Карпош Урбан бр.25

Page 1

Весник на локалната самоуправа февруари 2013 • бр. 25 • година 5

КАРПОВ ВО КАРПОШ

ГРАЃАНИТЕ ГО ИЗБИРААТ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ


2

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ


окус

Стевчо Јакимовски

ОД МОЈ АГОЛ

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГО ИЗБИРААТ ГРАЃАНИТЕ  Зад нас оставаме четири години од растот и развојот на Карпош. По што ќе ги паметите? - Пред четири години почнавме со големи планови, кои беа сериозна обврска и долг кон жителите на Карпош. Но, не се уплашивме. Во големата „битка“ за нов, европски Карпош, тргнавме заедно: граѓаните на Карпош и локалната самоуправа како најблиска до нив. Во неа се водевме од геслото: „Ветено-сторено“. Имавме дадено многу ветувања и тргнавме едно по едно да ги остваруваме. Успеавме во тоа и ги надминавме. Изградивме општина која стана најпосакувано место за живеење во Скопје и во државата на што лично сум многу горд. Се обидовме да имаме слух за секојдневните потреби и проблеми што ни ги посочуваа граѓаните било да станува збор за комунални прашања, одобренија за градба, за образованието и згрижувањето на нашите деца, за социјалната несигурност, за културните потреби за спортот, но оставивме простор и за разонода. Посакував благосостојба и мирен живот за секое семејство во Карпош. Не запоставивме ниеден сегмент од живеењето. Се грижевме за културата, преку „Карпошовото културно лето“, но и преку бројни други културни манифестации, ликовни настани, драмски претстави, концерти. Спортот, како најспортска општина ни е меѓу врвните приоритети. Освен училишните спортски игри, востановивме и шаховски турнир „Опен Карпош“ кој стана настан со светско реноме. Најголема грижа и внимание посветивме на нашите сограѓани кои се во тешка материјална положба, болни или немоќни. Карпош е прогласена за Општина со најголема социјална инклузија, со највисока транспарентност, енергетски најефикасна. Сето тоа го видоа и другите, компетентни организации и институции, и ни оддадоа признанија. Се прочувме и надвор од земјата. По добро, се разбира. Се вброивме меѓу најуспешните општини во Југоисточна Европа. Карпош се стекна со ИСО меѓународен сертификат за своето работење, како резултат од квалитетот на дадените услуги на граѓаните. Нашиот напор и постигнувања, најмногу ги забележавте Вие граѓаните од Карпош кои се изјаснивте дека сте најзадоволни од сработеното во локалната самоуправа, меѓу сите општини во државата, и дека Карпош го препорачувате како добро место на живеење.  Донесовте одлука да се кандидирате повторно за градоначалник. Што ве водеше кон таа одлука?

- Ме водеа граѓаните на Карпош и желбата за убав и просперитетен Карпош. Јас четири години сум во постојан контакт со нив. Ги знам нивните желби и потреби. Јас сум дел од нив. Тие во 2009 година веруваа во мене, ми дадоа доверба и мислам дека неа ја оправдав. Сега решив уште еднаш да ја побарам довербата и да продолжиме по започнатиот пат. Граѓаните сега имаат избор меѓу три кандидати, мене, г-ѓата Куновска и Андреј Петров. Добро е што се кандидираше и Андреј Петров, човекот што јас го поставив за градоначалник. Резултатите од моето и неговот работење им се познати на граѓаните на Карпош. Интересно е што граѓаните на Карпош покрај визијата која е битна за победа ќе може да употребат и компарација. Тоа е нивно легитимно право кое може да го искажат на 24 март. Искрено верувам дека ќе го направат вистинскиот избор и ќе оценат кој во иднина најдобро ќе им ја води Општината.  Кој се Вашите идни визии за Карпош? - Во идниот период Карпош ќе се фокусира на капитални проекти, меѓу кои, на прво место е Општината. Тоа е нешто, што според нашите анкети, е од животен интерес за граѓаните бидејќи директно го засега домашниот буџет на секој жител на Карпош. Стандардот на граѓаните, во овие тешки економски времиња е сериозно паднат и секоја заштеда на трошоци и енергија, од витално значење за нив. Ни претстои разубавувањето на Карпош, обнова на сите стари фасади, на подигнување на еколошката и енергетската свест. Мојата визија е сите улици да бидат „цветни алеи“. И натаму ќе градиме нови улици, нови згради, ќе ги привлечеме сите инвеститори кои ќе вложат во економскиот просперитет и развој на нашата општина. Треба да се отвораат уште работни места, треба да имаме вработени и среќни граѓани. Затоа ќе даваме поволности за оние кои ќе инвестираат во нашата општина и ќе вработуваат наши граѓани. За тоа имам и визија и програма. Сакам сите заедно да опстоиме на вистинскиот пат. Патот кон прогресот. Знам дека предизвиците се големи, но нашиот ентузијазам и амбициите се уште поголеми. Затоа сум убеден дека со граѓаните ќе продолжиме напред во изградбата на уште помодерен и поубав Карпош. Виолета Цветковска

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

3


ВО ОВОЈ БРОЈ Весник на локалната самоуправа февруари 2013 • бр. 25 • година 5

КАРПОВ ВО КАРПОШ

ГРАЃАНИТЕ ГО ИЗБИРААТ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

Издава Општина Карпош ул. „Демир Трајко“ бр.43 1000 Скопје, Р. Македонија тел.: 02 / 30-61-353 факс: 02 / 30-68-416 kontakt@karpos.gov.mk www.karpos.gov.mk Издавачки совет Стевчо Јакимовски Даница Мартиновска Димче Мешковски

АКТУЕЛ ЈАКИМОВСКИ ВО ОДБРАНА НА ОПШТИНА КАРПОШ

..................................................... 6

РАЗГОВОР Сашо Поповски, скулптор автор на споменикот на Кузман Јосифовски Питу БИ САКАЛ ДА ГО „ОЖИВЕАМ“ ПАРТИЗАНОТ КАРПОШ

....................................................... 16

Главен и одговорен уредник Виолета Цветковска vikipr@karpos.gov.mk

Уредник Миле Раденковиќ mile.radenkovic@karpos.gov.mk

Редакција Живко Трајановски Ива Манова Игор Ѓуровски Елена Кузмановска Технички уредник Зоран М. Гулевски Лектура Живко Трајановски Ангелина Николовска Фотографија Ива Манова М. Раденковиќ

4

ЕСЕЈ КОГА СЈААТ КАМЧИЊАТА

................................................... 20

ТРЕТО ДОБА НОВО КАТЧЕ ЗА ДРУЖЕЊЕ

..................................................... 23

СПОРТОРАМА ТОЉА КАРПОВ ВО КАРПОШ

...................................................... 30


КОЛУМНА ЗОШТО СЕГА ВРЕДИ ЧОВЕК ДА СЕ БОРИ ЗА КАРПОШ? Во далечната 1964 година, по неколкукратно селење, бидејќи куќата во Ибни Пајко за време на земјотресот ни се сруши, се вдомив во Тафталиџе. Иако многу мал, ги паметам неасфалтираните тафталиџански сокаци со чакал, а меѓу нив дрвените бараки од Финска и Норвешка. По неколку години, се стави првиот асфалт кој во 40-ината години беше многу пати преоран и прекопан. Денес, улиците и тротоарите во мое Тафталиџе се како во Америка и во Јапонија каде што живеев извесно време. Широки и пространи. Да ти е мерак да одиш и да возиш по нив. Првите чекори во моето најомилено хоби – спортот, ги направив на тафталиџанските полјани на кои „садевме“ кошеви или стававме камења за да играПишува: проф. д-р ме фудбал. Во 2000 година бев на студиски престој во Италија, и кога се вратив Зоран Т. Поповски оттаму, на тогашниот и сегашен градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски му кажав дека во тоа мало универзитетско гратче во кое извесно време живеев, Скоро 50 години живо кој било правец да тргнеш, за пет минути ќе налеташ на спортско игралиште, под рефлектори на кое можеш да спортуваш кога сакаш. И види чудо, веам во Тафталиџе и по неколку години во Карпош никнаа десетина осветлени спортски терени, мислам дека ова е исбаш исти онакви какви што имаше во Витербо. Моја особена страст е реката Вардар, на чии плажи своевремено со татко ториски момент во кој ми и брат ми сум се бањал. За жал, долги години Вардар беше целосно запушнашата општина треба тен и препуштен на забот на времето. За среќа, некому му текна да направи педа ја одбраниме од шачка патека и патека за велосипеди и скејборди, и буквално да не врати покрај коритото на нашата најголема река. кичот и невкусот, од Основното образование го стекнав во „Братство“, таму извесно време стаурбаната мафија и од жирав и како наставник, а таму завршија и моите деца. Училиштето го гледав 40-ина години како тоне во својата монтажна конструкција. И повторно се најоваа насилна власт де човек кој од ова, но и од сите други основни училишта на територија на Каркоја во изминатите пош направи вистински образовни храмови за учениците. Места во кои во светски услови ќе го стекнуваат своето образование. Ваква инфраструктурна години секојдневно револуција на училишта не верувам дека се случила на дуго место за само една 24/7 ги манифестирагодина. И пак-Стевчо. Не помалку важен е фактот што Карпош е единствена општина во која не се ше својата бруталност плаќа за паркинг простор, односно не се собира арач од неговите граѓани. Во и недоветност ваква тешка економска состојба, тоа не е за потценување. Погледнете ги Кисела Вода, Центар и другите скопски општини. И да сакаш да платиш паркинг тешко ќе најдеш место. Порано, естрадните имиња како Влатко Стефановски, Кемал Монтено, Хари Мата Хари, Биља Крстиќ, Игор Џамбазов и многу други, можевме да ги гледаме само во Универзална сала или во МНТ, со платени влезници. Денес додека шетате покрај Вардар, летно време може, онака лефтерно, без посебно подготвена тоалета, да си седнете покрај кејот и да уживате во нивните интерпретации. Е, ЗАРАДИ СЕТО ТОА, ВРЕДИ ЧОВЕК ДА СЕ БОРИ ЗА КАРПОШ. Не навлегувајќи во политичката ситуација во земјата поврзана со локалните избори, безрезервно ја прифатив поканата од актуелниот градоначалник на Општина Карпош да се кандидирам за советник во нашата општина. Ако не повеќе, барем до толку можам да помогнам да го задржиме Карпош како слободна територија во која нема да влезат кичот, урбаната мафија, платените паркинзи, партиските вработувања и неефикасноста на институциите. Затоа мислам дека во моментот граѓаните на Карпош треба да се обединат околу граѓанскиот концепт на актуелниот градоначалник, кој, заедно со својата кандидатура, поднесе и листа на кандидати за советници која е огледало на населението во Карпош по секоја основа: територијална, етничка, професионална, полова и т.н. Е, заради сето тоа, верувам во довербата на граѓаните и во победатa која на Карпош ќе му овозможи и натаму да се развива како најдобра и најпосакувана општина за живеење во Република Македонија.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

5


АКТУЕЛ ЈАКИМОВСКИ ВО ОДБРАНА НА ОПШТИНА КАРПОШ

Кандидатурата на Стевчо Јакимовски за нов мандат, две недели пред опозициската СДСМ да го направи истиот чекор,предизвика различни реакции во пошироката јавност во државата. Со цел да го слушне мислењето на граѓаните, меѓу кои и видни јавни личности, Редакцијата на весникот Урбан, спроведе анкета, поставувајќи им го прашањето: Што мислите за одлуката на Стевчо Јакимовски да се кандидира за градоначалник на Општина Карпош? Анкетата е правена пред одлуката на Црвенковски, под притисок на претставниците на ЕУ, сепак да се откаже од бојкотот на локалните избори.

Глигор Чемерски, академик, ликовен уметник

ТАКОВ ГЕСТ БЕШЕ ПОТРЕБЕН - Јас лично, сметам дека беше потребен еден таков гест. Јас не сум политичар, меѓутоа сметам дека апстиненцијата ќе донесе само неприлики на оваа општина. Мислам дека основен потег што требаше да го направи опозицијата, гледајќи ја како нејзина обврска да ги заштити општините, граѓаните, беше очекувано да се излезе на претстојните локални избори, а што прави надвор од тоа, тоа е нејзина работа. Меѓутоа, се работи за дел од нејзината програма, па опозицијата е одговорна во добра или во лоша насока. Ви велам, јас зборувам како човек кој не е вклучен во политиката, меѓутоа,- јас сум човек

6

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ


со доволна политичка култура. Како граѓанин на Македонија, сметам дека самите избори се како некој вид огледало, обврска и начин да се изрази граѓанското право. Тоа што го презема опозицијата, тоа е нејзина одговорност и ако смета дека тоа ќе и донесе победа, в ред. Меѓутоа, големата шанса е испуштена и мислам дека кризата веќе е двојна. Во секој случај, сметам дека овој гест на градоначалникот Јакимовски е не само спонтан, туку и промислен, со одговорноста и со последиците што доаѓаат. Сметам дека е во полза на граѓаните на Општина Карпош,бидејќи имаат можност да се изразат, со кој вид на политика и политичка иднина ќе живеат.

граѓаните на Карпош и на Р. Македонија, за тоа, што значи да бидеш визионер, лидер и борец за интересите на Општината како и за демократскиот имиџ на државата. Навистина е штета што неговиот пример не го следеа и некои други актуелни градоначалници.

Јово Гиновски, претседател на ЗП “Карпош”

Силјан Цабески, жител на МЗ Карпош 2

ОДЛУКА ЗА ДЕМОКРАТСКИОТ ИМИЏ НА ДРЖАВАТА - Лично мислам дека досега, меѓу градоначалниците на Општина Карпош немало политичар и стратег каков што е господинот Стевчо Јакимовски. Неговата определба, повторно да се кандидира, е вистинска одлука која ќе остане во меморијата на

ГРАЃАНИТЕ ГО САКААТ ЈАКИМОВСКИ... Го оправдувам потегот на господинот Стевчо Јакимовски. Сметам дека правилно размислува бидејќи оваа одлука е во служба на народот, односно на Општината Карпош, за којашто навистина четири години многу вложил. Тие проекти, со неговото некандидирање за градоначалник на Општината, ќе бидат голема загуба за Општината и за сите нас. Му честитам на одлуката за кандидирање за градоначалник на Карпош, и сметам дека сигурно ќе ја има поддршката на граѓаните. Општината Карпош го сака Стевчо, а Стевчо ја сака Општината.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

7


јасно дека опозицискиот фронт е дециден дека нема да оди на локални избори, ако не добие гаранција за предвремени парламентарни избори. Парадоксално е на лидерот Црвенковски да му е поблизок сојузник Љубчо Георгиевски, отколку луѓето кои имале храброст да му се спротивстават, но не ја напуштиле левата идеолошка позиција. Сега граѓаните на Карпош треба да бидат главните арбитри за работата на досегашниот градоначалник, и се надевам дека тоа ќе го прават низ призма на сопствените интереси, а не заради лојалност на една или друга партија. Како граѓанин на општината и самата сум била во позиција да гласам за кандидати со различна идеолошка провиниенција (за локални и претседателски избори), затоа што поважни ми се квалитетите на кандидатите и нивните резултати, отколку партиските бои.

Биљана Ванковска, универзитетски професор

ГРАЃАНИТЕ ИМАТ МОЖНОСТ ЗА ИЗБОР Генерално, жалам што опозицијата се одлучи на бојкот со што ги потцени локалните избори, а со тоа и локалната демократија и граѓаните во нивните помали заедници. Тие заборавија дека локалната самоуправа е темелна вредност на уставниот поредок, а јас би рекла и темелот на тој поредок. Во неа е вградена идејата за децентрализација на власта, која се носи поблиску до граѓаните. Затоа, задача на локалната самоуправа е да биде противтежа на централната власт, која е обично подалеку но и поотуѓена затоа што е фоксуирана на државно ниво, од кое понекогаш не се гледаат посебните и специфичните интереси на граѓаните таму каде што живеат. Со оглед на тоа што г-нот Јакимовски не се откажа од социјалдемократската позиција, туку обратно, СДСМ го исклучи од своите редови, сметам дека неговата кандидатура е сепак нудење избор на граѓаните од Општина Карпош, особено на оние кои не се симпатизери на десната опција и/или се задоволни од својата досегашна локална власт. Неговата битка нема да биде лесна, особено сега кога е

8

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

д-р Нелко Стојаноски, универзитетски професор во пензија

СТЕВЧО Е ЕТАЛОН ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК Рекреацијата и пешачењето се мое хоби и затоа често шетам низ реконструираниот кеј на Вардар, уживам во педантното хортикултурно средување на мојата општина. Стевчо Јакимовски го направи Карпош да биде излог и витрина што ќе го следат


сите останати општини во Македонија. Карпош е посакуван и следен пример од сите, со средени комунални, здравствени, образовни институции, општина во која е привилегија да живееш и сето тоа благодарение на градоначалникот Стевчо Јакимовски.

СДСМ, да се бојкотираат локалните избори, сметам дека е мотивирана од неговите ветувања на граѓаните. Замислете, како би изгледало Јакимовски и Заев, најуспешните градоначалници во Р. Македонија, сега на „тацна“ да им ги отстапат завршените и новозапочнатите проекти во нивните општини. Тоа не би било во ред, не само заради нив самите, туку и поради граѓаните кои од нив очекуваат и нови проекти во функција на севкупно поубаво живеење. Лично го поздравувам гестот на Јакимовски.

Проф. д-р Никола Петров

ГЕСТ ЗА ПОЧИТУВАЊЕ И ПАМЕТЕЊЕ Јакимовски го познавам многу одамна, уште кога беше младински функционер во Белград. И тогаш беше интелигентен и комуникативен, заради што, подоцна не бев изненаден што стана успешен министер и градоначалник. Посебно би го истакнал неговото успешно водење на Општината, особено во нејзиното инфраструктурно уредување и разубавување. Како непосреден и мошне срдечен во контактите со граѓаните, тој успеа и нив да ги мотивира заеднички да се грижат за сите работи во Општина Карпош. Токму заради тоа, таа е и една од најдобрите општини во државата. Сакам да нагласам дека неговата когнитивна и социјална интелигенција даде и ќе дава ефекти во раководењето со Општината. Имено, неговата одлука да се кандидира, спротивно на одлуката на

Проф.д-р Јасмина Делчева - Диздаревиќ

ЗА ДОБРОТО НА СИТЕ НАС Сметам дека градоначалникот на Општина Карпош донесе правилна одлука за нас граѓаните. Секоја друга одлука би била непотребна авантура, а губитници ќе бидеме ние самите. Се надевам и сакам да верувам дека без разлика на политичката определба, г-дин Стевчо Јакимовски ќе биде поддржан од сите нас, за нашето добро, за доброто на општината. Така мислам како жител на Општината која со право го носи епитетот најдобра во Р. Македонија.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

9


ници кои се сигурни кандидати за нов мандат, да се изнајдеше некаков модус и сеуште мислам дека тие клучни места, опозицијата не требаше да ги испушти.

Илија Николовски, генерал во пензија

ЈАКИМОВСКИ д-р Татјана Стојаноска Иванова, универзитетски професор ЌЕ ПОБЕДИ НА ПРЕТСТОЈНИТЕ ИЗБОРИ ПОСАКУВАМ Мислам дека тоа е рационално решение, особе- ЈАКИМОВСКИ но што Стевчо Јакимовски е еден од најдобрите градоначалници во Република Македонија. Затоа што ДА ОСТАНЕ граѓаните на Општина Карпош очекуваа дека тој ќе се појави како кандидат за градоначалник на Кар- ГРАДОНАЧАЛНИК пош и ќе беше голема штета доколку тој не се појавеше како кандидат. Бидејќи најголемиот дел од граѓаните на оваа општина не можат да замислат, некој друг да ја менаџира локалната самоуправа, особено што има проекти кои тој лично треба да ги заврши, и затоа тие очекуваат дека Јакимовски ќе победи на претстојните локални избори, воедно и дека овие проекти ќе бидат реализирани. Јас се движам меѓу повозрасни луѓе, особено пензионерите, и гледам дека актуелниот градоначалник на Карпош, ужива голема поддршка кај нив. Во оваа политичка ситуација, дали е тоа рационално или пак не е рационално, јас лично сметам дека опозицијата требаше да најде решение за тие неколку градоначал-

10

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

Карпош како општина е еклатантен пример за урбана, средена и развиена општина. Општинскиот татко, со севкупниот потенцијал, со постојаните прогресивни идеи и активности го ставаат на пиедесталот на најдобри и најпосакувани градоначалници. Заради инвестирањето во капацитети и објекти со кои ќе се олесни и ќе се збогати квалитетот на животот на жителите на Карпош, со разубавување на стотици катчиња за спортски и културни активности, посакувам и сметам дека Стевчо Јакимовски треба да биде градоначалник на Општина Карпош, за доброто и за просперитетот на сите карпошовци.


Џевдет Хајредини, поранешен министер и актуелен аналитичар

ЈАКИМОВСКИ МИСЛИ НА ГРАЃАНИТЕ Господинот Стевчо Јакимовски добро го познавам и лично високо го ценам. Неговата одлука повторно да се кандидира за градоначалник, и тоа наспроти одлуката на раководството на СДСМ, во овој момент во прилог му оди на Груевски. Јакимовски е еден од ретките функционери на СДСМ кој, во своите многубројни колумни, најостро и со право го критикуваше ВМРО и посебно Груевски. Се сомневам во вистинитоста на гласините дека меѓу нив има некаков политички дил. Познавајќи го Јакимовски, убеден сум дека неговиот мотив се граѓаните на општината во која и самиот живеам, и која е една од најуспешните во Македонија. Впрочем, заради тоа, Груевски за противкандидат на Јакимовски ја истопори Јагнула, „чиста нула“, да не кажам некој потежок збор. Да сакаше вистински да му се спротивстави на Јакимовски, Груевски ќе излезеше со некој посаглам кандидат. Значи, тој однапред ја жртвуваше Јагнула. Лично се плашам од можноста, под притисокот на меѓународниот фактор, СДСМ да се врати во „игра“ и токму во Карпош да истакне свој кандидат. Замислете ја таквата, за нас, катастрофална ситуација...

Мурат Сулејманов, жител на Злокуќани

ТОА Е ПОТЕГ НА ВИСТИНСКИ ЧОВЕКОЉУБЕЦ - Најпрвин да кажам дека ми е чест што ме поканивте да учествувам во една ваква анкета, посебно што сум од Злокуќани, населбата којa заличи на пристојно место за живење, благодарејќи му токму на големиот човек Стевчо Јакимовски. Неговиот потег е храброст за оние што не го познаваат, за нас Ромите тоа е сосем очекуван гест на човек кој мисли на граѓаните. Граѓаните од Карпош, а посебно ние од Злокуќани знаеме што добивме со г. Јакимовски и свесни сме што можеме да загубиме доколку тој не се кандидираше за нов мандат. Сега во нашата населба нема кал и безделничење на млади луѓе. Благодарение и на грижата на градоначалникот, посебо за нас Ромите, но и за сите социјално загрозени граѓани, голем број луѓе од Злокуќани денес одат на работа. Ние сме горди што имаме ваков градоначалник и можам да порачам дека нашата поддршка, во добро и во лошо му е загарантирана. Ако не ми верувате, прашајте ги и другите од Злокуќани.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

11


сметам за исклучително храбар и се надевам дека г. Јакимовски ќе го издржи силниот притисок, што го врши „централата“ врз своите членови и симпатизери, наложувајќи им да не излезат на претстојните избори. Лично очекувам дека во наредниот мандат градоначалникот Јакимовски ќе го реализира даденото ветување, во нашата општина заеднички да изградиме дом на пензионери.

Петар Узунчев, пензионер, поранешен функционер во Општина Карпош

НАРОДОТ ГО САКА СТЕВЧЕ Мислам дека потегот на Јакимовски, повторно да се кандидира за градоначалник, независно од ставовите на „централата“ на СДСМ и здружената опозиција, е храбар и чин за почит, својствен на мал број актуелни политичари. Времето во кое живееме, од аспект на внатрешните состојби и очекување милост од ЕУ и НАТО да ни дозволи да излеземе од „чекалната“, бара токму луѓе со визионерски сфаќања и дејствувања. Јас сум народен човек, се движам меѓу голем број граѓани и пријатно се чувствувам кога слушам дека за некого убаво се зборува. А за Стевче, на секаде низ општината убаво се зборува. Се разбира дека е тоа логична последица на она што тој го направи и го прави за граѓаните на Карпош. Пред конкретно да ви одговорам на вашето прашање, сакам да нагласам дека нема сфера во нашето општествено живеење, од инфраструктурата, преку, обновата на училиштата и градинките па до целосната поддршка на културните содржини, уметниците и спортистите, и стимулирањето на талентираните ученици, во која градоначалникот не дал свој придонес. Значи, неговиот потег да се кандидира наспроти инаетот на Б. Црвенковски, кој го поддржува една мала група од неговото потесно окружување, го

12

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

Димитар Димовски, претседател на ЗП “Тафталиџе”

ЈАКИМОВСКИ ЗАСЛУЖУВА УШТЕ ЕДЕН МАНДАТ - Тоа е одлука за почит, која наиде на одобрување кај најголемиот број од граѓаните на Општина Карпош, кои се убедени во менаџерскиот и лидерскиот капацитет на г. Јакимовски и со задоволство посакуваат тој, уште еден мандат да биде на чело на една од најуспешните општини во Р. Македонија. Да не се случеше такво нешто, во прашање ќе беше доведена реализацијата на повеќе проекти кој ги започнаа градоначалникот и локалната самоуправа. Токму заради тоа, сметам дека ваквата негова определба е во интерес на граѓаните на Општина Карпош, која, се надевам, ќе биде потврдена на 24 март. М. Раденковиќ Ж. Трајановски


СОРАБОТКА Амбасадорот на Чешка во „Коменски“

ВО ЧЕСТ НА „КРТОТ И ПРИЈАТЕЛИТЕ“ На 27 февруари, чешкиот амбасадор Мирослав Рамеш, беше гостин на ОУ „Јан Амос Коменски“ во Општина Карпош. Повод за оваа посета беше промоцијата на чешкиот култен цртан филм „Кртот и пријателите“. Кртот е анимиран лик во серијата цртани филмови, создадени од чешиот аниматор Зденек Милер во далечната 1956 година. Специфичниот карактер на главниот лик во тој цртан филм, неговата добрина, наивноста и снаодливоста, беа главната причина за неговата планетарна популарност. Анимираните филмови со Кртот се вброени меѓу најпопуларните цртани филмови во Кина, Индија и Јапонија, што дополнително ја потврдува генијалноста на неговиот творец. По истиот повод, во холот на училиштето беше отворена и ликовна изложба од 40 колорни фотографии од споменатиот филм и творештвото на Милер. Изложбата ќе трае до 10-ти Март годинава. Во оваа пригода, чешкиот амбасадор и директорката на училиштето г-ѓа Емилија Арсовска договорија нови заеднички проекти, преку кои ќе се афирмираат воспитно-образовните достигнувања на чешкиот и на македонскиот народ.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

13


ПРАЗНУВАЊА Во Карпош

СПОМЕНИК НА ХЕРОЈОТ КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ ПИТУ На 25 февруари, во населбата Козле, на местото каде што во далечната 1944 година загина Кузман Јосифовски - Питу, свечено беше откриен новиот споменик на овој истакнат македонски револуционер. На ова големо чествување, во организација на Општинскиот одбор на СЗБ од НОАВМ на Карпош и Општината Карпош, многубројни граѓани, боречки делегации и членови на семејството на големиот борец за самостојна Македонија и антифашист, положија букети свежо цвеќе. Носителот на „Партизанска споменица“, проф. д-р Трајче Грујоски, пред присутните, своите соборци и претставниците на локалана самоуправа, одржа пригодно обраќање, осврнувајќи се на животот и делото на големиот револуционер и херој, кој луѓето го нарекувале „Новиот Гоце Делчев“. - Кузман Јосифовски Питу е роден на 15 јуни 1915 година, како второ, од петте деца на таткото Цветан и мајката Лефта, во време кога туѓи војски војувале низ Македонија. Уште како студент на Правниот факултет во Белград, истакна проф.д-р Трајче Грујоски, Кузман Јосифовски –Питу станал комунист, а член на КПЈ од 1938 година. Тој и неговата генерација интелектуалци први ја осознаа судбината на македонскиот народ и согледаа дека КПЈ може да вети и да обезбеди национал-

14

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

на слобода и рамноправност. Питу ја оспособи Западна Македонија за првата слободна територија по распадот на Кралството Југославија, новата делба и фашистичката окупација на Македонија. Беше член на првиот состав на ЦК КПМ, на Главниот штаб на Македонија. Сепак, негов најголем придонес се подготовките за конституирање на самостојна Република Македонија, сонот на сите генерации Македонци, истакна Грујоски. Во илегала, кога во Скопје газеше бугарската фашистичка чизма, тој ги координираше врските на територијата на Македонија и работеше на подготовките на Првото заседание на АСНОМ. Но, тоа го осозна и бугарскиот окупатор кој душмански го уби токму на ова место, рече Грујоски. Говорејќи за сите контроверзи, кои злонамерните се обидоа да ги прилепат за името и делото на овој национален херој, професорот Грујоски, ги спомна конструкциите на врховистичката ВМРО и Ванчо Михајлов, минимизирање на улогата на комунистите кои денес се рефлектираат во нивното „Скопје 2014“, каде што немаше место за споменик на Кузман, а не се споменува ниту првиот македонски генерал Михаило Апостолски. На крајот од своето инспиративно излагање, проф- д-р Грујоски се заблагодари на академскиот скулптор Сашо Поповски, на Општина Карпош и


на градоначалникот Стевчо Јакимовски, како и на Општинскиот одбор на СБМ, на чело со Наум Бурески што собраа сила и средства да го изградат овој споменик. - Општина Карпош има три свети места: Манастирот „Свети Пантелејмон“ од 12 век, споменикот на Првиот скопски партизански одред и ова место местото на загинувањето на великанот Кузман Јосифовски Питу, рече градоначалникот Стевчо Јакимовски, обраќајќи им се на присутните. Овие свети места ние треба и натаму да ги чествуваме и да овозможиме граѓаните да се собираат и да се потсетуваат на големото дело на Кузман Јосифовски Питу, кој својот живот го положи на олтарот на слободата на 25 февруари 1944 година, нагласи Јакимовски и додаде; Ова место уште ќе се развива, ќе изградиме фонтана, а со неговото блаженство, архиепискот Охридски и македонски, договорено е тука да се изгради и црква која ќе се вика „Свети Кузман и Дамјан“. Општина Карпош и натаму ќе ги негува традициите на НОВ, ќе дава свој придонес во развојот на Општината, градот Скопје и на Република Македонија, заклучи градоначалникот на Општина Карпош. По завршувањето на свеченоста по повод откривањето на споменикот, во Кинотеката на Македонија се одржа трибина за ликот и делото на револуционерот К. Ј. - Питу. На трибината, што ја отвори претседателот на Општинскиот одбор на СЗБ од

но кај младите, заради што кон народноослободителното движење се приклучуваа многу нови луѓе. Особено е значаен неговиот придонес за проширувањето и јакнењето на Народноослободителното движење во западниот дел на Македонија, во што беше непосредно вклучен и Крсте Црвенковски“ нагласи, меѓу другото, Перо Ивановски - Тиквар. Пошироко излагање за К. Ј. - Питу, како револуционер и национален деец, пред учесниците на трибината презентира проф. д-р Ѓорѓи Чакарјаневски од Институтот за национална историја. „Многу личности од македонската историја оставија силен печат на своето време со сопственото дело на политички, воен и културен план. Кога се зборува за периодот од Втората светска војна на македонскиот простор, за напорите кои се правеа за конечно формирање на сопствена држава и придонесот во сеопштата борба против фашизмот, Кузман Јосифовски беше една од најзначајните личности кој остави траен белег во нашето поблиско историско минато. Тој се потврди како една од централните фигури во поновата македонска историја, како силен македонски патриот, личност која се вгради себе си во темелите на македонската држава. Ако Гоце Делчев македонската историографија го дефинира како идеолог на Македонската револуционерна организација во предилинденскиот период, тогаш Кузман Јосифовски, несомнено, е двигателот и моторната сила на македонската национал-

НОАВМ Наум Бурески, учествуваа голем број активисти на боречката организација, соборци на Кузман, историчари и други граѓани. Во оваа пригода, спомени за ликот и делото на херојот, евоцираше неговиот соборец и еден од најстарите револуционери во Македонија Перо Иваноски - Тиквар. „Го познавав од најмладите години. Се дружевме, соработувавме и постојано бевме заедно. Тој беше човек кој оставаше силен впечаток кај соговорниците и голема доверба кај сограѓаните, особе-

но ослободителна борба започната во предвоениот и особено во воениот период, кога Македонија беше повторно окупирана. Беше еден од креаторите на македонската национална мисла и држава, организатор на бројни илегални групи, со визија за воспоставувањето и организацијата на повисоките органи на првата македонска власт“, нагласи д-р Чакарјаневски. Ж.Трајановски В.Цветковска

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

15


РАЗГОВОР Сашо Поповски, скулптор, автор на споменикот на Кузман Јосифовски Питу

БИ САКАЛ ДА ГО „ОЖИВЕАМ“ ПАРТИЗАНОТ КАРПОШ  Како се чуствувате по убавиот епилог сврзан со поставувањето на споменикот на големиот револуционер К.Ј. Питу? Убаво е да се види конечната работа направена онака како што си ја замислил, знаејќи едновремено дека делото ќе те надживее. Тоа те одвојува од масата на обичните и те прави бесмртен во вистинската смисла на зборот.  Како се случи токму Вам да ви биде доверена една таква историска задача, гледано од уметничкото и општествено значење? За да ти доверат една од овие работи треба да имате минат труд кој ке биде виден од релевантни фактори кои имаат осет и чувство, прво за убавина, а потоа и почит кон делото на тој што го оживувате. Среќен сум дека имаме таков градоначалник со на-

16

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

предна визија за идните нешта и космополитски дух за опкружувањата во нашата Општина. Од уметнички карактер, благодет е да оживеете некој кој загинал за Македонија толку млад, воден само од една мисла, Македонија да биде слободна. Неговата одлучност јасно е претставена во неговиот расчекор со цврсто стегната тупаница во знак на отпор и истрајност во борбата за слобода, додека неговиот бел поглед насочен во некоја си бескрајна далечина за подобро утре со показалецот на мудрата реч негова.  Што Ви беше основниот лајт мотив во „оживувањето“ на една така значајна историска личност? Светла точка на овој лик е неговата цврста идеја за слобода и единство на „жална Македонија“, каде


што неговиот збор отвора железни врати во свеста на македонскиот народ за ослободување од окупаторите, а уште поголема енигма е тоа што младиот човек се кренал од таму некаде прилепските карпи на правни студии во Белград, за подоцна, неговата речитост да биде главното оружје за слобода... ЌЕ ПОБЕДИМЕ...е реченица која секогаш ја употребувал.  Познато ми е дека живите современици на Кузман велат дека сте ги „фатиле“ ставата и карактерот на херојот ? Имаше убави коментари за пренесениот карактер на личноста на Питу од повеќето присутни на отворањето на споменикот, но некои и ми забележаа дека и нема врска лицето со него. Морам да појаснам дека ни еден споменик на личност не се прави напамет, туку со последователно истражување на неговиот лик и дело од стари фотографии, писанија, архиви и разговори со личности се уште живи, а биле негови другари, соборци и роднини. Впечатоци за него ми пренесоа Томе Маќули и Перо Тиквар, луѓе кои непосредно, за време војната, дејствувале со него. Значи, лично го познавале. Да споменам дека Ѓорѓија Поповски како седумгодишно дете, го памети Питу кој се дружел со татко му и доаѓал во нивната куќа. Тој го опишува како висок, тенок и строен, момче со длабоки веѓи, школска фризура со модерен капут и чевли од вре-

мето на студентските години во Белград, избледени веќе одамна. Сумирајќи ги овие факти, јас како уметник, градам своја слика како да изгледа неговата статуа. Јас не можам и не сакам да прифатам се она што други ќе ми сугерираат бидејќи така ми го рушат мојот замислен идеал за херојот. Сепак, да напоменам дека сите ние сме обични луѓе и не гледаме и не ги доживуваме нештата со исти очи. Ете, тука се тие различни мислења околу тоа како и дали статуата личи или не на вистинскиот човек. Сепак, ако јас имав моќ навистина да ги оживувам луѓето, ќе добиев Нобелова награда. Во уметноста тоа не е така. Овде се работи едноставно за простор, време, идеологија, структура, материјал и чиста идејна мисла...  Дали наскоро треба да очекуваме нов споменик, овековечување на некоја историска личност од нашата општина? Би сакал да се обноват сите бисти кои ни фалат во Општината, пред сè во убаво направените училишта кои се празни без бистата на херојот чие што име го носат. Се сеќавам на времето кога растев и секое училиште си имаше биста, но од тоа не остана ништо. На вашето прашање ќе одговорам конкретно: Би сакал да го направам партизанот Карпош.... Миле Раденковиќ

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

17


ОБРАЗОВАНИЕ Ученици, поети од ОУ „Владо Тасевски“

НАГРАДЕНИ ВО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО На меѓународниот конкурс во Велика Британија, литературните творби на тројца ученици од ОУ „Владо Тасевски“ беа селектирани и наградени со CERTIFICATE OF MERIT AND DISTINCTION. Реномираната агенција за млади писатели од Англија, во поетските трудови на Мартин Каранфиловски, Елена Пренџова и Ана Тодорова, го препозна талентот во поетското изразување на учениците од нашето реномирано училиште. Наградените литературни творби ќе бидат публикувани во март 2013 год. во Детската антологија на млади писатели под наслов “ Моќта на поезијата во Обединетото Кралство на Велика Британија и Ирска“. Антологијата ќе биде застапена во Британската библиотека како и во другите библиотеки ширум земјата. Убаво е што еден број примероци ќе бидат испратени до училиштето од кое потекнуваат наградените ученици, поети. Талентот ќе остане неоткриен ако нема кој да го забележи и да го насочи. Благодарение и на наставничката по англиски јазик Виолета Панев, предметен наставник во ова училиште, веќе подолго време, во ОУ „Владо Тасевски“ се негува креативното пишување на англиски јазик. - Мојата цел, вели таа, е на часовите по дополнителна едукација на децата да им се овозможи да творат и да навлезат во светот на креативноста која вдахнува животна енергија и претставува канал и основна претпоставка за хуманизација и образование на младите ученици.

18

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

Творештвото и литературните творби се хуманистичка дисциплина и универзална форма на комуникација, исконска потреба за уметничко доловување на зборот како и феномен во формирањето на детската личност во смисла на духовниот живот и хуманизација на неговата личност, како и развој на неговите општи, сознајни, творечки, морални и волеви способности. Секако дека ќе продолжиме со овие проектни активности - вели професорката Панев, додавајќи дека веќе интезивно работи и со најмалата категорија ученици,во проект насловен како “ Мојата прва песничка на англиски јазик “. На тој начин се зголемува свесноста за учење на јазикот и за време на часот, ги инволвира и ги поттикнува учениците во креирање на зборот и стилските фигури во литературното творење преку забава и дружење. Заедничкото „патување во поезијата“, вели професорката јас го започнувам со зборовите “ „Знаете деца, поезијата е место кое може да го допрете со мислите и со срцето, со неа ќе стигнете до најдлабокото море, ќе полетате на најдалечната планета, ќе ги допрете зраците на сонцето. Додека ова го зборувам децата ме гледаа со очи широко отворени, светнати и весели, тишина и копнеж во училницата, само неколкумина недоверливо се мислат како да се дофати сонцето. Секако, наставничката е секогаш тука да помогне и создаде пат. В.П.


Новини во образованието

ВМРEЖУВАЊЕ НА ОБРАЗОВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ Кон крајот на февруари, во ЈУОДГ “ПРОЛЕТ” се одржа трибина на тема “Проектно работење и вмрежување на воспитно-образовните установи”. Трибината ја отвори директорката на градинката Вита Јаковлевска, а по неа зборуваше Гордана Стојчевска Зафировска, претставник на Општина Карпош која воедно беше и носител на овој работен собир. Таа се осврна врз состојбите и перспективите во детските градинки и чекорите што ги прави Општината за нивно осовременување. Учесниците на собирот, со кратко резиме, ги презентираа своите интерни проекти. Проф. д-р Јелица Николовска и д-р Атанас Николовски зборуваа за аспектите на проектно-

то работење во образовно-воспитните установи. На трибината беа присутни 65 претставници од 12 градинки, од четири основни и четири средни училишта од Општина Карпош, градот Скопје и Р. Македонија, како и од приватното училиште „Јахја Кемал“ и од специјалното училиште „Златан Сремац“. На дебатата беа презентирани проектите, по што се разви дискусија за целите, придобивките и задачите на истите. Истражувачите, проф.д-р Николовска и д-р Николовски, говореа за аспектите на работењето во образовните установи. И.Ѓ.

Димитар Костовски, ученик од „Петар Поп Арсов“

МЕЃУ ШАМПИОНИТЕ ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК На републичкиот натпревар по англиски јазик, кој деновиве се одржа во просториите на „5-тата приватна гимназија“ во рамки на ФОН универзитетот, ученикот од ОУ „Петар Поп Арсов“ - Димитар Костовски, постигна извонреден резултат. Во силна конкуренција од 380 ученици ширум Македонија, Димитар успеа да се пласира меѓу најдобрите пет осмоодделенци со освоени 89 бода од можни 100, само два помалку од првопласираниот, кој има освоено 91 бод. И покрај тоа што ова е прв натпревар за него од ваков карактер, тоа не го спречи овој млад лингвист, на најдобар начин да го демонстрира своето познавање на англискиот јазик. Официјално, наградите ќе бидат доделени на 16.03.2013 год. на ФОН универзитетот. И.Ѓ.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

19


ЕСЕЈ

КОГА СЈАЈАТ КАМЧИЊАТА - Еден, два, три, четири, пет... седумнаесет, осумнаесет, деветнаесет... Уште колку камчиња треба да избројам за да стигнеме, дедо? - љубопитно прашував. - Уште малку, Сакипе... - ми одговара дедо ми. Штом ќе изброиш сто камчиња, ќе го здогледаш и училиштето! Така беше секое утро во детството. Одејќи по патот кон училиштето, јас и дедо ги броевме камчињата. Па, уште на шестгодишна возраст научив да бројам до сто, за што бев многу среќен и радосен. Во доцна есен од поројните дождови камчињата не се гледаа. Тоа малку како да ме растажуваше. - Ги нема камчињата, дедо... - сневеселено му велев. - Се скриле некаде, а околу нас само кал. - Не грижи се, дете... - ме смируваше тој. - За некој ден повторно ќе светнат. Ќе се увериш.

20

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25• ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

Се нижеа месеци, поминуваа и години. А со нив доаѓаа и моите успеси. Научив да читам и да пишувам. Научив и да сметам. Станав водител на празничните приредби во училиштето, подоцна, дури и претседател на младинската организација. Глумев и во драмата ,,Чорбаџи Теодос,, која беше видена и од многу театарски личности... Пофалбите не изостануваа. Тоа ме правеше среќен. А секој успех ме мотивираше да чекорам кон нови предизвици. Еден ден ме повика директорот во неговата канцеларија и тоа заедно со мајка ми која беше вработена како хигиеничар во училиштето. Ми дадоа сериозна задача која требаше да ја исполнам. Да ги посетам ромските семејства кои живееја во Злокуќани и да разговарам со нив. Да им објаснам дека треба да дојдат во училиштето за да ги запишат децата, кои како и сите други ќе стекнат образование кое ќе им помогне за подобар живот.


Се чувствував многу горд и со голема сериозност пристапив на задачата. Бев среќен што повеќе од триесет Ромчиња го започнаа своето образование во училиштето. И тоа благодарение на мојата упорност и сесрдно залагање, одејќи од куќа во куќа и трпеливо убедувајќи да го сторат токму тоа - да станат дел од образовниот систем. Така во мене се роди желбата и потребата да им помагам на моите сограѓани, кои воопшто не знаеја какво значење има образованието за нив. Требаше тоа да го сфатат и се да си дојде на своето место. Бевме собрани во холот на училиштето. Во еден миг луѓето почнаа да ракоплескаат и гласно да извикуваат. Директорот замоли за внимание. Потоа се разнесе убав, нежен звук на пријатна мелодија отсвирена на гитара. Тоа беше Златко, мојот најдобар другар! Колку убаво свиреше! Добро е што го повикале да свири на свеченото прогласување првенец на генерацијата. Во близина некои деца си дошепнуваа и се прашуваа кој ќе биде прогласен за најдобар ученик. Стоев потпрен на столбот и со поглед ја барав мајка ми. Неа ја немаше. А толку сакав да е тука, со мене. Но таа подолго време не доаѓаше на работа. Потоа на сцената се појави директорот. Сите го очекувавме неговото обраќање кон учениците и гостите. - Ученици мои, почитувани гости и родители! почна и подзастана. - Денес го имам задоволството да го прогласам првенецот на генерација во нашево училиште. Тоа е ученикот Сакип Бектешов! Тој час моите мисли беа свртени кон мајка ми и како да бев отсутен од настанот што се случуваше. Кога одеднаш, ме сепна гласот на наставничката Наде. - Сакип! Зар не слушаш?! - ме гушна. - Те прогласија за најдобар ученик и првенец на генерацијата! Излези на сцената за да ти честитаат! Бев збунет, но радосен. Побрзав кон бината. Прв ми честита директорот, а громогласниот аплауз од присутните долго ми одзвонуваше во ушите. Сиот среќен заиграв на една ромска песна. Аплаузите не стивнуваа. Одвај чекав да заврши свеченоста за да отрчам дома. На куќниот праг го здогледав дедо ми и со насолзени очи му се фрлив во прегратки. - Денеска, дедо, камчињата навистина сјајат! радосно извикав. - Јас сум првенец на генерацијата! Се завртев да ја побарам мајка ми, но неа ја немаше. Си реков, ќе одам во другата соба да ја израдувам и да и кажам за тоа како тој ден блеснав во училиштето. Но не забележав дека дедо како да имаше скаменет лик и поглед вперен во подот на собата. - Да, Сакип, ти навистина денеска блесна. Сега камчињата најсилно сјајат - низ солзи и со растре-

перен глас ми рече. - А мајка ти како ангел сјае од небото, те гледа и се радува. Стоев подзинат, без збор. Светот како да се урна врз мене. Не можев ни збор да изустам. Како најдобар ученик добив награда за летување во Охрид. Таму знаев да седнам на брегот од езерото и да го гледам сјајот на камчињата. Седејќи крај разбрануваната вода, како да барав и драги ликови, ја барав мајка ми. Неа ја немаше. Ја барав и среќата во блесокот на камчињата и сфатив дека тие, со својот сјај, ми го осветлуваат патот и ме водат низ животот. Времето минуваше. Многу побрзо отколку што си мислев. По завршувањето на средното училиште со одличен успех, патот ме одведе во Италија каде што го продолжив моето образование. Таму се стекнав со звањето социјален и санитарен оператор. Со текот на годините создадов и семејство. Љубовта кон човекот и желбата секој под ова сонце да биде среќен, ме храбреше мојот живот да го посветам на помош на Ромите. Знаев дека тие чекорат на маргините на животот и заслужуваат многу поголема среќа. Тоа стана моја професионална определба. Всушност, љубовта и посветеноста кон професијата секојдневно ме тераше да мислам на мојот народ во татковината и да донесам конечна одлука да се вратам дома. Не се каам! И не згрешив што не направив поинаква кариера. А и мислам дека со моето залагање и посветеност сум поуспешен, да речеме, од Ромите кои се занимаваат со политика и прават сомнителни кариери. Успеав, се образував и станав човек кој се грижи за доброто на другите, за будењето на свеста кај Ромите. А и верувам дека нивната иднина ќе се подобри, во прв ред, само со образование. Наесен помалата ќерка Елеонора, на мое големо задоволство, ќе го започне своето образование токму во ОУ ,, Аврам Писевски”, кое е длабоко врежано во моето срце. Во него наставниците ми го покажаа патот кон човекољубието и хуманоста, ме научија на духовните вредности што треба да го красат човекот. Денес ме обзема чувство на задоволство и голема радост што на овој начин, преку своето дете, повторно се вратив во моето старо добро училиште. Во тој свет дом за многу ученици што, подготвени со знаење и вештини, за љубопитство и љубов, за сигурност и подобра иднина, чекорат по патеката на исполнет живот. Ќе го паметам засекогаш сјајот на камчињата. Соња Казакова, педагог ОУ “Јан Амос Коменски”, Скопје

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25• ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

21


ХУМАНОСТ НА ДЕЛО Разговор со Катарина Ивановиќ, активистка во „Дајте ни крилја“

ДОЈДЕТЕ НА „БАЛОТ НА РАЗЛИЧНОСТИ“ Хуманитарно-забавната манифестација „Не гледај со очите, погледни со срцето“ ќе се одржи на 6. март во Македонската опера и балет, со почеток во 18.30 часот

Деновиве во редакцијата на „Карпош Урбан“ стигна покана за присуство на „Балот на различности“во која се соопштува дека тој хуманитарен настан, во соработка со МОБ го организира Здружението на гарѓани „Дајте ни крилја“.Убава покана и уште поубав повод за средба со Катарина Ивановиќ, една од активистите во граѓанската „Дајте ни крилја“ која заедно со првата дама на Здружението, Ребека Јанковска Ристески се организатори на „Балот на различности“. - Најпрвин да кажам дека таа хуманитарно-забавна манифестација ќе се одржи под мотото „Не гледај со очите, погледни со срцето“ на 6. март во Македонската опера и балет, со почеток во 18.30 часот. Инаку, ние како Здружение на лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и со посебни потреби, постоиме три години и сега веќе имаме над 200 членови. Благодарение пред се на колешката Ребека, која е душата и срцето на Здржението, може да се пофалиме со низа активности кои се во функција на подобрувањето на состојбата и условите за дечињата и сите луѓе со хендикеп. Госпоѓата Ивановиќ со страст на мајка која има две здрави деца, со љубов зборува за дечињата со кои работи како тренер, потенцирајќи дека е среќна

22

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

што постојат поединци кои даваат немерлив придонес за поубаво секојдневие на лицата со посебни потреби. - Нашето здружение сега посебно е преокупирано со терапевтско пливање и терапевтско јавање, за што имаме оспособени тренери, волонтери. Во базенот „Младост“, за 150 дечиња, бесплатно беше реализирано терапевтско пливање. Имено, во истиот базен беше реализиран семинар под наслов „Слобода во вода“ со кој раководеше предавачот и тренер, Јохан Ламбек- виш предавач на Хавик програмата.Терапевтското јавање, кое во светот одамна се применува во лечење на телесниот и ментален хендикеп, ние го практикуваме веќе две години, пред се со донациите на добрите луѓе. Зборувајќи за претстојниот бал, госпоѓа Ивановиќ, покрај останатото рече: - Целта ни е преку вакви манифестации да ги вклучиме лицата со посебни потреби и да придонесеме за подигање на свеста кај здравите луѓето. На овој настан јавно ќе им се заблагодариме на сите пријатели на Здружението, посебно на оние кои несебично ни помагаат. Исто така, настанот ќе има инклузивен карактер, ќе ја прикаже креативноста, без оглед дали протагонистите се со хендикеп или не. Во двочасовната програма ќе учествуваат врвни таленти со посебни потреби и солисти на МОБ меѓу кои: Анастасија Низамова-Мухиќ, Весна Гиновска и Наде Талевска во пијано-придружба на Јанинка Невчева, Марија Савевска, квартетот „Ер стрингс“, „Пијано форте“, пијанистката Ема Ананиева, Џенгис Мемедовски, а балетската двојка Ивана Коцевска и Бобан Ковачевски ќе изведе фрагмент од балетот „Слепа девојка“ на Љубомир Бранѓолица. Во ревијалниот дел модната куќа „Елена Лука“ ќе има своја ревија, а хуманитарната изложба ќе биде збогатена со џез-изведба на бендот на Тони Китановски. Поезија ќе читаат Искра Донева и Алесандар Матовски-Цако. Водители ќе бидат актерите Сашко Коцев, Горазд Цветковски и Изабела Новотни, а ќе им помагаат членови на Здружението. Треба да нагласам дека покровител на „Балот на различности“е НЛБ Тутунска банка, заклучи госпоѓа Катарина Ивановиќ. М. Р.


ТРЕТО ДОБА За пензионерите од Тафталиџе 1

НОВО КАТЧЕ ЗА ДРУЖЕЊЕ При крајот на минатиот месец, во населбата Тафталиџе 1 во Карпош, на свечен начин беше пуштен во употреба новиот клуб на пензионери, еден од шесте кои се наоѓаат на територијата на Општината. На отворањето на ова ново катче за дружење на пензионерите, присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош-Стевчо Јакимовски, кој во таа пригода истакна дека е задоволен што локалната самоуправа има можност да им помогне на своите повозрасни сограѓани, овозможувајќи им простор за осмислување на слободното време, за забава и за разонода. Градоначалникот на своите драги сограѓани, пензионери, им вети дека набргу овој клуб ќе ги добие и потребните реквизити за најразновидни друштвени игри, и им посака во добро здравје да ги поминуваат своите заеднички моменти на дружење. Со овој гест Општината покажува дека таа во континуитет се грижи за своите сограѓани без разлика на која старосна категорија и припаѓаат. И. Ѓ.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

23


ТАЛЕНТИ Андреја Поповиќ, ученик во ОУ „Владо Тасевски“

САКАМ ДА СТАНАМ СИМОН ТРПЧЕВСКИ Врвниот светски пијанист, нашиот Симон Трпчевски претставува мотивација на многу мали и млади пијанисти, не само во нашата земја, туку и пошироко. Еден меѓу оние што посакуваат и се подготвуваат да стасаат до височините на кои сега е маестро Трпчевски, е и Андреја Поповиќ, ученик во IV одделение во ОУ „Владо Тасевски“. „Дома секогаш се свирело и се пеело. Музиката секогаш е околу мене. Уште на мојот прв роденден. пред мене биле наредени многу убави играчки, но јас, тогаш, сум ја грабнал виолината- играчка„ – вели нашиот соговорник. Во редакцијата на Урбан дојде во придружба на баба му Јулијана, пензиониран професор и педагог. „Во нашето семејството нема професионални музичари, ниту професори по музика, но сите имаат талент кон уметноста, меѓу кои и за музиката, вели госпоѓа Јулијана и додава“; Растејќи во такво опкружување, Андреја уште од мал се заинтересира за музиката. Дома ги имаме речиси сите инструменти и сите свириме според “слух“. Но, никој од нас досега не е образован музичар. Затоа јас и Даниела, мајка му на Андреј, решивме да му овозможиме музички да се образува. Токму во таквата семејна „стратегија“, на седумгодишна возраст се запишува во Државното музичко – балетско училиште „Илија Николовски Луј“ и под будното око на музички педагози започнува да навлегува во магијата на нотните записи. Сега е во класата на професорката Елена Андоновска и заедно бележат значителни резултати. Го прашувам Андреја за досегашните постигнувања во сферата на музиката, а тој, без никаква ронка трема набројува: „Добитник сум на првата награда на Третиот државен натпревар на млади музичари, одржан во уметничката галерија „Даут Пашин Амам“ и втора награда на Вториот меѓународен натпревар на млади пијанисти од Европа, одржан во хотелот „Аполонија“ во Гевгелија.“ Андреја Поповиќ не е талентирано дете само во музиката. Неговата наставничка Флорика Петрова го пријави во Општината Карпош како „талентирано дете“ од нејзиното одделение. Тој инаку е редовен учесник на завршните, на новогодишните како и на првоаприлските концерти, но и на други манифестации во училиштето и во општината. Андреја тој епитет го оправдува на натпреварите по математика „Кенгурче“ за што има добиено и

24

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

пофалница. Исто така е освојувач на второто место на литературниот конкурс по македонски јазик во ООУ „Владо Тасевски“. Редовен учесник е на натпреварите во шах, каде силите и знаењето ги одмерува и со повозрасни соученици, оди на курс по англиски јазик и учесник е во проектот на Германската Амбасада во соработка со ООУ „Владо Тасевски“, за учење германски јазик. Самиот вели дека, покрај музиката, има време и за игра, а редовно настапува во училишната кошаркарска екипа... - Многу сме им благодарни на сите наставници кои знаат да го мотивираат, да му помогнат и да го извлечат најдоброто од моето внуче вели госпоѓа Јулијана и додава: Посебна благодарност изразувам кон Општината Карпош, што ги мотивира, ги истакнува, и им помага на овие деца. Не можете ни да замислите колку Андреја е возбуден, што некаде и некој ќе чита за него, а се уште е толку мал. Тоа е уште поголем мотив да постигнува уште поголеми успеси“. М. Р.


Учениците од " Чернодрински " на МТВ

ТАЛЕНТИ ЗА ПРИРОДНИ НАУКИ Во рамките на Контактно - училишната програма на МТВ, на почетокот на минатиот месец, околу 50-тина ученици од О У "Војдан Чернодрински" поделени во две групи, се натпреваруваа и го демонстрираа своето познавање од областа на природните науки, како и решавање на математички логички задачи. Дел од нив, направија експерименти од областа на физиката, хемијата, и биологијата, кои ги изведувале за време на наставата во училиштето, под менторство на одговорните наставници по дадените предмети. Учениците низ краток осврт, направија презентација за работата на нивното учи-

лиште од неговото основање до денес, и ги образложија проектите кои се реализираат во училиштето оваа учебна година, во кои тие се активни учесници. Во рамките на емисијата учениците изработуваа и енергетско ефикасни еко-куќи, со употреба на природни материјали за кои се обучувале во рамките на Еко проектот. Покрај тоа, што учениците го покажаа своето знаење по природни науки, училиштето го претстави и ученичката Ева Џингова со изведба на музичко - балетска точка. И.Ѓ.

БЕСПРЕКОРНИ ВО СЛУЖБА НА ГРАЃАНИТЕ Општина Карпош успешно го помина вториот надзор над спроведувањето на Системот за управување со квалитет. Надзорот го спроведе оценувачкиот тим од белградската канцеларија на британската компанија “DAS Certificaion Ltd“. Повторно, со гордост можеме да кажеме дека Карпош го оправда стекнувањето на меѓународниот сертификат за имплементација на Системот за управување со квалитет во делот на развој и давање на услуги во надлежност на локалната самоуправа ИСО 9001:2008, со кој се здоби во март, 2011 година. Со извештајот од надзорот се потврди дека системот функционира и успешно се применува, а посветеноста на раководството и вработените придонесуваат за континуирано унапредување на упра-

вувањето со услугите кои општината им ги дава на граѓаните. Во таа смисла, како што е утврдено и во Политиката за квалитет, наша најважна цел останува Граѓанинот, кој треба секогаш да биде задоволен од опслужувањето од страна на администрацијата, при што ќе му биде обезбедена квалитетна, навремена и ефикасна услуга, а сето тоа во согласност со позитивните законски прописи. Администрацијата на Општина Карпош во иднина, уште поинтензивно ќе работи на континуираното подобрување на квалитетот на услугите што им ги дава на своите граѓани и на сите заинтересирани субјекти, а гаранција за тоа се нејзината компетентност, стручност и посветеност. Е.К.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

25


СРЕДБИ

По повод Св. Трифун

ЦВЕЌЕ СО ЉУБОВ ЗА ОСАМЕНИТЕ По повод христијанскиот празник Свети Трифун, познат и како празник на љубовта Свети Валентајн, градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски имаше заеднички ручек со 40-тина свои сограѓани, осамени лица и лица со посебни потреби. - Ова е наша трета последователна средба, би рекол посебен ден, на кој на нашите сограѓани кои се осамени или имаат потреба од повеќе дружење и внимание им даруваме особена грижа, љубов и посветеност. Целта на ваквите дружења е да им покажеме дека локалната самоуправа секогаш е најблиска до нив, дека не ги заборава во ниту еден момент, и дека водиме грижа за сите граѓани на Кар-

26

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

пош, рече градоначалникот, обраќајки им се на своите драги гости. Грижата за осамените лица, за болните, за оние кои имаат здравствени, социјални или емоционални проблеми продолжува во текот на целата година, но во исклучителни моменти и по одредени поводи се дружиме и повеќе со нив, изјави првиот човек на Карпош, посакувајќи сите нивни проблеми да бидат од времен карактер и час поскоро да ги надминат со заеднички напори со Општината. На сите присутни гости на дружењето со Општината и на заедничкиот ручек во ресторанот „14-ка“ во Карпош, во знак на внимание, Јакимовски им подари по еден цвет. В. Ц.


Хуманост на дело

ЧУВСТВИТЕЛНИТЕ ДРУГАРЧИЊА НА РУСИМИР При крајот на февруари, претставници на Одделението за детска , социјална и здравствена заштита од Општина Карпош и учениците и наставничката по биологија Благородна Спировска од ОУ “Димо Хаџи Димов”, беа во хуманитарна посета на семејството Ололовски. Токму по иницијативата на другарчињата на Русимир, чие семејство се наоѓа во потешка материјална сосотојба, беа обезбедени пакети со прехранбени производи, облека, прибор за готвење и хигиенски средства. На оваа посета на

хуманите луѓе најмногу и се израдува Виолета, сестричката на Русимир, која е и лице со посебни потреби. Акцијата е спроведена во координација со Одделението за детска, социјална и здравствена заштита на Општина Карпош, кое водејќи се од досегашните искуства од областа на социјалната сфера, ги насочи хуманите ученици од ОУ “Димо Хаџи Димов” и заеднички го израдуваа семејството Ололовски. М. Г.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

27


28

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ


СПОРТОРАМА „Опен Карпош 2013“

СВЕТСКАТА ШАХОВСКА ЕЛИТА ВО КАРПОШ

Анатолиј Карпов, светската шаховска легенда ќе биде гостин на „Опен Карпош 2013“ најголемиот шаховски турнир кај нас, во организација на Општина Карпош. Тој ќе се одржи од 9-ти до 16-ти март во хотелот „Александар палас“, а на 8 март Карпов ќе одигра симултанка на 20 табли. Освен него, на годинашниов турнир на кој се очекува рекордна посетеност од врвни шаховски велемајстори, ќе дојде и вицешампионката во шах и светската шампионка во „забрзан шах“ Антоанета Стефанова, која ќе учествува и во натпреварувачкиот дел од турнирот. Овој голем шаховски настан ќе биде почестен и со присуство на Владимир Шакотиќ, потпретседателот на Шаховската федерација на Европа. Третиот меѓународен шаховски турнир „Опен Карпош 2013“ е најсилниот шаховски турнир кој воопшто се одржал во Македонија, и претендира да стане меѓу најпрестижните и во Европа. Оваа меѓународна спортска манифестација најречито ги потврдува сериозните амбиции на Општина Карпош и во иднина да ја промовира и да ја

популаризира древната игра-шахот. За Карпошовиот турнир (до затворање на весникот) се пријавени 250 шахисти, од кои, повеќе од половина се од странство, односно од 32 земја од светот, (Русија, Турција, Италија, Украина, Англија, Франција, Шпанија, Словенија, Португалија, Хрватска, Ирска, Романија, Полска, Унгарија, Луксембург, Канада, Индија, Црна Гора, Венецуела, Холандија, Казахстан, Белорусија...). Според досегашните пријави, најбројни се шахистите од соседна Србија , дури 16, потоа следат Грците со девет и Бугарите со осум шахисти. На овој турнир 103 шахисти се титуларни: 59 се велемајстори, 24 интернационални мајстори и 20 ФИДЕ-мајстори. Да повториме „Опен Карпош 2013“ е во организација на Општина Карпош и шаховскиот клуб „Гамбит Асеко СЕЕ“, финансиски подржан од локалната самоуправа на Карпош. За големината и рејтингот на нашиот турнир зборува и наградниот фонд, кој изнесува 20.000 евра од кои 4.500 ќе добие победникот.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

29


Наш гостин

ТОЉА КАРПОВ ВО КАРПОШ Еден од најголемите играчи во светот на древната шаховска игра во нејзината понова историја, Анатолиј Евгениевич Карпов, популарниот Тоља, ќе биде гостин-промотор на големиот меѓународен турнир „Опен Карпош 2013“. Тоа е непосреден повод љубителите на шахот, но и читателите на „Урбан“ да ги потсетиме на овој шаховски великан, кој без посебни условувања се одѕва на повикот на организаторите, да го воздигне овој голем спорски настан во нашата Општина, во градот Скопје и во Република Македонија. Почнувајќи од 1967 година кога како 16- годишник ќе стане светски младински првак во шахот, па преку драматичните пресметки со легендарниот Виктор Корчној, до неповторливото ривалство со десет години помладиот Гари Каспаров, дваесет години подоцна, Карпов ќе ги собори многуте шаховски рекорди. Во светот на најмисловната игра во човековата историја, Тоља ќе влезе на четригодишна возраст и во неа ќе остане до ден денешен. Важно е да се нагласи дека, како и сите советски шахисти од помладата генерација и Анатолиј го завр-

30

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

ши шаховското училиште „Михаил Ботвиник“, и заедно со Каспаров, го прослави името на неговиот основач и исто така легендарен шахист. За името и блескавата кариера на синоокиот велемајстор сврзани се и неколку драматични, би рекле, шаховско-политички настани, пред се двата големи натпревари со Виктор Корчној. Првиот се случил во Манила (Филипини), во 1978. година, кога Карпов за прв пат ќе ја брани титулата светски шампион, која инаку ја стекнал без борба. Имено, по блескавите победи против, големите мајстори Лав Полугаевски, Борис Спаски и Виктор Корчној, Карпов станал предизвикувач на Роберт Боби Фишер, тогашниот светски првак во шах. Контроверзниот и генијалниот американски шахист, дуелот со Карпов го условувал, барајќи од Светската шаховска федерација, навистина невозможни услови, пред се енормно голем за себе, без оглед на исходот на мечот со Русинот. Тој настан ќе остави траги врз Карпов, но сепак, тој, во три наврати, едно подруго ќе ја сочува титулата светски шампион. Токму против големиот так-


тичар Виктор Корчној, двапати ќе го одбрани престолот. Првиот дуел во Манила ќе биде запаметен по инцидентите сврзани со името на Владимир Захар, професор по психологија на московскиот Медицински факултет, кој, наводно, како дел од стручниот штаб на Карпов, се обидувал Корчној да го хипнотизира за време на играта. Втората пресметка со исти актери се случила во Мерано (Италија), и во светскиот печат е регистрирана како „Масакр во Мерано“. Имено, непосредно пред мечот, во СССР (од политички причини), бил уапсен синот на Корчној, кој тој натпревар го загубил со 11:7 со 21 реми. Не помалку интересни биле и шаховските турнири кој Тоља Карпов ги играл со суперталентираниот Гари Каспаров. Впрочем, тие, од 1984 до 2002 година одиграле 235 партии при што Карпов забелажал 23 победи и 33 порази, додека 179 партии завршиле без победник. Карпов и Каспаров три пати играле за титулата светски првак и во трите меча победник бил Каспаров. Интересно е дека во првите два натпревари Карпов победувал со 4:0, а сепак, истите ги губел. Колку тие натпревари биле неизвесни покажува и крајниот резултат (12,5-11,5, 1212, 12,5-11,5). За разлика од Каспаров, во чија шаховска ера конкуренцијата била слаба, (Камски, Топалов, Ананд), Каспаров најголеми и неповторливи резултати постигнал во време кога во својот играчки зенит биле: Таљ, Корчној, Спаски, Љубојевиќ, Јан Тиман, Љубомир Кавалек, Најџел Шорт... Токму во тоа време, Карпов има освоено 140 најсилни шаховски турнири во светот. Сè на сè, Тољ одиграл 3.163 партии, победил 1.118, загубил само 287 партии, а ремизирал во 1.480 меча. Токму во тоа време неговиот максимален рејтинг изнесува 2.780. Ако на се ова додадеме дека Карпов е амбасадор на УНИЦЕФ (Меѓународен фонд за деца при Обе-

динетите Нации за итни состојби), дека има безброј советски, руски и меѓународни признанија и одликувања, сите заслужени за ангажман на полето на мирот и заштитата на деца, ќе ни стане јасно за каков голем хуманист и човекољубец станува збор. Впрочем, при претстојното гостување во Карпош и во Скопје, големиот шаховски шампион ќе го посети и СОС детското село - клонот во Бардовци, Општина Карпош. М. Раденковиќ

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

31


На турнирот во кошарка за средните училишта

ПОБЕДНИК ЕКИПАТА НА ГИМНАЗИЈАТА „ГЕОРГИ ДИМИТРОВ“ При крајот на февруари, во преполната сала на СЦ „Борис Трајковски“ се одржаа финалните натпревари од турнирот за кошарка за средните училишта организиран и финансиран од Општина Карпош. Станува збор за турнир во кошарка кој оваа година беше организиран по третпат и на него учествуваа екипи од средните училишта: „Георги Димитров“, „Никола Карев“, „Нова“, „Кочо Рацин“ и „Орце Николов“. Во атмосфера со преполни трибини и громогласни навивања, беа проследени двата финални натпревари, во битката за трето и за прво место. Во првиот натпревар, играа екипите на „Кочо Рацин“ и „Никола Карев “ и по победата од 62 : 51, момчињата

32

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ


од „Карев“ го освоија третото место. Финалниот натпревар помеѓу екипите на „Орце Николов“, и „Георги Димитров“, заврши со победа на младите кошаркари од гимназијата на „Георги Димитров“ (42:63), и тие, како победници на турнирот освоија

парична награда во износ од 150.000 денари. За освоеното второ место им припадна парична награда од 100.000 денари, додека третопласираната екипа, младите кошаркари од „Никола Карев“ добија награда од 50.000 денари.

Мирко Лазарески од О У “Вера Циривири - Трена”

ДРЖАВЕН ПРВАК ВО ВЕЛЕСЛАЛОМ Ученикот од ОУ «Вера Циривири - Трена» - Карпош, Мирко Лазарески, го освои првото место во дисциплината велеслалом, во категорија за ученици од четврто и петто одделение, на Државниот натпревар во скијање, кој се одржа на 8. февруари годинава, на Пелистер (Битола), во организација на Федерацијата на училишни спортови на Р. М. Една недела претходно, (30.01.2013) Мирко учествуваше на Меѓународниот натпревар кој се одржа во Мокра Гора (Србија), каде во мошне силна конкуренција успеа да го освои третото место. На ова натпреварување учествуваа деца од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија и Бугарија. Поведени од овој успех, учениците и целокупниот колектив на ООУ „Вера Циривири - Трена“ се горди на својот соученик Мирко Лазарески, кој даде сопствен придонес за успешно афирмирање на училиштето и на Општина Карпош и надвор од границите на нашата земја.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

33


МЕЃУВРЕМЕ Влегува човек кај психијатар, велејќи дека неговиот брат, кој седи во чекалната, тврди дека е шарпланинец. Докторот: Нека влезе да го прегледам. Човекот излегува и се враќа водејќи шарпланинец. Докторот: Па тој навистина е шарпланинец. Човекот: - Ете гледате! Успеа и вас да ве убеди. Во животот можеш да ги оствариш сите желби, доколку на доволен број луѓе им помогнеш да ги остварат своите желби. Зиг Зиглар

Секој искрен верник, од која било вера, е на вистинскиот пат, се додека не почне да зборува дека другите се на погрешен пат. Д. Берн

Еден колега на славниот физичар Нилс Бор, кога ја здогледал потковицата закачена на ѕидот над неговата работна маса, го прашал; - Дали е можно научник како вас да верува дека потковицата носи среќа? Бор му одговорил: „Се разбира дека не верувам во такви глупости! Но верувам дека потковицата им носи среќа на тие што веруваат во тоа.“

Подготвил: М. Раденковиќ

Во тебе се три човека, еден е каков што сакаш ти, другиот каков што мислиш дека си и третиот каков што навистина си. Токму тој не го познаваш. Кинеска мудрост

Пријателите се губат доколку често ги повикуваш и ако ретко ги повикуваш. Шкотска поговорка

34

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ


„Уметност на живеење Македонија“ Ви предлага работилници: Запознај го здивот – научи да управуваш со стресот Теодора Костовска: тел. 075 40 50 60 или theodoraаol@yahoo.com Елементи кои ја сочинуваат работилницата:  Практично знаење за да се справи со секојдневните предизвици на животот  Интерактивна вежби  Yoga вежби, истегнување за релаксација  Mедитација и моќни техники на дишење  Ujjayi, Pranayama, Bhastrika,  Sudarshan Kriya, уникатна техника



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.