Kapital magazin 827 1

Page 1

АНАЛИЗА МАКЕДОНИЈА СТАНA ШАМПИОН ВО ВОДЕЊЕ БИЗНИС ВО ХАОС! Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

33,3 ПОЛУГОДИШНИ ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТИ НА БАНКИТЕ

18,7

(МИЛИОНИ ЕВРА)

8,1

9,9

5,8

2010

2011

COVER STORY

2012

2012

5,7 2013

2013

2014

2014

2015

2015

БИЗНИСМЕНИТЕ СЕ ДАВАТ ВО НЕЛИКВИДНОСТ, БАНКАРИТЕ ВО ПАРИ Банките го зголемија профитот за 78,8% во време на криза! Што работат?!

INTERVIEW

КРСТЕ БЛАЖЕСКИ

сопственик на Хотел Дрим и претседател на ХОТАМ

ИНВЕСТИТОРИ ЗА ТУРИЗМОТ ИМА. САМО ТРЕБА ДА ИМ СЕ ОВОЗМОЖАТ НОРМАЛНИ УСЛОВИ!

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

специјален прилог

ИВЕНТ ИНДУСТРИЈА

КАКО ДО СОВРШЕН БИЗНИС НАСТАН?  КОЛКУ ПАРИ,

ТОЛКУ МУЗИКА! СОВРШЕН НАСТАН БАРА СОВРШЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА И ГОЛЕМ БУЏЕТ

 ИНТЕРВЈУ:

ПЕТАР ГЕОРГИЕВСКИ сопственик и генерален менаџер на KLS Events

СТАНАВМЕ "СÈ НА ЕДНО МЕСТО" ВО ИВЕНТ БИЗНИСОТ

 ВО "СТОБИ" СЕ

ОРГАНИЗИРААТ БЕСПРЕКОРНИ НАСТАНИ И СЕ ДЕГУСТИРААТ НАГРАДУВАНИ ВИНА

ИВЕНТ

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ ИНДУСТРИЈА СОВРШЕН НАСТАН БАРА СОВРШЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА И ГОЛЕМ БУЏЕТ

ПОЛИТИКА: ГРУЕВСКИ САКА "ЕДЕН НА ЕДЕН" СО ЗАЕВ ДВОБРОЈ 827 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 4 СЕПТЕМВРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

WWW.KAPITAL.MK



www.kapital.mk

Капитал број 827 04.09.2015

содржина

08 10 16 20

навигатор

Макпетрол со загуба од 4 милиони евра во првата половина годинава, двојно поголема од лани!

cover story

Како да направите 78,8% поголем профит за една година?! Треба да сте банкар во Македонија...

капитално

Домашните фирми се дискриминирани. И тоа е факт!

Интервју

и пазари 26 Компании Хаотичните законски измени им прават голема штета на компаниите Македонија станa шампион во водење бизнис во хаос!

32 политика Мавтање со изборни модели како на корида

Груевски сака „еден на еден“ со Заев. Ќе прифатиме ли да останеме само публика?

38 Интервју Миха Чебуљ

директор на Експогрупата и претставник на Берлинскиот саем за Словенија, Црна Гора, Македонија, Косово и Албанија

Саемите се најефикасниот облик на промоција

Банкари Само во првата половина од годината, банкарите остварија добивка од 33,3 милиони евра што е за дури 78,8% поголема отколку лани, а стапката на поврат на капиталот на овој сектор е 9,4% - највисоко ниво од 2008 наваму. Излегува дека банкарите се едни од ретките лукративни исклучоци помеѓу останатите бизнис „лузери“ кои што се соочуваат со пад на производството, продажбите или пак се гушат во неликвидност. XX Стр. 10

Крсте Блажески

сопственик на Хотел Дрим и претседател на ХОТАМ

Инвеститори за туризмот има. Само треба да им се овозможат нормални услови!

3

10

Оди па снајди се... Честата промена на законите во Македонија, без никакви најави и консултации, создава големи тешкотии во работењето на домашните компании, а многу често ги одвраќа и странските инвеститори. Не случајно сме меѓу најнестабилните земји во регионот и Европа во поглед на конзистентната законска политика.

XX Стр. 26

42

47

Балкан бизнис и политика

Расте пазарот на преземања во “лијепа наша“ Купуваат странците во Хрватска, но и Хрватите се шират надвор

специјален прилог ИВЕНТ ИНДУСТРИЈА n Колку е развиена

ивент индустријата во Македонија? Колку пари, толку музика! Совршен настан бара совршена организација и голем буџет n Интервју: Петар Георгиевски

Еден на еден Предлагајќи мнозински изборен систем и згора на тоа бонус од 17 пратеници за победникот, Груевски манифестира мачоистички нагон за пресметување „еден на еден“ со Заев, во изборна битка по која победникот носи сè...

XX Стр.32

Како да го оправиме туризмот? Крсте Блажевски, новиот претседател на Хотелската асоцијација на Македонија и сопственик на неколку хотели на охридската ривиера, смета дека во туризмот лежи огромен неискористен потенцијал за кој има заинтересирани инвеститори, но кога само би добиле нормални услови за работа без бирократските пречки и разни други сопки по патот.

XX Стр. 20

20

сопственик и генерален менаџер на KLS Events

Станавме "сè на едно место" во Ивент бизнисот n Организирање свадби: бизнис во подем Македонските невести сè почесто ангажираат “wedding planner“

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 03.09.2015


Капитал број 825/826 21.08.2015

4

патот напред

STAND BY

www.kapital.mk

Не сакаат нов изб Проблем и причин Љупчо Зиков ljupco.zikov@kapital.mk http://www.facebook.com/ljupco.zikov

Александар Тијаниќ, долгогодишниот директор на Радио телевизија Србија, во својата брилијатна книга „Ја. И нико мој ...„, објавена непосредно по неговата смрт, пред две години, опишувајки ги како инсајдер, двете децении по распадот на СФРЈ, во кои тој имаше на моменти и контроверзна улога, особено во ерата на Слободан Милошевик во воведот напиша: „Лордовите на мафијата, носителите на државните функции, и сопствениците на капиталот од приватизацијата, оној невидлив Управен Одбор на Србија – половината олоши кои тргнаа со амбиции да бидат Џон Кенеди, а завршија во костумот на Дон Корлеоне, а другата половина од нив кои почнаа како Дон Корлеоне, а со амбиции да бидат Џон Кенеди, таа ревија на „зли духови„ ја усмери Србија кон пропаст во овие повеќе од две децинии по распадот на СФРЈ. Она што не го направи српската мудрост, ке го направи – како и обично – српската немоќ!?

1

Kлучната промена што мора да се направи, а што и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и ДУИ и ДПА, со се нивните интелектуалци, новинари, уредници, бизнисмени, судии, адвокати, пејачи, глумци, режисери, лекари и медицински сестри ... не сакаат да слушнат е промена на изборниот модел (Македонија да биде една изборна единица со пропорционален, мнозински или мешан систен на избори), да се воведе независен јавен обвинител (по можност и странец) како што ВМРОДПМНЕ запишало во својата прва Преродба во 100 чекори во 2006 година но не го спроведе како определба, а треба да соопштат зошто!?!?... Потоа е потребно ова општество, политички да се пресмета со криминалциоте во највисоките структури на сите досегашни влади во сите 25 години, софистицирани „терористи и киднапери„ кои не држат „со пиштолот во глава„ во состојба на „семејно насилство„ долго време. Сите ние се чувствуваме како лудаци прикачени на рингишпил! Колосален цивилизациски срам и пораз е, во 21 век основната егзистенцијалната судбина на илјадници македонскиот граѓанин, наместо да биде поврзана со сопствена успешна домашна приказна, да биде Авганистан и Ирак. На печалба во Кабул и во Багдат. Оваа трагедија на мојот народ не е случајна. Ваквиот егзодус е производ на “заложничката драма” што ни се случува во овие две децении потиснати под јаремот на двете македонски, двете албански партии, на стотина газди производ на транзицијата и на уште дваесетинатриесет таканаречени интелектуалци и колумнисти, но лешинари кои секојдневно, неподносливо и фрустрирано гласно дерејки се во недостаток на

аргументи и убави мисли, гризаат од телото на нашата одамна мртва демократија!? Живееме во фрустрирано, некреативно и глупаво општество. Многу работи се криво насадени овде ... од 1990 до денес. Говор на омраза, отсуство на перспективи на младите луѓе, занимавање самите себе и личните комплекси. Нема развој на мислата, ставот за перспективите на Македонија. Резултат на ова е - постојаниот егзодус на македонските граѓани кои секојдневно се исселуваат од својата земја поради очај и неперспективност!

2

Зошто не ја сакаат суштинската промена?

Прво види поднаслов на текстот. Второ, објаснување на првото ... Во мегувреме деструктивни политички лобија, силно го контролираат бизнисот. Ги имаат поклопено компаниите и нивните наводни сопственици. Управувањето со фирмите и економијата е дислоцирано и изместено во партиски и политички кабинети. Деловните стратегии не се насочени кон инвестиции и извоз и отворање нови работни места, туку се свртени кон силината на Буџетот и Партијата, и работа дома - внатре. Останаа малку кастрирани бикови, и многумина мали кои чекаат нешто да се случи само од себе, или достоинствено „економски да умрат„. Ова е време во кое жестоко владее корупцијата и монополизмот! Ова е време на спасување ... а не на развој! Никој важен овде не сака ништо да разбере ... Големата невработеност и егзодусот на младите бегајки од својката земја (350.000 во последните 15 години), која е директна последица на слабата


www.kapital.mk

Капитал број 827 04.09.2015

stand by

5

борен модел!? ни ... економија, која не отвора работни места и не нуди иднина, овде ќе се послужам со неколку нешта што веке ги кажав и напишав: Прво, Невработеноста не е причина туку последица. Таа е проблем и е последица на нискиот економски раст на македонската економија. Коруптивни релации на релација држава – приватен сектор. Многу слаб приватен сектор обременет со големи административни проблеми, разни иснпекции, дестимулирачки политики. И што е најважно многу ограничен пристап до кредити и други финансиски можности. Второ, нема мотивација кај домашните инвеститори за нови инвестиции во услови кога тие се потиснати од силните мерки за привлекување на странските инвестиции кои се стимулирачки за странците, а домашните ги фрлаат во “ендек”. Според аналитичарите на Светска банка за да Македонија го фати европскиот просек на вработеност до 2020 година според сегашното наше темпо, како ги решаваме проблемите, потребни ни се по 39.000 работни места секоја година во реалниот сектор на претпријатијата. Или за осум години Македонија треба да отвори 320.000 нови работни места во реалната економија (не во јавната администрација). Притоа се напоменува дека решение на големиот македонски проблем на невработеноста и сиромаштијата не може да биде вработувањето во јавната администрација и во државните проекти. Исто така, решение не може да биде ниту бришењето од евиденција на лицата кои наводно не бараат работа, оти тоа не може да биде врвна економска реформа. Решение не може да биде ниту јавните работи на државата и капиталните инвестиции да се реализираат исклучиво со две три или четири големи фирми! Решение не може да бидат ниту само странските директни инвестиции кои вработуваат малку луѓе, а речиси и да немаат некое позначајно влијание врз домашната економија и инвестициите во неја. Решенијата не може да се бараат ниту во зголемувањето на социјалните трансфери и пензиите каде овие

категории ни стануваат главните сегменти за зголемување на Брутодомашниот производ (БДП) во делот на личната потрошувачка. Тоа секако не е решение.

3

Каде извира проблемот?

Денеска имаме само шминкање на „економски мртвиот пациент„ кој цело време се одржува во живот само затоа што е приклучен на апарати. Мора да признаеме дека нашиот пациент е на интензивна нега и во коматозна состојба. Нашите добри стапки на раст во оваа година од над 3% пораст на БДП (први сме заедно со Велика Британија!!??). Смешно е ова да се кажува. Економските политики во сите дваесет години беа повеќе фокусирани на заштита на сопственоста на поединци и групи здобиена во процесот на приватизација. Тоа е една група луѓе од почетокот на деведесеттите години која го приграби капиталот кој влезе во приватизација. Се упропастија фабрики, трговски ланци, цели индустриски сектори. Тоа се направи и преку перфидно промовирање на макроекономски политики кои промовираат стабилност на ниско ниво, држење на макроекономска стабилност на ниско ниво во услови кога „крвниот притисок е толку низок што пациентот влегол во состојба на долго спиење„. Сеопшт пад плати, инвестиции, извоз, даночни приходи, затворање на фирми преку ноќ, испунпување пари и бегање на криминалците од земјата без јасна претстава кога ќе ги вратиме да си го добијат заслуженото... Скандалозни приватизации. Нејасни релации на новите газди на приватизираните фирми со сите влади и со централниот буџет. Појавата на катастрофално високата корупција поради тоа што новите газди и менаџери не знаат да работат на отворен пазар, па затоа им треба државна монополистичка заштита. Демотивирачка бизнис клима за појава на нови играчи на пазарот. Резултат: се помалку има кој да го полни Буџетот. Македонија допрва во неколкуте години нанапред ке се соочи со колосална финансиска криза оти ке нема сопствена

даночна основа, ке ги снемува субјектите кои ке работат и ке создаваат даночни обврски... Населението од Македонија демотивирано физички се исселува ... Се иселуваат можните претприемачи кои својата шанса ја бараат во други држави. Всушност, после 2001 година во Македонија се случуваат два нови процеси. Тие се тивки без наметнување, но се ретроградни и убиствени ако Македонија не реши да се пресмета со тие појави. Прво, секундарната приватизација која е резултат на уплашеноста на газдите од почетокот на девдесеттите години. Создавање амбиент во кој тие не можат да работат. Претходно целиот имот на фирмите го заложиле за кеш од банките во вид на кредити. Ги испунпале парите надвор, а сега им лесно да попуштат пред налетот на „новите„! И буквално им ги поклонуваат фирмите. Банките немо гледаат оти тие сакаат хипотеките да ги продадат и да направат профит: профит кој не е од оперативно работење, туку од продажба на имотот!? Во ваква атмосфера, никој од новите сопственици и инвеститори не мисли на нови инвестиции, извоз на странски пазари и отворање нови работни места. Тие не мислат на тоа оти се исклучиво профитно ориентирани преку продажба на имотот. Второ, вториот дефект е финансиската приватизација на голем кеш преку Буџетот. Нашите пари. Огромни блокади на претприемачката слободна идеја и развој на нови компании. Таа се случуваше преку Буџетот. Огромни трошења преку централниот буџет за се и сешто. Драматичен раст на тендерската економија. Преку ноќ политичките елити станаа финансиски моќни оти само нивни фирми работеја на тендери. И сетоа тоа со едно крунско алиби пред очите на цела македонска јавност. „Вие приватизацијата, епа ние Буџетот„!? Во истиот период од десет години Буџетот се дуплираше, ако не и триплираше. Овде фирмите беа поделени на „наши (македонски и албански„) и „ваши (македонски и албански)„. nnn


+ ...ПРЕКУ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ИЗВОЗНИ ПРОЕКТИ, ПРОЕКТНИ ИНТЕГРАЦИИ, И БАРАЊЕ МОЖНОСТИ ЗА ЗАЕДНИЧКИ ИЗВОЗЕН НАСТАП НА СВЕТСКИТЕ ПАЗАРИ ДО СОЗДАВАЊЕ СИЛНИ РЕГИОНАЛНИ КОМПАНИИ... 6 -ти БИЗНИС ФОРУМ / 1 Oктомври 2015 / Македонски Народен Театар Скопје

Почитувани, ...Партнери и пријатели на Бизнис плус и Капитал Медиа Гроуп, деловни луѓе, претприемачи, инвеститори, основачи, покренувачи, мисловни луѓе, интелектуалци, Сопственици извршни директори, креатори на нови бизнис стартапи... Ние, Капитал од Скопје, Финанце од Љубљана, Ослобоџење од Сараево, Привредни вјесник од Загреб, Вијести од Црна Гора и Нови Магазин од Србија, Ве каниме на 6-ата (шестата) бизнис конференција на деловните компании кои го основаа Регионалниот деловен и бизнис клуб на Бизнис плус. Годинава таа се одржува во Скопје (Република Македонија). Очекуваме над 300 директори, сопственици и претседатели на управни одбори од целиот регион (балкански и југоисточна европа). Досега се одржани пет конференции: Загреб, Сараево, Будва, Белград, Мостар. Овие форуми беа посетени од над илјада компании и инвеститори од целиот регион и од светот...

Прием по повод 15 години од основањето на Капитал. лица за контакт: Гордана Михајловска / тел. +389 2 3298 505 / моб. +389 70 346 376 gordana.mihajlovska@kapital.mk / Љупчо Зиков / ljupco.zikov@kapital.mk

Повеќе детали за конференцијата можете да најдете на: www.kapital.mk www.biznis-plus.com


+ АГЕНДА  Преку нови инвестиции во извозни проекти, нови компании, проектни поврзувања и интеграции, и барање можности за заеднички извозен продор на светските пазари, до создавање силни регионални компании. (каде грешиме и што е потребно)  Успешни поврзувања, конкретни реализирани проекти со примери и примери на иновации ...  Транспорт и логистика и патишта. Имаме ли балкански рути на развојот? Колку сме поврзани? Можеме ли да се интегрираме и да настапиме пред европските фондови?  Производството на храна, дистрибуција и трговијата, и агроиндустријата како простор за интеграција и влез на светските пазари. Индустрија со огромни можности. Успешни поврзувања, конкретни реализирани проекти со примери и примери на иновации...  Турција – деловна дестинација за сите нас во регионот. Прилика за повеќе инвестиции и трговија.  Посебен лидерски панел на успешните од регионот... Пред 5 години Капитал, заедно со медиумските партнери од уште пет држави (Финанце од Љубљана, Ослобоџење од Сараево, Привредни вјесник од Загреб, Вијести од Подгорица и Нови Магазин од Белград) го формираа регионалниот проект Бизнис плус. Нашата медиумска мрежа за годините силно ја остварува својата поставена мисија .... урна многу бариери и создаде услови за многу деловни контакти мегу компаниите од Балканот и Југоисточна Европа. За Бизнис плус се зборува, а за неговите конференции и форуми се известува на територијата на Европската Унија и надвор од неа се до Турција ... Многу компании преку Бизнис плус се здружија на проекти со кои навлегоа на трети светски пазари. За тие искуства ке се зборува и на самата конференција во Скопје.

поддржувачи на форумот:

големи партнери на Бизнис плус:


www.kapital.mk

Капитал број 827 04.09.2015

8 НАВИГАТОР

ИЗЈАВА НА неделата

> БРОЈКА

52.757 странски државјани добиле документи за 72-часовен легален престој во земјава од почетокот на издавањето на потврдите на 19 јуни.

Федерика Могерини евро-комесар за надворешна политика и безбедност

победник на неделата

Стариот континент е соочен со најголемата бегалска криза од крајот на Втората светска војна. Европските порти не може да останат затворени за беглаците, оти, ако се случи тоа не сме повеќе Европа

Курир Брза Пошта од

К

урир е компанија чија основна дејност е превземање, превоз и испорака на пратки. Основана во 2009 година од мал тим со пет вработени е пример за тоа како и во Македонија со многу труд и љубов кон работата може да се постигне голем успех. За пет години работење Курир се издигна меѓу најуспешните и брзорастечки компании во земјата. Со возен парк од дваесет возила

Макпетрол со загуба о 4 милиони евра за поло

Александар Вучиќ

+

Србија полека но сигурно се наметнува како новиот лидер во регионот. Минатата недела на самитот на ЕУ и Западен Балкан во Виена, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, истакна дека официјален Белград во октомври ќе добие позитивен извештај од Унијата во однос на спроведување на реформите, но истовремено даде и гаранција дека од јануари следната година, Србија ќе започне со отворање на поглавјата.Напоредно со успехот во евроинтеграциските процеси, Србија се докажува како одличен реформатор и во однос на барањата кои од нив ги побара Меѓународниот монетарен фонд. Од почетокот на оваа недела, во Србија допатува мисија, кои длабински ги чешлаат реформите кои ги спроведе Србија до сега по претходна препорака на овој фонд. Од она што го јавуваат тамошните медиуми, но и што го брифираат владините извори, оценката која Србија ќе ја добие од монетарците сигурно ќе биде позитивна. Во насока на зголемување на сјајот на новата „ѕвезда“ во регионот е и фактот што со напредокот во дијалогот Белград – Приштина, напредува дијалогот и меѓу Србија и Албанија. За тоа премиерите на двете држави, српскиот Александар Вучиќ и албанскиот, Еди Рама од меѓународната заедница беа пофалени како држави кои се добар пример за регионот, а двајцата според тоа што го кажаа, имаат визија, како држави со најмногу население, да бидат моторот на Балканот, како што Франција и Германија беа за Европа.

h

Нафтениот дистрибутер Макпетрол објави дека првата половина годинава работел со загуба од 4 милиони евра, што е за 118% или за повеќе од двојно поголема загуба во споредба со истиот период лани кога компанијата работела со загуба од 1,83 милиони евра, покажува неревидираниот консолидиран финансиски извештај објавен на Македонската берза. Компанијата во првите шест месеци остварила вкупни приходи од 147 милиони евра, што е намалување од 9%. Најголем дел од приходите на

Макпетрол или дури 140 милиони евра се од продажба на домашен пазар, каде компанијата има пад на приходите од 10%, а околу 6,4 милиони евра се од продажби на странски пазар. Намалувањето на приходите на домашниот пазар од Макпетрол го објаснуваат со намалувањето на цените на нафтените деривати во однос на истиот период минатата година. Во истиот период годинава Макпетрол остварил вкупни оперативни расходи од 149,2 милиони евра и тие се намалени за 7% во однос на истиот период лани, што според објаснувањето од компанијата исто така се должи на намалените цени на нафтените деривати. Како главни “виновници” за двојно поголемата загуба годинава од Макпетрол ја посочуваат ниската профитна маржа која ја пропишува Регулаторната комисија за енергетика при набавката на нафтените деривати, која спор ед компанијата била “неоправдано ниска и недоволна за рентабилно работење”.


www.kapital.mk

Капитал број 827 04.09.2015

9 септември ќе ја услужува цела Македонија

Првата лекција на економијата е дека никогаш нема доволно средства за да се задоволат потребите на сите. Првата лекција на политиката е да не убеди во спротивното

и повеќе од триесет вработени кои секојдневно се грижат за потребите на повеќе од илјада фирми во Скопје. Од први септември Курир ја освојува цела Македонија. Со нови простории и бази во сите градови на Македонија, современ возен парк и стручен логистички кадар Курир ги има капацитетите да биде дел од елитата на македонскиот транспорт.

Томас Совел американски економист

лидери

од овина година! Профитот на Оилко порасна седумкратно

О

илко, кои го врши транспортот на нафтени деривати за Макпетрол минатата недела ги објави полугодишните финансиски извештаи во кои објави дека во првата половина од годинава работел со добивка од 427 илјади евра, која е дури седумкратно поголема во однос на истиот период минатата година. Објаснувањето на Оилко беше дека зголемената добивка е резултат на зголемениот обем на транспорт во истиот период.

Како втора причина за загубата Макпетрол го посолува работењето на биорафинеријата со недоволен капацитет “поради повеќегодишно непостоење на домашна регулатива за задолжително намешување на дизел горивата со чист биодизел која регулатива се најавува секоја година почнувајќи од 2007 година”, поради што команијата морала да го извезува биодизелот по пониски цени. Како причини за големата загуба од Макпетрол ги наведуваат и високите трошоци по основ на камати за користење кредити од деловните банки, како и високите трошоци за одржување на складовите за нафтени деривати, кои во целост се намирувале од страна на компанијата, “иако истите се во мешовита сопственост со Агенцијата за стоковни резерви и со Дирекција за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати”, објаснуваат од Макпетрол. Менаџерскиот тим на Макпетрол, на чело со генералниот директор Андеа Јосифовски и финансискиот директор Саша Лекиќ, пред помалку од еден месец добија кривични пријави во кои се товарат за злоупотреба на службената должност и оштетување на малите акционери заради тоа што помагале прелевање на капиталот од Макпетрол во командитното друштво за транспорт Оилко, во кое двајцата менаџери се истовремено и сопственици. nnn

мисла на неделата

губитник на неделата

Лери Пејџ

Неговата компанија е на врвот на сите листи за соодветно наградување на вработените.

Кори Удовички

За 30.000 луѓе ќе се намали јавниот сектор во Србија оваа година, како резултат на рационализацијата што ја прави земјата по барање на ММФ.

не им беше неделата

Наџиб Разак

Во Куала Лумпур секојдневно се одржуваат масовни протести за итна смета на владата на Разак.

Алексис Ципрас

Поранешниот грчки премиер се соочува со огромни поделби во сопствената партија пред клучните парламентарни избори.

_

Нурхан Изаири Македонија е на првото место во Европа според индексот на загаденост во првата половина од 2015 година на независниот истражувачки центар Нумбео, Од вкупно 37 земји во Европа, земјава убедливо е најзагадена со индекс на загаденост 87,70. Според истото истражување соседна Албанија е рангирана дури на 21 место, Бугарија на 53, Србија на 57, Хрватска на 90 место. Очигледно е дека одговорните институции некаде или секаде не си ја бркаат работата соодветно и дека итно треба нешто да се направи за да се подобри алармантната состојба. Познато е дека овој проблем во Македонија не е од вчера и дека се работи за континуирана негрижа на државата кон животната средина со децении. Но тоа во никој случај не ги амнестира актуелните надлежни институции од одговорноста за радикални реформи во една од најчуствителните области од општественото живеење. Во ситуација кога светот длабоко зачекорува во 21 век со сите еколошки предности и обврски кое ова време ги носи, очајно назадно е да се кажува дека една Европска земја со изразени Евроатлански интеграции треба да обезбеди чиста и здрава животна средина за своите граѓани. Најстрашно од се е што ваквите истражувања и констатации како воопшто да не допираат до нашите одговорни лица и се продолжува да функционира ненормално како и досега.


www.kapital.mk

Капитал број 827 04.09.2015

10

cover story

Рекордни добивки на ба Како да направите

78,8%

поголем профит за една година?! 40,8

Треба да сте банкар во Македонија...

10,5 2008

2009

8,1 2010

5,8 2011

9,9 2012

5,7 2013


www.kapital.mk

Капитал број 827 04.09.2015

11

анките во време на криза

С

Полугодишни финансиски резултати на банките (милиони евра)

33,3

18,7

2014

2015 Извор: Народна банка

Само во првата половина од годината, банкарите остварија добивка од 33,3 милиони евра што е за дури 78,8% поголема отколку во истиот период лани. Најновите податоци од Народната банка покажуваат дека профитабилноста мерена преку стапката на поврат на капиталот на банкарскиот сектор после првите шест месеци годинава достигна 9,4% што е највисоко ниво од 2008 година наваму. Според овие показатели, банкарите се едни од ретките лукративни исклучоци помеѓу останатите бизнис “лузери“ кои што се соочуваат со пад на производството, продажбите или пак се гушат во неликвидност.


www.kapital.mk

Капитал број 827 04.09.2015

12

cover story Полугодишни резултати на одделни банки

Стопанска банка Комерцијална банка НЛБ Тутунска банка Охридска банка ТТК Уни банка Стопанска банка Битола

Добивка/Загуба (во милиони евра)

Годишна промена

17,98 -2,95 8,28 4,22 0,049 -0,9 -0,2

34,90% / 44,30% 110% / / /

бројки

28,5

милиони евра изнесува добивката на четрите големи банки во првото полугодие

6,5

Н

милиони евра е профитот што го остварија средните банки

пишува:

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Не секој ќе каже дека бизнисот годинава не му оди, особено ако прашате банкар. Нив со право може да ги наречеме лукративни исклучоци помеѓу останатите бизнис „лузери“ што се соочуваат со пад на производството, продажбите или се гушат во неликвидност бидејќи само во првата половина од годината, банкарите остварија добивка од 33,3 милиони евра што е за дури 78,8% поголема отколку во истиот период лани. Најновите податоци од Народната банка покажуваат дека профитабилноста мерена преку стапката на поврат на капиталот на банкарскиот сектор после првите шест месеци годинава достигна 9,4% што е највисоко ниво од 2008 година наваму. Најголем дел од профитот во банкарскиот сектор во првата половина од годината е направен во големите банки, во чии сефови остана добивка од 28,5 милиони евра. Средните банки заработија 6,5 милиони

евра, а значително е намалена и загубата на малите банки, од 3,2 милиони евра на само 700 илјади евра. Најголем дел од приходите на банките доаѓаат од камати од кои што во периодот од јануари до јуни годинава инкасирале 112 милиони евра, што е за 10,7 милиони евра повеќе отколку лани. Зголемени се и приходите од провизии и надоместоци при што се наплатени 34 милиони евра , додека од капитална добивка остварена од продажба на средства се инкасирани речиси 7 милиони евра. По одделни банки, од оние што досега ги објавија полугодишните финансиски извештаи, најголема добивка оствари Стопанска банка од околу 18 милиони евра, што е 34,9% повеќе отколку лани. Но ако се спореди со лани, најголем успех оствари Охридска банка која прикажа двојно поголема добивка, од 4,2 милиони евра и влезе во групата големи банки. Билансот на успех на НЛБ Тутунска банка покажува добивка од 8,3 милиони евра што е 44,3% поголема од лани. Единствено Комерцијална банка од големата четворка после првите шест месеци годинава прикажа загуба од 2,95 милиони евра. Од средните банки, ТТК банка ја надмина загубата од лани и во првата половина од годината прикажа добивка од околу 50 илјади евра. Загубата од лани ја намали и Стопанска банка Битола, од околу 1 милион евра на 215 илјади евра.

700

илјади евра загуба прикажаа малите банки после првите шест месеци од годината и во споредба со лани е намалена Банките во земјава се меѓу ретките компании што останаа имуни на економската криза во последните неколку години. Тие постојано работат со добивка, а нивната профитабилност од година в година се повеќе расте.

Повеќе кредити за поголем ќар

Бизнисмените што не можат да добијат кредит од банкарите, гледајќи ги нивните финансиските резултати веројатно посакуваат да ги пратат во пеколот, меѓутоа, податоците покажуваат дека во последните две години кредитирањето на фирмите заживува. Заклучно со јуни, банките им одобриле на фирмите 7,4% повеќе кредити на годишно ниво, а интересно е тоа што во истиот период за 7,7% се намалија вложувањата во државните хартии од вредност. По сектори, кредитната поддршка од банките најмногу е зголемена за градежните и трговските фирми. За поддршка на градежништвото, банките имаат пласирано вкупно 407,5 милиони евра, што е за 14,4% повеќе од лани, додека пак за трговците на големо и мало, одобрени се кредити во вредност од 975,7 милиони евра, што е

НБМ: Профитабилноста на банките највисока о


www.kapital.mk

Капитал број 827 04.09.2015

13 за 8,5% повеќе на годишно ниво. Од друга страна, податоците покажуваат дека се намалува кредитната поддршка од банките за неколку клучни сектори во економијата, како на пример прехранбената и металската индустрија и земјоделскиот сектор. Побарувачката за кредити од страна на фирмите е различна во одделни банки, меѓутоа речиси сите банкари се согласни дека тие главно бараат заеми за обртен капитал наспроти инвестициски кредити. Од Комерцијална банка велат дека побарувачката за кредити е намалена во изминативе месеци. „До крајот на годината не очекуваме некое драстично зголемување во обемот на кредитирањето, а стапката на раст ќе биде условена од стабилизирањето на економските и политички услови како во земјата, така и пошироко во светски рамки. Продолжуваме со внимателниот пристап при проценка на кредитниот ризик во согласност со домашните и глобалните економски услови. Што се однесува до типот на барани кредити, се уште доминираат б а р а њ а та з а к р е д и т и з а одржување на тековна ликвидност наспрoти инвестициските кредити“, објаснуваат од Комерцијална. Од Стопанска банка пак, велат дека побарувачката за кредити од страна на компаниите е на исто ниво како и претходниот период, воглавно покривајќи ги нивните потреби за финансирање на обртниот капитал а во помал дел, за нови инвестиции. „ Динамиката на ос тварен кредитен раст за првото полугодие од годинава од 9% на годишно ниво очекуваме да продолжи и до крајот на годината. Настојуваме на ниво на секоја компанија да се согледаат нејзините реални потреби за кредитно финансирање и да се дизајнираат н а ј со о д в е т н и т е к р е д и т н и производи кои овозможуваат компанијата да располага со оптимален износ на финансиски средства за финансирање на својот работен капитал и инвестициски потреби на начин кој ќе ја поттикне профитабилноста, а ќе се избегне презадолжување на компанијата“, објаснуваат од Стопанска банка. Послаба побарувачка за кредити регистрира и ПроКредит банка. „Тоа се должи на целокупната бизнис клима која што владее во регионот што реално негативно се одрази на стабилноста на

од 2008 досега

бизнисите и плановите на бизнисмените. Во моментов се уште доминантни се барањата за обртни средства, бизнисите кои што успешно работат и се шират на пазарот имаат потреба од зголемување на обртниот капитал. Сепак, бизнисмените во моментов ретко се одлучуваат за нови покрупни инвестиции, а со тоа и побарувачката за овој тип на кредити не е на она ниво како што беше минатата година“, велат од

ПроКредит и додаваат дека банката има амбициозни планови за значаен пораст на кредитирањето до крајот на годината. „Ова се темели на најавите за конечно раздвижување во економијата како во земјата така и во регионот, како и можноста да понудиме кредитирање преку ПроКредит Банка во Германија, со што ќе поттикнеме што поголем број на нови инвестиции“.


www.kapital.mk

Капитал број 827 04.09.2015

14

cover story

Во Охридска банка пак во втората половина од годината забележуваат значително раздвижување во однос на побарувачката за кредитна поддршка од страна на корпоративните клиенти. „Растот главно произлегува од зголемување на долгорочно кредитирање преку инвестициони кредити. Очекуваме годишен пораст на нивото на кредити за компании од 10%. Сепак не е исклучена можноста за осцилации под влијание на неизвесното глобално и домашно окружување“, велат од Охридска. Додека кредитирањето на фирмите се уште расте бавно, банките се повеќе ги кредитираат граѓаните. За една година, банките им одобриле на граѓаните 12,4% повеќе кредити, а растот произлегува главно од потрошувачки и станбени кредити.

Наплата се влошува

„Наплатата на кредитите е отежната, а тоа влијае на порестриктивниот пристап при одобрувањето на новите кредити“, велат од Комерцијална банка. Статистичките податоци исто така покажуваат дека вредноста на лошите кредити што банките не можат да ги наплатат за една година се зголемила за 4,6%. Заклучно со јули, ненаплатливи се вкупно 482 милиони евра. Билансите на банките покажуваат во првата половина од годината тие успеале и да се ослободат од голем дел од запленетиот имот од граѓаните и фирмите што им бил оставен како хипотека за кредит. Податоците покажуваат дека вредноста на запленетиот имот до јуни годинава изнесува 52,1 милиони евра што е за 28,9% помалку споредено со средината на минатата година. Непознато е колку банките ги продале дел од запленетите куќи, деловни простори, возила, опрема и машини или пак намалувањето на вредноста на запленетиот имот е резултат на мерката на Народната банка која им нареди на банките секоја година сметководствено да отпишуваат по 20% од вредноста на имотот. Иако банкарите признаваат дека наплатата на кредитите ќе остане еден од најголемите предизвици годинава и тоа може да влијае на промена на кредитната политика на некои банки, особено оние кои што имаат најголем удел на нефункционални пласмани

Кредити за фирмите заклучно со јуни милиони годишна евра промена во % 80,5 -0,7

Сектори во економијата Земјоделство, шумарство и рибарство Рударство и вадење на камен Прехрабрена индустрија Текстилна индустрија и производство на облека и обувки Хемиска индустрија, производство на градежни материјали, производство и преработка на горива Производство на метали, машини, алати и опрема Останата преработувачка индустрија Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација Снабдување со вода; отстранување на отпадни води; управување со отпад и дејности за санација на околината Градежништво Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и моторцикли Транспорт и складирање

27,6

29,2

220,1

-2,1

89,1

5,4

125,5

0,7

255,2

-3,6

98,6

-4,3

154,4

16,4

6,3

16,6

407,5

14,4

975,7

8,5

185,3

3,9

Објекти за сместување и сервисни дејности со храна

64,7

16,3

Информации и комуникаци

41,0

14,6

Дејности во врска со недвижен имот

91,7

-1,0

Стручни, научни и технички дејности

65,0

20,8

Административни и помошни услужни дејности

38,1

0,1

Образование

24,2

-4,3

Дејности на здравствена и социјална заштита

35,1

73,4

Уметност, забава и рекреација

22,2

-1,6

7,6

-6,0

Други услужни дејности Дејности на домаќинства како работодавач Дејности на екстратериторијални организации и тела

во своето портфолио,. потенцираат дека сигурноста и стабилноста на банкарскиот сектор воопшто не е доведена во прашање. Капиталната позиција на банките е двојно повисока од законски пропишаниот минимум од 8%, а покриеноста на нефункционалните пласмани со резервации, се движи некаде околу 100%. Состојбата може да стане загрижувачка ако се оствари песимистичко сценарио според кое македонската економија поминува низ нова криза. Резултатите од стрес тестовите што ги спроведе Народната банка покажаа дека доколку се случи најлошото сценарио во економијата, адекватноста на капиталот во банкарскиот сектор ќе се задржи над 12% што е значително повисоко ниво од законскиот минимум од 8% и тоа значи дека сите банки ги положиле стрес тестовите

0,0

20,0

25,2

582,3

што им ги зададе централната банка. Меѓутоа, лошите кредити кај компаниите во најлош можен случај ќе достигнат 33,1% од кредитното портфолио, што во пари би било еднакво на околу 750 милиони евра спорни за наплата. П о одделни сектори, најпроблематични за наплата би биле кредитите дадени на компании што се занимаваат со хотелиерство и угостителство, односно дури 44,7% од вкупните кредити, а според ова сценарио, инвеститорите во недвижности не би можеле да отплатат 43,1% од земените кредити. Состојбата кај граѓаните е подобра споредено со бизнис секторот. Лошите кредити дадени за населението според најлошото можно сценарио би се искачиле од 6,2% на 14,4%. nnn

Банкари: Наплатата на кредитите се влошува



www.kapital.mk

Капитал број 827 04.09.2015

16

Капитално

Домашните фирми се И тоа е факт!

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Изјавите на политичарите на власт, кои ги креираат сите економски политики во државата,од типот камо среќа да имавме домашни компании кои ќе отворат фабрики и ќе вработат по 1000 луѓе, не помагаат многу тоа да стане реалност. Примерите од регионот и од светот, покажуваат дека за една економија да има успешни и силни големи домашни компании, кои ќе растат и вработуваат, е потребно да имаме повеќе од среќа. За почеток доволно е на домашните фирми да им се тргне државата од врат и да се остават да трчаат без пречки на патот.

В

Во време кога јавноста покажува најголем досега отпор заради тоа што странците што доаѓаат да инвестираат во Македонија се ослободени од плаќање на речиси сите давачки и плус добиваат пари за поддршка од буџетот, во споредба со домашните компании кои ги плаќаат сите давачки и не добиваат никаква поддршка, премиерот одбра стратегија како да и објасни на јавноста зошто се тера ваква политика. Тој појасни дека тезата дека домашните инвеститори се дискриминирани во однос на странските инвеститори била тотална измислица на една опозициска партија. А дека поддршката и помошта што ја давале на странците, важела подеднакво и за домашните фирми. Како среќа, рече премиерот, да има пет-шест домашни инвеститори и да дојдат со проект да отворат фабрика со по 1.000 вработувања и да побара помош. “Ние секако дека ќе му излеземе во пресрет”, увери премиерот. Според него, не постоело разлика во Македонија помеѓу странските и домашните инвеститори, туку постоело разлика помеѓу две времиња. Едното време кога било СДСМ, кога немало странски инвеститори, освен ако се продадел некој монопол и време на ВМРО-ДПМНЕ кога доаѓале многу странски инвеститори и кога и домашните имале свој напредок и заради нивното поврзување со странските инвеститори и заради подобрата бизнис клима. Ајде да почнеме од последново. Малку се домашните фирми кои имаат напредок во бизнисот поради подобрата бизнис клима во времето на

оваа власт. Малку беа и во времето на СДСМ. И тогаш напредуваа оние кои имаа монополи или оние кои добиваа најмногу тендери од државата. За нив бизнис климата беше добра и тогаш и сега, оти законите се правеа, и се уште се прават така, за да се штити бизнисот на тие малкумина. Точен е и фактот дека се малку и домашните фирми кои се обиделе да отворат фабрики во некоја од слободните зони. Првата причина е што условот кој мора да го исполнуваат е да отворат фабрика во сосема различна дејност од нивниот основен бизнис. Тоа му доаѓа нешто како на пример, сега на Ван Хол некој да му кажел дека може да инвестира во Македонија и да добие субвенции, ама ако отвори фабрика во која нема да произведува автобуси, туку нешто друго. Тоа е првата дискриминација која постои за домашните компании. Вториот услов кој мора да го исполнуваат фирмите кои сакаат да инвестираат во слободните зони и да добијат субвенции и државна помош е целото производство да им биде насочено за извоз. Арно ама тоа беше само на закон. Зошто некои фирми од оние во слободните зони можат да продаваат и на домашен пазар. И така субвенционирани и помогнати со десетици милиони евра од државата и без да плаќаат никакви давачки, ниту даноци, ниту царини, ниту придонеси..., странските инвеститори си продаваат на домашен пазар и им конкурираат на останатите фирми кои за разлика од странските ги плаќаат сите можни даноци и давачки. И нормално дека ќе бидат поконкурентни и попрофитабилни, дури и ако ги намалат цените од оние по кои продаваат домашните фирми. Објаснувањето на надлежните институции е дека за тој дел што го продавале на домашниот пазар си плаќале уредно давачки. Точен е и фактот дека се малку оние домашни компании кои вработуваат или кои би можеле да вработат над 1.000 луѓе. Во Македонија од околу 70 илјади активни фирми, само 19 компании имаат над 1.000 вработени. Од нив осум се државни фирми или јавни претпријатија, осум се приватни


www.kapital.mk

Капитал број 819/820 10.07.2015

Капитално

се дискриминирани. Малку се домашните фирми кои имаат напредок во бизнисот поради подобрата бизнис клима во времето на оваа власт. Малку беа и во времето на СДСМ. И тогаш напредуваа оние кои имаа монополи или оние кои добиваа најмногу тендери од државата. За нив бизнис климата беше добра и тогаш и сега, оти законите се правеа, и се уште се прават така, за да се штити бизнисот на тие малкумина. компании, од кои една годинава прогласи стечај, а само три се компании отворени од странските инвеститори вработуваат над 1.000 работници. И Ван Хол не вработува 1000 луѓе, туку околу 500 луѓе, па тоа сепак не било пречка за да добие државна помош од 17 милиони евра од буџетот. Но, најголемата дискриминацијата на домашните фирми е во друг дел. Имено, странските инвеститори за секое вработување добиваат субвенции, половина од трошоците за работникот ги покрива државата, бидејќи се ослободени од персонален данок на доход и другите давачки, а добиваат плус и пари за обучување на работниците. Но, небулозата која прави дисторзија на пазарот и кај домашните фирми е фактот што странските инвеститори добиваат субвенции не само за новите вработувања на невработени лица преку завод, туку и за готови кадри кои ги преземаат домашните фирми, кои претходно инвестирале во нивна обука, нормално без никаква помош од државата. И нормално на странските инвеститори, бидејќи имаат далеку помали трошоци за работниците, им се исплати да понудат и повисоки плати за да ги преземат најдобрите кадри, често и од високи и средни менаџерски позиции, од домашните фирми. Некој ќе каже дека тоа е добро, платите треба да растат, дека и домашните фирми треба да даваат поголеми плати... Но, условите за водење бизнис не само што не се исти за сите, туку фирмите кои работат надвор од зоните се ставени во ситуација да се борат на домашен пазар со нелојалната

конкуренција која им доаѓа од фирмите во слободните економски зони. И тоа е дискриминирачки и ги слабее домашните компании. И можеби е време да размислиме зошто странските фирми кои ќе отворат фабрики во Македонија имаат најголем извоз, прават огромни профити, вработуваат луѓе...А во исто време на најголем дел од домашните фирми да им оди лошо. Тоа го кажуваат и самите бизнисмени, се чувствува и преку помалите приходи во буџетот, а се чувствува и преку намалувањето на бројот на вработени и намалените плати на работниците. И на крајот тоа се гледа и по нивните обрти и по нивните профити. Сите 100 најголеми фирми во Македонија годишно имаат обрт помал од оној кој го прави хрватската групација Агрокор. Хрватска ја има “таа среќа” за која зборува премиерот, па има повеќе домашни фирми кои инвестираат, растат, вработуваат илјадници луѓе. И можеби македонските бизнисмени не се така способни како хрватските. Но, најлесно е некој да се обвини дека не го бива, во услови кога си му ги одземал сите можности да покаже колку е способен. Да го оставиш да трча трка со камен околу врат, и да му кажеш дека не е доволно брз. Примерите од регионот и од светот, покажуваат дека за една економија да има успешни и силни големи домашни компании, кои ќе растат и вработуваат, е потребно повеќе од среќа. За почеток доволно е на домашните фирми да им се тргне државата од врат и да се остават да трчаат без пречки на патот. nnn

17


+ ...ПРЕКУ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ИЗВОЗНИ ПРОЕКТИ, ПРОЕКТНИ ИНТЕГРАЦИИ, И БАРАЊЕ МОЖНОСТИ ЗА ЗАЕДНИЧКИ ИЗВОЗЕН НАСТАП НА СВЕТСКИТЕ ПАЗАРИ ДО СОЗДАВАЊЕ СИЛНИ РЕГИОНАЛНИ КОМПАНИИ... 6 -ти БИЗНИС ФОРУМ / 1 Oктомври 2015 / Македонски Народен Театар Скопје

АГЕНДА

Почитувани, ...Партнери и пријатели на Бизнис плус и Капитал Медиа Гроуп, деловни луѓе, претприемачи, инвеститори, основачи, покренувачи, мисловни луѓе, интелектуалци, Сопственици извршни директори, креатори на нови бизнис стартапи... Ние, Капитал од Скопје, Финанце од Љубљана, Ослобоџење од Сараево, Привредни вјесник од Загреб, Вијести од Црна Гора и Нови Магазин од Србија, Ве каниме на 6-ата (шестата) бизнис конференција на деловните компании кои го основаа Регионалниот деловен и бизнис клуб на Бизнис плус. Годинава таа се одржува во Скопје (Република Македонија). Очекуваме над 300 директори, сопственици и претседатели на управни одбори од целиот регион (балкански и југоисточна европа). Досега се одржани пет конференции: Загреб, Сараево, Будва, Белград, Мостар. Овие форуми беа посетени од над илјада компании и инвеститори од целиот регион и од светот...

 Преку нови инвестиции во извозни проекти, нови компании, проектни поврзувања и интеграции, и барање можности за заеднички извозен продор на светските пазари, до создавање силни регионални компании. (каде грешиме и што е потребно)  Успешни поврзувања, конкретни реализирани проекти со примери, и примери на иновации ...  Транспорт и логистика и патишта. Имаме ли балкански рути на развојот? Колку сме поврзани? Можеме ли да се интегрираме и да настапиме пред европските фондови?  Производството на храна, дистрибуција и трговијата, и агроиндустријата како простор за интеграција и влез на светските пазари. Индустрија со огромни можности. Успешни поврзувања, конкретни реализирани проекти со примери и примери на иновации...  Турција – деловна дестинација за сите нас во регионот. Прилика за повеќе инвестиции и трговија.  Посебен лидерски панел на успешните од регионот...

Прием по повод 15 години од основањето на Капитал. лица за контакт: Гордана Михајловска / тел. +389 2 3298 505 / моб. +389 70 346 376 / gordana.mihajlovska@kapital.mk Љупчо Зиков / ljupco.zikov@kapital.mk

Повеќе детали за конференцијата можете да најдете на: www.kapital.mk www.biznis-plus.com

поддржувачи на форумот:

големи партнери на Бизнис плус:


годишна едиција

25

септември

2015

Почитувани читатели, Капитал Медиа Гроуп ја подготвува традиционалната годишна едиција КАПИТАЛ 200 НАЈГОЛЕМИ И 200 НАЈУСПЕШНИ во Македонија, во која ќе биде анализирано работењето на најголемите и најуспешните компании во Македонија. Во Едицијата ќе бидат рангирани компаниите според вкупните приходи и нето добивката остварени во 2014 година, но во рангирањата ќе бидат вклучени и повеќе податоци за компаниите како вредноста на активата, вредноста на капиталот и уште многу други показатели и коефициенти за успешноста и ефикасноста во работење. Сите рангирања и показатели, како и секоја година, ќе бидат изработени врз основа на официјални и ревидирани податоци обезбедени од годишните сметки на компаниите. Во Едицијата ќе бидат вклучени повеќе текстови, интервјуа со најголемите и најуспешните компании од различни индустрии, како и повеќе анализи: l Кои се компаниите и индустриите кои ќе го носат растот следната година? l Плановите и целите на најголемите компании l Најголемите предизвици за компаниите за 2016 година l Кои се најголемите компании во регионот? Во рамките на Едицијата во одделни анализи ќе биде анализирано работењето на компаниите од клучните индустрии: l Прехранбена индустрија l Индустрија за пијалаци и вино l Металопреработувачка индустрија l Градежна индустрија и индустријуа за градежни материјали l Трговија и дистрибуција l Телекомуникации l Енергетика, нафта и гас

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

Лицe за контакт:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


www.kapital.mk

Капитал број 827 04.09.2015

20

интервју

Крсте Блажески

сопственик на Хотел Дрим и претседател на ХОТАМ

Инвеститори за туризмот има. Само треба да им се овозможат нормални услови!

Крсте Блажевски, новиот претседател на Хотелската асоцијација на Македонија и сопственик на неколку хотели на охридската ривиера смета дека во туризмот во Македонија лежи огромен неискористен потенцијал за кој има заинтересирани инвеститори. Тој моменталната статична состојба во овој сектор ја поврзува со несоодветните и непазарни пречки кои го кочат капиталот во овој, за светски стандарди, многу доходовен бизнис.

Визија: Берово да стане Блед, Маврово Банск


www.kapital.mk

Капитал број 827 04.09.2015

21

K пишува

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

XX Како го оценува досегашниот тек на летната туристичка сезона? Во јавноста се пласираат доста позитивни коментари. Дали се тие основани? Хотел Дрим во месец јуни имаше мал пад на бројот на ноќевања од 5% до 7%, за разлика од минатата година. Тоа беше како последица на безбедносните случувања во последниот период. Но, за разлика од тогаш, во август ќе ги надминеме ноќевањата од минатата година, така да мислам дека на крај на годината ќе бидеме со многу слични резултати како минатата година, и по приходи и по ноќевања. Генерално лошо е што се случуваат такви немили настани кои меѓу другото влијаат и

на туризмот. За среќа работите не отидоа во уште понесакана насока, па добивме можност да се опоравиме. Општо ако зборуваме за сезоната мислам дека оценката е позитивна и добро ќе се заврши за сите хотелиери на охридско- струшкото крајбрежје. Мислам дека исто ќе биде и со останатите хотелиери во Македонија. Ако земеме дека скоро половина август е веќе поминат можам да кажам дека во моментов хотелите во охридско- струшкиот регион се со 95% исполнетост. Добар показател е и тоа што во овие топли денови се уште се наоѓаме во моменти да немаме слободен кревет. Општо сезоната 2015 е успешна. XX Ваша позната теза која со години ја пласирате во јавноста е дека секогаш во туризмот може да се направи повеќе и дека Македонија има многу поголем потенцијал. Кои се пречките со кои се соочува македонскиот туризам и како тие да се надминат? Генерално проблем е што капацитетот на сместување во Охридскиот регион и Македонија е многу мал. Значи и кога ќе кажеме дека сме 100% полни, тоа не значи многу поради малиот капацитет. Тоа сепак се само 4.000 кревети кои носат едвај 4.000 евра туристичка такса дневно и тоа кога сме целосно исполнети. Можностите дефинитивно се многу поголеми. Во последните 25 години ние не сме направиле повеќе од илјада хотелски легла додека државите во соседството,

Хотелот Дрим ја има една од најдобрите локации на целиот Балкан, на самиот истек на Црни Дрим од Охридското езеро Во хотелот се инвестирани милиони евра за да се постигне денешниот изглед- Поглед од реновираната тераса со поглед на езерото и реката истовремено Лобито и внатрешноста секоја година се се полуксузни

Бугарија, Грција, Албанија - направиле неколкукратно повеќе за истиот период. Во Македонија во истиот период на прсти од една рака се бројат хотелите над 150 соби. Мене во моментов освен Александар Палас скоро и да не ми текнува некој друг. Ние генерално успеавме само да ги реновираме одморалиштата и од нив да направиме хотели, тоа е се што имаме досега достигнато и постигнато. Поголемиот капацитет на квалитетни хотелски легла е основа за развој на туризмот. Ако нема основа, нема да има ниту развој. Затоа треба брзо да се дејствува и за следниве 5-7 години да го дуплираме бројот на хотелски легла во оваа околина, а за следните десет години веќе да се нарекуваме дестинација на светската карта на туризмот. Според мене, за да станеме таква дестинација мора да имаме минимум 10.000 хотелски легла од 4 или 5 ѕвезди. Инаку не сме во состојба ниту да преговараме со големите тур оператори. XX Како и на кој начин би го зголемиле хотелскиот капацитет. Сепак помина времето кога државата можеше директно да инвестира во угостителски објекти... Замислете ситуација во која инвеститор со пет или десет милиони евра се одлучи да дојде и да ги разгледа можностите на охридската ривиера. Каде ние како домаќини ќе го однесеме? Од 87 километри брег на Охридско езеро ние имаме едвај 20% урбанизирано со детално планирање. Значи ние теоретски да најдеме и десет такви

ко, а Охрид и Струга бисер на целиот Балкан


www.kapital.mk

Капитал број 827 04.09.2015

22

интервју

инвеститори тие буквално немаат каде да вложат. Кога ќе се тргне од границата кај Радожда се до Свети Наум има неброен празен неурбанизиран и несреден простор. Јас не велам дека целиот брег на езерото треба да биде изграден, но сигурно 30-40% би можело да биде урбанизирано и да биде опфатено во тој детален урбанистички план. Доколку би имало детално планирање работите би биле поразлични. Општините кај нас очигледно повеќе се интересираат за изградба на станови и згради што во никој случај нема таков позитивен ефект како што би имале хотелите. Хотелите носат странски гости кои што носат девизи, што значи тоа е исто како да сме направиле извоз во странство. Работите кои туристите ги изеле и испиле тука и ги платиле во девизи е исто како да сме ги извезле во странство. Значи да повторам и потенцирам, основата за да се промени сето ова или за да тргне работата на подобро е да се создадат услови преку детално планирање на крајбрежјето и тоа треба да се направи што поскоро. Кога тоа ќе се направи, верувајте инвеститорите сами ќе си дојдат. XX Вие сте повратник од дијаспората кој се одлучи да инвестира во Македонија. Како се одлучивте на тој потег и дали надвор од државава има уште Македонци кои би инвестирале во туризмот во земјава? Во Њу Џерси живеев долги години, но никогаш не ги прекинав врските со Македонија. Затоа кога со моите партнери од Америка дознавме дека се продава хотел Дрим, делумно поради патриотски причини, делумно поради свесноста за тоа што значи Струга и хотел Дрим, се одлучивме да инвестираме. Тогаш не ни сонував дека скоро целата година ќе ја поминувам во Хотел Дрим. Но, согледувајќи дека ова е едноставно еден гигант со огромен потенцијал кој треба да се искористи се одлучив да го вложам сето мое знаење искуство и средства. Нормално како што бива во Македонија уште од почеток се соочив со стандардните проблеми со земјиштето и нерешените детални урбанистички планирања. Тоа беше во 2003 година, а еве сега сме 2015 година и уште сме со тие нерешени прашања. Дванаесет години ние уште тапкаме во место иако имаме обезбедени средства за многу поголеми инвестиции во хотелот и околината. Затоа од лично искуство кажуваме дека деталните планирања мора да се направат и за нас кои чекаме 12 години и за некој утре да не чека 12 години. За да може директно да инвестира и да оди напред таа инвестиција. Мислам дека за да издржам во сите тие проблеми и вештачки пречки најмногу улога одиграат работните навики кои ги донесовме од Америка како нај развиена западна држава каде што и кога спиеш треба да мислиш на работата. Што се однесува до останатите иселеници

XX „Мора да се запрашаме што направивме ние во туризмот за 25 години, што направија соседите во истите тие 25 години и што направи Југославија во периодот 1945-1970 година. Ако се сумираат резултатите веројатно ќе сфатиме дека имаме направено многу малку и дека итно ни е потребна промена на концептот и на пристапот“ XX „Нема добри и лоши туристи. Од нас зависи колку скапи услуги ќе успееме да им продадеме“ XX „ХОТАМ ќе се заложи за формирање Министерство за туризам со една главна целзголемување на уделот на туризмот во БДП“ XX „Редовните бродски линии долж целото езеро се иднината и заживувањето на целата ривиера. Не треба да измислуваме топла вода, туку само да го примениме она кое Комо и Лугано одамна го имаат направено и кои ги направило тоа што се “

ако направиме анализа колку навистина има успешни примери на повратници кои инвестирале во државава ќе видите дека се многу малку во однос на потенцијалот кој навистина постои. Значи треба да се свестиме дека тие луѓе нешто ги одвраќа назад, а тоа се токму оние бирократски пречки кои веќе неколку пати ги наведов. Плус тоа генерално многу погрешно е и што со потсмевање гледаме на инвеститорите кои доаѓаат од дијаспората. Јас доаѓам од таму и знам дека малку се тие со стотици милиони долари кои би ги донеле тука, а и да има такви не ги носат парите, тука затоа што нема основа каде би ги инвестирале. Но, исто така знам дека има доста кои би инвестирале во помали бизниси со помали суми пари кои за овдешни прилики и не се така мали. Според мене, најважно во Македонија е да започне неопходното движење на пазарот на недвижности и помасовно инвестирање во тој бизнис. Не треба Македонците од странство на сила да ги тераме да инвестираат во матичната земја, туку потребно е само да им ги обезбедиме условите. Било кое семе ако го фрлите на цемент нема да изникне колку да е тоа добро. А на добра подлога и помалку квалитетно семе дава добар плод. Без да ги создадеме тие добри услови и добра почва само ќе се мачиме и работиме со негативна енергија. XX После долги години ХОТАМ во вашето име доби нов претседател. Што може да

очекува од оваа организација во вашиот претстоен мандат? Од ХОТАМ генерално може да очекуваме се поинтензивни и аргументирани барања до Владата и сите можни надлежни институции за подобрување на состојбите во туризмот. Присутни сме на сите разговори со надворешни тур оператори и работиме на подолгорочни предлози и прашања. Тука би ги истакнал и главните наши цели. Во брзо време да издејствуваме посебно Министерство за туризам по примерот на поразвиените туристички држави кое за главна цел ќе си постави уделот од 2% на туризмот во БДП да го зголеми над 5% колку што сметаме дека реално е можно на пократок рок. Сметаме дека реално туризмот може да носи и до 500 милиони евра годишно. Тоа министерство би се занимавало и со тие планови и стратегии за развој на туризмот. И тука би додал дека тие туристички развојни зони кои веќе ги знаеме во Македонија би можеле многу поедноставно да функционираат ако се во надлежност на посебно и наменско министерство. Дополнително планираме и активности во насока на најголема можна промоција на посебностите кои ги има Охрид како изворите кај Свети Наум или, пак, истекот на Црн Дрим од езерото. Сметаме дека треба да се дејствува во насока, околните села кои се повеќе добиваат на популарност да станат една интегрална целина со целиот туризам на охридското крајбрежје.

Очекување: Автопатот за Охрид да го придонесе за туризмот



www.kapital.mk

Капитал број 827 04.09.2015

24

интервју

XX Инфраструктурата и општо опкружувањето на хотелите е болна точка на која се жали ХОТАМ со години. Дали може да ни ги посочите клучните инфраструктурни пречки со кои се соочуваат хотелиерите во Македонија и како тие да се надминат? Чистотата е генерално голем проблем со години. Општините ни се заглавени и располагаат со малку средства за да можат квалитетно да ја извршуваат оваа функција. Погрешно е да се гледа само на чистота во центарот на градот кога остатокот на крајбрежјето е во катастрофална состојба. Втора работа, патиштата и општински и регионални не се квалитетно реновирани со децении. Од време на време се “крпат” дупки или се става по еден слој асфалт, но сето тоа заедно е крпена работа. Кога ќе имаме пошироки и подобри патишта сообраќајот ќе се одвива многу побрзо и полесно и туристите ќе бидат позадоволни. Според мене недозволиво е при секој помал дожд или поголем наплив на гости туристите со саати да ни се враќаат од плажите до центарот на Охрид. И тука имаме еден предлог кој повеќе пати го споменуваме но за жал досега без никаков фидбек. Сметаме дека регионот инфраструктурно може да го препороди само интензивен развој на бродскиот сообраќај. Ние имаме доволно големо езеро и доволно голема обала. Имаме неколку населени места на езерото кои што се интересни како потенцијални пристаништа. Тука се Радожда, Калишта, Струга, Андон, Дуков, Охрид, Славија, Пештани, Трпејца, Љубаништа, Свети Наум. Зошто да нема на сите нив по едно скромно пристаниште каде што еден нормален брод ќе може да застане. Овој концепт не сум го измислил јас, тој успешно функционира на најпознатите светски езера како Комо, Лугано и слично. Кога се работи за инфраструктурата мора да ја поздравиме и изградбата на автопатската делница од Кичево до Охрид, а уште повеќе се радуваме на фактот дека за брзо време се најавува и почеток на целосното автопатско поврзување и помеѓу Кичево и Гостивар. Нормално ние продолжуваме со нашите иницијативи за забрзување на наплатата на патарините без разлика дали тоа ќе е со Винети, електронско плаќање или било кој побрз начин кој нема да создава застои. Најголем доказ дека автопатското поврзување во многу случаи е пресудно е губењето на српските туристи на Охридската ривиера. Замислете за само еден час повеќе од времето кое им е потребно од Белград до Охрид тие по новите грчки автопатишта стигнуваат до Јонското море. Тоа што поскоро треба да го смениме. Секоја наредна година одлагање на овие проекти ни одзема драгоцени гости и средства. XX Вие бевте еден од иницијаторите за воведување на чартер

летовите со туристи. Каков е досегашниот ефект од нив и што може да се очекува понатаму? Чартер lетовите од Корендор и Туј се воведени од 2011 година и работат сезонски од мај до средината на октомври и сметам дека се релативно успешни. Гостите се задоволни и тоа најдиректно може да се види во комуникацијата со нив, како и по сајтовите каде што се даваат навистина реални оценки. Тие оценки претежно се движат од 7,5 до 9,5, што е навистина позитивно. Нормално има и критики за хигиената и другите слабости кои веќе ги наведовме, но факт е дека бројот на туристи од чартер летовите секоја година се зголемува. Доста време се сметаше дека ќе нема доволно интерес за летови кон Охрид, но најновата линија од Лондон која е со капацитет од 180 луѓе е постојано полна и се очекува да работи во текот на целата година. Нас ни требаат десетина такви линии и целиот крај ќе доживее вистински препород. Традиционално многумина реагираат дека со оваа линија доаѓале само млади луѓе кои не трошеле многу. Слични реакции имаше и за претходните летови за кои се велеше дека доаѓале многу стари луѓе. Јас велам дека секој можен гостин без разлика со колку мал буџет да располага може да допринесе за вкупните приходи во туризмот. На крај колку пари ќе извлечеме од секој гостин зависи од самите нас, поточно од она што можеме да го понудиме. На крај, треба да сфатиме дека во туризмот насекаде во светот имаме висока, средна и ниска сезона. Ние често се стремиме да ја прескокнеме ниската сезона, а да ги искористиме само бенефитите од останатите две. Тоа не е можно. Јас сметам дека треба и може да се работи цела година и само така хотелите ќе се одржливи и ќе бидат во можност да се развиваат. XX Вашите колеги традиционално се жалат на недостаток на професионален кадар во угостителството. Дали и вие се согласувате со таа констатација и кои се причините за тоа? Сите хотелиери на обалава ќе се согласат дека многу тешко се доаѓа до професионален кадар, затоа што школите ни се на ниво како се останато што досега го споменавме во државава. Не можам да се пофалам дека е можно студентите од школите или факултетите е можно директно да се вклучат во работниот процес. За се се потребни дополнителни обуки. Плус тоа постојано гледаме и одлив на кадар во странство. Тоа е, пак, последица на погоре споменатиот сезонски кадар на хотелите. Никој не сака да има сигурна работа само четири месеци, а останатите осум да се чуди што да прави. Се е поврзано едно со друго, веројатно затоа и најмногу луѓе се иселуваат од охридскиот регион. Морам да кажам и дека во странство има добри и изградени македонски кадри во туризмот, но за жал како што се сега работите немаме начин да ги привлечеме назад. nnn

Дали на Македонија и на Охрид им треба масовен или елитен туризам?

В

купните наши сместувачки капацитети не се поголеми од 20.000 легла. Ако знаеме дека само едно Банско во Бугарија има повеќе од тоа значи дека ние не би требало ниту да размислуваме за масовен туризам. Од друга страна, за елитен туризам ни се потребни услови кои засега ги немаме. Значи ние не сме ни ваму, ни таму. Во овој дел јас можам да кажам само дека ако не изградиме барем десет големи ресорти од над 500 легла на нашето крајбрежје, воопшто не смееме да размислуваме за масовен туризам, а пак за елитен туризам треба многу повеќе. Треба да станеме елитна држава како Швајцарија, со елитна инфраструктура, елитна хигиена и елитна понуда на сите можни пропратни работи кои одат заедно со елитните туристи. XX За крај како го гледате туризмот во Македонија во наредните 20 години? Јас лично во наредните дваесет години Голак го гледам како подобар зимски центар од Банско. Беровско езеро го гледам како Блед, а Мавровско и Дебарско како уште поразвиени. А нормално Охридскострушкиот регион го гледам како бисер не само на Македонија, туку на целиот регион. Многумина велат што и да правиме Охрид не е море. Јас викам напротив, мориња има со десетици и стотици илјади километри, а вака убавите езера се ограничени. Замислете ние оваа бистра и топла вода ја имаме на 700 метра надморска висина, со сите предности кои ги носи таа висина. Значи со чист воздух, свежи ноќи и издржливи денови. За сето ова да успее треба самите да престанеме да си ја сечеме гранката на која седиме и комплицираните работи да ги поедноставиме. Бидејќи сега е моментот да се инвестира во реките и езерата. Климатските промени и развојот на културата се повеќе ќе ги носат туристите од морињата кон езерата и планините. Ние треба да направиме стратегија која ќе е доволно добра за да не мора да се менува секоја година. Стратегија која ќе има задача само да ги создаде условите и да ги постави тие плацеви и парцели, а инвеститорите на крај врз основа на сето тоа самите ќе си дојдат и ќе инвестираат.



Капитал број 827 04.09.2015

26

www.kapital.mk

компании и пазари

Хаотичните законски измени им прават голема штета на компаниите

Македонија станa шампион во водење бизнис во хаос!

Честата промена на законите во Македонија, некогаш и повеќепати годишно, без никакви најави и консултации, и многу често без никаква економска логика, создава големи тешкотии во работењето на домашните компании, а многу често ги одвраќа и странските инвеститори. Според некои проценки Македонија е помеѓу најнестабилните земји во регионот и Европа во поглед на конзистентната законска политика. Најстрашно од се е што нема кој да ги заштити компаниите и граѓаните од ваквото самоволие на властите.

Аларамантно: Компаниите полудени од нелогични закони


www.kapital.mk

Капитал број 827 04.09.2015

27

А

Павле Гацов даночен советник

ко во Дуинг бизнис се рангираме по здравоста на правната клима мислам дека ќе бидеме катастрофално ниско рангирани. Бидејќи бизнис климата не е само ниски или никакви даноци. На една светска корпорација повеќе и се исплаќа да плати повисок данок, отколку да не е сигурна што ја очекува утре, а со ретроактивното важење на законите, дури и вчера. Да не зборувам како ова се одразува на заслабнатите домашни компании.

З пишува:

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

Закон за придонеси кој се менува четири пати во три месеци, закон за данок на добивка кој важи ретроактивно, закон за данок на промет кој трпи две измени во еден исти службен весник, закон за трговски друштва со рекордни седум измени во само две години.... вака почнува листата на законски нелогичности со која секојдневно се соочува македонскиот бизнис. Иако според многумина експерти од правната област сето ова звучи смешно или поточно трагикомично, бизнисмените најсериозно реагираат дека трпат конкретни и многу големи штети од крајно несредената законска пракса во земјава. Според даночниот советник Павле Гацов македонските закони со нивните чести

Г

Веле Самак

министер за странски инвестиции

измени се дежурна тема за потсмев на сите регионални форуми на сметководителите и правници, но дека ако некој сумира колку губи стопанството и граѓаните од ваквата неконзистентност тогаш состојбата ќе излезе трагична. „Ако во Дуинг бизнис се рангираме по здравоста на правната клима мислам дека ќе бидеме катастрофално ниско рангирани. Бидејќи бизнис климата не е само ниски или никакви даноци. На една светска корпорација повеќе и се исплаќа да плати повисок данок, отколку да не е сигурна што ја очекува утре, а со ретроактивното важење на законите дури и вчера. Да не зборувам како ова се одразува на заслабнатите домашни компании“, вели Гацов. Според Гацов, покрај тоа што правната нестабилност ги излудува домашните бизнисмени, сериозно ќе се одрази и на потенцијалните странски инвеститори па дури и соработници на македонскиот бизнис. „Гарантирам дека ова на долг рок ќе се одрази. Бидејќи доволно е само некој од изгорените странци на своите колеги да им каже, „слушајте таму не знаете денот како ќе заврши , а камоли повеќе“ за да ги запрат не само инвестициите туку и општо соработката со македонскиот бизнис“.

Фирмите признаваат дека не можат да ги следат законите

„Советот на странски инвеститори препорачува да не се оптоваруваат фирмите со премногу чести измени на

олем негативен ефект во очите на странските инвестиции имаат економска- регулативна нестабилност, те, перцепција за промена на закони, регулативи и прописи кои не се секогаш до крај промислени или анализирани, или, пак, не е јасна целта.

законите и на подзаконските акти. Ова е од суштинско значење за фирмите, бидејќи од толку многу измени на даден закон во текот на една година, може да се случи фирмите да не успеат да исполнат одредени обврски кои се предвидени во конкретниот закон“. Ова е препораката која претседателот на Советот на странски инвеститори Хуан Педро Наваро Хименес ја даде неколку пати во изминатава година дена, но која за жал според состојбите на теренот не даде резултат. Честите промени на законите ги детектира и Европската комисија во извештајот за напредокот на Македонија каде дословно се вели дека „деловниот сектор е оптоварен со чести измени на регулативата, без притоа да се води грижа за обезбедување на соодветна јавна расправа. „Може да се рече дека е воспоставен правниот систем за функционирање на пазарната економија, но во практиката се јавуваат недос леднос тите кои произлегуваат од долгите постапки кои го отежнуваат спроведувањето на законите. Честите измени на законите создаваат правна несигурност“, стои во извештајот на ЕК. Дека компаниите особено оние од странство огромно внимание посветуваат на законската регулатива ни потврди и министерот задолжен за странски инвестиции Веле Самак. Според него, голем негативен ефект во очите на странските инвестиции имаат економска- регулативна нестабилност, те, перцепција за промена


www.kapital.mk

Капитал број 827 04.09.2015

28

компании и пазари

на закони, регулативи и прописи кои не се секогаш до крај промислени или анализирани. Или пак не е јасна целта. „Во тој случај, иако можеби таквите промени некогаш се на место, ако комуникацијата е слаба, тогаш ризикот е поголем. Тоа ни било посочено од странските фирми за други земји што им оставиле впечаток на несигурност и каде престанале инвестициите. Ние како мала земја мора постојано да внимаваме како комуницираме со промените за да не направиме долгорочна штета или да го нарушиме брзо имиџот на Влада со пријателска наклонетост кон инвестирањето и бизнисот“ смета Самак.

Компаниите и граѓаните трпат штети од играњето со законите

Од Павле Гацов побаравме толкување на двата најспорни закони, законот за добивка и хонорари кои ја тресеа бизнис заедницата целата измината година. Неговиот став е дека во оние што платиле а придонеси за хонорарите се оштетени. „Едноставно ниту компаниите, ниту хонорарците немаат бенефит од тоа што го платија. Имено ниту некој се излечи, ниту некој беше на доктор без пари, ниту некој вети дека преку режимот за пензиско осигурување тоа ќе им биде впишано како стаж. Според мене, целиот концепт со хонорарците беше катастрофален и треба од него да учиме како од голема грешка“, објаснува Гацов. Гацов додава дека состојбата со Законот за добивка е уште пострашна. „Законот за данок на добивка кој е донесен лани во август се применува од први јануари годинава, ама важи и ретроактивно за изминатата година. Тоа е нон сенс и веројатно е за поништување на дипломите од Правен факултет на тие што го напишале. Замислете во буџетот беше планирано зголемување на приходите само 1,4% по овој основ, а веќе во април беше надминат целиот план и се правеше ребаланс. Ова најдобро потврдува дека законите се менуваат ад хок и без никаков план. Фактички тој што го правел буџетот не планирал законот да биде вака нелогично поставен инаку сигурно немаше да направи толкава грешка во проценката“, вели Гацов. nnn

Најочит и најсвеж пример е неколку пати менуваниот закон за хонорарци врз основа на кој неколку месеци се прибираа средства од компаниите и граѓаните без никој да знае каде отидоа тие пари по измените на истиот закон.

ЕНЕР не функционира ни со половина капацитет

П

ред неколку години за да се подобри функционирањето на законската регулатива и да им се олесни на компаните и граѓаните беше формиран Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР). Иако проектот изгледа одлично на хартија експертите кои го пратат поредовно тврда дека не се ажурира редовно со информации за расправите по законите на седниците на Владата. Оваа забелешка е внесена и во Белата книга на Советот за странски инвеститори која ги содржи сите забелешки кои бизнисмените од странство ги имаат кон македонската држава. „Информациите на ЕНЕР се прикачуваат дури откако законот е објавен на веб-страната на Собранието на РМ. Така, не може да се добие јасна претстава како се одвивала дискусијата за даден закон, ниту пак да се дознае кога завршила расправата. Овој проблем настанува поради ненавременото и нередовно ажурирање на податоците од страна на ЕНЕР“. Според Советот за странски инвеститори, доколку информациите на ЕНЕР се ажурираат редовно, а предлог-дневните редови и записниците од седниците на Владата се достапни за јавноста, тогаш може и да се очекуваат коментари за предлог-законите. „Ако за секој предлог-закон се обезбеди минимално време за дискусија, тогаш страните засегнати од тој закон ќе добијат и простор и време за коментари и дискусија додека законот е со статус на предлог-закон“



СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ ПАЗАР НА НЕДВИЖНОСТИ

11

септември

2015

Како до квалитетен деловен простор? Познавачите на пазарот за недвижности велат дека побарувачката за квалитетен деловен простор допрва ќе расте. Ви даваме преглед на најдобрите локации за вашите нови канцеларии, а со дизајнери разговаравме за тоа како да го уредите сопственото бизнис катче. Купување или изнајмување: финансиските советници ви предлагаат најповолни варијанти за нов деловен простор. Еве што сè ќе може да прочитате во специјалниот прилог на Капитал за деловен простор: l Кој е кој во понудата на деловен простор во Македонија l Каде се топ локациите со деловен простор l Што велат дизајнерите: како треба да изгледа канцеларијата на 21 век? l Кредит, лизинг или... како до нов деловен простор? l Инвестиција, а не трошок: Енергетска ефикасност на вашите канцеларии, магацини, ладилници...

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

Лицe за контакт:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА



Капитал број 827 04.09.2015

32

www.kapital.mk

политика

Мавтање со изборни модели како на корида

Груевски сака "еден на еден" со Заев. Ќе прифатиме ли да останеме само публика? Предлагајќи мнозински изборен систем и згора на тоа бонус од 17 пратеници за победникот, Груевски манифестира мачоистички нагон за пресметување „еден на еден“ со Заев, во изборна битка по која победникот носи сè, а другите партии, и нас, гласачите, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ очигледно нè доживува само како публика, од која на крајот дел ќе му се поклони на победникот, но, голем дел дефинитивно ќе размисли да го „истресе правот од нозете“ и да ја напушти Македонија, трајно. Со ова премиерот покажува дека не само што не е на линија на Договорот од Пржино, туку и оти нема сенс за длабочината на политичката криза, односно за причините што доведоа до неа

Заев: Демократски е за новата влада да одл


www.kapital.mk

П пишува:

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

При дебатирањето за промена на изборниот модел, актуелно деновиве, најпрво треба да се има предвид зошто е потребна промената, што е повеќе од очигледно, а професорот Денко Малески вака го срочи во една од последните изјави: „Проблемот со демократијата во Македонија не е во слабата власт, туку во неконтролираната власт“. Материјалот за „бомбите“ што опозицијата до неодамна ги објавуваше, во суштина главно го дава заробеноста на државните институции од страна на само неколку луѓе во врвот на владејачката коалиција. Аналитичарите причините ги наоѓаат (и) во изборниот модел за парламентарните избори во Македонија. Овде е пригодно да се цитира професорката по компаративна политика на Кенедиевата школа на Универзитетот Харвард, Пипа Норис, која вели дека „на изборните правила не може да се гледа како на неутрална категорија: од начинот на кој се врши изборот, односно, претворањето на гласовите на избирачите во претставнички места, зависи дали одредени политички партии ќе ја преземат власта, други ќе учествуваат во креирањето на политиките, или, пак, ќе останат надвор од овој процес.“ Процесот на бетонирање на двопартизмот ќе продолжи ако останат изборните услови што на двете најголеми партии (ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ) им овозможуваат само меѓусебе да се доживуваат како конкуренција, и да бидат сигурни дека кога ќе падне (од власт) едната партија, ќе ја замени другата, со можност, во зависност од тоа колку долго ќе владее, да ги преземе и да застанува сè посигурно на лостовите за контрола на државата, и на општеството. Ова би се спречило ако се создадат услови во Парламентот да влезат доволен број пратеници од други партии, за да се оневозможи само двајца партнери (победниците во македонскиот и во албанскиот блок) да ја прават владата, и лесно да се пазарат. Вака и во владејачката коалиција би влегле повеќе партии со сочуван политички интегритет, зашто на изборите не би настапиле како дел од предизборна коалиција на ВМРО-ДПМНЕ или на СДСМ, евтино испазарена за по некое директорско место со државна плата. Ваквата владејачка

Капитал број 827 04.09.2015

33 коалиција би ги отежнала злоупотребите на власта - она за што лесно ќе се договорат само двајца партнери водени од своите лукративни интереси, потешко би одело кога би требало во „дилот“ да се вклучат и други интересни страни. Дебатата за промена на изборниот модел ја почнаа токму лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев. Вториот прв предложи промена за претворање на Македонија во една изборна единица, наместо досегашните шест. Одговори Груевски со предлог за воведување мнозински систем, што го дополни со идеја за бонус од 17 пратенички места за победникот на изборите. Аналитичарите сметаат дека сепак ќе нема промена на изборниот модел, барем не до вонредните избори закажани за 24 април со Договорот од Пржино. Зашто она што го побараа странците е организирање избори, фер и демократски, по кои сите партии ќе ги признаат резултатите. Во работните групи за имплементација на Договорот за излез од политичката криза се дискутира во овој правец, а темата за промена на изборниот модел ја наметнаа Груевски и Заев, како дел од предизборната пропаганда, сметаат аналитичарите. „Мислам дека на крајот сè ќе остане исто, бидејќи зачудува фактот што целата дискусија меѓу лидерите се сведе на изборниот модел, а во работните групи, според информациите, се договара создавањето услови за фер и демократски избори, без разлика на моделот. Енергијата на лидерите, и на сите други инволвирани, да се насочи кон создавањето на овие услови, а отворањето на изборниот модел да се остави за некои други избори. Промената на изборен модел бара време и темелна дебата“, смета поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Александар Новакоски.

За да има смисла моделот со една изборна единица, прагот мора да биде низок

Од наведените причини, логично е да се размислува за промена на изборниот модел, која би стапила на сила ако не на овие, тогаш на следните избори. Предлогот за претворање на Македонија во една изборна единица кој главно доаѓаше од помалите партии, доби сила откако зад него застана претседателот на СДСМ, Зоран Заев. „Со една изборна единица добиваат малите партии, големите губат, но, што е најважно – добива Македонија. Подемократски Парламент и со тоа и подемократска Влада. Ова го бараа малите партии, а големите можат да го испорачаат. СДСМ е голема партија и очекуваме да бидеме прворангирани на изборите, што значи ние ќе изгубиме најмногу пратеници, но, Македонија не смее да си дозволи повеќе нови диктатори. Демократски е за новата влада и за премиерот да одлучуваат што повеќе партии кои со една изборна единица ќе влезат во Парламентот“, изјави Заев за „Капитал“. Со една изборна единица гласовите на помалите партии полесно би

лучуваат што повеќе партии


www.kapital.mk

Капитал број 827 04.09.2015

34

политика

И Павле Трајанов

претседател на ДС

зборниот праг при една изборна единица треба да биде меѓу 1 и 2%.Тоа гаранира дека сите етнички заедници што се застапени во Македонија со над 2% ќе добијат свои пратеници. Најдобро е да нема праг, туку прагот самиот да се формира. Ако вкупен број на гласови на изборите е 1,2 милиони, а има 120 пратеници, тој природен праг би изнесувал околу 10 илјади гласови потребни за да се добие пратеник

се претворале во пратенички мандати зашто не би се расплинувале низ шесте изборни единици. Сега ако некоја партија освои и десетици илјади гласови вкупно, може да не добие ниту еден пратеник, зашто во ниту една изборна единица посебно (од шесте), не собрала колку што е потребно за мандат. Проблемот што треба да се реши во случај да се воведе една изборна единица е изборниот праг - дали воопшто ќе го има (помалите партии се залагаат да нема изборен праг), и ако го има, колку ќе биде висок. Зашто висок изборен праг ќе ги поништи сите очекувани придобивки за помалите партии. „Ако има висок праг, на пример од 5%, тоа

С

ите забораваат дека во пропорционалните системи со една изборна единица има изборен праг од 3, 4 или 5%. Во Словенија е 4%, во Србија е 5%, во Хрватска е 5%, во Бугарија е 4% ... Во Македонија 4% се околу 45.000 гласачи според излезноста во изминативе неколку циклуси. Па, кој од малите партии ќе освои толку? Тие повеќе шанси имаат да освојат 8-9 илјади гласови во некоја од изборните Владимир Божиновски единици од сегашните шест ако добро ИПИС ги насочат силите

ќе ги елиминира етничките заедници, и таков праг не може да се стави. Прагот, според нашите анализи, за да влезат потенцијално сите етнички заедници, треба да биде меѓу 1 и 2%, некаде околу 1,5%. Тоа гаранира дека сите етнички заедници што се застапени во Македонија со над 2% ќе добијат свои пратеници. Најдобро е да нема праг, туку прагот самиот да се формира. Ако вкупен број на гласови на изборите е 1,2 милиони, а 120 пратеници, тој природен праг би изнесувал околу 10 илјади гласови што би биле потребни за да се добие пратеник“, изјави за Капитал претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, кој во март презентираше проект за реформа на изборниот модел - „Една изборна единица како најдемократско решение“. Аналитичарот од Институтот за политички истражувања – Скопје, Владимир Божиновски, смета дека една изборна единица нема да ги зголеми шансите на малите партии за влез во Парламентот, зашто, според него, изборниот праг што би го вовеле оние кои ќе одлучуваат за тоа, ќе биде повисок од оној што го споменува Трајанов. „Сите забораваат дека во сите пропорционални системи со една изборна единица има изборен праг од 3, 4 или 5%. Во Словенија е 4%, во Србија е 5%, во Хрватска е 5%, во Бугарија е 4% ... Во Македонија 4% се околу 45.000 гласачи според излезноста во изминативе неколку циклуси. Па, кој од малите партии ќе освои толку? Тие повеќе шанси имаат да освојат 8-9 илјади гласови во некоја од изборните единици од сегашните шест ако добро ги насочат силите. Сега немаме изборен праг зашто постои природен изборен праг има шест изборни единици во кои треба да се освојат 8-9-10 илјади гласови за да се освои пратеник. Ако се водеде изборен праг со ДПА ќе заврши листата на партии што ќе влезат во Парламентот“, смета Божиновски.

Што се однесува до мнозинскиот систем што го предложи Груевски, има неколку аспекти што треба да се разгледаат. Во самиот предлог (за мнозински систем) има доследност, зашто ВМРО-ДПМНЕ веќе неколку години го нуди мнозинскиот систем како одговор на барањата за воведување отворени листи, повикувајќи се на потенцирањето на личноста на кандидатот при изборите според мнозински систем. Проблем со овој систем е што на никаков начин нема да придонесе за во Парламентот да влезат повеќе партии, односно, нема да помогне за зауздување на власта. На тоа упатува искуството од изборите за градоначалници, кои се спроведуваат според мнозински систем. Имено, на последните локални избори (2013), во вкупно 80 општини, ВМРОДПМНЕ победи дури во 57, ДУИ доби 14 градоначалници, СДСМ 4, ДПА 2, а во две општини на позиција дојдоа независни кандидати (посебен случај е градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, кој прво беше кандидат на СДСМ, а во последен момент настапи со печат на Српската напредна странка). Значи, ниту еден градоначалник не добија помалите партии. „Мнозинскиот систем најсилно го стимулира бипартизмот, па кандидат може да победи само со силна партија и многу пари“, изјави во контекстот претседателот на ДОМ, Лилјана Поповска. Од ова произлегува дека Груевски го дал предлогот воден од мачоистички нагон да се докажува „еден на еден“ со Заев, во изборна битка по која победникот носи сè, на што упатува неговиот дополнителен предлог за бонус од 17 пратенички места (за победникот). Другите - останатите партии, и ние, гласачите, претседателот на ВМРОДПМНЕ ги доживува само како публика, од која на крајот дел ќе му се поклони на победникот, но, голем дел тогаш дефинитивно ќе размисли да го „истресе правот од нозете“ и да ја напушти Македонија трајно. „Целата ситуација што настана со предлозите на Груевски и на Заев ми изгледа како фрлање ракавици. Овие избори што следат се договорени како вонредни и се плод на политичка криза и на преговори. И од двете страни реакциите што се однесуваат конкретно на изборниот модел даваат за право дека главно се работи за покажување сила, фрлање ракавици“, смета Новакоски. nnn



ПОКАНА На 17 септември 2015 година (четврток) во просториите на НБРМ, на 8. кат, со почеток во 14 часот, ќе се одржи 18. сесија на Клубот на истражувачите Доколку сакате да го презентирате Вашиот работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве молиме да нè известите најдоцна до 31 август 2015 година (понеделник). Се надеваме дека ќе предизвикаме интерес кај Вас и кај Вашите колеги за учество на Клубот на истражувачите. Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на оваа сесија на Клубот на истражувачите најдоцна до 15 септември (вторник) 2015 година на тел. +389 2 3298 505; електронска пошта: marketing@kapital.mk Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот е од отворен карактер, за што подетаљни информации можете да видите на следнава врска: www.nbrm.mk/Клуб на истражувачи.

ПРИСТИГНА НАЈНОВИОТ МОДЕЛ НА

LENOVO IDEAPAD Z51

IdeaPad Z51-70 WHITE Intel® Core™ i7-5500U Processor 8GB DDR3 1TB 5400rpm 15,6 FHD (1920x1080) + Camera 1M HD AMD TROPO XT2 DDR3L 4G DVD-RW; Card reader; HDMI; 2,3kg JBL stereo speakers with Dolby® DS 1.0 Home Theater ®

цена:

46.490 ден.

INet

IdeaPad Z51-70 BLACK/WHITE Intel® Core™ i5-5200U Processor 8GB DDR3 1TB 5400rpm 15,6 FHD (1920x1080) + Camera 1M HD AMD TROPO XT2 DDR3L 4G DVD-RW; Card reader; HDMI; 2,3kg JBL stereo speakers with Dolby® DS 1.0 Home Theater ®

цена:

Services

ИНЕТ - АВТОРИЗИРАН ЛЕНОВО СЕРВИС

38.990 ден.

ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ: A: Атинска 12 - Скопје E: sales@inet.com.mk W: www.inet.com.mk T: 02/ 3090.625


Рок за пријавување: 11 септември 2015

Еднодневна обука за реторика и јавен настап:

Како до успешен говор и јавен настап? (Обуката ќе се реализира со примена на современи техники и алатки за реторика и јавен настап) l 15 септември 2015 година (вторник) l 10:00-16:00 часот l во просториите на Институт Концепт, Скопје Колку е важна умешноста на добар говор, најдобро знаат оние кои поради недостаток на таа вештина изгубиле важни деловни прилики или биле поразени од лице кое добро ги владее тие вештини. Кога веќе мораме да комуницираме зoшто тоа не го правиме на најдобар начин? Не е можно да се сокриете од јавното говорење. Никој не е роден како сјаен говорник. Научете како со зборoви се достигнува до сјајни предизвици. Вашите зборови може да инспирираат, да создаваат и да уништуваат. Прифатете го предизвикот и научете како да зборувате добро. Можете и да уживате во сето тоа! Основна цел на обуката е на неконвенционален начин, со примена на посебни техники на предавање и вежби учесниците да ги совладаат техниките на говорење, да ги научат пораките на говорот на телото и да ја контролираат тремата или стравот од јавен настап.

Содржина на обуката:

Значење и корист од реториката; поимот говор; видови на говор (подготвен говор, импровизиран говор); подготовка на говор (избор на тема и предмет, претставување на проблем, елементи на говорот, аргументирање, заклучок, користење на реквизити, вежбање на говор, држење на говор, слушање на говори - примери од говори на познати личности, вежби со импровизиран и подготвен говор); особини на добар говор; карактеристики на добар говорник; говорнички стил; страв од јавен настап и говор; трема од јавен настап и говор; невербална комуникација, аудиториум; реториски шумови; како и најголеми недостатоци и грешки во јавниот настап

Предавач:

Доцент д-р Aлександра Србиновска-Дончевски професор на ФОН Универзитетот

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962


Капитал број 827 04.09.2015

38

www.kapital.mk

интервју На што мора да обратат внимание претпријатијата, кои се претставуваат на саемите, колку се трошоците, каков профил на посетители доаѓаат и кои саеми се најактуелни? За сето ова разговаравме со Миха Чебуљ, директор на Експогрупата и претставник на Берлинскиот саем (Мессе Берлин ) за Словенија, Србија, Црна Гора, Македонија, Косово и Албанија.

K Миха Чебуљ

директор на Експогрупата и претставник на Берлинскиот саем за Словенија, Црна Гора, Македонија, Косово и Албанија

Саемите се најефикасниот облик на промоција

XX Колкав е интересот на бизнисмените, во земјите кои ги застапувате за учество на саемите во Берлин? Работа има доволно кај шесте земји, кои ги покривам. Од тие земји на саемите во организација на Берлинскиот саем годишно присуствуваат 200 до 300 излагачи и 1.500 посетители. Бидејќи моите шефови во Берлин се задоволни со мојата работа тоа значи дека не е малку. Уверен сум дека можности има уште многу, но се зависи од потенцијалите на земјата и дали државата кофинансира поединечни или организирани настапи. XX За кој саем има најмногу интерес? Најмногу изложувачи има на февруарскиот бизнис саем на свежо и суво овошје Фрут Логистик, кој го вклучува и техничкиот дел на одгледување, пакување, складирање и транспорт на производите. Тоа е исто така место каде гледам најголем потенцијал во нашите земји. На овогодинешниот саем имавме групен настап од Македонија и Косово. Но, од Србија за прв пат немаше заеднички штанд, поради санкциите на ЕУ против Русија и безцаринскиот извоз на српски производители сметајќи дека ќе можат поповолно да извезуваат во Русија. Меѓу компаниите во регионот има многу

Чебуљ: На Берлинскиот саем има 1 милион посетители годишно


www.kapital.mk

Капитал број 827 04.09.2015

39 интерес и за Туристичката берза ИТБ. Настапите на овој саем воглавно ги организираат националните туристички организации во соработка со туристичките агенции, регионите и хотелиерите. Тоа е причина зошто саемот е покриен добро од секоја земја. XX Каде можат да се добијат информации за саемите? Можат да се најдат на веб страницата на здружението на германски саеми www. auma.de каде се собрани информации за сите меѓународни и локални саеми ширум светот. До контакти и информации исто така може да се дојде кај државните агенции како што се словенечката Јавна агенција за поттикнување на претприемништвото, иновативноста, развојот, инвестициите и туризмот (СПИРИТ). XX Која е целта на саемот? Иако пристапот до информациите преку Интернет е најбрз и најефикасен, анкетата на меѓународниот регистар на саеми АУМА покажа дека 80% од експертите сметаат дека саемите се уште се најефикасен облик на маркетинг комуникација. На саемот ИГВ меѓународна зелена недела, кој инаку е наменет за широката публика, на словенечкиот штанд се претставени три компании: Деламарис, Пивка и Млекарна Целје. Го тестираат германскиот вкуснивната цел не беше конкретна работа, иако малопродажбата и одеше добро, бидејќи саемот го посетија 400 илјади посетители. Така дознавме што најмногу Германците сакаат. Значи секој саем има своја цел. XX Што треба да знае бизнисменот за време на пријавата на саемот? Прво препорачуваме посета на саемот врз основа на што бизнисменот ќе оцени дали одговара на неговото претпријатие и да види која е конкуренцијата и како се презентира. После како учесник на саемот треба да издржи барем три пати бидејќи правите резултати се покажуваат дури после неколку настапи. XX На што треба претпријатијата да обратат внимание, кои се најчестите грешки? Зависно од големината на закупениот простор, би ги советувал да излагачот не ги презентира премногу најновите постигнувања. Проспекти на пултот треба да има што е можно помалку и на посетителите да се делат само на нивно барање, бидејќи во спротивно ќе ги фрлат во најблиската корпа за ѓубре. Еден или два различни проспекти се доволно, презентацијата нека биде на

Поддршката од секоја земја е поинаква, бидејќи со промената на властите се менува и стратегијата на интернационализација. Оваа година на пример Словенија за групни настапи ќе намени 400 илјади евра, додека за кофинансирање на индивидуални саемски настапи се уште не се знае и претпријатијата не можат однапред да сметаат на таа помош. За жал целиот износ нема да го престигне износот на Горење кои го плаќаат за својата презентација на саемот за бела техника и забавна електроника ИФА, кој ќе се одржи во септември УСБ клуч, имајте и визит карти со адресата на веб страната. Интернет страницата е неопходна и мора да биде на англиски јазик, бидејќи претпријатието без нејзе не претставува потенцијал и не е во чекор со времето. Исто така и понатаму е многу важен личниот контакт, на штандот мора да бидат компетентни личности. Најчесто тоа се раководители на извозот или комерцијалисти кои се одговорни за одредени пазари. Кај одлучувањето за настап на саем треба да се размисли и за дополнителните промотивни активности, кои ги нудат и организаторите на саемот, за евентуално огласување во стручните часописи, известување на постоечките бизнис партнери, организирање на посебни презентации и прес конференции и слично. XX Како пред саемот треба да се почне да се планира настап и како претходно треба да се пријават потенцијалните излагачи? Претпријатието мора околу година дена порано да знае на кој саем сака да се претстави. Рокот за пријавување на светските саеми е од шест до девет месеци, кај локалните саеми тој рок мора да биде краток. На пример за ИФА кој ќе се одржува од 4 до 9 септември пријавите завршија на 15 јануари, додека за водечкиот саем на железничка транспортна технологија Инотранс на крајот на септември 2016 рокот за пријава е 7 јануари 2016. XX Колку претпријатијата ги чини учеството на саемот во Берлин по квадратен метар изложбен простор? Наемот на просторот се плаќа однапред. Квадратен метар чини 200 евра, трошоците на местење на штандот зависат од стандардната опрема и почнува од 150 евра по квадратен метар. Тоа се само почетни трошоци на кои треба да им се додадат најмалку трошоците за превоз на изложбените експонати и патните трошоци на претставниците на штандот. Се проценува

дека вкупните трошоци се движат помеѓу 400 и 500 евра по метар квадратен. XX Колку изложувачи и посетители доаѓаат на саемите во рамките на Берлинскиот саем и кој е профилот на посетителите и изложувачите од регионот? Има повеќе од еден милион посетители годишно, од кои 620 илјади се бизнисмени од кои околу 60% се од странство. Изложувачи има повеќе од 30.000. Доаѓаат воглавно комерцијалисти, увозници, експерти за технологија, но не и крајни потрошувачи. Изложувачи се и мали и големи компании. XX Колку саеми има годишно во рамките на Мессе Берлин и кои сектори се претставуваат? Има околу стотина настани годишно, од тоа 10 до 15 се големи саеми кои се одржуваат еднаш годишно или еднаш во две години. Освен веќе споменатите тука се уште и новиот саем на театарска техника Стејџ Сет Сценери, автоиндустрија ИЛА, саем на градежништво Баутек, Ај- Ти во медицината, ЦМС менаџмент, додека за пошироката публика наменет е саемот за подароци Базаар и водени спортови Боот енд Фан. На азискиот континент го организираме Азиа Фрут Логистика во Хонгконг и ИТБ Азија во Сингапур. XX Колку чинат влезниците? Како претставник на Берлинскиот саем на посетителите можам да им понудам влезници за 30 до 50% поевтини од цената на лице место односно 10 до 20% поевтини од цените преку интернет. Еднодневната влезница за бизнис посетители чини околу 20 евра, а редовните влезници за нив 80 до 100 евра. По правило купувањето е можно преку интернет со кредитна картичка или врз основа на профактура. Од вкупно 15.000 посетители од моите земји за најповолна понуда се одлучија половина од нив. Припремиле: Ивана Ангелова и Сабина Диздаревиќ


ЗА ВРВНИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НЕ МОРАТЕ ДА ОДИТЕ ВО СТРАНСТВО!

СЕГА И ВО СКОПЈЕ! • Престижна МБА програма за развој на вашата кариера • Рангирана помеѓу првите 100 во светот • Со тројна меѓународна акредитација која гарантира квалитет на наставата

УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК! msm.uacs.edu.mk

ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ:

Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада 60, 1000 Скопје Тел: +389 2 2463 156

Е-пошта: globalmba@uacs.edu.mk Веб: msm.uacs.edu.mk



www.kapital.mk

Капитал број 827 04.09.2015

42

балкан бизнис и политика

Расте пазарот на преземања во “лијепа наша“

Купуваат странците во Хрватска, но и Хрватите се шират надвор

п

Втора година по ред заживува пазарот на преземања и спојувања во кој што улога имаат хрватските играчи, без оглед дали се продаваат на странци или самите купуваат надвор од земјата. Како што пишува загрепскиот Liderpress, лани биле остварени 39 трансакции, со вкупна вредност од една милијарда долари, а трендот продолжува и годинава. Се работи претежно за стратешки вложувања насочени кон натамошен раст на инвеститорите.

Пазарот на аквизиции и спојувања во Хрватска очигледно се расклокоти по неколкугодишна рецесиска летаргија, пишува Liderpress. И во текот на рецесијата имало такви трансакции, што принудни докапитализации, што доброволни продажби и купувања, но позитивен тренд почнува да се забележува во последниве две години.

И тоа во двете насоки. Повеќе има странски инвеститори што се одлучуваат на аквизиција на хрватски компании, но расте и бројот на домашни компании што преку преземања се шират вон границите на Хрватска. Во Хрватска, минатата година од вкупниот број на аквизиции, 56% биле исклучиво домашни, 26% влезни, а 18% излезни.

Што купуваа Хрватите во странство? XX Орбико ги купи полските Navo и Zywiec групата Орбико со аквизициите во Полска продолжи да се шири по средна Европа. Лани водечкиот регионален дистрибутер на стоки за широка потрошувачка во сопственост на Бранко Роглиќ стана мнозински сопственик

Милијарда долари: се вредни спојувањата и презе


www.kapital.mk

Капитал број 827 04.09.2015

43

Бранко Роглиќ (Орбико), Анте Тодориќ (Агрокор) и Емил Тедески (Атлантик), тројцата најмоќни хрватски бизнисмени беа главните купувачи на фирми надвор од Хрватска последниве две години. Овие тројца купија фирми во странство за 600 милиони евра

на полската фирма Navo Polska Grupa Dystrybucyjna (PGD), а оваа година Орбико групата ја склучи најголемата зделка во својата историја со полската Zywiec група, најголемиот полски производител на пиво, откупувајќи го делот за дистрибуција за 30 милиони евра. Орбико годинава очекува приход од 1,3 милијарди евра. XX Podravka го презеде словенечки Жито По Агрокор и Атлантик група и трета хрватска голема прехранбена компанија направи аквизиција во Словенија. Подравка со конзорциумот продавачи склучи зделка за купување на 52% од акциите на љубљански Жито, за вкупно 33 милиони евра. XX Атлантик група го купи српски Фудленд Атлантик Група на Емил Тедески го презеде

српски Фудленд, прехранбена компанија со брендот Бакина тајна. Оваа аквизиција е засилување на брендираниот асортиман на Атлантик и додатен импулс во интернационализацијата на бизнисот затоа што асортиманот на Фудленд е присутен во 20-тина земји, а третина од производството се извезува надвор од регионов. XX Агрокор го презеде Меркатор Минатата година Агрокор стана мнозински сопственик на словенечкиот малопродажен синџир Меркатор и ја заклучи најголемата аквизиција во регионот. Трансакцијата е вредна вкупно 544 милиони евра, од што 324 милиони за стекнување 100 процентна сопственост, а 200 милиони евра за намалување на финансиските обврски

ПРЕЗЕМАЊА И СПОЈУВАЊА ШТО ГИ НАПРАВИЛЕ СТРАНСКИ ФИРМИ ВО ХРВАТСКА Година 2010 2011 2012 2013 2014 2015 (до 31.07)

Вредност (во милиони евра) 460 90 81 193 49 559

на Меркатор. Заедно ќе остваруваат речиси седум милијарди евра годишен приход со повеќе од 64 илјади вработени, и ќе бидат водечка фирма во секторот малопродажба и производство на храна во југоисточна Европа и пошироко. XX Прва спортска кладионица презеде романски обложувалници Една од најсилните хрватски обложувалници, Прва спортска кладионица, која е во сопственост на Hatrick, се прошири на романскиот пазар, преземајќи ги тамошните фирми Grat Dame, OK Albastru и Serious Bet SA. XX Алуфекспак нови ја презеде француската Eliopack Sarl Фирмата Алуфекспак нови, во сопственост на австриската AFP Group, која произведува амбалажа за прехранбената, тутунската,

ПРЕЗЕМАЊА И СПОЈУВАЊА ШТО ГИ НАПРАВИЛЕ ХРВАТСКИ ФИРМИ ВО СТРАНСТВО Број на зделки 6 9 5 7 4 4

Година 2010 2011 2012 2013 2014 2015 (до 31.07)

Вредност (во милиони евра) 382 1402 33

Број на зделки 1 1 5 2 4

емањата направени во и надвор од Хрватска лани


www.kapital.mk

Капитал број 827 04.09.2015

44

балкан бизнис и политика

Мате Римац, 27-годишниот производител на супербрзи електрични автомобили, доби 10 милиони евра нови инвестиции во својата фирма Римац Автомобили, продавајќи 20% удел на странци. Анте Влаховиќ, шефот на Адрис групација, ја продаде Творница духана Ровињ на Бритишамерикан тобако за 505 милиони евра

фармацевтската и други индустрии, од јули годинава стана сопственик на француската компанија Eliopack Sarl која што се бави со преработка и пакување на производи. XX IN2 ја презеде српската Актавија IN2 групата лани ја презеде софтверската фирма Актавија во Србија, специјализирана за решенија Microsoft Dynamics, и така го прошири своето делување во оваа земја во корпоративниот сектор. Тоа беше првата аквизиција на IN2 надвор од Хрватска со која што ја засили својата позиција на српскиот пазар каде што е веќе седум години присутна со своја компанија.

Поважни аквизиции на странци во Хрватска XX Dechra ја презеде Генера Моќниот хрватски адвокат и бизнисмен, Мар ија н Ха нжеко в иќ го пр од а д е мнозинскиот удел во фармацевтската фирма Генера на британската компанија Dechra Pharmaceuticals. Dechra за 63,3% од акциите на Генера понуди 51,4 милиони евра, а заклучување на трансакцијата се очекува до ноември годинава. Генера е производител на ветеринарско-медицински препарати со голем пазарен удел на домашниот и пазарите од соседните земји. XX British Tobacco ја купи ТДР Творница духана Ровињ е продадена на компанијата British American Tobacco (BAT) за 505 милиони евра. Откако своевремено ТДР практично го избрка BAT од Хрватска, BAT се врати и го презеде хрватскиот

тутунски лидер со силни позиции во регионот и фабрика во Иран. BAT се обврза дека ќе го задржи производството во Иран најмалку пет години од моментот на преземањето, како и дека ќе обезбеди дополнителни 50 милиони евра во случај на предвремено затворање на фабриката. XX Џон Алм ги презеде Финвест и Хотели Њивице Американскиот инвеститор Џон Алм, поранешен извршен директор на КокаКола, од домашниот бизнисмен Маријан Филиповиќ го купи мнозинскиот удел во компаниите Финвест Корп. и Хотели Њивице, кои што беа на работ на стечај. Вкупната инвестиција се проценува на 30 милиони евра. XX Германски Wolf ја купи Про-клима Wolf, водечки германски специјалисти за греење и климатизација, ја презедоа Проклима, хрватски производител на опрема за климатизација и вентилација. Оваа фирма од Самобор е водечка на хрватскиот пазар со 55% извоз во соседните земји, Русија, Германија и Австрија, а лани имаше приход од 13 милиони евра. Ова преземање му отвора простор на Wolf на пазарот каде што претходно беше минимално присутен. XX Ј-trading ја купи Кали туна Јапонската компанија за трговија со риба Ј-trading и инвестициската фирма Integral Corp. ја купија хрватската компанија Кали туна за 10,2 милиони долари, која што досега беше дел од американската

фирма Umami Sustainable Seafood. Кали туна е најголем култиватор на туна во Јадранското море. XX Сергеј Гљаделкин – ИГХ и Хидроелектра Таинствениот руски инвеститор стана сопственик на две хрватски градежни фирми. Тој прво ја докапитализираше ИГХ во износ од 7,6 милиони евра, со што стекна 51% удел во фирмата, а потоа ја докапитализираше Хидроелектра нискоградња со 4 милиони евра, за 76% удел во неа. XX Real Networks купи дел од Пет минута Американската технолошка фирма Real Networks купи, после неколку години соработка, дел од хрватската ИТ компанија Пет минута, која што ќе биде темел на новиот развоен центар на оваа американска фирма во Загреб. Се проценува дека Real Networks купи од 20 до 40% од хрватската компанија. XX China Dynamics Holding купи удел во Римац автомобили Во петтата година од постоењето, Римац автомобили, хрватски производител на супербрзи електрични автомобили, лани доби три нови инвеститори прибирајќи вкупно 10 милиони евра. Првиот инвеститор беше Френк Јепес (6% удел), потоа Тек Чеунг Јам (2%), како и последниот и најголем China Dynamics (10% удел). Вредноста на компанијата се проценува на 70 милиони евра. nnn



Рок за пријавување: 16 септември 2015

Еднодневна обука на тема:

АНАЛИЗА НА ИНВЕСТИЦИОНИ ПРОЕКТИ

ОЦЕНКА НА ЕКОНОМСКО - ФИНАНСИСКАТА ОПРАВДАНОСТ НА ИНВЕСТИЦИИТЕ СО ПРИМЕНА НА НАПРЕДНИ ЕКСЕЛ АЛАТКИ l 18 септември 2015 година (петок) l 09:00-16:00 часот l во просториите на Институт Концепт, Скопје АГЕНДА: l Капитално буџетирање l Финансиски менаџмент на инвестициони проекти и користење на Еxcel за time value l Статички методи за оценка на инвестициите (pay-back period, discounted pay-back) l Динамички методи за вреднување на инвестициони проекти (npv, pi, irr) l Методи за анализа на ризикот на инвестиционите проекти (variance & standard deviation, probability tree approach) l Вреднување на инвестициите со користење на слободни готовински текови (free cash flow-fcf)

l Практична работа – изготвување на софтвер во excel за оценка на инвестициони проекти l Вреднување на инвестициите со примена на free cash flow – практичен пример со Еxcel

Предавач:

Проф. д-р Зоран Ивановски

редовен професор на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.