1
Фестивал на креативен документарен филм МакеДокс 20ти-26ти август 2016 година
2
3
4
СОДРЖИНА Награди 9 Жирија на МакеДокс 2016
13
ГЛАВНА ПРОГРАМА 21 нови автори 33 РУСКИ СНЕГ 43 КРАТКИ ДОКУМЕНТАРЦИ
51
СТУДЕНТСКИ ПРИКАЗНИ
63
МАКЕДОКС + 79 СЛОЕВИТЕ НА МАКЕДОКС
90
ИНДЕКС НА ФИЛМОВИ
93
5
6
Сите сме приказна 7
8
Награди 9
КРОМИД
- за најдобар филм во главната програма
МЛАД КРОМИД
– за најдобар филм на нов автор
10
КОКАРЧЕ
– за најдобар студентски филм
НАГРАДА ЗА ФИЛМ СО НАЈДОБРИ ЕТИЧКИ ИДЕИ 11
12
Жирија на МакеДокс 2016 13
Жири за наградата „Кромид“ Дон Едкинс, продуцент од Јужна Африка и основач на организацијата „Степс“ којашто поврзува современи документарни филмови и режисери „Мојата приказна почнува во расистичкиот систем на апартхејдот во Јужна Африка кој одлучив да го напуштам на 22-годишна возраст зашто не сакав да одам во војна и така да ја помагам власта. Бегајќи од земјата, пристигнав на најразлични места и запознав луѓе и култури кои сигурно ќе ми беа непознати да останев. Така ми се отвори светогледот, а желбата за социјална правда стана уште посилна. По 21 година се вратив дома.“ Лена Пасанен, родена во Финска, сегашна директорка на Меѓународниот фестивал на документарен и анимиран филм во Лајпциг. Поранешна директорка на Европската документарна мрежа (ЕДН) и продуцентка во Финскиот јавен радиодифузен сервис „Да бидам искрена, на 16 години документарците не ме интересираа. Тогаш ме интересираа коњи, играни филмови, ама не и документарни. Во животот се појавија подоцна, кога работев како новинарка. И тоа, по грешка... Ама веднаш се заљубив.“ Владимир Гојун, филмски монтажер од Хрватска „Имав среќа да ме пронајдат други талентирани и креативни луѓе кои со својата страст ме вовлекоа и намамија во овој свет, верувајќи дека и јас можам да бидам дел од него со своите вештини и креативност.“
14
Жири за наградата „Млад кромид“ Стефано Теалди, продуцент и режисер од Италија. Ја води продукциската куќа „Стефилм“. Стефано е и основач на здружението „Документарните филмови во Европа“ и на „Торино филм лаб“. „Бело дете што растеше во системот на апартхејдот во Јужна Африка сè додека на 15 години не замина за Италија и не откри сосема нов свет. Во мојата приказна потоа се појавува Жан Руш, по што јас се заљубувам во документарниот филм и мислам дека имам многу среќа: што повеќе може човек да сака кога страста му станала професија?“ Иика Вахкалахти, извршен продуцент во Компанијата за груба монтажа и „Осмели се да сонуваш - Азија“. Неговата сопствена компанија „ИВ филмс“ продуцира и обезбедува менторство за документарни филмови. Иика работел и како продуцент во Финскиот јавен радиодифузен сервис. „Мојата приказна? Сè уште е во фаза на развој.“ Мила Турајлиќ, режисерка и продуцентка на креативни документарни филмови од Србија. Нејзина специјалност се архивските материјали. Во 2013 година, нејзиниот последен филм „Синема комунисто“ ја освои наградата „Млад кромид“, која „Македокс“ ја доделува за најдобар филм на нов автор. „Документарниот е јазик што ме пронајде во време кога ја имав изгубено политичката верба.“
15
Жири за наградата „Кокарче“ Наташа Петровиќ, театарска и филмска актерка „Родена сум во Штип во 1988 година каде што го имам завршено и своето основно и средно образование. Студирав на Факултетот за драмски уметности во Скопје и дипломирав на катедрата по актерска игра во класата на проф. Владо Цветановски и проф. Мими Таневска. Паралелно со студиите, во 2010 година станав дел од основачкиот тим на независниот театар за изведувачки уметности ’Театра’. Моментално сум дел од актерската екипа на Театарот за деца и младинци во Скопје, како и дел од основачкиот тим на Здружението за културни активности, креација и едукација ’Артипија‘.“ Воскресија Андреевска, сликарка и графичка дизајнерка „Мојот свет ми го подариjа уметнички души. Кога растеш со такви луѓе, и да не сакаш, четките сами ќе ти скокнат в раце и додека да се свестиш, поривот во тебе си нашол креативен начин за да излезе на површината. До и по моите тинејџерски години шарав сè од салфети до ѕидовите на мојот роден град Скопје. Во средното уметничко училиште, си го пронајдов првото друштво, а со него си фатив и еден стил под ушка и си ги истерав тие години без гајле. Посетував колонии и си го надградував ракописот. На факултетот за ликовни уметности, ја сфатив својата струка малку посериозно, а воедно и запливав во водите на графичкиот дизајн. Оттогаш наваму не познавам граници во поглед на тоа што сè треба да направам за да ја сместам душава на удобно.“ Иван Шопов, писател и автор на сценарија за анимирани филмови, уредник во издавачката куќа „Темплум“ и на порталот „Окно“ „Кога ќе го слушнам зборот приказна, прво помислувам на дедо ми – имав среќа од прва рака да се запознаам со усната книжевност уште пред да научам да читам. Кога ќе му здосадев со барањата за нови и нови приказни, дедо ми се извлекуваше со изговор: „Не се кажуваат приказни дење. Ако раскажувам, ќе ми паднат панталоните и гаќите кога ќе одам по улица“. Многу години подоцна и самиот станав раскажувач. А сите зборови и слики во моите приказни се само полууспешен обид да си ја покријам голотијата. Зашто раскажувачот секогаш се разголува, дури и тогаш кога се чини дека приказната сосема го покрила.“
16
Жири за наградата за Eтички идеи Влатко Галевски, филмски критичар и филмофил од Македонија „Кога некој од својата петта до својата петнаесетта година живеел на само 30 метри од некогашните кина ’Вардар’ 1 и 2, киното ’Култура’, киното ’Бамби’ и летното кино ’Балкан бавча’... каква поинаква освен филмска приказна може да има? Моето секојдневно одење во кино е само по себе документарен филм... долгометражен!“ Катри Мерикалио, финска новинарка и активистка за добросостојбата на децата „Во документарните филмови, јас сум гледач. Приказните ги раскажувам во печатеното новинарство. Мојата приказна е за тоа како да го направам светот подобро место, пред сè, за децата.“ Маријанe Гизае, едукатор од Германија. Над 20 години работи со медиумите на развојни проекти во Јужна Африка, пишува, продуцира и користи печатени медиуми и филм. „Како млад возрасен човек, го напуштив удобниот живот во Германија за да истражувам други земји и култури и така завршив во Јужна Африка. Живеејќи во рурални заедници, станував дел од животите на луѓето и го учев локалниот јазик што ми даде потполно нова перспектива на светот со кој пораснав. Четириесет години подоцна, сè уште сум таму – образувам групи луѓе и граѓански организации низ целиот регион, а документарниот филм ми е алатката за дејствување и социјална промена.“
17
18
Во конкуренција и за награда за Етички идеи
19
20
21
БИСЕРНОТО КОПЧЕ EL BOTÓN DE NÁCAR 2015 82’
Франција, Чиле, Шпанија
Сценарио: Patricio Guzmán Режисер: Patricio Guzmán Снимател: Katell Djian Монтажа: Emmanuelle Joly Тон: Álvaro Silva Wuth Музика: Miranda & Tobar, Hughes Maréchal Продукција: Renate Sachse (Atacama Productions) Копродукција: Valdivia Film, Mediapro, France 3 Cinéma Синопсис: Океаните ја содржат историјата на целото човештво. Морињата со себе ги носат гласовите што доаѓаат и од Земјата и од вселената. Ним им влијаат ѕвездите, а тие, пак, на сите живи суштества. Водата, најдолгата граница на Чиле, ја чува и тајната за мистериозното копче откриено на морското дно. Со своето крајбрежје долго речиси 4300 километри, кое е воедно и најголемиот архипелаг на светот, Чиле нуди натприроден пејзаж. Од неговите вулкани, меѓу неговите планини и ледници одекнуваат гласовите на Патагонците, на првите англиски морепловци, но и на политичките затвореници. Некои велат дека водата памети. Овој филм покажува дека може и да зборува. Избрана филмографија: „Носталгија за светлината“ (2010) „Салвадор Аљенде“ (2004) „Случајот Пиноче“ (2001) „Чиле, неискоренливи спомени“ (1997) „Јужниот крст“ (1992) „Битката за Чиле - прв, втор и трет дел“ (1977, 1978, 1980) Избор на фестивали и награди: Silver Bear for Best Script, Berlin International Film Festival, Germany (2015)/ Lumières Award for Best Documentary, Lumières Awards, France (2016)/Vancouver International Film Festival, Canada (2016)/Human Rights Watch Film Festival, Canada (2016)/Environmental Film Festival, USA (2016)/BFI London Film Festival, UK (2015)
22
БРАЌА BRØDRE 2015 110’
Норвешка
Сценарио: Aslaug Holm Режисер: Aslaug Holm Снимател: Aslaug Holm, Kjell Vassdal Монтажа: Aslaug Holm, Anders Teigen Тон: Bent Erik Holm, Espen Rønning Музика: John Erik Kaada Продукција: Fenris Film AS
Синопсис:
Опишуван како „документарниот пандан на ’Момчештво’ “, „Браќа“ е невообичаено поетски и личен домашен филм за детството и братството, направен од режисерката Аслауг Холм, инаку мајка на двајцата протагонисти, 14-годишниот Маркус и 11-годишниот Лукас. Со надеж дека полесно ќе прифати дека „времето лета“ и дека нема ништо да пропушти, таа ја вклучува камерата за да ги документира момчешките предизвици и соништа и во текот на осум години прекрасно ги доловува најситните детали и големите промени во нивниот меѓусебен однос, сè до дивите тинејџерски години. Избрана филмографија: „Богатата земја“ (2006) „Кул и откачени“ (2001) Избор на фестивали и награди: Grand Prix, International Competition, Taiwan International Documentary Film (2016)/Best International Feature Documentary Award, Hot Docs Canadian International Documentary Festival (2016)/Audience Award, CPH:DOX, Denmark (2015)/Golden Chair Award for Best Documentary, Norwegian Short Film Festival: Gullstolen (2015)/National Film Award Amanda for Best Director (2015)
23
БУБАЧКИ BUGS 2016 75’
Данска
Сценарио: Andreas Johnsen Режисер: Andreas Johnsen Снимател: Andreas Johnsen Монтажа: Menno Boer, Per Sandholt Тон: Philip Flindt Музика: Spacelab, Anders AC Christensen, Mikkel Hess, Nikolaj Hess Продукција: : Danish Documentary Production Копродукција: Clin D’oeil Films, Danish Documentary Production, DR, Kloos & Co Medien, RTBF, Submarine, VPRO
Синопсис:
Иако научниците и земјоделскиот сектор сè почесто тврдат дека јадливите инсекти се иднината на одржливата храна, јадењето бубачки не е многу популарно меѓу обичните сладокусци. Бен и Џош, двајца врвни мајстори од експерименталната Лабораторија за нордиска храна на Рене Реџепи во Данска, три години патуваат низ светот за да слушнат што мислат оние две милијарди луѓе кои веќе одамна јадат инсекти. А камерата на Андреас Јонсен ги следи во чекор додека бараат, одгледуваат, готват и вкусуваат инсекти со локалците од шест континенти за да открие дали инсектите навистина би можеле да ја спасат планетата. Избрана филмографија: „Аи Веивеи – монтираниот случај“ (2013) „Животот на Кид“ (2012) „Еден вид рај“ (2011) „Фати го моментов“ (2011) „Натасја“ (2008) „Добра копија, лоша копија“ (2007) Избор на фестивали и награди: Tribeca Film Festival, USA (2016)
24
ОТАДЕ ГРАНИЦИТЕ BREZMEJNO 2016 95’ Германија, Словенијa
Сценарио: Peter Zach Режисер: Peter Zach Снимател: Thomas Plenert Монтажа: Hanna A. W. Slak, Peter Zach Тон: Boris Romih Музика: Jelena Ždrale, Nino De Gleria Продукција: Jana Cisar Filmproduktion Копродукција: Petra Pan Film Production
Синопсис:
Филм за окото што талка, за движењето со начулени уши низ различни временски периоди, пејзажи и јазици. Камерата го придружува Алеш Штегер, најпознатиот словенечки поет, на прошетка покрај границата на неговата татковина: Словенија, Унгарија, Хрватска, Италија и Австрија. Избрана филмографија: „Од боемство врска немам“ (2013) „Филм-ноар“ (2012) „Градот наречен желба“ (2009)
25
ПОД СОНЦЕТО V LUCHAKH SOLNCA 2015 106’
Русија, Латвија, Германија, Чешка, Северна Кореја
Сценарио: Vitaly Mansky Режисер: Vitaly Mansky Снимател: Alexandra Ivanova, Mikhail Gorobchuck Монтажа: Andrej Paperny Тон: Evgeniya Lachina, Anri Krenbergs Музика: Karlis Ausans Продукција: Vertov.Real Cinema Копродукција: Saxonia Entertainment, Hypermarket Film, MDR, Czech TV
Синопсис:
Овој извонреден филм ги следи подготовките на една Севернокорејка за прославата на Денот на сјајната ѕвезда, како што е ширум познат роденденот на поранешниот врховен водач на народот, Ким ЈонгИл. Снимен е во копродукција со Северна Кореја според строго контролирано и одобрено сценарио од тамошниот режим; токму тоа им обезбедува на искусниот режисер Витали Мански и неговата екипа досега невиден пристап во земјата на сонцето што изгрева, позната меѓу нејзините жители и како „најдобрата земја на светот“. Избрана филмографија: „Гасовод“ (2013)/„Гагариновите пионери“ (2005)/„Анатомија на ТАТУ“ (2003) „Скици за љубовта“ (1994)/„Исеченици од друга војна“ (1993)/„Еврејска среќа“ (1991) Избор на фестивали и награди: Award for Best Central and Eastern European Documentary Film - Between the Seas, Jihlava International Documentary Film Festival, Czech Republic (2015)/ Special Jury Award and Jury Award for Best Director, Black Nights International Film Festival, Estonia (2015)/DocPoint – Helsinki Documentary Film Festival, Finland (2016)/DocPoint Tallinn, Estonia (2016)/Dok Leipzig, Germany (2015)/ International Documentary Film Festival Amsterdam, Netherlands (2015)
26
ПОЖАР НА МОРЕ FUOCOAMMARE 2016 108’ Италија, Франција
Сценарио: Gianfranco Rosi Режисер: Gianfranco Rosi Снимател: Gianfranco Rosi Монтажа: Jacopo Quadri Тон: Stefano Grosso Продукција: Stemal Entertainment, 21uno Film, Instituto Luce Cinecittà, Rai Cinema, Les Films d›Ici, ARTE France Cinéma
Синопсис:
Самуеле има 12 години и живее на еден остров во Средоземното Море, далеку од копното. Како и сите момчиња, ни тој не сака многу да оди на училиште. Попрво би се пентерел по карпите на брегот, би си играл со чаталот или би безделничел на пристаништето. Но, неговиот остров не е како другите. Со години, тој е дестинацијата на мажи, жени и деца кои се обидуваат да пристигнат тука од Африка, во трошни бродови недоволно големи да ги зберат сите. Островот Лампедуза стана метафора за бегството на бегалците кон Европа, за надежите, маките и судбината на стотици илјади емигранти. Тие копнеат за мир, слобода и среќа, но неретко на брегот пристигнуваат само нивните тела. Приближувајќи нè до најголемата хуманитарна трагедија на нашето време, филмот без коментари прикажува дека и на толку мал остров е возможно да постојат два паралелни света.
Избрана филмографија: „Светата ГРА“ (2013)/„Сикариецот, соба бр. 164“ (2010)/„Под нивото на морето“ (2008)/„Веслач“ (1993) Избор на фестивали и награди: Golden Bear for Best Film, Berlin International Film Festival, Germany (2016)/New Zealand International Film Festival (2016)
27
СОВРШЕНИОТ КРУГ THE PERFECT CIRCLE 2015 70’ Италија, Словенија, Холандија, Обединетото Кралство
Сценарио: Claudia Tosi Режисер: Claudia Tosi Снимател: Brand Ferro Монтажа: Marco Duretti Тон: Vladimir Rakić, Marco Torrisi Музика: Daniele Rossi, Vladimir Rakić Продукција: Movimenta Копродукција: Cobos Films, Petra Pan Film Production, Miafilm
Синопсис:
Еден маж и една жена ги „фаќаат“ последните зраци на животот во болница за терминално болни во Северна Италија. Сепак, неминовниот крај може накратко да се заборави, како кога ќе замижат и ќе се препуштат на музиката или ќе си приспомнат за празните муабети со либето во градината – бар додека не ги сепне изнесувањето на телата од соседната соба. Ова е филм за две љубовни приказни, испреплетени со поривот да му се даде смисла на животот дури и кога смртта демне зад аголот. Избрана филмографија: „Мостар јунајтед“ (2008) „Лични фрагменти од Босна“ (2004) Избор на фестивали и награди: DocPoint – Helsinki Documentary Film Festival, Finland (2016)/Trieste Film Festival, Italy (2015)/Festival dei Popoli, Italy (2015)
28
СТАНУВАЈЌИ ЗЛАТАН DEN UNGE ZLATAN 2015 96’
Шведска, Холандија, Италија
Сценарио: Jesper Osmund, Fredrik Gertten, Magnus Gertten Режисер: Fredrik Gertten, Magnus Gertten Снимател: Stefan Berg, Fredrik Gertten, Goert Giltay, Caroline Troedsson, Jon Rudberg, Michele Fornasero Монтажа: Jesper Osmund Тон: Davide Favargiotti Музика: Florencia Di Concilio, Marc Lizier Продукција: Margarete Jangård, Lennart Ström Копродукција: Indyca, KeyDocs
Синопсис:
Вешт филмски портрет на шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ преку ретки архивски снимки, од неговите почетоци во ФК „Малме“ во 1999 година преку конфликтните години во ФК „Ајакс Амстердам“ до конечниот пробив со ФК „Јувентус“ во 2005 година. И покрај неговата позната арогантност и агресивност на теренот, но и помалку познатите лични стравови и надворешни притисоци, овој талентиран играч со босанско-хрватско потекло си останува верен на себеси и станува ѕвезда во меѓународниот фудбал. Избрана филмографија: Magnus Gertten: „Секое лице има име“ (2015) „Илјада парчиња“ (2014) „Пристаниште на надежта“ (2011) „Љубов на далечина“ (2008) „Тркалајќи се постојано“ (2005) Избор на фестивали и награди: Edinburgh International Film Festival, Scotland (2016)/Doc.Fest Munich, Germany (2016)/DocPoint – Helsinki Documentary Film Festival, Finland (2016)/International Documentary Film Festival Amsterdam, Netherlands (2015)
29
ШВЕДСКАТА ТЕОРИЈА ЗА ЉУБОВТА THE SWEDISH THEORY OF LOVE 2015 80’
Шведска
Сценарио: Erik Gandini Режисер: Erik Gandini Снимател: Vania Tegamelli, Carl Nilsson Монтажа: Johan Söderberg Продукција: Fasad Cine AB Копродукција: Zentropa Entertainment, Indie Film, Film Väst
Синопсис:
За многумина, нордискиот општествен модел е идеален, врвно достигнување во историјата на човештвото и пример за сите. Но дали е навистина така? Шведскиот иконокласт Ерик Гандини критички и полн љубов зборува за овој дел од светот, најверојатно помалку познат по тажното наследство на банки за сперма, напуштените маала и заборавените покојници, за ова независно и токму затоа идеализирано општество каде што потрагите по исчезнати лица се најверојатно единствената вистинска „заедничка“ активност. Патувајќи низ светот и низ Скандинавија, Гандини повлекува паралели помеѓу ваквиот и други можни начини на живот и го отвора фасцинантното прашање дали немањето грижи е навистина тајната за среќна живејачка. Избрана филмографија: „Видеократија“ (2009) „Гитмо“ (2006) „Вишок“ (2003) „Амероазијци“ (1998) Избор на фестивали и награди: Audience Award, CPH:DOX, Denmark (2015)/Krakow Film Festival, Poland (2016)/ Crossing Europe Film Festival, Austria (2016)/Eurodok, Norway (2016)/DocPoint – Helsinki Documentary Film Festival, Finland (2016)/International Documentary Film Festival Amsterdam, Netherlands (2015)/ZagrebDox, Croatia (2015)
30
МОЈОТ ПРЕВРТЕН СВЕТ MOJ NAROBE SVET 2016 75’ Словенија, Хрватска, Македонија
Сценарио: Petra Seliškar Режисер: Petra Seliškar Снимател: Brand Ferro Монтажа: Dorijan Milovanović, Vladimir Gojun Тон: Vladimir Rakić Музика: Chris Eckman Продукција: Petra Pan Film Production Копродукција: PPFP, Restart
Синопсис:
Направен за да покаже колку е тешко и чисто создавањето уметност, овој музички документарец ги комбинира песните на Јежек испеани во живо од некои од најголемите алтернативни музичари со неговите неверојатни архивски материјали од 60-тите до 80-тите години на минатиот век. Јежек е легендарен словенечки глумец, безвременски автор, неповторлив изведувач; имал публика дури и како затвореник! Поет кој секогаш живеел на работ, а пред сè, мајстор за песни. Сиромав како црковен глушец, како и повеќето уметници од негов калибар, Јежек ги користел иронијата и комедијата за да гребе по површината на реалноста, бидувајќи секогаш на страната на „малиот човек“.
OU
TO
F
CO
M
PE
TI
TI ON
Избрана филмографија: „Мама Европа“ (2013) „Бабички на револуцијата“ (2006) „Турски чај“ (2005)
31
32
33
ЗЕМЈАТА ШТО ЈА ОСВОИВМЕ THE GROUND WE WON 2016 90’
Нов Зеланд
Сценарио: Miriam Smith Режисер: Christopher Pryor Снимател: Christopher Pryor Монтажа: Christopher Pryor Тон: Miriam Smith Музика: David Long Продукција: Miriam Smith
Синопсис:
Вулгарни и другарски расположени, членовите на еден новозеландски рагби тим се фармери кои настојуваат да си надоместат за долгата низа горчливи порази. Соочени со големите обврски околу сточарството и татковството, саботната игра станува центар на нивната пасија, терен каде што тие си докажуваат колку вредат. Со неверојатно привилегиран пристап до светата зона на мажите, филмската камера ги доловува нивните обичаи, разузданоста и пријателството, додека тие си ја враќаат вербата во себе. Избрана филмографија: „Колку е далеку рајот“ (2012) Избор на фестивали и награди: First place Special Jury Prize, FIFO Tahiti (2016)/Semaine de la Critique, Locarno Film Festival, Switzerland (2015)/Melbourne International Film Festival, Australia (2015)/Warsaw Film Festival, Poland (2015)/DocPoint Helsinki, Finland (2016)/ Camden International Film Festival, United Kingdom (2015)/Antenna Doc Festival, Australia (2015)/Montreal World Film Festival, Canada (2015)/Sofia International Film Festival, Bulgaria (2016)/Moscow International Documentary Film Festival, Russia (2016)
34
ЅИДОТ НА СМРТТА И СЕТО ТОА ZID SMRTI, I TAKO TO 2016 61’
Србија, Хрватска
Сценарио: Mladen Kovačević Режисер: Mladen Kovačević Снимател: Pablo Ferro Монтажа: Jelena Maksimović Продукција: Horopter Копродукција: Restart
Синопсис:
Во регион натопен со историја, Бранкица води номадски живот типичен за продавачите на забава и „соништа“. Бестрашно движејќи се по „ѕидот на смртта“ на својот мотор, таа им пркоси на гравитацијата и времето уште од најмали нозе. Тогаш нејзините браќа биле вистински акробатски легенди во поранешна Југославија, а таа – принцеза на Ѕидот. Но славата одамна ја нема, а ги нема ни нејзините браќа. Животот на оваа 43-годишна баба на шест внуци минува бавно меѓу меланхоличните сеќавања и клаустрофобичното буре широко шест метри, додека камерата слика портрет на авантуристи навидум осудени засекогаш да возат или да изумрат. Избрана филмографија: „Анплагд“ (2013) Избор на фестивали и награди: Best Film Award, Best Camera Award, Beldocs, Serbia (2016)/Visions du Réel, Switzerland (2016)
35
ЈОНАС И ЦИРКУСОТ ВО ЗАДНИОТ ДВОР JONAS E O CIRCO SEM LONA 2015 80’
Бразил
Сценарио: Paula Gomes Режисер: Paula Gomes Снимател: Haroldo Borges Монтажа: Andrea Kleinman Тон: Pedro Garcia Музика: Piano 3 Filmes Продукција: Piano 3 Filmes
Синопсис:
Тринаесетгодишниот Јонас е занесен по циркусот во својот двор. Заедно со другарите изведуваат кловновски точки и акробации и го имитираат дури и Мајкл Џексон. Јонас го охрабруваат баба му и публиката составена од возбудените маалски деца. Но мајка му е воздржана – зар се откажа од работата како циркузантка за да заборава сега тој на домашното? Сликајќи го преку поетични кадри контрастот помеѓу безгрижноста среде раззеленетиот двор и безличната училишна атмосфера, филмот ја раскажува приказната за циркусот на едно дете и за авантурата наречена растење. Избрана филмографија: „Занимање: кловн“ (2009) Избор на фестивали и награди: Audience Award, Cinélatino: Toulouse Meetings, France (2016)/DocsBarcelona, Spain (2016)/Doxa Documentary Film Festival, Canada (2016)/International Documentary Festival “It’s All True”, Brasil (2016)/International Documentary Film Festival Amsterdam, Netherlands (2015)
36
МАРТА И НИКИ MARTHA & NIKI 2015 90’
Шведска
Сценарио: Tora Mårtens Режисер: Tora Mårtens Снимател: Erik Vallsten, Senay Berhe Монтажа: Tora Mårtens, Therese Elfström Тон: Red Wood Продукција: Neo Publishing Копродукција: SVT, Kalle Bäccman Production, Stavro Film
Синопсис:
Вооружени со неисцрпна енергија и неверојатен талент, во 2010 година, Швеѓанките Марта и Ники станаа првото женско хип-хоп дуо што некогаш го освоило првото место на најважниот меѓународен натпревар во улично танцување во Париз. Тие обожаваат да играат, да бидат заедно и да патуваат. Арно ама, животот не е само низа од успеси, па нивното другарство постепено се менува. Ќе успеат ли да ги надминат бурните ветришта на адолесценцијата и различното потекло? Избрана филмографија: „Колумбијци“ (2012) Избор на фестивали и награди: Tempo Documentary Award, Tempo Documentary Festival, Sweden (2016)/ DocPoint – Helsinki Documentary Film Festival, Finland (2016)/African Film Festival Inc. (2016)/Nordisk Panorama, Sweden (2016)/International Documentary Film Festival Amsterdam, Netherlands (2015)
37
МИЛОСТА БОЖЈА BOŻA ŁASKA/DROTTINS NÁÐ 2015 43’
Исланд, Полска
Сценарио: Kristján Loðmfjörð Режисер: Kristján Loðmfjörð Снимател: Agnieszka Rayss, Jan Brykczynski Монтажа: Kristján Loðmfjörð Музика: Brynhildur Óladóttir Продукција: Sputnik Photos Копродукција: Lortur Productions
Синопсис:
Филмот се осврнува на сложените односи меѓу луѓето и домашните животни. Тринаесет селани од руралните предели на Исланд ги споделуваат своите приказни за личното искуство со одредено животно, тргнувајќи од длабоко пријателство до низа необични интеракции, од јагнење до колење на стоката. Нарацијата се испреплетува со кадри од бајковитиот пејзаж кои задираат во симболизмот кој им се припишува на животните што му се појавуваат на човекот како визии од задгробниот живот. Избор на фестивали и награди: DMZDocs, South Korea (2016)/CPH:DOX, Denmark (2015)
38
ПАРКОТ ЛЕНИН PARQUE LENIN 2015 75’
Мексико, Куба, Франција
Сценарио: Itziar Leemans, Carlos Mignon Режисер: Itziar Leemans, Carlos Mignon Снимател: Itziar Leemans Монтажа: Raúl Barreras Музика: Ima Miralda Продукција: Nómadas
Синопсис:
Антоан, Јесуан и Карла последен пат биле заедно во забавниот парк „Паркот Ленин“. Смртта на мајка им пред четири години драстично им ги менува животите. Антоан се преселил во Франција за да стане оперски пејач, а Јесуан и Карла останале во Куба со изменети семејни обврски. Елегија за смртта на мајката, миграцијата и тешкотиите при растењето сам. Избор на фестивали и награди: FICUNAM, Mexico (2016)/Visions Du Réel, Switzerland (2015)/Festival De Biarritz América Latina, France (2015)/Festival International De Cine De Morelia, Mexico (2015)
39
РИБИТЕ ИЛ‘ НИЕ RYBACZYMY 2014 58’
Полска
Сценарио: Maciej Glowinski Режисер: Maciej Glowinski Снимател: Maciej Glowinski Монтажа: Maciej Glowinski Тон: Lukasz Chlipala, Pawel Glowinski, Maciej Glowinski Музика: Georges Bizet Продукција: Robert Wyszynski (Hadhead)
Синопсис:
Во селото Пјаски, цели семејства се занимаваат со риболов. Фасцинацијата од морето, животот на море и лумпувањето се пренесуваат од татко на син. Но, понекогаш синот сака да тера по свое, па се наметнува прашањето „рибите ил‘ ние?“ Избрана филмографија: „На екс“ (2010) Избор на фестивали и награди: Doker – Moscow International Documentary Film Festival, Russia (2015)/Audience Award, Gdansk Doc Film Festival, Poland (2014)/East Silver, Jihlava International Documentary Film Festival, Czech Republic (2014)/Ecologico International Film Festival, Italy (2014)/New Generation Award, IFFEST DOCUMENT.ART, Romania (2014)/Audience Award and Best Documentary Award, International Film Festival “The Doors”, Poland (2014)/`International Travelling Film Festival “Voices from the Water”, India (2014)
40
ТУРИЗАМ! TURIZAM! 2016 52’
Хрватска
Сценарио: Tonći Gaćina Режисер: Tonći Gaćina Снимател: Tonći Gaćina Монтажа: Jan Klemsche Музика: Jure Buljević, Bartol Modrić Продукција: ADU – Akademija dramske umjetnosti Zagreb Копродукција: Cine Club Split
Синопсис:
Секое лето, хрватското крајбрежје е преплавено со туристи. Луѓе жедни за забава доаѓаат од целиот свет. Денес, туризмот е најголемиот сектор на хрватската економија, а често се чини дека е и единствениот. Следејќи различни приказни преку внимателно одбрани визуелни фрагменти, филмот ни го прикажува приморскиот живот во лето како производна лента на брза забава, чиј конечен производ е задоволниот турист. Избор на фестивали и награди: ZagrebDox, Croatia (2016)/Visions du Réel, Switzerland (2016)
41
42
Инспирирани од магичната филмска продукција на Русија, годинава ќе патуваме до сибирските селца, до најпознатата академија за руски балерини, кај авангардните градски фаци кои си го наоѓаат мирот во шумите на рускиот север, па сè до Северна Кореја.
РУСКИ СНЕГ Годинешната програма во фокус ќе се прикажува на платото пред Куршумли ан – неговиот преден дел ќе се претвори во северноруска плажа на која ќе се одржуваат проекции на отворено. Во топлите августовски денови во Скопје донесуваме „снег“ од срцето на Русија за да се разладиме со добри руски документарни приказни. 43
АТЛАНТИДА НА РУСКИОТ СЕВЕР АТЛАНТИДА РУССКОГО СЕВЕРА 2015 73’
Русија
Сценарио: Gleb Kuznetsov Режисер: Sofia Gorlenko Снимател: Daniil Salkhov Тон: Sergey Korneev Продукција: Sergey Korneev
Синопсис:
Рускиот север, најоригиналниот пејзаж од културното и историското наследство на Русија, постепено изумира. Единствената дрвена архитектура, селскиот начин на живот, идентитетот, заедницата... Што ќе се случи со овие богатства утре? Можно ли е да заживеат повторно? Избор на фестивали и награди: Pelicam International Film Festival, Romania (2016) The Northern Character, Russia (2015)
44
ВАРИЧЕЛА VARICELLA 2015 26’
Русија, Норвешка, Данска, Шведска
Сценарио: Viktor Kossakovsky Режисер: Viktor Kossakovsky Снимател: Ben Berhard Монтажа: Victor Kossakovsky, Ainara Vera Тон: Sasha Dudarev Музика: Ivan Bessonov Продукција: Sant & Usant Копродукција: Story AB, Final Cut for Real
Синопсис:
Седумгодишната Полина и нејзината тринаесетгодишна сестра Настја живеат за балетот. Учат балет на престижна балетска академија и нема што не би направиле за да станат одлични балерини. Користејќи прекрасно стилизирани кадри и многу малку дијалог, филмот зборува за страста и успехот, за соочувањето со сопствените ограничувања и за танцувањето „со отворена душа“. Најпосле, зборува и за нежниот однос меѓу две сестри кои имаат заеднички сон. Избрана филмографија: „Демонстрација“ (2013)/„Да живеат антиподите!“ (2011)/„Свето“ (2005)/ „Русија од мојот прозорец“ (2003)/„Пст!“ (2002)/„Те сакав“ (2003)/„Среда 19.07.‘61“ (1999)/„Белови“ (1994) Избор на фестивали и награди: DocAviv - Tel Aviv International Documentary Film Festival, Israel (2016)/Eurodok - European Documentary Film Festival, Norway (2016)/ZagrebDox International Documentary Film Festival, Croatia (2016)/Palm Springs International ShortsFest, USA (2016)/Sheffield Doc/Fest - Sheffield International Documentary Festival, UK (2016)/The Norwegian Short Film Festival, Norway (2016)/DOCUMENTARIST - Istanbul Documentary Days, Turkey (2016)/Honorable Mention, International Documentary Film Festival, Netherlands (2015)/DocPoint – Helsinki Documentary Film Festival, Finland (2015)
45
ВО ПОТРАГА ПО СРЕЌА ZA SCHASIEM 2015 70’
Русија
Сценарио: Svetlana Demidova Режисер: Svetlana Demidova, Dmitriy Sidorov Снимател: Dmitriy Sidorov Монтажа: Dmitriy Sidorov Тон: Sergey Sinyk Продукција: NordWestFilm
Синопсис:
Пред речиси триесет години, уметниците Александар и Марина го напуштиле големиот град во потрага по мир, спокој и слобода. Нивниот син Илја расте во егзотичната дивина во подножјето на Кавказ. Сега тој има интернет – единствената врска со надворешниот свет. Односот меѓу нив се чини полн љубов и внимание, но во суштина е драматичен, особено откако незабележливо ќе се наметне прашањето за војната во Украина. Избрана филмографија: Svetlana Demidova & Dmitriy Sidorov „Отворен разговор“ (2011) „Постар за едно лето“ (2009) „Ерата на Попов“ (2005) „Кимжа - остров на слободата“ (2004) „Патеката на Авакум (2004) Избор на фестивали и награди: Pavel Kogan Prize, International Film Festival “Message to Man”, Russia (2015)/ East Silver Market, Jihlava International Documentary Film Festival, Czech Republic (2015)
46
ДВЕ ДЕТСТВА DVA DETSTVA 2015 26’
Русија
Сценарио: Vladimir Golovnev Режисер: Vladimir Golovnev Снимател: Nikita Aniskin, Anastasia Shustova Монтажа: Vladimir Golovnev Музика: De Wolf ltd Продукција: Vladimir Golovnev
Синопсис:
Во 1943 година, во едно село во Свердловската област во Русија се формира дел од Уралскиот доброволен тенковски корпус. Токму ова име го носи училиштето бр. 30. Во 2014 година, учениците се подготвуваат за одбележување на годишнината од победата во Големата патриотска војна. Следејќи ги денешните млади, филмот зборува за менталитетот кој се пренесува веќе 70 години и за темната страна на патриотизмот. Избрана филмографија: „Светилиште“ (2012) „Игра“ (2010) „Завеса“ (2008) „Надвор од овој свет“ (2008) Избор на фестивали и награди: Prize for Best TV Film, Sevastopol International Festival of Documentary Films and TV Programs “Won Together”, Russia (2016)/Doker – Moscow International Documentary Film Festival, Russia (2016)/Krakow Film Festival, Poland (2016)
47
НА РАБОТ NA KRAYU 2014 49’
Русија
Сценарио: Anna Shishova Режисер: Anna Shishova Снимател: Dmitry Bogolubov Монтажа: Anna Shishova Тон: : Alexey Adamenko Музика: Alexey Adamenko Продукција: Center Of National Film
Синопсис:
Еден зимски ден, некој ќе пронајде речиси измрзнат човек во автомобил. Никој не го бара, па локалната христијанска заедница ќе го земе под свое, во центарот којшто се наоѓа на работ на руското гратче. Неговата приказна се разоткрива како што се сменуваат живописните и спокојни зимски пејзажи со кадри од локалниот живот кој со генерации тече во сенка на блискиот голем затвор. Избрана филмографија: „Катја“ (2013) „Тихи Океан“ (2010) Избор на фестивали и награди: Best Documentary, International Human Rights Film Festival, Russia (2015)/ Van Gogh Award, Amsterdam Film Festival, Netherlands (2015)/Special Jury Award, Russian Open Documentary Film Festival “Artdocfest”, Russia (2014)/Best Documentary Film and Best Camera Work, Festival Saint Anna, Russia (2014)/ Special Mention, Flahertiana International Documentary Film Festival, Russia (2015)
48
СИБИРСКАТА ПЛОВЕЧКА БОЛНИЦА ПОСЛАННИКИ БОЛЬШОЙ ЗЕМЛИ 2015 93’
Русија
Сценарио:Tatyana Soboleva Режисер: Tatyana Soboleva Снимател: Dmitry Rakov, Alexey Strelov Монтажа: Olga Petrusevich, Viktoria Neucheva, Tatyana Soboleva Тон: Sorin Apostol Музика: Anton Silaev Продукција: Ethnofund Копродукција: Format TV
Синопсис:
Секоја пролет, специјален брод крстосува низ суровите северни сибирски предели, носејќи лекарска помош во најзафрлените селца. Повеќето членови на лекарскиот екипаж на оваа т.н. „пловечка болница“ се немажени или разведени жени – или не толку среќни, како што ќе рече оториноларингологот Елена, зашто „среќните жени не би заминале толку долго од дома“. Како што Об почнува да замрзнува, завршува исклучително напорната шестмесечна работа во смени, низ непроодни тајги и мочуришта полни мушички... сè до следната пролет кога лекарите повторно тргнуваат на пловидба. Избрана филмографија: „Прошетки без…“ (2011) Избор на фестивали и награди: Flahertiana International Documentary Film Festival, Russia (2015)/Message to Man International Film Festival, Russia (2015)/International Documentary Film Festival Amsterdam, Netherlands (2015)
49
50
КРАТКИ ДОКУМЕНТАРЦИ
51
БАЛАДА ЗА ЖАБИТЕ BALADA DE UM BATRÁQUIO 2016 11’
Португалија
Сценарио: Leonor Teles Режисер: Leonor Teles Снимател: Leonor Teles Монтажа: Leonor Teles Тон: Bernado Theriaga, Joana Niza Braga Продукција: Filipa Reis
Синопсис:
Идејата за филмот лежи во португалската традиција да се ставаат керамички жаби на прагот на рестораните и други слични објекти за да се избркаат Ромите. Ромите и жабите делат нешто заедничко – никогаш не остануваат незабележани. Ткаејќи ги животните околности на Ромите во денешна Португалија, најмладата режисерка со освоена „Златна мечка“ за најдобар краток филм на „Берлиналето“, го свртува вниманието кон растечката тенденција да се користат верувањата и суеверијата како средство за подбив со други луѓе и за да се држат подалеку. Избрана филмографија: „Цигански очи“ (2012) Избор на фестивали и награди: Golden Bear for Short Film, Berlin International Film Festival, Germany (2016)/ Palm Springs International ShortFest, USA (2016)/Firebird Award for Best Short Film, Hong Kong International Film Festival, Japan (2016)/Amnesty International Honorable Mention (2016)/International Independent Film Festival IndieLisboa, Portugal (2016)
52
БОРБАТА НА ЏЕЈМИ JAMEY’S GEVECHT 2014 15’
Холандија
Сценарио: Nynke de Jong, Cecilie Levy Режисер: Denise Janzée Снимател: Christiaan van Duuren, Jacques Laureys, Dario Russo Монтажа: Denise Janzée Тон: Sam Huisman, Jilles Schriel Продукција: Zeefilm
Синопсис:
Шеснаесетгодишниот Џејми е тинејџер како и многу други деца. Весел е, спортува и сака да брка девојки. Но, едно нешто го издвојува од неговите врсници: тој пелтечи. Уште од мали нозе едвај успева да состави реченица. Спортот, пак, никогаш не му претставувал проблем зашто нема многу зборување. Арно ама, сега сака да се запише на спортска академија каде што би требало дури и да предава. Ќе биде ли неговата борба залудна? Избрана филмографија: „Марко: патот назад“ (2014) „Сам на светот“ (2008) Избор на фестивали и награди: The Extraordinary Film Festival, Belgium (2015)/TIFF Kids International Film Festival, Canada (2014)/DOKKINO - Helsinki Documentary Film Festival, Finland (2014)/Netherlands Film Festival (2014)/IndieLisboa, Portugal (2014)
53
ДОЛГИОТ ПАТ THE LENGTH 2014 13’’
Финска, Шпанија
Сценарио: Iván Torres Hdez Режисер: Iván Torres Hdez Снимател: Iván Torres Hdez Монтажа: Iván Torres Hdez, Anna Brufau Тон: Jaakko Katila, Samuel Marna (Deep Shadow Sounds) Музика: Ted Curson Продукција: Mouka Filmi Копродукција: Yle
Синопсис:
Се слуша соло на труба и аплауз додека камерата нè воведува во голема великопоседничка куќа во Хелсинки, каде што веќе заминатата џез-легенда Тед Карсон свири со затворени очи. Вака почнува синеастичкиот портрет на овој брилијантен трубач и композитор – вечен документ за искрените размислувања на еден сребренокос музички мајстор за ерата која изроди вибрантна уметничка форма, а од која единствено плочите ни се трага. Избор на фестивали и награди: Best Short Documentary Award, Ânûû-rû Âboro Film Festival, New Caledonia, France (2015)/ClujShorts – International Short Film Festival, Romania (2016)/ Belgrade Documentary and Short Film Festival, Serbia (2015)/Jihlava International Documentary Film Festival, Czech Republic (2014)
54
КОГА ЌЕ СЕ РАЗБУДИШ WHEN YOU AWAKE 2016 11’
САД
Сценарио: Jay Rosenblatt Режисер: Jay Rosenblatt Архивски истражувања: Lucas Morrison Монтажа: Jay Rosenblatt Продукција: Jay Rosenblatt Films
Синопсис:
Маж и жена подлегнуваат на хипноза и искусуваат поинаква перцепција и реалност. На површина испливуваат слики и сеќавања од заборавени времиња. Како во некоја фантастична новела од дваесеттите, преку хипнозата се слизнуваме во неистражените пејзажи на умот. Навидум заборавените или потиснати желби повторно го прогонуваат телото. Слободните асоцијации меѓу сликите и сеќавањата формираат потполно нова димензија на перцепцијата. Чудно и вознемирувачко патување во кралството на подземниот свет на несвесното. Научна фикција на умот. Избрана филмографија: „Далеку од дома“ (2015)/„Клауструм“ (2014)/„Испитување однатре“ (2012)/ „Возот Д“ (2011)/„Темнината на денот“ (2009)/„Филмски почетник“ (2008)/ „Четири прашања за рабинот“ (2008)/„Фантомски екстремитет“ (2005)/„Порано бев филмаџија“ (2003)/„Човечки остатоци“ (1998)/„Мирисот на запалени мравки“ (1994)/„Задишан“ (1990)/„Мозок во пустината“(1990)/„Сомнеж“ (1981) Избор на фестивали и награди: Visions du Réel, Switzerland (2016)/Hot Docs Film Festival, Canada (2016)/San Francisco International Film Festival, USA (2016)/Krakow Film Festival, Poland (2016)/Sheffield International Documentary Festival, UK (2016)
55
МАЛА ЈУГОСЛАВИЈА KANTON JUGOSLAWIEN 2014 16’
Швајцарија
Сценарио: Nikola Ilić Режисер: Nikola Ilić Снимател: Thomas Gibbons Монтажа: Jovica Radisavljević Тон: Carlos Isabel Музика: Heidi Happy Продукција: Cortha Film
Синопсис:
Топол повеќеслоен портрет на мешовита група луѓе од поранешна Југославија кои емигрирале во Швајцарија во последните 40-ина години. Но дали навистина пристигнале? Иако ги фалат и ценат предностите на животот според швајцарските стандарди, тие и понатаму си ја негуваат традицијата и живеат со копнеж и носталгија во нивниот засебен кантон, наречен кантон Југославија. Избрана филмографија: „Уште еден обичен ден во Египет“ (2015) „На ќошот“ (2013) „Шопски снег“ (2010) Избор на фестивали и награди: Nomination for the Basel Film Award, Switzerland (2014)/Special Mention, South East European Film Festival, USA (2014)/Remi Silver Award, Worldfest-Houston International Film Festival, USA (2014)
56
МОРИОМ MORIOM 2015 12’
Швајцарија
Режисер: Mark Olexa, Francesca Scalisi Снимател: Mark Olexa Монтажа: Francesca Scalisi Тон: Pierre Berset Музика: Olivier Verleye Продукција: Dok Mobile
Синопсис:
Лето, 2014 година. Некаде во рурален Бангладеш, тинејџерка по име Мориом си го трие лицето со четка за заби, а потоа излегува од темна просторија. Нешто не е во ред со неа, но што? Додека зборува со советникот, а камерата ја „гледа“ право в лице, таа признава дека родителите ја измачуваат и ја врзуваат. „Затворете ги“, моли. Но, приказната на нејзините родители е сосема поинаква и е поврзана со голема траума. Во меѓувреме, Мориом живее во својот замислен свет и сонува за одмазда. Избрана филмографија: Mark Olexa „Полуживот во Фукушима“ (2016) „Стратагема“ (2014) „Срцетрес“ (2010) Избор на фестивали и награди: Best Short Documentary, Brooklyn Film Festival, USA (2016)/Palm Springs International ShortFest, USA (2016)/Glasgow Short Film Festival, UK (2016) Tampere Short-Film Festival, Finland (2016)/Thessaloniki Documentary Film Festival, Greece (2016)/Special Mention, Winterthur Kurzfilmtage, Switzerland (2015)/International Documentary Film Festival Amsterdam, Netherlands (2015)
57
НЕШТО ЗА ЖИВОТОТ NEŠTO O ŽIVOTU 2016 30’
Хрватска
Сценарио: Nebojša Slijepčević Режисер: Nebojša Slijepčević Снимател: Nebojša Slijepčević Монтажа: Iva Kraljević Тон: Alena Murar Музика: Ivan Ščapec-Seine Продукција: Vanja Jambrović
Синопсис:
Осум малолетни девојки живеат заедно во последната куќа во едно славонско селце и се обидуваат да си ги изменат животите со помош на чуварите. Тие растат заедно, се грижат за домаќинството и управуваат со имотот. Секоја недела ги посетува професионалниот тапанар Бранко Трајков–Трак кој ги учи да свират тапани. Но, новодојдената 14-годишна Ивана одбива да свири. Зошто? Избрана филмографија: „Гангстер те сака“ (2013) „Машки филм“ (2012) „Шлаканица“ (2009) „За кравите и луѓето“ (2000) Избор на фестивали и награди: Audience Award, Croatian Film Days, Croatia (2016)/Mediterranean Film Festival Split, Croatia (2016)
58
ПРИКАЗНИТЕ НА РАБАСАДА HISTÒRIES DE LA RABASSADA 2015 28’
Шпанија
Сценарио: Ferrán Romeu, Juan González Режисер: Ferrán Romeu Снимател: Víctor Català Монтажа: Anaïs Urraca Тон: Alberto Martínez Музика: Moondog; Eden Ahbez; Robbie Basho Продукција: ESCAC Films
Синопсис:
На патот „Ла Рабасада“ и ден-денес се наоѓа некогашното казино на Барселона. Иако сосема руиниран и обраснат со вегетација, објектот му е привремен дом на светскиот патник од Русија, Андреј, кој ни ги открива остатоците од она за што сонувала каталонската буржоазија во раниот дваесетти век. Избор на фестивали и награди: Vision du Réel, Switzerland (2016)/DocsBarcelona, Spain (2016)
59
УШТЕ ЕДЕН ОБИЧЕН ДЕН ВО ЕГИПЕТ JUST ANOTHER DAY IN EGYPT 2015 11’
Швајцарија, Србија
Сценарио: Nikola Ilić, Corina Schwingruber Ilić Режисер: Nikola Ilić, Corina Schwingruber Ilić Снимател: Nikola Ilić Монтажа: Corina Schwingruber Ilić Тон: Aleksandar Rančić Музика: Moustaphaa Camel Продукција: Cortha Film
Синопсис:
Што остана по Египетската револуција во 2011 година? Па, не многу, освен многумина затворени и разочарани. Откако ја презеде власта со 96,1% од гласовите на изборите во 2014 година, поранешниот началник на армијата, Абдел Фатах ал-Сиси, сега владее со железна тупаница. Животот си минува, а жителите низ каирските улички се трудат да го живеат најдобро што можат, како никогаш претходно да не се случила Арапската пролет. Избрана филмографија: Nikola Ilić „На ќошот“ (2013) „Мала Југославија“ (2013) „Шопски снег“ (2010) Corina Schwingruber Ilić „Багери - Тони страст“ (2011) Избор на фестивали и награди: Nomination for Best Short Film, Swiss Film Award (2016)/Clermont-Ferrand International Short Film Festival, France (2016)/DocuDays, Ukraine (2016)/ Belgrade Film Festival, Serbia (2016)/Subversive Film Festival, Croatia (2016)/ International Film Festival Locarno, Switzerland (2015)/International Short Film Festival, Switzerland (2015)
60
ФИГУРА FIGURA 2015 9’
Полска, Белгија
Сценарио: Katarzyna Gondek Режисер: Katarzyna Gondek Снимател: Jarosław Piekarski Монтажа: Katarzyna Gondek Тон: Katarzyna Szczerba (Studio PUK) Визуелни ефекти: Jarosław Piekarski Графички дизајнер: Andrzej Dobosz Продукција: Katarzyna Gondek, Bekke Films - Ben Vandendaele, Agnieszka Traczewska (Studio Filmowe Largo), Jarosław Piekarski, Katarzyna Szczerba
Синопсис:
Навидум надреална прикаска за создавањето на митовите, за религискиот кич и желбата за големина. Избрана филмографија: „Хосана“ (2013) „Возвишеното“ (2013) „Милош“ (2013) „Градот“ (2011) Избор на фестивали и награди: Special mention, Message to Man International Film Festival, Russia (2015)/ Frappa Award, Festiwal Filmów Frapujących, Poland (2015)/Special mention, Las Palmas International Short Film Festival, Spain (2015)/Best Sound Design Award, NexT Short Film Festival, Romania (2016)/Sundance Film Festival, USA (2016)/ ZagrebDox, Croatia (2016)/Krakow International Film Festival, Poland (2015)/ DocsDF, Mexico (2015)/Uppsala International Short Film Festival, Sweden (2015)
61
62
Некои приказни нè тераат да сонуваме, а некои соништа да раскажуваме. Долгосонуваниот сон на „Македокс“ да ги здружи студентите-раскажувачи од целиот свет најпосле се оствари – годинава имаме нова програма со 23 студентски филмови чии автори, продукции или
СТУДЕНТСКИ ПРИКАЗНИ приказни претставуваат 22 земји: Холандија, Германија, Португалија, Естонија, Турција, Србија, Словенија, Хрватска, Белгија, Индија, Унгарија, Швајцарија, Јапонија, Лесото, Јужноафриканската Република, Романија, Македонија, Молдавија, Австрија, Чешка, Грција и Сирија. 63
Студентската програма ја отвораме со домашниот „Студентс“ на Тамара Котевска, по што студентските приказни ќе продолжат да се раскажуваат во пет слоевити комбинации пред Куршумли ан. Повеќето од овие млади автори ќе бидат со нас. Тие се во фокусот на отворените попладневни предавања на Иика Вехкалахти и на док-муабетите под смоквата кои жуборат секоја фестивалска приквечерина.
АНА, ПЛОШТАД/ANA, TRG 2015 26’
Хрватска
Режисер: Jelena Novaković Продукција: Restart Синопсис: Речиси 40 години, Ана доаѓа пред градската црква на плоштадот за да продава верски календарчиња и бројници – на сонце, на снег, на дожд, во недели и на празници. Редовно прима пензија и не е меѓу најсиромашните – нејзините мотиви се поинакви. Пет метри понатаму, Зорка, нејзината директна конкуренција, држи тезга. Работат според истата бизнис-логика: се трудат да ги задржат муштериите мошне едноставно - со намалување на цените. Иако се во постојан конфликт, тие не можат една без друга ниту, пак, без муабетите, озборувањата и секојдневните градски лица. Симболи на еден микросвет, Ана, Зорка и плоштадот се неразделно трио во овој хумористичен општествен есеј за припаѓањето и пријателството. Избор на фестивали и награди: Best Regional Short Documentary Film, Belgrade Documentary and Short Film Festival, Serbia (2016)/Special Mention of the Jury, Croatian Film Days, Croatia (2016)/Audience Award for Best Croatian Short Film, Mediterranean Film Festival Split, Croatia (2015)/Special Mention in ”10000 Bucks Selection“, Cinema City, Serbia (2015)/Special Mention, Festival Kratkih Kraken Fekk, Slovenia (2015)
64
АРЛЕТ – ХРАБРОСТА Е МУСКУЛ/ARLETTE - MUT IST EIN MUSKEL 2015 84’
Швајцарија, Германија
Режисер: Florian Hoffmann Продукција: Deutsche Film- und Fernsehakademie Berlin GmbH Синопсис: Едно патување од Африка за Берлин се претвора во неочекувано патување од детските во зрелите години. Филмот зборува за 15-годишната Арлет од Централноафриканската Република, која се здобила со тешки повреди за време на последната војна во земјата. Благодарение на непознати германски добротвори кои ги покриле патните трошоци и операцијата, Арлет најпосле се ослободува од болката. За жал, нејзиниот престој во Берлин се одолжува на неопределено поради вестите дека повторно избувнале воени немири во нејзината татковина. Заглавена во Берлин, соочена со културен шок и со предизвиците на пубертетот, таа му приоѓа на новиот свет со страв и носталгија, но и со огромно љубопитство. Ова е долгорочна опсервација на една млада Африканка која е принудена прерано да порасне. Избор на фестивали и награди: DocPoint – Helsinki Documentary Film Festival, Finland (2016)/Visions du Réel, Switzerland (2016)/International Documentary Film Festival Amsterdam, Netherlands (2015)
АРМАНДО ДИЈАЗ ARMANDO DIAZ 2016 3’ Словенија
Режисер: Sandra Jovanovska Продукција: University of Nova Gorica, School of Art Синопсис: Филмот е субјективен портрет на Армандо Дијаз, чие име го носи улицата на која се наоѓа училиштето на авторот. Првично објективниот тон исчезнува пред личното видување на средината која секојдневно нè опкружува.
65
ВТОР КАТ/2.EM 2014 20’
Унгарија
Режисер: Hajni Kis Продукција: University of Theatre and Film Arts of Budapest Синопсис: Интимен поглед во еден дом за стари лица каде што тече и приказната на еден медицински брат кој дава сè од себе за да ги развесели постарите. Продуциран од страна на Универзитетот за драмска и филмска уметност во Будимпешта, овој краток документарен филм зборува за достоинственоста и за последните денови на овој свет – но и за оние кои остануваат по нас. Избор на фестивали и награди: Best Documentary Award, Opavský páv International Student Film Festival, Opava, Czech Republic (2015)/Audience Award, Okiem Młodych International Documentary Film Festival, Poland (2015)/Audience Award, Central and Eastern European Film Festival “CinEast”, Luxembourg (2015)/Grand Prize, Pisek International Student Film Festival Pisek, Czech Republic (2015)
ГАРАЖЕН ИНВЕНТАР GARÁZS INVENTORY 2015 13’
Унгарија
Режисер: Alyx Ayn Arumpac Продукција: Doc Nomads Joint Master Studies Синопсис: Во едно заборавено гратче во северна Унгарија, создадено за време на социјалистичката индустријализација, времето како да застанало. Повеќето жители работат во блиската хемиска фабрика и живеат во редици бетонски згради. По работа, едни спортуваат или пешачат околу вештачкото езеро, други одат во пабовите. Трети, пак, се повлекуваат во своите гаражи. Полни приказни и тајни, овие гаражи станале своевидни симболи на суптилен бунт против монотонијата на повторливото секојдневје, против колективната помиреност што трепери во воздухот. Избор на фестивали и награди: Clermont-Ferrand International Short Film Festival, France (2016)/Uppsala International Short Film Festival, Sweden (2015)/Short Film Festival Winterthur, Switzerland (2015)
66
ЗЛАТНИТЕ РИПКИ ПОДОБРО ПЛИВААТ ПОД ДОЖД/GOLDFISH SWIM BETTER UNDER THE RAIN 2015 7’
Португалија
Режисер: Cristina Hanes, Nevena Desivojević Продукција: Doc Nomads Joint Master Studies Синопсис: Извонредна попладневна комуникација меѓу природата, животните и луѓето во една од скриените градини на Лисабон
ЗЛОБНАТА КАМЕРА MEAN CAMERA 2015 5’
Македонија
Режисер: Ana Aleksovska Продукција: The University of Audiovisual Arts, European Film Academy, ESRA – Skopje Синопсис: Искривените прозорци и дебелите огради се наметнуваат како главни ликови во приказната, а предупредуваат за вечниот и растечки јаз меѓу луѓето. Дали ќе ги скршиш пречките или ќе останеш скриен зависи само од тебе.
67
ИРЕНА/IRENE IRENE 2015 9’
Унгарија
Режисер: Otilia Babara Продукција: Doc Nomads Joint Master Studies Синопсис: Ирена живее на село со децата и внуците. За да ги издржува, секој ден патува за Будимпешта каде што им продава домашно направени торти на минувачите. Во време на брзаници, Ирена им дава на луѓето можност да „вкусат“ малку поедноставен начин на живеење. Избор на фестивали и награди: Chennai International Short Film Festival, India (2016)/Grandmother International Film Festival, Rotterdam (2016)/Festival Internacional de Cine y Audiovisual Infantil y Juvenil, FICAIJ, Venezuela (2016)/Concordia Film Festival, Canada (2016)/ Human District, Serbia (2016)/Kranjevski Film Festival, Serbia (2015)/International Student Film Festival “New Wave”, Bulgaria (2015)
КУЌАТА НА КВИНА CASA DA QUINA 2015 9’
Португалија
Режисер: Arya Rothe Продукција: Doc Nomads Joint Master Studies Синопсис: Филмска скица на карактерот на Квина, која веќе две децении оди во еден ист бар во Лисабон зашто верува дека токму тоа место е лекот за нејзината осаменост. Избор на фестивали и награди: Filmadrid, Spain (2016) / IAWRT, India {2016) / DocLisboa, Portugal (2015)
68
МОЈАТА СИЛИКОНСКА ЉУБОВ/MY SILICONE LOVE 2015 27’
Холандија
Режисер: Sophie Dros Продукција: The Netherlands Film Academy Синопсис: Еверард отсекогаш живеел во истата куќа, а откако починала мајка му, тој ништо не преуредил. Ама и не е толку сам: друштво му прават тринаесет кукли во природна големина. Секојдневно им зборува и ги облекува, води љубов со нив и ги сака како да се вистински. Навистина е среќен во својот измислен свет? Не копнее ли по вистинска жена? Дали стравот од промена е толку голем? Избор на фестивали и награди: International Documentary Film Festival Amsterdam (IDFA), Netherlands (2016) Netherlands Film Festival, Netherlands (2016) Best Short Documentary Film Award at Student Film Festival Filmuniversity Babalesberg, Germany (2016)
НАНА/NANA 2015 39’ Грција
Режисер: Lara Christen Продукција: Film School Department of the Aristotle University of Thessaloniki Синопсис: Филмски портрет на една седумдесетгодишна транссексуалка која живее во Солун. Преку комбинација од нарација, опсервација и архивски снимки, камерата ни го доближува нејзиниот разнобоен живот, но и секојдневјето полно предизвици со кои се соочуваат транссексуалните и трансродовите лица во грчката реалност. Избор на фестивали и награди: Berlin Filmfestival “Globale”, Germany (2016)/Thessaloniki Documentary Festival, Greece (2015)
69
НУЛТА ГРАВИТАЦИЈА SCHWERELOS 2016 9’ Австрија
Режисер: Jannis Lenz Продукција: Film Academy Vienna Синопсис: Благодарение на оваа фасцинантна и речиси танцова уметничка форма на движење, младите од целиот свет буквално ги надминуваат ѕидовите и пречките пред себе. Оригинално измислена во париското предградие, паркурот ја задоволува потребата за бестежинска состојба во големиот град кој постепено се смалува. Контролата на телото подразбира вешто изведени движења кои применети во урбаниот простор речиси секогаш наликуваат на бегство. Најпосле, ваквите практики на користење на јавниот простор претставуваат критика против неговите херметички контролни структури. Избор на фестивали и награди: Tampere Film Festival, Finland (2016)/Oakland International Film Festival, USA (2016)/Nashville Film Festival, USA (2016)/DOK.fest München, Germany (2016)/ VIS - Vienna Independent Shorts, Austria (2016)/Palm Springs International Shortfest, USA (2016)
ПАЗАР/YAAR 2014 19’
Белгија
Режисер: Simon Gillard Продукција: INSAS Синопсис: Втор во трилогијата на Гијар, овој филм е елегија на бои, звуци и движења. Ни открива речиси непозната цивилизација во длабоката шума на Буркина Фасо, која неуморно се труди подземјето да ја најде својата иднина – во универзум којшто свети во бојата на златото. Избор на фестивали и награди: Best Documentary Short Film Award and Best Ethno-Anthropological Film Award, Festival dei Popoli, Italy (2014)/Brussels Short Film Festival, Belgium (2016)/ Millenium International Documentary Film Festival, Belgium (2015)/Poitiers Film Festival, France (2015)
70
ПИСМА ДО С./LETTERS TO S. 2015 12’
Швајцарија
Режисер: Layla Abyad Продукција: Zurich University of the Arts ZHdK Синопсис: Пет познати режисери од Сирија, Палестина, Израел, Украина и Русија беа поканети во Винтертхур на петнеделен престоj. Заедно со швајцарски студенти по филм, тие снимија краток документарен филм на тема „егзил“. Филмот е составен од 5 епизоди, односно пет лични, трогателни, а сепак провокативни гледишта за Швајцарија (во периодот на изборите). „Писма до С“ е едно од нив. Избор на фестивали и награди: Glasgow Short Film Festival, Scotland (2016)/Filmfest Dresden, Germany (2016)/ International Short Film Days, Winterthur, Germany (2015)
ПРИКАЗНА/ÇIROK 2014 13’ Турција
Режисер: Muhammet Beyazdağ Продукција: Radio, Television and Cinema Department at Akdeniz University Синопсис: Приказна за приказните што обично не ги раскажуваат самите протагонисти, туку речиси секогаш некои други. Приказна за 14 и 15-годишни неискусни момчиња кои стануваат татковци, сопрузи и глава на семејството пред да бидат деца. Документарец кој отвора затворени врати и фрла поглед на детските бракови од перспективата на децата-младоженци. Избор на фестивали и награди: Third Prize in Professional Category, TRT Documentary Film Festival, Turkey (2015)/ Third Prize in Audience Votes, Istanbul International Independent Films Festival, Turkey (2015)/Boston Turkish Festival “Colors of Anatolia”, USA (2015)/Best Documentary Award, Istanbul Short Film Festival, Turkey (2014)
71
РИНГИШПИЛ/RINGIŠPIL 2015 15’
Србија
Режисер: Luka Popadić Продукција: International Student Film Camp «Interaction 2015» Синопсис: Филмот го следи српскиот женски хор „Распени пожежанки“, група постари жени полни ентузијазам и живот. Преку поетски кадри, зачинети со многу хумор, дознаваме кои се нивните ставови за љубовта и радоста, но и за ефемерноста на животот. Избор на фестивали и награди: Küstendorf International Film & Music Festival, Drvengrad, Serbia (2016)/Best Cinematography Award, Küstendorf International Film & Music Festival, Belgrade, Serbia (2015)
СМЕА/SMEH 2015 10’ Словенија
Режисер: August Adrian Braatz Продукција: University of Ljubljana - Academy of Theatre, Radio, Film and Television Синопсис: Филмот фрла краток поглед во секојдневјето на петте „академии на смеата“ – здравјето, образованието, добросостојбата, убавината и финансиите. Академии на смеата се местата каде што се појавуваат главните ликови – возраста им е различна, а смеата заедничка. Секој од нив доаѓа од различен контекст, па со смеата се справува на свој начин. Избор на фестивали и награди: DocuTIFF, Tirana, Albania (2016)/South London Shorts, United Kingdom (2016)/ CineYouth - Chicago Film Festival, USA (2016)/Roma Cinema Doc, Italy (2016)
72
СОГОЛУВАЊЕ/STRIP 2015 10’
Чешка Република
Режисер: Kateřina Turečková Продукција: Film and TV School of Academy of Performing Arts (FAMU) Синопсис: Стилизирана документарна реконструкција на интимната приказна на две девојки. Едната работи како стриптизета, а на другата тоа и пречи. Низ кадри снимени на 16-милиметарски црно-бел филм, оваа минијатурна лична приказна зборува за границите на интимноста. Избор на фестивали и награди: Queer Eye Festival, Czech Republic (2016)/One World Film Festival, Czech Republic (2015)/Jihlava International Documentary Film Festival, Czech Republic (2015)
СОЗРЕВАЊЕ/COMING OF AGE 2015 63’
Лесото, Јужна Африка, Германија
Режисер: Teboho Edkins Продукција: Deutsche Film- und Fernsehakademie Berlin GmbH Синопсис: Камерата не следи ниту некакваси голема приказна, ниту некакваси криза, туку четворица обични тинејџери кои растат длабоко во јужноафриканските планини на Лесото. Тие се на прагот на адолесценцијата. Тука рано се одбира патот по кој ќе се оди во животот. Оние коишто ќе одберат да го напуштат селското училиште за да тераат овци никогаш нема да прават ништо друго. Оние, пак, што ќе одберат да го напуштат селото за да одат во средно училиште можеби никогаш нема да се вратат. На конец висат и големите пријателства и семејните обврски и традицијата. Впечатливиот снимателски пристап ни ги открива нескротената убавина на овој јалов крајолик и тамошниот само навидум едноставен живот. Избор на фестивали и награди: International Documentary Film Festival Amsterdam, Netherlands (2015)/Berlin International Film Festival, Germany (2015)/Festival International Jean Rouch, France (2015)/Cineuropa, Belgium (2015)
73
СТУДАНТС/STUDANTS 2016 50’
Македонија
Режисер: Tamara Kotevska Продукција: Faculty of Dramatic Arts - Skopje Синопсис: Што се случува кога природниот хабитат на одреден вид мравки е загрозен? Очекувано, тие тргнуваат во потрага по нов, подобар. Постои еден таков вид во југоисточните делови на Европа, познат како студенти, а филмот е „експеримент“ кој настојува да покаже што се случува кога овие „мравки“ го напуштаат домот за да најдат подобар, некаде во САД. Ги следиме приказните на тројца амбициозни студенти од Македонија кои учат како да преживеат во новиот хабитат, сосема различен од претходниот. Навистина ли е новиот дом подобар?
УКРАС НА СВЕТОТ UKRAS SVETA 2015 14’ Србија
Режисер: Stefan Krasić Продукција: International Student Film Camp «Interaction 2015» Синопсис: Филмски мозаик од кадри од безгрижното секојдневjе на два пара златокоси близнаци кои мирно растат на село, во раззеленетата Шумадија, опкружени со љубовта и грижата на своите родители и дедо им. Филм кој преку детската смеа и игра на отворено нè враќа во детството, кога сè ни се чини поедноставно и поубаво. Избор на фестивали и награди: Golden Plaque of Belgrade for Best Serbian Short Documentary Film, Belgrade Festival of Documentary and Short Film, Serbia (2016)
74
ЧОВЕКОТ ОД САМАРИЈА SAMAARIA MEES 2016 26’ Естонија
Режисер: Maria Aua Продукција: Tallinn University, Baltic Film, Media, Arts and Communication School Синопсис: Кратка приказна за бездомни мажи кои наоѓаат прибежиште во христијанскиот центар за рехабилитација наречен „Самарија“. Секој од нив, па дури и свештеникот кој го предводи центарот, има темно минато – некои од нив биле во затвор, други, пак, носеле поинакво животно бреме. Пред многу години, во затвор бил и самиот свештеник, но успеал да се извлече од длабоката внатрешна криза со помош на верата. Сега, тој татковски се грижи за другите, надевајќи се дека ќе го надминат стравот од предрасуди и осуда и ќе ја најдат својата слобода.
ШТО ОСТАНУВА ОД ЅИДОВИТЕ KNH (KABE NO HOKORI) 2014 11’
Швајцарија
Режисер: Julie Sando Продукција: University of Art and Design - Geneva Синопсис: Во планините во Нара, една запуштена куќа само што не се срушила. А во неа и понатаму живеат спомените на едно семејство. Откако куќата ќе падне, кој ќе се сеќава на приказните закопани под урнатините? Избор на фестивали и награди: Taiwan Documentary Film Festival (2015)/Sapporo International Short Film Festival and Market, Japan (2015)/Les Inattendus Film Festival, France (2015)/Nara International Film Festival, Japan (2014)
75
ДА ЉУБИШ ЗНАЧИ ДА ЖИВЕЕШ/TO LOVE IS TO LIVE 2016 7’
Босна и Херцеговина, Македонија, Косово
Режисер: Aleksandra Aleksovska, Venesa Mušović Продукција: ACTive Creative Documentary Film School Синопсис: Душко и Данче живеат во Крушево. Овој филм е портрет за нивниот заеднички живот, за трагите што љубовта ги оставила низ годините, за енергијата, искреноста и желбата за живот што ја делат – емоции коишто зборуваат за нив онолку колку што би зборувале и тие самите.
КАТРАН НА ПРСТИТЕ TAR ON FINGERS 2016 16’
Босна и Херцеговина, Македонија, Косово
Режисер: Emina Adilović, Branko Avramovski Продукција: ACTive Creative Documentary Film School Синопсис: На прв поглед, ова е филм за тутунот. Како што тутунот се обработува, така занаетот постепено избледува и им отстапува простор на луѓето на кои тутунот им значи живот.
ПРЕПЕЛКАЊЕ/FLUTTER 2016 10’
Босна и Херцеговина, Македонија, Косово
Режисер: Norika Sefa Продукција: ACTive Creative Documentary Film School
OU F
TO
Синопсис: Камерата снима луѓе кои живеат во град заграден со камени ѕидови. Како што времето си тече, така обичните секојдневни движења низ градот создаваат игрив ритам кој како да ја задева неговата сталоженост.
N
O TI TI
PE
M
CO 76
ПУСТА РЕКА/PUSTA RЕКА 2016 33’
Босна и Херцеговина, Македонија, Косово
Режисер: Darko Nabakov, Lejla Šubo Продукција: ACTive Creative Documentary Film School Синопсис: Лутајќи низ бескрајни пејзажи и скршнувајќи од патот по кој врват животните и луѓето, камерата ни „испраќа“ аудиовизуелна разгледница од едно мирно место каде што е сосема доволно она што очите го гледаат.
СПОМЕНИК/THE MONUMENT 2016 18’
Босна и Херцеговина, Македонија, Косово
Режисер: Enes Begovski, Jon Dujaka, Nevena Jovanović Продукција: ACTive Creative Documentary Film School Синопсис: Истражувајќи го „Македониумот“ низ звуци и кадри, филмот се занимава со просторот – ослободен од историја.
ТУПАНИЦА ОД СЕЌАВАЊА A FIST OF MEMORY 2016 22’
Босна и Херцеговина, Македонија, Косово
Режисер: Aid Bešić, Shqipdona Ademaj Продукција: ACTive Creative Documentary Film School
OU
TO
F
CO
M
PE
TI
TI ON
Синопсис: Димитри трескавично ги бара и повремено ги пее спомените. Го следи „тупаница од сеќавања“ додека си приспомнува за својата најголема љубов, за минатото на своето семејство, за среќата и малерот што го следеле низ животот, сега сите собрани во фото-албумите, полни со луѓе кои повеќе не постојат.
77
78
МАКЕДОКС + 79
РАСКАЖУВАЧИТЕ РАСКАЖУВААТ Датум: 22-25.08.2016 г. Место: Чифте амам Време: 15.00-17.00 ч. Прелетуваат планини, крилја не им требаат. Преминуваат граници, пасош немаат. Развеселуваат, поучуваат, даваат надеж, вознемируваат. И најважно од сè, остануваат. Затоа што секогаш се наоѓа некој да ги раскаже и некој да ги запомни, еден да ги запише, друг да ги пренесе... И така живеат приказните. За годинешниот „Македокс“, Иика Вехкалахти од Финска осмисли серија мастер-класови - приказни „сечени, лепени и монтирани“ – по свој драматуршки рецепт. По едно предание за секој фестивалски ден. Предавањата ќе бидат отворени за сите заинтересирани раскажувачи, а особено за режисерите и студентите по филмска уметност. Искуството, вредностите, начинот на кој филмовите заведуваат, грешките, изборите и начинот на гледање филмови се т.н. филмски гревови за кои тој ќе раскажува заедно со режисерите Магнус Гертен (Шведска), Петра Селишкар (Словенија), Клаудија Тоси (Италија), Дон Едкинс (Јужна Африка), Лена Пасанен (Финска), Стефано Теалди (Италија), Татјана Соболева (Русија) и Андреас Јонсен (Данска). Секој од нив ќе ни го пренесе својот начин на раскажување, доближувајќи ја својата најнова приказна, дел од годинешната програма на „Македокс“. Кој е Иика Вехкалахти? Иика е извршен продуцент во „Осмели се да сонуваш - Азија“ и компанијата „Раф кат“ која им дава онлајн поддршка на авторите на креативни документарни филмови во последната етапа од продукцијата. Неговата компанија „ИВ филмс“ продуцира и обезбедува менторство за документарни филмови. Како продуцент
80
работел и во Финскиот јавен радиодифузен сервис „Иле“. Неодамна ја доби наградата „Док могул“ која им се доделува на поединци коишто во текот на својата кариера дале суштински придонес за креативната виталност на документарната индустрија. Приказната на Иика Што е раскажувањето за тебе? - Татко ми беше голем раскажувач на приказни. Толку голем што комшиите му носеа шише бренди само за да го слушаат. Па макар повторно раскажувал како oтепал два лоса со еден куршум... Оттаму, мојата вештина во драматургијата е заснована во голем дел на начинот на кој раскажуваше татко ми. Како креативната документаристика стана дел од твојата приказна? - Како младо момче, гледав ТВ-документарни филмови од Бразил и Латинска Америка и некои одлични филмови како „Насмеаниот човек“. Отсекогаш сонував да станам писател. Семејството ми беше сиромашно, па си мислев дека правењето филмови е резервирано само за богатите. Како студент, во време на „револуциите на умот“, добив можност да ги режирам своите први два документарни филма... И така „Чекори по чекори“... (инаку, тоа е насловот на книгата за раскажувањето и продуцирањето документарни филмови што ја напишавме заедно со Дон Едкинс). Дали си слушнал некоја приказна за Скопје? Што очекуваш да видиш, чуеш и почувствуваш кај нас? - Да гуглам? Не, не сум слушнал никаква приказна за Скопје. За „Македокс“, да. Која приказна би сакал да ја раскажеш? - Зошто човекот станува алчен? Зошто и како идеализмот толку често се претвора во зло? Или оваа: eднаш одамна, со еден пријател бев во Индија, во центарот на Делхи. Нè следеше едно најверојатно 12-годишно момче кое бараше да ни ги светне чевлите. „Полирам чевли“, повторуваше одејќи по нас сè додека мојот пријател не му се сврте и не му рече нетрпеливо: „Еве, земи“ и му подаде банкнота од 10 рупии. Тогаш момчето облечено во изветвени нечисти алишта нè погледна и одврати: „Господине, јас не просам, јас работам“. Се сврте и си замина, оставајќи нè да стоиме...
81
РАБОТИЛНИЦА ЗА УМЕТНОСТА НА РАСКАЖУВАЊЕТО Датум: 21-24.08.2016 г. Место: Музеј на современа уметност Време: 18.00-21.00 ч. Добро раскажаните приказни се моќни приказни. Прават да се чувствуваме посебно, дури и почестено - во најмала рака, задоволно што навидум случајно сме се нашле во друштво на раскажувачот. И после не само што не ги забораваме, туку најверојатно затоа и ги прераскажуваме. Е, арно ама, приказните за уметноста на раскажувањето не се слушаат секој ден. А би требало зашто без вешто раскажување, добра приказна нема. Не ни сакаме да помислиме какво место би бил светот ако добрите приказни ги снема. Особено музичките.
82
Го знаеме како Пикисипи или диџеј Димитри од Чаир. Го памтиме по култните „Чиста околина“ и „САФ“. А годинава ќе го запознаеме како ментор и предавач на работилницата за уметноста на раскажувањето во хип-хопот. Овој четиридневен „празник за ушите“ ќе собере на едно место некои од најреномираните македонски хип-хоп артисти кои преку сопствените творечки искуства во рапувањето, продукцијата и скречувањето, брејкденсот и графитите, ќе се обидат да го демистифицираат креативниот процес како феномен и да понудат формула за тоа како се станува квалитетен наратор во конкретниот елемент на хип-хопот. Најверојатно ретка можност да се слушнат од прва рака приказните за почетоците кога „ич не било кул да се биде рапер“, за инспирацијата, за начините на работа и раскажување на Тониjо Сан („Грин аут“), Блажеј Атанасовски (Str2), диџеј Страјк (Str2), диџеј Гоце (САФ), диџеј Ву Ди (Словенија), Борис Тасковски (Beatrix Crew), Нак 47... Работилницата е отворена за сите коишто сакаат да прераскажуваат приказни, особено музички.
83
СТОРИВУД Датум: 21-25.08.2016 г. Место: во и околу Куршумли ан Време: 11.00-13.00 ч. и 15.00-17.00 ч.
Работилница за деца и млади по години или дух Минатата година се случи чудо на завршниот концерт од музичката работилница за деца, кога самите изработуваа инструменти од овошја и зеленчуци. Од спонтаната какофонија полека почна да се наѕира смислена структура која во еден момент успеа да направи времето да застане во некоја утописко-креативна џунгла каде што радоста и играта се основните принципи. Случајни минувачи доаѓаа привлечени од чудото, подзинати. Ритамот на детските срца низ спонтаната радост на творењето, претворен во една музичка приказна одекна вон дебелите ѕидови на стариот ан. На сите присутни ни ги истера мислите, ни ги исправи телата. Нè застана и ни го покажа чудото на создавањето. Оваа година, на неколку акупунктурни точки во градот ќе отвораме, затвораме и ќе иницираме приказни и вештини за градење и истражување низ игри, забава и приказни со деца и млади по години или дух. Ќе ги замолиме да нè поттикнат и да ни укажат ако некако можеме да им помогнеме да ни го покажат светот во неговата повеќеслојна содржина, во неговите многузначни приказни. Дали еден камен е само камен, дали планината е само куп камења... Може ли реката да раскажува приказни? Секако дека може, па ќе ги замолиме да ни покажат и да ни кажат кој го има клучот на приказната раскажувачот или слушателот?
84
ДОК-МУАБЕТИ ПОД СМОКВАТА Под нејзината сенка устите се разборуваат, ушите се начулуваат... Раскажувачите и слушателите на приказни си доаѓаат и одат, но еден човек ги слуша сите док-муабети. Се вика Иван, го викаме Братац. Па, го прашав: Ти и „Македокс“ – која е вашата приказна? -
Почна другарски, а сега е веќе фамилијарна.
Навистина ли е смоквата магична? Што правиш ти под неа? - Смоквата е магична колку и луѓето кои седат под неа, заедно со својата потреба и спремност да се соголат. Мојата задача како тонски снимател е многу проста – да ги снимам разговорите, а како човек нешто потешка: да си ги смирам страстите, предубедувањата и предрасудите и да се обидам да слушнам за што навистина се зборува. Забавно, нели? * * * Под нејзината сенка стивнуваат градската врева и горештините, а ко кромид на загреано масло зашиштуваат док-муабетите. Дојдете да уживаме. Убавото може и да трае.
А ако веќе сте под некоја друга сенка, не берете гајле. Док-муабетите наскоро ќе можете и да ги слушате и читате во книгата за приказните на смоквата, која уште од сега се крчка на тивко.
85
НОЌНИ ПРИКАЗНИ Музички, неповторливи, ноќни, приказни што нè оставаат во занес и без сон, приказни што нè „лупат“ ко кромид. Секоја вечер на отворено.
Од седумте ноќни приказни, првата ќе ја раскаже Крис Екман, композитор, вокалист, гитарист, музички продуцент и еден од основачите на американскиот рок-бенд „Д’ Вокабаутс“ од Сиетл. Денес живее во Љубљана и работи како продуцент во својата „Глитрбит рекордс“, настапува соло и со други познати музички имиња и создава филмска музика – негова е онаа за „Мојот превртен свет“ на Петра Селишкар, со кој ќе го отвориме годинешниот „МакеДокс“.
Последната ноќна приказна ќе ни ја раскажат „Черкези оркестар“ и Корина Швингрубер Илиќ.
86
„Черкези оркестар“ е музичка група чиј репертоар е најразновиден - изворни македонски мелодии, народни ромски, авторски композиции, па дури и парчиња музика од Чарли Мингус и Ерик Сати. Најдобриот опис на оваа музика веројатно лежи во зборовите на Дјук Елингтон – „музика за секакви луѓе“, бидејќи таа истовремено допира до музичките елитисти, лабавите рокери, забеганите технаџии и малите деца. Кога човек ги слуша „Черкези оркестар“, не знае дали да пее, да се смее или да откачи од играње! Последното е секако загарантирано затоа обујте си чевли за танцување и дојдете на „МакеДокс“!
Корина Швингрубер Илиќ е од Швајцарија. Од 2010 е активна филмска авторка која се занимава со филмска монтажа и режија. Годинава, нејзиниот краток документарен филм „Уште еден обичен ден во Египет“ ќе биде прикажан на „МакеДокс“. Кога ќе се најде близу подиумот, се претвора во „The Party Tiger“ и прави луди журки со хитчиња од минатиот век. Нејзиниот диџеј настап е откачен спој на жанрови и танци - од романтични италијански „стискавци“ до американски брејкденс, од свинг ритам од 30-тите до диско музика од 80-тите, па треш од 90-тите! Дојди, денсај и претвори се во Party Tiger!
Не пропуштајте ги и другите ноќни музички приказни - за да сонувате, не мора да спиете.
87
88
ФОТО-ИЗЛОЖБА “ПАТУВАЊАТА НА МАГАРЕНЦЕТО НА МАКЕДОКС” Патувачкото кино на „Македокс“ веќе прерасна во бренд. Секое лето во друг регион од Македонија раскажува различни филмски приказни... Но, истовремено ги слуша и бележи приказните на мештаните.
Изложбата претставува колаж од стопирани мигови или, ако сакате, фотографии од амбиентите и луѓето со нивните приказни забележани од апаратите на нашето Магарешко патувачко кино.
89
СЛОЕВИТЕ НА МАКЕДОКС ПАТУВАЧКО КИНО Приказните се за раскажување, а магијата за чувствување. Особено ако е филмска. Ете зошто го смисливме и Патувачкото кино. И еве, веќе седма година по ред, постојки му се гратчиња и селца незагадени од стрес и брзаници, местенца каде што животот се чини поедноставен. Но, реално, кога бил едноставен? И кога бил сложен?
И додека на патувачкото платно врват документарните, околу него ко река жуборат приказните на мештаните. Човек треба само да се вслуша. Едночудо срдечност и досетки, понекоја лекција за животот, па и навидум непријатно молчење и застаклени очи – чиниш, не сакаат да останат покусо. Затоа насмевка нè огрева секојпат кога ќе си спомнеме за бабичките од Берово, духот Пајо од Сливница, за варењето грав во Велмеј и локалниот воденичар, за капењето во валајца, за шумата под Пелистер што знае да зборува, за Тарзан од Волино, ѓомлезето во Дебр’ца, за Танас од Езерани и гајбите пиво што срамота е да останат неиспиени, за чичко Ѓорѓија и коњчето му Чиљо без кое никаде не оди, за к’носаната бабичка од Чалакли, за слаткото од смокви од Пирава... Ехеееј, крај немаат ваквите доживувања, а зборовите знаат дека се одвишни, па стивнуваат пред убавината на животот лете... во соработка со:
90
ЕДУКАЦИЈА СО МАКЕДОКС Затоа што нè пленат идеите за неформално образование, а искрените детски очи уште повеќе. Затоа што веруваме дека училница може да биде и белото платно и зелената табла, а филмот – фантастична лекција. Затоа што документарниот пејзаж е поубав кога е регионален. Затоа што документарниот универзум треба да се истражува, светогледот да се шири, а сетилото за убаво да се буди и негува.
„МакеДокс“ во кино Со „Македокс во кино“ досега споделивме 75 извонредни документарни приказни со приближно 15.000 ученици од основните училишта во Скопје.
во соработка со:
„МакеДокс во училница“ го воведе документарниот филм во
формалното образование. Со помош на Националната фондација за демократија (НЕД), издадовме комплет од десет филмови и прирачник за наставници во средните училишта во Македонија. Досега го применуваат вкупно 122 обучени наставници по социологија и граѓанско образование во 62 средни училишта во 25 градови во Македонија. А годинава им подготвуваме нов прирачник со уште десет нови документарни приказни! во соработка со:
„Ние сме визуелни! Едукација и визуелизација на човековите права“ е приказна во два дела. Во првиот нè
интересираше како да ги доближиме филмовите до наставниците и учениците на возраст од 12 до 16 години, па со поддршка од Извршната агенција за едукација, аудиовизуелни уметности и култура на Европската Унија (ЕАЦЕА) публикувавме комплет од 12 документарни филмови и прирачник за работа со нив во формалното и неформалното образование. Годинава го почнуваме вториот дел од оваа приказна: обука на 140 едукатори од целата земја и следење на текот на приказната во училниците, низ семинарите, на камповите.
во соработка со:
Европската Унија финансиран од Проектот е
91
Младинските филмски клубови е приказна која секој месец
ја раскажуваме заедно со Младинскиот образовен форум. Дванаесет пати годишно, во Скопје, Битола, Ресен, Дебар, Гевгелија, Куманово, Велес, Кичево, Неготино, Струга, Тетово и Кратово никнуваат мали киносали и пространи форуми за муабет - па младешките хоризонти се растегнуваат, а цврстите ставови омекнуваат ко сечкан кромид во загреано тавче. во соработка со:
„АКТив“ е регионална школа за креативен документарен филм за младите од Босна и Херцеговина, Косово, Македонија и Србија. Од оваа фантастична приказна која досега двапати ја раскажавме заедно со босанскиот „Право људски“ и косовскиот „ДокуФест“ изртија 11 кратки документарни филмови потпишани од 30 АКТивци. Третото продолжение ќе се одржи во април 2017 година. во соработка со:
Дистрибуција Најубавите документарни приказни заслужуваат да патуваат, а доку-публиката заслужува да ги слушне. Затоа, заедно со „Рестарт“ (Хрватска), „Слободна зона“ и „Делта видео“ (Србија), „ДокуФест“ (Косово), „Андерхил фест“ (Црна Гора), „Демиург“ и „Петра Пан“ (Словенија) ја создадовме Балканската документарна дистрибутивна мрежа (БДДМ). Состојките за оваа своевидна балканска турлитава со кромид можете да ги најдете на http://balkandocumentary.net/. Не заборавајте да читнете и за „Докувизија“!
92
ИНДЕКС НА ФИЛМОВИ A
З
Н
СОГОЛУВАЊЕ 73
АНА, ПЛОШТАД 64
ЗЕМЈАТА ШТО ЈА ОСВОИВМЕ 34
НА РАБОТ 48
СОЗРЕВАЊЕ 73
ЗЛАТНИТЕ РИПКИ ПОДОБРО ПЛИВААТ ПОД ДОЖД 67
НАНА 69
СПОМЕНИК 77
НЕШТО ЗА ЖИВОТОТ 58
СТАНУВАЈЌИ ЗЛАТАН 29
ЗЛОБНАТА КАМЕРА 67
НУЛТА ГРАВИТАЦИЈА 70
СТУДАНТС 74
Ѕ
O
Т
ЅИДОТ НА СМРТТА И СЕТО ТОА 35
ОТАДЕ ГРАНИЦИТЕ 25
ТУПАНИЦА ОД СЕЌАВАЊА 77
АРЛЕТ – ХРАБРОСТА Е МУСКУЛ 65 АРМАНДО ДИЈАЗ 65 АТЛАНТИДА НА РУСКИОТ СЕВЕР 44 Б БАЛАДА ЗА ЖАБИТЕ 52 БИСЕРНОТО КОПЧЕ 22 БОРБАТА НА ЏЕЈМИ 53 БРАЌА 23 БУБАЧКИ 24 В
ТУРИЗАМ! 41 П
И
ПАЗАР 70
У
ИРЕНА 68
ПАРКОТ ЛЕНИН 39
УКРАС НА СВЕТОТ 74
ПИСМА ДО С. 71
УШТЕ ЕДЕН ОБИЧЕН ДЕН ВО ЕГИПЕТ 60
Ј
ПОД СОНЦЕТО 26
ЈОНАС И ЦИРКУСОТ ВО ЗАДНИОТ ДВОР 36
ПОЖАР НА МОРЕ 27
ВАРИЧЕЛА 45
ПРЕПЕЛКАЊЕ 76 ПРИКАЗНА 71
Ф ФИГУРА 61
ВО ПОТРАГА ПО СРЕЌА 46
К
ВТОР КАТ 66
КАТРАН НА ПРСТИТЕ 76
ПРИКАЗНИТЕ НА РАБАСАДА 59
Ч
КОГА ЌЕ СЕ РАЗБУДИШ 55
ПУСТА РЕКА 77
ЧОВЕКОТ ОД САМАРИЈА 75
Г
КУЌАТА НА КВИНА 68
ГАРАЖЕН ИНВЕНТАР 66
Р
Ш
М Д
РИБИТЕ ИЛ` НИЕ 40
МАЛА ЈУГОСЛАВИЈА 56
ШВЕДСКАТА ТЕОРИЈА ЗА ЉУБОВТА 30
ДА ЉУБИШ ЗНАЧИ ДА ЖИВЕЕШ 76
РИНГИШПИЛ 72
МАРТА И НИКИ 37
ДВЕ ДЕТСТВА 47 ДОЛГИОТ ПАТ 54
МИЛОСТА БОЖЈА 38
С
МОЈАТА СИЛИКОНСКА ЉУБОВ 69
СИБИРСКАТА ПЛОВЕЧКА БОЛНИЦА 49
МОЈОТ ПРЕВРТЕН СВЕТ 31
СМЕА 72
МОРИОМ 57
СОВРШЕНИОТ КРУГ 28
ШТО ОСТАНУВА ОД ЅИДОВИТЕ 75
93