Елаборат за валоризација на локалитет "Илин камен"

Page 1


Елаборатот за валоризација на природната реткост Карактеристичен геолошки профил - Звегор е подготвен во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDS) координиран од Helvetas Swiss intercooperation и Фармахем. Стратешки партнер на Програмата за зачувување на природата во Македонија е Центарот за развој на Источен плански регион (ЦРИПР).

_____________________________________________________________________ Изработувач на проектот:

Автор: Сокол Клинчаров, дипл. инж. геолог Министерство за животна средина и просторно планирање (во пензија)

Лектура: Маја Катарова


СОДРЖИНА 1.

ИМЕ НА ПРИРОДНАТА РЕТКОСТ ................................................................................... 4

2.

ВИД НА ПРИРОДНАТА РЕТКОСТ .................................................................................... 4

3.

ПОЛОЖБА НА ПРИРОДНАТА РЕТКОСТ ........................................................................ 4

4.

ОПИС НА ПРИРОДНАТА РЕТКОСТ ................................................................................. 5

5.

ОПИС НА ВРЕДНОСТА НА ПРИРОДНАТА РЕТКОСТ ................................................. 9

6.

ОЦЕНА НА СОСТОЈБАТА - ЗАГРОЗЕНОСТ НА ПРИРОДНАТА РЕТКОСТ ............. 9

7.

ПРАВНА ОСНОВА ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ПРИРОДНАТА РЕТКОСТ ................ 10

8.

ПРЕДЛОГ- МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРИРОДНАТА РЕТКОСТ .............................................................................................................................. 11

9.

ДОДЕЛУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА УПРАВУВАЊЕ ...................................................... 12

ЛИТЕРАТУРА ............................................................................................................................. 13 ПРИЛОЗИ ..................................................................................................................................... 14


1. ИМЕ НА ПРИРОДНАТА РЕТКОСТ „КАРАКТЕРИСТИЧЕН ГЕОЛОШКИ ПРОФИЛ - ЗВЕГОР“ 2. ВИД НА ПРИРОДНАТА РЕТКОСТ Карактеристичен геолошки профил-пробој на млади кварцлатити во комбинација со навлака на тријаски варовници врз спечените палеогени глинци. 3. ПОЛОЖБА НА ПРИРОДНАТА РЕТКОСТ Локалитетот се наоѓа на околу 0,5-1 км северно од селото Звегор, Oпштина Делчево, КО Звегор, на источните падински делови на возвишението Илин камен до патот, односно паралелно со него, за граничниот премин со Р. Бугарија, во должина од околу 0,75 км и средна широчина од стотина метри, значи со приближна површина од 8 до 10 ха и надморска висина од 740-850 м.

Сл. 1. Положба на локалитетот „Карактеристичен геолошки профил - Звегор“ (врз основа од Google Earth, 2013).

Со оглед на морфологијата на теренот, односно стрмните нагиби на падините кон патот, можен пристап до подрачјето на локалитетот претставуваат помали патеки и патеки од северниот крај над тригонометарот 897, кои се спуштаат во границите на локалитетот и кои се за пешачење, бидејќи нема услови за пристап ниту на теренско возило.

4


Положба на централната точка на евидентираната природната реткост според Гаус-Кригеровата проекција е: 1) По географски координати: СГШ: 41°58'22.75” ИГД: 22°49'11.45” (според Гринич) 2) По правоаголни координати: x = 4649305 y = 7650809

Сл. 2. Локација на локалитетот „Звегор“ на исечок од топографска карта (1:25000)

4. ОПИС НА ПРИРОДНАТА РЕТКОСТ Појавата на овој карактеристичен геолошки профил е во функција и продукт на регионалните геолошки активности, во рамки на дефинираните геотектонски формации. Имено, според регионалната поделба на територијата на Р. Македонија, подрачјето на Звегор и пошироката околина ѝ припаѓаат на српско-македонската маса, чие јадро го чинат гранитите на делчевскиот батолит, поточно гранодиоритите на подрачјето долж границата со Р. Бугарија.

5


Овие карпи се цврсти, локално грусирани со нешто поситнозрнеста структура во споредба со другите гранитни делови. По боја се сивожолтеникави до сиво зеленкасти, леукократни до мезократни. Структурата е алотриоморфно до хипидиоморфно зрнеста, изградени се од кварц, плагиоклас, калиски фелдспат, биотит, поретко мусковит и хлорит, а споредни минерали се сфен, апатит и оксиди на железото. Нивна карактеристика е и мошне хетерогениот состав, што условува често локално преминување во адамелити, прави гранити и кварцдиорити од друга страна. Овие литолошко-петрографски варијации се должат на нивната генеза бидејќи се настанати со втиснување на алкални гранити во метагабродијабази и како продукт на хидратизацијата се создадени гранодиоритите и побазичните гранитски вариетети. На ова укажува и фактот дека опишаните гранити се застапени, исклучиво на простори каде што веќе постоеле базични карпи. Во карактеристичната стратиграфско-тектонска комбинација, тријаските варовници претставуваат битен дел од феноменот. Тие заземаат поголемо пространство во однос на долнотријаските седименти, кои се секогаш во подината на Тријаската серија. Варовниците се темно до светлосиви по боја, а се јавуваат и доломитски варијации, кои се главно темносиви, додека бречоидните партии на места се шарени и издробени со многубројни калцитски жици, што сѐ заедно укажува на тектонските улови под кои дошло до навлекување на другите помлади (и постари ) формации. Нивната дебелина се цени на околу 400 m, а тријаската старост е определена врз основа на многу ретки, неодредливи отпечатоци од школка и брахиоподи, како и слабо зачуван фосил од Encrinus liliformis (1948). Од тогаш до денес не се пронајдени други фосилни остатоци во среднотријаските варовници. Палеогените седименти на овој геолошки профил се застапени со флишната фација претставена со жолти песочници, ретки прослојци на алевролити и сиви алевролитски глинци со наизменична појава и слабо изразена градација, а освен кај Звегор се протега и во пределите на с. Габрово и во с. Панчарево. Песочниците се најзастапени во флишот и постојат повеќе вариетети според нивниот гранулометриски состав. Многу се чести вертикалните литолошки промени во вид на ритмички сменувања со алевролитски глинци, во кои се забележува слабо изразена хоризонтална ламинација од светли и темни ламели, со слабо зачувани отпечатоци од флора.

6


Сл. 3. Локација на Карактеристичниот геолошки профил Звегор (портокалово поле) на исечок од основната геолошка карта (1:100000) – лист Делчево. Литолошки единици: ʋ - амфиболски габрови (стар палеозоик); δγ – гранодиорити (млад палеозоик); T1 песочници, песокливи глинци и конгломерати (тријас); T2 – милотинизирани услоени варовници (тријас); E3 – конгломерати (палеоген); E3 – песочници, глинци и лапорци (неоген); aq – кварцлатити (палеоген); Pl – глини, суглини и песоци (неоген); Pl – чакали и песоци (неоген) ; al – алувиум (квартер).

Стратиграфската припадност на палеогениот флиш – Горноеоценска, е определена врз база на многубројни (49) детерминирани фосилни форми кај с. Ветрен (В. Темкова) каде што се јавува Natica crassatina како карактеристичен фосил. Кварцлатитите, може да се констатира, дека се, исто така, функционален литолошки член, во рамки на карактеристичниот профил кај с. Звегор. Тие се дел од младиот, терцијарен вулканизам на просторот на делчевско-пехчевскиот ров, кој се манифестира со појава на помали и поголеми пробои низ постарите формации. Кварцлатитите се светлосиви до сивозеленкасти и ретко светлорозови по боја. Составени се од санидин, плагиоклас, кварц, амфибол и од биотит, а акцесорни минерали се апатит, магнетит и титанит. Од тектонски аспект, подрачјето на локалитетот на карактеристичниот профил се наоѓа во структурната форма на делчевско-беровскиот ров, кој според своите типични карактеристики е издвоен во рамки на српско7


македонската маса. Овој тектонски ров-депресија го зазема просторот од село Будинарци, Берово, Пехчево, селото Тработивиште и Делчево и продолжува на север. Формирањето на оваа депресија почнува со таложењето на палеогените марински седименти, а добива конечен и рецентен облик во Неоген, но сега како слатководен басен, чија генеза е проследена и со вулканизам (кварцлатитите). Како завршна континентална фаза во оваа депресија е формирањето на квартерните наслаги, кои лежат преку сите постари формации. Палеогените седименти се мошне дислоцирани, што се манифестира со изразито стрмни нагиби (до 500) во СИ правец, додека неогените седименти се секогаш субхоризонтални со наклон кон депресијата. Во целина, тие претставуваат покривка над старите формации и заедно со квартерните депозити ја одбележуваат најмладата квартарна еволуција. Регионалните раседи се детерминирани по источниот раб од делчевскоберовскиот ров, кои се испресечени со попречни активни раседи-сеизмички руптури, кои се и зони на излевање на кварцлатитските лави. Конечно, според сите досегашни истражувања, пред сѐ, регионалните, во рамки на ОГК лист Делчево, како и истражувања за други намени, локалитет е регистриран како интересен геолошки профил каде што палеогените седименти се пробиени со кварцлатитските пробои, но овде, за разлика од другите простори во делчевско-беровскиот ров, преку нивниот контакт се навлечени среднотријаските варовници и сѐ заедно чини една геолошка индикативна појава.

Сл.4. Контактна зона на палеогениот флиш и кврацлатити 8


5. ОПИС НА ВРЕДНОСТА НА ПРИРОДНАТА РЕТКОСТ Карактеристичниот геолошки профил, кој е претходно опишан во контекст на целото опкружување, како во регионална смисла, така и во локални рамки, претставува интересен пример за развојот на делчевско-беровскиот тектонски ров, генезата на среднотријаските маси, односно нивната специфична положба во однос на помладите творевини. Сето тоа може и треба да се валоризира заради научно-истражувачки и едукативни цели во контекст на редефинирање на геоеволутивните процеси во тој дел на српско-македонската маса, како типична манифестација, односно продукт на регионалните влијанија и состојби.

Сл. 5. Тектонски контакт при навлекување на тријаски варовници над палеоген флиш

6. ОЦЕНА НА СОСТОЈБАТА - ЗАГРОЗЕНОСТ НА ПРИРОДНАТА РЕТКОСТ Врз основа на извршената теренска проспекција и досегашните сознанија, произлегува дека на локалитетот Звегор, поточно Илин Камен е надвор од секаков вид влијанија што можат да предизвикаат одредени деградации на микролокацијата и пошироко од неа, особено поради фактот што ниту во една од Програмите, односно Просторни планови за развој на патната инфраструктура, нема проекции за изградба на објекти што би ја загрозиле егзистенцијата на локалитетот. Од тој аспект, сметаме дека профилот како 9


особен геолошки пример за коегзистенција на повеќе природни процеси е целосно безбеден и ниту во блиска иднина нема закани од евентуални интервенции кои би можеле да го нарушат неговиот интегритет.

Сл.6. Тектонски меланж во зоната на вулканскиот пробој и навлекувањето

7.

ПРАВНА ОСНОВА РЕТКОСТ

ЗА

ПРОГЛАСУВАЊЕ

НА

ПРИРОДНАТА

Заштитата на геолошките профили и геоморфолошки појави е опфатена со Законот за заштита на природата (ЗЗП), (Службен весник на Република Македонија бр. 67/04, 14/06, 84/07, 35/10, 47/11, 148/11, 59/12, 13/13, 163/13, 41/14, 146/15, 39/16 и 63/16). Во извештајот за состојбата со заштитените подрачја во сливот на реката Брегалница (Брајаноска и Христовски, 2015), како дел од проектот „Анализа на недостатоци во еколошки податоци и изработка на карта на еколошка сензитивност на подрачјето на сливот на реката Брегалница“, локалитетот Звегор е предложен за заштита како природна реткост. Заштитената категорија природна реткост е дефинирана во Законот за заштита на природата (Службен весник на Република Македонија бр. 67/04, 14/06, 84/07, 35/10, 47/11, 148/11, 59/12, 13/13, 163/13, 41/14, 146/15, 39/16 и 63/16), и е воведена со измените и дополнувањата на ЗЗП (Службен весник на Република Македонија бр. 35/10) како дополнителна категорија на заштитено подрачје, на претходно дефинираните шест категории: категорија I – строг природен резерват (I a) и подрачје на дивина (I б); категорија II – национален 10


парк, категорија III – споменик на природата, категорија IV – парк на природата, категорија V – заштитен предел, категорија VI – повеќенаменско подрачје. Со измените на Законот за заштита на природата од 2010 година е пропишано дека поради научни, естетски, здравствени и други значења, културна, воспитно-образовна и туристичко-рекреативна функција, деловите на природата се под посебна заштита на државата како природни реткости. Како природни реткости можат да бидат прогласени одредени ретки, загрозени и ендемични, растителни и животински видови, нивни делови и заедници, релјефни форми, геолошки профили, палеонтолошки и спелеолошки објекти, доколку нивната површина е помала од 100 хектари.

8.

ПРЕДЛОГ-МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ПРИРОДНАТА РЕТКОСТ

И

УНАПРЕДУВАЊЕ

СО

Основна цел за заштита на локалитетот „Карактеристичен геолошки профил Звегор“ во атарот на селото Звегор е превенција од физичка деградација, која скоро исклучува влијанија на човечки активности со експлоатациски или мелиоративен карактер, со оглед дека на теренот во границите не постојат ресурси што би биле од интерес на населението. Поради тоа, покрај предлогот за заштита на овој локалитет како природна реткост, треба да се преземат мерки со кои тој ќе се задржи во својот изворен статус и одржливо ќе се користи. Исто така, треба да се спречат сите активности кои директно или индиректно можат да го загрозат локалитетот. Во контекст на потребите од фактичка заштита на локалитетот, забрането е да се извршуваат следните активности: -секаков вид градежни активности без претходна стручна анализа и проценка за евентуално проширување на патот, ископи, минирање и сл.; -изведување каков било вид земјени работи на локалитетот (зарамнување, насипување и сл.); -пренамена на земјиштето на локалитетот (од шумско во земјоделско и сл.), -шумско-уредувачки и експлоатациони работи во границите на локалитетот и т.н. бафер-зона непосредно до границите; -оградување на локалитетот; -изградба на стопански и нестопански содржини и објекти на објектот и неговата непосредна околина (освен туристичко-рекреативни); -предизвикување пожари на локалитетот и во неговата поширока околина, -фрлање отпадоци, смет, градежен шут и друг материјал на локалитетот и неговото опкружување. Дозволени се активности за спроведување заштитно-промотивни мерки од надлежни лица во Општина Делчево, во консултација со стручни лица/експерти од областа на геонаследство, геологија и геоморфологија, како и извршување научни истражувања на локалитетот, по претходно прибавена дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање. Понатаму, заради заштита, зачувување и промоција на локалитетот „Карактеристичен геолошки профил - Звегор“ како природна реткост, е неопходно следното: 11


-да се врши перманентен мониторинг на природната состојба и евентуалните промени на локалитетот; -да се уреди и адаптира постојниот паркинг на десната страна на патот за граничниот премин спрема Република Бугарија, да се постави контејнер за собирање на отпадот од посетителите на локалитетот, кој во договор со ЈКП од Делчево ќе се празни, а отпадот ќе се носи на депонијата на градот; -да се постави информативна табла на прегледно и воочливо место, на која ќе биде обележана природната реткост и ќе бидат напишани основни податоци за локалитетот; -да се едуцира локалното население за потребата за заштита и зачувување на локалитетот; -да се постават мали табли на локалитетот и во непосредната околина со информација дека станува збор за заштитен локалитет; -локалитетот да се стави на мапите и да се вклучи во туристичките рути кои поминуваат низ ова подрачје; -да се обележи-постави пешачка патека за полесен пристап до профилот од страна на управувачот, со експертски надзор и дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање, како и јасно да се обележат тријаските варовници, кварцлатитите и флишот, заради препознавање од страна на посетителите. 9. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА УПРАВУВАЊЕ Со оглед на фактот што овој геолошки локалитет се наоѓа на територијата на Општина Делчево, предлагаме правото на управување со природната реткост да ѝ се додели на локалната самоуправа. Во идниот период, во услови на функционирање на локалитетот, за одредени потребни активности и мерки, на управувачот со природното добро му се препорачува да вклучи и да консултира стручни лица од областа на геолошките науки, кои ќе дадат насоки за одржлива реализација на поставените задачи.

12


ЛИТЕРАТУРА Арсовски М. (1997): Тектоника на Македонија. Рударско-геолошки факултет, Штип Брајаноска Р., Христовски С. (eds). (2015): Извештај за состојбата со заштитените подрачја во сливот на реката Брегалница. Завршен извештај по проектот „Анализа на недостатоци во еколошки податоци и изработка на карта на еколошка сензитивност за подрачјето на сливот на река Брегалница“, Книга 4 Dumurdzanov N., Serafimovski T., Burchfiel C. (2004): Evolution of the Neogene-Pleis-tocene Basins of Macedonia. Geological society of America. Boulder, Colorado, 1-20 Закон за заштита на природата ("Службен весник на Република Македонија" бр.67/04, 14/06, 84/07, 35/10 ,47/11,148/11 и 59/12) Христов С., Карајовановиќ М. (1969): Толкувач за листот Делчево, Основна геолошка карта на СФРЈ, 1:100 000, Сојузен геолошки завод, Белград, МЖСПП(2004) Просторен план на Република Македонија, 5.2 Природно наследство

13


ПРИЛОГ ЛОКАЦИЈА

Легенда Евидентирана природна реткост „Карактеристичен геолошки профил Звегор“ Надморска височина: 740-850 m; на централната точка: 790 m. Координати на централната точка според Гаус-Кригеровата проекција и Гринички почетен меридијан: Географски: 41°58'22.75”N, 22°49'11.45”E Правоаголни: x = 4649305 y = 7650809 Површина на локалитетот: 7, 8 ha Размер Секција

Р = 1 : 25 000 Делчево бр. на лист 734-2-1 14


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.