Mlecna industrija 2016

Page 1

WWW.KAPITAL.MK

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

COVER STORY

специјален прилог ТУРБУЛЕНЦИИ

НА ЕВРОПСКИОТ ТЕЛЕКОМ ПАЗАР И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ

Млечна индустрија ПОЛИТИКА

lанализа на пазарот: КолКу МлеКо се произведува во МаКедонија, КАПИТАЛ КолКу сеSPECIAL преработува, а КолКу увезува? ПРОИЗВОДИ ТОП 100сеИЗВОЗНИ

ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?! АНАЛИЗА

СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ

КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ Македонскиот ИЗВОЗ? "Млечен пат" l Што ја очекува Млечната индустрија во 2016 и поКрај проблеМите, “МлеКарите“ не се отКажуваат од инвестиции

l увозот на Млеко и преработки тројно поголеМ од извозот Што треба да се направи? l кој е кој во Млечната индустрија: ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА најголеМи играчи ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА МАКСТИЛ на пазарот ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ и покрај l рускиот ВОпазар ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА проблеМите останува со голеМ потенцијал БИЛДЕРБЕРГ: КАКВА ИДНИНА КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

WWW.KAPITAL.MK


www.kapital.mk

Капитал број 848 29.01.2016

26

МЛЕЧНА ИНДУСТРИЈА

Што ја очекува млечната индустрија во 2016

И покрај проблемите, “млекарите“ не се откажуваат од инвестиции

Б пишува:

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

Бизнисот со млеко и млечни производи предизвикува прилично контроверзии во домашната јавност изминативе години:

Неповолната состојба на меѓународните пазари, домашната политичка криза која носи неизвесност и резервираност и старите проблеми со недостаток на суровинска база и инвестиции во примарното производство се факторите кои ќе ја направат 2016та година на предизвици за македонската млечна индустрија. Сепак и покрај сево ова најголем дел од големите и малите млекарници кои ги контактиравме не се откажуваат од амбициозните планови за инвестиции и развој. субвенциите во млекопроизводството растеа, а резултатот е сè помало производство и поголем увоз. Ваквиот тренд очигледно ќе продолжи и во претстојната година. Неповолната состојба

на меѓународните пазари, домашната политичка криза која носи неизвесност и резервираност и старите проблеми со недостаток на суровинска база и инвестиции во примарното производство

Планови: Сите поголеми млекарници во Македонија ќе


www.kapital.mk

Капитал број 848 29.01.2016

специјален прилог

В Златко Најдовски извршен директор на БиМилк, битолска млекарница

о делот на примарното млекопроизводство , наместо да работиме ефикасно и на поголема продуктивност, ние заостануваме зад регионот, во однос на суровото млеко. Имаме премногу разбиени фарми. Неколку илјади фарми се премногу за овој пазар. Во Македонија и со една крава се регистрираат како фармери. Со бројка од 3 до 5 крави се 80% од производителите на млеко во Македонија. Ако поделите 70. 000 крави со тие 135-140 милиони литри годишно ќе ја видите нашата продуктивност. Ако во ЕУ се произведуваат 7 тони по крава, а во Македонија 2-3, тогаш вие не сте конкурентни.

се факторите кои ќе ја направа 2016, година на предизвици за македонската млечна индустрија. Сепак и покрај сево ова најголем дел од големите и малите млекарници кои ги контактиравме не се откажуваат од амбициозните планови за инвестиции и развој.

Инвестиции во 2016 Извршниот директор на најголемата домашна млекарница, БиМилк од Битола, Златко Најдовски, во неодамнешното интервју за Капитал истакна дека за оваа година планираат задржување на позициите на пазарот во САД , кои би требало да се задржат нивото од 2015 година. “Ни треба проширување на капацитетите, и на тоа работиме во последните 3-4 години а ќе продолжиме и следните 2 години. Ќе инвестираме во унапредување на производството на ферментација, потоа во магацини, и во современа технологија во течниот дел и сирењарницата. Исто така, имаме уште еден дел од инвестиција во капацитетот за ферментација на млекото и кои ќе значат инсталации на нови машини за производство, а со тоа и проширување на производното портфолио.“, вели Најдовски. „Со оглед на случувањата во нашето окружување и ефектите од неколкугодишната рецесија во Европа, како и влијанието на домашната политичка криза која со себе носи состојба на неизвесност и резервираност, очекуваме 2016 година да биде година со многу предизвици“ - ова е официјалниот став кој го добивме од млекарницата Здравје Радово поврзани со процените за претстојната 2016 година. И повеќето од останатите преработувачи на млеко кои ги контактиравме се со истиот став. Сепак, од Здравје Радово велат дека и покрај предизвикувачките макроекономски услови, нивните планови за 2016 година се оптимистички и предвидуваат раст во сите сегменти од нивното работење.

27

О Панделе Панделески извршен директор на млекарницата Здравје Радово

Бројки

3-5

крави имаат 80% од производителите на млеко во земјава

2-3

тони млеко годишно се добиваат по крава во Македонија, а до 7 тони во ЕУ

70-80

млекарници во моментов работат на домашниот пазар „Истиот се темели на сериозната инвестициона активност која ја планираме во 2016 година, проширување на производното портфолио, отворање на нови извозни пазари како и задржување на константниот квалитет на нашите постојни производи и вложувања во подигање на брендот“. И помалите млекарници кои ги контактиравме се со сличен став околу предизвиците поврзани со 2016 година, сепак тие најавуваат уште поголеми инвестиции. Таков е случајот со млекарницата Стоби од Градско која има веројатно најамбициозни развојни планови за 2016 година. „Оваа година започнуваме со практична реализација на планираното проширување на нашите производни капацитети. Последните две години барањата за нашите производи експоненцијално пораснаа и како резултат на тој пораст, логично дојде и потребата за проширување на капацитетите. Тоа подразбира изградба и опремување на нов дел во млекарницата и

сновен предуслов за подобрување на состојбите секако е зголемувањето на домашната суровинска база и за тоа предлагам конкретни насоки. Потребен е стратешки/системски пристап кој ќе го опфати целиот синџир на производство, т.е. од земја, храна, производство на сурово млеко, преработувачка индустрија. Потребно е секако и зголемување на продуктивноста по грло/фарма, трансферирање на know-how за менаџмент на фарми, итн.

Главните пречки за поголем бизнис со млеко во Македонија XX Премногу разбиено фармерство за млекопроизводство. Со бројка од 3 до 5 крави се 80% од млекопроизводителите во Македонија. XX Мала продуктивност на фармите заради расцепканоста, застарените технологии, итн. Во ЕУ се произведуваат 7 тони по крава, а во Македонија 2-3. XX Пристап кон решавање на квалитетот на суровото млеко. Постои закон кој ни дозволува1,5 милиони бактерии во еден литар, но на терен имаме и повеќе од тоа. Не се работи тука само за безбедност на храната, туку за ефикасност во самото производство и во трошоците во финалниот производ. инвестиции во модерни фарми. Досегашните 70 тони сирење од нашиот бренд Галичник, и 4-те тони кашкавал исто така произведени под брендот Галичник планираме да бидат дуплирани со новите инвестиции“.

ЕУ произведува 7 тони млеко по крава, Македонија 2-3

Овчарството во Македонија е со континуиран пад и се очекува овој тренд да продолжи и сточниот фонд да опаѓа. Ова е пред се поради трудоинтензивниот начин на одгледување на овци во Македонија. Исто така и говедарството е доста неразвиено и се одвива во индивидуални

е инвестираат годинава во производство и нови пазари


www.kapital.mk

Капитал број 848 29.01.2016

28

МЛЕЧНА ИНДУСТРИЈА

О

К

Никола Деребанов

генерален директор на Перминдекс групацијата во чиј состав е млекарницата Стоби

ако во било кој сектор така и во овој, доколку сакаме конкурентно и зголемено производство и пораст на извозот на млечни производи и преработки, мора да се продолжи со инвестиции. Пред сè мора да се инвестира во модерно производство на млеко и во модерно фармерско производство. На тој начин би се обезбедила суровина која што ќе ги има стандардите за квалитет на Европската Унија по конкурентна цена, а со тоа би се овозможило на преработувачката индустрија да го зголеми извозот не само на регионалните пазари, туку и во ЕУ.

земјоделски стопанства кои се премали и со технологија со која не можат да одговорат на барањата на извозните пазари. Поради сето ова производството и извозот на млечни производи е лимитирано од суровинската база. “Во делот на примарното млекопроизводство, наместо да работиме ефикасно и на поголема продуктивност, ние заостануваме зад регионот, во однос на суровото млеко. Имаме премногу разбиени фарми. Неколку илјади фарми се премногу за овој пазар. Во Македонија и со една крава се регистрираат како фармери. Со бројка од 3 до 5 крави се 80% од производителите на млеко во Македонија. Ако поделите 70. 000 крави со тие 135-140 милиони литри годишно ќе ја видите нашата продуктивност. Ако во ЕУ се произведуваат 7 тони по крава, а во Македонија 2-3, тогаш вие не сте конкурентни“, вели директорот на Млекара Битола, Златко Најдовски. Според Никола Деребанов генерален директор на Перминдекс групацијата во чиј состав е и млекарницата Стоби, како во било кој сектор така и во овој, доколку сакаме конкурентно и зголемено

Димче Ѓоргиевски

сопственик на млекарницата Кожле

на што им го нудиме на нашите клиенти, а е поразлично од другите е органскиот начин на производство и квалитетот. Имаме сопствено стадо од 250 кози кои живеат во еколошката зона Бадер каде што се наоѓа и самата млекара. Иако генерално во Македонија се уште не е развиена свеста за користење органски производи и користите од нив, за нашето производство секогаш има пласман.

Во последните години има сериозни поместувања во оваа насока, но треба да се продолжи да се вложува во едукација на млади стручни лица кој долгорочно ќе ги достигнат европските стандарди“. Панделески додава дека од друга страна потребна е стратегија за настап на извозните пазари која се состои од анализа на спецификите на истите и соодветно модифицирање на производното портфолио со цел задоволување на специфичните барања на тамошните потрошувачи.

производство и пораст на извозот на млечни производи и преработки, мора да се продолжи со инвестиции. „Пред сè мора да се инвестира во модерно производство на млеко, во модерно фармерско производство. На тој начин би се обезбедила суровина која што ќе ги има стандардите за квалитет на Европската Унија по конкурентна цена, а со тоа би се овозможило на преработувачката индустрија да го зголеми извозот не само на регионалните пазари туку и во ЕУ“. И Панделе Панделески извршен директор на млекарницата Здравје Радово, се согласува со Деребанов дека основен предуслов за подобрување на состојбите секако е зголемувањето на домашната суровинска база и за тоа предлага конкретни насоки. „Во таа насока, потребен е стратешки/ системски пристап кој ќе го опфати целиот синџир на производство, т.е. од земја, храна, производство на сурово млеко, преработувачка индустрија. Потребно е секако и зголемување на продуктивноста по грло/фарма, трансферирање на know-how за менаџмент на фарми итн.

Стратегија за “борба“ против огромната странска конкуренција...

Според експертите и преработувачите кои ги контактиравме со оглед на нарушените политички односи и ембаргото за увоз на ЕУ производи во Русија очекуван е пад на цените на суровото млеко и млечните производи на европско ниво, а со самото тоа и ценовен притисок на нашиот домашен пазар од увозни производи. Во таа насока ги контактиравме млекарите низ земјава како планираат да се спротивстават на

Кои се најголемите играчи на пазарот?

В

о топ 200 најголеми и најуспешни компании во Македонија можат да се најдат имињата на само три фирми од млечната индустрија. Највисоко рангирана е Млекара Битола која според обртот е рангирана на 48 место, а според профитабилноста на високото 26. Податоците за 2014 година покажуваат дека годишните приходи на млекарницата се 39 милиони евра што претставува раст од 4,77% во однос на 2013 година. Компанијата остварила нето профит од 2,6 милиони евра, што претставува раст од 23,44%

во однос на минатата година. Сето ова млекара Битола го има остварено со 182 вработени и актива од 28,5 милиони евра. Струмичката млекарница Здравје Радово може да се најде на 76 место според остварени приходи во 2014 година. Оваа компанија за разлика од млекара Битола ја нема на листата топ 200 најуспешни компании според остварениот профит. Млекарата Здравје остварила вкупни приходи од 24,5 милиони евра што е приближно исто колку и остварените приходи во 2013 година. Компанијата остварила

загуба од 785.000 евра. Здравје Радово вработува 314 лица и има актива од 15,3 милиони евра. На листата топ 200 најголеми фигурира уште компанијата Лакталис МК која е третата компанија од млечната индустрија застапена на ова друштво. Во 2014 година Лакталис МК остварила приходи од 10,5 милиони евра што претставува раст од 229% во однос на претходната година. Компанијата која располага со актива од 4,2 милиони евра за цела година остварила загуба од 220.000 евра.

Продуктивност: Три пати помалку млеко по крава во однос на ЕУ



www.kapital.mk

Капитал број 848 29.01.2016

30

МЛЕЧНА ИНДУСТРИЈА

к

валитетот ни е единствениот адут, затоа што не сме доволно моќни да се носиме со милионските инвестиции кои корпорациите ги издвојуваат секоја година за спроведување маркетинг. Токму поради ВЛАДо тоа, 100% сме посветени на ЈАНкУЛоВСкИ квалитетот и на вкусот на сопственик и директор нашите производи и тоа е на млекарницата Лабрадор Охрид единствената причина што толку години опстојуваме на пазарот.

ваквите состојби. Владо Јанкуловски од млекарница Лабрадор вели дека млекарниците во Македонија имаат само еден можен адут, а тоа е квалитетот. “Квалитетот ни е единствениот адут, затоа што не сме доволно моќни да се носиме со милионските инвестиции кои корпорациите ги издвојуваат секоја година за спроведување маркетинг. Токму поради

колку млеко се произведува во Македонија, а колку се увезува?

С

поред последните достапни податоци од 2014 година во Македонија се произведени 497 милиони литри млеко. Традиционално најмногу се произведува кравјо млеко 387 милиони литри, потоа следува овчото со 36 милиони литри млеко и козјото со 14 милиони литри млеко. Најголем пораст во однос на 2013 година има кај производството на овчо млеко од 4,1%, по што следува производството на кравјо млеко со минимален раст од 1,6% додека кај производството на козјо млеко се забележува пад од 5,6%. Македонија увезува млеко и млечни производи во обем од 35 милиони евра. Најголем дел од млекото доаѓа од соседна Србија и останатите земји од регионот. Сè уште висок е процентот и на увоз на млеко во прав.

тоа, 100% сме посветени на квалитетот и на вкусот на нашите производи и тоа е единствената причина што толку години опстојуваме на пазарот“ Неговиот колега Димче Ѓоргиевски од скопската млекарница Кожле објаснува подетално која е додадената на нивните производи во однос на поевтините увозни. „Она што им го нудиме на нашите клиенти,

П.И.К.Ко ДООЕЛ водечки регионален овластен увозник и дистрибутер на голем број светски брендови производители на суровини и функционални додатоци за млечната индустрија стартер култури суруткини и млечни протеини  PH регулатори  тестови за хигиена и тестови за антибиотици  растителни масти  казеинати  

... ОД НАША СУРОВИНА ДО ВАШ ДОБАР ПРОИЗВОД ... ул. Франклин Рузвелт бр.5А 2/1 1000 Скопје, Р.Македонија тел: (+389 2) 30 60 081 факс: (+389 2) 30 60 083 e-mail: contact@pic-co.com.mk

а е поразлично од другите е органскиот начин на производство и квалитетот. Имаме сопствено стадо од 250 кози кои живеат во еколошката зона Бадер каде што се наоѓа и самата млекарница. Иако генерално во Македонија се уште не е развиена свеста за користење органски производи и бенефитите од нив, за нашето производство секогаш има пласман“. nnn



Капитал број 848 29.01.2016

32

www.kapital.mk

МЛЕЧНА ИНДУСТРИЈА

Македонскиот “млечен пат“

Увозот на млеко и преработки тројно поголем од извозот што треба да се направи? Регионалните пазари се првите кои треба да бидат таргетирани и освоени од нашите компании, пред сè поради долгогодишната поврзаност и сличности во вкусовите и навиките на потрошувачите. Но, и САД и Русија остануваат добра “мета“ за македонските производители на млеко и преработки.

Пазари: Бугарија и Грција први треба да се “нападнат“ со


www.kapital.mk

Капитал број 848 29.01.2016

специјален прилог македонски извоз на млеко и прераБотки (во евра) 4.000.000

4.000.000

33

рускиот пазар и покрај проблемите останува со голем потенцијал

о Косово

САД

и

700.000

526.000

361.000

Албанија

Србија

Црна Гора

пишува:

дејан азески

dejan.azeski@kapital.mk

Иако Македонија во 2015 година има остварено рекорден извоз во последните десет години во категоријата млечни производи и јајца од 10,9 милиони евра што претставува континуиран раст на извозот од 2010 наваму (6 милиони евра, 7,8 милиони евра, 8,8 милиони евра, 7,2 милиони евра, 9,2 милиони евра) експертите велат дека се додека увозот е три пати поголем (35,3 милиони евра во 2015) никако не можеме да бидеме задоволни со статистиката. Особено поради фактот дека Македонија е традиционално сточарска земја која има вековна традиција во производство и извоз на производи од млеко. Меѓутоа, во ЕУ може да извезуваат само фарми кои ги исполнуваат европските стандарди, но не можат сите фармери да инвестираат за да ги исполнат тие критериуми. Фармерскиот бизнис тежи стотици илјади евра, велат нашите соговорници, познавачи на млекарскиот бизнис. “На пример, за една фарма од триесетина крави ви требаат околу 100 илјади евра. Е сега, замислете ви доаѓа некој и ви вели дека не работите според европски стандарди и дека треба или навреме да ја осовремените фармата, или не можете да произведувате млеко. Тоа не може да се случи преку ноќ“, вели еден од поголемите фармери производители на млеко во земјава, кој не сакаше да го цитираме. Македонскиот извоз на млеко и млечни

Бројки

10,9

милиони евра млеко и млечни производи извезла македонија во 2015 година

35,3

милиони евра потрошила земјава за увоз на млеко и млечни производи производи не е ограничен само во обем туку и според бројот на земји во кои извезува. Имено, ако не се Косово и САД каде во 2015 година сме извезле приближно исто по 4 милиони евра остануваат уште Албанија со 700 илјади евра извоз, Србија со 526 илјади евра извоз и Црна Гора со скромни 361 илјади евра извоз на млеко и млечни производи.

најблиските соседи како приоритет, но и далечните пазари да не се занемарат Според Никола Деребанов генерален директор на Перминдекс групацијата во чиј состав е и млекарницата Стоби се разбира регионалните пазари се првите кои треба да бидат таргетирани и освоени од нашите компании, пред сè поради долгогодишната поврзаност и сличности во вкусовите и навиките на потрошувачите. Но според него секако не треба да се ограничуваме само на нив бидејќи вкусовите се менуваат, а современите трендови покажуваат постојана потреба од нешто ново и поинакво. „Истовремено не треба да се занемарат така наречените ‘нетрадиционални’ пазари, како aмериканскиот, каде што ние со пласманот на нашите производи потврдивме дека со соодветна комбинација на беспрекорен квалитет и разумна цена може да се обезбеди продажба и да се порази нелојалната конкуренција од

д млекарата стоби додаваат дека секако не треба да се испуштат и новонастанатите можности за извоз на рускиот пазар кои што произлегуваат од моменталната состојба за забрана на увоз на млечни производи со еу потекло во русија. генерално е познато дека во моментов постои огромен недостаток на овие производи таму. уште попосветени на рускиот пазар се од млекарницата здравје радово. извршниот директор панделе панделески најави дека по добивањето на лиценцата за извоз нивниот фокус во моментов е пазарот на руската Федерација. „наши тимови во неколку наврати направија посети на рускиот пазар со цел да ги проучат спецификите на истиот. во првиот квартал од годинава очекуваме да тргне првиот извоз за русија“ најавува панделески.

регионалните производители која продава по доста ниски цени наместо производ. Горди сме на нашите успеси таму каде што постојаниот квалитетот е задолжителен“. Директорот на битолската млекарница БиМилк се согласува дека дека прво мора да се посветиме на најблиските пазари. “Прво имаме еден голем пазар јужно од нас. Грција е голем пазар за Македонија, со прилично високи цени бидејќи нема млеко под едно евро за литар, а тоа е огромен потенцијал за нас. Додека Грција го врати тој производ ќе треба време, а ние може да влеземе таму. Србија е тежок пазар, суровината е евтина, има хиперпродукција. Може да се влезе во ЕУ. Но, во најблиските земји, Бугарија и Грција“. Тој смета дека голема шанса е и САД. “Тие со ЕУ имаат квота, а ние не сме во ЕУ. Но, за таму треба безбеден и квалитетен производ. Америка е доста едноставна за работа. Ако не им се допадне не може да влезете по втор пат. Тука ќе го споменам и пазарот за овчо млеко, а Македонија мора да работи на тие производи затоа што имаме услови. Тоа млеко е прилично поскапо во ЕУ, станува сè поскапо за производство, а кај нас имаме огромен дел на неискористен потенцијал. Албанија исто така има потенцијал, огромен дефицит на млеко, Косово исто така огромен дефицит, а трошат млеко речиси колку нас речиси. Мора да инвестирате во тој пазар, да го едуцирате, да се етаблирате како добар играч.“, објаснува Најдовски. nnn

о извоз, сметаат производителите на млеко и прераБотки


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.