890 kapital magazin

Page 1

КАПИТАЛ АНАЛИЗИРА КАКО СЕ ЗАРАБОТУВААТ ПАРИ СО ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА ИНТЕРНЕТ РЕКЛАМИ?

БАЛКАН

КОЈ Е НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БУГАРИЈА?

ИНТЕРВЈУ

АРТЕМ СКУБЕНКО

ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БОРДОТ НА ДИРЕКТОРИ НА КОППЕР ИНВЕСТМЕНТС

WWW.KAPITAL.MK

interview

ГОРАН ЃОРЃИЕВСКИ СОПСТВЕНИК И ДИРЕКТОР НА СПЕЦИЈАЛ ПРОДУКТ

СО ВЛЕГУВАЊЕТО ВО ИНДУСТРИСКИ КЕТЕРИНГ ОТВОРИВМЕ НОВИ МОЖНОСТИ ЗА РАЗВОЈ НА КОМПАНИЈАТА АНАЛИЗА ЕКОНОМИЈАТА ВО ПРВИТЕ ТРИ КВАРТАЛИ ГОДИНАВА

БИЗНИСОТ ВО КРИЗА, БАНКИТЕ СО РЕКОРДНИ ПРОФИТИ БРОЈ 890 | ЦЕНА 100 ДЕН. 18 НОЕМВРИ 2016 | ПЕТОК | ГОДИНА 18

ДЕЈВИД КАРП: ВИЗИЈАТА МОРА ДА СЕ СПОДЕЛУВА СО ТИМОТ



3

Капитал број 890 18.11.2016

СОДРЖИНА

40

08 04 06 08

СВЕТ Пораките од прошталната турнеја на Обама Европејците можат да бидат спокојни - сојузите како НАТО се важни за САД

НАВИГАТОР Индустријата не е конкурентна и произведува производи со ниска додадена вредност

20 26

Македонската економија во трите квартали годинава Половина од фирмите годинава продаваат помалку од лани ГОРАН ЃОРЃИЕВСКИ Со влегувањето во индустриски кетеринг отворивме нови можности за развој на компанијата

32

40

БИЗНИС И ТЕХНОЛОГИЈА КАПИТАЛ АНАЛИЗИРА: Kако се заработува со привлекување реклами на интернет

INTERVIEW АРТЕМ СКУБЕНКО

заменик претседател на Бордот на директори и финансов директор на Коппер Инвестментс

INTERVIEW сопственик и директор на Специјал Продукт

COVER STORY Што може да се очекува од САД под водство на Доналд Трамп? Трамп го потресе светот се очекуваат промени во политиката и економијата

АНАЛИЗА

46

46 50

За 10 месеци ќе излезат првите бакарни катоди од Казандол

БАЛКАН БИЗНИС

Опозицискиот кандидат стана претседател на Бугарија Румен Радев - проруски генерал, (само) на прв поглед

ЛИДЕРИ ДЕЈВИД КАРП

основач и ЦЕО на Tumblr

Визијата мора постојано да се повторува и споределува со тимот

ВЕЛЕШАНИТЕ

ШТО СО ТРАМП?

ТРЕТ КВАРТАЛ

Победата на Трамп за многу аналитичари низ светот предизвика шок, кој според нив ќе донесе голема неизвесност во геополитиката и во глобалната економија. Она што ја намалува неизвесноста е фактот дека претседателот Трамп по победата звучи поинаку од кандидатот Трамп, и тоа што веќе во првите денови имаше отстапки од некои од неговите предизборни ветувања. Она од што најмногу се стравува е процесот на „глобализација на анти - глобализацијата, со широк фронт на популисти и со националистичка интернационала“, која може да предизвика потреси на светскиот политички и економски поредок.

Секоја втора компанија во првите три квартали од годината произведувала и продавала помалку од лани, покажува анализата на финансиските извештаи на најголемите 30 фирми доставени до Берзата. Меѓу најголемите десет котирани компании кои имаат вкупни приходи од 910 милиони евра, пет прикажаа помали приходи од продажбата од лани, една има идентични приходи, додека четири продавале повеќе отколку во првите три квартали во 2015 година. Во истиот период, седум од осум банки што доставуваат финансиски извештаи до Берзата, ги зголемија своите приходи и добивки.

Неколку влијателни светски медиуми објавија стории за тоа како стотина и кусур веб - сајтови регистрирани во нашиот Велес, објавувајќи сензационалистички, многу често лажни или непроверени вести во корист на Доналд Трамп и неговата кампања за претседател на САД, заработиле многу пари од рекламите што се “лепат“ на овие сајтови заради големиот број на читатели. Buzzfeed.com објави дури серија на написи посветени на овие “велешки сајтови за Трамп“, што резултираше со прозивката на Facebook и Google дека всушност затаиле дозволувајќи лажни вести да влијаат врз изборната кампања во САД, а некој од тоа уште и заработил добро, и тоа во “некоја си таму Македонија“.

XX Стр. 8

XX Стр. 20

XX Стр. 32

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 17.11.2016


www.kapital.

ПОРАКИТЕ ОД ПРОШТАЛНАТА ТУРНЕЈА НА ОБАМА

ЕВРОПЕЈЦИТЕ МОЖАТ ДА БИДАТ СПОКОЈНИ СОЈУЗИТЕ КАКО НАТО СЕ ВАЖНИ ЗА САД

И со Трамп Европејците можат да бидат спокојни дека сите релевантни фактори се на чисто оти сојузите како НАТО се важни и добри за САД, и уште поважни за целиот свет, е пораката со која во Европа, на својата последна турнеја, дојде сè уште актуелниот претседател на САД, Барак Обама. Тој уште предупреди на појавата на „сурова форма на национализам“ и на соодветни стравови и несигурност кај луѓето, што се користат за да се засили сомнежот во корисноста на глобализацијата

ОБАМА: СОЛИДАРНОСТ СО СОЈУЗНИЦИТЕ, И ПОДДРШК


Капитал број 890 18.11.2016

СВЕТ

С

Сè уште актуелниот претседател на САД, Барак Обама, кој е во проштална турнеја, ги успокојуваше европските лидери за време на посетите на Грција и на Германија неделава, дека неговиот наследник во Белата куќа, Доналд Трамп, ќе продолжи да ги поддржува ангажманите на САД во НАТО. И на првата прес-конференција по американските претседателски избори, Обама рече дека Трамп на средбата (со Обама) покажал голем интерес да ги поддржи клучните стратешки сојузи на САД, иако, за време на кампањата, милијардерот најавуваше дека има намера да ги предефинира стратешките односи на Америка со НАТО, со Јапонија и со Јужна Кореја. Обама успокојува дека нема опасност од прекинување на досегашниот континуитет на политиката на САД кон сојузниците во Европа од НАТО, соопшти Financial Times. За време на кампањата, сега веќе избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, го беше осудил НАТО како „остаток (во смисла на атавизам)“, со што ја потресе Европа околу иднината на транс-атланскиот сојуз, што е во основата на безбедноста на континентот по Втората светска војна. Другите проблематични забелешки и коментари на Трамп вклучуваа идеи дека Јапонија и Јужна Кореја треба да почнат да развиваат нуклеарно оружје, за да го намалат товарот на САД во справувањето со Северна Кореја. Ова беше моментот што натера редица политичари од Републиканската партија да го стават својот потпис на писмото во кое ги изложија своите стравувања околу номинацијата на Трамп. Меѓутоа, Обама објасни дека е сигурен оти ќе нема колебање во одлучноста на САД и натаму да поддржуваат силни меѓусебни односи во НАТО-сојузот. Според него, а по разговорот со Трамп во Белата куќа, Европејците можат да бидат спокојни дека сите релевантни фактори се на чисто дека сојузите како НАТО се важни и добри за САД, и уште поважни за целиот свет. Освен ова, Обама изјави дека врските на Вашингтон со светот зависат од мрежа од контакти меѓу дипломати, воени лица, разузнавачи и други владини службеници, а не само од претседателот. Ова, според претседателот на САД во заминување, значи дека ќе има континуитет во политиката на САД во однос на поддржувањето на редот и на промовирањето на просперитетот во светот. „Ја очекувам мојата прва посета на Грција; потоа во Германија ќе ја посетам канцеларката Ангела Меркел. Ќе ја покажам нашата солидарност со најблиските сојузници, и ќе ја искажам поддршката за силна, интегрирана и обединета Европа“, изјави Обама. И генералниот секретар на НАТО, Јенс

5

Обама предупреди на појавувањето на „сурова форма на национализам“, и објаснувајќи ја поврзаноста на Брегзитот и на американските избори, укажа дека се покажало оти луѓето се сè помалку сигурни во нивниот национален идентитет и во местото што го имаат во светот, што произвело популистички движења, како меѓу левицата, така и меѓу десницата

Столтенбер, во неделата изјави дека Европа има потреба од „силно американско лидерство“ во пресрет на „најголемата закана за западната безбедност во нашето поколение“.

„Политичарите сега треба да ги успокојат уплашените луѓе, што нема да биде лесно“

Барак Обама не сакаше да го коментира назначувањето на Стивен Бенон (поранешниот директор на Breitbart News, обвинет за ширење идеи за „супериорност на белата раса“), како еден од главните советници во Белата куќа. На друго новинарско прашање, за темпераментот на Трамп, Обама призна дека „има некои елементи од неговиот темперамент што нема да му служат за добро, освен ако тој не ги признае и не ги поправи“, особено имајќи го предвид влијанието што претседателот на САД го има врз пазарите, врз светот воопшто, врз националната безбедност и т. н. Обама дипломатски додаде дека смета оти Трамп знае дека ситуацијата е различна кога говори како претседател, а не само како кандидат за оваа функција. За време на посетата на Грција, сè уште актуелниот претседател на САД, предупреди на појавувањето на „сурова форма на национализам“, правејќи паралела меѓу британскиот референдум за напуштање на Европската унија и претседателските избори во САД. Би-Би-Си, во осврт на последното официјално патување на претседателот во странство во својство претседател, оцени дека е значајно тоа што Обама, објаснувајќи ја поврзаноста на референдумот и на

американските избори, укажал дека и во двата случаи се покажало оти луѓето се сè помалку сигурни во нивниот национален идентитет и во местото што го имааат во светот, што произвело популистички движења, како меѓу левицата, така и меѓу десницата. Обама затоа смета дека светот мора да се одбрани од трибализмот, што сега се создава, со сè почестото инсистирање на поделби на „ние“ и „тие“, како и на „нас“ и на „нив“. Според американскиот претседател, тоа во САД се огледува низ заканите од делби по расна, религиозна и етничка линија, но во Европа во минатото национализмот и конфронтациите го вовлекоа континетот во два крвави светски воени судири. Во конекстот е и неодамнешното случување, кога градоначалничка од Западна Вирџинија на Facebook ја нарече првата дама на САД, Мишел Обама, „мајмун во потпетици“, што, секако, наиде на неподелени осуди и резултираше со оставка на градоначалничката) Британските медиуми забележaa дека и сомнежите во глобализацијата, затскриени зад прашања за религиозниот, етничкиот или културниот идентитет, Обама ги смета за превртлива и непостојана мешавина од стравувања и неверувања. „Политичарите сега треба да ги задоволат луѓето кои се исплашени, гневни и загрижени, што нема да биде лесно“, оцени американскиот претседател, истакнувајќи дека визијата за иднината треба да се определи според она што му е заедничко на светот, а не според она што го дели и конфронтира.

nnn

КА ЗА СИЛНА, ИНТЕГРИРАНА И ОБЕДИНЕТА ЕВРОПА


www.kapital.mk

Капитал број 890 18.11.2016

6

НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА

> БРОЈКА

22,4% е зголемен извозот на автобуси во првите девет месеци годинава во споредба со лани

ХОЈТ ЈИ

заменик помошник државен секретар на САД

САД имаат интерес Македонија што поскоро да стане членка на НАТО и ЕУ, и доколку изборите бидат фер и кредибилни, ќе ја поддржат македонската Влада во евроатлантските интегративни процеси, во привлекувањето странски инвестиции и во напорите за подобрување на економијата

СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ ЌЕ ИСПЛ

С

топанска банка АД – Скопје им предложи на Собранието на акционери да одобри исплата на дивиденда во вкупен бруто износ 45,14 милиони евра, или бруто износ од 159 денари по обична акција. „Имајќи предвид дека овој износ произлегува од задржаната добивка од претходните години, која не се вклучува во регулаторниот капитал и не влегува во пресметката на стапката на адекватност на

ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕУ ЗА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА:

ИНДУСТРИЈАТА НЕ Е КОН И ПРОИЗВЕДУВА ПРОИЗВ НИСКА ДОДАДЕНА ВРЕД

П

оследниот Извештај на Европската комисија (ЕК) за напредокот на Македонија во изминатата година јасно укажува на недостатоците во оние области кои се сметаат како клучни за европската интеграција на земјата. Во делот на економските критериуми, во Извештајот се потврдува дека макроеконмската стабилност била одржана, што било поддржано од големите инфраструктурни трошења и странските директни инвестиции. Но, во Извешатајот се потенцира дека невработеноста иако се намалила во изминатата година, таа и понатаму

Економијата продолжува да страда поради слабостите во образованието, ниската иновативност и малите инвестиции, вклучувајќи ги и инвестициите во инфраструктура, што ја прават економијата помалку конкурентна. останува висока, посебно кај младите луѓе. Клучните слабости на економијата остануваат, како на пример, ниската конкурентноста на домашниот приватен сектор чиј развој е ограничен од слабото исполнување на договорите, големата сива економија и тешкиот пристaп до финансии. “Управувањето со јавните финансии не се подобри и јавниот долг продолжи да се зголемува”, се вели во Извештајот.

Според Комисијата, Владата одбива да истакне конкретни мерки преку кои би ја спровела фискалната консолидација, при што планира буџетскиот дефицит да го намали од 3,6% од БДП во 2015 на 2,6% во 2018, ама не со намалување на потрошувачката, туку преку „оптимистички претпоставки за економски раст, наспроти конкретни заштеди”. Оценката од ЕК е дека македонската


www.kapital.mk

Капитал број 890 18.11.2016

7

ЛАТИ ДИВИДЕНДА ОД 45,1 МИЛИОНИ ЕВРА капиталот, исплатата на гореспоменатата дивиденда нема да има никакво влијание врз капиталната база, која и натаму останува силна и во насока на натамошна соодветна поддршка на редовните активности на Стопанска банка за годините кои ни претстојат“, објаснуваат од Стопанска банка. Во 2014 и 2015 година, Стопанска банка оствари добивка по оданочување од 55,8 милиони евра, а позитивни резултати обезбедија основа за зголемување на регулаторниот капитал на Банката лани за 35 милиони евра.

мисла на неделата Промената не може да биде крајна цел, исто како што надежта не е стратегија

Руди Џулијани

поранешен градоначалник на Њујорк

> БРОЈКА

6,4%

порасна македонскиот извоз во Западен Балкан во првите девет месеци годинава

лидери

ХАШИМ ТАЧИ

Косово доби повикувачки телефонски број, а Хан го поздрави договорот Белград-Приштина за телекомуникациите

НКУРЕНТНА ВОДИ СО ДНОСТ економија има умерено ниво на подготовка да се соочи со притисоците од конкуренцијата и пазарните сили во рамки на ЕУ. Економијата е слабо диверзифицирана, а индустријата главно произведува произведува производи со ниска додадена вредност. Економијата продолжува да страда поради слабостите во образованието, ниската иновативност и малите инвестиции, вклучувајќи ги и инвестициите во инфраструктура, што ја прават економијата помалку конкурентна. Во Извештајот се потенцира дека странските директни инвестиции во земјава лани паднале на ниво од само 1,9% од БДП, за разлика од просекот од 2,7% од БДП во изминатите 5 години. Иако ниските корпоративни даноци и олеснетата регулација се основните столбови на влдините економски политики за поддршка на бизнисот, сепак добивањето на дозволи и лиценци за

ЕК: Македонија

мора да се фокусира на фискална консолидација

водење бизнис е полесно за странските, отколку за домашнните комапнии. Во 2015 година бројот на нови бизниси е намален во споредба со претходната година и со просекот од изминатата пет години, што според ЕК делумно се должи и на политичката несигурност во која се наоѓа земјата. “Решавањето на комерцијалните спорови преку судовите останува преодлго и премногу скапи, Уште повеќе, ефикасноста на судскиот систем се чини дека е под растечко влијание од страна на политипките интереси”, се вели во Извештајот. Главните препораки на Европската комисија за Македонија се дека државата треба да се фокусира на фискалната консолидација и да идентификува конкретни мерки, подобро да ги таргетира трошењата за трансфери, да ја подобри фискалната транспарентност и капацитетите за буџетско планирање. nnn

ФРАНК-ВАЛТЕР ШТАЈНМАЈЕР

партиите од големата германска коалиција се договорија околу името на идниот германски претседател

не им беше неделата

БОЈКО БОРИСОВ

неговата Влада поднесе оставка по победата на Румен Радев, претседателскиот кандидат поддржан од опозицијата

АЛЕКСЕЈ УЉУКАЕВ

рускиот министер за економски развој беше фатен на дело како прима мито од 2 милиони долари


Капитал број 890 18.11.2016

8

COVER STORY

www.kapital.mk

ШТО МО ПОД ВОД

ТРАМП ГО ПОТРЕСЕ СВЕТОТ СЕ ОЧЕКУВААТ ПРОМЕНИ ВО ПОЛИТИКАТА И ЕКОНОМИЈАТА

Победата на Трамп за многу аналитичари низ светот предизвика шок, кој според нив ќе донесе голема неизвесност во геополитиката и во глобалната економија. Она што ја намалува неизвесноста е фактот дека претседателот Трамп по победата звучи поинаку од кандидатот Трамп, и тоа што веќе во првите денови имаше отстапки од некои од неговите предизборни ветувања . Она од што најмногу се стравува е процесот на „глобализација на анти-глобализацијата, со широк фронт на популисти и со националистичка интернационала“, која може да предизвика потреси на светскиот политички и економски поредок. Но, сепак она што влева надеж е дека Трамп пред се е бизнисмен кој многу добро знае кога и зошто треба да се биде прагматичен и кој по природа е градител, а не руштиел.


ОЖЕ ДА СЕ ОЧЕКУВА ОД САД 9 ДСТВО НА ДОНАЛД ТРАМП?


10

COVER STORY

пишува:

Н

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

Не мал број аналитичари во победата на Доналд Трамп видоа доказ дека точката на вриење во денешниот свет наближува и ќе се достигне со евентуалниот Трампдомино ефект во Европа, која уште (ќе) се опоравува од Брегзитот. Мислењето на претседателот на САД во заминување, Барак Обама, кој рече дека е загрижен по победата на Трамп на изборите, но оти го теши помислата дека неговиот наследник е повеќе воден од прагматизам, отколку од идеологија, не го утеши и претседателот

на Европската комисија, Жан Клод Јункер, кој со навредлив тон за Трамп изјави дека на новиот претседател на САД треба да му се објасни „како функционира Европската унија, и што таа воопшто претставува“, дополнувајќи оти ќе се потрошат две години додека Трамп не ја заврши својата „тура низ светот што не го познава“. Шефот, пак, на НАТО, Јенс Стотенберг, јасно стави до знаење дека (се) стравува од напуштање на досега секогаш потврдуваната идеја што стои во суштината на НАТО врските меѓу државите, дека „силна, безбедна и просперитетна Европа значи силна, безбедна и просперитетна Америка“. А за британската премиерка, Тереза Меј, победата на Трамп и Брегзитот се поврзани, односно, како што рече, „означуваат нова ера на длабоки промени во светот“. Овие промени, како одраз на влијанието од победата на Трамп и на Брегзитот, се очекува во Европа да се видат најдоцна догодина, кога во Холандија, во Франција, во Германија, а можеби и во Италија и во

Велика Британија ќе има избори. Процесот, според професорот по европски студии на Оксфорд, Тимоти Еш, очигледно е „глобализација на анти-глобализацијата, со широк фронт на популисти и со националистичка интернационала“. Европските популистички партии веќе чувствуваат ваков ветер во едрата - видоа дека агресијата, радикалните, контроверзни изјави на Трамп во кампањата, не беа пречка тој да стане претседател на САД. Начинот на кој тој ја водеше кампањата значајно ги прошири критериумите за тоа што е дозволено во политичката култура на Западот, така штедро помагајќи им на сличните политичари во Европа на кои им претстои претставување на избори. Веќе на почетокот на декември Австријците ќе гласаат на претседателски избори што можат Норберт Хофер од Партијата на слободата да го направат првиот прв човек на држава од екстремната десница, избран на слободни избори во Европа од 1945 година наваму.



www.kapital.mk

Капитал број 890 18.11.2016

12

COVER STORY

ШТО РЕКОА СВЕТСКИТЕ БИЗНИС ЛИДЕРИ ПО ПОБЕДАТА НА ТРАМП:

ЏЕФ ВЕИНЕР CEO на LinkedIn:

Не сум сигурен што администрацијата на Трамп ќе значи за државата. Ако Брегзит и овој процес ме научија на нешто, тоа е колку непредвидливи станале навидум предвидливите резултати. Она во што сум сигурен е мојот вредносен систем, и како поединец, и како член на нашиот тим.

ЛОЈД БЛАНКФЕИН CEO на Goldman Sachs:

Изборните резултати во САД ја покажуваат демократијата на дело. Тоа, исто така, подразбира промена, што не е нужно лоша работа. Промената често е агент на напредокот, на начини што не секогаш може да се видат во раната фаза.

МАРК КУБАН

сопственик на Dallas Mavericks:

Сите треба на избраниот претседател Трамп да му дадеме шанса. Да го поддржиме доброто. Да лобираме против она со што не се сложуваме. Никој не е поголем од сите нас.

ПИТЕР ТИЕЛ соосновач на PayPal:

Тој (Трамп, н.з.) има страотно тешка задача, зашто загубивме многу време пред да се соочиме со проблемите на нашата држава. Ќе ни требаат сите кои се расположени да помогнат.

КАРЛ АЈКАН

американски бизнис магнат:

Јас сум секако среќен по победата на Трамп. Навистина мислам дека ова е многу важна работа, генерално за нашата економија.

ШЕРВИН ПИШЕВАР соосновач на Hyperloop One:

Влеговме во екстремно опасни времиња. Омразата поддржана од апсолутна моќ ако не се стави под контрола ќе ги потресе темелите на Америка.

РИЧАРД БРЕНСОН основач на Virgin:

Овие избори несомнено предизвикаа трајна штета, и врз американската колективна психа, и врз политичката волја на нејзините лидери да соработуваат Значајни предизвици престојат, за лекување на поделеноста и за заживување на довербата во политичкиот систем.

ЏЕК МА

основач на Alibaba:

Не се плашам, мислам дека здравите и позитивни односи меѓу Кина и САД се од критична важност. Првата и втората економија на светот, ако работат заедно ќе решат многу проблеми, економски, здравствени, еколошки ... Но, ако не соработуваат, тоа ќе биде катастрофа.

МАРК ЗАКЕРБЕРГ основач на Facebook:

Сите имаме можност да го направиме светот подобар, и ја имаме одговорноста да го сториме тоа. Да работиме на тоа уште посилно.

ГЕОПОЛИТИЧКА НЕИЗВЕСНОСТ: Можноста Трамп да се зближи со Путин се сфаќа сериозно и во НАТО Истовремено и Италијанците ќе гласаат на уставен референдум од кој зависи иднината на премиерот Матео Ренци. Во евентуалното пореметување на политичкиот поредок во земјата, на површината може да избијат основани амбиции за власт (приближување до власта) на евроскептичното движење „Пет ѕвезди“ на Бепе Грило, кој изјави дека „една ера изгоре - вистинските демагози се медиумите, интелектуалците, закрепостени во свет што веќе не постои“. Десничари националисти веќе управуваат со Полска и со Унгарија. Во Западна Европа (барем се чини така), веројатноста да се случи Трамп-ефектот е уште мала, иако, во случаите на некои парламентарни демократии, традиционалните противници, партиите од левицата и од десницата, мораа да се обединат за да ги задржат популистите зад границите на власта. Во Холандија заканата е од Партијата на слободата на Герт Вилдерс што им дише во вратот на владејачките либерали на премиерот Марк Руте. Во Франција проценките се дека Националниот фронт, односно лидерката Марин ле Пен, тешко ќе стане претседател на државата, иако истражувањата на јавното мислење покажуваат оти таа ќе добие најмногу гласови во првиот круг. Но, и ако загуби во вториот круг, нејзниот (безмалку сигурен) добар резултат ќе и ги крене акциите за да ги напаѓа своите највисоки цели. Иако, овде не може да не се спомене дека и изгледите Трамп да стане претседател на САД на само ден пред изборите се проценуваа како многу мали. И во Германија, каде досега темното нацистичко наследство попречуваше екстремната десница да добие доволно поддршка за да се окрупни, сега антиимигрантската Алтернатива за Германија стана сила на државно ниво, и токму оваа

„алтернатива“ Германците ја избраа за на локалните избори во серија да ја казнат канцеларката Ангела Меркел за нејзината политика на „отворени врати“.

Трамп во кампањата не изнесе јасна и кохерентна агенда за надворешната политика

За политиките на Трамп во однос на одбраната засега може да се заклучува од изјавите што тој ги даваше во кампањата. Новиот претседател на САД ги предупредуваше американските сојузници во НАТО дека ќе треба соодветно да платат за својата одбрана (во моментов САД плаќаат речиси 70% од расходите за НАТО), и оти американските војници ќе ги повлече за да ја бранат Америка „од внатре“. А во Европа, како да го знаеја ова, подготвуваат нова безбедносна стратегија, односно сопствена одбрана, на која остро се противи Велика Британија, со став дека Стариот континент нема потреба од сопствени, европски одбранбени сили, зашто го има НАТО, и нема поента да се прави удвојување на Алијансата, со што таа би ја загубила смислата. Ова наликува на најава за уште една линија на поделба во Европа, извлечена, односно помогната од Трамп-ефектот, а во контекстот е индикативно што привремениот лидер на антиевропската Партија за независност на Обединетото кралство, Најџел Фараж, е првиот британски политичар што (во Њујорк) се сретна со Доналд Трамп. По средбата, од кај Трамп изјавија дека разговорот (со Фараж) бил „многу продуктивен“, а од кај Британецот оти се разговарало за „слободите и за победата“. „Неговата поддршка (на Трамп, н.з.) на американско-британските односи е многу силна, и тој е човек со кој ние (Британците,


www.kapital.mk

Капитал број 890 18.11.2016

13 н.з.) можеме да работиме“, изјави Фараж. Од кабинетот на британската премиерка Тереза Меј, пак, изјавија дека Фараж не е никаков претставник на нејзината Влада. Самата Меј со Трамп се очекува да се сретне дури напролет, 2017 година, и таа стравува дека партијата на Фараж може да ја искористи победата на милијардерот за политичките потреби во Британија. Фараж ја предводеше антиевропската и антиимиграциската кампања во Британија, пред референдумот за останување/ излегување на земјата од Европската унија, силно заговарајќи ја втората опција, а Трамп беше еден од ретките странски политичари кој го поддржа Брегзитот. Но, и според премиерката Меј, победата на Трамп и Брегзитот се поврзани, односно, како што рече, „означуваат нова ера на длабоки промени во светот, што Британија не смее да ги отфрла и да води битки од минатото, туку да се адаптира на сегашноста“. Дека изборот на Трамп за претседател на САД носи ризик од нарушување на американско-европските (ЕУ) односи, смета и претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер. „Она што сега треба да го сториме, е да му објасниме на новиот претседател (на САД, н.з.) како функционира ЕУ, и што

таа воопшто претставува“, изјави Јункер, кој смета дека ќе се потрошат две години додека Трамп не ја заврши својата „тура низ светот што не го познава“. Јункер мисли дека Американците „немаат интерес за ЕУ“, а мислењето го илустрира со ставовите изнесени од Трамп во тек на претседателската кампања, како доведувањето во прашање на транс-атланската алијанса и понудите за некаков нов модел за безбедност (погоре споменатото барање на Трамп сојузниците на САД да си плаќаат соодветно за тоа што Америка ги брани).

Вредностите на САД-ЕУ партнерството во НАТО ставени под прашање?

Кога заклучуваат според изјавите и поведението во кампањата (нарекувајќи ги некомпетентни и арогантни) на новиот претседател на САД, некои послободни аналитичари најавуваат можност Трамп преку позицијата во Белата куќа да доведе до светска катастрофа. Тука се повикуваат на евентуалните толку добри односи на Трамп со Путин, што би значеле источна Европа или Блискиот исток да бидат оставени на милост и немилост на Русија. Но, има и подгрупа меѓу аналитичарите

кои го потценуваат Трамп, каде сметаат дека новиот претседател нема да направи штета (барем не поголема од онаа што му ја припишуваат на Џорџ Буш помладиот), зашто неговата политика всушност ќе ја води Републиканската партија преку соодветно формирана екипа. Вакво нешто очекува и официјална Москва, од каде што соопштија дека се скептични во однос на предизборните ветувања на Трамп дека ќе соработува со Русија во Сирија, зашто тој „ќе може само да ги спроведува идеите што ќе ги одобри естаблишментот, политичката елита во САД“. Но, дека можноста Трамп да се зближи со Путин на начин што ќе ги компромитира западните позиции се сфаќа сериозно и во НАТО, покажа изјавата на поранешниот шеф на Алијанската, Андерс Фог Расмусен, кој смета дека Трамп во првите 100 дена од мандатот мора да дејствува против „руската агресија“ или ќе доживее „почеток на крајот на НАТО“. „Трамп мора да покаже сила бидејќи рускиот претседател почитува само цврста рака“, изјави Расмусен. Поранешниот НАТО-генсек, смета дека занемарувањето на балтичките држави и на Украина кои се „блиски пријатели на САД“ може да има големи последици, и


www.kapital.mk

Капитал број 890 18.11.2016

14

COVER STORY

ШТО РЕКОА СВЕТСКИТЕ БИЗНИС ЛИДЕРИ ПО ПОБЕДАТА НА ТРАМП:

ЏЕЈМИ ДАЈМОН CEO na JPMorgan:

Поминавме низ едни од најспорните избори во историјата, што направија да биде уште потешко да ги ставиме нашите разлики настрана. Треба да ги слушнеме гласовите на длабоката желба за промени, и препознавајќи дека нашата различност е клучната сила на нашата нација, мораме заедно да одговориме на нашите најсериозни предизвици.

ТИМ КУК CEO на Apple:

Имаме најразличен состав на вработени, вклучувајќи поддржувачи на едниот и на другиот кандидат. Без оглед кој кандидат го поддржуваме како поединци, единствениот начин да одиме напред е да одиме напред заедно.

ЏЕФ БЕЗОС CEO на Amazon:

(Трамп, н.з.) Го има мојот отворен ум и му посакувам голем успех во неговата служба на државата.

ХАУАРД ШУЛЦ CEO на Starbucks:

Како Американци, ние мораме да ги почитуваме демократските процеси. Го имаме избраниот претседател Трамп, и наша одговорност како граѓани е да му дадеме можност да владее добро и да ја обедини земјата. Без разлика дали сте задоволни или разочарани од резултатот, секој од нас сѐ уште има избор. Денеска и секој ден имаме избор како ќе се однесуваме меѓусебе во нашите домови, во нашето соседство, и, секако, во нашите кафетерии.

МАЈКЛ ЕШКРОФТ

бизнисмен-милјардер и член на британската Куќа на лордовите (горен дом на Парламентот):

Речиси сум уверен дека претседателот Трамп ќе биде многу подобар лидер од она што многумина очекуваат.

да значи „почеток на крајот на системот заснован на американско лидерство“. Со драматичен тон, стравувања за иднината на НАТО по изборот на Трамп за претседател на САД, произнесе и актуелниот шеф на НАТО, Јенс Столтенберг. Тој во текст за лондонски Guardian јасно стави до знаење дека (се) стравува од напуштање на досега потврдуваната идеја што стои во суштината на НАТО врските меѓу државите, дека „силна, безбедна и просперитетна Европа значи силна, безбедна и просперитетна Америка“. „Се соочуваме со најголемите предизвици за безбедноста - не е време да ги поставуваме под прашање вредностите на партнерството меѓу Европа и САД“, напиша Столтенберг, повикувајќи ги Вашингтон и неговите европски сојузници да не го загрозуваат сојузот што трае 67 години. „Европските лидери отсекогаш знаеле дека кога станува збор за безбедноста,

одделувањето и самостојното дејствување не се варијанта. Во исто време и американските лидери секогаш признавале дека имаат исклучителен стратешки интерес од стабилна и безбедна Европа“, смета Столтенберг. Што се однесува на другите надворешнополитички аспекти на владеењето на Трамп, тој во кампањата се изјаснуваше и против договорот за замрзнување на нуклеарната програма на Иран (во чии рамки беа симнати санкциите за Техеран), сметајќи го за една од најлошите зделки што ги видел, а оваа негова позиција се смета како силна поддршка за Израел и за арапските сојузници на САД. Во однос на борбата против Исламската држава, Трамп најави одлучност (поголема од онаа на Обама), но рече дека нема да ги коментира своите конкретни идеи, зашто, како што изјави, тоа е најглупавото нешто што може да го направи некој ако решил да разбие една таква организација како ИД. „Кога ќе ја преземам позицијата претседател, ќе им дадам на генералите 30 дена да ми ги предложат своите планови“, рече Трамп. Другото важно прашање е имиграциската политика, каде новиот претседател на САД е против прифаќањето бегалци од Сирија и предлага формирање „безбедносни зони“ во државата што би биле финансирани од земјите од Персискиот залив. Американскиот

претседател во заминување, Барак Обама, смета дека таков план би повлекол огромен американски воен ангажман, што е многу непопуларна опција за Американците по Авганистан и Ирак. Поголеми промени можеби може да се очекуваат од политиките на Трамп за мигрантите од Латинска Америка. Тој ветуваше ѕид по целата граница со Мексико; депортирање на 11 милиони кои незаконски претстојуваат во САД; запирање на приемот на дојденци од држави во кои има проблеми со радикалниот ислам. Последново предизборно ветување го омекна до „исклучително подробни контроли“ при влезот во САД. Во однос на 11-те милиони кои нелегално се во САД, Трамп, во телевизиско интервју по победата на изборите, рече дека кога ќе влезе во Белата куќа ќе депортира 2-3 милиони, кои се криминалци. „Ќе ги фатиме луѓето кои се криминалци, имаат такви досиеја, се членови на банди, наркодилери - два или веројатно три милиони, и ќе ги истераме од нашата држава или ќе ги ставиме во затвор. Тие се тука нелегално“, рече Трамп. Инаку, Обама, во осумте години власт (во двата мандати), депортираше над 2,5 милиони луѓе, што е бројка до која не стигнал ниту еден претходен претседател на САД. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 890 18.11.2016

16

COVER STORY

ТРАМП И НОВАТА ЕКОНОМСКА ПОЛИТИКА ЗА АМЕРИКА И СВЕТОТ

Како точно ќе изгледа економската политика на Трамп се уште не може јасно и презицно да се дефинира, но она што е сигурно е дека многу инвеститори и бизнисмени не можат мирно да спијат од неговите економски предизборни ветувања. Пазарите уште првиот ден по победатата изреагираа на неизвесноста и имаше пад на берзите. Но, тогаш Трамп прозборе и откако инвеститорите се уверија дека тој звучи поинаку и попретседателски работите почнаа да се враќаат во нормала. Единствена и најголема утеха за инвеститорите барем засега може да им послужи тоа што Тамп по природа е градител и сака да гради големи работи, што можеше да се види и од неговиот прв јавен говор како претседател во кој тој најави големи инвестиции во изградба на инфраструктурата во САД.

В

о деновите после изборите во САД економистите и аналитичарите од Волстрит се обидуваат да ги проценат економските потези кои ќе ги преземе администрацијата на новиот претседател Доналд Трамп и ефектите кои тие ќе ги имаат врз светската економија. Најголем дел од анализите се фокусираат на позитивните ефекти за корпорациите, како намалувањето и реформата на даноците и намалување на регулациите во економијата. Но, ако Трамп го направи она што го ветуваше во предизборната кампања,

тоа несомнено ќе се одрази силно врз светската економија. Посебно ако ги спроведе протекционистичките мерки во трговијата, кои беа централна тема во неговата кампања. Тој најави 45% царини за кинескиот увоз и вети дека на неговот прв ден како претседател ќе ја прогласи и официјално Кина за валутен манипулатор. Најави воведување на царини на увозот од Мексикo, а тровски договор со Европската унија наречен Transatlantic Trade and Investment Partnership (TTIP) по победата на Трамп веќе се смета за непостоечки. Вилем Буитер, главен економист на Citi до своите клиенти доставил допис во кој ги предупредува дека ако Трамп ги спроведе

неговите трговски политики тоа би можело да поттикне глобална трговска војна. Истражувачкиот оддел на германската Deutsche Bank исто така предупредува дека најголемата закана од победата на Трамп е можноста од вртење кон протекционистички трговски политики, кои би можеле да ја намалат глобаната трговија и да поттикнат трговски војни. Токму затоа повеќето се надеваат дека претседателот Трамп нема да биде ист како кандидатот Трамп, надевајќи се дека тој сепак нема да го спроведе она што го ветуваше, што се најавува од неколкуте повлекувања од неговите ветувања кои ги направи во првите неколку дена по

ФАКТ: АКО ТРАМП ВОВЕДЕ ЗАШТИТНИ ЦАРИНИ, МОЖНО Е ДА СЕ СЛУЧИ ТРГОВСКА ВОЈНА


www.kapital.mk

Капитал број 890 18.11.2016

17 изборната победа.

Какви економски промени ќе направи Трамп?

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп уште во својата кампања сигнализираше големи промени во економската политика. Трамп вети намалени даноци и поголеми инвестиции во инфраструктурата. Со други зборови повеќе стимулации за економијата од државниот буџет. Но, тоа од друга страна значи и поголемо задолжување од страна на државата, освен ако Трамп не успее двојно да ја зголеми стапката на економски раст, како што вети, благодарение на неговите политики за дерегулација и намалување на даноците за бизнисот. Американските Федерални резерви во изминативе години по кризата во 2008 година водеа политика на ултра-ниски каматни стапки, одржувајќи ја каматната стапка за позајмување помеѓу банките на нула се до пред една година, што ги одржуваше каматните стапки ниски за целата економија. Поголемите стимулации за економијата од државниот буџет можат да значат помала потреба од економската поддршка од Федералните резерви во форма на ниски камати. Но, тоа од друга страна може да ја подгрее инфлацијата, а ФЕД ќе сака да спречи да не дојде до преголем скок на цените, што е уште еден фактор кој може да предизвика зголемување на каматните стапки. Или на кратко, тоа може да биде почеток на процесот со кој Трамп ќе ја преземе задачата од ФЕД за стимулирање на економијата. Еве некои од неговите клучни економски ветувања кои ако се спроведат ќе предизвикаат големи потреси и промени на светската економска сцена

Редоговорање на трговските договори

Во неговата предизборна кампања тој сугерираше предоговорање на трговските договори, во кои ќе бидат вклучени преговарачи чија цел ќе биде да редоговорат победа за Америка. Не прецизирајќи што конкретно значи победа за Америка, Трамп вети вети дека

Трамп најави дека ќе го намали корпоративниот данок на 15% од постојните 35%, што е меѓу највисоките стапки во целиот свет. Ова ќе биде еден од начините со кои Трамп ќе ги натера американските компании да се вратат дома. ќе истапи од трговските договори како постојните NAFTA, помеѓу САД, Канада и Мексико, ако не може да се усогласат за нови редоговорања, а трговскиот транспацивички договор на САД со 11 азиски земји го нарече “силување на земјата”. Трамп исто така вети дека ќе биде остар со земјите кои ги прекршуваат трговските договори, воведуваќи нови договори и отварајќи постапки против нив во Светската трговска организација (СТО). Победата на Трамп значи и напуштање на договорот за слободна трговија помеѓу ЕУ и САД, TTIP кој долго се договорашае за време на мандатот на Обама. Тој посебно ја обвини Кина дека е најголем девизен манипулатор кој некогаш постоел на планетата. Од друга страна, тој го пофали Брегзит, а минатиот месец неговиот главен светник за трговија најави дека на Велика Британија ќе и биде понуден нов договор за слободна трговија.

Царини за заштита на домашната економија

Трамп во својата кампања повика на воедување на царина од 35% за увозот од Мексико и 45% царина за увозот на производи од Кина. Тоа во пракса би значело дека увезените производи од Мексико во вредност од 100 долари, би чинеле 135 долари. Тоа ќе ги поттикне американските граѓани да купуваат повеќе производи произведени во Америка, но тоа може да го поттикне Мексико да стави исто толкави царини за америкснките проивзоди кои се извезуваат таму. А тоа ќе биде многу лоша вест за американските компании, бидејќи Мексико е трет најголем извозен пазар за американските производи. Но, ако Трамп навистина го воведе ова ветување тоа може да предизвика трговска војна.”САД важат за шампиони во слободната трговија.Воведувањето на заштитни царини и повлекувањето од


www.kapital.mk

Капитал број 890 18.11.2016

18

COVER STORY

глобализацијата од страна на САД ќе предизвика реципрочни акции од други земји и ќе биде силен удар против либералниот глобален економски поредок кој функционира уште од 1948 година”, вели главниот советник на инвестициски куќи Citi.

КЛУЧНИТЕ ЛУЃЕ ВО ТИМОТ НА ТРАМП

Намалување на даноци

Трамп во кампањата вети намалување на даноците за сите граѓани, при што даночните граници ќе бидат намалени од седум на три, а највиоската даночна стапка ќе биде намалена од 39,6% на 33%. Или заработките под 29.000 долари ќе бидат ослободени од оданочување, заработките од 29.000 до 45.000 ќе бидат оданочени со стапка од 12%, заработките од 54.000 долари д о 15 4.0 0 0 д ол ари ќе се РУДОЛФ РАЈНС оданочуваат со стапка од 25%, ЏУЛИЈАНИ ПРИБУС додека за заработките поголеми поранешниот претседателот на од 154.000 долари даночната градоначалник на Њујорк Републиканскиот сатапка ќе изнесува 33%. национален комитет Најсериозен кандидат Тој вети дека ќе ги затвори за државен секретар во Ќе биде шеф на сите даночи дупки кои ги фавокабинетот на новиот персоналот на Белата ризираат богатите, а во однос претседател куќа на федарелниот корпоративен Доналд Трамп. данок или најзначајниот данок за бизнисите, најави дека ќе го намалување на оданочувањето реално ќе намали на 15% од постојните 35%, што е меѓу највисоките стапки во има кај оние кои најмногу заработуваат. целиот свет. Ова ќе биде еден од начините Милиони нови работни места со кои Трамп ќе ги натера американските Исто така едно од неговите најголеми компании да се вратат дома и да не го ветувања беше дека ќе ги врати Aмериизбегнуваат плаќањето даноци преку канците повторно на работа. селење на корпоративните седишта Планот за отварање на работни места надвор од САД во земјите кои важат како на Трамп се фокусира на отворањето на нови бизниси во САД и остранување даночни оази. Тој исто така најави и укинување на данокот на регулациите за да им се олесни на на имот. Но, Трамп во кампањата не вети компаниите повеќе да вработуваа. Тој вети некое посебно намалување на трошењата да се отворат нови 25 милиони работни по основ на јавните пензиски, здравствени места во следните 10 години и двојно да го исоцијални програми, иако парите потебни зголеми економскиот раст на 4%. за нивно финансирање во следната декада “Ќе отвориме милиони работни места значително ќе се зголемат и неизвесно за луѓе кои ќе работат на изградбата на е дали тие ќе бидат доволни без да се нашата инфраструктура”, изјави Трамп, кој во својата кампања најмногу се фокусирапе направи зголемувања на даноците. Еуфоријата за намалување на даноците која на работниците кои ги изгубија своите ги зафати сите, според некои аналитичари работни места заради глобализацијата е неоснована, бидејќи иако Трамп вети и за работниците кои останаа без работа намалување на даноците за сите, најголемо поради придвижувањето на земјата кон

СТИВЕН БЕНОН

поранешен директор на Breitbart News сајтот познат по агресивна, расистичка и ксенофобична реторика

Избран за главен стратег и висок советник на претседателот

почиста енергија. Како точно ќе изгледа економската политика на Трамп се уште не може јасно и презицно да се дефинира, но она што е сигурно е дека многу инвеститори и бизнисмени не можат мирно да спијат од неговите економски предизборни ветувања. Пазарите уште првиот ден по победатата изреагираа на неизвесноста и имаше пад на берзите. Но, тогаш Трамп прозборе и откако инвестторите се уверија дека тој звучи поинаку и попретседателски работие почнаа да се враќаат во нормала. Единствена и најголема утеха за инвеститорите барем засега може да им послужи тоа што Тамп е градител и сака да гради големи работи, што можеше да се види и од неговиот прв јавен говор како претседател во кој тој најави големи инвестиции во изградба на инфраструктурата во САД.

nnn



Капитал број 890 18.11.2016

20

www.kapital.mk

АНАЛИЗА: МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО ТРИТЕ КВА

БИЗНИСОТ ВО КРИЗА, БАНКИТЕ СО РЕКОРДНИ ПРОФИТИ

ПОЛОВИНА ОД ФИРМИТЕ ГОДИНАВА ПРОДАВААТ ПОМАЛКУ ОД ЛАНИ

Секоја втора компанија во првите три квартали од годината произведувала и продавала помалку од лани, покажува анализата на финансиските извештаи на најголемите 30 фирми доставени до Берзата. Меѓу најголемите десет котирани компании кои имаат вкупни приходи од 910 милиони евра, пет прикажаа помали приходи од продажбата од лани, една има идентични приходи, додека четири продавале повеќе отколку во првите три квартали во 2015 година. Во истиот период, седум од осум банки што доставуваат финансиски извештаи до Берзата, ги зголемија своите приходи и добивки.

ФАКТ: 10-ТЕ НАЈГОЛЕМИ КОТИРАНИ КОМПАНИИ


www.kapital.mk

Капитал број 890 18.11.2016

21

АРТАЛИ ГОДИНАВА

С пишува:

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Секоја втора компанија во првите три квартали од годината произведувала и продавала помалку од лани, покажува анализата на финансиските извештаи на најголемите 30 фирми доставени до Берзата. Меѓу најголемите десет котирани компании, пет прикажаа помали приходи од продажбата од лани, една има идентични приходи, додека четири продавале повеќе отколку во првите три квартали во 2015 година. Во истиот период, сите банки што ги доставија финансиските извештаи до Берзата, ги зголемија своите приходи и добивки. Компанијата со најголеми приходи меѓу котираните на Берзата е ОКТА, со инкасирани 219,9 милиони евра. Меѓутоа, споредено со истиот период лани, приходите на ОКТА од продажба на нафта и нафтени деривати се намалиле за 9%. На домашниот пазар се инкасирани 11% помалку приходи, додека пак извозот на странските пазари бележи минимално зголемување од 1%. Интересно е што во овој период ОКТА прикажа добивка од 4,4 милиони евра што е двојно повеќе отколку лани. Макпетрол исто така инкасираше помалку пари од продажба на нафта после првите три квартали годинава. Компанијата оствари приходи од 195,7 милиони евра, што е намалување од 14% на годишно ниво. Најголем дел од приходите на Макпетрол или дури 188,6 милиони евра се од продажба на домашен пазар, каде компанијата евидентира намалување од 13%, додека пак извозот во овој период се намалил за 26%, на околу 7,1 милиони евра. Но и Макпетрол после првите девет месеци годинава прикажа профит од 4,8 милиони евра, додека минатата година имаше загуба. Командитното друштво Оилко во кое Макпетрол поседува 35,16% од капиталот, во првите три квартали прикажа идентични приходи како и истиот период лани. Приходите од продажба изнесуваат 4,9 милиони евра. Всушност извозот, од кој што потекнуваат 90% од вкупните приходи на Оилко се намалил за 6%, за сметка на порастот на продажбата на домашниот пазар за 126% каде што се инкасирани околу 450 илјади евра. Добивката на Оилко за овој период изнесува околу 890 илјади евра што е зголемување од 21% на годишно ниво.

Фабриката за заварени цевки и профили ФЗЦ 11 Октомври во првите девет месеци оствари најголем раст на приходите од продажба на годишно ниво, за 6 и пол пати

Како работеа десетте најголеми котирани компании на Берзата Приходи од продажба ОКТА

(милиони евра) 219,9

Годишна промена

Добивка

/загуба

(милиони евра) -9% 4,4

Годишна промена 99%

Макпетрол

195,7

-14%

4,8

21%

Македонски Телеком

127,3

0%

11,6

-26%

Алкалоид

100,2

5%

8,3

10%

Арцелор Миттал ЦРМ

68,3

-7%

-1,9

/

Цементарница Усје

52,1

8%

15,6

19%

Пекабеско

47,9

18%

1,7

40%

Макстил

43,4

-1%

0,02

-21%

Фершпед

34,8

-1%

0,85

191%

Прилепска Пиварница

20,9

4%

3

-5%

Во металската индустрија, се чувствува најдлабока криза, барем ако се суди според резултатите на котираните компании. Производителот на челични производи Арцелор Миттал ЦРМ има намалени приходи од продажба за 7% на 68,3 милиони евра. Извозот кој што зафаќа најголем дел од продажбата, е намален за 5% и компанијата од продажбите на странските пазари инкасирала 58,7 милиони евра. Приходите од домашниот пазар, пак, се намалени за 16% и изнесуваат 9,6 милиони евра. Притоа, Арцелор Миттал ЦРМ во периодо од јануари до септември годинава прикажа загуба од 1,86 милиони евра. Челичарницата Макстил исто така прикажа намалување на приходите од продажба за 1%, на 43,4 милиони евра. Извозот на Макстил во првиот квартал од годината е зголемен за 29%, но во исто време компанијата бележи намалување на приходите од домашниот пазар за 16%. Крајниот финансиски резултат на Макстил е добивка од околу 25 илјади евра. Факом, како компанија во дејноста

на повисока додадена вредност во металургијата, односно проектирање, производство и монтажа на челични конструкции и производи, прикажа за 8% помали приходи во првите три квартали од 2016 година споредено со лани. Билансот на успех на Факом покажува дека вкупните приходи од продажба од јануари до септември годинава изнесуваат 14,4 милиони евра. Интересно е што падот на приходите целосно произлегува од намалувањето на извозот и тоа за над 99%, што значи дека од странските пазари Факом инкасирал само околу 31 илјади евра. На домашниот пазар, инкасирани се 14,4 милиони евра и тоа е пораст од дури 139% на годишно ниво. Единствено компанијата ФЗЦ 11 Октомври од оваа индустрија прикажа зголемување на приходите и добивката. Во периодот од јануари до септември, кумановската фабрика за заварени цевки и профили инкасирала 13,7 милиони евра од продажба што е зголемување за 6,5 пати на годишно ниво. Извозот на цевки е зголемен за

СО ПРИХОДИ ОД 910 МИЛИОНИ ЕВРА


www.kapital.mk

Капитал број 890 18.11.2016

22

АНАЛИЗА Квартални резултати на банките

Добивка /Загуба

Стопанска банка АД Скопје НЛБ банка Комерцијална банка Охридска банка Уни банка ТТК банка Стопанска банка Битола Централна Кооперативна банка

Тутунски комбинат Прилеп прикажа најголем пад на приходите од продажба во првите три квартали од 15%

НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ

#1

ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ

ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!

02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk

осум пати и притоа приходите изнесуваат 9,1 милиони евра, додека на домашниот пазар се инкасирани 4,6 милиони евра и тоа е 4,5 пати повеќе од лани. Компанијата ја надмина и загубата од лани и прикажа добивка од 3,9 милиони евра. Во фармацевтската индустрија, Алкалоид ја зголеми продажбата за 5% и инкасираше 100,2 милиони евра. Растот на приходите главно се должи на зголемениот извоз за 7% од што компанијата наплатила 60,6 милиони евра, додека пак во земјава, приходите од продажба на Алкалоид се зголемени за 2% и со тоа се инкасирани 39,5 милиони евра. Добивката на најголемата фармацевтска компанија во земјава во овој период е зголемена за 10% и изнесува 8,3 милиони евра. Од останатите компании од оваа индустрија, Реплек оствари приходи од 9,2 милиони евра и се за 7% помали од лани. Од продажбата во домашните аптеки, компанијата инкасирала 1% помалку приходи од лани, односно вкупно 5 милиони евра, додека пак извозот се намалил за 13% на 4,1 милиони евра. Од компаниите производители на градежни материјали, Цементарница Усје оствари приходи од 52,1 милиони евра и споредено со лани тие се зголемени за 8%. На домашен п а з а р о в а а ком п а н и ј а инкасирала 38,7 милиони евра што е 12% повеќе од лани, но извозот е намален за 3%, на 13,3 милиони евра. Цементарница Усје прикажа најголема добивка од сите котирани компании од 15,6 милиони евра и во споредба со лани е зголемена за 19%. Мермерен Комбинат Прилеп инкасираше 10,8 милиони

(милиони евра)

30,2 18,7 8,6 6,9 1,9 0,29 0,04 -0,4

Годишна промена 15,6% 43,6% 66,2% 14,8% / 119,50% / /

евра приходи што е за 10% помалку отколку лани. Речиси 95% од приходите оваа компанија ги прави од извоз. Крајниот финансиски резултат е добивка од околу 2,2 милиони евра но е намалена за 51% на годишно ниво. Уште една компанија од овој сектор, која што произведува градежни материјали, Адинг, ги зголеми приходите од работењето за 10%. Од извештајот на компанијата може да се види дека приходите за девет месеци изнесуваат 4,4 милиони евра. Зголемен е и извозот и продажбата а домашниот пазар, а намалена е добивката на компанијата за 6% и изнесува околу 350 илјади евра. Поголем дел од компаниите од прехранбената индустрија прикажаа поголеми продажби од лани. Меѓу нив, највисоки приходи оствари компанијата од месната индустрија Пекабеско, и тоа 47,9 милиони евра што е 18% повеќе од лани. Од нив, дури 42,7 милиони евра доаѓаат од продажpбите на домашниот пазар и 5,2 милиони евра од извоз. Меѓутоа, треба да се има предвид дека голем дел од приходите на оваа компанија доаѓаат од трговија на големо со тутунски производи. Добивката на компанијата за овој период е нешто поголема од 1,7 милиони евра и е зголемена за 40% на годишно ниво. Витаминка од Прилеп забележа пораст на приходите од 4% и после првите три квартали годинава инкасираше речиси 20 милиони евра. Извозот на производите на Витаминка е зголемен за 8%, додека пак на домашниот пазар продажбата пораснала за 1%. Компанијата прикажа профит од околу 600 илјади евра но во споредба со лани е намален за 57%.


НЛБ Станбени кредити

Твој дом, твоја слобода! Аплицирајте за НЛБ Станбен кредит до 31.12.2016 и искористете ги промотивните поволности! • Без трошоци за проценка. • Без трошоци за одобрување за сите Ризико станбени кредити и 50% пониски манипулативни трошоци за останатите Станбени кредити. • Пониски каматни стапки и поповолни услови за приматели на плата во Банката. • Бесплатна полиса за осигурување на станот за првата година. • Бескаматен Happy + инстант кредит за опремување на станот. • Бесплатна Visa Classic и MasterCard® Standard кредитна картичка.

www.nlb.mk www.nlbtb.mk

Контакт центар: 02/15-600


www.kapital.mk

Капитал број 890 18.11.2016

24

АНАЛИЗА

Компанијата која што исто така произведува кондиторски производи, Европа, продаде 2% помалку од лани и со тоа оствари приходи од 8,5 милиони евра. Извозот на компанијата е зголемен за 4% со што се наплатени вкупно 4,9 милиони евра. На домашниот пазар, пак, продажбата изнесува 3,65 милиони евра и е намалена за 8%. Добивката на Европа изнесува околу 330 илјади евра што е за 17% помалку од лани. Од производителите на пијалаци, Прилепска пиварница ги зголеми приходите од продажба за 4% во првите три квартали од годината и изнесуваат 20,9 милиони евра. Продажбата на домашниот пазар обезбедува најголем дел од приходите на компанијата, но расте и извозот. До септември, билансот на успех на Прилепска Пиварница покажува профит од речиси 3 милиони евра. Пелистерка, пак, инкасираше 12% помалку приходи од продажба, односно 5,7 милиони евра. На домашниот пазар каде што доминираат производите на Пелистерка, продажбата се намалила за 14%, додека пак извозот е зголемен за 60%. Пелистерка има добивка од околу 100 илјади евра што е за 50% помалку од лани. Винарницата ВВ Тиквеш оствари приходи од 15,6 милиони евра, што е за 11% повеќе од лани и бележи зголемување и на извозот и на продажбата на вино дома. Добивката на компанијата е нешто поголема од 360 илјади евра што е третина повеќе од лани. Компанијата Сковин од истата индустрија прикажа вкупни приходи од 2,4 милиони евра што е речиси исто колку и лани, и загуба од 1,4 милиони евра. Меѓу најголемите котирани компании што доставија финансиски извештаи до Берзата се и Македонски Телеком кој што прикажа вкупни приходи од продажба од 127,3 милиони евра и тоа е речиси исто колку и лани, а добивката на компанијата изнесува 11,6 милиони евра и е намалена за четвртина. Фершпед после првите девет месеци од годинава инкасираше 34,8 милиони евра што е за 1% помалку од лани и падот произлегува од намалените приходи од странство. Добивката на компанијата изне-

Билансот на успех на Цементарница Усје за периодот јануари – септември 2016 година покажа најголема добивка од 15,6 милиони евра

сува околу 850 илјади евра и е зголемена речиси тројно.

Банките уриваат рекорди

Банкарите во првите три квартали од годината остварија добивка од 80,9 милиони евра што е третина повеќе отколку во истиот период лани. Најновите податоци од Народната банка покажуваат дека профитабилноста мерена преку стапката на поврат на капиталот на банкарскиот сектор после првите три месеци годинава достигна 13,9% што е највисоко ниво од 2008 година наваму. Најголем дел од профитот во банкарскиот сектор во првите девет месеци од годината е направен во големите банки, во чии сефови остана добивка од 66,4 милиони евра. Средните банки заработија 14,3 милиони евра, а малите банки, ја надминаа загубата карактеристична за нив во последните неколку години и прикажа позитивен резултат од околу 160 илјади евра. Најголем дел од приходите на банките доаѓаат од камати од кои што во периодот од јануари до септември годинава на нето основа инкасирале 186,3 милиони евра, што е за 8,8% повеќе отколку лани. Од провизии и надоместоци наплатени се 50,7

милиони евра. По одделни банки, од оние што досега ги објавија кварталните финансиски извештаи, најголема добивка оствари Стопанска банка од околу 30,2 милиони евра, што е 15,6% повеќе отколку лани. Билансот на успех на НЛБ банка покажува добивка од 18,7 милиони евра што е 43,6% поголема од лани. Комерцијална банка прикажа профит од 8,6 милиони евра што е 66,2% повеќе од лани. Охридска банка Сосиете Женерал прикажа добивка од 6,9 милиони евра што е 14,8% повеќе од лани. Од средните банки, УНИ банка прикажа најголема добивка од 1,9 милиони евра, а за споредба, истиот период лани имаше загуба. ТТК банка во периодот јануари – септември искажа добивка од околу 290 илјади евра што е повеќе од двојно повеќе на годишно ниво, а Стопанска банка Битола прикажа добивка од околу 37 илјади евра со што ја надмина загубата од лани. Единствено Централна Кооперативна банка од банките што известуваат на берзата прикажа минус од околу 380 илјади евра. nnn

ТРЕНД: БАНКИТЕ СО ДОБИВКА ОД 80,9 МИЛИОНИ ЕВРА



Капитал број 890 18.11.2016

INTERVIEW 26 ИНТЕРВЈУ

www.kapital.mk

ГОРАН ЃОРЃИЕВСКИ СОПСТВЕНИК И ДИРЕКТОР НА СПЕЦИЈАЛ ПРОДУКТ

СО ВЛЕГУВАЊЕТО В ИНДУСТРИСКИ КЕТЕ ОТВОРИВМЕ НОВИ М ЗА РАЗВОЈ НА КОМП

ВТОРА ГЕНЕРАЦИЈА: “ЗДРАВИТЕ СЕМЕЈНИ ОДНОСИ ОВОЗМОЖИ


www.kapital.mk

ВО ЕРИНГ МОЖНОСТИ ПАНИЈАТА

Капитал број 890 18.11.2016

27 Ја следиме фамозната бизнис стратегија ‘Blue ocean’, односно влегување на пазар што не е освоен од конкуренцијата“, вели Горан Ѓорѓиевски, првиот човек на Специјал Продукт, компанијата што од малечка пекарска работилница, прерасна во компанија со 250 вработени, три производни погони и триесетина продажни места.

П

Поминаа 26 години откако почна со работа продавничката за бели печива на Специјал во Скопје, со едвај неколкумина вработени. Малиот бизнис на семејството Ѓорѓиевски пополека прерасна во еден од најпознатите пекарски брендови во македонската метропола, а најново е што компанијата Специјал продукт се прошири и во областа на индустрискиот кетеринг, најновиот предизвик за Горан Ѓорѓиевски, сопственикот и директор, и неговиот тим. XПосле X четврт век постоење, како би ја опишале својата компанија денес – потрошувачите најмногу ве препознаваат како пекарски бизнис, но развивте и други сегменти... За што конкретно се работи? Специјал Продукт ДООЕЛ по четврт век на постоење е потврден и препознатлив бренд. Потребата од постојано подобрување и реформи во сите области од нашето работење нè придвижуваат да работиме уште попосветено и со посилна енергија во нови процеси и нови области. Имено, Специјал е веќе етаблиран производител во пекарскo - слаткарскиот сегмент, a најново е што изградивме нов објект од 700 м2 со комплетно нова опрема за индустриски кетеринг со капацитетот од 6.000 оброци на ден. Самото заокружување на овие три области, односно придвижување кон индустриски кетеринг, претставува всушност

ИЈА УСПЕШЕН ПРЕНОС НА УПРАВУВАЊЕТО И ОДГОВОРНОСТА“


www.kapital.mk

Капитал број 890 18.11.2016

28

ИНТЕРВЈУ

На производните компании им се потребни подолгорочни банкарски кредити на 20, 25, па и 30 години отплата, со каматни стапки од по 1-2% премин од т.н. RED OCEAN во таканаречен BLUE OCEAN (стратегија што значи влегување во неосвоен пазарен сегмент, наместо борба со остра конкуренција на пазар што е веќе заситен, н.з.), што сè уште што отвора нови можности за нашата компанија. Сметаме дека заедничката синергија од овие три области ќе не направи уште поконкурентни на пазарот. XШто X значи денес Специјал, во смисла на број на производни и продажни капацитети, број на вработени, итн.?

Специјал денес претставува сериозен бренд на македонскиот пазар, со фабрика за замрзнати пекарски производи, фабрика за слаткарски производи, логистички центар за снабдување на нашите производно -продажни единици, 28 продажни точки од кои 10 под наш бренд и 18 шопинг -шоп позиции, погон за индустриски кетеринг (6.000 оброци на ден), 250 вработени, интегриран софтвер на ниво на цела компанија, 15 дистрибутивни возила и комплетно техничко- технолошка

инфраструктура кој што го поддржува сето ова. XСо X колку организации и компании соработувате како снабдувачи на храна на редовна основа? Специјал Продукт како оператор за производство и достава на храна е отворен за соработка со сите институции кои се јавуваат како крајни потрошувачи, така да нашата референтна листа опфаќа државни институции (Министерство за одбрана, Министерство за труд и социјална политика, општински центри), болници со сертифицирани најсовремени и најстроги стандарди, училишта, детски градинки, големи трговски синџири, како и приватни компании за кои испорачуваме храна. XКаков X беше трендот на приходи од продажба и добивка последниве години, дали компанијата бележи континуиран раст? Компанијата бележи континуиран раст во поглед на продажбата и добивката кој што го одржуваме постојано во минатото, при тоа исто така инвестираме во еден непрекинат циклус овозможувајќи следствено растот, како и развојот да ги одржуваме во континуитет слеwдните години. XКолку X долго вие работите во семејната компанија и од кога топ менаџерските позиции се во ваши раце? Имаше ли предизвици при пренесувањето на управувачката функција од основачите кон втората генерација? По моето завршување на Машински факултет веднаш почнав со работа во Специјал, тогаш Специјал беше фирма со 5 вработени и една производна единица. Практично, почнав и учествував во целиот процес на раст и развој на Специјал. На почетокот, секако, одлуките не ги носев јас, но по одреден период од неколку години, би рекол, на успешно докажување и соодветен раст на компанијата, во даден момент ја презедов одговорноста што подразбираше продолжување на здравиот и конзистентен раст на компанијата. Морам да истакнам дека Специјал е фирма градена од нула, односно не учествувала во никакви транзициски случувања и не е наследен никаков претходно изграден систем на функционирање. Растењето на компанијата и при тоа градењето на нејзините оддели и процеси практично е паралелен процес што е исклучително тешко. Мислам дека здравите релации во нашето семејство овозможија и преносот односно делегирањето на одговорноста за управување на компанијата да биде врз основа на успешни и издржани параметри, при тоа не прејудицирајќи ги семејните релации. XКои X беа всушност најголемите предизвици за вас како сопственици и менаџери додека компанијата растеше од мал бизнис кон сериозна компанија – дали тоа

КАДАР: “ЗАНАЕТИТЕ СЕ НЕОПРАВДАНО ЗАПОСТАВЕНИ


www.kapital.mk

Капитал број 890 18.11.2016

29

Специјал е фирма градена од нула не учествувала во никакви транзициски случувања и не е наследен никаков претходно изграден систем на функционирање. беше делегирање на одговорност, формирање на посебни оддели, финансискиот менаџмент...? Водењето на компанија од ваков тип само по себе претставува предизвик, постојан генериран раст, динамични параметри на работење во и надвор од нашата компанија, постојано редефинирање на приоритети, фокус на најважните сегменти од работењето, организирање на тимско функционирање, менаџирање на растот во одржани маргини. Повеќеслојни се работите, можеби тука би го истакнал формирањето на посебни оддели, бидејќи потребно е да се изнајдат соодветни човечки ресурси кои би го поддржале сето тоа. XКако X го финансирате развојот на компанијата, дали претежно сте се потпирале на сопствената акумулација или сте користеле банкарски кредити? Финансирањето на нашата компанија секогаш одело во еден паралелен процес со наши и со банкарски средства. Тука би

ја истакнал синергијата помеѓу банката и компанијата во развојот на секое претпријатие, односно не е возможен соодветен квалитетен развој на ниедна фирма без квалитетни банкарски ресурси. Во принцип, сметам дека секогаш кога може, треба да се користат банкарски кредити за долгорочни инвестиции во основни средства, било да се недвижности или техничка опрема. При тоа треба да се направи сериозна анализа дали самата инвестиција е разумна, издржана и квалитетна. Ваквата анализа неопходно е да е поткрепена и од издржани надво-решни фактори. XАко X порано бизнис секторот се жалеше дека банкарските камати се превисоки, сега се спуштени на историски најниско ниво, но компаниите се жалат дека банките потешко даваат кредити денес. Какво е вашето искуство? Во однос на банкарските камати и временскиот период на кој се даваат банкарските кредити во овој момент би имал сериозни забелешки.

Тука би напомнал дека според статистиката во Македонија од вкупниот број на претпријатија само околу 15% се производни, односно субјекти што создаваат реална вредност во земјава. Сакам да кажам дека секаде во светот овие претпријатија се движечка сила за секоја економија, односно на нив им се посветува посебно внимание од државата, како и од банките како институции, значи за нив има посебни кредитни линии со минимални каматни стапки од 1 % и со рокови на отплата од 20, 25 па и 30 години. Доколку постојат вакви кредитни линии за вакви производни претпријатија кај нас, ќе се овозможи уште поголем простор за развој, односно поголем број на вработени, поголема база на банкарски услуги од секаков вид и поголема стабилност за самите фирми. Би заклучил со следново: има ли поголема помош за овие фирми доколку обврските кон банките кои сега се во рамки на 8 или 10 години максимум, им се сервисираат на 20 или 25 години со незначителни каматни стапки. Зборуваме

И ВО ОБРАЗОВАНИЕТО - ФАЛАТ СЛАТКАРИ, ПЕКАРИ...“


www.kapital.mk

Капитал број 890 18.11.2016

30

ИНТЕРВЈУ

МОЖНО Е СПЕЦИЈАЛ ДА СЕ ПРОДАВА И КАКО ФРАНШИЗА XX Какви се вашите планови за развој на компанијата на среден и долг рок? Дали можеби размислувате за франшизингот како опција за експанзија на бизнисот и во други градови од земјава, на пример? Специјал имаше силен развој минатите години, а оваа година се трудиме да ги стабилизираме процесите на нашата компанија, да станеме поефективни и поефикасни, попродуктивни и квалитетно да завршиме некои интерно зададени процеси.

за производни компании со беспрекорно CV, што следствено претставува долгорочна предвидливост и стабилна иднина во однос на нивното функционирање. XИмате X ли проблем со наоѓање квалификувани кадри за вашите бизниси? Како го надминувате овој предизвик? Работодавците во земјава постојано велат дека за добри стручни кадри секогаш има “глад“ во компаниите и дека тие позиции се секогаш солидно платени. Колку би платиле вие за човек што ви е исклучително битен и потребен за успешно функционирање на бизнисите на Специјал? Нашата максима е ,,Во Специјал секогаш постои простор за квалитетен човек“.

Паралелно со тоа постојано инвестираме во различни сегменти во нашата компанија во зависност од нашите процеси и соодветно зададени проекти. Еден од приоритетите ни се заокружување, односно зацврстување на брендот со сите атрибути што го дефинираат тоа, додека на среден и долг рок планираме да продолжиме со понатамошна експанзија низ целата држава со соодветна форма на франшизинг или други модуси на експанзија.

Имено веќе се чувствува недостиг на квалификуван кадар на пазарот во однос на стручните позиции во нашата компанијата. Сметам дека образованието треба да се дореформира и да го следи бизнисот во однос на неговите потреби за HR – човечки ресурси. Квантумот на човечките ресурси што излегуваат од средните стручни училишта од каде што сме особено заинтересирани да апсорбираме кадри (пекари, слаткари, готвачи) е многу мал. Во ист момент гледаме дека имаме средни училишта кои што создаваат непрпорционално многу ученици во општи и социјални насоки кои понатаму многу тешко наоѓаат работа. Тука би истакнал особено една болна теза која што остана од социјализмот, односно перцепцијата во општеството

за занаетите и стручното образование - дека тие се дно на општествената скала, со други зборови несоодветно во нашето општество е да се биде занаетчија, иако тие се одлично платени. Конечно сметам дека можеби треба од страна на институциите да се направи некаков вид на кампања со цел да се поттикнат младите за се запишуваат во стручните училишта како и да се фокусираат кон техничките струки, и во средно и во високо образование бидејќи секогаш ќе најдат полесно работа. Добрите стручни кадри во Специјал се добро платени и апсолутно не се штеди на нив, напротив согласно горе наведената максима има голем простор за докажување на нивната успешност врз основа на која несебично наградуваме. nnn

ПРИОРИТЕТ: “СИЛЕН БРЕНД И ШИРЕЊЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА“



www.kapital.mk

Капитал број 890 18.11.2016

32

БИЗНИС И ТЕХНОЛОГИЈА

ПО ФАМОЗНАТА СТОРИЈА ЗА ВЕЛЕШАНИТЕ И ТРАМП

КАПИТАЛ АНАЛИЗИРА:

КАКО СЕ ЗАРАБОТУВА СО ПРИВЛЕКУВАЊЕ РЕКЛАМИ НА ИНТЕРНЕТ

Неколку влијателни светски медиуми објавија стории за тоа како стотина и кусур веб - сајтови регистрирани во нашиот Велес, објавувајќи сензационалистички, многу често лажни или непроверени вести во корист на Доналд Трамп и неговата кампања за претседател на САД, заработиле многу пари од рекламите што се “лепат“ на овие сајтови заради големиот број на читатели. Buzzfeed.com објави дури серија на написи посветени на овие “велешки сајтови за Трамп“, што резултираше со прозивката на Facebook и Google дека всушност затаиле дозволувајќи лажни вести да влијаат врз изборната кампања во САД, а некој од тоа уште и заработил добро, и тоа во “некоја си таму Македонија“. На крајот, и Google и Facebook се огласија, и ветија дека ќе стават крај на информативните портали што дезинформираат и шират разни шпекулации. Но, “велешките е - бизнисмени“ си завршија работа...

пишува:

В

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Веста дека млади велешани заработиле купишта пари креирајќи веб- сајтови што пренесуваат пропагандистички вести за Доналд Трамп веќе сите ја знаеме и колку сето тоа предизвика сензација во

јавноста деновиве, особено откако Трамп изненадувачки стана новиот претседател на САД. За овие веб – страници прва во земјава пишуваше новинската агенција metа.мк уште пролетоска, кога јавија дека луѓе од неколку македонски градови, најмногу од Велес, направиле портали за вести во потрага по повеќе кликнувања и по заработка. Петтемина млади велешани, со кои „Мета“ тогаш контактираше, посочија дека финансискиот надомест им е најсилниот мотив за регистрирање на веб-сајтовите и дека нив ниту Трамп, ниту Хилари не ги интересираат. “Смешно е да се верува во тоа дека овие луѓе водат легитимни медиуми и покрај тоа што на дневно ниво сериозните инвестираат повеќе од 8 работни часа, бидејќи страните што ние ги анализиравме

(над 300 кои ги пронајдовме), а се дел од оваа шема го следат истиот концепт – инсталирање темплејт без никакви посебни подесувања ниту пак информација кој стои зад сајтот, крадење содржини (оние кои малку повеќе ќе навлезат преведуваат од македонски на англиски или пак минимално ги изменуваат) и комплетно спамирање на Facebook во секоја можна форма – преку групи, реклами, страни, приватни профили, лажни приватни профили и сл. “, пишува македонскиот информативен сајт за технологија it.mk. Чести пракси се правење на групи кои се од општествен интерес или бараат или изразуваат поддршка, па откако ќе се стекне голем број на фанови, да се промени името на групата и да се користи за спамирање со линкови до содржина која содржи реклами. Се оди до таму дури

НЕМА ЛЕСНИ ПАРИ: БЕЗ СПАМИРАЊЕ, ТРЕБА КВАЛИТЕТНА


www.kapital.mk

Капитал број 890 18.11.2016

33

и да се купуваат и нудат понуди за страни кои имаат голем број на лајкови, па така Daily Dot дури има и статија од август, насловена „Како спамери за малку ќе ја уништеа најголемата meme Facebook страна за Simpsons“ во која што има и слики од размена на пораки со извесен Александар Р. и Валентина Д. во кои тие му нудат пари на креаторот на групата за да ја откупат, објаснува It.mk.

Велешаните направија што направија пари, Facebook и Google велат нема повеќе на тој начин!?

Двете најголеми компании, Facebook и Google, кои се инволвирани во шпекулациите дека нивните платформи биле затруени со

лажни вести кои влијаеле на изборите во САД, најавуваат драстични промени, како што јавија светските медиуми, а меѓу првите во земјава пренесе порталот it.mk. Google и Facebook ветуваат дека ќе стават крај на страниците кои дезинформираат и шират разни шпекулации, теории на заговор и т.н. clickbait линкови. Речиси секој медиум кој ја третира темава, ја споменува Македонија и статијата на Buzzfeed. Несомнено, темата е разгорена и по шокот на многу Американци дека на изборите всушност победи Доналд Трамп, а не Хилари Клинтон, сега бараат објаснување како да го објаснат тоа што се случи – за многумина, лажните вести на Facebook се една од главните причини за

победата на Трамп, нешто што дури и Марк Закерберг го негираше и го нарече лудост. Околу идејата за како да се спречат овие сајтови најпрво се јави Google кој објави дека ќе стави крај на приходите на овие страници, елиминирајќи ги од AdSense платформата. Компанијата ќе ги исклучи можностите за користење на онлајн алатки за реклaмирање на овие веб страници, јави New York Times. За пример, дел од македонските веб сајтови кои во светските медиуми беа посочени како главни дезинформатори, тврдат дека немаат други приходи освен рекламите од Google, иако има многу сајтови кои користат и трети платформи за пласирање на реклами, кои исто така се на линија со

А СОДРЖИНА, ИНВЕСТИЦИИ И УПОРНОСТ ЗА ЗАРАБОТКА


www.kapital.mk

Капитал број 890 18.11.2016

34

БИЗНИС И ТЕХНОЛОГИЈА

КАКО СО ИНФОРМАТИВЕН ВЕБ – САЈТ СЕ ПРАВАТ ПАРИ СО ПОМОШ НА GOOGLE И FACEBOOK?

И

нкорпорирањето на платформата на Google, наречена AdSense, на вашиот веб – сајт е само еден начин на заработка од онлајн рекламирањето – алатка од која што дечките од Велес ги направиле и најголемиот дел од парите всушност. Дискутабилно во нивниот случај е што многу се служеле со спамирање (види објаснуваме . Што е АdSense? Тоа е платформа за објавувачи (publishers) односно сопственици на веб – сајтови или блогови што сакаат кај нив да бидат прикажувани реклами, односно Google Ads. Системот за оние што сакаат да ги рекламираат своите производи/услуги со помош на Google се вика AdWords. Објавувачите добиваат за секој клик на реклама што се појавува на нивниот веб – сајт, односно, во моментов, тоа значи, дека ако огласувачот плати еден долар за секој клик на неговата реклама, објавувачот ќе добие 68 центи, а Google 32 центи. Објавувачите на AdSense се исплаќаат еднаш месечно од страна на Google. За да се искористи оваа платформа треба прво да креирате своја сметка (account) и да ги следите правилата на AdSense. Тука треба да се запознаеме со категоријата click through rate - CTR , односно колкав е одѕивот за тие реклами или колку од оние што ја гледаат рекламата, ќе кликнат на неа. “На Facebook просечната CTR е од 0,7 до 1,5%, што значи дека на 100 појавувања на рекламата едвај еднаш ќе биде кликнато на неа. Кај прикажувањето на банерите просечен CTR е од 0,1 до 0,27%, додека на мобилни уреди прикажувањето на банерите има CTR од 0,37 до 1,5%. Што значи ова? Доколку огласувач употреби добар банер што ќе се вчитува на мобилен, поголема е веројатноста дека ќе има конверзија, односно дека некој ќе кликне, ќе “слета“ на сајтот што

етичкото пласирање на реклами. Земајќи го предвид фактот дека рекламните мрежи како ad.content и RevShare не познаваат

Adsense платформата на Google е моментално најактуелната алатка за заработка од реклами на вашиот вебсајт

се вели во овој жаргон, ќе се случи некаква активност.“, објасни во неодамнешното интервју за Капитал, универзитетскиот професорот по е-бизнис , Димитар Јовевски. Бројот на посети на вашиот веб – сајт може драстично да се зголеми со користење на социјалните мрежи. На пример, формирате fan page, на вашиот портал на Facebook, каде што ќе ги споделувате вестите што ќе ги објавите на веб – сајтот, и на тој начин можете да дојдете многу побрзо до повеќе читатели. Причината е тоа што луѓето што се постојано на Facebook, таму сакаат да им стигаат вести, информации, известувања за настани и сл. Ако “лајкнат“ на вашата фан страна, потоа ќе ги добиваат сите вести што вие ќе ги споделувате од вашиот вебс - сајт на Facebook. Всушност, веројатноста е многу голема да имате повеќе читатели преку Facebook, одошто на самиот веб – сајт. Штом фановите на Facebook ќе кликнат на веста што сте ја објавиле/ споделиле, тие ќе “слетаат“ всушност на оригиналниот информативен веб – сајт, каде што ги чекаат рекламите поставени со помош на AdSense. E, сега, прашањето е колкумина што ќе ја видат рекламата, всушност и ќе кликнат на неа, а не само да ја забележат. Во, секој случај, треба голема база на фанови на Facebook, што се мери во рангот на стотици илјади и повеќе, за да може да сметате на сумите што од реклами се слевале во џебовите на младите македонски креатори на сајтови посветени на Трамп.

баш етички граници како Google, ударот на Google со елиминирање на сајтовите од AdSense ќе влијае само делумно на нив.

Едноставно, спамирањето и објавувањето на лажни или ископирани (украдени) вести нема да функционира повеќе. Ваквите


ПОЛНИ РЕТКО , ВОЗИ ДОЛГО

www.detoil.com.mk


Капитал број 890 18.11.2016

36

www.kapital.mk

БИЗНИС И ТЕХНОЛОГИЈА

Велешките сајтови за Трамп станаа светска сензација, а Facebook беше прозван дека покажал слабост и оставил лажни вести да влијаат врз избирачите во САД.

пракси лесно ќе се идентификуваат, со што Google ќе ги забрани од своите алатки и AdSense, а и Facebook ќе ги избрише страните или пак ќе им го намали влијанието и дистрибуцијата на содржини. Ефектот кој е направен од ваквите лажни вести е преголем и е доста актуелен. Актуелна е генерално темата за политика и изборите во САД, но IT.mk идентификуваше скоро 1.000 сајтови за здрава исхрана поврзани со Македонија кои пласираат секакви информации, рецепти, лекови и бабини деветини што значи дека ударот од страна на Google и Facebook скоро сигурно ќе ги зафати и овие страни и сличните кои функционираат на ист принцип. Како сега понатаму “велешаните“ ќе прават пари? Промена на стратегијата, вели it.mk. Нудење квалитетна содржина и реален пласман на содржини – практично водење на легитимен онлајн медиум со јасно наведени извори, кој стои зад сајтот и слично. Менување на стратегијата, стопирање на спамот и водење на онлајн медиум за скоро сите овие сајтови ќе значи шок – повеќе работа, помали приходи и повеќе проблеми. Па така претпоставка ни е и дека голем дел од сајтовите ќе си продолжат со истиот терк, наоѓајќи го приходот во други рекламни мрежи кои не се на Google. nnn



ШТО ДОБИВАТЕ СО ОН-ЛАЈН ПРЕТПЛАТА НА КАПИТАЛ: претплата на 1. Со електронското издание на Капитал

заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

за најава од 2.Можност три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

до електронското 3. Пристап издание од било каде во Светот

ШТО ДОБИВАТЕ СО ПРЕТПЛАТА НА ПЕЧАТЕНОТО ИЗДАНИЕ НА КАПИТАЛ: l 49 броја на редовното издание на Капитал l 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал l Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа l Платена поштарина l Вклучено ддв l Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози



www.kapital.mk

Капитал број 890 18.11.2016

INTERVIEW

40

ИНТЕРВЈУ

АРТЕМ СКУБЕНКО ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БОРДОТ НА ДИРЕКТОРИ И ФИНАНСОВ ДИРЕКТОР НА КОППЕР ИНВЕСТМЕНТС

Само во првата година од рудникот Казандол кај Валандово планираме да извеземе финален производ во вредност

ЗА 10 МЕСЕЦИ ЌЕ И БАКАРНИ КАТОДИ

K

Компанијата Сардич MЦ по двегодишни истражувања, по добивање на сите неопходни дозволи и решенија кон крајот на август годинава почна со изградба на новиот рударски комплекс во Казандол, Валандово. Ова е првпат по 40 години во Македонија да се гради рудник. Сопственик на компанијата Сардич МЦ е акционерското друштво Коппер Инвестментс, компанија основана со британски капитал. Инвестицијата ќе изнесува 35 милиони евра и само во првите седум години компанијата очекува да оствари приходи од приближно 150 милиони евра. Разговаравме со Артем Скубенко, заменик претседател на Бордот

на директори и финансиски директор на Коппер Инвестментс за тоа што ќе значи инвестицијата за нив, но и за македонската економија. XКако X Сардич МЦ се одлучи за доаѓање во Македонија и што според Вас беше пресудно за вашата одлука за интерес за инвестирање во земјава? Како компанија со долгогодишно искуство и работа во рударскиот сектор и металургијата постојано работиме на анализа на нови пазари, но и анализа на можностите за ширење на дејноста преку нови инвестиции и лоцирање на нови наоѓалишта. Конкретно за условите за бизнис и инвестиции во Република Македонија првично бев запознаен од страна на македонскиот амбасадор во Украина, господинот Ацо Спасеновски, кој детално нe информираше за одличните услови за инвестирање и бизнис во Македонија, за големиот број на реформи што вашата држава ги има направено за инвеститорите и за одличната работна квалификувана сила што постои во вашата

држава. Иако претходно бевме запознаени со одредени информации за Македонија пред сe преку контакти со наши деловни партнери и информации од економските списанија, контактот со вашиот амбасадор беше причина повеќе да продолжиме да се интересираме за Македонија. Таквиот интерес подоцна продолжи преку комуникација и контакти со претставниците на вашата влада, со премиерот господинот Груевски и со министрите, средби на кои детално бевме информирани за сe што нас нe интересираше и на кои што се уверивме дека вашата влада навистина е пријателски настроена кон компаниите и кон странските инвеститори, нешто што во текот на нашата инвестиција само дополнително ни се потврди. Ова го потенцирам затоа што морам да ја поздравам одличната комуникација со Владата, одличната ефикасност на институциите и одличните услови за водење на бизнис во вашата држава кои слободно можам да кажам дека се подобри од многу други држави. Тоа е едната причина за нашата одлука за инвестирање. Втората причина за оваа наша инвестиција


www.kapital.mk

Капитал број 890 18.11.2016

41

од 20 милиони евра. Тоа претставува значајна сума како за нашата компанија така и за вашата

национална економија и рударскиот сектор. Нашите првични процени базирани на истражувањата

говорат дека во Казандол - Север има потенцијал за експлоатација во следните 15-20 години.

ИЗЛЕЗАТ ПРВИТЕ И ОД КАЗАНДОЛ се рудните потенцијали. После првичните анализи како компанија се пријавивме за добивање концесии за детални истражувања на три наоѓалишта, Казандол и Плавуш Валандовско и Петрошница во Старо Нагоричане. Позитивните резултати од деталните геолошки истражувања во локалитетот Казандол нe уверија во руден потенцијал на бакар и така после макотрпна работа ја донесовме конечната одлука за инвестирање во Македонија и изградба на рударскиот комплекс за катоден бакар, Казандол, чија градба ја почнавме во август оваа година. Како што кажавте и самите, станува збор за инвестиција од 35 милиони евра. XШто X конкретно подразбира оваа инвестиција и што точно се гради во Казандол? Накратко кажано оваа инвестиција подразбира изградба на еден исклучително модерен и современ рударски комплекс за производство на катоден бакар во Валандово. Главен партнер за технологијата и доставувач на опремата е компанијата Аутотек (Финска) светски

Најодговорно тврдам изградбата и работењето на рудникот Казандол нема да продуцира никакви негативни влијанија и последици врз животната средина. лидер во проектирање и производство на опрема за металургија. Компанијата има долгогодишно успешно искуство во изградба на слични комплекси во повеќе од 10 земји во светот. Имено, во рамки на оваа инвестиција која веќе се реализира ќе бидат изградени три функционални целини кои претставуваат една интегрална целина составена од површински коп, односно тоа е самиот рудник, хидро-металуршки дел со одлагалиште за рудата и производствен погон со примена на така наречена SX-EW технологија, како и целокупна внатрешна

инфраструктура во комплексот, деловни простории и нови пристапни патишта до комплексот. Оваа инвестиција подразбира 250 нови вработувања од Валандово и соседните општини и нова вредност во вашиот рударски сектор, кој морам да потенцирам дека во идниот период дополнително ќе се развива и дополнително ќе стимулира и инвестиции и нови работни места, а се разбира и зголемување на извозот од Македонија. XВелите X зголемување на извозот... Што подразбира тоа од аспект на


www.kapital.mk

Капитал број 890 18.11.2016

42

ИНТЕРВЈУ

ПЛАНИРАМЕ ДА ИНВЕСТИРАМЕ УШТЕ 250 МИЛИОНИ ЕВРА ВО МАКЕДОНИЈА XX Кажавте дека правите истражувања во Плавуш, а при почетокот на градба на рударскиот комплекс во Казандол, информиравте и за истражувања кои ги правите во североисточниот дел на Македонија, поточно во Старо Нагоричане. Кои се вашите идни планови? Како се реализираат истражувањата во Македонија така и нашите планови се збогатуваат. Истражувањата кои ги правиме во Старо Нагоричане, односно на локалитетот Петрошница се фактички дел од нашата трета концесија за детални истражувања и резултатите кои ги имаме добиено досега можам да кажам дека се одлични. Во Казандол говориме за бакар, а во Петрошница говориме за повеќе различни метали вклучително и злато. Од тоа што досега го имаме истражено слободно можам да кажам дека станува збор за руден потенцијал кој е можеби и 10 пати поголем од наоѓалиштето во Казандол. И токму поради тоа веќе разработуваме инвестициски план, со детална развојна стратегија која сметаме дека ќе започне со реализација за две до три години. Планираме во Старо Нагоричане да инвестираме над 250 милиони евра. Тоа е огромна инвестиција на која пристапуваме со огромна сериозност и посветеност

вашето планирано производство и кои се вашите годишни проекции за производство и извоз? Нашите планови се за 10 месеци да стартуваме со производството на првите бакарни катоди, кои како што и најавивме ќе се произведуваат во Валандово и ќе се извезуваат на европскиот пазар. Станува збор за бакарни катоди кои имаат своја примена во производството на бакарните производи. Веќе имаме обезбедено пазар за пласман на нашите производи, односно на почеток тие ќе бидат пласирани на пазарот во Европа, а се разбира, ги разгледуваме можностите и за проширување на пазарот со нови држави и компании во други региони. Почетните производствени проекции ни се заокружени на околу 4.000 тони бакарни катоди на годишно ниво во првите години и постепено зголемување на овој годишен капацитет во идните години. Ако се земе во предвид фактот што цената на еден тон бакарни катоди на пазарот во моментов е 5.000 евра во тој случај произлегува дека само во првата година планираме да извеземе финален производ во вредност од 20 милиони евра. Тоа претставува значајна сума како за нашата компанија така и за вашата

затоа што станува збор за еден крупен инвестициски проект не само во вашата држава туку и во регионот. Во нашите развојни планови планираме таму покрај рудникот да изградиме и производствени погони и комплетна инфраструктура. Што значи, како што и самите можете да се уверите, инвестицијата во Казандол е почеток на успешната приказна на Сардич МЦ во Македонија. Нашите планови се поврзани со Македонија и во следниот период ќе продолжиме да работиме како на изградбата на рударскиот комплекс Казандол така и на испитувањата во Валандово и Старо Нагоричане. Од нашите познавања во рударството сакам да истакнам дека Македонија лежи на огромно рудно богатство. Дека во Македонија рударството допрва почнува да се развива и не сакам да бидам погрешно сфатен, но следејќи ги процесите во рударството сметам дека за 5 до 7 години рударството ќе забележи еден огромен раст во вашата држава. Имате руден потенцијал, имате одлична бизнис клима, работна сила и одлични услови за водење на бизнис со многу добри процедури за компаниите и затоа сметам дека ни претстои добра иднина.

национална економија и рударскиот сектор. Нашите првични процени базирани на истражувањата говорат дека во КазандолСевер има потенцијал за експлоатација во следните 15-20 години. Веќе вршиме дополнителни истражување во КазандолЈуг за проширување на рудните резерви, а исто така и на локалитетот Плавуш, кој е веднаш до Казандол. Можам да кажам дека иако сме во почетни истражувања, имаме сериозни индикатори за сериозен дополнителен руден потенцијал на делот на Казандол Југ кој практично би значел продолжување на работата на рудникот во иднина. XСпомнавте X дека планирате 250 вработувања. Со која динамика планирате да ги реализирате вработувањата и може ли да кажете колкава ќе биде платата за вработените? Паралелно со изградбата на рударскиот комплекс планираме постепено зголемување и на бројот на вработените. Во овој момент имаме 40 вработени, а во следните неколку месеци планираме континуирано зголемување на овој број. Најголемиот дел од планираните вработувања ќе се однесуваат на лица

кои ќе работат на површинскиот коп, а еден дел од вработувањата ќе се однесуваат на инженери и останати потребни високо образовани кадри. Она што особено е важно и директно поврзано со вработувањата е тоа што сите лица вработени во Сардич МЦ ќе поминат неколку месечна обука која ќе биде реализирана од страна на произведувачот на опремата, реномираната компанија Aутотек и ќе се стекнат со нови квалификации и вештини корисни за идното функционирање на Казандол. Што се однесува до нивото на планираните плати за вработените во моментов можам да кажам дека платите ќе бидат на исто ниво, па дури и повисоки од просечните плати во рударскиот сектор. Како компанија имаме една девиза – Вработените мора секогаш да бидат на прво место и секогаш да бидат задоволни и водени од оваа девиза, можам да уверам дека статусот, стандардот и безбедноста при работата на нашите идни колеги е од особено значење за нас како компанија и тоа е област на која обрнуваме и ќе продолжиме да обрнуваме посебно внимание. XА Xколку обрнувате внимание на заштитата на животната средина?

СКУБЕНКО: ВО ПРВАТА ГОДИНА ЌЕ ИЗВЕЗЕМЕ ФИ


www.kapital.mk

Капитал број 890 18.11.2016

43

Изградбата на комплекси од овој вид секогаш е директно поврзана со животната средина и одредени негативни влијанија врз животната средина... Ќе има ли изградбата и функционирањето на рудникот негативни последици врз животната средина? Заштитата на животната средина е наш врвен приоритет. И најодговорно можам да кажам дека изградбата и работењето на рудникот нема да продуцира никакви негативни влијанија и последици врз животната средина бидејќи технологијата која ќе се применува претставува затворен циклус кој не создава било какви емисии. Ние сме пред сe општествено одговорна компанија и во секој наш проект се водиме од потребата за одговорно управување и заштита на животната средина. Знаете, ние сме одлучиле да инвестираме 35 милиони евра тука, сме одлучиле да формираме тим на вработени кои ќе бидат дел од семејството на Сардич МЦ и сето тоа нe прави најнапред да бидеме совесни и одговорни пред нас самите за заштитата на животната средина, и за нас, и за нашите вработени, но и за локалното население кое е нашиот сосед, и убеден сум дека голем дел од нив ќе бидат наши колеги.

Втората причина за почитување на стандардите за заштита на животната средина се секако законите на Македонија за заштита на животната средина коишто целосно ги имаме испочитувано и коишто мора да ги почитуваме и во иднина. Трета причина е нашиот имиџ во меѓународни рамки кој ни создава обврска да ги воведуваме најновите стандарди во нашата работа. Поради овие три моменти, од првиот ден на овој проект обрнуваме посебно внимание на животната средина. Уште кога почнавме со проектирање основен акцент беше екосистемот во регионот. И тоа резултираше со добивање на сите потребни документи согласно позитивната законска регулатива на Република Македониjа, кои на крај со исполнување на сите наши предвидени активности и превземени обврски од истите документи треба да резултираат со издавање на А-интегрираната дозвола од страна на Министерството за животна средина што претставува една потврда за нашите заложби за почитување на законските норми и стандарди во делот на екологијата. Во сите компаративни студии на проектот се вклучени сите европски искуства и стандарди како и канадските практики во

областа на примена на најдобрите практики поврзани за заштита и управување со животната средина. Дополнително, како компанија која практикува највисоки еколошки стандарди направивме и независна ревизија на проектот во делот на еколошките и социјалните аспекти. Изработувач на таа студија беше финската компанија Поири – една од најреномираните компании во оваа сфера во Европа и тоа мислам дека е дополнителен доказ на нашата посветеност на екологијата. Финската компанија Поири е компанија која повеќе од 5 децении е еден од водечките брендови во консалтинг менаџментот за инженеринг и заштита на животната средина и на годишно ниво реализира над 10.000 проекти насекаде во светот во над 20 различни области. Станува збор за компанија која има проекти во Финска, Шведска, Германија, Австрија, Швајцарија, САД, Бразил, Русија.... Компанија која е докажана секаде во светот и која мислам дека е повеќе од доволна гаранција за сето она што го работиме, за нашата посветеност кон заштитата на животната средина, процес во кој посебно влијание има хидрометалуршката технологија на производство на бакарните катоди, при кој не се применува топење на рудата. nnn

ИНАЛЕН ПРОИЗВОД ОД 20 МИЛИОНИ ЕВРА


РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 22 НОЕМВРИ 2016

ЕДНОДНЕВЕН ТРЕНИНГ ЗА:

ПРИМЕНА НА EXCEL ЗА СЛЕДЕЊЕ И АНАЛИЗА НА НАБАВКИТЕ И ЗАЛИХИТЕ l 24 ноември 2016 (четврток) l 10:00-15:00 часот l Институт Концепт, Скопје БЕНЕФИЦИИ ЗА ВАС И ВАШАТА ОРГАНИЗАЦИЈА:

КЛУЧНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ТРЕНИНГОТ:

l На компаниите им требаат извештаи од кои можат

l работа на практични примери

јасно да се следат набавките и залихите. Како истите да се создадат брзо и ефективно? Како истите да бидат прегледни и разбирливи? Како да станете експерт за подготовка на извештаи?

l Тоа е можно со користење на Excel. Сепак, само 1%

од вработените во една компанија имале било каков вид на обука за работа во Excel

(набавки, залихи, финансии, трошоци)

l фокусиран, интензивен тренинг во еден ден l напредни техники во Excel

На тренингот ќе се користат само бизнис примери од анализа на набавките, залихите, трошоците и финансиите.

l Овој тренинг објаснува напредни техники за следење

и анализа на набавките и залихите во Excel, со практични примери од бизнисот. Според мислењето на учесниците, по тренингот нивната работа се забрзала и до 10 пати!

l Примерите кои се користат се исклучиво од пракса

ПРЕДАВАЧ:

ПРОФ. Д-Р ЗОРАН ИВАНОВСКИ,

редовен професор на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3128 526 l 070 272 207


They say diamonds are forever… and so is an MBA!

Enjoy the most Valuable classroom experience – real life Harvard Business School case studies, business simulations and participant centered learning that enhance your strategic decisionmaking skills and critical thinking

a Rare opportunity to learn alongside esteemed professionals in order to build an extensive and exclusive network of useful contacts which could lead to new business opportunities The most Desirable and sought after degree in the world by employers, entrepreneurs and future leaders

World-class curriculum that applies a global outlook on current issues, taught by international faculty from top –tier schools with a rich portfolio of expertise

A brilliant cut to fit your demanding work schedule and maintain your work – life balance, giving you more flexibility to acquire the skills and experiences to fulfil your career objectives

Access to the Highest Quality internationally accredited degree by the Accreditation Council for Business Schools and Programs (USA) created as a combination of European and American educational standards

So don't lose a diamond, while chasing glitter! Enroll at the UACS MBA program! За повеќе информации: Бул. Трета македонска бригада бр. 60, 1000 Скопје Телефон: + 389 (0) 2 2463 156; 2463 159 Е-пошта: graduate@uacs.edu.mk

www.uacs.edu.mk

UACS SKOPJE

UACSKOPJE

YOUTUBE.COM/USER/UACSKOPJE

UACSKOPJE


www.kapital.mk

Капитал број 890 18.11.2016

46

БАЛКАН БИЗНИС И ПОЛИТИКА

ОПОЗИЦИСКИОТ КАНДИДАТ СТАНА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БУГАРИЈА

РУМЕН РАДЕВ

ПРОРУСКИ ГЕНЕРАЛ, (САМО) НА ПРВ ПОГЛЕД Поради залагањето за укинување на санкциите кон Русија и заземањето прагматичен став на Бугарија за руската анексија на Крим, впечатокот е дека Радев најавува тренд на приближување на Софија до Москва. Но, оние кои го следеле новиот бугарски претседател одблиску се сигурни дека генералот образуван во САД, кој работел во НАТО, нема намера да го промени надворешно-политичкиот курс на Бугарија, и да ја оддалечи од ЕУ и од НАТО

“Е

врофилијата не значи русофобија“, изјави во интервју за Reuters во октомври, сега избраниот претседател на Бугарија, Румен Радев. Ова беше главната порака на пилотот што на претседателските избори кај нашиот источен сосед беше поддржан од опозициската Бугарска социјалистичка партија (БСП), а по чија победа премиерот Бојко Борисов со својата Влада поднесе оставка. Радев до крајот на јуни годинава, додека не „влета“ во високата политика, беше командант на бугарските воздухопловни сили, а на оваа функција два пати поднесе оставка поради несогласување со политиката на Министерството за одбрана на Бугарија. Првиот пат ја повлече откако премиерот итно даде 80 милиони левови за авијацијата - вториот пат беше споменатото влетување во

високата политика. Поддршката од БСП беше ограничена од скептицизмот на дел од партијата, околу недостатокот на политичко искуство на Радев, но, се покажа дека токму оваа карактеристика на неговата кандидатура му помогна да стане претседател. Во меѓувреме тој јасно ги усогласи своите позиции со оние на опозициската, левичарска партија: поддршка за големите енергетски проекти; за развојот на нуклеарната енергетика во Бугарија; за симнување на санкциите на Европската унија кон Русија; против мигрантската политика на Владата. Во однос на нелегалната окупација на Крим од страна на Русија, Радев изјави дека на реалноста треба да и се гледа в очи: „Секако дека има кршење на меѓународното право. Тоа е факт. Но, факт е и дека во моментов над Крим се вее руско знаме. И што? Треба ли да



www.kapital.mk

Капитал број 890 18.11.2016

48

БАЛКАН БИЗНИС И ПОЛИТИКА

замижиме пред тоа?“. Оваа изјава, и слични, како цитираната на почетокот со која покажа потреба да потенцира дека еврофилијата не значи русофобија, направија Радев, образованиот во САД генерал, да биде сметан за проруски ориентиран. На ваквите импутирања, тој одговори дека донеодамна летал на советски воен авион; на неговата диплома стои американски печат, а сепак „јас сум бугарски генерал и мојата работа е Бугарија“. Радев гласачите ги освои со залагање за искоренување на корупцијата (со легитимитетот што му го дава тоа што е ново лице во бугарската политика) и за (и пошироко во Европа популарните) посилни безбедносни мерки против приливот на бегалци. Reuters, поради залагањето за укинување на санкциите кон Русија и за заземањето од страна на Бугарија на прагматичен став за руската анексија на Крим, оцени дека новиот претседател ќе ја приближи Софија до Москва, што ќе се одрази на односите со сојузниците од ЕУ и од НАТО. Во прилог на тезата на агенцијата, во минатото, Радев присуствувал и на русофилски собир каде биле кинети знамиња на ЕУ и на НАТО. Но, има и аналитичари кои бараат подлабоко, попсихолошки да се анализираат изјавите и „бекграундот“ на

новиот бугарски претседател, а меѓу нив е уредникот на Deutsche Welle во Бугарија, Александар Андреев. Последниот, имено смета, дека Радев со изјавите за санкциите кон Русија и за Крим покажал политичко неискуство, односно, недоволно промислено водење од очекувањата на гласачите. Андреев вели дека луѓето кои го познаваат, се сигурни дека генералот образуван во САД, кој работел во НАТО и течно говори англиски, германски и руски, нема намера да го промени надворешнополитичкиот курс на Бугарија, и да ја оддалечи од ЕУ и од НАТО. Она што е извесно за Радев, е дека е националист кој ги дели традиционалните бугарски предрасуди за Турција, и од кој Бугарите очекуваат „генералот со цврста рака“ да ја затвори границата (со Турција) во случај на нов голем прилив мигранти. Иако, во Бугарија претседателот нема големо влијание на политиката на државата. По оставката на Владата на Борисов, кој по уверливата победа на Радев над кандидатката поддржана од власта (од ГЕРБ), Цецка Цачева, оцени дека во Бугарија „има нова политичка ситуација“ и оти е очигледно дека се создало ново мнозинство, кое ќе треба да формира нова влада - ќе поминат неколку месеци додека не се организираат нови парламентарни избори. Толку време ќе треба зашто според

ʇʨʖʣʤʘʞ ʘʤ ʂʖʘʦʤʘʤ ʤʚ ʢ ʚʤ ʢ ʥʤ ʬʛʣʖ ʤʚ û ʢ ʚʤ û ʢ

Уставот на Бугарија, претседателот на државата, Росен Плевнелиев, во заминување, не може да распише избори во ситуација кога мандатот му изминува. А до новите избори Бугарија, која е прилично нервозна, ќе остане без стабилно политичко водство. И Борисов рече дека „многу луѓе се чувствуваат незадоволни… и јасно е дека над 3,5 милиони Бугари сакаат промени“. Се очекува Бугарите да бидат надразнети и од сметките за греење што доаѓаат со зимската сезона, и што може да ги натераат да излезат на улица. Одредени аналитичари во ваквиот развој на ситуацијата гледаат циничен план на Борисов, кој и претходно знаел итро да се повлече кога ќе загусти, да ги остави политичките конкуренти да се измачуваат, а кај народот да се крчка несигурност и страв, пред тој на крајот да се врати „на бел коњ“, како победник на избори. Во случај да е тоа планот на бугарскиот премиер во оставка, аналитичарите сметаат дека е многу опасен; односно оти комбинацијата на споменатите страв и несигурност кај народот; зголемената неподносливост кон странците засилена со бегалската криза; чувството дека осиромашува и дека е заборавен од Европа; можат да предизвикаат масовни протести проникнати со национализам, со исклучително експлозивен потенцијал, и тоа точно на критичната граница, меѓу Турција и Европа. nnn

ʈʛʡʛʪʤʣ ʝʖ ʠʤʣʨʖʠʨ ɸʧʛʡʩʘʖʿʛ ʚʛʠʛʢʘʦʞ


РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 24 НОЕМВРИ 2016

ИНСТИТУТ КОНЦЕПТ ОРГАНИЗИРА КУРС ПО:

ОСНОВИ НА СМЕТКОВОДСТВО И СМЕТКОВОДСТВЕНА АДМИНИСТРАЦИЈА l почеток на курс: 28 ноември 2016 година (понеделник) l 17:00-21:00 часот Институт Концепт, Скопје

Доколку имате свое претпријатие, сакате да работите како сметководител или сакате вашето теоретско знаење да го преточите во практична примена тогаш овој курс ќе Ве оспособи за тоа! Курсот е наменет за почетници во областа на сметководството, студенти и вработени лица коишто се на позиција сметководствена администрација, како и оние лица коишто имаат допирна точка со сметководство или пак сакаат теоретски и практично да го научат.

Предавањата ќе се одржуваат два пати неделно во попладневните часови од 17.00 до 21.00 часот, во просториите на Институт КОНЦЕПТ. Учесниците преку високо професионални предавања, практична работа и соодветна литература за 42 училишни часа ќе го научат основното ниво на сметководство. Сите учесници на курсот ќе добијат работен материјал, прирачник и сертификат за учество. За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова le-mail: institut@koncept.com.mk l02 3128 526 l070 272 207

Сакајте ја Вашата к жа

ТРАЈНА ЛАСЕРСКА ЕПИЛАЦИЈА

Скопје +389 2 / 321 66 08 www.ancevski.com.mk ancevski@laserlab.com.mk facebook.com / Ординација Д-р Анчевски


www.kapital.mk

Капитал број 890 18.11.2016

50

ЛИДЕРИ

ДЕЈВИД КАРП ОСНОВАЧ И ЦЕО НА TUMBLR

ВИЗИЈАТА МОРА ПОСТОЈАНО ДА СЕ ПОВТОРУВА И СПОДЕЛУВА СО ТИМОТ

Д

ејвид Карп е американски претприемач и развивач на интернет страници, а најпознат е како основач и извршен директор на блог-платформата Tumblr, која денес има над 150 милиони корисници. Кога Карп го основал стартапот Tumblr во 2007 година имал само 20 години, а неколку години подоцна Yahoo за неговата платформа плати 1,1 милијарда долари. Тоа и не е така лош резултат за еден млад човек кој го напуштил средното образование за сметка на домашното образование. Пред да го основа Tumblr, Карп работел за повеќе компании.

Има многу богати луѓе во светот. Но, има многу малку луѓе кои имаат привилегија да иновираат работи кои ќе бидат користени од милијарди луѓе.

Најголемата лекција е важноста од постојано повторување на мисијата. Тоа значи да го собетете тимот секоја недела и да разговарате за проектите, прогресот и визијата.

Претприемач е некој кој има визија за нешто да создаде и изгради.

Сакам да изградам нешто со кое што би бил среќен да бидам преокупиран и по 10 години од сега.

Добрите производи се создадени од луѓе кои сакаат и самите да ги користат.

Сите големи компании доаѓаат до точка кога ги губат движечката сила и фокусот. Луѓето на врвот размислуваат за други работи, а луѓето кои се долу и во средината не се на вистинското место во компанијата за да направат било што за да го одржат тимот фокусиран. Не можам ни да замислам да бидам во средина во која не ги познавам луѓето со кои работам.

Не сме мотивирани од парите, туку од работите кои ги градиме.

Идејата со Tumblr беше и се уште е да развиеме перфектна платформа на која секој ќе може најдобро да се изрази себеси.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.