СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ НА МАГАЗИНОТ КАПИТАЛ
...КОРПОРАТИВНА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ
Kako so malku pari da bidete op[testveno odgovorna kompanija?
te mi e l Go noci da u[at ata ja g ativnija porntrop r o k la fi петок 7/11/2014 www.kapital.mk
| Специјален прилог | КОРПОРАТИВНА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ |
Korporativna op[testvena odgovornost
Kako so malku pari da bidete op[testveno odgovorna kompanija? пишува:
Верица Јорданова
verica.jordanova@kapital.mk
К
омпанијата “Сунце Маринковиќ“ од Србија е компанија со долга 85годишна традиција. Стотина вработени таму произведуваат енергетски ефикасни прозорци и врати. Навидум “обична“ компанија. Но, не е. Оваа компанија во последните пет години
50 | 7 октомври, 2014
Во Македонија, како и во повеќето земји, уделот на малите и средни претпријатија изнесува 98%. Многу од нив имаат само неколку вработени. Прашањето кое во последно време се повеќе се покренува е дали овие мали фирми можат да имаат одредено општествено влијание како и нивните големи колеги? Можат ли направат какво било позитивно влијание во средните во кои работат кога располагаат со многу ограничени буџети? Одговорот дефинитивно е позитивен. стартуваше амбициозна програма за општествена одговорност концентрирана на три области – енергетска
ефикасност, вработување на лица со инвалидитет и студентска програма. И тоа не нешто што стои само
напишано на хартија. Во пракса, менаџментот на оваа семејна компанија изминатите години спроведе бројни
Специјален прилог | КОРПОРАТИВНА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ |
активности чии што резултати се опипливи. Континуирано организира обуки на вработените за подобрување на нивните способности и знаења. Донесе одлука за еден
час да се намали работното време за сите вработени, мерка која изненадувачки резултираше со зголемување на продуктивноста и задржување на резултатите кои се постигнуваа и пред да се намали работното време. Најдобрите вработени постојано се наградуваат според транспарентни критериуми, а дел од општествената одговорност е и воведувањето на нови еколошки производи во својата понуда со што ја зајакна својата позиција на пазарот како eco-friendly компанија. Секако и многу други активности и мерки кои на почеток значеа трошок, но деталната анализа направена само една година подоцна покажа дека спроведените мерки им донеле заштеди во енергија со најмалку 10% помала потрошувачка на гас, струја и вода и зголемена продуктивност на вработените! Ова е една од компаниите која на минатонеделната конференција на македонската мрежа на Глобалниот договор на Обединетите нации в Скопје, објасни како компании со ограничен буџет можат да направат социјално одговорни активности кои на крај на ден и носат корист на компанијата. Нејзиното искуство би можело да биде инспирација и за многу други мали фирми кои сега отсуството на општествено одговорни практики го правдаат со недостигот на пари и недоволно ресурси. Во Македонија, како и во повеќето земји во регионот, уделот на малите и средни претпријатија изнесува 98%. Многу од нив имаат само неколку вработени. Прашањето кое во последно време се повеќе се покренува
Најголем дел од компаниските донации лани биле за лекување!
П
оследната анкета спроведена на примерок од 459 компании покажува дека половина од нив дале донација во текот на измината година, а другите не. Една четвртина од донациите завршиле во здравството, како донации за лекување и здравствена опрема. Многу помали се процентите за донации во спортски настани и клубови (13%), во верски објекти 12% и 10% во културно настани. Најголем дел од компаниите на прашањето за што преферирате да донирате, одговориле за лекување и за помош на сиромашни лица. Тоа укажува дека одредени организација и здруженија, како што се верските и културните се многу активни во барањето донации, за разлика од некои други области кои се многу попасивни. Интересно е објаснувањето на компаниите кои воопшто не донирале дека причината за тоа е што никој не им побарал донација, што укажува дека на тоа дека има простор за зголемување на обемот на донации во различни области.
Иако малите фирми можат колку сакаат да тврдат дека немаат доволно време, ресурси и човечки потенцијал за спроведување на опсежни активности врзани за општествено одговорни активности, но оваа теза многу често е погрешна и неточна. На малите фирми всушност им е многу полесно да најдат информации за потребните општествено одговорни активности, и полесно можат ад се поврзат со различни здруженија кои нудат помoш во оваа област. Исто така шансите да се поврзат со непрофитни организации и да ангажираат студенти и волонтери е многу поголема отколку за големите компании. ВРЕДНОСТ НА ДОНАЦИИ И СПОНЗОРСТВА КОИ ГИ ДАЛЕ МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ
денари 438.568.792 473.036.824 425.067.100 500.491.963 533.215.000 552.408.713
2007 2008 2009 2010 2011 2012
е дали овие мали фирми можат да имаат одредено општествено влијание како и нивните големи колеги? Можат ли направат какво било позитивно влијание во средните во кои работат кога располагаат со многу ограничени буџети? Одговорот дефинитивно е позитивен. Најновиот тренд, особено изразен во Европската Унија, е што големите компании притиснати од најновите регулативи, од своите помали соработници мораат да бараат исто така општествено одговорно однесување. Тоа значи дека општествената одговорност повеќе не е ниту
прашање на желба, ниту прашање на пари и ресурси. Општествено одговорното однесување на компаниите е предуслов за добивање на бизнис. Тоа веројатно е и клучната причина поради која малите фирми ширум светот покажуваат се поголеми иницијативи на тема социјално и одговорно однесување.
Како една компанија може да направи поместување во целата дејност?
Од домашните компании кои во листата на своите приоритети на долгорочната бизнис стратегија ја
ЗА ШТО БЕШЕ КОНКРЕТНО ДОНАЦИЈАТА? ЛЕКУВАЊЕ ДРУГО
26%
18,40% УЧИЛИШТА РЕНОВИРАЊЕ
3,10%
КУЛТУРНИ НАСТАНИ
ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ
10,60%
3,10% ПОМОШ НА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ
3,10%
ПОМОШ НА СИРОМАШНИ
9,80%
ИЗГРАДБА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ СПОРТСКИ НАСТАНИ
12,20%
13,30%
Извор: Првични резултати од истражувањето на Конект во рамки на проектот „Креирање на овозможувачка средина за финансиска одржливост на ГО“ финансиран од ЕУ
7 октомври, 2014 | 51
| Специјален прилог | КОРПОРАТИВНА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ | вклучуваат и општествената одговорност е Адора Инженеринг. Нејзините општествено одговорни практики најчесто се долгорочни проекти, во кои компанијата вложува доста средства. На почетокот тоа беше иновативна инвестиција, објаснува Нина Кепеска, одговорна за општествена одговорност, со примена на светските стандарди и напредни технологии чии што ефекти се гледаат на долг рок. Еден од овие проекти е изградбата и унапредувањето на еко домовите и изградбата на првиот енергетски ефикасен објект за колективно домување во Македонија од високата А-класа. На Адора Инженеринг е издаден првиот „енергетски пасош“ А-класа во Македонија, кој официјално ги верификува одличните енергетски индикатори, кои се од 30 до 50% подобри од законски пропишаните. Компанијата прва воведе фотоволтаици на сончева енергија, за заедничко осветлување на станбените објекти, за кои станарите не плаќаат посебни
52 | 7 октомври, 2014
Никица Кусиникова здружение Конект
В
о Македонија и во регионот се повеќе има примери на мали и средни фирми кои стануваат дури и лидери во општествената одговорност. Секако дека една голема компанија, која има повеќе ресурси, поединечно може да изврши поголемо влијание но ако го земеме фактот дека над 90% од компаниите се мали кумулативно нивното влијание и тоа како може да биде големо. Важно е дека и малите компании во рамки на своите можности да размислат што можат да направат и во која област можат да дадат најголем придонес.
За што најмногу сакате да помагате? ЛЕКУВАЊЕ ДРУГО
1,10%
41,60%
КУЛТУРНИ НАСТАНИ
4,20%
УЧИЛИШТА РЕНОВИРАЊЕ
3,70%
ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ
8,40%
СПОРТСКИ НАСТАНИ
11,10%
ИЗГРАДБА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТ
2,10%
ПОМОШ НА СИРОМАШНИ
25,80%
ПОМОШ НА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ
2,10%
Извор: Првични резултати од истражувањето на Конект во рамки на проектот „Креирање на овозможувачка средина за финансиска одржливост на ГО“ финансиран од ЕУ
| Специјален прилог | КОРПОРАТИВНА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ |
[TO PRAVAT KOMPANIITE? Усје
С
ите активности на УСЈЕ од сегментот на општествената одговорност се одвиваат според претходно утврден план. Наша стратегија е да работиме етички во сите сегменти од нашето работење и да бидеме општествено одговорни. Дека сериозно сме посветени на сегментот на општествената одговорност зборува и фактот што имаме формирано и посебно тело – Одбор за Корпоративна општествена одговорност, чија задача е осмислување и реализација на сите активности и координација со сите засегнати страни. УСЈЕ е и членка на Глобалниот договор на Обединетите нации, и принципите што ги опфаќа овој договор целосно ги имплементира во своето секојдневно делување. Во доменот на заштитата на животната средина УСЈЕ е прва компанија која целосно ја имплементираше Интегрираната А дозвола и прва која воведе пречистителна станица за прочистување на атмосферските води и водите од чистење на улиците. УСЈЕ е единствената компанија која има поставено независен систем за 24-часовно мерење на емисиите, а резултатите од мерењата се доставуваат до Министерство за животна средина и транспарентно се објавуваат на нашата веб страна. Во сегментот на развој на заедницата повеќето проекти на УСЈЕ се во соработка со општината Кисела Вода, како проектите: партнерство со училиштата, изградба на детски игралишта, зазеленување, а најновиот проект е засадување на нова шума од 5.500 дрвја во населбата Припор. Активни сме и во сегментот на поддршка на деца со посебни потреби. Редовно го поддржуваме и професионалниот развој на младите, па во таа насока доделуваме стипендии за додипломски и МБА студии. Имајќи предвид дека во следниот период најголемиот предизвик ќе биде управувањето со отпадот, менаџментот и вработените на УСЈЕ доброволно се приклучуваат на акциите „Македонија без отпад“
Шпаркасе Банка
Ш
паркасе Банка има долгорочна стратегија за корпоративно општествено одговорни активности. Годишно издвојуваме значителен дел од буџетот наменет за Маркетинг и комуникации за општествено одговорни проекти. Понекогаш се случува и да го надминеме однапред определениот буџет, доколку во текот на годината се појави посебно интересен проект кон кој можеме да се приклучиме или пак се јави потреба од итна помош на некоја ранлива социјална група. Согласно стратегијата, во годинава која изминува, реализирани се голем број проекти, особено во образованието, културата и развојот на најмладите. Банката во континуитет реализира и поддржува повеќе проекти, како што е проектот “Рециклирање кажи да“, во соработка со Пакомак преку кој градиме свесност кај децата за селективно собирање отпад како и за придобивките од рециклирање на истиот, потоа проектот “Летен камп Медо Штедо“, наменет за децата од СОС детското село, проектот “Најдобрите од Југоисток“ за кој сметам дека е еден од најдобрите проекти од областа на доедукација и усовршување на студентите и младите таленти, проект кој го реализираме во соработка со нашата Групација и факултети при Унверзитетот Св. Кирил и Методиј.
54 | 7 октомври, 2014
сметки за струја, а асеизмичка стабилност на своите станбени објекти научно и практично ја докажува со тест вештачки земјотрес во соработка со ИЗИИС, што потврда за стабилноста на своите објекти... “Овие и многу други општествено одговорни практики се прават согласно стратегијата и планираниот буџет за ООП на компанијата, преку балансирање на потребите на заедницата и можностите на компанијата, со цел со поголема продуктивност, профитабилност и одржлив развој да се обезбеди просперитет на компанијата и општеството“, објаснува Кепеска. Зошто ова е важно? Ставањето на фокусот на енергетски ефикасна градба, на транспарентна отчетност на градбите во иницијалната фаза е трошок за компанијата, но ефектите се двојни. Од една страна, компанијата стекнала конкурентска предност пред останатите во таа индустрија и од друга страна, го зголемила нивото на едуцираност на граѓаните за овие аспекти за недвижностите кои ги купуваат. Зголемувањето на општото ниво на едуцираност и подигнувањето на стандардите за градење се големи придобивки со силна општествена одговорност.
Една од опциите е здружување на повеќе мали компании
Буџетите се ограничувачки фактор за поголема социјална одговорност во многу од земјите во опкружувањето каде 90% од компаниите се мали. Мрежата на Глобалниот договор во Бугарија стартуваше интересна иницијатива на обединување на повеќе помали компании, односно на повеќе мали буџети во еден општествено одговорен проект. Ваквиот пристап овозможува повеќе фирми кои имаат ограничени буџети за ООП да покажат одговорно однесување, да не потрошат многу пари, а ефектите да бидат повеќе од видливи! На тој начин се рационализираат ресурсите на фирмите кои партиципираат, а надворешната експертиза која ја добиваат гарантира поголем успех на проектите важни за заедницата или одредена категорија на луѓе. “Тоа се некои од моделите кои преку овие фирми сакавме да ги промовираме пред македонската деловна јавност. Клучно е дека на општествената одговорност не треба да се гледа како на трошок затоа што постојат различни начини и со ограничен буџет да се направи многу“, вели Никица Кусиникова, извршна
Кои форми на општествена одговорност се погодни за мали фирми? Општествената дејност да се внесе во основната дејност преку соодветна едукација на вработените и деловните соработници Да се внесат иновации во животната и работна средина и рационално користење на ресурсите и репроматеријалите, пример намалување на потрошувачката на енергија, вода и други природни ресурси Да произведуваат производи кои можат да се рециклираат и да ја зголемат трајноста на производите Да се зголеми продуктивноста преку подобро менаџирање со човековите ресурси Да се борат против дискриминација при вработување, унапредување и наградување Да се подобри здравјето и безбедноста на работните места Здружување на ресурсите на повеќе помали фирми или на една голема и повеќе помали, при што секоја од нив вложува онолку колку што може, а заедничкиот ефект ќе биде многу поголем отколку кога секоја поединечно би делувала Остварување соработка со здруженија на граѓани кои секогаш имаат иницијативи и ограничени ресурси за нивна реализација.
| Специјален прилог | КОРПОРАТИВНА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ |
[TO PRAVAT KOMPANIITE? Адора Инженеринг
Е
ден од општествено одговорните проекти е изградбата и унапредувањето на еко домовите, во што сме пионери во регионот, за што потврда е изградбата на првиот енергетски ефикасен објект за колективно домување во Македонија од високата А-класа. Ние сме прва компанија што во Македонија ги воведе и фотоволтаиците на сончева енергија, за заедничко осветлување на станбените објекти, кои се независни од јавното осветлување и за кои станарите не плаќаат посебни сметки. Адора Инженеринг е прва компанија која врвната асеизмичка стабилност на своите станбени објекти научно и практично ја докажува со тест вештачки земјотрес во соработка со ИЗИИС, што не е обврска туку потврда за методологијата на градба и е во духот на новите измени на законот за градење. Овие и други општествено одговорни практики, за организирана исхрана на вработените на градилиштата, за стручно усовршување и повисока едукација на вработените, стипендирање на талентирани студенти, хуманитарни акции, вредни донации за општеството и поддршка на науката, образованието, спортот и културата, се прават согласно стратегијата и планираниот буџет за ООП на компанијата.
Пакомак
П
акомак во суштината на својата дејност е насочен кон одговорно однесување кон природата, пред се нејзините ресурси. Tри основни задачи се зголемување на капацитетот за собирање и селекција на отпадот преку вложувања во комунална инфраструктура заедно со општините, организирање ефикасно и економично подигање и транспорт на собраниот отпад од пакување до рециклаторите и подигање на јавната свест на населението за потребата од селекција и рециклирање на отпадот од пакување. Овие 3 активности се обединети во еден интересен начин во проектот за донација на течен сапун на основните училишта во 6 скопски општини, каде поставивме и садови за селекција пред се на ПЕТ амбалажа, а ги едуцираме децата да го селектираат отпадот уште од дома и да го одложат во нашите специјални контејнери. Тоа го финансираме од наши средства бидејќи истото во моментов не е финансиски одржливо, но ние очекуваме дека ова ќе има многу позитивен еколошки поврат во следниве години.
Ремедика
Ч
овекови права- право на здравје: доближување на услугите до пошироката популација преку флексибилност во плаќањето, превенција преку едукативни написи, емисии и директни средби со граѓаните, објавуваме бесплатен семеен магазин со совети за здравјето, реализиравме бесплатни прегледи, хируршки интервенции на поединци на кои истото им е неопходно. Труд: мотивација и наградување на вработените согласно разработен систем на евалуација, го унапредуваме квалитет на услугите и задоволството на вработените. Општество: проект за зголемување на свеста за сколиозата кај деца, бесплатни ортопетски прегледи на 250 дечиња од претшколска возраст, отворивме советувалишта за доење, инициравме камања за поттикнување на младите за крводарителсво со ракометниот клуб Металург и Црвениот Крст... Животна средина: иновативни технологии во изградбата на нова анекс-зграда, кои се базираат на „зелен “ дизајн со енергетски ефикасна изведба, користење на природни материјали, употреба на алтернативни енергетски извори и козервирање на енергијата.
56 | 7 октомври, 2014
директорка на Конект и контакт лице на Македонската мрежа на Глобалниот договор. Таа објаснува дека големината на компанијата не е пресудна за нејзиното општествено одговорно однесување. Напротив, во Македонија и во регионот се повеќе има примери на мали и средни фирми кои стануваат дури и лидери во општествената одговорност. Секако дека една голема компанија, која има повеќе ресурси, поединечно може да изврши поголемо влијание но ако го земеме фактот дека над 90% од компаниите се мали кумулативно нивното влијание и тоа како може да биде големо. Важно е дека и малите компании во рамки на своите можности да размислат што можат да направат и во која област можат да дадат најголем придонес. Ваквото мислење го дели и Филип Ивановски, извршен директор на Пакомак, друштво за управување со отпад од пакување, кое секоја година одвојува 4-7% од приходите за проекти насочени главно кон подигање на свеста за селекција и рециклирање на отпад од пакување. “Финансиите секако се важни, но не и пресудни доколку некој компанија сака да покаже општествена одговорност кон средината. Сметам дека пред се свеста и совеста на менаџментот е пресудна. Имаме компании кои немаат големи буџети, но се активни во многу ОО активности, често и со активно волонтерско вклучување на нивните вработени. Од друга страна имаме компании кои имаат големи приходи и профити, но не чувствуваат обврска да вратат ништо кон заедницата во која го создаваат тој профит! За жал, преку ланецот на исхрана, нашата неодговорност ни се враќа на трпеза во форма на контаминирани производи кои можеби се полевани со загадената вода што сме ја создале или растеле на почвата што сме ја загадиле... Токму затоа одговорното однесување кон општеството треба да ни стане стил на живеење, а не обврска“, дециден е Ивановски. Кусиникова објаснува конкретно кои можности им стојат на располагање на малите компании: рационалното користење на ресурсите и репроматеријалите не
бара никаков трошок, а демонстрира висока еколошка свест. Понатаму, подобрување на продуктивноста може да се постигне преку подобро менаџирање со човековите ресурси и подобрување на здравјето и безбедноста на работно место. Малите компании исто така можат да остварат соработка со здруженија на граѓани кои секогаш имаат иницијативи и ограничени ресурси за нивна реализација. На тој начин нивните мали средства ќе дадат поголем ефект... “Сите овие мерки имаат бизнис логика затоа што на крај на ден ќе им донесат заштеди на компаниите, па дури и ќе креираат нови приходи. Ако преку призмата на општествена одговорност креирате нови еколошки производи автоматски си го ширите пазарот и ја ширите палетата на производи, а со тоа и конкурентската предност“, објаснува таа и апелира до компаниите да одвојат малку повеќе време да ги согледаат проблемите од кои се најзасегнати и да побараат начин како со здружени сили со други компании и здруженија да дадат свој придонес кон нивно решавање. Во последно време општествената одговорност како стил на однесување на малите се наметнува и како услов. За малите и средни претпријатија кои сакаат да работат со странские партнерите, особено оние од Европската Унија, општествената одговорност и пишаните извештаи за тоа се почесто се јавуваат како услов за да влезат во системот на големите. Се повеќе македонски компании кои сакаат да соработуваат со странски партнери, добиваат прашање дали имаат извештаи за општествена одговорност и на кој начин ја зачувуваат животната средина. Тоа во многу од случаите е предуслов да се добие некоја зделка. “Сакам да потенцирам дека малите и средни компании имаат особено значење надвор од Скопје каде што имаат многу поголема улога во решавање на локалните проблеми, како што се подобрување на образованието, справување со сиромаштијата и помош на маргинализирани групи. Тие се јадрото во заедниците, само треба да се најде начинот како заеднички можат да направат повеќе“, вели Кусиникова.
Специјален прилог | КОРПОРАТИВНА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ |
Primena na principite na Globalniot dogovor na ON – siguren pat do uspehot
О
пштествената одговорност, почитувањето на човековите и работничките права, грижата за животната средина, борба против диксриминацијата, користењето на детскиот труд и борбата против корупцијата, се основен услов за развојот на компаниите и за општиот економски и општествен развој на државата. Овие принципи содржани во Глобалниот договор на Обединетите Нации (ОН) се основна рамка за создавање на универзални насоки за делување во корпоративниот свет за обезбедување одржлив развој на бизнисите, но и развој на заедницата. Цементарница Усје АД Скопје е една од првите компании во Македонија која го прифати и усвои Глобалниот договор на ОН и сите наши активности се во склад со принципите содржани во овој значаен документ. Во рамките на годишната конференција на Европските мрежи на Глобалниот договор што се одржа во Скопје, свои излагања имаа Мариа Алексиу претставник на групацијата Титан како и претставникот за општествена одговорност на Цементарница Усје. Вториот ден од конференцијата претставниците на европските мрежи го одржаа во УСЈЕ, како позитивен пример за општествено одговорна компанија, каде што можеа да се запознаат со производствениот процес, а и со сите актуелни заложби за општествена одговорност на компанијата. Меѓу 36-члената делегација што ја посети компанијата беше и Валид Наги одговорен за локалните мрежи во седиштето на Глобалниот договор на ОН во Њујорк, како и одговорните на локалните мрежи на Глобалниот договор од повеќе од 20 земји.
УСЈЕ како општествено одговорна компанија е прва компанија која целосно ја имплементираше Интегрираната А дозвола и е прва компанија во Македонија која отиде чекор понатаму воведувајќи пречистителна станица за атмосферските води и водите од чистењето на улиците. Исто така, УСЈЕ е единствената компанија која има поставено независен систем за 24-часовно мерење на емисиите, а резултатите од мерењата се доставуваат до Министерство за животна средина и транспарентно се објавуваат на веб страната на компанијата. УСЈЕ уште од 1998 година континуирано инвестира во нови филтри и друга опрема, кои претставуваат најсовремени технички достигувања во заштитата на животната средина. Постигнатите резултати се видливи, така што може да истакнеме дека емисиите на прашина од Цементарница Усје се во просек неколку пати пониски од законски дозволените концентрации. Поконкретно, во месец октомври, емисиите на прашина се 6 пати помали од дозволените, што може да се види на нашата web-страница
(www.usje.com.mk). Во насока на што пошироко прифаќање на принципите на Глобалниот договор во Македонија и ширењето на општествената одговорност, УСЈЕ беше и еден од иницијаторите за зајакнување на Македонската мрежа на Глобалниот договор, која беше активирана под покровителство на УНДП во Македонија. Глобалниот договор на светско ниво е најголема доброволна иницијатива за општествена одговорност на компаниите и е прифатен од 12.000 претставници од 800 компании од 145 земји и 4000 непрофитни организации. Иницијативата произлезе од Обединетите нации и се темели врз десетте принципи што ги опфаќаат областите: човекови права, работнички права, животна средина и борба против корупцијата. Компаниите членки на Глобалниот договор ги прифаќаат овие принципи и ги применуваат во своето секојднево работење, за што редовно известуваат, а на тој начин стануваат движечка сила на глобалниот развој, преку конкретниот придонес за развој на локалната заедница во која делуваат.
Нова шума ќе никне во општината Кисела Вода
У
СЈЕ заедно со локалните жители од населбата Припор ја реализира акцијата за пошумување. Во рамките на оваа акција УСЈЕ обезбеди 5500 садници кои се засадени во заедничка акција со локалните жители. Во оваа акција се засадени 3000 чемпреси, 2000 багреми, 250 тополи во висина од 5 метри и 250 јавори во висина од 3,5 метри. Засадените садници имаат капацитет за апсорпција на 900 кг јагленрод диоксид и да произведат 600 kg кислород дневно. Сите садници ќе имаат и систем за наводнување, со што ќе се овозможат соодветни услови за растење на садниците. УСЈЕ редовно учествува во националните акции како „Ден на дрвото“, „Македонија земја на розите“ и други, но и самостојно организира активности за вработените и соседството за пошумување во околината на компанијата.
7 октомври, 2014 | 57
| Специјален прилог | КОРПОРАТИВНА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ |
o^i ta k a a o j tven t t [ es nos t or t? op[dgov iono o reg vo
Golemite danoci ja gu[at korporativnata filantropija
Ф
ирмите во Србија практично, не се подготвени да учествуваат во општествено корисни проекти ако тие не им донесат директни финансиски ефекти, па би можело да се каже дека корпоративната филантропија во земјата се уште не заживеала, анализираше неодамна дневниот весник “Данас“ констатирајќи дека целата корпоративна општествена одговорност се спроведува под капата на маркетинг, па фирмите нема да вложат во општо корисни проекти проценувајќи дали повеќе им се исплатува парите да ги даваат за закуп на огласен простор. Истовремено, оние ретки компании и организации кои се спремни дел од своите средства да ги дадат во доброволни цели, немаат никаква поддршка од државата која ваквите активности, во даночна смисла, ги третира скоро како и секоја друга комерцијална активност. Тоа значи дека
58 | 7 октомври, 2014
за купувањето на медицинска опрема која се донира за болниците оваа фондација, како и другите донатори, треба да платат ДДВ. Директорот на Фондот Б92, Ведран Матиќ еден од главните проблеми го лоцира во отсуството на општ национален интерес хуманитарните компании да се третираат на најдобар начин. “Пред седум години Фондот Б92 во соработка со Институтот за транфузија покрена крводарителска акција користејќи автобус кој во меѓувреме се расипа. Кога решивме да купиме автобус од домашно производство почнаа проблемите. Моравме да платиме ДДВ за автобусот, а со тие средства можевме да купиме медицинска опрема. Ако решевме да увеземе ист таков автобус од Германија, наместо од домашна компанија, немаше да платиме данок“, ги објаснува тој бројните проблеми со кои се соочуваат. Друг пример е нивната иницијатива за набавка на 200
инкубатори за родилиштата во Србија. Барале државата да ги ослободи од плаќање на давачките при увоз на инкубаторите, но не добиле никаков одговор од Министерството за финансии. Откако се заканиле дека од овој ќе направат скандал, Министерството им пратило човек кој им “објаснил“ како да го избегнат плаќањето на давачките?! Матиќ вели дека и денес ја користат таа шема при набавка на медицинска опрема за хуманитарнни цели. Игнорантскиот однос на државата, според него, е нејасен посебно што вакви организации и фондации преку својата хуманитарна работа всушност интервенираат во области за кои навистина голем број на луѓе имаат голема потреба. Односно ја работи работата на државата.
Слаб интерес на компаниите за донирање?!
“Оваа област треба да се уреди така
Специјален прилог | КОРПОРАТИВНА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ |
Општествената одговорност е универзална потреба и начин профитно ориентираните организации да покажат дека “имаат срце“. Дали амбиентот и даночната политика во дел од земјите во регионот ги стимулираат или дестимулираат компаниите што поголем дел од своите буџетот да ги насочат кон општествено корисни проекти? што компаниите ќе имаат интерес да вложуваат во доброволна дејност. Ние спроведуваме ралични акции и помагаме аматерски спортски клубови, но после приватизацијата ниедна компанија не е заинтересирана за нив. Ги интересира само пазарот!“ вели Драгиша Ковачевиќ и нагласува дека секој ќе сака да донира спортска опрема за детски спортски клубови ќе мора да плати 20% ДДВ на таа донација. Откако тие дресови ќе стигнат во училиштата и училиштата мора да платат 2,5% данок на подарок. Потенцира дека дури и за кампањи насочени кон децата и развивањето на спортски дух многу тешко се обезбедуваат донации од компаниите, кои најчесто имаат изговор дека “буџетот за такви намени веќе им е потрошен“. Во истава анализа Дру Гиблин од американската амбасада во Белград нагласува дека даночните олеснувања се витални за поттикнување на филантропското однесување на компаниите. Најголем дел од културните и спортски активности во САД ги
финансираат компаниите, а не државата. Олимпискиот тим на САД, на пример, располага со буџет од 140 милиони долари. Владата учествува со само 10 милиони долари, наменети само за параолимпијците што значи дека повеќе од 90% од средствата дошле од приватни фондови.
Хрватските извозни компании предничат во социјалното однесување
Хрватскот здружение на работодавачи пред неколк месеци стартуваше проект “Општествено одговорно работење за сите“, во рамки на кое било спроведено истражување меѓу 100 хрватски компании, кое покажало дека најголем дел од нив применуваат општествено одговорни практики. Оваа анализа покажала дека во познавањето и примената на ООП предничат компаниите кои работат на странски пазари. Исто така, хрватската влада најави дека наскоро ќе усвои посебна стратегија за општествена одговорност согласно
искуствата на ЕУ, која има зацртано цел до 2020 да оствари одржлив економски развој со намалување на невработеноста и сиромаштијата. Според едно истражување на ОН и ЕК енергетската ефикасност е област која може да доведе до економски раст затоа што еко-индустријата отвори милион нови работни места во ЕУ и во тој сегмент и во иднина ќе се отвараат нови работни места. Според проценките на ЕК во зелената индустрија на ЕУ работат 20 милиони жители. Организацијата УНПД во својот последен извештај констатира дека “праксите на ООП во Хрватска се релативно добро развиени и почести во сегментот на квалитет и сигурност на работните места, задоволство на потрошувачите, заштита на околината, вложување во заедницата, а поретки во делот на корпоративно управување, развој на стратегија за општествена одговорност, управување со синџирот на добавувачи и општествено одговорно инвестирање“. Но, како кочничар за развојот на ООП во Хрватска се наведува потребата од јакнење на улогата на владата во промоцијата на овој концепт во деловната заедница, медиумите и невладиниот сектор. Искуствата кои доаѓаат од еалниот сектор покажуваат дека компаниите “имаат срце“, но недостига државните институции да се вклучат со своја поддршка и интеграција на сите овие активности.
7 октомври, 2014 |59