Антологија на солзите

Page 1

Anthology of tears

Антологија на солзите

Антологија на солзите

Anthology of tears



Антологија на солзите избор и предговор Иван Џепароски

МакеДокс Скопје, 2012 1


2


3


Содржина

4

Иван Џепароски – Предговор: Кревката цврстина на кромидот: култура, солзи и поезија

5

Стефан Маларме, Продавачот на лук и кромид

14

Карл Сандберг, Денови на кромидот

15

Вилијам Карлос Вилијамс, Да си гладен е да си велик

18

Пабло Неруда, Ода на кромидот

19

Вислава Шимборска, Кромид

22


Адриен Рич, Лупење кромид

24

Силвија Плат, Рез

28

Ерика Јонг, Овошја и зеленчуци

30

Наоми Шихаб Нај, Патувачкиот кромид

32

Керол Ен Дафи, Валентин

34

Иван Џепароски, Метафизика на кромидот

36

Ронит Бергман, Вреќа со десет кила кромид

39

За авторите

42

Импресум

52

Содржина

50

5


6


Кревката цврстина на кромидот: култура, солзи и поезија Ако „кромидот е тартуфот на сиромашните“, како што пишува францускиот правник, политичар, мислител, гастроном и епикуреец Жан Антелм Бријан-Саварен (Jean Anthelme Brillat-Savarin) (1755-1826), автор на прочуената книга од областа на трансценденталната гастрономија Физиологијата на вкусот (La Psysiologie du Gout, 1825), но и ако кромидот е, едновремено, и храна за боговите и царевите, тогаш неговото значење не само за исхраната, туку и за културата и уметноста, е далеку пошироко од она што здраворазумски можеме да си го замислиме. Инаку, кромидот како храна е еден од најстарите и најраспространетите култивирани зеленчуци, познат уште пред 5000 години во Кина и пред 4500 години во Сумер, Месопотамија и Египет, за што и лингвистички и културолошки зборуваат различните негови имиња и именувања – санскритски (palandu), хинду (piaz), хебрејски (bazal), грчки (kremmidi), латински (allium), кинески (chun), јапонски (tamenegi), арапски (basal), француски (oignon), германски (zwiebel), шпански (cebolla), руски (лук) итн., што ни укажува дека тој

7


независно е култивиран во различни средини и во различни времиња. Затоа и симболиката што се врзува за него е толку различна: во стариот Египет кромидот ја симболизира вечноста поради својата структура (круг во кругот) и затоа се наоѓа и на цртежите од внатрешноста на пирамидите и на Старото и на Новото царство. Меѓу традиционалните симболи кромидот се толкува како симбол на единството, на единството во мноштвото, симбол на космосот, на бесмртноста, на откровението – така како што се лупат еден по еден пластовите за да се стаса до центарот. (J.C. Cooper, An Illustrated Encyclopedia of Traditional Symbols, 1987) За важноста на кромидот во исхраната говори и она прочуено место од Библијата каде што синовите Израилеви водени од Мојсеј ја минуваат Синајската пустина а некои од нив, губејќи ги надежта и вербата дека ќе го завршат патувањето, се сеќаваат на „убавите“ минати времиња во Египет велејќи: „Ја помниме рибата што ја јадевме како подарок во Египетската земја, краставиците и дињите, и кромидот, и празот, и лукот; а сега душата наша се исушила: освен мана ништо друго пред очите наши“. (Четврта книга Мојсеева (Броеви), 11: 5-6.)

8

Од друга страна, пред нешто повеќе од две децении социјалниот психолог и антрополог Герт Хофштеде (Geert Hofstede) (1928) во книгата Култури и организации: софтвер на умот (Cultures and Organization: Software of the Mind, 1991) оформи свое толкување на културата, според кое


културата е како кромид – систем што може да се лупи, слој по слој, сè со цел да се откријат содржината и суштината на самата култура. Тој ја замислува културата како еден голем целосен кромид, а како што тој кромид се лупи, ние ги гледаме различните слоеви што дејствуваат и влијаат, без исклучок во секое поодделно општество, врз културата. Преку културните практики ние ги гледаме, налик на слоеви од кромид што се лупат, симболите, хероите, ритуалите и вредностите на една култура. Се разбира, корените на оваа слика за слоевитоста на културата можат да се бараат и далеку пред Герт Хофштеде, особено во феноменологијата на Едмунд Хусерл (Edmund Husserl) (1859-1938) и неговото учење за слоевитоста на битието и за потребите од феноменолошка или еидетска редукција (eidetic reduction), што метафорично зборувајќи можеме да го протолкуваме и како разгрнување слоеви кромид и нивно ставање настрана, во заграда („in bracket”). Кромидот, пак, во литературата е колку нова толку и стара тема. Да се лупат слоевите на душата за да се дојде до јадрото и да се допре суштината – отсекогаш за писателите била привлечна идеја. Од Хомеровите стихови за кромидот од XI книга на Илијадата во која кромидот се појавува во бронзен сад како вкусна припомош кон пиењето, па сè до контроверзната автобиографија на нобеловецот Гинтер Грас под наслов Лупење кромид

9


(Beim Häuten der Zwiebel, 2006), која започнува со крајот на детството во Данциг (Гдањск) кога избива Втората светска војна, а завршува со привршувањето на Лимениот барабан, првиот голем успех на Грас, во разголувањето на сопствената душа Гинтер Грас не случајно ја одбира метафората за лупењето кромид.

10

На сличен начин се разоткриваат и премрежињата на Втората светска војна во многу наградуваниот документарен филм на Вадим Јендрејко (Vadim Jendreyko) „Жената со петте слона“ (Die Frau mit den 5 Elefanten, 2009) во кој се раскажува приказната за Светлана Гаер (Svetlana Geier) (1923), веројатно најдобрата преведувачка на руската литература на германски јазик, која на стари години, од 1994 до 2006 година, се зафаќа со преводите на „петокнижието“, петте грандиозни романи на Достоевски (Злосторство и казна, Идиот, Бесови, Браќа Карамазови и Момче), познати под прекарот „петте слона“. Во филмот, покрај размислите за преведувањето, кое се споредува со разгрнувањето слоеви за да се допре до суштината, се документира и патувањето на Светлана Гаер во својата родна Украина, во која за првпат се враќа на возраст од 85 години, по протерувањето од времето на Втората светска војна. Следејќи го ова емоционално враќање во младоста, од гледна точка на длабоката старост, се овековечува потрагата по смислата, во времињата на губиток на средиштето и на суштината. Затоа


во говорот на Гаер се среќаваат и следниве согледби кои како да излегуваат од стиховите на врвните поети на нашето време: „Кромидот нема средиште. Ако го пресечете, нема да најдете средишна точка. Кромидот има цел. Целта на кромидот е нов кромид. Оттука всушност и почнува идејата. Во романите на Достоевски секогаш постои каденција, приказна во приказната која не е директно поврзана со заплетот, но која, всушност, како и новиот кромид во кромидот, е нејзината срж“.

Токму на овој план и се оствари мојата прва „интелектуална“ врска со кромидот. Како член на меѓународното жири на интернационалниот фестивал на документарниот филм „МакеДокс“, кој веќе трета година се одржува во Скопје под високо и креативно покровителство на две дами (Киријана Николоска и Петра Селишкар), имав чест минатата година да бидам дел од фестивалот, та така да го видам, меѓу другите документарни филмови, и филмот „Жената со петте слона“ и на крајот непосредно да учествувам во доделувањето на главната награда на фестивалот што носи милозвучно и привлечно име – „Кромид“. Така и јас влегов во уметничката гастрономија, а во потрагата по можната археологија на знаењето врзана за зборот кромид, потем стасав и до поезијата. На моја голема радост, пред мене се открија неочекувани и чудни светови полни со солзи таговни, но и со солзи радосници.

11


12

И бидејќи првичниот поттик за оваа поетска антологија дојде токму од фестивалот „МакеДокс“, затоа е логично конечното заокружување на антологијата на солзите и на кромидот да се оствари токму на овој фестивал, како придружна оф-програма на светот на подвижните слики. Зашто во маклуановскиот свет на сликата и на медиумите, гутенберговскиот свет со своите печатени дела изгледа прилично застарено. Сепак, низ стиховите што постапно ги откривав, на мое големо задоволство, ми се откриваа и нови светови на поезијата, како и нови средби со старите пријатели кои ми помогнаа да ја реализирам оваа мала поетска книшка која ги содржи бисерите на поезијата на XX век посветена на кромидот. Антологијата започнува со еден поет од втората половина на XIX век без кого овој избор би бил нецелосен, имено започнува со кратката, но крајно суптилна песна на Стефан Маларме, а потем преку песните на поетите од XX век Карл Сандберг и Вилијам Карлос Вилијамсон се преминува кон поетите нобеловци, кон поемата на Пабло Неруда и стиховите на Вислава Шимборска, за потем да се десакрализира светот преку стиховите за кромидот на врвните поетеси Силвија Плат и Керол Ен Дафи и да се заврши со вкусовите и мирисите на нашиот град преку мојата песна и песната на нашата сограѓанка Ронит Бергман, дојдена од Израел во Македонија за тука да живее, пишува и да пее. Секако, овде треба да се споменат и застапените стихови на познатите


поетеси Адриен Лич, Ерика Јонг и Ноами Шихаб Нај, кои откриваат едни други светови врзани за галаксијата на кромидот. Дванаесет песни од дванаесет апостоли (и апостолки!) на солзите и на кромидот се сосем доволен обем за една мала лакримаријска антологија!

Но, сега немам намера херменевтички да ги толкувам застапените песни во оваа Антологија на солзите, тоа им го оставам на читателите и на критичарите, зашто добро ја знам онаа стара источна приказна за човекот што раскажувал прекрасни приказни, но никогаш не ги толкувал. А кога го прашале зошто тоа не го прави, тој едноставно рекол: „А би сакале ли човекот од кого купувате овошје да го изеде портокалот пред вас, а вам да ви ја остави само корупката?“

Затоа читајте ги и толкувајте ги песните од овој избор сами, но јадете го кромидот (и во форма на ирски пржени кромидни кругови – како мезе за пиво, и во форма на охридски чомлек како основа за тиквешко вино!) и сами и во друштво, зашто најубаво е кога храната се споделува со блиските.

Иван Џепароски

13


14


15


Стефан Маларме Stéphane Mallarmé (1842-1898)

Продавачот на лук и кромид Le marchand d’ail et d’oignons Од здодевните посети

Со мирис на лук се бранам Тагата во солзи свети

Кромид кога сечкам сам.

16

превод од француски: Ана Димишковска и Иван Џепароски


Карл Сандберг Carl Sandburg (1878-1967)

Денови на кромидот Onion Days

Госпоѓа Габриела Џованити доаѓа по улицата Пеорија секое утро во девет часот.

Со куп борина врз главата, со очи втренчени нанапред барајќи пат за старите стапала.

Нејзината снаа, госпоѓа Пјетро Џованити, чиј

сопруг загина во експлозија во тунел, поради негрижа на сослужникот,

Работи десет часа дневно, понекогаш дванаесет, вадејќи кромид за Џаспер на Боуменвилскиот пат.

Се качува на автобус во пет и пол наутро,

така прави госпоѓа Пјетро Џованити,

И се враќа назад од кај Џаспер со надница за дневниот

17


труд, меѓу девет и десет навечер.

Минатата недела доби осум центи за кутија, госпоѓа Пјетро Џованити, вадејќи кромид за Џаспер,

Но оваа недела Џаспер ја намали надницата на шест центи за кутија, зашто премногу жени и девојки се јавија на огласот во Дејли Њус.

Џаспер ù припаѓа на Епископалната црква во Равенсвуд и некогаш во неделите

Тој ужива да го пее Никејското кредо со ќерките си

до себе, што го придружуваат својот глас кон неговиот.

Кога свештеникот ги повторува старите неделни проповеди,

умот на Џаспер талка по своите 700 акри на фармата и како да го зголеми производството.

И понекогаш спекулира како да состави

оглас за Дејли Њус за да обезбеди повеќе

жени и девојки за својата фарма и да ги намали редовните трошоци. 18


Госпоѓа Пјетро Џованити е далеку од очајот во однос на животот;

нејзината радост е во детето за кое знае дека ќе пристигне за три месеци.

И сега додека ова се сликите за денес, постојат

други слики за семејството Џованити што можам да ви ги дадам за утре.

И како некои од нив одат кон окружниот трговец во зимски утра со своите кошници за грав и пченка и меласа.

Ги слушам другарите како велат - овде има добар материјал за роман или ова може да се досреди до добро драмско дело.

А јас велам - не постои жив драмски автор што ќе ја стави старата госпоѓа Габриела Џованити во драма, со тој куп борина врз својата глава доаѓајќи по улицата Пеорија секое утро во девет часот.

превод од англиски: Иван Џепароски

19


Вилијам Карлос Вилијамс William Carlos Williams (1883-1963)

Да си гладен е да си велик To be hungry is to be great Малото, жолто, кромитче,

зелено најпрвин никне, им претходи на тротоарите во Менхетен,

откако ќе изникне истргано, во китки, измиено, расцепено и испржено во тава, иако е склоно да биде

троа лигаво, кога е добро зготвено и послужено топло на ‘ржен леб, за пиво е совршено мезе –

и најдоброто во тоа е што го има насекаде. 20

превод од англиски: Иван Џепароски


Пабло Неруда Pablo Neruda (1904-1973)

Ода на кромидот Oda a la cebolla Кромиду

ти се извишија тогаш

ливче по ливче се обликува

во градината.

тркалезно шишенце сјајно, убавината твоја,

кристални те дрочеа луспи

и во тајната на мрачната земја ти се заобли росна утробата.

Под земјата

чудото стана

и кога се подаде бавна

фиданката зелена твоја,

како мечови листовите Земјата ја собра сета сила своја твојата проѕирност гола покажувајќи ја,

како на Афродита што далечното море

ја удвои магнолијата

со градите кренати свои. Те создаде земјата така,

21


кромиду,

сјаен како планета,

Ќе помнам јас и како

суден,

твоја

да блестиш

соѕвездие постојано,

тркалезна ружо од вода врз

масата

на сиромасите. Благороден

ја разложуваш

топката пресна твоја

во вриењето вжештено на тенџерето

и дробенката сјајна во усвитеноста на маслото

станува перце 22

накадрено и златно.

моќта ја оплодува

љубовта за салатата, и небото се чини дека спомогнува

како градушка убава изобилно носејќи те

да се слави светлината твоја кладен

врз хемисферите на доматот.

Пред досегот на рацете пак

со масло полеан, и посипан со сол

му го убиваш гладот


на надничарот

ти си за очиве мои

Ѕвездо на сиромашните

платинен

на патот негов мачен.

самовило заштитнице,

завиткан во хартија мека од земјата излегуваш вечен, негибнат, чист како ѕвездено семе, а сечејќи те

во кујната ножот

топка небесна пехар танец неподвижен

на заснежено цвеќе

а мирисот на земјата живее

во кристалната суштина твоја.

единствената солза безболна ја извлекува.

Ти стори да плачеме сите нажалени.

Додека живеам ќе те воспевам јас, кромиду,

но за мене си ти

почудесен од птица

со заслепувачки крила,

превод од шпански: Матеја Матевски

23


Вислава Шимборска Wisława Szymborska (1923-2012)

Кромид Cebula

Тоа е нешто друго – кромид.

Во нас туѓина и дивина

Во целина е кромид,

во нас пекол внатрешна,

Тој нема внатрешност.

до степен на кромидност. Кромидест однадвор кромиден до сржта,

би можел да ѕирне кромидот, без страв во себеси.

24

едвај со кожа прекриена, избувлива анатомија,

а во кромидот кромид,

место затскриени црева. Тој повеќекратно е гол, до други длабочини.


Битие непротивречно, кромид,

Кромид, тоа го сфаќам:

Во еден се наоѓа друг,

Овенчан со ореоли

Совршена творба, кромид. во поголем помал сместен а во следниот наредниот,

значи третиот и четвртиот. Концентрична фуга.

Ехо создадено во хор.

најстасит стомак на светот. во сопствена чест.

Во нас – маснотии, нерви, вени, слуз и секрети.

Но така се избегнува

идиотизмот на совршеноста.

превод од полски: Магдалена Богуславска и Иван Џепароски

25


Адриен Рич Adrienne Rich (1929)

Лупење кромид Peeling Onion

Само да имаше тага

рамна на сите овие солзи! Нема ниту липања на моиве гради. Со суво срце налик на Пер Гинт, Јас лупам, не како херој, единствено, готвачка.

Плачењето беше работа, некогаш кога имав добра причина. 26


Чекорејќи, ги чувствував своите очи како рани, сирови рани во мојата глава,

така поштенските писари, мислам, зјапаат. Кучешки погледи, мачешки, угар во умот, сепак, сето тоа останува

во градите мои како смог.

Овие стари солзи во садот за сечкање.

превод од англиски: Иван Џепароски

27


28


29


Силвија Плат Sylvia Plath (1932-1963)

Рез Cut

За Сузан О’Нил Рое

Какви морници –

Мал аџијо,

Врвот сосем збришан

Твојата кикиришка од мисирка

Мојот палец место кромид. Освен за еден стожер

Свиткана простирка

Од кожа,

Директно од срцето.

Смртно бел.

Стискајќи го шишето

Свиснат обод од шапка, Потем тоа црвено кадифе.

30

Индијанци ти го симнале скалпот.

Стапнав врз него, Од розова пена. Славење е ова.


Надвор од процепот

Петното на твојата

Во црвени мундири.

Бабушка

Газа Кју Клукс Клан

Милиони војници трчаат

Се заматува и потемнува и кога Топчестата

На чија страна се тие?

Каша од твоето срце

О мој

Се соочува со својата мала

Хумункулусу, болна сум.

Мелница од штама

Зедов лек за навек

Да го сотрам тој тенок

Како скокаш –

Саботер,

Валкана девојка,

Хартиен допир.

Човек камиказе –

Продупчен ветеран,

Пресечен палец.

превод од англиски: Иван Џепароски

31


Ерика Јонг Erica Jong (1942)

Овошја и зеленчуци Fruits & Vegetables (извадок)

Си помислувам повторно на кромидот, со неговите две О усни,

налик на длабоки дупки во никого. На горната кожа, црвеникавокафена, излупена за да открие зеленкава сфера, гола како мртва

планета, слаткоречива како стакло и со мирис сиреч на животно.

Мислам на неговата моќ да привлекува солзи, на способноста за самоиспитување, одлетана од себеси, слој по слој, во потрага по своето срце,

што едноставно е само друг предел на кожата, но подлабок и позелен. Се сеќавам и на Пер Гинт; сметам понекогаш има

двојно срце. Потем мислам на безнадежноста кога кромидот 32

си ја бара својата душа а си наоѓа само слоеви кожа; и си мислам


на сувите праменести корени што не водат никаде и на исушените папоци, отсечени во градината. Ниту самосправедлив како

пролетерскиот компир, ниту заводлив налик на јаболкото. Ниту позер како бананата. Туку еден скромен, самоповлечен

зеленчук, повнатрешнет, прашувајќи, лупејќи се себеси,

или едноставно зрачејќи со ореоли налик на езерски бранувања. Си го претставувам како вечен аутсајдер, средно дете, тажен анализант на зеленчуковото кралство. Славен само во Франција (поинаку

тивок крепител на супи и јании), непосакуван поради себеси самиот – не е за чудење што ни изнудува солзи! Потем, си мислам

како надворешната лушпа личи на хартија, како душата и кожата

се спојуваат во едно, како секоја лушпа разголува, раскрива едно срце што редум свртува кон кожа...

превод од англиски: Иван Џепароски

33


Наоми Шихаб Нај Naomi Shihab Nye (1952)

Патувачкиот кромид The Traveling Onion

Кога си мислам колку оддалеку кромидот патувал

само за да влезе во моето јадење денес, можам да коленичам и да ги фалбоспевам сите мали заборавени чуда, крцкавата хартија што се лупи на цедилникот, бисерните пластови во мазна согласност,

начинот на кој ножот навлегува во кромидот и кромидот се разделува на ситни парченца, една откриена историја.

34


И никогаш не го прекорувам кромидот за предизвикување солзи. Добро е солзите да течат

за нешто заборавено и мало. А додека јадеме, на трпеза,

коментираме за текстурата на месото или за хербалната арома, но никогаш за делумната проѕирност на кромидот, веќе свенат, веќе распарчен,

или за неговата традиционално чесна кариера: поради другите, изгубена.

превод од англиски: Иван Џепароски

35


Керол Ен Дафи Carol Ann Duffy (1955)

Валентин Valentine

Ни црвени рози ни сатенско срце. Кромид ти давам.

Месечина завиткана во кафена хартија. Светлина што ветува

како грижно љубовно слекување. Овде.

Ќе те ослепи со солзи налик на љубовник.

Ќе направи од твојот одраз

трепетна фотографија на тага. 36

Сакам во вистината да верувам.


Ни честитки ни мило мое. Кромид ти давам.

Остриот бакнеж ќе ти остане на усните, посесивен и верен

какви што сме ние, сè додека сме. Земи го.

Неговото платинесто тркало се собира до венчален прстен, ако сакаш.

Смртоносен.

Неговиот мирис ќе се слее со твоите прсти, слее со твојот нож.

превод од англиски: Иван Џепароски

37


Иван Џепароски (1958)

Метафизика на кромидот

Космолошки гледано,

Питагорејски гледано,

Сатурновски прстени,

Како гравот, кромидот во себе

Иако содржи безброј

Кромидот нема црни дупки.

Ја содржи тајната пропорција.

Антрополошки гледано,

Софистички гледано,

На трпезите и на богатите

И вкусна маслинка, ако

Кромидот е храна

И на сиромашните.

38

Иако не е свето растение

Кромидот може да биде Некој плати тоа да се докаже.


Географски гледано,

Еротолошки гледано,

За совршената елипсовидност

Син на Пор и на Пенија,

Да знаел Ератостен

На кромидот, нема за малку Да згрешел во мерењето На обемот на земјата.

Кромидот како да е

На обилието и на скудноста, Што ја следат секоја Вистинска љубов.

Минералошки гледано,

Источно есхатолошки гледано,

Необработен кристал

Да се инкарнира во кромид а

Кромидот е како

Со кружни форми

Што наликуваат на Платинести бурми.

Кромидот посакува повторно

Западно есхатолошки гледано, Кромидот низ солзи и катарси Ни нуди стамено спасение.

39


Филмолошки гледано, Кромидот е податлив

За него да се сними и еден

Метафизичко-документарен филм. А не е воопшто невозможно,

Во негова чест, дури и некој да вовел

Награда на летен филмски фестивал – Голем платинест кромид!

40

Скопје-Охрид, 24.06.2011


Ронит Бергман Ronit Bergman (1964)

Вреќа со десет кила кромид The Ten Kilo Onion Sack

Штом ја видов вреќата со кромид, што ја донесе од пазар, Си помислив Ох, уште

Колку ли многу ќе си плачеме оваа зима?

превод од англиски: Елизабета Шелева

41


42


43


За авторите Стефан Маларме (18 март 1842, Париз – 9 септември 1898, Париз, Франција) е француски поет, основач (со Пол Верлен) и водач на симболистичкото движење во поезијата. Неговото дело антиципира и инспирира неколку револуционерни уметнички школи на раниот 20 век, како дадаизмот, надреализмот и футуризмот. Најпозната книга на Маларме е збирката Попладнето на еден фаун (1860), што го инспирира Дебиси за својата истоимена композиција (1894). Меѓу другите дела се Песни (1887) и Иродијада (1896). Делото на Маларме најчесто се смета за најдобар пример на „чистата поезија“. Карл Сандберг

44

(6 јануари 1878, Гејлсбург, Илиноис, САД – 22 јули 1967, Флет Рок, Н.С.) е американски поет, историчар, новелист и фолклорист. Сандберг сменил многу професии и се борел во Шпанско-американската војна пред да се пресели во Чикаго во 1913, каде што работи како новинар. Неговиот витмановски слободен стих што ги велича американските работници се појавува во книгите Чад и челик (1920), Луѓето, Да (1936), Американска торба со песни (1927) и Нова американска торба со песни (1950). Други негови дела се и Абрахам Линколн: прериски години (1926) и Абрахам Линколн: воени години (1939, Пулицерова награда), како и четири книги за деца, вклучувајќи ја и Приказните за Рутобага.


Вилијам Карлос Вилијамс (17 септември 1883, Радефорд, Њ.Џ., САД – 4 март 1963, Радефорд, САД) е американски поет. Образован како педијатар, Вилијамс пишува поезија и практикува медицина во својот роден град. Неговото пишување се стреми обичното да го претстави како необично, како што се свежите и директни импресии на сетилниот свет изразени во Пролет и Сè (1923). Петделната поема „Патерсон“ (1946-1958) евоцира комплексна визија на модерниот американски живот. Во 1963 година ја добива Пулицеровата награда за поезија за книгата Слики од Бројгел (1962). Неговите бројни прозни дела вклучуваат есеи, прозна трилогија, кратки раскази и автобиографија. Пабло Неруда (12 јули 1904, Парал, Чиле – 23 септември 1973, Сантјаго, Чиле) е чилеански поет, дипломат и политичар кој е добитник на Нобеловата награда за литература за 1971 година. Тој е веројатно најзначајниот латиноамерикански поет во 20 век. Неговата втора книга Дваесет љубовни песни и една безнадежна (1924) е инспирирана од една несреќна љубов. Таа доживува моментен успех и сè уште е една од најпопуларните книги на Неруда. Едно од неговите клучни дела Елементарни оди е објавено во 1954 година. Неговите стихови се напишани со еден нов поетски стил – едноставен, непосреден, прецизен и со хумор – и тие содржат истражувања за секојдневните објекти, ситуации и битија (сп. „Ода за кромидот“ и „Ода за мачката“). Дваесет негови книги се објавени помеѓу 1958 и неговата смрт во 1973 година, додека уште осум книги се објавени постхумно.

45


Вислава Шимборска (2 јули 1923, Корник, Полска – 1 февруари 2012, Краков, Полска) е полска поетеса, есеистка, преведувачка и добитничка на Нобеловата награда за литература за 1996 година. Таа започнува да пишува поезија на четири години и ја опишуваат како „Моцарт на поезијата“. Шимборска ја добива Нобеловата награда за литература „за поезија којашто со ирониска прецизност им овозможува на историскиот и на биолошкиот контекст да излезат на виделина во фрагментите на човечката стварност.“ Нејзиното дело е преведено на многу јазици вклучувајќи ги и македонскиот, арапскиот, хебрејскиот, јапонскиот и кинескиот јазик. Нејзината репутација почива врз релативно мал корпус од дела, помалку од 250 песни. Кога ја запрашале зошто објавила толку малку песни, таа рекла: „Имам корпа за отпадоци дома“. Адриен Рич

46

(16 мај 1929, Балтимор, САД) е американска поетеса и критичарка. Таа била студентка на Ретклиф колеџот кога нејзините песни биле одбрани за публикување во поетската серија на младите поети од Јејл; објавената книга Промена на светот (1951) го изразува нејзиното формално мајсторство. Нејзините следни дела ја откриваат трансформацијата од добро сотворената но подражавачка поезија, кон еден високо личен и моќен стил. Нејзината растечка посветеност на женското движење и на феминистичката естетика влијаат особено врз нејзината работа. Меѓу нејзините книги спаѓаат и: Нуркајќи во руина (1973) и Сонот за обичниот јазик (1978).


Силвија Плат (27 октомври 1932, Бостон, Масачусетс, САД – 11 февруари 1963, Лондон, ВБ) е американска поетеса, романсиерка и авторка на кратки раскази. Родена во Масачусетс, таа студирала на Смит и на Њунам колеџот, Кембриџ, а потоа станува професионална поетеса и писателка. Се мажи за поетот Тед Хјуз во 1956 година и живеат заедно најнапред во САД а потоа во Англија. Со него има две деца: Фрида и Николас. По долгата борба со депресијата и по разводот на бракот, Плат извршува самоубиство во 1963 година. Таа добива признание за унапредувањето на жанрот на конфесионалната поезија и е најпозната по своите два објавени избора: Колос и други песни и Ариел. Во 1982 година таа станува прв поет постхумен добитник на Пулицеровата награда за Одбраните песни. Таа исто така е авторка на Стакленото ѕвоно, полуавтобиографски роман објавен непосредно пред нејзината смрт. Ерика Јонг (родена Ман, 26 март 1942, Њујорк) е американска авторка и професорка, најпозната по своите прозни и поетски дела. Има објавено 20 книги, вклучувајќи осум новели, шест стихозбирки, шест теориски книги и бројни текстови во списанија и весници. Во својот пионерски прв роман Страв од летање (18 милиони примероци ширум светот) таа ја воведува Исидора Винг, која исто така има клучна улога во следните три романи. Ерика Јонг е добитник на Наградата на ОН за извонредност во литературата. Во Франција таа е добитник на Доверовата награда за литература, а во Италија таа ја добива наградата на Сигмунд Фројд за литература.

47


Наоми Шихаб Нај (12 март 1952, Сент Луис, Мисури, САД) е поетеса и прозаистка. Нејзиниот татко е Палестинец а мајка ù Американка. Иако се смета себеси за „поет-талкач“, таа го прифаќа Сан Антонио за свој дом. Нејзината прва книга Различни начини за молитва: Песни (1980) ја истражува темата на сличностите и разликите помеѓу културите, што ќе остане една од нејзините доживотни преокупации . Нај има приредено повеќе поетски антологии и за млади и за возрасни. Таа има добиено многу награди и стипендии, меѓу нив четири награди „Пушкарт“ и поетската награда „Патерсон“.

Керол Ен Дафи

48

(23 декември 1955, Глазгов, Шкотска) е шкотска поетеса и драмска авторка. Таа е професор по современа поезија на Метрополитен универзитетот во Манчестер и е прогласена за британски поет-лауреат во мај 2009 година. Таа е прва жена, прв Шкотланѓанец и прва отворено геј личност што ја има оваа позиција. Нејзините поетски избори ги вклучуваат и Стоечки женски акт (1985), добитник на наградата на Шкотскиот уметнички совет, Меѓувреме (1993), добитник на поетската награда „Вајтбред“ и Восхит (2005), добитник на наградата „Т.С.Елиот“. Нејзините песни се обраќаат кон прашањата како угнетувањето, родот и насилството, со помош на прифатлив јазик што прави тие да бидат популарни во училиштата.


Иван Џепароски (9 мај 1958, Скопје, Македонија) е поет, филозоф и преведувач. Тој е автор на дванаесет книги од областа на филозофијата и естетиката и на пет поетски книги, за кои ги добил наградите „Млад борец“ (1984), „Димитар Митрев“ (1993) и „Парадигма“ (2009). Работи на Филозофскиот факултет во Скопје како професор по естетика. Бил раководител на Институтот за филозофија (2004-2009) и секретар на Македонскиот П.Е.Н. центар (1999-2001; 2009- ). Добитник е на наградата „Григор Прличев“ (1993) за поетски превод. Неговата поезија и некои од неговите есеи се преведени на повеќе странски јазици. Поетски книги: Слики од изложбата, 1989; Еклоги, 1992; Песни, 1998; Волја за мисла, 2008; Грабнувањето на Европа, 2012.

Ронит Бергман (1964, Хаифа, Израел) е мултимедијален уметник – првенствено таа е музичарка, но исто така и поетеса и актерка. Таа во моментов живее во Македонија. Нејзината поезија е објавена во различни списанија и антологии во Израел, Европа и Америка. Објавила три поетски книги A Grave of Your Own (Сопствен гроб, 2007, Израел) и The Hair of My Heart (Косата на моето срце, 2011, Македонија) и нејзината нова книга Honey Lasso (Медено ласо, 2012, Македонија), заедно со нејзиниот нов албум - INDEED, кој е дел од нејзиниот последен музички проект Undone. Ронит Бергман има објавено пет музички албуми, неколку мини албуми и компилации од своите музички проекти Plastic Venus, One of Us и Undone во Израел, Англија и Македонија.

49


50


51


Импресум

Издавач: МакеДокс

За издавачот: Киријана А. Николоска © на изборот Иван Џепароски

Уредник: Илинденка Петрушева

Креативни соработници: Петра Селишкар, Бранд Ферро Лектура: Сузана В. Спасовска

Графички дизајн: Анастасија Поповска

Фотографии: Бранд Ферро, Самир Карахасан Печати: Печатница Софија - Богданци 52

Тираж: 500



CIP Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”, Скопје 821-1(082.2)

АНТОЛОГИЈА на солзите / избор и предговор Иван Џепароски. Скопје: Македокс, 2012. - 52, 50 стр. ; 16 см

Насл. стр. на припечатениот текст: Antology of tears / selection and introduction by Ivan Djeparoski. - Обата текста меѓусебно печатени во спротивни насоки. - Текст на мак.и англ. јазик. - Кревката култура на кромидот : култура, солзи и поезија / Иван Џепароски: стр. 5-11 ; The fragile firmness of the onion : culture, tears, and poetry / Ivan Djeparoski: стр. 5-10 ISBN 978-608-65309-1-4 COBISS.MK-ID 91556874

53


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.