Decata od gorata Naf

Page 1

а т а ц е Д нтарен Докуме

филм

а т а р о г од

Ф А Н


2


Документарен филм

“Децата од гората Наф” (Die Kinder vom Napf) 91’ Швајцарија

Pежија: Алис Шмид Alice Schmid Играат:

Сценарио

Laura Roosli - Лаура

Алис Шмид Alice Schmid

Продуцент

Thomas Bucher - Томас

Камера

Carolin Vogel - Каролин Julia Vogel - Јулиа

Алис Шмид Alice Schmid Алис Шмид Alice Schmid

Музика

Даниела Алмада Daniel Almada

Монтажа

Катерина Мона Caterina Mona

3


За што се работи во филмот?

Овој филм на еден многу ненаметлив начин ни го предочува секојдневието на луѓето, првенствено децата кои живеат исполнет живот во едно село, високо во планините на Швајцарија. Децата играат игри кои се невообичаени за голем дел од децата кои живеат во град. Tие исто така имаат и некои обрвски кои ги немаат градските деца. Но, доколку очекувате приказна во која децата се мачат и гладуваат, или очигледно им недостасуваат „предностите“ од животот во голем град, се лажете. Животот на овие деца е преполн со забава, насмевки и авантури. А заради начинот на кој е снимен, многу лесно се прави преминот од „другата страна на платното“, односно гледачите се внесуваат во самиот животен простор кој е прикажан во филмот.

4


Кои се ликовите во филмот?

Главни ликови се децата од планинското село Ромос. Најмногу се присутни Лаура (Laura Roosli), Каролин (Carolin Vogel), Јулиа (Julia Vogel) и Томас (Thomas Bucher). Тие се прикажани во филмот во секојдневни ситуации. Гледаме како им поминува денот, што ги интересира, што им е забавно а што напорно.

5


Мали мудрости на децата од гората Наф Томас (10 години):

„Тука имаме дваесет хектари земја за игра. Ништо повеќе не ни треба!“ Селин (10 години):

„Глувци се ловат шест дена неделно. Никако во недела или на празник!“ Михаела (11 години):

„Мене во Ромос ми е супер. Имаме пекара, пошта и едно училиште“.

Маркус (13 години):

„Овците мора да ги заклучиме ноќе. Волкот е секогаш буден. Кога тој ќе види стадо овци, може и цело стадо да убие. Јаде од сите по малку.“

6


Која е режисерката на филмот

Зошто одлучивте да снимате филм во гората Наф? Јас потекнувам од овој крај. Кога имав 16 години овде запознав еден селанец кој што имаше една прастара дрвена куќа. Кога се вратив по многу години куќата сеуште беше тука и селанецот ми ја продаде за многу малку пари, затоа што сите веруваа дека во неа живеат духови. Отткако се преселив тука одлучив дека сакам да снимам филм за децата овде. Штета што духовите не сакаат да ги снимаш. Колку време траеше снимањето на филмот?

Филмот го снимав 365 дена. Наутро одев со децата на училиште а попладне на една од фармите. Децата за време на паузите на училиште ми раскажуваа случувања од дома или работи кои сакаа да ги снимам. На пример да следиме некој волк или сокол, некоја кокошка или пак некое животно кое треба скоро да роди потомство. Колку материјал снимивте?

На крај од годината имав 440 саати снимен материјал. Филмот затоа е долг 90 минути.

Како на снимањето гледаа врсниците на децата кои ги снимавте? Кога го снимав филмот, во селото имаше вкупно 50 деца. Сите тие се во филмот. Тоа им го ветив.

7


Како се задоволни со филмот децата, сега кога е завршен? Кога прв пат се појавија на филмското платно, некои од нив се срамеа да се гледаат себеси. Но сега, сите го знаат филмот наизуст и се горди на него затоа што се ѕвезди. Сигурно ви се има случено нешто неочекувано за време на снимањето...

Секоја година ловците од Наф одат во гората со децата да ги набљудуваат дивите животни. Кога ме повикаа, отидов и јас со големо задоволство. Многу набрзо низ гранките видов огромни еленски рогови. Многу се возбудив и израдував. Никогаш претходно немав видено елен од толку близу! Одма ја насочив камерата кон него. Приметив дека децата позади мене си разговараат како ништо да не се случува. Почнав да ги критикувам и да ги терам да молчат: тивко, еленот ќе избега! Децата наместо да замолчат, почнаа гласно да се смеат и да ме исмаваат- еленот бил само маскота поставена од ловџиите. Како се чувствувавте кога се вративте на секојдневните обврски после снимањето на филмот? Филмот го монтирав во Цирих. Тој процес траеше една година. Сега ми е драго што повторно сум назад на Наф.

8


МакеДокс праша неколку ученици како се живее на село во Македонија

Подолу се нивните одговори Голема благодарност до нив Како е во град а како на село? Во селото јас си седев надвор и си играв. Кога се преселивме во град ми беше интересно. Почнав на училиште. Си најдов нови другари. Учев да пишам букви, си одевме во паркот да играме. Ни идеа другари и другарки кај нас. На село јас си имав само една другарка ама голем двор за играње. Во градот имам многу другари и другарки ама немам голем двор со цвеќиња, черешни, вишни, круши, рибизли, малинки, јаболка.... Анастасија Радевска,

прваче, ОУ „Гоце Делчев“ - Ресен.

Што правиш во текот на еден ден, кои игри ги играш? Јас сум Валмир и сум трето одделение. Секој ден станувам рано наутро и одам на училиште. Имам неколку пријатели но најмногу се дружам со роднините кои живеат блиску. После училиште се собираме во мојот двор или дворот на некој од другарите и играме фудбал. Бидејќи сум најмал од сите, скоро секогаш ме ставаат да бидам голман. Јас не се лутам бидејќи тоа ми се допаѓа. Потоа одам дома да се одморам малку. Па со моите ги пишувам домашните а после пак излегувам и играм со другарите“. Валмир Ајдари, трето одделение, Арачиново

9


Убавините во моето место на живеење Јас живеам во село Кукуречани. Таму е многу убаво. Нема бучава на коли и мотори. Има чист воздух и др. Моето село е најубаво на свет. Јас секој ден пешачам во ридот и ги гледам убавините на моето село. Секој ден си играм со моите другари и никогаш не се карам. Тоа се убавините на моето место на живеење. Андреа Цветковска, петто одделение; ОУ “Александар Турунџев“- с.Кукуречани

Што правиш во текот на еден ден, кои игри ги играш? Јас сум Дритон и сум четврто оделение. Секогаш сум претпладне на училиште. После часовите сакам прво да се одморам, да ја напишам домашната задача а после тоа чичко ми ми дава да играм на компјутер. Бидејќи не ми дозволуваат долго време да седам на комјутер, излегувам и играме со другарите фудбал. Понекогаш се натпреваруваме кој трча најбрзо а понекогаш пак кога има ветар се качуваме во дворот на еден роднина и играме со змејови кои сами ги правиме

10

Дритон Рамадани, четврто одделение, Арачиново


Убавините на моето место на живеење Многу пати ме прашале зошто мислам дека е поубаво да живееме во село. Одговорот што многу често го давам е: разликата е во тоа што наутро се будам со светлината на сјајното сонце, а ако би живеела во град би се будела од бучавата на возилата. Веднаш штом ќе се вратам од училиште ќе ја напишам домашната работа и излегувам на чист воздух, а навечер уживам во глетката на прекрасното зајдисонце. Има уште многу причини, но овие три според мене се најважни. Габриела Лазаревска, петто одделение; ОУ “Александар Турунџев“- с.Кукуречани

Што правиш во текот на еден ден, кои игри ги играш? Многу сакам кога е убаво времето бидејќи по цел ден останувам надвор со другарките и другарите. Повеќе се дружам со другари бидејќи во моето маало има повеќе машки. Многу често играм фудбал со нив, но најмногу сакам кога играме криенка. Понекогаш возиме точаци, но родителите не ни дозволуваат многу затоа што тогаш излегуваме на улица. Кога е ладно си играм со кукли и барбики. Играм и на компјутер и гледам цртани филмови. Омилени ми се: Шрек, Немо и Мадагаскар. Сум ги гледала по неколку пати. Елиса Селими, трето одделение, Арачиново

11


Активности на филмот за самостојна работа, семејства и образовни установи... Доколку филмот ти остави некаков впечаток можеш самостојно да се обидеш да ги разгледаш активностите подолу. Доколку се договорите дека заеднички дома или во училница ќе ги работите следните активности, тоа само ќе ги збогати и облагороди. Овие активности можеш да ги направиш сам/а, со помош на возрасните или пријателите, во училиште... Доколку забележа во филмот, некои од децата се грижеа за домашните животни, за билките и останатите обврски кои произлегуваат од животот на село. Некои од нив беа многу свесни за временските услови. Станува збор за некои заборавени а корисни способности стекнати во илјадниците години човеково живеење блиску до природата.

12


Доколку сакаш да пробаш дали и ти поседуваш некоја од овие способности, обиди се на пример да засадиш некое растение. Иако немаш двор, сигурно можеш да најдеш место да ставиш една саксија. Уште подобро ако искористиш некој сад кој веќе не се употребува за својата основна намена, како разни амбалажи или стари кујнски садови. На тој начин, истовремено и ќе рециклираш. Можеш да набавиш разни семиња од земјоделска аптека, од поголеми маркети или од цвеќарници. Предизвикот е поголем ако се обидеш да пораснеш и да се грижиш за некое растение од самиот почеток. Кога се шеташ во парк или шума, во есен, собери некој желад или костен или некој сличен плод од дрво. Засади го во некоја саксија со средна големина. Стави околу десетина сантиметри земја, стави го семето и покриј го со отприлика 5 сантиметри земја. Полеј го убаво со вода и потоа еднаш неделно (или почесто ако земјата е потполно сува) ставај вода. За триесетина дена дрвото ќе почне да р`ти. По една година можеш да го пресадиш во поголема саксија или да го засадиш во нечиј двор, парк или шума и да го посетуваш своето необично милениче. Истото можеш да го направиш и со децата од твоето одделение и да имате своја мала шумичка.

13


Сакаш да знаеш како некои луѓе го предвидуваат времето без помош од временската прогноза? Доколку се снаоѓаш со интернет и анлглиски јазик или имаш кој да ти помогне, можеш да ги посетиш следниве страници:

Прогноза според различни знаци: http://goo.gl/CaHCE

http://goo.gl/7VYiit

Според месечината: http://goo.gl/KsDBuV

14

http://goo.gl/mMX8NF

На следнава интернет страница, http://goo.gl/PJ3hd доколку разбираш англиски, можеш да најдеш многу народни верувања од разни делови од светот, поврзани со предвидувањето на временските услови и природните појави. Тоа се верувања собирани со илјадници години на човечката љубопитност, истражувачки дух и потреба да се дознае дел од она што доаѓа во иднина.


Што е документарен филм? 1 Документарниот филм е филм во кој луѓето, случувањата и сите нешта се дел од вистинскиот живот. Творците на документарни филмови, (кои се нарекуваат документаристи), внимателно го набљудуваат светот околу себе и се обидуваат да го снимат тоа што им изгледа интересно. Бидејќи не можат да бидат на повеќе места во исто време, можат да снимат само дел од она што навистина се случува. Затоа документаристите не се само забележувачи на тоа што се случува, туку со изборот на нештата кои ќе ги снимат, начинот на раскажување и филмските средства (начинот на снимање, светлото, бојата, звукот, музиката, коментарите, монтажата) на документарниот филм му даваат значење, особен печат, го нагласуваат она во светот, кое нив им се чини дека е значајно. Настанувањето на документарниот филм обично трае многу долго време. Документаристот најпрво треба многу добро да се запознае со она што сака да го сними. Режисерката на филмот „Децата од гората Наф“, Алис Шмид (Alice Schmid) поминала една цела година со децата од околните села. Постојано ги набљудувала, се дружела со нив и разговарала, додека не научила за нив доволно многу, за да може нивниот живот лесно да го пренесе на филм.

Режисерката во филмот ниту можеме да ја видиме, ниту да ја слушнеме, иако постојано е присутна таму, меѓу децата. Таквите филмови ги нарекуваме набљудувачки документарци. Авторите на тие филмови сакаат да бидат како муви на ѕид, кои постојано набљудуваат што се случува и снимаат, но остануваат скоро незабележани и се трудат што помалку да се мешаат во она што го снимаат. Други автори пак сакаат тие да се оние кои ја раскажуваат приказната. Лично самите настапуваат во филмовите, разговараат со луѓето кои ги снимаат и се дел од целото случување. Во многу од филмовите случувањето го објаснува раскажувач (тоа може да биде самиот режисер, или некој 1 Превземено од Барбара Келбл, Кинодвор Словенија

15


глумец или спикер). Бидејќи раскажувачот го објаснува сето она што го гледаме и се случува, го нарекуваме сезнаечки раскажувач (или наратор, според англискиот збор, а го нарекуваат и voice of god – божји глас, бидејќи приказната ја раскажува како некој кој сè гледа и сè знае, а ние го слушаме само неговиот глас).

Документарните филмови можат да бидат слични и како предавањата на час – ако наставничката би била снимена со камера како да е раскажувач а наместо табла и книги би се употребувала филмска слика. Ваков вид на документарни филмови се репортажните и образовни документарци. Тие опишуваат некој историски настан, раскажуваат за некоја земја и нејзините жители, за животните или природата. Документарните филмови можат да бидат слични и на играните филмови (понекогаш дури и се најмуваат глумци за да ги изглумат настаните кои повеќе не е можно да се снимат). Можат да бидат и мошне индивидуални – документаристот да го опишува светот онака како што тој самиот го чувствува и доживува. Таквите документарни филмови ги нарекуваме авторски или креативни документарни филмови и се многу важен уметнички вид на филм. Џон Грирсон (John Grierson), човекот за кој се смета дека прв почнал да ја употребува кованицата документарен филм, велел дека документаристот треба вистинскиот настан да го пренесе креативно.

16


Како да направиш документарен филм? 1 Стани документарист/документаристка! Доколку ова ти звучи интересно и привлечно, зафати се за работа. На почетокот треба да решиш за што твојот документарец ќе раскажува. Каква приказна сакаш да раскажеш и кој ќе биде нејзиниот јунак? Тоа може да биде личност или пак филмот може да зборува за некаков настан (натпревар, средба, пат...), предмет, објект (моите играчки, во нашето училиште, во нашиот град). Можеш да се обидеш да документираш чувство (љубов, страв, правичност). Таа прва идеја, за која ќе зборува филмот, е најважна. Запиши си ја! Потоа треба да одлучиш каков ќе биде твојот документарец. Дали настанот само ќе го набљудуваш или ќе се замешаш во него? Одлично би било доколку успееш да снимиш документарец кој нема само да ги раскаже работите, туку кој самиот по себе ќе има нешто свое, ќе биде посебен. Не се оптеретувај со податоци (домашни задачи имаш доволно, нели?). Истражувај, барај, откривај. Што тој човек или поим ти значи тебе лично? Каков е светот виден со твои очи? Откако си ја одбрал/а идејата и типот на филмот, ти треба само камера (или пак подобар дигитален фотоапарат, мобилен телефон). Тоа е твојот основен алат, затоа постојано снимај и додека снимаш постојано прегледувај го снименото. Само во таков случај, она што сакаш да го кажеш навистина ќе биде снимено. Можеш да замолиш некој пријател или пријателка да ти помага за снимање на звукот или можеш да снимаш и сам/а – предноста на документарецот е што за него најчесто не е потребна голема екипа како за снимање на игран филм. Во таков случај, кога ќе ги вклучиш двата уреди, и камерата и снимателот на звук, гласно плесни со рацете. На тој начин, подоца во монтажата ќе ти е полесно да ги синхронизираш 1 Превземено од Барбара Келбл, Кинодвор Словенија

17


двете снимки, (тоа значи временски да ги поврзеш сликата и звукот). За добар документарец вообичаено треба да се сними голема количина на материјал, многу повеќе од планираната должина на филмот. Значи, треба упорност. На крај, доаѓа главното – монтажата на филмот. Снимките треба да се внесат во некој програм (на пример Movie Maker, Adobe Premiere ...) и внимателно да се склопат како што мислиш дека најдобро ќе ја раскажат твојата приказна и да им се додаде звук и музика. Тогаш, документарниот филм е готов. Би биле среќни доколку го споделиш со нас на: makedox.junior@makedox.mk, секако, на истата адреса можеш да се обратиш за каков и да е совет или прашање во врска со документарните филмови, или доколку решиш да снимиш свое дело, да побараш помош и поддршка.

Документарните филмови во Македонија

18

Прв документарен запис во Македонија е „Баба Деспина“ од браќата Манаки од 1905 година. Оттогаш наваму во Македонија се собира скоро еден век плодна документарна продукција. Во Кинотеката на Македонија може да ги погледнете најголемиот број од тие филмови. Некои од нив постигнале и светски успеси како што е филмот „Дае“ на Столе Попов, Голгота на Мето Петровски, Ликвидатор на Трајче Попов, 12темина од Папрадник и многу други. Погледенете барем неколку и обидете се да опишете какви документарни филмови се тие.


За Кинотеката на Македонија Кинотеката на Македонија ја започнува својата работа во 1976 година, како институција од посебен интерес за Републиката, со задача да прибира, обработува, чува, заштитува и презентира филмови и филмски материјали од посебно уметничко, културно, научно, историско и друго општествено значење.

Од 2005 година Кинотеката се наоѓа на ул. Никола Русински бр.1. Архивските материјали, односно целокупната македонска филмска продукција (од 1905 година до денес), како и филмовите снимени од странски автори во Македонија во периодот до Втората Светска војна, се чуваат во посебен оддел, во депоа со контролирана температура и влажност, од 4 до 6 C° и 50% Ph. Во Кинотеката на Македонија постојат 3 оддели. Филмски архив или Оддел за заштита, чување и обработка на филмови и филмски материјали, потоа Одделот за документација, составен од одделението за пишана документација, фототеката и библиотеката, како и Одделот за јавна дејност, во кој е се наоѓа и издавачката дејност на Кинотеката.

Кинотеката на Македонија располага со фонд од над 15.000 филмски копии, повеќе од 72.000 парчиња пропаганден материјал, фотографии и плакати, како и повеќе од 100.000 пишувани документи. Во состав на Кинотеката е и специјализираната библиотека со над 4.000 книги и списанија за историјата и теоријата на филмот, како и 32.500 статии од весници. Кинотеката располага и со колекција на стари кинематографски апарати.

19


За МакеДокс МакеДокс е здружение на граѓани, чија цел е преку промоција на креативни документарни филмови и ангажирана уметност да поттикне развој на критичка свест, естетски и морални норми и вредности, како и активно граѓанство.

20

Веќе четири години по ред, МакеДокс прикажува авторски докуменатрни филмови на Фестивалот за креативен документарен филм во Куршумли-ан во Скопје и на патувачкото кино низ помали населени места во Македонија. Во изминатите три години прикажавме 190 филмови на околу 16.000 гледачи во Скопје и на околу 4.000 во Витолиште, Прилеп, Дорјан, Кочани, Богданци, Лазарополе, Вевчани, Гевгелија, Кавадарци, Штип, Берово, Двориште, Ратево, Русиново, Владимирово, Блатец и Пехчево, Стење, Царев Двор, Подмочани, Грнчари, Езерани, Љубанци, Сливница, Долнодупени и Ресен. Секоја година листата се зголемува со нови 6-8 места.


Уште од првата година на своето постоење, преку посебна програма од кратки документарни форми МакеДокс им се обраќа на децата и младите. Во оваа програма досега вклучивме 57 филмови од различни земји во светот, кои се или изработени од деца и млади или со своите теми ним им се обраќаат. Преку организирани училишни посети во Кинотеката на Македонија, оваа програма во изминатите три години ја посетија околу 6.600 деца. Сите организирани проекции беа проследени со модерирани дискусии по прикажувањето на филмовите. Во 2012 година со поддршка на Национален фонд за демократија (НЕД) од САД развивме и пилотиравме во 20 средни училишта образовен сет за користење на документарни филмови во наставатa по граѓанско образование и социологија. Овој сет се состои од ДВД со 15 филмови и прирачник со информации за филмовите и темите и предлог интерактивни активности кои би ги пропратиле проектираните филмови.

21


Филмот „Децата од гората Наф“ и оваа брошура ги реализиравме во соработка со Кинотеката на Македонија и Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија

22


Многу ни е важно твоето искрено мислење за филмот Подолу се понудени 2 прашања кои се одговараат на невообичаен начин. Затоа внимателно слушни го и прочитај го упатството за одговарање. Се одговара со кинење на понудените одговори. Треба да го скинеш одговорот кој според тебе е најсоодветен. Запомни, ова се анонимни одговори и најважно е да го чуеме твоето искрено мислење.

1.

1

Колку ти се допадна филмот?

2

Од десната страна, во делот за ова прашање има броеви, скини ја онаа оценка која што му ја даваш на филмот. Оцени од 1 до 5. Ако дадеш 1 тоа значи воопшто не ти се допадна а ако дадеш 5 значи дека навистина многу ти се допаднал.

3 4 5

Да многу би сакал(а)

2.

Дали би сакал(а) повторно да дојдеш на проекција на друг документарен филм? (скини ги одговорот кој мислиш дека е најсоодветен)

Би сакал(а)

Не знам

Не би сакал(а)

Не, воопшто не би сакал(а)

23


МакеДокс

Фестивал на креативен документарен филм

Јуни 2014

www.makedox.mk www.facebook.com/makedox.mk www.twitter.com/makedox


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.