КАРПОШ УРБАН БР.21

Page 1

Весник на локалната самоуправа октомври 2012 • бр. 21 • година 4

ЗАСЛУЖЕН ГРАЃАНИН ИЛИЈА НАЈДОСКИ

КАРПОШ Е МОЕ ЗАДОВОЛСТВО


2

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ


ПОСТИГНУВАЊА

окус Ваква самопрегорна, одговорна, дисциплинирана и стручна администрација, но пред се граѓаните на Карпош, заслужуваат и нова современа зграда според европски терк

ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА НОВАТА ЗГРАДА НА ОПШТИНА КАРПОШ Во пресрет на големиот празник 11­ти Октомври, Денот на во­ станието на македонскиот народ во свечена и празнична атмосфе­ ра, на местото на старата општина, беше ставен камен темелникот на новата административна зграда на Општина Карпош. На овој свечен чин присуствуваа граѓани и претставници од општинската администрација на чело со градоначалникот Стевчо Јакимовски, поранешни градоначалници, советниците, како и поранешниот прет­ седател на Р. Македонија Бранко Црвенковски и поранешниот прет­ седател на Собранието Стојан Андов. Во пригодниот говор по овој повод, градоначалникот Стевчо Јакимовски им се заблагодари на оние кои пред 36 години, на ова место, ги поставија сега веќе легендарните дрвени бараки, во кои се смести првата администрација на Општина Карпош. Тој, притоа, се осврна на сегашниот миг во Општината и истакна: „Граѓаните на Карпош возат по нови улици, пешачат по нови патеки и тротоа­ ри. Во Карпош нема зонско паркирање, но има место за сите вози­ ла, зашто секоја година градиме по 1.000 нови паркинзи. Во оваа општина речиси сите светилки се нови, нема куќа која нема фекал­ на канализација, и општината е целосно покриена со мрежа на ат­ мосферска канализација. Откако ги реновиравме сите 10 основни училишта и создадовме европски услови за образование на нашите ученици, ние одиме напред. Во тек е реконструкција на четири гра­ динки. Изградивме и нова градинка со која управува приватен опе­ ратор. Овде странските инвестиции се бројат во милиони евра. Ваква самопрегорна, одговорна, дисциплинирана и стручна ад­ министрација, но пред се граѓаните на Карпош заслужуваат и нова современа зграда според европски терк. Оваа зграда ќе биде готова за 8 месеци, ќе чини помалку од 3 милиони евра, и убеден сум дека вработените во локалната самоуправа ќе имаат уште поголем пот­ тик да бидат секојдневен високо квалитативен сервис на граѓани­ те“­ заклучи Јакимовски.

ФАКТИ Новата општинска зграда ќе биде на пет нивоа (приземје, 3 ката и поткровје). Ќе има околу 1000м2 паркинг, работен простор за 200 вработени и вкупна површина од 4500м2 . Објектот ќе би­ де целосно енергетски ефикасен. Фасадните ѕидови во приземје ќе бидат од контактна фасада со дебелина од 10см, од експан­ диран полистирен. Ќе има стаклена фасада­термопан стакла ис­ полнета со аргон. Објектот ќе биде термички изолиран во подо­ вите, ѕидовите и таваницата. Предвидени се два лифта на хи­ драуличен погон. Објектот е функционално организиран преку посебни сектори распоредени по катовите според програмските барања, додека приземјето е проектирано за прием на странки и архива.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

3


ВО ОВОЈ БРОЈ Весник на локалната самоуправа октомври 2012 • бр. 21 • година 4

ИНТЕРВЈУ ЗАСЛУЖЕН ГРАЃАНИН ИЛИЈА НАЈДОВСКИ

КАРПОШ Е МОЕ ЗАДОВОЛСТВО

Издава Општина Карпош

Стевчо Јакимовски градоначалник на Општина Карпош КАРПОШ Е МОЕ ЗАДОВОЛСТВО

....................................................... 6

ул. „Демир Трајко“ бр.43 1000 Скопје, Р. Македонија тел.: 02 / 30-61-353 факс: 02 / 30-71-040 kontakt@karpos.gov.mk www.karpos.gov.mk Издавачки совет Стевчо Јакимовски Даница Мартиновска Димче Мешковски Главен и одговорен уредник Виолета Цветковска Уредник Миле Раденковиќ Редакција Живко Трајановски Елена Кузмановска Ива Манова Технички уредник Зоран М. Гулевски

ВЕТЕНО СТОРЕНО НЕИМАРИТЕ НА НАШИТЕ УЛИЦИ, ПАРКИРАЛИШТА, ПАТЕКИ

....................................................... 8

НАШ ГОСТИН Хуб Леливелд претседателот на EHEDG International КАРПОШ НАПРАВИ ИСЧЕКОР КОН ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА

..................................................... 13

СПОРТСКИ ЛЕГЕНДИ Елизабета Чолаковска Шпољариќ СО ИНАЕТ И КУГЛА ДО СВЕТСКИОТ ТРОН

..................................................... 28

Лектура Живко Трајановски Ангелина Николовска

СТИПЕНДИИ

Фотографија

СТИПЕНДИСТИ НА ОПШТИНА КАРПОШ ЗА 2012/2013 ГОДИНА

Ива Манова М. Раденковиќ

4

...................................................... 32


КОЛУМНА СО УШТЕ ПОСИЛЕН ЧЕКОР Карпош постојано оди напред! Ова можеби е најкратката, но и најважната по­ рака што може да се соопшти и денес, на одбележувањето на 36­тиот по ред неј­ зин роденден. Во Општина Карпош, од самите нејзини почетоци во 1976­тата година па до денес, поминаа бројни генерации. Сите тие, на еден или на друг начин, оста­ вија неизбришливи траги во нејзинот развој и просперитет. Токму затоа, на си­ те нив и во оваа пригода, треба да им се искаже особена почит и благодарност. Тој континуиран развој, на што сме особено горди, со несмален интензитет, продолжува и денес. Со сето она што тука се прави, Карпош, со право, се вбро­ јува меѓу најдобрите општини во нашата држава. Во последните неколку годи­ Пишува: Владо Поповски ни, со сите зафати и реализирани проекти во сите сфери, Општина Карпош ре­ чиси од корен го промени својот лик. Тоа е и основната причина што Кар­ Стотиците реализирани пош е и најпосакуваното место за живеење. Во годината што изминува, на наше огромно задоволство, за нашите ус­ проекти, кои со песи со нескриен пиетет се говореше и надвор од нашите граници. Како резултат на тоа, во месец јули, во Сараево, нашиот градоначалник задоволство се прифатени го доби високото признание – Најградоначалник на Југоисточна и Цен­ и високо оценети и од трална Европа за 2012 година. граѓаните на Општина Поубава потврда, за сето она што Стевчо го прави за својата општина и своите граѓани, ќе се сложите, и неможеше да има. Карпош, но и од Наградата, убеден сум, дојде во вистинско време и во вистински раце. пошироката јавност, онаа Во нашиот градоначалник луѓето препознаа човек, максимално посве­ домашната и од тен на својата работа, на својата општина, на граѓаните, неуморен човек полн со визии и со планови, човек кој цврсто чекори напред и што во секој мо­ странство, на најдобар мент е подготвен да истрае пред тешкотиите. можен начин Ова големо признание, што со гордост го дочекавме и ние, но и граѓани­ те на Општина Карпош, ќе претставува уште поголем мотив, но и обврска го потврдуваат и одговорност да се истрае на патот по кој чекори Општина Карпош. незапирливиот ôд на Знам, Стевчо е подготвен на тоа. Тој никогаш не се задоволува со пости­ Карпош. Доволна причина гнатото. И во иднина ќе го потврди тоа. Ќе се уверите. Пред Градоначалникот, Советот и администрацијата на Општина Кар­ за огромно задоволство, пош претстојат многу задачи. До крајот на годината треба да завршиме уште неколку важни проекти. Целата енергија е насочена таму. Есенските дождо­ но и обврска повеќе да се ви не дозволуваат некоја поголема комоција и опуштање. Но, ние сме веќе истрае на патот по кој навикнати на тоа. По цена на се, планираното мора да биде реализирано. чекори Општина Карпош Ветеното мора да биде сторено. Впрочем, по тоа е и познат Карпош, по тоа се одликува и се препознава. За многу скоро време, така како што секогаш правиме и работиме овде, на граѓаните на Карпош и на пошироката јавност ќе им ги презентираме и наши­ те програми и планови за наредната година. Во нив, и овојпат, ќе бидат содржани бројни проекти што ќе значат само уште една потврда на визиите на актуелното водство на Општина Карпош. Свој активен при­ донес во сето тоа, се разбира, имаат и граѓаните на Општина Карпош. И нивните предлози, сугестии и ви­ дувања ќе бидат составен дел на идните проекти. Тоа, пак, само уште еднаш, ја зацврстува нераскинливата врска со граѓаните, којашто за нас, овде во Карпош, е најважна од се. Впрочем, без тоа и не ќе можеше Кар­ пош да се вбројува меѓу најдобрите општини кај нас. Така ќе биде и во периодот кој е пред нас. Наша об­ врска и должност е постојано да ја оправдуваме безрезервната поддршка на граѓаните со нови дела. Затоа, Ви ветуваме и во иднина нови капитални објекти, уште многу нови улици, булевари, плоштади, пешачки патеки, детски игралишта, реновирани детски градинки и училишта, цветни алеи.... Нека е честит роденденот!

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

5


ИНТЕРВЈУ Стевчо Јакимовски: градоначалник на Општина Карпош

КАРПОШ Е МОЕ ЗАДОВОЛСТВО Колку и да е чудно, вистина е дека овој разговор со градоначалникот Јакимовски е направен, речиси во ôд. За нас, неговите соработници тоа е и разбир­ ливо, бидејќи динамиката на неговата ангажираност во Општината Карпош не е омеѓена со формал­ ности, својствени на повеќето општински челници во државата. Сепак, „го начекавме“ помеѓу многуте настани кои не можат да се замислат или да поми­ нат без неговото присуство, и му поставивме некол­ ку прашања, примерени на поводот ­ Денот на Оп­ штината.  Општа е оценката дека ова е најуспешна година од Вашиот мандат на местото прв човек на Општина Карпош. Дали го делите тоа мислење и зошто? ­ Мислам дека секоја година работиме со исто темпо и успешно, а впечатокот дека оваа година е нај­ успешна во мојот седумгодишен градоначалнички мандат се должи на навистина голем број успешно реализирани проекти. Се разибира, со тек на годи­ ните имаме поголемо искуство што позитивно се од­ разува врз работата на локалната самоуправа во це­ лина и на јавниот одглас.

6

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

 Веќе е познато дека сте еден од кандидатите за истата функција и на наредните локални избори, и доколку бидете избран, на што ќе се фокусирате во новиот мандат? ­ Главната причина зошто побарав и натаму да останам во Општина Карпош е мојата цврста реше­ ност да ги заокружиме започнатите и сите други планирани проекти. Мислам дека, горе долу, сите инфраструктурни проекти ни се завршени, а сега ни преостанува разубавувањето на Карпош. Одговор­ но тврдам дека улиците „Теодосија Гологанов“ и „Илин­ денска“ ќе бидат како што е сега „Партизанска“. Тие ќе бидат вистинска цветна градина, украс на Општи­ ната каков што е сега булеварот Партизански одре­ ди. Следна, многу битна работа, секако е реконстру­ кцијата на фасадите долж улиците „Теодосија Голо­ ганов“, „Партизанска“, „Илинденска“, руските згра­ ди. Со еден збор, Карпош ќе добие ново руво. Се разбира, ќе се посветиме на најзначајниот проект­ гасификацијата на Општината, а следната година продолжуваме и со реконструкцијата на градинки­ те, изградбата на базените во училиштата, ќе гради­ ме културен дом. Сакам да нагласам дека и наредна­


та година уште повеќе ќе им се посветиме на обра­ зованието, културата и спортот...  Јавноста очекуваше дека ќе бидете кандидат за градоначалник на Скопје, а вие сепак се определивте за уште еден мандат во Општина Карпош. Страв ли е во прашање или нешто друго? ­ Не, страв, скраја да е. Карпош е мое задовол­ ство. А тоа задоволство, го гледам од средбите со нив во изминатите триипол години, се чувствува и кај граѓаните и мислам дека целиот сјај ќе го пости­ гнеме во следните четири години. Потребни ни се уште четири години да го сработиме започнатото и да ги реализираме плановите, за Карпош да биде уште поубава и помодерна општина. А што се однесува до стравот, јас мислам дека најмногу страв имаше градоначалникот Коце Траја­ новски. Тој се исплаши од тоа ако јас му бидам про­ тивкандидат, доколку биде повторно кандидиран од својата партија. Лично мислам дака господинот Јани Макрадули е одличен избор, дека е изграден политичар и дека неговите способности ќе дојдат до полн израз во раководењето со градот Скопје.  Дали, со оглед на очигледното зголемување на обврските на локалната самоуправа, во наредниот период треба да очекуваме кадровско „освежување“ во Вашиот кабинет? ­ Мојот кабинет е и досега доволно стручен. Оп­ штина Карпош има најдобро организирана и нај­ компетентна администрација во цела Република Ма­ кедонија. Она што сметам е дека треба да го допол­ ниме креативниот тим, за подготовката на новите проекти. Повеќе во Карпош нема да започнеме ни една работа без консултација на стручњаци од кон­ кретната област.  Годинава бевте избран за најуспешен градоначалник во земјите од Југоисточна и Средна Европа. Какви се личните и општествените полезности од таа голема почест? ­ Лична полза немам, освен душевна сатисфакци­ ја дека сум работел, односно сме работеле исправно и сме биле на вистинскиот пат. Задоволство ми е што мојата работа, освен во Општината, градот Скопје и Републиката, доби верификација и надвор од земја­ та, во меѓународни рамки. Да бидам искрен, веста дека тоа признание ми е доделено, за мене беше „гром од ведро небо“. Но исто така, можам да кажам дека признанието Најуспешен градоначалник во Југоис­ точна и Средна Европа е најубавото нешто што ми се случило во оваа 2012 година.  Познато е дека сте градоначалник без работно време, човек кој стасува секаде и присуствува и на настаните кои немаат епитет- „првостепен“. Како ја обновувате работната енергија? ­ За жал, малку време имам за обнова на работна­ та енергија, но навикнат сум на такво темпо бидеј­ ќи, во животот секогаш сум работел по дватрина­

есет часа дневно. Чувството на задоволството од сра­ ботеното, кое го делат и граѓаните, ми дава поттик за уште поголемо ангажирање. Позитивните реак­ ции на граѓаните и на јавноста се сатисфакција и дополнителен извор на мојата работна енергија.  Како го пречекуваме празникот-Денот на нашата Општина? ­ Празникот го пречекуваме работно и со многу ангажмани и активности: со изградба на инфрастру­ ктурни објекти, со многу хумани акции, Денови на енергетската ефикасност, промоција на Катастарот на загадувачи, промоција на книги, доделување на стипендии за талентирани ученици и спортисти, со средношколски спортски манифестации. Навистина, станува збор за двонеделни интези­ вни актвности низ кои ги промовираме и ги заокру­ жуваме успешно сработените проекти. Во моментот кога го правиме овој разговор, во Кинотеката на Ма­ кедонија започна тридневната манифестација Де­ нови на енергетска ефикасност. Еминентни струч­ њаци од земјава и од странство беа импресионирани од она што денес претпладне, за постигнатото во

Главната причина зошто побарав и натаму да останам во општина Карпош е мојата цврста решеност да ги заокружиме започнатите и сите други планирани проекти енергетската ефикасност во Општината, им го пре­ зентираше нашиот стручен тим. Задоволството е уште поголемо, а сознанието дека во таа област сме лиде­ ри во Република Македонија, сосема е примерено на нашето празнување.  Кој настан во изминатава година со задоволство го прераскажувате, а кој би сакале трајно да го заборавите? ­ Немало настан кој би сакал да го заборавам. Ако алудирате на „сопките“ што ни ги правеше цен­ тралната власт, јас тие ги сметам за нешто што не тре­ ба да се заборави. Напротив, совладувањето на тие пречки не прави горди и на тоа треба да се сеќаваме. А она што беше убаво и што е за паметење, да повто­ рам, е признанието Најуспешен градоначалник во Ју­ гоисточна и Средна Европа. В. Цветковска М. Раденковиќ

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

7


ВЕТЕНО СТОРЕНО НЕИМАРИТЕ НА НАШИТЕ УЛИЦИ, ПАРКИРАЛИШТА, ПАТЕКИ... Ги трошиме последните месеци од градежната сезона. Токму затоа работиме со засилено темпо, со цел што побрзо да го разубавиме Карпош, и што помалку да оставиме за следната сезона, за напро­ лет. Само во изминатиот месец работевме на 23 ин­ фраструктурни проекти, во кои асфалтиравме де­ сет улици, Бриселска, Гаврил Лесновски,улица 8, 10 и 18 во Бардовци и Ванчо Мицков во Нерези... Не заборавивме ниту на пешаците и на прија­ тните есенски прошетки. За нив ги изградивме тро­ тоарите долж улицата Скупи 3, 4, 20, 22 во Злокуќа­ ни, а нови тротоари добија и жителите од улиците Пресека, Кленоец, Владимир Каваев и Извор.

Паркиралиштата во Карпош се најмала главобол­ ка за жителите на оваа општина. Освен што се бес­ платни, ги има секој ден се повеќе и повеќе. Само во овој месец ги реконструиравме паркин просто­ рите на улицата Разловечко востание, потоа на ули­ цата Огражден и пред повеќе станбени објекти на улицата Миле Поп Јорданов. На улицата 1010 во на­ селбата Козле направивме и потпорен ѕид, а во Бар­ довци, долж улицата 2, изградивме и фекална кана­ лизација. Продолжувaме со изградба на инфрастру­ ктурата со несмалено темпо, под командната палка на нашите неимари од Секторот за уредување на гра­ дежно земјиште и комунални работи..

Реконструкција - асфалтирање на ул. Осло

Реконструкција - асфалтирање на ул. Бриселска“со краци

Реконструкција - асфалтирање на ул. Гаврил Лесновски

8

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ


Реконструкција - асфалтирање на ул. Стрезово

Реконструкција - асфалтирање на ул. Ловќенска 9

Реконструкција - асфалтирање на ул. Ванчо Мицков

Реконструкција - асфалтирање на ул. Крчин

Реконструкција - асфалтирање на ул. Пијанец

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

9


Реконструкција - асфалтирање на ул. 8 и крак од ул. 18 во с. Бардовци

Реконструкција - асфалтирање на ул. Огражден со краци

Реконструкција на атмосферска кај Германска амбасада

Изградба на потпорен ѕид од АБ колови за санација на локално свлечилиште од ул. 1010 (Л=35м) населба Козле, Општина Карпош

10

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Реконструкција на тротоари на ул. Владимир Каваев


Изведба на тротари на ул „Извор“

Реконструкција на тротоари на ул. Пресека со краци пред асфалтирање

Изведба на 3 краци на ул. Скупи 20 према болница Бардовци

Реконструкција на тротоари на ул. Бабуна

Реконструкција на паркинг - 1 на ул. Његошева

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

11


Kај Педагошка Академија-

НОВ ПЛОШТАД Во рамките на проектот за реконструкција на но­ ви плоштади, заврши реконструкцијата на платото кај Педагошката академија. Проектот опфати осве­ жување на бетонското плато со нова колоритна по­ длога во три нијанси на површина од 1300 м2 , заме­ на на реквизитите во детското игралиште со нови, збо­ гатување на просторот со нови клупи меѓу кои и две релаксирачки, корпи за отпадоци, локери за ве­ лосипеди. Извршена е комплетна санација на оште­ тените скалила на четирите пристапи на платото со гранитни плочки и изградба на четири пристапни рампи, санација и молерисување на парапетни ѕидови со еколошка боја и декоративен мермерен

акрилен малтер исто така отпорни на атмосферски влијанија, 155 м2 зелена тревна површина со систем за наводнување капка по капка, 2000 цветни садници и обновени жардињери, 200 м2 платформа со по­ кривна тенда која ќе создаде пријатна сенка во ле­ тните денови. Инвестицијата за реконструкција на платото изне­ сува околу 5 000 000 денари. Градежните работи ги изведуваше „СМ Компани“, а урбаната опрема ја постави „Лапласт – М“ дооел, а на неговата непре­ чена изградба „бдееја“ општинските инспектори. Проектот за реконструкција на платото го изготви Креативниот тим на Општина Карпош.

БЛИКНА ФОНТАНА ВО КАРПОШ 3 На барање на граѓаните, Општина Карпош за­ врши реконструкцијата на постојниот парк – пло­ штад во УЗ Карпош 3, со цел збогатување на ур­ баните простори во општината и враќање на вре­ дностите на урбаното живеење. Притоа, замислата ни беше да се создаде, пријатен простор за дружење и релаксација на сите грaѓани, како постарите жи­ тели, така и децата и нивните родители. Постојната урбана опрема е заменета со нови и побогати содржини, поставени се повеќе клупи, корпи за отпадоци како и локери за велосипеди. Во состав на плоштадот поставено е и ново детско игра­ лиште со модерни реквизити покриено со покривна хиперболична платнена тенда која ќе овозможи при­ јатна сенка на која најмладите ќе може да играат и во потоплите, но и во дождливите денови. Инвестицијата за реконструкција на платото из­ несува 8.398.640 милиони денари. Градежните рабо­ ти ги изведуваше „Сандра Инженеринг“, урбаната опрема ја постави „Лапласт – М“, а хортикултурното уредување го изведуваше „Флора стат“. Проектот за реконструкција на платото го из­ готви Креативниот тим на Општина Карпош.

УШТЕ ШТО СРАБОТИВМЕ ВО ОКТОМВРИ:        

12

Изградба на фекална канализација по ул. „2“ во с. Бардовци Реконструкција на паркинг на ул. „Разловечко востание“ бр. 2а Реконструкција на паркинг на ул. „Огражден“ Реконструкција на дел од паркинг на ул. „Миле Поп Јорданов“ кај кула бр. 40 Реконструкција ­ асфалтирање на паркинг простор пред кула бр. 40 и пред станбени објекти бр. 3, 5 и 7 на ул. „Миле Поп Јорданов“ Реконструкција на тротоари на ул. „Скупи 3“ Реконструкција на патека на ул. „Скупи 4“ Реконструкција на ул. „14“, с. Бардовци

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ


НАШ ГОСТИН Хуб Леливелд претседателот на EHEDG International

КАРПОШ НАПРАВИ ИСЧЕКОР КОН ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА Во средината на минатиот месец, во просториите на АД „Реплек“ во Карпош, прва општина во светот која стана членка на EHEDG International, европ­ ската асоцијација на хигиенско инженерство и ди­ зајн беше одржана конференција. Го искористивме настанот и разговаравме со г. Хуб Леливелд пре­ тседателот на оваа организација.  Господин Лилевелд, добродојдовте во Македонија, во Карпош и кои се вашите очекувања од првата посета кај нас? ­ Ви благодарам, јас не сум прв пат во Македо­ нија, сум бил неколку пати и секогаш ми е пријатно тука. Целта на моето присуство е да ги зголемиме или да ги подобриме нивоата на хигиенското инже­ нерство и дизајн. Среќен сум што денес има многу луѓе коишто се заинтересирани за нашата активно­ ст, но не знам на кое ниво се во хигиенскиот инже­ неринг и дизајн во Македонија, но се надевам дека ќе постигнеме некој напредок.  Вие сте претседател на една светска организација. Како дојде до формирањето на една ваква групација? ­ Се плашам дека ова прашање не можам да ви го одговорам многу кратко, меѓутоа можам да ви кажам дека во 80­те години во индустријата не постоеше поимот хигиенски инженеринг и дизајн. Во тоа време машините беа произведувани да му служат на производителот, да ја завршат онаа рабо­ та која што му е потребна без притоа да се земе предвид хигиенскиот аспект. Во тие години прехра­ нбената индустрија своите производи ги одржува­ ше со стерилизација, пастеризација или со користе­ ње на различни хемиски елементи. Од тогаш започ­ на да се размислува во овој правец, да се конструи­ раат машини коишто ќе бидат лесни за чистење, хи­ гиенски дизајнирани.  Колкаво е влијанието на вашата организација врз европската легислатива во оваа област?

­ Ние сме многу вклучени и имаме големо вли­ јание врз европската легислатива затоа што всуш­ ност ние сме тие кои ги правиме стандардите кои се применуваат во ЕУ. Значи, законодавците пропишу­ ваат што треба да се примени но не кажуваат како. Ние ги правиме тие прирачници со коишто на производителите на храна им укажуваме на кој на­ чин треба да ги применат директивите кои важат во ЕУ.  Нашата општина е членка во ова глобално семејство. Кои ќе бидат придобивките од тоа? ­ Многу ми е мило што го слушам ова и сега на­ шата цел е всушност да ја пренесеме пораката, која вие ќе ја проследите до производителите на храна да не прават грешки, затоа што воопшто не знаат за постоењето на регулативи, правилници и слично.  На градоначалникот Јакимовски му ја врачивте плакетата за членство. Каков прием имавте во Општина Карпош? ­ Мислам дека најголемата придобивка од наша­ та средба со градоначалникот е публицитетот кој ќе има адекватно влијание на разгорувањето на свеста на луѓето за постоењето на Oрганизацијата. Ви благодарам уште еднаш, јас се чувствувам одлично, тука луѓето се многу пријателски настрое­ ни, се надевам дека наредниот пат кога ќе дојдам во Македонија ќе забележам некој поголем напредок во однос на хигиенското инженерство и дизајн, ре­ че на крајот господинот Лилевелд. Виолета Цветковска

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

13


ДЕНОВИ НА ОПШТИНАТА Свечена академина

ТРИЕСЕТ И ШЕСТ ГОДИНИ КАРПОШ Во друштво на многу пријатели, гости и вработени, во Хотелот „Александар Палас“ во неделата вечер се одржа централната славеничка прослава на Општина Карпош по повод Денот на општината 3-ти Ноември. Со свечена академија, промоција на спотот за Карпош од учениците од основните училишта, прогласувањето на заслужен граѓанин на Карпош за 2012 година и пригодна програма, првиот човек на Општината, градоначалникот Јакимовски се обрати со говор посветен на четирите години на растеж на Карпош при што рече: „Секоја година се издигавме повисоко и повисоко. станавме општина за пример и по терк на најстрогите критичари и оние со најистенчен вкус. Кога ја зедовме управувачката палка диригирана од доверениот мандат на нашите жители, појдовме од еден слоган: „Проблемите ги знаеме, решенија имаме“! Во овие неполни четири години изградивме над 40 километри нови улици, 60 километри тротоари и 25 километри нови пешачки патеки. Успеавме да изградиме над 15 километри атмосферска и фекална канализација и над 2.600 нови паркинг простори. Бесплатни, се разбира. Иако не беше наша обврска, за доброто на граѓаните изградивме близу три километри нова водоводна

14

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

мрежа, над еден километар топловод до домовите. Повеќе од 85% од општината е покриена со оптички кабли и подземни интернет врски. Кај нас иновацијата и современата технологија влегува на голема врата. Но, ние не сакаме да живееме само со ловориките од минатото. нашиот поглед е визионерски, ние гледаме напред. Булеварите Илинденска и Теодосиј Гологанов ќе бидат цветни градини како Партизанска. Нашата општина ќе стане лулка на културата и образованието, дом на демократијата, толернацијата и високите човечки вредности. Ние нив ги негуваме и ги величаме, а не говорот на омраза и поделбите. Во секое време имаме слух и разбирање за човековите права и слободи. Слобода е да се има право на сопствена верска и конфесионална опредлеба, за таа цел ќе помогнеме во изградбата на нови верски објекти. Карпош, има иднина, заклучи на крајот, Јакимовски, а иднината е во сите нас, зашто ние имаме храброст, решителност и визија. Имаме и добра волја и чесни намери, нескриен ентузијазам и решеност да се истрае на еден пат кој сите ќе не однесе во еден поубав живот, кој најискрено-го заслужуваме! В. Ц.


СОСЕДСКА ХУМАНОСТ При крајот на изминатиот месец, пред 14 поголе­ ми маркети во Општина Карпош беше реализирана седмата по ред, хуманитарна акција под мото „Да бидеме хумани за нашите соседи“. Оваа акција е дел од активностите по повод Денот на Општината ­3 ноември, и за цел имаше поттикнување на нашите сограѓани на хуманост која никогаш не недостасува, па и во Општината Карпош. Како досега и овојпат, при пазарувањето за време на викендот, нашите својата хуманост ја покажаа на дело така што купувајќи за себе, по еден или повеќе прехранбени и хигиенски про­ дукти одвоија за семејствата кои се социјално загро­ зени. Акцијата беше мошне успешна а во неа, како и секогаш досега, својот придонес даде и градоначалникот Стевчо Јакимовски. Првиот човек на локалната самоуправа на нашата Општина, пазаруваше во супермар­ кетот на „Веро“ во Тафталиџе и по донирањето на голем број прехранбени и други продукти, на новинарите им изјави: ­ Се надевам дека ќе се соберат доволен број продукти за нашите „хуманитарни пакети“ и за за­ доволување на двомесечните потреби на 150­те материјално загрозени семејства. Како и претходните го­ дини, за Божиќните празници ќе следи нова хуманитарна акција, рече Јакимовски. В. Ц.

ДРЖАВНИ РЕКОРДЕРИ ВО ДАРУВАЊЕ КРВ

Неодамна, во зградата на Општина Карпош, ка­ ко плод на традиционална соработка на Црвениот крст на Македонија и Општинската организација на Црвениот крст беше организирана акција на дарување крв на вработените во општинската адми­ нистрација. Како и секогаш досега, одзивот беше над очекувањата, а меѓу доброволните дарители на крв беше и првиот човек на Општината, г. Стевчо Јаки­ мовски. ­Ова ми е 12­то дарување крв, и навистина сум среќен што сум дел од ваквите хуманитарни акции. Ја користам оваа прилика и ги повикувам сите гра­ ѓани од Карпош, од Скопје и пошироко, доколку се здрави да се вклучат во крводарителската акција бидејќи со тоа навистина можат да спасат нечиј живот. Ова посебно се однесува за оние кои се но­

сители на поретките крвни групи, кои се и најбара­ ни и најпотребни. Верувајте дека по дарувањето, ни­ когаш не ми се влошила здраствената состојба, на­ против, изјави Јакимовски. Инаку, по повод континуираната соработка со Црвениот крст и традиционалното организирање на крводарителни акции во Карпош, на градоначални­ кот Јакимовски како и на мотиваторот и организа­ торот на крводарителските акции во нашата Опш­ тина, Евантија Стојановска, им беа врачени плаке­ ти. Во име на општинскиот Црвен крст плакетите ги врачи претседателот Душко Стојановски, кој притоа нагласи дека Карпош со 700 крвни единици дарувани во текот на годината, веќе подолго време го држи ре­ кордот во крвадарувањето во Република Македонија. E. K.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

15


ЈУБИЛЕЈ НА „ЕМ УМЕАМ, ЕМ МОЖАМ“

На паркингот пред „Лептокарија“ се одржа десе­ ттата, јубилејна, традиционално – продажна мани­ фестација во организација на Општина Карпош „Ем умеам ем можам“. Оваа манифестација е од големо значење како за жителите на општината така и за сите промотори на бизнис секторот кои сакаат да ја ис­ такнат важноста на македонските брендови и во­ општо на условите за производство во нашата оп­ штина. Во чест на роденденот на Општината оваа го­ дина на „Ем умеам, ем можам“ учествуваа македон­ ски производители од прехранбената, текстилната ин­ дустрија, туризмот, здравстрвото, занаетчиството и земјоделството. И покрај врнежливото време, манифестацијата предизвика огромен интерес кај карпошани кои ос­ вен посетата на продажните штандови, ја следеа и богатата културно ументичка програма. Сепак, ѕве­ здата на вечерта беше познатиот хрватски поп пејач Борис Новковиќ, чии „Тамара“, „Вукови умиру са­ ми“ и многу нови хитови, им ги згреаја срцата на посетителите на овој убав настан. В. Ц.

„ВЕШТА РАКА“ - ПО ТРЕТ ПАТ Во рамките на активностите по повод Денот на Општина Карпош ­ 3. Ноември, во ресторанот „Кри­ стијан“ се одржа манифестацијата „Вешта рака“. Ста­ нува збор за собир на изработувачи на уникатни рачни творби кој Општина Карпош го организира по третпат, а на кој, годинава, учествуваа 25 наши со­ граѓани. Како и досега, манифетацијата беше ма­ совно посетена, при што, граѓаните имаа можност да купат некоја од изложените ракотворби.

16

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ


Деновите за енергетска ефикасност на Општина Карпош

ЕВРОПСКА ПРЕЗЕНТАЦИЈА Ова е најчестата оценка што за оваа наша мани­ фестација ја добивме од луѓето што ја следеа со ин­ терес панелната дебата и темите од оваа област. Презентираните 23 теми од областа на проекти­ рањето, изолациските материјали, софтверските алат­ ки и обновливите извори на енергии од еминентни излагачи, професори и експерти од земјата и Републи­ ка Србија, со право можат да се споредат со нивото на многу вакви европски конгресни форуми. Во изложбената поставка беа претставени 10 фирми со опрема за енергетски аудити, билдинг ме­ наџмент системи за управување на енергетската по­ трошувачка, изолациски материјали и соларни систе­ ми за санитарна топла вода.

Единствената наша грешка е што сакавме со по­ каната предност да имаат оние што предлагаат и одлу­ чуваат за општинските буџети: советниците од Гра­ дот и општините во Градот Скопје за сметка на инте­ ресот кај стручната јавност и проектантите. Тие за жал, не дојдоа, а во салата останаа непополнети ме­ стата на оние кои очекуваа дека ќе ги поканиме. Сите презентации за оние кои немаа можност да ги видат, ќе бидат поставени на web страната на Општина Карпош, а наредната година на Неделата за енергетска ефикасност ќе се видиме во просторот на „Технолошкиот парк“ кој ќе го изградиме во 2013 година. Љупчо Димов

Карпош

ПРВА ОПШТИНА СО КАТАСТАР НА ЗАГАДУВАЧИ Општина Карпош е првата општина во државата која изработи Катастар на загадувачи на својата те­ риторија. Катастарот на загадувачи содржи инфор­ мации за вкупно 242 деловни субјекти кои се наоѓа­ ат на територија на Карпош, групирани во пет кате­ гории: индустриски капацитети, бензиски станици, автоперални, угостителски објекти и здравствени установи. Тој во иднина ќе биде алатка за планирања во областа на животната средина при анализи на ква­ литетот на медиумите: вода, воздух и селектирање на отпадот, но и други кои дополнително ќе се вме­ тнат, при урбанистичкото планирање, контролата и инспекцискиот надзор. Тој ќе биде поставен и на веб страницата на Општина Карпош, со мапирани субјекти, а граѓаните ќе може да дојавуваат за сите потенцијални загадувачи. Катастарот на загадувачи

на Општина Карпош го изработи заедно со Дру­ штвото за технички и консултантски услуги „ЕкоМо­ заик“ дооел Скопје. В.Ц.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

17


Свеченост во градинката „Орце Николов“

ЕКОЛОШКИ ДОМ ЗА НАЈМЛАДИТЕ Во рамките на манифестацијата „Денови на Оп­ штина Карпош“, во населбата Карпош 2, неодамна свечено беше пуштена во употреба гра­ дин­ ката „Орце Николов“, целосно енергетски ефи­касна. Тој настан по многу нешта беше олицетворние на генералната заложба на локалната самоуправа во достигањето европски стандарди во сферата на об­ разованието, пред се децата да учат во модерни, енер­гетски и еколошки ефикасни објекти. По групното сечење на лентата, во кое учес­ твуваа главните актери во реализацијата на овој про­ект: градоначалникот на Општината, Стевчо Ја­ кимовски, заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски, дире­ кторот на Агенцијата за енергетика, Лазар Гечевски, постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Алесандро Фрака­ се­ти и госпоѓата Родна Кондова, директор на Гра­ динката, во просториите на истата беше одржана пригодна свеченост. Обраќајќи им се на присутните, домаќинката, госпоѓа Кондова со бирани зборови им се заблаго­ дари на погоре спомнатите гости, а потоа потсети на малку познати факти. Најпрвин, дека градинката „Орце Николов“ е најстарата установа за грижа и воспитување на децата во Република Македонија и дека е дело на група германски ентузијасти, пред­ водени од г. Гинтер Кубе, долгогодишниот сцено­ граф на Македонскиот народен театар. Овој убав ден е прекрасна симболика на значе­ ње­то на овој свечн миг и ние, дечињата за кои се грижиме и целиот персонал, сме среќни и горди што се­га имаме енергетски ефикасна градинка и што жи­вееме во најубавата општина во Републиката, за­ клучи директорката Кондова.

18

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

На присутните гости, родители, раководители на другите воспитно образовните установи во Кар­ пош и претставниците на локалната самоуправа, со пригодни зборови им се обратија и господата: Те­ мел­ковски, Гечевски, Фракасети и градоначалникот Ја­кимовски. Освен што го нагласија значењето на градење енергетски ефикасни објекти, тие, во името на своите институции ветија дека и во иднина сестра­ но ќе ги поддржат сите вакви проекти во Општината Карпош. Градоначалникот Јакимовски присутините ги по­тсети дека реконструкцијата на градинката чинела 70 илјади евра и дека една половина од тие средства се издвоени од буџетот на Општината, а другата по­ ловина е од фондовите на Програмата за развој на Обе­динетите нации (УНДП). Токму на претставни­ ците на овие две институции, на градоначалникот Јакимовски и г. Фракасети, директорката Кондова им врачи благодарници. Круна на оваа впечатлива свеченост беше пре­ красната приредба што на присутните им ја по­да­ рија дечињата и воспитувачките од градинката „Орце Николов“. М.Р.


КУЛТУРНИ ВИБРАЦИИ ЏЕЗ НИЗ ФОТОГРАФИИ Деновиве во просториите на Кинотека на Маке­ донија во рамките на Програмата за култура на Оп­ штина Карпош за поддршка и организирање на ли­ ковни изложби, се одржа изложбата „JAZZ“, ин­ спирирана од светските великани на џезот. При­ сутните ги поздрави советникот за култура во Оп­ штина Карпош, Горан Михајлов, истакнувајќи дека Општина Карпош секогаш ги подржува ликовните уметници и им дава простор тие да го изразат сво­ јот талент. Автори на цртежите се Гоце и Владимир Илиев­ ски, млади и надежни таленти кои учествувале на ликовните хепенинзи во рамките на Карпошово културно лето. Беа изложени 40 дела во техника масло на платно на кои се претставени портрети од џез легендите. Изложбата беше збогатена со настап на Симон Киселички. И.М.

„АЈВАРЧЕ ЗА МЕНЕ, АЈВАРЧЕ ЗА ТЕБЕ“ ИЗЛОЖБА НА РАКОТВОРБИ Во организација на Општина Карпош и Здру­ жението на пензионери „Тафталиџе ДДД“, деновиве, во салата на Општина Карпош беше отворена из­ ложба на ракотворби од Секцијата за култура и уме­ тност на ова здружение. Овој културен настан имаше цел да ја промовира етно културата и традицијата на нашиот народ. Тоа е уметност која се пренесува од рака на рака, од колено на колено, од постари на помлади. Изложбата за отворена ја прогласи секре­ тарот на Општина Карпош, Владо Поповски, кој меѓу другото, нагласи дека Општина Карпош во континуи­ тет ги поддржува сите активности на здруженијата и таа соработка ќе продолжи и понатаму. Покрај секретарот на Општината, на овој настан говореа и Убавка Николиќ, претседател на Секција­ та за култура и уметност при здружението и Дими­ трије Димовски, претседател на Здружението на пен­ зионери „Тафталиџе ДДД“. В.Ц.

Хуманитарната собирна акција под симпатично мото „Ајварче за мене, ајварче за тебе “, како симбол за зимницата во македонските домови, ја организи­ раа учениците, членови на организацијата на под­ младокот на црвениот крст при ОУ „Јан Амос Ко­ менски“ под раководство на наставничките Алексан­ дра Блажевска и Сузана Цветанова. Акцијата имаше за цел, ајварот даруван од уче­ ници и родители, да им се подари на посиромашните ученици и граѓани на Општината Карпош.На задо­ волство на организаторите на оваа хумана акција, собрани се преку 300 тегли од разновидна зимница. Од нив, 150 тегли зимница се подарени на Општи­ ната која истите ќе ги подари на социјално загрозе­ ните семејства по повод Денот на општината, а ос­ татокот на ученици кои потекнуваат од социјално загрoзени семејства.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

19


ЗАСЛУЖНИ ГРАЃАНИ Илија Најдоски, фудбалер

ГРАНИТЕН ФУДБАЛСКИ СТОПЕР И ЧОВЕК Никогаш нема да ги заборавам миговите кога стоилјадната публика го скандираше моето име, кога со мене на теренот беа Пикси, Дејо, Даре, Просинечки... Во сјајното соѕвездие на заслужни граѓани на Општината Карпош, деновиве е придодадена уште една ѕвезда или посоодветно кажано, спортската, фудбалска легенда, Илија Најдовски. Највпечатли­ вото, веројатно и најточното образложение за таа по­ чест што му е укажана на уште еден од плејадата го­ леми Карпошовци, содржана е во една изјава на про­ славениот фудбалски маг Драган Џајиќ. Имено, во една пригода, упатувајќи им поздрави на Дарко Пан­ чев и на Илија Најдоски, легендарниот Џаја рече: „Навистина ви велам, во редовите на ФК „Црвена звезда“ поминале спортски и човечки величини, но така скромен, чесен и ненаметлив ас како Најдоски, немало„. Во истата пригода, прочуениот одбранбен играч и тогашен селектор на младинската репрезен­ тација на СР Југославија, Милован Ѓориќ и спорт­ скиот коментатор Милојко Пантиќ, се натпревару­ ваа во делењето комплименти на „гранитниот бе­ дем во шампионската одбрана на Звезда“. Не е ни­ какво претерување ако Ико (Најдовски) го спореди­ ме со бескомпромисниот господин Бранко Станко­ виќ“, заклучи тогаш Милојко Пантиќ. Со задоцнување од две децении, му го пренесу­ вам поздравот на големиот стопер на „Црвена зве­ зда“, некогашниот европски и светски шампион во

20

фудбал, а тој, како да се срамува од пофалбите на Џаја, Ѓора и Милојко, возвраќа: Во таа генерација на шампионска Звезда играв со вистински фудбал­ ски и човечки величини. Еве и сега, од оваа дистанца, се повеќе сум уверен дека шампионскиот тим на Зве­ зда е плод на некоја виша сила. Таква екипа нико­ гаш повеќе нема да се појави, не само на овие про­ стори туку и во Европа. Правејќи бегла ретроспектива на спортската и на животната биографија на носителот на признание­ то заслужен граѓанин на Карпош, зборт почест и при­ знание искрснува како природен украс на ликот и делото на Илија Најдоски. Впрочем, да се биде капи­ тен на тимот составен од фудбалските величини: Са­ виќевиќ. Просинечки, Панчев, Југовиќ, Белодедиќ... и во тоа својство да се крене пехарот на светски клуп­ ски шампион во фудбал, е нешто повеќе од почест. ­ Патот до таму навистина беше трнлив. Јас од ро­ дното Крушево излегов со четиринаесет години и одејќи, фигуративно кажано, до Бари и Токио, морав да поминам низ милион непознаници, но горд сум на себе што, никогаш, навистина никогаш, пред ни­ кого не се умилкував и не ја наведнував главата. Во родниот дом ме учеа дека секого треба да почиту­ вам и за место под сонцето чесно да се изборам.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21• ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ


Фудбалот почнав да го играм во родното Кру­ шево во ФК „Питу Гули“, а со 16 години веќе бев првотимец на прилепска „Победа“. Повикот од Ско­ пје, од управата на ФК „Вардар“ за мене беше најва­ жното скалило во мојата кариера, бидејки до таму се стасуваше по просејување низ густо сито. Во тоа време во „Вардар“ играа најдобрите од македонско­ то поднебје и веројатно најдобрите единаесетмина во неговата фудбалска историја. Поканата од легендарниот Џаја беше остварува­ ње на моите, би рекол нереални фудбалски соништа, но кога, заедно со Дарко Панчев, заиграв на преуба­ вата „Маракана“, сфатив дека оние реки пот не беа залудни. Се потоа е след на логични нешта, разбир­ ливи за оној што цврсто стои на земја. Во тој „след на логични нешта„ е настапот за фудбалската реперезентација на онаа убава земја Југославија, и повторно со неповторливите фудбал­ ски асови, подоцнежните перјаници на фудбалски­ те гиганти: Милан, Интер, Реал, Барцелона, Бајерн... - Јас заминав во шпанскиот „Ваљадолид“ бидеј­ ќи понудата беше мошне примамлива, а и искрено, сакав да играм во Шпанија и не згрешв. Тоа е убава зем­ја и од двегодишниот престој таму носам убави спомени. Впрочем и таму бев избран за најдобар странски играч и стекнав многу пријатели. Во потрага по убави земји и градови, нашиот ла­ уреат заминува во Турција, во „Дезинлиспорт“, а оттаму во швајцарскиот „Сион“. Токму во Швајца­

рија му става точка на одлагањето на хируршкиот зафат, а потоа и точка на својата фудбалска кариера. Човекот треба да си ја знае сопствената мерка, до каде и до кога може. Кога почувствував дека на теренот не сум оној што треба да бидам, се збогував со фудбалот. Токму на време, целосно да му се по­ све­там на семејството. Знаете, семејството за мене е светост и тоа е една од причините што целосно се повлеков од фудбалот, вели Најдовски и онака за себе додава: мене инаку и никогаш не ме бидувало за никакви играрии, а тие се сега нашата фудбалска стварност. Почесниот граѓанин на Карпош потоа, со видли­ ва гордост, зборува за своето семејство, за сопруга­ та Калина, ќерката Фани и синот Дино, кој тргнал по стапките на својот татко. „Човекот може да биде бо­ гат и славен но ништо не направил во животот ако нема вистинско семејство. Фала му на Господ, јас тоа го имам и навистина сум горд . На крајот од, навистина пријатниот разговор, зачинет со боза и кафе, големиот фудбалски стопер го прашувам; што, од толку убавите нешта што му се случувале во брилијантната фудбалска кариера, ќе го памети вечно. - Никогаш нема да ги заборавам миговите кога стоилјадната публика го скандираше моето име, ко­ га со мене на теренот беа Пикси, Дејо, Даре, Проси­ нечки... Миле Раденковиќ

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

21


ОБРАЗОВАНИЕ

Во Карпош се отвора школата „Бреинобреин јуниорс“

ГЕНИЈАЛЦИТЕ НЕ СЕ РАЃААТ- СЕ СОЗДАВААТ!  Го отворате првиот клон на „Бреинобреин“ во Општина Карпош. Што, всушност, претставува Вашата академија? – „Бреинобреин“ е една од детските лидерски институции која веќе 10 години успешно ги транс­ формира животите на повеќе од 100.000 деца низ целиот свет. Постојат 600 успешни франшизни цен­ три во повеќе од 15 држави во светот: Индија, Ан­ глија, Америка, Австралија, Кувајт, Полска... Во све­ тот Бреинобреин­програмата (БОБ­програмата) ја имаат завршено над 20.000 деца, кои денес се вклу­ чени во разни сфери од општествениот живот и се наоѓаат на значајни позиции. Во Македонија веќе три години функционира мастер франшизниот центар „Бреинобреин интер­ нешенел“, постојано отворајќи нови франшизни цен­ три низ Република Македонија. „Бреинобреин јуниорс“ е франшизен центар кој се отвори на 10.9.2012 година во Општина Карпош,

22

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

со цел да станеме подостапни за децата и родители­ те од овој дел на градот и веќе голем број деца од нашата општина се приклучија во нашето големо Бреинобреин­семеjство.  Вие имате 10-годишно искуство во работата. Каков е приемот кај родителите, децата. Всушност која е Вашата целна група? Бреинобреин­програмата е Абакус едукација ко­ ја е позната како ментална аритметика. Таа се бази­ ра на активност која во исто време ги активира ле­ вата и десната хемисфера на мозокот, поттикнувајќи целосен мозочен развој и животни способности кај децата. Методологијата се базира на: – Абакус едукација, т.е. менталната аритметика која е најголема вежба за ментален развој, поврзана со ВАК­теоријата на учење (визуелниот, аудитивен и кинестетички момент) и – НЛП – невролингвистичко програмирање.


 Кои се придобивките за посетителите на Вашата академија и со кои методи го постигнувате? Дали во основа е математиката? – Искуството покажува дека голем број родите­ ли со огромно задоволство ја прифаќаат програма­ та, поради широкиот спектар на придобивки: – зголемување на концентрацијата, фотографска­ та меморија, визуализацијата, брзината на пресме­ тување и читање и имагинацијата; – развивање на креативноста, нумеричките и вер­ балните способности и способностите за учење и – подигнување на самодовербата на децата, ли­ дерските способности и тимското работење. Најкратко речено, се постигнува целосен развој на личноста кај едно дете. Способноста и вештини­ те што се постигнуваат со БОБ­програмата, кога ед­ наш ќе се совладаат, кај децата остануваат засеко­ гаш. На одреден начин БОБ­програмата е поврзана со математиката, но ние не ги учиме децата математи­ ка. Во нашата програма само го искористуваме аба­ кусот поврзан со математика, како алатка за поди­ гнување на менталниот развој, а не за калкулирање во практичниот живот.  Дали може да кажеме дека генијалците не се раѓаат туку се создаваат? – Целна група на БОБ­програмата се сите мен­ тално и физички здрави деца на возраст од пет до 14 години, како круцијален период на возраст во кој се формира менталниот развој на детето. Програмата трае 10 нивоа, едно ниво трае 3­4 месеци. Децата го посетуваат нашиот центар еднаш во не­ делата по два часа, а имаат обврска дома да вежбаат секој ден максимум 15 минути. БОБ­програмата не е поврзана со почетокот и кра­ јот на училишната година, кај нас постојано се фор­ мираат групи. Родителите аплицираат во нашиот центар и со формирање на групите според одредена возраст, децата почнуваат со програмата. На крајот од секое завршено ниво децата доби­ ваат интернационални сертификати кои можат да им послужат при упис во светски признати учи­ лишта, како на пример „Оксфорд“ или при конку­ рирање во познати фирми и агенции. Една од таков тип каде што се бара сертификатот е на пример НАСА. Слободно може да кажеме дека Бреинобреин­ програмата во изминатите 10 години создаде многу генијалци. БОБ­програмата придонесува од секое просечно дете да се извлече максимумот од менталниот равој, со што од малите дечиња создава ГОЛЕМИ ЛИ­ ЧНОСТИ. Виолета Цветковска

Теодор Илиевски

АБАКУС И БРОДЧИЊАTA НА ТЕО Деновиве во Редакци­ јата на „Урбан“ имавме еден необичен гостин, петипол годишниот Тео­ дор Илиевски, иден ма­ тематички гениј. Такви се прогнозите на негова­ та учителка Анета Лен­ чиовска од Едукативни­ от центар „Светилник“. Впрочем, на првиот тест на таканаречениот Аба­ кус концепт, Теодор по­ кажал дека во светот на математиката влегува низ широки порти. Придружуван од мајка му, „натоварен“ со абакус (сметалка,) првоосвоениот пехар и диплома, Тео ни демонстрираше како со помош на абакусот најле­ сно се пресметуваат основните математички опера­ ции. Сепак, главниот штос ни го приреди со празно картонче на кое пресметуваше без да пишува­ви­ зуелно. Теодор е едно од талентираните деца кои ја по­ сетуваат наставата во Едукативниот центар „Све­ тилник“ невладина организација која, покрај оста­ натото, се занимава со психичкиот развој и креати­ вниот потенцијал на децата. Мајката на Тео ни обја­ сни дека станува збор програмата BRAINOBRAIN создадена врз база на децениски истражувањa од врвни академици со интернационално искуство во детското образование и тренинг. Во таквата едукација Абакус концептот има ва­ жна улога бидејќи овозможува голем тренинг на мозокот кај децата. Со кинеската сметачка алатка ­ Абакус симултано се комбинирани три начини на учење: визуелно, аудитивно и кинестетички. По три месеци децата одлично можат да калкулираат брое­ ви со абакусот, а подоцна абакусот се заменува со ментална слика (визуелен абакус) и калкулираат со движење на прстите на замислените топчиња од ви­ зуелниот абакус. Малиот Теодор потоа ни демонстрираше и една друга вештина, правење бродчиња и авиончиња од хартија, така што средбата заврши како што и тре­ ба, со детска игра, која е суштина на секое одрасту­ вање. На заминување, нашите гости ни препорачаа да ја нагостиме и другарката на Тео, Ања Дуковска, ко­ ја во истото училиште го освоила златениот медал, а живее во Карпош. М.Р.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

23


НАША ИДНИНА „Карпош има талент“

ГРСТ НАГРАДИ

Сестрите Екатерина и Белисима Лукарови

ТАНДЕМ ЗА СПЕКТАКУЛАРНИ НАСТАПИ Без сестрите Екатерина и Белисима Лукарови не може да се замисли ниту една свеченост или при­ редба, не само во нивното матично училиште „Лазо Трповски“ туку и во Општината Карпош. Нивниот последен настап, при доделувањето на дипломите по повод еден меѓународен литературен конкурс, беше проследен со воодушевување. Екатерина­Ена свиреше на флејта, а Белисима на пијанино, и тоа беше повод за нивното претставување и во нашиот весник. Екатерина е ученичка во шесто, а Белисима во че­ тврто одделение. И двете се одлични и омилени дру­ гарки, а како и не би биле кога знакот на нивното пре­ познавање се песната и играта. Ена ни раскажува дека музикалноста ја наследи­ ле од таткото Кристијан, академски музичар, хорист и композитор, а од мајката Оле, дарбата за уметни­ чко играње. ­И сестра ми и јас сме ученички во МБУЦ „ Илија Николовски Луј“, учиме балет и сви­ рење флејта и пијано. Токму заради тоа, често на­ стапуваат во тандем и кога се свири и кога се игра. Помалата од сестрите Лукарови, Белисима, по­ следните две години редовно учествува на натпре­ варите за млади музичари, каде има освојувано на­ гради и дипломи. Таа на Вториот меѓународен нат­ превар на млади пијанисти, одржан во Врање (Р. Ср­ бија), освои второ место. Екатерина ни се пофали за настапот на детскиот фестивал „Супер sвезда“, каде, по повод десетгоди­ шнината од постоењето со сестра и настапиле со песната „Журка“, кога добиле најсилен аплауз. И таа и другите песни, со кои настапуваат на разните приредби и натпревари, им ги компонира таткото Кристијан така што играјќи се дома вежбаат за јавни настапи. М.Р.

24

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Во присуство на 200 деца од основните училиш­ та во Карпош, во Кинотеката на Македонија дено­ виве се одржа манифестацијатаа „Карпош има та­ лент“. Стручна комисија составена од експерти во сфе­ рата на актерството, музиката и танцот, меѓу фина­ листите ги избра и ги награди најдобрите. Првото место му припадна на Ма­ рко Србиновски од ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“ за интерпрета­ ција на песната „Имеџн“ од Џон Ленон. Второто место рамноправно го поделија Стефан Алексов­ ски од ОУ “Владо Тасев­ ски“ и Матеј Божиновски од ОУ “Војдан Чернодрин­ ски“ за клавирска извед­ ба, а третото им припад­ на на Ања Давитковска и Матеј Лозановски од ОУ„ Јан Амос Коменски“ за прекрасната изведба на латино танци. На оваа манифестација беа избрани и лого и слоган со кои во иднина ќе се брендира образова­ нието во Општина Карпош. За најдобро лого беше избран предлогот на Дамјан Велков од ОУ „Јан Амос Коменски“, второто место и припадна на Галина Лукин од ОУ„ Петар Поп Арсов“, а третото место на Сара Петрушевска од ОУ„ Војдан Чер­ нодрински“. За нај­ добар слоган беше прогласен предло­ гот на Ива Мирчев­ ска Стојмилова од ОУ „Петар Поп Ар­ сов“, втор најдобар слоган беше на Са­ ра Поповска од ОУ „Петар Поп Ар­ сов“, додека тре­ тото место го освои предлогот на Сте­ фан Стојковиќ од ОУ „Братство“. Наградите на победниците им ги врачи градоначалникот на Општина Карпош Стев­ чо Јакимовски. В.Ц.


НАГРАДИ Учениците од ОУ „Лазо Трповски“ наградени во Берлин

ПОФАЛНИЦИ ЗА НАШИ ЛИТЕРАТИ И ИЛУСТРАТОРИ На 5. Меѓународен училиштен литературен на­ тпревар на тема „Кога би бил крал...“ што го органи­ зира германското здружение „Мерхенланд“ од Бер­ лин, Германија,15 ученици од ОУ „Лазо Трповски“ се наградени со пофалници. Тие се пласираа меѓу 150 најдобри во конкуренција на лични творби и помеѓу 100 најдобри во конкуренција на илустра­ ции. Учесниците на натпреварот во својата стихувана лична творба мораа да употребат најмалку десет од дадените клучни зборови од страна на организато­ рот, а на секое одделение му беше дозволено да уче­ ствува најмногу со три лични творби и една илу­ страција. Натпреварот годинава се одржа во Берлин во рамките на манифестацијата „23. Берлински денови на сказните“, а по повод 200 години од излегувањето од печат на книгата „Детски и куќни сказни“ од браќата Грим. Со свои лични творби и илустрации годинава учествуваа околу 2 500 ученици од 12 земји од све­ тот. Со вкупно 11 стихувани лични творби напиша­ ни во форма на сказновидни балади, пофалени се учениците: Кирил Соколов, Илина Милошеска,

Бисера Атанасова, Емилија Митовска, Александра Петковска-Банак, Елена Ордевска, Мартина Тасева, Огнен Бошњаковски, Тимотеј Бојаровски, Матеа Крстаноска, Јана Климоска, Сара Петрушевска, Ања Тодоровска, Ева Лазовска, Оља Тодоровска и Марија Павловска. Со соодветни пофалници за пласманот во фи­ налето, стручното жири во категорија на илустра­ ции награди и четири ученички од ОУ „Лазо Трпов­ ски“: Мартина Караскаковска, Огнена Додевска, Бојана Маројевиќ и Јована Маројевиќ. Во своето обраќање до финалистите координа­ торката на проектот, Биргит Маршал, во име на ор­ ганизаторот на натпреварот, меѓу другото, истакна: „Ви благодариме за испратените лични творби и илустрации полни со прекрасни креативни идеи и се надеваме дека имавте можност да уживате додека ги пишувавте и ги читавте стихуваните лични твор­ би и ги цртавте илустрациите. Наставници ­ ментори на овој проект се: Розита Костова, Дијана Петроска, Дивна Наумовска и Стефан Симовски. Стефан Симовски, координатор на проектот

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

25


НАШИ АСОВИ Стојан Поповски, триатлонец

ДЕСЕТ ГОДИНИ НА ДРЖАВНИОТ ТРОН Поентата на бестселерот „Алхемичарот„ на Пао­ ло Куељо е дека камчето на среќата треба да се бара под куќниот праг, а не преку девет планини и мо­ риња, прилега на приказната за ликот и делото на мојот соговорник Стојан Поповски. Имено, тука, на чекор од нас, скромен, симпатичен и елоквентен, живее десеткратниот шампион во триатлон, неко­ гашниот репрезентативец и рекордер во пливање на долги патеки, професорот по германски јазик и магистер по спортски туризам. Деновиве, Попов­ ски замина на светското првенство во Окланд (Нов Зеланд), потврдувајќи ми ја вистината за нашето старо проклетство ­ не само дека не водиме грижа за талентите туку дека не си ги познаваме и оние со меѓународно реноме. За среќа, како што вели самиот Поповски, Опш­ тината Карпош, таквите „камчиња“ ги пронаоѓа и материјално им помага во нивниот спортски стре­ меж, во случајов натпреварување со светски триат­ лонци. Се разбира, нужно е да спомнеме дека три­ атлонот е спорт, синтеза на три дисциплини: пли­ вање, велосипедизам и трчање. Освен што е спорт на одбраните, скап е и кај нас, речиси анонимен ка­ ко што се и оние кои се занимаваат со него. ... Како го открив триатлонот? Бев многу мале­ чок кога прв пат, на телевизија гледав еден натпре­ вар, но пред да се впуштам во триатлонските води, активно се занимавав со пливање, каде бев држа­ вен младински првак. Со оглед дека еден дел од тој спорт е пливањето, дека е во него вклучен и вело­ сипедизмот, решив и таму да се пробам. Навистина, тогаш и не помислував дека тој спорт ќе ми стане пасија... На првиот официјален натпревар, далечна­ та 2003 година, бев трет, а од тогаш, десет пати по ред сум државен првак во триатлон... Не потценувајќи ја домашната конкуренција, триатлонот сериозно го сфатив по настапите во ме­ ѓународната конкуренција. Поточно, сфатив дека без одрекување и пеколни тренинзи нема успех. Во, овој спорт успех е да бидеш меѓу првите пет во бал­ кански рамки и, да речеме во друштво на првите триесет, во светски рамки... Токму на меѓународните натпревари се запознав со селекторот на бугарската триатлон репрезента­ ција, Емил Стојанов, со репрезентативците на Ср­ бија и добив можност со нив да тренирам и да уче­ ствувам на четири европски и светски првенства... Кога сме кај меѓународните натпревари, сакам да ви кажам дека има недоразбирање кај нашата публика. Ако на некој од тие натпревари освоиш трето ме­

26

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

сто, велат, „а, сигурно е некое „шљ“ натпреварува­ ње“. Кога на светското првенство се пласирам на 31 ме­ сто, меѓу 107 натпреварувачи, велат, „подобро и да не се натпреварувал“. На таквите не им е познато, а ни важно дека зад себе сте ги оставиле натпревару­ вачите од земјите кои се велесили во триатлонот. Триатлонот е скап спорт. Најнеопходната и скром­ на опрема чини околу 15 илјади евра, велосипедот 6000 евра, а неговото сервисирање чини 500 евра. Да не беа одрекнувањата на моите родители, јас не­ маше да бидам тоа што сум денес, десеткратен др­ жавен првак и учесник на пет светски првенства... Сакам да кажам дека, кај нас, за таканаречените ма­ ли спортови (и не само за нив), никогаш немало до­ волно пари. Ние имаме Триатлонска федерација чиј годишен буџет изнесува 3000 евра, па сега вие виде­ те колку таа може да ни помогне на нас што сериоз­ но се занимаваме со овој спорт. Благодарејќи и на стипендијата од МОК, јас до­ бив можност два месеци да престојувам во Колора­ до Спрингс, во олимписката база на американските


триатлонци каде ме тренираше Карл Трикен. Се­ пак, не ми се оствари желбата да учествувам на две­ те последни олимпијади иако бев сериозен канди­ дат. До Олимпијадата не стасав бидејќи немав дово­ лен број настапи на меѓународни натпревари каде се добива виза за најголемиот светски спортски на­ стан. Едноставно, немаше средства дури ни за пат до местата каде се одржуваа тие натпревари.... Еве, и сега, неколку денови пред заминување за Нов Зеланд, јас се соочувам со недостиг на пари за основните потреби, а да не ви зборувам за тоа дека таму патувам сам, без придружба и веројатно дека, како и досега, ќе бидам, единствениот соло натпре­ варувач. Сепак, тоа ме прави посилен бидејќи се потпирам самиот на себе и очекувам добар пла­ сман, кој тогаш е посладок и повреден. Како и да е, благодарејќи му на Поповски, маке­ донското знаме се веело на четири светски и на пет европски првенства во триатлон и на уште педесе­ тина големи меѓународни натпревари. Токму со по­ стигнатите резултати на тие натпревари, Поповски е влезен во топ­ 10 во балкански рамки. ­ Сега сум во најубави години, значи и психички и физички подготвен во триатлонот да го дадам ма­

КАРПОШ ДОБИ

ксимумот, и без оглед на финансиските тешкотии, ќе настапувам на сите натпревари дома, а и надвор со намера да влезам во првите пет. Се разбира, така ќе се подготвам за наредната Олимпијада, бидејќи верувам дека ќе ја исполнам потребната норма и де­ финитивно ќе учествувам на најголемиот светски собир на спортисти. М. Раденковиќ

WWW.SEZARODENDEN.MK

На платото пред бистрото „Пиколо“, (ТЦ.Кар­ пош 3­т.н. Лептокарија), свечено беше промовиран стартот на единствениот интернет портал во Маке­ донија „СеЗаРоденден.Мк“ преку кој,на едно место, ќе може со само еден „клик“, да се купат за подарок производи од неколку десетици домашни и стран­

ски брендови„Ла Коста“, „Би­ воч“, „Калцедониа“, „Ин­ тимисими“, „Или“, „Бистро Пиколо“, кафе­ книжар­ ница „Три“.... На отворањето присуствуваа многу прет­ ставници од бизнис секторот, македонски естрадни ѕвезди, стилисти, модни критичари и многу нови­ нари, кои уживаа во прекрасната роденденска тор­ та подготвена специјално за овој настан од „Кане­ ла“, вкусните вина на „Тиквеш“, музиката на DJ ONE, а тоа задоволство беше проследено од будно­ то „око“ на нашите фоторепортери. ­Бројните анкети кои ги направивме посочија дека луѓето во Скопје имаат се помалку време за да го одберат вистинскиот роденденски подарок за нивните најблиски. Луѓето ретко добиваат подаро­ ци кои навистина ги израдувале, иако биле потро­ шени многу пари тие да бидат купени. Поттикната од ова, одлучив да основам компанија која ќе пону­ ди буквално сé за најзначајниот ден во годината на секој човек. Едноставно сé за роденден! ­вели соп­ ственичката на „СеЗаРоденден.Мк“, Ивана Колева. „СеЗаРоденден.Мк“ е местото каде освен вооби­ чаени подароци, луѓето ќе можат да пронајдат и малку поуникатни роденденски подароци, како ја­ вање коњи, масажи, тренинзи по зумба, аеробик, фитнес и многу други. (И.M.)

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

27


СПОРТСКИ ЛЕГЕНДИ Елизабета Чолаковска Шпољариќ

СО ИНАЕТ И КУГЛА ДО СВЕТСКИОТ ТРОН

Имам и сила и желба да помогнам во Карпош да се формира кугларски клуб, пред се бидејќи има талентирани девојчиња способни да му го вратат некогашниот сјај на македонското женско куглање, вели нашата соговорничка, заслужен спортист на Македонија Општина Карпош е постојано живеалиште на заслужни граѓани, писатели, уметници, спортисти.. Меѓу нив ги има и оние кои од медиумски аспект се то­ тални анономци, пред се поради својата вродена скромност. Дали на пример некогаш сте слушнале за Елизабета Чолаковска Шпољариќ. Претпоставу­ вам не, а убеден сум дека не можете ни да претпоста­ вите зошто таа заслужува и внимание и почит. ­ Ја сум заслужен спортист на Република Маке­ донија и уживател на Националната пензија што се доделува на спортистите кои во текот на кариерата оствариле врвни, односно светски резултати. Треба да ви кажам уште дека мојот спорт е куглање, а вр­ вот на кариерата ми е титулата на светска шампи­ онка во куглање. .. Така ја започнува својата спортс­ ка биографија нашата соговорничка, денес единст­ вена жена тренер и судија во кугларскиот спорт во Македонија.

28

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Ги бележам поважните датуми, клубови, држав­ ни, евроски и светски првенства, меѓународни тур­ нири, на кои учествувла мојата соговорничка. Уче­ ствувала и ги освојувала најсјајните признанија. Кога почнав да го срочувам текстов, сфатив дека и 36 страници на „Урбан“ би биле малку за да ги на­ редиме спортските резултати и постигања на ова симпатична и елоквентна спортистка, тренер и пе­ дагог, во спортот во кој Македонија, со години на­ назад, високо котира во светските рамки. ­ Знаете, куглањето е спорт со најмалку публи­ цитет и јас со тоа се помирив уште на своите поче­ тоци, 1974 година. Тогаш за прв пат се сретнав со куглана и куглање и ме привлече бидејќи видов де­ ка таму само од натпреварувачот зависи какви ре­ зултати ќе постигне. А со тој мој почеток сврзана е вистината анегдота. Имено, тогашниот тренер на кугларскиот клуб, „22 Декември“, Драган Коваче­


виќ, кога ме виде ме праша што бараш тука. Кога му кажав дека сакам да тренирам, се насмеа и рече: Де­ војче, барај си некој друг спорт, ти си слабичка за куглање“. Јас тогаш се заинатив и си реков, ќе ги ба­ талам шахот, пинпонгот, стрелаштвото и кошарка­ та и ќе тренирам куглање. Човекот виде не виде, ме запиша во клубот и подоцна, кога станав светска првенка, си ја раскажувавме нашата прва средба, а тој признаваше дека е добро да се биде упорен без оглед за која работа станува збор. ­ Веќе наредната, 1975 година, на првенство во Нови Сад, јас станав државен првак и веднаш ста­ нав и државна репрезентативка, и во наредните де­ сет години настапував на сите поважни домашни и меѓународни натпревари. Во домот на нашата заслужна спортистка, едно ќоше во дневната соба е украсено со дел од пехари­ те и признанијата што Бети ги освојувала во својата богата спортска кариера. Повеќето од нив се „спа­ стрени“ во картонски кутии, а дипломите, фотогра­ фиите и исечоците од весниците хронолошки се под­ редени во големи албуми. Во разговорот се фокуси­ равме на датуми и натпревари во кои е исткаена една блескава и неповторлива кариера. Првото искуство е сврзано за државното првенство во Крањ, 1974 година, каде Чолаковска­Шпољариќ одлучува на куглањето целосно да му се посвети. Веќе наредна­ та година, на првенството во Нови Сад станува др­ жавен првак и нова, најмлада репрезентативка на Југославија. Истата, 1975 година, на Светското пр­

венство во Будимпешта станува светска првенка во поединечна конкуренција и вицешампионка во двој­ ки. Во наредните шест години Бети е републички шампион, стандардна репрезентативка, и освојувач на златни и сребрени медали на сите меѓународни натпревари на кои учествувала. Сепак, круна на блескавите резултати на „малечката од Македони­ ја“ е златниот медал на Светското првенство во Брно, 1982 година. Истата година, во Македонија е прогла­ сена за спортист на година во женска конкуренција, веднаш зад борачот Трстена кој беше апсолутен спор­ тист на годината. Во следните десет години, Чолаковска –Шпоља­ риќ е преокупирана со формирањето на кугларски­ от клуб „Работнички“, со кој постигнува врвни ре­ зултати, а потоа, истото го повторува во КК „Вар­ дар“ каде станува тренер и селектор на македонската женска репрезентација. Приказната за настаните во последнава деценија не е „светла“ и мојата соговор­ ничка не го крие разочарувањето од „ политички ама­ тери во спортот“, од немање услови за тренирање на своите ученички и наследнички... На крајот од разговорот рече дека има и сила и желба, во Општината Карпош да формира кулглар­ ски клуб, бидејќи, како што вели, има талентирани девојки, способни да го повратат сјајот на македон­ ското женско куглање од времињата кога девојките од Скопје на чело со неа, Живиќ и Маџаровска, беа перјаниците на југословенското женско куглање. М. Раденковиќ

ОПШТИНА КАРПОШ ДОНИРАШЕ СПОРТСКА ОПРЕМА ЗА СИТЕ ДЕСЕТ УЧИЛИШТА Минатата недела, во ООУ „Владо Тасевски“ Гра­ доначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јаки­ мовски, донираше спортска опрема за сите десет училишта кои егзистираат на територијата на оп­ штината. Станува збор за донација од 10 маси за пинг­понг, илјада пинг­понг топчиња и 40 рекети, како и по 100 топки за кошарка, ракомет и одбојка. „Ние, изјави градоначалникот Јакимовски, при­ вршуваме со реконструкција на вашето училиште. Тоа е само едно од десетте целосно реконструирани основни училишта на наша територија и сега е на ред да ги обновиме училишните помагала. Во обла­ ста на спортот тоа се овие реквизити кои рамномер­ но ќе бидат распределени во сите училишта, со што сакаме да го поттикнеме спортскиот дух кај децата

и љубовта кон спортските вештини, рече Градона­ чалникот, обраќајќи им се на учениците и на персо­ налот на училиштето. Првиот човек на Карпош уште рече: Ќе приста­ пиме кон обнова и опремување на кабинетите по физика, хемија, информатика и се надевам дека од овие училишта ќе излезат идни академци и успешни граѓани на општина Карпош“. (В.Ц.)

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

29


30

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ


ДРУГИТЕ ЗА НАС Андреја Бочанин, заменик претседател на Врњачка Бања

„МАКЕДОНСКА КУЌА“ НА ГОЧ Во рамките на одбележувањето на Денот на на­ шата Општина, на гости ни беа и драгите пријатели, делегацијата на збратимената општина Врњачка Ба­ ња, од Република Србија. Тоа беше повод за кратки­ от разговор со г. Андрија Бочанин, вториот човек на локалната самоуправа во Врњачка Бања.  Господин Гочанин, свечерскиот дел од вашата посета се подразбира но дали, при средбата со нашиот Градоначалник и неговите соработници, стана збор за конкретни проекти? - Се согласувам со вас, во Карпош сме пречекани како вистински пријатели и убаво си поминавме. Со оглед дека нашата соработка е воспоставена ре­ лативно скоро, во октомври минатата година, немав­ ме време за некои конкретни активности, но овој пре­ стој го искористивме токму, разговарајќи за актив­ ностите кои ќе ги реализираме во иднина и во нај­ скоро време. За почеток, ние на нашите домаќини им понудивме два проекта, едниот се однесува на изградбата на мовче на реката во Врњачка Бања, ре­ плика на некој од мостовите на Вардар. Симболика­ та се подразбира. Исто така, со оглед дека на десетина километри од Бањата се наоѓа планината Гоч, убав зимско ­ ре­ креативен туристички центар, ние дојдовме на идеја на нашите пријатели од збратимените градо­ ви да им подариме плацеви на кои тие ке можат да си изградат објект со претпознатлива национална архитектура. Со други зборови, Општина Карпош да има една мала своја територија во Србија на која ќе може да изгради типска куќа, пригоден угости­ телски објект, музеј за презентација на сопствената култура. Имаме во план, наскоро да организираме еден вид берза со учество на стопанственици од нашите збратимени општини. Верувам, ќе се согласите со ме­ не дека секоја соработка на збратимените градови има смисла ако во себе содржи соработка на стопански план. Таквото мислење го делат сите наши колеги од збратимените градови.  Какви се Вашите впечатоци од овој краток престој во Карпош? ­ Импресионирани сме од она што го видовме овде. Карпош е навистина модерна, Општина со ши­ роки и цветни булевари, со многу зеленило и нови градби кои се во убав склад со објектите кои се гра­ дени порано. Јас, лично сум воодушевен од вашиот

градоначалник, од неговиот елан, харизматичност и присноста при средбата со граѓаните. А да не збо­ рувам за неговите соработници кои беа во нашата придружба, и својски се потрудија да ни угодат и да не нагостат, така што си заминуваме навистина пре­ задоволни. .. Како што е и редот, ние, г. Јакимовски и нашите нови пријатели ги поканивме во најскоро време да ни бидат гости, но се сомневам дека можеме да ги над­ минеме во гостопримството што ни го го приредија овде, без оглед на фактот што Врњачка Бања веќе 145 години практикува туризам. М.Р.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

31


СТИПЕНДИИ СТИПЕНДИСТИ НА ОПШТИНА КАРПОШ ЗА 2012/2013 ГОДИНА Веќе петта година по ред, а на иницијатива на градоначалникот Јакимовски, локал­ ната самоуправа на Општината Карпош, на талентираните ученици и спортисти им до­ дели стипендии. Со цел паричната помош да стаса во рацете на навистина талентира­ ни спортисти, Одделенијата за образование и спорт при Општината Карпош, утврдија критериуми и распишаа јавен конкурс. На конкурсот за талентирани ученици година­ ва се пријавија 52 кандидати, а на конкурсот за надежни спортисти, 108 кандидати. Двете Комисии внимателно ги разгледаа сите пријави и направија ранг листи со по че­ тири категории. Според истите, во учебната 2012/2013 година (10 месеци), паричен надо­ мест во износ од 1.500, 2.500 и 3.500 денари ќе добиваат 52 талентирани ученици и 54 млади спортисти. Наградата за вториве (во зависност од категоријата), ќе изнесува: 2000, 2.500, 3.000 и 4.000 денари. Нашиот весник со посебно задоволство ги објавува списоците на талентираните уче­ ници и млади спортисти, стипендисти на Општината Карпош за учебната 1012­ 1013 година. Список на талентирани ученици од општинските основни училишта на територија на Општина Карпош за учебната 2012/2013 година I категорија

Милан Самарџиски – ОУ „Владо Тасевски“ – 7 одд Леон Шулајковски – ОУ „Петар Поп Арсов“ – 8 одд Кристијан Мирковски – ОУ „Ј. А. Коменски“ ­ 7 одд Катерина Бујароска – ОУ „П. П. Арсов“ – 8 одд Даниел Србиноски – ОУ „Владо Тасевски“ – 7 одд Стефан Алексовски – ОУ „Владо Тасевски“ – 8 одд Андреј Весиќ – ОУ „Петар Поп Арсов“ – 7 одд Ивана Чивлачки­ ОУ „Јан Амос Коменски“ – 7 одд Наталија Калајџиеска – ОУ „П. П. Арсов“ – 7 одд Габриела Ивановиќ – ОУ „Ј. А. Коменски“ – 7 одд Мила Гавриловска – ОУ „Ј. А. Коменски“ – 7 одд Тијана Абазовска – ОУ „Братство“ – 8 одд Тијана Додов – ОУ „Јан Амос Коменски“ – 7 одд Андреј Божиновски – ОУ „Аврам Писевски“ Стефан Божиновски – ОУ „Аврам Писевски“

II Категорија

Ѓорѓи Јовановски – ОУ „Владо Тасевски“ – 8 одд Давид Христов – ОУ „Јан Амос Коменски“ – 7 одд Ангела Стојчевска – ОУ „Владо Тасевски“ – 8 одд Тиана Лазаревска – ОУ „Аврам Писевски“ – 8 одд Леонид Танасковиќ – ОУ „Братство“ – 8 одд Игор Трајков – ОУ „В. Ц. Трена“ – 7 одд Дарко Тушев – ОУ „Јан Амос Коменски“ – 7 одд Александар Чавлески – ОУ „Братство“ – 7 одд. Михаил Кржаловски – ОУ „Х. Т. Карпош“ – 7 одд Сара Грезу – ОУ „Димо Хаџи Димов“ – 7 одд

32

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Јоаким Јаковлески – ОУ „П. П. Арсов“ – 7 одд Леонита Поповска – ОУ „Владо Тасевски“ – 8 одд Берта Милевска – ОУ „В. Ц. Трена“ – 7 одд Константин Георгиевски – ОУ „П. П. Арсов“ – 8 одд Ангела Мојсовска – ОУ „Д. Х. Димов“ – 7 одд Кирил Ѓеоргиевски – ОУ „Д. Х. Димов“ – 7 одд Владимир Тасевски – ОУ „Д. Х. Димов“ – 8 одд Нора Николоска – ОУ „Ј. А. Коменски“ – 8 одд Марко Зајков – ОУ „Димо Хаџи Димов“ – 7 одд Стефан Димковски – ОУ „Д. Х. Димов“ – 8 одд. Дамјан Димовски – ОУ „П. П. Арсов“ – 7 одд Олга Дамовска – ОУ „Димо Хаџи Димов“ – 8 одд Мартина Петровска – ОУ „Д. Х. Димов“ – 8 одд


III категорија

Ален Бајро – ОУ „Јан Амос Коменски“ – 7 одд Ина Кроневска – ОУ „Владо Тасевски“ – 7 одд Тамара Тодорова – ОУ „Д. Х. Димов“ – 7 одд Сара Поповска – ОУ „Петар Поп Арсов“ – 8 одд Борјан Темелкоски – ОУ „П. П. Арсов“ – 7 одд Анѓела Стојковска – ОУ „Ј. А. Коменски“ – 8 одд. Лео Кралевски – ОУ „В. Ц. Трена“ – 7 одд Мони Михајловски – ОУ „В. Ц. Трена“ – 7 одд. Теа Тодорова – ОУ „Владо Тасевски“ – 7 одд Ана Мазнева – ОУ „Петар Поп Арсов“ – 8 одд Ѓорѓи Станојески – ОУ „Владо Тасевски“ – 7 одд Росица Турмакоска – ОУ „Лазо Трповски“ – 8 одд Дана Ќосева – ОУ „Димо Хаџи Димов“ – 8 одд Кирил Петков – ОУ „Петар Поп Арсов“ – 8 одд

Материјална помош за надежни спортисти I категорија

Дино Вучидолов, Амра Фејзула, Магдалена Таш­ ковска, Симона Заборска, Стојан Поповски, Дарко Ангелковски, Тамара Илиќ, Ивона Пејковска, Дамјан Петровски, Петар Огњеновиќ, Никола Стојков, Алек­ сандар Стојковски, Сара Радичевска, Ангела Ни­ ниќ, Сандра Иванова, Давид Пецалевски, Ирина Јанкуловска, Антонио Зврцинов, Давид Мицевски, Антонио Ристевски, Душица Јанковиќ, Xристијан Тодороски, Васил Пујовски, Илија Циривири, Ми­ лан Ристовски, Бисера Ристовска, Моника Стефа­ новска, Горазд Анастасов.

II категорија

Ѓорги Поповски, Константин Битраков, Андреј Со­ коловски, Никола Димитријевиќ, Александар Сто­ јановски, Марко Секуловски, Јаков Јованов.

III категорија

Садик Касамовски, Драгана Волкановска, Бојана Бејатовиќ, Иван Михајловски, Стефан Стојановски, Емануел Ристевски, Ведран Здравковски, Деа Здрав­ ковска, Кристина Крстевска.

IV категорија

Виктор Аспровски, Сара Гичевска, Давид Илиев­ ски, Калина Трајаноска, Стефан Стојановски, Ма­ рија Стојчевска, Кристијан Андреев, Марко Накиќ, Иван Манасов, Никола Максимовски.

Материјална помош за спортски клубови Епитетот на најспортска општина во Република Македонија, нашата Општина постојано го потврду­ ва и со материјално помагање на спортските друштва и клубовите кои егзистираат на нејзината територи­ ја. Како и во изминатите години, и во оваа, Локалната самоуправа за таа намена од општинскиот буџет из­ двои 1.745.000 денари. Се разбира, паричните сред­ ства се даваат по пат на јавен оглас и според пости­ гнатите резултати. Годинава, на конкурсот се јавија 23 спортски друштва и клубови, а Комисијата при Одделението за спорт донесе одлука материјално да помогне 18 спортски колектив, во десет категории и тоа: ОК „Вардар“, КК Карпош соколи 2000.“, ПК „Кар­ пош“, ФК „Лепенец­ Гост“, КК „Водњански лисици“, Џудо клубот „Ипон“, КФЦ, ФК „Алумина“, Шахов­ ски клуб „Карпош“, Пинг понг клубот „Спи­Стига“, Пливачки клуб „Акватик“,ШК „Гамбит“, Спорт клуб „Херкулес“, ОК „Фит фан волеј“, Полициски боречки клуб „7. мај­Тигар“, РК „Велкова 5“, БК „Универ­ залци“ и Мото клуб „СК­ Мото“.

СЈАЕН СТАРТ НА КОШАРКАРСКАТА ЛИГА Во рамките на програмата за одбележување на Денот на Општина Карпош – 3 Ноември, деновиве, во спортската сала на ОУ „Владо Тасевски“ се одржа кошаркарски турнир за учениците од средните учи­ лишта од територијата на Општина Карпош. Ста­ нува збор за првото коло од Кошаркарската лига за учениците од нашата Општина. На стартот од натпреварувањето се одиграа два натпревари. Во првиот, кошаркарите на „Георги Димитров“ ги победија врсниците од „Орце Нико­ лов“ (54:40), во вториот натпревар, момчињата од гимназијата „Кочо Рацин“ беа подобри од кошар­ карите на „Нова“ (67:64) Вкупниот награден фонд за годинешната Ко­ шаркарска лига на средношколци изнесува осум­ стотини илјади денари.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

33


ФОРУМ НА ЗАЕДНИЦАТА

ГРАЃАНИТЕ ИЗБРАА: ОБНОВА НА ГРАДИНКАТА „ПРОЛЕТ“ Деновиве, во просториите на ООУ „Лазо Трпов­ ски“ се одржа петтата, претпоследна форумска сеси­ ја од проектот „Форум на заедницата“. Со десет до­ биени петки за проектот ­ Подобрување на условите за реализација на воспитно образовната работа и намалување на оперативните трошоци, преку зго­ лемување на енергетската ефикасност на објектот, победи проектот на ЈУОДГ „Пролет“ – Карпош. Имено, Општина Карпош, во периодот од јуни до октомври годинава, во серија од пет сесии го реализираше проектот „Форум на заедницата“. Проектот има за цел да го зајакне граѓанското уче­ ство во процесот на одлучување на локално ниво, да се подобрат партнерствата помеѓу локалните су­ бјекти и да се изнајдат поефикасни решенија за проблемите од интерес на целата заедница. Да потсетиме, проектот е поддржан од Швајцар­ ската агенција за соработка и развој со 2.400.000 де­

34

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

нари и 2.400.000 денари од локалната самоуправа, а е имплементиран од фондацијата Отворено опште­ ство – Македонија. На сесијата учествуваа градона­ чалникот Стевчо Јакимовски и секретарот на Оп­ штина Карпош, Владо Поповски, и зборуваа за тоа што до сега е преземено и што се планира во иднина за целосна реализација на избраниот проект. Градоначалникот Јакимовски им се заблагодари на присутните за нивното учество во форумите и го­ лемиот интерес за ваквиот вид на распределување на средствата, и при тоа нагласи: ­Овие форуми не поттикнаа и од следната година, при правење на бу­ џетот ќе определиме средства за секоја урбана заед­ ница, а самите граѓани ќе одлучат за што ќе бидат наменети тие средствата “. E. K.


АКЦЕЛЕРАТОР УСЛУГА - ПСМ СТАРТАП ПРЕДИЗВИК ПСМ Фондација (www.yes.org.mk) и Општина Карпош ви го најавуваат почетокот на проектот “Акцелератор услуга-ПСМ стартап предизвик”. Проектот вклучува селекција на 20 млади луѓе од Општина Карпош (преку отворен конкурс), кои ќе поминат 3 месеци во ПСМ Акцелераторот каде ќе добијат бесплатен простор за работа, совети од ментори, можност за вмрежување со потенцијални инвеститори и средби со успешни претприемачи кои ќе им помогнат да се соочат со предизвиците во текот на престојот. Понатаму, по изминување на периодот од 3 месеци, врз основа на различни параметри за развој (генерирани приходи, склучени договори, квалитет на понудените услуги итн.), тројцата нај-

успешни учесници ќе бидат наградени со награден фонд во износ од 120 000 денари. Проектот има за цел да овозможи соодветни ресурси на младите кои веќе работат одредена форма на услужен бизнис, но сеуште немаат регистрирано своја компанија. Со ова би се создала нова генерација на претприемачи, кои понатаму би биле идни работодавачи и би креирале работни места во заедницата. Сите заинтересирани за учество треба да се пријават на trainings@yes.org.mk со пополнета апликација најдоцна до 20 декември 2012 година. *Апликацијата можете да ја најдете на веб страната на ПСМ Фондација www.yes.org.mk


ИЛЈАДА „ЦВЕТЧИЊА“ ЗА СРЕЌЕН РОДЕНДЕН


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.