MakeDox фанзин 2 2016

Page 1

МАКЕДОКС ПОНУДА ЗА ЛЕТО 2016

ЗА ДА ПРЕЖИВЕЕМЕ, МОРАМЕ ДА РАСКАЖУВАМЕ ПРИКАЗНИ... Умберто Еко

инклузив и екслкузив

МакеДокс журка на школка!

МакеДокс ФАНЗИН бр 2 Година 001

Дј Димитри, Марта и Ники, на 18.08.2016, во некое журкасто време...

Август 2016

www.makedox.mk

стр. 3

ВО ОВОЈ БРОЈ ЌЕ ЧИТАТЕ...

МакеДокс понуда за лето 2016

Н

а 19ти август, си заминува Силјан Штркот. Заедно со останатите негови пајташи, ќе го прелетаат пак црното и белото море. Но Силјан, уште од прастаро време ни остава една од најубавите приказни која нам ни останува да ја читаме, раскажуваме...да ја слушаме подзинати...Па да се зафатиме со работа, да не му останеме должни! На 20ти август почнува седмото издание на МакеДокс, отворен на сите планови, за сечии приказни. Оти, нели Сите сме приказна!

ФОТО-ИЗЛОЖБА „ПАТУВАЊАТА НА МАГАРЕНЦЕТО НА МАКЕДОКС“ Интервју со Иика Вехкалахти МакеДокс кујна, од тетка, фоловер и вујна Препораки за филмови според зодијакот крстозбор-Филмови на МакеДокс 2016 крстозборРаботилници Проекции Жирија

ад седум гори, седум мориња, после седум улички во чаршијата...седум МАКЕДОКС ФЕСТИВАЛ З дена во неделата, во Куршумли ан и МКЦ. НА КРЕАТИВЕН По седмиот ден од стварањето на светот. После седумте светски чуда. Меѓу планети. Седум чакри. Седум секретари на СКОЈ. Меѓу седумте ридови ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ седумте на Рим. Или Седморица млади. Копаме убавини од мајката земја како седумте

20-26ти Август Куршумли ан и МКЦ

џуџиња. Преку седумте бои на виножитото, седум ноти и седум приказни на МакеДокс.

стр. 2

стр. 3


2

МакеДокс Август 2016

ЖИРИЈА НА Жири за наградата „Кромид“ „Мојата приказна почнува во расистичкиот систем на апартхејдот во Јужна Америка кој одлучив да го напуштам на 22-годишна возраст зашто не сакав да одам во војна и така да ја помагам власта. Бегајќи од земјата, пристигнав на најразлични места и запознав луѓе и култури кои сигурно ќе ми беа непознати да останев. Така ми се отвори светогледот, а желбата за социјална правда стана уште посилна. По 21 година се вратив дома.“ Дон Едкинс, продуцент од Јужна Африка и основач на организацијата „Степс“ којашто поврзува современи документарни филмови и режисери „Да бидам искрена, на 16 години документарците не ме интересираа. Тогаш ме интересираа коњи, играни филмови, ама не и документарни. Во животот се појавија подоцна, кога работев како новинарка. И тоа, по

Жири за наградата „Млад кромид“ грешка... Ама веднаш се заљубив.“ Лена Пасанен, родена во Финска, сегашна директорка на Меѓународниот фестивал на документарен и анимиран филм во Лајпциг. Поранешна директорка на Европската документарна мрежа (ЕДН) и продуцентка во Финскиот јавен радиодифузен сервис. „Имав среќа да ме пронајдат други талентирани и креативни луѓе кои со својата страст ме вовлекоа и намамија во овој свет, верувајќи дека и јас можам да бидам дел од него со своите вештини и креативност.“ Владимир Гојун, филмски монтажер од Хрватска

МакеДокс фестивал на креативен документарен

филм Ви го најавуваме седмото издание на МакеДокс Зад седум гори, седум мориња, после седум улички во чаршијата...седум дена во неделата, во Куршумли ан и МКЦ. По седмиот ден од стварањето на светот. После седумте светски чуда. Меѓу седумте планети. Седум чакри. Седум секретари на СКОЈ. Меѓу седумте ридови на Рим. Или Седморица млади. Копаме убавини од мајката земја како седумте џуџиња. Преку седумте бои на виножитото, седум ноти и седум приказни на МакеДокс. Заедно ќе ја составуваме приказната од Танграмот, кој се состои од седум дела. Во интимниот простор на Куршумли ан, и разиграниот МКЦ, ќе се случи седмото чудо, за кое никој сеуште нема објаснување, како за седумте распеани кули на Константинопол. Бројот седум носи разноразни конотации скоро во сите познати култури, од памтивек. Сите позитивни,

Стефано Теалди, продуцент и режисер од Италија. Ја води продукциската куќа „Стефилм“. Стефано е и основач на здружението „Документарните филмови во Европа“ и на „Торино филм лаб“. Иика Вахкалахти, извршен продуцент во Компанијата за груба монтажа и „Осмели се да сонуваш - Азија“. Неговата сопствена компанија „ИВ филмс“ продуцира и обезбедува менторство за документарни филмови. Иика работел и како продуцент во Финскиот јавен радиодифузен сервис. Мила Турајлиќ, режисерка и продуцентка на к р е а т и в н и документарни филмови

покренувачки и одговорни. Ќе дадеме се од себе, да ги исполниме очекувањата. Седум космички и седум човечки принципи. Бројот на Атина и Аполон. Бројот на мудроста и благоста. Седум е бројот на Посејдон, кој предупредува со земјотреси и учејќи го Одисеј каде му е местото, ни ја раскажува една од најубавите приказни. Велат дека седум е број на манифестација и реализација на кумулираната карма. Еден од светите броеви на питагорејците. Посветувале внимание или не на овие нешта, ќе се држиме до прастарата класификација и приказни ќе ни раскажуваат сите седум различни карактери. Со помош на седмата уметност, потпомогната од сите седум класични науки. Седмото издание на МакеДокс фестивалот на креативен документарен филм ќе се случи од 20ти до 26ти Август, 2016 година. Седум дена во магичиот простор на Куршумли ан и урбаниот МКЦ. Бројот седум е меѓународниот повикувачки код за Русија, а оваа година ја имаме Русија во фокус! А седмото издание на МакеДокс е под заштита на седумте древни јапонски божества на среќата! Седмиот ден од кинеската нова година е познат како „Денот на сите луѓе“ и затоа е приридно да се вреднуваат сите приказни, од едноставна причина, оти, СИТЕ СМЕ ПРИКАЗНА! Македокс фестивал на креативен докумантарен филм 20-26ти Август Куршумли ан и МКЦ


МакеДокс Август 2016

3

МАКЕДОКС 2016 Жири за Наградата за етички идеи од Србија. Нејзина специјалност се архивските материјали. Во 2013 година, нејзиниот последен филм „Синема комунисто“ ја освои наградата „Млад кромид“, која „Македокс“ ја доделува за најдобар филм на нов автор. „Документарниот е јазик што ме пронајде во време кога ја имав изгубено политичката верба.“

Жири за наградата „Кокарче“

Наташа театарска актерка

и

Петровиќ, филмска

В о с к р е с и ј а Андреевска, сликарка и графичка дизајнерка

Иван Шопов, писател и автор на сценарија за анимирани филмови, уредник во издавачката куќа „Темплум“ и на порталот „Окно“ „Кога ќе го слушнам зборот приказна, прво помислувам на дедо ми – имав среќа од прва рака да се запознаам со усната книжевност уште пред да научам да читам. Кога ќе му здосадев со барањата за нови и нови приказни, дедо ми се извлекуваше со изговор: „Не се кажуваат приказни дење. Ако раскажувам, ќе ми паднат панталоните и гаќите кога ќе одам по улица“. Многу години подоцна и самиот станав раскажувач. А сите зборови и слики во моите приказни се само полууспешен обид да си ја покријам голотијата. Зашто раскажувачот секогаш се разголува, дури и тогаш кога се чини дека приказната сосема го покрила.“

МакеДокс журка на школка! Дј Димитри, Марта и Ники, на 18.08.2016, во некое журкасто време... МакеДокс журка за загревање 18.08.2016, школка, парк, 20.00 ДиЏеј Димитри од Чаир, на сет со артистите кои ќе бидат дел од работилницата за раскажување приказни. Сетот ќе е и показна вежба за работилницата.

Си поминав прекрасно на МакеДокс. Атмосферата, приајтните домаќини и проекциите на отворено беа зачудувачки! Заедно со одличната селекција на филмови и интересните дискусии под големата смоква, овој фестивал беше најдобар за мене минатата година! Агнета Морген, Директорка на Филмскиот фестивал Темпо Просторот е разоружувачки. Атмосферата и целата идеја, изборот на документарци и публиката се прекрасни. Сакам секој ден да можам да се будам во Куршумли ан! Кристина Леловац, Актерка и асистентка на ФДУ Што се однесува до мене, ова е најдобар фестивал на светот. Воодушевена сум. Баш зборував со Трулс кој е во жирито и тој предлага дека награда треба да добие фестивалот. Програмата е фантастична, организаторите прекрасни, гостољубиви, љубезни, добри... Верувајте, во животот вакво нешто не сум доживеала... Наташа Сењановиќ

Влатко Галевски, филмски критичар и филмофил од Македонија К а т р и Мерикалио, финска новинарка и активистка за добросостојбата на децата „Во документарните филмови, јас сум гледач. Приказните ги раскажувам во печатеното новинарство. Мојата приказна е за тоа како да го направам светот подобро место, пред сè, за децата.“ Маријанe Гизае, едукатор од Германија. Над 20 години работи со медиумите на развојни проекти во Јужна Африка, пишува, продуцира и користи печатени медиуми и филм.

Кромид и пиво Кромид и мед Ова е најефикасен домашен лек за забрзување на растот на косата. Изгмечете го кромидот и ставете неколку капки мед. Нанесете го на косата и оставете го да одстои. Измиете ја косата.

Парчиња од кромид или сок од кромид можете да измешате со пиво за да го забрзате растењето на косата. Применувајте ја маската два пати во неделата.


МакеДокс Август 2016

4

РАСКАЖУВАЧИТЕ РАСКАЖУВААТ интервју со Иика Вехкалахти

За годинешниот „Македокс“, Иика Вехкалахти од Финска осмисли серија

мастер-класови - приказни „сечени, лепени и монтирани“ – по свој драматуршки рецепт. По едно предание за секој фестивалски ден. Предавањата ќе бидат отворени за сите заинтересирани раскажувачи, а особено за режисерите и студентите по филмска уметност. Искуството, вредностите, начинот на кој филмовите заведуваат, грешките, изборите и начинот на гледање филмови се т.н. филмски гревови за кои тој ќе раскажува заедно со режисерите Магнус Гертен (Шведска), Петра Селишкар (Словенија), Клаудија Тоси (Италија), Дон Едкинс (Јужна Африка), Лена Пасанен (Финска), Стефано Теалди (Италија), Татјана Соболева (Русија) и Андреас Јонсен (Данска). Секој од нив ќе ни го пренесе својот начин на раскажување, доближувајќи ја својата најнова приказна, дел од годинешната програма на „Македокс“. Кој е Иика Вехкалахти? - Иика е извршен продуцент во „Осмели се да сонуваш - Азија“ и компанијата „Раф кат“ која им дава онлајн поддршка на авторите на креативни документарни филмови во последната етапа од продукцијата. Неговата компанија „ИВ филмс“ продуцира и обезбедува менторство за документарни филмови. Како продуцент работел и во Финскиот јавен радиодифузен сервис „Иле“. Неодамна ја доби наградата „Док могул“ која им се доделува на поединци коишто во текот на својата кариера дале суштински Прелетуваат планини, крилја не им придонес за креативната виталност на документарната индустрија.

требаат. Преминуваат граници, пасош немаат. Развеселуваат, поучуваат, даваат надеж, вознемируваат. И најважно од сè, остануваат. Затоа што секогаш се наоѓа некој да ги раскаже и некој да ги запомни, еден да ги запише, друг да ги пренесе... И така живеат приказните.

Приказната на Иика Што е раскажувањето за тебе? - Татко ми беше голем раскажувач на приказни. Толку голем што комшиите му носеа шише бренди само за да го слушаат. Па макар повторно раскажувал како oтепал два лоса со еден куршум... Оттаму, мојата вештина во драматургијата е заснована во голем дел на начинот на кој раскажуваше татко ми. Како креативната документаристика стана дел од твојата приказна?

- Како младо момче, гледав ТВ-документарни филмови од Бразил и Латинска Америка и некои одлични филмови како „Насмеаниот човек“. Отсекогаш сонував да станам писател. Семејството ми беше сиромашно, па си мислев дека правењето филмови е резервирано само за богатите. Како студент, во време на „револуциите на умот“, добив можност да ги режирам своите први два документарни филма... И така „Чекори по чекори“... (инаку, тоа е насловот на книгата за раскажувањето и продуцирањето документарни филмови што ја напишавме заедно со Дон Едкинс). Дали си слушнал некоја приказна за Скопје? Што очекуваш да видиш, чуеш и почувствуваш кај нас? - Да гуглам? Не, не сум слушнал никаква приказна за Скопје. За „Македокс“, да. Која приказна би сакал да ја раскажеш? - Зошто човекот станува алчен? Зошто и како идеализмот толку често се претвора во зло? Или оваа: eднаш одамна, со еден пријател бев во Индија, во центарот на Делхи. Нè следеше едно најверојатно 12-годишно момче кое бараше да ни ги светне чевлите. „Полирам чевли“, повторуваше одејќи по нас сè додека мојот пријател не му се сврте и не му рече нетрпеливо: „Еве, земи“ и му подаде банкнота од 10 рупии. Тогаш момчето облечено во изветвени нечисти алишта нè погледна и одврати: „Господине, јас не просам, јас работам“. Се сврте и си замина, оставајќи нè да стоиме...


5

МакеДокс Август 2016

Дедо Симо слави 74ти роденден, ама немаа свеќа со четворка... фото: Филип Куновски

Патувачко кино 2016

Во претходниот фанзин ви го најавивме патувачкото, ред е во овој број да споделиме впечатоци.

На крајниот југ на земјава, меѓу калинки и комарци, базата ни беше во неверојатниот манастир Св. Ѓорги. Возобновен од нула, изграден, од вредните раце на дедо Симо. Го одржуваат заедно со баба Гроздена. Неверојатни луѓе! Манастирот, скриен меѓу најгустата шума над Валандово, човек просто да не поверува дека може да е така свежо, кога долу е пекол! Неповторливо е чувството да се избањаш од пола со ладна изворска вода! Зеленчукот таму сеуште не е пластичен, овошјето пука од енергија, ракијата се прави од грозје. Водата во Белиот Рај е топла, а потопли се луѓето од југот. На живиот и динамичен Д-фест во Дојран, ветриштата, мораме да признаеме, сакаа да го издуваат нашето едро, но имавме магичен маратон во обновената црква – сцена на Д-фест. Сретнавме неверојатно топли луѓе, слушнавме магични приказни, раскажавме дел од нашите. Ги поздравуваме жителите на Чалакли, за срдечниот прием. Им благодариме на дедо Симо и баба Гроздена за тоа што им го расипавме раатот летово а тие не примија и не испратија со широки насмевки. Ги поздравуваме жителите на Костурино, Пирава и Богданци за слатките деликатеси кои ги поделија со нас. На жителите од магичната Фурка, кои во толкав број не пречекаа. На луѓето од Јосифово кои ја прекинаа фудбалската вечер, за да ни го отстапат игралиштето, и на Валандовчани кај кои одевме во разноразни набавки, а секогаш не дочекуваа со љубезност и топлина. Вистинските приказни трба да одлежат, да ферментираат, да се искристализираат, за некоја идна прилика. Се вративме исполнети и облагородени. Фотка: Магаренцето од Чалкли, јули 2016


МакеДокс Август 2016

6

Препораки за филмови според зодијакот Како што нагласивме во претходното издание, оваа година ѕвездите ни се наклонети. Во пакетот за користење на универзалните права за користење на ѕвездените визуели, доаѓаше и гратис читање на констелациите кои ќе влијаат врз знаците на зодијакот. Греота е да не го споделиме со вас. Генералнен впечаток е дека претставниците на сите знаци кои ќе дојдат на проекции ќе имаат напредок во поимањето и доживувањето на љубовта, а оние истрајните, кои ќе посетуваат повеќе проекции, може да претрпат мал застој на деловен план. Издвојуваме: Овните за време на овие проекции ќе бидат под влијание на Сатурн и ќе бидат де индиферентни де многу раздразливи, затоа им советуваме: можете да ги посетите повеќето проекции, но да избегнувате провокативни проекции од типот на „ Катран на прстите“ а оние овни кои особено се осетливи на своето руно, да не го гледаат филмот „Станувајќи Златан“. На Биковите проекциите им се наклонети во првите седум дена на фестивалот. За нив издвојуваме: „Арлет – храброста е мускул“, „Пазар“ и како особени хедонисти на зодијакот, ексклузивно за нив, филмот - „Прпелкање“ . За сите Близнаци МакеДокс го прикажува норвешкиот филм „Браќа“. А за оние на кои и месечината им е во близнаци, МакеДокс особено им го препорачува филмот „Две детства“ Раковите во овој период ќе се завидливи, особено ако го гледаат филмот „Балада за жабите“. Заради нагласеното влијание на Марс врз вас, ќе сакате да го погледнете и филмот „Рибите ил ние?“, доколку сакате да му се посветите на вашиот прочуен мазохизам, погледнете го и филмот „Пуста река“. Самобендисаните Лавови сигурно ќе уживаат во филмовите „Украс на светот“ но и во „Под сонцето“ и „Станувајќи Златан“. За Девиците го имаме филмот „Рингишпил“ како и за нив контроверзниот „Што остана од ѕидовите?“ За девиците родени во

третата декада, на кои Јупитер им е наклонет и ќе ги тера на неконвенционалност, значи за најхрабрите претставници на овој знак, имаме специјален деликатес – „Силиконска љубов“ Вагите ќе балансираат на филмот „Пазар“ но дефинитивно ќе одлепат на филмот „Споменик“ Фимот „Уште еден обичен ден во Египет“ ќе им се допадне на Шкорпиите кај нас, кои животот го поминуваат по тавани, и кои ќе бидат особено благодарни заради недискриминација на перспективата на гледање која ја нуди филмот „Мојот превртен свет“ а на машките претставници на овој знак не им го препорачуваме филмот „Да љубиш, значи да живееш“. На сите шкорпии, им го препорачуваме филмот „Бубачки“ со предупредување: таа ноќ не одете на проекција гладни. За неуморните патници – Стрелци- на МакеДокс ќе се прикажуваат филмовите: „Туризам“, а за оние вистински философи – претставници на овој знак, вистински залак ќе се послужи за време на проекциите на „Во потрага по среќа“ и „Отаде границите“ Мистериозните Јарци ќе најдат особена смисла во филмот „Писма до С.“ Ќе доживеат конечно квалитетна промена во нивниот љубовен живот и тоа ќе се случи паралелно со проекцијата на филмот „Кога се будиш“. Водолиите ќе тријат раце заради добрите бизнис можности кои ги нудат содржините на филмовите „Златните рипки подобро пливаат под дожд“ и „Пуста река“ за кои рибите ќе негодуваат, се додека Венера им е ретроградна. Сентименталните Риби ќе уживаат во филмовите: „Шведска теорија на љубовта“ како и „Да љубиш значи да живееш“

МакеДокс кујна, од тетка, фоловер и вујна Веројатно е противзаконски да се прават супи и чорби без многу кромид.

Пикантна ќофте-кромид тава

Салата од кромид

За ќофтињата: 500 г мелено месо (јунешко или мешано) и едно јајце; 1 главица кромид; презла; сушено нане; 1 лажичка мешан зачин; прстофат бибер; малку сол; За тавата: 1 кг кромид; 1 домат; 2 суви пиперки; 5-6 суви сливи; 1 рака суво грозје; неколку листови ловор; 1 морков; 1 лажичка црвен пипер; 1 лажица мешан зачин; малку сол и бибер; 150мл вино Ова е стар рецепт кој се пренесува од поколение на поколение. Оваа тава може да се спреми и како посна варијанта, наместо ќофте можете да ставите пржена риба или вегетаријанска опција со ќофтиња од печурки или како прилог на некое друго месо. Ќофте: кромидот предходно се ренда на ситно, се додава месото, јајцето и сите останати состојки што се наведени (презла од око за да биде смесата компактна) и се пржи малку на масло, ама да бидат полу живи бидејки потоа со тавата ќе се печат. Кромид тава: Кромидот се дроби на месечинки и се пржи на 3-4 лажици загреано масло. Откако ќе се запржи (ќе омекне) се додава 1 лажичка црвен пипер и се дотура 150 мл вино и 400 мл вода. Се додаваат издробениот домат, сувите сливи пресечени на половинка, сувото грозје, морковите....(се што е наведено) и убаво се динста околу 30 мин на тивко (мирисот на алкохол ќе се изгуби и водата ќе се намали). Оваа смеса се префрла во сад за печење, се редат ќофтињата и се печат на 200 С околу 45 мин. Доколку сакате лут вкус, додадете и лута сува пиперка.

Кромидот, (се препорачува да е црвен) се сече на кришки, како лубеница, доколку сакате, може да се сече и на крукчиња и се посолува. Се остава да стои со солта пентаесет минути до половина час. Потоа, во друг сад се меша балзамиран оцет, малсиново масло и едно кафено лажиче кафеав шеќер. Тоа е основниот дресинг кој убаво се меша. Потоа се додава на кромидот и имате одлична освежителна салата. Тоа е основната верзија. Во различни варијации може да се додаде и половина кафено лажиче сенф во дресингот. Во салатата може да се додаде и малку сува урда, буковец или магдонос.

Испратено од фоловер кој сака да е анонимен. Благодариме !

Рецепт од Ирена Андреевска – Сергеица.

РЕЦЕПТИТЕ НЕМААТ ДУША, ТИ ТРЕБА ДА ВНЕСЕШ ДУША ВО РЕЦЕПТОТ... ГОТВЕТЕ СО ЉУБОВ...


МакеДокс Август 2016

7

сите информации кои сакате да ги дознате во врска со програмата и филмовите, ги имате на страната на македокс, апликацијата на ... ФБ и кај и да е... Хоризонтално: 2. Студентски филм, на Muhammet Beyazdağ - Турција хинт:сите сме... 3. Филм на Lara Christen, Грција, студенска конкуренција 5. Судентски филм на Enes Begovski, Jon Dujaka, Nevena Jovanović, вон конкуренција, 6. Студентски филм на Teboho Edkins, Лесото, Јужна Африка, Германија. Хинт: поминала зелената фаза 8. 10 минутен студентски филм на Norika Sefa 9. Краток филм на Nikola Ilić, Швајцарија 11. Филмот на Косаковски 12. Студентски филм на Бранко Аврамовски и Emina Adilović 13. Студентски филм на Тамара Котевска, Македонија 14. Унгарски студентски филм на Alyx Ayn Arumpac 15. Унгарски студентски филм на Hajni Kis 16. 7 минутен студентски филм на Александра Алексовска и Venesa Mušović 18. Русија во фокус, филм на Ана Шишова 21. Португалски студентски филм на Cristina Hanes, Nevena Desivojević 22. Филмот на Florian Hoffmann, Швајцарија/Германија, студентска конкуренција 23. Филмот на Simon Gillard - Белгија 24. Студентска конкуренција, филм на Maria Aua - Естонија 25. Краток документарец на Katarzyna Gondek, Полска 26. Филм на Sophie Dros, Холандија 27. Краток филм на Ferrán Romeu, Шпанија 43. Мотото на МакеДокс 2016 46. Студентски филм на Layla Abyad, Швајцарија 47. Студентски, Jannis Lenz, Австрија

48. Филм на Jannis Lenz, ама овој пат од Унгарија 49. Охридски одговор на жениното- ОДИ МОР! или Краток документарец на Mark Olexa, Francesca Scalisi, Швајцарија 50. Краток филм на Nebojša Slijepčević, Vanja Jambrovic, Хрватска 51. Студентски филм на Arya Rothe, Португалија 52. 11 минутен студентски филм на Julie Sando, Швајцарија 53. Филмот на Фиби! ( Сандра Јовановска) 54. Попладне или Филмот на Rosenblatt! 55. Студентски филм на Stefan Krasić, Србија 56. Студентски филм од Словенија на August Adrian Braatz 57. Студентски, 22 минути, Aid Bešić, Shqipdona Ademaj 58. Она за вртење, или студентски филм на Лука Попадиќ, Србија 59. Филм на Софија Горленко, добар. Вертикално: 1. Студентски филм од Хрватска на Jelena Novaković 2. 33 минутен студентски на Дарко Набаков и Lejla Šubo 4. Филмот на Владимир Головњев, Русија 7. Малку пократко патување од тоа на Ристо Шишков и Дарко Дамески или филмот на Iván Torres Hdez 10. Руски филм на Дмитриј Сидоров и Светлана Демидова 17. Краток филм на Nikola Ilić, Corina Schwingruber Ilić 19. Студентски филм на Ана Алексовска 20. Краток холандски филм на Denise Janzee 44. Краток филм во режија на Leonor Teles, Португалија 45. Чешки филм во студентска конкуренција на режисерката Kateřina Turečková


НА КРАЈОТ, СИТЕ СТАНУВАМЕ ПРИКАЗНА. МАРГАРЕТ АТВУД здружение МакеДокс Н. Алушевски Дизајн: Наташа Шопова Соработничка: Андријана Папиќ Манчева Издава:

Текстови и уредување: Сашо

#СитеСмеПриказна

www.fb.com/MakeDox.mk www.instagram.com/MakeDox www.twitter.com/MakeDox www.youtube.com/MakeDox1

www.makedox.mk

СЕДМОТО ИЗДАНИЕ НА МАКЕДОКС ФЕСТИВАЛОТ Е ПОДДРЖАНО ОД:

#WeAreAllAStory


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.