Energetika

Page 1

МАКЕДОНСКАТА ЕНЕРГЕТСКА ИДНИНА

КРИЗАТА ЈА ЗАБРЗА

ЗЕЛЕНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА

МИКС И Е ПОТРЕБЕН

НА МАКЕДОНИЈА?

КАКО СЕ ДВИЖИ

ЕВРОПА ПО ПАТОТ

НА ЗЕЛЕНАТА

ТРАНЗИЦИЈА

Во ЕУ третина

од енергијата

доаѓа од гас, зелените извори

и понатаму

заостануваат

ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

Кои се земјите

што веќе

постигнаа нула

нето емисија

на јаглеродни

гасови

special edition издание на 10 февруари, 2023 business magazine
КАКОВ ЕНЕРГЕТСКИ

КРИЗАТА ЈА ЗАБРЗА

ЗЕЛЕНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА

КАКОВ

ЕНЕРГЕТСКИ

МИКС Ѝ Е

ПОТРЕБЕН НА

МАКЕДОНИЈА?

Инвестициите на државата во зелената енергетска трансформација се движат во три насоки, со што ќе се обезбеди национална енергетска независност, тврдат од Владата. Првата е поврзување и диверзификација на енергенси за државата. Како втор сегмент на инвестиции се обновливите извори на енергија. И трето, унапредување на дистрибутивната и преносната електроенергетска мрежа преку граничното поврзување со сите земји од регионот.

ктуелнава економска

и енергетска криза најдобро покажува

колку е важен

енергетскиот сектор

за одржливиот

раст и развој на една земја.

Неизвесноста исклучително влијае врз снабдувањето и цените на

енергијата, а сето тоа понатаму се прелева на останатите сфери

од економијата и квалитетот

на животот. Високите цени на

европските берзи, особено

на унгарската берза HUPX и

бугарската берза IBEX, кои имаат

најголемо влијание за формирање

на цените на електричната

енергија и во Северна Македонија,

придонесе компаниите во нашата

земја да доживеат сериозен

удар изминатата година. Притоа, тие изгубија и добар дел од

конкурентноста во споредба со

фирмите од соседните земји.

Се бараат брзи одговори, а

енергетските проекти имаат подолг

рок на реализација и не може да се

спроведат „преку ноќ“.

Државата со своите мерки и

интервенции успеа прилично

да го амортизира енергетскиот

ценовен шок минатата година, како што истакна премиерот

Димитар Ковачевски на панелот

посветен на енергетиката во рамки

на неодамнешната конференција

„Година на нови можности“.

„Лани одвоивме 750 милиони евра

за антикризните мерки, и дел од нив

се потрошија за субвенционирање

на цената на струјата до 80%. Да

не беше таа цената на електрична

енергија за 600 илјади домаќинства

Претставници од владата, бизнисот, регулаторот и академската сфера дискутираа околу енергетската иднина на земјава на неодамна одржаната конференција во организација на Владата.

ќе беше 5 пати повисока.

Малите потрошувачи кои се на регулираниот пазар, ќе плаќаа 3 пати повисоки сметки за струја.

Од тој аспект сметам дека кризата беше добро менаџирана, бидејќи сите увидовме дека ценовен шок нема и нема да има“, истакна Ковачевски на панелот.

Три децении заспаност

во енергетиката го земаат својот данок Колку е Македонија, всушност, отпорна на енергетска криза на европскиот континент?

Македонија секогаш ќе ја дели судбината со остатокот од Европа во однос на снабдувањето со енергенси, со тоа што македонската економија многу повеќе ќе трпи при пораст на цените на енергенсите. Особено што, како што вели Златко Черепналкоски од компанијата

за трговија и дистрибуција со електрична енергија ЕДС, кризата се наметна преку снабдувањето

и цената на природниот гас каков

што ресурс ние во државава немаме. Немаме ниту сирова нафта.

За тие два енергенси Македонија е 100% зависна од увоз.

„Отпорноста се мери со можноста

на увоз на овие енергенси кој увоз

зависи од две променливи: дали енергенсот ликвидно се тргува

на регионалните пазари кон кои Македонија гравитира (односно

дали енергенсот воопшто го има

да се купи), и во која мера цената

на енергенсите ќе ја диктира

потребата за увоз – односно до кое

ценовно ниво нашите потрошувачи на природен гас се спремни да го купуваат гасот.“, објаснува

Черепналковски, одговорен за развој и стратегија во ЕДС АД. Енергетската криза во земјава се почувствува и посилно и поради фактот што државната компанија за производство на електрична енергија ЕСМ не успева со години веќе да произведе доволно електрична енергија, барем за регулираниот дел од пазарот на струја, како што велат експертите, наши соговорници на темава. Повеќе од 30 години во самостојноста на Македонија

не се водело доволно сметка за енергетската иднина на земјата, не се инвестирало во посериозни енергетски капацитети и реалноста сега е таа: во услови на нагло скокање на цените на струјата на европските берзи како што се случи во 2022, земјава потроши многу пари за увоз на енергијата која ѝ недостига, поради недоволните перформанси на производниот арсенал на ЕСМ.

Нашиот соговорник Черепналкоски, во својата анализа за Капитал вели дека на Македонија, со цел подобро да ги менаџира идните енергетски кризи, потребни ѝ се стратешки извори на базна енергија. „Тоа се извори со инсталиран капацитет од (во македонски услови) 600 – 800 MW кои ќе имаат обезбедено примарно гориво да работат помеѓу 6.000 и 7.500 часови во текот на годината.“, вели Черепналкоски.

Зелена трансформација

во три насоки Но, што прави Македонија прави за да има поизвесна енергетска иднина и да ја намали својата

18
А

зависност од увозните енергенси, а

не само да менаџира евентуални

енергетски кризи?

Премиерот Ковачевски на панелот

наречен „Северна Македонија

како зелен енергетски хаб- како да се претвори кризата во можност“, рече дека инвестициите

на државата во зелената енергетска трансформација се движат во три насоки, со што ќе се обезбеди национална енергетска независност. Првата е поврзување и диверзификација на енергенси за државата. Македонија во моментов има само еден извор на гас, тоа е преку Бугарија, во тек е инвестиција на нов гасовод од Грција, како и уште еден гасовод од Бугарија.

„Базната енергија во Северна Македонија веќе 40 години се произведува доминантно од јаглен во РЕК Битола и Осломеј. Со овие инвестиции во нови гасоводи, може да размислуваме за поставување на гасни централни како транзициско гориво.“, истакна Ковачевски.

Како втор сегмент на инвестиции премиерот ги посочи обновливите извори на енергија. Освен фотоволтаици, кои периодот се доминантна инвестиција и на компаниите, исто така се инвестира и во мали хидроцентарли, ветерни централи, како и централи на биогас.

„Минатата година се инсталирани

Моменталниот тренд на

приватните инвеститори

да градат

пред сè електрани на сончева

енергија, може по одреден

период да биде неисплатливо

и да не одговара на потребите

на системот и потрошувачката

на пазaрот, предупредуваат

соговорниците на Капитал на

темава. Македонија треба да

спроведе паметна стратегија и

да се стимулираат инвестиции

во обновливи извори кои

евентуално би можеле да

обезбедат базна енергија која е

многу важна. Хидроелектрани,

кои неоправдано се најдоа на

удар како проект, потоа биогасни

електрани, гасни, како и учество

во некој регионален проект за

нуклеарна електрана.

обновливи извори на енергија од над 150 мегавати, што снабдува некаде околу 67.000 домаќинства со електрична енергија. Понатаму, Чебрен е еден од клучните, историски проекти.

Оваа година за прв пат после 14 неуспешни тендери, имаме понудувач којшто го помина првиот филтер. Се работи за грчката енергетска државна компанија ППС. Во моментов се вршат преговори, доколку тој понудувач ги исполни условите од тендерот и доколку се склучи договор со надлежните институции во државата, тогаш ќе може да отпочне изградбата на овој капитален проект. Тој капацитет од

специјален
МАКЕДОНСКАТА
10 фев. 2023 | KAPITAL.MK | број 1140 19 Печат за успех Контакт +389 43 212 560 office@brako.com.mk www.brako.com.mk
n
прилог
ЕНЕРГЕТСКА ИДНИНА

Фото: РЕК Битола, термоелектрана на јаглен изградена пред повеќе од 40 години.

Повеќе од 30 години во самостојноста на Македонија не се водело доволно сметка за енергетската иднина на земјата, не се инвестирало во посериозни енергетски капацитети и реалноста сега е таа: во

услови на нагло скокање на цените на струјата на европските берзи како што се случи во 2022, земјава потроши многу пари за увоз на енергијата која и недостига, поради недоволните перформанси на производниот арсенал на ЕСМ.

една страна ќе произведува базна

енергија од хидропотенцијалот,

а од друга страна ќе може

да го користи вишокот од фотоволтаиците, електричната

енергија за реверзибилно

работење на самата централа“

рече Ковачевски на панелот.

Од клучна важност освен за

економска независност, исто така и

за економски напредок на земјата

е третиот дел на инвестиции, потенцираше премиерот.

Тие се однесуваат

на унапредување на дистрибутивната и преносната

електроенергетска мрежа преку граничното поврзување со сите

земји од регионот.

„Ние имаме добро поврзување

со Србија, Грција и Бугарија.

Со Албанија веќе работиме

на инвестиција, а исто така

во таа насока ќе треба да

продолжиме со Косово и Црна

Гора. Секако домаќинствата може

и треба сами да произведуваат

електрична енергија и затоа

во текот на минатата година, ги

поедноставивме сите процедури

од аспект на правилници, законска регулатива. Ако

претходно беа потребни до 30 дена за вадење на дозвола за градба на мала фотоволтаична централа на домаќинствата, сега е потребен само еден ден. Но, и тука треба унапредување на дистрибутивната мрежа на државниот дистрибутивен пренос, практично на ЕВН“, рече премиерот Ковачевски.

Јагма за фотоволтаици Инвестициите во фотоволтаични системи станаа особено актуелна тема изминатата година, што беше и очекуван тренд кој следеше како одговор на енергетската криза која предизвика драматичен раст на цената на електричната енергија. Како што истакна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски, само во 2022 година издале 267 лиценци за нови 150 мегавати обновливи извори, од коишто најмногу се за фотоволтаици, околу 105 мегавати.

„Трендот продолжува и во 2023, па така, во јануари имаме издадено околу 30 лиценци, а во моментов имаме над 150 барања што се процесираат. Очекуваме дека

годинава ќе стигнеме до 250-300 мегавати само од обновливи извори, затоа што веќе се започнати неколку проекти во државава.“, рече Бислимовски, за време на конференцијата што ја спомнавме претходно во текстов. Тој додаде дека инвестициите во фотоволтаици и обновливи извори треба да се поддржуваат, но од аспект на балансирање и одржување на системот знаат да прават проблеми. Фотоволтаиците и ветерните турбини произведуваат струја само кога има сонце и ветер и ако претераме со инсталирање на фотоволтаици, на пример, ќе се доведеме во ситуација да имаме огромна количина на енергија од сите електрани во ист момент, која ќе нема каде да ја пласираме. „Тој огромен наплив на енергија би можел да доведе во тие моменти цената да дојде до 0, па самите инвеститори да немаат исплатливост на инвестицијата. Треба да бидеме свесни дека тоа што се случува кај нас се случува и во соседните земји. И тие градат капацитети од обновливи извори, па едноставно ќе нема каде да

20

n специјален прилог

МАКЕДОНСКАТА ЕНЕРГЕТСКА ИДНИНА

10 фев. 2023 | KAPITAL.MK | број 1140

ја извеземе енергијата.“, рече Бислимовски.

За да се превенираат овие ситуации, потребно е да се предвиди инсталација на

батерии што ќе ја акумулираат

енергијата во период кога

таа нема да се дистрибуира.

Државата веќе реагираше во

оваа насока, и од годинава оние

кои што ќе градат фотоволтаични

централи најверојатно ќе мора

да инсталираат и батерии со цел

да се балансира снабдувањето

со електрична енергија. Според

најавите, таквата обврска ќе биде

од 10 – 20 отсто од инсталираниот

капацитет на фотоволтаичната

централа, што ќе доведе и до

зголемување на инвестицијата за

околу 20 до 30 отсто. Сепак, таквите

трошоци би можеле да се намалат

со фондови кои ги има Европската

комисија за таа намена и за кои се

верува дека ќе важат и за нашата земја.

Обновливи извори,

да, но од сите видови Втора работа што треба да се направи е форсирање на стратегија

за диверзифицирано инвестирање

во обновливи извори, а не само во фотоволтаици. Ова периодов

во повеќе наврати го истакна

проф. Кочо Анѓушев, претседател

на Македонската енергетска асоцијација при Стопанската

комора и стопанственик со долгогодишно искуство во инвестирањето во обновливи извори.

„Потребно е да се инсталираат капацитети за производство на електрична енергија од обновливи

извори од сите видови и типови.

Тоа е затоа што секој од типовите

на обновливи извори има

различен квалитет и квантитет на производството на електрична енергија, во зависност од времето во денот, но и годишниот период.“, вели Анѓушев во интервјуто за Капитал.

На пример , електраните на биогас и биомаса, се некој вид на електрани кои обезбедуваат стабилна енергија 24 часа дневно, седум дена во неделата, 365 дена во годината и може да се каже дека квалитетот кај нив е највисок, како што објаснува Анѓушев.

Потоа следуваат хидроелектраните, бидејќи нивото на водите може да се предвиди на подолг рок

или ако се поголеми акумулации, може полесно да се контролира. Потоа се ветерните електрани, кои вообичаено се градат на места каде има повеќе ветер, исто така може да се предвиди нивното производство полесно, а најнизок квалитет

имаат соларните електрани или фотоволтаиците, како што ги нарекуваме. Тие произведуваат најмногу од март до октомври и нивното производство е врзано со сонцето, ако се земе во просек 80% од нивното производство ќе биде во 20% од времето во годината. „Само баланс помеѓу различни видови на енергија е решение. Доколку тој баланс не се воспостави, тогаш ќе се соочиме со поголем проблем отколку што ова би било решение.“, предупредува Анѓушев.

Тој вели дека е за поздравување што батериите како системи за складирање се веќе дел од Законот за енергетика и тука мора што побрзо да се завршат подзаконските акти за да се опфатат сите аспекти поврзани со батериите.

„Тоа го велам бидејќи веќе наредното лето би можеле да се

соочиме со првите проблеми и

доколку не ги решаваме навремено

и тие ќе продолжат да растат.“

Анѓушев наведува три типа

на батерии за складирање на

електрична енергија: првите да бидат дел од електрана

која произведува и во нив

да се складираат вишоци на електрична енергија; вторите да бидат во рамки на индустриски

капацитети кои имаат сопствени обновливи извор, најчесто се тоа фотоволтаици, па да ги користат за

свои потреби и кога имаат потреба; и третите би биле потполно

независни батериски системи, кај кои, оние производители кои се помали и немаат капацитет да развијат сопствени, би ја складирале енергијата. nnn

21

ПРОФ. Д-Р

КОЧО АНЃУШЕВ

претседател на Македонската енергетска асоцијација

ЕНЕРГЕТСКАТА ТРАНЗИЦИЈА

Е НАША ИДНИНА, НО И

ПРЕДИЗВИК ДА СЕ НАПРАВИ

НА ПРАВИЛЕН НАЧИН, ЗА ДА

НЕ СЕ ПРЕТВОРИ ВО ПОГОЛЕМ

ПРОБЛЕМ ОТКОЛКУ РЕШЕНИЕ

Ние немаме многу алтернативи, мислам дека треба да продолжиме со активностите

за гасно поврзување и создавање на гасни интерконектори со соседите, но

паралелно мора да ги искористиме ресурсите кои ги имаме. А што имаме? Она што природата ни го дала: вода, ветер, сонце и знаење да ги применуваме модерните технологии. Повторно би истакнал дека мора да инвестираме во диверзифицирани обновливи извори од сите типови, тоа се веќе познати технологии и техники и да влеземе брзо во чекор со модерниот свет, а посебно да почнеме со развојот на системи за складирање, кои ги има во неколку варијанти.

22
ИНТЕРВЈУ

n специјален прилог

МАКЕДОНСКАТА ЕНЕРГЕТСКА ИДНИНА

10 фев. 2023 | KAPITAL.MK | број 1140

реку 20 години искуство

во енергетиката,

прво како научник,

потоа и со практична

примена на стекнатото

знаење, преку раководно место

во Електростопанството на

Македонија, потоа како приватен

бизнисмен и инвеститор во

обновливи извори на енергија и

во секторот трговија со електрична

енергија и две и пол годишно

искуство како вицепремиер

во македонската влада, го

позиционираат проф. д-р Кочо

Анѓушев како еден од најискусните

и најупатените личности во

нашата земја кога станува збор за

прашања поврзани со енергетски

теми. Во време кога енергетиката

е „жешка“ тема за стопанството

зборувавме со Анѓушев за

актуелните прашања за енергетика

и дознаваме дали навистина

нашата земја има потенцијал

да стане енергетски центар и

најпосле, по 30 години државна

независност, да имаме и енергетска

независност и стабилност на

електроенергетскиот сектор во

подолг временски период.

X Енергетиката е актуелна

тема изминатава година, високите цени на енергенсите

на европските берзи влијаеја

на цената и во нашата земја,

особено за компаниите кои се на слободен пазар. Вие како претседател на Македонската енергетска асоцијација имате

увид во сите случувања, како ги коментирате актуелните случувања во енергетиката?

Во право сте, високите цени на европските берзи, особено на унгарската берза HUPX и бугарската берза IBEX, кои имаат најголемо влијание за формирање на цените на електричната енергија и во Северна Македонија, придонесе компаниите во нашата земја да доживеат сериозен удар изминатата година. Притоа, тие изгубија и добар дел од конкурентноста во споредба со фирмите од соседните земји. Ние, во Македонската енергетска асоцијација, која е дел од најголемата комора, Стопанската комора на Северна Македонија, уште пред почетокот на енергетската криза во голема мера ги предвидовме случувањата и предложивме сет на мерки за да полесно се излезе од кризата. Граѓаните и малото стопанство останаа заштитени и тоа е добро, се интервенираше и во олеснувањето на процедурите за поставување на фотоволтаици, сепак администрацијата се уште не е доволно ажурна во овој дел,

Кај нас е сега огромен интересот за фотоволтаици, тоа е во ред, но сепак треба да имаме одредена контрола и план во целиот тој процес, затоа што ако претераме со инсталирање на фотоволтаици, ќе се доведеме во ситуација да имаме огромна количина на енергија од сите електрани во ист момент, која ќе нема каде да ја пласираме. Тој огромен наплив на енергија би можел да доведе во тие моменти цената да дојде до 0, па самите инвеститори да немаат исплатливост на инвестицијата. Треба да бидеме свесни дека тоа што се случува кај нас се случува и во соседните земји. И тие градат капацитети од обновливи извори, па едноставно ќе нема каде да ја извеземе енергијата.

што неповолно влијае на текот и реализацијата на целиот процес. Со последните мерки се обезбедија повластени, субвенционирани цени и за прехранбените компании. Но, огромен број компании кои се на слободниот пазар, а тоа се оние со над 50 вработени и над 2 милиони евра годишен приход, не беа воопшто поддржани. Тие се најголеми потрошувачи на електрична енергија и се носители на економската активност. Станува збор за 2000 -2500 компании кои вработуваат околу 150 000 лица, креатори се на производството, извозот, а уште поважно е што се директни работодавачи на помалите компании. Тоа е врзан круг.

Големите компании влегоа во дополнителни инвестиции за да изградат фотоволтаици за нивни потреби и тоа е нешто кое го поддржувам и охрабрувам и со сегашните цени на електрична енергија мислам дека ќе помогне, но само во одредени периоди.

Затоа, би сакал да ја поттикнам Владата да биде подготвена, во услови на идни потреси на берзите, да предложи сет мерки со кои ќе се поддржат и големите компании. Една од мерките би можела да биде субвенционирање на дел од средствата кои се плаќаат за електрична енергија, како што прават и другите држави во регионот. Во спротивно, стравувам

23
П

До пред неколку години зборувањето за водород како погонско гориво беше сфаќано како далечна иднина, и со право, бидејќи технологиите не беа развиени и се појавуваа големи предизвици пред се во складирањето на водородот, поради големите притисоци. Денес е веќе реалност дека водородот може да биде погонско гориво и веќе имаме примери на возила, бродови и авиони кои користат водород. Имаме пример и во Македонија, во БРАКО е произведено првото возило во светот за одржување хигиена во урбани услови од линијата „Грин Машинс“ што работи на водороден погон. Затоа велам, технологиите одат напред и ние мора брзо да скокнеме повеќе чекори и да бидеме во тек со современите трендови.

дека добар дел од компаниите

целосно ќе запрат, а ако запрат

големите компании, застанува

целиот циклус.

X Што е она што треба да го правиме како земја за да во иднина не се најдеме во слична ситуација? Времето не можеме да го вратиме назад, 30 години

ни се неповратно изгубени, нема големи инвестиции во енергетиката, но дали може да се поправи оваа ситуација?

Јас и на неодамнешната владина

конференција реков дека Северна

Македонија може да има посветла

иднина и да биде енергетски

понезависна.

Што би требало да се прави?

Па, мислам дека не треба многу да филозофираме, туку да го

применуваме она што веќе го

детектиравме и предложивме

како мерки. Веќе донесовме една комплементарна и долгорочна Стратегија за развој на енергетиката до 2040 година, по мое мислење станува збор за одличен документ во кој се содржани

различни варијанти и правци на делување, а сите тие тежнеат кон зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори.

Стратегијата има три сценарија и сметам дека треба да продолжиме да го спроведуваме „зеленото сценарио“.

Тука сакам да нагласам, потребно

е да се инсталираат капацитети

за производство на електрична

енергија од обновливи извори од сите видови и типови. Тоа е затоа што секој од типовите на обновливи

извори има различен квалитет и

квантитет на производството на

електрична енергија, во зависност

од времето во денот, но и годишниот период.

На пример , електраните на биогас и биомаса, се некој вид на електрани кои обезбедуваат стабилна енергија 24 часа дневно, седум дена во неделата, 365 дена во годината и може да се каже дека квалитетот кај нив е највисок. Потоа следуваат хидроелектраните, бидејќи нивото на водите може да се предвиди на подолг рок или ако се поголеми акумулации, може полесно да се контролира. Потоа се ветерните електрани, кои вообичаено се градат на места каде има повеќе ветер, исто така може да се предвиди нивното производство полесно, а најнизок квалитет имаат соларните електрани или фотоволтаиците, како што ги нарекуваме. Тие произведуваат најмногу од март до октомври и нивното производство е врзано со

ИНТЕРВЈУ 24

Автор:

ЗЛАТКО ЧЕРЕПНАЛКОСКИ

Директор за развој и стратегија во Енерџи

Деливери Солушнс АД (ЕДС АД)

Енергетските кризи, како

што е последнава криза

со цените на енергенсите

на пазарите на

Европскиот континент,

никогаш не се случуваат

ненадејно. Несогласувањата

помеѓу европските енергетски

регулатори од една, и Газпром од

друга страна, се присутни повеќе

од една деценија.

Компромисите кои Европа ги правеше со нефлексибилниот

Газпром водеа кон енергетска

зависност на Европа од Руската

федерација во позначителна

мера, а Европа таквата позиција на Газпром се обидуваше да ја „балансира“ (односно да ја

ублажи) со константен притисок

врз Газпром за согласност кон

европската регулатива за

„пристап на трети страни“

до гасоводите кои беа

инвестиција на Газпром.

Европската идеја беше да не

се доведат Полска, балтичките

републики, па и до извесна мера

Украина, да бидат уценети од

Кремљ среде зима на начин што

испораката на природен гас

да биде условена со политички

отстапки кон Русија. Газпром

никогаш не се согласи на

европската регулатива за своите

инвестиции, а кокетираше со

Европа отстапувајќи дел од

инфраструктурните инвестиции да

бидат во раце на големите европски

енергетски гиганти.

Но, сепак пред повеќе од една

деценија, на една енергетска

европска конференција во Виена, како одговор на постојаното

прашање од страна на европските

регулатори „како Русија ќе

ја гарантира сигурноста во

снабдувањето“, Путин одговори

„на тој начин што Европа ќе

ја гарантира сигурноста на

потрошувачката“!

Диверзификацијата во снабдувањето со природен

гас е од огромно значење за европската енергетска иднина Овој политички дуел може да се состави и со други зборови со исто значење: „гарантирај

ми дека ќе останеш зависен од мене, па и јас ќе ти гарантирам

испорака на гасот од кој си зависен“. Ова горко искуство на европските политичари беше причина уште еднаш Вашингтон, овој пат отворено, да и’ порача на Европа дека диверзификацијата

во снабдувањето со природен

гас е од огромно значење за европската енергетска иднина. Европејците, кои си ја сакаат удобноста на живеачката, не посветија многу внимание на ова пријателско предупредување

од спроти Атлантикот. Следеше реализација на 2 од 3 развиени гасоводни проекти кои денес веќе испорачуваат природен гас од Каспиското море во Европа (главно aзербејџански и ирански гас) преку турското азиско и европско копно, но тоа не е доволно да се ублажат нешто помалку од 200 милијарди кубни метри природен гас кој во Европа доаѓаше преку гасоводите и другата инфраструктура на Газпром. Несогласувањата продолжија со сé поизразена политичко-воена

агенда која почнувајќи од јули 2020 (среде пандемија политиката не спиеше) доведе до цената на природниот гас во Европа да се искачи на 6-кратно повисока цена од периодот пред пандемијата

за нецели 24 месеци. Епилогот

до денес го знаеме сите – Европа

засилено гради ЛНГ терминали затоа што се наметна тотално глобално пренасочување на, со децении, традиционалните рути на европското снабдување со енергенси. Денес европската политика бара минимизација на увозот на природен гас, сирова

нафта и нафтени деривати од руско потекло, а заменскиот втечнет природен гас (ЛНГ) со американско

потекло не може да се преточи во европските гасоводи без претходно да се регасифицира во т.н. ЛНГ терминали кои ниту се евтини, ниту се градат преку ноќ. Колку е Македонија отпорна на енергетска криза на европскиот континент? Одговорот е: Македонија секогаш ќе ја дели судбината со остатокот од Европа во однос на снабдувањето со енергенси, со тоа што македонската економија многу повеќе ќе трпи при пораст на цените на енергенсите. Особено што кризата се наметна преку снабдувањето и цената на природниот гас каков што ресурс ние во државава немаме. Немаме ниту сирова нафта. За тие два енергенси Македонија е 100% зависна од увоз. Отпорноста се мери со можноста на увоз на овие енергенси кој увоз зависи од две променливи: дали енергенсот ликвидно се тргува на регионалните пазари кон кои Македонија гравитира (односно

дали енергенсот воопшто го има да се купи), и во која мера цената на енергенсите ќе ја диктира потребата за увоз – односно до кое ценовно ниво нашите потрошувачи на природен гас се спремни да го купуваат гасот. Кога се работи за централното парно греење во Скопје, сé додека лиценците за производство, дистрибуција и снабдување со топлина се во државни раце (ЕСМ), цената на гасот е прашање за буџетот на Владата, а не за исплатливост на лиценцираните компании во однос на надоместот кој ќе им го наплатат на корисниците.

26
КОЛКУ СМЕ ОТПОРНИ НА НЕНАДЕЈНИТЕ
КРИЗИ И КАКО МОЖЕМЕ ДА ГИ
АМОРТИЗИРАМЕ НАРУШУВАЊАТА ВО НАБАВУВАЊЕТО НА ЕНЕРГЕНСИ?
ЕДС АНАЛИЗА

n специјален прилог

ЕНЕРГЕТСКА ИДНИНА

10 фев. 2023 | KAPITAL.MK | број 1140

На Македонија ѝ се потребни

стратешки извори на базна

енергија

Оваа криза во Македонија се

почувствува и посилно од што

можеше заради фактот што

ЕСМ не успева со години веќе да

произведе доволно електрична

енергија барем за регулираниот

дел од пазарот на електрична

енергија. Од причини што цената на

природниот гас порасна за 6 пати, а централите за производство на електрична енергија кои работат на

природен гас исто така учествуваат

во формирањето на пазарните

цени на регионалните берзи за електрична енергија, струјата

поскапи на нивоа досега невидени

за европскиот континент.

Ова од своја страна наметна

потреба од многу пари за

Македонија да ја увезе енергијата која и недостигаше поради недоволните перформанси на производниот арсенал на ЕСМ. И се разбира, кога увезувате скапа енергија за потребите на

регулираниот пазар на кој, барем

во овој период, цените се пониски

од пазарните, вие практично

правите загуба со секој увезен

киловат час. На прашањето дали

оваа состојба може да се менаџира

и кое би било решението, одговорот

е, не можете да менаџирате

проблем со, и да најдете решение

за нешто што го немате – ниту пак можете да решите недостаток на стратешки извори на енергија преку ноќ. Природен гас и нафта

немаме, а она што го имаме е пред крај и веќе исцрпено. Безброј

студии се правени за преостанатите резерви на јаглен кои економски можат да се експлоатираат

во двата главни јагленокопи Суводол – Брод Гнеотино -Живојно и Осломеј – Поповјани. Ниту се бројките ветувачки, ниту староста на термо-агрегатите во РЕК Битола и РЕК Осломеј можат да издржат увоз на лигнит од соседните грчки и/или косовски многу побогати наоѓалишта.

Во периодот на независна Македонија, од државата се изградени единствено ХЕЦ Козјак и ХЕЦ Св. Петка со вкупен капацитет од околу 120 MW, кои претставуваат помалку од 10% од капацитетот на тогашниот постоечки систем. Изградена е и ТЕ-ТО АД со капацитет од 220 MW, но сепак тоа е приватна инвестиција која енергијата ја продава по пазарни услови. Изградени се и огромен број мали приватни централи од различни технологии кои ниту од далеку не се решение за националната енергетика. Најавите за нови инвестиции во доменот на обновливите извори исто така не се решение – напротив и покрај фактот што се добредојдени, тие сепак го поскапуваат оперирањето на електроенергетскиот систем поради природната стокхастичност на нивното производство. На Македонија, со цел подобро да ги менаџира идните енергетски кризи на европскиот континент, потребни и’ се стратешки извори на базна енергија – тоа се извори со инсталиран капацитет од (во македонски услови) 600 – 800 MW кои ќе имаат обезбедено примарно гориво да работат помеѓу 6.000 и 7.500 часови во текот на годината. Исто така, за да се задржи способноста на системот за маневрирање, која денес е тотално

заситена со производство и скоро воопшто нема резервиран капацитет за балансирање на системот, најмалку 100 до 150 MW од овие нови капацитети треба да имаат најмалку една третина флексибилност за балансирачко производство.

Токму недостатокот на балансна енергија во нашиот електроенергетски систем е

причината што во последниве

неколку години хидро акумулациите ни се сведени на речни текови. Примарно гориво за вакви базни извори на енергија може да биде само фосилно гориво со оглед

дека немаме река како Дунав, ниту можеме во догледно време да планираме изградба на нуклеарна

централа. Изборот на фосилно гориво може да биде увоз на висококалоричен јаглен (антрацит)

или природен гас. Тоа значи и дека производните единици мора да бидат нови инвестиции.

И конечно, клучот на „отпорноста кон кризите и моќта за нивна амортизација“ е електроенергетски

пазар каде цената на услугата не е субвенционирана од буџетот, односно, сите групи на потрошувачи

да си го платат трошокот кој го предизвикуваат во системот. На тој начин се зголемува еластичноста на системот да издржи инцидентни екстреми на пазарните цени. И во таа смисла исказите во медиумите дека ние не сме Швајцарци за да поднесеме такви цени нема да ни’ го решат проблемот да инвестираме во нови централи, бидејќи производителите на опремата за новите инвестиции не се грижат дали својот производ го продаваат во Швајцарија или Македонија –цената е таа. nnn

МАКЕДОНСКАТА
27
OFFICE@GREENMACHINES.COM WWW.GREENMACHINES.COM
ИНФОРМИРАЈ
ЗА ЧИСТА ОПШТИНА И
ОКОЛИНА
TE СЕ

ВО ЕУ ТРЕТИНА ОД

ЕНЕРГИЈАТА ДОАЃА

ОД ГАС, ЗЕЛЕНИТЕ

ИЗВОРИ И ПОНАТАМУ

ЗАОСТАНУВААТ

Како што забележуваат аналитичарите, има уште долг пат пред ЕУ да ги достигне поставените цели за обновлива енергија, кои се поставени на 40 проценти до 2030 година, а може да се зголемат до 45 проценти според новиот план REPowerEU.

ончевата енергија, ветерот и другите „зелени“ извори

придонесоа со 21,8

отсто во вкупната

потрошувачка на енергија во

ЕУ во 2021 година, покажуваат

податоците на Евростат. Тоа беше

пад од 0,3 отсто во однос на 2020

година и првото забележано

намалување што доаѓа од, велат експертите, порастот на

потрошувачката на енергија по укинувањето на ограничувањата за пандемијата. На почетокот

на оваа година, Меѓународната агенција за енергетика објави

дека светот ќе додаде исто толку

28
С
КАКО СЕ ДВИЖИ ЕВРОПА ПО ПАТОТ НА ЗЕЛЕНАТА ТРАНЗИЦИЈА

n специјален прилог

МАКЕДОНСКАТА ЕНЕРГЕТСКА ИДНИНА

10 фев. 2023 | KAPITAL.MK | број 1140

обновлива енергија во следните

пет години колку што било тоа во

последните 20 години.

Шведска на врвот во ЕУ според

обновливи извори

Шведска е повторно на врвот

на листата како земја на ЕУ со

најголем удел на обновлива

енергија во 2021 година. Таа

година, оваа нордиска нација

добила речиси две третини (63

проценти) од својата енергија од обновливи извори - главно биомаса, вода, ветер, топлински пумпи и течни биогорива.

Иако тоа е ветувачка бројка, некои активисти тврдат дека биоенергијата - согорувањето

на шумскиот отпад, на примервсушност не е обновлива.

Следна на листата е Финска, уште

една земја богата со вода, со 43

отсто удел на обновливи извори

во енергетскиот микс. Латвија

била трета со учество од 42 отсто, кое главно доаѓа од биомасата

и водата. Следуваат Естонија,

Австрија и Данска со 38 отсто, 36 отсто и 35 отсто од нивната енергија која доаѓа од обновливи извори.

Сите споменати земји имаат големи количини на хидроенергија и ветер

во нивните енергетски миксови.

Кога станува збор за европските

земји во поширока смисла, две

земји кои не се членки на ЕУ се

уште се далеку пред сите. Исланд добива најголем дел од својата

енергија од обновливи извори во Европа, благодарение на големите геотермални ресурси. Според податоците на Евростат, околу 86 отсто од чистата енергија доаѓа од овој извор. Норвешка е на второ место со неверојатни 76 отсто од енергијата која доаѓа од

обновливите извори, претежно

хидро потенцијал.

Исланд апсолутен

шампион во Европа

Вкупно, 15 од 27 членки на ЕУ

пријавиле удели под просекот од 21,8 отсто во 2021 година: Белгија, Бугарија, Чешка, Германија, Ирска, Шпанија, Франција, Италија, Кипар, Луксембург, Унгарија, Малта, Холандија, Полска и Словачка. Најмал удел на обновливи извори на енергија е забележан во Луксембург (11,7 отсто), Малта (12,2 отсто), Холандија (12,3 отсто), Ирска (12,5 отсто) и Белгија (13 отсто).

Како што забележуваат аналитичарите, има уште долг пат пред ЕУ да ги достигне поставените цели за обновлива енергија, кои се поставени на 40 проценти до 2030 година, а може да се зголемат до 45 проценти според новиот план

REPowerEU. Таа повисока цел би значела 69 отсто од електричната енергија да доаѓа од обновливи извори, според енергетскиот тинктенк Ember.

Гасот сè уште доминантен

И покрај сите напори, Европа сè уште е во голема мера зависна од гасот за производство на електрична енергија, транспорт и греење. Во 2021 година, една третина (34 проценти) од европската енергија дошла од согорување на гас. Белорусија е најзависната земја од гас во Европа, бидејќи 62 отсто од енергијата ја добива од гас. Потоа следат Русија (54 отсто), Италија (42 отсто), Обединетото Кралство (40 отсто) и Унгарија (39 отсто). Во 2021 година, две третини (76 отсто) од европската енергија се произведувала со согорување

на фосилни горива - гас (34 отсто), нафта (31 отсто) и јаглен (11 отсто).

Обновливите извори на енергија, вклучувајќи хидро, сончева енергија, ветер и биогорива, учествувале со 14 отсто, а нуклеарната енергија со преостанатите 10 отсто.

Европа е најголемиот увозник на природен гас во светот. Во 2021 година, Русија, Германија, Обединетото Кралство, Италија и Франција трошеле три четвртини од енергијата од гас гледајќи го целиот континент и неговата потрошувачка.

Зголемувањето на цените на гасот поттикна неколку земји од ЕУ да објават итни мерки од повеќе милијарди долари за борба против вртоглавото зголемување на цените на енергијата по инвазијата на Русија врз Украина.

29
nnn ОД ИДЕЈА ДО ЧИСТА ЕНЕРГИЈА ФОТОВОЛТАИЦИ ХИДРО ЕЛЕКТРАНИ БИО ГАСНИ ЕЛЕКТРАНИ ТРАНСФОРМАТОРИ +389 2 5514 000 info@feroinvest.mk www.feroinvest.mk ПРОЕКТИРАЊE, ИЗВЕДБА И ОДРЖУВАЊЕ

МЕТОДИЈА МИНОСКИ

координатор на Одделот за животна средина на ПроКредит Холдинг

ПРЕКУ ЕДУКАЦИЈА НА

КОМПАНИИТЕ ДО ТРИ ПАТИ

ПОВЕЌЕ ИНВЕСТИЦИИ

ВО ФОТОВОЛТАИЧНИ

ЦЕНТРАЛИ

ИНТЕРВЈУ 30

n специјален прилог

10 фев. 2023 | KAPITAL.MK | број 1140

азговаравме со г. Методија Миноски, одговорен за управување

со животната средина

во ПроКредит Холдинг,

една од организациите пионери

во државава според користењето

на обновливи извори на енергија

за потребите на секојдневното

работење, но и активен

промотор на инсталирањето

на фотоволтаични системи меѓу

компаниите на нашиот пазар

преку специјалните кредитни линии

наменети за набавка на ваква

опрема.

X Г. Миноски, изминатиов период

многу актуелно беше прашањето

за инвестиции во фотоволтаични

системи, како за продажба

на струја, така и за сопствени

потреби на компаниите.

Каква беше побарувачката

за кредитите за оваа намена

во ПроКредит? Имаше ли

значителен пораст во 2022

година?

Инвестициите во фотоволтаични

системи станаа особено актуелна

тема изминатата година, што беше

и

очекуван тренд кој следеше како

одговор на енергетската криза која

предизвика драматичен раст на

цената на електричната енергија.

Ние како банка веќе неколку години наназад правиме сериозни заложби за едукација на нашите клиенти и промоција на соларната енергија како едно од решенијата за зголемена енергетска независност на компаниите. Уште во 2019 започнавме со кампања за инвестиции во соларна енергија, антиципирајќи ги предизвиците на енергетскиот систем во Македонија, но и предностите за компаниите да инвестираат во фото-централи, за да ја намалат ранливоста од пазарните шокови кои подоцна и се појавија од средината на 2021. Фотоволтаичните системи, и генерално инвестициите во екорешенија, се производи кои ние како банка ги работиме веќе долги години и за кои имаме експертиза по која сме познати како лидери на пазарот. Нашето знаење постојано го споделуваме со клиентите, а стручната поддршка која им ја понудивме за многу од нив беше пресудна да се одлучат за овој тип на инвестиција.

Досега имаме организирано

преку 10-тина работилници во

повеќе градови низ земјата на кои присуствуваа преку 300 компании

каде што ги едуциравме клиентите за предностите во инвестиции во фотоволтаици. Настанот кој го реализиравме минатата година под наслов “Наше сонце, наша

енергија, наши инвестиции” беше од особено големо значење, каде на едно место ги собравме сите државни и приватни институции кои се вклучени во постапката за добивање на неопходните одобренија и лиценци, изведба на централите и приклучокот на мрежа, како и трговија со електрична енергија. Само на овој настан присуствуваа преку 100 компании кои во неколку панел дискусии имаа можност да се запознаат со постапката на изведба, да добијат одговори на нивните прашања, но и да воспостават директен контакт со сите чинители во процесот. Како резултат на кампањите во последните 4 години стигнавме до портфолио од преку 40 мегавати инсталиран капацитет на финансирани инвестиции, од кои помалку од половината беа реализирани во текот на 2022. Според бројот на предмети кои во моментов ги работиме и интересот кој го пројавуваат клиентите, очекуваме трендот да продолжи да расте и во годината која е пред нас. X Каков е пристапот на банката при процесирањето на овие кредитни барања, имајќи предвид дека се работи за не толку едноставни инвестиции од повеќе аспекти? Колкав е износот на кредити за фотоволтаични

системи што досега ги има одобрено ПроКредит и на колку клиенти?

Како и за сите останати кредитни производи, па така и за кредитните барања за инвестиции во фотоволтаици, банката им пристапува индивидуално, ги анализираме ризиците и предностите од инвестицијата и се обидуваме преку стручна поддршка и совети да ги водиме клиентите низ целиот процес. Па така, заради нашата проактивна и советодавна улога, компаниите кои се клиенти на ПроКредит Банка инвестираат во фотоволтаични централи за сопствена употреба дури три пати повеќе во однос на останатите компании кои соработуваат со други банки. Секако, има разлика во процесот на финансирање за централи за сопствена употреба, и за централи поставени на земја исклучиво за продажба. Постапката за финансирање на централите поставени на кров е едноставна, банката има интерни механизми за проценка на инвестицијата и брзо одобрување на кредитот, каде само опремата се зема како обезбедување. До сега имаме финансирано преку 130

Заклучно со крајот на

2022 година, нашето зелено портфолио изнесува скоро 20% од вкупното портфолио на

банката, или преку 90 милиони евра. Овде вклучуваме кредити за енергетска ефикасност, проекти за обновливи

извори на енергија и

други зелени мерки

како управување со

отпад, рециклирање

и слично. Ако сето ова го интерпретираме низ ефектот врз животната средина, избегнавме

емисија на 18.000 тони CO2, еквивалентно со отстранување на 9.200

возила од сообраќај

за една година. Како банка ориентирана кон одржливо работење, ова е податок на кој сме особено горди.

кровни централи, каде просечниот инсталиран капацитет е меѓу 200250 KW , што значи околу 130.000 евра просечен износ на кредит. Кога станува збор за инвестиции во централи поставени на земја, во банката има специјализиран тим кој е сочинет од инженери, правници и финансиски аналитичари кои прават проверка на техничките, правните и финансиските ризици на проектот, со што заеднички со клиентот ги проценуваме потенцијалните препреки кои можат да се јават во одолговлекување

на инвестицијата. Нашиот тим

е стручен и често ги советува и

води клиентите низ постапката, од почетната идеја па се до

реализација на инвестицијата, што за клиентите дава дополнителна сигурност имајќи предвид дека

најголем дел од нив претходно

немале искуство со изведба или

МАКЕДОНСКАТА ЕНЕРГЕТСКА ИДНИНА
31
Р

оперирање на фотоволтаични

централи.

Повеќегодишното искуство ни

овозможува добро разбирање за

тоа како функционира овој сегмент

од пазарот, кои се изведувачите

со најголемо искуство но и кои се

маркет стандардите за тоа како

делува пазарот на електричната

енергија. Ова е особено битно

бидејќи цената по која ќе се

продава струјата е клучна

информација во проектирање

на идните парични текови

на проектите. Дополнително

имаме директната соработка со

најголемите изведувачи на фото-

централи и трговци на електрична

енергија на нашиот пазар, што

е од голем бенефит за клиентите,

бидејќи го забрзува процесот на

финансирање и финализирање на

овие инвестиции.

X Освен инвестиции во фотоволтаици, за какви сè

други намени во доменот на енергетската ефикасност ПроКредит одобрува кредити?

Во насока на поддршка на

инвестиции во “зелени технологии”,

нашето портфолио е навистина

широко со цел да ги задоволи

потребите и на компаниите, но

исто така и за домаќинствата. Па

така, во доменот на енергетска

ефикасност поддржуваме: електро-

мобилност, ефикасни системи

за греење и ладење, енергетски

ефикасни објекти, инвестиции во

ефикасни машини, опрема, системи

за намалување на загадување, управување со отпад и останато.

X Колкав дел од кредитното портфолио на ПроКредит банка во моментов е сочинето

од “зелени“ кредити?

Претпоставувам дека поголем интерес има кај бизнисите, но каква е ситуацијата кај физичките

лица, поточно интересот

за кредити за енергетска

ефикасност во домот?

Поголемиот дел од еко-портфолиото

на банката го сочинуваат

инвестиции наменети за малите и

средни претпријатија. Компаниите

најмногу инвестираат во соларната

енергија, енергетска опрема и

машини, како и реновирање или

изградба на објекти со намалена

потреба за енергија за греење

или ладење. Бројката на физички

лица кои одбираат да инвестираат

во домаќинства се’

повеќе се

зголемува и тука претежно станува

збор за реновирање на домовите

со ефикасни системи за греење

или ладење, бела техника, а во

последно време и фотоволтаични

системи за сопствено производство

Како резултат на

кампањите во последните 4 години стигнавме до портфолио од преку 40 мегавати инсталиран капацитет на финансирани инвестиции во фотоволтаици, од кои помалку од половината беа реализирани во текот

на 2022. Според бројот на предмети кои во моментов ги работиме и интересот кој го пројавуваат клиентите, очекуваме трендот да продолжи да расте и во годината која е пред нас.

на струја. Кога сме кај зелените кредити за домаќинствата, на наше големо задоволство, преку

поддршката на Европската банка за обнова и развој успеваме да обезбедиме и дополнителни

поволни услови за инвестирање, кои за клиентите обезбедуваат

поврат на кредит и до 20%.

Заклучно со крајот на 2022 година, нашето зелено портфолио изнесува скоро 20% од вкупното портфолио на банката, или преку 90 милиони евра. Овде вклучуваме кредити за енергетска ефикасност, проекти за обновливи извори на енергија и други зелени мерки како управување со отпад, рециклирање и слично. Ако сето ова го интерпретираме низ ефектот врз животната средина, избегнавме емисија на 18.000 тони CO2, еквивалентно со отстранување на 9.200 возила од сообраќај за една година. Како банка ориентирана кон одржливо работење, ова е податок на кој сме особено горди.

X И самата ПроКредит веќе подолго време е заговорник и дава сопствен пример за водење грижа за енергетската ефикасност и екологијата генерално... Како всушност банката ја спроведува ваквата стратегија на одржливо работење? Наведете ни ги најбитните постигнувања.

ПроКредит е импакт ориентирана

банка, тоа значи дека целиме кон

одржлив модел на управување кое

започнува со следење на нашето социо-еколошко влијание, па потоа и влијанието кое го имаат нашите

кредитни клиенти и соработници. Конкретно, се обидуваме да ја минимизираме нашата емисија на стакленички гасови, заради што работиме на сопствената енергетска ефикасност, користиме обновливи извори на енергија, го редуцираме креирањето на отпад кој потоа го селектираме заради идно рециклирање, како и преземаме активности за намалување на аерозагадувањето преку користење на електрични возила. Така, до сега значајно ја намаливме употребата на хартија преку дигитализација на голем дел од нашите интерни процеси. Применуваме високи еколошки и енергетски стандарди при изградба, реновирање и опремување на нашата деловна мрежа, со што потрошувачката на струја на квадратен метар ја преполовивме во последните неколку години. Централната управа на банката важи за една од “најзелените” згради во нашата земја, што е потврдено со меѓународната сертификацијата на Светска банка со сертификатот EDGE (Excellence in Design for Greater Efficiencies).

Истовремено сме и лидери во електромобилноста каде 70% од нашиот возен парк вози на струја произведена од фотоволтаичната централа поставена на кровот од нашата Централна управа.

X Познати сте и како банка која има свои црвени линии кога станува збор за финансирање проекти

што имаат негативен ефект за животната средина. Кажете ни нешто повеќе за оваа стратегија? Банките тежнеат да исплатат што е можно повеќе кредити и да пораснат со кредитното портфолио, притоа анализирајќи ги само економските принципи на исплатливост на инвестицијата и степенот на обезбедување на кредитот. За жал, проценката за тоа какво е влијанието на финансираните проекти врз животната средина, во какви услови работат работниците или како дејноста придонесува кон општеството и поширокото опкружувањето, речиси и да не се прави. Токму поради ваквото еднострано разбирање на кредитирањето, сведоци сме на многу финансирани инвестиции, кои придонесоа за еколошки штети или сериозно го загрозија општественото здравје и безбедноста.

Во ПроКредит банка пристапуваме поинаку, каде се проценува влијанието кон животната средина и општеството на секој

ИНТЕРВЈУ 32

Поголемиот дел од еко-портфолиото на банката го сочинуваат

инвестиции наменети за малите и средни претпријатија. Компаниите најмногу инвестираат во соларната енергија, енергетска опрема и машини, како и реновирање или изградба на објекти со намалена потреба за енергија за греење или ладење. Бројката на физички лица кои одбираат да инвестираат во домаќинства се’ повеќе се зголемува и

тука претежно станува збор за реновирање на домовите со ефикасни системи за греење или ладење, бела техника, а во последно време и фотоволтаични системи за сопствено производство на струја.

еден кредитен пласман кој го одобруваме кон компаниите.

Првиот филтер е јасно дефинирана

листа на активности со кои не соработуваме и покрај тоа

што се законски дозволени, но имаат негативно еколошко или социјално влијание, како на пример инвестициите во заштитени зони, производството на пластика за еднократна употреба, инвестиции

во игри на среќа, инвестиции во

производство и трговија на оружје, подземни ископи и рудници.

Кај останатите клиенти интерно го проценуваме социо-еколошкиот ризик од секој кредитен пласман, а во одредени случаи ангажираме екстерни

соработници кои

тоа го прават во наше име. Проценката на еден клиент или

проект подразбира дека банката, покрај економската исплатливост, задолжително прави и проценка на еколошките и општествените практики и ризици во компанијата, како на пример управувањето со отпад, степенот на загадувањето и емисијата на штетни гасови, начините и управувањето со опасни и експлозивни материи или нивото на безбедност и ризик од повреди на работното место.

На глобалните пазари компаниите веќе не се оценуваат само низ финансиските параметри на профитабилност, туку и низ придонесот кои тие го имаат во борбата со климатските промени или пак позитивниот импакт кои го имаат кон општеството. За оваа цел веќе се применуваат ESG

(environment, social, governance)

принципи на управување, но и на нефинансиско известување преку кое се мери степенот на одржливо работење на компаниите. ESG рејтинзите веќе стануваат критериум за избор за инвестиција на берзите или партнер/клиент за соработка на пазарите во Европа. Затоа колку позабрзано деловната заедница во Македонија работи на подобрување на еколошките стандарди и работните услови или инвестира во сопствените човечки капацитети, толку повеќе ќе придонесе во зголемување на конкурентност, во резистентноста од разни пазарни турбуленции, што на долг рок несомнено ќе ја зголеми вредноста и стабилноста на компанијата. nnn

n специјален прилог МАКЕДОНСКАТА ЕНЕРГЕТСКА ИДНИНА 10 фев. 2023 | KAPITAL.MK | број 1140 33

ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

КОИ СЕ ЗЕМЈИТЕ ШТО ВЕЌЕ

ПОСТИГНАА НУЛА НЕТО ЕМИСИЈА НА ЈАГЛЕРОДНИ ГАСОВИ

Со цел да се ублажи

влијанието на климатските

промени, Европскиот

парламент ја прифати

Европската климатска

регулатива за забрзување на

намалувањето на емисиите на

јаглерод од 40 на најмалку 55

проценти до 2030 година. Со

оваа регулатива, климатската

неутралност до 2050 година стана

правно обврзувачка за земјите-

членки. САД, како и многу други

земји, ја поставија оваа цел, додека

земјите како Кина или Индија ја

најавија истата цел, но децении

подоцна. Сепак, се чини дека некои

земји веќе ја постигнаа магичната

„net zero“ цел.

Нето нула емисии се постигнуваат

кога секоја година од атмосферата

се апсорбира повеќе јаглерод

диоксид отколку што се испушта.

Постигнувањето на нето нула на

глобално ниво е централно во

напорите да се спречи глобалното затоплување да ја надмине климатската цел од 1,5 степени

Целзиусови.

Земјите кои се богати со природни ресурси како дождовните шуми кои природно апсорбираат CO2

од атмосферата, потоа земјите со

мала популација и ограничено

индустриско производство, според

СЕФ, се на добар пат прво да ги

постигнат поставените цели.

Земји кои достигнаа

нето нула емисии

А такви земји навистина постојат. Ги

има осум, според истражувањето

направено од Energy Monitor.

Првата од нив е Бутан, мала земја

меѓу Кина и Индија, која според

последниот попис од 2015 година

има околу 670 илјади жители.

Земјоделство за сопствени потреби, одржливото шумарство и туризмот

го сочинуваат најголемиот дел од

економската активност на Бутан, а

кралството долго време спроведува

политики кои промовираат

одржливо управување со шумите,

додека заштитените национални

паркови доминираат во две петтини

од земјата.

Друга земја на листата на СЕФ се

Коморите, мал вулкански архипелаг

лоциран во Индискиот Океан во

близина на источниот брег на

Африка, северно од Мадагаскар. Таа е една од најсиромашните

земји во светот, со население од 800.000 густо концентрирано во главните крајбрежни градови на нејзините четири острови. Ниските емисии од земјоделството, риболовот и сточарството, кои сочинуваат околу половина од економијата

на земјата, заедно со строгата

заштита на животната средина за речиси една четвртина од копното, го поддржуваат нејзиниот нето нула статус.

Габон се најде на третото место на оваа листа во која доминираат дождовните шуми кои покриваат 88 отсто од копнената маса на земјата. Сместено во басенот на Конго, кој е еден од најголемите „јаглеродни понори“ во светот, Габон испушта многу малку јаглерод диоксид, додека апсорбира големи количини. ОН го нарекоа Габон модел за заштита на животната средина. Гвајана е уште една земја богата со шуми, која се наоѓа на северниот брег на Јужна Америка опкружена со дождовната шума на Амазон. Имајќи веќе постигнато нето нула емисии, земјата има за цел дополнително да ги намали емисиите за 70 проценти до 2030 година. Сепак, земјата стана најновиот светски производител на нафта во 2019 година, што може да го доведе во прашање нејзиниот статус на нулта емисија на стакленички гасови. Островот Мадагаскар се наоѓа во близина на источниот брег

на Африка и се потпира на земјоделството и риболовот како

негов главен економски производ.

Иако моментално е нето-нула емитер, големото уништување на

шумите предизвикало исчезнување на четвртина од шумската покривка на земјата од 2000 година, според Global Forest Watch. Ако продолжи сегашната стапка на губење на дрвјата, Мадагаскар ќе стане нето емитер на јаглерод диоксид до 2030 година, предвидува Energy Monitor. Ниуе е мал, корален остров лоциран во Јужниот Тихи Океан за којшто никој не чул и дом на локално население од околу 2.000 луѓе. Риболовот, земјоделството и туризмот се главните стопански дејности. Ниуе придонесува само 0,0001 отсто во глобалните емисии на стакленички гасови. Сепак, неговата изложена локација го прави ранлив на влијанијата на климатските промени, од зголемувањето на нивото на морето, закиселувањето на океаните и зголемената закана од циклони. На пример, во јануари 2004 година, главниот град Ниуе беше уништен од циклонот Хета од категорија 5.

На климатскиот самит COP26 во Глазгов, Панама им се придружи на Суринам и Бутан за да формираат сојуз на земји негативна стапка на јаглерод, притискајќи за поголеми напори за да се достигне нето нула. Со население од 4,5 милиони луѓе, околу 65 отсто од копнената маса на Панама е покриена со прашуми, а владата планира да пошуми дополнителни 50.000 хектари земја до 2050 година. Суринам е мала амазонска нација и е една од најбогатите земји со шуми во светот, покривајќи 93 проценти од нејзината копнена маса. Шумите во Суринам апсорбираат милијарди тони CO2 и поддржуваат богат биодиверзитет. nnn

34

Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.