специјален прилог - градежништво
Кој е кој
во градежната индустрија? l Новиот градежен
l Новите станови
l Индустријата за
l Кои производи
бум ќе ја раздвижи економијата градежни материјали работи со половичен капацитет
се 80% македонски производ и индустрии се вклучени во изградба на еден стан?
www.kapital.mk
Капитал број 808 24.04.2015
28
Kој е кој во градежната индустрија?
Кој е кој во градежништвото?
И
Изминативе неколку години беа златни години за македонската градежна индустрија. Изградбата на станови и деловен простор секоја година расте, а расте и побарувачката поттикната од досега најевтините камати од страна на македонските банки. Изминативе неколку години јавните инвестиции финансирани од државниот буџет и од задолжувања
од странство беа главниот носител на економскиот раст и донесоа многу големи бизниси за градежните компании. Се градеа деловни објекти и управни згради, улици, мостови, споменици, а последнава година домашната градежна индустрија е ангажирана на изградбата на двата автопати Скопје-Штип и Кичево Охрид, инвестиции вредни околу 700 милиони евра. Важен импулс за развојот на градежната индустрија во изминативе две-три години беше и изградбата на фабриките од страна на странските инвеститори во слободните економски зони. Благодарение на оваа експанзија, приходите и добивките на најголемите и најактивните градежни компании растат. Капитал се обиде да направи кратка анализа кој е кој во градежната индустрија и кои се компаниите кои најмногу профитираа од градежната експанзија која се случуваше во земјава во изминативе неколку години.
Кои се лидерите во македонската градежна индустрија?
Ако се анализираат податоците за приходите кои ги остваруваат градежните компании тогаш лидер во македонската градежна индустрија и понатаму останува Гранит. Станува збор за најголемата градежна компанија во земјава, која е со домашен капитал, на чие чело е долгогодишниот менаџер Страшо Милковски. Минатата година Гранит ја заврши со оперативни приходи од близу 80 милиони евра. покажуваат податоците од недефинираните финансиски извештаи што компанијата ги доставила до Македонската берза. Иако Гранит има пад на приходите, таа се уште останува најголема градежна компанија, која според големината на приходите лани беше рангирана како 12 по големина компанија во Македонија. Она што е евидентно е што во изминативе неколку години се намалуваат приходите кои Гранит ги прави на домашен пазар, но растат приходите на странските
градежништво: кои се компаниите кои најмногу профитир
www.kapital.mk
Капитал број 808 24.04.2015
29
Оперативни приходи (во мил евра)
Гранит
Бетон Скопје
Изминативе неколку години беа златни години за македонската градежна индустрија. Се градеа станови, деловни објекти, улици, споменици, мостови... , а градежништвото беше главен носител на економскиот раст на земјата. Благодарение на оваа експанзија, приходите и добивките на најголемите и најактивните градежни компании растеа. Капитал направи кратка анализа кој е кој во градежната индустрија и кои се компаниите кои најмногу профитираа од градежната експанзија која се случуваше во земјава во изминативе неколку години. пазари. Лани Гранит имаше пад на приходите од домашен пазар од 50%. И покрај падот компанијата се уште најголем дел од приходите ги остварува дома. Но, она што може да се забележи во изминатите неколку години Гранит полека, но сигурно ги зголемува бизнис зделките на странски пазари. Така само минатата година приходите од странски пазари достигнаа 23,3 милиони евра, што е огромен раст во овој сегмент, ако се спореди со 2011 година кога компанијата имала само 165 илјади евра приходи од
странски пазари. Гранит е дефинитивно лидер во нискоградбата, односно проектирање, изградба и надзор во градежништвотонискоградба, хидроградба, високо градба, изведба на електро инсталации,патишта, мостови, тунели, производство. Гранит има свои претставништва во Германија, Русија, Албанија, Бугарија, Украина, Хрватска и Црна Гора. Втор најголем играч во македонската градежна индустрија е Бетон. Основните активности на компанијата се истражување,
раа од градежната експанзија?
2013
2014
Адора Инженеринг
2012
2013
13,40
2012
7,80
2014
5,08 2013
20,13
2012
17,80
2014
20,04
2013
44,80
2012
45,30
50,00
80,00
103,80
94,05
специјален прилог
2014
Бетон Штип
www.kapital.mk
Капитал број 808 24.04.2015
30
Kој е кој во градежната индустрија?
проектирање, изградба и надзор на станбени и деловни згради, како и на индустриски и јавни објекти. Бетон е компанија со домашен капитал, на чие чело е Дејан Нешковиќ. Бетон минатата година ја заврши со оперативни приходи од 44,8 милиони евра, и во споредба со 2013 година е пад од 1%, покажуваат податоците од извештаите на компанијата доставени до Македонската берза. Сите приходи на Бетон се остваруваат од учество во проекти на домашниот пазар, како во високоградба, така и во нискоградба, но во изминативе три години тие бележат постојано намалување. Колку за споредба оперативните приходи на Бетон во 2012 година изнесуваа 50 милиони евра. Бетон покрај во Македонија, има отворено свои претставништва и во Германија, Чешка, Либија, Украина, Србија и Русија. Ако треба да се издвои градежната компанија која е лидер во изградбата на станови тоа дефинитивно е Адора Инженеринг. Голем е бројот на градежни фирми кои беа вклучени во градежната експанзија поврзана со изградбата на станови, но Адора Инженеринг се наметнува како лидер според бројот на изградени станови и растот на приходите кој го остваруваше во изминатите неколку години. Адора Инженеринг, која е основана од
бизнисменот Ванчо Чифлиганец, а сега извршно управувана од неговата ќерка Драгана Чифлиганец, минатата година ја заврши со приходи од 20,13 милиони евра, што е раст од 13,08% во споредба со 2013 година. Само минатата година Адора Инженеринг изградила 320 станови, што е зголемување од 18,5 за една година. Покрај по бројот на изградени станови, Адора во изминативе неколку години се наметна и како една од градежните фирми која воведе модерни и енергетско ефикасни новини во станбените објекти кои ги гради. Во последните неколку години како еден од важните играчи во градежниот бизнис се наметнува и Бетон Штип, чија основна дејност е изградба на станбени и нестанбени згради низ целата земја. Бетон Штип минатата година ја заврши со оперативни приходи од 13,4 милиони евра, што е раст од 72% во споредба со претходната 2013 година. Сите приходи на Бетон Штип се направени на домашниот пазар и во изминативе три години има извонреден раст на приходите од 164% во споредба со 2012 година кога фирмата имала само 5 милиони евра оперативни приходи. Меѓу големите играчи во македонскиот градежен бизнис се и битолската фирма Пелистер Битола, на поранешниот битолски градоначалник Силјан Мицески, која е вклучена во високоградба и во нискоградба, а која со приходи од 22
Паѓа бизнисот на градежниците во странство
Е
дна од најболните точки за македонското градежништво е губењето на пазарите во странство од кои живееше овој витален сектор за нашата економија. Статистиката покажува дека овој процес наместо да се стабилизира дополнително се интензивира во последните неколку години. Имено од 2011 година наваму извршените градежни работи во странство се намалени за повеќе од 50%. Оваа цифра која изнесувала 35,8 милиони евра во 2011 година во 2014 е падната на едвај 16 милиони евра. Самите градежници сето ова го објаснуваат со поголемата ангажираност во домашните градежни проекти особено оние кои ги финансира Владата, но и сами признаваат дека ова е само краткорочно решение кое не смее да ги успие да се откажат од бизнисот на странски пазари.
Комплекс Адора-општина Аеродром-Скопје
Порта Адора-Кисела Вода-Скопје
Спомен-обележје Водици-Охрид
Меѓународна европска награда за квалитет 2014, Париз, Франција
2002 - 2015 l Најуспешна компанија во
Црква Св. Јован Крстител-Аеродром-Скопје
Билјанини Извори-Охрид
високограбата во Македонија l 30 елитни објекти со 1.600 домови во Скопје, Охрид и Струмица l 302 продадени станови-рекорд во 2014 l Докажана асеизмичка стабилност со вештачки земјотрес-единствена во Р.М. l Прв енергетски пасош А-класа во Македонија-драстична заштеда на енергија l Функционален дом со европски квалитет, по мерка на купувачите l Најповолнo кредитирање во соработка со банките l Грижа за купувачите, изненадувања и награди l Општествено одговорна компанија со донации за заедницата
02 30 93 200 l02 5 215 215 l070 204 024 l075 240 200 l078 240 467 l078 240 354 l075 244 244 - Охрид * info@adora.com.mk
www.adora.com.mk
www.facebook.com/adora.inzenering
www.kapital.mk
Капитал број 808 24.04.2015
32
Kој е кој во градежната индустрија?
милиони евра во минатогодишното рангирање на Капитал 200 најголеми беше рангирана како 81 најголема во земјава, односно петта по големина градежна компанија. Потоа штипската градежна фирма Актива која во 2013 година имала приходи од 20,2 милиони евра, струмичката Жикол со приходи во 2013 година од 18,37 милиони евра, Еуро Актива со приходи од над 17 милиони евра, Џевахир Груп со приходи над 13 милиони евра, битолската Марковски компании со приходи од над 11 милиони евра. Според последните ревидирани финансиски податоци кои се достапни на листата топ 200 најголеми компании според приходите што ги оствариле минатата година, дури 13 компании се од градежниот сектор, кои заедно имале вкупен обрт од 346 милиони евра и оствариле вкупно добивка од 36 милиони евра. На последното рангирање пак на Капитал на листата 200 најпрофитабилни компании имаше дури 24 градежни компании. Најпрофитабилна градежна фирма за 2013 година била битолската Пелистер со профит од 7 милиони евра, со годишен раст на профитот од 105%. Адора Инженеринг годинава падна на второ место на најпрофитабилни градежни фирми, додека најголемата градежна фирма Гранит со профит од 5,2 милиони евра е трета најпрофитабилна фирма во овој сектор. nnn
Градежниците трошат повеќе градежни материјали и енергија
У
ште еден показател кој ја покажува експанзијата во градежништвото е вредноста на потрошените материјали и енергија. Ако во 2010 година македонската
градена индустрија потрошила градежни материјали и енергија вредни 99 милиони евра, во 2013 година вредноста е зголемена на 163 милиони евра, што е раст од близу 100%
www.kapital.mk
Капитал број 808 24.04.2015
34
Kој е кој во градежната индустрија?
Новиот градежен бум ќе ја раздвижи економијаta пишува
Оливер Трајчески
oliver.trajceski@kapital.mk
Р
ечиси милијарда евра вредни инфра-структурни зафати се градат или се очекува да почнат да се работат во земјава во периодот кој претстои. Ова претставува
добар услов за уште една голем градежен бум во Македонија, кој несомнено позитивно би се одразил врз домашната економија чиј примарен двигател е токму градежниот сектор. Многумина очекуваат дека новиот градежен бран ќе помогне домашните компании да ги усовршат и имплементираат новите технологии. Експертите кои „Капитал“ ги консултира
сметаат дека домашните градежни компании веќе долг временскиот период се ангажират, а рамномерно се работи како на патната инфрастуктура, така и во секторот за високо и нискоградба. Освен реконструкцијата на локалните и регионалните патишта и изградбата на технолошките зони, истовремено се работи на три автопатски делници чија вредност изнесува речиси
www.kapital.mk
Капитал број 808 24.04.2015
специјален прилог 800 милиони евра. Станува збор за новиот автопат Кичево-Охрид во вредност од 370 милиони евра, Миладиновци-Штип со должина од 47 километри и вредност над 206 милиони евра, односно Демир Капија – Смоквица во должина од 27 километри и вредност од 210 милиони евра. Капитал анализираше како целокупната градежна експанзија во Македонија ќе се одрази врз домашните градежни компании и економијата во целост. „Градежништвото последниве години бележи тренд на зголемување на активностите и еден од двигателите на македонската економија. Градежните компании веќе подолго време се ангажират, како во секторот нискоградба, така и во високоградбата. Рамномерно се работи на патната инфраструктура, а се продолжува и станбената изградба, за што дадода поттик ниските каматни стапки“, смета Сеад Кочан, сопственик на градежната компанија „Трансмет“. Според него, во моментов има дорби предуслови за уште поголем градежен бум во земјава во наредните неколку години. „Очекувањата се исполнија во целост, многу беше важно тоа што се започна да се работи на сите засегнати апсекти на економијата, се уредија законите, се работи во делот на нивно усогласување, да можат сите компании да учествуваат рамноправно на пазарот и рамноправно
Бројки:
34
километри автопат се изградени во Македонија во периодот 2009-2011
130
километри автопат би требало да бидат завршени до 2018 година
390
километри би требало да изнесува вкупната автопатска мрежа во Македонија до 2018
49%
од вкупните средства, кинеските градители мора да потрошат на македонските материјали и подизведувачи според претходно потпишаниот договор
35
Домашните градежни компании се ангажираат за милијарди евра вредните инфраструктурни зафати во земјава, а во моментов се работи на три автопатски делници во вредност од речиси 800 милиони евра да профитираат, секако, во зависност од нивната ангажираност и исполнетост“, вели Кочан.
Ни претстои период на интензивно градење автопати
Покрај отпочнувањето на градежните активности за двата клучни автопатски
правци помеѓ у Кичево и Охрид и Миладиновци и Скопје, во зрела фаза на градба е и последната делница од коридорот 10, автопатот помеѓу Демир Капија и Смоквица во вкупна должина од 27 км. Овој проект следува после неодамна завршените 8 км од Куманово до српската граница, а кои беа надоврзување и на
www.kapital.mk
Капитал број 808 24.04.2015
36
Kој е кој во градежната индустрија?
Г
Сеад Кочан
сопственик на градежната компанија „Трансмет“.
радежните компании веќе подолго време се ангажират, како во секторот нискоградба, така и во високоградбата. Рамномерно се работи на патната инфраструктура, а се продолжува и станбената изградба, за што дадода поттик ниските каматни стапки.
„Трансмет“ го гради автопатот Кичево-Охрид
П
окрај домашните „Гранит“ и „Бетон“, реномираната македонска компанија од градежниот сектор „Трансмет“ е вклучена во изградбата на втората делница од автопатот Кичево-Охрид. Покрај автопатот, трасата предвидува изградба на 10 мостови и вијадукти. Со овој милионски проект, компанијата продолжува да биде од големите инфраструктуни зафати во земјава.
проектот за автопатска обиколница околу Скопје во должина од триесетина километри кој беше завршен во 2009 година. Ова значи дека после многугодишна стагнација која трае од 2001 година и автопатското поврзување помеѓу Скопје и Тетово. Анализите покажуваат дека во периодот од 2009 до 2011 во Македонија се пуштени во употреба околу 34 км автопат. Станува збор за делот околу скопската обиколница и влезот во државата од страна на Србија кон Кумнаово. Пред 2009 година, вкупната километража на автопатите во земјава изнесуваше 228 км, а сега 262 км. Ако во предвид се земат новите автопатски делници, математиката вели дека за нецела децнија автопатската мрежа во Македонија ќе се зголеми за речиси 50%. Исто така, на крајот од 2012 и почетокот на 2013, во употреба беше ставена делот од автопатската делница од Катланово до Велес. nnn
Градежната компанија ТРАНСМЕТ со повеќе од 20 годишно искуство е една од водечките градежни компании во Македонија. Квалитет, брзина на изведување на работите, максимално почитување на роковите и комплетната понуда се главните адути кои ја сочинуваат нашата конкурентска предност. ТРАНСМЕТ постојано го развива својот опсег на услуги овозможувајќи им на своите клиенти квалитет и иновации во градбите според сите светски стандарди. Услуги со кои градежната компанија ТРАНСМЕТ успешно се претставува на пазарите во земјата и регионот се: нискоградба; високоградба; хидроградба; рударство, транспортни услуги итн. Како потврда за квалитетот на услугите кои ги нудиме како и посветеноста кон грижата за животната средина, ТРАНСМЕТ ги поседува меѓународните стандарди ISO 9001:2008, ISO 14001:2004 и OHSAS 18001:2007.
60%
повеќе километри автопатска мрежа ќе има во Македонија во 2018
Се реставрира и патот Велес- Штип
Ж
ителите на Штип веројатно ќе добијат и големи инфраструктурни придобивки после неколку децении целосна изолација. Со заем од Европска банка се реставрира и проширува клучниот инфраструктурен јазол во Македонија и една од најцрните точки со најмногу сообраќајни несреќи, патот Велес Штип. Оваа делница од околу 40 километри во моментов е главна врска помеѓу Повардарието и цела источна Македонија. Постоечкиот пат е широк едвај шест метри и постојано е обележан со полна линија што значи дека многу ретки се можностите за претекнување. По истиот пат неретко се движи и земјоделска механизација како и добиток и запрежни коли.
www.kapital.mk
Капитал број 808 24.04.2015
специјален прилог
37
Градежниците “купуваат домашно“
Новите станови се 80% македонски производ
Н пишува
Оливер Трајчески оliver.trajceski@kapital.mk
Неколку стотици милиони евра изнесува пазарната вредност на новоизградените станови во Македонија годишно. Капитал истражуваше колку станбените единици се всушност македонски производ, односно колкав дел од градежните материјали вградени во една зграда се произведени
Неколку десетици индустриски гранки во Македонија се вклучени директно или индиректно во изградбата на еден стан - дрвена, метална и пластична галантерија, алуминиум, стакло, врати, гранит, паркет, плочки, материјали и производи за санитарија, железарски лим за покриви и профили за огради, лифтови, уреди за осветлување, фотоволтаици, хортикултурно уредување... се само дел од производите вградени во новите градби, а кои што речиси 80% се од домашно производство, како што истакнуваат градежниците.
во земјава, но и колку фирми, изведувачи, консултанти и комплетната работна сила е домашна. Нашите соговорници од неколку домашни градежни компании велат дека бројот на инволвирани индустрии во изградбата на станови, директно и индиректно е речиси 30. „Во изградбата на една станбена единица се
вклучени голем број производи, индустрии и услужни дејности од градежниот и други комплементарни сектори. Тука доминираат производите за армирачко-бетонските работи, како цементот, бетонот, адитивите за бетон, компаниите за контрола на квалитетот и цврстината на вградениот бетон, производство на бетонски железо, мреж на арматура, цигли, материјали и
Анализа: Становите се 80% македонски производ
www.kapital.mk
Капитал број 808 24.04.2015
38
Kој е кој во градежната индустрија?
производи од малтер и гипс, изолациони и електрични материјали, производи од ПВЦ металната индустрија, материјали за хидроизолација и термоизолација, изолатори за фасада и други фасадни материјали“, вели Ванчо Чифлиганец, генерален директор на градежната компанија „Адора Инженеринг“. Од ова произлегува дека за изградба на стабилен, квалитетен и енергетски ефикасен стан, вклучен е широк дијапазон на производи, индустрии и услужни активности. „За изградба на еден станбен објект ПРОДАЖБА НА ГОЛЕМО И МАЛО ул. Женевска бр.3 Скопје, Македонија
САЛОН-МАЛОПРОДАЖБА ул.Женевска бр.3 / тел: 02 20 40 572 ДИРЕКЦИЈА ул.15 Корпус бр.3 / тел: 02 32 22 519
www.ritamtrejd.com.mk
Ритам Трејд ДОО Скопје е правно лице формирано во 2009 година, со заедничко вложување на Ритам инженеринг- Белград со цел за заеднички настап на регионалниот пазар за трговија со градежни материјали. Интернациолналното искуство и присутност на регионалниот пазар на странскиот партнер со веќе високо изградена позиција го оправдуваат постоечкиот пристап. Нашите основни цели и стремежи се пред се задоволувањето на се повисокиот критериум на домашните клиенти. Ова пред се се должи на фактот што Ритам Трејд ДОО Скопје, се стреми да го достигне врвот во секторот на сува градба во Република Македонија што е неизбежна последица на квалитетот и реномето на производите од неговиот асортиман. За нас квалитетот на материјалите и изведбата се императив кој налага неизбежно и постојаното вложување во професионалната надградба на вработените као и натамошно проширување на асортиманот со врвни светски брендови. Обезбедувањето на постојан и стручен сервис за клиентите јасно укажува на нашата насоченост кон купувачот со што се овозможува ззадоволување на сите негови со право се поголеми барања и очекувања. Долгогодишната успешна соработка со реномираните европски и светски производители на градежни материјали: RIGIPS - СИСТЕМИ ЗА СУВА ГРАДБА АRMSTRONG - КАСЕТИРАНИ ПЛАФОНИ ЕGGER - ЛАМИНАТНИ ПОДОВИ LEXAN (LEKSAN) - ПОЛИКАРБОНАТНИ ПЛОЧИ KNAUFINSULATION - МИНЕРАЛНА И КАМЕНА ВОЛНА WEDI - СУВА ГРАДБА ВО МОКРИ ЧВОРОВИ BARLINEK - ПОВЕЌЕСЛОЈНИ ПАРКЕТИ KRONOTEX - ЛАМИНАТНИ ПОДОВИ VELUX - КРОВНИ ПРОЗОРЦИ INTRAPROFIL - ПРОФИЛИ И ПРИБОР ЗА СУВА ГРАДБА ISOVER - МИНЕРАЛНА ВОЛНА TARKETT - ЛАМИНАТНИ ПОДОВИ И ПОВЕЌЕСЛОЕН ПАРКЕТ TECHNOGIPS - СИСТЕМИ ЗА СУВА ГРАДБА DOLLKEN - ПОДНИ ЛАЈСНИ PROFILE VOX - ПОДНИ ЛАЈСНИ, ПВЦ ЅИДНИ И КРОВНИ ОБЛОГИ
Постојаното вложување во персонал, објекти и опрема нè претставуваат како сигурен партнер на домашниот пазар.
потребни се дрвена, метална и пластична галантерија, алуминиум, стакло, врати, гранит, паркет, плочки, материјали и производи за санитарија, железарски лим за покриви и профили за огради, лифтови, уреди за осветлување, фотоволтаици, хортикултурно уредување, занаетчиски и други услужни дејности, како и производи за опремување, безбедност, заштита и исхрана на градежните работници“, потенцира Чифлиганец. Сеад Кочан, сопственик на градежната компанија „Трансмет“ вели дека во изградбата на еден стан се вклучени околу
26 индустриски гранки. „Искуството покажува дека бројот на индустриите засегнати од градежништвото е голем. Во изградбата на еден стан се вклучени околу 26 индустриски гранки, меѓу кои поважни се металната индустрија, дрвната, експлоатацијата на минерални суровини, стакло, керамика, кожа, галантерија и други,“ вели Кочан.
Од увоз најмногу доаѓаат ПВЦ профили и алуминиум
Голем дел од сертифицираните производи вградени во станбените единици во земјава имаат македонско потекло. Цементот, бетонот, циглите и железарскиот лим за покривите како најголема ставка во изведбата на објектите, се најчесто употребуваните македонски производи потребни во градежништвото. „Дел од производите вградени во станбените единици се од македонско производство, кои се одликуваат со врвен квалитет по европските стандарди. Сите сертифицирани македонски производи потребни во градежништвото, што се на располагање во државава, ги употребуваме за изградба на станбените објекти, како што се цементот и бетонот, како најголема ставка во изведбата на објектите, потоа циглите, адитивите, железарскиот лим за покривите и производите од хемиската индустрија, заштитната опрема, прехранбената индустрија и др. Изведбата на станбените објекти на Адора инженеринг е 100% македонски производ, со оглед дека сите ангажирани фирми, изведувачи, подизведувачи, ѕидари, мајстори, градежни и занаетчиски работници, проектанти, инженери, консултанти, надзор, проценители, менаџери и комплетната работна сила е од Македонија.“, вели Чифлиганец. Производите кои поректо се сретнуваат во земјава се набавуваат со увоз од странски производители, како железо, стакло, ПВЦ профили и алуминиум, кои во голем процент се полупроизводи што се доработуваат, транспортираат и монтираат во акредитирнаи македонски компании, односно на еден начин домашните фирми учествуваат во изработката на овие производи. „Од увоз се дел од производите кои се употребуваат за уредување на внатрешниот дел на становите. Градежништвото е специфична дејност, за што се употребува голем спектар на производи, индустрии и услуги, каде за изведба на објектите, ангажираните компании и човечките ресурси се комплетно од Македонија, додека вградените производи се македонски и од странско потекло, при што приоритет на Адора инженеринг е тие да се со висок стандардизиран квалитет со цел да се изгради сигурен, квалитетен, економичен и здрав дом, со трајна вредност за повеќе генерации
www.kapital.mk
Капитал број 808 24.04.2015
специјален прилог
В Сеад Кочан
ко-сопственик на Трансмет
о изградбата на еден стан се вклучени околу 30 индустриски гранки, меѓу кои металната индустрија, дрвната, експлоатацијата на минерални суровини, стакло, керамика, кожа, галантерија...
М
С
Ванчо Чифлиганец сопственик на Адора
ите сертифицирани македонски производи потребни во градежништвото, што се на располагање во државава, ги употребуваме за изградба на станбените објекти, како што се цементот и бетонот, како најголема ставка во изведбата на објектите.
39
Никола Велковски
акедонските производи или полупроизводи учествуваат со отприлика 70-80% во финалниот производ – готов стан.
претседател на Здружение за градежништво
Голем број производители вклучени во изградбата на станови
П
ри изградбата на еден стан вклучени се голем број производители и подизведувачи, почнувајќи од оние задолжени за цемент, арматура, метални профили и лимови, па се до производители на цевки за водовод и канализација, парно греење и радијатори, односно готов бетон и керамика. „При изградба на еден стан вклучени се производители на цемент, малтери, лепачи за плочки, фасадни и обични бои, на арматура, метални профили и лимови, на керамички блокови, цигли и керамиди, граѓани. Наше мото е дека квалитетот вложен во недвижностите е најсигурната инвестиција и најцврста валута за безбедна иднина“, вели Чифлиганец. Сеад Кочан смета дека иако сите градежни компании преферираат употреба на што е можно повеќе македонски производи, сепак тоа најчесто е невозможно. „Задоволен сум што се работи по високи стандарди и што сите материјали во
производители на готов бетон и бекатони, на керамички плочки, паркети и ламинат, на цевки за водовод и канализација, на цевки за парно греење и радијатори, на електро материјали со светилки и штекери, на ПВЦ, алуминиумска браварија, столарија и врати, потоа на санитарни уреди, гипсени плочи и спуштени плафони, како и производители на стиропор и минерална волна“, вели Никола Велковски, претседател на Здружението за градежништво при Стопанска комора на Македонија.
градбата и до најситните, се квалитетни производи. Но, можам слободно да кажам дека не секогаш станува збор за македонски производи. Тоа не е секогаш возможно, бидејќи дел од потребните производи не е можно да се најдат во Македонија. Голема предност е сè поголемата ангажираност и новите инвестиции на локалните компании, као и добрата соработка со странските компании кои имаат свои претставништва
во државата“, смета Кочан. Никола Велковски, претседател на Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија, вели дека станбените единици кои се градат во земјава содржат приближно 80% македонски производ. „Македонските производи или полупроизводи учествуваат со отприлика 70-80% во финалниот производ – готов стан“, вели Велковски. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 808 24.04.2015
40
Kој е кој во градежната индустрија?
И пишува
Дејан Азески
dejan.azeski@kapital.mk
Индустријата на градежни материјали е веројатно една од најосетливите гранки која и најповеќе реагира на сите економски, но и политички потреси во своето опкружување. Бизнисмените директно инволвирани во оваа област се децидни дека моменталните актуелни случувања врзани со економската криза на европско ниво но и домашните политички случувања и тоа како влијаат и на оваа индустрија која користи многу низок процент од својот реален потенцијал. Дејан Георгиевски од компанијата Литинг од областа на инженерството и продажбата на термопластични материјали потенцира дека оваа индустрија во Македонија работи со 50% од своите капацитети. „Ние во нашата индустрија работиме само со 50%. Тоа најдобро го согледуваме преку честите контакти со партнерите од Германија кои немаат време ниту кафе да се напијат од многуте нарачки кои ги имаат. Кај нас за жал работите се поинакви. Чекаме големи проекти како што беше стадионот, обиколницата или слично инаку немаме начин да го искористиме нашиот полн капацитет“, вели Георгиевски. Неговиот колега Славчо Мушкарски од компанијата за прозорци и врати Лесна објаснува дека за оваа индустрија да го достигне својот полн потенцијал потребна е целосна економска, но и политичка стабилност на пазарите на кои функционира. „Секоја економска или политичка несигурност со која се соочуваме ја става нашата индустрија во фаза на една забавеност и притаеност бидејќи во такви услови луѓето потешко се одлучуваат да влезат во некоја позначајна инвестиција т.е. таквата одлука ја одложуваат за подоцна што директно се одразува во нашето работење. Годинешното “задоцнето” будење на градежната сезона е најдобар доказ за тоа.
Вештачки пречки го кочат развојот
Бизнисмените потенцираат дека во реалноста економската состојба не е баш таква каква што генерално медиумски ни се сервира.
Бизнисмените чекаат економско и политичко стабилизирање на пазарот
Индустријата за градежни материјали работи со половичен капацитет Индустријата за градежни материјали работи со половичен капацитет, а вештачки пречки го кочат развојот на оваа инаку многу перспективна индустрија. Бизнисмените се согласни дека спасот треба да се гледа кон вртење на градежништвото надвор од македонските граници, но и дека државата треба да им ги даде правата кои ги заслужуваат на домашниот пазар.
Мушкарски додава дека беспарицата предизвикува од една страна одложување или забавување на инвестициите, но и од друга страна до наплив на стоки со низок квалитет и сомнително потекло чија единствена конкурентна предност е што пониската цена. „Се прават почетни чекори во промовирање на некои стандарди, (сега станува тренд да се зборува за енергетска ефикасност), но во пракса тоа реално бавно се одвива. Исто така тешката наплата е секогаш
дежурна тема за разговор. И секако да не ја одминеме и политиката која постојано не става во улога на воајери, набљудувачи на случувањата околу нас без некоја реална моќ да повлијаеме врз некоја позитивна промена“. Дејан Ѓоргиевски смета дека постојат начини како да се стимулира оваа индустрија со огромен потенцијал, но дека тие се уште не се применуваат адекватно. „Едноставно кажано доколку македонските компании од оваа индустрија би ги добивале
Искуство: Спасот за индустријата е во извозот
www.kapital.mk
Капитал број 808 24.04.2015
специјален прилог
Н
ие во нашата индустрија работиме само со 50%. Чекаме големи проекти како што беше стадионот, обиколницата или слично инаку немаме начин да го искористиме Дејан полн Георгиевски нашиот капацитет. Литинг привилегиите кои ги имаат странските инвеститори во Македонија, со овој потенцијал кој го имаме, целата индустрија може да има многу голем раст.
41
М
Славчо Мушкарски Лесна
акедонија е реално мал пазар. Ако кај нас за добар резултат се сметаат неколку стотини или илјади продадени или вградени единици од некој производ, во една Германија истото се брои во милиони. Значи некои ограничувања се природни и не можеме да ги промениме. Сепак во услови на една попозитивна клима на функционирање оваа индустрија има потенцијал за солиден раст, па дури и за надминување на локалните граници. Некогаш наши градежни фирми учествуваа на меѓународни тендери и проекти, денес е најголем дострел да се добие дел од колачот на домашните државни инвестиции.
На пример една фирма која инвестира од Турција во Македонија добива барем 2030% од инвестицијата извозни субвенции и уште толку субвенции зошто инвестира во
Македонија. Што значи дека ни конкурира со 50% поевтин производ од старт. Тоа е навистина голема разлика која полека мора да се корегира“. nnn
Градежништвото мора да се врати надвор од македонските граници
С
епак на крај сите контактирани страни се согласија со една работа дека долгорочно индустријата за градежни материјали, и општо целата градежна индустрија, мора да се посвети на изнаоѓање пазари надвор од границите на Македонија и регионот бидејќи можностите на овие простори секогаш ќе се барем делумно ограничени во однос на подалечните пазари. „Реално да гледаме Македонија е мал пазар. Ако кај нас за добар резултат се сметаат неколку стотини или илјади продадени или вградени единици од некој производ,
во една Германија истото се брои во милиони. Значи некои ограничувања се природни и не можеме да ги промениме. Сепак во услови на една попозитивна клима на функционирање оваа индустрија има потенцијал за солиден раст па дури и за надминување на локалните граници. Некогаш наши градежни фирми учествуваа на меѓународни тендери и проекти, денес е најголем дострел да се добие дел од колачот на домашните државни инвестиции“, објективно констатира Славчо Мушкарски од компанијата Лесна.