WWW.KAPITAL.MK
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
COVER STORY
специјален прилог
ТУРБУЛЕНЦИИ
Машко здравје
НА ЕВРОПСКИОТ ТЕЛЕКОМ ПАЗАР И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ ПОЛИТИКА
ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?! АНАЛИЗА
КАПИТАЛ SPECIAL
ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ
СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ
КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ? Во месецот на машко здраВје капитал Ве соВетуВа
најчести причини за ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА смрт на мажите МАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА и како да ги БИЛДЕРБЕРГ:преВенирате КАКВА ИДНИНА КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА
БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
Toп
WWW.KAPITAL.MK
намирници за подобро здраВје на мажите не е машки да се јаде сè!
www.kapital.mk
Капитал број 838 20.11.2015
56
Машко здравје
една од причините зошто жените во просек живеат подолго од мажите е поголемата грижа за нивното здравје, покажуваат светските истражување. во овој специјален прилог нудиме совети за „посилниот пол“ за тоа како да ја подобрат оваа статистика: кои се најголемите опасности за здравјето на мажите, како да се превенираат, кои се клучните намирници за подобро машко здравје и уште многу корисни совети за подобар имунитет на мажите
во Месецот на Машко здравје каПитал ве советува
најчести Причини за сМрт на Мажите и како да ги Превенирате
д
Да прашате било кој дечко или маж кој пол е посилен, тој секогаш ќе одговори дека мажите се посилниот пол. Причините за тоа се очигледни: генерално, мажите
се поголеми од жените и имаат повеќе мускули отколку понежниот пол. Тие можат да трчаат побрзо, да креваат поголема тежина, и подалеку да ги фрлаат работите. Мажите, неспорно, владеат на овие полиња, но во медицината, тие се сосема поинаква приказна. Кога станува збор за здравјето, статистиките и истражувањата покажуваат дека мажите, се послабиот пол од жените. Зошто е тоа така? Една од причините зошто жените во просек живеат подолго од мажите е поголемата грижа за нивното здравје. Статистичките податоци покажуваат дека мажите умираат помлади од жените, и дека целосната стапка на смртност е 41% повисока кај мажите
отколку кај жените. Истражувањата покажуваат и дека мажите се справуваат со повеќе болести за време на животниот век. Тие се разболуваат на помлада возраст и се подложни на повеќе хронични болести наспроти понежниот пол. Токму поради ова, Капитал во овој специјален прилог ве информира кои се најчестите болести со кои се соочува секој маж во својот живот и како истите да се превенираат и надминат.
и несаканите повреди меѓу 5-те главни убијци на мажите
За таа цел, Капитал разговараше со врвни македонски специјалисти лекари. Тие велат дека најчестите болести од кои
“Посилен“ Пол: Мажите се Посилни, но жените се Поздрави
www.kapital.mk
Капитал број 838 20.11.2015
специјален прилог умираат мажите се: инфаркт; рак на бели дробови; хронични респираторни болести; и мозочен удар. Инфарктот е дефинитивно и најчестата причина за смрт кај мажите, па секој четврти човек на светот, умира токму од инфаркт. Меѓутоа, за да ги зголемите своите шанси да не ви се случи, потребно е да бидете активни, не мора секој ден, битно е да не се залежите. Неактивноста е штетна колку и пушењето на една кутија цигари дневно. А, кога вежбате, бидете сигурни да не дехидрирате. Веднаш после инфарктот, ракот е најголем убиец на мажите и одговорен е за смрт на 24% од сите мажи на светот. Во овој текст ќе се осврнеме повеќе на ракот на белите дробови, како еден од најчестите карциноми што е причинител на смрт кај мажите. Хроничните респираторни болести, како бронхитисот бронхитис, воспаление на белите дробови и астмата се опасни по живот ако не се санираат на време. Загадувањето на воздухот денес е голем проблем, но и пушењето исто така е еден од клучните фактори за појава на овие болести. Нашите консултанти лекари во оваа прилика зборуваат за т.н. Хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ) која го отежнува дишењето и со тек на време може да ве доведе во состојба да не можете да се грижите за себе.
броjки:
25%
од смртните случаи кај мажите ги предизвиквуа инфаркт
24%
мажи во светот умираат од некој вид на карцином
15%
од мозочните удари кај луѓето се случуваат пред 45-та година
А, дека мозочниот удар не им се случува само на постари лица, говорат светските статистики, според кои дури 15% од мозочните удари ги погодуваат луѓето пред 45 година. Високиот притисок е главната причина за овој проблем. Но, исто така, иако не се болест, и несаканите повреди се една од најчестите причини за смртност меѓу мажите, според некои
57
Најчестите болести од кои умираат мажите се: XX Инфаркт XX Мозочен удар XX Рак на бели дробови XX Хронични респираторни повреди светски статистики, дури и трета по ред. На женскиот список тие се на шесто место. Но, за тоа е виновна биологијата: делот од мозокот кој се наоѓа во предниот дел на черепот ја контролира одговорноста и пресметката на ризикот, а тој дел многу побргу се развива кај жените, отколку кај мажите, објаснуваат лекарите. Заради тоа, мажите повеќе сакаат да ризикуваат, па упаѓаат во повеќе неволји кои што може да бидат погубни. Мажите, затоа, мора да бидат повнимателни. Често се случува да се удрат од некој предмет или да се повредат при спортување, а потоа таа повреда да не ја санираат. Таа со тек на време се влошува, па лекарскиот преглед може да дојде и предоцна.
Капитал број 838 20.11.2015
58
www.kapital.mk
Машко здравје Инфаркт
С д-р Жарко Христовски кардиолог приватна клиника “Аџибадем Систина“
екако дека овој сè уште најактуелен здравствен проблем на нашата популација не е ексклузивно машки, но почесто се забележува кај мажите, отколку кај жените. Поновите епидемиолошки студии покажуваат дека 10-15 миокардни инфаркти се дијагностицираат на 1000 жители годишно. Соодносот мажи/жени се разликува кога се анализираат податоците по возрасни групи. Имено во возрасната група до 50 години значајно доминираат мажите и се смета дека за тоа доминантно место има заштитната улога на женските хормони. Веројатно дополнителна причина за оваа разлика во појавата има и поголемиот процент на пушачи меѓу мажите, зголемениот ниво на стрес (менаџерска болест)... Миокардниот инфаркт и коронарната артериска болест, вели Д-р Жарко Христовски, кардиолог во Клиничка болница „Аџибадем Систина“, претставуваат огромен здравствен, но и социјален проблем. Многу често ги погаѓа мажите во релативно млада возраст, кога се максимално продуктивни, носи висока смртност и висок степен на инвалидност. XX Еве што советува Д-р Христовски за тоа како да ги препознаете симптомите: „Најчесто пациентите реферираат појава на градна болка во вид на стегање зад градната коска, препотување, недостаток на воздух, трнење на подлактиците...Многу често се јавува и страв од смрт. Мора да се нагласи дека има и многу варијации во презентацијата на симптомите. Некогаш се јавува болка во предел на желудникот со повраќање, општа слабост. На ова кај висок процент од пациентите може да се утврди претходна појава на слични, но многу помалку интензивни и пократкотрајни, симптоми на наведените кои се јавувале при физички
напор претходно“. XX Како да реагирате: Веднаш да се побара лекарска помош, бидејќи времето е фактор од огромен значај за успехот на лекувањето. Македонија подолг период има развиено мрежа за соодветно лекување на овие исклучително ризични пациенти. Огромен процент од пациентите се од групата на т.н. високо ризични поединци. Имено говориме најчесто за пациенти со историја за покачен крвен притисок, со зголемени масти во крвта, покачена телесна тежина, пушачи, дијабетичари... XX Практичен совет: Направете превентивен преглед, контролирајте го крвниот притисок, нивото на холестерол и гликоза во крвта, хранете се здраво, прекинете со пушење, рекреирајте...Не дозволувајте да ве изненади инфарктот, кога постои начин да се превенира. Ова докажано функционира на ефикасен начин.
Мозочен удар
М
д-р Милчо Дермеџиев
специјалист невролог, приватна клиника „Аџибадем Систина“.
озочниот удар е трета причина за смртност и прва причина за инвалидитет во развиените земји. Според светските статистики, на секои 45 секунди се случува по еден мозочен удар, а на секои три минути умира по еден човек во светот како последица од мозочен удар. Според тоа, мозочниот удар не е само медицински, туку е и голем социо - економски проблем. Меѓу сите невролошки заболувања мозочните удари го заземаат првото место по честота и важност. Важноста не е само поради медицинската итност за започнување дијагностика и третман кај овие заболувања, туку и поради големите социјални проблеми што ги следат овие болести (долготрајната рехабилитација, ангажирањето на голем дел од фамилијата за нега на овие болни, големата инвалидност и високиот процент на смртност). Поради ова, многу е важно сите лекари, а особено оние во примарната здравствена заштита (матичните лекари) да можат да го препознаат навреме мозочниот удар. Голема е улогата на лекарите во примарната здравствена заштита во превенцијата на настанување мозочен удар со препознавање и со лекување на состојбите кои му претходат на дефинитивното мозочно страдање, објаснува д-р Милчо Демерџиев, специјалист невролог во Клиничка болница „Аџибадем Систина“. XX Еве што советува д-р Демерџиев, како да се превенира мозочниот удар: Симптомите на мозочниот удар зависат од големината на крвниот сад кој е зафатен и од локализацијата на мозочниот удар. Симптомите може да бидат минимални, т.е. занемарливи (трпнење на половина од телото, лесна одземеност на одредена група мускули, нарушен говор и сл.) до многу брутални (комплетна одземеност
на рака, нога, губиток на свест и коматозна состојба). Ризик - факторите кои доведуваат до мозочен удар се многубројни, но би ги спомнал најчестите: XX срцеви заболувања; XX артериосклероза на мозочните крвни садови; XX покачен крвен притисок; XX атријална фибрилација (нарушен ритам на срцевата преткомора); XX дијабетес мелитус (шеќерна болест); XX зголемено ниво на масти во крвта; XX пушење... Превенцијата, односно лекувањето на овие состојби во голема мера може да го намали ризикот од настанување мозочен удар. Ако кај пациентот веќе се развил мозочен удар, потребно е ургентно дијагностицирање и лекување.
Менаџерски пакети МЕНАЏЕРСКА ПОНУДА ЗА ДАМИ z Клинички преглед на цело тело со пулмонални тестови (спирометрија), ЕКГ, Аудиометрија и БМИ (Боди мас индекс) z Рендген на бели дробови и на срце z GPS – global postural screen foot screen - подоскоп биомеханички прегеди на зглобови и на пршлени (функционалност и мобилност) z Лабораториски анализи Крвна слика Серумско железо - Fe Седиментација - SE Уринарен статус Уринарен седимент Гликемија HgA1C - Гликолизиран хемоглибин Холестерол Триглицериди HDL - Липопротени со висока густина LDL - Липопротеини со ниска густина Уреа Креатинин
Ацидум урикум Вкупен билирубин Директен билирубин AST (GOT ); ALT ( GPT ) GGT Gamma – glutamul transferase TSH и слободен Т4 тироидни хормони z Ортопедски преглед и дензитометрија - Специјалистички преглед - Целосна телесна композиција и евалуација на масно ткиво z Рендгенолошки прегледи КТ на цело тело или посебни системи z Невролошки преглед Невролошки преглед z Кардиолошки преглед - Консултативен преглед - Ултрасонографски преглед на срце - Толкување на ЕКГ z Коронарен стрес-тест z Гинеколошки преглед - Пап-тест - Гинеколошки преглед - Ултразвук
- Колпоскопија z Микробиолошки испитувања - Хламидија - Уреоплазма, микоплазма - Брис од вагина - Брис од цервикс - Уринокултура z Интернистички преглед - Консултативен преглед - Ехо на абдомен z Ултразвук на тироидна жлезда z Комплетна дијагностика на гради Дигитална мамографија задолжнително за дами над 40 год. Ако мамографијата покаже потреба од ултразвук, истата ќе чини z Одредување ниво на стрес на работно место - Психолошко тестирање z Профил на личноста -Психолошки тест за структура на личност z ОРЛ-преглед
МЕНАЏЕРСКА ПОНУДА ЗА ГОСПОДА z Клинички преглед на цело тело со пулмонални тестови (спирометрија), ЕКГ, аудиометрија и БМИ (боди мас индекс) z Рендген на бели дробови и на срце GPS – global postural screen foot screen - подоскоп биомеханички прегледи на зглобови и на пршлени (функционалност и мобилност) z Лабораториски анализи Крвна слика Серумско железо-Fe Седиментација - SE Уринарен статус Уринарен седимент Гликемија HgA1C - Гликолизиран хемоглибин Холестерол Триглицериди
HDL - Липопротени со висока густина LDL - Липопротеини со ниска густина Уреа Креатинин Ацидум урикум Вкупен билирубин Директен билирубин AST (GOT ); ALT ( GPT ) GGT Gamma - glutamul transferase TSH и слободен Т4 тироидни хормони z Ортопедски преглед и дензитометрија - Специјалистички преглед - Целосна телесна композиција и евалуација на масно ткиво z Рендгенолошки прегледи КТ на цело тело или посебни системи z Невролошки преглед Невролошки преглед z Кардиолошки преглед
- Консултативен преглед - Ултрасонографски преглед на срце - Толкување на ЕКГ z Коронарен стрес-тест z Интернистички преглед - Консултативен преглед - Ехо на абдомен z Ултразвук на тироидна жлезда z Уролошки преглед - Консултативен преглед - Ехо на простата - ПСА - лабораториска анализа (тумор-маркер) z Одредување ниво на стрес на работно место - Психолошко тестирање z Профил на личноста - Психолошки тест за структура на личност z ОРЛ-преглед
ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРЕГЛЕДИ: Ракот на дебелото црево е болест без симптоми. Излечив е во рана фаза доколку се открие навреме. За сите лица постари од 45 години се препорачува превентивен скрининг-преглед на дебелото црево (колоноскопија). Тоа подразбира правење тотална колоноскопија со можност тој да се изврши со општа, интравенска, краткотрајна анестезија.
Колоноскопија се препорачува за пациенти со близок роднина (мајка, татко, баба, дедо) болен од рак на дебелото црево. Со стратегија за рана дијагностика на малигните болести на желудникот се нуди гастроскопија со можност таа да се изврши во интравенска краткотрајна анестезија. Прегледите се предвидени како за пациентите со дискретни симптоми, така и за тие без симптоми.
1. Гастроскопија 2. Гастроскопија со анестезија 3. Колоноскопија 4. Колоноскопија со анестезија 5. Гастроскопија и колоноскопија 6. Гастроскопија и колоноскопија со анестезија
ǽDZǻǾDZǸǮǼǴ _ ǜǑǎǔǞnj 11
www.kapital.mk
Капитал број 838 20.11.2015
60
Машко здравје Рак на белите дробови
Р
Проф-др. Андреја Арсовски
торакален и васкуларен хирург, приватна Клиничка болница „Ре – Медика“.
акот на белите дробови е една од најчестите причини за смрт од малигноми кај мажите, а се почесто и кај жените. Зачестеноста на овој тип на рак е во пораст како резултат на пушењето и современиот начин на живот. Но, наспроти овие факти, современата медицина нуди можности за успешен третман на ова исклучително тешко и сериозно заболување. За победа над оваа болест исклучително е важно ракот на белите дробови да се открие во што поран стадиум, објаснува Проф.Др. Андреја Арсовски од првата приватна Клиничка болница „Ре – Медика“. XX Еве како Д-р Арсовски советува да се препознаат првите симптоми: Кај кои состојби лекарите треба да размислуваат дека можеби зад тие симптоми се крие и рак на белите дробови? Секоја пролонгирана кашлица која не поминува по спроведен адекватен третман треба да се помисли меѓу другото, и дека може да се работи за бронхоген карцином. Исто така, кај бронхопнеумонии кои не се санираат после правилно одредена терапија, треба да се направат дополнителни испитувања за да се исклучи рак на белите дробови. При искашлување на крвав или сукрвичав искашлок исто така, треба да се направат одредени иследувања за да се исклучи или евентуално докаже ракот на белите дробови. Кај сите овие состојби треба да се индицира правење на бронхоскопија. Треба да се нагласи дека кај бронхогениот карцином рани симптоми не постојат или се многу некарактеристични, така да гореспоменатите симптоми треба да се сфатат сериозно и да се направат овие испитувања. XX Што доколку се утврди постоење рак на белите дробови: При постоење на белодробен рак се јавува малаксаност, слабеење и болки во градниот кош, како и многу други симптоми. Во колку се докаже рак на белите дробови за одредување на правилниот третман потребно е да се
одреди стадиумот во кој се наоѓа болеста. Откако ќе се направат сите испитувања се одредува терапевтскиот пристап. Најдобро е ако општата состојба и локалниот наод дозволува примена на хируршко лекување. Денес, при постоење на големи тумори се почесто се применува и таканаречена неоадјувантна терапија, т.е. предоперативно се даваат цитостатици, поретко зрачење, а откако ќе се намали туморската маса се оди на оперативно лекување. После операцијата се даваат цитостатици или зрачење или се применува нивна комбинација. Лекувањето на белодробниот рак е тешко, комплексно и мачно за пациентот. Но, резултатите што современата медицина ги постигнува ни дава надеж и волја да истраеме во лекувањето и борбата со ова тешко заболување. XX Практичен совет: За крај уште еднаш да нагласиме дека мораме соодветно да ги испитуваме сите рани симптоми и со тоа да ги откриваме случаите со белодробен карцином во рана фаза кога адекватниот современ третман може да доведе до излекување на пациентот и со тоа да се добие битката ракот на белите дробови.
Хронични респираторни болести
Х
д-р Камелија Бушљетиќ
пулмо-алерголог, приватна клиника “Аџибадем Систина“
роничната опструктивна белодробна болест (ХОББ) претставува сериозна болест на белите дробови која го отежнува дишењето и со тек на време може да ве доведе во состојба да не можете да се грижите за себе. Во основа се работи за хронична воспалителна болест којашто ги напаѓа алвеолите (дишните меурчиња) и доведува до нивна деструкција, која клинички се манифестира како емфизем, или ги стеснува дишните патишта и доведува до појава на хроничен бронхит, но најчесто двете работи заедно. Болеста многу ретко е изолирана, најчесто е придружена и со заболувања на кардиоваскуларниот систем (коронарна артериска болест, покачен крвен притисок, срцева слабост), генерализирана артериосклероза, шеќерна болест, остеопороза, белодробен карцином и карцином на други локализации, опструктивна слип апнеа и уште многу други болести. Затоа се смета дека, најверојатно, се работи за мулти системско заболување, а белодробната манифестација е само еден од облиците на нејзино манифестирање. Притоа, најголем ризик фактор за појава на ХОББ е пушењето , објаснува Д-р Камелија Бушљетиќ, пулмо-алерголог во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ XX Симптоми Најчести симптоми се хронична кашлица, со искашлување на искашлок или без, немање воздух, свирење во градите, гушење. Бидејќи кашлицата е составен дел од животот на пушачите, особено оние долгогодишни, болеста се открива најчесто во напреднат стадиум кој докторите го класифицираат во средно тешка состојба. Голем број од пациентите помош за своите симптоми бараат на другите клиники, најчесто на кардиологија. Болеста се дијагностицира со спирометрија со помош на едноставен
апарат – спирометар, кој ни дава можност да одредиме колку воздух може да вдишеме и издишеме и во зависност од тоа да одредиме каков е капацитетот и волуменот на нашите бели дробови, како и пресметување на нивните меѓусебни соодноси. XX Совет: Престанете со пушењето Најдоброто нешто што можете да го направите за себе и за своето здравје е да престанете со пушењето. Тоа воедно е и најтешката одлука која треба да ја донесе пациентот. Пушењето е хемиска зависност и е исклучително тешко да се откажете иако пушачите мислат дека тоа не е проблем, а не се свесни дека доволно е еден дим од цигара и повторно да се вратат на цигарите. Вториот третман е медикаментозен, со лекови, потоа кислородна терапија, хируршки третман и рехабилитација. XX ХОББ не се лекува, но може да се спречи Болеста не може да се излекува бидејќи дефинитивно ги оштетува белите дробови. Ако не престанете да пушите, природниот тек на болеста уште повеќе се забрзува, а лековите помагаат само да се намалат симптомите на болеста. Како компликации на болеста се јавува респираторна слабост, влошување на другите придружни болести и комплетна неспособност за каква било работна активност, дури и во грижата за себе. XX Превенција Превенцијата е да не се пуши и да имаме здрава животна и работна средина. Да вежбаат и да имаат здрави животни навики и, секако, да ги слушаат нашите препораки бидејќи за нашите пациенти ние не сме само доктори туку и пријатели.
www.kapital.mk
Капитал број 838 20.11.2015
специјален прилог
61
Кожни инфекции со HPV
(човечки папиломен вирус)
пишува:
Др. Анета Петрушевска Спец. Дерматовенеролог Орд. Др. Анчевски Тел : 321 66 08
Што се HPV инфекции?
Човечкиот папиломен (HPV – Human Papillomavirus) е вирус кој ја инфицира кожата и слузокожата кај луѓето и предизвикува разни промени познати во народниот јазик како кондиломи или генитални брадавици. Повеќе од половина сексуално активни мажи се заразуваат со ХПВ во некој период од својот живот, а на околу 1% од нив им се појавуваат генитални брадавици. Фамилијата на HPV вируси се повеќе од 100 типови, кои се идентификуваат со бројки, како на пример HPV-16, HPV-28. Некои типови на HPV предизвикуваат обични брадавици, некои предизвикуваат рак, а некои немаат никакви симптоми. Повеќето луѓе кои се заразени со HPV не знаат дека го имаат вирусот.
Како се пренесува HPV инфекција
HPV инфекцијата се пренесува со контакт кожа-кожа. Гениталната HPV инфекција се пренесува преку сексуален контакт. Во најголем број случаи инфекцијата се манифестира со тип на промени како брадавици на кожа или слузокожа.
Видови на HPV инфекција Вирусни брадавици
Претставуваат неканцерогени кожни израстоци предизвикани од HPV инфекција тип 2 и 7. Овој вирус предизвикува брз раст на клетките на површинските слоеви на кожата. Имаат боја на нормална кожа и на допир се груби. Постојат повеќе типови: XX обични брадавици се јавуваат најчесто на рацете и прстите, околу ноктите, и на брадата кај мажите. Во почетокот се јавува мало чворче со боја на кожа, постепено се зголемува, а површината станува нерамна и разриена. Се јавуаат поединечни
или во групи. Брадавицата мајка се јавува прва и е секогаш поголема од брадавиците ќерки кои се јавуваат во нејзиното соседство. XX Плантарни брадавици се јавуаат на стопалото. Тие растат навнатре и поради тежината на телото плантарните брадавици се втиснати како “трн” во табаните и предизвикуваат болка при одење. XX Плоснати брадавици се мали и мазни издигнувања на кожата, се јавуваат во поголем број 20 до 100, нагло, најчесто на челото кај децата и младинците, на брадата кај мажите и на нозете кај жените.
Генитални брадавици
Типови на HPV што предизвикуваат кондиломи не се исти кои предизвикуваат цервикален карцином. Сепак, поради тоа што едно лице може да биде заразено со повеќе типови на HPV, присуството на кондиломите не ја исклучува веројатноста за присусво на некои од високо ризичните типови. Најчесто се пренесуваат по сексуален пат, а можно е пренесување и со автоинокулација. Почесто се јавува кај помладата машка популација што е сексуално активна. Предиспонирачки фактори за нивна појава се влажна средина, механички дразби, микрооштетувања на кожата и слузокожата на гениталните органи, како и намален имунитет. Времето на инкубација е од неколку недели до повеќе месеци. Почетните промени се мали, меки израстоци со беличаста или црвеникава боја, кои постепено се зголемуваат и по број и по големина,
се спојуваат и наликуваат на карфиол. Текот на болеста е хроничен, кондиломите никогаш сами не се повлекуваат, а можно е нивно повторување.
Терапија
Терапија на кожните брадавици, а особено на кондиломите може да биде проблематична бидејќи не постои специфична антивирусна терапија и ризикот од повторување е присутен. Важно е да се отстранат предиспонирачките фактори, лекување на партнерот, контролни прегледи поради ризик од повторување на болеста. Во локален третман се применува течен азот а во последно време еден од најуспешните начини е примена на радиобранова хирургија за отстранување на кондиломи, кожни брадавици и папиломи. Методата е стого селективна на самите промени без разорување на околното ткиво. Третманот е еднократен , брз и успешен. Колку вирусот ќе му наштети на организмот ќе зависи од неговата одбрамбена способност. Терапија има за цел да ја излечи активната инфекција со вирусот, но нема да успее да го ерадицира вирусот кој останува притаен во кожата. Затоа на овие пациенти им се препорачува дополнително примање на одредени суплементи, витамини, минерали, антиоксиданси, здрава исхрана и менаџмент на стресот со цел да се зајакне имунитетот што не е така едноставна и брза работа, но е еден од предусловите за победа над вирусната инфекција. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 838 20.11.2015
62
Машко здравје
Топ намирници за подобро здравје на мажите
Не е машки да се јаде сè!
М
Мажите на многу начини се разликуваат од жените, а еден од нив секако се и нивните нутритивни потреби. Како што на жените им се потребни одредени нутрити за време на бременоста или за заштита од рак на дојката, така и машките треба да внесуваат одредени нутрити кои спречуваат појава на карцином на простата и генерално да го чуваат своето здравје. Ова се дел од намирниците кои ги препорачуваат светските нутриционисти:
Доматите се идеални за простата
Доматите, и другите производи направени од домати се одличен извор на ликопен. Ликопенот е каротеноид, природен антиоксиданс кој се наоѓа во овошје и зеленчук, а кој пред се е заслужен за интензивната црвена боја кај доматите. Во организмот, тој се концентрира во простата и тестисите, а неговата консумација е поврзана со намалување на ризикот од карцином на простата. Едно истражување кое го проучува влијанието на храната и појавата на сериозните болести исклучиво кај мажите покажа дека на 50 испитаници со само два пати неделно земање на домати ризикот за карцином на простата се намалува за 23 отсто. Ликопен во организмот се внесува и од лубеници, а интересно е тоа што научниците во една студија открија дека состојката во лубеницата со име цитрулин влијае на крвните садови исто како и таблетата Вијагра, па така таа може на природен начин да помогне при постигнување и одржување на ерекција.
Јајца за коса
Јајцата содржат висококвалитетни протеини кои се неопходни за раст на косата. Исто така содржат биотин, витамин Б кој е многу важен за здравјето на косата со оглед на тоа дека ги зајакнуваат фоликулите на косата. Жолчката во јајцата исто така е и вреден извор на селен и цинк, двата минерали кои придонесуваат за одржување на нормална коса. Недоволното внесување на цинкот, може да ја направи косата потенка, но да придонесе и до нејзино губење.
Риба за срце
Добро е познато дека мрсната риба како лосос, сардини и туна се најдобар извор на омега 3 масните киселини. Овие многу вредни незаситени маснотии придонесуваат за нормалната функција на срцето и особено се важни за здравјето на кардиоваскуларниот систем. Рибата исто така се препорачува и поради тоа што содржи висококвалитетни белковини и бројни витамини и минерали, особено антиоксидансот селен. Се препорачува да се консумира барем два пати неделно.
Ореви за добро здравје на мозокот
Оревите се одличен извор на омега 3 масните киселини, тие се антиоксиданси кои се многу добри за здравјето на мозокот. Овие супер нутриенти се покажаа како многу ефикасни при намалување на депресијата и одржување на когнитивните функции. Оревите исто така се добри за намалување на стресот и на воспаленија во организмот кои природно се случуваат со стареењето.
Интегрални житарици за добро варење
Интегралните житарици обезбедуваат сложени јаглехидрати, витамини, минерали и за правилно варење особено ва важните состојки како влакната. Прехранбените влакна имаат важна улога во редовното празнење на цревата, поради што токсичните супстанци пократко се задржуваат во организмот и на тој начин се минимизира ризикот од бројни опасни состојби. Освен тоа, храната богата со влакна може да биде од корист во регулирање на телесната маса. Влакната сами по себе немаат калориска вредност, но поради способноста да апсорбираат вода може да придонесат чувство на ситост.
Чоколадно млеко
Чоколадното млеко може да биде ефикасен и одличен пијалак кој најдобро е да се користи после вежбање оти помага при закрепнување на мускулите на телото. Истражувањата покажуваат дека најдобро е млекото да се користи веднаш после напорно вежбање и два часа по вежбањето.
Омега 3: И рибата, но и оревите се богат извор на овие масни киселини