Наставни планови за демократско граѓанство и човекови права за основно образование
Растење во демократија е книга која е наменета за наставници кои сакаат да го вклучат образованието за демократско граѓанство (ОДГ) и образованието за човекови права во нивните секојдневни предавања. Секоја од четирите лекции од деветте наставни теми содржи упатства „чекор по чекор“ и вклучува материјали за ученици и основни материјали за наставници. Целосниот прирачник сочинува една годишна наставна програма за ученици од основното образование (одделенија 4-то до 6-то). Бидејќи секоја тема е целина сама по себе, користењето на прирачникот е многу флексибилно. Затоа, погодно е за користење и од страна на уредници на учебници, развивачи на наставна програма, обучувачи на наставници и наставници кои се почетници.
Целта на ОДГ/ОЧП е да ги научи децата да станат активни граѓани кои сакаат да учествуваат во демократското општество. Оттаму, ОДГ/ОЧП дава особено внимание на акцијата и учењето базирано на зада