8 minute read

ИНТЕРВЈУ Венера Крлиу – Ханџиски

Наша образовна цел е да понудиме модел што ќе ги подготви младите луѓе што полесно да ја направат транзицијата од академскиот кон професионалниот контекст и што поуспешно да почнат да градат кариера. УАКС е многу повеќе од Универзитет, многу повеќе од функционален образовен систем. УАКС е заедничко место за голем број индивидуи, секој со свој личен потпис и со свој личен влог во општеството. Нашиот тим е целосно посветен на нашите студенти, но суштински дел од таа наша посветеност е и влогот во себе, нашиот личен развој низ стимулирање на нашите сличности и разлики. Со текот на годините изградивме атмосфера во која сме поттикнати да ги збогатиме нашите животни и професионални искуства и да ги негуваме сопствените квалитети и таленти.

Advertisement

INTERVIEW

ВЕНЕРА КРЛИУ –ХАНЏИСКИ

ПРОРЕКТОР ЗА НАСТАВА НА УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ

УАКС Е МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД УНИВЕРЗИТЕТ

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

УУниверзитетот Американ Колеџ Скопје минатата година во услови на пандемија и прилагодена настава на новите услови, прослави голем јубилеј: 15 години од почетокот со работа, период во којшто оваа високообразовна институција израсна во една од најквалитетните и најпрестижните во земјава, според меѓународните рангирања на повеќе светски независни тела. УАКС се смета за универзитет од третата генерација – универзитет кој е независен од владина поддршка, спроведува настава главно на англиски јазик, и функционира во рамки на регионален или глобален пазар. Како што вели проректорот за настава на УАКС, д-р Венера Крлиу – Ханџиски, идејата на основачите била да понудат модел што ќе ги подготви младите луѓе што полесно да ја направат транзицијата од академскиот кон професионалниот контекст и што поуспешно да почнат да градат кариера. Со г-ѓа Крлиу – Ханџиски разговаравме за тоа што значи УАКС на мапата на високото образование во земјава и регионот, како и кои се плановите и визијата за понатамошното развивање на универзитетот. Пред 15 години, почна приказната за УАКС. Како се одвиваше тој процес, со каква замисла и со која цел презедовте ваков потфат? Почетокот на нашата приказна беше онаму каде што за другите вообичаено е крајот на студирањето – што со дипломата во раце. Почнавме од размислувањето за тоа какво образование сакаме да понудиме и што навистина ќе значи нашата диплома за младите луѓе. Сите сме биле на тоа место, сите сме ја почувствувале таа неизвесност, возбуда и страв од непознатото, од иднината, од отворените можности и изложеноста на неуспех. Сите имаат силни спомени од првото интервју за работа, позната е тремата кога одите некаде, гледате нови, непознати лица, тропнувате на нечија врата, и – и покрај сите знаења, вештини, искуства, проекти, високи оценки и дипломи – се соочувате со трема, паника, страв. И токму тоа чувство е она што ние на УАКС сакавме да го промениме, да го редефинираме и да му додадеме друг тон – оптимистички, ведар, надежен. Оттука, ние сме фокусирани токму на преминот на нашите студенти од академскиот свет кон светот на бизнисот, нивното „вдомување“ во реалниот свет. Во текот на целото образование, ние ги учиме нашите студенти не само на знаења, вештини и способности, туку им обезбедуваме и пракси, стажирања, работни задачи во вистински компании, вмрежување и афилијација. Им ги отвораме вратите насекаде, без разлика дали се тоа големи корпорации или мали невладини организации, секогаш притоа следејќи ги нивните интереси, желби и амбиции. УАКС има уникатна образовна стратегија. Во што се состои вашиот поинаков пристап? Наша образовна цел е да понудиме модел што ќе ги подготви младите луѓе што полесно да ја направат таа транзиција од академскиот кон професионалниот контекст и што поуспешно да почнат да градат кариера. Ние ги учиме студентите и како да ги следат своите сништа и да не отстапуваат пред пречките, ги охрабруваме да останат свои и да веруваат во себе, ги негуваме нивните соништа и амбиции, притоа не останувајќи на пароли и инспиративни пораки, туку низ интегрирана едукација која се базира на внимателно и посветено долгогодишно градење знаења, вештини и методи. Наш предизвик е да ја препознаеме индивидуалноста кај секој студент и да му помогнеме да се пронајде себеси. Ги запознаваме, работиме со нив, им се посветуваме, ги развиваме нивните идеи и планови, им помагаме на различни начини и им помагаме вистински да се осознаат себеси. Притоа, ги учиме студентите на проактивност, на иницијативност, на смелост, на претприемачко размислување, на личен влог во општеството и државата, на еден поинаков mindset во кој тие ќе се реализираат себе си како вистински чинители на заедницата и ќе станат личности што носат промени. Што е она на што се гордеете и Вие, и Универзитетот? Оставаме за нас да зборуваат нашите студенти. Се вложуваме искрено и целосно во нивната едукација, развојот на т.н. soft skills и целокупното остручување, и задоволство е што можеме да кажеме дека нивните успеси се наши успеси. Јас се радувам на секое нивно вработување и унапредување, и на секој нов стартап или бизнис потфат на УАКС студент гледам како на свој. Притоа, посебно сум горда на тоа што успеавме да развиеме еден поинаков образовен модел што се одликува со уникатна комбинација на стандардни академски содржини формулирани според американски и европски наставно - научни програми, но со посебно внимание на примерите од пракса. Па така, нашите студенти учат како вистински да ги препознаат и да ги валоризираат своите таленти, хобија и интереси, без разлика дали е тоа здрава храна, фитнес, облека или мобилна апликација. Измислуваат нови бизниси, развиваат проекти и апликации, создаваат нови производи, креираат услуги и имаат идеи кои и нас нѐ изненадуваат. Ги поддржуваме во секој чекор од процесот, почнувајќи од развој на бизнис план, преку промоција и претставување пред нашата Алумни заедница, па сѐ до вмрежување, помош при маркетинг стратегии и развој на интерни програми за лојалност. Нашата Алумни мрежа е распространета низ целата земја, регионот, а и во странство, а нашите алумнисти се отворени и расположени за помош, совет, размена на искуства и соработка, што е неспоредлива предност за секој УАКС дипломец. Покрај сето ова, УАКС веќе долги години го гради и негува својот Деловен Совет, тело составено од претставници на бизнис секторите кои се поврзани со нашите Факултети и за кои во суштина ние подготвуваме кадри, со цел што поуспешно интегрирање на дипломците и што поприлагодена настава на реалните потреби на бизнисите. Чест и задоволство ни е што соработуваме со компании и здруженија од секаков вид и големина, од НБРСМ до ревизорски куќи, од Асоцијацијата за просторно планирање на РСМ до Смарт Ливинг Дизајн, од Тиквеш до Семос Едукација. Секако, изразуваме почит и благодарност и до Усје, Шпаркасе Банка, Македонска берза, Јуте Кредит, А1, Македонски Телеком, Витаминка, Метрополис радио, Здружение Љубезност, Општина Карпош, Град Скопје, амбасади, основни и средни училишта низ републиката, и навистина многу, многу други.

Ние ги учиме студентите и како да ги следат своите сништа и да не отстапуваат пред пречките, ги охрабруваме да останат свои и да веруваат во себе, ги негуваме нивните соништа и амбиции, притоа не останувајќи на пароли и инспиративни пораки, туку низ интегрирана едукација која се базира на внимателно и посветено долгогодишно градење знаења, вештини и методи.

Мрежата на наши соработници и пријатели е навистина широка и опсежна, што ни овозможува вистински голема слобода во размислувањата и креативност во пристапот. Успеавме да достигнеме толку високо ниво на соработка со членките на Деловниот Совет, што компаниите сами доаѓаат кај нас и ги бараат своите нови вработени во редовите на нашите студенти. Зошто е УАКС различен од другите универзитети? Што ве издвојува? УАКС е многу повеќе од Универзитет, многу повеќе од функционален образовен систем. УАКС е заедничко место за голем број индивидуи, секој со свој личен потпис и со свој личен влог во општеството. Да, нашиот тим е целосно посветен на нашите студенти, но суштински дел од таа наша посветеност е и влогот во себе, нашиот личен развој низ стимулирање на нашите сличности и разлики. Со текот на годините изградивме атмосфера во која сме поттикнати да ги збогатиме нашите животни и професионални искуства и да ги негуваме сопствените квалитети и таленти. Секој од нашите вработени е приказна за себе, постигнување за себе, паралелно со професионалниот ангажман на УАКС, и се гордеам со секој од нив. Тука мислам и на професорите, кои покрај сѐ, се вредни и активни чинители во општествено - политичкиот живот, и на предавачите од пракса, кои постојано преземаат нови потфати со цел унапредување на бизнис и социјалната заедница, и на административно - менаџерскиот кадар на Универзитетот, кои се вложуваат себе си во надворешни социјални, креативни или бизнис проекти, лични и групни иницијативи, и остваруваат завидни успеси. Задоволство ми е што како дел од нашиот тим ги имаме:

• Марјан Бојаџиев, кој освен тоа што е Провост на

УАКС, е и почесен конзул на Унгарија во РСМ. • Мишко Ралев, кој покрај тоа што е Декан на ФАД при УАКС, е и претседател на Асоцијацијата на архитекти на РСМ. • Оливија Георгиевска, која покрај тоа што е академски координатор во АХСС и координатор за

IB програмата на училиштето, е писателка за деца и илустраторка. • Иван Додовски, Декан на факултетот за политички науки и писател. • Сандра Грујеска, која освен тоа што е наш координатор за Деловен совет и Кариерен центар на УАКС, е и сопственик на училиште за странски

јазици и добитник на награда Teacher of the Year на регионално ниво. • Ваљон Салиху, Алумнист на УАКС и Портпарол на

Град Скопје • Димче Мицевски, кој освен што работи

PR и маркетинг комуникации на УАКС, е и

Потпретседател на Global Shapers Skopje Hub. • Марјан Петрески, кој освен што е Проректор за

НИР и одговорен за Докторската школа на УАКС, од скоро е и член на Управниот одбор на НБРМ. • Александра Симова Клинчарова, која освен што работи маркетинг и корпоративни комуникации на УАКС, пишува сликовници и објавува детска поезија.

This article is from: