АНАЛИЗА
БИЗНИС ТРЕНДОВИ
КАКВА ХРАНА ПРОИЗВЕДУВА МАКЕДОНИЈА?
БИЗНИС И ФИНАНСИИ
МЕДИУМИТЕ ГО МЕНУВААТ БИЗНИС МОДЕЛОТ ВО ДИГИТАЛНАТА ЕРА
ММФ И СВЕТСКА БАНКА БАРААТ ДРЖАВИТЕ ПОВЕЌЕ ДА ТРОШАТ ЗА ДА СЕ ПОТТИКНЕ РАСТОТ
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
WWW.KAPITAL.MK
ПЕНЗИСКИОТ ДЕФИЦИТ АЛАРМАНТНО РАСТЕ 432,6
43,5%
452,6
43,2%
385,9 343,0
ТРАНСФЕРИ ОД ДРЖАВНИОТ БУЏЕТ ДО ПИОМ (МИЛИОНИ ЕВРА)
33,9%
227,9 2009
255,3 231,3
41,8%
41,3%
41,4%
284,6 37,9%
УДЕЛ ВО ВКУПНИОТ БУЏЕТ НА ПИОМ
35,4%
33,5%
2010
346,6
Податоци од Буџетот на Министерството за финансии
2011
2012
2013
2014
2015
2016
2017
ПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИНА ОД ПЕНЗИИТЕ ДОГОДИНА ЗАВИСНИ ОД ДРЖАВНИОТ БУЏЕТ COVER STORY КОИ СЕ 10-ТЕ НАЈГОЛЕМИ ИГРАЧИ ВО РЕГИОНОТ? БРОЈ 885 | ЦЕНА 100 ДЕН. 14 ОКТОМВРИ 2016 | ПЕТОК | ГОДИНА 18
ТРЕНД: ЗОШТО РАСТЕ ОСИГУРИТЕЛНИОТ ПАЗАР?
3
Капитал број 885 14.10.2016
СОДРЖИНА
8 04
STAND BY
06
НАВИГАТОР
македонските фабрики за храна
32
ММФ и Светска банка бараат државите повеќе да трошат за да се поттикне растот
08 Најголемите 10 компании
во Македонија прават половина од приходите на најголемиот Агрокор
АНАЛИЗА
Пензискиот дефицит алармантно расте Повеќе од половина од пензиите догодина зависни од државниот Буџет
38
ИНДУСТРИЈА 42 24 АНАЛИЗА Што најмногу произведуваат
ЉУПЧО ЗИКОВ Пензионери, внуци емигранти, и јадни домашни претприемачи!
COVER STORY
16
16
36 40
МЕДИУМИ
Како традиционалните медиуми бараат добитен бизнис модел во ерата на дигитални вести?
координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание.
44
БАЛКАН БИЗНИС
48
МЕНАЏМЕНТ
50
ЛИДЕРИ
БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Русија и Турција ги стоплија и економските односи Путин и Ердоган го потпишаа договорот за „Турски тек“
ИЛИЈА ДИМОВСКИ
Вистината секогаш излегува на површина
ЛУЃЕ И КОМПАНИИ
Осигурителниот пазар продолжува со позитивниот тренд Животното осигурување со 20% раст во првите шест месеци
КОЛУМНА
Како загрепскиот стартап PlayAD успеа својата прва зделка да ја направи со Coca - Cola Дали сте саботирани од сопствената цел за остварување поголема продажба? РЕИД ГАРЕТ ХОФМАН
основач и извршен директор на LinkedIn
ГОЛЕМИ И МАЛИ
СУБВЕНЦИОНИРАНИ ПЕНЗИИ
ЈАДЕЊЕ И ПИЕЊЕ
Колку е силна и ефикасна една национална економија најдобро може да се измери преку нејзините компании, односно колку се тие големи, колкав обрт прават, колку се профитабилни, колку инвестираат, колку вработуваат... Ако според овие критериуми македонската економија се спореди со економиите на земјите од регионот, заклучокот е поразителен. Сите економски мерки и реформи на сите досегашни влади паѓаат во вода пред заклучокот дека македонските компании се најслаби мерено според обртот кој го прават и профитите со кои работат, како и пред фактот дека на врвот на 10-те најдобри компании само две се во домашна сопственост, додека останатите осум се во странска сопственост.
Повеќе од половина од пензиите на вкупно 312.858 пензионери догодина ќе се исплатат со префрлање на пари од државната каса, покажуваат пресметките од Предлог Буџетот за 2017 година. Од вкупно 832,7 милиони евра колку што ќе бидат потребни за исплата на пензиите, дури 452,6 милиони евра, односно 54,3% ќе дојдат како трансфер од Буџетот бидејќи приходите од придонесите за пензиско осигурување не се доволни. Оваа сума е за 20 милиони евра повеќе отколку годинава, што покажува дека дефицитот во пензискиот фонд, односно разликата меѓу трошоците за пензии и приходите од придонесите се зголемува. Не му се пишува добро на македонскиот пензиски систем.
Во Македонија има услови за производство на свежо пилешко месо, но пилешко месо речиси и да не се произведува, туку се увезува за преку 40 милиони евра годишно. Во Македонија пак, не растат портокали, но се произведуваат преку 4.000 тони сок од портокали од увезен концентрат, а иако јаболка има колку сакаш, сок од јаболка се произведува помалку. Свинско месо се произведува шест пати повеќе од јунешко. Храна што најмногу се произведува индустриски во земјава е пченично брашно и пченичен леб, додека пак, храна што најмногу расте со производството е чипсот, дури 350% за три години.
XX Стр. 8
XX Стр. 16
XX Стр.24
Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 13.10.2016
H пишува: ЉУПЧО ЗИКОВ
Пензионери и внуци емигранти Македонската економија едноставно не може повеќе да се потпира на триесетина македонски директори и сопственици кои се поврзани со политичките и партиските елити. Овој таканаречен бизнис модел повеќе не функционира! Умре моделот. Ова е состојба непроменета во сите 25 години од независноста. Затоа сега е потребна генерација на повеќе илјади млади инвеститори кои ќе бидат креатори на сосема нови односи во стопанството, меѓу фирмите и банките и меѓу фирмите и државата.
ljupco.zikov@kapital.mk facebook.com/ljupco.zikov
На една од инфантилните утрински програми кои одат по провладините телевизии деновиве можеше да се наиде на следното фатаморганично телевизиско остварување наменето за ”идиоти”...!? Долго се воспеваше успехот на македонската фудбалска репрезентација со пласманот на европско првенство, па тоа некако водителот несмасно, а тенденциозно, го поврза со вкупните успеси на државата во економијата и градителството, па добиваш впечаток дека всушност владата и министрите се заслужни за успехот на фудбалската репрезентација, а не фудбалерите кои нозе искршија на теренот ...!? Се и сешто се кажува по телевизиите наутро. Навистина тоа се солидно смешни и неуки програми за “збрлавено граѓанство” кое станало рано наутро, и не знае што да прави... Претежно пензионери кои не се во состојба внуците да ги погалат оти тие со родителите поради безработицата и ниските плати, се исселиле наводно по попристоен живот, со помош на бугарски пасош, некаде низ Европа... А дома, со по една чашка жолта ракија, пред телевизорот на кој оди нискобуџетната утринска програма наменета за “идиоти”, на која водителот не си верува сам на сопствените изговорени зборови, но порачува дека доаѓаат супер денови за пензионерите... Баба и дедо се во транс... Платите ќе се зголемат за фантастични 5%! Секако, во еден добро и свесно програмиран хаотичен редослед, и каде, на пример, оди прилог за огромните достигнувања кај странските инвестиции (уште “сто” фабрики доаѓаат во Македонија), па фудбал младите се пласираа на европско првенство, па прилог за големите достигнувања на македонските пензионери со тоа што ќе добијат уште 5% горе (било ветено и еве се исполнило), за да блокот заврши со живи јавувања на тројца “наместени идиоти” кои треба да кажат дека работничка плата од 15.000 до 16.000 денари е одлична плата и сосема доволно (демек што сакаме повеќе) ..., а за она дека треба да се стремиме кон 500 евра просек велат (ааа многу е тоа, и не е остварливо, нека не ве лажат...) !!!??? И со тој заклучок завршува интелигентниот блок, на многу интелигентната телевизија, со суперинтелигентен новинар водител, на уште поинтелигентната утринска програма наменета за многу интелигентни македонски граѓани кои, чиниш, завршиле буквално се во животот, и сега во стил на високобуџетни јапанци глобтротери, се посветени на телевизиската надградба, и тоа меѓу две туристички патувања на европски и светски дестинации, оти нели платите се добри, а пензиите одлични ... Покриваат и најнормални животни потреби. А реалноста е следна: Повеќе од една четвртина, или нешто под една третина од македонскиот годишен Буџет за кој велат дека бил развоен, оди за пензии (нешто над 800 милиони евра). Исто толку се разбира за платите за јавната администрација. Кај пензиите многу сериозен загрижувачки момент е што во следната 2017 година Фондот за пензии (кој во принцип треба да се полни со придонесите што работодавците ги плаќаат за пензиско осигурување, сега за повеќе од 50% ќе се полни со директни трансфери од државниот Буџет. Ова укажува на огромни дефицити во Фондот кои се заканува во еден момент да ја блокира исплатата кон најкомотниот дел од македонското население, над 350.000 пензионери. Секако пензионерите фасцинирани од висината
STAND BY и цифрите во последните години едноставно восхитени и возбудени не се во состојба да ги восприемат ризиците. Тие, пензионерите, дури не се во состојба да поврзат и следната паралела: Голем дел од македонското младо работоспособно население (синови, ќерки и внуци), се иселува од земјата. Во оваа историска секвенца ќе остане запишано дека се иселуваат цели семејства (родители и деца), а во Македонија остануваат само баба и дедо пензионери. Па тогаш кој ќе го полни Фондот од каде тие треба да ги добијат пензиите. Аргировски што мислиш? Работоспособното население, кое во Македонија не може да најде работа и достоинствен живот, се исселува со бугарски пасош, но од неодамна во повеќе европски земји работа може да се најде и само со македонски пасош. Многумина што се уште не се заминати, се подготвуваат тоа да го сторат наскоро. Оттука, заклучокот е дека македонското население забрзано старее и се помалку е корисно во развојот на домашната економија и индустриите. Неквалификувана и лошо образувана работна сила доминира во Македонија, а многумина аналитичари падот на невработеноста во Македонија во голем дел го поврзуваат токму со феноменот на исселување на добро квалификуваните работници. Овој неповратлив тренд има силно директно влијание врз пазарот на работна сила. Цели индустриски гранки во земјата се соочуваат со недостаток на квалификувана работна сила. Многу фирми дома затвораат токму поради немање соодветни кадри. Илјадници потенцијални претприемачи не отвораат бизнис поради истите причини. Според неофицијални информации од слободните индустриски зони, каде работат од државата субвенционираните странци, анализите се дека по налетот на работна сила во првите години од агресивниот влез, сега странците се повеќе размислуваат за напуштање на Македонија и затворање на фабриките, поради немањето можност за зголемување на капацитетите. Во некои други источно европски држави, кои се многу поголеми од Македонија, како Бугарија и Романија било подобро затоа што на пазарите на работна сила таму сепак може да се најде повеќе работници, изборот е поголем, а во тие економии се чувствува и почетен тренд на враќање на порано иселените граѓани.
Што треба да се прави? Секако, ова е само скицата на македонскиот длабок проблем. Во кој правец би требало да одат можните решенија? Каде може реално да се интервенира? Најитно треба да се смени пристапот, со тоа што повеќедеценискиот пасивен пристап на штедење на државата да се замени со активно и агресивно трошење во продуктивни проекти со силна додадена вредност. На пример, помош за старт и развој на нови многу илјади компании. Ова би можело да биде одлична цел на идната Влада. Понатаму, да се спречи буџетското “испумпување” на парите со што повеќе години наназад се подгрева корупцијата, се креираат монополите и картелите во земјата преку силно партиско арбитрирање на замислената елита. Да се спречи како економското, така и силното партиско-политичко картелско делување. На земјата и треба Нова Економија која ќе води кон ново општество. Да појаснам со пример од каде да се тргне: Едно истражување неодамна покажа дека во Македонија не се подготвени да инвестираат во бизнис дури 89% од полнолетните граѓани. Според различната образовна структура, повеќето се изјасниле дека повеќе сакаат да се вработат во јавната администрација, или во некоја приватна добра фирма во земјата, а поголем дел се изјасниле дека би се исселиле во потрага по попристојни приходи!? Сепак, 11% од граѓаните се изјасниле дека би донеле одлука да инвестираат во бизнис ако за тоа има шанси и адекватни услови. Промената на пристапот треба да се огледа во тоа дека крајно време е некој во оваа држава да разбере дека овие 11% од македонските полнолетни граѓани во апсолутна бројка може да значи над 70.000 граѓани. Тоа се можни потенцијални меѓу 50.000 и 70.000 нови фирми. Нови почетоци, визии и проекти. Во тие фирми треба да се вработат повеќе невработени ... Ова е шансата на Македонија, и тука се крие излезот. Сегашниот губитнички став да се смени со развојно размислување. Македонската економија повеќе не може да се потпира на таканаречените големи македонски фабрики и фирми, затоа што во првите десет најголеми во Македонија само две се македонски, а другите се странски. Значи дека тие веќе не се големи, иако некогаш биле, а веројатно ниту се најважни. Напротив, од повеќето од нив на крајот по долгите
години економска и политичка немоќ на ова општество тие останаа гола олупина. Без деловна визија и стратешки планови, а во поново време без работници. От т ука, македонската економија едноставно не може повеќе да се потпира на триесетина македонски директори и сопственици кои се поврзани со политичките и партиските елити. Овој таканаречен бизнис модел повеке не функционира! Умре моделот. Ова е состојба непроменета во сите 25 години од независноста. Затоа сега е потребна генерација на повеќе илјади млади инвеститори кои ќе бидат креатори на сосема нови односи во стопанството, меѓу фирмите и банките и меѓу фирмите и државата. Оттука, државата (идната Влада) ќе мора силно да се фокусира врз три сегменти: ПРВО, радикална промена на пристапот кон средното и високото образовани со мисија тоа да стане добра алатка за развојот на економијата, а не образованието да биде цел само за себе. ВТОРО, силни субвенции и други дотации преку централниот буџет за нови проекти кај поголем број, повеќе илјади претприемачи годишно, и силно отворање на стартап сцената во Македонија, преку која би можело да се задржи добар дел од младото население во земјата. Отворена за знаење Нова Економија. ТРЕТО, буџетска и банкарска реформа со силни државни гаранции. Ако во овие сфери не се влезе со силни реформи, Македонија ќе остане долго заглавена во зоната на ниски буџетски приходи, висока задолеженост па се до банкрот. Тоа ќе биде производ на неможноста и немањето услови фирмите во Македонија да го полнат буџетот. Бидејќи се помалку ќе има нови компании, сегашните ќе продолжат да се дават во неликвидност, ќе продолжат да кратат трошоци, а со тоа и ќе ја намалуваат сопствената реална моќ за раст... Тој тренд може да стане незапирлив. Едноставно кажано од аспект на денешната поента во оваа колумна. Компаниите за да се спасат во голема мерка ќе почнат да го намалуваат бројот на вработените. Како што сега најавуваат дека странската инвестиција во некоја од зоните ќе ангажирала 500, 1000, 3000 работници, ќе дојде време кога толку ќе останат без работа. Ќе се создаде нов контингент на работоспособно, а невработено население кои ќе бараат спас во исселување. А нови компании ќе нема. А ќе снема и водители на инфантилни утрински емисии. И тие ќе се исселат, па пензионерите ќе немаат што да гледаат.
nnn
www.kapital.mk
Капитал број 885 14.10.2016
6
НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА
> БРОЈКА
20,9%
повеќе одобренија за градба се издадени во август
Евроинтеграциите не се избор според афинитети, туку помеѓу иднината и минатото, во смисла, каква држава сакаме да имаме, какви институции, какво општество
ЕДИ РАМА
премиер на Албанија
Путин и Ердоган се договори
Т
урција ги издаде сите потребни дозволи за изградба на „Турски поток“, соопшти рускиот министер за енергетика Александар Новак, напоменувајќи дека работите за поставувањето на цевките на гасоводот ќе почнат во 2017 година. “Се предвидува изградбата да биде завршена кон крајот на 2019 година. Сега се вршат подготвителните активности. Прво задолжителните работи, техничкоекономските обврски и проектно-законската документација, а потоа ќе започне изградбата на гасоводот во 2017 година”,
ММФ И СВЕТСКА БАНКА БАРА ПОВЕЌЕ ДА ТРОШАТ ЗА ДА С
С
лабиот економски раст и побарувачка, миграцијата и предизвиците од глобализацијата беа основните теми на состаноците на Годишните средби на ММФ и Светска банка што се одржаа минатиот викенд во Вашингтон, САД. Двете меѓународни финансиски институции побараа од властите присутни на средбите поголема соработка и координација меѓу фискалната и монетарната политика, и зголемување на јавните расходи онаму каде што е можно за да се поттикне економскиот раст. Иако во пресрет на состаноците во Вашингтон, ММФ објави прилично загрижувачки забелешки за македонската економија, сепак, македонските власти од таму изјавија дека кај овие меѓународни финансиски институции наишле
ОБЈАСНУВАЊЕ
В
о специјалната едиција “Топ 200 најголеми и најсупешни компании”, податоците за вкупните приходи и нето добивката на Македонски Телеком за 2015 година ги опфаќаат резултатите на новата компанија која настана со спојување на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија, а годишната споредба е направена со податоците само на Македонски Телеком за работењето во 2014 година, заради што е добиен нереален повисок раст на приходите и нето добивката.
Иако во пресрет на состаноците во Вашингтон, ММФ објави прилично загрижувачки забелешки за македонската економија, сепак, македонските власти од таму изјавија дека кај овие меѓународни финансиски институции наишле на признанија за политиките што ги спроведуваат. на признанија за политиките што ги спроведуваат. „Најголем дел од приоритетите што ги има Владата на Република Македонија во економијата се целосно усогласени
со приоритетите на Светската банка. Размислуваме за проекти во кои главниот фокус ќе биде развојот на приватниот сектор, поврзувањето на домашните компании со компаниите
www.kapital.mk
ија за „Турски поток“
Капитал број 885 14.10.2016
7
објасни Новак. Новак потсети дека руско-турскиот Меѓувладин договор за изградба на гасоводот беше потпишан на 10 октомври и дека тој ги определува условите за реализација на проектот. “Големината на попустот во цената на рускиот гас за потрошувачите во Турција ќе биде определен во преговорите”, истакна Новак и дополни дека тоа не е поврзано со потпишувањето на меѓувладиниот договор. Претседателот на Русија Владимир Путин при посетата во Турција изјави дека „Газпром“ ќе направи отстапка од цената на горивото за Турција.
мисла на неделата
> БРОЈКА
Ренд Пол
6,2%
Не сакам да живеам во држава дадилка, во која ќе ми се кажува каде смеам да одам и што смеам да правам американски политичар либертаријанец
ААТ ДРЖАВИТЕ СЕ ПОТТИКНЕ РАСТОТ
во слободните економски зони, проекти во областа на изградба на патишта, јакнењето на енергетската ефикасност, како и за проекти со кои ќе се придонесе за дигитализацијата на услугите кои ги нуди Владата на Македонија“, изјави министерот Миноски од Вашингтон. Дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов, пак, побара од министерот Миноски да каже што им образложил на претставниците на Светска банка и на ММФ во Вашингтон за „дуплираниот јавен долг, неодржливоста на ПИОМ и незначителниот економски
раст“, кои што ги посочи ММФ во својот последен извештај. „Овие сериозни забелешки од меѓународните финансиски институции досега власта не само што ги изигнорира, туку и со предложениот неразвоен Буџет за 2017 година дури ги продлабочува проблемите нотирани во последните извештаи на ММФ и Светска банка. Веднаш по изборите, ќе биде донесен Буџет според потребите на граѓаните, а за сите непотребни милионски задолжувања на граѓаните, ќе има одговорност“, реагираше Наумов. Гувернерот Димитар Богов, од Вашингтон изјави дека ММФ ги потврдил мерките на Народната банка како соодветен одговор на притисоците врз монетарната политика како оние што се случија во април и мај. „На разговорите што ги имавме со ММФ, од нивна страна беше оценета поставеноста на монетарната политика како соодветна. Тоа значи дека Народната банка треба да биде внимателна и на евентуални дополнителни натамошни притисоци слични на оние што се случија во април и мај, треба да реагира на истиот начин како што реагираше и во мај годинава. Тоа беше нагласено од ММФ и тоа е најрелевантен фактор за оценка дали нашата реакција во мај беше соодветна или не. Ова е најдобра потврда дека НБРМ соодветно реагирала на предизвиците коишто беа во тој период и дека НБРМ не дозволи нарушување на макроекономската стабилност и многу брзо ги стави работите под своја контрола“, истакна Богов. Според најновите проценки на ММФ, македонската економија годинава ќе оствари економски раст од 2,2%, додека пак за следната година, проценката е раст од 3,2%. nnn
порасна извозот во првите осум месеци годинава во споредба со лани
лидери
БЛАГОЈА МИЛЕВСКИ
првпат една македонска фудбалска селекција обезбеди настап на европско првенство
ТИМ КУК
Apple четврта година по ред е највреден светски бренд со раст на вредноста за 5%, на 178,12 милијарди долари
не им беше неделата
ДОНАЛД ТРАМП
едногласни се осудите за кандидатот за претседател на САД поради снимката на која вулгарно зборува за жените
ЈОН БО-КЕУН
Samsung беше принуден да го запре производството на Galaxy Note 7 поради новите случаи на експлозии на уредите
Капитал број 885 14.10.2016
www.kapital.mk
STORY КОЈ Е КОЈ ВО РЕГИОНОТ? 8 COVER COVER STORY:
НАЈГОЛЕМИТЕ 10 КОМПАНИИ ВО МАКЕДОНИЈА ПРАВАТ ПОЛОВИНА ОД ПРИХОДИТЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ АГРОКОР
www.kapital.mk
Капитал број 885 14.10.2016
9 Колку е силна и ефикасна една национална економија најдобро може да се измери преку нејзините компании, односно колку се тие големи, колкав обрт прават, колку се профитабилни, колку инвестираат, колку вработуваат... Ако според овие критериуми македонската економија се спореди со економиите на земјите од регионот, заклучокот е поразителен. Сите економски мерки и реформи на сите досегашни влади паѓаат во вода пред заклучокот дека македонските компании се најслаби мерено според обртот кој го прават и профитите со кои работат, како и пред фактот дека на врвот на 10-те најдобри компании само две се во домашна сопственост, додека останатите осум се во странска сопственост.
www.kapital.mk
Капитал број 885 14.10.2016
10
COVER STORY ТОП 10 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ВО СЛОВЕНИЈА
пишува:
K
(во милиони евра)
Биљана Здравковска Стојчевска
Колку е силна и ефикасна една национална економија најдобро може да се измери преку нејзините компании, односно колку се тие големи, колкав обрт прават, колку се профитабилни, колку инвестираат, колку вработуваат... Ако според овие критериуми се спореди македонската економија со економиите на земјите од регионот, кој некогаш беа дел од заедничката југословенската федерација заклучокот е поразителен. Сите економски мерки и реформи на сите досегашни влади паѓаат во вода пред заклучокот дека македонските компании се најслаби мерено според обртот кој го прават и профитите со кои работат, како и пред фактот дека на врвот на 10-те најдобри компании само две се во домашна сопственост, додека останатите осум се во странска сопственост. Можеби тоа на прв поглед се чини логично бидејќи Македонија е помала земја, но големината на земјата и бројот на жители се речиси исти со Словенија, каде структурата и резултатите на првите 10 најголеми комапнии покажуваат дека економиајта ја предводат силни приватни компании. Најголемите 10 компании во Македонија заедно прават обрт од 3,1 милијарди евра, што е едвај половина од приходите кои лани ги имала најголемaта компанија во регионот, хрватскиот Агрокор, а кој достигнуваат 6,4 милијaрди евра.
Приходи од продажба
biljana.zdravkovska@kapital.mk
Ранг Компанија
2015
Годишна
Нето
Годишна
промена (%) добивка 2015
промена (%)
1
Petrol Group
3.816,90
-4,90%
66,3
12,10%
2
Mercator Grup
2.612,40
-1,60%
12,8
113,80%
3
GEN-I Group
1.731,20
32,80%
7,3
18,90%
4
PS Mercator
1.403,50
-3,60%
-8,2
94,10%
5
Roglić Group
1.253,50
/
/
/
6
Gorenje Group
1.225,00
-2,30%
-10,9
-8,40%
7
HSE Group
1.224,00
-2,70%
-479,8
/
8
Krka Group
1.164,60
-2,30%
144,9
40,30%
9
Lek Group
1.059,00
4,00%
86
27,10%
10
Revoz
1.027,30
21,10%
11,6
-5,30%
Нето
Годишна
промена (%) добивка 2015
промена (%)
ВКУПНО
16.517,40
ТОП 10 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ВО ХРВАТСКА (во милиони евра)
Приходи од продажба
Ранг Компанија
2015
Годишна
1
Agrokor
6.434,50
40,50%
130,8
2
Konzum
1.711,40
7,00%
18,1
3
HEP
1.694,10
5,10%
260,2
-21,22%
4
T-HT Group
908,30
0,40%
123,8
-17,20%
5
HEP - Operator
865,80
-0,60%
95,2
17,20%
6
Atlantic Grupa
715,60
5,70%
30,4
11,00%
7
Adris Grupa
707,90
18,00%
177,5
/
8
Petrol Croatia
632,20
-5,10%
9,4
102,50%
9
Zagrebački holding
513,40
1,60%
27,7
/
10
Podravka
495,90
8,10%
53,1
/
ВКУПНО
14.679,10
13,80%
926,2
ТОП 10 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ВО БУГАРИЈА (во милиони евра)
Приходи од продажба
Ранг Компанија
2015
Годишна
Нето
Годишна
промена (%) добивка 2015
промена (%)
1
Lukoil Neftochim
2.565,90
-22,22%
-687,4
28,70%
2
Aurubis
2.144,40
1,50%
112
82,50%
3
Lukoil Bulgaria
1.532,50
-4,80%
-3,1
81,60%
4
NEK
1.531,10
0,80%
-100,6
66,50%
5
Chimimport
1.017,20
5,50%
29,9
-9,30%
6
Cez Electro Bulgaria
712,80
4,00%
3,3
1,00%
7
Bulgargaz
693,60
-11,40%
10,2
/
8
OMV Bulgaria
518,90
0%
/
/
9
ELD
506,40
94,50%
-0,3
93,90%
10
Saksa
481,80
1,00%
8,3
62,20%
ВКУПНО
11.704,60
ТОП 10 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ВО СРБИЈА (во милиони евра)
Приходи од
www.kapital.mk
Капитал број 885 14.10.2016
11
Фармацевтската компанија Алкалоид е единствена меѓу 10-те најголеми компании во Македонија која произведува и извезува готов производ и единствена која има инвестирано надвор од земјата
Најголемите 10 компании во Словенија прават вкупни приходи од 16,5 милијарди евра, додека најголемите 10 компании во Хрватска прават 14,7 милијарди долари, најголемите 10 во Бугарија прават вкупни приходи од 11,7 милијарди евра, а најголемите 10 во Србија 8,7 милијарди евра. Тоа се вредности кои се исти или поголеми од бруто домашниот производ од околу 9 милијарда евра, односно поголеми од вредноста на сите производи и услуги кои се произведуваат во Македонија за една година. Во Хрватска и Словенија најголеми компании се домашни приватни компании, во Бугарија најголема е руската рефинерија Лукоил Нефтохим, во Србија е државното јавно претпријатие Електропривреда Србије, додека во Македонија најголем е странската инвестиција на британскиот производител за автомобилски катализатори Џонсон Мети. Во Словенија на чело на листата најголеми компании е нафтена компанија Петрол, со годишен обрт од 3,8 милијарди евра и профит од 66 милиони евра, која се уште е во домашна сопственост. На листата на најголеми 10 компании според приходи во Словенија поголемиот број се домашни приватни компании, меѓу кои енерегетската компанија ГЕН И, Горење, производителите на лекови Крка и Лек... За разлика од Словенија, во Македонија која е со иста големина и сличен број на жители како Словенија
Агрокор е убедлив лидер во регионот
Х
рватски Агрокор на бизнисенот Ивица Тодориќ е најголема компанија во регионот со 6,4 милјарди евра приходи за 2015 година. На листата на Топ 500 во Средна Европа на Deloitte, Агрокор е рангиран на 11 место.
МАКЕДОНИЈА: ТОП 10 СО ПРИХОДИ ОД 3,17 МИЛИЈАРДИ ЕВРА
Капитал број 885 14.10.2016
12
7
Bulgargaz
693,60
-11,40%
10,20
/
8
OMV Bulgaria
518,90
0%
/
/
9
ELD
506,40
94,50%
-0,30
481,80
1,00%
10
Saksa
93,90% www.kapital.mk 8,30 62,20%
COVER STORY: КОЈ Е КОЈ ВО РЕГИОНОТ? ВКУПНО
ТОП 10 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ВО СРБИЈА
БРОЈКИ
3,1
милијарди евра приходи имаат 10-те најголеми компании во Македонија
16,5 милијарди евра приходи имаат 10-те најголеми компании во Словенија
17
(во милиони евра)
компании од 10-те најголеми во Македонија се со домашен приватен капитал
926
милиони евра профит имаат 10-те најголеми хрватски фирми
Приходи од продажба
Ранг Компанија
2015
Годишна
Нето
Годишна
промена (%) добивка 2015
промена (%)
1
JP EPS
1.863,70
3,50%
57,90
169,60%
2
NIS
1.744,60
-20,50%
121,00
-48,80%
3
Telekom Srbija
1.013,90
1,00%
121,50
-19,60%
4
Mercator-S
929,30
50,90%
3,20
/
5
JP Srbijagas
648,50
8,70%
24,50
106,60%
6
Nelt Co
507,00
66,20%
6,10
-41,00%
7
Tarkett Bačka Palanka
506,70
-27,50%
9,50
-82,50%
8
MK Grupa
501,00
-6,70%
47,00
/
9
Delta Holding
424,90
/
43,40
-15,00%
331,00
/
2,30
/
Нето
Годишна
промена (%) добивка 2015
промена (%)
10
Knez Petrol ВКУПНО
8.470,60
ТОП 10 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ВО МАКЕДОНИЈА
компании на листата 500 најголеми во Централна Европа се од Словенија
2
11.704,60
(во милиони евра)
Приходи од продажба
Ранг Компанија 1
Џонсон Мети
2
ЕВН Македонија
3
ОКТА
4
2015
Годишна 28,20%
91,30
63,10%
410,30
3,95%
28,40
425,60%
329,40
-8,44%
1,32
/
Макпетрол
301,80
-9,52%
0,20
/
5
ЕЛЕМ
261,40
8,49%
6,60
/
6
Фени индустри
192,10
-55,46%
-7,20
-51,80%
7
Македонски Телеком
174,70
/
23,90
/
8
Алкалоид
103,20
6,99%
10,50
2,63%
9
Арцелор Миттал (ЦРМ)
98,90
22,38%
-10,10
-56,21%
ОНЕ.ВИП
96,70
/
-2,70
/
ВКУПНО
3.157,70
10
на листата на 10 најголеми компании има само три домашни компании, од кои две се приватни компании, Макпетрол и Алкалоид, и државната енергетска компанија ЕЛЕМ. Ако се анализира деноста во која работат 10-те најголеми компании во Македонија најбројни се компаниите од металургијата, нафта и енергетика и телекомуникации. Македонија во првите 10 најголеми има две компании од металургијата, две се од нафтена индустрија, две од енергетика, една од автомобилска индустрија и една фармацевтска компанија. Единствена компанија која произведува и извезува готов производ е Алкалоид. Тоа не е случај во другите земји. Во Хрватска, на пример, дури две од
1.189,20
најголемите 10 компании Агрокор и Подравка се од прехранбената индустрија. Македонија која се декларира за земјоделска земја и која вложува стотици милиони евра во земјоделието на листата 10 или 20 најголеми никогаш досега немала ниту една прехранбена компанија. Во Словенија, меѓу 10-те најголеми се производителот на апарати и бела техника Горење, и двете фармацевтски компании Крка и Лек. Во Србија две големи домашни приватни компании Делта Груп и Мк Група се меѓу 10-те најголеми компании, кои се големи играчи и прехранбената индустрија. Во Бугарија доминантни играчи се големите компании од нафтената
индустрија, металургијата и енергетиката. Покрај лидерот Лукоил Нефтохим, на листата 10 најголеми компании се наоѓаат производителот на бакар Аурубис, нафтениот дистрибутер Лукоил Бугарија, следат државната енергетска компанија NEK, домашниот холдинг Химимпорт, електродистрибутерот Чез Електро Бугарија, Булгаргаз, нафтениот дистрибутер ОМВ Бугарија, најголемиот дистрибутер ELD и домашниот нафтен дистрибутер Saksa.
Најголемите во Македонија во рацете на странци
Од врвот на 10-те најголеми компании во Македонија само три компании,
БУГАРИЈА: МЕЃУ ГОЛЕМИТЕ ДОМИНИРААТ НАФТАШИТЕ
www.kapital.mk
Капитал број 885 14.10.2016
14
COVER STORY: КОЈ Е КОЈ ВО РЕГИОНОТ?
дистрибутерот на нафта и гас Макпетрол, државниот производител на струја Елем и фармацевтската компанија Алкалоид се во домашна сопственост, додека останатите седум се во странска сопственост. Најголемиот Џонсон Мети е во сопственост на британскиот производител на катализатори, најголемиот дистрибутер на електрична енергија е во сопственост на австриски ЕВН, најголемата телекомуникациска компанија Македонски Телеком е во доминантна странска сопственост, но како акционер се јавува и државата. Во регионот сликата е спротивна, односно најголемиот дел најголемите компании се во домашна сопственост. На пример во Хрватска од 10-те најголемим компании само три се во странска сопственост, во Србија седум од 10-те најголемим компании се во домашна, а три во странска сопственост. Во Словенија исто така само три од 10-те најголеми фирми се во странска, додека останатите осум се во домашна сопственост. Во Македонија само во ЕЛЕМ, производителот на струја, државата се уште е единствен сопственик. На листата Топ 10 најголеми компании во Србија три компании од листата 10 наголеми се во државна сопственост. Од листата 10 најголеми компании во Македонија, единствено Алкалоид инвестирано во регионот, додека останатите девет компании немаат ниту отворено ниту купено некоја фирма во некоја од земјите во регионот. За разлика од македонските, словенечките компании најмногу инвестираат во регионот. Дури осум од 10-те најголеми компании во Словенија, Петрол, Меркатор, Горење, Крка, Ген И, Лек, имаат инвестирано во повеќе земји од регионот. Покрај нив, српската Делта и хрватските Агрокор, Адрис, Атлантик група и Подравка се најактивни во регионот. nnn
Џонсон Мети единствен од Македонија со приходи од над 1 милијарда евра
Б
ританската инвестиција Џонсон Мети во слободната економска зона Бунарџик крај Скопје за кратко време стана најголемиот извозник од Македонија, а ланскиот приход од близу 1,2 милијарди евра ја смести на 157 место меѓу 500 најголеми во Средна Европа, за разлика од 214 место една година претходно.
Во најголемите 500 компании во Централна Европа најмногу словенечки фирми
Н
а листата 500 најголеми компании во Централна Европа, која неодамна ја објави Deloitte, најбројни компании од регионот се словенечките. Меѓу 500-те најголеми во Централна Европа има дури 17 словенечки компании, 13 хрватски компании, 10 компании од Бугарија, две компании од Србија, две компании од Босна и Херцеговина и само една компанија (Џонсон Мети) од Македонија. Инаку најбројни фирми на листата 500 најголеми во Централна Европа дури 182 компании се од Полска, 74 компании се од Чешка, 67 се од Унгарија, 46 се од Романија, 32 од Словачка, 29 се од Украина, 11 се од Литванија, 5 компании се од Латвија, а 4 од Естонија. Ако се гледа според индустрија, тогаш најголем дел од компаниите на листата 500 најголеми се од енергетиката и ресурси.
DELOITTE: 17 КОМПАНИИ ОД СЛОВЕНИЈА НА ЛИСТАТА ТОП 500 ВО ЦЕ
Капитал број 885 14.10.2016
16
www.kapital.mk
АНАЛИЗА
ПЕНЗИСКИОТ ДЕФИЦИТ АЛАРМАНТНО РАСТЕ
ПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИНА ОД ПЕНЗИИТЕ ДОГОДИНА ЗАВИСНИ ОД ДРЖАВНИОТ БУ Повеќе од половина од пензиите на вкупно 312.858 пензионери догодина ќе се исплатат со префрлање на пари од државната каса, покажуваат пресметките од Предлог Буџетот за 2017 година. Од вкупно 832,7 милиони евра колку што ќе бидат потребни за исплата на пензиите, дури 452,6 милиони евра, односно 54,3% ќе дојдат како трансфер од Буџетот бидејќи приходите од придонесите за пензиско осигурување не се доволни. Оваа сума е за 20 милиони евра повеќе отколку годинава, што покажува дека дефицитот во пензискиот фонд, односно разликата меѓу трошоците за пензии и приходите од придонесите се зголемува. Тоа ги загрижи меѓународните финансиски институции како ММФ и Светска банка кои во своите последни извештаи предупредија дека дефицитот во Фондот за пензиско осигурување е прилично голем со тенденција да расте. ММФ предупреди дека без реформи и со намалувањето на работоспособното население, пензискиот дефицит од 4,5% од БДП, може да се зголеми двојно повеќе до 2030 година.
www.kapital.mk
Капитал број 885 14.10.2016
17 43,5%
ТРАНСФЕРИ ОД ДРЖАВНИОТ БУЏЕТ ДО ПИОМ
432,6
(МИЛИОНИ ЕВРА)
385,9 346,6
343,0
452,6
43,2%
41,8%
41,3%
41,4%
284,6
33,9%
227,9
255,3 231,3
37,9%
УДЕЛ ВО ВКУПНИОТ БУЏЕТ НА ПИОМ
35,4%
33,5%
2009
2010
Податоци од Буџетот на Министерството за финансии
2011
УЏЕТ
2012
2013
2014
2015
2016
2017
www.kapital.mk
Капитал број 885 14.10.2016
18
АНАЛИЗА
П пишува:
Александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk
Повеќе од половина од пензиите на вкупно 312.858 пензионери догодина ќе се исплатат со префрлање на пари од државната каса, покажуваат пресметките од Предлог Буџетот за 2017 година. Од вкупно 832,7 милиони евра колку што ќе бидат потребни за исплата на пензиите, дури 452,6 милиони евра, односно 54,3% ќе дојдат како трансфер од Буџетот бидејќи приходите од придонесите за пензиско осигурување не се доволни. Оваа сума е за 20 милиони евра повеќе отколку годинава, што покажува дека дефицитот во пензискиот фонд, односно разликата меѓу трошоците за пензии и приходите од придонесите се зголемува.
Тоа ги загрижи меѓународните финансиски институции како ММФ и Светска банка кои во своите последни извештаи предупредија дека дефицитот во Фондот за пензиско осигурување е прилично голем со тенденција да расте. „Без реформи и со намалувањето на работоспособното население, пензискиот дефицит се проектира двојно повеќе да се зголеми до 2030 година“, предупреди ММФ. Во својата последна анализа за македонската економија, монетарците предупредија дека јавните финансии се соочуваат со долгорочните предизвици поради стареењето на населението. „На 4,5% од БДП, дефицитот на пензискиот фонд на Република Македонија е прилично голем. Ова е одраз на релативно големите поволности, ниските стапки на придонеси и ниското учество на работната сила“, пишува во извештајот на ММФ и во продолжение ги охрабрува властите да ги разгледаат следните опции како средства за да се обезбеди долгорочна одржливост на пензискиот систем. „Зголемување на законската возраст за пензионирање со оглед на големиот јаз во однос на просекот во ЕУ; ревидирање на индексацијата според индексот на цените на трошоци на живот во
БРОЈКИ
832,7
милиони евра се потребни догодина за исплата на пензиите
312.858 пензионери е планирано да добиваат пензии догодина
согласност со многуте земји во ЕУ; спроведување реформи за зголемување на учеството на работната сила, особено на жените (кое е едно од најниските во Европа), и разгледување на можно зголемување на стапките на придонеси, доколку одржливоста не е обезбедена преку други мерки“, сугерира ММФ. Аналитичарите на Фондот заклучија дека стапката на невработеност значително опадна во последниве години и како придобивка од активните политики на пазарот на трудот и широко базираниот раст, вкупната стапка на невработеност се намали за 10 процентни поени од 2008 година наваму, но сепак, според нив, стапката на невработеност од 24% останува многу висока како
РЕФОРМИ: ТРЕБААТ УШТЕ ВО ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ
www.kapital.mk
Капитал број 885 14.10.2016
20
АНАЛИЗА
одраз на недостатокот на вештини кои произлегуваат од емиграцијата на квалификувана работна сила и општо ниското ниво на образование. „Стапката на учество на работната сила сепак е намалена во последниве години, особено во поглед на младите работници. Со намалувањето на учеството на работната сила во растот и стареењето на населението, ниските стапки на учество се препрека за долгорочните перспективи. Понатамошните напори треба да бидат насочени кон подобрување на техничките вештини и зголемување на учеството на работната сила. Политиките за поддршка на обуки на работното место и стручното образование вродуваат со плод и треба да продолжат, но секако имајќи ги предвид и фискалните трошоци. Зголемувањето на учеството на работната сила, особено на младите како и на женската работна сила, ќе помогне за подобрување на потенцијалниот раст“, пишува во извештајот на ММФ. Светска банка, пак, посочи дека зголемувањето на вработеноста е главно резултат на субвенционираните работни места од страна на државата, и тоа создава сериозни проблеми во опстојувањето на пензискиот фонд, кој станува се повеќе зависен од парите што му ги префрла државата за да може да исплати пензии. „Може да се види дека практично 89% од ново креираните работни места се со фискален стимул. Со оглед на тоа што имате работни места што се креираат, каде што работодавецот е ослободен плаќање на социјални придонеси и слични давачки. Така што ова од друга страна создава притисоци на среден рок, пред се притисоци врз Фондот за ПИОМ. Во последните години тој дел што Фондот го добива од државата достигнува некаде околу 46%. Тоа е значителна зависност на пензискиот систем од трансфери од централниот буџет, што на среден и на долг рок секако создава притисоци врз овој систем со оглед на тоа што еден од неговите постулати е на генерациска солидарност. Така што не треба да се одзема од идните генерации за бенефит на сегашните,“ изјави неодамна Бојан Шимов, економист на Светска банка. Загрижувачки е што оваа врска меѓу државниот буџет и пензискиот фонд со текот на годините станува поцврста и нераскинлива. Во 2009 година на пример, со трансфери од буџетот се покриваа 33,9% од трошоците на Фондот за пензиско осигурување. Финансиската кондиција на пензискиот фонд почна да се влошува од 2008 година наваму откако властите одлучија да ја намалат стапката на придонес
СВЕТСКА БАНКА:
ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ Е ФИСКАЛНО НЕОДРЖЛИВ
П
ензискиот систем на Македонија е фискално неодржлив на среден рок, ова е заклучокот на Светска банка што го објави на почетокот на годината по спроведена анализа за начинот на трошењето на народните пари. Притоа, оваа меѓународна финансиска институција посочи дека иако Македонија направила здрави реформи во последните години, од кои некои се оценети како многу успешни, како што е елиминирањето на раната стапка на пензионирање и воведување на возрасни ограничувања кај општата инвалидската пензија, сепак, македонскиот пензиски систем е малку веројатно дека ќе може да се справи со проблемот на население кое забрзано старее. „Во отсуство на други реформи веројатно е дека ќе се случи значителен дефицит, дури и да продолжат актуелните поволни макроекономски трендови и покрај неодамнешното воведување на доброволно зголемување на возраста за пензионирање“, се наведува во извештајот на Светска банка. Притоа се појаснува дека според основното конзервативно сценарио, пензискиот дефицит би достигнал 10,5% од БДП до 2030 година. Дури и во ситуација на високи стапки на раст тој ќе се искачи до 7% во периодот до 2030 година. Имплицитниот пензиски долг се проектира да остане над 40% од БДП, што е висока стапка споредено со меѓународните стандарди и ќе претставува големо оптоварување за идните генерации. Светска банка анализира и дека придонесот
кон вториот столб е премал за да даде принос кој ќе овозможи компензирање на намалените бенефити од столбот на генерациска солидарност за учесниците во повеќе столбови. „Дефицитите во столбот на генерациска солидарност на краток и среден рок ќе ги „исцрпуваат“ јавните средства и ќе го пролонгираат зголемувањето на стапката на придонес за вториот столб. Како последица од тоа, великодушните пензии само кај столбот на генерациска солидарност можат да доведат до социјално неодржливи пензии кај повеќе столбови во иднина“, се вели во извештајот на Светска банка. Во анализата на пензискиот систем, Светска банка посочува дека трошоците на Македонија за пензии, од аспект на БДП во 2014 година изнесуваа 9,6%, што е малку над просекот од 9,2% карактеристичен за државите од централна и југоисточна Европа. „Иако пензиските реформи во Македонија беа добро планирани и успешно имплементирани, законската обврска за пензионирање на 64 годишна возраст за мажи во моментов е најниска во регионот, а возраста од 62 години за жените е втора најниска кај државите од централна и источна Европа. Стапката на доспевање од 1,6 е највисока и начините на индексирање на вреднувањето/ валоризирањето на платите и швајцарското индексирање се највеликодушни ако споредиме со државите од централна и источна Европа“, се посочува во извештајот.
СУБВЕНЦИОНИРАНИ: 89% ОД НОВИТЕ РАБОТНИ
www.kapital.mk
Капитал број 885 14.10.2016
21 за пензиско осигурување од 21,2% од основицата, на 18% колку што е и денес. Аналитичарите велат дека намалените придонеси не обезбедија поголеми приходи од придонеси преку поттикнување на вработеноста туку креираа поголем дефицит во пензискиот фонд. Експертите објаснуваат дека решенијата што ги предлага и ММФ, а тоа се зголемување на стапката на придонес за пензиско осигурување, или пак подигнување на старосната граница за пензионирање, мора да се применат за да се подобри финансиската кондиција на пензискиот фонд. Овие мерки се непопуларни за спроведување, меѓутоа, експертите се децидни дека пензискиот систем ќе мора повторно да се реформира. „Одржливоста на првиот пензиски столб, односно државниот фонд станува невозможна. Штом трансферите од државниот буџет до Фондот постојано се зголемуваат и веќе надминуваат 50% од трошоците за пензии, очигледно ќе мора да се применат непопуларни решенија како на пример зголемување на стапката на придонес. Нормално дека на ваквата одлука би се противел приватниот сектор, но тоа станува неизбежно решение“, велат експертите. Загрижувачки ревизорски извештај за финансиската кондиција на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување објави и Државниот завод за ревизија минатата година. Неповолната финансиска состојба во Фондот според ревизорите се должи на неостварените проекции за зголемување на вработеноста, како и неостварените проекции за пораст на платите. Според податоците во извештајот, загрижувачки е податокот дека дупката во буџетската каса на Фондот секоја година се повеќе се продлабочува. „На финансиското работење на Фондот влијание имаше намалување на стапката на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување како и неостварените макроекономски индикатори за зголемување на вработеноста и порастот на платите на вработените кои имаат директно влијание врз остварувањето на приходите од придонесите“, стои во извештајот на ревизорите. Ревизијата забележува дека од година во година се повеќе расте дупката во буџетот на Фондот, која мора да се покрива со пари
МЕСТА
од централниот буџет. Особено е за истакнување, велат ревизорите, дека висината на дефицитот во буџетската каса на Фондот има тренд на зголемување секоја година. При тоа, ревизорите предупредуваат дека постои можност и од натамошно продлабочување на дупката во буџетската каса во Фондот.
Една милијарди евра за пензии во 2030 година
Бројот на пензионери до 2030 година ќе се зголеми за уште 50.000 луѓе и ќе се искачи на околу 355.000. Трошоците
за пензии од сегашните 832,7 милиони евра, во следните 15 години ќе надминат една милијарда евра. Просечните пензии што ќе ги земаат идните пензионери, од сегашните 80% од просечната нетоплата, ќе паднат на 58% од просечната нето-плата во 2030 година. Ова го покажува актуарскиот извештај на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за долгорочните проекции за иднината на пензискиот систем во земјава, кој е правен врз претпоставки за идните демографски и економски движења, подготвени од релевантните
BUSINESS RUN Тимбилдинг штафетна трка во трчање 4 х 2 км за компаниски тимови Скопје, 16.10.2016 Пријави го твојот тим www.prvdovrv.mk
www.kapital.mk
Капитал број 885 14.10.2016
22
АНАЛИЗА
институции. Основни економски претпоставки што се користат во моделот се за реалниот пораст на бруто домашниот производ, реалниот пораст на платите, стапката на невработеност, инфлацијата и слично, а бидејќи се работи за долг период, има три сценарија, оптимистички, базни и песимистички. Податоците покажуваат дека фондот тешко ќе се крпи во наредните 30 години за потоа да почне неговото растоварување со помош на вториот пензиски столб. Трошоците што ќе се финансираат од државниот буџет, според актуарскиот извештај, постепено ќе се зголемуваат, а притисокот врз државниот буџет се очекува да исчезне дури во 2045 година кога ќе созрее вториот столб со што товарот на финансирање на пензиите главно се пренесува кај приватните пензиски фондови. Во актуарскиот извештај на Фондот се земени и претпоставките за стареењето на населението. До 2030 година се очекува да расте бројот на осигурениците, а по
2030 година тој да почне да опаѓа поради демографските движења и стабилизирањето на економскиот раст. Бројот на пензионерите континуирано расте во наредните 40 години, а
потоа се намалува. Соодносот меѓу осигурениците и пензионерите, од сегашните 1,84 осигуреници на 1 пензионер, долгорочно се намалува на 1,05 осигуреници на 1 пензионер. nnn
ТОВАР: ПРИТИСОКОТ ВРЗ ПЕНЗИСКИОТ ФОНД ЌЕ РАСТЕ
Капитал број 885 14.10.2016
24
www.kapital.mk
АНАЛИЗА ИНДУСТРИЈА
ШТО НАЈМНОГУ ПРОИЗВЕДУВААТ МАКЕДОНСКИТЕ ФАБРИКИ ЗА ХРА Во Македонија има услови за производство на свежо пилешко месо, но пилешко месо речиси и да не се произведува, туку се увезува за преку 40 милиони евра годишно. Во Македонија пак, не растат портокали, но се произведуваат преку 4.000 тони сок од портокали од увезен концентрат, а иако јаболка има колку сакаш, сок од јаболка се произведува помалку. Храна што најмногу се произведува индустриски во земјава е пченично брашно и пченичен леб, додека пак, храна што најмногу расте со производството е чипсот, дури 350% за три години.
www.kapital.mk
Т
АНА
Капитал број 885 14.10.2016
25 Храна со најголем пораст на производството (период 2013 - 2015*)
Произведена количина во 2015 г.
Производи
(во тони)
Пораст
2.946
350%
1.026
304%
1.579 2.184 1.656 1.096
262% 262% 225% 187%
1.108
89%
2.629 1.034 5.129 11.491
60% 46% 43% 37%
Компир, приготвен или конзервиран вклучувајќи го и чипсот Ѓувеч, незамрзнат Пастеризирани краставички Индустриски слатки Премази што содржат какао (еурокрем и сл.) Чоколади со додаток на жита, овошје, ореви или друго овошје со јатки Говедско месо, свежо или разладено Неферментирано свежо сирење и урда Производи од типот "мусли" Сладолед и други замрзнати производи Слатки бисквити, вафли и обланди, целосно или делумно прелиени со чоколадо или со прелив што содржи какао *Земени се предвид производи со количини поголеми од 1000 тони годишно Извор: Државен завод за статистика
Храна со најголем пад на производството (период 2013 - 2015*)
Произведена количина во 2015 г.
Производи
(во тони)
Пораст
3.870
-41%
2.445 1.753
-38% -33%
1.054
-32%
5.376 2.080 1.543 1.034 41.367 1.917
-29% -25% -24% -22% -13% -11%
Млеко, пастеризирано, со масленост од 1% до 6%, неконцентрирано и незасладено, во пакувања до 2 литри Вафли и обланди, со содржина на вода над 10% Свински шунки и парчиња од шунки, приготвени или конзервирани (освен готови јадења) Печурки и тартуфи, приготвени или конзервирани, освен во оцет или оцетна киселина Колбаси, полутрајни Ориз, полубланширан или бланширан Свински бутови, плешки или други парчиња од нив Овошје и овошје со јатки, неварено или варено, замрзнато Пченичен леб Маргарин и полумасни или масни премази, освен течен маргарин *Земени се предвид производи со количини поголеми од 1000 тони годишно Извор: Државен завод за статистика
Храна со најголемо производство во 2015 година
Количина Промена
Производ
(тони) 2013-2015
Овошје и овошје со јатки, неварено или варено,
1.034 -22% 41.367 -13% www.kapital.mk 1.917 -11%
замрзнатолеб Пченичен Капитал број 885 14.10.2016 Маргарин и полумасни или масни премази, освен течен маргарин *Земени се предвид производи со количини поголеми од 1000 тони годишно
26
АНАЛИЗА ИНДУСТРИЈА Извор: Државен завод за статистика
Храна со најголемо производство во 2015 година
Количина Промена
Производ
(тони) 2013-2015
Пченично брашно и наполица
77.973 41.367 41.071
-6% -13% 33%
33.454 28.123
6% 6%
12.667 11.491
-13% 37%
11.324 11.288 6.909
-13% -17% -9%
Пченичен леб Рафинирано сончогледово масло и негови фракции, хемиски немодификувано Кисело млеко, јогурт и други ферментирани производи Млеко, стерилизирано, со масленост од 1% до 6%, неконцентрирано и незасладено, во пакувања до 2 литри Трици и други остатоци од обработка на пченица Слатки бисквити, вафли и обланди, целосно или делумно прелиени со чоколадо или со прелив што содржи какао Брашно за добиточна храна Производи што се употребуваат за исхрана на свињи Меки сирења
В пишува:
Игор Петровски
igor.petrovski@kapital.mk
Во Македонија не растат портокали, но затоа домашните фабрики за сокови произведуваат сок од портокали од увезен концентрат, и тоа 4.100 тони за ланската година , за околу 900 тони повеќе во однос на 2014. Македонија произведува и сок од ананас, околу 800 тони лани, што е двојно повеќе во однос на годината претходно. Интересно е што во земјава со големо производство на јаболка, заради недостатокот на индустриско јаболко, производството на сок од јаболка е само 2.727 тони, или за околу 200 тони помалку во однос на годината претходно. Овие и уште многу интересни податоци за домашното индустриско производство на храна покажува домашната статистика. Така на пример, од табелите за прехранбената индустрија се гледа дека Македонија произведува едвај нешто помалку од 300 тони месо од кокошки или пилиња годишно, свежо или разладено, додека увозот на пилешко месо, свежо или
замрзнато изнесува вредносно преку 40 милиони евра годишно. Кога сме кај месото, во земјава најмногу се произведува свинско месо, во категоријата свежо или разладено, во трупови или половинки, и тоа 3.500 тони минатата година, што е за околу 200 тони повеќе во однос на 2014, но 100 тони помалку во однос на 2013-та. Свежо свинско месо пак, во бутови, плешки и сл., се произвело во количина од 2.700 тони лани, речиси идентично како во 2014, но затоа за 25% повеќе во однос на 2013-та. Говедско месо се произведува во многу помала количина, 1.108 тони лани, но трендот е мошне позитивен, со оглед дека во 2013 –та се произведени само 585 тони, 2014-та 763 тони свежо говедско месо, во трупови, половинки и четвртинки, како што го бележи официјалната статистика. Од месните преработки, во земјава најмногу се произведуваат барени колбаси, 5.890 тони во 2015 (-19%) и колбаси полутрајни, 5376 тони (-5,5%).
Брашно, леб и масло е најпроизведуваната храна
Македонија генерално има пораст на производството во прехранбената индустрија од 2,3% во првите осум месеци годинава, покажува државната статистика. Минатата година производството на храна (само индустриски произведена и преработена храна) било поголемо за 10,4% во однос на 2014-та, додека 35% повеќе во однос на 2010 година. Гледано количински, од индустриска храна Македонија најмногу произведува пченично брашно, 77.973 тони во 2015 година, што е 6% пад последните три години, покажува публикацијата за
БРОЈКИ
2,3%
пораснало индустриското производство на храна во Македонија во првите осум месеци во 2015
50%
повеќе сок од портокали се произведува во Македонија годишно одошто сок од јаболка
6
пати повеќе свежо свинско месо се произведува во Македонија годишно одошто говедско
1.000
тони печурки се произведуваат во Македонија годишно, исто колку и гуми за џвакање
60
тони слатко и само 33 тони мешан мармалад се произведуваат во Македонија годишно
www.kapital.mk
Капитал број 885 14.10.2016
28
АНАЛИЗА ИНДУСТРИЈА
МАКЕДОНСКИ ТРЕНДОВИ
ПАЗАРОТ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ СО СТАБИ
К
ако што забележува и центарот за пазарни истражувања Euromonitor од Лондон, индустриското производство и продажба на храна забележува стабилен раст последниве години благодарение на стабилната побарувачка во повеќето главни прехранбени категории. Индустриски произведената храна покажува значителна динамика во смисла на нови производи и иновации, што помага да се одржи висок интерес на потрошувачите во повеќето категории, покажуваат истражувањата на Euromonitor. Што се однесува до цените на прехранбените производи, тие покажале скромен пораст во повеќето категории во 2015 –та, во согласност со општата стапка на инфлација. Како што покажа и анализата на Капитал на најголемите трговски синџири за малопродажба во Македонија, тие имаат стабилен раст на приходите, а со оглед на тоа што во нивната понуда клучни производи се прехранбените, се потврдува тезата дека побарувачката на овие производи расте. Најголем пораст на приходите имаат т.н. хард - дисконт трговски синџири, каде што се нуди помал асортиман на производи, со пониско ниво на уреденост на просторот и пониски цени.
НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ
#1
ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ
ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!
02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk
индустриско производство на Државниот завод за статистика. Следи пченичниот леб, со 41.367 тони (-13%), рафинирано сончогледово масло со 41.071 тони (+33%), кисело млеко, јогурт и други ферментирани производи со 33.454 тони (+6%), итн. Меѓу најпроизведуваните прехранбени стоки се и млекото, меки сирења, слатките бисквити вафли и обланди, брашно за добиточна храна, трици и други остатоци од обработка на пченица... Во делот на преработките од овошје и зеленчук, Македонија најмногу произведува мешавини од сокови од овошје и зеленчук, 13.000 тони во 2015 г, што е за 9% помалку во однос на годината претходно и 6% помалку во однос на 2013 година. На второ место според произведената количина е пастеризираниот ајвар, со 6.626 тони излезени од конзервните фабрики во Македонија лани. Во 2014 година произведени се 8.593 тони, а година претходно 7.246 тони. Следи производството на неконцентрирани сокови од друго овошје и зеленчук, неферментирани, без додаток на алкохол, со 5.100 тони, што е за околу 700 тони повеќе во однос на 2014 и за околу 200 тони повеќе во однос на 2013-та. Според Виктор Петков сопственик на конзервната фабрика ВИПРО, проблемот со
стабилна суровинска база и одржлив пазар се клучни за преработувачката на овошје и зеленчук, а Македонија во оваа област е сè уште полузатворена економија. Според него, преработувачите на зеленчук речиси во целост се зависни од домашната суровина и од пазарите на поранешна Југославија, како и од дијаспората од Југоисточна Европа населена во развиените земји. „Некаков поголем исчекор е тешко да се направи, бидејќи не сум убеден дека имаме одржлива, односно, растечка база купувачи, ниту имаме сигурен извор на суровина кој во случај на недостаток на суровини и зголемена меѓународна побарувачка може целиот да замине во околните држави. Во Македонија извозот на суровини – зеленчук потребен за нашата индустрија е пожелен односно стимулиран додека увоз на истите е рестриктивен и има 50% царина“ , вели Петков. Според него ова е особено проблематично ако се знае дека во околните држави имаат исто слободен извоз но и слободен увоз со минимална или царина од 0 %.
Чипсот со најголем скок на производството
Ако се анализираат табелите за индустриско производство на храна што ги објавува
www.kapital.mk
ИЛЕН РАСТ
Капитал број 885 14.10.2016
29 Државниот завод за статистика, од производите што надминуваат 1.000 тони годишно производство, најголем пораст има компирот, приготвен или конзервиран, вклучувајќи го и чипсот, со 2.946 тони произведени лани, што е дури 350% повеќе за три години. Ѓувечот, незамрзнат, се произвел 1.026 тони или 304% повеќе, потоа следат пастеризирани краставички со 2.184 тони (+262%), индустриски слатки со 2.184 тони (+262%), премази што содржат какао (еурокрем и сл.) со 1.656 тони (+225%), чоколади со додаток на жита, овошје и сл. со 1.096 тони (+187%). Меѓу 10-те производи со најголем скок во произведените количини се и т.н. мусли, сладолед, слатки бисквити, вафли и обланди, неферментирано свежо сирење, итн. Се забележува дека меѓу најбрзорастечките количини на производство, доминираат продукти од кондиторската индустрија, која што последниве години забележува значителни стапки на раст на производството и извозот. Најголемите кондиторски фабрики годинава ја одбележаа и со значителни инвестиции, како Макпрогрес и Витаминка, што треба да уште повеќе да ги зголемат нивните капацитети за производство и извоз. Инаку, ако се погледнат бројките што ги има објавено Групацијата на кондиторската
индустрија при Стопанската комора на Македонија, во 2015 година домашните кондитори ја завршиле со околу 24.000 тони производи, што е отприлика годишната потрошувачка на македонскиот пазар. Во 2000 година, на пример, домашното производство било околу 12.500 тони, што значи дека за деценија и пол е двојно зголемено. Но, истовремено, во земјава растеше и увозот на кондиторски производи, кој што последниве години почна да опаѓа. Сепак, домашните фабрики мора околу 13.000 тони да пласираат за извоз, кој што се зголемува од година во година, па така, ако во 2000 година тој бил 4.700 тони, во 2010 над 10.000, а во 2015 година пораснал на 13.200 тони. Храна пак што има најголем пад во производството последниве три години е пастеризираното млеко, од 41%, потоа вафли и обланди со содржина вода над 10% со 28%, свински шунки и парчиња од шунки со 33%, итн. Од производите што доминираат со најголеми количини, а имаат пад во производството, е пченичниот леб (-13%), кој што е всушност втор најпроизведуван прехранбен производ според количината во Македонија, после пченичното брашно.
nnn
ШТО ДОБИВАТЕ СО ОН-ЛАЈН ПРЕТПЛАТА НА КАПИТАЛ: претплата на 1. Со електронското издание на Капитал
заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание
за најава од 2.Можност три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон
до електронското 3. Пристап издание од било каде во Светот
ШТО ДОБИВАТЕ СО ПРЕТПЛАТА НА ПЕЧАТЕНОТО ИЗДАНИЕ НА КАПИТАЛ: l 49 броја на редовното издание на Капитал l 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал l Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа l Платена поштарина l Вклучено ддв l Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози
Капитал број 885 14.10.2016
32
www.kapital.mk
МЕДИУМИ
АНАЛИЗА НА REUTERS INSTITUTE
КАКО ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ МЕДИУМИ БАРААТ ДОБИТЕН БИЗНИС МОДЕЛ ВО ЕРАТА НА ДИГИТАЛНИ ВЕСТИ?
Анализа на Reuters покажува дека традиционалните медиуми вложуваат значајни пари во експериментирање со нови формати и платформи за да изградат нови бизнис модели за поддршка на новинарството како бизнис, а во сето ова редакциите на печатените медиуми се далеку поактивни од телевизиите, зашто кај нив падот на приходите од традиционалните реклами повеќе се чувствува
RЕUTERS: ГОЛЕМИТЕ ТЕХНОЛОШКИ КОМПАНИИ
www.kapital.mk
Капитал број 885 14.10.2016
П
33
Печатени изданија и електронски медиуми во Европа инвестираат во различни иницијативи за дистрибуција на своите содржини онлајн, во обид да стигнат до нова публика/читатели и да изградат поинаков бизнис модел. Но, поголем дел од идеите и натаму доаѓаат од традиционалната работа на печатот, на телевизиите и на радиостаниците, иако изминаа 20 години од почетокот на процесот на преобразба. Ова го покажува новиот извештај на Reuters Institute, насловен „Приватните медиуми и дигиталните вести“. Во извештајот, Алесио Сорнија, Аника Сел и Расмус Клис Нилсен, анализираат 25 новински компании во шест европски држави. Целта што си ја задале била да видат како овие медиуми се адаптираат кон бизнисот на онлајн медиумите, подемот на социјалните мрежи како извор на информации, растечкиот број корисници преку мобилни уреди, и колку е важно вестите да се презентираат преку видеоматеријали. Нилсен, кој е директор за истражувања
Каде одат рекламите и зошто? Финска Колку се гледа телевизија
Велика Франција Германија Италија
Полска
Британија
174
226
221
262
247
232
338
117
232
61
61
185
Промена во тиражот на печатот (2010-2015)
-22%
-15%
-17%
-35%
-37%
-31%
Информирање за вести од социјални мрежи
45%
40%
31%
54%
58%
35%
59%
44%
40%
53%
58%
46%
37%
8%
24%
9%
3%
13%
23%
32%
23%
47%
53%
25%
23%
31%
30%
26%
24%
47%
(минути по човек дневно, 2013) Тираж на весници на 1.000 полнолетни граѓани
(од сите читатели на онлајн вести) Информирање за вести од смартфон (од сите читатели на онлајн вести) Расходи за реклама во печатени медиуми (како дел од вкупниот рекламен колач) Расходи за реклама на телевизија (како дел од вкупниот рекламен колач) Расходи за реклама на интернет (како дел од вкупниот рекламен колач) Извор: Private Sector Media and Digital News
И СÈ ПОВЛИЈАТЕЛНИ ВО МЕДИУМСКИОТ БИЗНИС
www.kapital.mk
Капитал број 885 14.10.2016
34
МЕДИУМИ
FT.COM СО ЗГОЛЕМЕНА БРЗИНА НА ВЧИТУВАЊЕ ОЧЕКУВА ДА ЈА ЗГОЛЕМИ И СВОЈАТА ПУБЛИКА
F
inancial Times, еден од светските водечки медиуми што воведе платен пристап до своите онлајн содржини, инвестираше во зголемување на брзината на вчитување на сајтот FT.com. Целта е преку подобрување на корисничкото искуство/задоволство, да се зглеми бројот на корисници. Во Financial Times утврдиле дека ако сајтот се вчитува за само една секунда побрзо, одредена содржина добива за 5% поголем број читатели кои остануваат лојални на медиумот и се задржуваат на неговата онлајн адреса. Во интервју за Reuters главниот извршен директор, Џон Ридинг, вели дека го намалиле за половина времето потребно за вчитување на текст при читање од компјутери, односно, до нешто повеќе од една секунда. Од мобилни уреди брзината е зголемена од 9 на 7 секунди. Поради растечката улога на социјалните мрежи за пристап до вести, Ридинг вели дека Financial Times бара баланс во објавувањето свои содржини на Facebook, на пример, но работи на натамошен развој на директниот контакт со читателите, за да им нуди содржини според приоритетите на редакцијата, а не на во Reuters Institute, вели дека традиционалните медиуми вложуваат значајни средства во експериментирање со нови формати и платформи, иако се соочуваат со обвинувања дека се конзервативни и премногу претпазливи. „Експериментирањето е апсолутно неопходно, но, исто така е скапо и со неизвесни резултати. Бидејќи приходите од дигиталните платформи сè уште се ограничени, финансирањето на овие експерименти доаѓа од косубвенционирање од различни сектори, или од средства ослободени при кратења во новинската организација. Тоа значи дека тие се принудени да балансираат меѓу тоа да продолжат да ги користат традиционалните бизнис модели, и тоа да истражуваат нови можности“, смета Нилсен.
социјалната мрежа. Дел од користените решенија е на Facebook да се објавуваат текстови што не се дел од услугата Instant Articles, на сајтот FT.com. „Financial Times има над 800.000 претплатници, од кои две третини се регистрирани за онлајн содржините и на годишна база имаме двоцифрен раст“, вели Ридинг. Тенденцијата во соодносот меѓу приходите од реклами и од претплати е обратна. „Во 2010 година значајно над половината од приходите ни беа од реклама. Сега се скоро 40%, а 60% доаѓаат од претплата“, вели понатаму CEO-то на FT. Во обид да ги зголеми приходите од реклама Financial Times почна да им нуди на огласувачите тарифи според тоа колку време читателите поминуваат гледајќи им ја рекламата, а притоа и ги исклучуваат од статистиката оние читатели кои ја исклучиле рекламата без да и обрнат внимание. Покрај ова, FT може да ги информира огласувачите за специфичните сегменти читатели - на пример, во кое време рекламната порака стигнува до членови на управни одбори на компаниии.
Заклучоците од истражувањето на Reuters
Екипата на Reuters Institute направила интервјуа со 54 челни луѓе и уредници од Финска, од Франција, од Германија, од Италија, од Полска и од Велика Британија. Во разговорите се барало исцртување на трендот кај трите водечки предизвици во однос на рекламирањето на интернет, кое сè уште е основен извор на приходи за онлајн изданијата. Заклучоците се дека тоа се: XXрастечка доминација на големите американски технолошки компании, способни да продаваат на значајно пошироки аудиториуми; да ги концентрираат рекламите врз погодни корисници (според целта на огласувачот); и да
нудат пониски рекламни тарифи од оние на одделните медиумски компании; XXпомали (во однос на традиционалниот модел) приходи по читател/гледач/слушател, особено при користењето преку мобилни уреди; XXрастечка бројка на корисници кои поставуваат блокатор за реклами. XXПотребата од нови бизнис модели за поддршка на новинарството како бизнис расте поради комбинацијата од два процеси - растечкиот притисок врз приходите од реклами во традиционалните печатени и електронски медиуми, од една страна, и предизвиците пред пазарот за онлајн реклами.
Алтернативите на медиумите
Извештајот на истражувачите од Reuters Institute посочува барем три алтернативи, со кои се експериментира: XXнудење содржини надвор од основната дејност на конкретниот бренд; нови производи врз база на различно пакување на една иста содржина и разглобување на содржината во различни нови секции на сајтовите, насочени кон специфични аудиториуми; XXинвестирање во рекламирањето на сопствените проекти и содржини, како и на други брендирани производи; ова им овозможува на редакциите да го искористат талентот на сопствените новинари во конкуренцијата со големите технолошки компании за дистрибуција на содржини; XXдиверзификација на стратегиите со навлегување во секторите на електронската трговија, услугите business-to-business services, и дејности надвор од дигиталниот простор; како, на пример, организирање на конференции, на кампањи, и продажба на производи со брендот на медиумот. Во сето ова редакциите на печатените медиуми се далеку поактивни од телевизиите. Главната причина е што кај нив падот на приходите од традиционалните реклами повеќе се чувствува, што значи и дека е поурген-тна потребата од наоѓање модел за преминување кон бизнис модели за онлајн дејност, вели Алесио Корнија. Тука има една карактерна особеност - за комерцијалните телевизии вестите се само многу мал дел од целиот нивен бизнис, и поради тоа не се чувствуваат под толку сериозен притисок како весниците, на кои главна мисија им е да ги шират информациите. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 885 14.10.2016
35 ИДНИНАТА НА МЕДИУМИТЕ ДОЛГОРОЧНО Е БЕЗБЕДНА - ЛУЃЕТО СÈ ПОВЕЌЕ ЌЕ БАРААТ БАЛАНСИРАНИ ВЕСТИ И ПАМЕТНИ КОМЕНТАРИ
Х
амиш Мекри, визионерот чии прогнози обично се остваруваат, е еден од најценетите бизнис и финансиски уредници, кој работи како коментатор за англиски The Independent, а во 2006 година ја освои наградата за најдобар бизнис и економски новинар во Велика Британија. Овој професор на Lancaster University и член на бордот на директорите на Royal Economic Society, во септември беше во Бугарија, во Пловдив, на Саемот на Бугарската асоцијација на комуникациските агенции, каде во интервју за софиски „Капитал“ одговараше на прашања и за иднината на медиумите. Одговорот на Мекри е дека колку светот станува посложен, толку повеќе наместо брзи вести, ќе се бараат избалансирани и паметно искоментирани. „Луѓето ќе продолжат да бараат балансирани вести и паметни коментари, и колку посложен станува светот, толку повеќе ќе се бара ова. Така што, долгорочната иднина на медиумите е обезбедена. Финансиите и економијата, исто така, ќе стануваат сè поважни, а последователно
и потребата од нив ќе расте. Задачата на медиумите ќе биде да се објасни што е важно, а што не, како и што знаеме со сигурност, а за што не можеме да тврдиме дека ќе биде така“, вели Мекри. На прашањето како самиот се информира, тој одговара дека ги чита Economist и Financial Times – на хартија; ги посетува сајтовите на Daily Mail, Telegraph, Bloomberg и понекогаш на New York Times, а не гледа телевизија - „дури и немаме телевизор дома“, вели Мекри. Тој на прашањето дали денес весниците и магазините целосно зависат од социјалните медиуми вели дека треба да се прифати оти Facebook сега ја игра улогата на дистрибутер и продавач на содржините што ги создаваат медиумите. „Ние ја создаваме содржината. Како луѓето стигнуваат до неа е нивен избор. ако сакаат да ги добиваат нашите материјали и идеи преку Facebook, тогаш Facebook ја игра улогата на дистрибутер и продавач. Тој е посредникот, исто како и продавачот на весници на улица. И треба да го прифатиме тоа“, вели овој новинар.
РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 18 ОКТОМВРИ 2016
ИНСТИТУТ КОНЦЕПТ ОРГАНИЗИРА ЕДНОДНЕВЕН ТРЕНИНГ:
МЕНАЏМЕНТ НА ОБРТЕН КАПИТАЛ, СТРАТЕГИИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ И ТЕХНИКИ ЗА МЕНАЏМЕНТ НА ЛИКВИДНОСТА l 20 октомври 2016 (четврток) l 10:00-15:00 часот l Институт Концепт, Скопје ЦЕЛ И ПРИДОБИВКИ: Бенефиции за вас и вашата организација: l Фирмата не може на долг рок да оствари максимизација
на својата вредност, доколку не опстане на краток рок l Оттука, произлегува дека успешниот менаџмент со обртниот (работниот) капитал е предуслов за опстанок на фирмата l Повеќе од 60% на работното време на финансискиот менаџер е посветен на менаџментот на обртниот капитал l Рационалното користење на обртни средства се однесува на остварување на максимален резултат со минимално ангажирани обртни средства l Оптималната комбинација на обемот и структурата на обртните средства е онаа, која го максимизира финансискиот резултат т.е. нето добивката на претпријатието
l Овој тренинг објаснува напредни техники за менаџмент на
обртните средства, со практични примери од бизнисот
l Примерите кои се користат се исклучиво од пракса
Клучни карактеристики на тренингот: l Работа на практични примери
(финансии, продажба, трошоци)
l Фокусиран, интензивен тренинг во еден ден l Користење на Excel
ПРЕДАВАЧ:
ПРОФ. Д-Р ЗОРАН ИВАНОВСКИ
редовен професор на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, реномиран регионален стручњак од областа на финансискиот менаџмент и предавач со долгогодишно искуство во земјата и странство За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk
КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3128 526 l 070 272 207
www.kapital.mk
Капитал број 885 14.10.2016
36
ЛУЃЕ И КОМПАНИИ
Брутополисирана премија на домашните осигурители, прво полугодие 2016 000 денари I-VI.2016/
Неживотно осигурување
I-VI.2015
Триглав
708.716
Македонија
561.450
3,81%
Винер
462.605
10,73%
Еуролинк
444.932
-15,78%
Сава
385.739
9,21%
Уника
382.951
4,87%
Осигурителна полиса
311.662
14,31%
Евроинс
251.259
-3,92%
Кроациа
176.368
16,02%
Албсиг
154.023
-18,15%
Инсиг
4,60%
90.088
-1,12%
3.929.793
2,12%
Кроациа
224.723
17,60%
Граве
208.296
5,15%
Винер
87.486
93,73%
Уника
33.809
23,73%
554.314
20,07%
Вкупно неживотно
Животно осигурување
Вкупно животно Извор: Агенција за супервизија на осигурувањето
ОСИГУРИТЕЛНИОТ ПАЗАР ПРОДОЛЖУВА СО ПОЗИ
ЖИВОТНОТО ОСИГ ВАЊЕ СО 20% РАС ПРВИТЕ ШЕСТ МЕС
ТРЕНД: 14% ДОСТИГНА УДЕЛОТ НА ЖИВОТНОТО ОСИГ
www.kapital.mk
Капитал број 885 14.10.2016
37 БРОЈКИ
3
пати се зголемило животното осигурување за пет години
55%
од пазарот за неживотно осигурување држат четирите најголеми компании, од вкупно 11
4%
пораснало вкупното осигурување во Македонија во првите шест месеци
ИТИВНИОТ ТРЕНД
ГУРУСТ ВО СЕЦИ
Кај неживотните, висок е растот на осигурувањето од општа одговорност и на приватното здравствено осигурување. Првото, веќе достигнува околу 3% од вкупното неживотно осигурување во Македонија, а второто има пораст од 1400% во првото полугодие од 2016-та. пишува:
Ж Игор Петровски
igor.petrovski@kapital.mk
Животното осигурување во Македонија продолжува со двоцифрените стапки на раст и годинава, односно во првите шест месеци брутополисираната премија - БПП на компаниите за животно осигурување изнесува вкупно 554,3 милиони денари, што е за цели 20% повеќе во однос на истиот период лани. Според износот на БПП најголема компанија е Кроација, со 224,7 милиони денари, за 17,6% повеќе во однос на лани, а најголем раст покажува Винер, речиси двојно, односно 93,7%, на 87,5 милиони денари. Кроација живот држи 40,5% од пазарниот колач во животното осигурување, пред Граве со 37,5%, додека Винер со високиот пораст на премијата го зголеми својот удел на 15,8%. Најмалиот играч на пазарот е Уника со 6% и БПП од 33,8 милиони денари. Инаку БПП на Граве е порасната за 5,15%, а на Уника за 23,7% во однос на првите шест месеци во 2015. Благодарение на поагресивниот маркетиншки пристап на компаниите за животно осигурување, како и на активноста на брокерските друштва за осигурување, свеста за потребата од животно осигурување кај македонските граѓани расте од година во година, што го потврдуваат и извештаите на регулаторот на осигурителниот пазар, Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО). Животното осигурување расте и во релативниот однос спрема вкупниот осигурителен пазар, па ако пред 7-8 години учествуваше со едвај 2-3% во вкупното осигурување во Македонија, во 2012 година е 8,5%, во 2013-та 10,2%, 2014 било 11,6%, а во 2015 се искачи на 13,3%, што ги надмина и очекувањата на учесниците на пазарот, кои што прогнозираа околу 12 – 12,5%. За првите шест месеци годинава, уделот на животното осигурување во вкупната БПП
на сите осигурителни компании веќе е 14,1%, а со оваа динамика на раст до крајот на годинава се очекува да стигне и до 15%. Постојаниот раст на премијата за животно осигурување изминативе години значи дека македонските граѓани пополека ја сфатија корисноста од полисата за животно осигурување. Сè повеќе граѓани го препознаваат животното осигурување како принуден облик на штедење кое им гарантира сигурна заштеда овозможувајќи им истовремено финансиска сигурност при можни ризици, велат од компаниите за животно осигурување. Пазарот за животно осигурување бележи двоцифрени стапки на раст од 2007 година па наваму. Потенцијалот кој го има ова пазарно подрачје го препознаа реномирани европски осигурители што доведе до зголемена конкуренција, зголемена понуда на пазарот, а тоа секако води кон забрзан развој на овој сегмент од пазарот.
Триглав и понатаму лидер во неживотното, Кроациа со најголем раст
Во делот на неживотното осигурување, во првото полугодие годинава исто така се забележува пораст, но многу поскромен одошто кај животното, од само 2,12%. Неживотното осигурување забележува континуиран пораст последниве неколку години, но во 2016-та динамиката забавува. Во 2015 година, неживотното осигурување, односно БПП на сите осигурители заедно пораснала за 6,5%, а во 2014-та за 4,3%. Пазарен лидер според висината на БПП останува Триглав, со 708,7 милиони денари за првите шест месеци, што е за 4,6% пораст. Пораст имаат и вториот и третиот по големина осигурители, Македонија од 3,81% на 561,5 милиони денари и Винер од 10,7%, на 462,6 милиони денари. Најголем пораст на БПП има Кроациа неживот, од 16% на 176,4 милиони денари, додека најголем пад на БПП во првото полугодие покажува Албсиг, од 18,1%. Пад во висината на БПП имаат и Еуролинк (-15,8%), Евроинс (-3,92%) и Инсиг (-1,12%). Осигурувањето од автоодговорност кај моторните возила, кое што е задолжително, останува убедливо со најголем удел во вкупната БПП кај неживотното осигурување, со 46%. Но, она што е добра вест, е трендот на намалување на овој удел во споредба со минатите години – на крајот од 2015-та овој удел изнесуваше 51,4%, додека во 2014-та беше 52,4%, а во 2013-та 52,3%.
ГУРУВАЊЕ ВО ВКУПНАТА БПП ВО МАКЕДОНИЈА
www.kapital.mk
Капитал број 885 14.10.2016
38
ЛУЃЕ И КОМПАНИИ
Тоа значи дека уделите на другите видови неживотно осигурување имаат нагорен тренд, како што се на пример, имотните осигурувања, кои што во вкупната БПП во првите шест месеци годинава учествуваат со 26.7%, додека на крајот од минатата година ова учество било 22,9%, 20,4% во 2014, 20,3% во 2013, итн.
Малку граѓани си го осигуруваат имотот
Но, сепак, како што истакнаа и од Здружението за осигурување при Стопанската комора пред неколку месеци, просторот за раст на незадол-жителните осигурувања е сè уште голем, односно сèуште мошне мал број граѓани свесно и доброволно се одлучуваат да го заштитат сето она за што макотрпно работеле со години. Само 1-2% е пенетрацијата на домаќинско осигурување кај физички лица во Македонија Најчесто се осигурува она за кое граѓаните и компаниите имаат законска обврска или пак осигурувањето претставува услов за склучување договор. Од осигурителите велат дека мора да се зголеми свесноста на граѓаните и компаниите за потребата од осигурување. “Секојдневно сме сведоци на информации од информативните програми за уништени домови во пожари, а бројот на кражби од година во година расте. Сето тоа значи многу уништени домови и луѓе соочени со неочекувани, крајно сериозни проблеми, за кои што не се подготвени и за кои немаат решение. А, осигурувањето е токму тоа, потреба, решение и поддршка во моменти кога тоа ни е најмногу потребно, осигурувањето значи сигурна иднина. Наша обврска е да понудиме производи соодветни на пазарот и коишто клиентите можат да си ги дозволат и да ја разбиеме перцепцијата дека осигурувањето е скапо“, изјави Ѓорѓе Војновиќ, генералниот директор на Триглав осигурување кога го консултиравме за специјалниот прилог на Капитал за осигурување пред неколку месеци. nnn
РАСТЕ ИНТЕРЕСОТ ЗА ПРИВАТНОТО ЗДРАВСТВЕНО И ОСИГУРУВАЊЕТО ОД ОПШТА ОДГОВОРНОСТ
Д
омашните компании до пред извесно време користеа осигурителни услуги кои што прилично долго години беа стандардна понуда од страна на осигурителите. Првенствено, поради слабиот интерес од страна на осигурувачите да понудат нови производи и истите да ги приближат до осигурениците. Во последните неколку години оваа пракса прилично се менува, велат од осигурителната индустрија. Соработката со странски реосигурувачи ги поттикнува домашните фирми да ги следат глобалните трендови, а за оние што не се применливи за домашниот пазар, развиваат локални кои што ќе ги задоволат потребите на клиентите. Проширувањето на палетата на производи се должи и на промените на законската рамка, особено кај приватното здравствено осигурување, а во добар дел и кај осигурувањето од одговорност. Како што покажуваат извештаите на АСО, во 2013 година, осигурувањето од општа одговорност било 160,8 милиони денари, во 2014 пораснало на 178,6 милиони, а во 2015-та на 192 милиони денари БПП. За првите шест месеци годинава тоа изнесува 116,8 милиони денари, додека истиот период лани било 106,9 милиони денари. Расте и бројот на компании што на своите вработени им нудат приватно здравствено осигурување, па ако во 2013 година тоа изнесувало скромни 2,1 милиони денари, во 2014 расте на 4,66 милиони, за во 2015-та да достигне 6,4 милиони денари БПП. Во првите шест месеци годинава БПП во ова осигурување веќе е 36,15 милиони денари, што значи дека интересот за него расте со висока динамика.
БЕНЕФИЦИЈА: ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ЗА ВРАБОТЕНИТЕ
P
КОМПЈУТЕРСКА ДЕРМАТОСКОПИЈА НА БЕНКИ
Скопје +389 2 / 321 66 08 www.ancevski.com.mk ancevski@laserlab.com.mk facebook.com / Ординација Д-р Анчевски
www.kapital.mk
Капитал број 885 14.10.2016
40
БИЗНИС И ПОЛИТИКА
РУСИЈА И ТУРЦИЈА ГИ СТОПЛИЈА И ЕКОНО
ПУТИН И ЕРДОГАН ГО ДОГОВОРОТ ЗА "ТУР
Т
Турција и Русија во понеделникот потпишаа договор за изградба на гасоводот „Турски тек“. Низ него ќе се пренесува руски гас до Турција и до Европа, и ќе биде изграден по дното на Црното Море, до крајот на 2019 година. Како дел од договорот Турција ќе добие попуст на цената на гасот, но уште е нејасно колкав (попуст). Проектот вреди 11,4 милијарди евра, а вкупниот капацитет на двата договорени цевководи ќе биде околу 32 милијарди кубни метри годишно. Освен гасоводот, на средбата во Истанбул рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја разгледувале и неопходноста од хуманитарна помош за Алепо. Москва ќе ги отстрани, исто така, ограничувањата во однос на увозот на овошје од Турција.
Ќе бидат изградени два цевководи по дното на Црното Море - секој од нив со годишен капацитет од 15,75 милијарди кубни метри. Едниот цевковод ќе доставува гас за турскиот пазар, а другиот за Европа, но, како што рече Алексеј Милер, „овој гас што ќе минува по Турски тек нема да биде конкуренција на рускиот гас што ќе оди во Европа со проектот Северен тек 2“
„Турски тек“ ќе има
Договорот за „Турски тек“ беше потпишан во Истанбул од рускиот министер за енергетика Александар Новак, и од неговиот турски колега Берат Албајрак, во присуство на Путин и на Ердоган. Ќе бидат изградени два цевководи по дното на Црното Море, а според информациите од руски „Комерсант“, секој од нив ќе има годишен капацитет од 15,75 милијарди кубни метри. Едниот цевковод ќе доставува гас за турскиот пазар, а другиот за Европа (најверојатно преку Грција и Италија). Морските делови и на двата цевководи целосно ќе бидат во сопственост на „Газпром“. Копнениот дел на првиот цевковод треба да биде на турската компанија Botas, a на вториот сопственоста
ќе ја делат Botas и „Газпром“. Должината на морскиот дел е 910 километри, а копнениот дел од цевководот на турска територија е 180 километри. Точните параметри на вториот цевковод не се утврдени и ги нема во потпишаниот документ. Судбината на овој цевковод не е многу сигурна, зашто зависи и од регулативата на Европската унија. Преговори за трет и четврт цевковод не се водат, прецизираше рускиот министер за енергетика Александар Новак. Во секој случј, „овој гас што ќе минува по „Турски тек“, нема да биде конкуренција на нашиот, руски гас, што ќе оди во Европа со проектот „Северен тек 2“, појасни, пак, извршниот директор на „Газпром“, Алексеј Милер. Изградбата на „Турски тек“ ќе почне во 2018
ПУТИН: ВО ТУРЦИЈА СЕ СОЗДАВА ГОЛЕМ ЕНЕРГЕТСКИ
www.kapital.mk
Капитал број 885 14.10.2016
41
ОМСКИТЕ ОДНОСИ
О ПОТПИШАА РСКИ ТЕК" година и треба да заврши до 30 декември 2019 година. „Обрнувам внимание дека на овој начин се движиме кон реализирање на плановите на претседателот на Турција за создавање во државата на голем енергетски терминал“, изјави Путин. Како што кажавме, руската страна се сложила да направи отстапка во однос на цената на гасот за Турција, но засега не се знае за колкав попуст ќе се работи. И во 2015 година имаше преговори за ваква отстапка, но тогаш Анкара и Москва не стигнаа до согласност. Руските медиуми соопштуваат дека турската Botas сака 10,25% намалување на цената. фото: МИА
Ќе му дојде ли крај на транзитот на гас преку Бугарија?
Според “Комерсант“ со “Турски тек“ “Газпром“ ќе го прекине целосно транзитот на гас (околу 15 милијарди кубни метри годишно) за Турција преку Трансбалканскиот гасовод, кој што минува низ Украина, Романија и Бугарија. Турција е вториот најголем потрошувач на рускиот гас после Германија, која што годишно увезува околу 30 милијарди кубни метри гас преку два гасоводи. Ако се види извештајот на бугарскиот оператор за пренос на гас, “Булгартрансгаз“ за 2015 година, Бугарија ќе загуби нешто над 200 милиони лева (100
И ТЕРМИНАЛ
милиони евра) од транзитни такси, во случај “Газпром“ да престане да го транзитира гасот низ Бугарија. Освен тоа, изградбата на “Турски тек“ ја прави уште помалку веројатна идејата за изградба на терминал во Бугарија, барем таа варијанта, во која Русија за сопствена сметка би доставувала гас до Варна, кого што потоа Бугарија би го препродавала. Наместо ова, Турција ќе се претвори во енергетски терминал, особено откако Путин и Ердоган се договорија и за забрзување на проектот за изградба од страна на Русите на атомска централа во Турција. Атомската централа “Акују“ ќе се гради од руската компанија “Росатом“, но веројатно во проектот ќе се вклучат и турски инвеститори со максимум до 49% од вредноста на проектот. Централата ќе се гради блиску до пристаништето Мерсин, во јужниот дел на Турција. Проектот предвидува изградба на четири блокови со вкупна моќност од 4.800 мегавати. Турција предложи до 2023 најдоцна да почне со работа првиот блок од централата. Анкара инаку, планира изградба на уште две атомски електрични централи – во црноморските градови Синоп и Инеада.
Обновување на трговијата помеѓу Русија и Турција
На крајот од средбата рускиот претседател
ШТО СЕ ЗНАЕ ЗА „ТУРСКИ ТЕК“ ДОСЕГА: XX11,4 милијарди евра е
вредноста на проектот
XX32 милијарди кубни метри гас
ќе биде годишниот капацитет
XXЌе има 2 цевководи - еден за
Турција, еден за Европа
XXДолжината на морскиот дел на
цевководите е 910 километри, а на копнениот на турска територија 180 километри
XX„Газпром“ е сопственик на
вкупниот морски дел и над 50% од копнениот дел на цевководот за Европа
XXТурски Botas ќе биде
сопственик на целиот копнен дел од цевководот за Турција
XXИзградбата на „Турски тек“ ќе
почне во 2018 година, и треба да заврши до 30 декември 2010 година
Путин изјави дека Русија исто така ќе го обнови увозот на одредени видови храна од Турција, за кој што беше ставена забрана откако Турците го срушија рускиот авион. Тоа ќе се однесува на јужното овошје, зеленчукот и јаткастите плодови. Минатата година продажбата на овие видови храна во Русија биле околу 500 милиони долари. Освен тоа, Путин и Ердоган разговараа и за војната во Сирија. На прес-конференцијата Ердоган изјави дека спомната била можност за соработка при расчистување на границата од силите на “Исламската држава“, како и неопходноста од хуманитарна помош во Алепо. Путин повика политичкото решавање на воениот конфликт во Сирија да се случи што побрзо. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 885 14.10.2016
42
КОЛУМНА
Автор:
ИЛИЈА ДИМОВСКИ координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание
Денес во првите редови на т.н. шарена револуција која ѓоамити се бори за слобода и демократија се наоѓаат токму лицата (и нивните наследници) кои издавале наредби, спротивно на Уставот, да се следат и да се наштетува на лица само заради различно политичко мислење и убедување, заради македонски екстремизам. Кога ќе ги слушам како викаат демократија и слобода, а во исто време им ги читам досиејата кои ги правеле како борба против слободата и демократијата знам дека нивната нова тирада е само гола борба за власт. Тие ниту имаат чуство за демократија, ниту сакаат слобода.
Вистината секогаш
И
"Исто така беше регистриран контакт на лицето Илија Димовски, потпретседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Велес, со лицето Владимир Ѓорчев, секретар на Унијата на средношколци на Република Македонија, кој дојде со еден од автобусите на групата од Скопје."... Ова е само мал дел од службена белешка под евидентен број 198 од 05.06.1997 година изработена од Управата на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање од Велес, класифицирана како државна тајна, а работена по линија на македонски екстремизам во земјата Во време на оваа белешка, кога и јас, покрај повеќе други сум бил следен, сум имал само 16 години, сум бил малолетен. Во независна и самостојна Република Македонија тајните служби следеле и обработувале лица заради македонски екстремизам. Да го прават тоа други служби да разбереме и да прифатиме, ама македонската служба да води досиеја за илјадници граѓани во независна држава Македонија заради македонски екстремизам ниту може да се разбере, ниту може да се прифати. Оваа белешка е пишувана и на мене, директно или индиректно, како и на многу други граѓани и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, е работено од страна на тајните служби во време на прокламирана демократија, слобода и плурализам. Оваа белешка е пишувана шест години после донесување на Уставот на Република Македонија со кој на граѓаните им се гарантира слободна политичка мисла, размисла и делување. Овој исечок од службена белешка на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање е доказ за
злоупотребата која Министерството за внатрешни работи предводено од кадри на СДСМ ја спроведувало не за да се заштити државата, туку за да се наштети на политичката опозиција, на политичкиот противник. И тоа службите го правеле без престан се до 2000 година се додека за прв пат во Република Македонија на позиција Министер за внатрешни работи не дојде човек од ВМРО-ДПМНЕ. Пред десетина дена Државниот архив на Република Македонија издаде 16 книги со автентични документи од службите за безбедност почнувајќи од 1945 година па се до 2000 година. Во овие книги свое место нашле не повеќе од 2% од севкупниот материјал, досиеја со кои располага архивот односно досиеја за само 202 личности. Заради впечаток морам да го споменам фактот дека во еден период, околу 1965 година, државната безбедност водела тајни предмети за скоро 10% од севкупното население на тогашна Народна Република Македонија. Оваа пракса не запрела ниту со конституирање на независна држава Македонија, ниту со донесување на Уставот на Република Македонија, па така досиеја биле водени за сите државни и локални видни личности на македонската опозиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ. За сите овие активности биле користени и злоупотребувани државни ресурси, а целта била да се созбие опозицијата, да се намалени нејзината моќ, да се растура и дели и никогаш да не и се даде можност да ја превземе раководната улога во Република Македонија. Ако тоа било демократија, сигурно ние сите сме космонаути. Вистината порано или подоцна секогаш излегува на површина без разлика колку и некој да се труди истата да биде прикриена и заборавена. Вистината за тоа како се доаѓало до политичка моќ и влијание, како се добиваа повластени можности за напредок како професионален така и приватен, како се добивале различни бенефиции и финансиски надомест со уништување на туѓи судбини, а не ретко и животи во Македонија од
www.kapital.mk
Капитал број 885 14.10.2016
43
аш излегува на површина поранешниот систем од 1945 година па се до 2000 година, полека излегува на површина. Најпрвин, после повеќе години од спроведување на лустрацијата каде се разгледани над 30.000 случаи и утврдени факти за соработка со службите на околу 300 лица можеме да констатираме дека овој процес помогна да се дознае како преку соработка со тајната полиција одредени лица уништувале човеки судбини. За незаконстото следењето на одредени лица, како и соработката со тајната полиција Државниот архив на Република Македонија ја промовираше едицијата „Црните страници на УДБА“ во која на 13.000 страници преку користење на неовластено направени извештаи од тајната полиција е опишано што се случувало во Македонија од 1945 до 2000 година. За целиот период од УДБА се користени методи кои се под секакво човечко достоинство, односно најблиските роднини, пријатели и колеги биле користени како поткажувачи кои давале податоци за следените лица. Во оваа едниција на Државниот архив на Република Македонија има исклучително факти, докази и докумнети од кои нема бегање ниту вадење. Да биде трагедијата поголема најголем дел од лицата кои раководеле со Министерството за внатрешни работи, со неговите дирекции и управи и ден денес се активни на политичката сцена. Тоа е пропуст на македонската држава и последица на немањето сила да се расчисти со наследството
Ако на некому се уште не му е јасно кој прислушкувал и во овој случај, после излегувањето на виделина на овие документи треба да му е совршено јасно дека станува збор за истата структура, истите луѓе и истата матрица. Тие ниту знаат да дојдат на власт преку демократски избори, ниту знаат да ја задржат таа поддршка од граѓаните бидејќи не знаат да работат во услови на плурализам. на претходниот тоталитарен систем, да се спроведе реална и ефективна лустрација и сериозно и длабински да се реформираат тајните служби и сето тоа не со цел да се казни некој, туку од тие структури да се тргнат лицата кои имаат тоталитарно размислување и делувања, лицата кои биле научени и привикнати да се борат со политички неистомисленици искористувајчи недозволени активности и мерки. Денес во првите редови на т.н. шарена револуција која ѓоамити се бори за слобода и демократија се наоѓаат токму лицата (и нивните наследници) кои издавале наредби, спротивно на Уставот, да се следат и да се наштетува на лица само заради различно политичко мислење и убедување, заради македонски екстремизам. Кога ќе ги слушам како викаат демократија и слобода, а во исто време им ги читам досиејата кои ги
правеле како борба против слободата и демократијата знам дека нивната нова тирада е само гола борба за власт. Тие ниту имаат чуство за демократија, ниту сакаат слобода. Кај нив е останата само желбата за монопартиско уредување и стравот од плурализам. Затоа не знаат да се бора со легитимни средства и понуда, затоа немаат програми и не даваат отчети, затоа немаат добра и кредибилна кадровска понуда. Ако на некому се уште не му е јасно кој прислушкувал и во овој случај, после излегувањето на виделина на овие документи треба да му е совршено јасно дека станува збор за истата структура, истите луѓе и истата матрица. Тие ниту знаат да дојдат на власт преку демократски избори, ниту знаат да ја задржат таа поддршка од граѓаните бидејќи не знаат да работат во услови на плурализам. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 885 14.10.2016
44
БАЛКАН БИЗНИС И ПОЛИТИКА РЕГИОНАЛНА СТАРТАП СЦЕНА
КАКО ЗАГРЕПСКИОТ СТАРТАП PLAYAD УСПЕА СВОЈАТА ПРВА ЗДЕЛКА ДА ЈА НАПРАВИ СО COCA - COLA
Не се ниту програмери, ниту девелопери, но младите Хрвати Лука Јустинијановиќ и Томислав Миклениќ развиле апликација што им сервира реклами на корисниците на смартфони само тогаш кога тие ќе го посакаат тоа. Coca – Cola им е првиот клиент, а апликацијата ShakeAD има потенцијал да стане глобален хит.
Н
Наместо корисниците што пребаруваат интернет со мобилни уреди рекламите да ги доживуваат како несакана содржина, па ги избегнуваат, Хрватот Лука Јустинијановиќ осмисли апликација која што со реклами ќе “ги храни“ само кога тие ќе го посакаат тоа. И, ова е во една реченица кажано, идејата врз која што настана новиот загрепски стартап PlayAD, чиј што основач е Лука, како и негов директор. Како што известуваат хрватските медиуми, прв клиент на PlayAD им е Coca – Cola Adria која што нивната апликација ShakeAD ја искористи за промоција на својата наградна игра Shake & Take. Во само месец дена апликацијата привлекла преку 20 илјади корисници, а нивниот број секојдневно расте.
Затреси го телефонот и чекај награда или попуст
Концептот на Shake & Take е едноставен: корисникот на апликацијата бесплатно ја симнува на својот смартфон (поддржани се и Android и iOS),се регистрира, впишува промотивни кодови што се наоѓаат на капачињата на шишињата од пијалаците на Coca – Cola, и потоа го затресува мобилниот телефон. Во зависност од среќата, мозаикот што настанува со тресењето на телефонот донесува награди, како на пример влезници за концерти, кино, разни курсеви, претплати на списанија, или пак смартфони и други уреди. Убавата работа е што секој код е добитен. Јустинијановиќ вели дека соработката со Coca – Cola е само првиот чекор во развојот на неговата компанија, која што е воедно и првиот хрватски стартап
Лука Јустинијановиќ и Томислав Миклениќ од PlayAD со кого што светскиот гигант соработува. Освен него, јадрото на PlayAD го чини и неговиот колега Томислав Миклениќ, како и Јадрана Ќурковиќ од Core Incubator, co-working простор во Загреб наменет за стартапи, каде што PlayAD има своја канцеларија. Лука и Томислав не се ниту програмери, ни девелопери, и кога почнале немале никакви искуства со развој на апликации. Лука има завршено новинарство и менаџирање на деловни комуникации, а Томислав економија. Но, тоа не ги спречило во намерата да влезат во светот на апликациите. “Пред три години дојдов до идеја за систем кој што рекламите би им ги сервирал на корисниците само кога тие тоа го сакаат. Ја презентирав идејата во Core и ја добив првата инвестиција што ни помогна да го развиеме системот на ShakeAD“, вели Лука. После тоа, ја презентирале апликацијата
во Coca – Cola, ја добиле зделката и така тргнал 18 месеци долгиот развоен пат за Shake & Take. Јустинијановиќ го објаснува концептот. “Корисникот сака некаде да седне на кафе, или да речеме, да оди во шопинг. Го отвора нашиот систем и ја пронаоѓа категоријата што го интересира. Апликацијата го следи од првиот контакт до доаѓањето на продажното место, каде што потоа корисникот учествува во промотивна акција или остварува попуст. Од една страна, на огласувачите им овозможуваме контакт со нивните купувачи, клучни податоци и сл., а на корисниците им даваме шанса да освојат нешто или добијат попуст“, вели Јустинијановиќ.
Инкубатор им помогнал во развој на стартапот
Откако ShakeAd го прилагодиле на Coca –Cola, настанала Shake & Take, но системот може за секој бренд поинаку да се прила-
ПРОДОР: ИНОВАТИВНИ ХРВАТСКИ СТАРТАПИ НА СЦЕНАТА
They say diamonds are forever… and so is an MBA! Enjoy the most Valuable classroom experience – real life Harvard Business School case studies, business simulations and participant centered learning that enhance your strategic decisionmaking skills and critical thinking
a Rare opportunity to learn alongside esteemed professionals in order to build an extensive and exclusive network of useful contacts which could lead to new business opportunities The most Desirable and sought after degree in the world by employers, entrepreneurs and future leaders
World-class curriculum that applies a global outlook on current issues, taught by international faculty from top –tier schools with a rich portfolio of expertise
A brilliant cut to fit your demanding work schedule and maintain your work – life balance, giving you more flexibility to acquire the skills and experiences to fulfil your career objectives
Access to the Highest Quality internationally accredited degree by the Accreditation Council for Business Schools and Programs (USA) created as a combination of European and American educational standards
So don't lose a diamond, while chasing glitter! Enroll at the UACS MBA program! Early registration by 15 October, 2016! За повеќе информации: Бул. Трета македонска бригада бр. 60, 1000 Скопје Телефон: + 389 (0) 2 2463 156; 2463 159 Е-пошта: graduate@uacs.edu.mk
www.uacs.edu.mk
UACS SKOPJE
UACSKOPJE
YOUTUBE.COM/USER/UACSKOPJE
UACSKOPJE
www.kapital.mk
Капитал број 885 14.10.2016
46
БАЛКАН БИЗНИС И ПОЛИТИКА
ХРВАТСКИТЕ ИНОВАТИВНИ СТАРТАПИ ГО ОСВОЈУВААТ СВЕТОТ За супербзите електрични автомобили на Римац веќе многу е кажано, Bellabeat со своите паметни приврзоци Leaf ита кон бројката од 500.000 продадени, а паметните клупи на Include и соларните автобуски постојки на Energomobil ги освојуваат и далекуисточните пазари.
К
апитал неодамна пишуваше и за Bellabeat, стартап со седиште во Загреб, но со консултанти и добавувачи во В.Британија, САД и Кина, кој што произведува и продава паметни приврзоци Leaf кои ја пратат здравствената состојба на сопственикот, засега главно жени. За речиси две години од лансирањето успеале да продадат 400 илјади парчиња. Со цена поголема од 100 долари по парче едноставно е да се пресмета дека досега со овој иновативен производ е направен промет од околу 40 милиони долари. Bellabeat денеска заедно со Римац автомобили е најуспешен хрватски стартап. Уште еден стартап од оваа земја кој што допрва ќе станува сè попопуларен е Include на Иван годи, велат Лука и Томислав. Coca – Cola размислува истата апликација да ја искористи и на други пазари, па така Shake & Take би можела да стане и глобален хит. Стартапот на Лука и Томислав се развива
Мрвош, младиот студент од Сплит, креатор на паметната клупа Steora. Клупата е енергетски независна, односно се полни со сончева енергија, а нуди погодности како што е бесплатно полнење на мобилен телефон, пристап до брзи 4G мрежи, амбиентална расвета, пријатно разладување во лето при седењето, сензори за самодијагностика и други податоци, вклучувајќи и атмосферски. Освен за паметните клупи на Мрвош, иновациите на полето на зачувување на животната средина и зголемување на квалитетот на животот се покажаа исплатливи во инкубаторот Core, кој што функционира како приватен инкубатор кој што на млади технолошки компании им нуди заеднички работен простор, менторство, но и до 50 илјади долари како прва инвестиција.
и за компанијата Energomobil, изумители на соларната автобуска постојка која што, освен за чекање јавен превоз, служи и за полнење мобилни телефони или сурфање на интернет. Соларната автобуска постојка тргнува на странските пазари кон Абу Даби. За Обединетите Емирати развиена е комплетно климатизирана соларна автобуска постојка. За хрватската иновација се заинтересирани и во Грција, Египет, Италија, а нарачки можно е да стигнат и од Сингапур, кој што е водечки светски производител на соларни уреди. Зад Core стои венчр фондот Core Commercial Investments со седиште во Абу Даби, a директор во загрепскиот Core е поранешниот хрватски ТВ водител Хамед Бангура. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 885 14.10.2016
48
МЕНАЏМЕНТ
ДАЛИ СТЕ САБОТИРАНИ ОД СОПСТВЕНАТА ЦЕЛ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ ПОГОЛЕМА ПРОДАЖБА?
Дали ги соборувате вашите рекорди? На колку повици одговоривте денес? Колку високо квалитетни договори закажавте за овој месец? Колку нови зделки склучивте овој месец?
O
Овие прашања упорно ни се врежуваат во глава, и тоа со добра причина. Голем број професионалци за продажба, често се притиснати да достигнат норма или да се здобијат со одредено ниво на професионалност. Месечните продажби го насочуваат вниманието кон премијата и крајниот резултат, но тие исто така можат да нанесат повеќе штета отколку да донесат благодет, пишува Harvard Business Review. Често ги слушаме продавачите како велат, „Резултатите не се остваруваат доволно брзо.“ На крајот од секоја месечна продажба, стресот и фрустрацијата се тие кои преовладуваат, а продавачите се обидуваат најдобро што можат да ја заокружат продажбата и да ги добијат
очекуваните резултати. Ако продажбата е, во еден дел, пренос на чувства, помислете на чувствата кои им ги пренесувате на вашите потенцијални клиенти. Стресот и вознемиреноста кои се јавуваат при желбата да се оствари што поголема продажба, ненамерно ставаат уште поголем притисок врз вашите клиенти и уште од стартот создаваат една нездрава врска.
Парадокс
Иронично е тоа што постојаната навалица за постигнување на добра продажба ве држи фокусирани на целта и го одвлекува вложувањето напор подалеку од усовршувањето на процесот на продажба кој е неопходен за создавање на бизнис. Збрката која потоа произлегува од ова е „Премногу сум зафатен за да работам на моето усовршување. Морам да достигнам норма“. Размислете за овој парадокс: Резултатот е процес. Со други зборови, што ако го пренасочите вниманието подалеку од вашата норма или крајниот резултат и го насочите кон процесот на усовршување?
Сепак, што е целта на јадењето пакување чоколаден сладолед: да се стигне до крајот или да се ужива во секој залак? А што е со целта што си ја поставуваме при режимите на вежбање? Ако тоа не ви е професионалност, целта е да се одржи здравјето, виталноста и поради лична сатисфакција. Истото ова важи и за мерењето на продуктивноста, одржувањето на мирен дух и чувството на исполнетост и достигнување на крајот од денот. Сепак, вие не го правите резултатот; вие го извршувате процесот. Резултатот е природен нуспродукт на сопствените напори. Во тоа е парадоксот. Со искажувањето почит кон процесот, можете да уживате во предноста што ќе знаете дека со сигурност ќе ги постигнете вашите цели, затоа што процесот ќе ви даде сè што сакате. Замислете да треба да градите куќа без шематски план!
Водени од процесот, а не од резултатот
За да се постигнат подобри резултати, мора да го промените она што досега сте го правеле или да го промените начинот
СОВЕТ: ЦЕЛТА БЕЗ ДЕФИНИРАН ПРОЦЕС ВОДИ КОН НЕУСПЕХ
www.kapital.mk
Капитал број 885 14.10.2016
49 на размислување. За и понатаму да ги надминувате вашите цели за подобра продажба и подобро да си ја контролирате умствената состојба, променете го вашето мислење да стане водено од процесот, а не водено од резултатот. Запрашајте се дали во моментот имате процеси- за продажба, потенцијални, за склучување зделка, управување со време, служба за клиентите- на кои можете да им верувате. Кога ќе го погледнете вашиот дневен распоред, дали тој ги нагласува специфичните задачи и активности во кои треба да се ангажирате за да ве движат кон вашата цел? Исходот е дека продавачите кои се фокусираат само на крајниот резултат, немаат процес во кој имаат доверба. Како такви, тие се повеќе сконцентрирани на контролирањето на исходот; настојувајќи да го добијат она што го сакаат, а не обрнуваат внимание на процесот. Всушност, не можеш да му веруваш и управуваш со процесот, доколку воопшто немаш процес! Обидот да се постигне што повеќе, без процес кој ќе ве води, е како да возиш со кола од Њујорк до Калифорнија без патна карта и со врзани очи. Не само што ова е стресно, туку со сигурност ќе залутате некаде подалеку од вашата предвидена дестинација. Одвојте време за развој на вашиот процес за постигнување на секоја ваша замисла, со цел да имате јасна слика пред вас. За почеток, направете преглед на вашите претходни успешни зделки. На пример, ако сакате да склучите одреден број зделки секој месец, кои секојдневни активности ќе ви помогнат да ја постигнете таа цел? Кои вештини и средства треба да се подобрат? На пример, работете на подобрувањето на вашето пропратно писмо или e-mail, направете добар образец за апликација на идните клиенти и подобар пристап кон говорните пораки, и почесто праќајте повратни информации. Самото размислување и извршување на овие задачи, ви го насочува вниманието на процесот.
Познавање на сопствените граници
Кога еднаш ќе си ја одредите насоката и ќе создадете формула за успех по која ќе работите - X број на повици дава X број на потенцијални клиенти кои даваат X број на продажба - овозможете правењето,
КАКО ДА СИ ПОМОГНЕТЕ
ПЛАН ЗА МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО XXОрганизација на време.
Завршете ги задачите. – Не одолговлекувајте XXБидете сигурни дека се концентрирате на важните работи – Одредете ги приоритетите во работата XXРазмислете како навистина го минувате времето – Дневник на активности XXПланирајте го решавањето на проблемите – План за работа
кое е во процесот, да биде наградата и задоволството, а не само крајниот резултат. Вака сами ќе бидете одговорни за вашите идни цели, без да се грижите за нив. Ако и понатаму ја продолжите потрагата фокусирани на целната линија, нема да уживате во патувањето. Затоа, внимавајте иднината да не ве фати на јадица и уживајте во процесот на постигнување цели денес. Познавањето на сопствените граници, ви дава слобода да му верувате на процесот кој сте го усвоиле. Сепак, секогаш има недовршени работи. Секогаш има нешто
XXПочнете со поважните задачи –
Листа со приоритети
XXОдлучете кои се вашите лични
приоритети – Одредување на лични цели XXПланирајте како најдобро да го искористите вашето време – Ефективен распоред на задачите XXПреглед на резултатите од менаџментот на време Ретроспектива да се доврши на работа, по дома, или во вашиот живот; уште еден повик кој треба да се направи или e-mail да се прочита. Поминувањето на месечната норма на продажба ќе биде резултат на заедничките напори кои ги правите и секојдневните активности во кои се ангажирате. Кога сте свесни за процесот, имате можност да ги препознаете и да им се радувате на своите достигнувања- дури и на најмалитеподобро отколку да настојувате и да чекате да дојде „крај“. Но всушност, дали тој некогаш доаѓа? nnn
www.kapital.mk
Капитал број 885 14.10.2016
50
ЛИДЕРИ
РЕИД ГАРЕТ ХОФМАН ОСНОВАЧ И ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА LINKEDIN
НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА СЕ ПРОМЕНИШ СЕБЕ СИ Е ДА СЕ ДРУЖИШ СО ЛУЃЕ КОИ ВЕЌЕ СЕ ТОА ШТО ТИ САКАШ ДА БИДЕШ
Р
Ричард Гарет Хофман е основач и извршен директор на познатата професионална мрежа LinkedIn. Нето вредноста на Хофман се проценува на 4.7 милијарди долари, а се наоѓа на 341 место од листата најбогати луѓе во светот. Еве дела од неговиот совети за тоа што треба да направите за да бидете успешен претприемач.
Еден од предизвиците при вмрежувањето е што сите мислат дека се сведува на директно обраќање на непознатит. Всушност, станува збор за вмрежување со луѓе кои веќе имаат силна доверба во тебе, кои знаат дека си посветен, паметен, тимски играч, токму тие се тие што можат да ти помогнат
Вашата мрежа се луѓето што сакаат да ти помогнат, и луѓето на кои ти сакаш да им помогнеш, и тоа е навистина моќно
Најбрзиот начин да се промениш себе си е да се дружиш со луѓе кои веќе се тоа што ти сакаш да бидеш
Да се биде претприемач, односно да се стартува компанија е како да се фрлите себе си од ендек и да составувате авион додека паѓате
Сите луѓе се претприемачи не затоа што тие треба да започнат компанијата, туку бидејќи волјата да се креира компанија е кодирана во самиот човек
Она што ја прави смислата на животот се луѓето, па затоа обидете се да бидете добри со сите кои се околу вас и пошироко. Токму поради тоа најголем дел од моите проекти се основаат на тоа како јас можам да влијаам врз животот на стотици милиони луѓе
Грижите за приватноста веќе стануваат надминати проблеми
Вие треба постојано да се надградувате и инвестирате во вашата иднина
Луѓето кои интелигентно преземаат ризици најчесто прават многу поголем прогрес од луѓето што не преземаат ваков ризик
Ако не се срамите од првата верзија на вашиот продукт, тогаш сте го лансирале предоцна Ќе се изненадите колку вредни се вашите вештини за оние што воопшто ги немаат
Време е за нешто специјално за секој ден. TISSOT Couturier TISSOT COUTURIER AUTOMATIC LADY Е ПРЕКРАСЕН РАФИНИРАН ЧАСОВНИК. СО ЕДНОСТАВЕН И ЕЛЕГАНТЕН ДИЗАЈН. ЧАСОВНИК КОЈ МОЖЕ ДА СЕ НОСИ ВО СЕКОЈА ПРИГОДА, БЕЗ РАЗЛИКА НА ФОРМАЛНОСТА НА ОКРУЖУВАЊЕТО. ИМА НЕГРEБЛИВО САФИРНО СТАКЛО И МОДЕРНО ЦРВЕНО КОЖНО РЕМЧЕ.
ОВА Е ВАШЕТО ВРЕМЕ СКОПЈЕ - УЛ. МАКЕДОНИЈА И ТЦ РАМСТОР БИТОЛА - ШИРОК СОКАК WWW.BOZINOVSKI.COM.MK
TI S S OT WATC H E S .CO M