Elegance is an attitude
тапката на вработеност кај мажите во Македонија е 57%, кај жените 38%. Жените примаат за 12% помала плата од мажите, за еднаква работа. Просечниот работен век на жените е за 12 години покус од оној на мажите. Вака официјално изгледа состојбата со родовата (не) еднаквост во економијата на земјава, пресметана од Државниот завод за статистика. Податоците се извадени во 2019 година, пред пандемијата, а таа само ги влоши работите. Како што ни кажа Жаклина Гештаковска – Алексовска, стручњак за родови прашања, пандемијата на корона вирусот ги извади на површина сите нееднаквости помеѓу мажите и жените. „Искуствата на работното место и во домот не се исти за сите нас. Имаше жени кои за време на периодите кога сите бевме затворени со своите блиски, тие беа затворени во својот дом со насилникот. Здравствената, економската и енергетската криза предизвикаа отпуштања, намалена куповна моќ и откажувања од многу секојдневни удопства.“, вели ГештаковскаАлексовска, која што е програмска аналитичарка за родови прашања во УНФПА, Фонд за население на Обединетите нации во Скопје. Во пандемијата стана многу актуелно работењето од дома, што го искористија голем број вработени чијашто природа на работата го дозволуваше тоа. Меѓутоа, таа работа не беше иста за семејствата со едно, две и повеќе деца, забележува нашата соговорничка. „Не беше иста за таткото и за мајката во семејството и како да почнавме појасно да го гледаме сиот тој невидлив труд кој жената го вложува во грижа за децата или повозрасните членови на семејството, работата во домот, а особено за лицата со попреченост и семејствата со лица со попреченост.“, додава таа. Шведскиот пример водечки во светот Токму во тој контекст, УНФПА преку регионален проект го адресира прашањето за тоа како компаниите им овозможуваат на вработените да воспостават рамнотежа меѓу приватниот и деловниот живот. Семејните
политики во приватниот сектор можат многу да направат за подобрување на продуктивноста на вработените, а во исто време и да привлечат компетентни и квалитетни вработени. УНФПА, исто така, ги поддржува владите со цел јакнење и подобрување на родово-одговорните семејни политики за промоција на родова еднаквост и работи на родовите стереотипи со цел проширување на изборот на жените и поттикнување на мажите да преземат активна улога во обврските за татковство и грижа. Сите статистики покажуваат дека родово еднаквите општества подобро се справуваат со демографските промени - имаат тенденција да бидат постабилни и да го одржуваат мирот, да бидат економски попросперитетни и во работната сила да имаат вклучено поголем број жени, да им го олеснуваат пристапот на жените до подобар избор и можности, вклучително и да ја продолжат својата кариера и да имаат семејство, бидејќи имаат пристап до прифатлива грижа за децата и флексибилни работни услови. Истовремено ги поттикнуваат и мажите да користат „татковско“ родителско отсуство и да го преземат својот соодветен дел од неплатената грижа и работните обврски во домаќинството. Шведска, на пример, се истакнува често како земја која веројатно има најдалеку отидено во светот на патот кон родовата еднаквост. Уште во 1969 година таму се воведени задолжителни програми за родова еднаквост, во 1974 бил воведен родителскиот додаток, со што и на мажите и на жените им се дава право на породилно
структури на компаниите треба да ги разгледаме изборите кои девојките ги прават за својата кариера, што пак резултира во сегрегација на т.н. машки и женски професии или позиции во рамките на една компанија, кои се наводно попогодни за жени или мажи. Тимовите кои се разнородни се поуспешни, попродуктивни, покреативни, а тука мислам на тимови составени од жени и мажи, од луѓе со различни возрасти и од различни средини итн.
институционални пречки - недостиг на грижа за децата или возрасните членови на семејството, недостиг на флексибилни можности за вработување, недостиг на
принудени да избираат помеѓу кариерата и семејството, истакнува нашата соговорничка од УНФПА, Гештаковска – Алексовска. „ Во поголемиот дел од Централна, Југоисточна и Источна Европа, жените се соочуваат со
Бизнисот се перципира како машки домен Тенка е линијата кога стереотипите за жените и мажите се гледаат како негативни или позитивни. Имено, во борбата за рамноправност меѓу мажите и жените, сите напори се насочени кон рушење на стереотипите кои жените ги претставуваат како грижливи, т.н. столб на семејството, па дека жената како мајка најдобро знае како да се грижи за детето итн. „ Родовите улоги ги учиме од моментот кога се раѓаме. Семејството и пошироката заедница го формираат и регулираат однесувањето и како резултат опстојуваат очекувањата дека жените се организирани, емпатични, интуитивни.“, како што вели Гештаковска – Алексовска од УНФПА. Во бизнисот, пак, ситуацијата е следна: жените се сопственички најчесто на мали и микро бизниси, поретко на средни или големи. Поретко преземаат ризици и се попретпазливи, а емпатијата и емоционалната интелигенција резултираат со поголема грижа за вработените и тимот. Целото општество е многу покритично кон жените на менаџерски позиции, најпрво бидејќи бизнисот се перципира како машки домен. „ Да се покажува амбиција кај мажите е позитивна, а кај жените негативна карактеристика. Истовремено, да се биде чувствителен за мажот е срамно, а за жената прифатливо.“, вели нашата соговорничка. Таа додава дека жените треба да имаат можност да одберат професија, работно место или самовработување според своите интереси и желби. „Со тоа мислам дека како прво, во семејствата треба да ги споделуваме обврските околу домот, децата, повозрасните и подеднакво да очекуваме и татковците и мајките да се грижат за децата и домот. Ако жената поминува
компании се жени, покажува родовата анализа на органите на управување на котираните акционерски друштва на Македонска берза направена пред неколку месеци. Во моментов има 92 котирани компании на Официјалниот пазар коишто имаат 590 членови во органите на управување. Од нив 23,6% се жени. Минимално подобра е застапеноста на жените во органите на управување во компаниите што го сочинуваат МБИ10 индексот (Алкалоид, Комерцијална банка, НЛБ Банка, ТТК Банка, Македонски Телеком, Стопанска банка Скопје, Стопанска банка Битола, Макпетрол, Македонијатурист и Гранит),каде што има 25,5% жени во органите на управување . Во овие 10 компании нема ниту една жена главен директор или претседател на управен одбор. Анализирано според дејности, меѓу
онувај за големи нешта, работи напорно, задржи го фокусот и опкружи се со квалитетни луѓе. Преку оваа своевидна мантра за успехот веројатно најдобро може да се отслика во неколку зборови приказната на нашата соговорничка г-ѓа Искра Ветаџокоска - Муцунска, ко-сопственичка и генерален менаџер на Виталиа, најголемата македонска компанија за здрава храна. Веќе 30 години, сонот нејзин и на нејзиното семејство за создавање бренд којшто ќе им ги менува животите на луѓето придонесувајќи за нивното здравје и благосостојба, се остварува преку пожртвуваност, упорност, знаење, иновации, раст, развој, но и поддршка на заедницата и промовирање на вистински вредности. Во сето тоа, како што вели Ветаџокоска – Муцунска клучни се луѓето со коишто работи и создава, а коишто ги делат истите вредности. „Виталиа е компанија која секогаш се труди да биде блиска со луѓето, да ги разбере и да одговори на нивните потреби на најдобар можен начин. Обично луѓето велат дека ние потсетуваме на ‘семејна компанија’, поради начинот на кој работиме, а ние тоа го сфаќаме како голем комплимент. За мене и за компанијата - луѓето, нивните потреби, желби и нивното задоволство се на прво место.”, вели таа. Со Ветаџокоска –Муцунска разговаравме за сето она што претставува Виталиа во моментов, нејзините најголеми достигнувања периодов, но и плановите за во иднина. X Г-ѓа Ветаџокоска – Муцунска, како Виталиа ќе ја заврши 2022 година, кои беа најголемите предизвици, но и најзначајните моменти за компанијата годинава, која беше прилично тешка за бизнисот? Надминавме уште една тешка година полна со предизвици, но која би сакала да ја паметиме по она што го добивме, наместо по она што го изгубивме. И во 2022 година резултатите беа одлични, што е потврда за нашата добра работа, за правилната стратегија и насока за развој на нашата компанија. Тимската синергија и духот на заедништво на сите вработени во Виталиа придонесоа да ги надминеме сите пречки и преку меѓусебна отворена комуникација да функционираме ефикасно и да создаваме здрави функционални производи кои ги задоволуваат
нутритивните потреби на модерниот потрошувач. Горди сме што оваа година сме рангирани во топ 200 најуспешни компании во Македонија, на високото 4-то место во прехранбениот сектор. Исто така, и оваа година Виталиа е препознаена како бренд лидер во категоријата здрава храна во Македонија, односно секој втор потрошувач ги избира нашите здрави и функционални производи како свој главен сојузник кон креирање здрави прехранбени навики. Висококвалитетните производи, фокусот кон иновација и континуираните вложувања во заедницата се начинот со кој веќе 29 години ја градиме довербата кај потрошувачите. Одржувањето на високото ниво на квалитет во нашите производи е контролирано од најстрогите глобални стандарди BRC/IFS. Виталиа е единствената компанија за производство на здрава храна во регионот која втора година по ред ја добива највисоката оцена А на престижниот сертификат BRC, што е признание за беспрекорната работа и посветеност на целиот тим. И оваа година продолживме со континуирана едукација за потребата од здрава исхрана, поттикнувајќи ги луѓето да се грижат за себе, да внимаваат како се хранат. Тоа ќе биде наш императив и во годините кои следат и од тоа нема никогаш да се откажеме. И понатаму ќе развиваме нови и иновативни производи според потребите на секоја индивидуа. За истакнување е PROBIOTIC линијата на Виталиа која ја лансиравме оваа година и која беше наградена за иновативност на саемите ISM Келн и PLMA Амстердам! Со својата уникатна рецептура и оптимална содржина на бактерии корисни за дигестивниот систем, пробиотската линија таргетира потрошувачи кои практикуваат внесување на храна со додадена вредност и функционалност за одржување на внатрешен баланс и добра дигестија, отворајќи нов сегмент во категоријата здрава храна и придонес за раст на истата. Особено горди сме и на нашата најнова иновација во категоријата ВЕГАН - лансирањето на VEGGIE JOY смеси кои претставуваат идеална замена за месо. Овие смеси се на база на растителен протеин, не содржат глутен и соја, а се збогатени со витамини. Истовремено, нивната уникатна формулација содржи највисок процент на комплетни протеини во
Следната година по многу нешта ќе биде посебна за Виталиа! Најмногу поради тоа што е јубилејна, славиме 30 години од почетокот на работа. Триесет години на континуиран раст, на иновации и поддршка на заедницата. Следењето на трендовите за здрава храна, на најновите нутриционистички согледувања и научни анализи, на очекувањата на потрошувачите и нивните современи потреби ќе биде наша појдовна точка и во годините кои ќе следат. споредба со слични производи и алтернативи на месо. Оваа година ќе ја паметиме и по нашите најнови инвестиции во обновливи извори на енергија во процесот на работата и производството. Дефинитивно 2022 беше година на „зелената иницијатива“ на Виталиа, со поставување 500 kw фотоволтаичен систем за генерирање на електрична енергија, имплементирање нов систем на ладење и греење со геотермални пумпи, со што обезбедивме, не само заштеда на електрична енергија, туку директно придонесовме кон зачувување на животната средина. Поддржавме бројни проекти во спортот, културата, уметноста, иницијативи кои проценивме дека се општествено корисни. Виталиа е дел од оваа заедница и секогаш ќе помагаме во рамките на нашите можности. Остануваме најголем донатор на храна кон социјално загрозените граѓани што се реализира преку платформата Foodshare во рамки на проектот
Ploutos. И не само тоа. Овие вредности настојуваме да ги пренесеме во 55-те земји ширум светот каде е застапен брендот Виталиа. Нашето семејство на потрошувачи е глобално и како такво е дополнителна инспирација за креирање на уникатни здрави продукти за нивна благосостојба. Оваа година и покрај сите предизвици, отворивме 9 нови пазари и забележавме 20% раст во вкупната продажба, тренд што го таргетираме и за 2023. Секако, остануваат уште предизвици, но најважно е да го сочуваме сопственото здравје, останеме мотивирани и посветени на нашите цели.
X Кои се вашите цели и планови за 2023, што ново може да очекуваат љубителите на здравата храна? Следната година по многу нешта ќе биде посебна за Виталиа! Најмногу поради тоа што е јубилејна, славиме 30 години од почетокот на работа. Триесет години на континуиран раст, на иновации и поддршка на заедницата. Следењето на трендовите за здрава храна, на најновите нутриционистички согледувања и научни анализи, на очекувањата на потрошувачите и нивните современи потреби ќе биде наша појдовна точка и во годините кои ќе следат. Како компанија сме отворени за секоја сугестија од нашите потрошувачи, а нивната доверба е најсилен поттик за подобрување и развој на новитети, во збогатување на понудата со нешто ново, иновативно и креативно, а истовремено и функционално кои ќе ги исполни нивните строги критериуми. Во 2023 година, на нашите потрошувачи ќе им понудиме нови ВЕГАН алтернативи на месо, како дополнување на нашата Веган линија. Ќе ја збогатиме понудата на протеински производи кои го следат трендот за спорт и рекреација, солени ужини збогатени
Виталиа е вистински пример на компанија во која една индивидуа се цени според квалитетот и способноста, независно од полот, возраста или националноста. Компанија во која сите имаат еднакви шанси за работа, напредок и за градење на својата кариера. Во Виталиа ќе сретнете многу жени кои се на одговорни позиции, кои се почитувани во својата потесна работна околина, и на кои ние сме посебно горди.
атрактивен дизајн. Во јубилејната 2023 , Виталиа ќе биде hub за иновации во здравата храна,каде ќе се спојат најновите идеи од аспект на технологија, рецептури и состојки. Во тој процес значајна улога ќе има нашата сопствена лабораторија Виталиа Лаб која ја отворивме годинава. Лабораторијата е опремена со најсовремената апаратура за вршење на физичко хемиски анализи, а веќе следната година ќе биде акредитирана според стандардот ISO 17025 за лаборатории. На овој начин, Виталиа Лаб ќе помогне не само на нашата компанија, туку и на сите други компании во земјата за добивање на прецизни, точни и ценовно конкурентни лабораториски
како, 30 години know-how во пишување на нашата успешна приказна во Македонија и регионот. Со проширувањето на нови пазари очекуваме и над 25% зголемување на продажбата, а со тоа и зголемување на производните капацитети и ресурсите во компанијата. Во 2023 во план е и изградба на нов магацински простор и воведување на две нови производни линии за новитетите кои ги планираме.
X Позната сте како човек што и практично ги живее вредностите што ги прокламира самата компанија: здрава исхрана, здрав живот... Кои се за вас клучните вредности во односите помеѓу луѓето што вие лично најмногу ги цените, а се трудите да ги пренесете и на вашите вработени? Дел од причината зошто сум таков човек е поради тоа што сум опкружена со луѓе кои ги делат истите вредности. Виталиа е компанија која секогаш се труди да биде блиска со луѓето, да ги разбере и да одговори на нивните потреби на најдобар можен начин. Истата компаниска политика важи и за луѓето внатре во самата компанија. Обично луѓето велат дека ние потсетуваме на „семејна компанија“, поради начинот на кој работиме, а ние тоа го сфаќаме како голем комплимент. За мене и за компанијата - луѓето, нивните потреби, желби и нивното задоволство се на прво место. Довербата и почитта се приоритет, а лојалноста се смета како доблест. Затоа Виталиа во изминатите три децении успеа да создаде нераскинлива врска најпрво со своите вработени, а потоа и со потрошувачите, кои секоја година ги има сè повеќе. X Вие секако најдобро го знаете товарот што го носи жената
прифаќање
како
на здрави нутритиенти во
како и влијанието на азиската кујна. За нашите најмлади, Виталиа ќе понуди детска линија креирана според најновите препораки од нутриционисти и педијатари, со нови функционалности, без компромис на вкусот и со
Гана, Конго..., а следната година планираме дополнително проширување. Нашата цел е да го развиеме брендот на овој континент, да ја креираме и зголемиме свесноста за здравата исхрана и нејзината важност, да помогнеме во градењето на култура на здраво живеење. Затоа што ние знаеме
компанија, и генерално во економијата и општеството? Дефинитивно сметам дека првенствено секој со својот личен пример и однесување треба да придонесе во своето општество. Посебно ако има одговорна позиција, а другите се одгледуваат по него и го следат. Јас верувам
Во 2023 година, на нашите потрошувачи ќе им понудиме нови ВЕГАН алтернативи на месо, како дополнување на нашата Веган линија. Ќе ја збогатиме понудата на протеински производи кои го следат трендот за спорт и рекреација, солени ужини збогатени со протеини како и напитоци. Потрошувачите можат да очекуваат и иновација во суровините и вкусовите. За нашите најмлади, Виталиа
се цени според квалитетот и способноста, независно од полот, возраста или националноста. Компанија во која сите имаат еднакви шанси за работа, напредок и за градење на својата кариера. Во Виталиа ќе сретнете многу жени кои се на одговорни позиции, кои се почитувани во
својата потесна работна околина, и на кои ние сме посебно горди. Ги карактеризира професионалност, лојалност, посветеност и силна колегијалност, особини кои водат кон силна емпатија кон другите, и грижа за локалната заедница. Да се има активен спортски живот, да се следат случувањата во културата, да се развиваат здрави навики кај децата, денес е повеќе од неопходно. X Во што најмногу инвестирате, во смисла на инвестиција во човечки капацитет,
а волјата да се извади најдоброто од себе, нивна доблест. Токму затоа се’ повеќе внимание посветуваме на нивната континуирана едукација и надградба, со цел да бидат задоволни од себе и од својата работа. Денес во Виталиа ќе сретнете вработени кои се со нас од самиот почеток, кои напредувале и дошле до одговорни позиции и кои компанијата ја чувствуваат како своја, за што сум посебно горда. nnn
ако за банкарскиот сектор општата перцепција е дека е поизразено „женски“, сепак во управувањето сè уште останува машката доминација. Според најнови истражувања, 21% од местата во управните одбори на финансиските компании на глобално ниво ги држат жени, 19% се на топ менаџерски позиции, а само во 5% од овие организации дама е прв човек, односно главен извршен директор. Во земјава, за волја на вистината, имаме банки што отскокнуваат од овие светски просеци, односно, каде што добар дел од менаџерските структури се жени, а УНИБанка е една од таквите. Како што ни вели Милка Тодорова, Претседател на Управниот одбор и Извршен директор на банката, кај нив 64% од раководниот кадар се жени, додека во вкупниот број вработени, дури 74%. „Ова докажува дека идејата за тешко постигнување баланс помеѓу работата и домот сега е премногу застарена.“, ни вели Тодорова. Покрај за проблематиката за родова еднаквост во општеството и бизнисот, со неа разговаравме и за работењето на банката во овој исклучително тежок период на криза и неизвесност, како и за плановите за иден раст и развој. X Г-ѓа Тодорова, како би ја сумирале оваа 2022 година за УНИБанка? Кои се најзначајните достигнувања и резултати на банката оваа турбулентна година? Оваа 2022 година беше уште една невообичаена година, овој пат под влијание на повеќе фактори - воен конфликт на нашиот континент, енергетска криза, висока инфлација. Истото резултираше со тешкотии за сите учесници
во РСМ за 2021 година. Очекуваме годината да ја завршиме со раст во сите делови од работењето – зголемени спрема мината година: добивка за 70 %, капитал за 12,6 %, како и клиенти и кредитно портфолио. X Како кризата се одрази конкретно врз работењето на банката, дали се почувствува извесно влошување кај враќањето на кредитите за компании и население? Неповолниот економски амбиент во текот на годината ги стави во сериозни предизвици сите стопански субјекти - компании и физички лица. Ние во УНИБанка многу внимателно го следиме пазарното опкружување и трендови, активно и динамично управуваме со кредитното портфолио и преземаме мерки за минимизирање на ефектите од кризата врз нашите кредитокорисници. Како доверлив партнер на нашите клиенти, работиме заедно со нив на изнаоѓање взаемно корисни решенија за надминување на проблемите што би се појавиле како резултат на турбулентната пазарна средина. X Кои се главните цели што ги поставивте во Управниот одбор како стратегија за 2023 година? На што ќе се фокусира УНИБанка? Нашата стратегија за 2023 година е да го продолжиме нагорниот развоен тренд. Планираме да растеме стабилно и одржливо фокусирајќи се на ефикасноста и доброто управување со ризикот. Ќе го зголемиме нашиот удел на пазарот преку привлекување на нови - клиенти, со подобрување на корисничкото искуство и нашата иновативност. Во 2023 година на нашите клиенти ќе им понудиме значително подобрени електронски услуги. На прагот сме да овозможиме далечинска идентификација на постоечки и нови клиенти и користење на
Во УНИБанка личните квалитети, образованието, искуството и квалификациите се критериумите врз основа на кои се оценуваат нашите вработени кои се издигнуваат во хиерархијата, без разлика дали се мажи или жени. Ги охрабруваме нашите вработени да сочувствуваат со заедничката цел и да работат заедно во услови на меѓусебна зависност. На овој начин веруваме дека секојдневните работни задачи ќе бидат интересни, предизвикувачки и ќе донесат задоволство за секој вработен и ќе ги постигнеме нашите амбициозни целиУНИБанка да биде сè поуспешна и да стане дел од големите банки. платежните услуги, т.н. финтек компании. Што очекувате да се случува
издадовме втор хибриден инструмент за 2,5 милиони евра дополнителен капитал, наменет за одржување на нашите стратешки цели. За прв пат во историјата на банката исплативме дивиденда на акционерите во бруто износ од 120 милиони денари или 219,78 денари бруто износ по акција, што претставува дивиденден тековен принос од 6,64 %, што е највисок за исплатените дивиденди на банките
и од странство. УНИБанка е единствената банка во Република Северна Македонија која нуди финансиска услуга –тргување со инвестициско злато. Планираме уште поголема разновидност на нашите златни производи - прачки, плочки и монети. X Од следната година влегуваат нови играчи во делот на
високо
што не прави поамбициозни и пофокусирани на постојано подобрување на нашите производи и услуги. Веруваме дека ќе можеме да понудиме сè што ќе понудат и финтек компаниите, на начин што целосно да ги задоволи нашите клиенти. УНИБанка долги години одржува и развива програма за лојалност за
своите клиенти - посебни поволни услови, како што се повисоки каматни стапки на депозити, пониски каматни стапки на кредити, како и одредени ослободувања од провизии и многу други поволности за клиентите со редовни приливи на своите сметки во УНИБанка. Да се осврнеме малку на темата на овој специјален прилог... Како вие гледате на проблемот на женското лидерство во општеството и економијата? Како да дојдеме до повеќе жени претприемачки, раководители и останати водечки позиции? Сметам дека улогата на жената во општеството е многу важна и сеприсутна - не само во семејството, туку и во бизнисот и во јавниот живот. Во секој тим, жените придонесуваат
дека идејата за тешко постигнување баланс помеѓу работата и домот сега е премногу застарена. Во УНИБанка личните квалитети, образованието, искуството и квалификациите се критериумите врз основа на кои се оценуваат нашите вработени кои се издигнуваат во хиерархијата, без разлика дали се мажи или жени. Според некои истражувања компаниите со женско лидерство постигнуваат и подобри резултати од своите конкуренти со типично машко водство. На што се должи тоа според вас, која е компаративната предност на жените во лидерството? Да, не мал број студии покажуваат дека компаниите котирани на берза, каде жените се главни извршни директори или финансиски директори, често се попрофитабилни и имаат подобри перформанси на цените на акциите.
Мое лично мислење е дека жените ја имаат предноста да бидат повешти во мулти-таскинг, да управуваат со задачи од различна природа, тие се емотивно интелигентни, студиозни и емотивно врзани за сè што прават. Жените го балансираат поголемото преземање ризик, што е покарактеристично за мажите и создаваат поволна средина за избалансирани одлуки. Колку е за вас значајно тимското работење за постигнување на добри резултати? Дали сте вие тимски играч и кои вредности се трудите да ги стимулирате кај вашиот тим? Тимското работење е основа за постигнување на добри резултати. Добрата тимска работа значи синергија. Ова ги максимизира индивидуалните сили на членовите на тимот за да се претстават најдобро што можат. Во УНИБанка ги охрабруваме нашите вработени да сочувствуваат со заедничката цел и да работат заедно во услови на меѓусебна зависност. На овој начин веруваме дека секојдневните работни задачи ќе бидат интересни, предизвикувачки
година на успеси.
годината беше значаен поради
меѓународна акредитација за IB DP програмата, отсега достапна и во Американската Гимназија Скопје. Потоа, таа ја доби наградата Business Elite's "40 under 40" за целокупниот нејзин придонес во образованието, како и за нејзината општествена и хуманитарна работа, по што следеше и врвната американска ASC WASC акредитација –уште една потврда за квалитетното образование што го нуди Гимназијата. Крајот на годината го одбележа 9то Генерално Собрание на Деловниот Совет на УАКС, каде што над 100 истакнати компании и претставници од деловната заедница во земјата се заложија за посветено работење со цел подобрување на квалитетот
поред Извештајот за глобалниот родов јаз на Светскиот економски форум за 2020 година, светот нема да види родова еднаквост уште 99,5 години. Извештајот, исто така, наведува дека родовата еднаквост може да има големо влијание врз тоа дали економијата или општеството ќе напредуваат. Така е - родовиот јаз на една земја може да влијае на нејзината моќ и нејзиното влијание врз остатокот од светот. Како општество, фрламе многу пари во ветер со тоа што дозволуваме родовиот јаз да продолжи. Всушност, извештајот на Глобалниот институт на McKinsey & Company покажа дека намалувањето на родовиот јаз може да додаде помеѓу
• ЕДНАКВА ПЛАТА Висината на платите не треба да се одредува врз основа на полот на лицето (или раса, возраст, верска припадност, сексуална ориентација итн.). На почетокот на мојата корпоративна кариера, имав иста работа како тројца други мажи - и секој заработуваше повеќе од мене, вели Каросела. „Кога разговарав за тоа со нашиот шеф, тој рече дека момците имаат сопруги и семејства за издржување и дека не ми требаат толку многу пари бидејќи сум сама без деца. За среќа, подоцна во истата компанија
ЛИДЕРСКИТЕ ТИМОВИ, КОРПОРАТИВНИТЕ ОДБОРИ ИТН. Во лидерските тимови треба подеднакво да се застапени и мажите и жените. Дали сте слушнале за феноменот на „скршеното скалило“? Студиите покажуваат дека жените не се унапредуваат на менаџерски позиции, што е првиот чекор кон највисоките раководни структури. Затоа, тие се заглавени на пониски позиции и спречени да напредуваат - веројатно поради пристрасни мислења и дискриминација кон жените
раководството.
дека овие сценарија не се случуваат повеќе, но веројатно се
дека работничките ќе работат само додека не добијат деца, или дека ќе и дадат приоритет на работата на своите сопрузи и ќе ја напуштат својата работа доколку нивните сопрузи добијат преместување или најдат нова работа во друг град. Како резултат на овие предрасуди, многу жени ги напуштија своите
од одмор е уште еден начин да им се даде на вработените можност да го користат слободното
помала разновидност имаат поголема веројатност да направат лоши избори за нивните компании. Студијата на McKinsey & Company, која анализираше повеќе од 1.000 компании ширум светот, заклучи дека организациите со поголема разновидност меѓу нивните извршни тимови имаат тенденција да имаат и повисоки профити и долгорочна вредност. Уште повеќе, компаниите со ниски стапки на родова и расна различност имаат 29% поголеми шанси да заработат помалку пари. Со други зборови, веројатно е штетно за крајниот резултат на компанијата ако нејзините лидерски тимови немаат разновидност. Кога на жените им се дава пристап до можности за развој на кариерата, тие можат да имаат огромно влијание врз
Бизнисите кои активно ја поддржуваат родовата еднаквост имаат тенденција да донесуваат подобри деловни одлуки - и на крајот да заработат повеќе пари. Истражувањата покажуваат дека инклузивните тимови донесуваат подобри деловни одлуки до 87% од времето и дека тимовите со помала разновидност имаат поголема веројатност да направат лоши избори за нивните компании.
одлуки до 87% од
за менторство и лидерски совет за различности. Две години подоцна, одделите предводени од жени беа оние со највисоко производство и со најниски стапки на заминување на вработените.“, вели Каросела за Forbes. Бизнисите кои покажуваат посветеност кон родовата
различност имаат тенденција да привлечат и задржат подобри таленти. Според McKinsey & Company, повеќе компании ја идентификувале родовата различност како главен приоритет. Сепак, тоа не секогаш се рефлектира во културата и политиките на компаниите - и тоа влијае на задоволството од работата на вработените и на тоа колку долго и мажите и жените сакаат да останат во компанијата. Како компаниите можат да го надминат родовиот јаз? Организациите можат да го затворат родовиот јаз со тоа што еднаквоста ќе стане стратешка цел, исто како и секоја друга деловна цел. Лидерите треба да создадат култура која поттикнува безбедна комуникација за да може искрено да се разговара за теми како нееднаквоста. Ова ќе го олесни идентификувањето и коригирањето на родовата нееднаквост низ целата организација. Управните одбори треба да ги претставуваат сите форми на различност. Понудите за плата треба да се засноваат на работата, а не на тоа колку заработувале на последната позиција; бидејќи жените обично се платени помалку од мажите, ова треба да помогне да се избалансираат претходните нееднаквости во платите. Време е конечно да се затвори родовиот јаз и да се искористи потенцијалот што светот го занемарува со векови.
за кој сум одговорна опфаќа креирање и имплементација на стратегии за сите продажни канали, со посебен фокус на големите малопродажни ланци, а на начин кој ефикасно ги спроведува во дело стратегиите на секој од брендовите во нашето дистрибутивно портфолио, и осигурува остварување на продажните и профитните цели. Со мојот тим функционираме на начин кој поддржува отвореност, одговорност, грижливост и постојан индивидуален и тимски развој. Со фокусираност на раст
финансиите во една компанија
улога, но финансиите сами по себе не се ништо доколку не се ставени во функција на бизнисот. Односно, за квалитетно да се управува со финансиите мора да се има разбирање не само од финансиите, туку и од целокупното работење на компанијата и потребите и целите на сите поединечни компаниски сектори. Преку разбирање на процесите, дефинирање на ризиците, воспоставување на систем на контроли, поставување на приоритети, распределување на ресурсите и прилагодување на решенијата согласно компаниските потреби, а во рамки на законски правила и прописи, се одржува здрав финансиски крвоток на компанијата. Моја обврска и одговорност е секогаш да бидам адекватна поддршка на бизнисот како операција, но и од аспект на постојано унапредување на истиот, при што се обезбедува повисоко ниво на ефикасност и ефективност. Понекогаш е голем предизвик и умешност да се пронајде брзо и едноставно решение, на навидум комплексен проблем кој го засега тековното работење, а сепак да е применливо, без да го поремети компаниските процеси. Но, сите секојдневни предизвици лесно се решаваат и се надминуваат кога имаш тим и колеги полни со знаење, разбирање и поддршка, посветени на работата, со кои отворено и директно комуницираш и разменуваш мислења при што се надоградуваш и како човек и како професионалец. Имам среќа што работам во компанија во која сите работиме како во фамилија, со домаќински пристап во работењето, и во која особено ги негуваме вредностите на меѓуколегијална почит и доверба.
МИТКОВСКА раководител на контролинг, план и анализа Објаснете ни накусо за значењето на вашиот сектор во целокупното компаниско работење и синергијата што е потребна со сите останати сектори?
Е
дноставно кажано, целта на мојот сектор е воспоставување на ефикасни процеси на планирање и контрола во компанијата за да ги оствари своите цели на најоптимален можен начин. Нашите активности се насочени кон поставување и постојана евалуација на цели, оптимизација на трошоци, антиципирање на потенцијални предизвици, кои заедно со минатите искуства и анализираните трендови за идните претпоставки, се основа за донесување деловни одлуки. Секој сектор треба да одлучува на врз добра основа на прочистени и квалитетни информации.
ЕЛЕНА ЦАНЕВА бизнис партнер за човечки потенцијали и култура (за Македонија, Австрија, Русија и Словенија) Судејќи според бројот на жени во топ менаџментот, во Атлантик е постигната култура на родова еднаквост на завидно ниво. Каква е вашата порака до сите компании и организации во врска со овој предизвик? Процентуалната застапеност на жени, а особено на раководни позиции, е нешто што спонтано се случи во рамките на Атлантик Група во Македонија, како резултат на нашата стратегија за луѓе и култура преку која ја истакнуваме важноста на автентичното лидерство и ја поддржуваме разноликоста во градењето на односи во и надвор од организацијата. Нашиот приоритет е да имаме лидери кои покрај тоа што ќе бидат врвни стручњаци во својот домен, подеднакво ќе посветат внимание и на развој на членовите во своите тимови да го остварат својот целосен потенцијал, да растат и да се развиваат, да ги поддржат во личните желби и амбиции и да ја препознаат новата генерација лидери. Динамиката на настаните во модерното време наметнува тешка задача за топ менаџментот на секоја компанија, каде покрај грижа за деловниот успех, треба да се фокусира и на промената на генерации на работното место, нови модели на работа, различни типови на комуникација, глобализација на пазарот на труд, задржување на вработените итн., а за да се креира добра стратегија потребна е разноликост на мислења, ставови, искуства. Во нашата природа е да гравитираме кон луѓе што се слични со нас, а од друга страна мажите и жените неизбежно имаат различни искуства кои го дефинираат и различниот пристап во бизнисот. Во процесот на донесување одлуки потребен е баланс помеѓу нашите истомисленици и оние кои ќе не’ предизвикаат, за да добиеме нови перспективи и иновативни идеи.
во компанија како Атлантик? Факт е дека денешните ланци на снабдување стануваат се покомплексни особено за компаниите со сложени портфолија и динамични работни околини. Синџирот на снабдување во нашата компанија претставува клучна област за успех, како и суштински дел од целокупната деловна стратегија. Како жена раководител во овој сектор со долгогодишно искуство можам со сигурност да кажам дека работата не е само предизвик, туку претставува вистинско задоволство
дека жените вложуваат многу повеќе труд
во докажувањето и градењето кариера
да ги покажат своите лидерски способности, па можеби и поради тоа постигнуваат подобри резултати. Жените не се фокусирани единствено на постигнување на финансиски резултат. По природа жената се грижи и за други општествено одговорни цели и вредности, соработка и создавање на култура во која се разбиваат стереотипите. Трендовите и новите вредности играат значајна улога во позиционирањето на жената. Треба да се работи на подигнување на свеста и самодовербата кај жените. Тие треба да покажат дека рака под рака со мажите можат да раководат со одредена организација, а тоа ќе го направат само ако храбро ги покажат своите амбиции и цели и вложуваат во своите знаења и вештини. Имајќи ги предвид културата, околностите и средината во која стопанисуваме сметам дека регулаторни мерки би дале подобар и побрз ефект за подобрување на сликата во однос на половата застапеност. Тука пред се мислам на донесување на посебни прописи или документи/кодекси со кои ќе се предвиди родова застапеност преку воведување на начело “исполни или објасни”. Тоа подразбира обврска на компаниите да дадат објаснување зошто не им успеало воспоставување на соодветна застапеност на мажите и жените во своите редови. Нерегулаторните мерки се подобри, но побавно се имплементираат и даваат послаби резултати. Позначајни саморегулаторни мерки кои би ги издвоила се следните: воведување на управување со поставување цели, спроведување на образовни програми, вмрежување и создавање работна средина која ќе овозможи развој на отворена и разновидна култура, ослободена од предрасуди и бариери во однос на ова прашање.
секторот.
останеме
аја Зивчевиќ е од оние луѓе што велат дека за нив „не можам“ не постои во речникот. Тие што ја познаваат и имале прилика да соработуваат со неа, ќе ви кажат дека е темпераментна, упорна, со позитивен дух, посветена, силна, скромна...Поранешна одбојкарка, вели дека благодарение на спортот, ги стекнала вештините потребни и за водење бизнис –способноста за тимска работа, одговорноста, но и спремноста да се прифати пораз, исто како заеднички да се слави успехот. За Маја е малку тешко да кажете со што се занимава, затоа што е ангажирана на повеќе места –консултант е за лизинг на деловен трговски простор, но и одговорна за експанзија на странски брендови на македонскиот пазар. Покрај тоа, има и сопствена компанија, застапник за иновативни брендови на Балканот. X Г-ѓа Зивчевиќ, вие имате многу интересен кариерен пат, односно, покрај вашата сопствена компанија, ангажирана сте и на неколку други позиции. Раскажете ни за што се работи? Сè започна некаде 2018-та, влетав на интервју во единствената компанија која е дел од алијанса на добро познатите Cushman&Wakefield, а тоа е Фортонмка, кои што одлучија да ме ангажираат за проектот Ист Гејт Мол. Оттука всушност и"ритеилот" стана мојот кариерен пат и во овој сектор сакам да се изградам во една силна, незапирлива и успешна бизнис жена. Иако почнав од нула , денес веќе можам да кажам дека по успешно реализиран проект како Ист Гејт Мол; три годишното преговарање со H&M конечно да влезе на македонскиот пазар, во што неуморно верував; мојот сегашен ангажман како лизинг менаџер во модната групација LPP од Полска, која полека, но сигурно го освојува светот; како и компанијата Ексито (Exito) која ја основавме со мојата партнерка, којашто успешно работи на Балканот и наскоро и Турција; со упорност, посветеност но и постојано работа на себе, можеш навистина да постигнеш сè што ќе замислиш. Единствената пречка и лимит во било кој сегмент од животот сме си само ние самите себеси. X Со што се занимава вашата компанија Ексито?
Деновиве Ексито прославува две години и можам да кажам дека сме навистина задоволни во која насока одиме, и како растеме, полека, но сигурно. Застапници сме за брендот Барнер (Barner) –очила за работа со компјутер - за целиот Балкан заедно со Турција, но без Македонија. Идејата се роди буквално на лежалка во двор, бидејќи мојата бизнис партнерка Велика Гоцевска ми е долгогодишна другарка, и од спортскиот свет запливавме во бизнис водите. Потенцирам дека спортот според мене има голем удел во тоа што сме денес - истрајни, сложни, упорни, спремни да понесат одговорност и да прифатат пораз и секогаш позитивно настроени.
X 2022 беше турбулентна на економски план, како ја завршува Exito, и кои ви се плановите за 2023? Во однос на турбуленциите кои
што подолго време го тресат светот на економски план, сметам дека се случува всушност еден голем „ресет“ на економијата кој се очекува да придонесе до „поправедни резултати“ и преиспитување на глобалните инвестиции и расходи со цел да се заживее светската економија. Во однос на 2023 година и во двете сфери од мојата кариера како лизинг менаџер и ко-сопственик на Ексито нема запирање. Се насочуваме на динамично, но паметно распределување на ресурсите. Било кој бизнис е најдобро внимателно и пресметано да ги насочува средствата бидејќи сме во време на рецесија и забрзана дигитална трансформација. X Вие и вашата бизнис партнерка сте создале успешен бизнис, па која е вашата порака за сите жени во овој свет на бизнисот којшто се уште важи за машки? Интересно прашање, но за жал вистината е дека 21% жени во управувачките структури наспроти 79% мажи е навистина огромна разлика. Мажите многу повеќе од жените веруваат дека нивниот успех е поради нивното дело, а неуспехот е вина на некој друг. Жените всушност имаат попрецизно проценување на ризикот на овој
конкретен начин. Одредени истражувања покажуваат дека ако жените биле исто толку нескромни како мажите, и премногу самоуверени, ќе имало 30%, повеќе жени на топ менаџерски позиции. Тоа
Жените лидери имаат поголема веројатност да се грижат за личните потреби на другите, да бидат отворени за нови идеи и мислења и да ги наградуваат задоволителните перформанси на секоја индивидуа на доследен начин. Жените лидери се потребни на дваесет и првиот век. Организациите мора да ги охрабрат жените да го покажат својот латентен потенцијал, а јас би им препорачала самоуверено и храбро да целат кон највисоките можни достигнувања!
е огромен број на жени кои се обесхрабрени од оваа психолошка карактеристика. Исто така, голем удел има и фактот што жената е и мајка, но и таа која го држи семејството, тврдам дека понекогаш е екстремно комплицирано да организираш и „спакуваш“ сè во 24 часа, но не е невозможно и е изводливо. Затоа би сакала да им порачам на сите жени да бидат похрабри, затоа што како род сме предодредени за мултитаскинг, за грижа, разбирање,емпатија, инклузивност, a и чесноста, интелигенцијата, сочувството, иновативноста и издржливоста ни се на многу повисоко ниво. X Според некои истражувања, компаниите предводени од жени, покажуваат и подобри резултати од своите „машки конкуренти“.
Би сакала да им порачам на сите жени да бидат похрабри, затоа што како род сме предодредени за мултитаскинг, за грижа, разбирање, емпатија, инклузивност, a и чесноста, интелигенцијата, сочувството, иновативноста и издржливоста ни се на многу повисоко ниво.
лидери нема да дозволат завршувањето или незавршувањето на некоја задача во значителна мера да влијае врз меѓучовечките односи и тимскиот дух. Жените лидери се потребни на дваесет и првиот век. Организациите мора да ги охрабрат жените