ШТО МОЖЕ ДА ОЧЕКУВА МАКЕДОНИЈА СО ТРАМП КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД?
INTERVIEW
КАПИТАЛ АНАЛИЗА
НИКОЛАОС ВЕРОПУЛОС
ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМПАНИЈАТА „ВЕРОПУЛОС“
“ВЕРО“ ЌЕ ОСТАНЕ МЕЃУ ФАВОРИТИТЕ ВО ГРУПАТА 20 НАЈУСПЕШНИ КОМПАНИИ ВО МАКЕДОНИЈА
interview
АНДРЕЈ КУКУ
ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА
INTERVIEW
“ЛУКОИЛ” Е СИГУРЕН ПАРТНЕР И СОВЕСЕН ДАНОЧЕН ОБВРЗНИК НА ГЛОБАЛНО НИВО
БРОЈ 891 | ЦЕНА 100 ДЕН. 25 НОЕМВРИ 2016 | ПЕТОК | ГОДИНА 18
ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ПОЛИТИЧКИ НЕЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ И НЕУТРАЛНИТЕ ЌЕ ЈА ИМААТ КЛУЧНАТА УЛОГА ВО ПРОМЕНАТА НА ВЛАСТА
COVER STORY: ЕКОНОМСКИТЕ ПРОГРАМИ НА СДСМ И ВМРО ДПМНЕ
3
Капитал број 891 25.11.2016
СОДРЖИНА
42
22
50
04
PROFILE
22
ПОЛИТИКА
42
СВЕТ БИЗНИС
06
НАВИГАТОР
32
INTERVIEW
44
МАРКЕТИНГ
08
COVER STORY
Политички незаинтересираните и неутралните ќе ја имаат клучната улога во промената на власта
46
ПРЕТПРИЕМНИШТВО
INTERVIEW
50
ЛИДЕРИ
16
Ангела Меркел ќе се кандидира повторно за канцелар на Германија ММФ препорачува подоцна да се оди во пензија за да се спаси пензискиот фонд СДСМ VS.ВМРО – ДПМНЕ Какви економски мерки предвидуваат најголемите партии?
INTERVIEW
Што може да очекува Македонија со Трамп како претседател на САД? ОЛИВЕР СПАСОВСКИ
носител на кандидатската листа на СДСМ и кооалицијата во И.Е 2
38
НИКОЛАОС ВЕРОПУЛОС генерален директор на компанијата „Веропулос“
АНДРЕЈ КУКУ
генерален директор на „Лукоил Македонија“
“Лукоил” е сигурен партнер и совесен даночен обврзник на глобално ниво
ЗА МОЈАТА ПАРТИЈА ГЛАСАЈТЕ...
Talking Tom и пријателите ќе добијат нови газди Што може да се научи за маркетингот од кампањата на Трамп? 10 комуникациски вештини кои мора да ги владее секој бизнисмен БРАЈАН ЧЕСКИ
ко-основач и директор на AirBnB
“Веро“ ќе остане меѓу фаворитите во групата 20најуспешни компании во Македонија
ТРАМП И МАКЕДОНИЈА
Ако компанијата што сте ја создале ја гледате како свое дете, тогаш сигурно сакате детето да ве надживее
ВЕРО ОД ПРВА РАКА
Додека во жестоката предизборна кампања доминираат меѓусебни обвинувања помеѓу двете најголеми политички партии, изборните програми што ги објавија ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ во пресрет на најавените предвремени парламентарни избори на 11 декември, имаат обемни понуди кои се однесуваат на економијата. Владејачката партија, на пример, ветува 70.000 нови работни места за 4 години, додека опозицијата ќе обезбеди 160 милиони евра годишно за земјоделски субвенции. Капитал анализира со какви мерки и политики двете најголеми политички партии ќе се обидат да го придобијат бизнис секторот на своја страна?!
Во ВМРО-ДПМНЕ на победата на Трамп и се израдуваа како на нивна локална, против СДСМ, каде навивале за Хилари, покрај која биле поразени и целата левица во Европа, и особено Сорос. Но, нема потреба човек да е многу информиран за знаејќи како функционира Америка да сфати дека и со новиот претседател пристапот на САД кон Македонија нема да се промени, а претставниците на Вашингтон при регионалните посети, краткорочно ќе даваат поддршка за СЈО и ќе потсетуваат на обврските од извештајот на Прибе, долгорочно поддржувајќи ги евроатланските интеграции.
По речиси дваесетгодишно присуство во земјава, „Веро“ стана синоним за еден од најуспешните и најсилните малопродажни продажни синџири во трговијата на мало. Приказната која почна со отворањето на првиот супермаркет во скопската општина Аеродром, од страна на тогаш непознатата за македонските граѓани грчка компанија „Веропулос“, денес е заокружена со моќен и познат бренд кој континуирано низ годините остварува пораст и бележи позитивни финансиски резултати. За брендот „Веро“ и неговиот имиџ и значење во Македонија разговаравме со Николаос Веропулос, прв човек на компанијата „Веропулос“.
XX Стр. 8
XX Стр. 22
XX Стр.38
Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 24.11.2016
Капитал број 891 25.11.2016
www.kapital.mk
PROFILE 4 PROFILE
АНГЕЛА МЕРКЕЛ ЌЕ СЕ КАНДИДИРА ПОВТОРНО ЗА КАНЦЕЛАР НА ГЕРМАНИЈА
ШТО ЌЕ ЗНАЧИ ТОА ЗА БЕРЗИТЕ И ПАЗАРИТЕ ВО ЕВРОПА?
Откако Меркел ја разреши несигурноста околу тоа дали ќе се кандидира за уште еден мандат, Bloomberg ги разгледува потенцијалните ефекти од тоа што ќе значи нејзиниот нов мандат за даноците, монетарната политика на ЕУ и геополитиката.
ЕФЕКТ: ПОЛИТИКАТА НА МЕРКЕЛ КОН БЕГАЛЦИТЕ ВОДИ ДО ПО
www.kapital.mk
Капитал број 891 25.11.2016
5
A
Ако германскиот канцелар Ангела Меркел добие четврт мандат на парламентарните избори во 2017 година, тоа за инвеститорите ќе биде уште нови четири годинисо канцелар на најмоќната европска економија на кој веќе се навикнати. За речиси 11 години на власт, Меркел се воздржуваше да ги критиква политиките на Европската централна банка (ЕЦБ), ги поддржа економските санкции против Русија, беше силно за НАТО и слободната трговија во светот. Откако Меркел ја разреши несигурноста околу тоа дали ќе се кандидира за уште еден мандат, Bloomberg ги разгледува потенцијалните ефекти од тоа што ќе значи нејзиниот нов мандат за даноците, монетарната политика на ЕУ и геополитиката.
Берзи и девизни пазари
Германскиот берзански индекс DAX се зголеми за 0,5% на почтокот на изминатава недела, откако Маркел објави дека ќе се кандидира за уште еден мандат. “На подолгорочен период акциите може и да поевтинат, бидејќи политиката на Меркел кон бегалците води до популистички реакции, кои ќе “натежнат” на пазарите”, тврди Џејмс Батерфилд, директор на инвестиции и истражувања во EFT Securities. Еврото поскапе на азиските пазари по веста за кандидатурата на Меркел, а јенот достина 11,19 за долар, откако забележа пад од 4% претходната недела. Политиката на Европската централна банка Министерот за финансии на Германија Волфганг Шојбле беше главниот критикувач на политиките на ЕЦБ за рекордно ниските камати, додека Меркел избегнуваше да
се конфонтира со претседателот на ЕЦБ, Марио Драги. “За ЕЦБ обновената кандидатура на Меркел е смирувачка. Независноста на ЕЦБ е многу важна за неа”, коментира Холгар Шмидинг, главен економист во Berenberg.
Европа, САД и НАТО
По одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската унија, Меркел изјави дека ќе се бори против националистичките сили, сметајќи дека само обединета Европа може да има економско и морално влијание во светски рамки. По изборот на Доналд Трамп за американски претседател и силните позиции на популистичките партии пред изборите во Франција и во Холандија што ќе се одржат во текот на 2017 година, можно е Меркел, сепак, да им даде приоритет на редот и на законот, на надворешната безбедност и даночните олеснувања во својата кампања. Меркел сака Германија да е обврзана со своите партнери во ЕУ и во НАТО, изјави таа на средбата со сè уште актуелниот претседател на САД, Барак Обама, пред неколу дена. Германија веќе ги зголемува расходите за одбрана, за да покаже деке е подготвена да преземе поголем дел од финансиските обврски на НАТО. Ако Трамп ги олабави санкциите кон Русија за учеството во воениот конфликт во Украина,
тоа би можело да охрабри држави во ЕУ, како Италија, поцврсто да се спротистават на политиката на Меркел за строги санкции. Истовремено германската канцеларка е главниот преговарач на Западот со рускиот претседател Владимир Путин. Во однос на Брегзит, Меркел не би отстапила пред премиерката Тереза Меј за спроведувањето неофицијални преговори, пред Велика Британија официјално да го објави своето напуштање на Унијата, и канцеларката ќе настојува дека Лондон треба да дозволи слободен влез на граѓани на ЕУ на своја територија, ако сака да го задржи пристапот до слободниот пазар на Унијата.
Шансите на Меркел
Предноста на Меркел е што таа олицетворува стабилност. Според истражувањата таа би можела да ја прошири коалицијата со послабата партија на социјалдемократите, ако победи на изборите. Крајнодесната партија „Алтернатива за Германија“, веројатно ќе добие пратенички места во Парламентот за прв пат, но нејзините лидери не се заинтересирани за влегување во која и да е идна влада. Коалиција меѓу зелените и антикапиталистичката лева партија, исто така, барем засега не изгледа веројатно. nnn
ОПУЛИСТИЧКИ РЕАКЦИИ, КОИ ЌЕ „НАТЕЖНАТ НА ПАЗАРИТЕ”
www.kapital.mk
Капитал број 891 25.11.2016
6
НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА
ДОНАЛД ТРАМП
Без оглед дали произведуваат челик, автомобили или лекуваат болести, сакам следата генерација на производство и иновации да се случи токму овде, во нашата татковинаАмерика создава богатство и работници за американските работници.
претседател на САД
ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ НА МЕСТОТО НА Н
Д
имитар Ковачевски кој што доаѓа од топ менаџерска позиција во Македонски Телеком е нов извршен директор на Оне.Вип, а обврските на новата функција ќе ги превеземе кон крајот на декември 2016 година. Тој го наследува Никола Љушев, кој што од функцијата извршен директор се повлекува од лични причини и одлучи да прифати нови предизвици надвор од оне.Вип и Кластерот.
“Никола Љушев беше предводник на крупните структурни промени кои настанаа во телекомуникацискиот бизнис во Република Македонија и одговорен за процесот на спојување и интеграција на трите компании“, се вели во компаниското соопштение. Димитар Ковачевски кој што доаѓа на местото на Љушев, има успешна кариера од 18 години во различни области од телекомуникациската индустрија. Тој ја почна неговата
ММФ ПРЕПОРАЧУВА ПОДОЦ ПЕНЗИЈА ЗА ДА СЕ СПАСИ П
M
Македонската економија се соочи со бројни шокови во изминатите две години, вклучувајќи ја и продолжената политичка криза која веќе почнува негативно да влијае врз довербата и изгледите на земјата за членство во ЕУ. Во вториот квартал од 2016 година економскиот раст се намали на
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во својот последен извештај на македонските власти им препоралува да размислат за зголемување на старосната граница за одење во пензија за да се среди гомелата нерамнотежи во државниот пензиски фонд. 2,2% како последица на намелните инвестиции и слабиот кредитен раст благодарение на зголемената политичка неизвесност. Под претпоставка дека изборите кои се закажани за 11 декември ќе резултираат со стабилност, економскиот раст се очекув да достигне 3,2% во 2017 година благодарение на инвестициите во инфраструктурата
и сранските директрни инвестиции, подобрувањата на пазарот на работна сила и засилувањето на кредитниот раст. Брзиот раст на долгот од 2008 година досега во најголем дел се должи на зголемување на примарниот дефитит, кој е одраз на комбинацијата на ниски даноци и слабата ефикасност на прибирање а приходите, како и
www.kapital.mk
Капитал број 891 25.11.2016
7
НИКОЛА ЉУШЕВ НА ЧЕЛО НА ОНЕ.ВИП кариера во Македонски Телеком каде што го продолжува својот развој на менаџерски позиции вклучувајќи ја позицијата директор на Секторот за комерцијални корисници, одговорен за малопродажната мрежа и на проактивните продажни канали, директор на Центарот за маркетинг комуникации и односи со јавност, директор на Центарот за маркетинг и продажен менаџмент, во исто време како дел од многу стратегиски корпоративни проекти.
Ковачевски е дипломиран економист во полето на корпоративниот менаџмент, информациски системи и бизнис процес интеграција. Исто така ја има завршено Извршната Образовна Програма во полето на маркетингот на Универзи-тетот Харвард. Бил дел од академски и извршни програми на Минхенскиот Технички Универзитет и на Холандскиот Еразмус Универзитет на полето на претприемништвото и стратешко менаџирање.
ЦНА ДА СЕ ОДИ ВО ПЕНЗИСКИОТ ФОНД Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во својот последен извештај на македонските власти им препорачува да размислат за зголемување на старосната граница за одење во пензија за да се средат големите нерамнотежи во државниот пензиски фонд. неефикасноста во социјалните трошења и субвенциите. ММФ предвидува во 2016 година фискалниот дефицит да се зголеми на 4% од БДП. Зголемувањето на трошоците на новите задолжувања, високите фискални потреби и неодамнешното намалување на кредитниот рејтинг од „Фич“ ги зголемија краткорочните фискални ризици. Истовремено, јавните финансии, исто така, се соочуваат со долгорочни предизвици поради стареењето на популацијата. “Заради тоа фискалната консолидација треба да почне без одложување. За да се намалат ризиците и за да се обезбеди фискален простор, консолидацијата треба да почне веднаш за да се стабилизира јавниот долг на ниво од 50 отсто од БДП“, соопшти ММФ. “Потребни се заштеди, преку рационализација на на земјоделските субвенции и трансферите кон локалната власт кои не се добро насочени, како и воздржување од ад хок зголемувања на пензиите и великодушните индексирања”, се вели во Извештајот на ММФ. Како важна среднорочна цел ММФ посочува дека земјата мора да обезбеди одржливост на пензискиот систем. “И покрај поранешните реформски параметри при воведувањето на вториот столб, првиот столб се соочува
со значителни нерамнотежи заради стареењето на населението и намалување на стапката на контрибуција. Дефицитот во пензискиот фонд кој изнесува значителни 4,5% од БДП е проектирано да се зголеми повеќе од двојно до 2030 година. За да обезбедат стабилност ги охрабруваме властите да го разгледаат зголемувањето на старосната граница за пензионирање, како и индексацијата на пензиите да се поврзе со трошоците на живот, да се воведат политики за да се зголеми партиципацијата на работната сила и да се зголемат стапките на контрибуција”, се вели во најновот Извештај на ММФ. ММФ потенцира дека политиките за привлекување на СДИ придонеле за зголемување на нето извозот и растот. “Конкурентните плати, намалувањето на регулации и финансиските придобивки придонесоа за зголемување на странските инвестиции и извозот, но ефектите во домашната економија се ограничени. За да обезбеди пошироки бенефити и одржливост на стратегијата за раст базирана на СДИ, мора да бидат воведени комплементарни реформи за да се остранат пречките со кои се соочува домашниот приватен сектор, како што се ограничен пристап до финансии и непредвидливоста на бизнис климата”, препорачуваат од ММФ. nnn
> БРОЈКА
10,5% од БДП ќе достигне пензискиот дефицит до 2030 година
лидери
АНГЕЛА МЕРКЕЛ
покажа храброст да „трча“ за четврти канцеларски мандат за да ги брани европските вредности од заканата на популистите и националистите
РИЧАРД БРЕНСОН
Virgin Galactic го претстави Baby Boom - протитипот на суперсоничен патнички авион што ќе го револуционизира авиосообраќајот
не им беше неделата
НАЈЏЕЛ ФАРАЖ
Европарламентот бара партијата на најголемиот заговорник на Брегзитот да врати 172.000 евра, што ги злоупотребила од фондовите на ЕУ
ФРАНСОА ОЛАНД
за францускиот претседател е отворена истрага за оддавање државна тајна и „загрозување на националната одбрана“
Капитал број 891 25.11.2016
8
www.kapital.mk
COVER
СДС
VS
ВМ ДПМ
КАК ЕКОНО МЕР ПРЕДВИД НАЈГОЛ ПАРТ
www.kapital.mk
STORY
ДСМ
VS
МРО МНЕ
КВИ ОМСКИ РКИ ИДУВААТ ЛЕМИТЕ ТИИ?
Капитал број 891 25.11.2016
9
www.kapital.mk
Капитал број 891 25.11.2016
10
COVER STORY
Додека во жестоката предизборна кампања доминираат меѓусебни обвинувања помеѓу двете најголеми политички партии, изборните програми што ги објавија ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ во пресрет на најавените предвремени парламентарни избори на 11 декември, имаат обемни понуди кои се однесуваат на економијата. Капитал анализира со какви мерки и политики двете најголеми политички партии ќе се обидат да го придобијат бизнис секторот на своја страна?! пишува:
Д
Александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk
Додека во жестоката предизборна кампања доминираат меѓусебни обвинувања помеѓу двете најголеми политички партии, изборните програми што ги објавија ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ во пресрет на најавените предвремени парламентарни избори, сепак повеќе се фокусирани на економијата. Капитал анализира со какви мерки и политики двете најголеми политички партии ќе се обидат да го придобијат бизнис секторот на своја страна?!
Што нуди за бизнисот ВМРО – ДПМНЕ!?
Стратешките приоритети на ВМРО-ДПМНЕ за периодот 2017–2020 година напишани во програмата „Реално“ се речиси истите како и во сите претходни изборни програми, меѓу кои се зголемување на економскиот раст и вработеноста, пораст на животниот стандард на граѓаните; интеграција во Европската Унија и НАТО; бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот и ефикасно спроведување на правото. Партијата која што десет години е на власт,
ВМРО – ДПМНЕ вели дека подобрувањето на животниот стандард на граѓаните подразбира повеќе инвестиции и повеќе работни и за таа цел се обврзува да продолжи со реформите, мерките и политиките за подобрување на условите за водење бизнис. Во следните четири години, ВМРО – ДПМНЕ проценува дека доколку остане на власт, ќе испорача економски раст од 3% следната до 4,5% во 2020 година. Ова се далеку попесимистички проценки на партијата која во претходните изборни циклуси ветуваше стапки на економски раст од 6% до 8%. Минималната плата доколку оваа партија остане на власт, ветува дека ќе ја зголеми на 14 илјади денари. „Стабилизацијата на надворешното опкружување, одржувањето на високи капитални инвестиции од буџетот, влезот на странски компании во слободните индустриски зони и посилната инвестициска активност на домашниот приватен сектор и понатаму ќе бидат основни двигатели на економскиот раст“, потенцира ВМРО – ДПМНЕ. Партијата во програмата вели дека фискалната политика во периодот 2017-2020 година ќе остане насочена кон задржување на макроекономската стабилност и поддршка на економската активност преку подобрување на квалитетот на јавните финансии и зголемување на капиталните расходи, а новина е тоа што ги потенцира фискалните правила како таргети за трошењето на народните пари. Партијата се обврзува буџетскиот дефицит да се ограничи на ниво од 3% од 2018 година
и да се намали до 2% од БДП во 2020 година, а јавниот долг на ниво до 60% од БДП. „Со воспоставувањето и примената на фискалните правила ќе се унапреди буџетската дисциплина и ќе се утврди рамка при креирањето на политиките. Фискалните правила ќе бидат утврдени во Уставот доколку се обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието на Република Македонија, а со закон подетално ќе се утврди нивната примена“, предлага ВМРО – ДПМНЕ. За свој најголем успех во досегашното владеење ВМРО – ДПМНЕ го истакнува намалувањето на невработеноста на 24% во 2016 година, а во следните четири години, партијата ветува дека невработеноста ќе падне до 18%. „Тоа значи дека во следните четири години во Македонија ќе се креираат околу 70.000 нови работни места“, проценува ВМРО – ДПМНЕ. Еден од новите проекти на партијата во новата програма е Рестартирање на стопанските капацитети – жртви на транзицијата со кој преку Законот за контрола на државната помош да им се овозможи на инвеститори да рестартираат некоја од 320 пропаднати компании во процесот на транзицијата. „Овие компании се во одмината фаза на стечај, ликвидација или се веќе преземени од доверителите и се предмет на извршување кај различните доверители. Предвидено е на идните инвеститори по стекнување на сопственост на имотот од друштвата да им се понуди државна помош со цел креирање на поголем број работни
ВМРО ДПМНЕ: ЌЕ ИСПОРАЧАМЕ РАСТ ОД 3% СЛЕДНАТА ДО 4,5% ВО 2020 Г.
www.kapital.mk
Капитал број 891 25.11.2016
11 места, со посебен акцент на ангажман на поранешните вработени- стечајците“, предвидува ВМРО – ДПМНЕ. Според деталите во програмата, планот за рестартирање на овие фабрики предвидува по 2 илјади евра помош за инвеститорот за отворање на ново работно место, а доколку е стечаец, 4.000 евра за секое ангажирано лице под услов да биде задржан на работа минимум 5 години. Освен тоа, се предвидува и готовински грант во зависност од инвестицијата во износ од 10% од вкупната инвестирана вредност, но не повеќе од 500.000 евра; ослободување од плаќање на данок на добивка во период од две години; ослободување од плаќање на персонален данок и социјални придонеси во период до 3 години, доколку вработените лица ги задржи на работа најмалку уште 3 години. Меѓу компаниите опфатени со овој проект се Охис Скопје, Центро Скопје, дел од МЗТ, Хемтекс Скопје, Зора Гевгелија, Млаз Богданци, Јака Табак Радовиш, Фабрика за Кабли Неготино, Фринко Битола, Еуро Ламинати Прилеп, Типо Скопје, Жито Вардар Велес, Жито Скопје, Жито Вардар Велес и многу други. Буџетот за реализирање на овој проект се проценува на 7 милиони евра. Отворање рурални развојни зони е
еден од проектите во новата програма на ВМРО - ДПМНЕ, „Реално“. Со овој проект се предвидуваат даночни и други ослободувања, слични, но и повисоки од оние во слободните економски зони, како и финансиска помош, за отворање бизнис во руралните подрачја. Според планот, ќе бидат поддржани инвестиции во индустриски капацитети, откупно- дистрибутивни центри, хотели со минимум 20 соби, пензионерски домови, спа - центри, болници и спортско - рекреативни центри. Инвеститорите ќе имаат обврска најмалку 80% од вработените да бидат нововработени луѓе коишто биле евидентирани како невработени во АВРМ подолго од 6 месеци. Притоа, се предвидува ослободување од данокот на добивка, персонален данок за период од 10 години; ослободување од плаќање социјални придонеси во висина од 50% за период од 10 години; ослободување од надомест за уредување на градежно земјиште продажба на државно неизградено градежно земјиште по почетна цена од 1 евро по квадратен метар; финансиска помош при изградба на нов објект во износ од 20% од вредноста на инвестицијата, но најмногу до 500.000 евра по инвестиција; ослободување од царина и ДДВ за увезената опрема за реализација на инвестицијата; грант за креирање на
работни места – 2.000 евра за невработено лице евидентирано во АВРМ подолго од 6 месеци, и 4.000 евра за вработување стечаен работник. ВМРО – ДПМНЕ истакнува дека малите и средните претпријатија, како носители на економскиот развој и посебно на креирањето на работни места, остануваат во фокусот на економските политики. Пакетот реформи во овој сегмент вклучува воведување народен правобранител за бизнис – канцеларија каде што бизнисмените ќе можат да ги презентираат своите потреби, иницијативи и идеи. Бизнис Омбудсманот директно пред Владата ќе ги презентира барањата и потребите на фирмите. Оваа партија се обврзува и дека ќе го поедностави и ќе ја зголеми ефикасноста на инспекцискиот надзор, преку консолидација на инспекциските служби и поедноставување на законодавството и намалување на бројот на инспекциските надзори. Се планира и воведување бесплатни совети за фирмите од даночната област, воспоставување на попредвидливо даночно и регулаторно опкружување. ВМРО – ДПМНЕ меѓу своите проекти наведува и дека ќе подготви нова стратегија за развој на мали и средни претпријатија, нова стратегија за женско
www.kapital.mk
Капитал број 891 25.11.2016
12
COVER STORY
СДСМ XX ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА НА 16.000 ДЕНАРИ XX 50 МИЛИОНИ ЕВРА ПОМОШ ЗА ДОМАШНИТЕ ФИРМИ XX ОТВОРАЊЕ НА 64 ИЛЈАДИ НОВИ РАБОТНИ МЕСТА ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР XX ЕКОНОМСКИ РАСТ ОД 5% ПРОСЕЧНО ГОДИШНО XX ИНВЕСТИЦИИ ОД 600 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ПАТИШТА ВО ПРВИТЕ ДВЕ ГОДИНИ ОД МАНДАТОТ XX 160 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО СУБВЕНЦИИ ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕТО СДСМ: “Економијата не може да успее со сегашниот модел на развој кој се базира на странски инвестиции, ниски плати и државни инвестиции во фасади, споменици и административни згради. Јавните краткорочни инвестиции кои ги правеше владата на ВМРОДПМНЕ се одраз само на нејзиниот популизам, со единствена цел за победа на избори. Тие не се за обезбедување на иднината на македонската економија. Содржат и многу криминал“, истакнува СДСМ на првите страници од програмата „План за живот“. претприемништво. Со цел зголемување на конкурентноста на малите и средните претпријатија, ВМРО – ДПМНЕ планира поголема поддршка преку МБПР. Еден од проектите е обезбедување дополнително пари од Земјоделски Кредитен Дисконтен Фонд со цел подобрување на пристапот до долгорочни и краткорочни кредити на индивидуалните земјоделски производители, малите и средни претпријатија чија основна дејност е производство, преработка или извоз на земјоделски производи и барателите на средства од програмата ИПАРД. „Со оваа кредитна линија се обезбедува значаен придонес во остварувањето на одржлив економски раст и поголема вработеност. Досега се поддржани преку 6.000 проекти во вкупен износ од преку 78 милиони евра“. Во следниот мандат ВМРО – ДПМНЕ за оваа намена планира 4 милиони евра. Меѓу другите, партијата планира подобрување на условите од кредитната линија за производство, преработка и извоз на земјоделски производи а на располагање ќе бидат 10,8 милиони евра. Се предвидува
и осигурување на кредити за подготовка на извоз, и репласирање на 101 милиони евра од кредитната линија од Европската инвестициска банка (ЕИБ) Во врска со прливлекувањето на странски директни инвестиции, партијата во периодот 2017-2020 година ќе продолже со втората фаза на интензивна изградба на ТИРЗ со динамика согласна со интересот на инвеститорите. Исто така, се планира продолжување на промоцијата на земјата во странство, повеќе роуд шоуа и промотори. Што се однесува до инвестициите во инфраструктурата, во програмата ВМРО-ДПМНЕ пишува дека во изминатите десет години ставиле посебен фокус на вложувањата во економската инфраструктура. „Оваа определба ќе продолжи во следниот четиригодишен период. Ќе се градат нови автопати, регионални и експресни патишта и локални патишта. Ќе продолжиме со изградбата на железничките пруги и модернизацијата на возниот парк, како и инвестициите во енергетиката и во обновливи извори на енергија“. Прв од инфраструктурните проекти е
завршување на делницата Демир Капија – Смоквица од Коридорот 10, а потоа се наведени и новите автопати во изградба, Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. Како нови се предвидени автопатите Гостивар – Кичево и Скопје – Блаце, а партијата планира и изградба на повеќе експресни, магистрални, регионални и локални патишта. Во железничкиот сектор, повторно се наведени делниците од Коридорот 8, од кои само една е почната да се гради и тоа од Куманово до Бељаковце. Останатите две од Бељаковце до Крива Паланка и потоа до бугарската граница се предвидува да се завршат до 2020 односно до 2022 година. Во оваа програма предвиден е и план за целосна гасификација на земјата со магистрален гасовод во должина од вкупно 630 километри, но засега е завршена изградбата само на делницата Клечовце – Штип во должина од 61 километар. Во земјоделството, партијата продолжува со политиката на субвенционирање со план вреден 600 милиони евра за следните четири години.
www.kapital.mk
Капитал број 891 25.11.2016
13 Што нуди за бизнисот програмата на СДСМ!?
Меинстримот на изборната програма на СДСМ е подобрување на животниот стандард на граѓаните и враќање на средната класа преку низа мерки од кои голем дел се наменети за бизнис секторот. Партијата во својата програма со која што ќе се обиде ја да добие довербата на граѓаните пишува дека „економијата не може да успее со сегашниот модел на развој кој се базира на странски инвестиции, ниски плати и државни инвестиции во фасади, споменици и административни згради. Јавните краткорочни инвестиции кои ги правеше владата на ВМРО-ДПМНЕ се одраз само на нејзиниот популизам, со единствена цел за победа на избори. Тие не се за обезбедување на иднината на македонската економија. Содржат и многу криминал“, истакнува СДСМ на првите страници од програмата „План за живот“. „Нашиот модел на развој се базира врз поддршка на домашните претпријатија, раст на продуктивноста и долгорочни инвестиции. За нас странските инвестиции се дополнување на домашните, но не и нивна замена“, се потенцира во програмата алудирајќи на нееднаквиот однос меѓу странските и домашните инвеститори на кој што досега се жалеа менаџерите на македонските компании. СДСМ во своите клучни цели си задава задача да постигне економски раст повисок од 5% во периодот на четиригодишниот мандат; стапка на невработеност пониска од 20% во 2020 година односно креирање на 64 илјади работни места во приватниот сектор преку активни мерки; ослободување од политички репресии и притисоци на приватниот сектор и создавање здрава и предвидлива деловна средина. Минималната плата како што предлага СДСМ, до 2020 година ќе се зголеми на 16 илјади денари. „Развојот на домашните претпријатија, пред сè на малите и средните претпријатија, ќе биде наш приоритет. Годишната државна поддршка за поттикнување на домашните претпријатија ќе изнесува 20 милиони евра во првата година, а ќе достигне 50 милиони евра во последната година од мандатот. Овие средства ќе бидат дополнети со надворешни кредитни линии, како на пример од Европската инвестициона банка“, наведува СДСМ. Еден од проектите за поддршка на домашните компании на СДСМ е финансирање на 25% од збирот на вкупниот трошок за инвестиција и бруто трошокот за секое ново работно место. „Поддршката ќе се одвива преку два канала: директна поддршка во износ од 1.000 до 2.000 евра, во денарска противвредност, врз основ на висината на платата за секое новоотворено работно место, каде работодавачот презема обврска да исплаќа бруто плата во период од 2 години; и ослободување од плаќање на
данок на добивка и имот во наредните 5 години. Вкупно искористените средства по двата основа не може да надминат 25% од збирот на трошоците за инвестицијата и бруто платата за првите две години за новите вработени“. СДСМ ветува и дека ќе овозможи намалување на каматната стапка на кредитната линија од ЕИБ од сегашните 5,5% на 3% годишно. „Во моментните услови на пазарот,каматна стапка од 5,5% не може да се третира како поддршка“, пишува во програмата на СДСМ. Развојот на малите и средни фирми според СДСМ, неминовно е поврзан со пристапот до пари и за таа цел партијата меѓу своите проекти наведува докапитализација на Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) и зголемување на нејзината улога во економијата. Притоа партијата планира да основа гарантна шема преку МБПР за два поединечни производа - инвестициски кредит за секоја компанија која може да обезбеди 15% сопствено учество за инвестициски проект, државата преку МБПР да обезбеди гаранција во висина од 75% од инвестицијата, а 10% да останат ризик на банката; и кредит за обртни средства односно државна гаранција за секоја мала или средна фирма која има потреба од краткорочен кредит за обртни средства до износ од 30.000 евра, со рок на отплата до 1 година. „Основни предуслови за овој кредит се: парите да се наменети за конкретна бизнис - зделка, согласно склучен договор; и финансиските резултати преку коефициентите на задолженост, ликвидност и профитабилност да докажуваат стабилност на компанијата и задоволување на основните финансиски показатели. Со ова би се минимизирале потенцијалните загуби за гарантната шема. Бидејќи за двете кредитни линии постои државна гаранција (што подразбира првокласен инструмент за деловните банки), каматите, по автоматизам, би биле релативно ниски и нема да има потреба за дополнителни субвенции во делот на каматната стапка“, предлага СДСМ. Меѓу останатите проекти за финансиска поддршка на фирмите, СДСМ планира да воведе микро кредитна линија за поддршка на старт - ап и микро компании до 10 вработени во висина до 15 илјади евра и кредитна линија „Заем за франшиза и мешовити инвестиции” до 50 илјади евра. „Поради помалите износи и ризикот деловните банки да немаат соодветен интерес за овие линии, тие директно ќе се реализираат преку МБПР“, предлага СДСМ. Освен тоа, СДСМ во програмата ветува основање на инвестициски фонд за вложување во старт - ап бизниси и мали и средни фирми со малцинско учество на државата, а преку 51% да биде во приватна сопственост. Во програмата, СДСМ се задржува на
неколку болни точки што бизнисмените во последните неколку години ги посочуваа како најголеми проблеми. На пример, ветува дека владата и јавните претпријатија нема да доцнат во плаќањето на своите обврски по основа на склучени договори, набавени стоки или услуги. СДСМ се обврзува да ја оттргне политиката од економскиот живот преку низа мерки и измени на законите кои ќе значат минимизирање на можноста државните институции да ги уценуваат фирмите и планира да воведе постојана комуникација меѓу бизнис - заедницата и владата. Во врска со казнената политика, СДСМ потенцира дека превенцијата инспекциските служби нема да бидат инструмент за репресија и политички притисоци. „Прво – опомена за сторен прекршок; само при негово повторување – казна“, предвидува СДСМ. За поттикнување на извозот, СДСМ се обврзува дека граничните премини ќе бидат технолошки унапредени, со цел да се намали времето на чекање на граница; ќе обезбеди обука на менаџерите за извозен маркетинг; ќе отвори технолошко - развоен истражувачки центар за согледување на предностите на македонските мали и средни претпријатија во однос на европските и за елиминирање на сегментите во кои тие заостануваат, како што се амбалажата, маркетингот, почитувањето на роковите за испорака, нивото на квалитет, конзистентните менаџмент техники и ќе обезбеди финансиска поддршка при лансирањето нови производи и нов производен дизајн. Во врска со странските директни инвестиции, СДСМ ветува дека ќе води активна и транспарентна политика на нивно привлекување. „Значењето на странските инвестиции го гледаме, пред сè, како пристап до нови технологии, знаења и нови пазари. Нашата политика ќе се разликува од сегашниот целосно нетранспарентен пристап базиран врз скапи реклами и белосветски патувања на владини функционери. Нашата политика ќе се базира на промоција на поволно и стабилно деловно опкружување, независни и професионални институции, високо ниво на демократска свест, ефикасен правен систем, квалификувана работна сила, активна политика на поддршка на инвестиции и даночни олеснувања. Без разлика на нашето несогласување со сегашната политика кон странските инвестиции, сите обврски кои се преземени кон постојните странски инвеститори целосно ќе се почитуваат, а преземаме обврска да ги објавиме сите склучени договори“, ветува СДСМ. Програмата на партијата предвидува во првите 100 дена да се направи детална cost/benefit анализа од вложувањата и придобивките од процесот на привлекување на странските компании за да се добие објективно согледување на ефектите од спроведените политики и ефикасно моделирање на идните мерки;
СДСМ: СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ НЕ СЕ ЗАМЕНА НА ДОМАШНИТЕ
www.kapital.mk
Капитал број 891 25.11.2016
14
COVER STORY ВМРО – ДПМНЕ
За свој најголем успех во досегашното владеење ВМРО – ДПМНЕ го истакнува намалувањето на невработеноста на 24% во 2016 година, а во следните четири години, партијата ветува дека невработеноста ќе падне до 18%. СДСМ предвидува и мерка за стимулирање на инвестирање и враќање во Македонија на граѓаните заминати на работа во странство така што ќе ги ослободи од данок на добивка во траење од 3 години повратниците од странство, доколку своите заштеди ги вложат во отпочнување на сопствен бизнис во Македонија или, пак, ги вложат во опрема (но, како доминантно учество во акционерскиот капитал), во постојно претпријатие во Македонија. Програмата на СДСМ предвидува и огромна сума на пари да се вложат во изградба на патната, железничката и енергетската инфраструктура. „Владата на ВМРО - ДПМНЕ многу малку вложуваше во развојот на патната и железничката инфраструктура. После 10 години, Македонија инфраструктурно е разурната и изолирана“, вели СДСМ и наведува три клучни проекти во инфраструктурата - „Македонија мегалополис“, што ќе овозможи стасување меѓу најголемите градски центри во државата за не повеќе од 90 минути; „Македонија без црни точки”, со којшто ќе ги санира сите црни и „Македонија без кал”. „Ние ќе работиме на обезбедување државен консензус за неопходни крупни инвестиции во Македонија во следните
10 години, со преземање на обврска од страна на сите партии, доколку дојдат на власт, да ги реализираат нејзините елементи со вложување од најмалку 500 милиони евра годишно. Ќе формираме компанија со доминантна државна сопственост (51%) преку која ќе се реализираат дел од инвестиции во инфраструктурни проекти и во обновливи извори на енергија. Почетната големина на компанијата ќе биде 300 милиони евра, од кои 153 милиони евра би биле учество на државата“. Во делот на патната инфраструктура, инвестициите СДСМ ги проектира на 3 милијарди евра во следните 10 години и тоа 600 километри автопатишта и експресни патишта; 550 километри магистрални и регионални патишта и .000 километри локални патишта. „Уште во првите 2 години од мандатот ќе вложиме 600 милиони евра за изградба на патишта’, ветува СДСМ. Од најголемите енергетски проекти, СДСМ ветува пренемена и модернизација на ТЕЦ Неготино во комбинирана електрана на природен гас, а произведената топлинска енергија да се користи како евтин енергенс за производство на раноградинарски култури и во прехранбено преработувачката индустрија (конзервна фабрика и ладилници
XX ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА НА 14.000 ДЕНАРИ XX ВИСОКИ КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ ОД БУЏЕТОТ XX ОТВОРАЊЕ НА 70.000 РАБОТНИ МЕСТА ВО СЛЕДНИТЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ XX ЕКОНОМСКИ РАСТ ОД 3% ДОГОДИНА ДО 4,5% ВО 2020 ГОДИНА XX РЕСТАРТИРАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ – ЖРТВИ НА ТРАНЗИЦИЈАТА XX 600 МИЛИОНИ ЕВРА ЗЕМЈОДЕЛСКИ СУБВЕНЦИИ ЗА ЧЕТИРИ ГОДИНИ за земјоделски производи). „Со ова ќе се зголеми конкурентноста и извозот на македонските раноградинарски култури и ќе се отворат нови работни места во земјоделската и прехранбенопреработувачката дејност“. Меѓу проектите на СДСМ во изборната програма се најдоа и ХЕЦ Чебрен и Галиште кои партијата се обврзува дека ќе ги изгради со сопствени средства на АД ЕЛЕМ, и со тоа ќе се зголеми домашното производство на електрична енергија а ќе се намалиме увозот. Интересно е што СДСМ предвидува и посебно министерско место за водење на крупни енергетски проекти. Во земјоделството, партијата предвидува насочување на земјоделските субвенции кон вистинските земјоделци и промена на моделот на субвенционирање. „Во периодот од 2007-2015 година од предвидени над 800 милиони евра за субвенционирање на земјоделството и руралниот развој, исплатени се само 60-70%. Овој факт е појдовна точка за поправање на состојбите во земјоделските политики“, истакнува СДСМ. „Финансиската поддршка за земјоделството ќе изнесува 160 милиони евра годишно“, ветува во својата програма СДСМ. nnn
Капитал број 891 25.11.2016
16
ИНТЕРВЈУ
Она што не прави навистина успешни се високопрофесионалниот тим на вработени, клиентски ориентирана политика на нашето претпријатие, воведување на најсовремени технолошки опреми, тимскиот дух меѓу вработените во компанијата. Нашата филозофија е многу едноставна „Да работиме подобро од конкуренцијата“ и во тоа сме многу успешни.
www.kapital.mk
www.kapital.mk
INTERVIEW
Капитал број 891 25.11.2016
17
АНДРЕЈ КУКУ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА „ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА“
“ЛУКОИЛ” Е СИГУРЕН ПАРТНЕР И СОВЕСЕН ДАНОЧЕН ОБВРЗНИК НА ГЛОБАЛНО НИВО
www.kapital.mk
Капитал број 891 25.11.2016
18
ИНТЕРВЈУ
разговарал:
Игор Петровски
igor.petrovski@kapital.mk
Г
фотографија:
Зоран Петровиќ
XГ-не X Куку, со оглед дека годинава „ЛУКОИЛ“ слави 25 години од постоењето, ве молам за нашите читатели да објасните што значи компанијата во глобални рамки денес: во колку земји е оперативна, колку вработени има, колкави приходи остварува? Да истакнеме и некои најважни точки од историјатот на компанијата. Својот јубилеј од 25 години „ЛУКОИЛ“ го пречекува во рангот на една од најголемите нафтени компании во светот. Во нејзините активи се огромни резерви на нафтените полиња, моќни претпријатија на територија на Русија и надвор од нејзините граници, цела армија на високопрофесионални работници, повеќе од 105 илјади луѓе. Денес „ЛУКОИЛ“ обезбедува повеќе од 2% од светското производство на нафта и околу 1% од докажаните светски резерви на јаглеводороди. Во 2015 година „ЛУКОИЛ“ го надмина нивото на производство од 2 милијарди тони на гориво (нафта и гас). Во моментов под брендот на „ЛУКОИЛ“ работат повеќе од пет и пол илјади бензински станици во 22 земји ширум светот. Покрај Европа, компанијата е присутна во Азија, Африка и Америка. „ЛУКОИЛ“ врши геолошки испитувања во 11 држави во светот (Азербејџан, Египет, Ирак, Гана, Кот-д Ивуар, Мексико, Норвешка, Романија, Нигерија, Камерун, Саудиска Арабија, Узбекистан и Казахстан). Добивката на јаглеводороди компанијата ја врши во Азербејџан, Египет, Ирак, Казахстан и Узбекистан. Додека преработката на нафтата ја врши како на руска територија, така и надвор од нејзините граници во рафинериите во Бугарија, Романија, Италија и Холандија. Во тековната година „ЛУКОИЛ“ го зазеде шестото место во рангирањето на американската агенција „Platts" во листата од 250 најголеми енергетски компании низ светот за 2016 година. Рејтинзите се базирани на формулата на „Platts“, чии што компоненти се: вредноста на активите, приходите, добивката и враќање на вложениот капитал. Исклучително важно е дека низ целиот свет компанијата „ЛУКОИЛ“ заслужено се смета за сигурен партнер на глобално ниво и добар совесен даночен обврзник. Репутацијата на нашата компанија во деловните кругови е токлу беспрекорна,
Убеден сум дека без помошта на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, Владата и локалната самоуправа во земјава, ние не би можеле да достигнеме такви успеси во работата на нашето претпријатие. За тоа сме им многу благодарни. што „ЛУКОИЛ“ предизвикува еднакви чувство на почитување како кај своите партнери, своите купувачи, така и кај својата конкуренција. Таквата репутација не се купува со пари, единствено може само да се заслужи. Накратко за нашата историја, која започна пред 25 години. Нафтениот концерн „Лангепас - Урај – Когалимнефт“, потоа трансформиран во „ЛУКОИЛ“(првите три букви ЛУК), е основан 25 ноември 1991 година со одлука на Владата на Руската Федерација. Во својот развој „ЛУКОИЛ“ ги помина значајните фази како што се укрупнување на државните претпријатија и приватизација, како и откуп на државни акции од страна на компанијата, стратешко партнерство со „ConocoPhilips“, кое заврши во 2010 година и донесе големо искуство.
Денес „ЛУКОИЛ“ е руска транснационална компанија која поседува уникатни технологии. И ова е едно од најголемите достигнувања за периодот од 25 години. Како еден пример може да послужат морските платформи за екстракција на нафта, уникатни терминали, како што е Варандејски терминал, кој е вклучен во Гинисовата книга на рекорди. Пред прагот на јубилејот, 31 октомври оваа година, Претседателот на Руската Федерација В.В.Путин, во присуство на Претседателот на Компанијата на „ЈАД ЛУКОИЛ“, В.Ј.Алекперов, ја стартуваа индустриската експлоатација на нафтеното наоѓалиште, под називот Филановски во Касписко море. Во човечкиот живот возраста од 25 години претставува период на најголема енергија, сила и спроведување на долгорочни пла-
КУКУ: ГОДИНАВА СМЕ ШЕСТА НАЈГОЛЕМА ЕНЕРГЕТСКА КОМ
www.kapital.mk
Капитал број 891 25.11.2016
19 Секој вработен во "ЛУКОИЛ" е лицето на претпријатието и со својот труд, со секој свој чекор ја поддржува неговата репутација и престиж.
нови. И Компанијата ова го реализира. Во следните 10 години „ЛУКОИЛ“ има намера значително да ги зголеми резервите и производството на јаглеводороди, да ги модернизира сите рафинерии и при тоа да не го зголеми обемот на задолжувањата. XДа X се осврнеме малку и на позицијата на македонската компанија на „ЛУКОИЛ“, која што, пак, ја тера својата 11 година во земјава: моментална позиција на пазарот, број на бензински станици, вработени, приходи и сл. Денес Групацијата „ЛУКОИЛ“ во Република Македонија е претставена со друштвото - ќерка „ЛУКОИЛ Македонија“ ДООЕЛ, кое е дел од Балканска меѓурегионална група на компании и врши продажба на големо и мало на нафтени деривати
преку мрежата на бензински станици. Во моментов компанијата работи со мрежа од 28 бензински станици и еден нафтен склад. Ние, нашиот 10 годишен јубилеј го прославивме во 2015 година. Досега „ЛУКОИЛ Македонија“ на нафтениот пазар во Р. Македонија има реализирано еден милион и 300 илјади тони нафтени деривати или речиси двегодишен обем на потрошувачката во Р. Македонија. Согласно резултатите од работењето за 2015 година ние имаме 15% сегмент од нафтениот пазар во земјава. Во последните неколку години компанијата се наоѓа меѓу десетте најголеми плаќачи на данок во Република Македонија. Во 2015 година се уплатени даноци во висина од 49,7 милиони долари. „ЛУКОИЛ Македонија“ нема амбиции да стане монополист на нафтениот пазар,
нашата цел е да достигнеме 20% од нафтениот пазар во Македонија. Нам приоритет ни е квалитетот на горивото, високото ниво на услуга и современи бензински комплекси кои се ориентирани кон клиентите. Денес нашето претпријатие го завзема „премиум“ местото на нафтениот пазар. „ЛУКОИЛ Македонија“ два пати е прогласена за најдобра во групацијата надвор од границите на Русија во 2011 и 2013 година. Исто така и меѓународни органи, како Socrates nomination committee повеќе пати го имаат признаено нашето претпријатие како најдобро. Највисоката оценка за нашиот труд е оценката на нашите клиенти, кои штом еднаш ќе застанат на нашите објекти остануваат верни потрошувачи. Им благодариме на довербата! Наша основна актива се луѓето - лојалните соработници, сигурните партнери и добавувачи, истите оние кои секојдневно помагаат со својот однос компанијата да се движи во својот правец, да ги гради своите идни планови и да зазема високи позиции на пазарот. Персоналот во компанијата, кој е во состав од 400 вработени, работи заинтересирано и страсно, применувајќи го капацитетот на сите свои расположливи сили и можности, знаење и креативност, остварувајќи врвни резултати. Во многу сегменти благодарејќи на колективот расте ефективноста на „ЛУКОИЛ Македонија“. Секој вработен е лицето на претпријатието и со својот труд, со секој свој чекор ја поддржува неговата репутација и престиж. XКако X ќе биде одбележан значајниот јубилеј на корпорацијата, дали во Македонија подготвувате нешто специјално за јавноста и потрошувачите? Јубилејот за нас има големо значење и се разбира дека би сакале тоа да го споделиме и прославиме со нашите верни клиенти и потрошувачи. За таа цел се одлучивме да организираме наградна игра која ја нарековме „СРЕЌНА 25“. Наградната игра започна на 3 октомври и ќе трае до 28 ноември кога ќе бидат извлечени и бројните награди и тоа 100 ваучери за гориво од 1.500 денари додека најсреќниот добитник кој ќе биде извлечен за главна награда ќе добие 250.000 денари. X„ЛУКОИЛ“ X редовно организира годишни собирања за најуспешните вработени, при што досега и македонски вработени на компанијата имале прилика да го посетат седиштето во Москва. Дали годинава по повод јубилејот се подготвуваат некакви изненадувања и за вработените? Да, навистина кај нас тоа прерасна во една убава традиција, пред прагот на нашиот професионален празник „Денот на работниците во нафтената и гасната индустрија“- тоа е првата недела од месец септември, да ги наградуваме нашите вработени. Нам ни е многу пријатно што и годинава раководителот на бензинската станица „Аеродром“ Анкица Златевска беше
МПАНИЈА ВО СВЕТОТ, СПОРЕД РЕЈТИНГ АГЕНЦИЈАТА PLATTS
www.kapital.mk
Капитал број 891 25.11.2016
20
ИНТЕРВЈУ
Нам приоритет ни е квалитетот на горивото, високото ниво на услуга и современи бензински комплекси кои се ориентирани према клиентите. Денес нашето претпријатие го завзема „премиум“ местото на нафтениот пазар. прогласена за најдобар вработен во Москва и беше наградена со почесна диплома од компанијата, а исто така е и на почесното табло во дирекцијата во Москва. Освен тоа Михајловски Стефо, менаџер за набавка и големопродажба на нафтени деривати и Владимир Чолак-вршител на должност менаџер за експлоатација и малопродажба беа наградени со благодарници од страна на Министерство за енергетика на Руската Федерација. Во централата во Москва беа наградени следните вработени во „ЛУКОИЛ Македонија“: Јасна Ѓурковиќ, специјалист за дополнителен асортиман во 2011 година, Борче Јаковлески, раководител на бензинска станица Прилеп во 2014 година, Јанко Митров, раководител на нафтена база 2015 година. На Терзиќ Горан, главен продавач - ракувач (шеф на смена) на БС 008, Ставрова Ани, раководител на БС 020, Сарагинов Драган, главен продавач, ракувач (шеф на смена)
на БС 026 им беа доделени благодарници од „ЈАД ЛУКОИЛ“. 22 најдобри вработени во претпријатието беа наградени со почесни дипломи на „ЛУКОИЛ Македонија“ и се внесени на почесното табло на „ЛУКОИЛ Македонија“. Би сакал да потенцирам дека сите наградени добиваат и парични премии. Годинава за прв пат беа организирани спортските игри на Балканското МРО со учество на Србија, Хрватска, Македонија и Црна Гора. И секако годинава на 30 септември го одбележавме јубилејот на Компанијата, на кој беа присутни повеќе од 250 наши вработени, наши партнери и други компании. XВо X успешната приказна за „ЛУКОИЛ“ секогаш сте ја истакнувале значајната улога и на руските дипломатски претставништва. Во рамки на одбележување на јубилејот, на кој начин ќе биде истакната улогата на Амбасадата на Руската Федерација во земјава во основањето, растот и развојот на „ЛУКОИЛ Македонија“? Убеден сум дека без помошта на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, Владата и локалната самоуправа во земјава, ние не би можеле да достигнеме такви успеси во работата на нашето претпријатие. За тоа сме им многу благодарни. Помошта од страна на Амбасадата на Руската Федерација нам ни се укажува од почетокот, од самата регистрација на претпријатието во 2005 година, па се до денешен ден, за прашањата за развој на нашата малопродажна мрежа. Убеден сум дека амбасадорот на Руската Федерација неговата екселенција Шчербак Олег Николаевич го познаваат лично сите наши вработени, како во дирекцијата, така и на нафтената база и бензинските
станици, тој е секогаш во тек со нашите успеси и проблеми и активно ни помага да ги решиме. Да се биде дел од руската транснационална енергетска компанија, за нас како нејзини вработени, претставува голема чест! XКои X се според вас главните двигатели на успехот на „ЛУКОИЛ“ во Македонија, за што компанијата и два пати е прогласена за најдобра во групацијата надвор од границите на Русија? Ќе кажам накратко. Она што не прави навистина успешни се високопрофесионалниот тим на вработени клиентски ориентирана политика на нашето претпријатие, воведување на најсовремени технолошки опреми, тимскиот дух меѓу вработените во компанијата. Нашата филозофија е многу едноставна „Да работиме подобро од конкуренцијата“ и во тоа сме многу успешни. XКако X одговорен за неколку балкански пазари на „ЛУКОИЛ“, кажете ни, колкав е потенцијалот за натамошен раст и развој на компанијата во овој регион? Какви се плановите за понатамошни инвестиции на „ЛУКОИЛ“ на Балканот? Компанијата го оценува Балканот како перспективен регион за развој. Ние имаме синергија помеѓу нашите рафинерии во Бугарија, Романија и Италија со нашите малопродажни мрежи во Бугарија, Србија, Романија, Македонија, Хрватска и Црна Гора. Ние сме обезбедени со висококвалитетни горива и ефективна логистика. На балканскиот пазар „ЛУКОИЛ“ го знаат и нашето гориво се користи во големи количини. Во сите земји ние сме добросовесни плаќачи на данок.
КУКУ: НАША ОСНОВНА АКТИВА СЕ ЛУЃЕТО - ЛОЈАЛНИТЕ
www.kapital.mk
Капитал број 891 25.11.2016
21
“Персоналот во компанијата, кој е во состав од 400 вработени, работи заинтересирано и страсно, применувајќи го капацитетот на сите свои расположливи сили и можности, знаење и креативност остварувајќи врвни резултати”
XКаква X е, пак, стратегијата за понатамошно јакнење на брендот „ЛУКОИЛ“ во Македонија конкретно? Што може да се очекува од компанијата во блиска иднина? Навраќајќи се на изминатиот десетгодишен период, јас би кажал, дека „ЛУКОИЛ“ на нафтениот пазар ја одигра основната улога, а тоа е „улогата на локомотива“, и во моментов ние сме пример за изградба и експлоатација и услуги на бензински станици во Македонија. Во моментов, при изградба на нови или при реконструкција на постоечки бензински станици се користат наши стандарди и технологии. За сите наши клиенти брендот „ЛУКОИЛ“ е синоним за висок квалитет и сигурност. Компанијата постојано работи на подобрување на квалитетните и експлотациони својства на нашите моторни горива и брендирани масла. Карактеристично е производството со подобрени еколошки и економични својства. И сметам дека нашите клиенти повеќе пати се имаат убедено во тоа. Нашата девиза е „Секогаш во движење!„ XX Со оглед на падот на цената на нафтата изминативе две години, како „ЛУКОИЛ“ на глобално, но и на локално ниво во Македонија ги пребродува овие турбуленции? Кои фактори се најбитни за зачувување на стабилноста на компанијата, нејзината профитабилност и високото ниво на корпоративна култура? Да, последниве неколку години на нафтениот пазар се случија големи промени. Како прво, добивката и производството на нафтени деривати во 2014 - 2015 година ја надмина побарувачката. Тоа секако доведе до намалување на цената на нафтата. Доколку во 2013 година цената на барелот достигна до 130 долари, тогаш во 2016 година средната цена за првите девет месеци изнесува 46 долари.
Во следните 10 години „ЛУКОИЛ“ има намера значително да ги зголеми резервите и производството на јаглеводороди, да ги модернизира сите рафинерии и при тоа да не го зголеми обемот на задолжувањата. Како второ, намалувањето на цената на нафтата доведе до намалување на инвестициите во геолошко испитувачки работи и добивката. Сето ова води до ситуација дека после 3-4 години побарувачката ќе го надмине производството и цените ќе појдат нагоре. Аналитичарите прогнозираат дека 2017 – 2019 година цената на нафтата ќе се стабилизира меѓу 40-60 долари. Парадоксално, но со растот на производството на поекономични мотори, светската потрошувачка на гориво расте од 1 до 1,5% година. И тоа во основа, за сметка на порастот на автомобилниот парк во Кина, Индија и други земји во развој. Цената на нафтените деривати во основа зависи од две компоненти: светските котации на нафтени деривати и данокот, кој во секоја земја е различен. На пример, заради ниското ниво на акцизите, најевтини моторни горива има во земјите од регионот: тоа се Македонија и Босна и Херцеговина. Фактори кои влијаат на стабилноста на компанијата се: ефективен систем на управување со бизнисот, долгорочна стратегија на конкурентниот развој која обезбедува
лидерство во услови на економска глобализација, обезбедување на високо квалифицирани професионални кадри, обезбедување со тековни резерви на јаглеводороди, социјално ориентирана политика. „ЛУКОИЛ“ како цел има создавање на нова вредност, обезбедување на акционери во висок доход на инвестиран капитал по пат на зголемување на вредноста на активите на компанијата и исплаќање на парични дивиденди. За достигнување на овие цели „ЛУКОИЛ“ ќе ги искористи сите достапни можности, вклучувајќи ги и идните напори за намалување на трошоци, раст на ефективноста на своите операции, подобрување на квалитетот на производната продукција и доставување на услуги, примена на нови прогресивни технологии. Наша основна актива се луѓето - посветени вработени, сигурни партнери и добавувачи. Сите тие секојдневно и помагаат на Компанијата да чекори по својот пат, да ги реализира амбициозните планови и да зазема лидерски позиции на пазарот. Како директор на „ЛУКОИЛ Македонија“ ДООЕЛ Скопје, јас сум им благодарен на сите вработени и партнери за нивниот огромен труд за успех на нашето претпријатие. За сиве овие години нашето претпријатие цврсто стои на нафтениот пазар во Република Македонија. Нас не знаат и не почитуваат. Денес „ЛУКОИЛ Македонија“ ДООЕЛ има „премиум“ место на нафтениот пазар во земјава. Да, ние имаме добри резултати, но нема да стоиме во место. Компанијата планира да се шири, да отвора нови објекти да трасира уште поефективни патишта кон успехот. 25 години е значајна дата за секого. Се надевам дека компанијата со своето динамично минато и стабилна состојба, ја очекува успешна иднина! На сите вам ви посакувам среќа, здравје, успех, а на Република Македонија просперитет. Нека вашите семејства живеат во благосостојба, на сите ви посакувам мир и топлина.
Среќен празник пријатели!
Е СОРАБОТНИЦИ, СИГУРНИТЕ ПАРТНЕРИ И ДОБАВУВАЧИ
Капитал број 891 25.11.2016
www.kapital.mk
НОВИОТ ДОМАЌИН НА БЕЛАТА КУЌА ДОСЕГ 22 ПОЛИТИКА МЕЃУ КРЕАТОРИТЕ НА АМЕРИКАНСКАТА ПОЛ
ШТО МОЖЕ ДА ОЧЕКУВА МАКЕДОНИЈА СО ТРАМП КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД?
Во ВМРО-ДПМНЕ на победата на Трамп и се израдуваа како на нивна локална, против СДСМ, каде навивале за Хилари, покрај која биле поразени и целата левица во Европа, и особено Сорос. Но, нема потреба човек да е многу информиран за знаејќи како функционира Америка да сфати дека и со новиот претседател пристапот на САД кон Македонија нема да се промени, а претставниците на Вашингтон при регионалните посети, краткорочно ќе даваат поддршка за СЈО и ќе потсетуваат на обврските од извештајот на Прибе, долгорочно поддржувајќи ги евроатланските интеграции
ПЕНДАРОВСКИ: ПО НЕЗАВИСНОСТА НА КОСОВО, БАЛКАНОТ ПР
www.kapital.mk
ГА НЕ БЕШЕ ЛИТИКА
Капитал број 891 25.11.2016
23 пишува:
K
Максим Ристески
maksim.risteski@kapital.mk
Кампањата за предвремените парламентарни избори во Македонија на 11 декември почна во понеделникот, додека во светот уште трае Трампефектот, од кој кај нас, во пресрет на изборите, особено се охрабрени во ВМРО-ДПМНЕ - ако ништо повеќе, го сметаат за добра „карма“. Владејачката партија резултатите од американските избори ги прослави како своја, локална победа, против СДСМ - каде навивале за Хилари Клинтон, и заклучи дека победата на Трамп ќе влијае врз Македонија, зашто Џорџ Сорос веќе немало да може да купува влијание врз американската дипломатија. Но, нема потреба човек да е многу прониклив или информиран за да сфати дека ниту партиските, а понатаму ниту државните калкулации за некаква промена што специфично ќе се однесува на Македонија, а би била поврзана со смената на власта во Америка, немаат издржаност. Македонија нема да се најде директно на агендата на САД и со Доналд Трамп како претседател (освен ако, не дај Боже, се случи нешто драматично овде), а за некакво влијание на новата американска администрација врз државава може да се зборува само низ призмата на геополитичките фактори што го засегаат регионот. Тука главно се мисли на поставеноста на Трамп и на неговиот тим во релациите со Европската унија и со Русија. Основаните претпоставки се дека со Трамп, во најмала рака, Америка нема да биде поактивна на линијата со ЕУ отколку што беше во мандатот на неговиот претходник, Барак Обама, а оти со Русија нема да прави недозволени компромиси што би го промениле односот на двете големи сили и соодветниот ефект во светот. Можеби е претерано и заклучувањето врз база на некои изјави на Трамп од кампањата, дека тој ќе застапува изолационизам на Америка за сметка на посветеноста на внатрешните прашања на земјата, но факт е дека избраниот претседател, според сите најави што ги даде, ќе се вложи во она што сака да го постигне во САД - за
РАКТИЧНО НЕ ПОСТОИ ЗА НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА НА САД
www.kapital.mk
Капитал број 891 25.11.2016
24
ПОЛИТИКА
надворешната политика од него и не чувме некоја јасна и кохерентна агенда. Трамп не бил во кругот на луѓето што ја обликуваат политиката во САД, и како ќе влијае неговото претседателствување врз американската надворешна политика, вклучително и кон Балканот, е прашање на кое не може да се одговори со поголема извесност. Нешто повеќе ќе се знае кога тој ќе го докомплетира својот тим, во зависност од тоа дали оттука ќе се види дека се приклонува кон традиционалните републикански политики, или ќе се остави простор оти може да биде поавтономен во носењето на одлуките. Поради неговите изјави, идното влијание на Америка врз Балканот главно се анализира во контекст на нејзината поставеност кон Русија, односно, како одраз или на релаксацијата на односите Вашингтон-Москва по цена што повеќе би му одговарала на Кремљ, или на дури и зголемена конфронтација. Впечаток е дека во мандатите на претседателот во заминување, Барак Обама, Русија подрско се поставуваше во светските прашања, отколку за време на владеењето на Џорџ Буш помладиот. Иако, некои аналитичари не пропуштаат да додадат дека токму блискоисточните воени кампањи на Буш придонесоа за раст на цените на нафтата и на гасот, со што Русија, како голем извозник на овие енергенси, значајно зајакна. Тезата дека односите САД-Русија нема да се променат поаѓа од претпоставката дека Трамп и да се залага за релаксација, не би му направил на рускиот претседател Владимир Путин некаква отстапка што тој (Путин) би можел да ја користи како трофеј освоен во геополитичките војни. За очекување е Трамп да се заложи за покоординирана заедничка борба (со Русија) против Исламската држава, но и евентуалниот успех на овој план, надвор од секоја логика е дека може да значи компромиси по прашањата каде остро се судираат интересите, како во Украина. За внатрешните, руските политички потреби на Путин, би одговарало тој да може да се прикаже како победник
О
Ќ
е нема никакви промени со Трамп во однос на стратешката определба на Македонија да стане дел од евроатланските структури, да биде функционална мултиетничка демократија, според Рамковниот концепт. Краткорочен СТЕВО приоритет на САД ќе ПЕНДАРОВСКИ биде задржувањето професор на СЈО, и, по можност, продолжување на неговиот рок и ингеренции. во однос на САД, што Трамп, секако, нема да го дозволи, а рускиот претседател нема никаква корист од подобрување на односите со Вашингтон што би му носело помалку дневно-политички поени од оние што веќе ги добива со конфронтациите со САД и со Западот, одржувајќи ја својата популарност. Околу можното зголемување на влијанието на Русија на Балканот во мандатот на Трамп, треба да се има предвид и дека наспроти изјавите на релевантните лидери од регионот кои зазвучуваат проруски, на пример, во една Србија, при секој сомнеж околу
ДЕНКО МАЛЕСКИ
прв шеф на македонската дипломатија
на што на Македонија најмалку и требаше од изборите на кои победи Трамп е една таква, прилично лоша кампања во Америка, со која никој не се гордее, а со која се испрати порака дека тоа - отсуството на почитување, лагите..., може обилно да се експлоатираат и кај нас.
нејзината ориентација не се пропушта да се увери дека Белград фокусирано гледа кон Брисел. Русија не нуди алтернативи (подобри од ЕУ), а ова, барем во однос на она што го нуди членството во Унијата, би можело да се смени и да влијае врз Балканот, ако се остварат сценаријата за зголемување на проблемите во ЕУ на плимата на популизмот и национализмот, што дополнително би ги демотивирало евроинтегративните процеси во балканските држави, и со тоа што, во таков случај, дополнително би се забавил и процесот на проширување на Унијата.
www.kapital.mk
Капитал број 891 25.11.2016
26
ПОЛИТИКА
НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ
#1
ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ
ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!
02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk
На поголема опасност за регионот од потенцијалот за стоплување на односите меѓу САД и Русија, предупредува професорот во Центарот за трансатлански односи при Школата за напредни меѓународни студии Џон Хопкинс, Даниел Сервер. Тој потенцира дека поминало многу време откако некој американски претседател го сметал Балканот за геополитички приоритет, додека Русија не пропушта можност да „долее масло на огнот“ од балканскиот котел секогаш кога ќе и се укаже можност. „Регионот во кој во деведесеттите имаше две американски воени интервенции, во БиХ и на Косово, сега и НАТО го симна далеку на крајот на листата по важност, и денес со него главно се занимаваат чиновници со не повисок ранг од заменик помошник на американскиот државен секретар“. Сервер смета дека ако Трамп/неговата администрација не преземат нешто за да го ограничат руското влијание на Балканот, тоа би имало драматични последици за младите демократии во регионот. Особено подвлекува дека за „буткање“ на политичките и економските реформи во секоја од балканските држави, се бара ЕУ и САД да дејствуваат во тандем, што нема да биде случај ако Америка биде понезаинтересирана отколку сега. Сервер смета дека ако Трамп за сметка на подобрување на односите со Русија ја прифати руската анексија на Крим, тоа може да предизвика серија етнички поделби и во БиХ, на Косово и во Македонија. „Би било вистинско чудо ако овие поделби поминат без војни, етнички чистења и цртање нови граници“, вели Сервер.
На Балканот има уште три прашања што може да добијат некакво американско внимание
Професорот Стево Пендаровски не очекува промена на американската надворешна политика откако Доналд Трамп ќе се всели во Белата куќа. „Не очекувам буквално никаква промена во американската надворешна политика. Најбитен дел од агендата на Трамп е свртен кон внатре, кон САД. Стравувањата дека тој ќе ги ослаби релациите со американските сојузници во НАТО, мислам дека се неосновани - Америка ќе остане во НАТО она што е, и сегашните мисии на Алијансата ќе останат на сила. Во однос на Европската унија, и Барак Обама последниве неколку години прилично ја повлече Америка назад, и освен во делот на економијата не може да се види дека стратешките врски сè уште стојат, како во времето на биполарниот свет“, смета Пендаровски.
www.kapital.mk
Капитал број 891 25.11.2016
28
ПОЛИТИКА
Тој вели дека Балканот практично не постои за американската надворешна политика изминативе 7-8 години, особено по Декларацијата за независноста на Косово од 2008 година, зашто по тоа САД сметаат дека ги завршиле сите груби работи, битни и статусни прашања на Балканот, и се повлекле од поголем ангажман, препуштајќи и на ЕУ да менаџира. Според Пендаровски на Балканот се останати три прашања околу кои со ограничени ресурси може да се ангажираат Американците, а едно од нив е и македонско. „Денеска на Балканот се преостанати три прашања што може да добијат американско внимание, но и тоа ќе биде минимално, и ќе се сведе на следење на политиките на Европа.
Тоа е заокружувањето на меѓународната државност на Косово, што е полупризната држава; потоа, ако може да се поправи дејтонскиот
модел и да се направи Босна пофункционална од она што е денес - нефункционална држава; и трето, Македонија, каде американскиот интерес ќе бидат реформите содржани во извештајот на Рајнхард Прибе, и претходно, тие ќе се залагаат за политичкиот концепт што беше воведен со Рамковниот договор. Значи, нема да има никакви промени со Трамп во однос на стратешката определба на Македонија да стане дел од евро-атланските структури, да биде функционална мултиетничка демократија, според концептот на Рамковниот договор. Краткорочен приоритет ќе биде задржувањето на Специјалното јавно обвинителство и, по можност, продолжување на неговиот рок и ингеренции. Ова се точките на кои Америка ќе инсистира, не со големи дипломатски ресурси, но секогаш кога ќе доаѓаат американски претставници во регионот ќе зборуваат за поддршката за СЈО кое треба да ја заврши работата за која е формирано без остаток, и за ивештајот на Прибе“, вели Пендаровски. За можниот развој на руско-американски односи со Трамп како претседател, и за нивниот одраз на Балканот, професорот смета дека наследникот на Обама нема да успее да ги стопли односите со Русија. „Првите негови „пикови“ за најблиски соработници се прилично радикални, и во однос на Русија - тие не се
познати како луѓе кои сакаат баш најпријателски односи со Русија. Неговите најблиски соработници во сферата на одбраната, на безбедноста и на надворешната политика, се со сосем различни ставови од оние со кои Трамп ги охрабри прогнозите дека ќе ги затопли односите со Русија. Трамп никогаш не споменал прифаќање на анексијата на Крим. За такво нешто нема ниту теоретски шански, зашто тоа целосно би ја оспорило независноста на Косово и би предизвикало верижна реакција“, смета Пендаровски. Професорот Денко Малески, пак, стравува не толку од надворешната политика на САД сега, откако Трамп е избран за претседател, туку од влијанието што американската предизборна кампања ќе го има врз овдешната. „Она што најмалку на Македонија и требаше е една таква прилично лоша кампања во Америка со која никој не се гордее, а со која се испрати порака дека тоа може да се експлоатира и кај нас“, вели Малески. Тој смета дека „изборниот натпревар во моќната демократија полн со жестока реторика“ ќе охрабри на изборите во Македонија, која е, најблаго кажано, кревка демократија, уште поголема жестокост на црната кампања со посегнување без задршка по сите средства со кои може да се оцрни политичкиот противник.
nnn
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
БРЕНДОВИ
16
ДЕКЕМВРИ
2016
ДИГИТАЛНОТО ВРЕМЕ И НОВИТЕ ПРАВИЛА НА БРЕНД МАРКЕТИНГОТ Не е далеку денот кога паметните фрижидери во домот ќе порачуваат продукти директно од супермаркет, заштедувајќи им го времето за рутински секојдневни задачи на потрошувачите. Дали тогаш ќе има смисла компаниите да трошат милијарди долари за традиционално рекламирање? Брендовите стануваат свесни дека потрошувачот денес бара многу повеќе од само обично потсетување оти треба да го купи нивниот детергент, чоколадо или сок. Потрошувачот сака негово вклучување во градење на приказната за брендот – engagement е клучниот збор за сите маркетинг стратези во моментов. Капитал го подготвува специјалниот прилог “Брендови: Дигиталното време и новите правила на бренд маркетингот“ каде што ќе објасниме како најефективно да се вклучат потрошувачите во развојот на еден бренд. Преку примери на успешни светски, регионални и локални брендинг кампањи ќе ви дадеме скапоцено know – how за креирање на бренд приказна имајќи ги предвид сите фактори на денешниот дигитализиран начин на живеење: новите технологии, интернетот, социјалните мрежи...
l ENGAGEMENT: АКТИВНО ВКЛУЧЕТЕ ГИ ПОТРОШУВАЧИТЕ ВО ПРИКАЗНАТА ЗА ВАШИОТ БРЕНД l КАКО ТЕХНОЛОГИЈАТА ГО МЕНУВА МАРКЕТИНГОТ? ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧУВА СЛЕДНИТЕ 10 ГОДИНИ? l КАКО ДА ЈА ИСКОРИСТИТЕ ЕМОЦИЈАТА ВО КРЕИРАЊЕ НА ПРИВЛЕЧНА АДВЕРТАЈЗИНГ СОДРЖИНА: ЛЕКЦИИ ОД СВЕТСКИТЕ МЕГА БРЕНДОВИ l НЕКОГАШ И СЕГА: ЕВОЛУЦИЈАТА И РАСТОТ НА ДИГИТАЛНИОТ МАРКЕТИНГ l 10 ИДЕИ ШТО ГО СМЕНИЈА СВЕТОТ НА МАРКЕТИНГОТ l УСПЕШНИ РЕГИОНАЛНИ И МАКЕДОНСКИ ПРИМЕРИ НА НОВИ БРЕНДИНГ СТРАТЕГИИ l КОЛКУ МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ ЈА КОРИСТАТ ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА ЗА КРЕИРАЊЕ НА ПРИКАЗНАТА ЗА БРЕНДОТ Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505
ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:
ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА
РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 9 ДЕКЕМВРИ 2016
ИНСТИТУТ КОНЦЕПТ ОРГАНИЗИРА
ЕДНОДНЕВНA ОБУКА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ:
SPIN И PITCH ТЕХНИКИ НА ПРОДАЖБА l 13 декември 2016 година (вторник) l 10:00-16:00 часот Институт Концепт, Скопје
Учесниците на обуката ќе се запознаат со различни техники и алатки за унапредување на продажбата, водејќи сметка за потребите на купувачите. При тоа ќе осознаат и колку начинот на комуникација влијае на процесот на работење и на резултатите на продажбата. Со завршување на оваа обука учесниците ќе бидат способни да:
l Разбираат како се носат одлуките за купување (што ги
мотивира, а што ги спречува да донесат одлука да купат еден производ/услуга) l Се справат со одбивањата l Поставуваат соодветни прашања со чија помош ќе ги разоткријат потребите на потрошувачите l Ја зголемат вредноста на продажбата, за да остварат дополнителен приход и профит
l Ги анализираат предностите и слабостите на нивниот
моментален продажен стил
l Ја опишат психологијата на потребите на
потрошувачите l Бидат подготвени да влијаат на сите учесници во процесот на одлучување
ПРЕДАВАЧ:
ЗОРАН ВИТАНОВ – Со-сопственик на ТРЕЈД КОНСАЛТИНГ, претседател на Асоцијацијата на Менаџери на Македонија, Интернационален ЦЕФЕ тренер, Мотиватор. За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk
КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова le-mail: institut@koncept.com.mk l02 3128 526 l070 272 207
Сакајте ја Вашата к жа
ТРАЈНА ЛАСЕРСКА ЕПИЛАЦИЈА
Скопје +389 2 / 321 66 08 www.ancevski.com.mk ancevski@laserlab.com.mk facebook.com / Ординација Д-р Анчевски
Капитал број 891 25.11.2016
32
ИНТЕРВЈУ
www.kapital.mk
www.kapital.mk
INTERVIEW
Капитал број 891 25.11.2016
33
ОЛИВЕР СПАСОВСКИ НОСИТЕЛ НА КАНДИДАТСКАТА ЛИСТА НА СДСМ И КООАЛИЦИЈАТА ВО И.Е 2
ПОЛИТИЧКИ НЕЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ И НЕУТРАЛНИТЕ ЌЕ ЈА ИМААТ КЛУЧНАТА УЛОГА ВО ПРОМЕНАТА НА ВЛАСТА Денес, откако граѓаните имаа можност да ги слушнат материјалите од проектот „Вистината за Македонија“, откако СЈО почна со сериозни истраги за криминалите на власта во заминување, откако секојдневно се јавуваат сведоштва на луѓе кои биле дел од системот, речиси и да не нема некој кој е рамнодушен на урнисувањето на државата. Затоа, на овие избори неопределените, политички незаинтересираните и неутралните ќе ја имаат клучната улога во победата на СДСМ и коалицијата и промената на власта.
www.kapital.mk
Капитал број 891 25.11.2016
34
ИНТЕРВЈУ
П разговарал:
Максим Ристески
maksim.risteski@kapital.mk
XПретстојните X избори веќе одамна ги добија епитетите финални, пресудни, „да се биде или не“. Каков е вашиот впечаток - конечно доволно ли е мотивирана досега големата група неопределени, неутрални, индиферентни потенцијални гласачи, да излезе и да ги реши изборите на 11 декември? Многу луѓе изминативе години живееја во страв. Други живееја надвор од политичкото, мислејќи дека нив не ги засегаат одлуките и решенијата на владејачкото мнозинство.
Ние нудиме План за живот во Македонија преку кој ќе обезбедиме повисоки плати, нови работни места, враќање на парите кон граѓаните, отворени и ефикасни институции и најважно, правда за сите. Нашата понуда е темелна, развојна и чесна и истата ќе биде препознаена од граѓаните, бидејќи пред нив е едноставен избор. Денес, откако граѓаните имаа можност да ги слушнат материјалите од проектот „Вистината за Македонија“, откако Специјалното јавно обвинителство (СЈО) почна со сериозни истраги за криминалите на власта во заминување, откако секојдневно се јавуваат сведоштва на луѓе кои биле дел од системот, речиси и да не нема некој кој е рамнодушен на урнисувањето на државата. Затоа, мислам дека на овие избори неопределените, политички незаинтересираните и неутралните ќе ја имаат клучната улога во победата на СДСМ и коалицијата и промената на власта.
XАналитичарите X се речиси едногласни дека кој и да победи на изборите - вклучително и ВМРОДПМНЕ, во Македонија ќе мора да има вистински реформи, односно, нема да може да се владее како досега. Се сложувате ли со ваквата констатација и кои реформи се клучни за Македонија што ќе мора да ги направи идната власт? Апсолутно се согласувам со тврдењето дека на Македонија и се потребни вистински и суштински реформи и тоа е
СПАСОВСКИ: НЕ ОЧЕКУВАМ СЕРИОЗНИ БЕЗБЕДНО
www.kapital.mk
Капитал број 891 25.11.2016
35 ГО ВРАЌАМЕ ЖИВОТОТ ВО МАКЕДОНИЈА! XШто X е клучното што ќе им го порачате на избирачите во вашата изборна единица пред да го побарате нивниот глас? Клучната порака е јасна - го враќаме животот во Македонија. Доста беа понижувањата и малтеретирањата на граѓаните. Ние нудиме План за живот во Македонија преку кој ќе обезбедиме повисоки плати, нови работни места, враќање на парите кон граѓаните, отворени и ефикасни институции и најважно, правда за сите. Нашата понуда е темелна, развојна и чесна и истата ќе биде препознаена од граѓаните, бидејќи пред нив е едноставен избор. Коруптивно и криминално владеење кое десет години го применуваше Груевски или нашата широка платформа која се обврзвува да донесе квалитетен живот за сите во Македонија. и мој, но и став на целокупната критичка јавност. Начинот на владеење кој го практикуваа ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не само што не е во духот на модерните европски држави, туку е на граница на авторитарен режим. Токму затоа првата задача на новата влада предводена од СДСМ ќе биде целосно спроведување на итните реформски приоритети кои произлегуваат од извештајот Рајнхард Прибе, а кои се одличен патоказ за тоа како би требало да функционира држава-аспирант за членство во Европската унија и НАТО.
На граѓаните им се потребни партии кои нема да ги двојат по етнички клуч, бидејќи потребите немаат етнички предзнак. Сиромаштијата, владеењето на правото, квалитетот на живот не се ниту албански, ниту македонски проблеми, туку ги засегаат сите граѓани подеднакво. Општеството созреа и пред проблемите настапува преку заеднички став кој е многу поширок од етничкиот контекст.
XОчекувате X ли посериозни безбедносни провокации во тек на кампањата? Може ли Министерството за внатрешни работи да гарантира безбеден изборен процес? Во ситуацијата кога СЈО влезе во УБК се доби впечаток за поделеност во МВР… Сами констатиравте дека овие избори ќе бидат судбински и пресудни и очекувано е да има одредена тензична атмосфера, но не очекувам сериозни безбедносни ризици пред и за време на гласањето. Доколку постои било каква закана по мирот и безбедноста на граѓаните, МВР е подготвено да постапи ефискано, навремено и неселективно во одржување на целосната безбедност.
СДСМ е партија во која отсекогаш се негувале демократските принципи и принципот на дебата и тоа ќе продолжи и во иднина. Тоа што во нашата партија не се одлучува заповеднички како во одредени партии и тоа што се почитуваат сите различни мислења, не значи дека членството е разединето. Напротив, постои заедништво како никогаш досега, постои огромна посветеност и енергичност, бидејќи сите тргнуваме од една единствена цел, а тоа е пад на режимот и враќање на демократијата, правдата и економскиот развој во Македонија.
XРазединето X ли е очекуваното гласачко тело на опозицијата поради несогласувањата околу одредени личности кои се најдоа на изборните листи на коалицијата предводена од СДСМ?
XВМРО-ДПМНЕ X води жестока кампања изведена од мултиетничкиот пристап што го промовирате - застрашуваат дека СДСМ заговара федерализација. Куманово, со најмногу запишани
избирачи во Македонија, е во изборната единица каде носител сте вие, а е етнички мешана средина. Ќе поверуваат ли граѓаните дека СДСМ ја турка државата кон федерализација? Граѓаните одамна не му веруваат на Груевски и неговите послушници. Федерализацијата постои само во главата на Груевски и во главата на неговите послушници кои во паника од извесниот пораз преку национализам очајно се обидуваат да внесат страв кај граѓаните. Македонија е и ќе остане унитарна, единствена и обединета земја. Употребата на јазиците е дефинирана со постоечкиот Закон кој беше донесен токму од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и предвидуваме да се држиме до целосно почитување на овој закон и на Уставот на Република Македонија. Наметнувањето на тема што
ОСНИ РИЗИЦИ ПРЕД И ЗА ВРЕМЕ НА ГЛАСАЊЕТО
www.kapital.mk
Капитал број 891 25.11.2016
36
ИНТЕРВЈУ
СДСМ и коалицијата ќе освојат доволно пратеници за да имаат целосен мандат преку кој ќе можат самостојно да одлучуваат со кого би ја формирале идната влада.
Првата задача на новата влада предводена од СДСМ ќе биде целосно спроведување на итните реформски приоритети кои произлегуваат од извештајот Прибе, а кои се одличен патоказ за тоа како би требало да функционира државааспирант за членство во ЕУ и НАТО. реално не постои го прават само оние што немаат никаква понуда за граѓаните. XСозреани X ли се условите во Македонија за граѓански политички
субјекти, водени од интереси што не зависат од етничката припадност; кои ќе ги мотивираат луѓето да бараат исполнување на својата политичка волја попрво преку ваквите субјекти, отколку во тесно етничките партии? Граѓаните на Македонија досега имаа можност десет години да бидат владеани од коалиција создадена од две етнички партии и видовме дека освен за личните интереси, не покажаа грижа за никого. На граѓаните им се потребни партии кои нема да ги двојат граѓаните по етнички клуч, бидејќи потребите немаат етнички предзнак. Сиромаштијата, владеењето на правото, квалитетот на живот не се ниту албански, ниту македонски проблеми, туку се заеднички и ги засегаат сите граѓани подеднакво. Општеството созреа и пред проблемите настапува преку заеднички став кој е многу поширок од етничкиот контекст. XКолку X работата на Специјалното јавно обвинителство ја продлабочи кај граѓаните перцепцијата за владеењето на актуелната власт? Колку тоа ќе се валоризира на изборното конто на опозицијата?
Специјалното јавно обвинителство е независна институција и граѓаните имаат високи очекувања дека тоа обвинителство ќе успее да ги расчисти криминалот и корупцијата и да ја врати вербата во правдата. СЈО не смее да биде под никаков притисок и мора да има доволен мандат за да ги заврши истрагите до крај. Преку проектот „Вистината за Македонија“ и она што го слушнавме, никој нема нималку сомнеж за тоа како власта во заминување владеела со државата и затоа граѓаните ќе ја казнат на изборите на 11 декември. XСо X ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ во никаков случај не би влегле во заедничка влада. Што доколку околностите по изборите налагаат, на пример, концентрациона влада, а преговорите со СДСМ во име на ВМРО-ДПМНЕ не ги води Груевски, ниту кој и да е друг од актуелното раководство на оваа партија? СДСМ и коалицијата ќе освојат доволно пратеници за да имаат целосен мандат преку кој ќе можат самостојно да одлучуваат со кого би ја формирале идната влада. nnn
СПАСОВСКИ: ВО СДСМ ПОСТОИ ЗАЕДНИШТВО КАКО НИКОГАШ ДОСЕГА
ПОЛНИ РЕТКО , ВОЗИ ДОЛГО
www.detoil.com.mk
Капитал број 891 25.11.2016
38
www.kapital.mk
ИНТЕРВЈУ
НИКОЛАОС ВЕРОПУЛОС ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМПАНИЈАТА „ВЕРОПУЛОС“
“ВЕРО“ ЌЕ ОСТАНЕ МЕЃУ ФАВОРИТИТЕ ВО ГРУПАТА НАЈУСПЕШНИ КОМПАНИИ ВО МАКЕДОНИЈА
20
Нашите проценки се дека по завршувањето на 2016 година профитот од продажбата во нашите продавници во Македонија и во Србија, каде што исто така сме присутни, ќе изнесува повеќе од 113 милиони евра”, вели Веропулос.
ВЕРОПУЛОС: МОЈАТА ГЛАВНА ГРИЖА Е ДА СЕ ОДРЖИ ДОЛГО
www.kapital.mk
Капитал број 891 25.11.2016
П
По речиси дваесетгодишно присуство во земјава, „Веро“ стана синоним за еден од најуспешните и најсилните малопродажни продажни синџири во трговијата на мало. Приказната која почна со отворањето на првиот супермаркет во скопската општина Аеродром, од страна на тогаш непознатата за македонските граѓани грчка компанија „Веропулос“, денес е заокружена со моќен и познат бренд кој континуирано низ годините остварува пораст и бележи позитивни финансиски резултати. За брендот „Веро“ и неговиот имиџ и значење во Македонија разговаравме со Николаос Веропулос, прв човек на компанијата „Веропулос“. XКога X дојдовте во Македонија во далечната 1996 година, бевте меѓу првите странски инвеститори во земјава. Може ли да направите краток осврт како се развиваше компанијата „Веро“ оттогаш, и до каде стигна денес? Во 1996 година одлучив дека Македонија, особено Скопје, е многу интересно место за инвестирање. Во тој период Веропулос беше првата голема компанија во трговијата на мало која што влезе на македонскиот пазар. По отворањето на првиот Веро маркет во населбата Аеродром во Скопје во 1997 година, повеќе немаше враќање назад. Наш следен чекор беше отворањето на Веро во Карпош, којшто во тоа време, а и денес е еден од најдобрите маркети во земјата. Овој маркет е дизајниран и изграден со инспирација и стручност која што ги отсликува професионализмот и традицијата на нашата компанија во трговијата на мало уште од 1967 година. Секој следен маркет беше чекор понапред кој кулминираше со изградбата на Веро центар, кој промовираше нов начин на купување и нов стил на Веро супермаркет во координација со „Џамбо“. Резултатот е илјадници задоволни купувачи дневно. XПо X речиси 20 години работење на македонскиот пазар, имате 10 супермаркети во три градови, еден трговски центар и франшиза за продавницата за играчки „Џамбо“ и за ресторанот за брза храна „Гудис“. За кој од овие бизниси може да се каже дека најуспешно функционира во земјава? Дефинитивно „Веро“ е најуспешен од сите, бидејќи успехот исто така се мери и според времетраењето. „Џамбо“ исто така е многу
39
Веро центар Скопје
Веро Jumbo Србија
успешен концепт, додека „Гудис“ сè уште треба да изоди долг пат, но се движи натаму. XКакви X финансиски резултати остварува компанијата во изминатите години? Не сакам да ве заморувам со премногу бројки. По завршувањето на 2016 година нашите проценки се дека профитот од продажбата ќе изнесува повеќе од 113 милиони евра во нашите продавници во Македонија и во Србија, каде што исто така сме присутни. За време на сите 12 месеци во 2016 година, повеќе од 12,8 милиони пати потрошувачите ќе купуваат во нашите продавници. Исто така, проценките се дека профитот ќе биде поголем споредено со 2015 година и нашите индикатори веќе го покажуваат тоа. Веро групацијата има многу солидна финансиска основа којашто и е добро позната на банкарската индустрија во двете земји каде работиме. Токму поради ова, нашите снабдувачи ни веруваат и се многу задоволни што ги презентираат нивните прозводи во нашите маркети.
Силно верувам дека „Веро“ може да постигне уште подобри резултати. Токму поради тоа во изминатите неколку месеци направив неколку организациски промени во менаџментот во двете земји каде што работиме. XОд X далечната 2004 година, „Веро“ постојано е во втората половина на листата на 20 најголеми и најуспешни компании во Македонија. Која е вашата зацртана цел за следните неколку години, на која позиција планирате да ја сместите компанијата? Силно верувам дека „Веро“ може да постигне уште подобри резултати. Токму поради тоа во изминатите неколку месеци направив неколку организациски промени во менаџментот во двете земји каде што работиме. Ги подобрувам перформансите на компанијата со цел да држиме чекор со конкуренцијата во годината што доаѓа, како и да ја задржиме компанијата на нивото на солиден фаворит во оваа група на успешни и финансиски силни компании. XКомпанијата X „Веро“ во моментов вработува околу 900 работници, од кои само мал дел од менаџерскиот тим се странци, додека сите други се македонски граѓани. Какви работници и се потребни на вашата компанија?
ОТРАЈНА И ОДРЖЛИВА РАБОТА ПРЕКУ ЗДРАВА ЕКСПАНЗИЈА
www.kapital.mk
Капитал број 891 25.11.2016
40
ИНТЕРВЈУ
Имаме многу предлози низ целата земја за да станеме дел од неколку трговски центри или, пак, да купиме земјиште за изградба на Веро маркети или продавници „Џамбо“. Мојата бизнис филозифија е многу јасна и гледа напред. Јас работам со чесни, трудољубиви и професионални луѓе кои го сакаат тоа што го работат и сонуваат за личен напредок преку еволуција на компанијата во која што работат. Како резултат на тоа, немам некои посебни фаворизации кои се однесуваат на одредени националности, ниту, пак, сметам дека одредени групи луѓе се покомпетентни од останатите. Фактот дека речиси сите локални менаџери се Македонци доаѓа природно, со оглед на тоа дека во земјата има многу добри луѓе кои ги поседуваат карактеристиките што ги набројав погоре. XВо X секој бизнис, клучен фактор за успех е односот на доверба кој што се гради со клиентите. Како вие ја стекнавте таа доверба и што правите за да ја задржите? Довербата на клиентите е нашата најценета вредност која се гради со долги години напорна работа и фокусирање на нашите идеали. Добрите приказни, заедно со пријатното опкружување, лесниот пристап, добар избор на производи, добра услуга и конкурентни цени се композицијата за придобивање на лојалноста на купувачите. Сепак, сето ова е полесно да се каже отколку да се направи. Нашиот најнов производ кој е направен за да им служи на нашите потрошувачи е Веро картичката којашто ќе им го олесни животот и обезбедувањето попусти ќе го направи многу поедноставно. Повеќе детали за овој производ може да дадат моите колеги. XКакви X се вашите идни планови за развој на компанијата? Планирате ли во 2017 да отворите нови маркети и дали „Веро“ ќе отвори маркет во некој друг град освен во постојните три? Во моментов градиме уште еден голем супермаркет во Тетово кој треба да биде готов во март 2017 година. Тој ќе има продажен простор од 2.500 метри квадратни, ќе биде на едно ниво, со голем и удобен паркинг внатре во објектот. Исто така, во Битола ќе го прошириме еден од големите супермаркети до кој ќе се отвори продавница „Џамбо“ на 1.000 метри квадратни. И овој проект треба да е готов до март 2017 година. Во контекст на ова, имаме многу предлози низ целата земја за да станеме дел од неколку трговски центри или, пак, да купиме земјиште за изградба на Веро маркети или продавници „Џамбо“. Сличен план за проширување имаме и за Србија, особено за Белград, каде што веќе имаме шест големи Веро маркети и две продавници „Џамбо“. Но, сето ова јас го разгледувам многу внимателно бидејќи мојата главна грижа е да се одржи долготрајна и одржлива работа на компанијата преку здрава експанзија. Во мојата професионална кариера сум сретнал компании кои влегле во проблеми поради погрешните експанзионистички планови кои што ги имале, во кои главна цел било да се покажат на пазарот и да се преправаат дека се нешто што реално не се. Вообичаено, менаџментот на ваквите компании има краткорочна визија. nnn
ВЕРО КАРТИЧКА ПОДАРОК ЗА ЛОЈАЛНИТЕ КУПУВАЧИ
П
опусти, подароци, заштеда, поврат на пари, се само дел од поволностите што ги добиваат потрошувачите во маркетите на „Веро“ кои се сопственици на Веро картичката за лојалност. Преку програмата за лојалност на „Веро“, сите потрошувачи имаат можност да собираат поени при секојдневното пазарување без никакво ограничување, за да добијат различни попусти и други ексклузивни поволности. Дел од програмата за лојалност стануваат сите потрошувачи кои се регистрирале во неа. Секој регистриран потрошувач добива една главна картичка и уште две дополнителни наменети за членовите на неговото семејство. При плаќањето на сметките направени во кој било маркет на „Веро“, поените од трите картички се собираат на една заедничка сметка и може да се искористат за намената за којашто се одлучил сопственикот на картичката. Потрошувачите кои сакаат да бидат дел од програмата за лојалност може да аплицираат за Веро картичка на три начини. Регистрацијата се врши онлајн преку вебстраницата www.vero.com.mk, преку мобилната апликација Vero app каде потрошувачот се регистрира со мобилниот телефон или директно со пополнување формулар на главната каса во кој било од десетте маркети на „Веро“ низ Македонија. Потрошувачите коишто се регистрирале онлајн поените ги собираат на својот мобилен телефон, но постои опција да добијат и картичка доколку тоа го наведат во онлајн апликацијата.
www.kapital.mk
Капитал број 891 25.11.2016
42
СВЕТ БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Б
Брачниот пар Иза и Само Логин, мнозинските сопственици на словенечката компанија Outfit7, креатори на мобилната игра Talking Tom планираат да ја продадат компанијата, сакајќи да го искористат бранот на преземања на производители на забавен софтвер, пишува Bloomberg, наведувајќи анонимни, но добро информирани извори. Околу самата продажбата на Outfit7, сопствениците ги советува американската инвестициска банка Goldman Sachs, што привлекло внимание кај другите произведувачи на мобилни игри и апликации, дека вредноста на словенечката компанија регистрирана во Лондон би можела да достигне 616 милиони долари или околу 578 милиони евра. Словенечкиот магазин Менаџер , кој што и оваа година брачниот пар Логин ги стави на врвот на листата најбогати Словенци, смета дека Outfit7 би можел да вреди дури и милијарда евра. Outfit7 заработува со огласување и купување преку апликација. За да ја искористат популарноста кај децата Outfit7 понудата ја прошири со веб видео, што е тактика која ја користи и креаторот на Angry Birds. Анимираната серија Talking Tom and Friends направена е во соработка со Walt Disney. Во едната верзија на играта анимираниот мачор со забавен глас повторува она што корисникот на мобилниот уред го вели, а во другите верзии корисниците составуваат виртуелна сложувалка или ги водат ликовите преку пречки и сл.
300 милиони активни корисници на “мачорот Том“
Основана во 2009 година, Outfit 7 во портфолиото има бесплатни мобилни апликации и игри, анимирани видео и лиценцирани производи, поврзани со играта. Апликацијата Talking Tom and Friends преземена е повеќе од пет милијарди пати, а има 300 милиони активни корисници месечно, што ја доведува во категоријата кај што припаѓа на пример и Twitter, со 313 милиони корисници. Outfit7 има околу 9 милиони претплатници на YouTube, а видео содржината е прикажана околу 9,4 милијарди пати. Според податоците на компанијата, на ниво на групата лани оствариле 108 милиони евра приходи од продажба, додека претходната година тој износ бил 79 милиони евра. Чистата добивка лани била 80 милиони евра, претходно 60 милиони евра. На сопствениците кои се 120 на број (Иза и Само Логин поседуваат околу 60% удел), лани им се исплатени 74 милиони евра дивиденда, а година претходно околу 39 милиони.
НАЈБОГАТИТЕ СЛОВЕНЦИ ЈА ПРОДАВААТ КОМПАНИЈАТА
TALKING TOM И ПРИЈАТЕЛИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ НОВИ ГАЗДИ Вредноста на Outfit 7, компанијата креатор на мобилната игра Talking Tom е проценета на околу 600 милиони долари.
Холдингот Outfit7 Investments Limited има седиште во Лондон и е даночен обврзник во Кипар. Има 14 фирми ќерки во Лондон, Љубљана, на Кипар, во Швајцарија, Јужна Кореја, Хонг Конг, Кина и САД. Инаку, оваа година се склучени бизниси поврзани со забавен софтвер вредни 22 милијарди долари, најмногу во последните
12 години, пишува Bloomberg. Во јуни, кинеската фирма Tencent вложи 8,6 милијарди долари за купување на Supercell, творецот на игрите Clash of Clans, Boom Bich и Hay Day. Caesars Entertainment ја продаде Playtika, компанија за казино онлајн игри за 4,4 милијарди долари. nnn Благодарение на планетарната популарност на Talking Tom, брачните другари Иза и Само Логин во 2014 година станаа најбогати Словенци со проценето богатство од 617,2 милиони евра, кое лани се зголеми на 855 милиони. Годинава, според проценките на Manager, брачната двојка Логин „тежи“ 699 милиони евра.
ВРТОГЛАВ РАСТ: ТALKING TOM ИМА КОРИСНИЦИ КОЛКУ И TWITTER
www.kapital.mk
Капитал број 891 25.11.2016
44
МАРКЕТИНГ
ШТО МОЖЕ ДА СЕ НАУЧИ ЗА МАРКЕТИНГОТ ОД КАМПАЊАТА НА ТРАМП?
М
Многумина не се најсреќни што Доналд Трамп стана претседател на САД, но сепак мора да признаат дека има што да се научи од него. Штом тој без политичко искуство успеа да стане претседател на најмоќната светска држава, очигледно има нешто во неговата стратегија користена во кампањата, што секако може да се искористи за целите на брендирањето на бизнисот. Ова не значи дека треба да се имитира идеологијата или реториката на Трамп, но начинот на кој тој лично се брендираше,
што е важна лекција за сите претприемачи. Брендот Трамп е изграден на низа начела што им се привлечни на масите.
1
Насоченост
Најважно беше што Трамп не се обиде да ја придобие цела Америка, туку цврсто беше фокусиран на работничката класа мажи, што е голема целна група, но е и демографски специфична. Неговите пораки беа фокусирани и високо релевантни за оваа публика, што доведе со брзо ширење на кругот на симпатизери. Во смисла на маркетинг, Трамп го препозна својот целен пазар, знаеше кои му се потребите, и праќаше ефикасни пораки во овој сегмент.
2
Екстремност
И тоа како личност. Доналд Трамп е дрзок, гласен, без влакна на јазикот; неговите „твитови“ скоро секогаш завршуваат со извичник. За некои луѓе, тој е претставник на
омразата и на стравот, но за другите стана зрак на надеж. Трамп на своите гласачи им праќаше емоционално наелектизирани пораки, кои, без оглед на вистинитоста, ги наведоа гласачите да гласаат во бројки што ниту една анкета не успеа да ги предвиди. Оваа стратегија се покажа значајно подобра од онаа што ја користеше Хилари Клинтон, која се обидуваше да им биде симпатична на сите.
3
Носталгија
Слоганот на Трамп - „Повторно да ја направиме Америка голема“ (слободен предвод на „Make America Great Again“), e осмислен за припадниците на неговата целна гласачка група да се потсетат на времињата што биле подобри за нив, или барем за кои мислат дека биле подобри. Со користење на носталгијата Трамп предизвика позитивни емоции кај своите гласачи и дополнително ги мобилизираше. Слоганот „Make America
ЛЕКЦИЈА: ТОА ШТО СЕ КАЖУВА, ТРЕБА ЛЕСНО ДА СЕ ПАМТИ
www.kapital.mk
Капитал број 891 25.11.2016
45
Доналд Трамп како претседателски кандидат на многумина воопшто не им беше по вкус; соодветно, од него и како избран претседател немаат добри очекувања, но фактот дека тој имаше „хемија“ во стратегијата што не ја фатија анкетите и аналитичарите, а со која успеа да победи на изборите во САД, покажува дека од неговата кампања и тоа како може да се извлечат маркетишки лекции за бизнисот Great Again!“ првично го користеше во својата кампања Роналд Реган во 1980 година, а се виде дека и натаму им е привлечен на сите гласачи кои се доволно возрасни за да се присетат на тоа време.
4
Транспарентност
Без ралика дали беше вистинита или лажна, секоја контроверзна изјава на Трамп беше добро примена од страна на неговата целна група, што го доживува како транспарентен. За многу луѓе, кандидатот кој ќе ги разбие политичките норми и правила, автоматски се смета за искрен и добива сè поголема доверба од публиката.
5
Едноставност
Во тек на кампањата Трамп беше намерно нејасен и недоречен, никогаш не влегувајќи во детали за тоа што точно планира да прави како претседател, но оставајќи да се претпоставува околу едноставни идеи што и се привлечни на публиката. Тој никогаш не објасни како ќе ја направи „Америка повторно голема“, но тоа очигледно се покажа дека не е
пресудно. Важно беше тоа што го кажува да биде едноставно и лесно да се памети. Инаку, Доналд Трамп не се брендираше само себе си, туку главната точка на неговата кампања вклучуваше и брендирање на конкуренцијата, за во таа светлина (или сенка, како сакате) неговиот бренд да изгледа подобар. Кои се клучните лекции што може да се научат од Трамп во овој дел?
Важноста на идентификацијата и разбирањето на целниот пазар. XНаместо X да целите кон сите, подобро фокусирајте се на една клучна демографска група. Покорисно е да имате еден целен пазар што ќе ве смета за најдобар, отколку повеќе (пазари) што ќе мислат дека сте „О.К“.
Специјализацијата е подобра од генерализацијата. XПодобро X специјализирајте го својот бренд да прави нешто (нај) добро, отколку да правите повеќе нешта просечно.
Не комплицирајте. XШто X поедноставна порака испраќате, толку таа подобро ќе биде прифатена и на крајот запаметена.
Користете ги емоциите за да ја мобилизирате публиката. XЕмоцијата X создава акција, и затоа е клучно да успеете да ги активирате емоциите кај целната група. Ако публиката се плаши, или се чувствува занемарено или заборавено, создадете предност играјќи на емоциите.
Дефинирајте го својот бренд. XИстакнете X го во однос на конкуренцијата според тоа по што е различен, и обликувајте го така што ќе ги истакнете клучните разлики. Не плашете се да го споредите својот бренд со конкуренцијата и да ги истакнете нештата по кои се разликува или во однос на кои е подобар. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 891 25.11.2016
46
ПРЕТПРИЕМНИШТВО
10
С
КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ КОИ МОРА ДА ГИ ВЛАДЕЕ СЕКОЈ БИЗНИСМЕН
Сликата за претприемачот многу често се идеализира. Повеќето сметаат дека тие се големи лидери кои ги смислуваат сите најдобри идеи и имаат тимови кои слепо го прати секој нивни збор. Понекогаш тоа е навистина така, но во поголемиот број случаи претприемачите работат многу напорно со тимот со цел заедно да ги смислат, а потоа и да ги реализираат добрите идеи. Во овој процес клучен фактор е добрата комуникација. Таа одредува дали некој претпримач ќе биде успешен, бидејќи и најдобрите идеи можат да пропаднат
ако комуникацијата е лоша и преполна со грешки. Притоа, комуникацијата не е само разговарање, туку таа подрабира неколку клучни вештини кои претприемачите мораат да ги усвојат. Според Enterpreneur ова се клучните вештини кои претприемачите мора да ги совладаат за да имаат успешна комуникација.
n Јасен разговор
Разговорот е основа на комуникацијата и неговата важност никако не смее да се занемари. Дури и едноставен, пријателски разговор со вработените може да изгради меѓусебна доверба, но и да открие некои проблеми пред тие да станат преголеми и пресериозни. Здрава доза на разговарање со непозната личност исто така може да доведе до некоја деловна прилика. Бидете попристапни, пријателски настреоени, бидејќи така ќе можете да разговарата со сите.
n Говор на телото
Добар дел од комуникацијата е невербален, па заради тоа усовршувањето на говорот на теловот е нужност. Во секој момент е битно држењето на телото- бидете исправени, било да седите или стоите, рамениците повлечете ги малку наназад, а главата држете ја високо и исправено. Луѓето гледајте ги право во очи и немојте да се мрштите. Рацете не ги држете во џебови. Ова се само основи за тоа како треба да го држите телото. Со усовршување на говорот на тело можете да имате контрола врз секоја ситуација.
n Пишување
Не морате да бидете Мерсел Пруст, но треба да научите да пишувате директно и силно. Сигурно често користите и електронска пошта во комуникацијата, па затоа е важно да знаете како јасно и толно да ги артикулирате своите мисли преку овој медиум со што помалку грешки и нејасностии.
СОВЕТ: KОМУНИКАЦИЈАТА НЕ МОЖЕ ДА СЕ УСОВРШИ БЕЗ ПРАКСА
Свети Николе l Битола l Република Македонија
ИНСТИТУТ КОНЦЕПТ ВО СОРАБОТКА СО МСУ „ГАВРИЛО РОМАНОВИЧ ДЕРЖАВИН“ ОРГАНИЗИРААТ ОБУКА ЗА:
ЕДУКАЦИЈА НА РАБОТОДАВАЧИ И ВРАБОТЕНИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА И ПОДЗАКОНСКИ ПРОПИСИ ОД ОБЛАСТА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА l 15 декември 2016 (четврток) l 10:00-16:00 часот l Институт Концепт, Скопје
РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 13 ДЕКЕМВРИ 2016
Сесија 1: Законот за безбедност и здравје при работа за препознавање на сопствените права и обврски
ПРЕДАВАЧИ:
Сесија 2: Начинот на изготвување на изјава за безбедност, нејзината содржина, како и податоците врз кои треба да се заснова проценката на ризикот
раководител на Сектор за безбедност и здравје при работа ПРОФ. Д-Р АЛЕКСАНДАР ГРОЗДАНОВСКИ декан на Факултетот за безбедносно инженерство при Меѓународниот Славјански Универзитет
Сесија 3: Презентација на улогата на Овластената здравствена установа за вршење на стручни задачи за здравје при работа, како и улогата на Докторот специјалист по медицина на труд, за изготвување на изјава за безбедност, нејзината содржина, како и податоците врз кои треба да се заснова проценката на ризикот
СЛАЃАНА АНДОНОВСКА
Д-Р ГОЦЕ МЛАДЕНОВСКИ
специјалист по медицина на труд и стручно лице за безбедност при работа
Напомена: Секој учесник на крајот на обуката ќе добие потврда за стекнатите бодови за учество на обука за стручно усовршување. За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk
КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3128 526 l 070 272 207
www.kapital.mk
Капитал број 891 25.11.2016
48
ПРЕТПРИЕМНИШТВО
Во деловниот свет преговорите се секојдневие, па затоа важи правилото дека колку што сте подобри во преговорите, толку сте подобри во бизнисот. Според Enterpreneur ова се клучните вештини кои претприемачите мора да ги совладаат за да имаат успешна комуникација. Најлесно ќе го подобрите своето пишување ако редово читате книги и друга литература.
n Презентирање
Претприемачот многу често може да има потреба да врши презентации на своите идеи и на работењето во повеќе формати. Можеби ќе треба да ги презентирате финансиските извештаи на партнерите или на некои заинтересирани инвеститори.Или можеби ќе треба да ги презентирате вашите услуги и производи на заинтересираните клиенти. Можеби дури и ќе треба да одржите говор на некој саем за претприемништво. Во сите наведени сличаи кога презентирате ви е неопходна јасност, концизност, самоувереност и држење на телото.
двајца вработени, околу тоа чија била одговорноста да се заврши некоја работа. Или можеби двајца различни добавувачи ќе влезат во конфликт заради грешка во комуникација. Во секој случај, морате да ги сослушате двете страни и да им помогнете да ги решат своите проблеми.
n Преговарање
n Дебати
Во деловниот свет преговорите се секојдневие, па затоа важи правилото дека што сте подобри во преговорите, тоа сте подобри во бизнисот. Полесно ќе успеете да обезбедите добри услови за изнајмување на канцеларија, да плаќате поразумни плати на вработените и да добиете подобри понуди од клиентите. За ефикасно преговарање не се важни за вистинските зборови, туку битен е и тајмингот, познавањето на клучните факти и секако самоувереноста.
n Посредништво
Иако поретко ќе бидете посредник отколку говорник, понекогаш ќе треба да решите одредени конфликти. Можеби ќе требате да разрешите некој конфликт помеѓу
Дебатирањето не значи карање. Може да биде и здрава расправа за две или повече опцоо во опкружувањето полно со меѓусебно почитување. Целта на дебатата не е секогаш да се порази противникот, клучно е да се изнесат вашите мислења и убедувања на најдобар можен начин. Така на вложувачите, партнерите и вработените полесно ќе им ги разјасните своите идеи.
n Водење
Лидерот има многу одговорности, но во комуникацијата е најважно да оддавате самодоверба, доверб и страст. Луѓето ќе ги инспирирате со секојдневни пораки, јавни и приватни, и клучно е да се држите како лидери, со цел да го одржите својот моќен имиџ.
n Претприемачот мора
да биде поливалентен
Денеска постојат различни платформи за комуникација –телефонски повици, смс, електронска пошта, видео разговори, инстант пораки, Фејсбук, и треба да одберете која е насоодветна во која ситуација. Изборот на вистински медиум е многу важно.
n Слушање
Слушањето е веројатно најважна комуникациска вештина, бидејќи е применлива во многу ситуации. Активното слушање помага во разговорот, дебатите, водењето, преговарањето и просредувањето, бидејќи со нив покажувате промисленост, емпатија и ангажираност на луѓето околу себе. Кога ќе ги совладате овие 10 клучни комуникациски вештини, ќе имате подобри изгледи да успеете како претприемач и бизнисмен. Како и кај секоја друга вештина, ниту комуникацијата не може да се усоврши без пракса. Затоа трудете се што повеќе можете и бидете свесни за секој свој настап. nnn
Капитал број 891 25.11.2016
50
www.kapital.mk
ЛИДЕРИ
БРАЈАН ЧЕСКИ
КО-ОСНОВАЧ И ДИРЕКТОР НА AIRBNB
АКО КОМПАНИЈАТА ШТО СТЕ ЈА СОЗДАЛЕ ЈА ГЛЕДАТЕ КАКО СВОЕ ДЕТЕ, ТОГАШ СИГУРНО САКАТЕ ДЕТЕТО ДА ВЕ НАДЖИВЕЕ
K
Kој не сака или не може да плаќа скапи, па и не толку скапи хотели, оди на AirBnB.com. Веб платформата што ги поврзува луѓето кои што се спремни да ги отстапат своите соби, станови, куќи, викендички... со оние што бараат сместување било каде во светот, стана мегапопуларна, а нејзините основачи милијардери. Брајан Чески е еден од нив, а ја извршува и директорската функција во компанијата. Има интересни размислувања за претприемништвото, успехот, животот...
AirBnB не беше планирана да биде некоја голема идеја. Требаше да биде бизнис што ќе ни ја плаќа киријата, за да може на раат да мислиме на големата идеја.
Ако компанијата што сте ја создале ја гледате како свое дете, тогаш сигурно сакате детето да ве надживее, нели.
Не е важно колку вашиот производ или идеја се извонредни. Ако не може да изградите извонредна компанија, тие нема да траат.
Се будев секој ден и си велев “Денес е уште една пропуштена можност да се направи нешто важно“. После многу такви денови, си реков, доста е, ќе ја напуштам работата и ќе пробам нешто свое.
Ако сакате да направите одличен производ, фокусирајте се само на една личност како ваш корисник. Направете таа личност да го има најневеројатното искуство во животот.
Треба да изградите тим што е толку многу талентиран, дури и да се почувствувате малку непријатно.
Она што е важно во животот не се предмети. Важни се луѓето, релациите, искуствата...