Да станеме вистински читатели

Page 1

А

јфе 1

кБ Р сгДиВ

Е ј

М

б

ц

х д

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

л г Да станемеЖ Ш вистински ф ј ч и т а т е л и В о д и ч з а у н а п р е д у в а њ е н ат успешното читање кај децата т4

џж

б

чди

ѓ еѕ


Ш ф

џж

ј тт4

чди

б

ѓ еѕ

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

јфе 2

бц

х д

л гЖ


А

јфе 3

кБ Р сгДиВ

Е ј

М

б

ц

х д

л г Да станемеЖ „Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

вистинскиШ ф ј ч и т а т е л и Водич за унапредување на успешното читање кај децатат4 т M. Сузан Бурнс, Пег Грифин

џж

и Кетрин Е. Сноу, уредници

Комисија за превенција на потешкотиите при читањето кај малите деца

б

чди

Комисија за бихевиористички и општествени науки и образование Национален истражувачки совет НАЦИОНАЛЕН АКАДЕМСКИ ПЕЧАТ Вашингтон, 1999

ѓ еѕ


јфе 4

бц

х д

л гЖ

Ш ф

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

ј тт4

џж б

чди

ѓ еѕ

„Да станеме вистински читатели: водич за унапредување на успешното читање кај децата“ е дел од публикацијата „Да почнеме правилно: водич за унапредување на успешното читање кај децата“. Овој материјал е умножен со дозвола на Националната академија на науките, Национален академски печат (National Academy of Science, National Academies Press) само за потребите за обука на наставниците во рамките на проектот „Поучување на читање со разбирање во одделенската настава“ што е финансиран од УНИЦЕФ Македонија.

Посетете ја интернет-страницата на Националниот академски печат (http://www.nap.edu), водечки извор за сите изданија на: Националната академија на науките, Националната академија за инженерство (National Academy of Engineering), Институтот за медицина (Institute of Medicine)“ и Националниот совет за истражување (National Research Council) од каде што можете: ``да преземате стотици бесплатни книги во ПДФ (PDF); ``да читате илјадници книги бесплатно; ``да ги проучите иновативните истражувачки алатки „Research Dashboard“; ``да се пријавите ако сакате да бидете известени за најновите изданија; ``да порачате испечатени книги и одредени материјали во ПДФ.

Авторски права © National Academy of Sciences. Сите права се задржани, освен ако не е поинаку наведено. Сите материјали во овој документ се заштитени од National Academy of Sciences. Дистрибуцијата, објавувањето или копирањето без писмено одобрение од страна на National Academies Press се строго забранети. Побарајте дозвола за препечатување на оваа книга.


СОДРЖИНА Да станеме вистински читатели.......................................................................................................... 11

Од подготвителната година во градинка до третото одделение.....................................15 Индивидуални потреби на децата..................................................................................................................21 Предизвикот на градинката....................................................................................................................................31 Што мора да се достигне – цели на градинката. ...............................................................................35 Активности и практики за децата во подготвителната година во градинка......41 • Свест за книгата и пишаниот јазик • Фонолошка свест • Јазик, разбирање и реакција на текстови • Препознавање на буквите, декодирање и препознавање на зборовите • Пишување

Достигнувања на ученикот во подготвителната година во градинката..................47

Карактеристики на успехот................................................................................................................................... 59 Активности и практики за часовите во прво одделение......................................................... 63 • Продолжување на фонемската свест, знаење за буквите и свест за книгите и пишаниот јазик • Декодирање, препознавање на зборот и усно читање • Јазик, разбирање и реакција на текстови • Спелување и пишување

Достигнувањата на првоодделенецот.......................................................................................................... 71 Насоки за второ и трето одделение................................................................................................................75 • Стратегии за вештините на разбирање и флуентноста • Зборови и знаење • Стратегии на разбирањето

Што се случува во второто одделение.........................................................................................................85 • Декодирање, препознавање на зборовите и усно читање • Јазик, разбирање и реакции на текстот • Спелување и пишување

Што се случува во трето одделение...............................................................................................................91 • Декодирање, распознавање на збор и усно читање • Јазик, разбирање и реакција на текстовите • Спелување и пишување

Достигнувања на ученикот во второ и трето одделение....................................................... 101 Компјутери во училниците и во домот.....................................................................................................105 Постигнување добри резултати во наставата во првите одделенија од основното образование – процес кој се одвива во текот на целата кариера............................................................................................................................................................ 111

б

ц

х д

л гЖ

Ш ф

ј тт4

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

Прво одделение – важна година.........................................................................................................................53

јфе 5

џж

б

чди

ѓ еѕ


Ш ф

џж

ј тт4

чди

б

ѓ еѕ

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

јфе 6

бц

х д

л гЖ


ј А И Е 7

е ф б

ц Љ

УЛ Ф

х Тд

Ј А

л КЖ г „Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

С Б Шф М Р тј Г т4

Ј џж ИК б да станемеЊП ч д вистински и Б

Н Д

ш ѓ читатели

чеѕ


јфе 8

бц

х д

л гЖ

Ш ф

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

ј тт4

џж б

чди

ѓ еѕ

од подготвителна година во градинка до трето одделение Мисијата на државното школување е да им овозможи на децата целосни и еднакви образовни можности без оглед на потеклото, образованието и примањата на неговите родители. За постигнување на оваа цел нема поскапоцен период, но и најминлив, како што се првите години од формалното школување. Истражувањата постојано покажуваат дека децата што имаат добар старт во читањето, ретко подоцна наидуваат на пречки. Оние кои заостануваат, имаат тенденција да заостануваат до крајот на академскиот живот. Дополнителното поучување и дополнителната настава можат многу да им помогнат на младите читатели кои постигнуваат слаби успеси. Но, за да имаат еднаква образовна можност, сите деца треба да имаат одлични наставни програми – уште од самиот почеток – на час, од подготвителната година во градинка па понатаму низ првите години од основното образование. Ова поглавје дава слика на деца коишто учат да читаат во подготвителната година во градинка и понатаму до трето одделение, користејќи ги информациите од најновите истражувања, но конкретизирани со слики и примери за активности. Нашата цел е на семејствата и на локалните заедници да им дадеме основа за разбирање и помагање на процесот во кој наставниците работат со децата кои стануваат вистински читатели.

Деца со различни потреби На кој било час во Америка и во кој било ден училницата е полна со различни деца кои поседуваат образовни предности и недостатоци кои сигурно многу се разликуваат едни од други. Сите деца едноставно не учат сè со истото темпо. Децата, исто така, доаѓаат во подготвителната година во градинка и прво одделение со различни видови искуства во писменоста. Најголемиот број наставници работат според зададен наставен план со т.н. „цели и секвенци“, со наставни вештини што треба да ги реализираат од недела во недела – одредени или од нивните училишни области или од авторизирани програми за читање.


јфе 9

да почнеме правилно

Да станеме вистински читатели Висококвалитетна настава: еден пример

За да станат вистински читатели, децата во подготвителната година во градинка и во првите години од основното образование имаат потреба од добро интегрирана настава која се фокусира на три клучни елементи: (1) идентификување на зборовите со примена на принципот на соодветствување на релација глас-пишување и препознавање на зборот кога ќе го видат напишан, (2) примена на претходно стекнати знаења, фонд на зборови и стратегии на разбирање за да се чита со цел да се долови значењето и (3) течно читање (флуентност). Добрите наставници им помагаат на децата да ги совладаат овие вештини со привлечни и разновидни активности.

ц

х д

л гЖ

Ш ф

ј тт4

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

Во првото одделение за наставата по читање кај г. Картер, секој ученик има своја кошничка со книги кои се одбрани така што ќе одговараат на индивидуалните способности и интереси. Информативното пано овозможува децата да работат со стратегии, на пр. за „напад на зборовите“, со списоци на шеми на спелување и рими. Секое дете има дневник полн со интересни записи. Бидејќи овде голем дел од популацијата живее во сиромаштија, дистриктот направи свесни напори да формира мали паралелки. Оваа паралелка има само 18 деца – што е добра работа, земајќи предвид дека децата доаѓаат од разновидно милје на лингвистички и културни потекла, вклучувајќи ги Сомалија, Филипини, Гватемала и Виетнам. Просторијата е светла и привлечна, со различни изложени работи: фотографии од инсекти, букви од азбуката, имиња на денови од неделата, бои, касетофон и мал хортикултурен центар со семиња и билки што растат на сонцето. Катчињата за активности се добро организирани, содржат кукли, кадифени играчки, реквизити, бои, хартија и материјали за пишување во изобилство. Но, она што најмногу инспирира е да се гледа г. Картер како ја изведува наставата. Во текот на речиси два часа додека трае читањето, тој неуморно успева да ги движи децата во енергичен ритам и да преминуваат од една кон друга интересна и корисна активност. Кога почнува периодот на читање, децата ги добиваат своите кошнички со книги, седат на масичките и читаат самостојно. Господинот Картер, исто така, ги групира да читаат во парови – или во помали групи седнати во круг на подот. За тоа време тој ја користи можноста да се движи низ училницата за да му обрне внимание на секое дете. Со едно дете ја разгледува лекцијата од претходниот ден по принципот „напад на зборовите“. Со помала група седнува на подот и почнува да поставува прашања, помагајќи им да направат врски со значење и смисла помеѓу литературата и сопствениот живот. Сега е време за денешната лекција според принципот „напад на зборовите“. Децата можат да ги стават кошничките на страна и да седнат околу г. Картер кај таблата. Секое дете седи на подот држејќи свое бришало за таблата и волшебен маркер. Јасно е дека овие нови алатки им даваат чувство на важност на малите рачиња во коишто се наоѓаат. Можеби е поради авторитативниот дебел маркер или пак поради моќта налик на онаа на наставникот кога можеш самиот да бришеш. Можеби се чувствува така бидејќи, има сопствена табла. Освен што се забавни, таблите, исто така, на децата им даваат приватност за да можат да прават грешки и лесно самите да се поправат.

б

џж

б

чди

ѓ еѕ


јфе 10

бц

х д

л гЖ

Ш ф

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

ј тт4

џж б

чди

ѓ еѕ

Господинот Картер почнува со читање на реченица што ја напишал на таблата. Некои делови од зборот се покриени. Кога ќе стигне до зборот „kind“ го кажува на глас, но децата гледаат само к___. Ќе им каже да ги дополнат буквите што недостасуваат. По неколку различни одговори, точни и неточни, го открива точно напишаниот збор „kind“. Потоа ќе им каже на децата да ги напишат зборовите „find“ и „mind“ на нивните табли. Така продолжува со истата вежба со неколку зборови. Сега е време за читање на глас, децата седат во круг со две книги, еден роман и една небелетристичка книга. Бидејќи е веќе крајот на учебната година, двете книги се поврзани со темата летен распуст. Учениците се ангажирани и се нестрпливи да се вклучат. Седат уредно, кревајќи рака со воодушевување за да ги одговорат прашањата, но не одговараат со викање на глас. (Ова е според протоколот кој од нив го бара г. Картер.) Господинот Картер често прави паузи, поста- вувајќи прашања за ликовите, фабулата и значењето на текстот. Тој, исто така, одделува време за да можат децата да постават и некои свои прашања. На почетокот од вториот час г. Картер дава писмена задача. Децата треба да напишат писмо до некое другарче, опишувајќи ги своите планови или желби за летниот распуст. Кога ќе завршат, ќе отидат до компјутерите да илустрираат нешто од нивното пишување. Ако имаат доволно време, ќе преминат на нивните дневници. Бидејќи училницата има само шест компјутери, тој ги дели учениците во групи кои се ротираат. Господинот Картер лесно се движи меѓу групите, проверувајќи како напредуваат неговите ученици. На некои деца што работат на компјутерите им е потребно охрабрување. Тие не знаат како да го илустрираат она што го напишале. Тој разговара со нив за неколку можни опции. Кога работи со децата што пишуваат, ги пофалува напорите за логично изнаоѓање на нови начини на спелување – дури иако нивниот финален продукт е неточен. Но, ако види дека некој од учениците погрешно го напишал зборот кој веќе претходно бил изучуван, како на пример зборот „find“ (изучуван истиот тој ден), тогаш сигурно ќе го коригира. Ќе земе некоја книга или картичка со збор и ќе рече: „Се сеќавате минатиот пат кога го видовме овој збор во книгата, се пишуваше вака“. За ученикот кој има потешкотии со писмената задача, бидејќи очигледно не ја разбрал приказната, г. Картер ја зема книгата и ќе замоли помошник да му ја прочита повторно. На друго дете на кое начинот на држење пенкало во раката му пречи дури да почне со пишување, тој му помага со тоа што детето му диктира. За децата кои успешно ја завршиле задачата пред другите, г. Картер ги организира во парови и ги охрабрува да си читаат еден на друг и да ги дотераат нивните штотуку завршени креации. Tие даваат годишен план за изведување на наставата – суштински елемент за ефективно изведување на наставата. Но, дури и најдобро подготвените деца може да не поминуваат со иста леснотија низ конкретна претходно составена секвенца на лекции. Наставниците мора да ги адаптираат и да ги модифицираат часовите за да ги задоволат индивидуалните потреби на секое дете во групата. . Најголемиот број деца имаат потреба од вовед што ќе ги мотивира за да можат нивните вештини да преминат од почетно ниво во автоматски вештини. Кога децата почнуваат да читаат, потребна им е можност да читаат самостојно секој ден, а и сами треба да одберат некој од текстовите. Овие материјали мора да бидат висококвалитетни со различно ниво на тешина соодветна за поединецот. Повеќекратното читање лесни текстови на децата им помага да го вежбаат и да го усвојуваат она што го научиле. Книгите што се потешки им даваат шанса да одат чекор понатаму, а понекогаш да напредуваат и со покрупни чекори. Текстовите што им се допаѓаат и оние што се блиски до нивните лични интереси им помагаат да изградат доживотна љубов кон читањето. Училишното раководство треба да овозможи кохерентна настава за читањето, односно да овозможи конзистентен приод кој ќе се проследува низ одделенската настава и наставниците во погорните одделенија ќе знаат што правеле наставниците пред нив.


јфе 11

Наставата ја одржуваме поделени во мали групи, заедно во една група или посебно зависно од потребите на децата. Читаме текстови пред целата паралелка. Потоа, кога имаме настава по читање, може да ги групираме по три деца заедно, според потребата од истата работа. Притоа се работи за тоа да пронајдеш што знаат децата и да преминеш кон непознатото. Секое дете доаѓа на училиште со ранец. А во тој ранец секој има нешто различно. Некои имаат многу искуство со книги и магнетни букви. Други, пак, живеат во стан со 15 луѓе. Она што ме поттикнува да ги поучувам децата е што гледам што влегува во тие ранци со текот на годините. Емели Паркер, наставничка во прво одделение, Основно училиште Бејлис, Околија Ферфакс, Вирџинија

б

ц

х д

л гЖ Една од главните цели на подготвителната година во градинката отсекогаш била да им помогне на децата да се чувствуваат пријатно во формален контекст на часот во училница. Навистина, тоа е огромно приспособување. Петгодишните деца кои почнуваат да одат во подготвителната година во градинка треба да научат да седат мирно, да споделуваат работи, да слушаат, кооперативно да комуницираат и да го прават она што се бара од нив. Дури и на најиндивидуализираниот час, тие мора да прифатат дека добиваат многу помалку лично внимание од она на коешто веројатно се навикнати. Особено е важно да им се помогне да се надмине овој емоционален предизвик и да се одговори на барањата поврзани со однесувањето. Но, подготвителната година во градинката исто така треба да ги подготви децата да научат да читаат и ова мора да биде клучен приоритет. Децата почнуваат да одат во подготвителната година во градинка со различни предучилишни искуства во читање и пишување: некои пишуваат со чкртаници, а некои со букви; некои во минатото имале многу сликовници и желно ги раскажуваат; кај други деца, пак, изгледа како книгите да им се прилично непознати. Истражувањата постојано покажуваат дека децата треба да го почнат првото одделение со добри ставови и знаења за писменоста. Во спротивно, барањата во наставата во првото одделение ќе ги доживеат како недостижни.

Што мора да се постигне – цели на градинката Деликатниот баланс за воспитувачите од подготвителната година во градинката е унапредување на писменоста на добро промислени, соодветни начини. Две цели се од најголема важност:

ј тт4

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

Предизвикот на градинката

Ш ф

џж

б

чди

ѓ еѕ


јфе 12

бц

х д

л гЖ

Ш ф

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

ј тт4

џж б

чди

ѓ еѕ

``Кога децата ќе излезат од градинка, треба да имаат солидно познавање на структурата и употребата на пишаниот јазик. Треба да знаат за форматот на книгите и другите пишани извори. Треба да бидат запознаени со анализа на јазикот реченица-пореченица, збор-по-збор, глас-по-глас. Треба да постигнат основна свест за фонеми и способност за препознавање и пишување на повеќето букви од азбуката. ``Градинката треба на децата да им помогне да учат од пишаното, бидејќи нивната идна едукација ќе зависи од ова. Децата што ја посетуваат подготвителната година во градинката треба до крајот на годината да имаат развиено интерес за видовите на јазик и знаење што можат да ги добијат преку книгите. Во следниот дел ги прикажуваме активностите за деца во подготвителната година во градинка. Што се однесува до претходниот збир од активности, главната намера е да се илустрираат компонентите што ја нагласуваат наставата по читање. Очекуваме дека прикажаните индивидуални активности ќе бидат корисни за најголемиот број од децата. Тие не претставуваат замена за еден сеопфатен наставен план.

Активности и практики за децата во подготвителната година во градинка За наставата во подготвителната година во градинка особено е важно ако е базирана врз активности на игра. Со пеење песни и одигрување на приказни и ситуации децата развиваат јазични вештини, наративни способности и стануваат сигурни при користењето симболи, односно дека една работа може да значи нешто друго. Ова се клучни точки во учењето читање. Тука опишуваме низа активности кои воспитувачите можат да ги користат на часовите. Многу од овие активности опфаќаат настава базирана врз игра.

Свест за книгата и пишаниот јазик За да станат успешни читатели, децата мора да разберат како функционираат книгите и пишаниот јазик. Треба да ги познаваат деловите од книгата и нивните функции и треба да разберат дека пишаното на страницата ги претставува зборовите што може да се прочитаат на глас. До предучилишна возраст, може да почнат да разликуваат различни форми и намени на пишаниот јазик, од лични писма и знаци до сликовници и есеи.

Активности* Организирајте активности со диктирање при што на децата ќе им помогнете да разберат дека која било кажана работа може да се запише. Тоа можете да го направите во форма на проект за правење книга, собирање на усни раскажувања кои децата ги диктираат, илустрираат и ги разменуваат меѓу себе. Исто така можете да правите чести и кратки диктати, запишување на детски натписи или наслови за нивните уметнички дела или запишување на нивната листа за купување кога ќе си играат некоја игра. Како дел од овие активности, помогнете им на децата да ги забележат различните аспекти на начинот на кој пишаниот јазик функционира: текстот се чита од лево на десно и од горе надолу; зборовите се одделуваат едни од други со празно место; крајот на редот не означува секогаш крај на мислата.

*Активности што можат да се прават со децата.


јфе 13

Фонолошка свест За време на првите години во градинка, најголемиот број деца спонтано стекнуваат некој степен на способност да размислуваат за гласовите на изговорените зборови, независно од нивните значења – фонолошка свест. Во подготвителната година во градинка особено е важно да се зајакне тоа првобитно поимање, односно да им се помогне на децата да развијат свест за најмалите смисловни единици или фонеми кои ги сочинуваат изговорените зборови (вештина за која се користи поимот „фонемска свест“). Ова е клучен чекор кон разбирањето на азбучниот принцип (дека фонемите се она што го означуваат буквите) и најпосле, во правец да научат да читаат.

Активности Голем број од активностите кои се применуваат со деца во првите години во градинка се исто така соодветни и за деца во подготвителната година во градинка. Играјте ја играта „ШТРАК“ користејќи заеднички гласови. Одлична е за да помине времето при долги патувања со автомобил. Еден играч кажува два збора. Ако имаат заеднички глас, другите играчи велат „штрак“ и штракнуваат со прстите. Ако двата збора немаат заеднички глас, сите молчат. Потоа следниот играч е на ред. Почнете со првиот глас од зборот и потоа преминете на средните и завршните гласови кога детето добро ќе ги усвои првите гласови. На пример: Другите ќе речат „ШТРАК!“ Сите молчат. Другите ќе речат „ШТРАК!“ за последниот глас. Другите ќе речат „ШТРАК!“ за средниот глас.

Очекувајте играта да стане по малку смешна. Кажете им на децата дека со нив ќе играте игра со слушање. Дајте им четири коцки или некој друг опиплив предмет, како на пример чипови или монистра или гравчиња што би можеле да ги користат за броење на фонемите. Запомнете дека ќе броите гласови, а не букви. Овде се работи за кажаниот збор, а не за пишаниот. 1. Кажете збор со две фонеми, како на пример „пиј“ и кажете им на децата да го повторат. Потоа речете „Јас можам да го поделам зборот „пиј“ во два дела ’п‘ и ’и‘. Ајде оваа коцка нека го претставува делот со ’и‘. Сега ни требаат две коцки заедно, ’п‘ и ’и‘ за да добиеме „пи“. Децата нека го направат тоа со нивните коцки. Во оваа вежба, секогаш кога ќе зборувате за конкретна фонема, допрете ја коцката што се однесува на тој сегмент. Потоа објаснете дека нов збор може да се направи со одземање на првата коцка (на делот ’п‘). Секој нека ја одземе првата коцка, па прашајте ги како сега гласи коцката што останала, имено зборот „и“. Потоа прашајте ги што ќе се случи ако ја вратите првата коцка. Помогнете им на децата да сфатат дека коцките сега повторно го претставуваат зборот „пиј“.

„П“

„И“

„ПИ“

„ПИЈ“

ц

х д

л гЖ

Ш ф

ј тт4

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

Играчот 1 вели, „стап и слон“. Играчот 2 вели „песок и книга“. Следниот играч вели „сон и тен“. Следниот играч вели „семе и зелка“.

б

џж

б

чди

ѓ еѕ


јфе 14

бц

х д

л гЖ

Ш ф

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

ј тт4

џж б

чди

ѓ еѕ

Потоа објаснете им дека може да се направи нов збор ако додадете нова коцка пред „п“. Оваа нова коцка го означува „с“ така што кога „с“ и „п“ и „и“ ќе се состават заедно, се добива зборот „спиј“. Потоа кажете им на децата да додадат коцка по „и“; „е“. Помогнете им да разберат дека четирите коцки сега ги претставуваат четирите фонеми во „спие“. На крајот, нека ја отстранат коцката „е“, нека го остават „спиј“ повторно.

„С“

„П“

„СПИЈ“

„И“

„СПИЈ“

„Е“

„СПИЕ“

2. По овој вовед, кажете им на децата дека сега сакате три коцки за некој друг збор, пр. мед“. Сега првата коцка е за делот „м“, втората коцка е за делот „е“, а третата коцка е за делот „д“. Сега ако прашам: „Ако сакам да го направам зборот „ме“ дали треба да додадам или да одземам некоја коцка?“ (Одговор: одземи ја последната коцка.) А ако пак сакам да го направам зборот „мед“, што треба да правам? (Одговор: врати ја коцката.) А ако сакам да го направам зборот „медо“ што да правам?“ (Одговор: додај нова коцка по „д“.) Повторувајте ја оваа вежба, понекогаш дајте го првиот збор кој бара одземање на фонема, а понекогаш давајќи го зборот кој бара додавање на фонема. Еве неколку примери на (англиски) зборови кои можете да ги користите:

Почетни зборови

Зборови кои бараат отстранување

Зборови кои бараат додавање

late

ate

plate

gray

ray

great

pin

in

spin (or pinch)

tore

or

store

rice

ice

price

care

air

scare

rain

ray

train

bad

add

band

goat

go

ghost

mall

all

small

Играјте игра со слушање во која децата ќе го спојат вашиот изговор на почетниот или на завршниот слог од зборот со смисла. ``Кажете им на децата дека ќе кажете збор во делчиња и дека треба да го споите зборот за да биде повторно целосен. Почнете со кажување на глас на прости зборови, со пауза помеѓу првиот и последниот слог. На почетокот, варирајте го првиот слог, а последниот слог нека биде ист:


јфе 15

с . . . ол д . . . ол м . . . ол Потоа првиот слог нека биде константен, а менувајте го последниот слог. На пример: с . . . лон с . . . слад с . . . он ``Проширете ја активноста кажувајќи збор и барајќи од децата да кажат друг што завршува со истиот глас, односно завршен слог.

Јазик, разбирање и реакција на текстови

ц

х д

л гЖ

Ш ф

ј тт4

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

Текстовите можат да ни дадат одлични идеи, забавни приказни, знаење, информации и безброј други богатства. Но, децата кои имаат слаб фонд на зборови и слаб репортоар на корисно општо знаење, едвај да можат да направат почетни чекори кон најосновните сфаќања на текстовите со коишто се среќаваат. Како ќе можат да разберат научна книга за вулкани, бајка за свилени буби или кратка приказна за Ескимите ако не ги разбираат зборовите „вулкан“, „свилени буби“ или „Ескими“? Што ако не знаат ништо за планини, гасеници или снег и студени клими? На децата во подготвителната година во градинка треба да им се даде можност да го изградат сопственото општо познавање и јазик за да можат да ги разберат и да имаат корист од текстовите со кои ќе се среќаваат. Друг важен фактор во разбирање на текстовите е интересот. Децата треба да се заинтересирани за книги и за пишаниот јазик за да можат да читаат доволно и да бидат добри во тоа. Една важна цел во подготвителната година во градинка е да ги мотивира децата да наоѓаат врска со книгите и пишаното како значаен и вреден дел од нивните животи. Богати дискусии на часот, промислени периоди за прашања и одговори, забава, привлечни активности поврзани со текстовите, висококвалитетни четива од книги со приказни – сите овие нешта имаат важно место за да им помогнат на децата секојдневно да напредуваат во сфаќањето за тоа што го читаат, да уживаат и да станат вистински читатели.

б

џж

б

чди

ѓ еѕ


јфе 16

бц

х д

л гЖ

Ш ф

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

ј тт4

џж б

чди

ѓ еѕ

нови зборови, нови идеи булдожер вселенско летало

делфин тукан типи

Активности Помогнете им на децата да развијат знаење и фонд на зборови што ќе им бидат потребни за да станат успешни читатели. ``Носете ги децата на екскурзии и излети, на интересни места што ќе им овозможат да се стекнат со нови знаење и нови зборови. На пример, за посетата на фарма може да се направи вовед и потоа да се проследи со богата дискусија за храната и сточарството во која вие и децата ќе користите нови зборови и поими како што се на пример: трактор, молзење, орање, полиња, садење. Исто така, да поттикнете индивидуални разговори во кои децата ќе имаат можност да го опишат она што го виделе. ``Договорете време за размена на идеи во кое децата можат да донесат предмети што се интересни за нив за дискусија. Создадете богата конверзациска атмосфера со тоа што ќе одговорите на оној што ги кажува своите идеи и ќе се надоврзете на неговите или нејзините мисли, а ќе ги поканите и другите деца да учествуваат. Користете ги погорните можности како инспирација за дискусии во училницата посебно и пред целата група. Афирмирајте ги децата во нивните напори да се изразат, но исто така поттикнете ги да бидат попрецизни во нивниот фонд на зборови и синтакса. Подобрете ги нивните синтактички способности надвор од вообичаеното „и тогаш, и тогаш, и тогаш“ со тоа што ќе им поставувате прашања што ќе ги охрабрат да користат зборови како „бидејќи“, „потоа“, „откако“ и „додека“ во нивните одговори. Ако детето рече: „Лижев црвено лижавче“, вие може да му помогнете да биде попрецизно ако кажете: „Но, може да има две различни црвени лижавчиња. Дали твоето беше со вкус на јаготка или на цреша?“


јфе 17

Одберете книги и приказни за читање на глас чијашто содржина е за многу различни суштетства, места и работи. Проширете го секој избор со слики, дискусија, а особено со други книги и приказни кои на децата ќе им дадат простор да го утврдат и да го прошират нивното ново знаење. Активностите со драматизација им даваат можност да развијат јазични вештини и вештини на описменување, подлабоко сфаќање за раскажувањето и нивните лични реакции . Поттикнете ги децата да прераскажуваат, одиграат или да драматизираат приказни или делови од приказни кои ги прочитале. Можностите за драматизација се безгранични и не мора да се поврзани само со белетристика. На пример, една група одлучи да започне со ископување на диносаурус откако читаа за диносауруси. Обележаа мал дел покриен со трева надвор од училиштето и почнаа со копање. Едно по едно, децата наоѓаа стапчиња и камења кои ги прогласуваа за остатоци од диносауруси, како трицератопс или тираносаурус. Наставникот им помогна да вградат описменување со тоа што направија знаци за делот кајшто копаа („Ископување диносауруси – не вознемирувајте“) и со ставање на етикети со наслови на детските пронајдоци. Обидот водеше кон понатамошно читање на глас на книга за диносауруси, дискусии за науката и богати разговори.

Еве само неколку совети за успешна игра со драматизација:

``Предвидете повеќе време за да можат децата да состават сценарија. Развијте го нивното општо познавање за контекстот во кој се одигрува претставата. ``Поттикнете ги и водете ги пробите за драматизација на текстот. Учествувајте и самите во акцијата, демонстрирајќи им на децата начини како функционира драматизацијата. ``Водете ги децата во драматизации што вклучуваат и пишан текст – на пример, сцена со ресторан за која е потребно мени и нотес за да се запишат нарачките во него – што може да се поткрепи со објаснувања за тоа како функционира мени со јадења. Помогнете им на децата да развијат вештини на слушање со тоа што ќе им понудите аудиокниги и со играње игри во кои усно треба да се дадат инструкции и насоки што треба да ги следат. Исто така, може да се обидете со песни со повик-и-реакција, како што е класичната песна „Следи го водачот“ (Follow the Leader ) од Ела Џенкинс (Ella Jenkins), во кои децата се повикуваат да ракоплескаат и да го следат ритамот на музиката на разни начини. Доброто читање на книга со приказни е интерактивен процес кој им помага на децата да го истражуваат јазикот и да развиваат многубројни вештини. Понудете разновидни текстови, белетристика и друга литература. Еве неколку ефективни стратегии за читање на глас: ``Децата нека поставуваат свои прашања за приказната и нека одговараат на прашањата на нивните другарчиња. ``Охрабрете ги да го следат текстот со движење, мимика или хорско читање. ``Вниманието на децата насочете го на формите на пишаниот текст, како што се

ц

х д

л гЖ

Ш ф

ј тт4

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

``Подгответе ја средината. Проверете дали децата ги имаат потребните материјали како што се: кукли, кадифени животни, коцки за градење, реквизити и материјали за пишување (за да можат да користат печатени букви во нивната игра). Најдобрите занимални обично нудат тематски катчиња кои се привлечни за интересите на учениците, како на пример, природно катче, куклен театар, песочник поставен како плажа, заедно со книги, приказни и патувања поврзани со темата.

б

џж

б

чди

ѓ еѕ


јфе 18

бц

х д

л гЖ

Ш ф

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

ј тт4

џж б

чди

ѓ еѕ

интерпункцијата, буквите, просторот помеѓу зборовите, позицијата на насловот на поглавјето, разликите меѓу должината на редот кај прозата и поезијата. ``Овозможете читање на истата приказна повеќе пати за да можат децата одлично да го совладаат наративниот дел, идеите и јазикот. ``Кога на децата ќе им читате книга со поглавја, кажете им да резимираат пред да почнете и откако ќе завршите со читање на секое поглавје. „И до каде стигнавме?“ – може да ги прашате на почетокот од читањето. А потоа, на крајот: „И што се случи во ова поглавје?“ Распоредете ги децата во парови или групи за искуство на делење на книгата. Или ставете ги оние деца кои имаат исти интереси заедно и формирајте клубови на книгата во паралелката. Во форма на клуб на книгата, помогнете им да ја читаат истата книга или слични на неа и да ја дискутираат меѓу себе. Наставниците/воспитувачите може да ангажираат родители доброволци да дојдат и да помогнат со читањето или со дискусии во клубовите. Или децата може да однесат некоја книга дома што родителите ќе им ја прочитаат и следниот ден ќе можат да зборуваат за неа во нивниот клуб на книгата. Дајте им на децата пристап до многу разновидни материјали за читање.

поврзување со книгите Последен ден пред да почне распустот за Денот на благодарноста. Децата во подготвителната година се седнати во круг за читање приказна. Иако до пред неколку месеци на децата во нејзината група им беше тешко да седат мирно, сега тие внимателно слушаат, подготвени да ги одговараат прашањата на г-ѓа Харис. Во денешната книга се работи за дете чија баба е дојдена на гости од друга земја за да го посети за Денот на благодарноста. Многу значење се придава на прегратката во која бабата го зема своето внуче на аеродромот. Г-ѓа Харис прави пауза со читањето. „Дали некој има роднини што сакаат да го гушнат кога ќе дојдат на гости?“ Нејзината цел е да им помогне на децата да научат да ги поврзуваат информациите и настаните од текстовите со вистинскиот живот. Шест раце се креваат желно во воздухот. Едно по едно, таа ги слуша раскажувањата за роднините што гушкаат: Мае, чија баба силно ја гушнала кога отишла во Виетнам; Андре, чија тетка го гушнала кога дошла од Гвајана; Моли, чиј дедо ја гушнал кога дошол од Минесота. Откако ќе раскаже секое дете, г-ѓа Харис го повторува одговорот често пати прашувајќи го детето да додаде нешто или да дополни со повеќе детали. На крајот, откако ќе ислуша шест или седум раскажувања, г-ѓа Харис ќе забележи: „Зарем не е интересно тоа што сите тие семејства од толку многу различни места сакаат да си ги гушкаат своите деца. Се чини дека сите вие имате нешто заедничко со детето од приказната. Добро, ајде да се вратиме и да го прочитаме останатиот дел“ – и продолжува со читање таму кајшто застанале. Децата се мирни повторно, го голтаат секој нејзин збор. ``Дајте им на децата насока и сугестии за да одберат соодветни материјали за читање што ќе одговараат на нивните интереси и способности за читање. Дајте им можност да си одберат свои книги за нивната библиотека во градинката, нивната училишна библиотека и нивната градска библиотека. Помогнете им да се запознаат со поголем број книги и автори. На пример, ако сакаат некоја одредена книга, предложете да погледнат и некоја друга книга од истиот автор или на слична тема. ``Помогнете им на децата да се запознаат со поголем број видови или жанрови на текстови.


јфе 19

Опремете го вашето книжевно катче во библиотеката со разновидни материјали, вклучувајќи книги со приказни, небелетристички книги за деца, стихотворби, весници и списанија. ``Другите катчиња за активности можат да вклучуваат пишани текстови од секојдневниот живот, како на пример: менија за нарачка на јадења, неделно мени од кафетеријата, сезонски каталози со играчки и одделенски списоци што се актуализираат. „На почетокот на учебната година една од првите работи што ја правам е на моите ученици да им дадам за дома формулари за членска картичка за библиотеката. На секое дете му се издава картичка и јас ги носам децата во библиотека. На родителите им давам список со одобрени книги. Многумина од родителите ми кажуваат дека тие не знаат како добро да читаат. Ако тие не знаат да му читаат на детето, им велам да најдат некој што може да му чита“. Етелин Хамилтон Фрезел, воспитувачка во подготвителната година во градинка, Основно училиште д-р Роналд Е. Мекнаир, Њу Орлеанс, Луизијана

б

ц

х д

л гЖ

Ш ф

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

ј тт4

џж

б

чди

ѓ еѕ


јфе 20

бц

х д

л гЖ

Ш ф

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

ј тт4

џж б

чди

ѓ еѕ

Препознавање на буквите, декодирање и препознавање на зборовите До крајот на подготвителната година во градинка децата би требало да имаат способност да именуваат најголем број од буквите на азбуката, без оглед на редоследот во којшто се јавуваат, без оглед на тоа дали се големи или мали букви. Исто така би требало тоа да го прават брзо и без напрегање. Би требало да почнат да учат за соодветствувањето на буквата со гласот и да декодираат прости зборови. Би требало да почнат да препознаваат некои многу чести зборови по самото нивно видување.

Активности Воспоставете пракса така што секое дете во паралелката ( група ) ќе си има свој Ден на буквата. На определен ден на детето, ставете ги неговите или нејзините иницијали на дел од таблата или паното. На пример, на Денот на Арон Смит, воспитувачот ги става буквите А и С. Во текот на целиот тој ден, децата треба да бидат внимателни за зборови во нивната средина кои ги содржат буквата А и С. Кога ќе најдат таков збор, треба да му го шепнат на некој возрасен. Возрасниот ќе го објави тоа во некој соодветен момент, со тоа што ќе рече нешто како на пример: „Џесика ја гледа буквата А во научното катче. Зборот што го гледа е мравки“. Потоа воспитувачот ќе покаже кон постерот со мравките и ќе го напише зборот на таблата.


јфе 21

Помогнете им на децата со текот на времето да се чувствуваат посигурно при препознавање и именување на големите и малите букви од азбуката. Пример за забавен начин на кој може да се направи тоа е адаптацијата на старата омилена игра „Гледам, гледам“ (I Spy). Употребете веќе користен текст којшто сите деца ќе можат да го имаат пред себе, на пример фотокопиран пасус од некоја книга што одговара на некоја од големите книги на воспитувачот. Кажете им на сите деца да се концентрираат на текстот. Отпочнете ја играта со тоа што ќе речете: „Гледам гледам седум мали букви „т“. На овој начин ќе ги предизвикате децата да ги лоцираат сите седум мали „т“ во пасусот. (Запомнете, тие не би требало да го читаат текстот, туку само да ја побараат буквата и да се запознаат со препознавањето на големите и малите пишани букви). Дозволете им на децата да се менуваат по некој ред кој ќе кажува: „Гледам, гледам“. Покажете им на децата дека низата букви во пишаниот збор се совпаѓа со низата гласови кои ги слушаат кога се изговара тој збор. ``На таблата напишете прост збор што почнува со согласка. Насочете ги децата да ги изговорат гласовите во зборот, да ги комбинираат во слогови и да ги идентификуваат. Променете ја првата согласка со друга согласка и речете им да го кажат новиот збор. Демонстрирајте им изговарање на гласовите и комбинирање во слогови . Повторувајте ја почесто оваа вежба. Откако децата добро ќе го усвојат променувањето на првата согласка од зборот, обидете се да ги замените последните согласки. Но некој определен ден е најдобро да се концентрирате на една позиција на буквата. Откако децата ќе стекнат некакво искуство, обидете се со потешката задача со менување на самогласките.

Замена на последната согласка од зборот: пес, пет, пеш, пеј. Самогласка: сам, сом, сум или бал, бил, бол.

Совет: Не заборавајте ги книгите од издавачот Др. Сеус (Dr. Seuss), како што се Зелени

јајца и шунка (Green Eggs and Ham) и Една риба, две риби (One Fish Two Fish) кои нудат жива и забавна проза полна со рими и игри на зборови што ќе можете да ги интегрирате во вашата настава. Помогнете им на децата да си изградат сопствен фонд на зборови препознатливи според видување. Обидете се со оваа игра со картички со зборови, верзија на познатата игра „Меморија“ (во САД пак позната како Concentration). Направете или соберете по два примерока од 6 картички со збор, за вкупно 12 картички (по 2 картички за секој од шесте зборови). Измешајте ги картите и наредете ги по три или по четири во ред, со опачината нагоре. Првиот играч отвора две карти и ги чита и двата збора што ги отворил. Ако две картички се совпаѓаат, играчот ги зема картичките и има право пак да отвора. Ако не се совпаѓаат, тогаш играчот мора да ги врати точно на истото место, со опачината нагоре. Потоа следниот играч ќе се обиде на истиот начин. Користејќи ја сопствената меморија за она што било претходно откриено, тој или таа е на ред да отвори две картички, обидувајќи се тие да се совпаѓаат во пар. Играјте додека да се спојат сите картички. По играта, прочитајте ги сите зборови. Играјте повеќе пати за да ги вежбате зборовите. Додадете нови зборови. Зборовите како следните се добри за почеток, бидејќи тие често се среќаваат во книгите и претставуваат извесни отстапувања во спелувањето на буквите: the one two says said have

ц

х д

л гЖ

Ш ф

ј тт4

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

Замена на првата согласка од зборот: мед, жед, рој, кој.

б

џж

б

чди

ѓ еѕ


јфе 22

бц

х д

л гЖ

Ш ф

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

ј тт4

џж б

чди

ѓ еѕ

време за пишување Време е за пишување и децата во подготвителната година во градинка седат на столчиња со хартија и молив пред нив. Нивната задача е да пишуваат за времето тој ден. Г-ѓата Милер шета низ училницата, им дава совети на поединечни деца во нивните обиди да пишуваат. „Прочитај ми на глас Амир“. Амир сега гледа надвор од прозорецот во облаците. Ја крева хартијата во раце и чита: „Денес е облачно, се надевам дека ќе паѓа снег“. На неговата хартија стои напишано: Днес е облачно с ндевам дка ќе пѓа снег „Добро“, вели г-ѓа Милер. Таа покажува кон зборот „днес“ и вели: “можам да го препознаам овој збор, тоа е слично како што јас го пишувам. Таа покажува кон зборот „денес“ напишан на таблата. „А што би правел ти ако паѓа снег?“, го прашува. „Ќе направам Снешко“, одговара Амир веднаш. „Зошто не го напишеш и тоа и уште некои други работи што би сакал да ги правиш во снегот. Потоа нацртај и цртеж до него. И биди и ти во приказната и на цртежот. Сакам да те видам во снегот“. Заинтересиран Амир се наведнува над својата тетратка и продолжува да работи. Помогнете им на децата да препознаат општопознати зборови кои имаат отстапувања од правилата за спелување на „the“, „have“ и „two“. Одличен начин за тоа е преку познати песнички за деца. На пример, напишете на таблата и прочитајте: Hickory dickory dock. The mouse went up the clock. The clock struck one. The mouse ran down. Hickory dickory dock. Дозволете им на децата да се вклучат во рецитирањето на песничката, а истовремено покажувајте го зборот којшто го читате. Потоа напишете го зборот „the“ и „The“ на таблата. Покажувајте сега ред по ред и повикајте ги децата да дојдат на таблата и да го допрат зборот „the“ ако се појави. Кажете им дека зборот „the“ е збор што го гледаат често кога читаат. Ставете го зборот на ѕидот заедно со други зборови како „the“ што ќе се јават често во текстот. Поучувањето на овие зборови треба да биде така што тие ќе се учат по изгледот да бидат веднаш препознаени.

Пишување Децата имаат потреба од многу можности да пишуваат. Опремете ја занималната со разни видови хартија, прибор за пишување и на материјали за правење книги (лепак, селотејп, хефталка, корици за книга). На почетокот на подготвителната година за градинка некои деца можеби сè уште ќе чкрткаат и ќе цртаат цртежи. До крајот на годината тие самостојно ќе ги пишуваат најголемиот број од големите и малите букви и ќе пишуваат зборови иако не секогаш точно.


јфе 23

б

ц

х д

л гЖ

Ш ф

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

ј тт4

џж Активности Кажете им на децата да направат свои речници со букви. На секое дете ќе му биде потребно: тетратка, моливчиња, пенкала, боички, фломастери, стари списанија, детски ножички и лепак или селотејп. Ова е проект за целата година. ``Соберете ги тетратките на децата и напишете ја секоја буква од азбуката како заглавие на секоја страница поединечно – притоа прескокнувајќи по неколку празни страници помеѓу секоја буква. Запомнете да ги напишете и големата и малата буква. Кога ќе бидете подготвени да продолжите, поделете им ги тетратките на децата и кажете им дека овие книги ќе станат нивните лични речници со букви.

б

чди

ѓ еѕ


јфе 24

бц

х д

л гЖ

Ш ф

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

ј тт4

џж б

чди

ѓ еѕ

``Кажете им на децата да најдат зборови правилно напишани за да ги препишат на соодветната страница. Поттикнете ги да нацртаат слика од нештото, ако е тоа возможно или да залепат слика од некое старо списание. ``Користете ги речниците како помошно средство на активностите и лекциите со букви и зборови. На пример, кога е Ден на буквата на Захарија Фајнштајн, може да напишете неколку зборови со „з“ или „ф“ на таблата и да ги замолите децата да ги препишат на соодветната страница во нивниот речник.

Постигнувања на ученикот во подготвителната година во градинка Подготвителната година во градинка е одлично време за подготовка за предизвиците на вистинското читање. За таа цел составивме список со конкретни достигнувања кои до крајот на подготвителната година детето треба да ги демонстрира како успех во учењето. Поради нивната важност, ние ќе ги презентираме во нивната целост, онака како што се објавени во студијата Превенција на потешкотиите при читањето кај малите деца (Preventing Reading Difficulties in Young Children), издадена од Национален академски печат (National Academy Press) 1998 година. Како и кај списокот со постигнувања за детето во првите години во градинката, овој список не е исцрпен, но опфаќа многу суштински поенти од процесот на стекнување на писменоста. Иако временската динамика на овие постигнувања ќе варира кај децата, тоа се токму оние работи коишто треба да се присутни кога децата ќе почнат да одат во прво одделение.

постигнувања во подготвителната година ``Ги знае составните делови од книгата и нивните функции. ``Почнува да го следи пишаниот текст кога слуша читање на познат текст или кога самиот си препрочитува сопствен ракопис. ``„Чита“ познати текстови во почетна фаза, т.е. не е збор по збор само од пишаниот текст. ``Ги препознава и може да ги именува сите големи и мали букви. ``Разбира дека низата букви во пишаниот збор претставува низа гласови (фонеми) во изговорениот збор (азбучен принцип). ``Ќе научи многу, иако не сите соодветствувања на буквата со гласот. ``Препознава некои зборови според видување, вклучувајќи и неколку многу чести зборови („the“, „I“, „my“, „you“, „is“, „are“). ``Користи нов фонд на зборови и нови граматички конструкции во сопствениот говор. ``Правилно се префрла од усни на пишани јазични стилови. ``Забележува кога некои прости реченици немаат смисла. ``Ги поврзува информациите и настаните во текстовите со животот како и животните искуства со текстот.


јфе 25

``Прераскажува, одигрува или драматизира приказни или делови од приказни. ``Внимателно ги слуша книгите што воспитувачот ги чита пред групата. ``Може да наброи некои наслови на книги и автори. ``Покажува дека му се познати разновидни типови или жанрови на текст (на пример: книги со приказни, објаснувачки текстови, песни, весници и текстови од секојдневниот живот како што се знаци, огласи, етикети). ``Дава точни одговори на прашањата во врска со приказни што биле прочитани на глас. ``Прави претпоставки базирани на илустрации или делови од приказните. ``Покажува разбирање за тоа дека кажаниот збор се состои од низи фонеми. ``Кај однапред зададени низи како „дан, дан, ден“ може да ги определи првите два збора како исти, а третиот како различен. ``Кај однапред зададени низи како „дак, пат, зен“ може да ги определи првите два збора дека делат ист глас. ``Може да спои претходно изговорени сегменти во збор со смисла. ``Ако му се зададе изговорен збор, може да произведе друг збор што ќе се римува со првиот. ``Пишува самостојно голем број мали и големи букви. ``Го користи своето познавање на буквите и свеста за фонеми за сопственото самостојно спелување (измислено или креативно спелување). ``Прави репертоар од некои зборови со конвенционално спелување. ``Покажува свест за разликување помеѓу „детско пишување“ и конвенционална ортографија. ``Си го пишува сопственото име (име и презиме) и името (само име) на некое од другарчињата или соучениците. ``Може да напише поголем број букви и некои зборови кога се диктираат.

ц

х д

л гЖ

Ш ф

ј тт4

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

``Пишува (неконвенционално) за да го изрази сопственото мислење.

б

џж

б

чди

ѓ еѕ


јфе 26

бц

х д

л гЖ

Ш ф

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

ј тт4

џж б

чди

ѓ еѕ

прво одделение – важна година „Не мислам дека постои една најдобра метода за наставата по читање или една најдобра програма. Она што јас го правам веќе 27 години е тоа што го одбирам она што мислам дека функционира и го вградувам во наставата. Секој ден децата имаат потреба да слушнат читање и имаат потреба да бидат вклучени во процесот на читање. Јас работам многу на фонемската свест преку песни и игри, а исто така многу ги изложувам и на пишаното со означување на етикети во собата. Јас верувам дека гласовната метода е значајна. Ние, исто така, разговараме преку пишување. Тие ми пишуваат за нивните домашни галеничиња, за нивните семејства, за она што го виделе на телевизија. Потоа, наредниот ден, јас им возвраќам со пишан одговор. Тоа станува континуирана коресподенција“. Сузан Дербер, наставничка во прво одделение, Училиште Сендбург, Спрингфилд, Илиноис Иако станувањето писмен човек е долг процес кој почнува во бебешките денови, првото одделение е најважната година. Првоодделенците тргнуваат на училиште очекувајќи дека сами ќе научат да читаат. Нивните родители и наставници го очекуваат истото тоа од нив. Секој кој бил сведок на добра настава може да потврди дека тоа не е ништо помалку од уметност барајќи исклучителен талент, вештина и посветеност. Наставата, особено за оваа возрасна група, поставува огромни предизвици. Речиси во секое училиште во Америка некои деца тргнуваат во прво одделение читајќи на ниво на трето одделение, додека пак други не умеат да ги препознаат сите букви од азбуката. Наставниците, повеќето од нив соочени со повеќе од 20 деца, мораат да изнајдат начини и да бидат сигурни дека секое дете напредува секојдневно. Како успешните наставници му излегуваат во пресрет на индивидуалното учење на толку многу различни првоодделенци? Понекогаш формираат тимови, дури и од различни паралелки, за настава во помали групи приспособена на способностите и интересите на нивните ученици. Понекогаш тие формираат групи во самата паралелка: децата ја користат предноста од заедничката работа, а наставникот може да се движи меѓу нив, концентрирајќи се на поединечна група или одделувајќи време за настава со дете кое има потешкотии. Понекогаш наставниците покануваат доброволци или специјалисти да им помогнат на понапреднатите ученици или да им дадат индивидуална помош. Или пак имаат активности со целото одделение кои се добро осмислени така што ќе бидат интересни и успешни дури и во паралелките со најразлична мешавина на способности. Сите овие приоди – а и многу други – можат да функционираат само доколку наставниците се трудат да избегнат формирање на групи со цел да бидат цел за себе, а ги ограничуваат децата. Наставниците мораат секогаш внимателно да ги следат потребите на учениците и нивниот напредок за да го одржуваат предизвикот за учениците и да ја хранат нивната љубопитност, а притоа да избегнуваат фрустрации и етикети што може да предизвикаат децата самите да се откажат. Првото одделение е време кога децата ги спојуваат многуте јазични и писмени вештини што дотогаш ги стекнале – свест за книгата и пишаното, фонемска свест, знаења за буквите и зборовите, општо познавање за различни теми, и треба да почнат да се чувствуваат задоволно и да се запознаат со конвенциите на асоцирање на буквите и гласовите. Конечно, наставниците мораат да бидат сигурни дека секое дете не само што добро ќе чита, туку, исто така, и ќе ужива во читањето и ќе се потпира на него за да учи нови работи како што


јфе 27

ќе напредува во годините на животот. Ова е година во која најголем број од учениците стануваат „вистински“ конвенционални читатели, а најголемиот број деца силно зависат, некои пак целосно зависат, од наставниците кои се водачи во оваа транзиција. Како и во претходниот дел за подготвителната година во градинка, во следниов дел ќе претставиме активности за првоодделенците со кои на членовите на семејствата и на заедницата ќе им илустрираме концепти кои ја истакнуваат наставата за читање. Се очекува многу од претставените активности да се реализираат во првата половина од годината. Нашите очекувања се дека вклучените индивидуални активности ќе бидат корисни за најголем број од децата; меѓутоа, тие се примери, а не сеопфатни наставни планови.

карактеристики на успехот

ц

х д

л гЖ

Ш ф

ј тт4

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

Од родителите до креаторите на политиката, важно прашање што се поставува гласи: Како изгледа една добра програма за читање? Не постои единствен одговор, секој ден милиони деца низ целата земја успешно учат да читаат преку примена на разни видови на приоди. Меѓутоа, она што го знаеме е дека најефективните програми за читање имаат некои заеднички карактеристики и дека постојат извесни активности кои сите првоодделенци би требало да ги прават. За да може детето течно да чита, тоа треба со поглед да ги организира зборовите и автоматски да ги применува правилата за соодветствување на буквата со гласот. Без овие вештини за препознавање на зборот, децата никогаш нема да можат да читаат или правилно и компетентно да го препознаваат текстот. Наставниците им помагаат на децата со тоа што обезбедуваат интензивна настава и настава со педагошки намери за структурата на усниот јазик и за врските помеѓу фонемите и пишувањето. Потоа, првоодделенците имаат потреба од интензивни можности да читаат, интересни текстови во кои ќе уживаат, секој ден, како на глас со другите така и самостојно. Во првото одделение и во првите одделенски години, наставниците треба да вградат експлицитна настава за стратегиите за разбирање текстови, како што се резимирање на главната идеја, предвидување и изведување заклучоци. Понатаму, првоодделенците мора да бидат постојано поттикнувани да пишуваат, дури и тоа да значи користење на креативно или инвентивно спелување.

б

џж

б

чди

ѓ еѕ


јфе 28

бц

х д

л гЖ

Ш ф

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

ј тт4

џж б

чди

ѓ еѕ

првите обиди Денес во семејството се слави роденден. Брат му на Лари, Иван, наполни четири години. Според вообичаената семејна традиција, сите се собраа во кујната на појадок со палачинки. Откако ги собраа чиниите, Иван е подготвен за роденденските подароци. „Среќен роденден, Иван“, вели татко му, ставајќи пред него две завиткани кутии. Иван посегнува по неговите подароци – подготвен да ја искине украсната хартија. „Еј, Иван, а картичката?“, го прашува мајка му. Иван го отвора пликот. По извесна борба ја извлекува роденденската картичка. „Еј, со слика од воз!“, вика. „Јас сакам возови“. Потоа покажува кон неколкуте букви што ги знае. Еве Б. Еве O“. Потоа, откако ќе ги погледне зборовите во внатрешноста на картичката, брзо си ја пее песната „Среќен роденден“. „Навистина сакаш да ја прочитам картичката?“, го прашува неговиот шестогодишен брат. „Јас можам да ти ја прочитам картичката“, вели Лари, кој ја зема картичката и почнува да чита несвечено со спор, забавувачки тон, испитувајќи го речиси секој збор, потпомогнат од мајка му кај некои зборови. „Срре...еќен р..од...енден и у..ш..т...е.. многу д..р..у..г..и. Теш...ко ми..е да...поверувам...дека имаш четири години!“ „Леле, Лари!“, одговараат истовремено неговите родители. Никогаш не го виделе Лари да направи нешто слично на ова досега. Се гледаат еден со друг шокирани. Ова е прв пат воопшто Лари да се пријави сам да прочита нешто. Дотогаш тие се прашуваа дали навистина ги чита книгите или ги раскажува. Но, тој ја немаше видено картичката претходно, па така сега тие беа сигурни дека тој станал вистински читател. Иван почнува со отворање на подароците. Едно од неговите нови богатства е комплет со железница, а другото е книга. Иван се врти кон брат му и вели: „Еј, Лари, ќе ми ја прочиташ ли новата книга?“

Конечно, за да им помогнете на децата да ги разберат книгите со кои ќе се среќаваат, часовите по читање, и сите наставни програми во првите години на училиште, треба да им помогнат да го изградат нивното општо знаење и фонд на зборови во богат и разновиден спектар на домени – од животните и Сончевиот систем до обичните работи од животот, како што се супермаркетите и подземната железница.

Активности и практики за часовите во прво одделение Продолжување на фонемската свест, знаење за буквите и свест за книгите и пишаниот јазик На возраст за прво одделение, многу од децата веќе постигнале некакво искуство со фонемите во говорниот јазик и со пишаните букви, а исто така расте и нивното сфаќање за намената и целите на книгите и пишаниот јазик. За децата кои имаат потреба од дополнително вежбање на овие полиња, некои од опишаните активности во претходните делови на оваа книга може да се адаптираат со специјална содржина за првоодделенци. Ќе забележите дека многу од следните активности можат спонтано да се вткајат во секојдневниот првоодделенски живот додека заемно се запознаваат и децата и наставникот.


јфе 29

Активности Во оваа активност на децата ќе им зададете задача да ги „раздвојат“ и да ги „соединат“ слоговите во зборовите. ``Кажете им дека ќе играте игра со името. Шетајте низ училницата, кажувајте ги имињата на децата, притоа плескајќи со рацете и паузирајќи меѓу слоговите. На пример, кажете „Софија“. Потоа кажете со паузи помеѓу слоговите: „Со... фи... ја“ и плескајте со рацете при секој слог. Повторете го ова и кажете им на децата да ви се придружат. Шетајте низ училницата плескајќи со рацете на секој слог додека ги изговарате различните детски имиња. Бројте го бројот на плескања и укажете на тоа дека некои имиња добиваат само едно плескање, а други пак добиваат многу. За време на заедничката настава со целото одделение, кажувајте секој ден по неколку имиња на овој начин. ``Подеднакво е важно да утврдите дека децата, исто така, можат да ги соединат слоговите во зборови. На пример, кажете: „Со... фи... ја“ и кажете им на децата да го состават името. Тие би требало да речат „Софија“. Кога децата ќе бидат сигурни и компетентни за активностите на ниво на слогови, направете слични активности со фонеми, најмалите делови од говорот. Децата нека ги раздвојат и нека ги соединат одделните фонеми на прости едносложни зборови.

убавината на азбуката „Не е само вежба и пракса за да научат децата како да читаат добри приказни“, вели г-ѓа Џонс, наставничка во прво одделение веќе повеќе од десет години. „Секако, уживам да читам со децата – тоа има огромно значење за мене. Но азбучниот принцип е исто така прекрасен, сам за себе и сам по себе“. Таа разговара со една девојка, студентка наставничка која личи дека има 20 години. Ова е нејзината прва недела на работното место. Штотуку излезена од колеџ, таа има страст за детска литература и респект за неопходноста на спелувањето и часовите според гласовната метода – но тешко дека ги сака. Човек може да си помисли дека таа азбучниот принцип го смета за некој вид на лекарство што мора да се голтне, а не како нешто што треба да се пофали и сака. „Замислете си“, вели г-ѓа Џонс. „Прво, вие сте мало дете и целиот тој јазик што го слушате е некаков мистериозен водовртеж од гласови, а зборовите во вашата сликовница се само мали црни знаци. Но, еден ден ќе забележите дека има некои мали гласови – фонеми коишто ги слушате постојано и повторно на различни начини кај различните зборови околу вас. Земете го како пример гласот „л“.

ц

х д

л гЖ

Ш ф

ј тт4

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

``Обидете се да ја поврзете оваа активност со личноста на другарчињата од паралелката. На пример, користете картички со слики кои претставуваат едносложни зборови и кажете му на секое дете да си одбере омилена картичка. Потоа, одберете дете кое ќе ја крене картичката додека го кажувате зборот. Потоа повторете го уште еднаш, но овој пат со паузи и плескање помеѓу секоја фонема. На пример, Софија има слика од цвет. Вие велите „цвет“, а потоа ја кажувате секоја фонема „ц... в... е... т“, со пауза и плескање за секоја фонема. Дозволете им на децата во одделението да повторат по вас или пак дозволете ѝ на Софија да одбере други деца што ќе ги раздвојуваат нивните зборови.

б

џж

б

чди

ѓ еѕ


јфе 30

х д

Постојано се јавува. Го слушате во порака, во „млеко“, во „кола“. И потоа сфаќате дека можете и самите да ги манипулирате фонемите за да измислите секакви видови на зборови. Можете да го смените ’дом‘ во ’лом‘ и ’вреќа‘ во ’среќа‘. Сега сте стекнале фонемска свест“. „Потоа ги учите буквите од азбуката. Ги имате овие 26 слатки сликички за да ги бележите сите овие мали гласови. Сега сте добиле правопис или ортографија. А што е уште повозбудливо, можете да ги користите тие букви за да ги доловите гласовите што некој друг ги запишал за да ги прочитате. Сега се добиле декодирање или гласовна метода“. „Каков чудесен систем е нашата азбука – и никој навистина не знае кој го измислил! Но, со азбуката секој може да чита што напишал некој друг, дури и луѓето што не се знаат меѓусебно“. „Каков начин на поимање на нештата“, одговара студентката, видливо зачудена. „И да знаете дека е така“, вели наставничката. „Ова е подарок што им го давам на децата – азбучниот принцип. Затоа сакам да бидам наставник во прво одделение“. Г-ѓа Џонс заминува на нејзиниот следен час оставајќи ја студентката вчудоневидена и со раширени очи која повторно ги слуша гласовите на детскиот јазик како одекнуваат во ходниците околу неа.

Ш ф

``Некој друг ден можеби вие и детето на почетокот ќе ја чувате сликата скриена. Заедно кажете ги фонемите „ц... в... е... т,“ со паузи помеѓу нив. Кажете им на учениците да го состават зборот, а како награда покажете им ја сликата. Со текот на времето можете да ја надградите активноста со тоа што децата ќе го наоѓаат нивниот мистериозен збор во реченица. На пример кажете: „Станав наутро и го видов првиот ц... в... е... т на пролетта“, а Софија треба да одговори со тоа што ќе рече „цвет“ и ќе ја покаже сликата во раката.

бц л гЖ „Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

ј тт4

џж б

чди

ѓ еѕ

Како надградба на речниците со букви опишани во делот за подготвителната година во градинка, на секое дете овозможете му да направи папка со лична азбука со 26 досијеа – по едно за секоја буква од азбуката. Можат да ги направат папките со свиткана хартија за градење. Нека ги напишат буквите, и малите и големите, на поединечни картички за секое досие. (Папките може да се чуваат во кутија во работната маса на детето или во неговата фиока.) Со текот на времето нека ставаат имиња во нив, други зборови и слики во соодветната папка со буква. Кога на часовите за фонд на зборови, читање или други активности ќе наидат на нови зборови, кажете им на децата да ги додадат во своите папки. (Алтернативно на ова може да се користи кутија со поединечни картички. Секое дете има кутија со поединечни картички со прегради за секоја буква од азбуката. Децата ставаат зборови, слики на картичките и ги архивираат по соодветната буква.)


јфе 31

``На секое дете проверете му ја способноста за препознавање и пишување на буквите. Креирајте активности што ќе ги зададете за дома за дете што сè уште има проблеми. ``Изградете воодушевеност со тоа што ќе ги третирате зборовите како колекционерски предмети. На децата, како награда за нивните папки, дајте им зборови или слики. Кажете им да донесат омилен збор од дома (некој член од семеството ќе им помогне да го напишат и да го илустрираат) и да го додадат во досиејата. Формирајте банка во која децата ќе тргуваат со зборови или слики или ќе ги позајмуваат. ``Користете ги папките на вашите часови. На пример, направете лов при што секое дете ќе треба да ги најде сите зборови или слики со животни во својата папка што почнуваат со буквата „м“ или сите играчки што почнуваат со буквата „б“. Секое дете нека направи листа со содржина за сопствената папка на чии страни ќе ги запише сите зборови што ги задоволуваат критериумите од потрагата. Нека работат во парови и нека најдат неколку зборови што ќе можат да ги разменат еден со друг за да ги препишат во сопствената папка и да ги запишат на листата. Секој ден одберете друго дете да ви помогне да одберете нешто за да го читате на час.

``Поставувајте прашања што ќе им помогнат на децата да разговараат за значењето на она што се чита, но исто така забележете ги и различните структури и правила. На пример, треба да ги добиете сите производи набројани во списокот за пазарување, но не на менито! Како знаете за кој ден е емисијата во 11:30 ч. во ТВ-програмата? Кои видови печатен материјал ти кажуваат кој ја напишал оваа информација и каде е прикажана? Што е исто кај загатката и тестот? Што е различно? Кои видови печатен материјал се само делови од целина и како ќе го дознаеш тоа? Како функционира прегледот на содржината? Што би требало да е факт, а што фикција и по што можеш да ги разликуваш? За секое дете направете копија од некој текст кој тукушто сте го прочитале на часот, но најгоре на примерокот напишете: „Најди ги и подвлечи ги сите зборови што ја содржат буквата ’в‘“. Дајте им можност да разговараат за различните начини на кои е напишана буквата, забележувајќи ги разликите помеѓу големата и малата буква и различниот дизајн или фонтови кои се јавуваат. Потоа, децата нека ги заокружат зборовите што почнуваат со зададената буква и нека ги стават завршените и коригираните примероци во своите азбучни папки за таа буква, готови да бидат употребени за некоја нова потрага или размена заедно со другите зборови во досието за таа буква.

ц

х д

л гЖ

Ш ф

ј тт4

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

``Соберете многу разновидни пишани текстови од коишто ќе избирате: книга (или дел од книга) од одделенската библиотека или од дома, стрип богат со зборови, некој поим од детска енциклопедија, неделното мени за ручек од училишната трпезарија, временската прогноза од дневниот весник, напис од детско списание, загатки од неделниот весник, саботната ТВ-програма од списание, месечниот календар со настани од училиштето или од некоја друга организација од локалната заедница, мени од омилениот локален ресторан, рецепт, список за пазарување, приказна напишана од детето, упатства за играње на некоја заедничка игра, список со имиња на децата од одделението, формулар за извештај со постигнувањата, испечатен стандардизиран тест.

б

џж

б

чди

ѓ еѕ


јфе 32

бц

х д

л гЖ

Ш ф

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

ј тт4

џж б

чди

ѓ еѕ

Декодирање, препознавање на зборот и усно читање Во текот на првото одделение акцентот е ставен на преминот од божемно кон конвенционално читање, при тоа сметајќи помалку на другите да читаат, а повеќе сметајќи на себе до крајот на годината. Секој првоодделенец треба, кој било текст што е соодветно подготвен за прво одделение, да може да го чита на глас со разбирање и разумна течност во читањето и тоа барем при второто читање. Книгата што е соодветно подготвена за првата половина од првото одделение треба да се чита со разумна течност и разбирање уште при првото читање. До тогаш децата веќе прецизно го декодираат кој било фонетски редовен едносложен збор и можат да го применат азбучниот принцип за читање на непознати зборови. Тие, исто така, би требало да можат да препознаат, според изгледот, општопознати зборови чие спелување отстапува од правилата (на пример: „have“, „said“, „where“, „two“). Во текот на деновите и неделите од учебната година треба да има јасен план за тоа кога ќе се воведуваат нови елементи од наставната програма – со доволно време за планиран и интензивен третман од страна на наставникот во првото одделение. Подеднакво е важно децата да имаат потреба од доволно време да истражуваат и да вежбаат за она што го научиле да им биде лесно. Книгите и комплетите како и материјалите направени од училишните или наставните дистрикти како извори нудат многу активности за првоодделенците. Како и секогаш, различни деца може да се концентрираат на различни елементи во различно време. (Следните примери се корисни активности за целото одделение што лесно можат да го надополнуваат кој било приод на наставникот во наставата за описменување.)

Активности Правење зборови – дајте му на секое дете комплет од 26 карти со букви, на секоја страна испишана по една голема буква и на опачината соодветната мала буква (самогласките со црвена боја, согласките со црна боја). Еве како се работи со нив: 1. Ќе ги најавите и ќе ги покажете буквите за тој ден: една или две самогласки и три или повеќе согласки. 2. Децата ги извлекуваат истите букви од сопствениот комплет карти. 3. Сега може да ги прочитате на глас зборовите што сакате децата да ги направат – најпрво прост збор со две букви, а потоа следните зборови со повеќе букви. На овој начин децата вежбаат пишување и читање на 12 до 15 зборови дополнително секој ден. Наставникот ги покажува сите точно напишани зборови, еден по еден, внимавајќи да укаже на соодветствувањето помеѓу буква-глас и шемите на спелување кај одредени гласови-букви. 4. Најинтересното нешто од оваа рутина е мистериозниот збор кој децата мора да го откријат самостојно користејќи ги сите претходно одбрани букви. Како дел од активноста, наставникот им помага на децата да истражат нови зборови, подредувајќи ги според различните карактеристики на пишување или фонетски карактеристики, како што се фамилии на зборови, рими, вообичаени комбинации на самогласки и согласки.


јфе 33

б

Мистериозен збор: train Правењето зборови е забавна и возбудлива активност што исто така на наставниците им дава можност за експлицитна настава за конкретните врски помеѓу спелувањето и гласот и воопшто на азбучниот принцип. Со прикажување на секој нов збор, децата можат самите да се коригираат споредувајќи го нивното спелување на зборот со тоа на наставникот. Предноста за послабите деца е тоа што работат со ограничен број букви во дадено време. Исто така, активноста е мотивирачка по природа: како лекциите стануваат посложени, така децата на сите нивоа можат да доживеат и успех и наставни предизвици. Сознанијата од една студија се дека децата во прво одделение кои ги користеле овие активности покажуваат значајни подобрувања во сопствените читателски способности. Некои ученици дури и можеле да читаат пасуси од текстови за петто и шесто одделение. Ова е особено важно да се спомне, бидејќи наставниците и родителите често се грижат дека наставата пред целото одделение ќе ги успори понапредните ученици. Јасно е дека тоа не мора така да биде. Ѕид со зборови – секоја недела одберете по пет збора: од час според гласовната метода, од нова книга или од напишаното од децата. Овие зборови се истакнуваат на ѕидот со зборови и децата, како цела група, вежбаат нивно читање и спелување со дневни песнички, плескање со рацете и вежби со пишување. Одделете и време за да можат децата да ги додадат зборовите во сопствените папки со азбуката. Новите зборови се додаваат неделно, можеби по предлог на различни деца.

х д

л гЖ

Ш ф

ј тт4

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

Читање на зборовите на глас: an in at rat Nat tan tar tin ran ant art rain

ц

џж

б

чди

ѓ еѕ


јфе 34

бц

х д

л гЖ

Ш ф

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

ј тт4

џж б

чди

ѓ еѕ

Јазик, разбирање и реакција на текстови До средината на учебната година првоодделенците треба со воодушевување да зборуваат и да пишуваат за новите текстови што ги читаат. Тие учат да резимираат, да ја лоцираат главната идеја, учат како да прават релации, како фактички така и емоционални со животот и другото четиво. Почнуваат да извлекуваат заклучоци од текстот – разбирајќи што не е кажано експлицитно, зошто нешто е смешно што најверојатно доаѓа по тоа. Кратко речено, тие стануваат читатели градејќи интерес за разни видови книги, стекнуваат поголема сигурност со идеите, информациите и пишаното воопшто што може да им го донесе во нивните секојдневни животи. До крајот на оваа година првоодделенците треба да читаат и да разбираат белетристика (романи) и небелетристичка литература која е соодветно наменета на нивото на прво одделение. Имаат јазичен репертоар којшто се проширува и треба да минуваат најмалку по 10 минути секој ден за да му читаат некому на глас. Истражувањата покажуваат дека со дневното охрабрување да читаат, вежбаат и да уживаат во книгите, учениците можат да ги подобрат своите вештини на владеење со текстот, препознавањето на зборовите и вештините на разбирање. Исто така може да ја зголеми нивната мотивација. За овие цели на децата им се потребни висококвалитетни материјали, вклучувајќи низа текстови одбрани за нивните специфични интереси и способности.

Активности Дајте им на децата можност темелно да совладаат тешки текстови по пат на повторено читање. Најголемиот број првоодделенци многу сакаат да ги читаат и да ги препрочитуваат истите книги, особено ако се тоа добри книги, па затоа не плашете се од повторување. ``Одберете книги кои децата ги познаваат и во кои тие уживаат и организирајте различни можности за препрочитување, како со цело одделение така и во мали групи и како индивидуални задачи за препрочитување. Запомнете дека треба да покажете чувствителен третман на различните мали групи, зависно од спосбностите на учениците. На пример, напредните читатели може да се менуваат читајќи делови од книгата така што секој од нив ќе дојде на ред по принцип на ротирање. Побавната група може да чита полесна книга по принцип на ротирање или наставникот или помошникот може да ја читаат истата книга на глас, давајќи му на секое дете да дојде на ред со тоа што ќе го прочита последниот збор од секоја реченица. ``Исто така, можеби ќе сакате некое од децата да го испратите дома со книга што треба да ја препрочитаат со родител, постаро братче или сестричка или со друг воспитувач. За да се награди детето за напорот што го вложува, побарајте од воспитувачот да возврати со кратка белешка, на пример со коментари за тоа што му се допаднало на детето во врска со книгата. Наредниот ден, за време на наставата со целото одделение, кажете им на децата да читаат во хорско читање. Прашајте ги: „Што мислат кај тебе дома за оваа приказна? Дали те изненади нивната реакција?“ Извлечете ги од нив нивните впечатоци.


јфе 35

соединување на сè заедно со печените земички „Што значи млако?“ – прашува Алекс. „Нешто што е меѓу жешко и студено“ – одговара г-ѓа Кејн. „Тоа е само топло. Сакам да знам за млако“. „Е па, тоа е специјален вид на топло...“ „Каде е на термометарот?“ „Е, хм, е па, навистина, го чувствуваш на твојата кожа и...“ „Зошто? И зошто да не кажеме само топло?“

„Кога две самогласки ќе појдат да шетаат, првата е таа што зборува“. „Но, Џули, ајде да го погледнеме вториот збор од таа реченица“ – вели г-ѓа Кејн. „Не е како тр во три. Погледни поубаво. Има самогласка помеѓу t и r“. Г-ѓа Кејн го чита зборот „through“ на вообичаениот начин, малку претерано и со развлечени гласови. Децата повторуваат по неа. „Дали имаш некоја идеја што би можело да значи?“ Децата нудат многу одговори за погодување на значењето, но на крајот Џули вели „изматете убаво“. „Точно!“ – ја фали г-ѓа Кејн. „Ајде сега да дознаеме што значи да изматиш нешто убаво“. Децата сега зборуваат за мешање на нешто така добро што не можеш да ги видиш

ц

х д

л гЖ

Ш ф

ј тт4

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

Денес е ден за жешки земички во првото одделение кај г-ѓа Кејн и таа го обожува тоа. Многу ја сака интересната дискусија за зборот млако. Многу го сака ентузијазмот предизвикан од проектов. И, исто така, многу го сака фактот што во оваа единствена активност таа може да интегрира толку многу од нејзините цели за читање за прво одделение. Рецептот ги тера децата да ја истражуваат синтаксата. Им помага да го изградат својот речник. Бара стратегии за разбирање на зборови. Бара од нив разбирање. А на крајот, жешките земички му даваат на паралелката можност да работи како тим при заедничкото креирање на нешто прекрасно – и сето тоа благодарение на нивните вештини на читање. Набргу училницата ќе заличи на нешто слично на пекарница. Г-ѓа Кејн донесе купче книги готвачи, лажици за мерење и чаши за мерење, вангли, брашно, шеќер и други состојки. Децата се собрани во круг и секое има по еден примерок од рецептот. Некои деца доброволно се пријавија да ги читаат состојките, додека пак други ја добиваат опремата за готвење и покажуваат како би ги спровеле упатствата од рецептот. Кратко време откако паралелката се согласи за зборот млако, доаѓа до жива дискусија за зборот брашно „flour“ (изгов. флаур) наспроти цвеќе „flower“ (флауер). И во двата случаја г-ѓа Кејн го решава спорот на нејзино задоволство, но си припомнува самата себеси дека мора некогаш подоцна повотрно да зборува за овие зборови, од време на време, за да биде сигурна дека децата разбрале. Сега е време Џули да ја прочита реченицата од рецептот. „Изматете убаво“ – вели. Г-ѓа Кејн ѝ честита за точно прочитаниот збор „изматете“. Кога ќе даде знак, сите од одделението велат заедно во хор

б

џж

б

чди

ѓ еѕ


јфе 36

бц

х д

л гЖ

Ш ф

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

ј тт4

џж б

чди

ѓ еѕ

повеќе поединечните состојки. Едно дете го испушта овој дел од разговорот. Тоа е Џули која гледа настрана со испакнати усни, тивко мрморејќи си. „Throughly. Како што реков. Изматете убаво“. Го повторува истото и не сака да се откаже од нејзиниот првобитен збор. Малку подоцна одделението повторно го чита рецептот. Овој пат Џули точно го изговара зборот. Околу два часа подоцна Џули повторно го среќава зборот. Овој пат таа точно го чита, доверувајќи се кај г-ѓа Кејн. „Првиот пат кога го видов зборот, помислив дека беше како три (анг. ‘three’). Но има има ’o‘ пред ’r‘. Гледате?“ „Ах, добро, Џули“ – одговара г-ѓа Кејн која грациозно го третира ова како некое ново и ценето откритие.

печени земички 2 пакетчиња сув квасец 80 мл. млака вода 80 мл. топло млеко 250 мл. зејтин 75 гр. шеќер 3,9 гр. сол

525 гр. брашно 1 лажичка цимет 3 јајца 130 гр. рибизли 1 белка 200 гр. специјален шеќер

Ставете го квасецот во вода да омекне. Во меѓувреме замешајте ги млекото, зејтинот, шеќерот и солта. Додадете го брашното заедно со циметот низ сито. Измешајте ги смесата од брашното и смесата од млекото заедно за да направите тесто. Скршете ги јајцата. Изматете ги убаво. Додајте ги јајцата во тестото. Повторно изматете убаво. Додадете го квасецот и рибизлите во тестото. Покријте ја чинијата и ставете ја на топло место додека се дигне тестото и да стане двојно поголемо отколку на почетокот.

Придружете ги часовите по читање со одделението со дискусии и активности за да им помогнете на децата да ги развијат нивните вештини на разбирање и фондот на зборови. 1. Претчитателска активност. Помогнете им на децата да развијат општо знаење и фонд на зборови што им се потребни за да го разберат текстот што ќе почнат да го читаат. Најдете текст поврзан со вашиот и информации кои ќе ги споделите со нив и ќе им зададете да работат на проекти и други активности што ќе го збогатат нивното разбирање на концептот, контекстот или темата на новиот текст. Барајте нови, невообичаени зборови во приказната и разговарајте заедно за нив. Кажете им на децата да ги употребат новите зборови во друга реченица. Зборувајте за зборовите што се синоними или антоними на новите зборови. Прашајте: „Можеш да ја кажеш истата работа на друг начин?“ „Како би го кажал спротивното?“ Ставете ги новите зборови на вашиот ѕид со зборови или во азбучните папки на децата. 2. Читање. Додека се чита приказна на часот правете паузи за поставување прашања и време за дискусија што ќе го олеснат разбирањето.


јфе 37

``Овозможете им на децата да се чувствуваат задоволно при поставување на сопствени прашања. Некои од правилата на пишаниот јазик може да предизвикаат проблеми кај малиот читател. Замислете го детето кое тукушто научило да кажува колку е часот и кое потоа ја среќава следнава реченица: „Семејството чекаше три долги часа“. „Зарем часот не трае секогаш 60 минути?“– прашува тој. „Како може некој час да е подолг од друг?“ За време на читањето на час, наставникот може да оддели време за да им објасни на децата дека авторот го додал зборот „долг“ за да ни каже како семејството се чувствувало додека чекало. И да, часот секогаш има 60 минути. ``Наставниците не треба да се воздржуваат до крајот на приказната за да ги поставуваат прашањата. Помогнете им на децата да ги изградат нивните вештини на разбирање охрабрувајќи ги да: `` споредуваат сличности и разлики, на пример, „Жабокот беше загрижен за неговата градина. Но како се чувствуваше Жапчо во врска со тоа?“ `` предвидуваат, на пример, „Што мислиш дека Жабокот сега ќе направи?“ `` прашајте зошто и како, на пример, „Зошто Жабокот и Жапчо сакаат да ги врзат колачињата со конец?“ или „Зошто им ги дадоа нивните колачиња на птиците?“ `` го проверат нивното разбирање на низа настани, „Што се случи откако Жабокот се разбуди од неговиот сон?“

``Поттикнете дискусии што ќе им помогнат на децата да: `` резимираат: дискутираат на теми за фабулата и насочете ги децата да го резимираат она што се случило во приказната. Со детските одговори на таблата направете список на сите точки од фабулата. За небелетристички текстови направете список со сите главни факти или идеи кои ги содржел текстот. `` развијат разбирање за ликовите: поставувајте прашања за мотивите, интересите и грижите на вистински или измислени ликови во нивните текстови. На пример, „Иако Жабокот правеше одлични и прекрасни работи во неговиот сон, тој беше несреќен. Зошто?“ Децата може да одговорат: „Бидејќи му недостасуваше пријателот Жапчо“. Помогнете им да направат чекор понатаму. Прашајте ги што ни кажува ова за Жабокот. (Дека тој е лик кому пријателството му е поважно од славата.) `` направат релација помеѓу текстовите со нивните сопствени животи: охрабрете ги децата да направат врски помеѓу текстовите и себеси, нивните домови, нивното маало во кое живеат, нивните чувства и аспирации. Ако децата читаат илустриран есеј за животински траги, кажете им да разговараат за животните и птиците во нивната домашна градина или надвор во маалото и за тоа какви видови траги би можеле да видат. Потоа дискусијата може оттука да се развива во многу лични правци. Може да ги прашате децата какви траги оставаат самите тие кога одат на прошетка. Или може да размислуваат за животите на научниците кои ги изучуваат трагите на животните и дали ова би можело да биде интересно поле на работа или не.

ц

х д

л гЖ

Ш ф

ј тт4

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

3. По читањето

б

џж

б

чди

ѓ еѕ


јфе 38

бц

х д

л гЖ

Ш ф

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

ј тт4

џж б

чди

ѓ еѕ

``Дајте им на децата задача да напишат или да нацртаат нешто во врска со она што го прочитале. Тоа може да го направат поделени во групи или работејќи во целота паралелка или пак дома. Може да одредите некои деца да напишат рецензија за книга или да му напишат писмо на авторот, објаснувајќи ги чувствата или размислувањата што ги имаат за делото на авторот. За почетниот дел прашајте ги децата што мислат – дали мислат дека авторот или авторката се изразиле добро и зошто. Прашајте дали приказната би била подобра ако имало нешто друго што тие би сакале авторот или авторката да го додадат во своето дело. Друг креативен приод е да им кажете на учениците да напишат и да илустрираат реклама за книгата наменета да им се допадне на учениците од наредната година. Прашајте ги децата дали мислат дека книгата би можела да им се допадне на други деца и зошто и предложете оваа информација да ја вклучат во нивната реклама. Помогнете им да изнајдат слогани и драматична или интересен дел од книгата што би можела добро да послужи за илустрацијата на нивната реклама. „Децата се природни поставувачи на прашања. Но, не секогаш знаат да ги постават прашањата за суштинските работи кои треба да ги прашаат за да го разберат значењето на литературата. Тие ќе поставуваат површни прашања, како на пример, која боја беше фустанот на ликот. Со реципрочниот наставен метод јас ги моделирам и им ги покажувам видовите прашања што тие треба да ги постават. Може да почнам со низа, да прашам што најпрво се случило во приказната. Потоа преминувам на споредби, прашувајќи што е слично, а што различно помеѓу претходните приказни и оваа приказна што сега ја читаме. Со бајки и стихотворби им велам да најдат слични теми. Ако не им покажете, никогаш нема да научат. Тие имаат потреба тоа да го слушнат, да го видат и да го испробаат самите“. Сузан Дербер, наставничка во прво одделение, Училиште Сендбург, Спрингфилд, Илиноис

Спелување и пишување До крајот на годината првоодделенците би требало точно да спелуваат зборови со три или четири букви со кратки самогласки. Составуваат прилично читливи нацрт-верзии, обрнувајќи внимание на планирањето, скицирањето на нацрт-верзијата, основната интерпункција и корекцијата. Исто така, се чувствуваат сè позадоволно со голем спектар на пишани форми: приказни, описи, писма, записи во дневник, како и илустрации и графики. За родителите и наставниците важно е да сфатат дека измисленото спелување не е во судир со точното спелување. Напротив, тоа игра важна улога кога им се помага на децата да научат да пишуваат. Кога децата користат измислено спелување, тие всушност го вежбаат нивното сè поголемо знаење за фонемите, буквите од азбуката и нивната сигурност


јфе 39

за азбучниот принцип. Детското „iz“ за конвенционалното „is“ може да се пофали како епохален чекор! Тоа е од оној вид на грешки кои ви покажуваат дека детето мисли самостојно и прилично аналитички во врска со гласовите на зборот и логиката на спелувањето. Да, од децата во прво одделение треба да се очекува точно спелување на зборови кои претходно ги изучувале и шеми на спелувањето во нивните финални писмени продукти. Но, експериментирањето со спелувањето во првите години од основното образование овозможува драгоцена можност за новите читатели да ги разберат и да ги прошират нивните лекции за врските на релација буква-глас и глас-спелување. Комбинацијата на измислено спелување и добро подготвена настава со текот на времето ќе овозможи нивното самостојно спелување на новите зборови да стане сè поточно дури и со тоа што го олеснува помнењето на веќе изучуваните зборови.

Активности

``Почнете ја првата сесија на пишување со тоа што ќе ги прашате децата какви работи би можеле да стојат во книга за нив самите. Запишувајте сè во список на голем лист хартија кој сите ќе можат да го видат. Нивните одговори може да вклучат на пример, работи што сакаат да ги прават, нивните омилени бои, омилена храна, нивното семејство, каде живеат, нивните домашни миленичиња, итн. Кога ќе завршат, кажете им дека ќе го зачувате списокот со набројаните работи за следниот пат кога ќе ви затреба. ``Сега кажете им на децата дека ќе ја направат првата страница од нивната книга и, бидејќи тоа е книга за нив самите, првата страница треба да каже кои се. Нека нацртаат автопортрет – колку што е можно подетален и поиндивидуализиран. Потоа секој нека си го напише името под својот портрет. Можеби ќе сакате децата да ги покажат своите слики и да разговараат за нив. На крајот на оваа сесија децата нека го напишат датумот на нивната изработка и нека ја стават во својата папка. ``На друг час извадете го списокот што децата го составиле и прочитајте го пред сите давајќи им можност да додадат и сменат некои работи. Сега објаснете им дека денес ќе пишуваат уште една страница за нивната книга „За мене“. Нека одберат нешто што сакаат од списокот. Откако ќе се одлучат за една идеја, може да почнат да пишуваат или да цртаат. ``Продолжете на овој начин во текот на наредните неколку недели. Децата нека работат секој пат на една нова страница според изборот од нивниот оригинален список со теми. Додека тие се зафатени со пишување, прошетајте низ одделението и дајте им индивидуална помош за пишување на наслови под сликите или за спелување на зборовите. За време на некои или за време на сите сесии на пишување, можеби ќе сакате да поканите неколку деца да ги разменат или да си ги покажат едно на друго нивните изработки и да понудат конструктивни одговори за нивните другарчиња. Совет: кога ќе заврши проектот, можеби ќе сакате да направите инстант фотографија од секое дете за да ја залепите на корицата на нивните завршени книги. Книгите можат да бидат убав подарок за некој празник за некој член на семејството на детето.

ц

х д

л гЖ

Ш ф

ј тт4

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

На почетокот од првото одделение за многу деца е сосема нов предизвикот да пишуваат нешто сами. Почнете со тема што им е позната и со која можат да се справат. Кажете им на децата дека ќе напишат книга за себеси. Објаснете го поимот работна верзија и дајте му на секое дете хартија и папка во која ќе ги чува своите изработки. Кажете им на учениците дека кога сите страници ќе бидат готови, ќе ги состават заедно за да направат книга. Покажете им каде ги чувате папките кога ги користите.

б

џж

б

чди

ѓ еѕ


јфе 40

бц

х д

л гЖ

Ш ф

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

ј тт4

џж б

чди

ѓ еѕ

На децата дајте им можност да пишуваат и да го читаат она што го напишале. Снабдете ги со хартија и прибор за пишување и поканете ги да пишуваат свои приказни и да ги илустрираат. Организирајте прослава со авторска столица за да ги поканите учениците да ги читаат своите приказни или да раскажуваат за нив (или други жанрови како што се извештаи, упатства и стихотворби). Означете една специјална столица во училницата како авторска столица – кога ученикот седи на авторската столица, другите ученици седат пред тоа дете подготвени и заинтересирани да го слушнат она што тоа го напишало. Ако децата


јфе 41

користат измислено спелување, кажете им нека објаснат како го смислиле, и да го напишат со еден или два интересни примери. Создадете дневници за дијалог . На секое дете дајте му по една тетратка (најдобро е таа да биде од оние за состави за да не се губат страниците). Кажете им на децата дека овој дневник ќе му даде можност на секое дете да ви раскаже за нешто што сака. Единственото правило е дека мора да напишат два реда најмалку два пати неделно во дневникот. Може да пишуваат за нивното домашно галениче, за нивните другарчиња, нивните семејства, за нивните омилени телевизиски емисии. Ако не можат да смислат што да напишат, сепак мора да напишат барем два реда, дури и ако тоа е само „бла бла бла“. Кажете им на децата дека два пати неделно ќе го читате она што тие го напишале и дека и вие ќе ги следите правилата и ќе придонесете со пишување најмалку по два реда секој пат. Откако ќе напишат нешто, сите нека ги стават своите дневници кај влезот во училницата во една торба. Она што децата го пишуваат ви дава можност да научите нешто за вашите ученици; нивните интереси и развојот на нивните способности како читатели и пишувачи. Со дневниот разговор, исто така, имате можност да им дадете редовна повратна информација и мотивација да пишувате. Користете ги вашите одговори така што ќе предизвикате континуиран пишан дијалог за темите, идеите и искуствата. Со текот на времето од тоа ќе произлезат интересни дијалози.

Постигнувањата на првоодделенецот Во првото одделение сè треба да се соедини: јазичните вештини и вештините на описменување треба да се комбинираат за да ги преобразат децата во вистински читатели. Во табелата подолу е прикажан еден конкретен пакет на достигнувања кои успешните ученици би требало да ги демонстрираат до крајот на првото одделение. Поради нивната важност ги претставуваме во целост, онака како што се објавени во студијата Превенција на потешкотиите при читањето кај малите деца (Preventing Reading Difficulties in Young Children) издадена од National Academy Press, 1998 г. Како што веќе спомнавме, овој список не е исцрпен , , но опфаќа многу суштински поенти од процесот на стекнување на писменоста. Иако временската динамика на овие достигнувања ќе варира кај децата, тоа се токму оние работи коишто треба да се присутни кога децата ќе почнат да одат во второ одделение.

ц

х д

л гЖ

Ш ф

ј тт4

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

Спелувањето на зборовите е комплементарно со нивното читање. Одберете список со пет збора кои се совпаѓаат со шемата буква-глас коишто децата моментално учат да ги читаат. Кажете го првиот збор како дел од реченица. Потоа кажете го одделно. Потоа кажете го многу бавно, речиси паузирајќи помеѓу секој глас. Сега одете до таблата и кажете им на учениците да ви помогнат да ги одберете буквите што треба да ги напишете за точно да го спелувате зборот. Направете ја истата рутинска вежба и за секој од наредните зборови. Потоа учениците нека го прочитаат списокот од таблата. Потоа, секое дете нека земе лист додека ја бришете таблата. Кажете ги зборовите, еден по еден, во поинаков редослед, но запрете помеѓу секој збор за да им дадете на децата шанса да го запишат. Откако секој ќе го запише првиот збор, одберете едно дете да оди до таблата, кажете го бавно и запишете го. Дајте му на секое дете шанса да го поправи спелуваното пред да преминете на следниот збор. Кажете им на децата кога ќе стигнат вечер дома да ги спелуваат зборовите за некого дома. Исто така, нека го прашаат лицето дома да напише реченица што детето ја издиктирало за секој од тие пет збора, оставајќи празно место кајшто треба да се внесе зборот. Наредниот ден прочитајте ги речениците од дома и детето нека ги пополни празните места.

б

џж

б

чди

ѓ еѕ


јфе 42

бц

х д

л гЖ

Ш ф

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

ј тт4

џж б

чди

ѓ еѕ

постигнувања во првото одделение ``Прави премин од фаза на почетно читање кон „вистинско“ читање. ``Чита на глас со прецизност и разбирање текст што е соодветно наменет за првото полугодие од првото одделение. ``Прецизно декодира ортографски правилни, едносложни зборови и бесмислени зборови (на пример „sit“, „zot“), користејќи мапирање на релација текст-глас за да ги одгатне непознатите зборови. ``Го користи неговото знаење за соодветствување на релација буква-глас за да ги одгатне непознатите зборови при читање на некој текст. ``Препознава познати нередовно спелувани зборови според видување („have“, „said“, „where“, „two“). ``Има фонд на зборови за читање од 300 до 500 зборови според видување и зборови кои лесно можат да се одгатнат. ``Го следи сопственото читање и самото се коригира кога некој збор што неточно го идентифицирало не се совпаѓа со индикациите што му ги даваат буквите во зборот или контекстот во кој се наоѓа зборот. ``Чита и разбира белетристика и небелетристичка литература која е соодветно наменета за неговото одделенско ниво. ``Видливо покажува проширување на неговиот јазичен репертоар, вклучувајќи зголемена соодветна употреба на стандарден, поформален јазик. ``Креира сопствени пишани текстови за да ги читаат другите. ``Забележува среќавање со потешкотии при разбирање на текстот. ``Чита и разбира едноставни пишани инструкции. ``Предвидува и оценува што ќе се случи следно во приказните. ``Дискутира за претходно знаење за теми во текстови од експозиторен карактер. ``Ги употребува прашањата со како, зошто и што ако, за да дискутира небелетристички текстови. ``Опишува со свои зборови нови информации добиени од текстови. ``Умее да разликува кога простите реченици се непотполни или пак немаат смисла; забележува кога простите текстови немаат смисла. ``Може да одговори на прости прашања за разбирање на пишан текст врз база на претходно читан материјал. ``Може да изброи колку слогови има еден збор. ``Може да спои или да сегментира фонеми од најголемиот број едносложни зборови. ``Точно спелува зборови со три и четири букви со кратки самогласки. ``Составува прилично читливи нацрт-верзии со употреба на соодветни делови од процесот на пишување (обрнувајќи внимание на планирањето, скицирањето на нацрт-верзијата, препрочитување за значењето, самокорекција).


јфе 43

``Употребува измислено спелување или знаење базирано врз гласовната метода за да спелува самостојно кога тоа е потребно. ``Покажува свесност за спелување или чувствителност за конвенционалното спелување. ``Употребува основна интерпункција и употребува голема буква. ``Создава разни видови состави (на пример приказни, описи, дневник) покажувајќи соодветни врски помеѓу печатениот текст, илустрациите и друга графика. ``Доброволно се вклучува во разновидни активности за описменување (на пример избирање на книги и приказни што ќе се читаат, пишување на белешка до другарчето).

б

ц

х д

л гЖ

Ш ф

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

ј тт4

џж

б

чди

ѓ еѕ


јфе 44

бц

х д

л гЖ

Ш ф

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

ј тт4

џж б

чди

ѓ еѕ

насоки за второ и трето одделение Првиот ден од поаѓање во второ одделение, наставниците обично се среќаваат со два вида на ученици: оние кои добро читаат самостојно и оние кои како воопшто да не умеат да читаат. Најголемиот број од втората група изгледаат како да го заборавиле – за време на летото без да вежбаат читање – она што го научиле во текот на првото одделение. Другите не успеале ни на почетокот да научат да читаат како што треба. Задачата на наставникот во второ одделение е да открие што е можно побрзо кои деца се кои и да се потруди за стекнување или враќање на сите достигнувања од првото одделение. Огромната задача е, значи, да се биде сигурен дека сите ученици го разбрале азбучниот принцип – и потоа да се продолжи понатаму. Наставниците може да почнат со кратки редовни зборови како што се „pot“, „pan,“ и „pat“ и потоа да продолжат со посложени шеми и зборови, а притоа секогаш целта да им биде да им помогнат на децата да ги видат на дело севкупната логика и регуларностите на азбучниот систем. Во трето одделение оваа настава би требало да се пренесе и да ги опфати спелувањето и значењето на префиксите, суфиксите и корените на зборовите. Освен зајакнувањето на овие вештини, наставните планови на второто и третото одделение имаат две главни цели: ``да им помогнат на децата да изградат автоматско препознавање на зборовите, вештини на спелување и течно читање; ``да го подобрат разбирањето со градење на знаења од зборови, јазични структури, ставови и свесни стратегии за разбирање и употреба на текстот. Главната цел на оваа книга е да помогне во превенција на потешкотиите при читање кај малите деца. Од оваа причина, акцентот е ставен на годините во градинка до подготвителната година, подготвителната година и првото одделение – образовно и влијателно време за развој на јазикот, писменоста и читањето. Секако, видовите активности опишани во претходните делови од книгава треба да продолжат да се интегрираат во постојните наставни материјали – и да се адаптираат на потребите на учениците. Особено учениците кои сè уште се борат со азбучниот принцип и вештините на декодирање ќе имаат корист од активностите опишани во делот за првото одделение – со адаптации и содржина за второ или трето одделение. Меѓутоа, додека децата да стигнат до второто одделение, тие веќе ќе имаат изградено лични доживувања на успех или неуспех при читањето. Понатаму, наставниците работат според нивниот наставен план одобрен од училишниот дистрикт или авторизирана


јфе 45

програма, така што од нив се очекува да продолжат со целите и секвенците со кои започнале. Од овие причини, за нас е потешко да понудиме општи генерализирања за тоа што би требало и што не би требало да прават наставниците. Затоа овој дел не содржи конкретни активности за второодделенците и третоодделенците. Тука даваме преглед на достигнувањата на второодделенците и третоодделенците. Секако дека списокот не е исцрпен. Наместо список за проверка на најважните моменти на достигнувања, на родителите и на наставниците им нудиме општи насоки за наставата и развојот.

Валорие Бургес, наставничка во второ одделение, Детски центар за учење, Роквил, МД

Стратегии за вештините на разбирањето и флуентноста За да напредуваат и да читаат самостојно на следното ниво на децата им е потребна пракса за читање и препрочитување, како за вештините на разбирање така и за вештините за флуентност. Една амбициозна студија што опфати 14 паралелки од второ одделение ја реорганизираше наставната програма за да им овозможи на учениците стратегии за разбирање на текстот и многу можности за практичен дел за да ја изградат нивната флуентност. По читањето на глас на секој извадок од текстот, наставничката разговараше за него со сите ученици заедно и одржа настава за фондот на зборови. За изградба на вештините

б

ц

х д

л гЖ

Ш ф

ј тт4

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

„На почетокот на годината многумина од моите ученици се чувствуваат нервозно и се загрижени за читањето. Мислат дека не се добри читатели затоа што се мачеле со гласовната метода и со декодирањето. Јас се трудам работите да им ги направам забавни. Наместо групи за читање, имаме клубови на книгата. Групирањето во нив го менувам често. Понекогаш формирам групи базирани врз способноста со што можам да се концентрирам на децата на кои им е потребна помош. Но не ги оставам овие деца заглавени со другите деца цело време. Исто така, понекогаш се трудат малку повеќе кога ќе слушнат како некој чита подобро од нив. А во нашите клубови на книгата имаме и правила: мора секогаш да бидеш фин, не смееш да прекинуваш некого, мора да ги следиш другите. Така сите се чувствуваат пријатно, дури иако способностите се различни“. „Најголемиот дел од работата што ја вршам на полето на флуентноста е за време на овие сесии кога има само по тројца или четворица од нас во група. Има моменти кога ќе ја одберам книгата, но во други моменти им давам тие да изберат. Со тоа тие се повеќе инволвирани, бидејќи се чувствуваат повеќе зајакнати и поддржани. Моето искуство покажува дека колку се позаинтересирани, толку повеќе сакаат да читаат. И тогаш гледам и совршено разбирање“. „Како нови читатели, децата можат толку многу да се фокусираат и јасно да читаат и да одгатнуваат зборови. Но, ќе им поставите прашање и тие нема да знаат што прочитале. Кога еднаш ќе сфатат дека ова е забавен клуб на книгата и дека на крајот ќе работите проект за она за што се работи во книгата, тогаш ќе почнат да размислуваат за значењето – што е тоа што е смешно во книгата, што може да кажеме за тоа. Тогаш почнуваат да разбираат. Учат дека читаш затоа што се трудиш да ја разбереш смислата на текстот. Не читаш само изолирани зборови. Читаш за да дојдеш до значењето“.

џж

б

чди

ѓ еѕ


јфе 46

бц

х д

л гЖ

Ш ф

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

ј тт4

џж б

чди

ѓ еѕ

на разбирање, таа употреби графички мапи на приказната („story map“), табели со приказ на фабулата („plot charts“) и други графички дијаграми и скици за да им помогнат на учениците аналитички да го истражуваат значењето на извадокот. Потоа секој ученик дома повторно го чита извадокот, во идеален случај на глас пред родителот. Наредниот ден учениците повторно ги читаат пасусите од истиот текст, овој пат еден на друг во парови. Во продолжение децата пишуваат во своите дневници и читаат книги по сопствен избор во времетраење од 15 до 20 минути секој ден на училиште и дома. Резултатите беа многу позитивни: децата покажаа значителен развој на вештините за читање во текот на учебната година.

Зборови и знаење Дали наставниците го подобруваат познавањето и разбирањето на зборовите кај учениците со подучување? Одговорот е да. Поучувањето на одреден фонд на зборови создава мерлив пораст на познавањето на зборови кај учениците. Разликата е како го правиме тоа. Подучувањето на одредени зборови кај децата може да го подобри познавањето на тие конкретни зборови коишто биле предавани – но тоа е сè што се постигнало на овој начин. Важно е да се истражат нови зборови и поими при секоја дадена прилика и често да се освежуваат, збогатувајќи ги притоа нивната употреба и значење. Исто така, важно е да се развие детската склоност да забележува и да учи за новите зборови што ги среќава самостојно додека чита. Понатаму, тие, исто така, го градат сопствениот фонд на зборови преку самото читање. Како што веќе е споменато на повеќе места во книгава, на децата им е потребно да читаат секој ден, во училиште и надвор од него. „Дури и децата со ограничени вештини на разбирање ќе изградат фонд на зборови и когнитивни структури по пат на интензивно навлегување во активностите на описменување. Оттука е јасна охрабрувачката порака до наставниците за деца со слаби постигнувања. Често губиме надеж во менувањето на ’способностите‘, но постои барем уште една делумно приспособлива навика што ќе се развие самата ’способност‘ – читање“. Кит Станович, истражувач, Институт на Онтарио за изучување на образованието, Торонто, Онтарио

Стратегии на разбирањето Децата можат да научат да го следат сопствениот напредок во учењето и да развијат подобри вештини на разбирање. Ефикасно е децата да се поучуваат експлицитно да користат свесни стратегии, како што велат неколку студии, особено оние коишто се изложени на ризик. Пример за тоа е методот наречен реципрочно поучување којшто се фокусира на водење дијалог при што наставниците и учениците наизменично се менуваат.


јфе 47

извонредни наставници Најверојатно најважниот фактор во наставата за почетно читање кај децата е наставникот на детето. Нема книги, наставни програми ниту компјутери што можат да ја заменат огромната вредност на доброто поучување од човек на човек. Кои се карактеристиките на одличното поучување? Една неодамнешна студија за набљудување и испитување го истражуваше спроведувањето на наставата за описменување кај 123 наставници од основно одделение кои беа опишани како „извонредни“ од страна на нивните училишта. Една од работите што беше заедничка кај наставниците беше ефикасниот и обмислен наставен план што нуди настава којашто ги задоволува различните потреби на нивните ученици. Во одделенијата ја остварија нивната намера: ``да создадат клима за описменување во која децата имаат пристап до разни видови на материјали за читање и пишување; ``да презентираат настава со педагошки намери за читање и пишување со употреба на белетристика и друга литература и обезбедување на практичен дел за вежбање со примена на игри и активности одделно од текстот во прашање;

``да создаваат многубројни можности за издржлива пракса на читање во различни формати како хорско, индивидуално и читање со партнерот; ``да го приспособуваат интензитетот на подучување за да ги задоволат потребите на индивидуалните ученици; ``да ги охрабруваат децата свесно да го следат сопственото разбирање; и ``сосема да раководат со активностите, однесувањето и ресурсите во училницата. Кај реципрочното поучување, наставниците на децата им даваат практична настава со четири стратегии: предвидување, поставување прашања, резимирање и разјаснување. Децата и возрасните го менуваат редот на водење на дискусиите во врска со текстот. Целта е не само да се вежбаат стратегиите, туку на крајот да се дојде до заклучоците за значењето на прочитаниот пасус. Кај моделот на реципрочно подучување текстот има таква содржина којашто може да стимулира дискусии. Исто така овој модел е концентриран на теми коишто со текот на времето го надоградуваат знаењето на детето во врска со некоја област. Ако децата за прв пат ги учат овие стратегии, тогаш наставниците им посочуваат многу насоки. Реципрочното подучување е изучувано главно поради неговото влијание кај децата со големо изложување на ризици – и тоа со позитивни резултати. Учениците во прво и во второ одделение покажаа значително подобрување на полето на разбирање при слушање, како и помалку упатувања на специјално образование и дополнителни програми за надополнување. Понатаму, во коментарите на наставниците се вели дека децата кои претходно имале некаква пречка, функционирале многу добро за време на сесиите на реципрочното подучување.

ц

х д

л гЖ

Ш ф

ј тт4

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

``внимателно да одбираат текстови на соодветното наставно ниво од различни видови текстови потпирајќи се на литературата, големите книги и поврзување на активностите со читање и пишување;

б

џж

б

чди

ѓ еѕ


јфе 48

бц

х д

л гЖ

Ш ф

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

ј тт4

џж б

чди

ѓ еѕ

што се случува во второто одделение Декодирање, препознавање на зборовите и усно читање До крајот на второто одделение децата би требало да можат да читаат и да разбираат текстови од белетристика и небелетристика кои се соодветно наменета на нивното одделенско ниво. Точно декодираат фонетски двосложни зборови и зборови без смисла. Го користат нивното знаење за гласовната метода за да откријат непознати зборови, вклучувајќи ги и многусложните зборови. И брзо ќе стекнуваат способност да ги читаат подолгите, посложени реченици од пишаниот јазик со поголема флуентност и експресија.

Јазик, разбирање и реакции на текстот Децата треба доволно да се мотивираат за да читаат доброволно за сопствените интереси и цели. Треба да читаат за да најдат одговори на сопствените прашања и да бидат добро запознаени со целите на многу различни видови пишани ресурси, како што се речниците, атласите, книгите со поглавја, метеоролошките извештаи, па дури и книгите со вицови. Тие читаат самостојно секој ден надвор од училиштето. Во нивниот говор и во нивното пишување покажуваат проширен репертоар на нивниот јазик и фондот на зборови. Второодделенците, исто така, треба вредно да учат како да учат од текстот. Толкуваат од дијаграми, табели и графикони и се сеќаваат на фактите и деталите. Учествуваат во креативните реакции кон текстот, како што се драматизацијата, усните презентации и играњето улоги. Ги споредуваат сличностите и разликите и настаните по нивните приказни и нудат одговори на прашањата како, зошто и што ако во небелетристичките текстови. Објаснуваат и опишуваат нови концепти и информации со свои зборови. Можат да одредат делови од говорот како што се именките, глаголите, придавките и прилозите.

Спелување и пишување Во второ одделение децата треба правилно да ги спелуваат најголемиот број од претходно изучените зборови и шеми на спелување. Кога спелуваат нов збор, тие ги претставуваат сите гласови, дури иако сè уште можеби некои од зборовите ги спелуваат неконзистентно. Многу брзо ги инкорпорираат шемите на спелување од веќе изучуваните зборови кај новите зборови коишто со напор ги учат. Сè повеќе стануваат пишувачи, користејќи формални јазични шеми, како што се цитатите или соодветните глаголски форми во нивните писмени продукти. Разумно расудуваат за тоа што да вклучат во нивото пишување и сега можат продуктивно да дискутираат за тоа како да се ревидира, уреди и да се издаде некој пишан текст. Со малку организациска помош пишуваат информативни, добро структурирани извештаи. Во тој процес се грижат за спелувањето, техничките аспекти на изведба и презентацијата на финалните продукти коишто може да опфаќаат многу разновидни форми, како што се кратките раскази, извештаите и писмата. Кога им стои на располагање, учениците ја користат компјутерската технологија за пишување на состави и презентации.


јфе 49

што се случува во трето одделение Декодирање, распознавање на збор и усно читање До крајот на третото одделение учениците треба на глас да читаат со висока флуентност и разбирање и тоа кој било текст којшто е соодветно изготвен за првото полугодие од нивното трето одделение. Исто така тие би требало да можат да читаат каков било текст за трето одделение, белетристика и небелетристика, со разбирање на текстот. Би требало да имаат независна контрола за препрочитување на речениците кога е тоа потребно. Би требало да имаат белешки на зборови, јазик или поими коишто не ги разбираат самите за да можат да го дознаат потребното за нив, типичен начин е со поставување на прашања. Расте нивната сигурност при употребата на соодветствувања на релација буква-глас и структурална анализа на префикси и суфикси за да декодираат непознати зборови.

Јазик, разбирање и реакција на текстовите

Во третото одделение децата сè повеќе учат да читаат и учат од небелетристички текстови. Ги резимираат главните поенти и дискутираат за деталите. Можат да разликуваат помеѓу причина и последица. Можат да ги определат главната идеја и деталите во прилог на тоа во самиот текст. Со информации и расудување, ги истражуваат основите на хипотезите и мислењата. Со наставата за корени, префикси и суфикси, тие учат како да ги расчленуваат зборовите за да донесат заклучоци за нивото значење. Не само што сега можат да определат конкретни зборови или формулации што им претставуваат потешкотија, туку, исто така, сè повеќе можат да ги користат стратегиите за разбирање и придружните информации во текстот за да донесат заклучоци или да го збогатат нивното разбирање на некој нов збор или поим.

Спелување и пишување Третоодделенците би требало да изработуваат разновидни пишани работи, како на пример критички есеи, извештаи и нивни сопствени „објавени“ книги. Нивното пишување сега почнува да прима софистицирани јазични шеми, како на пример опширни описи, фигуративен јазик и дијалог. Кога ќе изработуваат извештаи, тие ќе ги комбинираат и ќе ги запишуваат информациите од повеќе извори, но често ќе им треба помош во парафразирање и секако, означување на изворите на тие информации. Во периодите кога се одржуваат презентации на часот, тие ќе презентираат и ќе дискутираат за напишаното на другарчето со корисни сугестии и коментари. Со помош, тие ќе го рецензираат, уредуваат, ревидираат и ќе го разјаснуваат она што самите го напишале, притоа обрнувајќи внимание на спелувањето, техничките аспекти на изведба и презентацијата. Претходно изучуваните зборови и шеми на спелување се јавуваат точно напишани во нивните готови продукти.

ц

х д

л гЖ

Ш ф

ј тт4

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

Најголемиот број третоодделенци читаат самостојно долги книги со романи и поглавја, во идеален случај најмалку 20 минути дневно надвор од училиштето. За време на часовите тие активно учествуваат во креативни реакции на текстови, како што се драматизациите, усните презентации и играњето улоги. Во нивниот говор и пишување покажуваат нов фонд на зборови и јазик. Тие, исто така, користат ресурси за да ги добијат потребните информации (на пример, содржина на книгата, индекс, речник, достапна технологија).

б

џж

б

чди

ѓ еѕ


јфе 50

бц

х д

л гЖ

Ш ф

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

ј тт4

џж б

чди

ѓ еѕ

Постигнувања на ученикот во второ и трето одделение Во следните табели прикажани се низа постигнувања кои успешниот ученик треба да ги демонстрира до крајот на второто и третото одделение. Поради нивната важност, ние ќе ги презентираме во целост, онака како што се објавени во студијата Превенција на потешкотии при читањето кај малите деца(Preventing Reading Difficulties in Young Children), издадена од National Academy Press, 1998 година. Како што веќе споменавме, овој список не е исцрпен, , но опфаќа многу суштински поенти од процесот на стекнување на писменоста. Иако временската динамика на овие постигнувања ќе варира кај децата, тоа се токму оние работи коишто треба да се присутни пред децата да преминат во следното одделение.

постигнувања во второто одделение ``Чита и разбира белетристика и небелетристика која е соодветно наменета на тоа одделенско ниво. ``Точно декодира ортографски, повеќесложни зборови и зборови без смисла (на пример, голема буква, Каламазоолошка). ``Го користи знаењето за мапирање на релација пишан текст-гласови за да дознае за непознатите зборови. ``Точно чита многу зборови со нерегуларно спелување и шеми на спелување како што се дифтонзите, специјално спелување на самогласки и завршетоци на обични зборови. ``Чита и разбира белетристика и небелетристика која е соодветно наменета за тоа одделение. ``Демонстрира проширен јазичен репертоар вклучувајќи ја употребата на поформални јазични регистри. ``Чита доброволно од интерес и за свои цели. ``Ја препрочитува реченицата ако значењето му е нејасно. ``Толкува информации од дијаграми, табели и графикони. ``Се сеќава на факти и детали од текстовите. ``Чита небелетристичи материјали за одговори на конкретни прашања или со специфични цели. ``Учествува во креативни реакции на текстовите како што се драматизациите, усните презентации, играњето улоги итн. ``Разговара за сличностите кај ликовите и настаните во различните приказни. ``Ги поврзува и ги споредува информациите во небелетристички избор на текстови. ``Дава можни одговори на прашањата како, зошто и што ако. ``Правилно ги спелува претходно изучените зборови и шеми на спелување во сопственото пишување. ``Го прикажува комплетниот глас на некој збор кога спелува самостојно.


јфе 51

``Покажува чувствителност при употребата на шеми на формалниот јазик на место од шемите од говорниот јазик на соодветни места во сопственото пишување (на пример, деконтекстуализација на речениците, правила за индиректен говор, форми на книжевен јазик, соодветни глаголски форми). ``Разумно расудува и одлучува за тоа што да вклучи во пишаните продукти. ``Продуктивно дискутира за начините на кои може да се разјасни и рафинира она што самото го напишало и она што другите го напишале. ``Со помош ги употребува процесите на договарање, ревизија и уредување за да го разјасни и да го рафинира она што самото го напишало дополнително кон чекорите од очекуваните делови од процесот на пишување. ``Со дадена организациска помош пишува добро структуирани информативни извештаи. ``Обрнува внимание на спелувањето, техничките аспекти на изведба и презентација за финалните продукти. ``Изработува разни видови на состави (на пример, приказни, извештаи, коресподенција).

постигнувања во третото одделение ``Го користи своето знаење за соодветствување на релацијата буква-глас и за структурална анализа за да декодира зборови. ``Чита и разбира белетристичка и небелетристичка литература соодветно наменета за тоа одделенско ниво. ``Чита самостојно подолги белетристички извадоци и книги организирани во поглавја. ``Учествува во креативни реакции на текстови како на пример драматизации, усни презентации, играње улоги итн. ``Може да укаже или јасно да определи специфични зборови или формулации коишто предизвикуваат потешкотии во разбирањето. ``Ги резимира главните поенти од белетристичките и небелетристичките текстови. ``При толкување на белетристика, разговара за основната тема или порака. ``Поставува како, зошто и што ако прашања при толкувањето небелетристички текстови. ``При толкувањето небелетристички текстови може да разликува помеѓу причина и последица, факт и мислење, главна идеја и детали за поддршка на идејата. ``Користи информации и расудување за да ги истражи основите на хипотезите и мислењата. ``Може да го извлече значењето на зборот од претходно изучувани корени, префикси и суфикси. ``Точно спелува претходно изучувани зборови и шеми на спелување во своето пишување. ``Почнува да вградува форми на писменоста, односно зборови и јазични шеми во своето пишување (на пример, елаборира описи, користи фигуративни формулации).

ц

х д

л гЖ

Ш ф

ј тт4

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

``Чита течно (флуентност) и со разбирање каков било даден текст соодветно изготвен за тоа одделенско ниво.

б

џж

б

чди

ѓ еѕ


јфе 52

бц

х д

л гЖ

Ш ф

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

ј тт4

џж б

чди

ѓ еѕ

``Со извесно насочување, ги користи сите аспекти на процесот на пишување кога изработува свои состави и извештаи. ``Ги комбинира информациите од разни извори при пишување извештаи. ``Со помош дава сугестии и спроведува уредување и ревидирање за да го разјасни и да го рафинира она што самото го напишало. ``Пред другите ученици го презентира и го дискутира она што самото го напишало и реагира со желба да помогне при обработката на составите на другите ученици. ``Самостојно ја ревидира својата работа во поглед на спелувањето, техничките аспекти на изведба и презентацијата. ``Изработува разни видови на пишани продукти (на пример, книжевни реакции, извештаи, „објавени“ книги, семантички мапи) во разновидни форми вклучувајќи ги и мултимедијалните форми.


јфе 53

компјутери во училниците и во домот

б

ц

х д

л гЖ

Ш ф

ј тт4

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

Најновите достигнувања во компјутерската технологија нудат нова поддршка за изведување на наставата по читање. Во програмите што се фокусираат на теми од фонолошката свест поврзани со најраната фаза на писменост вграден е дигитализиран и висококвалитетен синтетички говор. Тоа подразбира знаење за името на буквата, за релацијата буква-глас, фонолошко декодирање, спелување и поддршка за декодирање на зборот и вештини на разбирање додека се читаат или се пишуваат приказни. Компјутерскиот говор, заедно со интересна графика, анимација и снимање на говорот, нуди поддршка за развој на програми коишто се забавни и мотивирачки како за децата во претфазата на читање така и за првите читатели. Книгите што зборуваат, со голема дистрибуција на ЦД, спаѓаат во најпопуларните програми кои тврдат дека го подобруваат читањето на децата. Страниците на книгата се прикажуваат на екранот и децата можат да го одберат целиот текст или одредени зборови и фрази што компјутерот ќе ги прочита на глас. Најпопуларните производи вклучуваат многу интелигентни анимации коишто имаат висок фактор на забава за децата, дури можеби и толку висок што го одвлекуваат детето од задачата читање. Честопати децата имаат пристап до анимацијата без да обрнат некакво внимание на пишаниот текст. Софтверот за книги со приказни ги прикажува книгите на екранот. Програмите не се состојат само од софтвер, туку, исто така, со обичен печатен материјал кој може да се користи и без компјутер. Некои наслови се единечни наслови, како „Living Books“ и „Discuss books“. Други пак се делови од поголеми комплети, како што се приказните на ИБМ „Stories and More“ и Josten’s Dragon­tales“. Мултимедијалните алатки за пишување ги мотивираат децата да разговараат меѓусебно за нивните дела на составување текстови и нивните финални состави. Децата ги интегрираат претходно подготвените позадини на илустрации, сопствените цртежи и пишани творби во единечни документи или пак во мултимедијални презентации со слајдови. Програмата на ИБМ со наслов „Writing to Read“ ги даде предусловите за употреба на час на софтверски програми за сеопфатно описменување на почетокот на наставата по читање.. Софтверските програми за сеопфатно описменување кои се развиени во поново време и за кои е почната систематска евалуација опфаќаат „Foundations in Learning“ од Breakthrough to Literacy, „Early Reading Program“ од Waterford и „Little Planet Literacy Series“ од Young Children’s Literacy Project.

џж

б

чди

ѓ еѕ


јфе 54

бц

х д

л гЖ

Ш ф

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

ј тт4

џж б

чди

ѓ еѕ

софтвер Во последните години потрошувачкиот и училишниот пазар се преплавени со софтверски производи за деца – производи со драматично варијабилен квалитет. Следат примери за високо оценети програми за деца во почетните години од основното образование. Нивното оценување беше врз основа на содржината, степенот на леснотија на ракување за корисникот, функциите за ракување од страна на возрасен, квалитетот на придружните материјали и вредноста во однос на цената, но не се испитуваше влијанието врз учењето кај децата.

Краток опис на програмата Куќичка на дрвото (The Treehouse)

Оваа програма третира голем број на вештини. Во однос на описменувањето, една активност е градењето реченици со ликови кои ја одигруваат опишаната активност во реченицата откако таа ќе се пополни.

Читателот Зајко 2 (Reader Rabbit 2)

На најмладите читатели им дава можност за практично вежбање на полето на азбучното подредување, римувањето, одредувањето на долги и кратки самогласни гласови и создавањето на сложени зборови.

Моите приказни (My Own Stories)

На учениците им се овозможува употреба на зборови, боење и цртање на графики, звучни ефекти и музика кои можат да ги користат за да составуваат сопствени приказни. Приказните можат да се отпечатат.


јфе 55

постигнување добри резултати во наставата во првите одделенија од основното образование – процес кој се одвива во текот на целата кариера Одличната настава е најефикасно средство во превенцијата на потешкотиите во читањето. Една неодамнешна студија спроведена во повеќе од 1000 училишни дистрикти дојде до сознание дека секој дополнителен долар потрошен на развојот на квалификациите на наставниците профитира со подобрувања на достигнувањата на учениците многу повеќе отколку употребата на кој било друг училиштен ресурс. Сепак, дистриктите сè уште трошат помалку од половина процент од нивните ресурси на стручно усовршување на кадарот. На едукацијата на наставниците треба да се гледа на нов начин: како процес што трае во текот на целата кариера, а не на нешто што е завршено со добивањето на дипломска или магистерска титула.

``информации за развојот на јазикот и како е поврзан со описменувањето;

ц

х д

л гЖ

Ш ф

ј тт4

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

Дури и најдобрата додипломска или дипломска програма не може да ги подготви наставниците во целост за сложениот процес на изведување на наставата по читање и различните потреби со коишто ќе се соочат на нивните часови. Читањето е сложен процес и за справување со него наставниците мора да имаат силна подготовка од областа на когнитивни, бихевиористички и социјални науки како и општествените науки. Специфичното педагошко знаење и вештини треба да се надоградуваат врз тие темели. Наставниците во првите години од основното образование треба да имаат огромни познавања во врска со детскиот развој, како децата учат и што можат да направат. Тие треба да умеат да ги согледуваат јаките и слабите страни на децата, да планираат добри часови за да им помогнат на учениците да напредуваат. Треба да имаат огромен спектар на наставни техники во нивните комплети со наставни алатки за да можат да ги задоволат извонредно различните потреби на учениците. Истовремено треба да имаат содржински знаења од областа на литературата, математиката и природните науки. Наставниците треба да имаат знаења од областа на научните основи за читањето. Освен ова, критична компонента во подготовката на наставниците за првите години од основното образование пред да ја отпочнат нивната кариера е супервизираното, релевантно искуство на терен со коешто добиваат континуирани насоки и повратни информации. Главна цел на ова искуство е да стекнат способност за интегрирање и примена на знаењето кое го научиле во праксата. Колаборативната поддршка од страна на институцијата која ја врши подготовката на наставникот и од страна на наставникот кој ја врши супервизијата на теренската работа е од суштинска важност. Критична компонента за наставниците почетници е поддршката од страна на наставници ментори со одлични постигнати успеси во наставата по читање што резултирало со подобрени резултати и успеси кај учениците. Од апсолутно суштинска важност е наставниците од сите одделенски нивоа да го разберат текот на развојот на описменувањето и улогата на наставата за нејзино оптимизирање. Државните услови за сертификација и образовните програми за наставници треба да се променат со тоа што ќе вградат таква база на знаења, вклучувајќи барем како минимум:

б

џж

б

чди

ѓ еѕ


јфе 56

бц

х д

л гЖ

Ш ф

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

ј тт4

џж б

чди

ѓ еѕ

``информации за врската помеѓу однесувањето кај раната писменост и конвенционалното читање; ``информации за карактеристиките на азбучниот систем на пишување и другите системи на пишување; ``информации за фонологијата и морфологијата во врска со спелувањето; ``информации за вештините на разбирање и нивната зависност од другите аспекти на читањето и од јазичните вештини; ``информации за фонолошката свест, ортографската свест и развојот на пишувањето; ``процедури за континуирана проценка за време на часот на способностите за читање на детето; ``информации за тоа како да го толкуваат и модифицираат изведувањето на наставата според резултатите од нормативните и индивидуалните проценки, вклучувајќи формални и неформални проценки за време на часот и мерки за следење на прогресот користени од специјалисти; ``информации за учењето и курикулумските потреби на различните ученици (ученици со пречки во развојот, со ограничено владеење на англискиот јазик, со разлики во дијалектот на англискиот јазик што го говорат); ``во контексти во кои децата учат да читат на јазик кој не е англиски, разбирање на – како и стратегии за – подучување на децата да читаат на тој јазик и информации за билингвалниот развој на јазикот и писменоста; ``информации за карактеристиките на дизајнот и поставените барања за курикулум за читање; ``информации за тоа како наставниците разумно ги применуваат студиските истражувања во нивната пракса, како да го актуализираат нивното знаење во врска со студиските истражувања, како да извршат влијание врз агендите на студиските истражувања вклучувајќи соработка на релација наставник–истражувач; и ``информации во врска со тоа како да ја одржуваат и да ја поттикнат мотивацијата за читање и позитивните ставови кон читањето. Темелното образование на наставниците е од суштинска важност, но и во тој случај наставниците не можат да бидат целосно подготвени пред да стапат првиот ден на работното место. Училишните дистрикти треба повеќе да сторат за да поттикнат континуирана стручна обука на наставниците. На младите наставници им е потребна поддршка од ментори во нивниот развој. Искусните наставници треба да добиваат периодични можности за обука. Освен традиционалните работилници, дистриктите и училиштата треба да изнајдат форми како што се наставнички истражувачки проекти, групи за дискусија, партнерства помеѓу училиштата и универзитетите и други начини за охрабрување на напорите на индивидуалниот наставник за усовршување (на пример сертифицирање од страна на Националниот одбор за професионални стандарди за наставници, анг. „National Board for Professional Teacher Standards“). Потоа, училиштата треба да одредат награда и да наградат наставници коишто се извонредно ефикасни, од градинка па сè до погорните нивоа.


57

јфе б

ц

х д

ј тт4

л гЖ

чди

џж

б

ѓ еѕ

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

Ш ф


Ш ф

џж

ј тт4

чди

б

ѓ еѕ

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

јфе 58

бц

х д кР с гДи

л гЖ

БАВ Е

ј

М


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.