Александар Прокопиев
1
Сликовницата е дел од образовниот проект „Сите сме еднакви“, поддржан од Амбасадата на Велика Британија и Министерството за образование и наука на Република Македонија.
www.sitesmeednakvi.org.mk
Автор: Александар Прокопиев Илустрација: Марјан Димиќ
И таа недела претпладне, Бојан и уште четири деца: Чомбе, Лиле, Бранко и Тоше, се собраа да играат фудбал на мали голчиња на ливадата зад нивната зграда.
6
7
Од другата страна на ливадата се наоѓаа неколку постари куќи со оградени дворови. Некогаш, овие куќи беа меѓу последните од градот. Денес, откако градот почна да се шири на сите страни, никнаа згради, булевари, автомобили, а меѓу нив остана некоја од старите куќи.
8
9
Неделниот фудбалски натпревар им беше важен на децата. Тие беа облечени како вистински фудбалери, половина од нив носеа сини маички, а другата половина црвени. Пред почетокот на натпреварот Чомбе, по обичај, почна да жонглира со топката, и се трудеше цело време таа да биде кај него. Им ја земаше на другите и покажуваше дека знае да ја префрла од лево на десно колено, па на глава, како што прават професионалните фудбалери. На другите не им се допаѓаше тоа, но сепак го оставаа да се прави важен.
10
11
Одеднаш се појави Риско. - Кој е овој? - праша Чомбе, сѐ уште жонглирајќи со топката. Риско им пријде и ги праша дали може да си игра со нив. Чомбе повторно праша: - Кој е овој? Бојан, остана со зината уста, обидувајќи се да одговори, но не кажа ништо.
12
13
- Јас сум Риско. - Епа кој и да си, не може да се играш со нас - рече Чомбе. - Е зошто не може? - праша Лиле. - Па нели гледаш, тој има жолт дрес, а ние имаме сини и црвени - рече Чомбе. - Ааа - почна Риско, со намера да објасни. - Овој не знае да зборува, види го, одговара со аааа - рече Чомбе. - Ама - рече пак Риско, но Чомбе го прекина. - Леле не знае да зборува, само нешто ааа амааа - рече Чомбе.
14
Сите деца, освен Лиле, почнаа да се смеат. Бојан погледна во Лиле, па се замеша: - Па ако го пуштите да се доискаже, може и ќе каже нешто.
15
Риско се охрабрува и конечно вели: - Ние Рисковците, носиме жолт дрес затоа што сме рисови. - Епа оди играј си со рисови, што да ти кажам - му се потсмева Чомбе. - Чекај чекај, го прекинува Бојан, нека игра со нас, зошто да не игра. На пример, може да биде голман. Сум видел на телевизија дека тие носат различни дресови. - Да, да, така е - се замешуваат и други деца - голманите носат различни дресови.
16
- Ајде нека биде голман - рече Чомбе.
17
Почнуваат да играат и се покажува дека Риско е многу брз и добар голман. Уште не ја фрлиле топката, тој скока и тоа точно во правецот каде што шутираат. Се фрла на тревата и успева да го одбрани шутот на Чомбе.
18
Чомбе се нервира и ја фрла топката многу силно над голот, зад ѕидот, во бавчата на соседната куќа и топката се губи. - Каде е топката, каде е топката, каде ја фрли? - викаат децата. Се качуваат на оградата од дворот и ја бараат, но никаде ја нема.
19
- Ене ја - рече Риско. - Еј овој Риско ем е брз, ем добро гледа - вели Бојан. - Навистина е таков - вели Лиле и му се насмевнува. - Такви сме ние Рисовите - срамежливо и задоволно се смешка Риско. - Ако си таков, влези во дворот и земи ја - вели Чомбе. - Ама дворот е на чичко Ставре. Тој е многу лош и не дава да влегуваме внатре - вели Бојан. - Па нека влезе овој што се прави важен - дофрла Чомбе.
Сите гледаат во Риско. - Ќе влезам - воздивнувајќи вели Риско. - Ќе дојдам и јас со тебе - вели Лиле. - И јас ќе дојдам - вели Бојан. - Тогаш и јас - мрмори Чомбе. 20
Сите го прескокнуваат ѕитчето. А во дворот стои чичко Ставре и се обидува да види што ќе направат. - Чичко Ставре, извинете - вели Лиле. Но чичко Ставре ја прекинува. - Што извинете! Не му давате на човек да се одмори во недела. Дечишта! По цел ден да се скокало, да се врескало - налутено вели чичко Ставре. - Се извинуваме - одговараат сите во еден глас.
21
- Не може топка во мојот двор, тоа јасно да ви е. Ќе ви ја дупнам! - Чичко Ставре знаеме дека сме здодевни - вели Чомбе. - Па здодевни сте, затоа морам да ве казнам - вели чичко Ставре. - Оставете ја топката, ве молам. Ако треба, само мене казнете ме - вели Чомбе. - Зошто само тебе - прашува Лиле. - И мене - вели Риско. А по него и сите деца.
22
- Јас веќе ја смислив казната - вели чичко Ставре. - Како ќе нѐ казниш - сите подзинати го гледаат. - Ги гледате овие дрвја? Еве ви торби и качувајте се - вели чичко Ставре. - Леле, не на дрво, ќе си ги извалкам панталоните - вели Бојан уплашено. - А да скокаш преку ограда можеш. Еве ви торби и на дрво - налутено им одговара чичко Ставре.
23
Децата сфатија дека работата е сериозна и почнаа да се качуваат на дрвјата со торби во раце. - Е сега сакам да ги оберете јаболката и крушите. И однесете дома, да видат и соседите колку се убави годинава - вели чичко Ставре. 24
25
Иако казната изгледа како награда, децата молчат и берат, а потоа почнуваат да се смеат. 26
27
Почитувани наставници и ученици, Сликовницата „Голманот Риско“ е дел од образовниот проект Сите сме еднакви кој е наменет за ученици од основни училишта, а е поддржан од Амбасадата на Велика Британија и Министерството за образование и наука на Република Македонија. Сликовницата е дидактички материјал кој Ви нуди методолошки пристап за примена во наставата. Сликовницата е наменета за учениците од одделенска настава при реализацијата на наставните содржини од предметите „Запознавање на околината“ и „Општество“. Содржините во сликовницата и дадената методологија се согласно целите од наставната програма интегрирани со темата Тимска работа и фер игра.
28
МЕТОДОЛОШКИ ПРИСТАПИ ПРИ ПРИМЕНАТА НА СЛИКОВНИЦАТА „ГОЛМАНОТ РИСКО“ Тема: Тимска работа и фер игра Цели: - Тимска работа и фер игра (децата кога играат во група, треба да сфатат дека треба да ги делат работите, но и да бидат координирани кога играат како тим) - Кога се играат друштвените игри, треба да се почитуваат правилата на игра - Да играат сите заедно, без разлика дали се разликуваат еден од друг (без разлика по која основа: етничка, физички изглед и сл.) Одделение Наставен предмет Наставни цели Наставна тема/содржина Општа цел: Запознавање на околината* да учествува во донесување и I Македонски јазик применување на правилата во Моето училиште/Моето училиште (прво одд.) *(меѓупредметна и содржинска училницата и училиштето интеграција) Напомена: се реализира процесот на целна интеграција Воведување на учениците: мотивација со игра. Наставникот им кажува дека ќе играат игра Грабни стапче.1 Главен дел Македонски јазик Техника: наставникот ја чита сликовницата на глас.2 Со цел учениците целосно да ја разберат и доживеат содржината на сликовницата, се објаснуваат нови зборови и поими, кои учениците ги претставуваат со цртеж. Активности ЗО: учествува во донесувањето на правилата за однесување во училницата, црта пораки за правилно однесување, учествува во нивното истакнување на видно место и почитување во секојдневниот живот. Разговор за тоа што ќе биде ако не се почитуваат правилата. Завршен дел: техника Сложувалка.3 Учениците го вреднуваат часот со техниката Семафор.4
1Игра:Грабни
стапче. Наставникот претходно треба да го ограничи местото во дворот каде ќе се игра играта. На средината на обележаното место треба да се постават десет стапчиња. Потоа, наставникот им ја објаснува играта. Учениците се делат во две групи, групите се договараат кој ќе трча прв, кој втор, и сè така до последното дете од групата. На знак на наставникот учениците треба да исрчаат до стапчињата (трча по еден ученик од двете групи) и да го земат стапчето. Но, додека го земаат стапчето не треба да се допрат. Ако се допрат, тоа е негативен поен, а ако другиот ученик успее да го земе стапчето без да го допре другиот ученик, тоа значи еден поен за таа група. Играта завршува кога учениците ќе успеат да ги земат сите стапчиња без да се допрат. Победник е групата со повеќе стапчиња. 2Чекор 1. Замолете ги учениците да седнат блиску до вас за да можат да ја видат сликовницата што ќе ја читате. Направете пријатна атмосфера и покажете им ја сликовницата. Чекор 2. Прочитајте го насловот и покажете им ги илустрациите на учениците. Разговарајте дали ја препознаваат содржината на сликовницата уште пред да го прочитате текстот. Чекор 3. Почнете со читање на сликовницата и покажувајте им ги илустрациите на учениците за соодветниот текст. Исто така, објаснувајте им ги непознатите зборови со соодветни примери. Чекор 4. Правете паузи додека читате и дискутирајте за тоа што мислат учениците дека ќе се случи или како тие би постапиле во слична ситуација. Чекор 5. Дискутирајте за прочитаното. Поттикнете ги учениците со прашања да размислуваат за дејството во сликовницата и за настани што се поврзани со темата. 3Групна активност
Сложувалка. Секоја група добива измешани слики од сликовницата. Учениците треба добро да ги разгледаат и да се обидат да ги подредат по хронолошки редослед.
4
Техника Семафор. Наставникот на секој ученик му дава три листа со црвена, жолта и зелена боја. Црвената боја значи дека ученикот малку научил, жолтата боја значи дека нешто научил и зелената значи дека научил. Потоа наставникот им поставува прашања, а учениците даваат одговор за секое прашање со подигање на листовите.
29
Одделение
Наставен предмет Наставни цели Наставна тема/содржина Запознавање на Општа цел: околината* да развива чувство за меѓусебно II Македонски јазик почитување, помагање, соработка; Животот и работата во училиштето/ (второ одд.) *(меѓупредметна Напомена: се реализира процесот на целна Животот и работата во училиштето и содржинска интеграција интеграција) Воведување на учениците: мотивација со играта Грабни стапче. Главен дел Македонски јазик: техника Квадранти (Прилог 1). Активности ЗО: Работа во групи. Секоја група добива задачи: да изработи правила за чување на опремата во училницата за одржување на хигиената во училницата; за полевање на цвеќињата итн. Групите водат дневник: Што направивме денес? Завршен дел - брза проверка на наученото и вреднување на часот со техниката Семафор.
Одделение
Наставен предмет Наставни цели Наставна тема/содржина Запознавање на Општа цел: околината* да развива способности за тимска работа III Македонски јазик Напомена: се реализира процесот на целна Училиштето и знаењето / Како е (трето одд.) *(меѓупредметна интеграција организирано моето одделение? и содржинска интеграција) Воведување на учениците: мотивација со играта Грабни стапче. Главен дел Македонски јазик: се чита приказната, по што следи самостојна активност на учениците преку техниката „Ленти Активности со приказната (реченици/дијалози)“.5 За да можат учениците целосно ја разберат и доживеат содржината на сликовницата, се објаснуваат нови поими со техниката Вокабулар во четири агли (Прилог 2). ЗО: правење книга „Животот и работата во училиштето“. Завршен дел - брза проверка на наученото и вреднување на часот со техниката Семафор.
5Техника: „Ленти со приказната (реченици)“
Чекор 1 - учениците работаат индивидуално или се делат во групи и секоја група добива по еден плик ленти со реченици Чекор 2 - учениците ги редат лентите по редослед Чекор 3 - откако ученикот или групата ќе ги подреди лентите, побарајте да ги прочитаат на глас, ако сакаат да го поправат редоследот дозволете им да го направат тоа.
30
Одделение
Наставен предмет
Наставни цели Наставна тема/содржина Општа цел: Општество* да се поттикнува да ги Македонски јазик сфати улогата, значењето и функциите IV *(меѓупредметна на домаќинството и активностите што се Семејство, домаќинство, општество/ (четврто одд.) и содржинска извршуваат во него Животот во домаќинството интеграција) Напомена: се реализира процесот на целна интеграција Воведување на учениците: мотивација со играта Грабни стапче. Главен дел: Македонски јазик: се чита сликовницата. Потоа следи самостојна активност на учениците преку техниката „Постер Активности ѕвезда на приказната“ (Прилог 3). За да можат учениците целосно ја разберат и доживеат содржината на сликовницата, се објаснуваат нови поими со техниката Вокабулар во четири агли . Општество: техника Венов дијаграм. Завршен дел - брза проверка на наученото и вреднување на часот со техниката ЗСН (Прилог 4).
Одделение
V (петто одд.)
Активности
Наставен предмет
Општество* Македонски јазик *(меѓупредметна и содржинска интеграција)
Наставни цели Наставна тема/содржина Општа цел: - да го сфати значењето на живеењето во група - да се воспитува за негување на солидарност со другите - да се осознава себеси како дел од групата, Личноста во групата и во општеството/ со свои можности, идеи, потреби, желби Личниот и групниот живот - да сфати дека заедничките напори даваат Социјализација на личноста во групата успех
Напомена: се реализира процесот на целна интеграција Воведување на учениците: мотивација со играта Грабни стапче. Главен дел Македонски јазик: се чита сликовницата, по што следи самостојна активност на учениците преку техниката „Дневник со двојни белешки“.6 За да можат учениците целосно ја разберат и доживеат содржината на сликовницата, се објаснуваат нови поими и зборови со техниката Вокабулар во четири агли. Општество: техниката Грозд. Завршен дел - брза проверка на наученото и вреднување на часот со техниката ЗСН.
6Техника ,,Дневник со двојни белешки“
- На ,,Дневникот со двојни белешки” се запишува насловот, авторот - Поединечниот лист или листовите во тетратката се делат вертикално на половина - На левата страница од листот се пишува цитат од текстот што на ученикот му оставил најсилен впечаток, а на десната страница ги запишуваат нивните коментари/ даваат свое видување за цитатот (порака на авторот)
31
ПРИЛОЗИ Прилог 1. Квадранти
Цртеж
Чувства
Звуци
Врска со живототот
Прилог 2. Вокабулар во четири агли
32
Нов збор
Препиши ја реченицата во која се наоѓа новиот збор
Примени го новиот збор во друга реченица
Илустрација на зборот
Прилог 3. Постер ѕвезда на приказната „Голманот Риско“
Кој беше твојот омилен/ неомилен дел од приказната?
Каде се одвива приказната?
Главен лик во приказната:
Што важно научив од приказната?
Дали имаше проблем? Кој беше проблемот? Како се реши?
Прилог 4. Прилог за вреднување на часот: Техника ЗСУ Знам (Што мислам дека знам?)
Сакам да знам (Што сакам да знам?)
Учам (Што научив?)
33
Издавач: OXO Илинденска 43/10 Скопје тел: 02 3222303 www.oxo.org.mk e-mail: oxo@oxo.org.mk За издавачот: Пеце Талески Автор на текст: Александар Прокопиев Илустрации: Марјан Димиќ Лектура: Билјана Петревска Малинова Автор на методолошки дел: Снежана Мирасчиева Рецензент: Весна Хорватовиќ Уредник: Ана Дескова Техничка подготовка: Катерина Николовска
CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје 821.163.3-93-34(084.11) 316.62(084.11) ПРОКОПИЕВ, Александар Голманот Риско / автор Александар Прокопиев ; илустрација Марјан Димиќ ; [автор на методолошки дел Снежана Мирасчиева]. - Скопје : ОХО, 2014. - 33 стр. : илустр. ; 21 см Публикацијата е во рамките на проектот: "Сите сме еднакви" ISBN 978-608-4645-27-6 1. Мирасчиева, Снежана [автор] а) Општествена култура - Сликовници COBISS.MK-ID 96416010
Поддржано од:
Сите права за издавањето на оваа сликовница ги задржува © ОХО 2014
Други сликовници од проектот:
„Бендот на Петко” Автор: Илина Јакимовска Илустрација: Тхе Мичо
„Како Петко НЕ си ги заврши обврските?“ Автор: Билјана Петревска Малинова Илустрација: Тхе Мичо
„волшебната комета” Автор: Николина Андова Шопова Илустрација: Катерина Николовска
„Голманот риско” Автор: Александар Прокопиев Илустрација: Марјан Димиќ
„приказната за ото, ото и ото” Автор: Бистра Георгиева Илустрација: Моника Каретеро
36