Event industrija 2015

Page 1

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

специјален прилог

ИВЕНТ ИНДУСТРИЈА

КАКО ДО СОВРШЕН БИЗНИС НАСТАН?  КОЛКУ ПАРИ,

ТОЛКУ МУЗИКА! СОВРШЕН НАСТАН БАРА СОВРШЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА И ГОЛЕМ БУЏЕТ

 ИНТЕРВЈУ:

ПЕТАР ГЕОРГИЕВСКИ сопственик и генерален менаџер на KLS Events

СТАНАВМЕ "СÈ НА ЕДНО МЕСТО" ВО ИВЕНТ БИЗНИСОТ

 ВО "СТОБИ" СЕ

ОРГАНИЗИРААТ БЕСПРЕКОРНИ НАСТАНИ И СЕ ДЕГУСТИРААТ НАГРАДУВАНИ ВИНА


www.kapital.mk

Капитал број 827 04.09.2015

48

ИВЕНТ ИНДУСТРИЈА

Г пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Главната ѕвезда на маркетинг конференција одеднаш го менува својот план: сака да лета еден ден порано од Македонија и не го интересира дека скопскиот аеродром нема фреквенција на летови како Хитроу; Еден од говорниците на бизнис форум не сака да стави микрофонче -“бубачка“ на главата велејќи дека “не е Мајкл Џексон“; Десет минути до вклучување во живо преку видео линк на познат американски директор, снемува интернет во хотелската сала... и уште мал милион вакви ситуации за инфаркт може да слушнете од луѓето што работат организација на настани во земјава.

Колку е развиена ивент индустријата

Колку пари, то Совршен настан организација Организирањето настани е мозаик од мал милион специфични елементи – добро планирање, менаџирање со луѓе и технологија, антиципирање на сите евентуални проблеми, комуникација, психологија...велат нашите соговорници, со кои што зборувавме околу тоа што значи да се живее од овој бизнис, до каде е нивото на негов развој во Македонија и какви се неговите потенцијали за раст. Ивент (од анг. event = настан, н.з.) или индустријата за организирање настани е од поновите комуникациски дисциплини која зазема значајно место во интегрираните маркетинг комуникации денес. Светските статистики велат дека од година во година буџетите за ивент индустријата се зголемуваат, а како што вели Сунчица

Бојаџиева од агенцијата Публицис, “тоа се должи на можноста брендовите и компаниите директно и одблиску да и се обратат на целната група, гласно и транспарентно да ја пренесат посакуваната порака, а притоа да и пружат несекојдневно искуство на публиката“.

Нема доволно специјализирани компании за ивенти

Ивент индустријата е сепак поширок поим од само компаниски настани, односно тука влегува сè што може да се карактеризира како настан кој бара организација и ресурси: од детски роденден, па сè до концерт на голема светска ѕвезда. Во оваа прилика ќе се осврнеме повеќе на делот со корпоративните настани, каде што влегуваат и настаните што клиенти

Оценка за “event” индустријата: “Секогаш може подобро


www.kapital.mk

Капитал број 827 04.09.2015

специјален прилог

дустријата во Македонија?

олку музика! н бара совршена и голем буџет не се стриктно компании, туку и еснафски асоцијации, комори, невладини и непрофитни организации, итн. Во Македонија настан може да ви организираат маркетинг агенции на кои што ивент менаџментот им е еден од бизнис сегментите или пак компании кои што се специјализирани само за организација на настани. Милан Тодевски, сопственик и менаџер на компанијата за организирање настани ProEvents Solutions, вели дека организирање настани е скап бизнис во кои што за да се специјализираш како ивент фирма потребни се големи инвестиции. “Во Македонија опремата ја купуваме многу поскапо од западните компании, затоа што тие добиваат попусти заради поголемата количина, а наплаќаме неколку

пати поевтино за нашите услуги. За жал не постои закон кои ги штити големите компании кои се во овој бизнис. Не постојат стандарди кои една компанија треба да ги исполни за да се бави со овој бизнис и со самото тоа нелојалната конкуренција им дише во врат на големите компании“, вели Тодевски. Но, тука најмногу губат клиентите, додава тој, затоа што поради борбата на пазарот, се спуштаат цените, а се знае дека намалените цени влијаат и намалениот квалитет на услугата. “Се појавуваат индивидуалци кои водени од било каква заработувачка го рушат пазарот на оние кои професионално се бават со оваа работа“, истакнува Тодевски. “Кога ќе земеме предвид каква е финансиската можност на компаниите во Македонија,

49

Од детски родендени и свадби, преку компаниски јубилеи, па до концерти на големи светски ѕвезди. Сите овие случувања, односно нивната организација влегуваат во т.н. event industry или индустрија за организирање настани. Зборувавме со неколку професионалци од овој бизнис за тоа колку е развиен пазарот за вакви услуги во Македонија и има ли потенцијали за раст. индустријата за организирање настани е на некакво задоволително ниво“, смета Сунчица Бојаџиева, која што е директор на одделот за организирање настани во маркетинг агенцијата Публицис. “Компаниите, за разлика од порано, повеќе се охрабруваат и организираат различни типови на настани – од обични прес конференции, работилници, прослави на јубилеи, општествено одговорни настани, итн. Уверени во придобивките на ивент

ро, а типично за нас е да се задоволуваме со помалку“


www.kapital.mk

Капитал број 827 04.09.2015

50

ИВЕНТ ИНДУСТРИЈА

С Сунчица Бојаџиева директор во Публицис Скопје

пецијализирани компании за организирање на настани во Македонија има многу малку. Поголем дел од фирмите што изнајмуваат техничка опрема попатно организираат настани за нивни клиенти, но тие и помалите маркетинг или ПР агенции немаат развиено ивент менаџмент сектор, кој нуди целосен комуникациски концепт од што ќе произлезе настан кој долго се памти. Ваквата сцена овозможува конкурентската битка да се води за цена, а не за креативни решенија, стручност и знаење во организирање на настани.

планирањето, тоа станува интегрален дел од нивната маркетинг комуникација“, вели таа. Сепак, додава, дека специјализирани компании за организирање на настани нема доволно во Македонија. Поголем дел од компаниите што се занимаваат со изнајмување техничка опрема попатно организираат настани за потребите на некои нивни клиенти, но карактеристично за нив, како и за помалите маркетинг или ПР агенции е што немаат развиено ивент менаџмент сектор, кој нуди еден сеопфатен комуникациски концепт од што ќе произлезе

З Јелена Арсовска директор на Меккен Скопје

а жал, она што често се случува во последно време е компаниите да побараат концепт за настан и буџет, за на крај да го реализираат настанот во своја режија. И што се случува тогаш? Нема генерална проба пред настанот, преведувачот превел половина од говорот, нема вода на масата за секој нов говорник, презентацијата во позадина не го следи говорот на говорникот, банерите се испечатени погрешно, доставата на подароците доцни... Најголем предизвик е да се убеди клиентот зошто му е потребна стручна агенција и зошто сите ставки во буџетот се битни.

настан кој долго се помни. “Таквата сцена придонесува конкурентската битка да се води за цена, а не за креативни решенија, стручност и знаење во организирање на настани“, смета Бојаџиева. Јелена Арсовска, директорка на маркетинг агенцијата Меккен Скопје, смета дека ивент индустријата во земјава има уште простор за учење и развој. “Секогаш може подобро, а типично за нашите услови е да се задоволуваме со помалку. Ова мислам најдобро ја опишува

ивент индустријата во Македонија. Настани се организираат многу, но критериумите за квалитет ни се дискутабилни. За некој да биде квалитетен треба да има искуство и тим на професионалци зад себе, а таквите се бројат на прсти. Денес сите мислат дека знаат да организираат настани и дека пет организирани настани се искуство. Настанот не е само бина, звучник и храна, треба да го гледаме многу пошироко. Секој настан е уникатно доживување, оригинално искуство, настанот испраќа порака до учесниците и јавноста која треба

Како новите технологии ја менуваат ивент индустријата? Виртуелни и хибридни настани, видео мапинг, користење социјални мрежи... дигиталното време донесе новитети во концептот на организирање настани

П

оследниве 15-тина години технологијата ги допре и ги трансформираше сите аспекти од ивент индустријата како планирање, продукција и реализирање. Но сепак, покрај сите промени , главните вредности на настаните останаа исти, а тоа е да се привлече публиката заедно да научи, да создаде бизнис, да оствари вмрежување, да поддржи одредена причина и секако да се забавува. Влијанието на технологијата на организирањето на настани е повеќе еволуција отколку револуција, од година во година настаните се многу поразлични. “Во 2003 година се појавува Linkedin , па потоа во 2004 Facebook и Twiter во 2006, и овие социјални мрежи стануваат фундаментален дел од животот на човекот на професионално, но и лично ниво. Најбитната придобивка од социјалните медиуми е што им овозможува на настаните да бидат

надвор од ѕидовите на физичката локација бидејќи луѓето споделуваат коментари, содржини, фотографии во реално време со други луѓе од целиот свет и тие вистински учествуваат и со своето присуство го креираат настанот. Покрај социјалните медиуми, унапредените технологии овозможија и постоење на виртуелни и хибридни ивенти. Концептот на овие ивенти е да им овозможи на луѓето ширум светот да учествуваат во реално време

на настанот сите заедно, а да не се наоѓаат во иста просторија.“, вели Сунчица Бојаџиева од Публицис. Во Македонија во 2009 година за клиентот Телеком, Публицис го организираше првиот онлајн/ виртуелен концерт на Македонската Филхармонија каде повеќе од 30.000 луѓе го гледаа концертот преку нивните смарт телефони, компјутери, таблети, а преку 2.000 луѓе партиципираа со пораки и коментари.

Комплексен бизнис: Настанот не е само храна, звучник и бина


www.kapital.mk

Капитал број 827 04.09.2015

специјален прилог

В

Милан Тодевски сопственик на ProEvent Solutions

о Македонија опремата ја купуваме многу поскапо од западните компании, затоа што тие добиваат попусти заради поголемата количина, а наплаќаме неколку пати поевтино за нашите услуги. За жал не постои закон кои ги штити големите компании кои се во овој бизнис. Не постојат стандарди кои една компанија треба да ги исполни за да се бави со овој бизнис и со самото тоа нелојалната конкуренција им дише во врат на големите компании. Но, тука најмногу губат клиентите, додава тој, затоа што поради борбата на пазарот, се спуштаат цените, а се знае дека намалените цени влијаат и намалениот квалитет на услугата.

да остане запаметена. Прашање е по кои критериуми се оценува, а многу често критериум е големината, а не квалитетот.“, вели Арсовска. Во принцип секој може да организира настан како што може да си ја организира и сопствената свадба. Но, она што е значајно е дали тој настан во позадина има оригинална креативна идеја, дали е доволно интерактивен и инволвирачки за публиката, дали придонесува за бренд имиџот и најбитно дали раскажал приказна која вреди понатаму да се прераскажува. објаснуваат нашите соговорници. Ова се само неколку параметри кои треба да бидат земени предвид од агенциите и компаниите кои се занимаваат со евент менаџмент при организирање на еден настан.

Кризата се покажа добра за ивент индустријата?!

Од Меккен Скопје велат дека последниве неколку години се променети буџетите за ивенти на компаниите и останатите организации. “Намалувањата на буџетите не се резултат само на економската криза, туку и на политиката на компаниите сами да организираат настани, со некој од вработените кој попатно ќе се занимава и со таа работа. Малкумина се подготвени, исто како и во сите останати индустрии, да го платат знаењето. И тоа се оправдува со оптимизирање на трошоци. Ние го обезбедуваме токму тоа: знаење и искуство, пресудни во организацијата на квалитетен настан“, вели Јелена Арсовска од Меккен Скопје. Дури, додава, таа, во последно време често се случува компаниите да побараат концепт за настан и буџет, за на крај да го реализираат настанот во своја режија. “И што се случува тогаш? Нема генерална проба пред настанот, преведувачот превел половина од говорот, нема вода на масата за секој нов говорник, презентацијата во позадина не го следи говорот на говорникот, банерите се испечатени погрешно, доставата на подароците доцни...Најголем предизвик е да се убеди клиентот зошто му е потребна стручна агенција и зошто сите ставки во

буџетот се битни. Во тоа лежи разликата меѓу настан што ‘може да помине’ и беспрекорен настан. “, вели Арсовска. Некои пак, од нашите соговорници велат дека светската економска криза која што во Македонија се почувствува од 2009 година, всушност донела корист за ивент индустријата. Компаниите, кратејќи ги поскапите маркетинг комуникациски алатки за да заштедат, почнаа повеќе да користат алтернативни комуникации како ивент маркетинг и ПР. “Во тој период се организираа многу настани од секаков тип и од оваа дистанца можам да кажам дека тоа беше бум период за ивент индустријата. Големите настани кои ги резлизиравме како агенција во тој период станаа синоним за нашето работење и направија сериозна разлика во нашата фела како на пример: Најголемиот ручек за најголемото мобилно семејство, Најголемиот пикник, Најголемото вртење на хулахоп, Новогодишниот концерт на Мараја Кери преку холограм, Најголемото караоке, овие споменати настани се организирани за клиентот Македонски Телеком“, вели Сунчица Бојаџиева од Публицис. Таа додава, дека со оглед на политичката криза што се случуваше оваа пролет, за жал досега годинава не се случи настан за паметење, а тоа е период кога временските услови дозволуваат настаните да се работат во полн ек. “Септември е оптимистички месец и се надеваме дека тој ќе биде пресврт за успех до крајот на годината.“ Милан Тодевски од ProEvent Solutions, вели дека на почетокот од кризата засилено инвестирал во нова опрема, што подоцна му овозможило дури и да добие повеќе нарачки од клиенти. “Во последните неколку години засилено инвестирав во нова опрема. Ризикот најчесто се исплати, така и мојата компанија успеа со овие инвестиции по безболно да је преброди кризата. Со тоа успеавме да ја збогатиме целокупната понуда на најразлична опрема, а со тоа успеавме да придобиеме нови клиенти како кај нас така и на локалните пазари во соседните земји.“, вели Тодевски. nnn

51

Недостигаат добри локации за бизнис настани

Н

а Македонија за жал и недостасуваат врвни локации за оддржување на бизнис настани, велат нашите соговорници. Велат дека локации како простор за настани има, но тие треба да ги подобрат и унапредат условите. Со правење на повеќенаменски или мултифункционални сали кои лесно се трансформираат од еден во друг изглед , од една големина во друга, а притоа ќе поседуваат најсовремена техничка поддршка, ќе им се овозможи на ивент менаџерите поедноставно да реализираат не само бизнис, туку и секаков друг вид на настани. Ваквата ситуација ги принудува да бараме алтернативни решенија, а понекогаш и да изнајмуваат опрема од странство.

Позначајни бизнис настани на Балканот оваа есен XX 9. Combis конференција. Почувствувај дигитално. Живеј дигитално. Шибеник, Хрватска, 24 и 25 септември 2015 www.combis.hr XX Weekend Media Festival Ровињ, Хрватска, 24-27 септември 20152015. weekendmediafestival.com XX Капитал Бизнис плус конференција Скопје, Македонија, 1 октомври 2015 kapital.mk XX Portoroz Business Conference Порторож, Словенија, 19 и 20 ноември 2015 pkp.si XX Media Trends Conference Порторож, Словенија, 26 и 27 ноември 2015 sempl.si XX Balkan Venture Forum Загреб, Хрватска, 3 и 4 декември 2015 balkanventureforum.org

ина. Се работи за комплетно искуство и пренесување порака


www.kapital.mk

Капитал број 827 04.09.2015

A

52

Интервју

Ако животот е маратон, тогаш 25-те години работа на KLS Events нека бидат полумаратон, токму како пасијата што ја има во слободното време нашиот соговорник Петар Георгиевски или Перо Камиказа, добро познат на сите нам како извонреден креативец , но оние што имале прилика да работат со или за него, ќе ви кажат и дека е неуморен работник и перфекционист. “Годинава ми беше планот да истрчам 12 полумаратони, од кои веќе комплетирав шест. Догодина полнам 55 години и сакам да ‘се почестам’ со четири маратони – Скопје, Њујорк, Париз и Рим. Ако даде Господ здравје, ќе биде и тоа“, ни откри Георгиевски на почетокот од нашиот разговор. А, разговаравме најмногу за бизнисот, за неговата компанија, за која што не е скромен да каже дека е лидер во организирањето настани или “ивент индустријата“ во Македонија. Неколку дена пред да го правиме интервјуто му беше стигнала нова опрема за озвучување, најнов збор на технологијата како што ни рече самиот, на која што и се радуваше како мало дете и не сакаше да почнеме со разговорот пред да ни покаже што сè можат звучниците. “Само од мај до август инвестиравме околу 130 илјади евра во нови звучници, како и во опрема за осветлување. Голем дел од тоа што го заработуваме го инвестираме. Ние немаме свои канцеларии, ниту магацини, просториите ги изнајмуваме, а парите што ги заработуваме ги реинвестираме во напредни технологии , следејќи ги светските трендови и стандарди“, вели Георгиевски. XX Речиси четврт век се бавите со бизнис на организирање настани. Што значи тоа на терен, објаснете ни малку повеќе за оваа индустрија? Ние сме специјализирана фирма за организација на различен тип настани, по принципот “клуч на рака“ – корпоративни прослави, презентации, конференции, самити, доделувања награди, саеми, но во последниве 2-3 години и организирање свадбени прослави, што како дел од компанијата ја менаџира мојата ќерка. Оваа дејност за организација на приватни прослави (свадби, родендени, сунети, венчавки...) е едно сосема ново искуство за Македонскиот пазар во ивент индустријата. Нашата компанија нуди се на едно место: Професионално амбиентално осветлување, снимање и уметничко фотографирање, озвучување, сценарио и режија, проекции, совет за избор на локал/ресторан, огномет и пиротехника, избор на бенд и сè друго што е потребно за организација на ваков вид прослави. Што се однесува до организирање на

и Петар Георгиевски сопственик на KLS Events

Станавме “сè на е место” во Ивент б Клиентите научија дека ако не сакаат да се заморуваат со еден куп луѓе и обврски што ги бара организацијата на настан, доаѓаат кај нас и добиваат сè. Ние, за разлика од некои ‘играчи’ на пазарот нема да им ветиме бајка на клиентите и да им направиме кошмар. Напротив, од кошмар, можеме да направиме бајка. корпоративен настан, како тоа изгледа на терен: Вие доаѓате кај нас со идејата да организирате настан, на пример. Кажувате што ви е намерата отприлика, колкав ви е буџетот, и ако се најдеме во тие рамки, ние ви даваме комплетно сценарио за перфектен настан, со сите детали, од дизајнот на бината,печатени материјали ... буквално сè. Ви предлагаме неколку сценарија, а потоа она сценарио што вам најмногу ќе ви се допадне, го комплетираме. Во рамки на тој процес, сè е наше, секоја услуга. Ние немаме аутсорс компании, затоа што нашата компанија поседува комплетен светлосен, тонски, видео и креативен потенцијал - со други зборови, сè она што е потребно за извонредно организиран светски настан. XX Вие како професионалец, односно вашата компанија, познати бевте долго време како врвни провајдери

на опрема за звук, светло,итн., за концерти и други настани. Кога решивте да се специјализирате за комплетно организирање на настани? Дали доаѓате во конфликт со маркетинг агенциите, тие што своевремено ве ангажираа вас за потребите на своите клиенти? Јас на почетокот имав замислено да го работам техничкиот дел од организацијата на еден настан – бина, светло, звук, видео итн. Маркетинг агенциите да ја прават креативната работа и да наоѓаат клиенти. Така и работевме со години. Но, со тек на време, особено откако фати кризата и клиентите почнаа да ги кратат буџетите на агенциите, овие почнаа да кратат на нас. А, ако скратиш на нас, како ние ќе можеме да одговориме во техничкиот и технолошкиот дел од организацијата на еден настан, доколку

Гаранција: за квалитетот што го нудиме е опремата


www.kapital.mk

Капитал број 827 04.09.2015

специјален прилог

генерален менаџер

едно бизнисот не може да купуваме нова опрема и да ги следиме светските трендови? Решивме да станеме практично “one stop shop” - клиентите да добијат сè на едно место, затоа што оценивме дека имаме капацитет и креативни можности за тоа. Како доаѓавме до клиенти? Кога ќе ја завршиме добро работата за некој голем клиент, истиот потоа воопшто не размислува на темата организација на настан, па макар било и приватен. Бидејќи тешкотиите со кој се соочувал претходно, сега ги нема. Па така често пати со голем дел од корпоративните клиенти почнуваме да соработуваме и на приватен план (родендени, венчавки, свадбени прослави и сл.). Значи, на ваков начин се испреплетуваат одделните сегменти од нашиот бизнис, а во оваа работа т.н. “word of mouth” или добриот збор надалеку се слуша. XX Кои се најголемите компаративни предности што на пазарот ги имате како компанија? Она што е карактеристично за оваа компанија е што ние никогаш не работиме повеќе големи настани во исто време. Енергијата и нашите ресурси сакаме целосно да ги насочиме кон потребите на еден единствен клиент кој што во тој момент очекува од нас беспрекорна организација. За тоа сведочат големиот број големи компании и организации што се наши клиенти,

53

но бидејќи не би сакал да пропуштам некој, не сакал да плати.. Па, и јас не би платил да не би набројувал, туку би ги поканил вашите сум на негово место, па дури и би го тужел. читатели слободно да ја посетат нашата веб Искуството нè научи да разликуваме сериозен страна www.kls.com.mk и на youtube KLS клиент од тој што не знае што сака и само EVENTS каде што ќе се запознаат од блиску ни го троши залудно времето, енергијата и со нашата работа. ресурсите. Ова е семеен бизнис кој што опстојува XX Како го оценувате моменталното веќе четврт век, и тука јас сум ја внел сета ниво на развој на ивент индустријата моја креативна енергија и знаење што ги во Македонија? Каква е вашата поседувам, кое што го пренесов еве и на конкуренција? втората генерација од семејството. Нашите Ќе звучам нескромно, но би кажал дека ние вработени се долги години во фирмата, некои всушност и немаме вистинска конкуренција. од нив и од самите почетоци, тоа се луѓе кои Да, постојат неколку фирми што ни се што овде израснале, созреале, се оформиле конкуренција само во техничкиот дел – звук, како професионалци и личности. светло, итн., но ние за разлика од другите Освен јас и ќерка ми, во фирмата се уште компании нудиме комплетни креативни и седум вработени, кои што низ годиниве технички решенија. KLS има и сопствена видео имаат поминато едно чудо семинари, саеми, продукција, која изработува промотивни работилници за тоа како се користат новите видеа, кратки инсерти од организирани технологии. Јас како сопственик на фирмава настани, па дури и цели документарни никогаш не сум штедел на едукација. На филмови. И ова сето може да се види на годишно ниво трошиме од 10-15 илјади евра Youtube исто така. за оваа намена. XX Колку напредокот на технологијата За тоа дека ќе организираме перфектен го смени начинот на функционирање настан гарантираме покрај со нашето на ивент индустријата и колку “know-how“ и со опрема која чини неколку вашата компанија успева да ги следи милиони евра, која нашите вработени во најновите светски трендови? целост ја владеат. Технолошки сме убедливо најспремна XX Колкав дел од пазарот за фирма во Македонија во овој бизнис и сè корпоративни настани покривате во што излегува како новитет во светот, го Македонија? носиме први во земјава, а Во делот на корпоративните често и на Балканот. Колку настани сме неприкосновени за илустрација: во видео Никогаш не во Македонија, организираме сегментот на организација работиме повеќе околу 60-70% од сите комна настаните, веќе неколку паниски случувања во една големи настани години работиме во 2К година. Клиентите научија технологија, што е ниво во исто време. дека ако не сакаат да се над HD, додека некои Целата енергија оптоваруваат со еден куп од нашите конкуренти и ресурсите луѓе и обврски што ги бара немаат стигнато ни до HD. сакаме да ги организацијата на настан, Во делот на “live streamнасочиме кон доаѓаат кај нас и добиваат ing” располагаме со потребите на сè. Ние, за разлика од некои извонредни HD камери JVC, еден единствен “играчи“ на пазарот нема да професионални миксери и клиент кој што им ветиме бајка на клиентите репортажна кола која може во тој момент и да им направиме кошмар. да емитува од секаде. очекува од нас Напротив, од кошмар, можеме Во делот на звукот сме да направиме бајка. Неодамна апсолутни лидери во беспрекорна организиравме настан за Македонија, имаме врвна организација една еснафска асоцијација опрема од американскиот во земјава, за само два дена. производител Meyer, за чие Луѓето во последен момент комплетирање од 2004 до дојдоа кај нас, имаа некоја непријатна 2008 година потрошивме 700 илјади евра. ситуација со фирмата што требаше да им И за делот на осветлувањето направивме организира конференција, и ние за 48 часа големи инвестиции, од кои најновата е им организиравме сè она за што обично 80 илјади евра, само годинава. треба месец и половина. Но, немаше никаков XX Дали сè уште работите концерти, проблем, сè помина во најдобар ред, луѓето она по што и се прославивте на беа презадоволни, си платија уредно... Ние почетокот? практично немаме проблем со наплата. И Концерти речиси и да не работиме повеќе. покрај тоа што многу фирми се жалат на Сметам дека нема повеќе место за компанија тоа, ние проблем со наплата немаме, 95% од како нашата на пазарот, ги надминавме побарувањата ни се наплатени до крајот на неговите можности. Секогаш кога има концерт секоја фискална година. во “Борис Трајковски“, звукот не чини. Зошто? XX Како успевате во тоа? Затоа што организаторите не сакаат да дадат Прво, задоволството на клиентите е пресудно, пари за врвно озвучување, да платат на нема задоволен клиент што нема да сака да ви оние што знаат да си ја “бркаат” работата плати на време. Проблемот со неплаќањето како што треба. настанува кога ивент планерот нема да Без разлика на се, KLS останува неприкосновен му испорача на клиентот она за што се во делот на опрема за концерти. Не, само во договориле. Имаше случај кога компанија Македонија, туку и на Балканот. користеше видеа од нашиот вебсајт да им Кога ќе има сериозни продуценти и ќе сакаат покаже на клиенти што тие всушност ќе концертите во салата “Борис Трајковски“ добијат. Клиентот не доби ништо, затоа што добро да звучат, KLS бил, е и ќе биде спремен компанијата ниту имаше ресурси, а ни знаење да испорача звук каков што се слуша во такво нешто да испорача, па на крај клиентот големите светски метрополи. nnn

а од неколку милиони евра и луѓето што ја владеат


www.kapital.mk

Капитал број 827 04.09.2015

54

ИВЕНТ ИНДУСТРИЈА Know-how за ивенти

чекори за организирање 5 настан XX Прв чекор: Kреативен концепт XX Втор чекор: Буџетирање XX Трет чекор: Дефинирање на временска рамка – тајмлајн. XX Четврт чекор: Контакт со добавувачи и преговарање

Водич за ивент планери

Како да организирате перфектен настан Ако сакате да имате одлична конференција, успешен семинар или незаборавна свадба – ангажирајте си професионалци што знаат како се организира настан. А, тие треба да ги следат овие правила за да им бидете клиенти и во иднина.

1.

Користете Event Planning алатки, што ќе ви ја олеснат работата. Планирањето на настани може да се претвори во ноќен кошмар, ако немате соодветни алатки што во денешнава технолошка ера може да ви ја олеснат работата. Во секој случај, ќе ви овозможат да ги снимите сите потребни детали, да ги додадете кон постоечкиот план на настаните и да имате увид во продуктивноста на вашата работа кога ќе почнете со реализација. Секогаш бидете спремни да понудите предлози што може да решат моментален предизвик/ ситуација. Ретки се клиентите што на првиот состанок ќе ви кажат детално што точно сакаат. Тогаш на сцена стапува вашето добро испланирано портфолио и искуство во организацијата на настани. Предложете решение, насочете го размислувањето на клиентот кон дефинирање на тоа што точно сака од настанот, односно која цел е потребно да се оствари. Ако саката да се издвоите од конкуренцијата, нека не ве мрзи да си ја сработите домашната. Истражувајте и следете ги глобалните случувања во индустријата, следете ги трендовите и анализирајте што дава најдобри резултати. Не заборавајте дека деталите се тие што го издвојуваат

2.

вашиот настан од останатите. Секогаш имајте го на ум и буџетот со кого што располагате. Споделете го вашето знаење со клиентите и бидете нивни водич кон случувањето што ќе ги одушеви не само нив, туку и гостите. На пример, бидете спремни да и понудите на идната невеста адекватно место на одржување на венчавката во согласност со бројот на гости, ако гледате дека е неодлучна. Ако имате фотографии од предложените локации или ако до сега сте организирале венчавки на тие места, покажете ги. Ќе и помогнете да се одлучи. Задоволен клиент е личност што сигурно ќе ве препорача на други. Добро размислете за условите што ви се нудат и барањата што ги поставувате, затоа што не постои ништо полошо од ситуација кога во целост се ангажирате, а не сте доволно платени на крајот (или воопшто не сте платени). Одвоите доволно време за изработка на комплетна понуда за организација на настанот на кој што работите, наместо од око да ги одредувате трошоците. Поставете му на клиентот што поголем број на прашања за да имате увид што се бара од вас да обезбедите и направите. Врз основа на тоа ќе може да процените колку би требало да наплатите за услугите.

3.

XX Петти чекор: Менаџирање, супервизија и координација на настанот на лице место Ова ви е битно и заради тоа што може да се случи да бидете принудени да ги намалите трошоците, затоа што поедини услуги сте заборавиле да ги ставите во понудата. Важно е добро да го познавате местото на одржување на вашиот настан. Дали е за семинарот обезбедена адекватна и функционална аудио-видео опрема? Дали хотелот има капацитети во што пократок временски рок на сите гости да им го послужи договорениот кетеринг? Колку соби може да резервирате по поволни цени во хотелот каде што се одржува конференцијата за посетителите кои што доаѓаат од други градови/ држави? Ако направите превид за вакви “ситници“ може засекогаш да ви се затвори вратата кај клиентот за кого што го организирате настанот. Затоа многу е битно да ги запознаете менаџерите на хотелот и шефот на салата со кои што ќе соработувате и однапред да дефинирате што може да очекувате од нив. Секогаш дефинирајте рокови. Вашиот план мора да содржи краен рок за решавање на секој детал од вашиот ивент план. Пишување на план без вклучување на рокови е најдобар вовед во катастрофа која што ве очекува како што ќе се ближи настанот. Мора да имате дефинирано кога се затвора листата на потенцијални говорници; до кога мора да го знаете целокупното мени и кетеринг агенцијата/ ресторанот/хотелот што ќе испорачаат храна; до кој датум е потребно да пратите покани за настанот... Не заборавајте дека вие, како ивент менаџер, сте платени за тоа настанот да помине без проблеми. Ваша задача е да се погрижите на гостите/посетителите да им биде пружена најдобра можна услуга и клиентот што ве ангажирал да биде задоволен. nnn

4.

5.



www.kapital.mk

Капитал број 827 04.09.2015

56

ИВЕНТ ИНДУСТРИЈА

Организирањето на “најважниот настан во животот“ е обврска што во последно време сè повеќе брачни парови ја доверуваат на професионалци специјализирани за овој бизнис. Зборувавме со некои од нив за тоа што значи да подготвиш венчавка од соништата.

Организирање свадби: бизнис во подем

Македонските невести сè почесто ангажираат “wedding planner“

С пишува:

Габриела Делова

gabriela.delova@kapital.mk

Со цел изборот на венчаницата да им остане единствената главоболка при организирањето на сопственава свадба, сè повеќе невести во земјава ги следат западните трендови: станатите обврски - ресторан, покани, музика, фотографија, итн.- да ги префрлат на индивидуалци или компании што се специјализирани за вакви работи. Младенците што имаат поголем буџет се решаваат и за поексклузивни в енчав ки, со по се б но о смис лено осветлување, бина и други пропратни ефекти, на невообичаени локации, обично на отворено, каде што организаторите поставуваат комплетна инфраструктура за да ги задоволат нивните барања. “Продолжува трендот на организирање на свадбени веселби кои не се сосема

традиционални. Имено, младенците бараат локации кои не се премногу експлоатирани, отворени простори кои сепак се безбедни во случај на неповолни временски услови. Кога таквата локација ќе биде пронајдена, тие не оставаат ништо на случајот, туку го планираат секој детаљ“, објаснуваат од ресторанот при винаријата Стоби, каде што од неодамна на специјално подготвен простор почнаа да се организираат свадби, но и коктели и корпоративни настани. На површина од 1200 квадратни метри под ведро небо, но “затскриени“ во специјално дизајниран шатор што собира повеќе од 400 гости, десетина македонски двојки веќе го кажаа судбоносното “да“. “Бргу станавме популарни, побарувачката меѓу младите двојки е голема, а термините за свадбени веселби за мај и јуни следната година се речиси сите резервирани. Инаку, што се однесува до барањата на младенците во согласност со новите трендови за организирање свадби, тие најчесто араат дополнително украсување кое ќе даде личен печат на целата веселба. Дали тоа ќе биде со природно цвеќе, аранжирани маси со детали во боја поврзана со нивните покани или цветни детали, свеќници и сл. Битно е дека секогаш точно знаат што сакаат. Осветлувањето исто така е битен елемент. Од тој аспект, се изнајмува дополнително осветлување со различни светлосни ефекти. Секако музиката и изборот на истата се нешто кое е особено важно за младенците. Трендот е: неколку вида на музика, секогаш во живо“, објаснуваат од тимот на Стоби.

Капитал разговараше и со некои други претставници на овој прилично нов правец во ивент индустријата во Македонија, за тоа што значи да се организира свадба од соништата, колку тоа чини, колку луѓе се потребни...

Индустрија која не трпи импровизации

Секако, секоја невеста сака нејзината свадба да е посебна. Интернетот денес им нуди многу идеи на невестите за тоа како да го остварат својот сон за да имаат свадба од бајките. Но, дали само идејата е доволна за таквиот сон да стане реалност? Професионалците со кои зборуваше Капитал, велат дека освен буџетот со кој располага младиот брачен пар за реализација на свадбата, многу поважно во организацијата на овој настан, е професионалноста и стручноста на компанијата која ќе биде одговорна нивната идеја да ја претворат во реалност. Со оглед на тоа дека се работи за организацијата на „најубавиот ден во животот“,нашите соговорници велат дека најважно во организирање на свадбената веселба, е постојано обучување на тимовите кои работат во оваа индустрија и нивно континуирано усовршување. Дејан Атанасовски, сопственик на „Вила Ина“, која во последните две години стана една од најпосакуваните локации во Скопје за организирање на свадба на отворено, објаснува дека токму обуките се она што ги издвојува од конкуренцијата и ги прави

Тренд: Луксузните свадби на отворено се сè попопуларни


www.kapital.mk

Капитал број 827 04.09.2015

специјален прилог побарани и подобри. „Како и сè друго, ова не е индустрија која трпи импровизации, туку бара професионалци. Нашиот персонал поминува обуки од различен вид, за да може да даде максимум професионалност и на семејни веселби и на приеми со дипломатскиот кор. Оваа индустрија не трпи грешки и како и на секој пазар непрофесионалноста сама ќе се елиминира. Нашето мото е „Бидете гостин на сопствената забава“ и тоа кажува сè. Вие треба само да се појавите и да уживате, другото е наша обврска “, вели тој. Дека тоа е така, потврдува и Кристина Георгиевска, ивент менаџер во „КЛС ивентс“, компанија која веќе 25 години работи во индустријата за организирање настани, а последниве неколку години како посебен сегмент го развива и организирањето свадби. Според неа, токму професионалноста и достапноста на клиентите 24/7, е она што ги прави нив една од најбараните компании за оваа услуга во моментов. „Нашиот професионален совет е дека најважниот ден нема реприза, наш предлог е да не го ризикуваат еден од најважните моменти во својот живот и да не се потпираат на лажни ветувања. Правиот избор е професионалниот пристап на нашата компнија која одговорно стои позади секој настан, прослава, нашиот успех и успехот

на нашите клиенти се нашиот најголем приоритет и мотив за понатамошната работа“,вели таа.

Луксузните свадби бараат и по 7-8 месеци работа на 50 луѓе

Ги прашавме нашите соговорници што сè е потребно да се организира една свадба за паметењр. „Планирањето на луксузните свадби се одвива дури и 7-8 месеци пред прославата. За такви луксузни свадби се вклучени голем број професионалци, како од технички така и креативен и организациски аспект и нивниот број може да ја надмине бројката од 50 луѓе, кои директно или индиректно се вклучени во процесот на организација и имплементација, како што се екипи за снимање, фотографирање, техничка поддршка, идејни решенија, декорации и многу други детали кои се од клучно значење за ваков тип на свадбени прослави“, објаснува Георгиевска од KLS Events. Дека при организирање на свадбените веселби не се штеди, потврдува и Дејан Атанасовски од „Вила Ина“: „Секогаш свадбата била значителен трошок за семејството, но бидејќи станува збор за еден од најважните мигови во животот, луѓето секогаш инсистираат да си го остварат тоа што го замислиле, понекогаш не сфаќајќи дека сето тоа чини и дека го зголемува

57

нивниот трошок. Ние се прилагодуваме на буџетот на семејството, секогаш бараме решение „да не им го скршиме атерот“ и секогаш сакаме секоја свадба да изгледа како од соништата“, објаснува тој. Според соговорниците, во моментот во Македонија најголем хит се свадбите на отворено, чие осмислување најчесто излегува од онаа традиционална и обичајна рамка што важи за пракса во земјава. Идеите на младите парови одат и дотаму што честопати компаниите кои ги организираат овие веселби мора да го обезбедат посакуваниот простор според замислите и потребите на парот, што понекогаш од нив се бара да направат и мали градежни потфати. Таков пример е организацијата на една свадба што тимот од „Вила Ина“ го направил за еден пар во Охрид, за чии потреби изградиле посебна платформа над Охридското Езеро затоа што младите така ја замислиле својата веселба. Инаку, ако земеме предвид дека само за осмислување на сцена, озвучување и осветлување се трошат и по 10.000 евра, без тука да се вброи кетерингот, изборот на музиката и други поединости кои ги бараат младите парови, се претпоставува дека организацијата на луксузни свадби во Македонија, може да чини и до педесетина илјади евра. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 827 04.09.2015

58

ИВЕНТ ИНДУСТРИЈА

Во ексклузивен амбиент под ведро небо, но „затскриени“ во специјално дизајниран шатор каде може да се сместат повеќе од 400 гости, винаријата „Стоби“ во јуни годинава почна да организира свадби, коктели и корпоративни настани. На овој простор од 1200 квадратни метри, 10 македонски двојки веќе го кажаа судбоносното „да“, а повеќето од термините за свадбени веселби во мај и јуни 2016 година веќе се резервирани. Воедно ова е уникатна шанса и за компаниите кои се стремат нивните корпоративни настани и коктели да се разликуваат и да бидат повпечатливи од оние на конкуренцијата. Винаријата „Стоби“ сместена во општината Градско уште од отворањето во 2010 година располага и со ВИП-салон, енотека и ресторан со тераса кои се идеални за бизнис случувања. - Сме биле домаќини на повеќе од 100 корпоративни настани како предавања, обуки, семинари, средби на бордови на директори, неформални состаноци и слично. Поголемиот дел од интернационалните организации и домашните компании ги имаат користено нашите услуги. Од друга страна, со организација на свадби почнавме пред два месеци и имаме организирано 10ина веселби. Овој период е идеален за настани во големиот, специјално дизајниран шатор, а откако ја презентиравме оваа понуда интересот постојано расте – истакнува раководниот тим на„Стоби“.

Вински тури, семинари и состаноци

Винаријата располага со простор за настани од помал и од поголем размер. ВИПсалонот има капацитет од 75 лица, енотеката од 60 додекаво ресторанот со терасата комотно може да уживаат 180 луѓе. Специјално дизајнираниот шатор е наменет за случувања од поголем калибар на кои се очекуваат околу 400 гости. „Сто б и“ о в оз м ож у в а и користење на канцеларии и помали сали за состаноци, а за сите посетители е обезбеден паркинг и бесплатен интернет. Дел од понудата се и винските тури, а тимот на винаријата има скроено две понуди наменети за вистинските вински сладокусци.

Винаријата располага со простор за семинари, средби на бордови на директори, обуки, коктели и големи корпоративни настани. ВИП-салонот има капацитет од 75 лица, енотеката од 60, а во ресторанот со терасата комотно може да уживаат 180 луѓе. Специјално дизајнираниот шатор е наменет за случувања под отворено небо и од поголем калибар на кои се очекуваат околу 400 гости

Во "Стоби" се организираат беспрекорни настани и се дегустираат наградувани вина - Тука е нашата посебна „Стоби“ винска тура од 90 минути во чии рамки со стручен водич се разгледува винаријата и се дегустираат четири од нашите најдобри вина со соодветна закуска. Другата понуда е еногастрономската тура која е поопширна и трае два часа, а посетителите консумираат врвни македонски деликатеси и кулинарски ремек-дела секако во комбинација со нашите најексклузивни вина – откриваат од „Стоби“.

Домаќини на претседатели и музички ѕвезди

Гостите на винаријата можат да ги дегустираат сите вина од палетата на „Стоби“ меѓу кои и оние што не се во продажба во Македонија, но ги освојуваат странските пазари. - Меѓу поексклузивните вина кои се на менито би ги издвоиле „Аминта“, „Вранец Веритас“, „Петит Вердо“, „Шираз“ и „Шардоне барик“. Се работи за вина од премиум линијата односно вина кои одлежуваат во дабови буриња, барици. Најсвеж доказ за квалитетот на понудата е податокот дека четири наши вина беа наградени со златни медали на најстариот вински натпревар во светот, „Вино Љубљана“. Се работи за настан кој е рангиран меѓу 10-те најелитни случувања од ваков тип во светот. „Стоби“ уште од самото основање редовно учествува и на врвните интернационални натпревари „Мундус вини“ и

Работа според стандардите на ЕУ

С

тоби е модерно конципирана македонска винарија која се наоѓа веднаш до античкиот локалитет Стоби од каде што го добива и своето име. Уште од самиот почеток фокусот на раководниот тим е креација на вина кои ќе ги задоволат вкусовите и на најпребирливите и кои секој би ги посакал. Се работи според најсовремени стандарди пропишани од Европската унија, а годишно се произведуваат 4,5 милиони литри висококвалитетно македонско вино распределено во четири категории – премиум, елит, класик и традиционални.

„Декантер“ од каде се немаме вратено без награда. Досега сме добиле повеќе од 60 поединечни медали меѓу кои најмногу златни и сребрени во конкуренција со вина од цел свет – посочуваат од „Стоби“. Од отворањето на винаријата до денес голем број на познати личности имаат уживано во амбиентот и ги имаат вкусено овие ексклузивни сортни вина. Дел од нив се: српскиот претседател Томислав Николиќ, балканските ѕвезди Жељко Јоксимовиќ, Џибони, Дадо Топиќ и „Прљаво казалиште“,

гитарскиот виртоуз Влатко Стефановски како и светски познатиот бенд „Нувел ваг“. Впечатокот е дека оваа винарија по многу нешта се разликува од конкуренцијата. - Нашите гости се запознаваат со основите на винската технологија, како и со традицијата на одгледување и конзумирање на вино во овој регион. Исто така во менијата се комбинираат одредени вина од нашиот асортиман со одредени типови на храна подготвени во нашата кујна од врвни и етаблирани готвачи – велат од винаријата. nnn


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.