Kapital magazin 879 880

Page 1

COVER STORY

БИЗНИСМЕНИТЕ ЗАГЛАВЕНИ ВО ФИНАНСИСКИ РОБЛЕМИ НАПЛАТАТА НИКОГАШ ПОЛОША!

КОЛУМНА ИЛИЈА ДИМОВСКИ

КОНДИТОРСКА ИНДУСТРИЈА

ПОЛИТИЧКАТА ЗГРЧЕНОСТ НА ЕКОНОМИЈАТА

РАСТAТ ИНВЕСТИЦИИТЕ И ИЗВОЗОТ, А ПАЃА УВОЗОТ НА СЛАТКИ ПРОИЗВОДИ

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

WWW.KAPITAL.MK

INTERVIEW

проф. дтн инж.

НИКОЛАЈ ВЛКАНОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БОРДОТ НА ДИРЕКТОРИ НА “МИНСТРОЈ“

ИМАМЕ ГОЛЕМИ ПЛАНОВИ СО “ЗЛЕТОВО“ И “ТОРАНИЦА“! СИНГАПУРСКОТО ЕКОНОМСКО ЧУДО ЛЕКЦИИ ЗА МАКЕДОНИЈА

8 БРОЈ 879 / 880 | ЦЕНА 100 ДЕН. 2 СЕПТЕМВРИ 2016 | ПЕТОК | ГОДИНА 17

ПОЛИТИКА: КАКВИ ИЗБОРИ ЈА ОЧЕКУВААТ МАКЕДОНИЈА?



3

Капитал број 879/880 02.09.2016

содржина

08 04

STAND BY

06

НАВИГАТОР

08 14

20 и компании 20 Луѓе Македонската

Љупчо Зиков Кичма!

кондиторската индустрија ги засилува позициите Растaт инвестициите и извозот, а паѓа увозот на слатки производи

Банките заработија 46,5 милиони евра за шест месеци, 39,3% повеќе од лани

26

Cover story

Бизнисмените заглавени во финансиски проблеми Наплатата на побарувања од фирмите никогаш полоша!

INTERVIEW

30

проф. дтн инж. Николај Влканов претседател на Бордот на директори на “Минстрој“

Имаме големи планови со “Злетово“ и “Тораница“!

Капитал анализа Фрапантни податоци од Народната банка Задолженоста на домашните фирми достигна фрапантни 6 милијарди евра!

Колумна

Илија Димовски

координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание.

Политичката згрченост на економијата

46 32

Политика

40

Бизнис и финансии

46

Менаџмент

50

Лидери

Суштински разлики во условите нема, но „четворката“ ќе нè викне да гласаме Какви избори ја очекуваат Македонија? Лекции од сингапурското економско чудо за Македонија

5 примери како на брендот да му се врати стариот сјај Сергеј Брин

ко-основач на Google

Сакаме Google да биде третатат половина од вашиот мозок

Четири месеци

Сладок извоз

Избори 2016

Точно четири месеци чекаат македонските компании во просек за да наплатат некое побарување, покажува најновиот Извештај за финансиската стабилност за 2015 година што го објави Народната банка. Овој просек е значително поголем кога станува збор за фирми загубари и тие едно побарување го наплатуваат просечно за дури 234 дена, додека пак профитабилните компании за наплата чекаат 107 дена. Кога станува збор за исплата на обврските, роковите се дури и подолги. Така, краткорочните обврски македонските фирми во просек ги плаќаат за 175 дена.

Кондиторските производители во Македонија ги дочекаа своите пет минути. Од 2010 година наваму увозот на кондиторски производи во земјава изразен количински е намален за 34%, додека извозот пораснал за 31%. Расте и вкупното производство на домашните фабрики, кои што заради сè уште релативното високо учество на увозот во домашната потрошувачка на чоколади, кекси и останати производи, мора да најдат пласман во странство на преку половина од своето производство.

Без избори, макар што многу малку ќе се разликуваат од претходните што опозицијата ги нарекува криминални, меѓународната заедница знае дека не може да се затвори оваа фаза чии потенцијали се веќе исцедени. Странците сакаат да видат што ќе донесат изборите - каков ќе биде материјалот со кој понатаму ќе се работи, а опозицијата овојпат прифаќа да излезе (на избори) зашто во натамошното одложување гледа поголема опасност од онаа што и се заканува од безмалку сочуваниот систем за штанцање изборни победи на актуелната власт.

XX Стр. 8

XX Стр. 20

XX Стр. 32

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 01.09.2016


I

И така лека полека, додека го читате овој текст Македонија ќе добие нова Влада. Техничка. Со други зборови ова значи дека СДСМ влага во Владата. Неколку коментари и карактеристики за периодот што следи:

пишува: ЉУПЧО ЗИКОВ

Кичма! Македонското општество е зафатено од силен “изборен циклон од осум месеци” (парламентарни плус локални избори). Тоа е “вонредна ментална надрзанувачка состојба” за граѓаните за тоа која страна да ја фаќаат... Тие сега се “збуњоли”! Затоа што ова општество и граѓани е оперирано од идеолошки определби одамна, и живее политички живот трансформиран во нагонот за задоволување на евтини егзистенцијални потреби. Еден памет ќе биде за пред парламентарните избори, а сосема друг памет ќе биде од 12 декември натаму накај локалните избори. По парламентарните избори така ќе биде “напалена” атмосферата што мислам дека партијата што ќе изгуби потоа не ќе може да најде дури ни кандидати за градоначалници. А и тие што веќе се договорени ќе влезат во нов ментален процес на предомислување. Дотолку ќе мораат да вртат нагло во кривина... Кичма! ljupco.zikov@kapital.mk facebook.com/ljupco.zikov

1.

Она што може да се извлече како некаков заклучок по договорот за избори на 11 декември меѓу четирите лидери на најголемите партии е дека на македонските граѓани во наредниот период ќе им стане јасно дека крајот на оваа политичка криза ќе биде после 8 месеци (некаде во 2017 година). Ова значи дека има уште за веслање. Зошто? Се уште ништо не е решено од фундаменталниот дел на длабоката македонска криза, освен датумот 11 декември како ден за избори! И тоа по стариот изборен модел, што е катастрофа и не гарантира парламент кој ќе направи разлика од минатото, со медиумите кои суштински немаат ни време кога да се реформираат оти се удавени во немоќ и корупција, понатаму, со ова судство кое сега го имаме со карактеристики исти како кај медиумите, и со овие државни институции и администрација што го доведоа општеството до состојба да граѓаните се крстат единствено во СЈО (Специјално јавно обвинителство), само една институција чие постоење е гарантирано од мегународната заедница (дури ни ние самите овде се уште не покажавме капацитет да и го гарантираме уставниот опстанок).

2.

Она што е интересно во овој најнов развој на настаните во Македонија, е што периодот на почетокот и текот на изборната кампања овој пат ќе се поклопи со периодот на изготвување, предлагање и усвојување во парламентот на новиот Буџет. Ова ќе значи дека преку заменикот на министерот за финансии кој сега ќе биде од редовите на СДСМ ќе можеме да слушнеме многу за програмата, и воопшто суштинските определби на опозицијата за клучните реформи кои и требаат на Македонија, а тоа се во делот на финансиите и стопанството. Позицијата на Буџетот во однос на овие теми. Буџетската политиката на ВМРО-ДПМНЕ ја знаеме. Моменталната финансиска состојба во Македонија исто така е помалку или повеќе јасна (траљаво), блиската финасиско економска иднина од следни дванаесет месеци за Македонија е исто така помалку или повеќе јасна, оти знаеме дека Македонија ќе мора императивно да се задолжува ако сака да не биде пред финансиски колапс (ако и сега не е!?). Значи сега е вистинскиот период да ги слушнеме реформските пакети и “амндманите на СДСМ што би можеле да направат разлика”!? И што ново има ВМРО-ДПМНЕ да каже... во ситуација кога само долговите се решение.

3.

Друга карактеристика на периодот што следи е што македонското општество е зафатено од силен “изборен циклон од осум месеци” што нејзините граѓани ги става во “вонредна ментална надразнувачка состојба” за тоа која страна да ја фаќаат... Тие сега се “збуњоли”! Затоа што ова општество и граѓани е оперирано од идеолошки определби одамна, и живее политички живот трансформиран во нагонот за задоволување на евтини егзистенцијални потреби од времето на “племенската размена” - храна и работно место за 200 евра во


STAND BY јавна администрација, за мојот глас! Па, така сега, кога пред нас граѓаните следат два изборни циклуси (парламентарни и локални) навистина ќе има “кичма да се крши”... Затоа што еден памет ќе биде за пред парламентарните избори, а сосема друг памет ќе биде од 12 декември натаму накај локалните избори. Што сакам да кажам? Она што веќе сега станува јасно е дека коалицијата која ќе победи на парламентарните избори сигурно победува и на локалните избори. Ова, ако се согласуваме дека е така, е многу интересен момент и од аспект на гласачите и од аспект на капацитетот да се генерираат кандидати за градоначалници. Имајќи ги во предвид нагоните на македонското гласачко тело, може да се каже дека веќе завчера на 31 август 2016 година, после потпишаниот договор меѓу четирите партии, шпилот на карти е вратен кај крупието. Картите повторно ќе се делат. Мислам дека овој пат ниту ВМРО-ДПМНЕ не може да биде сигурен во бројноста на своето гласачко тело, а ниту СДСМ. Но, на 12 декември, ден по парламентарните избори така ќе биде “напалена” атмосферата што мислам дека партијата што ќе изгуби, потоа не ќе може да најде дури ни кандидати за градоначалници. А и тие што веќе се договорени ќе влезат во нов ментален процес на предомислување. Дотолку ќе мораат да вртат нагло во кривина. Кичма ќе се крши. Ете таква е спецификата на периодот што доаѓа! Ќе се смееме...

4.

Навистина не знам што подобро добивме со таканаречените медиумски реформи од Пржинскиот договор. Во делот на ад хок телото за следење на медиумите, како и во делот на кадровското решение на уредничкото место во МТВ. Кај адхок телото не ми е јасно како тоа медиумите ќе бидат следени?! Од кого!? Од колегите во телото? Кој стои зад нив? Која е целта на следењето? Што се следи? Вести? Гледа ли некој вести, телевизии и шоу програми деновиве во САД? Ќе се казнува ли ако некој си направи специјална шоу програма и таму убута се да изгледа карикатурално и навредливо!? Како на Фокс или ЦБС во САД. Нели е ова малку многу демагогија...? Оттука, мислам дека адхок телото е разоружано уште пред да почне со работа оти практично нема предмет за работа. Приватен медиум е при-

ватен медиум кој има свој или свои инвеститори, сопственици и кои имаат јасна стратешка определба зошто го основале медиумот. Таа може да биде и политичка, па и партиска...!? Во Бугарија има класични партиски телевизии па никој не се буни заради тоа. Можеш? Направи си... Сосема друго прашање е професионалноста и моралниот кредибилитет на тие новинари и уредници кои работат таму, но за тоа не се суди, освен за клевета. Оттука, кај приватните медиумите, единствено што можеме да дебатираме е за нивната корумпираност од аспект на финансирањето со државни пари, но таа тема не е темата за слободата на медиумите!? Кај МТВ и новиот уредник на Информативната редакција е малку поразлична ситуацијата затоа што станува збор за уредник на јавниот сервис! Но, овде “бруталното партиско предлагање на уредникот” не доликува за новинарството како важна општествена професија. Со ова решение изгуби и новинарството и уредништвото. Мислам дека уредникот на МТВ, со ваквиот негов избор, е во старт етикетиран и хендикепиран затоа што секогаш ќе биде на удар на, во случајот власта, дека одработува за опозицијата! Тоа веќе беше соопштено на 31 август од страна во заклучокот на прифаќањето на овој кадар од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Ова ќе биде алиби за кандидатите на власта да не доаѓаат на дебатите што веројатно ќе ги организира јавниот сервис. Треба да се каже дека дебатите се повеќе од важни пред овие проклето важни парламентарни избори. Значи единствено добро што може да се очекува од МРТВ во овој период е дека дебатите ќе проработат и дека тоа ќе биде местото каде што ќе се отворат сите важни теми уште еднаш. Иако лично мислам дека со ваквите решенија за МРТВ, ако после изборите не се пристапи кон длабока реформа таму, таа на среден рок како јавен сервис ќе го изгуби предметот за работа. И ќе “умре”. Премногу е измрцварена за да преживее...

5.

И на крај за македонската криза и улогата на меѓународната заедница. Секоја чест за улогата на американскиот амбасадор Џес Бејли и за некои други во овој процес. Покажаа јасна визија за патот по кој треба да тргне Македонија и во нејзе слепците по долината на Вардар. Критика за локалната канцеларија

на ЕУ во Скопје, која според мое лично мислење, не беше на висина на задачата и одговорноста за решавањето на кризата. Особено во времето на претходниот амбасадор Аиво Орав. Во секој случај, по воената 2001 година кога овде беа истурени еден контингент високи дипломати и политичари од меѓународната заедница што резултираше со Охридскиот договор, после 15 години, слепците по долината на Вардар, удавени во своите коруптивни нагони произведени во едно одамна подарено општество на кое упорно со децении не знаат што да му прават, дозволија потворно меѓународната заедница да им скрои договор. Но, не Охридски, Битолски или Крушевски или Скопски договор... Добивме Пржински договор. Само по себе доволно за “колективно да се застреламе во некоја зелена полјана”. Тоа е капацитот на ова општество. Оттука, добро ќе биде ако овие редови што сега ги пишувам правилно и ги разбереме. Во што не верувам... Затоа што овде, како што вели еден мој стар роднина, “... синко мој, нит било, нит ќе биде...”!?

nnn


www.kapital.mk

Капитал број 879/880 02.09.2016

6 НАВИГАТОР

ИЗЈАВА НА неделата

> БРОЈКА

5,1%

порасна индексот на индустриско производство во јули годинава во споредба со истиот период лани

БИЗНИСOТ НА МАКЕДОНСК ВО СТРАНСТВО НАМАЛЕН ЗА

Франк Валтер Штајнмајер

Одлуката на Британија да ја напушти ЕУ ќе има долгорочни последици кои е тешко да се предвидат

министер за надворешни работи на Германија

В

о истиот период македонските градежници во странство извршиле градежни работи во вкупна вредност од 15,6 милиони евра, што е за 11 % помалку во споредба со истиот период лани. Зголемен е обем на извршените градежни работи во Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Германија, додека на другите пазари македонските градежни фирми имале пад на обемот на работа.

Банките заработија 46, за шест месеци, 39,3% п

С

Сите банки во земјава остварија профит од 46,5 милиони евра во првата половина од годината што е 39,3% повеќе отколку истиот период лани, покажуваат најновите податоци што ги објави Народната банка. Профитабилноста мерена преку коефициентот на поврат на капиталот (ROE) изнесува 12,2% што е на ниво од 2008 година пред почетокот на глобалната финансиска криза. Најголем дел од профитот го направија групата големи банки, со заработка од 37,6 милиони евра. Средните банки имаат добивка од 9,3 милиони евра, додека пак малите имаат загуба од околу 490 илјади евра. По одделни банки, од билансите што ги доставија до Берзата, најголема добивка пријави Стопанска банка од 19,8 милиони евра, што е речиси 10% повеќе отколку лани. Во првите шест месеци банката остварила нето-приходи од камата од 28,7 милиони евра, кои се повисоки за 5,9% споредено со истиот период лани. Нетоприходите од провизии и надоместоци се пониски за 2,4%, од причина што, како што објаснуваат

од банката, расходите за провизии се повисоки за 14,7%, главно поради зголемен обем на работа кај картичното работење, како и зголемени трошоци за работа со готовина. Нето-приходите од курсни разлики се повисоки за 51,4%, додека останатите приходи од дејноста пораснале за 26,6%. „Континуираната профитабилност е резултат на приспособувањето на бизнис- моделот, кој се фокусира на

балансиран раст, рационализација на трошоците за финансирање, ефективното рационализирање на трошоците и управување со ризиците, што посебно влијаеше и на оперативната добивка, но и на одржување на нивото на нефункционални кредити под просекот на банкарскиот сектор, што дополнително придонесе за намалување на трошоците за резервации“, велат од


www.kapital.mk

Капитал број 879/880 02.09.2016

7

СКИТЕ ГРАДЕЖНИЦИ А 27% Најголем пазар за македонските градежни фирми е Босна и Херцеговина, каде во првата половина годинава извршиле градежни работи вредни 38,5 милиони евра, што е 90,5% од вкупните работи во странство на целата македонска градежна оператива. Бизнисот во Босна и Херцеговина е зголемен за 36,8%, како резултат на учеството на градежната компанија Гранит во изградба на автопатската делница Добој-Прњавор.

мисла на неделата Не сте лидер за да победите на натпревар на популарност, лидер сте затоа што треба да водите

Џек Велч

американски бизнисмен

,5 милиони евра повеќе од лани

Стопанска банка Скопје. Во првите шест месеци, Комерцијална банка има вкупни приходи од работењето од 36,9 милиони евра, за 6,5% поголеми во однос на лани. Нето приходите од камата се зголемени за 3,7%, а од провизии и надоместоци се намалени за 5,4%. Од курсни разлики банката заработила 11 милиони евра, што е зголемување од 34,9%. Останатите приходи од работењето на Комерцијална се 3,37 милиони евра

и во однос на првото полугодие лани се зголемени за 71%. Комерцијална првото полугодие годинава заработила чисти 3,27 милиони евра, наспроти загубата од 2,95 милиони евра лани. НЛБ Банка исто така имаше поголеми приходи од работењето во првите шест месеци, за 10%, односно 31,8 милиони евра. Нето приходите од камата се повисоки за 12,9%, а од провизии за 3%. Останатите некаматни приходи изнесуваат 2,6 милиони евра и се повисоки за 8,3% во однос на претходната година. НЛБ Банка има трошоци за лоши пласмани за 17% помалку во првите шест месеци, во износ од 4,5 милиони евра, а нето добивката на банката е 9,4 милиони евра и е за 12,9% повисока во однос на истиот период лани. И Охридска Банка Сосиете Женерал во првите шест месеци има зголемени нето приходи од камати, за 18,8% на речиси 9 милиони евра, додека нето приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 2,13 милиони евра и се поголеми за 4,6%. Од курсни разлики пак, нето приходите се намалени за 7,4%. Нето добивката на Охридска банка за периодот јануари – јуни 2016 е 4,15 милиони евра и споредено со истиот период лани е помала за 1,5%, поради вклученоста на значителен износ на други приходи во резултатот од ланското прво полугодие, објаснуваат во банката, а инаку споредено со планираниот за прво полугодие, остварениот резултат е за 18,6% повисок. Уни банка во првото полугодие годинава оствари добивка од 1,23 милиони евра наспроти загубата од околу 900 илјади евра истиот период лани. ТТК банка пак, од јануари до јуни годинава прикажа скромна добивка од околу 140 илјади евра. nnn

> БРОЈКА

6,7

милијарди евра достигна надворешниот долг на Македонија во првото тромесечие годинава

лидери

Диомидес Николетопулос

Стопанска банка Скопје е лидер меѓу банките со најголем профит во првите шест месеци

Илон Маск

Tesla Motors е најиновативна компанија во светот според најновото рангирање на магазинот Forbes

не им беше неделата

Зоран Милановиќ

поранешниот хрватски премиер со контроверзните изјави за Србија, БиХ, ЕПП ... е цел на жестоки критики

Тим Кук

Apple поради незаконски даночни привилегии во Ирска, ќе треба да врати 13 милијарди евра на ЕУ


Капитал број 879/880 02.09.2016

8 COVER STORY:

www.kapital.mk

СУБВЕНЦИ

БИЗНИСМЕНИТЕ ЗАГЛАВЕНИ В

НАПЛАТАТА НА ПОБАРУВАЊА ОД ФИРМИТЕ НИКОГАШ ПОЛОША!

15 15

36 34

42 38

51 57

63 115

Германија

Бугарија

Словенија

Хрватска

Грција

ДЕНОВИ НА ПРОСЕЧНА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊА


www.kapital.mk

Капитал број 872/873 15.07.2016

ИИТЕ ИМААТ ЕФЕКТ

9

ВО ФИНАНСИСКИ ПРОБЛЕМИ

А А

120

68 76

69 98

80 131

Португалија

Шпанија

Италија

( n ПРИВАТЕН СЕКТОР

*Просекот за Македонија ги опфаќа сите побарувања на фирмите

*Македонија

n ЈАВЕН СЕКТОР )


Капитал број 879/880 02.09.2016

10

www.kapital.mk

COVER STORY: STORY БИЗНИСМЕНИТЕ ЗАГЛАВЕНИ ВО ФИНАНС

Т пишува:

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Точно четири месеци чекаат македонските компании во просек за да наплатат некое побарување, покажува најновиот Извештај за финансиската стабилност за 2015 година што го објави Народната банка. Овој просек е значително поголем кога станува збор за фирми загубари и тие едно побарување го наплатуваат просечно за дури 234 дена, додека пак профитабилните компании за наплата чекаат 107 дена. Кога станува збор за исплата на обврските, роковите се дури и подолги. Така, краткорочните обврски македонските фирми во просек ги плаќаат за 175 дена. Ова се убедливо најдолги рокови на плаќања во Европа и тоа го покажуваат и резултатите од истражувањето на шведската компанија Intrum која што секоја година го изработува европскиот индекс на

Точно четири месеци чекаат македонските компании во просек за да наплатат некое побарување, покажува најновиот Извештај за финансиската стабилност за 2015 година што го објави Народната банка. Овој просек е значително поголем кога станува збор за фирми загубари и тие едно побарување го наплатуваат просечно за дури 234 дена, додека пак профитабилните компании за наплата чекаат 107 дена. Ова се убедливо најдолги рокови на плаќања во Европа и тоа го покажуваат и резултатите од истражувањето на шведската компанија Intrum која што секоја година го изработува европскиот индекс на плаќања, според кои со рок на плаќање од 80 денови, најнедисциплинирани се италијанските компании. Сепак, рокот за наплата од 120 дена во Македонија е во законските рамки откако со Законот за финансиска дисциплина кој што требаше да ги скрати деновите на наплата на побарувањата им се остави можност на компаниите меѓусебно да се договорат да плаќаат со задоцнување и до 4 месеци. Коефициентите за ликвидност што ги измери Народната банка исто така покажуваат дека фирмите немаат доволно пари за финансирање на тековното работење.

ФАКТ: ВО МАКЕДОНИЈА ПРОСЕЧНО СЕ ЧЕКА ПО 120 Д


www.kapital.mk

Капитал број 872/873 15.07.2016

11

СИСКИ ПРОБЛЕМИ

П

ГОРАН РАФАЈЛОВСКИ потпретседател на Стопанска комора на Македонија

осле оваа двегодишна политичка криза што го разори бизнисот, состојбата со наплатата на побарувањата не била никогаш полоша. Нема ниту еден параметар што би ни дал оптимистички очекувања дека нешто може да се подобри, туку напротив, сигурен сум дека коефициентите за ликвидност годинава се дури и полоши а и се чека повеќе денови за наплата. Приватните компании се истоштени од пролонгирањето на кризата, огромен дел од нив ништо не произведуваат, им се намалуваат нарачките од странство, се намалува потрошувачката и на домашниот пазар. На почетокот се потрудивме да ја игнорираме политиката и да водиме бизнис меѓутоа овие услови не дозволуваат фирмите да опстанат.

плаќања, според кои со рок на плаќање од 80 денови, најнедисциплинирани се италијанските компании. Во Португалија и Шпанија, во просек се чека по 69 дена за наплата на побарување. Од земјите во регионот, најлошо е рангирана Грција каде што за наплата од бизнис секторот се чека просечно по 63 дена, во Хрватска 51 ден, во Словенија 42 дена а во Бугарија 36 дена. За споредба, германските компании плаќаат во просек за само 15 дена. Кога станува збор за плаќања на обврските од страна на јавниот сектор, повторно Италија е на дното на табелата каде што за наплата се чека 131 ден. Останатите држави кои што беа најпогодени од европската должничка криза, како Грција, Португалија и Шпанија, исто така ги пробиваат сите нормални рокови за плаќање на обврските. Индексот на ризик во плаќањата пак на првите позиции како најдисциплинирани ги рангира Литванија, Данска, Австрија, Латвија и Словачка, додека пак на дното каде што ризикот е најголем се рангирани Босна, Италија, Португалија, Шпанија и Грција. Македонија не е вклучена во истражувањето на Intrum. Последните проценки на Стопанската комора на Македонија покажуваат дека дури 45% од компаниите во земјава се соочуваат со проблеми во наплатата на побарувањата.

Ликвидноста под нормалните граници

Показателите кои што покажуваат каква е ликвидноста во бизнис секторот покажуваат дека македонските фирми немаат доволно пари за нормално работење. Коефициентот за тековна ликвидност кој што би требало да изнесува 2, според податоците од Извештајот за финансиската стабилност за лани, изнесува 1,25. Многу полош е овој показател кај фирмите загубари каде што изнесува само 0,79, додека пак кај профитабилните компании е 1,42.

Н

ЗЛАТКО СИМОНОВСКИ генерален директор на Факом

Коефициентот на моментална ликвидност, пак, кој што треба да биде 1, минатата година е измерен дека изнесува 0,89. Висината на овие коефициенти јасно покажува дека најголемиот проблем на македонскиот корпоративен сектор е одржување задоволителна ликвидносна позиција, што се потврдува и со ниското ниво на показателот за паричната ликвидност. И двата коефициенти споредено со 2015 година се зголемени за 0,02 процентни поени. „Мало подобрување во 2015 година се забележува кај показателите за ликвидноста, иако тие сè уште се наоѓаат на релативно скромно ниво. Имајќи предвид дека во континуитет показателите за ликвидноста се наоѓаат на релативно слично ниво, се чини дека поради постоечкото скромно ниво на нето работен капитал на домашниот корпоративен сектор, во комбинација со структурата на тековните средства и нивните ликвидносни карактеристики, поголемиот дел од домашните претпријатија сепак имаат можност за одржливо оперативно работење“, пишува во Извештајот од Народната банка. Економистите од централната банка потенцираат и дека е забележлива нееднаква распределба на ликвидноста помеѓу одделни фирми. „Претпријатијата коишто прикажуваат добивка од работењето имаат речиси двојно повисока ликвидност во споредба со претпријатијата коишто работат со загуба. Ова се потврдува и преку негативниот нето работен капитал на субјектите од корпоративниот сектор што работат со загуба. По одделни дејности, највисоки показатели за ликвидноста се забележуваат кај дејноста „трговија, транспорт, складирање и угостителство“, кај која е концентриран речиси 60% од вкупниот нето работен капитал во корпоративниот сектор“, оценуваат аналитичарите на Народната банка. Од бизнис секторот пак, коментираат дека годинава овие коефициенти и деновите

ДЕНА ЗА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊЕ

аплатата на побарувањата е нарушена не само на домашниот пазар, но се пролонгира и активирањето на акредитивите на странските партнери. Така, потребата за обртни средства мора да се задоволи со банкарски средства за кои се плаќа камата и трошоци, а сето тоа ја намалува нашата конкурентност и профитабилност.

на наплата на побарувањата ќе покажат дека неликвидноста е многу поизразена од лани. „После оваа двегодишна политичка криза што го разори бизнисот, состојбата со наплатата на побарувањата не била никогаш полоша. Нема ниту еден параметар што би ни дал оптимистички очекувања дека нешто може да се подобри, туку напротив, сигурен сум дека коефициентите за ликвидност годинава се дури и полоши а и се чека повеќе денови за наплата. Приватните компании се истоштени од пролонгирањето на кризата, огромен дел од нив ништо не произведуваат, им се намалуваат нарачките од странство, се намалува потрошувачката и на домашниот пазар. На почетокот се потрудивме да ја игнорираме политиката и да водиме бизнис меѓутоа овие услови не дозволуваат фирмите да опстанат“, коментира Горан Рафајловски, потпретседател на Стопанската комора на Македонија. Бизнисмените потврдуваат дека наплатата на побарувањата се пролонгира и тоа дополнително ја комплицира финансиската состојба на приватните фирми. „Плаќањето меѓу фирмите е отежнато и тоа е проблематично за водењето на бизнисот“, вели Сашо Наумоски, генералниот директор на компанијата Витаминка. „Наплатата на побарувањата е нарушена не само на домашниот пазар, но се пролонгира и активирањето на акредитивите на странските партнери. Така, потребата за обртни средства мора да се задоволи со банкарски средства за кои се плаќа камата и трошоци, а сето тоа ја намалува нашата конкурентност и профитабилност“, оценува Златко Симоновски, генерален директор на Факом. Ниту Законот за финансиска дисциплина кој што пред две години почна да се применува со цел да ги скрати роковите на плаќања не ги испорачува очекуваните ефекти бидејќи наместо во најкратките предвидени рокови од 60 дена, компаниите


www.kapital.mk

Капитал број 879/880 02.09.2016

-0,18

-0,32

-0,85

-0,86

-0,5

ИНДЕКС НА РИЗИЦИ ВО ПЛАЌАЊАТА 2016 1 - ВИСОКА СТАБИЛНОСТ ВО ПЛАЌАЊАТА, МНОГУ НИЗОК РИЗИК ја користат одредбата што дозволува да се плаќа најдоцна во рок од 120 дена, така што просечниот рок на наплата на побарувањата во земјава произлегува дека е и законски.

Европска директива за плаќање до 60 дена

Најголем дел од земјите во Европа проблемот со слабата наплата го решија со примена на Европската директива за рокови и обврски во плаќањата (2011/7/ ЕУ). Тоа е средство на Европската унија за борба против доцнењето во плаќањето на комерцијалните трансакции, која европските земји беа задолжени да ја воведат во националните законодавства најдоцна до март 2013 година. Главната цел беше да се заштитат малите и средните фирми кои не можат сами да се изборат за правото на навремена наплата, заради што беа доведени во опасност да банкротираат. Доцнењето создава големи трошоци и проблеми во ликвидноста. Европската директива предвидува дека јавните институции мораат да платат за стоките и услугите кои ги купиле или користеле во рок од 30 дена или во исклучителни случаи најдоцна во рок од 60 дена. За компаниите е предвидено

Босна

-0,82

Италија

Португалија

-0,02

Шпанија

0,05

Словенија

0,21

Грција

Германија

Словачка

Австрија

Данска

Литванија

0,25

Романија

0,5

Србија

0,57

Хрватска

0,69

Полска

0,74

COVER STORY

Бугарија

12

-1,15 -1,46

извор: Intrum Justitia

За наплата од тендер се чека и по 8 месеци

К

омпаниите што учествуваат на тендери чекаат просечно по осум месеци за наплата на побарувањата, што е зголемување на рокот за наплата за два месеци во споредба со 2014 година, покажа најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации. Истражувањето покажува дека четвртина од фирмите што учествуваат на тендерите чекаат меѓу 3 и 6 месеци за наплата на побарувањата, 21,8% чекаат по 6 до 9 месеци, а 19,8% чекаат од 1 до 3 месеци. 17,5% чекаат од 9 до 12 месеци, 9,3% меѓу 1 и 2 години, а 4,7% изјавиле дека на наплата на побарувањата чекаат и по повеќе од 2 години. Задоцнетата наплата на побарувањата за реализираните договори за јавни набавки е проблем за 39,4% од испитаните фирми. И пред година и половина кога последен пат е спроведена ваква анкета меѓу приватните компании, со овој проблем се соочувале 39,3% од испитаните фирми. одредена договорна слобода. Плаќањата во комерцијалните трансакции да ги прават во рок од 60 дена, освен ако поинаку не се договорат и ако тој договор е праведен кон доверителот. Компаниите имаат право веднаш да бараат камата заради задоцнето плаќање и право да бараат надомест за сите преостанати разумни трошоци. Законската каматна стапка за задоцнето плаќање е поголема барем 8% од референтната каматна стапка на Европската централна банка, а јавните

институции не смеат да договараат камата за задоцнето плаќање пониска од оваа камата. Мерките од Директивата не се задолжителни за компаниите кај кои е дозволено во некои случаи да договорат и подолги рокови за плаќање, но мерките од Директивата се задолжителни за државата која на тој начин треба да постави пример за приватниот сектор како треба да се почитуваат договорите. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 879/880 02.09.2016

INTERVIEW 14 ИНТЕРВЈУ Вложуваме преку 20 милиони евра во рестартирање и модернизација на двата рудници за олово и цинк, со што е овозможено производство на 3000 тони концентрат месечно. Со редовна исплата на она што го заработиле, повисоки плати и примена на нови технологии и опрема, нудиме попривлечни услови за рударите и сите останати вработени во рудниците.

проф. дтн инж.

Николај

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БОРДОТ НА ДИРЕКТОРИ НА “МИНСТРОЈ“

ИМАМЕ ГОЛЕМИ ПЛАНОВИ “ЗЛЕТОВО “ТОРАНИЦ


www.kapital.mk

Влканов

И СО О“ И ЦА“!

Капитал број 879/880 02.09.2016

15


www.kapital.mk

Капитал број 879/880 02.09.2016

16

ИНТЕРВЈУ

НИКОЈ ДРУГ НЕ СТОИ ЗАД “МИНСТРОЈ“, ТАА Е МОЈА, СЕМЕЈНА КОМПАНИЈА! XXВо некои македонски медиуми веднаш по објавувањето на веста за концесиите, се шпекулираше дека зад “Минстрој“ стои познат поранешен банкар од Бугарија, мошне близок до врвот на владејачката партија во Македонија. Како ги коментирате овие наводи? Не треба да се прават никакви шпекулации во врска со "Минстрој Холдинг" АД Компанијата е во моја сопственост и никој друг не стои зад неа, освен јас, лично. “Минстрој“ е семејна компанија!

Р

удникот за олово и цинк „Злетово“ - Пробиштип на 28 август, Денот на македонските рудари, повторно почна со работа. Производството во рудникот го обнови новиот концесионер, бугарската компанија „Минстрој“, која согласно договорот со македонската Влада треба да го рестартира и рудникот „Тораница“ - Крива Паланка. На јавниот повик за

доделување концесија за експлоатација на минерални суровини за „Злетово“ и „Тораница“, по прогласувањето стечај и ликвидација од претходниот концесионер „Индо минерали“, „Минстрој“ достави највисока понуда. Ќе ги менаџира „Злетово“ и „Тораница“ за годишна концесија од два милиони евра. За рестартирањето на рудниците, „Минстрој“ во Македонија ја основаше фирмата „Булмак 2016“. Со сопственикот и претседател на Бордот на директори

на “Минстрој“, проф. дтн инж. Николај Влканов, разговаравме за плановите на неговиот холдинг во рударскиот бизнис во Македонија. XГ. XВалканов, зошто одлучивте да ги земете под концесија рудниците Злетово и Тораница, размислувавте ли и за други рудници во регионов и дали и порано сте имале обиди да го преземете управувањето со овие капацитети? Основната дејност на компанијата "Минстроj Холдинг" АД точно е експлоатација на олово - цинковa рудa. Во сопственост на компанијата се седум рудници од ваков тип во Бугарија и сакам да потенцирам дека имаме богато

ПЛАНОВИ: ДОКОЛКУ НАЈДЕМЕ ДОБРА ПРИЛИКА ИЛИ ДОБИЕМЕ ИНТЕ


www.kapital.mk

Капитал број 879/880 02.09.2016

17

Николај Влканов на рестартирањето на “Злетово“ на 28 август. Сопственикот на “Минстрој“ вели дека ќе ги задржи сите 1.000 вработени во “Злетово“ и “Тораница“.

искуство и познавања поврзани со рестартирањето и обновата на рудници од ваков вид. XРудникот X Злетово веќе почна со работа пред неколку дена, кога ќе почне и Тораница? Подготовките за рестартирање на "Злетово" и "Тораница" се одвиваа добро, би рекол дури и многу подобро од предвиденото. Во понапредна фаза беше рудникот "Злетово", за кој ги изготвивме сите потребни работни проекти и дозволи за започнување со работа и почнавме, како што знаете, на 28 август, Денот на рударите во Македонија. Досега имаме набавено доста техника, а истовремено ја реновиравме и обновивме постоечката.

Подготовките во рудникот "Тораница" исто така се во тек. Почетокот со работа на овој рудник го очекуваме за околу 30 - 45 дена. XКакви X се плановите на Минстрој за бизнисот со Злетово и Тораница? Колкави дополнителни инвестиции се потребни за производство на руда која што ќе биде со конкурентна цена на светскиот пазар? Вкупната инвестиција во двата рудника надминува 20 милиони евра со што е овозможено производство на 1.500 тони концентрат од секој рудник, одделно или вкупно 3.000 тони концентрат месечно од двата рудника.

XКои X се клучните купувачи на Злетово и Тораница? Имате ли обезбедено веќе сигурни договори за пласман на производството? Купувач на целиот концентрат произведен од страна на "Минстрој Холдинг" АД е компанијата "КЦМ 2000" АД од Пловдив, Бугарија – наш исклучително коректен деловен партнер. Фабриката на “КЦМ“ е целосно модернизирана и претставува еден од светските лидери за производство на олово и цинк. XКолку X од досегашните вработени на рудниците ќе бидат задржани на работа? Што може да очекуваат од новите сопственици?

ЕРЕСЕН ПРЕДЛОГ, БИ ИНВЕСТИРАЛЕ УШТЕ ВО МАКЕДОНИЈА, СЕКАКО.


www.kapital.mk

Капитал број 879/880 02.09.2016

18

ИНТЕРВЈУ

РАШИРЕНИ СМЕ ВО ПЕТ БИЗНИС СЕКТОРИ, ОД РУДАРСТВО ДО ТУРИЗАМ XXКажете за нашите читатели малку повеќе за самиот холдинг, кои се клучните бизниси на Минстрој и на кои пазари сте присутни во моментов? "Минстрој Холдинг" АД е компанија со 65-годишен историјат. Основна дејност на Холдингот е производство на метали од олово - цинкова руда. Покрај основната, една од главните дејности на Компанијата е производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија - сонце и вода. Имаме изградено капацитети од 16 MW за производство на соларна и околу 30 MW за производство на електрична енергија од вода. Третата деловна активност кон која сме насочени е учеството во изградба на големи инфраструктурни проекти: пречистителни станици, депоа за комунален отпад, водовод, канализација и патишта - самостојно или во форма на заедничко вложување со големи компании од Западна Европа. Еден таков пример е изградениот хидропроект од страна на “Минстрој“ заедно со австриската компанија “Алпине“ - проектот “Цанков Камен“ во Република Бугарија, кој изнесува околу 400 милиони евра. Четвртата дејност со кој се занимава Холдингот е туризмот. Поседуваме хотели во ски - центри и СПА летувалишта со минерална вода низ Бугарија, како и туристички објекти на Црното Море. Дополнително, пред една година ја купивме фабриката за производство и поправка на машини за рударската индустрија „Ремотекс“ – петта област во која дејствуваме. Вкупниот број на вработени лица во "Минстрој Холдинг" АД изнесува околу 2.500. Како што веќе беше соопштено неколку пати, во двата рудника ќе работат околу 1.000 луѓе кои ќе го добиваат редовно она што го заработиле и ќе бидат осигурени за исносот на целата плата што ја добиваат. XДобив X информација дека за директор на Злетово се враќа ценет менаџер од земјава кој што досега бил на работа надвор од Македонија. За кого се работи, кој ќе биде нов директор на рудниците?

Директор на рудникот „Злетово” ќе биде инженер Димитар Стефановски, а на рудникот „Тораница” инженер - геолог Раде Станковски. XX Во едно интервју за бугарските медиуми имате спомнато дека голем проблем во Бугарија ви е наоѓањето доволно стручни кадри за потребите на вашите бизнис операции... Што очекувате во Македонија, со оглед на големиот одлив на кадри во странство што и се случува на земјата, исто како и на Бугарија? Како ќе ги привлечете квалитетните инженери и рудари да останат овде? Како што истакнав погоре,со редовна исплата на она што го заработиле,

повисоки плати и примена на нови технологии и опрема – услови со кои нивната работа станува попривлечна. XДали X Минстрој е заинтересиран и за други инвестиции во Македонија, со оглед на широкото поле на бизнис операции и експертиза, не само во рударството? Засега немаме предвидено ништо конкретно, но доколку најдеме или добиеме добар предлог со сигурност ќе инвестираме уште во Македонија. XКако X ја оценувате бизнис климата во Македонија, од досегашното искуство што го имате при добивањето на концесиите за рудниците? И покрај напнатата атмосфера, државните институции во Македонија работат многу добро и се трудат и ги решаваат проблемите брзо, т.е. во интерес на инвеститорот и работниците. nnn


Elegance is an attitude Simon Baker

The Longines Master Collection


www.kapital.mk

Капитал број 879/880 02.09.2016

20

Луѓе и компании

Македонската кондиторската индустрија ги засилува позициите

Растaт инвестициите и извозот, а паѓа увозот на слатки производи пишува:

М Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

“Макпрогрес“, фабриката за кондиторски производи од Виница, пред неколку дена објави дека привршува со монтажа и подготовка за пуштање во употреба на нова линија за производство на

За пет години увозот на кондиторски производи во земјава изразен количински е намален за 34%, додека извозот пораснал за 31%. Расте и вкупното производство на домашните фабрики, кои што заради сè уште релативното високо учество на увозот во домашната потрошувачка на чоколади, кекси и останати производи, мора да најдат пласман во странство на преку половина од своето производство.

наполитанки и вафли – инвестиција вредна 1,5 милиони евра. “Макпрогрес“ со ова всушност работи на амбициозниот план за двојно зголемување на производните капацитети до 2020 година,

кој што беше зацртан пред две години, објаснуваат во компанијата. “Последниве четири години инвестиравме околу 8 милиони евра за зајакнување на производните капацитети. Со најновата

Тренд: Сè повеќе квалитетни домашни производи ги зам


www.kapital.mk

Капитал број 879 02.09.2016

21 БРОЈКИ

45.000

тони годишно производство се капацитетите на македонската кондиторска индустрија

24.000

тони е производството на кондиторија во 2015 година

54%

од македонските слатки производи се извезуваат

19%

е поголем извозот во 2015 во однос на 2014, изразено вредносно, додека увозот е помал за 14%

85%

од педесетината регистрирани фирми во кондиторската област се микро и мали

52%

од извозот на кондиторски производи се бисквити, вафли и колачи. Истиот сооднос е и кај увозот.

681

тон гуми за џвакање извезла Македонија во 2015

инвестиција ќе вработиме уште 30 луѓе и ќе ги зајакнеме позициите на постојните брендови наполитанки и вафли, како и можноста за развој на нови брендови и подбрендови“, вели Глигор Цветанов, генерален менаџер на Макпрогрес. Нешто пред тоа, и “Витаминка“ од Прилеп објави инвестиција во нова производна линија за чоколадирани производи и нов магацин, во износ од два милиони евра, финансирана преку кредитна линија од Европската банка за обнова и развој – ЕБОР.

И покрај растот последниве години

Сè уште недостижни бројките од пред транзицијата

С

поред државната статистика, расположивите кондиторски капацитети изградени во поранешна СР Македонија (19441991) изнесувале 33.000 тони и биле проектирани и изградени за високо заштитен пазар од 23 милиони потрошувачи на поранешна Југославија. Со производство од над 28.000 тони во 1991 година, расположивите капацитети биле користени просечно годишно околу 70% Во периодот на транзицијата, војни во регионот, економските блокади на север и југ од земјата и претесниот македонски пазар, условија постојано опаѓање на производството од година во година, така што во периодот од 1992 година до 1998 година производството опаднало и се задржало на 14.000-16.000 тони или 45-50% помалку во однос на 1991 година, при што капацитетите се користеле 30-36%. Од 1996 година започнува процесот на либерализација преку договорите за слободна трговија, најпрво со земјите од Досега ЕБОР има обезбедено кредити во износ од 9,5 милиони евра со кои што “Витаминка“ ја финансираше својата инвестициска програма изминативе десетина години. “Дел од растот на една фирма е постојаното

поранешна Југославија, односно земјите од регионот. По макотрпното прилагодување на новите односи на основните пазарни агрегати, во рамките на натамошната либерализација, која се одвиваше многу побрзо од процесот на унапредувањето и осовременувањето на производството, домашната кондиторска индустрија се соочи со силната конкуренција од увозот. Вкупното годишно производство се намали на 12.500 тони во 2002 година, за околу 50% во однос на 1991 год. кога изнесуваше 24.000 тони, и покрај новите над 30 микро субјекти во кондиторската индустрија. Но, во рамките на стратегијата на евро - интеграционите процеси , во изминатите десет години надворешно трговската размена се движеше и сè уште се движи во рамките на создавање на зона на слободна трговија во регионот и со ЕУ со што проблемот на малиот пазар се надмина, а тоа создаде услови за перманентен пораст на производството во оваа дејност. инвестирање во нови машини. Тоа несомнено значи и постојано подобрување на квалитетот на производите. Во свет на иновации, каде што нештата постојано се менуваат, од есенцијално значење е да бидете во чекор со тие промени“, рече генералниот менаџер на

менуваат увозните, велат од кондиторската индустрија


www.kapital.mk

Капитал број 879/880 02.09.2016

22

Луѓе и компании

Д

Сашо Наумоски Витаминка

ел од растот на една фирма е постојаното инвестирање во нови машини. Тоа несомнено значи и постојано подобрување на квалитетот на производите. Со новата инвестиција од два милиони евра, ќе го зголемиме капацитетот на производство и потенцијалот за извоз.

„Витаминка“, Сашо Наумоски, и додаде дека на овој начин ќе го зголемат капацитетот на производството, а со тоа и ќе имаат поголеми можности за пласман на своите производи во странство. Овие две најнови, значајни инвестиции во домашната кондиторска индустрија (чоколади, бонбони, кекси, вафли, кремови и гуми за џвакање), ги зголемуваат капацитетите на производство и на извоз на овој бизнис сектор, кој што последниве 15 години бележи раст и развој и покрај бројните проблеми и пречки на патот.

Домашните производители супституираа добар дел од увозот

Ако се погледнат бројките што ги има објавено Групацијата на кондиторската индустрија при Стопанската комора на Македонија, во 2015 година домашните кондитори ја завршиле со околу 24.000 тони производи, што е отприлика годишната потрошувачка на македонскиот пазар. Во 2000 година, на пример, домашното производство било околу 12.500 тони, што значи дека за деценија и пол е двојно зголемено. Но, истовремено, во земјава

И

П

Глигор Цветанов Макпрогрес

азарот на кондиторски производи е стабилен, а потрошувачката зависи од повеќе фактори, како што се потрошувачката моќ и промените на навиките во исхраната. Добро е што сè повеќе квалитетни домашни производи ги заменуваат увозните, како и дека сè повеќе македонски кондиторски производители се охрабруваат за настап на странските пазари.

растеше и увозот на кондиторски производи, кој што ја пополни празнината заради намаленото домашно производство во периодот на транзицијата и пропаѓањето на некои од македонските фабрики, но и со агресивниот маркетинг и поволните услови на пазарот, увозниците и дистрибутерите освоија и дополнителен број потрошувачи. Така, во периодот 2008-2009 година, увозот на слатки производи во Македонија достигна до 18.000 тони годишни, за потоа да почне да паѓа и минатата година да изнесува околу 11.000 тони. И покрај овој тренд, домашните фабрики сепак мора околу 13.000 тони да пласираат за извоз, колку што тој изнесува минатата година. Извозот на македонски кондиторски производи се зголемува од година во година, па така, ако во 2000 година тој бил 4.700 тони, во 2010 над 10.000, а во 2015 година 13.200 тони. Гледано од финансиски аспект, извозoт на кондиторски производи во 2015 година донесе 34 милиони долари или 19% зголемување во однос на 2012, покажуваат податоците на Стопанската комора, додека во однос на 2000 година истото е зголемено за 2.8 пати. Во исто време увозот изминатата година изнесува 10.7 милиони

Савка Димитрова, Европа - Скопје

зминативе години комплетиравме инвестиции во енергетска ефикасност, модернизирање на некои производни линии и сл., годинава не сме во некоја позначајна инвестициска активност. На среден рок планираме нови вложувања во некои нови типови колачи, но за тоа од следната година.

долари што е намалување од 14% во однос на 2012 година, факт што укажува дека освен зголемен извоз, домашните кондитори истовремено ги истиснаа странските производители и на домашниот пазар. Глигор Цветанов, од “Макпрогрес“, во моментов најголем извозник на кондиторски производи, вели дека за извозните компании добри перспективи има единствено ако компанијата го достигне нивото на квалитет, стандарди и конкурентност. “Единствен проблем со кој се соочуваме е недостатокот на работна сила кое нешто се должи на се поголемо иселување кон европските држави на младо работоспособно население од државата посебно од малите места како што е Виница каде што ние опстојуваме. Во последниве години како компанија работиме доста за освен солидни и редовни примања, да обезбедиме и подобри услови и поголем квалитет на живот на вработените“, вели Цветанов.

Поскапениот шеќер повторно “им го крена шеќерот“ на кондиторите

Цветанов додава дека во моментов пазарот на кондиторски производи е стабилен, а

Пласман: Договорите за слободна трговија го кренаа извозот



www.kapital.mk

Капитал број 879/880 02.09.2016

24

Луѓе и компании

НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ЗА КОНДИТОРСКИ ПРОИЗВОДИ ВО МАКЕДОНИЈА СПОРЕД ОСТВАРЕНИТЕ ПРИХОДИ Приходи (2015) денари 2.228.889.464 1.712.146.581 1.633.788.469 766.405.097 616.436.386 547.149.661 313.625.885 242.374.706 231.881.162 174.177.635

Свисслион (Скопје) Витаминка (Прилеп) Макпрогрес (Виница) Европа(Скопје) Свисслион - Агроплод (Ресен) Мултипром (Скопје) Лион (Св.Николе) Виго - 48 (Битола) Европа (Штип) Дониа (Прилеп)

Промена (2015/2014) % 10,27% 3,19% 12,70% 4,86% -9,70% 5,18% 9,00% -45% -22,30% -9,80%

Добивка (2015) денари 177.524.855 56.687.454 136.581.077 28.277.986 25.772.774 34.216.579 11.088.648 -6.428.178 9.593.456 8.453.767

Промена (2015/2014) % 22,80% 7,69% -18% 61,60% -43,40% 144,30% -56,80% -60% -22,50% -44,60%

Извор: www.biznismreza.mk

ИЗВОЗ НА КОНДИТОРСКИ ПРОИЗВОДИ ОД МАКЕДОНИЈА (во тони) производ Слатки бисквити,вафли колачи Гуми за џвакање Останати произ.од шеќер Произ.кои содржат какао ВКУПНО

2000 1,181 551 1,556 1,441 4,729

2002 846 515 1,777 1,275 4,413

2006 2,048 508 2000 1,412 5,968

2008 2,389 522 2,816 2,773 8500

2009 2,699 516 2,688 2,353 8,256

2010 4,033 563 2,853 2,657 10,106

2012 5,168 572 2,632 2,536 10,908

2015 6868 681 2677 2994 13220

Извор: Стопанска комора на Македонија

потрошувачката зависи од повеќе фактори, како што се потрошувачката моќ и промените на навиките во исхраната. “Она што радува е дека сè повеќе квалитетни домашни производи ги заменуваат увозните, како и дека сè повеќе македонски кондиторски производители се охрабруваат за настап на странските пазари што допринесува за зголемување на извозот на кондиторски производи. Макпрогрес трета година по ред е најголем извозник на кондиторски производи од Македонија, а со тоа и креатор на перцепцијата во регионални и светски рамки за квалитет и конкурентност на домашнава прехранбена индустрија.“, вели Цветанов. Покрај недостигот на работна сила што го истакна тој претходно, главни проблеми според домашните кондитори за поголемо искористување на капацитетите, што се сега се користат со околу 60%, се долгите

процедури за увоз на суровини; нелојална конкуренција од увоз; протекционизам на странските пазари; релативно тешкиот пристап до поволни кредити и немањето доволно финансии за учество на саеми, особено за помалите компании...Секако, тука се и променливите цени на основните суровини кои што зависат од движењата на светските стокови берзи. Пред неколку години изразито високи беа цените на шеќерот и какаото, кои што последниве година - две се стабилизираа донекаде, но шеќерот последниве месеци повторно поскапува, што им задава нови главоболки на производителите. “Цената на шеќерот последниве шест месеци е качена за преку 20%, што секако ќе се одрази на профитабилноста на оваа индустрија, земајќи предвид дека работиме во високо конкурентни пазари и покачување на продажните

цени е практично невозможно. Цените на какаото се уште понестабилни, затоа што како берзански производ, него во големи количини го купуваат и разни инвестициски фондови, кои што потоа шпекулираат со цените “, вели Савка Димитрова, генерален менаџер на скопската кондиторска фабрика, Европа, една од најголемите во земјава. Таа вели, дека освен овие турбуленции во цените на суровините, во моментов не чувствуваат некоја посериозна нестабилност во работењето. “Изминативе години комплетиравме инвестиции во енергетска ефикасност, модернизирање на некои производни линии и сл., годинава не сме во некоја позначајна инвестициска активност. На среден рок планираме нови вложувања во некои нови типови колачи, но за тоа од следната година“, вели Димитрова. nnn

Пречки: Бирократија, протекционизам на странски пазари, финансии...



Капитал број 879/880 02.09.2016

26

www.kapital.mk

КАПИТАЛ АНАЛИЗА

ФРАПАНТНИ ПОДАТОЦИ ОД НАРОДНАТА БАНКА

6

ЗАДОЛЖЕНОСТА НА ДОМАШНИТЕ ФИРМИ ДОСТИГНА ФРАПАНТНИ

МИЛИЈАРДИ ЕВРА!

32% 6 37%

од сите регистрирани фирми се сo блокирана сметка

милијарди евра достигна задолженоста на корпоративниот сектор

од сите фирми лани работеле со загуба


www.kapital.mk

Капитал број 879/880 02.09.2016

27

П пишува:

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Повеќе од една третина од фирмите во Македонија работат со загуба, покажува најновиот извештај за финансиска стабилност кој го објави Народната банка. Она што е очигледно е дека поголемите фирми во Македонија работат подобро, додека кај микросубјектите во Македонија, какви што се повеќе од 65% од фирмите, финансиските резултати од година во година се влошуваат. Во овој Извештај, која Народната банка го објавува секоја година се анализираат системските ризици кои можат да го нарушат финансискиот систем на Македонија. Во годинешниот извештај како најголемите

Во последниот извеат за финансиската стабилноста на земјата Народната банка посочува на забрзано зголемување на долгот на корпоративниот сектор, кој лани достигнал две третини од бруто домашниот производ (БДП). Ако се знае дека вредноста на бруто домашниот производ лани изнесуваше 9,2 милијарди евра, излегува дека вкупната задолженост на домашните фирми лани достигнала фрапантни 6 милијарди евра. ризици се лоцираат токму во домашната политичка криза во која земјата е заробена повеќе од една година, а која веќе почнува да се одразува врз забавување на економската активност, што од своја страна создава недостиг од обртни средства кај фирмите, кои потоа имаат проблем редовно да ги враќаат кредитите во банка и да исплатуваат плата. Влошеното работење на фирмите од друга страна им ги9 намалува приходите на граѓаните, кои исто така имаат проблем редовно да ги враќаат кредитите во банките. Засега се чини банките не чувствуваат поголеми ефекти од овие ризици, бидејќи

податоците за првите шест месеци годинава покажуваат дека профитабилноста на банките, посебно на најголемите банки се зголемува и банките остваруваат прилично големи профити, незамисливи за корпоративниот сектор. Извештајот на Народната банка покажува дека микрофирмите покрај влошување на профитабилноста, имаат и влошување на задолженоста, заради што се препорачува во иднина за поактивно вклучување на нивните доверители при евентуални реструктурирања. “Растот на долгот на домашниот корпоративен сектор во 2015 година продолжи, и


www.kapital.mk

Капитал број 879/880 02.09.2016

28

КАПИТАЛ АНАЛИЗА Број на фирми

Показател за вкупна задолженост

Показател за долгорочна задолженост

Нето профитна маргина

Поврат на просечниот сопствен капитал

Микро фирми

34.527

71,00%

30,90%

-11,20%

-10,30%

Мали фирми

17.024

55,10%

21,40%

3,50%

7,30%

Средни фирми

602

51,60%

21,60%

5,10%

11,20%

Големи фирми

413

41,90%

19,10%

5,60%

6,20%

извор: Народна банка на Р.Македонија

тоа забрзано во споредба со претходната година, достигнувајќи учество од околу две третини во бруто домашниот производ. Притоа, поголем придонес во растот на долгот во 2015 година имаа обврските кон нерезидентите, што предизвика забележителен раст на нето надворешната задолженост на корпоративниот сектор”, се вели во извештајот на Народната банка. Ако се знае дека вредноста на бруто домашниот производ лани изнесуваше 9,2 милијарди евра, излегува дека вкупната задолженост на домашните фирми лани достигнала фрапантни 6 милијарди евра. Од НБРМ предупредуваат дека растот на надворешните извори на финансирање за домашниот корпоративен сектор со себе носи и ризици поврзани со движењата на меѓународните финансиски пазари, но и со можноста за рефинансирање под слични услови, посебно во услови кога фирмите имаа малку девизи на своите сметки. Во корпоративниот сектор во Македонија се вработени повеќе од 75% од вкупно вработените лица во земјата,заради што работењето на фирмите директно влијае и врз кредитната спососбност на домаќинствата. Односно, ако фирмите не остваруваат профит и не делат редовно плати, или отпуштаа вработени и кратат плати, тоа директно ќе создаде проблеми и кај редовното враќање на кредитите кои кон банките ги должат физичките лица.

Приватните фирми помалку вработуваат!

Податоците покажуваат дека минатата 2015 година годишната стапка на раст на бројот на вработени лица во корпоративниот сектор забавува и дека е на најниско ниво во последните четири години. “Придонесот на корпоративниот сектор во растот на вкупните вработени лица во 2015 година изнесуваше 30,7%, што исто така претставува најнизок придонес во последните четири години”, се вели во Извештајот на Народната банка. Кај три дејности во рамките на корпоративниот сектор има намалување на бројот на вработените, меѓу кои најголем е падот во индустријата и земјоделието. На пример, изминатата 2015 година во секторот индустрија работеле 165.278 лица, и во споредба со 2014 година бројот на работниците во индустријата за една година е намален за 1.134. И покрај тоа што минатата година беа отворени многу нови фабрики во слободните

економски зони кои отворија повеќе работни места, намалувањето покажува дека на ниво на цела држава бројот на вработени се намалува. Најголемо влијание врз намалувањето имаат отпуштањата во домашните најголеми индустриски гранки кои се соочуваат со големи проблеми, кои очигледно не можат да бидат покриени со странските инвестиции. Покрај во индустријата, намалување на бројот на вработени има и во секторот земјоделие, шумарство и рибарство. Во овој сектор во 2015 година работеле 123.456 лица, што е за 3.793 помалку во споредба со претходната 2014 година. Од друга страна, пак, најголемо зголемување на вработувањата има во секторот трговија на големо и мало. Статистиката покажува дека во овој сектор во 2015 година имало 168.072 вработени, дури 14.717 повеќе во споредба со претходната 2014 година. Големиот раст на вработувањата во трговијата во најголем дел се должи на субвенциите за вработување на млади лица, како и на поволните кредити кои владата ги дава за самовработување.

Над една третина од фирмите се со блокирани сметки !

Поатоците на НБРМ покажуваат дека за првпат по 2010 година, бројот на новооснованите правни лица во 2015 година забележа зголемување од 3,9%. Учеството на новооснованите правни лица во вкупниот број активни правни лице веќе неколку години по ред изнесува околу 15%. Во 2015 година бројот на правни лица над кои е отворена стечајна постапка забележа пад од над 13%, со што и приближната стапка на банкротирани правни лица се намали за 0,6 процентни поени во 2015 година, од 3,8% на 3,2%. “Бројот на правни лица со блокирани трансакциски сметки, на годишна основа порасна за 5,5% и е на релативно високо ниво, со учество во вкупниот број на регистрирани правни лица на крајот од 2015 година од над 32%”, потенцираат од НБРМ. Но, сепак според нив високиот број на фирми со блокирани сметки укажува дека е можно бројот на фирмите врз кои е отворена стечајна постапка во реалноста да е поголем од официјалниот, заради тоа што доверителите тактизираат со официјално покренување на стечај врз должниците. Повеќе од 37% од вкупниот број на фирми во корпоративниот сектор лани работеле

Само 2% од фирмите се средни и големи

В

о македонската економија над 90% од фирмите се мали и микро фирми. Иако големи и средни фирми се само 2%, кај нив се сконцентрирани 62,9% од вкупните средства и 61,3% од вкупните приходи на целиот корпоративен сектор во Македонија, а тие создаваат над 50% од вкупниот профит на сите фирми. Вкупните приходи на корпоративниот сектор лани бележат годишен раст од 7,1%, чиј главен носител се приходите од продажба коишто формираат околу 94% од годишниот раст на вкупните приходите. Од друга страна, расходите од работењето на корпоративниот сектор лани се зголемиле за 5,9%. Но, овие податоци се на ниво на цел сектор, додека податоците за работењето кај малите и микро фирми кои се доминантни со учество од над 90% се далеку полоши од просечните.

со загуба. Овие фирми зафаќаат околу 22% од вкупните средства на корпоративниот сектор. “Показателите за профитабилноста на претпријатијата што оствариле загуба од работењето бележат понатамошно влошување, што може да се толкува како јасен показател дека добар дел од овие субјекти имаат хронични проблеми од оперативна природа, најчесто во форма на недоволен обем на приходи и/ или преголеми расходи коишто не можат да се избегнат, воедно располагајќи со поскромен обем на ликвидни средства”, се вели во извештајот на НБРМ. Во услови на неповолен домашен амбиент и зголемена неизвесност за траекторијата на домашната побарувачка, постои ризик повеќето од претпријатијата коишто постојано бележат загуби да не можат да дојдат до потребните извори на финансирање и да се соочат со проблеми во своето работење, велат од НБРМ. Тоа во превод значи дека над 7 илјади фирми во Македонија имаат сериозни ризици да банкротираат. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 879/880 02.09.2016

30

КОЛУМНА

Политичката згр

Автор:

ИЛИЈА ДИМОВСКИ координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание

Време е згрченоста да заврши, а политиката тогаш кога не може да и помогне на економијата, да се потруди барем да не и одмага. Згрченоста нè чини многу, а за тоа ќе мора некој да понесе одговорност.

З

Згрченоста на македонската економија е видлива оддалеку. Човек не треба да биде експерт, искусен економист или добар макроекономски теоретичар за да ја констатира оваа состојба. Употребата на нормалните зборови за прецизно скицирање на движењата во економијата (раст, пад или стагнација) е недоволно за со еден збор да се долови целокупноста на оваа комплексна материја. Генералните индикатори се позитивни, бидејќи гледаме пораст на бруто домашниот производ (но, сепак не толку на колку сме навикнале, сме проектирале и колку би било доволно), гледаме пораст на индустриското производство (и овде не онолку колку би било доволно за да кажеме дека е одлично, барем за оваа тековна година, но и дополнително пронижено со забележителни падови и долги стагнации низ месеците на остри политички судири минатата година), гледаме забележителен пораст на извозот (пред се од индустриските зони), пропратен со не толку голем пораст на увозот, гледаме забрзано намалување на невработеност, гледаме динамична реализација на огромни инфраструктурни и капитални инвестиции (пред се потенцирајќи ги инвестициите во патната мрежа, железничката инфраструктура, изградбата на магистралните гасоводи и високонапонската електро-мрежа), гледаме зачестено реализирање

на проекти поврзани со странски директни инвестиции, гледаме подобрување на профитабилноста на водечките македонски компании, гледаме стабилен и растечки банкарски сектор (кој ќе беше со континуиран раст доколку не се појавеа политички мотивирани експерти и медиуми кои со шпекулација направија дестабилизација на курсот и депозитната база) и низа други значајни индикатори. Овие параметри се доволни за да соопштиме дека во нашата држава и сега, во овој период, имаме раст во економијата, но квалификациите и квалитативните карактеристики (единствено заради политичката криза), не дозволуваат овој раст да не добие карактеристика на згрченост. Имаме згрчен раст на економијата. Од друга страна, движењето на средствата низ нормалните економски и стопански текови е очигледно намалено и дестабилизирано бидејќи кредитирањето го нема забрзаниот раст кој го имаше во периодите пред настанувањето на политичката криза, бидејќи јавната потрошувачка осцилира околу својата стагнација веќе подолг период, токму поврзан со почетокот на политичките судири, бидејќи компаниите повторно се жалат за наплатата на својата изработена работа, бидејќи депозитната база доживеа класичен политички и манипулативен удар (за што сум убеден дека треба да постојат сериозни кривично-правни последици), бидејќи компаниите несигурно пристапуваат кон нови значајни инвестиции се додека не се расчисти политичката криза, бидејќи Македонската берза (иако со веќе видливи почетни позитивни вибрации) предолг период е со импотентно чекорење. Комбинацијата на сите овие економски показатели дава


www.kapital.mk

Капитал број 879/880 02.09.2016

31

рченост на економијата измешана, за некого можеби и неразбирлива, слика која продуцира различни чувства. Од една страна, има причини да бидеме сериозно задоволни заради фактот дека македонската економија, македонското стопанство и банкарскиот сектор преживеаа огромен политички удар, го задржаа нивото на пораст и не беа покажани знаци на паничност кај ниту еден клучен фактор. Од друга страна, постои чувство на разочараност од неискористувањето на развојниот потенцијал во македонската економија во изминатите две години. Очигледно е намален бројот и брзината на донесување на одлуки за инвестиции од странски компании, домашните компании чекаат расплет на политичката криза за да започнат нов инвестициски циклус, граѓаните повлекоа значаен обем на финансиски средства од нормалните текови, наплатата на даноците ја нема карактеристиката на пораст што ја имаше во претходните години. Замислете економскиот раст во минатата и во оваа година да беа поголеми за еден до еден и половина процентен поен од БДП, замислете извозот минатата година да порастеше за дополнителни 5% повеќе од оној раст од 26%, замислете кредитирањето на домашната економија да ја имаше развојната и растечка карактеристика како до пред политичката криза, замислете градежниот и рударскиот сектор да порасне за малку повеќе од тоа што во услови на згрченост растеа, замислете бројот на странски туристи да не зависеше од негативната кампања и слика претставена за Македонија на странските медиуми. Само замислете да немаше политичка криза или барем таа да завршеше и да добиеше разрешница брзо, исто онака како што брзо би била разрешена во

Згрченоста на македонската економија е видлива оддалеку. Човек не треба да биде експерт, искусен економист или добар макроекономски теоретичар за да ја констатира оваа состојба. Очигледно е намален бројот и брзината на донесување на одлуки за инвестиции од странски компании, домашните компании чекаат расплет на политичката криза за да започнат нов инвестициски циклус, граѓаните повлекоа значаен обем на финансиски средства од нормалните текови, наплатата на даноците ја нема карактеристиката на пораст што ја имаше во претходните години. Запрашајте се колку не чинат овие две години на згрчен раст. Згрчен раст единствено заради влијанието на политиката врз економските текови во државата. секоја друга европска држава и одговорете си на прашањето што тоа ќе значеше за македонската економија. Запрашајте се колку не чинат овие две години на згрчен раст. Згрчен раст единствено заради влијанието на политиката врз економските текови во државата. Доколку политичките партии (пред се оние од опозицијата) имаат било каков обзир за цената која ја плаќа државата, а преку тоа индиректно и сите граѓани, ако имаат било каков обзир за изгубениот раст и изгубената добивка на многу македонски граѓани и компании, тогаш треба да престанат со политичките манипулации (за стотици илјади фантоми, за тиранија, диктатура и ропство, за теории на заговор,…) и да прифатат оваа политичка нездрава и вештачка криза да заврши. Рејтинзите на политичките партии се такви какви што се (непроменети ниту за еден процент) и треба

да се прифатат, исто онака како што треба да се прифатат резултатите од одржани избори. Поддршката што ја даваат или не ја даваат граѓаните не се менува заради дневните шпекулативни и траги-комични пропаганди на неколку потплатени новинарски и експертски тезгаџии, ниту, пак, се менува заради имплантирани институции чија цел (за која очигледно и жално и тие самите не се свесни) е дестабилизација на политичката сцена и ранливост на државата која за жал се уште мора да се бори за зачувување на своите национални идентификации и својата национална сувереност, ниту, пак, се менува заради неискрени и лажни прокламации на политички цели и насока. Време е згрченоста да заврши, а политиката тогаш кога не може да и помогне на економијата, да се потруди барем да не и одмага. Згрченоста нè чини многу, а за тоа ќе мора некој да понесе одговорност. nnn


Капитал број 879/880 02.09.2016

32

www.kapital.mk

ПОЛИТИКА

СУШТИНСКИ ВО УСЛОВИ НО „ЧЕТВ ЌЕ НЀ В ДА ГЛА

КАК ИЗБО ЈА ОЧЕК МАКЕДО Без избори, макар што многу малку ќе се разликуваат од претходните што опозицијата ги нарекува криминални, меѓународната заедница знае дека не може да се затвори оваа фаза чии потенцијали се веќе исцедени. Странците сакаат да видат што ќе донесат


www.kapital.mk

Капитал број 879/880 02.09.2016

33

И РАЗЛИКИ ИТЕ НЕМА, ВОРКАТА“ ВИКНЕ АСАМЕ

КВИ БОРИ КУВААТ ОНИЈА? изборите - каков ќе биде материјалот со кој понатаму ќе се работи, а опозицијата овојпат прифаќа да излезе (на избори) зашто во натамошното одложување гледа поголема опасност од онаа што и се заканува од безмалку сочуваниот систем за штанцање изборни победи на актуелната власт


www.kapital.mk

Капитал број 879/880 02.09.2016

34

ПОЛИТИКА

С

АЛБЕРТ МУСЛИУ аналитичар

метам дека се работи за пресметан ризик кај СДСМ за тоа колку можат да загубат, а колку да добијат на изборите. Таму секако се смета и на заморот кај граѓаните, и на опасноста од губење на моментот што го создадоа „бомбите“ и нивниот одек.

И пишува:

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

Избори, според сигналите од релеватните чинители, годинава ќе има - датумот за одржување што се споменува е 11 декември (до затворањето на овој број не беше одржана лидерската средба договорена за 31 август). Како што рече лидерот на опозицијата, Зоран Заев, од кој се очекува да реагира во случај на пад под минималното ниво на условите за фер избори што го прифати, процесот нема да го запре ниту запнувањето при комплетирањето на ад-хок телото за следење на медиумското известување во изборниот период. Прашањето што се поставува е зошто опозицијата која тврдеше дека нема минимум услови за фер и демократски избори, сега прифаќа оти такви ќе се одржат, откако се направија чекорите договорени на 20 јули, но, од кои ниту еден не и врши работа во смисла на загрозување на системот за изборни победи на ВМРОДПМНЕ за кои (опозицијата) тврди дека се криминални. Промените во делот на Избирачкиот список се одвај симболични, ад-хок телото се виде како ќе функционира уште при изборот на петтиот член, а преодната влада ја имаше уште претходно - и во договорот и во практика.

М

ПЕТАР АРСОВСКИ комуниколог

еѓународната заедница сака да ја затвори оваа фаза. Сите се уморни од ова лимбо. Странците знаат дека изборите нема да ја решат кризата, но сакаат да видат што ќе донесат „на маса“, за потоа поконкретно да се продолжи со решавањето на кризата што е системски генерирана.

Можните одговори на ова прашање се неколку. Првиот е тезата што веќе подолго време се пласира од дел од јавноста кој за себе тврди дека е упатен или барем прониклив - оти има некаков договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, мотивиран, најкратко кажано, од добивањето амнестија за првите, и влегувањето во власта на подолг рок на вторите, при што претпоставката е дека тие, СДСМ, не би можеле да го добијат она што го сакаат на избори. Вториот одговор на прашањето - зошто опозицијата сега тврди дека „до крајот на годинава во Македонија ќе има фер и демократски избори на кои Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе загубат катастрофално“, поаѓа од тезата дека на странците од повеќе причини им се брза да ја затворат оваа фаза од нашиот случај на нивната агенда. Ова претпоставува дека на лидерите им е уверливо кажано дека избори наскоро мора да има, и оти за целта мора да се прават компромиси. Трет одговор е дека СДСМ е охрабрена од интерните анкети, кои наводно покажуваат мала разлика со ВМРО-ДПМНЕ, а која предизборната кампања (на опозицијата) би ја истопила. Тука се и очекувањата од работата на Специјалното јавно обвинителство. На оваа теза се надоврзува и согледувањето на заморот на граѓаните од целата ситуација, чие трпение не е исто како она на опозициските партиски активисти, и симпатиите за опозицијата почнуваат да се топат со секое следно одложување на замислената катарза. Во меѓувреме, факт се претстојните избори, за кои, со оглед на погоре кажаното, големо прашање е дали доволно ќе се разликуваат од последните неколку со кои се потврдуваше неприкосновеноста на власта на ВМРО-ДПМНЕ. Иако, последниот збор на партиите и не би требало да се очекува дека е кажан на лидерската средба на 31 август. Во зависност од случувањата и влијанијата на

С

метам дека на Заев му е јасно оти не може да победи, но знае и дека ако и натаму одложува може повеќе да загуби. ВМРОДПМНЕ и ДУИ се во Владата, и тие ВЛАДИМИР од таа позиција БОЖИНОВСКИ може да чекаат ИПИС кога СДСМ ќе се согласи да оди на избори - сега, во 2017 или во 2018 година.

истите врз анкетите за внатрешна партиска употреба, одложувањето на изборите останува опција.

Аналитичари: Избори како и досега, но под сериозен мониторинг

Политичките аналитичари кога зборуваат на темата се сложуваат дека прифаќањето на опозицијата да оди на избори, под не многу различни услови од досегашните, е резултат на нејзината проценка дека натамошното одложување може да биде само контрапродуктивно, и да го троши досега создаденото со ефектот на „бомбите“. „Има повеќе причини зошто опозицијата сега смета дека треба да оди на избори. Анкетите, веројатно има и такви кои ние (како јавност) не ги знаеме, покажуваат релативно приближување на рејтинзите на власта и на опозицијата. Сметам дека се работи за пресметан ризик кај СДСМ за тоа колку можат да загубат, а колку да добијат на изборите. Таму секако се смета и на заморот кај граѓаните, и на опасноста од губење на моментот што го создадоа со „бомбите“ и со нивниот одек“, вели аналитичарот Алберт Муслиу. Тој се сложува дека битна разлика во однос на условите за фер избори - зошто сега да се оди, а претходно не, не е направена, но очекува сериозен мониторинг на целиот процес, што би ги фаќал макар крупните изборни нерегуларности. „Апсолутно идеални избори не може да има. Од одвојувањето на државата од партијата нема ништо - Груевски, иако нема никаква функција во Владата, го гледаме на настаните паралелно со премиерот Емил Димитриев. Но, она што сигурно ќе го има на овие избори е стриктното мониторирање, и од меѓународната заедница и од домашниот фактор“, смета Муслиу. И според аналитичарот Петар Арсовски, причината опозицијата сега да најавува фер и демократски избори до крајот на годинава, е што натамошното одложување

ЗАЕВ: ГОДИНАВА ЌЕ ИМА ФЕР ИЗБОРИ - ГРУЕВСКИ КАТАСТРОФАЛНО ЌЕ ЗАГУБИ


годишна специјална едиција

200

септември

2016

НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

Капитал Медиа Гроуп ја подготвува традиционалната годишна едиција КАПИТАЛ 200 НАЈГОЛЕМИ И 200 НАЈУСПЕШНИ во Македонија, во која ќе биде анализирано работењето на најголемите и најуспешните компании во Македонија. Во Едицијата ќе бидат рангирани компаниите според вкупните приходи и нето добивката остварени во 2015 година, но во рангирањата ќе бидат вклучени и повеќе податоци за компаниите како вредноста на активата, вредноста на капиталот и уште многу други показатели и коефициенти за успешноста и ефикасноста во работење. Сите рангирања и показатели, како и секоја година, ќе бидат изработени врз основа на официјални и ревидирани податоци обезбедени од годишните сметки на компаниите. Во едицијата ќе бидат рангирани компаниите според повеќе показатели како на пример:

l компании со најголеми приходи l компании со најголем профит l компании кои најмногу вработуваат l компании со најголем капитал l компании со најголема актива l компании кои најбрзо растат Во едицијата ќе бидат вклучени повеќе текстови, интервјуа со најголемите и најуспешните компании во клучните индустрии, како и повеќе анализи:

l Кои се компаниите и индустриите кои ќе го носат растот следната година?

l Стратегиите и плановите на најголемите и најпрофитабилни компании?

l Кои фирми ги прават парите во Македонија?

l Кои се најголемите “капиталци” во Македонија?

l Најголемите предизвици за компаниите за 2016 година

l Кои се најголемите компании во регионот?

Во рамките на Едицијата во одделни анализи ќе биде анализирано работењето на компаниите од клучните индустрии:

l Прехранбена индустрија l Металопреработувачка индустрија l Градежна индустрија l Трговија l Телекомуникации l Енергетика, нафта и гас Повеќе информации за едицијата и за комерцијално претставување на истата, обратете се на e-mail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

Лицe за контакт:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


www.kapital.mk

Капитал број 879/880 02.09.2016

36

ПОЛИТИКА

повеќе не може да и донесе ништо, освен штета. „Сметам дека тоа што СДСМ прифати да оди на избори во вакви околности е политичка стратегија на партијата. Суштински, условите за одржување избори не се сменети, но очигледно оценка на луѓето во СДСМ е дека дополнителното одложување не им носи ќар“, вели Арсовски. Што се однесува до можниот притисок од меѓународната заедница, тој смета дека на странците им е јасно оти политичката криза во Македонија нема да се реши со изборите, но уште помалку со одржување на досегашната, шаховски кажано, патситуација. „Меѓународната заедница сака да ја затвори оваа фаза. Сите се уморни од ова лимбо. Странците знаат дека изборите нема да ја решат кризата, но сакаат да видат што ќе донесат „на маса“ (изборите), за потоа поконкретно да се продолжи со решавањето на кризата што е системски генерирана“, смета аналитичарот, според кој нема дилеми дека претстојните избори многу малку ќе се разликуваат од претходните, какви што опозицијата тврдеше дека нема да се повторат. „Со таа разлика што овојпат мониторингот ќе биде многу висок. Инаку, останатото, како запоседнатоста на медиумите, корумпирањето на гласачите..., атмосферата, сè останува исто. Изборите многу малку ќе се разликуваат од редицата претходни“, вели Арсовски. Според него, не треба да се исклучи и опцијата некоја од партиите поради евентуално подрастична промена на околностите што ќе и ги помати математиките, во меѓувреме да одлучи сепак да ги бојкотира изборите. Во овој контекст, Арсовски смета дека на 31 август можеби и нема да биде кажан последниот збор. „Тоа зависи од три фактори. Дали ќе се исполни сè од договореното? Како во случајот со изборот на петтиот член на адхок телото. Дали ќе се појави нешто друго во меѓувреме, како, на пример, некоја одлука на Уставниот суд што ќе го осакати Специјалното јавно обвинителство. И трето,

од тоа колку партиите ќе одлучат дека е опортуно за нив да има избори“. И Владимир Божиновски, од Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС), смета дека проценките на опозицијата се оти натамошното одложување на изборите може да и направи само штета, меѓу другото и во ситуација кога нејзините претставници веќе не се во Владата, а ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ од позиција на власт порачуваат дека СДСМ може да избира кога ќе оди на избори - сега, догодина заедно со локалните, или за две години, кога се редовните (избори). „Буквално ништо суштински не се смени од моментот кога Заев тврдеше дека нема услови за фер избори, до денес, кога најавува фер избори до крајот на годината.

Стана јасно дека нема фантомски гласачи, паднаа во вода и оправдувањата за неодење на избори поврзани со медиумите. Но, Заев сега е свесен дека е момент кога повеќе нема каде - луѓето овде и меѓународната заедница се заморени. Сметам дека на Заев му е јасно оти не може да победи, но знае и дека ако и натаму одложува може повеќе да загуби. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се во Владата, и тие од таа позиција може да чекаат кога СДСМ ќе се согласи да оди на избори - сега, во 2017 или во 2018 година“, вели Божиновски. За претстојните избори тој очекува „страшно тензично предизборие“, без инциденти, но со исклучително негативна кампања „во духот на она што СДСМ го прави последниве две години“. nnn

ГРУЕВСКИ: УШТЕ ВО АПРИЛ КАЖАВМЕ ДЕКА ИМА УСЛОВИ ЗА ИЗБОРИ



Што добивате со он-лајн претплата на Капитал: претплата на 1. Со електронското издание на Капитал

заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

за најава од 2.Можност три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

до 3. Пристап електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал: l 49 броја на редовното издание на Капитал l 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал l Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа l Платена поштарина l Вклучено ддв l Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози


www.kapital.mk

Капитал број 879/880 02.09.2016

39

PR

Меѓународниот аеродром во Атина потпиша договор со Интраком Телеком за замена и надградба на оперативните мрежи

I

ntracom Telecom, глобален производител на телекомуникациски системи, потпиша договор со меѓународниот аеродром во Атина, Elefterios Venizelos, да ја замени постоечката аеродромска мрежа за пренос на податоци и глас, телефонскиот систем и соодветните апликации со најсовремена единствена инфраструктура од последната генерација. Проектот вклучува високо достапнa мрежна инфраструктура за пренос на податоци во аеродромскиот комплекс со можност да поддржува VoIP, видео и податочни услуги, единствен центар за контрола на повикот со напредни UCC функционалности (Unified Communication and Collaboration), мобилни услуги, како и контакт центар, со можност за употреба од страна на повеќе ентитети односно корисници. Високата критичност и комплексност на аеродромските операции и специфичноста на оперативните индикатори на клучните перформанси, го прават овој проект многу комплексен, поради што меѓународниот аеродром во Атина бара фазен пристап

Седиштето на Интраком Телеком во Атина

на миграцијата, кој обезбедува паралелна работа на сегашните и идните говорни и податочни мрежи. Се планира дека проектот ќе се имплементира во рок од 2 години, по што Интраком Телеком ќе обезбеди одржување во следните 3 години. Intracom Telecom е глобален производител на телекомуникациски системи и решенија, кои се присутни повеќе од 35 години на пазарот. Компанијата е иноватор во областа на безжични технологии за пренос и пристап, успешно имплементирајќи ги своите производи и решенија во мрежите на многу оператори во светот. Компанијата е стратешки определена и значително инвестира во постојан развој на своите производи со цел да се обезбеди ефикасни, економични и сеопфатни решенија наменети за динамичниот пазар на информациски технологии. Интраком Телеком нуди нова генерација на профитабилни сервисни платформи за дистрибуција на мултимедијална содржина, сервиси со додадена вредност,

како и платформи за анализа на големи количини на податоци (big data analytics). Дополнителен фокус претставуваат и решенијата од областа на конвергирани мрежи, приватни и јавни Cloud платформи наменети за компании, оператори и владини институции. Компанијата, заедно со своите производи нуди и комплетен спектар на професионални и консултантски услуги, техничка поддршка и менаџирани сервиси. Седиштето на компанијата се наоѓа во Атина, а претставништвата се широко распространети во Европа, Северна Америка, Африка, Азија и на Блискиот Исток. Интраком Телеком е присутен во Македонија повеќе од тринаесет години преку локалната компанија Интраком ДООЕЛ Скопје, во која се вработени високо квалификувани професионалци со долгогодишно искуство во справувањето со телекомуникациите и информатичките технологии. За повеќе информации, повелете посетете ја www.intracom-telecom.com


Капитал број 879/880 02.09.2016

40

www.kapital.mk

Бизнис и финансии

Лекции од синга економско чудо Македонија навистина би можела да биде Сингапур на Балканот. Но, тоа може да се случи само кога со државата ќе управуваат политичари кои се докажани и успешни бизнисмени, а не партиски послушници, кои наместо да мислат како да се корумпираат, со државата ќе управуваат како со компанија. Во досегашните реформи за подобра бизнис клима во Македонија ни оддаделеку не се гледа овој главен принцип на Сингапурското чудо, па затоа и не треба да не чуди што македонската економија уште долго ќе остане маче кое сонува да стане тигар

8 лекции од сингапурското економско чудо за Македонија þ прво успешен бизнисмен, после министер þ ниски даноци и мала државна потрошувачка þ државна интервенција за поголем економски раст þ раст на извозот по секоја цена þ отворен пазар и слободна конкуренција þ државна поддршка на иновациите þ задолжување само за корисни и профитабилни проекти þ големи инвестиции во образвание и истражување и развој


www.kapital.mk

Капитал број 879/880 02.09.2016

41

апурското о за Македонија


www.kapital.mk

Капитал број 879/880 02.09.2016

42

Бизнис и финансии

И

Има многу нешта кои може да се научат од сингапурското „чудо“, посебно за тоа како се создава високо конкурентна економија заснована на знаење, и како политиката може и треба да ги обезбеди вистинските услови за раст на бизнисот. Капитал истражува и анализира како и зошто Сингапур има толку голем економски успех, и зошто Македонија со реформите кои ги прави може уште долго само да сонува да стане економски тигар.

Од борба против гладот до светска економска сила

Големиот град и малата држава со околу 5 милиони жители, сместена на крајот на југот на Малајскиот полуостров, со децении претставува мистериозна мешавина на раси, кулури и политички системи на кој

целиот свет им се восхитува бидејќи успеаа за само пеесетина години од мочуришен остров да направат светска економска и финансиско-технолошка сила. Патот на развојот на Сингапур го трасирал Хари Ли Кван Ју, некогашен студент на Кембриџ, а подоцна премиер на Сингапур во седум континуирани мандати (19591990). Во борбата против гладта политиката ги преземала сите леви и десни политики и се водела од чист прагматизам во управувањето со државата. Сингапур уште одамна ги има отфрлено сите идеолошки мантри и политики на либералната демократија и комунизмот. Државата е прв и најголем капиталист, меѓутоа во земјата владеат со строги закони и контроли, а слободниот пазар е библија во Сингапур кој строго се почитувал уште во периодите кога се соочувале со глад и немале никаква домашна индустрија. Малиот Сингапур денес е вистински магнет за масовни странски иинвестиции и многу странски корпорации јуришаат токму во Сингапур за да отворат производни капацитети. На сите оние кои можеби се чудат зошто и како Сингапур кој има неполни пет милиони жители е интересен за големите странски корпорации, треба да им биде јасно дека странците тоа не го прават со цел да го продаваат тоа што го произведуваат на

домашниот сингапурски пазар. Работењето и водењето бизнис во Сингапур значи еден куп поволности, како бесплатно градежно земјиште и многу ниски даноци. Странските компании можат да го употребуваат локалниот сектор на технолошки истражувања и развој, како и комуникациската и транспортната инфраструктура, кои се меѓу најсовремените во светот. Ниските даноци, јасните прописи, ефтина работна сила и целосното остуство на корупција го претвориле Сингапур во привлечна дестинација за странски директни инвестиции. Големиот економски успех кој Сингапур го постигна во текот на 80-те години и е поттикнат токму од странските директни инвестиции, главно во индустријата за производство на електроника насочено за извоз. За многу светски аналитичари е многу интересен и тешко разбирлив, политичкиот модел на управување со Сингапур. Сингапур е пример на мешана економија во која строго се почитуваат принципите на пазарната економија и слободниот пазар, но многу јасно се практикува државната интервенција во макро и микро економското управувањето со клучните економски фактори како земјата, работната сила и финасиите. Кога долгогодишниот премиер на Сингапур во 1990 година се повлекол и извршната

Сингапур: Од борба против гладот до светска економска сила



www.kapital.mk

Капитал број 879/880 02.09.2016

44

Бизнис и финансии

Патот на развојот на Сингапур го трасирал Хари Ли Кван Ју, некогашен студент на Кембриџ, а подоцна премиер на Сингапур во седум континуирани мандати

премиерска функција ја остапил на неговот заменик Го Чок Тонх, останал во кабинетот како неприкосновен авторитет со титула сениор министер. Она што ние го познаваме како конфликт на инетреси или непотизам го има на секој чекор во Сингапур. Така не е ништо чудно ниту пак некој го критикува фактот што сопругата на премиерот е директорка на инвестицискиот фонд Темасек, кој контролира многу државни компании во бродоградба, воздушен сообраќај, недвижности, хотели, банки

НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ

и телекомуникациски компании. Но, и покрај сите овие апсурди за западниот човек, Сингапур има високо иновативен и успешен економски систем. Во Сингапур не може секој да биде политичар. Пропишани се строго пропишани норми според кој министер, премиер или претседател може да биде само човек кој претходно управувал и покажал успех во управувањето со голема приватна компанија. Така на пример, кандидатот за претседател на Сингапур мора според прописите да има барем три години искуство како министер, шеф на парламент или обвинител, и да бил директор во компанија со капитал од 100 милиони долари. Личноста која сака да се кандидира за претседател мора да добие дозвола од Изборниот комитет дека е личност со интегритет, со добар карактер и репутација. Во 2005 година во Сингапур немало претседателски избори бидејќи никој од предложените кандидати не ги задоволил критериумите, па според законот мандатот на постојниот престедател автоматски му се продолжил за уште 6 години, со цел да не се трошат непотребно средства. Почетната годишна министерска плата во Сингапур е околу 800.000 долари. Тоа е просек од платите на директорите во 15 најуспешни фирми во Сингапур зголемен за 10 пати, и двојно поголема од платата, на пример, на претседателот на САД. Сингапурците се прилично задоволни од животниот стандард и од материјалната положба и се убедени дека за тоа е заслужна владата, па никој не забележува зошто министрите земаат толку високи плати, ниту пак бара политички промени. Сингапурците се имаат свесно откажано од дел од својата слобода и права кои има припаѓаат, за сметка на сигурноста и комфорот кој им го обезбедува владата. На речиси сите досегашни избори во Сингапур само се потврдувала мнозинската власт на Партијата на народна акција и се давала можност да се освежи нејзината апсолутна власт во Парламентот. Но, и покрај се прва и главна карактеристрика на политичарите и министите е успехот, кој истовремено е главно оружје за пораз на опозицијата. “Незгодните” противкандидати и противници на постојните политики се елиминираат со банкроти откако судот по потреба ќе пресуди милионски казни заради клевети. Официјални јазици во Сингапур се англискиот, кинескиот, мајаскиот и тамилскиот, а рамноправни се и сите вери и нации. Во Сингапур се толерираат и сите политички и неполитички активности, но под услов да се согласат на контрола и да не ја критикуваат владата.

Македонија и Сингапур се далеку колку небото и земјата

#1

ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ

ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!

02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk

Сингапур нема речиси никакви природни ресурси и потенцијали, па дури се принудени недостатокот на питка вода да го решаваат со прочистување на канализацијата. За разлика од Македонија, Сингапур нема речиси никакво земјоделие и сопствено производтсво на храна. Над 70% од сингапурскиот БДП го создаваат услугите. Во Македонија 22% од земјата е обработлива, а учеството на земјоделието во БДП е над 10%. Но, и покрај тоа Македонија не успева ниту да ги задоволи сопствените потреби за храна, а не, пак, да извезува храна. Кога во Македонија политичарите би размислувале како оние во Сингапур Македонија би можела да биде најголем извозник на храна на Балканот. Иако Македонија постојано се фали со ниските даноци, податоците покажуваат дека државата во Сингапур преку такси и даноци зафаќа само 14,7% од БДП. Интересен е фактот дека Сингапур како држава се нема задолжено за покривање на буџетски дефицит уште од 1980 година. Тоа значи дека фискалната политика е прилично умерена и свесна да не го оптеретува стопанството со високи даноци и такси, а задожувањето се прави само за инвестиции и проекти кои и носат поврат на државата. За разлика од Сингапур, Македонија веќе 20 години од независноста, а и пред тоа, води политика на трошење повеќе отколку што и се реалните капацитети, односно отколку што создава, па затоа се задолжуваме најчесто да го покриеме тековното трошење, односно за да преживееме. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 879/880 02.09.2016

46

Менаџмент

5

примери како на брендот да му се врати стариот сјај

И

дејата за отворање на нова фирма е возбудливо заради тоа што градите нов идентитет, но во исто време и застрашувачка, бидејќи статистиката не одат во прилог на претприемачите со оглед на фактот дека поголемиот дел од малите бизниси и стартапи се осудени на пропаст. Колку и да сте храбри и без страв при почнувањето на нов бизнис, свесни сте дека се може да тргне надолу. Сепак не треба да се гледа на новиот почеток во бизнисот така црно. Иако вашиот бренд можеби го губи почетниот залет и ви се чини дека почнува да исчезнува, тоа не значи дека е осуден на неуспех. Светот на претприемништвото е исполнет со приказни за лидери кои компаниите кои биле пред пропаѓање ги вратиле на успешен пат. Во прилог се приказните за пет познати брендови кои успеале да го извлечат работењето од неуспех и на брендот да му го вратат стариот сјај:

1

П

CONVERSE

атиките Chuck Taylor или попознати како старки се создадени како маркетиншки трик од страна на компанијата Converse. Се почнало до 30-те години на минатиот век кога кошaркашката ѕвезда Charles Hollis или Chuck Taylor потпишал договор за промовирање на овој тип на обувки со компанијата Converse. Иако високите тенисерски патики се произведувале уште од 1917 година, продажбата не одела многу сјајно, се додека Chuck Taylor не го ставил својот потпис на патиките, по што продажбата енормно пораснала. За жал, бидејќи секој тренд е минлив, така било и со популарните старки. После неколку декади, големите компании како Nike почнале да го превземаат пазарот на спортски обувки, па до средината на 90-те години од минатиот век, Converse бил практично мртов бренд. Nike ја превземал компанијата во 2003 година, го ревитализирал пазарот со нов имиџ и ги поврзува старките со многу славни личности, пејачи, уметници, глумци... Благодарение на Nike, брендот Converse повторно оживува, а денес старките се еден од најпродаваните модели на спортски обувки.

Совет: Бидете креативни и предадени на работа


www.kapital.mk

Капитал број 879 02.09.2016

47 Светот на претприемништвото е исполнет со приказни за лидери кои компаниите кои биле пред пропаѓање ги вратиле на успешен пат. Во прилог се приказните за пет познати брендови кои успеале да го извлечат работењето од неуспех и на брендот да му го вратат стариот сјај. Лекции кои можат да се научат

Овие приказни освен што се забавни и инспиративни се и одличен пример дека без оглед на состојбата во која нашиот бренд се наоѓа, долгорочно гледано, секогаш постои шанса за целосно опоравување и подобрување.

Од овие примери и приказни можат да извлечат три поучни заклучоци : XX Важност на елиминацијата. Ова би требало да биде очигледно, но тоа е проблем со кој многу претприемачи се борат. Ако работата не функционира, морате да промените нешто во начинот на работење. Овде нема компромиси. Промените се нужни за понатамошен раст! XX Клучот е во диференцијација. Многу фирми пропаѓаат бидејќи не се разликуваат од конкуренцијата. Ако можете да пронајдете начин вашиот бренд да се разликува од конкуренцијата, дали преку нова марка или преку нов таргет на потрошувачи, можете да вдахнете нов живот во вашата фирма. XX Излезете надвор од рамката. Повеќето примери на фирми кои се споменуваат во текстот го оживеале работењето благодарение на тоа што донеле неконвенционални одлуки. Не смеете да се плашите да се спротивставите на воспоставените и постоечки норми кога го обновувате своето работење. Претприемништвото е полно со грешки, предизвици и потешкотии, но овие брендови докажуваат дека доколку работењето го допрело дното. Тоа не значи дека фирмата треба веднаш да се затвори. Се што е потребно е да се биде креативен, упорен и предаден на работата, со цел да се одржи брендот во живот. nnn

2

LEGO

3

Volkswagen Buba

L

ego коцките отсекогаш биле популарна играчка. Но, во 1990 година, Lego се обидел да се прилагоди на модерното време, така што произвел нови сетови на коцки со посебни парчиња. Во теорија идејата била одлична, посебно бидејќи секое претпријатие нели треба да се прилагодува на новото време. Но, за жал сетовите коцки не биле добро препознаени од страна на најголемиот потрошувач - децата. Затоа во 2000 година Lego претрпи тешки загуби во милиони долари. Што направи компанијата? Тие одлучија да се вратат на основата и почнаа да ја промовираат својата изворна линија на Lego коцки, кои ја поттикнуваат детската фантазија, а пазарот го проширија со видеоигри и филмови, со што брендот повторно успеа да се врати на патот на успехот, но и да го врати стариот сјај..

О

вој модел на автомобил успешно се продавал во текот на 70-те години со повеќе од 15 милиони продадени примероци, но таа слава била со краток век. Само неколку години подоцна, Buba падна на пазарот, а компанијата неколку години се трудеше тоа да го сокрие. Откако носталгијата за минатите времиња стана глобален тренд, а ретро дизајнот се врати во мода, Volkswagen ја искористи приликата и го редизајнираше моделот Buba за новата публика. Дека ова беше исклучително добар потез зборува и фактот дека до ден денес секоја година по ред побарувачката за Buba расте.

4

Р

Starbucks

ечиси е невозможно да се пронајде личност која не слушнала за Starbucks. Доколку не живеете во град во кој се наоѓа барем еден Starbucks, тогаш сигурно сте го посетиле во текот на патувањето во некоја европска и светска метропола. Но, Starbucks не бил отсекогаш волку препознатлив бренд кој има стабилна позиција на светскиот пазар. На самиот почеток во 1971 година, Starbucks бил само локална продавница на кафе во градот Сиетл. Многу години работел со подпросечни приходи и без јасна долгорочна визија. После некое време почнува просец на ребрендирање и го отпочнува бизнисот со франшизи кој резултира со отворање на ресторани во целиот свет, а својот раст го бележи секој година до ден денес.

5

Т

Apple

ешко е да се поврзе денешниот успешен Apple, со оној каков што бил пред да стане тоа. Како што повеќето луѓе знаат Apple го доживеал најголемиот успех во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години на минатиот век со порастот на популарноста на компјутерите Apple и Apple III. Заради креативните разлики, соосновачот Стив Џобс ја напуштил фирмата во средината на 80-те години, а брендот почнал да ја губи својата популарност. Џобс се вратил во Apple во 1997 година и тогаш компанијата започнува масовен ребрендинг со што Apple го реорганизирал целото свое работење и стана синоним за минималистички и футуристички дизајн кој го користи модерната технологија. Приказната за Apple и за неговото враќање од мртвите е една од најдобрите приказни за враќање на стариот сјај на брендот.

тата за да го одржите брендот во живот


ДЕКАДА НА ВРВНО ОБРАЗОВАНИЕ! • Престижна МБА програма за развој на вашата кариера • Единствена меѓународна акредитирана програма во Македонија • Професори со сертификат од Харвард бизнис школата

www.uacs.edu.mk ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ:

Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета македонска бригада 60, 1000 Скопје Тел: +389 (0) 2 2463 156

Е-пошта: graduate@uacs.edu.mk Веб страна: www.uacs.edu.mk



Капитал број 879/880 26.08.2016

50

www.kapital.mk

лидери

Сергеј Брин ко-основач на Google

Сакаме Google да биде третатат половина од вашиот мозок

С

Сергеј Михајлович Брин е еден од ко-основачите на Google, најуспешната и најпознатата технолошка компанија во светот. Тој на 6 годишна возраст со своето семејство емигрирал од Русија во Америка. Според Forbes, Брин е 20-ти најбогат човек во светот со процвенето богатство од 30 милијарди долари. Брин заедно со Лери Пејџ се меѓу најголемите иноватори во светот кои успеаа со пребарувачот Google да направат вистинска револуција во Интернетот. Еве некои од неговите изјави.

Кога е многу лесно да се дојде до пари, тогаш резултатот е многу бука измешана со вистинска иновација и претприемништво. Тешките времиња го вадат најдоброто од Силиконската долина

Очигледно сите сакаат да бидат успешни, но јас сакам да бидам запаметен дека сум бил многу иновативен, доверлив и етички. И некој кој направил голема разлика во светот

Aкo ги имате сите информации во светот директно поврзани со вашиот мозок или вештачки мозок кој е попаматен од вашиот мозок, тогаш ќе ви биде многу подобро

Сакаме Google да биде третата половина од вашиот мозок Решавањето на големи проблеми е полесно од решавањето на мали проблеми

Како што одиме напред, се надевам дека ќе продолжиме да ја користиме технологијата за да направиме големи промени во начинот како луѓето живеат и работат

Не е доволно само да не бидете лоши. Ние активно се трудиме да бидеме добри




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.