PROFILE COMPANY BELLA: ЧЕТВРТ ВЕК
ГРАДИМЕ МАКЕДОНСКИ ТЕКСТИЛЕН БРЕНД
ИНТЕРВЈУ
ВАЛЕНТИНА ТАСЕВА генерален директор на Семос Едукација
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
БИЗНИС И ПОЛИТИКА ЗЕМЈИТЕ ОД ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА ОСTАНУВААТ БЕЗ РАБОТНИЦИ
WWW.KAPITAL.MK
COVER STORY:
КОЈ Е ГАЗДА НА ГОЛЕМИОТ БИЗНИС ВО МАКЕДОНИЈА?
ИСТРАЖУВАЊЕ НАД СТО ИЛЈАДИ МАКЕДОНЦИ ПРЕКУ ДРЖАВЈАНСТВО СТАНАЛЕ ЕВРОПЕЈЦИ БРОЈ 887 | ЦЕНА 100 ДЕН. 28 ОКТОМВРИ 2016 | ПЕТОК | ГОДИНА 18
ШТО Е НОВО НА МАКЕДОНСКАТА СТАРТАП СЦЕНА?
3
Капитал број 887 28.10.2016
СОДРЖИНА
16 04 06
PROFILE
Меркел и Путин најдоа заеднички јазик Русија ќе доставува гас до централна Европа преку Германија
НАВИГАТОР
Македонските креативци “растурија“ на престижниот фестивал Golden Drum во Љубљана
08
COVER STORY
16
INTERVIEW
Кој е газда на големиот бизнис во Македонија? ВАЛЕНТИНА ТАСЕВА
генерален директор на Семос Едукација
Извезуваме македонски ум во западна Европа
КОЈ Е ГАЗДА?
Светската економска криза ги сруши сите митови за тоа дека капиталот нема националност и боја, и покажа дека кога станува збор за стратешки компании и индустрии, државите се подготвени и на многу непазарни политики и потези за да ги спасат од странско преземање. Клучните и најмоќни компании во Македонија уште пред кризата беа евтино распродадени на странци, а оние кои се уште се во домашна сопственост се ставени во втор план, додека државата со сите средства ги помага странските инвеститори. Капитал анализира кој е газда на најголемите компании во Македонија? XX Стр. 8
34 20
ИСТРАЖУВАЊЕ
28
COMPANY PROFILE
Над сто илјади Македонци преку државјанство станале Европејци Bella, производител на женска облека Четврт век градиме македонски текстилен бренд
И ФИНАНСИИ 33 БАНКИ ПроКредит со едукативна кампања го одбележува месецот на штедење Каде одат Вашите пари?
34 STARTUP Стартуваше Letz, аплика-
цијата што ги доби првите пари од првиот фонд за стартапи во Македонија
ПАСОШИ
Од 2005 година кога Македонија го доби кандидатскиот статус за членка на ЕУ, вкупно 106.216 Македонци станале Европејци со државјанство и пасош. Тоа значи дека граѓани на ЕУ станале толку Македонци колку што живеат во Битола и Струмица заедно. Најмногу пасоши на Македонци поделила Бугарија, вкупно 57.627 Македонци добиле бугарско државјанство, додека уште 48.589 Македонци од 2005 до 2014 година добиле државјанство од некоја друга европска земја од Унијата или Шенген зоната. Граѓаните што земале државјанство од некоја од европските земји велат дека причините се единствено од економска природа. XX Стр. 20
42 40
СВЕТ БИЗНИС И ПОЛИТИКА
42
БИЗНИС И ФИНАНСИИ
46 50
Технолошки трендови Манипулаторите на берза ќе ги лови вештачка интелигенција Земјите од Централна Европа остануваат без работници
БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Како даночните политики на Трамп и на Клинтон ќе се одразат врз економијата?
ЛИДЕРИ ЕВАН СПИГЕЛ
ко-основач и директор на Snapchat
Стравот е најголем кочничар на креативноста
СТАРТАПИ
Регионалниот фонд SCV инвестираше 100 илјади евра во Letz, стартапот кој со помош на вештачка интелигенција создаде дигитален асистент што им помага на луѓето во организирање на секојдневните обврски. Апликацијата штотуку стартуваше на светската платформа Product Hunt, а пред домашните стартапи останува предизвикот да ги стигнат регионалните играчи кои што веќе прибираат милионски суми за развој на нивните продукти и услуги, а некои стигнаа и до продажби од преку 50 милиони евра годишно. Но, затоа прво треба да имаме вистински примери на компании што продаваат надвор од Македонија, повеќе стартапи кои привлекле инвестиција, повеќе инвеститори кои сакаат да ризикуваат пари... XX Стр. 34
Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 27.10.2016
www.kapital.mk
МЕРКЕЛ И ПУТИН НАЈДОА ЗАЕДНИЧКИ ЈАЗИК
РУСИЈА ЌЕ ДОСТАВУВА ГАС ДО ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА ПРЕКУ ГЕРМАНИЈА Договорот на ЕУ и Русија за гасоводот Опал, ја воведува во прашање потребата од пренос на гас од Турција преку Балканот до централна Европа, како што предвидуваше проектот за мрежата Јужен тек, заменета од Турски тек. Наместо тоа, Германија добива најважна улога за преносот на гас кон централна Европа
ФАКТ: СО ОДЛУКАТА НА ЕУ ГУБИ СМИСЛА ПРОД
Капитал број 887 28.10.2016
E
Европската комисија во вторникот даде дозвола Газпром да го прошири својот пристап до гасоводот Опал, што ја поврзува Германија со мрежите на државите од централна Европа, и истата може да ја објави во петок, пишува Волстрит Журнал. Според Ројтерс, одлуката ќе биде објавена до понеделник, 31 октомври, кога истекува рокот за Брисел да се произнесе по прашањето. Раководството на Европската комисија ова го разгледа во вторникот, но нема одлука, зашто „таа ќе биде донесена во процесот на разговори“, изјавија за Ројтерс од ЕК.
Што подразбира зделката?
Два извори на Волстрит Журнал велат дека по довршувањето на Опал во 2011 година, Газпром има ексклузивно право на 50% од неговиот годишен капацитет. Причината е што правилата на Европската унија ги обврзуваат сопствениците да им дозволат пристап до цевководите и на своите конкуренти во однос на испораката. До разјаснувањето на статусот на Опал, половина од неговиот капацитет од 36 милијарди кубни метри останува неискористен. Москва ја има позицијата дека таа го изградила гасоводот и затоа Газпром треба да одлучува кој ќе го користи. Одлуката на Еврокомисијата ќе им дозволи на Русите да им препуштаат меѓу 10% и 20% на конкурентите. Но, за останатите 30-40% ќе се објавуваат конкурси за обемот на користењето, на кои ќе може да учествува и самата корпорација Газпром. „Ова малку личи на отстапка во однос на Русите, но не станува збор за божикен подарок“, коментира еден од изворите на Волстрит Журнал. Формално гледано, одлуката од вторникот значи одобрување на претходниот договор од 2013 година, за експлоатација на Опал меѓу Газпром и германскиот мрежен оператор Бундеснецагентур, но со додадени построги услови. Опал има должина од 470 километри и
PROFILE
се простира од германскиот балтички брег до Брандов на чешко-германската граница. Ова е единствената разлика меѓу Северен тек, кој доставува гас директно од Русија до Германија, и централна и источна Европа. За Газпром ова е и единствениот засега начин да ја заобиколи Украина, низ која во моментов е можна испорака до овие држави.
Ефектот врз Турски тек и Северен тек 2
Проширувањето на обемот што руската компанија ќе може да го пренесува по Опал, ја става под прашален знак и потребата од пренос на гас од Турција преку Балканот до централна Европа, како што предвидуваше проектот за мрежата Јужен тек, заменета од Турски тек. Русите се договорија само за еден крак од Турски тек, што е наменет за потребите на турскиот пазар. Вториот крк, исто така, е вклучен во неодамна потпишаниот договор, но Газпром си го задржа правото да се откаже од него, ако нема интерес од државите на Европската унија. Во понеделникот, министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, уште еднаш прецизираше дека Москва очекува од ЕУ писмени гаранции оти (Унијата) е заинтересирана за продолжување на Турски тек на територијата на државитечленки, за да почне изградбата на гасоводот кон грчката или кон бугарската граница. Промената на Опал засега и друг
5
проект важен за Газпром и Германиа, тоа е “Северен поток 2”, раширувајќи го уште повеќе транзитниот пренос по дното на Балтичкото море. “Поддршка за “Северен поток 2” означува дека Европската унија прави отстапки на режим кои што сака да го казни преку санкции. Таа противречност едноставно нема никаква логика”, изјави за Financial Times Конрад Шимански, полскиот министр за европски прашања. Катја Јафимава од Институтот Оксфор за енергетски студии смета дека нема толку директна врска помеѓу помеѓу Опал и Северен Поток и решението на спорот за едниот гасовод нема да доведе до реализирање на вториот гасовод.
Уредување на спорот за монополот
Во понеделник се очекува и објавување на договор за соработка меѓу Газпром и антимонополските органи на Европската унија по истрагата за злоупотреба на доминантната позоција во Источна ЕВропа”, пишува Wall Street Journal. Тоа е сигнал дека двете страни, иако малку заладени односи заради санкциите, преземаат прагматични чекори за воспоставување на односите, посебно во енергетската сфера каде Русите остануваа доминантен снабдувач. Договорот за Опал може да се толкува и како сигнал за помирување кон претседателот Владимир Путин, во момент кога се размислува за воведување на нови санкции кон Русија за дејствата во Сирија.
nnn
ДОЛЖУВАЊЕТО НА ТУРСКИ ТЕК КОН ЕВРОПА
www.kapital.mk
Капитал број 887 28.10.2016
6
НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА
> БРОЈКА
28,5%
е учеството на хидроцентралите во вкупното производство на струја
Европската Унија се наоѓа во сериозна криза, поради што не е способна да изгради консензус за клучни прашања.
БЕАТА ШИДЛО
премиерка на Полска
Hyprop го презема Skopje City
H
ystead Limited (Hystead), компанија од Велика Британија во косопственост на Hyprop Investments Limited (Hyprop) и PDI Investment Holdings Limited (PDI), го купи македонскиот трговски центар, Skopje City Mall, од Balfin Finance BV, Амстердам. Вкупната купопродажна вредност изнесува 92 милион евра. Skopje City Mall е најголем, и еден од најпосетените трговски центри во Македонија, отворен во октомври 2012 година. Располага со 37.600 м2 бруто
МАКЕДОНСКИТЕ КРЕАТИВЦИ “РА ПРЕСТИЖНИОТ ФЕСТИВАЛ GOLD
K
Комуникациската агенција Сачии Сачи Македонија (Saatchi&Saatchi), дел од Публицис Македонија (Publicis) е прогласена за најдобра агенција во Адриатик регионот на годинешново издание на Голден Драм (Golden Drum), а нејзиниот креативен директор Василије Ќорлука е добитник на признанието Golden Watch за најдобар креативен директор во регионот. На еден од најпрестижните европски фестивали на креативноста, што се одржа од 19 – 21 октомври во Љубљана, Сачи и Сачи го освои врвното признание Grand Prix во две категории: Mobile и Activation programme, за креативното решение мобилна игра Sea Hero Quest, изработено за клиентот Дојче Телеком (Deutsche Telecom). Досега многу наградуваната игра за мобилни уреди која што треба да помогне во борбата против деменцијата, Sea Hero Quest, освои и три први награди Golden Drum во категориите Digital, Branded Content и New or innovative.
Сачи и Сачи Македонија освои две Grand Prix награди, три Golden Drum статуетки и уште неколку специјални нагади за мобилната игра Sea Hero Quest на Дојче Телеком, додека Њу Момент освои Silver Drum за проектот Makes bitter sweeter на Европа АД Скопје
www.kapital.mk
Капитал број 887 28.10.2016
7
y Mall за 92 милиони евра
површина за изнајмување, и има 137 закупци, меѓу кои Zara, Terranova, Koton, LC Waikiki, Bershka, New Yorker и Fashion & Friends. „Наша цел е да поседуваме портфолио од шопинг центри со висок квалитет во југоисточна Европа. Високата стапка на издаденост, ветувачкиот број на посетители, балансираната комбинација на закупци и можностите за проширување на Skopje City Mall се гаранција за атрактивноста на инвестицијата“, изјави по повод преземањето главниот извршен директор на Hyprop, Пиетер Принслоо.
мисла на неделата Многу луѓе имаат идеи, но малку од нив ќе одлучат нешто да превземат. Вистинскиот претприемач е работник и човек од акција, а не сонувач.
Нолан Башнел основач на компанијата Атари
АСТУРИЈА“ НА DEN DRUM ВО ЉУБЉАНА
> БРОЈКА
53%
од деловните субјекти во Македонија имаа веб страна
лидери
САТЈА НАДЕЛА
системот на Microsoft за вештачка интелигенција со моќ за длабинско учење стана open source
ПАПА ФРАНЦИС
за да се реши хуманитарната криза во Венецуела успеа да ги седне на преговарачка маса власта и опозицијата
не им беше неделата
Тимот на Сачи и Сачи/Публицис Македонија на Golden Drum Креативниот директор на Сачи и Сачи Македонија, Василије Ќорлука со една од наградите Душан Дракалски, креативниот директор на Њу Момент Македонија, годинава доби место во Куќата на славните на Golden Drum.
Сребро во категоријата Press за својот проект “Makes bitter sweeter” работен за клиентот АД Европа доби и Њу Момент Њу Идеас (New Moment New Ideas) од Скопје. Сачи и Сачи/Публицис ја освои највисоката Golden Drum Adriatic награда и во категоријата на специјални награди, во Best Piece одделот, а “жетвата“ на оваа агенција продолжи со уште една врвна награда, во Best Practice секцијата, исто
така Golden Drum Adriatic Award, за “Sea Hero Quest“. Успехот на македонските креативци беше заокружен со влегувањето на креативниот директор на Њу Момент од Скопје, Душан Дракалски, во Куќата на славните (Hall of Fame) на Golden Drum, објавено пред извесно време, а тој одржа презентација на темата “Time, dreams, plans and some sketches”. nnn
ФРАНСОА ОЛАНД
дури 70% од Французите се незадоволни од работата на претседателот на државата, покажуваат последните анкети
ВИКТОР ПОНТА
Романското „СЈО“ му заплени имот на поранешниот романски премиер во истрагата за примање 220.000 евра мито
Капитал број 887 28.10.2016
www.kapital.mk
STORY 8 COVERSTORY COVER
КОЈ Е ГАЗДА НА ГОЛЕМИОТ БИЗНИС ВО МАКЕДОНИЈА? Светската економска криза ги сруши сите митови за тоа дека капиталот нема националност и боја, и покажа дека кога станува збор за стратешки компании и индустрии, државите се подготвени и на многу непазарни политики и потези за да ги спасат од странско преземање. Клучните и најмоќни компании во Македонија уште пред кризата беа евтино распродадени на странци, а оние кои се уште се во домашна сопственост се ставени во втор план, додека државата со сите средства ги помага странските инвеститори. Иако поголемиот број на најголемите компании во Македонија се со домашен приватен или државен капитал, компаниите со странски капитал создаваат многу повеќе. Капитал анализира кој е газда на најголемите компании во Македонија?
www.kapital.mk
Капитал број 887 28.10.2016
2 14 81 100 7 4,74 3,8
9 ОД 10-ТЕ НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ СЕ ВО ДОМАШНА ПРИВАТНА СОПСТВЕНОСТ ОД НАЈГОЛЕМИТЕ 200 МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ СЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ КОМПАНИЈА ОД 200-ТЕ НАЈГОЛЕМИ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ СО СТРАНСКИ КАПИТАЛ КОМПАНИИ ОД 100-ТЕ НАЈГОЛЕМИ СЕ СО ДОМАШЕН ПРИВАТЕН КАПИТАЛ КОМПАНИИ ОД 10 -ТЕ НАЈГОЛЕМИ СЕ ВО СТРАНСКА СОПСТВЕНОСТ МИЛИЈАРДИ ЕВРА СОЗДАВААТ НАЈГОЛЕМИТЕ 81 СТРАНСКИ КОМПАНИИ НА ЛИСТАТА 200 НАЈГОЛЕМИ МИЛИЈАРДИ ЕВРА СОЗДАВААТ НАЈГОЛЕМИТЕ 114 КОМПАНИИ ВО ДОМАШНА ПРИВАТНА И ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ ОД ЛИСТАТА 200 НАЈГОЛЕМИ
www.kapital.mk
Капитал број 887 28.10.2016
10
COVER STORY ТОП 20 КОМПАНИИ ВО ДОМАШНА ПРИВАТНА СОПСТВЕНОСТ
Ранг на
Вкупни
Топ 200 Компанија
Најголем и доминантен акционер
приходи (евра)
4
МАКПЕТРОЛ
Оилко КДА
301.843.152
8
АЛКАЛОИД
АД без доминантен сопственик
103.232.891
14
КАМ
Камфуд Дооел, Гоце Камчев
93.947.745
15
ТИНЕКС-МТ
Владимир Тодоровиќ
91.062.624
16
ЕНЕРЏИ ДЕЛИВЕРИ СОЛУШНС ЕДС
Кочо Анѓушев, Феро инвест
87.237.471
18
ЕУРО ТАБАК
Коста Кипровски
84.657.079
20
САСА
Линкс Европа Дооел
80.152.738
24
СУПЕРТРЕЈД
Снежана Стајиќ, Владимир Стаиќ
71.013.931
26
ИГМ-ТРЕЈД
Илија Гечев, Васка Гечева
68.994.548
27
ГРАНИТ
АД без доминантен сопственик
68.954.652
29
СПОРТ - ЛАИФ ТРЕЈД
Зоран Стерјоски, Ѓоко Стерјоски
65.316.481
31
МАКСТИЛ
ДУФЕРКО СКОП ИНВЕСТМЕНТ ЛТД, DUFERCO SKOP LTD
59.966.211
32
ЕКСПАНДА
Методија Стефановски
57.966.184
33
ЗЛАТНА КОПАЧКА - ЕДЕН
Перо Велковски, Антонио Филевски
56.781.338
35
ПЕКАБЕСКО
Слободан Кутревски
55.551.212
37
НЕПТУН МАКЕДОНИЈА
Арсим Папранику, Илир Папранику, Балфин Тирана
53.574.445
39
БЕТОН
Repro One LTD, Wolles Trading Corp
48.978.421
40
ЗЕГИН
Зегин ДОО, Ливиа,Васко Иванов
48.932.755
41
ФЕРШПЕД
АД без доминантен сопственик
48.317.764
42
ГЕМАК - ТРАДЕ
Енвер Малиќи
46.051.056
пишува:
покрај тоа штоСОПСТВЕНОСТ со години наназад јавно ТОП 20 КОМПАНИИ ВО СТРАНСКА се залагаа за слободен натпревар
23
ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ
TITAN CEMENT Netherlands B.V.
72.586.327
25
ВЕРОПУЛОС
VERO AE Holding
70.408.179
28
ВИСТЕОН ЕЛЕКТРОНИКС МАКЕДОНИЈА VIHI LLC
и праксата, дека сопственоста на капиталот не секогаш е пресудна за тоа Биљана Ранг на Здравковска Стојчевска Вкупни и отворен пазар, во кризата многу колку една компанија ќе биде добро biljana.zdravkovska@kapital.mk цврсто застанаа во одбрана на управувана и ќе работи успешно. Секој Топ 200 Компанија приходи (евра) доминантен стратешките домашниакционер компании и тип на сопственост има свои предности индустрии со целMatthey, тие да останат во и недостатоци, кои пред се зависат за 1 ЏОНСОН МЕТИ Скопје Johnson В.Британија 1.201.623.493 домашна сопственост, и по секоја цена, каков тип на компании станува збор и 2 ЕВН Македонија AG, Австрија 410.306.546 дури и соEVN државни пари, ги бранеа во какви бизнис услови тие работат. од преземање од странски стратешки Но, оние кои се застапници на 3 ОКТА Elpet Balkaniki SA компании. национал - патриотизмот во 329.442.377 Македонија е една од ретките земји една 6 ФЕНИ ИНДУСТРИ Cunico Resources N. V, Холандијаекономијата сметаат дека доколку 192.159.772 кои ги имаат продадено речиси сите земја ги продаде клучните индустрии клучни компании и индустрии на 7 на странци, таа со тоа губи голем дел МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ Magar Telekom 174.776.404 странци. И тоа прилично евтино, во од економската, па и политичката АРЦЕЛОРМИТТАЛ СКОПЈЕ (ЦРМ)време наARCELORMITTAL 98.928.996 Иако9 во процесите на глобализацијата војни или други HOLDINGS конфликти,AG независност, бидејќи во тој случај некој и либералниот капитализам едно од финансиски кризи... Единствената друг од страна управува со клучните 10 ОНЕ.ВИП Telekom Austria 96.674.038 основните начела е дека капиталот нафтена рафинерија, единствениот економски текови во земјата. нема11бојаЛУКОИЛ и националност, светската фиксен телекомуникациски оператор, Анализата што Капитал ја направи МАКЕДОНИЈА Lukoil, Русија 96.462.742 економска криза ги сруши сите митови најголемата банка, најголемите на сопственоста на најголемите 200 12 дека ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА Holl , Белгија 95.371.724 и покажа кога станува збор за тутунскиVan комбинати, единствениот компании во Македонија според стратешки компании и индустрии, производител на цемент, единствениот остварените вкупни приходи во 2015 19 ГЕН-И ПРОДАЖБА НА ЕНЕРГИЈА GEN-I , Словенија 81.732.912 државите се подготвени на многу дистрибутер на струја, единствениот година објавени во едицијата “200 непазарни и национал-патриотски рудник на мермер, & сите рудници на НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ”79.683.279 дава 21 КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА Kromberg schubert holding потези за да ги спасат од странско метали се продадени на странски многу интересни резултати за тоа 22 СИНОХИДРО КОРПОРЕЈШН ЛИМИТЕД Sinohydro, Кина преземање. компании. кој е газда на големиот бизнис79.669.040 во Многу европски и светскиСкопје) економии и Теоријата вели, а тоа го покажува Македонија. (Подружница
И
67.640.458
39
БЕТОН
Repro One LTD, Wolles Trading Corp
40 ЗЕГИН Капитал број 887 28.10.2016 41 ФЕРШПЕД
12 42
Зегин ДОО, Ливиа,Васко Иванов АД без доминантен сопственик
ГЕМАК - ТРАДЕ COVER STORY
Енвер Малиќи
48.978.421 48.932.755 www.kapital.mk 48.317.764 46.051.056
ТОП 20 КОМПАНИИ ВО СТРАНСКА СОПСТВЕНОСТ Ранг на
Вкупни
Топ 200 Компанија
приходи (евра)
доминантен акционер
1
ЏОНСОН МЕТИ Скопје
Johnson Matthey, В.Британија
2
ЕВН Македонија
EVN AG, Австрија
410.306.546
3
ОКТА
Elpet Balkaniki SA
329.442.377
6
ФЕНИ ИНДУСТРИ
Cunico Resources N. V, Холандија
192.159.772
7
МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ
Magar Telekom
174.776.404
9
АРЦЕЛОРМИТТАЛ СКОПЈЕ (ЦРМ)
ARCELORMITTAL HOLDINGS AG
98.928.996
10
ОНЕ.ВИП
Telekom Austria
96.674.038
11
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА
Lukoil, Русија
96.462.742
12
ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА
Van Holl , Белгија
95.371.724
19
ГЕН-И ПРОДАЖБА НА ЕНЕРГИЈА
GEN-I , Словенија
81.732.912
21
КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА
Kromberg & schubert holding
79.683.279
22
СИНОХИДРО КОРПОРЕЈШН ЛИМИТЕД Sinohydro, Кина
1.201.623.493
79.669.040
(Подружница Скопје) 23
ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ
TITAN CEMENT Netherlands B.V.
72.586.327
25
ВЕРОПУЛОС
VERO AE Holding
70.408.179
28
ВИСТЕОН ЕЛЕКТРОНИКС МАКЕДОНИЈА VIHI LLC
67.640.458
30
БУЧИМ
Solvay Industries LTD, Solvay Industries Este
63.007.028
34
ПИВАРА СКОПЈЕ
BREWTECH B.V., BREWTRADE BV и М-6
55.665.282
36
ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА
Porsche Holding
55.364.321
38
ДРЕКСЛМАЈЕР МАКЕДОНИЈА
Lisa Drexlmaier Gmbh
50.589.418
43
ТАБ МАК
ТАБ АД, Чедо Петров
43.700.214
Повеќе компании со приватен домашен капитал
На листата 200 најголеми компании во Македонија, кои заедно остваруваат приходи од 8,7 милијарди евра, најбројни се компаниите кои имаат доминантна домашна сопственост. Повеќе од половина од 200-те најголеми македонски компании или 114 компании имаат домашен капитал. Од нив 14 се јавни претпријатија и компании во државна сопственост, додека 100 компании на листата најголеми се со домашен приватен капитал.
Доминантен странски капитал има во 81 од 200-те најголеми компании, додека пет од најголемите компании се во мешовита сопственост, односно со домашен и странски капитал. Но, ако се гледа според тоа кој ја има вистинската моќ во македонската економија, тогаш тоа се странците. Големите компании во странска сопственост иако помалубројни создаваат многу повеќе приходи во споредба со компаниите со доминантен домашен капитал. На пример, 81 компанија во доминантна странска сопственост создаваат вкупни приходи
од 4,7 милијарди евра, што е повеќе од половина од македонскиот БДП кој минатата година изнесуваше близу 9 милијарди евра. Ако на тоа се додаде и учеството на странците во мешовитите компании и во помалите фирми во странска сопственост кои не се на листата 200 најголеми тогаш се доаѓа до заклучок дека учеството на странците во македонската економија е уште повисоко. Најголемите 114 компании, пак, во домашна сопственост рангирани меѓу 200-те најголеми создаваат вкупни приходи од 3,8 милијарди
www.kapital.mk
Капитал број 887 28.10.2016
14
COVER STORY
ТОП 10 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ Вкупни приходи (евра)
Компанија 5 ЕЛЕМ
261.388.726
13 ЈП за државни патишта
94.902.115
17 МЕПСО
85.163.062
66 ЈСП СКОПЈЕ
30.084.174
71 ЈП МАКЕДОНСКИ ШУМИ
28.896.084
76 МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ ТРАНСПОРТ
27.191.331
93 ЈП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА
23.239.988
96 МАКЕДОНСКА ПОШТА
22.320.540
103 МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА
20.881.549
115 ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА
19.197.114
НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ
евра. Ако се изземат домашните компании во државна сопственост и се анализираат само приходите на 100-те големи компании во домашна приватна сопственост, тогаш тие се уште помали и изнесуваат 3,1 милијарди евра. Тоа е околу една третина од македонскиот бруто домашен производ, односно од вредноста на сите произведени производи и услуги во земјава минатата година. Ако се анализираат првите 100 најголеми компании според сопственоста на капиталот, тогаш 44 од нив имаат доминантен странски газда, 45 се во доминантна домашна сопственост, 8 се во државна сопственост, а три се во мешовита сопственост. Овие 44 најголеми компании во странска сопственост имаат многу поголема моќ, со оглед дека тие создаваат дури 4,1 милијарди евра, што е повеќе од приходите што ги создаваат сите домашни приватни и државни компании рангирани на листата 200 најголеми компании (3,8 милијарди евра).
Странските компании создаваат повеќе, домашните вработуваат повеќе
#1
ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ
ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!
02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk
Ако се анализира првата десетка, тогаш само три компании од десетте најголеми компании се во домашна сопственост, од кои две се со приватен капитал и една со државен капитал, додека останатите седум се во доминантна странска сопственост. Првите три најголеми компании, тоа се производителот на катализатори Џонсон Мети, најголемиот дистрибутер на струја ЕВН и најголемиот увозник на нафтени деривати Окта имаат мнозински странски газди. Четвртата најголема компанија во земјава, Макпетрол, кој е најголем дистрибутер на нафтени деривати е во домашна сопственост, но се уште
нема мнозински сопственик. Најголем акционер е командитното друштво Оилко Кда со 22,7% од капиталот , во кое како мнозински сопственици се јавуваат генералниот директор Андреја Јосифовски и финансискиот директор на Макпетрол, како комплементари и Макпетрол АД, како командитор. Втора најголема домашна приватна компанија според приходите фармацевтската компанија Алкалоид. Таа е акционерско друштво со широка акционерска структура и со над илјада, а како најголем сопственик со 7,78% од капиталот се јавува генералниот директор Живко Мукаетов. Производителот на енергија ЕЛЕМ, која е петта најголема компанија во земјава, е во 100% сопственост на Република Македонија. Седумте компании со странски капитал рангирани меѓу 10-те најголеми компании имаат најголема моќ. Тие заедно создаваат приходи од 2,25 милијарди, или над 26% од македонскиот БДП. Седумте компании со странски капитал рангирани меѓу 10-те најголеми компании имаат најголема моќ. Тие заедно создаваат приходи од 2,5 милијарди, или околу една третина од македонскиот БДП. Странците имаат уште поголема моќ ако се анализираат најпрофитабилните компании. На пример, меѓу 10-те најпрофитабилни компании само една компанија е со домашен капитал, и тоа е државната компанија за пренос на струја МЕПСО. Компаниите кои имаат доминантен странски газда од листата на 200 најголеми вработуваат 25.208, што е близу 32 % од вкупниот број на вработени во 200-те најголеми компании во државата, додека во домашните компании се вработени 52.565 лица, што значи дека повеќе работни места отвораат домашните компании. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 887 28.10.2016
16
ИНТЕРВЈУ
INTERVIEW
ВАЛЕНТИНА ТАСЕВА ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА СЕМОС ЕДУКАЦИЈА
ИЗВЕЗУВАМЕ МАКЕДОНСКИ УМ ВО ЗАПАДНА ЕВРОПА Поттикнати од една конференција каде што се кажа дека Македонија треба да увезува ум и знаење, ние решивме дека ќе го направиме токму спротивното, ќе извезуваме ум и знаење. Професионалци кои се во редовен работен однос во Семос Едукација или пак во други ИТ компании, а се ангажирани од наша страна како хонорарни предавачи во партнерските тренинг центри во Европа, секојдневно одржуваат обуки во Норвешка, Шведска, Холандија, Италија, Естонија, Бугарија и Романија. Отвораме канцеларија и во Бугарија, Албанија, Косово, а следни се Србија и Словенија.
www.kapital.mk
Капитал број 887 28.10.2016
17 Нашите тренери често патуваат и добро заработуваат. За одржана обука во некоја од западно европските земји, тренерот во просек заработува 1.000 € неделно. За жал, сè потешко е да најдеме тренери со квалификации, знаење и искуство кои одговараат на нашите потреби и барањата од партнерските компании, пред сè заради големата побарувачка за овие кадри на глобално ниво.
С разговарал:
Игор Петровски
igor.petrovski@kapital.mk
“Семос Едукација е горда компанија каде што околу 100 луѓе работат на секојдневно споделување на знаењето“. Вака директорката Валентина Тасева би одговорила на прашањето “како би ја опишале компанијата што ја предводите со само неколку зборови“. Ја прашавме Тасева, а зошто горда? Ни одговори затоа што постојат полни 20 години, растат секоја година со најмалку 20% во приходите и се најголем тренинг центар во Југоисточна Европа, според Microsoft и Oracle. Најново е што се и стратешки партнер на Amazon за 2017, за Amazon Web Services, најбрзо растечката cloud платформа на планетава. На годишно ниво обуките што ги нуди компанијата ги посетуваат околу 3. 500 слушатели од сите возрасти и целни групи.
www.kapital.mk
Капитал број 887 28.10.2016
18
ИНТЕРВЈУ
“Не спроведуваме само обука, туку пред сè инсистираме на сертификација и положување на официјален испит по завршување на обуката, мотивирани првенствено од насоките и напорите на Европската унија за дигитална писменост. Младите, нашите идни вработени, се секојдневно на социјални мрежи и не учат доволно апликации потребни за успешно деловно работење“, објаснува Тасева. Поттикнати од една конференција каде што се кажало дека Македонија треба да увезува ум и знаење, во Семос Едукација решиле дека ќе го направат токму спротивното, ќе извезуваат ум и знаење. “Денес, секојдневно одржуваме обуки во Норвешка, Шведска, Холандија, Италија, Естонија, Бугарија и Романија. Отвораме канцеларии и во Бугарија, Албанија, Косово, а следни се Србија и Словенија.“ XВелите X дека Семос Едукација има значителна улога во извозот на македонски ум. Објаснете ни малку повеќе за ова, за што се работи конкретно? Семос Едукација интензивно работи на извоз. Она што ние можеме да го извезуваме е знаење кое го поседуваат нашите тренери. Се работи за професионалци кои се во редовен работен однос во Семос Едукација или пак во други ИТ компании, а се ангажирани од наша страна како хонорарни предавачи во партнерските тренинг центри во Европа. Ние уште пред низа години сфативме дека македонскиот пазар не е доволен. Успешните компании никогаш не се локални компании, па дури не се ни регионални компании. Прво, успешните компании во светот се глобално присутни. Поттикнати од овој факт, но и поттикнати од потребата за раст и стабилност, ние интензивно баравме начин да извезуваме ум, како еден од начините да се дисперзираат ризиците. Следно, поттикнати од една конференција каде што се кажа дека Македонија треба да увезува ум и знаење, ние решивме дека ќе го направиме токму спротивното, ќе извезуваме ум и знаење. Сето ова не остана само добра желба и сон, туку направивме конкретни чекори кои вклучуваа изработка на бизнис план. На прашањето КАДЕ, имавме дилема, дали во околните земји кои ни се блиски по менталитет, но веднаш заклучивме дека сите тие се соочуваат со истите проблеми со кои и ние се соочуваме. Затоа се одлучивме за Западна Европа. Тука веќе постојат правила и процедури и немаме проблеми со наплата. На прашањето ШТО можеме да продаваме, одговорот беше авторизирани официјални обуки со веќе воспоставени стандарди. Продаваме производи на интернационален пазар кои се веќе познати таму. XКако X го правите тоа? Точно, КАКО беше следното прашање што требаше да си го одговориме? Како ние би биле подобри од сите тренинг центри кои веќе работат во Европа? Докажавме дека сме подобри на тој начин што плативме да бидеме дел од глобалните системи на мерење и каде што можевме да се
споредиме со другите. За наша среќа, овие оценки покажаа дека сме сериозно над европскиот просек кога станува збор за квалитетот на наставата која ја одржуваат нашите тренери. Овој доказ и се разбира компетитивната цена која ја нудиме ни овозможија пристап на голема врата на западно европскиот пазар. Значи плативме да бидеме дел од стандардите. Најчесто македонските компании ќе кажат “Јас не сакам да платам”. Јас би рекла, во светот постојат стандардите со причина. Кoj? Кој ќе продаде? Секако, лица со соодветни технички и soft вештини кои можат да разговараат со клиентите од западна Европа. И секако кој ќе предава? Нашите тренери имаат техничко знаење и експертиза, реално работно искуство докажано со низа светски признаени сертификати како и грижата за клиентите која е дел од културата на Семос Едукација. Бизнисот го гледам како столче. Столчето е стабилно кога има најмалку 3 ногарки. Ако ја гледаме Македонија како една ногарка, земјите од западна Европа беа втората и третата ногарка. Денес, секојдневно одржуваме обука во Норвешка, Шведска, Холандија, Италија, Естонија, Бугарија и Романија. Отвораме канцеларија и во Бугарија, Албанија, Косово и следни се Србија и Словенија. XОбјаснете X ни за Кариерниот центар во Семос Едукација, која е неговата функција? Идејата за настанување на Кариерниот Центар е резултат на четири годишна работа и обиди и е поттикната од два моменти. Првиот момент е тоа што бројот на македонски ИТ компании континуирано расте и се покажува дека има недостиг на ИТ кадри. Знаејќи го ова, а во исто време секојдневно соочени со различни барања од компаниите за препорака на слушатели, одлучивме она што го правевме со добра волја, сега да го претвориме во посебен оддел во рамки на Семос Едукација кој со тек на време треба да стане профитабилен. Моментално тоа го правиме како додадена вредност на едукацијата, но од 2017 ќе прерасне во посебен профитен центар – Кариерен центар. Првата придобивка од постоење на овој центар е да ги слушнеме потребите на компаниите и соодветно да одговориме. Она што нив им треба како кадар, да биде дел од нашата понуда. Втора придобивка е тоа што ќе бидеме мост помеѓу нашите слушатели и компаниите. Третата придобивка е тоа што нашите слушатели можат да добијат кариерно советување и доедукација според конкретните потреби на компаниите. Многу често може да се сретне како на пример еден .NET developer да не може да најде работа, од причини што не знае Проектен менаџмент или пак нема комуникациски вештини. XКолку X квалификувани професионалци досега нашле работа со помош на Кариерниот центар? Во моментов постојат два тренда. Првиот е оној каде што работодавецот препознава
сертификација на знаењето и затоа воведуваме официјална сертификација на сите нивоа. Она што порано беше прифатливо само за IT професионалците, сега веќе се шири на сите нивоа. Во градежништвото, во креативните индустрии и во администрацијата. Вториот тренд е дека освен потребните IT вештини, потребни се и вештини како деловна комуникација, пишана и говорна на која што македонските невработени лица, релативно малку обраќаат внимание, а што често е предуслов за пронаоѓање на работа. На ова поле соработуваме со компаниите Certiadria и ClearView. Како резултат на четиригодишното работење, до 2015 година достигнавме бројка од 73 вработени наши слушатели кои следеле обука за IT професионалци кои што се со редовно вработување и над 200 препораки за вработување. Кариерниот центар треба да понуди низа различни услуги, како што се: селекција на кандидати од нашата база на слушатели, кариерни планови на вработените, понуда на висококвалификувани експерти, психолошки и технички тестирања, HR администрација и др. XКаков X е трендот на приходите на Семос едукација последниве години, односно како политичката и економската криза влијаат врз побарувачката за вашите курсеви и обуки? Семос Едукација расте со најмалку 20% годишен раст, година за година почнувајќи од 2000 година до денес. Единствена година која ја завршивме со позитивна нула беше 2013, за следната година да постигнеме 40% раст. Ниту политичката криза, ниту економската криза не влијаат на нашето работење, заради неколку причини. Пред сè, фактот дека нудиме преку 300 различни производи. Низ годините успеавме да склучиме договор и да бидеме ексклузивен партнер на низа светски брендови како што се Microsoft, Oracle, Cisco, Autodesk, Adobe, Certiport, Ec – Council, Vmware, PMP. Самостојно развивме низа обуки, како обуки за Android, PHP, Академијата за дизајн, Детскиот едукативен центар. Секоја година го зголемуваме бројот на стратешки договори и региони кои имаме право да ги покриеме. Amazon нè гледа како стратешки партнер за балканскиот регион, со очекување во 2017 да станеме ексклузивен партнер за Amazon Web Services, најбрзо растечката on-demand cloud платформа. Тие имаат над 670% раст во едукација на глобално ниво, и за нив Семос Едукација е избран партнер за 2017. Интензивно се развиваме и во обуките и сертификацијата за проектни методологии, како што се Project Management, ITIL, ISTQB Quality Assurance, Agile, Scrum, што е исто така тренд во светот. Низ годините го зголемивме и тимот, така што сега сме околу 100 редовно вработени и сертифицирани предавачи заедно. Секогаш настојуваме да вклучиме сертификација, односно полагање на испит
www.kapital.mk
Капитал број 887 28.10.2016
19
на крај од обуката. И секако, стабилноста ни ја носи можноста за извоз на знаење кој ни носи редовни приходи. Сите овие фактори се дел од сложувалката која ни носи континуиран раст. Ако ме прашате на што се должи растот, ќе кажам сумирано – голем број производи, целосно почитување на правилата кои ги носат партнерствата, јасно дефинирана структура во рамки на Семос Едукација, континуирано вложување во едукација за нас, (пример, ние не делиме плата за ниеден вработен, се додека сите вработени во тимот, не поминат задолжителна месечна обука), можноста нашите тренери да предаваат во странство и секако гордоста што имаме сè повеќе лојални клиенти, како во Македонија, така и во странство. XИмате X ли проблем со наоѓањето доволен број и доволно квалитетни предавачи за вашите обуки, курсеви и Академијата за дизајн? Бидејќи голем број стручњаци си заминуваат од земјава и сл. Или пак работат како програмери, девелопери во софтверските компании... Успевате ли да останете конкурентни во поглед на платата и останатите бенефиции? За жал, сè потешко е да најдеме тренери
Обука која отсекогаш се бара е напредниот Excel. Побарувачката за сите програмерски обуки е во пораст. Детскиот едукативен центар има 100% исполнетост, дури се ургира за да се најде место повеќе. Академијата за човечки ресурси во рамки на ClearView BTC годинава има над 100% раст, креативните индустрии застапени преку Adobe и Autodesk програмите исто така покажуваат над 80% раст. со квалификации, знаење и искуство кои одговараат на нашите потреби и барањата кои се наложени од партнерските компании како Microsoft, Cisco, Oracle, Vmware... Би рекла дека ова се должи пред сè на големата побарувачка за овие кадри на глобално ниво. Оние луѓе кои одговараат на профилот на тренери, веќе имаат премногу ангажмани во компаниите каде се вработени и поради недостатокот на време не секогаш се во
можност да одговорат на нашите потреби. Од друга страна пак, нашите правила и процедури налагаат тренерите професионално да се ангажирани на позиции во компаниите каде што активно ги практикуваат знаењата кои ги предаваат. Нашите тренери често патуваат и добро заработуваат. Колку за илустрација, за одржана обука во некоја од западно европските земји, тренерот во просек заработува 1.000 € неделно. nnn
Капитал број 887 28.10.2016
20
www.kapital.mk
ИСТРАЖУВАЊЕ
НАД СТО ИЛЈАДИ МАКЕДОНЦИ ПРЕКУ ДРЖАВЈАНСТВО СТАНАЛЕ ЕВРОПЕЈЦИ Од 2005 година кога Македонија го доби кандидатскиот статус за членка на ЕУ, вкупно 106.216 Македонци станале Европејци со државјанство и пасош. Тоа значи дека граѓани на ЕУ станале толку Македонци колку што живеат во Битола и Струмица заедно. Најмногу пасоши на Македонци поделила Бугарија.
www.kapital.mk
Капитал број 887 28.10.2016
21 2015 2014
ОДОБРЕНИ ДРЖАВЈАНСТВА НА МАКЕДОНЦИ ОД БУГАРИЈА
4.306 1.864
2013
4.852
2012
7.961
2011
11.496
2010
10.503
2009
4.394
2008
3.633
2007
3.241
2006
2.933
2005
2.444
57.627
Извори: Министерство за правосудство на Бугарија, Евростат
Бугарија
Швајцарија
Извор: Евростат
Италија
Германија
3.666
7.452
9.870
17.764
ТОП 5 ЗЕМЈИ ПО ОДОБРЕНИ ДРЖАВЈАНСТВА ЗА МАКЕДОНЦИ (2005 - 2014)
Австрија
www.kapital.mk
Капитал број 887 28.10.2016
22
ИСТРАЖУВАЊЕ
НИКОЛА ПОПОСКИ министер за надворешни работи
Н
аша работа е да работиме на подобрување на стандардот дома и да отвораме работни места, кои со тек на време ќе стануваат се поконкурентни. Еден од главните фактори е и квалитетот на живеење, a не само заработувачката. На второто, секако мора сите заедно да работиме, зошто предности има и во Македонија. Сигурно ни треба и подобра инфраструктура. Веројатно, сето ова ќе се одвива подинамично со интегрирањето во ЕУ. Кога ќе се израмниме во статусот со земјите членки, тогаш и природно ќе сопре и шопингот на пасоши. Прво, затоа што до тогаш и стандардот ќе ни биде повисок и второ, затоа што вредноста за патување и работа на бугарскиот или друг ЕУ документ нема да биде поголема од таа на македонскиот. пишува:
З
Александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk
“Здравей“, “Aз съм Българин“. Со овие зборови на бугарски јазик што во последните 10 години ги изговориле вкупно 57.627 Македонци, потиснувајќи го секое патриотско чувство, успеале да докажат бугарско потекло и да добијат државјанство и пасош како „работна виза“ за иселување, покажуваат податоците што ги добивме од Министерството за правосудство во Софија. Притоа, освен јазична подготвеност, морало да ги изустат напамет и најзначајните национални бугарски празници, да покажат познавање на бугарската историја како да им е своја, и на хартија да докажуваат
крвни врски со подалечни роднини од Бугарија. Меѓутоа, освен бугарски пасоши, податоците на статистичкото биро на Европската Унија, Евростат, покажуваат дека уште 48.589 Македонци од 2005 до 2014 година добиле државјанство од некоја друга европска земја од Унијата или Шенген зоната. Со тоа, од 2005 година од кога Македонија го доби кандидатскиот статус за членка на ЕУ, вкупно 106.216 Македонци станале Европејци со државјанство и пасош. Тоа значи дека граѓани на ЕУ станале толку Македонци колку што живеат во Битола и Струмица заедно. После бугарските државјанства, според базите на податоци на Евростат, најбројни се Македонците што добиле државјанство од Швајцарија, и тоа 17.764 граѓани, која што не е дел од ЕУ, но е дел од Шенген зоната. Потоа, со 9.870 државјанства, Италија е исто така меѓу земјите каде што има најмногу натурализирани Македонци, па следуваат Германија со издадени 7.452 државјанства и Австрија со 3.666 државјанства за македонски граѓани. Во најголем дел станува збор за граѓани кои
што отишле на привремена работа во овие земји, но останале трајно и со тоа добиле и државјанство. Граѓаните што земале државјанство од некоја од европските земји велат дека причините се единствено од економска природа и на странскиот пасош гледаат како на „работна виза“ за спас од бедата во која живееле во Македонија. Ѓургица Гошева е само една од тие граѓани што во потрага по подобри услови за живот, побарала да добие бугарско државјанство и пасош, и да си ја проба среќата во ветената ЕУ. После долги години активна потрага по работно место во Македонија, летово се отселила во Германија. „Не си помалку патриот и не значи дека не ја сакаш сопствената татковина ако си извадил бугарски пасош, како во мојот случај, само заради тоа што „стомакот ти бил празен“. Додека живеев во Македонија, иако тропав на многу врати, и испратив милион CV-a, не најдов работа“, вели Гошева, која 28 години од својот живот живеела во малото гратче Валандово, а од пред неколку месеци живее и работи во германскиот град Дортмунд. Таа раскажува дека пасошот од Бугарија го чекала околу три години години, вре-
www.kapital.mk
Капитал број 887 28.10.2016
23 ме во кое поминала неколку интервјуа со бугарските власти за на крај со фотографирање во Министерството за внатрешни работи, официјално да стане Бугарка. Вели дека засега не помислува да се врати назад во Македонија, иако почетоците се тешки. „Најголем проблем е јазичната бариера, камо среќа да учев германски јазик многу порано. Сега ги имам сите права како и сите државјани на ЕУ, имам солидна работа и плата, и што е уште поважно, квалитетен живот. Има денови кога ќе те фати емотивна криза и носталгија за дома, но самата помисла дека во Македонија немав основни услови за живот, ниту работа ниту плата, ми дава сила да продолжам да се борам овде“, вели Ѓургица. Не е позната бројката за поднесени барања за бугарско државјанство годинава, меѓутоа, дел од посредниците кои што им помагаат на граѓаните да ги подготват потребните документи, а некои дури и ги поднесуваат во нивно име, коментираат дека во последно време интересот е нагло зголемен. Според одговорите што ги добивме од бугарското Министерство за правосудство, бугарските власти ги разгледуваат апликациите за државјанство по 18 месеци пред да
дадат конечен одговор, иако пред десетина година тој рок бил подолг и до 4 години. Од таму велат дека рекордна година според бројот на одобрени државјанства за Македонци била 2012 година. Бројот на граѓани што досега побарале државјанство пак, бил поголем, но дел од нив биле одбиени. „Најчести причини поради кои Советот за граѓанство ги отфрла барањата за бугарско државјанство од македонски граѓани се доставување лажни документи утврдени со криминалистички експертски истражувања, изјавување на различна национална припадност од бугарската за време на интервјуто или одбивање од страна на Министерството за внатрешни работи поради криминални појави кај кандидатот или забрана за влез на територијата на Шенген“, пишува во одговорот од бугарското Министерство за правосудство.
За македонските власти глобален феномен
Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, за БИРН објаснува дека шопингот по пасоши од земјите членки на ЕУ ќе запре кога Македонија ќе стане дел од Унијата. Според него, станува збор за глобален
феномен што не го одминува ниту регионот, ниту Македонија - млади, мотивирани и способни луѓе да мигрираат во дел од најбогатите земји од Европа и САД. „Кога некој наумил да емигрира, тоа секако ќе го стори. Наша работа е да работиме на подобрување на стандардот дома и да отвораме работни места, кои со тек на време ќе стануваат се поконкурентни. Во некои области, најдобрите луѓе на светско ниво, се сконцентрирани на едно место. Ако сте ИТ експерт, од каде и да сте, голема е веројатноста да се вработите во „Силиконската долина“. Тоа е природен тек на развој на настаните“, вели Попоски. Тој вели дека еден од главните фактори е и квалитетот на живеење, a не само заработувачката. „На второто, секако мора сите заедно да работиме, зошто предности има и во Македонија. Сигурно ни треба и подобра инфраструктура. Веројатно, сето ова ќе се одвива подинамично со интегрирањето во ЕУ. Кога ќе се израмниме во статусот со земјите членки, тогаш и природно ќе сопре и шопингот на пасоши. Прво, затоа што до тогаш и стандардот ќе ни биде повисок и второ, затоа што вредноста за патување и работа на бугарскиот или друг ЕУ документ нема да биде поголема од таа
www.kapital.mk
Капитал број 887 28.10.2016
на македонскиот“, додава Попоски. На прашањето што презема државата да го спречи овој тренд, тој вели дека главен адут на властите е креирање работни места. „Над 180.000 работни места отворени во последните 10 години. Но, не завршуваме само со тоа. Подобрена ин-фраструктура, кратење на должината на патувањата, модернизација на железницата... Ние немаме друг избор освен да се трудиме од петни жили да ја зголемиме конкурентноста во Македонија и на тој начин да отвориме дома алтернатива за секој оној македонски граѓанин кој легитимно сака подобри услови за живот и работа“, вели Попоски.
Иселеничкиот егзодус кулминира
Но колку државата успеала да го спречи овој тренд, сепак зборуваат статистичките податоци, според кои на Македонија и се случува емиграција од димензии на егзодус. Според последните податоци на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) што ги објави деновиве, само во 2014 година, Македонија ја напуштиле 21.003 граѓани, што е рекордна бројка на иселени луѓе во последните 15 години. Најмногу од нив, дури 14.650 Македонци во 2014 година тропнале на портите на Германија, 1.459 се отселиле во Австрија и 1.392 во Швајцарија.
2005
2006
2007
2008
2009
Од 2000 година наваму, од кога ОЕЦД ја евидентира емиграцијата, од Македонија се отселени вкупно 171.730 луѓе. Светска банка, пак, неодамна објави податок што многумина остави со подзината уста – бројот на отселени Македонци до 2013 година, што всушност ја опфаќа емиграцијата во последните 50 години и покажува колкава е дијаспората, изнесува 626.312 луѓе. Во еден извештај на оваа меѓународна финансиска институција за Југоисточна Европа, се констатира дека „регионот губи огромен дел од младото и образовано население. Албанија, Македонија, Косово, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина се меѓу топ земјите според бројот на емигрантите. Една четвртина од граѓаните веќе живеат надвор од своите татковини“, пишува во Извештајот на Светската банка. Во овој извештај се проценува дека од деведесеттите години до денес, 4,9 милиони луѓе ги напуштиле овие шест земји, но ако порано главната причина за тоа беа војните по распадот на Југославија, денес луѓето си заминуваат главно од економски причини. „Слабиот економски раст, хроничната невработеност, животниот стандард еднаков на третина од европскиот просек и постојаната ранливост на надворешни кризи ги тераат луѓето да трагаат по подобри економски услови. Најголем дел
21.003
ВКУПНО: 171.730 2010
2011
2012
2013
Извор: ОЕЦД
12.607
14.457 8.744
11.846
2004
9.326
2003
6.936
7.403
2002
6.905
7.841
2001
7.938
2000
8.528
9.624
БРОЈ НА ОТСЕЛЕНИ МАКЕДОНЦИ, ПО ГОДИНИ
20.686
ИСТРАЖУВАЊЕ 17.886
24
2014
од емигрантите се млади, работоспособни и генерално пообразовани отколку оние што остануваат во татковината“, констатираше Светската банка во својот извештај и ги предупреди „властите да инвестираат во развојни проекти што ќе поттикнат брз економски раст, ќе отворат нови работни места во приватниот сектор за да ги мотивираат младите да останат во своите земји, а оние што заминале да посакаат да се вратат“. Мирнодопските балкански земји меѓу кои и граѓаните на Македонија кои најмногу бараат „прием“ во некоја од земјите во ЕУ се рангирани високо на истата листа со земјите како Сирија, Ирак, и Авганистан каде што беснеат војни. Експертите велат дека одливот на младите од земјата е трагедија бидејќи како што тргнало, овде ќе останат да живеат само пензионери. „Државата треба да сфати дека не само што губи идни ресурси туку и губи средства кои ги инвестирала во развојот и во образованието на тие млади луѓе. Бидејќи очигледно емиграцијата не запира, на долг рок ќе се соочиме не само со демографско стареење на населението, туку со екстремност на целосно стара држава, која ќе почива на пензионери и на ништо друго“, велат експертите. Пред неколку месеци и Меѓународниот
www.kapital.mk
Капитал број 887 28.10.2016
26
ИСТРАЖУВАЊЕ
монетарен фонд (ММФ) објави фрапантен извештај за емиграцијата и нејзините штетни последици во земјите од Источна, Централна и Југоисточна Европа. Според проценките на ММФ, во периодот од 1990 до 2012 година, по падот на Железната завеса, над 20 милиони луѓе емигрирале од овој дел на Европа, а најголем дел од нив биле млади, високо едуцирани и обучени кои заминале во западноевропските земји членки на ЕУ барајќи подобра работа. Тоа според експертите на ММФ, го намалило економскиот раст, продуктивноста и конкурентноста на економиите во земјите погодени од емиграција, а довело до позитивни резултати и корист лично за емигрантите и посебно за земјите приматели. ММФ во овој извештај констатира дека „мотивите за иселување главно биле подобра работа и подобра плата“. Истражувањето покажало дека колку што владите биле помалку ефикасни, а институциите послаби, така се зголемувала веројатноста младите и образовани луѓе да побараат подобри можности надвор. Економската миграција водена од индивидуалниот избор е дел од економскиот развој. Преку преселби во странство, емигрантите бараат начини како да ја подобрат својата
состојба и состојбата на своите семејства кои остануваат во земјите. Но, во извештајот на ММФ се наведува дека економската емиграција која што се случува во изминатите 25 години од исток кон запад е уникатна од многу аспекти. Прво, таа е од досега невидена брзина, големина и постојаност, споредено со досегашните емиграции на било кое друго место. Второ, многу од емигрантите од источните земји се млади и високо едуцирани, што исто така досега не било случај никаде на друго место, поклопувајќи се во исто време со трендот на стареење во многу источно европски земји, што има далекусежни ефекти врз економијата и на продуктивноста. Трето, оваа емиграција се чини е перманентна и трајна. Точно е тоа дека тие кои емигрираат им праќаат пари на семејствата кои остануваат и дека тие во одреден дел ја поттикнуваат потрошувачката и инвестициите, но одливот на млади и образовани луѓе ја намалува активноста на приватниот сектор, ја намалува конкурентноста на економијата и ги зголемува социјалните трошоци на државите, заради што може да се заклучи дека емиграцијата го намалува растот на економиите, констатира ММФ. Според последните истражувања, Ма-
кедонците по Белиот свет на своите во татковината им праќаат по околу 400 милиони долари годишно, односно по 2.800 долари за семејство. Но само 1% од овие пари се наменети за некакви инвестиции, додека најголем дел служат како неформална социјална заштита и влијаат врз ублажување на сиромаштијата. Блага Митреска е пензионерка од Прилеп, но вели дека нејзините скромни примања не стигнуваат за месечните трошоци и за лекови, па така помошта од нејзиниот син во странство и е добредојдена. „Повремено добивам пари од син ми од странство, колку да ги купам потребните лекови, за некоја сметка или пак за огревно дрво за зимата. Но и тој се уште не е добро снајден за да ми праќа пари редовно ,отиде пред само година и пол“, вели Митреска. Според истражувањето, најмногу пари во Македонија праќаат иселениците од земјите од ЕУ, Америка, Канада и Австралија.
nnn
(Истражувањето е направено во рамки на Проектот за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор од Програмата на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Македонија)
ТОП 200 Капитал број 887 28.10.2016 октомври 2016 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ СПЕЦИЈАЛНА
www.kapital.mk
www.kapital.mk
ЕДИЦИЈА PR 27
ФЗЦ 11 Октомври а.д.
ФЗЦ 11 Октомври АД од Куманово е препознатливо име за производство на електро заварени цевки и профили од сите видови и големини со висок квалитет. Компанијата изработува цевки и профили по сите водечки интернационални стандарди: API; ASTM; DIN; BS; NF; UNI; GOST и ги исполнува најстрогите критериуми за квалитет во релевантни EN и ISO. Поради тоа голем број од широкиот асортиман на производи ФЗЦ 11 Октомври А.Д. Куманово ги пласира во Западна Европа, но исто така и во соседните земји на Балканот.
КВАЛИТЕТ-ПРОМ е препознатливо име во областа на трговија со градежни материјали. Од нашата гама на материјали посебно место зазема продажба на арматурно и глатко железо од сите димензии, а квалитетот е потврден со Сертификати од самите производители. Основна карактеристика по која се разликуваме од другите е целосната посветеност кон конкретните потреби и желби на нашите клиенти. Располагаме со возен парк за навремена достава на порачаните производи до договореното место.
Рапид Билд е градежна компанија која изведува објекти од секаков вид и тоа: станбени, деловни, индустриски објекти, магистрални гасоводи комплет со блок станици и главно мерно регулациони станици, атмосферски и фекални канализациони системи, патна инфраструктура со придружни објекти (подпатници, надпатници, пропусти, клучки), реконструкции, доградби итн. Главната одлика на компанијата е Брза, Квалитетна и Современа изведба, која се должи на користење на најсовремена опрема и материјали за градба, имплементирање на светските стандарди за квалитет и менаџмент, како и поседување на тим составен од високо-професионален и стручен кадар. Во реализација на работите во областите на својата дејност секогаш ја запазува техничката регулатива, ги запазува етичките и стручни стандарди на оваа професија а со своето работење го застапува интересот на својот инвеститор во рамки на законските прописи, интересот на општеството и угледот и репутацијата на професијата и професионалноста.
ДЕТОИЛ Детоил бензинските пумпи се 23 години со Вас. Располагаме со седум бензински пумпи, маркети со широк асортиман на производи и рестораниФреш во склоп на две од нив. Детоил освен со малопродажба се занимава и со големопродажба преку својот склад за нафтени деривати во Куманово и се јавува како стабилен снабдувач со нафтени деривати на други бензински пумпи, градежни компании, транспортни компании и слично.
l Бензинска пумпа 1
Лоцирана на стариот пат Куманово - Крива Паланка, во општина Старо Нагоричане, на 100 м пред раскрсница за Пелинце
l Бензинска пумпа 2
Лоцирана на автопатот Е75 делница Табановце-Куманово стационажа 6,8 км од десно
l Бензинска пумпа 3
Лоцирана во населбата Вера Которка (регионален пат Куманово-Свети Николе од лева страна)
l Бензинска пумпа 4
Лоцирана на улица Перо Наков 108a - Скопје, веднаш до Супер Тинекс
l Бензинска пумпа 5
Лоцирана на улица Индустриска бр. 11 - Куманово, веднаш до Агрокуманово
l Бензинска пумпа 6
Лоцирана на автопатот E75 делница Катланово - Скопје
l Бензинска пумпа 7
Лоцирана на улица Моша Пијаде бр.14 - Велес
45
Капитал број 887 28.10.2016
28
www.kapital.mk
COMPANY PROFILE
BELLA, ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ЖЕНСКА ОБЛЕКА
ЧЕТВРТ ВЕК ГРАДИМЕ МАКЕДОНСКИ ТЕКСТИЛЕН БРЕНД
“Почнавме како мала шивачница направена од љубов на две жени кон убавиот дизајн и квалитетно скроените материјали, а денес сме еден од ретките македонски текстилни брендови. Додека преку 90% од производителите се занимаваат со лон производство, ние останавме доследни на својата препознатливост: облека за модерната елегантна и деловна жена во Македонија. Следна цел ни се регионалните пазари“, вели Симон Ендровски, свежата крв во Bella, претставник на втората генерација во семејниот бизнис.
ЛОЈАЛНОСТ: “ДИЗАЈНОТ И КВАЛИТЕТОТ НИ ДОНЕСОА ГОЛЕМ
www.kapital.mk
Капитал број 887 28.10.2016
29 Весна Ендровска, основач и управител
на Bella (во средината) со сопругот и пријатели на прославата на 25-годишнината на компанијата Симон Ендровски, оперативен директор на Bella Симон со сопругата Ана, вклучена во дизајнерскиот тим на Bella
пишува:
O Игор Петровски
igor.petrovski@kapital.mk
Од мала шивачница до познат македонски бренд за женска облека, вака во три збора би се опишала приказната за Bella, конфекцијата која годинава прослави 25 години од постоењето. Сопствениците на Bella, семејството Ендровски, велат дека се горди што направиле автентичен македонски бренд во текстилот, за разлика од најголемиот дел текстилни фабрики во земјава кои што шијат лон.
Разговорот за тоа што е Bella денес и какви се плановите за иден раст и развој, го водевме со Симон Ендровски, син на сопственичката и основач на фирмата, Весна, во просториите на конфекцијата во Скопје. Симон е во компанијата од 2009 година, кога се вратил од студиите во Грција. Оттогаш е неговото формално почнување со работа во Bella, иако, како што вели, со семејниот бизнис буквално растел секојдневно, и уште како ученик помагал преку летните распусти. “Кога дојдов во семејната компанија, штотуку излезен од факултетските клупи, бев полн со идеи за тоа како да се подобрат некои процеси, на пример маркетингот, кој што практично и го немаше во тој момент. Нормално е дека на почетокот се соочив со отпор од постарите членови на семејството и менаџментот, тоа е карактеристично за сите семејни компании кога следната генерација навлегува во бизнисот“, се сеќава Симон на своите први денови во компанијата. Нормално, како и сите почетници и тој во прво време се среќавал со неуспеси, додека
ги “фати конците“ и сфати како функционира бизнисот во Македонија. “Ми текнува сега на мојот прв маркетиншки договор со една скопска телевизија“, вели низ насмевка Симон, “кој што беше фијаско за нас, односно ни донесе повеќе штета одошто корист. “Но, откако почнаа да се гледаат првите резултати од она што беа мои иницијативи, почна да расте и довербата на семејството во моите одлуки“, ни рече Ендровски. Па така, постепено растеле и одговорностите што му биле доверувани, а денес Симон е задолжен за оперативните работи во конфекцијата, додека задолжена за дизајнерскиот тим е неговата мајка Весна Ендровска, заедно со сопругата на Симон, Ана, исто така дизајнер.
Следна цел – регионалните пазари
Но, приказната за Bella почнува малку порано од ’91-ва. Неколку години претходно, бабата на Симон, г-ѓа Радмила Мазневска, заедно со ќерка си Весна, отворила дуќан за гардероба, која што самите ја шиеле.
М БРОЈ ВЕРНИ КЛИЕНТИ ШТО СЕ НАШИ КУПУВАЧИ СО ГОДИНИ“
www.kapital.mk
Капитал број 887 28.10.2016
30
COMPANY PROFILE
Тоа била една мала шивачница од 2-3 вработени, пред да почнат со посериозно отворање на бутици во почетокот на 90-те, кога приватната иницијатива во земјава доживеа експлозија заради промена на економскиот систем во пазарен. Почнувајќи буквално од нула, како љубов на основачите кон добриот дизајн и квалитетно сошиената облека за современата жена, денес Bella брои педесетина вработени, и покрај фабриката располага со три сопствени бутици во Скопје, додека нејзини парчиња облека се продаваат на уште неколку места – партнери на компанијата низ Македонија. “Нашите адути биле и ќе останат модерен дизајн и квалитет на материјалите и шиењето. Наша целна група е современата жена, поточно елегантната и деловна жена. Не навлегуваме во спортските и останатите сегменти на женската или машката облека, затоа што сакаме да се држиме до она што најдобро знаеме да го правиме повеќе од четврт век“, вели Симон Ендровски. Тој вели дека продажбите последниве неколку години растат со двоцифрени стапки, освен последнава година, кога е забележан помал раст, како што вели тој, заради политичката криза, која што создава воздржаност кај луѓето при одлуките за шопинг. “Македонија станува претесен пазар за нас и ние сериозно размислуваме за ширење надвор, поточно Бугарија и Србија како најизвесни дестинации. Но, тука мора да бидеме внимателни и прво да бидеме целосно подготвени, затоа што само Софија или Белград сами за себе се пазари со неколку пати поголема куповна моќ од цела Македонија. Значи, мора да го зголемиме капацитетот на производство најмалку двојно, и голем дел од процесите да автоматизираме, за да може да го одговориме на нарачките што би доаѓале од надворешните пазари“, вели Симон.
Онлајн продажбата закочена заради бирократска глупост
Тој додава дека во меѓувреме, додека се реализираат плановите за пласман на облеката на Bella надвор од Македонија во сопствени или партнерски продавници, останува можноста за онлјан продажба. “Но, тука имаме реален проблем што ја кочи целата работа. Ние како компанија
“СÈ ПОТЕШКО НАОЃАМЕ РАБОТНИЦИ“ Нашиот соговорник вели дека иако компанијата има потенцијал за раст и развој, идеи и креативност, сепак се соочува со реални проблеми што се испречуваат како голем предизвик.
С
è потешко доаѓаме до квалитетен кадар. За оваа струка сè помалку се учи во средните училишта, а како проблем се испречува и нелојалната конкуренција од странските инвеститори. Тие отвораат фабрики со субвенции од нашата држава, ослободени се од придонеси и сл., и можат да понудат повисоки плати, со што ги преземаат работниците од домашните компании, вели Симон Ендровски. Тој вели дека иако 25 години се
не може ништо да извеземе без царинска декларација, која што изнесува 45 евра без оглед дали станува збор за една кошула или пак стотина парчиња. Ние ќе треба да ја зголемиме цената, затоа што за секоја нарачка би имале трошок од
трудат да опстојат како домашен оригинален бренд на облека, никаква стимулација не добиваат од државата, напротив, со ова што го спомна претходно, дури и им се одмага на домашните производители. “Ова е индустрија каде што маржите се мали, и трошоците мора да се сведат на минимум, а секоја промена на регулативата и зголемување на бирократијата прави хаос и ги зголемува трошоците. За да станеме поефикасни и го зголемиме капацитетот, мора многу да инвестираме, досега сме се потпирале на сопствена акумулација, но за последната инвестиција во нови машини зедовме кредит“. најмалку 45 евра и тоа автоматски нè прави неконкурентни. Решение би било државата да си го прибира само ДДВ-то, а за онлајн извоз на македонски производи да ги ослободува од царинска декларација“, вели Ендровски. nnn
ШТО ДОБИВАТЕ СО ОН-ЛАЈН ПРЕТПЛАТА НА КАПИТАЛ: претплата на 1. Со електронското издание на Капитал
заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание
за најава од 2.Можност три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон
до електронското 3. Пристап издание од било каде во Светот
ШТО ДОБИВАТЕ СО ПРЕТПЛАТА НА ПЕЧАТЕНОТО ИЗДАНИЕ НА КАПИТАЛ: l 49 броја на редовното издание на Капитал l 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал l Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа l Платена поштарина l Вклучено ддв l Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози
www.kapital.mk
Капитал број 887 28.10.2016
БАНКИ И ФИНАНСИИ
33
ПРОКРЕДИТ СО ЕДУКАТИВНА КАМПАЊА ГО ОДБЕЛЕЖУВА МЕСЕЦОТ НА ШТЕДЕЊЕ
КАДЕ ОДАТ ВАШИТЕ ПАРИ?
В
Во месецот на штедење банките нудат преференцијални депозитни пакети и повисоки каматни стапки за штедење, се со цел кумулирање на поголем број депозити од населението. Но, дали се запрашувате што се случува со Вашите заштеди депонирани во банка и дали Вашите пари сте ги довериле на сигурна институција? Како германска банка, која се раководи по принципите на одговорно банкарство, ПроКредит Банка покренува едукативна иницијатива со цел да Ве информираме што се случува со Вашите пари додека Вие не ги користите. Со орочување пари во банка, Вие добивате камата, а банката ги добива Вашите пари за одреден временски период. Тие пари не седат заклучени во сефовите, тоа би било не-ефикасно, туку се користат за пласмани во форма на кредити и инвестиции за најразлични намени.
ПроКредит е развојно ориентирана банка и парите кои ќе ги орочите кај нас се вложуваат во развој на домашната економија. 95% од нашето кредитно портфолио е пласирано во бизнис кредити за малите и средни претпријатија во Македонија, во инвестиции за развој на производствените компании, трговијата и енергетско ефикасните проекти и директно придонесуваме за раст на бизнис секторот. Позади секој одобрен кредит стои детална анализа на бизнисот и кредитоспособноста на претпријатието кое се кредитира. Не кредитираме ризички инвестиции, како и проекти со кои и се наштетува на животната средина, не инвестираме во шпекулативни акции и не финансираме политички тела во земјата. Нашето кредитно портфолио е неколку пати подобро во однос на банкарскиот сектор во Македонија и имаме само 2,37% нафункционални кредити. Како резултат на нашето ниско ризично портфолио, ние сме сигурен избор за Вашите заштеди.
ПроКредит Банка активно поттикнува култура на штедење и кај нас нема да најдете комплицирани депозитни производи кои не разбирате како функционираат и кои се тешко споредливи со останатите банки. Ви нудиме традиционален и безбеден начин на креирање заштеди со транспарентни периоди и јасно утврдени каматни стапки. Како уникатен начин за штедење нудиме штедна сметка, која Ви овозможува пристап до Вашите заштеди во секое време, преку картичка на банкомат. Вие може да депонирате дополнителни средства или да повлечете од Вашите заштеди кога и да Ви затреба, а добивате камата на остатокот на износот на штедната сметка. Нудиме можност и за орочување на Вашите заштеди и тоа дури до 5 години. Голем дел од кредитното портфолио на ПроКредит Банка е поддржано од Вашите депозити. На тој начин Вашата заштеда расте и истовремено придонесувате за развој на бизнисите во Македонија.
nnn
Капитал број 887 28.10.2016
34
www.kapital.mk
STARTUP
МРДА ДОМАШНАТА СТАРТАП СЦЕНА, ИАКО ИМА УШТЕ МНОГУ РАБОТА...
СТАРТУВАШЕ LETZ, АПЛИКАЦИЈАТА ШТО ГИ ДОБИ ПРВИТЕ ПАРИ ОД ПРВИОТ ФОНД ЗА СТАРТАПИ ВО МАКЕДОНИЈА
Регионалниот фонд SCV инвестираше 100 илјади евра во Letz, стартапот кој со помош на вештачка интелигенција создаде дигитален асистент што им помага на луѓето во организирање на секојдневните обврски. Апликацијата штотуку стартуваше на светската платформа Product Hunt, а пред домашните стартапи останува предизвикот да ги стигнат регионалните играчи кои што веќе прибираат милионски суми за развој на нивните продукти и услуги, а некои стигнаа и до продажби од преку 50 милиони евра годишно.
ФИНАНСИРАЊЕ: ПАРИ НИКОЈ НЕ ДАВА ЗАТОА ШТО СТЕ “К
www.kapital.mk
Капитал број 887 28.10.2016
35 пишува:
В
Игор Петровски
igor.petrovski@kapital.mk
Вторникот, 25 октомври, беше битен ден во животот на Нино Карас и Мартин Анчевски, двајца млади македонски претприемачи, и нивниот тим од Letz. Познати на домашната стартап заедница како луѓето што стоеја зад апликацијата MarkO, со својот нов стартап токму во вторникот тие на платформата Product Hunt ја лансираа новата апликација, т.н. четбот, што треба да им помогне на луѓето во организирањето на секојдневните обврски. На овој продукт се работеше повеќе од шест месеци, а беше поддржан со 100 илјади евра од регионалниот инвестициски фонд SCV, негова прва инвестиција во Македонија откако отвори канцеларија во Скопје во октомври 2015-та. Четбот (Chatbot) e компјутерска програма што симулира конверзација со луѓе, a Letz е апликација која што поддржана од вештачка интелигенција се стреми да ја подобри вашата продуктивност во извршување на секојдневните обврски. Луси е една од карактерите на оваа апликација која е базирана на вештачка интелигенција и има неверојатна смисла за хумор. Целта на создавањето на оваа апликација е покрај подобрување на личната продуктивност на корисникот, создавање и градење на една посебна емоционална врска помеѓу Луси и корисникот, објаснуваат дечките од Letz. Letz е еден од ретките случаи на домашен стартап да добие шестцифрена сума од venture инвестициски фонд; македонски стартапи добивале поддршка од неколку десетици илјади евра од регионални или европски акцелераторски програми, како што беше случајот на Codewell токму со погоре споменатата апликација MarkO и уште неколку примери. Ова само ја потврдува реалноста дека македонската стартап сцена иако се раздвижува во последно време, сè уште е далеку од успесите на стартапите што доаѓаат од регионов, а да не зборуваме западноевропските и светските примери. Привлекувањето на инвестиции мерени во десетици милиони евра е научна фантастика за македонските стартапи, за кои што досега освен SCV, како официјален извор на финансиска поддршка стои само државниот Фонд за иновации и технолошки развој, во обем до кај триесетина илјади евра по стартап. Колку за илустрација, стартапот Leanplum, формиран од Бугари-
ГОДИНАВА НА ТЕХНОМА И СТАРТАПИТЕ ИМАА СВОЕ МЕСТО
ТЕХНОИНВЕНТ 2016 – ЗАПОЧНИ И ПОРАСНИ!
С
оодветниот амбиент за развој на стартап компании, како едни од двигателите на иновативниот развој на секоја земја, е клучен за нивниот раст и развој. Тој амбиент ги вклучува државните фондови, акцелераторите, инкубаторите како институции кои овозможуваат развој на една бизнис идеја, давање соодветна инфраструктурна, финансиска и друга поддршка на младите претприемачи. Ова беше кажано на конференцијата „Техноинвент- започни и порасни“, која во рамките на „Технома“ ја организираше Фондот за иновации и технолошки развој, на 20 октомври. На конференцијата зборуваа претставници од познати бизнис акцелератори и иновативни фондации со цел на македонските стартапи да им го пренесат своето искуство и да им помогнат во скалирањето на нивните бизнис идеи. Волфганг Книјески од EIT Digital Accelerator, акцелератор формиран од страна на Европската Комисија, истакна дека истиот е отворен за македонските компании, доколку тие се фокусирани на дигиталната технологија и доколку имаат намера да растат и да се шират. Тој порача дека компаниите мора да го надминат локалниот фокус и да се насочат кон интернационалните пазари, бидејќи во ова време локален пазар веќе не постои. Матија Жуљ од хрватскиот стартап „Агриви“ го сподели своето позитивно искуство во развој и интернационализација на софтвер за менаџирање на земјоделско производство. Овој хрватски софтвер веќе се користи во 150 земји и на 15 јазици. Резултат од нивната работа е зголемување на продуктивноста на земјоделците од 20%. „Целта на нашите решенија е сите земјоделски работи да се менаџираат од еден центар. Според проценките 30 проценти од производството пропаѓа само заради задоцнет третман за заштита на растенијата. ’Агриви’ на клиентите не им нуди само софтвер, туку знаења. Колку е поголем бројот на клиенти на кои ќе им дадеме заења, толку поголемо влијание ќе имаме“, рече Матија Жуљ, основач на „Агриви“.
нот Момчил Ќурчиев, минатата недела доби уште 29 милиони долари од американски инвестициски фонд, а досега стартапот кој што развива платформа за мобилен маркетинг прибрал вкупно околу 46 милиони долари од инвеститори.
За големите пари, треба големи идеи и излез од Македонија
Но, што е битна работа во случајов? Leanplum е со бугарски корени, но стартапот работи и се развива во Сан Франциско, во Силиконската долина, а не во Софија,
КУЛ“ СТАРТАП, СИТЕ САКААТ ПОВРАТ НА ИНВЕСТИЦИЈАТА
www.kapital.mk
Капитал број 887 28.10.2016
36
STARTUP
Тимот на Letz, креаторите на четботот што помага во извршување на секојдневните обврски или некоја друга балканска метропола. Ако ги разгледаме и останатите балкански стартапи што во моментов прават голем пробив на светскиот пазар, како хрватскиот Bellabeat на пример, ќе видиме дека во најмала рака имаат канцеларии во матичната земја и во уште најмалку една од светските бизнис престолнини, ако не се веќе целосно префрлени во странство. Bellabeat, кој што произведува паметен привезок што мери срцева активност ,спиење и сл., досега има продадено речиси 500.000 парчиња чија просечна цена не е помалку од 100 долари. Инженерите и развојниот оддел се во Загреб, каде што има голем избор на инженерски талент, но маркетингот и производството се лоцирани во Англија, Кина, итн. И оваа компанија својата најголема финансиска поддршка досега ја има добиено од инвеститори
надвор од Хрватска. За волја на вистината и Letz има канцеларија во Амстердам, каде што е лоциран пак акцелераторот Rockstart, oд кого што стартапот исто треба да добие поддршка. Македонскиот пазар секако дека е премал за амбициите на повеќето домашни стартапи, особено што најголемиот дел од нив се занимаваат со развој на решенија од ИТ сферата, насочени кон глобалниот пазар. Всушност, и еден од условите за поддршка од страна на SCV фондот - кој што за почетна (seed) фаза предвидува до 100 илјади евра, а за рана фаза на раст до три милиони евра по компанија – е продуктот или услугата да се наменети за светскиот пазар. Како што рече и Ивана Станковиќ од канцеларијата на SCV во Скопје на една конференција, “пари има, но тешко се наоѓаат стартапи во кои вреди да се инвестира. Ние не бараме стартапи
кои имаат само идеја или немаат фокус, па скокаат од една идеја на друга. Бараме искусни тимови и претприемачи кои можат нивниот продукт да го продаваат глобално, и кои можат да генерираат приходи. “
Колку всушност вистински стартапи има во земјава?
Ако сакаме да имаме македонска стартап сцена, треба да имаме првин вистински примери на компании што продаваат надвор од Македонија, повеќе стартапи кои привлекле инвестиција, повеќе инвеститори кои сакаат да ризикуваат пари, и повеќе основачи што знаат како да креираат бизнис план. Ова може да се каже дека беше и генералниот заклучок на панелот со наслов “Медиумите и стартапите“ на кој што учествувавме неколкумина новинари во рамки на Техноинвент 2016, дел од
Капитал број 887 28.10.2016
38
www.kapital.mk
STARTUP овогодишниот саем Технома посветен на стартап сцената, кој што се одржа од 18 – 22 октомври. Виктор Дано, модератор на панелот и новинар кој што подолго време ја следи стартап сцената, е еден од основачите на Startap Macedonia, новата асоцијација што треба да ги обедини сите засегнати страни во стартап екосистемот на земјава. Тој рече дека досега успеале да идентификуваат околу 130 стартапи што работат во Македонија, кои што ја сочинуваат домашната стартап заедница. “Во јавноста, а и ние медиумите сме одговорни за тоа, често не е ниту најјасно дефинирано што всушност значи стартап. Дали може стартап да биде новоотворено драгсторче? Се разбира дека не. Постои дефиниција во светски рамки за тоа кои услови треба да ги исполнува една компанија за да биде стартап – иновативност, скалабилност на производот/ услугата, фокусираност, потенцијал за светски пазар... Имаме уште доста работа во рамки на Startap Macedonia за да го слушнеме гласот на сите инволвирани во процесот на растот и развојот на домашните стартапи и да сториме сè што можеме за да им помогнеме на претприемачите“, рече Дано. nnn
РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 7 НОЕМВРИ 2016
ИНСТИТУТ КОНЦЕПТ ОРГАНИЗИРА ОБУКА ЗА:
ЛИЦЕ ОДГОВОРНО ЗА УПРАВУВАЊЕ И/ ИЛИ ПОСТАПУВАЊЕ СО ОТПАД l 9, 16, 23, 30 ноември, 7, 14, 21, 28 декември 2016 година и јануари 2017 година l 12:00-16:00 часот Институт Концепт, Скопје Согласно со членот 21 од Законот за управување со отпад компаниите кои во вршењето на својата дејност во текот на една календарска година создаваат повеќе од 200 килограми опасен отпад и/или повеќе од 150 тони неопасен отпад се должни да назначат најмалку едно стручно оспособено лице - управител за отпад. Управителот со отпад треба да поседува Уверение за положен стручен испит за вршење на работите за управување и/или постапување со отпад од Министерството за животна средина и просторно планирање. За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk
Програмата за обуката се реализира во вкупно траење од 40 часа. Во рамките на обуката ќе бидат детално разработени Законот за управување со отпад, Законот за пакување и отпад од пакување, Законот за батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема и сите правилници што произлегуваат од истите. Ќе биде опфатен и Законот за животна средина, посебно во делот на ИСКЗ дозволите.
ОБУЧУВАЧИ СЕ:
Ирена Апостолова, Виктор Христов, Филип Иванов и Дарко Блинков - докажани домашни експерти во областа на животната средина и особено во одржливото управување со отпад.
КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3128 526 l 070 272 207
P
КОМПЈУТЕРСКА ДЕРМАТОСКОПИЈА НА БЕНКИ
Скопје +389 2 / 321 66 08 www.ancevski.com.mk ancevski@laserlab.com.mk facebook.com / Ординација Д-р Анчевски
www.kapital.mk
Капитал број 887 28.10.2016
40
СВЕТ БИЗНИС И ПОЛИТИКА
ТЕХНОЛОШКИ ТРЕНДОВИ
МАНИПУЛАТОРИТЕ НА БЕРЗА ЌЕ ГИ ЛОВИ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА На берзите во Њујорк и Лондон роботи ќе почне да го надзираат тргувањето до крајот на годинава, а американскиот финансиски регулатор ќе ги користи во 2017.
З
За само два месеци вештачка интелигенција “ќе лови“ берзански измамници на две големи светски берзи, а со таа алатка во текот на 2017 година ќе почне да се служи и американскиот финансиски регулатор. Како што пишува Reuters, берзата на технолошки компании Nasdaq соработува со фирмата Digital Reasoning во развој на алатка заснована на вештачка интелигенција, а која би требало да служи за побрзо и поефикасно препознавање на манипулациите во берзанското тргување.
Од друга страна, Лондонската берза (LSE) соработува на развој на многу слична алатка со американската IBM и фирмата за компјутерска безбедност SparkCognition. Nasdaq и LSE планираат да ги воведат овие алатки до крајот на годинава. Идејата е вештачката интелигенција да ги идентификува факторите кои што при тргувањето може да се оценат како манипулативни. Но, тоа новата алатка ќе го прави многу побрзо од досегашните решенија. На пример, на финансиските регулатори им требаа години на споредување и анализирање на трговските податоци за да ги потврдат сомнежите во манипулацијата на валутните пазари, заради што беа казнети неколку големи банки во светот. За предностите на овие алатки свесни се и берзите и регулаторите. Така, американската Агенција за регулација на финансиската индустрија (FINRA) најави дека наскоро почнува да го тестира софтверот што го развија нејзините
стручњаци, а кој што во надзорот на тргувањето би почнал да се користи следната година. “Најмногу не’ загрижува можноста за постоење манипулативни шеми за кои што уште не знаеме ниту дека постојат“, истакнува Том Гира, извршен потпретседател за регулација на пазарите во FINRA. “Се чини дека таквите алатки имаат потенцијал да ни дадат подобар увид во пазарот за такви сценарија“, додава Гира. FINRA во текот на еден трговски ден о просек надзира околу 50 милијарди трансакции, вклучувајќи налози за купопродажба на акции, нивни модификации, откажувања и тргувања. Во откривањето на кршењето на трговските правила се служи со 270 примероци. Меѓутоа, стручњаците истакнуваат дека вештачката интелигенција нема да може да ги спречи случувањата како крахот на индексот Dow Jones за 1000 поени во мај 2010 година, на пример“. nnn
РОБОТИ: ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА И ВО БЕРЗИТЕ
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
БАНКИТЕ И БИЗНИСОТ
11
НОЕМВРИ
2016
КОЛКУ СЕ ИНОВАТИВНИ МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ?! Комбинирање на осигурување со банкарски продукти, 24/7 достапност на банкарски услуги, брзи плаќања за компаниите во странство, зголемена безбедност во електронската трговија... се само дел од новините што домашните банки ги понудија на пазарот! Во специјалниот прилог Банките и Бизнисот: Колку се иновативни македонските банки?! што ќе излезе на 11 ноември годинава, ќе може да прочитате:
l КАКВИ ИНОВАЦИИ ВО БАНКАРСКОТО РАБОТЕЊЕ ДА ОЧЕКУВААТ КЛИЕНТИТЕ ГОДИНАВА?! l КОИ НОВИ ПРОИЗВОДИ (КРЕДИТИ, ДЕПОЗИТИ, КАРТИЧКИ) ГИ ПРЕТСТАВУВААТ БАНКИТЕ НА ПАЗАРОТ! l КОЛКУ МОЌНИТЕ БРЕНДОВИ КОИ СТОЈАТ ЗАД МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ ЌЕ ДОНЕСАТ НАЈМОДЕРНИ БАНКАРСКИ ТРЕНДОВИ КАЈ НАС?!
КОЈ Е КОЈ ВО БАНКАРСКИОТ СЕКТОР?
l НАЈГОЛЕМИТЕ И НАЈПРОФИТАБИЛНИТЕ БАНКИ ВО МАКЕДОНИЈА l КОИ СЕ БАНКИТЕ КОИ НАЈМНОГУ ГИ КРЕДИТИРААТ ФИРМИТЕ И ГРАЃАНИТЕ?
Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505
ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:
ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА
www.kapital.mk
Капитал број 887 28.10.2016
42
СВЕТ БИЗНИС И ФИНАНСИИ
ЗЕМЈИТЕ ОД ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА ОСТАНУВААТ БЕЗ РАБОТНИЦИ
Полска и другите земји од централна Европа едноставно остануваат без работници. Вината за тоа е во масовната емиграција, но и во нискиот фертилите. Сепак, политичката реторика во земјите од Централна и Источна Европа е против имиграцијата, посебно од Блискиот Исток, Африка и Исламските земји. Економистите предупредуваат дека ако на оваа демографска криза не се одговори со конкретни мерки, таа може да стави крај на приказните за економскиот успех на источноевропските земји.
П
Планот на полските власти да плаќа по 114 евра по дете на секоја фамилија со две или повеќе деца наиде на критики на економистите и пофалби од родителите. Оваа мерка влијаеше и на ланецот маркети Biedronka. Откако почна исплатата, продажбата во вториот квартал порасна за 10%. Но, во исто време се зголемија барањата за покачување на плата, откако
работниците со три или повеќе деца почнаа да ги разгледуваат придобивките да бидат вработени. Дилемата е зошто да работиш за нешто малку повеќе пари, кога со помошта од државата можеш да си седиш по цел ден дома со своите деца? “Сигурно е дека оваа мерка ќе предизвика притисок врз трошоците на работна сила”, вели Ана Луиса Вирџинија, раководител во маркетот Biedronka, во сопственост на португалска компанија. “Во исто време во Полска има недостаток на работна сила. Тоа создава веќе голем притисок врз платите”, вели таа. Ова е само еден од неочекуваните ефекти на шемата за детски додаток вредна над 5 милијарди евра. Полска, шестата по големина економија
во Европската унија превзема драстични чекори во обид да ја спречи демографската катастрофа. Полските социјални надоместоци сега се подарежливи дури и од оние во Норвешка заради стравовите од демографска криза, која и се заканува на централна Европа. Ако на оваа криза не се одговори со конкретни мерки, таа ќе стави крај на приказната за економскиот успех на Полска, драматично исто како што пред повеќе од две децении почна. Едноставно кажано, Централна и Источна Европа остануваат без работници. Делумната вина за тоа е кај масовната емиграција, односно одливот на милиони работници во Западна Европа, откако Полска во 2004 година стана членка на
ПОЛСКА: ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ МЕСЕЧЕН ДОДАТОК ОД 114 ЕВРА ЗА ДА СЕ ЗГОЛЕМИ НАТАЛИТЕТОТ
www.kapital.mk
Капитал број 887 28.10.2016
44
СВЕТ БИЗНИС И ФИНАНСИИ Полска, шестата по големина економија во Европската унија превзема драстични чекори во обид да ја спречи демографската катастрофа.Една од нив е и детскиот додаток од 114 евра по дете на секоја фамилија со две или повеќе деца, што наиде на критики на економистите и пофалби од родителите
Економистите сметаат дека Полска, Словачка, Унгарија и другите соседни земји треба да ги отворат своите граници за обучени мигранти кои можат да ја повлечат економијата, на ист начин како што Велика Британија, Франција и Германија ја зголемија својата работна сила и економскиот раст дозволувајќи им на граѓаните од источноевропските земји да дојдат и да работат кај нив.
Европската Унија. Ако на ова се надоврзе и фактот дека Полска има една од најниските стапки на фертилитет, бидејќи средната класа има помалку деца за да може да им обезбеди нормален и квалитетен живот и иднина. Овие фактори, заедно со подолгиот животен век и високите медицински и пензиски трошоци, се причина заради која властите од овие земји сакаат да ги поттикнат луѓето да имаат повеќе деца и да останат дома. Според податоците на Европската комисија, близу 70% од населението на Словачка, Полска, Унгарија и Чешка Република се на работоспособна возраст, што е над просекот на ЕУ. Но, до 2060 година, бројот на работниците драматично ќе се намали, на 56% од вкупната популација во Унгарија и Чешка Република, на 54% во Полска и 53% во Словачка. Овие трендови ќе создадат голем притисок на даночните обврзници во земјите, кои ги финансираат пензионерите и децата. Полските власти одлучија да потрошат поголема сума на пари на овој проблем преку програмата “500+”. Оваа година државата ќе плати повеќе од 3 милијарди евра на семејствата кои досега се пријавија во оваа шема. Власта за оваа намена обезбеди над 5 милијарди за 2017
година. Во август годинава премиерот на Полска ги бранеше три годишните буџетски проекции, според кои дефицитот на земјата ќе се зголеми над дозволените 3% од БДП и според кои најважни цели на власта се поврзани со про-фамилијарни и просоцијални политики. Но, дури и Матеуш Моравиецки, полскиот министер за економски развој и финансии ја опиша програмата како “груба мерка”. Во меѓувреме, Светската банка погнозира дека предложената шема нема да ја елиминира екстремната сиромаштија и нееднаквост. Тие се загрижени дека за надоместоци и за нивната можна штета врз активноста на работната сила, што може да резултира со долгорошна сиромаштија и ризик од нееднаквост. Истражувањата покажуваат дека побарувачката за краткорочни заеми која е традиционално висока околу летните одмори и почетокот на школската година е намалена и дека само 1% од семејствата земале готовински заеми, што е помалку за 5% во споредба со бројот на семејства кои побарале вакви кредити минатата година. Но, се уште не може да се процени дали оваа програма ќе ги поттикне луѓето да имаат повеќе деца. Истовремено, економистите сметаат дека Полска, Словачка, Унгарија и другите
соседни земји треба да ги отворат своите граници за обучени мигранти кои можат да ја повлечат целата економија, на ист начин како што Велика Британија, Франција и Германија ја зголемија својата работна сила и економскиот раст дозволувајќи им на граѓаните од источноевропските земји да дојдат и да работат кај нив. Сепак, политичката реторика во земјите од Централна и Источна Европа е против имиграцијата, посебно од Блискиот Исток, Африка и Исламските земји. Наместо овие, како потенцијален извор на работна сила се гледаат земјите од поранешните Советски републики, како Украина, Модлова, Азербејџан и Белорусија. Унгарија, на пример, ја предложи идејата да се зголеми имиграцијата од источно европските земји кои не се членки на ЕУ, но одлучно одби да прифати бегалци од блиско-источните земји. Минатиот месец полскиот претседател Анджеј Дуда ги пофали повеќе од 1 милион економски игранти, кои во најголем дел доаѓаат од Исток, а кој сега живеат во Полска. Се чини дека регионот уште некое време ќе продолжи само дома да ги бара решенијата за потенцијалните проблеми со работната сила. nnn
They say diamonds are forever… and so is an MBA!
Enjoy the most Valuable classroom experience – real life Harvard Business School case studies, business simulations and participant centered learning that enhance your strategic decisionmaking skills and critical thinking
a Rare opportunity to learn alongside esteemed professionals in order to build an extensive and exclusive network of useful contacts which could lead to new business opportunities The most Desirable and sought after degree in the world by employers, entrepreneurs and future leaders
World-class curriculum that applies a global outlook on current issues, taught by international faculty from top –tier schools with a rich portfolio of expertise
A brilliant cut to fit your demanding work schedule and maintain your work – life balance, giving you more flexibility to acquire the skills and experiences to fulfil your career objectives
Access to the Highest Quality internationally accredited degree by the Accreditation Council for Business Schools and Programs (USA) created as a combination of European and American educational standards
So don't lose a diamond, while chasing glitter! Enroll at the UACS MBA program! За повеќе информации: Бул. Трета македонска бригада бр. 60, 1000 Скопје Телефон: + 389 (0) 2 2463 156; 2463 159 Е-пошта: graduate@uacs.edu.mk
www.uacs.edu.mk
UACS SKOPJE
UACSKOPJE
YOUTUBE.COM/USER/UACSKOPJE
UACSKOPJE
www.kapital.mk
Капитал број 887 28.10.2016
46
СВЕТ БИЗНИС И ПОЛИТИКА
ДАНОЦИТЕ ВО ПРОГРАМИТЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ КАНДИДАТИ ВО САД
КАКО ДАНОЧНИТЕ ПОЛИТИКИ НА ТРАМП И НА КЛИНТОН ЌЕ СЕ ОДРАЗАТ ВРЗ ЕКОНОМИЈАТА?
Д
Даночните политики на републиканскиот кандидат Доналд Трамп ќе ја засилат економијата на кратокорочен план, а оние на неговата демократска ривалка, Хилари Клинтон, ќе ја забават. Тенденцијата што ќе произлезе од политиките на Хилари, сепак, на долг рок ќе биде обратна, а предлозите на милијардерот ќе го зголемат федералниот долг и ќе и наштетат на економијата, освен ако не наметне доста поголеми кратења на расходите од оние што ги планира. Вака прогнозира анализата на Penn Wharton Budget Model, работена со Tax Policy Center. Даночните планови на Клинтон ќе го намалат БДП во 2018 година за 0,19% во споредба со очекувањата, додека тие на
Предлозите на републиканскиот кандидат ќе го засилат растот на краткорочен план, а оние на демократката ќе го забават, но долгорочно ефектот ќе биде обратен Трамп ќе го зголемат за 1,12%. До 2027 година, сепак, предлозите на поранешната државна секретарка ќе го зголемат БДП за 0,4% во споредба со прогнозите, додека тие на милијардерот ќе го намалат за 0,43%, пишува Wall Street Journal.
Заклучоци од истражувањето
Истражувањето ги анализира само даночните политики на претседателските кандидати, а не нивната цела фискална програма. Клинтон, на пример, сака да ги зголеми расходите за инфраструктура, и д а ј а р а ш и р и та ка н а р еч е н ата социјална безбедносна мрежа, така што, нејзините планови нема да го намалат прогнозираниот буџетски дефицит. Трамп тврди дека ослабените регулации и промените во трговските политики ќе го стимулираат растот и ќе ги покријат
расходите од неговите даночни кратења. Тој, исто така, сака да ги намали буџетите на некои владини агенции, но, од друга страна, има намера да ги зголеми расходите за одбрана. Според истражувањето милијардерот ќе треба да го зголеми намалувањето на расходите, за неговите даночни кратења долгорочно да не доведат пад на БДП. Според политичкиот советник на демократите, Џејкоб Лејбелофт, анализата покажува дека планот на Трамп ќе штети на растот. „Ова истражување ги зема предвид само даночните политики на кандидатите и затоа не го демострира големиот контраст меѓу нивните економски визии. Други анализи откриваат дека инвестициите на Клинтон во инфраструктурата, во иновациите и во образованието ќе создадат работни места со добри примања, додека штетните
ФАКТ: КЛИНТОН ЌЕ ТРОШИ ПОВЕЌЕ ЗА ПАТИШТА, ТРАМП ЗА ОДБРАНА
www.kapital.mk
Капитал број 887 28.10.2016
47 предлози на Трамп за имиграцијата и за трговијата ќе доведат до рецесија“, смета Лејбелофт. Клинтон планира да ги покачи даноците за околу 4%, концентрирајќи ги покачувањата врз домаќинствата со високи доходи, и предложи олеснувања за домаќинствата со средни доходи. И покрај тоа што нејзините предлози ќе го забават растот, таа го поврзува зголемувањето на даноците со ветеното зголемување на расходите, за да не му дозволи на прогнозираниот буџетски дефицит да се покачи. Penn Wharton Budget Model пресметува дека повисокиот буџетски дефицит ќе се одрази негативно врз приватните инвестиции и економијата.
Различна методика
Ова истражување користи различна методика од онаа на наклонетата кон конзервативците Tax Foundation, која пресметува дека плановите на Трамп долгорочно ќе го зголемат БДП со барем 6,9%, и ќе покријат некои од своите буџетски расходи. Според Tax Foundation политиките на Клинтон ќе генерираат половина од даночните приходи што таа ги ветува, и долгорочно ќе го намалат БДП за 2,6%. Моделот на Tax Foundation претпоставува дека ќе има прилив на странски капитал, и не го зема предвид ефектот од буџетскиот дефицит како долгорочен фактор на забавување на економијата. nnn
КОЈ ШТО ПРЕДЛАГА ВО ОДНОС НА ДАНОЦИТЕ ХИЛАРИ КЛИНТОН XX сака да ја реши нееднаквоста на доходите, така што ќе ги зголеми даноците за богатите XX истовремено повикува на поголеми даночни олеснувања за расходите за здравствена заштита и за образование на семејствата од средната класа.
ʇʨʖʣʤʘʞ ʘʤ ʂʖʘʦʤʘʤ ʤʚ ʢ ʚʤ ʢ ʥʤ ʬʛʣʖ ʤʚ û ʢ ʚʤ û ʢ
ДОНАЛД ТРАМП XX меѓу неговите предлози е и да се намалат даночните стапки за доходите на физички лица од 7 на 3, и да се намали корпоративниот данок XX аналитичарите тврдат дека плановите на Трамп ќе ја чинат владата на САД околу 5,9 илјади милијарди долари во форма на пропуштени приходи во рамките на десетлетие
ʈʛʡʛʪʤʣ ʝʖ ʠʤʣʨʖʠʨ ɸʧʛʡʩʘʖʿʛ ʚʛʠʛʢʘʦʞ
Капитал број 887 28.10.2016
50
www.kapital.mk
ЛИДЕРИ
ЕВАН СПИГЕЛ
КО-ОСНОВАЧ И ДИРЕКТОР НА SNAPCHAT
СТРАВОТ Е НАЈГОЛЕМ КОЧНИЧАР НА КРЕАТИВНОСТА
T
ој е најмладиот милијардер на светот што сам ги направил парите, според Forbes. Има само 26 години, а веќе е “селебрити“ во светот на технологијата и бизнисот. Заедно со Боби Марфи и Реџи Браун основачи се на апликацијата Snapchat, која што за кусо време стана планетарно популарна мобилна платформа за разменување пораки, слики и видеа. Facebook сакаше да ги купи за три милијарди долари пред две години, но понудата беше одбиена. Денес пазарната вредност на Snapchat некои ја проценуваат и до 20 милијарди долари.
Многу малку луѓе има во светот што ќе им успее да направат бизнис како овој. Сметам дека да се продаде тој за некоја краткорочна добивка не е многу интересно
Конформизмот е една од најтажните работи што è се случува на креативноста... Стравот е најголемиот нејзин кочничар
Мислам дека е чудно кога брендовите се трудат да изигруваат ваше пријателче. Битно е да се биде пријателски настроен, но да не забегуваме
Намерата да сликнете нешто и да го зачувате е многу различна од нагонот да споделите, но тие станаа многу испреплетени
Креирајќи продукти – социјални медиуми, некаде по патот заборавивме дека причината што сакаме да комуницираме со нашите пријатели е оти тоа е забавно
Пред да го направиме Snapchat, експериментиравме и имавме околу 35 проекти што не успеаја
Ве молам запаметете дека ниту сега, ниту некогаш, ќе биде можно да ги знаете резултатите на вашите напори
Млад сум, белец, образован. Имав многу, многу среќа. И животот не е фер