Telekomunikacii prilog

Page 1

WWW.KAPITAL.MK

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

COVER STORY

специјален прилог ТУРБУЛЕНЦИИ

НА ЕВРОПСКИОТ ТЕЛЕКОМ ПАЗАР И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ

ТелекомуникацииТе во 2016 ПОЛИТИКА

ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?! АНАЛИЗА

КАПИТАЛ SPECIAL

ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ

СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ

КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ?

ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА МАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА

ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА

Од три ОператОри сега се два. ШтО следи?

БИЛДЕРБЕРГ: КАКВА ИДНИНА КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

WWW.KAPITAL.MK

ТелекомиТе очекувааТ сТабилизација и расТ на приходиТе


www.kapital.mk

Капитал број 851 19.02.2016

38

Телекомуникациите во 2016

Од три оператори сега се два. Што следи?

Телекомите очекуваат стабилизација и раст на приходите Исцрпена од борбата за секој корисник преку намалување на цените, особено во мобилната телефонија, телеком индустријата во Македонија направи чекор што Европа и светот го прават интензивно последниве неколку години – пазарот окрупне, Оне и Вип се сега една компанија. И новиот оне.Вип и ребрендираниот Македонски телеком, најавуваат и спроведуваат значителни инвестиции со цел да го следат брзиот развој на податочниот сообраќај - преку изградба на нови мрежи и инсталирање нова технологија. На нивните ветувања дека цените нема да се сменат, аналитичарите велат да не се радуваме многу, бидејќи европските искуства кажуваат друго.

С пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Стабилизација на пазарот, односно сопирање на неколкугодишниот тренд на падот на приходите и добивките очекуваат телеком операторите во Македонија за оваа година. Беспоштедната конкурентска борба, изразена преку постојано намалување на цените на услугите го изеде прилично ќарот на најголемите играчи на пазарот последниве , но и на помалите оператори

кои што се борат за својот дел од колачот. Доминантни играчи на пазарот во моментов се два, Македонски Телеком и оне.Вип по спојувањето на вториот и третиот по големина оператор, што формално правно се случи на први октомври лани, иако во одделни сегменти, како што е интернет пристапот, се натпреваруваат дури 109 компании, во фиксната телефонија 31, а во радио и ТВ услугите 58 оператори. Ова значи дека македонскиот пазар на електронски комуникации е прилично раситнет според број на оператори, но истовремено гледано по пазарна концентрација и уделот на приходите и профитот, доминираат две компании. Во делот на фиксната телефонија, изразито доминира Македонски Телеком, со преку 61% од пазарот, пред оне.Вип со 26,6%, и помалите играчи како Роби и Неотел кои имаат 6,7% односно 4%. Во мобилната телефонија сега по спојувањето, според бројот на активни претплатници води оне. Вип со 53% пред Македонски Телеком со 47%, додека според уделот во приходите во малопродажба на мобилни услуги незначително води Македонски Телеком со 50.1% учество. Кај интернет услугите, повторно води Македонски телеком со речиси 43% од пазарот, пред оне.Вип со 24,6%, Роби со 15,27%, итн. Интересен е натпреварот кај обезбедувањето ТВ програма, каде што оне.Вип сега со Boom ТВ и Blizoo заедно (во 2014 Вип ја купи Blizoo) имаат безмалку 30% од корисниците, пред Македонски телеком кој што со својата Max TV стигна до 26,6%, Роби со кабелската телевизија покрива 20,27% од корисниците и

23,5% останува за дури 55 помали компании, главно локални кабелски оператори.

Директорот на Телеком: “Три оператори за македонскиот пазар беа премногу“

Минатата година не ја одбележа само спојувањето на Оне и Вип во една компанија, каде што доминантен дел од 55% ќе има Телеком Австрија групацијата, компанија сопственик на Вип. Од први јули 2015-та Македонски Телеком и Т- мобиле, двете компании ќерки на Дојче телеком во земјава се обединија во еден бренд, Телеком односно Т. Процесот кој што беше најавуван неколку години, а на оперативно ниво се заокружи уште во 2014-та, кон средината на минатата година и формално - правно заврши. Што значи ова окрупнување, оваа консолидација на телеком пазарот во Македонија, за самите компании и за потрошувачите? За компаниите значи шанса да ги стабилизираат своите приходи и да тргнат повторно по патеката на растот. Последниве пет години Македонски Телеком бележи значителен пад на приходите и добивката, за што постојат неколку причини, од кои најбитни се намалените цени на интерконекцијата, роамингот и зголемената конкуренција. Македонија е мал пазар и за целосно развиени телеком оператори постоеше едноставно преголема конкуренција, велат познавачите на пазарот. Изминативе години цените на телекомуникациските услуги, особено во мобилната телефонија, драстично паднаа,

Пазарен колач: Доминација во фиксна и интернет, во мобилн


www.kapital.mk

Капитал број 851 19.02.2016

специјален прилог

До крајот на 2016 ќе ја комплетираме новата мобилна мрежа

конкуренцијата нема да се намали, а ќе се зголеми квалитетот!

п

к

онсолидацијата е потребна за да се обезбеди и понатаму високо ниво на инвестиции и да се задоволат растечките потреби на корисниците. консолидација што се случи на телекомуникацискиот пазар е добра анДреас работа и нема да ја намали конкуренцијата маиерхофер во поглед на услугите и цените како што главен извршен мислат некои. со два големи и доволно директор на Македонски силни оператори за да можат да продолжат телеком со големи инвестиции во технологија и инфраструктура, ќе се одржи високото ниво на квалитет на услугите што се нудат.

2010 2011 2012 2013 2014

284 256 224,4 204 180,9

147,3 80 61,8 32,4 14,3

2015

129,1

15,7

што, се разбира, е одлично за корисниците, но од друга страна, за операторите, значи сè помалку пари за инвестиции, заради помалите приходи. „Во телеком индустријата, особено во мобилната телефонија, имаме голем проблем. Вкупните приходи драстично паѓаат, приходите по корисник исто така

72,5 67,3 73,6 80 75,7

никола Љушев

главен извршен директор на оне.Вип

отребни се голем број активности за целосна интеграција на мрежите и техничките системи на двете компании и затоа сега сè останува исто за корисниците. паралелно, интензивно се работи на изградба на нова мрежа што на корисниците ќе им овозможи уште поголеми придобивки. овој процес, што треба да заврши до крајот на 2016 година, ќе донесе значително подобар квалитет на мрежа и најголема покриеност во македонија за сите корисници на оне.вип.

9,5 14,4 -

35,8 53 60,3 65 62

80

-1,44

драстично паѓаат, а експоненцијално растат инвестициите што треба да се направат за да држите чекор со сè поголемиот проток на податоци што го овозможуваат паметните телефони и останатите мобилни уреди. Затоа консолидацијата е потребна за да се обезбеди и понатаму високо ниво на инвестиции за да се задоволат растечките потреби

пазарен уДел во фиксна телефонија (според фиксни линии) 4,01% 6,71%

39

1,36%

-5,2 6,3 12,1 15 -2,7

на корисниците. “, рече во есклузивното интервју за Капитал главниот извршен директор на Македонски Tелеком, Андреас Маиeрхофер, непосредно по обединувањето на компанијата во еден бренд. Тој смета дека Македонија е мал пазар и за целосно развиени телеком оператори по с то еш е ед но с тав но пр еголема конкуренција. „Два оператори што поседуваат и развиваат инфраструктура се доволно за Македонија, а има простор за повеќе виртуелни оператори што ќе ја користат таа инфраструктура и ќе си најдат свој интерес во одредени пазарни сегменти и целни групи на потрошувачи.“

промена на односот на силите Македонски Телеком оне.Вип

26,61%

Роби

61,31%

Неотел Останати

Оне и Вип од друга страна, секој за себе исто така имаа проблеми да постигнат стабилна динамика на приходите. Да потсетиме, Оне дојде во Македонија во 2003 година преку грчкиот Космоте, и го разби монополот на тогашни Македонски телекомуникации, нудејќи прво мобилна, а потоа и фиксна телефонија. Од пред неколку години, по преземањето од страна на Телеком Словеније, вториот оператор влезе и во делот на трипл-плеј услугите, односно понуда на пакети на телефонија, интернет и телевизија, нешто што Македонски телеком прв го почна на пазарот во 2009 година. Во

ната е “фифти – фифти“, борбата е “најнеизвесна“ во тв услугите


www.kapital.mk

Капитал број 851 19.02.2016

40

ТелекомуникацииТе во 2016

меѓувреме, во 2007 година на пазарот влезе и трет оператор, Вип, кој што се фокусираше исклучиво на мобилната телефонија и со агресивната политика на пониски цени, успеа да зафати околу 25% од пазарниот колач, во еден момент престигнувајќи го и постариот Оне. Истоштувачката борба за корисници доведе до следнава ситуација: порасна вкупниот број на претплатници во мобилната телефонија, но значително паднаа приходите по корисник во овој сегмент, додека истовремено паѓаше бројот на претплатници во фиксната телефонија. Телеком и Оне се фокусираа во делот на т.н. конвергирани услуги, односно телефонија, интернет и телевизија, планирајќи паѓачките приходи во мобилниот сегмент, да ги надоместат пополека со профитот од другите услуги, како и од делот услуги за бизнис корисници. Вип од своја страна пак, сфати дека не може вечно да игра на картата на евтина мобилна телефонија, без да понуди и други услуги, па го купи во 2014та кабелскиот оператор Близу за да влезе и во секторот интернет и телевизија. И на крајот дојде потребата од консолидација, односно помалите два оператори Оне и Вип да ги здружат силите и посилната Телеком Австрија влезе со 55% во новиот компаниски ентитет, оне.Вип, каде остатокот го има Телеком Словеније – спојување што се објави во 2014, а се финализира лани во октомври. Како што вели директорот на новата оне.Вип компанија Никола Љушев, инаку главен менаџер на Вип оператор од почетокот на неговите операции во Македонија, корисниците ќе добијат многу подобра услуга благодарение на инвестициите што сега веќе помоќниот конкурент на Македонски Телеком може да ги спроведе. „Ќе се почувствува значително подобрување со покриеност на мрежата – 3G и 4G ќе бидат достапни насекаде, а значителни подобрувања ќе се почувствуваат и во квалитетот на сервисите: подобра брзина, уште помалку падови во разговорите, и уште побрзо воспоставување на повиците“, вели Љушев.

услугите ќе поскапат

Со оглед на тоа што приходите од мобилната и фиксната телефонија на среден и долг рок ќе продолжат да паѓаат, операторите својата конкурентност ќе треба да ја одржуваат преку проширување на услугите во доменот на интернет содржини на мобилните уреди, интегрираните услуги за бизнис корисниците, поддршка на развојот на апликации и сл. Инвестициите во инфраструктура и усовршени технолошки решенија ќе донесат подобар квалитет на услугата, но аналитичарите велат дека, исто како и во ЕУ тоа ќе си има своја цена, што на крајот ќе ја платат корисниците преку поскапите месечни претплати. “Не може да очекувате пакет со неограничени разговори и смс пораки во мобилната телефонија, супер брз интернет на вашиот смартфон и дома и дигитална телевизија да чини поевтино од сметката за вода или

кој е кој на Телеком пазароТ по консолиДацијаТа* пазарен уДел во мобилна Телефонија

(според број на активни претплатници)

Македонски Телеком

оне.Вип

47%

53%

пазарен уДел во Телевизија

пазарен уДел во мобилна Телефонија

(според приходи во малопродажба)

Македонски Телеком

50,11%

оне.Вип

49,98%

пазарен уДел во широкопојасен инТернеТ

(според број на активни претплатници)

Останати

23%

оне.Вип

17% Роби

Роби

20%

Останати

30% Македонски телеком

15%

Македонски телеком

43% оне.Вип

27%

25%

*Состојба според податоци на крај од II квартал 2015 Извор: АЕК

парно. Зад овие погодности стои висока технологија која чини многу, инвестициите во телеком индустријата се огромни и мора да сфатиме дека врвната услуга не може да биде евтина.“, вели висок менаџер од телеком индустријата кој што сакаше да остане анонимен. Инаку, проблемите со сигналот и бавниот интернет не се “ексклузивитет“ само за македонскиот телеком пазар. Како што пишува Ројтерс, недостатоци има и во телеком услугите во сите земји од ЕУ. Помалку од една четвртина од Европјаните имаат пристап до брз интернет на мобилните мрежи, споредено со 90% од Американците. А броудбенд конекциите често се млитави. Но, исто така факт е дека и цените на телеком услугите во Европа се пониски од оние во САД. Граѓаните на ЕУ плаќаат во просек по 32 евра за месечна претплата за мобилен, додека Американците речиси двојно повеќе, според анализите на Groupe Speciale Mobile Association. Од Брисел најавија дека ќе ги олабават строгите регулативи поврзани со концентрацијата на пазарот, односно спојувањата и преземањата на операторите. Овие промени ќе бидат голема победа за големите телеком компании во Европа, кои што долго време инсистираат на тоа дека овој

сектор треба да се фокусира околу големите играчи што може да инвестираат повеќе во инфраструктура и технологија што ќе го подобри квалитетот на услугите. Меѓутоа, групите за заштита на потрошувачите, велат дека консолидацијата на пазарот ќе донесе и повисоки цени за мобилните и интернет услугите, затоа што како што операторите ќе стануваат поголеми и помоќни, ќе имаат поголема контрола врз тоа каква содржина за мобилните уреди ќе им нудат на своите корисници. Од европските оператори истакнуваат дека најновите спојувања и преземања ќе донесат и побрз интернет и подобар сигнал на мрежата, но дека тоа ќе има цена. Според Cisco Systems, во следните четири години се очекува во ЕУ бројот на договорени претплати за ултра - брза мрежа на мобилните уреди, да порасне за 1000%, како што сè повеќе корисници ќе сакаат да добијат подобар квалитет. Но, исто така и просечната месечна претплата од сегашните 32 евра може да порасне на 60 евра. “Операторите се спремни да вложат милијарди евра “, вели Доминик Лерој, директор на белгискиот оператор Belgacom. “Но, не тоа не може да го направиме затоа што не може да си ги вратиме инвестициите“. nnn

цени: Дали консолиДацијаТа ќе Донесе и поскапи услуги?



Капитал број 851 12.02.2016

42

interview

interview

нИкола Љушев Извршен директор на оне.Вип

ИнвестИраме во капИталнИ проектИ за суперИорно корИснИчко Искуство

Целта на големите инвестиции во новата мобилна мрежа е да обезбедиме за сите корисници на оне.Вип значително поголем капацитет за користење на 3G технологијата, покриеност на целата територија на земјата и достапност на 4G LTE низ цела Македонија. Сето тоа е со цел да пружиме најдобро корисничко искуство, како и да ги обезбедиме најновите светски технолошки достигнувања во мобилниот сегмент.

www.kapital.mk

Н

На 1 oктомври минатата година македонскиот телекомуникациски пазар доживеа нова етапа во развојот. Се формираше новата телекомуникациска компанија оне.Вип како резултат на спојувањето на двата оператори на пазарот. Договорот за спојувањето на подружниците на Телеком Австрија Групацијата и Телеком Словеније Групацијата во Македонија беше објавен на 22. октомври 2014 година. Според тој договор, Телеком Австрија Групацијата поседува 55% и ќе има целосна контрола врз новосоздадената компанија оне.Вип, додека Телеком Словеније Груп поседува 45% од сопственоста. Веќе четири месеци компанијата работи на амбициозните планови и исполнување на ветувањата дадени кон корисниците и јавноста при спојувањето. За исполнувањето на плановите и за најавените инвестиции оваа година говори Никола Љушев, Извршен директор на оне.Вип. XX Веќе неколку месеци оне.Вип и формално правно опстојува на македонскиот пазар. Ова е еден од најголемите проекти на спојување на компании што се случило во регионот. Колкав е предизвикот да се направи балансот внатре во компанијата и надвор кон корисниците? Четири месеци откако формално правно се споивме во една компанија оне.Вип, со гордост можам да кажам дека прераснавме во најголемо телекомуникациско семејство во земјава. Спојувањето на Оне и Вип е дефинитивно проект кој бараше и сè уште бара големо вложување на човечки ресурси и инвестиции. Тоа е едно од најголемите спојувања во регионот, за мене лично голем предизвик и можам да кажам дека е еден од најкомплексните проекти на кој имам работено. Од оператор кој нудеше само мобилна телефонија прераснавме во конвергентен оператор кој нуди и фиксна телефонија, интернет и телевизија. Имаме пазарен удел од 53,7 % што нè прави најголем оператор на пазарот по број на мобилни корисници, но во исто време ја наметнува и одговорноста да испорачаме врвни услуги на нашите корисници и да ги задоволиме и најпребирливите телекомуникациски потреби. Во целиот процес задоволство е да се гледаат луѓето од двете компании како работат на заеднички проекти со заеднички интерес – да ги постигнат зацртаните компаниски цели и да го донесат најдоброто за корисниците. Корисниците остануваат во фокусот.

Лидери: “иМаМе пазареН удеЛ Од 53,7 % штО Нè праВи НајгО


www.kapital.mk

Капитал број 851 19.02.2016

специјален прилог Заклучокот е дека имавме успешен старт на новата компанија без никакви пречки за нашите корисници. Тоа и го докажавме со лансирањето на неколку промоции во рамките на засебните брендови и успеавме да испорачаме производи и услуги и покрај предизвиците со кои се соочувавме во тој период. XX иако формално правно компаниите се споени во нов ентитет оне.Вип, сепак на пазарот постојат и двата бренда – оне и Вип. Што се менува за корисниците? Потребни се голем број активности за целосна интеграција на мрежите и техничките системи на двете компании и затоа сега сè останува исто за корисниците. И корисниците на ОНЕ и корисниците на Вип продолжуваат да ги користат услугите под истите услови, под кои ги имаат склучено своите договори, со истите цени согласно избраниот тарифен модел. Услугите се обезбедуваат преку две засебни мрежи и системи за наплата, како и две одвоени тарифни портфолија, продажни места и контакт центри. Паралелно, интензивно се работи на изградба на нова мрежа што на корисниците ќе им овозможи уште поголеми придобивки. Овој процес, што треба да заврши до крајот на 2016 година, ќе донесе значително подобар квалитет на мрежа и најголема покриеност во Македонија за сите корисници на оне.Вип. XX следејќи ги своите заложби да обезбеди што поголема вредност за своите корисници и уште подобри и нови сервиси, оне.Вип започна со изградба на нова мобилна мрежа. Што ќе донесе оваа активност? Корисниците ќе почувствуваат значително подобрување со покриеност на мрежата – 3G и 4G ќе бидат достапни насекаде, а значителни подобрувања ќе се почувствуваат и во квалитетот на сервисите: подобра брзина, уште помалку падови во разговорите, и уште побрзо воспоставување на повиците. Ова е навистина комплексен и обемен процес што за една година од сега ќе ја направи компанијата најдобар избор во комуникациите. Целта на новата мобилна мрежа е да обезбеди за сите корисници на оне.Вип значително поголем капацитет за користење на 3G технологијата, покриеност на целата територија на земјата и достапност на 4G LTE низ цела Македонија и сето тоа за да обезбеди најдобро корисничко искуство, како и да ги обезбеди најновите светски технолошки достигнувања во мобилниот сегмент. Изградбата започна кон крајот на 2015 година и ќе се одвива по региони. И овој проект ја покажува нашата ориентираност да создадеме компанија со поголем инвестициски капацитет и да ги воведеме најновите технологии во земјата, уште поквалитетни и нови иновативни услуги базирани на најмодерни мрежи и технологии. XX Кој е првиот регион каде што започна изградбата на новата мрежа? Првиот регион ги вклучува Куманово,

43

со изградбата на новата мрежа корисниците ќе почувствуваат значително подобрување со покриеност на мрежата – 3G и 4G ќе бидат достапни насекаде, а значителни подобрувања ќе се почувствуваат и во квалитетот на сервисите: подобра брзина, уште помалку падови во разговорите, и уште побрзо воспоставување на повиците.

Крива Паланка и Кратово и е успешно Паралелно, оне.Вип и Близу ќе бидат имплементиран. Неодамна ги објавивме и фокусирани на целосна модернизација првите резултати постигнати со инвестицијата и проширување на фиксната мрежна што ја почнавме за изградба на нова инфраструктура, со цел создавање на мобилна мрежа, што е значајно подобрување конвергентен оператор со можност да понуди во регионот на Куманово, Крива Паланка најдобри конвергентни услуги. Новата и Кратово. Она што го измеривме кај кабловска HFC технологија на компанијата корисниците на Вип тарифните модели во ќе понуди 2,5 пати поголеми брзини, овие градови и во целиот односно до 300 Mbp/s и тој регион се забележува 30 се очекува до крајот на % пораст во користењето годината да биде достапна на 3G податочен сообраќај, за околу 85% од домовите Како резултат на додека податочниот сообраќај каде Близу има покриеност новоформираниот на 4G LTE достигна раст за во Македонија. ентитет оне. неверојатни 270%. Значајно X неодамна ги Вип 2015 ја влијание има и за корисниците објавивте финансиските завршивме како на ОНЕ тарифните модели каде резултати за 2015. Дали лидер во бројот растот на 3G UMTS сообраќајот ќе продолжи растот? на корисници во овој регион забележа раст на мобилна Како резултат на новоформиза 70%. Ова се навистина телефонија и како раниот ентитет оне.Вип 2015 значајни подобрувања за компанија со голем ја завршивме како лидер корисниците во овој регион, инвестициски во бројот на корисници а дека сме на вистинскиот капацитет. на мобилна телефонија и пат говорат и задоволните Во бројки: како компанија со голем корисници кои несебично го корисничката инвестициски капацитет. база на оне.Вип споделуваат со нас нивото Во бројки: корисничката изнесува 1,163,000, искуство по најразлични база на оне.Вип изнесува а заедно со близу комуникациски канали. И 1,163,000, а заедно со Близу компанијата нема да застанеме тука. Со компанијата забележа забележа околу активностите за изградба на околу 145,000 корисници 145,000 корисници нова мрежа продолжуваме на фиксни пристапни линии. на фиксни и во Скопскиот регион, а на Приходите пораснаа за пристапни линии крајот на годината процесот речиси 30% во споредба ќе го завршиме во сите урбани со лани, а се намалува и делови во Македонија. негативниот тренд во делот на заработката. Со нашите инвестиции во модернизација Имаме уште многу работа пред нас, ќе и на фиксната мрежа, можеме да кажеме продолжиме со ова темпо и успехот ќе дека имаме амбициозни планови за 2016г., биде загарантиран. Овие резултати ни способност и знаење да ги исполниме даваат одлична основа за понатамошен плановите, поддршка од нашите акционери, раст и инвестиции, за да обезбедиме и ќе ја постигнеме нашата главна цел да го супериорни мрежи и услуги за корисниците понудиме најдоброто за корисниците. во Македонија. nnn

олем оператор на пазарот по број на мобилни Корисници“


www.kapital.mk

Капитал број 851 19.02.2016

44

ТелекомуникацииТе во 2016

Што може да очекуваат потроШувачите

теЛекомите ветуваат побрз интернет и помаЛку падови во мрежите

T пишува:

игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Телекомуникациските компании во Македонија годинава продолжуваат со инвестиции во развој на инфраструктура, напредни технологии и иновативни услуги очекувајќи позитивни трендови во работењето. Ќе продолжат активностите

во унапредувањето на широкопојасните мрежи, развој на брзи мобилни технологии и услуги и “борбата“ за корисници. Иако таа сега ќе биде малку “посмирена“ со оглед на консолидацијата на пазарот, односно окрупнувањето на два клучни оператори. Со оглед на тоа што приходите од разговорите и смс пораките во мобилната и фиксната телефонија на среден и долг ќе продолжат да опаѓаат, операторите својата конкурентност ќе треба да ја одржуваат преку проширување на услугите во доменот на интернет содржини на мобилните уреди, интегрираните услуги за бизнис корисниците, поддршка на развојот на апликации и сл. Двата најголеми телекоми на пазарот, Македонски телеком и оне.Вип ќе го продолжат својот натпревар во правец на понапредни телефонски, интернет и ТВ услуги во рамки на пакетите за домаќинства

што врзуваат две или три услуги, каде што во моментов Македонски телеком има водство. Според последните податоци на Агенцијата за електронски комуникации, Македонски телеком држи 46% од пазарот според бројот на претплатници што користат три услуги (телефонија, интернет и телевизија), пред оне.Вип со 41.7%. Овие податоци се заклучно со крај на вториот квартал во 2015, што значи дека има промени во меѓувреме. Кај пакетитe од две услуги Македонски телеком води убедливо со 50% од пазарот, пред операторот Роби со 30% и оне.Вип со 14%.

бизнис корисниците ќе носат сè поголем дел од приходите

Како што истакнува Никола Љушев, извршниот директор на оне.Вип, големи инвестиции прават во мобилната мрежа, која треба да овозможи

Луѓе со мобиЛни теЛефони: 5,4 милијарди 69% од глобалната популација

Луѓе со струја во домот: 5,3 милијарди 68% од глобалната популација

Луѓе со банкарска сметка: 4,5 милијарди 58% од глобалната популација

Луѓе со пристап до чиста вода: 3,5 милијарди 45% од глобалната популација

Луѓе со автомобиЛи: 2,8 милијарди 36% од глобалната популација

2,2 милијарди

Луѓе со фиксна теЛефонија Извор: Cisco

28% од глобалната популација

мобилнаТа Телефонија ќе расТе и ПонаТаму

До 2020 гоДина Повеќе луѓе на ПланеТава ќе имааt мобилни Телефони оДошТо сТруја Дома

А

мериканскиот производител на телекомуникациска опрема Cisco во својот годишен извештај за растот на прометот во мобилната телефонија прогнозира дека до 2020 година повеќе луѓе ширум светот ќе имаат мобилен телефон одошто пристап до електрична енергија. Cisco вели дека 5,4 милијарди луѓе до

2020 ќе имаат мобилен телефон, додека 5,3 милијарди ќе имаат приклучок за струја, 3,5 милијарди питка вода, а 2,8 милијарди автомобили ќе се движат по патиштата. Cisco исто така предвидува десет пати поголем податочен промет преку мобилните уреди до 2020 година, на 366,8 егзабајти, од што,

81% ќе биде преку мобилен телефон. Останатите мобилни уреди, како и комуникацијата помеѓу машините (Internet of things) ќе го поттикнат овој раст на прометот. Исто така се наведува дека до 2020 година просечната брзина на пристапот преку мобилните мрежи ќе биде 6,5 мегабити во секунда.

Прогноза: До 2020 ДесеТ ПаТи Поголем ПроТок на ПоДаТоци Преку мобилен


www.kapital.mk

Капитал број 851 19.02.2016

специјален прилог со оглед на тоа што приходите од разговорите и смс пораките во мобилната и фиксната телефонија на среден и долг ќе продолжат да опаѓаат, операторите својата конкурентност ќе треба да ја одржуваат преку проширување на услугите во доменот на интернет содржини на мобилните уреди, интегрираните услуги за бизнис корисниците, поддршка на развојот на апликации и сл. поголем капацитет за користење на 3G технологијата, покриеност на целата територија на земјата и достапност на 4G LTE низ цела Македонија. “Паралелно, оне.Вип и Близу ќе бидат фокусирани на целосна модернизација и проширување и на фиксната мрежна инфраструктура, со цел создавање на конвергентен оператор со можност да понуди најдобри конвергентни услуги. Новата кабловска HFC технологија на компанијата ќе понуди 2,5 пати поголеми брзини, односно до 300 Mbp/s и се очекува до крајот на годината да биде достапна за околу 85% од домовите каде Близу има покриеност во Македонија.“, вели Љушев. Операторите велат дека и услугите за бизнис корисниците ќе стануваат сè позначаен дел од нивните вкупни приходи и тие се соодветно застапени во нивните пакети на понуди. “Фирмите сакаат да имаат партнер што им ги задоволува сите потреби – фиксна и мобилна телефонија, интернет, ТВ, cloud… Тие не сакаат да се грижат за тоа кај се наоѓа нивниот интернет домејн, серверот за мејлови, кој го прави хостирањето на веб страницата и сл. Ние одиме во насока да понудиме решенија т.н. „скроени по мерка“ (taylor made) и plug and play (едноставни за користење) опции за малите и средни компании“, вели главниот извршен директор на Македонски Телеком, Андреас Маиерхофер. nnn

45

Кој е Кој на пазарот

три од 10-те најголеми средноевропсКи телеКоми се од БалКанот телеком србија, Хрватски телеком и телеком словеније се трите телеком оператори од адриа регионот што според приходите влегуваат во најголемите телеком компании од централна и источна европа

С

о го д и ш н и п р и х о д и о д безмалку една милијарда евра (998 мил.) во 2014 година и чиста добивка од 151 милиони евра, Телеком Србија е на седмо место меѓу најголемите телеком оператори во регионот на средна и источна Европа, според извештајот “Топ 500“ што го прави Deloitte секоја година. Уште два оператори

Orange Poland Magyar Telekom Polkomtel T-Mobile Poland P4 (Play) Telekom Srbija Orange Romania T-HT Grupa T-Mobile Czech Slovak Telekom Telekom Slovenije Vodafone Romania Telekom Romania Orange Slovensko Telenor Magyarország Vodafone Czech

од просторите на поранешна Југославија се наоѓаат меѓу првите 15 најголеми телекоми според приходи во овие региони на Европа, и тоа Хрватски телеком, со 905 милиони евра приходи во 2014 година и Телеком Словеније со 756.5 милиони евра. Најголема телекомуникациска компанија во регионот на источна и средна Европа (не сметајќи ја Австрија) е Orange во Полска, со 2,9 милијарди евра годишни приходи и 101 милион евра чиста добивка. Меѓу компаниите што се наоѓаат на Топ 500 листата на Deloitte од секторот Телекомуникации, најмногу има оператори од Полска (4), следат Чешка и Романија со по 3, Унгарија и Словачка со по 2 и Хрватска, Србија и Словенија со еден оператор.

(2014) 2,915 2023 1622 1591,4 1490,7 1048 998 973,4 904,8 873,8 767,6 756,5 744,5 610,1 580,2 507,1 479,4

(2014) 101 103,4 145,1 90,1 151,2 90,9 149,6 193,3 43,6 -0,2 79,8 103,1 77,5 10

Q2 2015

%

164.204 66.173 51.775 17.620 12.901

2% -7,64% 26,42% 0,09% 160,50%


www.kapital.mk

Капитал број 851 12.02.2016

46

interview

interview

виктор ристески директор на Актон-Скопје

Ние сме алтерНативеН телеком оператор фокусираН коН бизНис корисНиците

С

Со директорот на Актон во Македонија, Виктор Ристески, разговаравме за тоа што значи предноста од користењето услуги од алтернативен телеком оператор, во време кога брзата и стабилна телефонска и интернет врска е “воздухот за дишење“ на секоја компанија. XX Објаснете ни каква фирма е Актон, кои услуги ги нуди на телекомуникацискиот пазар?

Нудиме меѓународна телефонија преку сите фиксни и мобилни мрежи, симетричен интернет и изнајмени линии по конкурентни цени, но и комплетни системски решенија: компјутери, сервери, IP централи, администрација на мрежни уреди и други телекомуникациски и ИТ услуги и сервиси. Мобилни сме и флексибилни, пружаме врвна грижа за корисниците, и сето тоа заедно со 25 годишното искуство и експертиза на групацијата Актон гарантираат целосно задоволство на нашите клиенти.

Актон Македонија е телекомуникациски оператор, дел е од словенечката групација која работи на територијата на сите држави од поранешната југословенска федерација или како што се нарекува Адриа регионот. Актон во земјава е оперативен од 2006 година, првите две години со понуда на услуги во фиксната телефонија - говорни услуги - а потоа и со податочни сервиси, односно, интернет, изнајмени линии, етернет капацитети. Имаме изградено наша инфраструктура на водови и оптички кабли, а во делот што не го покриваме имаме

склучено партнерски односи со големите оператори, изнајмуваме капацитети од нив, и во рамки на тие капацитети продаваме од нашиот сервис – интернет, телефонија, изнајмување водови за големи корисници, итн. Исто така, со помош на мобилна апликација, можеме да обезбедиме и меѓународна телефонија со 30% пониски цени од вообичаените на пазарот. XX Со оглед дека на пазарот доминираат два големи оператори, каде сте вие позиционирани, која е ваша целна група на корисници?

КОНКуреНТНОСТ: КвАлИТеТОТ НА СервИСИТе, брзАТА пОддршКА И флеКСИбИл


www.kapital.mk

Капитал број 850 12.02.2016 ние сме 47 специјален прилог единствениот

алтернативен оператор што преку сопствена мрежа го покрива целиот адриа регион. секој сервис на актон може да се добие во скопје, Љубљана, Загреб, сараево, Белград и подгорица.

Кој е аКТон раст од 20% секоја година

А

ктон е телекомуникациска компанија формирана во Љубљана во 1991 година, како систем интегратор, односно компанија чија специјалност била инсталирање и одржување на телефонски централи. По 2002 година компанијата се шири и во делот на интерконекцијата, односно меѓународни податочни и говорни услуги, услуги на меѓународен закуп на дигитални водови (IPLC), услуги на меѓународен и локален закуп на Етернет водови и понуда на Интернет капацитети во сите земји во кои што во меѓувреме се рашири компанијата, а тоа се сите држави од поранешната југословенска федерација. Во Македонија компанијата е оперативна од 2006 година, а групацијата денес е позната по имплементацијата и управувањето со најнапредна и најсофистицирана мрежа во регионот, со што стана препознатлив телекомуникациски партнер на бизнис заедницата во целиот регион. “Групацијата Актон континуирано расте со приходите, од 8 милиони евра во 2006 година, стигна до 80 милиони евра за 2015. Во Македонија имаме два милиони евра приходи, а приходите на Актон во земјава од 2012 наваму растат просечно 20% на годишно ниво. Профитите се мали заради големите трошоци, вложувања во инфраструктура, а цената на услугите е ниска. Очекуваме консолидацијата да биде добра и за нас алтернативните оператори“, вели директорот на Актон Македонија, Виктор Ристески. Ние сме телеком оператор ориентиран кон бизнис заедницата, односно, не нудиме услуги кон резиденцијални корисници. Наши клиенти се странски компании во Македонија, банки, осигурителни компании, амбасади, поголеми домашни компании, итн. Тоа се организации што особено имаат потреба од стабилна и сигурна конекција со надворешниот свет и тоа е важно за претставништвата на странските компании, за да имаат добра врска со своите централи, или пак за банките, во делот на нивните меѓународни линкови кон Visa, Master card.. Во рамки на големопродажните и меѓуоператорските договори каде што се прави размена на сообраќај успеваме да добиеме цена што е конкурентна на македонскиот пазар и со работа, желба и посветеност на нашиот тим успеваме да добиеме и задржиме корисници. XX Која е вашата компаративна предност пред конкуренцијата, зошто некој би одбрал оператор од ваков тип наместо класичен, голем оператор?

очеКуВаМ ТелеКоМ паЗароТ Да се сТаБилиЗира XX Како ја коментирате моменталната состојба на македонскиот телекомуникациски пазар, сега по консолидацијата? очекувам пред сè, сопирање на падот на цените, значи стабилизација на пазарот. големите оператори сфатија дека со агресивната борба за корисници, водена преку намалување на цените, на крајот губат и тие, но и корисниците. ниските цени водат до ниски профити, а тоа значи дека телекомите ќе немаат доволно за инвестиции во нова технологија и иновативни услуги. Тоа на крајот ќе води до полоша услуга за потрошувачите, кои што пак, еднаш Актон е алтернативен оператор, чија што најголема предност е квалитетот на услугата што ја нудиме и постпродажната грижа за корисниците. Нашите клиенти имаат привилегија за нивните телекомуникациски потреби да се грижи мобилна и флексибилна екипа, која што во случај на некаков проблем или дефект истиот го разрешува во најбрзо можно време и стои на располагање на корисниците 24/7. Големите оператори поради гломазноста на нивните системи и огромниот број клиенти, не можат да ја постигнат таа флексибилност и брзина во реакцијата. Квалитетот на сервисите што ги нудиме, брзата поддршка и флексибилниот модел на договор се нашата најголема компаративна предност. Исто така, ние можеме за нашите клиенти да изработиме комплетни решенија за системска интеграција – компјутери, сервери, телефонска централа, ИП телефонија, администрација на мрежни уреди...Сето ова може да го обезбедиме, да дадеме предлог решенија, изведба и одржување. Ние сме практично one-stop shop провајдер на информатичко - телекомуникациски решенија. XX Како бизнис плановите на актон се вклопуваат во целосната слика на телекомуникацискиот пазар во Македонија и регионот?

навикнати на ниските цени, тешко ќе ги убедите дека треба да платат поскапо, ако сакаат врвна услуга. Во Македонија цените паднаа до тоа ниво, да за десетина евра месечно добивате од операторот бесплатни минути во мобилна телефонија кон сите мрежи и бесплатни смс пораки, со сè неколку гигабајти интернет. Што можете поевтино да очекувате од ова? Да се сетиме само какви беа цените во мобилната телефонија пред 10 или 15 години, а денес имате неспоредливо поквалитетна услуга, брз интернет, незамисливи можности и сето тоа со субвенционирани цени на телефонските апарати. Консолидација на телеком пазарите се случува и во регионот и во Европа. Сите се соочија со пад на бизнисот и ситуацијата мора да се стабилизира. Ние како регионална групација продолжуваме да си го бараме своето место во сегментот на услуги за бизнис корисници, со тоа што нудиме еднаков квалитет на сите сервиси во сите земји каде што е Актон присутен. Да речеме, ако една компанија од Загреб или од Скопје, сака да се прошири во Адриа регионот, ние можеме да бидеме нивни партнери во обезбедувањето врвна телефонска и интернет врска и останатите ИКТ сервиси, во сите земји. Секој сервис на Актон во Скопје може да се добие и во Љубљана, Сараево,Белград, Загреб, Подгорица...Ние сме поврзани кон меѓународните оператори од кои што доаѓаат главните “цевки“ на интернетот и ние “влечеме“ интернет од нив, и го носиме до крајниот корисник, преку наша или преку изнајмена инфраструктура. Во рок од една година планот е да ги поврземе главните бизнис згради во Скопје со наша мрежа и да обезбедиме уште поголеми брзини и квалитет на сервисот. Присутни сме на територија на цела Македонија и дополнително можеме да обезбедиме и сервиси во Косово, Албанија, Бугарија, Грција и целиот свет преку соработката со меѓународните оператори. nnn

лниоТ МоДел на ДогоВор се наШаТа најголеМа КоМпараТиВна преДносТ


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.