одржат претседателските избори. Дел од инвеститорите на финансиските пазари стравуваат дека евентуална победа на контроверзниот републикански кандидат Доналд Трамп би можела да доведе до пад на цените на акциите на берзите, и до нагли промени на курсот на најважните светски валути. Имено, спроведувањето на одредени радикални идеи што Трамп ги промовира во предизборната кампања би предизви-кално големи политички и економски проблеми, што секако би се одразиле и на финансиските пазари. Анкетите главно сè уште покажуваат дека демократската кандидатка Хилари Клинтон има предност, но таа последниов месец се намалува. Според последните анкети, 46% од гласачите би гласале за Клинтон, а 43% за милијардерот. Имајќи предвид дека САД имаат долга традиција на тргување на финансиските пазари, на релативно голем примерок може да се види дали цените на акциите повеќе растеле за време на мандатот на претседател од републиканската или од демократската партија. Според движењето на вредноста на Dow Jones Industrial Average индексот од 1900 година до денеска, може да се заклучи дека акциите повеќе растеле во периодите кога претседателите биле демократи (во просек 7% годишно). Кога на власт бил републикански претседател, акциите во просек растеле 3% годишно. На основа на овие историски податоци, на прв поглед на инвеститорите повеќе би им одговарало претседател да стане поранешната државна секретарка, а претходно и прва дама на САД. Но, повеќето сериозни анализи на корелацијата меѓу движењето на цените на индексот и на политичката партија од која доаѓа претседателот, укажуваат дека распонот од најниските до највисоките годишни приноси наDJIA индексот е премногу голем за да има смисла да се очекува оти приносите следните години ќе бидат усогласени со просечните вредности. Или поедноставно, изборот на претседател ќе нема значајно влијание на среднорочните движења на вредноста на акциите. Краткорочно, доколку Трамп стане претседател, вредноста на акциите веројатно накратко би паднала барем за неколку отсто. Причината би била несигурноста што ексцентричниот бизнисмен би ја донел во политиката на најмоќната земја во светот. На ваква, безбедносна основа, дел од инвеститорите веројатно би се одлучиле да ги продадат акциите и да вложуваат во посигурни инвестициски класи, како што се обврзниците и златото. Во таква ситуација цените на акциите благо би паднале, додека цените на обврзниците и на златото би пораснале. Кога се во прашање валутите, аналитичарите на Admiral
Капитал број 883 30.09.2016
43 Markets сметаат дека без разлика на тоа кој ќе победи на изборите, долгорочно тоа нема да има позначајно влијание. Имено, дури и да дојде до изненадување и Трамп да победи, не треба да се очекува дека ќе почне да ги спроведува своите радикални идеи. Тука едноставно се работи за популистички предизборни ветувања какви што многу политичари даваат пред избори, а кои е многу тешко да се спроведат во дело. Долгорочно на курсот на доларот и на останатите валути и натаму најмногу ќе влијае економската ситуација и мерките на поважните светски централни банки. Краткорочно, ако Хилари Клинтон победи, на пазарот најверојатно нема да дојде до
промена на курсот на доларот во однос на другите валути поголема од 1-2% во деновите по изборите. Но, ако Трамп победи, можно е американскиот долар да зајакне во однос на повеќето светски валути за неколку отсто во деновите веднаш по изборите. Имено, американскиот долар има статус на сигурно прибежиште во несигурни времиња, па кога расте несигурноста, играчите на финансиските пазари преферираат капиталот да го префрлат во оваа валута, бидејќи сметаат дека така им е најбезбеден. Иако парадоксално, ова се случува дури и кога токму некоја ситуација во САД е изворот на несигурноста. nnn
BUSINESS RUN Тимбилдинг штафетна трка во трчање 4 х 2 км за компаниски тимови Скопје, 16.10.2016 Пријави го твојот тим www.prvdovrv.mk
www.kapital.mk
Капитал број 883 30.09.2016
44
CEO PROFILE
Рикардо Закони
КО-ОСНОВАЧ И ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА KING DIGITAL ENTERTAINMENT
ЗАКОНИ Е “ЗАКОН“ ВО СВЕТОТ НА ИГРИТЕ Рикардо Закони, ко - основач и извршен директор на King Digital Entertainment може да биде сигурен во едно нешто – тој веќе не треба да се грижи за својата иднина – неговата игра Candy Crush Saga го направи мултимилионер.
К
Кон крајот на февруари годинава светскиот бизнис со мобилни игри го “стресе“ веста дека Activision Blizzard ја заклучи зделката за купување на King Digital, креаторот на популарната серија игра Candy Crush за 5,9 милијарди долари. Со тоа Activision Blizzard, компанија што стои зад игрите World of Warcraft и Call of Duty стана најголемиот креатор на игри според мрежата на корисници, околу 500 милиони на светско ниво.
Candy Crush Saga пак, стана социјален феномен во светот на апликациите наменети за паметните телефони и таблетите и им донесе слава и богатство на луѓето што стојат зад нејзиното лансирање, меѓу кои можеби најхаризматична фигура е Рикардо Закони, главен извршен директор и ко основач на King Digital, компанијата творец на играта, инаку, со седиште во Лондон. Играта која има повеќе од 600 нивоа и секое е поразлично од претходното, претставува табла пополнета со обоени бонбони, а играчите се соочуваат со конкретни зададени цели кои треба да се исполнат со одреден број потези. Промовирана во април 2012 година за Фејсбук и во ноември истата година за паметните телефони, играта ја надмина познатата FarmVille 2 како најпопуларна за социјалната мрежа во 2013. Дополнителната надградба на Candy Crush Saga во деке-
мври истата година, донесе нови епизоди и соодветни тежински нивоа. Почнувајќи од јуни 2014, Think Gaming процени дека апликацијата дневно генерира приход од 679.359 евра, пред сè поради импресивната бројка на редовни корисници од 7,1 милиони. Овие бројки ја направија Candy Crush Saga втората најбрзорастечка апликација веднаш зад Clash of Clans на финската компанија Supercell.
Револуција
За 48-годишниот Италијанец Закони, дипломиран економист на “Libera Universita Internazionale degli Studi Sociali Guido Carli” во Рим, инвестициите во дигиталниот свет се покажаа како финансиски плоден потфат. Работејќи во uDate – компанија која постепено се продаде и се спои со Match. com, Закони реши да ја создаде King Digital Entertainment, убедувајќи ги Мелвин Морис и Тоби Роуленд да се приклучат
МИЛИЈАРДИ: ВРЕДНОСТА НА KING DIGITAL ВРТОГЛАВО ПОРАСНА
ШТО ДОБИВАТЕ СО ОН-ЛАЈН ПРЕТПЛАТА НА КАПИТАЛ: претплата на 1. Со електронското издание на Капитал
заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание
за најава од 2.Можност три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон
до електронското 3. Пристап издание од било каде во Светот
ШТО ДОБИВАТЕ СО ПРЕТПЛАТА НА ПЕЧАТЕНОТО ИЗДАНИЕ НА КАПИТАЛ: l 49 броја на редовното издание на Капитал l 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал l Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа l Платена поштарина l Вклучено ддв l Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози
www.kapital.mk
Капитал број 883 30.09.2016
46
CEO PROFILE
Закони при листирањето на неговата компанија Кинг на Њујоршката берза Популарната игра Candy Crush Saga го направи Закони вистински мултимилионер За 46 годишниот Италијанец Закони, инвестициите во дигиталниот свет се покажаа како финансиски плоден потфат.
на тимот заедно со Себастијан Кнутсон, Томас Хартвиг, Ларс Меркгрен и Патрик Стимне. Иако компанијата беше на прагот на банкрот во 2003, две години подоцна вредноста на King достигна 31.8 милиони евра преку продажба на голем дел од уделот на Apax и Index Ventureс. Но, Candy Crush Saga направи револуција во компанијата. Помеѓу 2011 и 2013 вредноста нагло порасна, а приходите се искачија од 45.8 милиони на 1.39 милијарди евра. Играта во 2014-та достигна преку 143 милиони активни корисници во текот на денот, што претставуваше зголемување за 297% во споредба со првиот квартал од 2013 година. Исто така, три игри на King Digital Entertainment се рангирани во топ 10 брзорастечки апликации наменети за сите платформи – Apple App Store, Google Play Store (US) и Facebook. Временскиот период и трпеливоста кои компанијата ги покажа се испоставија како клучни. Во 2008 година Роуленд се откажа од функцијата ко - извршен директор во King Digital Entertainment, продавајќи го својот удел за 2.2 милиони евра. Исто така, Клаус Хомелс, инвеститор и поранешен член на одборот, ги продаде своите акции за 2,13 милиони евра. Додека Роланд и Хомелс ја напуштија
компанијата со безмалку незначителна сума на пари, 36-те милиони акции на Закони подоцна вредеа речиси 517 милиони долари. Кога во март 2014 King Digital Entertainment се појави на Њујоршката берза, цената на една акција порасна на 22.50 долари, или 22.2 милиони акции вредеа околу 7.08 милијарди долари.
Контроверзии
Контроверзниот карактер на компанијата беше поради обидите на Закони да ги патентира зборовите „Candy“ и „Saga“ во името на играта. Очекувано, ова предизвика гнев кај девелоперите на Stoic и Runsome App, кои претходно ги имаа вметнато овие зборови во своите игри. Сепак во 2014 година двете страни ги наминаа разликите и го решија спорот. Исто така, компанијата беше обвинета од девелоперот Метју Кокс за копирање на една од неговите видео-игри наречена ScamperGhost, односно нејзино реиздавање под името Pac-Avoid. Нешто подоцна, Закони го прифати тврдењето на Кокс, извинувајќи му се јавно преку соопштение испратено од компанијата. „Играта Pac-Avoid наликува на ScamperGhost. Деталите за оваа ситуација се комплексни, но ние никогаш не требаше
да ја промовираме Pac-Avoid. Ја отстранивме играта од нашиот веб-портал и се извинуваме за нејзиното објавување“, рече Закони. Според него, King Digital Entertainment никогаш не клонира видео-игри од другите компании. „Да бидам јасен, оваа несреќна ситуација е исклучок од правилото. King не клонира видео-игри и не сакаме некој истото да го прави со нашите. Пред да промовираме некоја игра, пребаруваме на пазарот со цел да се осигураме дека не повредуваме некој друг“, вели Закони. Во меѓувреме, во интервјуто дадено за Форбс, Закони ги потенцира предностите на таблетите, кои како што вели, стануваат помоќни и ќе имаат големо влијание врз бизнисот со видео-игри. Според него, за овие уреди ќе бидат достапни различни жанрови на игри, отколку за кој било друг мобилен телефон. „На крајот ќе видите игри наменети за конзолите, а кои ќе бидат игриви за таблетите во однос на корисничкиот интерфејс“, вели Закони. Компанијата продолжува да ја претставува играта како впечатлива и лесна за учење за глобалната мејнстрим публика на социјалната мрежа Фејсбук. nnn
ЌАР: ДЕСЕТМИНА ИНВЕСТИТОРИ СЕ ОФАЈДИЈА ОД CANDY CRUSH
www.kapital.mk
Капитал број 883 30.09.2016
48
МЕНАЏМЕНТ СОВЕТИ
5 ВИСТИНИ ЗА ЛИДЕРСТВО ШТО СЕКОЈ МЕНАЏЕР ТРЕБА ДА ГИ ЗНАЕ
К
Кога последен пат си го проверивте вашиот стил на лидерство и пристапот кој го користете за да ги инспирирате и да ги водите вашите вработени? Вашето лидерско однесување и вашите перформанси влијаат на многу луѓе.
Кога последен пат си го проверивте вашиот стил на лидерство и пристапот кој го користете за да ги инспирирате и да ги водите вашите вработени? Вашето лидерско однесување и вашите перформанси влијаат на многу луѓе и можеби и самите не сте свесни колку е големо вашето влијание. Следните пет вистини за лидерството може да ве инспирираат да ги преиспитате и подобрите вашите пристапи.
1
Лидерите мора постојано да учат и да созреваат
Лидерството бара работа. Секој лидер има вештини кои му помагаат да води. Но, секој лидер исто така не е безгрешен и може постојано да ги подобрува своите вештини. Важно е многу да се прифати дека вие ќе погрешите некаде. Како реагирате и како ги адресирате грешките ве дефинира вам како лидер. За добрите лидери добредојден е фидбекот и конструктивната критика од луѓето во кои имаат доверба- и се подготвени да се подобруваат постојано. Исто како што очекувате вашите вработени да се подобруваат и развиваат со текот на времето, вие исто така треба да созревате како индивидуа и како менаџер. Барајте можности од кои може да научите повеќе вештини. Лидерите, исто како и оние што ги водат, мора да ги држат своите вештини изострени за да можат да создадат успешен тим.
2
Вашиот успех зависи од успехот на вашиот тим
Сигурно до сега сте ја слушнале изреката „ланецот е толку силен колку и неговата најслаба алка“. Оваа изрека е вистина позади клучот за добро лидерство- вие не можете сами. Сфатете дека не можете да биде се за сите, да го контролирате секој аспект од работата и да обезбедете успех во вашата компанија. Успехот на вашата компанија или пак неуспехот е во рацете на оние кој го водат секој аспект од бизнисот на дневна основа. Секој на секое ниво во бизнисот треба да има моќ да влијае на тоа кон што ќе прерасне вашата компанија и како таа ќе работи.
3
Инвестирање во вашите луѓе е инвестирање во вашата компанија
Замислете го потенцијалното влијание на вашата кариера ако бевте одредени и едуцирани за лидерство уште од самиот почеток. Во вашата моментална позиција, вие имате можност да им помогнете да се создадат и созреат другите, со тоа што ќе ги ставите на патот на идниот успех. Размислете да создадете програма за менторство каде вработените од повисокиот ранг ќе ги водат и ќе ги советуваат помалку искусните членовите од тимот, подготвувајќи ги нив за идни лидери во компанијата. Можеби се чувствувате инспириран да понудите едукациски можности за вработените кои се подготвени да прифатат такви предизвици. Без разлика која тактика ќе ја употребите, не ги ограничувајте методите кои ги употребувате да инвестирате во вработените, бидејќи секој вработен има посебни потреби и вештини. Лидерот кој ги цени своите вработени како нешто во што треба да вложува и инвестира ќе ги види позитивните резултати во годините кои доаѓаат.
4
Лојалноста се стекнува, не се заслужува
Лидерите честопати се плашат да инвестираат „премногу“ во нивните вработени, оти може тие да си замина и да работат на друго место. Лојалноста е драгоцен фактор во превенирање на овој вид на ротации но оваа лојалност треба да биде стекната. Вие не може да очекувате дека
вработените ќе го изберат најдоброто за компанија пред да го изберат она што е најдобро за нивната сопствена иднина. Затоа, мора да ги доведете во линија овие две цели, осигурувајќи дека ставањето на нивните најдобри вештини за постигнување на успехот на компанијата е всушност во нивен најдобар интерес. Кога инвестирате во индивидуалци кои работат за вас, вие инвестирате во компанијата и ја стекнувате нивната лојалност во исто време. Како инвестирате во нив зависи од вашата креативност и вашите ресурси, но клучниот фактор е да им дозволите на вашите вработени да видат дека имате искрени намери да инвестирате во нивниот развој и на полето како вработени и на полето како индивидуалци.
5
Бидете пример
Примерот што вие го поставувате ќе биде следен и веројатно дури и преувеличен од вашите вработени. На пример, ако често ја играте „играте на обвинувања“ и влеете страв од неуспех кај вашите вработени додека развивате култура на обвинување, тие во себе ќе ја создадат истата нездрава тактика во однос на работата и работните односи. Ефектот на вашите навики може да биде вчудоневидувачки. Лидерите кои имаат принципи и вредности- и живеат по иститедобиваат многу повеќе респект отколку оние што не го прават тоа. Лидерот секогаш треба да се однесува на оној начин како што очекува неговиот тим да се однесува со него. nnn
СОВЕТ: ДОБРИТЕ ЛИДЕРИ НЕ СЕ ПЛАШАТ ОД КОНСТРУКТИВА КРИТИКА
P
КОМПЈУТЕРСКА ДЕРМАТОСКОПИЈА НА БЕНКИ
Скопје +389 2 / 321 66 08 www.ancevski.com.mk ancevski@laserlab.com.mk facebook.com / Ординација Д-р Анчевски
Капитал број 883 30.09.2016
50
www.kapital.mk
ЛИДЕРИ
ХАУАРД ШУЛЦ ОСНОВАЧ НА СТАРБАКС
ЛУЃЕТО САКААТ ЛИДЕРСТВО, НЕ РЕТОРИКА
Х
Хауард Шулц е основач на ланецот кафе ресторани Старбакс (Starbucks). Тој важи за еден од најуспешните и најинспиративни лидери во светот на бизнисот. Неговиот успех да изгради бренд кој денес е синоним за кафе, е нешто што и денес се предава како пример за тоа како вистинските брендови треба да ги градат врска со своите потрошувачи.
Кога си опкружен со луѓе кои делат страсна обврска за заедничка цел, тогаш се е возможно.
На почетокот сфатив дека треба да вработувам попаметни и поквалификувани луѓе од мене во одредени области, на кои им делегирав добар дел од донесувањето на одлуки. Не можам да ви кажам колку тешко беше тоа.
Луѓето сакаат лидерство, не реторика. Сакаат да знаат кој е планот за акција и како тој ќе биде имплементиран. Сакаат да им биде дадена одговорност да се обидат да решат некој проблем.
Еден од основните аспекти на лидерството, кој се повеќе го разбирам, е способноста да поттикнеш доверба кај другите, кога ти самиот се чувствуваш несигурен.
Намалување на цените и распродажба не е одржлива бизнис стратегија. Не можеш да скратиш толку трошоци за да зачуваш патот кон просперитетот.
Сонувај повеќе отколку што другите мислат дека е практично. Очекувај повеќе отколку што другите мислат дека е возможно.
Секој бизнис кој денес прифаќа статус-кво како принцип на работа, утре ќе биде мртов.