Ski & spa prilog 2015

Page 1

WWW.KAPITAL.MK

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

специјален прилог

Ski & Spa

Водич за ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ зимуВање 2015/2016 КАПИТАЛ SPECIAL

COVER STORY

ТУРБУЛЕНЦИИ

НА ЕВРОПСКИОТ ТЕЛЕКОМ ПАЗАР И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ ПОЛИТИКА

ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?! АНАЛИЗА

СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ

КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ? l најдобрите скијачки центри на балканот и Во регионот l најдобри спа и Велнес центри

l најдобрите ресорти за одмор со деца l зимските спортоВи: скии, сноуборди, санки ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА l Wellness МАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА инструкторите ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН препорачуВаат: ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА вежби и храна БИЛДЕРБЕРГ: КАКВАиИДНИНА за релаксиран здрав КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? помин на зимските месеци БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

l соВети како да останете фокусирани и продуктиВни оВаа зима

WWW.KAPITAL.MK


www.kapital.mk

Капитал број 842 18.12.2015

52

Ski & Spa

Водич за зимување 2015/2016

Време е за празнично уживање!

Кои се најдобрите ски и спа ресорти во регионот?

Н

Најубавите реклами во годината-божиќните, кои големите светски компании ги пуштаат во етерот уште на средината на ноември, осветлените улици, деловни простории и домови се првиот потсетник дека празничната сезона почнува. Меѓутоа, оттогаш до почетокот на зимскиот, празничен, одмор, пред нас е можеби еден од најисцрпувачките месеци од годината. Декември, вообичаено е и месецот исполнет со најмногу обврски тогаш се резимира целата измината година, се бркаат последните рокови, се планира

Во отсуство на попрецизно рангирање на ресортите во овој дел од Европа, Капитал ви го пренесува изборот направен од страна на британски Телеграф во однос на ски ресортите и селекцијата на Tripadvisor.com во однос на спа центрите, се со цел да ви помогнеме полесно и побрзо да го направите вашиот избор за празничниот одмор што следува. Можеби токму една од понудите на Капитал е вистинската дестинација која ќе ви овозможи да си пружите уживање баш такво, какво што вие го замислувате. бизнис планот за годината што следува... Токму затоа, зимските празници нудат одлична шанса за кратко бегство од стресното и напорно секојдневие и можност за кратко релаксирање и вистинско празнично уживање. Па зарем не е најдобро, почетокот на година да се почне во опуштена, празнична и пријатна атмосфера? Во отсуство на попрецизно рангирање на ресортите во овој дел од Европа, Капитал

ви го пренесува изборот направен од страна на британски Телеграф во однос на ски ресортите и селекцијата на Tripadvisor.com во однос на спа центрите, се со цел да ви помогнеме полесно и побрзо да го направите вашиот избор во стресниот период во кој минувате. Можеби токму една од понудите кои ги дава Капитал е вистинската дестинација која ќе ви овозможи да си пружите уживање баш такво, какво што вие го замислувате.

Телеграф: Ако не можете да си ги дозволите Алпите во Авст


www.kapital.mk

Капитал број 842 18.12.2015

специјален прилог

53

Пампорово важи за доста живописно место во врвот на сезоната, нуди одлични места за забава, има повеќе добри ресторани и многу барови кои држат едни од најевтините цени во Европа. Со оглед на тоа дека е во Источна Европа, снежните прекривки може да бидат проблем, особено пред Божиќ или во средината на март, но со вештачки снег се покрива речиси 90% од патеките за скијање. Најдоброто време да го посетите Пампорово е во февруари. Но тогаш, секако, има и најмногу посетители.

1

Е

Појана Брашов, Романија

динствениот ресорт во Романија со меѓународно признание е тој во Карпатските планини, на три часа од најблискиот аеродром кој е во Букурешт и 12 километри со автобус од средновековниот град Брашов. Познатиот Замок на Дракула е само 23 километри од ресортот кој исто така вреди да се посети. Оваа земја трпеше многу додека беше во рацете на Николај Чаушеску, лидерот на Романија од 1965 до 1989 кога беше егзекутиран. Во посткомунистичката ера, немаше инвеститори кои сакаат да вложуваат во зимските спортови. Но, денес таа слика се менува. Само во 2011 година, 25 милиони евра беа потрошени во уредувањето на Појана Брашов, а најмногу се инвестираше во големината на ски областа и правењето на нови, модерни ски-лифтови. Ски центарот е особено добар за почетници и луѓе кои не се многу искусни во скијање. Часовите се евтини, а стандардот на учење (сите професори се одлични во англиски јазик) е оценет со високи оценки. Меѓутоа, најголемиот проблем со овој центар е снежната покривка, која ретко надминува пола метар, а доколку станува збор за сува зима овој центар пати од лош почеток на сезоната, која пак, трае најдоцна до крајот на месец март. Но во последнo време, многу се инвестира во вештачки снег со цел Брашов да ја искористи добро целата сезона.

2

Пампорово, Бугарија

М

ало и пријателско место во едно особено шармантно гратче. Речиси на секоја фотографија што ја гледате од Пампорово, доминира грдата ТВ антена на врвот на Снејака, нависоката точка од ски областа во Пампорово. Но, селото што се наоѓа под планината е со вистински рурален шарм и традиционален ски ресорт кој е одличен за секој кој сака да направи зимски одмор кој нема да ве заглави во банка. Ресортот е сместен во одличната внатрешност на Бугарија, некои 100 километри од границата со Грција и час и 45 минути од најблискиот аеродром во Пловдив – што е град кој мора да го посетите, а е и под заштита на УНЕСКО. Најдолгата скијачка патека е 4 километри, одлична за поискусните скијачи, но не и за почетници.

3

Мариборско Похорје, Словенија

О

ва е најголемата ски област во Словенија, која се наоѓа на планината Похорје веднаш до Марибор, вториот најголем град во оваа земја, кој е нешто повеќе од два часа возење од аеродромот во Љубљана. Патеките се долги до 42 километри, а вклучуваат 10 километри кои се добро осветлени за обожавателите на ноќното скијање. Овој центар се смета како најголем ноќен скијачки центар во Европа, иако неколку други скандинавски ресорти веќе доследно му конкурираат. Иако Мариброско Похорје има доволно должина и наклон да биде центар за женските светски трки во скијање, сепак најчесто оваа планина ја посетуваат почетници и луѓе кои веќе имаат искуство во скијање. Најголемите сместувачки капацитети се во самиот град Марибор од каде со автобуски превоз за помалку од 15 минути може да стигнете до скијачкиот центар. Има и неколку хотелчиња околу жичарата која ви овозможува да се искачите до врвот на планината.

4

В

Попова Шапка, Македонија

о листата на Телеграф, се најде и македонскиот ски центар на Попова Шапка. Овој планински дел од Македонија сега граничи со Србија, Косово, Бугарија, Албанија и Грција. Има добра снежна покривка која и вештачки се одржува од јануари до март. Попова Шапка се наоѓа во северно - западна Македонија, 90 минути од аеродромот во Скопје и е доста популарен по добро развиените и популарни малечки ресорти во овој регион. Овде може да се возите на жичара која ве качува на 2,510 метри височина, а има и доста школска ски опрема. За искусните скијачи една недела може да биде предолг период, но е одличен избор за неколку дневен престој, пишува авторот во Телеграф.

трија, Крањска Гора во Словенија е одлична замена за нив


www.kapital.mk

Капитал број 842 18.12.2015

54

5

Ski & Spa

Крањска Гора, Словенија

С

ловенија честопати ја нарекуваат „Австрија за сиромашните“. Меѓутоа факт е дека оваа балканска држава многу повеќе му припаѓа на западот отколку на истокот. Потврда за тоа е архитектурата и одличната западноевропска атмосфера што може да ја најдете во оваа држава. Токму таков дел е Крањска Гора. Станува збор за многу атрактивно гратче, сместено во долина меѓу пошумени планини од една страна и Алпите од друга. Најблискиот аеродром е во Љубљана, оддалечен на еден час возење. Крањска гора има одличен шарм и високо ниво на софистицираност поради што честопати е споредуван и ставен на исто рамниште со австриските и италијанските ресорти. И овде, како и во другите скијачки центри кои се наоѓаат во Источна Европа, честопати снежната покрива е доведена во прашање, иако во последно време тоа се решава со употреба на вештачки снег. Со оглед на тоа дека Крањска гора честопати е критикувана и дека и недостасува живост и разнолика понуда, сепак се препорачува како одличен центар за фамилии со мали деца. Други ски центри кои британски Телеграф ги препорачува се: Јахорина, Босна и Херцеговина и Копаоник, Србија; Банско Бугарија; и Јасна, Словачка.

Што ви е потребно на скијање: Checklist! Опрема за скијање и сноубординг: XX Скии XX Сноуборд XX Чевли за скии XX Ски стапови

Додатоци за скијање и бордање: XX Везови за скијање и бордање XX Везови за спуштање по лифт за скии XX Држач за скии или за борд XX Катанец за скиите или бордот XX Чизми и ракавици

Најдобри ски центри за фамилии со деца

Б

ританскиот весник „Guardian“, ги рангира следниве ски центри во регионот како најдобри за зимски одмор за семејства со деца:

1. Јахорина, Босна и Херцеговина 2. Боровец, Бугарија 3. Попова Шапка, Македонија 4. Јанске Лазне, Чешка Република 5. Брашов, Романија 6. Банско, Бугарија 7. Закопане, Полска

Облека за скијање и бордање: XX Маска за лице XX Подмаска XX Шал XX Скафандер XX Пододело XX Скијачки шлем XX Трака за заштита на ушите XX Скијачка јакна XX Ранец

Прва Помош: XX Ибобруфен или друг вид на анти - воспалителни апчиња XX Ханзапласт XX Водоотпорна облека XX Апчиња кои ви се препишани од лекари XX Витамини А, Ц, Е, цинк

опрема за скиање: не заборавајте и на првата помош



www.kapital.mk

Капитал број 842 18.12.2015

56

Ski & Spa

Кои се најдобрите спа центри во Источна Европа?

З

а сите оние што не се љубители на скијањето или скибордингот, хотелите во регионот веќе нудат и одлични алтернативи за зимско, но сепак топло уживање. Со прекрасен поглед на планина покриена со снежна покривка и шолја чај или чаша вино (во зависност од тоа што преферирате), може да уживате во прекрасните спа центри во некои од хотелите во земјите од регионот. За ефектот на одморот да биде уште подобар, можете да си дозволите и разно- разни масажи кои ги нудат хотелиерите. За сите љубители на ваква уживање, Капитал ви ги пренесува местата кои популарниот сајт Tripаdvisor.com ги нуди како најдобри спа центри во овој дел од Европа:

3

Карлови вари, Чешка

П

ознат по медицинските бенефити уште од 1522 година, Карлови вари е чешки град кој располага со 200 спа центри во прекрасниот пејзажи кои датираат уште од 16 век. Овие извори што лекуваат, имаат светска слава за сите луѓе кои имаат проблем со бавниот метаболизам и гастро потешкотии. Денешните третмани кои може да ги добиете таму се најразлични – од аква - терапија до пиење на бода богата со минерали.

1

Истанбул, Турција

В

оопшто не е изненадување што Истанбул се наоѓа на врвот на листата, барем кога станува за овој дел од Европа. Турските бањи, уникатните масажи и ецентрични и ориентални масла, Турција ги нуди со векови. Секако, Истанбул важи за центар на многу и надалеку познатите турски бањи. Една од најдобрите е популарниот Cagaloglu Hamam, кој е класично отоманско чудо кое функционира веќе 270 години. Ова е најдоброто место доколку сте љубител на автентична турска масажа, бањи на пареа и вкусен турски чај.

4

Р

огашка спа е многу стара спа дестинација со четири вековна традиција. Лоцирана е во источна Словенија и е една од најубавите европски здравствени ресорти. Специјализирана е за третман на гастро и болести поврзани со метаболизмот. Рогашка спа денес е најмногу познат по тоа што е најголем медицински центар во Словенија со 40 доктори специјалисти и ги има едни меѓу најдобите понуда за убавина и здравје. Рогашка спа има импресивен здравствен парк кој е еден од најдобрите примери на чист концепт од прави линии во урбанизмот и архитектурата.

5

2

Будимпешта, Унгарија

С

амо главниот град на Унгарија, Будимпешта располага со 118 природни извори одлични за спа третман. Овој град на стотина спа центри, нуди одлични области за капење, од одличната Gellet Baths до нео - барокната Чеченија Спа која датира уште од 1913 година. Секако меѓу нив најпопуларен е драматичниот турски надворешен базен опкружен со оригинална отоманска архитектура од 16 век.

Рогашка спа, Словенија

С

Сапарева Бања, Бугарија

о преку 700 природни минерални и извори со топла вода, Бугарија е спа „рај“ познат во Европа уште од античките римски времиња. Меѓу нив, најпозната е Сапарева Бања, една од малкуте извори со топла вода во континентална Европа. Температурата во овие извори стигнува и до 103 степени Целзиусови, кои даваат докажани подобрувања во однос на здравствените проблеми. Ова гратче лежи во подножјето на планината Рила, една од највисоките планини на Балканот каде се наоѓаат седумте рилски езера. Покрај убавиот византиски средновековен стил, Сапарева Бања нуди многу видови на сместување и модерни спа центри.

Tripadvisor: Турските бањи се најдобар спа избор на Балканот


ИНСТИТУТОТ КОНЦЕПТ вО СОрабОТКа СО Ernst & Young sErvicEs ОргаНИзИраaТ ЕдНОдНЕвНа ОбУКа за:

ДЕЛОВНИ И ДАНОЧНИ АСПЕКТИ КАЈ ПОВРЗАНИ СУБЈЕКТИ И ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ l 22 декември 2015 година (вторник) l 10:00-16:00 часот l во просториите на Институт Концепт, Скопје СОДРжИНА НА ОБУКАТА:

l вовед во трансферни цени l деловни аспекти на формирање на трансферни цени l Политика на формирање на трансферни цени l Третирање на спогодби за двојно оданочување l Методи за утврдување на трансферни цени l Преглед на потребната документација за трансферни цени l Македонската перспектива – предизвици и трендови l даночни аспекти на формирање на цени (ддв, царински давачки и формирање на цени за поврзани страни)

Рок за пРијавување: 18 ДеКември 2015

ЗА КОгО Е НАмЕНЕТА ОБУКАТА:

Обуката е наменета за широк спектар на корисници (финансиски работници, менаџери, сметководители, трговски друштва, трговци поединци и други деловни субјекти) коишто сакаат да се запознаат со методите и политиката за формирање на трансферните цени.

ПРЕДАВАЧИ: ВИКТОР мИТЕВ

менаџер во Ернст & Јанг Софија, член на acca

ДУшКО СТЕВЧЕСКИ

постар консултант во Ернст & Јанг Македонија

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962


www.kapital.mk

Капитал број 842 18.12.2015

58

Ski & Spa

Совети од Wellness инструкторите

Како полесно да го преживеете "зимскиот блуз"?

З

Зимата проследена со ладно време веќе зазема полн замав. Деновите се пократки, потемни и постудено е , а некои веќе поминуваат низ првиот „зимски блуз“. Вообичаено, тогаш сите се чувствуваат

повеќе уморни од вообичаеното, помалку активни, или немотивирани; па така и вашето ниво на продуктивност на работа може значајно да се намали. По празничната пауза пак, луѓето најчесто се враќаат на работа подепресивни и со помалку стимул за работа. Затоа, доколку се чувствувате меланхолично, Wellness советниците велат дека не треба да останете и да го толерирате таквото расположение. Напротив треба веднаш да преземете нешто. Дел од советите, кои тие ги препорачуваат се следниве:

Физичка активност

Движењето на вашето тело со редовно вежбање пред, по или за време на работата, особено на отворено, помага

во намалување на стресот и го подобрува спиењето, велат советниците. Фактот дека сте надвор понекогаш е доволен да го поправите вашето расположение и да го нахраните вашиот дух, велат тие. Започнете ја годината одново. Ако сметате дека веќе ја уништивте 2016 година, со тоа што веднаш ги прекршивте ветувањата кои си ги дадовте за Нова Година, размислете повторно, велат тие. Притоа, важно е да почнете со поедноставни чекори. Фокусирајте се на една или две работи. Ова може да ви ја даде мотивацијата што ви е потреба за да бидете попродуктивни на работа. Поминувајте што е можно повеќе време надвор. Ако на вашето расположение влијае фактот дека во зима постојано мора да бидете внатре, тогаш многу добро е

Акција: Доколку новогодишните празници ви ја исцрпат енерг


www.kapital.mk

Капитал број 842 18.12.2015

специјален прилог ако можете барем 10 минути да поминете надвор. Со излегувањето надвор, па дури и на кратко, ви се менуваат перспективите и тоа ве потсетува дека пролетта само што не пристигнала, велат советниците. Понекогаш, велат тие, доволно е да направите само кратка пауза надвор од вашата канцеларија. Тоа не само што ќе ви ги прочисти мислите, туку и ќе ви го поправи расположението значително. Направете ја вашата канцеларија топла. Ако живеете во постудена клима и ако ви е студено на работа, вашиот фокус ќе биде на тоа како да се затоплите, место за тоа како најдобро да го завршите вашиот следен проект, велат советниците. Затоа сметаат тие, многу важно е да имате комфорна работна и топла средина.

Хранете се добро

Внимавајте на она што го јадете и пиете, велат тренерите обучени за продуктивност. Брзата храна и засладени пијалаци нема да ви дадат сила, а ќе ве направат да се чувствувате подуени. Тешкиот оброк ќе ви донесе дремка и тоа може да звучи како добра идеја, но само за време на викендот, оти во текот на работната недела имате многу обврски па не можете да си го дозволите тоа. Затоа, советуваат тие претпазливо треба да се внесуваат јаглехидрати и шеќери додека сте на работа.

Како да останете здрави во време на зимскиот период?

И

схраната во време на ладното и тмурно време е исто така многу важна. Таа не само што влијае на нашето расположение, кое и онака не е најдобро за време на зима, туку влијае и на нашето здравје кое честопати е покревко за време на зимскиот период. Затоа, Wellness советниците ги препорачуваат следниве неколку продукти кои ќе ви помогнат да го задржите вашето здравје и оваа зима:

1

2

Испланирајте одмор

3

Ако сметате дека губите многу од силата и енергијата за време на зимскиот период, ова може да биде одличен период кога вие треба да земете одмор и да си наполните батериите. Но, запомнете дека, веројатно ќе ви треба време да се вратите во форма кога ќе се вратите на работа после одморот, што понекогаш може да ги направи работите уште по тешки.

Дружете се

Избегнувајте сами дома да ручате или вечерата. Дружете со вашите колеги после работа. Кога се дружите повеќе тоа ви помага да ја надминете изолираноста но преставува и начин подобро да се запознаете со вашите колеги од работа. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои се дружат повеќе се и посреќни, а колку сте посреќни, толку повеќе сте и попродуктивни, велат советниците.

Останете подолго на работа

Во летниот период, кога надвор е потопло и не се стемнува до осум часот навечер, вообичаено сите вработени сакаат да

Зелка

Зелката е одличен избор во време на зимскиот период. Таа е полна со витамини и минерали, влакна, антиоксиданси, и антиканцерогени елементи. Некои студии покажуваат дека овој зеленчук помага во намалувањето на холестеролот и го намалува ризикот од рак и дијабетес.

Поставете цели

Зимскиот период е одличен за фокусирање на нови проекти, велат советниците. Дури и ако се чувствувате без волја за работа, поставете нови цели и волонтирајте на нова задача што сметате дека ве возбудува. Вашата иницијатива не само што ќе ви даде чувство на остварување и ќе ве направи попродуктивни, тоа истовремено ќе го импресионира вашиот шеф.

59

Тиква

Тиквата е полна со здравје – содржи каротин, Витамин А и други витамини и минерали кои ќе го поправат вашето здравје. Постојат различни рецепти како да ја јадете и подгответе тиквата. Одберете го најдобриот за вас и уживајте.

Компири

Понекогаш компирите имаат лоша репутација, но во зависност од начинот на кој се приготвени тие се многу важен продукт во вашата исхрана. Компирите имаат импресивен нутрициски профил – полни се со магнезиум, фолна киселина, витамин Ц и протеини. Виолетовите компири може да помогнат дури и во намалување на крвниот притисок и да имаат антиоксидантно дејство.

4

Кромид

Овој зеленчук е одличен додаток во секој оброк – од супа, салати, паста, до месо. Тие може да ве

излезат од работа што е можно порано и да уживаат во денот и предностите кои ги дава доброто време. Но, во зимскиот период, никој не е така нестрплив да излезе надвор на темното и ладно попладне.

расплачат, но истовремено се навистина здрави. Овој зеленчук има ниски калории но има многу високо ниво на витамин Ц и влакна. Кромидот исто така може да го намали лошиот холестерол, а да го покачи добриот.

5

Моркови

Сигурно вашата мајка барем еднаш ви кажала дека е добро да јадете морков за да имате здрави очи и добар вид. Омилената храна на цртаниот лик Душко Долгоушко е полно со антиоксиданси, бета каротин и е одличен извор на витамин А, кој е одличен за силен имунитет и здрав вид и кожа. Некои истражувања покажуваат дека јадењето морков може да го намали ризикот од појава на рак па дури и да превенира во појава на кардиоваскуларни заболувања.

6

Цитрусни овошја

Дали темните и студени денови ви влијаат на расположение? Тогаш земете цитрусни овошја. Иако не се најдобри за вашите заби, сепак овие овошја се одличен извор на витамин Ц. Некои истражувања покажуваат дека со внесувањето на овие овошја вие го намалувате ризикот од Алцхајмер, Паркинсон, дијабетес, гингивитис, катаракта и други болести. Исцедете лимон, портокали, грејпфрут, киви, цитрон или мандарини и уживајте во зимските денови.

7

Калинки

Калинките важат за едни од најстарите овошја на светот, но истовремено се и многу хранливи. Ова овошје содржи многу антиоксиданси и анти – инфламаторни елементи кои можат да ви помогнат во третирање на срцеви заболувања како висок холестерол, висок крвен притисок, срцеви удари и други кардиоваскуларни заболувања. Затоа, некогаш е добро да останете подолго во вашата топла канцеларија и да работите прекувремено со цел да завршите повеќе работа и со тоа да го импресионирате вашиот шеф. nnn

гијата, спремете “контранапад“ од активности и здрава храна


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.