
5 minute read
ИНТЕРВЈУ Александар Маневски
from 05- Manager


Advertisement
Со веќе воспоставена и докажана доверба од клиентите, често сме вклучени и во процесот на носење на нивните редовни деловни одлуки, за развој на нови бизнис идеи или одржување на ликвидност и рентабилност на тековните проекти и активности. Добар и навремен банкарски совет, не ретко се покажал како голем бенефит за клиентите. Во овој контекст ја промовиравме услугата Мој Банкар – Персонализирана услуга за правни лица. За лојалните клиенти на Банката услугата е без надомест.
ДИРЕКТОР НА ДИРЕКЦИЈА СТРАТЕШКИ КЛИЕНТИ, УНИБАНКА

„МОЈ БАНКАР“ ЗА ПРАВНИ ЛИЦА
РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ
Разговаравме со г-дин Александар Маневски, директор на Дирекцијата за стратешки клиенти во УНИБанка за тоа што значи персонализираната услуга Мој Банкар којашто ја имаат воведено за клиентите правни лица, во услови кога забрзаната дигитализација во контекст и на пандемијата, наметнуваат сe’ поголемо користење на електронското банкарство. Г-дин Маневски, кои се активностите кои ги извршува Дирекцијата стратешки клиенти во УНИБанка? УНИБанка се етаблира како Банка на клиентот. Препознатлива по дигитализација на своите продукти, високо ниво на услуга и посветеност кон своите клиенти. Активностите на Дирекцијата се надоврзуваат на оваа стратегија на Банката, преку опслужување на правни и физички лица, кои зависно од обемот на соработката со Банката добиваат статус на стратешки клиенти. Имаме тим од искусни и стручни банкари кои на овие стратешки клиенти им овозможуваат персонализирана, професионална и непосредна услуга во извршување на нивните секојдневни банкарски активности. Од отворање на трансакциска сметка во Банката, извршување на денарски и девизни трансакции, до користење на кредитни или депозитни продукти, клиентот е постојано воден низ процесот од назначен менаџер за стратешки клиенти. На тој начин користењето на продуктите и услугите на Банката е многу поедноставно, побрзо и поефикасно. Во таа непосредна континуирана
комуникација со клиентите се врши и нивно финансиско советување. Најчесто тоа се совети за соодветен избор на кредитен продукт кој најмногу одговара на нивниот постоечки бизнис и идеи за развој на истиот или депозитен продукт кој ќе донесе најголем и најсигурен принос од нивните расположливи парични средства. Со веќе воспоставена и докажана доверба од клиентите, често сме вклучени и во процесот на носење на нивните редовни деловни одлуки, за развој на нови бизнис идеи или одржување на ликвидност и рентабилност на тековните проекти и активности. Добар и навремен банкарски совет, не ретко се покажал како голем бенефит за клиентите. Во овој контекст ја промовиравме услугата Мој Банкар – Персонализирана услуга за правни лица. За лојалните клиенти на Банката услугата е без надомест. Дали има интерес од компаниите за користење на таков тип на услуга на Мој Банкар, во случај кога најголем дел од компаниите работат со електронско банкарство? Дефинитивно! УНИБанка континуирано инвестира во развој на дигитализацијата. Денес располагаме со врвно електронско банкарство, кое на компаниите им овозможува беспрекорно, брзо, сигурно и евтино извршување на банкарски трансакции во земјата и странство. Нудиме уникатни бизнис Е-пакети, преку кои компаниите неколкукратно можат да ги намалат банкарските провизии во извршување на плаќањата. Но, покрај процесот на дигитализација, сметаме дека значаен сегмент во градење на долгорочна соработка со клиентите е и персоналната континуирана комуникација и консалтинг. Од таму, паралелно со дигитализацијата на секојдневните банкарски услуги го развиваме и усовршуваме и тој дел, кој доаѓа како една дополнителна вредност на сите продукти кои ги нудиме. Клиентите ја препознаваат оваа услуга и брзо ги согледуваат бенефитите од истата. Како успевате во време на пандемија да ја нудите оваа услуга и да ги извршувате редовните активности? Пандемијата ја забрза дигитализацијата и не’ предизвика да размислуваме за нов пристап со цел да отвориме нови хоризонти за развој на бизнисот. Активно комунициравме со постоечките клиенти и заеднички разгледувавме решенија за финансиско премостување на периодот, посебно кај тие клиенти кои имаа директен негативен финансиски импакт од пандемијата. За нив, соодветно беше направена и мерка за олеснување на постоечките кредитни изложености во Банката. Различни типови на компании, зависно од дејноста, носеа различни деловни стратегии. Помалите компании, како пофлексибилни, брзо ги променија своите првични поставени стратегии. Тоа го правеа со промена на дејноста, адаптирање на процесите на нудење на услугите, промена на канали на продажба, промена на ценовна политика и сл. Во тој контекст забележителен е и порастот на on-line трговијата. Како Банка во тој сегмент континуирано нудиме атрактивна услуга за Виртуелен Пос-Терминал, со што им асистираме на клиентите во техничко решавање и вршење на продажбата преку on-line продавница. Добар дел од клиентите, користејќи ја нашата експертиза и финансиска поддршка, пронајдоа правилен рецепт и не само што успешно ја надминуваат кризата, туку имаат и значително зголемување на својот бизнис. Од аспект на контактирање со нови и постоечки клиенти, имплементиравме нов пристап со одржување на on-line состаноци. Секако, дека постои разбирање од клиентите за ваквата ситуација и нивно прилагодување на овој начин на комуникација. Овој период често слушаме да се навикнеме на новото нормално време. Лично не би сакал да прифатам дека ова е едно ново нормално време и посакувам брзо да ни се врати старото нормално време. Што е потребно за еден банкарски службеник да биде добар Мој Банкар? Познавање на законската регулатива и големо банкарско искуство е основата. Потребно е да се познаваат сите продукти и услуги кои ги нуди УНИБанка, како и тие на конкурентските Банки. Работното место, бара познавање и на бизнисот на компаниите, односно способност за финансиска анализа, креирање и толкување на бизнис планови, стратегии и сл. Последно, но не помалку важно е начинот на комуникација и одржување на релација со клиентите. Тема, за која е потребно ново интервју. Кои ви се следните планови? УНИБанка секогаш настојува да понуди нешто повеќе и да ги надмине очекувањата. Продолжуваме во насока на развој и дигитализацијата на процесите и продуктите на Банката и подобрување на каналите на комуникација со постоечките и новите клиенти, правејќи еден успешен хибрид од овие две стратегии. Промовираме нов кредитен продукт за Правни лица. Бизнис кредит 12-ка! Кредит со флексибилна отплата со рок до 12 години, со можност за грејс период до 12 месеци. Сметаме дека еден ваков продукт, прилагоден на бизнис потребите и можностите за отплата на секоја компанија, ќе помогне во премостување и стабилизирање на финансиската состојба како и исполнување на инвестициските потреби на компаниите. Ќе отвориме дополнителен канал за комуникација со потенцијални клиенти – Закажи on-line состанок - преку кој заинтересирани клиенти би можеле да закажат состанок во време и тема на кој нив им одговара. Ние ќе бидеме тука за нив.