Car Samuil Brosura

Page 1

CAR SAMUIL

ФИЗИКАЛНАТА МЕДИЦИНА И РЕХАБИЛИТАЦИЈАТА

Добредојдовте во

Цар Самуил

Физикалната медицина и рехабилитацијата, позната и како физијатрија, е гранка на медицината која има за цел да ги подобри и да ги врати функционалните способности и квалитетот на животот на лицата со повреди на мускулите, коските, лигаментите или нервниот систем. Тоа е процес на лекување со помош на

физикални модалитети во кои се вбројуваат топлина, светлина, електрицитет, вода, движење, ултразвук, магнетни бранови и сл. Комплексот Цар Самуил во својот комплетно реновиран оддел за физикална терапија нуди широк

спектар на услуги како што се повеќе

видови електротерапија, магнетотерапија, скенирачки ласер, мануелна масажа и сите видови

кинези вежби кои се изведуваат во

новата и добро опремена кинези сала.

Електротерапија

Електротерапија е терапевтска процедура која вклучува употреба на различни видови струи во лекувањето на заболени области, смирување на воспалителни процеси и отстранување отоци. Во текот на процедурата, електродите се поставуваат на поединечни места на телото на пациентот и низ нив поминува електрична енергија со правилна фреквенција (константна или променлива). Еден третман трае неколку минути и се користи последователно од 5 до 10 дена. Преку својот аналгетски ефект оваа процедура ја намалува мускулната тензија, ја подобрува циркулацијата на крвта, ги забрзува процесите на регенерација на ткивата и прави отокот подобро да се апсорбира. Постојат повеќе видови струи со различна намена и тоа: интерферентни струи, диадинамика, тенс, електрофореза, галван, електро-стимулација и др. Секоја има своја намена во зависност од состојбата на пациентот и ефектот што треба да се постигне во процесот на лечење.

CAR SAMUIL WWW.CARSAMUIL.COM 1

сонотерапија е процедура при која во процесот на лекување се применува ултразвучна енергија. Во електродата со која се масира пациентот има пиезокристали кои вибрираат кога ќе се приклучат на извор на струја. е во ритамот на фреквенцијата на приклучената . Од овие причини, ултразвукот делува длабински зголемувајќи ја температурата во длабочина на ткивото без да ја загрее кожата или поткожното ткиво.

предизвикува проширување на крвните садови подобар проток на крв, ја подобрува трофиката на ткивото, ја зголемува растегливоста на колагените ткива, ја подобрува спроводливоста на нервите, го зголемува прагот на болката и има седативно дејство врз воспалената мускулатура. Влијае на биосинтеза на (протеини) како имунолошкиот

Ултразвук WWW.CARSAMUIL.COM 2 на
Ултразвук

Вакум терапија

Вакум терапијата е процес на примена на променлив или постојан притисок врз повредениот дел од телото на пациентот. Со оваа процедура се врши локално вшмукување на крв и лимфа во кожа од поткожно ткиво со што се напрегнува рефлексното влијание на крвните садови во внатрешните органи. Вакумските електроди лесно се фиксираат „залепени“ на кожата на пациентот со помош на прилагодлив вакум. Посебна предност на овој метод е можноста за фиксирање на електродите на анатомски недостапни деови од телото.

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetuer adipiscing elit, sed diam nonummy nibh euismod tincidunt ut laoreet dolore magna aliquam erat volutpat. Ut wisi enim ad minim veniam, quis nostrud exerci tation ullamcorper suscipit lobortis nisl ut aliquip ex ea commodo consequat.

Важноста на третманот е во зголемување на снабдувањето со крв до периферните капилари, со што се внесува поголема количина свежа крв богата со кислород што придонесува за побрзо закрепнување од повредите. Целиот третман не е болен, а притисокот се одредува врз основа на дијагнозата, клиничката слика и издржливоста на пациентот.

CAR SAMUIL WWW.CARSAMUIL.COM 3
Вакум терапија

Ласерска терапија

Ласерска терапија користи зрачење со видлива светлина за да произведе фотохемиска реакција во клетките на телото. Ласерот не емитува топлина и користи бранови должини во спектарот на видливата светлина кои можат да навлезат во кожата и меките/тврдите ткива, да ја намалат болката и да го забрзаат заздравувањето. За време на сесијата, светлината од ласерот навлегува во кожата без да предизвика болка или оштетување. Клетките ја апсорбираат светлината и ја претвораат во клеточна енергија, намалувајќи го воспалителниот процес преку поттикнување на регенерацијата на ткивото. Целата процедура трае само неколку минути, но потребно е да се повторува неколку дена последователно за подобар ефект и долготрајни резултати. Биостимулативното дејство на оваа процедура ги стимулира регенеративните способности на ткивата, коските, периферните нерви и мускулните влакна.

WWW.CARSAMUIL.COM 4

Магнето-терапија

Магнето-терапијата подразбира примена на различни магнетни полиња во зависност од терапевтски ефекти што треба да се постигнат. Тоа е безбедна, неинвазивна форма на лекување, корисна за акутни или хронични болести. Современата магнетотерапија вклучува употреба на пулсирачки електромагнетни полиња со ниска и висока фреквенција. Може да се применува и кај импланти од различен материјал (метал, керамика). Делува на зголемување на парцијалниот притисок на кислородот што е особено важно кај ткива кои се исхрануваат преку дифузија како

што е дискусот. Стимулира создавање на калус-после фрактури, но може да се дава и во фаза на носење на гипс.

Со магнетна терапија се зајакнува коската при остеопороза, а се овозможува и регенерација на периферните нерви, регенерација на ткива–рани, Оваа процедура која има антивоспалително и

аналгетско дејство, покрај докажаните ефекти во физикалната рехабилитација, често се користи и за лекување на несоница, мигрена, астма, за подобрување на меморијата, за намалување на вртоглавицата итн.

CAR SAMUIL WWW.CARSAMUIL.COM 4
WWW.CARSAMUIL.COM 5

Парафин

Парафин е термотерапија со парафински облоги кои се аплицираат локално на воспалениот дел од телото. Парафинот се загрева на соодветна температура, а потоа се нанесува на рацете, зглобовите или прстите, каде што формира слој со влажна топлина. Овој процес помага во намалување на болката и вкочанетоста предизвикана од ревматоиден артритис, за олеснување на болките во рацете, нозете, колената и болките во зглобовите и мускулите. Топлината ги забрзува метаболичните реакции и протокот на кислород со што се зголемува оксигенација на ткивото која пак ги стимулира регенеративните процеси елиминирајќи ги воспаленијата и болката.

WWW.CARSAMUIL.COM 6
CAR SAMUIL WWW.CARSAMUIL.COM 7

Кинезитерапија е дел од физикалната терапија која се занимава со примена на вежби со цел да се воспостави оптимално функционирање на одредени делови или на организамот во целина. Во овој процес основно средтство за стимулација се движењата кои физиотерапевтот ги применува врз пациентот. Тоа можат да бидат различни видови вежби: активни, пасивни, потпомогнати, статички, респираторни, динамички со отпор, со апарати или без апарати.

Цел на кинезитерапијата е потполно структурно и функционално да се обнови повредениот дел, да се подобри обемот на движење во зглобовите, да се намали болката и отокот преку ослободување или затегнување на засегнатиот мускул. Во нашата добро опремена кинези сала со најсовремени реквизити за вежби и работна терапија, се третираат најразлични патологии меѓу кои и:

Почетна фаза на артрозна болест

Деформитети на ‘рбетниот столб во детска возраст

Симптоматски невралгии и неврити Заболување на респираторниот систем

Повреди на локомоторниот систем

Состојби после мозочен удар Состојби кај невролошки и дегенеративни

болести кои имаат влијание врз правилното функционирање на делови од телото.

WWW.CARSAMUIL.COM 8

Екстензија/Декомпресија е најсофистицираниот неоперативен метод за решавање на проблеми со 'рбетниот столб, целосно безболно и безопасно. Процедурата се состои во ослободување на каналите и нервните корени кои се притиснати меѓу пршлените на 'рбетот. Оваа терапија се применува кај пациенти со дископатии, деформитети и болки во пределот на грбот.

CAR SAMUIL WWW.CARSAMUIL.COM 9
Екстензија / Декомпресија

• Вертикална: се применува во седечка положба главно за растегнување на цервикалниот дел. Се прави со кожен подбрадок кој се прицврстува на главата и со благ притисок се врши истегнување на вратниот – цервикален дел.

• Екстензија под наклон: со наклон од 20-60 степени за сите делови од рбетниот столб.

• Хоризонтална екстензија: се прави во лежечка положба со лумбално истегнување односно истегнување на долниот дел од грбот.

Нашиот стручен тим ја изведува оваа процедура со иновативниот апарат ТРИТОН ДТС, целосно електронски при што шансите за грешка се сведуваат на нула. Самиот апарат нуди неколку типови, на екстензии и тоа: Иако, декомпресијата првично се поврзува со лекување на дискус хернија, постојат и други состојби кои оваа метода успешно ги решава, како што се: спондилоза, спондилоартроза, главоболки, вртоглавица, трнерње на раце и нозе и др. Успехот кај лекување на дискус хернија е над 90%.

WWW.CARSAMUIL.COM 10

Мануелната масажа

Мануелна масажа се користи како терапија со цел да се постигне психичка релаксација, намалување на физичките последици од стресот, подобрување на циркулацијата и забрзано исфрлање на штетните материи и млечната киселина, намалување на крвниот притисок и зајакнуување на имунолошкиот систем. Оваа процедура е стара колку и човечкиот вид, затоа што некои форми на масажа ги користел и примитивниот човек. Со векови е развивана и рафинирана, така што модерната масажа има широк спектар на можности за употреба на механичка стимулација, со цел да има терапевтски ефект врз телесните ткива и органи.

Масажата делува на намалување на мигренозната главоболка, ублажување на спондилозата, лумбалгијата, ишијалгијата, артритисот, фибромијалгијата, разбивање на чворчињата во мускулите формирани од насобраната млечна киселина, опуштање на мускулите со што се смалува притисокот на нервите, зголемување на флексибилноста во зглобовите, го скратува времето на рехабилитација при повреди на мускуло-скелетниот систем, при спортски повреди и во состојби после операција.

CAR SAMUIL WWW.CARSAMUIL.COM 1
WWW.CARSAMUIL.COM 2

Инхалација со термална вода

Инхалацијата е основна локална терапија кај заболувањата на дишните патишта како што се синузит, бронхитис, бронхијална

астма, ларингитис и сл. Терапијата се одредува во зависност на актуелната состојба и може да се применува и повеќе од еднаш во денот.

CAR SAMUIL WWW.CARSAMUIL.COM 1

Инхалацијата со термална вода е процедура која нема несакани ефекти поради фактот што при инхалирање се вдишува пареа од гасови кои се наоѓаат во природниот состав на водата како што се јаглеродна киселина, сулфур, јод, радон или други активни состојки во висока концентрација и на тој начин дејствуваат против одредени воспаленија на респираторниот систем и помагаат во зајакнување на имунолошкиот систем.

Важен предуслов за успех на инхалаторната терапија е правилно користење на инхалаторниот систем, поради што е важно терапевтот да му ја покаже на пациентот правилната техника на инхалирање.

WWW.CARSAMUIL.COM 2

Хидротерапијата е третман во кој се користи вода на одреден дел од телото, со цел ублажување и лекување на одредени болести или состојби. Овие третмани се особено корисни за лицата кои имаат предиспозиција кон болести на васкуларниот систем. Во понудата на Цар Самуил се вклучени повеќе видови балнео третмани во реновираниот балнеотераписки дел опремен со вкупно 8 кади кои нудат различни видови на хидро третмани како подводна масажа, хидрогалвански струи и различни видови термални купки. Сите тие се изведуваат со лековита термална вода која дополнително го зголемува ефектот на третманот.

видови

CAR SAMUIL WWW.CARSAMUIL.COM 1
CAR SAMUIL
ХИДРОТЕРАПИЈА
CAR SAMUIL WWW.CARSAMUIL.COM 2

Типови на кади

Castillo Pizzaro Tasman

кадата е дизајнирана да овозможи третмани на раката, подлактицата и лактот. Масажата се применува преку 10 ѕидни млазници. Оваа када со мал капацитет за вода има термомиксер, кој помага лесно да се регулира температурата на полнење на водата.

када за третман на долните екстремитети - овозможува третмани на стапалото, глуждот и потколеницата. Масажата се применува преку 6 ѕидни млазници со регулирање на насоката на протокот на вода. Pizarro има вентил за регулирање на аерацијата на водата (пасивна масажа / купка), систем за полнење вода без излив и термомиксер што ја олеснува регулацијата на температурата на водата за време на полнењето.

е позната уште како када со четири ќелии која овозможува концентрирање на третманот и на горните и на долните екстремитети во исто време. Според индикациите на пациентот, се поставува поларитет на електродата лоцирана во секоја ќелија и се избира помеѓу галванска, дијадинамична и фарадична струја. Благата масажа во комбинација со подводните струи делува на опуштање на мускулите, смирување на воспаленијата и забрзување на регенеративните процеси.

CAR SAMUIL WWW.CARSAMUIL.COM 1
EN

Хaбардовата када

Хaбардовата

када

Хaбардовата

када

Хaбардовата када

Хaбардовата

када

WWW.CARSAMUIL.COM 2
CAR SAMUIL WWW.CARSAMUIL.COM 1 Базени

РЕКРЕАТИВНИОТ –ПОЛУОЛИМПИСКИ

Базен со димензии 25m x 12m е наменет за рекреативно пливање и релаксација. Исполнет со термо-минерална вода со температура од 32 степени Целзиусови, делува благотворно на целото тело.

Е втор по големина со димензии 8m x 16m. Исто така исполнет со термо-минерална вода со температура од 34 степени, наменет е за терапевтски вежби. Тој е целосно реновиран и во него се распоредени реквизити за вежбање во вода и тоа: две траки за одење во вода, 8 велосипеди за вежби во вода и 20 душеци со тврда подлога за вежбање, сите од француско производство. На базенот е поставен и статичен лифт (италијанско производство) преку кој, тешко подвижните пациенти се спуштаат во водата.

ТОПОЛ БАЗЕН

Со димензии 9m x 5 m е ново-изграден специјално за кратки процедури на терапија со топла вода. Температурата на

термо-минералната вода овде е 38 / 39 степени. Терапијата се состои од седење во топла вода од 5 до 20 мин. во зависност од препораката на

физијатарот и му овозможува на телото да ги апсорбира минералите од самата вода преку кожата или инхалација на пареата. Сето ова има терапевтски ефект, бидејќи промена на температурата на телото го забрзува функционирањето на срцето, циркулацијата на крвта, и благотворно влијае на мускулите и кожата.

ТЕРАПЕВТСКИОТ БАЗЕН
WWW.CARSAMUIL.COM 2 01 02 03

Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.