6 minute read
Ковид
from 05- Manager
Многу ми значи тоа што имаме мотивиран тим, и тоа што нашите студенти навистина имаат од кого да учат. Притоа, академските квалификации се само еден аспект од многуте – нашите вработени се извор на знаења, искуства и совети од најразличен вид, што се покажа дека е дополнителна мотивација за нашите студенти.
• Дита Старова Ќерими, предавач на УАКС и директор на Националната Галерија на Македонија. • Димитар Ковачевски, кој е шеф на катедра за маркетинг на УАКС, а сега е и заменик-министер за финансии во МФ на РСМ. • Виктор Димовски, наш Алумнист и соработник, поранешен амбасадор, а сега актуелен директор на
Advertisement
АНБ. • Стево Пендаровски, еден од основачите на катедрата за политички студии на УАКС, е и актуелен Претседател на РСМ. Листата оди до недоглед и би се извинила уште сега за сите оние што не се споменати, а заслужуваат, затоа што УАКС е место во кое се концентрираат добри идеи, амбиции, ентузијазам и подготвеност за промени и делување. Можеби звучи нескромно, но навистина сите што дошле на УАКС успеале да постигнат многу повеќе во животот. Многу ми значи тоа што имаме мотивиран тим, и тоа што нашите студенти навистина имаат од кого да учат. Притоа, академските квалификации се само еден аспект од многуте – нашите вработени се извор на знаења, искуства и совети од најразличен вид, што се покажа дека е дополнителна мотивација за нашите студенти. Пријателскиот однос, довербата и соработката што ја имаме изградено со нив ни овозможува да ги продолжиме контактите и долго по дипломирањето. И во тоа е силата на УАКС. Какви студенти создава УАКС? Како котираат на пазарот на труд и кои се нештата што работодавците ги ценат кај нив? Ако се земе предвид фактот дека студентите на УАКС се вработуваат веднаш во дипломирањето, притоа голем дел од нив дури и пред да дипломираат, може да се заклучи дека се работи за висококвалификувани, профилирани и остручени кадри, токму она што им е потребно на компаниите денес. Нашите студенти се подготвени веднаш да се интегрираат во бизнис светот, бидејќи веќе го имаат поминато оној процес на обука, стажирање, проектно работење, имаат одредено искуство, а и веќе развиени социјални, комуникациски, презентациски и останати вештини. Станува збор и за барани струки, посебно од областа на ревизијата и сметководството, или пак IT кадрите, кои фасцинираат со својата инвентивност и иновативност. Голем дел од нашите студенти се вработени во бизнис заедницата, во банкарските и финансиските сектори, во маркетинг и менаџмент одделите... Сѐ поголем е бројот на наши студенти – HR менаџери и деловни психолози, едни од најатрактивните професии на денешницата, многу барани и кај нас, и во странство. Имаме многу успешни правници кои еднакво работат корпорациско право, но и правна заштита на социјално загрозени и маргинализирани заедници, имаме архитекти кои создаваат големи нешта и чии визии се вреднувани и наградувани на интернационални конкурси. Голем дел од нашите студенти имаат проекти и компании кои стигнале до тој степен на професионалност и лојалност што бараат нови вработени токму меѓу своите помлади колеги на УАКС, што за нас е сериозна потврда дека ете, можеби сепак работиме во добра насока. Притоа, низ целото наше патување со студентите во текот на нивните студии, основна вредност што сакаме да ја вгнездиме кај младите луѓе е етичкиот пристап во работењето, социјалната посветеност, хуманоста и враќањето кон заедницата. Научените факти и вештините се само празно знаење ако не се збогатат со љубов, пожртвуваност и филантропска активност, односно искрена потреба да се помогне некому. Затоа, посебно се гордееме на интересот и посветеноста кон социјалното претприемништво на нашите студенти, донациите што ги организираат, помошта што несебично ја овозможуваат и целокупната нивна решеност да го променат светот, чекор по чекор.
Прославивте 15 години постоење. Што потоа, какви се Вашите планови и визии за иднината на УАКС, и иднината на образованието? Минатата, 2020, беше година на пресврт за сите. И токму во неа, годината во која УАКС го означи својот петнаесетгодишен јубилеј, ние успеавме да реализираме неколку процеси и проекти што одамна ги планиравме и ги имавме почнато. Хибридната настава беше концепт што неколку години го работевме и го подготвувавме, но сѐ до минатата година ни се чинеше дека треба да почека, дека треба да се одложи за некоја друга иднина, дека пазарот не е подготвен, дека студентите не се подготвени... Но, условите на пандемија нѐ предизвикаа и едноставно, моравме да ги надминеме сите неизвесности и можни несигурности. И покрај тоа, успеавме да понудиме солидно разработено решение кое уште од самиот свој почеток се покажа како успешен пример за задржување квалитет во едукацијата. Моделот успешно функционира, имаме голем број студенти кои секојдневно учат и работат во вакви рамки и успеваат да постигнат големи нешта и покрај сѐ. Имавме голем број одлични тези и проекти, креативноста и инвентивноста се разбуди и се разви до максимум, а интернационализацијата на нашите студии стана реалност. Достапноста на нашите професори за странските студенти, како и достапноста на странските професори за нашите студенти, е зголемена и поедноставена, и тоа дополнително ги мотивира сите на УАКС. Нашите планови за иднина се во таа насока, зајакнување на меѓународната академска соработка на УАКС, како и пласирање на нашиот универзитет надвор од границите на земјата. Со образование што не е ограничено од локални услови или димензии, она што ние можеме да го понудиме и од аспект на академски кадар, и од аспект на дипломци, е навистина конкурентно и високо барано.
Како Американската Гимназија Скопје се вклопува во целата оваа приказна на Универзитет Американ Колеџ Скопје? Кога ја отворивме Американската Гимназија Скопје (American High School Skopje – AHSS), појдовме од идејата да создадеме место кое не само што ќе им понуди одлично образование на учениците, туку и ќе ги стимулира нивните лични карактеристики, ќе ги цени и почитува разликите и индивидуалниот влог во себе и општеството, и на тој начин ќе ги подготви за вистински чекор кон високото образование. Сакавме да креираме средина во која ќе негуваме толеранција, почит и разбирање кон сите, со цел средното училиште да биде сигурно, безбедно и пријатно место, поттик на личните амбиции и извор на убави спомени во иднина. Исклучително ни се важни етичките и филантропските вредности кај учениците, тоа е нешто на што посветуваме посебно внимание, со цел да ги оспособиме да размислуваат проактивно и за себе, но и за светот околу себе, и секако, во склад со заедницата од која се дел. Што е она што ја издвојува гимназијата од другите средни училишта во Скопје? Нашето училиште организира настава на англиски јазик, по програма акредитирана од сите релевантни институции во земјата, но и по меѓународни критериуми. Минатата зима стекнавме статус на кандидат за акредитација на Accrediting Commission for Schools, Western Association of Schools and Colleges, од САД, што значи обезбедување повисоко ниво на квалитет во образованието и поголема посветеност во пристапот кон учениците. Исто така, станавме и партнер на Peregrine Global Testing Services, кои ќе го спроведуваат нашето екстерно тестирање, со што ќе се увиди реалниот квалитет и нивото на знаење на нашите ученици во споредба со ученици од целиот свет. Она што е најново е воведувањето Меѓународна матура во училиштето, односно IB DP програма – International Baccalaureate Diploma Program. Оваа програма им овозможува на учениците да се запознаат со посебна методологија, да стекнат знаење кое е на повисоко ниво од гимназиското, и да добијат меѓународна диплома. За нас, воведувањето на IB програмата е голем чекор напред што ќе ни овозможи високо позиционирање во образованието, но и едуцирање ученици кои ќе бидат дел од глобалните едукативни трендови.