Menager 2015

Page 1

WWW.KAPITAL.MK

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

COVER STORY

ТУРБУЛЕНЦИИ

НА ЕВРОПСКИОТ специјален прилог ТЕЛЕКОМ ПАЗАР

Менаџер

И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ ПОЛИТИКА

ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?!

Што го мачи СУПЕРМАРКЕТИТЕ македонскиот менаџер: ПЛАЌААТ АНАЛИЗА

лекции КОЈ ГОза ВЛЕЧЕ секој КАПИТАЛ SPECIAL

ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ

КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ

CEO

МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ?

ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА МАКСТИЛ 22 МИЛИОНИ ЕВРА INTERVIEW: l ОД

ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ д-рИМААТ златко муцунски ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ПОСЕБЕН генерален менаџер на Порше Македонија ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА

БИЛДЕРБЕРГ: КАКВА ИДНИНА КРОИбизнисмени СВЕТСКАТА ВЛАДА? l најмоќни БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

во регионот

WWW.KAPITAL.MK

l INTERVIEW: кире Христовски генерален менаџер на КреаТИВа.инк

l менаџер во “облаци“ водич за cloud за секој сео


Капитал број 839 27.11.2015

36

www.kapital.mk

менаџер

Што го мачи македонскиот менаџер?

Лекции за секој CEO Како се прави извоз; како да ги усогласите членовите на бордот и менаџментот да работат заедно; како да најдете добар финансиски директор... Ова се дел од предизвиците што го преокупираат секој извршен директор денес. Капитал подготви водич за тоа како полесно да ги решите овие дилеми, во што ни помогнаа искусни менаџери и консултанти.

Стратегија: Извозот не е еднократна акција - треба м


www.kapital.mk

Капитал број 839 27.11.2015

специјален прилог

37

В пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Веројатно, како и секој менаџер во Македонија, во овие турбулентни времиња се соочувате со барем еден од овие предизвици: како да се извезе повеќе; како да се зголеми продуктивноста; како да се делегира одговорност; како да се вработат квалитетни луѓе; како да се мотивираат вработените во време на криза... За вас подготвивме водич за неколку клучни работи што го преокупираат секој менаџер во земјава. Прво, разговаравме со успешни извозни компании што ги пренесоа своите искуства и знаење за тоа како се влегува на нови извозни пазари. Главната поента е дека извозот не е еднократна акција што се прави преку ноќ, т уку ви требаат многу подготовки, истражувања и комуникација со потенцијалните купувачи. Но, прво, треба да имате што да продадете. Имаме и совети за тоа како да направите б орд от на д ир ек тори д а р аб от и најефективно во корист на компанијата, само треба да му дадете јасни насоки што е всушност задачата на

Од менаџери за менаџери: Како се прави извоз

Брако од Велес, во моментов извезува во 21 држава, палета на производи пред сe’ во делот на медицинскиот мебел. “За да воспоставите соработка со некој што ќе ги купува вашите производи било каде во светот, ќе поминете долг и макотрпен процес. Од една до две години се потребни додека направите соработка со партнер кој ќе ви верува“, вели Кочо Анѓушев, сопственик и главен менаџер на компанијата. Партнерите ги интересираат неколку работи, вели тој, пред сe’ цената, но тоа не е единствениот критериум. “Битно е тие да сфатат дека вие имате контрола врз квалитетот и дека вашите системи за таа контрола нема да дозволат варирање во производите што им ги испорачувате. Неретко она што е ваш финален производ оди во пакет или е дополна на некои други производи што тие ги испорачуваат на свои клиенти и ако доцните може да им го доведете целиот процес во прашање. Ниеден

Како да ја зголемите продуктивноста на вашите вработени? Подолгото работно време или прекувремените часови многу ретко го решаваат проблемот на малата продуктивност. Клучот е во тоа луѓето да работат поефикасно.

Р

аботодавците со помош на технологијата и некои практики може да сторат доста со цел да ја зголемат ефективноста на вработените. Некои задачи сигурно дека може да се автоматизираат, а времето потрошено за превоз до работа може да се редуцира со поголема флексибилност и слобода на избор. Донесуваме неколку предлози за тоа како да го максимизирате потенцијалот на своите вработени.

Вработување

Некои луѓе својата работа ја вршат со ентузијазам, други пак секој работен ден го преживуваат извршувајќи го потребниот минимум. Ваша задача е да ги препознаете и едните и другите, а вработете ги оние што имаат позитивен став кон работата и спремни се да функционираат во тим.

Наградување

Секој пат кога некој стручен и квалитетен вработен ќе ја напушти вашата компанија, губите вложени пари и време.

Затоа разработете систем на наградување на успешните вработени – тоа ќе ја одржи мотивацијата на високо ниво и ќе спречи заминувања.

Работа од дома

Доколку природата на бизнисот го дозволува тоа, дозволете им на вработените да работат од дома или од некоја друга локација. Тоа го подигнува моралот и овозможува повеќе време да поминат со семејството. Исто така, не губат време на превоз до работното место.

Мобилни технологии

Новите технологии им овозможуваат на вработените да бидат достапни било кога и било каде. Ако мораат да пратат некој итен мејл, може да го пратат и од автобус.

Квалитетна опрема

Компјутерите и другата опрема во вашата фирма треба да бидат во согласност со најновите технолошки достигнувања. Ако вработените треба да чекаат 10 минути да им се вклучи компјутерот, веќе сте им го уништиле утрото.

Тимска работа

Честа појава е вработените да се најпродуктивни кога работат во тимови или групи. Таквиот начин на работа е плодна почва за размена на идеи, но и за брзо отфрлање на лошите замисли, што го забрзува целокупниот процес.

многу истражување, комуникација и подготовки


www.kapital.mk

Капитал број 839 27.11.2015

38

менаџер

Зголемете ја својата конкурентност

Дајте им на членовите на бордот јасни одговорности

К

омпаниите денес работат во комплексно и ризично окружување. За да се снаоѓаат подобро во сè потешките улови, многу компаниски шефови – претседатели или главни извршни директори размислуваат подлабоко околу тоа кој да седи на долгата конференциска маса и што треба да биде на агендата. Но, ако “кој“ и “зошто“ се добри појдовни точки, не треба да се застане на нив. Вистинските предизвици и прилики лежат во тоа како всушност членовите на бордот соработуваат меѓу себе. Во корпоративното управување, често се случува неуспех да се разјаснат задачите и одговорностите. Недостатокот на јасност многумина членови на бордот (во натамошниот текст директори, за да се издвојат од менаџментот, н.з.) може да ги доведе до две екстремни ситуации. Некои од нив се соживуваат премногу со своите улоги, им „танцуваат партнер нема со вас да работи сè уште на самиот почеток, туку проширувањето на соработката оди постепено – прво со еден производ, па потоа ја проширувате палетата“, објаснува Анѓушев. “За мене лично, поголем предизвик од извозот не постои“, вели Трајче Трајков,

по нервите“ на менаџерите, создавајќи конфузија и намалувајќи ја способноста на фирмата да ги искористи пазарните можности. Други пак, директори не успеваат целосно да се ангажираат, заземајќи ги скапоцените фотелји некому чии што идеи и напори би можеле навистина да и помогнат на фирмата да оди напред. Уште пострашно, премалку ангажираниот директор може лежерно да даде поддршка на залагањата на оној што е премногу “загреан“ иако мотивите на овој вториот може и да не се во најдобар интерес на компанијата. Директорите кои што не разбираат во целост како треба да функционира бордот, ја чинат компанијата и време и пари, затоа што придонесуваат премалку или премногу. Бордовите што ќе го сфатат ова, работат за доброто на компанијата и создаваат конкурентска предност. Главните извршни директори сопственик на Хемија комерц од Велес, која произведува керамика. “Можеш да направиш беспрекорен производ, но да го пробиеш во туѓа земја каде што веќе има еден куп слични такви производи, тоа на моменти изгледа како невозможна мисија. За да продадеш било

на компаниите треба да им помогнат на членовите на бордот да ја постигнат оваа цел. CEO-то мора да работи со својот борд за да може да се повлече линијата помеѓу тоа што се очекува од него, а што од компанискиот менаџмент. Во многу големите компании, CEO-то обично бара активно учество на бордот во развојот на стратегијата, но не и голема инволвираност во нејзиното спроведување. Во помалите компании, СЕОто често инсистира членовите на бордот да ги засукаат ракавите и да пополнат празнини кај што треба. На пример, мала компанија со стратегија за раст што зависи од зголемување на капиталот може да побара помош од членовите на бордот во привлекувањето потенцијални инвеститори. Најдобрите директори секогаш имаат респект за заложбите на СЕО-то и навистина сакаат да помогнат. Има моменти кога бордовите треба да ја предводат дискусијата околу стратешките правци на компанијата, да советуваат за области кај што имаат особена експертиза, или само да бидат информирани за тоа каде менаџментот ја води компанијата и оние директори што се со порелевантна експертиза или искуство, да даваат совети. Бордовите што работат координирано и ефикасно со нивните извршни директори и менаџмент тимови им овозможуваат на компаниите да пронајдат, проценат и искористат прилики што ги дава паззарот. Ова може многу поквалитетно да се направи ако членовите на бордот точно ја знаат линијата помеѓу она што тие го прават и она што менаџментот го прави, и ако точно разбираат како тие може да придонесат за развој на компанијата. што, мора за најдобра цена да имаш најдобар квалитет. Јас често им велам на вработените дека наша најголема конкуренција е Кина и ако не го направиме нашиот производ подобар и поевтин од нивниот, никој нема да го купи“, вели Трајков.

Јасност: Бордот на директори мора точно да ја знае својата улога



www.kapital.mk

Капитал број 839 27.11.2015

40

менаџер

Извозот почнува од првиот контакт

Не постои пишано правило како се воспоставуваат првичните контакти со клиенти од странство, велат во Факом, компанија која проектира и изведува метални конструкции, во голем дел за клиенти надвор од Македонија.

Златко Симоновски, генералниот директор на Факом објаснува дека за да се добие работа надвор од државата, најпрво неопходно е компанијата да ги поседува сите потребни сертификати за квалитет, за кои пак треба да располага со соодветна техничка опременост и квалификуван

кадар без што не може да се замисли напредокот на компанијата. “Референците на компанијата, техничкотехнолошката опременост, квалификуваниот кадар и сертификатите добиени од реномирани светски институции се само влез за да може да се почне

Три главни квалитети што треба да ги има вашиот шеф на финансии

У

логата на главниот финансиски директор не е повеќе стриктно фокусирана на финансии, и овие менаџери денес мора да поседуваат нов сет на вештини за да може да придонесат за раст и развој на компанијата, велат студиите на Harvard Business School. Еве ги трите клучни особини на квалитетен финансиски директор:

Да ги “чита“ бизнис сигналите од сите компаниски сектори Модерниот CFO мора да има широк преглед на целата компанија. Не може повеќе да се фокусира само на она што е задача на секторот за финансии. CFO-то треба да го искористи своето разбирање на компаниската финансика позиција за да ја подобри целовкупната “крвна слика“ на фирмата, од финансиите па сè до мотивацијата на персоналот.

Тешко наоѓате добар финансиски директор?

Не сте сами, и во Америка го имаат истиот проблем!

О

д нашите разговори со македонските сопственици/главни менаџери на македонските компании заклучивме дека наоѓањето на квалитетен финансиски менаџер знае да биде вистински предизвик, откако сè повеќе фирми сфаќаат дека неговата улога не е да биде сметководител во фирмата, туку нешто многу повеќе. Наоѓањето на добар финансиски директор е проблем и за западните компании, па како што пишува Business Insider, и американските компании сè повеќе се потпираат кон своите сопствени одбори на директори за да најдат соодветен кандидат за

главен финансиски директор. Едно истражување во САД покажало дека расте бројот на компании кои што бараат од нивните пензионирани финансиски директори да влезат во управните одбори, за во случај да е потребна замена за нивниот моментален шеф на финансиите. Студијата на консултантската куќа Robert Half покажала дека во 2014 година три четвртини од анкетираните финансиски директори немале на ум кој би можел да ги наследи. Со тоа што фирмите ќе стават поранешен CFO (chief financial officer – главен финансиски директор) во бордот, ако се појави итна потреба од нов финансиски директор, ќе може лесно да се пополни местото.

Да поседува одлични комуникациски вештини Главните финансиски директори не се повеќе изолирани во својата функција затоа што треба ефективно да објаснат и да влијаат врз поширок ранг на групи во рамки на компанијата, кои што многу често и немаат доволно познавања за финансиите. Шефот на финансиите мора да е способен да ги “преведе“ финансиските податоци во информации што нивната публика може да ги разбере. Истовремено, CFO-то соработува со различни сектори внатре во компанијата. Без комуникациски вештини, дипломатија и тактичност, меѓусекторските иницијативи, задачи и проекти се осудени на неуспех.

Да влијае врз бизнис одлуките собирајќи ги највредните информации CFO-то е во голема мера одоворен и за лидерство на нефинансиските сектори во компанијата. Финансиските директори често соработуваат тесно со одделите за човечки ресурси или за информатика. Тие треба да го искористат своето искуство во финансискиот менаџмент за да ја “изострат“ стратегијата на компанијата. За да бидат вистински влијателни, тие мора да бидат добри слушатели, да го земаат предвид фидбекот од експертите во останатите делови од бизнисот, да поставуваат добри прашања и да избегнуваат донесување заклучоци пред да ги имаат сите потребни информации.

Заблуда: Продуктивноста не се зголемува со прекувремена работа


www.kapital.mk

Капитал број 839 27.11.2015

специјален прилог разговор за евентуално нудење на своите производи и услуги. Значаен чекор напред во приближувањето до водечките европски и светски компании е шансата да се учествува во евентуални разговори за нова работа, контактите кои треба да се водат со раководните луѓе на тие компании и на крај довербата што треба да се добие кај нив“, вели Симоновски. Извозот почнува од првиот контакт, вели Кочо Анѓушев од Брако.“Македонија е мала земја и никој нема да дојде овде, ако вие прво не појдете кај него. Затоа не треба да ви биде тешко да патувате и да бидете динамични. Од 10 обиди, еден дали ќе заврши со резултат. На првиот состанок треба да оставите впечаток дека може да испорачате тоа што им треба. Клиентите мора да сфатат дека имаат интерес да работат со вас. После тоа треба време за технички да се усогласи производот, па треба да ви дозволат да го направите прототипот, па тој да ја помине нивната сертификација, и дури потоа почнува некакво производство. И сето ова трае најмалку една година“, го објаснува Анѓушев процесот на приближување кон новите купувачи од странство.

Кои трошоци да ги планирате ако сакате да извезувате

Фабриката за кондиторски производи Макпрогрес извезува на преку 30 пазари, и својот развој го темели токму на извозот. Најпрво ги таргетирале соседните држави, па регионот на централна и источна Европа, за подоцна да се прошират на западноевропските пазари. “Таргетирањето го правиме врз основа на потенцијалот на пазарот, но повеќе пати се случило и потенцијалните купци да нe’ таргетираат нас.“, вели Глигор Цветанов, генерален менаџер и сопственик на фабриката. Тој објаснува како оди процесот на извозот откако ќе направите конкурентен производ што ги исполнува барањата и спецификите на одреден пазар. “Понатаму е потребно заедно со локалниот дистрибутер да креирате политика на лансирање на производите – да дефинирате краткорочни и среднорочни цели на продажба, позиционирање и рекламирање на производите. Во Макпрогрес имаме практика да соработуваме само со еден увозник од секоја земја, кој воедно е и дистрибутер и со него се дискутира отворено, во партнерски однос кој може да донесе корист и за двете страни“, објаснува

41

Цветанов. Кога се обидувате да направите извоз, мора да сте свесни за трошоците на тој пробив на вашите стоки или услуги. Секое влегување на надворешен пазар чини, иако понекогаш може и да не ве чини практично ништо, ако клиентот вас ве таргетира како потенцијален добавувач и ако има сопствена малопродажна мрежа, како што објаснува Цветанов од Макпрогрес. “Но, во принцип треба да сте подготвени на следниве трошоци: за саемско претставување или директно таргетирање; трошоци за лансирање на производите; трошоци за позиционирање, како и трошоци за реклама и промоција.“, вели Цветанов. Во поглед на прехранбената индустрија, каде што припаѓа неговата компанија, Цветанов вели дека секој пазар е карактеристичен на свој начин и многу зависи од степенот на организираноста и развиеноста на малопродажбата. Има земји каде што повеќе од 80% од целиот промет се прави преку национални и меѓународни синџири на маркети, а во некои држави овој тип на малопродажба е многу неразвиен или пак е во самите почетоци на развој. nnn


interview

д-р генерален Златко муцунСки менаџер на Порше Македонија

моја најважна цел е да оСтанеме број еден на автомобилСкиот ПаЗар

Г

XX Г-не муцунски, како ќе заврши годинава за Порше македонија во споредба со минатата, во смисла на приходи, добивка, пазарен удел? Како вечни перфекционисти ние секогаш велиме дека можело и подобро, дека бројките можеле да бидат и повисоки. Но, со оглед на економската ситуација во нашата земја и можноста на граѓаните да инвестираат во трајни добра, ќе кажам

дека бројките задоволуваат. Бројот на продадени возила и нови клиенти расте, нашиот пазарен удел исто така, што покажува дека нам ни припаѓа довербата на купувачите, дека и во ова неизвесно време на невреме кога клиентите купуваат, купуваат од кај нас. Тоа нам ни е најголема награда, мотив и порив, побитен од сите бројки во книгите... XX како ја оценувате состојбата на македонскиот пазар на нови автомобили во моментов, мрднаа ли работите од мртва точка? какви се вашите очекувања за следната година? Состојбата е се уште сива и неизвесна. Не би сакал да зборувам за останатите автомобилски куќи. Конкретно ние не се потпираме на никакви статистики и експертски предвидувања. Ние и во услови на сонце и во услови на бури сме постојано целосно посветени на постигнување врвно задоволство на клиентите, исполнување на нивните барања и потреби. Фактот

што растат бројките на нови клиенти ни покажува дека правиме добра работа, дека клиентите го препознаваат квалитетот, ги препознаваат нашите заложби да ги испочитуваме и ни возвраќаат со тоа што се наши амбасадори, препорачувајќи не на нивни роднини и пријатели придонесуваат за зголемување на нашето семејство. На наша страна се нашите квалитетни возила, нашите посветени вработени, нашите задоволни клиенти и токму затоа нескромно ќе речам дека нашите очекувања за идната година се мошне оптимистички. XX како се справувате со предизвикот на мотивацијата на вашите вработени? кои се начините и методите со кои што ги мотивирате, односно како ги привлекувате и задржувате талентираните луѓе кај вас? Никогаш не сме практицирале финансиски да ги мотивираме нашите вработени, затоа и нивната мотивација за работа, во услови на криза, кога моравме да

СатиСфакција: Задоволни Сме што во овие неи


www.kapital.mk

Капитал број 839 27.11.2015

специјален прилог преземеме мерки за штедење не опадна ниту за миг. Она на што ние се фокусираме е инвестирање во нивните знаења со постојани тренинзи, курсеви семинари, во компанијата, локално, а и надвор од нашата земја, Нашите вработени знаат дека се ценети, знаат дека се инвестира во нив и тоа им е значаен и мошне силен мотив за работа. Понатаму, самиот факт дека работат за еден реномиран бренд кој стои за перфекција и квалитет, кај нив дава чувство на припадност, на желба за поистоветување со брендот, на порив за придонесување за тој бренд... Мотивација никогаш не ни недостасувала. XX а, како се мотивирате себеси? кои се трите најбитни работи што си ги поставувате како цел, во улога на менаџер, односно бизнис лидер на својот тим? Јас имам една единствена цел која ја делам со мојот тим - да ја одржам оваа компанија на врвот на автомобилскиот пазар во Македонија. За да ја постигнам таа цел си поставувам милион и една задача. Прво мошне ми е важно секаде каде што се наоѓам јас да бидам совршен претставник на мојата компанија, потоа да имам одличен тим на вработени кои водени од единствената цел, функционираат како еден кога се работи за постигнување на врвно задоволство на клиентите, да ги одберам вистинските луѓе кои ќе бидат дел од тој тим, да ја одржам работната атмосфера постојано пријатна и удобна, да бидам рамо до рамо со моите вработени во секој процес од работата, да осигурам постојан фидбек и жива комуникација, добро да организирам, добро да ги испланирам активностите за во иднина, да внимавам на нивно исполнување и кога ќе бидам сведок на добро завршена работа да честитам и заблагодарам на секој еден вработен за нивната посветеност. Мој мотив се нивните задоволни лица, бидејќи во ова сивило да имаш стотина задоволни вработени воопшто не е мала работа. XX колкав предизвик е за вас ангажирањето на квалитетни вработени? кои особини треба да ги посетуваат вашите “идеални“ соработници? Секако дека е голем предизвик. За мене мошне е важно каква личност е вработениот. Се случува лица со оскудна работна биографија да донесат одлична енергија на интервјуто за работа и потоа да се покажат како врвни вработени. Тешко е да се набројат особините кои ги има идеалниот соработник, бидејќи тој всушност треба да биде една мешавина од спротивности кои ќе излегуваат на виделина во соодветните ситуации- тој треба да биде и самостоен во работата, но и да е добар во тимската работа, да знае што треба да сработи, но и да не се плаши да постави прашања, да биде скромен но и самоуверен, да препознае кога треба да молчи, а кога треба да биде чуен... Би рекол дека квалитетен соработник

43

јас имам една единствена цел која ја делам со мојот тим да ја одржам оваа компанија на врвот на автомобилскиот пазар во македонија. на наша страна се нашите квалитетни возила, нашите посветени вработени, нашите задоволни клиенти и токму затоа нескромно ќе речам дека нашите очекувања за периодот што следи се мошне оптимистички. ги користите социјалните мрежи е оној кој има позитивен, проактивен став како маркетиншки алатки? кон работата, бидејќи само оној кој со љубов и страст ја работи својата работа Живееме во време на постојан несебично ќе се посвети технолошки напредок и себе си максимално и ќе секако дека современите даде одлични резултати технолошки решенија од кои бенефит ќе имаат се неизоставен дел од состојбата на клиентите, тој самиот и на нашата работа. Што се автомобилскиот крај и компанијата. однесува до користењето пазар е сè уште сива на социјалните мрежи XX дали вие лесно и неизвесна. не би како маркетиншки делегирате сакал да зборувам алатки, мислам дека одговорност? колку за останатите бројката од 100 000 е тоа важно за автомобилски куќи. фанови на Facebook успешен развој на конкретно, ние не страната е добар компанијата? се потпираме на одговор на вашето Делегацијата на должности никакви статистики прашање. е мошне важна за развојот и експертски на компанијата. Истата е и XX дали глобалниот предвидувања. мошне важен предизвик скандал на ниво на ние и во услови на за еден менаџер и мошне VW групацијата имаше сонце и во услови на неопходен бидејќи делегинекакво влијание врз бури сме постојано рајќи ги соодветните задачи продажбата на порше целосно посветени на соодветните лица, сте македонија? какви на постигнување сигурен дека задачите ќе насоки добивте од врвно задоволство на клиентите, бидат завршени точно претпоставените во исполнување и како што се бара, и смисла на менаџирање на нивните сите имаат бенефит од со ситуацијата барања и потреби истата, од една страна и одржување на вие како менаџер имате репутацијата на повеќе време за другите брендот ви тие моменти? предизвици во работата, а од друга страна Настанот во VW групацијата немаше вашите вработени ја ценат довербата влијание и не може да има бидејќи нашите дадена при делегирање на должностите, се возила го задоволуваат законскиот стандард чувствуваат посамоуверени и возвраќаат на Република Македонија. со поголема лојалност и посветеност на Возилата се квалитетни, безбедни за возење, работата. ги почитуваат законските рамки и со тоа репутацијата на брендот воопшто не беше XX во колкав обем работењето на загрозена. Нашите возила продолжуваат вашата компанија се потпира на современите технолошки решенија, да бидат најпродавани на пазарот и Порше Македонија останува лидер во автомокако cloud computing, бизнис апликациите и сл.? во колкава мера билската индустрија во Македонијa. nnn

иЗвесни времиња бројот на наши клиенти расте


www.kapital.mk

Капитал број 839 27.11.2015

44

менаџер

Кој е кој на Балканот?

Најмоќни бизнисмен

F

Forbes ја направи и годинава листата на најбогати бизнисмени во Адриа регионот, и најбогат, е повторно, Хрватот Ивица Тодориќ, чиј што Агрокор по преземањето на Меркатор се зацврсти во регионот на поранешната заедничка држава повеќе од било кога. Независно од големите долгови што ги има компанијата, заради финансирањето на своите аквизиции и инвестиции, нејзиното регионално влијание и моќ се огромни. Веројатно не би погрешиле кога генералната листа би ја почнале со тројца Хрвати - Тодориќ, Бранко Роглиќ и Емил Тедески, а би ја продолжиле со Мирослав Мишковиќ во Србија. За време на кризата во Словенија се случи сериозна промена во редовите на најбогатите, а врвот го презедоа ИТ махерите. Но, за голем дел од рангирањата, како што вели Forbes, матната статистика на регионот премногу остава во сферата на веројатното, па единствената листа за регионот не постои. Forbes го прави рангирањето врз основа на приходите на компаниите во 2014 година.

апликации. Нивни најпознат производ е Talking Tom. Мачорот што зборува е осмислен во 2010 година, а подоцна му додадоа уште неколку пријатели. Семејството Логин лани во Словенија ги прогласија и за првите милијардери, со оглед дека вредноста на нивната компанија, заради големиот раст, е проценета на 1,1 милијарди евра.

2

С

до врвот на листата. Се бават со бизниси поврзани со рударството и очекуваат понатамошен раст.

Хрватска

Л

истата за Хрватска, Forbes ја прави врз основа на вредноста на акциите на бизнисмените на берза. Податоците се од пред неколку месеци, кога е излезена оваа листа. Бранко Роглиќ, сопственикот на Orbiko, иако е еден од најбогатите Хрвати, го нема на листата, затоа што тој “се држи подалеку од берзата“

Санди Чешко Studio Moderna

евра 390,7 милиони

опственикот на Studio Moderna, познат и како крал на телемаркетингот, имаше нешто потешка деловна година, но тврди дека состојбата ќе се поправи и дека растот е намален заради излезот на нови пазари и вложувања во нови технологии.

1

F

Словенија

Иза и Само Логин Outfit 7

Т

евра 617,2 милиони

оа е брачниот пар што стои зад компанијата Outfit 7, специјализирана за развивање на мобилни

евра 445 милиони

orbes вели дека е јасно оти богатството на Тодориќ е многу поголемо одошто е овде наведено, но немаат параметри за проценка на вкупната вредност затоа што ниту Конзум, ниту Меркатор не се на берза.

2 1

Ивица Тодориќ Концерн Agrokor

3

Б

Татјана и Албин Добершек Engineering Dobersek

325,8

милиони евра

рачниот пар што пред три децении ја основаше во Германија фирмата Engineering Dobersek од година в година сè подобро работи, па стигна и

С

Семејство Лукшиќ Excelsa nekretnine, Plava laguna, Istarska kreditna banka евра 282 милиони

о 282 милиони евра вредни акции на хрватската берза Лукшиќ се втори на листата најбогати Хрвати, но семејството кое што пред повеќе од 100 години емигрирало од островот Брач во Чиле во потрага по подобар живот, има бизнис операции во повеќе земји и нивното


www.kapital.mk

Капитал број 839 27.11.2015

специјален прилог

45

Србија

ни во регионот вкупно семејно богатство се проценува на преку 17 милијарди долари.

1

Мирослав Мишковиќ Delta Holding, Белград евра 463,7 милиони

2 3

Т

Емил Тедески Atlantic grupa

202

милиони евра

ретиот најбогат Хрват според оваа листа, неодамна ја имаше честа на студентите по бизнис на Харвард да им ја раскаже приказната за успехот на својата компанија.

С

М

Сенад Џамбиќ Bingo евра 253 милиони

опственикот на трговскиот синџир Bingo од Тузла, кој што во 2014 година имал приход од 506,3 милиони КМ, истата година порасна купувајќи го трговскиот дел од MIMS групацијата на Мујо Селимовиќ, како и синџирот Interex од француската компанија Intermache. По овие преземања, од Bingo порачаа дека уделот во малопродажбата им достигнал речиси 20%.

Босна и Херцеговина

1

Изудин Ахметлиќ Hifa grupa

323

Х

милиони евра

ифа групацијата од Тешањ, гратче помеѓу Добој и Маглај, држи околу 20% од расцепканиот нафтен пазар во БиХ, а нејзиниот сопственик Изудин Ахметлиќ последниве три години е најголемиот бизнисмен во земјата според остварените приходи.

ирослав Мишковиќ повторно се врати на првото место на најмоќни бизнисмени во Србија. Можеби никогаш повеќе нема да има моќ каква што имаше до 2011 година, кога најголемиот малопродажен синџир во земјата Maxi, го продаде за речиси една милијарда евра на белгискиот Delhaize, но со ширењето на бизнисите во земјоделството и недвижнините, пак се позиционираше на прво место во Србија и меѓу најголемите во регионот. Холдингот сега има преку 6.000 вработени, а за 2015 година предвидуваат раст на приходите до 530 милиони евра.

2

Г

Саша Глушац Ивица Вукелиќ Велибор Ѓуровиќ Autoritas Investment, Нови Сад евра 369 милиони

лушац, Вукелиќ и Ѓуровиќ ја основаа Veletabak во 2002 година со издвојувањето од компанијата Press International која се бавеше со дистрибуција на весници. Во состав на Autoritas Investment се низа помали компании, меѓу кои и Veletabak, која што продава и дистрибуира цигари, режен тутун, прибор за пушење и друга стока за широка потрошувачка. Партнери се на Tvornica duhana Rovinj –TDR во Србија. Освен нивните цигари, ги дистрибуираат и цигарите на Fabrike duhana Sarajevo, како и на групацијата Imperial Tobbaco.

3

С

Томислав Антуновиќ Antunović AGS Orašje евра 192 милиони

опственик на фирмата Antunović во Хрватска, а во БиХ AGS OraAGS Orašje, нафтена компанија со промет од 382,6 милиони КМ во 2014 година. Има хотели во Загреб, Сесвете и Орашје, бензиски станици, складишта, транспорт и големопродажба на нафта во Загреб, Брчко и Орашје.

3

V

Зоран Митровиќ Victoria Group, Нови Сад евра 329,4 милиони

ictoria Group е една од најголемите регионални фирми во агробизнисот и преработката на храна. Во составот на компанијата се десет компании, меѓу кои и Sojaprotein, Fertil, Luka, Zorka, итн. Се занимаваат со откуп на житарки и индустриски култури, нивна преработка, производство на минерални ѓубрива и сточна храна.




interview со топ менаџментот на Адора инженеринг

Талентот ти помага да победиш во мечот, но тимската работа го освојува шампионатот! Разговаравме со тројцата главни менаџери на компанијата што е најголемиот градител на станови во Македонија – основачот, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, неговата ќерка Драгана и синот Душко, за тоа кои се нивните основни принципи што ги следат предводејќи ја Адора инженеринг на патот до успехот.


www.kapital.mk

п

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец, во бизнисот е речиси 40 години, од кои што повеќе од 25 на раководна функција – прво во рудникот Бучим, потоа во својата компанија Адора инженеринг, која што веќе 14 години континуирано расте и стана најголемиот градител на станови во Македонија. Вели дека профитот не му е главната водилка во бизнисот, туку желбата да остави зад себе нешто по што ќе го памтат со генерации во иднината. XX од вашето долгогодишно искуство, и во државен сектор, и како лидер на сопствена фирма, кои се основните работи што ги научивте за менаџирањето, што им ги пренесувате сега на вашите наследници, но и на сите вработени на адора воопшто? Прво и основно, мора да го сакаш, да го чувствуваш она што го работиш, да внесеш емоција. Јас барем сум таков човек, така ги воспитував и моите деца. Да бидат посветени на работата, одговорни пред себе, пред компанијата, односно, пред сите вработени што придонесуваат во создавањето на крајниот производ – во нашиот случај тоа се становите. Ние сме во еден од најтешките бизниси, со огромна морална одговорност, но и мисија од животно значење, а тоа е градењето на домови, каде што треба да живеат повеќе генерации, кои што треба да траат со децении, па и со векови. И затоа јас не случајно сакам да бидам вклучен во секоја фаза од нашиот бизнис – од избирањето на локација за градење, па сè до предавањето клуч на рака, што се вели. Сакам да бидам сигурен дека сè ќе биде беспрекорно изведено, онака како што е договорено, проектирано, зацртано. XX познато е дека безмалку секое утро прво ги обиколувате објектите што ги гради адора, уште од раните утрински часови, а потоа доаѓате во вашата канцеларија. Дали се сметате себеси за менаџер што сака сè да има под контрола во секое време? Кога јас почнував со градежниот бизнис, сите знаеја дека заедно со својата екипа сум постојано на објект, во куси панталони и патики, па мои колеги, сопственици на тогаш веќе етаблирани фирми, ми велеа, Ванчо, не ти личи тебе вака, ти си човек со референци во ова општество. После 14 години, сами може да заклучите кој опстана во градежниот бизнис и високоградбата и на која позиција е на пазарот на недвижности во Македонија, со колку и какви дела зад себе и каква репутација, имиџ и авторитет има изградено како на национално, така и на меѓународно ниво. Значи, мојот принцип да бидам присутен

Капитал број 839 27.11.2015

специјален прилог

49

проф. д-р ванчо чифлиганец

ОСНОВАЧ И геНерАлеН МеНАџер НА АДОрА ИНжеНерИНг

не можеш Да бараш оД своите вработени посветеност, аКо самиот не ја поКажуваш физички колку што можам повеќе во сите фази од процесот на градење се покажа дека дава резултати. Не дека јас не им верувам на своите инженери и мајстори, напротив, тие се извонредни професионалци, туку едноставно поспокоен сум ако со свои очи видам дека сè е направено како што сме се договориле. Токму заради преголемата одговорност што ја имаме пред своите купувачи, но и пред целото општество, како што споменав претходно. Сè уште имам доволно енергија во себе, и додека можам да го издржам тоа темпо, јас така ќе работам. За некого можеби тоа не е правилно, но јас така знам и умеам, што во досегашната практика, започнати и реализирани проекти, се покажа како успешно. XX Како се справувате со предизвикот на мотивацијата на вашите вработени? Кои се начините и методите со кои што ги мотивирате, односно како ги привлекувате и задржувате талентираните луѓе кај вас? Од секогаш настојувам да менаџирам и мотивирам преку давање пример. Мојот

ентузијазам и посветеност сакам да им го пренесам на сите, но не само на зборови, туку и во пракса да го правам тоа што го зборувам. Затоа и сум по цели денови на градилиште, седам и по цели ноќи ако треба, во моменти кога треба да запазиме некои рокови и сл. Сакам да бидам непосреден со вработените, но и критикувам кога треба. Барам резултати, при тоа можеби понекогаш на виделина излегува мојот темперамент и енергичност, но сето тоа е во интерес на компанијата и на сите оние што живеат од неа. Се разбира, мотивацијата доаѓа и преку материјалниот аспект, што значи дека нашите вработени сите до еден се уредно пријавени со платени придонеси, платите се нешто повисоки од просекот во оваа индустрија во земјава, обезбедени се топли оброци на градилиштата, сместување за оние што не се од Скопје, се исплаќа К-15, итн. Талентираните вработени ги помагаме преку стипендирање за магистерски или докторски студии, ги праќаме на семинари и обуки, значи правиме сè што можеме за навистина да се чувствуваат како дел од компанијата.


www.kapital.mk

Капитал број 839 27.11.2015

50

интервју

д-р ДрАгАнА ЧифлигАнец ИЗВРшеН ДИРеКТОР НА АДОРА ИНжеНеРИНг

Се труДАм поСтојАно ДА го унАпреДувАм КомпАниСКиот мАрКетинг

Д

рагана Чифлиганец во Адора инженеринг е изминативе осум години, доктор е на правни науки, специјалност и е маркетингот, и токму во таа област на работењето на компанијата, вели, особено се труди да ги следи светските трендови. “Посебен пристап во работата се новините што ги воведов во маркетингот како моја специјалност, воедно и односот кон клинентот се особено важни за успехот на Адора . Во делот на маркетингот беа воведени свечените отворања на новите станбени објекти со специјален хуман карактер и настани со впечатливи, адекватни содржини, во што сме први во Македонија. Секогаш се стремиме нашите купувачи да добијат повеќе од ДОМ, за нивната доверба им возвраќаме со изненадувања, патувањa во Дубаи и Медитеранот, опремување на новиот дом, подарување на автомобили и други вредни награди. Знам дека сме на вистинскиот пат бидејќи тоа ни го потврдуваат токму фирмите од високата градба кои не следат во многу сегменти воведувајќи ги сега истите маркетиншки елементи што ние ги имплементиравме пред неколку години. Преку едукативните теми и емисии, отворањето на објекти со исти познати јавни личности, веб страните и корпоративните социјални медиуми. Тоа за нас е поттик за уште поголема иновативност и секогаш да сме неколку чекори пред другите“, вели Драгана Чифлиганец.

XX Колку генерациската разлика е предност или условно речено хендикеп при раководењето со компанијата? Дали вашиот татко прифаќа со леснотија сугестии од помладата генерација? Јас сум личност која во секоја ситуација, од

секого сака да научи нешто, особено од човек како генералниот директор. Од самиот почеток на заедничкото работење, ние имаме јасно поставена цел, а тоа е професионализмот. За мене проф. д-р Ванчо Чифлиганец е мој директор (шеф) и така и му се обраќам на работа, што можеби за некого е чудно, но за мене тоа е сосема нормално. Секој почеток е тежок, додека се синхронизираат енергиите, особено со докажан и успешен менаџер како мојот директор, независно од релациите татко - ќерка. Сметам дека како и во секој процес, мора да поминат “детските болести“ и во овој случај, така што на почеток таткото менаџер те гледа како дете, зошто нормално за родителите цел живот ќе останеш дете, а тие нели во улога на родители, секогаш се во право. Затоа требаше да помине доста време и не беше ни малку лесно. Како што созревав и растев во работата, така почнав да применувам стратегии, и за нешто што знаев дека нема да го прифати директорот, се охрабрував да го направам без негово знаење и на крај само ќе му ги покажев резултатите, што се потврди како доста успешна тактика. XX во принцип, помладата генерација носи поголема енергичност, полесно прифаќа нови технологии, нови трендови во маркетингот... Колку новите технологии во секој аспект на бизнисот се применуваат во Адора инженеринг? Секој млад човек кој сака да успее во животот, настојува да вметне во работата нешто ново според последните стандарди и трендови во светот. На почетокот на мојата работа во Адора инженеринг, се посветив на воведување на стандардите ИСО 9001 и 14001, а потоа и на енергетската ефикасност, за што ги посетував сите позначајни светски саеми и конференции

во областа на високата градба, сè што видовме и можевме, применивме, и сега следиме и имплементираме во работата на Адора инжeнеринг. Најголеми промени воведовме во пристапот и односот кон клиентите, особено во грижата за купувачите, што ги подигнавме на повисоко ниво. Нашите 2.300 купувачи и нивните семејства се дел од големото семејство на Адора инженеринг, со кои негуваме непосредни и пријателски релации и по купувањето стан. XX Каква е синергијата во рамки на топ менаџментот на компанијата, сега откако и вашиот помлад брат се вклучи во бизнисот? Сега во овој период во менаџирањето со компанијата која постои 14 години, ни се придружи и брат ми Душко, кој мислам дека дојде во вистински момент, кога и мене и на нашиот шеф треба да ни наметне нешто ново, бидејќи без новитети, успех во работата нема. Од нашиот генерален директор можеме многу да научиме, како за упорноста, прецизноста, концентрацијата, приоритетите во работата и организирањето на многубројните секојдневни обврски. Брат ми, заменикот генерален директор е во фаза кога мисли дека сè може наеднаш да се промени, каква што бев и јас на почетокот на работата, поради што имам и разбирање. Работата ме научи дека сепак за сè е потребно време, како за прилагодување, така и за успех. Јас сум сега пресреќна, можам послободно да дишам и одлично се чувствувам, кога знам дека е Душко тука и морам да кажам дека и многу подобро ги разбирам зборовите на генералниот директор кога ми велеше дека многу му значи кога знае дeка јас сум на работа, што сега се заокружи со екипирањето на топ менaџментот.


www.kapital.mk

Капитал број 839 27.11.2015

специјален прилог

51

н

ајмладиот член од семејството Чифлиганец, душко, неодамна се вклучи во компанијата, откако го заврши своето школување во дубаи. “морам да признам дека чувствувам огромна одговорност, но истовремено да изразам и задоволство од привилегијата и довербата што ми е доверена!“, вели Чифлиганец помладиот. “Со 22 години и скромно работно искуство пред мојот професионален ангажман во адора инженеринг, да застанеш на позицијата втор или трет човек во компанија од 350 вработени, етаблирана како лидер во градежниот сектор, од која секогаш се очекува префинетост и перфекционизам, да се прокламираш како заменик во вистинската смисла на зборот на човек кој од нула, со упорност и труд, изминативе 14 години секојдневно го градел својот сон создавајќи компанија за почит, еден од најдокажаните менаџери, лидери и градители во регионот и пошироко, е работа во која нема простор за импровизации, за што треба решителност и пред сè визија за секој нареден ден како и во која насока ќе се оди натаму. Фактот што ние ја имаме една од најблагородните професии во општеството, а тоа е градењето домови, и додава уште поголема тежина на мојата работа. Улогата на високоградбата во општеството е обезбедување топол дом во кој купувачите и нивните поколенија ќе бидат безбедни, ќе се чуствуваат пријатно и во тој дом ќе го поминат најголемиот дел од својот живот. Поради ова, одговорноста на било која фирма од нашата индустрија е бескрајно голема и ниту најмалата грешка во градењето домови е недозволена!“, истакнува душко Чифлиганец. XX што значеше школувањето во странство за вас? колку интернационалниот амбиент ви помогна да ги проширите своите хоризонти за бизнисот, и животот воопшто? за моето оформување како менаџер и како личност, огромна заслуга во тоа има мојот престој и школување надвор од македонија. Четири години студирав на престижниот американски универзитет во дубаи, една од најдобрите школи за бизнис, економија и менаџмент на Блискиот исток, регион кој е во огромен подем и од чии лидери може многу да се научи. дубаи важи за најбрзо растечки град во светот, град со посебен акцент на градежништвото и урбанизмот, во кој придавките најголемо, најквалитетно, најдобро стојат задолжително пред секоја именка поврзана со градежништвото. дубаи ме научи што значи да размислуваш на големо, ми ги прошири хоризонтите, ме направи жеден за успех и за докажување и ме убеди дека амбицијата е клучната особина што мора еден лидер да ја поседува, бидејќи без амбиција, тоа што денес е дубаи, местото кое никого не го остава рамнодушен, би било обична пустина. XX кои се трендовите што вие како “свежа крв“ во топ менаџментот сакате да ги примените во бизнисот на адора инженеринг? Се трудам максимално секој модерен тренд, иновација и револуционерно решение во поглед на градежништвото, но и во поглед на менаџирањето со човечките ресурси, маркетингот, грижата за купувачите, обезбедувањето додадена вредност на производот

душко чифлиганец

замениК генерален менаџер на адора инженеринг

не н е можеш да ја работиш денешната работа со методите од вчера и да останеш во бизнисот утре! за нашите клиенти, што сум ги научил низ моето школување или согледал низ живеењето во едно од најусовршените општества на денешницата, да ги применам како во моето секојдневно работење така и во долгорочното планирање на нашите деловни проекти. морам да изразам огромно задоволство и благодарност што мојот директор и воедно татко е многу отворен и желен за иновативност и ме охрабрува да размислувам за иднината, што сметам дека е клучно за една компанија да чекори напред. она што не поврзува со генералниот директор е што не стравуваме да сонуваме на големо и да влегуваме во предизвици што некои би ги оцениле како преголеми. Покрај сите привилегии кои ми се овозможени во животот, за мене најголема привилегија е што до мене секојдневно го имам мојот директор, татко и ментор кој за мене претставува универзитет за себе, кој содржи и може да пренесе повеќе знаење, мотивација и желба од било која друга школа на светот. Eдна од најважните работи и вредности што ги воочив од директорот и пред сè од човекот Чифлиганец е тоа што тој е посреќен кога некому нешто дава отколку кога зема, макар и вредно заработеното и сум му крајно благодарен што во сржта ми ги всади хуманоста и солидарноста.

XX кои основни цели си ги поставивте вие, сега откако сте вклучени во топ менаџментот на адора инженеринг? досегашното искуство на директорот Чифлиганец, остварениот раст на компанијата во изминатите години кој се пркоси со секоја економска логика, нашата способност да се бориме успешно против конкуренцијата од секаков вид, ме охрабрува да продолжам да размислувам на овој начин и да ја водам компанијата во нови предизвици, што ние во адора инженеринг ги гледаме како шанси за докажување. од работењето досега, согледав дека еден лидер е онолку добар колку што е добар тимот кој стои зад него. адора инженеринг во оваа 2015та година исполнета со неизвесности од секаков карактер, влезе оптимистички со 50 милиони евра инвестиции и изградба на нови 1.100 станови и повторно профитиравме од нашата храброст и решителност! Во иднина продолжуваме со пионерските идеи во градењето домови и грижата за купувачите, продолжуваме интензивно да ја зацврстуваме позицијата лидер во високоградбата и паралелно работиме на планови за диверзификација и проширување на нашето бизнис портфолио во други иновативни, напредни и еколошки бизнис сфери. нашата филозофија во бизнисот најдобро се опишува преку следнава максима: не можеш да ја работиш денешната работа со методите од вчера и да останеш во бизнисот утре!


interview

КиРе хРистовсКи генерален менаџер на КРЕАТИВА.инк

со нашите пРинтинг Решенија ја зголемуваме ДобивКата на Клиентите

Р

Разговаравме со сопственикот и главен менаџер на КРЕАТИВА.инк, млада и брзорастечка фирма што се занимава со продажба на тонери и нуди комплетни принтинг решенија што ги кратат трошоците на секој нивни клиент. XX објаснете ни малку подетално со што се занимава КРеатива.инк: каков е бизнис моделот и кои се ваши клиенти?

КРЕАТИВА.инк е релативно млада компанија на македонскиот пазар позиционирани сме во B2B сегментот. Нашето клиентско портфолио во моментов вбројува 1.500 клиенти и тој број постојано расте. Можеме да се класифицираме како систем интегратор кој обезбедува комплетни решенија што се однесуваат на процесот на печатење во средните и големи компании во Македонија,или познати како MPS (Managed Print Services) – Оптимизација на процесот на печатење. Оваа услуга до сега во Македонија беше позната како рента или наем на уреди за печатење, позната како “Basic Print Services”, со што висината на трошокот кој произлегува од ваков вид на услуга беше занемарлив од провајдерите на овие услуги. Со тоа, наместо на корисникот на ваквата услуга да му се намали трошокот за печатење истиот беше зголемен. Во MPS услугата важно е трошокот да се намали за минимум 30%. XX Колку македонските компании ја сфаќаат предноста на вашите услуги?

Трошоците за печатење се често занемарени од компаниите, според согледувања истите изнесуваат од 3 -5 % од годишниот бруто приход, во зависност од бизнисот. Затоа намалувањето на овие трошоци значи сериозно намалување на оперативните трошоци на компаниите. Покрај MPS услугата,продаваме и високо квалитетни компатибилни тонери за сите видови брендови. КРЕАТИВА.инк има најголем избор на тонери,со врвен квалитет и одлична цена. Нашите клиенти покрај тонерите ги користат и услугите на нашиот професионален сервис. Голем број на фирми и компании имаат потреба од редовно сервисирање и одржување на нивната флота од принтери. Компатибилните тонери на КРЕАТИВА.инк се со премиум квалитет и се произведени по сите меѓународно признати сертификати за квалитет. Секој тонер е поминат преку строгата селекција и критериум на тестирање пред да биде пуштен во продажба. За разлика од полнетите тонери кои може да бидат штетни

Рецепт за успех: Динамичниот Раст на КРеатива.инК


www.kapital.mk

Капитал број 839 27.11.2015

специјален прилог по здравјето и да влијаат врз респираторниот систем, компатибилните тонери на КРЕАТИВА. инк се во целост произведени согласно сите безбедносни стандарди за заштита на човековото здравје. XX Која е компаративната предност на вашата компанија во однос на останатите компании што се бават со иста или слична дејност? Македонскиот пазар е високо конкурентен по тоа прашање,повеќе ценовно отколку по квалитет. Нашата предност ја гледаме во квалитетот на нашите услуги кои се користат од голем број фирми и компании,кој секојдневно расте. Веќе реков дека грижата за клиентите е првото нешто на нашата листа со приоритети. Се разликуваме по тоа што го исполнуваме ветеното на квалитетен начин со иновативен пристап. Таквиот пристап знае да биде препознаен од страна на клиентите и награден со доверба и лојалност од македонските фирми и компании. XX Дајте ни малку детали за динамиката на развојот на компанијата: како се движи обртот последниве години, какви се вашите прогнози и проекции за следниот период? Како релативно млада компанија бележиме рапиден раст од година во година. Како пример во 2015 година имаме раст од приближно 500% на приходите во однос на 2014 година. Не очекувавме дека нашиот пристап кон клиентите и нивните потреби и проблеми ќе наиде на таков прием и со ваков резултат. Тоа ни покажува колку пазарот е спремени отворен за квалитетни услуги и квалитетни производи. Има една изрека: “Ако го освоиш клиентот со цена, со цена и ќе го изгубиш“. Цената е еднократна, а вредноста е постојана одлика на производот или услугата. Во моментотнашиот пазарен удел е околу 15%, што ни дава верба и оптимизам во наредниот период XX Кои се најголемите предизвици со кои што се соочува компанијата во нејзиниот бизнис сегмент? Наплатата. Рак рана на македонската економија. Слабата финансиска дисциплина. Тоа е нешто што многумина од нас не го научиле или не сакаат да го научат. Почитувањето и плаќањето на обврските е култура во работењето. Почит кон самиот себе, кон сегментот во кој работиш, кон земјата и општеството, а индиректно и кон идните генерации. Но, се надевам и сум сигурен дека ќе биде подобро со тек на време. Постојат одредени сигнали кои укажуваат на подобрување на финансиската дисциплина. XX Како се справувате со предизвикот на мотивацијата на вашите вработени? Кои се начините и методите со кои што ги мотивирате, односно како ги привлекувате и

задржувате талентираните луѓе кај вас? Бројот на вработени се зголемува на месечно ниво. Вработуваме луѓе кои сакаат да сменат нешто во својот живот, на подобро. Луѓе кои се спремни да направат чекор повеќе со цел да успеат. Вработените во КРЕАТИВА. инк се добро платени, менторирани, ценети, вреднувани, просторот за промовирање и унапредување е доста голем. Сите се вклучени во процесите во компанијата со што се високо мотивирани да ги споделат своите идеи и претворат во реалност. Ние им веруваме на нашите луѓе дека можат. Довербата ја даваме од првиот работен ден. Променивме многу животи на подобро, така и ќе продолжиме. Постојано ја укажуваме потребата од постојана обука и лична и професионална надградба на нашиот тим. Оттука, создадовме Sales Academy – Академија за продажба, каде што ги едуцираме и надградуваме вработените. До сега одржавме 5 такви академии. XX Со оглед дека имате поголемо искуство во секторите продажба и кај претходните ваши работодавци, кои се според вас клучните одлики на добар sales професионалец/менаџер? Колку во Македонија лесно или тешко се наоѓаат добри продажни професионалци? Самодовербата е битен елемент во еволуцијата кон успешен претприемач. Висок морален склоп и цврст интегритет е ‘рбетот на секој поединец. Потребно е доста учење, читање, надградба и се разбира, вежбање. Успехот е битен, но неуспесите се тие од кои учиш. Упорност, посветеност и одлично познавање на производите и услугите што ги нудите.

53

Networking-от и препораките од успешно склучени договори се доста важен дел од потребните работи на листата на квалитетен менаџер во продажбата. Во Македонија има доста успешни професионалци во продажбата. Но, има и такви кои треба да се надградат ако сакаат да успеат. XX Колкав предизвик е за вас ангажирањето на квалитетни вработени? Кои особини треба да ги посетуваат вашите “идеални“ соработници? Отворен пристап кон професионални предизвици, желба за лична надградба, искреност, отворена комуникација, почитување на професионални стандарди и деловна етика, упорност, лојалност и посветеност. Овој склоп на особини и вредности се обидувам да го идентификувам кај кандидатите за работа, а соодветно да го поттикнам и поддржам кај своите сегашни и идни соработници. XX Во колкав обем работењето на вашата компанија се потпира на современите технолошки решенија, како cloud computing, бизнис апликациите и сл.? Во колкава мера ги користите социјалните мрежи како маркетиншки алатки? Целокупното наше работење е базирано на Cloud платформи. Cloud-от е она што ни помага да бидеме поорганизирани. Користејќи го знаењето преку современите техничко технолошки решенија ние управуваме со нашата компанија. Брзиот и едноставен пристап до информациите кои ни се потребни во секојдневното работење е од исклучително значење за постојано подобрување на квалитетот на услугите и како и за брзината на нашето дејствување на пазарот соодветно во конкурентското опкружување. nnn

XX Каква е вашата визија и планови за иден раст и развој на Kreativa.ink? Што ќе се случува со компанијата во следните 5 години? Планираме да го задржиме ова темпо на раст. Со воведување на идни иновативни решенија очекуваме да ја зголемиме клиентската база. Веќе се работи на неколку нови производи и услуги, за кои не би сакал да коментирам повеќе од ова. Диверзификацијата на ризикот е постојана мисла која не ни дава да се опуштиме и нe држи надвор од комфорната зона, меѓутоа систематски, а не импулсивно. Планираме да го зголемиме бројот на вработени, а со тоа да допринесеме во квалитетот на тимот. Плановите се големи, и работиме на исполнување на истите.

к се должи на упорноста, посветеноста и квалитетот


www.kapital.mk

Капитал број 839 27.11.2015

54

менаџер

В пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Во оваа прилика ви нудиме краток водич за најбитните работи што треба да ги знаете за клауд компјутингот (cloud computing) или обработка на податоци во облак.

Што може клаудот да стори за вашиот бизнис? Префрлањето на клауд може да ви заштеди илјадници евра годишно

1

На вашиот шеф за информатика можеби нема да му се допадне ова, но да имате голем ИТ оддел и ресурси во самата компанија веќе е реликвија од минатото. Ако вашата компанија самата ги менаџира e-mail системите, веб хостирањето или серверите со фајлови, најверојатно попусто фрлате стотици или илјадници евра годишно, во зависност од големината на фирмата. Компаниите како Rackspace, Google или FuseMail може да се грижат за вашите e-mail системи за многу помалку пари од она што го трошите ако ги правите овие операции in-house. Освен тоа, со клауд решение веќе никогаш не мора да се грижите за надградба или одржување на вашите сервери. За повеќето компании, фајл серверите не се повеќе најдоброто решение за чување и споделување на фајловите. Клауд сервисите како Dropbox или Synplicity нудат услуги за споделување фајлови за многу поволни месечни надоместоци. Со овие сервиси, нема веќе потреба од сервери и бекапи. Тие ќе се погрижат за сè.

2

Нема веќе потреба од комплексна софтверска инфраструктура

Порано, ако сакавте вашиот бизнис да биде поддржан од одличен софтверски систем, веројатно ќе требаше компанија како IBM или SAP да инсталира страшно комплициран и скап систем. Поновите верзии на ваквите софтвери дополнително се наплаќаат, а ако сакате да инсталирате нов хардвер за да ги зголемите перформансите, и тоа може да чини стотици илјади евра. Со помош на т.н. software-as-a-service (SaaS) модел, вашиот бизнис може да го искористи “облакот“ за пристап до најквалитетни софтверски решенија. Компаниите што обезбедуваат SaaS постојано го надградуваат својот софтвер

компанија во “облаци“

Водич за cloud за секој менаџер

Прво, што значи клауд компјутинг? Во основа, тоа е користење на надворешна мрежа на сервери за да складирате, менаџирате и процесирате податоци, наместо да користите ваши сопствени сервери или персонални компјутери. До тој т.н. “облак“ на податоци пристапувате преку интернет. Предноста од користењето клауд е што вашата компанија не мора да поседува и одржува скапа ИТ архитектура или компјутерски сервери. и секогаш имате пристап до најновите и најдобрите верзии од нивниот софтвер, а нема потреба да се грижите за набавка на нов хардвер. Месечните надоместоци за користење на SaaS се многу помали од она што ќе го платите за класичен компаниски софтвер.

3

Се зголемува агилноста на компанијата

Преку користење на cloud computing и SaaS решенија, вашата компанија е многу пофлексибилна. Можете да се префрлате на најдобрите софтверски опции брзо и лесно. Традиционалните бизнис софтвери се комплексни и скапи, и еднаш штом ќе ги инсталирате, многу е скапо и тешко да се префрлите на нешто друго. Додека, фимите што нудат услуги на клауд, имаат одлични стимулации за да ве задржат, а префрлањето на некој друг ваков сервис бара многу малку напор од вас. Тие исто така, мора да внимаваат на брзината и сите други карактеристики на нивниот хардвер, затоа што ако не сте целосно задоволни од нивната услуга, добро знаат дека лесно може да отидете кај нивната конкуренција.

4

Се зголемува безбедноста на податоците и сигурноста на системите

На глобално ниво се зборува многу за сигурноста на клауд услугите, и загриженоста што постои околу ова прашање не е без основа. Меѓутоа, клауд и SaaS компаниите што имаат веќе изградена репутација веќе имаат изградено завидно ниво на сигурност и безбедност на своите услуги. Во дигиталното време не постои 100% сигурност, за жал. Но, користејќи компании што постојано иновираат и ги подобруваат своите безбедносни системи, вие ја правите и сопствената компанија многу побезбедна. Ако ги чувате своите податоци на сопствени компаниски сервери, станувате многу поранливи за хакерски напади, одошто ако сте на клауд кај некој провајдер. За да ја одржувате безбедноста на информациите кај внатрешните системи, треба да имате персонал што постојано ќе ја надградува безбедноста на вашите дигитални системи. Ова е напорна работа, која на крајот чини многу. Но, ако користите провајдер на клауд услуги, ќе ја употребите нивната експертиза и иновативност во поглед на безбедноста. nnn

Корист: Префрлањето во “облак“ намалува трошоци и штеди време



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.