МАКЕДОКС ПОНУДА ЗА ЛЕТО 2016 инклузив и екслкузив
МакеДокс ФАНЗИН бр 1 Година 001
Јуни 2016
Куршумли ан
МакеДокс фестивал на креативен документарен филм 20-26ти Август Куршумли ан и МКЦ
www.makedox.mk
Зад седум гори, седум мориња, после седум улички во чаршијата...седум дена во неделата, во Куршумли ан и МКЦ.
стр. 6
МакеДокс кујна
Гответе со љубов, така нема да го нахраните само стомакот. стр. 7
Волонтери од 7-77, пријавете се! Ова е повик за нови волонтери. Нови авантури, нови луѓе, нови идеи, нови енергии, нови дружби...
По седмиот ден од стварањето на светот. После седумте светски чуда. Меѓу седумте планети. Седум чакри. Седум секретари на СКОЈ. Меѓу седумте ридови на Рим. Или Седморица млади. Копаме убавини од мајката земја како седумте џуџиња. Преку седумте бои на виножитото, седум ноти и седум приказни на МакеДокс.
стр. 3
МАКЕДОКС ПАТУВАЧКО КИНО 11-25 ЈУЛИ, ВАЛАНДОВСКО И НА Д’ФЕСТ ВО ДОЈРАН! Патувачкото кино на МакеДокс е едно такво езотерично и синкретско искуство што е навистина тешко да се пренесе таквото на каков и да е начин за сите кои немале можност да се дел од караванот.
Теа, неуморна волонтерка
Ш
ест години МакеДокс ја раскажува својата приказна, во Куршумли ан, во Скопје, на Балканот. На планетата земја. Шест години, една од главнте приказни на фестивалот се гради и прераскажува од волонтери. Секогаш нова, романтична, смешна, носталгична. Магична. Природна. Разиграна. Волонтерите се клучни запчаници во големиот и необичен механизам наречен МакеДокс.
П
атувачкото кино е дел од МакеДокс уште од самиот почеток, од 2010 година. Свесни за потребата за културна децентрализација и реанимација на руралните области во Македонија и желни да ги споделиме прекрасните документарни филмови со што е можно поголем број на луѓе, го инициравме Патувачкото кино на МакеДокс кое секоја година посетува нови 6-8 села во различни региони од Македонија. Со патувачкото кино досега посетивме и пренесовме дел од филмската магија во 44 места низ Македонија...
стр. 2-3
стр. 4
МакеДокс е повеќеслојна платформа со мирис на кромид…..
СЛОЕВИТЕ НА МАКЕДОКС
стр. 2
2
МакеДокс Јуни 2016
СЛОЕВИТЕ НА МАКЕДОКС Маке Докс – меѓународен фестивал на креативен документарен филм Велат млад и ретко авангарден фестивал на креативен документарен филм. Еден од најсилните катапулти за создавање кино-публика во Македонија. Освојува, велат, со својата топлина и квалитет. Вибрира со филмски приказни, работилници и перформанси, док-муабети под магичната смоква и музика под ноќното небо. Од 2010 година наваму, секое лето, на отворено. Се случува во МКЦ и во прекрасниот простор на древниот Куршумли ан, во простор во кој, доколку внимателно се заслушате во жуборот на шадрванот, некое мирно летно попладне, од секое камче, собче, или свод, ќе го чуете шепотот на илјадници мали приказни. Ќе излезете стоплени во душата и нема да ви се зборува некое време.
Патувачко Кино Патувачкото кино се случува надвор од Скопје, најчесто на некое сретсело. Го оптегнуваме платното, кое всушност е вешто маскирано едро, на многуслојниот брод кој плови низ океанот на вечната приказна. Се ориентира по ѕвездите. Тоа што се случува на таа палуба останува како убава разгледница која секогаш ви ја предочува вечната дилема: која приказна вреди повеќе на главната берза, онаа која ја донесовме ние или таа која ни ја раскажаа добри-
МакеДокс е повеќеслојна платформа со мирис на кромид… …Ја „посадија“ документаристи и докуљупци задоени со медитеранска мисла. Креативноста и е прва друшка, а документарниот – омилен јазик. „Расте“ за да го надрасне конформизмот, за да ги изостри сетилата за квалитет и критички вид.
те луѓе и топлите очи кои ги сретнавме. Патуваме зашто сакаме да го децентрализираме фестивалот, „з‘ш и на село луџето сакет да гледет филм“. Патуваме зашто така човек најлесно може да си ја згрее душата, дур‘ ужива во муабетот со мештаните, вкусните мезелаци и најдоброто од документаристиката. Но што ќе ви раскажуваме – пронајдете нè! Само следете го мирисот на кромидот…
Едукација Затоа што нè пленат идеите за неформално образование, а искрените детски очи уште повеќе. Затоа што веруваме дека училница може да биде и белото платно и зелената табла, а филмот – фантастична лекција. И затоа што документарниот пејзаж е поубав кога е регионален. Се однесува на примена на разни модели за да се стигне до приказните на младите луѓе. Да им се пренесат знаења и вештини, да се открие како и зошто да се вреднува сечија приказна. Да се научи и од нивните приказни, каде што можеби и се крие клучот. Затоа што секоја приказна, на своето дно, има еден мал клуч. МакеДокс едукација приказни: -МакеДокс во кино- наменета за ученици од основното образование со која до сега споделивме 75 извонредни документарни приказни на приближно 15.000 ученици од основните училишта од Скопје ... -МакеДокс во училница- приказна со која го почнавме користењето на документарни филмови во формалното образованиеиздадовме прирачник со сет од 10 филмови за наставници во средните училишта во Македонија. Досега обучивме 122 наставници по социологија и граѓанско образование коишто ја спроведуваат оваа програма во 62 средни училишта во 25 градови во Македонија. Годинава им подготвуваме нов прирачник со нови 10 документарни филмови -Ние сме визуелни! Едукација и визуелизација на човековите права - приказна во два дела-во првиот дел, споредувавме и откривавме разни начини како филмовите да се доближат до учениците и наставниците и издадовме сет од 12
документарни филмови и прирачник за работа со нив во формалното и неформалното образование на ученици на возраст од 12-16 години. Годинава го почнуваме вториот дел од оваа приказнаобука на 140 едукатори од цела Македонија и следење на текот на приказната во училниците, семинарите, камповите... -Младински филмски клубови е приказна на МакеДокс и Младинскиот образовен форумЕднаш месечно 12 филмски клубови во Скопје, Битола, Ресен, Дебар, Гевгелија, Куманово, Велес, Кичево, Неготино, Струга, Тетово и Кратово се претвораат во мали кино сали и форуми за муабет каде светогледот на младите се шири, а сетилото за убавото се буди ... -АКТив е регионална школа за креативен документарен филм за младите од Босна и Херцеговина, Косово, Македонија и Србија. Ја раскажуваме заедно со Право Људски од Босна и ДокуФест од Косово. На досегашните две изданија на АКТив, 30 АКТивци создадоа 11 кратки документарни филмови кои се прикажаа на повеќе фестивали. Третото издание на АКТив ќе се оддржи во април 2017.
Дистрибуција - Приказни во балканска турлитава со кромид. Малку поинаков „патувачки“ пристап во ширењето на најубавите документарни приказни низ земјата и регионот. Заедно со РЕстарт од Хрватска, ДокуФест од Косово, Андерхил од Црна Гора, Слободна Зона и Делта Видео од Србија, Завод Петра Пан и Демиург од Словенија ја создадовме “Балканската документарна дистрибутивна мрежа”, и турлитавата одма е повкусна!
Волонтери од
Шест
7-77,
Шест години, една од главнте приказни на фестивалот се гради и прераскажува од волонтери. Секогаш нова, романтична, смешна, носталгична. Магична. Природна. Разиграна. Волонтерите се клучни запчаници во големиот и необичен механизам наречен МакеДокс. И тоа е толку очигледно, за секој којшто го посетил фестивалот. Секоја нова генерација на волонтери носи нова енергија, полет, елан и насмевки. Да се волонтира на МакеДокс е своевидна авантура и уживање.
пријавете се! Ова е повик за нови волонтери. Нови авантури, нови луѓе, нови идеи, нови енергии, нови дружби...
години МакеДокс ја раскажува својата приказна, во Куршумли aн, во Скопје, на Балканот. На планетата земја.
Најголем број од луѓето кои моментално работат на фестивалот,
МакеДокс Јуни 2016
3
МакеДокс фестивал на креативен документарен
филм Ви го најавуваме седмото издание на МакеДокс Зад седум гори, седум мориња, после седум улички во чаршијата...седум дена во неделата, во Куршумли ан и МКЦ. По седмиот ден од стварањето на светот. После седумте светски чуда. Меѓу седумте планети. Седум чакри. Седум секретари на СКОЈ. Меѓу седумте ридови на Рим. Или Седморица млади. Копаме убавини од мајката земја како седумте џуџиња. Преку седумте бои на виножитото, седум ноти и седум приказни на МакеДокс. Заедно ќе ја составуваме приказната од Танграмот, кој се состои од седум дела. Во интимниот простор на Куршумли ан, и разиграниот МКЦ, ќе се случи седмото чудо, за кое никој сеуште нема објаснување, како за седумте распеани кули на Константинопол. Бројот седум носи разноразни конотации скоро во сите познати култури, од памтивек. Сите позитивни, покренувачки и одговорни. Ќе дадеме се од себе, да ги исполниме очекувањата. Седум космички и седум човечки принципи. Бројот на Атина и Аполон. Бројот на мудроста и благоста. Седум е бројот на Посејдон, кој предупредува со земјотреси и учејќи го Одисеј каде му е местото, ни ја раскажува една од најубавите приказни. Велат дека седум е број на манифестација и реализација на кумулираната карма. Еден од светите броеви на питагорејците. Посветувале внимание или не на овие нешта, ќе се држиме до прастарата класификација и приказни ќе ни раскажуваат сите седум различни карактери. Со помош на седмата уметност, потпомогната од сите седум класични науки. Седмото издание на МакеДокс фестивалот на креативен документарен филм ќе се случи од 20ти до 26ти Август, 2016 година. Седум дена во магичиот простор на Куршумли ан и урбаниот МКЦ. Бројот седум е меѓународниот повикувачки код за Русија, а оваа година ја имаме Русија во фокус! А седмото издание на МакеДокс е под заштита на седумте древни јапонски божества на среќата! Седмиот ден од кинеската нова година е познат како „Денот на сите луѓе“ и затоа е приридно да се вреднуваат сите приказни, од едноставна причина, оти, СИТЕ СМЕ ПРИКАЗНА! Македокс фестивал на креативен докумантарен филм 20-26 ти Август Куршумли ан и МКЦ
ЗА МАКЕДОКС КАЖАА: Моментално работам на следниот концерт во Австрија но не можам да престанам да мислам на прекрасниот фестивал МакеДокс... Секое попладне се собиравме под едно смоквино дрво и цели два часа разговаравме за филм, музика и уметност... Колку инспиративно! Лука Циут, композитор (2015) Си поминав волшебно на МакеДокс во Скопје. Овој „фестивал за креативен документарен филм“ е очигледно многу повеќе од тоатој е споменик на слободната мисла и дух изграден од тимот на Македокс. Едуардо Раон, композитор (2015) Ако досега не сте биле на МакеДокс, не пропуштајте го следното издание! Но, нека остане тајна! МакеДокс е многу повеќе од еден обичен „фестивал за креативен документарен филм“. Гостувајќи на 6тото издание, имав можност да уживам во бесконечни дискусии исполнети со радост и досетливост. Ваквите нешта мораат тајно да се чуваат и да не се „шират“ наоколу. Миха Задникар (2015) За да создадете магија потребни ви се луѓе со големи срца кои ја сакаат и почитуваат својата работа и работата на другите луѓе околу нив. Фестивалот МакеДокс е како добро организирано семејство. Се родија радост, емоции па дури и солзи на заминување... Навистина сме благодарни што имавме можност да настапиме и да запознаеме голем број прекрасни луѓе. Македокс, ви благодариме! Маја Осојник, Рдеча Ракета (2015)
барем една година биле волонтери/волонтерки. Од овде ги поздравуваме и им се заблагодаруваме на сите кои до сега искрено вложиле макар и грам од своето време, минута искрена посветеност и труд. Ова е повик за нови волонтери. Нови авантури, нови луѓе, нови идеи, нови енергии, нови дружби. На седмото издание на фестивалот, како и досега, добредојдени се сите од 7 до 77 години, од 7 до 77 часот. Пријавете се на contact@makedox.mk, веднаш а најдоцна до втори август!
Волонтери 2015
МакеДокс Јуни 2016
4
Воденичарот од Велмеј, фотографија од татко му и мајка му во едната и тој со сопругата, во другата рака... Животот тече и раскажува приказни, како воденичкото тркало....
МАКЕДОКС ПАТУВАЧКО КИНО 11-25 ЈУЛИ, ВАЛАНДОВСКО И НА Д’ФЕСТ ВО ДОЈРАН!
Патувачка приказна...
Патувачкото кино е дел од МакеДокс уште од самиот почеток, од 2010 година. Свесни за потребата за културна децентрализација и реанимација на руралните области во Македонија и желни да ги споделиме прекрасните документарни филмови со што е можно поголем број на луѓе, го инициравме Патувачкото кино на МакеДокс кое секоја година посетува нови 6-8 села во различни региони од Македонија. Со патувачкото кино досега посетивме и пренесовме дел од филмската магија во 44 места низ Македонија: Витолиште, Прилеп, Дорјан, Кочани, Богданци, Лазарополе, Вевчани, Гевгелија, Кавадарци, Штип, Берово, Двориште, Ратево, Русиново, Владимирово, Блатец, Пехчево, Панчарево, Ресен, Стење, Царев Двор, Езерани, Подмочани, Грнчари, Сливница, Љубојно, Доплно Дупени, Крушево, Журче, Жван, Единаковци, Слепче, Смилево, Бабино, Сопотница, Слоештица, Издеглавје, Мешеишта, Слатино, Ботун, Злести, Оровник, Лешани и Велмеј. Сите проекции се на сретсело, под отворено небо и се бесплатни. Тоа е едно ниво на раскажување. Но, дозволете... Патувачкото кино на МакеДокс е едно такво езотерично и синкретско искуство што е навистина тешко да се пренесе таквото на каков и да е начин за сите кои немале можност да се дел од караванот. Луѓето во средини незагадени од стрес, брзање, состаноци, шизми од онлајн-офлајн преклопувања, знаат да те научат и понекоја лекција. Понекогаш со некоја мала досетка, понекогаш со некое, за урбаните ликови, непријатно молчење и застаклени очи. Животот на прв поглед изгледа поедноставен, но, реално, кога бил едноставен? И кога бил комплициран? Комплицирани се очекувањата, барањата, желбите. Трчањето по материјалните шминки. Танас од Езерани не сакаше да не пушти да си одиме, откако частеше неколку гајби пиво. Како доброволен курбан останавме со Бранд, да допиеме. Се појави со уште две гајби и кажа дека не смееме да мрднеме
додека не се испие. Се сеќавам само на неговиот ултимативен аргумент зошто не смееме да мрднеме: Страмота! Ќ’остани! И се сеќавам колку пати застанавме да се олесниме по пат за дома, а дали имавме да се извозиме и 10 километри. Муабетите на Танас, кој има непрегледни ниви со јаболка кои од мерак, инает или севдах ги остава врапците да ги јадат. За неговиот зен во Австралија, да љушти „Ред Лебел“ додека околу него скокаат Ѓенгури и да не си отиде додека не направи куп од две метра од испразнети шишиња виски... како сред декември се симнал на аеродром во Белград по куси пантоли и на местрија цапал по снегот. Карпа човек! Во коперацијата во Смилево, на централната маса се плескаше бељот. Горди мијаци и шармантни ритуални изрази карактеристични за Бељотот. Од прва се познаваше кој ја води играта додека истовремено ги забавува и кибицерите, сеирџиите од цела коперација. Бесценето е да се разговара со лик како Ѓорѓија Волканоски! Човекот со години возел камион, и откако се пензионирал вели, не може без планината! Така, секој ден оди пешки, преку планина до Преспа, до охридските села. Сам, со коњчето Чиљо. Не го јава, само за друштво му е. Никогаш не носи оружје. Вели: некогаш јас ќе ја пуштам мечката да помини, некогаш та мене ќе ме пушти...очите му светат и полн е со живот. Се нервира дека мора да ја лаже бабата дека има работа по селата, оти не го пуштала, стар бил. Го прашав колку години има, ме праша што мислам. Ми изгледаше дека нема повеќе од 60. Со камен тешка рака ме удри по рамо и ми рече: Осомдесет и три! Испадна дека и татко ми кога даскалувал во Смилево, спиел во нивната куќа... се разврзаа стотици приказни. На крај кога ме прегрна, осетив колку силен човек е. Се поздравивме, а тој, рече дека тргнува накај Охрид, веднаш, од кооперација, во 1.30 наутро. На кошула со кратки и со боролета влечки. Само Чиљо да си го земам... Колку и да се трошат зборови на вакви доживувања, а ги има скоро во секое село... Бабичките од Берово, Дух Пајо од Сливница, советите како да свариш грав од Велмеј, Кузе од Слоештица, воденичарот од Велмеј кој се расплака од радост затоа што не интересира како работи воденицата, како е добро да се искапиш во валајца, шумата што знае да зборува под Пелистер, Сергеј, Ирена, Тарзан од Волино... ѓомлезето во Дебр’ца. ниедно не може да пренесе она што човек го добива, кога лично поминува низ тие приказни. Во трансот на мирното неурбано живеење, кое полека ве презема, после првите неколку дена детоксикација, во еден момент се препуштате и животот ве потсетува зошто е убав...што е тоа што вреди...
МакеДокс Јуни 2016 22.06.2014 Мировен активист од Истра за Фестивалот на документарен филм во Скопје. Внтарешен поглед од страна. Бродски дневник од подпалуба на бродот - Ан, за крстарењето по МакеДокс, на волонтерот Горан Божичевич. Првенствено наменет за неколку хрватски портали, во превод на Моника Трпковска, волонтерка на МакеДокс 2014. Објавено на www.plagij.at Дел прв. Уживајте.
Зoшто треба да го посетите МакеДокс? Зoшто би се потегнале дури до Скопје? Се разбира, поради МакеДокс. Се останато е бонус, но МакеДокс е доволна причина сама по себе. Магичната мешавина на кујна за волонтери, персонал и гости која ја водат пар ентузијасти од Словенија, поради чајот, ориентален кој лади најдобро лете, со парче лимон и малку шеќер ако сакате. Поради жирито во кое седи Карпо Година на кој му се восхитував од дете. „Во случај на конфликт, избројте до десет, искулирајте и решете го директно со личноста со која имате проблем. Немојте да доаѓате, да се жалите и кодошите и да вовлекувате други луѓе во конфликтот. ” И ништо друго да не слушнат на овогодишниот петти МакеДокс, младите волонтери веќе профитираа со ваквото упатство на Кика на денешниот состанок со над триесет волонтери. Моето уво, професионално го слушна баш тој дел кој се однесува на трансформација на конфликти. Приметив дека седевме во круг, на удобни столчиња за проекции, на свежо искосена трева во еден од најубавите објекти кој го има еден филмски фестивал-Куршумли ан. Пишува на тој бивш карван сарај кој датира од средината на шеснаесетиот век, посакувано преноќиште на патниците, денес споменик на култура, дека не му се знае времето кога е изграден. Така и изгледа. Пријатно и таинствено, заштитнички и отворено, монументално и човечки топло, покриен, со отворен двор. Горе небо и ѕвезди, долу трева, во средина фонтана-среде публиката веројатно за да имаат децата каде да се намократ во овие врели денови кога вредните волонтери го подготвуваат просторот за Фестивалот. Тоа е лудило од простор. Вчера чистевме малку соби на спратот, заградени со тераса и отворен двор. Ги има многу. Некои се канцеларии, некои се користат за интерни проекции на жирито, техничка поддршка, прес, а секако, во некои и ќе се дремне. Tешко е да не се почувствува воодушевување кон објектот, вековен претходник на хотел. Колку само љубови, радости, надежи, стравови и чудења тука ноќевале. Колку од сето тоа ќе гледаме на фимските проекции оваа година? Ништо помалку, ништо помалку. Фестивалот почнува во недела и трае до следниот петок. Сите информации
5 Знаете ли зошто го сакам МакеДокс, освен заради филмовите, се разбира? Таму, во тој магичен простор на Куршумли ан, или на патувачкото кино, нема знак за забрана за влез на животни. Животните таму се добредојдени и рамноправни. Илинденка Петрушева во Само сонот е стварност“ (2014) се на www.makedox.mk, всушност скоро сите. Јас ќе ви кажам дека повратен билет од Копер, Љубљана, Пула, Риека или Загреб чини само осумдесет евра. Автобуси поаѓаат секој ден во 18 часот, од Загреб. Автобуси од Белград поаѓаат постојано, а попладневните врски се бизнис и експресни за дваесет и пет евра. Секој ден има и авиони, а новиот скопски аеродром е не само убав, туку и функционален. Зашто би се потегнале дури до Скопје? Се разбира, поради МакеДокс. Се останато е бонус, но МакеДокс е доволна причина сама по себе. Магичната мешавина на кујна за волонтери, персонал и гости која ја водат пар ентузијасти од Словенија, организатори кои се спремни сред најмногу работа полни петнаесет минути да се тркаат со децата чија смеа некако природно се вклопува во спомените напреполниот двор, на поранешниот карван сарај. Заради чајот, ориентален кој лади најдобро лете, со парче лимон и малку шеќер ако сакате. Заради жирито во кое седи Карпо Година на кој му се восхитував од дете. Поради чаршијата, стариот турски дел од градот која е скапоценост сама по себе. Заради филмовите кои ќе ве освојат веднаш, но во овој двор нема ни да приметите дека се на платно. И не се. Платното е обесено поради скептиците, но проекциите се директно во нашите срца. Како што мене ме освои „Searching for Sugar Man” минатата година. Или пак ме освои МакеДокс преку приказната за Sixto Rodriguez, пропратена со точено, Скопско пиво. Програмата е и повеќе од богата, а овогодишното мото е „Природно”. Ајде бе, природно? Овде и така ништо не е вештачко. Зашто тогаш „Природно”? Можеби за оние Неверни Томи, кои мислат дека овде филмовите се прикажуваат на платно. Дојдете и уверете се дека не е така. Се проектираат u srcu, во срцето, në zemër и на милион други јазици кои ce овде еден. Природно :)
МакеДокс Јуни 2016
6
Документарен сон на јаве, Пред повеќе од 35 години го расипав Contaflex-от на роднината ми. Зошто? Сакав да разберам како гледа „окото“ што ме фасцинираше. Го поправив и оттогаш гледам со едно око. Втората фасцинација ја доживеав пред 30-ина години во домот на моето најомилено куче од детството, кучето Калвик. Во собата каде што спиеше Калвик, Виктор чуваше најразлични видови 8мм и 16мм камери. Продолжив да гледам на едно око, но фотографиите почнаа да се движат. Кадри на минувачи, инсекти, дрва, животни, патувачи... Неповрзани слики од стварноста беа документ за еден миг и за еден простор. Потоа следуваше периодот со киноаматерите, период на истражување, период во кој љубовта прерасна во пасија кон документирањето на стварноста. Следниот 15-годишен период на професионален ангажман го провоцираше окото да и се врати на првата љубов – креативната документаристика. Во последниве 10-тина години сонувам документарен филм, работам на документарни филмови и се радувам на секој нов призвод. Се радувам на првото издание на МакеДокс, се радувам на патувачкото кино, се радувам дека документарниот филм ќе допре до секој македонски дом, се радувам дека документарниот сон се претвора во јаве. Бранд Ферро, продуцент (2010)
Вислава Шимборска (Wisława Szymborska) Иван Џепароски ... Филмолошки гледано, Кромидот е податлив За него да се сними и еден Метафизичко-документарен филм. А не е воопшто невозможно, Во негова чест, дури и некој да вовел Награда на летен филмски фестивал – Голем платинест кромид!
Скопје-Охрид, 24.06.2011
Кромид (Cebula)
Тоа е нешто друго – кромид. Тој нема внатрешност. Во целина е кромид, до степен на кромидност. Кромидест однадвор кромиден до сржта, би можел да ѕирне кромидот, без страв во себеси. Во нас туѓина и дивина едвај со кожа прекриена, во нас пекол внатрешна, избувлива анатомија, а во кромидот кромид, место затскриени црева. Тој повеќекратно е гол, до други длабочини. Битие непротивречно, кромид, Совршена творба, кромид. Во еден се наоѓа друг, во поголем помал сместен а во следниот наредниот, значи третиот и четвртиот. Концентрична фуга. Ехо создадено во хор. Кромид, тоа го сфаќам: најстасит стомак на светот. Овенчан со ореоли во сопствена чест. Во нас – маснотии, нерви, вени, слуз и секрети. Но така се избегнува идиотизмот на совршеноста. превод од полски: Магдалена Богуславска и Иван Џепароски
извадок од АНТОЛОГИЈА НА СОЛЗИТЕ избор и предговор Иван Џепароски МАКЕДОКС СКОПЈЕ 2012
МакеДокс Јуни 2016
7
МакеДокс кујна Пред да споделиме автентични рецепти во кои главна состојка е
кромидот, повелете неколку совети од нашата кујна. Случајно налетавме на еден куп „практични“ начини како да се заштитите од непријатнот мирис на кромидот, односно како да не плачете додека работите со него: Сечете го кромидот под аспиратор Џвакајте мастика додека сецкате Замрзнете го кромидот 15 минути пред да го сечете Носете очила за пливање! Чувајте го кромидот во фрижидер Потопете го кромидот во вода Сечете го кромидот под млаз вода Запалете свеќа во кујната Ставете медицинска маска на лицето Носете заштитни нааочари Држете го јазикот на врвот од устата и дишете со отворена уста Користете остар нож Не фаќајте ги очите додека го сечете кромидот Купувајте нови сорти кромид Чувајте го кромидот за на крај Ставете штипка на носот Само да ви кажеме. Можете и да набавите и пластичен кромид, и комора во која ќе работите. Да купите опрема за нуркање или заварување. Да најмите луѓе што ќе го прават тоа за вас. Да смислите апликација и симулација за вкус на кромид во манџата. И уште сто и илјада слични финти. Ама тогаш сте ја промашиле суштината, убавината. Кромидот е прекрасен каков што е. Неговиот мирис и слатката иритација која ја предизвикува се дел од неговата природа. Затоа е кромид. Или го сакате, или не. Но не ве остава рамнодушни. Како животот. На што ќе ви се сведе животот доколку заради малата непријатност, се лишите од сите доживувања. Оставете да ве скокотка, да ве пецне, прифатете го. Нека ве изненади, непредвидливо нека ве соочи со вашите солзи, нека ви ги исчисти очите, нека ви ја облагороди и стопли душата, нека ви го отвори здивот, нека ве потсети кои сте.
Исфрлете го кромидот од кујната, и задоволството ќе одлета со него!
Елизабет Робинс Пенел Гответе со љубов, така нема да го нахраните само стомакот. А сега, уживајте
МакеДокс за мене е како едно добро тавче гравче. Тетовско. На кое уште му се чувствува мирисот и откако ќе го изедеш. Јана Коленц, Черна Кухна (2011) КРОМИД МАРМАЛАД 4 големи црвени кромиди, 5 лажици малсиново масло, околу 3 децилитри црно вино, 4 лажици црн вински оцет, 2 лажици кафеав шеќер, ½ лажичка сол, малку бибер Излупете го кромидот и исечете го на тенки ленти. Во голема тава или вок, загрејте го маслиновото масло во кое ќе го ставите сецканиот кромид. Мешајте околу 6 минути. Посолете. Намалете ја температурата и пржете најмалку уште 10 минути. Додадете го шеќерот и свежо мелениот бибер и потоа полека пржете најмалку уште 15 минути. Сето тоа ставете го во средно голем сад со подебело дно. Додадете го виното и оцетот во садот кој треба да е делумно покриен за да можат состојките благо да се крчаат во рерна околу еден час, за да се добие густ и сочен џем. Ова јадење оди одлично со кашкавал и суво розе вино. Рецепт на Јана Коленц, главен катализатор на насмевки и шеф на шефовите на Черната кухна на МакеДокс.
Черна кухна на МакеДокс ЧОМЛЕК НА МАНАСТИРСКИ НАЧИН Рецептот е превземен од блогот на манастирот Св. Јован Бигорски (http://www.bigorski.org.mk/) 40 мали главици кромид, 2 главици лук, 5 суви пиперки, 10 Печурки, 1 шолја црвено вино, ½ шолја масло, 1 лажичка зачин, 1 лажичка црвен пипер, 4 листови ловор, 1 лажичка сол, бибер во зрна Кромидот се чисти, главицата лук се дели на чешниња (не се лупи), сувите пиперки и печурките се мијат и сецкаат на парчиња. Во длабок огноотпорен сад (најдобро е грне) се става еден ред од кромидот, па неколку чешниња лук, потоа сецканите пиперки, печурките, се зачинува со ловоров лист и бибер. Постапката се повторува уште еднаш и на крај се полева со претходно приготвена течност од вино, масло, зачин, пипер и сол. Грнето се става на оган и се остава да врие на тивко околу 3 часа. Ова јадење може да се сервира со риба, пире, ориз и слично. ОХРИДСКИ ЧОМЛЕК Превземено од Gotvi.mk Ова вкусно јадење е традиционален дел од нашата кујна. Чомлек на охридски начин: 2,5 кг мали кромидчиња, 1 кг јунешка кртина, 2 главици лук, 1/2 чаша вински оцет, 1/2 чаша вода, масло за готвење, сол, црн бибер и црвен пипер Месото се сече на парчиња. Се чистат кромидот и лукот. Наредете ги во тава за печење по следниот редослед: ред кромид и лук, ред месо. Лукот треба да има тенка кора за да не се стопи. Се посипува со црвен пипер, црн бибер и сол. Додадете го винскиот оцет, водата и маслото за готвење. Тавчето се покрива и се пече 2-3 часа на 200 степени.
BON APETIT
здружение МакеДокс Н. Алушевски Дизајн: Наташа Шопова Соработничка: Андријана Папиќ Манчева Издава:
Текстови и уредување: Сашо
#СитеСмеПриказна
www.fb.com/MakeDox.mk www.instagram.com/MakeDox www.twitter.com/MakeDox www.youtube.com/MakeDox1
www.makedox.mk
СЕДМОТО ИЗДАНИЕ НА МАКЕДОКС ФЕСТИВАЛОТ Е ПОДДРЖАНО ОД:
#WeAreAllAStory