Energetska efikasnost 2016

Page 1

WWW.KAPITAL.MK

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

COVER STORY

специјален прилог ТУРБУЛЕНЦИИ

ЕнЕргЕтска Ефикасност НА ЕВРОПСКИОТ ТЕЛЕКОМ ПАЗАР И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ ПОЛИТИКА

зошто на компанИИте Им треба енергетскИ КАПИТАЛ SPECIAL менаџмент ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ Инвестициите носат заштеди и до 50%, а се враќаат брзо

ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?! АНАЛИЗА

СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ

КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ? некој навИстИна е посветен во зеленИте ИнИцИјатИвИ Запознајте ги енергетски најефикасните градови

ИнвестИрај, заштедИ, профИтИрај! ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА МАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА

ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА

БИЛДЕРБЕРГ: КАКВА ИДНИНА КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

охрИдска банка сосИете Женерал Сè поголем интерес за поддршка на проекти од областа на енергетската ефикасност

WWW.KAPITAL.MK


www.kapital.mk

Капитал број 852 26.02.2016

38

Енергетска ефикасност

Зошто на компаниите им треба енергетски менаџмент

Инвестициите носат заштеди и до 50%, а се враќаат брзо

Промена на погонско гориво, искористување на отпадна топлина, термичка изолација на зграда, избор на опрема и систем за греење, вентилација и ладење... се некои од решенијата за енергетска ефикасност што компаниите може да ги воведат.

T ишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Меѓународните искуства покажуваат дека поголема енергетска ефикасност во индустријата се постигнува преку промени во начинот на управување со енергија во погоните отколку преку внесување на нови технологии. Како земја чијшто економски развој се темели на развојот на енергетиката и намалувањето на зависноста од увозот на електрична енергија и други енергенси за домашни потреби, унапредувањето и инвестирањето во енергетската ефикасност е од суштинско значење за Македонија, велат познавачите на оваа проблематика.

Управување со потрошувачката на енергија

Агенцијата за меѓународен развој на САД – УСАИД, како дел од стратегијата на својата мисија за економски развој во Македонија, ја спроведува четвртата година од реализацијата на Проектот за индустриски менаџмент. Целта на проектот е да се зголеми конкурентноста на индустриските компании преку намалување на потрошувачката и трошоците за енергија како дел од вкупните производни трошоци, при што доаѓа до намалување на емисиите на штетни гасови на долгорочна основа. „Конкретно, проектот во основа се однесува на воведување на енергетскиот менаџмент во индустриските компании во земјава, преку систематска и континуирана посветеност во изнаоѓање решенија за заштеда на енергија и намалување на трошоците за неа, врз основа на принципите и начелата на меѓународниот стандард за систем за управување со енергија ISO 50001:2011.“, вели раководителот на Проектот за индустриски менаџмент, Драган Блажев.

Тој додава дека со финансиска помош од УСАИД изминативе две години се вовеле технички системи за мониторинг и управување со потрошувачка на енергија во 17 индустриски пилот компании од приватниот сектор од различни индустриски гранки. “Воведувањето на технички системи во производните компании овозможи да се посвети систематско внимание на енергијата и обезбеди континуирано одржување и подобрување на енергетските карактеристики во нив. Системите се имплементирани во компании од прехранбена и индустрија за пијалаци, индустрија за градежни материјали, фармацевтска индустрија, екстракција и процесирање на мермер, производство на хартија и печатење, електроника, производство на индустриски гасови и дрвна индустрија. Воедно, компаниите добиваат техничка поддршка во избор на можни мерки за подобрување на енергетската ефикасност во нивните производни погони. За таа цел, изработени се анализи, инвестициски студии и проектна документација за промена

Пракса: Поголема енергетска ефикасност преку промени в


www.kapital.mk

Капитал број 852 26.02.2016

специјален прилог

Н Драган Блажев

проект на УСАИД за индустриски менаџмент

ајчесто менаџментот на компаниите е фокусиран на одржување или зголемување на производството со цел зголемување на приходите и профитабилноста. Меѓутоа, подобрување на профитабилноста може да се постигне и преку расходната страна односно намалување на трошоците за потрошувачка на енергија како дел од вкупните производни трошоци.

З Олгица Кржева

DS Smith, производство на амбалажа

а поуспешно менаџирање со потрошувачката на енергија, донесовме одлука за воведување на систем за мониторинг/ управување со потрошувачката на енергија. Резултатите кои се постигнаа со поставување на системот и неколку други акции кои се превземаа во нашата компанија се намалени трошоци за енергија од 19% на годишно ниво.

39

Е

нергетската ефикасност не е само поединечна мерка која треба да се спроведе во рамките на некое индустриско претпријатие или јавна установа. Таа е филозофија Мирко Стојановски на сфаќање и проектантско однесување иро Филбис на целото општество, неговите институции и секој поединец.

Еве колку може да заштедите со енергетски ефикасни решенија

Практични примери од македонски фирми и институции

О

д искуството на проектантската куќа Филбис, споделуваме неколку проекти за енергетска ефикасност со конкретните заштеди што се направени во компании и државни установи

25%

заштеда на енергија во Цементарница Усје со изведба на систем за

регулација и мониторинг на топлинските потстаници

40%

зголемување на енергетска ефикасност во Клинички центарСкопје со воведување на природен гас во замена на течно гориво и замена на горилниците во котларата. Инвестицијата

на погонско гориво, искористување на отпадна топлина, управување со врвно оптоварување, термичка изолација на зграда, избор на опрема и систем за греење, вентилација и ладење за пилот компаниите.“, вели Блажев.

Енергетската ефикасност е филозофија на живот, а не само поединечна мерка

Во суштина, енергетската ефикасност треба да ги намали трошоците на организациите преку подобрување на ефективноста на енергетскиот систем што се користи или се предвидува да се изгради. Но, во овој процес се јавуваат повеќе фактори што го забавуваат или сосема го спречуваат неговото реализирање велат нашите соговорници, познавачи на оваа проблематика. Мирко Стојановски, директор на проектантската куќа Филбис, кој што има учествувано во поголем број проекти за имплементација на енергетски ефикасни решенија во компании и организации, ги истакнува следниве кочничари на процесот: недостаток на соодветно обучени и искусни проектантски куќи во областа на енергетски ефикасни системи; недостаток на инвестиции

вратена за околу две години, а елиминирано е загадување на воздухот со преку 80 тони ЅО2 годишно.

во енергетска ефикасност за 1,5 година.

45%

заштеда на енергија во две средни училишта во Скопје преку изведба на систем за производство за топла вода за греење преку котлара и воведување на природен гас кај истата. Поврат на инвестицијата за само една година.

заштеда на енергија со воведување природен гас во 12 котлари во Струмица и замена на застарени горилници со нови. Поврат на инвестицијата

за оваа намена кај индустриските компании; непостоење на вистинска политика за ЕЕ на национално ниво; слабиот капацитет на администрацијата што е задолжена за реализација на ЕЕ проекти... “Не е доволно декларативно да се означи интерес кон одредена област, туку за реализација на истиот треба да се стават во функција многу други системи и потсистеми што треба тоа да го овозможат. Треба енергетската ефикасност да се сфати како стратешка определба за Македонија. Таа не е само поединечна мерка која треба да се спроведе во рамките на некоја индустриска компанија или јавна установа. Таа е филозофија на сфаќање и однесување на целото општество, неговите институции и секој поединец“, смета Стојановски. Неговиот заклучок е, а и на останатите соговорници што ги контактиравме на темава е дека и покрај објективните пречки, расте информираноста и свеста кај одговорните луѓе од индустријата, околу можностите што ги дава енергетската ефикасност. Една од компаниите што имаат имплементирано енергетски ефикасно решение во рамки на Проектот на УСАИД е

50%

производителот на картонска амбалажа DS Smith од Скопје. Директорката на компанијата, Олгица Кржева, вели дека преку системот за мониторинг/управување со потрошувачката на енергија ја следат потрошената енергија (вкупна потрошена енергија или потрошена енергија од поединечни сектори: машини, греење, светло), податоци за потрошувачка на природен гас, пареа и компримиран воздух во производните погони. „Резултатите кои се постигнаа со поставување на системот и неколку други акции кои се превземаа во нашата компанија се намалени трошоци за енергија од 19% на годишно ниво споредено со претходната година. Ваквите инвестиции треба да се добредојдени во секоја компанија бидејќи со инсталација на ваков модерен софтвер преминувате во групата на модерни (smart) компании кои имаат можност да вршат не само локална проверка туку и проверка од далечина („remote“ проверка, преку интернет) на моменталната состојба, исправноста и нивото на потрошувачка на потрошувачите во технолошкиот процес.“, објаснува Кржева. nnn

во менаџирањето со енергија отколку со нови технологии


Што е kWh?

е Киловат час (kWh) ја единица за енерги ват ло еднаква на еден ки еме моќ потрошен за вр од еден час.

испеглани кошули

сварени кафиња

Што значи тоа конкретно во нашиот живот? на ден

120

1 час 60

месечно

дневно

месечно

полнач за мобилен телефон

на ден

60

месечно

на ден

Енергетска

МАТЕМАТИКА

ИДНИНАТА Е ЈАСНА - ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНА

9

месечно


1

Како да ја пресметате месечната д? потрошувачка на еден електричен уред? Работни денови 11 12 1 10 2

Сабота 11 12 10

9

9

3

8 7

6

1

5

3

Висока тарифа: од 07 до 22 ч. Ниска тарифа: од 22 до 07 ч.

6

Ниск

а тар иф 45 м инута: и

4 7

Висока тарифа: ф од 07 до 22 ч. Ниска тарифа: од 22 до 00 ч.

ка та ри 20 м инуфта: и

3

8

5

Висо

2

9

4 7

1

10

2

8

4

Недела дела 12 11

Евидентирајте го времето и тари фата кога работи ур едот

6

5

Ниска тарифа: цел ден + до понеделник до 07 ч

2 Пресметајте колку електрична енергија троши уредот

Моќност на уредот (W)

Х

Број на часови користење месечно

1000

=

Месечна потрошувачк потрошувачка на електричен уред (k (kWh)

3

Месечна потрошувачка на уредот во ниска тарифа (kWh)

Х

Цена а на k kWh во ниска тарифа (денари)

+

Месечна потрошувачка на уредот во висока тарифа (kWh) Wh)

Х

Цена а на k kWh во висока тарифа (денари)

Министерство за економија на Република Македонија Агенција за енергетика на Република Македонија

Преточете ја месечната потрошувачка на електрична енергија во денари

=

Месечна потрошувачка на уредот (денари)


11 2016

ИноВатИВност

МарТ

специјален прилог

Компаниите во Македонија што имаат подолго искуство имаат поголеми шанси да се квалификуваат за банкарските кредити наменети за иновативни проекти, но што станува со мноштвото стартапи кои имаат добри идеи, а немаат кредитна историја? Колку “држи вода“ тезата на банките и фондовите дека пари има, но нема доволно понуда на добри проекти? Какви се’ извори на финансии има за добрите идеи во Македонија?

анализа

специјален прилог

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

ИНОВАТИВНОСТ

CROWDFUNDING или прибирање пари од голем број непознати донатори: Како функционира ова во Македонија? Како со иновативни проекти да аплицирате за пари од европските фондовии?

КАКО ДО ПАРИ ЗА ДОБРИ ИДЕИ?

КОИ СЕ ИЗВОРИТЕ НА ПАРИ ЗА ИНОВАТИВНИ ПРОЕКТИ ВО МАКЕДОНИЈА  банки  инвестициски фондови  фондови на ЕУ  меѓународни проекти и грантови  бизнис ангели

Во специјалниот прилог “Иновативност: Како до пари за добри идеи?“ што ќе излезе на 11 март годинава, анализираме: l КоИ се ИзВорИте на парИ за ИноВатИВнИ проеКтИ Во МаКедонИја: • банки • инвестициски фондови • фондови на ЕУ • меѓународни проекти и грантови • бизнис ангели l Crowdfunding ИлИ прИбИрање парИ од голеМ број непознатИ донаторИ: како фУнкционира ова во МакЕдонија l КаКо со ИноВатИВнИ проеКтИ да аплИцИрате за парИ од еВропсКИте фондоВИ l КоИ се МаКедонсКИте шаМпИонИ Во ИноВатИВноста

Кои се македонските шампиони во иновативноста?

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

Лицe за контакт:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА



www.kapital.mk

Капитал број 852 26.02.2016

44

Енергетска ефикасност

Во Македонија постојат повеќе наменски кредитни линии за инвестиции во енергетска ефикасност: DCA кредитната линија со поддршка на УСАИД достапна преку „Уни банка“, WeBSEFF II кредитната линија на Европската банка за реконструкција и развој достапна преку НЛБ „Тутунска банка“ и „Охридска банка“, ЕКО кредитите на ПроКредит банка, Фондот за зелен развој достапен преку „Халк банка, се дел од изворите на пари за енергетско ефикасни проекти. ишува:

З

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Заштеда од само 10% во потрошувачката на енергија може да значи зголемување на профитот на компанија од 1% до 5%, во зависност од големината на производството и уделот на трошокот за енергија во вкупните производни трошоци, покажуваат светските истражувања. “Искуството покажува дека поголема енергетска ефикасност во индустријата се постигнува преку промени во начинот на управување со енергијата во погоните отколку преку внесување на нови технологии. Во секоја компанија потребно е да се идентификуваат значајните потрошувачи на енергија, како и факторите од кои најмногу зависи потрошувачката. Тоа најчесто

Како до финансии за енергетска ефикасност

Повеќе кредитни линии за македонските бизниси

се однесува на големи електромотори, компресори, ладилници, сушари, котли и други уреди и машини.“, вели Драган Блажев, раководител на проектот на УСАИД за индустриски менаџмент. Во Македонија постојат наменски кредитни линии за инвестиции во енергетска ефикасност во приватни компании. Тоа

се DCA кредитната линија со поддршка на УСАИД достапна преку „Уни банка“, WeBSEFF II кредитната линија на Европската банка за реконструкција и развој достапна преку НЛБ „Тутунска банка“ и „Охридска банка“, ЕКО кредитите на ПроКредит банка, Фондот за зелен развој достапен преку „Халк банка“ и други.

Зошто инвестиции во енергетска ефикасност XX Намалување на потрошувачката на енергија, а со тоа и намалување на трошоците за енергија XX Стекнување конкурентска предност со користење на енергетско ефикасни машини и опрема XX Автоматизација на процесите во работењето

XX Поздрава работна околина XX Поефикасно управување со ресурсите XX Поврат на инвестицијата XX Промена на навиките на однесување на вработените во насока на порационално користење ресурси

Профит: 10% енергетска заштеда, до 5% поголема добивка


www.kapital.mk

Капитал број 852 26.02.2016

специјален прилог

45

пари од европски извори

Охридска банка Сосиете Женерал е прва банка во Македонија која што пласираше средства за финансирање проекти за енергетска ефикасност и обновлива енергија, со потпишување на договорот WeBSEFF I со Европска банка за обнова и развој (ЕБРД) во износ од 5 милиони евра во 2010 година. Bo 2013 година се потпиша договорот за WeBSEFF II линијата на износ од 6 милиони евра, со што соработката сè повеќе се продлабочува. Последниот договор Охридска банка го потпиша со ЕБРД на 18 декември, 2015 година во износ од 1,5 милиони евра. Банката досега преку овие кредитни линии финансирала 23 проекти во вкупен износ од 10,5 милиони евра. “Се финансираа различни проекти во опсег од 50 илјади евра до 2 милиони евра од печатарската индустрија, прехранбената, транспорт, метало - преработувачка индустрија и други“, велат во Охридска банка. Во ПроКредит Банка, која што одобрува кредити за енергетска ефикасност во рамки на т.н. Еко кредитна линија, досега одобриле околу 970 вакви кредити во вкупен износ од 26 милиони евра. Најчест тип на инвестиции се за системи за греење и ладење, машини за работа, производна опрема и агромеханизација, возила со помала емисија на SO2, обновливи извори на енергија (хидроцентрали и фотоволтаици) и за органски производители. nnn

еве како се исплатува вложувањето во енергетска ефикасност* Бизнис: пекарница XX инвестиција: старите и дотраени печки се заменуваат со нови, кои што работат на гас. вредност на инвестицијата – 15.000 евра XX трошоци пред инвестицијата: 64.000 kWh/годишно / 7.800 евра XX трошоци по инвестицијата: 21.552 kWh/ годишно / 3.900 евра XX заштеда: 42.448 kWh/годишно / 3.900 евра XX период на поврат на средства: 3,8 години *Пример од портфолиото на домашна комерцијална банка


Капитал број 852 26.02.2016

46

www.kapital.mk

Енергетска ефикасност

Охридска Банка Сосиете Женерал

Сè поголем интерес за поддршка на проекти од областа на енергетската ефикасност Охридска банка Сосиете Женерал препознавајќи го значењето на трендот на зголемувањето на побарувачката за природни ресурси, урбанизација и важноста од зачувување на животната средина, веќе неколку години наназад на македонскиот пазар користи сопствени средства и извори од кредитни линии кои се наменети исклучиво за финансирање на проекти од областа на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.


www.kapital.mk

Капитал број 852 26.02.2016

специјален прилог Охридска банка Сосиете Женерал е четврта комерцијална банка по големина во Македонија. Банката континуирано се развива, го зголемува своето присуство во земјата и сè повеќе го збогатува своето корпоративно портфолио кое што во најголем дел е насочено кон поддржување на малите и средни претпријатија. Во трката по што поголем профит, намалување на трошоците и зголемување на конкурентноста со цел да опстојуваат под пазарните притисоци, особено во земјите кои се отвораат за влез кон ЕУ, компаниите сè повеќе обрнуваат внимание на подобрување на енергетската ефикасност наспроти незапирливо растечките енергетски трошоци. Зголемувањето на побарувачката за природни ресурси, урбанизација и важноста од зачувување на животната средина создаваат растечка потреба за инвестирање во енергетски ефикасни проекти и извори на обновлива енергија. Охридска банка Сосиете Женерал препознавајќи го значењето на овој глобален тренд, веќе неколку години наназад на македонскиот пазар користи сопствени средства и извори од кредитни линии кои се наменети исклучиво за финансирање на проекти од областа на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Енергетската ефикасност и обновливата енергија даваат огромни, за компаниите пред сè економски, како и еколошки придобивки. Затоа Банката е насочена кон финансирање на инвестициски проекти чијашто крајна цел е обезбедување енергетска придобивка. Охридска банка Сосиете Женерал е прва банка во Македонија која што пласираше средства за финансирање проекти за енергетска ефикасност и обновлива енергија, со потпишување на договорот WeBSEFF I со Европска банка за обнова и развој (ЕБРД) во износ од 5 милиони евра во 2010 година. Bo 2013 година се потпиша договорот за WeBSEFF II линијата на износ од 6 милиони евра, со што соработката сè повеќе се продлабочува. Последниот договор Охридска банка Сосиете Женерал го потпиша со ЕБРД на 18 декември, 2015 година во износ од 1,5 милиони евра. До сега со овие средства беа кредитирани проекти на 23 компании во вкупен износ од 10,5 милиони евра. Се финансираа различни проекти во опсег од 50 илјади евра до 2 милиони евра од печатарската индустрија, прехранбената, транспорт, метало -преработувачка индустрија и други.

Кредити со компонента на грант За успешно искористување на средствата од линијата, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) на Охридска банка, Групација Сосиете Женерал (ОБСГ) & додели сертификат за посветеност кон финансирање проекти за одржлива енергија. Спецификата на проектите за енергетска ефикасност е што истите се самоисплаќаат преку енергетските заштеди. Еден од критериумите за прифатливост на проектот е периодот за поврат на инвестицијата да е помал од 5 години за проектите за енергетска ефикасност, а за проекти од областа на обновливи извори на енергија роковите на отплата можат да бидат и до 15 години. Линијата опфаќа и финансирање на проекти од областа на енергетска ефикасност наменети за општините. Квалификувани корисници на подзаемите наменети за општините можат да бидат самите општини, јавни или приватни компании кои вршат услуги во корист на општините; ЕСКО компании (приватни компании за енергетски услуги) кои спроведуваат инвестиција за енергетска ефикасност во соработка со една или повеќе општини.

Предмет на финансирање се проекти кои обезбедуваат: XX Заштеда на енергија на општински згради или друга општинска инфраструктура /опрема XX Инвестиција за заштеда на енергија на станбени згради во сопственост на повеќе семејства кои се резиденти на општината XX Обновливи извори на енергија Главната карактеристика на линијата е грантовата компонента, односно добивањето на грант до 10 % за приватни фирми и до 15 % за финансирање на проекти за општините и јавни установи.

47

Дополнителни 4 милиони евра од фондот Green for Growth Во 2015 година банката ја започна и соработката со фондот Green for Growth Fund, преку кој се обезбедија дополнителни 4 милиони евра за финансирање проекти од обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност. Се очекува дека портфолиото на кредити кои ќе бидат финансирани од линијата ќе придонесат кон намалување на потрошувачката на примарна енергија најмалку за 20 проценти. Она што може посебно да се истакне е дека интересот на компаниите за ваков вид на финансирање од ден на ден се зголемува. Преку редовни обуки банката ги обучи своите кредитни службеници за утврдување на апликативност на самите проекти уште во иницијалните фази на заинтересираност на фирмите за финансирање на енергетски проект. Од финансиските институции од коишто се користат кредитните линии банката добива и техничка поддршка. ЕБРД има ангажирано консултанти коишто изработуваат бизнис план за проектот, додека за Green for Growth Fund линијата банката имплементираше софтверско решение со коешто се проверува апликативноста на проектите. Продолжувањето и проширувањето на иницијативите за финансирање на малите и средни претпријатија се од суштинско значење за Охридска банка Сосиете Женерал и истите континуирано се креираат со цел да се поддржат инвестициите и вработувањата како раст за севкупната македонска економија.


www.kapital.mk

Капитал број 852 26.02.2016

48

Енергетска ефикасност

пишува:

Д Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Дипломирани електротехнички, машински и градежни инженери и архитекти од Македонија, минатиот месец на Факултетот за електротехника и информациски технологии, почнаа со едукација за „Згради со енергија близу до нула (Nearly Zero Energy Buildings - NZEB)“. Тренингот курсот се изведува во рамки на проектот “Форум за енергетски професионални вештини (MEnS)“, финансиран од Европската унија преку програмата “Хоризонт 2020“. За раководителот на проектот, професор Властимир Гламочанин, проектот произлегува од европската директива која предвидува до 2018 година сите државни згради во земјите на Европската Унија да бидат згради со енергија близу до нула, односно до 2020 година сите згради да се градат согласно овој стандард. Тој објаснува дека и во Македонија се градат згради со енергетска ефикасност, но стандардот NZEB е највисокото ниво и, според проценките, осум години е доволен период за поврат на инвестицијата од ваква зграда. Згради со стандардот NZEB веќе се изградени во многу европски земји, како и во соседството - Бугарија и во Грција. Речиси истовремено со почетокот на оваа обука, на 12 февруари околу 1000 градежни работници од Македонија, во пет занимања ( фасадери, кровопокривачи, столари, инсталатери на греење, ладење и вентилација и инсталатери на електрични инсталации) добија сертификати за енергетска ефикасност откако ја поминаа обуката. Сертификатите ги издаде Сертификационото тело во рамките на ЕУ проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност (BUILD UP Skills – BEET)“ и сертификатите ќе имаат важност во рамките на самиот Проект во Македонија, Хрватска и Словенија, како земји-учеснички во иста работна група од BUILD UP SkillsИницијативата. По добивањето сертификат, на сертифицираните работници би им се зголемила нивната конкурентност на пазарот на труд, со можност да аплицираат на тендери каде се бараат работници со вештини за енергетска ефикасност. Во тек е иницијатива во рамки на проектот за измени во Законот за јавни набавки каде ќе биде задолжително поседување на вакви сертификати со цел

Градежниците и енергетската ефикасност

Македонија добива згради што штедат енергија и загадуваат помалку

Енергетската ефикасност при градењето објекти пополека станува составен дел од стратегијата на некои домашни градежни компании. Почнаа и обуките на македонските инженери за тоа што значи “зграда со енергија близу до нула“, а околу 1000 градежни работници добија сертификати за енергетска ефикасност. да се осигура дека градбите ќе бидат енергетски ефикасни.

Првата пасивна станбена зграда во Македонија

Енергетската ефикасност при градењето објекти почна да станува составен дел од стратегијата на некои домашни градежни компании. Во Адора инженеринг, велат дека се пионери во воведувањето и лидер во унапредувањето на енергетски ефикасните домови во Македонија. “Во 2014 година го добивме првиот енергетски пасош А-класа во Македонија за станбен еко објект изграден во општина Аеродром, Скопје. Сертификатот енергетски пасош ги потврдува одличните енергетски параметри на објектите, драстично намалената потрошувачка на енергија за греење и ладење во еко домовите и намалената емисија на ЦО2 во воздухот, со долгорочни позитивни ефекти и придобивки за станарите и животната средина. Исто така, прва компанија сме што во

Македонија ги воведе фотоволтаиците на сончеви колектори како обновлив извор на енергија за осветлување на заедничките делови на станбените објекти, кои се независни од јавното осветлување, без посебни сметки за струја“, истакнуваат во Адора инженеринг. Кон крајот на 2014-та година пак, почна изградбата на првата високо енергетски ефикасна и пасивна зграда во Македонија „Водњанка“, од страна на градежната компанија ЦИВКОН. “Освен финансиската заштеда кај овој објект од класа „А+“ и класа „Б“, зградата ја намалува емисијата на јаглеродиоксид за 23 тони на годишно ниво, обезбедува висока удобност во живеењето на станарите, максимална звучна изолација и ги штити станарите од геопатски стрес и од влијанието на подземните води“, објасни во таа прилика Андреј Андреев од менаџментот на ЦИВКОН, инаку меѓународно сертифициран инженер за пасивни куќи. nnn

Сертификати: Градежници со “тапија“ за енергетска ефикасност


www.kapital.mk

Капитал број 852 26.02.2016

специјален прилог

49

ПРОКРЕДИТ БАНКА - ПРВА БАНКА КОЈА НУДИ ЕКО ДЕПОЗИТИ ЗА ГРАЃАНИТЕ И БИЗНИСИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

О

држливиот развој претставува концепт на корис тење на животната средина во ограничени количини со цел и идните генерации да може да ја користат. Ваквиот концепт би дозволил сегашните генерации да користат обновливи природни ресурси за подигнување на квалитетот на животот и задоволување на своите потреби без негативни последици на идните генерации. Свесноста за загадувањето и недостатокот на одржлива ќивотна средина постепено расте, а општеството почнува да вложува во енергетско ефикасни прокети. Општествената одговорност и поддршката за одржлив развој се основата на еко политиката на ПроКредит Банка. Интерната свеснот и практика за одржлив развој, екокредитирањето и еко-депозитите се само дел од иницијативите кои ПроКредит Банка ги поддржува со цел подобра животна средина во која сите од општеството делуваат и живеат. ПроКредит верува дека иновативните инвестици во енергетско ефикасни проекти ќе допринесат за долгорочна перспектива на одржливиот развој. Просториите на ПроКредит Банка се целосно опремени со системи за енергетска ефикасност, а енергетското регулирање на осветлувањето, гревањето и ладењето ја редуцираат потрошувачката на енергија и максимално ја користат дневната светлина. Новите експозитури на банката користат енергетиски ефикасна опрема и решенија со кои се намалува негативното влијание за животната средина, а вработените на банката возат електрични автомобили кај кои значително е намалено загадувањето во воздухот.

Преку своите еко- кредити ПроКредит Банка ги поддржува сите граѓани кои сакаат да ги реновираат, опремат или изградат своите домови, тоа да го направат со енергетско ефикасно решение. Постојат голем број на системи за ладење и греење, подови, врати и прозорци кои ќе допринесат за заштеди на енергетската потрошувачка и нема да остават негативен отисок на околината. Еко- кредитната поддршка се однесува и на бизнисите кои сакаат да инвестираат во енергетски ефикасни производствени хали или опрема. Енергетски ефикасните проекти во ПроКредит Банка се разгледуваат од страна на стручни вработени во областа и кредитите се прилагодуваат на потребите на индивидуалните бизниси.

ПроКредит Банка како Германска општествено одговорна банка е првата банка во Македонија која им нуди единствена можност на граѓаните и бизнисте за еко штедење. Еко депозитите се наменети за општествено одоговорни индивидуи кои сакаат да соработуваат со ПроКредит Банка во иницијативата за подобра животна околина. Кумулирањето на еко депозити и овозможува на ПроКредит Банка да пласира поголем број на кредити во енергетско ефикасни инвестиции со пониски каматни стапки. Еко- штедењето може да допринесе за нови енергетско оправдани инвестиции со кои ќе се придонесе кон заштита на животната средина. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 852 26.02.2016

50

Енергетска ефикасност

Некој навистина е посветен во зелените иницијативи

Запознајте ги енергетски најефикасните градови

Градовите се центри на иновација и култура, но исто така и големи потрошувачи на природни ресурси. За среќа, некои градови во светот работат посветено за да го намалат своето штетно влијание врз животната средина и стануваат пример за “позелено“, повеќе енергетски ефикасно живеење. Со помош на вебсајтот inhabitat.com ви претставуваме дел од овие метрополи.

Рејкјавик, Исланд Зелени иницијативи: Рејкјавик се потпира на обнолвива хидро и геотермална енергија за да обезбеди струја, греење и топла вода за своите 120.000 жители. Кон средината на 2000-те градот почна да воведува градски автобуси со погон на водород, кои што во воздухот исфрлаат само чиста водена пареа. Иднина: Градот планира да функционира без фосилни горива до 2050 година.

Портланд, САД Зелени иницијативи: олем број жители на Портланд се еколошки освестени и користат во голема мера велосипеди, а градот ги замени конвенционалните улични светилки со ЛЕД светилки за да ги намали емисиите на CO2. Портланд направи парк покрај брегот отстранувајќи булевар со шест ленти во 1970-те. Иднина: Портланд има поставено цел за 100% потпирање на обновливи извори на енергија.

Г

Копенхаген, Данска Зелени иницијативи: опенхаген има голема инсталација на ветерници во морето, а преку една третина од жителите возат велосипед секој ден. Зелени покриви се шират со голема брзина низ градот, правејќи подобра изолација за зградите и овозможувајќи и на водата да се апсорбира побавно, со што се намалува товарот врз канализационите и отпадните канали. Иднина: Копенхаген планира да биде првиот главен град во светот со нула емисија на СО2 до 2025 година.

К

Ванкувер, Канада Зелени иницијативи: Хидроелектричната енергија веќе е застапена во 90% од снабдувањето на градот, додека останатите 10% се обновливи извори како ветер, сонце и морски бранови. Ванкувер е меѓу светските градови со најниска емисија на CO2 по глава на жител. Иднина: Во 2012 година, донесе акциски план да стане светскиот најзелен град до 2020 година.

Сан Франциско, САД Зелени иницијативи: ан Франциско рециклира преку 75% од отпадот што го исфрлаат неговите 850.000 жители. Градот резервира околу 20% од својата површина за паркови и е лидер во промовирањето на електрични возила. Сан Франциско забрани пластични ќеси што не се рециклираат и пластични играчки обоени со сомнителни хемикалии. Иднина: Граѓаните на Сан Фрнациско на референдум изгласаа градот да се задолжи со обврзница од 100 милиони долари за да финансира соларни панели, енергетска ефикасност и ветерници за потребите на јавните служби.

С

Осло, Норвешка Зелени иницијативи: 0% од греењето на Осло се покрива од обновливи извори на енергија, главно од био-метан што се добива од градскиот отпад. Градот исто така користи “интелигентни светла“ што го прилагодуваат интензитетот во зависност од временските и сообраќајните услови, со што многу се подобри енергетската ефикасност. Иднина: До 2030 година, Осло планира да ја намали емисијата на СО2 за 50%, додека цела Норвешка треба да емитува нула СО2 до 2050 година.

8


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.