Kapital 1073/74

Page 1

БЕЛОРУСИЈА: ОБВРСКАТА КОН МИНСК Е ОБВРСКА КОН ЦЕЛИОТ ПРОГРЕСИВЕН СВЕТ

business magazine

Сите ние живееме во време кога само идејата е Капитал, сè друго е пари...

БРОЈ 1073 / 1074

цена 100 ден. l 21 август 2020 петок l година 21

Пазари на капитал Преку 20 илјади милијарди долари од почетокот на пандемијата се инјектирани во економиите низ светот www.kapital.mk

cover story НОВА ВЛАДА СТАРИ ПРЕДИЗВИЦИ

ЗАЕВ СО НОВА ШАНСА ВО ТЕШКИ ВРЕМИЊА АНАЛИЗА Се книжат последиците од Ковид 19 во финансиските извештаи

Корона - криза ја фатила секоја втора компанија на Берзата

ЕКОНОМИЈА Што покажуваат индексите на трошоци на животот Во Македонија се троши 40% од месечниот семеен буџет за храна, во ЕУ просекот е 12%

Citibank по грешка

префрлила 900 милиони долари на 40-тина сметки



СОДРЖИНА

Kapital... 1073/1074 10

22

Се книжат последиците од Ковид 19 во финансиските извештаи

Обврската кон Минск е обврска кон целиот прогресивен свет

4

COVER STORY

ЕКОНОМИЈА

Нова влада - стари предизвици Заев со нова шанса во тешки времиња

Корона - криза ја фатила секоја втора компанија на Берзата

СВЕТ

Затворање очи пред Белорусија значи мрак за целата европска демократија

16

АНАЛИЗА

Што покажуваат индексите на трошоци на животот

Во Македонија се троши 40% од месечниот семеен буџет за храна, во ЕУ просекот е 12%

32

28

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

СВЕТ

Голема нервоза деновиве во американскиот банкарски гигант

Пазари на капитал

Преку 20 илјади милијарди долари од почетокот на пандемијата се инјектирани во економиите низ светот

Citibank по грешка им исплатила речиси една милијарда долари на кредиторите на Revlon

COVER STORY Нова влада - стари предизвици.................4 Заев со нова шанса во тешки времиња ЕКОНОМИЈА Се книжат последиците од Ковид 19 во финансиските извештаи...................................10 Корона - криза ја фатила секоја втора компанија на Берзата АНАЛИЗА Што покажуваат индексите на трошоци на животот.............................................16 Во Македонија се троши 40% од месечниот семеен буџет за храна, во ЕУ просекот е 12%

СВЕТ Обврската кон Минск е обврска кон целиот прогресивен свет................................22 Затворање очи пред Белорусија значи мрак за целата европска демократија СВЕТ Пазари на капитал..................................................28 Преку 20 илјади милијарди долари од почетокот на пандемијата се инјектирани во економиите низ светот ЛУЃЕ И КОМПАНИИ Голема нервоза деновиве во американскиот банкарски гигант............32 itibank по грешка им исплатила речиси една милијарда долари на кредиторите на Revlon

36

ОБРАЗОВАНИЕ

Прилагодувања во време на пандемија

Универзитет Американ Колеџ – Скопје со нов, усовршен концепт за хибридна настава

ОБРАЗОВАНИЕ Прилагодувања во време на пандемија...............................................36 Универзитет Американ Колеџ – Скопје со нов, усовршен концепт за хибридна настава СТАВ М-р Благој Митевски, адвокат и магистер по финансиско право.............................................38 Спасувањето на „војникот Рајан“ со кодно име „ Пензиски систем “ ЛИДЕРИ Ворен Бафет советува........................................42 Вашиот успех зависи од тоа за кого работите

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 20.8.2020 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија


Капитал број 1073/1074 21.08.2020

4

COVER STORY

ЗАЕВ СО НОВА ШАНСА ВО ТЕШКИ ВРЕМИЊА

www.kapital.mk


НОВА ВЛАДА ИЗБОРИ СТАРИ2020 ПРЕДИЗВИЦИ

Капитал број 1073/1074 21.08.2020

5

фото: МИА

www.kapital.mk


www.kapital.mk

Капитал број 1073/1074 21.08.2020

6

COVER STORY

Редакција Капитал фото: МИА

Л

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев ќе ја води новата македонска Влада во клучни општествени времиња - глобалната пандемија со коронавирусот и сите нејзини последици, особено во здравствена и економска смисла, но и отворањето на пристапните преговори со Европската унија процес што треба да почне есенва, а ќе бара исклучителен капацитет во сите полиња. Преговорите со ЕУ како главна стратешка цел на државата од нејзиното осамостојување се разбира дека можат да бидат голема помош во политичка смисла, но тие се еднакво и голем предизвик и тест токму за способноста и волјата на ресорните министри, и на целата администрација. Кризата со вирусот, пак, е приказна сама по себе со толку многу непознати и толку многу и скриени и откриени

фото: МИА

Бројот на освоени пратеници му даде можност на Ахмети да го врати ударот и да остане на нозе - нему се' уште не му дојдено време за опозиција

Преговорите со ЕУ како главна стратешка цел на државата од нејзиното осамостојување се разбира дека можат да бидат голема помош во политичка смисла, но тие се еднакво и голем предизвик и тест токму за способноста и волјата на ресорните министри, и на целата администрација. Кризата со вирусот, пак, е приказна сама по себе со толку многу непознати и толку многу и скриени и откриени опасности. Се' на се' - сериозни предизвици што се шанси и за дебакли ама и за големи успеси. опасности. Влошувањето на состојбата што се најавува веќе за почетокот на есента, дополнително ќе биде проблем што новата Влада ќе мора да покаже дека умее да го решава, особено ако се има предвид фактот дека оваа состојба сигурно ќе потрае. Тука се сите останати предизвици кои сите Влади досега амбициозно ги најавувале како приоритети, а ниедна не успеала сериозно да се прослави - од фамозната реформа на правосудниот систем и воспоставувањето на системот на казнивост, борба со корупцијата и организираниот криминал и на високо ниво, но и на ниските гранки низ државниот систем, потоа реформата

на јавната администрација, подобрување на состојбите во сферата на животната средина, што навистина се алармантни, квалитетот на образованието што од година в година е се полош, ама и реализацијата на капиталните инвестиции за коишто се' уште Светската банка забележува дека е прилично ниска. Со еден збор - проблемите се и стари и многу, министрите дел стари, дел нови, но сите исправени пред големи чекори, кои еднакво можат да водат и во амбис и во височини.

Освежен тим

А старо - новиот премиер вели дека е свесен за тоа и дека ќе бара исклучителна посветеност


www.kapital.mk

Капитал број 1073/1074 21.08.2020

7 и работливост. Фокусот ќе биде и правдата и економијата. Тимот е составен и од очекувани кадровски решенија и од мали изненадувања - Оливер Спасовски ќе биде прв полицаец, министерка за одбрана е Радмила Шеќеринска, а за правда Бојан Маричиќ. Благој Бочварски ќе раководи со Министерство за транспорт и врски, Јагода Шахпаска со ресорот за труд и социјална политика, а Ирена Стефоска ќе биде нов министер за култура. Венко Филипче останува министер за здравство, вицепремиерката Мила Царовска ќе раководи со Министерство за образование и наука, а досегашниот шеф на дипломатијата Никола Димитров ќе биде вицепремиер задолжен за европски прашања, а претседателот на партиската комисија за финансии, Фатмир Битиќи ќе биде вицепремиер за

Интересно е да се спомене дека Заев успеа да победи на изборите и да освои два пратеници плус после затворање на сериозни прашања во надворешната политика - решавањето на спорот за името со Грција, пред се', што му дава ветер в грб за прогресивните политики што во последно време се повеќе се загрозени и на Балканот и во пошироки рамки економски прашања. За Љупчо Николовски се воведува нова функција - вицепремиер за борба против корупцијата. Министерот за локална самоуправа ќе биде соопштен дополнително. Заев нагласи дека се работи за професионални, одговорни, отчетни и посветени кадри кои во новиот, полн, четиригодишен мандат целосно ќе ги реализираат програмата и принципите. Интересно е што ветувањето што минатиот мандат не се исполни сега се остварува - се намалува

бројот на министерства, Во новата влада, наместо 26, како досега, ќе има 19 министерства или седум помалку.

Приоритети – економијата, судските реформи, животна средина и здравство

Според Заев, СДСМ на Централниот одбор констатира дека победија исправните и принципиелни политики кои земјата ја водат напред. Приоритетите на новата влада, Заев ги повторува во


www.kapital.mk

Капитал број 1073/1074 21.08.2020

8

COVER STORY

фото: МИА

Лидерот на опозицијата кој во деновите после изборите ветуваше дека ќе направи Влада со ДУИ, откако сфати дека тоа не е можно фокусот на нападите го насочи токму кон изборот на Заев за Ахмети како коалициски партнер.

ПОВЕЌЕ ЖЕНИ ВО НОВАТА ВЛАДА

К

ако што соопшти лидерот на СДСМ и идниот премиер, Зоран Заев, во новата влада, наместо 26, како досега, ќе има 19 министри или седум помалку. „Од 8-те министри со ресор 4 се жени, 4 се мажи. Остануваме доследни и во вака комплексни ситуации на договарање коалициско во којашто постојат 26 политички

секоја прилика - ќе бидат економијата, судските реформи, капиталните инфраструктурни проекти, животната средина и вложувањата во здравството. Продолжува имплементацијата на договорите со Грција и Преспа, како и Охридскиот рамковен договор. „Имавме доволно големина

партии заедно со партијата ДУИ и испраќаме порака за еднаквост помеѓу мажите и жените во нашата земја“, истакна Заев. Четирите жени кои ќе бидат министерки во новата влада се Јагода Шахпаска, за труд и социјална политика, Радмила Шеќеринска, за одбрана, Мила Царовска, за образование и Ирена Стефоска, за култура.

и јас и Ахмети, и СДСМ и ДУИ, да се согласиме јас да ја водам владата четири години, а последните сто дена премиер да биде предлог од ДУИ со заедничка согласност. Парламентарното мнозинство ќе го почитува духот на заедничкото работење кое подразбира конструктивност,

дијалог, респектирање на туѓо мислење базирано на аргументи и градење консензуална демократија, наместо паралелизам, етноцентризам и надгласување. СДСМ и ДУИ веќе ги усогласуваат своите изборни платформи во заедничка четиригодишна владина програма“, истакна Заев. nnn



Капитал број 1073/1074 21.08.2020

10

www.kapital.mk

ЕКОНОМИЈА

СЕ КНИЖАТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КОВИД 19 ВО ФИНАНС

КОРОНА - КРИЗА Ј ФАТИЛА СЕКОЈА В КОМПАНИЈА НА БЕ


www.kapital.mk

СИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ

ЈА ВТОРА ЕРЗАТА

Капитал број 1073/1074 21.08.2020

11 Половина од компаниите што веќе ги доставија полугодишните финансиски извештаи до Македонската Берза евидентирале намалување на приходите од продажбата во првата половина од годината. Дел од компаниите се уште ги пресметуваат последиците од работењето во време на пандемија проследена со силни рестрикции како полициски час и присилно затворање на некои бизниси, а финансиските извештаи допрва ќе ги објават. По одделни сектори, се гледа дека најпогодени се хотелиерските компании, додека пак во фармацевтскиот сектор и прехранбената индустрија, дел од фирмите оствариле дури и поголеми продажби од лани. Податоците покажуваат дека од корона – кризата зафатени се и банкарските профити. Целиот банкарски сектор во првата половина од годината бележи намалување на добивката за 23%. Заклучно со јуни, сите банки во земјава заедно оствариле профит од 44,5 милиони евра, додека пак истиот период лани, добивката изнесувала 58 милиони евра.


www.kapital.mk

Капитал број 1073/1074 21.08.2020

12

ЕКОНОМИЈА

Намалувањето на приходите е особено евидентно во хотелиерскиот бизнис бидејќи тие со владина уредба во екот на пандемијата беа затворени речиси четири месеци.

пишува:

Александар Јанев

П

aleksandar.janev@kapital.mk

Половина од компаниите што веќе ги доставија полугодишните финансиски извештаи до Македонската Берза евидентирале намалување на приходите од продажбата во првата половина од годината. Дел од компаниите се уште ги пресметуваат последиците од работењето во време на пандемија проследена со силни рестрикции како полициски час и присилно затворање на некои бизниси, а финансиските извештаи допрва ќе ги објават. Од оние што досега рапортираа, најголема котирана компанија е Макпетрол, која што бележи намалување на приходите од продажба на горива за 23% споредено со лани. Па така годинава, оваа компанија има приходи од 128,1

милиони евра, додека пак добивката е намалена за дури 84%, на околу 570 илјади евра. Од поголемите компании, пад на приходите од 6% пријави Пекабеско, која што до јуни инкасирала 34,6 милиони евра. Профитот на оваа компанија пак, е намален за 27% и изнесува околу 680 илјади евра. Од помалите котирани компании, намалување на приходите од продажбата бележат Оилко за 5% со што приходите изнесуваат малку над 3 милиони евра, потоа Жито Полог која што има намалени приходи за 12% на 2,7 милиони евра, Пелистерка со пад на приходите од 21% на ниво од 2,2 милиони евра. Намалувањето на приходите е особено евидентно во хотелиерскиот бизнис бидејќи тие со владина уредба во екот на пандемијата беа затворени речиси четири месеци. Па така компанијата Македонија Турист која управува со хотелите Холидеј Ин, Бест Вестерн, Карпош, Белви, Водно, Бристол и Јадран, бележи намалување на приходите од дури 74%, а во периодот од јануари до јуни инкасирани биле околу 600 илјади евра приходи. Групацијата Хотели Метропол од

Охрид, пак, во истиот период бележи намалување на приходите од дури 87% со што се инкасирани скромни 140 илјади евра.

Пад на индустриско производство од речиси 15% во првото полугодие

Меѓутоа, во истиот период одредени компании оствариле и зголемени приходи од продажбите, и тоа главно во фармацевтскиот сектор и прехранбената индустрија. Така, најголемата фармацевтска компанија во земјава, Алкалоид, во првата половина од годината ја зголемила продажбата на лекови за 10% споредено со лани. Инкасирани се приходи од 98,7 милиони евра, додека профитот изнесува 8,3 милиони евра што е 11% повеќе од лани. Во прехранбената индустрија, Витаминка од Прилеп свртела 19,4 милиони евра, односно 6% повеќе од лани и направила добивка од 194 илјади евра, што е двојно повеќе од лани. Европа од Скопје, има приходи од 5,9 милиони евра, што е зголемување за 10%, и поголема добивка за 64% којашто достигна речиси 700 илјади евра. Меѓу најголемите компании коишто


www.kapital.mk

Капитал број 1073/1074 21.08.2020

13

Целиот банкарски сектор во првата половина од годината бележи намалување на добивката за 23%.

бележат зголемување на приходите се и Македонски Телеком со пораст на продажбата за 1% со што приходите изнесуваат 84,2 милиони евра, додека пак Факом којашто работи во металопреработувачката индустрија, има приходи од 10,9 милиони евра, што е 39% повеќе од лани. Овие финансиски резултати на дел од котираните компании на Берзата се направени во период кога статистичките податоци покажаа драматичен пад на индустриското производство и трговската размена со странство. Најдраматичен пад е евидентиран во април, бидејќи токму тој месец полицискиот час беше најдолг. Тогаш индустриското производство се намалило дури 33,5%, а потоа во мај трендот малку ублажува со намалување од 27%, па до пад од 15,1% во јуни споредено со истиот период лани. Збирната статистика за првата половина од годината покажува намалено производство во индустријата за 14,6% а по одделни сектори, обемот на работа најмногу паднал во производството на машини и уреди и тоа за 41,6%, потоа во производството на електрична

опрема за 31,8%; кај моторни возила, приколки и полуприколки за 21,1%; текстилните погони за производство на облека каде што најмногу се прошири коронавирусот меѓу работниците имале помало производство за 17,9%; додека пак кај металната индустрија е забележан пад на производството за 9,4%. Воведувањето на рестриктивни мерки во речиси цел свет, особено во европските земји коишто се наши најголеми трговски партнери, очекувано го намали и обемот на надворешната размена. Статистиката покажува дека во април, извозот се намалил дури 60,3% на годишно ниво, а потоа следните два месеца падот е ублажен на 29,2% во мај, и минус од 7,3% во продажбите на странските пазари во јуни споредено со истиот период лани. Сумарните податоци за првата половина од годината, покажуваат дека македонските компании на странските пазари продале 22,3% помала вредност на производи отколку истиот период лани, односно извозот до јуни годинава изнесува 2,45 милијарди евра и е помал за 707 милиони евра. Од друга страна, намалениот обем

на работа на домашните фабрики но и помалата приватна потрошувачка, резултираше со пад и на увозот за 18,1%.

Намалени и банкарските профити

Целиот банкарски сектор во првата половина од годината бележи намалување на добивката за 23%. Заклучно со јуни, сите банки во земјава заедно оствариле профит од 44,5 милиони евра, додека пак истиот период лани, добивката изнесувала 58 милиони евра. Од котираните банки на Берзата што досега ги објавија полугодишните финансиски извештаи, само две имаа намален профит споредено со лани. НЛБ веќе објави дека добивката за првата половина од годината изнесува 11,5 милиони евра, што е 26,8% помалку споредено со лани, и ТТК банка пријави намалување на профитот за 46,2% така што изнесува околу половина милион евра. Од останатите банки што објавија финансиски извештаи, Комерцијална има добивка од 12,1 милиони евра, односно 10,1% поголем профит од лани. УНИ банка има профит од 2,1 милиони евра со што е евидентирано


www.kapital.mk

Капитал број 1073/1074 21.08.2020

14

ЕКОНОМИЈА

Сумарните податоци за првата половина од годината, покажуваат дека македонските компании на странските пазари продале 22,3% помала вредност на производи отколку истиот период лани, односно извозот до јуни годинава изнесува 2,45 милијарди евра и е помал за 707 милиони евра.

зголемување од 28,8%, Стопанска банка Битола има добивка од околу 850 илјади евра и тоа е зголемување за 14 пати, а Централна Кооперативна Банка пријави добивка од 135 илјади евра со што ја надмина минатогодишната загуба. Дел од банките допрва треба да ги објават своите полугодишни извештаи, но гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска, веќе коментираше дека показателите за профитабилноста на банкарскиот систем се исклучително солидни. „Со изземање на Еуростандард банка од системот, според податоците на Народната банка со состојба на 30 јуни 2020 година, кај финансискиот резултат на системот се забележува подобрување за речиси 21%“, пишуваше во соопштението на Народната банка по седницата на Комитетот за финансиска стабилност. „Остварувањата на банкарскиот систем, со состојба на крајот на првата половина на оваа година се подобри споредено со мартовските податоци, кога корона - кризата сè уште не

беше посилно присутна во нашата економија. Од исклучително големо значење за постојаното јакнење на финансиската стабилност е што солвентноста на банкарскиот систем е во рамки на историскиот максимум. Најголемиот дел од добивката на банките, во изминатиот период беше реинвестирана, во согласност со препораката на Народната банка. Високата ликвидност на банкарскиот систем, заедно со неговата солвентност се главни показатели коишто потврдуваат дека системот има висока отпорност на шокови, но и капацитет за натамошна кредитна поддршка на реалниот сектор“, потенцираа од Комитетот за финансиска стабилност при Народната банка.

Лошите сценарија стануваат реални

Македонските менаџери се песимисти во поглед на очекувањата за следниот период, па така во Анкетата за деловните тенденции спроведена во јуни од Државниот завод за статистика, истакнале дека обемот

на производство дополнително ќе се намали во следните три месеци. Како најголем фактор за ограничувањето на производството ја навеле недоволната побарувачка од странство. Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија, кој ги сумира нарачките за производство, обемот на работа и состојбата на залихите, во јуни изнесува 12,2 и во споредба со истиот период лани е намален за дури 9,1 процентен поен. Народната банка уште во април направи сценарио според кое доколку пандемијата се пролонгира, продолжено дејство ќе имаат и негативните економски последици. Се чини, ова сценарио кое предвидува падот на БДП да биде подлабок за 2,3 процентни поени, односно од 3,5% според првината прогноза на оваа институција, да достигне 5,8%, станува се пореално. „Со оглед на исклучително високата неизвесност, односно фактот дека состојбите во економијата ќе зависат од справувањето со здравствената


www.kapital.mk

Капитал број 1073/1074 21.08.2020

15 И покрај пандемијата, одредени компании оствариле и зголемени приходи од продажбите, и тоа главно во фармацевтскиот сектор и прехранбената индустрија. Најголемата фармацевтска компанија во земјава, Алкалоид, во првата половина од годината ја зголемила продажбата на лекови за 10% споредено со лани. Инкасирани се приходи од 98,7 милиони евра, додека профитот изнесува 8,3 милиони евра што е 11% повеќе од лани.

криза, како кај нас така и во глобални рамки, тешко е да се даде издржана квантифицирана оценка за најпесимистичко сценарио. Притоа би сакала да укажам дека не се работи само за понудата односно ефектот од рестрикциите врз производството на стоки и услуги, туку дополнителен фактор на неизвесност е и однесувањето на економските субјекти, односно побарувачката, дури и по стабилизирање на понудата“, вели гувернерката Ангеловска Бежоска. Но, таа сепак вели дека е важно да ги видиме и остварувањата во второто тримесечје, во кое и според проекциите треба да се почувствуваат најсилните ефекти од корона - кризата. Според неа, во случај на пролонгирање на пандемијата, опфатот и времетраењето на досегашните политики би требало да се прошири, а во исто време би требало да се размислува и за нов добро таргетиран сет на мерки за економска поддршка кој би се применил при едно вакво неповолно

сценарио. „Инвестициите во јавната здравствена инфраструктура треба да продолжат, а во услови на ограничени финансиски ресурси потребно е однапред да се изврши приоретизирање на јавните расходи со цел зголемување на нивната ефикасност. Во исто време, треба да се води сметка да не се загрози одржливоста на јавниот долг и квалитетот на јавните финансии на среден рок. Во овој контекст, многу значајна ќе биде и поддршката од меѓународните финансиски институции, кои и согласно со својот мандат треба да имаат многу активна улога токму во вакви кризни ситуации“, вели Ангеловска Бежоска и додава дека мерките треба да имаат голем мултипликативен ефект врз БДП, односно да се насочени кон: поддршка на домашните, а не увезени производи; да се насочени кон поранливите сегменти на населението со цел заштита на животниот стандард; и поддршка на вложување во инфраструктурата со што ќе се

вложува долгорочниот потенцијал и конкурентноста на економијата.

Пад на домашниот БДП од 3,2% до 4%

И меѓународните финансиски институции станаа уште поголеми песимисти за движењето на економијата до крајот на годинава. ММФ по втор пат се премисли, и од првичната прогноза за рецесија на светската економија од 3%, сега проценува пад на економијата од дури 4,9% годинава, но закрепнување со раст од 5,4% догодина. Но, проекциите за македонската економија засега остануваат непроменети и се движат од пад на БДП од 3,2% според Светската банка, 3,5% според ЕБОР, намалување од 3,9% колку што е проекцијата на Европската Комисија, па до рецесија од 4% според ММФ. Во Европа, исто така се прават надолни промени на проекциите. Европската централна банка прогнозира дека економијата на Стариот континент годинава ќе падне дури 8,7%. nnn


Капитал број 1073/1074 21.08.2020

16

www.kapital.mk

АНАЛИЗА

ШТО ПОКАЖУВААТ ИНДЕКСИТЕ НА ТРОШО

ВО МАКЕДОНИЈА СЕ 40% ОД МЕСЕЧНИОТ ЗА ХРАНА, ВО ЕУ ПРО


www.kapital.mk

Капитал број 1073/1074 21.08.2020

ОЦИ НА ЖИВОТОТ

Е ТРОШИ Т СЕМЕЕН БУЏЕТ РОСЕКОТ Е 12%

17


www.kapital.mk

Капитал број 1073/1074 21.08.2020

18

АНАЛИЗА

Разликата во животниот стандард најмногу се гледа преку ставката храна и пијалаци, коишто на просечниот македонски граѓанин му одземаат 38,6% од месечниот буџет, додека просечниот граѓанин на ЕУ за да го наполни својот фрижидер троши тројно и повеќе помалку, односно само 12,1%. За ресторани и хотели повеќе одошто за здравје трошат и во ЕУ, односно просекот во Унијата е 8,7% наспроти 3,9% респективно, како што покажуваат податоците на Еуростат. Но, затоа, европските граѓани за рекреација и култура трошат 9,1% од месечната кошничка, наспроти 3% колку што се одвојува во Македонија.

пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

M

Македонските граѓани често знаат да жалат пари за пломбирање на заб или за нова коронка, но затоа полесно го отвораат новчаникот кога станува збор за јадење и пиење во кафеана – барем така покажуваат податоците од Државниот завод за статистика, односно извештајот за индексите на трошоците за живот. Според нив, во структурата на овие трошоци, 5,8% отпаѓа на категоријата ресторани и хотели, од коишто 4,8%

се за угостителски услуги, додека 1% за услуги за сместување. Додека за своето здравје (доколку не го земаме предвид задолжителното здравствено осигурување што секој вработен го одделува од својата бруто плата, н.з.), граѓаните месечно одвојуваат 3,6% од семејниот буџет, при што 2,4% се за медицински производи, помагала и сл., 2,12% за фармацевтски производи, додека само 0,6% за медицински и парамедицински услуги. За ресторани и хотели повеќе одошто за здравје трошат и во ЕУ, односно просекот во Унијата е 8,7% наспроти 3,9% респективно, како што покажуваат податоците на Еуростат. Но, затоа, европските граѓани за рекреација и култура трошат 9,1% од месечната кошничка, наспроти 3% колку што се одвојува во Македонија. Од оваа ставка во земјава најмногу оди за аудиовизуелна, фотографска

и информатичка опрема, поточно 0,87%, за услуги за рекреација и култура троши 0,78%, а за услуги за култура 0,72%. За книги троши 0,08% од месечниот буџет, за весници и списанија 0,06%. За туристички пакет аранжмани одвојува 0,59% од месечните трошоци.

Транспортот им е поскап на граѓаните на ЕУ

Разликата во животниот стандард најмногу се гледа преку ставката храна и пијалаци, коишто на просечниот македонски граѓанин му одземаат 38,6% од месечниот буџет, додека просечниот граѓанин на ЕУ за да го наполни својот фрижидер троши тројно и повеќе помалку, односно само 12,1%. Од храна, македонските потрошувачи најмногу издвојуваат за месо, 8,5% од вкупните месечни трошоци, потоа за леб и жита, 7,6%, за млеко, сирење и јајца одвојуваат


www.kapital.mk

Капитал број 1073/1074 21.08.2020

19 ИНДЕКАСИ НА ТРОШОЦИТЕ НА ЖИВОТ Производи и услуги Македонија Храна и безалкохолни пијалаци 38,7% Домување (со сè комуналии) 13,0% Транспорт 8,5% Облека и обувки 7,0% Мебел, покуќнина и одржување 6,0% Ресторани и хотели 5,8% Алкохолни пијалаци и тутун 4,9% Разновидни стоки и услуги 4,8% Здравје 3,6% Комуникации 3,6% Рекреација и култура 3,0% Образование 1,0%

ЕУ 12,1% 24,0% 13,2% 4,7% 5,4% 8,7% 3,9% 11,4% 3,9% 2,3% 9,1% 1,2%

Извор: Државен завод за статистика и Еуростат

ПРОМЕНА НА ЦЕНИТЕ НА ОСНОВНИТЕ КАТЕГОРИИ И ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ (I-VII 2020/I-VII 2019) Производи и услуги Индекси на цени Алкохолни пијалаци и тутун 104,5 Разновидни стоки и услуги 102,4 Храна и безалкохолни пијалаци 101,9 Ресторани и хотели 101,4 Рекреација и култура 101,1 Здравје 100,4 Домување (со се' комуналии) 100,2 Образование 100,2 Мебел, покуќнина и одржување 100,1 Комуникации 99,8 Облека и обувки 98,4 Транспорт 94,7 Извор: Државен завод за статистика

ПОЕДИНИ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ СО

Индекси на цени 110,7 110,3 103,9

центри за убавина Месо Топлинска енергија Транспортни услуги Зеленчук Горива за сопствени возила

КОЛКУ ТРОШИ ПРОСЕЧНО МАКЕДОНСКО СЕМЕЈСТВО ВО МЕСЕЦОТ

8,45% за месо

7,58% за леб и жита

7,2%

за електрична енергија

2,76% за безалкохолни пијалаци

5,77% за ресторани и хотели

3,55% за здравје

3,54% за лична нега

НАЈГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ЦЕНИТЕ (I-VII 2020/I-VII 2019) Производи и услуги Масла и масти Овошје Леб и жита Фризерски салони и

БРОЈКИ

103,7 103,6 93,6 92,7 90,3 89,4

Извор: Државен завод за статистика

3,52% за цигари

1,06% за образование

0,08% за книги


www.kapital.mk

Капитал број 1073/1074 21.08.2020

20

АНАЛИЗА 7%, за овошје 2,2%, за зеленчук 4,8%, итн. За алкохолни пијалаци и тутун Македонците одвојуваат 4,9% од буџетот, а за облека и обувки 7%. Граѓаните на ЕУ трошат 3,9% од месечниот буџет за алкохол и тутун, додека 4,7% за облека и обувки. За транспорт, македонските граѓани трошат 8,5% од месечниот буџет, во што влегуваат трошоците за гориво, одржување на сопствените возила, јавен транспорт, купување возила, итн. Европските пак граѓани за оваа ставка издвојуваат 13,2% од месечните трошоци.

Европејците многу почесто изнајмуваат живеалишта од Македонците

Во првите седум месеци од годинава, од храната најмногу поскапеле мастите и маслата, за 10,7%, во однос на истиот период лани. Овошјето поскапело за 10,3%, додека зеленчукот поевтинил за 9,7%. Лебот и житата поскапеле за 3,9%, месото за 3,6%, млекото, сирењето и јајцата за 2,6%.

Освен кај храната, голема разлика во месечните трошоци помеѓу ЕУ и земјава, но во обратен правец, постои и кај ставката домување, во која што влегуваат и сметките за комуналии. Во Македонија граѓаните одвојуваат 13% за овие трошоци, додека во ЕУ просекот е речиси двојно повисок, односно 24%, што значи дека речиси една четвртина од своите месечни трошоци европските граѓани ги насочуваат за домување. Зошто е тоа така? Затоа што во членките на ЕУ, особено во најразвиените земји од западна и северна Европа, станбениот простор е исклучително скап и голем број од граѓаните и немаат сопствено живеалиште, односно плаќаат месечна кирија за најмен стан или куќа, за разлика од земјава каде што најголемиот дел од населението живее во сопствено живеалиште. Исто така и драстично поголемата мобилност на населението и селењето од еден во друг град или во друга држава во потрага по подобра работа и сл., во Европа придонесува луѓето, особено помладите генерации, т.н. миленијалци да не сакаат да се врзуваат со кредити и други обврски со цел стекнување со сопствено живеалиште, туку се одлучуваат за најмување простор. Па така трошоците за кирија имаат најголем удел во ставката домување во ЕУ, а помал дел отпаѓа за комуналии, додека во Македонија, за ставката наемнини за домување одат само 0,5% од вкупните месечни трошоци, односно само 3,6% во вкупните трошоци за домување, додека најголем удел имаат сметките за електрична енергија, гас и други горива, со 7,2% во вкупните месечни трошоци, односно со 55% во ставката домување.

Во првото полугодие најмногу поскапело овошјето, а поевтинил зеленчукот

На крајот, за ставката разновидни стоки и услуги, каде што влегуваат трошоци за лична нега, накит, часовници, финансиски услуги, осигурување, итн., македонските граѓани одвојуваат 4,8% од месечните приходи, додека европските граѓани 11,4%, што е уште еден показател за повисокото ниво на животен стандард на просечниот граѓанин на ЕУ. Инаку, во првите седум месеци од годинава, од храната најмногу поскапеле мастите и маслата, за 10,7%, во однос на истиот период лани. Овошјето поскапело за 10,3%, додека зеленчукот поевтинил за 9,7%. Лебот и житата поскапеле за 3,9%, месото за 3,6%, млекото, сирењето и јајцата за 2,6%. Производите од тутун се поскапени за 5,9%, додека кај облеката и обувките има намалување од 1,6%. Трошоците за домување се речиси на исто ниво како и првите шест месеци лани, исто како и кај ставката мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата. Трошоците за транспорт се намалени за 5%, при што најголем удел во тоа има драстичното поевтинување на горивата во првите 3 месеци од годинава, како и помалото користење на возилата во деновите на карантин и полициски час поради пандемијата. Ставката горива и мазива за сопствени превози е намалена за 11,3% во првите шест месеци од годинава во споредба со истиот период лани.

nnn



Капитал број 1073/1074 21.08.2020

22

www.kapital.mk

СВЕТ

ОБВРСКАТА КОН МИНСК Е ОБВРСКА КОН ЦЕЛИОТ П

ЗАТВОРАЊЕ ОЧИ БЕЛОРУСИЈА ЗНА ЗА ЦЕЛАТА ЕВРО ДЕМОКРАТИЈА


www.kapital.mk

ПРОГРЕСИВЕН СВЕТ

И ПРЕД АЧИ МРАК ОПСКА

Капитал број 1073/1074 21.08.2020

23 Се погласни се апелите дека Европската Унија не смее да остане нем набљудувач на експлицитното кршење на човековите права и повредата на основите на демократијата што се вршат во земја што навистина не е членка, но припаѓа на континентот. Ако се суди по реакциите од Брисел, европските челници ги разбрале пораките - ЕУ не само што не ги призна изборите на коишто Лукашенко (или последниот европски диктатор како што го нарекуваат) прогласи победа со над 80 проценти гласови, а главната опозициска лидерка Светлана Тихановскаја избега соочена со сериозен ризик за личната безбедност, туку и свика вонреден самит заради надворешнополитички теми, нешто што Унијата го прави исклучително ретко.


www.kapital.mk

Капитал број 1073/1074 21.08.2020

24

СВЕТ

ЕУ не само што не ги призна изборите на коишто Лукашенко (фото од неговото обраќање пред една фабрика во Белорусија, н.з.) прогласи победа со над 80% гласови, а главната опозициска лидерка Светлана Тихановскаја избега соочена со сериозен ризик за личната безбедност, туку и свика вонреден самит заради надворешнополитички теми, нешто што Унијата го прави исклучително ретко.

пишува:

Катерина Синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk

Н

Никаква услуга нема да направи Западот ниту на Европа, ниту на демократијата ширум светот, а најмалку на самата Белорусија со тоа што би дозволил диктаторот Александар Лукашенко да се „извлече“ со изборите во Белорусија - во иста насока со оваа анализа на „Економист“ одат и последните потези на Европската Унија којашто очигледно реши да заземе подиректен став во однос на случувањата во земја што не е членка, но е на нејзино тло. ЕУ не само што не ги призна изборите на коишто Лукашенко прогласи победа со над 80 проценти гласови, а главната опозициска лидерка

Светлана Тихановскаја избега соочена со сериозен ризик за личната безбедност, туку и свика вонреден самит заради надворешнополитички теми, нешто што Унијата го прави исклучително ретко. Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел објасни дека Белорусија е сериозна тема и ги свика шефовите на држави и влади да се состанат за да извршат поголем притисок врз претседателот Лукашенко. „Луѓето во Белорусија имаат право да одлучат за својата иднина и слободно да го изберат својот државен врв”, твитна Мишел. „Насилство кон демонстрантите не е прифатливо и не смее да биде дозволено”, изјави тој, Мишел со поканата за самитот им излезе во пресрет на барањата од страна на Полска и Чешка. Двете членки на ЕУ уште минатата недела, на средбата на министрите за надворешни работи околу ситуацијата во Белорусија, бараа самит на првите луѓе за да се даде поголема политичка тежина на изјавите од ЕУ.

Германскиот претседател: Белоруската војска да не се огрешува со насилство кон сопствениот народ

Со ист став излезе и претседателот на Германија, Франк Валтер Штајнмајер, како и неговиот француски колега Емануел Макрон кои остро го критикуваа раководството во Белорусија. Штајнмајер во Берлин изјави дека се восхитувал на храброста на луѓето да излезат на мирни протести. „Апелирам претседателот Лукашенко да го избере патот на дијалогот. Не насилство, туку дијалог. Апелирам белоруската војска да не се огрешува со насилство спрема сопствениот народ.“ Вонредни самити на ЕУ за надворешнополитички теми се исклучително ретки. Повеќето конфликти се решаваат во мал круг, во т.н. контакт групи. Така, во 2015 година Ангела Меркел и тогашниот француски претседател Франсоа Оланд заедно со рускиот претседател Путин го постигнаа Договорот од Минск за деескалација на кризата на Крим и во


www.kapital.mk

Капитал број 1073/1074 21.08.2020

25

КОЈА Е СВЕТЛАНА ТИХАНОВСКАЈА?

Б

Бегалец од катастрофата во Чернобил, Светлана на 12 години пристигнува во рурална Ирска во средината на 90-тите, како едно од илјадниците деца донесени преку добротворните организации. „Таа беше многу сочувствително дете“, се сеќава Хенри Дин, кој заедно со неговата сопруга Маријан, бил домаќин на Свјета (како што нагалено ја викале). Светлана Тихановскаја живеела во нивниот дом во централниот ирски град Роскри децении пред да стане главен кандидат на опозицијата на спорните претседателски избори во Белорусија годинава. Таа ја напушти земјата веднаш по изборите и замина за Литванија, како што велат нејзините соработници, поради притисок од белоруските власти. Претседателот на земјата Александар Лукашенко според официјалните резултати извојува убедлива победа, којашто потоа од опозицијата беше прогласена за измама. Лукашенко, кој остана на власт во услови на насилни протести со кои се покажуваше непризнавање на изборните резултати, се соочи со изненадувачки предизвик од Тихановскаја, негов најжесток ривал. Во последниве денови, протестите преминаа во насилство против демонстрантите и масовни притвори. За Тихановскаја од самиот почеток било малку веројатно дека ќе победи на изборите и ќе стане претседател на Белорусија. Пред се’, бидејќи никогаш не била во политиката, и ја презеде кандидатурата кога повеќе познати опозициски лица, вклучително и нејзиниот сопруг Сергеј Тихановски, блогер, беа затворени или принудени на егзил пред гласањето. Тихановскаја, која своевремено се откажа од наставничката кариера за да се грижи за своите две деца, дојде во центарот на вниманието кога вети дека ќе ја продолжи кампањата на нејзиниот сопруг. Таа доби поддршка од гласачите во потрага по алтернатива на Лукашенко, затоа што повика на промена по долгогодишната економска стагнација и

Грижлива мајка која се вклучи во политиката за да го замени сопругот – политички активист уапсен од режимот на Лукашенко. репресивна политика. Ана Красулина, секретар за печат на Тихановскаја, рече дека таа била принудена да ја преземе кандидатурата наместо нејзиниот сопруг. Оние што ја познаваат велат дека се најмногу загрижени за безбедноста на жената за којашто виделе како се крева од тешки почетоци за да стане силен лидер. Повеќе од една деценија, Тихановскаја ги поминувала летата живеејќи со семејството Дин во Ирска. Семејството во текот на годините беше домаќин на голем број на други деца, но остана особено поврзано со Светлана Тихановскаја, која подоцна се вработи за да собере пари за колеџ. Светлана Тихановскаја пораснала во Микашевичи, место јужно од главниот град Минск, каде што се покажала како особено добар ученик. Нејзиниот роден град се наоѓа во близина на зоната Чернобил, којшто е во Украина, и многу локални жители биле преместени на југ, иако не е познато дали и семејството на Тихановскаја било меѓу преселените. Нејзиното време поминато во Ирска и овозможило да го продолжи школувањето, особено учењето на

англискиот јазик, и да заработи пари за колеџ. Подоцна, продолжила да работи на Државниот педагошки универзитет во Белорусија, но на крај ја оставила работата и се посветила на грижата за своите две деца. Постарото дете е родено со оштетен слух, а голем дел од вниманието на Тихановскаја било насочено кон грижата за него. Таа го преселила семејството од Минск во југоисточниот град Гомел, за да може да добие посебна грижа за синот и да си дозволи интервенција што значително го подобрила слухот на детето. Красулина, секретар за печат на Тихановскаја, вели дека борбата за здравјето на нејзиното дете и нејзината тврдоглавост во обезбедувањето на најдобрата можна грижа останала дел од нејзиниот идентитет и за време на кампањата. Светлана Алексиевич, белоруска писателка и Нобеловец, во интервју за Радио Слободна Европа во средата изјави дека Тихановскаја „е и останува симбол на промените“ која „направи се’ што можеше“. Но, додаде Алексиевич, сега е време искусните личности да ги преземат чекорите на опозицијата


www.kapital.mk

Капитал број 1073/1074 21.08.2020

26

СВЕТ

источна Украина. Сега, со оглед на протестите и нивното насилно задушување во Белорусија, пред се’ Полска и Чешка инсистираат на моќна и заедничка порака од страна на ЕУ. Повеќе источноевропски земји се особено ангажирани околу оваа тема.

ЕУ го зголемува притисокот врз Лукашенко

Германската канцеларка Меркел и францускиот претседател Макрон во телефонски разговори со рускиот претседател Путин апелираа тој да го искористи своето влијание во Белорусија. Според портпаролот на германската влада, Меркел побарала да не се применува насилство врз мирни демонстранти и да се ослободат политичките затвореници. Таа нагласила и дека владата во Минск „мора да стапи во национален дијалог со опозицијата и општеството за да се надмине кризата“. И Емануел Макрон го повикал Путин да придонесе за „смирување“ на состојбата и за „дијалог“. Целта е „веднаш да запре насилството врз населението и да се најде политичко решение“. Франција по ова прашање соработува тесно со Германија, нагласи кабинетот на францускиот претседател. Но, рускиот претседател не остави простор за сомневање во однос на тоа кого го смета за вистински господар. Путин ги предупреди јасно шефовите на влади во ЕУ дека какво било мешање во внатрешнополитичката состојба во Белорусија е неприфатливо. Освен тоа, тој очекува стојбата во земјата набрзо да се смири. Шведската влада, како следен претседавач со ОБСЕ, нуди испраќање на делегација во Минск. Стокхолм објаснува дека министерката за надворешни работи Линде заедно со албанскиот премиер Рама може да отпатува во Минск и да разговара со претставници на владата и на опозицијата за да се најдат начини за излез од кризата. Албанија годинава претседава со ОБСЕ.

Ерменија како модел за позитивен развој на ситуацијата

Радио Слободна Европа преку Џуди Демпси од тинк - тенкот „Карнеги Европа“ во Брисел анализира дека Европејците мора да бараат слободни избори и ослободување на затворениците, но двете барања се тешко спроведливи, а премногу реторика е бескорисна и опасна, смета таа. „Одлуките, всушност, треба да се донесат во самата Белорусија“ вели Демпси. Таа се надева дека опозициската лидерка Тихановскаја наскоро ќе се врати во земјата и дека ќе ги канализира протестите, за на тој начин да се спречи радикализација на

Рускиот претседател очигледно смета дека во внатрешните состојби на Белорусија нема право да се меша никој... освен него.

За лидерите на најмоќните европски држави нема дилема насилството мора да сопре и демократијата да си го каже своето

движењето. Како можен модел за позитивен развој Демпси ја наведува ситуацијата во Ерменија пред две години. Таму луѓето следеа сопствен начин на демократизација и Путин ги остави намира. „Доколку Путин во Белорусија може да добие прагматичен премиер, кој нема да го растегне ЕУ-знамето преку земјата, тогаш тој со тоа можеби би можел да живее. За ЕУ ставот кон Белорусија и Русија

е прашање на дипломатски баланс. Ангела Меркел, како претседавач со Советот на ЕУ, има доволно искуство со Кремљ, но нејзината агенда за оваа половина година е веќе полна. Сепак, надворешнополитичките кризи не се нешто што може да се испланира. Канцеларката, исто како во случајот со корона - фондот, повторно ќе соработува тесно со претседателот Макрон за да ја одржи ЕУ заедно и за да се најде заеднички став во врска со Белорусија. nnn



Капитал број 1073/1074 21.08.2020

28

www.kapital.mk

СВЕТ

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

ПРЕКУ 20 ИЛЈАДИ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ПАНДЕМИЈАТА СЕ ИНЈЕКТИРАНИ ВО ЕКОНОМИИТЕ НИЗ СВЕТОТ Износот на поддршка од страна на централните банки и државите кон економијата и пазарите според Goldman Sachs надмина 20 трилиони американски долари од почетокот на пандемијата, и сè уште расте. Оваа бројка има силно влијание на сите пазари, поддржувајќи ги негативните приноси на обврзниците, при што ги принудуваат да растат, додека во исто време огромна количина на пари “се движи” кон златото во последните неколку недели., сметаат аналитичарите на Генерали.


www.kapital.mk

Капитал број 1073/1074 21.08.2020

29 пишува:

Игор Петровски

П

igor.petrovski@kapital.mk

Политичката и економската ситуација во светот и понатаму е исклучително комплексна и има негативно влијание врз пазарите, сметаат аналитичарите на Генерали Инвестментс во својот редовен седмичен осврт на случувањата на светските пазари на капитал. „Меѓутоа, централните банки и владите успешно го надоместуваат тоа со стимулативни мерки и пакети што резултира со нови рекорди на пазарите. Пандемијата го забавува експоненцијалниот раст и покажува знаци на стабилизација во земјите надвор од Европа. Прашање е дали бројот на новозаболени расте побавно, затоа што земјите повеќе не се способни да прават повеќе тестирања, но смртноста во последните неколку недели е сè уште под нивото на кое беше пролетта и покрај зголемувањето на новозаболените.“, велат од Генерали Инвестментс. Се брза и со вакцината, која е во забрзана фаза на тестирање, a пазарот реагира позитивно на секоја вест поврзана со оваа тема. Сè повеќе вниманието се префрла од пандемијата кон политичките тензии во светот, особено помеѓу САД и Кина, каде најголемо внимание привлекуваат тензиите поврзани со Хонг Конг, како и домашната политичка сцена во САД која е сè потензична и понеизвесна. „Па така, за време на летните одмори, Европа се чини мирна, со повремени новости околу Брегзит (каде преговорите не се движат никаде) и се разбира, сè поголемата комплексност во ситуацијата со Турција и некои останати јужни медитерански земји. Износот на поддршка од страна на централните банки и државите кон економијата и пазарите според Goldman Sachs надмина 20 трилиони американски долари од почетокот на пандемијата, и сè уште расте. Оваа бројка има силно влијание на сите пазари, поддржувајќи ги негативните приноси на обврзниците, при што ги принудуваат да растат, додека во исто време огромна количина на пари “се движи” кон златото во последните неколку недели.“, сметаат аналитичарите на Генерали. Сè уште нема знаци на затегнување на монетарната политика, па затоа инвеститорите мора да бидат

Во САД, компаниите веќе ги надминаа претходно намалените предвидувања, па пазарот позитивно реагираше и достигна нови рекордни нивоа. Тука се истакнуваат акциите на IT секторот, каде што Apple повторно го престигна Saudi Armaco и стана највредната компанија во светот со вредност близу 2 трилиони долари.

Слично како и во САД и азиските технолошки акции се блиску до рекордно високи цени, но последниот потег на САД, како што е блокадата на Tik Tok и WeChat во САД, донекаде го оладија кинескиот технолошки сектор.


Капитал број 1073/1074 21.08.2020

30

www.kapital.mk

СВЕТ

СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

ТИЕ ШТО ЌАРИЈА МНОГУ ПОСЛЕДНИВЕ МЕСЕЦИ ОД ПОЕДИНИ АКЦИИ, ДА НЕ СЕ ЛАКОМАТ! Бидејќи цените на некои акции пораснаа нагло во последните неколку месеци, а профитот од хартиите од вредност е голем, можниот пресврт во трендот исто така може да придонесе за подлабоки корекции. Да не ја заборавиме старата поговорка која вели, „тешко е да пропадне оној кој го повлекува својот профит. Портфолио менаџерите на Генерали Инвестментс се придржуваат до веќе презентираните препораки од изминатите недели. Одредени индустрии и акции се многу скапи, но со слично скапите обврзници и негативниот принос во банките, инвеститорите немаат вистинска алтернатива. Во моментот не е време за екстреми во портфолијата. Препорачуваат диверзифицирана распределба на средствата во портфолиото. Не се препорачува целокупното портфолио да се држи само во акции, обврзници или пари. „Ликвидносната поддршка за обврзниците и акциите продолжува да го принудува растот на цените на берзата, но редуцирањето или повлекувањето на поддршката може многу бргу да придонесе за голема корекција. Трендот на раст може да продолжи, но позицијата на светската економија е сè уште релативно слаба. И покрај добрите информации, иднината е сè уште неизвесна, политичката неизвесност во САД расте, особено пред изборите и во услови на зголемените тензии помеѓу САД и Кина. Затоа, потребен е балансиран пристап во инвестирањето каде што фокусот ќе биде ставен на индустриите што подобро ја преживеале оваа криза и каде вреднувањето не е претерано. Ова се претежно акции од секторите на здравство, потрошувачка и нега, додека делови од технолошката индустрија сè уште остануваат скапи и покрај натпросечниот раст. Затоа, препорачуваме поголема претпазливост кај акциите од технолошкиот сектор.“, советуваат од Генерали. Инвеститорите кои се натпросечно изложени во секторот технологија треба да размислат за повлекување на дел од профитот и реструктурирање на портфолиото. „Пазарите остануваат непредвидливи, а очекуваме нестабилноста да расте. Диверзификација на портфолиото е неопходен чекор за намалување на ризикот. Инвеститорите со долгорочен хоризонт на штедење треба да продолжат со периодични плаќања, а оние кои сакаат да инвестираат поголема сума треба да ги распределат плаќањата во подолг временски период. Пазарите може да продолжат да растат бидејќи стимулативните мерки продолжуваат, но може да се очекуваат и повремени корекции. Многу зависи од развојот на пандемијата, но и меѓународните односи кои може да го заменат умерениот оптимизам на пазарите со песимизам што од друга страна може да доведе до посилна корекција на берзите. Бидејќи цените на некои акции пораснаа нагло во последните неколку месеци, а профитот од хартиите од вредност е голем, можниот пресврт во трендот исто така може да придонесе за подлабоки корекции. Да не ја заборавиме старата поговорка која вели, тешко е да пропадне оној кој го повлекува својот профит.“

подготвени на изненадувања во форма на неочекуван и неконтролиран раст на индивидуалните инвестиции, додаваат тие. „Оваа приказна не изгледа дека ќе има добар крај, но моментално никој не размислува многу за тоа сценарио. Постои алчност на пазарите и страв од пропуштање на растот.“

Опуштената монетарна политика продолжува да биде движечка сила на пазарот

Опуштената монетарна политика, како што наведоа од Генерали, продолжува да биде движечка сила на пазарот. Се ближи сезоната на објавување на резултатите од втората половина на годината. Во САД, компаниите веќе ги надминаа претходно намалените предвидувања, па пазарот позитивно реагираше и достигна нови рекордни нивоа. Тука се истакнуваат акциите на IT секторот, каде што Apple повторно го престигна Saudi Armaco и стана највредната компанија во светот со вредност близу 2 трилиони долари. Компанијата веќе 5 години генерира иста количина на профит, заработката по акција има благ пораст заради откупувањето на сопствените акции, но сепак вредноста на компанијата е порасната за 3 пати во истиот временски период. Од една страна, ова ја покажува моќта на опуштањето на монетарната политика, но од друга страна – инфлацијата на пазарите на капитал. Резултатите на останатите големи ИТ компании исто така ги надминаа очекувањата, така што разликата помеѓу 10-те најголеми компании и остатокот од компаниите во САД е сè поголема. Во Европа, резултатите се исто така солидни, но со оглед на тоа што Европа нема звучни технолошки имиња, ефектот таму е многу поблаг. Тоа можеби се должи и на јакнењето на еврото во однос на доларот, при што курсот порасна од 1.10 долари за евро на 1.18 долари за евро за само неколку недели. Ова го зголеми стравот дека движењето ќе има подлабоко влијание врз деловните резултати на европските извозници. Слично како и во САД и азиските технолошки акции се блиску до рекордно високи цени, но последниот потег на САД, како што е блокадата на Tik Tok и WeChat во САД, донекаде го оладија кинескиот технолошки сектор. Дури и заканите за отстранување од котација од најголемиот и најтранспарентниот пазар во светот (САД) немаат позитивно влијание врз кинеските акции. Пазарите на обврзници не забележаа поголеми промени во последните неколку недели. Со купувањата од страна на централните банки за обезбедување на ликвидност и ниски каматни стапки, приносот се задржа на негативни 0,50%.



Капитал број 1073/1074 21.08.2020

32

www.kapital.mk

СВЕТ

ГОЛЕМА НЕРВОЗА ДЕНОВИВЕ ВО АМЕРИКАНСКИОТ БАН

CITIBANK ПО ГРЕШКА ИСПЛАТИЛА РЕЧИСИ МИЛИЈАРДА ДОЛАР КРЕДИТОРИТЕ НА RE


www.kapital.mk

НКАРСКИ ГИГАНТ

А ИМ И ЕДНА РИ НА EVLON

Капитал број 1073/1074 21.08.2020

33 Citibank тужи во моментов неколку финансиски корпорации коишто се кредитори на козметичката компанија Revlon, а чиишто исплати на кредитните обврски банката ги администрирала. Citibank по грешка им префрлила 900 милиони долари – многу повеќе одошто само месечните камати и сега си ги бара парите назад, но некои од кредиторите на Revlon не сакаат да ги вратат, затоа што компанијата е западната во криза поради пандемијата и има проблеми да го враќа кредитот. пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

C

Citibank има голем проблем, како што пишува CNN. Една од најголемите банкарски групации во светот со седиште во Њујорк, по грешка префрлила 175 милиони долари на сметката на инвестицискиот – хеџ фонд Brigade Capital Management, а фондот одбива да ги врати парите. Банкарскиот гигант поднел и тужба пред њујоршкиот надлежен суд барајќи си ги средствата назад, за коишто е кажано дека се трансферирани поради „оперативна грешка“. До затворање на овој текст, најнова вест беше дека судот наредил замрзнување на тие 175 милиони долари до донесување на конечната пресуда. Citibank во тужбата наведува дека намерата им била да префрлат 1,5 милиони долари како камата на кредитот што фондот и го дал на козметичката компанија Revlon, којашто е во криза. Наместо тоа, банката му префрлила на Brigade Capital речиси 120 пати повеќе пари од своите резерви. Но, главоболката е уште поголема, затоа што банката исплатила по грешка дури 900 милиони долари и на други кредитори на Revlon. Досега, околу половина од оваа сума Citibank успеала да ја поврати, но за останатите пари ќе води борба преку судовите и со други кредитори, коишто не сакаат да ги вратат парите, како што се HPS Investment Partners и Symphony Asset Management, коишто веќе од претходно пак, се судат со Revlon околу тактиките на козметичката фирма за реструктурирање на нејзиниот долг

кон нив. Citibank, којашто ја има функцијата на административен агент на кредитот на Revlon, во тужбата наведува дека фондот одбива да ги врати парите. „Brigade неосновано тврди дека Citibank всушност со трансакцијата го исплатила целиот износ на кредитот“, навела банката во тужбата. За да го поткрепи ова тврдење, банката приложила и порака наводно испратена од страна на Brigade Capital која вели дека „не е воопшто јасно дека парите биле префрлени како резултат на грешка на некој службеник“.

Brigade: Како може по грешка да префрлат речиси една милијарда долари?!

Од Citibank велат дека постапката на фондот е неразумна и бараат од судот да го присили да ги врати парите. “Секаква друга одлука ќе ја загрози стабилноста на банкарскиот систем и ќе ги награди оние што сакаат да профитираат од грешките во редовното работење“, вели банката во жалбата. Оттаму велат и дека веднаш ја воочиле грешката и се обиделе да преземат соодветно дејство со цел да си ги повратат средствата. Од Brigade пак велат дека на кредиторите законски им следи секој цент што од Citibank го добиле во име на Revlon, како и дека не можеле да знаат оти исплатата била по грешка. „Citi не ни укажа веднаш дека е грешка во трансферот на парите, туку еден ден подоцна. Во самиот трансфер не се забележуваше грешка, затоа што сумите беа точно толкави колку што е главницата плус каматата. Просто е неверојатно како таква софистицирана институција како Citibank може да трансферира речиси една милијарда долари, во точната сума на достасаните обврски од кредитниот договор од 2016 година, и тоа по грешка“, објаснувале од Brigade Capital пред судот.


Капитал број 1073/1074 21.08.2020

34

www.kapital.mk

СВЕТ

Citibank во тужбата наведува дека намерата им била да префрлат 1,5 милиони долари како камата на кредитот што фондот и го дал на козметичката компанија Revlon, којашто е во криза. Наместо тоа, банката му префрлила на Brigade Capital речиси 120 пати повеќе пари од своите резерви. Но, главоболката е уште поголема, затоа што банката исплатила по грешка дури 900 милиони долари и на други кредитори на Revlon.

Кривична одговорност доколку трошите пари што по грешка стигнале на вашата сметка

Неочекуваните приливи на пари во принцип не значат среќа за обичните Американци, затоа што банките вообичаено си ги бараат назад парите што по грешка ги префрлиле на нечија сметка. Во зависност од регулативата на сојузните држави, клиентите може да се соочат со кривично гонење доколку ги трошат парите што им се по грешка префрлени. Минатата година во Пенсилванија, брачната двојка Роберт и Тифани Вилијамс се соочија со кривични пријави за измама и кражба откако потрошиле 120 илјади долари што нивната банка им ги префрлила по грешка на нивната сметка. Инаку, во 2016 година американската козметичка куќа Revlon ја купи Elizabeth Arden, уште еден голем американски козметички бренд, за 1,8 милијарди долари – зделка што беше финансирана преку кредити, во коишто учествува и Brigade Capital. Според договорот за кредитот, Citibank ги прибира уплатите на ануитетите од Revlon, што потоа им ги префрла на кредиторите. Козметичките брендови претрпеа сериозни загуби за време на корона пандемијата, затоа што луѓето долго време седеа затворени дома и трошеа помалку на шминка и сл. Акциите на Revlon од 27 долари во октомври лани, паднаа на 7,7 долари деновиве. Во својата жалба, Citibank наведува дека Brigade Capital немал никаква причина да очекува толкава исплата од Revlon. „Практично нема компанија, а особено не од типот на Revlon, која што се соочува со финансиски тешкотии поради пандемијата, што одеднаш ќе исплати толкава сума на кредитор.“, велат од Citibank.

nnn

Во 2016 година американската козметичка куќа Revlon ја купи Elizabeth Arden, уште еден голем американски козметички бренд, за 1,8 милијарди долари – зделка што беше финансирана преку кредити, во коишто учествува и Brigade Capital. Според договорот за кредитот, Citibank ги прибира уплатите на ануитетите од Revlon, што потоа им ги префрла на кредиторите. Козметичките брендови претрпеа сериозни загуби за време на корона пандемијата, затоа што луѓето долго време седеа затворени дома и трошеа помалку на шминка и сл. Акциите на Revlon од 27 долари во октомври лани, паднаа на 7,7 долари деновиве.

Во зависност од регулативата на сојузните држави, клиентите може да се соочат со кривично гонење доколку ги трошат парите што им се по грешка префрлени. Минатата година во Пенсилванија, брачната двојка Роберт и Тифани Вилијамс се соочија со кривични пријави за измама и кражба откако потрошиле 120 илјади долари што нивната банка им ги префрлила по грешка на нивната сметка.



www.kapital.mk

Капитал број 1073/1074 21.08.2020

36

ОБРАЗОВАНИЕ

ПРИЛАГОДУВАЊА ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА

УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ – СКОПЈЕ СО НОВ, УСОВРШЕН КОНЦЕПТ ЗА ХИБРИДНА НАСТАВА

У

Универзитетот Американ Колеџ Скопје целосно ја почитува својата мисија да понуди врвно образование, како комбинација од најдобрите вредности на европскиот и американскиот систем, велат од оваа високообразовна институција. Соочен со најголемиот предизвик на денешницата, пандемијата Covid-19, тимот на УАКС ги презеде сите потребни мерки за што поуспешна и побезбедна настава во новата учебна година. Познат по својата моќ на прилагодување, УАКС и овој пат целосно се адаптира и за своите студенти, професори и вработени нуди опција со која го минимизира ризикот од ширење на вирусот. За таа цел, Универзитетот ги претстави своите мерки и преку видео - анимација. Хибридна настава за дел од групите на УАКС Ревидираниот и усовршен концепт за хибридна настава подразбира: u Настава со физичко присуство, но со ½ од капацитетот на предавалните; u Ротирање на студентите – предавална / онлајн, на секои 14 дена; u Активно учество на сите студенти во наставата – преку најсовремена видео - конференциска опрема инсталирана во предавалните; u Сите предавални се редизајнирани со цел да се овозможи физичка дистанца меѓу студентите,но и свеж воздух, за оптимална средина за учење. Целосна онлајн настава за дел од групите на УАКС u Дел од групите, пред сè наставата на квантитативните предмети и наставата на програмерските предмети, целосно ќе се изведува онлајн; u Притоа, ќе се применува платформата Webex на Cisco, како врвен видео - конференциски софтвер.

Познат по својата моќ на прилагодување, УАКС и овој пат целосно се адаптира и за своите студенти, професори и вработени нуди опција со која го минимизира ризикот од ширење на вирусот. За таа цел, Универзитетот ги претстави своите мерки и преку видео - анимација. Настава со физичко присуство за вежби u Дел од наставата на задолжителните вежби ќе се одвива на Универзитетот во мали групи. Распоред на часови и Академски календар За успешно спроведување на горенаведеното, УАКС направи и дополнителни прилагодувања: u Скратување на часовите и нивно спојување во блокови; u Организирање на физичката

настава на Универзитетот во смени од 9, 11, 13 и 15 часот, со што се намалува фреквенцијата на студенти на Универзитетот; u Академскиот календар е конципиран на начин кој обезбедува поголема зимска пауза, со цел да се избегне настава во месеците во кои сезонските инфекции се најчести. На овој начин УАКС смета дека ќе се постигне успешен компромис помеѓу врвниот квалитет на образованието и здравствената безбедност на студентите. nnn


1 PROGRAMA 2 DIPLOMI

BEZBROJ MO@NOSTI!

Велат сите патишта водат кон Рим... И токму таму ќе ве однесе и студирањето на програмата Бизнис Администрација и Економија! Стекнете се со: • Уникатно меѓународно искуство на врвен универзитет • Конкурентост на пазарот на труд • И најважно од се.........ДВОЈНА ДИПЛОМА! По завршувањето на студиите, се стекнувате со две дипломи, една од Универзитет Американ Колеџ Скопје, и една од Универзитетот Тор вергата во Рим кој е рангиран: • • • •

ТОП 500 во светот според Шангајската листа (ARWU Shanghai Ranking of World Universities ТОП 500 во светот од Times Higher Education World Universities Ranking ТОП 150 во областа Економија од QS Top Universities Ranking ТОП “50 под 50“ од QS Top Universities Ranking

Аплицирајте веднаш! Ограничен број на упис на кандидати за оваа програма! За повеќе информации: Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада бр.60, 1000 Скопје Веб: www.uacs.edu.mk Е-маил: info@uacs.edu.mk Teл: +389 2 2463 156


Капитал број 1073/1074 21.08.2020

38

СТАВ

БЛАГОЈ МИТЕВСКИ адвокат, магистер по финансово право

Кога е во прашање пензискиот систем кој е под капа на државата, доволно време се одложувани определени реформи, и созреано е времето кога истите треба да почнат да се прават. Имаме преговори со ЕУ, имаме стабилни и профитабилни приватни компании кои бараат работна рака и имаат недостиг од истата, имаме програми и начини за стимулирање и помош на бизниси, имаме и потреба од намалување на бавната, несоодветно вработената и неквалитетна администрација. Се’ тоа споено во едно, ќе доведе до тоа, да со одредени мерки кои може нема да донесат политички поени, но ќе донесат стабилност на пензискиот систем следните минимум десетина години, да се покаже дека државниот апарат мисли на стабилноста на пензискиот систем.

СПАСУВАЊЕТО Н СО КОДНО ИМЕ „

Ф

Факт е дека македонскиот пензиски систем е пред крах или банкрот. И тоа не од денес, туку од многу поодамна. Факт е и дека состојбата може само да се влошува. Делумно поради неминовното и очајно потребното зголемување на минималната пензија, која треба да се усогласи со растот на минималната и просечната плата, но и со неизбежното зголемување на минималните парични средства за нормален живот. Но и поради тоа што, со кризава која очигледно ќе трае прилично долг период, според првичните процени, се очекува зголемување на невработеноста, со тоа и намалување на паричните средства кои ќе влегуваат во првиот државен столб за исплата на пензиите. Ако на тоа се додаде и дека се продолжува животниот век на пензионерите, што за секој нормален човек е посакува сценарио, да неговите најблиски бидат живи, здрави и долговечни, дупката во пензискиот систем ( термин кој се употребува како „ексклузивитет“ за државниот прв столб), е прилично длабока и широка. Пропаѓа се’ подлабоко, прибира се’ повеќе средства од буџетот, не придонесува за зголемување на активните средства во буџетот, и она што е лошо, ваквата состојба трае веќе две децении, и нема надеж дека било што во најскоро време ќе се промени. Може ли да го спасиме „војникот Рајан“, или е време државниот пензиски систем„ да го прогласиме за умрено“?

Пензија на 67 години?!

Пензионирањето на работниците подоцна во својот животен век е мерка која е преземена од страна на многу побогати и постабилни држави, особено во Европа, имајќи го предвид фактот дека европското население трајно старее, животниот век е продолжен за просечно, без малку 10 години, а средствата потребни за основен живот, буквално секаде се зголемени во не така мал процент. Така, законите се променети на начин што возраста од 67 години е земена како соодветна за пензионирање. Но, европското население е познато по тоа што сака да работи. Таму имате систем на кариера, кој може да ги задоволи вашите потреби, во зависност од годините. Имате и здравствен и социјален систем кој добро и квалитетно се грижи за секој

работник. Имате и даночен систем кој не дозволува непотребно богатење на веќе богатите поединци на грбот на државата. Се’ тоа што ние го немаме. Дали кај нас границата од 67 години возраст за пензионирање е соодветна и лесно спроведлива во пракса? Законот дозволува продолжување на работниот век во Македонија до 67 години. Но, во пракса и во реалноста, оваа можност ја користат исклучиво луѓе вработени во администрација или евентуално луѓе кои се на подобро платени работни места во приватен сектор, за кои нема опасност да ги загубат. Ретки, речиси и непостоечки, се примерите на луѓе вработени во производство, услужна дејност, угостителство и слични дејности кои го продолжуваат својот работен век по минимум наполнетите години за пензија. Некои од нив (оние со помали плати) дури и пред пензија неколку месеци користат мерки од Агенцијата за вработување (значи, се финансираат од државни пари уште пред да се пензионери), а добар дел од нив се’ уште ги задржуваат работните места, но на црно, и работат за дневници. Што би се случило доколку границата за пензионирање би се кренала за сите вработени, задолжително на 67 години? Веројатно, прво што ни паѓа на памет е – социјални немири. И веројатноста навистина да ги има се големи. Кај нас за жал, животниот век не е долг како што е согласно статистиката низ Европа. Ниту колективниот здравствен картон не е сјаен. Односно, има премногу голем процент на хронично болни граѓани. Од тие причини, работењето до 67 години е предолг период за многумина. Веројатно, добар процент од вработените во подоцнежни години би се обидувале да го намалат притисокот за себе, на законски дозволени начини, преку барања за инвалидска пензија, преку постојано користење боледувања (кои ги плаќа државата). Не верувам дека и работодавците би биле задоволни од такви вработени, кои логично би било да се заштитени со закон да не можат лесно да бидат отпуштени. Затоа постои обратно пропорционална варијанта. Сите од администрацијата, сите избрани функционери и сите платени од буџетот, задолжително да заминуваат во пензија најдоцна до 64 години. Не е логично, на пример, да се дава плата од Буџетот на судија во Уставен суд кој има 70 години. Кога тој истиот како пензионер, ќе зема 20


www.kapital.mk

Капитал број 1073/1074 21.08.2020

39

НА „ВОЈНИКОТ РАЈАН“ „ПЕНЗИСКИ СИСТЕМ“

Прилично сум сигурен дека укинувањето на останатите бенефиции ќе бидат и тоа како добредојдени за пензискиот систем. На пример, што е тоа апанажа воопшто? Зошто некој избран функционер да има право да користи апанажа и притоа да му се платени придонеси и да му се засметува година или повеќе години стаж, без истиот да се врати на било кое работно место и да придонесува и заработува. Зар некој со сила го терал да стане функционер? Бенефициран стаж или друг вид на бенефиции за именувани и избрани функционери целосно да се укинат. илјади денари помалку. Таква мерка е потребна и за приватниот сектор со услов веднаш на испразнетото место поради пензиониран вработен на 62 – 64 години, да се вработи нов вработен, за кој би било задолжително да биде вработен и осигурен минимум две години. Или ако тој сака да замине на негово место да се вработи друг, се до наполнување на минимум две години. Добро е за одредени вработени да се крене границата за пензионирање или воопшто да не им се дава право да заминат во пензија. Пример за оние кои се сопственици на компании или било кое правно лице, кое остварува приход.

Доколку сакаат да бидат пензионери, ќе треба да ја префрлат сопственоста на други лица. Се додека остваруваат добивка од било кое правно лице, која е поголема од просечната плата во државата, да не можат истовремено да бидат и пензионери. Истото да важи и за лица кои имаат примања по основ на добивки од акции, дивиденди, кирии и слични приходи, поголеми од просечната плата. Нормално, и за лица кои имаат значителен недвижен имот на свое име. На тој начин државата ќе заштеди доста парични средства на име на лица кои и онака се материјално обезбедени.

Укинување на бенефициран стаж и други бенефиции?!

Дел од професиите платени од Буџетот имаат бенефициран стаж. И тоа, најистурените професии како што се МВР или пожарникарските служби. И тоа е сосема во ред, затоа што потребата од нив јасно се виде во кризава. Но, сепак мора да се размислува и за укинување на бенефицираниот стаж на дел од овие вработени или барем за скратување на тој бенефициран стаж. Хигиеничарката во МВР не е поразлична од хигиеничарката на било кое друго место. Фактот дека е


Капитал број 1073/1074 21.08.2020

40

СТАВ

За работа во земјоделие или сточарство, воопшто не може да се најде кадар кој би работел. Но, затоа пак во администрација секој месец имаме нови и нови вработувања до недоглед. А услуга – многу лоша. Е сега замислете и обидете се да ја пресметате добивката, а истовремено и заштедата на пензискиот фонд, доколку 10 илјади вработени од државна администрација, ги пополнат 10-те илјади слободни места во приватен сектор. Наеднаш имате респираторно оживување на веќе „прогласеното за умрено“ - пензиски систем. Пациентот е жив, сите се среќни. вработена во МВР не и ја отежнува работата за да има бенефициран стаж. Секако, хигиеничарката не ни има бенефициран стаж, но истите услови треба да важат и за сите оние административни работници во МВР што имаат бенефициран стаж (а има прилично голем број такви), за да бидат скратени значително трошоците на Буџетот. Веројатно треба да се размисли и за скратување на бенефициите во зависност од подрачјето каде работи еден службеник, од ефектот на работното место, од тежината на работните задачи и ред други околности. Сепак, за да се изведе ваква операција потребно е пообемно истражување колку кратењето на бенефицираниот стаж ќе придонесе за стабилност и заштеда на пензискиот систем. Но, прилично сум сигурен дека укинувањето на останатите бенефиции ќе бидат и тоа како добредојдени за пензискиот систем. На пример, што е тоа апанажа воопшто? Зошто некој избран функционер да има право да користи апанажа и притоа да му се платени придонеси и да му се засметува година или повеќе години стаж, без истиот да се врати на било кое работно место и да придонесува и заработува. Зар некој со сила го терал да стане функционер? Бенефициран стаж или друг вид на бенефиции за именувани и избрани функционери целосно да се укинат. Именувани и избрани функционери да не смеат да бидат постари од 64 години. Доколку се способни да бидат на определени позиции кои носат одговорност, тогаш веројатно се доволно способни да бидат и на работни позиции во производство пример. Па ако им се работи, по наполнети 64 години, можат во некоја фабрика нели?

Намалување на администрацијата !!!!!

Е тоа е веќе мерка за која нема дилеми. Секој месец читаме статистика дека се слободни околу 10.000 работни места. Најчесто во производство или услужна дејност. За работа во земјоделие или сточарство, воопшто не може да се најде кадар кој би работел. Но, затоа пак во администрација секој месец имаме нови и нови вработувања до недоглед. А услуга – многу лоша. Е сега замислете и обидете се да ја пресметате добивката, а истовремено и заштедата

на пензискиот фонд, доколку 10 илјади вработени од државна администрација, ги пополнат 10-те илјади слободни места во приватен сектор. Наеднаш имате респираторно оживување на веќе „прогласеното за умрено“ - пензиски систем. Пациентот е жив, сите се среќни. Ваквото пренасочување на непотребен кадар од едно место, на и тоа како потребен кадар на друго место, без сомнеж ќе ја намали огромната загуба на месечно ниво на пензискиот систем. Без сомнеж тоа ќе биде намалување изразено до значително голем процент. Доброто е што ова може да се изведе буквално за два месеци. Давате период на административци да се пријават за нови работни места во приватен сектор. Стимулирате со по 3.000 денари плус на плата од таа која ќе да даде работодавецот. Го обврзувате работодавецот за слободното место кое сега го нуди да мора да го задржи вработениот следните 5 години, или да мора да му најде работа исто толку платена пред да го отпушти. Сигурен сум дека ќе има барем 5.000 административци кои ќе заминат во приватен сектор, само потребно е некој да ја изведе конекцијата меѓу нив и приватните компании. Со оглед на тоа дека поради недостаток на кадар, веќе платите во приватен сектор се примамливи повеќе од тоа да сте хигиеничар или курир во администрација на пример, мислам дека друга соодветна мерка би била – задржување на платите во администрација на следните 5 години и нивно ограничување до максимум 500 евра. Без дополнителни бенефиции. Длабоко верувам дека секој оној кој размислува за својата иднина веднаш ќе побара подобро платена работна позиција во приватен сектор. А што велите да се ограничат примањата на избраните функционери и именуваните директори и раководители на максимум 550 евра? Некако сум сигурен дека секој оној кој што вреди како менаџер и како кадар веднаш ќе побара работа во приватен сектор. Или уште подобро ќе основа сопствена компанија и ќе вработи уште неколкумина. Конкуренцијата автоматски ќе ги зголеми примањата на вработените, со тоа и паричните средства уплатени за пензиско и здравствено осигурување.

Време е за спасување на „војникот Рајан“

Сите погоре наведени мерки се потребни со цел намалување на притисокот врз пензискиот систем, и обид да истиот застане колку толку на нозе. Ситуацијата која моментално е реалност, и тоа веќе подолг период е дефинитивно неодржлива. Затоа без оглед на социјалниот и психолошки аспект, мора, ама навистина мора, веднаш да се направат обиди да се помогне со мерки за состојбата на пензискиот систем. Спасувањето на војникот мора да започне, пред навистина да биде ептен предоцна. Анализава покажува дека има доста начини и методи преку кои може да се проба, но и сериозно да се направи резултат во обидите пензискиот систем да биде постабилен, со тоа што долготрајно истиот би бил навистина стабилен и би почнал да „ произведува пари за себе„ . Постојат уште многу други мерки кои би имале позитивен ефект врз стабилноста на пензискиот систем, но кои носат со себе можност за социјален немир, односно не се популарни. Сепак, погоре презентираните се оние кои можат брзо и едноставно да се реализираат. Ценам дека, кога е во прашање пензискиот систем кој е под капа на државата, доволно време се одложувани определени реформи, и дека е созреано времето кога истите треба да почнат да се прават. Имаме преговори со ЕУ, имаме стабилни и профитабилни приватни компании кои бараат работна рака и имаат недостаток на истата, имаме програми и начини за стимулирање и помош на бизниси, имаме и потреба од намалување на бавната, несоодветно вработената и неквалитетна администрација. Се’ тоа споено во едно, ќе доведе до тоа, да со одредени мерки кои може нема да донесат политички поени, но ќе донесат стабилност на пензискиот систем следните минимум десетина години, да се покаже дека државниот апарат мисли на стабилноста на пензискиот систем. Доколку се намали притисокот врз пензискиот систем може да се размислува и за зголемување на пензиите. Без нив, барем без една да се спроведе во пракса, нема ни што да разговараме за одржливост на пензискиот систем. nnn



Капитал број 1073/1074 21.08.2020

42

КАРИЕРИ

Луѓето ме прашуваат каде треба да почнат да работат и јас секогаш им велам да работат за оние на кои најмногу им се восхитуваат. Лудо е да работите на работни места само затоа што изгледаат добро на вашето резиме. Тоа е како чување за секс на старост. Направете го она што го сакате и работете за оној на кого најмногу му се восхитувате, и самите сте си ја дале најдобрата шанса во животот.

ВОРЕН БАФЕТ СОВЕТУВА

ВАШИОТ УСПЕХ ЗАВИСИ ОД ТОА ЗА КОГО РАБОТИТЕ

В

Ворен Бафет даде невиден пристап до неговите ставови и филозофија на животот во книгата Снежни топки: Ворен Бафет и Бизнис на животот (The Snowball: Warren Buffett and the Business of Life). Еден од неговите совети кои може да бидат од помош за сите е неговото поимање на темата за напредување во кариерата. “Луѓето ме прашуваат каде треба да почнат да работат и јас секогаш им велам да работат за оние на кои најмногу им се восхитуваат. Лудо е да работите на работни места само затоа што изгледаат добро на вашето резиме. Тоа е како чување за секс на старост. Направете го она што го сакате

и работете за оној на кого најмногу му се восхитувате, и самите сте си ја дале најдобрата шанса во животот”, вели Бафет. Вреди секој да се подзамисли околу оваа негова мисла. Колку често стратешки маневрираме во нашите кариери со цел да го создадеме совршеното резиме "на хартија"? Многу луѓе понекогаш свесно манипулираат со процесот на вработување, работат овде и таму, потоа го прескокнуваат бродот и горат мостови на патот, за на крајот да се пронајдат во некоја илузивна работа која никогаш не ни била она што си го замислувале. Попатно ја пропуштаме поголемата можност да работиме за некој на кого му се восхитуваме- некој со моќ да ја промовира нашата кариера напред, побрзо отколку што би го направиле

Каков лидер имате на работното место може многу да направи голема разлика во тоа дали ќе имате успех во кариерата. самостојно. Занемарувајќи ја оваа лекција за кариера, вели Бафет, не си даваме најдобра шанса да успееме во животот.

Каков вид лидер е достоен за восхит?

Kаков е лидерот кој би требало да заслужи восхит? За мене, тоа е лидер кој е ориентиран кон човекот (human centered). Toa e лице кое сака да биде


www.kapital.mk

Капитал број 1073/1074 21.08.2020

43


Капитал број 1073/1074 21.08.2020

44

КАРИЕРИ

автентично и да се поврзе со срцата на другите. Вистински восхитувачки лидери имаат верни следбеници кои за нив ќе одат и низ ѕидови. Зошто? Бидејќи тие им овозможуваат на луѓето храбар и сигурен простор да бидат луѓе првин кон себе - да ги остават своите маски дома и да ги донесат своите цели на работа. Ако овој концепт " човекот на прво место" е нешто сосема ново за вас, може да прочитате како многу лидери на високо ниво објаснуваат и зборуваат што значи да се биде лидер фокусиран на луѓето. И како изгледа тие да се појават со целата своја човештина без да го изгубат фокусот или балансот.

Восхитувачки човечки лидери делуваат со емпатија

Претседателот и главен извршен директор на Pinnacle Financial Partners, Тери Тарнер ја изградил својата фирма која обезбедува банкарски и инвестициски услуги на потрошувачите и на претпријатијата до ниво кога таа е проценета на околу 24,6 милијарди долари. Pinnacle е рангирана на 22 место на листата 100 најдобри компании за работа на магазинот Fortune. Ако некој сака да се нарекува човечки ориентиран лидер вреден за восхит, треба да ги постави на прво место своите луѓе, дури и пред бизнисот. Кога правите така, бизнисот (профитот) ќе се грижи сам за себе. Тоа е така бидејќи на тој начин во бизнисот ја вклучувате најмоќната сила во универзумот: љубов. Така е, љубов. На вистински човечки работни места кои се попрофитабилни од нивните конкуренти, ќе најдете "љубов во акција” распространета во културата на компанијата. За возврат, вработените да реагираат со поголема доверба, поголема лојалност, посветеност и поголеми перформанси “Луѓето сакаат да прават пари, но ако не го сакаат она што го работат, нема да го работат тоа многу долго. И иако тие ќе се мотаат наоколу, тие нема да даваат се од себе. Затоа работиме напорно и со намера да ги направиме нашите работни места забавни, ангажирани и изградено на база на другарство. Но, тие работи се изградени на поголема идеја, онаа што најчесто не ја гледате во книгите за бизнис. Тоа е идејата за емпатија и сочувство. Јас лично сум бил во ситуација да се плашам да дојдам на работа секое утро и да морам да правам нешто само за да излезам надвор. Тоа не е забавно. Јас не би го посакал тоа на никого. Значи, кога ја изградивме оваа компанија, се обидовме сочувствително да гледаме на нашите соработници и да кажеме: "Што би сакал од мојата работа? Што ќе ме возбуди да дојде на работа?", вели Тарнер. Восхитувачките човечки лидери живеат со своите вработени Запрашан да посочи примери од

Колку често стратешки маневрираме во нашите кариери со цел да го создадеме совршеното резиме "на хартија"?

секојдневието кои демонстрираат елементи на лидерство базирано на човечкото или љубов на работа, Тарнер одговара со радикална искреност што ретко се гледа кај менаџерите: “Тоа на што сум сведок дека е најмоќно е да живеете живот со своите соработници. Имав можност да се молам заедно со луѓе кога тие беа исплашени од дијагноза на рак или претстојна операција и со соработници кои беа скршени поради лошите животни одлуки што ги направиле нивните деца. Имав можност да седам во болнички чекалници со соработници кои биле на работ да го изгубат нивниот брачен другар. Сум испорачал голем дел домашно зготвени оброци и колачи од мојата сопруга на луѓе кои страдаат од некоја траума. Сум бил во болница на пораѓање на децата на соработници. Сум бил во многу средни училишта, дипломирања, посети, погреби и свадби насекаде. Сум бил во ситуација да го испратам авионот на компанијата за да превезе еден соработник и неговото семејство бидејќи нивната болна ќерка не беше во состојба да помине толку долг пат со автомобили. Љубовта не е иницијатива. Тоа е само грижа за луѓето со кои живееш и работиш”, објаснува Тарнер.

Што е бизнисот во случајот со љубовта?

Ако овие принципи за грижливо човечко однесување не не доведат до подобри бизнис резултати и поголеми

профити, ни останува добрата приказна. Но, што е поголемото влијание тука? Пристапот на лидерство кое ги има луѓето во центарот во Pinnacle создаде многу податоци кои покажуваат дека културата и стилот на лидерство имаат и ефекти врз бизнисот. Според основачот на Pinnacle , анкетите покажале дека 99% од работниците се гордеат со своето работно место, 97% велат дека имаат великодушни шефови, 96% велат дека луѓето се грижат еден за друг и во компанијата има 91,5% стапка на задржување на луѓето, што е нечуено во индустријата на финансиски услуги. Анкетите, пак, на клиентите на Pinnacle покажале дека 94,7% од нив изјавиле дека Pinnacle е препознатливо подобар од конкуренцијата, 98,8% изјавиле дека искуствата што ги имале во канцелариите на Pinnacle ги прават со нетрпение да се вратат назад. Но, навистина најдобриот индикатор sе перформансите на Pinnacle. Pinnacle работи под истите принципи и вредности од кога е основан во 2000 година, со фокус на неговите вработени, исто колку и на неговите клиенти. И акциите на Pinnacle се меѓу најдобрите финансиски акции во САД од 2000 година. И Ворен Бафет би се согласил дека ова лидерство е достојно за восхитување, а покажува дека дава и подобри резултати. nnn



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.