интервју
Петар Андреевски и Артон Лена
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
специјален прилог
финансии
Каматите на депозитите се доближуваат до нула, берзите паѓаат
директори на Друштвото за управување со инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент
Преку нашиот фонд станувате сопственици во најмоќните светски компании Недвижнините како алтернатива за инвестирање Изнајмување на стан поисплатливо од штедење во моментов
Акции, обврзници, депозити или недвижности...
Како да направите повеќе пари?!
Капитал број 834 23.10.2015
32
www.kapital.mk
финансии
Каматите на депозитите се доближуваат до нула, берзите паѓаат
Акции, обврзници, деп или недвижности... Како да направите повеќе пари?! Во време кога банкарите ги сведуваат каматите на депозитите речиси на нула, цените на акциите на берзата паѓаат, цените на недвижностите исто така, а се намалуваат и приносите од вложените пари во инвестициските фондови, дури и најпроникливите инвеститори се двоумат во што е најисплатливо да се инвестира. Меѓутоа, нема единствена формула што ќе донесе најголема заработка за најмал можен ризик. Капитал анализира колкави приноси носат акциите, обврзниците, депозитите и недвижностите и во што е најисплатливо сега да се вложуваат пари?!
Депозити: банкарското штедење станува помалку атрактивно
www.kapital.mk
позити
Капитал број 834 23.10.2015
специјален прилог
В пишува:
Александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk
Во време кога банкарите ги сведуваат каматите на депозитите речиси на нула, цените на акциите на берзата паѓаат а се намалуваат и приносите од вложените пари во инвестициските фондови, дури и најпроникливите инвеститори се двоумат во што е најисплатливо да се инвестира. Меѓутоа, нема единствена формула што ќе донесе најголема заработка за најмал можен ризик. Финансиските аналитичари се едногласни дека подобро може да се заработи ако парите ги вртите на берза отколку во банка. Државните обврзници се прв избор на инвеститорите што сакаат мирно да спијат, но и малку да ќарат. Професорот што на факултет ги учи студентите како е најисплатливо да се вртат парите, Сашо Арсов, објаснува дека инвеститорите немаат особено поволен амбиент за безризично вложување. „Вложувањата во банкарски депозити и државни обврзници (за денационализација), кои досега им носеа разумен принос, со оглед на нискиот ризик, веќе не се такви. Приносите на овие вложувања станаа
33
неатрактивно ниски, а со оглед на високата ликвидност на банките, може да се очекува и нивно натамошно намалување. Сепак, за инвеститорите што би вложувале на куси рокови, банките остануваат добра алтернатива, а посебно денарските депозити“, вели професорот Арсов. Како друга алтернатива за вложување професорот Арсов ги посочува инвестициските фондови, кои нудат меѓународна диверзификација на портфолиото, но проблематична според него е големата неизвесност, како економска, така и политичка. „Една моја лична препорака, зависно од индивидуалните карактеристики на инвеститорите, се акциите на домашните компании кои исплатуваат дивиденди. Мислам дека и домашната јавност веќе ја препозна оваа можност, па овие акции пораснаа во текот на минатата година, но се уште нудат поволен дивиденден принос (однос дивиденда-цена на акцијата). Секако, тука постои опасноста од пад на цената на акцијата и капитална загуба, но искуството покажа дека цените на овие акции имаат поголема стабилност од останатите. Повторно, укажувам дека акциите се вложувања наменети за оние што можат да си дозволат подолги рокови на инвестирање на сопствените средства“, потенцира професорот Арсов. Меѓутоа, тој вели дека домашните инвеститори имаат прилично ограничен избор на инвестирање бидејќи во земјава не е дозволено да се инвестира во злато, а на пазарот ги нема ниту корпоративните и комерцијалните записи. „Во услови на кризи и пореметувања на пазарите, златото станува безбедно прибежиште на сите инвеститори, но кај нас не постои можноста за вложување директно во злато на пример, во форма на прачки. Законот оневозможува и создавање инвестициски фондови кои
www.kapital.mk
Капитал број 834 23.10.2015
34
ФИНАНСИИ
О
ГОРАН МАРКОВСКИ главен извршен директор на КБ Публикум Инвест
чекувањата се дека позитивниот тренд кај македонските компании што котираат на Берзата ќе продолжи. Тие и понатаму се пониско вреднувани од компаниите од соодветните дејности во развиените држави. Затоа сметам дека инвеститорите треба да се насочат кон компании кои покажуваат стабилен и оддржлив долгорочен раст, компании со стабилна и предвидлива дивидендна политика, или такви што во наредниот период би биле интересни за преземање од страна на стратешки инвеститор. Инвестициските фондови иако го почувствуваа падот на светските берзи во просек од 20% во септември и август, од октомври повторно можеме да зборуваме за позитивни остварувања и до крајот на 2015 година очекуваме дека ќе го задржиме годинешниот раст и тој ќе изнесува од 5-7%.
би вложувале во стоки. Недостасуваат и корпоративните обврзници и комерцијални записи. Овие инструменти обично носат повисоки приноси од државните обврзници, а се помалку ризични од акциите на истите компании. Не очекувам ова да се промени во догледно време, но нивното постоење би им дало значајна алтернатива на инвеститорите“, коментира Арсов.
Банкарските камати се доближуваат до нула
негативниот тренд кај пасивните камати ќе продолжи уште некое време. “Намалувањето на каматите за штедење во банките ќе продолжи уште кратко време а потоа очекуваме падот да запре. Висината на каматните стапки зависи од понудата и побарувачката на пазарот, така што се додека не се појават добри инвестициски алтернативи, односно исплатливи проекти во кои што луѓето ќе може да ги инвестираат парите, банкарските камати на депозитите ќе паѓаат. Се уште има голем интерес кај граѓаните да штедат во банките, особено на подолг рок бидејќи токму тие камати се повисоки“, велат познавачите на финансискиот пазар. Сепак, и покрај тоа што каматите во банките имаат негативен тренд, ако се анализира депозитниот раст до август годинава, тогаш тој податок е доволен показател дека интересот на граѓаните за банкарските депозити се зголемува. Граѓаните за една година орочиле 6,7% повеќе пари во банките со што вкупните депозити достигнаа 4,73 милијарди евра. Од аспект на валутната структура, денарските депозити
Банките се уште важат за најсигурни места за орочување на парите. Зихерашите, кои не сакаат да ризикуваат, вишокот пари ги депонираат во банките, меѓутоа, каматите на депозитите паднаа на историски минимум, а за одредени видови на депозити изнесуваат и нула. Просечната камата на денарските и девизните депозити според податоците на Народната банка во август годинава изнесуваше 1,6%, што е намалување за 0,4 процентни поени од почетокот на годината. За денарските депозити без валутна клаузула банкарите се уште нудат поатрактивни камати кои се движат меѓу 3,6% и 1,5% во зависност од рочноста на штедењето. За депозитите во 6.0% денари со валутна клаузула каматите се пониски и се движат од 1,1% до 0,6% на годишно ниво. 5.0%5,2% За депозити во странска валута, може да добиете камата од 1,1% единствено за влогови во евра, 4.0% додека пак на пример за штедење во долари, каматата е само 0,3%, а 3.0% за швајцарски франци нула. Сепак имајќи предвид дека цените на мало годинава се намалија 2.0% за 1,1%, односно толку изнесува 1,6% дефлацијата во земјата, дури и 1.0% овие минимални каматни стапки што ги нудат банките реално се повисоки за процентот на 0.0% дефлацијата. 2009 Аналитичарите оценуваат дека
се основниот двигател на годишниот раст на вкупните депозити а причина за тоа се повисоките камати за штедење во денари отколку во странска валута.
Берзата го допре дното од 2009 година
На Македонската берза годинава се прикажува уште една лоша епизода, односно реприза на кризната 2009 година кога берзанскиот индекс МБИ 10 во екот на светската економска криза падна на ниво од 1.617 поени. Годинава, по залетот од јануари до март, МБИ 10 во јули повторно го допре дното паѓајќи на само 1.617 поени. Од почетокот на годината до сега, овој индекс загуби уште 8% од својата вредност. Сепак, подобрите финансиски резултати во првата половина од годината на дел од компаниите што котираат на Берзата им влеваат доверба на аналитичарите дека позитивниот тренд ќе продолжи и поради тоа според нив, инвестирањето во акции е добра алтернатива во моментов. „Очекувањата се дека позитивниот тренд ќе продолжи и во третиот квартал. Од
КАМАТИ НА ДЕПОЗИТИ ВО БАНКИТЕ
ДЕНАРСКИ
4,2%
3,9% ДЕВИЗНИ
3% 2,5% 1,3%
2010
0,9% 2011
0,7%
0,5%
2012
2013
2%
1.7%
0,3%
0,3%
2014
2015
АКЦИИ: АНАЛИТИЧАРИТЕ ГИ ПРЕПОРАЧУВААТ ЗА ТРПЕЛИВИТЕ
www.kapital.mk
Капитал број 834 23.10.2015
36
финансии
друга страна, македонските компании и понатаму се пониско вреднувани од компаниите од соодветните дејности во развиените држави. Затоа сметам дека инвеститорите треба да се насочат кон компании кои покажуваат стабилен и оддржлив долгорочен раст пратен со профитабилност соодветна на нивната дејност, понатаму компании со стабилна и предвидлива дивидендна политика, и на крајот компании кои во наредниот период би биле интересни за преземање од страна на стратешки инвеститор. Изборот на компании кои истовремено ги исполнуваат
сите горенаведени предуслови во голема мера ќе значи и правилна одлука за инвестирање на средствата“, вели Горан Марковски, главен извршен директор на КБ Публикум Инвест. Во време кога повеќето акции на Берзата паднаа или ја задржаа вредноста на истото ниво како и лани, еден дел од нив значително добија на цена. Најголем пораст на цената од почетокот на годината бележи акцијата на струмичката компанија Грозд, која до денеска порасна за 124,9%. Акциите на компанијата Фустеларко пораснаа 44%, на ВВ Тиквеш 42,7%, на
Прилепска Пиварница 36,5%, на ФЗЦ 11 Октомври 28,8%, на скопски Бетон 22,8%.
Кина ги скина и приносите на инвестициските фондови
Негативниот берзански бран што од Кина летово ги поплави речиси значајни индекси во светот го почувствуваа и домашните инвеститори што имаат вложено пари во удели во инвестициските фондови, поточно во акциските фондови. Од вкупно 13 отворени инвестициски фондови, пет им донесоа на инвеститорите негативни приноси. Приносите кај
Животното осигурување расте со двоцифрени стапки Финансиска сигурност за семејството и можност за повисока пензија се мотивите за инвестирање во полиса за животно осигурување.
Ж
ивотното осигурување е уште една опција за инвестирање на граѓаните, и тоа на долг рок. Тоа што квалитативно го разликува животното осигурување од другите форми на штедење е интегрираноста на штедната и на осигурителната компонента, објаснуваат од осигурителните компании. Kлиентот сам одлучува колку сака да штеди, односно сам ја креира осигурената сума. Животното осигурување на своите корисници примарно им гарантира сигурна исплата на сите вложени средства заедно со припишана добивка по истекот на осигурителниот период. Преку овој инструмент осигуреникот обезбедува финансиска сигурност на најблиското семејство во случај на настанување несреќен настан со фатални последици (смрт). На пример, човек на возраст од 40 години кој секоја година би издвојувал по 600 евра годишно во наредните 25 години, по истекот на времетраењето би располагал со сума од околу 25.000 евра, се просечните пресметки што ги добивме од домашните осигурители. Обично, осигурителите нудат опција или да се исплатат тие пари во целост или со нов договор да се направи облик на пензија која би се земала месечно во следните 10 години и би изнесувала околу 250 евра. Треба да се напомене дека минималната годишната сума која може да се издвојува кај македонските осигурители изнесува 250 евра, што
Бројки:
21-22%
е годишната стапка на раст на животното осигурување последниве три години значи одговара и на оние со помал буџет. Благодарение на поагресивниот маркетиншки пристап на компаниите за животно осигурување, како и на активноста на брокерските друштва за осигурување, свеста за потребата од животно осигурување кај македонските граѓани расте од година во година, што го потврдуваат и извештаите на регулаторот на осигурителниот пазар, Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО). Зa периодот од 2014 година, брутополисираната премија во сегментот животно осигурување во Македонија била 14,44 милиони евра, што е за 22% повеќе во однос на 2013 година, кога пак изнесувала за 22% повеќе во однос на претходната година. Тоа значи дека пазарот за животно осигурување расте
со двоцифрени стапки секоја година, а со оглед на состојбата во првото полугодие годинава, кога вкупната премија е за 20% поголема во однос на истиот период лани, или 7,5 милиони евра, и годинава ќе заврши со висока стапка на раст на животното осигурување. Животното осигурување расте и во релативниот однос спрема вкупниот осигурителен пазар, па ако пред 7-8 години учествуваше со едвај 2-3% во вкупното осигурување во Македонија, во 2012 година е 8,5%, во 2013-та 10,2, лани било 11,6%, а за годинава се очекува да биде околу 12,5%. Во сегментот на осигурување живот се очекува продолжување на динамичниот двоцифрен раст и следната година, прогнозираат во АСО. Поактивно вклучување на банките како алтернативен канал за дистрибуција на овие продукти и нивно поврзување со банкарските продукти претставува еден од предизвиците за развој на осигурувањето на живот, додаваат во Агенцијата. Во моментот, на пазарот постојат три банки кои делуваат како застапник во осигурување. За прв пат во делот на осигурување на живот се воведува нов продукт, меѓународно познат како unit link осигурување, односно осигурување на живот кога инвестициониот ризик е на товар на осигуреникот. Исто така, значаен фактор за долгорочната перспектива за развојот на осигурувањето на живот претставува монетарната и фискалната стабилност на државата, како и сè поголемиот степен на финансиска едукација на граѓаните на Македонија, сметаат во АСО.
Штедење и заштита: животното осигурување со двојна фунција
www.kapital.mk
Капитал број 834 23.10.2015
38
ФИНАНСИИ
ДВИЖЕЊЕ НА МБИ 10 9000 8000 7000 6000
-
+ 109,1%
5000
72,9%
4000 3000 2000
+ 61,5%
+ 31,3%
-
-
17,2%
-
13,4%
+ 6%
+ 0,4%
12,3%
8%
1000 0 2005
2006
2007
2008
останатите осум фондови од почетокот на годината се движат од 2% до најмногу 4%. „Корекцијата на развиените пазари на капитал во просек од 20% во текот на август и септември неповолно се одрази на цените на акциите и предизвика значаен пад на цените на уделите на фондовите кои инвестираат во акции. Што се однесува до фондовите со кои управува КБ Публикум Инвест овој пад на цените на акциите исто така го почувствуваа инвеститорите пред се во нашиот балансиран фонд. Сепак поради карактерот на фондот, падот беше умерен и во текот на октомври повторно можеме да зборуваме за позитивни остварувања од 4,35% на ниво на година односно 2,05% од почетокот на годината. До крајот на 2015 година очекуваме дека ќе го задржиме годинешниот раст и тој ќе изнесува од 5-7% за балансирани фонд. Кај обврзничкиот фонд очекуваме годинешниот принос да се движи на ниво од 5% што е и досегашно остварување на фондот во текот на оваа година. Истото важи и за паричниот фонд кој што очекуваме дека ќе оствари годишен принос од 3%“, оценува Марковски. Дека интересот за вложување во инвестициски фондови се зголемува покажува и податокот дека од почетокот на годината, капиталот со кој управуваат тие се зголемил за 47,1%. Сега сите 13 фондови управуваа со 31,4 милиони евра.
Macedonian
2009
2010
2011
Инвестициската политика на фондовите во голема мера го определува типот на инвеститорите. Оние што не сакаат многу да ризикуваат, се одлучуваат да инвестираат во парични или обврзнички фондови кои што имаат и најниски приноси и тие опфаќаат речиси 85% од сите средства со кои што управуваат инвестициските фондови. Марковски објаснува дека во паричните фондови најмногу вложуваат фирмите и други финансиски институции и на тој начин управуваат со ликвидноста, додека пак граѓаните најчесто се одлучуваат за инвестиции во акции и обврзници. Интересно е што инвестициските фондови им овозможуваат на македонските инвеститори индиректно да купуваат хартии од вредност и од странските компании. Со тоа се обезбедува учество и можност за тргување на инвестициските фондови, како посебен вид финансиски институции, на странските берзи. Тоа значи дека со удел во некој акциски фонд, индиректно инвеститорот вложува во акции на Google, Apple, Coca Cola, Intel, BMW или Samsung. Овие инвестиции носат стабилна заработка, но без можност да се остварат енормно високи приноси. Повисок принос, според аналитичарите, може да обезбедат вложувања во акции на пазарите на капитал во земјите во развој.
2012
2013
2015
Финансиските аналитичари советуваат вложувањата во инвестициските фондови да бидат долгорочни, но објаснуваат дека вложените пари на инвеститорите им се достапни во секое време.
Каматите на државните обврзници паѓаат
Банките но и многу приватни компании имаат голем интерес за инвестирање во безризични хартии од вредност што ги издава Министерството за финансии и Народната банка. Вкупно во овие хартии од вредност се инвестирани речиси 1,5 милијарди евра. Меѓутоа, ако на почетокот на минатата година со инвестирање во државни обврзници можеше да се заработи принос од 5,3% за десетгодишна обврзница, сега каматата изнесува 3,5%. За обврзница со рок на доспевање од една година, Министерството дава камата од 2%, додека пак за записите од шест месеци само 1,45%. Најмал е приносот што го носат тримесечните записи и тоа само 1,25%. Според планот за годинава објавен во Буџетот, Владата со издавање на државни записи и обврзници планира да се задолжи за 307,2 милиони евра. Народната банка пак, се уште ја држи основната камата на благајничките записи на ниво од 3,25%, но овие записи може да ги купуваат само банките.
15 години
штедилница
МОЖНОСТИ
се движиме заедно
English
2014
www.kapital.mk
Капитал број 834 23.10.2015
40
финансии
Недвижнините како алтернатива за инвестирање
Изнајмување на стан поисплатливо од штедење во моментов
В пишува:
Игор Петровски
igor.petrovski@kapital.mk
Во недостаток на опции за инвестирање на слободните финансии на граѓаните и компаниите, купувањето недвижнини – станови и деловен простор, отсекогаш било сметано како најсигурен начин за чување на вредноста на парите. Додека да се развијат повеќе алтернативите на банкарското штедење(фондови, акции, животно осигурување и сл.), односно граѓаните да се стекнат навики и традиција за користење на овие форми на вложување на
Сега е добро време да се инвестира во станбен простор, велат аналитичарите на пазарот, затоа што цените на становите се намалени последниве неколку години, но во моментов се стабилизирани и не се очекува понатамошен пад. Дискутабилно е по која цена и колку лесно може да се препродаде стан по извесен број години, но годишниот принос од изнајмување може да изнесува просечно по 5-6%. личните финансии, недвижнините остануваат најчест избор. “Купената недвижност е најцврста валута во секое време, а особено во економска и политичка криза, што се темели на фактот дека ниту орочените депозити во банките со ниските каматни стапки, ниту било која работа, не може на долг рок толку многу да ја зголеми својата вредност како што е случајот со купените станови и недвижности, чија цена постојано расте“, вели Драгана Чифлиганец, извршен директор на Адора инженеринг, најголемиот градител на станови во Македонија во моментов. Со издавањето под закуп, недвижностите на сопствениците континуирано им носат дополнителен приход во семејниот буџет, додава таа, а со оглед на постојаната
побарувачка, становите секогаш може да се продадат по добра цена и со тоа да се оствари солидна заработувачка. Што се однесува до приносот што може да се оствари преку изнајмувањето на станбен простор, ако земеме како пример еден стан од 60 м2 во поатрактивните делови на Скопје, кој што на пазарот чини 60 - 65 илјади евра, тој може да се изнајмува по цена од 200-300 евра месечно, во зависност дали е наместен или не. На годишно ниво тоа е принос од 2500-3600 евра или просечно околу 5-6%, што во моментов е повеќе од било која годишна камата на денари или девизи во македонските банки. Според проценките на некои познавачи на пазарот, овие приноси во поединечни случаи може да бидат и повисоки, дури и преку 10%. Секако предвид
Традиција: Македонците се навикнати да вложуваат во станови
www.kapital.mk
Капитал број 834 23.10.2015
специјален прилог треба да се земат и трошоците (одржување на станот, евентуални штети и сл.) Сега е добро време да се инвестира во станбен простор, велат аналитичарите на пазарот, затоа што цените на становите се намалени последниве неколку години, но во моментов се стабилизирани и не се очекува понатамошен пад. Статистиките на Народната банка, покажуваат дека во третиот квартал од годинава, цените на становите се намалиле за 3,5% на годишно ниво. Споредено со 2010 година која што НБМ ја смета базна година, цените на становите се намалиле за 7,2%. “Продажбата на станови во моментов реално не оди баш лесно, пред сè поради соодносот понуда и побарувачка. Во моментов на пазарот има околу 8.000 слободни станбени единици за продажба, а потенцијални купци околу 2.000, што е јасен показател за движењето на продажбата на станови. Што се однесува до цената, во последните две години цените се доста намалени и моментално цената е стабилизирана, што од друга страна пак не значи дека нема да дојде до нови поместувања, имајќи ја во предвид целокупната ситуација во државата.“, изјави неодамна во интервју за Капитал, Горан Томески, директор на компанијата New Way Limited, специјализирана за трговија
Бројки:
5-6%
може да се оствари просечен годишен принос од изнајмување на стан во Скопје
750-1200
евра се движи цената на станбен квадрат во Скопје во моментов со недвижности.
Расте побарувачката за станови
Сепак, побарувачката за станови почна да расте годинава, што имплицира дека добар дел од слободните станови допрва треба да почнуваат да се “чистат“ од залиха. Во прилог на тоа оди и што кредитирањето од банките за купување станови продолжува да расте. До јуни, банките им одобриле на граѓаните вкупно 457,2 милиони евра
41
кумулативно, што е дури 19,1% повеќе отколку истиот период лани. Агенцијата за менаџирање недвижности Фортон, пред извесно време излезе со податок дека во првите шест месеци од 2015 бројот на трансакции за купопродажба на станови е пораснат за дури 30,5%. “Подобрените услови за кредитирање заедно со најниските цени на станбениот простор во последниве 10 години, се двата главни фактори што донесоа поголем број трансакции на пазарот за станови, односно на 1.605 трансакции во првото полугодие годинава“, рекоа од Фортон. Универзитетскиот професор по финансиски менаџмент Сашо Арсов пак, вели дека инвестирањето во недвижности (станови) не би го препорачал бидејќи смета дека „понудата на нашиот пазар е презаситена, а се работи и за многу неликвидна инвестиција со оглед дека релативно многу време е потребно да продадете стан, а и прашање е по која цена ќе може да го продадете“. Во секој случај нагонот за инвестирање во недвижности зависи од тоа колку граѓаните се заинтересирани за тоа станот да носи некаков принос, или едноставно да стои како “мртов“ капитал, наменет само како чувар на вредноста на парите, за живеење на следните генерации и сл., велат нашите соговорници на темава. nnn
ВЛОЖУВАЊЕТО ВО КВАЛИТЕТНА НЕДВИЖНОСТ Е НАЈСИГУРНА ИНВЕСТИЦИЈА И НАЈЦВРСТА ВАЛУТА!
Ф
актот дека вложувањето во недвижностите е најисплатлива и најсигурна долгорочна инвестиција, а воедно и мото на 14 годишното работење на Адора инженеринг, го аргументираме со финансиска анализа. Доколку одлучите да ги инвестирате Вашите пари во банките во Македонија како орочен депозит, ќе се соочите со каматни стапки од 0,5 до 2,2 %. Така, за вложени 50.000 евра, би добиле апсолутна добивка меѓу 250 и 1.100 евра на годишно ниво. За споредба, со вложени 50.000 евра на пазарот на недвижности, добивате квалитетен стан од 50 м² во градското подрачје, за кој би добиле приход од месечна кирија меѓу 250 и 500 евра, или меѓу 3.000 и 6.000 евра годишно, што претставува годишна добивка од 6 до 13 %, што е далеку повеќе од банкраската камата. Со купениот стан добивате доживотно владеење врз висококвалитетна, асеизмички тестирана недвижност со одлична енергетска и звучна изолација, што може да биде Ваш нов топол дом. Во врска со берзанското вложување, македонската берза на акции и обврзници што постои две децении, за жал остана најнеразвиена во регионот и бележи пад од 490% од 2007 година до денес, а речиси сите македонски компании исплаќаат незначителна дивиденда или воопшто не ја исплаќаат. Доколку најдете начин да инвестирате на светските пазари на капитал, согласно светскиот економски раст во 2014 година, најверојатно би оствариле профит од 3,3 % или пооптимистички од 6,5 %, што е просечен раст на развиените земји во светот во 2014. Сепак и овој профит е помал споредено со профитот од 6 до 13 % што би го добиле со инвестирање во недвижности на домашниот пазар, при што сте поштедени од брокерска провизија и ризик за Вашите пари. Од друга страна пензиските фондови или друштва, кои прогнозираат во просек околу 6 % профит на годишно ниво, не нудат гаранција за тоа, ниту евиденција на кој начин се вложуваат Вашите пари. Логичен заклучок кој се наметнува од овие факти и бројки е дека вложувањето во квалитетна и сигурна недвижнина на домашниот пазар претставува најисплатлива, најдолгорочна и најмалку
ризична инвестиција, со што добивате и квалитетен дом за живеење. Адора инженеринг Ви нуди и придобивка плус со донесената одлука за инвестирање на Вашите пари, а тоа е ликвидноста на нашите недвижности. Илустрација за тоа се големиот број наши клиенти кои имаат заработено Душко Чифлиганец и до 10 % од вредноста на станот, Заменик генерален директор за една година само со купување во Адора инженеринг и препродавање на недвижноста Дипломиран економист на во објектите каде побарувачката е Факултетот за економија бизнис на Американскиот поголема од понудата. Доколку се иуниверзитет во Дубаи работи за поголема сума распожливи средства, особено исплатливо е тие да се инвестираат во купување ексклузивни деловни простории, кои носат големи месечни кирии. Имајќи го во предвид порастот на странските инвестиции во изминатиот период и сегашната мала понуда на ексклузивен деловен простор во Македонија, очекуваме дека побарувачката значително ќе ја надмине понудата. Тоа го воочуваме низ зголемениот интерес за деловниот центар во рамките на новиот уникатен комплекс Адора Flatiron Скопје, кој ќе претставува врв на урбаното домување и на само 10 минути пеш од строгиот центар на Скопје ќе нуди едни од најексклузивните бизнис простории во метрополата. Водејќи се според цените на недвижностите во регионот и аспирациите на Македонија за европска интеграција, долгорочно гледано, сметаме дека цените на висококвалитетните „премиум“ недвижности, со сигурност ќе забележат значителен пораст во следната деценија. Најдобра илустрација за „премиум“ недвижностите е нашиот најнов комплекс Адора Flatiron Скопје за чиј квалитет и уникатност, дознајте повеќе на: www.adoraflatiron.mk. Добивката е очигледна!
www.kapital.mk
Капитал број 834 23.10.2015
Интервју
Петар Андреевски главен извршен директор на Друштвото за управување со инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент
Артон Лена
извршен директор на Друштвото за управување со инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент
Главните менаџери на ВФП Фонд Менаџмент објаснуваат зошто вложувањето во акциски инвестициски фонд е добра алтернатива на банкарското штедење и купувањето недвижнини.
www.wvpfondovi.mk +389(2) 32 800 82
42
Преку нашиот фонд станувате сопственици во најмоќните светски компании
К разговарал:
Игор Петровски
igor.petrovski@kapital.mk
XX Колку време работи ВФП Фонд Менаџмент на македонскиот пазар и какви резултати имате досега постигнато?
Андреевски: ВФП групацијата од Грац, Австрија, е нашата компанија мајка, и веќе 30 години е лидер во југоисточна Европа во делот на брокерските услуги во осигурувањето, а 19 години има искуство во менаџирање на инвестициски фондови. ВФП како групација е присутна повеќе од 10 години и во Македонија, како лидер во посредувањето при осигурување, а од пред десетина месеци почна со работа и Друштвото за управување со инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент. ВФП Фонд Менаџмент на македонскиот пазар за почеток управува со два инвестициски фондови, и тоа еден акциски инвестициски фонд - ВФП Премиум Инвест, и еден паричен инвестициски фонд - ВФП Кеш Депозит. Она на што сме особено горди е довербата која ни ја дадоа нашите клиенти уште од самиот старт. Како резултат на таа доверба во овој момент нашето Друштво управува 6 милиони евра. За овој краток период нашиот фонд - ВФП Премиум Инвест стана водечки акциски инвестициски фонд
според вредноста на средствата кои ги менаџираме.Тоа за нас претставува и огромна одговорност имајќи во предвид дека нашата стратегија е да се наметнеме на пазарот како лидери,особено во делот на акциски инвестициски фондови. Акцискиот фонд кој нашата Групација го управува во Австрија за минатите 19 години има остварено 7.5% годишен просечен принос за своите инвеститори. Имајќи предвид дека квалитетен know how за инвестирање на средствата црпиме токму од нашата матична компанија од Грац, Австрија, сметаме дека ова позитивно 19-годишно искуство е доволна насока и стимулација за тоа што може да очекуваат во идниот период нашите инвеститори. XX Зошто оној што има слободни средства треба да ги вложи во инвестициски фонд како што е вашиот? Лена: Прво треба да направиме разлика помеѓу поимите тргување и инвестирање. Тргувањето на светските берзи значи да
Мотив: Најчести мотиви за вложување во акциски фондов
www.kapital.mk
Капитал број 834 23.10.2015
специјален прилог купиш акции поевтино, да на најбогатите слоеви од продадеш поскапо, и во некој најразвиените општества. краток временски период Лена: Ова е единствен начин Парите на да оствариш добивка, што што овозможува вложување нашите клиенти надвор од Македонија. често се поврзува и со ги пласирaме шпекулативни моменти. Сите други форми на во акции Инвестирањето пак, значи инвестирање: депозити, на Дајмлер дека со купувањето акции акции, недвижности, итн, во најмоќните светски законски се ограничени само (Мерцедес), на територијата на земјава. компании, ние како фонд, Баер, Нестле, односно нашите клиенти Целото наше портфолио се Рош, Епл, што ни ги довериле своите состои од акции на компании Мајкрософт... средства да ги менаџираме, во развиените економии Сите компании стануваме сопственици во тие –Германија, САД, В.Британија се светски компании. Во овој случај не и Швајцарија. Сакам да може да очекуваме добивки истакнам, дека ова не е корпорациски преку ноќ, односно се работи начин на вложување само гиганти, од за инвестирање на долг рок, за богати луѓе, туку секој различни каде што вложувачите заедно што чувствува дека може да индустрии со сите останати акционери одвои барем 10% од својот и различни на компаниите, ги уживаат приход на месечно ниво, и да земји, со што плодовите од нивниот успех, очекува солидни приноси со раст и развој. релативно мал ризик. се дисперзира XX Колку време u Како ќе им објасните секој вид на препорачувате ризик за нашите на клиентите да вложуваат во акции, клиентите да бидат вложувачи трпеливи? кога има светски кризи, Андреевски: Светското пукање на “технолошки искуство во инвестирањето во акциски балони“, паѓање на берзите? фондови, вели дека некаков минимален Андреевски: Светските берзи т.е главните период кој што треба да помине за да светски берзански индекси на долг рок има смисла инвестирањето во акции е растат - 10, 15, 20 или 30 години наназад. 10 години. Не случајно, во развиените Еве, на пример, германскиот берзански финансиски пазари како САД, западна индекс DAX, каде што влегуваат 30-те Европа и сл., луѓето најчесто инвестираат во најголеми компании кои котираат на инвестициски фондови водени од следниве Франкфуртската берза, од 2005 година до два мотиви: обезбедување средства за сега ја има зголемено својата вредност за школување на своите деца и капитал за околу 120%. Тоа е 8% годишен просечен пензионерски денови. Тоа значи дека принос, што пак е неколкукратно повеќе парите што ги инвестираат во фонд, не ги отколку банкарските каматни стапки во “чепкаат“ по 15, 20 години. Но, она што е овој момент. Да не го заборавиме фактот добро кај инвестициските фондови, е што вие дека токму во овие 10 години се случи и можете постојано да вложувате средства, најголемата светска економска криза во на месечно, квартално или годишно ниво, минатите 50 години.Слично е и со останатите нема ограничувања. Ова е извонредна големи светски берзански индекси, како алтернатива на конзервативните форми на Dow Jones, S&P500, итн. Би истакнал дека вложување, како банкарски депозити или поголемиот дел од компаниите во кои ние недвижностите, на пример. Исто така, што е вложуваме редовно исплатуваат дивиденда многу важно за нашите клиенти, е тоа што од околу 2%-3% годишно на пазарната своите средства можат во секое време да вредност, која комплетно им припаѓа на си ги повлечат од фондот, односно според инвестирорите. законската регулатива, ние сме обврзани Лена: Ние како инвестициски фонд, гледаме да им ги откупиме уделите по пазарната да избереме акции на компании што имаат вредност во тој момент. најдобри перформанси меѓу сите што влегуваат во овие индекси. Да илустрирам XX Кои профили на луѓе се ваша што значи инвестирање на долг рок во целна група, односно кој сè е “квалификуван“ да вложува во ВФП акции на успешни светски компании, ќе земам еден пример со Apple:кога излезе ПремиумИнвест? Ан дре евски: Д о б р а та р а б ота в о нивниот мп3 плеер iPod, пред точно 14 инвестирањето во акциски фонд, е што години, чинеше 400 долари. За тие пари вие како вложувач не мора да имате тогаш сте можеле да купите околу 400 акции некакви предзнаења за акции, берзи и на Apple бидејќи една чинеше нешто повеќе сл. Едноставно, им ги доверувате своите од еден долар. Денес акцијата на Apple е средства на луѓе кои знаат како на најдобар околу 115 долари, што значи вашите 400 начин да ги менаџираат за вас. Преку ВФП акции во овој момент би вределе 46.000 Премиум Инвест секој македонски граѓанин долари, анавашиот iPod после толку време може да добие еднаква можност, и најважно најверојатно веќе ни трагата нема да му од сè, еднаков квалитет за инвестирање се знае. на својот капитал, на своите сегашни XX Во кои светски компании вие како и идни заштеди, како и припандиците фонд менаџери одлучивте да ги
43
ВФП Фонд Менаџмент со новитет
Животно осигурување и вложување во инвестициски фонд
В
ФП Фонд Менаџмент од неодамна заедно со Винер лајф - животно осигурување, излегоа со иновативна понуда на македонскиот пазар: купувате полиса во Винерлајф, а парите што ги уплатувате за вашето осигурување, ВФП Фонд Менаџмент ги инвестира преку својот фонд ВФП Премиум Инвест на светските берзи. “Она со што ние се гордееме, освен огромната доверба која нашите клиенти ни ја даваат овие 10 месеци, е довербата која ни ја даде еден од најголемите финансиски гиганти во централна и југоисточна Европа Vienna Insurance Group од Виена, доверба која Ве уверувам оваа компанија исклучително ретко и тешко ја дава. Од овој месец заеднички претставивме револуционерен продукт, кој е еден од најголемите, ако не и најголем, финансиски тренд во Западна Европа, и за прв пат доаѓа во поблискиот регион, и тоа ексклузивно во Македонија. Станува збор за Лајф Инвест, продукт кој претставува комбинација меѓу инвестирање во инвестициски фонд, и заштита на најблиските преку животно осигурување. Лајф Инвест претставува продукт за кој сме сигурни и ние, и нашиот партнер Винер Лајф, дека многу брзо ќе стане најдоминантен продукт на пазарот со финансии.“, објаснува Петар Андреевски – Главен Извршен директор на ВФП Фонд Менаџмент. пласирате парите на вашите клиенти? Андреевски: Околу 40-50% од нашето портфолио се акции на германски компании, меѓу кои би ги споменал Дајмлер(Мерцедес), Баер, Мјуних ре, Алијанс. Сите тие се гиганти во своите индустрии. Во нашето портфолио би ги издвоил акциите во Беркшир Хатавеј (компанијата на легендарниот американски инвеститор Ворен Бафет), Унилевер, во швајцарските компании Нестле и Рош, Епл, Мајкрософт, итн.Нашето портфолио е составено од 80-тина моќни компании, лидери во најразлични индустрии автомобилска, фармација, прехрана, технологија, во неколку развиени земји. Тоа значи дека нашите клиенти имаат географска, индустриска и валутна дисперзија на своето вложување. nnn
ви на Запад се школување на децата или повисока пензија