Приказна за Ото, Ото и Ото

Page 1

БИСТРА ГЕОРГИЕВА

Приказна за Ото, Ото и Ото

1



Приказна за Ото, Ото и Ото


Сликовницата е дел од образовниот проект „Сите сме еднакви“, поддржан од Амбасадата на Велика Британија и Министерството за образование и наука на Република Македонија.

www.sitesmeednakvi.org.mk


Приказна за Ото, Ото и Ото Автор: Бистра Георгиева Илустрација: МОНИКА КАРЕТЕРО


6


7


Си биле три исти бува. Буквално исти. Исто се облекувале, имале иста фризура, јаделе иста храна, дури имале и исти имиња. Сите се викале Ото. Сѐ правеле исто. Секој ден чекале да падне ноќ, застанувале на истата гранка и почнувале да ја пеат истата песна. Штом ќе почнело да се разденува, во исто време зевале и легнувале да спијат.

8


9


Така поминувале денови и денови,

...месеци...

10


...години,

сè додека една ноќ не почнало да паѓа многу снег.

11


12


Толку многу снег паѓало, што трите бува Ото решиле да се спакуваат и да тргнат некаде на југ. Така спакувани, во истите куферчиња, бувовите полека тргнале кон југ. Оделе, оделе, оделе и во далечината засветкало нешто. 13


Тоа било местото Лог во кое ноќе се живеело и смеело, а дење се спиело и сонувало. Кога бувовите влегле во Лог, виделе нешто што никогаш не го виделе дотогаш. 14


15


16


Виделе многу бувови кои имале поинакви фризури од нивните, виделе бувови кои биле различно облечени. 17


18


Бувови кои по улиците пееле секакви песни. Некои свиреле на гитари, други пак танцувале. Во рестораните се служеле различни јадења, некои од нив мирисале чудно, некои убаво.

19


20


На бувовите со име Ото, работите што се случувале во местото Лог им се виделе многу интересни, затоа и посакале и тие да пробаат да живеат како неговите жители. Можеби на некој Ото ќе му стои поинаква фризура, можеби на некој ќе му се допадне вкусот на различната храна. 21


22


Одлучиле да пробаат. Најпрво влегле во првиот фризерски салон. Потоа влегле во првиот ресторан. Едвај се одлучиле што да јадат од големиот избор на менито.

23


Така подготвени, излегле на улицата и се приклучиле на забавата. Едниот Ото се обидел да свири на гитара и одлично му одело. Другиот Ото се обидел да танцува, чекор по чекор, и со помош на жителите на Лог се вклучил во танцувачкиот тим. Третиот Ото пак, најмногу сакал да седи во публиката и да ужива во забавата.

24


25


Сè било супер, но имало еден проблем. Во местото Лог сите ги мешале бувовите, бидејќи и тројцата се викале ОТО. Кога некој ќе кажел „ОТО“, сите тројца се вртеле. Па така, многу било јасно дека најдобро е тие да си ги сменат имињата. И од тој ден, се викале различно: Ото, Рино и Лари.

26


27


28


Така сите тројца освежени, поинакви и задоволни од себе, решиле да ја направат најлудата ноќна забава на која се играле игри, свиреле гитари, се јадело различна храна, додека не се раздени. 29


А кога дошло утрото, сите си легнале да спијат и сонуваат. Беа сигурни дека го сакаат ова место, место во кое конечно ќе бидат различни. 30


31


32


33


Почитувани наставници и ученици, Сликовницата „Приказна за Ото, Ото и Ото“ е дел од образовниот проект Сите сме еднакви кој е наменет за ученици од основни училишта, а е поддржан од Амбасадата на Велика Британија и Министерството за образование и наука на Република Македонија. Сликовницата е дидактички материјал кој Ви нуди методолошки пристап за примена во наставата. Сликовницата е наменета за учениците од одделенска настава при реализацијата на наставните содржини од предметите „Запознавање на околината“ и „Општество“. Содржините во сликовницата и дадената методологија се согласно целите од наставната програма интегрирани со темата Еднаквост и човекови права.

34


МЕТОДОЛОШКИ ПРИСТАПИ ПРИ ПРИМЕНАТА НА СЛИКОВНИЦАТА „ПРИКАЗНА ЗА ОТО, ОТО И ОТО“ Тема: Еднаквост и човекови права Цели: Сите сме еднакви без разлика како изгледаме Одделение Наставен предмет Наставни цели Наставна тема/содржина Општа цел: - да ги почитува и поддржува мислењата на Запознавање на другите Јас и другите/ Кој сум јас I околината* - да спознае сличности и разлики меѓу децата Јас сум дел од природата/ (прво одд.) Македонски јазик и луѓето Јас сум дел од живата природа *(меѓупредметна - да се сензибилизира за хумани односи меѓу Моето тело и содржинска половите интеграција) Напомена: се реализира процесот на целна интеграција Воведување на учениците: мотивација со игра. Наставникот им кажува дека ќе играат игра Грабни стапче.1 Главен дел Македонски јазик Техника: наставникот ја чита сликовницата на глас.2 Со цел учениците целосно да ја разберат и доживеат содржината на сликовницата, се објаснуваат нови зборови и поими, кои учениците ги претставуваат со цртеж. Активности Дополнителна активност: (интерактивна боенка) каде што децата сами ќе ги облекуваат бувовите. ЗО: драматизација и ситуациони игри со различни улоги. Опишување на целокупниот изглед на човечкото тело, подвижни игри, куклен театар, користење на гатанки, разгледување на енциклопедии. Откривање сличности и разлики меѓу височина, боја на очи, боја на коса. Разговор на тема: По што се слични, a пo што различни игрите на момчињата и девојчињата. Завршен дел: техника Сложувалка.3 Учениците го вреднуваат часот со техниката Семафор.4

1 Игра Грабни стапче. Наставникот претходно треба да го ограничи местото во дворот каде ќе се игра играта. На средината на обележаното место треба да се постават десет стапчиња. Потоа, наставникот им ја објаснува играта. Учениците се делат во две групи, групите се договараат кој ќе трча прв, кој втор, и сè така до последното дете од групата. На знак на наставникот учениците треба да истрчаат до стапчињата (трча по еден ученик од двете групи) и да го земат стапчето. Но, додека го земаат стапчето не треба да се допрат. Ако се допрат, тоа е негативен поен, а ако другиот ученик успее да го земе стапчето без да го допре другиот ученик, тоа значи еден поен за таа група. Играта завршува кога учениците ќе успеат да ги земат сите стапчиња без да се допрат. Победник е групата со повеќе стапчиња. 2Чекор 1. Замолете ги учениците да седнат блиску до вас за да можат да ја видат сликовницата што ќе ја читате. Направете пријатна атмосфера и покажете им ја сликовницата. Чекор 2. Прочитајте го насловот и покажете им ги илустрациите на учениците. Разговарајте дали ја препознаваат содржината на сликовницата уште пред да го прочитате текстот. Чекор 3. Почнете со читање на сликовницата и покажувајте им ги илустрациите на учениците за соодветниот текст. Исто така, објаснувајте им ги непознатите зборови со соодветни примери. Чекор 4. Правете паузи додека читате и дискутирајте за тоа што мислат учениците дека ќе се случи или како тие би постапиле во слична ситуација. Чекор 5. Дискутирајте за прочитаното. Поттикнете ги учениците со прашања да размислуваат за дејството во сликовницата и за настани кои се поврзани со темата. 3Групна активност Сложувалка. Секоја група добива измешани слики од сликовницата. Учениците треба да ги разгледаат и да се обидат да ги подредат по хронолошки редослед. 4Техника Семафор. Наставникот на секој ученик му дава три листа со црвена, жолта и зелена боја. Црвената боја значи дека ученикот малку научил, жолтата боја значи дека нешто научил и зелената значи дека научил. Потоа наставникот им поставува прашања, а учениците даваат одговор за секое прашање со подигање на листовите.

35


Одделение

Наставен предмет Наставни цели Наставна тема/содржина Запознавање на II околината* Општа цел: (второ одд.) Македонски јазик -да спознава дека секој човек има права и Јас со другите/Права и одговорности *(меѓупредметна одговорности и содржинска Напомена: се реализира процесот на целна интеграција) интеграција Воведување на учениците: мотивација со играта Грабни стапче. Главен дел Македонски јазик: техника Квадранти (Прилог 1). Активности ЗО: запознавање на основните детски права преку активности (работилница за детски права преку игри, цртање и сл.). Разговори за правилата во некоја игра, донесување правила за однесувањето и други правила што ги знаат во домот, зградата, населбата, во одделението и во училиштето. Завршен дел: брза проверка на наученото и вреднување на часот со техниката Семафор.

Одделение

Наставен предмет

Наставни цели Наставна тема/содржина Општа цел: Запознавање на - да ги запознае основните детски права III околината* - да се запознае со службите и луѓето кои Јас со другите и другите со мене/ Моите (трето одд.) Македонски јазик помагаат да се остварат и кои ги заштитуваат права и должности *(меѓупредметна детските права и содржинска Напомена: се реализира процесот на целна интеграција) интеграција Воведување на учениците: мотивација со играта Грабни стапче. Главен дел Македонски јазик: се чита приказната, по што следи самостојна активност на учениците преку техниката „Ленти со приказната (реченици/дијалози)“5. За да можат учениците целосно ја разберат и доживеат содржината на Активности сликовницата, се објаснуваат нови поими со техниката Вокабулар во четири агли (Прилог 2). ЗО: разговори, пишување и цртање на права и должности и нивно поставување на соодветни места во училницата, посета на Детската амбасада, читање на книги од УНИЦЕФ, гледање цртани филмови на тема „Детски права“, запознавање со СОС телефонот, разговори. Завршен дел: брза проверка на наученото и вреднување на часот со техниката Семафор.

5

Техника: „Ленти со приказната (реченици)“

36

Чекор 1 - учениците работаат индивидуално или се делат во групи и секоја група добива по еден плик ленти со реченици Чекор 2 - учениците ги редат лентите по редослед Чекор 3 - откако ученикот или групата ќе ги подреди лентите, побарајте да ги прочитаат на глас. Ако сакаат да го поправат редоследот, дозволете им да го направат тоа.


Одделение

Наставен предмет

Наставни цели Наставна тема/содржина Општа цел: -да ги осознае карактеристиките на различните видови семејства и домаќинства -да ги препознава основните проблеми во населбата, да развива позитивни ставови IV Општество* за улогата на жителите во надминување на Семејство, домаќинство и општество/ (четврто одд.) Македонски јазик локалните проблеми Семејствата низ историјата и денес *(меѓупредметна -да ја сфаќа улогата на културата во животот на Живеалишта и населби/ Проблемите во и содржинска локалната заедница мојата населба интеграција) -да развива чувство на одговорност кон Општина/ Културниот живот во општината себе и другите, да ги прифаќа и почитува Демократски живот во општината различностите меѓу луѓето Напомена: се реализира процесот на целна интеграција Воведување на учениците: мотивација со играта Грабни стапче. Главен дел Македонски јазик: се чита сликовницата. Потоа следи самостојна активност на учениците преку техниката „Постер ѕвезда на приказната“ (Прилог 3). За да можат учениците целосно ја разберат и доживеат содржината на сликовницата, се објаснуваат нови поими со техниката Вокабулар во четири агли . Активности Општество: техника Венов дијаграм за традиционално семејство и современо семејство. Преку техниката Грозд или Умни мапи ги претставуваат проблемите во нивната населба, даваат предлози за надминување на истите и кој може да помогне во нивно надминување. Изработка на писмен состав за една од културните традиции во локалната зедница. Пишување состав на тема: Јас ги прифаќам и почитувам разликите меѓу соучениците. Завршен дел: брза проверка на наученото и вреднување на часот со техниката ЗСН (Прилог 4).

Одделение

Наставен предмет Наставни цели Наставна тема/содржина Општество* Општа цел: Македонски јазик - да се запознава со основните човекови права Личноста во групата и во општеството/ *(меѓупредметна - да се запознае со правата на децата Правата на децата како човекови права и содржинска Напомена: се реализира процесот на целна интеграција) интеграција Воведување на учениците: мотивација со играта Грабни стапче. Главен дел Македонски јазик: се чита сликовницата, по што следи самостојна активност на учениците преку техниката „Дневник со двојни белешки“.6 За да можат учениците целосно ја разберат и доживеат содржината на сликовницата, се објаснуваат нови поими и зборови со техниката Вокабулар во четири агли. Општество: техника Призма (брз проток на идеи) за човекови права, техника Грозд или Умни мапи7- класификација на најзначајните права и одговорности што произлегуват од секое право. Завршен дел: брза проверка на наученото и вреднување на часот со техниката ЗСН.

V (петто одд.)

Активности

6Техника ,,Дневник со двојни белешки“

- На ,,Дневникот со двојни белешки“ се запишува насловот, авторот Поединечниот лист или листовите во тетратката се делат вертикално на половина - На левата страница од листот се пишува цитат од текстот што на ученикот му оставил најсилен впечаток, а на десната страница ги запишуваат нивните коментари/даваат свое мислење за цитатот (порака на авторот) 7Умни мапи: Оваа техника е многу слична на ГРОЗДОТ и исто така претставува нелинеарна форма на размислување, но овде не мора да постои само разгранување

кон секој следен поим, туку и комбинирање (поврзување) на сродните поими (концепти) во зависност што е целта на поставување на мисловната мапа. И овие графички организатори може да се задаваат во секоја фаза од часот и најмногу се корисни за организирање на идеите во врска со дадена содржина

37


ПРИЛОЗИ Прилог 1. Квадранти

Цртеж

Чувства

Звуци

Врска со живототот

Прилог 2. Вокабулар во четири агли

38

Нов збор

Препиши ја реченицата во која се наоѓа новиот збор

Примени го новиот збор во друга реченица

Илустрација на зборот


Прилог 3. Постер ѕвезда на приказната „Приказна за Ото, Ото и Ото“

Кој беше твојот омилен/ неомилен дел од приказната?

Каде се одвива приказната?

Главен лик во приказната:

Што важно научив од приказната?

Дали имаше проблем? Кој беше проблемот? Како се реши?

Прилог 4. Прилог за вреднување на часот: Техника ЗСУ Знам (Што мислам дека знам?)

Сакам да знам (Што сакам да знам?)

Учам (Што научив?)

39




Издавач: OXO Илинденска 43/10 Скопје тел: 02 3222303 www.oxo.org.mk e-mail: oxo@oxo.org.mk За издавачот: Пеце Талески Автор на текст: Бистра Георгиева Илустрации: Моника Каретеро Автор на методолошки дел: Снежана Мирасчиева Рецензент: Весна Хорватовиќ Уредник: Ана Дескова Техничка подготовка: Катерина Николовска

CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје 821.163.3-93-34(084.11) 316.62(084.11) ГЕОРГИЕВА, Бистра Приказна за Ото, Ото и Ото / автор Бистра Георгиева ; илустрација Моника Каретеро ; [автор на методолошки дел Снежана Мирасчиева]. Скопје : ОХО, 2014. - 39 стр. : илустр. ; 21 см Публикацијата е во рамките на проектот: "Сите сме еднакви" ISBN 978-608-4645-29-0 1. Мирасчиева, Снежана [автор] а) Општествена култура - Сликовници COBISS.MK-ID 96416778

Поддржано од:

Сите права за издавањето на оваа сликовница ги задржува © ОХО 2014


Други сликовници од проектот:

„Бендот на Петко” Автор: Илина Јакимовска Илустрација: Тхе Мичо

„Како Петко НЕ си ги заврши обврските?“ Автор: Билјана Петревска Малинова Илустрација: Тхе Мичо

„волшебната комета” Автор: Николина Андова Шопова Илустрација: Катерина Николовска

„Голманот риско” Автор: Александар Прокопиев Илустрација: Марјан Димиќ

„приказната за ото, ото и ото” Автор: Бистра Георгиева Илустрација: Моника Каретеро


44


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.