KARPO[
Весник на локалната самоуправа јануари 2012 • бр. 13 • година 3
ТРАГИ ВО СНЕГ ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ГРАФИЧКА МАПА интернационална градинка битка за иднината на македонија
ВИСтинита зимска бајка
Грижа за бездомници
окус За мене дадениот збор е како банкарска гаранција од прва категорија
Стевчо Јакимовски
ОД МОЈ АГОЛ
Траги во снег Како се справивте со не волјите што ги донесе големи от студ и снегот годинава? Петанесеттина сантиметри снег не би требало да претста вува никаков проблем, особено не за Општина Карпош. Општината навреме имаше избрано фирма која ќе ја врши зимската служба и за таа цел издвои 2,7 милиони денари. Немаше место во општината од каде што граѓанит не можеа да изчезат со своите возила. Напротив, улиците кон Трнодол, Жданец, Ловќенска, Нерешка, надвозникот и црквата во Бардовци, одосно сите критични места, иако се обврска на Градот Скопје, во интерес на нашите граѓани ги одржуваме во конти нуитет. Точно дека помалите улици не беа докрај расчистени, но тоа е затоа што кај најголемиот дел од нив имаше паркирани возила. Точно е и тоа дека бевме единствени кои донесовме одлука за пре кин на наставата. Во таа недела се соочивме со енормни студови. Сакам да нагласам уште еднаш дека прекинот на наставата не беше поради снегот, туку заради студот. Наша цел беше, но и наша обврска да ги заштитиме децата од разболување, посебно што во тој период и од Цен тарот за јавно здравје известија дека два и пол пати се зголемени разбо лувањата од грип, а и без тоа 10 % од децата не посетуваа настава. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против одлуката иако иницијативата беше нивна? Не гласаа сите против. Четворица беа „против“, еден „за“ и еден „воздржан“. Бев вчудоневиден од ваквата промена на нивниот став, бидејќи ова беше нивна иницијатива. На 6-ти февруари, вечерта око лу 20.30 часот, во неколку наврати телефонски ми се обратија и ме мо леа да свикаме вонредна седница со единствена точка за прекин на наставата со образложение дека скратените часови не даваат никаков ефект. Јас ги препрашав дали цврсто стојат зад ова барање, а тие енер гично ми тврдеа дека ќе опстојат. Но, за жал не се случи така. Поради таквото однесување на поединци политичари, велат дека политиката е неморална. За мене дадениот збор е како банкарска гаранција од прва категорија. Ги отворивте вратите и за бездомниците. Дали е и тоа ваша об врска? Според законот не се наша обврска, туку на Министерството за труд и социјална политика. Но, кога се во прашање човеки животи, единствен закон е етиката, човештината и обврската да се спасат тие луѓе.Сепак тие не можат да се спасат само со чајче и ќебе и повторно да завршат на улица или под мост на минус 22оС. Само прашање на денот беше кога некој ќе почине од студот што и се случи. За тоа некој мора да понесе одговорност. Затоа ги отворивме вратите на урбаните заедници, а на бездомнците им дадовме топла постела и храна. Ние единствени ја имаме и Просторната единица за заштита и спасување, снабдена со кревети, ќебиња и севкупна опрема за вакви вонредни состојби. Сепак, им должам огромна благодарност и на фирмите кои веднаш се одгласија на нашиот потег и се јавија да донираат средства и храна за помош на бездомниците. Зимата заминува, што потоа? Подготвуваме проекти, распишуваме тендери за оваа година. Ќе имаме нова градежна офанзива, особено во делот на Козле, затоа што овој дел малку како да беше запоставен, но ќе работиме и во другите урбани заедници. Ќе има уште нови фасади, нови две училишта ќе би дат реконстуирани. За спортот, културата, уметноста и натаму ќе про должи поддршката, како и на нашите сограѓани кои се социјално за грозени. Виолета Цветковска Карпош Урбан • број 13 • јануари 2012 • Општина Карпош
3
ВО ОВОЈ БРОЈ KARPO[
Весник на локалната самоуправа јануари 2012 • бр. 13 • година 3
ТРАГИ ВО
ВЕТЕНО-СТОРЕНО
ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ГРАФИЧКА МАПА интернационална градинка
ВИСтинита зимска бајка
Грижа за бездомници
битка за иднината на македонија
Продолжуваме со инфраструктурни зафати
6-9 Издава Општина Карпош ул. „Демир Трајко“ бб 1000 Скопје, Р. Македонија тел.: 02 / 30-61-353 факс: 02 / 30-71-040 kontakt@karpos.gov.mk www.karpos.gov.mk Издавачки совет Стевчо Јакимовски Даница Мартиновска Димче Мешковски Живко Трајановски Главен и одговорен уредник Виолета Цветковска
НА ТИ СО… Пионерски потфати на „ВЕНС инжењеринг“
14-15
НА КАФЕ КАЈ… Нуредин - човек со две националности
22-23
Уредување и редизајн Миле Раденковиќ Редакција Елена Кузмановска Ива Манова
Овој број ликовно-графички го подготвија М. Раденковиќ и ПРОАРТ д.о.о. Лектура Ангелина Николовска Фотографија М. Раденковиќ Ива Манова
4
Карпош Урбан • број 13 • јануари 2012 • Општина Карпош
СОРАБОТКА прва интернационална градинка во карпош
27
НАЈ ВО КАРПОШ Наш, а светски филателист
30-31
АКЦИИ СИБИР ВО КАРПОШ Оваа година снегот не не изненади.Иако кај нас дојде последен од целото опкружување, им предиз ви ка доста главоболки на граѓаните. Годинава имавме вистинска сибирска зима, со многу снег и екстремно ниски, поларни температуи од минус 20°C. Сепак општинските служби беа на вре ме подготвени да ги спречат неприликите што ги создава снегот. Општината Карпош има ангажира но и 70 сезонски работници кои со соодветна опре ма се ангажираa за чистење на тротоарите и патеките (бидејќи за коловозите имаме ангажирано фирма-изведувач). Посебен акцент при чистењето на снегот од страна на овие работници беше ставен на чистењето на приодите кон амбулантите, авто буските станици, училиштата, градинките и супер маркетите. Се чистеа сите сервисни и станбени улици на територијата на Општина Карпош, како и потешко проодните патишта во Бардовци, кон конаците и кон црквата, улиците во Жданец, Трнодол и Горно Нерези. Екипите беа постојано на терен и истураа сол долж улиците при што беа потрошени околу 25 тони сол. Во чистењето се приклучија и дел од општинските службеници кои ги чистеа патеките и тротоарите низ општината со помош на специјални машини за чистење снег.
принуден распуст заради студот Советот на Општината Карпош донесе одлука за прекин на наставата во основните училишта кои работат на територијата на оваа општина. Од луката беше донесена првенствено поради екст ремно ниските температури. Интенцијата беше, во најстудените денови, децата кои се на најчувстви телна возраст да се заштитат од настинки и посе риозни разболувања со тоа што ќе беа изложени на исклучително студено време, при одење и вра ќање од училиште. Поради лошите зимски услови, над 10 отсто од учениците не присуствуваа на нас тава. Реално, нашите деца и не се подготвени за појаки зимски услови како што се овие, бидејќи, најголемиот дел од нив на училиште одат со пати ки, дури и зиме. Институтот за јавно здравје соопшти дека во овој период се регистрирани два ипол пати повеќе заболени од грип во споредба со истиот период лани, што беше дополнителен при лог кон нашата одлука. Оваа одлука, Градоначалникот, а потоа и Сове тот ја донесоа во консултација со сите советнички групи кои учествуваат во работата на Советот на Општината Карпош, а иницијатори беа претстав ници од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. За ваквата одлука градоначалникот Стевчо Јакимов ски лично контактираше и со претставници на Министерството за образование. В. Ц.
Општина Карпош интервенираше и ги исчис ти патиштата кои водат кон населбите Лака и Гр чец кои припаѓаат на Општина Сарај, како и пат ниот правец од улица Козле до манастирот „Св. Пантелејмон“ и патниот правец кон село Бардов ци кои исто така се надлежност на Градот. Мора да напоменеме дека Општина Карпош не ма свое комунално претпријатие, а според законот не можеме да имаме. Нашата обврска за зимската служба е само да ги одржуваме коловозите на ули ците. За та цел, од Фондот за патишта, добиваме 2,7 милиони денари годишно. Е. К.
Карпош Урбан • број 13 • јануари 2012 • Општина Карпош
5
Дипл. град. инж. Петар Ивановски, раководител на Секторот за уредување на градежно земјиште и комунални работи
ПРОДОЛЖУВАМЕ СО ИНФРАСТРУКТУРНИ зафати
Во согласност со Програмата која ја донесовме на Советот на Општината Карпош и годинава со исто темпо продолжуваме со инфраструктурни зафати во сите Урбани заедници на Општината, вели г. Петар Ивановски Инфраструктурните проблеми, добрите асфал тирани и изградени улици, функционалните атмо сферски и фекални канализации, убавите фасади, тротоарите, паркиралиштата, се оние секојдневни „главоболки“ на граѓаните на Карпош, на што тие и најмногу посветуваат внимание. Секоја година ба рањата за реконструкции и интервенции во оваа сфера на работење на локалната власт се нови и но ви. Секторот кој е „дежурен“ за решавање токму на овие секојдневни потреби на карпошовци е оној за градежни работи. Кои се плановите за оваа 2012 г., разговаравме со првиот човек на овој Сектор, дипл. град. инженер Петар Ивановски: – Во согласност со Програмата која ја донесовме на Советот на Општината Карпош, за оваа пригода, како приоритетни би ги издвоил објектите кои ќе се изведуваат по урбаните заедници:
6
Карпош Урбан • број 13 • јануари 2012 • Општина Карпош
ул. „Никола Тесла“
ул. „Даскал Камче“
УЗ „Карпош 1“
- Во УЗ „Карпош 1“ за оваа година планираме реконструкција и асфалтирање на улиците Даскал Камче и Гиго Михајловски, како и еден дел од кра кот на Никола Тесла кој оди покрај оградата на по лициската станица. Тие улици беа целосно реконструирани пред осум-девет години, но поради новите доградби и надградби во тој дел од општината, од уличната мрежа речиси не остана ништо. Имаше доста пре копи за изведба на атмосферска канализација, за приклучоци на разни кабелски оператори. Тогаш сè уште го немавме донесено Правилникот (кој сега веќе функционира две години) кој наложува секој што ќе направи прекоп-ископ да добие од Општи
ул. „МАНАПО“ ната соодветно одобрение за тоа. Со тоа ќе го зао кружиме целиот комплекс на УЗ „Карпош 1“. Ова се покапиталните работи на кои ќе им се посветиме во овој дел од општината, но програмата за работа е отворена, па доколку се јави некоја потреба, патека или проширување на паркинг-простор, секако дека ќе интервенираме. Минатата година направивме два паркинг-простори на улицата Гиго Михајловски број 10 и 4, за 30 и 50 возила.
УЗ „Карпош 2“
ул. „Бранислав Нушиќ“
- Во УЗ „Карпош 2“ планираме реконструкција и асфалтирање на улиците Бранислав Нушиќ, Руѓер Бошковиќ и Веселин Маслеша. Кај нив е извршена реконструкција на тротоа рите, па за ова година ни остана само асфалтирање то. Истото важи и за дел од Шекспирова, за која имавме реакција од граѓаните дека буквално ја „на паднаа“ и преку ноќ беше ископана на неколку мес та каде што се поставуваа подземни инсталации од најразлични оператори. Таа сега е закрпена, но и та му е потребна интервенција, односно асфалтирање.
УЗ „Карпош 3“
- Во УЗ „Карпош 3“, во поголем дел на улиците извршивме реконструкција, ни остана само улицата ул. „Руѓер Бошковиќ“
ул. „Веселин Маслеша“
ул. „Разловечко Востание“
Карпош Урбан • број 13 • јануари 2012 • Општина Карпош
7
Карпошово востание, каде што беше извршена реконструкција на топловодот од страна на АД „Топ лификација“, па ни остана тој да го ре кон струираме. Исто така, е потебна реконструкција на улицата Манапо, таа е улица која ги поврзува двата булевари Партизански одреди и Илин ден. Таа е градска улица, но бидејќи тука се наоѓа големиот трговски центар „Скопје сити мол“ кој сè уште е во градба има голем промет на тешки товарни возила и во интерес на граѓаните, ние мораме самите да интервенираме и да ја реконструираме и таа улица. ул. „Бриселска“
УЗ „Карпош 4“
- Во УЗ „Карпош 4“ минатата година се направе ни навистина многу зафати, останаа само улиците Воденска и дел од Разловечко востание. Овие улици ќе ги реконструираме оваа година и со завршување на двата паркинга на улицата Вич, во тој дел од Карпош 4 ќе бидат завршени сите ра боти. Отворени сме за барањата на граѓаните за од делни патеки, ако постои можност за проширување на дел од тротоарите, но мислам дека Карпош 4 е реконструирана темелно и нема да има потреба од некои капитални зафати.
УЗ „Тафталиџе 2“
ул. „Његошева“
- Во УЗ „Тафталиџе 2“ лани реконструиравме доста улици. За оваа година ни останаа само два крака од улицата Његошева, реконструкција и ас фалтирање на улиците Бриселска, Будимпештанска и Осло. Меѓутоа, претходно, на улиците Бу димпештанска и Осло треба да се изгради атмо сферска канализација. За таа цел се изготвени про екти, со тоа што овие канализации ќе бидат поврза ни со атмосферската канализација која ќе биде изве дена долж улицата Московска до основното училиште „Братство“. Со овие неколку интервен ции, населбата Тафталиџе 2 годинава планираме целосно да ја завршиме.
УЗ „Тафталиџе 1“
ул. „Будимпештанска“
ул. „Осло“
8
Карпош Урбан • број 13 • јануари 2012 • Општина Карпош
- Во УЗ „Тафталиџе 1“ оваа година ќе ги рекон струираме и ќе ги асфалтираме улиците Прашка и Париска. Во УЗ „Владо Тасевски“ за годинава ни ос тана асфалтирање на улицата Каирска. Тоа можевме да го сториме и лани, но на барање на граѓаните, кои чекаат промена на водоводните цевки кои се канцерогени со нови, еколошки, ќе чекаме потоа да ја завршиме започнатата реконструкција, по ком плетирање на подземната инфраструктура. Ќе се асфалтира и Багдадска, дел од Алжирска, Каирска, како и пробивање на улицата Борка Талески. За улицата Борка Талески се изготвени проекти за атмосферска, фекална и водоводна мрежа, како и за ново улично осветлување.
УЗ „Нерези“
Во делот на УЗ „Нерези“ ни остана дел од улица та Ванчо Мицков, каде што треба да се направат ог радите, откако ќе се повлечат еден метар повнатре, за да се направи неопходниот тротоар и да се ас фалтира улицата. Во овој дел ќе има изградба на ат мосферска и фекалната канализација на краците од улицата Ванчо Мицков.
УЗ „Влае 2“
Во УЗ „Влае 2“ за оваа година се планира рекон струкција и планирање на улиците Кленоец, Влади мир Каваев, Просек и др. Претходно на истите ќе се изврши, по потреба, реконструкција на атмосфер ската канализација. Во план е да се изгради и водо вод со профил ф-250 мм, за овој дел од населбата Влае 2. Иако водоводот е обврска на Градот, сепак, ова ќе биде проект на Општината Карпош.
ул. „Прашка“
УЗ „Кузман Јосифовски-Питу“
- Во УЗ „Кузман Јосифовски-Питу“ ла ни се направија доста градежни зафати, а за оваа година ни остана да го асфалтираме вториот дел од ули цата Миле Поп Јорданов и тоа од раскрсницата на улицата Братфордска до излезот од улицата Козле. Таму ја реконструиравме атмосферската, фекалната канализација, ги направивме тротоарите, кабелски те оператори ги поставија своите водови и остана само асфалтирањето. На овој потег ни остана само уште да се асфалтира. Во делот од левата страна на улицата Козле, одејќи кон Нерези, продолжуваме со работа на Ле ринска, Милан Марковиќ, Пијанец, Крчин, Ловќен ска и Стрезово. За оваа година се планира да се из гради фекалната канализација по улиците Ловќен ска, Милан Марковиќ, Пијанец и Крчин, по што тие ќе бидат асфалтирани.
ул. „Милан Марковиќ“
УЗ „Пецо Божиновски-Кочо“
- Во УЗ „Пецо Божиновски-Кочо“ за оваа година се планира реконструкција на улицата Јан Хус и дел од нејзините краци, како и реконструкција на дел од тротоарите во населбата Трнодол.
ул. „Стрезово“
МЗ „Бардовци“
- Во МЗ „Бардовци“ за оваа година се планира реконструкција на улица „2“, како и реконструкција долж неа во делот од фекалната канализација. Не се исклучени и интервенции од страна на Општината на барање од граѓаните. Што се однесува, пак, до МЗ „Злокуќани“, Општината Карпош планира да изврши реконструкција и санација на дел од улич ната мрежа, како и во населеното место Криви Дол. Виолета Цветковска ул. „2-Бардовци“
Карпош Урбан • број 13 • јануари 2012 • Општина Карпош
9
ДРУГИТЕ ЗА НАС КАРПОШ НАЈПОСАКУВАНА ДЕСТИНАЦИЈА ЗА ЖИВЕЕЊЕ Во анкетата спроведена во 10 општини на територијата на град Скопје, на прашањето во која општина најмногу би сакале да живеете, 20,42 отсто од испитаниците одговориле дека тоа е општината Карпош, а само 0,87 отсто ја посочиле општината Шуто Оризари Според последното истражување на Центарот за истражување и анализа, градоначалникот Стевчо Јакимовски најмногу се залага за својата општина, а Карпош е најпосакувана општина за живеење меѓу скопјани. Позитивните критики кои ги доби локалната власт и градоначалникот, според Центарот за ис тражување и анализа, најмногу се должат на тоа како граѓаните гледаат на решавањето на нивните проблеми од страна на администрацијата. Како илустрација може да се посочи дека дури 64,26 % од анкетираните одговориле дека локалните власти се запознаени со нивните проблеми. Тие мислат дека најпозитивни движења има во сферата на образо ванието, особено во инвестициите во образование то, во урбанизмот и инфраструктурата, како и во општествениот, социјалниот и културниот живот на општина Карпош.
0,00%5
10
,00%
10,00%
15,00%
20,00%
25,00%
30,00%
Карпош Урбан • број 13 • јануари 2012 • Општина Карпош
0,00%5
,00%
10,00%
15,00%
20,00%
25,00%
Она, пак, што посебно им импонира кај нивниот општински татко, според истите испитаници, е не говата отвореност, транспарентност, како и негова та едноставност и блискост до граѓаните. Истражувањето беше спроведено на репрезен тативен примерок од 2.760 испитаници, преку ис тражување на територијата на Град Скопје, во сите општини. Истражувањето беше спроведено на репрезен тативен примерок од 2.760 испитаници, преку ме тод на теренско истражување во Општините на те риторија на Град Скопје, и тоа: Истражувањето беше спроведено од 19.12.2011 до 27.12.2011 г. и со него беа опфатени сите социјал ни групи на граѓани. При истражувањето посебно се водеше сметка да бидат запазени демографските особености на Општините каде што беше спроведувано. Анкетниот лист испитаниците го пополнуваа во потполна дискреција и самостојно без ничија асис тенција, со цел постигнување на поголема веродос тојност на резултатите, како не би почувствувале каква било форма на притисок, или недоверба кон анкетарите. В. Ц.
ПРОМОЦИИ НАЈГОЛЕМИОТ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО МАКЕДОНИЈА - во КАРПОШ
„Скопје сити мол“, лоциран во општина Карпош, преку 16 автобуски линии кои оперираат на глав ќе биде првиот модерен трговски центар во регио ните улици. нот. Со поставувањето на камен-темелникот на 19 Конструиран од американската архитектонска декември 2010 г. и градежните работи во тек, отво компанија „Лагарда лоу“, со богато искуство во из рањето е закажано за септември 2012 г. градба на комерцијални објекти, дизајнот на „Скоп Инвестицијата од 80 милиони евра е визија на је сити мол“ е простран, со предворја со високи „Бал фин МК“, друштво за заеднички вложувања тавани и димензии кои создаваат простор облеан помеѓу „Фешн груп“, водечка деловна групација во со дневна светлина. Екстериерот со живописно уре Македонија и „Балфин“, водечка деловна групација дени кафе-барови и места за седење овозможува во Албанија. Проектот е поддржан од Европската максимално уживање во пријатната скопска клима. банка за обнова и развој. Многубројните места за релаксација и уживање, „Скопје сити мол“ е лоциран на само 3 км од со тераси и одличен поглед кон планините, ќе соз центарот на градот, во срцето на општина Карпош, дадат уникатно место за посетителите и белег на меѓу две главни со об општината и на регионот. раќајни артерии, булевар „Скопје сити мол“ ќе „Скопје сити мол“ низ бројки Партизански одреди и ја пополни празнината • подземен паркинг и три ката со продавници и локали булевар Илинден, кои се во понудата на македонс за разонода и забава; директно поврзани со киот пазар на висококва • 90.000 м2 бруто градежна површина; магистралата за Косово. литетен малопродажен • 39.000 м2 бруто закупна површина; Булеварот Партизански прос тор, давајќи мож • 1.300 паркинг-места, едно подземно ниво и одреди е најфреквентни ност за влез на меѓуна повеќекатна гаража; от булевар во Скопје со род ни престижни и ус • 150 продавници со различни големини кои ќе ја дне вен сообраќај од 30 пешни брендови кои до задоволат побарувачката за мал и голем простор; ил јади возила. Извон сега не биле присутни на • супермаркет 4.000 м2; редната локација во дос нашиот пазар меѓу кои се • хипермаркет за електроника 3.000 м2; та елитниот густо насе истакнуваат „Керфур“, • ресторани и кафе-барови со тераси; лен дел од градот е на са „Зара“ и „Старбакс“. Тоа • мултиплекс-кино кое ќе вклучува едно големо 3Д-кино мо пет минути со авто ќе создаде привлечна и девет помали 3Д-ВИП кино-сали; комбинација на брендо мобил од центарот и има • кугларница со 12 ленти и дополнителна забава. зона на гравитирање од 1 ви и, заедно со содржи милион луѓе. Локацијата ната во делот на разоно има одлична видливост и фронтална поставеност и дата и забавата, „Скопје сити мол“ ќе стане место за е достапна со автомобил од сите правци, како и возбудлив животен стил за Карпош и за регионот. Предраг Кукиќ
Карпош Урбан • број 13 • јануари 2012 • Општина Карпош
11
ПРОЕКТИ Проект на Општина Карпош
Енергетска ефикасност во градежниот сектор Советот на Општината донесе Правилник за мерките за енергетска ефикасност, кои треба да ги содржат проектите за изградба и реконструкција на градежните објекти за добивање дозвола за градба во Општина Карпош. Проектот претставува логично проширување на досегашните активности што Општината ги презе маше за eнергетска ефикасност на објектите од неј зина надлежност. Овие зафати покажаа ефекти на енергетски заш теди за греење за повеќе од 40 %, односно заштеди на вкупните енергетски потреби по квад ра тен метар на годишно ниво од ≥200 kWh/m2 на ≤100 kWh/m2. Обврските од Законот за енергетика, потпиша ната Конвенција на градоначалници на европски општини и градови и други национални програми и стратегии, ја прошируваат ваквата практика (за примена на мерки за енергетска ефикасност) и на сите градежни објекти од станбениот и нестанбе ниот сектор за кои дозволите за градба се во над лежност на Општината. Проектот ќе се реализира во првиот квартал на 2012 година и содржи неколку фази: Донесениот Правилник на последната седница на Советот на Општината за мерките за енергетска ефикасност, кои треба да ги содржат проектите за изградба и реконструкција на градежните објекти за добивање на градежна дозвола во Општина Кар пош. Правилникот содржи едноставна методологија во фазата архитектура, за пресметка на коефициен ти те на проводливост на изолациите на ѕидови, врати и прозорци, од кои се добива пресметката за потребна енергија за греење по квадратен метар на годишно ниво. Во прилог ги дава табелите со кое фициентите на проводливост според цитираните МКС стандарди, што ја олеснува пресметката. На овој начин се дефинира и горната граница на доби ена енергија по метар квадратен на годишно ниво за греење, која не треба да ја помине границата од 100 kWh/m2, што е еквивалентно на границата од С-категорија според европските енергетски серти
12
Карпош Урбан • број 13 • јануари 2012 • Општина Карпош
фикати. Инвеститорите кои ќе применат уште по добри мерки и ќе покажат проектантски заштеди повеќе од 10% од максималната горна граница и ќе применуваат обновливи извори за греење, санитар на топла вода и сл. ќе добијат субвенција до 20% од делот на комуналната такса која ја плаќаат во делот на општина Карпош. Ќе се спроведат најмалку две јавни презентации за инвеститорите и проектантите кои градат на тери торијата на општината и други заинтересирани суб јекти на кои ќе се елаборира примената на Правил никот во изработката на основните проекти за градба. Вработените државни службеници од Секторот за урбанизам и Секторот за заштита на животната средина и природата, кои ќе бидат вклучени во про цесот на издавање дозвола за градба, ќе поминат низ неколку внатрешни едукативни обуки. Проектот има три целни групи кон кои е наме нет: досегашни и идни инвеститори на објекти во општина Карпош. Да градат објекти кои ќе трошат многу помалку енергија, при исти услови на комо дитет на живеење и работа во нив. Изработените проекти на овој начин и нивната реализација во практика обезбедува висока катего ризација, во моментот кога ќе биде законската об врска за добивање енергетски сертификат, а со тоа и повисока пазарна цена на објектот. Имплементацијата на бараните пресметки во фазата архитектура, на основните проекти, нема финансиски импликации за разлика од елаборатите за енергетска ефикасност, кои во иднина ќе се изра бот уваат со реална вредност од 1000 до 2000 евра. Субвенциите што Општината Карпош ќе ги до делува за ваквите објекти се дополнителен мотив кој треба да го зголеми интересот за градба во опш тината. Општината Карпош, на своите граѓани кои ку пуваат станови во колективните градби, сака да им обезбеди можности каде што овие енергетски да вачки се до 70% помали од старите градби за екви валентна станбена површина. Успешната реализација на овој проект е само почетен услов за практична реализација на сите об врски што ќе следат во сферата на енергетската ефи касност во градежниот сектор во Република Македонија. Љупчо Димов
ШТО Е ЕКОПАСОШ? Крајната цел на хармонизацијата на македон ското законодавство од областа на енергетската ефикасност во градежниот сектор со европските директиви е стекнувањето на енергетскиот серти фикат што треба да го поседува секој објект во Република Македонија. Патот до добивањето на т.н. екопасош, е следниот: донесување Правилник и методологија за енергетска контрола на објектите; спроведува ње обуки за енергетска контрола; изработка на елаборати за енергетска контрола и издавање сер тификат за енергетска класа на секој објект.
Издадените енергетски сертификати согласно со Законот, се проверуваат секои три години, за тоа дали се останати во класата за која е издаден сертификатот. Енергетските сертификати се во рангот по значење како и имотниот лист, без кој не може да се изгради, оттуѓи или изнајми кој било објект. Повисоката класа од сертификатот ја одредува и пазарната вредност на објектот. Со усвоениот Правилник на Советот, Општи на Карпош овозможува класификација за сите нови и реконструирани објекти, во категориите А, Б и Ц, споредбено и во согласност со европски те сертификати. Љ. Димов
еколошки сертификати Градоначалникот Стевчо Јакимовски и сопру гата на шведскиот амбасадор во Република Маке донија, г-ѓа Хелена Густавсон, доделија 25 еколош ки сертификати на сите учесници во проектот „Гоу клин“ за управување со батерии и отпад од батерии. Станува збор за проект инициран од Амбаса дата на Кралството Шведска и поддржан од амба садите на Норвешка и Словачка, како и од Мини стер ството за животна среднина и просторно планирање. Проектот е имплементиран од НВО „Гоу грин“, „Балкански мостови“ и „Гринер“, од Скопје. Општина Карпош активно се вклучи во спороведувањето на овој еколошки проект. Одделението за заштита на животната средина и природата во рамките на овој проект одржа едукативни предавања на тема за опасниот ефект што го предизвикува отпадот од батериите, како и работнилници каде што се изработуваа кутии за собирање на отпадни батерии.
Кутијата изработена од учениците од ОУ „Пе тар Поп Арсов“, како една од поуспешно изработе ните креации, беше доделена на Амбасадата на Кралството Шведска како благодарност за спрове дениот проект. Кутиите за собирање отпадни батерии израбо те ни од учениците од основните училишта во општина Карпош ќе бидат поставени во просто риите на Општината.
Карпош Урбан • број 13 • јануари 2012 • Општина Карпош
13
НА ТИ СО… Милош Константинов
Пионерски потфати на „ВЕНС инженеринг“ Милош е дипломиран туризмолог, па неговата пионерска мисија во градежништвото по европски терк, треба да биде поука за сите млади дека формалното образование не е пречка „за фаќање во костец“ со бизнис „надвор од струката“.
малното образование не е пречка за „фаќање во костец“ со бизнис „надвор од струката“. МИЛОШ: Се согласувам со вашата констата ција, бидејќи кога станав дипломиран туризмолог, Непишаното правило за голготата низ која по сфатив дека од тој бизнис нема леб, и решив да се минуваат пионерските потфати на овие балкански вклучам во семејниот бизнис со градежништво, кој простори, за што и да станува збор, по сплет на не ми беше непознат, бидејќи таму започнав носејќи околности е нарушено во сферата на примена на тули и вреќи со цемент. Шегата настрана, во веќе работената фирма на татко ми, се вклучив, енер гетската ефикасност во градежништвото во раз решен во неа да внесам иновации за кои, слични Оп ш тина Карпош. Во случајов, околностите се: фирми, во тоа време, и не размислуваа. Всушност, еден млад градежник-претприемач и ажурната ло овде и не се спомнуваше градење на енерегетски кална самоуправа на нашата општина. ефикасни об јекти, што е инаку „задолжителен“ Епилог на таа двојна спрега се станбен објект, елемент во ев р опските земји. изграден според европските стандарди за примена УРБАН: За нашава и на енергетска ефикасност и ва ш ава приказна да биде усвоената законска регулатива разбирлива и за нас, лаи по која нема да има рововска Важно е да се нагласи дека ние ци т е, кажете ни што е сè битка со административни промовираме изградба на објекти пот р ебно да се изгради пречки во практичната реали енер г етски ефикасен стан кои користат обновливи извори зација на европските стандар бен објект? ди во градежништвото на те на енергија за затоплување и кои МИЛОШ: Се сеќавам, риторијата на Општина Кар 2 трошат помалку од 50 kwh/m на еден семинар беше по пош. тенцирано дека 30 процен Тоа е и првата конста та енергија на годишно ниво. ти од топлината или сту ција на Милош Константинов, дот влегува-из л е г ува пре споменатиот млад претприе ку „дограмата“, по битолски, или преку про зорците, мач, клучен човек во фирмата „ВЕНС инженеринг“ 30 проценти преку фасадата и 30 проценти преку и наш соговорник на темата како до покрив над покривот. За да се „пореметат“ овие про ц ен т и, при глава, со енормна заштеда на енергија. Колку и да градењето на станбен објект треба да се стави звучи излишно, потенцирањето на синтагмата млад човек е важно и заради исконската вистина дека без термичка фасада со дебелина од 10 сантиметри, од стиропор или камена волна, второто е вградување млади нема авангардни општествени исчекори. мент е Милош е дипломиран туризмолог, па неговата на тростаклени прозорци, и третиот еле бетонски покрив со изолациски слој од ка м ена вол пионерска мисија во градежништвото по европски на со дебелина од 30 сантиметри. Така, практично терк треба да биде поука за сите млади дека фор
“
„
14
Карпош Урбан • број 13 • јануари 2012 • Општина Карпош
добиваме „бункер“ кој понатаму го до пол нуваме „енергетски пасош“ од А-категорија, со што први во вградувајќи соларен систем со са ни тар на вода, Македонија ќе се здобиеме со сертификат за градба потоа геотермална пумпа за подно греење (важно и по европски прописи и стандарди. заради естетика на станбениот простор), преку кое УРБАН: Ќе има ли некој нов „пионерски пот се обезбедува топлина од 25-26 степени, за зимски фат“ во фирмата „ВЕНС инженеринг“? период. Подното греење е затворен систем, напол МИЛОШ: Старото правило дека застанување и нет со вода и антифриз, за чие затоплување се пот заостанување во кој било бизнис значи крај за биз ребни 40 степени целзиусови. Таа температура од нисменот, не учи дека не треба да одиме во нови 20 степени ја обезбедува геотермална пумпа, а дру потфати. Нашата фирма е фокусирана на градба гите 20 степени се надоместуваат со вградено елек енергетски ефикасни објекти, но се подготвуваме трично котле. Овде е важно да се потенцира дека на нашиот пазар да пласираме таканаречена заштедата е во затоплувањето на вода до 20 степени, пасивна прозорска изолација. Станува збор за кла а не сите 40 како што е случај при таканаречената сични ролетни со отвори за циркулација на возду „нормална“ градба на станбен објект. Освен тоа, хот. Тој систем е исто така важен за заштеда на тие 20 степени што ги обез топлинска енергија. Сис те бедува геотермалната пум мот е бел гис ки, а ние сме па, во летен период се ко застапници за Македонија и Нашата фирма е фокусирана ристат за ладење на станбе ќе се обидеме, во соработка ниот простор. Нагласувам, на градба енергетски ефикасни со Општината, училиштата при вака вграден систем, со објекти, но се подготвуваме на и другите инстит уции исти ларната енергија од покрив от да го при ме ниме и кај нашиот пазар да ги пласираме ниот соларен систем, докол нас... ку постои, не ма никаква таканаречена пасивна прозорска УРБАН: Каква ви е ко врска. Важно е да се нагласи изолација. муникацијата со админист дека ние про мо вираме из рацијата на Општината град ба на објекти кои ко Карпош? ристат обновливи извори на енергија за затоплу МИЛОШ: Генерално гле дано, добра, коопе ра вање и кои трошат помалку од 50 kwh/m2 енергија тивна, или поточно, онаква каква што јас ја замис на годишно ниво. лувам и посакувам. Во Карпош градиме трет објект УРБАН: Дали сите овие елементи можат да се и не само што не можам да се пожалам на соработ набават кај нас? ката со локалната самоуправа, туку со усвојувањето МИЛОШ: Да, ги има, и ги обезбедуваме во сора на новата законска регулатива во градежништвото, ботка со подизведувачи, бидејќи даваме архитек ние можеме да се надеваме и на пристојна зара тонски проект и работиме со самоинвестирање, ботка. така што имаме целосна контрола врз она што на Миле Раденковиќ објектот го работат ангажираните подизведувачи. УРБАН: Ако сме согласни дека овој станбено енергетски комфор кај нас е во зародиш, веро јатно дека тоа има влијание и на цената на квад ратен метар во објект со енергетска ефикасност? МИЛОШ: Сигурно дека има влијание, но цената не е драстично повисока од класично градени станбени објекти. Конкретно, квадратен метар во нашите објекти, со услов „клуч на рака“ чини 1200 евра. Со одлуката на Општина Карпош, вака гра дените објекти да ги стимулира со 20 проценти во делот на комуналните давачки, работите ќе се про менат на подобро, односно ќе падне и цената по квадратен метар станбена површина. УРБАН: Вашиот трет објект со енергетска ефикасност, на ул. Струшка бр. 11, беше јавно промовиран, а кога да очекуваме промоција на друг таков објект? МИЛОШ: Два нови станбени објекти во непо средна близина, на истата улица во Тафталиџе, веќе се во градба, и се надеваме дека за нив ќе обезбедиме
“
„
Карпош Урбан • број 13 • јануари 2012 • Општина Карпош
15
ТРИБИНА Средба на претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски во Карпош
битка за иднината на македонија
Претседателот на СДСМ рече дека партијата започнува политичка битка за да се победи стравот, битка за иднината на Македонија, да победи вистината во оваа земја На 26 јануари, во хотелот „Александар палас“, три бина со граѓаните на Карпош одржа Бранко Црвен ковски, лидер на најголемата опозициска партија во Македонија, СДСМ. Интересот на граѓаните од Кар пош за трибината беше огромен, што се покажа и со нивно големо присуство. Бидејќи трибината беше од интерактивен карактер, лидерот на СДСМ одговара ше и на многу прашања од граѓаните. На почетокот, Црвенковски се осврна на тешката економско-социјална состојба во која се наоѓа Ма кедонија. Земјата претрпе сериозни порази и тешки неуспеси во оние сфери, кои се најбитни за животот на луѓето, за иднината на овој народ, рече Цр венковски. Тој посочи дека една третина од населе нието живее во сиромаштија, а 32% се невработени и поради тоа угледниот лондонски „Еко но мист“ не прогласи за светски шампиони во мизерија. Осиро машувањето на сите граѓани продолжува со посто јано зголемување на цените во овие шест години, како што се струјата, парното, бензинот, ле бот, брашното, маслото, шеќерот..., рече Црвенковски. Претседателот на СДСМ истакна дека во време кога Македонија се соочува со рекордна сиромаш ти ја и невработеност, а светот не прогласува за шампиони во мизерија, владата на ВМРО-ДПМНЕ парите ги троши на споменици, скулптури, музеи од мермер, бронза.
16
Карпош Урбан • број 13 • јануари 2012 • Општина Карпош
„Дали земја која е најмизерна во светот треба за тоа да ги троши парите? Дали на тој начин се бори ме против сиромаштијата и невработеноста? Мис лите дека тоа го прават затоа што ја сакаат уметнос та, ја почитуваат историјата? Нема врска, таму се перат парите, тоа е најголемиот криминал“, рече Црвенковски. Правејќи споредба со периодот од пред шест години кога Македонија во евроинтеграциите беше рамо до рамо со Хрватска, а Србија, Босна и Херце говина, Црна Гора беа десет чекори зад нас, Црвен ковски посочи, дека денес сме онаму, каде што бев ме, закопани во едно место. Тој акцентираше дека премиерот Груевски не сака да ја внесе Македонија во НАТО и ЕУ затоа што сака да продолжи да ја третира Македонија како приватна сопственост, не гова и на уште мала група луѓе околу него. Црвенковски рече дека партијата започнува поли тичка битка за да се победи стравот, битка за иднината на Македонија, да победи вистината во оваа земја. „Човек што живее во страв не живее во слобода. За тоа мора да го победиме стравот. Битка за вистината е битка против стравот, битка за иднината. Народот дава власт, народот зема власт.“ рече Црвенковски. На крајот, тој потенцираше дека коментарите и критиките кои секојдневно се упатуваат на адресата на СДСМ и кои има можност да ги слушне во разго ворите со пријателите, со комшиите со кои се среќава, се всушност добронамерни критики. Тоа се повици на луѓето кои бараат надеж и кои на СДСМ гледаат како на единствената организирана политичка партија која има моќ да застане на патот на оваа власт. Ива Манова
УРБАНИЗАМ
ПРЕГЛЕД НА ПОВАЖНИ НАДЛЕЖНОСТИ ОД ЛОКАЛНО ЗНАЧЕЊЕ ОПШТИНА КАРПОШ
ВЛАДА НА РМ
ГРАД СКОПЈЕ
Издавање Одобренија за градба тел. 3069 799 (лок. 137, 138)
Трансформација на земјиште, денационализација и откуп на дворно земјиште Министерство за финансии тел. 3073-397, 3062-282
Измени во Генералниот урбанистички план (ГУП) на Град Скопје тел. 3297 209, 3297 269
Издавање извод од ДУП тел. 3069 799 (лок. 137, 138)
Давање согласност за урбанистички планови Министерство за транспорт и врски тел. 3145 478
Одобрување сообраќајни проекти тел. 3297 308
Издавање Решение за урбанистичка согласност за легализација на дивите градби тел. 3069 799 (лок. 137, 138)
Давање мислење за елаборати за противпожарна заштита Дирекција за заштита и спасување тел. 3065 623
Давање согласност за урбанистички планови тел. 3297 209, 3297 269
Издавање Решение за огради, настрешници, гаражи... тел. 3069 799 (лок. 137, 138)
Издавање лиценци за авто-такси превоз на патници тел. 3297 311
Издавање Одобрение за инфраструктурни објекти тел. 3069 799 (лок. 137, 138) Донесување урбанистички планови тел. 3069 799 (лок. 136) Постапка за експропријација на недвижности и продажба и закуп на градежно неизградено земјиште тел. 3065 363
ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ
ЈАВНА ЧИСТОТА И ЗЕЛЕНИЛО
Собирање и транспорт на комунален и друг неопасен отпад и одржување на депониите ЈП „Комунална хигиена“ тел. 3216 644 Одржување јавна чистота на јавните сообраќајни површини ЈП „Комунална хигиена“ тел. 3216 644 Одржување на јавни зелени површини ЈП „Паркови и зеленило“ тел. 3070 112, 3070 113 Дистрибуција на Решенија за данок на имот тел. 3070 469
Изготвување на Решенија за данок на имот тел. 3297 316 Утврдување и наплата на данок на промет на недвижности и данок на наследство и подарок тел. 3297 280
Карпош Урбан • број 13 • јануари 2012 • Општина Карпош
17
ПРЕГЛЕД НА ПОВАЖНИ НАДЛЕЖНОСТИ ОД ЛОКАЛНО ЗНАЧЕЊЕ
КОМУНАЛНИ РАБОТИ И ИНФРАСТРУКТУРА
ЈАВНА РАСВЕТА
ОПШТИНА КАРПОШ
ВЛАДА НА РМ
Изградба и одржување на јавното осветлување на локални, сервисни и станбени улици тел. 3071 035
ГРАД СКОПЈЕ
Изградба и одржување на јавното осветлување на магистрални и регионални патишта тел. 3297 393
Реконструкција на тротоари на локални, сервисни и станбени улици тел. 3078 882
Реконструкција и изградба на основни училишта на територија на Општина Карпош Министерство за образование и наука тел. 3140 102
Реконструкција на тротоари на магистрални и регионални патишта ЈП „Улици и патишта“ тел. 3162 317
Реконструкција-асфалтирање коловози на локални, сервисни и станбени улици тел. 3078 882
Реконструкција и изградба детски градинки на територија на Општина Карпош Министерство за труд и социјална политика тел. 3106 248
Реконструкција-асфалтирање коловози на магистрални и регионални патишта ЈП „Улици и патишта“ тел. 3162 317
Асфалтирање ударни дупки на јавни сообраќајни површини, сервисни и станбени улици, локални патишта и санации на прекопи тел. 3078 882
Асфалтирање на ударни дупки и санации на прекопи на јавни магистрални и регионални патишта ЈП „Улици и патишта“ тел. 3162 317
Одржување сообраќајници (собирни, сервисни, станбени улици и пешачки патеки) во зимски услови тел. 3078 882
Одржување сообраќајници (магистрални и регионални) во зимски услови ЈП „Улици и патишта“ тел. 3162 317
Изградба и реконструкција на пешачки патеки тел. 3078 882
Изградба, одржување и реконструкција на водоводна мрежа ЈП „Водовод и канализација“ тел. 0800 22555 (бесплатен број)
Изградба и реконструкција на паркинг простор на локални, сервисни и станбени улици тел. 3078 882
Изградба и реконструкција на паркинг простор на магистрални и регионални патишта ЈП „Градски паркинг“ тел. 3091 072
Приклучоци кон атмосферска и фекална канализација тел. 3078 882
Поставување и контрола на сообраќајна (хоризонтална и вертикална) сигнализација тел. 3297 308
Приклучоци кон водоводна мрежа тел. 3078 882
Утврдување на режими на сообраќај тел. 3297 308 Водоснабдување и одведување на урбаните отпадни води тел. 3297 390 Дезинсекција и ерадикација на животните скитници тел. 3297 241
18
Карпош Урбан • број 13 • јануари 2012 • Општина Карпош
ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ
ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
ОБРАЗОВАНИЕ
ПРЕГЛЕД НА ПОВАЖНИ НАДЛЕЖНОСТИ ОД ЛОКАЛНО ЗНАЧЕЊЕ ОПШТИНА КАРПОШ
ВЛАДА НА РМ
ГРАД СКОПЈЕ
Утврдување на реоните од кои се опфаќаат учениците тел. 3069 664
Утврдување концепција за основно образование и воспитание Министерство за образование и наука тел. 3140 102
Надлежности во однос на средното образование тел. 3297 317
Планирање и организирање превоз на ученици кои имаат законско право на бесплатен превоз тел. 3069 664
Усвојување на наставниот план и програми на предлог на Бирото за развој на образованието Министерство за образование и наука тел. 3140 102
Сопственост над училишните објекти и надлежност за тековно одржување на истите тел. 3069 664
Одобрува концепти за учебници (подготвени од страна на Бирото) Министерство за образование и наука тел. 3140 102
Именува членови на Училишниот одбордвајца членови во основните училишта од локалната заедница тел. 3069 664
Донесува прописи за педагошките форми, постапките и за условите за стручна и педагошка обука Министерство за образование и наука тел. 3140 102
Назначување/разрешување на директор на училиште по предлог на Училишниот одбор тел. 3069 664
Следење на законитоста на работењето на училиштата преку Државниот просветен инспекторат Министерство за образование и наука тел. 3140 102
Планирање на локалниот економски развој на општината и подготвување стратегиски документи за развој тел. 3068 151
Категоризација на угостителски објекти Министерство за економија тел. 3093 408
Планирање на локалниот економски развој на Градот Скопје и подготвување стратегиски документи за развој на градот тел. 3297 272
Пријавување дејност на угостителски објекти тел. 3068 151
Пријавување на работно време на правни субјекти Централен регистар на РМ тел. 3290 241
Поддршка на развојот на малите и средни претпријатија и претприемништвото во Град Скопје тел. 3297 328
Одобрение за поставување на мебел и урбана опрема пред деловен простор тел. 3068 151
Мерки и активности за развој на занаетчиството, угостителството и трговијата на подрачјето на Град Скопје тел. 3297 327
Изработка на план за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи тел. 3067 055 Формирање на штаб и единица за заштита и спасување тел. 3067 055 Дератизација Оддел. за заштита и спасување тел. 3067 055
Карпош Урбан • број 13 • јануари 2012 • Општина Карпош
19
УРБАНИ ЗАЕДНИЦИ КАРПОШ 1
karpos1@karpos.gov.mk; mirce.blazevski@karpos.gov.mk; antonio.zvrcinov@karpos.gov.mk; Мирче Блажевски тел.070/244-286 и 02/3068-754 Антонио Зврцинов тел.070/567-836 Адреса: ул. Иван Аговски бб.
КАРПОШ 2
karpos2@karpos.gov.mk; lidija.cacanovska@karpos.gov.mk; Лидија Цацановскател.02/3071-246и072/226-695 Адреса: ул. Бранислав Нушиќ бр.4
КАРПОШ 3
karpos3@karpos.gov.mk; mirjana.georgievska@karpos.gov.mk; snezana.taseva@karpos.gov.mk; МирјанаГеоргиевска тел.072/268-054 Адреса: ОУ.Лазо Трповски
КАРПОШ 4
ВЛАЕ 2
vlae2@karpos.gov.mk; zarko.josifovski@karpos.gov.mk; Жарко Јосифовски тел.072/268-056 Адреса: ул.Сливовска бб
НЕРЕЗИ
nerezi@karpos.gov.mk; vesna.anteska@karpos.gov.mk; Весна Антеска тел.071/591-797 Марина Стојмановска тел.070/847-386 Адреса: ул.Ванчо Мицков бр.19
ВТ
vlado.tasevski@karpos.gov.mk; elena.gjurcilova@karpos.gov.mk; Елена Ѓурчилова тел.070/862-117 Адреса: ул.Алжирска бб.
КЈП
kjpitu@karpos.gov.mk; karpos4@karpos.gov.mk; violeta.mihajlovska@karpos.gov.mk; violeta.bozinovska@karpos.gov.mk; Виолета Михајловска тел.070/388-597 ВиолетаБожиновска тел.072/268-052 МареДодевска тел.070/377-876 Адреса: ул.Љубљанска бб. Адреса: ул.Стрезово бр.7 Одделение за месна самоуправа Раководител, Миле Стевков ТАФТАЛИЏЕ 1 ПБК Контакт телефон: 3078-116 и 070235-790 taftalidze1@karpos.gov.mk; pbkoco@karpos.gov.mk; verce_penova@hotmail.com; ВераПенова тел.072/209-685 Адреса: ул.Букурешка бр.2
ТАФТАЛИЏЕ 2
taftalidze2@karpos.gov.mk; goran.velkoski@karpos.gov.mk; dragce.reskovski@karpos.gov.mk; ГоранВелковски тел.072/677-805 и02/3071-035 Дракче Решковски тел.070/895-253 Адреса: ул.Женевска ББ, (простории на ЗЕЛС – сутерен)
ВЛАЕ 1
vlae1@karpos.gov.mk; nenad.zafirovski@karpos.gov.mk; ljupco.ivanovic@karpos.gov.mk; НенадЗафировски тел.072/268-053 Адреса: ул.Фјодор Достоевски бр.2
20
Карпош Урбан • број 13 • јануари 2012 • Општина Карпош
aco.postoloski@karpos.gov.mk; Ацо Постоловски тел.070/365-822 Адреса: ул.Стрезово бр.7
ЗЛОКУЌАНИ
zlokukani@karpos.gov.mk; gasi.sadriu@karpos.gov.mk; ГашиСадриу тел.075/552-579 Адреса: ул.Скупи бб.
БАРДОВЦИ
bardovci@karpos.gov.mk; miroslav.petrusevski@karpos.gov.mk; dragi.misevski@karpos.gov.mk; milena.dabeska@karpos.gov.mk; Мирослав Петрушевски 076/907-081 Марина Дабевска Проданова070/551-347 Драги Мишевски 075/799-335 Адреса: с.Бардовци
СПОРТОРАМА Премиерот Никола Груевски во Карпош
НОВИ ТЕНИСКИ ИГРАЛИШТА
Во Карпош, во дворот на училиштето „Јан Амос Коменски“, Агенцијата за млади и спорт отвори две тениски игралишта. Нивната изградба е дел од про ектот „100 тениски игралишта низ целата држава“. Тениските игралишта се опремени и се по стандар дите на Светската тениска асоцијација и истите имаат пристапни патеки, осветлување, жичана ог рада, инфраструктурна приклученост и најсовре мена подлога. Камен-темелникот за тениските те рени во оваа општина беше поставен пред помалку од две години. Тениските терени се состоjат од еди нечно и двојно тениско игралиште. Единечните те рени се со димензии 21,1х39,4 метри, а двојното те нис ко игралиште со димензии 39,4х39,4 метри. Планирани за изградба низ територијата на Репуб лика Македонија се 20 единечни и 40 двојни тенис ки игралишта. Тениските терени се со најсовремена подлога по сите стандарди на Светската тениска асоцијација. Во општината Карпош исто така Аген цијата за млади и спорт гради и “Вештачката карпа за спортско качување”. При свеченото пуштање на игралиштето во ја нуари, на кое присуствуваше и премиерот Никола Груевски, тој вети дека со цел да се подобри квали тетот на физичкото воспитување во државата ќе се формираат стручни тимови од професори од ос новните, средните училишта и од факултетите. Toj, исто така изрази убедување дека ваквата по литика за изградба на нови спортски терени, тенис ки и фудбалски игралишта, спортски сали и пове ќенаменски спортски игралишта ќе даде огромен поттик и силен импулс во македонскиот спорт. Со изградбата на нови спортски објекти, нагласи Гру евски, условите за напредок во спортот и добива њето врвни спортиси се многу поголеми, а вели, кога се работи за спортот не смее да има политика.
УЧИЛИШНИ СПОРТСКИ ЛИГИ Вториот дел од училишните спортски лиги во кошарка и во одбојка за девојчиња во организација на Општината Карпош, ќе започнат од 1 март годи нава, со исклучок на фудбалот кој ќе започне кон крајот на март. Игрите ќе се одржуваат во спорт ски те училишни сали на основните општински училишта од територија на општина Карпош. И во овој пролетен дел се очекуваат да продол жат спортските борби за нови победи, бодови и ос војување на највисокото место во сите три конку ренции. Се надеваме дека овие врвни спортски нат превари, како и досега, ќе бидат проткаени со ат рактивни спортски потези демонстрирани од на шите најдобри талентирани ученици-спортисти. Традиционално, организатор на училишните спортски лиги е Општина Карпош и годинава на најдобрите ученици-спортисти ќе им додели вредни награди.
ГЕРМАНСКА СПОРТСКА ДОНАЦИЈА Германската амбасадата на сите десет основни училишта на територијата на Општина Карпош, им донираше топки за фудбал, кошарка, одбојка и ракомет. Станува збор за донација вредна околу 1.000 евра, која е всушност израз на поврзаноста на германската амбасада со Општина Карпош и нтенцијата за унапредување на училишниот спортот и спортот помеѓу младите. Исто така беше организираното и заедничко следење на ракометниот натпревар помеѓу Македонија и Германија од страна на германската и претставници од локалната администрација. Пред голем број на гости, преставници од странство и земјата и љубители на спортот и ракометот облечени во разни спортски навивачки реквизити: дресови, знамиња, шалови, капи во прекрасна навивачка атмосфера збогатена со греано вино, сокови и познатите германски колбаси и пиво се проследи возбудливиот и неизвесен натпревар.
В. Ц.
Карпош Урбан • број 13 • јануари 2012 • Општина Карпош
21
НА КАФЕ КАЈ… Семејството Фејзулови
Нуредин – Човек со две националности
Улицата Демир Трајко, со правецот на протегање и нумерацијата, достојна e за Риплиевата енцикло педија, бидејќи е веројатно единствената во нашата држава која започнува и завршува во една точка. Барајќи ја куќата сместена под бројот 61-а, напра вив цел еден круг и речиси стасав до бројот 1, од каде што и ја започнав потрагата по домот на семеј ството Фејзулови. Попрецизно, семејството со тоа презиме го барав со намера да се напијам кафе во домот на оние што за сите важат за домаќини, дос тојни за секоја почит. Веднаш да признаам дека не паметам некогаш и некаде така да ми се усладило испиеното кафе, како во домот на Нуредин Фејзулов. Подоцна сфатив дека не беше во прашање вкусот на кафето, туку атмос ферата во која го пиев, восхитен од простодушноста на моите домаќини и топлината на нивниот дом. Главата на семејството, четиресет и осумгодиш ниот Нуредин, веднаш признава дека е неук да збо рува за весници, но во едночасовниот муабет ме потсети на Ахмед Нурудин од неповторливиот ро ман „Дервишот и смртта“ на големиот Меша Сели мовиќ. Откако се разбравме кои сме и што сме, Ну редин ме прашува дали знам кој е тој, и веднаш ми одговара дека сигурно не знам. – Јас сум ти двона ционален човек, и Албанец и Македонец, истовре мено. Можеби сум и Бугарин, бидејќи јас како Ал банец, имам бугарско презиме. Кога сум се родил матичарот бил некој Бугарин, но презимето не ми пречи, и не сме го менувале. Еве, и внучињата се презиваат Фејзулов. Кога сме кај политиката, ние со неа се занима ваме само кога се изборите. Јас не сум член ниту на една партија, а гласам за оние што мислат на нас обичните луѓе. Последен пат гласав за сегашниот
22
Карпош Урбан • број 13 • јануари 2012 • Општина Карпош
градоначалник. Гласав за него, а богами ако продол жи вака да работи, пак ќе гласам за него... Нашиот разговор продолжува во истиот стил, тој поставува прашања што претпоставува дека ќе му ги поставам, а потоа, во шеговит стил на нив од говара. Така дознавам дека неговата семејна лоза во Нерези „непрекинато живее 2000 години...“ – Ако го разбираш тоа, ќе разбереш зошто ти кажувам дека сум и Македонец и Албанец, а ако ме прашуваш кога сум бил најгорд ќе ти кажам дека тоа беше кога еден учен човек за татко ми зборуваше како за голем човек. Слушав, и се расплакав. Татко ми Зекир има 82 години, а работеше во Македон ската радиотелевизија. Таму, сите го знаеја и го са каа... Сега сум горд со син ми Расим и со неговото семејство... Ние, јас, синот Расим и неговата мајка Себахад, снаата Шухран и внучињата Шеријахан и Шередин, седнати крснозе, ја слушаме исповедта на Нуредин и одвреме-навреме го потпрашувам, а синот и соп ругата го дополнуваат. – Ако прашуваш од што живееме, ќе ти кажам од мојата пензија од 10.000 денари и од некое денарче што одвреме-навреме ќе го заработи синот. Како што гледаш, тој тешко се изразува, бидејќи како последица од висока температура здравствената состојба му се влоши... Неколку години работеше во некоја фирма за хендикепирани лица, изработуваше најлон кеси, но газдата ги искористи сите бенефиции што му ги да ваше државата и фати магла... Понекогаш добиваме и помош, пакети со храна и алишта, и туркаме некако. Расим од Општината доби велосипед за вежбање. Откако не послужи со кафе, во разговорот се вклучи и снаата Шухран, симпатична мајка на две прекрасни дечиња, стуткани во крилото на баба им
Себахад. „Јас бев и лично разговарав со градона чалникот. Потполнив еден прашалник и чекам да ме повикаат. Би работела што било, знам да читам и да пишувам, а слушам дека во училиштето „Братст во“ имаат потреба од чистачки...“ Со домаќинката, госпоѓа Себахад, припалуваме цигара, а Нуредин раскажува дека ја има земено од фамилијата Јакупи од Горно Количани, и дека таа е вистинска домаќинка, бидејки „и од малце знае да зготви убаво јадење“. Го прашувам Нуредин дали е задоволен со снаа та, а тој, онака шеретски одговара: „Каде се видело добра снаа или добра свекрва“, по што сите гласно се смееме, особено снаата Шухран. „Како да не сум задоволен кога ми роди вакви златни внучиња“, се вади свекорот, очигледно задоволен од реакцијата на неговата шега. Семејството на Нурудин Фејзулов живее во при земјето на убава нова трикатница, со семејствата на неговите три брата и братски се согласуваат. Мојот до маќин раскажува дека и тројцата убаво се снашле, работат различни работи, и се надеваат на подобри времиња. – Што е со имотот, горе во Нерези, бидејќи прет поставувам дека го имате? – Горе, десно од гробиштата имаме 1.600 квадра ти, малку лозје и неколку ниви, но нема кој да ги обработува. Убаво што ме праша за имотот, бидејќи ако Господ даде, се надеваме дека со денационали зацијата ќе ни го вратат она што беше вистински имот, а ни беше одземено, како и на сите други, од Нерези. Сигурно не знаеш дека нашиот имот бил голем. Наше било се од студентскиот дом „Гоце Делчев“, па до гимназијата „Георги Димитров“. Сме имале бавчи кај бензинската пумпа, и таму каде што е Автокуќа „Македонија“. Се на сè, 20.000 квад
ГРИЖА ЗА ДЕЦАТА ОД РАНЛИВИТЕ ГРУПИ На 30 јануари годинава, во просториите на Општина Карпош се одржа работилница во рам ките на проектот „Поддршка на ранливите групи на деца во Македонија“ организирана од првата детска ам басада „Меѓаши“. На работилницата прис уствуваа стручни лица oд предучилишните и од основните училишта (педагози, психолози, со цијални работници, дефектолози, воспитувачи, негуватели), инспектори по малолетничка правда од ПС „Карпош“ и вработени во општинската ад министрација. На работилницата беа поканети стручни лица од Меѓуопштинскиот центар за социјални грижи на Град Скопје и стручни лица од Заводот за мен тално здравје коишто не се одѕваа на поканата.
ратни метри, а се надеваме дека ќе ни вратат нај малку 12.000 квадрати. – А, до каде е постапката за враќање на имотот и дали воопшто поднесовте документи? – Се разбира, јас во тие работи не се разбирам, но со таа работа е зафатен брат ми, Мустафа. Она што јас го знам, е тоа дека ги имаме сите документи од кои се гледа дека тој имот бил во наше владение. Имаме скици направени уште во 1933 година, со аероснимање и тука нема непознати работи. Јас се надевам дека на тој начин ќе ја пребродиме сегаш нава материјална криза. Со Нуредин, потоа, зборувавме за неговите 26 го дини поминати на работа во „Жито Лукс“, за мозоч ниот удар што го добил на работа, кога фирмата се распаѓала. За среќа, поминал без потешки последици. Ја „чепнавме“ и историјата со која тој пристојно вла дее, истакнувајќи дека порано многу читал весници. Зборувавме и за гробиштата, муслимански и христи јански во неговото родно Горно Нерези, кои се сега паркинг-плацеви и дворови на „новонережани“, за на ционализмот кој бил непознат во нивното маало, во кое и сега убаво се живее со сите комшии... Поканата, пак да им дојдам на кафе, со радост ја прифатив. Миле Раденковиќ Работилницата ја водеше м-р Драган Змијанац, извршен директор на детската амбасада „Меѓа ши“, на која беа обработени следните теми: вклу ченост на ранливите групи деца во образовниот процес; мерки за вклучување на децата од соци јално загрозени семејства, започнувајќи со пред училишно образование и во основното образо вание; колкава е вклученоста на децата со посебни потреби во пред учи лишното и во основното образование и дали има стручен тим за работа со овие деца. По излагањето се отвори конструктивна дис кусија, размена на искуства, како и многу праша ња за наведените теми. Гордана Ст. Зафировска Раководител на Одделението за детска социјална и здравствена заштита
Карпош Урбан • број 13 • јануари 2012 • Општина Карпош
23
ХУМАНОСТ Во „Влае 1“
Вистинита зимска бајка
Завиткан, како член на поларна експедиција и стуткан под излитено ќебе, и под две, овде онде, продупчени јамболии, додека го чека соседот Митре (Божиноски) да му донесе топла супа, Драган (Петрев ски) ѕирка во ТВ екранот, надевајќи се дека временска та прогноза за следните денови, нема да биде „кочан“ како сабајлево. А да не е соседот, таков каков што е, до бар и несебичен, Драган одамна би ги оптегнал изѕем натите нозе. Токму и заради тоа, не обрнува внимание на тропа њето на накривената врата, низ која студот поминува како низ решето. Неколку мига потоа, во неговото, од Господ заборавено сопче, влегува некој, кој Драган нај малку го очекува - градоначалникот Јакимовски, негов некогашен школски другар. Ја здогледува и Горде, не говата добра вила од Одделението за детска, социјална и здравствена заштита од Општина Карпош, и сфаќа дека не е сè така црно, како што е во неговиот живот, во последните неколку години. Истовремено, се радува и се срамува од амбиентот во кој го пречекува таткото на Општината. За негова среќа, важниот гостин се однесува како негов најбли зок и го затрпува со предлози, нудејќи му, веднаш, за солниште достојно за човека. Драган слуша, а потоа, малку се поткрева на скочанетата лева рака, не веру вајќи дека тоа тука, во неговото, од сите страни про дупчено сопче, е јаве. Да размислам, вели, убеден дека му се причинува дека градоначалникот му нуди станче под кирија, до пролет, а потоа, кога ќе се затопли, на ова исто место „ќе ти изградиме нова и поголема куќичка, со кујна и WC...“. Додека Драган се напрега да се соземе од тој „дар од небо“, градоначалникот од своите соработници бара веднаш да се донесе радијатор на струја.
БАДНИКОВ ОГАН ВО КАРПОШ
Со голем огномет, пита со париче, поп и тради ционално предавање на кумството, пред илјадните прис утни граѓани од Влае, Тафталиџе и Карпош, годинава беше запален големиот бадников оган во
24
Карпош Урбан • број 13 • јануари 2012 • Општина Карпош
„Здраво школски“, - градоначалникот Јакимовски и Драган Петревски Откако сфаќа дека тоа тука, пред него, не е сон, Драган срамежливо му кажува на градоначалникот дека неколку месеци не платил струја и дека секој час може да му ја исклучат. „Ти ич да не береш гајле. Опш тината ќе ти плати струја и ќе ти обезбеди сè друго што е потребно за живот...“ Со насолзени очи, Драган се збогува со хуманите луѓе, лут на судбината што не може да стане и како чо век да го испрати оној што така ненадејно му ја стопли душата и мувливото сопче. Откако гостите си заминаа и Драган малку се созе де, го запрашува својот сосед и заштитник Митар, дали е вистина сè она што пред малку се случи тука. „Висти на е Драган, од ова овде што го гледаш“ - покажува на стоплениот радијатор и на купчето пакети со храна , „нема поголема вистина“. М. Раденковиќ пресрет на Исусовото раѓање - Божиќ. И оваа централната манифестација на палење на бадни ковиот оган во Карпош, помина со посна трпеза и греана ракија, многу музика и добро расположе ние. До доцна во ноќта Карпошани се забавуваа во друштво со градоначалникот Стевчо Јакимовски и првите луѓа на општинската администрација. Па ричето му падна на 26 годишниот Никола Дабиж левиќ кој во таа пригода изјави: „Пресреќен сум што мене овој пат ми падна паричката, нешто што го посакувам со години. За мене таа навистина е симбол на среќа, здравје и благосостојба, што им посакувам на сите жители на Карпош, но и на Скопје и на цела држава. Ветувам дека ќе сторам сé, оваа убава традиција да продолжи и да се негу ва и во иднина“, изјави Дабижлевиќ.
КУЛТУРНИ ВИБРАЦИИ ГРАФИЧКА МАПА - КАРПОШ
Издавањето на графичката мапа е проект кој се прочу и надвор од границите на Македонија, а таа наскоро ќе биде изложена и во Лондон
Првата графичка мапа која ја издава локалната самоуправа во соработка со асоцијацијата „Икон“ ја имаше својата официјална промоција во Општи ната Карпош пред многубројни гости од уметнич киот свет, медиуми и граѓани на Карпош. Станува збор за графичка мапа која ги содржи делата на 12 македонски академски сликари кои живеат и творат на територијата на Општина Карпош. Овој грандиозен уметнички проект, прв од ва ков вид кај нас, кој е издаден во ограничена едиција од 60 примероци, што ја прави уште повредна, ги содржи графиките на Доне Мијановски, Нове Франговски, Илија Кафкалевски, Глигор Чемерски, Симон Шемов, Родољуб Анастасов, Цане Јанкулов ски, Таки Павловски, Ставре Димитров-Стадим, Владо Аврамчев, Душан Перчинков и Васко Таш ковски. Обраќајќи се на официјалната промоција, Кли ме Коробар од „Икон“ изјави дека на територијата на Карпош живеат најголем број уметници и е един ствена општина каде што со изградбата на ателјеа долж булеварот Партизански одреди сесрдно ја поддржува уметноста. Традиција која трае и се одржува до денес. Една од најголемите и најомилените соработки кои ги имам, како што изјави градоначалникот Стевчо Јакимовски на официјалната промоција, е соработката со уметниците. Издавањето на графич ката мапа е проект кој се прочу и надвор од грани ците на Македонија, а таа наскоро ќе биде изложена и во Лондон, изјави Јакимовски, кој најави ната мошна поддршка на уметниците и реконструкција на нивните ателјеа во натамошниот период. Од името на академските сликари, кои наедно се добитници и на благодарници од Општината Кар пош, се заблагодарија Глигор Чемерски и Цане Јан куловски кој предложи востановување на тради цио нална изложба на територија на Карпош од уметниците кои живеат во него. В. Ц.
Карпош Урбан • број 13 • јануари 2012 • Општина Карпош
25
ИСТРАЖУВАЊА НАЈПОПУЛАРНИ - СПОРТСКИТЕ ЛИГИ Омилени манифестации на учениците од основните училишта се: „Карпош има иднина“ и „Насмевката на Карпош“ Општината Карпош организира голем број воннас тавни активности во кои учествуваат учениците од основните училишта на територијата на општината. За да се добијат информации за атрактивноста на досега организираните воннаставни активности, Општината Карпош во соработка со „Вижн консал тинг“ (Vision Consulting) го спроведе конкретното ист ражување преку анкетирање на учениците во учи лиштата. Истражувањето на задоволството на учениците е стратегиска цел од Стратегијата за развој на основното образование и проект којшто е влезен во Програмата за дејноста образование за 2012 година. Основните цели на истражувањето се: да се испита интересот на учениците за досегашните воннаставни активности; да се определи степенот на задоволство на учениците од учеството во досегашните воннаставни активности и да се генерираат идеи од страна на учениците за реализација на нови вон наставни активности согласно со нивните потреби и очекувања. Анкетирањето се спроведе во период од 30.1.2012 до 3.2.2012 година на учениците од шесто, седмо и осмо одделение во сите основни училишта во Општина Карпош, со користење на он-лајн анкета. Прашалникот се состоеше од десет прашања поделени во три групи, и тоа прашања: за де мо граф ски те карактеристики; за учеството, интересот и задоволството на учениците за
PRESS СОРАБОТКА Градоначалникот на Општина Карпош, Стев чо Јакимовски, денес потпиша Меморандум за меѓусебна соработка со г-ѓа Жанета Трајкоска, директор на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста. Меморандумот е во насока на размена на искуства и најдобри практики преку гостувања на претставници од Општина Карпош во наставата во Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, учество на претставници од Општина Карпош во настани и активности за развој и професионализација на професијата, кои ќе ги организира Високата школа. Со меморандумот се опфаќа и реализација на прак тична настава на студентите од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во
26
Карпош Урбан • број 13 • јануари 2012 • Општина Карпош
досегашните воннаставни активности и за предлози за нови воннаставни активности. Учениците на прашањето колку им се интересни пооделни воннаставни активности се изјаснија дека најинтересни се: стипендии за талентирани ученици и стипендии за спортисти, полуматурската забава „КАР ПОШ ИМА ИДНИНА“, Први април – Денот на шегата „НАСМЕВКАТА НА КАРПОШ“, училишните спорт ски лиги, еколошки акции „Заедно за природата, заедно за почист Карпош“, хуманитарните акции, новогодиш ниот детски хепенинг и др. А како помалку интересни воннаставни активнос ти се: Меѓународна детска ликовна колонија „Св. Пан телејмон“, Школа за шах, Школа за фолклор, „Цветно дефиле“. Најинтересно за учениците беше прашањето сами да дадат предлози за активности кои сакаат Општината Карпош да ги реализира. Добивме голем број креативни идеи како: лига во ракомет, пли вање, екскурзии, кампови и забавни актив нос ти, посета на музеи, модерен танц и „хип-хоп“ денс, натпревари за пеење, турнири во он-лајн игри, натпревар по прва помош, школа за мажоретки и др. Општина Карпош и Одделението за образование ќе ги има предвид размислувањата на основците во по натамошното креирање на Програмата за деј нос та образование. Им благодариме на учениците за соработката и можноста да зачекориме по вистинскиот пат кон ост варување на една единствена цел – подобро и поин тересно образование во Општина Карпош. Љупка Трајчевска Општина Карпош. По потпишувањето на мемо рандумот, Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, пред студентите на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста одржа предавање на тема: „Како локалната власт и првиот човек на општината комуницираат со медиумите и со пошироката јавност“.
СОРАБОТКА ПРВА ИНТЕРНАЦИОНАЛНА ГРАДИНКА ВО КАРПОШ
Со сечење лента и пригодна детска програма, Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Ја кимовски и г-ѓа Марија Михајловиќ официјално ја пуштија во употреба првата интернационална дет ската градинка во oпштина Карпош. Ова е прв ва ков капитален проект на Општината Карпош реа ли зиран како јавно-приватно партнерство, меѓу Опш тината и Друштвото за забавни активности „ИПС Груп“ ДОО – Скопје. Станува збор за повеќејазична детска градинка сместена во објектот „зграда 2“ на јавната установа општинска детска градинка „Орце Николов“, чија градба е целосно финансирана од Општина Кар пош, и која чинеше околу 19 милиони денари. Во неа ќе бидат згрижени деца од шест месеци до шест години, а ќе се зборува на француски, на англиски јазик, но ќе можат да го посетуваат и деца со мајчин македонски јазик. Како што истакна во својот поздравен говор Ја кимовски, бенефитот на жителите на Карпош, со чии средства всушност е изградена градинката, е што децата од оваа општина ќе можат да ја посет уваат градинката за 50 отсто пониска цена и 40 отсто од запишаните деца треба да бидат од нашата општина. Во оваа градинка, како што изјави г-ѓа Марија Михајловиќ, ќе се работи на развивање на креатив
ните способности од најрана возраст, со индивиду ален пристап кон децата, а ќе се применува нацио нал ната програма за предучилишно образование имплементирана на англиски и на француски јазик со примеси на интернационалната програма. По говорот на Градоначалникот, дечињата од оваа градинка одржаа пригодна приредба, а нивни гости беа и дечиња од фестивалот „Супер ѕвезда“. Инаку, отворањето на оваа градинка го просле дија и претставници од дипломатскиот кор, од аме риканската, француската, чешката и од италијан ската амбасада. В. Ц.
Карпош Урбан • број 13 • јануари 2012 • Општина Карпош
27
TIME LINE
Фестивал на јавни дебати во Општина Карпош
„АЈДЕ ДА ЗБОРуваме отворЕНО“! Преку проектот на Општината и на МОФ младите дебатери и нивните врсници од Карпош ќе може да организираат дебати за теми кои тие ги сметаат за важни Во рамките на проектот, кој Младински образо вен форум (МОФ) го спроведува во Општина Кар пош, насловен како „Фестивал на јавни дебати во Општина Карпош“ , а поддржан од Општина Кар пош, младите од територијата на општината во текот на февруари ќе започнат да следат обука за дебата. Обуката е наменета за сите средношколци кои се заинтересирани за подобрување на своите способности за критичко мислење и аргументирано искажување на ставови. Предавањата ќе бидат во дени од предавачи на МОФ, млади луѓе кои имаат искуство во дебатата како дебатери и како предава чи, сертифицирани од Интернационалната асоција ција за дебатна едукација (IDEA). Дебатата претставува организирана, структуи рана и аргументирана дискусија на една одредена тема. Таа им помага на младите да ги изградат свои те индивидуални ставови базирани на факти и зна ење, а не на предрасуди и непознавање. Преку изу чување дебата, младите се стекнуваат со вештини за јавно говорење, тимска работа и истражување. Во рамките на проектот посветен на дебата и јавни дебати и ораторство, покрај предавањата, ќе
28
Карпош Урбан • број 13 • јануари 2012 • Општина Карпош
бидат организирани и неколку отворени дебати на теми кои младите дел од групата на дебатери, но и останатите нивни врсници, жители на општината, ги сметаат за важни. Преку веб стра ни те на општината и на МОФ, граѓаните ќе можат да одберат и тема на која сакаат да се дискутира. Една од овие јавни дебати веќе беше организирана во но ември, “Каква општина им треба на младите? Какви млади и се потребни на општината?“ посветена на стат усот на младите на локално ниво и важноста од нивно вклучување во процесот на донесување од луки. Целта на промовирање на дебатата како алатка за дискусија и покренување на прашања од интерес на младите е водена од мислата „преку отворена и широка дискусија до квалитетни решенија!“ Бранкица Георгиевска
Изработила: Ива Манова
НАЈ ВО КАРПОШ Стеван Савевски
НАШ А СВЕТСКИ ФИЛАТЕЛИСТ Во Карпош живее Стеван Савевски, еден од најпознатите македонски филателисти ,без чии збирки на поштенски марки со „заокружена приказна“ не може да помине ниту една филателистичка изложба во светот, а тој, без награда Го напуштам станот на Стеван Савевски, опчи нет од она што го видов и слушнав од овој скромен и вистински господин, запрашувајќи се дали семоќ ниот господин случај треба да се замеша, па такви поединци да се најдат под медиумска опсервација. Во недостаток на адекватен одговор на ова рето ричко прашање, ми преостанува да заклучам дека новата рубрика во „Урбан“- Нај во Карпош, не може да има поубава премиера од оваа. На закажаната средба со господинот Савевски отидов со кратка препорака дека е во прашање фи лателист од светски ранг, а живее тука, во Карпош. Со тоа беше задоволен клучниот услов во намерата на уредништвото на нашиот весник, јавно да го претставиме се она што може да ја оправда супер лативната позиција во нашата општина на која тоа и е заштитен знак, за што и да станува збор во рам ките на Македонија. Филателија (собирање поштенски марки, писма, разгледници и картички) е најраспространето хоби во светот, а филателист е оној кој тоа го прави со страст и систематична посветеност. Освен ова, пред средбата со господинот Савевски, знаев дека прва та поштенска марка во светот е издадена во Лондон во 1840 година, со ликот на кралицата Викторија. Сосема доволно да се „влезе“ во муабет, но многу малку од она што за филателијата го знае и го посе дува мојот соговорник. Во пространата дневна соба на семејството Са вевски, ни трага од неговото хоби, но оној што прв пат влегува во неа, останува без здив од оригинал
30
Карпош Урбан • број 13 • јануари 2012 • Општина Карпош
ните уметнички слики на прочуени руски мајстори. Собирањето слики е, исто така, мој попатен хоби, но преокупација ми е филателијата. Плод на тоа хоби, е и оваа скромна публикација посветена на шеесет години на филателијата во Република Македонија, вели мојот соговорник, а потоа, цели два часа тој рскажува и покажува, а јас, слушам и се восхит увам. - Филателијата е хоби на богати луѓе, и за неа уште се вели дека е пасија на кралевите. Први па сионирани собирачи на поштенски марки биле анг лиските благородници, а со Англија се поврзани си те куриозитети во филателијата. Но, веднаш, сакам да нагласам дека без оглед што е тоа најраспростра нето хоби во светот, филателијата не е исклучиво со бирање поштенски марки, туку пасија која не трпи импровизација, површност и, пред се, неуред ност. Освен тоа, тоа е скапо хоби, кое најдобро се учи и се наследува од некој близок роднина. Страста и се она што во мојот случај е поврзано со моето хо би, јас му го должам на мојот покоен татко, генерал Димче Савевски... Семето на филателијата како хоби на македонска почва за првпат е посеано при крајот на 19. век во Битола, а како и се друго, европско, го донеле кон зулите на Англија и Франција. Угледувајќи се на нив, во собирањето марки се впуштиле и богатите битолски трговци и занаетчии кои, како што кажу ва и пишува нашиот соговорник, уште во 1920 го дина формирале прв филателистички клуб во Ма кедонија. Честа да биде прв претседател ја имал Коста Догу, кој бил и уредник на „Нови Сјај“ прв филателистички весник (1931 г.).
Филателистичкиот сојуз на Република Македо нија е формиран во 1950 година, а за претседател бил избран Светозар Наумовски-Лике. Десет годи ни подоцна, тој Сојуз ја организира првата изложба на поштенски марки. Клучните датуми, имиња на филателистички клубови и врвни собирачи на пош тенски марки во Македонија, господин Савевски ги има собрано во пригодна публикација што ја на пишал по повод 60 години од формирањето на Со јузот на филателисти на Република Македонија, чиј претседател е од 2007 година. Го запрашувам мојот соговорник во што е драж та во собирањето на поштенски марки, што ја одре дува вредноста на марката, и како се стасува до врвни награди на меѓународните филателистички изложби. -Привлечноста е во тоа да се поседува ретка, ста ра и добро сочувана марка, посебно „патувачка“, или онаа што има појдовен и дојдовен поштенски жиг, се разбира и се да биде оргинално. Вредноста на мар ката ја одредува нејзината старост, тиражот и по барувачката на филателистичкиот пазар. До награда на светски филателистички изложби се стасува со марка која има заокружена приказна, што ќе рече, треба да биде тематска, да е издадена по некоја при года, а ако за мотив има животно или растение, треба да е со латински назив и да биде идентична со мотивот на разгледницата. Станува збор за нов пра вец во филателијата и тој се вика „максимум карта“. Кога сме кај изложбите и наградите, тоа ќе ви го илустрирам со следниот пример. За изложбата која беше одржана минатата година во Лисабон, се при јавиле шест илјади филателисти, а беа поканети „само“ 2.500, меѓу кои и шестмина Македонци, од кои четворица освоија награди. Значи, за да се стаса до изложба и до награда, треба да се има беспрекор на и колекција со заокружена приказна. Потоа, господинот Савевски ми ја покажува својата импозантна и импресивна филателистичка колекција, заради која, впрочем, се вбројува меѓу нај познатите македонски филателисти во светот. Нему, најдрага и најпрочуена, односно негова нај наградувана филателистичка збирка е „Русија во првата половина на 20. век“, а зад неа, по според вредноста, не заостануваат ни збирките „Халеевата
Првите поштенски марки на Република Македонија издадени 1991 г. комета“, „Волт Дизни на поштенски марки“, „Герма нија“ и се разбира, збирката „Македонија“. Му признавам на мојот соговорник дека прв пат во новинарската кариера сум соочен со дилемата како на нашите читатели да им ја доближам непов торливата импресија од она што го видов, од маги јата што ја емитува опусот на голем македонски фи лателист. Тој ме теши, велејќи ми дека е во прегово ри со раководството на општина Карпош за орга низирање на филателистичка изложба на неговите збирки и можноста истата да ја видат и заинте ресираните граѓани. - Каде се македонските филателисти гледано во светски рамки? - Најпрво да кажам дека, покрај “балканските настани“, регионалните и глобалните кризи, а по себно неизбежниот интернет, филателијата ја губи дражта што ја имаше во директните контакти поме ѓу филателистите во Македонија и, воопшто, во светот. Но, без оглед на тоа, нашите филателисти се присатни на сите меѓународни изложби на кои ре довно освојуваат највисоки награди. Важно е да се истакне дека македонските фила телисти се постојано присатни на страниците на „ФЕПА Њуз“, официјално списание на Европската филателистичка асоцијација, каде сме именувани под уставното име. Пред збогување, господинот Савевски ми ја по кажува својата највредна марка. Станува збор за ав стриска марка на која е аплициран прав од метеорит стар 4,5 милијарди години. Инаку најскапата колек ција на марки е од Русија и пред некоја година, на аукција во Швајцарија е продадена за 8 милиони швајцарски франци. Миле Раденковиќ
Дрвена марка
„Black Penny“ првата поштенскамарка e издадена во Англија 1840 г.
Австриската пошта се смета за ед на од најкреативните пошти на светот бидејќи, освен што ја издала марката со прав од метеорит стар 4,5 милијарди години, има издадено и дрвени, везени, сребрени, рељефни и тродимензионални марки. Куриозитет е секако и округла австриска марка. Сите нив на патувачки писма ги поседува господинот Стеван Савевски.
Карпош Урбан • број 13 • јануари 2012 • Општина Карпош
31
СПОРТ ТУРНИРОТ ВО КОШАРКА ГОРДОСТ ЗА УЧЕНИЦИТЕ – СРАМ ЗА ГРАДОТ Првиот турнир во кошарка за средношколците од Општина Карпош предизвика големо интересирање во јавноста. Од една страна, пречекан со голем ентузи јазам и радост кај учениците, млади таленти за кошар ка, наиде на необразложен отпор од страна на град ските власти. Според кажувањата на самите учесници во турнирот, учениците добиле усна забрана од пред метните наставници за пријавување и учество во тур нирот, а притисоци наводно биле вршени претходно и врз самите наставници од страна на директорите, кои, пак, биле „притиснати“ да изречат ваква забрана од страна на ресорно надлежните во Градот. Сепак, жел бата за спорт ги надвладеа забраните и децата се орга низираа во кошаркарски екипи и како такви се прија вија за учество на, првиот од ваков тип, турнир. Она што, сепак, беше забележливо е дека тие не смееја да ги употребуваат имињата на своите училишта, туку ти мовите се преименуваа според различни бои на дре совите, па играа, сини, жолти, зелени... Мачната состојба на нетолеранција и страв кулми нираше на првите натпревари, кога на натпреварите дојдоа некои наставници со цел да проверуваат дали се почитува интерната наредба, но и инспекторот за спорт од Град Скопје. Тој, според очевидци, го сликал
записникот како аргумент дали екипите настапуваат од име на своето училиште или некое друго. Ваквата ситуација предизвика многу контроверзии меѓу граѓаните од Карпош, посебно што станува збор за спорт и недозволено мешање на политиката и тоа кај најранливата категорија млади луѓе. Имено, иако тур нирот беше организиран како отворен за сите средношколци од приватните и од државните училиш та од Карпош, и се одржуваше во воннаставен термин во слободното време на младите спортисти, сепак тие се соочија со непринципиелна забрана за учество. На ова до Општината реагираа и самите ученици, но и родителите. Родителите беа енергични во тврде њето дека за тоа како се организираат децата и на кои спортови тие ќе ги пратат своите деца вон часовите, во приватниот дел од денот, е нивна и само нивна одго ворност и право. Политичката нетолеранција на Градот дека Општина Карпош, како единствена опозициска општина која се сетила да организира ваков атракти вен настан (со навистина примамливи награди за учесниците и победниците) не треба да се прекршува преку грбот на младите, на кои во центарот на внима нието првенствено им е спортот. О. К.
Шампиони - ученици од “Никола Карев“ Ако воведните натпревари на турнирот, односно нивните актери, младите кошаркари од средните училишта, беа под импресија на неубавите работи и обидот на градските татковци да ги попречат да се надигруваат, двата финалните дуели се достојни за секоја спортска историја на нашата Општина. Веројатно, обземени од желбата, на своите нас тавници и родители, но и другите „неверни Томи, да им го покажат својот кошаркарски талент, како и витешкото надметнување, момчињата од повеќе скопски средни училишта презентираа и зрелост за секаква почит. На општа радост, тоа го демонстри
32
Карпош Урбан • број 13 • јануари 2012 • Општина Карпош
раа пред преполнетите трибини на малата сала на СЦ „Борис Трајковски“, најочигледно потврдувајќи дека иницијативата на градоначалникот Јакимовски и луѓето одговорни за спортските активности во Општина Карпош, немаат алтернатива. Натпреварот за трето место, одигран помеѓу „Георги Димитров“ и „НОВА“ беше вовед во навис тина спектакуларна завршница на турнирот. Иако без „стручен штаб“, средношколците од гимназиите „НОВА“, „Никола Карев“, „Георги Димитров“ и „Ко чо Рацин“, на терен покажаа дека, и покрај тоа што се навистина млади, веќе се суштински навлезени
во сите тајни на кошарката, како интелигентен ко лективен спорт. Долгите и филигрантски проигру вања, „рампи“ и „банани“, спектакуларни „влезови“ и тројки „ала Дражен Петровиќ“, ги красеа двата финални натпревара. Тесните резултати во заврш ницата говорат за изедначениот квалитет на сите екипи, а особено на онаа на финалниот натпревар и воедно потврдија дка нема добра кошарка без супер талентирани поединци. Тој епитет го заслу жуваат „десетката“ од „НОВА“ Петар Петровски, и особено Алек Ангеловски од „Никола Карев“, кој завршната драма, кога резултатот беше изедначен, ја затвори со бравура, донесувајќи му ја победата на својот тим. М. Р.
Петар Петровски
Шампиони станаа учениците од „Никола Ка рев“ и беа наградени со 150 илјади денари и ко шаркарска опрема (дрес, гакици и патики); Второ место го освоија младите кошаркари од „Георги Димитров“, за што беа наградени со 100 илјади денари и комплетна кошаркарска оп рема. За освоеното трето сместо, на учениците од гимназијата „Нова“ им припадна парична награ да од 45 илјади денари и кошаркарска опрема. Четвртопласираната екипа, кошаркарите од гим назијата „Кочо Рацин“ беа наградени со кошар карска опрема (дрес, гакици и патики).
Алек Ангеловски
ПЕТКОВ - ПОБЕДНИК НА БОЖИЌНИОТ ШАХОВСКИ ТУРНИР Бугарскиот велемајстор Владимир Петков е по бедник на првиот Божиќен турнир кој го организи раа Општина Карпош и шаховскиот клуб„Гамбит АСЕКО СЕЕ. Втор беше ФИДЕ мајсторот, член на Ша ховскит клуб „Гамбит АССЕКО СЕЕ“, Зоран Стојчевски, Актуелниот шампион во шах во Репуб лика Македонија, веле мајсторот Трајко Недев се најде на третото место. Четврто место му припадна на интернационалниот мајстор Александар Чоло виќ, по што следуваат петто место – ФИДЕ мајсто рот Љубиша Андоновски, шесто место – интерна цио налниот мајстор Филип Панчевски, седмото место му припадна на велемајсторот Драгољуб Ја кимовиќ, осмото место е за велемајсторот Звонко Ста нојовски, деветто место – интрнационалниот мајстор Велислав Куков, Десеттото место го освои интернаионалниот мајстор Орце Данчевски. За нај добар играч со рејтинг помал од 2000 поени е про гласен Љупчо Ѓоршев. За најдобар младинец беше прогласен 12 годишниот Тони Лазов со освоени 5 поени. Најдобра шахистка беше 19 годишната Мо ника Стојковска, а наградата за најдобар ветеран ја понесе ФИДЕ мајсторот Љубомир Хаџи Манев.
Ова беше првиот Божиќен турнир во шах, кој го востанови и организира Општина Карпош во сора ботка со шаховскиот клуб „Гамбит Асеко СЕЕ“. На турнирот учествуваа 66 шахисти од Македонија и од соседството (Србија и Бугарија), од кои 22 тит у лирани шахисти. Пет велемајстори, осум интерна ционални мајстори и девет ФИДЕ мајстори. Вкуп ниот паричен фонд на турнирот изнесуваше 92.000 денари. На сите 66 учесници на турнирот од страна на Секретарот на Општина Карпош, г. Владо По повски им беа врачени дипломи. (Е.К.)
Карпош Урбан • број 13 • јануари 2012 • Општина Карпош
33
МЕЃУВРЕМЕ Шерлок Холмс и негоивиот асистент биле на кампување. Една ноќ, во ниедно време, Холмс се буди и го буди асистентот панично прашувајќи го: Што гледаш над главата? Вотсон, онака сонлив одговара: Гледам темно, сино небо послано со милион звезди... - Идиоту низаеден, налутено возвраќа Холмс, зарем не гледаш дека некој ни го украл шаторот.
Омразата на слабите не е толку опасна како што е нивното пријателство. Ваувенаргуес Да живее слободата Францускиот генерал, Сент-Илер, воочи изборот на својот командант и пријател Наполеон Бонапарта за доживотен конзул, пред своите војници одржал ваков говор: - Пријатели, народот, а тоа сте вие, мора да одлучи дали Наполеон да се прогласи за доживотен конзул. Вие слободно можете да ја изразите својата волја и јас нема да влијаам на вас, но само сакам да ви предочам нешто - тие што нема да гласаат за Наполеон, ќе бидат јавно погубени. Да живее слободата!
Животот ни го враќа само она што ние им го даваме на другите. Иво Андриќ Судија: Колку бевте оддалечени од вратата? Сведок: - Четири метра, триесет и два сантиметри и три милиметри. Судија: - Како тоа да сте така прецизен ? Сведок: - Знаев дека некоја будала и тоа ќе ме праша, па измерив. Умниот човек забележува сè. Глупавиот за сè има по некоја забелешка. Хајне
Не туркајте се!!!
ЗА ДОБРО ДЕЛО НЕ ТРЕБА СВЕДОЦИ. Баба Таска
34
Карпош Урбан • број 13 • јануари 2012 • Општина Карпош