Весник на локалната самоуправа март-април 2013 • бр. 26-27 • година 5
ЈАКИМОВСКИ ПОВТОРНО ТАТКО НА ОПШТИНАТА
2
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ -АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ
ВО ОВОЈ БРОЈ Весник на локалната самоуправа март-април 2013 • бр. 26-27 • година 5
ИНТЕРВЈУ ИМ СЛУЖАМ САМО НА ГРАЃАНИТЕ НА КАРПОШ
.................................................. 4
ЈАКИМОВСКИ ПОВТОРНО ТАТКО НА ОПШТИНАТА
Издава Општина Карпош ул. „Демир Трајко“ бр.43 1000 Скопје, Р. Македонија
ВЕТЕНО СТОРЕНО СТАРТ НА ГРАДЕЖНАТА СЕЗОНА 2013
тел.: 02 / 30-61-353 факс: 02 / 30-71-040 kontakt@karpos.gov.mk www.karpos.gov.mk
................................................ 13
Издавачки совет
РАЗГОВОР
Димче Мешковски
Кристијан Хартвиг
Стевчо Јакимовски
Главен и одговорен уредник Виолета Цветковска vikipr@karpos.gov.mk
КАРПОШ Е ПРОФЕСИОНАЛЕН ПРЕДИЗВИК ЗАШТО ЧЕКОРИ НАПРЕД
............................................... 20
Уредник Миле Раденковиќ mile.radenkovic@karpos.gov.mk
Редакција Игор Ѓуровски
СОРАБОТКА
Мила Глигорова Ива Манова Елена Кузмановска
НА ГОСТИ ЗА ЈУБИЛЕ ЈОТ НА НОВ БЕЛГРАД
................................................ 22
Живко Трајановски Технички уредник Зоран М. Гулевски
СПОРТОРАМА ПОБЕДНИК ХРВАТОТ ЗДЕНКО КОЖУЛ
................................................ 28
Лектура Лилјана Петрушевска-Кочовска Ангелина Николовска Фотографија Ива Манова
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ-АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ
3
ИНТЕРВЈУ Стевчо Јакимовски повторно општински татко
ИМ СЛУЖАМ САМО НА ГРАЃАНИТЕ НА КАРПОШ По дваесет годишно владеење во Општина Карпош СДСМ придонесува за инсталирање на партијата ВМРО ДПМНЕ во институциите на Општината. Нам не ни преостанува ништо друго освен да се обидеме да најдеме решение за функционирање на Советот на општина Карпош, и нормално дека ќе направиме разговори за соработка со другата пратеничка група
По трет последователен пат добивате доверба за мандат од жителите на Карпош. Очекувано? Да, очекувано. Со оглед на сработеното, од резултатите од досегашната работа, задоволството на граѓаните, како и проектите коишто беа реализирани, граѓаните сега можат непосредно да плодоуживаат во сето тоа. Имајќи предвид дека комуникацијата со граѓаните беше непосредна и секојдневна, и дека во изминатиот временски период се потрудивме на сите граѓани коишто имаа потреба од помош, да им излеземе во пресрет, значи дека постоеше едно заедничко почитување помеѓу мене, како градоначалник и граѓаните на Општина Карпош. Затоа, резултатот од оваа соработка се преточи во огромен број на гласови и поддршка, како во првиот, така и во вториот круг. Колку време и енергија треба да се инвестира во граѓаните, за приближно да очекувате возврат преку нивните гласови. Всушност, што е поголемиот влог, минатото или иднината? Сработеното или ветените програми?
4
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ -АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ
За да ја стекнете довербата од граѓаните не ви е потребна енергија, туку напротив, работата треба да ви претставува задоволство. Мене, функцијата градоначалник ми претставува задоволство, како и лична сатисфакција да им помагам на моите сограѓани. Едноставно да ги решаваме нивните проблеми коишто се во наша надлежност. Сметам дека граѓаните ми ја дадоа својата доверба и за тоа што е сработено во минатото, но и она што се наоѓа во рамките на мојата програма, за иднината на Карпош. Она што беше најповолно оценето во оваа изборна кампања, е токму тоа, што за нејзиното времетраење не се посветив на критикување на моите политички противкандидати. Напротив, јас ја обелоденив мојата визија за развој на нашата Општина и настапував со проекти, а не со омаловажување на моите политички ривали. Несомнено, настапивте со една од поамбициозните програми. Како градоначалник, како менаџер, колку сте навистина кондиционирани да го остварите сето тоа, финансиски, кадровски?
Да бидам искрен, и она што го ветувавме во 2009 година, веројатно многумина не веруваа дека ќе го оствариме, но очигледно дека ние ги постигнавме тие резултати. Таа година, во нашите ветувања не стоеше дека ќе ги реновираме сите основни училишта, но го сторивме тоа. Не ветивме дека ќе реконструираме 135 улици, но сепак ги реновиравме истите, асфалтиравме улици со вкупна должина над 60 километри, направивме фекални, атмосферски канализации и водоводи во должина од над 15 километри. Потоа, тротоари во должина од 45 километри, над 25 километри пешачки патеки, што само говори дека, доколку постои желба, доколку се осмислат вистинските проекти и сето тоа чесно се сработи, во тој случај она што е ветено, може и да се реализира. Според вас, кои се приоритетите кои ги очекуваат граѓаните во следниот четиригодишен мандат, а кои се вашите фаворити во програмата? Дефинитивно, најголем приоритет е гасификацијата, промената на азбесните покриви, фасадите, бесплатните ужинки, екскурзии и бесплатниот престој во градинките. Очекувате ли некои “тесни грла”, какви што се во делот на образованието, на пример токму ужинките? Не очекувам никакви тесни грла. Впрочем, затоа граѓаните ни ја изразија својата доверба, да ги решаваме нивните проблеми и потреби. Нашите проекти се претходно обмислени целосно, со целосна финансиска конструкција и се придружно, така што нивната реализација не е спорна. Програмата врз основа на која ја добивте довербата на граѓаните е всушност четиригодишна. Кои се плановите за првата година? За првата година, во план е да ги подмириме нашите обврски коишто ги имаме од досега сработеното. Понатаму, да ги решаваме основните инфраструктурни проблеми, како што можете и сами да се уверите според активностите на локалната самоуправа кои се одвиваат во моментов. Веќе започнавме со изградба на паркинзи, канализации, асфалтирање на улици итн. И потоа, полека да се подготвуваме за проектите коишто ги ветувавме од минатиот септември, да стартуваме со проектите кои ги ветивме за време на изборната кампања. Освен убедливата победа за општински татко, Карпош е во состојба на „пата-пата“ со советничките мандати. Каква соработка очекувате и дали ќе има пречки? Ќе ве корегирам. Состојбата за нас не е „пата-пата“. Владејачката и опозициската партија се во таква позиција. Ние освоивме пет советнички места, за жал, за 37 гласови не успеа да влезе и нашиот шести советник. Очигледно е дека треба да направиме коалиција. Најпрво, се обидовме да стапиме во контакт со раководството на Општинската организација на
СДСМ. И покрај двата обида да оствариме контакт, со цел да реализираме понатамошна соработка во Советот на општината, а сето тоа во интерес на граѓаните на Карпош, тие очигледно дека не ја сакаат соработката што им ја понудивме, по што следуваше одбивање од нивна страна. Тоа е навистина смешен и зачудувачки потег од раководството и на Општинската организација на СДСМ, и од раководството на истата партија. Практично, тие самите, по дваесет годишно владеење во Општина Карпош, придонесуваат за инсталирање на партијата ВМРО ДПМНЕ во институциите на нашата Општина. Нам, не ни преостанува ништо друго, освен да се обидеме да најдеме решение за функционирање на Советот на општината и нормално дека ќе направиме разговори за соработка со другата советничка група, ВМРО ДПМНЕ. Секако дека нема да дозволиме Советот да биде блокиран, туку напротив, мораме да функционираме во интерес на нашите жители. Тоа и ќе го сториме. Дали значи дека во Карпош победи всушност граѓанскиот пристап, определбата на граѓаните да гласаат за личност која првенствено, служи на граѓаните, а не на партијата? И 2000-та година граѓаните препознаа во мене силна личност, којашто ќе покаже вистински резултати на градоначалничката функција. Затоа, тогаш победив со 20.700 гласови и уште во првиот круг ја осигурав победата. Јас, како кандидат за градоначалник, вложив огромен труд и придонес за да биде постигнат тој голем успех. Во 2009 година, граѓаните ги препознаа истите вредности, затоа што јас, и покрај тоа што бев член на одредена политичка партија, не се однесував како строго партиски војник, туку функцијата градоначалник ја сфаќам како функција којашто треба да им служи на сите граѓани на Општина Карпош. Тој момент граѓаните веднаш го перцепираа како одлика која треба да биде вткаена во карактерот на секое лице, што е носител на јавна функција. Сметам, дека вистинскиот лик на мојот коректен однос кон сите граѓани на оваа Општина, кон сите припадници на различните политички опции, како и граѓаните од различна вероисповед и нација, дојде до полн израз, токму во оваа кампања. Сето тоа резултираше со огромна поддршка, која граѓаните во вид на доверба ја изразија кон мене. За волја на вистината, Карпош испрати силен сигнал во една политичка ситуација во којашто имаме тотално изгубена опозиција, која не функционира, каде што нејзиното раководство буквално се занимава самото со себе. Во ваква ситуација, повеќе од јасно е дека граѓаните се желни и очекуваат нова политичка опција, којашто ќе ја преземе опозициската палка која во овој миг се наоѓа во рацете на неспособната коалиција на опозицијата на чело со СДСМ. Виолета Цветковска
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ-АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ
5
ВЕРИФИКАЦИЈА ВРАЧЕНО УВЕРЕНИЕТО ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ Претседателката на Општинската изборна комисија, Јулијана Тасиќ, на 19 април официјално му го врачи уверението за избран градоначалник на Општина Карпош на Стевчо Јакимовски. Со ова уверение се верификува новиот четиригодишен мандат на староновиот градоначалник Јакимовски за периодот 2013-2017 година. Честитајќи му го новиот мандат, претседателката Јулијана Тасиќ изрази надеж дека граѓаните на Карпош и натаму ќе бидат задоволни од неговото раководење на општината како што тоа беше досега. Градоначалникот Стевчо Јакимовски и` се заблагодари на претседателката, ка-
6
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ -АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ
ко и на сите присутни членови на Општинската изборна комисија и им посака и натаму да имаат вакви избори како во Општина Карпош, кои поминаа во мирна, фер и демократска атмосфера. Тој им се заблагодари на граѓаните на Карпош за искажаната доверба и изрази надеж дека изборната програма ќе ја реализира во ветените рокови, но посочи и дека претстои уште многу работа за воздигнување на Општина Карпош во една вистинска урбана европски модерна општина. В. Ц.
СОВЕТ Конституиран новиот Совет на Општина Карпош
ПОДНОВЕНА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА По завршувањето на вториот круг од локалните избори, на 12 април се одржа првата конститутивната седница на Советот на Општина Карпош. На седницата се изврши верификацијата на мандатите на новите членови на општинскиот совет, на која новите советници потпишаа свечени изјави. Советот на Општина Карпош е составен од 23 члена, од
кои девет се од коалицијата „За подобра Македонија“ од ВМРО-ДПМНЕ, девет од коалицијата „Сојуз за иднината“ предводена од СДСМ и петмина од Српската напредна странка во Македонија, чиј кандидат беше и победникот на овие локални избори, новоизбраниот градоначалник Стевчо Јакимовски.
СОВЕТНИЧКА ГРУПА НА СНС Прим. д-р Добрила Андоновска е родена на 28 април 1958 година во Тетово. Мажена е и има две деца. Средно гимназиско образование завршила во Скопје, а дипломирала на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1983 година. Во 1992 година положила специјалистички испит по пластична, реконструктивна и естетска хирургија. Извесно време работела како професор во Средно медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“, а почнувајќи од јули 1985 година до денес работи во ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, Скопје. Повеќепати била на раководни функции, а посетувала и бројни едукативни програми и студиски претстои: здобивајќи се со сертификат за менаџмент во здравство според програмата на Тертиа. Активно била вклучена во сите изборни циклуси. На вонредните парламентарни избори во 2011 била раководител на Центар за комуникации при изборниот штаб на СДСМ, Карпош. На истата позиција била назначена и за претстојните локални избори во 2013 год. Во 2013 година таа е носител на кандидатската листа на градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.
Роберт Живадиновиќ е роден на 15 мај 1967 година. По професија е дипломиран градежен инженер (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје). Вработен е во ГИ „Македонија“ АД- Скопје, каде бил соработник, самостоен инженер, раководител на сектор и координатор на повеќе проекти од областа на геомеханиката и на геотехниката. Учествувал на многубројни симпозиуми, семинари и конференции. Член е на Друштвото за геотехника на Македонија. Оженет е и е татко на две деца. Зборува англиски јазик.
Горан Михајлов е роден1963 година во Скопје. Основно училиште завршил во „Петар Поп-Арсов“ (Иван Горан Ковачиќ), гимназија во „Никола Карев“, а Правен факултет на „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје. Член на советот на Општина Карпош од 2000 година. Претседател е на комисија за култура на Совет на Општина Карпош од 2005 година. Од 2001 до 2005 година бил секретар на советот на Град Скопје. Оженет е. Зборува англиски јазик.
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ-АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ
7
СОВЕТ Проф. д-р Зоран Т. Поповски е роден во 1962 година во Скопје. По професија е биолог, со завршени студии на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Магистрирал на Природно-математичкиот факултет, а докторирал на Земјоделскиот факултет во Скопје, каде што е редовен професор. Дел од својата специјализација реализирал на Универзитетот во Осака (Јапонија), а подолги студиски престои остварил во Франција, Италија и во Индија. Досега има објавено повеќе од 100 научни и стручни трудови. Во периодот од 2002 до 2006 година бил државен секретар во Министерството за образование и наука, бил член на Научниот комитет на НАТО и на Советодавниот одбор на Европската фондација за обука. Од УНЕСКО двапати е ангажиран во изготвување на стратегиски документи за образованието во Југоисточна Европа. Исто така учествувал во подготовка на документи за потребите на меѓународните организации „Спасете ги децата“ и „Фонд за едукација на Ромите“.
Дејан Димковски е роден на 5 септември 1971 година во Скопје. Според образованието е дипломиран економист, а досегашниот работен век го поминува во малото стопанство, во сопствена фирма. Политички беше ангажиран во СДСМ сè до 16 февруари, кога еднострано и без образложување беше исклучен од партијата. Се служи со англиски јазик. Оженет е и има две деца.
8
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ -АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ
СОВЕТНИЧКА ГРУПА НА СДСМ Примариус д-р Иван Спировски е роден 1954 година во Скопје. Основно училиште, гимназија, медицински факултет, како и специјализација по општа хирургија завршил во Скопје, а субспецијализација по абдоминална хирургија, во Скопје, Љубљана и Софија. Примариус е и магистер на медицински науки. Вработен е на Клиниката по хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје. Последните 30 години живее во Карпош, во месната заедница Владо Тасевски. Според неговото мислење, кампањата за локалните избори 2013 година во Општина Карпош СДСМ, односно Сојузот за иднината, ја завршил успешно, иако истата се водеше во кратко време и со многу притисоци и непринципиелности. Сепак, бројот на освоените места во новиот Совет на Општина Карпош, според Спировски, е гарант за успешна работа во интерес на граѓаните на Општина Карпош. Во текот на својот мандат, како советничка група Спировски вели дека ќе се залагаат за постојано подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на Општина Карпош, водејќи сметка за модерните стандарди на урбаното живеење. Свесни дека, општината, како жив организам, постојано ќе се менува, особено ќе се залагаат за зачувување на животната средина.
Гоце Гавриловски е роден на 24 февруари 1983 година во Скопје. Дипломирал на Градежниот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Професионално работи во областа на градежништвото, а има активно познавање на англиски јазик.
Владимир Кироски е роден на 17 март 1974 година во Гостивар. Дипломиран инженер архитект и дипломиран специјалист за односи со јавноста (Лондонска школа за односи со јавноста – ЛСПР). Магистрант на Економскиот институт. Работно е ангажиран во здружението „Знак за квалитет“, каде е извршен директор. Претходно работел во менаџмент-агенциите „Индиго“ и „Идеја плус“, а бил и еден од основачите на Берзата за вработување. Од 2002 до 2006 година бил претседател на одборот за контрола на финансиско и материјално работење во Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на РМ. Активно е вклучен во изработка на повеќе проекти. Член е на централниот одбор на Либерално–демократска партија и претседател на одборот за меѓународна соработка на истата. Оженет е и татко е на две деца. Одлично зборува англиски и француски јазик.
Магдалена Несторовска е родена на 5 април 1961 година во Штип. Таа е магистер по правно-политички науки, а образованието го има оформено на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Вработена е во Министерството за одбрана, како раководителка на одделението за одбранбено планирање. Како член на СДСМ активно учествува во сите партиски активности и дава особен придонес во Клубот на жени на СДСМ. Активно зборува англиски јазик.
Марин Алексов е роден на 2 август 1986 година. Aпсолвент е на Правен факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Има завршено повеќе обуки од областа на политиката, учествувал на семинари и на конференции поврзани со проблематиката на младите во
нашето општество. Особено активен член е на СДСМ, а во подмладокот на својата матична партија е и претседател на општинскиот разгранок на Социјалдемократската младина. Го зборува англискиот јазик.
Љиљана Симоновска е родена на 1 јуни 1950 година во Охрид. На Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ дипломирала на Институ тот за педагогија. Вработена е во Здравствениот дом на Скопје, (педагог и терапевт лиценциран од „ Монтесори“). Држела практична настава за студенти по педагогија, психологија и по дефектологија. Учествувала во повеќе проекти, (УНИЦЕФ и ФИООМ). Претседателка е на педагошкото здружение „Медико“, генерален секретар на Македонското здружение „Монтесори“ и член на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА. Особен придонес дава во целосната едукација на младите во поглед на проблемите што се наметнуваат со современиот тек на живеењето, односно во поглед на модерните зависности и пороци.
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ-АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ
9
Даница Мартиновска е родена на 31 јануари 1941 година во Долнодупени, Ресенско. Целиот работен век го поминала во администрацијата на Општина Карпош, извршувајќи повеќе одговорни работни задачи, главно во кабинетите на општинските функционери. Почнувајќи од осамостојувањето на Република Македонија е во СДСМ и е еден од најистакнатите и најактивни членови, организатор на многу значајни манифестации во локалната самоуправа на Општина Карпош и во матичната партија. За својата предана работа во сите институции била пофалувана и наградувана. Од 2013 година е пензионер.
Марјан Огњановски е роден на 8 март 1956 година во Скопје. Тој е дипломиран економист и сопственик на приватна фирма МГН – ТИМ – Скопје, во чиј состав е и детската марка „Магнолија“, кој успешно егзистира 21 година. Како поранешен ракометар и репрезентативец на Македонија, љубовта кон спортот ја продолжува како функционер во Ракометната федерација, каде извршува функција генерален секретар. Во меѓувреме членува во повеќе комисии во Европската ракометна федерација, а меѓународен делегат е на повеќе европски натпреварувања. Од 1990 година е член на ВМРО-ДПМНЕ, а од 2010 година станува член на Обединети за Македонија. Сега е претседател на претседателството на ОМ.
10
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ -АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ
Филип Даскаловски е роден на 28 февруари 1988 година во Скопје. Гимназијата „Георги Димитров“ ја завршил во 2006 година, а сега е апсолвент на државниот универзитет на студии по новинарство. Учествувал на повеќе семинари и конференции, а активно се занимава со кошарка. Поседува сертификат во областа на осигурувањето. Зборува англиски јазик.
СОВЕТНИЧКА ГРУПА НА ВМРО-ДПМНЕ И КОАЛИЦИЈАТА Сашо Лазаровски е роден на 4 мај 1978 година во Скопје. На Економскиот факултет во Скопје дипломирал меѓународни економски односи, а потоа образованието го проширувал на Универзитетот за национално и светско стопанство во Софија и на „Конрад Аденауер Штифтунг академија“, каде стекнал сертификат од политичка академија, меѓународни односи и дипломатија. Сега е заменик-министер за локална самоуправа, а во периодот од 2003 до 2011 година работел како: управител на компанија ДГПТУУ „Диабло ком“ ДООЕЛ, бил помошник директор во секторот за меѓународни гранични премини и во Јавно претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. Извесно време работел и како самостоен референт за план и за анализа. Од 2008 до 2010 година, во Агенција за инвестиции на РМ бил промотор во Р. Бугарија. Во периодот од јуни до август 2010 година бил директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Одлично зборува англиски и бугарски јазик, а се служи и со францускиот јазик. Оженет е и живее во Карпош.
Д-р Цве танка Бајрактарова-Мишевска е родена во Скопје на 28 јули1971 година. На Стоматолошкиот факултет во Скопје дипломирала во 1994 година. Истата година се вработила во Универзитетскиот стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“Скопје. Специјалистичкиот испит по ортодонција го положила во 2000 година, а магистрирала во 2004 година. Од 2009 година е раководител на Клиниката за ортодонција при ЈЗУ УСКЦ „Св. Пантелејмон“. Автор е и коавтор е на повеќе стручно-научни трудови објавени во земјата и во странство и добитник е на повеќе благодарници. Член е на централната здравствена комисија на ВМРО-ДПМНЕ и член на Советот на Општина Карпош во претходниот мандат. Мажена е и мајка е на две деца. Активно го владее англискиот јазик.
Емил Угриновски е роден 1972 година во Скопје. Дипломирал стоматологија на Медицински факултет, а специјализирал орална хирургија. Сопственик е и директор на медицинската установа „Неуромедика“. Се занимава со спорт, а активен е и во работата на Ракометната федерација на Македонија. Покрај тоа, со години наназад спонзорира повеќе спортски колективи во државата, особено во областа на ракометот. Политички е активен, а како член на ВМРО-ДПМНЕ, трет мандат е член на Советот на локалната самоуправа на Општина Карпош. Женет е и татко е на две деца. Зборува англиски јазик.
Благоја Драган Неделковски е роден на 18 мај 1988 година во Скопје. Завршил Економски факултет, насока надворешна трговија, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј во Скопје“. Од 2010 до 2012 година работно бил ангажиран во сенатот на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, а член е и на управниот одбор на ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје. Со успех има завршено: обука за демократија при Институ тот за демократија во школата „Да учиме заедно“, обука за политиките на ЕУ и учество во работилницата од проектот „Младите, дел од Европска Македонија“ организирана од ИРЛЕИ, обука по европско граѓанство во периодот ноември 2006 – мај 2007. Учествувал на семинар на тема – „Градење порака и комуникации на политичко и владино ниво“ организиран од ИРИ, семинар за „Менаџмент на настани“ во организација на „Мотива кампањ менаџмент“ од „Конрад Аденауер“ и неколку политички академии во организација на „Конрад Аденауер“. Завршил и обуки за водење кампања од „Мотива“. Зборува англиски јазик.
Тања Ристевска е родена на 9 мај 1973 година во Скопје, каде во 1991 година го завршила УСО „Зеф Љуш Марку“ - просветна насока, а потоа во 1996 година и Земјоделски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, стекнувајќи звање дипломиран земјоделски инженер - општа насока. Особено е активна во органите и телата на матичната партија, посебно во Општина Карпош. Зборува англиски јазик, но има и основни познавања од германскиот јазик. Мажена е и живее во Карпош, на Јуриј Гагарин бр. 51/11.
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ-АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ
11
Панче Стојановски е роден на 29 јануари 1954 година во Скопје. Економист е и работел како комерцијалист во „Интер промет“ – Скопје. По осамостојувањето на Република Македонија целосно му се посветува на малостопанствениот бизнис, занимавајќи се со трговија на дефицитарни продукти на просторите на поранешна Југославија и надвор од нејзините граници. До активно вклучување во политиката, односно во Демократски сојуз на Македонија (2001 година), бил сопственик на фирмите „Веком“ и „Панекс“, а извесен период бил и косопственик на рудник за јаглен. Сега е на должност заменик-директор на ЈП „Градски паркинзи“, каде извесно време бил и главен директор. Советник во локалната самоуправа на Општина Карпош бил и во претходниот мандат. Оженет е и има три сина и два внука. Се служи со англиски јазик. Игорче Кузманоски е роден на 20 март 1978 година во Скопје. Живее на улица Бриселска 9-2/7. Во 1996 година завршил ЕТУЦ „Михајло Пупин“ Скопје (електротехничар енергетичар), а во 2000 година и Виша тренерска школа, отсек - тренер по атлетика и Факултет за физичка култура, отсек професор по физичка култура. Работел како атлетски тренер (АК Скопје) и во Сојуз за слепи лица во Скопје (атлетика и голбал) а бил и менаџер во кафе-бар „8“. Покрај македонскиот, одлично зборува, англиски, бугарски и српски јазик. Дружељубив е, со одлични комуникациски и организаторски способности.
12
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ -АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ
Давор Грче е роден на 4 февруари 1969 година во Скопје. ЖУЦ „Владо Тасевски“ го завршил во 1987 година, а ВШС во 1990 година. Во тек се неговите студии на Факултетот за менаџмент. Досегашниот работен век (29 години) го поминал во МЖ „Транспорт“, работејќи како помошник, машиновозач, надзорник и главен диспечер. Последните 13 години е главен контролор - инструктор. Како претставник на ДПСМ, од 2009 до 2013 година е советник во локалната самоуправа на Општина Карпош, каде бил претседател на Комисијата за спорт и млади. Зборува српски и англиски јазик.
Даниела Штерјова, наставничка по англиски јазик во основно училиште „Петар Поп-Арсов“, е родена на 28 јуни 1966 година во Прилеп. Средното образование го оформила во гимназијата „Орце Николов“ (1982-1985) во Скопје. На Филолошки факултет, на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, дипломирала англиски јазик со македонски јазик и книжевност. По дипломирањето работела како наставник по англиски јазик на Работничкиот универзитет „Кочо Рацин“ во Скопје, а била и хонорарен предавач во МРТВ. Во периодот од 1999 до 2012 година учествувала на повеќе обуки, семинари и конференции: На ЈИЕ Универзитет со успех го положила испитот за директор на основно училиште и од обуките „Мотивирај за да едуцираш“, реформа во образованието, „Пеарсон Лонгман“ и МОН. Во 2012 година во Берлин, учествувала на меѓународната „Летна академија на Централна Европа“ Покрај англискиот, зборува италијански и делумно германски јазик.
ВЕТЕНО СТОРЕНО СТАРТ НА ГРАДЕЖНАТА СЕЗОНА 2013 Благата зима и топлите денови ни овозможија годинава порано да ја отвориме градежната сезона за тековната 2013 година. Тоа, практично, значеше дека во изминатите два месеци, март и април, и покрај другите обврски и законскиот „мораториум“, секторот за градежни работи и комунални дејности сепак успеа да ги заврши веќе преземените обврски од минатата година и работеше на речиси 30 инфра-
структурни објекти. Се реконструираа, односно асфалтираа или се во фаза на асфалтирање пет улици (претежно во населбата Влае), почна покривањето на каналот кај месноста Куршумлица во Козле, се направи плоштадот кај споменикот на народниот херој Кузман Јосифовски Питу и уште дузина други проекти. Почнавме храбро...
Новопроектирана улица во населба Влае 1 од ул. Петар Чаулев до Ацо Шопов
Реконструкција на сливници на ул. Букурешка на ул. Бр. 8 и бр. 12
Реконструкција на сливник пред зграда на ул. Јуриј Гагарин бр. 45
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ-АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ
13
Нова делница од ул. Борка Талевски
Покривање на на отворен атмосферски канал во месноста Куршумлица
Реконструкција на оштетена патека на ул. Јуриј Гагарин бр. 19
Ново паркиралиште на ул. Братфордска бр. 1
14
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ -АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ
Поплочување околу настрешница позади кула бр. 12 на ул. Никола Тесла
Реконструкција на патеки на десна страна од ул. Иван Цанкар
Место за одмор и дружење во Тафталиџе 1 ул.Варшавска
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ-АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ
15
Ново детско игралиште на ул. Стрезова
16
Реконструкција на шахти на паркинг на ул. Московска кај Скопски пазар
Реконструкција на сливници и цевовод на крак од ул. Варшавска према паркингот
Реконструкција на сливници на ул. Дамаска
Поставување на сливници на ул. Титовоужичка и ул. 507
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ -АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ
ВЕСТИ Хуман почеток на новиот мандат
ВЕЛИГДЕНСКА АКЦИЈА ВО КАРПОШ По повод претстојните Велигденски празници, во изминатиот викен(д 27-28 април), се одржа деветти пат по ред, традиционалната хуманитарна акција “Да бидеме хумани за нашите соседи”. Пред поголемите маркети во 14-те урбани и месни заедници во Општина Карпош, локалната самоуправа постави свои штандови, на кои жителите на Општина Карпош, како и другите купувачи, можеа да ја демонстрираат својата хуманост на дело, при своето редовно пазарење во маркетите, донирајќи, по сопствен избор, најразлични производи, наменети за своите сограѓани кои се наоѓаат во потешка материјална состојба. Од насобраните производи, ќе бидат формирани т.н „хуманитарни пакети“ и истите ќе им бидат врачени на социјално загрозените семејства. Кон оваа хумана акција се приклучи и првиот човек на Општината, Стевчо Јакимовски кој донираше прехран-
бени производи кои ќе бидат добредојдени во некои од материјално загрозените семејства за време на големиот христијански празник – Велигден. -Ние континуирано ја спроведуваме оваа хуманитарна акција, трипати во годината. Пред Велигден, пред Божиќ како и пред Денот на Општината. Ги повикавме сите граѓани на општина Карпош да учествуваат во оваа акција, со што ќе ја покажат хуманоста кон своите сограѓани кои се наоѓаат во потешка материјална состојба. На ваков начин, сакаме да ја ублажиме нивната социјална положба за која се надеваме дека е од времен карактер – изјави општинскиот татко. -Со овој хуман гест, сакаме да покажеме дека Карпош, како општина на солидарноста и натаму ќе ги помага сите оние коишто се наоѓаат во зоната на социјалниот ризик – додаде Јакимовски. И.Г.
СО „ЗДРАВ ЖИВОТ“ ПРОТИВ АЛКОХОЛИЗМОТ Минатиот месец во просториите на Клубот на пензионери во Карпош 3, се одржа Меѓународна конференција за борба против алкохолизмот и против други видови зависности, како и за работата на клубовите на лекувани алкохоличари. Здружението на апстиненти „Здрав живот“, предводено од претседателот Владимир Панзов, Општината Карпош и Општина Велес втор пат се организатори на ваква трибина, на која се дебатираше за последиците од лошите навики на луѓето. Трибината беше од отворен карактер и имаше едукативно значење за учениците од ООУ „Лазо Трповски“ кои беа гости на оваа конференцијата. Интеракциската дискусија е од големо значење за мла-
дите кои може да се сретнат со деликатни ситуации во секојдневието и со луѓе од оваа категорија на зависници. Претседателот на здружението на апстиненти „Здрав живот“, Владимир Панзов, истакна дека граѓаните не треба веднаш да судат, туку да го сослушаат проблемот и доколку се во можност, да помогнат. Членовите на здружението на апстиненти од алкохолизам ги објаснија своите лоши искуства од животот и нагласија дека младите не треба во лошите навики да бараат решенија за проблемите. Работата на клубовите на лекувани алкохоличари е од огромна помош за луѓето од оваа категорија. М.Г.
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ-АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ
17
КУЛТУРА И УМЕТНОСТ ВО КАРПОШ СЕ ЧЕСТВУВАШЕ СВЕТСКОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО
Општина Карпош беше домаќин на централната манифестација за одбележување на Меѓународниот ден на светското културно наследство. На настанот организиран од Здружението за мултикултура „Заеднички визии“ од Скопје, под покровителство на Град Скопје, а во соработка со Амбасада на Република Словачка во Скопје и Општина Карпош, основните училишта „Војдан Чернодрински“ и „Братство“ пригодно го одбележаа Меѓународниот ден на светското културно наследство, 18 април, со марш од ООУ „Војдан Чернодрински“ до ООУ „Братство“, на кој учениците манифестираа фолклорно дефиле долж булеварот Партизански одреди. Централната свеченост по овој повод се одржа во ООУ „Братство“, а свое обраќање на истата имаше и Соња Ризова-Стојановска, претседателка на Здружението за мултикултура „Заеднички визии“, која и`заблагодари на Општина Карпош за поддршката во организацијата на манифестацијата, како и на другите поддржувачи. На гостите им се обрати и амбасадорот на Словачка, д-р Роберт Кирнанг, кој истакна дека трудот
18
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ -АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ
што се вложува за зачувување на културното наследство ќе биде награден и од Амбасадата на Република Словачка, која на тројца најдобри им додели награда – викенд за двајца во „Св. Наум“. Со особено внимание од гостите беше проследено и обраќањето на градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој му се заблагодари на Здружението „Заеднички визии“ за тоа што овој проект го работи токму на територијата на општина Карпош. - Нашата општина е мултикултурна и особено задоволство за нас е што тука граѓаните од различна вероисповед и од различна нација можат да го искажат своето културно наследство. Токму деновите што се зад нас покажаа дека во Карпош тие вредности се почитуваат и дека тие вредности имаат особени резултати, а ние и понатаму ќе продолжиме во заедништво да ја развиваме нашата општи-
на. Особено ни е драго што се потрудивме да го одбележиме овој Светски ден на културното наследство затоа што културното наследство не припаѓа само на една нација. Културното наследство, иако потекнува од една нација, претставува задоволство за целиот свет – рече општинскиот татко во своето обраќање кон присутните. Во својот поздрав до присутните, благодарност до Општината Карпош изрази и Бехиџудин Шехапи, директор на Национален конзерваторски центар, кој истакна дека во Македонија, како мултикултурна и мултиконфесионална, особено е важно да се одбележува овој ден во интерес на зајакнување на свеста за заедничко културно минато и за заеднички културни вредности. Настанот беше збогатен со мултикултурна фолклорно-музичка програма. Лилјана Петрушевска-Кочовска
ПРИЗНАНИЈА ЗА НАШИТЕ ВРВНИ АКВАРЕ ЛИСТИ На 12 март годинава, градоначалникот Стевчо Јакимовски им врачи признанија на уметниците добитници на наградите на годинашниот Меѓународен ликовен конкурс кој традиционално го организира Општина Карпош. Станува збор за избор на најуспешно дело во ликовната техника акварел, манифестација која од година во година стекнува сè
поголема афирмација и популарност. При врачувањето на благодарниците за учество на овој конкурс, градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, вети дека и понатаму ќе се поддржува културата и уметноста во општината бидејќи тие се значаен сегмент од живеењето и од ду ховната надградба на граѓаните од Карпош. И.Ѓ.
ЛЕО КРАЛЕВСКИ ОД ООУ „ВЕРА ЦИРИВИРИ-ТРЕНА“, НАЈДОБАР ЕКО-СКУЛПТОР На конкурсот „Рециклирање на отпад од пакување“, кој се одржа на 15март во Кинотека на Македонија, во организација на „Еуро-Екопак“ и Детскиот ликовен центар - Скопје, ученикот од ООУ „Вера Циривири-Трена“ Лео Кралевски ја освои првата награда во поединечни награди со скулптурата „Робот“. Неговите соученици Дарко Чинго, Ма-
рија Миличевиќ, Марија Ѓорѓиевска, Мила Танасковска, Игор Трајков и Софија Илиевска добија дипломи за учество на овој конкурс. Учениците настапија под менторство на ликовниот педагог Лилјана Ружиновска. И.М.
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ-АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ
19
РАЗГОВОР Кристијан Хартвиг ЦИМ-експерт за енергетска ефикасност во тимот на Општина Карпош
КАРПОШ Е ПРОФЕСИОНАЛЕН ПРЕДИЗВИК ЗАШТО ЧЕКОРИ НАПРЕД Прв, од трите приоритети ни е гасификацијата, потоа градење технолошки паркови,енергетски ефикасни фасади на институциите, користење на обновливи извори на енергија и конечно локалниот економски развој на Општината Господине Хартвиг, добредојдовте во општина Карпош. Како се чувствувате во оваа работна средина? - Досега добро се чувствувам тука. Општина Карпош ме прими со задоволство и оваа општина е одлично организирана во оваа област. Има модерна инфраструктура, луѓето со кои работам се многу пријателски настроени и кооперативни, но, исто така, се и многу професионални и ориентирани кон една цел- да успеат во работата. Можеби придобивка од мојата работа е да си ги подобрам моите вештини со македонскиот јазик. Што беше одлучувачко за да конкурирате за работа како ЦИМ-експерт токму кај нас? Дали
20
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ -АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ
општината Карпош Ви беше професионален предизвик? - Секако, тоа е професионален предизвик. Проектот во кој јас учествувам има интересна содржина бидејќи моето претходно професионално искуство во кариерата се фокусирав на енергетската ефикасност. Исто така Македонија е интересна земја за соработка за секој ЦИМ-експерт. Некои од моите колеги претпочитаат да одат во Африка или во азиските земји, но за мене Македонија е многу поатрактивна поради врските со Европа и, нормално, со Германија, мојот дом. Со какви претходни искуства доаѓате во оваа работа?
- Според образованието, јас сум економист и моето прво работно искуство ми беше позицијата финансиски консултант во општински инфраструктурен проект за компанија од Германија. Потоа одлучив да работам како ЦИМ-експерт во интернационален проект, па искуството го градев во земјите од Југоисточна Европа, како Романија, Бугарија, Црна Гора и сега во Македонија. Тоа искуство, нормално, направи полесно да се адаптирам на работата и на животот во Карпош. Во Карпош, според Вашиот план, останувате две години. Што сè опфаќа и кои се целите и задачите на Вашиот план за тој период? - Со првичните разговори, се согласивме околу тоа кои се целите и до каде е Општината во своите достигнувања, па се фокусираме на три врвни приоритети. Прв приоритет е планираната гасификација на општината Карпош и на тој план веќе разговарав со некои од жителите на оваа општина. Многумина од нив веќе се информирани за проектот и имаат високи очекувања од него. Сепак, треба да имаат предвид дека тоа се долгорочни планови за кои е потребно многу планирање. Исто така, имавме средби и со можни инвеститори во оваа област за да формираме јавно-приватно партнерство. Секако, приоритет на мојата работа ќе биде имплементацијата на акцискиот план за енергетска ефикасност. Вториот акциски план се однесува на периодот 2014-2016. Успеавме да реализираме некои цели од планот за енергетска ефикасност, односно да ги аплицираме мерките за енергетска ефикасност на јавните објекти како основните училишта, градинките, болниците. Но, исто така, важно е да имплементираме и алтернативни извори на енергија во јавните објекти.
ЦИМ-експертот Кристијан Хартвиг во работна атмосфера во просториите на Општина Карпош со Љупчо Димов од одделението за енергетска ефикасност
Како го оценувате нивото на постигнување на планот на енергетска ефикасност во Карпош? - Пред да почнам да работам овде, знаев дека ова е една од енергетски најефикасните општини во Македонија, но, се разбира, сакам да постигнеме уште повеќе, а тоа е поврзано со акцискиот план за енергетска ефикасност. Треба да работиме на постигнување што повеќе цели. Гасификацијата на општина Карпош е клучниот проект на кој ќе се фокусираме следниот период. За него веќе има низа создадени предуслови, како степенот на изграденост на цевководот, приклучните станици, формиран е КАРГАС, но потребно е заокружување на финансиската конструкција, неопходни се средства од фондови, надворешни инвеститори. Дали Вие можете да помогнете на тој план со привлекување странски инвеститори кои би нашле економски интерес во овој проект? - Никогаш не можете да гарантирате дека некој инвеститор ќе го поддржи или ќе остане долгорочно на еден проект, но јас веќе имав некои почетни разговори во таа насока со некои компании што работат во оваа област. За почеток разговаравме со една австриско-германска компанија пред која јас го претставив проектот, по што го добив првиот позитивен одговор. Сепак мора да обезбедиме уште многу детали. Треба да ги презентирам достигнувањата на Општината на ова поле, па сето ова што го наведовте како создадени предуслови ќе го претставам на инвеститорите, а откако ќе го придобијам нивниот првичен интерес , мора да пронајдеме и фонд кој би ги поддржал овие цели. Гасификацијата е многу атрактивна инвестиција за странските компании, но, од друга страна, искуствата на други фирми што се занимаваат со вакви и слични дејности од јавен интерес, како дистрибуција на струја и слично, се негативни во смисла на наплатата на услугите. Сето тоа, се разбира, мора да се има предвид. Сепак, јас морам да се обидам да ги убедам да дојдат овде. На што друго ќе работите во наредниот двегодишен период според акцискиот план за Општина Карпош? - Досега не спомнавме, но еве ќе споменам дека работиме и на локалниот развој на општина Карпош. Во овој сегмент ќе соработуваме со германски компании и институции, со меѓународни организации како УНДП или Светска банка, со Германската агенција за интернационална соработка, Регионалниот отворен фонд за енергетска ефикасност, но, исто така, соработуваме и со германските и македонските стопански комори и со економските оддели од повеќе амбасади, како оние на Германија и на Австрија. В. Ц.
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ-АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ
21
СОРАБОТКА НА ГОСТИ ЗА ЈУБИЛЕ ЈОТ НА НОВ БЕЛГРАД
на изолацијата и со тоа овој објект ќе стане енергетски ефикасен. Реконструкцијата на овој објект ќе почне веднаш по префрлање на грантот. И.М.
ПРИЗНАНИЕ ЗА ИНТЕРКУЛТУРНА СОРАБОТКА
Делегација на Општина Карпош, предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски, присуствуваше на одбележување на јубилејот на збратимената општина Нов Белград, 65 години од нејзиното постоење, односно 11 април 1948 година. На свечената академија, која по тој повод се одржа во општинската зграда на оваа збратимена општина, пригодно обраќање со честитки за јубилејот имаше градоначалникот на Нов Белград, Александар Шапиќ. На свечената академија, освен претставници од Општина Карпош, присуствуваа и делегации од другите пријателски општини, Балфор и Бања Лука, како и градоначалникот на Белград, Драган Ѓилас, и претседателот на Собранието на градот Белград и некогашен градител на Нов Белград, Зоран Алимпиќ. И.М.
По повод 15-годишното постоење и работа на Здружението за културна соработка „Интеркултура“, на 28 март во Музејот на град Скопје, беше организирана свечена манифестација на која присуствуваа претставници на организации од владиниот и невладиниот сектор, како и градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Нему во оваа пригода му беше врачена благодарница за особен придонес и поддршка во процесот на имплементација на интеркултурните проекти, на ниво на локалната самоуправа. „Интеркултура“ е организација која успешно работи на решавање на потребите и приоритетите на младите, промовира интеркултурен дијалог, дејствува на локално, национално и меѓународно ни-
ЈАПОНСКИ ГРАНТ ЗА ГРАДИНКАТА „ПРОЛЕТ“ Јапонската канцеларија за врски на Општина Карпош и` додели грант во износ од 57.203,00 евра (67.000 евра со ДДВ) од Владата на Јапонија, а договорот го потпиша градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Овие средства ќе бидат наменети за целосна реконструкција на градинката „Пролет“, која се наоѓа во населбата Козле. Градинката е изградена во 1977 година и оттогаш не се преземени никакви посериозни зафати за подобрување на условите за децата што ја посетуваат оваа градинка. Затоа средствата ќе бидат наменети за промена на сите дрвени прозорци и врати со ПВЦ, како и за тоалети, сè со цел децата да учат во услови какви што заслужуваат. Општина Карпош ќе одвои средства од својот буџет за подобрување
22
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ -АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ
во. Опсегот на нивната работа опфаќа креирање и поддршка на младински проекти и асистирање при развивање идеја од страна на младите. Општина Карпош соработуваше со нив на повеќе различни проекти, давајќи свој придонес преку поддршка при имплементација на проекти добиени од различни донатори. Меѓутоа, исто така, беше донатор на креирање на младинската стратегија на локално ниво, што воедно Општина Карпош ја прави една од ретките општини во Македонија која има имплементирано своја програма за локална стратегија за развој на младите. И.Ѓ.
ОБРАЗОВАНИЕ Училишни прослави
ОУ „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“ ОДБЕЛЕЖА 56 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ Учениците и наставниците од ООУ „Владо Тасевски“ минатиот месец на специфичен начин го одбележаа својот патронат. Во автентичен стил, во работна атмосфера, учениците ги пречекаа своите гости, пред кои се претставија со пишување кратки креативни пораки, преку уметнички израз на колаж од цртежи и музичка изведба на познати нумери. Во кабинетите по хемија, физика, биологија, математика, македонски, германски и англиски јазик, како и во училниците по ликовно и по музичко воспитување, основците го презентираа својот креативен израз преку пишување мисли под мотото „Како да бидам подобар“. На истата тема
се одржаа литературен и ликовен конкурс, на кој учествуваа ученици од девет основни училишта од Општината. Автори на најдобри литературни остварувања се Мартин Каранфиловски од VII одделение и Ивана Ристевска од III одделение ,од матичното училиште, под менторство на професорките Олгица Мешкова и Бојана Кузмановска, како и и Андреј Илиевски од ОУ „Петар Поп-Арсов“, под менторство на професорката Марија Петкова и Фросина Мицевска од ООУ „Братство“, под менторство на професорката, педагогот Марина Хаџипанзова. Во категоријата за најдобро ликовно остварување, доминираа творбите на Вања Илиевска и Ева Ристеска од ООУ „Владо Тасевски“, под менторство на Марија Бакоч. Со својот ликовно-уметнички израз, особено внимание привлекоа и учениците од ООУ „Димо Хаџи-Димов“, Драгана ГавриловскаДимитровска и Софија Симовска, под менторство на професорката Соња Поповска-Трајковска, како и Борјан Деспотовски кој доаѓа од ООУ „Лазо Трповски“. Особена чест претставуваше гостувањето на учениците и на наставниците од збратименото основно училиште „Караѓорѓе“ од градот Рача, Србија, а меѓу многубројните гости беа и претставниците од Бирото за развој на образованието на Република Македонија, професори од Филозофскиот и од Педагошкиот факултет во Скопје, претставници од советот на родители и од училишниот одбор и претставниците од Одделението за образование на Општина Карпош. Игор Ѓуровски
ПАТРОНАТ ВО „ЈАН АМОС КОМЕНСКИ“
Основното училиштето „Јан Амос Коменски“ на 29 март на свечен начин го одбележа своето 49-годишно постоење. На оваа манифестација учениците низ богатата културно-уметничка програма, сочинета од музички точки, разиграна кореографија и театарски остварувања, го одбележаа својот училишен патронат. Во рамките на оваа свеченост, настапија и децата со посебни потреби, кои со својата изведба ги отворија срцата на присутните родители кои, пак, со бурни овации го наградија нивниот труд. На покана од директорката на ООУ „Јан Амос Коменски“, Емилија Арсовска, на манифестацијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Кар- пош, Стевчо Јакимовски, кој им се придружи во про- славувањето на овој голем училишен празник. М.Г.
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ-АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ
23
Меѓународен политички натпревар за политичко образование
УЧЕНИЦИТЕ ОД „ЛАЗО ТРПОВСКИ“ МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ Два проекти изготвени од учениците од ООУ „Лазо Трповски“ - Карпош се пласираа меѓу финалистите на 42. Меѓународен училиштен натпревар за политичко образование во организација на Сојузната централа за политичко образование, кој се одржа во Бон, Германија. Тимот од ООУ „Лазо Трповски“, составен од 50 ученици од седмо одделение и од двајца наставници ментори, проф. Стефан Симовски - предметен наставник по германски јазик и проф. Даниела Радевска - предметен наставник по хемија, ја претстави нашата земја со два проекти на актуелни политички теми - „Чоколадата и глобализацијата“ (изготвен од учениците од 7б одделение), и „Спомениците во нашиот град“ (изготвен од 7б одделение под менторство на проф. Стефан Симовски - предметен наставник по германски јазик). Нивните проекти ќе бидат истакнати на изложбата
во Бон, што овој месец ја организира Сојузната централа за политичко образование во текот на овој месец. Покровител на овој реномиран меѓународен натпревар е претседателот на Германија, Јоахим Гаук. На 42. Меѓународен училиштен натпревар за политичко образование, учествуваа повеќе од 50.000 ученици од 29 земји со вкупно 2.599 проекти. Досега ООУ „Лазо Трповски“ седум пати едноподруго (2006-2012) успешно ја претставува нашата земја на овој реномиран меѓународен натпревар. Во седумте досегашни учества училиштето има освоено седум награди. Учеството на овој реномиран натпревар ООУ „Лазо Трповски“ го реализира како воннаставна активност со финансиска поддршка од Фондацијата „Фридрих Еберт“. Игор Ѓуровски
На меѓународната смотра „Интер данс фест - Сараево 2013“
ЗЛАТО ЗА ТАНЧЕРКИТЕ НА ТАМАРА
Во Сараево, несомнено градот на европска промоција на дострелите на Општината Карпош - по минатогодишното прогласување на нашиот градоначалник Стевчо Јакимовски за најуспешен во Југоисточна Европа - во средината на минатиот месец со иста почест беа наградени и младите танчери од балетското студио „Арт балет“ на Тамара Ѓурчиновска. На Интернационалниот танцов фестивал (Интер данс фест - Сараево 2013), танчери од Карпош беа прогласени за најдобри во категоријата класичен балет. Во категорија модерен балет освоија второ место, со што ја потврдија досегашната доминација на меѓународните балетски натпреварувања. - Конкуренцијата беше навистина силна, за што зборува и податокот дека на оваа интернационална
24
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ -АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ
смотра настапија 38 балетски клубови, 1.440 танчери од шест држави. Токму заради тоа нашиот успех не може да се опише со зборови. Освен што во изведбата на точката по класичен балет „Батерфлај“ моите ученички беа брилијантни, тие имаа најубави костими и шминка и ги маѓепсаа и многубројната публика и меѓународното жири. Нашиот труд и повеќемесечната напорна подготовка дадоа плод и од Сараево се вративме со златен медал - вели Тамара Ѓурчиновска, кореографка, педагог и сопственичка на балетското студио „Арт балет“. Таа ветува и нови триумфи на претстојните меѓународни презентации на македонскиот балет и општината Карпош. М. Р.
ВЕСТИ ВЕБ-СТРАНИЦАТА НА КАРПОШ ПРВА МЕЃУ ДЕСЕТТЕ ГОДИНАВА Интернет-страницата на Општина Карпош првпат е меѓу првите десет за 2013 година по информираност на родителите на учениците за содржините што ги нуди локалната самоуправа. Кај месечното издание на општинското гласило „Урбан Карпош“ родителите на учениците забележуваат подобрување на информативноста и на содржините. Ваквиот заклучок произлезе од истражувањето на задоволството на родителите од квалитетот на услугите во основното образование во училиштата што се наоѓаат на територија на Општина Карпош, а чија презентација се одржа кон средината на март годинава во основното училиште „Петар Поп-Ар-
сов“. Основната цел на истражувањето е да се добие реална слика за степенот на задоволството на родителите. Каков е квалитетот на образовните услуги покажуваат резултатите од анкетите спроведени од 11 јануари до 5 февруари 2013 година. Индексот на задоволство на родителите во текот на оваа година е 72,5 проценти и е поголем во однос на претходната година. Родителите на учениците од прво до четврто одделение се за четири проценти позадоволни од родителите на учениците од петто до осмо одделение. М.Г.
ОТВОРЕНО МЕЃУНАРОДНОТО УЧИЛИШТЕ QSI ВО КАРПОШ На свеченото отворање на елитното QSI - Meѓународно училиште во Скопје, на 15 април, во просториите во кои до неодамна беше сместена администрацијата на Општина Карпош, присуствуваа видни личности од културниот и од политичкиот врв, како што е амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс, амбасадорката на Кралството Холандија во РМ, Мариет Шурман, и градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Директорот на училиштето, Роберт Тауер, им посака добредојде на своите гости и воедно ги запозна присутните со историјатот на оваа образовна институција која ги бележи своите почетоци од далечната 1996 година. QSI нуди висококвалитетно образование за децата од три до 18 години, а наставата целосно се одвива на англиски јазик. Во оваа пригода се обрати првиот човек на општината, Стевчо Јакимовски, кој со нескриено задоволство напомена дека е особено горд што ова училиште досега функционираше на територијата на Карпош.
- Отсега натаму училиштето ќе ја извршува својата дејност во далеку подобри просторни услови. Јас сум длабоко убеден дека со подобрување на можностите за работа, ќе се подобри и квалитетот на училишната настава и, со самото тоа, децата ќе добијат едно елитно меѓународно образование. Општина Карпош помогна овој проект, кој досега се покажа како мошне успешен, да се реализира и понатаму да ја збогати понудата во образовниот процес – изјави општинскиот татко. Во рамките на оваа свеченост, посебен впечаток остави младинско културното друштво „Цветан Димов“, кое со својот фолклорен перформанс збогатен со етноелементи, низ традиционалните македонски танци и песни ги воодушеви присутните гости. За крај, следуваше и кратка обиколка низ новите простории на ова меѓународно училиште, приспособени според најсовремените светски стандарди за одвивање на образовната настава. Игор Ѓуровски
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ-АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ
25
ХОРТИКУЛТУРНИ АКТИВНОСТИ ВО КАРПОШ Пред повеќе од две недели, службите на Општина Карпош почнаа со пролетното косење на тревниците во рамките на нејзината територија. Оваа активност ќе се одвива во континуитет, сè додека постои потреба за неа. Локалната самоуправа ја ангажираше својата служба, составена од 18 косачи на трева, кои поделени во две групи ги одржуваат тревниците и тоа, едната група презема комунални активности од левата, а другата, од десната страна на булеварот Партизански одреди. Косењето на тревата се одвива редоследно, почнувајќи од населбата Влае, Карпош 4, Карпош 3, Карпош 2, Карпош 1 и повторно по истиот редослед. Во тек се и хортикултурни потфати, така што се доработува зелената површина околу платото со фонтана во Карпош 3, а хортикултурно се уредува и просторот зад кулата на ул. Никола Тесла 18 во Карпош 1.
Во следните два месеци Општината ќе продолжи со активностите од оваа сфера според нејзиниот план за хортикултурно уредување.
ИМУНИЗАЦИЈА НА РОМЧИЊАТА ВО ЗЛОКУЌАНИ Во соработка со Општина Карпош и на иницијатива на Ромската невладина организација за заштита на правата на жените и децата ЛИЛ, Здравствениот дом – Скопје, односно поликлиника „Ѓорче Петров“, по повод Европската недела на имунизација, деновиве спроведе акција за имунизација на
деца од претшколска возраст на територија на општината Карпош, поточно во Злокуќани. Во просториите на месната заедница во Злокуќани, тимот за спроведување на имунизацијата, во присуство на претставници од невладината организација, ги вакцинираше децата од ромска националност кои претходно во соработка со Месната заедница биле лоцирани како лица кои нередовно ја спроведуваат имунизацијата. Истовремено, претставници на ЛИЛ вршеа и едукација на населението за важноста на имунизацијата, делејќи им информативни летоци на лицата кои дојдоа да ги донесат своите дечиња на вакцинација.Секторот за труд и социјална политика при Општина Карпош, пак, која активно соработува на овој план и се грижи за здравјето на своите помлади поколенија, го искористи овој повод и во текот на акцијата за имунизација на повеќе лица од социјално загрозени семејства од Злокуќани им додели хуманитарна помош во облик на пакети со облека. М.Г.
ПОЧНА ПРОЛЕТНАТА ДЕРАТИЗАЦИЈА Општина Карпош од 1 април 2013 година почна со редовна пролетна дератизација за уништување на штетни глодари. Со дератизацијата ќе бидат опфатени околу 3.600 шахти и сите основни училишта и детски градинки што се на подрачјето на Карпош.
26
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ -АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ
ГРАЃАНСКИ ПРОЕКТ
ПОГОЛЕМО ВКЛУЧУВАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ВО ПРОЦЕСОТ НА ОДЛУЧУВАЊЕ „Токму во општината лежи силата на слободните народи“
Алексис де Токвил Разгледувајќи го прогресот на Република Македонија во процесот на децентрализација и на унапредување на локалната демократија, Конгресот на локални и регионални власти при Советот на Европа во својот последен извештај за Македонија, усвоен кон крајот на октомври минатата година, посочува дека во нашата земја постои „низок степен на учество на граѓаните во локалните прашања“, со конкретна забелешка дека „инструментите за директно учество на граѓаните на локално ниво не се употребуваат често во практиката“. При тоа Конгресот дава конкретна препорака дека треба да се обрне поголемо внимание на активностите за „зголемување на свесноста на јавноста за учеството на граѓаните и на организациите од граѓанскиот сектор во локалниот политички живот“. Ваквите препораки јасно упатуваат на неопходноста од преземање конкретни активности за зголемување на учество на граѓаните во донесувањето на одлуки во единиците на локалната самоуправа, а во тие рамки и на Општина Карпош, како една од најразвиените општини во Република Македонија. Граѓанско учество: Што е тоа? Децентрализацијата е процес на пренесување на надлежности и средства од повисоките кон пониските нивоа на власт. Нејзината цел е за животните и работните проблеми на граѓаните да се одлучува онаму каде што тие живеат и работат – во нивните локални заедници. Оваа цел не може да се оствари доколку не се обезбеди граѓаните активно да учествуваат во целокупниот процес на креирање и на имплементација на политиките. Тоа ја нагласува потребата од редовна консултација и комуникација со граѓаните на теми и прашања од различен опфат. Граѓанско учество претставува вклучување на граѓаните, жители на една заедница, во процесот на донесување одлуки кои директно или индиректно влијаат на нивниот живот во заедницата. Притоа се користат механизми за согледување на мислењата и на потребите на граѓаните, кои се применуваат во зависност од утврдените конкретни цели што треба да се постигнат. Литературата и практиката познаваат четири основни вида на граѓанска партиципација: Информирање – кое се однесува на обврската на локалната власт да ги информира граѓаните за тоа што го работи, како и за плановите и намерите за идниот развој на општината;
Консултирање – опфаќа различни облици на учество на граѓаните во утврдување на приоритетите на локалната заедница како: јавни расправи, форуми, панел-дискусии, анкети, советодавни тела и др.; Предлагање – вклучува различни облици на учество на граѓаните во давањето предлози и критики на работата на општината, како: петиции, индивидуални претставки и предлози, собири, протести и др.; Одлучување – во овој домен спаѓаат формите кои се дефинирани со Законот за локална самоуправа (Сл.весник 5/2002), како: граѓанска иницијатива; собир на граѓани и референдум, кои овозможуваат директно учество на граѓаните во донесување на одлуките и практикување на непосредната демократија. Механизмите наведени во Законот за локална самоуправа се најпотребниот минимум за земање предвид на мислењата на граѓаните. На располагање на општините се низа други средства и начини кои тие можат да ги користат во нивните напори за да ја развијат заедницата, да обезбедат благосостојба на граѓаните и да практикуваат добро управување. Во досегашното дејствување во овој домен општината Карпош има позитивно искуство во дизајнирање на облици преку кои ќе ги мотивира и вклучи граѓаните во процесот на консултирање, предлагање и одлучување, како што е проектот „Форуми на заедниците“. Зошто е потребно вклучување на граѓаните? За оние кои ги донесуваат одлуките (градоначалникот и Советот) вклучувањето на граѓаните овозможува градење, односно обезбедување на широка поддршка за идеите и решенијата кои ги предлагаат. За граѓаните, пак, учеството подразбира можност да се влијае врз одлуките. На тој начин се градат мостови на соработка меѓу локалната самоуправа и граѓаните и се зголемува транспарентноста. Тоа што е најважно е дека учеството на граѓаните помага во подобрувањето на општинските услуги кои тие ги добиваат. Процесот на заедничко одлучување ја споделува одговорноста за одлуките, при што локалните власти не се единствени носители на „товарот“, а граѓаните стануваат свесни за реалните можности на општинската администрација кога решава проблеми или презема иницијативи.
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ-АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ
27
СПОРТОРАМА На шаховскиот турнир „Опен Карпош - 2013“
ПОБЕДНИК ХРВАТОТ ЗДЕНКО КОЖУЛ ЌЕ ДОЈДАМ ПОВТОРНО
Со прогласувањето на најдобрите и со доделувањето на наградите, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, го прогласи за затворен третиот по ред Меѓународен шаховски турнир „Опен Карпош – 2013“ што се одржа од 9 до 16 март во хотелот „Александар палас“. Во оваа пригода тој истакна дека Општината Карпош уште еднаш се покажала како добар домаќин и изрази надеж дека сите учесници без оглед на пласманот се задоволни од учеството на ова интернационално натпреварување. - Ве очекуваме наредната година повторно на исто место и во уште поголем број, со уште повеќе велемајстори и со уште поголем награден фонд – подвлече градоначалникот Јакимовски во своето обраќање до гостите и до учесниците на затворањето на шаховскиот турнир. На годинешниот „Опен Карпош – 2013“ апсолутен победник е Зденко Кожул од Хрватска со освоени 7 поени и со награда од 3.112 евра. Втората награда ја Максим Родштаин од Израел со 7 поени и награда од 2.362 евра и третото место го освои Константин Лупулеско од Романија со освоени 7 поени и награда од 1.862 евра. На овој меѓународен турнир се остварија осум нови норми од кои четири се велемајсторски и четири интернационални мајсторски.
28
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ -АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ
Натоварен со победничкиот пехар, не криејќи ја радоста, хрватскиот велемајстор Зденко Кожул, веднаш по прогласувањето на победниците, љубезно и од нога, одговори на неколку наши прашања. Како го коментирате тоа што на вака силен турнир победивте речиси во „фотофиниш“? - Навистина така се случи и токму заради тоа оваа победа ми е особено драга, како и ова награда. Конкуренцијата беше навистина силна и честитки заслужуваат и колегите што зад мене заостанаа „половина чекор“. Како, како крунисан шампион, го оценувате „Опен Карпош“? - Без и ронка куртоазија - бидејќи сум учествувал на стотина меѓународни шаховски турнири - со полна уста можам да речам дека ова е еден од најдобро организираните турнири; почнувајќи од прекрасниот амбиент, беспрекорната организација, квалитетот и бројот на учесници, љубезни домаќини и одлични награди. Сè на сè, ќе бидам среќен ако и идната година бидам дел од ваков неповторлив шаховски самит. Какви импресии ќе понесете од Македонија, Скопје и од нашиот Карпош? - Нема да претерам ако ви кажам дека Македонија ја сметам за втора татковина. Имено, уште во 1959 година, јас на еден пионерски турнир, одржан во Маврово, првпат ја почувствував сласта на победник. Оттогаш до денес во Македонија сум престојувал неброено пати, сум настапувал за повеќе македонски шаховски клубови и овде секогаш се чувствувам како дома... М. Раденковиќ Идните велемајсторски имиња се Двирни Даниел од Италија, Арнаудов Петар од Бугарија, Кохлвејер Бернд од Германија и Хамитевичи Владимир од Молдавија. Останатите четворица се интернационални мајстори во новите норми, а тоа се Јоланта Заватцка од Полска, Дасатн Мухамет Батухан од Турција, Горјачкин Јури од Русија и Стругнел Карл од Франција. Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, покрај специјалните ги додели и 16 редовни награди. На големите велемајстори слики на тема шах и цвеќе им подари Живко Поповски – Цветин. Мила Глигорова
Спортска манифестација на кејот на Вардар
АТЛЕТСКИ КРОС НА ОСНОВЦИТЕ ОД КАРПОШ
Минатата сабота (27.04.2013), на кејот на реката Вардар, се одржа четвртиот по ред атлетскиот крос, во кој учествуваа учениците од сите десет основни училишта што се наоѓаат на територијата на општина Карпош. На овој спортски настан, кој помина во добра организација од страна на локалната самоуправа, се натпреваруваа вкупно 500 ученици, кои беа поделени во десет категории. Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, им ги врачи пехарите на најуспешните млади атлетичари кои остварија најповолен успех. Во категоријата крос-трчање на 100 метри, V одделение деветтолетка (девојчиња), првото место го освои Мила Саздова од ОУ „Х.Т. Карпош“, второто место и` припадна на Марија Поповска од ОУ „П.П. Арсов“, додека за третото место се избори Ајризи Фетија од ОУ „А. Писевски“. Во категоријата крострчање на 150 метри, V одделение деветтолетка (момчиња), првото место го освои Давид Наумовски од ОУ „В. Чернодрински“, второто место го обезбеди Мартин Николовски од ОУ „П.П. Арсов“, а третото место му припадна на Стојан Поповски од ОУ „В.Ц. Трена“. Возбудлив беше финишот на трката во категоријата на 150 метри, VI одделение деветтолетка (девојчиња), каде првото место го освои Елена Атанасоска од ОУ„П.П. Арсов“, второто место и` припадна на Ана Јовановска од ОУ „Ј.А. Коменски“, додека за третото место се избори Марија Спасова од ОУ „В.Ц. Трена“. Во голема неизвесност заврши трката во категоријата на 200 метри, VI одделение деветтолетка (момчиња) во која до првото место дојде Алиту Вали од ОУ „А. Писевски“, второто место го обезбеди Стефан Николовски од ОУ „П.П. Арсов“, а третото место му припадна на Хамза Јашари од ОУ „Братство“. Во категоријата крос-трчање на 200 метри, VII одделение деветтолетка (девојчиња), најбрзо до целта пристигна
Ивана Чивлачки од ОУ „Ј.А. Коменски“ второто место го освои Марија Бузевска од ОУ „Д.Х. Димов“, а веднаш по неа целната линија ја помина Наталија Калајџиевска од ОУ „П.П. Арсов“ освојувајќи го третото место. Темпото на трчање се забрза во категоријата на 250 метри, VII одделение деветтолетка (момчиња) каде првото место го освои Мирон Илиевски од ОУ „Ј.А. Коменски“, зад него следуваше Бесар Мемети од ОУ „Братство“ кој стигна до втората позиција во оваа категорија, додека за третата позиција се избори Иван Стрезоски од ОУ „П.П. Арсов“. Одлични резултати прикажаа и седмоодделенките во категоријата на 250 метри, каде првото место го освои Матеја Јосифовска од ОУ „В. Тасевски“, до втората позиција пристигна Халиде Мусли од ОУ „Братство“, а третото место и припадна на Ана Ковачева од ОУ „Ј.А. Коменски“. Во категоријата крос-трчање на 300 метри, VIII одделение (момчиња) најбрз на целта пристигна Му хамед Алитов од ОУ „А. Писевски“, за второто место се избори Стефан Лазовски од ОУ „Д.Х. Димов“, а до третата позиција стигна Стефан Милосавлевиќ од ОУ „Д.Х. Димов“. Крајна неизвесност до самиот финиш, прикажаа ученичките од VIII одделение во категоријата на 300 метри, каде Ана Михајловска од ОУ „В.Ц. Трена“ оствари најдобар резултат, веднаш по неа со минимална разлика целната линија ја помина Деана Блажевска од ОУ „В. Тасевски“ освојувајќи го второто место, додека третата позиција ја обезбеди Мила Антевска од ОУ „Д.Х. Димов“. Вистински атлетски перформанси демонстрираа осмоодделенците во категоријата на 350 метри, каде првото место го обезбеди Павел Јанкоски од ОУ „В. Тасевски“, второто место му припадна на Борис В’чков од ОУ „Л. Трповски“, додека третопласиран беше Кристијан Перовски од ОУ „А.Писевски“. И. Ѓуровски
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ-АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ
29
ЗЛАТО И БРОНЗА ЗА ЏУДИСТИТЕ ОД ОУ „БРАТСТВО“ Минатиот месец во спортската сала на ООУ „Гоце Делчев“ во Прилеп, се одржа Државниот натпревар во џудо за основни училишта. Во силна конкуренција од многу учесници, основците од ООУ „Братство“ - Скопје (Карпош) успеаја да изборат одличен пласман, закитувајќи се со два златни и со два бронзени медали. Хамза Јашари, во машка категорија до 38 килограми, и Амра Фејзула, во женска категорија до 57 килограми, го освоија првото место, додека Резарт Хусеини и Ерион Мехмети, во машка категорија до 31 и до 34 килограми, го освоија тре-
тото место. Во вкупниот пласман на Државното првенство во џудо за основни училишта, во учебната 2012/2013 година, ООУ „Братство“ се наоѓа на петтото место со освоени 18 бодови. На ова елитно државно натпреварување учествуваа 95 ученици, од кои 27 во женска и 68 во машка конкуренција од 16 основни училишта, или од повеќе општински сојузи на училишен спорт од Битола, Прилеп, Скопје, Радовиш, Ресен и од Долнени. И.Ѓ.
Нов успех на стипендистите на Карпош
САНДРА И АНДРЕЈ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТНИ МЕДАЛИ Стипендистите на нашата Општина, Андреј Соколовски и Сандра Иванова од пливачкиот клуб „Акватик“, спонзониран од Општината, деновиве на два меѓународни пливачки турнири постигнаа блескави резултати. На турнирот во Минхен, Андреј освои златен и сребрен медал и е прогласен за најдобар пливач во категоријата до 15 година. Тој и
30
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ -АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ
на турнирот што се одржа во Јагодина (Република Србија), освои три златни и еден сребрен медал. На истиот турнир, пливачката Сандра Иванова, во конкуренција на 335 учесници од Бугарија, Македонија и од Србија, во категоријата 50 метри делфин и слободно пливање, освои златен медал. И.М.
Училишна лига во одбојка
ТРОНОТ ЗА ДЕВОЈКИТЕ ОД „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“ Одбојкарките на ООУ „Владо Тасевски“ се новите шампионки во одбојка во рамки на училишната лига 2012/2013 година. На 18 април, во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“ се одиграа финалните натпревари од женското училишно одбојкарско првенство за основните училишта од Карпош. Во организација на локалната самоуправа, овој спортски настан го одбележа многубројната публика и френетичната атмосфера, во чиј ритам одбојкарките на ООУ „Владо Тасевски“ славеа убедлива победа над своите спортски противнички од ООУ „Димо Хаџи-Димов“ со два спрема нула (2:0) во сетови, (25:15); (25:15) и со тоа се промовираа во нови победници на ова првенство. Сигурни во својата игра, одбојкарките од ООУ „Владо Тасевски“ наметнаа силно темпо на игра, што на крајот ги доведе до посакуваната шампионска титула. Со еднаква возбуда течеше и вториот натпревар, во кој одбојкарките на ООУ „Петар Поп-Арсов“ се покажаа како незапирлив ривал, совладувајќи ги своите сопернички од ООУ „Лазо Трповски“ со два спрема нула (2:0) во сетови, (25:19); (25:19) со што го обезбедија третото место на ова првенство. Љубителите на овој спорт уживаа во одличната игра што им ја прикажаа најдобрите четири екипи, а целиот
турнир ќе остане запаметен по прекрасните поени реализирани од младите надежи на женската одбојка. На овој спортски настан присуствуваше и првиот човек на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој им ги врачи пехарите и медалите на трите најдобро пласирани екипи. Општинскиот татко ги додели трофеите на трите најдобри одбојкарки, кои во текот на целата сезона успеаја да доминираат во својата категорија, нескромно демонстрирајќи го својот раскошен талент. Најдобар играч во текот на целото првенство е ученичката Теа Терзиевска од ООУ „Владо Тасевски“, за најдобар смечер е прогласена Вања Младенова од ООУ „Димо Хаџи-Димов“, додека за најталентиран играч е избрана ученичката Љиљана Ковачевиќ од ООУ „Братство“. Локалната самоуправа за трите најдобри одбојкарки обезбеди еднократни парични награди од 20.000 денари, како и 10 месечни спортски стипендии во вредност од 4.000 денари. Со овој гест Општина Карпош покажува дека во континуитет се грижи за развојот на спортот и поттикнува воспоставување здрави навики кај својата млада популација. М.Г.
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ-АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ
31
Училишна лига во кошарка
ПРВАЦИТЕ ОД „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“
32
Кошаркарите на ООУ „Војдан Чернодрински“ се новите шампиони во училишната лига на Карпош за 2012/2013 година, чии финални натпревари се одиграа минатиот четврток. Во френетична атмосфера, во крајно неизвесен меч, полн со резултатски пресврти, тие успеаја да ги совладаат своите спортски ривали, кошаркарите на ООУ „Петар Поп-Арсов“ со резултат 52:44 и со тоа да дојдат до посакуваното прво место во лигата. Финалето кое се одржа под покровителство на Општина Карпош во СЦ „Борис Трајковски“, поми-
Пехарите и медалите на трите најдобро пласирани кошаркарски екипи, во рамките на годинешната училишна лига им ги врачи советникот на Општина Карпош од СНСМ, Дејан Димовски. Тој ги додели и трофеите на тројцата најдобри кошаркари, кои со прикажаната игра заслужено обезбедија најдобар пласман во својата категорија за оваа сезона. Најдобар играч во лигата е Слободан Митревски (ООУ „Војдан Чернодрински“), за најталентиран играч е прогласен Дамјан Милошевски (ООУ „Војдан Чернодрински“), додека епитетот најдобар стрелец
на во знакот на коректна игра, со атрактивни поени и со крајно возбудливи пресврти. Далеку поизвесен беше триумфот на кошаркарите од ООУ „Владо Тасевски“ за кошаркарската бронза, кои успеаја убедливо да слават над своите спортски соперници од ООУ „Димо Хаџи-Димов“ со 37:13, со што го освоија третото место во кошаркарската училишна лига. Љубителите на овој спорт уживаа во маестралната игра на младите надежи на кошарката од Карпош, кои успеаја да ги наполнат трибините до последно место.
во лигата заслужено го обезбеди Кристијан Перовски (ООУ „Христијан Тодоровски-Карпош“). Локалната самоуправа за тројцата најдобри кошаркари обезбеди еднократни парични награди од 20.000 денари, како и 10 месечни спортски стипендии во вредност од 4.000 денари. Применувајќи ја својата стратегија за развој на спортот и младите, Општина Карпош воспоставува здрави спортски навики кај својата млада популација, притоа негувајќи ги позитивните вредности кај нив. И.Ѓ.
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ -АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ-АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ
33
34
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 26-27 • МАРТ -АПРИЛ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ
„Уметност на живеење Македонија“ Ви предлага работилници: Запознај го здивот – научи да управуваш со стресот Теодора Костовска: тел. 075 40 50 60 или theodoraаol@yahoo.com Елементи кои ја сочинуваат работилницата: Практично знаење за да се справи со секојдневните предизвици на животот Интерактивна вежби Yoga вежби, истегнување за релаксација Mедитација и моќни техники на дишење Ujjayi, Pranayama, Bhastrika, Sudarshan Kriya, уникатна техника
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ Со своите креации на џиновски велигденски јајца, учениците од „Јан Амос Коменски“, „Димо Хаџи-Димов“, „Владо Тасевски“, „Вера Циривири -Трена“ и „Петар Поп-Арсов“ ја разубавеа празничната атмосфера во „Сити мол“.
СРЕЌНИ ВЕЛИГДЕНСКИ ПРАЗНИЦИ