11.МакеДокс Каталог - 2020

Page 1





Содржина

Поздрав 4 Земја во фокус: Холандија 6 Жирија на „МакеДокс“ 16 Главна програма 26 Нови автори 38 Кратки документарци 50 Студентски документарци 60 Програма за деца и млади 70 МакеДокс+ 80 Слоевите на „МакеДокс“ 90 Индекс на филмови 97 „МакеДокс“ фамилија 98 Импресум 99


Драги пријатели и љубители на уметноста,

Поздрав

„МакеДокс“ фестивалот за креативен документарен филм оваа година ја започнува својата втора деценија од животот на културниот простор во Р Македонија. Како и секогаш, така и оваа година, по единаесетти пат ќе се потрудиме да донесеме што е можно побогата и поквалитетна програма, особено сега, во ова време кога сметаме дека понудата на културните содржини е од есенцијално значење за менталното здравје и духовниот развој на луѓето. Токму затоа, „МакеДокс“ оваа година реши уште поодлучно да застане на страната на животот, секако и понатаму славејќи ја креативноста, пред сè, во документарниот филм, создавајќи услови и можности за тоа и во реалниот и во виртуелниот Куршумли-ан. За жал, оваа година, физичкиот простор за филмско прикажување и патување ни е ограничен, но ние сепак решивме да не се откажеме и да го прифатиме предизвикот што оваа здравствена пандемија ни го наметна на сите нас. Затоа, во тишина, посветено работејќи во нашата област културата, која иако најпотребна во вакви кризни моменти, го издржува најжестокиот удар, се потрудивме да обезбедиме нови сфери за филмско патување и да пробиеме нови простори каде што преку програмските содржини на „МакеДокс“ ќе можеме да се дружиме, разговараме, дебатираме и уживаме заедно, закрепнувајќи го нашето и вашето душевно здравје и бодрејќи се меѓусебно. Веруваме дека заедно, на културата која сега е оттурната некаде далеку во заднината на социјалниот живот, ќе можеме да ѝ го вратиме местото во нашите животи, чувствувајќи дека таа ни е навистина суштински потребна, особено во овие тешки моменти на страв, тага и неизвесност поради здравствената пандемија. Свесни сме дека македонската публика, како и секој човек впрочем, има потреба од социјален допир поради што и организирањето на фестивалите е, пред сè, наменето за учествување во еден заеднички ритуал на гледање филм на големото платно и славење на креативноста по него, но со дигиталната форма на фестивалот, пак, гледаме отворање нови можности за еден поинаков и подалекосежен допир на фестивалот и документарните филмови до сите во земјава. Имено, целата оваа ситуација со здравствената криза, живеејќи и подготвувајќи фестивал во карантин, доживувајќи се себеси и градот во тишина, а некои од нас и првпат искусувајќи полициски час, некако спонтано ја изнедри длабоко од нас песната на нашиот сакан поет Ацо Шопов „Во тишина“ и нè поттикна подлабоко да размислуваме и да го слушаме наједноставното и најтешкото, согледувајќи го невидливото со надеж дека тоа ќе ни отвори некои нови порти кон некои нови сфери и светови. Токму поради овие причини, 11. издание на „МакеДокс“ ќе биде посветено на звукот и тишината, на погледот кон затпојавното и ќе се одржи под мотото: „Слеј се со тишината!“ 4


Во тишина Ако носиш нешто неизречено, нешто што те притиска и пече, закопај го во длабока тишина, тишината сама ќе го рече. Ацо Шопов „Слеј се со тишината“ 1955


6

Земја во фокусот


Земја во фокус: Холандија

Земја во фокусот

7


Кога небото не е лимит

Како што новиот милениум полека ја привршува својата втора деценија, така „МакеДокс“ во тишина и љубопитно ја започнува втората деценија живот со надеж дека и понатаму ќе биде вoзбудлив и исполнет со разновидни вистински филмски приказни кои зборуваат за луѓе, настани, времиња – сегашни, идни, минати... Времиња во невремиња, или ако повеќе сакате, невремиња во времиња кои имаат многу за што да посведочат, преку креативната сила на авторите... за состојбата на човековиот дух и предизвиците со кои Тој, Човекот, се соочува... Би рекла - во епицентарот на историските збиднувања, љубовта, социјалните немири и несогласувања, страста, суровиот капитализам и прекумерниот консумеризам, радоста, неизлечливите болести и смрт, војните, егзодусите и геноцидите, правдата, (не)природните катастрофи, тишината... Оттаму, и потребата на „МакеДокс“ оваа година програмата „Земја во фокус“ да ја посвети на Холандија, земја што има богата историја на документарно филмско творештво и штопокажува особена почит кон документарната форма. Тоа особено се гледа низ програмските секции на Меѓународниот документарен фестивал во Амстердам (IDFA), најголемиот и најпознат фестивал за документарни филмови во светот денес, каде што секоја година имаме можност да се насладуваме на креативниот пристап и инвентивната визуелна нарација на авторите, кои речиси секогаш успеваат, секој на свој начин, да чепнат нешто длабоко во нас и да нè натераат да се замислиме, да испуштиме крик, или можеби да се насмееме, но во секој случај, да се разбудиме... Токму поради оваа причина, за годинешното 11. по ред издание на „МакеДокс“, за жал, во услови на здравствена и финансиска криза, одбравме десетина холандски документарни филмови кои нè разбудиле и ни ја поттикнале желбата што поскоро да ги споделиме со другите, со нашата публика, за која веруваме дека слично како нас, во ова време-невреме, е сè повеќе гладна за култура, за вистински вредности и не бега од соочување со општеството, природата и во крајна линија, со самата себеси. Зошто „Небото не е лимит“? Многу едноставно – холандските филмски документаристи не обработуваат само теми од „Ниската земја“. Напротив – своите филмски „бисери“ ги откриваат низ целиот свет како номади во потрага по скриени богатства. Со исклучителен документаристички сензибилитет, при што визуелните глетки на неверојатно функционален начин се надополнуваат со звучниот фон (музиката, природните звуци, говорот, тишината), овие автори го создадоа и го создаваат еден од најзначајните документаристички филмски опуси за човековата цивилизација. Филмовите што се на нашата програма се потврда за ова. Филмот „Ме викаат Бабу“ на режисерката Сандра Берендс, преку приказната на Алима, Индонезијка која работи како дадилка во едно холандско семејство, се справува со минатото, односно времето на колонијализмот во Индонезија. Со помош на внимателно одбраниот архивски материјал, филмот нè води

8

Земја во фокусот


низ историјата на денес независната република Индонезија, која по 350- годишниот холандски колонијализам и јапонската окупација за време на Втората светска војна, успева да се избори за својата независност. На холандски „babu“ во буквален превод значи „недостиг на мајка“ како што на свој начин самата Алимаси го објаснува зборот. Режисерот Џон Апел во својот најнов документарен филм „Кога прашината ќе слегне“ нè води на три географски точки на нашата планета Земја: Аматриче, Чернобил и Алепо, места што доживеале тешки (не)природни катастрофи. Денес, за жал, за нив може слободно да се каже дека се симболи и некој вид природна опомена за тоа како треба да се однесуваме со природата, со природните ресурси, со историското и културното наследство доколку сè уште сакаме да живееме и опстојуваме на оваа планета. Темата во филмот „Мангупи“ сè почесто е присутна во богатите и високоразвиени општества. Зошто? Режисерката Масја Омс оди во едно мало француско село и преку една директна и искрена филмска нарација нè запознава со група млади момчиња, деликвенти, кои се на привремен престој на една далечна селска фарма во Франција. Тие таму заедно работејќи и соочувајќи се со себеси, родителите и околината, со помош на советник, се надеваат дека ќе можат повторно да си го повратат животот во свои раце. Од малата селска фарма, филмската документаристичка холандска турнеја ја продолжуваме на едно луксузно патување, на крстарење со брод заедно со баронот Роналд Буш Рајзингер од Инерајн. Режисерката Софи Дрос во филмот „Кралот на крстарењето“ на еден суптилен начин ја истражува човековата потреба за постојана потврда на својата величина и препознавање, и покрај тоа што таа на еден барон му е дадена со самото раѓање. Па, сепак баронот Роналд Буш Рајзингер од Инерајн, раскажувајќи ги своите екстравагантни животни приказни на своите декадентни одмори на најскапите крузери, на еден ненаметлив начин ја отвора својата душа пред обичниот гледач, за да може тој да ја види и другата страна на паричката и тешкотиите со кои се соочува еден барон,живеејќи од самото раѓање потонат во конформизам и богатство.

„Заедно“ на режисерката Кармен Кобос е лична драма во која таа на еден автентичен начин го раскажува своето болно соочување кога на нејзиниот долгогодишен партнер и продуцент му е дијагностицирана неизлечлива болест. Таа во филмот нѐ воодушевува со својата храбра отвореност и енергично следење со камерата на целиот тој процес на тага, гнев и одбивање тоа да се прифати, сè до оној момент кога се доаѓа во состојба на помирување и прифаќање на болеста како дел од животот. Филмот „Последниот Мохиканец“ на режисерот Макс Плоег, кој беше дел од натпреварувачката студентска програма на ИДФА, ја следи животната приказна на Тони, која иако заглавена во долгови до гуша, не се откажува од својата желба да им помага на сиромашните како неа, возејќи ја својата мобилна самопослуга по цел ден низ холандското гратче Тилбург. Следејќи ги нејзината посветеност и стрпливост да опстане чесно и со многу труд, во ова време каде што надвладува суровиот капитализам, не може да останете рамнодушни и да не ви затрепери срцето со верба и доза на оптимизам дека можеби ќе дојде правдата за малиот човек. И така во тишина, додека го пишував текстот за оваа „Земја во фокус: Холандија“, која изобилува со разнобојни лалиња и зелени „треви“, темни улички со црвени фенери и кломпи што се слушаат надалеку, овековечена светлина во многу слики на најпознатите светски сликарски велемајстори, тишината ја разби нотификација на „Фејсбук“ која велеше дека Холанѓаните биле и големи пронаоѓачи, па од смрекинките го измислиле и го подготвувале прекрасниот алкохолен пијалак – домашниот џин. Затоа да ги дигнеме високо чашите и да наздравиме за оваа чудесна „Ниска Земја“со џиновско документарно филмско наследство и голем почитувач на документарниот филм. Да наздравиме и за здравјето да се врати низ целиот свет, па здрави-живи и во тишина да ги проследиме филмовите од програмата „Земја во фокусот“, кои нејзините автори ни ги подготвиле како волшебен коктел со џин од домашно холандско производство. На здравје! На здравје! На здравје нека ни се документарците... Петрула Вељановска

„Малиот човек, времето и трубадурот“ на режисерката Инеке Смит нè воведува во една поинаква атмосфера... Атмосфера на преживеана војна, изгубен дом, тага и болка на малиот човек по родната земја и вечната надеж за подобри времиња. Филмот ја следи судбината на трубадурот Сипа Лабакуа, кој е роден во Абхазија и израсналво советска Грузија, а во '90-тите години е присилен да бега во Москва со своето семејство, кога се распаѓа Советскиот Сојуз и започнува војната во Абхазија. Тој својата автобиографска приказна ја раскажува попатно, во своето шоу со марионети во повоена Абхазија и на еден поетски начин го отвора едно од најгорливите прашања на цивилизацијата: Што е тоа дом? Земја во фокусот

9


Холандија/ 2019/ 78’

Заедно Samen/ Together

Режиja: Carmen Cobos

Сценарио: Carmen Cobos, Kees Rijninks Снимател: John Appel Монтажа: Mario Steenbergen, John Appel Звук: Mark Wessner, Mike van der Sluijs Продукција: Cobos Films B.V. Копродукција: Rob J Maas

10

Земја во фокусот

Кога на продуцентот Кес Ријнинкс, сопругот на филмаџиката Кармен Кобос, му е дијагностицирана Паркинсова болест, светот на сопружниците се распаѓа. По месеци минати во тага, гнев и одрекување, обајцата наоѓаат доволно истрајност за нов баланс во животот. Тие следат група на неизлечиво болни пациенти, нивните партнери и нивниот невролог за да најдат одговор на прашањето како луѓето се справуваат со сознанието дека се на смртна постела.

Избрана филмографија: Мачешки приказни/ Cat Stories (2019) Синдикатот ‘Хат’/ The Hut Syndicate/ Het Hut Syndicaat (2018) Совршениот круг/ The Perfect Circle (2014) Засекогаш/ Forever (2006) Кревка среќа/ Fragile Happiness (2001) Црни солзи/ Black Tears (1997)


Холандија/ 2019/ 85’

Кога прашината ќе слегне Once the Dust settles/ Once the Dust settles

Режиja: John Appel

Сценарио: John Appel Снимател: Erik Van Empel Монтажа: Mario Steenbergen Звук: Mark Wessner, Mike van der Sluijs Продукција: Carmen Cobos Kees Rijninks, Cobos Films BV

Аматриче (централна Италија), Чернобил и Алепо: три места каде што жителите се чувствувале безбедно додека катастрофата или војната не донеле смрт и уништување. Една жена која работела како туристички водич во Алепо пред војната, еден маж кој порано работел во нуклеарната централа во Чернобил… Времето пред да настапи катастрофата полека избледува кон заборав.

Избрана филмографија: Гласот на Холандија/ Тhe Voice of Holland/ Sprekend Nederland (2018) Погрешно време, погрешно место/ Wrong Time, Wrong Place (2012) Играчот/ The Player (2009) Зачука срцево/ There Goes My Heart (2005) Последната победа/ The Last Victory (2004) Андре Хазес, таа верува во мене/ Andre Hazes, She Believes in Me/ Andre Hazes, Zij Gelooft In Mij (1999)

Фестивали и награди: IDFA, Netherlands (2019)

Земја во фокусот

11


Холандија/ 2019/ 79’

Кралот на крстарењето King of the Cruise/ King of the Cruise

Режиja: Sophie Dros

Снимател: Boas van Milligen Bielke Монтажа: Erik ten Brinke Звук: Job Wouter Michel Музика: Thomas Goralski Продукција: Olivia Sophie van Leeuwen, Gijs Kerbosch, Roel Oude Nijhuis, Gijs Determeijer, HALAL Docs

12

Земја во фокусот

Богатиот Барон Роналд Буш Рејсингер е впечатлив и популарен гостин на луксузниот брод за крстарење. Тој им ги раскажува воодушевувачките приказни од својот живот на сопатниците кои слушаат подзинати, но понекогаш не знаат што да прават со овој буцко – или барем така изгледа. Рони не само што е шкотски барон, туку и крал на парче земја во Африка. Сепак, зад фасадата на луксузното и декадентно крстарење, стои огромна празнина и осаменост.

Избрана филмографија: Небинарни/ Genderbende/ Genderblend (2017) Мојата силиконска љубов/ My Silicone Love (2015) Латекс романса/ Rubber Romance (2014)

Фестивали и награди: BiograFilm Festival, Italy (2019), Thessaloniki Documentary Film Festival, Greece (2019)


Холандија, Белгија/ 2019/ 102’

Малиот човек, времето и трубадурот Den kleine man, tijd en de troubadour/ Little Man, Time and The Troubadour

Режиja: Ineke Smits

Сценарио: Ineke Smits Снимател: Piotr Rosolowski Монтажа: Katarina Türler Звук: Senjan Jansen Музика: Walter Hus Продукција: Ineke Kanters, Jan van der Zanden

Трубадурот Сипа Лабакуа патува низ својата родна земја Абхазија со својот куклен театар. Автобиографската и напати надреална претстава што ја изведува, ја раскажува судбината на татко му, неговиот херој. Тој бил политичар идеалист кој поради војната во Грузија бил принуден да побегне со семејството во Москва, каде што не успеал да се оствари професионално. Сега син му се враќа дома. Ги дели своите грижи со публиката и ги среќава мештаните. Воден од прашањата „Што ја прави една земја - земја? Што е тоа дом?“ тој собира спомени и рефлексии од разнобојната заедница во која живеат Абхазијци, мигранти и уметници.

Избрана филмографија: Поддржи го твојот претседател/ Stand by Your President (2014) Транзит Дубаи/ Transit Dubai (2008) Црно злато под шумата Нотецка/ Black Gold Under Notecka Forest (2005) Мајката на Путин/ Putin's Mama/ Poetins Mama (2003)

Фестивали и награди: Minsk IFF Listapad, Belarus, Rotterdam IFF, Netherlands (2020) DOK Leipzig, Germany (2019)

Земја во фокусот

13


Холандија/ 2019/ 90’

Мангупи Rotjochies/ Punks

Режиja: Maasja Ooms

Снимател: Maasja Ooms Монтажа: Sander Vos Звук: Maasja Ooms Продукција: Willemijn Cerutti/ Cerutti Film

14

Земја во фокусот

Родителите се близу нервен слом, па последната надеж за една група проблематични тинејџери е привремен надзор под наредба. На една далечна фарма во Франција, тие ќе треба да си ги средат животите со помош на советник. Доколку сакаат да имаат среќен живот, ќе мораат да учествуваат во искрени и болни разговори. Тинејџерите се обидуваат да си ги скротат демоните со музика и терапија, но проблемите од минатото не стивнуваат.

Избрана филмографија: Сеприсутност/ Ubiquity (2018) Потиштени деца/ Troubled Children (2013) Новиот светец/ The New Saint (2010) Вечера со Мураками/ Dinner With Murakami (2007) Трагачите во Ермитаж/ The Hermitage Dwellers (2006) Дамата со бела шапка/ The Lady With the White Hat (1997)

Фестивали и награди: Best Editing and Best Cinematography, IDFA, Netherlands (2019), Docudays UA International Documentary Human Rights Film Festival, Ukraine (2019)


Холандија/ 2019/ 78’

Ме викаат Бабу Ze Noemen Me Baboe/ They Call Me Babu

Режиja: Sandra Beerends

Сценарио: Sandra Beerends Монтажа: Ruben van der Hammen Звук: Mark Glynne, Tom Bijnen Музика: Alex Simu Продукција: Pieter van Huystee, Pieter van Huystee Film

Алима работела за едно холандско семејство како нивна бабу (дадилка) во поранешните холандски Источни Инди. Кога се вратила од краткиот престој во Холандија, ги преживеала јапонската окупација и борбата за независност на Индонезија. Низ сиот овој период, Алимa останала посветена на детето, но и верна на својот љубовник Рибо кој се борел за независност. Универзална приказна за женското омоќување, видена низ развојот на Алима како независна жена и низ автентичните архивски снимки од Холандија и Јапонија.

Фестивали и награди: Best Documentary Award – DOK.fest München, Germany (2020), IDFA, Netherlands (2019), Thessaloniki International Film Festival, Greece (2019)

Земја во фокусот

15


16

Земја во фокусот


Жири за наградата КРОМИД — за најдобар филм во главната програма

Орва Нирабија е уметничкиот директор на Меѓународниот фестивал на документарен филм во Амстердам (ИДФА). Роден е во Сирија каде што работел како глумец и новинар пред да ја основа првата независна продукциска компанија за документарци во земјата, во 2002 година, заедно со својата партнерка. Во 2008 година заедно го основаат и независниот фестивал на документарен филм „Докс бокс“, кој многу бргу ќе стане водечки во регионот. Во 2012 година тој се сели во Египет, па следната година во Германија каде што продолжува да продуцира наградувани меѓународни копродукции, како што се: „Кукли, жена од Дамаск“ (ИДФА, 2007 г.), „Враќање во Хомс“ (ИДФА, 2013 и „Санденс“, 2014 г.) и „Сребрена вода“ (Кански филмски фестивал, 2014 г.). Им бил тутор на многу нови филмски автори низ целиот свет, а гостувал и во жиријата на некои од светски највлијателните филмски фондови и фестивали. Во списокот на награди што ги имаат освоено неговите филмови се и наградата од Главното жири на „Санденс“ и Грирсоновата награда која се доделува за иновативен и возбудлив документарен филм.

Лари Сајдер е филмски монтажер и дизајнер на звук кој има долги години искуство во документарци, анимација и фикција. Во моментов е на чело на постдипломските студии по звук, постпродукција и дизајн на Универзитетот Голдсмит во Лондон, а предава и низ Обединетото Кралство и пошироко. Основач и ко-едитор е на журналот „Новиот саундтрак“, а од 2002 до 2006 година бил и раководител на отсекот за постпродукција на Националната школа за филм и телевизија во Биконсфилд. Од 1998 година ја промовира улогата на звукот во филмската продукција како директор на 4-дневниот Меѓународен симпозиум „Школа за звук“, каде што се истражува употребата на звукот во сите уметности и медиуми.

Ненад Пуховски е филмски режисер, продуцент и директор на „Загребдокс“, најголемиот фестивал на документарни филмови во регионот, кој го основа во 2005 година. Студиите по филозофија и драмска уметност ги завршува во Загреб, по што почнува да режира за театар, филм и телевизија. Има потпишано над 250 продукции како режисер, а како продуцент и основач на „Фактум“, најзначајната хрватска независна документарна продукција, зад себе има 70 документарни филмови, кои се многукратно наградувани, но и жестоко оспорувани. Работи како редовен професор по документарна режија на Академијата за драмски уметности, а ги води и единствените магистерски студии за документаристика во Југоисточна Европа. Неговите заложби за развојот на современиот хрватски документарен филм се многупати наградувани, како во 2009 година кога ги добива наградата на Европската мрежа на документарен филм (ЕДН) и Медалот на Градот Загреб. Член е на Европската филмска академија.

Земја во фокусот

17


18

Земја во фокусот


Жири за наградата МЛАД КРОМИД — за најдобар филм на нов автор

Амир Џорџ е филмаџија и куратор, како и програмски селектор на фестивалот True/False Film Fest во Колумбија, Мисури. Како уметник, Џорџ прави духовни приказни, редејќи звуци и слики во искуства кои создаваат нелинеарна перцепција. Филмовите на Џорџ биле прикажувани на филмски фестивали и во институции како Институтот за современи уметности во Лондон, Архивата на антологиски филм, Уметничкото училиште во Глазгов, Музејот на современата уметност во Чикаго и Интернационалниот филмски фестивал „Тринидад и Тобаго“ итн.

Самир Љума е наш познат снимател и продуцент. Работел како снимател на неколку документарни филмови и соработувал со низа македонски и странски режисери. Во последните пет години интензивно работи со режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, кои беа номинирани за Оскар, особено на проекти поврзани со зачувувањето на природата и со екологијата кај нас, како што се наградуваните „Езеро од јаболка“ и „Медена земја“. Како снимател и продуцент се потпишува на краткиот филм „Мишко“ во режија на Ханис Багашов. Добитник е на многу награди, меѓу кои и на наградата од Американското здружение на кинематографи за најдобра документарна кинематографија.

Беатрис Вангонду е креативна продуцентка, сценаристка и режисерка на документарци, родум од Кенија. Визуелното отсекогаш ја фасцинирало. Како што минувале годините, така растела нејзината пасија, а образованието, изложеноста на медиуми и практичното искуство ѝ помагаат да се вброи меѓу најдобрите во нејзината генерација. Таа е прогласена за една од 20-те најдобри кениски сценаристи на првиот натпревар во пишување сценарио во Кенија. Еден од нејзините независни филмови е и „Свиркачот“, кој ги освои наградите за најдобар краток филм, најдобра кинематографија и најдобра монтажа на ланската свечена церемонија „Награди Калаша“ во организација на Кениската комисија за филм. Во моментов работи на игран филм и телевизиска серија. Земја во фокусот

19


20

Земја во фокусот


Жири за наградата СЕЧКАН КРОМИД — за најдобар краток филм

Јармила Утратова е дел од чешкиот Меѓународен документарен филмски фестивал во Јихлава од 2013 година. Како одговорна за делот индустрија, таа работи на програмата за нови продуценти на документарци, на Академијата Јихлава која претставува едукативна и инспиративна работилница и на плафтормата за фестивалски идентитет преку која споделуваат искуства фестивалски организатори и програмски селектори од целиот свет.

Тамта Габричиџе е родена во Тбилиси, Грузија. Има завршено филмска режија на грузискиот Универзитет за филм и театар, по што продолжува на студии за односи со јавноста на грузискиот Институт за јавни работи. Има режирано неколку кратки и документарни филмови. По 10 години искуство на различни позиции во филмската и ТВ индустријата, денес работи како независна режисерка и продуцентка и соработува со различни филмски компании. Го има режирано филмот „Трговецот“, награден на фестивалот „Санденс“, кој е првиот грузиски филм дистрибуиран од „Нетфликс“.

Тони Бел е дел од Меѓународната документарна асоцијација каде што е одговорна за секојдневните активности поврзани со програмата за спонзорство. Ја курира програмата во рамки на ДокуКлубот на асоцијацијата, од каде што произлегле низа филмови кои биле премиерно прикажани на „Санденс“, „Трибека“ и на Меѓународниот филмски фестивал во Копенхаген. Со документарниот филм се запознава како авторка и уредничка на билтенот за Асоцијацијата на документарни филмаџии со африканско потекло. Оттогаш работела како асистентка на продукција, па како архивски истражувач за неколку документарци и телевизиски шоуа, меѓу кои е и филмот за првиот афро-американски градоначалник „Премостување на разликите на Том Бредли и политика на расите“ кој е емитуван на американската ТВ Пи-би-ес. Има завршено постдипломски студии по визуелна антропологија на Универзитетот во Јужна Каролина и по креативно пишување на Универзитетот Наропа во Колорадо, а има и диплома за професионален сценарист од Универзитетот во Калифорнија – Лос Анџелес. Земја во фокусот

21


22

Земја во фокусот


Жири за наградата КОКАРЧЕ — за најдобар студентски филм

„Писмо до татко ми“, „Мираж“ и „Бегство“ на Срџан Кеча се прикажувани на водечки фестивали на документарен филм, и тоа холандскиот ИДФА, германскиот „ДОК Лајпциг“, чешкиот „Јихлава“ и американскиот „Фул фрејм“. Неговите видеоинсталации, пак, биле изложени и на Венециското биенале на архитектура и во лондонската галерија „Вајтчапел“. Го има продуцирано и монтирано филмот „Флотел Европа“, кој е направен од најдени снимки и кој премиерно беше прикажан на Берлиналето каде што беше и награден. Во фокусот на неговиот следен долгометражен документарец „Музеј на револуцијата“ е заедницата што живее во урнатините на еден од најамбициозните, но недовршени архитектонски зафати во социјалистичка Југославија. Филмот беше дел од ИДФА форумот и ја освои најпрестижната награда на Ист док форумот во 2019 година. Кеча се образовал во Ателје „Варан“ и на британската Национална школа за филм и телевизија. Од 2015 година работи како доцент на Катедрата за уметност и историја на уметност на Универзитетот Стенфорд, каде што предава на постдипломската програма за документарен филм.

Мануел Инакер е германско-хрватски режисер кој живее во Берлин. Студирал политички науки, социологија и филозофија на Универзитетот во Ерфурт и на истанбулскиот универзитет Богазичи, поради што живеел на разни места, како Мексико, Австралија и Турција. Студирал режија на Универзитетот за филм во Бабелсберг, а во моментов е на постдипломски студии за наративен филм на берлинскиот Универзитет за уметност. Берлиналето, холандскиот ИДФА и Филмскиот фестивал во Сан Диего се само дел од фестивалите кои ги прикажале неговите филмови, кои имаат освоено и бројни награди. Еден таков е и „Ѕверот – воз со непознати“, кој има освоено над десет награди, меѓу кои е и наградата за најдобар студентски филм на ланскиот „МакеДокс“. Сега работи на својот прв долгометражен документарец, кој ја раскажува приказната за една кревка речна долина во Хрватска која е на работ на климатски колапс.

Марго Мека е програмска селекторка, филмски истражувач и независна продуцентка. Од 2011 година работи за Меѓународниот фестивал на документарен филм во Фиренца, Италија како дел од комисијата за филмска селекција, а задолжена е и за фестивалскиот настан кој им е наменет на нови документарни автори. Како независна продуцентка и поранешна студентка на „Еуродок“ – Европски совет за докторанди и млади истражувачи работи главно во областите на креативен развој и продукција на документарни и играни филмови. Нејзиниот прв филм како продуцентка, „Златна жила“ на Матео Тортоне, е во фаза на постпродукција. Инаку, таа е на постдокторски студии по визуелна антропологија на Универзитетот „Помпеу Фабра“ во Барселона.

Земја во фокусот

23


24

Земја во фокусот


Жири за Наградата ЕТИЧКИ ИДЕИ — за филм со најдобри етички идеи

Жанета Трајкоска е директорка на Институтот за комуникациски студии од 2017 година. Претходно, од 2008 до 2016 година била директорка на Високата школа за новинарство и односи со јавност. Трајкоска дипломирала новинарство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, во 1996 година, магистрирала на Универзитетот „Лумса“ во Рим, Италија во 2004 година а докторските студии ги завршила на Катедрата за политички студии на Правниот факултет во Скопје. Како новинар почнува да работи од 1993 година, а од 1998 година започнува да работи како лице задолжено за односи со јавноста во проекти на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Во периодот од 1999 до 2001 година e Извршен директор во Македонскиот прес центар каде што е и еден од основачите, а од 2001 година работи на формирање на фондацијата Македонски институт за медиуми, каде што до почетокот на октомври 2008 година е извршен директор.

Јуко Касеки е директорка на танцовата компанија „Цокасеки“, кореографка, импровизаторка, предавачка и изведувач на јапонскиот современ танц бутох. Од 1995 година живее во Берлин. Има работено на бројни меѓународни проекти со музичари, визуелни уметници и танчари. Емилио Гордоа, Одри Чен, Аксел Дорнер, Никил Чопра, Арата Мори, Минако Секи, Шервуд Чен се само дел од нејзините соработници. Нивните заеднички дела се акумулација на поетични и живи слики кои го доловуваат духот на танцот бутох, на изведбената и живата уметност. Предава и изведува во над 30 земји. Секоја нејзина изведба има за цел да го одрази постоењето на аутсајдерот.

Лука Циут е роден и израснат во Трст, Италија. Откако ги завршил дипломските студии по музичко компонирање, специјализирал музика за филм, театар и танц, а во 2011 г. се преселил во Лос Анџелес каде што учествувал на програмата Film Scoring Program at UCLA Extension.Во исто време бил избран за менторската програма SCL Mentorship Program и го продуцирал неговиот дебиалбум ‘Seventeen Million Lonely Angels’. Проектот бил одлично прифатен и ја добил наградата Best of Show at the Global Music Awards. Како филмски композитор, работел со добитниците на наградите „Еми“ и „Златен глобус“- Даниел Обер, Руди По и Давиде дел Деган. Досега има соработувано со филмските режисери Иван Герголет, Стефан Думонсо, Киара Самбуки и Сонеџухи Синха. Во 2005 г., Цуит компонирал музика за својот прв балетски проект ‘Q – La vertigine della fantasia’, соработувајќи со кореографот Корадо Канули. Еден од неговите последни проекти е „Танцувајќи со Мариа“, долгометражен документарен филм, режиран од Иван Герголет. Филмот беше премиерно прикажан и награден на Венецискиот филмски фестивал. Земја во фокусот

25



Главна програма


Австрија, Франција/ 2020/ 108’

Епицентар Epicentro/ Epicentro

Режиja: Hubert Sauper

Сценарио: Hubert Sauper Снимател: Hubert Sauper Монтажа: Hubert Sauper Продукција: Paolo Calamita, Gabriele Kranzelbinder, Daniel Marquet, Martin Marquet, Barbara Pichle

26

Главна програма

Куба е добропозната како временска машина. Местото каде што е откриен Новиот свет стана романтичен и предупредувачки патоказ за правецот во кој (може да) се (при)движат американската и светската историја. Благодарение на економските ембарга и изолацијата, таму и ден-денес живеат и убавината и декаденцијата на педесеттите години. Островот ни покажува каква би можела да биде иднината на планетата: во случај на енергетска, културолошка или финансиска криза, во големи предели од светот би можело да се живее како што денес се живее на Куба. Преку средби со навидум обични луѓе, режисерот нè води на ново патување низ размислувањата и соништата на кубанското општество во време на транзиција и промени, а протагонистите стануваат дел од еден планетарен наратив.

Избрана филмографија: Доаѓаме како пријатели/ We Come As Friends (2014) Кошмарот на Дарвин/ Darwin’s Nightmare (2004) Записи од Кисангани/ Kisangani Diary (1998)

Фестивали и награди: World Cinema Grand Jury Prize - Sundance IFF, USA (2020)


Франција, Германија, Швајцарија/ 2019/ 95’

Испеј ми песна Sing Me a Song/ Sing Me a Song

Режиja: Thomas Balmès

Снимател: Thomas Balmès Монтажа: Alex Cardon, Ronan Sinquin Звук: Marianne Russi, Itesh Chaurasia, Rajender Prasad, Sukanta Majumdar Музика: Nicolas Rabaeus Продукција: Thomas Balmès Копродукција: Zero One Film GmbH, Close Up Films

Младиот Пеангки живее и учи во манастир, сместен длабоко во живописните планини во Бутан. Пред неколку години кралот дозволи да се воведат телевизија и интернет во земјата, па оттогаш дневните ритуали на палењето свеќи и молењето се во трка со привлечните смартфони. Приватно, Пеангки многу сака љубовни песни и преку WeChat се заљубува во млада пејачка од градот Тимфу. Комплетно незаинтересиран за манастирските учења и неретко прекоруван од монасите, тој продава лековити печурки за да заработи доволно и да може да го напушти манастирот заради „таа што не му излегува од глава“. Ќе им потклекне ли на романсата и искушенијата во градот или ќе му се врати на спокојниот живот во манастирот?

Избрана филмографија: Среќа/ Happiness (2014) Бебиња/ Babies / Bébé(s) (2010) Пристојна фабрика/ A Decent Factory (2004) Исус доаѓа кај Папуанците“/ Christ Comes to the Papuans (2001) Чекајќи го Исус/ Waiting for Jesus (2000) Евангелие по Папуанците/ The Gospel According to the Papuans (2000)

Фестивали и награди: DOC NYC, USA (2019), CPH:DOX, Denmark (2020), Toronto International Film Festival, Canada (2019)

Главна програма

27


Холандија/ 2019/ 85’

Кога прашината ќе слегне Once the Dust Settles/ Once the Dust Settles

Режиja: John Appel

Сценарио: John Appel Снимател: Erik Van Empel Монтажа: Mario Steenbergen Звук: Mark Wessner, Mike van der Sluijs Продукција: Carmen Cobos Kees Rijninks, Cobos Films BV

28

Главна програма

Аматриче (централна Италија), Чернобил и Алепо: три места каде што жителите се чувствувале безбедно додека катастрофата или војната не донеле смрт и уништување. Една жена која работела како туристички водич во Алепо пред војната, еден маж кој порано работел во нуклеарната централа во Чернобил… Времето пред да настапи катастрофата полека избледува кон заборав.

Избрана филмографија: Гласот на Холандија/ Тhe Voice of Holland/ Sprekend Nederland (2018) Погрешно време, погрешно место/ Wrong Time Wrong Place (2012) Играчот/ The Player (2009) Зачука срцево/ There Goes My Heart (2005) Последната победа/ The Last Victory (2004) Андре Хазес, таа верува во мене/ Andre Hazes, She Believes in Me/ Andre Hazes, Zij Gelooft In Mij (1999)

Фестивали и награди: IDFA, The Netherlands (2019)


Романија, Луксембург/ 2019/ 109’

Колектив Colectiv/ Collective

Режија: Alexander Nanau

Сценарио: Alexander Nanau, Antoaneta Opris Снимател: Alexander Nanau Монтажа: Alexander Nanau, George Cragg, Dana Bunescu Звук: Michel Schillings, Mihai Grecea, Angelo Dos Santos Музика: Kyan Bayani Продукција: Alexander Nanau, Bianca Oana Копродукција: Hanka Kastelicova, Bernard Michaux

Во 2015 година, во пожар во букурешкиот клуб „Колектив“ загинуваат 27 лица, а 180 се ранети. Набргу, се зголемува бројот на нови жртви од пожарот кои умираат од повреди што не биле фатални. И тогаш тим од истражувачки новинари добива дојава од еден лекар. Една трага води кон друга и така новинарите откриваат огромна измама во здравствениот систем. Новиот министер за здравство ѝ дозволува на филмската екипа да го документира секој негов чекор дури се труди да го реформира корумпираниот систем, фатен во костец со пречките. Следејќи новинари, укажувачи, жртви и владини претставници, камерата ни ја доловува силата на истражувачкото новинарство.

Избрана филмографија: Тото и сестрите/ Toto si surorile lui/ Toto and His Sisters (2014) Светот според Јон Б./ Lumea văzută de Ion B./ The World According to Ion B. (2009) Питер Задек го поставува Пер Гинт/ Peter Zadek inszeniert Peer Gynt (2006)

Фестивали и награди: Don Quixote Award - Tromsø International Film Festival, Norway (2020), GoldenEye Best International Documentary Film Zürich Film Festival, Switzerland (2019); Special Jury Award - La Roche-sur-Yon International Film Festival, France (2019); Venice International Film Festival, Italy (2019); Toronto International Film Festival, Canada (2019); IDFA, Netherlands (2019); Verzio International Human Rights Documentary Film Festival, Hungary (2019)

Главна програма

29


Кина, САД/ 2019/ 81’

Нашата временска машина Our Time Machine/ Our Time Machine

Режија: Yang Sun, S. Leo Chiang

Сценарио: S. Leo Chiang, Bob Lee Снимател: Shuang Liang, Yang Sun Монтажа: Bob Lee Музика: Paul Brill Продукција: S. Leo Chiang / Walking Iris Media, Betsy Tsai Копродукција: Violet Du Feng, Qingzeng Cai, Sharky Wang

30

Главна програма

Кога влијателниот кинески уметник Малеон ќе дознае дека татко му, реномиран директор на пекиншката Опера, има Алцхајмерова болест, знае дека нема уште многу време. Нивниот живот заедно и спомените набргу неповратно ќе исчезнат. Сакајќи да извлечат најмногу што можат од ситуацијата, тргнуваат на едно неверојатно патување и така почнува нивната соработка на еден впечатлив, волшебен и автобиографски сценски перформанс.

Избрана филмографија: Leo Chiang Во трка/ Out Run (2016) Г. Цао оди во Вашингтон/ Mr. Cao Goes to Washington (2012) Село по име Версај/ A Village Called Versaille (2009) Душо, алоха/ To You Sweetheart, Aloha (2004)

Фестивали и награди:

Grand Prix for Best Documentary - Minsk International Film Festival Listapad, Belarus (2019), Best International Director - HotDocs, Canada (2019), Best Documentary Feature Film - Melbourne Film Festival, Australia (2019), Best Cinematography Award - Tribeca Film Festival, USA (2019), Grand Jury Prize - Los Angeles Asian Pacific Film Festival, USA (2019), Best International Director - Documentary Edge Festival, Australia (2019), Jury Award for Best Documentary - CAAMFest, USA (2019)


Шведска, Норвешка/ 2020/ 95’

Само ѓаволот живее без надеж Only the Devil Lives without Hope/ Only the Devil Lives without Hope

Режиja: Magnus Gertten

Сценарио: Magnus Gertten Снимател: Caroline Troedsson Монтажа: Jesper Osmund Звук: Audun Kvitland Røstad, Jørgen Meyer Музика: Ola Kvernberg Продукција: Ove Rishøj Jensen Копродукција: Torstein Parelius, Christian Aune Falch

Дилја станува активистка за човекови права дента кога брат ѝ ќе заврши во затвор, погрешно обвинет дека бил вклучен во терористичкиот напад во 1999 година во Ташкент, главниот град на Узбекистан. Барајќи ја правдата, таа ќе го предизвика тамошниот диктаторски режим, па дури и ќе ја напушти земјата, но ќе сфати дека режимот постои и надвор од границите и дека никогаш не ѝ бил поблиску.

Избрана филмографија: Станувајќи Златан/ Becoming Zlatan (2015) Секое лице има име/ Every Face Has a Name (2015)

Фестивали и награди: CPH: DOX, Denmark (2020), HotDocs, Canada (2020)

Главна програма

31


Романија/ 2020/ 85’

Светиот татко Tatal nostru/ Holy Father

Режиja: Andrei Dascalescu

Сценарио: Roberto Blatt, Andrei Dascalescu Снимател: Andrei Dascalescu Монтажа: Ștefan Pârlog, Andrei Dăscălescu Продукција: Anda Ionescu

32

Главна програма

Режисерот и неговата девојка дознаваат дека ќе станат родители. Идната мајка нема на кого да се угледа во своето распаднато семејство, а идниот татко мора да се помири со својот одамна изгубен татко, кој сега е свештеник на Атос. Заминува за Атос за да одгатне зошто татко му ги напуштил – оти само така, верува, ќе може да стане добар татко. Како што минуваат деветте месеци, така потрагата по одговори и помирување, придружени со немир и бес, бледнее како што наближува доаѓањето на прекрасното девојченце.

Избрана филмографија: Планетата Петрила/ Planet Petrila/ Planeta Petrila (2016) Константин и Елена/ Constantin and Elena/ Constantin si Elena (2008)

Фестивали и награди: IDFA, Netherlands (2019)


Обединетото Кралство, САД/ 2019/ 99’

Спиењето на Макс Рихтер Max Richter’s Sleep/ Max Richter’s Sleep

Режиja: Natalie Johns

Сценарио: Natalie Johns Снимател: Elisha Christian Монтажа: Dom Whitworth Музика: Max Richter Продукција: Julie Jakobek, Yulia Mahr, Stefan Demetriou, Oualid Mouaness

Уникатното остварување „Спиење на Макс Рихтер“, долго 8,5 часa, истражува нови начини на кои музиката и потсвеста можат заемно да си влијаат, па затоа е и „лична приспивна песна за динамичниот свет – манифест за побавно темпо на живеење“ Дури го следиме концертот на отворено во Лос Анџелес, испреплетен со снимки од распродадените концерти во Берлин, Њујорк и Париз, всушност, нурнуваме длабоко во животот и креативното работење на авторот, за да го согледаме наследството што ни го остава. Неговите лични размисли и визуелната архива на неговата долгогодишна партнерка Јулиjа Мар градат интимна и визуелно неприкосновена филмска приказна која го проучува спиењето како универзално искуство.Ретко кога другпат ќе го видите човештвото вака сплотено, несвесно дека спиејќи истовремено си дава оддишка и им се спротивставува на брзањето и хаосот на модерното време.

Избрана филмографија: Јас сум Таленте/ I Am Thalente (2015) Еси Џејн, сè стана златно/ Essie Jain, All Became Golden (2012) Електрична Бурма/ Electric Burma (2012)

Фестивали и награди: Sundance IFF, USA (2020), CPH: DOX, Denmark (2020), IDFA, Netherlands (2019)

Главна програма

33


Шведска, Србија, Франција, Германија, Белгија, Катар/ 2020/ 94’

Среќен Божиќ, Јиву Merry Christmas, Yiwu/ Merry Christmas, Yiwu

Режиja: Mladen Kovačević

Сценарио: Mladen Kovačević Снимател: Marko Milovanović Монтажа: Jelena Maksimović Звук: Patrik Strömdahl Музика: Olof Dreijer Продукција: Iva Plemic Divjak, Mario Adamson, Ruth Reid, Jasmina Sijercic, Heino Deckert, Thierry Detaille Копродукција: Horopter Film Production, Sisyfos Film Production, Bocalupo Films, ma.ja.de Filmproduktions, Visible Film

34

Главна програма

Во кинескиот град Јиву преку целата година работат над 600 фабрики за новогодишни украси – иако во Кина Божиќ не се слави. Фабриките не се опремени со најнови машини туку само со вредните раце на луѓе од целата земја кои неуморно склопуваат новогодишни ѕунѕурки, капи и дедо мразовци. Платите растат, па работниците можат да си ги дозволат и најновите ајфони, но и натаму спијат во преполни домови, работат по цели денови и вдишуваат отровна пареа и светкави честички. Филмски портрет на едно место каде што се вкрстуваат комунизмот и глобализмот и добиваат ново лице.

Избрана филмографија: 4 години во 10 минути/ 4 Years in 10 Minutes/ 4 godine u 10 minuta (2018) Ѕидот на смртта и сето тоа/ Wall of Death, and All That/ Zid smrti, i tako to (2016) Анплагд/ Unplugged/ Anplagd (2013) Природно глупава свиња/ Dumbfounded Hog/ Prenerazila se zimina (2010)

Фестивали и награди: Rotterdam International Film Festival, Netherlands (2020), Göteborg International Film Festival, Sweden (2020), Tempo International Documentary Festival, Sweden (2020), HotDocs, Canada (2020)


Чешка, Словачка/ 2020/ 100’

Фатени во мрежа V síti/ Caught in the Net

Режиja: Vít Klusák, Barbora Chalupová

Сценарио: Vít Klusák, Barbora Chalupová Снимател: Adam Krulis Монтажа: Janka Vlčková Звук: Adam Bláha Музика: Pjoni Продукција: Filip Remunda, Vít Klusák Копродукција: Peter Kerekes

Филмот ја отвора табу-темата за злоупотребата на деца онлајн. Статистиката покажува дека проблемот станува сè посериозен. За жал, свесноста за него е и натаму ниска. Филмот раскажува за еден радикален психосоцијален експеримент кој ни доловува што сè гледаат децата на возраст од 10 до 14 години во виртуелниот простор. Експеримент што е резултат на реалноста и неколкумесечно истражување.

Избрана филмографија: Vít Klusák Белиот свет според Далиборек/ The White World According to Daliborek/ Svet podle Daliborka (2017) Чешки журнал / Czech Journal/ Český žurnál (2015) Добриот возач Сметана/ Good Driver Smetana/ Dobrý řidič Smetana(2013) Сè за доброто на светот и за Ношовице/ All for the Good of the World and Nosovice!/ Vše pro dobro světa a Nošovic (2010)

Фестивали и награди: One World Prague, Czech Republic (2020), CPH:DOX, Denmark (2020)

Barbora Chalupová Чешки дневник/журнал/ Czech journal: Real(e) state/ Český žurnál (2019) Теорија на еднаквоста/ Theory of Equality/ Teorie rovnosti (2017) Раце спремни/ Arms ready/ Do zbraně! (2016) Дињо, ти благодарам/ Ďakujem ti, melónik (2014)

Главна програма

35



Нови автори


Унгарија/ 2019/ 83’

Еуфоријата на постоењето A létezés eufóriája/ The Euphoria of Being

Режиja: Réka Szabó

Сценарио: Réka Szabó Снимател: Claudia Kovács Монтажа: Sylvie Gadmer, Péter Sass Звук: Simon Koch, Dániel Bőhm, Gergely Hollósi, Levente Udud, Bálint Zándoki Музика: Balázs Barna Продукција: Campfilm, The Symptoms Копродукција: 4CUT Digital Workshop Ltd., Pom’Zed

38

Нови автори

Ева Фахиди имала само 20 години кога излегла од Аушвиц-Биркенау и се вратила како сираче во Унгарија. Денес, на 90-годишна возраст, оваа озарена жена го носи печатот од своето минато силно и храбро. Река Сабо со огромно сочувство го документира создавањето на танцувачко-театарскиот дует меѓу Ева Фахиди и реномираната танчарка Емесе. Испреплетени во моќен перформанс, нивните тела ги евоцираат незаборавното патување на една жена и трагедијата што таа ја носи во себе. Филмот е уметничка средба со неизмерна убавина од која застанува здивот.

Фестивали и награди: Best Documentary Film - Trieste Film Festival, Italy (2020), Grand Prize of the Critics’ Week - Locarno International Film Festival, Switzerland (2019), Human Rights Award - Sarajevo Film Festival, Bosnia and Herzegovina (2019), Audience Award for Best Documentary Film Minsk International Film Festival “Listapad”, Belarus (2019)


Австрија, Германија/ 2019/ 91’

Вселенски кучиња Space Dogs/ Space Dogs

Режиja: Elsa Kremser, Levin Peter

Сценарио: Elsa Kremser, Levin Peter Снимател: Yunus Roy Imer Монтажа: Jan Soldat, Stephan Bechinger Звук: Simon Peter, Jonathan Schorr Музика: Paradox Paradise Продукција: Elsa Kremser, Levin Peter Копродукција: Annekatrin Hendel

Уличното куче Лајка е првото живо суштество испратено во вселената, а со тоа и во сигурна смрт. Легендата вели дека нејзиниот дух се вратил на Земјата и дека оттогаш скита низ улиците на Москва. Следејќи ја нејзината трага и снимајќи од кучешка перспектива, камерата ги документира авантурите на нејзините потомци: две улични кучиња во денешна Москва. Филмските кадри раскажуваат приказна за големо другарство, но и за немилосрдна суровост, испреплетена со невидени архивски снимки од вселенските достигнувања на Советскиот Сојуз - волшебна приказна за патници кои извидуваат непознати пространства.

Фестивали и награди: Best Cinematography Award - Diagonale, Austria (2020), Locarno Film Festival, Switzerland (2019), Vienna Film Award for Best Austrian Film and Erste Bank’s ExtraVALUE Film Award Viennale, Austria (2019), Sevilla IFF, Spain (2019), Special Jury Award - Fidocs, Chile (2019)

Нови автори

39


Србија/ 2019/ 73’

Зборувај за да те видам Govori da bih te video/ Speak So I Can See You

Режиja: Marija Stojnić

Сценарио: Marija Stojnić Снимател: Dušan Grubin Монтажа: Kristina Pozenel, Ivan Vasić Звук: Ivan Zelić Продукција: Marija Stojnić, Milos Ivanovic Копродукција: Set Sail Films and Restart

40

Нови автори

Стварноста се испреплетува со чудни елементи и создава филмски кадри преку кои патуваме во некоја навидум друга епоха, во светот на Радио Белград. Оваа радиостаница – една од најстарите во Европа и едно од главните обележја на градот – и ден-денес емитува авторски содржини на актуелни теми за нас самите и за светот и така ги чува од заборав историјата, културата и критичката мисла. Сместен помеѓу опсервациски документарен филм и единствено сетилно искуство, филмот нè воведува во секојдневјето на радиостаницата, во еден пејзаж од звуци, зборови и музика, па може да се каже дека е и своевидно љубовно писмо на радиофониската уметност која на уникатен начин буди сеќавања и емоции и поттикнува на промисла.

Фестивали и награди: Dok.fest München, Germany (2020), Underhill Fest, Montenegro (2020), MoMA’s Doc Fortnight, USA (2020), Thessaloniki Documentary Festival, Greece (2020), IDFA, Netherlands (2019)


Украина, Литванија/ 2020/ 74’

Земјата е сина како портокал Земля блакитна, ніби апельсин/ The Earth is Blue as an Orange

Режиja: Iryna Tsilyk

Сценарио: Iryna Tsilyk Снимател: Tsvetkov Vyacheslav Монтажа: Ivan Bannikov, Danielius Kokanauskis, Iryna Tsilyk Звук: Jonas Maksvytis Продукција: Anna Kapustina Копродукција: Giedre Žickyte

Ана е самохрана мајка која со своите четири деца живее во воената зона Донбаш во Украина. Дури во светот надвор летаат бомби и царува хаос, семејството се труди светот внатре да биде сигурно засолниште, полно со живот и светлост. Сите петмина ги влече киното, па решаваат да снимат филм за својот живот во време на војна. Ама како од војната да се создаде фикција? За Ана и децата претворањето на траумата во уметност е единствениот начин да останат луѓе.

Фестивали и награди: Main Prize in Docu/World Competition Docudays IHRFF, Ukraine (2020), Directing Award: World Cinema Documentary Sundance IFF, USA (2020), MoMA Doc Fortnight (2020), Berlin International Film Festival, Germany (2020)

Нови автори

41


Холандија/ 2019/ 78’

Ме викаат Бабу Ze Noemen Me Baboe/ They Call Me Babu

Режиja: Sandra Beerends

Сценарио: Sandra Beerends Монтажа: Ruben van der Hammen Звук: Mark Glynne, Tom Bijnen Музика: Alex Simu Продукција: Pieter van Huystee, Pieter van Huystee Film

42

Нови автори

Алима работела за едно холандско семејство како нивна бабу (дадилка) во поранешните холандски Источни Инди. Кога се вратила од краткиот престој во Холандија, ги преживеала јапонската окупација и борбата за независност на Индонезија. Низ сиот овој период, Алимa останала посветена на детето, но и верна на својот љубовник Рибо кој се борел за независност. Универзална приказна за женското омоќување, видена низ развојот на Алима како независна жена и низ автентичните архивски снимки од Холандија и Јапонија.

Фестивали и награди: Best Documentary Award – DOK.fest München, Germany (2020), IDFA, Netherlands (2019), Thessaloniki International Film Festival, Greece (2019)


Швајцарија, Италија/ 2020/ 75’

Мое тело Il Mio Corpo/ My Body

Режиja: Michele Pennetta

Сценарио: Michele Pennetta, Christian Tarabini, Arthur Brugger Снимател: Paolo Ferrari Монтажа: Orsola Valenti, Damian Plandolit Звук: Edgar Iacolenna Музика: Nathalie Rebholz Продукција: Joëlle Bertossa, Flavia Zanon, Giovanni Pompili

Оскар сонува да избега од татка си кому му помага во собирањето железен отпад на диви депонии во Сицилија. Стенли, бегалец од Нигерија, има дозвола за 6-месечен престој и успева да преживее, благодарение на еден свештеник кој му наоѓа работа како аргат. Во овој емотивно набиен документарец, режисерот им дава можност на овие две човечки суштества, навидум различни во сè, да се сретнат и да сфатат дека и двајцата се како заробеници на остров, фрлени во светот да живеат така како што им избрале други.

Избрана филмографија: Рибарејќи тела/ Fishing Bodies/ Pescatori di corpi (2016)

Фестивали и награди: International Film Festival Nyon - Visions du Réel, Switzerland (2020), Cannes International Film Festival - ACID Programme, France (2020)

Нови автори

43


Романија, Германија, Финска/ 2019/ 86’

Нашиот дом Acasă, My Home/ Acasă, My Home

Режиja: Radu Ciorniciuc

Сценарио: Lina Vdovii Снимател: Radu Ciorniciuc, Mircea Topoleanu Монтажа: Andrei Gorgan Звук: Volker Armbruster, Alex Campan, Lukas Moudry, Andreas Muhlschlegel, Luis Schoffend, Tom Weber Музика: Gaute, Codrin Lazar, Yari Продукција: Radu Ciorniciuc, Anghel Damian, Alina David, Hanka Kastelicova, Elvira Lupsa, Erkko Lyytinen, Monica Lazurean-Gorgan Копродукција: Ari Matikainen, Martin Roelly, Umit Uludag, Erik Winker

44

Нови автори

Цели дваесет години семејството Енаш – 9 деца со нивните родители - живеат во барака во букурешката делта: напуштен резервоар на вода, еден од најголемите урбани природни басени во светот, со езера и стотици видови животни и ретки растенија. Кога властите ќе решат да го земат овој екосистем под свое, семејството Енаш мора да се пресели во градот – реалност за која не знаат ама баш ништо. Деновите минати во природа сега ќе ги заменат денови на асфалт, пливањето во езерото ќе се замени со седење в клупа, а в раце наместо рибарски мрежи децата ќе држат мобилни телефони. Трогателна и внимателно осмислена приказна за гентрификацијата, видена низ очите на семејство кое се обидува да се приспособи на новиот наметнат живот.

Фестивали и награди: Special Jury Award for Cinematography – Sundance IFF, USA (2020), Golden Horn Award for Best Feature-Length Documentary, Krakow Film Festival, Poland (2020), Viktor Award - DOK.international, DOK.fest München, Germany (2020), Special Jury Award in International Competition - Thessaloniki Documentary Film Festival, Greece (2020)


Данска/ 2019/ 59’

Ништо без семејството De skygger vi arver/ It Takes a Family

Режиja: Susanne Kovács

Сценарио: Susanne Kovács Снимател: Casper Høyberg, Susanne Kovács Монтажа: Marion Tuor Музика: Povl Kristian Продукција: Ulrik Gutkin

Сузана Ковач знае дека баба ѝ и дедо ѝ од таткова страна го преживеале холокаустот и дека пребегале во Данска за да почнат одново. И толку знае. Низ годините ни збор не слушнала за тоа од унгарската брачна двојка која се трудела да се претопи во данското секојдневје што поскоро. Отстрана гледано, добро им одело. Но неизустеното не избледува, напротив, станува сè поприсутно и почнува да ја помрачува сегашноста. А кога Сузана, како млада жена, ќе се осмели да побара одговори, ќе наиде само на одбивање. Смее ли да копа по минатото полно духови наспроти волјата на баба ѝ? Не е ли подобро да не се мати водата по сите тие години? Кој смее да зборува и со кого? Чија приказна е вистинската? Ова е храбро истражување на нејзината семејна приказна, кое открива дека во еден момент веќе не станува збор за вина, туку за прошка.

Фестивали и награди: DOK.fest München, Germany (2020), ZagrebDox, Croatia (2020), DOK Leipzig, Germany (2019)

Нови автори

45


Северна Македонија/ 2020/ 75’

Професорот Професорот/ The Professor

Режиja: Jordan Dukov

Сценарио: Jordan Dukov Сниматели: Dorian Milovanovik, Kristijan Karadjovski Монтажа: Dorian Milovanovik Звук: Slobodan Trajkovski Музика: Ilija Djadjev Продукција: Kadar, Mashina produkcija

46

Нови автори

Филмот го следи необичниот живот на гевгеличанецот Илија Џаџев – музичар, виртуоз на хавајска и класична гитара, поет, филозоф и професор по географија кој отсвирел над 6000 бесплатни концерти низ светот и така свирејќи, пропатувал повеќе од 4 милиони километри. Свирел за претседатели, бездомници, рудари, дечиња, студенти и земјоделци, а концертни сали му биле родилишта, гробишта, домови за стари, рударски окна, патнички и воени бродови, стражарници, затвори, психијатриски болници и градски плоштади низ целиот свет.

Избрана филмографија: Планински кавијар/ Blueberry Hill (2016)


Грузија, Германија/ 2019/ 92’

Тунел A Tunnel/ A Tunnel

Режиja: Nino Orjonikidze, Vano Arsenishvili

Снимател: Vano Arsenishvili Монтажа: Vano Arsenishvili, Nino Orjonikidze Звук: Ana Davitashvili Музика: K. S. Elias Продукција: Nino Orjonikidze Копродукција: Ventana Film

Макотрпно се работи на продолжување на пругата во едно зафрлено грузиско планинско село. Кога работата ќе се заврши, таму ќе минува новиот експресен воз. Но, пред експресно да се поврзат Кина и Европа, мора да се пробие тунел низ планина каде што мештаните имаат полиња и пасишта. Воведувањето на новата линија носи ветувања за напредок, но во спокојната атмосфера на бајковитото село тоа се доживува повеќе како кошмар, особено што не се знае дали ќе се рушат селските куќи. Јазичните бариери меѓу кинеските и грузиските работници водат до недоразбирања и лути расправии, па дури и до протест. Кадрите од раскошното пространство одлично ја доловуваат надреалната атмосфера што оди рака под рака со менувањето на светскиот поредок.

Избрана филмографија: Vano Arsenishvili Наставникот по англиски/ English Teacher (2012) Алцанеј/ Altzaney (2009)

Фестивали и награди: DOK.fest Munich, Germany (2020), IDFA, Netherlands (2019)

Nino Orjonikidze Наставникот по англиски/ English Teacher (2012) Алцанеј/ Altzaney (2009) Мост/ The Bridge (2005) Азиланти/ Asylanten (2004)

Нови автори

47



Кратки Документарци


Србија, Босна и Херцеговина/ 2019/ 27’

А потоа паѓа ноќта A sad se spušta veče/ Then Comes the Evening

В. Британија/ 2020/ 7’

Белег-тест Mirror Test

52

Кратки документарци

Две бабички си ја живеат слаткогорката судбина во напуштените ридови на источна Босна. Тие ја слушаат и почитуваат природата, но и зборуваат со неа. Приказна за нематеријалното културно наследство преку приказ на песни и ритуали за скротување на суровите временски услови. Едноставноста и питомоста на ваквиот живот се неделиви од макотрпната работа. Секојдневниот селски живот ја прикажува топлата заемна врска на бабичките и нивниот однос кон природата.

Режиja: Maja Novaković

Белег-тестот е научен бихевиорален експеримент во кој некое животно се поставува пред огледало за да се провери дали ќе си го препознае одразот или ќе мисли дека гледа некое друго животно. Наводно, птиците од видот корвид го поминале тестот, но сѐ уште не е утврдено дали експериментот покажал дека птиците биле свесни за своето постоење. Шпекулации за животинската интелигенција, разнобојни сеќавања за обединувањето на Германија во 1990 г., спомени за двојните животи во ГДР и контрадикциите на капиталистичката демократија што го проголта Истокот.

Режиja: Duncan Marquiss

Монтажа: Marija Kovačina Сценарио: Maja Novaković Снимател: Jasna Prolić Звук: Luka Barajević Продукција: Maja Novaković, Milan Milosavljević Фестивали и награди: Best Short Film- Full Frame DFF, USA (2020), Best Short Film- Pančevo Film Festival, Serbia (2019), Cinema Verite Iran International Documentary Film Festival (2019), Visions du Reel International Film Festival (2019), Switzerland, HotDocs, Canada (2019)

Снимател: Duncan Marquiss Монтажа: Duncan Marquiss Звук: Duncan Marquiss Продукција: Duncan Marquiss Копродукција: Duncan Marquiss Избрана филмографија: Кретени на еволуцијата и суптилни накази/ Evolutionary Jerks & Gradualist Creeps (2016)


Полска, Белгија/ 2020/ 10’

Една двојка пуши цигари во собата

Една двојка пуши цигари во една соба.

Режиja: Katarzyna Gondek Сценарио: Katarzyna Gondek Снимател:Jaroslaw Piekarski Монтажа:Henrique Cartaxo Музика:Katarzyna Szczerba, Ivan Zelic Продукција: Katarzyna Gondek

Couple in A Room Smoking Cigarettes/ Couple in A Room Smoking Cigarettes

Избрана филмографија: Фигурата/ The Figure (2015) Врховниот/ The Supreme (2014) Фестивали и награди: Black Sea Film Festival, Romania (2020), Uppsala Short Film Festival, Sweden (2020), Hot Docs, Canada (2020), Jihlava International Documentary Film Festival, Czech Republic (2020), Sundance Film Festival, USA (2020)

Русија/ 2020/ 3’

Јак кеш Tremendous Cream/ Tremendous Cream

Литературна, односно музичка творба создадена од креативни парчиња избрани од различни автори и поставени во нов редослед.

Режиja: Alexei Dmitriev Режија: Alexei Dmitriev Сценарио: Alexei Dmitriev Фотографија: Alexei Dmitriev Музика: Alexei Dmitriev Звук: Alexei Dmitriev Продукција: Alexei Dmitriev Избрана филмографија: Меѓу потези/ In Between Takes (2017) Тагата нема да трае вечно/ The Sadness Will Not Last Forever (2016) Сенката на твојата насмевка/ The Shadow of Your Smile (2014) Херменевтика/ Hermeneutics (2012) Абстрактно?/ Abstract? (2009) Дубус/ Dubus (2005)

Кратки документарци

53


Црна Гора/ 2019/ 11’

Јужина Južina/ Juzina

Бразил/ 2019/ 10’

Насмевка Sorriso/ Smile

Луѓето од црногорскиот регион Бока Которска имаат посебен однос со ветрот наречен Југо. Специфичната временска прилика која произлегуваат од овој ветер се вика „Јужина“, но тоа не е само обично струење. За луѓето од Бока, Југото е повеќе од ветер.

Режиja: Dušan Vuleković

Приказна за популарниот уличен чистач од Бразил, Ренато Соризо (Насмевка). Од сиромаштија во Рио де Жанеиро до свеченото затворање во Лондон во 2012 година, тој го маѓепса светот со самбата и радоста.

Режиja: J.C. Oliveira

Монтажа: Dušan Vuleković Сценарио: Dušan Vuleković Снимател: Dušan Vuleković Звук: Dušan Vuleković Музика: Božidar Martinović Продукција: Bizzino Rosso films Избрана филмографија: Назад на море/ Vraćanje moru/ Back to the sea (2018) Надвор од изолација/ Van izolacije/ Beyond exclusion (2017) Трансформери бојно поле Подгорица/ Transformers Battlefield Podgorica (2015) Патник низ далечни светови и времиња/ Putnik kroz vasionu i vekove/ Traveler through distant worlds and times (2008) Контрапункт/ Kontrapunkt/ Counterpoint (2002)

Монтажа: J.C. Oliveira Сценарио: J.C. Oliveira Снимател: Ana Rovati and Rodrigo Séllos Звук: Gianluigi Ciminelli Музика: João de Braga Barros Продукција: Talita Marçal and J.C. Oliveira Избрана филмографија: Далеку од Западот/ Longe do Oeste/ Far from the West (2012) Полноќ, Рио/ Meia-Noite, Rio/ Midnight, Rio (2010) Фестивали и награди: Interfilm Berlin - Berlin International Short Film Festival, Germany (2019), Best Short Documentary, Belize International Film Festival, Belize (2019)

54

Кратки документарци


Бразил/ 2019/ 27’

Наспроти водата Quebramar/ Breakwater

до една дива плажа. За време на пречекот на Нова година, девојките си прават безбедно и пријатно катче полно музика и пријателство. Се грижат за себеси, стануваат едно со сопствените тела и спомени и се чувствуваат слободно.

Група млади лезбијки од Сао Пауло оди на патување

Режиja: Cris Lyra Монтажа: Beatriz Pomar, Henrique Cartaxo Сценарио: Ananda Maranhão, Camila Gaglianone, Cris Lyra, Elis Menezes, Lana Lopes, Raíssa Lopes, Yakini Kalid Снимател: Wilssa Esser, Cris Lyra Музика: Nã Maranhão, Obinrin Trio Звук: Marina Bruno, Thamis Haddad Продукција: Camila Gaglianone Избрана филмографија: Quebramar (2019) Um Homem Satisfeito (2015) Фестивали и награди: Best Documentary- International Short Film Fest Clermont Ferrand, France (2020), Regard Film Festival, Canada (2020), Best Short Documentary, Festival International de Cinema de Curitiba, Brazil (2019), IDFA, Netherlands (2019)

Северна Македонија/ 2020/ 49’’

Нејзиното семејство 2010-2019 Нејзиното семејство 2010-2019/ Her Family 2010-2019

Мерѓузел е традиционална, но силна жена која сака и се обидува да се еманиципира себеси. Во константна потрага по подобар живот, заедно со членовите на своето семејство, таа го менува своето/нивното место на живеење веќе 10 години. Но колку е успешна потрагата и како се соочуваат со предизвиците?

Режиja: Elizabeta Koneska Сценарио: Elizabeta Koneska Снимател: Elizabeta Koneska Монтажа: Blaze Dulev Звук: Elizabeta Koneska Продукција: NU Museum of The Republic of North Macedonia Избрана филмографија: Девојки и други нешта/ Girls and Other Things (2012) Македонци во Истанбул/ Macedonians in Istanbul (2011) Бекташи- влези и види/ Bektashi- Enter and See/ (2006) Железна црква над водата/ The Iron Church Above the Water (1993)

Кратки документарци

55


Финска/ 2019/ 20’

Отпад бр.4 Њујорк, Њујорк Waste No. 4 New York, New York/ Waste No. 4 New York, New York

Отпад бр. 4. Њујорк се навраќа кон историјата на градот во приказна од 20 минути преку дванаесет гробишта и една депонија. Овој краток документарец е четвртата, одделна епизода од серијата „Отпад“

Режиja: Jan Ijäs Сценарио: Jan Ijäs Снимател: Jan Ijäs, Ville Piippo, Cristian Manzutto Монтажа: Okku Nuutilainen, Jan Ijäs Звук: Svanté Colerus Музика: Matti Ahopelto, Mari Sainio Продукција: Jan Ijäs Избрана филмографија: Отпад бр.3, Бум/ Waste No.3 Boom (2018) Отпад бр.1, Пари/ Waste No.1 Money (2017) Отпад бр.2, Крш/ Waste No2. Wreck (2016) Два острова/ Two Islands (2013) Филм за тројца луѓе и индустриски лифт/ A Film for Three Men and Industrial Elevator (2005) Фестивали и награди: Tampere Film Festival, Finland (2020), International Film Festival Rotterdam, Netherlands (2020)

Русија/ 2020/ 4’

Ревизија Ревизия/ Revision

Кратко истражување на една стара фотографија пронајдена во една антикварница.

Режиja: Mikhail Zheleznikov Монтажа: Mikhail Zheleznikov Сценарио: Mikhail Zheleznikov Снимател: Mikhail Zheleznikov Звук: Alexander Dudarev Продукција: Mikhail Zheleznikov Избрана филмографија: Камчиња/ Камешки/ Pebbles (2018) Паузирано/ На паузе/ On Pause (2012) Заедно/ Вместе/ Together (2010) За домашна употреба/ For Home Viewing (2009) Колекција бр.1/ Коллекция No1/ Collection No1 (2006)

56

Кратки документарци


Северна Македонија/ 2019/ 25’

Сите ќе умреме Сите ќе умреме/ We Are All Going to Die

Германија/ 2018/ 23’

Сите требаше да бидеме кралици Todas íbamos a ser reinas/ We Were All To Be Queens

Постојаната економска несигурност ги приморува работниците во штипската погребална служба да изнајдат други начини за да добијат повеќе работа во погребалното. Понекогаш, тоа значи правење бизарни зделки со локалната болница. Зоки, еден од работниците, се чувствува се’ поскршено поради пресметливата и лукава конкуренција, прашувајќи се дали навистина парите се најважни во животот?

Режиja: Sashko Potter Micevski

Една жена патува напред-назад во минатото и во сегашноста низ наивните надежи на младешките ветувања. Кралици, замоци и сини принцови. Наскоро разделбата ја разоткрива херметичката стапица на традицијата, рушејќи ги спомените - и жените конечно можат да дишат слободно.

Режиja: Elizabeta Koneska

Монтажа: Sandra Gjorgieva Сценарио: Sashko Potter Micevski Снимател: Naum Doksevski Музика: Hollie Buhagiar Звук: Breen Turnerr Продукција: Ilija Tiricovski Co-production: OHO Избрана филмографија: Вонземјанинот Ли (2014)

Сценарио: Ana Catalá Photography: Editing: Sound: Music: Продукција: Ana Catalá, Gemma Vidal, Roser Corella Избрана филмографија: Сончев супермен/ Sunshine Superman (2014) Фестивали и награди: IceDocs Documentary Film Festival, Iceland (2019), Valladolid International Film Festival Seminci, Spain (2019), Montreal World Film Festival, Canada (2018)

Кратки документарци

57


Полска/ 2019/ 14’

Тешкото Harda/ The Tough

Тешкото може да има многу значења: пркосно, немилосрдно, отпорно, непокорливо, силно, истрајно, студено, круто. Протагонистот на филмот многу добро знаел зошто избрал ова да биде името на неговото откритие - место со кое мора да се соочи кога буквално, и на потешкиот начин, сфаќа што значат сите овие атрибути. Чекор по чекор, тој истражува досега невидени места кои силно ѝ пркосат на човечката кревкост.

Режиja: Marcin Polar Монтажа: Aleksandra Gowin Сценарио: Marcin Polar Снимател: Marcin Polar Звук: Michal Fojcik Продукција: Munk Studio – Polish Filmmakers Association Копродукција: LeLe Cross Media Production Избрана филмографија: Гето класика + Јимек/ Ghetto Classics + Jimek (2018) Колекција/ Kolekcja/ Collection (2017) Фестивали и награди: Best Sound Editing Award- Short Sounds Film Festival, UK (2020), Best Short Film- Nordic Adventure Film Festival, Denmark (2019), Krakow Film Festival, Poland (2019), Durban International Film Festival, South Africa (2019), IDFA, Netherlands (2019), Sundance FF, USA (2019)

Финска/ 2020/ 30’

Фантастичното The Fantastic/ The Fantastic

Обратно поставена ситуација во која луѓето од Западот ѕиркаат во секојдневјето на затворената држава. Во оваа филмска приказна, Севернокорејците го насочуваат вниманието кон надворешниот свет и си замислуваат каков е животот во западните земји.

Режиja: Maija Blåfield Монтажа: Maija Blåfield Сценарио: Maija Blåfield Снимател: Maija Blåfield Звук: Olli Huhtanen Музика: Tuomo Puranen Продукција: Maija Blåfield Избрана филмографија: За уништувањето и зачувувањето/ On Destruction and Preservation (2018) Да бев закопан на уличниот агол „Златно доба“/ If I Were Buried at a Street Corner Golden Age (2015) Спасувајќи го светот/ Saving the World (2005) Фестивали и награди: DocPoint Helsinki, Finland (2020), Tampere Film Festival, Finland (2020), HotDocs, Canada (2020), Krakow Film Festival, Poland (2020)

58

Кратки документарци


Чешка, Германија/ 2019/ 19’

Црно и бело Černobílá/ Black and White

Малото чешко гратче Требон неочекувано станува права сензација кога светскиот печат објавува една мистична урбана легенда од Втората светска војна, 70 години подоцна по самиот настан. Во приказната има медицински сестри, нацисти, заведување и сифилис, но никој не може да утврди што точно се случило.

Режиja: Eluned Zoë Aiano, Anna Benner Монтажа: Eluned Zoë Aiano Сценарио: Eluned Zoë Aiano, Anna Benner Снимател: Klára Belicová Звук: Vojtěch Knot, Michał Krajczok Музика: Raphael Tschernuth Продукција: Linda Dědková Копродукција: Martin Hůlovec Избрана филмографија: Елуне Зое Аиано: Сите нејзини љубовници на умирање/ Eluned Zoë Aiano: All Her Dying Lovers (2020) Имам една песна да ви испеам/ I Have a Song to Sing You/ Imam pesmu da vam pevam (2019) Фестивали и награди: Warsaw International Film Festival, Poland (2019), Melbourne Short Film Festival, Australia (2019), Tiburon Film Festival, USA (2019),

Кратки документарци

59



Студентски документарци


Словенија/ 2019/ 19’

Алцхајмер кафе Alzheimer Cafe/ Alzheimer Cafe

Сопружниците Иван и Јожица мора да се преселат во дом за стари лица. И покрај сите предизвици што ги носи стареењето, тие продолжуваат да живеат заедно во нова средина. Сеќавањата исчезнуваат, љубовта останува.

Режиja: Martin Draksler Сценарио: Martin Draksler Снимател: Timon Hozo Монтажа: Vida Ajdnik Звук: Tristan Peloz Музика: Karavana Продукција: AGRFT Копродукција: RTV Slovenia Избрана филмографија: Таа бара сенка, тој чека/ She Looks for a Shadow, He Waits (2018) Фестивали и награди: Best Film- DOKUDOC, Slovenia (2019), Best Short- Alternative Film Festival Toronto, Canada (2019), Best Student- Festival of Slovenian Film, Slovenia (2019), Pula Film Festival, Croatia (2020)

Германија/ 2019/ 24’

Бинокл Бінокль/ Opera Glasses

62

Студентски документарци

Додека првите посетители чекаат надвор на ладното, Националната опера на Киев полека се буди. Оркестарот е на проба, а во тек се и подготовките во костимската гардероба. Одеднаш, луѓето од надвор ги преплавуваат ходниците на oперата. Луѓе од сите возрасти и класи стануваат едно – публика. Фоајето се претвора во сцена, а посетителите актери. Камерата ги „фаќа“ само автентичните движења при подготовка, досада и смеа надвор од аудиториумот.

Режиja: Mila Zhluktenko Снимател: Rebecca Hoeft Монтажа: Felicitas Sonvilla Звук: Andrii Rogachov Продукција: Daniel Asadi Faezi Копродукција: University of Television and Film Munich Избрана филмографија: Видено од дрон/ Find Fix Finish (2017) Си ги сакам влакнестите нозе/ I Love My #hairlegs (2017) Фестивали и награди: Go Short, Netherlands (2020), Vienna Shorts Film Festival, Austria (2020), Palm Springs International Shortfest, USA (2020), Golden Dove, DOK Leipzig, Germany (2019)


Шпанија/ 2020/ 31’

Гоиат Goiat/ Goiat

Полска/ 2019/ 25’

Диши Oddech/ Breathe

Пере и Мар го напуштаат родниот град со намера да започнат слободарски живот на Пиринеите. Тие наоѓаат работа како овчари и наложено им е да ги спречуваат нападите од мечките врз стадото. Живеејќи изолирано во својата колиба, двојката телефонски добива вести преку кои се соочува со фактот дека домородното население е против политиките на Европската Унија за повторно воведување на видот кафеава мечка на Пиринеите.

Режиja: Jordi Prieto

Во еден од реоните во Лоѓ, каде што живеат околу седумдесет и еден илјади жители, стрчи една мала стражарска кула меѓу бетонските згради. Оваа минијатурна дрвена структура се претвора во место за набљудување на чудата од секојдневјето. Вкусот на сонцето, солта и бетонот ги исполнуваат муабетите. Место каде што слободно се дише...

Режиja: Daria Kasperek

Сценарио: Jordi Prieto Снимател: Jordi Prieto Монтажа: Jordi Prieto Звук: Álex Martínez Продукција: Escac Films

Сценарио: Daria Kasperek Снимател: Michał Modlinger Монтажа: Daria Kasperek Звук: Daria Kasperek, Damian Wagner, Paweł Gapiński, Ola Konik Продукција: Polish National Film School Фестивали и награди: Sarajevo Film Festival, Bosnia and Herzegovina (2020), Sevastopol International Doc & TV Festival, Ukraine/Russia (2020), International Film Festival New Horizons, Poland (2019)

Студентски документарци

63


Чешка/ 2019/ 17’

За влакната About-hair/ O-chlup

Италија/ 2019/ 20’

И мажите огладнуваат Anche gli uomini hanno fame/ Men are Hungry Too

64

Студентски документарци

Како ќе изгледаме не зависи секојпат од нас самите, туку и од сликата како треба да изгледаме. Општеството обожава калапи и етикети. Идеалната жена е слаба и мазна, а идеалниот маж има влакнести нозе. Каква е улогата на влакната во нашиот живот? Зошто престанавме да ги сакаме? Овој хибриден аудиовизуелен есеј ни претставува различни перспективи за влакната.

Режиja: Josefina Lubojacki

Во периодот меѓу 60-те и 70-те години на минатиот век, кризата со глад принудила 150.000 луѓе да го напуштат југоисточниот дел на Италија. Во Гаљано се наоѓаат оние што избрале да заминат и оние што останале. Во 1973 година, Нардо се откажал од својот сон да стане филмаџија и го отворил „Бар 2000“ кој сѐ уште стои во центарот на Гаљано. Еден од редовните муштерии во барот е Мими кој на млади години заминал да работи во Готардскиот тунел. Искуствата од тунелот му оставиле трагични сеќавања за смртта на еден пријател. Ова е интимна приказна за секојдневјето на верните пријатели Нардо и Мими. Сѐ се случува во еден летен ден кога сегашноста и минатото се испреплетуваат низ доживувањата и сеќавањето.

Режиja: Francesco Lorusso, Gabriele Licchelli, Andrea Settembrini

Сценарио: Josefina Lubojacki Снимател: Tomáš Kotas Монтажа: Simona Donovalová Звук: Martin Kuhn Музика: Kazety, Midi Lidi Продукција: Adam Ligas

Сценарио: Francesco Lorusso, Gabriele Licchelli, Andrea Settembrini Снимател: Francesco Lorusso Монтажа: Gabriele Licchelli Звук: Simone Altana Музика: Antongiulio Galeandro Продукција: Fondazione AAMOD Копродукција: Broga Doite Film Избрана филмографија: Арка хотел/ Arca Hotel (2017) Фестивали и награди: IDFA, Netherlands (2019), Ischia Film Festival, Italy (2019), Lago Film Fest, Italy (2019), Social World Film Festival, Italy (2019)


Полска/ 2019/ 30’

Јебига, наследно е Fuck, It’s Biology Fuck, It’s Biology

Мариус Таркавијан има поставено 120 уметнички

изложби насекаде во светот. А неговите родители немаат видено ниту една досега. Неговата девојка се обидува да го сними својот прв документарец со надеж дека ќе го зближи семејството. Интимен портрет на познатиот полски современ уметник виден низ призмата на неговата шведска и не толку позната девојка филмаџика.

Режиja: Veronica Andersson Сценарио: Veronica Andersson Снимател: Piotr Szymański Монтажа: Katarzyna Zielińska, Mats Helgesson Звук: Veronica Andersson, Mats Helgesson Музика: Epidemic Sound Продукција: Warsaw Film School Копродукција: Veronica Andersson Избрана филмографија: Уики/ Wiki (2018) Ослободување/ Liberation (2016) Фестивали и награди: FEST - New Directors New Films Festival, Portugal (2020), Krakow Film Festival, Poland (2019), Bushwick Film Festival, USA (2019)

Германија, Бразил/ 2019/ 30’

Копнеж Saudade/ The Longing

Една стара бразилска легенда вели дека зборот

saudade го создале африканските богови за поробените луѓе да не ги заборават своите сакани и родните краишта. Поттикната од болеста на својот татко, афробразилската режисерка Дениз Галијао си ги истражува најдлабоките чувства кон татковината и корените кои не сака да ги изгуби поради 20-годишното живеење во Германија. Зборот saudade, кој не може да се преведе на ниту еден друг јазик, е границата што минува низ приказната на едно семејство кое живее меѓу две различни култури.

Режиja: Denize Galiao Сценарио: Denize Galiao Снимател: Dino Osmanovic (ASBH) Монтажа: Valeria Valenzuela Звук: Andreas Goldschmid Продукција: Michael Kalb Filmproduktion Копродукција: University of Television and Film Munich Избрана филмографија: Во сенката на Копакабана/ In the Shadow of the Copacabana (2014) Низ призмата на Инкд Кени/ Through the lens of Inked Kenny (2012) Би сакал нешто слатко/ Ich hätte gern was Süßes (2009) Фестивали и награди: President’s Award- Full Frame, USA (2020), It's All True Documentary Film Festival, Brazil (2020), Millenium International Documentary Film Festival, Belgium (2020), Student Award - DFA, USA (2019), IDFA, Netherlands (2019)

Студентски документарци

65


Германија/ 2019/ 25’

Парче шума Waldstück/ A Piece of Forest

таен нацистички логор од кој денес нема ниту трага. Судирот со пишаните сведоштва на некогашните затвореници ги преиспитува последиците што ги носи културата на сеќавање која полека бледнее.

Последниот Мохиканец Laatste der Mohikanen/ Last of the Mohicans

66

Студентски документарци

Сценарио: Hannes Schilling Снимател: Johannes Greisle, Jana Pape Монтажа: Paul Gröbel Звук: Pavel Mozhar, Fabian Koppri Продукција: Filmuniversity Babelsberg KONRAD WOLF Избрана филмографија: Мистер Џејмс/ Mister James (2014) Дедо ми Волфганг/ My grandfather Wolfgang (2012)

На 50 км источно од Берлин, некогаш постоел

Холандија/ 2019/ 48’

Режиja: Hannes Schilling

Откако минува низ сурова животна бура, бунтовничката Тони започнува бизнис со мобилен супермаркет и се обидува да им помогне на беспомошните, иако и самата има еднаква потреба од помош. Супермаркетот на тркала е како реликвија преку која таа шири сочувство и солидарност, додека за возврат добива несигурност и финансиска нестабилност. Нејзините вредности и бизнис-моделот изгледаат старомодно, но таа е упорна.

Режиja: Max Ploeg Сценарио: Max Ploeg Снимател: Max Ploeg Монтажа: Max Ploeg Звук: Morten Brogaard Музика: Sebastiano Terzuolo Продукција: Max Ploeg Фестивали и награди: IDFA, Netherlands (2019)


Куба/ 2019/ 14’

Премин The Crossing/ La Travesía

Еден отпадник се труди да се пробие низ дивата

В. Британија/ 2020/ 22’

Размислував за климата Thinking About the Weather/ Thinking About the Weather

природа на Сиера Маестра. Вака самиот режисер си го опишува филмот. Суровото патување преку највисокиот планински венец во Куба води до едно големо езеро. Природата целосно го исполнува црно-белиот филмски кадар, а наместо дијалог се слуша впечатливата музика што ја создава природата.

Режиja: Otávio Almeida

Очајно обидувајќи се да си ја смири душата поради климатската апокалипса која демнее, режисерот започнува одисеја околу Велика Британија. Тој патува низ места кои наскоро ќе бидат потопени од морето, надевајќи се дека таму ќе научи како да живее во свет кој се чини проколнат. Ќе потоне ли уште подлабоко во очајот или ќе најде надеж?

Режиja: Gardar Thor Thorkelsson

Режиja: Otávio Almeida Сценарио: Otávio Almeida Снимател: Otávio Almeida Монтажа: Otávio Almeida Звук: Marisol Cao Milán Продукција: Otávio Almeida, Violena Ampudia Фестивали и награди: IDFA, Netherlands (2019)

Сценарио: Gardar Thor Thorkelsson Снимател: Gardar Thor Thorkelsson Монтажа: Armiliah Aripin Звук: Ruanth Chrisley Thyssen Музика: Darryl O'Donovan Продукција: The National Film and Television School UK

Студентски документарци

67


Хрватска/ 2019/ 16’

Струи Strujanja/ Currents

Растенијата се единствените останати станари во празната деловна зграда. Во безобразно големиот простор, градинарката сѐ уште ги негува растенијата кои веќе сраснале со самата градба. Таа ги пресадува од една саксија во друга и ги подготвува за преместување. Растенијата што владееле со маркантниот ентериер во 80-те години сега создаваат нова привременост во напуштената зграда.

Режиja: Katerina Duda Сценарио: Katerina Duda Фотографија: Katerina Duda, Dražen Žerjav Монтажа: Iva Ivan Звук: Filip Filipi, Filip Ledinscak, Matija Santro Продукција: Vanja Jambrović, Tibor Keser, Oliver Sertić Избрана филмографија: Сечење/ Cutting (2015) Фестивали и награди: Best Croatian Film- Mediterranean Film Festival Split, Croatia (2019), Green DCP Award- International Experimental Film and Video Festival, Croatia (2019)

Хрватска/ 2019/ 35’

Ќе доплови Рекс Doplovit će Rex/ The Rex Will Sail In

Марина привршува со годишниот одмор од еден месец, за да се врати потоа пак на бродот за крстарења и да работи цели шест месеци како надгледувачка на собарките. Како што се наближува денот на разделбата од нејзините деца, така Марина станува сѐ порастревожена.

Режиja: Josip Lukic Сценарио: Josip Lukic Монтажа: Marko Bicanic Снимател: Marinko Marinkic Звук: Lana Horvatic Продукција: Marin Leo Jankovic Избрана филмографија: Мамче/ Majči / Momsy (2018) Фестивали и награди: Jury Award- Doc Lisboa, Portugal (2019), ZagrebDox, Croatia (2019), Tabor Film Festival, Croatia (2019)

68

Студентски документарци




Програма за деца и млади


Грузија/ 2017/ 16’

Аполо Јавакети აპოლო ჯავახეთი/ Apollo Javakheti

Данска/ 2019/ 22’

Гулабар Fugledrengen/ Bird Boy

Бандура расте само со својата мајка во регионот Јавакети во Грузија. Климата е сурова, патиштата лоши, а глетките сиви и каменести. Во селото каде што живее, чиниш времето застанало. Тинејџеров заработува нешто плус пасејќи овци, садејќи домати и помагајќи му на локалниот производител на сирење. Дома, околу кујнската маса, мајка му му чита од Библијата, но Бандура мисли на друго: сака да отпатува на Месечината. И така, успева да најде време и за да направи вистинска ракета и да си ја испланира иднината.

Режиja: Bakar Cherkezishvili

Кога 12-годишниот Решат ќе погледне околу себе, ги гледа нафтените полиња на Азербејџан. Кога ќе погледне кон небото, гледа гулаби што летаат кон рајот. Му недостасува татко му, кој починал една година порано и кој многу сакал птици. Решат внимателно му приоѓа на најдобриот гулабар во селото. Ќе го научи ли тој како се станува гулабар?

Режиja: Simon Lereng Wilmont

Сценарио: Bakar Cherkezishvili Снимател: Julien Diebel Монтажа: Bakar Cherkezishvili Звук: Anuka Inasaridze, Tinatin Babakishvili Музика: 4Lines Продукција: Bakar Cherkezishvili, Julien Diebel Избрана филмографија: Чучулиги и утки/ Larks and Owls (2014) Фестивали и награди: ECFA Doc Award, European Children’s Film Association, Belgium (2018), Sarajevo Film Festival, Bosnia and Herzegovina (2018), IDFA, Netherlands (2017)

Сценарио: Simon Lereng Wilmont Снимател: Simon Lereng Wilmont Монтажа: Michael Aaglund, Rasmus Stensgaard Madsen Звук: Rune Palving Музика: Ali Helnwein Продукција: Maria Stevnbak Westergren Копродукција: Relation04 Media, Pedersen & Co. Избрана филмографија: Олег и војните/ Oleg og krigen/ Oleg and the Wars (2018) Далечниот лаеж на кучињата/ The Distant Barking of Dogs (2017) Чикара: синот на сумо борачот/ Chikara: sumobryderens søn/ Chikara: The Sumo Wrestler’s Son (2013) Патувајќи со г. Т/ Traveling with Mr. T. (2012) Над земјата, под небото/ Over jorden, under himlen/ Above the Ground, Beneath the Sky (2008) Патувањето на Рамона/ Ramonas rejse/ Ramona’s Journey (2004) Фестивали и награди: IDFA, Netherlands (2019)

72

Програма за деца и млади


Норвешка/ 2020/ 71’

Еднаш Аурора En gang Aurora/ Once Aurora

Норвешка/ 2019/ 19’

Карла и Нордал Karla og Nordahl/ Karla and Nordahl

Норвешката пејачка и текстописец Аурора Акснес станува позната на 16 години откако објавува хит видео со нејзина песна на интернет. Животот ѝ се менува од корен: ексцентричното и повлечено девојче израснато во норвешка провинција се претвора во поп идолот Аурора, опколена со фанови насекаде во светот. По 200 концерти и среде турнеја, таа е исцрпена и очајна. Портрет на молскавичната музичка кариера и приказна за креативната слобода и цената на популарноста.

Режиja: Benjamin Langeland, Stian Servoss

Карла има 6 години и постар брат кој се вика Нордал. Но зошто таа смета дека тој е истовремено и постар и помлад? Приказ на светот на Карла и начинот на кој таа се справува со својот постар брат со интелектуална попреченост.

Режиja: Elisabeth Aspelin

Снимател: Stian Servoss, Benjamin Langeland Монтажа: Benjamin Langeland, Stian Servoss Звук: Yngve Leidulv Sætre Музика: Olav Øyehaug Продукција: Thorvald Nilsen Фестивали и награди: Zagreb Dox, Croatia (2020), Sofia International Film Festival, Bulgaria (2020), Best Nordic Documentary- Nordic Panorama (2019) CPH DOX, Denmark (2019), Krakow Film Festival, Poland (2019), IDFA, Netherlands (2020)

Сценарио: Elisabeth Aspelin Снимател: Elisabeth Aspelin Монтажа: Elisabeth Aspelin Звук: Elisabeth Aspelin Музика: Hedda H / Universal Продукција: Nitteberg Film og TV - Halvor Nitteberg Копродукција: OsloMet - Jon Jerstad Фестивали и награди: IDFA, Netherlands (2019), One World, Czech Republic (2019), Docudays, Ukraine (2019) Salem Film Fest, USA (2019)

Програма за деца и млади

73


Германија/ 2017/ 3’

Мравка

Мравките сложно си работат заедно. Но има една мравка која сѐ прави различно.

Meise/ Ants

Режиja: Julia Ocker Сценарио: Julia Ocker Снимател: Julia Ocker Монтажа: Julia Ocker Звук: Christian Heck Музика: Christian Heck Продукција: Thomas Mayer Herrmann Фестивали и награди: Animateka, Slovenia

Германија/ 2018/ 3’

Паун Pfau/ Peacock

Паунот е голема ѕвезда на сцена. Сепак, и неговите пердуви си бараат признание за популарноста.

Режиja: Julia Ocker Сценарио: Julia Ocker Снимател: Julia Ocker Монтажа: Julia Ocker Звук: Christian Heck Музика: Christian Heck Продукција: Thomas Mayer Herrmann Фестивали и награди: Animateka, Slovenia

74

Програма за деца и млади


Холандија/ 2019/ 15’

Предигра Voorspel/ Foreplay

Замисли дека имаш 13 години и дека наставничката ти покажува како се користи кондом пред целиот клас, а на таблата има слики од различни секспози... Во овој разоружувачки документарец „седиме на час“ заедно со холандските средношколци, додека тие ја слушаат најнезаборавната лекција: таа за сексуално образование. Лицата им црвенеат од срам и љубопитност, но што ли им поминува низ глава?

Режиja: Anne van Campenhout Сценарио: Anne van Campenhout Снимател: Jefrim Rothuizen Монтажа: Albert Markus jr., Patrick Schonewille Звук: Diego van Uden, Leleane Lindenaar Продукција: JeanMarc van Sambeek, Menna Laura Meijer Избрана филмографија: 24 часа Европа: Следната генерација/ 24H Europe: The Next Generation (2019) За жал, велам „не“/ I'm Afraid It's a No/ Helaas ben je 't niet geworden (2017) Додолки/The Rainmakers (2013) Фестивали и награди: IDFA, Netherlands (2019)

Словенија/ 2019/ 5’

Принцот Ки-ки-до; Супердо Prince Ki-Ki-Do; Superdo/ Princ Ki-Ki-Do; Superdo

Едно утро, една чудна птица Супердо слетува во шумата Ки-ки-до. Облечена е како суперхерој и лета со помош на чизми пропелерки. Ги освојува срцата на шумските жители со опасен фраерлак и разгален шарм. Принцот Ки-ки-до се распослал низ сета шума...

Режиja: Grega Mastnak Сценарио: Grega Mastnak; Peter Povh Монтажа: Grega Mastnak Звук: Vojko Sfiligoj Музика: Vojko Sfiligoj Продукција: Ozor animations Копродукција: RTV Slovenia Фестивали и награди: Lago Film Fest, Italy (2015), Animateka, Slovenia, Slovenian Film Festival, Slovenia (2014)

Програма за деца и млади

75


Франција/ 2014/ 7’

Слонот и велосипедот Le velo de l'elephant/ The Elephant and the Bicycle

Еден слон живее во градот со луѓето и работи како уличен чистач. Еден ден, здогледува голем билборд со реклама од велосипед што изгледа како скроен за него! Во тој миг, животот на слонот се менува од корен: тој мора да го има велосипедот по секоја цена.

Режиja: Olesya Shchukina Сценарио: Olesya Shchukina Снимател: David Toutevoix Монтажа: Herve Guichard Звук: Philippe Fontaine Музика: Yan Volsy Продукција: Folimage Копродукција: La Boite Productions Избрана филмографија: Слика по слика/ Image Par Imagе/ Image by Image (2019) Санка/ Belchonok i sanki/ T he Sled (2016) Црвени потпетици/ Les talons rouges. The Red Heels (2011) Фестивали и награди: Best First Professional Film, Suzdal, Russia (2015), Best Children’s Short Film, Anima, Belgium (2015)

Русија/ 2012/ 6’

Снегулка Snežinka/ Snowflake

76

Програма за деца и млади

Еднаш, едно момче од Африка добило писмо. Во писмото нашло хартиена снегулка.

Режиja: Natalia Chernysheva Избрана филмографија: Двајца пријатели /Deux amis/ Two Friends (2014) Враќање/ Le retour/ The Return (2013) Фестивали и награди: Animateka Slovenia, Slovenia, Audience Award, International Children's Film Festival of New York, USA (2014), Reel 2 real, Int'l Film Festival for Youth, Canada (2014), Sofia International Animation Film Festival, Bulgaria (2013)


Чешка, Словачка/ 2020/ 100’

Фатени во мрежа (школска верзија) V síti/ Caught in the Net

Филмот ја отвора табу-темата за злоупотребата на деца онлајн. Статистиката покажува дека проблемот станува сè посериозен. За жал, свесноста за него е и натаму ниска. Филмот раскажува за еден радикален психосоцијален експеримент кој ни доловува што сè гледаат децата на возраст од 10 до 14 години во виртуелниот простор. Оваа верзија на филмот е адаптирана од оригиналната и наменета за тинејџери.

Режиja: Vít Klusák, Barbora Chalupová Vít Klusák, Barbora Chalupová Сценарио: Vít Klusák, Barbora Chalupová Снимател: Adam Krulis Монтажа: Janka Vlčková Звук: Adam Bláha Музика: Pjoni Продукција: Filip Remunda, Vít Klusák Копродукција: Peter Kerekes Избрана филмографија: Vít Klusák Белиот свет според Далиборек/ The White World According to Daliborek/ Svet podle Daliborka (2017) Чешки журнал / Czech Journal/ Český žurnál (2015) Barbora Chalupová Чешки журнал/ Czech journal: Real(e) state/ Český žurnál (2019) Фестивали и награди: One World Prague, Czech Republic (2020), CPH:DOX, Denmark (2020)

Германија/ 2020/ 88’

Чадра - река меѓу нас Chaddr - unter uns der fluss Chaddr - A River Between Us

Родното место на 17-годишната Станзин, среде Хималаите во Кашмир, се соочува со големи промени под влијание на климатската криза и технолошкиот прогрес кои набрзина ги менуваат и човечките животи. До неодамна, децата морале да ги преминат опасните планини за да стигнат од селата до училиштето. Времињата се менуваат и опасниот планински пат ќе биде претворен во автопат. Станзин патува пеш до училиште, за последен пат, пред да матурира и да го напушти родниот крај засекогаш.

Режиja: Minsu Park Сценарио: Gregor Koppenburg Снимател: Minsu Park Монтажа: Ulrike Tortora Звук: Andreas Goldbrunner Продукција: Karbe Film GmbH Избрана филмографија: Севол: застанато во времето/ Sewol: Paused in Time (2017) Ама и Апа/ Amma und Appa (2014) Фестивали и награди: FFF Talent Award Documentary Film, DOK.fest Munich, Germany (2020)

Програма за деца и млади

77


Данска/ 2019/ 22’

Курс по танц Dance Lessons/ The Elephant and the Bicycle

Тика има 10 години, но веќе држи часови по танц во родниот град во Грузија. Таа гордо презема одговорност да организира прв јавен настан со својата танцувачка група, возбудлива група на деца со посебни потреби.

Режиja: Olesya Shchukina Сценарио: Camilla Magid Снимател: Camilla Magid Монтажа: Rasmus Stensgaard Madsen, Estephan Wagner Звук: Rune Hansen Продукција: Toolbox Film Копродукција: Relation04 Media, Pedersen & Co Избрана филмографија: Земја на слободните/ Land of the Free (2017) Бело црно момче/ White Black Boy (2012) Фестивали и награди: Mobile Dance Film Festival, USA (2019)

Франција, Швајцарија/ 2017/ 17’

Џебното човече Le petit bonhomme de poche/ The Pocket Man

Едно мало човече си живее во стар куфер. Еден ден ќе сретне нов пријател – слеп старец. Човечето ќе скокне во џебот на старецот и со музика ќе му помага да се движи по улица и да ги „гледа“ нештата околу себе. Среќни се заедно, нема што.

Режиja: Ana Chubinidze Сценарио: Ana Chubinidze Снимател: Nadine Buss Монтажа: Herve Guichard Звук: Loic Burkhardt Музика: Yan Volsy Продукција: Folimage Копродукција: Nadasdy Film Фестивали и награди: Ambulante Film Festival, Mexico (2019), FlickerKids – Flickerfest International Short Film Festival, Australija (2018), Kids DOK - DOK Leipzig, Germany (2017), LuxFilmFest, Luxembourg (2017)

78

Програма за деца и млади



80

Македокс +


МакеДокс +

Македокс +

81


Звукот го обликува филмот, филмот го обликува звукот — Работилница со Владимир Ракиќ

Британскиот „Сава“, македонскиот „Железен човек“, бугарскиот „Воев: Поздрав на боговите“, словенечкиот „Метаболизам“ и швајцарскосрпскиот „Дида“ се шесте документарни проекти во фаза на прет-продукција, продукција или постпродукција кои се одбрани за годинешната работилница за звук со Владимир Ракиќ.

Биографија:

Преку низа групни и индивидуални сесии што се одржуваат од јуни до крајот на август, режисерите, монтажерите и/или дизајнерите на звук на одбраните филмски проекти ја преиспитуваат и дефинираат улогата на звукот и музиката во целокупниот процес на креирање на документарната приказна – како и улогата на филмот во обликувањето на звукот – за да ги искористат што поумешно во заокружувањето на започнатата филмска нарација. Резултатите од сработеното ќе бидат прикажани на последната сесија, за време на „МакеКоПроДокс“ форумот во август.

„Инстинкт“ (2019) на Халина Реијн, „Мојата душа плови леко“ (2018) на

Работилницата се организира со поддршка од овдешната Амбасада на Кралството Холандија. 82

Македокс +

Владимир Ракиќ (1974, Нови Сад) е композитор, дизајнер и снимател на звук кој живее и работи во Амстердам. Во 2005 година се стекнува со диплома по дизајн на звук и применета композиција на Школата за уметност во Утрехт, Холандија. Повеќе од 15 години работи на дизајн на звук како монтажер, снимател, дизајнер, миксер на звук и композитор на многу документарни, играни и анимирани филмови и редовно предава на Холандската филмска академија во Амстердам.

Ханјрих Дамс, „Мојот превртен свет“ (2016) и „Мама Европа“ (2013) на Петра Селишкар, „Совршениот круг“ (2015) на Клаудија Тоси, „Пропаста на прекинатиот круг“ (2012) на Феликс ван Гронинген и „Да живеат антиподите“ (2011) на Виктор Косаковски се само дел од неговите остварувања. Како снимател и дизајнер на звук, професионално се изразува и во електро-акустичната музика, живиот перформанс и театарот.


Помалку значи повеќе — Мастерклас со Џон Апел

„Помалку значи повеќе“ е мотото според кое се води Џон Апел уште од завршувањето на студиите по филм. Па не е за чудење што токму така гласи и насловот на неговиот мастерклас! Ќе зборува за уметноста на раскажувањето приказни, за справувањето со најразлични ограничувања, пречки и грешки во правењето документарен филм. И за тоа како сето ова да се сврти во своја корист. Ќе зборува и за моќта на ограничувањето, но и за уметноста на тишината – за креирањето тишина во интервјуа, за тишината како алатка за раскажување приказна. И сето ова, се разбира, поткрепено со кадри од неговите и од филмовите на други филмаџии.

Биографија: „Моите филмови ги градам врз основа на темелно истражување и интуиција. Дури истражувам, не барам само факти, туку ја барам и ранливоста на луѓето, тоа е т.н. емотивно истражување“, вели режисерот и снимател Џон Апел кој зад себе има над 40 документарни остварувања за кино и телевизија. Во 1987 година дипломира на Холандската филмска академија со документарецот за локалната пиратска радиостаница „Радио Даниел“, кој ќе биде прогласен за најдобар студентски филм. Во 1993 година го режира својот прв документарен филм „Џони Меер - тело и душа“. Во 1999 година неговиот „Андре Хазес – таа верува во мене“ не само што го отвора Меѓународниот фестивал на документарни филмови во Амстердам (ИДФА), туку и се закитува со наградата за најдобар долгометражен документарец, по што станува најгледаниот документарен филм во Холандија во последните шеесетина години. Неговата филмографија брои низа наградувани филмови: „Последната победа“ (2003), „Коцкар“ (2009), „Погрешно време, погрешно место“ (2012), „Гласот на Холанд“ (2018) и „Кога прашината ќе слегне“ (2019). Сите овие се приказни за обични луѓе и осамени херои, за меланхолијата, спомените, смртта и утехата што го бојат секојдневниот живот. Работи како ментор на филмски работници од Средниот Исток во рамки на Меѓународната програма за обука „Клоуз ап“ и е визитинг- професор на Универзитетот „Бабеш Болјаи“ во Клуж, Романија. Македокс +

83


Модератори на овогодишниот форум се:

МакеКоПроДокс Форум #2 — Солидарноста како алатка за творење во време на криза

Во пресрет на економската криза, културниот сектор и филмската индустрија се најчесто најпогодени од кратењето на буџетот. Само доколку се дејствува солидарно преку зголемување на регионалните копродукции, ќе се овозможи поголем број финансирани проекти на Балканот во рамки на редуцираните фондови. Непресушната потреба за творење и следење на културни содржини нѐ поттикна и оваа година да го организираме КоПроДокс форумот кој ќе овозможи здружување на филмските работници и поддршка за понатамошната креативна работа во културниот сектор преку солидарност и соработка. МакеКоПроДокс форумот е форум чијашто главна цел е развој на стратешки план за зголемување на копродукциите на документарните филмови меѓу балканските земји. Првиот форум за копродукција на документарни филмови се одржа на 10. „МакеДокс“. Оваа година, форумот вклучува претставници од 12 регионални филмски агенции, 3 скандинавски филмски 84

Македокс +

Бриџид О’ Шеа (Европско здружение за документаристика и директорка на ДОК индустри - ДОКЛајпциг) и Хеле Хансен (Комисија за филмска документаристика – Норвешки филмски институт)

агенции и 10 проекти кои се во завршна фаза на продукција. Во рамки на 11. издание на фестивалот „МакеДокс“, ќе се одржи 2. издание на КоПроДокс форумот во кој ќе ги вклучиме клучните карактеристики на индустријата за документарни филмови ширум светот, како и можните начини за соработка и ќе се обидеме да овозможиме далекосежна соработка меѓу фондовите во регионот. Нашата цел со овој проект е првпат да воспоставиме нов здружен сектор на Балканот, како единствен начин да се амортизираат последиците од кризата. За време на онлајн сесиите, ќе ги претставиме проблемите со кои регионалните земји редовно се соочуваат поради кризата и ќе се обидеме да изнајдеме возможни начини за надминување, потенцирајќи ги неконкретизираните регулативи поврзани со поддршка на развојот и продукцијата на документарните филмови.

Make

CoProDox Forum August - September 2020

Oрганизирано и спонзорирано од:


Док-муабети под смоквата

Денот стивнува, а ако за миг се стивне и умот, па го поведе и телото, ќе слушнете што вели оџата пеејќи на јазик, за многумина од нас неразбирлив. Што вели? Да забавиме, да оставиме, да го олесниме чекорот што лепи по скопската калдрма низ чаршијата, додека итаме кон анот за да ја прелажеме горештината среде август. Одеднаш, олеснување. Зад тешките камени ѕидини нѐ прегрнува ладовина, мислата се избиструва, тече вода во центарот... Добро е. Се слуша детско кикотење и понекој заскитан кучешки лаеж. Часот е неколку минути пред 18. Значи, рано е за проекција, уште е ден, но време е за муабет, да поприкажеме и да се чуеме... Седнати во круг, за миг замолчуваме, тука сме сите и може да почнеме. Во воздухот се шири летен повеј на турски чај, дива смоква и лубеница. Лажичката замешува, ја топи коцката шеќер, ѕвекотот го означува почетокот на дискусијата. Зборуваме за ликови кои живеат осаменички среде планини, ледени пустини и океани, па за некои други кои живеат среќни среде несреќа, па на ред доаѓаат новите форми на комуникација и технологија, па лудоста

да снимаш кога сите ти велат дека не треба, па некој ги кажува маките кога снименото се изгубило, па друг зборува за радоста кога на филмското платно видел дека сето бесмислено имало смисла... Сонувачи и сонувачки, и оваа година ќе муабетиме под сенката на нашата смоква. И ние, како и вие, знаеме дека ништо не може да ги замени фестивалските дневни дискусии во живо кои „МакеДокс“ ги негуваше години наназад во задниот двор на Куршумли-ан. Сепак, во рамки на годинешната вонредна ситуација, се потрудивме муабетите со филмаџиите и сите заинтересирани да продолжат во една поинаква атмосфера, но со еднаков ентузијазам и жед за размена на нови приказни. Да живееме и да раскажуваме!

Македокс +

85


Модераторка: Филм и дебата

Дебата за сексуална злоупотреба

Кристина Леловац (Прво па женско) Говорнички: Мери Цветковска (ХЕРА), Калиа Димитрова (Медуза)

(Фатени во мрежа- Вит Клушак, Барбора Чалупова)

“Фатени во мрежа”, одблиску и брутално нè соочува со насилството и злоупотребата кои им се закануваат на малолетничките во интернет просторот. Со овој разговор ќе се обидеме да го деконструираме он лајн предаторството во нашиот локален контекст, но и уште еднаш да потсетиме дека воведувањето на сеопфатното сексуално образование е клучно во справувањето со секое родово-базирано насилство.

Кристина Леловац е актерка и вонредна професорка на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Како актерка најчесто настапува во независни театарски продукции, во филмски и телевизиски проекти и соработува на интердисциплинарни истражувачки уметнички проекти. Во моментов работи на својот докторат од областа на театрологијата. Членка е на неколку активистички иницијативи и една од основачките на Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО. 86

Македокс +


Нов визуелен свет без ограничувања и граници

Поврзувањето, размената на идеи и позитивна енергија, како и градењето соработки секогаш претставувалe голем предизвик за луѓето, а уште повеќе сега кога физичките граници сè повеќе се затвораат, а виртуелниот простор отвора нови прозорци за поврзување со светот, особено оној детскиот, кој секогаш е свеж и подготвен за нови форми на комуникација и инспирација, за да изнајде нови сфери на спознавање и создавање.

Се надеваме дека ќе успееме да ја задоволиме детската потреба за нови визуелни доживувања и да им го задржиме вниманието, дури и преку нашата дигитална фестивалска платформа на која сме сигурни дека лесно ќе се снајдат, па дури и ќе им ја покажат на своите родители, баби и дедовци.

Ни оваа година нема да ги заборавиме нашите најмали и најмили, љубопитните детски очи желни за игра и откривање на нови светови, па во програмските содржини на 11.МакеДокс ќе вклучиме и програма за деца и млади. Идеите, желбите и соништата непречено ќе патуваат од Кавказот преку Балканот до нордиските земји. Во соработка со нашиот сестрински фестивал „АјсДокс“ од Исланд, нашите стари пријатели „СинеДОК“ од Тбилиси, Грузија и еден од најзначајните европски фестивали на анимираниот филм „Аниматека“ од Словенија, се обидовме да искреираме нов визуелен свет без ограничувања и граници. Македокс +

87


Изложба

Снопче светлина низ леќата, поезија од реалното Соработка на „МакеДокс“ и Институтот по биологија на Природно-математичкиот факултет

Ни се трага и сонува, да. Па зар може нешто поубаво да си посакаме додека престојуваме на овој свет? Постојат времиња кога едвај се пофаќа сè што нуди реалноста околу нас - мириси, бои, звуци, вкусови, текстури, струи, смеа и плач, погледи, светлина, темница, празнина, пркос, пропаст, спокој, топлина, студ. Носи како виор и тера... Чувствуваме, окото не се заситува, умот не мирува, телото не се уморува. Трагаме, се прашуваме што има зад видливото, кој зборува преку гласовите, што се крие под овие површини. И најпосле, што со сета таа жизненост? Некои ќе речат камерата в раце и одам да снимам! Други ги фаќаат перото или четката в раце (читај лап топот) и глава не креваат со денови, трети го толкуваат светов низ звуци и гласови... А што е со љубопитните научници, оние души жедни за набљудување и експериментирање со парчињата стварност? Оние кои со безрезервна посветеност го преведуваат светот во своите лабораториски простории, па нè оставаат подзинати, нè чудaт, воодушевуваат, згрозуваат и скоро секогаш спасуваат. Каква радост што ја имаме науката! Кога човек е научно писмен, го гледа светот низ поинаква призма, проникнува во слоевите на големата приказна. Приказната на човештвото е приказна за идеи, снопчиња светлина што продираат во темнината. Една таква приказна е и годинешната соработка на Иститутот по биологија на Природно-математичкиот Факултет (ПМФ) во Скопје и „МакеДокс“ кои заедно го создадоа визуелниот идентитет на 11-то фестивалско издание. Преку прикажување 88

Македокс +

на микроскопски слики од кромидот и неговата внатрешност, нашите креативни соработници од ПМФ нè поведоа во нивниот фантастичен, за нас речиси непознат свет и уште еднаш нè потсетија зошто токму кромидот е симболот - светилник на нашата документарна приказна. Започнуваме разговор за лeќата, малото стакленце кое во 17-от век прави цивилизациска револуција со тогашните новопронајдени оптички инструменти и од корен го менува свето(гледo)т и дотогашните сознанија. Драго ни е што можеме да го споделиме восхитот иако навидум стоиме едни спроти други во однос на интересите и професионалните профили. Светлината низ нашата филмска леќа ги зграпчува сликите живот пред нас, покажува нов слој над и под слоевите, уште една приказна за раскажување. Зракот низ микроскопската леќа продира подлабоко, го растерува облакот над видливото, трогнува мислата за сјајот на човечкиот ум кој од дамнина се стреми да осветлува други, непознати димензии. Завршува дискусијата за леќите, се враќаме во Чаршија, спориме па бараме дефиниција. Речникот вели вака - леќа, проѕирно тело заградено со две мазни сферни површини или една сферна, а друга рамна. Леќа, прозирно тело низ кое се прекршуваат зраци светлина. Светлина, нека заоѓа само за да сонуваме. Каква радост што ја имаме науката, каква радост што го имаме филмот!


Ноќни приказни

Ноќните приказни се она место што зборовите не можат да го искажат, па оставаме музиката да зборува. По цел ден работа или уживање во филмови, преживување лични приказни, да здивнеме сите, и анот со нас. Откако ќе се затемни платното, на менито служиме хот-спот директно до чувствата, да ги преиспитаме, да ги нахраниме, да ги споделиме, да ги пуштиме да дивеат... Доаѓа на ред нашата верзија на Шехерезада и 1001 ноќ – приказни пред да си кажеме добра ноќ. И додека се слушаат гитара, уд, ќемане, хармоника, ако човек доволно внимателно се заслуша, можат да се чујат сите приказни раскажани во темните одајчиња на анот, сите авантури, незгоди, фалбаџиски лаги и тешки к’смети. И сите оние што свиреле тука од радост, мерак, од мака, за ќеф или корка леб и конак.

Се гледаме во ноќта, во приказните...

Македокс +

89


90

Слоевите на МакеДокс


Слоеви на МакеДокс

Слоевите на МакеДокс

91


Патувачко кинo

Оној што сонува и си замислува, секогаш некаде патува. Па така и ние, годинава, ниту за миг не се подзамисливме дали патувањето е добра идеја за време на пандемија. Се разбира дека е! Па зар е потребно нешто повеќе од удобно местенце, бел ѕид или оптегнато платно, проектор и филм? А тоа може секаде – во дневна, пред зграда, на некој покрив или тераса, во соседниот град или село, во дворчето на баба и дедо... Нека креативните документарни приказни на „МакеДокс“ ве однесат каде што сакате. Останете таму колку што ви е потребно, а за враќање ќе мислиме некој друг ден. Можеби ќе продолжиме по патот, можеби ќе подзастанеме ако нешто нѐ задржи, можеби конечно ќе го сретнеме токму она што ѝ недостасувало на нашата годинешна приказна... Важно полека и со убаво. Патувачкиот карван и магаренцето се тука и се секогаш подготвени за на пат. Нека трае сонот, нека тера патот!

92

Слоевите на МакеДокс


Мрежа на документарни филмови

Нема подобар момент од овој за да се отпочне нова соработка со веќе препознаени европски фестивали од Германија, Франција, Шпанија. Фестивалите се простор каде што се слави животот и се раѓа креативноста, каде што се разменуваат мислења и идеи и никнуваат соработки. Без фестивалите, филмаџиите не би можеле да си ја запознаат публиката. Со оглед на тоа што филм не се прави прекуноќ, филмските фестивали се важни зашто го препознаваат успехот на режисерот и го заокружуваат филмскиот процес. Токму затоа е неопходно да се градат и негуваат силни фестивалски врски, а уште повеќе во време на општествена криза. Сега треба да се држиме поцврсто, да си помагаме едни на други и да ја поддржиме филмската уметност. Во моментов, една таква мрежа е токму Мрежата на документарни фестивали која ни помага да го извлечеме најдоброто од онлајн фестивалското издание и да ја свртиме новата реалност во наша корист. И не само тоа. Ни овозможува и да соработуваме со документарни филмаџии од

далечни краишта, кои ќе ги запознаат европските стварности со сите нивни разлики. Мрежата на документарни фестивали се оформи спонтано, меѓу германскиот „Док.фест Минхен“, францускиот „Фипадок“ од Биариц, шпанскиот „ДоксБарселона“ и нашиот „МакеДокс“, кои решија да здружат креативни сили и разни фестивалски искуства за да можат да ги прикажат на белото платно различните реалности од Франција, Шпанија, Германија и Балканот, и тоа пред публика која ретко има можност да види нешто такво. Токму затоа ќе прикажуваме филмски приказни локално, но и отаде границите за да стигнеме до публиката во руралните и други урбани средини. Преку оваа соработка се зајакнуваат нашите фестивалски маркети и се отвораат можности за копродукција на документарни филмови. Затоа сите три фестивали ќе ги вклучиме во форумот „КоПроДокс“ и ќе разговараме за идните планови како мрежа. А размената и прикажувањето филмови од секоја земја и меѓусебното гостување на фестивалите би бил следниот логичен чекор. Слоевите на МакеДокс

93


Едукација со МакеДокс

Поддржувачи:

Настани:

„МакеДокс во училница“ го воведе документарниот филм во формалното образование. Со помош на Националната фондација за демократија (НЕД) издадовме два прирачници со 19 креативни документарни филмови за наставници во средните училишта во Македонија. Денес го применуваат вкупно 140 обучени наставници по социологија и граѓанско образование во 80 средни училишта низ Македонија преку кои, од 2013 година наваму, секоја учебна година допираме до најмалку 30 000 ученици. „Ние сме визуелни! Едукација и визуелизација на човековите права“ е приказна во два дела. Во првиот нè интересираше како да ги доближиме филмовите до наставниците и учениците на возраст од 12 до 16 години, па со поддршка од Извршната агенција за едукација, аудиовизуелни уметности и култура на Европската Унија (ЕАЦЕА) публикувавме комплет од 12 документарни филмови и прирачник за работа со нив во формалното и неформалното образование. Минатата година го завршивме и вториот дел од оваа приказна: обучивме 139 наставници и членови на здруженија кои оваа програма ја спроведуваат во 114 училишта и здруженија во 56 градови и села низ земјата. Приказната ја заокруживме на крајот на 2017 година со меѓународната конференција „Аудиовизуелно образование - иднина или сегашност“ на која дојдоа стотина учесници, меѓу кои и 80 наставници и ученици, за да ги споделат искуствата и потребата од аудиовизуелни содржини во образованието. Младинските филмски клубови е приказна која почнавме да ја раскажуваме заедно со Младинскиот образовен форум. Медиа-клубовите во Скопје, Битола, Ресен, Дебар, Гевгелија, Куманово, Велес, Кичево, Неготино, Струга, Тетово и Кратово беа првите каде што никнаа мали киносали и пространи форуми за муабет. Денес, младешките хоризонти се растегнуваат, а цврстите ставови омекнуваат ко сечкан кромид во загреано тавче и во уште неколку младински здруженија низ Македонија. ставови омекнуваат ко сечкан кромид во загреано тавче и во уште неколку младински здруженија низ Македонија.

94

Слоевите на МакеДокс


Поддржувачи:

Настани:

„АКТив“ е регионална школа за креативен документарен филм за младите од Босна и Херцеговина, Косово, Македонија и Србија. Од оваа фантастична приказна која досега двапати ја раскажавме заедно со босанскиот „Право људски“ и косовскиот „ДокуФест“, изртија 11 кратки документарни филмови потпишани од 30 АКТивци. Третиот расад на „Докуникулци“ го засадивме лани. Докуникулци е проект наменет за образување и филмско описменување на младите, поточно на средношколци на возраст од 15 до 19 години. Намерата на овој проект е да им се понуди на младите, на еден неформален начин, надвор од училиштата, програма преку која тие не само што ќе се запознаат со основите фази на создавање документарен филм, туку и практично ќе ги искусат. Понесен од идејата за активно учество на младите во создавањето на нови културни вредности, овој проект ги препознава и спојува слабите точки кога станува збор за достапноста на културата кај младите и дава можност за нови културни иницијативи во кои младите ќе бидат главните двигатели. Преку четирите сесии организирани за време на Патувачкото кино, филмскиот фестивал и есенско-зимскиот период, младите стекнуваат знаења и вештини во документаристиката под менторство на членови од креативниот тим на „МакеДокс“ и докажани докупрофесионалци од странство. Крајниот продукт се три краткометражни документарни филмови продуцирани од млади за младите, кои пренесуваат пораки до пошироката публика и истовремено ја поттикнуваат младата публика проактивно да се приклучи кон градењето на културната сцена. Со „МакеДокс во кино“ досега споделивме 75 извонредни документарни приказни со приближно 15 000 ученици од основните училишта во Скопје.

Слоевите на МакеДокс

95


Дистрибуција MOVING DOCS Во 2017 година, „МакеДокс“ стана дел од Moving Docs – партнерство создадено заради заедничка дистрибуција на документарци низ цела Европа. Поддржано од Програмата на Европската комисија за поддршка на културниот и аудиовизуелниот сектор „Креативна Европа“ (Creative Europe) како нова иницијатива на Европската документарна мрежа (EDN), ова партнерство има за цел да креира иновативни стратегии за опфаќање што поразновидна публика и да ѝ овозможи на публиката од урбаните и руралните делови од Европа да ужива во редовни прикажувања на документарни филмови преку разновидни медиуми и платформи.

Партнери во Moving Docs, покрај „МакеДокс“, се: Against Gravity – Полска, ARTE – Франција, Autlook Film Sales – Австрија, Berlin Documentary Film Club – Германија, CineDoc – Грција, Demiurg Distribucija – Словенија, Doc Lounge – Шведска, DocPoppies, Docs Barcelona – Шпанија, Doc.Fest Munich – Германија, DOXBiO – Данска, European Documentary Network – Данска, Five Stars Film Distribution – Србија,

БДДМ Најубавите документарни приказни заслужуваат да патуваат, а докупубликата заслужува да ги слушне. Затоа, заедно со „Рестарт“ (Хрватска), „Слободна зона“ и „Делта видео“ (Србија), „ДокуФест“ (Косово), „Андерхил фест“ (Црна Гора), „Демиург“ и „Петра Пан“ (Словенија) ја создадовме Балканската документарна дистрибутивна мрежа (БДДМ). www.restartlabel.net www.freezonebelgrade.org www.dokufest.com www.makedox.mk www.underhillfest.me www.deltavideo.rs www.demiurg.si www.petrapan.com

Lemesos International Documentary Festival – Кипар, Film and Campaign и New Notions Cinema од Обединетото Кралство, One World Human Rights Film Festival – Република Чешка, Rise and Shine Cinema – Германија, Take One Action Film Festivals – Обединетото Кралство и Taskovki Films – Босна и Херцеговина

96

Слоевите на МакеДокс

КАФЕ И КРОМИД Нашето платно честопати знаеме да го оптегнеме на некоја ливада, во некоја библиотека, игралиште, ново или старо кино, а и во некое дворче. Оваа година започнавме соработка со мултимедијалниот простор „Кафе и филм Котур”, во чие мени ќе најдете ,,Кафе и кромид”. Досега проектиравме 5 документарни филмови, а наесен очекувајте уште многу ,,Кафе и кромид” дружби.


Индекс на филмови А А потоа ноќта паѓа Алцхајмер кафе Аполо Јавакети Б Белег - тест Бинокл В Вселенски кучиња Г Гоиат Гулабар Д Двојка во собата за пушење Диши Е Еднаш Аурора Епицентар Еуфоријата на постоењето З За косата Заедно Зборувај за да те видам Земјата е сина како портокал И И мажите огладнуваат Испеј ми песна Ј Јак кеш Јебига, наследно е Јужина

К Карла и Нордал Кога прашината ќе слегне Колектив Копнеж Крал на крстарењето М Малиот човек, времето и трубадурот Мангупи Ме викаат Бабу Моето тело Мравки Н Насмевка Наспроти водата Нашата временска машина Нашиот дом Нејзиното семејство (2010-2019) Ништо без семејството

С Само ѓаволот живее без надеж Светиот Татко Сите ќе умреме Сите требаше да бидеме кралици Слонот и велосипедот Снегулка Спиењето на Макс Рихтер Среќен Божиќ, Јиву Струи Т Тешкото Тунел Ќ Ќе доплови Рекс Ф Фантастичното Фатени во мрежа Фатени во мрежа (школска верзија)

О Отпад бр.4 Њујорк, Њујорк

Ц Црно и бело

П Парче шума Паун Последниот Мохиканец Предигра Премин Принцот Ки-ки-до; Супердо Професорот

Ч Чадра - река меѓу нас Часови по танц Џ Џебно човече

Р Размислував за климата Ревизија

Слоевите на МакеДокс

97


МакеДокс фамилија

Алисија Ферро, Александра Стојановска, Анастасија Поповска, Андријана Папиќ Манчева, Бранд Ферро, Бранко Аврамовски, Валентино Апостоловски, Васил Манчев, Владан Царичиќ-Цар, Галина Страчкова, Горјан Атанасов, Дарко Набаков, Димитар Шопов, Доријан Миловановиќ, Дориан Кривичич Поповски, Драган Мишевски, Ена Алушевска, Иван Алушевски, Игор Делов, Илинденка Петрушева, Јанко Лазаревски, Јелена Белиќ, Кира Ѓорѓиеска, Киро Шопов, Киријана А. Николоска, Кирил Шентевски, Коста Нечовски, Леа Димитрова, Лена Манчева, Магда Ориѓанска, Мартин Иванов, Малик Кривичич Поповски, Миа Ферро, Нада Николоска, Наташа Шопова, Нил Ферро Селишкар, Павле Игновски, Петар Крстевски, Петра Селишкар, Петрула Вељановска, Рамона Кочишка, Русе Арсов, Самир Карахасан, Сара Ферро, Сашо Н. Алушевски, Сашко Потер Мицевски, Сирма Шопова, Стела Поповска, Терра Ферро Селишкар, Тони Димков и сите прекрасни волонтер(к)и. 98

Слоевите на МакеДокс


Импресум

Издавач: МакеДокс За издавачот: Павле Игновски Уреднички: Андријана Папиќ Манчева, Магда Ориѓанска Соработници: Дарко Набаков, Илинденка Петрушева, Петра Селишкар, Петрула Вељановска Превод: Андријана Папиќ Манчева, Магда Ориѓанска Лектура: Сузана В. Спасовска Aрт дирекција и графики: Самир Карахасан Графичко уредување и прелом: Студио Игор Делов Печати: Промедиа Тираж: 400 ISBN-978-608-66051-3-1 Слоевите на МакеДокс

99


Креативна Европа МЕДИА Финансиска поддршка за развој, дистрибуција и промоција на европскиот филм и аудиовизуелните индустрии

Повеќе информации во МЕДИА Деск МК www.media.ced.mk

02 322 4100

Creative Europe Desk MEDIA MK

Агенција за филм на Република Северна Македонија Ул. 8 Март бр.4 1000 Скопје, Македонија



26.10.–1.11.2020

dok-leipzig.de

International Leipzig Festival for Documentary and Animated Film


17. Mednarodni festival animiranega filma 17th International Animated Film Festival

Podoba/artwork: Andrej Ĺ tular

30. 11. — 6. 12. 2020

Kinodvor / Slovenska kinoteka / +MSUM / Stara mestna elektrarna - Elektro Ljubljana

Ljubljana, Slovenia www.animateka.si






27. 10. — 1. 11. 2020

24.

Ji.�l�v�

www.ji-hlava.cz





Коорганизатори Co-organizers

Партнери Partners

Пријатели на МакеДокс Makedox Friends


Медиумски покровители Media coverage



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.