ПОЛИТИКА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА ФИСКАЛНА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА – КЛУЧ ЗА ФУНКЦИОНАЛНА ЛОКАЛНА ВЛАСТ
business magazine
ФИНАНСИСКИ ПАЗАРИ
КАКО РАБОТЕШЕ ОСИГУРИТЕЛНАТА ИНДУСТРИЈА ЗГОЛЕМЕНА ПРЕМИЈА И ЗГОЛЕМЕНИ ИСПЛАТИ НА ШТЕТИ
БРОЈ 1110 l 3 септември 2021 петок година 21 l www.kapital.mk
ФИНАНСИИ КАМАТИТЕ НА НАЈНИСКО НИВО ДОСЕГА КРЕДИТИТЕ ПОЕВТИНИ ОД БИЛО КОГА, ШТЕДЕЊЕТО ВО БАНКА СЕ’ ПОМАЛКУ АТРАКТИВНО МЕНАЏМЕНТ ДАЛИ ВАШАТА ОРГАНИЗАЦИЈА ГИ ПРЕЖИВУВА ПРОМЕНИТЕ – ИЛИ НАПРЕДУВА СО НИВ?
COVER STORY
НЕ СМЕ ИНВЕСТИРАЛЕ НИТУ ПОЛОВИНА ОД ПЛАНИРАНИТЕ ПАРИ ЗА КАПИТАЛНИ ОБЈЕКТИ ГОДИНАВА ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ
ИНВЕСТИТОРИТЕ СЕ ПРЕТПАЗЛИВИ И АКЦИИТЕ НЕСТАБИЛНИ
СВЕТ
ШТО ТРГНА НАОПАКУ ВО АВГАНИСТАН (ВТОР ДЕЛ)
3
КАПИТАЛ... 1109 4
10
COVER STORY
ФИНАНСИСКИ ПАЗАРИ
Бавно се реализираат јавните инвестиции
Не сме инвестирале ниту половина од планираните пари за капитални објекти годинава
Како работеше осигурителната индустрија во првото полугодие Зголемена премија и зголемени исплати на штети
KAPITAL.MK I БРОЈ 1109
16
БАНКИ И ФИНАНСИИ
Каматните стапки на кредитите и депозитите продолжуваат со падот
Кредитите поевтини од било кога, штедењето во банка се’ помалку атрактивно
20
ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
Осврт кон анализата на општинските каси
Фискална децентрализација – клуч за функционална локална власт
24
30
Анализа
Пазари на капитал
СВЕТ
СВЕТ
Што тргна наопаку во Авганистан?
Инвеститорите се претпазливи и акциите нестабилни
COVER STORY Бавно се реализираат јавните инвестиции ...................................................................4 Не сме инвестирале ниту половина од планираните пари за капитални објекти годинава
БАНКИ И ФИНАНСИИ Каматните стапки на кредитите и депозитите продолжуваат со падот...16 Кредитите поевтини од било кога, штедењето во банка се’ помалку атрактивно
ФИНАНСИСКИ ПАЗАРИ Како работеше осигурителната индустрија во првото полугодие............10 Зголемена премија и зголемени исплати на штети
ЛОКАЛНА САМОУПРАВА Осврт кон анализата на општинските каси................................................20 Фискална децентрализација – клуч за функционална локална власт СВЕТ Анализа...........................................................................24 Што тргна наопаку во Авганистан?
34
МЕНАЏМЕНТ
Како да се снаоѓаме во време на брзи промени и неизвесност Дали вашата организација ги преживува промените – или напредува со
СВЕТ Пазари на капитал...............................................30 Инвеститорите се претпазливи и акциите нестабилни МЕНАЏМЕНТ Како да се снаоѓаме во време на брзи промени и неизвесност...................................34 Дали вашата организација ги преживува промените – или напредува со ЛИДЕРИ Рекоа за...политичарите.................................38 Политичарите се насекаде исти. Тие ветуваат дека ќе изградат мостови дури и каде што нема реки.
Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, зграда 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 01.09.2021 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми
Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија
АВГ. 2021
СЕП. 2021
COVER STORY
4 COVER STORY
KAPITAL.MK I БРОЈ 1109
НЕ СМЕ ИНВЕСТИРАЛЕ НИТУ ПОЛОВИНА ОД ПЛАНИРАНИТЕ ПАРИ ЗА КАПИТАЛНИ ОБЈЕКТИ ГОДИНАВ
БАВНО СЕ РЕАЛИЗИРААТ ЈАВНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ
5
KAPITAL.MK I БРОЈ 1110
БАВНО СЕ РЕАЛИЗИРААТ ЈАВНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ
Е
ВА
СЕП. 2021
СЕП. 2021
6 COVER STORY
KAPITAL.MK I БРОЈ 1109
Од оние коишто имаат најмногу пари за инвестирање, најслаба реализација има кај Министерството за одбрана и тоа само 2,3%, за животна средина 7,3%, МВР со 11,5%, Министерството за транспорт и врски 12,5%, за образование и наука 17,5% Дирекција за ТИРЗ со 15,3%, а Министерството за здравство на ниво на државниот просек со 26,7%.
автор:
АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ
Р
ечиси 200 милиони евра се инвестирани во изградба на капитални објекти до почетокот на септември годинава, покажуваат податоците на Министерството за финансии. Со тоа реализацијата е околу 40% од предвидената сума за цела година. Притоа, процентот на реализација варира кај различни државни институции од нула па до целосна искористеност на планираните пари. Според податоците од Министерството за финансии, најголема реализација е забележана кај институциите што имале на располагање најмали суми. Од оние коишто имаат најмногу пари за инвестирање, најслаба реализација има кај Министерството за одбрана и тоа само 2,3%, за животна средина 7,3%, МВР со 11,5%, Министерството за транспорт и врски 12,5%, за образование и наука 17,5% Дирекција за ТИРЗ со 15,3%, а Министерството за здравство на ниво на државниот просек со 26,7%. Меѓутоа, и покрај слабата динамика на реализација на јавните инвестиции, властите со ребалансот уште повеќе ја зголемија планираната сума за оваа година. Според најавите на министрите од економските ресори, токму во есенскиот период се очекува засилено темпо на изградба на планираните јавни капитални објекти. Капиталните расходи или инвестиции се планирани на ниво од 495 милиони евра што е за 105 милиони евра повеќе отколку првично планираното, односно раст од 26,9%.
Реализацијата на капиталните инвестиции е околу 40% од предвидената сума за цела година со ребалансот на Буџетот или речиси 200 милиони евра се инвестирани во изградба на капитални објекти до септември годинава, покажуваат податоците на Министерството за финансии. Меѓутоа, и покрај слабата динамика на реализација на јавните инвестиции, властите со ребалансот уште повеќе ја зголемија планираната сума за оваа година. Капиталните расходи или инвестиции се планирани на ниво од 495 милиони евра што е за 105 милиони евра повеќе отколку првично планираното, односно раст од 26,9%. Властите се надеваат дека со новиот механизам на следење на државните институции ќе ги поттикнат повеќе да ги реализираат предвидените проекти. „Со овие измени и дополнувања на Буџетот за 2021 година извршено е редизајнирање на расходите со поголемо учество на капиталните расходи во вкупните расходи. Наша цврста заложба е да инвестираме во трајни добра. Се фокусираме на имплементација на капиталните инфраструктурни проекти во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот сектор, земјоделството и заштитата на животната средина“, рече премиерот Заев образложувајќи го зголемувањето на капиталните расходи со ребалансот. Властите од годинава одлучија да применуваат нов модел на следење на реализацијата на капиталните инвестиции за да ги мотивираат државните институции да ги потрошат
планираните пари за предвидените проекти. Премиерот објасни дека се работи на оригинален функционален КАПЕФ механизам за подобрување на реализацијата на капиталните инвестиции и развојните проекти, при што ќе биде воведена методологија за оценка на ефектите од инвестициските проекти врз економскиот раст. „Тоа значи „казнување и наградување“ на буџетските корисници преку прераспределба на буџетските средства во текот на буџетската година од оние со слаба кон оние со поголема реализација на капиталните расходи“, објасни Заев. По сектори, парите за капитални инвестиции се наменети за интензивирање на инвестициски вложувања во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за
БАВНО СЕ РЕАЛИЗИРААТ ЈАВНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ БРОЈКИ
495
милиони евра се предвидени за капитални инвестиции со ребалансот на буџетот
193
милиони евра се инвестрани за осум месеци годинава во капитални објекти
39,9%
е реализацијата на капиталните инвестиции
подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот систем, земјоделството, културата, спортот, заштитата на животната средина и правосудството. Инаку, властите за прв пат претставија среднорочна фискална рамка за пет години, наместо за една како вообичаено досега. „Со овој буџет почнуваме нов концепт, одиме подалеку од фискалната година од 12 месеци и ја менуваме со 5-годишна рамка. Оваа среднорочна рамка го опфаќа растот, дефицитот, јавниот долг, како и капиталните проекти кои вообичаено се реализираат во повеќе буџетски години и немањето на среднорочна рамка е една од причините за послабата реализација“, истакна Бесими. Па така, во среднорочната рамка на Предлог - Буџетот за 2021 година, презентиран е Планот за јавни инвестиции 2021-2025 и истиот ќе се следи и координира на највисоко во Владата, односно ќе се основа посебен Национален совет за инвестиции предводена од страна на премиерот. „Тоа ќе биде во насока на обезбедување на одржлив и инклузивен раст, согласно
приоритетите од Програмата на Владата, и ќе се фокусира во координација на имплементацијата на капиталните инфраструктурни проекти во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот систем, земјоделството, заштитата на животната средина. Поточно, во периодот од 2021 до 2025 година година се планираат капитални проекти во вкупен износ од 3,1 милијарди евра, од кои со буџетски средства би се финансирале 1,16 милијарди евра, од донации (преку ИПА фондови) 112,8 милиони евра, а со средства од меѓународни финансиски институции/ билатерални кредитори капиталните инвестиции би се финансирале со износ од 1,84 милијари евра“, образложи министерот за финансии, Бесими.
За кои капитални инвестиции има повеќе пари?!
Министерот за финансии Бесими истакна дека и Владата и експертската јавност и меѓународните финансиски институции се согласни дека фискалниот стимул за стопанството и граѓаните мора да продолжи до целосно заздравување и враќање на економијата на патот на економски раст. Во насока на зголемување на капиталните инвестиции во Буџетот, тој посочи дека е извршено редизајнирање на расходите со поголемо учество на капиталните расходи во вкупните расходи. „Порастот на капиталните расходи од 26,9% е резултат на обезбедувањето потребни средства за реализација на дел од мерките на Владата, а коишто се однесуваат на кредити со 0% камата преку Развојната банка за најпогодените сектори од областа на туризмот, занаетчиството, угостителството, транспортот, индустријата за организација на настани, приватните здравствени установи и др; кредитна гарантна шема преку Развојната банка во периодот април – октомври 2021 година и формирање Фонд за поддршка на истражување и развој преку Развојната банка. Кај буџетските
7
СЕП. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1110
корисници планирано е обезбедување дополнителни средства за капитални инвестиции за реконструкција на јавните здравствени установи, потоа инвестиции во областа на детската заштита, за реконструкција и опремување старски домови и опремување центри за лица со попреченост, во областа на патната инфраструктура, дополнителни средства за социјални станови, како и зголемен износ на средства за рурален развој“, рече Бесими. Тој посочи и дека новини во Буџетот се нова подпрограма за зелен развој, нови инструменти, како развојна обврзница и зелена обврзница во коишто ќе можат да инвестираат граѓаните, а истите ќе бидат наменети исклучително за инвестиции и зелен (одржлив) развој, како и Планот за финансирање забрзан раст којшто ќе овозможи нови инвестиции и нови работни места, а ќе биде презентиран наскоро. И премиерот и министерот за финансии уверуваат дека Интервентниот план за инвестиции 2021-2027, околу 8 милијарди евра, ќе се реализира и истиот претставува дополнителен стимул за економски развој преку реализација на конкретни проекти. Најголемите инвестиции се планирани во енергетиката, гасификацијата, туризмот, здравството, преработувачката индустрија, производството. „Интервентниот план за инвестиции ИПИ 2021-2027 ги опфаќа сите инвестиции кои се планира да отпочнат во земјава, вклучувајќи ги и приватните инвестиции на домашни и странски инвеститори. Тоа е стратешки документ со дефинирани елементи, како- вредност на планирани инвестиции од над 8 милијарди евра. Комплементарен план на ИПИ 20212027, во завршна фаза на подготовка е и Планот за финансирање на растот, со кој се отвораат сите можности за привлекување на приватниот капитал, комбинација на јавни и приватни инвестиции, преку создавање на законски можности за нивно спроведување, но и преку воведување на иновативни финансиски инструменти атрактивни за приватниот капитал“, истакна Заев.
СЕП. 2021
8 COVER STORY
KAPITAL.MK I БРОЈ 1109
Извозот на стоки и услуги, со исцрпување на неповолните економски ефекти од пандемијата, како и со заздравување на глобалните синџири на производство и на надворешната побарувачка и повисока искористеност на производствените капацитети во земјата, се предвидува да забележи реален раст од 10,6% во 2021 година. Според него, владините приоритети до крајот на 2021 година ќе бидат насочени кон справување со последиците од пандемијата преку зголемување на обемот на инвестициите со директна поддршка на активностите на компаниите, отворање нови работни места преку активните мерки за вработување, како и поддршка и развој на микро, мали и средни претпријатија. Ова подразбира дека поддршката ќе се реализира преку креирање развојни фондови и слични инструменти за поддршка на извозни компании, мали и средни претпријатија, како и социјални претпријатија.
Намален државниот долг
Во меѓувреме, Министерството за финансии објави дека е намален државниот долг за 3,9 процентни поени. Според објавените податоци тој се спушти на ниво од 52% од БДП во однос на 30.6.2021, кога беше на ниво од 55,9%, односно забележа намалување од 3,9 процентни поени. Значајно е тоа што средствата што беа обезбедени на меѓународниот пазар на капитал во изминатиот период се со историски најниска каматна стапка од 1,625%, посочуваат од Финансии. Намалувањето на државниот долг се должи пред се на раздолжувањето на Еврообврзницата во износ од 500 милиони евра извршена во јули годинава. Ова раздолжување ќе влијае и на намaлување на состојбата на јавниот долг, што ќе биде евидентирано со податоците објавени за нивото на јавниот долг заклучно со третиот квартал.
Согласно со утврдената динамика, Министерството за финансии објавува податоци за јавниот долг на квартално ниво. „Кризата предизвикана од Ковид 19 и справување со последиците влијаеше на зголемување на долгот во скоро сите земји, вклучително и во нашата. Државниот долг на крајот на 2020 година изнесуваше 51,2% од БДП, во првиот квартал на 2021 се зголеми на 54,1%, во вториот квартал на 55,9% и на 31 јули 2021 година тој се спушти на ниво од 52%. На промените на државниот долг влијаеја и повлекувањето на средства од склучени кредитни аранжмани со странски кредитори, задолжување со државни хартии од вредност, како и отплата на обврски по основ на главнина на надворешен долг“, истакнаа од Финансии.
Опоравување на среден рок
Властите очекуваат следните пет години економијата да расте со стапки кои се доближуваат и до 6% на годишно ниво. „На среден рок, стапките на економски раст ќе надминат 5%. Согласно основното среднорочно сценарио, економскиот раст во 2021 година е проектиран на 4,1%, а потоа 4,6% во 2022, 5,2% во 2023, 5,6% во 2024, 5,9% во 2025 и 5,7% раст во 2026 година. Просечниот раст за овој период би бил 5,4%. Основното сценарио се заснова на стојалиштето дека економијата ќе заздрави во 2021 година, по што ќе се интензивира економскиот раст“, пишува во најновата Фискална стратегија. За разлика од Владата, високите
стапки на економски раст ги нема во долгорочните прогнози на меѓународните финансиски институции. Според ММФ, растот на економијата следните пет години може да достигне највисоки 4%. Според ММФ, постоењето на кредибилна среднорочна фискална стратегија може да помогне во решавањето на потребите од инвестиции во државата, истовремено создавајќи простор за фискален маневар. „Инвестицискиот план на Владата е амбициозен и истиот треба да биде придружуван од дополнителни подобрувања во управувањето со јавните инвестиции, во насока на решавање на „тесните грла“, подобрување на ефикасноста на трошењата и ограничување на фискалните ризици. Напорите за подобрување на наплатата на приходите би овозможиле простор за подобрување на продуктивните трошоци во области како што се здравство, образование и инфраструктура. Постоењето на успешни јавни инвестиции ќе го поттикне растот и ќе помогне во трансформирање на економијата, но за да се заштити одржливоста на долгот, од суштинско значење е да се има сеопфатна фискална стратегија која, меѓу другото, ќе биде изградена врз реални претпоставки за раст“, пишува во последниот Извештај на ММФ по завршувањето на мисијата во земјава. Народната банка, на среден рок исто така предвидува натамошно закрепнување, но економскиот раст да биде 3,9% догодина, а потоа во 2023 да достигне 4%.
БАВНО СЕ РЕАЛИЗИРААТ ЈАВНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ „Оваа динамика на раст сепак значи дека економијата би се вратила на преткризното ниво во текот на 2022 година“, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска. Стапката на невработеност ќе се намали на 8,6%, стапката на вработеност ќе се искачи на 54,3%, просечната плата ќе расте со просечна стапка од околу 4%, бруто-инвестициите во 2026 година ќе се зголемат до 36,2%, додека извозот ќе расте со просечна стапка од околу 8,8%. Ова се проекции дадени во Фискалната стратегија 2022-2024, со изгледи до 2026 година, со којашто се продолжува практиката на Министерството за финансии со претходната ревидирана Фискална стратегија за подолгорочно планирање, со проекции за 5 наместо за 3 години. Владата вели дека државната поддршка преку различни економски мерки ќе продолжи во 2021 година, со цел поддршка на домашната економија за нејзино побрзо заздравување и создавање основа за повисок економски раст на подолг рок. Во однос на надворешното окружување, се очекува постепено стабилизирање на глобалните синџири за снабдување и раст на странската побарувачка, кои, заедно со намалените притисоци од пандемијата во глобални рамки, се очекува позитивно да влијаат врз домашните економски текови во
наредниот период, како врз трговската размена така и врз инвестициите и потрошувачката. Поволното меѓународно окружување и процесот на масовна имунизација во земјата се очекува да имаат позитивно влијание врз очекувањата и довербата на домашните економски субјекти и склоноста за инвестирање и потрошувачка. Инвестициите ќе имаат значајна улога во заздравувањето на економијата и нејзиното постепено интензивирање. Реалниот раст на бруто-инвестициите е проектиран на 8% во 2021 година, а во периодот 2022-2026 година инвестициите се очекува да забележат просечен годишен раст од 8,8%. „Растот на инвестициите се заснова на очекуваниот раст на приватните инвестиции, во услови на постепено зголемување на довербата на деловните субјекти, поинтензивен прилив на странски инвестиции, очекуваниот фискален импулс, којшто ќе биде канализиран преку зголемени капитални расходи, но и зголемена поддршка за развој на приватниот сектор и зајакнување на конкурентноста, поддршка на иновативната дејност и технолошкиот развој на претпријатијата“, пишува во Стратегијата. Извозот на стоки и услуги, со исцрпување на неповолните економски ефекти од пандемијата, како и со заздравување на глобалните синџири на производство и на надворешната побарувачка и повисока
9
СЕП. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1110
искористеност на производствените капацитети во земјата, се предвидува да забележи реален раст од 10,6% во 2021 година. На среден рок, во услови на очекувано стабилизирање на растот на надворешната побарувачка и зголемување на извозниот потенцијал во земјата преку прилив на странски инвестиции, извозот се очекува да има силен придонес врз економскиот раст, односно предвидено е да забележи просечен реален годишен раст од 8,8% во периодот 2022-2026 година. Според основното макроекономско сценарио, во 2021 година се очекува раст на бројот на вработени од 1%, додека во периодот 2022-2026 година се очекува раст на вработеноста со побрзо темпо, односно проектиран е просечен годишен раст од 3,6%. Растот на вработеноста во овој период се очекува да се одрази и врз понудата на работна сила, којашто е проектирано да се зголемува просечно за 1,7% годишно. „Ваквите движења на пазарот на трудот ќе придонесат просечната стапка на невработеност во 2026 година да се намали на 8,6%, додека просечната стапка на вработеност да се зголеми на 54,3%. Растот на просечната нето-плата во овој период се очекува да изнесува 3,8% годишно на номинална основа, со изгледи за умерено интензивирање на растот во чекор со продуктивноста“, пишува во Стратегијата.
СТАНБЕН КРЕДИТ
• До 100% финансирање • Камата од 2,95% за првите 10 години • Без трошоци за аплицирање • Пакет услуги • Кредитна картичка со лимит до 60.000 ден *Полисата вклучува осигурително покритие и од Ковид 19
Инфо центар: 02 3 111 111 www.unibank.mk
СЕП. 2021
10 ФИНАНСИСКИ ПАЗАРИ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1110
КАКО РАБОТЕШЕ ОСИГУРИТЕЛНАТА ИН
ЗГОЛЕМЕНА ПРЕМИЈА ИСПЛАТИ НА ШТЕТИ
Луѓето од фелата велат дека овој пораст не е изненадувачки, со оглед на фактот што во истиот период лани, особено месеците април и мај имаше значително намалена економска активност поради локдаунот предизвикан од пандемијата, следствено на тоа и помалку уплатени осигурителни полиси во речиси сите класи на осигурување.
НДУСТРИЈА ВО ПРВОТО ПОЛУГОДИЕ
А И ЗГОЛЕМЕНИ
11
СЕП. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1110
СЕП. 2021
12 ФИНАНСИСКИ ПАЗАРИ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1110
Значителен пораст има кај категоријата останати класи неживот, од дури 43%, на 580 милиони денари (околу 9,4 милиони евра), каде што се’ позначајно учество зема и приватното здравствено осигурување кое континуирано расте, за што ни потврдуваат осигурителните компании.
автор:
ИГОР ПЕТРОВСКИ
О
сигурителниот пазар во Македонија на крајот од вториот квартал годинава имал брутополисирана премија (БПП) од 5,9 милијарди денари (96 милиони евра) што е за 14,62% повеќе од истиот период лани, покажуваат прелиминарните податоци од Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО). Луѓето од фелата велат дека овој пораст не е изненадувачки, со оглед на фактот што во истиот период лани, особено месеците април и мај имаше значително намалена економска активност поради локдаунот предизвикан од пандемијата, следствено на тоа и помалку уплатени осигурителни полиси во речиси сите класи на осигурување. Од вкупната сума на БПП за двата квартали годинава, 5 милијарди денари (околу 81 милион евра) отпаѓаат на неживотното осигурување, при што се бележи 15,6% пораст, додека 910 милиони денари (нешто помалку од 15 милиони евра) е вкупната БПП кај животното осигурување, каде што се бележи раст од 9,62%. Кај бруто исплатените штети вкупната сума на ниво на сектор изнесува 2,22 милијарди денари (36 милиони евра), при што се бележи пораст од 22,2%. За бруто исплатени штети во неживотното осигурување исплатени се 1,94 милијарди денари (31,5 милиони евра) што е пораст од 19,8% во однос
ПАЗАРЕН УДЕЛ - НЕЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ 2К2021 6,08%
2,94%
6,14%
14,70%
7,72%
12,49%
8,02% 11,06% 9,31% 10,72%
10,84%
Триглав Еуролинк Халк Македонија- ВИГ Уника Сава Евроинс Винер Кроација неживот Осигурителна полиса Граве неживот
Извор: Прелиминарни податоци на Агенција за супервизија на осигурувањето
на истиот период лани, а кај животното осигурување исплатени се 200 милиони денари (3,5 милиони евра), што е пораст од 42,2% во однос на истиот период во 2020 година.
Зголемувањето на динамиката во општеството го зголеми исплатувањето на штети
Компаниите за неживотно осигурување во првото полугодие исплатиле 5,2 милиони евра повеќе штети на осигуреници во однос на истиот период
лани. Раст на исплатите има кај трите големи групи класи: осигурување имот, осигурување моторни возила и останатите класи од неживотно осигурување, покажуваат бројките на АСО. „Во значајна мерка влијание врз растот на исплатените штети има зголемувањето на вкупната мобилност како и активностите во сите општествени сфери. Тие се интензивираа по укинувањето на мерките и
13
СЕП. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1110
Осигурување на живот Ред. бр.
Бруто полисирана премија
Друштво за осигурување
Бруто исплатени (ликвидирани)
Кроација живот
2К2021 308,90
2К2020 317,60
2
Граве
247,68
257,47
-3,81%
77,78
58,48
33,01%
27,28%
31,08%
3
Винер живот
166,33
146,90
13,23%
39,69
11,25
252,82%
18,32%
17,73%
4
Уника живот
111,40
80,31
38,72%
13,36
13,32
0,30%
12,27%
9,69%
73,68
26,06
182,77%
14,72
10,85
35,59%
8,11%
3,15%
907,98
828,33
9,62%
281,49
197,88
42,26%
100,00%
100,00%
Триглав живот Вкупно
2К2021 135,93
Δ% 30,75%
Учество %
1
5
Δ% -2,74%
штети 2К2020 103,97
2К2021 34,02%
2К2020 38,34%
Извор: Прелиминарни податоци на Агенцијата за супервизија на осигурувањето
Неживотно осигурување МКД (во милиони) Ред. бр.
Бруто полисирана премија
Друштво за осигурување
Бруто исплатени (ликвидирани) штети
1
Триглав
2К2021 734,23
2К2020 707,57
Δ% 3,77%
2К2021 243,38
2К2020 233,48
2
Еуролинк
623,95
562,94
10,84%
191,00
184,35
3
Халк
552,44
374,99
47,32%
222,56
138,56
4
Македонија- ВИГ
541,37
521,89
3,73%
164,30
134,42
5
Уника
535,28
376,79
42,06%
199,72
Δ% 4,24%
Учество % 2К2021 14,70%
2К2020 16,37%
3,61%
12,49%
13,03%
60,62%
11,06%
8,68%
22,22%
10,84%
12,08%
140,36
42,29%
10,72%
8,72%
6
Сава
464,87
413,53
12,42%
200,38
171,51
16,83%
9,31%
9,57%
7
Евроинс
400,43
391,10
2,38%
221,74
181,70
22,03%
8,02%
9,05%
8
Винер
385,65
347,07
11,11%
164,01
156,11
5,06%
7,72%
8,03%
9
Кроација неживот
306,61
231,98
32,17%
137,64
83,99
63,88%
6,14%
5,37%
10
Осигурителна полиса
303,61
281,03
8,03%
127,14
130,53
-2,59%
6,08%
6,50%
11
Граве неживот
146,94
113,00
30,04%
62,14
4,21%
2,94%
2,61%
4.995,38
4.321,90
15,58%
64,76 1.936,63
1.617,15
19,76%
100,00%
100,00%
Вкупно
Извор: Прелиминарни податоци на Агенцијата за супервизија на осигурувањето
ПАЗАРЕН УДЕЛ - ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ 2К2021 8,11% Кроација живот
12,27%
34,02%
Граве Винер живот Уника живот
18,32%
Триглав живот
27,28% Извор: Прелиминарни податоци на Агенција за супервизија на осигурувањето
ограничувања кои, истиот период лани, беа на сила заради превенција од глобалната здравствена пандемија предизвика од вирусот COVID-19.“, објаснуваат од АСО. Значаен раст на исплатените штети има кај осигурувањето имот. Во првите шест месеци годинава 11 осигурителни друштва за неживотно осигурување на своите осигуреници за штети на осигурен имот им исплатиле 292 милиони денари (4,75 милиони евра) што е за 18,5% повеќе од истиот период минатата
година. Кај осигурувањето од автомобилска одговорност (најзастапено осигурување задолжително со закон) износот на исплатени штети изнесува 1,04 милијарди денари (17 милиони евра). Во споредба со истиот период лани износот на исплатени штети е зголемен за 21% односно 182 милиони денари (3 милиони евра). Кај класата на доброволно автомобилско осигурување т.е. каско осигурување за овој период компаниите
исплатиле штети во вредност од 224 милиони денари (3,6 милиони евра). Осигурителните друштва за останатите класи осигурување на своите осигуреници по пријавени штети им исплатиле 374 милиони денари (6,1 милиони евра) во првата половина годинава. Тоа е за 104,5 милиони денари (1,7 милиони евра) односно 38% повеќе во споредба со истиот период минатата година. Од вкупно 11 компании за неживотно осигурување кај десет друштва се зголемени износите исплатени за надомест на штети. Најголем раст (во %) во овој период имаат: Кроација осигурување – неживот со 64%, Халк осигурување со 61%, Уника со 42%, Евроинс осигурување и АДОР Македонија со раст од 22 % и Сава осигурување со раст од 17%. Следува Винер ВИГ со раст од 5 % па Триглав Осигурување, Еуролинк Осигурување и Граве неживот со по 4 % раст на износите на бруто исплатени штети. Најголемо учество во вкупниот износ на исплатени штети за првото полугодие имаат Триглав осигурување со 243 милиони денари (3,95 милиони евра), Халк Осигурување и Евроинс Осигурување кои исплатиле по 222 милиони денари (3,6 милиони евра). По нив следуваат: Сава Осигурување и „Уника со по 200 милиони денари (3,25 милиони евра), Еуролинк осигурување со исплатени 191 милиони денари (3,1 милиони евра), АДОР „Македонија“ и Винер ВИГ со по 164 милиони денари (2,67 милиони евра). Кроација осигурување – неживот исплатила 138
СЕП. 2021
14 ФИНАНСИСКИ ПАЗАРИ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1110
Кај осигурувањето од автомобилска одговорност (најзастапено осигурување задолжително со закон) износот на исплатени штети изнесува 1,04 милијарди денари (17 милиони евра). Во споредба со истиот период лани износот на исплатени штети е зголемен за 21% односно 182 милиони денари (3 милиони евра).
Пазарно портфолио, 2К2021 Класа на осигурување Вкупно
Бруто полисирана премија 2К2021 2К2020 Δ%
Бруто исплатени (ликвидирани) 2К2021 2К2020 Δ%
МКД (во милиони) Учество % 2К2021 2К2020
5.903,36
5.150,24
14,62%
2.218,12
1.815,02
22,21%
100,00%
100,00%
907,98
828,33
9,62%
281,49
197,88
42,26%
15,38%
16,08%
Вкупно неживот, од кое:
4.995,38
4.321,90
15,58%
1.936,63
1.617,15
19,76%
84,62%
83,92%
Осигурување на имот (вкупно)
1.396,59
1.186,25
17,73%
292,11
246,49
18,51%
27,96%
27,45%
Имот од пожар и други опасности
509,57
487,04
4,62%
43,70
88,81
-50,79%
36,49%
41,06%
Имот останато
887,03
699,20
26,86%
248,41
157,68
57,54%
63,51%
58,94%
2.656,63
2.294,65
15,77%
1.265,77
1.093,18
15,79%
53,18%
53,09%
Вкупно живот
Осигурување на моторни возила (вкупно) Каско моторни возила Автоодговорност (вкупно) Општа одговорност Останати класи од неживотно осигурување
430,79
404,42
6,52%
224,06
233,14
-3,89%
16,22%
17,62%
2.225,83
1.890,23
17,75%
1.041,71
860,05
21,12%
83,78%
82,38%
147,35 794,82
124,02 716,98
18,81% 10,86%
4,99 373,77
6,41 271,07
-22,14% 37,89%
2,95% 15,91%
2,87% 16,59%
Извор: Прелиминарни податоци на Агенција за супервизија на осигурувањето
милиони денари (2,2 милиони евра), Осигурителна полиса 127милиони денари (2,1 милиони евра) и Граве неживот 65 милиони денари (1,06 милиони евра).
Триглав лидер според пазарно учество, голем напредок на Халк и Уника
Ако го анализираме пазарното портфолио во осигурителната индустрија, на крајот од вториот квартал годинава најголем пораст во однос на истиот период лани има кај класата Општа одговорност, од 18,8%, во рамки на неживотното осигурување. Кај осигурувањето на имот порастот на бруто полисираната премија (БПП) е 17,7%, додека кај осигурувањето на моторни возила порастот е 15,8%. Значителен пораст има кај категоријата останати класи неживот, од дури 43%, на 580 милиони денари (околу 9,4 милиони евра), каде што се’ позначајно учество зема и приватното здравствено осигурување кое континуирано расте, за што ни потврдуваат осигурителните компании. „Интересот за ова осигурување е во постојан раст, затоа што грижата за здравјето е секогаш приоритет.
Верувам дека пандемијата го забрза тој процес кој секако постоеше, меѓутоа, заради финансискиот притисок што го носи кризата, реализацијата кај индивидуалните корисници и семејствата не е голема во овој период. Но, од друга страна, зголемен интерес и реализација има од компаниите кои се грижат за здравјето и благосостојбата на своите вработени, па во овој период вложија токму во приватно здравствено осигурување.“, кажа директорката на Еуролинк осигурување, Марија Томеска, во неодамнешното интервју за Капитал. Согласно податоците со кои располагаат во осигурителните компании, проценка е дека само околу 20% од домовите имаат некакво осигурување на имотот, што значи дека и во оваа класа постои голем потенцијал. „Останатите немаат никакво осигурување, иако податоците на национално ниво покажуваат дека во просек во тек на една година има над 10.000 тешки кражби, неколку стотици пожари годишно итн. Тоа се случки кои не можеме да ги предвидиме и ретко можеме да ги спречиме, па осигурувањето нуди финансиска сигурност во таков случај. Според нашите податоци за 2020 година, речиси
секој петти наш осигуреник пријавил штета по основ на имотно осигурување и имал потреба да го искористи осигурувањето.“, вели Томеска од Еуролинк. Најголема класа според пазарно учество како и секогаш е осигурувањето на моторни возила, со 53,2% од целокупното неживотно осигурување. Во рамки на оваа класа пак, доминира задолжителното осигурување од автоодговорност со 82,4% и каско осигурувањето со 17,6%. Од компаниите учеснички на пазарот, најголем удел на крајот од вториот квартал има Триглав осигурување, 14,7%, пред Еуролинк со 12,5%, Халк осигурување со 11%, Македонија ВИГ со 10,8%, Уника со 10,7%, итн. Триглав всушност го врати лидерското место, откако во првиот квартал на челната позиција се наоѓаше Еуролинк. Најголем пораст на БПП во првото полугодие од 2021 покажува Халк осигурување, од 47,3% во однос на истиот период лани, пред Уника со 42%, Кроација неживот со 32,2%, Граве неживот со 30%, додека најмал раст имаат Евроинс со 2,4%, Македонија ВИГ со 3,7% и Триглав со 3,8%.
СЕП. 2021
16 БАНКИ И ФИНАНСИИ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1110
КАМАТНИТЕ СТАПКИ НА КРЕДИТИТЕ И ДЕПОЗИТИТЕ
КРЕДИТИТЕ ПОЕВТИНИ ОД ШТЕДЕЊЕТО ВО БАНКА СÈ Просечната каматна стапка на вкупните кредити во домашниот банкарски сектор се сведе на ниво од 4,50%, а просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,83%.
Е ПРОДОЛЖУВААТ СО ПАДОТ
17
Д БИЛО КОГА, È ПОМАЛКУ АТРАКТИВНО
СЕП. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1110
СЕП. 2021
18 БАНКИ И ФИНАНСИИ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1110
автор:
ИГОР ПЕТРОВСКИ
В
о јули 2021 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити забележа месечно и годишно намалување од 0,04 п.п. и 0,25 п.п., соодветно и изнесува 4,50%, соопштуваат од Народната банка. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,83% и оствари пад на месечна и годишна основа од 0,01 п.п. и 0,22 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 3,62%, што претставува месечен и годишен пад од 0,41 п.п. и 0,36 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на новопримените депозити се намали на месечно и годишно ниво за 0,02 п.п. и 0,18 п.п., соодветно и изнесува 0,51%. Просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор во јули изнесува 3,61% и е пониска за 0,04 п.п. споредено со претходниот месец. Надолната промена е резултат на намалувањето на каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,06 п.п., соодветно), додека каматните стапки на кредитите во странска валута се непроменети. Анализирано на годишна основа, каматната стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор се намали за 0,28 п.п. Во јули, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор изнесува 3,04%, при остварен месечен пад од 0,39 п.п. Падот се должи на намалувањето кај сите компоненти: намалувањето на каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 1,00 п.п. и 0,01 п.п., соодветно) и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,06 п.п., соодветно). Споредено со истиот месец минатата година, оваа каматна стапка бележи пад од 0,60 п.п.
Паѓаат и каматните стапки на кредитите за домаќинства
Овој месец, каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор е пониска за 0,05 п.п. на месечна основа и изнесува 1,11%. Надолната промена произлегува од намалувањето на каматните стапки на депозитите во странска валута и каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,06 п.п. и 0,05 п.п., соодветно), при непроменети каматни стапки на денарските депозити со валутна клаузула. На годишно ниво, oваа каматна стапка е намалена за 0,18 п.п. Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата во јули е намалена за 0,03 п.п. во однос на претходниот месец и изнесува 5,30%. Надолната промена е резултат на намалувањето на каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,07 п.п. и 0,02 п.п., соодветно), во услови на раст на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,21 п.п.). Во споредба со јули минатата година, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата оствари пад од 0,26 п.п. Овој месец, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата
Извор: Народна банка
изнесува 4,58% и бележи пад од 0,06 п.п., на месечно ниво. Притоа, падот е одраз на намалувањето на каматните стапки на кредитите во странска валута и кредитите во денари со валутна клаузула (за 0,13 п.п. и 0,08 п.п., соодветно), при остварен раст на каматните стапки на кредитите во денари без валутна клаузула (за 0,09 п.п.). Анализирано на годишна основа, оваа каматна стапка забележа раст од 0,10 п.п.
Каматната стапка на новопримените депозити е 0,57%
Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата во јули се намали за 0,01 п.п. на месечна основа и изнесува 0,79%, што се должи на намалувањето на каматните стапки на денарските депозити без и со валутна клаузула (за
0,04 п.п. и 0,01 п.п., соодветно), во услови кога каматните стапки на депозитите во странска валута бележат раст (за 0,02 п.п.). Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата е пониска за 0,24 п.п. на годишна основа. Овој месец, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата изнесува 0,57%, што претставува месечен пораст од 0,04 п.п. Растот произлегува од зголемувањето на каматните стапки на депозитите во денари без валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,05 п.п. и 0,03 п.п., соодветно), во услови кога не се примени денарски депозити со валутна клаузула. Оваа каматна стапка е намалена за 0,22 п.п., во споредба со јули претходната година. nnn
Станбен кредит
ТВОЈ ДОМ. ТВОЈА ПРИКАЗНА.
3,35% фиксна камата
за 10 години 0% провизија при исплата 20 години рок на отплата
Без учество Онлајн апликација и процесирање Одлука во рок од 3 работни дена
Купување и опремување на нов стан/куќа/Изградба и опремување на куќа/ викенд куќа/Рефинансирање на постоечки станбен кредит во друга банка
mkd.info@procredit-group.com
02/ 2 446 000
www.pcb.mk
СЕП. 2021
20 ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
KAPITAL.MK I БРОЈ 1110
ОСВРТ КОН АНАЛИЗАТА НА ОПШТИ
ФИСКАЛНА ДЕЦЕНТРАЛИЗ КЛУЧ ЗА ФУНКЦИОНАЛНА
ИНСКИТЕ КАСИ
ЗАЦИЈА – А ЛОКАЛНА ВЛАСТ
21
СЕП. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1110
Анализата на „Капитал“ од минатиот број во којшто се открива дека градоначалниците половина или повеќе од половина од буџетите ги трошат за плати и надоместоци, но и дека главниот извор на приходи и понатаму се трансферите од централната власт, го отвори и прашањето за воведувањето на реформата на фискална децентрализација, како решение, или дел од решението за пофункционална локална самоуправа. автор:
Д
КАТЕРИНА СИНАДИНОВСКА одека кампањата за локалните избори зема сериозен залет, во минатиот број на „Капитал“ ја отворивме годишната завршна сметка на државниот Буџет, доставена до Собранието и анализиравме на што всушност трошеле градоначалниците во текот на минатата година, во каква кондиција се општинските каси и од каде всушност се полнеле. Податоците се застрашувачки. Анализата алармира на фактот што главните приходи за општините се поврзани со трансфери од централната власт. Ова (покрај тоа што сведочи за непостоечка економска автономија и неодржливост) отвора чист пат
СЕП. 2021
22 ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
KAPITAL.MK I БРОЈ 1110
за политичко – партиски притисоци и влијанија, во зависност од тоа дали градоначалникот доаѓа од (не) владејачка партија. Но, овае само дел од проблемот – анализата на ставката расходи е таа што удира силна шлаканица на сите приказни за децентрализација, или за некакви реформи во јавната администрација, или за добро владеење, воопшто. Во сите општини (со исклучок на Град Скопје) половина или повеќе од половината од буџетот се троши за да се исплатат плати и надоместоци. Притоа, тука не зборуваме за „таму некои си половинки“, зборуваме за половини што тежат и по дваесетина милиони евра годишно по општина. Замислете! Како тоа пластично изгледа? Општина Тетово, на пример, во 2020 година имала на располагање вкупен буџет од 24 и пол милиони евра. Од нив потрошени се 24,2 милиони евра, од коишто 17 милиони евра потрошени се за плати и надоместоци, а само 1, 5 милиони се капитални трошоци. Ова е срамен сооднос помеѓу купувањето на политички мир или гласови, што најчесто се гледа во партиската превработеност (на којашто алармираат сите анализи за македонската администрација) и реалните потреби на граѓаните, што најчесто се согледуваат во капиталните инвестиции и трошоци наменети за подобрување на животот и услугите кон даночните обврзници. Ова е сликата за сите македонски општини (иако госпоѓа Теута Арифи заслужува „честитки“ за драстичноста на примерот). Во Битола од 26 милиони евра – 12, 6 се потрошени за плати и надоместоци, во Велес од 12 потрошени се 7 (за оваа намена), во Гостивар од 16 потрошени се 11 (уште еден сериозно впечатлив пример), во Охрид 16:8, во Струга 14:9, во Аеродром 14:7, Карпош 13:7 итн., итн... Овој сооднос е скандалозен, не само поради милионските суми, што можат да значат дека нема да има за помош за некој граѓанин со социјален или здравствен проблем, туку и отвора сомнеж за можни злоупотреби на народните пари. Повторно да ја земеме како пример општина Тетово. Ако во општина Тетово работат нешто повеќе од 400 луѓе, а платите и надоместоците се 17 милиони евра, тоа значи дека според груба пресметка секој вработен има плата од околу 3000 евра. Ова се разбира не е точно, што значи дека главниот вентил низ којшто ни се лизгаат нашите пари не се платите, туку се фамозните надоместоци. Што тоа точно значи и кому и колку точно и за што точно се исплаќаат овие сериозни суми – тоа е одлично прашање за државните органи и на тоа прашање оваа или друга власт, порано или подоцна ќе мора да најде одговор. Законите на економијата се немилосрдни. Во меѓувреме, додека слушаме ветувања за пристап до чиста вода за пиење или канализација во 21 век, за нови тоалети во градинките или училишта со греење, овие бројки нека сведочат за сериозната нефункционалност на локалната власт.
За еден огромен и системски проблем, за којшто требаат коренити реформи, и којшто, за жал, не се решава со заокружување на кое било бројче на гласачкото ливче.
Хронологија на фискалната децентрализација
Она што според експертите сепак може да биде решение, или барем дел од него е воведување на фискална децентрализација, со што некои општини би имале и многу поголеми буџети, но би биле понезависни, оти би добивале и поголем дел од колачот на приходите од економската дејност што се одвива во нивната општина. Ова од друга страна значи централната власт да се откаже од дел од приходите, па легитимно се поставува прашањето дали има подготвеност за такво нешто? Од Министерството за финансии велат – да. Обидите за спроведување на оваа реформа траат од поодамна. Во 2002 година беше донесен Законот за локална самоуправа со кој се дефинираа надлежностите на општините, односно општините да можат самостојно да ги уредуваат и вршат работите од јавен интерес од локално значење. Помеѓу другите принципи и начела, во тоа време авторите посебно се воделе од т.н. принцип на субсидијарност, односно сè што може да се реализира поефикасно и поефективно на локално ниво за граѓаните, да се пренесува таму – принцип кој до ден-денес и по две декади не е исполнет во очекуваниот обем и динамика. Спроведувањето на процесот на децентрализација се извршуваше во повеќе фази. Во „нултата фаза“ се обезбедија минимум неопходни капацитети за финансиско управување од општините. Во првата фаза следеше преземање на имотот и обврските од децентрализираните надлежности. Во втората фаза општините ги преземаа надлежностите за донесување одлуки во врска со функционирањето на буџетските корисници. Фискалната децентрализација, исто така, се спроведуваше во неколку фази во кои трансферите од Буџетот и буџетите на фондовите се реализираа истовремено со трансферот на надлежностите, согласно Законот за локална самоуправа и другите закони од соодветните области. Процесот се одвиваше според принципот „финансиите ги следат функциите“ (finance follow function). Сериозен исчекор во доменот на фискалната децентрализација беше направен во јули 2005 година, кога беа изменети низа закони од областа на финансирањето, поточно Законот за даноци на имот, Законот за комунални такси и Законот за административни такси. Во првата фаза од фискалната децентрализација, на општините им беа пренесени одредени надлежности, а финансирањето на истите во најголема мера беше спроведено преку трансфери од централната власт. Моделот преку трансфери (блок или наменски) од централна власт повеќе личи на деконцентрација отколку на
ФАТМИР БЕСИМИ министер за финансии
Имаме локални избори, а истовремено работиме и на надминување на последиците од ковид-кризата врз економијата и нејзино враќање на патеката од преткризниот период. Градењето добро поставен систем на јавни финансии е обемен процес, којшто се состои од повеќе сегменти. Меѓу нив е и фискалната децентрализација, еден од приоритетите коишто произлегуваат од Пристапното партнерство на Република Северна Македонија со Европската Унија. Понатамошна децентрализација е и еден од приоритетите поставени со Програмата на Владата 20212024 година.“ децентрализација. Трансферите од централниот буџет повеќе служат за вертикална отколку за хоризонтална рамнотежа во развојот. Втората фаза на фискалната децентрализација започна на 1 јули 2007 година. Општините мораа да исполнат одредени критериуми како што се кадровското екипирање и зајакнување на финансискиот капацитет за да влезат во втората фаза, којашто предвидува надлежности во културата, социјалната заштита, основното и средното образование и примарната здравствената заштита. Сите општини се влезени во втората фаза. Од Министерството за финансии, од каде што побаравме податоци за оваа анализа, упатија на ставот на министерот Фатмир Бесими којшто смета дека потребна е реформа којашто ќе ја унапреди фискалната децентрализација во Македонија. Од таму предвидуваат спроведување на повеќе мерки и активности, коишто треба истовремено да го зајакнат фискалниот капацитет на општините и контролата за домаќинско, транспарентно и отчетно работење - сеопфатен процес на јавни консултации со Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), меѓународните развојни партнери, академската заедница, деловната заедница и другите засегнати општествени чинители и низ еден
23
СЕП. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1110
инклузивен и транспарентен процес да се дојде до оптимални решенија. „Имаме локални избори, а истовремено работиме и на надминување на последиците од ковид-кризата врз економијата и нејзино враќање на патеката од преткризниот период. Градењето добро поставен систем на јавни финансии е обемен процес, којшто се состои од повеќе сегменти. Меѓу нив е и фискалната децентрализација, еден од приоритетите коишто произлегуваат од Пристапното партнерство на Република Северна Македонија со Европската Унија. Понатамошна децентрализација е и еден од приоритетите поставени со Програмата на Владата 2021-2024 година. Придобивките од децентрализацијата, како процес воопшто, се дополнителна демократизација, пренесување на надлежностите на властите поблиску до граѓаните и нивните потреби и со тоа пружање поефикасни и поекономични услуги за граѓаните. Повеќе академски истражувања покажуваат дека постои корелација помеѓу повисокиот степен на децентрализација со повисок степен на економски развој“ вели Бесими.
Пакет мерки заснован на три столба
Со цел унапредување на фискалната децентрализација, предвидени се повеќе активности и мерки коишто се групирани во три столба, а тие се: подобрување на фискалниот капацитет и зголемување на приходите на општините, зголемување на фискалната дисциплина, и зголемување на транспарентноста и отчетноста во нивната работа. Првиот столб, или подобрувањето на фискалниот капацитет и зголемувањето на приходите на општините, планирано е да се спроведе преку повеќе активности коишто предвидуваат раст на средствата што им се распределуваат на општините од наплатените давачки во централниот буџет, зголемување на сопствените приходи на општините и формирање фондови коишто ќе го поддржуваат добриот перформанс. Во оваа насока ќе се разговара за ревидирање на методологијата за распределба на средствата на даноците и дотациите по општини. Планирано е постепено зголемување на процентот што го добиваат општините од приходите од персонален данок на доход, наплатен од физичките лица пријавени со постојано живеалиште и престојувалиште во општината. Исто така, постепено ќе се зголемува и стапката на дотација од наплатениот ДДВ, според перформансот на општините. Имено, планирано е формирање два фонда – Фонд за перформанси и Фонд за изедначување. Општините коишто покажуваат позитивни резултати и имаат повисока реализација на сопствените приходи ќе добијат средства од Фондот за перформанси, а од Фондот за изедначување ќе се обезбедат средства за општините коишто имаат пониски приходи, но истите покажале фискален напор и добри резултати во прибирањето на сопствените приходи. Примената на Фондот за перформанси треба да оди со внимателен процес на
ТЕУТА АРИФИ
О
АРБЕН ТАРАВАРИ
пштините Тетово и Гостивар се на врвот на скандалозните примери каде што повеќе од половината од вкупните општински буџети се трошат на плати и надоместоци. Во општина Тетово од 22 милиони евра вкупни трошоци дури 17 милиони отишле се за плати и надоместоци, а во Гостивар за оваа намена потрошени се цели 11 од вкупните 16 милиони. Градоначалничката Арифи, откако на партиската средба вчера во Тетово беше одлучено таа да биде кандидат за нов мандат за себе кажа дека бидејќи била осум години градоначалник таа најдобро ги знае маките на граѓаните: „Знам што да се направи. Научив дека не можеме да ја постигнеме оваа мисија поинаку, освен заедно. Заедно со вас, со поддршка на централната власт и на граѓаните. Овие избори не се за мене, овие избори се за нас. За нас како ДУИ, а уште повеќе за нас како граѓани на Тетово. Време е да го подготвиме Тетово за иднина, инвестиции во гасификацијата, еколошка инфраструктура. Да го направиме Тетово модерно за да не направи горди, како метропола на регионот и како зелен, чист град“, напиша таа на својот фејсбук профил. транзиција со поддршка од централните институции за зајакнување на локалните фискални институции кај општините коишто значително потфрлуваат во оваа компонента (не секогаш по нивна вина). Ќе се дејствува и кон зголемување на сопствените приходи на општините преку подобрување на ефикасноста на администрацијата и кон изнаоѓање нови локални приходи според најдобрите практики од ЕУ за квалитет на услугите и подобрување на критериумите за распределба на доделените средства за пренесените надлежности во областа на основното и средното образование, културата, детската заштита и заштитата на стари лица и противпожарната заштита. Вториот столб, којшто е во насока на зголемување на финансиската дисциплина на општините, намалување на долговите и домаќинско работење, предвидува активности во насока на мерки за реално планирање на приходите и расходите на општините, рационализација во работењето и намалување на непотребните расходи,
редовно сервисирање на обврските, поголема финансиска дисциплина, процедури за прогласување финансиска нестабилност, издавање општински обврзници и анализа на постојните обврски на општините и јавните претпријатија. Во насока на зголемување на транспарентноста и отчетноста, односно во рамките на третиот столб на унапредувањето на фискалната децентрализација, ќе се зголеми контролата од страна на државата, особено од страна на Финансиската инспекција во поглед на Законот за пријавување и евиденција на обврските и пријави за непочитување на Законот за финансиска дисциплина, ќе се носат мерки за зголемување на транспарентноста на општините преку објавување на финансиските извештаи на транспарентен и разбирлив начин, а ќе се дејствува и кон поголема отчетност за користење на буџетските средства.
nnn
СЕП. 2021
24 СВЕТ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1110
ШТО ТРГНА НАОПАК (ВТОР ДЕЛ)
25
СЕП. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1110
КУ ВО АВГАНИСТАН? Неколкумина интелектуалци, дипломати, високи државни советници, професори на престижни американски универзитети, поранешни војници – дадоа свое видување за Wall Street Journal околу тоа зошто 20 – годишната мисија на Запад во Авганистан предводена од САД не успеа. Во две продолженија ви ги пренесуваме во целост овие согледувања.
СЕП. 2021
26 СВЕТ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1110
2013
Офицери на гардата на авганистанската армија ја чуваат претседателската палата во Кабул, јуни 25, една седмица откако НАТО силите ја предадоа контролата на државната безбедност. Фото: Omar Sobhani/Reuters
Војна која што Авганистанците никогаш не можеа да ја поседуваат
Л
актар Брахими, кој ја предводеше и насочуваше политиката на ООН во Авганистан, долго време се залагаше за принципот дека работата на меѓународната заедница таму треба да биде „во сопственост на Авганистан“ и „предводена од Авганистан“. Препознавајќи ја темната историја на странски интервенции во земјата, тој ја советуваше меѓународната заедница внимателно да гази по теренот и да го почитува суверенитетот на Авганистан. Но, САД и нејзините меѓународни сојузници не интервенираа за поддршка на авганистанските аспирации. Нивната кампања се засноваше на специфичните цели на Америка и нејзините сојузници, фокусирани на агендата за борба против тероризмот. Други размислувања - изградба на институции, продлабочување на демократијата, унапредување на човековите права, скротување на корупцијата - беа периферни на овој централен напор. Меѓународната коалиција доминираше во војната против Талибанците; војната никогаш не беше во вистинска сопственост на авганистанскиот народ. САД и нивните сојузници ја предводеа, ја објаснуваа и се залагаа за неа. Авганистанските лидери не сакаа да се поврзат со неа, како што видовме во последните години од претседателствувањето на Хамид Карзаи. Тој еднаш низ солзи ламентираше дека не може да ги
заштити своите граѓани од кампањите на САД за бомбардирање. Со мала контрола врз сопствените животи и мала верба во сопствената влада, авганистанскиот народ повлече уште поголема дистанца од двете страни што беа распоредени едни против други на бојното поле. Авганистанците го разбраа товарот што им се закачи толку многу врз нивните животи и на крајот прифатија дека се држава што ја „изнајмила“ својата територија во служба на американската антитерористичка агенда. Исто како што Авганистанците сметаа дека не ја поседуваат војната, тие не чувствуваа дека имаат сопственост врз напорите за мир и помирување. Почетните обиди на Талибанците во средината на 2002 година за помирување со новата влада беа отфрлени од САД и НАТО, и покрај поддршката на претседателот Карзаи за таквите напори. Понудите на Лахтар Брахими за олеснување на дискретните разговори помеѓу Талибанците и новата влада во 2002 година, набргу по потпишувањето на Договорот во Бон, исто така беа отфрлени од САД. Карзаи и Брахими, обајцата горко се жалеа на неуспехот да се искористи оваа можност кога Авганистан и нејзините сојузници имаа максимална предност во односите со Талибанците. Фактот дека Талибанците подоцна одбија да преговараат со авганистанската влада, инсистирајќи дека нивни соговорници од другата страна се САД, го засили чувството на Авганистанците дека се борат и умираат
во војна во која тие и не беа вистинска страна. Кога администрацијата на Трамп целосно ја напушти секоја претензија дека мировниот процес ќе биде „во сопственост на Авганистан“ и „предводен од Авганистан“ и потпиша билатерален договор со Талибанците, тоа ја отстрани секоја илузија дека Авганистанците се релевантен играч во војната или мировниот план. Затоа, не е целосно изненадувачки што авганистанските војници толку лесно се откажаа од борбата против Талибанците. Како што извести авганистански активист, „Кога Талибанците заземаат територија, тие им велат на авганистанските војници и заедницата ‘Нашата борба не е со вас. Се одлучува во Доха со Американците “. Трагично, авганистанскиот народ остана со последиците и сам ќе ги трпи. Рина Амири, висок соработник на Центарот за меѓународна соработка при Универзитетот Њујорк и поранешен висок советник на американскиот специјален претставник во Авганистан и Пакистан.
Од самиот почеток самопрокламирано брзање за повлекување
Очигледно во Авганистан беше дека Американците ги имаа часовниците, но Талибанците го имаа времето. На секој фронт - без разлика дали е технологија, обука или ресурси - ние Американците и нашите авганистански сојузници ги декласиравме нашите талибански противници. Но, тие секогаш поседуваа еден кец во ракавите: способност и волја, да не’ чекаат. На крајот, ова се покажа фатално. Но, не мораше да
27
СЕП. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1110
биде. Единствената најголема штета за американската стратегија во Авганистан беше нашето инсистирање, од администрација до администрација, на стратегија за излез базирана на време, а не врз основа на условите на терен. Дваесет години се долго време за да се води војна, но во поголемиот дел од тоа време им кажувавме на нашите авганистански сојузници дека сме оддалечени 12 до 28 месеци од големо намалување на нашето присуство, без оглед на нашиот напредок. Не е тешко да се увиди колку ова фундаментално ја поткопа довербата во нашата мисија. Најеклатантен пример за ова беше говорот на претседателот Обама во 2009 година на Вест Поинт воената академија, кратко време по преземањето на функцијата, во кој тој објави голем прилив на војници во Авганистан. Во истиот говор, тој исто така објави: „По 18 месеци нашите војници ќе почнат да се враќаат дома“. Се борев во Авганистан кога го одржа тој говор. Тој говор често се наметнуваше во разговорите со племенските водачи чија јавна поддршка ни беше потребна за да го задушиме бунтот на Талибанците. Многу често тие прашуваа како би можеле да поддржат изградба на нов пат или проект за женско училиште, кога за 18 месеци, нашиот претседател рече дека ќе не’ нема, додека талибанскиот гувернер во сенка, кој живееше во нивната област, ќе остане. Тоа е фер прашање, и во текот на моите четири ангажирања во Авганистан, никогаш немав доволно добар одговор. Да бев во можност да кажам: „Не заминуваме се’ додека талибанскиот гувернер во сенка веќе не е закана за вас“, војната ќе завршеше поинаку и, иронично, многу порано. Многу е кажано и за ендемичната корупција во Авганистан, особено во владата. Никој не ја оправдува корупцијата. Но, многу помалку е кажано за начинот на кој нашето инсистирање за повлекување врз основа на временски рамки придонесе за психологијата на корупција. Извлекувањето на ресурси за лична корист стана осигурителна полиса за Авганистанците кога ние баравме да ги ризикуваат своите животи за нашите цели, истовремено кажувајќи им дека наскоро ќе заминеме. Секоја година ветувавме дека следната година ќе се случи нашето повлекување и нивното евентуално предавање во рацете на Талибанците. Помислете на сопственото семејство. Каков избор би направиле? Дури и сега, во овој последен чин на нашата инволвираност во Авганистан, не ја научивме лекцијата од нашите грешки од минатото. Илјадници американски граѓани остануваат заробени во земјата, а што да кажеме за десетиците илјади наши авганистански сојузници кои се соочуваат со смрт паднати во рацете на Талибанците. Мисијата е јасна: Мораме да ги извлечеме. Нашето повлекување мора да се базира на остварувањето на таа мисија, а не на некаков одреден произволен датум. Сепак, датумот е одреден, 31 август, и мисијата нема да биде завршена. Елиот Акерман, писател и поранешен
2014
Ривалите на претседателските избори Абдула Абдула (лево) и Ашраф Гани потпишуваат договор за влада на национално единство во претседателската палата во Кабул, на 21 септември. Фото: Kyodo/Associated Press
2017
Сцената по експлозијата на камион – бомба при што загинаа 90 луѓе во Кабул, на 1 јуни. Како што Талибанците ја зголемуваа освоената територија, растеше и насилството и самоубиствените напади. Фото: Haroon Sabawoon/Anadoly Agency
припадник на американските армиски сили, во пет наврати служел во Ирак и Авганистан.
Нереален јаз помеѓу реториката и реалноста
Мисијата во Авганистан беше поткопана од наивниот оптимизам на претседателот Буш. А беше уништена од наивниот песимизам на претседателот Бајден. Од 2005 до 2011 година, САД и нивните сојузници го гледаа Авганистан како „егзистенцијална“ закана за глобалната безбедност. Целта беше целосно да се елиминираат Талибанците и да се создаде –како што беше наведено во првата нацрт стратегија за развој на Авганистан - „родово чувствителна, мултиетничка, централизирана држава, базирана на демократија, човекови права и владеење на правото“. Беа распоредени над 100.000 странски војници и уште 100.000 меѓународни контрактори, трошејќи 100 милијарди долари годишно.
Но, таа ера одамна помина додека претседателот Бајден дојде на функцијата. Борбените операции завршија во 2014 година. До 2021 година, останаа само 2.500 американски војници (во споредба со 25.000 моментално во Јужна Кореја). Има многу малку меѓународни жртви од 2016 година. Авганистан никогаш не стана државата за којашто сонуваа првите градители на нацијата, но лесното американско присуство, фокусирано на воздушната поддршка, овозможи одреден напредок: Милиони девојчиња за првпат тргнаа на училиште; луѓето беа поздрави и живееја подолго; и многу млади луѓе уживаа во претходно непостоечките можности во бизнисот, културата и општеството. Претседателот Бајден можеше да се заложи за ова како нов модел за одржливо американско присуство. Наместо тоа, тој избра да се преправа дека се’ уште живее во екстравагантната и смртоносна
СЕП. 2021
28 СВЕТ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1110
2021
Американските трупи на аеродромот во Кабул, на 16 август, спречуваат луѓе што бараат излез за бегство од земјата да пристапат до пистата со авиони, додека САД се повлекува од Авганистан, а авганистанската влада ја предава земјата во рацете на Талибанците.
интервенција од 2009 година, и си постави цел да ја избрише. Не требаше да има континуитет. Тој веруваше дека ништо значајно не може да се постигне или зачува со останување во земјата и дека ниту најмалиот трошок не е оправдан. Држава која некогаш се сметаше за егзистенцијална закана, стана земја што може безбедно да им се предаде на џихадистите и тоа токму на 20 -годишнината од 11 септември. Се’ беше превртено наопаку. Авганистанските сили кои продолжија да се борат многу напорно до април, одеднаш беа изневерени и лишени од американската воздушна поддршка и американските контрактори неопходни за управување со хеликоптерите што токму САД им ги донираше. Ова губење на способноста, и пред се’ моралот, предизвика тотален колапс на авганистанската војска. За неколку дена, земјата беше во рацете на Талибанците. Сојузниците на Америка, кои речиси и не беа консултирани, беа понижени. И милиони Авганистанци ги загубија своите можности, својата иднина, својата земја и нивните човекови права, преку ноќ. Прашањата што се поставуваат одат подалеку од Авганистан. Како можат САД, за помалку од една деценија, да ја превртат и уништат секоја претпоставка за нивната надворешна политика, сојузи и интереси? Како може да се прибегне од најпреувеличената вера во својата улога до подеднакво екстремен очај и немоќ, зачувувајќи го цело време надреалниот јаз помеѓу реториката и авганистанската реалност? Зошто САД се неспособни за трпение и умереност? Рори Стјуарт, поранешен член на британската влада којшто долги години живеел и работел во Авганистан. Сега е предавач на Џексон Институтот при Универзитетот Јејл.
Неуспешно стратешко размислување, затворено за опции
Во Авганистан, победата беше секогаш
малку веројатна, а излезот, многу комплициран. За една таква војна да не стане мочуриште, требаше стратешко размислување што беше експанзивно и гледаше напред. За жал, Вашингтон беше почесто кусоглед, барајќи остварливи опции што би можеле да ја направат војната помалку скапа и да спасат американски животи. Проблемот беше јасен прилично рано. Драматичната победа на САД над Талибанците во 2001 година ја остави администрацијата на Буш со прекумерна самодоверба, што доведе до тоа да ги отфрли мерките што би можеле да го одложат или разводнат идното насилство по многу ниска цена. Во 2001 и 2002 година, на пример, Талибанците беа подготвени да учествуваат во политичкиот процес, но Вашингтон постојано ја отфрлаше можноста. Во исто време, САД беа бавни при градењето армија и полиција за одбрана на Авганистан. Пет години беа доволно време за регрутирање војска, но до 2006 година беа обучени само 26.000 авганистански војници. Кога Талибанците нападнаа таа година, имаше малку што да ги спречи. Ако администрацијата на Буш ги разгледуваше можностите за мировни преговори и градеше подобри авганистански сили, Талибанците ќе беа послаби, владата ќе беше посилна, а САД ќе носеа помал товар. Администрацијата на Обама на сличен начин ги ограничи своите опции. Во 2009 година, Пентагон предложи да се зголеми драматично бројот на војници во Авганистан и да се спроведе стратегија за задушување на бунт, а администрацијата се согласи со тоа, без сериозно да размисли за отфрлање на ескалацијата. Помеѓу 2009 и 2011 година, бројот на американски војници во Авганистан надмина 100.000, по цена од околу 100 милијарди долари годишно. Поголемиот дел од американските жртви за време на целата војна - 1.230 загинати и повеќе од 12.500 ранети - се случија
токму во тие години, но малку може да се сугерира дека ситуацијата на теренот во Авганистан ќе изгледаше многу поинаку во 2016 година, ако порастот на војската никогаш не се случеше. Администрацијата на Трамп усвои уште повеќе кусогледа стратегија со единствено фокусирање на повлекувањето. Доколку САД беа доволно трпеливи да ја искористат својата предност, разговорите што ги водеа со Талибанците можеа да произведат прифатлив компромис. САД можеа да ги натераат Талибанците да се обврзат не само на воздржување од терористички напади врз американски цели, туку и да постигнат некаква политичка спогодба со владата во Авганистан. Наместо тоа, администрацијата невнимателно притискаше за договор што беше тешко да се спроведе. Договорот се распадна веднаш по неговото потпишување во февруари 2020 година и доведе до настаните од август оваа, 2021 година. На сите овие администрации им недостасуваа навики што требаше да ја негуваат далекугледоста. Тие често ги занемаруваа разузнавачките информации коишто беа во спротивност со нивните очекувања и ги отфрлија мерките на претпазливост што можеа да ги преземат по ниска цена. Војската се обиде прво да ја добие војната, а потоа да избегне да ја загуби. Цивилните службеници се обврзаа на единствена визија за иднината и не размислуваа за план за излез доколку таа перспектива не се оствари. Доколку САД имаа поширок поглед, можеше да искусат помалку скапа, помалку насилна војна во Авганистан.
Картер Малкасиан, автор на книгата „Американската војна во Авганистан: Историја“ (The American War in Afghanistan: A History).
(Крај)
СЕП. 2021
30 СВЕТ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1110
ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ
ИНВЕСТИТОРИТЕ СЕ ПРЕТПАЗЛИВИ И АКЦИИТЕ НЕСТАБИЛНИ
Акциите на компаниите од областа на технологијата, е-трговијата и работата од дома остануваат сегменти со натпросечен раст на бизнисот базиран на долгорочни трендови, така што тие остануваат атрактивни, но пониските прогнози со најновите резултати во комбинација со високите вредности ги намалија очекувањата за раст. Со високите вредности, геополитичките тензии и несигурните идни политики на централната банка, инвеститорите остануваат претпазливи и акциите нестабилни. Несигурноста во технолошкиот сектор и азиските пазари се воспостави со мешањето на кинеските власти во економијата и самата структура и правила на пазарот.
31
СЕП. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1110
Очигледно, „Ковид-19“ сè уште нема да „исчезне“, бидејќи пандемијата се интензивира во Европа и САД, кои се спротивставуваат на затворањето на јавниот живот од минатата година, и покрај забрзаната вакцинација. Но, стравовите и ограничувањата ќе го забават закрепнувањето и ќе ги влошат прогнозите, што најверојатно нема да биде вклучено во сегашните нивоа на пазарот. ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС
Н
(опремата на текстот е редакциска)
еделата богата со содржина е зад нас, но нема големи промени на пазарите на капитал. Многу очекуваниот состанок на централните банкари во Џексон Хол е зад нас. Резултатот беше мало изненадување за економистите и инвеститорите, бидејќи очигледно лабавата монетарна политика ќе продолжи и зголемување на каматните стапки сè уште не е на повидок. Пазарот одговори со нови рекорди. Економските показатели продолжуваат да забавуваат по силниот раст во последните месеци, но досега остануваат силно на позитивна територија во САД и Европа. Она што загрижува се најновите податоци од Кина, каде индустријата едвај се држи до позитивната зона, додека услугите дебело се во зоната на намалување, што заедно доведуваат до контракција на економијата. Особено загрижувачки се навистина слабите податоци од услужниот сектор, што се втори најлоши по ред откако се почна со мерење на овие податоци. Лошиот резултат може да се припише
на ограничувањата заради „Ковид-19“ пандемијата во последниот период, но трендот се должи и на намалената ликвидност што ја започна централната влада летото.
Да се подготвуваме за инфлација
Очигледно, „Ковид-19“ сè уште нема да „исчезне“, бидејќи пандемијата се интензивира во Европа и САД, кои се спротивставуваат на затворањето на јавниот живот од минатата година, и покрај забрзаната вакцинација. Но, стравовите и ограничувањата ќе го забават закрепнувањето и ќе ги влошат прогнозите, што најверојатно нема да биде вклучено во сегашните нивоа на пазарот. Ова е исто така веројатно една од причините зошто централните банкари инсистираат на многу опуштена монетарна политика. Пандемијата продолжува да предизвикува проблеми во логистичките синџири, со зголемување на цените на суровините и готовите производи. Зголемена инфлација, иако централните банки продолжуваат да ја означуваат како минлива, може да се очекува барем во следните 6 месеци. Ова е индицирано од индивидуални селективни информации што доаѓаат од светот. ПВЦ или домашна пластика повторно ќе поскапи за 5-7%
во септември, иако во последните 4-5 месеци се зголеми за повеќе од 30%. Цените на електричната енергија и гасот се на рекордно ниво во Европа. Само денес, цената на купоните CO2 надмина рекордна вредност од 60 евра. Населението, не само во Европа, туку и во целиот свет, може да се подготви за многу повисоки цени за електрична енергија, греење, собирање ѓубре, итн. Цените на храната, исто така, продолжуваат да растат, а во последните недели тие сè повеќе се рефлектираат во крајната цена во продавниците и рестораните. Затоа, инфлацијата останува горливо прашање и на што треба да се внимава во наредните недели и месеци.
Нови рекорди на пазарите на капитал
Геополитичката ситуација по американското повлекување од Авганистан останува комплицирана, бидејќи целиот свет го гледа потегот како капитулација на САД и зајакнување на моќта, особено на Кина. Кина продолжува да ги менува правилата за работа на компаниите преку мерки. Во понеделникот беа донесени нови мерки кои им овозможуваат на малолетниците само три часа компјутерски игри неделно,
СЕП. 2021
32 СВЕТ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1110
Населението, не само во Европа, туку и во целиот свет, може да се подготви за многу повисоки цени за електрична енергија, греење, собирање ѓубре, итн. Цените на храната, исто така, продолжуваат да растат, а во последните недели тие сè повеќе се рефлектираат во крајната цена во продавниците и рестораните. Затоа, инфлацијата останува горливо прашање и на што треба да се внимава во наредните недели и месеци.
со државна контрола. Позитивно е што ќе усвојат ново антимонополско законодавство, но тоа ќе има негативно влијание врз големите технолошки компании. Она што исто така ќе влијае на нашиот секојдневен живот е целосна забрана за увоз на ѓубре, особено пластика, која Европа исто така масовно ја извезува во Азија. Настаните од минатата недела на тој начин покажуваат дека не’ очекува многу интересна есен. Пазарите на капитал продолжуваат да поставуваат нови рекорди во услови на ниски каматни стапки и многу лабава монетарна политика. Очигледно, сепак, централните банкари ги изненадија инвеститорите, бидејќи тие позитивно одговорија на петочната прес-конференција на ФЕД. Најпозитивниот одговор беше во технолошката индустрија, бидејќи очекувањата беа највоздржани овде. Но, позитивниот одговор беше доста широк и општ. Инвеститорите направија помала ротација од поодбранбените индустрии, како што е здравството, назад кон
Геополитичката ситуација по американското повлекување од Авганистан останува комплицирана, бидејќи целиот свет го гледа потегот како капитулација на САД и зајакнување на моќта, особено на Кина. Кина продолжува да ги менува правилата за работа на компаниите преку мерки. Во понеделникот беа донесени нови мерки кои им овозможуваат на малолетниците само три часа компјутерски игри неделно, со државна контрола.
33
СЕП. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1110
СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ
ДРЖЕТЕ СЕ ДО ИНВЕСТИЦИИ НАДВОР ОД ТЕХНОЛОШКИОТ СЕКТОР Инвестициите надвор од технолошкиот сектор остануваат атрактивни поради пониските вреднувања и различната динамика на развој на индустријата. Тежината во форма на индивидуални учества треба да ја претставуваат индустриите кои подобро би ја преживеале кризата и каде вреднувањата не се претерани. Ова вклучува главно здравствена заштита (исто така преку демографски трендови), делови од индустријата, поради инфраструктурни стимули и транзиција кон „зелена“ енергија.
Н
асоката на пазарите е диктирана од очекувањата за нивото на каматните стапки и ликвидноста обезбедена од централните банки. Очекувањата за инфлација остануваат високи и повисоката инфлација најверојатно ќе трае подолго од очекувањата на јавноста. Пандемијата останува најголемата непозната, геополитика или она што се случува во Кина го додава својот удел во промените на пазарот. Акциите на компаниите од областа на технологијата, е-трговијата и работата од дома остануваат сегменти со натпросечен раст на бизнисот базиран на долгорочни трендови, така што тие остануваат атрактивни, но пониските прогнози со најновите резултати во комбинација со високите вредности ги намалија очекувањата за раст. Со високите вредности, геополитичките тензии и несигурните идни политики на централната банка, инвеститорите остануваат претпазливи и акциите нестабилни. Несигурноста во технолошкиот сектор и азиските пазари се воспостави со мешањето на кинеските власти во економијата и самата структура и правила на пазарот. Обврзниците се скапи, бидејќи приносите прилагодени за инфлациските очекувања се мизерни, главно негативни, и заедно со негативните банкарски приноси, тие продолжуваат да ги принудуваат инвеститорите главно да инвестираат во акции и недвижен имот. Диверзификацијата на портфолиото останува приоритет и препорачливо е портфолиото да се подели на различни класи, меѓу акции, обврзници или пари. Инвестициите надвор од технолошкиот сектор остануваат атрактивни поради пониските вреднувања и различната динамика на развој на индустријата. Тежината во форма на индивидуални учества треба да ја претставуваат индустриите кои подобро би ја преживеале кризата и каде вреднувањата не се претерани. Ова вклучува главно здравствена заштита (исто така преку демографски трендови), делови од индустријата, поради инфраструктурни стимули и транзиција кон „зелена“ енергија. Сепак, можеме да додадеме селективна индустрија со тесна и широка потрошувачка. Меѓу регионите, Европа се издвојува според атрактивноста, за САД потребна е
акциите со побрз раст. Дополнителен интерес привлекоа и компаниите за материјали и енергија, бидејќи продолжувањето на лабавата политика значи повисока инфлација, што го потврдува скокот на цените на нафтата на околу 70 долари за барел. Доларот исто така загуби дел од својата вредност во оваа приказна, новото ниво на рамнотежа е околу 1,18 долари за евро, но сè на се не донесе голем шок на пазарите.
Пазарот е историски многу скап
Ликвидноста продолжува да ги турка главните индекси на повисоко ниво, и иако пазарот изгледаше уморен пред
поголема претпазливост поради големата тежина на ИТ компаниите, а Кина и на тој начин пазарите во развој остануваат ризични поради неодамнешните настани и со тоа помалку привлечни за пократкорочните инвеститори бидејќи тешко е да се предвиди деловното работење. За трпеливи долгорочни инвеститори, поради поволните вреднувања, се појавуваат одредени можности за инвестирање. За мал дел од портфолиото, добрите дивидендни приноси и привлечните вреднувања ја одржуваат атрактивноста на нашиот регион од Централна и Југоисточна Европа. Енергијата и материјалите и повеќе шпекулативните финансии, особено банките, остануваат како заштита од инфлација, особено ако инфлацијата ги надмине очекувањата. Инвеститорите со долгорочни цели за штедење треба да истраат и да продолжат да вршат периодични плаќања, а оние кои би инвестирале поголем износ истиот треба да го распоредат во подолг временски период. Дигитализацијата, автоматизацијата, електронската трговија, работата од дома, почистата енергија, работењето во согласност со општествените норми и почитувањето на таканаречените препораки за ЕСГ се долгорочни трендови, а фокусот на долгорочните трендови историски е важна компонента на постигнување натпросечни приноси.
неколку недели, бидејќи индексите беа зголемени само од неколку големи имиња, по состанокот на централните банкари, базата повторно се прошири, давајќи му на растот посилна основа. Но, вредностите остануваат многу високи и пазарот е историски многу скап, што бара претпазливост. Веќе некое време не сме виделе корекција од 10%, а наесен ризикот од корекција се зголемува. Поголеми промени на пазарите се предизвикани од промените диктирани од кинеската политика. Минатонеделното оздравување е веќе заборавено, бидејќи новите мерки ги оптоваруваат главно големите и технолошките компании, кои се најсилно
застапени во главните индекси. Тешко е да се зборува за крајот на сите овие промени во правилата во овој момент, така што инвеститорите остануваат многу пасивни и чекаат капитулација на пазарот. Не се забележаа некои поголеми промени на пазарот на обврзници. Цените на обврзниците благо паднаа, приносите благо пораснаа, но американската 10 -годишна обврзница останува на 1,27%, а германската обврзница на околу -0,44%. Сепак, обврзниците со заштита од инфлација добија одредена привлечност, особено кај инвеститорите кои проценуваат дека инфлацијата ќе биде повисока отколку што очекува пазарот. nnn
СЕП. 2021
34 МЕНАЏМЕНТ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1110
КАКО ДА СЕ СНАОЃАМЕ ВО ВРЕМЕ НА БРЗИ ПРОМЕНИ
ДАЛИ ВАШАТА ОРГАНИЗ ПРОМЕНИТЕ – ИЛИ НАПР
HARVARD BUSINESS REVIEW
И
звршниот директор со кој работиме неодамна забележа: „Ковид-19 всушност ни помогна да најдеме нови практики кои се подобри од оние што ги користевме пред пандемијата. Не сакам да ги изгубам тие нови практики кога ќе заврши Ковид-19. Значи, што можеме да направиме? ” Нејзиното прашање е одраз на она што го гледаме и слушаме од многу луѓе -пандемијата „Ковид-19“ ја донесе адаптацијата во преден план на сечиј ум. Меѓутоа, прашањето на нашата клиентка , исто така, го нагласува имплицитното верување дека оваа ситуација е целосно невообичаена, нешто што треба да се надмине пред да се вратиме во „новата нормалност“ со ниски нивоа на промени, неизвесност и нарушување. Сепак, сите индикации покажуваат дека зголемувањето на нестабилноста, сложеноста и брзите промени е всушност новата нормалност, која бара нови начини да се поттикнат промени во организациите - нови начини што ја мобилизираат базата на вработени за активно учество во собирање информации, креирање решенија и обезбедување лидерство. Ние развиваме рамка базирана на новите научни сознанија за промените којашто може да бидат корисна во овој обид за градење поагилни, прилагодливи организации. Таа е заснована на три насоки на истражување: структурата на модерната организација и нејзините ограничувања (чијшто менаџмент - центриран дизајн беше изграден за да обезбеди сигурност и ефикасност), студии за лидерство и успешни организациски промени, и проучување на „човечката природа“ и нашиот отпор или капацитет за промена.
Разликата помеѓу преживување и развивање
Човечките суштества даваат отпор на многу видови промени. Сепак, ние сме и вид воден од љубопитност и програмирани да бара новини. Разликата помеѓу прифаќањето и спротивставувањето на промените е вкоренета во нашиот „хардверски“ систем ум тело. Еволуцијата резултирала со двоканален систем, кој е одговорен за голем дел од нашите одговори во време на неизвесност. Каналот „Преживување“ се активира со опасности и доведува до чувство на страв, вознемиреност и стрес. Овие тригери го активираат симпатичкиот нервен систем
Најголемиот предизвик со којшто се соочуваме како тимови, организации и општества е да се адаптираме доволно брзо за да ја пресретнеме зголемената неизвесност и комплексност околу нас. И со оглед дека сите индикатори покажуваат оти зголемената нестабилност, комплексност и брзи промени се новата нормалност, организациите ќе мора да најдат нови начини за да ги мобилизираат своите вработени активно да учествуваат во прибирањето информации, креирањето решенија и обезбедувањето на лидерство.
И И НЕИЗВЕСНОСТ
35
СЕП. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1110
ЗАЦИЈА ГИ ПРЕЖИВУВА РЕДУВА СО НИВ?
СЕП. 2021
36 МЕНАЏМЕНТ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1110
Човечките суштества даваат отпор на многу видови промени. Сепак, ние сме и вид воден од љубопитност и програмирани да бара новини. Разликата помеѓу прифаќањето и спротивставувањето на промените е вкоренета во нашиот „хардверски“ систем ум - тело. Еволуцијата резултирала со двоканален систем, кој е одговорен за голем дел од нашите одговори во време на неизвесност.
и, кога работат добро, го насочуваат целото внимание кон елиминирање на заканата. Спротивно на тоа, каналот „Напредување“ се активира со можности/прилики и е поврзан со чувства на возбуда, страст, радост и ентузијазам. Овие тригери го активираат парасимпатичкиот нервен систем, што му овозможува на нашиот ум да ја прошири својата перспектива и да соработува на нови начини. Креирање паметни, брзи промени значи спречување на каналот „Преживување“ да прегрее, додека активирање на каналот „Напредување“ во доволен број на луѓе, доведува до повеќе иновации, адаптација и лидерство. Размислувајќи за неодамнешните приказни за организациски промени, ниту една лекција не се појавува толку јасно како онаа поврзана со лидерството - конкретно, потребата за повеќе лидерство од повеќе луѓе. Лидерството како однесување, а не позиција, има капацитет да одговори на сегашниот предизвик за промена. Постои силна потреба за реконструкција на модерната организација и создавање средина која поттикнува повеќе автономија, учество и лидерство. Релативната јачина на каналот „Преживување“, во комбинација со акцентот на сигурноста и ефикасноста зајакната со традиционалните менаџмент системи, доведува до организации кои генерално го прегреваат каналот „Преживување“ и го активираат каналот „Напредување“. Организациите што можат брзо да пивотираат и да се променат бараат лидери кои можат да го смират прегреаниот „Преживување“ канал и да го засилат „Напредување“ каналот, за себе и за другите.
Модулирање на „Преживување“
Традиционалниот пристап за управување со промени со фокус на временските рокови, буџети, проценки на влијанието, документација, комуникација преку пренос и менаџмент
контрола е дизајниран да го намали отпорот и да го зголеми усвојувањето на промените. Иако овие практики можат да бидат ефикасни во отстранување на пречките и решавање проблеми, тие исто така имаат потенцијал ненамерно да предизвикаат одговор на „Преживување“ менаџмент - центричниот „треба да“ фокус . Препорачуваме лидерите да ги користат следните тактики за да го спречат природното активирање на стравот, вознемиреноста и стресот на каналот „Преживување“:
1. Намалете го шумот
И додека количината на информации што ги добиваат менаџерите и вработените се зголемува, таа е придружена со уште поголем пораст на „бучавата“ што го одвлекува вниманието. Ова го отежнува пронаоѓањето на вистинските информации и донесувањето добри одлуки, но исто така лесно може да го активира каналот „Преживување“. Табеларни пресметки, месечни ажурирања на буџетот, анкети за задоволство на клиентите и многу повеќе артефакти на деловните операции, сите тие можат да дадат информации што мозокот ги смета за заканувачки - што го прави невозможно јасно да се фокусира на најважните приоритети, да иновира или да развива нови идеи. За да се намали оваа бучава, лидерите треба да се запрашаат: Какви извештаи се испраќаат до вработените, а коишто немаат вистинска корист за нив? Кои активности продолжуваат едноставно затоа што така ние отсекогаш сме работеле? Кои метрики се излишни или само маргинално корисни? Која зачестеност е навистина соодветна за состаноци, извештаи и какви било активности што се повторуваат? Зачудувачка е количината на бучава што може да се отстрани со евалуација на акциите и иницијативите преку нивната ефикасност во решавањето на проблемот и нивниот капацитет
за активирање на „Преживување“. Ако одредена акција веројатно ќе предизвика „Преживување“ одговор во организацијата, продолжете само ако сте убедени дека се однесува на вистинска закана.
2. Елиминирајте ја непотребната неизвесност
Неизвесноста , дури и повеќе од познатите закани, може да предизвика преактивно „Преживување“. Нашиот природен одговор на некаква закана е да се фокусираме исклучиво на нејзиното отстранување. Но, неизвесна закана е тешко да се лоцира, што доведува до продолжена состојба на високо активирано „Преживување“. Ова е причината зошто една од најважните улоги за лидерите е да помогнат да се отстрани неизвесноста секогаш кога е можно. Лидерите често веруваат дека давањето никакви информации е подобро од нецелосни информации, но тоа само ќе создаде вознемиреност кај вработените или ќе го повреди нивниот кредибилитет како лидер. Со оглед на нашиот природен радар што бара закани, вработените најверојатно ќе ги „пополнат празнините“ со свои претпоставки. Овие претпоставки честопати се неточни или претпоставуваат најлошо сценарио, што дополнително ја зголемува вознемиреноста и активацијата на каналот „Преживување“. Транспарентноста околу она што е познато, што е непознато, какви активности се преземаат и кои резултати се предвидени, може да обезбеди контекст и да спречи неоснован страв или вознемиреност.
Активирање на „Напредување“
Модулирањето на „Преживување“ создава простор за активирање на „Напредување“ и поврзаните позитивни лидерски однесувања висока ангажираност, иницијатива, начин на размислување за во иднината,
37
СЕП. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1110
Каналот „Преживување“ се активира со опасности и доведува до чувство на страв, вознемиреност и стрес. Овие тригери го активираат симпатичкиот нервен систем и, кога работат добро, го насочуваат целото внимание кон елиминирање на заканата. Спротивно на тоа, каналот „Напредување“ се активира со можности/прилики и е поврзан со чувства на возбуда, страст, радост и ентузијазам. Овие тригери го активираат парасимпатичкиот нервен систем, што му овозможува на нашиот ум да ја прошири својата перспектива и да соработува на нови начини.
иновации и соработка. Водството од повеќе луѓе во организацијата е можно само кога каналите за „Напредување“ се високо активирани, користејќи техники како што се:
1. Потпрете се на можностите, не само на заканите
Со ретки исклучоци, многу малку од разговорите во организациите денес се околу можностите. Честопати, лидерите прибегнуваат кон форсирање на промени преку „платформа што гори“ - користејќи непосредна (и често заканувачка) криза како точка на пресврт за промени. Оваа мотивација управувана од страв поттикнува некои првични активности, но го исклучува каналот „Напредување“. Платформата што гори може да функционира во ситуации кога е потребен поголем интензитет или краток излив на „напорна работа“, но не функционира таму каде што новите идеи или новите начини на работа се клучни за успехот. Она што е потребно, во овие случаи, е акција мотивирана од желба да се искористи возбудлива можност. Упорното барање можности, дури и кога се соочуваме со неуспеси, бара разбирање на актуелната состојба. Кои се предизвиците на организацијата и што е можно да се направи преку иновации? Кои потреби на клиентите, вработените, заедницата, добавувачот или акционерите не се земени предвид, и каква е наградата за задоволување на тие потреби? Одговарање на овие прашања и преплавување на организацијата со комуникација околу тоа што е можно е од клучно значење за активирање
на „Напредување“ каналот и овозможување на вработените да ги видат и да ги искористат можностите. Комуницирањето на аспирациите, можностите и возбудливите граници допира до срцата на вработените, а не само до умовите, што ги охрабрува луѓето да се вклучат речиси доброволно - не само затоа што мора.
2. Прославете го напредокот
Менаџмент системите се вешти во обезбедувањето извештаи и ажурирања за напредокот главно фокусирани на проценка на перформансите за да се идентификуваат празнините и да се преземат корективни активности таму каде што е потребно. Она што недостасува е прославата на успехот, која е критична за убедување на скептиците и отстранување на пречките за успешна имплементација. Препознавањето, комуникацијата и аплаудирањето за постигнување на некои цели или успешни пилот напори може да обезбеди доза на позитивна енергија потребна за одржување на напорите за промена. Создавање средина во која успехот се слави често и гласно го вклучува радарот што бара можности и ја намалува енергијата потребна за активирање на каналот „Напредување“.
3. Делегирајте контрола
Едно од нашите најјасни сознанија е дека успешните напори за промена имаат рано вклучување и поддршка од широка, разновидна база на вработени. Идејата дека луѓето им даваат непропорционално висока вредност на нештата што тие помогнале да се создадат, честопати наречени
„Икеа ефект“, е добро документирана во психолошката литература. Околината во која лидерите охрабруваат и делегираат контрола помага да се инспирира иницијатива и лидерство, бидејќи повеќе луѓе се вложуваат во постигнување на резултатите. Кога поединците ќе имаат поголема способност за донесување одлуки, тие не само што ќе бидат посветени да обезбедат дека овие одлуки се успешни, туку и ќе им пристапат од начинот на размислување „сакам да“. Ова го активира каналот „Напредување“ и соодветните позитивни емоции: гордост и цел. Единствениот најголем предизвик со кој се соочуваме како тимови, организации и општество во целина е да се адаптираме доволно брзо за да одговориме на зголемената неизвесност и сложеност околу нас. Ова го доживеавме на глобално ниво во текот на пандемијата „Ковид-19“. Успехот или неуспехот на секоја организација во справувањето со овој свет што се менува брзо, може да влијае на животите на илјадници луѓе. Постапувајќи на нови начини и размислувајќи за лидерството како однесување што сите можеме да го покажеме, можеме подобро да одговориме на брзите промени и да создадеме работни места (и заедници) што навистина им овозможуваат на луѓето да напредуваат. nnn Автори на текстот се: Џон Котер, автор, професор на Харвард и основач на консултантската компанија Kotter. Ванеса Актар, директор во Kotter Гаурав Гупта, директор во Kotter
СЕП. 2021
38 ЛИДЕРИ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1110
РЕКОА ЗА...
ПОЛИТИЧАРИТЕ
Локалните избори во Македонија се ближат и уште еднаш ќе ги слушнеме „шарените лажги“ на политичарите за тоа колку патишта и улици ќе ни направат, училишта и градинки ќе изградат, ѓубре исчистат... Во трката за градоначалници се искусни и актуелни политичари, но и нови лица – бизнисмени, адвокати, граѓански активисти, итн. – коишто за првпат имаат аспирација да станат и политичари. Да прочитаме неколку интересни размислувања околу политиката и политичарите од страна на познати светски политичари, писатели, интелектуалци...
39
СЕП. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1110
Во Мексико климатизер се нарекува политичар затоа што прави многу бучава, а не работи баш како што треба.
Политичарите се единствените луѓе во светот коишто креираат проблеми и потоа бараат мандати за да ги решат.
ЛЕН ДАЈТОН
британски писател
Типче што се викаше Адолф Хитлер ги доби изборите во Германија во 1932...и 50 милиони луѓе умреа подоцна како резултат на тоа. Она што научив уште како мал е дека политиката е всушност, многу битна работа.
ЧАРЛИ РИЗ
американски колумнист
Три групи на луѓе ги трошат туѓите пари: децата, крадците и политичарите. На сите три групи им треба надзор.
БЕРНИ САНДЕРС
американски политичар
ДИК АРМИ
американски економист и политичар
Политичарите се насекаде исти. Тие ветуваат дека ќе изградат мостови дури и каде што нема реки.
Политичарот треба да е способен да каже што ќе се случи утре, следната недела, следниот месец и следната година. И да има способност потоа да објасни зошто тоа не се случило.
ВИНСТОН ЧЕРЧИЛ
поранешен британски премиер
НИКИТА ХРУШЧОВ
поранешен претседател н СССР
Владата ја бива за една работа. Знае како да ти ги искрши нозете, потоа да ти даде патерици и да ти каже, „Гледаш, да не бевме ние од владата, немаше сега да можеш да одиш.“
Јас, ти...ние ја поседуваме оваа земја. Политичарите се наши вработени. И кога некој не си ја врши работата, треба да го отпуштиме.
ХЕРИ БРАУН
американски писател и политичар
КЛИНТ ИСТВУД
холивудски актер и режисер
Магионичарот и политичарот имаат една заедничка работа: и двајцата треба да ти го одвлечат вниманието од она што навистина го прават.
Најстрашната реченица во англискиот јазик е: Јас сум од владата и тука сум да помогнам.
БЕН ОКРИ
нигериски писател
РОНАЛД РЕГАН
поранешен американски претседател