COVER STORY
БИЗНИС И ПОЛИТИКА
НАЈГОЛЕМИТЕ ОГЛАСУВАЧИ ВО МЕДИУМИТЕ ОСТАНУВААТ ТАЈНА
ЗАЕВ: АКО ФИРМИТЕ РАБОТАТ ДОБРО, ЌЕ ИМА ПАРИ И ЗА ГРАЃАНИТЕ
БАЛКАН БИЗНИС И ФИНАНСИИ
СРБИЈА ЌЕ ИЗВЕЗУВА БЕЗ ЦАРИНИ ВО ЕВРОАЗИСКА УНИЈА
WWW.KAPITAL.MK
СПЕЦИЈАЛНА ЕДИЦИЈА
EXCLUSIVE
МЕРИ ЏО ЏЕЈКОБИ ЏЕФСОН
СВЕТСКИ ЕКСПЕРТ ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ И КРИЗЕН МЕНАЏМЕНТ Разговаравме со жената што ги советувала Роналд Реган и Џорџ Буш постариот, британското кралско семејство, Дејвид Камерон и бројни светски корпорации
НА СИТЕ ПРОДАЖНИ МЕСТА НИЗ МАКЕДОНИЈА
ВО АМЕРИКА ЌЕ ПОБЕДИ ОНОЈ ШТО ГРАЃАНИТЕ ПОМАЛКУ НЕ ГО САКААТ! ПРОФИЛ: ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ КУМАНОВО
КУМАНОВСКИОТ ГИГАНТ ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ ПОВТОРНО Е ПРОФИТАБИЛНА КОМПАНИЈА БРОЈ 884 | ЦЕНА 100 ДЕН. 7 ОКТОМВРИ 2016 | ПЕТОК | ГОДИНА 18
СВЕТСКИТЕ ЕКСПЕРТИ НА MARKETING KINGDOM ВО СКОПЈЕ
3
Капитал број 884 07.10.2016
СОДРЖИНА
18 04 06
PROFILE
Четврти по ред американски претседател ќе си има работа со Путин Трамп: Не го сакам Путин, не го ни мразам
НАВИГАТОР
Македонија назадува во реформите во енергетиката
30 24 30
STORY 08 COVER Најголемите огласувачи во
18
медимите остануваат тајна
ПРОФИЛ
Фабрика за заварени цевки и профили 11 Октомври АД Куманово Кумановскиот гигант ФЗЦ 11 Октомври повторно е профитабилна компанија!
36
INTERVIEW
МЕРИ ЏО ЏЕЈКОБИ
Џефсон, светски експерт за односи со јавност и кризен менаџмент
Несреќата на Deepwater Horizon е најтешкото искуство во мојата кариера
EVENTS
Светските експерти на Marketing Kingdom во Скопје порачаа Успешните брендови даваат повеќе одошто потрошувачите очекуваат!
38 42 44 47
БИЗНИС И ПОЛИТИКА Што им вети СДСМ на граѓаните на конгресот на партијата?! Заев: Ако фирмите работат добро, ќе има пари и за граѓаните
50
КОЛУМНА
ИЛИЈА ДИМОВСКИ
координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание.
Не смее да има одложување на изборите
БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Србија без царина ќе извезува возила, сирење, шеќер и месо во Евроазиската унија
СВЕТ
Путин со ултиматум кон САД да повлечат дел од воените сили во Бугарија и Прибалтикот
ЛИДЕРИ
КЕВИН МИТНИК
хакер и консултант за ИТ безбедност
Јас сè уште сум хакер. Само што сега ме плаќаат за тоа.
МИСТЕРИЈА
ВО “МАРКЕТИНГ КРАЛСТВОТО“
ВЕТУВАЊА
И по новата Анализа на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како јавност остануваме покуси за најинтересната, и од повеќе аспекти најиндикативна информација - за тоа кој најмногу се рекламира на медиумите во Македонија. Неодамна објавената Нацрт- Анализа на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2015 година, е втора по ред (како и онаа за 2014 година) во која се изоставени педесетте најзначајни огласувачи во Македонија. Последен пад ваква информација имаше во Анализата на пазарот за 2013 година, кога Владата како втор огласувач во државата беше позастапена од големите брендови, a партијата ВМРО-ДПМНЕ се пласира на четвртото место.
“Брендот е она што вие сакате да го мислат луѓето, она што сакате да чувствуваат за вашата компанија, или за вас лично. Репутацијата пак, е она што го зборуваат за вас кога не сте присутни, она што веруваат дека сте вие, компанијата или вашиот бренд. Успешните компании и брендови даваат повеќе одошто потрошувачите очекуваат”, беа многу моќни пораки од мноштвото што ги слушнавме на Marketing Kingdom конференцијата што се одржа минатиот петок во Скопје. Присутните, повеќе од 250 на број, навистина имаа прилика да влезат во “кралството на маркетингот“, со оглед на величината и значењето што во светот на современиот маркетинг и односите со јавност го имаа говорниците на настанот.
Премисата со која Заев влезе во набројувањето мерки од програмата е дека мнозинството граѓани на Македонија денес не живеат, туку преживуваат. Мерките ги почна со најава за зголемување на најниската плата прво на 12.000 денари, „а ако мандатот следната влада не го заврши со најниска плата 16.000 денари, тогаш ич нека не се појавува следен пат пред граѓаните“, додаде Заев. Редеше мерки и олеснувања за младите луѓе во земјата, за сопствениците на компании, за вработените и невработените, за земјоделците... На прашањето „од каде пари“ за ваков проект, Заев рече дека средствата ги очекуваат како резултат на тоа што ќе ги помагаат домашните мали и средни фирми да се развиваат и да отвораат нови работни места.
XX Стр. 8
XX Стр. 30
XX Стр. 36
Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 06.10.2016
www.kapital.mk
ЧЕТВРТИ ПО РЕД АМЕРИКАНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЌЕ СИ ИМА РАБОТА СО ПУТИН
ТРАМП:
НЕ ГО САКАМ ПУТИН, НЕ ГО НИ МРАЗАМ Новиот претседател на САД ќе биде четврти кој ќе си има работа со рускиот претседател Владимир Путин и со предизвикот на одвраќање на Кремљ, често поподготвен од Белата куќа да го преземе ризикот и да проектира моќ.
ТРАМП: “МОЖЕ ЌЕ ИМАМЕ ДОБАР ОДНОС, А МО
Капитал број 884 07.10.2016
K
Како што се ближат претседателските избори во САД, закажани за ноември, републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп почнува посилно да докажува дека не е близок со рускиот претседател Путин, што е едно од обвинувањата на Демократите. “Луѓето велат дека Доналд Трамп го сака Путин. Не го сакам, не го мразам, ќе видиме како ќе функционираме”, изјави Трамп. “Може ќе имаме добар однос, а може ќе имаме и ужасен однос. Можеби нашиот однос ќе биде нешто помеѓу”, изјави Трамп, објаснувајќи дека неговиот однос со рускиот лидер ќе зависи од тоа како Москва ќе реагира на силното водство на САД под негово водство. Она што е сигурно е дека Трамп е подготвен да соработува со Путин во борбата против Исламската држаа , и покрај несогласувањата со Русија. Инаку, Трамп неодамна јавно изјави дека смета дека Путин е подобар лидер од американскиот претседател Барак Обама, обвинувајќи го Обама дека е “креатор на Исил”. Неговиот ривал, демократксииот кандидат за претседател Хилари Клинтон ги користи за да го обвини Трамп за преголема блискост со Русија, што е на штета на американските национални интереси во светот. Додека односите со САД и Русија нагло тонат заради пропаднатиот дипломатски договор во Сирија, Трамп порачува: “Јас можам да го кажам само ова: Ако се сложиме со Русија и ако заедно ги истепаме Исис, тоа за мене е во ред”, објаснува Трамп.
Путин ќе го дочека четвртиот по ред американски претседател
Новиот претседател на САД ќе биде четврти кој ќе си има работа со рускиот претседател Владимир Путин и со предизвикот на одвраќање на Кремљ, често поподготвен од Белата куќа да го преземе ризикот и да проектира моќ, наведува Reuters, потсетувајќи дека двете земји се конфронтираат по прашањето на Сирија, на Украина и во сајбер-просторот. Одредени сегашни и поранешни американски официјални лица тврдат дека Белата куќа не успева да ја разбере огорченоста на Путин по падот на Советскиот Сојуз, додека рускиот претседател го фрустрира сознанието дека Западот ја претекнал Русија.
PROFILE
5
Неодамна Трамп го пофали јавно Путин дека е многу подобар лидер од Барак Обама Истите извори предупредуваат дека САД имаат мало влијание на курсот на демократијата во Русија, како и на нејзиното однесување/употреба на сила во однос на конфликтите во Сирија, во Украина или каде и да е каде што таа гледа можност за остварување на своите цели. Резултатот од ваквата ситуација би можело да биде влошување на ситуацијата во Сирија, натамошна нестабилност во Украина и неможност оваа земја (Киев) да се приближи до Европската унија, при опасност од ризици во обласите како контрола на оружјето, односно неширење на нуклеарното оружје. „За Путин и за мнозинството од руското раководство светот е игра со нулта сума еден играч губи во мерката во која другиот играч добива“, објаснува Ендрју Вајс од Карнегиевиот фонд за меѓународен мир. Тој смета дека рускиот претседател тешко ќе ги промени своите ставови пред претседателските избори во Русија во 2018 година, во атмосфера во која домашната судбина на Путин зависи од надворешниот непријател, односно САД. Неименуван американски државен извор вели дека Путин е подготвен на сила да го спроведе она што го наумил, за разлика од Белата куќа, која, заплашена од војните во Ирак и во Авганистан, не е спремна на такво нешто . „Администрацијата никогаш не разбира како ослабениот Путин и многу Руси се чувствуваат поради она што им се случуваше во деведесеттите години, ниту колку се подготвени да го повратат она што го сметаат за место во светот што на Русија со право и припаѓа“, вели овој американски извор. Путин, смета тој, вака ќе постапува сè дури
не наиде на сериозен отпор. Во очите на многу сегашни и поранешни официјални претставници на САД, Сирија е случај во кој ова особено доаѓа до израз, при што, како што тврдат, Белата куќа допрва треба да одлучи што ќе направи следно, но малубројни се тие што очекуваат претседателот Барак Обама да ја промени стратегијата во своите последни месеци на функцијата. Двајца американски претставници велат дека Белата куќа засега не разгледува воведување дополнителни санкции за Русија. Во понеделникот Путин го суспендираше договорот со Вашингтон за отстранување на плутониумот што се користи за нуклеарно оружје, наговестувајќи дека е подготвен да ја употреби темата (нуклеарното оружје) како нова „монета за поткусурување“ во споровите со Америка. Уште едно поле на кое САД ги одмеруваат опциите е скриената војна во сајберпросторот што е веќе во тек со Русија, а би можела да ексалира со влошувањето на односите. Неименувани американски официјални лица наведуваат дека руските разузнавачки служби се вмешале во изборниот процес во САД, додека Кремљ ова го негира, а Вашингтон е сè уште во дилема како да го формулира одговорот. Што се однесува до политиката во стилот на Студената војна, како што е употребата на економски санкции за да се ослаби руската економија, или пак распоредувањето НАТО трупи во балтичките земји и во Полска за Русија да се заплаши, можеби таа со време ќе вроди со плод, но, како што вели неименувано официјално лице од САД, „со Русите нема решенија на брзина“. nnn
ОЖЕ ЌЕ ИМАМЕ И УЖАСЕН ОДНОС
www.kapital.mk
Капитал број 884 07.10.2016
6
НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА
> БРОЈКА
48,8% е учеството на извозот на стоки и услуги во БДП
Офанзивата за ослободување на Мосул од Исламската држава може да донесе нов бран од еден милион бегалци што ќе има големи последици врз Европа
ФИКРИ ИШИК
турски министер за одбрана
ЛУКОИЛ СЛАВИ 25 ГОДИНИ: “
Н
ови бензински станици во Скопје, Куманово, Кавадарци и Гевгелија, како и освојување на пазарен удел до 20% најави генералниот директор на Лукоил Македонија, Андреј Куку, на денешниот прес по повод 25 – годишниот јубилеј на групацијата со седиште во Москва, Русија. “Во моментов имаме 28 бензински станици и еден склад во Македонија и удел на пазарот на нафтени деривати од околу 14-15% . За овие 11 години откако сме во земјава, вработивме 400 луѓе, продадовме
ЕВРОПСКА ЕНЕРГЕТСКА ЗАЕДНИЦА:
МАКЕДОНИЈА НАЗАДУВА РЕФОРМИТЕ ВО ЕНЕРГЕТИ
E
Европската енергетска заедница (ЕЕЗ) во својот најнов извештајот упати остри критики заради тоа шро Македонија не ги исполнува договорените обврски за реформа во енергетскиот пазар. Македонија во овој извештај е во земјите од регионот кои, не само што не ги спроведуваат реформите во енергетскиот сектор, туку и назадуваат што според експертите од заедницата е загрижувачко. Ова е извор на сериозни грижи во Енергетската заедница и, за жал, претставува општ индикатор за недостатокот од споспобност или волја во земјата да ги следи европските правила, се наведува во Извештајот. Главна причина за ваквата состојба се наведува во Извештајот е тоа што земјава не успеа да донесе усогласен закон за енергетика. „Земјата е рекордер во неусогласености со законодавството не само во однос на легислативата за електричната енергија и гасот, туку и за обновливите извори на енергија, каде што земјата е далеку зад
Најголемите критики во Извештајот за Македонија се за нереализираната либерализација на енергетскиот пазар, неусогласени закони со европските стандарди и непостоење на независен регулатор на пазарот. проектираната траекторија за 2020 година“, се вели во Извештајот. Европската енергетка заедница го повтори и ставот дека земјава не ја спроведува очекуваната
либерализација на енергетскиот пазар. „Регулираниот сегмент на пазарот, сепак, е целосно затворен на големопродажно и на малопродажно ниво. Монополот на малопродажниот
www.kapital.mk
Капитал број 884 07.10.2016
7
“КВАЛИТЕТОТ НИ Е ПРИОРИТЕТ!“ 1,125 милиони тони деривати или колку што е двегодишната потрошувачка на овој пазар. Ние немаме амбиции да станеме монополисти на пазарот, туку императив ни е високиот квалитет на горивата што ги нудиме, како и врвната услуга за потрошувачите“, рече Куку. Тој истакна дека Лукоил досега во Македонија инвестирал преку 50 милиони долари во својата продажна мрежа и складот, и дека е меѓу 10те најголеми плаќачи на данок во земјата. Куку ја истакна и грижата за
заедницата, односно дека компанијата од почетокот инвестира значително и во општествено одговорни практики. “Посебно би ја истакнал грижата за нашите вработени, како пример само ќе наведам дека од годинава воведовме дополнително доброволно приватно здравствено осигурување, а платите не ги намаливме ни во време на криза за нафтената индустрија. На нашите бензински станици просечната плата е околу 31.000 денари“, истакна Куку.
мисла на неделата Орлите летаат високо, ама глувците нема никогаш да се заглават во авионски мотор Стивен Рајт американски актер и продуцент
лидери
А ВО ИКАТА
пазар се одразува кај обврските на јавните услуги на ЕВН и ЕЛЕМ, односно во снабдувањето на крајните корисници“, оценува ЕЕЗ Во тој однос изразува и загриженост од работата и реформите на Регулаторната комисија каде што не се постигнати посакуваните ефекти за нејзина независност. „Регулаторот не изразува отпор, па дури ниту грижа за одложувањето на отворање на пазарот на електрична енергија до 2020. Од друга страна, во однос на правилата воспоставени од Регулаторот
ИЛОН МАСК
во однос на сегментот од пазарот којшто е веќе либерализиран, покажуваат дека членовите имаат експертиза и посветеност за помудро носење одлуки, стои во Извештајот. Македонија според ЕЕЗ не ги испорачува резултатите и покрај финансиската помош добиена преку ИПА фондовите. Во однос на гасот, енергетската заедница порачува воспоставување на целосно независен и функционионален дистрибуциски оператор. „Воспоставување на целосно независен и функционионален дистрибуциски оператор, ГАМА, е приоритет. Дефинирање на соодветен модел за расчленување на ГАМА, може да помогне да се реши ќорсокакот. Другиот потенцијален оператор, МЕР, ќе треба да се утврди во согласност со правилата за поделбата на сопственоста“, се наведува во оценката. Како последица на одложување на реформите, домаќинствата се принудени да останат во заробеништво до 2020 година, стои во Извештојот на Европската енергетска заедница. Најголемите критики во Извештајот за Македонија се за докрај нереализираната либерализација на енергетскиот пазар, неусогласени закони со европските стандарди и непостоење на независен регулатор на пазарот. Еспертската јавност, пак, смета дека извештајот само го отсликува она што го имаме во земјава во однос на реформите во енергетскиот сектор. И во ланскиот октомвриски извештај ЕЕЗ предупреди дека Mакедонија може да биде единствената земја без либерализиран енергетски пазар во регионот.
Tesla Motors има рекордна продажба во третиот квартал: 24.500 возила или 70% повеќе од претходното тромесечие
ДУШАН ДРАКАЛСКИ
креативецот од Македонија влезе во Куќата на славните на престижниот адвертајзинг фестивал Golden Drum
не им беше неделата
АЛЕКСИС ЦИПРАС
Сириза го допре дното на непопуларноста - Нова Демократија има предност од 12,5% на последните анкети
ВИКТОР ОРБАН
максимално агитираше, а немаше излезност на неговиот референдум против мигрантските квоти на ЕУ
Капитал број 884 07.10.2016
www.kapital.mk
STORY 8 COVERSTORY: COVER
НАЈГОЛЕМИТЕ ОГЛАСУВАЧИ ВО МЕДИУМИТЕ ОСТАНУВААТ ТАЈНА Кој најмногу се рекламира во Македонија не успеавме да дознаеме ниту по новата Анализа на радиодифузниот пазар што неодамна ја објави Агенцијата за медиуми, но знаеме дека од продажба на времето за рекламирање радиодифузерите вкупно оствариле приходи од 27,5 милиони евра, од кои кај „првакот“, ТВ Сител, се слеале 8,6 милиони евра
www.kapital.mk
Капитал број 884 07.10.2016
9
www.kapital.mk
Капитал број 884 07.10.2016
10
COVER STORY
ВКУПНИ ПРИХОДИ НА ПЕТТЕ ТЕРЕСТРИЈАЛНИ ТЕЛЕВ ШТО ЕМИТУВААТ НА ДРЖАВНО НИВО - 2015 Г. (ВО МИЛИОНИ ЕВРА)
СИТЕЛ КАНАЛ 5 АЛФА АЛСАТ-М ТЕЛМА
8,8 4,7 3,2 2,7 1,6 Извор АВМУ
И пишува:
Максим Ристески
maksim.risteski@kapital.mk
И по новата Анализа на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како јавност остануваме покуси за најинтересната, и од повеќе аспекти најиндикативна информација - за тоа кој најмногу се рекламира на медиумите во Македонија. Неодамна објавената Нацрт- Анализа на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2015 година, е втора по ред (како и онаа за 2014 година) во која се изоставени педесетте најзначајни огласувачи во Македонија. Последен пад ваква информација имаше во Анализата на пазарот за 2013 година, кога Владата како втор огласувач во државата беше
позастапена од компании како Coca Cola, Скопска пивара, T-Home и T-Mobile..., a партијата ВМРО-ДПМНЕ се пласира на четвртото место меѓу најзначајните купувачи на рекламен простор на телевизиите. Владата и ВМРО-ДПМНЕ во 2013 година имаа заедничко учество од 7,8% од вкупниот број на реклами. Од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги отсуството на податоците за огласувачите во НацртАнализата за 2015 година (Агенцијата, поранешниот Совет за радиодифузија, ваквите анализи за измината година ги објавува на крајот од летото на тековната година) и овојпат го објаснуваат со тоа што сè уште не биле допрецизирани одредени детали од договорот меѓу Комитетот (на почетокот на јануари 2015 година, беше формиран Македонски комитет за мерење на публиката, чии членови се ТВ Алсат-М, ТВ Алфа, ТВ Канал 5, ТВ Телма, ТВ Сител, Македонската радиотелевизија, Македонската асоцијација на агенции за маркетинг и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги) и
агенцијата АГБ Нилсен, пред негово конечно склучување. А и во Анализата за 2014 година се велеше дека „веќе се во тек активности во насока на обезбедување податоци што ќе овозможат да се добие реална слика за состојбите во рекламната индустрија во земјата, како и за големината на рекламниот колач“. И во новата Нацрт-Анализа (за 2015 година) се наведува дека „при длабински интервјуа“, претставници на маркетинг агенциите и на индустријата, на Агенцијата и укажале дека е потребно да се ревидира начинот на кој се пресметуваат податоците за огласувачите во телевизиската индустрија, поради тоа што оние што се на располагање се „неразумно далеку од реалниот износ“. „На пример, во 2013 година, според агенцијата Аналитика од Скопје, бруто вредноста на емитуваните рекламни спотови изнесувала 318,07 милиони евра, а според претставниците на индустријата, ова вредност не надминува четириесетина милиони“, се вели во Нацрт-Анализата за 2015.
АВМУ: 50,4 МИЛ. ЕВРА ВКУПНИ ПРИХОДИ НА РАДИОДИФУЗЕРИТЕ ВО 2015
www.kapital.mk
ВИЗИИ
Капитал број 884 07.10.2016
11
www.kapital.mk
Капитал број 884 07.10.2016
12
COVER STORY 2% 7%
12% 43%
УДЕЛИ ВО ПРИХОДИТЕ ОД РЕКЛАМИРАЊЕ - 2015
Извор АВМУ
15% 21%
Од Агенцијата, популарно наречена „за медиуми“, очекуваат по склучувањето на договорот, кога АГБ Нилсен ќе започне да работи согласно методологијата прифатена од страна на индустријата, овие недостатоци да бидат отстранети и веќе наредната година да има релевантни податоци што ќе може да се искористат при изработката на анализата за 2016 година.
ТВ Сител најгледана и најпривлечна за буџетите за рекламирање
Во Нацрт-Анализата за 2015 година стои дека вкупните приходи што сите радиодифузери ги оствариле по различни основи изнесувале 3.102,26 милиони денари (50,4 милиони евра). 52,94% од овие средства се приходите на комерцијалните телевизии, 41,40% на јавниот радиодифузен сервис, а 5,67% приходите на комерцијалните радиостаници. Од продажба на времето за рекламирање радиодифузерите вкупно оствариле приходи од 1.691,40 милиони денари (27,5 милиони евра).
79,03% од приходите за огласување на телевизија, биле приходите на петте телевизии на државно ниво преку терестријален предавател (ТВ Сител, ТВ Канал 5, ТВ Алфа, ТВ Алсат-М, и ТВ Телма). 94,53% од вкупните приходи на овие пет телевизии биле остварени од продажба на времето за рекламирање, 0,50% од спонзорства, а останатите 5,97% од „останати приходи“, приходи од други дејности и вонредни приходи Од емитување рекламни спотови овие пет телевизии оствариле вкупно 1.226,86 милиони денари (19,9 милиони евра), што е за 76,34 милиони денари (1,2 милиони евра) повеќе отколку во 2014. ТВ Сител успеала да привлече 43% од буџетите за рекалмирање на овој сегмент од телевизискиот пазар (533,5 милиони денари или 8,6 милиони евра), ТВ Канал 5 остварила 21% (267,10 милиони денари или 4,3 милиони евра), а ТВ Алфа 15% (188,19 милиони денари или 3 милиони евра). ТВ Алсат остварила 145,22 милиони денари (2,36 милиони евра), што
претставува 12% од вкупните приходи од рекламирање на овие шест субјекти (петте плус МТВ - предвид се земаат и приходите што по овој основ ги остварила Македонската телевизија, со оглед на тоа што во овој дел од работењето, таа се јавува како субјект на пазарот). Учеството на приходите што од рекламирање ги остварила ТВ Телма (92,85 милиони денари или 1,5 милиони евра), изнесува 7%, а на Македонската телевизија 2%, односнио 25,56 милиони денари (415 илјади евра). Во споредба со претходната (2014 година), приходите на овие пет телевизии се зголемиле за 5,15% и изнесувале 1.297,85 милиони денари (21,1 милиони евра). Сите пет телевизии успеале да остварат повисоки приходи отколку во претходната година, и тоа ТВ Алфа за 21,14%, ТВ Алсат-М за 1,1%, ТВ Канал 5 за 5,42%, ТВ Сител за 0,65% а ТВ Телма за 9,54%. Највисоки приходи имала ТВ Сител – 541,80 милиони денари (8,8 милиони евра), односно 41,75% од
www.kapital.mk
Капитал број 884 07.10.2016
14
COVER STORY
вкупните приходи на овој сегмент од телевизискиот пазар. Вкупните приходи на ТВ Канал 5 износувале 291,86 милиони денари (4,7 милиони евра; 22,49%), на ТВ Алфа 197,11 милиони денари (3,2 милиони евра; 15,19%), на ТВ Алсат-М 166,06 милиони денари (2,7 милиони евра; 12,79%), на ТВ Телма 101,02 милиони денари (1,64 милиони евра; 7,78% ). Најгледана телевизија според истражувањето за потребите на Нацрт-Анализата за 2015 година, е ТВ Сител. Овој медиум има најголем неделен досег од 49,40%, следен од ТВ Канал 5 со досег од 44,40%. Трети се, со речиси подеднаква неделна гледаност, ТВ Телма (19,78%) и МТВ1 (Прва) (19,75%). Следат ТВ Алфа со 18,78% и ТВ Алсат-М со 16,95%. Од странските канали наголем просечен неделен досег имал Discovery (11,98%), следен од Sport Klub (10,35%) Sport Klub бил прв во првото тримесечие од 2015, а во другите месеци отстапил пред Discovery. По овие два странски канали најгледани се Eurosport, Fox Live, Fox, Animal Planet, National Geographic, Arena (спорт) ... Во Нацрт-Анализата за 2015 година стои и дека телевизијата сè уште е главен медиумски извор за информирање на граѓаните на Македонија - скоро 75% од нив за домашни и странски настани се информирале
НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ
#1
ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ
ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!
02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk
гледајќи во „малите екрани“. На второто место е интернетот со 48,1%, а трет избор на граѓаните се печатените медиуми со 12,1%. Граѓаните на Македонија најмногу гледаат вести и информативна програма на телевизија, 46,5%, а зад нив по гледаност се играните серии со 12,5%, спортските содржини, 9,8%, и забавните емисии, 5,2%. Иако сериите се втора најгледана програмска содржина, дури 67,3% од испитаниците сметаат дека се премногу застапени во понудата на домашните телевизии. Она што граѓаните сметаат дека недостасува во програмската понуда на телевизиите е културна и образовна програма, програми за деца, документарни емисии и играни филмови.
МРТ со рекордна наплата на радиодифузната такса, од 10,4 милиони евра
Вкупните приходи на Македонската радиотелевизија во 2015 година изнесувале 1.284,19 милиони денари (20,8 милиони евра). Најголемо учество во структурата на приходите има радиодифузната такса (65,76%). Само 1,99% од вкупните приходи биле (погоре споменатите) од рекламирање. Во 2015 година е забележана досега највисока наплата на радиодифузната такса, односно биле наплатени 75,82% од фактурираниот износ (во 2014 година биле наплатени 68,14%, во 2013 година 51,75%, во 2012 година 36,71%, а во 2011 година 51,77%). Приходите што по овој основ ги остварил јавниот сервис изнесувале 844,52 милиони денари (13,7 милиони евра), од коишто биле наплатени 640,30 милиони денари (10,4 милиони евра). Значајно учество во структурата на вкупните приходи имаат средствата што на сметката на јавниот радиодифузен сервис ги префрлила Владата, за финансиска поддршка (240,00 милиони денари или скоро 4 милиони евра) и за реализација на процесот на дигитализација на радио и телевизиската програма (122,50 милиони денари или скоро 2 милиони евра). Вкупните лански трошоци на јавниот сервис изнесувале 1.223,87 милиони денари (19,9 милиони евра), и на крајот на годинава МРТ имала позитивен финансиски резултат во висина од 51,7 милиони денари (840.000 евра). Просечниот број на вработени во МРТ во 2015 година бил 901 лице, што претставува зголемување за 49 во споредба со претходната година кога просечниот број на вработени изнесувал 852 лица. За вработените јавниот сервис лани потрошил 402,59 милиони денари (6,5 милиони евра), од кои 97,73% отишле на плати. Во 2015 година МРТ потрошила 225,86 милиони денари (3,67 милиони евра) за откуп на права за емитување телевизиски содржини, од кои повеќе од половината (53%) за реализација на копродукциски проекти (Време е за бебе, Во светот на технологијата, Светот на сообраќајот, Опуштено, Стилисимо, Бекстејџ ...), како и за реализација на повеќе македонски документарни филмови и други продукциски услуги. Значајно помала сума јавниот сервис (47,37 милиони денари или 770 илјади евра) потрошил за откуп на правата за пренос на спортски настани како Формула 1, кошаркарската АБА Лига, Европската лига во фудбал, Лигата на шампиони во фудбал, Светското првенство во ракомет – Катар, СЕХА лигата во ракомет ... nnn
www.kapital.mk
Капитал број 884 07.10.2016
16
Н
Најновата специјална едиција ТОП 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, која Капитал Медиа Гроуп ја издава веќе осма година по ред, а која излегува на 7 октомври, донесува многу интересни трендови и движења во македонската економија. Во годинешната едиција ги анализираме најголемите 200 компании според вкупните приходи и најголемите 200 компании според остварениот нето финансиски резултат остварен во изминатата 2015 година. Овие 200 најголеми компании кои годинава се најдоа на рангирањето се фирмите кои ја движат економија и кои го претставуваат лицето на македонската економија. Иако се малку на број, односно претставуваат само 0,8% од вкупниот број на активни број, кај нив се сконцентрирани големите пари и големите бизниси. Ова се компаниите кои прават најголеми обрти, компаниите кои најмногу инвестираат, компаниите кои се најголеми работодавачи и најголеми извозници, компаниите кои се најликвидни, кои имаат најмногу зделки со државата и кои обезбедуваат и многу други бизниси на илјадници други помали фирми. Годинешното рангирање покажува дека 200-те најголеми компании во Македонија годишно имаат вкупен
СПЕЦИЈАЛНА ЕДИЦИЈА
ТОП 200
НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ ВО МАКЕДОНИЈА обрт од околу 8,7 милијарди евра, што е речиси колку целиот БДП, односно вредноста на се она што се произведува во Македонија за една година, а кој изнесува околу 9 милијарди евра. Приходите на 200-те најголеми компании лани имаат просечен раст од 8,07%. Но, тоа е само просек. Бидејќи на листата на 200 најголеми има и такви кои имаат раст на приходите од Гледано по индустрии на листата на 200 најголеми компании преовладуваат трговски и дистрибутивни фирми, градежни фирми, фирми кои работат во индустријата за автомобилски делови, трговци со нафтени деривати и со електрична енергија и фирми од металопреработувачката индустрија. Првите 10 најголеми компании лани направиле вкупен обрт од 3,17 милијарди евра, што е 36% од обртот на сите 200 најголеми македонски компании. Во првата десетка ЕЛЕМ е единствената државна компанија, а Макпетрол и Алкалоид се единствени приватни домашни компании. Останатите седум најголеми компании се во сопственост на
странци. Најголема фирма во Македонија според остварените приходи и годинава е Џонсон Мети со вкупни приходи од 1,2 милијарди евра. Обртот на британскиот производител на катализатори со фабрика во зоната Бунарџик годинава ја надмина границата од една милијарда евра, благодарение на растот на приходите од 28,3% минатата година. Џонсон Мети истовремено е и најпрофитабилна фирма во земјава со профит од 91,4 милиони, што е раст од 63% за само една година.
Рекорден раст на профитите на најпрофитабилните
Најпрофитабилните 200 компании во Македонија во изминатата 2015 година работеле со вкупен профит од 613 милиони евра, кој за една година е зголемен дури за 92,85%. Ова е еден од највисокиот просечен годишен раст на профитабилноста. Колку за споредба во ланската едиција вкупниот профит на 200-те најголеми изнесуваше 497 милиони евра, а тој за една година беше
ТОП 10 НАЈПРОФИТАБИЛНИ КОМПАНИИ ВО МАКЕДОНИЈА Нето Ранг 2016 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
Компанија
Дејност
ЏОНСОН МЕТИ Индустрија за автомобилски делови САСА Рудник КАМЕНИМОСТ КОМУНИКАЦИИ Консултантски услуги ЕВН Енергетика МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ Телекомуникации ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ Индустрија за градежни материјали БУЧИМ Рудник ПИВАРА СКОПЈЕ Индустрија за пијалоци СТРОЈТРАНСГАЗ Русија (Подружница Скопје) Градежна индустрија МЕПСО Енергетика
финансиски
Годишна
резултат 2015 (евра)
промена (%)
91.429.138 37.569.467 32.400.318 28.484.428 23.978.587 20.545.340 16.641.162 12.780.592 12.537.782 11.466.357
63,02% -13,71% / 425,60% -34,83% -13,31% 54,46% 6,61% / 40,63%
ТОП 10 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ Ранг
Вкупни приходи
Годишна
www.kapital.mk
Капитал број 884 07.10.2016
17 поголем за скромни 2,53%. Тоа само покажува дека профитабилноста кај најпрофитабилните бизниси значително е зголемена. Инаку, според податоците на Народната банка лани дури 37% од фирмите во Македонија работеле со загуба. Најголемиот дел од нив се мали и микро фирми. Додека, кај големите фирми, какви што во Македонија ги има 415, се прави повеќе од половина од профитот на целата македонска економија. На листата 200 најпрофитабилни компании годинава се најдоа многу од големите бизниси, но и многу мали фирми, кои успеале да направат големи профити. На чело на листата Најновата специјална едиција ТОП 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, која Капитал Медиа Гроуп ја издава веќе осма година по ред, излегува на 7 октомври и може да се најде на сите продажни места низ Македонија.
работела со профитна маржа од 5,91%, односно со маржа од 4,71% во 2013%. На Џонсон Мети, како и другите фабрики во слободните зони кои добиваат големи субвенции и државна помош, профитабилноста им расте со големи стапки секоја година, благодарение на ниските трошоци во работењето. Најпрофитабилните 10 компании лани имале вкупен профит од 287 милиони евра, што е близу половина од вкупниот профит кој го прават 200-те најпрофитабилни компании во земјата. Во годинешното рангирање само 11 компании имаат профит поголем од 10 милиони евра, додека на ланското
Едицијата “ТОП 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈСУПЕШНИ” можете да ја купите на продажните места на Македонија или директно да ја нарачате во Нето Капитал Mедиа Гроуп на телефон: финансиски Годишна 02 3 280 910 и 02 3298 505 резултат 2015 (евра) промена (%) Дејност или на pretplata@kapital.com.mk
ТОП 10 НАЈПРОФИТАБИЛНИ КОМПАНИИ ВО МАКЕДОНИЈА Ранг 2016 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
Компанија
ЏОНСОН МЕТИ Индустрија за автомобилски делови САСА Рудник најпрофитабилни компании и КАМЕНИМОСТ КОМУНИКАЦИИ Консултантски услуги годинава, веќе втора година по ред се наоѓа Џонсон Мети, со ЕВН Енергетика вкупен профит од 91,2 милиони МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ Телекомуникации евра. Профитот на Џонсон Мети за само година е ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ Индустрија за една градежни материјали зголемен за 63,02%, а неговата БУЧИМ Рудник маржа била 7,61%, профитна што е зголемување на неговата ПИВАРА СКОПЈЕ Индустрија за пијалоци профитабилност во однос на година кога компанијата СТРОЈТРАНСГАЗ Русија (Подружница Скопје)2014 Градежна индустрија МЕПСО Енергетика
91.429.138 63,02% 37.569.467 -13,71% рангирање имаше само 9 32.400.318 / компании со профити поголеми од 1028.484.428 милиони евра што е 425,60% показател дека профитите на 23.978.587 растат. -34,83% најпрофитабилните Но, е показател на тоа колку се 20.545.340 -13,31% мали македонските компании, ако 16.641.162 се споредат на пример 54,46% со профитите кои ги прават 12.780.592 компании 6,61% најпрофитабилните во земјите од регионот. 12.537.782 / 11.466.357 40,63%
ТОП 10 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ Ранг 2016 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
Компанија
ЏОНСОН МЕТИ Скопје ЕВН Македонија ОКТА МАКПЕТРОЛ ЕЛЕМ ФЕНИ ИНДУСТРИ МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АЛКАЛОИД АРЦЕЛОРМИТТАЛ СКОПЈЕ (ЦРМ) ОНЕ.ВИП
Дејност Индустрија за автомобилски делови Енергетика Нафтена индустрија Нафтена индустрија Енергетика Металопреработувачка индустрија Телекомуникации Фармацевтска индустрија Металопреработувачка индустрија Телекомуникации
Вкупни приходи
Годишна
2015 (евра)
промена (%)
1.201.623.493 410.306.546 329.442.377 301.843.152 261.388.726 192.159.772 174.776.404 103.232.891 98.928.996 96.674.038
28,33% 3,95% -8,44% -9,52% 8,49% -55,46% 31,44% 6,99% 22,38% /
Капитал број 884 07.10.2016
18
www.kapital.mk
ПРОФИЛ
ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ КУМАНОВО ФАБРИКА ЗА ЗАВАРЕНИ ЦЕВКИ И ПРОФИЛИ
КУМАНОВСКИОТ ГИГАНТ ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ ПОВТОРНО Е ПРОФИТАБИЛНА КОМПАНИЈА! По неколкугодишна пауза во производството, цевки и профили како краен производ повторно почнаа да излегуваат од машините во кумановската фабрика ФЗЦ 11 Октомври. Од фабрика загубар доведена пред пропаст, денес кумановската компанија за заварени цевки и профили, ФЗЦ 11 Октомври прави профит.
www.kapital.mk
Капитал број 884 07.10.2016
19
www.kapital.mk
Капитал број 884 07.10.2016
20
ПРОФИЛ
П
По неколкугодишна пауза во производството, цевки и профили како краен производ повторно почнаа да излегуваат од машините во кумановската фабрика ФЗЦ 11 Октомври. Од фабрика загубар доведена пред пропаст, денес кумановската компанија за заварени цевки и профили, ФЗЦ 11 Октомври прави профит. Новата ера во работењето на оваа фабрика почнува пред 15-на месеци откако локалната компанија Квалитет - Пром го купи мнозинскиот пакет акции од 50,6% од Експорт Импорт банка која што е во стечај и со тоа спречи несреќен крај на оваа приказна. Сопственикот на Квалитет – Пром, фирма која што со докупување на уште 10% од акциите од повеќе мали акционери денес поседува околу 60% од фабриката ФЗЦ 11 Октомври, Тони Каранфиловски, раскажува дека инвестицијата во оваа фабрика која
што постои од 1952 година, а најстарата машина за производство е дури од 1903 година, за него била голем предизвик, иако бил свесен дека истовремено е и голем ризик што може да ги загрози и неговите други успешни бизниси кои што ги води од 1991 година. „Уште како дете, а и потоа како бизнисмен почетник, фабриката ФЗЦ 11 Октомври сум ја доживувал како „планина“ во бизнисот – таа важеше за гигант кој што произведува многу и извезува многу. Од таков гигант, дојде време кога почнавме да слушаме гласини дека фабриката е пред банкрот, дека ќе се затвора и дека сите вработени ќе останат на улица. Пред речиси две години дознавме дека Експорт Импорт банка во стечај планира да го продаде својот удел од 50,6% од акциите во ФЗЦ 11 Октомври и тогаш всушност почнавме да се интересираме во каква ситуација е фабриката. Одлуката да купиме дел од акциите на ФЗЦ 11 Октомври повеќе е последица на некој локал патриотизам, односно обид да се врати во живот оваа бизнис величина каква што ја паметиме од деца“, вели Каранфиловски.
Првите разочарувања
Првиот меѓународен јавен повик за продажба на акциите на Експорт Импорт банка во стечај се објави за декември 2014 година, на која што се понуди пакетот од 234.158 акции со право на глас по цена
од 51 евро по акција, меѓутоа, овој обид за продажба пропадна бидејќи ниту една од трите пријавени компании меѓу кои и кумановската Квалитет – Пром, не ја прифатија понудената цена. „Нашата понуда беше 500 денари по акција, што беше далеку од нивната понудена цена од над 3.000 денари по акција. Затоа не се одржа ни наддавање. По 2-3 месеци Одборот на доверители на Експорт Импорт банка земајќи го фактот во предвид дека времето не работи во нивна корист, и дека може да се доведат во ризик да на следното наддавање не ја добијат ни понудената цена од претходниот јавен повик, бидејќи фабриката од ден во ден тонеше и заканата за стечај стануваше се по извесна, носи одлука највисоката понудена цена на претходниот јавен повик да биде почетна цена на следниот повик, така што почетната цена сега беше 500 денари за една акција. За цело време директорите на ФЗЦ алармирале што побрзо да се продаде уделот на Експорт Импорт банка за да може приватен инвеститор да се обиде да ја заживее фабриката, со тоа да ги задржи вработените на своите работни места и да го спаси имотот на фабриката од негово разнебитување. Фабриката беше доведена пред пропаст со 9 неисплатени плати на вработените, без никакви нарачки за производство, обврски
КАРАНФИЛОВСКИ: ПРЕТСТОЈНАТА ГАСИФИКАЦИЈА ЌЕ ДО
www.kapital.mk
Капитал број 884 07.10.2016
21
према банка и вработени од 8 милиони евра, и без никаков обртен капитал“, вели Каранфиловски. Тој открива дека еден од условите на меѓународниот оглас бил и банкарска гаранција од еден милион евра што всушност и претставувало гаранција за сериозност на заинтересираните компании. „На вториот оглас се пријавија истите три фирми како и од првиот оглас, од кои едната не се појави (претпоставуваме заради банкарската гаранција), а другата се појави, но немаше доставено банкарска гаранција. Со тоа останавме да се наддаваме сами со себе. По малку и од возбуда, наместо за првично понудената цена од 500 денари, понудивме 550 денари по акција, и со тоа го откупивме мнозинскиот пакет акции“, вели Каранфиловски признавајќи дека од тој ден се појавил и скептицизам за преземањето на новата одговорност. „Зборовите на еден од луѓето од Одборот на доверители на Експорт Импорт банка кој што ми честиташе прашувајќи ме дали знам што ме чека, ме уплашија. Колку и да бев свесен дека фабриката е доведена во лоша состојба, набрзо откако ги купивме акциите и после првите неколку посети овде, сфатив дека е многу полошо одошто и мислевме. Имаше голем скептицизам и набој на негативна енергија во фабриката што не дозволуваше да се поминат повеќе од неколку часа на работа“,
вели Каранфиловски. Како што и претпоставуваме, не одеше воопшто лесно и уште на почетокот не следеа проблеми кои што дури не тераа да се преиспитуваме дали постапивме правилно и дали оваа инвестиција може да ја загрози и нашата компанија КвалитетПром. „Почнавме да размислуваме за набавка на материјали и пронаоѓање на пазари за пласман. Ја најдовме листата на купувачи со кои и претходно соработувала фабриката, следеа низа состаноци со дел од нив се додека не ја добивме првата нарачка од една италијанска компанија, која што набавувала од ФЗЦ 11 Октомври до 2008 година. Со тоа производството на цевки и профили повторно почна во оваа фабрика пред точно една година. Меѓутоа, и покрај тензичните први денови, и сите премислувања до точка во која помислувал да ризикува неколку милиони евра и да се откаже, инвеститорот Каранфиловски вели дека морал да го избере новото раководство и да се фокусира на рестартирање на производството во фабриката, затоа во септември лани на Собранието на акционери фабриката доби нов Борд на директори. Финансиската слика што не затекна беа огромни побарувања од фирми во стечај кои што никогаш нема да може да се наплатат, а во исто време како што спомнавме погоре
обврски на фабриката од 8 милиони евра. Сите ненаплатливи побарувања мораа да се отпишат од билансите на компанијата за да добиеме реална финансиска слика на ФЗЦ 11 Октомври“, вели тој. Меѓутоа, за да се рестартира производството во овој гигант во металургијата, потребни биле многу повеќе пари од првичната инвестиција. Каранфиловски објаснува дека разочарувањата продолжиле и по многуте состаноци со речиси сите банкари во земјава кои одбиле да ја финансираат фабриката. „Кога станав инвеститор во фабриката, по малку и наивно, мислев дека ќе имам целосна поддршка од банките и дека тие сигурно ќе застанат зад нашата идеја и визија да ја рестартираме фабриката. Меѓутоа, преговаравме со речиси 80% од банкарите во Македонија и сите се воздржуваа да ја финансираат фабриката имајќи ги предвид лошите финансиски резултати на компанијата со огромната акумулирана загуба, и фактот што дури и земјиштето на кое што е изградена се уште не е приватизирано со што практично сме купиле само стари објекти со стари машини, стари производни линии, и називот на компанијата.“, вели Каранфиловски, но и покрај тоа што најголем дел од нив биле скептични, тој признава, сепак има и во Македонија храбри банкари кои и покрај лошите финансиски резултати, знаат да
ОНЕСЕ ЗГОЛЕМЕН ОБЕМ НА РАБОТА ЗА ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ
www.kapital.mk
Капитал број 884 07.10.2016
22
ПРОФИЛ
препознаат добра идеја и добар бизнис план и одлучија да не финансираат.
На ѕидовите слики од Тито
Во фабриката ФЗЦ 11 Октомври денес работат вкупно 635 луѓе, а просечната возраст е 57 години. Најголем дел од нив со работни навики од социјализмот на кој, како што вели новиот инвеститор Каранфиловски, останале да потсетуваат и сликите на Тито во речиси секоја канцеларија. „Кога дојдовме, во канцелариите на фабриката на ѕидовите се уште стоеја закачени сликите на Тито. Со симнувањето на сликата на Тито во канцеларијата на Генералниот Директор, се пошегувавме дека заврши ерата на социјализмот во оваа фабрика и дека почнува капитализмот“, вели Каранфиловски. Финансиските резултати годинава покажаа дека фабриката почнува добро да работи. „По малку изненадувачки, после првиот квартал веќе прикажавме добивка од 36 милиони денари, а до првата половина од годината профитот веќе достигна 132 милиони денари. Повеќе од 95% од производството е наменето за извоз. Имаме извоз во Германија, Италија, Франција, Шпанија, Англија, Чешка, Романија, Холандија, Белгија и секако во земјите на Балканот. Ако денеска ги анализираме билансите, фабриката на ФЗЦ 11 Октомври е во акумулирана загуба од 2,2 милијарди денари. Тоа значи дека работењето во минатиот период било непрофитабилно. Бројките
покажуваат дека нашето работење за само една година е профитабилно и генерира добивка. А машините и луѓето се исти“, објаснува Каранфиловски и додава дека тоа му дава основа да биде уште поголем оптимист за иднината на фабриката. „Од самиот старт фокусирани сме на развојот на фабриката во делот на модернизација и иновација. Правиме планови како да го модернизираме процесот на производство што е примарно и најнеопходно, да купиме иновативна опрема и машини, меѓутоа треба да се има предвид дека станува збор за премногу скапа опрема која што чини повеќе милиони евра. За една таква инвестиција потребно е многу пари така што постепено ќе ја модернизираме фабриката со нови машини. Во втората половина од 2017 година, се надевам дека ќе имаме и посериозна инвестиција во модернизација на фабрикава. Во контекс на модернизација на фабрикава исто така посветуваме големо внимание на човечките ресурси како најбитен фактор за квалитетно производство и во таа насока планираме нови вработувања на млади талентирани луѓе, кои во еден период ќе треба да се преклопат со постарите кадри за да се стеканат со потребното искуство и знаење. Проектираното производство на фабрикава од денешна перспектива е невозможно во реалноста, така што инвестициите во модернизирање се неопходни“, вели Каранфиловски.
Гасификацијата – сигнал за подобри денови за ФЗЦ 11 Октомври
Претстојната гасификација на земјата може да донесе значително зголемен обем на работа на фабриката ФЗЦ 11 Октомври, вели Каранфиловски. „Зголемувањето на побарувачката на домашниот пазар секако е добар сигнал за зголемување на нашето производство. Ова се најкрупни проекти во областа на гасификацијата до сега. Производството на цевки за изградба на 204 километри магистрална гасоводна мрежа, очекуваме значително да ги подобри финансиските резултати во втората половина од оваа година. Со тоа и учеството на продажбата на домашниот пазар ќе биде поголемо во однос на вкупната продажба. Проценките се дека до крајот на годинава ќе произведеме 12 илјади тони цевки за потребите на домашниот пазар што значи дека една четвртина од планираното производство за 2016 ќе остане во Македонија. На среден рок, очекуваме производството на фабриката да достигне до 100 илјади тони“, вели Каранфиловски. Тој вели дека сепак извозот е примарниот фокус на ФЗЦ 11 Октомври. „Во следниот период ќе бидеме уште поприсутни и на саеми и на пазарите во Западна Европа генерално. Ќе работиме да освоиме и нови пазари, особено на Блискиот Исток каде што има простор да се продаваат нашите производи“, вели Каранфиловски. Вкупната инвестиција на компанијата Квалитет – Пром во ФЗЦ 11 Октомври досега се проценува на 20 милиони евра. nnn
ШТО ДОБИВАТЕ СО ОН-ЛАЈН ПРЕТПЛАТА НА КАПИТАЛ: претплата на 1. Со електронското издание на Капитал
заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание
за најава од 2.Можност три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон
до електронското 3. Пристап издание од било каде во Светот
ШТО ДОБИВАТЕ СО ПРЕТПЛАТА НА ПЕЧАТЕНОТО ИЗДАНИЕ НА КАПИТАЛ: l 49 броја на редовното издание на Капитал l 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал l Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа l Платена поштарина l Вклучено ддв l Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози
Капитал број 884 07.10.2016
24 EXCLUSIVE EXCLUSIVE
МЕРИ ЏО ЏЕЈКОБИ – ЏЕФСОН СВЕТСКИ ЕКСПЕРТ ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ И КРИЗЕН МЕНАЏМЕНТ
ВО АМЕРИКА ЌЕ ПОБЕДИ ОНОЈ ШТО ГРАЃАНИТЕ ПОМАЛКУ ГО НЕЈЌАТ!
www.kapital.mk
www.kapital.mk
Капитал број 884 07.10.2016
25 Разговаравме со жената што ги советувала Роналд Реган и Џорџ Буш постариот, британското кралско семејство, Дејвид Камерон и бројни светски корпорации. Таа е личноста која што управуваше со кризата во BP America, по пролевањето нафта во Мексиканскиот Залив, назначена од претседателот Обама лично.
разговарал:
Н Игор Петровски
igor.petrovski@kapital.mk
На 30 септември годинава во САД, светска кино премиера имаше филмот “Deepwater Horizon“, холивудски екранизираната сторија за несреќата што се случи пред шест години, кога експлозија на нафтената платформа на BP America во Мексиканскиот залив предизвика загуба на 11 човечки животи и еколошка катастрофа од невидени размери. Истиот ден, на 30 септември, но неколку илјади километри понаисток, во Скопје, се одржа конференцијата Marketing Kingdom, каде што најголема ѕвезда беше никој друг, туку Мери Џо Џејкоби – Џефсон, жената која што беше назначена лично од претседателот Барак Обама да менаџира со кризната ситуација по несреќата на Deepwater Horizon. Оваа неверојатна коинциденција ја овозможи организаторот на настанот, P World, чиј што основач и директор Коста Петров, е близок соработник со Мери Џо Џејкоби и нејзиниот сопруг Патрик Џефсон, кој и
ЛИЧНАКАРТА КАРТА ЛИЧНА
МЕРИ ЏО ЏЕЈКОБИ-ЏЕФСОН ГУРУ ЗА РЕПУТАЦИЈА, БРЕНД И КРИЗЕН МЕНАЏМЕНТ
М
ери Џо Џејкоби – Џефсон е светски реномиран експерт за репутација, бренд и управување со кризи, што произлегува од нејзиното огромно искуство на високи позиции во корпоративни, јавни и волонтерски сектори на двете страни од Атлантикот. Позната е како поранешен советник на американските претседатели Роналд Реган и Џорџ Буш постариот, британското кралско семејство, поранешниот премиер Дејвид Камерон и повеќе влади во светот. Пред шест години Џејкоби – Џефсон беше назначена за извршен потпретседател на BP America, додека се справуваа со излевањето нафта во Мексиканскиот залив. Претходно го водеше управувањето со репутацијата на Royal Dutch Shell, Lehman Brothers, HSBC Holdings и Drexel Burnham Lambert. Исто така, таа ги има развиено и спроведено наградуваните глобални стратегии за бренд репутација на Lehman Brothers и HSBC, вклучувајќи ја и првата употреба на т.н. “фингери“ на аеродром за истакнување реклама на бренд. Нашата соговорничка е и визитинг член на Центарот за корпоративна репутација на Универзитетот Оксфорд. Мери Џо била првата жена која претседавала со Одборот на Професионалната асоцијација за голф за жени, а беше дел и од Одборот на Европската тура за голф за жени. Таа е често медиумски коментатор, предавач и јавен говорник низ светот. самиот е експерт за ПР и менаџирање репутација со огромно искуство, меѓу другото и генерален секретар на принцезата Дајана цели осум години. Мери Џо Џејкоби беше дојдена во Скопје да ја промовира “Тајните на светските ПР експерти“ , во издание на P World и Три и поддршка на Chapter 4, чиј што уредник е Петров, а предговорот го напиша таа. Во книгата се поместени искуствата што ги
www.kapital.mk
Капитал број 884 07.10.2016
26
EXCLUSIVE И ТРАМП И КЛИНТОН СЕ НЕПОПУЛАРНИ КАЈ ГЛАСАЧИТЕ! XДа X се осврнеме малку на претстојните избори во САД. Познато е дека лично сте поддржувач на Републиканците, а неодамна за CNBC рековте дека Доналд Трамп има една предност во однос на Хилари Клинтон, а тоа е самата таа, затоа што “луѓето се уморни веќе од Клинтонови, од скандалите што ги следат и сл.“, како што изјавивте. Кој ќе биде според вас одлучувачкиот фактор за победа овој пат? Јас лично на претстојните избори гледам како избор на американските гласачи помеѓу тоа кого помалку го нејќат. Најголемата предност на Доналд Трамп е што не е Хилари Клинтон и обратно! И двата кандидати имаат многу високи негативни оцени во јавните анкети. Имаше дури и анкета каде што испитаниците се изјасниле со неверојатни 12% дека претпочитаат метеор да ја удри Земјата, наместо избор помеѓу Клинтон и Трамп. Јавноста го доживува Трамп како неискусен, нестабилен кандидат кој што би донел ризична промена на постојната состојба. Хилари Клинтон пак, е перцепирана како позната, но кандидат со сериозни недостатоци. За многу Американци, изборот се сведува едноставно на тоа кој кандидат повеќе би сакале да го имаат како гостин на вечера секој ден во следните четири до осум години.
споделија 12 светски експерти за односи со јавноста и нуди решенија за предизвиците во професијата. Нуди интересни идеи и размислувања на овие експерти за совладување на односите со јавноста во свет на постојани промени, како што велат авторите. Таа и нејзиниот сопруг Патрик Џефсон на крајот од конференцијата одржаа и презентација на тема “Репутацијата како најголема вредност на една компанија“, а ние добивме ексклузивна прилика да направиме интервју со г-ѓа Џејкоби каде што таа ни раскажа зошто е напишана “Тајните на светските ПР експерти“, како дошло до соработката со Коста Петров, откри некои тајни на добриот ПР, за тоа што е најважно во кризниот менаџмент, како изгледало да се советува Роналд Реган и многу други интересни детали од нејзината пребогата кариера. XГ-ѓо X Џефсон, ваш е предговорот за “Тајните на светските ПР експерти“ што беше промовирана во Скопје, за време на “Marketing Kingdom“ настанот. Како се случи соработката помеѓу вас и издавачот на книгата и организатор на настанот, P World на Коста Петров? Мојот сопруг, Патрик Џефсон и јас го запознавме Коста Петров на Блискиот
исток, и кога тој нè контактираше околу формирањето на P World, ние бевме мошне ентузијасти околу тоа да бидеме дел од таа приказна. Оттогаш, учествувавме во многу настани на P World и бевме сведоци на извонредниот раст во обемот на работа и популарноста на компанијата. Бидејќи целта на P World е да помогне во градењето на знаење, изгледаше сосема нормално да креираме пишан запис на лекциите што може да се научат за односите со јавност - ПР (Public Relations – PR), па така настана “Тајните на светските ПР експерти“, четиво кое што ќе им помогне во учењето на оние што не се во можност да присуствуваат лично на настаните. XКако X успеавте да ги убедите сите тие познати ПР експерти да го споделат своето професионално искуство со читателите. Претпоставувам дека ги употребивте вашиот кредибилитет и влијание, но дали беше тешко во одредени моменти? Коста Петров беше движечката сила во ангажирањето на професионалци што ќе ги споделат своите тајни на занаетот, исто како што е главен и во градењето говорници за настаните на P World. Ние сите останатите бевме возбудени што сме дел од овој важен проект и што придонесуваме
во развивањето на човечкиот капитал и талентот во светот на професионалните односи со јавноста. XЗошто X е книгата толку битна за ПР професионалците? Може ли да откриеме за читателите некоја од “тајните“ на ПР експертите опфатени во неа? Сметам дека ПР-от е погрешно проценет бизнис затоа што способните ПР професионалци прават да изгледа толку лесен! Нашата цел со книгата е да им помогнеме на луѓето од оваа бранша да научат од искуствата на оние што се во бизнисот веќе долго време – искуства од кризен менаџмент, па сè до денешниот свет на дигиталниот маркетинг и комуникациите. Целта ни е луѓето да ја прочитаат книгата, па единствена “тајна“ што би ја открила е тоа дека успехот бара посветеност, напорна работа и креативност. XКога X сме на темата ПР, многу често, барем овде во Македонија, границата помеѓу ПР објава и објективно медиумско известување е нејасна, примери има многу: премногу ПР во бизнис вестите, интервјуа што се премногу “нежни“ кон бизнис лидерите или политичарите, итн. Како ПР
ЛЕКЦИИ ЗА ДОБАР ПР: “СУМИРАНО - ДОВЕРБА, СОЧУВ
www.kapital.mk
Капитал број 884 07.10.2016
27
Сметам дека ПР- от е погрешно проценет бизнис затоа што способните ПР професионалци прават да изгледа толку лесен! Нашата цел со книгата “Тајните на светските ПР експерти“ е да им помогнеме на луѓето од оваа бранша да научат од искуствата на оние што се во бизнисот веќе долго време – искуства од кризен менаџмент, па сè до денешниот свет на дигиталниот маркетинг и комуникациите.
Понекогаш луѓето стануваат мрзливи: медиумите знаат да искористат само она што им е сервирано, наместо да влезат подлабоко во приказната, додека пак, ПР професионалците понекогаш се обидуваат да “ја спинуваат“ приказната, па селектираат само одредени делови што ќе ги презентираат пред јавноста.
Првиот чекор во кризниот менаџмент е да се има подготвен и извежбан план што може да се операционализира штом се случи кризата. Второ, да искомуницирате со јавноста што побргу колку што можете повеќе информации. Трето, и најтешко, е да се извините, да ги натерате сите засегнати страни да разберат дека организацијата жали за тоа што се случило.
професионалците да постигнат фер партнерство со медиумите, кое што ќе помогне и двете страни да го задржат професионалниот дигнитет, без оглед на околностите? Улогата на ПР професионалците е да ги комуницираат настаните и да помогнат во разбирањето на тоа што организацијата го прави. Улогата на медиумите е да известат за тие настани. Но, понекогаш, луѓето стануваат мрзливи: медиумите знаат да искористат само она што им е сервирано, наместо да влезат подлабоко во приказната, додека пак, ПР професионалците понекогаш се обидуваат да “ја спинуваат“ приказната, па селектираат само одредени делови што ќе ги презентираат пред јавноста. Сите ние мора да бидеме професионални во пристапот на градење на наративот на организацијата, преку креирање баланс во раскажување на приказната, како и во известувањето. Ова бара градење на долгорочни врски и стекнување доверба, бара јасен став и чесност и од двете страни – ПР луѓето и новинарите.
Колку убав комплимент, ви благодарам! После многу години работа за големи компании и влади, сега водам своја фирма за стратегиски бизнис консалтинг, која што пружа услуги на компании и менаџери за градење на нивните брендови и репутација, помагајќи им да реагираат правилно на различни меѓународни настани, ситуации, околности. Исто така сум член на управните одбори на две корпорации во В. Британија, а вклучена сум во работата и на неколку бизнис школи. Исто така, коментирам и за CNBC Europe и неколку други медиуми. И, секако, се трудам да учествувам во колку што можам повеќе настани на P World. XСо X оглед на вашето огромно искуство во бизнис и политичките комуникации, како и во кризниот менаџмент, кои се според вас клучните квалитети што професионалец за комуникации мора да ги поседува? Она што мислам дека е суштинско, е личниот интегритет, да се воспостават етички граници за вас самите во рамки на практикување на вашата професија. Искреноста е исто така важна. А, способност што јас се обидував да ја развијам кај себе е да ги гледаш работите од перспектива на секоја инволвирана страна. И трпението е исто така важно, но
јас не сум многу добра во тоа! XВие X бевте вклучена во кризниот менаџмент што следеше по излевањето нафта на Бритиш Петрол во Мексиканскиот залив пред шест години. Кои се највредните лекции што ги научивте од тоа искуство? Сум работела на мноштво различни корпоративни кризи од 1980-те наваму – од финансиски и сметководствени измами, па сè до трагични несреќи со човечки жртви и голема материјална штета и последици по екологијата. Лекциите може да ги сумирам во овие пет зборови: доверба, сочувствување, храброст, јасност и комуницирање. Кризниот менаџер мора да и пријде на кризата со самодоверба изградена врз планирање и учење. Планирањето на развојот на кризата и “вежбањето“ на сето тоа, помагаат да се изгради таа само(доверба), имајќи предвид дека речиси и да нема криза што се развива на начинот на кој што е “вежбана“. Кризниот менаџер мора да покаже сочувство кон тие што се погодени од настаните, и да има емпатија кон сите засегнатите страни, било внатрешни или надворешни. Кризниот менаџер мора да има храброст да зборува гласно, да советува, да дејствува. Кризниот менаџер
Најбитен е “златниот час“ – времето веднаш по кризниот настан XВашата X биографија е неверојатна. Што правите денес, како изгледа еден ваш работен ден сега?
ВСТВУВАЊЕ, ХРАБРОСТ, ЈАСНОСТ И КОМУНИЦИРАЊЕ.“
www.kapital.mk
Капитал број 884 07.10.2016
28
EXCLUSIVE
мора да има јасност на своите мисли и мора да комуницира отворено за да им помогне на другите да разберат што се случило и што се сторило и ќе се стори околу тоа. И најважно, кризниот менаџер мора да комуницира, комуницира и комуницира за време на целиот кризен период. Сите овие лекции се есенцијални за кризниот менаџер да и помогне на една организација да ја поврати довербата што била нарушена или загубена заради кризата. Во неговото поглавје на ПР книгата, мојот сопруг, Патрик Џефсон, тоа го нарекува “простливост“. XКои X беа вашите три најтешки професионални искуства досега, поврзано со кризниот менаџмент? Без никакво двоумење, убедливо најтешка беше големата трагедија со загубени човечки животи (се мисли на излевањето нафта во Мексиканскиот залив во 2010 година, при што загинаа 11 луѓе, н.з.), загуба на луѓето чии што семејства, пријатели и колеги засекогаш ќе бидат скусени од радоста на нивното присуство; оваа загуба не може никогаш да се надомести. Далеку на второ место беше личниот предизвик да се справам со кривичните истраги против еден клиент, кога деликатни прашања не можеa да се споделат со јавноста; јас сум многу отворена личност, а овие проблеми бараа молк и тајност додека протечените информации беа објавувани во јавноста, на што јас не можев да реагирам. Третиот предизвик е да поседувате цврстина, умешност да не ги земате работите при срце кога се зборуваат ужасни нешта за мојата компанија, колегите или понекогаш и за мене лично. XШто X треба една организација прво да стори откако ќе почне криза, првите три клучни чекори? А, што не смее по никоја цена да направи за да не ја влоши само ситуацијата? Кај секоја криза, постои нешто што се вика “златен час“, тоа е времето веднаш по случувањето на критичниот настан. Во “Малата црна книга за ПР-от“, Доналд Стил објаснува темелно и со голема елоквенција за ова, и вели дека денес во време на социјалните медиуми, “часот“ се претвори во “минута“. Првиот чекор е да се има подготвен и извежбан план за кризен менаџмент што може да се операционализира штом се случи кризата. Вториот чекор е да приберете информации што ќе ви помогнат да стекнете контрола врз развојот на кризата, потоа да искомуницирате со јавноста што побргу колку што можете повеќе информации, објаснувајќи дека ситуацијата е под контрола и дека ќе следат повеќе информации. Дел од овој чекор е и да се биде јасен, внатрешно во организацијата и надворешно со јавноста, околу тоа кој ја менаџира кризата и кој е надлежен да зборува во име на организацијата. Трето, и најтешко, е да се извините, да ги натерате сите засегнати страни да разберат дека организацијата жали за тоа што се случила
На Marketing Kingdom, Мери Џо Џејкоби беше дојдена со својот сопруг Патрик Џефсон, исто така врвен експерт за ПР и менаџирање репутација, поранешен генерален секретар на принцезата Дајана.
конкретната криза. Или, како што вели една песна од Елтон Џон, “жалам изгледа дека е најтешкиот збор“.
Капитализмот можеби има мани, но сè уште е подобар од неговите алтернативи! XКако X поранешен советник на американскиот претседател Роналд Реган и член на неговиот Комитет за трговски преговори, што вели вашето искуство: дали е секогаш можно да се постигне “win – win” ситуација на преговарачката маса? Што е најважно за еден преговарач со цел да се максимизира исходот за неговата страна во процесот? Уметноста во преговарањето е да се стигне до “да“, да се најде простор каде што двете страни ќе чувствуваат дека постигнале успех, дека победиле. Секоја страна мора да ги знае границите преку кои не може да помине, но исто така секоја страна мора да е спремна да и даде на другата нешто, за да може да се постигне договор. Но, исто така е важно да се знае кога да станете од преговарачката маса. Неодамна учествував на настан на P World во Рејкјавик, и ме потсетија на самитот помеѓу претседателот Реган и тогашниот прв човек на СССР, Михаил Горбачов, во 1986 година што се одржа во истиот град. Иако самитот заврши без некаков договор и од медиумите и некои јавни личности беше оценет како неуспешен, успехот се состоеше во тоа што и двајцата државници од Рејкјавик си заминаа со свесност и разбирање дека можат и мораат да работат заеднички на проблемот на нуклеарното вооружување. Тоа доведе
до понатамошни средби и резултираше со Спогодба за нуклеарните глави со среден дострел помеѓу САД и СССР. Тоа е лекција што никогаш не ја заборавив, иако деновиве се одбележува 30-годишнина од самитот што се случи во Рејкјавик на 11-12 октомври. XПретседателот X Реган еднаш има речено: “Длабоко верувам дека човекот е добро суштество. Дека тоа што е исправно, на крајот секогаш победува. И дека сечиј живот има цел и смисла“. Дали вие верувате дека човештвото е ОК, со оглед на сета деструкција и страдања што самото ги предизвикува? Мислите ли дека светот може да ја преживее актуелнава криза без некаква радикална промена на начинот на кој што либералниот капитализам и глобализацијата функционираат денес? Верувам дека постои огромно количество на добрина во светот, дури и во личностите на некој лоши актери. Се согласувам со претседателот Реган. Но, исто така се согласувам и со изјавата на Вербал Кинт во филмот “Usual suspects”: “Најголем трик што Ѓаволот некогаш го направил е да го убеди светот дека всушност не постои“. Да, се случуваат многу ужасни нешта денес, но ужасни нешта отсекогаш се случувале. Мислам дека треба да земеме поука од зборовите на Томас Џеферсон: “Злото триумфира кога добрите луѓе не преземаат ништо“. Добрите луѓе можат да ги променат нештата само ако сакаат да преземат нешто. Капитализмот можеби има мани, но сè уште е подобар од неговите алтернативи! nnn
ВЕРБА: “ЧОВЕКОТ ВО СУШТИНА Е ДОБРО СУШТЕСТВО.“
Капитал број 884 07.10.2016
30
www.kapital.mk
EVENTS
СВЕТСКИТЕ ЕКСПЕРТИ НА MARKETING KINGDO
УСПЕШНИТЕ БРЕНДО ДАВААТ ПОВЕЌЕ ОД ПОТРОШУВАЧИТЕ О
РЕПУТАЦИЈА: ТАА Е ЕДНАКВА НА ИСКУСТВОТО НА
www.kapital.mk
OM ВО СКОПЈЕ ПОРАЧАА
ОВИ ДОШТО ОЧЕКУВААТ!
Капитал број 884 07.10.2016
31 Дванаесет врвни експерти од светската маркетинг индустрија и современите комуникации (Visa, CocaCola, Rolls Royce, SAP, Shazam…), повеќе од 250 слушатели од земјава и регионот, и огромен интерес од локалните, домашни маркетари, ПР експерти и студенти го одбележаа првиот Marketing Kingdom Skopje. пишува:
Б
Игор Петровски
igor.petrovski@kapital.mk
“Брендот е она што вие сакате да го мислат луѓето, она што сакате да чувствуваат за вашата компанија, или за вас лично. Репутацијата пак, е она што го зборуваат за вас кога не сте присутни, она што веруваат дека сте вие, компанијата или вашиот бренд. Успешните компании и брендови даваат повеќе одошто потрошувачите очекуваат”, беа многу моќни пораки од мноштвото што ги слушнавме на Marketing Kingdom конференцијата што се одржа минатиот петок во Скопје. Присутните, повеќе од 250 на број, навистина имаа прилика да влезат во “кралството на маркетингот“, со оглед на величината и значењето што во светот на современиот маркетинг и односите со јавност го имаа говорниците на настанот. Marketing Kingdom беше организиран од македонската агенција P World, а вклучуваше презентации од светските гуруа за маркетинг од Shazam, Rolls Royce Motor Cars, Visit Britain, Coca-Cola, SAP, Visa, итн. Ирина Пашина, директор за маркетинг и комуникации во германскиот технолошки гигант SAP, ги претстави петте правила за ефективно вклучување на потрошувачите во приказната за брендот. “Секогаш ставајте ја публиката на прво место – се работи за нив, не (само) за вас!“, порача Пашина, која што има над десетгодишно искуство во маркетингот, а специјалист е за содржина и дигитален маркетинг. Второто правило, вели таа,
А ПОТРОШУВАЧИТЕ МИНУС НИВНИТЕ ОЧЕКУВАЊА
www.kapital.mk
Капитал број 884 07.10.2016
32
EVENTS
е дека искуството на потрошувачите е главното нешто што ќе го истакне брендот. “Во секоја комуникација направете сè што можете за да ги задоволите вашите потрошувачи. Трето, разберете го контекстот на вашата публика и водете грижа за тоа во вашата комуникација. Релевантноста е од клучно значење. Четврто, привлечете така што ќе бидете кратки, јасни и доследни. Едноставноста победува и на крајот, бидете автентични и останете верни на вашите вредности (во брендот). Оживејте ги со ефектни приказни.“, беа советите на Пашина.
Коста Петров, основач и сопственик на P World: “Да се донесат толку светски маркетинг експерти во Скопје е настан без преседан, достигнување и престиж од повеќе аспекти“ Главниот за маркетинг на социјални медиуми во Shell, Том Вебстер, кој што објасни кои се иновациите во оваа област Ирина Пашина, од технолошкиот гигант SAP, ги претстави петте правила за ефективно вклучување на потрошувачите во приказната за брендот.
“Како ја брендиравме Британија“
На конференцијата зборуваше и Ања Јакубовски, генерален менаџер на Coca – Cola за Полска и балтичките земји, која што има зад себе 25 години искуство во големи светски корпорации. Таа истакна дека најдобрите идеи потекнуваат од едноставни концепти. “Оставете ги акронимите и обидите да воодушевите некого. Објаснете ги вашите идеи како да му објаснувате на пријател на кафе“, вели Јакубовски. За сите маркетинг професионалци таа советуваше да се тргнат од работното биро и да живеат онаму каде што се нивните производи/ идеи. “Посетувајте продавници, бидете со потрошувачите, одете на конференции, фестивали, зборувајте со луѓето. Ќе се изненадите какви едноставни, корисни и моќни работи учите кога не сте зад компјутерот на работа“, вели Јакубовски. Од В. Британија на Marketing Kingdom дојде Ејми Греј, шеф на одделот за туризам во Visit
Britain, владината агенција задолжена за промовирање на земјата и привлекување повеќе туристи. “Сфативме дека Лондон всушност како да е единственото нешто што странските туристи сакаат да го видат во Британија. Се насочивме кон тоа да ги популаризираме и останатите градови, односно делови од земјата, Шкотска, Велс и Северна Ирска. Требаше да креираме кампања за целосно ребрендирање на земјата и максимално да ја искористиме Олимпијадата во Лондон во 2012 година. Но, подготовките почнаа многу порано, во 2007 година, а Олимпијадата во Пекинг во 2008 година и целиот сентимент во јавноста што се создаде околу неа, ја искористивме за рекламирање на следната Олимпијада за четири години.“, објасни Греј. Таа додаде дека во нејзината држава е
обичај да не се користи терминот владини или државни пари, туку “пари на државните обврзници“. “Па, така од нас се бараше конкретен поврат на тоа што го трошиме. Се покажа дека она што го ‘сеевме’ во Пекинг и после тоа, вроди со плод токму после Олимписките игри во Лондон, а не за време на самите игри. Ако во 2012 кога се одржаа игрите имавме 31,1 милион туристи што потрошија 18,6 милијарди фунти во нашата земја, во 2013 година бројката се зголеми на 32,7 милиони туристи и 21,3 милијарди фунти, за во 2015 година да биде 35,8 милиони туристи и 21,8 милијарди фунти“, рече Греј. На конференцијата зборуваше и Лазар Џамиќ, поранешен шеф на бренд планирање во Google ZOO NACE, кои што објасни како маркетингот комплетно се промени и
ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ: ЕМОЦИЈА, СОДРЖИНА, ИНОВАЦИЈА
www.kapital.mk
Капитал број 884 07.10.2016
34
EVENTS
остана ист, потоа Ричард Харлес од Shazam зборуваше за еволуцијата на смартфоните и нивната улога во денешниот маркетинг, односно зошто мобилните уреди треба да бидат центар на компаниските маркетинг стратегии. Ноха Башир, одговорна за социјални медиуми во Visa, сподели добри практики за тоа каква содржина треба за да го зголемите влијанието на вашиот бренд на социјалните мрежи, додека Џамал Ал Мајед, менаџер за корпоративни комуникации во Rolls Royce, ги објасни тактиките за медиумско присуство на луксузниот автомобилски бренд во време на дигитален маркетинг. Мошне интересни презентации имаа и главниот за маркетинг на социјални медиуми во Shell, Том Вебстер, кој што објасни кои се иновациите во оваа област и што брендовите можат да искористат од нив, а Хедер Мичел од Unilever, раскажа како искористиле влијателни луѓе, славни личности на социјалните мрежи, т.н. инфлуенсери, за една од своите кампањи за нега на косата.
Како трагичната несреќа не ја уништи авиокомпанијата
Посебно атрактивни и интересни за присутните беа интерактивните презентации од Патрик Џефсон, генералниот секретар на принцезата Дијана и од Мери Џо Џејкоби Џефсон – единствената деловна личност во светот што работела за два претседатели на САД, за Кралицата на Велика Британија и еден премиер на Велика Британија. Таа е личноста што управуваше со кризата во BP America, за време на излевањето нафта во Мексиканскиот Залив, назначена од претседателот Обама лично. (Со неа имаме ексклузивно интервју веднаш по овој текст, н.з.) Патрик Џефсон, ги сподели своите искуства од времето кога бил главен советник на трагично загинатата британска принцеза Дијана и објасни што всушност значи терминот “простливост“ (forgivability) што добил особено на значење во нејзиниот јавен имиџ. “Таа беше омилена кај народот, голем хуманитарец, борец против неправда, борец за правата на ранливите категории...
едноставно личност која што разви симпатии и голем кредибилитет кај јавноста, па луѓето беа спремни да ‘и простат’ за евентуалните грешки, или за бурните односи со остатокот на кралското семејство и сл. Исто е и со вашиот компаниски или личен бренд. Морате да изградите чувство на простливост во јавноста“, објасни Џефсон. Тој го исткна и примерот на една помала британска авиокомпанија , British Midland, која што пред 27 години имала трагична несреќа и 47 жртви. “Директорот на компанијата Мајкл Бишоп, со своето однесување по несреќата, постави стандард за тоа што значи добар ПР и кризен менаџмент по ваков тип на катастрофа. Прво што направи е што јавно изрази жалење и се извини на семејствата на жртвите и целата британска јавност. Тој беше нон - стоп достапен за медумите, ги посетуваше повредените во болница, организираше помош за семејствата на настраданите. На крајот, се створи таков позитивен одиум во јавноста, што
репутацијата на компанијата не само што не се наруши, туку продажбата на авиобилети остана стабилна, дури подоцна и се зголеми“, објасни Џефсон.
Промовирано корисно четиво за маркетинг професионалци
Инаку, на самиот почеток на конференцијата, организаторот на Marketing Kingdom, Коста Петров од P World рече дека да се донесат сите овие експерти е настан без преседан во Македонија, достигнување и престиж од повеќе аспекти. “Пред сè, тоа е единствена едукативна можност за македонските маркетари и експерти за комуникации да ги надградат сопствените знаења и искуства со нови информации и трендови во индустријата. Но, она што мене лично многу повеќе ми значи по 5 години организирање на Marketing Kingdom конференции низ целиот свет е тоа што овие 12 гуруа го следат и го ценат она што го работиме и нашиот, локален пристап кон модерните комуникации. Нивното присуство тука значи уважување
www.kapital.mk
Капитал број 884 07.10.2016
35 Ејми Греј, од владината агенција Visit Britain, раскажа како ја ребрендирале Британија и привлекле повеќе туристи. Ања Јакубовски од Coca – Cola, oбјасни како да се искористи емоцијата во создавање рекламна содржина Хедер Мичел од Unilever, раскажа како искористиле т.н. инфлуенсери на социјалните мрежи за една од своите кампањи за нега на косата.
на пазарот и индустријата, што секако ние го покажавме со масовното присуство на настанот“, рече Петров. Конференцијата беше дополнета и со промоција на книгата „Тајните на светските ПР експерти“,книга во која Коста Петров е
еден од главните уредници. Во книгата се поместени размислувањата од 12 светски експерти за односи со јавноста и нуди решенија и идеи за совладување на односите со јавноста во свет на постојани промени. Според зборовите на Мери Џо
Џејкоби-Џефсон, оваа книга е различна од останатите затоа што собира „богатство од лични искуства и практични совети“. Книгата е богатство од лични искуства и практични совети, кои не може да се најдат на друго место, дополнува Џејкоби. nnn
РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 14 ОКТОМВРИ 2016
ИНСТИТУТ КОНЦЕПТ ОРГАНИЗИРА КУРС:
НАУЧЕТЕ СÈ ЗА FACEBOOK
(FACEBOOK ПЛАТФОРМА – ШТО Е НОВО, СÈ ЗА ФАН СТРАНА, РЕКЛАМИРАЊЕ И КРЕИРАЊЕ ИЗВЕШТАИ) l 18 октомври 2016 (вторник) l 17:00-20:00 часот (6 средби) l Институт Концепт, Скопје ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА КУРСОТ УЧЕСНИКОТ ЌЕ БИДЕ СПОСОБЕН: l Да се поврзува со и да ги вклучува клиентите во маркетирањето на брендот на Facebook l Да креира, управува и одржува ефикасни Facebook фан страни l Да развие план за креирање на Facebook кампањи l Да гради целна публика и да таргетира специјални настани l Да закупува основни и Facebook премиум реклами l Да гради содржина на реклама на Facebook (зборови, рамка, големина, форма на слика)
l Да управува со пристапот до повеќе страници и апликации l Да одбере соодветна опција за рекламирање (CPC, CPM и Cost Per Action) l Да креира Facebook извештаи за реклами.
ПРЕДАВАЧИ:
Предавачите се од PIKSEL.MK, брзорастечка компанија која се занимава со веб дизајн и дивелопмент, како и дигитален маркетинг. За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk
КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3128 526 l 070 272 207
Капитал број 884 07.10.2016
36
www.kapital.mk
БИЗНИС И ПОЛИТИКА
ШТО ИМ ВЕТИ СДСМ НА ГРАЃАНИТЕ НА КОНГРЕСОТ
ЗАЕВ: АКО ФИРМИТ РАБОТАТ ДОБРО, ЌЕ ПАРИ И ЗА ГРАЃАНИ
ЗАЕВ: ПРЕЖИВУВАЊЕТО НЕ Е ЖИВОТ, НА 11 ДЕКЕМВР
www.kapital.mk
Капитал број 884 07.10.2016
37 Премисата со која Заев влезе во набројувањето мерки од програмата е дека мнозинството граѓани на Македонија денес не живеат, туку преживуваат. Мерките ги почна со најава за зголемување на најниската плата прво на 12.000 денари, „а ако мандатот следната влада не го заврши со најниска плата 16.000 денари, тогаш ич нека не се појавува следен пат пред граѓаните“, додаде Заев. Редеше мерки и олеснувања за младите луѓе во земјата, за сопствениците на компании, за вработените и невработените, за земјоделците...
фото: МИА
Н
Т НА ПАРТИЈАТА?!
ТЕ Е ИМА ИТЕ
„На 11 декември нема да славиме пад на режимот – тој е веќе паднат, туку ќе го славиме животот во Македонија“, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на конгресот на партијата, претставувајќи дел од програмата на СДСМ како „План за живот во Македонија“. Премисата со која Заев влезе во набројувањето мерки од програмата е дека мнозинството граѓани на Македонија денес не живеат, туку преживуваат. „Освен за една фамилија и мала група околу нив, за огромното мнозинство граѓани на Македонија ова денес не е живот. Преживувањето не е живот“, рече лидерот на СДСМ. Мерките ги почна со најава за зголемување на најниската плата прво на 12.000 денари, „а ако мандатот следната влада не го заврши со најниска плата 16.000 денари, тогаш ич нека не се појавува следен пат пред граѓаните“, додаде Заев. Тој рече дека оваа мерка подразбира обврска за фирмите, особено за малите и за средните претпријатија. „Ова го правиме и за нив, затоа што ако тие работат добро и граѓаните ќе имаат пари. Ако имате работник на кој не му се враќаат
РИ ЌЕ ГО СЛАВИМЕ ЖИВОТОТ!
КАКВИ ЕКОНОМСКИ МЕРКИ ВЕТИ ЗАЕВ? XЗ Xголемување на минималната плата на 12 илјади, па на 16 илјади денари X20 X милиони евра годишна државна поддршка за малите и средни претпријатија, со цел да достигне до 50 милиони евра на годишно ниво XПо X 108.000 денари државна помош да добиваат фирмите за секое отворено работно место XПо X 100.000 денари државна помош да добиваат фирмите што ќе вработат лице до 50 - годишна возраст и ќе му овозможат просечна плата XОтворање X фирма со само 1 евро основачки капитал XКредити X до 15.000 евра со само 1% камата годишно за микро бизниси XЗголемена X финансиска поддршка за 10% од основниот износ на субвенциите за млад земјоделец до 35 години XФонд X за стабилизирање на приходите како надомест при значителен пад на приходите на земјоделците X10.000 X евра неповратна државна помош за добра бизнис идеја, за почнување на сопствен бизнис на младите X22 X милиона евра, 3 пати повеќе во однос на просекот од претходните години, за активни мерки за вработување XВраќање X на 15% од платениот ДДВ од потрошувачките сметки нозете кога треба да оди на работа, ако имате платен и мотивиран работник кој не носи на грб вреќа со проблеми – и успехот на компанијата ќе биде поголем. Потоа и платата на работникот ќе се зголеми. Уште веднаш, во првиот месец од зголемувањето на минималната плата предвидуваме парична помош за фирмите. Не да ги добијат парите на хартија, а потоа да ги чекаат со месеци како што денес ги чекаат своите побарувања од државата. Работодавач ќе има поврат за секоја исплатена бруто минимална плата и тоа уште во првата година по промените“, изјави претседателот на СДСМ. На прашањето „од каде пари“ за ваков проект, Заев рече дека средствата ги очекуваат како резултат на тоа што
www.kapital.mk
Капитал број 884 07.10.2016
38
БИЗНИС И ПОЛИТИКА
евентуалната идна влада на СДСМ ќе ги помага домашните микро, мали и средни претпријатија да се развиваат и да отвораат нови работни места. „300 – 400 милиони евра годишно оваа власт краде. Од 70.000 фирми во Македонија, најмалку 10.000 од нив ставија клуч на врата. Секоја трета е со блокирана сметка, поради казните од две, три, 5.000 евра. Државата одвојува мизерни 120 денари годишно, по домашна фирма! Испланиравме 20 милиони евра годишна државна поддршка за малите и средни претпријатија која целиме да достигне до 50 милиони евра на
годишно ниво. По 108.000 денари државна помош ќе добиваат фирмите за секое отворено работно место. По 100.000 денари државна помош ќе добиваат фирмите што ќе вработат лице до 50 - годишна возраст и ќе му овозможат просечна плата“, рече Заев. За бизнисот, Заев најави олеснувања во делот на отворањето на фирмите и финансиска поддршка со ниски камати. „Зошто да не дозволиме отворање фирма со само 1 евро основачки капитал? Или кредити до 15.000 евра со само 1 процент камата годишно за микро бизниси? Ќе го направиме тоа!“, истакна Заев.
Во мерките за земјоделството, тој вети укинување на персоналниот данок за приходи остварени од земјоделска дејност за сите земјоделци кои ги исполнуваат условите за паушално оданочување. „Со сегашната даночна политика, повеќето земјоделци го плаќаат овој данок, што често пати изнесува повеќе од доделените субвенции“, рече Заев. Според „Планот за Македонија“, младиот земјоделец до 35 години ќе добива зголемена финансиска поддршка за 10% од основниот износ на субвенциите, пет години од периодот на започнување со
www.kapital.mk
Капитал број 884 07.10.2016
39
земјоделска дејност. Младите земјоделци до 35 години ќе бидат ослободени од закуп на државно земјоделско земјиште во период од три години и ќе се обезбеди зголемено учество на државата во трошоците за земјоделска механизација. „Ќе обезбедиме финансиска поддршка од 50% при купување на првото стадо. Ќе формираме инвестициски фондови за осигурување на посевите, животните и растенијата. Овие фондови ќе ги покријат загубите на земјоделците предизвикани од неповолни климатски услови, болести кај животните или растенијата. Ќе воведеме фонд за стабилизирање на приходите како надомест при значителен пад на приходите на земјоделците. Ќе подржиме соработка меѓу најмалку два субјекта или меѓу различни учесници во секторите земјоделство и шумарство. Висината на поддршката е 80%“, најави Заев во делот на земјоделството. „Погледнете ги овие дланки! Тука, тука има траги од мојот личен животен пат. За времето кога копав по нивите. И го берев родот. Ја кревам оваа дланка и ви ветувам, земјоделецот ќе ја добие заслужената почит во општеството“, изјави Заев. За младите тој најави 10.000 евра неповратна државна помош за добра бизнис идеја, за почнување на сопствен бизнис. Најави отворање старт-ап центри во кои државата ќе обезбеди бесплатен деловен простор за новите компании во првите две години, отворање компанија со само 1 евро основачки капитал и кредити до 15.000 евра со само 1% камата годишно за микро бизниси.
На Македонија и треба инфраструктура
„На оваа земја и треба и инфраструктура, и водоводи, патишта, школи, болници, градинки, зашто е буквално опустошена од оваа неодговорна власт во секој поглед, но какви и да имаме успеси на овој план – џабе ни се, ако имаме граѓани што живеат во тешка сиромаштија. За кого ќе се училиштата што ќе ги реновираме или изградиме, ако имаме во нив ученици чии родители немаат пари да им купат тетратки? Или да ги пуштат на училиште?“, рече Заев на конгресот. Тој рече дека секој вработен во државната администрација мора да биде почитуван и мора да добие шанса да работи и да си ја заработи платата без оглед дали е поддржувач на политиките на оваа Влада. “Државните и јавните службеници не смееме да ги гледаме така. Тие се таму за да работат за граѓаните, не за некоја партија. Не смее да има ниту притисоци, ниту репресии, ниту реваншизам. Кога велиме едно општество, не мислиме да запрат само поделбите по етничка и по верска основа, туку и по партиска. Оваа наша Македонија не може да издржи толку големи поделби внатре. Секој до нас треба да знае дека кога се дели, го кине ткивото на Македонија“, истакна Заев и додаде дека Македонија не може да си ги дозволи овие уништувачки политики ниту ден повеќе. Тој вети дека ќе даде шанса и на граѓаните кои заминале да можат да се вратат. „Дел од нив се адаптирале на животот во странство. Но дел од нив копнеат по своето родно огниште. Зборувам со нив, верувајте, би се вратиле. Би се вратиле, ако државата им даде шанса. Затоа ќе
обезбедиме директна поддршка на третина од инвестицијата на повратник од странство, ако со неа бидат вработени најмалку 10 лица. Ќе обезбедиме 22 милиона евра, 3 пати повеќе во однос на просекот од претходните години, за активни мерки за вработување. Сумата ќе расте секоја година, со цел на крајот на мандатот да изнесува 33 милиони евра. Бројот на лицата кои директно ќе се вработат со овие мерки предвидуваме да изнесува во просек, 16.000 лица годишно или 64.000 нови работни места за еден мандат“, истакна Заев. Тој најави дека на граѓаните кои имаат вкупен месечен личен доход до нивото на законски определената минималната плата, ќе им биде вратен износот што како персонален данок на доход претходно бил уплатен од страна на нивните работодавачи. „Ќе создадеме систем за Повеќе пари кај граѓаните. На секој граѓанин ќе му се вратат 15% од платениот ДДВ од потрошувачките сметки. Системот ќе содржи ограничувања кои ќе спречат злоупотреби и поголемо раслојување. Ова е само еден од начините како ќе ги намалиме животните трошоци“, истакна претседателот на СДСМ. Заев најави дека СДСМ ќе ја врати евтината тарифа на струјата, и ќе ја укине радиодифузната такса. За пензионерите со ниски примања, без поддршка од семејството и без сопствен имот, според мерките на СДСМ, државата ќе субвенционира сместување во старски домови. За целта – победа на изборите и формирање влада, Заев најави широк фронт со граѓаните, и коалиција на партиите од левицата и од центарот. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 884 07.10.2016
40
БИЗНИС ТРКА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ
С
Скопје и Македоија конечно добиваат тимбилдинг трка, наменета за тимови составени од вработени во македонските компании. На 16 октомври во Скопје ќе се одржи Business Run 2016, штафетна трка за тимови од бизнис секторот, како одговор на позитивниот тренд на практикување трчање на современите деловни луѓе. Трката ќе биде штафета со 4 измени, а компаниските тимови треба да бидат во мешан машко-женски состав, за да ја одразат реалната слика на секојдневниот работен амбиент
во компаниите. Патеката е долга 8 километри, односно секој учесник во својата измена ќе треба да истрча по 2000 метри. За трката можат да се пријават сите компании, организации, институции, здруженија, дипломатски претставништва и сл. субјекти кои припаѓаат на деловно-општествената заедница, а се регистрирани и вршат дејност во Република Македонија. Сите заинтересирани своите тимови можат да ги пријават преку електронскиот формулар на веб страницата www.prvdovrv.mk. Нема ограничување за бројот на тимови што може да ги пријави секоја компанија. За сите учесници на трката, претходно се организира нетворкинг забава за запознавање и дружење, која иницирана од трчањето може да донесе нови деловни релации за бизнис заедницата во нашата земја.
На денот на трката секој учесник може да дојде со своите најмили и семејството бидејќи покрај неопходната поддршка и навивање, за најмалите е предвидена детска трка и рекреација во реквизитите на детското катче. Најбрзите три тимови на Business Run 2016 ќе бидат наградени со златна, сребрена и бронзена штафета, како и со вредни подароци за тимот, а ќе бидат наградени и двајцата најбрзи поединци во машка и женска конкуренција, оние кои истрчале најбрз круг. Целта на оваа трка е заедничко спортско, рекреативно и деловно дружење помеѓу компаниите, но и помеѓу вработените и нивните семејства. Целта на оваа штафетна трка е да се покаже важноста на тимскиот дух, но и да се биде пример за своите колеги и деловни партнери. Организатор на Business Run 2016 e здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје. nnn
BUSINESS RUN Тимбилдинг штафетна трка во трчање 4 х 2 км за компаниски тимови Скопје, 16.10.2016 Пријави го твојот тим www.prvdovrv.mk
www.kapital.mk
Капитал број 884 07.10.2016
42
КОЛУМНА
Не смее да има од
Автор:
ИЛИЈА ДИМОВСКИ координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание
Штетата која ја претрпе Македонија по нејзиниот меѓународен углед, по нејзините инститиуции, по нејзините меѓуетнички односи и конечено по нејзината економија и стандардот на граѓаните се преголеми за да може една партија до бесконечност да си поигрува. Граѓаните на 11 декември ќе ги дадат сите одговори.
Р
Република Македонија, по трет пат оваа година, влегува во предизборен период. Очигледна е тенденцијата на одредени политички партии, медиуми и центри на моќ да не дозволат (односно дозволуваат) на граѓаните на Република Македонија, сами, врз основа на своја свест и совест да одлучат за иднината на оваа држава. Република Македонија беше вовлечена во вештачка политичка криза од која граѓаните трпат само штети и до ден денес СДСМ не дозволуваа таа криза да биде завршена онака како што завршуваат вакви кризи во сите европски држави. Причините за тоа зошто Република Македонија досега не излезе на предвремени парламентарни избори (ниту на 24 март, ниту на 5 јуни) не се ниту комплексни, ниту системски, ниту супштински. Причините се всушост само една причина, а тоа е слабиот рејтинг и ниската поддршка што СДСМ ја има помеѓу граѓаните. Ниту избирачкиот список беше проблематичен, ниту имаше фантомски гласачи, ниту медиумите во Македонија работат различно од тоа како работат во Европа и САД, ниту Државната изборна комисија немаше капацитет, ништо од тоа. Веќе подолг временски период опозицијaта, предводена од СДСМ, не работи на своја промоција, на промоција на свои идеи, мерки, проекти или програма. СДСМ не работи ниту на добра кадровска понуда. СДСМ единствено што работи со сите свои капацитети и кадровски, финансиски и медиумски потенцијали, секако со сесрдна помош на фондацијата на Сорос, нејзините педесетина невладини организации и нивното Специјално јавно обвинителство е обидот, со
силна негативна и манипулативна кампања, да го нарушат високиот и за нивна несреќа стабилен рејтинг и поддршка што ВМРО-ДПМНЕ ја има помеѓу македонските граѓани.
Партиите во Европа, оние во опозиција, критикуваат што Владата работи, но ги критикуваат само негативните проекти, мерки или грешки. Ниту една политичка партија во Европа не критикува се и сешто. Без разлика дали станува збор за изградба на градинки, за зголемување на социјална помош, за субвенции во земјоделието, за изградба на нови фабрики, за градење на водоводи, за градење на спортски сали, за субвенционирање на заштитата на животната средина, опозицијата во Македонија критикува се. Јас не велам, ниту некогаш сум рекол дека се што оваа Влада направила е совршено добро и не е можно да биде подобро, но нема никогаш, ниту јас, ниту било кој граѓанин да прифати дека се е црно, се е лошо и се е штетно.
Не ја видовме СДСМ со децени наназад да понуди реална, објективна и издржана програма со конкретни проекти и мерки, со конкретни рокови и начин на обезбедување на средства за нивна реализација. Се што видовме од СДСМ е од време на време истрчување со памфлети и пароли дека сите проблеми што ги има Македонија и нејзините граѓани тие со само еден потег ќе ги решат. Фали уште да кажат дека единствено што Македонија треба да направи за од утре да живее како Шведска е да гласа за СДСМ. Ќе биде чудо, СДСМ за едно деноноќие ќе ги реши сите проблеми, ама нема да каже како. СДСМ ќе ги решеше проблемите и пред две и пред пет години ако и беше дадена шанса, ама затоа што не и е дадена ги казнува граѓаните и не ги кажува своите идеи. Човек ќе помисли дека во СДСМ се пишуваат сценаријата за филмовите на Стенли Кјубрик и Квентин Тарантино. Се е ќе се реши, само дајте власт за СДСМ ,е паролата на СДСМ. За среќа граѓаните на Република Македонија се мудри, проникливи и имаат добро паметење. Тие не дозволија манипулациите, деструкцијата и лажните конструкции да ги поведат и да дозволат на власт да се врати структура која на оваа
www.kapital.mk
Капитал број 884 07.10.2016
43
дложување на изборите држава и ги нанесе најштетните последици во работите како мафијашката приватизација, 200.000 невработени, погубна домашна меѓуетничка политика, промената на македонското име и знаем итн. Покрај сите удари против Владата, владеачкото мнозинство и државата Република Македонија, поддршката која ја уживаат партиите очигледно не се менува. ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ја ужива поддршката од стабилни над 25%, а СДСМ не е ниту близу до изборна победа со своите 15%. Соодносот на поддршката и кај албанските политички партии во Македонија е сличен. Она што е воочливо и вреди да се спомене е дека кога станува збор за конретни теми и политики довербата на граѓаните кон она што го работи ВМРО-ДПМНЕ е далеку поголема. 58,9% од граѓаните би ја довериле економијата на ВМРО-ДПМНЕ, а само 25,3% на СДСМ. 48,5% од граѓаните мислат дека ВМРО-ДПМНЕ има
Јас не велам, ниту некогаш сум рекол дека се што оваа Влада направила е совршено добро и не е можно да биде подобро, но нема никогаш, ниту јас, ниту било кој граѓанин да прифати дека се е црно, се е лошо и се е штетно. подобра кадровска понуда, а само 22,1% го мислат истото за СДСМ. 49,1% би ја довериле безбедноста во државата на ВМРО-ДПМНЕ, а само 25,7% на СДСМ. Замислете, 62,7% од граѓаните мислат дека ВМРО-ДПМНЕ држи до својот збор, а само 19,2% го мислат истото за СДСМ (од пет граѓани само 1 верува на тоа што СДСМ зборува). Затоа, сите тврдења и сите теми кои беа посочени како причини за одложување на изборите се само изговор како СДСМ да избега од избори и да избега од граѓаните без притоа да води
сметка за катастрофалните последици кои со тоа ги продуцира. Затоа, конечно овој пат СДСМ и нејзините спонзори не треба и не смеат да размислуваат за одложување на веќе договорените избори за 11 декември. Штетата која ја претрпе Македонија по нејзиниот меѓународен углед, по нејзините инститиуции, по нејзините меѓуетнички односи и конечено по нејзината економија и стандардот на граѓаните се преголеми за да може една партија до бесконечност да си поигрува. Граѓаните на 11 декември ќе ги дадат сите одговори. nnn
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
www.kapital.mk
ПОКАНА На 16 декември 2016 година (петок) во просториите на НБРМ, на 8. кат, со почеток во 14 часот, ќе се одржи 23. сесија на Клубот на истражувачите. Доколку сакате да го презентирате Вашиот работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве молиме да нè известите најдоцна до 30 ноември 2016 година (среда). Се надеваме дека ќе предизвикаме интерес кај Вас и кај Вашите колеги за учество на Клубот на истражувачите. Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на оваа сесија на Клубот на истражувачите најдоцна до 14 декември (среда) 2016 година на тел. +389 2 3298 505; електронска пошта: marketing@kapital.com.mk Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот е од отворен карактер, за што подетаљни информации можете да видите на следнава врска: www.nbrm.mk/Клуб на истражувачи.
www.kapital.mk
Капитал број 884 07.10.2016
44
БАЛКАН БИЗНИС И ПОЛИТИКА
СРБИЈА БЕЗ ЦАРИНА ЌЕ ИЗВЕЗУВА ВОЗИЛА, СИРЕЊЕ, ШЕЌЕР И МЕСО ВО ЕВРОАЗИСКАТА УНИЈА На Србија, секако, најмногу би и значел бесцаринскиот извоз на автомобилите Fiat на големиот евроазиски пазар од 180 милиони потрошувачи; уште повеќе откако во Крагуевац поради лошата продажба на моделите што таму се произведуваат е затворена една цела смена и отпуштени се околу 700 работници
K
он крајот на минатата седмица почнаа официјалните преговори за склучување договор за слободна трговија меѓу Евроази-ската унија, што ја чинат пет земји - Русија, Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан, со Србија. Белград веќе има поединечни договори за слободна трговија со три членки на Евроазиската економска унија - со Русија, со Белорусија и со Казахастан, а со Ерменија и со Киргистан
за привилегиран режим на трговија. Кога ќе завршат преговорите, Србија ќе потпише нов договор со Унијата како целина. На Србија, секако, најмногу би и значел бесцаринскиот извоз на автомобилите Fiat на големиот евроазиски пазар од 180 милиони потрошувачи; уште повеќе откако во Крагуевац поради лошата продажба на моделите што таму се произведуваат е затворена една цела смена и отпуштени се околу 700 работници. Се очекува дека преговорите за слободна трговија меѓу Евроазиската унија и Србија ќе завршат до крајот на годината.
Белорусите ги сакаат српските овошје и зеленчук
Според зборовите на амбасадорот на Русија во Србија, Александар Чепурин, економската соработка меѓу Србија и Русија мора да се удвои, а разговорите со претставниците на српските локални власти се со големо значење бидејќи соработката треба да почне токму од тоа ниво, за потоа на ниво на влади да бидат постигнати бројни договори. Амбасадорот на Белорусија во Србија, Владимир Чушев, вели дека неговата држава, кога станува збор за економската
ПАЗАР: 180 МИЛИОНИ ПОТРОШУВАЧИ ЗА СРПСКИТЕ СТОКИ
P
КОМПЈУТЕРСКА ДЕРМАТОСКОПИЈА НА БЕНКИ
Скопје +389 2 / 321 66 08 www.ancevski.com.mk ancevski@laserlab.com.mk facebook.com / Ординација Д-р Анчевски
www.kapital.mk
Капитал број 884 07.10.2016
46
БАЛКАН БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Претседателите на Белорусија, Казахстан и Русија, три од петте членки на Евроазиската унија соработка, е многу присутна во Србија. „Имаме неколку погони за склопување на белоруска техника, а во Крагуевац се склопуваат автобуси со мотори на гас што се европско-српски-белоруски производ“, изјави Чушев. Тој додава дека Белорусија увезува овошје и зеленчук од Чачак, српскиот град што го посетил заедно со рускиот амбасадор, и дека овие овошје и зеленчук одговараат на барањата на белорускиот пазар, бидејќи, како што наведува амбасадорот, „белорускиот потрошувач бара квалитетни производи“. „Очекуваме дека го крајот на годината ќе биде потпишана таканаречената мапа на патот, односно планот за соработка и за важните манифестации и активности за следните неколку години’, вели Чушев, повикувајќи ги српските претприемачи да бидат поактивни како на локално, така и на централно-владино ниво.
на Белорусија со Србија не треба да се сведе само на размена на гас и на нафта од една страна, и на овошје и зеленчук од друга (страна), туку оти е потребно да се почне со развој на лесна индустрија по која Чачак бил препознатлив. Истовремено во Белград, српскиот министер за трговија, за туризам и за телекомуникации, Расим Љајиќ, рече дека веќе не гледа политички пречки за извоз на автомобилите Fiat на рускиот пазар во бесцарински режим. „Досега пречка во извозот на Fiat автомобилите на рускиот пазар беше ставот на Казахстан кој го штитеше своето домашно производство. По посетата на делегацијата од Казахстан на Србија од пред два месеци, оваа блокада е отстранета на некој начин; имаме позитивна политичка клима, и не гледам политички пречки тоа да се случи“, рече Љајиќ.
Развој на лесна индустрија во Чачак
Според зборовите на Љајиќ, преостанува техничката фаза од разговорите во која се расправа за потеклото на стоките и на суровините на одредени производи што ќе се најдат на пописот што Србија сака да ги извезува на евроазискиот пазар без царина. Тој додава дека се надева оти и Fiat ќе влезе во овој бесцарински режим. Како што порано беше најавувано, станува збор за контингент од 5.000 или 10.000 возила што би биле пласирани во Русија и во другите
Парламентарниот застапник од Чачак, Драгомир Кариќ, изјави дека разговорите со претставниците на земјите од Евроазиската унија се „ветар во грб“ за Србија и доказ дека во Чачак, но и во другите градови од Србија ќе дојдат инвестиции не само од Русија и од Белорусија, туку и од целиот евроазиски сојуз. Градоначалникот на Чачак, Милун Тодоровиќ, истакна дека соработката на Русија и
Надежта за Крагуевац
евроазиски земји, а за возврат, без царина ќе се продаваат руски возила во Србија. „Сакаме и Fiat и некои видови сирење, цигари, шеќер и месо да бидат на пописот производи што без царина ќе се продаваат на евроазискиот пазар“, додава министерот Љајиќ. Според неговото објаснување, кога станува збор за Договорот за слободна трговија што Србија го има со Русија, веќе 99% од производите се во бесцарински режим. Инаку, во Русија работат околу 10.000 граѓани на Србија. Во првите единаесет месеци од 2014 година дозвола за работа имале околу 9.500 Срби; повеќето од нив во градежништвото.
Амбициите на Евроазиската економска унија
Договорот за основање на Евроазиската економска унија (EAUE) на 29 мај 2014 година го потпишаа претседателите на Русија, на Белорусија и на Казахстан, а со него се предвидуваше слободно движење на стоките, на услугите, на капиталот и на работната сила меѓу земјите потписнички. На Договорот подоцна се придружија Ерменија и Киргистан. Договор за слободна трговија Евроазиската економска унија веќе потпиша со Виетнам, а се преговара и со Израел, со Индија, со Египет и со Иран. Особено е важна соработката со Кина - пред сè поврзувањето на EAUE со проектот Економски појас на Патот на свилата. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 884 07.10.2016
СВЕТ
47
ПУТИН СО УЛТИМАТУМ КОН САД ДА ПОВЛЕЧАТ ДЕЛ ОД ВОЕНИТЕ СИЛИ ВО БУГАРИЈА И ПРИБАЛТИКОТ Ова е првпат Путин да им се заканува на САД да си одат од источна Европа со конкретни услови и последици, а барањата исцртуваат и изрично исклучива зона на интерес за Москва - Бугарија, Романија, Литванија, Латвија и Естонија. Барањето за повлекување на американската војска од овие држави де факто значи барање за повлекување на НАТО од нив
Р
Преземено од софиски „Капитал“
Рускиот претседател Владимир Путин побара од САД да ја намалат својата воена инфраструктура и контингенти во новите членки на НАТО (придружени по 1 септември 2000 година) - Бугарија, Романија и балтичките држави. Москва
побара Вашинг тон да ја прекине „непријателската политика“ кон државата, откако ќе исплати обесштетување за причинетите штети од американските санкции, како и компензација за загубите што Русија ги поднесе поради сопствените контрасанкции. Ова се дел од условите на Путин за се врати во напорите за уништување на збогатениот плутониум за воени цели, откако тој со указ еднострано го отрфли договорот на Русија со САД за преработка на плутониумот. „Долго време Русија го исполнуваше договорот еднострано“, изјави по поводот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. И покрај тоа, Министерството за надворешни работи на Русија дополни дека земјата не се откажува од одговорностите за нуклеарното разоружување, и плутониумот нема да се користи за производство на
нуклеарно оружје, односно, одлуката на Путин испаѓа дека е пред сè политички сигнал. Според рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ова е знак дека САД нема да постигнат ништо ако со Русија разговараат од позиција на сила, на санкции и на ултиматуми. Договорот за плутониумот не е меѓу најважните во разоружувањето на САД и на Русија по студената војна, но неговото откажување има своја симболика. „Указот (на Путин) е сигнал дека и други договори за соработка околу нуклеарното оружје меѓу САД и Русија се под ризик“, коментира американската консултантска компанија Stratfor. Според Stratfor одлуката најверојатно е обид да му се најави на Вашингтон цената на прекинот на преговорите за Сирија и
STRATFOR: ПУТИН ЈА СООПШТИ ЦЕНАТА ЗА ПОТЦЕНУВАЊЕТО НА РУСИЈА
www.kapital.mk
Капитал број 884 07.10.2016
48
СВЕТ
за други прашања, како и да се потврди статусот на Русија како голема сила. Другиот важен момент е исцртувањето на зона што Москва сака да биде под нејзино влијание, а тука е вклучена Бугарија заедно со поранешни републики на СССР. Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест, изјавидека одлуката на Русите е разочарувачка, и додаде дека „сме доста разочарани од редица понови руски одлуки“, вклучително и за анектирањето на Крим и обновата на огнот во Сирија, што „само ја продлабочија изолацијата на Русија во меѓународната заедница“.
Условите на Путин
Ова е првпат Путин да им се заканува на САД да си одат од источна Европа со конкретни услови и последици, а барањата исцртуваат и изрично исклучива зона на интерес за Москва - Бугарија, Романија, Литванија, Латвија и Естонија. Барањето за повлекување на американската војска од овие држави де факто значи барање за повлекување на НАТО од нив. Кратењето на воената инфраструктура и на контингентот војски на САД во Бугарија, во Романија и во балтичките држави треба да стигне до нивоата на военото присуство на САД таму пред стапувањето во сила на договорот, бара Русија. Во однос на Бугарија станува збор за објектите за заедничко користење со САД - две воздухопловни бази, полигон и складишта. Летоска, договорот за нивно користење што дозволуваше не повеќе од 90 дена да има до 5.000 американски војници и цивили, стана неограничен. Вториот услов за „откажување од непријателската политика“ вклучува укинување на таканаречениот закон „Магнитски“, донесен во 2012 година, кој забранува влегување во САД на редица официјални лица сметани за одговорни за смртта (додека беше во затвор) на Сергеј Магнитски, како и укинување на клаузули против Русија во закон од 2014 година што ја поддржува слободата во Украина. Освен ова, Путин настојува да се укинат сите санкции воведени од САД за руски физички и правни лица, како и да се добијат компензации за американските санкции поради Украина и Крим и руските контрасанкции. Засега нема посочено за
колкава сума станува збор - колку пари бара Путин, но поради финансиските санкции од втората половина на 2014 година до 2017 година Русија ќе загуби 280 милијарди долари, тука и директни инвестиции вредни 85 милијарди долари, тврдат Евсеј Гурвич и Илја Прилепскиј од аналитичкиот центар Економска експертска група, што ги цитира изданието Руска нафта (Нефть России). ММФ, пак, оценува дека вкупниот ефект од санкциите и контрасанкциите зема 1-1,5 процентни поени од растот на рускиот БДП годишно.
За каков договор станува збор и зошто е важен за САД?
Договорот беше потпишан во 2000 година и предвидуваше Русија и САД да уништат 34 тони плутониум преку изгорување во реактори. Влезе во сила во 2010 година кога беше потпишан од рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и тогашната негова американска колешка, Хилари Клинтон. Идејата беше изгорувањето на плутониумот да се прави со MOX технологија - специјално гориво што е смеса од оксидите на плутониумот
и на уранот. Русија изгради погон во Железногорск, што требаше да се зафати со работата, а белојарската АЕЦ доби реактор со брзи неутрони БН-800. Бидејќи методот е доста скап, САД предложија и друг пристап, при кој плутониумот се меша со други радиоактивни отпадоци и се „закопува“ во земја наместо да се ползува како гориво за други реактори. Русија, меѓутоа, смета дека при оваа варијанта плутониумот може одново да биде „ископан“ во дадена етапа и да се користи за нуклеарно оружје. Договорот се однесуваше само за еден дел од сиот плутониум што двете страни го поседуваат - за 34 тони. Според Associated Press, САД располагаат со околу 100 тони плутониум за воени цели, а Русија со 140. За софиски „Капитал“ високопозициониран руски пратеник од Комисијата за надворешна политика, кој побарал анонимност, коментира: „Овој договор ни е целосно неповолен во поглед на безбедноста, особено во услови кога сме укорени и нè претвораат во „лошиот чичко“, и затоа би било глупаво да се откажеме од нуклеарниот штит“. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 884 07.10.2016
МЕНАЏМЕНТ
КАКО ДА СЕ СОЗДАДЕ И МОТИВИРА ЕДЕН ТИМ ЗА ПРОДАЖБА
49
K
Компаниите се одржуваат во живот и умираат според квалитетот на нивната продажбена работна сила. Еден импресивен тим за продажба може да направи одлична продажба на еден просечен производ или услуга, но еден несмасен тим нема да успее да направи продажба дури и со првокласна понуда.
Вработете продавачи во самата фирма
Можеби ќе паднете во искушение да врабо-тите надворешни агенти кои застапуваат производи од различни продавачи. Но вработувањето продавачи во самата фирма ви дава директна контрола над вашиот тим, и ви овозможува активно учество во планирањето и извршувањето на продажбената стратегија. Освен тоа, ваквиот персонал работи за вас и само за вас- неговата примарна цел е да ги продаде производите и услугите на вашата компанија. За разлика од него, надворешните агенти продаваат многу производи од различни продавачи и се слабо поврзани со вашата фирма. Сетете се дека треба да платите 100% од трошоците поврзани со вработените во самата фирма, па затоа осигурајте се дека понудите кои ги дава вашата компанија ќе се продаваат доволно добро за да ги покријат тие трошоци.
Вработувајте внимателно
Многу луѓе сметаат дека можат на рибарот риба да му продадат-но вистинските продавачи се доста ретки. За да се пронајде creme de la creme, барајте продавачи со следниве карактеристики: 1. Силно мотивирани од пари 2. Желни за учење 3. Самоуверени 4. Спремни на предизвици
5. Упорни 6. Со натпреварувачки дух 7. Добро поднесуваат одбивање 8. Одлични слушатели 9. Физички и ментално енергетични Буква по буква кажете им ги вашитe очекувања. Секогаш разговарајте за целите на продажбата. Тоа може да ви помогне во изготвувањето на договор во кој ќе биде наведено што компанијата е спремна да направи за продавачот и обратно.
Мотивирајте го тимот со силен систем за надоместок
Обука, обука, обука
Искористете ги нефинансиските мотиватори најдобро што можете
Колку повеќе ги обучувате вашите продавачи, толку поспремни ќе бидат тие во одговорањето на прашањата на клиентите и во извршувањето на продажбата. Вашите искусни продавачи треба детално да ги познаваат вашите производи, производите на конкуренцијата, и пазарот на кој се пласираат тие производи. Исто така ќе треба да ги обучите да ги разбираат потребите, искуството и грижите на нивните клиенти. Редовно одржувајте обуки и охрабрувајте го вашиот тим да посетува надворешни тренинзи и семинари поврзани со продажбата и индустријата во која делувате.
Пред да започнете со вработување, убаво конструирајте го вашиот план за надоместок. Пристапот со провизија обично е најдобар, но би требало да вклучува основна плата. На тој начин, продавачот има загарантиран почетен приход- кој го стимулира моралот за време на неуспеси во фирмата. Стандардите за надоместок може да ги пронајдете во вашата трговска асоцијација.
Вработените сакаат да им се признае добро сработената работа, и да чувствуваат дека нивните претпоставени ги сослушуваат и реагираат на посоќените проблеми. Исто така е важно да им овозможите на вашите вработени да се чувсвуваат како дел од тимот. И не заборавајте ја моќта на додатоците- платени одмори, или породилно отсуство, или здравствено осигурување- кои можат значително да ви помогнат да си ги задржите најдобрите луѓе. nnn
ПЛАТА: ОСНОВИЦА ПЛУС ПРОЦЕНТ Е НАЈДОБРО РЕШЕНИЕ
www.kapital.mk
Капитал број 884 07.10.2016
50
ЛИДЕРИ
КЕВИН МИТНИК
ХАКЕР И КОНСУЛТАНТ ЗА ИТ БЕЗБЕДНОСТ
ЈАС СÈ УШТЕ СУМ ХАКЕР. САМО ШТО СЕГА МЕ ПЛАЌААТ ЗА ТОА.
O
Обично во оваа рубрика претставуваме цитати од познати бизнис или политички лидери, но овој пат ќе претставиме неколку “мудроштини“ од еден поинаков “лидер“, своевремено најопасниот компјутерски хакер во светот, Кевин Митник, денес трансформиран во водечки консултант за ИТ безбедност.
Во средно школо на часот за компјутери прва задача ни беше да напишеме програма што ќе ги испринта првите сто броја од Фибоначи низата. Наместо тоа, јас напишав програма што може да украде пасворди од студентите. Професорот ми даде петка.
Безбедноста секогаш ќе биде брканица на мачка и глушец – секогаш ќе има луѓе во потрага по брзи пари и луѓе кои што немаат системи за безбедност на своите податоци.
Хакерите провалуваат во ИТ системите заради профит. Порано беше заради интелектуална сатисфакција, љубопитност и сл., но сега сето тоа е голем бизнис.
Со овој човек и Капитал пред неколку години направи интервју, за време на една конференција за интернет безбедност што се одржуваше во Скопје, каде што тој беше главниот говорник. Со оглед дека ИТ безбедноста станува сè поголема тема секој ден, да се потсетиме на неколку изјави од Митник.
Дали треба да се плашиме од хакерите? Зависи од тоа што им е намерата.
Јас сè уште сум хакер. Но, сега за тоа ме плаќаат. На времето никогаш немав материјална корист од хакирањето. Сега ги правам истите работи, но со дозвола.
Се запалив многу по технологијата. Хакирањето за мене беше како видео игра. Како да освојуваш трофеи. И покрај сите неволји во кои западнав, не можев да престанам, затоа што бев навлечен.
Компаниите трошат милиони долари за хардвер и софтвер што треба да ги заштити нивните податоци, но сите тие пари се залудно потрошени затоа што ниедна од мерките не е насочена кон најслабата алка во синџирот на безбедност: луѓето што ги користат компјутерските системи.
Кога бев во затвор, колумбиски нарко бос ми понуди пет милиони долари во кеш за да го изманипулирам компјутерскиот систем, па тој да биде ослободен. Го одбив.