Слово за Идентитетот

Page 1

Благој Трајков/Наташа Трајкова

СЛОВО ЗА ИДЕНТИТЕТОТ

Македонија, 2010


Предговор Македонија за првпат картографски била прикажана на цртеж од анонимен автор за времето на македонскиот цар Филип II Македонски(359-336п.н.е.), со старата престолнина Арг и новата Пела, а подоцна, Македонецот географ и астроном Клавдиј Птоломеј во првиот век после Христа, ја претставил во вистинските етнички и територијални граници, прецизно дефинирани, што претставуваат индиректно значење и потврда за поврзаноста помеѓу етногенородните Древномакедонци и етногенородниот современ Македонски народ, кои во континуитет суштествуваат на мал дел од сопствените етнички граници и се единствен народ во светот кој граничи со самиот себеси. Македонија во библијата е споменувана како географски поим и народ, но апостол Павле споменува епоним Македонија и етноним Македонец, 1 а непосредно после Христа во 50-те години боравел во Македонија, бил беспрекорно дочекан и прифатен од Македонците, каде проповедал Христијанство, а во второто негово доаѓање во Македонија нашол организирани македонски црковни општини. Плејада светски научни авторитети, со своја истражувачка работа, објективно, аргументирано, суверено, без предрасуди, калкулации, шпекулации, нарачки и искривувања на вистината(премин од незнаење во знаење), веродостојно ја имаат елаборирана поврзаноста помеѓу етногенородните браќа по крв Древномакедонците и современите Македонци, кои и денес суштествено егзистираат само на мал дел од сопствената етничка територија Македонија, како народ македонски и држава Република Македонија. Античките извори и современите егзактни научни дејци делат иста научна мисла, експлицитно стојат на становиште дека современите Македонци се Пелазгиски етногенороден народ, кои со своето милениумско суштествување, заслужуваат и предизвикуваат длабоки научни истражувања, проучувања и согледби, а радува фактот што денес, светски авторитети, енциклопедисти, етнолози, антрополози, лингвисти, археолози, историчари, венетолози, слависти, илириолози, византиолози, македонолози..., научно се будат и не се веќе заложници на принудно нарачани истории... Добро е што е така, Добро е!

1

Библија. Стар и Нов завет, Скопје, 2001, 413


1. Идентитет е основно човеково право на чувство, паметење и прататковинско суштествување на етногенороден народ. 2. Никогаш не е доволно да се даде слово(глас) повеќе за сопствената мајка, родина татковината. 3. Идентитетот милениумски се конституира низ примарни и примерни посебности, особености, специфики и сознанија од прататковинско суштествување, колективно паметење и зрелост низ минливите и менливи збиднувања, а сознанијата прераснуваат во сведоштва и закономерни оставштини за идентитет. 4. Татковинските милениумски збиднувања, од сите сфери и епохи на живеењето, укажуваат на континуитетот од колективното и поединечно историско минато, а индивидуите или етногенородниот народ се задолжуваат на паметење, толкување, изучување, негување, самоосвестување, продолжување, критика, одбрана... за да егзистираат како татковинска, заокружено-потврдена целина, идентитет. 5. Идентитет е состојба од сознанија за една единка или целина на народ во која нештата од суштествувањето се поставувале, изградувале, осознавале, вреднувале, согледувале...секогаш појавувајќи и оформувајќи сé во основните начела и аспе кти од прапрвичната фактичка состојба, како стожер основа за појдовна современа и своевидна индивидуално-колективна креација се разбира во зависност од друштвените збиднувања. 6. Проучувањата на идентитетот низ историските епохи, системи и одредени состојби, ги дефинираат збиднувањата и формираат актуелни посебности, низ индивидуалноколективниот óд, вкрстосувајќи аспекти од едно време, состојба, процес и потреба на единката, заедницата, колективот, народот и нацијата. 7. Идентитетот излегува од доменот и волјата на поединецот, случајното и туѓото, се вгнездува во објективното, нужното и општото, темелно ја дефинира посебноста на етногенородниот поединец или народ низ историскиот развој, носејќи, претставувајќи, поставувајќи и презентирајќи ги елементите на суштествувањето, секогаш понирајќи во сознајната свест на поединецот, целината, народот или нацијата. 8. Докажување идентитет на еден народ, покренува лавина на научни аналитички студии од следните профили на професии: географолози; геолози; епиграфисти; палеолисти; топонимисти; хидронимисти; лингвисти; ономастичари; археолози; етнолози; културолози; теолози; филозофи; историчари; политиколози; хуманисти...кои треба да ги согледаат прапочетоците, севкупното минато, развој и континуитетот на суштествувањето на дотичен етногенороден народ. 9. Името на една земја го одредува и името на етнијата што на неа живее, а етногенородните карактеристики на посебност, со сите древно-цивилизациски вредности, го дозволуваат правото на дотичен народ да и дадат име на земјата на која


суштествуваат, 2 да се именуваат по тоа име, како единки, народ и нација, и да го носат епитетот во нашиот случај Македонски. 3 10. Потврдно докажување за македонскиот идентитет се древните археолошки артефакти, со врежани зборови “Македон”, “Македонец”, “род македонски”, Македонија, македонско тло, 4 кои зборуваат дека од неолитот до наши дни, Македонците биле и останале Македонци, да сведочат за векутума век, со сопствениот идентитет, како најстар етногенороден народ, територија, нација и цивилизација во светот. 11. Од единаесетиот милениум до седмиот милениум пред Христа, на тлото на Македонија суштествувало организирано неолитско општество, со автохтоно етногенородно население, имале свое писмо и зборувале на ист јазик, а светската наука ги идентификувала и дефинирала како Пелазги, Анти, Венети(Венди, Винди), Древномакедонци, 5 Феникијци, Траки, Сармати, Илири, Словени, иста популација, со различни називи, а античкиот историчар Justin, вели “Македонија претходно се викала Ематија 6(мајка) по божицата Ма, 7 и била позната по народот Пелазгиски”, или Strabon кога вели “во Ематија(Македонија) живееле Илири и Епирци, а Ематија била нарекувана и Пеонија”,8 што значи Пеоните(Древномакедонците), Антите и Венетите се браќа по крв од Пелазгите и уште појаснува дека “Пеоните биле нарекувани и Пелагони” 9(Пелагонија, област во Mакедонија), оттука името Македонија пред сé било национ македонски за потоа да стане географски поим Македонија. 10 12. Пелазгите го добиле името од народот Пеласти(Беласти), термин со исто значење и во современиот македонски литературен јазик(Беласти, бел народ по својот бел пигмент на кожата), а ако врз јазикот и писмото почива автохтоноста на еден народ или нација, тогаш и припадноста на современиот македонски литературен јазик е во индоевропската (виндоевропската) Древномакедонско-пелазгиска група на јазици и писмо од древните народи поклоници на сонцето. 11 13. Всушност од неолитските Пелазги настанале групите ентитети Анти, Венети 12 и Древномакедонци, 13 такашто од времето на популацијата Анти, милениумите биле наречени антички периоди, антички епохи, античка култура..., а подоцна од Антите, Венетите и Древномакедонците настануваат ентитети: Феникијци; Бриги(Фриги);

2

J.R. Ellis, Philip II and Macedonian imperialism, London,.1976 Marcus Inuianius Justinius, Historias, Lib.VII,1,1. Harold Albert Lamb, Alexander of Macedon Fritz, M. Heichrlheim and cedric A. Yeo, History…p, 480. 4 Strabo, VII, fr, 11. Georg Autenrieth, A Homeric Dictionar…p.74 Homer, Ilijada, II, 14, 226 Homer, Ilijada, II, 846 5 Marcus Iunianius Iustinius, Pompeius Trogus.., VII, 1,3 6 Ibid…, B14.226. 7 Маргарита Китан Ивановска “Букварот”2009, стр.16-17 8 T.Liv., XI.40 Види и: Polub., XXIII.4. 9 Marcus Inuianius Justinius, Historiae Philippicae, Lib. VII.1,1. 10 J.R. Ellis, Philip II and Macedonian imperialism, London,.1976 p.44 11 V. Thomsen, sur la parente de la langue etrusque, Copenhagen, 1954, p.188 12 Д-р Петар Поповски “Украдена историја” 2009.57. 13 M. Ch. Fittboten. De Pelazgis, De comentario historica et eritica, Frankfurt. 1862 pp.11-23 3


Етрурци; Мизи; Скити; Трибали; Траки; Дардани; Илири…, 14 а сите заедно го добиле името антички народ. 14. Античките историчари, Strabon, Pompej Trog, Markus Justinius…установиле дека Македонците во земјата Македонија се Древномакедонско-Пелазгиски народ и во историската наука дефинирани како Протословенски(Прасловенски) народ, 15 имено, на тлото на Македонија суштествувала етногенородна и еднојазична ПелазгискоДревномакедонска етнија, 16 која оставила богат гласолошки супстрат, давајќи своја топонимија која и денес живо егзистира, со исто и силно јазично аргументирано значење кај современите македонци. 15. Голем е бројот на податоци кои јасно говорат дека ПелазгискоДревномакедонската етнија низ миграционите процеси оставиле илјадници топоними, со генетски и етно-културни посебности, најнапред од Пелазгите, Антите, Венетите и Древномакедонците, кои подоцна го добиле заедничкото име Словени,17 за што јасно сведочат аргументирани факти, дека современите Словени се етногенородни потомци од Склавини, Илири, Гети, Трибали, Траки, Келти(Кити), 18 Бриги(Фриги), Скити, Древномакедонци, Венети, Анти и Пелазги. 19 16. Со опстојувањето на пелазгиско-древномакедонската етнија во континуитет следи еволутивниот процес на етногенородната група Древномакедонци, а со тоа и името на Македонците продолжува да егзистира како име на најстарите жители во Македонија, населувајќи, цивилизирајќи и облагородувајќи простори од Европа, Азија и Африка, кои пак како народ од етногенородната пелазгиска група Анти го добиваат и името антички свет. 20 17. Древномакедонците во Македонија ја формирале првата држава на цивилизациското суштество човек во светот, со древномакедонска династија од цареви, 21 со централистичко владеење на целата неделива етничко-географска територија, со пелазгиско-древномакедонски јазик и писмо, со древномакедонска култура, со древноцивилизациски македонски вредности...чие присуство на македонска почва го сведочат 6 000 регистрирани археолошки наоѓалишта со безброј артефакти од древномакедонска оставштина. 18. Стотици лингвисти од сиот свет научно докажуваат дека прасловенскиот јазик е протословенски, односно древномакедонско-пелазгиски, а феникијско-етрурското писмо во целост идентично со древномакедонското-пелазгиското фонетско(гласовно) писмо, 22 исто така Diodorus вели “соларно-космографската оставштина, епиграфско14

Anthenz Ambrozic, Gordicki knot unbouned, Toronto, Kanada, 2001, pp.41-72 Dimitri Skepsiski, On the Martialling of the Trojan Forzes Cambridge, London, 1931. pp.43-44 15 Josephe Kostrzevski, Les origins de la civilization dolonaise, prehistoire-protohistoire, Paris. 1949. p.9. M. Vaultier, Bulltetin des Sciences historique, antiquites, Philologie, Tome IV, Paris, 1825, pp, 396-397 Emile Burnouf, Essai sur la Véda, Paris, 1863, p.57. 16 M. Ch. Fittboten. De Pelazgis, De comentario historica et eritica, Frankfurt. 1862 pp.11-23 17 F. Sebastiano Dolci, De Illyricae…, p.IX. 18 Маргарита Китан Ивановска “Букварот”2009, стр.13-14 19 Jordanes, De origine actibusce Getarum(Getica), Lib. XXIII, Roma, 1986, p.43 S. Kutar, Kako vaznost ima “Jordanis” za slovensko zgodovinopisje, Ljubljana, 1880.p.86 20 Adolphe Pictet, Les origins indo-europennes on Les Azyas primitivs, Essai de Paliontologie Linguistique. Tome Premier, Paris. 1877.p.9. 21 H. B. Voyage into Levant, London, 1636.p.19. 22 Diod., Siculi, Lib.V.p.7


нумизматичките извори, древната митологија, древната религија и легендите се пишувани на пелазгиски јазик”, 23 подоцна древномакедонски јазик и писмо. 19. Словените како етногенородни потомци на Пелазгиско-Древномакедонската етнија и во јазична смисла биле поврзани, оттука во подоцнежен период пелазгискодревномакедонскиот јазик го добива името илирски или словенски јазик, со пелазгиско-древномакедонски фонетски(гласовен) систем на писмо од знаци со “црти и рески” што го потврдуваат историчарите Tacitus и Diodorus, констатирајќи дека творци биле “Венетите(Феникијците)”, 24и зачудува фактот што денес во Македонија постои лингвистички и друг доказен материјал од најмалку 25 000 години и уште поважно претставува идентична основа на современото македонско писмо и јазик, затоа со успех и леснотија современите македонски научни дејци ги дешифрираат тие доказни древномакедонски артефакти. 20. Со пелазгиско-древномакедонски јазик и писмо се служел македонецот Хомер и неговиот учител Пронапид, затоа поемата “Илијада” обилува со зборови кои денес живо егзистираат во своите архаизми во современиот литературен македонски јазик, а древните историчари Тамир и Лин, пишувале на истото писмо и јазик, и сета древна митологија од тлото на Македонија била напишана на фонетско(гласовно) пелазгискодревномакедонско писмо и јазик. 25 21. Современата македонска наука за етимолошкото толкување на епосот Хомеров “Илијада” зборува дека терминот е од изворно Пелазгиско-Античко-ВенетскоМакедонско-Словенски зборови, коренот “Илиј” со значење “Сонце” 26 и придавката “ада” со значење “земја”, а заедно “Сончева земја” со исто значење и во современиот македонски литературен јазик, а денес за современите македонци сонцето е симбол за етногенородот и потврда за идентитетот македонски во “Сончевата земја” Македонија, истовремено и симбол на државното знаме на Република Македонија. 22. Етногенезата на етногенородните Древномакедонци е прекрасно искажана во епосот “Илијада” 27 од македонскиот автор Хомер и обилува со зборови кои денес во своите архаизми се исти или слични кај современите македонци, искажана и во папирусите од Herodoth и “Енеида” од Вергилеј, а името Македонија, народот Македонци, писмото македонско и јазикот македонски, живо и во континуитет до денешни дни опстоеле да сведочат за етногенородниот ПелазгискоДревномакедонски идентитет во сите историски епохи. 23. Во Хомеровото дело “Илијада” 28 има повеќе од 40 000 зборови што се идентични или слични со современиот македонски литературен јазик, за илустрација: Tacit, Anallji. Lib.XII.p.14 Diod., Siculi, Lib.III.p.67,4. 24 Васил Иљов, Нови сознанија за писменоста..., 84. 25 Diod., Siculi, Lib.III. p.67,4., N. Densušianu, Dacia praistorica, Bucurešti, 1986, p.118 26 Херодотова историја...,т. I, стр. 419. 27 Ibidem. 28 Спореди кај: Aleksandar Donski, Nekolku mozhni gramatichki formi od jazikot na antichkite Makedonci “Australian Macedonian Weekly”, Edition; No 978, Sidney, 3 july 2007.p.42. Спореди кај: Васил Иљов, Најстари сведоштва за македонската писмена традиција “Нова Македонија”, Скопје. 16/03/2009 23


Пелазгиско-Древномакедонски

Современо-Македонски

ајде ајма балано бере берет билја благо ближика бога бона бригди василија веко вести вер виблос вивлион видето висос воало вронти вувон герме голио гор грееме гуга дар димница дол домус дума затна зелкиа иде кс кунес ламија ланеж лед липа

ајде ајма, ајде балано, баласто, големо бере, збира, собира берет, бере, збира, собира збилја, вистина благо, богатство ближен, близок бога, бог бона, дона, жена бриги, грижи силија, базилство векна, леб води, одведе вера, верба библос, библија библио, библиски видето, видено, виде височина веало, вее гронти, вреви уво, глуво грееме голио, гол горе грееме гуга дар, подарок димница, димење дол дом дума, мисла затна, затвори зелка, зелки иде ксна, залак куне, кутре, куче ламја, зината ланец лет, лета липа, дрво

Спореди кај: проф. Д-р. Ташко Д. Белчев, Венетска односно древномакедонска топонимија “Македонско Сонце”, бр.264, Скопје 2000, 30-32


лом матер медовина мелко миликос молја мортос нас огон ое оп ости оуде пез петје печ пиете пиеш плуг предол при позеди рад рај све седло си синатеи сон стермо стинеј та тај ти уседај уседи хости

лом мајка медовина, мед млеко мили, мил молја, моли мртов нас огон, оган мое, свое оп, опаа, подигање остај, остани овде, тука пеш пејте, пеење печка пиете, пијте пиеш плуг, рало предел при позади радост рај све седло си сина, светна, сјаи сон стрмо, стрмно остине, олади таа тој ти заседи седи гости

24. Имено, пелазго-античко-венетско-македонско-словенските вредности биле центар на светската култура и цивилизација, а топонимијата, оронимијата и хидронимијата биле востановен нивни белег од Атланскиот до Индискиот океан, вклучувајќи го Сибир со областите Камчатка и Алјаска, 29 во така големи просторни широчини се оснивале градови, држави од истите етногенородни народи со други називи: Феникијци; Фриги; Бриги; Етрурци; Пајонци; Траки; Скити; Келти(Кити); Трибали; Мизи; Илири; Милци; 29

Фрањо Баришиħ, I Порекло Словена..., стр. CXXIX-CXL


Московити; Мигдони; Сармати; Месопотамијци; Пафлагони; сите формирајќи се во групи на етногенородни општества. 30 25. Всушност од етногенородните Пелазго-Античко-Македонско-Словенските браќа по крв потекнуваат: Руси; Московити; Белоруси; Украинци; Полјаци;а од етногенородните Пелазго-Венетско-Македонско-Словенските браќа по крв, потекнуваат: Чеси; Словаци; Хрвати; Срби; Словенци; Босанци; Баварци; Лацинци; Рецинци; Хелвети; Тиролци; Сабини; Норикумци; Келти(Кити); Бретанци; 31 а тоа го дознаваме од постантичките автори, како Ptolomais; Jordanes; Kasius Diz; Pamponij Mela; Strabon; Pictet… 26. Непобитен е аргументот на Herodoth и Diodor, кога велат “Фонетското(гласовно) писмо, со право е наречено Феникијско, бидејки кралот на Феникијците Кадмо, пишувал на тоа писмо” 32, односно Пелазгиско-древномакедонското писмо, со кое подоцна се служеле Римјаните, Латините и Англосаксонците, врз чија основа формирале сопствени азбуки. 27. Да резимираме, на просторите од Европа, Азија и Африка живеело етногенородно и еднојазично Пелазгиско-Античко-Венетско-Македонско-Словенско население, подоцна нарекувано по поделените групи на етногенородни ограноци, кои припаѓале на едно етногенородно стебло, сите биле поклоници на сонцето, а тоа симбол за генородот македонски од првобогот “Македон”, по кого Македонците на земјата на која живееле ñ дале име Македонија. 28. Терминот Индо-европски, првобитно Виндо, од етнонимот Винди, Венди, Енети или Венети, од кој произлегува и терминот “Winden” за современите Германци со значење “Slaven”, очигледно станува збор за Виндски(Венетски), односно Древномакедонско-пелазгиски јазик и писмо, со единствена мала буквено-јазична разлика, но подеднакво практициран термин и со исто значење во Словенските, Англосаксонските и Романските јазици, и не треба да зачудува фактот што современите Македонци со леснотија се во состојба со современ македонски јазик да ги дешифрираат најстарите древни јазичнописмени артефакти. 29. Од досега реченото произлегува дека чиста илузија е да се каже Македонците “исчезнале од сцената на географскиот поим Македонија и повторно се доселиле”, а сведоштвата го велат спротивното, на пример: Еврејскиот крал Agripa, Македонците ги претставува како засебен етногенороден народ; истото го вели и историчарот Plutarh; иста потврда даваат хроничарите Arrian, Polibius, Strabon, Titus Livius, Siculus, Isokrat, Thukidid, ораторот Demosten…сите зборуваат за Македонците дека се посебен род, а македонските цареви ги ословувале со етниконот Македонец, Македонци и јазикот и

30

M. Bielski, Kronika Polska, Warszava, 1712, pp.23-72. M. Orbini, IL Regno degli Slavi, Pezzaro, 1601.pp. 4-5. 31 Д-р. Петар Поповски. “Украдена историја”. 2009. Стр.70. Види пошироко во: Veneti first Builders of the European Community, co-publishing Anton Skerbinc, Mateh Bor, Ivan Tomazic, Canada 1996 pp.143-147 32 Her., Historia, Tepsihora, 58. Фрањо Баришиħ, I Порекло Словена..., CXLVII.


писмото македонски; 33 истото го прави и Herodoth, употребувајќи ги истите термини за посебната држава Македонија, 34 со етногенороден македонски народ. 35 30. Своевидно сведоштво за воените судири помеѓу Древномакедонците и новодојденците хегемони, кои се дрзнувале да освојуваат македонска почва, обединети во новоформирани полиси(градови-држави), хроничарот Diodor вели “македонските победи завршувале со масакри од илјадници мртви новодојденци”, кој што истовремено правел разлика за засебноста на македонскиот народ, со сопствена територија, династичко-централистичко владеење и дека антрополошки се разликувале од новодојденците. 31. По македонското освојување и обединување на сиот свет под раководството на македонскиот цар Александар III Македонски(336-323п.н.е.), Македонската империја 36 успеала да воспостави свои системи за единствено државно светско управување во толкави просторни широчини, од тие причини значително ја ослабуваат и сопствената држава Македонија, што резултирало со загуби од Римјаните во 168-та година пред Христа, такашто Римјаните ги покориле Македонците, ги убивале на брутален начин, ги пљачкале и уништувалеé шт с о цивилизациски припаѓало на Македонците, ја презирале славната македонска историја, ги уништувале артефактите, како и сите материјални добра и многубројниот пишан книжевен фонд од македонски автори, кој денес аргументирано би расветлиле многу нешта. 32. Американскиот научник Borza, повикувајќи се на релевантни сведоштва вели “Македонците се сметале себеси исклучиво само како Македонци”, истиот податок го дава американската енциклопедија “Encarta”, институтот за генетска DNK-анализа од Вирџинија(САД) установи “Македонците поседуваат медитеранска DNK”, во 2006 година “DNK резултати објавува Оксфордскиот институт”, во 2008 година “DNK резултати објавува институтот IGENEA” од Швајцарија и институтот за генетска идентификација од Шпанија, докажуваат дека “современите Македонци се потомци на Древномакедонците”. 33. Лингвистички траги од Пелазгиско-Античко-Древномакедонски етногенородни браќа по крв има во називите: Антика; Антипатриди; Антигониди; Антипатар; Антипатра; Антигон; Антиох; Антихија; Антилиј; Антимен; Антиција; Антица; Антинеа; Антигона; Антипетра; Антиохија; Антикија; Анталија; Антипатрија; Антверпен...,37 а пак од етногенородните Пелазгиско-Венетско-Древномакедонски браќа по крв има во називите: Венеди; Венди; Винди; Вендули; Енети; Хенети; градот во Македонија Енеја на реката Венета; Венеција; Виена; Венета во Австрија, Швајцарија и Бретанија; Венет во Шпанија; Венетски залив на Балтикот; Венеја, престолнина на Венетите во Македонија; Вандалија, област во Полска; Виндије, област во Унгарија; Венетик, место во Австрија; Вендс, место во Словенија; Виндиш, место во Швајцарија; Вендик, место 33

Herman Konder and Werner Hilgemann, The Penguin Atlas of World…, vol.1.p.111. Х.Џ. Велс, Историја света, Београд 1932, 18, 24 и 187. Библија. Стар и Нов завет, Скопје, 2001, 413. 35 Harold Albert Lamb, Alexander of Macedon: The Journey world’s, New York, 1946. 36 Х.Џ. Велс, Историја света..., 187 37 Д-р. Петар Поповски. “Украдена историја”. 2009. Стр. 205 34


во Баварија; Венделиција, место кај Брандебург; Вандалитија, постаро име на Андалузија; Венетик Хилс, место во Германија; Венетија, предел во Бретанија; Виндланд, област во Скандинавија; Венеда, предел во Анадолија; Вендаи, место во Иран; Вендијана, област во Сирија; Венедија, предел во Ирак; Виндера, место во Палестина; Венети, Тројанско етногенородно братство кое ја населило Млетачката област (Италија); Венетитатус, етногенородно братство во северозападна Галија; Венусиа, град во Апулија (Италија); сите кралеви на Данска нарекувани king Wendov (крал Венетски) 38... 34. Идентични стојалишта со античките автори дека етногенородниот современ македонски народ потекнува од најстарите Пелазги дадоа: Müler; Wels; Szulc; Orbini; Borza; Dolci; Yco; Heicheilheim; Kostrzevsky; Arthur de Cobineau; кои со углед, стручно, достоинствено, непристрасно, без предрасуди, без романтичарски идеологии, без тенденциозни толкувања и заблуди, објективно ги надополнија плејадата учени од егзактната наука во светот. 35. Да наведеме и други автори на кои митологијата, ономастиката и старите летописи им појасниле многу факти: J. Bobbiensis; Fredegar Scholasticus; Adam Bremenski; Helmold; Wincenty Cadlubek; Chranicon; Grantz; Marcin Bielski; Kantzot; Münster; Vramec; Bohorič; Salfeld; Vinko Pribičevič; Mavro Orbin; Savijur Lozinjan; Enea Solvio Picolomini; Juraj Šižgurič; Valvasor; Marino Barletio; Tatašiev; Schlözer; Tredjakovski; Gerote; Trstenjak; дошле до резултати дека народите од антиката Анти, Венети, Вендули, Енети, Македонци, Феникијци, Бриги 39(Фриги), 40 Склавини(Словени)..., “биле еден ист етногенороден народ” 41, иако во одделни историски епохи биле нарекувани со различни имиња, сите припаѓале на големото Пелазгиско древно родовско стебло. 36. Тупаев, етногенородниот момент го согледува со “древното буквено фонетско (гласовно) писмо и современото кое било употребувано во континуитет дваесет милениуми пред Христа”, аргументите на Рускиот научник Дитјакин велат “Словените на Балканот не дошле од зад Карпатите и ‘карпатската теорија’ е неоснована ”, истото мислење го има и рускиот академик Гриневич, додавајќи “предците на современите Словени биле Пелазги и прататковинскиот јазик иако егзистирал на далечни растојанија се наоѓа со исти негови зборови”, а Полјакот Lehr Splavinski, Босанецот Srevan Verkovič, Словенечките венетолози Savli, Tomazič, Bor, Италијанецот Devota, востановиле “Венетите биле предци на Словените”, ставовите на овие автори се идентични со античките автори. 37. Писмото од Пелазгите, Антите, Венетите и Древномакедонците наречено “црти и рески” и древниот јазик наречен “Коине” на современ македонски јазик со исто значење “Којне” 42, своевремено збир од повеќе дијалекти од претходно наведените етногенородни народи, како универзален (Есперанто), македонскиот цар Александар III Македонски(336-323п.н.е.) го назначил за службен македонско-светски јазик, а 38

Види пошироко: Д-р. Петар Поповски. “Украдена историја”. 2009. Steph., Byz., S.V. Brygias Itnin, Hierosolim, 607, 2. 40 A.Gotze, Kleinasien…, p.202. 41 Eltzelt von Salfeld, Chronicon der Alten Mark, Magdeburg, 1579. M. Orbini. IL Regno degli Slavi, Pezzaro, 1601, p.4-5. 42 Наде Проева, Студии..., 22. 39


лингвистичката поврзаност на древномакедонските “глоси”(зборови) се сочувани во современиот македонски јазик 43, тоа го востановил и македонскиот истражувач Илија Чашуле, откривајќи ги “глаголите-бара, се вика, врне, види, турне, урне, рѓа, гази, брка, именките-шака, гурелка, бара, чука, легуш, прилогот-оломнани, честичката-ле, суфиксот-мина, и кај многу именки-петмина, десетмина, стомина, тристамина”, мноштво зборови исти или слични со лексичките форми во современиот македонски јазик открил и македонскиот историчар Александар Донски. 38. Етнонимот Словени бил и е предмет на научно интересирање и толкување, имено историчарите Kinder и Hilgemann заклучиле дека “Словените името го носат од најстари времиња” по зборот “Слово” што на древномакедонски и современ македонски значи “Глас”, “Збор”, “Буква” и дека Словените се главна гранка во индоевропското семејство на народите, а особено важен индикатор за посведочување на етногенетската врска меѓу древните и современите Македонци претставува Ономастиката(наука за лични имиња), со сите особености и карактеристики кај Древномакедонците и современите Македонци. 39. Истражувањата во палеоархелогијата и палеолингвистиката на тлото од Република Македонија покажуваат дека знаците од пелазгиско-античко-венетскодревномакедонска азбука со “Глоси”(зборови) од фонетското(гласовно) 44 писмо се стари меѓу 35 000 и 50 000 години пред Христа, а артефактите со совршена фонетска морфологија, текстови и фонд на зборови се идентични со јазикот и писмото на современите Македонци, Руси, Полјаци, Чеси...во оваа прилика со задоволство изразуваме благодарност на македонските еминентни научници: проф. д-р.Ташко Д. Белчев, за научните трудови со древномакедонски белег; историчар д-р. Петар Поповски, за двата тома “Украдена историја”; лингвист Маргарита Китан Ивановска, за научниот труд “Букварот”; академик Томе Бошевски и професор Аристотел Тентов, истражувачи дешифратори на Каменот од Розета; д-р. Душко Алексовски, научни откритија од карпестата уметност во Македонија со древномакедонски белег; археологот, Милош Билбија, откритија со древномакедонска материјална култура; инж.архит. Васил Иљов, дешифратор на древномакедонски натписи од кои и штичката од древната наколна населба од Костурско езеро, со утврдена старост со Ц 14 од 5260та година пред Христа, која глаcи Ш,пел VII кол,ште, а на современ македонски литературен јазик гласи Шупел, VII колиште, (Шупливо седмо колиште)... 40. Да посочиме само еден пример од топонимијата, како производ од заедничката корен-основа на зборот “трн”, со исто значење во македонскиот современ јазик ”трн”: Трново, село во Македонија и предел Трница; Тирново, место во Тесалија; Трнава, градот Тирана во Албанија (Матија); Трново и Тарново, места во Бугарија; Трновац, место во Србија; Трнова, Полска; Трнава, Австрија; Тирнава, на Британските острови; по овој терк може да се набројат безброј примери од древната топонимија, оронимија, хидронимија, литература, драматургија, филозофија, историја, култура, цивилизација. 43

44

Д-р Ристо Ивановски, На Балканот..., 14. Д-р Ристо Ивановски, Потомците на Пелазгите во:“Македонско време”(Скопје), год.4,: бр.34, јули 1997, 42.и 49 и 69. Andre Lefevie, Les races et les langues…, p.170.


Поговор Сочуваните многубројни вредности создавани од народниот македонски гениј, усно пренесувани од поколение на поколение кај современиот македонски народ, аргументирано говорат за неговата етногенородна македонска припадност, блескаво историско и цивилизациско минато, 45и со право Македонците копнеат по суштината на вистината(премин од незнаење во знаење), ја пренесуваат мислата и духовноста од тие древни времиња во сегашноста, со истиот древномакедонски архаичен јазик, укажувајќи на битието и идентитетот македонски. Всушност современите Македонци се посебна Пелазгиско-Древномакедонска народност(националност), 46 што до денешни дни суштествуваат и се идентификуваат како Македонци, а се најдлабоко и цврсто поврзани за корените од сопствениот праидентитет, прајазик, праисторија, пракултура, праписменост и працивилизациски вредности, кај кои до наши дни не згаснала свеста за припадност, целовитост со карактеристики за идентитетот на етногенородот Древномакедонско-Пелазгиски 47. Современите Македонци се издиференциран идентитет од етногенородна категорија на древен народен супстрат, кои во својот историски развој се издигнаа над останатите етногенородни групи од Пелазгискодревните народи, но за среќа по сиот род човечки суштествуваат и денес, а денес современите Македонци со своите научни авторитети се во позиција да го истражуваат, проучуваат, компарираат и афирмираат своето богато историско, културно и цивилизациско минато, од мезолитот, неолитот, палеолитот, архејскиот, античкиот и периодот до наши дни, засновано врз документирани сведоштва и факти, со несоборливи научни докази, го посведочуваат сопствениот идентитет. Целата оваа презентација, од поставките на споменатите древни и современи учени авторитети од разни епохи, претставуваат автентични научни резултати, со уверлива веродостојна зрелост и вистина(премин од незнаење во знаење), што придонесуваат и го расветлуваат чинот на најстарите етногенородни припадници на Древномакедонците, кои и денес во континуитет суштествуваат на прататковинските огништа како Македонци со идентитет Македонски во Република Македонија, кои во иднина ќе бидат предмет на светско научно интересирање, истражување и проучување, заради посебноста на етногенородниот код(генетски феномен кај Македонците за хармонија на разум со добра волја),48 бидејќи вдахновено сугерира позитивни цивилизациски придобивки, насочници и патокази за валидни, глобализациони системи кон идно благопријатно планетарно суштествување на родот Човек.

Благој Трајков/Наташа Трајкова

45

Васил Иљов, Нови сознанија за писменоста, јазикот и културата на древните Македонци, во спис,: “А”за културата на просторот, год.8, бр.5и6, Скопје, 1996, 78-85 46 Marcus Iunianius Justinius, Historiae Philippiae, Lib.,VII,1,1. 47 Ibid. 48 Благој Трајков во: “Слово за царот Александар III Македонски”, 2009.



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.