www.careerdays.org.mk
- 01 -
Проект менаџер Почитувани, сите сме свесни дека живееме во тешки времиња, во кои светската економска криза го зема својот данок и сето тоа резултира со намален број на економска активност, а аналогно на тоа и намален е бројот на нови работни позиции кои се отвораат. Во најнезавидна положба се ставени студентите, од кои во сите огласи за вработување се бара да имаат претходно работно искуство. Водени од овие и слични проблеми со кои секојдневно се соочуваат македонските студенти, веќе 18 години по ред АИЕСЕК Скопје успешно го реализира проектот Денови на Кариера. Сепак, нашето „полнолетство“ немаше да биде тоа што е, да не беше соработката со ЕЕСТЕК Скопје, студентска организација од техничкиот кампус со која се потрудивме овие 18-ти Денови на Кариера да бидат организирани на највисоко ниво – ниво какво што овој бренд заслужува. Преку Денови на Кариера 18-та година по ред им помагаме на македонските студенти да се стекнат со одредени вештини кои ќе им бидат потребни во иднина кога ќе аплицираат за работа, но и да најдат пракса која ќе биде најадекватна според нивните потреби и која ќе им овозможи стекнување на тоа работно искуство кое се бара при вработување. На компаниите им овозможуваме да направат скенирање на пазарот на труд со кој ќе се соочат во блиска иднина и им помагаме да ги согледаат вештините и квалитетите на истиот. За крај, би сакал им се заблагодарам на сите оние кои во текот на овие 18 години помогнаа Денови на Кариера да стане централен и водечки настан од ваков тип на територијата на град Скопје, но и пошироко. Со почит, Виктор Шумановски
Виктор Шумановски
Денови на Кариера 2014 www.careerdays.org.mk
Проектен менаџер на Денови на Кариера
c
- 02 -
AIESEC Skopje Почитувани, ми претставува огромна чест и задоволство што стојам овде во името на АИЕСЕК Скопје на отварањето на Денови на кариера. АИЕСЕК Скопје веќе 18та година по ред вложува многу труд и енергија во организирање на овој проект, кој претставува одлична можност за меѓусебна интеракција помеѓу студентите и компаниите. АИЕСЕК Скопје како студентска организација со најдолга традиција на постоење во Македонија секогаш е тука за студентите обидувајќи се да им овозможи повеќе прилики за личен и професионален развој. Она за што се залага нашата организација е развој на лидерскиот потенцијал кај младите луѓе преку реализација на мноштво проекти кои имаат позитивно влијание врз општеството, меѓу кои е и Денови на Кариера. Преку сите наши активности, членовите на АИЕСЕК добиваат одлична шанса да се изградат себеси како личности, да ја изразат својата индивидуалност, а воедно и да го задржат тимскиот дух кој владее во оваа организација. Реализацијата на овој проект по 18ти пат е доказ за успешноста и за значајноста кој тој ја има, но оваа година на наше задоволство позитивното влијание на овој проект се зголеми со соработката што ја остваривме со студентската организација ЕЕСТЕК. Искрено се надеваме дека и овогодинешните Денови на кариера ќе има значајна улога и придонес како за студентите, така и за компаниите. Веруваме дека овој настан ќе биде од есенцијално значење за сите учесници и дека сите присутни ќе успеат да ја искористат оваа шанса и вредностите што ги нуди овој проект.
Стефан Младеновски
Претседател на АИЕСЕК Скопје
Денови на Кариера 2014 www.careerdays.org.mk
- 03 -
EESTEC Skopje Почитувани Декани, продекани, претставници од компаниите, членови на организациите, студенти, добродојдовте на Денови на Кариера 2014. Огромно задоволство ни претставува што како студентска организација, ЕЕСТЕК, првпат е дел од организацијата на настан од ваков тип, во соработка со кој друг ако не АИЕСЕК Скопје. Денови на кариера е настан кој претставува медиум помеѓу студентите и компаниите. Токму ваквиот настан ги подготвува студентите за предизвиците кои следуваат по студирањето. Искрено, се надевам дека ќе ги исполниме нашите зацртани цели и ќе имаме уште еден успешен настан. Го прогласувам Денови на Кариера 2014, за официјално отворен.
Игор Гиноски
Денови на Кариера 2014 www.careerdays.org.mk
Претседател на ЕЕСТЕК Скопје
c
- 04 -
Содржина 01
Генерални партнери
05
02
Партнери
10
03
Учесници
10
04
AIESEC Skopje
17
05
EESTEC Skopje
18
Денови на Кариера 2014 www.careerdays.org.mk
- 05 -
Арс Ламина Основана во 2005 година како репро студио со мисија да ги подигне стандардите во печатењето на повисоко ниво, денес Арс Ламина е најголемиот и најважниот издавач на академската и научната литература во земјата, со преку 500 објавени наслови од областа на економијата, правото и политичките науки, архитектурата и градежништвото, медицината, земјоделството, како и во современата белетристика, преку објавување на преводи на македонски јазик на најпродаваните и најнаградуваните светски автори. Арс Ламина е на официјалната листа на 200 најуспешни компании во Македонија. Повеќе: www.literatura.mk
Денови на Кариера 2014 www.careerdays.org.mk
c
- 06 -
Маратон МАРАТОН е агенција за огласување која од 2005 година го организира рекламирањето на автобуси во Скопје. Работиме врз основа на концесија од ЈСП СКОПЈЕ за закуп на рекламниот простор на автобусите. На клиентите им обезбедуваме целосна услуга за рекламирање на автобуси: од закуп, избор на релации, подготовка на идејно решение, печатење, континуирано информирање за брендираните автобуси..., до враќање на автобусите во првовитна состојба. Рекламата на автобусите за да изгледа последниот ден од кампањата како и првиот, секојдневно се грижи нашиот мониторинг тим, а пак за да имаме целосна 24 часовна поддршка за печатење и исклучителено квалитетен принт се грижи нашата печатница ХД ПРИНТ, која ја формиравме пред повеќе од шест години. Низ годините создадовме квалитетен тим со кој ја остваруваме нашата мисија - од мала фирма на почетокот со само тројца вработени, да растеме по број и со јасна определба - секогаш да го задржиме и унапредуваме квалитетот на нашите услуги и приоритетот за градење доверба и лојалност кон нашите клиенти. Со нашиот раст, растеше и бројот на наши клиенти и бројот на брендирани автобуси, па сега со задоволство може да се пофалиме со соработка со голем број маркетинг агенции, преку 500 клиенти и над 1000 брендирани автобуси. Но, продолжуваме...
Денови на Кариера 2014 www.careerdays.org.mk
- 07 -
Про Кредит Банка Ние сме дел од ПроКредит групацијата, која е со седиште во Франкфурт, Германија и ја сочинуваат 21 банка во Источна Европа, Африка и Латинска Америка. Нашите бизнис активности се насочени кон обезбедување на општествено одговорни банкарски услуги во земјите во развој. ПроКредит Холдингот е главен сопственик на ПроКредит Банка Македонија и поседува 87,5% од акциите. ПроКредит Банка Македонија, која има BB+ рејтинг оценет од рејтинг агенцијата Фич, е основана во Јули 2003. Од своето отворање, ПроКредит Македонија се покажа како сигурен партнер од доверба за многу малите, малите и средните претпријатија и во голема мерка придонесе за нивниот развој, со помош на обезбедување на финансиска поддршка за различните деловни активности, како што се капитални инвестиции или обртни средства. Финансиските услуги понудени од страна на нашата банка, се секогаш во согласност со нивните бизнис потреби, што им помагаат на претпријатијата да растат, да се прилагодат на брзото менување на околината и да придонесат за развојот на македонската економија во целина. ПроКредит Банка е развојно ориентирана со целосна банкарска услуга. Ние нудиме одлични услуги на клиентите, како на физичките лица така и на претпријатијата. Во нашите операции, ние се придржуваме до неколку основни принципи: ние ја цениме транспарентноста во нашата комуникација со клиентите, ние не промовираме потрошувачки кредити, туку нудиме услуги кои се базираат на разбирање на ситуацијата на секој клиент преку квалитетна финансиска анализа. Овој одговорен пристап кон банкарството, ни овозможува да изградиме долгорочни партнерства со нашите клиенти, врз основа на взаемна доверба. Во нашите операции со бизнис клиентите, се фокусираме на многу мали, мали и средни претпријатија, за кои веруваме дека создаваат најголем број работни места и даваат витален придонес во економијата, во рамките на дејноста во која работат. Со нудење на едноставни банкарски услуги и со инвестирање на значителни ресурси во финансиска едукација имаме за цел да промовираме култура на штедење и одговорност, која може да помогне да се донесе поголема стабилност и безбедност за граѓаните. Покрај тоа, одговорниот пристап кон животната средина е длабоко врежан во нашата корпоративна филозофија. ПроКредит Банка има развиени внатрешни политики за управување со животната средина, насочени кон континуирано подобрување на еколошките перформанси на банката во сите области на оперативни и деловни активности. Нашиот проактивен пристап кон заштитата на животната средина е дополнително нагласен, со преземање на кампањи за поткренување на свеста, како и спроведување и подршка на еколошки иницијативи, кои заедно придонесуваат за почиста и позелена околина. Нашите акционери очекуваат сигурно враќање на инвестициите низ подолг временски период. Инвестираме значително во обука на нашите вработени со цел да создадеме пријатна и ефикасна работна атмосфера и да овозможиме најстручна и висококвалитетна услуга за нашите клиенти. За повеќе информации околу нашите спонзори ПроКредит Банка, посетете ја нивната веб страна. ПРОГРАМА ЗА МЛАДИ БАНКАРИ Програмата за Млади Банкари претставува вистински предизвик за оние кои сакаат професионален развој во ПроКредит Банка и сакаат да се развиваат во професионалци и одговорни банкари. Програмата за Млади Банкари е шестмесечна интензивна воведна обука во теоријата и практиката на банкарството и финансиите од една одговорна перспектива. Оваа програма е можност за вработување во ПроКредит Банка. Цел Оваа програма нуди единствена можност за учесниците и за ПроКредит да се проценат дали способностите и личните квалитети на кандидатите се вклопуваат со посебниот “начин на работење на ПроКредит”. Квалитетот на нашата програмата за регрутирање во согласност со обуката која ја обезбедуваме ќе ни помогне да се осигуриме дека, извонредната услуга која ја пружаме на клиентите е постојана.
Денови на Кариера 2014 www.careerdays.org.mk
c
- 08 -
Про Кредит Банка - Содржина на програмата - Теоретска надградба Некои од темите кои се опфатени во текот на шестмесечната програма, поврзани се со: опкружувањето од кое што сме дел, економскиот развој и политичките предизвици во земјата, регионот и светот, глобализацијата и ефектот врз животната средина, личните вредности и етиката. Дополнително во делот на теоретската надградба, опфатена е финансиската математика и сметководството. - Обука на работното место - Обука на работното место и искусување на работната средина, преку посета на клиенти, придружуван од постарите колеги. Кандидатите имаат можност за интерактивно набљудување и учество во секојдневната работа во вистински работни ситуации на терен, кои опфаќаат работа со клиенти во платниот промет, кредитирање и др, а сето тоа е поврзано со претходно опфатените теми во теоретската обука. Овој дел од обуката се одвива преку експозитурите на ПроКредит Банка ширум Републиката. Методологија на програмата Програмата се реализира преку интеракција со модераторите преку ,работа во групи, на проекти и задачи, презентации, пишување есеи, дискусии, размена на искуства и мислења. Истата е интерактивна и се темели врз основа на личниот придонес на учесниците, па затоа ние очекуваме од нив максимален придонес и целосна посветеност. Природата на програмата на самите учесници им дава уникатно искуство на останување заедно со нивните соученици надвор од Скопје, за одредено време. Затоа, флексибилноста и подготвеноста, да потрошите време надвор од дома е задолжителна. Целосното присуство во текот на програма е задолжително. Логистика на програмата Програмата за Млади Банкари е шестмесечна интензивна воведна обука; Секоја програма се состои од максимум 32 учесника; Обуката се одвива во нашиот тренинг центар во Скопје и низ нашите експозитури ширум Републиката; Избраните кандидати од страна на ПроКредит Банка се финансираат преку стипендија за шест месеци колку што и трае програмата. Износот на стипендија може да се прилагоди за лицата со работно искуство; Банката ги подмирува транспортните трошоци до главниот град и сместувањето е централно организирано од страна на ПроКредит Банка, за целото времетраење на програмата; Апликации за Програмата за Млади Банкари се прифаќаат во текот на целата година, а селекцијата на кандидати се врши на месечна основа; Кандидатите кои аплицирале ја започнуваат пограмата со првиот термин за почеток на истата (неколкупати годишно) распоредени со приоритет на најраните примени апликации. Што по завршување на програмата? По успешно завршениот шестмесечен курс од страна на кандидатот, постои голема можност да добие понуда за вработување од страна на банката. Сепак, не постои законска обврска за склучување на договор за вработување меѓу кандидатот и Банката. Ако резултатите на учесникот во текот на периодот од шест месеци не се задоволителни, програмата може да му биде прекината, со претходно известување во рок од две недели. Доколку сте заинтересирани за аплицирање за Програмата за Млади Банкари прочитајте повеќе за “Какви кандидати бараме”.
Денови на Кариера 2014 www.careerdays.org.mk
- 09 -
Колегиум Рапсоди Добродојдовте во светот на незаборавните патувања, фантастичните забави и врвната доживувања. Добродојдовте во светот во кој границите на класичните патување се одамна поместени, свет во кој се поставуваат до сега невидени стандарди на добра забава, свет во кој емоциите и спомените се мерат во тони… Накратко, добродојдовте во светот на Rapsody & Collegium. Како агенција која претставува лидер во организирање на младински патувања на Балканот во изминатите 9 години организираме апсолвентски екскурзии за преку 80.000 млади луѓе. Професионалниот персонал на агенцијата – координатори, водичи, аниматори, обезбедување, лекари , Дjи… се исклучиво млади луѓе кои делат твои интереси, знаат што е потребно на младиот турист: слобода и економичност, оригиналност и креативност, и гарантираат дека ќе уживаш во забавата која е поинаква и трае 24 часа дневно! Агенција број 1 за млади!!!Нова Година 2014, Зима 2014, SPRINGBREAK 2014, Екскурзии, Лето за млади 2014
Денови на Кариера 2014 www.careerdays.org.mk
c
- 10 -
Пивара За Програма за менаџмент обука (MANAGEMENT TRAINEE PROGRAM) Програмата на Пивара Скопје АД е единствена можност за млади талентирани дипломци кои сакаат да ја започнат својата успешна менаџерска кариера. Оваа програма е смислена на таков начин што нуди можност за брз напредок, интензивно учење и развој, конкретни одговорности и задачи преку кои секој учесник директно придонесува зауспехот и резултатите на компанијата. Целта на Програмата за менаџмент обука е да вработи талентирани млади лидери со потенцијал и искуство потребно за постигнување на резултати во различни работни ситуации и да ги развие во идни успешни менаџери, кои ќе ја водат компанијата во понатамошен напредок. Приказната на Пивара Скопје АД, скоро девет децении се создава со многу труд, знаење, искуство и визија, на тим од високомотивирани, лојални и способни поединци, извонредно добро обучени, почитувани и наградени. Пивара Скопје АД со своите перформанси, со години наназад се вбројува меѓу десетте најдобри компании на национално ниво, со годишно производство од над милион хектолитри пиво и безалкохолни пијалаци. За Пивара Скопје АД луѓето секогаш се на прво место: потрошувачите, купувачите,вработените, партнерите, граѓаните. Предизвик за компанијата е да одговори на барањата на потрошувачите и секогаш да оди чекор напред во препознавањето на нивните желби. Тимот на Пивара Скопје АД со многу посветеност, одговорност, квалитет и интегритет во работењето секојдневно ја оправдува нивната доверба и лојалност. Нашите купувачи се во центарот на нашето внимание затоа што преку нив нашите брендови го наоѓаат својот пат до секој дом во Македонија и уживаат во квалитетот на она што ние го создаваме. Она што ја прави Пивара Скопје АД посакуван деловен партнер е нашиот постојан стремеж да дадеме најдобра услуга и производи со највисок квалитет на нашите купувачи. Континуирано се трудиме да се прилагодиме на постојаните промени на нивните потреби. Целта е веќе позната – да создадеме дополнителна вредност за нашите купувачи. Од огромно значење се и вештините и мотивираноста на нашите вработени. Наша основна вредност е да им обезбедиме на вработените кариера полна со предизвици развивајќи ги способностите потребни за остварување на нашата деловна стратегија. Пивара Скопје АД успева да остане на врвот благодарение на тимската работа и посветеноста на секој нејзин вработен. Повеќе информации за Пивара Скопје прочитајте на www.pivaraskopje.com.mk Денови на Кариера 2014 www.careerdays.org.mk
- 11 -
НТХ Медиа НТХ Медиа е основана во1999 година во Швајцарија и од самиот почеток е во со сопственост на основачот, односно менаџерскиот тим. Денес компанијата е на самиот врв на даватели на услуги на апликации и инфраструктура (AISP - Application Infrastructure and Service Provider) за медиуми и телекомуникациски услуги, чиишто главни активности вклучуваат производство, развој и одржување на платформи, решенија и услуги кои се темелат на следниве технологии: SMS, MMS, Voice, Интернет и Телевизиски пренос. НТХ Медиа е пружател на премиум услуги (SMS/Voice) и мобилно поврзување во преку 80 земји ширум светот. Мисијата на НТХ Медиа е постигнување на долготрајно и успешно партнерство со крајните корисници и партнери. Веруваме во создавањето и давањето на иновативни и квалитетни решенија кои ќе им овозможат на нашите клиенти успех на пазарот, вистински начин за успешно соочување со предизвици и победување на конкуренцијата.Клучот на успехот е контрола на целиот вредносен ланец на создавање и одржување на услугите со додадена вредност, а кои се темелат на сопствена структура. Визијата на НТХ Медиа е да биде лидер на пазарот, и да ја носи револуцијата на паметни иновации, создадени од високо мотивирани професионалци. Во рамките на Групацијата NTH AG функционираат и слњдниве два бренда Clickattack ClickAttack е водечка регионална мобилна огласувачка мрежа која на едно место ги спојува огласувачите, агенциите, мобилните медиуми и девелоперите. Огласувачите и агенциите добиваат директна врска со целните групи преку најголемите мобилни медиуми. Медиумите и девелоперите имаат можност да остварат заработка преку прикажување на банери на водечките огласувачи и агенции. А сето ова заедно со помош на ClickAttack. ClickAttack е мобилна огласувачка мрежа со седиште во Швајцарија, од таму почна и ширењето во останатиот дел од Европа, сега присутен и во Македонија. Samurai Digital Како најголем регионален девелоперски центар, Samurai Digital во континуитет постои од 1999 година во рамките на НТХ групацијата, иако под ова име влегува на пазарот во 2011 година. Тимот брои преку 90 млади експерти во три земји: Македонија, Хрватска и Србија. Долгогодишното искуство и трајното тежнеење кон напредок ни овозможија константен пристап и работа со најновите технологии. Samurai Digital испорачува решенија за светскиот и регионалниот пазар. Од нашиот напреден девелопмент центар, партнерите нарачуваат мобилни апликации, web и мобилни web страници , како и целосни решенија за некои од најпознатати светски брендови.
Денови на Кариера 2014 www.careerdays.org.mk
c
- 12 -
Шпаркасе Банка Шпаркасе Банка Македонија - традиција, сигурност и доверба! Традицијата, сигурноста и довербата како дел од Шпаркасе Банка Македонија, се дел и од Вашето секојдневје, Вашиот успех и сигурност. Тие ни даваат за право да бидеме сигурни во иднината со Вас и во остварувањето на ефикасно и современо банкарство. Како вистински експерт во областа на финансиите ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД Скопје Ви овозможува широка понуда на банкарски производи и услуги наменети за поддршка, развој, финансирање на физички и правни лица. Клиентски ориентирана, Банката е присутна на македонскиот финансиски пазар со 20 годишна традиција и искуство во банкарскиот сектор. ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА со своето седиште во Скопје на ул. Македонија 9-11, е основана на 29 Декември 1992 година кога ја доби дозволата од Народната Банка на Р. Македонија за основање како комерцијална банка. Steiermärkische Sparkasse опстојува скоро два и пол века, не само во Австрија туку и пошироко во Југоисточна Европа. Оваа банка која е основана во Грац уште во далечната 1825 година, за сите овие години успеа да ги сплоти своите традиционални вредности и модерното банкарско работење. Денес таа е најголемата штедилница во Виена и најголема банка во јужна Австрија Шпаркасе Банка од 16.09.2008 год, стана дел од Штаермеркише Шпаркасе и Групација Ерсте , една од најсилните групации во Европа, со 187 годишна традиција доверба и сигурност. На 15 Април 2010 Шпаркасе Банка ја направи промената на името и официјално се ребрендираше на 04.10.2010 година. Во изминатите три години Шпаркасе Банка Македонија e рангирана во првите топ 5 банки во МК, со 4-5% пазарен удел, со двојно зголемена вкупна актива од 284 мил.евра и двојно зголемен број на клиенти од речиси 115.000. Денес,традицијата, сигурноста и довербата се дел од Шпаркасе Банка Македонија. Тие даваат право да се биде сигурен во иднината во остварувањето на ефикасно и современо банкарство. Банката денес со зголемување на пазарниот удел во однос, може да се пофали со мрежа од 27 експозитури, околу 300 вработени и над 115 000 клиенти. Како членка на нашата групација Шпаркасе Банка Македонија има само една определба: Континуирани инвестиции за развојот на нашата Банка во Македонија; Понуда на атрактивни и издржливи решенија за финансиските потреби на нашите клиенти; Етаблирање на ШБМ како Банка од доверба и најпочитувана финансиска институција во Македонија; Силен партнер не само за нашите клиенти, туку и за заедниците каде што делуваме и работиме.
Денови на Кариера 2014 www.careerdays.org.mk
- 13 -
Стопанска Банка КАРИЕРА ВО СБ Стопанска банка АД Скопје како членка на НБГ групацијата, е водечка компанија, која постојано растеи го освојува пазарот во РМ. Во последните неколку години банката континуирано нуди можности за вработување/ студентска пракса на млади, амбициозни личности кои посакуваат кариера, знаење, искуство, професионален развој. Ако сте Вие една од нив и сакате тимска работа, пријатна работна атмосфера, натпреварувачки дух, можности за развој, напредок во кариерата и животот и мислите дека може да одговорите на предизвикот, ние со задоволство ке го разгледаме Вашето барање *. Студентска пракса Ако сте заинтересирани да стекнете студентска пракса во нашата компанија, Ве молиме испратете кратка биографија и придружно писмо, со назнака “студентска пракса” на следнaта e-mail адреса: human.resources@stb.com.mk Вработување Ако сакате да станете дел од тимот на Стопанска банка АД Скопје, Ве молиме испратете кратка биографија и придружно писмо, на македонски и англиски јазик, со назнака “вработување” на следната e-mail адреса: human.resources@stb.com.mk. Сите заинтересирани кандидати кои ќе аплицираат Ве молиме да ја пополнат изјавата за лични податоци (на web страната на Стопанска банка АД Скопје: www.stb.com.mk - “Кариера во СБ”) доколу сакаат нивните биографии да се чуваат во збирка на лични податоци во Секторот за кадри, во спротивно истите ќе бидат избришани/уништени, согласно со законските и подзаконските акти за заштита на лични податоци. * Контактирани и повикани на разговор ќе бидат само оние кандидати кои ке влезат во потесниот избор
Денови на Кариера 2014 www.careerdays.org.mk
c
- 14 -
Сеавус Seavus Едукативен и Развоен Центар е водечки едукативен и тренинг центар во Македонија и во регионот, специјализиран за обуки во областа на информатичката технологија и бизнис менаџмент. Носител е на меѓународни лиценци и сертификати од светски познати брендови со кои соработува во реализацијата на своето широко портфолио, како Microsoft, CompTIA, Pearson VUE, Prometric. Обуките и консултантските сервиси кои SEDC ги обезбедува за бизнис заедницата, јавните институции, како и помладата популација, се дизајнирани и прилагодени на специфичните потреби на клиентите во согласност со најновите светски стандарди што SEDC се етаблира како посакуван партнер. Мисијата на Seavus Едукативен и Развоен Центар е континуирана доедукација и оспособување на клучните кадри во компаниите од Македонија и регионот за успешно да се справуваат со предизвиците на регионалните и глобалните пазари, а на младите професионалци кои се на завршни години од формалното образование да им даде квалитетна основа и конкретно знаење за полесно да се натпреваруваат на пазарот на труд. Во рамки на SEDC од Јули 2013 година, функционира и најстариот компјутерски центар – Seavus Александрија. Портфолиото на Seavus Едукативен и Развоен Центар го сочинуваат и три академии: 1. Академија за Дизајн со 3 студиски програми: - Графички Дизајн - Веб Дизајн - 3D Моделирање, анимација и постпродукција 2. Академија за Програмирање со 2 студиски програми: - Web and Cloud Computing Engineer - Mobile Applications Development and Design Engineer 3. Академија за Компјутерски Мрежи со 2 студиски програми: - Мрежен Инженер - Мрежен Техничар
Денови на Кариера 2014 www.careerdays.org.mk
- 15 -
Адинг АДИНГ е водечка компанија во Југоисточна Европа за производство и пласман на хемиски материјали за градежништвото, основана на 30.05.1969 година. Седиштето на матичната компанија и најголемиот производствен погон се наоѓаат во Скопје, Р.Македонија, а со свои претставништва и дистрибутери е присутна на повеќе од 13 пазари. Производствената програма ја сочинуваат повеќе од 100 производи кои нудат решенија за најспецифични проблеми со кои се соочува модерното градежништво.
Арцелор Миттал АрцелорМиттал Скопје е водечкa компанија за производство на ладно валани котури и ладно валан лим, поцинкувани котури и лимови и пластифицирани поцинкувани котури во Македонија. На македонскиот пазар се присутни од 1997 година. Моментално има 550 вработени.
Денови на Кариера 2014 www.careerdays.org.mk
c
- 16 -
Кожувчанка „Кожувчанка“ е приватно претпријатие формирано во 1995 година со 100% приватен капитал на браќата Никола и Стојан Јанчеви. Основната дејност на претпријатието е производство на минерална вода „Кожувчанка“. Почетоците на претпријатието се со амбулантска продажба со капацитет од 300 литри на час и едно возило од 3 тона. И во такви услови на работа, благодарение пред се на квалитетот на изворот претпријатието за брзо време успева да се пробие на пазарот и „Кожувчанка“ станува една од најпродаваните води на Македонскиот пазар. Денес успехот на претпријатието се должи на менаџерскиот тим предводен од господин Митко Јанчев кој набави најсовремена технологија со пет амбалажа и капацитет од 30 000 литри на час. ОВЛАСТЕН ПРОИЗВОДИТЕЛ ЗА SINALCO
Денови на Кариера 2014 www.careerdays.org.mk
- 17 -
AIESEC Skopje AIESEC како една од најголемите студентски организации во светот, веќе 65 години активно работи врз идејата за развивање на лидерските способности кај младите луѓе како и тимската работа која е главен услов за загарантиран успех и позитивни резултати. Нашите членови се дел од глобална мрежа преку која имаат можност да допринесат за општествени промени додека ја истражуваат сопствената визија за позитивно влијание на општеството. На интернационално ниво сме подржани од илјадници партнерски компании и организации кои преку AIESEC го подржуваат лидерскиот развој кај младите и добиваат пристап до топ таленти преку нашата интернационална програма за размена. Нашите алумни се лидери во своите области на работа и делување. Тие го користат искуството, инспирацијата и способностите кои AIESEC им ги овозможил со цел да бидат агенти на позитивни промени во денешното општество. Денес AIESEC постои во повеќе од 113 земји во светот и брои околу 68.000 членови кои се целосно посветени на она што го работат се со цел да ја постигнат главната цел на својата организација т.е. од себе да создадат водечки личности кои со своето знаење, вештини и креативни способности ќе допринесат за промени во светот
Денови на Кариера 2014 www.careerdays.org.mk
c
- 18 -
EESTEC Skopje EESTEC (анг. Electrical Engineering Students’ European Association, EESTEC) е невладина, непрофитабилна организација на студентите по електротехника и компјутерски науки од универзитети, интитуции и училишта во Европа кои доделуваат инженерска диплома. Формирана е во Холандија во 1986 година.EESTEC се состои од локални комитети (анг. Local Committees, LC) кои се наоѓаат низ цела Европа на различни факултети. Локалниот комитет во Скопје е формиран 2003 година.Главна цел на EESTEC е да промовира, воспостави и развие интернационални контакти и да размени идеи помеѓу студентите. Активностите на оваа организација се потпираат на вештините, ентузијазмот, отвореноста и волјата за вклучување на членовите, како и надоградување, развивање и подобрување на нивното техничко знаење и достигнување на нивен целосен успех.
Денови на Кариера 2014 www.careerdays.org.mk
www.careerdays.org.mk